АМСМ Клуб Мобилити - Септември 2023

Page 1

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | СЕПТЕМВРИ 2023 БР. 99 www.amsmklubmobiliti.mk Светско првенство во Мото ГП СИЛВЕРСТОУН ЗА
БАНАЈА ЗА ТИТУЛА Блед РОМАНТИЧНА ПРИРОДА КОЈА ЕДНОСТАВНО МАЃЕПСУВА Светско првенство во Формула 1 ЗА ФЕРСТАПЕН РЕКОРД,
Технологија ЛЕТАЧКИ
ШОУ,
ЗА ХАМИЛТОН САМО НАДЕЖ
„АВТОМОБИЛИ“

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание

ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН:

Мартина Поповска

РЕДАКЦИЈА:

ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-351

Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ:

проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)

Сиљан Аврамовски (член)

Калинка Танеска (член)

Јован Теговски (член)

Миле Атанасов (член)

Димитар Пендов

Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ:

Жарко Атанасоски

Љубомир Анастасовски

Данчо Здравковски

Андријан Трипунов

Александар Табаковски

Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци

ПЕЧАТИ:

Печатница „Серафимовски“ - Скопје

БАНКА:

Комерцијална Банка А.Д. Скопје

ЖИРО-СМЕТКА:

300000000915716

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ:

4030991238264

ISSN 1857-6133

НЕ СЕ ДВОУМИТЕ, НАПРАВЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР! Во последниве децении кредитните картички станаа редовен начин на плаќања низ целиот свет, за разлика од минатото кога за трошење се вадеше паричникот за да се плати со кеш. Денес веќе ретко во чантите може да се најдат готови пари и нивното користење сѐ повеќе се намалува. Особено со зголемувањето на бројот на картички во паричникот, износот на готовина што обично го носиме се намалува. „Пластиката“ направи сѐ да биде многу едноставно и брзо, без оглед дали со лично користење и за онлајн услуги. Причината за ова е што тие се лесни за употреба, релативно лесно се добиваат и на нивните корисници значително им ги олеснуваат потребите поврзани со пари. Добредојдени ни се и во моментите кога немаме готовина, па во такви ситуации картичките служат како некаков вид заем што се враќа секој месец и тој платен износ повторно се враќа како расположлива сума на картичката... Во контекст на ова, АМСМ и овој пат им излезе во пресрет на барањата на своите корисници на услуги и членови и заедно со Шпаркасе ја лансираа новата кобрендирана Visa кеш бек кредитна картичка за физички лица, единствена картичка од овој тип на пазарот (стр. 18-19). Секоја година ÖAMTC, во соработка со својот партнер Dubs, ги тестира новите детски седишта што се на пазарот, во врска со безбедноста. Овој пат тестирани се вкупно 18 седишта, од кои единаесет добија оцена „добро“, шест добија оцена „задоволително“ и едно седиште доби оцена „недоволно“. Добрата вест е во тоа што речиси сите тестирани седишта беа оценети како „многу добри“ и „добри“ во категоријата за безбедност. Кога станува збор за темата „безбедност на децата“, нема простор за компромиси. Но, не секогаш вашиот избор на детско седиште е правилен и безбеден за вашите деца. Затоа внимателно при изборот, консултирајте се, распрашајте се добро што значат сите поими кога станува збор за детските седишта и разрешете ги вашите дилеми. Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во октомври во електронска верзија, на вашата меил адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

3 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
4 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk www.amsm.mk ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА КАЛИБРАЦИЈА НА АНАЛОГНИ И ДИГИТАЛНИ ТАХОГРАФИ 02/2631-181 СКОПЈЕ (ЧАИР) , ВЕЛЕС

„ЛЕНД КРУСЕРОТ" ВО ВИСТИНСКО СВЕТЛО

КОМПЛЕТНА ЗАШТИТА

ЗА ПОЛЕСНА ТРАНЗИЦИЈА ШВАЈЦАРСКИ ЧАСОВНИК МЕЃУ АВТОМОБИЛИТЕ

КОЊАЧКИ СПОРТ ЗА РЕКРЕАЦИЈА - БРЗИНА, ЖИВОТНА СИЛА, УБАВИНА

КОРИСТИ ПРАВИЛНО

РОМАНТИЧНА ПРИРОДА КОЈА ЕДНОСТАВНО МАЃЕПСУВА

РАЗЛУТЕНИОТ БИК НАВРШИ 60 ГОДИНИ

СИЛВЕРСТОУН ЗА ШОУ, БАНАЈА ЗА ТИТУЛА ЗА ФЕРСТАПЕН РЕКОРД, ЗА ХАМИЛТОН САМО НАДЕЖ

5 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Н ОВОСТИ АВТО-МОТО
СТИЛ ПАТУВАЊЕ HI-TECH ИСТОРИЈА СПОРТ 7 44 46 10 14 38 34 24 26 28 26 28 46 8 14 38 44 КОНЕЧНО
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
ЛЕТАЧКИ „АВТОМОБИЛИ“

TOYOTA LAND CRUISER КОНЕЧНО „ЛЕНД КРУСЕРОТ“ ВО ВИСТИНСКО СВЕТЛО

ленд крузер“ не е обично моторно возило, не затоа што е теренско, туку затоа што е веќе влезено во легендите. Овој модел на Тојота опстојува повеќе од 70 год. и стана синоним во светот за издржливо и квалитетно направено теренско возило. Можете да го сретнете во пустините и непрегледните савани, во мочурливите предели и џунглите. Нема терен кој не е совладан од моделот „ленд крузер“.

Деновиве Тојота приреди дигитално претставување на новата генерација, а светот беше изненаден од одлуката на дизајнерите во целост да го сменат дизајнот. Рака на срце, тие замазнетите и неприродни линии не беа за „ленд крузер“ - од суров облик кој е слика и прилика за цврстина, за издржливост и теренска одважност, дизајнерите пред повеќе од две децении направија небаре „ленд крузерот е градски шминкер“. Тоа е класика од теренско возило и такво и треба да остане. И што правиме сега, класичниот дизајн е вратен назад. Новата генерација повторно ја има во себе класиката која секогаш е во мода. Одлично изигран потег во дизајнерскиот оддел. Димензиите на новиот модел се следниве, должина 4.920 мм, ширина 1.980 мм и висина 1.870 мм, со зголемено меѓуоскино растојание кое сега изнесува 2.850 мм.

Штом нешто е ново, јапонската инженерија во него внесува најнова технологија, а кога создава ново теренско возило, тогаш подвозјето го прави да биде двојно подобро од тоа во претходната генерација. Новиот „ленд крузер“ може да се пофали со за 50 отсто поцврсто подвозје кое со помош на електрониката сега може да биде подесувано да биде удобно и за градските средини, а не да биде наменето само за најразличните терени.

На почетокот ќе биде вградуван 2,8 литарски дизел мотор со 204 КС, а од 2025

год. ќе има изведба со умерен хибриден погон. Како што приметувате никој не сака да се оддели од моќните дизел мотори кои секогаш домаќински го трошат горивото.

Цената сè уште не е објавена, но производителот вети дека ќе биде објавена пред да започне продажбата на средина од идната година. •

BMW PROTECTION

во семејството, моделот „7,“ лимузина од премиум класа, со моќни погонски единици, префинет и удобен оддел за патници и што уште нè, отсекогаш предизвикувал почит кај љубителите на автомобилите.

БМВ има навика од најголемата лимузина да извади и блиндиран модел. Овој пат тој модел е наречен „протекшн“. Таа заштита од куршуми и разни експлозивни направи е правена според стандардите пропишани од лаборатории, а заштитата која ја нуди „бмв 7 протекшн“ е означена со „вр 9“. Покрај задоволување на меѓународните стандарди за блиндирање автомобили, лимузината е подложена на испитувања и од домашното здружение на лаборатории за испитување на материјали и конструкции отпорни на напади од огнено оружје. Надворешноста на блиндираната изведба воопшто не се разликува од надворешноста на обичните изведби, така случајните минувачи нема да приметат разлика или разлики гледано однадвор. Стандардната изведба во себе има бензински V8 мотор со 4,4 л зафатнина и развива 530 КС со помош на турбо полнач. Таа силина се пренесува на двете оски преку автоматски менувач кој, пак, гарантира солидни брзински способности, од 0 до 100 км/ч за 6,6 сек. и крајна брзина од 210 км/ч. Овој мотор е со умерена хибридна технологија и 48 волтна технологија. Покрај оваа класична изведба, БМВ за првпат нуди блиндирана лимузина на целосно електричен погон. Како погонски единици има два електромотори, по еден за секоја оска. Развива 544 КС и 745 Нм максимален вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 9,0 сек. а крајната брзина е 160 км/ч. Потрошувачката на струја изнесува 30 kWh на 100 изминати километри. Интересно е да се спомне способноста на пневматиците именувани како „ранфлет“ од производителот Мишелин. Автомобилот може да се движи со брзина до 80 км/ч и покрај тоа што се издишани. Вакви слични се наоѓаат на секоја педа од автомобилот и затоа ги задоволува стандардите означени со „вр 9“.

Првичното претставување пред светската јавност ќе се случи во септември, некаде во центарот на Минхен каде ќе се одржи новото издание на автомобилската изложба. •

7 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Тојота
КОМПЛЕТНА
Знаменосецот
ЗАШТИТА
НОВОСТИ |

ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА НОВИОТ PORSCHE CAYENNE ОФИЦИЈАЛНО ПРЕТСТАВЕН ВО МАКЕДОНИЈА

ПОД ЅВЕЗДЕНО НЕБО НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ БЛЕСНА НОВИОТ PORSCHE CAYENNE ПРИДРУЖЕН ОД ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ДИЏЕИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА, ДВОКРАТНИОТ БРОЈ ЕДЕН СВЕТСКИ ДИЏЕЈ PAUL VAN DYK. БРОЈНАТА ПУБЛИКА ИМАШЕ ЕКСКЛУЗИВНА МОЖНОСТ ОДБЛИЗУ ЗА ПРВПАТ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕ СО ВРВНИОТ SUV НА PORSCHE КОЈ НА ПРВ ПОГЛЕД ЗРАЧИ СО

Porsche

темелно го усоврши својот успешен луксузен теренец со сеопфатни промени како и со надграден дизајн и помоќниот опсег на мотори, Cayenne

го нагласува фактот дека е најспортскиот автомобил во својот сегмент.

Новиот Cayenne сега има особено експресивен изглед. Новиот преден дел во комбинација со посилно заоблени крила, нова хауба и технички привлечни фарови ја нагласуваат ширината на возилото. Тридимензионално дизајнираните задни светла и новиот заден браник со интегриран држач за регистарски таблички го карактеризираат дизајнот на задниот дел на новиот Cayenne. Проширената палета на бои, спортските пакети кои заштедуваат до 33 килограми за Cayenne Coupé и новата широка палета на тркала од 20, 21 и 22 инчи, овозможуваат индивидуално и динамично конфигурирање на новиот Cayenne. Porsche интегрира целосно ревидиран концепт на дисплеј и контрола во новиот Cayenne. Новиот Porsche Driver Experience, првпат претставен во Porsche Taycan, се фокусира на возачот. Функциите што возачот ги користи се наоѓаат директно на управувачот или веднаш до него, како рачката на менувачот. Ова создава простор во новата централна конзола за прегради за складирање и голем контролер за климатизација во елегантен дизајн на црн панел. Големите, лесно достапни контроли во комбинација со механички прекинувачи за климатизација и хаптички контролер за јачина на звук обезбедуваат оптимална оперативност и префинет изглед. Клучна карактеристика на новиот Porsche Driver Experience е правилната рамнотежа помеѓу дигиталните и аналогните елементи. За првпат, редизајнираниот кокпит на Cayenne вклучува целосно дигитална 12,6-инчна табла со инструменти со таканаречен заоблен и варијабилен екран. Head-up дисплејот е достапен како опција. Стандардниот 12,3-инчен централен дисплеј на Porsche Communication Management (PCM) хармонично се интегрира во новата контролна табла и обезбедува пристап до сите релевантни функции на возилото. Екранот од 10,9 инчи за првпат е достапен за совозачката страна. Ова го збогатува искуството во возењето на совозачот со прикажување податоци за перформансите, обезбедување посебен пристап до контролите на системот за инфозабава, во зависност од пазарот, опција за прикажување на видео содржини. Дисплејот поставен пред совозачот не се гледа од страна на возачот за да не го одвлекува неговото внимание.

Porsche го опремува Cayenne со челична пружинска суспензија, вклучително и Porsche Active Suspension Management (PASM). Новите амортизери овозможуваат оптимизирани перформанси во сите ситуации на возење. Конкретно, удобноста при мали брзини, управувањето при динамични свиоци и поддршката при теренско возење се значително подобрени. Возачкото искуство може дополнително да се подобри со новата адаптивна воздушна суспензија која го подобрува искуството во возењето со мека суспензија, го стабилизира возилото и го поедноставува управувањето на и надвор од патот, исто така нуди уште поостра диференцијација помеѓу режимите на возење Normal, Sport и Sport Plus. Стандардната опрема на Cayenne е значително проширена за да вклучи Matrix LED фарови, Porsche Active Suspension Management, 20-инчни тркала, предни и задни Park Assist системи вклучувајќи камера за паркирање и фиока за паметни телефони со индуктивно полнење до 15 вати. Новите модели се веќе достапни за нарачка, а испораката ќе започне од есен. • Данчо Здравковски

8 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
ВИСОКО НИВО НА ЛУКСУЗ И ПРИСУСТВО КОЕ ГАРАНТИРА НЕСПОРЕДЛИВИ ПЕРФОРМАНСИ.

ВЕЛО ЧЛЕНСКАТА КАРТИЧКА ВКЛУЧУВА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ПРЕНОС НА ВЕЛОСИПЕД, КАКО И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ И ПОПУСТИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ.

02/3181-108 www.amsm.mk

9 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ
ЗА ГРАДСКИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ

Тест: Kia XCeed 1.6 Plug in Hybrid Executive

МОДЕЛОТ XCEED PHEV НУДИ ОДЛИЧНО ИЗБАЛАНСИРАН КОМПРОМИС ПОМЕЃУ УДОБНОСТА, ДИНАМИКАТА И СЕКОЈДНЕВНАТА УПОТРЕБЛИВОСТ, ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖНИ КАРАКТЕРИСТИКИ КОИ ДОАЃААT ВО АТРАКТИВЕН ПАКЕТ НА КРОСОВЕР АВТОМОБИЛ СО ДИЗАЈН НА КУПЕ.

10 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk |
АВТО-МОТО
ЗА ПОЛЕСНА ТРАНЗИЦИЈА

Од своето претставување во 2019 година XCeed е возило кое ги заматува линиите помеѓу SUV и хечбек автомобилите со умерено зголемена висина и груби пластични обвивки на каросеријата какви обично се сретнуваат кај SUV возилата. Во основа тоа е пример на најновиот тренд за создавање на нови подсегменти, манипулирајќи со типичните облици креирајќи вистински „crossover“ модел. Иако е дел од моделското семејство Ceed, изведбата XCeed како и PHEV варијантата е многу повеќе од колку што изгледа на прва.

МИНИМАЛНО ОСВЕЖУВАЊЕ

Како и остатокот од семејството и моделот XCeed е обновен за 2023

година, надградбите се мали но сепак важни. Лесно освежената

каросерија добива предни светлосни групи со нова графика и браници кои се грижат за зголемување на ефикасноста, а тука е и новиот изглед на предна решетка. Страничната силуета не открива дополнителни разлики, освен поклопецот на предното лево крило под кој е сместен приклучокот за полнење на батеријата. Уникатниот заден дел ги имплементира впечатливите светлосни групи на кои исто како и на предниот дел е изменета графиката, додека благо ревидираниот облик на задниот браник ја заокружува сликата за новата естетика кај Xceed PHEV. Без оглед од кој агол се гледа, изгледот на автомобилот останува свеж и мудро обликуван, миксот

на линии кои кокетираат со стиловите прават да се издвои во опкружувањето со силен карактер.

и физички прекинувачи. Дигиталниот дел вклучува 12,3 инчен инструмент панел и новиот инфозабавен систем со екран од 10,25 инчи кој го користи најновиот софтвер на компанијата со цел за да ги обезбеди сите модерни функции. Како и досега, Android Auto и Apple CarPlay се вградени стандардно, системот на Kia е направен да работи совршено, додека менијата и иконите се логично поставени. Во поглед на комодитетот во кабинскиот дел, Xceed PHEV не остава простор за замерка, овој модел кај нас се нуди само во највисоко ниво на опременост, што подразбира комплетна возачка асистенција, дузина системи за активна и пасивна безбедност, како и естетски и функционални подобрувања за поголем конфор. Единствената разлика се однесува на багажниот простор кој кај хибридната верзија е помал од стандардниот автомобил, па тука има капацитетот од 291 литри. Но, ниту тука не би требало да има забелешка, бидејќи електрификацијата го има заземено само делот под двојниот под од багажникот, така што на полицата има доволно место за куфери на едно четиричлено семејство.

