Page 1

ЧИТАМЕ ЗАЕДНО 2019


ФРЕДРИК БАКМАН

#книжевнасенцазија #авантура #хумор #заситедома #целсветнанозе

ЧОВЕКОТ ПО ИМЕ УВЕ УВЕ Е 59-ГОДИШЕН ВДОВЕЦ, КОЈ Е ЕДЕН ОД ОНИЕ ШТО ПОКАЖУВААТ СО ПРСТ ВО ЛУЃЕ ШТО НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ. Секое утро врши инспекција по населбата во која живее. Вечно гневен и незадоволен, лесно избувлив, накратко: сосед од кошмарите. Меѓутоа, зад неговата мрзоволност, педантерија и железна принципиелност се крие една многу тажна приказна. Приказна што суштински ќе промени еден човек и едно соседско здружување. Ведар роман за влијанието на еден човечки живот врз безброј други. Оригинал En man som heter Ove / Страници 352 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-309-7

БАБА МИ ВЕ ПОЗДРАВУВА И ВИ СЕ ИЗВИНУВА ЕЛСА ИМА СЕДУМ ГОДИНИ, А НЕЈЗИНАТА БАБА Ѝ Е ЕДИНСТВЕНАТА ДРУГАРКА ШТО ЈА ИМА, АМА ОРИГИНАЛНА ДРУГАРКА. Баба ѝ има навика од својот балкон да гаѓа непознати луѓе со пејнтбол-топчиња. Две различни, а блиски перспективи. Ноќе Елса се засолнува во приказните на баба си, во чудесната Земја на речиси будните и во кралството Мијама, каде што сите се поинакви и никој не мора да биде нормален. Кога бабата умира, остава куп писма со кои им се извинува на луѓето на кои им згрешила во животот. Со писмата започнува најголемата авантура на Елса. Оригинал Min mormor hälsar och säger förlåt / Страници 416 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-311-0

БРИТ-МАРИ БЕШЕ ТУКА НЕОДОЛИВ РОМАН ЗА НАОЃАЊЕТО НА ЉУБОВТА И ЗА ВТОРИТЕ ШАНСИ ШТО СИТЕ ГИ ЗАСЛУЖУВАМЕ. Брит-Мари не може да поднесе неред. Неорганизираната фиока за прибор е непростлив грев. Денот го започнува во шест часот бидејќи само лудаци се будат подоцна. По разделбата со сопругот, животот го почнува одново во гратчето Борг. Нејзината нова и речиси невозможна задача е да биде тренер на фудбалски тим со неталентирани деца. Дали Брит-Мари ќе го најде местото каде што навистина припаѓа? Оригинал Britt-Marie var här / Страници 304 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-322-6

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2


ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН #верба #философија #backintime #русија

АВИЈАТИЧАРОТ ИНОКЕНТИЈ СЕ БУДИ ВО БОЛНИЧКИ КРЕВЕТ И СФАЌА ДЕКА НЕ СЕ СЕЌАВА НА НИШТО ОД МИНАТОТО. Запишувајќи го секој детаљ што се враќа од неговото сеќавање, создава калеидоскоп од слики, лица, зборови, мириси, звуци и случувања поврзани со животот на еден млад човек во екот на Руската револуција. Платонов насетува дека се разбудил во едно друго време... На апчињата покрај неговиот кревет пишува дека е 1999 година?! Оригинал Авиатор / Страници 336 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-302-8

СОЛОВЈОВ И ЛАРИОНОВ СОЛОВЈОВ Е МЛАД ИСТОРИЧАР ШТО ДОАЃА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ДА ЈА ИСТРАЖУВА ЛИЧНОСТА НА ГЕНЕРАЛОТ НА БЕЛАТА АРМИЈА, ЛАРИОНОВ. Потоа патува на Крим за да ги бара исчезнатите страници од дневникот на генералот. Таму ја запознава шармантната Зоја, која работи во Музејот на Чехов на Јалта. Пред себе имаме нов книжевен жанр од „рускиот Умберто Еко“: историски детективски роман. Оригинал Соловьев и Ларионов / Страници 336 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-293-9

ЛАВР РОМАН ЗА БОГА, ЗА ВЕРАТА И ЗА ТОА ДЕКА ВРЕМЕТО НЕ ПОСТОИ, дека сè е едно и сè е поврзано со остатокот, книга за љубовта и за жртвувањето. Андреј Рубљов е во стилот на „Името на ружата“ во оваа длабока приказна, спектакуларно книжевно остварување. Оригинал Лавр / Страници 352 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-003-4

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 3


ИРСА СИГУРДАРДОТИР #морницимелазат #трилер #хорор #hectic

ДНК 1987 ГОДИНА, ТРИ ДЕЧИЊА ОСТАНУВААТ СИРАЦИ И СЕ РАЗДЕЛЕНИ ВО ТРИ РАЗЛИЧНИ СЕМЕЈСТВА. 2015 година, две момчиња бараат помош од соседите затоа што се будат заклучени во својата соба, а мајка им ја нема. Убиена е на грозоморен начин, а единствениот сведок на убиството е девојчето скриено под креветот, нејзината ќерка, која не можат да ја натераат да зборува. Оригинал DNA / Страници 396 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-328-8

ПОСЛЕДНИОТ РИТУАЛ

УКРАДЕНИ ДУШИ

НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО РЕЈКЈАВИК Е ПРОНАЈДЕН МАШКИ ТРУП СО ИЗВАДЕНИ ОЧИ И СО ЧУДНИ СИМБОЛИ НА НЕГОВИТЕ ГРАДИ. Семејството ја најмува Дора Гудмундсдотир, секси-адвокатка и самохрана мајка на две деца, да го истражи случајот. Набргу Дора и семејниот адвокат откриваат дека починатиот студент бил опседнат со исландската историја на лов на вештерки, тортури, јавни погубувања.

ВОЗБУДЛИВ ТРИЛЕР СМЕСТЕН ВО КАРПЕСТИТЕ ИСЛАНДСКИ ПЕЈЗАЖИ. Зимата 1945 година. Четиригодишно девојче е затворено во чуден отвор во дворот на својата куќа. Како овој настан, шеесетина години подоцна, во 2006 година, е поврзан со две свирепи убиства – игли во стапалата на телата, детски плач што се слуша во маглата, коски во скриениот бункер за јаглен?

Оригинал Þriðja táknið / Страници 338 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-194-9

Оригинал Sér grefur gröf / Страници 352 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-240-3

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 4


АЛЕСАНДРО БАРИКО #љубов #новаисторија #идеали #книгиштосепаметат

MЛАДАТА СОПРУГА ВЕТЕНАТА СОПРУГА Е МЛАДА, ПРИСТИГНУВА ОДДАЛЕКУ, а Семејството ја пречекува во елегантната резиденција надвор од градот. Синот не е тука, отсутен е бидејќи се грижи за зделките на успешното претпријатие. И испраќа необични подароци. Големо враќање на апсурдните ликови на Барико. Оваа книга поставува многу прашања. За чекањето, за пишувањето, за телото. А најмногу за сексот. И, се разбира, за смртта. За правилниот начин да се умре. Со стил, дури и со духовитост. Оригинал La Sposa giovane / Страници 176 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-326-4

СВИЛА 1861 ГОДИНА. EПИДЕМИЈАТА СЕ ЗАКАНУВА ДА ЈА УНИШТИ ТРГОВИЈАТА СО СВИЛА ВО ФРАНЦИЈА. Ерве патува во Јапонија. Таму се запознава со Хара, кај кого, освен свилени буби, ќе открие уште нешто. Развива тегобна копнеж кон убавата конкубина. Но тие не можат да се допрат, тие дури и не зборуваат. Нивната тајна афера е убава, мазна, егзотична и беспрекорна, како парче префинета свила. Оригинал Seta / Страни 134 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-324-0

ЗАМОЦИ НА ГНЕВОТ

ТРИПАТИ ВЗОРИ

Оригинал Castelli di rabbia / Страници 210 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-207-6

Oригинал Tre volte all'alba / Страници 96 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-030-0

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

ЕМАУС

ОВАА ПРИКАЗНА

Оригинал Emmaus / Страници 144 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-4507-80-2

Оригинал Questa storia / Страници 288 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-085-0

А н т о л о г

с т р . 5


ЈОН КАЛМАН СТЕФАНСОН #помеѓурајотипеколот #живалегенда

ПОМЕЃУ РАЈОТ И ПЕКОЛОТ

СОЛЗИТЕ НА АНГЕЛИТЕ

МЛАД ЧОВЕК СЕ ПРИДРУЖУВА НА БРОД СО РИБАРИ ШТО ГО ФАЌА БУРА НА ОТВОРЕНО МОРЕ. Збунет од студената рамнодушност на своите колеги, скришно ги напушта, со една единствена цел, да ја врати книгата на слепиот стар морски капетан што живее зад гори и планини. Штом ќе пристигне во градот, открива дека не е сам во својата самотија: пречекан е во топлиот круг на маргиналците, каде што почнува да го гледа животот со други очи.

ЕДНО МОМЧЕ, ОТКАКО ДОЖИВЕАЛО СТРАШНА ТРАУМА НА МОРЕ, ОДИ ВО МАЛО ИСЛАНДСКО СЕЛО. Има желба да му ја врати книгата поезија на стариот морски капетан – книга поради која умира и неговиот пријател Бардур. Во крчмата, момчето им чита извадоци од „Хамлет“. Еден ден таму влетува поштарот Јенс, смрзнат до коска. На следното патување кон фјордовите, двајцата ќе се најдат во ситуација да го ризикуваат животот еден за друг, и тоа поради една невообичаена пратка.

