Page 1

Програми за поддршка на деветгодишното основно воспитание и образование П р о г р а м и

з а

п о д д р ш к а

д е в е т г о д и ш н о т о в о с п и т а н и е

и

н а

о с н о в н о

о б р а з о в а н и е


2

Бирото за развој на образованието во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во текот на 2009 година започна со реализација на активности коишто претствауваат поддршка на реализацијата на наставните програми на новото деветгодишно образование. Овие програми се од голема важност бидејќи дел од нив се однесуваат на личниот и социјалниот развој на учениците, а дел се насочени кон подобрување на наставата по одделни предмети уште од најрана возраст на учениците со цел нивните постигања да бидат меѓународно споредливи. Активностите од програмите коишто ги реализираше Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ наидоа на одличен прием кај наставниците и, иако за кусо време, дел од нив станаа најинтересните и најпосакуваните активности на учениците. Затоа ги презентираме програмите и досегашните активности за поддршка на новото деветгодишно училиште.


Образование за животни вештини О б р а з о в а н и е з а

ж и в о т н и

в е ш т и н и

Реализирани активности Образованието за животни вештини поаѓа од базичната премиса дека стекнувањето животни вештини е право на секое дете во текот на неговиот развој. Тоа одговара на потребите на децата на секоја возраст и е флексибилно на реалните предизвици од секојдневниот живот. Анализите за квалитетот на основното воспитание и образование во Република Македонија покажаа дека е неопходно поголемо почитување на законитостите за правилен социјален, емоционален и физички развој на учениците. Затоа со Концепцијата за деветгодишното основно образование се актуелизира образованието за животни вештини на младите генерации. Со новиот Закон за основно образование (донесен во август 2008 година, член 29), исто така, е предвидено на часот на одделенската заедница да се разработуваат содржини и активности за

3


4

личниот и социјален развој на учениците според програма што ја утврдува министерот за образование и наука, на предлог на Бирото за развој на образованието. Со наставните програми од оваа област на учениците во основното училиште им се овозможува да ги применуваат своите знаења во градење здрави облици на однесување, а да ги избегнуваат оние видови на однесување што се закана за нивното лично, емоционално и социјално здравје. Во програмите се разработени пет наставни теми на различни нивоа со соодветни активности (од I до III, од IV до VI и од VII до IX одделение). Тие нудат развивање на вештини за прифаќање, разбирање или воочување на појавите и начините на однесување, како и лично учество на ученикот во настаните од секојдневниот живот. Всушност, знаењата, вештините и ставовите треба да се стекнуваат и практикуваат во секојдневниот училиштен живот преку личните и колективните искуства на учениците со методи и постапки кои се ориентирани кон ученикот, како интерактивна и партиципативна единка во средината во која живее и учи. Согласно наставните програми Бирото за развој на образованието изработи прирачници за животни вештини за секој одделен циклус на основното образование.


Во прирачниците се застапени сите пет теми вклучени во програмата за животни вештини: • • • • •

ЈАС: Личен идентитет ЈАС и ТИ: Интерперсонални односи ЈАС и ДРУГИТЕ: Општествени односи ЈАС и ЗДРАВЈЕТО: Здраво живеење ЈАС и ОКОЛИНАТА: Однос со надворешната средина Врз основа на програмите и прирачнииците Бирото реализираше семинари за стручните служби и наставниците во училиштата. Обучени се повеќе од 800 наставници, а тие ја дисеминираа обуката на повеќе од 4000 наставници од сите основни училишта.

Следни активности • • •

Обука за раководителите на паралелките во предметната настава. Следење на програмата. Воведување на програмата во средните училишта.

5


Превенција на насилното однесување во основните училишта во Република Македонија П р е в е н ц и ј а

6

н а

н а с и л н о т о

о д н е с у в а њ е

в о

о с н о в н и т е

у ч и л и ш т а

Р е п у б л и к а

в о

М а к е д о н и ј а

Реализирани активности Првата фаза на оваа програма се реализираше преку спроведување на неколку активности: Подготовка на препораки, материјали и тренинг за наставниците, Презентација на резултатите од „Студијата за иницијалната состојба со насилството во основните училишта во Македонија“, како и определување на насоките за превенција и справување со насилното однесување преку одржување на информативни семинари за претставници од сите училишта во државата. Изработена е брошура за резултатите од спроведената Студија за иницијалната состојба со насилството во основните


