ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | ЈУНИ 2024 БР. 73 www.amsmklubmobiliti.mk WRC – Рели Сардинија ЗА ВЛАКНО ПА ХЕТ ТРИК Претставуваме BENTLEY BLOWER МОДЕРЕН КЛАСИК ВРЗ КРИЛЈА НА СЛАВНОТО МИНАТО Тест на велосипедски шлемови ЕДЕН МОДЕЛ Е ОДЛИЧЕН, ЕДЕН Е ЛОШ
Република
Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска
РЕДАКЦИЈА:
Македонија
Тел: 02/ 3181-351
Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ
Сиљан
(член) Калинка Танеска (член)
Теговски (член) Миле Атанасов (член)
Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ:
Со најновиот, јунскиот, број на „АМСМ Клуб Мобилити“ го прославуваме 17. роденден на нашето списание, на нашето дружење. Години во
објавивме
теми со
се трудиме да го задржиме вашето внимание, ве советуваме, забавуваме, едуцираме, се грижиме за вас и за вашата безбедност во сообраќајот, а низ годините вие останавте наши верни членови и читатели. И ова лето ви помагаме како со помалку пари да добиете добра услуга. На веб-страницата на АМСМ www.amsm.mk ќе ја најдете АМСМ Партнер брошурата,
300000000915716 ЕДИНСТВЕН
4030991238264
ISSN 1857-6133
3 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Е ВАШИОТ ВИСТИНСКИ СОПАТНИК
можност да ги искористите нивните услуги со одреден процент на попуст во речиси сите градови во Македонија... Со сезоната на годишни одмори зачестуваат патувањата, се зголемува фреквенцијата на сообраќајот, а тоа создава и голем број опасности, особено кога се вози на долги растојанија. Многу често се случува возачите да не ја проверат проодноста на патиштата пред да тргнат на пат до саканата дестинација. Оваа информација може да ја добиете со телефонски повик на бројот 15 555 до информативниот центар на АМСМ. Од неодамна на Play Store и на App Store достапна е комплетно нова АМСМ мобилна апликација за Android и iOS базирани мобилни телефони. Во неа на едно место се достапни сите информации кои ви се потребни кога патувате од информации за состојбата на патиштата, информации за патување во повеќе од 30 европски држави, преку можност да пријавите застој на пат, како и да повикате помош на пат и да го следите процесот на одобрување на интервенцијата и пристигање на службата за помош на пат на ваша локација. Не треба да се заборави и на малите подготовки на автомобилот. Најсигурно и квалитетно проверете го своето возило во нашиот АМСМ сервис. АМСМ Клуб Мобилити и ова лето ќе ви биде вистински сопатник. Почитувани членови, убав, спокоен и безбеден одмор, забавувајте се! Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“. АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание
АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска
кои
безброј
кои
во која се претставени повеќе од 200 наши партнери. Како АМСМ членови имате
ИЗДАВАЧ:
Македонија
ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр.
1000 Скопје Република
51
СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)
Митко
Аврамовски
Јован
Димитар Пендов
Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан
Александар Табаковски Игор Ландсберг ТИРАЖ: 10.000 примероци
Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА:
БРОЈ:
Жарко Атанасоски
Трипунов
ПЕЧАТИ:
ДАНОЧЕН
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина. ВОВЕД Следниот број (јули/август) на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во јули 2024 во електронска верзија на вашата меил адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk
4 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk www.amsm.mk ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА 02/2631-181
5 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Н ОВОСТИ АВТО-МОТО ТЕСТОВИ И СОВЕТИ СТИЛ ПАТУВАЊЕ HI-TECH ИСТОРИЈА СПОРТ 8 9 44 58 10 14 40 38 29 30 32 30 32 52 8 18 38 40 ЛЕТНА ШЕМА СО ОБНОВЕНАТА „911“ СЕ НАДМИНАЛ СЕБЕСИ ПОИНАКОВ ВИД „ЈАХТА“ АВТОМОБИЛИТЕ ДОЏ СЛАВАТ 110 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ PORSCHE МАКЕДОНИЈА СО ЕКСКЛУЗИВНИОТ ROAD TOUR МОДЕРЕН КЛАСИК ВРЗ КРИЛЈА НА СЛАВНОТО МИНАТО ЗА ВЛАКНО ХЕТ ТРИК ПЕКО ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ, НО МАРКЕЗ ГО УКРАДЕ ШОУТО ЕДЕН МОДЕЛ Е ОДЛИЧЕН, ЕДЕН Е ЛОШ ЗА ЕДЕН ПОИНАКОВ ЛЕТЕН ОДМОР... ВО БОЈАТА НА ТИРКИЗОТ, КАДЕ ШТО ФАНТАЗИЈАТА Е РЕАЛНА
СКОПЈЕ
6 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА ПАТАРИНИ ВО ЕВРОПА
БУГАРИЈА
- СОФИЈА
ден. Миладиновци 60 ден. Романовце 8 € Бугарија оддалеченост: 245km патарини: 9,60 €Наплатни станици:-
- НОВИ САД 40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце 15,5 € Прешево - Ниш - Белград - Нови Сад оддалеченост: 528 kmНаплатни станици: патарини: 17,10 € € СКОПЈЕ - БЕЛГРАД 40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце 13 € Прешево - Ниш - Белград оддалеченост: 432 km патарини: 14,6 € € Наплатни станици: СКОПЈЕ - НИШ 40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце 5,5 € Прешево - Ниш оддалеченост: 206 km патарини: 7,1 € Наплатни станици: СКОПЈЕ - СУБОТИЦА 40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце 18,5 € Прешево - Ниш - Белград - Нови Сад - Суботица Наплатни станици: оддалеченост: 526 km патарини: 20,10 €СКОПЈЕ - ШИД 40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце 17 € Прешево - Ниш - Белград - Шид Наплатни станици: оддалеченост: 536 km патарини: 18,60 € -
40
СРБИЈА СКОПЈЕ
7 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ОТА | ХРВАТСКА ЦРНА ГОРА СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ 40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце (СРБ = 17 €) Прешево - Ниш - Белград - Шид оддалеченост: 825 km патарини: 35,60 € -Наплатни станици: 17 € Загреб СКОПЈЕ - БУДВА Скопје - Приштина - Пеќ - премин Кула - Рожај - Беране - Мојковац - Подгорица - Цетиње - Будва оддалеченост: 449 km Наплатни станици: патарини: нема СКОПЈЕ - СПЛИТ (преку Загреб) 40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце (СРБ = 17 €) Прешево - Ниш - Белград - Шид оддалеченост: 1.225 km -Наплатни станици: 17 € Загреб патарини: 59,60 € 24 € Сплит СКОПЈЕ - БУДВА Скопје - Приштина - Призрен - Кукс - Скадар - Бар - Будва. оддалеченост: 420 km Наплатни станици: патарини: нема СКОПЈЕ - СПЛИТ (Преку Косово/Албанија/Црна Гора) 17 € Албанија 6,7 € Сплит оддалеченост: 738 km Наплатни станици: патарини: 11,7 € СКОПЈЕ - РИЈЕКА 40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце (СРБ = 17 €) Прешево - Ниш - Белград - Шид оддалеченост: 980 km -Наплатни станици: 17 € Загреб патарини: 45,60 € 10 € Ријека
PORSCHE
8 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ BMW 1 УСПЕШНАТА „ЕДИНИЦА“ ОД БМВ
911 ЛЕТНА ШЕМА СО ОБНОВЕНАТА „911“ Само пет години беа потребни да изминат и БМВ да ја замени третата со нова генерација од моделот „1“. Овој потег на БМВ се оправда со големата продажба на споменатиот модел на континентов, дури 80 отсто од вкупната продажба се остварува на европскиот пазар. Конкуренцијата притиска, а БМВ за благовремено да одговори на потегот од останатите во класата, реши годинава да лансира нов „кец“. Ќе се произведува во фабриката во Лајпциг, а продажбата ќе започне во октомври. Сите изведби од новата „серија 1“ ќе користат автоматски менувач со седум степени и двојна спојка. Менувањето на степените оди многу брзо, но неговата тежина е за повеќе од два пати поголема од таа на обичниот менувач. Следно е тоа што моделите со „икс драјв“ во името имаат погон на сите тркала, а останатите на предната оска. Нели дизелите беа штетни по животната средина При обновувањето Порше направи неколку крупни измени во неговиот легендарен модел 911. Да тргнеме од неговите исконски 2+2 седишта - токму тие сега се нудат како опција, но не ја наплатуваат ако купувачот ја побара. Тоа значи дека Порше отсега натаму ќе го произведува купето само со две седишта. Второ нешто кое е за првпат вградено е неговата табла со инструменти која отсега натаму ќе биде целосно дигитализирана. За таа цел конструкторите имаат вградено 12,6 инчи екран на кој се отчитуваат веќе познатите параметри. Со помош на вградената компјутерска единица, возачот може да бира каква табла сака да има, од тие како во вселенскиот брод „ентерпрајс“, до тешката класика вградена во првиот 911. Ете што може дигитализацијата. При обновувањето вграден е наново конструираниот 3,6 литарски боксер мотор, се разбира турбо, но за првпат со хибридна технологија, од таа умерената. Во моторот се вградени два електромотори. Првиот служи и како мотор и генератор, сместен меѓу турбинскиот и компресорскиот склоп, така што придонесува од најмали вртежи турбото да биде искористено, а не да се чека вртежите да се зголемат на 2.000 (на пример) и тогаш турбото да „живне“. Или со речникот на мајсторите, „го нема тој миг на турбо дупка“. Овој електромотор ги користи издувните гасови и притоа работи како 11 kWh генератор. Порано оваа енергија била неповратно изгубена. Другиот електромотор го сместиле во менувачот („пдк“ со осум степени) и развива 54 КС - дополнителна силина добредојдена за боксер моторот во секое време. Турбо моторот има 485 КС или 541, заедно со тие од електромоторот. Најважно во спортските автомобили е стабилноста. Ако таа е несупериорна и недоволно подготвена за силината на моторот, тогаш купето не е за употреба. За првпат подвижноста на задната оска е сериски. Со тоа управување се зголеи загадувањето на воздухот? Сепак, БМВ сè уште не се откажува од нив („118 д“ и „120 д“). Затоа сега следи прашањето што е електричниот погон, мода или вистинска потреба? Новиот „кец“ е за 42 мм подолг и за 25 мм повисок од претходникот, додека ширината, 1,8 м и растојанието меѓу оските, 2.670 мм, останаа исти. Сега „бмв серија 1“ располага со 4.361 мм во должина и 1.459 мм во висина. Велат внатрешниот дизајн е поинаков, позанимлив, подопадлив со нови материјали итн. Кога на ова ќе се надоврзе темелната изработка и доработка, ви станува јасно со кого имате работа. Ново обликуваната внатрешност е пратена како сенка од надворешната. Се приметува дека овој пат дизајнерите биле на висина на задачата - прекрасен преден дел со затегната агресивност и заден дел кому малку му фали од таа препознатлива за БМВ агресивност. Најснажниот бензински мотор се вградува во моделот „м 340 и икс драјв“ и поседува 374 КС. И дизел изведбата (м 340 д икс драјв“) не заостанува со силината, 340 коњи на број. Силината во овие изведби мора да биде „накитена“ со тие бројки затоа што во името на ја има буквата „м“, а таа во речникот од БМВ значи „моторспорт“, односно посебен оддел каде туристичките автомобили добиваат лути спортски особини. Најмалку 150, до најмногу 374 КС. Тоа пресметано во евра за основниот модел изнесува од 32.000. Над три милиони продадени примероци од појавувањето пред 20 години до денес. Убава бројка, но малку необично што дури 80 отсто од продаденото е во сопственост на европскиот пазар. Штом е така тогаш може да го кажеме следново, овдешните купувачи повеќе се заинтересирани за купување комбилимузини отколку за лимузините. Традиционално БМВ добро поминува и кај нас, така што ако некои од вас се заинтересирани за четвртата генерација од овој модел деталите ќе ги добијат од увозникот. • мува стабилноста, а радиусот на вртење е помал. Потоа системот „пдкш“ (поршеова динамичка контрола на шасијата), тоа се состав од електронско дигитални помагала кои, исто така, придонесуваат за подобрување на стабилноста и во комбинација со електро хидрауличниот систем за контрола на подвозјето го прави автомобилот да биде подготвен за секакви предизвици при големи брзини, како на пример, нагло заобиколување на некаков предмет, животно или, пак, човек во даден миг, брзо возење во свиоците посебно во кривулестите планински патишта итн. Денес тие компјутерско дигитални прецизни системи ги бележат промените на асфалтот и реакцијата од возачот, не во секунда, туку во милисекунда, така што автомобилите стануваат се посигурни. Основниот модел ќе се продава за речиси 130.000 евра, додека за изведбата „гтс“, ќе треба да издвоите најмалку 170.000 евра. Продажбата ќе започне летово, додека за „911 карера гтс“ ќе треба да почекате до крајот на годинава и почетокот од наредната. •
9 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk НОВОСТИ | BMW CONCEPT SKYTOP СЕ НАДМИНАЛ СЕБЕСИ EBRO S700 НАРЕДНАТА ГОДИНА ЕБРО ВЛЕГУВА ВО ПРОДАЖБА БМВ повторно влегува во елемент. Има направено неколку „екскурзии“ кои веднаш беа опсипани со критики од љубителите на марката, но и воопшто од љубителите на автомобилите. Овој пат дизајнерскиот оддел добро ја завршил работата. Некогаш 503, по него „з 8“ и сега концептот „скајтоп“. Концептот како да е директен потомок на двата претходни спомнати модели. Така е, „скајтоп“ е нивен директен наследник и воедно ги сoбра сите воздишки таму некаде на крајбрежјето на езерото Комо под Алпите. Зборуваме за „Конкорсо ди елеганс, Вила д Есте“, изложба на старовремски и нови автомобили што се одржува секоја година. Има нешто ново и многу занимливо од Шпанија. Марката Ебро која датира од пред 70 години, не е многу позната надвор од матичната земја. Компанијата била создадена да произведува трактори и возила за превоз на материјални добра, доставни возила. Во '80 години од минатиот век Нисан ја купува марката, но нејзинoто производство оди во друга насока и ù се губи трагот. Во денешно време некој се сетил на оваа марка и ја возобновува, ја враќа во живот. Чери за пробивање на европскиот автомобилски пазар влезе во Шпанија со договор да гради фабрика и воедно да ја обнови старата нисанова. Сигурно тука некаде е договорот марката Ебро повторно да заживее. На Салонот за автомобили во Мадрид Ебро повторно се појавува по точно 70 години изложувајќи ги моделите „с 700“ и „с 800“, сув возила првото со класика од пет, а второто со седум седишта. „С 700“ е за 21 см покус од „с 800“, но познавачите на оваа индустрија велат дека главен носител на продажбата ќе биде „с 700“ со должина од 4,51 м. Ебро ц 700 и „ебро с 800, всушност се модели на кинескиот гигант Чери, „тиго 7 про“ и „тиго 9 про“, и од нив се изведени двата модели со име Ебро. Што се БМВ се надминал себе си, а одговорниот во дизајнерскиот оддел, Адријан ван Хојдонк, „се извадил“ за сите претходни несвојствени решенија. Концептот „скајтоп“ е еден вид скулптура на тркала, една и единствена, a обликот воедно ја прикажува и цврстината на марката преку дизајн поткрепен со снажно тело и ниски стаклени површини. Концептот прикажан на Салонот за автомобили во Пекинг, „вижн ное класе“ заедно со овој концепт, „скајтоп“, го претставува дизајнерскиот правец по кој ќе се движат новите автомобили од овој производител. Врвна изработка и доработка, врвен дизајн и сето тоа безмалку рачно направено и згора на тоа проткаено со врвна технологија, а внатре најјакиот - осум цилиндри во V. • однесува до погонските единици, најверојатно ќе има секакви, од бензинска класика (може и дизел да биде(!?)), хибридни, но и електрични. За почеток подготвуваат една ото и една хибридна единица (со приклучок) и силина од дури 350 коњи, а забрзување за помалку од 5,0 секунди. Ако сè оди според планот, првите примероци треба да се појават во продажба на почетокот од наредната година. Производството ќе се одива со слободната стопанска зона во близина на Барселона и најнапред возилата од марката Ебро ќе бидат наменети само за домашниот пазар, а дали ќе ги има и на странскиот , ќе зависи од кинескиот производител Чери. Ебро всушност е една од најдолгите реки во Шпанија. Оттаму потекнува името на компанијата создадена во минатиот век, поточно во 1954 год. •
Porsche Experience - Road Tour 2024
PORSCHE
ROAD TOUR
ВЉУБЕНИЦИТЕ ВО PORSCHE И
ЉУБИТЕЛИТЕ НА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО НАШАТА ДРЖАВА БЕА ПОЧЕСТЕНИ СО ВОЗБУДЛИВО ИСКУСТВО ОРГАНИЗИРАНО ОД PORSCHE CENTER SKOPJE, КОЈ БЕШЕ ДОМАЌИН НА ЕКСКЛУЗИВНАТА ТУРНЕЈА: PORSCHE ROAD TOUR 2024. ВО ТЕКОТ
10 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
НА ЧЕТИРИ ВОЗБУДЛИВИ ДЕНОВИ, УЧЕСНИЦИТЕ,
И ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ИНФЛУЕНСЕРИ И ЦЕНЕТИ ПОСТОЕЧКИ И ПОТЕНЦИЈАЛНИ КЛИЕНТИ, ИМАА МОЖНОСТ ДА ВОЗАТ НЕКОИ ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ИКОНСКИ МОДЕЛИ НА PORSCHE СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ.
Road Tour понуди импресивна постава на возила, вклучувајќи ги Taycan Turbo S Cross Turismo, 911
911 Targa 4, Boxster S, Macan S и
Turbo PHEV со GT пакет. Секое возило го покажа врвот на инженерството на Porsche, комбинирајќи ја врвната технологија со неспоредливата динамика на возење. Учесниците го започнаа своето патување од Porsche Center Skopje, тргнувајќи по прецизно планираните рути кои ги истакнаа прекрасните пејсажи и предизвикувачките терени на Македонија. Ова уникатно возачко искуство им овозможи на учесниците целосно да ја ценат моќта, агилноста и луксузот на моделите на Porsche. „Возбудени сме што бевме домаќини на оваа ексклузивна тура низ државата, обезбедувајќи им на нашите гости незаборавно возачко искуство“, изјави Златко Муцински –Генерален Менаџер на Порше Македонија. „Разновидната постава на возила на Porsche прикажани за време на турнејата ја одразува нашата посветеност да обезбедиме исклучителни перформанси и луксуз на нашите клиенти како и можност да ги доживеат сите модели од брендот Porsche. Taycan Turbo S Cross Turismo, револуционерното електрично возило на Porsche, ги воодушеви учесниците со своето извонредно забрзување и иновативниот дизајн.
