Azbuka na Igranka

Page 1


Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн www.kapka.com.mk * За насловите во книгата и на корицата е користен фонтот ninap.otf, направен од ракописот на Нина Прља.

CIP - Каталогизација во публикација; Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 821.163.3-93 ПРЉА, Бранко Азбука на игранка / текст Бранко Прља; илустрации Нина Прља. - Скопје : Б. Прља, 2014. - 80 стр. : илустр. ; 15 см. (Едиција АБВ ; кн. 02) ISBN 978-9989-57-991-2 COBISS.MK-ID 96012298


АБВ Azbuka na igranka едиција

книга 02

или Прерано созреани зборови од кои едно детство требало да биде поштедено, а не било.

текст: Бранко Прља илустрации: Нина Прља

Капка 2014


Aa

Astrologija B iznismen V reme Globalizacija Diktatura $ ubre pred vrata E kologija (crna) |@<ivurkawe Z a)titen znak Yvezda I groteka (

)


() Jasnovidec Ki; Laik Qubomora Mobilni telefoni Narodwaci Wuz (vesti) Oblo>\uvalnici sportski Politi;ar Realnost Smog (

Turski serii

|~ar

)

Uspeh Fejsbuk Huligani Crni stakla :atalewe X ip {(ovinizam


Astrologija Систем на верување заснован на премисата дека постои врска помеѓу астрономските феномени и човекот.

A

стрологија сакам, од кога ја знам. Планети, ѕвезди гледам, натални карти про­учувам. Астрономија пуста, што од изворот се оддели свој и со теории ста­ на густа од научникот ограничен тој. Праг­ма­ тичност сакам и таков сум си, знам. Само корист во горната бесконечност наоѓам. Каков Биг-Бенг, гравитација и научен сленг! Велат вселената се менува, демек се менувало сè, па и науката себе. Мојот ук е конечен, знам; што е горе, пресликано e тука - тоа е небесна азбука. Така и нашата судба, пак, насликана е во зодијак.“ Г-ѓа Наука ја затвори книгата и ја џитна толку силно што нејзината орбита се фати во земјината гравитација, во сферата на вештачките сателити. И ден денес, по толку години, тој објект стои таму и зрачи... 6


Мозокот ви го арчи!


Biznismen Личност вклучена во активности со цел создавање приходи од комбинација на човечки, финансиски и физички капитал.

из Нисовски ита кон базенот со пари во него да се нурне по напорниот ден изминат. Тоа е негова судбина клета, цел ден само за тој еден миг навамунатаму итро да се прета.

B

И тој нема време за уметност, наука или книга, негово школо е улицата, не училницата. Не го интересира теорија, само пракса, ниту го засега уживање - праска е добра за бизнис, а не за јадење! Каков свет без чувства, светоглед полн лукавства, за него сè е средство, ништо суштина, луѓето се актери во претставата во негова режија, од картите „сто посто“ во базенот негов се слева премија. Но, еден ден, соседите ги разбуди едно - „трес“ - каква врева! Што се случило, се прашувате? 8


Парите во базенот наеднаш ги снемало, па нашиот Биз глава си скршил...

„Дека празна била,“ соседите злобно заклучија. 9


Vreme Непросторен континуум во кој настаните се случуваат со неповратна следственост од минатото преку сегашноста кон иднината. Времето настанало пред 13,7 милијарди години.

V

реме? Што е тоа, ако не е она што го опишуваме кога врне или вее, сонце пече или од студ нос ни тече? Дали времето е пари или парите се отепувачка? Кога мајките брзаат ручек да подготват, а татковците низ градската врева и викотница луда дома итаат - дали е тоа време? Време за појадок и работа, вечера и сон - само миг, а мигот е минлив и минатото несфатливо, а иднината несигурна... Но, еден лош пронаоѓач сфатил дека детскиот ум живее во сегашноста и дека само тој може да го „живее“ времето. Бидејќи им завидувал на децата, тој создал „машина за мелење на денешното детско време“. Кога ќе ја вклучи таа машина пет часа пред компјутер минуваат како ништо, а цел ден пред телевизија или со игри на мобилен е само миг. 10


Затоа, ајде сите деца на улица со топка, зашто времето таму е вечно и машината не може да ве фати. 11


Globalizacija Процес на меѓународна интеграција на начинот на гледање на светот, производството, идеите и други аспекти на културата.

