АМСМ Клуб Мобилити - Јуни 2023

Page 1

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | ЈУНИ 2023 БР. 67 www.amsmklubmobiliti.mk Марбеља Претставуваме ASTON MARTIN DB12 СОВРШЕНСТВО БЕЗ МААНА ВО ПРИРОДНА ХАРМОНИЈА СО ЛУКСУЗОТ Светско првенство во Формула 1 ФЕРСТЕПЕН КАКО ТЕРМИНАТОР

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-181

Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН:

Мартина Поповска

РЕДАКЦИЈА:

ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-351

Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ:

проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)

проф. д-р Иво Дукоски (член)

Калинка Танеска (член)

Јован Теговски (член)

Миле Атанасов (член)

Димитар Пендов

Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ:

Жарко Атанасоски

Љубомир Анастасовски

Данчо Здравковски

Андријан Трипунов

Александар Табаковски

Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци

ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

БАНКА:

Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА:

300000000915716

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

ISSN 1857-6133

ПАТУВАЈТЕ БЕЗБЕДНО! Нашето списание континуирано укажува на задолжителните обврски при патување, при што најмногу внимание треба да ѝ се посвети на проверката на возилото, еден од условите безбедно да се пристигне до дестинацијата. Но треба да се има предвид дека може да се случат немили настани поради дефекти на автомобилот. Дури и во таков случај треба да се задржи присебноста, правилно да се обележи возилото и да се чека службата за помош на пат, особено ако пред патувањето е обезбеден некој од членските пакети на АМСМ, Европа или Класик членство. Препорачливо е да ја искористите членската картичка и да направите превентивен технички преглед на возилото во сервисот на АМСМ, кој е бесплатен за нашите членови. Сѐ поголем број љубители на велосипед активно го користат како превозно средство, но мора да се има предвид дека и покрај големиот број патеки, безбедноста на велосипедистите во сообраќајот сѐ уште не е на потребното ниво. Во последните години многу се вложува во велосипедската инфраструктура и се преземаат голем број активности за нејзино подобрување. Возачите мора да бидат свесни за рамноправноста на велосипедистите како учесници во сообраќајот, а тие, пак, задолжително да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Ако решите ова лето да го поминете авантуристички и да одите да кампувате со своја приколка, треба да знаете дека ви е потребна обука за категорија БЕ. Оваа дозвола може да ја добиете доколку поседувате возачка дозвола за управување моторно возило во категорија Б. За да се обучите во оваа категорија, најдобро ќе ви помогне тимот на АМСМ автошкола МОБИЛИТИ ПЛУС (3181- 240) .

Следниот број (двоброј) на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во јули во електронска верзија, на вашата меил адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

3 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
4 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk www.amsm.mk ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА КАЛИБРАЦИЈА НА АНАЛОГНИ И ДИГИТАЛНИ ТАХОГРАФИ 02/2631-181 СКОПЈЕ (ЧАИР) , ВЕЛЕС

ОФАНЗИВАТА ОД УПОРНИОТ ХЈУНДАИ ПРОДОЛЖУВА

СОВРШЕНСТВО БЕЗ МААНА НОВИОТ БРАН

НА СВЕТОТ МУ СЕ БРЗА ДА ГИ ВНЕСЕ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА

НА ДВЕ ТРКАЛА СО СОПСТВЕНА СИЛА

ЗАНИМЛИВОСТИ ОД НИВНОТО МИНАТО

БОРБЕНА ПОБЕДА ЗА БЕЦЕКИ НА ЛЕ МАН

ФЕРСТЕПЕН КАКО ТЕРМИНАТОР

5 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Н ОВОСТИ АВТО-МОТО ТЕСТОВИ И СОВЕТИ HI-TECH ИСТОРИЈА СТИЛ ПАТУВАЊЕ СПОРТ 8 9 44 46 10 14 38 36 28 30 32 30 32 56 8 18 36 46 „КУПРА“
ВО МАЛО ИЗДАНИЕ ЗАБАВА НА ОТВОРЕНО, ВО ДВОР СЕПАК Е НАЈУБАВО
СО
ВО ПРИРОДНА ХАРМОНИЈА
ЛУКСУЗОТ

ПАТАРИНИ ВО ЕВРОПА

МАКЕДОНИЈА

Висината на надоместокот за употреба на пат (патарина) во денари на делниците на кои се наплаќа патарина изнесува:

Скопје - Миладиновци (Миладиновци)

Миладиновци - Куманово (Романовце)

Скопје - Петровец (Петровец)

Петровец - Велес (Сопот)

Велес - Петровец (Отовица)

Велес - Градско (Стоби)

Градско - Демир Капија (Демир Капија)

Демир Капија - Гевгелија (Гевгелија)

Скопје - Тетово (Глумово)

Скопје - Тетово (Желино)

Тетово - Гостивар (Тетово)

Тетово - Гостивар (Гостивар)

Миладиновци - Свети Николе (Преод)

СРБИЈА

Наплатни станици: патарини: 17,10 € €

60 ден. Романовце 15,5 € Прешево - Ниш - Белград - Нови Сад оддалеченост: 528 km -

- БЕЛГРАД

Наплатни станици:

СКОПЈЕ - НИШ

Наплатни станици:

40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце 5,5 € Прешево - Ниш оддалеченост: 206 km патарини: 7,1 €

СКОПЈЕ - СУБОТИЦА

Наплатни станици:

40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце 18,5 € Прешево - Ниш - Белград - Нови Сад - Суботица

оддалеченост: 526 km

СКОПЈЕ - ШИД

Наплатни станици:

патарини: 20,10 € -

40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце 17 € Прешево - Ниш - Белград - Шид

оддалеченост: 536 km

патарини: 18,60 € -

6 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА
20,00 МКД 40,00 МКД 20,00 МКД 50,00 МКД 50,00 МКД 40,00 МКД 50,00 МКД 60,00 МКД 20,00 МКД 20,00 МКД 20,00 МКД 20,00 МКД 40,00 МКД 30,00 МКД 40,00 МКД 60,00 МКД 40,00 МКД 80,00 МКД 80,00 МКД 60,00 МКД 80,00 МКД 100,00 МКД 40,00 МКД 40,00 МКД 30,00 МКД 30,00 МКД 70,00 МКД 50,00 МКД 60,00 МКД 80,00 МКД 50,00 МКД 120,00 МКД 120,00 МКД 100,00 МКД 130,00 МКД 160,00 МКД 60,00 МКД 60,00 МКД 40,00 МКД 40,00 МКД 100,00 МКД 80,00 МКД 100,00 МКД 150,00 МКД 100,00 МКД 220,00 МКД 220,00 МКД 180,00 МКД 230,00 МКД 290,00 МКД 110,00 МКД 110,00 МКД 80,00 МКД 80,00 МКД 180,00 МКД 150,00 МКД 150,00 МКД 220,00 МКД 150,00 МКД 330,00 МКД 330,00 МКД 260,00 МКД 340,00 МКД 430,00 МКД 160,00 МКД 160,00 МКД 110,00 МКД 110,00 МКД 270,00 МКД 220,00 МКД Патни делници I A Категорија II Категорија III Категорија IV Категорија I B Категорија СКОПЈЕ - НОВИ САД 40 ден. Миладиновци
Свети Николе - Штип (Кадрифаково) СКОПЈЕ
40 ден. Миладиновци 60 ден.Романовце 13 € Прешево - Ниш - Белград оддалеченост: 432 km патарини: 14,6 € €

ХРВАТСКА

СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ

Наплатни станици: 17 € Загреб

40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце (СРБ = 17 €) Прешево - Ниш - Белград - Шид

оддалеченост: 825 km патарини: 35,60 € - -

СКОПЈЕ - СПЛИТ (преку Загреб)

Наплатни станици: 17 € Загреб

40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце (СРБ = 17 €) Прешево - Ниш - Белград - Шид оддалеченост: 1.225 km - -

СКОПЈЕ - СПЛИТ (Преку Косово/Албанија/Црна Гора)

Наплатни станици:

17 € Албанија 6,7 € Сплит

оддалеченост: 738 km

СКОПЈЕ - РИЈЕКА

Наплатни станици:

патарини: 11,7 €

40 ден. Миладиновци 60 ден. Романовце (СРБ = 17 €) Прешево - Ниш - Белград - Шид

оддалеченост: 980 km - -

ЦРНА ГОРА

СКОПЈЕ - БУДВА

Наплатни станици: патарини: нема

Скопје - Приштина - Пеќ - премин Кула - Рожај - Беране - Мојковац - Подгорица - Цетиње - Будва оддалеченост: 449 km

СКОПЈЕ - БУДВА

Наплатни станици:

Скопје - Приштина - Призрен - Кукс - Скадар - Бар - Будва. оддалеченост: 420 km

патарини: нема

патарини: 59,60 € 24 € Сплит

17 € Загреб патарини: 45,60 €

10 € Ријека

7 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ОТА |

CUPRA RAVAL

„КУПРА“ ВО МАЛО ИЗДАНИЕ

Ипокрај тоа што сериската изведба ќе биде претставена дури во 2025 година, сепак одговорните од Купра одлучија да пуштат во јавност неколку фотографии и да го соопштат името кое ќе го носи новиот модел. Минатата година беше претставен концептот „урбан ребел“. Неговото име кажува дека е претставник на градските автомобили и сега производителот продолжува во тој правец. Новиот модел именуван како „равал“ е типично градско возило и директна изведба од концептот „купра урбан ребел“. Да потсетиме. На почетокот

Купра беше име додадено во спортските изведби од Сеат. Потоа одговорните, односно сопствениците на Сеат, поточно Фолксваген, одлучи името Купра да го претвори во посебна марка. Денес Купра е самостојна марка и отсега натаму ќе произведува исклучиво електрични автомобили.

