Дали сте подготвени да ја истражуваме и поврзуваме европската книжевност, култура, природа и разновидност?
Почнуваме со една необична прошетка низ сите држави. Во следниот период од секоја од нив ќе ви донесеме нови и атрактивни наслови за сите заедно да испишеме една поинаква приказна!
Државите ќе ги претставиме преку вегетација која е типична за нивното поднебје. Така, ќе дознаеме повеќе за секоја земја, но ќе научиме повеќе и за Мајката Природа. Ќе дознаеме колку народите биле креативни и мудри кога растенијата станувале инспирација во фолклорот, верувањата, јазикот и книжевната традиција.
Овој хибриден однос меѓу литературата и природата се претвора во почетна точка за пошироки културни приказни, бидејќи веднаш потоа ќе следат и новитетите кои:
-ќе произлегуваат од различни европски контексти,
-ќе ја рефлектираат врската меѓу човекот, природата, општеството и културата,
-ќе инспирираат теми важни за секој еден од нас,
-ќе придонесуваат кон циркулација на литературата преку преводи и издавачка соработка.