ВКЛУЧИТЕЛНО
Porsche
Turbo S,
Cayenne
СО ЕКСКЛУЗИВНИОТ
| АВТО-МОТО
МАКЕДОНИЈА
11 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Во меѓувреме, иконите 911 Turbo S и 911 Targa 4 покажаа зошто серијата 911 продолжува да биде репер за спортските автомобили ширум светот. Boxster S понуди возачко искуство со отворен покрив кој нуди возбуда и чувство на слобода. За оние кои бараат разноврсност и перформанси, Macan S и Cayenne Turbo PHEV се покажаа како совршени придружници, без напор комбинирајќи ја практичноста со препознатливото уживање во возењето на Porsche. Porsche Road Tour во СР Македонија не само што ја истакна посветеноста на брендот кон перформансите и луксузот, туку ја нагласи и поврзаноста на Porsche со заедницата на ентузијасти и клиенти. Претставниците на медиумите со присуствувото на настанот допринесоа на свој начин, детално споделувајќи ги своите искуства со пошироката публика и дополнително зацврстувајќи ја репутацијата на Porsche како лидер во автомобилската индустрија. • Данчо Здравковски АВТО-МОТО |
12 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk TДИСТИНГВИШД ЏЕНТЛМЕНС РАЈД 2024 ДЕВЕТТИ ПАТ ДАМИ И ГОСПОДА НА МОТОЦИКЛИ СООДВЕТЕН КЛАСИЧЕН КОСТИМ, КЛАСИЧЕН МОТОЦИКЛ ИЛИ, ПАК, СВОЕРАЧНО ПОДГОТВЕН ВО ГАРАЖИ, СО КОЈ ПОТОА СЕ ШЕТАЛО ОД КАФУЛЕ ДО КАФУЛЕ ЗА ДА СЕ ВИДИ КАДЕ Е НАЈИНТЕРЕСНО И ТАМУ ДА ИМА СОБИР. ОТТАМУ Е ИМЕТО „КАФЕ РЕЈСЕР“ НА ЕДЕН ОД ОСУМТЕ ВИДА МОТОЦИКЛИ ШТО МОЖЕ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД СВЕТСКИОТ СОБИР НАРЕЧЕН ДГР. Главен на овој собир е Марк Хава од Сиднеј, кој се инспирирал од серијата „Мед мен“ и од главниот јунак, поточно од неговиот стил на облекување и возење класичен мотоцикл. Марк Хава, голем љубител на мотоцикли, посакал да изгледа така и на некој начин да го побие негативниот однос што го имаат луѓето кон мотоциклистите. Владее мислење дека мотоциклистите се непристојни со своето однесување, секогаш возат брзо и ризично итн. Движењето на Марк Хава наречено ДГР покажува дека и мотоциклистите умеат да бидат вистинска господа и преку него учесниците се прикажуваат како примерни возачи и како големи хуманитарци - собираат доброволни прилози со кои придонесуваат во лекувањето на машката болест рак на простатата, односно наоѓање лек за неа. Во организацијата на собирот учествува и Мики Стојчевски, Македонец, кој живее и работи во Австралија. На некој начин тој му е десна рака на М. Хава. Хуманитарен фактор на собирот ДГР е да се помогне во борбата против ракот на простата, со што мотоциклистите се докажуваат како благородни личности. Примерно однесување во согласност со однесување на вистински господин. Во примерното однесување спаѓа и облеката што треба да биде во согласност со однесувањето на еден господин, а мотоциклот треба соодветно да го следи сето тоа. Затоа не е дозволено на настанот да доаѓаат лица со мотоцикли со современ дизајн. Класични облици од пред 30 и повеќе години и мопеди од тоа време (на пример „веспи“), а во таа класа на мотоцикли се и оние што се приспособени во гаражите како, на пример, кафе рејсери, чопери, бобери итн. Овие правила важат секаде во светот. Кај нас манифестација првпат се одржа во 2015 година и наредната година ќе биде јубилејна, ќе се слави 10-годишнина. Секоја година на ист ден секаде во светот. Годинава тоа се случи на 19 мај. И сè според пропишаните правила, класична облека, класичен мотоцикл и примерно однесување и секако доброволни парични прилози. Убаво би било примерното однесување да е постојано, а другите возила малку повеќе да ги почитуваат мотоциклистите и да внимаваат на нив. Во Македонија почитта кон мотициклистите не е на ниво на кое треба да биде, обично поголемите возила им го пресекуваат патот, ги туркаат настрана, а тие треба да возат по средина на коловозната лента, а не крајно лево или десно. Треба да се однесуваат како да возат автомобил, а не мотоцикл, а автомобилите да ги поминуваат на соодветно растојание како да престигнуваат автомобил, а не мотоцикл. При престигнувањата обично автомобилите им се лепат на мотоциклистите на помалку од половина метар, со што се внесува голема несигурност и се создава страничен ветар што негативно влијае. Овој светски собир ќе се одржи и наредната година во мај. • Жарко Атанасоски | АВТО-МОТО
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД Скопје- Центар | Скопје-Чаир | Велес | Кичево 02/3181-181 www.amsm.mk Пат увајте БЕЗГРИЖНО! |
| АВТО-МОТО ХРАБРО И ОДВАЖНО BENTLEY ОДЛУЧУВА ДА СЕ ВРАТИ 95 ГОДИНИ НАНАЗАД, И ДА ГО ДОНЕСЕ МИНАТОТО ВО СЕГАШНОСТА ПРЕКУ ИСКОНСКИОТ BENTLEY BLOWER. АВТОМОБИЛ СОЗДАДЕН ОД ИДЕЈАТА ДА СЕ ВЛАДЕЕ НА ТРКИТЕ НА ЛЕ МАН. Претставуваме BENTLEY BLOWER МОДЕРЕН КЛАСИК ВРЗ КРИЛЈА НА СЛАВНОТО МИНАТО
15 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Одлуката на експертите од Кру да го вратат во живот Bentley Blower не е случајна. Blower бил подготвуван да настапува на Ле Ман иако не го достигнал успехот на поголемиот Speed Six. Сепак тој е првиот модел на оваа легендарна британска марка кој користел механички компресор како помош за зголемување на моќноста, без да се задира во зголемување на зафатнината на моторот. Идеја која во тоа време се сметала за ексцентрична. Од Bentley се децидни дека модерниот Blower не е реплика која се појавува еднаш, туку сосем нов модел создаден според спецификации идентични на оригиналот. Идентичен е и начинот на изработка, а автентични се и алатите. Исто како во 1929 година рачно се изработуваат сите елементи, вклучувајќи го моторот со сите негови делови, каросеријата и внатрешноста со оригинално уредување. Затоа во Bentley го гледаат Blower како сосем нов модел преку кого историјата на марката продолжува да живее. ДА СЕ РАСТУРИ, ЗА ДА СЕ НАПРАВИ Одлуката да се создаде сосем нов Blower според нацртите од оригиналот не била едноставна. Подготовките траеле долго бидејќи на инженерите им било потребно обемно истражување за да бидат сигурни дека новиот Blower Car Zero, или нулти примерок, според содржината ќе биде автентичен со оригиналот. На крај е одлучено оригиналниот тркач од Ле Ман, Blower Team Car со број 2, се смета за највредниот Bentley на светот и е во сопственост на марката, да биде демонтиран дел по дел. Потоа деловите еден по еден се скенирани со ласер за да се направи дигитален модел во CAD со прецизни димензии. Според димензиите направена е комплетно нова техничка документација која им е дадена на најдобрите техничари специјалисти во Bentley регрутирани и испратени во Mulliner да работат посебно на овој проект. Mulliner e специјално одделение на Bentley кое во минатото ги изработувало каросериите и внатрешноста на моделите, а денес е оддел за персонализација и за уникатна изработка на модели по нарачка. Дополнително ангажирани се уметниците на Mulliner кои низ архивите ги барале кодовите и називот на оригиналните нијанси на бојата на каросеријата и нијансите на кожата и дрвото во ентериерот и специфичните украси низ кабината. Но, не сите елементи можеле да бидат направени во Mulliner, затоа во Bentley се потрудиле да најдат кооперанти кои имаат искуство во создавање на машински елементи според традиционален начин. БРИТАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ НА ДЕЛО Шасијата е рачно моделирана од челични профили со дебели ѕидови и составена со загреани заковки. Нејзината изработка е доверена на 200 години стара компанија Israel Newton & Sons која на традиционален начин прави котли за парни локомотиви и парни мотори за споро влечење на тежок товар, и има експертиза да обликува и составува дебел челик. Компанијата Vintage Car Radiator Company специјализирана за прецизна рачна изработка на елементи при реставрација на возила била задолжена за изработка на ладилникот со школка од сребрен-никел полиран како огледало. Тие го изработиле и резервоарот за гориво од челик и бакар. Изработката на лиснатите пружини според оригинална спецификација била доверена на компанијата Jones Springs со 75 годишна традиција во изработка на ковани елементи. Специфичните светла со полирано куќиште се дело на светски познатите реставратори на светла Vintage Headlamp Restoration International. Станува збор за тим од двајца извонредни мајстори, кои патем се татко и син, способни да ги изработат и најсложените класични светла според оригинална спецификација. Дрвената рамка на каросеријата според најдобрата британска традиција е направена од јасен, исто така, од специјалист за реставрација Lomax Coachbuilders. Потоа дрвената рамка е фино дотерана според спецификациите на Blower од тимот експерти на Mulliner. АВТО-МОТО |
16 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk КАРОСЕРИЈА ОД СКАЈ Каросеријата е приказна сама за себе. Изработена е како кај оригиналот според системот на Вејман – Weymann. Овој систем го развил и патентирал Чарлс Вејман во 1921 година првично за обвивка на трупот на авионите, а потоа и за каросеријата на автомобилите. Системот подразбира дрвена рамка обложена со ткаенина во неколку слоја која потоа се лакира во посакувана боја. Тој обезбедува лесна конструкција што било популарно со оглед на тежината на тогашните автомобили. Подоцна системот е напуштен бидејќи не пружал соодветна безбедност за патниците при судар. Сепак Blower го користи овој систем, а каросеријата е составена од неколку слоја на специјален материјал наречен Rexine. Тоа е тип на вештачка кожа која кај нас е позната како скај, но е посебно отпорна на надворешни влијанија. Материјалот е внимателно оптегнат и поставен во повеќе слоеви, а лакиран е во сјајна црна боја. Како контраст внатрешноста е изработена од посебно штавена дебела кожа во Оксфорд црвена боја. Од неа се и седиштата наполнети со точно 10 kg природни коњски влакна исто како кај оригиналот. Кожата доаѓа од престижниот шкотски производител Bridge of Weir на кого му веруваат и останатите британски автомобилски марки. ПРИКАЗНАТА ЗАД BLOWER Blower Car Zero носи сосем нов 4½ литарски четири цилиндричен линиски мотор изработен врз техничката документација на оригиналот конструиран од основачот Валтер Овен Бентли. Моторот бил неверојатно современ за тоа време. Од него не би се срамеле ниту моторите на спортските автомобили конструирани 50 години подоцна. Користел магнезиум за блок на мотор, клипови од алуминиум, брегасти вратила во глава, четири вентили и две свеќички по цилиндер. Имал дијаметар на цилиндерот од 100 mm и од на клипот од 140 mm. Полнењето било преку два карбуратори SU и имал двојно магнетно палење. Првичниот 4½ литарец во сериската верзија испорачувал 110 КС, а во тркачката 130 КС што не било доволно за победа. Така се раѓа идејата за механички компресор од која настанува Blower или во слободен превод дувалка. Компресорот од тип Roots е поставен напред пред ладилникот и е јасно воочлив. Благодарение на него Blower испорачувал 240 КС при 4.200 min-1 и бил помоќен од шест цилиндричниот 6½ литарец на Speed Six. Меѓутоа иако помоќен не бил доволно издржлив за успех на Ле Ман. Модерниот класик Blower Car Zero останува во сопственост на Bentley и ќе служи за обемно тестирање пред да започне изработката на лимитираната серија од 12 примероци кои веќе се распродадени. Тестирањето опфаќа 35.000 километри возење во реални услови и лути 8.000 километри возење на патека. Проверката на издржливоста и функционалноста ќе покаже дали е потребно да се прават измени и подобрувања бидејќи моделите наменети за ретките клиенти се сертифицирани да возат на класичните релија со преку 100 годишна историја како што се Пекинг до Париз или Миле Милја. • Љубомир Атанасовски | АВТО-МОТО
ЕДНА ГРИЖА ПОМАЛКУ!
17 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk www.mobilitybroker.com.mk 02/3181-405 | 02/3181-402 *НАПРАВЕТЕ ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ СО ВКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ ОД: ПОЖАР, УДАР ОД ГРОМ, ЛУЊА И ГРАД, ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО, ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА ОД ИНСТАЛАЦИИ, КРШЕЊЕ ПРОЗОРСКИ СТАКЛА, ШТЕТИ НАСТАНАТИ КАЈ СОСЕДИТЕ КОИ МОЖАТ ДА ВЛИЈААТ НА ВАШИОТ ДОМ. ПОЛИСИ ОД СИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ:
18 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО VANTAGE Е КРУНА КОЈА ГО КРАСИ НАЈДИНАМИЧНИОТ ПЕРИОД ВО 111 ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА НА ASTON MARTIN. ТОЈ Е ЕКСПЛИЦИТНА ПРЕТСТАВА ЗА ФИНО ДОТЕРАН ЛУКСУЗЕН СПОРТИСТ СО БЕСПРЕКОРЕН СТИЛ И НЕПОВТОРЛИВ КАРАКТЕР. Претставуваме ASTON MARTIN VANTAGE НАЈВРЕДНОТО ГРЛО ОД ЕРГЕЛАТА ГАЈДОН Исконската лоза на Vantage, еден од најдобрите чистокрвни спортски автомобили кој доаѓа од легендарната одгледувачница на расни грла во Гајдон, продолжува да блеска. Според името лесно е да се погоди дека станува збор за Aston Martin и неговиот ултимативен спортист Vantage чие име се протега низ 74 години долга историја. Синоним за беспрекорен стил, незаборавни перформанси и неповторлив карактер, Vantage е ултимативниот Aston Martin. Токму со
Martin во 2018 година го претстави новиот дизајнерски правец од кого произлегоа моделите DBS, DB12 и спортскиот теренец DBX. Оваа нова генерација на Vantage ги подигнува границите уште повисоко. Моќноста во однос на претходникот скокнува од 510 на 665 КС, а максималната брзина од 314 на 325 km/h. Сепак, овие податоци се само најава за претставата која ја приредува овој фино дотеран луксузен спортист со возачко доживување кое остава без коментар. ЕКСПЛИЦИТНА МУСКУЛЕСТА ФИЗИОНОМИЈА Претставата за предатор која се провлекува низ дизајнот на моделите на Aston Martin преку целата 111 годишна традиција ја достигнува својата кулминација кај новиот Vantage. Приказната за експлицитна мускулеста физиономија која започна кај претходникот во 2018 година дизајнерите успеаја да ја продолжат во уште повпечатлива претстава на предатор. Vantage сега, посебно гледан од профил, уште повеќе делува како ајкула со отворена челуст спремна на загриз. Телото е пошироко за 38 mm и значително помускулесто. Препознатливата муцка која е синоним за еден Aston Martin сега има дополнителна длапка во подножјето која и дава доза на префинетост, но во исто време делува застрашувачки. Посебно кога се гледа како целина со дополнителните отвори за воздух и новиот светлосен потпис со LED технологија. Масивните отвори имаат 38% поголема површина и овозможуваат 50% поголем проток на воздух кој помага да се разлади масивно навиената енергана напикана под хауба. Куполите над тркалата се забележливо понапумпани од бил кој Aston Martin досега, додека задникот е варијација на една успешна дизајнерска приказна која за волја на вистината нема потреба да се менува. ЦВРСТ И ЛЕСЕН Супер цврстата и неверојатно лесна шасија која како платформа Aston Martin ја донесе со Vantage во 2018 година и околу неа ги изгради и DBS и DB12 носи низа подобрувања за продолжувачот на лозата. Таа во суштина е монокок од панели и профили добиени од легура на алуминиум и споени со лепење. На него се споени полурамки од иста легура кои ги носат моторот, подвозјето и механиката. Совршениот баланс заради тежински распоред врз оските од 50:50 му овозможува вродена агилност. Таа се должи на менувачот поставен директно на задна оска по принцип трансаксл. Со поставување на полесни, а поцврсти напречни крути врски врз моторот и меѓу куполите на задните амортизери и дополнителни крути врски во подот на шасијата под предната и задната оска, добиена е 29% покрута шасија во однос на претходникот. Така е овозможена полна контрола на подвозјето врз автомобилот која гарантира чувство на директна врска и одзив на миг. Едноставно возачот добива мнение дека Vantage реагира на мисла.