Кога ќе се појави моделот „равал“ ќе биде најмал во семејството Купра. Користи батерија способна да го снабди возилото со електрична енергија за 440 км. Ќе се произведува во фабриката Марторел лоцирана во Шпанија, а ќе ја користи приспособливата основа МЕБ (платформата, шасијата) посебно направена за конструирање електрични возила. Оваа основа користи еден електромотор кој ги задвижува предните тркала, а најјакиот од нив поседува 226 КС и истата ќе ја наоѓаме во сите мали електро возила во составот на групацијата Фолксваген (Шкода, Сеат, Фолксваген и евентуално Ауди). Според првичните официјални соопштенија „купра равал“ ќе постигнува забрзување од 0 до 100 км/ч за 6,9 секунди, а ценовно ќе биде сместен во кругот на тие што се продаваат за околу 25.000 евра. Сега ништо друго не ни преостанува, туку само да почекаме до 2025 год. за кога е закажано првичното прикажување пред светската јавност. •

MERCEDES-MAYBACH EQS

се, три, пет, осум,.... веќе не се добројуваат. Треба човек да води строга статистика за да знае колку точно модели дизајнирал Македонецот Славче Таневски за Марцедес. Последното чудо со негов потпис е супер луксузно вози-

ло во „сув“ изведба со име „мерцедес мајбах е ку с сув“.

Овој супер луксуз во „сув“ изведба е целосно електрифициран, и со батерија од 107,8 kWh може да помине 600 км, а располага со огромни 658 КС доволни да го понесат големиот „сув“ до 100 км/ч за само 4,4 сек. Ова мора да го нагласиме, „мерцедес мајбах е ку с сув“, е првиот електричен сув од Мерцедес. И сега да почнеме со ред, тргнувајќи од материјалите вградени во одделот за патници. Тие се избрани од најквалитетните и грижливо се вградени со цел да се обезбеди врвна удобност на патниците, а во нив има и греење и ладење, и масажа и што уште не. Покрај оваа ситница има вградено и екран наречен „мбукс хиперскрин“, потоа аудио уред со 15 звучници, оддел за пијалаците во кој вие ја бирате температурата за пијалаците. Занимливо е да се спомне клима уредот кој го прочистува воздухот во кабината неколку пати, а во сето тоа помага филтерот наречен „хепа“ кој ефикасно ги отстранува најситните честички. И сето ова е сместено во должина од 5,1 метар, а зад тоа стои Мерцедес со името Мајбах кое во светот на автомобилската индустрија претставува единица мерка за супер луксуз. Светската премиера беше одржана на Салонот за автомобили во Шангај, еден од петте светски најголеми манифестации посветени исклучиво на моторните возила, одржана во втората половина од месец април. •

8 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
„МАЈБАХ“ НАЦРТАН ОД МАКЕДОНСКА РАКА
Колку

HYUNDAI I20

ОФАНЗИВАТА ОД УПОРНИОТ ХЈУНДАИ ПРОДОЛЖУВА

Неколкуте

претходни збиднувања во Хјундаи ги најавувавме со зборовите, „офанзивата од упорниот Хјундаи не стивнува“. Сега продолжува со офанзивата и го претставува обновениот модел „и 20“, вториот мал автомобил во семејството, веднаш по најмалиот „и 10“. Главните измени се направени во надворешниот дизајн. Видоизмената маска, нов одбојник, нов облик на предните всисници за воздух и сите рабови од страна и одзади. Обновувањето на обликот носи складна линија со истакната острина која ја нагласува спортската нота.

Ќе се вградува само 1,0 литарски бензински мотор со турбо полнач и во зависност од подесувањето на притисокот во турбината, конструкторите направи-

ле две изведби, една со 100, а другата со 120 КС - еден мотор со две изведби. Моторот со силина од 100 коњи ги задвижува предните тркала преку обичен менувач со шест степени („имт - интелиџент мануел трансмишн“), а тој со 120 КС има седум степен автоматски менувач со двојна спојка. Двете изведби од 1,0 л. мотор носи ознака „т - гди“ (турбо - гезулин директ инџекшн). Одделот за товар располага со зафатнина од 351 л, додека главните димензии се следниве, должина 4.040 мм, ширина 1.775 и висина 1.450 мм.

Покрај дизајнот, сега списокот од електронски уреди е побогат, односно збогатена е сериската опрема како на пример уредите за безбедност: „фца“, „рцца“, „бца“, „нсцц“, а не се заобиколени ни лед светлата заедно со амбиенталното светло во повеќе бои. Тоа светло наменето за кабината е зачинето и со квалитетен звук за кој се погрижила компанијата Бос. Редизајнираниот „хјундаи и 20“ ќе се произведува во Измит, Турција, а ќе започне во третиот квартал од оваа година. •

НОВОСТИ |
02/3181-240
ПОДАРЕТЕ ОБУКА
ЗА Б КАТЕГОРИЈА, ПЛАЌАЈТЕ НА РАТИ!

Претставуваме ASTON MARTIN DB12

СОВРШЕНСТВО БЕЗ МААНА

КОМБИНИРАЈЌИ БЛЕСКАВО ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ СО ИСКЛУЧИТЕЛНА РАФИНИРАНОСТ И ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗАВИТКАНИ ВО ЛУКСУЗ КОЈ++ МАЃЕПСУВА, ASTON MARTIN НА СВЕТОТ МУ ГО ПРЕТСТАВУВА ПРВИОТ SUPER TOURER.

| АВТО-МОТО

британска марка Aston Martin отвора нов сегмент меѓу луксузните супер спортски автомобили со претставување на новата перјаница моделот DB12. „Чичка“ новиот DB12 го подигнува досега славниот сегмент Grand Tourer во кого постои вистински метеж од модели на ново рамниште. Новиот сегмент во Aston Martin одлучија да го наречат Super Tourer. Според одговорните во Aston Martin, на овој ултимативен сегмент му припаѓаат модели кои спојуваат блескаво возачко доживување комбинирано со исклучителна рафинираност и пакуваат врвна технологија. Секако сето ова задолжително мора да биде завиткано во луксуз кој маѓепсува. Само така се влегува во сегментот на Super Tourer. Токму овие карактеристики DB12 ги има во изобилие и ги нуди на голема врата. И со право бидејќи како што велат во Aston Martin, DB12 е најсовршениот модел во историјата на марката. И затоа според нив поимот Grand Tourer не е доволно соодветен за DB12. Едноставно тој е првиот Super Tourer на светот.

ПРЕДВЕСНИК НА НОВА ЕРА Одлуката токму сега пред светот да се прикаже едно совршенство како што е DB12 не е донесена случајно. DB12 се појавува точно во годината кога Aston Martin слави 110 години од своето основање и 75 години од претставувањето на серијата DB. Со него Aston Martin отвора ново поглавје од кое треба да произлезе нова генерација на спортски автомобили. Едноставно DB12 е предвесник на нова ера во која моделите на Aston Martin ќе се карактеризираат со безгрешна возна динамика, врвни перформанси, интеграција на врвни технологии комбинирани со возвишен благороднички стил и безгрешна обработка. Нема двојби дека DB12 е автомобил кој остава печат и поместува граници во секој аспект, доволно за да постави правила кои ќе бидат водилка за влез во новиот сегмент на Super Tourer.

ЖЕСТОКИ ПЕРФОРМАНСИ

Со DB12 Aston Martin полека го испраќа во историја прославениот V12, иако тоа во целост не сака да го признае. Меѓутоа факт е дека чудовишниот V12 кој работеше во претходникот DB11 е спремен за замена бидејќи е тежок и растрошен. Место него напред-централно во шасијата на DB12 работи рачно изработениот 4.0 литарски би-турбо V8 кој доаѓа од Mercedes-AMG, и е посебно нагоден според барањата на инженерите на Aston Martin. Бројките велат дека е 34% помоќен од V12 на DB11. Испорачува максимална моќност од 680 КС при 6.000 min-1 и мрсен вртежен момент од 800 Nm кои стојат на располагање меѓу 2.750 и 6.000 min-1. Масивната моќност доаѓа од поставувањето на брегасти вратила со модификуван профил, оптимизација на компресијата, поставување на поголеми турбо полначи, и поголем и поефикасен систем за ладење.

Сета оваа моќност се испраќа кон задните тркала преку 8-степен автоматик и електронски управуван диференцијал E-Diff врзан со системот за електронска стабилност. За разлика од конвенционалниот диференцијал со ограничено пролизгување E-Diff успева во неколку милисекунди да прејде од целосно отворен во 100% затворен овозможувајќи му на возачот да има полна контрола. Така DB12 успева да се катапултира од место до 100 km/h во само 3,5 сек. и да достигне максимални 325 km/h.