БЕЗ ПРЕТЕРУВАЊЕ

Во внатрешноста по „фејслифтот“ разликите остануваат релативно мали. Основниот дизајн е повеќе или помалку непроменет, кабината е доволно ергономски и логично изведена, а квалитетот на изработка е одличен. Изведбата XCeed PHEV доаѓа со одлични технолошки решенија и идеална комбинација помеѓу екрани

EФИКАСНОСТ ВО ПРВ ПЛАН Најголем интерес секако побудува хибридната моторизација која го придвижува тестираниот примерок. Атмосферскиот 1,6-литарски бензински агрегат работи по Аткинсов принцип, истискува 105 КС и располага со 147 Нм влечна сила. Овде се приклучува електричниот мотор кој произведува дополнителни 61 КС и 170 Нм влечна сила со што е овозможена комбинирана моќ од 141 КС и 265 Нм. За испраќање на силата кон предната оска ексклузивно е задолжен шестстепен автоматски менувач со двојна спојка. Системот може да обезбеди време до 100 км/ч од солидни 11 секунди и максимални 195 км/ч, но тоа не е во прв план кај овој модел. Eфикасноста е името на играта, а XCeed PHEV со својот пакет батерии од 8,9 kWh во реални услови може да помине нешто помалку од 50 километри само со користење на електрична енергија. Постигнување што не е

11 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |

далеку од официјалната бројка, која вели дека електро-дометот е максимални 60 километри. Ова значи дека можете да ги завршите повеќето дневни патувања исклучиво на електрична енергија, а доколку редовно ја дополнувате батеријата (за што се потребни 150 минути на полнач од 3,3 kW), можеби ќе можете да се приближите до официјалната просечна потрошувачка од 1,7 литри на 100 км. Се разбира, автомобилот може да се вози и со максимална брзина од 120 км/ч само во електро мод на работа, но во овој случај дистанцата е далеку пократка. Затоа е тука хибридниот режим, овозможувајќи одличен спој на својства од двете работни единици, нудејќи пристојни перформанси и одлична ефикасност која резултира со потрошувачка која не поминува 4 литри на 100 изминати километри.

Од друга страна, доколку сакате да го извлечете максимумот потребно е да префрлите во спортскиот режим на работа каде

МОТОР: ЧЕТИРЦИЛИНДРИЧЕН АТМОСФЕРСКИ БЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА: 1.580 СМ3

МОЌНОСТ НА

АГРЕГАТОТ: 105 КС при 3.700 врт/мин

МОЌНОСТ НА

ЕЛ.МОТОР 61 КС ПРИ 0 ВРТ/МИН

ВКУПНА МОЌ НА ХИБРИДЕН СИСТЕМ: 141 КС ПРИ 5.700 ВРТ/МИН

КАПАЦИТЕТ НА

БАТЕРИЈА: 8,9 KWH

МЕНУВАЧ: 6 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ

ПОГОН: НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ПОТПИРАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTILINK

СОПИРАЧКИ: НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ: НАПРЕД 235/45 R18, ПОЗАДИ 235/45 R18

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.395Х1.826Х1.495 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч: 11.0 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: 1.7 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА: 195 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ: 40.450 ЕВРА

бензинецот и електричниот мотор ќе можат да дојдат во полн израз, но не на сметка на потрошувачката, која се движи во зоната од 6 л/100км. Иако е поставен повисоко отколку стандарден „хечбек“ XCeed PHEV се вози речиси идентично, делувајќи доволно агилно во повеќето ситуации. Квалитетот во удобноста е задржан со вградување на помека суспензија која наведува кон порелаксирана секојдневна употреба, што е од особена корист во градски услови и на патишта кои не се идеално изведени.

Моделот XCeed PHEV едноставно е свој, неговиот микс на рафиниран квалитет, изразен дизајн, врвна технологија и минимални трошоци по изминат километар (доколку се користи како што е замислено) создава одлична прилика за сите кои не се подготвени да преминат од автомобил со мотор на внатрешно согоурување директно на електрично возило. • Данчо Здравковски

12 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
13 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Претставуваме KOENIGSEGG GEMERA

ШВАЈЦАРСКИ ЧАСОВНИК МЕЃУ

АВТОМОБИЛИТЕ

СОЗДАДЕНА ДА ДАВА ПОВЕЌЕ KOENIGSEGG

GEMERA Е СПОСОБНА ДА КАТАПУЛТИРА ДО 100 KM/H

ЗА 1,9 СЕК. И ДА ВОЗИ СО 400 KM/H ОВОЗМОЖУВАЈЌИ МУ ПРИТОА НА ВОЗАЧОТ ДА ГО СПОДЕЛИ ЕДИНСТВЕНОТО

ИСКУСТВО ШТО ГО НУДИ ЕДЕН МЕГА-АВТОМОБИЛ

СО СЕМЕЈСТВОТО И ПРИЈАТЕЛИТЕ.

Koenigsegg,

ултимативното автомобилско ателје од Шведска чии креации на четири тркала наликуваат на филигран, и важат за швајцарски часовник меѓу автомобилите одлучи да го маѓепса светот со своето најново ремек-дело наречено Gemera. Оваа уметничка креација е првиот „Mega-GT” на светот, барем така го нарекуваат од Koenigsegg својот хипер-спортист способен да вози 400 km/h со четири патници и нивниот багаж. Сметаме дека називот е соодветен и наскоро да биде општо прифатена номенклатура. Мислата да се создаде мега-автомобил за четворица досега не била исползувана од друг производител, можеби не затоа што не се сетил, туку сметал дека за тоа нема потреба. Но, Швеѓаните поинаку размислуваат! Сметаат дека е дојдено времето токму за ваков врвен модел. Машина која дозволува единственото возачко искуство што го нуди еден мега-автомобил да се сподели со семејството и пријателите. Па, да видиме кои се технолошките бисери што ја прават Koenigsegg Gemera толку посебна.

СОЗДАДЕНА ДА ДАВА ПОВЕЌЕ Иако, на прво слушање, личи дека името Gemera е извадено од некоја митолошка приказна, не е така. Приказната исплетена околу неговото создавање е многу пообична. Доаѓа од наречието на шведскиот говор и претставува кованица од два збора: „ge” – дава и „mera” – повеќе, што би значело „да дава повеќе”. Токму така! Gemera е создадена да дава повеќе. Таа ги поседува сите карактеристики, (без исклучоци и обиди да се заштеди на ситно), што ја прават вистински мега-автомобил. Во суштина Gemera е круна на четвртвековниот поттик на

Koenigsegg во создавање на ултимативен спортски автомобил кој ќе биде над сите досегашни познанија. Затоа, иако четирисед, лесно ги надвозува повеќето хипер-спортисти двоседи и на правец, и на патека, без оглед дали возат на електрика или со класичен погон. Иако, за волја на вистината, создадена е за секојдневна употреба, возење на долги фамилијарни тури во комфор и стил со досега неискусено доживување.

МАЛИОТ ЏИН

Да не должиме кога станува збор за перформансите. Koenigsegg

Gemera се катапултира од место до 100 km/h за 1,9 сек. и стига до максимални 400 km/h, или 300 km/h ако вози само на електричен погон. За да се достигнат овие вредности треба чудовишна моќ. Таа во Gemera доаѓа од еден мал џин од бензинец и уште помал џин од електромотор. Во Koenigsegg првиот го нарекуваат TFG – Tiny Frendly Giant, или мал пријателски настроен џин. Вториот е наречен Dark Mаtter, или Црна Материја, поим кој не потсетува на филмската фикција за Војна на ѕвездите. Бензинецот има 2.0 литри, три цилиндри, два турбо полначи и тежи едвај 70 kg. Нема брегасти вратила, со вентилите управуваат хидраулични подигнувачи за прецизно фазно отворање, картерот е сув, а нема ниту замаец. Навиен е на 600 КС при 7.500 min-1, а се врти до 8.500 min-1. Вртежниот момент нуди 600 Nm меѓу 2.000 и 7.000 min1. Поставен е централно/надолжно во шасијата и спарен е со т.н. Dark Matter, прв во автомобилската индустрија шестфазен електромотор кој работи на напон од 850 V и испорачува 800 КС и вртежен момент од

14 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО

1.250 Nm, а тежи 39 kg. Така е добиена комбинирана моќност од 1.400

КС и 1.850 Nm. Кому ова не му е доволно и копнее по заглушувачкиот звук на бесните V8 машини на Koenigsegg постои опција.

Koenigsegg го нуди и т.н. жежок V8 на кого издувот и двата турбо полначи му се поставени внатре меѓу двата блока цилиндри заради ограничениот простор. Петлитарецот е навиен на 1.500 КС при 7.800 min-1 со црвено поле од 8.500 min-1 и вртежен момент од 1.500 Nm при 5.000 min-1. Во комбинација со црната материја се добиваат 2.300 КС и 2.750 Nm што е нов светски рекорд во сегментот.

БИСЕР ОД МЕНУВАЧ

Единствениот менувач LSTT – Light Speed Turbillion Transmition патентиран од Koenigsegg, како што вели името, е способен да менува со брзина на светлината. Поимот Turbillion е земен на заем од швајцарските часовничари бидејќи според зборовите на основачот и сопственик Кристијан фон Кенигсег механизмот на менувачот претставува автомобилски еквивалент на врвен швајцарски часовник. Менувачот кој тежи едвај 90 kg има девет степени на пренос и нема потреба од традиционалниот замаец поставен на коленестото вратило од моторот и спојка. Место нив користи спојки поставени внатре меѓу запчениците таму каде што кај мануелниот менувач стојат синхрони. Така со нивно активирање и деактивирање се пренесува вртежниот момент кон тркалата и се избира степенот на пренос. Затоа моторите на Koenigsegg

се вртат побрзо од било кој друг мотор на светот што се произведува во серија. Преносот е на четири тркала со можност за варијабилна распределба на вртежниот момент меѓу оските и меѓу тркалата на иста оска. Постои опција за исклучување на погонот на предната оска кога се вози само на електрика заради заштеда на енергијата. Управувањето е активно, исто така, на четири тркала и заедно со погонот дозволуваат истражување на границите како на пат, така и на патека.

ПРАКТИЧНОСТ ВО ЕКСКЛУЗИВЕН ПАКЕТ

Без оглед на ниската силуета која е правило за еден спортски автомобил Gemera нуди комфорна кабина во која се патува на четири одвоени седишта. Влезот е преку две огромни врати кои се отвораат карактеристично за Koenigsegg со кусо хоризонтално отклонување и потоа

вертикално нагоре. Така се добива лесен пристап дури и за патниците одзади. Вратите и хаубите се отвораат со помош на електро-хидраулика преку притискање на копче. Дека Gemera е предвидена за семејства говорат ISOFIX точките за фиксирање детски седишта, но и опцијата за носачи на кров со кутија како помош на багажникот од 200 литри. Уредувањето е благородно и ексклузивно со врвна посветеност на детали и висока технологија. Седиштата се всушност тркачки кади, но задните имаат опција за соборување на потпирачот. Изборот на бои и материјали зависи од желбите на клиентот. Информациско-забавниот систем е составен од два 13 инчни централно поставени екрани поткрепени со премиум аудио систем составен од 11 звучници и сабвуфер. Тука се внатрешните камери, конекција со социјалните медиуми, Apple CarPlay и стриминг во живо. Покрај конекторите USB има и два безжични полначи за мобилен, четири греени и ладени држачи за чаши и три зонски клима уред. При паркирање од помош е погледот од птичја перспектива и вообичаените паркинг сензори со камера за возење назад, а место ретровизори има странични камери со екрани во агол од врата. Сета оваа ексклузива е сместена во монокок од карбон-фибер од кого е направена и каросеријата. Со користење на лесни материјали овој мега-автомобил долг 4.975 mm, широк 1.988 mm и висок 1.295 mm тежи 1.843 kg, а поставен е на тркала од 21 и 22 инчи обуени во гуми 295/30 ZR 21 и 315/30 ZR22. Зад нив се сокриваат дискови од карбон-керамика со димензии 410х38 mm напред и 395х32 mm назад. Нив ги зафаќаат 6 и 4 клипни сопирачки клешти со клипови од керамика за врвна термичка стабилност.

Нема двојби дека Koenigsegg Gemera блеска како фино избрусен дијамант издвојувајќи се од постоечката автомобилска ексклузива што секако повлекува и соодветна цена. Таа почнува од 1,9 милиони долари за изведбата со малиот бензинец. Тој што сака да ужива во татнежот од титаниумскиот издув на жешкиот V8 ќе мора да издвои дополнителни 400.000 илјади долари. Дополнителните желби и опции го креваат прагот уште повисоко за секој од планираните 300 примероци. Од Koenigsegg наведуваат дека производството ќе биде спремно за старт следната година, а првите примероци до клиентите ќе стигнат дури во 2025 година. • Љубомир Анастасовски

АВТО-МОТО |

Најава на ИАА и НАИАС

ГРАДОТ МИНХЕН ПОВТОРНО Е ДОМАЌИН

НА АВТОМОБИЛСКА ИЗЛОЖБА. НО ВО

СЕПТЕМВРИ НЕ Е САМО ИАА ВО МИНХЕН

ТУКУ И НАИАС ВО ДЕТРОИТ. ДОСЕГА НЕ

СЕ СЛУЧИЛО ДВА ОД ПЕТТЕ СВЕТСКИ

НАЈГОЛЕМИ САЕМИ ЗА АВТОМОБИЛИ ДА БИДАТ ОРГАНИЗИРАНИ ВО ЕДЕН МЕСЕЦ.

Новите

времиња носат и многу новитети. Некогаш автомобилските саемски манифестации се одржуваа во огромни хали, но денес тоа е минато. Само во некои градови низ светот сè уште се одржува традицијата, а повеќето организатори ги прават изложбите низ централните градски подрачја, под отворено небо. Една од најголемите светски манифестации посветена на автомобилите што секоја втора година се одржуваше во Франкфурт, денес добива сосема поинаква димензија. На некој начин Франкфурт е веќе заборавен, а организаторот има план да се организира низ повеќе градови. Годинава изложбата ќе се одржи во Минхен и во текот на една недела сите учесници ќе бидат сместени во централниот дел од градот под отворено небо. Секој ќе има можност да ги видат најновите остварувања во светската автомобилска индустрија. И на претходната изложба Минхен беше град домаќин, така што ова е негово второ издание. Според распоредот на часови, изложбата свечено ќе биде отворена во вечерните часови на 4 септември, а официјално ќе трае од 5 до 10 септември. Светската автомобилска индустрија ќе биде поделена на седум, односно осум локации во центарот на Минхен: Лудвигсштрасе, Одеонсплац, Кенигсплац, Ресиденцхефе, Вителсбахерплац, Макс-ЈозефПлац, Мариенплац и Хофгаренплац. Посетителите ќе имаат ретка можност да ја посетуваат изложбата колку сакаат и тоа бесплатно. Покрај пријавените околу 800 изложувачи, организаторот ветува добра забава со познати лица од светот на музиката, потоа патека за тестирање возила, многу катчиња, работилници за совети за безбедно возење и уште многу нешта поврзани со четирите тркала.

На претходното издание одржано во 2021 година изложбата ја посетија 407.379 лица од 95 земји, од кои дури 71 отсто помлади од 40 години. Покрај автомобилите биле изложени и 75 марки на мотоцикли. Биле направени 8.846 тест возења, а во сето тоа помогнале 744 изложувачи од 32 држави. Сè ова се случувало на површина од 90.299 м2, а било покриено со дури 3.500 акредитирани новинари од целиот свет. Очигледно организаторот на годинашнава автомобилска изложба не ќе може да ги изброи посетителите, но сигурно ќе ја надминат бројката од два милиона посетители. И сега, како и минатиот пат, ќе отсуствуваат голем број производители на автомобили. Некогаш се бараше штанд повеќе, сега има многу слободни, но нема изложувачи. Фиат Пежо, Цитроен, Масерати, Џип, Крајслер, Тојота, ГМ, Јагуар, Ленд Ровер, Мекларен, Волво, Киа, Хјундаи, Полстар и уште многу други, а домашните производители Ауди, БМВ, Мерцедес, Порше и Фолксваген ветуваат постојано присуство на овој саем. Покрај нив ќе бидат присутни Рено, БЈД, Континентал, Самсунг, ЛГ, Бош, Квалком, но и тие на две тркала како Спешлајзд. Може да се забележи дека нема речиси 85 отсто од производителите на автомобили. Споменативе се од списокот на топ 30 изложувачи. Сликата е лоша, а сегашнава состојба повеќе личи како производителите да не сакаат да се видат еден со друг. Од слични причини најголемиот меѓу најголемите, Женева, веќе неколку години го одложува отворањето на вратите за изложувачите и публиката.

Ова се времиња на превртливост и превирања. Големата петорка, Женава, Пекинг / Шангај, Париз / Франкфурт, Детроит, Токио, сè уште постои на хартија, но дали ќе се врати некогашниот сјај тоа ќе зависи исклучително од организаторите на овие саеми. Да видиме што ќе се случи во Минхен, а од 13 до 25 септември гостите на исто таква изложба ги пречекува Детроит. Таму организаторот ќе има најголема поддршка од Форд, ГМ и Стелантис, а дали ќе пристигне јапонската, германската, корејската и другата автомобилска индустрија, допрва ќе видиме.

Никогаш не се случило големата петорка да организира две изложби во еден месец. • Жарко Атанасоски

16 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
МИНХЕН И ДЕТРОИТ
СЕПТЕМВРИСКИ ДОМАЌИНИ
| АВТО-МОТО

VISA АМСМ кредитна картичка

КАРТИЧКА

ШТО ТЕ ДВИЖИ

НАПРЕД

ТРГНУВАЈЌИ ОД ГРИЖАТА ЗА НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ, СО ЦЕЛ

ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ НИВНАТА

СИГУРНОСТ ПРИ ПАТУВАЊЕ

ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО, ВО

СОРАБОТКА СО ШПАРКАСЕ БАНКА

РАЗВИВМЕ НОВ КОБРЕНДИРАН ПРОИЗВОД.

