Skip to main content

АМСМ Клуб Мобилити - Ноември 2023

Page 1

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | НОЕМВРИ 2023 БР. 70

Претставуваме BENTLEY SPEED SIX

ВРАЌАЊЕ ОД СЛАВНОТО МИНАТО

www.amsmklubmobiliti.mk

Тест на зимски гуми 2023

ЗИМАТА СИГУРНО НИ ДОАЃА Светско првенство во МОТО ГП

НЕМА СПАС ОД ДУКАТИ

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Сиљан Аврамовски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

УПОТРЕБА НА ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ, ОБВРСКА ИЛИ ОДЛУКА НА ВОЗАЧОТ

Една од главните теми кога станува збор за безбедност во сообраќајот во овој период од годината, е законската употреба на зимска опрема. Значително се зголемува бројот на возачите што во прв план ја ставаат безбедноста и ги користат зимските пневматици, без разлика дали постои законска регулатива за задолжителна употреба. Всушност, во секоја држава во Европа ова прашање се дефинира во рамките на сообраќајните правила и прописи. На пример, употребата на зимски пневматици е задолжителна во Летонија, Литванија, Франција, Турција. Во Норвешка и во Шведска употребата е задолжителна за домашните возила, а за странските е во форма на препорака. Во Германија, Чешка и во Словачка законот предвидува обврска за употреба на зимски гуми врз основа на моментната состојба на патот... Без оглед дали патува во државата или во Европа, задолжителна обврска на секој возач е да ја приспособи брзината на условите на пат, а наедно и да ги почитува сообраќајните правила и прописи. На прво место е безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Многубројните анализи кои со години се прават потврдуваат дека зимските гуми се идеални за вашето возило во деновите што пристигнуваат. Тие значително ги зголемуваат сигурноста и безбедноста и нудат исклучителни предности. При изборот на зимските гуми не треба да се гледаат само сеопфатните својства на гумите: километража, потрошувачка на гориво, бучавата, абењето на гумите...Дополнителен аспект претставува еколошкиот биланс, кој ÖAMTC го оценува од минатата година. одржливоста во производството и загадувачите во составот на гумите. Влијанието врз животната средина претставува 30 проценти од вкупната оценка. Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во декември 2023 во печатена верзија, на вашата домашна адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716

Маргита ПОПОВСКА

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

главен и одговорен уредник

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА

ВОНРЕДНА И ПЕРИОДИЧНА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ТАКСАМЕТРИ АМСМ Скопје -Чаир

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ ЗА МОНТАЖА НА: • ТАКСАМЕТРИ • РАДИОСТАНИЦИ • РЕКЛАМНИ ТАБЛИ

072/376-559 4

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.amsm.mk


HI-TECH

НОВОСТИ 7 ЦИТРОЕН, ФИАТ, ОПЕЛ, ПЕЖО СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ 8 ФЕРАРИ И НЕГОВИТЕ ПОСЕБНИ МОДЕЛИ

42 ШТО ЗНАЧИ ДА БИДЕШ ПРВ ВО СВЕТОТ?

34 СТИЛ

7

34 ГОТВЕЊЕТО КАКО НАУКА И УМЕТНОСТА НА УБАВОТО ЈАДЕЊЕ

42

АВТО-МОТО

ИСТОРИЈА

10 АВАНГАРДЕН ПРЕДЛОГ

44 БРЕНД КОЈ НЕМА ДА ИСЧЕЗНЕ

14 ВРАЌАЊЕ ОД СЛАВНОТО МИНАТО

36 ПАТУВАЊЕ 36 ВО ДУХОТ НА МЕДИТЕРАНОТ, СРПСКАТА ИСТОРИЈА, УМЕТНОСТА...

20

44

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

СПОРТ 52 ЛАЖНА ТРЕВОГА ОД ФЕРАРИ

29 ЗИМАТА СИГУРНО НИ ДОАЃА

48

58 НЕКОМУ ПОБЕДА, А НЕКОМУ ТИТУЛА

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

ЗИМСКА ОПРЕМА

6

ДРЖАВА

ЗИМСКА ОПРЕМА

Австрија

Во Австрија, зимската опрема за возила до 3,5 t е задолжителна само во случај на зимски услови за возење, а за возила над 3,5 t е задолжителна во периодот од 1 ноември до 15 април без оглед на условите на пат. За возила до максимална дозволена маса од 3,5 тони, зимски гуми со мин. длабочина на шарата од 4 мм или летни гуми со минимална длабочина на влечење од 4 мм и синџири на снег на погонските тркала. И покрај зимските гуми, во случај на снег, потребни се и синџири на сите планински патишта, каде што тоа е конкретно означено со патоказ. Треба да се напомене дека употребата на снежни синџири е дозволена само во случај на континуиран измазнет снег или мраз на коловозот, но не во случај на врнежи од снег или делумно прекриен со снег. Во пракса, ова значи дека возачот кој управува возило со летни гуми на коловозот на кој има снежни врнежи може да биде казнет со казна за несоодветна зимска опрема. Возилата со максимална дозволена маса поголема од 3,5 тони, мора да бидат опремени со зимски гуми барем на погонската оска од 1 ноември до 15 април, без оглед на временските услови, и да имаат соодветни снежни синџири за погонската оска во додатоците. Минималниот профил на гума за овој вид возило во зима е 5 мм. Казната за непочитување е 60 ЕУР, а во случај на попречување на сообраќај може да достигне до 5.000 евра.

Босна и Херцеговина

Зимската опрема е задолжителна за сите возила од 15 ноември до 15 април, без оглед на условите за возење. Зимската опрема на возила до вкупна маса од 3,5 тони и кои немаат повеќе од 8 места содржи: • 4 зимски гуми со мин. длабочина на профилот од 4 мм, или; • 4 летни гуми со мин. длабочина на профилот 4 мм + снежни синџири во додатоци. Зимската опрема за возила со вкупна маса поголема од 3,5 тони и автобуси вклучува: • зимски гуми на погонски тркала со мин. длабочина на профилот 4 мм + снежни синџири во додатоци, или; • летни гуми со мин. длабочина на профилот 4 мм + снежни синџири во додатоци За оваа група на возила се потребни и лопата и вреќа со песок од 25 - 50 кг. Казната за неупотреба на зимска опрема е 40 БАМ, но доколку предизвикате сообраќајна несреќа поради несоодветна опрема за возило, казната е од 50 до 200 БАМ.

Црна Гора

Во Црна Гора, зимската опрема е задолжителна во периодот од 15 ноември до 1 април, без оглед на временските услови. Возилата мора да бидат опремени со синџири за снег и гуми со минимум профил од 4 мм. Барем гумите на погонските тркала мора да бидат зимски. Камиони и автобуси, исто така, мора да бидат опремени со лопата и вреќа со песок. Паричната казна за несоодветна зимска опрема е од 60 до 150 евра, а за неупотреба на зимска опрема (на пр. не користење синџири во случај на снежни врнежи), казната е од 80 до 300 евра.

Турција

Нема конкретни одредби во врска со зимската опрема за патничките возила. За камиони и автобуси, зимската опрема е задолжителна од 1.12. до 1.4. Надвор од овие датуми само во случај на зимски услови за возење. Зимската опрема на лесни комерцијални возила и мини-автобуси е 4 зимски гуми, а за тешки товарни возила зимски гуми барем на погонските оски. Длабочина на профилот мин 4мм.

Хрватска

Во Хрватска, зимската опрема е задолжителна од 15 ноември до 15 април на назначени автопати и магистрални патишта, без оглед на условите за возење. На други патишта, зимската опрема е задолжителна само за време на зимските услови за возење. Погледнете карта и список на сите патишта каде се бара зимска опрема од 15 ноември до 15 јуни. Зимска опрема на моторни возила до 3,5 тони • 4 зимски гуми со мин. 4 мм профил или; • 4 летни гуми со мин. профил од 4 мм и синџири за снег во додатоци. Зимска опрема на возила над 3,5 тони • зимски гуми барем на погонски тркала или; • летни гуми и снежни синџири во додатоци. Казната за неупотреба на зимска опрема е 1.000 HRK.

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

STELLANTIS

ЦИТРОЕН, ФИАТ, ОПЕЛ, ПЕЖО – СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ

Г

рупацијата Стелантис ги обединува Цитроен, Фиат, Опел и Пежо. Кај сите овие производители со децении наназад во палетата од возила се присутни и стопанските. И пред да влезат во групацијата Стелантис, овие четири производители на моторни возила помалку или повеќе соработуваат при создавањето на доставните возила, а да не заборавиме да спомнеме дека од тие доставни беа изведувани и патнички изведби. Ако некогаш спомнатите производители имале добра соработка, денес таа соработка е претворена во: една иста шасија, исти мотори, исти сопирачки, исти материјали во патничкиот оддел, иста механика итн. Кога четири марки делат една иста платформа со сите нејзини составни делови, тогаш производството станува многу поевтино. Тоа денес го прават скоро сите производители, односно работат заеднички на создавање на некое возило. Цитроен ги претстави: „берлинго“, „џампер“ и „џампи“, Фиат ги претстави: „скудо“, „добло“, и „дукато“, Опел се пофали со: „виваро“, „мовано“ и „комбо“, а Пежо со: „партнер“, „експерт“ и „боксер“. Бидејќи делат сè секако и моторите се тука. Ќе бидат вградувани бензински, дизел, но и електрични, а ќе биде присутна и технологијата која го употребува водородот за производство на електрична енергија преку горивните ќелии. Значи од сè по малку во служба на задвижувањето.

Секако дека обновените модели имаат нова внатрешност со дигитализирани табли со инструменти, а поопремените изведби не се разликуваат од тие во автомобилите во кои има екрани осетливи на допир од најмалку 10 инчи и што уште нè. Малку дизајн, малку дотерување на подвозјата, малку повеќе во внатрешноста, многу повеќе или најмногу внимание е посветено на вградување уреди кои се во служба на активната и пасивната безбедност. Продажбата ќе започне некаде на средина од 2024, а кон крајот на годинава производителите ќе ги објават цените. •

MERCEDES-AMG GLE

МЕРЦЕДЕС НЕ ГО ОСТАВА СВЕТОТ ДА ЗДИВНЕ

П

роизводителот на автомобили со седиште во Штутгард не го остава светот да здивне од новости. Еве повторно во „напад“, а веќе пред неколку недели беше претставена изведбата „амг - гт 63 с - е - перформанс“. Да, хибрид и тоа не со умерена технологија, туку таа со приклучок за полнење на батериите и сето тоа спакувано во АМГ изведба („мерцедес - амг гле 53 хибрид 4 матик +“). Најновото во овој „гле амг“ е неговиот погонски агрегат, нова изведба на бензинскиот 3,0 литарскиот со шест цилиндри и електромотор сместен меѓу класичниот мотор и менувачот. Вкупната комбинирана силина од 544 КС произлегува од силината (449 КС) на бензинскиот мотор и електричниот со своите 136 коњи, додека вкупниот максимален вртежен момент изнесува огромни 750 Нм. Некој сега би рекол тоа е ништо во споредба со електромобилите и во право е. Литиум јонската батерија од 31,2 kWh го снабдува електромоторот со струја, а тоа е доволно „мерцедес - амг гле 53 хибрид 4 матик +“ да измине помеѓу 80 и 86 км за „сув“ изведбата, односно од 82 до 87 км за купето. Крајната брзина е ограничена на 250 км/ч, а забрзувањето е 4,7 сек. од 0 до 100 км/ч, додека само со електричниот погон возилото може да се движи најмногу со 140 км/ч. Вакви брзини и тежината од батериите мора да биде „припитомена“ од добри сопирачки. Затоа конструкторите овој уред го унапредуваат со вградување на 400 мм дискови напред и 370 мм назад. Како што велат официјалните извори, потрошувачката е премногу ниска благодарение на електромоторот - 1,5 до 1,3 л/100 км, односно 1,4 до 1,2 л/100 км. Овие вредности важат во првите 100 км, кога батеријата е полна, но и потоа потрошувачката на гориво е мала и воопшто не е како во возилата со класичен бензински или дизел мотор. Умерената технологија оди на заслужен одмор, а на сцена стапува хибридниот погон. Како дополнување на горенаведеното, на светот му „врие“ и затоа многу производители подготвуваат најсовремена технологија за користење на водородот како кај копнените, така и кај леталата и пловилата. •

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

FERRARI SP-8

ФЕРАРИ И НЕГОВИТЕ ПОСЕБНИ МОДЕЛИ

Е

ве го Ферари повторно со своите „егзотики“ именувани како „специјален проект“. Затоа автомобилите од овој круг ги имаат буквите „сп“. Тое е еден вид работилница во која Ферари ужива заедно со нарачателите. Лицето кое доаѓа во Маранело да порача ваков автомобил, „тера по свое“, почнувајќи од дизајн до материјалите во одделот за патници, потоа боја и некои други ситници. Единствено не може да бира шасија и мотор. Седнуваат со дизајнерите, односно со главниот Флавио Манцони и објаснуваат што сакаат. Како основа за конструирање на специјалната порачка е земен моделот „ф8 спајдер“. Тоа е класика од мотор, V8 3,9 литри со двоен турбо полнач кој развива точно 720 КС, додека максималната брзина изнесува „само“ 340 км/ч, а од 0 до 300 км/ч потребни му се 23,5 секунди, сосема солидно, зарем не!? За сета таа силина да се донесе до задната оска, одговорен е седум степен полуавтоматски менувач со двојна спојка и со можност за рачно менување. Овие особини ги има и „сп осумката“, но дизајнот е сосема поинаков - да потсетиме, тоа се прави по желба на идниот сопственик.

Најновиов нарачател велат доаѓа од Тајван и неговата желба била „ферари“ да нема покрив. Тука конструкторите се помачиле малку дополнително да ја зацврстат шасијата и да му дадат посебен облик на делот каде завршува телото на автомобилот и почнува покривната конструкција. Серискиот модел, „ф 8“ го продаваат за 330.000 долари, а на овој со нарачка цената е десет пати поголема, а можеби и повеќе. •

RENAULT KARDIAN

НОВ МОДЕЛ ОД РЕНО

Н

а крајот од минатиот месец Рено го изненади светот со сосема нов модел, сув возилото наречено „кардијан“. Занимливо е тоа што „рено кардијан“ на почетокот ќе се продава само во Ј. Америка, а дури потоа ќе започне продажбата на други континенти. Засега од Рено нема информација по кој редослед новиот „сув“ ќе го освојува светот. Според дизајнот „кардијан“ наликува на останатите модели од гамата - некои линии се многу слични. Така треба и да биде, за моделот веднаш да го препознаат, на пример случајните минувачи. Неговите димензии кажуваат дека моделотсе наоѓа во сегментот „б“. Долг е 4,12 м, широк 1,75 м и висок 1,54 м, а растојанието меѓу оските е еднакво на 2,6 м. Ова јасно кажува дека „рено кардијан“ е пред сè наменет за градските средини, но и не мора да значи. Возилото е способно да извози до било кое одредиште на континентов, така што податокот дека „кардијан“ е наменет за градските средини, не е точен. Иако димензиите се скромни, сепак возилото е опремено со дури 13 безбедносни уреди, од типот на тој што открива друго возило во слепиот агол, потоа уред кој препознава кога возилото менува лента итн. Производителот вели дека ниту едно друго возило од класата кое се продава во Ј. Америка не е опремено со толку многу уреди за безбедност. За „рено кардијан“ е наменет 1,0 л. бензински мотор со три цилиндри во линија кој со помош од турбо полначот развива 125 КС, а таа силина се пренесува до предната оска преку автоматски менувач со двојна спојка. Најверојатно подоцна ќе има и вградување на умерен хибриден погон и секако хибриден, а можно е појава и не целосно електрифицирање. •

8

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

СТАПУВА НА СИЛА ЗАКОНСКА ОБВРСКА ЗА ЗИМСКИ ГУМИ ОД 15 НОЕМВРИ, ПОЧНУВА ДА ВАЖИ ОБВРСКАТА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ ЗИМСКА ОПРЕМА ВО ВОЗИЛАТА, КОЈА ЌЕ ТРАЕ СЕ ДО 15 МАРТ НАРЕДНАТА ГОДИНА.

П

од зимска опрема за моторни возила се подразбира: - За возила со маса која не надминува 3.500 kg: зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. - За возила со погон на четири тркала (4 х 4): зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm). Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

- За возила со маса која надминува 3.500 kg: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; - Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

АВТОНОВА

75 ГОДИНИ CITROËN 2 CV

Н

а 7. октомври, по повод одбележувањето 75 години од претставувањето на легендарниот модел Citroën 2 CV, Автонова имаше несекојдневна можност да биде домаќин на членовите од Клубот пријатели на Citroën 2 CV – Спачек со нивните автомобилски миленици, кои воедно слават 25 години постоење на клубот. За оваа пригода беа изложени и новите модели на Citroën, одек за новото време, со голема почит кон своите претходници, подготвени некој и за нив да прикажува со силни чувства, како за своја пасија. „Благодарни сме за оваа исклучителна чест да ги пречекаме членовите на клубот, ентузијасти, кои со гордост ги претставуваа своите миленици, раскажувајќи за поминатите илјадници километри и попатните доживувања со своите семејства и миленикот Спачек, приказни испреплетени со чиста емоција“, Автонова на симболичен начин беше стартно место и за роденденското дефиле, кое продолжи низ улиците на Скопје, привлекувајќи го вниманието на минувачите, заедно со предводникот на најновата гама Citroën C5 X.

Погледнете дел од атмосферата по повод роденденот на култниот Citroën 2 CV, модел кој се темели на главните столбови на марката: популарен, комфорен, едноставен, издржлив и достапен. •

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| АВТО-МОТО

Тест: CHERY FX NOBLE COLOR

АВАНГАРДЕН ПРЕДЛОГ

МОДЕЛОТ FX ЦЕЛИ КОН ПОМЛАДАТА И УРБАНА ПУБЛИКА ШТО НЕПРЕСТАЈНО ТРАГА ПО ВОЗИЛО СО ИЗРАЗЕН ДИЗАЈН, ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА И ТЕХНОЛОГИИ ОД НАЈНОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА.

10 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

Н

ајпрво би сакале барем за момент да ги тргнете на страна сите предрасуди што ги имате за возила кои доаѓаат од Кина, затоа што на производителите на автомобили од оваа земја, им требаше далеку пократок временски период да го достигнат посакуваното ниво на своите возила отколку што тоа им беше потребно на јапонските или корејските марки. Конкурентноста на автомобилите што доаѓаат од Кина повеќе не ја прави само поволната цена, туку и она што се добива за вложеното. За нештата да бидат појасни, на самиот почеток важно е да се знаат и некои основни податоци за куќата која стои зад моделот. Компанијата Chery од своето основање во 1997 година константно вложува во развој и имплементација на најнови технологии. Имено, освен во матична земја, свои развојни центри има на европскиот континент, како и во северна и јужна америка. Во целината се вклучени и 10 фабрики низ целиот свет во кои се произведуваат возила за преку 80 пазари. Покрај соработките со големи играчи од IT секторот, компанијата соработува и со реномирани автомобилски компании. Марката Chery е една од првите која го пробива патот на европскиот континент, со намера да се наметне како бренд што може да ја промени играта, а за тоа голема улога игра авангардниот кросовер FX.