11 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Славната
АВТО-МОТО |

НАЈОСТРИОТ ОД СЕРИЈАТА DB

Масивната моќност на навиениот V8 и паметниот диференцијал бараат соодветна поддршка од шасијата и подвозјето за да се исполни ветеното блескаво возачко доживување и исклучителната рафинираност. Затоа цврстината на структурата на шасијата е зголемена за 7% преку поврзување на носачите на амортизерите напред и назад, поставување дополнителни врски под предната и задната оска и преку моторот. Така добиената цврста структура ги подобрила карактеристиките

на подвозјето, но и на изолацијата и рафинираноста. Благодарение на интелигентните адаптибилни амортизери DB12 е способен да вози како по шини на патека, но во исто време успева да биде комфорен и рафиниран на пат.

Возачот на располагање има три режими: GT комбинира агилно крстосување со рафинираност на луксузна лимузина. Sport ги затегнува одзивноста и контролата правејќи возачот да чувствува како автомобилот се собира околу него и како да оживува посебно на пат полн свијоци. Sport+, пак, ја истакнува агресивноста на DB12 и дополнително ги заострува управувањето, прецизноста и контролата.

Сопирачките апарати се жлебени и бушени вентилирачки дискови од 400 mm напред и 360 mm назад кои нудат масивна сопирачка моќ и влеваат доверба да се вози на нож. Во опција со исти димензии се и карбон-керамички дискови кои се постабилни при почесто сопирање

кога температурите достигнуваат до 800°C. Воедно полесни се за 27 kg

и нудат уште подобра возна динамика.

Поставен на ковани леснометални бандажи од 21 инч DB12 носи нова генерација на гуми на Michelin, Pilot Sport 5 S, создадени само за него. Всушност тој е првиот сериски автомобил кој фабрички се нуди со Pilot Sport 5 S. Овие уникатни гуми со димензии 275/35 R21 напред и 315/30 R21 назад имаат посебна смеша на газниот слој дефинирана од инженерите на Aston Martin која нуди исклучително брза реакција и прецизност на управувањето. Дополнително страничниот ѕид на гумите е исполнет со посебна полиуретанска смеса која ја намалува бучавата во кабината за 20%. И за да нема двојби кон ознаката се додадени буквите AML.

ДЕФИНИЦИЈА ЗА SUPER TOURER

Наметлив и полн со самодоверба дизајнот на DB12 совршено ја отсликува неговата моќ и можностите, и како прв автомобил на светот од оваа врста претставува дефиниција за ликот што треба да го има еден Super Tourer. Како никогаш досега дизајнерскиот тим на Aston Martin успеал преку атлетската фигура на DB12 внимателно да ги спои агресивноста и ненадминатата елеганција, и секако притоа да ја зачува автентичноста на марката. Ентериерот е олицетворение на британското благородничко уредување. Но, за DB12 во Aston Martin отишле чекор подалеку. Изборот на најквалитетна кожа од престижниот шкотски производител Bridge of Weir, кој постои од 1905 година, за рачно изработениот ентериер не било доволно. За DB12 кожата е импрегнирана со ароматичен мирис кој нуди смирувачки комфор пресуден за долгите патувања, но не е на одмет ниту при секојдневното користење. Комбинацијата со алкантара и деталите од карбон-фибер го нагласуваат модерниот пристап кон дизајнот. Наполнет со висока технологија и современи комуникациски системи DB12 обезбедува постојана конекција со остатокот од светот додека се патува. А во моментите на уживање возачот и совозачот можат да и се препуштат на совршената звучна кулиса која доаѓа од сараунд системот составен од 15 звучници и моќност од 1.170 W дело на специјалистот Bowers & Wilkins.

Кој сака и е во можност да биде дел од новата приказна на Aston Martin испишана со DB12 може да се приклучи веднаш. Списоците за нарачка се отворени за депозити, а испораката на првите примероци е закажана за третото тримесечје од годината. Крајната цена секако ќе зависи од желбите на купувачот, но за сега Aston Martin не објавува ниту колку ќе чини влезот во приказната. Сепак, не треба да изненади во колку цената би почнувала од околу 200.000 британски фунти.

• Љубомир Анастасовски

12 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АВТО-МОТО

АМСМ Скопје-Центар

КОМПЛЕТЕН СЕРВИС СЕРВИСНИ УСЛУГИ ПОМОШ НА ПАТ www.amsm.mk 02/3181-133 ВЕЛО СЕРВИС

MG Motor MG4 Comfort

НОВИОТ БРАН

БРИТАНСКИОТ MG MOTOR Е МАРКА СО

СЛАВНО МИНАТО И ОГРОМНО ИСТОРИСКО

НАСЛЕДСТВО ШТО НАРЕДНАТА ГОДИНА

ЌЕ ОБЕЛЕЖИ 100 ГОДИНИ ОД СВОЕТО

ПОСТОЕЊЕ. ВО СВОЈАТА ПОНОВА ИСТОРИЈА

ЕГЗИСТИРА ПОД КАПАТА НА SAIC (SHANGHAI AUTOMOTIVE INDUSTRY CORPORATION) ПО

ШТО ЗАПОЧНУВА ДА БЕЛЕЖИ НЕВЕРОЈАТНО

ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ НА ЕВРОПСКИТЕ

ПАЗАРИ. КОМПАНИЈАТА ВЕЌЕ ЛАНСИРАШЕ

МОДЕЛИ СО КОНВЕНЦИОНАЛНИ

АГРЕГАТИ, PLUG-IN ХИБРИДНИ ИЗВЕДБИ

И АВТОМОБИЛИ ВО ЕЛЕКТРИЧНА ФОРМА, А СЕГА НА СЦЕНА СТАПУВА МОДЕЛОТ MG4, КОЈ ТРЕБА ДА ПРЕТСТАВУВА ВИСТИНСКИ

ПРЕДВОДНИК НА ЕЛЕКТРИФИЦИРАНАТА ИДНИНА НА КОМПАНИЈАТА.

| АВТО-МОТО

Моделот MG4 е автомобил што цели да ја прикаже перцепцијата

и начинот по кој марката MG планира да се движи во иднина.

Создаден да конкурира на моделите кои првенствено доаѓаат

од европскиот континент, настапува со целиот свој потенцијал

спакуван во исклучително компетентен пакет што успева да испорача вистинска вредност за вложеното.

ДИНАМИЧНА ПРИВЛЕЧНОСТ

Новиот MG4 е хечбек со пет врати кој директно се натпреварува со

Volkswagen ID.3, Nissan Leaf & Co. во однос на големината, капацитетот на батериите и моќноста на ел.мотор, но за разлика од своите ривали настапува со многу поголема конкурента ценовна понуда. На самиот

почеток, тука е изгледот на MG4 и не, не зборуваме само за одличната боја на нашиот тест автомобил. Додека некои производители им даваат на сите свои автомобили исто корпоративно лице, тоа не е нешто по што е познат MG и секако не се обидува да го канализира славното минато на компанијата со ретро изглед. Како резултат на дизајнерската слобода, MG4 е обликуван по сопствен терк, со мазен, зашилен преден дел кој делува како да припаѓа на спортски автомобил. Чистите линии се пренесени на профилот со што се нагласени неговите контури, а никако не смее да се изостави ни задниот дел на кој главниот збор го имаат светлосните склопови што покрај примарната функција ја играат улогата на интегриран спојлер. Многумина ќе забележат дека нема брисач на задното ветробранско стакло, но одговорните лица тврдат дека задниот спојлер на автомобилот е дизајниран да го канализира протокот на воздух преку стаклото. Иако и ние би сакале да има брисач, тоа што го увидовме за време на тестот покажува дека стаклото останува чистo дури и при лоши временски услови. Дизајнот на надворешноста е воден од динамичноста, затоа велиме дека и додека е паркиран MG4 изгледа атрактивно како вистински атлета.

Моделот MG4 е базиран на платформа специфично развиена за електрични возила. Бидејќи пакетот батерии е поставен под кабината, најниската положба за седење е малку повисока отколку што е вообичаено, но на тоа треба да се гледа позитивно, бидејќи положбата влијае на подобрата прегледност на патот. Затоа има можност за многу дополнителни прилагодувања на возачкото седиште и управувачот што, пак, прави видливоста во сите правци да е особено добра. Вреди да се спомене самиот управувач. Тој не е со класичен облик, туку повеќе наликува на квадрат. Зад управувачот е поставен 7 инчен квадратен екран што го прикажува отчитувањето на брзината и многу други информации поврзани за возењето. Графиката е едноставна, разбирлива и со прилично остар приказ. Дигиталното искуство е надополнето со широкиот екран на допир од 10,25 инчи во средината на контролната табла, кој има модерна графика и брз одговор. Пристапот до задните седишта е преку широките отвори на вратите, три возрасни лица би можеле да се сместат во задниот дел на пократки дистанци, иако би било поудобно за само двајца. Сепак, има многу простор за нозете и главата, а подот е речиси целосно рамен. MG наведува волумен од 363 литри на багажникот во стандардна конфигурација, со соборување на задните деливи седишта се создава простор што испорачува 1.177 литри. Сè на сè, практично, модерно изведено и пред сè комфорно опкружување на кое ретко кој може да му замери.