Со овoј производ го дополнивме изборот на членски

Classic и Europe Premium отсега нашите членови, во согласност со потребите ќе имаат можност да изберат и платежна картичка Visa AMSM Classic или Visa AMSM Europe Premium.

Овие членски картички, покрај услугите за бесплатна помош на пат, истовремено се и бесконтактни кредитни картички за плаќање и

подигнување готовина во земјата и странство.

Имајќи предвид дека секој дефект на возилото е непријатна ситуација што предизвикува непланирани трошоци, со картичките Visa AMSM им овозможивме на нашите членови дополнителна финансиска сигурност.

ЗОШТО КРЕДИТНА КАРТИЧКА VISA AMSM?

Тоа е една картичка со многу погодности. Погодности и услуги обезбедени од АМСМ, како и од Шпаркасе банка. Рокот на важност на

картичката е три години, со месечна членарина, како и со можност за автоматска обнова. Месечната членарина изнесува 200 денари за VISA АМСМ Classic и 300 денари за VISA АМСМ Europe Premium. Од кредитната картичка може да се откажете во кое било време, само со поднесување писмено барање до банката.

Со VISA AMSM добивате:

• Безгрижно патување - бесплатна помош на пат и пренос на возило во Македонија и Европа

• Финансиска сигурност - кредитен лимит до 180.000,00 денари

• Сигурен производ - за плаќање дома, во странство и на интернет

• Заштеда - Cashback (поврат на средства), плаќање на рати без камата и купување со попуст од 5 % до 20 %

CASHBACK (ПОВРАТ НА СРЕДСТВА)

Посебна погодност вклучена во пакетот услуги е можноста корисниците на оваа картичка да добијат cashback (поврат на средства) еднократно во износ од 1.500 денари. Овој поврат на средства се обезбедува доколку направите промет од 30.000 денари за период од три месеци.

18 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ
пакети наменети за физички лица, што значи дека покрај изборот на пакетите

Visa AMSM Classic

Без апликативни трошоци

Visa AMSM

Бесплатна помош

на пат во Македонија

Кредитен лимит до

180.000 денари

Од 5% до 20% попуст

при купување

Cashback во износ

од 1.500 денари

Плаќање на рати

со 0% камата

Потребни документи за аплицирање

Бесплатна помош

на пат во Македонија

и Европа

Бесплатно патничко

осигурување

Хотелско сместување

или рент-а-кар

Кредитен лимит до

180.000 денари

Од 5% до 20% попуст

при купување

Cashback во износ

од 1.500 денари

Плаќање на рати

со 0% камата

Без трошок за апликација за картичката. Може да аплицираат сите физички лица без оглед дали се приматели на плата/пензија

во Шпаркасе банка или не.

• За приматели на плата/пензија во Шпаркасе банка потребно е да се достави Барање за кредитна картичка Visa AMSM и копија од

лична карта • За неприматели на плата/пензија во Шпаркасе банка - Барање за кредитна картичка Visa AMSM заверено од работодавецот, копија од лична карта и извод од платежна сметка за последните шест (6) месеци

Се аплицира како и за секој друг кредитен производ во експозитура или онлајн, на линк што може да го најдете на нашата вебстраница www.amsm.mk или на веб-страницата на Шпаркасе банка www.sparkasse.mk

АВТО

МОБИЛИТИ

ОБУКА

АМСМ |
месечно
200 ден.
Europe
300 ден. месечно
апликативни трошоци
Premium
Без
ШКОЛА
ПЛУС
www.avtoskolamobiliti.mk | 02/3181-240
ЗА А КАТЕГОРИЈА
ПРИЈАВИ СЕ СЕГА, ПЛАЌАЈ НА РАТИ!

СЕКОГАШ

НАЈДОБРИ УСЛУГИ И УСЛОВИ ЗА ВАС

Сервисирањето и одржувањето на службените возила на вашата компанија не мора да биде комплицирано, но за тоа ви е потребен сигурен и доверлив партнер. Премиум сервисните услуги кои ги извршуваме на ваша локација ви овозможуваат бројни предности: - намалување на трошоците за одржување на возниот парк, бидејќи одржувањето се врши на локацијата на клиентот;

- скратување на времето и намалување на ангажманот на вработените при одржување на возилата;

- намалување на загубата на ефективно работно време, бидејќи услугите за одржување се вршат само по работното време или за време на викендот. Премиум сервисните услуги се извршуваат со мобилно сервисно возило прилагодено и комплетно опремено за успешна реализација на следните сервисни услуги, во сите годишни времиња:

- Редовен сервис на возило

- Замена и балансирање на пневматици

- Компјутерска дијагностика

- Проверка и дополнување на системот за ладење со фреон (клима уред)

- Замена на делови од кочиониот систем (промена на плочки и дискови по оска)

- Проверка на осветлување

- Останати помали интервенции

- Водење сервисна историја

Повеќе информации на 02/3181-329

ИЗБЕРЕТЕ КАТЕГОРИЈА, ПЛАТЕТЕ НА РАТИ

Обуката нема да биде финансиско оптoварување на вашиот буџет со можноста за плаќање на рати без камата:

- Со Дајнерс картичка на 12 рати

- Со платежните картички на Комерцијална Банка на 6 рати

- Со платежните картички на Стопанска Банка на 6 рати или

- Со платежните картички на НЛБ Банка на 4 рати.

Изберете А, Б или Ц категорија согласно вашите потреби, пријавете се и плаќајте ја обуката на рати.

02/3181-240 | 072/228-195

20 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ СЕРВИСИРАЊЕ НА ВАШИТЕ СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА НА ВАША ЛОКАЦИЈА

• Пред една недела на градските улици ми падна едната табличка од автомобилот. Што треба да направам за да добијам две регистарски таблички?

Ви благодарам, Зорица

АМСМ: Кога едната табличка не е оригинална

тогаш не е валидна и другата. Потребно е да

дојдете во АМСМ Станица за технички преглед

каде што ќе ви се изготват следниве барања:

-барање за промена на таблички 826 денари,

-уплатница од 1.400 денари (на сметка на МВР)

за нови таблички, -уплатница од 110 денари (на сметка на МВР) за

административна такса, -ИЗЈАВА на шалтерот на МВР Со ова е комплетирана процедурата за новите таблички што ќе ви бидат поставени во нашата станица и новата сообраќајна дозвола. •

• Дали за да регистрирам патничко возило во Охрид технички преглед морам да извршам во станица за технички преглед во Охрид или може во било која овластена во државата?

Поздрав, Горан

АМСМ: Tехнички преглед на Вашето возило може да извршите во било која овластена станица за технички преглед на територијата на СРМ, но давачките спрема државните институции мора да се уплатат во Охрид и регистрацијата т.е. печатот на сообраќајната дозвола мора да биде во Охрид, што значи дека во Охрид најдобро ќе ви биде да ја завршите целата процедура. •

• Кое е работното време на шалтерот за издавање зелен картон? Минатото лето шалтерот беше отворен 24 часа, дали с è уште е така?

Поздрав, Славко

АМСМ: Работното време за издавање зелен картон и меѓународни документи е 24 часа во текот на цела година.

• Дали може кај вас да се регистрира автомобил на рати и ако може на колку?

Благодарам, Марина

АМСМ: Само во случај ако плаќате со картичка постои можност за плаќање на рати, односно банката ви го дели износот на рати. •

22 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
| АМСМ

во 1853 година, Motul е француска компанија со меѓународно влијание специјализирана за формулација, производство и дистрибуција на мазива со високи перформанси за мотори (дво тркала, автомобили, тешки возила и друго...), како и за својата индустриска активност преку својот ентитет Motul Tech. Познат по својот капацитет за иновации и обезбедување на најсовремени синтетички лубриканти, брендот во 1971 година го лансираше првиот 100% синтетички повеќеграден лубрикант, нивниот „главен производ“ Motul 300V.

Основана

За 170 години, Motul успеа во предизвикот да изгради бренд препознаен од најголем број луѓе, задржувајќи го својот пионерски дух. Токму оваа желба да се оди напред ја натера компанијата постојано да иновира повеќе од еден век, да обезбедува врвна технологија и да биде дел од светските лидери во секторот денес.

Со текот на годините, Motul ја стекна светската свест како официјален снабдувач на голем број тимови за моторни спортови и производители на оригинална опрема. Денес, компанијата останува клучен партнер на симболичните меѓународни тркачки натпревари како што се релито Дакар, 24 часа Ле Ман (автомобили, мотори), MotoGP и многу други. Како пионер во својот сектор, Motul отсекогаш ги ставал иновациите и напредокот во срцето на својата стратегија. Соочувајќи се со светот кој брзо се менува, компанијата сега ја диверзифицира својата активност во корист на подобра и поодговорна мобилност.

23 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Од 18 седишта на тестот, меѓу нив нема ниту едно со оцена „многу добро“, туку едно со оцена „недоволно“.

Добрата вест е во тоа што: Кога станува збор за безбедноста, меѓу нив воопшто нема никакво отскокнување.

ОД ЛИДИЈА СИЛБЕРКНОЛ

ПОВТОРНО Е ВРЕМЕ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: Секоја година ÖAMTC, во соработка со својот партнер Dubs, ги тестира новите детски седишта што се на пазарот, во врска со безбедноста. Овој пат тестирани се вкупно 18 седишта, од кои единаесет добија оцена „добро“, шест добија оцена „задоволително“ и едно седиште доби оцена „недоволно“.

Добрата вест е во тоа што речиси сите тестирани седишта беа оценети како „многу добри“ и „добри“ во категоријата за безбедност.

„Дури и BeSafe iZi Twist M, кое беше оценето како ‘недоволно’, само по себе е многу безбедно седиште, кое дури и ќе добиеше оцена ‘добро’ ако не беше слабиот резултат во однос на загадувачите“, вели Штефан Кребл, раководител на Одделот за тестирање и технологија.

Но и покрај добиените добри безбедносни резултати, овој пат ниту едно детско седиште не доби, односно не постигна оцена „многу добро“. Што е поентата? Од една страна, неколку седишта од тестираните покажуваат зголемен ризик од „злоупотреба“, односно неправилна употреба. Од друга страна, кај некои од тестираните седишта се случи грешка при обработката, „што не е релевантно за безбедноста, но може да биде значајно“, вели Кребл. Во овој сегмент треба да се споменат седиштата Britax Römer Discovery Plus и Adventure Plus. При неправилно ракување со двете седишта може да дојде до оштетување на механизмот за подесување на потпирачот за грб. Производителите на тие седишта се информирани за тој недостаток. Но во случај ако поседувате таков модел, не мора да брзате за нивна замена. Двете седишта се погодни за деца на возраст од четири и повеќе години.

ПОВТОРНО И ОВАА година доминираат ротирачките седишта, односно седиштата што можат да ротираат за 360 степени. Тие се особено практични бидејќи го олеснуваат прицврстувањето на детето, но потешки се од другите. Понекогаш овие седишта добиваат оцена од „добро“ до „задоволително“..

24 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
Седнува и се сместува. Родителите, исто така, не треба да ги заборават и страничните делови што се преклопуваат.
КОРИСТИ
ПРАВИЛНО!
Марка Joie Joie Joie Nuna Joie Bugaboo Britax Römer Besafe Avionaut Ознака за тип i-sung 2+ i-base Advance i-sung 2 Calmi+ I-base Encore Arra next+ Base next I-harbour+ i-base Encore Owl by Nuna +360 Isofix base by Nuna Dual fix + Stretch B Sky 2.0 Насока на поставување* наназад наназад накосо наназад нанапред и наназад нанапред и наназад нанапред и наназад наназад наназад ЕCE-класа 40-75 cm 40-75 cm 40-70 cm 40-85 cm 40-105 cm 40-105 cm 40-105 cm 40-125 cm 40-125 cm Тежина седиште/ основа во kg 3,7/7,5 3,2 3,4/7,1 4,2/7,1 7,5/7,1 7,3/7,1 12,2 12,5 10,4 Цена [€] 268,- 119,- 468,- 538,- 458,- 648,- 429,- 799,- 419,Безбедност 1,5 1,5 2,4 1,7 1,6 1,7 2,1 1,2 1,8 Употребливост 2,0 2,5 1,9 1,8 2,4 2,9 2,7 3,9 4,1 Ергономија 2,0 2,0 2,3 2,1 2,0 1,9 2,1 2,1 2,8 Контрола на штетни материи 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,7 1,0 1,0 2,7 Препорака од клубот Добар Добар Добар Добар Добар Добар Добар Задовол. Задовол. Тест на детски седишта

оцени најмногу се однесуваат на веќе споменатата „злоупотреба“, односно на неправилната употреба. Бидејќи ова се седишта што можат да се користат и во правец на патување и спротивно на правецот на патување, особено е важно следново: детето мора да се транспортира, односно превезува свртено наназад сè до возраст од 15 месеци. Само на овој начин може да се искористи целокупниот безбедносен потенцијал на седиштето. Импулсот за вртење на малите деца е голем, особено кога можат да одат, а со валканите чевли брзо го валкаат задното седиште. Наша препорака е да купите заштитна подлога и да не го вртите седиштето прерано во насока на патувањето. Оваа година ново во групата седишта е седиштето Avionaut Sky 2.0. Покрај моделот на седиште BeSafe Stretch B, и тоа седиште е модел на ребоандер седиште што може да се врзува само со безбедносниот појас на возилото.

Мала мана на двете седишта е во следново: Тие се големи и поради нивната големина мора да се инсталираат свртени кон задниот дел. Ова го зголемува ризикот од неправилно ракување, обично е понепријатно за постарите деца и го отежнува нивното качување.

Некои седишта имаат чудни странични делови што се преклопуваат или ротираат (1 слика лево). Доколку е достапен таков страничен дел, безбедносниот појас дефинитивно треба да се прошири - од страната свртена кон вратата на возилото.

Овие странични делови помагаат седиштето да се движи заедно со возилото и важни се во случај на страничен удар.

Оваа година во асортиманот се враќа корпата за носење. Седиштето Joie's Calmi нуди добра опција за транспорт на бебиња во лежење, дури и за предвреме родени бебиња. Тој е прикачен на задното седиште со соодветна основа.

СИТЕ ДЕТСКИ

СЕДИШТА се означени со одредени стандарди. Покрај новиот стандард UN RI29, во моментов на сила е и претходниот стандард UN R44/04. Седиштата означени со него може да се продаваат до септември 2024 година.

Информации, преглед на достапност и цени на следниве адреси:

• www.oeamtc.atikindersitz

• www.oeamtc.atikindersitztests

• www.oeamtc.at/shop

25 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ТЕСТОВИ И СОВЕТИ | Britax Römer Maxi-cosi Besafe Recaro Cybex Nuna Swandoo Britax Römer Britax Römer Dula fix M Plus Mica eco i-size iZi Twist M Salia 125 Kid Solution G i-Fix Aace LX Charlie Discovery Plus Adventure Plus нанапред и наназад нанапред и наназад наназад нанапред и наназад нанапред нанапред нанапред нанапред нанапред 61-105 cm 61-105 cm 61-105 cm 61-125 cm 100-150 cm 100-150 cm 100–150 cm 100-150 cm 100-150 cm 12,2 14,4 14,6 14,4 7,5 7,2 6,6 6,1 5,2 399,- 380,- Ab 699,- 420,- 199,- 249,- 269,– 179,- 129,2,1 2,1 1,5 2,7 1,9 1,9 2,1 2,1 2,2 2,6 2,9 2,9 3,3 1,6 1,8 1,6 3,0 3,0 2,1 2,1 2,1 2,8 1,8 1,8 1,9 2,0 1,9 1,0 1,0 4,6 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 Добар Задоволителен Недоволно Задоволителен Добар Добар добро Задоволителен Задоволителен Послабите
Практично: ротирачките седишта им олеснуваат на најмалите лесно да може да се закопчаат. Преземено од ÖAMTC 0,6 -1,5 многу добар 1,6 - 2,5 добар 2.6 -3.5 задоволителен 3,6 - 4,5 доволен 4.6 - 5.5 недоволен За целокупната оценка важи следново:

ЈАВАЊЕТО ВО ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ СЕ АКТУАЛИЗИРА ВО ГОЛЕМА МЕРА СО ЦЕЛ ДА СЕ ПРОДОЛЖИ МЕЃУ ДРУГОТО И ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃУ ЛУЃЕТО И ЧЕТИРИНОЖНИТЕ СИНОВИ НА ВЕТРОТ, КАКО ШТО ГИ НАРЕКУВААТ КОЊИТЕ, ОД ИСКОНИ. А СИНЕРГИЈАТА, ВО ТЕСНА КОРЕЛАЦИЈА СО ПРИРОДАТА, НЕКАКО СЕ ПОДРАЗБИРА, ВКЛУЧИТЕЛНО И МОЖНОСТА ДА СЕ ИСТРАЖИ.