АВАНГАРДНА СТАВА

Еден од главните аспекти на Chery FX, секако е неговиот впечатлив екстериер. Обликот е инспириран од концептот „уметност во движење“ со кој се истакнува неговата впечатлива и авангардната линија со исклучителен стил. Воедно, преку него се сплотува естетиката и функционалноста на несекојдневно хармоничен начин во футуристички кросовер модел кој не може да помине незабележан. На предниот дел доминантна улога игра масивната предна решетка со тридимензионален облик во дијамантски терк над чии крајни рабови се сместени тенките дневни светла. Светлосните групи се одвоени и се сместени подолу во маската. Силуетата го открива слегувачкиот-лебдечки покрив што е задолжен за трендовскиот „купе“ облик и неколку црвени елементи кои го подигаат визуелниот ефект. На задниот дел погледот го привлекува големиот спојлер кој е изведен во две нивоа. Дизајнерскиот тим и тука играл со колоритот, горниот дел е изведен во сјајна црна боја, додека понискиот дел е акцентиран со црвена нијанса. Од кој било агол, Chery FX е визуелно впечатливо возило кое привлекува големо внимание, иако не ги следи „правилата на игра“ што ги поставија некои од неговите ривали, несомнено изгледа динамично, особено во двобојна комбинација на надворешноста како што е и тесттираниот примерок.

ВИСОКО НИВО НА НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ

Во внатрешноста Chery FX продолжува со истата комбинација на стил и функционалност која е применета и на надворешноста. Ентериерот е исклучително добро и модерно дизајниран, а се забележува и големото внимание посветено на деталите и квалитетот на употребените материјали. Овде, оние со остро око ќе ги забележат дизајнерските потези кои прецизно ги следат луксузните автомобилски брендови. Показателот доаѓа во форма од 10,25 инчен екран на допир задолжен за „инфотејмнет системот“ и 10,25 инчен дигитален кластер пред возачот. Екраните со висока резолуција се интегрирани во една целина и го дополнуваат авангардниот дизајн што треба да обезбеди одредена индивидуалност. Во делот од новите технологии се и двете позиции на централниот гребен за одлагање на мобилните телефони кои во исто време овозможуваат и нивно безжично полнење. Поврзувањето со системот е без употреба на кабли, а пресликувањето на вашиот Apple или Android уред нема да трае повеќе од 30 секунди. Доколку не сакате да ги одвоите рацете од управувачот виртуелниот асистент е секогаш на располагање, со повикување ,,Hey Chery“. Изненадува неговото препознавање на глас, брзина на реакција и можност за управување со посложени функции... систем кој е еден од ретките што сме ги користеле, а не затаил во некоја команда! Возачот и патниците целосно уживаат во сите опции за комфор и удобност, како што е акустиката на Sony со 8 звучници, амбиентално осветлување во повеќе нијанси... Па така Chery FX со должина од 4.400 мм. ширина од 1.830 мм и висина од 1.588 мм. нуди дарежлив внатрешен простор. И не само на предните седишта, туку и на задниот дел каде возрасни лица со висина од 180 см ќе имаат доволно простор за нозете и соодветен простор за главата зад возач со иста висина. Багажникот е со зафатнина од околу 380 литри, што е просечно за сегментот и доволно за едно четиричлено семејство. Доколку е потребно да транспортирате погабаритни предмети, неговиот волумен може да се зголеми до 1.026 литри со преклопени задни седишта.

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО

РАФИНИРАН СОПАТНИК

Компанијата Chery кај своите модели нуди само една моторна опција. Станува збор за 4 цилиндричен турбо бензински мотор кој од 1.6 литарска зафатнина испорачува излезна моќност од 186 КС при 5.500 вртежи во минута и солидни 275 Нм влечна сила во опсег од 2.000 вртежи во минута и 4.400 врт/мин. Моторот е поврзан со седумстепен автоматски менувач (7DCT), производ на Getrag со двојна спојка што ја испраќа силата на предните тркала. Во склоп со него работат и трите режими за возење „нормал“, „еко“ и „спорт“ достапни да обезбедат непречено задоволство во секоја прилика. За забрзување до 100 км/ч потребни се солидни 7,8 секунди, а максималната брзина е округли 206 км/ч. За секои 100 изминати километри на FX му се потребни 8.2 литри гориво, што е податок кој често се сретнува и кај конкуренцијата. Возните карактеристики се умерено динамични што е разбирливо ако се земат во предвид габаритите, пониската поставеност од коловозот и тежината на моделот FX. Да нема забуни,

12 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

МОТОР:

ЧЕТИРЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБОБЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА:

1.598 СМ3

МОЌНОСТ НА АГРЕГАТОТ:

186 КС при 5.500 врт/мин

МЕНУВАЧ:

7 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ПОТПИРАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTILINK

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 215/55 R18, ПОЗАДИ 215/55 R18

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.444 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:

4.400Х1.830Х1.588 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

7.8 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

7.1 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

206 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:

33.400 ЕВРА

тука не зборуваме за спортист, но доколку се вози во спортски мод знае навистина да „потегне“. Зад управувачот делува доста спретно и дозволува динамично темпо. Свиоците не претставуваат проблем, благодарение на покрутата суспензијата. На отворен пат, пак, делува доста сталожен и смирен, што го прави идеален сопатник и на подолги релации. Добрата изолација на кабината ја дополнува целокупната рафинираност на возилото. На сето тоа треба да се додат и низа напредни системи за помош (ADAS) кои се грижат за максимална безбедност на возачот и сопатниците. Во Chery истакнуваат дека моделот FX е олицетворение на иднината што допрва треба да ја лансира компанијата во нова димензија. Ние би додале дека е одличен избор за оние кои бараат автомобил полн со стил, комфор и технологија. Неговата надворешност и ентериер се производ на модерните текови што го прави особено привлечен, додека напредните технологии и перформансите го ставаат во фокусот на современите возачи. • Данчо Здравковски


11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АВТО-МОТО

Претставуваме BENTLEY SPEED SIX

ВРАЌАЊЕ ОД СЛАВНОТО МИНАТО SPEED SIX ПРЕТСТАВУВА ПАРЧЕ МОДЕРНА ИСТОРИЈА СО КОЕ BENTLEY НЕ ВРАЌА 93 ГОДИНИ НАНАЗАД И НЕ ПОТСЕТУВА НА СВОЕТО СЛАВНО ТРКАЧКО МИНАТО И ДОМИНАЦИЈАТА НА ТРКИТЕ НА 24 ЧАСА ЛЕ МАН. УСПЕХ КОЈ НЕ БИЛ НАДМИНАТ БЕЗМАЛКУ 30 ГОДИНИ.

B

entley е единствениот производител на автомобили кој има храброст да се врати 93 години наназад и пред светот да прикаже сосем нов модел изграден според оригиналниот дизајн и нацртите од минатото. Славната марка се одважи да го изгради наново најуспешниот и најзначајниот тркач во својата историја моделот Bentley Speed Six кој палеше и жареше на трките на Леман во 1929 и 1930 година. Нема двојби дека Speed Six се смета за најзначајниот Bentley во историјата. Токму затоа производителот од Кру одлучи да го воскресне. Од Bentley се децидни дека Speed Six не е само уште една реплика туку сосема нов модел изграден според спецификациите идентични на оригиналниот автомобил. Идентичен е и процесот на создавање на автомобилот. Рачно се изработуваат сите елементи и механички склопови: од каросеријата, до моторот и уредувањето на внатрешноста. На овој начин модерниот Speed Six станува сосема нов модел кој ќе продолжи да живее и да ја одржува свежа приказната за големите подвизи на Ле Mан.

ПЛОД НА ОБЕМНО ИСТРАЖУВАЊЕ

При подготовките за создавање на Speed Six ништо не е препуштено на случај од инженерите на Bentley. Обемно истражување е направено за да бидат сигурни дека содржината на новиот Speed Six е точна и автентична со оригиналот. Поточно фокусот на истражувањето бил насочен кон спецификациите и сетапот на оригиналните тркачки

14 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

изведби од трката на 24 часа Леман во 1930 година. Користени се оригиналните технички цртежи, поточно околу 80% од нив кои биле сочувани од историската фондација на Bentley. Понатаму создадена е нова техничка документација која се потпира на оригиналните забелешки пишувани од механичарите кои ги изработувале деловите и детално ги опишувале измените кои се направени меѓу трките од 1929 до 1930 година. Дополнително земени се податоци и мерки од оригиналниот модел Bentley Speed Six од 1930 година кој се наоѓа во историскиот музеј на Bentley и, исто така, од оригиналниот тркач од Ле Mан од 1930 година познат како Old Number 3.

УМЕТНИЦИТЕ ОД MULLINER

Специјалното одделение на Bentley, Mulliner кое во минатото било задолжено за изработка на каросериите и на внатрешноста, а денес е оддел за кастомизација добило задача да го реинкарнира духот на 1930-те во новиот модел. За таа цел уметниците на Mulliner прегледувале архиви за да ги најдат оригиналните нијанси на бои за каросеријата и нијансите на кожата во ентериерот заедно со деталите од специфичните украси во кабината. Откако биле собрани сите информации почнат е проектот за изработка на првиот модерен Speed Six. Автомобилот е целосно создаден во погоните на Mulliner. Изработката е рачна. Претежно се


АВТО-МОТО |

километри минати на патека каде ќе се проверуваат издржливоста и функционалноста, доколку е потребно, ќе се направат подобрувања на моделите наменети за ретките клиенти. Во овој тест период од шест месеци ќе биде направен уште еден модел именуван како Speed Six Factory Works кој, исто така, ќе остане во сопственост на Bentley. При создавањето на овој модел во одредени фази ќе присуствуваат и клиентите кои тогаш ќе одлучуваат за специфичните детали што ги посакуваат. Така Bentley ќе се осигури дека секој модел ќе биде направен според индивидуалните потреби и желби на клиентот.

ИСТОРИЈАТА НА SPEED SIX И НЕГОВИОТ МОТОР

задржани традиционални методи на изработка кои ги практикуваат искусните мајстори и уметници на занаетот. Секако покрај нив работи и млада генерација на која се пренесуваат големите вештини и која ќе ја продолжи традицијата на Bentley. Затоа готовиот автомобил претставува ремек-дело лакирано во оригиналната нијанса на Parsons Napier Green боја и ентериер целосно изработен во кожа со оригиналната нијанса на окер боја. Изработката траела десет месеци, а резултатот е блескав. Моделот е наречен Speed Six Car Zero бидејќи е нултиот автомобил кој треба да послужи како лабораторија за тестирање и ќе остане во сопственост на музејот на Bentley. Врз основа на искуствата добиени низ 35.000 километри возење во секакви услови и 8.000

Speed Six важи за најуспешниот тркач на Bentley во историјата на марката кој победувал на трката на 24 часа Ле Mан во 1929 и 1930 година со возачите Вулф Барнато, Сер Хенри Тим Биркин и Глен Кидстон. Приказната за Speed Six почнува во 1928 година со конструкција на спортска шасија за докажаниот 6½ литарски линиски шест цилиндричен мотор на Bentley. Моторот со цилиндри со дијаметар од 100 mm и од на клипот од 140 mm, и со карбуратор на Smiths со пет млазници и компресија од 4,4:1 испорачувал 110 kW или 150 КС при 3.500 min-1. Меѓутоа за во Speed Six компресијата е зголемена, поставени се нови брегасти вратила и два SU карбуратори и сето ова резултирало во испорака на 180 КС. Speed Six се нудел со три должини на меѓуоскино растојание: 138 инчи (3.505 mm), 140.5 инчи (3.569 mm), и 152.5 инчи (3.874 mm). Најпопуларна била шасијата од 138 инчи, додека тркачот кој победувал на Ле Mан бил изграден врз шасија од 134 инчи (3.403 mm).

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АВТО-МОТО

Моторот за тркачката изведба на Speed Six бил уште понавиен. Имал компресија од 6,1:1 и испорачувал 200 КС. Со него во 1929 година Bentley поставил репер за доминација на трката на 24 часа Ле Ман. Возен од Барнато и Биркин на оваа трка Speed Six водел непрекинато од старт до цел, следен од уште три идентични тркачи на Bentley. Биркин поставил рекорд свртувајќи го кругот на патеката за 7:21, или за 46 секунди побрзо од претходниот рекорд, а поставил и репер за просечна брзина од 83 mph или 133,5 km/h. Олку доминантни перформанси на Ле Ман не биле видени дури во наредните 30 години што е достигнување вредно за почит. При создавање на новиот линиски шест цилиндричен 6½ литарец според тркачка спецификација инженерите на Bentley морале да изработат преку 600 делови кои секако биле склопени рачно од врвните мајстори во Кру. Поставен на тест клупа новиот мотор истуркал 205 КС што е за 5 КС повеќе од оригиналот. Зголемената моќност е долг на модерните материјали и потесните толеранции. После наведениот тест период Bentley се обврзува да направи само 12 примероци од модерниот Speed Six. И, доколку некој сака да го поседува ова парче модерна историја нека не брза. Секој од овие 12 примероци веќе има сопственик. Bentley тајно го понудил на своите најверни клиенти и тие набрзина ја разграбале серијата без да прашаат за цена. • Љубомир Анастасовски

16 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


01.11-15.12.2023

ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ 02/3181-181

АМСМ Скопје - Центар | АМСМ Велес | Кичево www.amsm.mk 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АВТО-МОТО

Саем за автомобили Женева 2023

ЖЕНЕВСКИОТ САЛОН ЗА АВТОМОБИЛИ НА ГОСТИ ВО КАТАР ПАУЗАТА ИЛИ ОДМОРОТ, ТРАЕШЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ, ОД 2020 НАВАМУ, А ГОДИНАВА ОРГАНИЗАТОРОТ РЕШИ ИЗЛОЖБАТА ДА ЈА ПРЕСЕЛИ НА ДРУГ КОНТИНЕНТ ВО ДРЖАВА ОДДАЛЕЧЕНА ОКОЛУ 5.500 КМ. ТАКА И БИДНА. КАТАР СЕ ЈАВИ КАКО КАНДИДАТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИОТ САЕМ И ПОНУДАТА БЕШЕ ПРИФАТЕНА.

П

ред да почнеме со сторијата за автомобилската изложба одржана есенва во Катар, да разјасниме неколку непознати работи за и околу тие саемски манифестации. Во годините зад нас настана вистинска мешаница околу тие саемски манифестации. Едни ги откажуваа, други ги одложуваа, а трети, пак, имаа проблем со недоаѓање на изложувачите. Темелите на саемските манифестации почнаа да се нишаат пред околу 15 - 20 год. Најнапред некој од традиционалните изложувачи ќе откажеше присуство, но ништо страшно, се можеше и без него. Меѓутоа како времето одминуваше така тие традиционални изложувачи почнаа сè почесто да го откажуваат доаѓањето, а како причина за таквиот чекор, најчесто беше спомнувано „слабата продажба“. Овој чинител наречен „слаба продажба“ или „пад на продажбата“ започна некаде кој крајот на минатиот и почетокот од овој век кога големите автомобилски компании се пожалија на светскиот пад во автомобилската индустрија.

18 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Тогашната лоша продажба на автомобилите предизвика неколку ланчани реакции, како зголемување на цените на автомобилите, намалување на средствата за рекламирање, а во нив спаѓаат и тие за присуство на саемите. На некои изложби не учествуваа скоро по 10 производители и како капак на сè, дојде вирусот и светот се затвори. Никој не веруваше дека Женева ќе ги затвори вратите четири пати по ред. Замислете, кремот на автомобилските изложби да не знае што ќе прави во иднина. Големиот Џовани Ањели долго време беше во право кога во една пригода му кажал на тогашниот главен на Палекспо, „можно е сите саемски манифестации да се затворат, но не и оваа во Женева“. Денес тоа не е така, Џ. Ањели згрешил со своите претпоставки, Женева падна и сè уште не може да закрепне. Откако објави дека и во 2023 год. нема да се одржи саемот, Катар се јави да помогне со тоа што ќе ја пресели изложбата на негово тло. Така и бидна. Од 5, односно 7 до 14 октомври Катар беше во фокусот на 1.000 новинари и 200.000 посетители од целиот свет. Така вели организаторот. На саемот покрај новите автомобили беа изложени и старовремските класици, потоа по некој павилјон со дигитални играчки, оддел (патека) за возење на некои автомобили итн. Сепак сето тоа не беше доволно за бројот на посетители да се искачи на најмалку пола милион. Изложба од светки размери, но организирана во малку поинакво опкружување и со поинаква организација. Не е тоа што беше порано, но подобро нешто отколку ништо. На површина поголема од 10.000 м2 беа присутни 31 марка: Ауди, БМВ, Чери, Дефендер, Делаж, Ентоп, Ексид, Формакар, Инфинити, Јаеку, Јагуар, Киа, Ламборџини, Лазарет, Лексус, Луцид Моторс, Линк & Ко, Мекларен, Мерцедес - Бенц, Мини, Нисан, Омода, Порше, Ренџ Ровер, Ровелвер, Силк Спортс Кар (Силк - ФАБ), Тетво, Тојота, Винфаст, Фолксваген. Спомнативе изложија 29 регионални и 12 светски премиери.


АВТО-МОТО |

Ова беше прв излет на саемот надвор од Женева. До овој настан манифестацијата се одржувала на едно место почнувајќи од 1905 година. Женевскиот салон за автомобили уште отсега го најавува наредното издание, а ќе се одржи на почеток од следната година, односно од 26 февруари до 3 март. Се надеваме овој пат изложбата ќе се одржи, поточно нема да биде одложена. Мала измена во новинарските денови. Досега беа два, а наредната година само еден - 26 февруари е ден за новинарите, 27 февруари е вип ден, а за посетителите вратите ќе бидат отворен на 28 истиот месец. • Жарко Атанасоски

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| АВТО-МОТО

Претставуваме ASTON MARTIN VALOUR

110 ГОДИНИ АВТОМОБИЛСКИ СПЕКТАКЛ VALOUR E НАЈДОБРОТО ОД ASTON MARTIN, И ОД МИНАТОТО И ОД СЕГАШНОСТА, И ПРЕТСТАВУВА ПРОТИВОТРОВ ЗА ИДЕЈАТА ДА СЕ СОЗДАВААТ АВТОМОБИЛИ КОИ СЕ ТРУДАТ ДА ГО ИЗОЛИРААТ ВОЗАЧОТ ОД ВОЗЕЊЕТО.

20 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

Д

а се знае како да се прослават 110 години постоење е умешност со која владеат оние што важат за посебни. Во оваа ретка група гордо стои името на легендарната британска марка Aston Martin, за која без двоумење може да се заклучи дека гравитира кон врвот. Доказ за умешноста на Aston Martin во создавање на автомобилска ексклузивност е славеничкиот модел Valour чија продукција во чест на прославата ќе биде ограничена. Зад името Vаlour се сокрива ретка ѕверка преку која во Aston Martin на достоен начин оддаваат почит на едно славно минато поткрепено од долгата традиција на создавање на безвременски модели, по кои сè уште се копнее како да се во цутот на младоста.