Vantage, Aston
19 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ВРОДЕНА АГИЛНОСТ Крутата шасија со зајакнати врски за елементите од подвозјето и амортизерите носи двојни водилки од кована легура напред и мултилинк назад. Амортизерите Bilstein DTX припаѓаат на нова генерација и нудат пет пати побрза реакција при промена на оптоварувањето, односно навалувањето на автомобилот кое се детектира од шест канален жироскоп. Заедно со електронски управуваниот диференцијал кој при старт во 135 милисекунди минува од отворен во целосно затворен и во 60 милисекунди реагира при промена на динамиката при возење овозможуваат Vantage да реагира брзо како мисла на командите од возачот. Дополнителното чувство на директна врска со тркалата е добиено со исклучување на изолирачките елементи од управувањето. И тоа носи дополнителни предности. Има варијабилен пренос зависно од брзината, и само 2,27 свртувања на волан од крај до крај. Прецизното водење добива помош и од гумите Michelin Pilot Sport S 5 создадени само за Vantage со димензии 275/35 R21 напред и 325/30 R21 назад. НАВИЕН ДО НАЕЖУВАЊЕ Значителниот скок во моќноста во однос на претходникот се должи на обемна доработка на моторот кој изворно доаѓа од AMG. Рачно изработениот би-турбо V8 од 4.0 литри е навиен да ослободува 665 КС при 6.000 min-1 и 800 Nm меѓу 2.000 и 5.000 min-1. Плус 155 КС и 115 Nm во однос на претходникот. Модификуван профил на брегасти вратила, оптимизирање на компресија, поголеми турбо полначи, подобро ладење и фино дотерување на параметрите за побрз одзив се елементи кои довеле до создавање на овој моќник. Дополнително е работено и на вокалниот карактер на бесниот V8 кој наежува со рапав тон при ниски вртежи и дивее со крешендо кога се врти на максимум. Спарен е преку карбонско карданско вратило со менувач на ZF со осум тесно распоредени преносни односи и електронски диференцијал. Тој помага дури и екстремните стартови да минат без губење тракција. Затоа моќникот турка како локомотива врз грбот на возачот кога педалот за гас ќе се притисне до крај. Со помош на контролата за лансирање во само 3,5 секунди катапултира од место до 100 km/h, а заради колосалните 800 Nm кои стојат на располагање сè до 5.000 min-1 притисокот врз грбот на возачот не попушта сè додека не се достигне максимумот од 325 km/h. Сопирачкиот апарат го сочинуваат масивни пливачки вентилирачки дискови од 400х36 mm напред кои ги зафаќаат шест клипни клешти и вентилирачки дискови од 360х32 mm назад кои ги зафаќаат четири клипни клешти. Како опција се нудат карбон-керамички дискови кои се 27 kg полесни од челичните, отпорни се на прегревање и нудат подобра возна динамика и побрз одзив на управувањето. НАЈФИНА БРИТАНСКА ТРАДИЦИЈА Иако по душа Vantage е чистокрвен спортист тоа не значи дека не треба да биде современ, комфорен и опремен со најнова информациска технологија. Кабината е благородна, дотерана според најфина британска традиција. Кожата за рачно изработениот ентериер е импрегнирана со ароматичен мирис кој нуди смирувачки комфор. Доаѓа од престижниот шкотски производител Bridge of Weir, кој постои од 1905 година и за првпат Aston Martin ја користеше во својот Super Tourer DB12. Современиот информациски и комуникациски систем користи екран вметнат во арматурата за да не го одзема вниманието при спортско возење. Системот нуди мноштво опции за постојана конекција со остатокот од светот, додека ушите ги милува совршениот звук од системот сараунд на специјалистот Bowers & Wilkins. Составен од 15 звучници и со моќност од 1170 W системот, исто така, за првпат беше промовиран во DB12. Нема двојби дека ова скапо парче машина е создадено да одушевува и со својата појава, и со својата техника. Но, најмногу од сè со задоволството кое го приредува додека со него се бришка без оглед дали на пат или на патека. Едноставно Vantage е круна која го краси најдинамичниот период во 111 годишната историја на Aston Martin. • Љубомир Атанасовски АВТО-МОТО |
булевар „Илинден“ од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Skopje City Mall“ и назад Трчање – околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“
Со повеќе од 300 натпреварувачи од различни земји, од Македонија, Хрватска,
20 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ
ЗА УЛИЧНАТА УМЕТНОСТ И НОВИТЕ СПОРТОВИ СТАТУАФЕСТ 2024 – ДРУГОТО ЛИЦЕ НА УЛИЦАТА ТРИАТЛОН НАТПРЕВАР„TRIOGY TRIATLON 2024“ ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НАСТАПИЈА ПОВЕЌЕ ОД 15 АРТИСТИ СО 10 РАЗЛИЧНИ АКТОВИ (РУЖА – ЖЕНА ЦВЕТ, ПОГЛЕДНИ МЕ ВО ОЧИ, ДАМАТА СО МЕЧТИ И ДР.) КОИ ИМАА ЗАДАЧА НА ДОСЕТЛИВ И СУПТИЛЕН НАЧИН ДА РАСКАЖАТ ЗА ПРЕКИНАТИТЕ ВРСКИ. Mеѓу актовите, имаше и такви кои беа инспирирани од АМСМ, како поддржувач, а благодарение на умешноста и креативноста на организаторот, мошне успешно реализирани во насока на темата на фестивалот: Актот „МОСТ“ изработен од автомобилски гуми со цел да се создаде мост преку кој двајца артисти ја раскажуваат својата љубовна врска; и Актот „РАСКРСНИЦА“ изработен од рециклиран материјал кој имаше цел да го претстави моментот кога секој продолжува по својот (животен) пат. Промоцијата на фестивалот беше, исто така, поддржана од АМСМ, овозможувајќи им на скопјани, во најголемите сообраќајни гужви да уживаат во перформансите на живите статуи преку актот „ПОДВИЖНО ДИСКО“, кој се реализираше по главните булевари во градот, со помош на камион за шлепување. НА 19 МАЈ, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТК „ТРИОГИ РЕЈСИНГ“, НАЈТРОФЕЈНИОТ ТРИАТЛОН КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ ОДРЖА ЧЕТВРТИОТ ТРИАТЛОН НАТПРЕВАР „TRIOGY
2024“. Триатлон натпреварот се реализираше на следните локации: Пливање – базен СРЦ „Борис Трајковски“
– долж
ПОДДРШКА
TRIATLON
Велосипедизам
Косово, Албанија, Бугарија, Турција, Србија и Црна Гора, овогодинешниот триатлон натпревар беше најмасовен и најдобро организиран досега. Сите учесници на четвртиот Триатлон натпревар, од АМСМ како помагател на настанот, добија ваучери за 20% попуст на сервисни услуги во АМСМ сервисот за велосипеди и 20% попуст на АМСМ ВЕЛО картичка. Триатлонците кои го освоија 1-вото, 2-рото и 3-тото место во Мастерс групата од машка и женска категорија, меѓу другото добија и АМСМ ВЕЛО картичка, бесплатно за првата година.
21 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk АМСМ | ВРЕМЕ Е ЗА СЕЗОНСКА ПОДГОТОВКА НА ВОЗИЛОТО ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО Искористете ја привилегијата да се биде наш член и подгответе го возилото за летната сезона. Како наши членови во периодот од 01.06 - 30.06.2024 година, имате можност да направите бесплатна летна проверка на возило, која вклучува: - Бесплатни сервисни услуги, како проверка на ниво на масло во мотор, контрола на антифриз, кочиона течност, течност за серво управувач, состојба на акумулатор и визуелна проверка на состојбата на моторот, проверка на предни и задни кочиони облоги, состојба на предни и задни сврзни елементи на потпирањето, на елементите од системот за управување, елементите од погонскиот систем и елементите за потпирање на моторот; - 30% попуст на вулканизерски услуги и - 20% попуст на работна рака. Акцијата можете да ја користите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и во Кичево, само со претходно закажување. Закажување: 02/3181-181 АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС | 02/3181-240 072/228-195 www.avtoskolamobiliti.mk
22 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ
НА ПАТИШТАТА НА 30 МАЈ ВО ХОТЕЛОТ „ХОЛИДЕЈ ИН“ СЕ ОДРЖА ТРЕТАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТИШТАТА“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА РСБСП. НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА БЕА ПРИСУТНИ СИТЕ РЕЛЕВАНТНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ИНСТИТУЦИИ ОД ДОМЕНОТ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ ОД РЕГИОНОТ. Дел од агендата беше и презентацијата на годинашниот проект „Безбедни патеки за безбедни велосипедисти“ што се однесува на имплементацијата на методологијата CycleRAP за процена на безбедноста на велосипедската инфраструктура. Во очекување на резултатите од анализата и официјалниот извештај со препораки и конкретни мерки за унапредување, потсетуваме дека проектот го реализираме во соработка со НаТочак, шпанската компанија FACTUAL и РСБСП, а кофинансиран и поддржан е од ФИА Фондацијата и ФИА грант програмата. Покрај презентацијата на нашиот проект, на агендата беа и презентации на други организации и државни институции од земјава и регионот, меѓу кои ги издвојуваме: - Интелигентни сообраќајни системи и нови технологии за безбедност во сообраќајот - д-р Синан Алиспахиќ, помошник генерален секретар, Хрватски ауто клуб - ХАК - Први национални стратегии за безбедност во сообраќајот на Република Србија - искуства и научени лекции - проф. д-р Крсто Липовац, раководител на Одделот за безбедност на патиштата, Република Србија - БРТ масовен јавен транспорт - одржлив транспорт: Студија на случај во град Скопје - проф. Оливера Петровска - Универзитет Мајка Тереза, Скопје, Факултет за технички науки и Дарко Спасеновски - 24ИНГ - Монодрама - Васко Тодиќ - Агенција за безбедност на сообраќајот на Република Српска, БиХ - Процена на околината на патот од експерти, возачи и вештачка интелигенција - доц. д-р Александар Трифуновиќ, проф. д-р Драженко Главиќ - Факултет за транспорт и сообраќајно инженерство, Универзитет во Белград - Влијанието на напредните системи на возила врз автоматското возење - д-р Синан Алиспахиќ, помошник генерален секретар, Хрватски ауто клуб - ХАК Во церемонијалниот дел на конференцијата РСБСП им оддаде признание на оние институции и соработници, кои со своите активности придонесуваат за поголема безбедност на патиштата, меѓу кои со плакета за особен придонес во безбедноста на сообраќајот се здоби и АМСМ. • Благица Станојевиќ Блажевски Трета меѓународна конференција на РСБСП
УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА
23 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108
ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ОПЦИЈАТА ЗА СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО И СПОДЕЛЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ ОД ВАШАТА ЧЛЕНСКА CLASSIC ИЛИ EUROPE PREMIUM КАРТИЧКА СО НАЈБЛИСКИТЕ. Семејна дополнителна картичка можете да извадите во моментот на зачленување или подоцна се додека е активна вашата АМСМ членска картичка, по цена од 490 денари за АМСМ Classic и 890 денари за АМСМ Europe Premium дополнителна картичка. СИГУРНИ ДЕКА СЕКОЈ ОД СЕМЕЈСТВОTO ПАТУВА БЕЗГРИЖНО! СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО
www.amsm.mk
700.000 СМРТНИ СЛУЧАИ
КОРИСТЕЈЌИ ЈА МЕТОДОЛОГИЈАТА
НА МЕЃУНАРОДНАТА ПРОГРАМА ЗА
ПРОЦЕНА НА ПАТИШТАТА (IRAP), ПРОМЕНИТЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА
ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА И
ПОБЕЗБЕДНИТЕ БРЗИНИ СПРЕЧИЈА
РЕЧИСИ 700.000 СМРТНИ СЛУЧАИ И СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ ВО 74 ЗЕМЈИ ОД
2016 ГОДИНА, СПОРЕД НОВИОТ ТРУД НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
24 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk iRAP
ЏОН ХОПКИНС ОБЈАВЕН ВО УГЛЕДНОТО СПИСАНИЕ PLOS ONE.
СПРЕЧЕНИ РЕЧИСИ
И СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ Т рудот „Статистичка процена на фатални и сериозни повреди спасени со протоколите iRAP во 74 земји“ го проценува веројатното влијание на подобрувањата на патиштата во 1.039 инфраструктурни проекти каде што се користени методологијата и алатките iRAP. Клучните наоди од извештајот, со моделирање од година во година, покажуваат дека примената на моделот iRAP ќе спречи кумулативни и проценети 699.768 смртни случаи и сериозни повреди помеѓу јануари 2016 и крајот на 2024 година. Понатаму, трудот предвидува дека до 2044 година постојните третмани на патиштата ќе спречат речиси 3,2 милиони смртни случаи и сериозни повреди, со оглед на просечниот ефективен животен век од 20 години. Студијата е прва што го мери влијанието на проектите за патишта финансирани и имплементирани од влади, развојни банки, невладини организации и патни оператори од приватниот сектор низ светот користејќи ги методологијата и алатките iRAP. Методологијата за рангирање со ѕвездички iRAP обезбедува објективна мерка за нивоата на безбедност на патиштата „вградени“ на патот за патници, мотоциклисти, велосипедисти и пешаци. Таа претставува мерка заснована врз докази за веројатноста да се случи несреќа и нејзината сериозност. Патот оценет со една ѕвезда е најмалку безбеден, а патот со пет ѕвезди е најбезбеден. Примерите за проекти во кои е користена методологијата iRAP вклучуваат: Во Карнатака, Индија, смртните случаи се намалени за 54%, а повредите за 42% на дел од 62 километри од автопатот Белагави –Јарагати; во Викторија, Австралија, смртните случаи се намалени за 77%, а деновите во болнички кревети се намалени за 74% на 1.730 километри клучни автопатишта; нула смртни случаи и 89% пад во повреди на дел од автопатот 4028 во Тајланд; во Шанкси, Кина, смртните случаи на патиштата се намалени за 33%, а повредите се преполовени (53%) на 850 километри патишта; во Албанија, смртните случаи на патиштата се намалени за 23% по третманот на 1.335 километри од најпрометните примарни и секундарни патишта во државата; во Англија, смртните случаи се намалени за 54% на повеќе од 7.000 километри стратегиски мрежни патишта; и во Колумбија, намалувањата на ограничувањата на брзината информирани од процените на iRAP резултираа со намалување на смртните случаи за 22%. Роб Мекинерни, извршен директор на iRAP, рече: „Ние сме толку горди и благодарни за секој живот спасен од нашите партнери низ светот. Не знаеме кого сме спасиле, но знаеме дека тоа би можело да биде некој што вие или јас го сакаме. Ова истражување покажува дека земјите и организациите што ја користат методологијата и алатките iRAP за информирање за инвестирање во побезбедни патишта – како што се тротоари и премини, велосипедски патеки, безбедносни бариери и смирување на сообраќајот – имаат вистинско и мерливо влијание.“ | АМСМ
Сега
повеќе
125 земји,
лиони километри патишта и дизајни оценувани со ѕвездички и 1,8 милиони
на ризик,
влијае врз безбедноста
инвестиции во патишта. На
случаи и повредите на патиштата првпат се намалени
најновите податоци на
организација (СЗО), која го идентификуваше подобрувањето на стандардите на патиштата како важен фактор. Глобалниот план за Декадата на акција за безбедност на патиштата 2021-2030 постави цели до 2030 година повеќето патувања да се прават на патишта со три ѕвезди или подобри, а сите нови патишта да се градат според тие стандарди. Абдулгафур М. Бачани, коавтор и директор на извештајот, од Меѓународната истражувачка единица за повреди на „Џон Хопкинс” (JH-IIRU), рече: „Светот е во постојано движење. Луѓето патуваат до работа, пешачат до училиште, извршуваат обврски и се занимаваат со различни секојдневни активности. Препознавајќи ја оваа реалност, пристапот до безбеден систем ја нагласува ‘безбедната патна инфраструктура’ како суштинска компонента на нејзината рамка. Следствено, давањето приоритет на нејзината интеграција во урбаното планирање и развојните иницијативи треба да стане императив во секој град, земја и регион. Ние сме оптимисти дека оваа студија ќе послужи да ја засили важноста на безбедната инфраструктура и да внесе нова енергија во глобалните напори за безбедност на патиштата.“ Извршниот директор на Фондацијата ФИА, Саул Билингсли, рече: „Фондацијата ФИА е неверојатно горда што е основен донатор на работата на iRAP, која создава алатки и методологија за да ги направи патиштата побезбедни за сите. Оваа анализа го покажува длабокото влијание што iRAP го има низ целиот свет. Стотици илјади смртни случаи и сериозни повреди се спречени преку безбедна процена на патиштата, проектирање и надградба на патиштата. Сега треба да видиме поголеми владини инвестиции и поддршка од развојните банки за да испорачаме побезбедна патна инфраструктура во следните пет години за да можеме да направиме сè што може за да ги постигнеме целите на Декадата за безбедност на патиштата и целите за одржлив развој.“ • Мирко Гигов АМСМ |
партнерствата на iRAP ги има во
од
1,8 ми
километри мапирање
што
за над 100 милијарди американски долари
глобално ниво, смртните
рекордно, според
Светската здравствена
26 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН • Дали постои можност да се издаде полномошно за управување со туѓо моторно возило во странство надвор од Македонија? Моментално се наоѓам во Словенија, возилото е на име на син ми, а претходното полномошно е истечено. Ново не можеше да направи без да бидам и јас присутна. АМСМ: За издавање на полномошно за управување со туѓо моторно возило, потребно е задолжително присуство на сопственикот на возилото кој треба да приложи лична карта или пасош и сообраќајна дозвола. • Колата моментално ми се наоѓа во Германија, па ме интересира дали може да извадам зелен картон и осигурување без колата да е во Македонија. Пријатен ден, Далибор АМСМ: Ако на возилото е истечена важноста само на зелената карта, во Македонија може да извади било кој зелена карта, со приложување на сообраќајна дозвола и полиса за автоодговорност. Ако е истечена регистрацијата на возилото, што значи истечена важност и на полисата за автоодговорност, тогаш проблемот е сложен и не може да се изврши регистрација на возилото ако не е присутно во станицата за технички преглед. За враќање на возилото во МК, постојат две опции и тоа: - да се товари возилото на шлеп и да се донесе во СРМ , - или опцијата со вадење на гранично осигурување при влез во секоја држава од трасата на движење на возилото до СРМ. • Планирам да купам кола на старо од Охрид, но не ми е позната постапката како да добијам скопски таблички (моето живеалиште е во Скопје)? Што треба најпрвин да направам? Поздрав, Станислав АМСМ: При купување на возило од друг град, а купувачот е со живеалиште од Скопје, со купопродажниот договор се враќаат табличките за одјава во Охрид. Потоа, во Скопје се изготвуваат документи за технички преглед, се врши преглед на возилото и потоа се земат нови регистарски таблички. | АМСМ
27 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Закажување: 02/3181-181 www.amsm.mk БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛА ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ 01-30 ЈУНИ 2024 *Акцијата можете да ја користите само со претходно закажување. АМСМ СКОПЈЕ ЦЕНТАР АМСМ ВЕЛЕС АМСМ КИЧЕВО
28 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Безбедност во сообраќај БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ ЌЕ ОДИТЕ НА ТУРНЕЈА НИЗ ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ, ПЛАНИНИ, СЕЛА, ЕЗЕРА ИЛИ НА НЕКОЕ КРАЈБРЕЖЈЕ, НАЈБИТНО Е ДА УЖИВАТЕ ВО ПАТУВАЊЕТО И ДА НЕ ВОЗИТЕ БРЗО И СО НЕРВОЗА.