Оригинал Harmur englanna / Страници 262 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-298-4

Оригинал Himnaríki og helvíti / Страници 176 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-199-4

СТАНИСЛАВ ЛЕМ #sci-fi #хумор СОЛАРИС

KИБЕРИЈАДА

ЕДНО ОД НАЈВАЖНИТЕ НАУЧНОФАНТАСТИЧНИ ДЕЛА ВО ИСТОРИЈАТА. На една истражувачката станица на планетата Соларис, целата прекриена со огромен жив океан, доаѓа нов член на експедицијата. Крис Келвин наскоро го вознемируваат чудните однесувања на членовите од екипажот. Открива дека еден од нив, доктор Гибаријан, извршил самоубиство, а во просториите на станицата се појавиле суштества што ги креирал океанот...

УНИКАТНА ЗБИРКА НАУЧНОФАНТАСТИЧНИ РАСКАЗИ ЗА „НАЈПРОЧУЕНИТЕ КОНСТРУКТОРИ“ КЛАПАЦИЈ И ТРУРЛ. Несекојдневни бајки и сказни временски сместени десетици илјади години во иднината. Еволуција на роботи и интелигентни машини. Еден од неговите раскази („Патешествие седмо“) бил инспирација за компјутерската игра „SimCity“. Оригинал Cyberiada / Страници 448 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-259-5

Оригинал Solaris / Страници 224 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-163-5

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 6


ЛУИЗ ПЕНИ

#армандгамаш #крими #њујорктајмсбестселер

МРАЧЕН МОТИВ

МРТВА ЛАДНА

(#1 Арманд Гамаш) ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА БРИЛИЈАНТНИОТ ИНСПЕКТОР ГАМАШ! Во планинските предели на Квебек се наоѓа идилично селце, кое нема да го најдете на карта. Таму животот е спокоен, сè додека едно утро сликарката Џејн Нил не е пронајдена мртва во шумата. Прободена со стрела во срцето. Жителите се убедени дека станува збор за несреќа, но Гамаш открива загатка во една слика на сликарката, создадена кратко пред да умре.

(#2 Арманд Гамаш) ВО БАЈКОВИТОТО СЕЛО ТРИ ПАЈНС, ДОДЕКА СЕЛАНИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА БОЖИЌ, НЕКОЈ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА УБИСТВО! Инспекторот Арманд Гамаш ја истражува причината за грозната и необична смрт на една жена. Како е возможно никој да не види како се измачува од електричен удар среде подмрзнатото езеро? Следните денови уште два смртни случаи ќе се најдат пред брилијантниот детектив Арманд, легенда од рангот на Херкул Поаро и Шерлок Холмс.

Оригинал Still Life / Страници 336 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-198-7

Оригинал А Fatal Grace / Страници 360 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-305-9

МИЛОШ УРБАН #готика #прага #трилер #хорор СЕДУМЦРКВИЕ

ЛОРД МОРД

ДАЛИ ЈА САКАТЕ ПРАГА? Ама претставена во ремек-делото на модерната готика? Седум цркви и серија ужасни убиства. Над Прага се спушта сенката на есента, додека почнуваат да умираат луѓе. „Седумцрквие“ е мрачен трилер за Кветослав Швах и за неговата поврзаност со убиствата. Со оваа книга преведена на десет јазици, Урбан се прославил како „црниот витез на чешката литература“.

КРАЈ НА XIX ВЕК ВО ПРАГА. Пламти конфликтот меѓу Чесите и Германците. Се модернизира еврејскиот дел од градот, глодан од глувци, туберкулоза и други епидемии. На грофот Арцо, наречен Лорд Морд, омилениот дел од метрополата му исчезнува пред очи. Почнуваат да се случуваат убиства. Дел од луѓето сметаат дека ноќе шета еврејското чудовиште, монструмот без лице, наречен Мевце, или Клајнфлајш.

Оригинал Sedmikostelí / Страници 288 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-115-4

2 0 1 9

Оригинал Lord Mord / Страници 352 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-260-1

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 7


AЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ #задецаивозрасни #ситечитаат

НЕРЕШЕНО ЗБИРКА СПЛЕТЕНА ОД 60 ПЕСНИ И 60 СКАЗНИ ЗА ДЕЦА на еден посебен начин. Имено, по секоја песна во збиркава следува кратка сказна во проза – на истата тема како и нејзината претходничка; но, секако, посебна на свој начин. Така, во натпреварот меѓу поезијата и прозата се добива резултатот „нерешено“ (60 песни : 60 сказни). Малите читатели се вистинските „судии“. Страници 250 / Формат 17х24 / ISBN 978-608-243-339-4

ЖИВОТОТ Е – ХАИКУ „АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ СЕ ВБРОЈУВА МЕЃУ НАЈИСТАКНАТИТЕ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ, кои подолго време успешно и мошне инвентивно излегуваат накрај со експресивните можности на кусиот лирски жанр хаику. Индикативно е што јубилејната, стота книга на Александар Кујунџиски, насловена 100, е токму стихозбирка со хаику-творби.“ – Владимир Мартиновски Страници 192 / Формат 12х20 / ISBN 978-608-66345-0-6

РАСКИ И МАСКИ ЧЕТИРИ ДРАМСКИ ТЕКСТОВИ што се движат од оние со шеговита, хумористична интонација до оние што застапуваат и поведуваат теми со сосема поинаква насоченост и преокупираност. Ќе биде добредојдена во секоја градска и училишна читалница, за аматерските и за професионалните театарски екипи како „фрлена ракавица“ за сценски и радиодрамски предизвици. Страници 70 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-320-2

НОВОГОДИШЕН ПРЕЧЕК ЈАКОВ Е ГЛАВНИОТ ЛИК ВО ОВАА НОВОГОДИШНА КНИГА ЗА ЧИТАЊЕ, ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ, ЗА ДОЦРТУВАЊЕ, ЗА БОЕЊЕ И ЗА ДОПИШУВАЊЕ. Исполнета со разновидни илустрации и ведрина, во духот на празниците оваа книга е создадена со премногу љубов и желба за насмевки кај нашите наааајмали читатели. A има ли поубав подарок за едно дете од книга? Страници 32 / Формат 14х21 / ISBN 978-608-243-323-3

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 8


АНА БУЧЕВИЌ #вортекс #мотивација #верба БИДИ И ИМАЈ СО ПРОМЕНА НА ВИБРАЦИИТЕ ДО ФИНАНСИСКА СЛОБОДА! Книга што ќе ги освести вашите негативни ставови за парите, која ќе ви помогне да ги промените вашите убедувања што не ви користат, која ќе ве воведе во методите со кои ќе ја менувате својата вибрација кон парите и која ќе стане ваш сопатник во практиката на патот до остварување финансиска слобода! А слободата е најголемиот подарок што можете да си го подарите себеси. Оригинал Biti i imati / Страници 264 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-306-6

ВО ВОРТЕКСОТ НА ОСТВАРЕНИТЕ ЖЕЛБИ КРЕИРАЈТЕ ЈА СОПСТВЕНАТА СТВАРНОСТ СО ПОМОШ НА ЗАКОНОТ НА ПРИВЛЕКУВАЊЕТО И СТАНЕТЕ СВЕДОК НА ЧУДАТА ВО СВОЈОТ ЖИВОТ! Книга што ќе ви ги открие најважните тајни. Знаеме ли кои сме, всушност? Која е тајната што се крие во секого од нас? Сите сме креатори на сопствениот живот, на сопствената стварност. Нашите емоции се нашиот водич и показател на нашите мисли. Оваа книга зборува токму за моќта на нашите мисли. Оригинал U vortexu ostvarnih želja / Страници 276 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-232-8

ШТО (НЕ) Е ЉУБОВ „ЗА ЉУБОВТА НЕ ТРЕБА ДЕФИНИЦИЈА, ЉУБОВТА Е ДЕФИНИЦИЈА.“ Кога се обидуваме да ја дефинираме љубовта, се оддалечуваме од неа. Љубовта не се опишува, љубовта се чувствува. И љубовта се живее. Оваа книга е токму за внатрешниот свет на љубовта. Колку љубов имаме во себе? Како да се научи најголемата лекција за љубовта? Љубовта со делење се размножува. Оригинал Šta (ni)je ljubav / Страници 286 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-235-9

САФАРИ НА ДУХОТ МУДРОСТА НА ВОСПИТУВАЊЕТО, ГРЕШКИТЕ ВО ОДГЛЕДУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И КАКО ДА ГО ПОДОБРИТЕ ОДНОСОТ СО ВАШЕТО ДЕТЕ. „Сафари на духот“ е книга на одговори на неминовни прашања по кои многу родители трагаат. И на многу деца што пораснале со надеж дека можат да бидат подобри родители од своите родители. Ана Бучевиќ е писателка што не верува во недостатоци и ограничувања, затоа таа преку секоја испишана страница се обидува да го промени вашиот светоглед кон начинот на воспитување. Оригинал Safari duha / Страници 312 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-233-5

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 9


#СОВРЕМЕНИ #КЛАСИЦИ ЖЕНСКИ ДЕКАМЕРОН Јулија Вознесенскаја ДЕСЕТ МЛАДИ ЖЕНИ СЕ ВО ИСТО ПОРОДИЛИШТЕ ВО ЛЕНИНГРАД, ВО ПЕРИОД КОГА ВО ТАА УСТАНОВА Е ВОВЕДЕН ДЕСЕТДНЕВЕН КАРАНТИН. Се забавуваат „декамеронски“ раскажувајќи си сто приказни – по една приказна на ден од секоја од нив – за животот, за мажите, за љубовта, за љубомората, за неверствата, за заведувањето, за фарсичниот секс, за парите, за среќата и за многу други нешта што ја возбудуваат секоја женска душа. Оригинал Женский декамерон / Страници 404 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-313-4