БРИТАНСКА ИКОНА

Годинава навршуваат 110 години од поставувањето на партнерство меѓу британскиот бизнисмен Лајонел Мартин и инженерот Роберт Бемфорд. Партнерство резултирало во создавање на компанијата Aston Martin Lagonda од коja произлегол првиот модел на Aston Martin и иницирал повеќе од еден век автомобилска спектакуларност поткрепена од иновации и тркачки успеси. Името Aston Martin почнува да се врзува со ексклузивни спортски автомобили во текот на 1950-те и 1960-те години кои се појавуваат откако во 1947 година компанијата ја презема британскиот индустријалец Дејвид Браун. Славата започнува кога се појавува серијата на Гран-тур модели под ознаката DB која доаѓа од иницијалите на сопственикот и сè уште се користи. Прв на сцена стапува моделот DB4, а потоа неговата подобрена варијанта DB5 која се појавува на филмското платно во 1964 години во филмот за измислениот шпион Џејмс Бонд насловен како „Goldfinger”. Управуван од актерот Шон Конери, Aston Martin DB5 преку ноќ станува статусен симбол. Оттогаш, спортските автомобили на Aston Martin се сметат за британска културна икона. Токму на врвот од оваа јагма која владее по Aston Martin застанува славеничкиот модел Valour.

ИНСПИРИРАН ОД БОГАТО НАСЛЕДСТВО

Aston Martin Valour е автомобил чија лоза влече длабоки корени врзани за низа модели од минатото. Тежнее да стане модерна икона која го спојува класичниот карактер со современи линии. Инспириран е од дизајнот на оригиналниот V8 Vantage од 1977 година, од неговата тркачка варијанта RHAM/1 „Muncher” создадена за трките на издржливост на Ле Ман, и од V600 Vantage од 1998 годинa чиј V8 благодарение на двата механички компресори туркаше 600 КС и во тоа време важеше за најмоќниот сериски автомобил на светот. Valour е едно современо ремек-дело со беспрекорен дизајн и изведба кои потсетуваат на ексклузивниот One-77. Од друга страна, исклучително возачки ориентираниот карактер го врзува со уникатниот модел Victor изграден врз монокок од карбон-фибер на One-77, но со рачен менувач и 836 КС извлечени од атмосферскиот 7.3 литарски V12. Valour, пак, е изграден врз просторната алуминиумска шасија од модерниот V12 Vantage, но со дополнителни зајакнувања за поголема торзиска цврстина и со 5.2 литарскиот битурбо V12, исто така, спарен со рачен менувач.

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| АВТО-МОТО

НЕЗАУЗДАНА МОЌ

Техниката со која е наполнет Valour сама по себе го буди возачкиот апетит. Посебно кога ќе се разбере дека моќноста на моторот V12 од 5.2 литри е подигната на 715 КС, а вртежниот момент на 753 Nm, и за првпат е спарен со шест-степен мануелен менувач. Со мотор поставен напред-централно во шасијата, рачен менувач и погон на задна оска Velour ги ужива сите предиспозиции да стане пантеон на најдобрите возачки настроени автомобили на сите времиња. Влечејќи корист од единствената калибрација на моторот и менувачот, масивната моќност на Valour е незауздана, и му нуди на возачот полна снага и потполна контрола во секој степен на пренос. Механичкиот диференцијал со ограничено пролизгување го подобрува чувството за директна врска меѓу автомобилот и возачот. Секако, задолжена за зголемена безбедност контролата на тракција и стабилност доаѓа на помош, но само кога сите средства се исцрпени. Високата возна динамика доаѓа од специјално сетираното активно потпирање со адаптибилни амортизери. Пружините и стабилизаторите се посебно скроени само за Velour. Целосно е модификувана и геометријата на тркалата која обезбедува попрецизно водење низ свијоци и подобрена рафинираност при впивање на ударите. Новото управување на кое е посветено многу време за калибрација му овозможува на возачот прецизна контрола и директна врска со предните тркала, како и мисловно брз одзив и на најмало свртување на волан. Благодарение на стандардните карбон-керамички дискови Valour има и повеќе од доволно голема сопирачка моќ. Напред работат вентилирачки и бушени дискови од 410 x 38 mm кои ги зафаќаат шест-клипни сопирачки клешти. Одзади дисковите имаат димензија 360 x 23 mm и четири-клипни клешти. Сопирачките имаат стабилна сопирачка сила дури и на патека кога температурите на загревање достигнуваат и до 800°С. Така му нудат на возачот да го истражува целосниот потенцијал на Valour со прецизна контрола и максимална доверба. Прекрасно дизајнираните бандажи од лесен метал кои наликуваат на пчелино саќе и се изработени со постапка на ковање. Обуени се во последната генерација на AML спецификацијата на гумите на Michelin, Pilot Sport S 5, со димензии 275/35 R21 напред и 325/30 R21 назад.

УНИКАТНО УРЕДУВАЊЕ

Кабината на Velour е приказна за себе. Во неа подеднакво е претставена прославата на 110 годишнината преку комбинации кои ги определува тимот на дизајнери на Aston Martin, но може по свој терк да ја уреди и купувачот. На пример, традиционалниот британски волнен твид инспириран од покривките на седиштата од победникот на Ле Ман DBR1 од 1959 година совршено е вклопен во тркачките школки од лакиран карбон-фибер. Вклопен со лакираниот алуминиум на вратите и на централниот гребен лакираниот карбон фибер дополнително ја нагласува ексклузивноста на ентериерот. Ексклузивен може да биде и екстериерот. Каросеријата на Valour е поделена во четири сегменти: предница, хауба, страници и задник. Купувачот може да избере од огромната лепеза на рачно извлечени обоени линии и графички дизајн кои можат да бидат додадени на една од 21 специфично измешани бои. Купувачот што ќе побара дополнително персонализирање ќе биде префрлен во одделот Q чија дејност е токму персонализирање на моделите на Aston Martin. Во чест на 110 годишнината од основањето на марката Valour ќе биде произведен во ограничена серија од 110 примероци. Целата продукција е веќе распродадена. Цената иако од Aston Martin не ја објавуваат се проценува на вредност од преку 1 милион фунти. • Љубомир Анастасовски

22 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


“Motivate your employees with our HR software” motiv8.semos.mk Motiv8 е интегрирано решение кое има интуитивен кориснички интерфејс и овозможува собирање и поврзување на податоци за целиот работен циклус на еден вработен, креирање на евиденција на ресурси на организацијата и нивна обработка.

За повеќе информации за модулите и бенефициите од користењето на софтверот за правување со човечки ресурси Motiv8, контактирајте не на: hr@semos.com.mk

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


| АМСМ

ФИА Регија 1

ПИРЕЛИ – ЕДИНСТВЕН ДОБАВУВАЧ НА ГУМИ ЗА ФОРМУЛА 1 ЗА 2025-2027 ФИА ПОТВРДИ ДЕКА СВЕТСКИОТ СОВЕТ ЗА МОТОРНИ СПОРТОВИ ЈА ОДОБРИ ПРЕПОРАКАТА НА НОСИТЕЛОТ НА КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО ФОРМУЛА 1, ДА ГО ИЗБЕРЕ ПИРЕЛИ КАКО ЕДИНСТВЕН СНАБДУВАЧ НА ГУМИ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО ФОРМУЛА 1 НА ФИА ЗА 2025-2027 ГОДИНА, СО ОПЦИЈА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УШТЕ ЕДНА ДОПОЛНИТЕЛНА ГОДИНА.

П

ирели, исто така, ќе ги снабдува ФИА шампионатите Формула 2 и ФИА Формула 3 за тој период, осигурувајќи дека младите возачи го добиваат најрелевантното можно искуство за да ги усовршат своите вештини и да се подготват за иднината во елитното натпреварување во Формула 1. Оваа објава следува по деталната техничка анализа на пријавите во тендерската постапка. Целите поставени за време на тендерот беа договорени преку консултации со носителите на комерцијални права и тимовите, и дизајнирани се за да обезбедат широк работен опсег, да го минимизираат прегревањето и да имаат ниска деградација, истовремено создавајќи можност за варијација во стратегијата. Одржливоста на животната средина влијаеше значително на техничките барања поставени од ФИА, а Пирели покажа најдобра практика и иновација во поглед на животниот циклус на гумите. Првпат, почнувајќи од 2024 година, сите гуми што се користат во настаните од Светскиот шампионат во Формула 1 на ФИА ќе бидат FSC®-сертифицирани (Forest Stewardship Council®). Оваа иновација и посветеност за поставување стандарди за еколошката одржливост се од клучно значење за иднината на спортот и на сите негови чинители.

24 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, рече: „Пирели работи на врвно ниво на моторниот спорт многу години и сигурен сум дека тие ќе продолжат да испорачуваат иновации и извонредност на светската сцена. Формула 1 е уникатен предизвик за набавувачот на гуми, а Пирели покажа голема посветеност на производството на гуми што ги задоволуваат екстремните барања на овие неверојатни болиди. Би сакал да му се заблагодарам на Пирели за постојаната поддршка на моторниот спорт не само во Формула 1, туку и во многу други првенства и категории на секое ниво. Работата ќе продолжи во наредните години во однос на натамошно унапредување на перформансите и одржливоста, а Пирели се обврза и за двете цели.“ „Среќни сме што ќе продолжиме или ќе бидеме присутни во Формула 1 и нејзините други сродни првенства. Пирели беше таму кога Формула 1 се роди во 1950 година и со ова најново обновување на договорот за снабдување, компанијата сега ќе биде протагонист во период од речиси две децении од ерата на модерната Формула 1. Благодарение на Либерти Медиа и поддршката на ФИА, спортот ужива во извонреден раст и во однос на публиката и во однос на глобалната експанзија, зголемувајќи го бројот на своите следбеници и кај помладите генерации. Иновациите и технологијата се дел од нашето ДНК (на Пирели), а Формула 1 е лабораторија на отворено не само за испробување и тестирање на нови технички решенија, туку и за забрзување на најновите процеси на истражување, развој и производство на гуми. Нашата посветеност на одржливоста е подеднакво важна, како што сведочи и сертификатот FSC што ќе биде воведен во нашите F1 гуми од следната година. Да се биде на врвот на мотоспортот барем до 2027 година е уште една важна вредносна димензија на нашата компанија“, изјави Марко Трончети Провера, извршен потпретседател на Пирели. Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1, рече: „Од враќањето во спортот во 2011 година, Пирели е непроценлив партнер, ја поддржува Формула 1 преку новите генерации на технологија и технички прописи и испорачува гуми за да овозможи фантастични трки за нашите фанови. Посветеноста на компанијата за квалитет, иновации и нивното длабоко познавање на нашиот спорт ќе бидат од витално значење во наредните години бидејќи се приближуваме до нашите нови регулативи во 2026 година, а работата на Пирели е фокусирана на одржливоста, докажана со сертификатот FSC, ќе обезбеди да продолжиме да работиме заедно кон нашата заедничка цел „‘Нето-нула 2030’“. • Благица С. Блажевски


АМСМ |

Проект „DRIVE IN THE MOMENT“

АЛАТКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН КАЈ ВОЗАЧИТЕ СОСЕМА Е СИГУРНО ДЕКА АКО КОРИСТИТЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИТЕ, ИМАТЕ ПРИБЛИЖНО ЧЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМИ ШАНСИ ДА БИДЕТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ОТКОЛКУ ВОЗАЧ КОЈ НЕ КОРИСТИ ТЕЛЕФОН. ОВОЈ РИЗИК Е СЛИЧЕН И КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА „HANDS FREE“, БИДЕЈЌИ КЛУЧЕН ПРОБЛЕМ Е КОГНИТИВНОТО ОДВЛЕКУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО, А НЕ САМО НЕВНИМАНИЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ФИЗИЧКОТО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ. ИСКУШЕНИЕТО ДА СЕ ДРЖИ МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН И ДА СЕ ГЛЕДА И КОРИСТИ ДОДЕКА СЕ ВОЗИ ДЕНЕС Е РЕАЛНО.

Р

асеаното возење е сериозна и растечка закана за безбедноста на патиштата. Со сè почеста употреба на мобилни телефони и брзото воведување на нови комуникациски системи во возилата, овој проблем ескалира до критично ниво во последните години. Знаеме дека лошите навики тешкo се оставаат и затоа, со поддршка од ФИА (Fédération Internationale de l’Automobile) го реализираме проектот „Drive In the Moment“. Проектот се заснова на истражување и бихејвиористички пристап, и е дизајниран за да помогне во прекинување на навиката за користење на мобилен телефон во текот на возењето. Користејќи ја онлајн алатката „Drive In The Moment“ и приспособувајќи

ја неговата имплементација и комуникација на локално ниво, проектот ги таргетира првенствено младите возачи од 18-22 години. Целта на проектот е да се зголеми свеста кај младите возачи за последиците од користење на паметен телефон како една од водечките причини за повреди и смрт на патиштата. Промоцијата на проектот се реализира со поддршка на сите поголеми приватни и државни универзитети и факултети, таргетирајќи повеќе илјади студенти, млади или идни возачи. Повеќе директни промоции со цел запознавање со „Drive In The Moment“ алатката досега се одржани на Универзитет Американ Колеџ Скопје, Европски Универзитет-Скопје, Универзитет Скопје, Економски факултет, ФЕИТ, ФИНКИ, Машински и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје итн. АМСМ како единствена мобилити членка на ФИА од земјава има пристап до ФИА Фондацијата и ФИА грант програмите за поголема безбедност на патиштата. Проектот „Drive In The Moment“ беше еден од избраните проекти за ко-финансирање од страна на ФИА, во конукренција на неколку стотини проекти од различни клубови. • Благица С. Блажевски

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| АМСМ

ДОЧЕКАЈТЕ ЈА НАЈДОБРИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ВАС И ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ Погрижете се за вашето здравје и дочекајте ја зимата подготвени. Со приватното здравствено осигурување обезбедете ги за себе и за своите најблиски најдобрите здравствени услуги. Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци, како: - Здравствена заштита во приватни клиники - Избор на лекар и на клиника - Користење на здравствени услуги без упат од матичен лекар - Договарање на термин кој вам ви одговара - Специјалистички прегледи - Лекови на розев рецепт - Хируршки зафати (операции) - Дијагностички анализи и лабораториски испитувања - Дијагностика и лекување на малигни заболувања Дополнително, а во зависност од вашите потреби, во приватното здравствено осигурување може да се вклучат и гинеколошки, стоматолошки и офталмолошки услуги. Приватното здравствено осигурување важи на територијата на нашата земја и во странство, а може да се склучи како индивидуално, семејно и колективно. Побарајте понуда за приватно здравствено осигурување од осигурителна компанија по ваш избор преку Мобилити Брокер. Услугите на Мобилити Брокер се бесплатни. Повеќе информации и пријавување: 02/3181-240 и 072/228-195

50% ПОПУСТ ЗА ПРОМЕНА И БАЛАНСИРАЊЕ НА НОВИ ПНЕВМАТИЦИ За ваша поголема безбедност на патиштата, пред почетокот на новата сезона, изберете нови зимски пневматици и заштедете! Со купени 4 (четири) нови пневматици од брендовите VOYAGER, FULDA и SAVA, како АМСМ членови добивате 50% попуст на промена и балансирање во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје-Центар. На ваше барање достапни се сите димензии на пневматици. Побарајте понуда за пневматици на servisskopje@amsm.com.mk Повеќе информации на 02/3181-133 | 071/376-569

26 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

ЗИМАТА ПОДГОТВЕНИ ПРОМЕНА НА ПНЕВМАТИЦИ И СЕРВИС НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА НА ВАША ЛОКАЦИЈА Дочекајте ја новата сезона подготвени со премиум сервисните услуги за службени возила на ваша локација. Доаѓаме на ваша локација за сезонска промена на пневматици и сервисирање на вашите службени возила согласно вашите потреби: • Компјутерска дијагностика • Проверка на осветлувањето • Редовен сервис на возилото - Менување масло и филтри - Доставување и проверка на течностите • Испитување на протекувањето на системот за ладење со фреон (клима-уред) • Замена на делови од системот за сопирање (промена на плочките) • Други помали интервенции • Водење сервисна историја • Одржување и сервисирање на пневматиците - Монтирање и демонтирање - Балансирање - Лепење со чеп и со лепенка Премиум сервисните услуги на Вашата локација се извршуваат со мобилното сервисно возило што е приспособено и комплетно опремено за успешна реализација на сите сервисни услуги, во сите годишни времиња. Побарајте понуда за вашата компанија: 02/3181-329

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

Изберете категорија.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПЛАТЕТЕ ОНЛАЈН!

02/3181-240 | 072/228-195

11: 11 a.m.

100%

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


| АМСМ

• Јас сум жител на Охрид, дали можам да извадам меѓународна возачка дозвола во Скопје? За колку време може да се извади дозволата после аплицирање? Благодарам, Славчо

АМСМ: Издавањето на меѓународната возачка

дозвола е во рок од неколку минути. Според законската регулатива се поднесува Барање за издавање на меѓународна возачка дозвола до МВР (во станиците за технички преглед) со приложување на националната возачка дозвола и лична карта. Службеникот на МВР проверува дали има забрана за управување со моторно возило за определена категорија и истотот го заверува. Тоа значи, доколку се покренати прекршочни постапки и за истите Ви се изречени прекршочни санкции и истите се заведени во системот на МВР, односно Ви е изречена забрана за управување со моторно возило за определена категорија Мреѓународна возачка дозвола ќе се издаде за категорија на возило за кое немате забрана. Бидејќи сте од Охрид а услугата сакате да ја извршите во Скопје, Барање за издавање на меѓународна возачка дозвола до МВР го поднесувате во МВР (зграда на МРТВ) да се изврши гореспомената проверка. Документот се заверува од нивна страна и се упатувате кон станицата за технички преглед за издавање на Меѓународна возачка дозвола.

Потребни документи за истата се: 2 (две) фотографии (45 мм х 35 мм), документ за идентификација (лична карта или пасош) и национална возачка дозвола. Важност е 3 (три) години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола. Оваа услуга во Станицата за технички преглед-Чаир, на ул.„Лазо Трповски“ бр.19., е достапна од понеделник до петок од 08,00 до 16,00 и во сабота од 08,00 до 13,00. Цена за истата 1.100,00 денари. Истата услуга можете да ја добиете и во АМСМ-Центар на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.51-Скопје, секој ден во текот на 24 часа. Авто-Мото друштвата во градовите низ Македонија, исто така, ја вршат оваа услуга. • Ме интересира работното време во АМСМ за вадење на зелен картон? Поздрав, Даниела

АМСМ: Работното време за издавање на зелен картон и меѓународни документи е 24 часа во текот на целата година.

• Дали и за нов мотоцикл важи технички преглед на секои 2 години како и за новите автомобили или мора секоја година да се носи на технички? Поздрав, Милорад

АМСМ: Мотоцикл со над 50 см3 се носи секоја година на технички преглед.