НЕКАДЕ ЛЕТОВО? Периодот пролет лето е најубав дел од годината за патување. Ако планирате да патувате, пред сè, треба да се погрижите вашето моторно возило да биде соодветно подготвено. - Кај моторните возила прво е потребна темелна проверка на пневматиците за да се прегледаат дали има површинско оштетување. Потоа да бидат правилно напумпани, како што советува производителот. Исклучително да се избегнува да се користат пневматици купени на старо. - Следуваат сопирачките, за кои, исто така, е потребна темелна проверка што треба да ја направи стручно лице, а препорачливо е да се провери и летвата на управувачот (волан). - Потоа треба да се направи контрола на течностите во моторот: масло, течност за ладење на моторот, течност за сопирачките и течност за миење на ветробранското стакло, а нивото во садовите мора да биде усогласено со препораките на производителот на автомобилот. - Внатрешноста на автомобилот треба да биде добро исчистена и да се извадат непотребните работи. - Ветробранското стакло и метличките од бришачите, како и другите стаклени површини треба да бидат чисти за да има врвна видливост во секое време. Задолжително во автомобилот треба да има резервна течност за миење стакла. - Малку храна, бисквити и слични грицки, но ништо што е подложно на расипување поради топлото време. Од течности најдобро е вода со малку лимон, а не се препорачуваат сокови, особено газирани. | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ - Доколку на патувањето оди и домашниот миленик потребно е да се внимава на него поради високите температури, да се остави отвор од два-три сантиметри на сите прозорци за да има провев во кабината. Застанувајте почесто и одморајте со милениците под сенка. Кога патувате не треба да брзате. Не е препорачливо да се тргнува во раните утрински часови. Наспијте се добро и дури тогаш тргнете на пат. Во раните утрински часови рефлексите се преполовени, а тоа носи голем ризик. Облекувајте лесна комотна памучна облека во светли бои. Тргнете на пат расположени и уживајте додека возите. • Жарко Атанасоски Ако сте уморни, отспијте малку, па потоа продолжете да возите Не возете брзо низ планински предели Внимавајте на миленикот и не оставајте го сам во автомобил Може и без да се гледа во мобилниот, зар не?
ПЛАНИРАТЕ ДА ПАТУВАТЕ
01 Uvex Urban Planet LED, 130 евра
02 Alpina Gent MIPS, 130 евра –
03 Limar Torino, 90 евра – Добро
04 Layer Codax KinetiCore, 65 евра – Задоволително
06 Giro Fixture Mips II, 100 евра – Задоволително
07 Abus HUD-Z, 120 евра – Задоволително
08 Declatohn Btwin Citz 540 Bowl, 50 евра – Задоволително
09 Prophete ECO Urban, 50 евра – Задоволително
05 Lidl Crivit велосипедски шлем со задно светло, 15 евра –Задоволително
10 Cube Fleet, 55 евра – Задоволително
11 Casco E. Motion 2, 120 евра – Не е доволно
29 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ТЕСТОВИ И СОВЕТИ | Тест на велосипедски шлемови ТЕСТИРАНИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ШЛЕМОВИ ЗА ВОЗРАСНИ - ПОВЕЌЕТО СЕ ПРОСЕЧНИ.
Е ОДЛИЧЕН, ЕДЕН Е ЛОШ Кои се клучни и значајни заклучоци од овој тест? Прво: Победникот на тестот Uvex Urban Planet е еден од најскапите модели на тестот. Но вториот заклучок е дека: цената претставува автоматски синоним за нивото на безбедност што го нуди шлемот. Затоа „скапо=безбедно“ важи само во ограничен обем и за одредени шлемови. Најдобар пример за ова е евтиниот модел на шлем што се наоѓа во дисконтите на некои супермаркети, кој понекогаш функционира подобро во однос на безбедноста од многу поскапите модели. И третиот заклучок: заклучок што зависи од одредени ситници, како што е прицврстувањето на лентата за брадата. Casco E. Motion пукна за време на безбедносната проверка. Бидејќи ова е дефект поврзан со безбедноста, дефектот во оваа категорија има директно влијание врз целокупната оцена. Од гледна точка на производителот,
ЕДЕН МОДЕЛ
– Добро
Добро
веројатно ова е повеќе од срамота бидејќи моделот постигна добри резултати во многу други области. Доколку го немаше безбедносниот недостаток, дефинитивно ќе беше во топ 5. Позитивна забелешка од резултатите добиени на тестот е дека: сите модели, без исклучок, го поминаа тестот за загадување од нанесените бои. За жал, најчесто ова не беше случај во минатото. Годинава, со исклучок на моделите од Prophete, Cube и Casco, сите постигнаа многу добар рејтинг, а, според резултатите, трите конкретно споменати модели на шлемови беа оценети како добри. Разни совети во врска со шлемовите, тестовите за нив од претходните години и многу општи информации за велосипедите може да најдете на следнава страница: www.oeamtc.at/fabrrad Преземено од ÖAMTC
30 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ Доколку ù припаѓате на групата луѓе што за време на летниот одмор се навикнати да се будат во климатизирана, комфорна хотелска соба, по студениот туш во раат да го испијат утринското кафе, додека „скролаат“ по социјалните мрежи и размислуваат како да го поминат денот, кој специјалитет да го одберат за ручек..., тогаш не се впуштајте во авантура од овој тип затоа што едрењето е сосема спротивно. Без оглед на луксузот со кој се одликува едреникот (јахтата) каде што ќе бидете неколку дена, едрењето или пловењето со помош на едра во кои дува ветерот и го движи бродот е рамен на акција, исто како и извидничкиот логор, кампувањето, преноќевањето во планинарски дом на железен или пак во кревет на два ката, со многу адреналин. Патем, возбудливите доживувања се загарантирани, заедно со неприкосновеното чувство на слобода што го дава, додека уживате во погледот на бескрајната морска ширина чии бои постепено преминуваат од една во друга - нијансирајќи ја. Темносината се прелева во светла, до белузлава, сребренеста. И сето тоа проследено со атмосферско струење на воздухот, понекогаш и доста силно, предизвикувајќи бранови. СО ДОАЃАЊЕТО НА ЛЕТОТО СЕКАКО ДЕКА ВО ЖИЖАТА НА ВНИМАНИЕТО Е И ПРАШАЊЕТО ЗА НАЧИНОТ НА КОЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕТЕ ОДМОРОТ, БЕЗ ИСКЛУЧОК НА НЕГОВАТА ЛОКАЦИЈА, МЕСТО. АКО НЕ СТЕ ГО ИСКУСИЛЕ ПЛОВЕЊЕТО СО ПОМОШ НА ЕДРА, МОЖЕБИ Е ВРЕМЕ ДА ГО ДОЖИВЕЕТЕ. БИДЕТЕ СИГУРНИ, ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ВИ ОСТАНЕ ВО МЕМОРИЈАТА. НЕ САМО ПОРАДИ ВОЗБУДАТА ШТО ЈА НОСИ СО СЕБЕ ТУКУ И ЗАРАДИ НЕПРИКОСНОВЕНОТО ЧУВСТВО НА СЛОБОДА, КОЕ ГО ДАВА. Едрење ПОЈАДОК НА ЕДНО, РУЧЕК НА ДРУГО МЕСТО, ВЕЧЕРА НА ТРЕТО Искуството нема пресудно значење. Желбата, намерата и расположението се решавачки за да се одлучите за него. А искусните едриличари, пак, никогаш не забораваат да ја споменат и важноста на друштвото за убавиот помин, вклучувајќи ги и незаборавните спомени. Хомогеноста на екипата се гледа не само во заедничкиот интерес кој ги спојува ами и во стилот на живеење што е горедолу ист. Во него спаѓа и ритамот на денот, рутината... Вештината на едрењето се стекнува со практиката, додека почетниците за првпат ќе се соочат со предизвиците. Меѓу нив секако е и слободата на движењето и мобилноста - појадок на едно, ручек на друго место, вечера на трето, заедно со можноста постојано да се истражува. Окружувањето со природата само по себе ја намалува потребата од користење социјални мрежи, техника..., истовремено е и совршено за ментална детоксикација. Доколку имате неодложни работни обврски кои можат да се извршуваат и онлајн, земете го предвид фактот дека сите добри едреници (јахти) располагаат со интернет. Пловните објекти за едрење ги имаат буквално сите поволности како и секој дом, само што се помали. Генерално, спалните соби се задоволителни, имаат и орманчиња и полици. Впрочем, таму ЗА ЕДЕН
ЛЕТЕН
ПОИНАКОВ
ОДМОР...
31 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Почитувањето на правилата за убаво однесување или бонтонот е суштинско, буквално сите се разумни. Едреникот (јахтата) секогаш треба да биде уреден, сè да е на своето место за во случај на невреме да не барате. Штедете ги ресурсите - водата и струјата. По правило, тоалетот се користи исклучиво за време на пловењето, во лагуните, кога бродот е усидрен, внимавајте да нема капачи. Во марините е забрането - се разбира, доколку пловниот објект нема танкови за т.н. црна вода. Кога има гужва, можете странично да се врзете за друг брод. Никој нема право да ви забрани да минете покрај него за да стигнете до брегот, но културно е да го прашате. Избегнувајте да се движите откај т.н. кокпит за да ја сочувате неговата приватност. Затоа поминете покрај клунот. За да избегнете расправија, бидете толерантни, пројавете трпеливост кон другите, односно екипата. И секако, не правете ѓубре. Отпадоците не ги фрлајте во морето. ИЗБОРОТ НА ЕДРЕНИКОТ (ЈАХТАТА) Е СУШТЕСТВЕН Фактот дека сезоната на едрење тукушто започна и ќе трае до крајот на октомври, доколку не сте одлучиле каде ќе одите на одмор, како ќе го поминете, со кого..., пловењето со помош на едра би можело да биде ваша опција. Регатите веќе се во полн ек, благодарејќи на временските услови, температури од 21 до 27 степени. Медитеранот е идеален за едрење, умерената клима го овозможува тоа. Сепак, доколку се решите на поголеми далечини, знајте дека сезоната во Англија е подолга и трае од март до ноември, а на Карибите, пак, започнува во декември, завршува во мај (пикот е од јануари до мај). Деталниот план ќе ви помогне да се соочите со проблемите на едноставен, прост начин, вклучувајќи го и подробното информирање. Сигурноста нема цена, исто како и уживањето на слободата. Довербата во навигаторот и во самите себе ќе допринесе за целосно да му се препуштите, во некоја лагуна од соништата, на пример. Или некаде во непрегледната ширина додека го гледате зајдисонцето. Има време за сè, буквално. И за дружење и за приготвување нешто специјално - уловената риба, можеби. Со добро вино и муабет на кој не му се гледа крајот. За впечатокот да биде комплетен, изборот на едреникот (јахтата) е суштествен. Многу фактори влијаат на него, меѓу нив и мотивот - што ви е побитно, едрењето и здобивањето со искуство, знаење или пак одморот и благодатот на водата, летото. Во првиот случај нема потреба од нов брод. Може да биде и постар (од 7 до 10 години), ама во добра состојба - предиспониран за пловење со помош на едра. Исто така, резервоарите за вода (нивниот број и големината) се пресудни за едрењето да го поминете на море, а не во марина. Во вториот случај ќе мора да изберете понов едреник (јахта), можеби со платформа за капење, скара... Удобноста игра важна улога, бродовите се класифицираат и според бројот на кабините, од 2 до 6. Најчесто имаат по 3, 4 или 5. Во зависност од вашите преференции, можете да инсистирате и на генератор и на климатизер и на надворешен џи-пи-ес. Цените за седумдневно најмување се движат од 2.000 €, па нагоре. Докај 6.000. Но, претходно размислете дали да се упатите на југ, кон север... И определете ја маршрутата. Не заборавајте да почнете и со кондициски вежби, за секој случај. • Игор Ландсберг СТИЛ | се минува само дел од времето, колку да се одмори. Сè всушност се случува во т.н. кокпит, вклучително и магијата, како што велат наутичарите. Купатилото е најмало, дури трипати помало од тоа на кое сте навикнале. Мијалникот и тушот се во едно, поседува и орманче и огледало и држачи за крпи, како и тоалетна школка. Кујната овозможува комфор, удобна е. Има и шпорет на плин со рерна и садоперка (дупла) и ладилник, вклучувајќи ги просторот за готвење и трпезаријата. Клунот е познат и како тераса за сончање каде што се прават и најубавите фотографии.
1.000
ПОЗНАТА КАКО „ТИРКИЗНО
КРАЈМОРЈЕ“, БЛАГОДАРЕЈЌИ
НА ПРИРОДНАТА ХАРМОНИЈА, ПРЕУБАВИТЕ ПЛАНИНСКИ
ПРЕДЕЛИ, ПЛАЖИ, МОРЕТО, КЛИМАТА И 50-ТИНАТА ПОВЕЌЕ
ИЛИ ПОМАЛКУ НАСЕЛЕНИ МЕСТА
ЧИЈА БИТНА КАРАКТЕРИСТИКА
Е ХОСПИТАЛИТЕТОТ, ЗАЕДНО СО БРОЈНИТЕ АРХЕОЛОШКИ
И ДРУГИ
СО ДЕЦЕНИИ
32 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ Турска ривиера ВО БОЈАТА НА ТИРКИЗОТ, КАДЕ ШТО ФАНТАЗИЈАТА Е РЕАЛНА Убавината на југозападното приморје во Турција (без оглед на фактот дека државата во 2022-ра и официјално го промени своето име во Туркије, мнозинството и натаму се служи со старото) е толку восхитувачка што поголемиот дел од туристите го посетуваат редовно, буквално секоја година во лето. Нивните препораки се добредојдени за останатите, кои се двоумат каде ќе го поминат годишниот одмор. Изборот навистина е голем, дури 50-тина туристички места ù припаѓаат на турската ривиера со должина од 620 милји (скоро 1.000 километри). Меѓу битните карактеристики на тамошните луѓе се вбројува и топлото гостопримство што е уште една причина за таму да летувате. Во хармонија со природатапланинските области, плажите, морската вода со синозелена, т.е. боја на тиркиз и поволната клима, нема простор за колебање. Овој пат ќе можете лесно да се решите. ИЗВОНРЕДНА УБАВИНА, ИЗОБИЛСТВО МОЖНОСТИ „Тиркизното крајморје“ ги опфаќа провинциите Анталија и Му(г) ла во целост и делови на Ајдан (Ајд’н), Измир (јужен) и Мерсин (западен), заедно со повеќе или помалку населените места, како на пример Аланија, Анталија, Белек, Бодрум, Дидим, Калкан, Каш, Кемер, Кушадаси, Мармарис, Сиде, Фетие, Чешме... Атрактивните места во нивната близина, археолошките локалитети и другите занимливости денес се неми сведоци на историските настани, процеси..., без исклучок на митовите, народните преданија за јунаците чии херојски дела се опишани во еповите, за светите луѓе, кралевите... Народните преданија велат дека Марк Антониј од античкиот Рим ја избрал турската ривиера за свадбен СО ДОЛЖИНА ОД СКОРО
КМ, ТУРСКАТА РИВИЕРА
ЛОКАЛИТЕТИ
ЗАНИМЛИВОСТИ,
Е
ЗА МНОГУ ЛЕТУВАЛЦИ ОД СИТЕ СТРАНИ НА СВЕТОТ,
И ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА.
ПРИВЛЕЧНА
ВКЛУЧИТЕЛНО
Благодарејќи на авионскиот сообраќај, транспортот
Летот за Истанбул трае час и половина. Се разбира, можете да
одите и со возило (индивидуално, за повеќе лица). Оддалече -
носта е 628 км, за што се потребни 9-12 саати. Растојанието меѓу
најголемиот град во Турција и приморјето е 595 км (воздушно), односно 769 км по сувоземен пат, кој е и препорачлив.
33 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ПАТУВАЊЕ | подарок на својата сакана, Клеопатра од Египет. Свети Никола, по кого е смислена и приказната за Дедо Мраз, се родил во Патара, близу до градот Демре (во сегашно време). А Херодот, пак, што се смета за татко на историјата е роден во древен Бодрум (некогашен Халикарнас, во 484-та пред новата ера). Од друга страна, се верува дека инспирацијата за т.н. химера, чудовиштето со лавовска глава, козјо тело и со змејовски екстремитети, кое фрла оган од устата, била пронајдена во вулканските кратери на планините
до Далјан, западно од Анталија.
блиску
е олеснет.