Симболиката

на коњот чија вродена грациозност е толку привлечна што предизвикува и восхит, меѓу другото ја опфаќа и убавината и животната сила и брзината. Оттаму и јавањето (рекреативно, се разбира) како своевиден коњички спорт се одликува со истите квалитети, а придавката секако е „високи“. Освен за одмор (освежување), сè повеќе се користи и за заздравување, терапевтски. Без оглед на големото количество енергија што го изискува. Потребна е кондиција за да се избегне или акутно или хронично воспаление на мускулите. Но, упатените велат дека во исто време и ја дава, обновува - реципрочно. Секако дека и можноста да се истражува природата на еден поинаков начин, пред сè забавен, преку активностите во неа, исто така се смета за негова придобивка. Искуството нема цена, независно дали сте аматер, почетник или следбеник на генерацијата чија љубов кон четириножните „синови на ветрот“ е искрена како и самата приврзаност. Нема сомневање, длабоката наклонетост е всушност и резултат на долгото пријателство, старо колку и човекот, се разбира. Од неговиот исконски почеток.

ПЛАШЛИВОТО ОДНЕСУВАЊЕ ИМ Е НАГОНСКО, ВРОДЕНО КАКО И БЕГАЊЕТО

Дека коњите се вбројуваат меѓу најубавите животни - тоа е факт. Неоспорен како и другите, останатите квалитети, позитивни својства што ги поседуваат. На пример, во светот има дури 160 раси. Арапскиот важи за најстара пасмина, крал на чистокрвноста. Бројната состојба е варијабилна, се движи меѓу 60 и 75 милиони. Коњите почнале да се припитомуваат многу одамна, пред 4.000 години во Египет и земјите во Азија. Единствено расите кои живеат во монголската дивина не можат да станат питоми. Тоа што ги прави особени е нивната способност да ги разликуваат емоциите во човечкиот глас. Понијата живеат и 50 години, а животниот век на другите раси е 30, максимум. Длабока старост доживеал Old Billy - 62 години. Занимлив е податокот дека возраста на коњите се одредува со помош на забите, 44. Нивната моќ го вдахнала и шкотскиот инженер James Scott за фразата „коњски сили“. Можат да спијат и лежечки и стоечки. Кога се во група, додека починуваат,

26 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ
Јавање
КОЊИЧКИ СПОРТ
ЗА РЕКРЕАЦИЈАБРЗИНА, ЖИВОТНА СИЛА, УБАВИНА

секогаш има стражари меѓу нив. Моменталното расположение го демонстрираат со опашката. Искусните јавачи се кадарни да го одредат и преку ушите. Ако се нанапред, значи дека се пријателски настроени - ако се наназад, спуштени накај вратот, значи дека се лути. Срцето им тежи 4,5 килограми во просек. Дневно пијат околу 50 литри вода. Максималната брзина што ја достигнуваат е 45 километри на час. Нивното однесување е нагонско, плашливоста им е вродена како и бегањето. Затоа се препорачува со нив да комуницирате внимателно, да бидете претпазливи за време на јавањето.

Без оглед на вашите интереси, дали сте аматер, почетник..., овој коњички спорт не изискува претходно знаење, какво и да е. Турите кои се организираат во планинските, руралните области, вклучително и јавањето на хиподромите, имаат за цел да се рекреираат буквално сите лица чиј љубителски однос кон природата е отворен, искрен. Забавувањето, опуштањето (освежувањето) е пропратно, често и заздравувањето. Неговата исцелителна моќ е докажана, и тоа многупати.

Советите несомнено ќе ви помогнат да се справите со тешкотиите, да им одолеете на предизвиците. Особено ако не сте јавале досега. Техниката на качувањето, управувањето или терањето, водењето со давањето сигнали, условни знаци ќе ви го олесни во голема мера. Благодарејќи на основата, не само што ќе го јавнете полесно, туку и на коњот ќе му дадете на знаење дека вие сте шефот, лицето кое раководи.

АНГЛИСКО ИЛИ ПАК ВЕСТЕРН, ЈАВАЊЕТО СЕПАК Е ИЗБОР Основата може да биде некоја дрвена конструкција, но сепак ќе ви помогне и човек што ќе го држи коњот за главата. Особено важно е да не се плашите за да не му се задава страв и нему. Качувајте се од неговата лева страна, во левата узенгија ставете го левото стапало. Издигнете се, десната нога префрлете ја преку задниот дел од телото на коњот и во десната узенгија ставете го десното стапало. Ако сте почетник, најсигурно ви е да изберете некој истрениран коњ, постар. Штом ќе седнете, наместете се убаво за да можете да држите рамнотежа. Бидете исправени, рамената нека ви стојат право, а тежината нека ви паѓа на крсната коска. Веднаш потоа, наместете ги нозете правилно. Петите нека ви бидат под бедрата, колковите. А стапалата свртете ги навнатре, како да го гушкате коњот. Правилното држење на уздата, односно ременот за водење има пресудно значење. Од тоа зависи како ќе јавате - англиски или пак вестерн. За англиски, направете тупаница и завијте го ременот. Палецот нека ви служи за прицврстување. Доколку се одлучите за вестерн, уздата нека биде лабава. Држете ја со двете раце, без јамки.

Изборот на јавањето е ваш, не му припаѓа никому. Кога јавате англиски, на коњот можете да му сигнализирате на различни начини, со нежно стискање отстрана, за да тргне. Ако не реагира, стиснете го повторно, само не јако. Условните знаци некогаш се и вербални. Движењата на неговата глава следете ги со рацете, уздата. Во спротивно, коњот може да се збуни. Водењето е поврзано со устата. За да сврти десно, ременот повлечете го со десната рака. Можете да му сигнализирате и со телото. Коњот чувствува буквално сè. Стиснете го нежно и со левата нога - за да се ослободи од притисокот, ќе сврти десно. И обратно. Кога е во движење, нежното стискање со двете нозе ќе го поттикне да каска. Уздата држете ја лабаво, такви нека ви се и лактите. За да бидете стабилни, седнете поназад на седиштето. Доколку забрза со касот, зауздајте го со надворешниот ремен, повлекувајќи го полека. Можете и да го стиската со задниот дел од нозете, исто така внимателно. Галопирањето оставете го за подоцна, откога ќе ја надминете почетната несигурност.

Вестерн-јавањето е инакво, се разликува од англиското по зауздувањето на вратот. Ако сакате да свртите лево, префрлете ја уздата преку вратот на левата страна и обратно, за да свртите десно, преместете го ременот преку вратот на десната страна. Користите го и телото, како на пример нозете, можете и да се навалувате и слично. Во итен случај, префрлете се на другото, англиското. Доколку не реагира, уздата фатете ја со двете раце во јамка и потегнете ја. За да тргне, стиснете го нежно отстрана, исто како во англиското. Патем следете ги движењата на неговата глава. И поттикнете го да џогира, со нежно стискање на двете страни. Бавното трчање не му е својствено на другото. Како било, и за обата е потребна коњичка униформа. • Игор Ландсберг

27 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СТИЛ |

Блед

РОМАНТИЧНА

ПРИРОДА КОЈА ЕДНОСТАВНО

МАЃЕПСУВА

ФАСЦИНАЦИЈАТА ОД ПЕЈЗАЖИТЕ, ПРИРОДАТА КОЈА ВООПШТО НЕ Е ОСКВЕРНЕТА, БЛАГОДАРЕЈЌИ

НА ОПШТЕСТВЕНАТА СВЕСТ, ВКЛУЧИТЕЛНО И НАЧИНОТ, СТИЛОТ НА ЖИВЕЕЊЕ СВОЈСТВЕН

ЗА ТАМОШНИТЕ ЛУЃЕ, НИВНАТА

КРОТКОСТ, ГОСТОЉУБИВОСТ...,

Е ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА

ВБРОЈУВАЊЕТО НА БЛЕД МЕЃУ

ПОМАЛИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА, ЗАЕДНО СО ИСТОИМЕНОТО ЕЗЕРО, КОИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА

ДА СЕ ПОСЕТАТ, КОГАШ-ТОГАШ.

СЕЛЕКЦИЈАТА, ОДНОСНО ИЗБОРОТ ГО НАПРАВИЈА ЧИТАТЕЛИТЕ И

УРЕДНИШТВОТО НА СВЕТСКИ

ПОЗНАТОТО СПИСАНИЕ ЗА

ПАТУВАЊА - CONDÉ NAST TRAVELER, ВРЗ ОСНОВА НА ИСКУСТВАТА.

На опчинувањето за кое искрено пишува и уредништвото и читателската публика на магазинот Condé Nast Traveler му се придружува секој што барем еднаш го посетил Блед чија популарност е резултат и на романтиката која ја буди неговата природа, незаобиколно и пристапот до Триглав, националниот парк што нуди бројни активности на отворено, на кои се додаваат и необичните, возбудливи доживувања на езерото, во малото населено место, на островчето. Идеалните услови ненаметливо ги „обезбедуваат“ незаборавните спомени. Неговата местоположба исто така влијае на големата посетеност, словенечката метропола - Љубљана е оддалечена приближно 50 километри, а надморската височина на која се наоѓа е 475 метри. Погледот на планинските вериги - Јулиските Алпи е своевиден визум, слика на фантазијата.

Доколку во Словенија патувате со авион, има директна врска со Блед. Превозот дотаму е автобуски, но можете да стигнете и со воз. Имено, автобусите од љубљанскиот аеродром сообраќаат редовно, постојат неколку опции, следователно и различни цени - од 7 до 15 евра. Секако дека има и поевтина варијанта, само што треба да смените два и наместо 30-тина минути ќе одите час и половина. Железничкиот сообраќај е и редовен и евтин, а станицата е оддалечена 4 километри од местата кои тур-операторите ги сметаат како задолжителни за посета. Меѓу 45 и 55 евра ќе ве чини таксито ако се одлучите за него. Како било, додека патувате за Блед, имате можност и да уживате во преубавите глетки, видици што се шират во недоглед. Постојат и „пакети“ кои вклучуваат и прошетки до водопадот, грлото, дворецот, пештерата и црквата на островчето. Во непосредна близина на самото езеро има и спортски аеродром чии летала се изнајмуваат заедно со пилоти, но и без нив.

28 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| ПАТУВАЊЕ

ПОГЛЕД ШТО ЈА НАПОЈУВА ДУШАТА СО ЧИСТОТА И ВЕДРИНА Имајќи го предвид фактот дека целата должина на езерото изнесува 6 километри, туристите често го обиколуваат и пеш. Обиколката

трае нешто повеќе од 60 минути. Вообичаено, до островчето се стигнува со „плетна“, чамец кој потсетува на гондола, само што е поголем. Цената со години е иста, повратната карта чини 12 евра по лице. Прошетката трае еден и пол час, 60 минути се резервирани за пловење, додека задржувањето на островчето е полчасовно.

Исто така, постои можност и самите да веслате. Зависно од местото, изнајмувањето чини 10, односно 15 евра. Живописната околина можете да ја прошетате и на велосипед, иако нема велосипедски патеки, па дури и на коњ. Ако сакате, можете да ангажирате и инструктор.

Без разлика дали ќе изнајмите велосипед, коњ или езерото ќе го обиколите пеш, на неговата убавина сигурно нема да останете рамнодушни. Настанало откако се повлекол бохињскиот глечер

уште во ледената доба, чија должина изнесува 2.120 метри, широко е 1.380 метри, а длабочината достигнува до 29,5 метри. Со вода се полни од неколку извори.

Во текот на обиколката, стрмниот пат ќе ве одведе до стариот, бело-црвен замок чија романескна концепција е видлива во ѕидовите со парапети (гелендери), кули, бедеми. За денешниот изглед на дворецот се вели дека е инкарнација на некогашниот, од 17 век. Реставрацијата била изведена во 1950-тите. На горниот дел се наоѓа капелата од 16 век, украсена со фрески од 1700-та, меѓу кои и сликата на Хенри Втори како му го предава замокот на тогашниот бискуп. Во склопот на дворецот е и музејот чии архивски записи, артефакти го враќаат минатото, средновековната помпезност (раскош, величественост). А изложеното оружје, пак, раскажува една друга, инаква приказна. Експликацијата е и на англиски

и на словенечки, додека видеозаписите се и на германски и на италијански. Терасата со поглед на убавата природа има доволно простор за потполно уживање, напојувајќи ја душата со чистота и ведрина. И малечката винарница што ја води калуѓер е прикаска за себе, нешто посебно. Со задоволство ќе ве научи да отворате шише шампањ со нож, т.е. да го отсекувате вратот за 15 евра. Може и да ви ја отпечати етикетата која ќе ја дизајнирате сами, да ја залепи на избраното вино, заедно со восочниот печат. Дрвените скали ќе ве однесат во дуќанчето за тревки, масла. Но морате да купите влезница по цена од 8 евра, студентите плаќаат 6.

Прошетката до островчето и по него е возбудливо доживување кое уште долго ќе остане во вашите сеќавања, со голема сигурност. Археолошките ископувања сведочат за присуството на староримската култура на која се темели романската. Остатоците од капелата и словенските гробишта ја докажуваат неоспорната вистина. Барокното здание - црквата на Успението, која датира од крајот на 17 век, чиј фрескоживопис го потврдува верувањето дека Света Дева Марија по смртта била примена на небото. Некогаш таму имало христијански храм во готски стил, чија камбана постои и ден-денес. Кулата е висока 52 метри, а искачувањето на 99-те скалила за да заѕвоните се врзува со исполнувањето на вашата желба, само една. Младоженците обично ги носат своите невести во раце за среќен живот, заеднички.

Се разбира, меѓу атракциите кои не би требало да ги заобиколите секако се вбројуваат и водопадот (Иглички), грлото („старовремско“, авторизиран превод), пештерата (Бабин заб). Првиот е оддалечен 4 километри од малото населено место и се наоѓа во истоимената пештера која е всушност збир на неколку. Вертикалната димензија на водопадот изнесува 18 метри, со мала широчина . Одзади е варов камен, погоден за качување. Второто, благодарејќи на ладната вода со сино-зелена боја, дрвената платформа што служи како патека, дивото цвеќе..., гарантира убав помин. Влезницата за „древното“ грло чини 5 еврa, додека третата, името го добила по столбот во форма на заб, кој се издига на висина од 1.128 метри. Поради тоа што натрупаниот калциум по подот на пештерата, висулците се раритетни, Бабин заб исто така важи за голема реткост.

29 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ПАТУВАЊЕ | Пештерата Бабин заб Стариот замок Стариот замок

ЗА КОМПЛЕТЕН ВПЕЧАТОК И БРОЈНИ АКТИВНОСТИ

НА ОТВОРЕНО

Условите за туристите да се занимаваат со разноразни активности

секако дека се идеални. Нема сомневање, тие се приспособени на околностите. Можете да пливате во езерото, капалиштето е под замокот. На површина од 6.000 квадратни метри, располага со тревна плажа, 4 непокриени базени, тобогани, скокалници, лулашки, соблекувални, можете да играте шах, да ја усовршите алпинистиката, има продавница за храна. Доколку сакате да останете цел ден, билетот за влез ќе ве чини 6 евра, цената на попладневниот изнесува 3.

Дозволено е пливање и околу островчето, спасувачките служби се присутни секаде, па дури и кога се другите спортови во прашање, меѓу кои и параглајдерство, падобранство, лизгање, голф, велосипедизам. Пешачењето секогаш е актуелно, прошетката до Мала осојница, планинскиот врв на височина од 685 метри резултира со најубавите снимки направени кога било на Блед, а интересот е голем и за јогата и за риболовот. Езерото изобилува со штуки, сомови, пастрмки, крапови. Дозволата чини 20 евра, дневно. Спа-центрите оставаат посебен впечаток. „Пакетите“ ја вклучуваат и обиколката на баровите, ноќните локали со музика и забавна програма: караоке, натпревари во пиење и слично за 15 евра. Појдовна точка е Арт кафе.

Имајќи го предвид фактот дека винарството е добро развиено во северозападниот дел на Словенија, посетата на винските визби некако се подразбира. Исто така и лозовите насади. Во ресторанот Мурка се врши дегустација на 7 одлични вина од исто толку регии, без оглед на тоа што се 25, генерално. Неговата винарница е стара 100-тина години. Сепак, во комбинација на деликатесните јадења, специјално приготвени од мештаните, доаѓаат до израз. На „кремшнитот“ не може да му се одолее. Претходно нарачајте супа од печурки, крањски колбас, „бограч“... И секако, почувствувајте ја целосната исполнетост во душата на месното население. Кроткоста, гостољубивоста им е битна одлика. Во целиот регион живеат нешто повеќе од 11.000 лица, на Блед му отпаѓаат цирка 8.000 - работливи до последен. За чистотата нема дилема, таа е на највисоко ниво. Истото важи и за општествената свест, во која спаѓа и еколошката. • Игор Ландсберг

30 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ „Древното“ грло
„Кремшнит“

СИТЕ ОСИГУРУВАЊА НА ЕДНО МЕСТО ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОНУДА ОД СИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАТА УСЛУГИТЕ НА МОБИЛИТИ

ЦЕНАТА НА ВАШЕТО ОСИГУРУВАЊЕ.

31 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
МОБИЛИТИ БРОКЕР Е ПАМЕТЕН
www.mobilitybroker.com.mk
ЗОШТО ОСИГУРУВАЊЕ ПРЕКУ
ИЗБОР?
02/3181-405 БРОКЕР СЕ БЕСПЛАТНИ И НЕ ВЛИЈААТ НА
БЕСПЛАТНО ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОТШТЕТНИ ПОБАРУВАЊА

ТортиЛЈа со зеленчук

Подготовка:

Во овој број „одиме“ со малку полесна храна. Се работи за тортилја со

зеленчук што е лесна за подготвување и уште полесна за јадење.