ЕНЕРГИЧНО СЦЕНАРИО

Моделот MG4 кој го имавме на тест беше со спецификација Comfort, што значи дека поседува поголема 64 kWh батерија, како и помоќен електричен мотор кој располага со 204 КС. Оваа верзија има домет од 450 километри според WLTP мерењата. Стартувањето на MG4 е слично на другите електрични возила, клучот e во вашиот џеб, со самото влегување автомобилот го препознава клучот, вие треба да го притиснете педалот за сопирање и изберете D или R користејќи го ротирачкиот контролер и да започнете со управувањето.

15 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |
ФУНКЦИОНАЛЕН МИНИМАЛИЗАМ

На кој начин ќе возите зависи од тоа кој режим е избран. Стандардно, се стартува во Normal, додека другите поставки се Snow, Eco и Sport. Има и Individual опција во која возачот може да избере свои преференци за тежината на управувачот, нивото на регенерација на енергијата на сопирачките и одговорот на педалот за забрзување. Освен тоа, можно е да изберете од три различни поставки за регенерација на енергијата при сопирање. Бројките велат дека максималната брзина е електронски ограничена на 160 км/ч, а дека до 100 км/ч се потребни 7,9 секунди. Ние велиме, игнорирајте ги бројките, бидејќи MG4 делува далеку побрз во сите реални сценарија. Најголемото изненадување доаѓа од начинот на кој MG4 вози. Одличната рамнотежа, ниското тежиште, како и идеалната распределба на тежината резултираа со добро управување што прави автомобилот да се чувствува поспортски од очекуваното. Што е уште поинтересно за сите љубители на автомобили, силата се испорачува на задните тркала. Следствено на тоа, дозволува далеку позабавно управување и лесно (ел.контролирано) пролизгување

ТЕХНИЧКИ

КАРАКТЕРИСТИКИ

НА ВОЗИЛОТО

МОТОР: ЕЛЕКТРИЧЕН

ЗАФАТНИНА: /

МОЌНОСТ: Максимална моќ: 150kW/204С

МЕНУВАЧ: ДИРЕКТЕН МЕНУВАЧ

ПОГОН: НА ЗАДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTILINK

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: БАРАБАНИ

ГУМИ: НАПРЕД 215/50 R17, ПОЗАДИ 215/50 R17

МАСА НА

ВОЗИЛОТО: 1.685 КГ.

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.287/1.836/1.504ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч: 7.9 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: 16KWH/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА: 160КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ: 37.990 ЕВР

на задниот дел. Уште поимпресивна е ниската бучавост дури и по стандарди за електричен автомобил, што ги прави патувањата на долги растојанија максимално релаксирачки. Кога станува збор за опсегот на движење слободно може да потврдиме дека 400 километри се секојдневна реалност во градски услови. Доколку се вози повнимателно, веруваме дека декларираните 450 километри дури може и да се надминат. Нашето искуство покажа дека со полна батерија во комбинирани услови на возење (град/регионален пат/автопат) со искористени 93% успеавме да поминеме речиси 380 километри. Батеријата може да се полни до 135 kW на брз полнач што овозможува од 10% до 80% да стигне за 35 минути. На стандарден/домашен полнач од 11 kW потребно се 6.45 часа за потполно празнатата батерија да стигне до 100%.

Моделот MG4 е еден од најизненадувачките автомобили што сме ги испробале во последно време, исполнет со енергија која треба да ја смени перцепцијата и да го покаже вистинскиот потнцијал на марката што допрва ќе блесне во полн сјај. • Данчо Здравковски

16 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО

02/3181-108

ВЕЛО ЧЛЕНСКАТА КАРТИЧКА ВКЛУЧУВА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ПРЕНОС НА ВЕЛОСИПЕД, КАКО И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ И ПОПУСТИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ. www.amsm.mk

17 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВЕЛОСИПЕД ДА СЕ БУТКА!
БАШ Е УТКА
СО ДУПНАТА ГУМА

Претставуваме BMW Concept Touring Coupé

ВОНВРЕМЕНСКА

УБАВИНА

КРЕАЦИЈАТА НА BMW Е УНИКАТ СОЗДАДЕН ЗА ДА ПЛЕНИ СО СВОЈОТ ДИЗАЈН И ДА МАМИ ВОЗДИШКИ. ТАА Е ПАРЧЕ АВТОМОБИЛСКА МОДА СО ВОНВРЕМЕНСКА УБАВИНА И СИМБОЛ ЗА СТРЕМЕЖОТ КОН ИСПОЛНУВАЊЕ НА ВРВНО ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ.

Конкурсите

на елеганција, изложби организирани во чест на неговото величество автомобилот ја даваат таа ретка можност пред светот да бидат прикажани историски модели кои оставиле печат, но и уникати, студии, концепти преку кои се прикажуваат визии до каде може да стигне фантазијата во креирањето на најпопуларната форма на транспортно средство, кое неретко е и предмет на обожување и место на повеќе-сетилно доживување. Имајќи го сето ова во предвид Баварската марка на автомобилска екселенција одлучи на една од најпопуларните изложби од оваа врста Concorso d’Eleganza Villa d’Este, која се одржува во истоимениот хотел на брегот на езерото Комо во Италија, на светот да му ја претстави својата визија наречена BMW Concept Touring Coupé. Автомобил кој оддава почит на едно успешно минато на марката и го слави нејзиниот стремеж кон исполнување на возачко доживување во негова најчиста форма. Но, во исто време и парче автомобилска мода, креација со вонвременска убавина која за секогаш ќе остане симбол кој ја претставува слободата и уживањето во патување во пар.

ОДДАВАЊЕ ПОЧИТ НА ЕДНО МИНАТО Не случајно Баварците одлучија да го претстават BMW Concept Touring Coupé на Изложбата на елеганција Villa d’Este која го става моделот во еден историски контекст. Опкружен со класични модели од автомобилската историја кои им носеа радост на своите сопственици во минатото, а подеднакво дотерани како во цутот на младоста истото го прават и денес. Во една, на ваков начин сложена историска претстава BMW Concept Touring Coupé му оддаде почит на својот далечен предок, моделот BMW 328 Touring Coupé. Историски модел кој победи на легендарната трка Миле Милја во 1940 година и послужи како инспирација за создавање на овој современ уникат подготвен да одушевува подеднакво како и далечниот предок. И со својот дизајн, и со перформансите, и со возната динамика која ветува врвно возачко доживување.

УНИКАТ ДОБИЕН СО РАЧНА ИЗРАБОТКА

BMW Concept Touring Coupé е уникат, единствен од оваа врста, созда-

18 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО

ден за да плени со својот дизајн и да мами воздишки секогаш кога ќе се фрли поглед на него. Лајт-мотив на овој концепт е извајаниот задник, создаден од контурите на кровот кои течно преминуваат во мускулести странични панели назад. Заради нив BMW Concept Touring Coupé делува како боди-билдер чии широки раменици упатуваат кон цврст став и непоколебливост во настапот. Гледано отстрана ова купе на BMW е типичен претставник на автомобилската концептуална форма наречена shooting-brake која по дефиниција ја красат долга хауба, низок кон назад извлечен кров со нагласена аеродинамика и моќен задник. Секако сето тоа дополнето со дизајнерски детали кои на крај ја прават разликата меѓу рачно изработен уникат, или сериски модел излезен од производна линија.

Дека BMW Concept Touring Coupé не е обичен модел докажува и специјалната боја наречена Sparkling Lario. Бојата во себе содржи ситни парчиња од сино стакло кои во комбинација со сиво-кафената нијанса постигнуваат уникатен впечаток на длабочина. Ефектот на бојата е дополнет со сребрено-бронзени детали и уникатна изведба на прочуените бубрези на BMW со вертикални решетки. Сето ова стои на ексклузивни бандажи од лесен метал со дискретно вметнати златно обоени површини кои напред мерат дијаметар од 20 инчи, а назад од 21 инч.

Целосно во кожа е преслечен и багажникот со надолжно поставени кожни каиши за кои се прицврстува багажот. Секако одзади во BMW Concept Touring Coupé не доликува да се смести било каква торба. Затоа за креирање на торбите била задолжена уште една италијанска ексклузива. Специјализираната работилница за кожна галантерија од Модена, Schedoni, која ги прави и чантите и куферите за Ferrarri. Уникатниот сет на торби специјално создаден за BMW Concept Touring Coupé е составен од две големи и една мала торба доволни за одење на викенд, плус една торба за одело. Сите тие совршено пасуваат во багажникот на купето и го комплетираат уникатниот стил што го наметнува BMW со целиот автомобил.