училишта во Македонија. Во оваа брошура се вклучени резултатите од досегашни истражувања за насилното однесување во училиштата - Студијата на Обединетите нации за насилство спрема децата, истражувањето спроведено во рамките на проектот „Училиште по мерка на детето“ и „Студијата за однесувањето поврзано со здравјето кај децата на училишна возраст во Р. Македонија“, како и резултатите од истражувањето спроведено во рамките на првата фаза на програмата „Превенција на насилното однесување во основните училишта во Република Македонија“. Студијата за иницијалната состојба со насилството во основните училишта во Македонија вклучува и заклучоци од истражувањата и препораки за понатамошната реализација на проектот. Како дополнителна поддршка и материјали за училиштата во проектот беше подготвен и превод на прирачникот за наставници „���������������������������������� Запирање на насилството во училиш� тата: упатство за наставници”. Ова упатство е резултат на Светскиот извештај за насилството врз децата од 2006

7


8

година којшто претставува прв сеопфатен меѓународен напор за испитување на размерите на насилството врз децата, како и неговото влијание. Исто така, беше реализирана обуката на претставници на стручните служби од сите основни училишта во Р. Македонија за презентирање на програмата и запознавање со динамиката на програмата во рамките на секое училиште.

Следни активности • • •

Формирање тимови во училиштата за превенција од насилство и заемна поддршка. Вклучување на сите институции од образованието во програмата. Донесување процедури и документи за спречување и справување со насилството во училиштата.


Нумеричко и јазично описменување Н у м е р и ч к о

и

ј а з и ч н о

о п и с м е н у в а њ е

Реализирани активности Бирото за развој на образованието, во интерес на подигање на квалитетот на образованието, се залага за постојано подобрување на наставните програми со цел постигнатите знаења на учениците од нашата земја да бидат споредливи со знаењата на учениците од други земји. Во таа насока, во соработка со меѓународни експерти се реализира програма за унапредување на наставата по мајчините јазици (македонски, албански, турски и српски) и наставата по математика во основното деветгодишно образование. Активностите што се реализираа беа насочени кон: • •

анализа на наставните програми по математика од I до III одделение во Република Македонија; компаративна анализа со наставните програми од другите земји со цел да се согледаат соодветните содржини, очекувања и организацијата на наставата;

9


10

• •

одредување на пошироки цели (стандарди) за математика; разработка на петте теми (Осознавање на броеви и операции, Алгебра, Геометрија, Мерење и анализа на податоците и Веројатност); одредување на индикатори, очекувани или претпоставени вештини за секое одделение во врска со секоја од темите.

Бирото за развој на образованието, заради вклучување на што поквалитетни наставници, односно наставници кои по своја желба и мотив се определија за подобрување на наставата по математика и мајчин јазик, по пат на јавен конкурс направи селекција на сто наставници (дел од нив ја изведуваат наставата на македонски јазик, дел на албански, турски или српски јазик) со обврска: • • •

да ја следат обуката структурирана во вкупно 3 семинари; да го применат стекнатото знаење во реализацијата на наставата (со поддршка на советниците на БРО); да ги обучат сите наставници во Република Македонија кои изведуваат настава од I до III одделение (откако самите во рамките на своите училишта ќе одржат обука за сите други наставници што реализираат настава од I до III одделение и за тоа ќе бидат препорачани од советниците и меѓународниот тим на обучувачи).


Главни цели на обуката беа: •

• •

да се продлабочи разбирањето на квалитетот на наставата по математика и по мајчин јазик од страна на наставниците; да ги применуваат новостекнатите знаења во наставата и со тоа да станат поефективни наставници; да се подобрат постигањата на учениците по предметите мајчин јазик и математика; да се подобрат резлултатите на учениците по математика и мајчин јазик во рамките на меѓународните компартивни истражувања и студиии.

Следни активности •

• •

Обука на сите одделенски наставници за унапредување на наставата по мајчин јазик и математика. Подготовка на дидактички материјали за поддршка на наставата. Унапредување на наставните програми по мајчин јазик и по матетматика.

11


Биро за развој на образованието

Почитувани наставници и родители, Доколку имате прашања поврзани со наставата и учењето во основното и средното образование ве повикуваме да се обратите до Бирото за развој на образованието, или да ја погледнете нашата web страница www.bro.gov.mk Веруваме дека со заедничко залагање ќе им овозможиме на нашите деца подобро и креативно учење во училиштето. Информаторот е отпечатен со финансиска поддршка од Канцеларијата на УНИЦЕФ, Скопје

Програми за поддршка на деветгодишното основно воспитание и образование  

Програми за поддршка на деветгодишното основно воспитание и образование

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you