ЕРУСАЛИМСКИ РАСКАЗИ / КАФКА ВО ЕРУСАЛИМ Виктор Фишл ХУМОРИСТИЧНИ И НОСТАЛГИЧНИ РАСКАЗИ, ИСПОЛНЕТИ СО ЧУДНИТЕ И ЧУДЕСНИ ЖИТЕЛИ НА ЕРУСАЛИМ. За градот во кој авторот живеел со години вели: „Тоа постојано се случува во Ерусалим. Ќе дојдеш до завршетокот, а потоа гледаш нова мрежа од можности... бидејќи овој град нема почеток и крај, идеален е за секој човек, но најдобар е за книжевниците.“ Постојат два пата до Ерусалим: да се влезе преку Портата Јафа или да се отвори оваа книга. Оригинал Jeruzalémské povídky / Страници 224 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-237-3

ПАСИЈА ПО Г.Х Kларис Лиспектор Г. Х. E СКУЛПТОРКА ШТО ЖИВЕЕ ВО БОГАТ КВАРТ ВО РИО ДЕ ЖАНЕИРО. Дента кога ја отпушта слугинката, влегува во нејзината соба, здогледува лебарка на подот и ја преполовува. Глетката на инсектот што умира кај неа поттикнува внатрешен дијалог што ја води кон длабоки размислувања за своите чувства, стравови, неспокојства... Оригинал A Paixao segundo G.H. / Страници 160 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-263-2

LA SUPERBA Илја Леонард Фајфер ЏЕНОВА. МИСТЕРИОЗЕН, ЕГЗОТИЧЕН, ГРАД ПОЛН СО ЛАВИРИНТИ И МАГИЈА. Сè почнува со глетката на една женска нога, која го фрла раскажувачот во потрагата „по најубавата девојка во Џенова“. Оваа книга е како џебно издание на „Пеколот“ на Данте, напишана од автор што ужива да оди во крајности! Оригинал La Superba / Страници 352 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-226-7

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

ИЗУМОТ НА МОРЕЛ Адолфо Биој Касерес

СЕДУМТЕМИНА ЛУДИ Роберто Арлт

Оригинал La invención de Morel / Страници 100 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-142-0

Оригинал Los siete locos / Страници 282 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-176-5

с т р . 1 0


#БЕСТСЕЛЕРИ #ВОФИЛМ СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ – BIRD BOX Џош Малерман ВО СВЕТОТ НА ИДНИНАТА ЛУЃЕТО НЕ СМЕАТ ДА ГЛЕДААТ ЗА ДА ПРЕЖИВЕАТ. Со само еден директен поглед на дневната светлина, следува болна смрт. Никој не знае што е тоа или од каде доаѓа. Пет години откако сето ова започнува, остануваат само неколку преживеани, меѓу кои и Малори и двете деца со неа. Време е да заминат на сигурно место, но треба да поминат триесет километри по река во чамец. И тоа со врзани очи! Netflix-филм. Оригинал Bird Box / Страници 272 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-332-5

KРУГ Дејв Eгерс ЗАСТРАШУВАЧКА ВИЗИЈА НА БЛИСКАТА ИДНИНА ВО КОЈА ПРИВАТНОСТА ИСЧЕЗНУВА, а со светот владее корпорација моќна како „Гугл“, „Фејсбук“, „Твитер“ заедно. Откако ќе ја вработат, Меј Холанд сфаќа дека ѝ се укажува животна шанса во „Круг“, кој ги поврзува личните електронски адреси, профилите на друштвените мрежи, услугите на онлајн-банкарството и пазарот, со својот универзален оперативен систем, создавајќи онлајн-идентитет за секого. Така почнува нова доба на транспарентност. Оригинал The Circle / Страници 416 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-210-6

ПОВТОРНО РОДЕН Маргарет Мацантини ЏЕМА СЕ КАЧУВА ВО АВИОН ЗАЕДНО СО СИНОТ ПЈЕТРО (16). ТРГНУВААТ ЗА САРАЕВО, град што го нема посетено откако го напушта во хуманитарен авион со новороденче в раце. На аеродромот ги дочекува Гојко, босански поет и стар пријател на Џема, со кого се запознава во далечната 1984 година, во екот на Зимските олимписки игри, додека работи на својата теза за Иво Андриќ, и преку кого ја среќава љубовта на својот живот, Диего, фотографот од Џенова што слика вирчиња... Истоимениот филм е со Пенелопе Круз во главната улога. Оригинал Venuto al mondo / Страници 544 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-334-9

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 1 1


#РОМАНСИ МИРИСОТ НА ЛИСТОВИТЕ ЧАЈ Дајна Џефрис МЛАДАТА АНГЛИЧАНКА ГВЕН ИМА СРЕЌА ДА ЈА СРЕТНЕ ЉУБОВТА НА СВОЈОТ ЖИВОТ – РУСОКОСИОТ СОПСТВЕНИК НА ПЛАНТАЖА ОД ЦЕЈЛОН (ДЕНЕС ШРИ ЛАНКА). Но Лоренс е постојано на работа, а неговата млада сопруга мора сама да ја истражува плантажата. Талкајќи по забранетите места, Гвен наоѓа заклучена врата, премолчено минато. Наскоро таа ќе остане бремена, а нејзиниот сопруг е пресреќен. Но по породувањето таа се соочува со страшната одлука што мора по секоја цена да ја скрие од Лоренс. Оригинал The Tea Planter's Wife / Страници 432 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-335-6

РОБИНКАТА Кетрин Лим ЕМОТИВНА ПРИКАЗНА ЗА ЧЕТИРИГОДИШНАТА ХАН, ПРОДАДЕНА КАКО РОБИНКА ВО КУЌАТА НА ВУ. Кога Хан станува тинејџерка, се вљубува во младиот господар. Нејзиниот живот се претвора во борба против силите на традицијата и тиранијата во еден свет во кој сладострасните машки роднини ги користат робинките за неселективно задоволство. Богато и моќно кинеско семејство во ера на убавината и на бруталноста, следejќи една љубов – сè до нејзиниот вчудовидувачки климакс. Оригинал The Bondmaid / Страници 348 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-236-6

ПРОСТИ МИ Ида Хегази Хојер ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА, НО И ЗА ТОА КАКО ТАА ЗГАСНУВА. Парот започнува врска, воопшто не познавајќи се еден со друг. Но она што се случува со текот на времето е премин во мачно секојдневје исполнето со опсесија, сомнежи, болка, кое ги руши границите помеѓу вистината и лагата, сонот и реалноста. Љубовната приказна открива страст, но и репресија и лаги како механизам на промислена самоодбрана. Оригинал Unnskyld / Страници 208 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-327-1

МИНАТОТО Алан Паулс

Оригинал El pasado / Страници 536 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-253-3

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

ТРАЧ

Елин Хилдербранд

СЕЌАВАЊА И ЖЕЛБИ Лиса Апињанези

Оригинал The Rumor / Страници 368 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-143-7

Оригинал Memory and Desirе / Страници 704 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-184-0

А н т о л о г

с т р . 1 2


#БИОГРАФИИ #CELEBRITY ПОСЛЕДНАТА ДЕВОЈКА Надија Mурад ТРОГАТЕЛНА ИСПОВЕД НА НЕКОГАШНАТА ЗАРОБЕНИЧКА НА ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА И АКТУЕЛНА ДОБИТНИЧКА НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР. Надија никогаш не ни сонувала дека ќе биде номинирана за Нобеловата награда или дека ќе стане амбасадор на добрата волја на Обединетите нации. Луѓето што ја држеле во заробеништво ѝ зборувале дека народот на кој припаѓа ќе биде избришан од лицето на земјата. Нејзината приказна го натера светот да обрне внимание на геноцидот во Ирак – бруталноста на Исламската Држава, убиствата, измачувањата, силувањата. Предговор на Амал Клуни. Оригинал The Last Girl / Страници 308 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-338-7

ГАЛА – ДАЛИ Кармен Доминго ГАЛА ДОАЃА ВО ЕВРОПА ОД ЦАРСКА РУСИЈА, А ЗА НЕА СЕ ШИРИ ГЛАСОТ ДЕКА УМЕЕ ДА ГО ИЗВЛЕЧЕ НАЈДОБРОТО ОД МАЖИТЕ. Салвадор Дали имал 25 години кога ја запознал. И не само што станала единствената жена во животот на Дали туку била и негова ултимативна инспирација. Била единствената што можела да го следи и да го разбере сликарскиот гениј, а истовремено со својата поддршка создала од него еден од најголемите уметници на сите времиња. Оригинал Gala – Dali / Страници 352 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-336-3

ЛАВ ТОЛСТОЈ: БЕГСТВО ОД РАЈОТ Павел Басински ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК ВО ЈАСНА ПОЛЈАНА, ЛАВ НИКОЛАЕВИЧ ТОЛСТОЈ, НОЌЕ, ТАЈНО ПОБЕГНА ОД СВОЈОТ ДОМ ВО НЕПОЗНАТ ПРАВЕЦ! Врз основа на строго документирани материјали, авторот не предлага своја верзија на тој настан, туку негова жива реконструкција! Чекор по чекор може да ги проследите целиот живот и заминувањето на Толстој, анализирајќи ги причините за неговата семејна драма и таинственоста за потпишувањето на неговото духовно завештание. Оригинал Лев Толстой: Бегство из рая / Страници 584 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-282-3

ПАТ КОН БЕСКРАЈОТ – МОЈОТ ЖИВОТ СО СТИВЕН Џејн Хокинг СТИВЕН ХОКИНГ ВО НЕОДОЛИВИТЕ МЕМОАРИ НА ЏЕЈН. Првата сопруга на еден од најпознатите и највлијателни научници на нашето време ја открива тајната приказна за овој необичен брак. Во текот на 1960-тите, Стивен и Џејн се среќаваат како студенти на Кембриџ. Посветен на љубовта и на науката, Хокинг не насетувал дека ќе го затече болест поради која ќе биде осуден на доживотна битка. Оскаровскиот филм „Теорија за сѐ“ (2014) е снимен според оваа книга. Оригинал Travelling to Infinity: My Life with Stephen / Страници 464 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-205-2