НАЈДОБРОТО ОД РОДСТЕРОТ БЛИЗНАК

Инженерите од Минхен, исто така, го одбрале најдоброто за BMW Concept Touring Coupé кога станува збор за техниката. Потпирајќи се на основата на родстерот Z4, овој shooting-brake под хауба го пакува најдоброто од понудата, односно моќната енергана од Z4 M40i. Тоа значи дека под хауба на BMW Concept Touring Coupé свири линискиот шест цилиндричен бензинец со зафатнина од 3.0 литри кого го потпомага твин-турбо компресор. Остварувањето на максимална моќност од 340 КС се случува меѓу 5.000 – 6.500 min-1, додека вртежниот момент од 500 Nm стои на располагање меѓу 1.600 – 4.500 min-1. Вртежниот момент се пренесува кон задните тркала преку осум-степениот автоматик на ZF со можност за рачно префрлање на степените и диференцијал со ограничено пролизгување. Гумите Pirelli P Zero се спремни да ја испратат големата моќност врз асфалтот и притоа да остварат спринт од место до 100 km/h за околу 4 секунди и максимални електронски ограничени 250 km/h. Сетапот на подвозјето е посебно тјуниран според потребите на купето, а за сопирање се користат вентилирачки дискови и напред, и назад.

ЕНТЕРИЕР ОД МОДНА ЕКСКЛУЗИВА Дизајнот на ентериерот на BMW Concept Touring Coupé ги следи вообичаените поставки на баварската марка со кокпит ориентиран кон возачот и високо поставен централен гребен кои ставаат акцент на спортската ориентација. Меѓутоа за разлика од вообичаените модели BMW Concept Touring Coupé нуди содржина која му дозволува да отскокне далеку над своите сериски браќа. А содржината опфаќа внимателен избор на материјали, посебни бои и врвна рачна изработка. Кожата со која е преслечен ентериерот доаѓа од специјализираната италијанска работилница Poltrona Frau. Италијанците внимавале на нијансата користејќи посветли тонови на кафена боја за горниот дел од кабината и седиштата која му дава топлина на ентериерот, а плетенката на рабовите му дава уметничка нота.

Иако раководството на баварскиот производител сакаше BMW Concept Touring Coupé да остане уникат, единствен од својата врста, кој ќе се перчи на изложби и во музејот на марката во Минхен, сепак тоа нема да се случи. Само за време на премиерата покажан е толку голем интерес за BMW Concept Touring Coupé што ги натера челниците на марката да ја преиспитаат својата одлука.

BMW Concept Touring Coupé сепак ќе се произведува. Планот е да се направи ограничена серија од 50 примероци. Но, дали патешествието ќе застане на овие педесет бројки ќе покаже времето. Производството ќе се одвива рачно, како и кај изложбениот експонат. Соодветно на тоа ќе стои и ексклузивноста на моделот, но и цената. Таа треба да стартува од околу, исто така, ексклузивни, 230.000 европски банкноти.

• Љубомир Анастасовски

19 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |

МОТОСОБИР НА

ДАМИТЕ И ГОСПОДАТА

НЕМА НИШТО ПОУБАВО ОД ТОА ДА СЕ ВИДИ ДЕФИЛЕ НА КЛАСИЧНИ МОТОЦИКЛИ СО ВОЗАЧИ СООДВЕТНО ОБЛЕЧЕНИ ЗА СОБИРОТ ШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА САМО ВО МАКЕДОНИЈА, ТУКУ НИЗ МНОГУ ГРАДОВИ ВО РЕЧИСИ ЦЕЛ СВЕТ.

Парадното

возење на класични мотоцикли се појави во 2012 година на континентот на кенгурите и коалите. Организатор e Марк Хава заедно со Мики Стојчевски, по потекло Македонец. Сиднеј е прв град каде што е одржана манифестацијата, потоа се проширила и во други градови на континентот и накрај парадното возење се пресели низ целиот свет. Собирот на мотоциклите е поврзан со хуманитарна акција и со безбедно возење. Во оваа хуманитарна акција секој учесник дарува парични средства што потоа му се даваат на еден австралиски институт во кој група научници се борат со машката болест, ракот на простатата. Преку ова парадно возење мотоциклистите сакаат да се претстават во најдобра светлина, да им докажат на другите учесници во сообраќајот дека тие не се лошите возачи на булеварите и автопатиштата, туку господа што го почитуваат безбедното возење.

Како дополнување на двете приказни, борбата со ракот и безбедното возење, доаѓа облеката, сако, кошула, вратоврска, панталони и сето тоа соодветно со возилото на две тркала. Ако мотоциклот е старовремски, возачот се облекува како што се облекувале тогашните луѓе што внимавале на своето однесување и манири. Тие што возат современи класични мотоцикли се облекуваат во денешен класичен стил. Така организаторите го замислувале собирот на господата што возат класични мотоцикли. Во таа група се и скутерите, класиката „веспа“ и на неа сличните, но никако, на пример: „априлија“, „џилера“, „сим“, „малагути“ и слични. Добредојдени се само класичните облици. Годинава на 21 мај, Македонија беше на списокот на држави каде што се одржа парадно возење наречено ДГР (Дистингвишд џентлменс рајд), а Скопје осми пат беше домаќин за оваа манифестација. На ист ден низ целиот свет господата со своите мотоцикли возат по булеварите ширејќи ги: хуманоста и хуманитарната мисија, безбедното возење и примерното однесување во сообраќајот. Парадното возење низ скопските булевари започна од мостот Око на реката Вардар. Потоа колоната од 160-170 мотоциклисти продолжи по булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром, а оттаму низ Центар и другите населби. Колоната на две тркала се движеше по најпрометните улици во градов, со цел да ги видат што поголем број луѓе. Господата секогаш се во друштво на дами, кои ги има во сè поголем број, но сега

доаѓаат и со свои мотоцикли. Прашањето е дали ДГР треба да биде дополнето со уште една буква и да стане ДЛАГР (Дистингвишд лејдис енд џентлменс рајд), односно „Префинетите дами и господа возат“. За око овој собир е многу убав, разни мотоцикли, некои стари и по неколку децении, но и такви што се доправани од сопствениците, секако во согласност со класичниот изглед.

И идната година Македонија со главниот град ќе бидат на светскиот список на оваа убава манифестација, собир и дефиле. Возењето се одржува еднаш во годината, третиот викенд во мај. Оваа манифестација се вози и со автомобили, а годинава дефилето ќе се одржи на 24 септември, односно последниот викенд. За ова возење досега се пријавени 16 сопственици на старовремски автомобили. • Жарко Атанасоски

20 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Gentlemans Ride
| АВТО-МОТО

УНИКАТНА КОБРЕНДИРАНА КАРТИЧКА

НА ПАЗАРОТ – ШПАРКАСЕ БАНКА И АМСМ

СО МНОГУ БЕНЕФИТИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ

ШПАРКАСЕ БАНКА И АМСМ ОФИЦИЈАЛНО ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА И ВО ОПТЕК ЈА ЛАНСИРАА НОВАТА КОБРЕНДИРАНА VISA КЕШ БЕК КРЕДИТНА КАРТИЧКА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА.

Со оваа соработка Шпаркасе Банка заедно со АМСМ создадоа единствена картичка од овој тип на пазарот, со цел доближување што повеќе до потребите на клиентите и членовите, проширување на палетата на производи и бенефити за истите и пружање на врвен квалитет на услуга.

„Станува збор за VISA АМСМ кобрендирана револвинг кредитна картичка која на корисниците им овоможува сигурност при патување преку услугите на АМСМ за бесплатна помош на пат во случај на дефект на возило во земјава и во Европа и бесплатно годишно патничко осигурување. Од друга страна, со приложување на картичката имаат можност да заштедат од 5% до 20% во повеќе од 200 внимателно избрани продажни места. Користејќи ја картичката, за направени кумулативни транскации од 30.000 МКД во текот на еден квартал на било кои продажни места, корисниците добиваат поврат на средства од Шпаркасе Банка во износ од 1.500 МКД.“ - изјави Санел Кустурица, Претседател на Управен Одбор на Шпаркасе Банка.

22 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АМСМ

Дополнителен бенефит за сите физички лица е можноста да ја добијат оваа картичка без апликативни трошоци.

„Оваа картичка е одговор на барањата и потребите на нашите членови и искрено се надевам дека набрзо

ќе стане единствена картичка која ќе им биде потребна, картичка со која не само што безгрижно ќе пату-

ваат во земјава и странство, туку и ќе плаќаат и купуваат.“ – изјави проф. др Спасе Јовковски, Претседател на АМСМ.

Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува

Шпаркасе

фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

Како резултат на своето 78 годишно постоење, АМСМ е единствената мобилити членка на ФИА (Светската автомобилистика федерација) од нашата земја, и член и овластен провајдер на услугите за патна асистенција на ARC EUROPE, мрежа на европските водечки авто-мото клубови.

23 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |

Ве потсетуваме дека бесплатната летна проверка на возило која ви е достапна како наши членови, трае до 30.06.2023 година, а можете да ја користите само со претходно закажување.

Бесплатна летна проверка на возило вклучува: - Бесплатни сервисни услуги, како проверка на ниво на масло во мотор, контрола на антифриз, кочиона течност, течност за серво управувач, состојба на акумулатор и визуелна проверка на состојбата на моторот, проверка на предни и задни кочиони облоги, состојба на предни и задни сврзни елементи на потпирањето, на елементите од системот за управување, елементите од погонскиот систем и елементите за потпирање на моторот;

- 30% попуст на вулканизерски услуги и

- 15-20% попуст на работна рака.