За подготовка на овој рецепт користев чија тортилја што малку ја потпеков пред полнење.

Смесата со која се полни тортилјата e составенa од динстуван морков, пиперка, броколи и шампињони печурки.

Се сервира со помфрит од сладок компир зачинет со лук, сол и оригано.

Уживајте!

32 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ГАСТРОНОМИЈА

„НОЌИ НА ЧУМА“ ОРХАН ПАМУК Ноќи на чума“ е долгоочекуваниот роман

од најпознатиот современ турски писател Орхан Памук. Во книгата, која Памук ја

пишувал пет години (од 2016-та до 2021-ва), вешто се проткаени историјата и фикцијата, при што на читателот, од една страна, му се оневозможува да ја најде границата што е вистина, а што - не; но од друга страна, му носи чудесна возбуда за недобројните лица

на многуте можни вистини, во минатото, во сегашноста и во иднината.

Во пролетта 1901-ва избива епидемија на

чума на островот Мингерија, 29. провинција на Османлиското Царство и султанот Абдулхамид ги праќа првин главниот здравствен инспектор Бонковски-паша, а потоа и младиот и успешен доктор Нури, за да ја запрат чумата. Вака почнува романот и продолжува со многу писма, љубови, интриги, страдања, со многу политика натопена во иронија и пародија. Раскошен, повеќеслоен роман со минуциозно претставување на историјата на еден незнаен остров...

Орхан Памук е најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006-та. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите

на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес. •

гледаj, слушаj...

„RELENTLESS“ THE PRETENDERS

Поповод 45-годишнината од неговото формирање, англо-американскиот бенд чија рок-музика беше синоним за трансгресија, револт кај младите, неодамна го промовираше својот дванаесетти студиски албум, во соработка со Parlophone (прва засега). На „Relentless“ му претходеше

синглот „Let the Sun Come In“, кој пред јавноста беше претставен во мај, на 11-ти. Утредента ја почна и турнејата низ Велика Британија и Северна Ирска, промовирајќи го истиот. Автори на дванаесетте песни се Christine Ellen Hynde и James Walbourne, кои одлично функционираат и на далечина (таа живее во Америка, тој во Англија). Заедно работеа и на „Hate of Sale“ (2020-та). Инаку, албумот е снимен во Battery Studios (западен Лондон), продуциран од Велшанецот David Wrench. Освен членовите на бендот, во снимањето на „Relentless“ беше вклучен и Carwyn Meurig Ellis (клавијатура, гитара) и Kristopher Sonne (тапани) и Chris Hillman (контрабас) и Dave Page (бас). За потребите на песната „I Think About You Daily“ (последна, дванаесетта по ред) се ангажирани и неколкумина гудачи со кои управуваше, т.е. диригираше Jonathan Richard Guy Greenwood, членот на Radohead. Останатите десет песни се „Losing My Sense of Taste“, „A Love“, „Domestic Silence“, „The Copa“, „Promise of Love“, „Merry Widow“, „Look Away“, „Your House Is on Fire“, „Just Let It Go“ и „Vainglorious“. •

„THE POT-AU-FEU“ (СТРАСТА НА ДОДИН БУФАН)

Премиерата

на романтичната историска драма се одржа на 24 мај, во рамките на 76. Кански филмски фестивал каде што натурализираниот Французин (Виетнамец по потекло) Trần Anh Hùng освои „златна палма“ за режија. И покрај тоа што филмот веќе го има на интернет, во киносалите ќе почне да се прикажува на почетокот од ноември, на 8-ми. Настаните во „The Pot-au-Feu“ се одвиваат во 1885-та, прикажувајќи ја романсата, љубовната врска меѓу готвачката Евгенија (Juliette Binoche) и гурманот Додин Буфан (Benoît Magimel) за кој всушност и работи. Неговиот лик е фиктивен, измислен од Marcel Rouff - главниот јунак во новелата „La vie et la passion de Dodin-Boffant, Gourmet“, првпат објавена во 1924-та и секако, посветена и на неговиот пријател Curnonsky и на големиот француски гастроном JeanAnthelme Brillat-Savarin од 19 век. Без оглед на заедничката страст, љубовта кон готвењето, цели дваесет години, вклучително и романсата, слободољубивата Евгенија никогаш не се омажила со Додин. Таа била причината поради која Буфон и готвел, само за неа. • Жанр: романтична историска драма Актери: Juliette Binoche, Benoît Magimel Режија:Trâ n Anh Hùng

33 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
читаj,

Технологија

ЧОВЕКОТ ОТСЕКОГАШ КОПНЕЕЛ ДА ИМА КРИЛЈА. КОГА ТОА МУ УСПЕАЛО СО АЛБЕРТО САНТОС - ДУМОНТ И СО БРАЌАТА РАЈТ, ПОГЛЕДИТЕ ГИ НАСОЧИЛ КОН ЛЕТАЧКИТЕ АВТОМОБИЛИ.

НАЈГОЛЕМ ЧЕКОР ВО ТАА НАСОКА ИМА НАПРАВЕНО СЛОВАЧКАТА КОМПАНИЈА КЛЕИ АВИЕЈШН.

Ако

некој мисли дека производителите на автомобили денес целосно се зафатени со плановите за развој на електромобилите, се лаже и себеси, но и другите. Речиси сите се влезени во машината наречена летачки автомобили, а Хонда е една од ретките што размислува и забрзано работи дури и на вселенските летала. Тојота (Џоби Авиејшн), Хјундаи, Фолксваген, Стелантис, Гили, Сузуки (Скајдрајв), Гвангжу Аутомобил Груп, БМВ, Икспенг и многу други - се само дел од компаниите што велат дека наредната година ќе ги претстават своите летала. Во овој момент дури 250 фирми во своите работилници низ светот произведуваат прототипови на мали летала и секојдневно ги тестираат.

Ова личи на времето од пред повеќе од еден век кога голем број работилници и фабрики ги тестираа своите автомобили со цел да ги направат побрзи, поудобни, поупотребливи, поквалитетни итн. Тие мали летала што сега се во развојна фаза многу повеќе личат на дронови и хеликоптери отколку на автомобил со крилја. Сепак, има неколку производители чии летала се речиси автомобили. Некои од нив подготвуваат летала што ќе можат вертикално да полетуваат и слетуваат, а други одат кон тоа леталото да се користи во секојдневниот сообраќај.

Оттаму е името летачки автомобил. Токму во оваа класа најдалеку е отидена словачката работилница Клеин Вижн со летачкиот автомобил наречен „аеромобил (еркар)“. Како што вели главниот во компанијата, кога „еркар“ ќе влезе во сериско производство, за основниот модел ќе треба да платите 500.000 евра, а за најопремениот еден милион. АМСМ Клуб Мобилити во неколку наврати објавуваше текстови за летачките возила, почнувајќи од калифорниската компанија Алеф Аеронаутикс, преку словачката Клеин Вижн, до Хонда со нејзините планови за месечеви летала и возила, но и вселенски летала. Хјундаи и Фолксваген беа тие што најавуваа производство и тестирање на „втол“ (вертикал тејк оф енд лендинг) летала способни за вертикално полетување и слетување. Некаде на почетокот од годинава и Стелантис најави планови за правење аеромобил. За остварување на таа цел, Стелантис се врза со калифорниската компанија Арчер Авиејшн. Соработката помеѓу овие две компании датира од 2020 година, така што нема непознати за нив. Тие длабоко се навлезени во работата и планираат леталото да го претстават наредната година. Стелантис ќе биде производител на леталото, а Арчер Авиејшн е планер на севкупната работа и сопственик на нацртите. Како што обелоденија на саемот ЦЕС во Лас Вегас, Стелантис ќе вложи уште 150 милиони долари во развојот на леталото и изградба на фабрика во местото Ковингтон, Џорџија. Инаку, леталото носи име „арчер миднајт“ и повеќе личи на класичен авион што на крилата има неколку вертикално поставени елиси и многу е далеку од автомобил. Може да понесе тежина од околу 600 кг, односно во него има 4 + 1 место, четири патници и пилот. Наменет е за прелет на кратки растојанија не подолги од 20 - 25 минути, изразено во километри не повеќе од 150 - 160, а полнењето на батериите трае 10 минути. Најверојатно мислат на полнење од 20 до 80 отсто. Најново од Арчер Авиејшн и Стелантис е договорот за продажба на 100 летала на Јунајтед Ерлајнс. Од Тојота пристигна вест дека вложила околу 400 милиони долари во Џоби Авиејшн. Во моментов пет компании се водечки во испитувањата и правењето летала: Скајдрајв Инк, Џоби Авиејшн, Лилиум, Арчер Авиејшн и Аеромобил. Последнава треба да биде надвор од конкуренција затоа што сопственикот Стефан Клеин вели дека неговиот „аеромобил“ е веќе подготвен за сериско производство (2027). • Жарко Атанасоски

34 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ЛЕТАЧКИ
| HI TECH
„АВТОМОБИЛИ“
Гвангжу (ГАЦ)
35 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ www.amsm.mk

Аутомобили Ламборџини

РАЗЛУТЕНИОТ БИК

НАВРШИ 60 ГОДИНИ

ОД СТРАСТВЕН ЉУБИТЕЛ НА ТРКИ И БРЗИ АВТОМОБИЛИ ДО УЧЕСТВО НА МАРАТОНСКАТА

ТРКА МИЛЕ МИЉА И ИЗЛЕТУВАЊЕ ПО ИЗМИНАТИ ОКОЛУ 1.100 КМ, ДО ПРОИЗВОДСТВО НА ТРАКТОРИ И ВЕДНАШ ПОТОА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО

СО ВРВНИ КУПЕ АВТОМОБИЛИ, ЗА НА КРАЈОТ

ДА ОДГЛЕДУВА ВРВНИ ВИНА НЕКАДЕ НА СОНЧЕВИТЕ РИДОВИ ВО УМБРИЈА ВО БЛИЗИНА

НА ЕЗЕРОТО ТРАСИМЕНТО.

Надалеку

познатиот производител на спортски купе автомобили, сместен во малото место Сант Агата Болоњезе, годинава го слави својот 60. роденден. Во 1963 година е формирана работилницата Ламборџини Аутомобили и за само четири месеци во неа бил произведен првиот купе автомобил со името Ламборџини, моделот „350 гт“. Како почнало сето тоа ? Иако бил роден во земјоделско семејство, младиот Феручо Ламборџини бил голем љубител на механиката. Го интересирало сè што се движело со помош на запчаници, тркала, оски. И наместо да го бара своето место под сонцето во земјоделството, тој решил да учи да стане конструктор. Во годините по Втората светска војна тој од воените возила и камините, ги доработувал и претворал во трактори. Во тоа бил многу вешт и набрзо неговите трактори почнале да ги запоседнуваат нивите во околината. Поттикнат од успешниот почеток решил да прави нови трактори. Работата му одела многу добро, а неговата земја полека се механизирала. Токму поради тој миг со механизирањето на неговата татковина треба да се запомни едно нешто. Многу години пред Феручо Ламборџини да го механизира италијанското земјоделие, еден друг голем човек, Џовани Ањели, основач на компанијата Фиат, овозможил да се моторизира истоштената држава од војната - го приближил автомобилот до премногу голем круг купувачи. Тие две имиња се клучни за индустријализацијата на италијанското општество.

Успехот со земјоделските машини му донеле голем приход на Ф. Ламборџини, така што лесно си ја гаснел постојаната жед (и страст) со некој врвен автомобил: Ланча, Алфа Ромео, Масерати и секако Ферари. Покрај страста кон автомобилите и трките, силен впечаток му оставиле борбите со бикови, посебно й се восхитувал на силината од биковите. Токму поради тоа во 1962 година патувал во Севиља, Андалузија, за да ја посети фармата на бикови на Дон Едуардо Миура (Мјура), по чие име била наречена расата. Како голем љубител на брзи автомобили Ф. Ламборџини не бил задоволен од својот „ферари 250 гт“, односно открил проблем со работата на спојката и педалот од спојката. Откако дефектот не бил отстранет се пожалил во сервисот. Откако механичарите и вторпат не успеале да го отстранат дефектот, Феручо тропнал на вратата од Енцо Ферари да му каже за проблемот. Енцо го ислушал и му рекол: „Остави ме да правам автомобили, а ти оди кај твоите трактори.“

Феручо Ламборџини

36 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА

Овие средби го натерале Ф. Ламборџини да размислува поинаку. Но во сета бура што се случила, има уште една што е клучна за успехот на Ламборџини Аутомобили. Втората бура од незадоволство се случила во редовите на Ферари кога група вработени се побуниле затоа што жената на Енцо Ферари поставувала правила и шефувала во работилницата. Кога врвните конструктори му се пожалиле на Енцо, тој им дал отказ на сите. Тоа било клучно за Феручо Ламборџини бидејќи подоцна неколкумина прифатиле да работат кај него, меѓу нив и Џото Бизарини, главниот конструктор во ферариевиот тркачки оддел и неговата десна рака младиот Џанпаоло Далара.

на најновиот ламборџиниев модел. Џузепе Нучо Бертоне ја надгледувал работата, а од тоа произлегол моделот „каунтач“ („кунтач“, „кантач“).

Овој збор потекнувал од наречјето во областа Пиедмонт каде што локалните жители го употребувале кога ќе видат нешто зачудувачки спектакуларно, нешто што предизвикува восхит.

Со таков тим од виртуози бил конструиран автомобил за само четири месеци, моделот „350 гт“. И потоа во 1964 година на Салонот за автомобили

во Женева првпат пред светската јавност бил претставен автомобил со

името Ламборџини. Во наредните две години биле направени 120 примероци , а во 1996 година производителот му го подарил на светот вториот модел наречен „400 гт“ со 2+2 седишта во купе и спајдер изведба. Овој автомобил влегол во продажба под името Мјура, а бил наречен по шпанската фарма на бикови во Севиља. Четвртиот примерок од „ламборџини мјура“ Феручо му го подарил на одгледувачот Дон Едуардо Мјура.

ПРВОТО СУПЕР КУПЕ ВО СВЕТОТ Ако моделот „250 гт“ бил само предупредување за другите спортски купе автомобили, моделот „мјура“ бил прво супер купе во светот. Ламборџини ќе биде запомнат и по тоа што е прв производител што лансирал спортско купе со средишно сместен мотор. Конструктори на „мјура“ се: Џото Бизарини и Паоло Станцани. Велат дека „мјура“ со најмногу коњски сили, изведбата „п 400 св“, која имала 385 КС, постигнувала крајна брзина од скоро 300 км/ч. „Ламборџини мјура“ е прв автомобил со кој производителот направил силен удар на светско ниво, а на Ферари не му било сеедно кога се појавила на изложбата во Женева во 1966 година. Наедно светот го смета овој модел за најубав и најраскошен што досега излегол од некоја работилница. Феручо Ламборџини бил многу горд на својот успех со спортските автомобили бидејќи и тој бил „инфициран“ со нив уште од најрани години. Ламборџини продолжил со претставување нови модели - „еспада“, „ислеро“, „харама“, „урако“ и сите носат имиња на прославени бикови од познатата корида. Секако дека моделите по „мјура“ предизвикувале интерес кај потенцијалните купувачи, но вистинскиот бум се случил кога Ламборџини одлучил да претстави нов модел, некаде во првата половина од 70-тите години од минатиот век. Дизајнот му би доверен на дизајнерското студио Бертоне на чело со Нучо (Џузепе), син на основачот Џовани Бертоне. Тогаш во првите редови во студиото бил младиот и талентиран дизајнер Марчело Гандини, кому му била доверена работата да го осмисли дизајнот

Следувало големото претставување на купето пред светската јавност и тоа во Женева во 1971 година. Сите очекувале автомобил во купе облик со префинет дизајн и со нешта што се некој вид заштитен знак за ваквите автомобили, но Ламборџини приредил нешто дотогаш невидено. Неколку секунди владеела тишина, а потоа се слушнале воздишки од воодушевување и по некој аплауз. Остри линии, агресивен преден дел, но и профил и уште поаглест и поостар заден дел. Целиот автомобил како да е геометриска фигура со тешко пресметлива математичка површина. Збунетост предизвикале вратите, односно начинот на нивното отворање - нагоре и нанапред под некој агол. Автомобилот повеќе им личел на сосема непознат предмет , како да е направен од вонземјани. Повеќето новинари во своите статии го споредувале и заменувале „каунтач“ со нешто од вселената, но никако со обичните автомобили. Ниту еден друг автомобил не предизвикал толку големо чудење и восхит кај јавноста. По „каунтач“ биле приредени уште милион светски премиери, но никогаш повторно јавноста не била толку многу изненадена. Со „каунтач“ Ламборџини станал сопственик на најбрзиот сериски произведен автомобил, како што навеле статистичарите. И во годините потоа Ламборџини произведувал автомобили со иста титула кога е во прашање брзината.