Мнозина се одлучуваат да патуваат со такси, воз или автобус. До ривиерата се стигнува за 9 и пол часа. Цената е од 2.500 до 3.200 лири (4.416-5.652 денари). Долж Медитеранот (Средоземното Море), турската ривиера се одликува со раскош во поширока смисла - извонредна убавина, изобилие. Антиките се забележливи насекаде, во верските и храмовите на културата, за кои може долго да се зборува. Сончевата светлина ги прави уште повеличествени, зраците во голема мера се одговорни за визуелните сензации, без исклучок на месечевата. Наместа се огледуваат во сонливото море, како што населението милува да го опише со еден збор. Велат дека симболиката на тиркизот, синозелената боја со која е обоена големата површина солена вода е повеќезначна, се поврзува со успехот и храброста, генерално. Другото е лична интерпретација. По свое видување на нештата, нивно доживување. Неколку повеќе или помалку населени места кои се наоѓаат покрај брегот со години, децении предничат пред останатите кога е туризмот во прашање, особено во лето. Затоа и сместувачките капацитети се структурирани така што можат да ги задоволат сите желби на гостите, согласно со нивните вкусови. Хотелите им припаѓаат на различни категории, вклучително и апартманите и камповите. Според тур-операторите, условите за кампување на турската ривиера се речиси совршени. Едноставно, таква е природата. Оттаму и неограниченоста на можностите. Освен во шатори, можете да се сместите и во мали, дрвени куќички. ЗАЛЕЗ ШТО ГО ВОСХИТУВАЛ И АПОЛОН Во близина на гратчињата Калкан и Каш во крајниот југозападен дел на провинцијата Анталија се наоѓа и Капуташ, плажата која ја има на сите постери кога се работи за рекламирање на оваа регија каде што туризмот е главната стопанска гранка со која се занимава месното население. И покрај тоа што е окружена со карпест терен во облик на латиничната буква V, содржи доста песок, и тоа ситен. Горе мине патот на чија банкина посетителите ги паркираат своите автомобили за веднаш да се спуштат по скалите. Живописноста е резултат и на самата локација, идеална за фотографирање. Во непосредна близина нема хотелски комплекси, освен бутик-хотелчиња. Островот Кекова му припаѓа на истоимениот регион за кој се вели дека е премногу богат, има големи материјални блага. Заливите се приказна за себе, нешто посебно. Во просторната дистанца помеѓу него и самиот брег од 500 метри се наоѓаат и неколку историските знаменитости, како на пример Симена од каде што се гледа целиот северен дел на островот чии траги од цивилизацијата сведочат за општествениот развој и материјалната култура во минатото, некои од нив потопени во вода на длабочина од 4-5 м, а земјотресите ги разурнале и каменоломите чиј камен се користел за градење саркофази. Сиде Аланија
состојба. И поврзаноста со
не е случајна. Преданијата се пренесуваат од колено на колено, за
да не се заборават. Но, летното време е совршено за уживање во
сончевата топлина, додека се излежувате на жешкиот песок или пак се капете во (по)студените води на Медитеранот. И за испи -
вање по една чаша освежителен пијалак со поглед на залезот, каде што и богот на сонцето, поезијата, музиката - покровителот
на уметноста, симболот на младешката убавина, безрезервно му се препуштал, и за прошетка по уличките со стари куќи, но и за шопинг во чаршијата. Нема сомневање, Аланија е особено дарежлива кога се можностите во прашање, од секој аспект. Лулката на цивилизацијата, како што ја нарекуваат нејзините жители, денес
34 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ Древните легенди во голема мера се поврзани со градот Сиде. Пристанишниот кеј и натаму привлекува голем број туристи од сите страни на светот, датира уште од времето на античка Памфилија. Во Римското Царство бил седиште на епископијата, воедно и културен центар. Податоците говорат дека градот за првпат е населен во 7 век пр. н.е., Сиде всушност е најстарото големо населено место на полуостровот. Неговото име значи калинка. Различни се видувањата на градот, вклучувајќи ги и доживувањата на истиот. Многумина го врзуваат со храмовите во Атина, со Аполон. Како било, театарот е најголем на целото
добра
подрачје, а дел од самите колонади, сводови сè уште се во
Александар Македонски воопшто
на регатите. Заедно со нуркачите. Црвената кула и замокот побудуваат голем интерес, но не треба да се заобиколат ни пештерите Дамлаташ и Дим. Тоа што ја прави Аланија привлечна за младите луѓе секако е и ноќната забава, додека со Белек се врзува голфот. Гратчето важи за омилена дестинација меѓу играчите во текот на целата година. Тениски, фудбалски игралишта има на претек, и во склоп на затскриените одморалишта, неретко обраснати со дрвја на кои живеат бувови, и одвоени од нив. Без исклучок на спа-центрите. Плажите дури имаат и постојан епитет - свилени, поради мекоста на песокот. МОРСКИ БАС ЗА ВЕЧЕРА, СО БЕЛО ВИНО Во подножјето на планината Тахтали се наоѓа малото населено место Кемер. Ужива големи симпатии кај странските туристи. Благодарение на системот „ол инклузив“, луксузните хотели се доста посетени, но не помалку ни бутик-хотелчињата за кои секогаш се бара место повеќе, особено од страна на љубовните и брачните парови без деца. Романтичната природа, околината сигурно ќе ви се вреже во сеќавањето, заедно со авантурите, необичните доживувања како патувањето со брод, на пример. Генерално, атрактивноста на турската ривиера значително произлегува и од хармонијата на светото тројство - морето, песокот и сонцето. Во комбинација на културните, историските знаменитости, нејзината убавина просто е неодолива. Се разбира, голем е влогот и на севкупната организираност - случувањата, настаните, активностите. Анталија има сè што е потребно за туризам со придавката „врвен“, особено кога се работи за Перге, главниот град на античка Памфилија. Од неговата организираност не учи само Анадолија туку и цела Турција. Меѓународниот фестивал на операта и балетот се одржува во театарот Аспендос чија состојба е непроменета 2.000 година, изграден од Марк Аврелиј. Полниот капацитет му е 20.000 места за кои се чека во ред. И артефактите и остатоците од агората, бањите..., вклучително и зачуваниот строеж на коловозот, се дел од приказната за метрополата каде што се наоѓаат и портите за влез во минатото, да не се заборави. А тамошните луѓе, пак, заедно со професионалните готвачи се грижат за старите јадења да не губат од својот интензитет, надградувајќи ги повремено. Маслиновото масло им дава посебен шмек на морските риби, плодови. Свежиот зеленчук, овошје секогаш е присутно на трпезата. За вечера сигурно ќе ви препорачаат бас. Вообичаено се пече со лимон и сол, а како додаток се служи мезе. И бело вино од ендемските видови грозје. • Игор Ландсберг Голф-плац во Белек Tеатарот Аспендос Плажата Капуташ Кемер
е меркез, собиралиште на едриличарите отсекаде, учесници
Подготовка:
36 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Во тавче ставете малку масло за јадење и загрејте го на средна температура. Додадете 80гр млад спанаќ со 1 чешне ситно исечкано лукче. Додадете ги њоките и додадете 40-50мл вода. Заедно динстувајте со постојано промешување (околу 3 мин.), потоа додадете околу 50мл млечна крем павлака за готвење или бешамел сос (доколку имате направено). Спојте го јадењето и сервирајте го со рендан пармезан. ГАСТРОНОМИЈА
ЊОКИ СО СПАНАЌ
читаj, гледаj, слушаj...
„BLUE ELECTRIC LIGHT“
LENNY KRAVITZ
Концертот во Охрид ќе биде и своевидна промоција на дванаесеттиот студиски
пред јавноста
месец, на
секако
„Roxie Records“, сопственост на Лени Кравиц - именувана по неговата покојна мајка, во соработка со германската „BMG Rights Management“, одговорна за дистрибуција во Европа. „Blue Electric Light“ е снимен во неговото студио на Бахамите каде што е резидент. Освен гитаристот Craig Ross, нема други музичари. На останатите инструменти свири самиот. Лени Кравиц е познат како мулти-инструменталист. На албумот му претходеа 2 сингла: „TK421“ објавен на 13 октомври, заедно со видеоспот и „Human“ промовиран во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ на 22 март. Другите 10 песни се насловени „It’s Just Another Fine Day (In This Universe of Love)“, „Honey“, „Paralyzed“, „Let It Ride“, „Stuck in the Middle“, „Bundle of Joy“, „Love Is My Religion“, „Heaven“, „Spirit In My Heart“
„Blue Electric Light“.
THE KING“
Mark Wahlberg, Simu Liu, Juliet Rylance, Nathalie Emmanuel, Ali Suliman, Bear Grylls, Paul Guilfoyle, Rob Collins
Simon Cellan Jones
37 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk „ARTHUR
(КРАЛОТ АРТУР) 107-минутниот американски филм се базира на вистинит настан опишан и во мемоарите на Швеѓанецот Mikael Lindnord, инаку поранешен атлетичар (елитен): „Arthur - The Dog Who Crossed the Jungle to Find a Home“. Водачот на големите авантуристи за време на трката со која всушност се мерела издржливоста на луѓето, поради нејзината должина од 435 милји (700 километри), во 2014-та се спријателил со бездомното куче Артур чија поврзаност била толку емотивна што го следел постојано. Филмот е снимен во Доминиканска Република и покрај тоа што случувањето било во Еквадор. Наводно се водат и спорови бидејќи кучето имало сопственик. Главната личност и во книгата и во филмот не се двоумел воопшто дали да го спаси Артур од разјадувачкиот заб на соленото море (бацилите кои му го нападнале телото), по цена и на доживување пораз. Не го послушал ни ветеринарот да му одобри евтаназија... • Жанр: авантура Актери:
Режија:
По двете гостувања (првото во 2008-ма, второто во 2019-та), врвниот американски музичар ќе нè почести со своето присуство и годинава, на 4 август.
Албумот требаше да биде промовиран на 15 март, но пролонгирањето се врзува со името на
(активист) и почитта кон него. • „СЕМЕЈНИ ТАЈНИ“ ЛИЈАН МОРИЈАРТИ Семејството Делејни многу се сакаатсамо што понекогаш им доаѓа да се испоубијат меѓу себе... Доколку исчезне твојата мајка, дали ќе пријавиш во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е твојот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата возрасни браќа и сестри Делејни. Делејни се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него, нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат тениската академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Нивните деца - Ејми, Логан, Трој и Брук - биле тениски ѕвезди во детството, но, според нивниот татко, никој од нив го немал она што е потребно за да оди докрај. Подоцна, откако ќе исчезне Џој, полицијата ја испрашува единствената личност која преостанува: Стен. Двајца од децата Делејни мислат дека татко им е невин, а двајца не се толку сигурни. Двете спротивставени страни го имаат најголемиот меч кога било, да ја преиспитаат семејната историја во едно ново светло. На овој роман е базирана ТВ-серијата „Ејплс невер фол“ на платформата Пикок. •
албум што го претстави
минатиот
24 мај. Издавач
е
и
Bayard Rustin
38 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Подморница Мигалу м 5 ПЛОВИЛО ШТО ИСКЛУЧИТЕЛНО Е НАМЕНЕТО ЗА НАЈБОГАТИТЕ НА ПЛАНЕТАВА ЗАТОА ШТО НЕГОВАТА ЦЕНА Е ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ. СВЕТОТ ДОСЕГА НЕ ПАМЕТИ НЕШТО ТОЛКУ ЛУКСУЗНО, ГРАНДИОЗНО ПО ДИМЕНЗИИ, ПРАВЕНО ПО НАЈСОВРЕМЕНИ СТАНДАРДИ, СО НАЈНОВА ТЕХНОЛОГИЈА ШТО ПОСТОИ ДЕНЕС.
ВИД „ЈАХТА“ | HI TECH Јахти, супер брзи чамци, катамарани, тримарани... Пловењето по морската широчина е неповторливо задоволство - острови, рибарски села, фјордови, изгрејсонца и зајдисонца, можност да се гледа или да се биде дел од силна бура. Велат Јадранското Море е едно од најубавите за крстосување поради неговата големата разгранетост, особено источното крајбрежје – голем број заливи, острови и полуострови, што го прави пловењето мошне интересно. А кога ќе здодеат пејзажите со островите и полуостровите, може да се посети подводниот свет. Друг амбиент, друга глетка, длабочини исполнети со мигови на мистериозност. Јахта, брз чамец, катамаран, тримаран или подморница? Последново на списокот е нешто како две во едно. Може да плови на вода и под вода. Тоа што може да се доживее со подморница не може со обично пловило. Не мора да се навлегува во длабоките и мрачни води, има прекрасни корални гребени каде што растителниот и животинскиот свет го покажуваат својот раскош. За Црвеното Море велат дека е врв на подводната убавина, а нуркачите се главни сведоци за тоа. Ги има од цел свет, цела година се таму со единствена цел да уживаат. Јахтите се мошне скапи играчки, а луксузните се уште поскапи. Ултра луксузна подморница чини две милијарди долари и оваа „играчка“ е за ултра богатите. Компанијата Мигалу нуди проект за супер луксузна подморница долга неверојатни 165,8 м, со базен, со помошна подморница со која може да се прават излети низ коралните гребени, има место за сле-
ПОИНАКОВ
39 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk HI TECH | тување на хеликоптер, киносала, просторија со прескапа аудиофилска опрема и што уште не. На располагање е и обично пловило за разгледување на копнените убавини. Нарачувачот може да избира што сака да има во подморницата, секако, доколку тоа е технички изводливо. Подморницата наречена „мигалу м 5“ може да помине околу 15.000 км, да оди под вода до длабочина од 250 м. Сето тоа може да го прави со брзина од 12 јазли (околу 24 км/ч), а ако плови на вода, брзината е двојно поголема, 20 јазли (околу 37 км/ч). Засега светот не познава полуксузно и поголемо пловило од „мигалу м 5“. Во него е вградена сета постојна ултра нова технологија што ја нема ни во најлуксузните јахти. „Мигалу м 5“ е вистинска лабораторија на највисока префинета технологија, опрема што досега не е вградена во ниту една друга механичко електронска направа. Велат цената од две милијарди долари е сосема оправдана затоа што јахтата нуди буквално сè. За ова чудо потребни се високо квалификувани лица што ќе ја опслужуваат, а производителот вели дека се потребни од 15 до 20 лица и заедно со сопственикот и гостите во подморницата удобно може да се сместат околу 42 патници. Сите заедно можат да останат под вода четири недели во луксуз што го нема никаде на планетава. Ултра луксузната и прескапа подморница мора да има и ултра безбедност за патниците. Кога е во прашање личната безбедност од компанијата велат дека безбедноста во подморницата исполнува повисоко ниво од воените критериуми. Ова значи дека „мигалу м 5“ нуди врвна заштита за сите. Тоа е постигнато во соработка со компанијата Сејф. Инаку, мигалу е името на најголемиот кит што некогаш бил забележан во океаните, поточно во јужната хемисфера на Пацификот. Оттаму доаѓа и името на компанијата и на подморницата. • Жарко Атанасоски
АВТОМОБИЛИТЕ
ДОЏ СЛАВАТ
110 ГОДИНИ
ПОСТОЕЊЕ
ОД ПОМЛАДИОТ ХОРАС ДОЏ. НЕКОГАШ ОВАА МАРКА БИЛА И С È УШТЕ Е СИНОНИМ ЗА БРЗИНА, ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА
КУПЕ АВТОМОБИЛ. ЗА ЖАЛ, ДЕНЕС ДОЏ ПАДНА И ПРАШАЊЕ
40 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
ШТО
Е ПОСТИГНАТО
УМЕЕЊЕ,
ТОА Е ПРВИОТ АВТОМОБИЛ,
С È
Е НАПРАВЕНО
СО СОПСТВЕНИ СИЛИ И
А ДОКАЗ ЗА
ДЕЛО ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО
Е ДАЛИ ВООПШТО ЌЕ УСПЕЕ ДА СЕ КРЕНЕ ОД ПЕПЕЛТА.
Ретко пишуваме за американската автомобилска индустрија веројатно затоа што тие автомобили не се продаваат на нашиот континент. Овој дел од светот има поинакви навики за автомобилите и затоа само некаде може да се видат американските „челинџер“, „чарџер“, „вајпер“, „корвета“ или „мустанг“. Но кога е во прашање некој јубилеј во рубриката „Историја на автомобилската индустрија“ им посветуваме внимание и на американските марки. Овој пат ќе се осврнеме на марката Доџ, која по многу нешта е посебна во однос на другите, а повод е 110-годишниот јубилеј од првиот произведен автомобил. Оваа марка автомобили ја основале браќата Џон и Хорас Доџ. Почетокот од нивниот работен век е поврзан со производството на разновидни делови за различни возила. На пример, на почетокот изработувале оски, а потоа ги примениле и во сопствените производи, велосипедите. Во 1896 година заедно со Фредерик Еванс ја основале компанијата „Еванс & Доџ бајсикл компани“, а во 1897 г. излегол првиот велосипед од работилницата. Во 1900 год. отвориле своја работилница и продавница за делови во Детроит. Работата им одела добро и наскоро потпишале договори за снабдување на големите автомобилски компании со менувачки кутии, погонски единици и оски. Меѓу тие производители бил и Олдсмобил, а во 1903 година и Форд им станал клиент. Поголем дел од деловите веќе ги произведувале во сопствен погон. Во архивите 14 ноември 1914 година е забележан како датум кога браќата Доџ го претставиле својот прв автомобил под името „30 - 35“ познат кај народот како „олд бетси“. За само еден и пол месец браќата Доџ, со тимот вработени, успеале да направат 249 примероци. Таквото темпо на производство резултирало со трето место по број на продадени автомобили и по број на произведени автомобили во САД. И додека преку Големата Бара се занимавале со убави работи (изработка на автомобили), на стариот континент имало војни и затоа Доџ делумно го пренаменил производството, од халите
Доџ
(Dodge)
41 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ИСТОРИЈА | почнале да излегуваат разни воени возила. Тамошното производство на автомобили било познато по својата масовност. Затоа во тој период основачот на Фиат, Џовани Ањели, отишол кај неколку производители во САД за да види како дневно се произведуваат по десетици возила. Во 1919 година Доџ го забележал 400-илјадитиот произведен автомобил, бројка што и денес е за почит. Во тој период Доџ го претставил својот прв автомобил со пет врати. Продажните резултати оделе по нагорна линија, но во 1920 год. семејството Доџ го снашло трагедија. Тогаш во светот се појавила пандемија на грип. Од таа болест починал постариот брат Џон, а неколку месеци подоцна и помалиот Хорас. Којзнае што ќе се случело со компанијата Доџ ако браќата се спаселе од грипот. Само што почнале да ги чувствуваат првите поголеми успеси на компанијата, но, за жал, не доживеале да се радуваат на сето тоа. Во наредните години компанијата продолжила да работи со несмален ритам. Кога Волтер Крајслер го купил Доџ во 1928 година, компанијата произведувала 280.000 возила годишно. Денес многу производители ја посакуваат таа бројка, но иако технологијата е толку многу напредната, сепак, за некои компании ова сè уште е недостижна цифра. Уште додека компанијата Доџ била самостојна, била отворена и првата фабрика во Канада, каде што произведувале над 200.000 возила годишно. Тоа време ќе биде запомнето по милионитиот произведен автомобил. Во 30-тите години најзначајно во таборот на Доџ било производството на моторот со осум цилиндри во V и автомобил со облик наречен фастбек (спортски автомобил). Еве од каде и од кога Доџ ја имал таа спортска нота, а денес сето тоа е познато како „масл кар (мускулест автомобил)“. Се надминала бројката од три милиони произведени автомобили. Доџ вајфарер роудстер, 1949 г., купе со три седишта Доџ дипломат купе, 1950 год. Доџ ла фем, 1955, модел посебно направен за женската популација автомобил плус чадор, сламена шапка за летните месеци и мантил со качулка за дожд Доџ чарџер, 1969, класика од спортски автомобил, купе и многу коњски сили Првиот автомобил со марката Доџ модел „30 - 35“ - 1914 год.
модели денес претставуваат
убави бисери на четири тркала за колекционерите.