Бесплатна летна проверка на возило можете да направите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и во Кичево, само со претходно закажување.

02/3181-108

ЗА „Б“ КАТЕГОРИЈА

Ако барате подарок за полнолетство или матура, со обука за Б категорија сигурно е дека нема да погрешите.

Подарете ваучер за обука за Б категорија, а вие искористете ја можноста за плаќање на рати без камата:

- Со Дајнерс картичка на 12 рати;

- Со платежните картички на Комерцијална Банка на 6 рати;

- Со платежните картички на Стопанска Банка на 6 рати; или

- Со платежните картички на НЛБ Банка на 4 рати.

02/3181-240

24 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО
СО НАС Е ЛЕСНО, ДОБИВАТЕ
ПОДАРЕТЕ ОБУКА

НА ЕДНО МЕСТО!

Сервисот за велосипеди располага со квалификувани и искусни вработени, со долгого-

дишно искуство кое гарантира висок квалитет на сервисните услуги.

Во сервисот, достапни ви се следниве сервисни услуги за сите видови и брендови на

велосипеди:

• Комплетен сервис

• Основен сервис

• Замена на стем, волан, вилушка или касета/запчаник

• Замена на кочница или менувач со штелување

• Поправка на предна осовина, задна осовина или поправка/промена на средна

осовина

• Замена на погон или течност во кочница

• Центрирање или плетење на тркало

• Подесување брзини или кочници

• Замена на ланец

Сервисот за велосипеди е лоциран во рамките на АМСМ Скопје-Центар и работи од 08:00-16:00ч од понеделник до петок.

02/3181-133

Тахографот е инструмент задолжителен за автобуси и камиони, а неговата основна функција е регулирање на времето на возење, со цел да се избегнат сообраќајни незгоди предизвикани од замор на возачот.

Во АМСМ Центар за возила во Скопје (Чаир), во Велес и во Кичево можете да направите калибрација и редовен преглед на сите видови аналогни и дигитални тахографи, како и архивирање на податоци од возачка картичка или дигитални картички од дигитални тахографи.

02/2631-181

25 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ДОБИВАТЕ СÈ
КАЛИБРАЦИЈА НА ТАХОГРАФИ
СЕРВИС ЗА ВЕЛОСИПЕДИ
ПОСЕТЕТЕ НÈ И ВРТЕТЕ БЕЗГРИЖНО!
АМСМ |

• Што треба да се направи во случај

на изгубена регистарска табличка

на службено возило?

Поздрав, Јасмина

АМСМ: Покрај долунаведеното, во прилог

и уплатници за загубените регистарски

таблички.

Задолжително треба да се приложи:

-полномоштво од компанијата за лицето

што ќе доаѓа во името на фирмата да врши промена, со лична карта (полномоштво се

приложува без оглед дали ќе доаѓа лично управителот или некој вработен);

- тековна состојба не постара од 6 месеци; -доколку вирманите се плаќаат електронски, задолжителен е печат од банка на реализираните вирмани при заверка на сообраќајната дозвола на шалтерот на МВР. Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашата е-адреса vip@amsm.com.

mk или на телефон +389 072 228-199.

Ве очекуваме во нашите простории на шалтери 7 и 8 за правни лица •

• Потребна ми е меѓународна возачка дозвола, но не сум во можност да ја извадам во Скопје бидејќи живеам во странство. Ме интересира дали може мој пријател со старата меѓународна дозвола, со лична карта и две слики да ми ја обнови оваа дозвола? Благодарам, Снежана

АМСМ: За да извади МВД потребни се валидна возачка дозвола и лична карта, пополнето барање за издавање МВД што треба да биде заверено од службеник на МВР во однос на тоа дали има забрана за управување со возило или не. Од службеникот на МВР зависи дали ќе ја побара лично. •

• Дали може да се земат пробни таблички за нерегистриран автомобил? Доколку може, која е нивната цена? Поздрав, Славко

АМСМ: Пробни таблички може да се издадат за возило во чија сообраќајна МВР има наведено дека регистарските таблички се одјавени од некое регистрационо подрачје, за ново возило купено од салон или за возило што е увезено и почната е постапка за регистрација на возилото.

За возило на кое му е истечена регистрацијата не се издаваат пробни таблички и за него треба да се започне постапка за регистрација. •

26 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
| АМСМ
27 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ www.amsm.mk

Безбедност во сообраќајот

РАЗНИ ИНСТИТУЦИИ И ВЛАДИНИ И НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

ОРГАНИЗИРААТ СОБИРИ

НА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ,

СО ЦЕЛ ДА СЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА И ДА СЕ НАГЛАСИ ПРИМЕРНОТО ОДНЕСУВАЊЕ. ПРАШАЊЕ

Е КОЛКАВ Е УСПЕХОТ ОД СЕТО ТОА И КОЛКУ ТИЕ МАНИФЕСТАЦИИ ВЛИЈААТ ВРЗ ОДНЕСУВАЊЕТО НА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ВО СЕКОЈДНЕВЈЕТО.

итн. Најновите се малку покомплицирани за одржување, но генерално велосипедот остана наједноставно, најрационално и најпрактично превозно средство што влијае врз човековото здравје. Лекарите многу често го препорачуваат како едно од најдобрите средства за секојдневна рекреација и стекнување кондиција.

На велосипедот најмногу му се приближи тротинетот, особено откако го електрифицираа, но рекреацијата и физичката активност се сосема исклучени, па затоа велосипедот сè уште е превозно средство број 1.

Од каде доаѓа зборот велосипед? Тоа е француски збор што во описен превод значи „оттурнување со петици“. Првите велосипеди немале педали, односно средна оска, а возачот со петиците се оттурнувал и така го придвижувал велосипедот и тоа повеќе личело на трчање на две тркала.

Велосипедот

е наједноставно и засега единствено најрационално превозно средство за кое не е потребно посебно одржување. Неговата практичност е докажана безброј пати. Рамка, две тркала, педали, три оски - предна, средна и задна, сопирачки, седло, со или без багажник и светло заедно со помошни катадиоптри. Тоа е велосипедот. Денес има повеќе видови велосипеди, за трки, за крстосување, за авантура во природа, некои се комбинирани, накитени со амортизери, диск-сопирачки, пренос со повеќе брзини менувани со помош на електрониката

Денес велосипедистите се соочуваат со недостигот на велосипедски патеки и затоа најчесто ги користат улиците што се преполни со моторни возила. Скопје одлично ја започна велосипедизацијата со една од најдолгите градски патеки. На крајот на 60-тите години од минатиот век беше изградена патеката што почнува веднаш до мостот на реката Вардар во Сарај и продолжува до центарот на градот. Оттаму оди кон мостот Гоце Делчев и под некогашната стоковна куќа Мост, потоа кон поранешниот Скопски саем и завршува во населбата Автокоманда на околу 50 метри пред надвозникот. Ретко некој град во светот во тоа време имал толку долга патека за велосипеди, практично од едниот до другиот крај на Скопје. Денешните градители на патната мрежа би требало да ја копираат идејата стара над 50 години и да не забораваат да планираат велосипедски патеки покрај асфалтот наменет за моторни возила.

28 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
НА ДВЕ ТРКАЛА
СО СОПСТВЕНА СИЛА

И

покрај тоа што оваа патека е строго наменета за велосипедисти, малкумина ја користат. Другите улици во градот немаат

посебна патека и велосипедистите по навика возат на улица или на пешачките патеки со што се нарушува безбедноста.

Проблемот се ублажува со одземање простор од уличниот асфалт и се претвора во велосипедска патека, но не се решава.

Скопје е измислен за возење велосипед затоа што над 90 отсто

од површината е рамна.

Факт е дека насекаде има велосипедисти. Малку од навика, но и од невнимание. Најсимптоматично е нивното однесување

кога се на патеките што се исцртани и јасно покажуваат во кој

правец треба да возат, но најчесто тоа не се почитува и возат

во спротивна насока што е крајно небезбедно. Се случува еден

велосипедист да преминува друг без предупредување, односно

без да го користи ѕвончето. Доволно е да се заѕвони на оддале-

ченост од 15 метри за да му се навести на велосипедистот дека ќе го помине тој што доаѓа по него. Ризично е кога во ноќните часови велосипедистите не го вклучуваат светлото, назад црвено, напред бело. Кога вози на улица, велосипедистот треба да се однесува како автомобилите, не смее да се движи меѓу колоните возила и да преминува на црвено светло. Во овој метеж најчесто страдаат пешаците. Велосипедистите мора да внимаваат на своето однесување - нема возење во спротивна насока, нема возење навечер без светла, нема минување раскрсници на црвен семафор, а ако удрат пешак или моторно возило мора да се соочат со последиците. Ова важи и за тие со тротинети, нивното пребрзо возење е опасно колку и непримерното однесување на другите учесници во сообраќајот.

Без оглед какво превозно средство се вози, сите мора да ги почитуваат сообраќајните правила. • Жарко Атанасоски

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |

Каде оди високата технологија?