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 1 3


#ДЕТЕКТИВСКИ #ХОРОР #MИСТЕРИИ АВАНТУРИТЕ НА ШЕРЛОК ХОЛМС Артур Конан Дојл ШЕРЛОК ХОЛМС ГИ РАЗОТКРИВА ЗЛОСТОРСТВАТА НА КРИМИНАЛЦИТЕ НА ВООДУШЕВУВАЧКИ НАЧИН! Заедно со својот верен колега, доктор Вотсон, решава дванаесет збунувачки и мистериозни случаи. Се среќаваме со неговите славни и проклето тешки загатки, меѓу кои и „Скандал во Бохемија“, „Шареното чергиче“, „Здружение на црвенокосите“ и многу, многу други! Оригинал The Adventures of Sherlock Holmes / Страници 304 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-319-6

СТРАВ Јозеф Карика НАТПРИРОДНА МИСТЕРИЈА ВО СТИЛОТ НА НАЈДОБРИОТ СТИВЕН КИНГ, ИСПОЛНЕТА СО СТРАВ И УЖАС! Маж во своите триесетти години по раскинувањето со својата девојка се враќа во приградската населба во која израснал. Таа се наоѓа во подножјето на планина што крие грозоморна тајна – во исклучително студени зими во планината исчезнуваат деца. Заедно со поранешната љубов и со другарите мора да се соочи со злобната сила, но и со сенките од сопственото минато. Оригинал Strach / Страници 240 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-329-5

НЕ МИ Е СТРАВ Николо Аманити НАЈЖЕШКОТО ЛЕТО НА XX ВЕК. Jугот на Италија, при крајот на 1970-тите години. Мала заедница од пет куќи во огромно поле со пченица. Деветгодишниот Микеле Амитрано открива многу важна, страшна тајна и не му ја кажува никому. Во драматичните настани што следуваат, ќе се сруши детскиот свет, а возрасните ќе го прикажат своето вистинско, ужасно лице! Оригинал Io non ho paura / Страници 192 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-283-0

ДЕВЕТ НОЌИ Бернардо Карваљо ВО 1939 ГОДИНА ЕТНОЛОГОТ БЈУЕЛ КВЕЈН СЕ САМОУБИВА ВО БРАЗИЛ. Зад себе оставил седум писма, причините за самоубиството. Овој вистински историски случај останал табу во Бразил. Нараторот живее во денешно време и тврди дека постои и осмо писмо. Но потрагата го фрла во лудило. Романот на Карваљо го споредуваат со делата на В. С. Најпол, Вилијам Фокнер, Џозеф Конрад и Брус Чатвин. Оригинал Nove Noites / Страници 160 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-244-1

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 1 4


#КРИМИ #ТРИЛЕРИ НЕВИДЛИВИОТ ЧУВАР Долорес Редондо ПО МНОГУ ГОДИНИ ИНСПЕКТОРКАТА АМАЈА СЕ ВРАЌА ВО РОДНИОТ ГРАД ЗА ДА ГО НАЈДЕ УБИЕЦОТ ШТО ГИ ИЗБИРА СВОИТЕ ЖРТВИ МЕЃУ МЛАДИТЕ ДЕВОЈКИ. Тој ги задушува и ги остава голи во шумата следејќи некој вид мрачен ритуал. Амаја се соочува и со сеништата од сопственото минато. Мрачни епизоди за кои никогаш не зборувала и што ја принудиле да замине, но измешани и со старите народни верувања од областа Навара? Што кријат бастанските шуми? Оригинал El guardián invisible / Страници 384 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-331-8

ЖЕНАТА ВО КАФЕЗОТ Јуси Адлер-Олсен КАРЛ МОРК Е ПРЕМЕСТЕН ВО НОВООТВОРЕНИОТ СЕКТОР ЗА НЕРЕШЕНИ СЛУЧАИ, НАРЕЧЕН СЕКТОРОТ Q. Единствениот вработен таму е сириски имиргант, Асад, кој всушност е чувар, но се покажува како талентиран и надарен детектив. Карл одново ја започнува истрагата за случајот со исчезнатата млада политичарка Мерете Лунгор. Таа исчезнала пред пет години и се претпоставува дека е удавена, но нејзиното тело никогаш не е пронајдено. Мерете не е мртва! Оригинал Kvinden i buret / Страници 406 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-234-2

СМРТОНОСНА ТЕРАПИЈА Зигмунт Милошевски ВО МАНАСТИР ВО ВАРШАВА СЕ ОДРЖУВА ГРУПНА ПСИХОТЕРАПИЈА ПРЕКУ НОВ МЕТОД НА ЛЕКУВАЊЕ. По една од сеансите, Хенрик Телак е пронајден брутално убиен со ражен во окото. Случајот му е доделен на државниот обвинител Теодор Шацки. Тој застанува против „црвената пајажина“, која ќе го одведе до поранешно убиство од времето на комунизмот. Но зошто одеднаш и Тајната полиција се интересира за случајот? Оригинал Uwikłanie / Страници 304 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-292-2

МЕМЕНТО ЗА ИСТАНБУЛ Ахмет Умит МРТВО ТЕЛО СО АНТИЧКА МОНЕТА ВО ДЛАНКАТА е пронајдено покрај споменикот на Кемал Ататурк во стариот дел на Истанбул. Убијците грабнуваат и други луѓе. Седум убиства, седум владетели, седум монети и седум споменици поврзани со историјата на еден од најимпресивните градови. Oригинал İstanbul Hatırası / Страници 572 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-022-5

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 1 5


#EU #НАГРАДА 17

20

ГЛАД Џамал Уаријачи АЛЕКСАНДАР ЛАЗЛО, СВЕТСКИ ПОЗНАТ ФИЛАНТРОП, Е ОБВИНЕТ ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ ЕДНО ОД СВОИТЕ ПОСВОЕНИ ДЕЦА ОД ЕТИОПИЈА. Десетина години подоцна неговата поранешна љубовничка Аурели Линдебом има ќерка и работи како ТВ-новинар. Во тој период Лазло повторно стапува во контакт со неа. Дали ќе се слушне неговата страна на приказната? Приказна за борбата против грчовитиот молк за табуата, за доминантниот страв и став во општеството. Оригинал Een honger / Страници 688 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-312-7

15

20

ПОСЛЕДНИОТ ЧУВАР НА ОСТРОВОТ ЕЛИС Гаел Жос НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД КОНЕЧНОТО ЗАТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ИМИГРАЦИЈА НА ОСТРОВОТ ЕЛИС, Џон Мичел пишува дневник во кој го раскажува својот живот. Обид да се отвори прашањето за нивниот престој, нивните долги и исцрпувачки патувања. Стравот дека ќе бидат вратени, токму во моментот кога се толку блиску, сепак далеку од „La Merica“! Оригинал Le dernier gardien d'Ellis Island / Страници 176 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-268-7

15

20

АПНЕЈА Лоренцо Амури МЛАДИОТ ЛОРЕНЦО ОСТАНУВА КВАДРИПЛЕГИЧАР И ЖИВОТОТ МУ СЕ ПРЕВРТУВА НАОПАКУ. Периодот минат во болница во Италија и во Швајцарија, сите операции, мачната рехабилитација... Тоне во самосожалување, па неговата девојка Јохана се одлучува да го напушти, а тој решава да се самоубие. Дали нешто ќе го поттикне одново да ја освои и да си го поврати животот? Оригинал Apnea / Страници 256 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-254-0

15

20

ПРОСЕЧЕН ИНДЕКС НА СРЕЌАТА Давид Машадо ПОГОДЕНО ОД ФИНАНСИСКАТА КРИЗА ВО ПОРТУГАЛИЈА, СЕМЕЈСТВОТО НА ДАНИЕЛ СЕ РАЗДЕЛУВА. Неговата сопруга Марта заедно со децата се отселува кај своите родители. Приказна пренесена преку имагинарен дијалог на Даниел со неговиот пријател Алмодовар. Шавиер – агорафобичарот има математичка теорија поврзана со среќата и прави секој да се замисли кој е индексот на среќата во неговиот живот. Потрага по она што е навистина важно за да се биде среќен, но и обид да се сфати колку едно срце може да биде големо. Оригинал Índice Médio de Felicidade / Страници 256 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-257-1

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 1 6


#EU #НАГРАДА 20

САГА ЗА ЈОН Офејгур Сигурдсон

11

ВО 1775 ГОДИНА СВЕШТЕНИКОТ ЈОН Е ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО И E ПРОТЕРАН ОД МАНАСТИРОТ. Се сместува во една пештера. Додека тој чека да пристигне сопругата Торун, се буди вулканот Катла уништувајќи сè наоколу. Јон е во опасност да биде закопан жив во пештерата. Пишувањето писма до Торун му ги оттргнува мислите, но мора да се соочи со своето минато. „Огнениот свештеник“ е една од најнеобичните личности во историјата на Исланд. Оригинал Skáldsaga um Jón og hans rituðu bréf til barnshafandi konu sinnar þá hann dvaldi í helli yfir vetur og undirbjó komu hennar og nýrra tíma / Страници 208 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-297-7

16

20

ВРЕМИЊА НА ИГРА. ДЕТСТВО ВО ТРАНСИЛВАНИЈА Клаудиу М. Флоријан НАСТАНИ ПОВРЗАНИ СО ЕДНО МЕШАНО ГЕРМАНСКО-РОМАНСКО СЕМЕЈСТВО што живее некаде близу градот Брашов во 1970-тите, видени и пренесени преку очите на едно шестгодишно дете. За него сите настани се само игри што ги играат, не само децата туку и возрасните, и тоа – во домот во кој живее, на улицата пред куќата, во маалото. Оригинал Vârstele jocului. Strada Cetăţii / Страници 368 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-266-3