G

лоба на домашна роба, сакавте генерална проба на демократско доба, ете ви ја, но не заборавајте - ние сме само поле на тестирање, игралиште за умни глави и нивните боеви глави, нашиот живот е инвестиција за глобалната полиција! „И ако нашите деца мутираат - брзо донесете камери - реално шоу се снима, пет раце, десет нозе, една глава - човече каква пара!“ викаше еден лудак, качен на клупа во парк, а луѓето само го одминуваа, со главата вртеа. „Еден умен човек еднаш рече дека демократијата не вреди повеќе од кока-кола или ланец супермаркети,“ помислив додека лудиов го одминав, „и можеби беше во право.“ „Но, ако имам избор да купам што сакам, тогаш што ако нè трујат, убиваат и лажат!? Сите сме 12


во истотo трло и ни извира истиот потврден збор од грло,“ прокоментира случаен минувач, како мислите да ми ги чита. Е па ајде тогаш, сите во збор, и редицата да нема крај, по еден следи друг, трет, четврт и шест - к'о што броеше мојот син, а зошто нема пет ќе дознаете сега. Петтиот е аномалија, исклучок од правилото, грешка во матриксот, бунтовен сој од општествениот слој. Тој сè уште Кокта пие наместо Кока-Кола, купува во локалниот маркет и вози Југо, дома реди книги, наместо модерен мебел со риги, не сака лажна светлина, златна тоалетна шолја или ѕвездена животна ролја... да, тој турски серии избегнува, антички драми избира, телевизијата го труе, вели, а од политиката го боли глава... зарем тоа не е вистинска човечка става!? „Не, тоа е празна глава,“ вели број Еден. А пред него лизгачка врата се отвора и светлина блика, бучава рика и го проголтува на пеколот слика и прилика.

13




Diktatura Автократско владеење од страна на една личност.

D

обредојдовте во светот на играчките!

Момчиња повелете во машкиот рај, ајде професија заслужена изберете, спортист, мајстор или возач на формула, пилот, трансформер или „кул монстер“... сè што едно мало машко срце силно што бие сака, ви нуди нашата дарежлива рака. Кој влезе, нема да сака да се врати дома, а зошто би сакал - кога кај нас има сè!? Девојчиња, брзо внатре - а која влезе, нека ја остави надежта дека ќе излезе! Внатре розов пекол ве чека, утробата на ѕверот ви се смешка. Само понизна ти биди, садови миј, чорапи шиј, ручек свари, па дома замети, правосмукалка вклучи, мозок исклучи. А за забава шминка во рака и убава да бидеш - е, баш така! Повелете, влезете - вие идни граѓани совесни...

16


Не свесни - покорни!

17


$ubre

(

pred vrata)

- Се забранува фрлање или оставање на отпадоци, ѓубре и нечистотија во на скалите или други заеднички простории. - од „Куќен ред на заедницата на сопственици“, член 16, став 1.

$

убрето немо седеше пред вратата на еден стан во една зграда. Неговите кутри очиња погледнаа тажно кон бројката која висеше над нив како лош предзнак - 13.

Од другите кеси имаше слушнато за осаменоста, чевлите кои ги одминуваат и се преправаат дека кесите не постојат, за изгубената надеж и сонот за раце кои посегнуваат по нив. Но, ништо не можеше да ја подготви за она што доаѓаше. Деновите изминуваа, а храната во неа почна да скапува, миризбата беше толку неподнослива што со секој здив таа се задушуваше. Залудни беа криците, молењето, посегнувањето кон чевлите кои доаѓаа и заминуваа. Заборавена, осамена, борејќи се против сопствените мисли и часовите кои изминуваа како денови. 18


Заминувањето на денот носеше надеж. Тогаш во темнината можеше со радост да ги пречека бубачките кои сè уште се интересираа за неа додека весело чепкаа по остатоците од храна и полните детски пелени. Ах, каква радост! Но, каква горчина носеше изгрејсонцето, колку печеа првите зраци кои живот за сите други значат. И потоа - отклучувањето на вратата, бавната смрт на надежите... Кога глеј! Раката се придвижи кон неа и радоста го исполни нејзиното скапано срце. „Што правиш, кулираш тука, а?“ рече другата кеса со ѓубре и задоволно го смести сопственото полно тело веднаш до неа, без никаква почит за приватен простор.

„Ах, ова ќе биде долга недела,“ помисли нашата кеса и потона во сопствените мисли. 19


Bele)[k a za avtorite Бранко Прља е роден во Сараево во 1977 година. Од 1990 година живее во Скопје. Работи како текс­то­ писец и графички дизајнер. Досега објавено: 2013 Азбука за нефизичари 2012 Атом и Ева 2012 Приказни обични за луѓе необични 2012 Досие: Универз Ум 2011 Досие: Ѕвезда Немезис 2010 Вест од Несвест 2009 Досие: Планета Икс 2007 Вести од подрумот на баба ми 2006 Парите се отепувачка 2005 Вести во земјата на чудата 2003 За секого по нешто, за некого ништо Нина Прља е родена во Скопје во 2005 година. Таа е млад автор кој ја негува љубовта кон уметноста уште од најрана возраст. Нејзините први цртежи и раскази се објавени во вид на електронска книга „Како да се симнеш додека стоиш“ (2011) и „Коцкасти луѓе во тетратка со коцки“ (2012). Третата книга, „Обоени приказни“ (2013), е во печатено издание и ги содржи најдобрите остварувања на Нина во периодот од 2009 до 2013 год.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.