Наредните 10 години, во 60-тите години, биле
прославила 50 години од првиот направен автомобил. Во тие го -
дини се појавил и концептот „чарџер“ што
42 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СЕКОЕ ДЕСЕТЛЕТИЕ Е ПРОПРАТЕНО СО УСПЕШЕН МОДЕЛ За време на Втората светска војна производството на Доџ повторно било пренаменето со цел да ù се помогне на државата во неутрализирањето на фашистичките сили. Во тој период Доџ произведувал и авионски мотори, компаси, мерни инструменти за авиони итн. наменето за потребите на војската. Во десетлетието по војната Доџ почнал да учествува на трките познати под името НАСКА, а познатиот производител на супер спортски мотори ХЕМИ почнал да ги вградува во автомобилите Доџ, при што се појавиле интересни модели како, на пример, првото купе со тврд покрив, „доџ дипломат“, следувале
и
„доџ фајрероу роудстер“
„доџ ла фем купе“. Сите овие
одбележани со појавувањето на моделот „дарт“ во 1960 г. Во 1964 г. компанијата
било генерација од моделот „чарџер“ е многу почитувана од колекционерите, особено од љубителите на автомобили. Секое десетлетие од историјата на Доџ е поткрепено со некој успешен модел, на пример, во 70-тите години „челинџер“ веќе бил сериски автомобил и веднаш го пратиле на трките НАСКАР, а моделот „аспен“ го рекламирале како семеен автомобил. Откако се појавил „челинџер“, Доџ добил потврден одѕив од јавноста како марка што темелно ја сфаќа потребата од спортски купе автомобили. Покрај појавувањето на „ариес“, бил претставен и еднопросторниот модел „доџ караван“ што предизвикал револуција, а за возврат Крајслер добил повторно освежување од финансиска гледна точка. Моделот „династи“ повторно бил во игра, а на Салонот за автомобили во Детроит во 1989 година, на прославата на 75-годишнината, бил претставен концептот „вајпер“, супер купе со огромна V10 погонска единица и фантастичен дизајн за тоа поднебје. На крајот од минатиот и на почетокот на овој милениум Доџ доживеал малку поголема преродба претставувајќи дури шест нови модели. Сето тоа за да продолжи марката стабилно да работи - „дуранго“, „чарџер“, „челинџер“, „авенџер“, „гранд караван“ и „џорнеј“. И покрај сите напори да го добие заслуженото место во американското секојдневје, слабите финансиски резултати го однеле Доџ во друга насока. И не било првпат Крајслер да падне и да се соочи со намален интерес за купување возила. Кон крајот на 70-тите години од минатиот век спас за Крајслер бил Ли Ајакока, врвен познавач на автомобилската индустрија и најголем меѓу најголемите менаџери на ХХ и ХХI век. Откако Л. Ајакока буквално бил избркан од Форд, Крајслер веднаш во 1978 година му понудил раководно место. Ли Ајакока без двоумење го прифатил предизвикот и од производител во финансиска криза го претворил во успешна компанија. Според гласовите, Ли Ајакока бил толку многу моќен во Форд што сопствениците се исплашиле дека еден ден ќе им ја преземе компанијата. Затоа големиот менаџер бил отстранет и од оваа компанија. Сè до 1992 год. го водел Крајслер како што му доликува на еден светски менаџерски гигант, а по неговото пензионирање Доџ повторно се нашол во незавидна состојба. Откако ПСА и Фиат ја основале Стелантис, одговорните веднаш го ставиле Доџ на тапет заедно со Ланча и Алфа Ромео. Им поставиле задача (ултиматум) да состават развоен план за заздравување на марките, план што ќе доведе до сигурен профит, а во спротивно марките ќе бидат згаснати. Денес сè уште никој не знае што се случува со Доџ и до каде е подготовката на развојниот план за зачувување на компанијата. • Жарко Атанасоски Модел „дипломат купе“ од 1977 год. Доџ челинџер срт хелкет 2019 год. - класика од „масл кар“ Доџ гранд караван - 2011 год. Доџ караван миниван, 1984, мошне успешен модел Доџ вајпер концепт, 1989 год. | ИСТОРИЈА
во сериско производство постигнал голема популарност. Која
43 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
44 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ ПОБЕДАТА НА РЕЛИТО НА САРДИНИЈА ЗА ВЛАКНО МУ ПОБЕГНА НА СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ И ГО СПРЕЧИ ДА ОСТВАРИ ХЕТ-ТРИК ОД ПРВИ МЕСТА. ОТКАКО ПОБЕДИ ВО ХРВАТСКА И ВО ПОРТУГАЛИЈА БЕШЕ НА ДОБАР ПАТ УСПЕХОТ ДА ГО ПОВТОРИ И НА САРДИНИЈА. WRC – Рели Сардинија ЗА ВЛАКНО ПА ХЕТ ТРИК Вистинска драма од завршница трет пат едноподруго се случува на рели од светскиот шампионат. После драматичните настани на релито на Хрватска кога Нувил и Еванс се откажаа во завршницата и Ожие ја наследи победата, и дупнатата гума на Танак на последниот испит од релито на Португалија на кое Французот повторно дојде до победа, среќата не му беше наклонета на релито на Сардинија. На овој медитерански остров каде се вози еден од најгрубите настани во календарот победата за влакно му побегна на осумкратниот светски шампион кој вози скратена програма за тимот на Toyota Gazoo Racing. И додека Ожие заврши како трагичар, Танак го доби она што го загуби на претходното рели и стигна до првата победа во сезоната. Овој настан исто како и претходниот во Португалија не ги фаворизира екипажите кои стартуваат од првиот ешалон. Грубите патеки прекриени со слободен чакал се вистински предизвик за водечките во шампионатот кои имаат неблагодарна мисија да го метат со тркалата на нивните автомобили кои пролизгуваат борејќи се за трошка тракција. Секако при метењето се губи многу време, а зад себе се остава цврста подлога на која оние подолу во поредокот можат да форсираат. Така се добива еден вид на рамноправност и шансата за успех станува до одредена мера изедначена. Исто како и на претходното рели, Ожие на Сардинија дојде со подготвена тактика. Стартувајќи подолу во поредокот имаше јасна предност во однос на водечките и целеше кон поставување на уште еден рекорд од победи на едно рели. Имено по рекордните девет победи на Монте Карло и шест на Португалија, Ожие беше на добар пат да постави нов рекорд од пет победи на Сардинија. Но, по драматичната завршница останува да го дели успехот со сонародникот Себастијан Лоеб, секој со по четири победи. Релито на Сардинија годинава експериментираше промовирајќи исклучително компактен формат на натпреварување. Организаторите одлучија тестот да го поместат за во петок наутро, а стартот на релито во петок попладне. Потоа во сабота приредија исклучително тежок ден за натпреварување. Вообичаеното враќање во сервисна зона и пладневна пауза беше исклучено од програмата. Место тоа екипажите можеа во од да менуваат гуми и во колку е потребно да вршат поправки на патните делници. Распоредот за во недела остана на вообичаените четири испити од кои последниот е Wolf Power. Водечкиот во шампионатот Тиери Нувил имаше најдобро време на тестот во петок наутро. Белгиецот беше свесен дека перформансите на тест и реалната состојба која го очекува на патека се разликуваат како небо и земја. Релито стартуваше во петок попладне во 14:30 часот, а екипажите ги очекуваа четири испити. Ожие доби два и се најде во совршена позиција да стане лидер на денот. Единствен кој успеа во чекор да го следи осумкратниот
45 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ | светски шампион беше От Танак. Естонецот го заврши денот со заостанување од 4,5 секунди. Време кое ветуваше жестока борба на следниот и најдолг ден од релито на Сардинија. Останатите ривали беа далеку за да се вмешаат во дуелот меѓу Ожие и Танак. Најблизу до нив со 33,2 секунди заостанување беше Сордо. Заврши трет бранејќи ја позицијата од залетаниот Катсута и од Нувил. Тројцата беа распоредени во тесни 2,1 секунди. Еванс кој се сретна со низа проблеми во текот на денот не успеа да стигне подалеку од шесто место. Единствено големо откажување беше Ејдриен Формо чиј автомобил имаше проблем со електриката. Тешко стекнатото водство Ожие го предаде многу лесно во сабота наутро. Но, не по негова вина. Уште на стартот на првиот испит од денот заработи дупната гума. Одлучи да не менува. Возеше на испитот со хендикеп, но сепак успеа да не загуби многу време. Заврши минорни 0,1 секунди зад Танак кој стана новиот лидер на настанот. На пат до следниот испит Ожие смени тркало и повторно можеше да напаѓа. Веќе на следниот прејде во водство, но пак мораше да попушти. Во само четири испити Танак и Ожие се сменија дури три пати на водечката позиција. Знаејќи дека одлучи да вози само со едно резервно тркало Ожие не можеше да си дозволи да ризикува и да форсира. Екстремно грубата подлога демне на секој чекор, а дупната гума за него ќе значеше откажување. Меѓутоа она што го загуби во утринскиот круг Ожие го надомести во попладневниот. Победи на сите четири испити од кругот и го заврши денот со 17,1 секунди пред второпласираниот Танак. Голема разлика за која Естонецот беше Годинешниот дебитант во категоријата WRC2, Toyota, по втор пат едноподруго стигна до победа, потврдувајќи дека позицијата на Škoda како доминантна сила во оваа категорија е загрозена. После победата на релито на Португалија Toyota и нејзиниот GR Yaris Rally2 повторно слават, но сега со Сами Пајари зад волан. Финецот последен пат славеше на своето домашно рели минатата сезона, а на Сардинија покажа перформанси достојни за почит. Водеше во текот на целиот настан, а на последниот ден влезе со предност од близу една минута пред Јохан Росел со Citroen C3 Rally2. Не сакајќи да ризикува возеше внимателно, но сепак заврши со 32,3 секунди пред ривалот од Франција. И третото место падна во раце на Toyota, поточно во рацете на Јан Соланс кој, пак , победи на претходното рели. WRC2 – TOYOTA ПОВТОРНО СЛАВИ
46 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk свесен дека со преостанатите четири испити од последниот ден ќе биде тешко да се достигне. Катсута кој ја следеше водечката двојка во чекор и беше трет по утринскиот круг се сретна со механички проблем. Неговиот менувач откажа на деветтиот испит од релито и тој мораше да се повлече. Нувил повторно се откажа на претходниот испит откако промаши свијок и излета од пат. Третото место го наследи Сордо кој веќе заостануваше близу две минути зад водечките. Еванс беше четврти, а петти заврши тимскиот другар на Формо, Грегори Манстер. Драма, драма, драма се одигра на последниот ден од релито на Сардинија. Зад волан на својот Hyundai i20 N Rally1 Танак стигна до првата победа годинава. Сосема неочекувано со оглед на предноста со која Ожие стартуваше на последниот испит од релито. Токму таму несреќата удри. На екстремно грубата делница оштети гума и го загуби релито од Танак за минорни 0,2 секунди. Ова е најтесната разлика во историјата на светскиот шампионат, a релито на Сардинија ја дели со релито на Јордан. Тогаш во 2011 година Ожие беше тој што победи со 0,2 секунди пред сега неговиот шеф на тимот, Јари-Мати Латвала. Танак беше скромен во победата. Покажа голем спортски дух и буквално му се извини на својот ривал признавајќи му дека победата требаше да биде негова. Естонецот потсети дека токму на истиот испит во 2019 година му откажа серво на управувањето и загуби загарантирана победа од Сордо. Сега Сордо го заврши релито на третото место, Еванс на четвртото, а Манстер на петото. Шестото место беше загарантирано за возачот од WRC2 Сами Пајари со Toyota Yaris. Откажувањето од релито на Сардинија не му оди во прилог на лидерот во шампионатот Нувил. Белгиецот пред почетокот на ова рели водеше со 24 бодови предност пред Еванс, но сега таа се стопи. Сепак со победа на последниот испит Wolf Power Нувил дополни убави 5 бода на своето конто. Сега води во генерален пласман со 122 бода пред Танак и Еванс кои имаат по 104 бода. Трет е Ожие со 92 бода. Меѓу производителите повторно се зголеми разликата. Hyundai пред ова рели водеше со 4 бодови пред Toyota, но сега води со 13. Има вкупно 269 бодови, додека Јапонците имаат 256. M-Sport Ford е далеку назад со 131 бод. Следно на репертоар од 27 до 30 јуни е релито на Полска кое последен пат се возеше во 2017 година. • Љубомир Атанасовски | СПОРТ
ДОМИНАЦИЈАТА
СПОРТ |
НА
ПРОДОЛЖУВА
ТЕСТ ПРЕД 24 ЧАСА ЛЕ МАН, ТРКАТА НА ЛЕГЕНДАРНАТА БЕЛГИСКА ПАТЕКА СПА-ФРАНКОРШАМП ВО ЕДНА ШЕСТЧАСОВНА ДРАМАТИЧНА НАПНАТОСТ НИ ГО ПРЕДОЧИ РАСПОРЕДОТ НА СИЛИТЕ ЗА НАЈВАЖНИОТ НАСТАН НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ НА МОТОСПОРТОТ. WEC – 6 часа на Спа-Франкоршамп
ПОРШЕ
УЛТИМАТИВНИОТ
85 Iron Dames Lamborghini Huracan
48 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Уште една легендарна тркачка патека се исправува како предизвик за модерните воини од Светскиот шампионат на трки на издржливост – WEC. Патеката Спа-Франкоршамп сместена во Ардените во близина на градот Ставелот важи за една од најнепредвидливите кога станува збор за менување на временските услови. Постојаните промени кои знаат да се случат одеднаш се вистински предизвик за тактиката на тимовите низ шесте исцрпувачки часа. Бидејќи се вози непосредно пред 24 часа Ле Ман успехот на Спа се смета за ултимативен тест за најважниот и најголемиот настан во светот на трките на издржливост на сите времиња. Во текот на секој круг од Спа кој е долг 7 километри возачите од класата Hypercar менуваат степен на пренос 44 пати, достигнуваат максимална брзина во рамки на 315 km/h и дури 58% од кругот возат под полн гас. Тука во уште една трка исполнета со драма од годинешниот шампионат во трки на издржливост целосно британскиот тим Hertz Team Jota извојува голема победа. Нивниот број 12 Porsche 963 со Британците Калум Илот и Вил Стивенс зад волан прв мина низ целта после 6 часовна неизвесност која се случуваше на Спа-Франкоршамп. Илот и Стивенс се првиот двочлен екипаж кој победил на трка од WEC после 2014 година и првиот целосно Британски екипаж кој победил после 2017 година. Меѓутоа настаните кои претходеа на победата на Илот и Стивенс ниту малку не беа едноставни. Драмата на Спа-Франкоршамп започна рано, за време на квалификациите. На квалификациите, втора трка по ред, доминираше Антонио Фуоко зад волан на број 50 AF Corse Ferrari 499P. Фуоко ја освои полпозицијата на претходната трка 6 часа на Имола. Со полпозиција на две трки едноподруго Фуоко потврди дека е исклучително брз возач. Но, радоста на Ferrari не траеше долго. На детална инспекција по квалификациите утврдено е дека автомобилот број 50 AF Corse Ferrari 499P е полесен од утврдените технички норми по што тимот беше казнет и принуден да стартува од опашката на класата Hypercar. Полпозицијата ја наследи број 5 Penske Porsche 963, а до него од првиот ред стартуваше и број
Cadillac
Заради утврдена помала тежина казна беше поделена и во класата LMGT3 на број 95 United Autosports McLaren 720S. Полпозицијата во
класа му припадна на
тим
женски екипаж. Белгијката Сара Бови пред домашната 90 илјадната публика ги освои и квалификациите и сесијата Hyperpole. Ова е прва полпозиција за Бови во WEC која беше побрза од Џошуа Кајгил од казнетиот тим број 95 United Autosports McLaren 720S. На стартот од трката покрај број 85 на Iron Dames од првиот ред тргна и број 46 Team WRT BMW M4 со Ахмад Ал Харти. СТАРТОТ НА ТРКАТА МИНА БЕЗ ПОГОЛЕМИ ПРЕВРИВАЊА Полсетерот број 5 Porsche 963 на Penske со Фредерик Маковијецки се задржа на чело на поредокот следен од број 2 на Cadillac. Меѓутоа не мина долго кога перформансите на број 2 Cadillac почнаа да опаѓаат заради одлуката на тимот да ги чува гумите за вториот дел од трката. Во 38 минута голем пресврт на чело на поредокот откако број 99 Porsche 963 на приватниот тим Proton Competition со Жулиен Андлауер зад волан успеа да го престигне водечкиот број 5 во шиканата наречена: Bus Stop. Зад него се протна и број 51 Ferrari 499P на AF Corse со Антонио Џованаци кој до врвот се пробиваше од 11 стартна позиција. Користејќи го метежот при престигнување на спорите возила од класата LMGT3 Андлауер и Џованаци ја поведоа трката, а број 5 Porsche 963 со Маковијецки падна на третото место. До крајот на првиот час зад Маковијецки се најде неговиот тимскиот другар Лоренс Вантор со број 6 Porsche 963, додека број 83 Ferrari 499P со Роберт Кубица зад волан се избори за петтото место. Голем напредок до крајот на првиот час и за број 50. Воден од сигурната рака на Никлас Нилсен Број 50 Ferrari 499P од последната стартна позиција стигна до шестото место и на нишан го зеде број 83 со Кубица. Во класата LMGT3 почетокот на трката мина во знак на тимот Iron Dames со број 85 Lamborghini Huracan. Сигурната рака на Сара Бови го стави тимот во импресивно водство од 41 секунди по само 60 минути возење. После час и половина во трката на Спа-Франкоршамп инцидент во свијокот Фен го испрати на патеката Safety Car. Инцидентот во кој учествуваа поголем број возила се случи кога број 20 BMW M Hypercar на Рене Раст го турна број 38 Porsche 963 на тимот Јота во број 46 BMW M4 возен од Ахмад Ал Харти. Најдебелиот крај од овој инцидент го извлече Ал Харти кој мораше да се повлече. Поправањето на бариерите и на оградата на патеката одземе многу време, а трката влезе во третиот час сè уште под црвено знаме. Најголем губитник од оваа ситуација излезе тимот Iron Dames кој залудно ја создаде предноста која се стопи додека трката беше под Safety Car. | СПОРТ
2
Racing V-Series.R.