• Дали може да се регистрира возило со полномошно доколку сопственикот не е во можност да го направи тоа лично? Ви благодарам, Бане

АМСМ: Доколку во полномошното е наведено

дека важи и за регистрација на возилото нема да има никаков проблем да се регистрира возилото без присуство на сопственикот.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

28 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ | АМСМ |

ЗИМАТА СИГУРНО НИ ДОАЃА САМО ДА НЕ ПРОЛИЗГУВАТЕ - ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ТЕСТОТ ЗА ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ НА ÖAMTC. ДВЕ ДИМЕНЗИИ ЗА КОМПАКТНИ АВТОМОБИЛИ И ТЕРЕНЦИ, 32 МОДЕЛИ НА ГУМИ, ТРИ ЦРВЕНИ КАРТОНИ. Од Гинтер РАУЕКЕР

В

реме е да го погледне профилот на складираните зимски гуми, или, пак, само посетете го вашиот доверлив продавач на гуми. Тестот за зимски пневматици од ÖAMTC и неговите партнерски клубови обезбедува ориентација во џунглата со пневматици. За гумите за студената зимска сезона се поставува широк спектар на барања: Каква корист има доброто држење на снег и мраз ако перформансите на суви или влажни патишта едноставно не се на добро ниво? Но овде не се барани само сеопфатните својства на гумите. Дополнителен аспект претставува еколошкиот биланс, кој ÖAMTC го оценува од минатата година. Безбедноста при возењето и еколошката рамнотежа претставуваат процена со два столба, која сега првпат се користи при тековниот тест за зимски пневматици. Покрај досега собраните критериуми за оценување, како што се километражата, потрошувачката на гориво и бучавата, абењето на гумите (кое

завршува во околината), исто така, во овој тест се оценуваат и одржливоста во производството и загадувачите во составот на гумите. Влијанието врз животната средина претставува 30 проценти од вкупната оценка. ДИМЕНЗИЈА 205/60 R16 ЗА ТЕРЕНЦИ ОД ПОНИСКА СРЕДНА КЛАСА Во основа, од оваа големина на гумата може да се извлече позитивен заклучок. Тест автомобилот, VW T-Roc, може безбедно да се вози и на сув и на влажен коловоз со седум модели на гуми оценети како „добри“, а перформансите во зимски услови, исто така, се во зелениот опсег. Четири модели на гуми постигнаа добри оценки и за безбедноста при возење и за еколошките перформанси: Dunlop, Michelin, Goodyear и Continental. Три модели на гуми не може да блеснат толку многу што се однесува до еколошкиот критериум: Hankook, Bridgestone и Firestone ја постигнуваат

само вкупната оценка „добро“ само врз основа на процентуалната тежина. Оценките на сите три модели на гуми се намалени поради релативно малата километража што ја поминуваат во споредба со теренот за тестирање. Во бројки: за моделот Michelin постигната е километража од околу 53.000 километри, а Bridgestone има постигнато километража помалку од 35.000 километри. Во зависност од вашиот личен профил на возење, треба да се земат предвид и индивидуалните критериуми. Секој што патува многу по автопат ќе се забавува со Dunlop и Michelin. И двете обезбедуваат добра повратна информација за воланот, имаат многу добра стабилност на права линија и прецизно ги спроведуваат сите движења на воланот. На зимските патишта се издвојува Hankook, кој го постигна врвот на тестот под овие услови. BF-Goodrich, Fulda, Kleber, Falken, Barum,

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Vredestein и Uniroyal постигнаа „задоволителна“ оцена. Сите седум модели на гуми не го надминаа задоволителниот рејтинг во однос на безбедноста при возење. Fulda се истакна со најголема километража на тестот - околу 56.000 километри што се очекуваат да ги помине. ДВЕТЕ последни гуми може да се оценат само како „незадоволителни“: Lassa може да постигне добри оценки на влажни и суви патишта, но управувањето на снег

Најважен критериум за безбедност при возење: однесување на влажни коловози.

е несоодветно, а Lassa, исто така, не постигнува задоволителни резултати во растојанието за сопирање и мерењата на влечење - надвор од резултатот. Со Austone е токму спротивното. Обезбедува најдобра ознака на теренот на патишта покриени со снег, но неговите својства на влажно едноставно не се совпаѓаат: има најдолги растојанија на сопирање на влажни патишта и најлоши својства за аквапланинг на теренот за тестирање.

Тест на зимски гуми 2023: Димензија 205/60 R16

Dunlop Winter Sport 5

Michelin Aplin 6

Goodyear UltraGrip 9+

Continental WinterContact TS 870 P

Hankook Winter i*cept RS3

Bridgestone Blizzak LM 005

Firestone Winterhawk 4

BFGoodrich g-Force Winter 2

Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук

C/B/72

C/B/69

C/B/71

C/B/71

C/B/72

C/A/71

D/B/71

D/B/69

Оценка за безбедност при возење 70 %

2,1

2,3

2,3

2,3

2,2

2,1

2,3

2,7

сув терен 30 %

1,9

2,0

2,5

2,5

2,5

2,5

2,5

2,5

влажност 40 %

2,2

2,4

2,1

2,2

2,2

1,8

2,0

2,7

снег 30 %

2,1

2,3

2,2

2,2

1,8

2,2

2,4

2,2 2,4

Евалуација на критериуми

еколошка рамнотежа 30 %

2,3

2,0

2,4

2,5

2,8

3,1

3,0

километража 40 %

2,0

1,6

2,3

2,5

2,8

3,1

3,0

2,5

абење на гумите 20 %

2,1

1,5

2,3

2,2

2,2

2,6

2,8

1,7

ефикасност 20%

2,2

2,1

1,8

2,2

2,0

2,5

2,3

2,3

бучава 10%

3,3

3,1

2,8

2,8

3,0

3,1

2,8

3,0

вкупна оцена одек 10%

3,4

3,0

3,3

3,1

3,2

3,3

3,3

3,1

вкупна оцена 100%

2,2

2,2

2,3

2,4

2,4

2,4

2,5

2,6

Препорака на ÖAMTC

****

****

****

****

****

****

****

***

Continental WinterContact TS870

Michelin Aplin 6

Goodyear UltraGrip 9 Performance +

Dunlop Winter Sport 5

Vredestein Wintrac Pro

Semperit Speed-Grip 5

Hankook Winter i*cept RS3

Giti GitiWinter W2

Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук

C/B/70

D/B/69

D/B/72

D/C/72

D/B/72

D/B/72

D/B/72

D/B/71

сув терен 15%

2,0

2,3

2,3

2,6

2,7

2,8

2,7

2,6

влажност 30%

2,2

2,2

2,1

2,4

2,7

2,5

2,7

2,4

снег 20%

2,0

2,4

2,5

2,6

2,6

2,5

2,0

2,5

мраз 10%

1,9

2,2

2,2

1,9

2,5

2,8

2,1

2,6

звук 5%

2,0

1,8

2,1

1,8

2,3

2,1

2,4

2,9

потрошувачка на гориво 10%

1,3

0,9

1,5

0,9

1,9

1,4

2,2

2,6

абење 10%

2,0

1,7

2,1

2,0

2,0

2,2

2,3

2,8

вкупна оцена 100%

2,2

2,3

1,8

1,7

2,5

2,3

2,3

2,7

вкупна оцена 100%

3,1

3,4

3,5

3,7

3,3

3,4

3,1

3,4

вкупна оцена 100%

3,1

3,0

3,3

3,3

3,5

3,1

3,1

4,1

вкупна оцена 100%

2,0

2,2

2,2

2,4

2,6

2,6

2,6

2,7

Препорака на ÖAMTC

****

****

****

****

***

***

***

***

Тест на зимски гуми 2023: Димензија 225/45 R17

Евалуација на критериуми

30 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |

ДИМЕНЗИЈА 225/45 R17 ЗА КОМПАКТНИ АВТОМОБИЛИ ОД ПОНИСКАТА СРЕДНА КЛАСА

Во тестираната поголема димензија, предностите на процената со два столба стануваат јасни. На прв поглед од четирите гуми оценети како „добри“ може да се види дека Continental е на исто високо ниво и во однос на безбедносните и во однос на еколошките перформанси. Благодарение на многу високата предвидена километража

и најниската абразија, Michelin обезбедува најдобра ознака во еколошката рамнотежа, на исто ниво со Dunlop. Кога станува збор за безбедноста при возење, Goodyear е на исто ниво со Michelin. Иако има најниска километража помеѓу првите четири, тој добива поени во однос на тежината и потрошувачката на гориво. Кај Dunlop се гледа дека има мали слабости во однос на безбедноста, во однос на другите добри гуми, особено на влажен коловоз. Благо-

Тест-возачите не знаат кој модел на гума моментно е поставен на автомобилот.

Препорака на ÖAMTC: *****= извонредни | **** многу препорачливи | *** = препорачливи | ** = препорачливи | * = препорачливи |

Faluda Kristall Control HP 2

Kleber Krisalp HP 3

Falken Eurowinter HS02

Barum Polaris 5

Vredestein Wintrac

Uniroyal WinterExpert

Lassa Snoways 4

Austone Athena S P-901

C/B/72

D/B/69

D/B/69

D/C/72

C/B/70

D/B/72

D/B/69

D/D/72

2,9

3,0

3,1

3,4

3,4

3,3

5,2

5,3

2,4

3,0

2,2

3,4

3,4

3,3

2,5

4,0

2,9

2,6

2,5

2,8

2,5

2,7

2,5

5,3

2,5

2,4

3,1

2,6

2,2

2,5

5,2

1,7

2,0

2,4

2,7

2,3

2,4

2,9

2,7

3,1

1,3

2,5

2,5

2,1

2,3

2,9

2,5

2,7

2,0

1,7

2,4

2,2

1,9

2,9

2,4

2,1

1,9

2,4

2,6

1,9

2,2

2,2

2,6

3,1

3,8

2,8

2,8

3,3

2,7

3,3

2,8

2,7

3,3

3,1

4,1

3,1

3,5

3,1

3,8

4,3

2,6

2,8

3,0

3,1

3,1

3,2

5,2

5,3

***

***

***

***

***

***

*

*

Kumho WinterCraft WP 52

Apollo Aspire XP Winter

Nokian Tyres Wr Snoproof

Pirelli Cinturato Winter 2

Yokohama BluEarth-Winter V906

Sava Eskimo hp 2

Bridgestone Blizzak LM 005

Kormoran Snow

C/B/72

D/B/72

C/B/69

D/B/72

D/B/71

C/C/72

C/A/71

D/C/72

2,7

2,9

3,2

3,3

3,0

3,4

3,2

5,4

2,7

2,7

3,0

3,3

2,9

3,4

2,3

3,9

2,7

2,4

3,2

2,4

2,4

3,2

1,7

5,4

2,3

2,9

3,0

2,3

3,0

2,1

3,2

1,6

2,8

2,6

2,4

2,2

2,9

2,2

3,1

2,0

0,7

1,9

2,3

1,6

2,8

1,8

3,0

1,2

1,8

2,2

2,1

2,3

2,6

2,4

3,1

1,9

2,8

2,6

2,3

2,2

2,6

1,6

2,4

2,2

3,0

3,8

3,1

3,3

3,4

3,9

3,4

3,9

3,9

3,5

3,2

3,0

3,9

3,3

3,3

3,0

2,7

2,8

3,0

3,0

3,0

3,0

3,2

5,4

***

***

***

***

***

***

***

*

Препораката на ÖAMTC и рангирањето на моделите се базира врз вкупната оценка, која беше пресметана од пондерираните поединечни критериуми. Ако моделот постигне оценка полоша од 2,5 во поткритериум, оценката за главниот критериум (безбедност при возење или еколошки перформанси) повеќе не може да биде подобра од оваа оценка. Ако оценката во главниот критериум е полоша од 3,5, вкупната оценка не може да биде подобра од оваа оценка. Ако моделот постигне оценка полоша од 4,5 во поткритериум и под и главниот критериум, а со тоа и вкупната оценка повеќе не може да биде подобра од оваа оценка. Овие правила не важат за поткатегоријата за одржливост. Доколку севкупната оценка е иста, рангирањето се врши по азбучен ред според името на производителот. Индекс на брзина: цело возење H. (до 210 км/ч) Индекс на носивост: за димензија 205: 92 (630 кг); за димензија 225: 91 (615 кг) Пондерирање на критериумите: Безбедност при возење 70 %: суво 30 % (удобност при возење 40 %, управување 40 %, сопирање 20 %), навртки 40 % (сопирање 30 %, надолжно аквапланинг 20 %, попречно аквапланинг 1096, ракување 30 %, странична поддршка 10 %), зима површина на патот 30 % (снег за сопирање 2546, влечен снег 15 %, ракување со снег 40 %, мраз за сопирање 20 %). Еколошка рамнотежа 30 %: километражата 40 %. Повторно абразија 20 %, ефикасност 20 % (потрошувачка на гориво 50 %), шум 10 % (внатрешен шум 50 %, надворешен шум 50 %), одржливост 10 %

***** **** *** ** *

0,6-1,5 1,6-2,5 2,6-3,5 3,6-4,5 4,6-5,5

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ДОБРИ И ЛОШИ ГУМИ КОРИСТЕЈЌИ ГО ПРИМЕРОТ НА „СОПИРАЊЕ НА ВЛАЖЕН АСФАЛТ “ Димензија 205/60 R16

Bridgestone Firestone Michelin Hankook Goodyear Dunlop Continental Falken Kleber Barum Vredestein Uniroyal BFGoodrich Lassa Fulda Austone km/h 0

5

10

15

20

25

30

35

40

Задача што секој може да ја направи во секојдневниот живот: При брзина од 80 км/ч на влажни коловози, неопходно е ненадејно итно сопирање. Со Bridgestone, тест автомобилот запира по 35,2 м, а со Austone VW Golf запирањето трае 10,4 м подолго. Но тоа е само половина од вистината. Графиката покажува: На местото каде што тест автомобилот со гуми Bridgestone застанува, со Austone автомобилот сè уште се движи со брзина од речиси 40 км/ч.

дарение на добрите оценки за километражата и еколошките перформанси, ја обезбедува и оценката „добро“. Единаесет гуми беа оценети како „задоволителни“. Вашиот сопствен возачки профил може да влезе во игра бидејќи има гуми со мали слабости или на суви или влажни или на зимски патишта, но сепак се добри во однос на еколошките перформанси. Меѓу нив е и Semperit, кој е слаб на зимски патишта, или Hankook, кој е слаб на суви патишта.

Vredestein работи добро во однос на еколошките перформанси, но покажува мали слабости и на суви и на влажни коловози. Giti, Kumho и Apollo ја пропуштаат добрата оценка за безбедност при возење и еколошки перформанси, иако во некои случаи само за многу малку. Затоа мора да се прифатат недостатоците и во двете области. Nokian, Pirelli и Sava постигнуваат добар резултат во однос на еколошките перформанси (на сите им се предвидува голема

километража), но малку повеќе се претпазливи за нивната слабост во безбедноста при возење. Yokohama и Bridgestone не само што пропуштаат добар резултат во однос на безбедноста при возење поради нивните слабости на зимски патишта, туку и не постигнуваат повеќе од задоволителен резултат во однос на еколошките перформанси. Bridgestone не само што мора да се задоволи со најниски перформанси на снежни услови на тестот, туку е и на дното според километражата - за него се предвидени околу 36.000 километри. За споредба: Kumho, како најдобар во полето за тестирање, успева речиси двојно подолго околу 64.000 километри. НА КРАЈОТ ОД тестот ќе го најдете Kormoran. Покрај најлошите перформанси на суво (мали повратни информации за воланот, задоцнет одговор на движењата на воланот и рано, сериозно преуправување при ненадејни маневри за избегнување), исто така, ги дава и најлошите својства и резултати на влажни услови на теренот за тестирање. Тестното возило, како и Kormoran, има најдолги растојанија за сопирање на влажен асфалт. На местото каде што веќе стои VW Golf со гумите Hankook, Golf со гумите Kormoran поминува со 36 km/h или, уште полошо, удира во пречка. Kormoran јасно покажува дека не е доволно зимската гума едноставно да се претстави добро на снег. Карактеристиките на возење на суви или влажни коловози се исто толку важни. ЗИМСКА ОПРЕМА Од 1 НОЕМВРИ ДО 15 АПРИЛ е периодот во кој во Австрија се применува ситуационата зимска опрема за автомобили. Во зимски услови на возење, зимските гуми мора да се монтираат на сите четири тркала што се означени со „M+S“ или симболот на снегулката и имаат најмалку четири милиметри шари на гумата. Ова важи и за гумите за сите сезони. Обично непрактична алтернатива се синџирите за снег на погонските тркала, но тие може да се користат само кога има континуиран снег на патот. Преземено од ÖAMTC

Совршените и, пред сè, постојаните услови за тестирање се предуслов за спроведување на тестовите на зимските гуми што ÖAMTC и неговите партнери ги наоѓаат во Ивало на северот на Финска.

32 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


ПОМОШ НА ПАТ

НОВИ ЗИМСКИ ГУМИ ЗА ВАША ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ! VOYAGER FULDA SAVA

ЗИМСКИ ГУМИ ОД ПОГОРЕНАВЕДЕНИТЕ БРЕНДОВИ СЕ ДОСТАПНИ НА ВАШЕ БАРАЊЕ ВО АМСМ СЕРВИСОТ ЗА АВТОМОБИЛИ, ЛОЦИРАН ВО РАМКИТЕ НА АМСМ ЦЕНТАР – СКОПЈЕ.

02/3181-133

www.amsm.mk 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


| СТИЛ

Гастрономија

ГОТВЕЊЕТО КАКО НАУКА И УМЕТНОСТА НА УБАВОТО ЈАДЕЊЕ СЕ РАЗБИРА, ИСТОИМЕНАТА КНИГА ЧИЈ АВТОР Е „ТАТКОТО НА ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА“ - ПЕЛЕГРИНО АРТУЗИ БЕШЕ ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА ИЗБОРОТ НА ТЕМАТА, НО И ЗА НАСЛОВОТ КОЈ САМО ЈА ПОТВРДУВА ВИСТИНАТА ЗА ГАСТРОНОМИЈАТА, СЛЕДСТВЕНО И ГУРМАНИТЕ, СЛАДОКУСЦИТЕ. БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА ШТО ПРВОТО ИЗДАНИЕ БИЛО ОБЈАВЕНО ВО 1891-ВА, НЕГОВАТА АКТУЕЛНОСТ НИКОГАШ НЕ Е ДОВЕДЕНА ВО ПРАШАЊЕ. НАПРОТИВ, ИНТЕРЕСОТ ЗА НЕА Е ГОЛЕМ ИСТО КАКО И ПОРАНО. НЕОДАМНА ИЗЛЕЗЕ И НА МАКЕДОНСКИ.

И

ако поминале 132 години од неговата прва објава, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи и ден-денес се смета за многу важен, значаен готвач, т.е. книга за готвење на модерното време. До 1911-та, кога починал, готвачот бил препечатен дури 13-14 пати, што значи дека претрпел измени. Така и бројот на рецепти се зголемил, од 475 на 790. Книгата продолжува да се објавува, и тоа незапирно - преведена на повеќе јазици, меѓу нив и англиски, француски, холандски, шпански..., од пред кусо време и на македонски.