15

20

БЕКОМБЕРЈА – ОДА ЗА МОЕТО СЕМЕЈСТВО САРА СТРИДСБЕРГ

ДЕТСКИТЕ СПОМЕНИ НА АВТОРКАТА ОД ВРЕМЕТО НА НЕЈЗИНИТЕ ПОСЕТИ НА „БЕКОМБЕРЈА“. Една од најголемите болници за ментално болни во Шведска и во Европа во XX век, со две илјади пациенти. Душевната болница во која престојува со татко ѝ се претвора во единствениот постоен свет за Џеки. Оригинал Beckomberga: Ode till min familј / Страници 352 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-248-9

15

20

ВИЉЕВО

ЛУКА БЕКАВАЦ ОСАМЕН ГЛАС ОТВОРА ПАНОРАМА НА РЕЧИСИ НЕНАСЕЛЕНАТА СЛАВОНИЈА, ЗАГУБЕНА ВО ЛЕТО И ВО ПРАВ. Завршува со опсесивен коментар на пожолтени страници од нечиј дневник од Втората светска војна. Додека во темниот простор помеѓу чека суровиот транскрип од дијалог во кој се случува напнато одмерување на силите. Ризична потрага по место каде што би можело да почне заедничката приказна. Оригинал Viljevo / Страници 236 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-196-3

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 1 7


#БУКСТАР #BOOKSTAR НЕВИДЛИВА ЖЕНА И ДРУГИ РАСКАЗИ Славенка Дракулиќ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НАШИТЕ ТЕЛА, СО НАШИОТ ОДНОС КОН ДРУГИТЕ И – УШТЕ ПОВАЖНО, СО ОДНОСОТ НА ДРУГИТЕ КОН НАС ВО СТАРОСТА? Преку шеснаесет раскази во оваа книга се раскажува за меѓучовечките односи, за релациите меѓу родителите и децата, за заминувањето, исчезнувањето, заборавањето, болеста, срамот и болката, за најдлабоките чувства за кои не се осмелуваме да зборуваме! Оригинал Nevidljiva žena i druge priče / Страници 160 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-318-9

СВЕТАТА КРВ Антон Баев РОМАН ЗА ЉУБОВТА И СТРАСТИТЕ ВО СИТЕ ДИМЕНЗИИ, ЗА ЗЛОСТОРСТВОТО, ОДМАЗДАТА И ПРОСТУВАЊЕТО. Ликови се учители и ученици во еден историски бурен период од 1920 до 1950 година. Романот е составен од четири дела, а секој дел започнува со извадок од „Четирите годишни времиња“ на Антонио Вивалди. Оригинал Светата кръв / Страници 144 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-271-7

ЛУКСЕМБУРШКАТА ГРАДИНА Михал Ајваз ПОЛ Е ПРОФЕСОР ВО ЕДНА ПАРИСКА ГИМНАЗИЈА. На почетокот од распустот по грешка ќе отчука навидум бесмислен збор на тастатурата, но тој ќе стане причината за сите чудовишни пресврти. Зборот го движи низ интернет-лавиринтите, го носи до чуден фантастичен роман со непостоен јазик на американски математичар. Во комбинација со романтични авантури, како и со низа случувања на работ од реалноста, авторот создава мистично-философска алегорија за една поразлична стварност. Оригинал Lucemburská zahrada / Страници 170 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-316-5

ПРАЗНИ УЛИЦИ Михал Ајваз МИСТЕРИОЗНИ ИСЧЕЗНУВАЊА И ГОЛЕМ БРОЈ ПОТРАГИ. Главниот лик нагазува дрвен предмет, кој почнува да го препознава на различни места низ градот и токму тоа го води во потрага по една млада девојка што неодамна исчезнала. Нејзината тетоважа е енигма за главниот лик, кој се обидува да ја разоткрие тајната на нејзиното исчезнување. Оригинал Prázdné ulice / Страници 464 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-250-2

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 1 8


#ГОНКУР #НАГРАДА 16 20

СОВРШЕНАТА ДАДИЛКА Лејла Слимани МИРЈАМ И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ БАРААТ СОВРШЕНА ДАДИЛКА ЗА СВОИТЕ ДЕЦА. Никогаш не сонувале дека ќе ја најдат Луиз: тивка, љубезна, посветена жена. Но, како што парот и дадилката стануваат сè позависни еден од друг, љубомората, незадоволството и сомнежите се зголемуваат. Тогаш, еден ден, две деца се убиени од eдна „совршена дадилка“. Оригинал Chanson douce / Страници 208 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-340-0

15 20

БУСОЛА Матијас Енар ВО ТЕКОТ НА ЕДНА БЕССОНА НОЌ ВО ВИЕНА МУЗИКОЛОГОТ ФРАНЦ РИТЕР ГИ ОЖИВУВА СВОИТЕ сеќавања и спомени за кариерата, за своите патувања и за својата неостварена љубов, Сара. Лебдејќи помеѓу сонот и сеќавањата, ги преиспитува својата фасцинација за Блискиот Исток и многуте патувања во Истанбул, Алепо, Дамаск и во Техеран, како и многуте писатели, уметници, музичари, ориенталисти и истражувачи, кои го надополнуваат овој огромен сон. Оригинал Boussole / Страници 464 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-315-8

#НОБЕЛ #НАГРАДА 15

20

ЧЕРНОБИЛСКА МОЛИТВА Светлана Алексиевич ЧУДЕСНА И ПОТРЕСНА КНИГА ЗА ЛИЧНИТЕ СООЧУВАЊА НА ЛУЃЕТО ПОГОДЕНИ ОД НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА КАТАСТРОФА – 1986 ГОДИНА, ЧЕРНОБИЛ. Ова е книга за последниците, за преживеаните и за нивната нова реалност. Во овој свет сè изгледа сосема нормално,а сè може да убие – водата, почвата, јаболкото, дождот. Оригинал Чернобыльская молитва / Страници 304 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-227-4

15

20

ВОЈНАТА НЕМА ЖЕНСКО ЛИЦЕ Светлана Алексиевич ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ КНИГИ ЗА ВОЈНАТА. За време на Втората светска војна, околу еден милион жени се бореле на страната на Црвената армија, но за нив никогаш ништо не се пишува. Оваа книга ги собира на едно место спомените на стотици жени – снајперистки, тенкистки, болничарки. Тие ја раскажуваат „нехеројската“ страна на војната. Оригинал У войны не женское лицо / Страници 320 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-168-0

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 1 9


#ИСТОРИСКИ #SLAV СТАКЛЕНАТА РЕКА Емил Андреев ШТО СЕ КРИЕ ЗАД БУКВИТЕ ND ИЗДЛАБЕНИ ВО ТЕМЕЛИТЕ НА ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ? Какви се чудните камени статуетки на црквата во село Градиште и чиј е духот што броди во неа? Французинката Елен пристигнува во Бугарија за да најде траги од доцното богомилство. Откако ќе се смести во куќата на баба Монка, се запознава со Виктор. Започнуваат да се случуваат невообичаени нешта што ги вовлекуваат во мистериозни случувања што го запираат здивот. Оригинал Стъклената река / Страници 228 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-330-1

ЗАМОР НА МАТЕРИЈАЛОТ Марек Шинделка ПАТОТ ДО ЕВРОПА НА ДВАЈЦА БРАЌА ОД НЕИМЕНУВАНА ЗЕМЈА ЗАФАТЕНА СО ВОЈНА. Нивните патишта наеднаш се разделуваат и секој продолжува на своја рака, без мапа, без контакти. Го следиме сложениот и болен пат кон север. Европа видена однадвор, која потсетува на голема машина што работи. Единственото што стои спроти таа машина е ранливото човечко тело. Оригинал Únava materiálu / Страници 160 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-251-9

ЕДНА ИСТА РЕКА Здравка Евтимова ТРИ СЕСТРИ: ЉУБА, САРА И ПИРИНА. Живеат во мало село близу бугарскиот град Перник. Живеејќи на работ на мизеријата, Пирина пее, а во нејзините песни нема мелодија; Сара често ги менува партнерите, а еден од нив дури ѝ гради црква. Љуба толку многу чита што дури отсуствува од секојдневјето и од животот. Роман во кој реката тече не како што одлучила вселената, туку каде што ја водат ликовите. Оригинал Една и съща река / Страници 208 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-307-3

ИСТОРИЈА НА ПОРНОГРАФИЈАТА Горан Трибусон РАСТЕЊЕТО НА ГРУПА ПРИЈАТЕЛИ ОД НИВНИТЕ НАЈРАНИ ДЕНОВИ ДО СТАПУВАЊЕТО ВО БРАК. Пред нашите очи паралелно изминуваат сите настани што биле важни за нив – појавата на првите рок-плочи, долгите коси, увозните фармерки, љубовите, политиката и, на крајот, порнографијата, која е некаков изместен лајтмотив на целата книга. Оригинал Povijest pornografije / Страници 512 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-281-6

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2 0


#ИСТОРИСКИ #САГИ ДЕВОЈКИТЕ ОД ПЕСОЧНИОТ ЗАМОК Крис Бохџалијан 1915 ГОДИНА. ЕЛИЗАБЕТ ПРИСТИГНУВА КАКО ВОЛОНТЕР ОД БОСТОН ВО АЛЕПО, СИРИЈА. Стотици илјади ерменски жени и деца се прогонети од своите домови. Ерменскиот геноцид го уништил семејството на младиот инженер Армен, кој патува во Египет за да се приклучи на британските трупи. Години подоцна, ја запознаваме Лора од Њујорк, која тргнува на патување низ историјата на своето семејство, кое ѝ открива вознемирувачка тајна закопана за идните генерации. Оригинал The Sandcastle Girls / Страници 312 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-317-2