ВО ОВОЈ ТЕКСТ ЌЕ ЈА РАЗГЛЕДАМЕ

ВИСОКАТА ТЕХНОЛОГИЈА НИЗ ПРИЗМАТА НА АВТОМОБИЛИТЕ

И НИВНИОТ НАТАМОШЕН

РАЗВОЈ. ЦЕЛ СЕ БЕНЗИНСКИТЕ, НО НАЈМНОГУ СЕ КРИТИКУВАНИ ДИЗЕЛ-МОТОРИТЕ БИДЕЈЌИ МНОГУ ЗАГАДУВАЛЕ.

НЕ МОЖЕМЕ ДА ПОТВРДИМЕ

ДАЛИ НАВИСТИНА Е ТАКА. НЕКОИ ВЕЛАТ ЗАГАДУВААТ И ТРЕБА ДА СЕ ОТСТРАНАТ, А ДРУГИ ИМААТ СОСЕМА СПРОТИВЕН СТАВ.

Многупати

сме прочитале дека автомобилската индустрија оди смело во правец на електрификација на возилата. И донекаде ова е точно, но не целосно. Овој факт малку збунува бидејќи сите производители не одат во правец на електрификација, барем засега. Минатиот месец Мекларен го претстави својот најбрз, најсовршен и најлесен модел, но погонската единица не е електрична, туку е бензинска V8 и тоа најнова во семејството (фото 1). Ако Римац отиде далеку пред сите во електрификацијата и сега дел од производителите зајмуваат знаење од него, тоа не значи дека Мекларен не развива висока технологија, туку засега електрификацијата е во втор план.

На другата страна од Атлантикот компанијата Каминс Инкорпорејтид најавува бум со својот нов дизел-мотор „икс 10“, наменет за пикап возила, камионети и други видови моторни возила и машини. Според официјалните изјави од производителот Каминс, новиот „икс 10“ мотор (фото 2) ќе емитува дури 75 отсто помалку азотни оксиди (NOx). Овој мотор ја користи најновата технологија за драстично намалување на азотните оксиди, наречена АККТ (амониа криејшн енд конвержн технолоџи). Овој извештај компанијата го обелодени во февруари. За посликовито да се објасни квантниот скок во напредокот на дизел-моторите ќе посочиме дека еден камион со дизел-мотор пред 30 - 40 години исфрлал количество честички во воздухот (црниот чад) колку што денес исфрлаат 60 камиони со современи дизел-мотори. Повеќе од јасно е дека електричните погонски единици влегуваат

30 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
НА СВЕТОТ МУ СЕ БРЗА ДА ГИ ВНЕСЕ
| HI TECH
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА

во секојдневјето, но, според конструкторите, дизел-моторите сè уште се попрактични и многу поиздржливи од електричните. Имено, сегашните најголеми производители сè уште вложуваат и работат на нивно доусовршување. Многу светски здруженија во 2022 година направија избор на најдобри дизел-автомобили. Ако дизелите беа за фрлање, овие здруженија и списанија немаше да прават избори што наедно значат и популаризација на тие механички направи. Добитник на наградата Најдобар дизел-мотор за 2023 година е Сканија за моторот „џенерејшн дц 13“ (фото 3).

Моторите со внатрешно согорување сè уште играат значајна улога во светот. Како пример ќе ја посочиме компанијата АК Карс (Ауто Кериерс Лтд) , која минатиот месец ја претстави најновата генерација од легендарниот спидстер „кобра“ и во него има сè (моќен V8 мотор, фото 4) само не електромотор во улога на погонска единица. Еве уште еден типичен пример за сосема нов, односно најново развиен дизел- мотор пуштен во погон во 2022 година. Форд во пикапот „ренџер“ вгради V6 дизел-агрегат (фото 5) од кој конкуренцијата исклучително се вознемири. Развива 250 КС при само 3.250 врт/мин. додека максималниот вртежен момент е огромен, 600 Нм од 1.750 до 2.250 врт/мин. Не само што го има во моделот „ренџер“, туку ќе се вградува и во „форд еверест“, но и во „фолксваген амарок“. Минатото лето Мазда претстави сосема нов дизел-мотор посебно планиран и конструиран за моделот „ц икс 60“. Ништо посебно? Да, ништо посебно кога сите се насочија кон електромотори, Мазда сите карти ги стави на развојот на дизел-мотор и тоа посебно за американскиот пазар каде што дизелите воопшто не се почитуваат. Сите ги отфрлаат дизел-моторите, престанаа да ги произведуваат, а Мазда оди наспроти сите и, како што изгледа, ќе извојува победа со новата технологија

развиена со нејзини сили, а ја нарече ДКПКИ (дистрибушн - контролед паршиали премиксид компрешн игнишн). Овој 3,3- литарски турбо дизел-мотор (фото 6) со шест цилиндри во линија е невообичаено штедлив, работи мирно, без многу вибрации, а емисијата штетни гасови е намалена на минимум. Толкава погонска дизел-единица (251 КС и 550 Нм), што испушта само 139 г. На секој километар и со домаќинско возење СО2 троши помалку од 5,0 л нафта на 100 км, односно точно 4,65 л / 100 км. Тука не завршува приказната на Мазда со дизел-моторите. По претставувањето на 3,3- литарскиот, одговорните во компанијата го лансира 3,0-литарскиот, исто така, со шест цилиндри во линија. Два мотора и тоа на американскиот континент каде што дизелите многу се почитуваат. Таму голем дел од камионите имаат бензински мотори. Не може да се опише колку тој континент не ги сака дизел- моторите. Денешниов свет со своите потези самиот себе си се става во негација. Постојат дизел мотори кои ги рушат сите приказни измислени пред 40 и повеќе години, но како што тргнале работиве, на светот му се брза да

ги внесе електричните. Нешто не е како што треба, не се чисти работите. По дизелите фрлаат со дрва и со камења, а дизелите денес се рамо до рамо со бензинските мотори и воедно поштедливи за најмалку 40 отсто.

За крај на текстов мора да се вратиме 25 години наназад и да спомнеме еден врвен дизел-мотор. До денешен ден тој мотор не е надминат. Сега повторно ќе го споменеме бидејќи е супериорен во однос сите други мали по зафатнина дизели, поранешни и сегашни. Точно 987 ссм, двотактен мотор со директно вбризгување и потпомогнат со турбополнач развива 60 КС. Моторот со минимални вибрации беше претставен на ИАА 1999 година во Франкфурт, една од петте најголеми светски автомобилски изложби. Овој мотор беше вграден во изложениот „даихатсу сирион“ (жолта боја), именуван како „2 цд“, од новинарите беше наречен „3 литри автомобил“ затоа што со тој мотор автомобилот троши само 3 литри. Чудно, но овој мотор не заживеа. Зошто? Затоа што беше премногу супериорен во однос на другите дизел-мотори? Ете накаде оди високата технологија во XXI век, а пред 25 години дизел-моторот од Даихатсу испушташе само 90 г СО2 на секој километар. Оваа бројка останатите производители сè уште ја сонуваат.

• Жарко Атанасоски

31 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
HI TECH |

АЛФА РОМЕО ГОДИНАВА СЛАВИ ДВЕ ГОДИШНИНИ. ПРВАТА БЕШЕ 100- ГОДИШНИНАТА ОД ДЕТЕЛИНАТА СО ЧЕТИРИ ЛИСТА И НЕЈЗИНИОТ ТВОРЕЦ УГО СИВОКИ, А ВТОРАТА ГОДИШНИНА Е 60 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА АУТОДЕЛТА ШТО ДОЛГО ВРЕМЕ БЕШЕ СПОРТСКИ ОДДЕЛ НА АЛФА РОМЕО.

се прашувате зошто Алфа Ромео ја слави 60-годишнината од создавањето на Аутоделта. Кога некој ќе почне да ја чита историјата на Алфа Ромео ќе открие многу занимливости во нејзиното богато минато. Името Аутоделта е тесно поврзано со името на конструкторот Карло Чити. Не се знае кој е кој, дали Карло Чити е Аутоделта или Аутоделта е Карло Чити. А кој е Карло Чити чие име се изедначува со Аутоделта, но и со Алфа Ромео?