34 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

„Таткото на италијанската кујна“ всушност е прекарот на Пелегрино Артузи, кој не случајно го добил, а неговата приказна, текот на животот придонел за тоа, секако - во голема мера. Се родил во Форлимпополи, на 4 август 1820-та. Бил единствен син, машко дете во фамилијата. Имал 7 сестри. Татко му Агостино се занимавал со трговија на колонијална стока. По завршувањето на студиите во Бертиноро се придружил кон семејниот бизнис, а упадот на разбојниците во куќата на 25 јануари 1851-ва не само што го оштетил семејството финансиски туку влијаел и на здравствената состојба. Имено, една од неговите сестри - Гертруда морала да биде пренесена во психијатриска болница поради стравот кој го претрпела. Наредната година, кога Пелегрино наполнил 32, фамилијата се преселила во Тоскана каде што ги продолжила работните обврски, активностите. Подоцна го променил местото на живеење, во Фиренца. Таму и умрел, на 91-годишна возраст, во 1911-та. Врската со родното место не ја запоставил во ниеден момент. И покрај тоа што живеел богато, книжевноста и гурманството биле негови страсти. Важел за голем сладокусец, мераклија. Сомневањата дека некогаш запалил оган за да зготви нешто, допрел кујнски прибор се оправдани, но сепак тој успеал да напише книга што не била наменета за лицата кои се занимавале со готвењето како професија, што било вообичаено за 19 век, туку за домаќинките, нивните помошнички..., сите кои правеле јадења за потесното семејство на своите огништа, припадниците на средната класа.


СТИЛ |

„ТОА ШТО ЗАСЕКОГАШ ОСТАНУВА ОД ИТАЛИЈА Е ДАНТЕ, ПИНОКИО, ШПАГЕТИТЕ И КНИГАТА НА ПЕЛЕГРИНО АРТУЗИ“

Пред „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ (итал. La scienza in cucina e l’arte di mangiar bene), пишувал биографски податоци за Николо (Уго) Фосколо и опсервации на триесетте писма од Џузепе Џусти (италијански поет и сатиричар) на своја одговорност, без голем успех. Но готвачот бил нешто сосем друго. Слободата на совеста се исплатела. Согласно можностите на типографот Алберто Ланди, го испечатил во 1.000 примероци. Тогаш имал 71 година. Италија се наоѓала во фаза на обединување. Големиот интерес кој го побудил се мерел со помамата што ја предизвикала новелата за деца на Карло Колоди - „Пинокио“, вклучително и „Свршеницата“ од Алесандро Манѕони. Во годините до неговата смрт (1911-та) се ширел по обем. Го објавувал дури 1314 пати. До 1831-ва, бројот на изданија се зголемил на 32. Првично имал 475 рецепти, а денес брои 790. Меѓу нив и упатства за начинот на приготвувањето на десерти, ликери, сладоледи, џемови.

Храната за слаби желудници, вклучително и предлог-менито за ручек во сите 12 месеци од календарската година е полн погодок, исто како и начинот на кој Артузи му се обраќа на читателот, проникнат со хумор и ноншалантност - чисто пријателски. Несомнената смисла за дидактика ја покажува секаде, вклучително и во анегдотите кои се дел од повеќето рецепти, врзани со личното искуство, не пропуштајќи да ја спомене и важноста на некои јадења. Историската, пред сè. Истовремено го прикажува и духот на едно изминато време, сликовито. Готвачот и ден-денес го има во кујната на речиси секоја италијанска фамилија, по чии рецепти се прават јадења не само во обичните денови туку и за време на празниците Нова година,

Извадок од книгата за готвење ПРЕДЛОГ-МЕНИ ЗА РУЧЕК ВО НОЕМВРИ I - Супи и тестенини: Макарони на француски начин или чорба со сос од месо. Динстано: Дива патка со прилог од цели зрна леќа или раштан. Ладно јадење: Леб со зајачко. Зеленчук: Карфиол со бешамел или солена пита „сформато“ од карфиол. Печено месо: „Сфилетато“ со тартуфи. Десерт: „Сформато“ од пишкоти со ѕабајоне крем. Ледено желе од портокал. Овошје и сирење: Круши, јаболка, портокали и суво овошје. II - Супи и тестенини: Тортелини со месо од див гулаб, чорба од тиква печенка. Предјадење: Кростини со тартуфи. Варено месо: Ролован свински колбас. Зеленчук: Солена пита „сформато“ од спанаќ или со морач. Печено месо: Печено свинско филе или месо од птици. Десерт: Презниц колач. Изненадување од пастичо или „Сформато“ од пишкоти со ѕабајоне крем. Овошје и сирење: Круши, јаболка, мандарини и суво овошје. Божиќ, Богојавление, Велигден (заедно со велигденските пости), Духовден, Голема Богородица, Мала Богородица итн. Мноштвото се приготвува традиционално, како во одамнешните времиња, некои пак се изменети, но суштината е запазена, нивните есенцијални вредности. Не случајно Мариета Сабатини, десната рака на Пелегрино Артузи, во интервјуто за „Ла кучина италијана“ во 1932-ра го нарекла Данте, кога се работи за италијанската кујна, познат и како нејзин „татко“. Од друга страна, пак, литературниот критичар (во исто време и писател, редактор, новинар) Џузепе Прецолини, откако се вратил од егзил во Швајцарија, изјавил дека тоа што засекогаш останува од Италија е Данте, Пинокио, шпагетите и секако, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи. Преводите на неколку јазици се уште една потврда за неговите добри, позитивни својства. Неодамна излезе и на македонски, а изданието е прво во целото соседство. • Игор Ландсберг

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| ПАТУВАЊЕ

Сентандреја

ВО ДУХОТ НА МЕДИТЕРАНОТ, СРПСКАТА ИСТОРИЈА, УМЕТНОСТА... УНГАРСКОТО ГРАТЧЕ КОЕ ГИ ПЛЕНИ БУКВАЛНО СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ, БЕЗ ОГЛЕД НА КРАТКОТРАЈНИОТ ПРЕСТОЈ БИДЕЈЌИ ПОГОЛЕМИОТ БРОЈ СЕ ВИКЕНДАШИ, ТУРИСТИ ЧИЕ ОДРЕДИШТЕ СЕКАКО Е БУДИМПЕШТА, ВО ГОЛЕМА МЕРА И ОД ПОРАНЕШНИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ РЕПУБЛИКИ, БЛАГОДАРЕЈЌИ НА СВОЈОТ ШАРМ КОЈ ПРОИЗЛЕГУВА ОД СИМПАТИЧНАТА КОМБИНАЦИЈА НА МЕДИТЕРАНСКИОТ НАЧИН, СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ, СРПСКАТА ИСТОРИЈА, УМЕТНОСТА..., ОДАМНА СЕ НАОЃА ВО БЕДЕКЕРИТЕ НА СРЕДНОЕВРОПСКАТА ДРЖАВА И НЕЈЗИНАТА МЕТРОПОЛА, ШТО НИКАКО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАОБИКОЛИ.

36 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

С

ентендре или Сентандреја, како што го нарекуваат жителите на поранешните југословенски републики, важи за туристичко место чија посетеност навистина е голема и поради близината, односно малата оддалеченост од Будимпешта, но сепак и неговата привлечност која резултира од амбиенталниот колорит, градбите во стилот на барокот чијашто китност е својствена и за рачните изработки на месните занаетчии, вклучително и слатките од бадем и шеќер (марципан) во локалната мануфактура, секако - испреплетени со духот на Медитеранот чија вибрација се чувствува речиси на секое место, исто како и српската историја, вклучително и уметноста. Не случајно гратчето е омилено собиралиште на уметниците отсекаде, нивен меркез каде што слободата на волјата се отсликува меѓу другото и во креативните човечки дејствија, изложените предмети во музеите и останатите храмови на културата, па и црквите кои сведочат за религиозниот живот на граѓаните. А угостителските објекти, пак, во кои се послужуваат севозможни деликатеси, пред сè традиционални, раскажуваат инаква приказна - хедонистичка. Будимпештаните за време на викендите се пре-


ПАТУВАЊЕ |

пуштаат на мераклиските работи, заедно со месното население, уживајќи во домашната кујна. И странските туристи, се разбира. Боемите, оние што живеат неконвенционално. Се чини дека ликовните уметници, артистите се и најбројни. Всушност, првичниот впечаток е таков. Нема дилема, во комбинација на вино, исто така направено дома, на муабетите често не им се гледа крајот. Долгите разговори неретко знаат да се претворат во маратони, со различна тематика. Сепак, доминантни се темите врзани со уметноста, каква и да е, не пропуштајќи да се дискутира и за минатото, историјата на Сентендре, убавините со кои располага и секако, инспирира.

Штом ќе пристигнете, додека се приближувате до главниот плоштад, сигурно ќе ги забележите камените плочи, таблите на кои називите, имињата на уличките, црквите се напишани на кирилица. Причината е добро позната. Имено, бегајќи од Турците за време на Отоманската Империја, во заспаното средновековно гратче, какво што било некогаш, се доселиле и многу Срби, освен Далматинци, Грци... Благодарејќи на Хабсбурговецот - Леополд Први, се стекнале со потполна слобода, и граѓанска и верска. Имиграцијата започнала на крајот на 17 век, а веќе во почетокот на 18-тиот, кога Сентандреја процутела, се попишале дури 6.000 српски доселеници.

Сентандреја

ПРОЦУТОТ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА МАСОВНАТА ИМИГРАЦИЈА ВО ДАЛЕЧНОТО МИНАТО

Гратчето нема ни 30.000 жители, спокојството му е најголема одлика - душевниот мир ќе го почувствувате и во муабетењето со нив, а тишината само го надополнува. Многумина ќе ви кажат дека смиреноста е резултат и на Дунав што минува покрај него, канализирајќи ја енергијата, се разбира - во добар правец. А, меѓу предимствата на реката секако е и можноста да се плови, бродскиот превоз, транспортот на патниците од Будимпешта до Сентандреја и обратно. Благодарение на него, видикот не само што е широк туку и преубав, оттаму и незаборавен. Досегнува далеку, опфаќајќи го и поголемиот дел од истоимениот остров кој се протега во должина од 30-тина километри. Бродовите сообраќаат напролет и налето, меѓу април и септември. За 9 €, во еден правец, можете да се превезете до Сентендре за час и половина и обратно, до метрополата се стигнува за 50-тина минути. Првиот поаѓа во 10:30, а вториот во 17:00. Наесен и зиме, пак, вообичаено се оди со воз, ќе ви требаат 2 билета (градски и меѓуградски), кои се многу евтини, по 1 €. Патувањето нема да ви одземе повеќе од 40 минути. Попатно ќе ги видите остатоците на римскиот град од 2 век (н.е.) - Аквинкум и акведуктот, покрај железничката пруга.

Музејот на отворено

Православната црква, позната како белградска

Просперитетот се должел на успесите во трговијата со која се занимавале, транспортот кој се одвивал непречено на Дунав. Имало можност за школување на мајчин јазик во училиштата, како и 8 православни цркви. Но, веднаш по ослободувањето на Балканот, во почетокот на 20 век, мнозинството се вратило во матичната земја, иако поминале 200 години, па дури и повеќе. Како резултат на масовното иселување, денес во Сентендре живеат само 10-тина фамилии со потекло од Србија. Напуштените храмови се претворени во католички цркви, некои во седишта на калвинистите. Помеѓу станицата и центарот на градот се наоѓа музејот Ференци за кој се вели дека ги управува останатите. Изложените предмети, експонатите не само што се привремени туку имаат и висока цена, се сметаат за драгоценост. Неколку метри подолу е „Адрија кафе“ на чија тераса можете да испиете нешто пред да продолжите накај срцето на стариот град. Или пак во „Фолт кафе“, зад аголот. Местото е полно со млади луѓе, делумно и поради ниските цени, а и пивото е домашно, на точење. Лавиринтите од улички неодоливо потсетуваат на Медитеранот, исто како и начинот, стилот на живеење, кој го води месното население. А и не верува во случајност, па така свесно и шеталиштето кое се наоѓа во близина го носи името на покојниот градоначалник, Грк по потекло - Евгениј Думча. Освен по рестораните и продавниците за сувенири, познато е и по „Куќата на марципанот“, нејзиниот музеј и се разбира, слатките од бадем и шеќер. Виновникот за толку големата популарност на марципанот секако е слаткарот Матјаж Самош. Неговите потомци се горди на српското потекло, за него ќе ви раскажуваат и додека правите обиколка низ музејот или се засладувате со „добош“, на пример. Можеби нешто со крем, зошто да не.

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


| ПАТУВАЊЕ

Куќата на марципанот

ОМИЛЕНО СОБИРАЛИШТЕ НА ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ, КОЛОНИЈА СТАРА БЕЗМАЛКУ 100 ГОДИНИ

Крстот на врвот од мермерниот розе столб, неколкуте садници околу и оградата од ковано железо во целина е збирното место на странските туристи, за да можат подобро да се ориентираат. Се наоѓа на поплочениот плоштад во стариот дел на градот чии барокни зданија всушност биле живеалишта на богатите семејства кои се занимавале со трговија, доселеници од Србија. Тоа е строгиот центар на Сентандреја, познат и по Музејот на Јанош Кмети, приврзаник на кубизмот. Важи за прв меѓу сликарите во Унгарија, чии апстракции на природните облици го привлекуваат вниманието и ден-денес. Во установата се изложуваат и слики на други кубисти. Сепак, православната црква Благовештение доминира на плоштадот, богослуженијата за време на зимата се вршат во неа, со цел да се заштеди топлинска енергија во главната. Импресионира со раскошниот иконостас, а силен впечаток остава и Керамичкиот музеј Ковач Маргит во блиската уличка, еден од најпосетените во Сентендре. И покрај тоа што некои фигури ги карактеризираат вулгарности, експресивноста и трогателноста е одлика на повеќето од нив. Прошетката до врвот на ридот, каде што има црква (католичка) е вредна за да се издвојат неколку часа од престојот во гратчето, макар и да трае кратко време. Зданието е најстаро во Сентандреја, кое датира од 13 век. Погледот на живописната околина сигурно ќе ви го пресече здивот, како и делата на познатиот уметник Бела Цобел во истоимениот музеј, инаку припадник на правецот фовизам. Поставката ја прикажува и неговата соработка со Пабло Пикасо, а се навраќа и на ликовната колонија што првпат е организирана во 1926-та, која ги собрала уметниците со реноме, како на пример Лајош Вајда, Јене Барчај, Имре Амош и други. Оттогаш гратчето им е омилено собиралиште. За неполни 3 години ќе се прослави 100-годишнината од постоењето... Или на качување или на симнување, можете да застанете кај „Аломлангос“ за да обедувате набрзина: пржено лепче, намачкано со кисела павлака и сирење или „палачинта“ (палачинка) со полнеж. Отспротива е сместена управата на епископот. Православната црква, позната како белградска, може да се посети во петок, сабота и недела, останатите денови е затворена, иако дворот секогаш е на располагање. Питомите костени го прават уште подопадлив, сенките од нивните крошни се идеални за починка во топлите денови. Кога времето е ладно, се чувствува траорот кој доаѓа од непосредна близина каде што е спомен-куќата на Санто, за долго сеќавање

38 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

на Евреите, жртви на холокаустот. Историјата е сеприсутна, па дури и во креирањето на иднината. Сегашноста ја памети, како и останатите знаменитости. Нема сомневање, музејот на отворено и постои за да го врати минатото, илузорно. На површина од 60 хектари, во подножјето на Пилиш се оживува руралната средина во која се живеело изминатите 100-200 години. Куќите се автентични, па дури и шталите и амбарите..., вкупно 312. Одвреме-навреме се одржуваат и разноразни манифестации, анимирајќи ги посетителите. Исто како и периодичните културни приредби во голем број. Меѓу нив и есенскиот џез и фестивал на виното. Посетата на винскиот музеј и турите со дегустација на домашни вина во рестораните со ѕвезда „мишелин“, во придружба на енолог, се дел од програма. Вклучително и настапите на изведувачите. Всушност, музиката од афроамериканско потекло секогаш е заедно со виното, како неразделни другари. Така отприлика гласи неговата парола.

Музејот на виното

Ретродизајн центарот

ВОЗИЛА ОД ЗЕМЈИТЕ НА ИСТОЧНИОТ БЛОК ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ОЛДТАЈМЕРИ

Нагорнините и надолнините, по кои се качува и симнува за да се видат сите или повеќето убавини на Сентендре, исто така се дел од неговиот шарм. Споредната уличка Барток Бела, често заборавена од туристите, и покрај тоа што е стрмна, ќе ве воодушеви со мирнотијата и призорот кој изгледа по малку надреално, како сценографија за филм. Можете да се одморите на терасата во бистрото Далмат Самар, да се освежите со пијалак и да продолжите... Близу е и видиковецот каде што има и крст од 18 век, со поглед на гратчето и островот зад него. Уметноста е присутна секаде, буквално во секоја уличка има галерија, па дури и малите паркови се украсени со скулптурите на познатите вајари. Деновите поминати во Сентандреја ќе ви донесат многу изненадување, само убави. Доколку сте љубител на олдтајмери, задолжително посетете го „Ретродизајн центарот“ чии автомобили (25), меѓу нив и розов кабриолет „варбург“, рели „москвич“, „трабант“..., заедно со неколкуте велосипеди, мотоцикли, понија од земјите на Источниот блок ќе ве вратат во 1970-тите. На влезот ќе ве пречека хипи девојка, упатувајќи ве кон просториите, специјализирани за грамофонски плочи, детски играчки, кујнски апарати, магнети за фрижидери, магнетофони, телевизиски приемници... Припадниците на месното население што се одликува и со топло гостопримство ќе ве убедат во вистинитоста на искажувањата дека Сентендре всушност е рај за вистинските гурмани, уживатели на богато и одбрано јадење. Изобилството ресторани каде што народниот дух е присутен и во музиката која придонесува за убава расположба, заедно со специјалитетите на унгарската кујна, гарантира убав помин. И чувство на задоволство. И пријатен вкус на „палоц“ супата, паприкашот и „тејбегризот“, на пример. Оброкот чини скоро 1.000 денари, со пијалак - вино или пиво, оригинално унгарско. • Игор Ландсберг


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Скопје- Центар | Скопје-Чаир | Велес | Кичево 02/3181-181

|

www.amsm.mk

Патувајте БЕЗГРИЖНО! 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


ГАСТРОНОМИЈА

Врап со печурки и сирење Подготовка: Се работи за вегетаријански рецепт. Составен е од микс на овчо сирење, пржени шампињони, ајсберг салата (зелена салата), млада рукола и домат. Оваа салатна комбинација ја спојува дресинг од павлака, мајонез и балсамико крема оцет кој го потенцира вкусот на зеленчукот. СÈ заедно ја сочинува оваа веге комбинација спакувана во интегрална тортиља. Можете да ја послужите со крем салата или со помфрит. Често низ светот оваа комбинација ќе ја најдете со печен или пржен сладок компир. Во секој случај е многу вкусна комбинација. Помфритот јас го зачинувам со свеж лук, сол и оригано. Уживајте!

40 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


читаj, гледаj, слушаj...