ВОЈНА И ТЕРПЕНТИН Стефан Хертманс УРБАН МАРТИН ОСТАВИЛ ДВА НОТЕСА ЗАД СЕБЕ. ЖИВОТ НА УМЕТНИК, ВОЈНИК, ЉУБОВНИК И НА НЕКОЈ ШТО ЈА ПРЕЖИВЕАЛ ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА. Овие нотеси се откриени 30 години подоцна. Борејќи се со оваа приказна, внукот писател поминува низ годините, барајќи начин да ја разбере сопствената улога во времето. Прогласена меѓу „Топ 10 најдобри книги“ за 2013 од „Њујорк тајмс“. Оригинал Oorlog en terpentijn / Страници 320 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-267

ДЕВОЈЧЕ, ЗАПАЛИ ОГАНЧЕ Мартин Шмаус ВО НАСЕЛБАТА ПОЛЈАН, ВЕДНАШ ЗАД СОВЕТСКАТА ГРАНИЦА, СЕ РАЃА АНДРЕЈ ДУНКА. Уште како мал е пренесен во Жижков, Прага. Неговото семејство го принудува да краде. Андреј прерано се судира со многу животни ѕидови, ограничувања. Убава, но сурова приказна за ситуацијата на словачките Роми во повоените чешки земји. Романот е емотивна песна за ромската традиција, испреплетена со верувањата и болката на овој народ. Оригинал Děvčátko, rozdělej ohníček / Страници 272 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-308-0

ВЕШТАЧКО ДИШЕЊЕ Рикардо Пиглија ОБЈАВЕН ВО 1980 ГОДИНА, ВРЕМЕ КОГА ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ НА АРГЕНТИНА „ИСЧЕЗНАЛЕ“ ПРИ ОБИДОТ НА ВЛАДАТА ДА СОЗДАДЕ АВТОРИТАРНА ДРЖАВА. Нараторот, писателот Емилио Рензи, почнува да го бара исчезнатиот вујко, Марсело Маги, кој е поврзан со низа контрадикторни семејни приказни и енигматични писма. Оригинал Respiración artificial / Страници 224 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-272-4

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2 1


#СУДИР НА #КУЛТУРИ ОРЕНДА Џозеф Бојден СЕ СЛУЧУВА БРУТАЛЕН МАСАКАР ВРЗ ПЛЕМЕТО ИРОКЕЗИ ВО XVII-ВЕКОВНА КАНАДА. Тоа ќе ги влоши и онака непријателските односи меѓу Ирокезите и Хуроните. Хуронскиот воин решава да го посвои девојчето чие семејство го убил во замена за своето мртво семејство. Меѓу Хуроните живее и Кристоф, језуитски мисионер. Приказна за крв и надеж, сомнеж и доверба, омраза и љубов: сага што е стара речиси четиристотини години – а сега се претвори во безвременско книжевно дело. Оригинал The Orenda / Страници 496 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-321-9

БЕЛЕЖНИКОТ НА ТАТКО МИ Кадер Абдолах КОГА БИЛ ДЕТЕ, АГА АКБАР И ВУЈКО МУ ОТИШЛЕ ВО ЕДНА МИСТЕРИОЗНА ПЕШТЕРА ВО ВНАТРЕШНОСТА НА ПЕРСИЈА. Откриле релјеф издлабен со клинесто писмо, стар три илјади години. Акбар создал сопствено писмо со кое го пишувал својот дневник. Години подоцна, неговиот син Ишмаел, политички дисидент во егзил на Запад, обидувајќи се да го дешифрира наследениот бележник, ги раскажува, не само приказната на татко си туку и приказната на Иран од XX век. Оригинал Spijkerschrift / Страници 288 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-296-0

СЕДУМ КУЌИ ВО ФРАНЦИЈА Бернардо Ачага МОРАЛНАТА ДЕКАДЕНЦИЈА ВО ГАРНИЗОНОТ НА КОЛОНИЈАЛНИТЕ ТРУПИ на кралот Леополд II од Белгија на почетокот од XX век, во срцето на џунглата во Конго. Лаланд Биран е капетан, но и поет со амбиција да се збогати и да им се врати на книжевните кафулиња во Париз. Неговата жена е поамбициозна: сака да поседува седум куќи во Франција, по една за секоја година што нејзиниот сопруг ја поминал во туѓина! Оригинал Zazpi etxe Frantzian / Страници 208 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-287-8

БИОГРАФИЈА НА ГЛАДОТ Амели Нотомб ПРЕКУ ФИЛОЗОФСКАТА ПРИЗМА НА ГЛАДОТ, АВТОРКАТА ЈА ПИШУВА СВОЈАТА АВТОГЕОБИОГРАФИЈА. Годините минати во Јапонија, Њујорк и во Југоисточна Азија, осознавајќи го светот. Глад за љубов, глад за убавина, глад за книги, но и глад во вистинска смисла на зборот со сите позитивни и негативни исходи. Роман што преку играта на гладот ни го предочува апетитот за животот. Оригинал Biographie de la faim / Страници 138 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-270-0

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2 2


#БАЛКАНeЕВРОПА #EXYU МАЛТЕРЕГО Марко Шелиќ Марчело МЛАДИОТ И НАДАРЕН ЛЕО ВОДИ АВТОТЕРАПИЈА ВО ВИД НА ДНЕВНИК НА БЕСОТ. Имагинарниот одмаздник, неговото (М)алтерего, брутално ја спроведува правдата на хартија – сè до денот кога трупот од приказната се појавува и во стварноста. Поместувања на границите на сонот и јавето, моралот и етичкото тонење. Вистинска лавиринт-драма од креативната работилница на најпознатиот српски хип-хоп артист. Оригинал Malterego / Страници 320 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-341-7

ЕВРОПА ВО СЕПИЈА Дубравка Угрешиќ ТРИЕСЕТИНА ЕСЕИ ВО КОИ АВТОРКАТА ПОАЃА ОД НЕКОЕ СОПСТВЕНО ИСКУСТВО, СКИЦА, НАСТАН, СЕЌАВАЊЕ, ОДНОСИ, НО И ОД ЕМОЦИИТЕ. Автобиографски и дневнички записи што се протегаат низ целиот свет – Њујорк, Хонг Конг, Бали, Амстердам, Загреб, Балканот – и со црнохуморен тоналитет го разоткриваат апсурдот на современиот живот. Награда „Жан Амери“ за исклучителни достигнувања во есеистиката за 2012 година. Оригинал Europa u sepiji / Страници 272 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-325-7

ЛИСИЦА Дубравка Угрешиќ АВТОРКАТА НА ДУХОВИТ НАЧИН СЕ ПРЕСМЕТУВА СО СОВРЕМЕНАТА КНИЖЕВНА СЦЕНА и со глобалните трендови, патувајќи, литерарно и физички, од Јапонија преку многу руски класици до американските авантури на Набоков, или пак до бесмисленото претставување на книгата во денешниот свет. Роман на годината во Хрватска за 2018 година. Оригинал Lisica / Страници 288 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-276-2

ИСЦЕЛУВАЊЕ НА СВЕТОТ Слободан Шнајдер ГЕОРГ И ВЕРА ВО ЕДНА ТОЧКА ОД СВОИТЕ ЖИВОТИ ИМААТ ЕКСТРЕМНО СПРОТИВСТАВЕНИ БИОГРАФИИ. Тие се среќаваат кога тоа станува можно, откако претходно сè на светот било против таа нивна средба. Потоа заминуваат секој по својот пат, иако сега сè ги упатува на тоа да останат заедно. Епска приказна што сведочи за моќта на идеологијата способна да подели речиси сè. Оригинал Doba mjedi / Страници 504 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-314-1

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2 3


ВО #ОРИГИНАЛ #1 ТИЕ МИЛИ МАЛИ СЛАТКИ ДЕЧИЊА Антонио Карабелов РОМАНОТ Е ПОСВЕТЕН НА ТРИНАЕСЕТМИНА ИСТОРИСКИ ЛИЧНОСТИ (ОД ХИТЛЕР ДО ЦАРОТ ХИРОХИТО), КОИ СЕДНАТИ НА КЛУПАТА НА СУДОТ НА СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА – СЕ ПРОГЛАСЕНИ ЗА ДИКТАТОРИ. Секој знае, слушнал и прочитал поединости за нивните злодела, сторени врз сопствениот народ, а воедно и врз целото човештво, злодела сторени во „возрасни“ години. Но дали некогаш сте се запрашале какви биле тие во своето детство? Какви биле кога биле мили, мали, слатки дечиња? А биле... Страници 336 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-342-4

ДИССОМНИИ Игор Станојоски ЗАЕДНИЧКИОТ ЖИВОТ ВО УКРАИНА НА 29-ГОДИШНИОТ ПИСАТЕЛ И НЕГОВАТА СВРШЕНИЧКА СЕ НАОЃА ВО КРИЗА. Барајќи мир и инспирација, писателот по 11 години се враќа во Македонија. Се стационира во планинското село од кое потекнуваат неговите баба и дедо, но почнуваат да го следат одредени надреални случувања, како што е преместување на предмети во куќата додека спие. Страници 240 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-242-7

АПОЛОН – ВОДАЧ НА МАКЕДОНСКИОТ БУНТ Ставре Џиков и Марјан Иваноски ВАЖЕН ПРИДОНЕС КОН РАСВЕТЛУВАЊЕТО НА ЕДЕН ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКОТО ИСТОРИСКО МИНАТО, во кој централно место заземаат животот и делото на патриотот Трајко Попов, еден од основачите и водач на илегалното Македонско национално движење – БУНТ. Со приложени фотографии, обвинителни акти, пресуди, затворски досиеја, односно подоцнежни наредби за отпуштање од затвор на лицата што ги делеле идеалите за обединета и слободна Македонија. Страници 116 / Формат 17х24 / ISBN 978-608-243-289-2

УБК ОДБЛИЗУ Љубен Конески Лични сведоштва и размислувања на авторот, поранешен висок припадник на Службата за безбедност во времето на СФРЈ и во периодот на самостојна Македонија. Најави за воен удар, акции на ЈНА, атентатот на Киро Глигоров. Вистински примери од отворањето на тајните досиеја. (Не)мешањето на УБК на приватниот помен по повод 25 години од смртта на Ченто... Страници 154 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-261-8