оваа
број
со
49 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ | Трката се приближи кон средина водена од Safety Car. Неговото повлекување направи мешаница во поредокот. Трагедија го погоди број 5 Porsche на Penske со Мајкл Кристенсен. Тој загуби контрола при полна брзина на влез во свијокот Бланшимонт и удри во ѕид. Силината на ударот веднаш го исклучи хибридниот систем без можност за рестартирање по што Кристенсен мораше да се откаже. ГОЛЕМА БИТКА МЕЃУ БРОЈОТ 99 НА PROTON И БРОЈ 51 НА FERRARI После повеќе напади број 51 избива на чело. Но, тука не застанува голготата на број 99. Следуваат напади и од број 50 Ferrari кои завршуваат во корист на марката од Маранело. После четири часа возење Ferrari со нетрпение почнува да ја очекува првата 1-2 победа. Во игра за подиум се вмешува и број 2 Cadillac кој со неколку извонредни престигнувања успева да се искачи на четвртото место. Битката во помалата класа LMGT3 добива на интензитет како се доближува крајот на трката. Влегувајќи во петтиот час од трката тимот Iron Dames како лидер се чини дека нивната прва победа годинава станува извесна. Но, збиднувањата брзо се менуваат во трките на издржливост и тоа треба да се има на ум. Одбивајќи ги нападите на број 59 McLaren кој заради казна стартуваше одзади на поредокот број 85 влезе во редовното застанување во бокс. Оваа шанса ја искористи број 89 и прејде во водство. Меѓутоа Швајцарката Рахел Фреј која беше во кокпитот на 85 Huracan не се откажуваше. Во последниот час од трката уште еден инцидент го испрати на патека Safety Car. Час и 44 минути траеше санацијата на бариерите крај патеката. Тркачите по втор пат се наредија еден зад друг секој демнејќи го својот противник во очекување да се појави зеленото знаме. Како трката да стартуваше од почеток. Последните минути од трката создадоа вистинска мешаница во поредокот. Не само во класата Hypercar, туку и во LMGT3. Токму оваа мешаница му овозможи на тимот на Hertz Jota со број 12 Porsche 963 да избие на чело и да ја освои победата. Втор низ целта мина број 6 Porsche 963 на Penske со Кевин Естре, Лоренс Вантор и Андре Лотерер, додека полсетерот број 50 Ferrari 499P со екипажот Антонио Фуоко, Никлас Нилсен и Мигуел Молина заврши трет . Мешаница се случи и во класата LMGT3 од која за жал како победници не излегоа девојките од Iron Dames. Тие не успеаја својот Lamborghini Huracan LMGT3 да го дотуркаат до целта како победник. Всушност паднаа дури на петтата позиција во својата класа. Победник од целата ситуација излезе тимот Manthey Ema со број 91 со младиот талент Холанѓанецот Морис Шуринг зад волан во завршница и тимските другари Јасер Шанин и Ричард Лиц. Втор заврши тимот Manthey Purerxcing со број 92 Porsche 911 GT3 R со Александар Малихин, Џоел Штурм и Клаус Бахлер, а трет тимот Iron Lynx број 60 Lamborghini Huracan со Калудио Скиавони, Матео Кре McLaren 720 Sсони и Франк Перера. Тимот на железните дами Iron Dames број 85 со Сара Бови, Рахел Фреј и Мишел Гатинг заврши дури петти, а пред нив успеаја да се протнат нивните лути ривали во текот на целата трка тимот на United Autosports број 59 McLaren 720 S со Џејмс Котингем, Николас Коста и Грегоар Соси. После три трки во шампионатот во категоријата Hypercar води Porsche со вкупно освоени 83 бодови, додека второпласираната Toyota има 60 бода. Трет е Ferrari со 49 бодови, а четврти Alpine со само 17 бодови. Во категоријата LMGT3 води тимот на Manthey Purerxcing со Porsche 911 GT3 R со 72 бодови, втор е тимот WRT со BMW M4 со 37 бодови, а трет е тимот Heart of Racing со Aston Martin Vantage AMR, исто така, со 37 бодови но без победа. Следната трка е, трката над трките, легендарната 24 часа Ле Ман на 15 - 16 јуни и не носи во Франција на уште една 6 часовен настан на легендарната патека. • Љубомир Анастасовски
МАРАТОН НА ТРКАЛА
ЛАНИ 24-ЧАСОВНАТА
50 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
МИНАЛЕ НИЗ ОВОЈ МАРАТОН НА ТРКАЛА ВО КОЈ ВОЗАЧИТЕ ВОЗАТ ПОСТОЈАНО НА ГРАНИЦА НА ВОЗМОЖНОТО, А ТОА СЕ ОДНЕСУВА И НА ЦИЛИНДРИТЕ, СОПИРАЧКИТЕ, ШАСИИТЕ, ПНЕВМАТИЦИТЕ... 24 часа Ле Ман | СПОРТ Возење 24 часа со полна брзина е трка со исклучително исцрпувачко темпо. Трката 24 часа Ле Ман е една од неколкуте што се бодува во шампионатот на издржливост, но ниедна не е толку значајна како оваа што се вози во малото место Ле Ман на патеката Сарт, дел е посебно направена тркачка патека, а другиот дел е обичен регионален пат. Трката Ле Ман е една од најстарите трки во светот, но и најзначајна бидејќи опстанала до денес. Не е исто да се победи на 24 часа Ле Ман и на некоја друга трка на издржливост. Постојат три легендарни трки, Ле Ман, Монако ГП и Инди 500. Последен што се обиде да ги освои сите три беше Фернандо Алонсо, кому му недостасува Инди 500. Засега само еден возач успеал да ја освои тројната круна, тоа е Грем Хил - Монако ГП (1963, 1964, 1965, 1968 и 1969), Индијанаполис 500 во 1966 година и 24 часа Ле Ман во 1972 година заедно со Анри Пескароло. На 15 јуни ќе започне и на 16 јуни ќе заврши 92. издание на најпознатата трка на издржливост. Стартот на трката е закажан за 16:00 часот. Трката завршува по 24 часа, а не според правилата за извозени кругови. Најмногу победи на Ле Ман има Порше, дури 19, а најтрофеен возач е Том Кристенсен, наречен Мистер Ле Ман, со девет титули (1997, 2000 - 2005, 2008 и 2013). Ле Ман е посебна трка бидејќи се преплетуваат многу случки, анегдоти, радосни моменти, но за жал и трагични. Секој тркач, секој од тимовите сака да биде дел од таа слава, дел од титулата, дел од победничкиот тим. Патеката Сарт е долга 13.626 м и 85 отсто од времето се вози со максимална силина. Тоа значи дека патеката е една од најбрзите на планетава. Позната е и по правиот дел долг огромни шест километри каде што возилата развиваат страшни брзини. Во 1988 година забележана е најголема брзина, фасцинантни 405 км/ч, постигната од Роже Дорчи од тимот Велтер Рејсинг со прототипот „ вм - пежо п 88“ на правиот дел попознат под името „мулзеин“. Сега на тој дел од патеката за постигнување поголема безбедност има шикана, така што брзината од 405 км/ч ќе остане засекогаш ненадмината. Откако беа воспоставени нови правила, главни се тие од хипер класата, голем број производители што паузираа, повторно се вратија на патеката, на пример, Ферари, БМВ, Пежо, а има и нови - Ламборџини, но недостасува Форд. Тука се и Кадилак, Порше, Алпине, Изота Фрасчини и неизбежната Тојота. На годинашново 92. издание ќе настапат и неколку познати возачи што некогаш возеле во Формула 1, на пример Роберт Кубица, најупорниот меѓу најупорните, Роман Гросжан, Камуи Кобајаши,
ТРКА СЛАВЕШЕ 100 ГОДИНИ ОД ОДРЖУВАЊЕТО НА ПРВАТА ТРКА ВО 1923 ГОДИНА, А ГОДИНАВА ЌЕ ГО ДОЖИВЕЕ СВОЕТО 92. ИЗДАНИЕ. МНОГУ ИМИЊА, МНОГУ ТИМОВИ
Себастијан Буеми и Антонио Џованаци, но има и едно име Роман Сена де Анџелис, млад и многу талентиран возач, кој не е во роднинска врска со легендарниот Аиртон Сена или најголемиот пијанист и господин меѓу Ф1 тркачите, Елио де Анџелис. Исто и Марино Сато не е во роднински врски со некогашниот возач од Формула 1, Такума Сато. Но тука е најголемото име во мотоциклизмот Валентино Роси кој ќе настапи во класата „гт 3“ во тимот ВРТ со „бмв м 4“. Ќе возат и Мик Шумахер, синот на Мајкл Шумахер, и Оливер Кристенсен, синот на Том Кристенсен. Годинава на списокот на учесници не е Матијас Лауда, синот на легендарниот возач Ники Лауда. Во класата „хипер автомобили“ на списокот има 23 екипи, во „лмп 2“ 18 (16, две екипи откажале) возила се пријавиле за старт, во „лм гт3“ има 23 екипажи подготвени да возат. На 15 јуни ќе стартуваат вкупно 62 возила поделени во три класи. Лани победи Ферари во кралската класа, а годинава Тојота, Пежо и другите ќе се обидат да му ја земат круната. Билетите за трката се распродадени, единствено има слободни места за тренинг сесиите во среда, четврток и петок, 12, 13 и 14 јуни. Најевтиниот пакет билет за следење на трката 24 часа Ле Ман чини 141 евро, а важи од 12 до крајот на трката на 16 јуни. • Жарко Атанасоски СПОРТ |
ШАРЛ(О)
52 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ОСКАР ПЈАСТРИ ГИ РАЗДЕЛИ ЗА ДА НЕ ОСВОЈАТ „ЕДЕН-ДВА“ ПОБЕДА, ВОЗАЧИТЕ НА ФЕРАРИ БЕА „ГЛАВНИТЕ ЅВЕРКИ“ ЗА ВРЕМЕ НА НАЈГЛАМУРОЗНИОТ Ф1 ВИКЕНД ВО ГОДИНАТА, ВОЗЕН НИЗ УЛИЦИТЕ НА РОДНИОТ ГРАД НА ШАРЛ ЛЕКЛЕР. Светско првенство во Формула 1 | СПОРТ Откако Ландо Норис направи сензација со победата во Мајами, Макс Ферстапен ги смири „духовите“ и возврати со убедлива победа во Имола. Сепак, само една седмица подоцна, традиционалната трка на Азурниот Брег, поточно низ улиците на Монте Карло, донесе нов победник. Овој пат, приказната е уште поубава (од романтичарско-авторска гледна точка – з.а.) бидејќи станува збор за Шарл Леклер, возач на Ферари кој е горд на своето Монегаско потекло, а оваа трка ја гледал во своето детство со своите најблиски. Квалификациите кои се најважниот дел од гран при викендот значеа добивање на првата битка, но Леклер и покрај фантастичниот резултат во најбрзиот круг од 1:10.270 сепак не можеше да биде опуштен за неделната трка бидејќи првите шест беа во интервал од три десеттинки задоцнување. Изненадување направи Пјастри со пробивот на второто место, по што следуваше Саинц, па Норис, Расел и шампионот Ферстапен. Трката започна со инцидент кој директно влијаеше на натамошниот расплет во борбата за победата. Серхио Перез го уништи својот болид стартувајќи од 16. место, по што трката беше прекината. Согласно правилата, болидите смееја да добијат сервис и промена на пневматиците, па водечките се одлучија да монтираат нови и со нив да возат до крајот. Таа стратегија беше рискантна од аспект на тоа дека е можно да има друг инцидент и да биде аплицирано возило за безбедност, но тоа не се случи, па од рестартот и сè до крајот, Леклер имаше мирна трка во која неговата победа не беше загрозена. - Знаевме дека по прекинот на стартот мораме да извозиме 76 круга со ист сет на пневматици и дека мора да возиме побавно, можеби и три до четири секунди во некоја етапа од трката. Сепак, Шарл лесно се справи со ситуацијата, но исто така и Карлос, иако од него баравме да не биде предалеку од Пјастри, но истовремено да го забави Норис за да биде стигнат од Расел. Всушност, цело време
И КАРЛО(С) ГО ОСВОИЈА МОНАКО ИАКО
53 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ | ја контролиравме трката, не притискавме, дури и самите возачи неколку пати побараа да возат побрзо, но тоа не беше во наш интерес денеска,- објасни тимскиот шеф на Ферари, Фред Васер. За коректната стратегија, Ферари доби комплименти од ривалите, поточно од Мекларен. - Имавме идеја да го внесеме Ландо во бокс и тоа го набљудувавме цела трка. Мислам дека Ферари заврши одлична работа, бидејќи цело време одржуваше предност која значеше дека ако Ландо влезе во бокс, може да се најде зад еден од болидите на Мерцедес,- рече Андреа Стела од Мекларен, давајќи кредит за стратегијата на Ферари. - Во трката видовме дека и ако си три секунди побрз во еден круг, во Монако не можеш да престигнеш. Ферари не спречи да ја искористиме таа опција, бидејќи за нас трката ќе беше поинтересна со Ландо на свежи гуми. Сепак, не верувам дека ќе успеевме да го престигнеме Карлос... Сега возачот на Ферари има само 31 поен помалку од Ферстапен, а Ферари е 24 бода зад Ред Бул на табелата кај конструкторите, а до крајот има повеќе од десет трки. „Тифозите“ се гладни за нови титули, бидејќи последната е освоена со Кими Раиконен во 2007 година, а сега и медиумите се вклучија како мегафони на навивачите кои очекуваат уште трофеи. - Кога ќе почнеш да мислиш дека си во добра форма, всушност ти си мртов,- им рече Васер на италијанските новинари. - Мора да го задржиме истиот пристап и да имаме континуирани подобрувања, од секој оддел, во секој предел на болидот, вклучувајќи го и персоналот и возачите. Дури и кога ќе завршиш добра работа, треба да знаеш дека и следната недела треба да завршиш уште подобра. Ако веруваш дека правиш нешто добро, тоа е почеток на крајот. Во секој домен мора да ги поместуваме границите. Натаму, говорејќи за она што следи, Васер најави дека од нивната фабрика ќе пристигнат уште унапредувања на болидот до крајот на сезоната. - Мотивацијата не е под прашалник, таа е тука веќе извесно време, повеќе е до самодовербата на возачите, на тимот. Се разбира, кога си во позиција да почнеш да победуваш, почнуваш да посветуваш повеќе внимание на деталите, се случува ефект сличен на снежна лавина. Тоа е дел од подобрувањата на кои работевме последниве 6-7 месеци. Мораме да продолжиме како досега, најлошо сценарио е да помислиме дека сме ја завршиле работата и дека вака ќе биде до крајот,- рече Французинот Васер. Тој посочи дека до крајот на сезоната Формула 1 ќе помине на многу автодроми со различни карактеристики, како и дека не се натпреваруваат само со Ред Бул, туку и со Мекларен. Сепак, тој смета дека Ред Бул во моментов сè уште има предност и тие треба да продолжат да се борат за секој бод. - Мора да освојуваме солидни поени и кога не сме на врвот и да победиме кога ќе имаме шанси. Ништо не се менува. Во моментов верувам дека сме три тима кои не се далеку еден од друг и можат да се натпреваруваат за пол позиции и победи. Можеби на некои автодроми Ред Бул ќе има предност, а на некои Ферари или Мекларен, Треба да останеме опортунисти. Лани изгубивме премногу поени во текот на сезоната, а годинава се надевам дека ќе продолжиме да се подобруваме и на ова поле. Очекувам да биде така до крајот на сезоната и борбата за титулата да биде изедначена. Формула 1 оваа година за првпат има 24 трки во својот календар, а досега се извозени само девет. Трката за Големата награда на Канада ќе биде ново искушение за сите, бидејќи е уникатна патека каде што еднаш годишно се возат трки, а потоа следува „европскиот дел на сезоната“ со класиците како Шпанија, Австрија, Англија, Унгарија и останатите. Дополнително, имајќи предвид дека Ред Бул и официјално се раздели од најдобриот инженер Адријан Њуи, како и дека не успеа да ангажира нов возач па мораше да го продолжи договорот на ветеранот Перез, се добива впечаток дека ривалите го преземаат моментумот и се позиционираат за комплетен „трансфер на власта“. Ферстапен со 169 поени го нема комфорот од претходните две сезони, а Леклер со 138 и Норис со 113, се во најдобра позиција да го предизвикаат до крајот на сезоната, иако не треба да се исклучи ни Саинц кој има 108 бода. Кај конструкторите Ред Бул води со 276 бода, Ферари има 252 а Мекларен има 184, со што јасно се издвојува „тројката“ од која најмногу се очекува до крајот на сезоната. • Александар Табаковски
54 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ДАЛИ ФОРМУЛА 1 СТАНА ПОГОЛЕМА ОД МОНАКО? К олумна своерачно АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ Со текот на годините, Формула 1 се возеше низ истите улици и напредуваше, како технички, така и возачки. Фактот дека нема зони за излетување престана да биде оправдание и возачите научија да преживуваат на улиците на кнежевството. Голем дел од тежината на возачката професија замина во историјата со воведувањето на полуавтоматските и автоматските менувачи, затоа што оваа трка беше ноторно тешка за овој дел од возилата и системот требаше „да опслужи“ по 2.000 менувања на степенот на пренос во една трка. Концентрацијата на возачите се подобри и нивната работна периферија ,исто така, се модернизираше од аспект на безбедноста што ги прави похрабри, како и посигурни во болидите кои ги управуваат. Нивното око и натаму тешко се привикнува на темнината во тунелот, како и на блесокот на сонцето на излезот од истиот, но некогаш доволно е и кога „возат на слепо“. Тежината и натаму е присутна, низ шиканите, низ свиоците, но добрата стратегија во квалификациите може да заврши многу работа. Но, последниве години во целиот спектакл започна да недостига драма. Од аспект на гламурот, нема кој не дојде во Монте Карло, од Џорџ Лукас до Џеј Ло, корпорациите и натаму организираат забави и закупуваат јахти за своите драги клиенти, но телевизиите и гледачите имаат поинакви проблеми. Недостигаат престигнувања! Престигнувањата во Формула 1 се подеднакво важни како давањето голови или кошеви, бидејќи од позицијата во трката и бројот на направени престигнувања зависат бодовите. А бодовите ги задоволуваат и возачите, и екипите и спонзорите. Според табелата кај конструкторите се делат и парите од ТВ правата. Во ред, има и други трки на кои возачите ќе тргнат онака како што ќе стартуваат и нема да има борба за победа, со тоа проблемот станува глобален. Но, од 2009 до денес во Формула 1 беа воведени и КЕРС и ДРС и тоа значително го подобри шоуто, дури може да се рече дека му помогна да стекне поголема популарност. Но, во Монако тој рецепт не работи. Сосема друга приказна е дека трката во Монако не плаќа концесија на Формула 1. Единствен, привилегиран статус кој некогаш „се компензираше“ бидејќи таму не важеа законите за забрана на рекламирање цигари, па сите ја гледаа најпопуларната трка со болиди обоени во препознатливите колорни шеми на тутунските брендови. Денес, кога цените за концесија надминуваат 50 милиони долари, а цигарите се отстранети од комерцијалниот бекграунд на спортот, Монако живее на стара слава како еден од најредовните организатори на трките покрај Монца и Силверстоун. Вака како што се развиваат нештата, прашање на денот е кога некој нов директор, кој не ја почитува традицијата, ќе рече „или пари или трка“. Освен ако не се смисли некаков лек за престигнувањата со правилата за 2026 година, кои освен што ќе донесат технички новитети, содржат и предлози за унапредување на спектаклот. Болидите ќе имаат помало меѓуоскино растојание за 200 милиметри и ќе бидат потесни за 100 милиметри, додека подот на болидот е стеснет за 150 милиметри. Со еден збор, возилата ќе бидат покуси и потесни! Дополнително, она што сега го знаеме како ДРС (или Drag Reduction System) во иднина ќе биде познато како Z-mode или дозвола за намалување на воздушниот отпор на болидот преку подвижни предно и задно крило, но внимавајте – во свиоците! Наспроти тоа, ќе има X-mode со цел како и ДРС, да овозможи поголема брзина на правците. Пакетот содржи уште новитети, но за мене ова е јасна порака дека се бара начин како дополнително да се влијае на спектаклот. Убеден сум дека големите умови кои стојат зад овие решение ќе успеат да направат поинтересни трки на некои локации како Абу Даби или Џеда, но за Монако – времето ќе покаже! Таму улиците ќе останат истите оние од 1928 година, кога се возела првата трка и кога Ф1 не постоела како првенство, ниту телевизијата и публиката низ светот како фактор. • ТРКИТЕ ВО МОНАКО ПРЕТСТАВУВААТ УНИКАТНА ПРИКАЗНА ВО ФОРМУЛА 1, БИДЕЈЌИ НИТУ ЕДНА ДРУГА ПАТЕКА ВО КАЛЕНДАРОТ НЕ Е ПОДЕДНАКВО СЛАВНА КАКО НЕА, ИАКО УЛИЦИТЕ НА КНЕЖЕВСТВОТО НАЈМАЛКУ НАЛИКУВААТ НА ТРКАЧКИ АВТОДРОМ.