„MAESTRO“ (МАЕСТРО) „BLUES DELUXE VOL. 2“ JOE BONAMASSA

Љ

„БРАЧНИОТ ПОРТРЕТ“ МЕГИ О’ФЕРЕЛ д авторката на бестселерот на „Њујорк Оволшебната тајмс“ - романот „Хамнет“ - книга за млада војвотка на Ферара, Лу-

креција де Медичи... Зима, 1561 година. Лукреција е однесена на неочекувана посета на селската вила на нејзиниот сопруг Алфонсо Втори д’Ест, војводата на Ферара. Додека вечераат во ледено студената сала, таа сфаќа дека Алфонсо има злобен план: да ја убие. За овој случај се знае мошне малку, а и тоа што се знае е многу тажно. Лукреција е родена во легендарното италијанско семејство во 1545 година. Инаку, една од нејзините сестри требало да се омажи за Алфонсо, но починала пред церемонијата. Нејзиното место го зазема Лукреција, секако. Таа имa 16 години и водела изолиран живот затворена во големата палата во Фиренца, чувана од војниците на татко й и дамите на мајка й. Меѓутоа, овде, во оваа оддалечена вила, таа е на милост и немилост на нејзиниот сè понепредвидлив сопруг. Што ќе направи Лукреција со ова ненадејно сознание? Кои се нејзините шанси против Алфонсо, владетел на провинција и обучен војник? Како да го обезбеди својот опстанок? „Брачен портрет“ е живописно потсетување на убавината и бруталноста на ренесансна Италија и на млада жена чија близина до моќта ја става во смртна опасност. •

убителите на блузот, музиката со меланхоличен призвук, од 6 октомври, кога е промовирано, имаат можност да уживаат во најновото цеде, шеснаесеттиот студиски албум (соло) на врвниот американски музичар, четириесет и шестгодишниот Џо Бонамаса - „Blues Deluxe Vol. 2“ чии песни се достапни и на интернет, благодарејќи на J&R Adventures, LLC во Северна Америка и Provogue Records во Европа. Цедето всушност е своевидно продолжение на оригиналниот „Blues Deluxe“ од пред 20 години. Сингловите „Twenty-Four Hour Blues“, „Well, I Done Got “, „I Want to Shout About It“ и „Lazy Poker Blues“ й претходеа на промоцијата, што е вообичаено. Другите 6 нумери се: „It’s Hard But It’s Fair“, „Win-O“, „Hope You Realize It (Goodbye Again)“, „You Sure Drive a Hard Bargain“, „The Truth Hurts“ и „Is It Safe to Go Home“, во времетраење од 42:33. Освен Џо, како продуцент се потпишува и Џош Смит. Обајцата сакале да видат колку напреднале во изминатите 20 години. Двајцата се гитаристи. Смит обзнани дека знаел веднаш што сака да постигне. Всушност, неговата цел била јасна уште на самиот почеток: фановите да го слушаат „стопроцентно природниот и опуштен Бонамаса“. Две песни се целосно авторски, а останатите се обработки на Алберт Кинг, Боби „Блу“ Бленд и „Флитвуд мек“. Критиките генерално се позитивни. •

ремиерата на американската биографПфилмски ска драма се одржа на 80-тиот Венециски фестивал каде што се натпревару-

ваше за Златниот лав, на 2 септември. Овој месец ќе почне да се прикажува и во киносалите, а наредниот и на стриминг сервисот Нетфликс. Филмот инаку е сосредоточен на односот меѓу прочуениот композитор, Американецот Леонард Бернштајн и неговата сопруга, Костариканката Фелисија Монтеалегре. Го режираше Бредли Купер по сценариото кое го напиша заедно со Џош Сингер. Освен што ја игра улогата на композиторот (диригент, едукатор, пијанист, хуманитарец), се јавува и како продуцент, во друштво со Мартин Скорсезе, Стивен Спилберг и уште неколкумина. Споредните улоги им се доверени на Мет Бомер, Маја Хок и Сара Силвермен. Првично, биографската драма требало да ја режира Мартин Скорсезе, но поради „Ирецот“ се смениле работите. Наводно и Стивен Спилберг ја одбил понудата на Paramount Pictures заради „Ѕвездата е родена“. Во 2020-та обврската за снимањето ја презела Нетфликс. Повеќето критичари го препорачуваат филмот за дождливата есен. • Жанр: биографска драма Актери: Carey Mulligan, Bradley Cooper Режија: Bradley Cooper

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| HI TECH

Роботика

ШТО ЗНАЧИ ДА БИДЕШ ПРВ ВО СВЕТОТ? ДА БИДЕШ ПРВ ВО СВЕТОТ ВО НАУКАТА ЗА РОБОТИКАТА, А ПОДВИГОТ ДА БИДЕ НЕДОВОЛНО ПОКРИЕН ОД ЈАВНИТЕ ГЛАСИЛА И НАЕДНО СО ГОДИНИТЕ ДА БИДЕ ПОДЗАБОРАВЕН. МАЛКУ Е ЧУДНО!

Д

есеттиот ден од октомври ќе биде забележан во македонската историја по откривањето на спомен-плочата за значаен придонес на македонската наука во светската. Имено, македонските научници создале грандиозно дело што кај нас поминало речиси незабележано, односно научното достигнување не добило заслужено внимание во печатените и електронските гласила. Тоа се случило во 1988 година. Пред 35 години се случило нешто по што научната фела од планетава дознала малку повеќе за Македонија и нејзините научници. Во 1988 година група составена од тројца научници, Стево Божиновски и Михаил Шестаков од Електротехничкиот факултет и Лилјана Божиновска од Медицинскиот факултет, успеала да управува робот со помош на мозочни сигнали. Ако некоја земја во светот е позната по роботи, тогаш тоа е Јапонија. Таму речиси секоја недела се случува нешто што е во врска со роботиката. Тука се и другите високоиндустријализирани земји, каде што постојано има натпревари од областа на роботиката, во кои главни учесници се учениците и студентите. Зборуваме за стопански најмоќните држави во кои науката цвета. И покрај тоа, тројцата научници им одржале лекција на сите во светот. Македонија пред: Јапонија, Русија, Кина, Јужна

42 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Кореја, САД, Германија и другите. Нашиот круг научници сигурно е запознат со ова достигнување, но другите во државава? Да се случеше ова во развиениот и економски моќен свет, ќе зборуваа, ќе организираа дебати, ќе одеа по факултети, ќе држеа предавања, ќе издаваа публикации во врска со научниот труд за остварувањето во роботиката и ќе измислуваа најразновидни правеа сè со цел што повеќе да се спомене подвигот на научниците. Тие вести ќе ја заобиколеа планетата за народот да биде информиран за тоа што се случило во и со роботиката. Научници ќе добиеја куп награди и најверојатно ќе им овозможea многу подобри услови за работа. Ги спомнавме и наградите. Се чуваат поединците што придонесуваат за општото добро на државата, но и на целиот свет, а нивните успеси да служат како поттик за идните генерации. Спомен-плочата е во сопственост на ИЕЕЕ (IEEE - Insitute of Electrical and Electronics Engineers), најголема светска професионална организација од областа на напредните технологии (инженерство, компјутерски науки и сродни дисциплини). Оваа организација се потрудила да го испочитува делото на тројцата македонски научници, Стево Божиновски и Михаил Шестаков од Електротехничкиот факултет и Лилјана Божиновска од Медицинскиот факултет. Убав потег од ИЕЕЕ, но зошто организацијата чекала 35 години за да го стори тоа? Но жално е што ние не сме посветиле доволно внимание за врвниот резултат да дознаат сите, а не само најтесниот круг од фелата. Зошто тројцата научници не се соодветно наградени за нивниот труд? Фотографиите со роботот „асимо“ во сопственост на Хонда служат само како илустрација и нема никаква поврзаност со делото на тројцата македонски научници. • Жарко Атанасоски


HI TECH |

ЧЛЕНСТВО

ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ

02/3181-108

www.amsm.mk 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| ИСТОРИЈА

75 години Ленд Ровер

БРЕНД КОЈ НЕМА ДА ИСЧЕЗНЕ ОВА ВОЗИЛО НЕ Е САМО АСФАЛТЕН, ТУКУ И ЗЕМЈЕН ТАЛКАЧ И МОЖЕ ДА ВЕ ОДНЕСЕ КАДЕ ШТО ЌЕ ПОСАКАТЕ, А ТАКВО НЕШТО НЕ Е МОЖНО СО КЛАСИЧНАТА ЛИМУЗИНА И НЕЈЗИНИТЕ ОСТАНАТИ КАРОСЕРИСКИ ИЗВЕДБИ.

44 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

В

о ова издание на „АМСМ Клуб Мобилити“, ќе се задржиме „малку“ на еден познат производител, најмногу запомнат во светот по тоа што произведува исклучиво теренски возила. Многу марки се познати по тоа што произведуваат теренски возила, и тоа квалитетни и почитувани, но засега само три од сите нив во својата палета од возила имаат само теренски возила. Една од тие три марки е Ленд Ровер, компанија која годинава слави 75 години од своето постоење. Специфичноста која Ленд Ровер ја носи во себе е повеќеслојна. Не само што производителот створил производ на тркала со кој ќе може да се вози низ тешкопроодни терени, туку оди дотаму од истото возило да направи повеќе изведби со кои ќе може да се задоволат секојдневните потреби на луѓето кои живеат надвор од градските средини. Но, конструкторите не застанале тука. За тие што сакаат да истражуваат, создале возила токму за таа намена, но направиле и возила за потребите на армијата. И за авантуристите, и за нив има место во теренското возило наречено Ленд Ровер. Дури и првите возила за забава, односно „спорт јутилити викл“ („сув“) се направени токму од Ленд Ровер. Тамошните умеат да кажат, наутро со возилото можеш да одиш на работа, по истекот на работното време да отидеш на ручек, а во доцните попладневни и вечерни часови, возилото може да ве однесе дури и на куса авантура надвор од асфалтот. Дали сте земјоделец, канцелариски работник или, пак, истражувач и авантурист, Ленд Ровер е возило за секаква пригода. Накусо кажано Ленд Ровер е едно возило за сè.


ИСТОРИЈА |

ло стварност, го добивало својот краен облик. Браќата Вилкс воодушевени од својот труд, решиле да го претстават пред светската јавност на една од саемските манифестации. А името на возилото? Бидејќи творбата на четири тркала била направена во погоните на Ровер, возилото го нарекле со истото име, но бидејќи било наменето пред сè за употреба надвор од асфалтот, за земјоделците и сточарите, но и за останатите занимања главно поврзани со тешка работа, пред името Ровер го додале тоа „ленд“ и така е добиено името Ленд Ровер, во слободен превод на македонски нешто како „земјан талкач“. Тоа возило со едноставен облик на кутија, опремено со најнеопходните

Пред и по обновувањето на „ленд ровер серија 1“ од 1948

Во првите години по војната автомобилската компанија Ровер ја водел Морис Вилкс. Тој во слободно време често ја посетувал семејната куќа во Велс каде живеел и неговиот брат. Шетајќи по крајбрежјето, во песокот нацртал скица од теренско возило кое многу наликувало на тоа што го имале во дворот, „вилис џип“. Таа негова желба за конструирање теренско возило тлеела во него и некаде на почетокот од 1947 година, заедно со брат му почнале да работат на својот сон. Како основа за развој на возилото била позајмена шасијата од „вилис џип“, а 50 коњскиот мотор го позајмиле од автомобилите кои во моментот се произведувале во фабриката Ровер. Како што одминувало времето така возилото сè повеќе и повеќе станува-

Морис Вилкс, човекот кој го создал Ленд Ровер

алатки и помагала, било претставено на Салонот за автомобили во Амстердам на 30 април 1948 год. Појавата на „ленд ровер“ предизвикала голем интерес кај посетителите и тогашната јавност. Таквата реакција од тогашната јавност предизвикала забрзан развој во фабриката бидејќи сите возила кои биле произведени веднаш биле купувани. И уште еден податок врзан за почетоците во продажбата на „ленд роверот прва генерација“. Поради големиот интерес за возилото, производителот на почетокот од третата производна година успеал да го продаде возилото во дури 70 држави. Од цртеж во песок на крајбрежјето во Велс, преку шасијата на „вилис џип“ и сè така до краен производ продаден во, ни помалку ни повеќе туку точно 70 држави според податоците од 1 јануари 1950 година, а статистиката бележи 250.000 произведени единици во 1959 година. Таа прва генерација „ленд ровер“ била произведувана точно 10 години, до 1958година, а потоа била заменета со втората генерација, модел малку поширок и подолг кој нудел повеќе простор во внатрешноста за патниците, но и поголема удобност и секако поснажна погонска единица. Побарувачката не стивнувала, купувачите постојано притискале да дојдат до примерок од „ленд ровер“, а сето тоа се должело на квалитетно направеното возило и воедно мошне издржливо погодно за користење во секакви временски услов. Токму тие особини на возилото придонеле за зголемениот интерес од страна на купувачите. СЕКОЈА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА, ПОСОВРШЕНА ОД ПРЕТХОДНАТА Како се појавувале новите генерации, така секоја наредна била посовршена од претходната. Иако возилото било наменето пред сè за тие што живеат во селските средини, голем дел од нив не можеле да го купат поради непристапната цена за нив. Најголем дел од тамошните земјопоседници, живеат надвор од градските средини и тие всушност биле најголемите купувачи. Точно е тоа дека имале потреба од таквите возила, теренски, но бидејќи биле платежно способни, барале повеќе удобност во кабината, кожа, повеќе изолација, малку повеќе природни материјали кои ќе ги

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| ИСТОРИЈА

Прототипот „ленд ровер серија 1“

„Ренџ ровер серија 1“ од 1970 год.

покријат металните и пластичните површини. Точно е тоа дека ленд роверот го сметале за крајно употребливо возило надвор од асфалтот, но од производителот барале внатрешноста да не биде спартански опремена. Поради овие и слични барања од купувачите, производителот оди чекор понапред и ја претставува сосема новата марка (или подмарка) именувана како Ренџ Ровер, произлезена од матичната Ленд Ровер. Што носи новата „марка“ во себе? Најнапред да појасниме дека тоа е луксузната страна (дивизија) на Ленд Роверот. Иако денешните Ленд Ровери, но и тогашните, биле значително поудобни и поопремени, сепак клиентите барала нешто повеќе од понуденото, барала луксуз. Тој луксуз го добиле спакуван во името Ренџ Ровер. Врвен луксуз со уште поврвна удобност, но без да се изгубат теренските способности на возилото. Сè било на свое место, само што производителот вградил малку повеќе скапа внатрешност и секако нов и порафиниран дизајн. Овој чекор на Ленд Ровер се случил во 1970 година, така што денес „ленд ровер“ и „ренџ ровер“ се појавуваат паралелно во продажба, една покрај друга, без да си наштетат една на друга, затоа што секоја од нив има посебни купувачи. Да не бил Ленд Ровер способен за совладување полупроодни терени, си-

„Ленд ровер серија 2“ од 1971 год.

гурно марката ќе згаснела. Таму каде патната мрежа е слабо развиена, таму царуваат теренските возила, а меѓу нив „орото“ го води Ленд Ровер. Каде што се пустинските предели, таму има Ленд Ровери, а за потврда на неговите способности, компанијата заедно со тутунскиот гигант Р. Џ. Рејнолдс Тобако Компани со години и години организираше авантуристичко рели наречено „Камел Трофи“ каде по којзнае кој пат Ленд Роверите беа возени по најтешко проодни терени и во најтешки метео услови. Едно време Ленд Ровер заедно со Ровер, поради финансиски колапс беше купуван од неколку компании. Во моментов Ленд Ровер е во сопственост

46 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

на компанијата Тата. Сега Јагуар и Ленд Ровер се една марка или претставуваат некакво заедништво под името Јагуар Ленд Ровер, зад кое стои индискиот автомобилски гигант Тата. Тоа е таа приказна за производителот Ленд Ровер кој сиот свој животен век го посветил на теренските возила и нивното усовршување. Затоа кога денес ќе се спомне името на овој производител веднаш имате претстава на возило наменето за совладување на речиси секакви подлоги. • Жарко Атанасоски


11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

Проширување на Формула 1

ЌЕ ИМА ЛИ НОВ ТИМ ВО Ф1? СВЕТСКАТА АВТОМОБИЛСКА ОРГАНИЗАЦИЈА - ФИА, НА ПОЧЕТОКОТ НА ОКТОМВРИ ОДЛУЧИ ДА ДОДЕЛИ ЕДИНАЕСЕТТА ЛИЦЕНЦА ЗА ТИМ УЧЕСНИК ВО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО НА ФОРМУЛА 1, НО ДО ПРЕДВИДЕНИОТ СТАРТ ВО 2025 ГОДИНА ИМА УШТЕ МНОГУ ПРЕЧКИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ.

длабинска анализа, во фазата на разгледување на апликациите, да ги селектираме оние поднесоци што ги исполнуваат сетот на правила и да ни покажат дека би можеле да донесат вредност на спортот. ФИА е обврзана да ги одобри апликациите што се во согласност со барањата при изразувањето на интересот по што заклучивме дека Андрети Формула Рејсинг може да оди во следната фаза од процесот. Тие беа единствените што ги исполнија критериумите кои беа поставени од материјална гледна точка,- рече претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем. Иако ФИА не ги идентификуваше останатите кандидати, медиумите открија дека останатите три поднесоци биле од екипата Карлин, која има долга историја во пониските категории, а и претходно има аплицирано за ваква лиценца, ХиТек, исто така, тим што се натпреварува во пониските категории и бизнис партнерство од Азија со наслов „Среќни сонца“. Иако за следната фаза на преговори се вели дека се очекува да трае неколку месеци, всушност работите не се толку едноставни.

Т

ТЕЖОК „ХОРОСКОП“ ЗА НОВОРОДЕНЧЕТО Медиумите шпекулираат дека промоторите во овој момент дури би можеле и да ја отфрлат апликацијата на Андрети, но притоа не се потенцираат никакви услови или правила, туку автономна одлука на првенството и неговите раководители, формирана врз база на веќе споменатата теза за „додавање вредност на првенството во целина“. - Постојат повеќе димензии што треба да се разгледаат и ние не требa да претеруваме со реакциите само затоа што некој прави притисок врз системот,- гласеше изјавата на Стефано Доменикали, директор на Ф1 групацијата.

ранспарентниот процес на ФИА, од повик на заинтересирани до евалуација на апликациите, укажа дека имало уште пет апликации кои биле отфрлени: три во втората фаза (кога беше селектирана апликацијата на Андрети) и уште две во првата фаза, со објаснување дека не ги исполнуваат критериумите. Со одлуката на ФИА не доаѓа ни специфициран рок за тоа кога започнува валидноста на потенцијалната лиценца за Андрети, ниту ограничување во смисла на рок за започнување на работа. - ФИА беше многу јасна со поставување на строги критериуми за новата лиценца уште од самиот почеток, кога востановивме процедура за покажување интерес. Наша цел беше по извршената

48 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

од 100 до 140 милиони долари, додека оние што се од шесто до десетто место добиваат од 60 до 95 милиони долари годишно. Со единаесетта екипа вклучена во првенството, тимови од втората половина на табелата би добивале 3 до 4 милиони помалку годишно, додека тимовите во првата половина би губеле од 5 до 7 милиони годишно. Поради тоа, обесштетувањето од 200 милиони се бара да биде платено однапред од страна на новиот учесник, а натака да се подели на 10 еднакви делови.