Неколку месеци пред појавувањето на моделот „каунтач“ империјата на Феручо Ламборџини е малку разнишана Два поголеми договора за испорака на околу 250 - 300 трактори пропаднале, а во исто време се појавила и првата нафтена и воопшто светска криза по Втората светска војна. Заинтересираноста за луксузните автомобили нагло опаднала, а цената на нафтата на светскиот пазар постојано растела. Дошле тешки времиња за Феручо Ламборџини и неговите фабрики. Прво била продадена фабриката за производство на автомобили, а потоа и таа за трактори. Феручо Ламборџини никогаш повеќе нема да биде производител на автомобили, а неговото дело на четири тркала доживеало уште три продажби пред да го купи групацијата Фолксваген, односно Ауди, кој е дел од таа групација. Тоа се случило во 1998 година. Во тоа време фабриката во Сант Агата Болоњезе го произведувала моделот „диабло“. Откако Ламборџини преминал во сопственост на Ауди, „диабло“ се произведувал уште две години, а потоа бил заменет со моделот „мурсиелаго“ што целосно е конструиран под надзор на Ауди.

„Каунтачи“

Приказната продолжува со моделот „авентадор“, врвен спортски автомобил, со брзински способности доведени до перфекција. Годинава кога Ламборџини слави 60. роденден, од конструкторското одделение излезе моделот „ревуелто“ првиот хибриден модел и наедно наследник на легендарниот „авентадор“.

37 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ИСТОРИЈА | 350 ГТ

Покрај оваа класика од купе модели, Ламборџини во своите редови од 1986 до 1993 година го имаше првиот „сув“, моделот „лм 002“. Во ова теренско возило беше вградуван моторот од моделот „каунтач“, атмосферскиот 5,2-литарски V12 со 450 кс. Денес замена за овој легендарен СУВ е моделот „урус“ правен врз основа од „фолксваген туарег“. Тука Ламборџини

- 2001) е име на еден од најзлогласите бикови во историјата на коридата. Тој

го губи својот идентитет. На основа од „фолксваген туарег“ направени се: „ауди ку 8“, „порше каен“, „шкода кодиак“, додека „сеат тарако“ е правен на платформата „м ку б - а2“ многу слична на таа од „фолксваген туарег“. Групацијата Фолксваген (ВАГ) во гамата на Ламборџини внесе помал и поевтин модел, „гаљардо“. За овој модел Ламборџини разви две погонски единици со по 10 цилиндри во V, со работна зафатнина од 5,0 и 5,2 л. Овој модел користи повеќе делови од Ауди, дури и во кабината има елементи од Ауди. Поради ова многумина сопственици и љубители на автомобили му забележуваат на Ламборџини, но за изненадување е тоа што „гаљардо“ е најпродаван модел на сите времиња со над 14.500 примероци. Сите автомбили со името Ламборџини со разлутениот бик на носот имаат

нешто заедничко и нераскинливо. Тоа се појавува со моделот „каунтач“

и сè уште трае иако оттогаш поминале повеќе од пет децении. Духот на Марчело Гандини сè уште живее во сите модели на Ламборџини откако тој влезе во „каунтач“. Острината на дизајнот, агресивноста сè уште е присутна и тоа стана втор заштитен знак на марката Ламборџини. Погледнете го моделот „хуракан“ или најновиот „ревуелто“, во нив живее дизајнот на „каунтач“, дизајнот создаден од мајсторот Марчело Гандини.

Првиот автомобил, моделот „350 гт“, каунтач“, концептот „есток“ претставен во 2008 година, потоа „лм 002“ „силует“, се имиња што не се поврзани со коридата, биковите и имињата на биковите.

бик се борел против тореадорот Ел Чикоро во 1869 год. Мурсиелаго (2001 - 2010) легендарен бик што издржал убоди од 28 мача. Тореадорот Ел Лагартихо изненаден од издржливоста и храброста на бикот, му го поштедил животот, не го забил мечот. Тоа се случило во 1879. Гаљардо (2003 - 2013) е име на една од петте најстари раси на бикови за борба. Ревентон (2008 - 2010, 20 примероци) е бик што успеал да го победи надалеку познатиот тореадор Феликс Гузман во 1943 год. Авентадор (2011 - 2023) најпознат бик на крајот од минатиот век, последната битка ја имал во 1993 година. Бикот водел премногу остра битка, ужасна и за тореадорот заедно со пикадорите. Бил одгледан од синовите на еден од најпознатите одгледувачи на бикови, Дон Селестино Куадри Видес. Хуракан (2014 - ) име на еден од најсилните и најборбените бикови во 1879 година. На 1 август 1880 година коридата во Барселона била преполна со публика, а некаде во ходниците се слушал топотот на биковите копита што само што не влегол во „рингот“.

Моделот „мјура“ (1966 - 1969) го добил името по фармата во Севиља, односно одгледуваната раса „мјура“. Ислеро (1968 - 1969) бик од расата мјура кој го убил тореадорот Манолете во 1947 год. Еспада (1968 - 1978) е мачот што се збива во грбот од биковите, а истиот збор е синоним за борба со бикови. Харама (1970 - 1976) е историски познат регион во Шпанија по борбите со бикови. Урако (1973 - 1979) е име на една од петте најстари раси на бикови. Јалпа (1981 - 1988) е раса на бикови за борба во арена. Диабло (1990

Тој бик бил толку силен што најмалку осум пати искокнувал надвор од местото за борба - откако ќе се залетал накај тореадорот не успевал да застане и да се заврти, туку излетувал надвор од кругот определен за борба и повторно се враќал. Поради тоа бил наречен „ривуелто“. Тоа е приказата за автомобилите Ламборџини и за основачот Феручо, за Марчело Гандини и секако првите конструктори Бизарини, Далара и Станцани. Заштитниот знак е разлутен бик. И Феручо бил роден во хороскопскиот знак бик. Дали трае приказната помеѓу Ламборџини и Ферари? Да, таа сè уште е недоречена. • Жарко Атанасоски

38 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
„Диабло“ „Урус“ „Ривулето“

Олдтајмери

ЛЕГЕНДАТА ОД

ЗЕМЈАТА НА

ИЗГРЕЈСОНЦЕТО

СПОРТСКИ ПРОФИЛИРАНИ СЕДИШТА, СИЛЕН МОТОР, МАЛА СОПСТВЕНА ТЕЖИНА, ДИСК СОПИРАЧКИ НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА СЕ СОСЕМА ДОВОЛНИ ЗА ДОБРА ЗАБАВА.....

Деновиве

сосема случајно забележав автомобил што буквално

изгледаше како тукушто да излегол од фабричка хала. По неколку љубопитни погледи случајно го сретнав сопственикот на малиот спортски автомобил - Suzuki Swift gti.

Спортскиот автомобил е сопственост на 19-годишниот Божидар Јанушев, кој рече дека ова е негов прв автомобил и ја раскажа историјата на Suzuki Swift gti.

Љубовта кон олдтајмерите ја стекнал уште како дете од татко му и чичко му, кои биле страсни љубители на стари автомобили од 80-тите и 90-тите години на минатиот век, кои во својата колекција поседуваат уште два одлични примерока на Audi 90 од 1990 година и Renault 25 од 1991 година, возила што се сочувани во беспрекорна состојба. Уште како дете Божидар ги гледал моделите на Suzuki Swift gti. Како одминувало времето на нашиве патишта ги имало сè помалку. Па, така, си дал задача да најде модел од 1990/91 година, кој ќе биде беспрекорно зачуван. Потрагата траела долго време сè додека не го нашол примерокот од 1991 година, буквално излезен од фабрика, кој подолго стоел во една скопска гаража покриен со церада, со поминати само 100.000 км, во беспрекорна фабричка состојба.

Татко му го купил возилото и го паркирал во нивната гаража и на 19. роденден Божидар го добил автомобилот како роденденски подарок. Станува збор за модел на Suzuki Swift gti со сила на моторот од 1.298 cm, 16 вентили и две брегасти вратила.

Божидар ни раскажа дека кога се вози овој автомобил, возачот чувствува како во него расте адреналинот, а моторот добива неверојатна сила, со што го прави сето тоа многу позабавно и многу пријатно, а сето тоа со нормална потрошувачка на гориво од 6,5 литри, па сè до 10 литри, во зависност од работниот циклус на моторот, како и начинот на возење. Возилото поседува 5- брзински менувач и максимална брзина од 188 km/h, како и 101 КС.

Божидар Јанушев истакна дека му претставува исклучително задоволство што неговото возило ќе биде претставено во АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ, списание што, како што рече тој, навистина им посветува големо внимание на олдтајмерите што кај нас треба да ги има сè повеќе... • Андријан Трипунов

39 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ИСТОРИЈА |

Светско првенство во Формула Е

КОГА

ДВАЈЦА СЕ ТЕПААТ ...

ВОЗАЧИТЕ НА ЈАГУАР И НИВНИОТ САТЕЛИТСКИ ТИМ ЕНВИСИОН СО ИСТАТА МАШИНЕРИЈА, МИЧ ЕВАНС И НИК КАСИДИ, БЕА ГЛАВНИ ПРОТАГОНИСТИ ЗА ВОЗАЧКАТА ТИТУЛА ВО ФОРМУЛА Е, А ИСТОВРЕМЕНО И НИВНИТЕ ЕКИПИ СЕ НАТПРЕВАРУВАА ЗА КОНСТРУКТОРСКАТА КРУНА, НО НА КРАЈОТ ШАМПИОН СТАНА ЏЕЈК ДЕНИС.

Завршницата

на сезоната во Формула Е се состоеше од две „дуплекс“

трки, односно два гран при викенда кои имаа по два посебни натпревара. Импровизираните патеки во Рим и Лондон по традиција се поместени на крајот од календарот, па во пресрет на нивното одржување главните фаворити имаа можност добро да размислат.

- Сè уште има многу поени за освојување, а мојата позиција е дека треба да се обидам да ја намалам предноста на водечките. Моите ривали освојуваат убави бодови, исто како мене, па не бев во можност да се издвојам како што можеби би сакал, но сè уште сум во игра за титулата и тоа е најважното. Има четири трки до крајот, тоа се многу можности и јас дефинитивно имам потреба од силен викенд за да можам да останам во игра за титулата на последното гран при во Лондон,- изјави Мич Еванс од Јагуар.

Токму Еванс во 2022 година ги освои двете трки возени низ улиците на Рим, со таа разлика што тогаш сè уште се возеа болидите од таканаречената „Генерација 2“, а воедно и временските услови не беа екстремно жешки како на средината од јули оваа година.

Се случи токму возачите на Јагуар да го „отворат“ гран при викендот во Рим, освојувајќи ги првите две стартни места за првата трка, при што Мич Еванс беше побрз од тимскиот колега Сем Бирд, кој поради мала невнимателност по своја вина не успеа да стигне до пол позицијата. Зад нив имаше четири возачи кои не беа во комбинација за светската титула (Фенестраз, Буеми, Раст и Мортара), додека Џејк Денис беше на седмото место, а Ник Касиди на деветтото.

Бирд сепак ја започна трката преземајќи го водството во првите неколку круга, но веќе во деветтиот круг предизвика прекин на истата бидејќи излета во шестиот свиок, а во тој момент беше паднат на четвртото место. Групата возачи зад него успеа да го избегне неговиот болид кој се одби од ѕидот назад на патеката, а меѓу нив беа и Денис и Касиди. Сепак швајцарскиот пилот Себастијан Буеми не успеа да го заобиколи, по што и другите возачи зад него беа вовлечени во инцидентот кој што направи хаос и поради големиот број на возачи кои претрпеа штета, трката беше прекината. Во тие моменти Фенестраз водеше пред Еванс и Раст, но во рестартот се појавија само 14 возачи. Фенестраз му го препушти водството на Денис, кој постојано напредуваше, но во финишот Еванс успеа да му се доближи и да го престигне во директен дуел за победа. До крајот Касиди и Гунтер, исто така, успеаја да го престигнат Денис, со што направија дополнителен заплет со нив тројца како главни протагонисти во борбата за титулата.

- Денеска го загубивме само третото место, бидејќи не бевме во можност да ги победиме Мич и Ник, поради тоа што имавме поинаква пресметка за рестартот, тие секако ќе ме победеа поради нивните подобри перформанси. Но што се однесува до Гунтер, едноставно испуштивме три бода. Во финишот почнав да ја губам брзината со прилично брзо темпо, но успеав да издржам да не бидам престигнат и од Верње. Искрено мислам дека утре не можам да се борам за победа, бидејќи се потребни фундаментални промени во внатрешноста на болидот, а тоа не

40 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

е возможно поради хомологацијата. Во нормална трка не би можеле да победиме, но сè е можно да се случи, мојот болид има добра управливост, но е послаб во однос на нивните бидејќи не генерира добар контакт

со подлогата. Очекувам да биде тешко и во Лондон, ние ќе се обидеме

да спасиме што можеме и да освоиме пристоен износ на поени,- гласеше анализата на Џејк Денис.

Сепак, откако ја даде таа изјава, Англичанецот Денис најпрвин стигна до пол позицијата за втората трка, возејќи најбрзо време во квалификациите од 1:37.986, а Ник Касиди задоцни помалку од една десетинка со што му овозможи на ривалот да освои три поени за најдоброто стартно место. Еванс беше поразен од Касиди во нивниот полуфинален дуел, што овозможи таков расплет на крајот.

Дуелот на двајцата возачи од Нов Зеланд продолжи и во трката, кога Еванс се судри со Касиди во седмиот свиок од патеката, оставајќи го Џејк Денис, и покрај песимистичката изјава дадена претходниот ден, да забележи убедлива победа од стартот до целта и повторно да избие во водство на табелата. Во такви услови второто и третото место ги освоија Норман Нато и Сем Бирд. - Возилата пред мене забавија повеќе отколку што очекував. Реагирав, но ми блокираа задните тркала и потоа се удрив во Ник. Едноставно во тој момент ситуацијата ескалираше, мала грешка, но ме исфрли врз неговиот болид, по што самиот бев елиминиран од трката, а во голема мера придонесе и тој да биде елиминиран. Навистина ужасна ситуација. Морам да го прифатам таквиот расплет, но не се обидував да направам

ништо лошо. Во текот на целата сезона немав допрено друг болид и сега се чувствувам лошо и поради себе и поради тимот, а веројатно најмногу поради Ник бидејќи тој не направи ништо погрешно, а Џејк со победата ги докрајчи неговите шанси,- објасни Мич Еванс. - Разговаравме со Мич, тој зборуваше повеќето од времето. Мислам дека е добар дечко, дека е одличен возач, а вакви нешта се случуваат, но сепак е срцепарателно. Имав големи оштетувања и мислам дека можев да бидам повреден, но имав среќа. Се разбира, тоа не беше и мојата прва реакција, но кога го гледам болидот сега мислам дека имав голема среќа,- помирливо рече Ник Касиди. Како последица на судирот во Рим, Мич Еванс доби казна од пет места на стартот во првата од двете трки низ улиците на Лондон. Во пресрет на таканареченото финале Денис имаше 24 поени предност во однос на Касиди, додека Еванс со 58 поени помалку од лидерот веќе делуваше како аутсајдер.

Дополнително, на претходните трки возени на неговиот „домашен терен“, Англичанецот Денис секоја година имаше најмалку по една победа, со што се наметна како комплетен фаворит за титулата.

- Оваа патека му одговараше на мојот пакет од минатото, кога го возев болидот од генерација 2 со погон од БМВ. Сега немам такви очекувања, бидејќи нештата се темелно променети. Овие момци знаат како да возат, а јас имав подобар болид од нив минатите години. Ќе одам чекор по чекор, но сепак имам самодоверба, и сметам дека сум доволно релаксиран, па со нетрпение очекувам да се најдам зад воланот. „Ако ми било пишано“ тоа ќе биде тоа, ако не, тоа е тоа,- рече Денис, кој вози за истиот тим (Андрети), но сега со машинерија на Порше. Иако беше непријатно изненаден во Рим, Касиди остана оптимист пред стартот на акцијата во Лондон. - Мислам дека сè уште имам добра шанса. И тројцата имаме добро подготвени болиди што можат да победуваат овој викенд. Треба да ги засукаме ракавите, да ја завршиме работата бидејќи сè е можно. Мислам

дека голем фактор може да бидат временските услови, затоа што во случај на дожд може да добиеме ненадејна шанса, бидејќи за нас може да биде добар таквиот расплет, во спротивно тројцата ќе се најдеме на подиумот,- елаборираше возачот од Нов Зеланд.

Касиди го започна викендот одлично, поставувајќи најбрзо време од 1:11.264, што беше три десетинки побрзо од најблиските конкуренти, но половина секунда побрзо во однос на неговите ривали во борбата за титулата. Сепак, квалификацискиот формат кој протежира директни дуели на возачите во борбата за пол позицијата доведе до тоа во финалната рунда да се сретнат Еванс и Касиди, при што трите бода за најдоброто постигнување отидоа кај возачот со помали шанси - Мич Еванс (еден круг извозе за 1:10.578).

Поради казната тој стартуваше од шесто место, па така во првиот ред се најдоа неговите ривали, Касиди и Денис. Почетното водство му припадна на Касиди, додека Денис мораше да се чува од нападите на тимскиот колега на лидерот, Себастијан Буеми. Откако Буеми го презема второто место, беше пропуштен од Касиди да ја води трката. Но при истекот на првата половина од предвидената должина на трката, кога Касиди се обиде да се врати во водство, Буеми нималку колегијално му се спротивстави, при што дојде до контакт и оштетување на предното крило на болидот на Касиди, па тој мораше во боксот, а со тоа и да се прости од надежите за шампионската титула.