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2 4


ВО #ОРИГИНАЛ #2 ПОСЛЕДНОТО ИМЕ НА ИДНИНАТА Живко Грозданоски ЖИВОТОТ НА ЈОХА, ИНЖЕНЕР ЗА ТУНЕЛИ ОД ЈЕНА, ИСТОЧНА ГЕРМАНИЈА, СЕ МЕНУВА ОД КОРЕН откако ќе биде испратен да работи во едно испустено место на југот од Босна и Херцеговина. Приказна за телата, осаменоста, патувањата и за животот што го живееме и го замислуваме. Страници 348 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-303-5

ГО СИЛУВАВМЕ ЕЖОТ Марјан Анѓеловски ПРЕКУ ГЛАВНИТЕ ЛИКОВИ И РАЗВОЈОТ НА НИВНАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА СЕ АПОСТРОФИРА „ЛУДИЛОТО“ НА ВЛАСТА. Сатирична драма за апсурдното владеење на еден современ режим во рамките на демократското општество, видена преку љубовна приказна меѓу млад новинар и проститутка. Страници 94 / Формат 14x20 / ISBN 978-608-243-290-8

2 0 1 9

SPECTATOR (VIII ИЗДАНИЕ) Жарко Кујунџиски

ТАЖНА ПРИКАЗНА ЗА СРЕЌНИ ЛУЃЕ Андреј Волкашин

ФРЕСКИ И ГРОТЕСКИ Венко Андоновски

Страници 146 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-300-4

Страници 480 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-255-7

Страници 180 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-280-9

СНЕГ ЗА ДВАЈЦА Лилјана Дирјан

TEШКА СВИЛА Лилјана Дирјан

АЗБУКА ЗА НЕПОСЛУШНИТЕ Венко Андоновски

Страници 186 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-278-6

Страници 146 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-300-4

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

Страници 144 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-279-3

с т р . 2 5


#ЛЕКТИРИ САКАМ КНИГА

АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ ПРЕКРАСЕН ИЗБОР ОД БОГАТОТО ТВОРЕШТВО НА ЕДЕН ОД НАЈРЕНОМИРАНИТЕ ПИСАТЕЛИ ЗА ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА – АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ. Топли раскази, песни, сказни и драматизации во кои ќе ужива секое дете. Преведена и на албански, турски, ромски, влашки/аромански, српски, хрватски, црногорски, босански/бошњачки, словенечки, германски и на англиски јазик. Страници 72 / Формат 21х14 / ISBN 978-608-243-295-3

ЛЕКТИРНО ИЗДАНИЕ ЗА III ОДДЕЛЕНИЕ

ПРИРОДО, ЉУБОВ МОЈА! АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ

КНИГА ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕНА НА ПРИРОДАТА И НА ГРИЖАТА ЗА НЕА, со која авторот е комплетно поврзан. Овој голем вљубеник во пишуваниот збор – како негова професија, и во природата – како негова опсесија, донесе и внесе во македонската литература за деца раскошно издание. Четиво со кое треба „да се дружи“ секое дете при своето градење како личност. Страници 108 / Формат 21х14 / ISBN 978-608-243-299-1

ЛЕКТИРНО ИЗДАНИЕ ЗА IV ОДДЕЛЕНИЕ

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2 6


#ДЕТСКИ #4+ НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА ЗА ЏИНОВСКАТА КРУША Јакоб Мартин Стрид МИЧО И СЕБАСТИЈАН, НАМЕСТО РИБА, УЛОВУВААТ ПОРАКА ВО ШИШЕ! Дали писмото навистина е од Еремија, градоначалникот на Сончев Град, кого никој го нема видено веќе цела година? Постои ли Мистериозниот Остров? Како да се заобиколат пиратите, Страшниот Морски Змеј и Катран Црното Море? Што ќе се случи доколку го насадат семето што стигнало заедно со писмото во шише? Филмувана сликовница, наградена за најубави илустрации. Оригинал Den utrolige historie om den kæmpestore pære / Страници 108 / Формат 21х29 / ISBN 978-608-243-337-0

ГЛЕН – СУПЕРМЕН Александар Кујунџиски / Васко Ташковски ЗАЕДНИЧКО ДЕЛО НА ПИСАТЕЛОТ АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ И НА АКАДЕМСКИОТ СЛИКАР ВАСКО ТАШКОВСКИ! Врвно уметничко сочинение: сликар – креатор со магичноста на сликарската четкичка и со колоритот на боите, кој и овој пат и овде се возвишува до бескрајот на вселената; и писател – бајкописец, кој на еден мошне необичен, оригинален и модерен стил, во темелот на делото и во неговата севкупна совршеност ги вѕидал волшепствата и силината на пишаниот збор. Страници 64 / Формат 22x22 / ISBN 978-608-243-273-1

МОЈАТА ОТКАЧЕНА МАМИЧКА! Гунар Хелгасон ЧУДЕСНА ДЕТСКА КНИГА: ИГРИВА, ЗАБАВНА, СМЕЛА, ХУМОРИСТИЧНА И ШАРМАНТНА. Постепено, откриваме дека дванаесетгодишната Стела е врзана за инвалидска количка. Идеите на Стела за тоа што значи да се биде нормален ќе бидат испревртени и таа и читателот ќе сфатат дека самите одлучуваме за тоа какви нешта ќе дозволиме да нè ограничат, но и колку е важно да се биде малку „луд“ одвреме-навреме. Оригинал Mamma klikk! / Страници 176 / Формат 14,5х20,5 / ISBN 978-608-243-310-3

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2 7


#ДЕТСКИ #7+ ЖИВОТОТ НА ЛОТА: ЗАЈАЧИЊА, ЗАЈАЧИЊА НАСЕКАДЕ! Алис Пантермилер и Даниела Кол ЛОТА МРАЗИ ФЛЕЈТА И ПРОКЕЉ! Ги обожава својата најдобра пријателка, животните и одморите. Нејзините двајца браќа близнаци – се официјално најстрашните браќа на светот, и тоа не само кога ѝ ја полнат флејтата со сенф! Но да не ги заборавиме зајачињата! Во оваа забавна и откачена книга ги има многу, скокаат насекаде и мрдаат со ушите! Според „Животот на Лота – Зајачиња, зајачиња насекаде“ се снима филм. Досега е распродадена во над 3 милиони примероци само во Германија. Оригинал Alles voller Kaninchen (Mein Lotta-Leben #1) / Страници 186 / Формат 13,5х20,5 / ISBN 978-608-243-286-1

ВАФЛИ ВО ФОРМА НА СРЦЕ Марија Пар ЛЕНА ЛИД, ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП ОД НОРВЕШКА! Борбено, забавно девојче чии денови се исполнети со невообичаени авантури. А Триле е нејзин сосед. Освен што се соседи, Триле мисли дека се и најдобри другари, и покрај незгодите во кои Лена редовно го вовлекува. А бабата на Триле ги прави најубавите вафли во светот. Оригинал Vaffelhjarte / Страници 144 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-265-6

ПРИКАЗНАТА ЗА СИНАТА ПЛАНЕТА Андри Снаер Магнасон БОЈАН И ХАНА ЖИВЕАТ НА ОСТРОВ НА ЕДНА ПРЕКРАСНА СИНА ПЛАНЕТА! ТАМУ ЖИВЕАТ САМО ДЕЦА, БЕЗ ВОЗРАСНИ! Секој е најдобар пријател со секој друг и секој ден е повозбудлив од вчерашниот. Еден ден, вселенски брод управуван од возрасен со чуден изглед по име Веселко Ведарденовски ќе се сруши на плажата. Им ветува на децата дека ќе им ги направи животите повозбудливи во замена за само капка од нивната младост! Оригинал Sagan af bláa hnettinum / Страници 104 / Формат 15x21 / ISBN 978-608-243-239-7

КНИГА НА ЛЕТОТО Туве Јансон МАГИЧЕН РОМАН, ДЕСТИЛАТ НА СУШТИНАТА НА ЛЕТОТО. Софија, шестгодишно девојче, и нејзината баба го минуваат летото на мал остров во Финскиот Залив. Шетаат заедно покрај брегот и во шумата, изработуваат бротчиња од кора на дрво, создаваат една мала Венеција, ги проучуваат тамошните бубалки. Полна со хумор и со мудрост, „Книга на летото“ е прослава на животот. Оригинал Sommarboken / Страници 144 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-126-0

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2 8


#ТИНЕЈЏЕРСКИ #ВОЗБУДЛИВО #ЗАБАВНО МАЃЕПСНИЦА Дорота Тераковска ЗЛАТОКОСОТО ДЕВОЈЧЕ ЛУЕЛЕ УШТЕ ОД МАЛИ НОЗЕ „ГОЛТА“ МАГИЧНИ КНИГИ, ЧИТА МИСЛИ, РАЗГОВАРА СО ЅВЕЗДИТЕ, УЧИ ДА СТАНЕ МАЃЕПСНИЦА! Стотина години порано, нејзината земја е освоена од свирепите варвари. Според она што е запишано во таинствената Песна, денес, 777 години подоцна, се ближи крајот на нивното владеење. Дали Луеле ќе успее да порасне? Фантастично дело од рамништето на Толкин, впишано на светската листа „Ханс Кристијан Андерсен“. Оригинал Córka czarownic / Страници 352 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-304-2

ЛАВИРИНТОТ #1: НЕВОЗМОЖНО БЕГСТВО Џејмс Дашнер ТОМАС СЕ БУДИ ВО МРАЧЕН ЛИФТ. ПАМЕТЕЊЕТО МУ Е ИЗБРИШАНО. Се сеќава единствено на своето име. Добре дојде на Ледината. Зад високите камења наоколу се простира Лавиринтот, кој постојано се менува. Тоа е единствениот излез оттаму, но никој досега не го минал жив. А потоа, пристигнува една девојка. Првата девојка што некогаш стапнала на Ледината. Девојка со застрашувачка порака. Оригинал The Maze Runner / Страници 348 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-179-6