Илон Маск, Стефано Доменикали и Грег Мафеи - Мајами 2023

Доменикали е секогаш крајно резервиран и неговите зборови во случајов укажуваат дека Андрети е тој што притиска за влез во Ф1. Претходно, Андрети преговараше за преземање на Заубер, но Ауди му ги помати сметките по одлуката да не влегува во партнерство со Мекларен, туку да купи свој тим. - Во вистински сет на услови, ние би работеле на тоа да воведеме единаесетти тим. Тоа треба да биде некој што ќе внесе нова вредност во спортот, нова вредност за гледачите,- вели Грег Мафеи во својата изјава како извршен менаџер на Либерти Медиа, американска компанија која го поседува мнозинскиот пакет во Ф1 групацијата. Овие изјави укажуваат дека апликацијата на Андрети не е нешто што со нетрпение го очекуваат во првенството, и покрај желбата на ФИА низ транспарентен процес да овозможи подобрување на конкуренцијата на шампионатот. Договорот со кој се регулираат правата и обврските меѓу учесниците и организаторот (познат како „Конкорд договор“), предвидува дека во Формула 1 може да се натпреваруваат максимум 12 екипи. Сите тимови кои се потписници на овој договор се обврзани да ги почитуваат правилата на технички и спортски план , а за возврат учествуваат во распределбата на парите што се добиени од продажба на ТВ правата како и други извори на финансирање од комерцијална природа. Според медиумските написи, другите тимови во Формула 1 треба да поделат меѓу себе сума од 200 милиони долари, сума која е предвидена со „Конкорд договорот“, како обесштетување што во иднина заработката ќе ја делат со уште еден тим. Наводно во 2022 година од вкупен приход на Формула 1 во висина од 2,57 милијарди долари на тимовите им биле исплатени 1,157 милијарди. Во таква симулација на распределба, првите 5 тима на табелата добиваат

Мохамед бин Сулајем - Претседател на ФИА

АНДРЕТИ ИГРА „НА СИГУРНО“? Индијанаполис ја врати Формула 1 во САД, но по скандалот со гумите на Мишелин во 2005 година беше потребно да помине повеќе време за Ф1 да се врати со нова трка во Тексас. Но, со надминувањето на пандемијата од Ковид-19, Формула 1 се прошири низ САД најпрво со трка во Мајами, а сега и во Лас Вегас. Популарноста на шампионатот е во подем откако Либерти медиа го води бизнисот и ја стимулираше серијата за Ф1 која се појави на Нетфликс. Овие моменти доволно отсликуваат дека климата во САД е добра за да внесе американска екипа во Формула 1, иако на хартија таква постои како Хаас. Сепак, тие во суштина ги користат ресурсите на Ферари, а тоа е нешто од што Андрети сакаше да избега кога одби да го преземе Заубер (Алфа Ромео). Мајкл Андрети е познат шампион од популарните Индикар трки во Америка, а воедно е син на светскиот првак во Формула 1 од 1978 година, Марио Андрети. И самиот се натпреваруваше во Ф1 и тоа во 1993 година, како тимски колега на Аиртон Сена во Мекларен.

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| СПОРТ

Михаел Андрети

За разлика од таа негова епизода, како возач и сопственик на тим има огромна низа на успеси - освен во САД, се натпреварува и во Светското првенство на Формула Е. Обидот за влез во Формула 1 е поддржан од страна на американскиот автомобилски гигант Џенерал Моторс, при што се очекува на почетокот моторите да бидат обезбедени од страна на Рено (кој учествува во шампионатот со тимот „Алпин“), но да бидат ребрендирани како Кадилак. Говорејќи за отпорот од другите тимови, Андрети во изјава за Блумберг ја искажа својата изненаденост. - Треба да разбереме во што се вплеткуваме. Влегуваме на место каде што има многу политика и други слични работи. Така е како што е. Ќе мора да се справиме со тоа. Не очекував дека ќе биде толку тешко, но ќе се обидеме да ја докажеме нашата вредност. Тимовите мислат дека ние сме заостанати, како сега да сме се симнале од планина и не знаеме што правиме. Но ние имаме големо искуство во трките, можеме да ги направиме нештата на поинаков начин и тоа може да даде резултати. Американецот посочи дека нивниот план е тотално поразличен од оној на Хаас, при што ги обвини ривалите дека немаат никаква инфраструктура и сите делови ги добиваат од Ферари. - Ние мора да направиме свој болид. Тоа е голема работа, голем зафат. Постојат документи, веројатно преку 500 страници. Во Индикар болидите се купуваат и веднаш можеш да возиш, а во Формула 1 буквално треба да направиш болид од скица. Посакувам да имаме вистински американски тим, со Американец како возач, болид што ќе биде направен тука но, исто така, и мотор. Тоа е она што ќе креира огромен интерес за Формула 1 во САД. Очекувањата на Андрети се дека ќе успее да има болид во сезоната 2025, иако не се исклучува можноста тоа да биде во следната, 2026 година. Проблемите би настанале доколку влегувањето на Андрети се помести за понатаму, бидејќи актуелниот „Конкорд договор“ истекува во 2026 година и постојат можности новите услови со кои што ќе се обврзат организаторите и учесниците ќе бидат поразлични, па така и сумата на обесштетување би можела да биде подигната на 600 милиони долари, како што посакуваат некои од ривалските екипи. „ДВОРСКИ ИГРИ“ ИЛИ ОФИЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА? Дека не е лесно да се влезе во Формула 1 се покажа и со пропаѓањето на преговорите меѓу Ред Бул и Порше, бидејќи актуелните шампиони сакаа само да имаат партнер кој ќе ги снабдува со

50 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

мотор, додека германската фабрика инсистираше да откупи и дел од сопственоста на тимот. Мекларен во слична ситуација го загуби Ауди, кој го купи Заубер за да има целосна автономија. Со пропаѓањето на идејата за преземање на Заубер, Андрети почна да ја форсира идејата за формирање нов тим, а таа наиде на неодобрување од останатите. Од аспект на тоа дека првенството не треба да се дестабилизира во услови кога Ауди го купи тимот на Заубер, што настапуваше под името Алфа Ромео, Кристијан Хорнер во изјава за „Скај Спортс“ рече дека тоа е начин на кој (според него) треба да се продолжи да се работи. - Кога ќе видите како Ауди влегува во спортот, дека тие откупија постоечки тим и постоечка франшиза, зошто тогаш би било поразлично за другите? Тоа е нешто околу што Либерти Медиа и ФИА треба да имаат заеднички став и да изградат колективна позиција. Не треба да имате едно правило за еден, а друго правило за друг. Парите го вртат светот, а на овој начин секој тим ќе биде сензитивен бидејќи неговата вредност ќе биде ослабена. Одеднаш од 10 стануваат 11. Акционерите на секој тим ќе бидат загрижени поради тоа. Се проценува дека еден тим од средината на табелата, како што е Алпин (Рено), вреди околу 700 милиони долари, додека за врвните екипи износот со кој самите се проценуваат е над една милијарда долари. Меѓу редови, тоа е причината зошто некои сметаат дека 200 милиони долари се малку за влез во Ф1 и бараат отштетата да биде подигната на 600 милиони. Во меѓувреме, преддоговорот за користење на мотори од Рено за потенцијалниот влез на Андрети во Ф1 за 2025 година веќе е истечен. Иако Рено сега нема директна обврска да ги снабдува како што претходно преговарале, претседателот на ФИА укажа дека постојат правила и дека снабдувачите со мотори можат да бидат принудени да снабдуваат и друг тим. Таквото правило беше воведено пред повеќе години со цел да се оневозможи големите фабрики да ги уценуваат малите приватни екипи, па со добивањето на дозвола да се вклучат во Ф1, тие преземаат и обврска да снабдуваат и други екипи. За да биде принуден со таквото правило, произведувачот на мотори треба да не е застапен во повеќе од една третина од екипите учеснички, односно во таа категорија спаѓаат Рено и Хонда. Сепак, претседателот на ФИА посочи дека ултимативната цел е Кадилак да произведе сопствен мотор, но тоа веројатно би било по 2026 година, бидејќи тогаш се менуваат техничките правила за Ф1 агрегатите. Од сето изнесено, станува јасно дека влезот на Андрети во Ф1 сè уште не е гарантиран и прашање е дали и самиот тим би можел да го екипира својот кадар за 2025 година, ако евентуалното одобрување дојде на крајот од оваа година или на почетокот од идната. Пред десетина години постоеше обид за етаблирање на американски тим во Ф1 со седиште во Шарлот, Северна Каролина, но тој обид заврши неславно иако добија лиценца за настап во 2010 година. Според медиумските написи, Андрети гради своја база во државата Индијана, близу до легендарниот автодром Индијанаполис, а доколку добие лиценца за настап во Формула 1, ќе има и своја сателитска база во Европа, но локацијата сè уште не е објавена. • Александар Табаковски


| СПОРТ

Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

„ПРИКАЗНИ ЗА МАЛИ ДЕЦА“ ВО НАШИОТ ЈАЗИК ИЗРЕКАТА ОД НАСЛОВОТ Е ОДОМАЌИНЕТА КОГА СЕ САКА ДА СЕ УКАЖЕ ДЕКА НЕЧИЈ ГОВОР ИЛИ ИЗЈАВА НЕ СООДВЕТСТВУВА НА НИВОТО КОЕ ВЛЕВА ДОВЕРБА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ И МУДРИ ЛУЃЕ.

Н

астојувањата да се создадат правила што ќе овозможат поизедначени трки во Формула 1 траат со децении. Последните зафати во смисла на редефинирање и упростување на аеродинамиката беа во таа насока, како и воведување на 18 инчи пневматици кои требаше да бидат основа за пренос на технологијата од спортот во автомобилската индустрија. Претходно видовме и воведување на турбо (хибридни) мотори, а уште пред тоа имаше и други обиди со интродукцијата на КЕРС... Еден од најгласно коментираните аргументи беше дека на Ф1 не и е потребна „војна“ на производители на пневматици, па така веќе десетина години Пирели е ексклузивен снабдувач. Поентата беше дека во услови кога има двајца (или повеќе производители) на гуми, главен диференцијатор на перформансите ќе биде еден производ чија што вредност (во тоа време) беше околу илјада долари, а наспроти тоа тимовите трошат милиони на аеродинамика, а фабриките инвестираат во технологија за да произведат подобри и посилни мотори. Беа испробани повеќе сценарија со пневматиците, па така имавме видено и по пет типа на гуми кои требаше да ја зголемат стратешката страна, но се навлезе во комични наслови на смесите кои од меки станаа супер-меки, ултра-меки, хипер-меки итн. Своевремено, беше побарано од Пирели да прави пневматици со покус рок на траење, но наместо честитки за испорачаното, фабриката се соочи со негативен публицитет и изјави од возачите дека гумите премногу се трошат. Последниот сет мерки меѓу другото ги ограничи и екипите со нивните финансиски буџети, па не смееја и да испробуваат или тестираат „во живо“, туку претежно на симулатор, односно онаму каде што не се користат пневматици. А Пирели продолжи да работи на „унапредување“ на смесите и да ги менува. И доаѓаме до делот кога треба да се направи евалуација на правилата воведени во 2022 година, за кои тогаш беше речено дека не можат да донесат изедначување на перформансите во една година, па ќе им требаат уште неколку. Наспроти виденото во 2022 година, во 2023 разликите меѓу екипите се зголемија, а Макс Ферстапен и Ред Бул ги соборија сите можни рекорди во една сезона, што доволно говори за нивната доминација: стана шампион на пет трки пред крај на сезоната, на две трки пред крајот има 17 победи, најголем број поени и километри во водство, а на вечната листа стигна да го надмине и Ален Прост во бројот на победи.

Она што може да се слушне и прочита во анализите по трките е дека болидот на Ред Бул е особено нежен кон гумите, додека сите останати се мачат со нивно прегревање и деградација. На последната трка во Бразил, според тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, деградацијата на болидот на Норис била со ефект од една десеттинка од секундата во еден круг, додека кај Ферстапен загубата на истата десеттинка се случувала во два или повеќе кругови. Приказната може да се шири и во друг сегмент, бидејќи оваа сезона мошне актуелна тема беше промената на подот на болидот, но главната провокација за мене да ја пишувам оваа колумна, всушност беше најавата дека од 2025 година, повторно е планирано Пирели да има нови пневматици, кои овој пат според добиените насоки треба да бидат „поиздржливи“. Изјавата на Марио Изола од Пирели е дека тие ќе осознаат на што се должи прегревањето на актуелните гуми, па ќе дизајнираат нови со ниско ниво на деградација. Не ме сфаќајте погрешно, и Пирели има мака да им угоди на сите, бидејќи гумите треба да бидат еднакви за сите. Бегајќи од негативните коментари дека гумите пребрзо се распаѓаат, откако ќе ги подобрат може да видиме исти случаи како во 2005 година, кога се возеа цели трки со еден сет на гуми. Тоа значи и помалку нивно трошење и помалку влегување во бокс по нови. Имам впечаток дека се „тапка во место“ или дека „се врти кругот“, па ќе се симне од дневен ред еден проблем, но ќе се креира нов. Публиката сака да гледа надмудрување и стратегии, а некои од најубавите триумфи во минатато се случиле токму поради таквата инженерска брилијантност. Искрено се надевам дека има кој да реагира и да потсети дека гумите треба да останат „зачин“ за интересни трки, бидејќи ако се сведат на „долготрајни“ не сум убеден дека ќе се задржи и истата динамика. Исто така, не треба да се заборави дека овој сет на правила истекува во 2026 година, по што треба да се потпишен нов „Конкорд договор“ и со кој ќе се регулираат други технички новитети, како што е воведувањето на синтетичко гориво. Во вакви „нестабилни“ услови не гледам дека може да се случи изедначеност во перформансите, бидејќи за тоа се потребни стабилни правила на долг рок, а не регулатива што често се менува, а одредени итреци секогаш „ја прочитале подобро“ од другите и успеале да извадат повеќе од тоа... •

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

ЛАЖНА ТРЕВОГА ОД ФЕРАРИ ИАКО ФЕРСТАПЕН НА НЕКОЛКУ ТРКИ ПРЕД КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА ЈА ОСВОИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА, ТОЈ И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖИ ДА ПОБЕДУВА ВО ПРВЕНСТВОТО, НАСПРОТИ „ТРЕВОГАТА“ ШТО ФЕРАРИ ЈА НАПРАВИ СО ОСВОЈУВАЊЕ НА ПОЛ ПОЗИЦИИТЕ ВО САД И МЕКСИКО.

В

аквата ситуација беше „веќе видена“ и тоа во текот на септември кога Карлос Саинц направи изненадување со пол позициите во Италија и Сингапур, но Ферстапен со триумфот во Јапонија ги разреши сите дилеми околу прашањето за шампионската титула. Овој пат, Шарл Леклер беше возачот на Ферари кој блесна во квалификациите во Тексас, а потоа и во Мексико Сити, но уште еднаш се покажа дека брзината во квалификациите и брзината во трка не се соодветно конкурентни споредено со конкуренцијата. Додека во квалификациите црвениот болид брилира, особено во вториот дел на сезоната, во трка не е во можност да се бори за победа, а дури и дуелите во борба за првите три позиции им одат мошне тешко. Така, Леклер во Тексас ја заврши трката на шесто место, но беше дисквалификуван заради извесни отстапувања на подот од болидот од пропишаните правила. Ферстапен освои нова победа,

52 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

за која во текот на трката мораше да внимава на Луис Хамилтон, но англискиот возач, исто така, беше дисквалификуван како и Леклер. Второто и третото место во такви околности им припаднаа на Норис и Саинц. За време на гран при викендот во Мексико, Леклер повторно беше на пол позиција, а Ферстапен и Хамилтон повторно ја завршија трката окупирајќи ги првите две места, па возачот на Ферари се најде на подиумот како третопласиран. Во овој случај, Ферстапен имаше „соло-трка“ во која возачот на Мерцедес беше нецели 14 секунди зад него, а Леклер (и Саинц на четврто место, исто така, со Ферари) задоцнија 23 односно 27 секунди. За таквиот развој на настаните голема улога одиграа случувањата во првиот круг, кога Ферстапен и Перез го „ставија во сендвич“ конкурентот од Ферари, па на крајот Перез излета, а Леклер се пожали дека имал оштетувања на болидот. Трката на патеката Интерлагос во Бразил донесе и друга интересна димензија, бидејќи беше една од оние неколку во календарот каде што се возат и таканаречените „спринт трки“ како своевидно „прво полувреме“ од гран при викендот. Овој пат, за сензација се погрижи Ландо Норис од Мекларен, кој се етаблираше на пол позицијата во спринт трката, но ниту тој не успеа да го задржи болидот на Ред Бул зад себе, па се утеши со второто место, додека Серхио „Чеко“ Перез по подолго време го донесе и вториот болид на „биковите“ до подиум. На главната трка во неделата, Ферстапен стигна до својата 17-та победа годинава, но Ферари уште еднаш успеа да ги „изневери надежите“ со тоа што болидот на Леклер кој стартуваше од втората позиција имаше дефект на хидрауликата уште во почетниот загревачки круг.


СПОРТ |

СТАТИСТИЧКИ ЗАНИМЛИВОСТИ

- Се разбира, разочарани сме, и Шарл и ние. Сè уште немаме објаснување за причината, треба да направиме подлабока анализа. Сепак, мора да се фокусираме на следниот гран при викенд бидејќи овој пат бевме во подобра форма од Мерцедес и можевме да ја надополниме нивната бодовна предност (во конкуренција на конструктори),- рече тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васер. Ландо Норис напредуваше од шестото место и успеа да дојде до втората позиција, за во рестартот (по откажувањето на Леклер), да биде единствениот што колку-толку направи притисок врз победникот. По трката, тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, го потенцираше Мекларен како нивен најжесток противник на последните трки.

Со освојување на второто место во Бразил, Ландо Норис по 13. пат во кариерата се најде на подиумот, а со тоа на вечната листа се изедначи со германскиот пилот Ник Хајдфелд, па обајцата ја делат позицијата на „возач со најголем број пласмани на подиумот, но без победа во трка“. За разлика од Хајдфелд кој ја заврши кариерата пред десетина години, Норис сè уште го нема кажано последниот збор и се надева дека „ќе мигрира“ од оваа конкуренција. Пол позицијата на Шарл Леклер во Мексиско беше 21-ва во неговата кариера, но му донесе непријатна улога да стане лидер на листата „возач со најголем број први стартни места, кој не освоил шампионска титула“. Досега, првото место го држеше Валтери Ботас, благодарение на резултатите кои ги постигна како тимски колега на Хамилтон во Мерцедес за време на доминацијата на оваа екипа, поточно меѓу 2017 и 2021 година. Иако и двајцата се активни возачи, Ботас (роден во 1989 година) со 220 стартови и 10 победи е на залезот од кариерата по дебатирањето во 2013 година, возачот од Монако е помлад (роден во 1997 година), а Ф1 кариерата ја започнал во 2018 година и досега има пет гран при победи зад своето име. Пласманот на подиумот на Фернандо Алонсо во Бразил беше вкупно 106-ти во кариерата, со што се изедначи со „професорот“ Ален Прост на четвртото место на вечната листа. Ова е негов осми трофеј оваа сезона, но на патеката Интерлагос по деветти пат се искачува меѓу првите тројца, притоа без да освои победа на ова гран при.