Во рестартот, Еванс го презема водството, но на четири круга пред крајот следеше нов прекин поради судирот на Саша Фенестраз и Сете Камара. При рестартот, второпласираниот Рене Раст поради оштетување на болидот мораше да побара помош од механичарите и падна на опашката од колоната, па Еванс во финишот без многу притисок стигна до победата, но Џејк Денис со пробивање на второто место воедно ја обезбеди шампионската круна.

- Ја имав победата во раце, бев во водство и сè беше многу добро. Се откажав од водството во трката за да му помогнам на тимот. Можеби требаше да бидам малку себичен. На последниве две трки го имавме целиот потенцијал да ја освоиме титулата. Не сакам да го омаловажам успехот на Џејк, но се чувствувам како некој силно да ме удрил под појасот,- разочарано констатираше Ник Касиди.

- Мислам дека никој не очекуваше ваква трка, со повеќе појавувања на возилото за безбедност, црвени знамиња и судири насекаде по патеката. Јас тоа го доживеав како некој да ме гаѓаше од сите страни. Имав чувство како целата трка да оди погрешно од повеќе причини и ми беше тешко да ги контролирам своите емоции. Додека возев мислам дека немавме особени проблеми, но при прекинот, освен што му се развикав на мојот инженер, мислев дека сите на патеката се свртеле против мене.

41 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

ПОРШЕ ОСТАНУВА ВЕРЕН НА ФОРМУЛА Е

Откако Ауди го купи Заубер, Порше не успеа да испреговара

зделка со ниту еден тим во Формула 1, иако се верува дека

беше во контакт со Ред Бул и со Мекларен. Ваквиот расплет

донесе вест дека оваа фабрика ќе се фокусира на Формула

Е до крајот на 2026 година. Оваа сезона Џејк Денис ја освои

светската титула со нивната машинерија во „сателитскиот“

тим Андрети, иако на почетокот од годината Паскал Верлен

од фабричкиот тим се наметна со добри резултати. Во Фор-

мула 1 од 2026 година треба да стартуваат новите правила

за моторите со синтетичко гориво, додека во Формула Е е

најавено дека ќе биде воведена „Генерација 4“ за болидите од сезоната 2026/27.

Но успеавме да ја сочуваме присебноста и да ја свртиме приказната во

наша корист. Иако Ник подоцна се откажа од трката, преку радио врската ми кажаа дека за да ја освојам титулата во оваа трка, морам да бидам

на третото место, што ме изненади бидејќи мислев дека ми се доволни

само шест поени во однос на Еванс. Во тој момент бев петти, и мојата реакција беше „леле, пак морам да направам чудо“. На два круга пред крајот почнав да добивам пораки да не преземам ризици и да не правам глупости, а кога конечно ја поминав целната линија, почувствував големо олеснување, какво што никогаш порано не сум почувствувал во

својот живот, да се биде светски шампион е нешто за што сите сонуваме,- рече новокрунисаниот првак Џејк Денис.

Еванс уште еднаш ја покажа одличната форма и го предводеше Јагуар при постигнувањето на најбрзите времиња на тренинзите за втората трка, возејќи 1:10.152, односно нецела десетинка побрзо од тимскиот колега Сем Бирд. Сепак во реприза на квалификациските дуели од првата трка, Касиди успеа да постави време од 1:10.092, кое што беше само една стотинка подобро од она на Еванс, и да го обезбеди најдоброто стартно место за себе. Слично како и првата трка низ улиците на Лондон, и во втората имаше многу прекини и излегувања на возилото за безбедност, овој пат поради поројните дождови. Стартот од првото место се покажа како клучен момент бидејќи Касиди успеа да ги одбие сите напади на Еванс и да финишира како победник, со што му помогна на својот тим и да ја освои шампионската титула во дуелот со Јагуар. Новопечениот шампион Џејк Денис го комплетираше победничкиот подиум, но со задоцнување од шеснаесет секунди.

- Не знам зошто, но бев мошне комфорен, имавме добра брзина и можевме да си поигруваме со трката, што на вакво високо ниво е нереално чувство и такви шанси не се случуваат често,- изјави Касиди по триумфот со кој ја запечати тимската титула на сателитскиот тим на Јагуар. Сепак, од следната година, тој ќе биде дел од фабричкиот тим, односно тимски колега со Мич Еванс, што е најава за големо ривалство идната сезона. Мич Еванс е во тимот од 2016 година и оттогаш освои 10 победи, при што две сезони по ред до последниот викенд беше во игра за титулата, додека Касиди оваа сезона четири пати славеше и на крај беше вице-шампион. • Александар Табаковски

| СПОРТ

К олумна своерачно АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

КРИСТАЛНА

КУГЛА

лето помина во знак на трансферите на фудбалскиот пазар каде што најголемите трансфери се случија надвор од Европа. Лео Меси потпиша за Интер Мајами, додека пред него Кристијано Роналдо ја отвори вратата за големите трансфери на Блискиот Исток. Тие двајцата се несомнено најголемите спортски икони на почетокот од 21 век и сосема нормално, откако тие ја обелоденија својата иднина, се случија уште дузина трансфери во кои фудбалерите се збогуваа со европските клубови и се упатија кон Саудиска Арабија или САД.

Пораката е едноставна: Европа беше презаситена од квалитетот, постоеја десетина големи клубови кои диктираа услови и кои се обидоа дури и да формираат супер-лига. Новите трендови јасно укажуваат дека со зголемување на популацијата на Блискиот Исток (бројот на имигранти кои живеат таму се зголемил за повеќе од два пати во периодот 2005-2015, од 25 на 54 милиони луѓе), па нормално е дека овие земји сега ги „шират“ своите бизниси. Кога се зголемува популацијата, особено на работно способното население, секако дека тоа значи и создавање услови истата да се задржи: оние кои биле навикнати да гледаат квалитетен фудбал во своите татковини, сега ќе ја имаат таа можност и во земјата каде што престојуваат. Дополнително, некогаш овие клубови егзистирале со мали апетити за пробив на меѓународната сцена, а сега веќе ги таргетираат титулите во Азиската лига на шампиони, а тоа ги отвора и интересите за бизнис, продажба на влезници, продажба на ТВ права и така во низа... Но, би било погрешно да не се запрашаме што може да се случи во светот на трките? Веќе имаме ситуација каде што Катар, Бахреин и Абу Даби имаат свои автодроми, а дополнително и Дубаи има своја патека, додека во Саудиска Арабија трките од Формула 1 се возат да градска патека. За 2023 година беше најавено враќањето на ТЦР серијата на Блискиот Исток, но истата беше поместена за 2024, со цел да се прилагодат на новите трендови кои доведоа до реструктуирање на светската серија.

Со други зборови, веќе ќе биде формирано посебно првенство за туринг трките кое треба да привлече и возачи и спонзори во овој регион. Финалето на светската серија во 2022 година се возеше токму во Саудиска Арабија...

Кога ќе се присетам дека со појавата на ГП2 серијата на меѓународната сцена се промовираа и спринт-трките некаде по 2000 година, никој не веруваше дека таквиот формат може да го видиме и во Формула 1. Денеска спринт трките станаа дел од некои Ф1 настани, додека во Мото ГП се возат пред секоја трка. Сакам да укажам дека богатите шеици на Блискиот Исток не инвестирале по 300 милиони долари во изградба на автодроми за една трка годишно. Веќе видовме дека инвестицискиот фонд Мубадала од Дубаи беше инволвиран во тесна соработка со Ферари, како и дека владеачкото семејство на Бахреин станаа акционери во Мекларен. Дали тоа можеби ќе значи формирање на некое регионално натпреварување, потполно нова серија или некаква друга насока, сега е тешко да се каже прецизно, но околностите укажуваат дека спортскиот бизнис се сели надвор од Европа во потрага по нови дестинации, нова публика и нови херои.

Во моментов, не постојат ресурси за на овие локации да се формираат фабрики кои ќе располагаат со едуциран кадар кој би бил компетитивен и на светскиот пазар. Но, процесот е започнат, затоа што се инвестира и во образованието, па еден ден ќе има и едуцирани инженери и механичари, колку и да изгледа далеку од денешен аспект. Како и секоја друга работа, додека има луѓе и публика, јавен интерес, ќе има и приватници кои ќе сакаат да заработат приредувајќи трки и продавајќи влезници и ТВ права. Процесот е започнат, а каде и како ќе заврши, засега можеме да нагаѓаме... •

43 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
Ова
НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИМА КРИСТАЛНА КУГЛА ЗА ГЛЕДАЊЕ ВО ИДНИНАТА ЗА ДА СЕ ПРЕДВИДАТ НЕКОИ ПОМЕСТУВАЊА НА СВЕТСКАТА СПОРТСКА СЦЕНА.

Светско првенство во Мото ГП

ТИТУЛА

РЕСТАРТОТ НА СВЕТСКОТО

ПРВЕНСТВО ВО МОТОЦИКЛИЗАМ

ПО ЛЕТНАТА ПАУЗА ДОНЕСЕ НЕПРЕДВИДЛИВА ТРКА ВО БРИТАНИЈА, НО ВЕЌЕ НА СЛЕДНАТА СТАНИЦА ВО АВСТРИЈА, ЛИДЕРОТ НА ТАБЕЛАТА ИМАШЕ ДОМИНАНТНА ПОБЕДА.

британското гран при беше означен стартот на втората половина од сезоната во Мото ГП, а летниот дожд и влажната патека направија да видиме неочекувани победници.

Спринт трката ќе влезе во историјата со податокот дека во неа победи помладиот брат на светскиот шампион Марк Маркез, Алекс, кој следејќи ги неговите патеки претходно стана и шампион во пониските категории, Мото 3 и Мото 2.

Говорејќи за честитката што ја добил од својот постар брат кој заврши на 19 место, Алекс ја откри целата конверзација со него, откако овој застанал на патеката за да му честита за „првенчето“.

- Знам дека тој имаше тешка трка, но кога виде дека победив, беше навистина среќен. Беше навистина посебен момент, ми рече „беше навистина брз денеска, копиле едно“. Навистина беше добра трка и јас се обидов да притискам како што тој има направено многу пати,- изјави среќниот Алекс. - На стартот на трката малку заспав и некои возачи ме престигнаа. Но, по неколку круга почувствував дека имам добра трак-

ција и добро чувство од моторот и се охрабрив себе си „ајде, сега мораш да одиш, мора да направиш предност“. Спринт трките носат помалку поени, па може да се преземе поголем ризик!

Овој резултат веројатно беше пресуден и тимот Гресини да му го продолжи договорот, откако Алекс Маркез по двете години со Хонда имаше само два подиума, а оваа сезона претходно имаше два пласмани меѓу првите шест со новата машинерија на сателитскиот тим на Дукати. Заедно со Шпанецот кој се снајде најдобро на влажната патека во Британија, беше и Марко Бецеки, предизвикувачот за шампионската титула, но и Маверик Вињалес. Наспроти ова, фаворитите беа на опашката од колоната, па лидерот Франческо Пеко Бањаја заврши на 14 место, а двајцата светски шампиони - Марк Маркез и Фабио Квартараро беа на 19 и 21 место.

Бањаја беше на добар пат да се врати во победа во главната трка, но повторно дождот се вмеша, па Алеш Еспаргаро со Априлија иако стартуваше од 12 место, успеа да стигне до втората победа во кариерата. Притоа, во последниот круг го престигна токму Бањаја за првото место, но актуелниот шампион иако си оди дома со 20 бодови, на крајот од викендот има поголема предност на табелата отколку пред Силверстоун, бидејќи другите ривали киксираа. Најпрво, Марко Бецеки падна во петтиот круг додека беше во позиција да вози веднаш зад Бањаја, а истовремено Алекс Маркез излета како последица од допирот со Маверик Вињалес. На овој начин, Брад Биндер со пласманот на третото место го комплетираше подиумот, пред Мигел Оливеира. Маверик Вињалес со пласманот на петтото место имаше уште еден надежен пласман по третото место во спринтот, а Хорхе Мартин ја комплетираше првата шестка и со тоа му се доближи на Бецеки на табелата. Но, лудиот викенд на Силверстоун беше брзо заборавен, откако карванот на мотоциклистите се префрли во Австрија. Пеко Бањаја покажа дека е подготвен за доминација во борбата за титулата, па неочекувано

44 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ Со
СИЛВЕРСТОУН
ЗА ШОУ, БАНАЈА ЗА

ХОНДА ЌЕ ГИ КОРИСТИ ИНЖЕНЕРИТЕ ОД ФОРМУЛА 1

Лошите резултати на Хонда во Мото ГП доведоа до криза во таборот на јапонската екипа, па првиот човек на фабриката, Који Ватанабе, најави дека ќе ги префрли инженерите кои досега беа ангажирани на Ф1 проектот со Ред Бул и Алфа Таури. - Одделот за конструкции на четири тркала е инволвиран во развојот на Мото ГП и треба да продуцира осетливи резултати, најбрзо возможно,- рече Ватанабе во интервју пренесено од фабриката.

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

ЗАРКО ОСЛОБОДИ МЕСТО ЗА БЕЦЕКИ?

Трансферот на Јохан Зарко од Прамак Дукати во Хонда отвори место за еден возач кој може да добие фабричка машинерија од шампионскиот конструктор. Сепак, Марко Бецеки не е сигурен дека сака да го смени тимот и можно е да остане една година во тимот на Роси со старото Дукати, бидејќи трансферот на Ениа Бастианини покажа дека префрлувањето од едниот на другиот мотор и не оди така лесно.

- Драго ми е што Роси притиска за да останам, бидејќи тој е најголемиот на сите времиња и тоа е огромна чест за мене и малкумина можат да се пофалат со такво нешто. Мислам дека мојата одлука ќе ја донесам многу, многу скоро,- рече Бецеки во Австрија.

лесно освои максимални 37 бода на патеката Ред Бул Ринг, каде што најпрво славеше во спринтот, а потоа и на главната трка, притоа во двата случаи освојувајќи ја пол позицијата. Кога е во прашање главната трка, Бањаја лесно му се одлепи на Бред Биндер и двајцата имаа лесна и мирна трка, а најголемите возбудувања беа оние за третата позиција. Алекс Маркез долго беше со место на пиедесталот, но на крајот заврши петти откако беше престигнат од Бецеки и Марини, што секако донесе и голема радост за тимот на легендарниот Валентино Роси, бидејќи и двајцата возат за неговиот тим. Претходниот ден обајцата имаа проблеми (Бецеки не ја заврши спринт трката) поради проблемите со Хорхе Мартин од Прамак, кој беше обвинет за предизвиканиот хаос. Формата што ја прикажа Бањаја провоцираше споредба со Ферстапен во Формула 1, а таквата изјава ја даде Фабио Куартараро од Јамаха. - Мислам дека сега тој е како што е Ферстапен, бидејќи и минатите години имаше најдобар мотор. Можно е да имаш најдобар мотор и сепак да немаш добри резултати, сепак е потребна комбинација. Се чини дека во моментов тој ја има таа комбинација со моторот, самодоверба, бидејќи кога победуваш и победуваш, се чувствуваш незапирлив. Тоа е неговото чувство во моментов, знае како да го користи моторот, па не очекувам друг да биде побрз од него,- рече поранешниот светски првак. Со триумфот на Шпилберг и сега има 251 бод во генералниот поредок, што е за 62 повеќе од Хорхе Мартин кој е на втората позиција со 189 поени. Бецеки е веднаш зад него со 186, а Бред Биндер благодарение на последните добри резултати се издвои на четвртата позиција со 160 бода. Првите два викенди од септември ги носат трките во Барселона и Римини, по што следуваат седум трки во Азија и Австралија, за финалето да биде на 26 ноември во Валенсија. • Александар Табаковски

45 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

Светско првенство во Формула 1

ЗА ФЕРСТАПЕН

РЕКОРД, ЗА ХАМИЛТОН

САМО НАДЕЖ

МАКС ФЕРСТАПЕН И РЕД БУЛ ЈА ПРОДОЛЖИЈА НЕВЕРОЈАТНАТА

НИЗА НА УСПЕСИ СОБОРУВАЈЌИ ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ РЕКОРДИ ВО СПОРТОТ.

нова „еден-два“ победа во Белгија, на патеката Спа Франкоршамп, возачите на Ред Бул стигнаа до 12 триумфи во низа и на тој начин го подобрија остварувањето од 1988 година, кога Аиртон Сена и Ален Прост освоија 11 трки за Мекларен Хонда. Ова беше петта „еден-два“ победа за Ред Бул оваа година, при што и лани на оваа патека имаа идентичен пласман. Иако резултатите од претходните трки наговестуваа дека „биковите“ се главни фаворити, сепак постоеја надежи дека сето ова нема да „оди како подмачкано“.