ЛАВИРИНТОТ #2: БЕГСТВО НИЗ ПУСТОШОТ Џејмс Дашнер РЕШАВАЊЕТО НА ЛАВИРИНТОТ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ КРАЈОТ. Томас беше сигурен дека бегството ќе значи слобода за Лединарите. Но ЗЛОПАК уште не завршил со нив. Почнува фаза 2. Пустошот. Томас и другарите имаат две недели да го поминат Пустошот – пеплосаниот дел од планетата. А ЗЛОПАК ќе постави нови променливи пречки што треба да ги спречат. Оригинал The Scorch Trials / Страници 336 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-206-9

ЛАВИРИНТОТ #3: ЛЕК ЗА СМРТТА Џејмс Дашнер СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ. ЗЛОПАК МУ ОДЗЕДЕ НА ТОМАС СÈ: ЖИВОТОТ, СЕЌАВАЊАТА, КАКО И ЕДИНСТВЕНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ШТО ГИ ИМА – ЛЕДИНАРИТЕ. Останува уште еден последен тест. Да се открие лек што ќе го спаси светот. Дали некој ќе преживее? Она што ЗЛОПАК не го знае е дека Томас памети повеќе одошто тие мислат. А тоа е доволно за да не им верува на ниту еден збор. Оригинал The Death Cure / Страници 304 / Фонт 13x20 / ISBN 978-608-243-241-0

2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 2 9


#ЧИТАШ ЛИ #ПОЕЗИЈА СКРИЕНО ПИСМО Митко Гогов „ТОА (КОНЦЕПТУАЛНО) НАЧЕЛО Е НАДОПОЛНЕТО СО ВИЗУЕЛНОТО, КОЕ СОЗДАВА ЕДЕН ПОЕТСКИ ПРОСТОР-ВРЕМЕ сценски или сценографски режиран и филмски монтиран. Тоа е особен белег на оваа поетска книга и со тоа се одликува, во овој миг, авторскиот профил на Митко Гогов, кој покажува доблест да се впушта во иновации и да го истражува поетскиот израз.“ – акад. Катица Ќулавкова Страници 96 / Формат 12х20 / ISBN 978-608-243-344-8

СЕНКИТЕ ВО СОНОТ Зоран Радически „ИЗОБИЛУВА СО ОРИГИНАЛНИ, НЕСТАНДАРДНИ И ИЗНЕНАДУВАЧКИ ХАИКУ-ОТКРОВЕНИЈА. Избегнувајќи ги стапиците на стереотипните решенија, поетот ни нуди грст свежи поетски слики, во кои пулсира животот.“ – Владимир Мартиновски Страници 120 / Формат 10х20 / ISBN 978 –608-243-301-1

ДЕТЕ ОД ЛОША ФАМИЛИЈА Дарко Лешоскии ПРВАТА КНИГА НА ПОЕТОТ ШТО ЈА ВРАТИ ПОЕЗИЈАТА ОДНОВО МЕЃУ ЛУЃЕТО – на улиците, по друштвените мрежи, среде дискусиите, во срцата. Специфичен, остар, страстен, отворен и силен поетски пристап. Лешоски пишува за љубовта, страдањето, начнувајќи ги трагедијата, самотијата, борбата, смртта, тегобноста. Страници 192 / Формат 12х20 / ISBN 978-608-243-284-7

ВЕЧЕН ЗБОР Ристо Маџунков „РАЗВИВАЊЕ НА ТРАГИТЕ НА НЕСОВРШЕНОСТА ВО КОЈА СЕ СОГЛЕДУВА СЕТА СОВРШЕНОСТ НА ОВОЈ УНИВЕРЗУМ. Поезија во која лирскиот субјект како постојано да се обидува да го одложи крајот.“ – Трајче Бјадов Страници 78 / Формат 12х20 / ISBN 978-608-243-291-5

СЕГА Е НАЈДОЛГОТО НИКОГАШ Јосип Коцев ЉУБОВНА ПОЕМА ИЛИ ПОЕТСКА ПАРТИТУРА ВО ТРИ СТАВА „СЕГА – НИКОГАШ –НАЈДОЛГОТО НИКОГАШ“? Речиси на секоја нова страница нè дочекува една убава стапица: сакаме пак да ја препрочитаме веќе прочитаната песна, но едновремено сакаме да свртиме и нова страница за да ја видиме следната! Страници 70 / Формат 12x20 / ISBN 978-608-243-269-4 2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 3 0


#МОТИВИРАНИ #САМОПОМОШ ГОЛЕМАТА МАГИЈА Елизабет Гилберт ОД АВТОРКАТА НА „ЈАДИ, МОЛИ СЕ, УЖИВАЈ“. Без разлика дали сакате да откриете нови начини за решавање на предизвиците во тоа што го работите, или да напишете нешто, или да испробате да бидете креативни во некоја уметност, или едноставно сакате секојдневно да живеете со поголема СВЕСНОСТ и СТРАСТ, оваа книга ќе ви го отвори светот на чудата и среќата! Оригинал Big Magic: Creative Living Beyond Fear / Страници 264 / Формат 13х20 / ISBN 978-608-243-333-2

САФАРИ НА ДУХОТ – ПРИКАЗНИ ЗА БУДЕЊЕ НА МУДРОСТА Нада Бучевиќ КНИГА ШТО СЕ ОБРАЌА НА ДЕЦАТА ПРЕКУ ПРИКАЗНИТЕ ВО КОИ ПОДЕДНАКВО ЌЕ УЖИВААТ И РОДИТЕЛИТЕ. Потсетување на вистинските вредности, оние што ни осигуруваат радосен живот. Како да се спознае дека мудроста на воспитувањето започнува со работата на себе како родител? Изразот „такво си е детето“ е можеби една од најголемите заблуди на минатото и на сегашноста. Дали сте знаеле дека медитативните приказни имаат позитивен ефект врз емоционалниот, менталниот и интелектуалниот развој на децата? За деца од 3 до 99 години :) Оригинал Safari duha – priče za buđenje mudrosti / Страници 108 / Формат 18x22 / ISBN 978-608-243-258-8

СВЕСНО МАЈЧИНСТВО Нада Бучевиќ БРЕМЕНОСТА И МАЈЧИНСТВОТО МОЖЕ ДА БИДAТ СОВРШЕН МОМЕНТ ЗА ВАШИОТ ЛИЧЕН РАЗВОЈ. Бременоста не е физички процес. Доколку правилно се доживее, може да стане извонредно духовно искуство. Иницијација на будноста и на свеста. Нашиот внатрешен свет е оној што го креира нашиот надворешен свет. Тоа спознание ги менува од темел сите наши досегашни верувања. Има ли подобар повик од повикот на твоето бебе? Оригинал Svjesno majčinstvo / Страници 160 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-288-5

ИНСПИРИРАЈ СЕ ЗА ПРОМЕНИ Мила Виклео КНИГА ШТО ЌЕ НАПРАВИ МАГИЧНИ ПРОМЕНИ ВО ВАШИОТ ЖИВОТ... Книга што ќе ви помогне да го откриете вашето скриено богатство, кое лежи во вас и чека на вас... Магични приказни и поуки за подобар и посреќен живот. Помогнете си да ја креирате вашата незаборавна животна приказна. Страници 111 / Формат 13x20 / ISBN 978-608-243-264-9 2 0 1 9

2 0

г о д и н и

А н т о л о г

с т р . 3 1


„Побитно е како отколку колку!“, рекол еден стар мудрец. Погледнувајќи наназад, забележуваме дека како ненаметливо да сме го следеле ова мото во овие наши први 20 години. Наша цел овие две децении не беше бркање рекорди, туку внимателно создавање забележителни изданија, трудејќи се истовремено да ги подобриме издавачките стандарди. Секоја книга е уникатна приказна и поседува свое волшепство. И затоа на секоја книга и пружаме специјален третман. Постојат бескрајно многу, само навидум ситни фактори што му даваат смисла на едно дело. Од изборот на авторот и/или преведувачот, преку почитувањето на стилот и на јазикот, па сè до големината на фонтот, дизајнот на корицата или типот на хартијата за печатење. Сметаме дека секој детаљ е исклучително важен. „Побитно е како отколку колку!“, е борба за квалитет, но и повик за уживање во својата работа. За нас во АНТОЛОГ книгите не претставуваат обврска, туку рафинирано задоволство. Првите 20 години поминаа бргу токму поради енергијата што искри меѓу убавите книги и прекрасните читатели со кои сме опкружени. Продолжуваме понатаму, ЧИТАМЕ ЗАЕДНО, допрени од ѕвездената прав на „големата магија“ на книгите!

АНТОЛОГ / Уредник Жарко Кујунџиски / Извршен уредник Валентина Кујунџиска / Јазичен уредник и лектор Kристина Велевска / Асистент Ирена Трајкова / Правник Златко Кујунџиски / Дизајн и каталог Марко Трпески / Продажба Вера Велевска, Ирина Тумбовска / Печати Графоден / Тираж 3 000 Книжевен центар „Антолог“ – ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29, лок. 1, тел. +389 2 3201007 Книжарница „Антолог“ – ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31, тел. +389 2 6169150 Електронска продавница www.antolog.mk / contact@antolog.mk / Facebook Антолог – книжевен центар / Twitter @Antolog_Books / Instagram antolog_mk / ЕДБ 4080014541495 / Жиро сметка 0270100307062 / Комерцијална банка а.д. / IBAN MK07300701003070696 / S.W.I.F.Т. KOBSMK2X

Profile for Antolog

20 години Антолог - Каталог 2019  

20 години Антолог - Каталог 2019  

Profile for antolog
Advertisement