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


| СПОРТ

- Видовме вистинска трка! Ландо ги имаше своите најдобри гуми на стартот и неговиот обид за престигнување беше надвор од идеалната линија. Ми олесни кога видов дека Макс го задржа водството по првиот круг. Потоа беше „игра на мачка и глушец“, затоа што треба да се чуваат гумите и да се се направи предност, а возењето во заветрина на оваа патека е навистина моќно. Исто како и во спринт трката, Макс успеа да сработи одлично и да направи предност. Имавме пит стоп во ист момент и успеавме да ја зголемиме предноста. Кога се префрливме на „медиум“ пневматиците, сè беше под контрола до крајот. Мекларен дефинитивно се најблизок ривал што сме го имале на последните неколку трки,објасни Хорнер. Дуелот за третата позиција беше интересен, особено по откажувањето на Расел, па на крајот Перез и Алонсо режираа драма во последниот свиок, минувајќи рамо до рамо низ целта. Во фото-финишот минималната предност од 53 стоти делови на секундата беше на страната на поранешниот двократен шампион, Фернандо Алонсо. - Чеко правеше навистина голем притисок во финишот, му реков да не ми прави веќе вака, премногу сум стар за такво нешто. Ова беше потешко отколку победата во 2005 година на Имола,- низ смеа рече Алонсо пред акредитираните новинари во Бразил, потсетувајќи на драматичниот финиш кој пред две децении го режираа со Михаел Шумахер.

54 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Тимот на Ред Бул - Мексико 2023

На две трки пред крајот на сезоната Ферстапен е прв на табелата со 524 бода, додека за втората позиција во финишот ќе се борат Перез и Хамилтон, кои имаат 258 односно 226 бодови. „Мртва трка“ е и онаа брканица за четвртата позиција, каде што Алонсо со 198 бода, Норис со 195 и Саинц со 192 бода ќе атакуваат до финишот во Абу Даби. Кај конструкторите Ред Бул е убедливо прв со 782 бода, а Мерцедес има мала предност во однос на Ферари (382:362) во дуелот за второто место, при што Мекларен на идентичен начин води пред Астон Мартин (282:261). До крајот на сезоната во 2023 година има уште две трки, ново-востановената трка во Лас Вегас и традиционалното финале во Абу Даби. • Александар Табаковски


СПОРТ |

Мотокрос

ДОМИНАЦИЈА НА ИЛИОСКИ, ЃОКОВИЌ БИ МУ ПОЗАВИДЕЛ ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА КОГА СМЕ СВЕДОЦИ КАКО ГОЛЕМИТЕ СПОРТСКИ ИКОНИ ЈА ИСПИШУВААТ ИСТОРИЈАТА ОСВОЈУВАЈЌИ ТРОФЕИ: ЛЕО МЕСИ ВО ФУДБАЛОТ, НОВАК ЃОКОВИЌ ВО ТЕНИСОТ, НО И ХРИСТИЈАН ИЛИОСКИ ВО МАКЕДОНСКИОТ МОТОКРОС.

М

отокрос возачот Христијан Илиоски – Кико на крајот од октомври со победа на патеката Севлиево во Бугарија ја заокружи фантастичната сезона од БМУ Европскиот шампионат, стигнувајќи до вкупно 18 победи. Битолчанецот Илиоски настапуваше во „отворената класа“ МХ, каде што право на настап имаа и оние од МХ1 и МХ2, односно мотори со зафатнина од 250 или 450 сантиметри кубни, но со поинаков сет на електроника. Овој шампионат е во организација на БМУ (Балканската мотоциклистичка унија), која го промовира овој спорт во регионот. - Официјалното Европско првенство е само една трка, оваа година во Белгија, и буџетот кој е потребен за настап таму е огромен, па затоа се одлучив како и многу други да настапувам во регионалниот шампионат.

Искрено, потешка година не сум имал, иако ги освоив сите победи. Успеав да ги направам овие успеси благодарение на моите поддржувачи, пред се „ГП Пелистер“, бидејќи на трките ги трошиме, ги амортизираме моторите и постојано мораме да инвестираме во нова машина, во нови делови. На спортски план, имав притисок од Ѓорѓи Царев од Бугарија, беше одлично подготвен, возеше со новиот бренд од семејството КТМ, ГасГас, но за моја среќа не беше присутен на сите трки, па тоа малку ми ја олесни работата,- вели популарниот Кико.

Воедно, Илиоски како член на Мотокрос клубот „Пелистер“, ја надополни одличната сезона со рекордна 12 титула во државното првенство, каде што стигна до вкупно 102 победи во кариерата. – Извозени 18 трки и освоено на сите прво место. Многу подвизи на почетокот да се издржи 2023 сезоната, но секогаш со многу верба, среќа, радост и работа да се истраe. Во државниот македонски шампионат до рекордни победи - 102,- напиша Илиоски на социјалните мрежи. За разлика од другите натпреварувања, македонскиот шампионат во мотокрос активно се одржува, а во него веќе има и нови имиња и млади таленти кои го „учат занаетот“ од Илиоски, а нивната иднина допрва доаѓа. • Александар Табаковски

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


| СПОРТ

Светско првенство во Мото ГП

Хорхе Мартин - подиум Тајланд 2023

НЕМА СПАС ОД ДУКАТИ ПРВИТЕ ТРОЈЦА ВОЗАЧИ ВО ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН СЕ ОД КАМПОТ НА ДУКАТИ, НО СИТЕ ВОЗАТ ЗА РАЗЛИЧНИ ЕКИПИ.

М

инатата сезона беше вистински трилер кога беше во прашање борбата за шампионската титула, за на крајот Франческо Бањаја да стане вториот возач во историјата на спортот кој станал светски првак со Дукати, притоа надополнувајќи предност од речиси 90 поени што неговиот противник (и тогашен актуелен светски првак со Јамаха), Фабио Куартараро, ги имаше на своето конто во средината од сезоната. Оваа година започна со нови проблесоци на Бањаја, меѓутоа во вториот дел од сезоната својата класа ја покажаа и Марко Бецеки и Хорхе Мартин, обајцата возачи на Дукати од таканаречените сателитски тимови. Бецеки вози за поранешниот светски првак Роси (Теам ВР46), додека Хорхе Мартин е член на Прамак Дукати. Но, последните трки донесоа неколку лоши пласмани за Бецеки, односно неговата последна победа датира од крајот на септември

56 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

во Индија. Мартин славеше во Јапонија (пред Бањаја), но потоа имаше два просечни „улови“ (во смисла на освоени поени) во Индонезија и Австралија. Во првиот случај, победи на спринт трката во Индонезија, но падна во главната трка и Франческо „Пеко“ Бањаја со освојување на првото место го задржа приматот. Слично беше (во резултатска смисла) и во вториот случај, каде што во Австралија победи неговиот тимски колега од Прамак, Јохан Зарко, додека Мартин ризикуваше со промена на гумите и заврши како петти додека второто место го освои Бањаја. Со други зборови, на овие трки најлошо помина Бецеки, па ситуацијата на табелата сега ги фаворизира Бањаја и Мартин. За да биде работата уште позаплеткана, на последната трка во Тајланд, Хорхе Мартин се врати со двојна победа, триумфирајќи во спринт трката и во главната трка, што за него е четврти триумф оваа сезона. Шпанецот ја имаше пол позицијата, водеше во поголемиот дел од трката, но во еден момент беше престигнат од Бред Биндер со КТМ, за потоа да се врати на врвот. Франческо Бањаја заврши како трет, но беше промовиран на втората позиција поради казна за Биндер во последниот круг кога возел надвор од лимитот на патеката. - Мора да признаам дека веќе чувствувам притисок. Во саботата не се ни израдував на победата во спринт трката, бев фокусиран за главната трка. Имам потешкотии со спиењето, чувствувам потреба да се одморам и да не мислам на трките, барем четири – пет дена. Ментално се чувствувам уништен,- изјави Мартин по триумфот во Тајланд. Истовремено, за последната победа тој посочи дека ја смета за најдобра во неговата кариера, бидејќи доаѓа по две тешки трки и дека излегол посилен од таа ситуација.


СПОРТ |

Финиш Тајланд 2023 Хорхе Мартин и Брад Биндер - Тајланд 2023

Хорхе Мартин - Тајланд 2023

- Тешките моменти се всушност супер-тешки и навистина е тешко да се подигнеш и да ја вратиш мотивацијата. Но, со сигурност, тие ме направија посилен. Во трката, ја променив сопствената стратегија која досега беше „притискај како ненормален во првите десет круга“, туку се обидов да зачувам некоја десеттинка и да ги штедам гумите. На 12 круга до крајот решив да притиснам повеќе, но кога забележав дека не се одвојувам од другите, си реков „океј, денеска и трето место е добар пласман“. Потоа Брад ме престигна, но ни тој не можеше да се одвои во водство. Увидов дека ги има потрошено гумите повеќе од мене и успеав да го поминам, да возам на максимум за да победам. Неверојатно е, мислам дека ова покажува дека можам да се борам за титулата,- рече шпанскиот мотоциклист.

Стјуардите на трката востановија дека притисокот во гумите на неговиот мотор бил понизок од препорачаните, но бидејќи ова е прв таков прекршок за него, изрекоа само опомена. Медиумите шпекулираат дека Мартин би можел да биде и промовиран како тимски колега на Бањаја во фабричкиот тим на Дукати, откако минатогодишната сензација Ениа Бастијанини имаше лош вовед во оваа сезона, заработувајќи скршеница на клучната коска во првата трка и отсуствувајќи од следните пет. Иако од тимот веќе имаа соопштено дека местото на Бастијанини е сигурно за 2024 година, шпекулациите сега велат дека доколку Мартин стане светски првак, тој ќе го носи „бројот 1“ возејќи за фабричкиот тим. Од опкружувањето на возачот ги демантирале таквите гласини, велејќи дека не преговарале за такво нешто, иако признале дека Хорхе Мартин сонува да биде дел од таа екипа и работи на случајот да го добие седиштето за 2025 и 2026 година. Во моментов, Бањаја води на табелата со 389 поени, или само 13 повеќе од Мартин кој е на второто место со 376. Марко Бецеки со 310 на третото место ќе мора да направи чудо ако сака да се бори за титулата оваа година, но се чини дека негова поголема грижа ќе биде како да се справи со сè поконкурентниот Бред Биндер, кој со 249 бодови е на четвртото место во генералниот пласман, но освојува трофеи за пласман на подиумот. Во текот на ноември ќе се возат уште три трки за комплетирање на сезоната, Малезија, Катар и традиционалното финале на патеката „Рикардо Тормо“ како Голема награда на Валенсија. • Александар Табаковски

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


| СПОРТ

WRC – Рели Централна Европа

НЕКОМУ ПОБЕДА, А НЕКОМУ ТИТУЛА ТИЕРИ НУВИЛ ИЗВОЈУВАШЕ ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА РЕЛИТО НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА, ДОДЕКА КАЛЕ РОВАНПЕРА СЕ ЗАКИТИ СО ВТОРАТА ПО РЕД ШАМПИОНСКА ТИТУЛА НА ЕДНО РЕЛИ ПРЕД КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА.

Г

олемата драма за освојување на годинешната возачка титула се одигра на сосема новото рели на Централна Европа кое како концепт за првпат се појавува во годинешниот календар на Светскиот шампионат во рели и вклучува патеки кои се распоредени низ три држави: Германија, Австрија и Република Чешка. Познати како страсни љубители на релито Чесите конечно дочекаа нивната држава да стане дел од Светскиот шампионат во рели. Затоа и настанот за свеченото отворање на релито се одржа во прекрасната Прага. Илјадници фанови беа сведоци како чешкиот претседател Петар Павел со државното знаме во рака ги испраќа еден по еден екипажите пред стартот на двата брзински испити кои се возеа низ главниот град на Чешка. Токму на нив Тиери Нувил покажа дека е на прагот на остварување на втората победа во сезоната. И додека Нувил нишанеше кон победа чувствувајќи се како да вози на домашното рели на Белгија преку лизгавите асфалтни патеки кои се протегаат низ шуми и земјоделски региони на овие три држави, Кале Рованпера кроеше план како да ја задржи бодовната предност пред Елфин Еванс и да стигне до втората титула. Со малку среќа и Нувил, и Рованпера ги остварија своите цели. Релито на Централна Европа се покажа како сериозен противник кого екипажите научија да го почитуваат од самиот почеток. Бидејќи се вози за првпат, непознатите патеки ги натераа возачите и нивните совозачи

58 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

прецизно да ги направат забелешките без простор за грешки. Дури и најмалата на ова рели скапо се плаќа. Но затоа, за разлика од останатите настани да се стартува прв е предност бидејќи асфалтот е сѐ уште чист. Како што минуваат возилата и ги кратат свијоците, ја туркаат калта врз асфалтот и условите стануваат полизгави и од мраз. Тогаш и најмалата грешка скапо се плаќа. Ова посебно се однесува на оние брзински испити кои се возат по втор пат. А, такви беа сите освен двата испити со кои се отвори релито во четврток попладне. Првиот го освои От Танак, а вториот Нувил. Белгиецот имаше подобри времиња и рано го поведе релито. Меѓутоа ова беше само вовед, додека заплетот на оваа рели драма се подготвуваше да се развие. Утрото во петок донесе дожд кој ги миеше патеките и создаде одлични услови за водечкиот во шампионатот. Рованпера стартуваше прв и го искористи чистиот асфалт. Нижеше добри времиња и рано го поведе релито. Успеа да го одржи темпото и победи на крајот од денот. Близу до него со перформансите беше Есапека Лапи зад волан на Hyundai i20 N Rally1. Меѓутоа Финецот не издржа долго. Несреќата од Чиле се повтори


СПОРТ |

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ ШАМПИОН WRC2 – МИКЕЛСЕН НЕОЧЕКУВАНО СТАНУВА

Во еден неверојатен пресврт на настаните водечкиот во WRC2 Андреас Микелсен стана светски шампион. Паузата од релито на Чиле му дозволи на Гас Гринсмит да се доближи до Микелсен во генерален пласман, но релито на Централна Европа требаше да ја надомести оваа празнина. Меѓутоа Микелсен немаше среќа. Излета во петок наутро и загуби десетина минути отворајќи му го патот до титула на Јохан Росел. Набрзо по него Росел удри во дрво препуштајќи му ги шансите на Гринсмит. Но, и тој се сретна со проблеми. Дупна гума и загуби многу време во менување. Така победата отиде во раце на Николас Циамин, а титулата повторно кај Микелсен. Тој го доби последниот испит освојувајќи дополнителни 5 бодови со кои нанижа вкупно 111 бода во генерален пласман. Исто број бодови има и Гринсмит. Но, Миклесен има една победа повеќе и можност да освојува бодови и на последното рели на Јапонија, додека Гринсмит со учеството во Чиле ги испука своите шанси за титула.

на третиот испит. Лапи успеа повторно да го уништи автомобилот по излетувањето од пат. Неговото место го наследи Нувил кој водеше битка со Еванс за втората позиција во текот на целиот ден. На крајот од денот упорноста на Белгиецот вроди плод. На последниот испит од денот Нувил покажа врвни перформанси и успеа да го добие Еванс кој мораше да се задоволи со третата позиција. Еванс призна дека бил премногу претпазлив на места и затоа ја загубил позицијата. Нувил пак се жалеше на премногу тврдите пружини заради кои автомобилот буквално потскокнувал на нерамнините и тешко се контролирал. Сепак, и покрај незадоволството од сетапот успеа да се избори за добра позиција.

Заплетот на релито кој почна во петок, во сабота наутро доби неочекуван расплет. Еванс кој призна дека претходниот ден бил премногу претпазлив одлучи да притиска посилно врз педалот за гас. Го доби првиот испит од денот, за влакно беше по бавен од Нувил на вториот, а третиот не го заврши. Тој беше единствен кој можеше да го загрози Кале во потера по титулата. Но, погрешна проценка на еден десен свијок му пресуди, и Еванс заврши во врата од амбар. Во неа заврши желбата за победа на ова рели, и потерата по титула. Оттука па до крај Рованпера немаше потреба да ризикува. Финецот ја смири топката и покажа голема мудрост за еден 23 годишник. Веднаш му го препушти бркањето на резултат на Нувил и до крајот на денот само го одржуваше резултатот. Нувил победи, а Рованпера заврши втор. Местото на Еванс го презеде Танак, односно ја наследи третата позиција. Себастијан Ожие кој со нетрпение го очекуваше ова рели се жалеше дека не може да фати ритам заради сетапот на автомобилот. Не успеа да стигне погоре од четвртата позиција. Неговиот тимски другар Такамото Катсута беше петти, а Тему Сунинен кој стана вистинско откровение за тимот на Hyundai стигна до шестата позиција. Смирениот ритам Кале Рованпера го продолжи и во недела. На четирите брзински испити кои останаа во овој последен ден од релито Кале ниту еднаш не заврши погоре од седмата позиција. Сепак, времињата беа тука. Младиот Финец држеше сѐ под контрола без да влегува во ризик. Така победата на ова прво издание на релито на Централна Европа отиде во рацете на Нувил, но затоа шампионската титула отиде во рацете на Рованпера. Останатите позиции во поредокот останаа непроменети од претходниот ден. Танак го освои третото место, Ожие четвртото, Катсута петтото, а Сунинен шестото место. За Кале освојувањето на годинешната титула, поточно одбраната на титулата, има многу поголемо значење од минатогодишната кога стана најмладиот шампион во историјата на светското рели. Секако за да стигне до неа на едно рели пред крајот на сезоната малку му помогна и среќата. Но, таа секако ги следи храбрите. Кале признава дека годинава за одбрана на титулата морале да работат значително повеќе со својот совозач Јоне Халтунен, и додава дека оваа титула му е далеку позначајна од минатогодишната. Можеби затоа што сега со две титули во рака и со само 23 години застанува рамо, до рамо со легендарни возачки имиња како Валтер Рерл, Мики Биазион и Карлос Сајнц кои, исто така, имаат по две титули. Откако Toyota ја освои титулата меѓу производителите на минатото рели на Чиле, а Рованпера возачката титула на релито на Централна Европа им останува уште да уживаат на последниот настан од сезоната релито на Јапонија. Таму во земјата на изгрејсонцето копјата ќе се кршат меѓу Тиери Нувил и Елфин Еванс за вицешампион. • Љубомир Анастасовски

11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


| АМСМ

ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ НА ПРАГОТ Е НОВА СЕЗОНА, ПА ЗАТОА ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ПРИВИЛЕГИЈАТА РЕЗЕРВИРАНА ЗА НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ И ЗАКАЖЕТЕ НАВРЕМЕ БЕСПЛАТНАТА ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО. Проверката вклучува бесплатни сервисни услуги кои ви овозможуваат соодветна подготовка на возилото за новата, зимска сезона: • Проверка на антифриз во системот за ладење; • Проверка на сопирачки и глицерин; • Проверка на акумулатор; • Проверка на предница и возна постројка; • Проверка на амортизери; и • Проверка на осветлување.

60 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Притоа, со специјалните попусти кои ги добивате како наши членови, имате можност дополнително да заштедите: • 30% на вулканизерски услуги, кои можете да ги искористите само во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар) • 20% попуст на работна рака. Бесплатната зимска проверка можете да ја искористите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), во Велес и во Кичево, во периодот од 01.11-15.12.2023 година, само со претходно закажување. Патувајте БЕЗГРИЖНО! 02/3181-181


СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО

СПОДЕЛЕТЕ ГИ ЧЛЕНСКИТЕ УСЛУГИ СО НАЈБЛИСКИТЕ. ЕДНА КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ! 02/3181-108

www.amsm.mk 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


62 11.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМСМ Клуб Мобилити - Ноември 2023 by AMSM - Issuu