Issuu on Google+

Сајбер - малтретирање

КОЛУМНА

Тиранија на витоста


24

ЗдруженскиВесник

ФОКУС I сабота - недела, 23 - 24 МАРТ 2013

ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО

О

ва сведочење на Сер Патрик Стјуарт (за неупатените, актерот кој го игра Жан Лук Пикард, капетанот на Ентерпрајс во „Ѕвездени патеки“) кој „експертизата“ ја стекнал на 5-годишна возраст, ме наведе да почнам да си го „заморувам“ умот со безбедноста на жените во просторот кој е јавен, кој не е лоциран дома, кој не е семеен, приватен. За насилството во кое е тешко, или невозможно да се „види“, или идентификува облик како „една Тупаница“ и „едно Тело“. Значи, неколку прашања за вас, драги читатели и читателки, во функција на мозочна гимнастика. Кој, макар и во патетичен обид, однапред осуден на пропаст, ќе се испречи меѓу сеприсутната Тупаница која подразбира психолошка тортура, и Телото во вид на „аздисани жени“ кои, образувајќи се и бркајќи кариери, заборавиле да си ги гледаат децата, куќата и стопаните. Да не ја заборавиме Тупаницата, која треба да им всади и

грижа за нацијата. Кој да застане во оној огромен меѓупростор исполнет со најразлични Тупаници насочени врз Телата (обично женски и по некое машко), на улица, на работа, во сајберпросторот? Или ќе ги спречи Тупаниците кои не оставаат видливи траги, крвавења, скршеници и такви од „полесен“ карактер, кои, сепак, можат да се покријат со малку пудра или облека, или очила за сонце? Во облик на притисок, уцени, закани, навреди, омаловажување... само заради тоа што се женски, или не му припаѓаат на „идеалниот пакет“ на Жена/Маж! Зошто насилството кое на многу, премногу жени им ги уништува животите, мора да биде во постојана кондиција и мора да се трпи, одново и одново? Дали поради тоа што покорноста е од Бога дадена „женска природа“?! Тоа што повеќето жени се раѓаат со дефект, нема врска. Има бескрајна низа „иновативни начини“ тој да се исправи! Марија Савовска

ФОКУС I сабота - недела, 23 - 24 МАРТ 2013

25

Сајбер - малтретирање!

Од женски агол...

„Станав експерт. Знаев кога точно да ја отворам вратата и да се поставам меѓу тупаницата на татко ми и телото на мајка ми“.

ЗдруженскиВесник

Иако најголем процент од жртвите на сајбер-малтретирање (cyber-bullying) се тинејџер(к)и, никој не може да биде заштитен од оваа современа напаст. Доволно е некоја недобронамерна личност да ви го „фрли пикот“ и да ве начека кога сте малку поневнимателни или поранливи за дапочне со напади, кои можат да имаат и страшни последици.

К

ога била во седмо одделение, Аманда Тод на интернет запознала лик кој преку ласкање и манипулација успеал да ја наговори да му ги покаже градите. По една година, истиот насилник ја пронашол на Фејсбук и ѝ се заканил дека ако

не му „приреди шоу“, ќе ги прикаже разголените слики од неа на сите нејзини познати. Речено-сторено, сликите биле објавени, и очекувано, станале многу популарни кај децата од нејзиното училиште, кои почнале да ја напаѓаат и да ја исме-

ваат, резултирајќи со депресија кај девојчето. Во обид да го избегне малтретирањето, Аманда трипати менувала училиште, а ниту преселбата на семејството во друг град не го спречило насилникот секојпат одново да ја пронајде и да праќа компромитирачки слики од неа во нејзините нови друштвени кругови. Посетите на психијатар, во комбинација со антидепресиви не успеале многу да ѝ помогнат. Девојката почнала да се самоповредува и да размислува за самоубиство. Во септември 2012 година снимила видеоклип во кој ја раскажува својата тажна приказна. Во октомври 2012 година, родителите го пронашле нејзиното безживотно тело во нивниот дом во Британска Колумбија, Канада. И покрај сериозните последици од сајбер-малтретирањето, кои можат да бидат и трагични како во споменатиот случај, жално е што најчесто е потребно да дојде до ескалација на сајбер-малтретирањето за да се покрене акција. Уште пожално е што има огромен број помалку екстремни случаи што секојдневно се занемаруваат и што кај нас сѐ уште премалку се зборува за овој проблем. Извесно е дека сајбер-заплашувањето веќе на големо постои и кај нас, особено меѓу младата популација, а најчеста

Тиранија на витоста Тиранијата на витоста креира армија од „кротки тела“ склони кон самодисциплинирање, женски тела тренирани постојано да се самоподобруваат, стегаат, зацврстуваат и подмладуваат, но никогаш да не се прифатат и сакаат себеси.