02/3181-108 ВЕЛОСИПЕД ДА СЕ БУТКА! БАШ Е УТКА СО ДУПНАТА ГУМА ВЕЛО ЧЛЕНСКАТА КАРТИЧКА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ПРЕНОС НА ВЕЛОСИПЕД, КАКО И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ И ПОПУСТИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ.
56 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
КАМБЕК НА ГОЛЕМОТО
ВО МОНТЕ КАРЛО И БЕРЛИН ДОНЕСОА ТРКИ ВО КОИ ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ТИМОТ ЈАГУАР БЕА НА НИВО НА ОНИЕ ОД МИНАТИТЕ ДВЕ ГОДИНИ КОГА НИВНИТЕ ВОЗАЧИ ОСВОЈУВАА ПОБЕДИ И СЕ БОРЕА ЗА ШАМПИОНСКИТЕ ПОЧЕСТИ. Светско првенство во Формула Е | СПОРТ Трките во Монако секогаш се уникатно искуство, без оглед на тоа за која тркачка серија станува збор, па така беше кога е во прашање Формула Е. На оваа трка секогаш во преден план се квалификациите, бидејќи престигнувањето е речиси невозможно, па кога лидерот во генералниот пласман, Паскал Верлен ги доби дуелите со ривалите, многумина во мислите веќе го имаа како победник во трката. Сепак, „рулетот“ продолжи да се врти, па така поранешниот првак Стофел Вандорн изби на второто место, а Ник Касиди и Мич Еванс од Јагуар се најдоа во вториот ред, на третото и четвртото место, потврдувајќи ги добрите перформанси што целиот викенд ги демонстрираа низ тренинзите. Претходно, Мич Еванс „се разбуди“ од зимскиот сон на седмата трка што се возеше во Мизано, каде што ја освои пол позицијата, па продолжи со одличен старт во Монако по што поголемиот дел од трката го помина во водство. Со тимскиот колега зад себе, тој имаше можност да го диктира темпото и да работи на својата стратегија, иако во одредени моменти ги сменија позициите, но повторно „се наместија“ во иста положба и без проблеми ја комплетираа „еден-два“ победата низ улиците на кнежевството. Вандорн го комплетираше подиумот со освојување на третото место, а зад него беа Верње и Верлен. - Знаевме дека ова ќе биде тешка трка и дека ќе биде одлучена со стратегија околу користење на „атак мод“. Му ја должам победата на тимскиот колега Ник, тој навистина ми помогна кога требаше. И јас му помогнав, но особено сум благодарен затоа што ова е навистина извонредно остварување за тимот,- изјави Еванс, кој има шест претходни пласмани на подиумот во Монако, а сега за првпат е победник во трката. Со трката низ улиците на Монте Карло беше комплетирана првата половина од предвидените 16 трки, при што во тие 8 трки видовме седум возачи како победници, кои доаѓаат од шест различни тимови. Ова ја доловува сликата дека во Формула Е не победува секогаш најбрзиот, бидејќи во игра се повеќе фактори и оној што на крајот ќе ја понесе шампионската титула навистина успеал да најде начин и да извади максимум од сите нив. Следуваа две трки во Берлин, кои што започнаа со изненадувачка елиминација на голем број фаворити во раната фаза на квалификациите, а подеднакво зачудувачки завршија со пол позиција на Едуардо Мортара од Махиндра пред Стофел Вандорн. Возачите на Јагуар, Касиди и Еванс се најдоа на 10. и 11. место, но тоа не ги спречи повторно да имаат главен збор во првата трка. Поради двете аплицирања на возило за безбедност, трката беше продолжена за 6 круга, односно се возеа вкупно 46 круга на поранешниот аеродром Темплхоф, но оваа година со нова конфигурација на патеката. Касиди помина две третини од трката штедејќи енергија, за во последната третина да се активира и да успее да стигне до првото место. Претходно, повеќе возачи се сменија во водство, па во финишот само Верње, Роуланд и Еванс беа оние што имаа главен збор за позициите на подиумот, па финишираа зад Еванс.
МАЧЕ ТРКИТЕ
57 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ | - Ова е страшно, искрено. Не ми се допаѓа овој стил на трки, го мразам. Би рекол дека секој возач го мрази, но мислам дека тоа е начинот на кој мора да се тркаме. Ние сме тука за да се натпреваруваме, за победа. Ако треба да возиме во рикверц, ќе научиме како да возиме, но тоа не значи дека ми се допаѓа. Од возачки аспект е страшно. Вие гледате од страна, или од друга перспектива, тоа е мешаница,- искрено коментираше второпласираниот Верње по првата трка во Берлин. Во втората трка квалификациите донесоа нов момент, бидејќи актуелниот шампион Џејк Денис кој во првата трка стартуваше од последниот ред и потоа се повлече поради дупната гума, овој пат изненади позитивно со освојување на пол позицијата. Со тоа тој стигна до 3 дополнителни бода, но веројатно позначајно е што не дозволи нив да ги освои Ник Касиди, кој беше поразен во финалниот квалификациски дуел. За да не биде изненадувањето толку големо, се погрижи Норман Нато, тимскиот колега на Џејк Денис, кој го освои третото место пред Еванс и Вандорн. На стартот Денис поведе, па потоа му дозволи на Касиди да ја преземе лидерската улога, но потоа во водечката група се приклучија и возачите на Порше, Верлен и да Коста. Во текот на трката, Верлен на стартот од трката имаше контакт со Нато (за што овој доби казна од 10 секунди), по што се трудел да ја заврши трката без да влегува во ризици, но се пожали дека бил „истуркан во ѕидот“ од страна на Денис додека се борел за позиција која ќе ги одржи неговите шампионски амбиции во живот. - Таквиот потег е нешто што е премногу. Со повеќето возачи можеме да возиме тркало до тркало. Особено кога станува збор за двајца возачи на Порше, ова не смее да се случи. Дискутирано е повеќе пати, но едноставно не функционира. Тоа е, како што е,- бесно прокоментира Верлен на крајот од трката. - Имав оштетено предно крило и оштетен под уште од првиот круг. Сето тоа беше непотребно. Неговиот тимски колега Антонио Феликс да Коста имаше „наклонет хороскоп“, па успеа да излезе на чело од колоната и по неколку менувања со Касиди да стане осми различен возач кој победил во десеттата трка сезонава. Касиди во финишот мораше да го „спасува“ второто место од Оливер Роуланд со Нисан, кој исто така во финишот се вклучи во борбата за местата на пиедесталот. Верлен заедно со Денис финишираа како четврти и петти, додека Еванс го заокружи настапот со пласман на шесто место. Во календарот на Формула Е следуваат три викенди со по две трки: Шангај, Портланд и Лондон. Повеќе од јасно е дека на нив ќе се решат прашањата за шампионската титула, како кај возачите, така и кај конструкторите. По двете трки во Берлин Касиди има 140 бода, а Верлен со 124 може да биде мотивиран во финишот за конечно да донесе светска титула за Порше. Оливер Роуланд со 118 и Џејк Денис со 102 бода се веднаш зад нив, но не смее да се исклучи потенцијалот на Еванс кој има 97 бода, но и победнички болид во своите раце. • Александар Табаковски Во текот на сезоната се случија повеќе добри нешта за иднината на ова светско првенство, пред сè потврдата на Порше дека останува во Формула Е најмалку до крајот на 2030 година, а потоа и обновување на нивниот договор со сателитскиот тим Андрети за периодот 2025 и 2026 година. Како шпекулација се појави и можното вклучување на Ферари со свој проект, но наместо тоа се случи објава дека култниот тркачки бренд Лола ќе се врати во авто трките токму преку Формула Е. Оваа фирма која стекна планетарна популарност и освојуваше победи во Индикар и Ле Ман, а своевремено лансираше и Формула 1 тим. По смртта на основачот Ерик Бродли, брендот го презема Тил Бехтолшајмер и го ангажираше Марк Престон, поранешниот тимски директор на екипата Течита која во Формула Е освои титули со Жан Ерик Верње и Антонио Феликс да Коста. Тимот би требало да се натпреварува во партнерство со Јамаха, која, исто така, се повлече од спортот во 1997 година, а Лола ќе го произведува погонскиот систем за сезоната 2025/26. ЛОЛА И ЈАМАХА ДЕЛ ОД ИДНИНАТА НА ФОРМУЛА Е
58 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ ГЛАВНА ВЕСТ ВО СВЕТСКОТО МОТОЦИКЛИСТИЧКО ПРВЕНСТВО Е ДЕКА ШПАНЕЦОТ МАРК МАРКЕЗ КОЈ СИТЕ УСПЕСИ ВО КАРИЕРАТА ГИ ПОСТИГНА СО ХОНДА, ПО ЕДНА ГОДИНА ВО САТЕЛИТСКИ ТИМ НА ДУКАТИ, ОД СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ФАБРИЧКИОТ ТИМ. Светско првенство во мотоциклизам ПЕКО ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ, НО МАРКЕЗ ГО УКРАДЕ ШОУТО Во Мото ГП се возеше трката за Големата награда на Италија, на патеката Муџело, каде што победи италијански возач со италијански мотоцикл од фирмата Дукати. За Италијанците како една од нациите кои во светот на трките ја внесоа страста, не постоеше поромантичен момент. Бањаја победи прикажувајќи солидни перформанси, а доминацијата на Дукати беше заокружена со второто место на Ениа Бастијанини, вториот Италијанец во тимот, кој во последниот круг го престигна Хорхе Мартин, актуелен лидер во шампионатот, иако е во сателитски тим на Дукати. Марк Маркез беше четврти, пред младиот талент Педро Акоста со КТМ. Но, приказната започна два дена порано. Пред трката, угледната „Газета дело спорт“ објави дека местото на Енеа Бастијанини во фабричкиот тим ќе го добие Хорхе Мартин, додека Маркез ќе остане во сателитскиот тим Прамак Дукати. Кога започнаа прес конференциите за време на гран при викендот во Муџело, Маркез пред новинарите порача дека не е заинтересиран за седиштето во сателитски тим и ќе прифати само мотор со фабричка поддршка, при што како опција ги наведе и Гресини Дукати, односно тимот за кој настапува сега со ланската машинерија. Кога тркачкиот викенд заврши, Дукати во попладневните часови по трката го информирал Мартин дека Марк Маркез ќе го добие местото во фабричкиот тим. Разочарувањето на Мартин кој е водечки во генералниот пласман иако вози за сателитскиот тим на Дукати е повеќе од разбирливо, откако минатите две сезони приоритет му беше даден на Ениа Бастијанини. Медиумите објавија дека на Маркез му било понудено да остане во Прамак Дукати со фабрички мотор, освен доколку не ја освои шампионската титула. Сепак, Шпанецот тоа го одбил. - Едноставно е, за да ја освојам титулата на патеката, мора да имаме еднакви услови, а јас ги немам. Тоа не е оправдание и јас докажувам со резултатите дека можам да бидам конкурентен, Дополнително, сезоната завршува во ноември, а јас со моите спонзори морам да постигнам договор до септември за да влезам во нивните буџети за следните сезони, Затоа, таквата понуда не беше одржлива,- изјавил Маркез за шпанското радио „Кадена Сер“. Следниот ден, иако сите мотоциклисти останаа во Муџело за понеделнички да одработат тестирање, Хорхе Мартин ја напуштил гаражата правдајќи се со лошите временски услови. Папараците го уловија дека влегол во „моторхоумот“ на Априлија, од каде по неколку часа издадоа соопштение дека го ангажирале Шпанецот како свој возач.
59 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Априлија имаше неколкугодишен развој на моторот со Андреа Довициозо, а потоа ги ангажираше Алеш Еспаргаро и Маверик Вињалес кои им донесоа победи во одредени трки. По најавата за пензионирање на Еспаргаро, Априлија се обидела да најде врвен возач, но не успеала да допре до нив со својата понуда. - Нашата стратегија беше да не брзаме, бидејќи не сакавме да го подариме седиштето, туку да сочекаме кога ќе се укаже шанса. Тоа се случи и ние бевме брзи да преземеме акција, наместо да преговараме. Со Мартин, веднаш се договоривме, но за тоа мора да му заблагодарам на Алеш и еве сме каде што сме. Тајмингот беше пресуден. Мојот шеф ми даде одобрување кога го информирав и ме охрабри да го ангажираме. Дечките од правниот тим работеа цела ноќ за да го напишат договорот. Не сакам да верувам дека до ова сме стигнале поради емоциите, туку поради растот на Априлија минативе неколку години. Ние сме единствените кои постигнале победа покрај Дукати,- изјави првиот човек на Априлија, Масимо Ривола, посочувајќи на кризата што владее во Хонда и Јамаха, додека Сузуки и Кавасаки се повлекоа од трките. СПОРТ | Еспаргаро се префрли во Априлија во 2017 година, а Вињалес беше ангажиран во 2021 година, кога почна „распадот“ во Јамаха. Андреа Јаноне беше нивен тест возач, но доби забрана за настап поради позитивен допинг тест, иако медиумските шпекулации укажуваа дека наводно станувало збор за користење канабис. - Во 2020 година, не можевме да најдеме возач. Овој пат, листата на менаџери кои ме посетија и бараа ангажман за нивните возачи е предолга. Ситуацијата беше многу поинаква. Сега очекувам и Вињалес да се изјасни дека останува со нас, што јас лично го посакувам. Ако тоа се случи, нема да има место за друг возач,- дополни Ривола. Приказната на Марк Маркез е дека во Дукати оди само поради Џиџи Дал Иња, бидејќи инженерите на компанијата од Борго Панигале го увиделе неговото одлично приспособување на машинеријата од 2023 година. – Со него имаме многу директен и искрен однос. Тој е човекот кој направи овој тим да победува. Кога седнавме да зборуваме, му реков дека ќе бидам дел од Дукати само ако и тој планира да остане дел од тимот. Договорот со Дукати е на две години. Го добив најдобриот мотор и најдобриот тим во моментов. Го добив мотоциклот што победува, во моментов нема побрз мотор од оној на Дукати. Следната сезона мора да се бориме за титулата. Четири години закрепнувам од повреди и резултатите не беа посакувани и имав проблеми со самодовербата,- гласи изјавата на Шпанецот. Од своја страна, првиот чоевек на Дукати смета дека со Маркез и Бањаја, италијанскиот тим ќе ја има најдобрата возачка двојка во историјата. - Го избравме Марк и сега ќе имаме двајца шампиони, а со тоа шансите за успех ни се поголеми. Ова беше комплицирана одлука, како од спортска, така и од човечка гледна точка. Сепак, уверени сме дека го имаме најдобриот тим во историјата на Дукати. Нашиот мотор достигна неверојатно ниво, па двајца шампиони во фабрички тим е нешто што ги зголемува шансите за нова титула, а тоа е нашата цел. Во трките сè е можно, но кога ги имаш најдобрите двајца во борба за шампионската титула, тоа е најдоброто нешто,вели италијанскиот инженер. Според неговите изјави во медиумите, Дукати се обидел да го задржи Мартин нудејќи му услови според неговите барања, но тие напори биле безуспешни. Мартин со 171 поен останува прв во генералниот пласман, а Бањаја следува на второто место со 153 поени. Марк Маркез е на третото место со 136 бода. Во календарот за оваа година има 20 трки, а досега се извозени седум. Со двете трки во Холандија и Германија мотоциклистите ќе дојдат до летната пауза, а потоа продолжуваат со трката во Британија на 4 август. • Александар Табаковски
60 06.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ДОСТАПЕН
ВАС НЕ ПОСТОИ ПОГОЛЕМО ОЛЕСНУВАЊЕ ОД ТОА КОГА ВИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ ДА ИМА КОЈ ДА ВИ СЕ ЈАВИ. КАДЕ И ДА СЕ НАОЃАТЕ, КАКВА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА И ДА ПОСЕДУВАТЕ, СЕКОГАШ КОГА ВИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ НА ПАТ ИЛИ ШЛЕПУВАЊЕ, ПРВИОТ ЧЕКОР Е ДА СЕ ЈАВИТЕ ВО АМСМ КОНТАКТ ЦЕНТАРОТ, А ТАМУ, ПОДГОТВЕНИ ДА ПОМОГНАТ, ВЕ ОЧЕКУВААТ НАШИТЕ АГЕНТИ. АМСМ Контакт Центар, сè уште е единствен контакт центар од ваков вид во земјава, достапен 24/7, 365 дена за помош на пат и шлепување во земјава, а за АМСМ членови, и во странство. По добивање на вашиот повик, а зависно од вашата локација и од типот на дефектот, тие ги контактираат дежурните тимови од Службата за помош и информации на пат, стратегиски распоредени во сите поголеми градови низ земјата, со цел да ви помогнат најбрзо во случај на дефект на пат, каде и да се наоѓате на територијата на нашата земја. Во случај на дефект во странство, кога како наши Europe Premium членови ќе се јавите на +389 31 81 196, повторно го добивате АМСМ Контакт Центарот и нашите агенти, и притоа добивате дополнителна грижа и ексклузивни привилегии. Како резултат на членството на АМСМ во ФИА, АМСМ Контакт центарот во соработка со контакт центрите на другите европски авто-мото клубови, исто така членки на ФИА, има единствена можност за своите членовите да организира и да гарантира помош на пат и шлепување каде и да било во Европа. Овие услуги се бесплатни до износ од 200€. Во случај на посериозен дефект во странство кој не може да се отстрани на лице место, нашиот агент за вас организира хотелско сметување и рент-а-кар како заменско возило. И овие услуги се бесплатни до износ од 200€, а ќе ви овозможат квалитетно да го искористите времето потребно за поправка на вашето возило сè до моментот кога ќе биде подготвено безгрижно да го продолжите вашето патување. Во случај на дефект, во било кое време, каде и да се наоѓате, АМСМ Контакт Центар е достапен 24/7 за вас. | АМСМ
КОНТАКТ ЦЕНТАР
24/7 ЗА
02/3181-108 БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ШЛЕПУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА И ВО ЕВРОПА И ВКЛУЧЕНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ www.amsm.mk НИЗ ЕВРОПА ВОЗИ БЕЗ НЕРВОЗИ
ПОМОШ НА ПАТ www.amsm.mk 02/3181-133 АМСМ СКОПЈЕ ЦЕНТАР АМСМ ВЕЛЕС АМСМ КИЧЕВО