Претходната трка за Големата награда на Унгарија донесе пол позиција за Луис Хамилтон и Мерцедес, кои од трка во трка бележат напредок, особено по усвојувањето на новите пневматици на Пирели од трката во Силверстоун. Објаснето е дека станува збор за промени во конструкцијата на гумите за суво време, кои се должат на зголемените перформанси на болидите, но сепак додека Ред Бул и Мерцедес се снаоѓаат добро, во исто време Астон Мартин почна да заостанува зад ривалите. Дополнително, актуелниот светски шампион Макс Ферстапен за трката во Белгија доби казна од пет места поназад на стартот, поради надминувањето на дозволениот број на промена на делови за трансмисијата на болидот. Таа казна беше валидна само за главната трка, но не и за спринт трката која се одржа во саботата. Така, уште еднаш се покажа

дека синиот болид е премногу брз во однос на другите, па Ферстапен

без особени проблеми ги однесе победите и во двата настана. Најголема

закана беше дождот во квалификациите, па Оскар Пјастри од Мекларен успеа да направи изненадување, за Ферстапен сепак да го собори него-

вото време и да се етаблира како лидер во последните секунди. Поради лошите временски услови, стартот на спринт трката доцнеше еден час, па поради тоа, кога конечно појдоа, возачите мораа да бидат предводени од безбедносното возило во првите неколку круга. Сите излегоа на патеката со гуми за дожд, но откако ситуација почна да се менува, најголем дел од возачите влегоа да менуваат, со исклучок на Макс Ферстапен. Ова му овозможи на Оскар Пјастри да избие на првото место и за првпат во кариерата да води на една трка во Формула 1, но сепак тоа не траеше долго. Откако излезе од бокс, Ферстапен беше една и пол секунда зад Пјастри, по што следеше излетување на Фернандо Алонсо, поради кое имаше ново безбедносно возило на патеката. Расчистувањето на инцидентот значеше и продолжување на спринтот, по што Макс без многу проблеми го мина Пјастри, за осигурување на победа на Спа. Ова е втора победа за Ферстапен на спринт трките оваа сезона, додека Пјастри го оствари најголемиот резултат и само потврди дека Мекларен сериозно напредуваше во последно време. Трет низ целта мина Пјер Гасли од Алпин, а иако Луис Хамилтон заврши четврти, на крајот беше казнет со пет секунди поради инцидентот со Чеко Перез и назадуваше три позиции (7-ми). Од друга страна, Перез не ја заврши спринт трката и мораше да се повлече, а четвртото место на Хамилтон го зазема Карлос Саинц. Пред него на крајот завршуваат и Леклер и Норис, а зад него меѓу првите десет сè уште Расел, Окон и Рикиардо. Во главната трка, Ферстапен ја потврди својата шампионска класа триумфирајќи пред тимскиот колега Серхио „Чеко“ Перез, додека Шарл Леклер го освои третото ме-

46 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ Со

сто. Во првата десетка беа уште Хамилтон (возејќи најбрз круг), Алонсо, Расел, Норис, Окон, Сторл и Цунода. За потполната доминација говори и фактот дека возачот на Ред Бул преку радио врската им понуди на своите инженери да направат еден дополнителен пит-стоп, па наместо да ги чува пневматиците да му дозволат да вози побрзо.

- Можам да притиснам и да направиме уште еден пит стоп? Ајде да направиме еден пит-стоп тренинг, – предложи актуелниот шампион преку радио комуникацијата. Неговото барање беше одбиено. Од друга страна, тимскиот колега Перез по триумфот во Азербејџа на 30 април не покажува мотивација да се бори за врвот со Ферстапен, што провоцираше нова изјава од Луис Хамилтон на оваа тема. Седумкратниот светски првак смета дека Ферстапен не би имал лесна задача, кога би имал ист

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

РИКИАРДО СЕ ВРАТИ ВО КОКПИТОТ!

Формула 1 тимот АлфаТаури реши да направи промена во возачкиот состав и да го замени Ник де Врис со многу поискусен колега – Даниел Рикиардо. Промената се случи за време на гран ри викендот во Будимпешта, по само 10 извозени трки од 2023 година. Искусниот Даниел Рикиардо, кој ја започна кариерата во сестринскиот тим Ред Бул, во меѓувреме возеше за Рено и Мекларен, пред да се врати во „старото јато“. Де Врис дојде како шампион од Формула Е, но сепак потфрли со резултатите од почетокот на сезоната и беше еден од само двајцата возачи кои немаа освоено поен. Во првите два настапа и Рикиардо се соочи со квалификациски позиции на 13 и 19 место, како и финиш без бодови на 13 и 16 место.

болид како неговиот, што јасно алудира на тоа дека возачот на Мерцедес сè уште се чувствува доволно силно за да го предизвика најдобриот во израмнети услови на патеката.

– Во овој момент невозможно е да се победи Ред Бул. Тоа ќе се случи само ако се откажат од некоја трка. По круг се побрзи за 0,8 секунди, а понекогаш и за секунда. Тоа е актуелната реалност во Формула 1, не можам да направам ништо околу тоа. Секако дека сакам да бидам брз како нив и сакам таков болид. Да бев во болидот на Чеко, на Макс немаше да му биде лесно како досега, но во животот не е сè така како што посакувате, – рече Хамилтон, кој на Хунгароринг ја освои рекордната 104. пол позиција.

Ферстапен и Перез се лидери на табелата со 314 и 189 бода, додека зад нив ветераните Алонсо и Хамилтон имаат „дуел“ за третото место, па на летната пауза заминаа со резултат 149:148. Во нивна близина се Леклер и Расел со по 99 бода, како и Карлос Саинц со 92 поена. Продолжението на сезоната е закажано со последните две трки на европско тло, во Холандија и Италија, по што следуваат трките на Блискиот и Далечниот Исток, како и оние во САД и Јужна Америка. По откажувањето на трката за Големата награда на Емилиа Ромања во Имола поради поплава, како и минатогодишното укинување на трката за Големата награда на Русија, за 2023 година остануваат да се возат уште десет трки до крајот на сезоната. Александар Табаковски

47 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

WRC

Естонија и Рели Финска

ЕВАНС СЕ ВРАЌА

ВО ТРКАТА ЗА ТИТУЛА

ПО ПОБЕДАТА ВО ФИНСКА, ЕЛФИН ЕВАНС СЕ ВРАТИ ВО ТРКАТА ЗА ТИТУЛА НАМАЛУВАЈЌИ ЈА РАЗЛИКАТА ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН НА 25 БОДА ВО ОДНОС НА ВОДЕЧКИОТ РОВАНПЕРА КОЈ ЈА РАЗОЧАРА ДОМАШНАТА ПУБЛИКА ПОСЛЕ СТРАШНОТО ИЗЛЕТУВАЊЕ.

четири исклучително тешки настани до крајот на сезоната нè очекува жешка есен. Релито на Естонија и релито на Финска, кои како и лани се возеа едно по друго, со вовед во завршницата на сезоната која треба да ни приреди вистинска драма. Само 25 бода ги делат водечкиот Кале Рованпера и неговиот тимски другар Елфин Еванс додека јуришаат за освојување на титулата. Победата на релито на Финска беше од големо значење за Еванс. Тој последен пат ја вкуси победата токму во Финска во 2012 година кога титулата му побегна за влакно. Минатата година беше катастрофална за Еванс, бидејќи не победи на ниту едно рели и заврши четврти во шампионатот. Затоа, пак, годинава е на добар пат повторно да се бори за освојување на титулата.

РЕЛИ НА ЕСТОНИЈА Кале Рованпера со нетрпение го чекаше стартот на релито на Естонија. Актуелниот светскиот шампион и водечки во шампионатот се готвеше да ја наниже третата по ред победа на ова рели. Тој на ова рели кое го смета за свој дом, славеше во 2012 и во 2022 година, а победите ги доби со голема предност покажувајќи неприкосновеност. Единствената опасност требаше да дојде од От Танак кој во нов тим и со нов автомобил сакаше да ги оправда симпатиите на домашната публика. Меѓутоа за Танак релито почна наопаку. Иако беше најдобар на тренингот, моторот на неговата Ford Puma Rally1 откажа послушност. Тимот одлучи да го замени. Но, според техничките правила на FIA замена на мотор меѓу тренинг и прва временска контрола условува казна од 5 минути. Затоа, иако го отвори релито во четврток навечер со најдобро време на брзинскиот испит Танак заврши на 48 позиција, додека релито го поведе Елфин Еванс, пред Есапека Лапи и Кале Рованпера.

Сепак, петочното утро беше резервирано за вистинскиот старт на релито и почеток на тридневната епопеја низ супер брзите земјени патеки на Естонија. Танак со нов мотор во неговата Puma блескаше и победи на пет од вкупно седум испити предвидени за најдолгиот ден од релито. Да не беше казната ќе го водеше релито со солид-

на предност. Водечки во утринскиот дел од етапата беше Нувил, а Кале кој стартуваше прв се жалеше на недостаток од тракција. Меѓутоа до крајот од денот Рованпера беше човекот кој ги освои преостанатите два испити и го поведе релито со 3 секунди предност пред Нувил. Трет заврши Лапи кој успеа да ги надмине проблемите со хибридниот погон и да го добие Еванс на претпоследниот испит завршувајќи со 2,7 секунди предност. Еванс заврши четврти, Тему Сунинен, кој за првпат се најде во Hyundai i20N Rally1 беше петти, а Лубет шести.

Саботата покажа зошто Рованпера го смета релито на Естонија за свој дом. Ужива да се бори со брзите патеки, признавајќи дека му се најомилени во шампионатот. Можеби затоа и ја освои својата прва WRC победа токму на ова рели и стана најмладиот победник во историјата на светскиот шампионат. Победи на сите брзински испити од денот и успеа да го зголеми водството во однос на Нувил на 34,9 секунди. Белгиецот призна дека не може да најде вистински одговор за налетот на Кале и заклучи дека е подобро да ја задржи постоечката позиција отколку да загуби сè во обид да го стигне. Не се смени ниту поредокот во остатокот од првата петорка. Лапи остана на третата позиција и успеа да ја зголеми предноста пред Еванс на 7,3 секунди. Сунинен возеше осамен на петата позиција без можност да го загрози Еванс ниту, пак, да биде загрозен од шесто пласираниот Лубет. Танак кој блескаше ден претходно, имаше добри времиња, но беше далеку од водечката двојка. Сепак, успеа да дотурка до осмата позиција далеку зад седмо пласираниот Катсута.

Немаше големи возбудувања ниту на последниот ден од релито. Рованпера повторно ги освои сите испити од денот и заедно со оние од саботата запиша 13 победи на брзински испити едно по друго, со што го надмина рекордот на Лоеб од 2005 година кога на релито на Франција победи едно по друго на 12 брзински испити. Заедно со двата испити од првиот ден Рованпера освои вкупно 15 испити од релито, а останатите 6 му припаднаа на Танак. Така Кале

48 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ Со
– Рели

стигна до својата трета по ред победа во Естонија. Нувил продолжи да заостанува не наоѓајќи вистински одговор за брзината на Кале и го заврши релито втор со заостанување од 52,7 секунди. Лапи го потполни последното место од пиедесталот, додека Еванс го задржа четвртото место. На своите позиции без промени останаа Сунинен, Лубет, Катсута и Танак.

РЕЛИ НА ФИНСКА После вртоглавите перформанси и блескавата победа на релито на Естонија се очекуваше Кале Рованпера истото да го повтори и на релито на Финска, кое стартуваше десетина дена подоцна. Но, за жал таму исходот беше сосем поразличен. Во потера по својата прва победа на домашното рели Рованпера беше најбрз за време

на тестирањето, иако само делови од секунда го делеа од неговиот тимски другар Елфин Еванс кој славеше во Финска во 2021 година. Релито стартуваше во четврток со специјалниот брзински испит кој

се возеше низ улиците на градот домаќин Иваскила преплавени од

публика. Танак беше човекот кој го поведе релито и постави солидно темпо со надеж дека ќе се освети за пехот што му се случи во Естонија. Трикратниот победник на ова рели, Танак, со нетрпение ја очекуваше и четвртата победа. Затоа тргна силно оставајќи ги зад себе Нувил, Рованпера, Лапи и Еванс.

Танак, охрабрен од успехот на првиот брзински испит и поттикнат

од желбата за одбрана на минатогодишната победа на ова рели стартуваше во полн налет. Но, во петок наутро, како и во Естонија, за него релито заврши прерано. На вториот испит од денот после лошо слетување Танак го оштети картерот. Моторот откажа и тој мораше да се повлече од релито. Лош ден за тимот на M-Sport Ford бидејќи и Лубет се откажа откако излета и го оштети задникот на неговата Puma. Екипажите на Ford не беа единствените кои се откажаа. Набрзо по нив излета и Лапи удирајќи во дрво. Среќа заедно со совозачот Јане Ферм излегоа неповредени. Рованпера ја искористи приликата и рано го поведе релито, но лошата среќа го стигна и него. На осмиот испит од денот излета и тешко го оштети возилото по што мораше да се откаже. Тука заврши надежта на Кале за прва победа на домашното рели. Водството го презеде неговиот тимски другар Елфин Еванс и го заврши денот на лидерската позиција со 6,9 секунди предност пред второ пласираниот Нувил. Третото место му припадна на Катсута за кого Финска е вториот дом, а Тему Сунинен вистинското изненадување во тимот на Hyundai заврши четврти. Шефот на тимот на Toyota и поранешен возач Јари-Мати Латвала кој одлучи да стартува а ова рели заокружувајќи го 210 старт во кариерата во WRC го заврши денот на петтото место. Големите оштетувања на возилата не дозволија Танак, Лапи и Рованпера да стартуваат повторно во сабота наутро. Само Лубет имаше доволно среќа да продолжи. Денот мина во знак на Еванс. Велшанецот победи на сите испити освен на последниот кого му го препушти на Катсута. Блескавото возење на Еванс, какво што одамна не се случило, му помогна на Велшанецот да ја зацврсти лидерската позиција. Тој ја зголеми предноста во однос на Нувил на 32,1 секунди и остави доволно простор за посмирен пристап на последниот ден од релито. Немаше измени ниту подолу во поредокот. Катсута го задржа третото место, Сунинен четвртото, а Латвала не успеа да стигне подалеку од петтото.

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

WRC2 – МИКЕЛСЕН Е СÈ ПОБЛИСКУ

Норвежанецот Андреас Микелсен со победата на релито на Естонија ги зголеми шансите за освојување на шампионската

титула во WRC2. Четвртото место во Финска само ги потврди аспирациите на Микелсен. Тој се надева дека во преостанатите четири настани од шампионатот ќе успее да ја задржи предноста, и да го повтори успехот од 2021 година кога стана светски шампион во WRC2. Неговиот најлут ривал Јохан Росел од Франција не возеше ниту во Естонија, ниту во Финска и му дозволи да се одвои во генерален пласман. Сами Пајари

е третиот возач во тесната борба за титула. Пајари во Естонија

стигна до второ место, но затоа, после целосна доминација однесе блескава победа на релито на Финска.

Со четири брзински испити во недела, последниот ден од релито, настаните за Еванс не требаа да бидат сложени. Победи на три испити вклучувајќи го и последниот кој се бодува дополнително, така ја зголеми предноста во однос на Нувил на 39,1 секунди и се закити со втората победа на ова рели. Нувил не можеше да го најде вистинскиот одговор за брзината на Еванс и мораше да се задоволи со второто место. Катсута го задржа третото, а Сунинен четвртото место. И покрај напорите Латвала не стигна подалеку од петтото место заостанувајќи повеќе од 4 минути зад водечкиот.

Со победата во Финска, Еванс се врати во трката за титула. Разликата во генерален пласман меѓу водечкиот Рованпера и него по релито на Естонија изнесуваше 55 бода, но по Финска таа се намали на 25 бода со четири исклучително тешки настани до крајот на сезоната. Рованпера сè уште е лидер во генерален пласман. Има 170 бода, додека со своите 145 бодови Еванс е блиску. На третото место е Нувил со 134 бодови, додека Танак сè уште стои долу на четвртата позиција со 104 бодови. Добрите резултати на екипажите на Toyota на последните две релија и помогнаа на марката драстично да ја зголеми разликата во однос на тимот на Hyundai. Сега Toyota има 378 бодови, додека Hyundai стигна до 311 бодови. Тимот на M-Sport Ford, пак, со своите 205 бодови е далеку назад. Љубомир Анастасовски

49 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

БОНУС

ПРОГРАМА

Лојалти бонус програмата е наменета за вас, нашите најлојални членови, кои секоја година, во континуитет ја обновувате својата Classic или Europe Premium членска

картичка за физички лица.

БОНУС програмата можете да ја користите под следните услови:

- Членската картичка ја обновувате во период не подолг од 30 дена сметано од датумот на истек на претходната картичка; и

- Во претходниот членски период не сте искористиле услуга за помош на пат и шлепување.

БОНУС програмата можете да ја користите само при обнова на АМСМ членската картичка во просториите на АМСМ, односно во АМСМ станиците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир), во Велес и во Кичево, како и во сите авто-мото друштва во земјава.

Повеќе информации: 02/3181-108

Исполнувајќи

ги овие услови добивате попуст на редовната цена на членската картичка, кој е поголем со секоја следна обнова:

- 10% попуст за обнова втора година по ред

- 15% попуст за обнова трета година по ред

- 20% попуст за обнова четврта година по ред

- 25% попуст за обнова петта година по ред и

- 30% попуст за обнова повеќе од 5 години во континуитет.

50 09.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ДО 30% ПОПУСТ ПРИ ОБНОВА
НА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА
| АМСМ

СПОДЕЛИ ГИ ПОВОЛНОСТИТЕ

КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!

СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО

СО НАЈБЛИСКИТЕ! www.amsm.mk 02/3181-108 ЕДНА
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД www.amsm.mk Меѓународна возачка дозвола ∙ Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување ∙ Зелен картон ∙ АМСМ членски картички 02/3181-181 ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ
ДОКУМЕНТИ

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.