У

лтразвучна кавитација, аква фореза, аква мезотерапија, кислородна капсула... Ова не се научни термини резервирани за тесниот круг на врвни научници од НАСА, туку дел од промотивните понуди на нашите козметички студија со кои засилено сме бомбардира-

цел подложна на овој тип агресија се непопуларните деца и децата од маргинализираните групи. На Фејсбук од 2010 година постои страна направена од тинејџери од едно наше мало гратче чиј наслов прозива некое локално девојче по име и презиме и ја нарекува курва! Всушност, и самата интернет-експанзија веројатно се случува подоцна во споредба со Канада и Америка, па и негативните последици сѐ уште не зеле полн замав. Според тамошните статистики, околу 32 проценти од тинејџерите активни на интернет биле цел на вакви напади во одреден момент, а најчести жртви на ова малтретирање се девојчиња, особено оние од возрасната група од 15 до 17 години. Интернетот сѐ почесто станува место каде што жените и нивниот изглед се предмет на критика. Индикативен е случајот на професорката по класични студии Мери Бирд на универзитетот „Кембриџ“, која во јавноста изнела непопуларни ставови во врска со европските емигранти во Британија. Резултат: лавина негативни реакции и во најмала рака невкусни коментари за нејзиниот изглед. Според Мери Бирд, таквата женомразечка реакција би била доволна да заплаши која било жена повторно да се појави во јавност.

Уште поекстремна е приказната на Анита Саркеесиан, канадско-американска феминистка, истражувачка и блогерка, која на интернет поставила видеоклип во кој го претставува својот нов проект – истражување за родовите стереотипи во видеоигрите, со цел да собере средства за негово финансирање. Самиот видеоклип предизвикал неверојатна негативна реакција со бројни агресивни сексистички коментари и дури и видеоигра во која целта е да се претепа студентката што истражува. Нејзиниот блог бил постојана цел на хакери проследени со обиди да се разоткријат и да се објават нејзините лични податоци. Добрата страна на тоа е што Анита успеала да ги собере потребните средства за истражувањето за помалку од 24 часа и што случајот помогнал да се подигне свеста за мизогинијата и постојаната сексуална злоупотреба на жените во видеоигрите и да се отвори дискусија по однос на ова прашање во популарните медиуми. Ваквите појави не се непознати ни за нашата локална средина. Овој јануари на својот блог напишав текст (подоцна преземен од страна на левичарското движење Солидарност и порталот Окно), во кој се осврнав на македонската твитер-заедница, поконкретно на еден

хаштаг како пример за место каде што се генерира мизогинија, која верувам понатаму може да заземе различни малигни форми на интернет и пошироко во општеството. Членовите на македонската твитер-заедница тоа го сфатија лично, што резултираше со хаштаг #АнаВасилева, во кој бев прозвана по име и презиме и напаѓана по секаква основа, се разбира најчесто сексуална, поради моите ставови. На тој начин не само што се даде дополнителен легитимитет на мојата теза, туку се покажа и дека општата свесност во врска со родовите прашања е сѐ уште многу ниска. Секако дека би било наивно да се очекува каков и да е општествен или цивилизациски напредок без негативни последици, па таков е и случајот со новата „сајбер“ цивилизација, во која дури и понагласено доаѓаат до израз темните страни на човековата личност. Особено поради можноста секој да си ги промовира јавно своите идеи и дела, а неретко и своите интимни „податоци“, а со тоа да ги направи достапни на многу помалку или повеќе љубопитни очи, меѓу кои и некои што не се баш солидно култивирани и воспитани! Ана Василева „Бори се женски“

ни во месецот на „она што треба да биде жена“. Овие техники на дисциплинирање на женското тело резултираат со една комплексна култура на контрола, дисциплинирање и тренирање на женското тело, култура која ги одржува и ги храни дисциплинирачките индустрии, како модната, козметичката и хируршката. Дури и килограмите отидоа во заборав. Жените денес мерат сантиметри, намалуваат конфекциски броеви и се подложуваат на различни „пеглања“. Женското тело е перцепирано како диво и разбранувано месо, кое мора да се вкалапи и зацврсти. Тиранијата на витоста, како

што ја нарекува Ким Чернин, креира армија од „кротки тела“ склони кон самодисциплинирање и раздразливи на секоја отстапка од она што е конструирано како општествена норма, женски тела тренирани постојано да се самоподобруваат, стегаат, зацврстуваат и подмладуваат, но никогаш да не се прифатат и сакаат себеси. Крајната поента на овие дисциплинирачки наративи е да нѐ фрли во една постојана битка со себеси, чија крајна цел е никогаш дофатливиот идеал на женската убавина. Ниту едно лице не е доволно мазно, ниту едни колкови не се доволно тесни, секогаш ви остануваат барем уште некол-

ку килограми што сакате да ги изгубите. Вие никогаш не смеете да бидете задоволни од своето тело и изглед, затоа што индустријата опстојува од вашата трка по идеалот и од вашиот паричник. Добро згоена. Ирена Цветковиќ


26

ФОКУС I сабота - недела, 23 - 24 МАРТ 2013

ЗдруженскиВесник

„СОБЛЕЧЕНИ“ ДО КОСКА Пинап-календарот на еден јапонски производител на медицинска опрема, во кој моделите, иако буквално „исчистени“ не само од облека, туку и од кожа, мускули и внатрешни органи, сепак имаат потенцијал да испровоцираат нечија сексуална фантазија. До каде оди „креативноста“ и „инвентивноста“ на рекламните агенции во (зло)употребата на женското тело во маркетингот, просудете самите.

МАШКО ЌОШЕ

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ Во Република Македонија сѐ уште постојат ликови кои:

Поставуваат прашања од типот „Ти буцкаста си оти си феминистка или си трудна?“

Даваат отказ поради тоа што не сакаат да служат клиенти со „сомнителен“ пол или сексуална ориентација.

ИЗДАВАЧ: Акција Здруженска, март 2013

„Овој материјал е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на материјалот е одговорност на Фондацијата Отворено општество - Македонија и Акција Здруженска и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави. “


Test Run