Да тргнеме од времето кога К. Чити ги завршил студиите за аеронаутика во Пиза. Младиот и талентиран Чити, инаку заљубен во автомобилите, особено во трките, почнал да работи во Алфа Ромео во 1952 година. Неговата способност и талент веднаш биле забележани, така што тоа брзо го вовело во конструкторскиот оддел каде што негово дело е спортското купе „алфа ромео 3000 км“. К. Чити само делумно бил задоволен од состојбата во Алфа Ромео зашто го интересирале трките, а прочуениот производител одеднаш излегол од трките веднаш по освојувањето на втората титула во Формула 1 во 1951 година. Да потсетиме, Алфа Ромео е носител на две последователни титули во Формула 1. Воопшто првите две титули во современа Формула 1 ги освои Алфа Ромео во 1950 година со возачот Џузепе Нино Фарина со болидот „типо 158 алфета“ и во 1951 година со Хуан Мануел Фанџо со болидот „типо 159 алфета“. Карло Чити решил да си оди од Алфа Ромео и да ја прифати поканата да влезе во Ферари. Таму ги поставил темелите на својата слава како конструктор и тимски водач. Неговата

32 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
ЗАНИМЛИВОСТИ
ОД НИВНОТО
БОГАТО МИНАТО
Аутоделта, Карло Чити и Алфа Ромео
Веројатно

творба „ферари 156“ (ајкулин нос), всушност, е болидот со кој Фил Хил ја освои шампионска титула во Формула 1 во 1961 година. По една година, заедно со уште седум челници од Ферари, му пратиле писмо на Комендаторе во кое барале неговата сопруга да се тргне од работилницата бидејќи предизвикувала вознемиреност кај вработените. Писмото било пратено преку адвокат. Таквата комуникација на осумтемина вработени многу го налутила Енцо Ферари и сите ги избркал од работа. Други извори тврдат дека осумтемина го напуштиле Ферари самоволно. По неколку месеци некои од нив се вратиле во Ферари, а

Карло Чити останал на својот став и не се вратил. Набрзо потоа Карло Чити со неколкумина што го напуштиле Ферари ја основал работилницата АТС, со цел да прави болиди што ќе влезат во првенството во Формула 1, да му биде конкурент на Ферари и да произведува туристички автомобили. Но плановите и работата отишле во сосема спротивна насока, а неуспехот со АТС набрзо бил заменет со основање нова компанија во 1963 година во близина на Удине, наречена Аутоделта. Во неговиот план учествувале и браќата Чизола, кои веднаш до работилницата имале продажен салон за автомобилите од марката Алфа Ромео. Уште од почетокот работилницата почнала да го спроведува планот за конструирање на „алфа ромео џулија тз“. Тоа „тз“ на крајот е кратенка за „туболаре загато“, односно тубуларна шасија што во тоа време била вистинска реткост. Автомобилот бил правен врз основа на серискиот модел „џулија“, но заедно со Уго Загато и неговата работилница Загато.

Кога челниците виделе дека работилницата Аутоделта била повеќе од сериозна решиле да ја купат и да ја претворат во свој тркачки оддел што ќе работи независно од производството на сериските автомобили и со целосна самостојност во работата, плановите, вложувањата и одлуките. Во тоа време Алфа Ромео била во државна сопственост и донесувањето одлуки во спортскиот оддел би оделе премногу бавно поради големата бирократија и корумпираност. Потоа од Удине, Аутоделта била преселена во непосредна близина на Милано и работата продолжила со исто темпо. Карло Чити ги направил првите мотори V8 и V12 наменети за моделот „трента тре“, но тие биле со цилиндри под агол од 180 степени, односно боксер. Со тим од врвни познавачи на занаетот, луѓе што „играта“ наречена тркачки автомобили ја имале во душата и срцето, многу лесно се доаѓало до врвот.

Со моделот „џулија спринт гта“ (од 1965 година) Алфа Ромео освоила пет континентални титули за туристички автомобили и мноштво други локални и државни првенства. Тоа е првиот тркачки гран туризмо автомобил што ја извозел патеката Нирбургринг со познатата „норд шлајфе“ за помалку од 10 минути.

33 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Моделот „тз 2“ (1965 год.) е првиот тркачки автомобил од Аутоделта за Алфа Ромео. Највозрасниот во тимот, Карло Чити, седнат на левиот болид. ИСТОРИЈА | Легендарната „џулиета гта“ од 1965 год. првиот гран туризмо автомобил што ја извозил патеката Нирбургринг под 10 мин.
Болидот „алфа ромео 182“ од 1982 год. на возачот Бруно Џакомели

УСПЕСИТЕ СЕ НИЖЕЛЕ ЕДЕН ПО ДРУГ Во 1968 година Алфа Ромео учествувал во трките на издржливост и победил во својата класа на легендарната патека 24 часа Леман, 24 часа Дајтона и 1000 км Ниргургринг, а на домашен терен на трката 500 км Имола победил трипати.

За Алфа Ромео најтрофејна е прогласена 1975 година. Со моделот „типо 33 тт 12“ со 3,0-литарскиот V12 победил на седум од девет трки и убедливо ја освоил светската титула. Во 1977 година Алфа Ромео со „типо 33 ск 12“ го повторил успехот од 1975 година, но овој пат шампионатот е наречен „Светски шампионат за спортски автомобили“. Алфа Ромео учествувал и во Формула 1 и малку недостасувало да биде поуспешен, но не се случило тоа. Аутоделта успешно ја водела Алфа Ромео во трките низ целиот свет постигнувајќи огромна слава. Во 1982 година Алфа Ромео повторно се повлекла од Формула 1, но и од други трки. Согледувајќи ја состојбата во Аутоделта, Карло Чити си заминал во 1984 година и работилницата била затворена. За Аутоделта, односно Алфа Ромео возеле: Андреа де Адамич, Артуро Мерзарио, Андреа де Чезарис, Бруно Џакомели, Џорџо Франка, Јохен Ринт, Џеки Икс, Жан Пјер Жарије и Марио Андрети. И Ники Лауда е на списокот, но во тимот на „Бребем Алфа Ромео“. Моторот за овој тим е дело на К. Чити.

Потоа големиот конструктор ја основал работилницата Мотори Модерни со која продолжил да конструира мотори за трки и повторно соработувал со тим од Формула 1, овој пат со Минарди и Колони кој влезе во Формула 1 заедно со Субару, а К. Чити го конструирал новиот мотор со 12 цилиндри токму за новиот болид. Тимот Колони го напуштил предвреме првенството, а моторот останал во работилницата. По многу години тој мотор, заедно со сите цртежи, бил откупен од новата работилница Кенигсег, денес позната по супер брзите купе автомобили.

И покрај тоа што Аутоделта како работилница не постои, Алфа Ромео сè уште го користи заштитниот знак на автомобилите што се натпреваруваат во ЕШТА (Европски шампионат за туристички автомобили).

34 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
• Жарко Атанасоски „Алфа ромео џулија тз 2“ заедно со „тз“, 1963 год. Моделот „33/2“ од 1968 год. „Алфа ромео 33 тт 12“ на трката 1000 км Целтвег во 1975 год. | ИСТОРИЈА

Летна разонода

БЕЗ ОГЛЕД НА ФАКТОТ ДЕКА ОРГАНИЗИРАЊЕТО ЗАБАВА НА ОТВОРЕНО ПОНЕКОГАШ ЗНАЕ ДА БИДЕ И ДОСТА СТРЕСНО, СЕПАК Е ИДЕАЛЕН НАЧИН ЗА ТОПЛИТЕ ЛЕТНИ ДЕНОВИ, Т.Е. ВЕЧЕРИ ДА ГИ ПОМИНЕТЕ КВАЛИТЕТНО - СЕКАКО, ВО ДРУШТВО СО ПРИЈАТЕЛИТЕ, ФАМИЛИЈАТА. ЕВЕ НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА ПОРЕЛАКСИРАНО ДА ЈА ПОДГОТВИТЕ...

Сеедно

дали се работи за роденден, годишнина, кинопретстава

или само за обично, секојдневно дружење со блиските пријатели, роднини..., вклучително и скарата, организирањето навистина може да биде исполнето со стрес, особено ако сте перфекционист(ка), па сакате буквално сè да биде како по конец, и јадењата и пијалаците и музиката и дополнителните активности, дури и декорот да личи на фотографиите од Инстаграм - со романтично осветлување, букет цвеќиња, удобна гарнитура за седење... Сликите честопати се илузорни, немаат никаква врска со реалноста, но и да имаат - без грижа, оригиналноста секогаш е подобра од имитацијата. Затоа, препуштете й се слободно на имагинацијата, нема да згрешите. Впрочем, декорирањето треба да е одраз на вашата личност, карактер..., неизбежно и на семејството, неговиот начин, стил на живеење.

ПЛАНИРАЊЕТО Е ПОЛОВИНА ЗАВРШЕНА РАБОТА За организирањето забава на отворено, во дворот на пример, да не ве напнува, имаме неколку совети, предлози..., а целта е јасна: да се сосредоточите на уживањето, заедно со гостите, оставајќи го стресот зад себе. Планирањето важи за половина завршена работа (што би рекол и газдата на „Форд“ - Хенри: „Тајната на успехот е во составувањето планови“), идеите се непресушни, како и опциите за јадења, пијалаци, дополнителни активности за сеќавањата на дружењата во топлите летни денови да не ги заборавите. Имено, доколку потрошите повеќе време на планирањето, во текот на денот кога всушност е забавата ќе бидете поопуштени, додека самата подготовка ќе се одвива како што треба. Еве како да постапите... Прво треба да решите дали забавата ќе биде тематска. И декорот и музиката и дополнителните активности, па и јадењата и пијалаците обично се врзуваат со мотивот. Веднаш потоа, направете листа на гости, но размислете дали ќе ги поканите само возрасните или пак и децата, дали сакате повеќе да уживате во друштво со триесетина луѓе или во интимен, близок круг на десетина пријатели, членови на фамилијата. Испратете им покани, во форма на дописна картичка, мејл или пак телефонски. Се разбира, поканата исто така

36 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ
ЗАБАВА НА ОТВОРЕНО, ВО ДВОР СЕПАК Е НАЈУБАВО

може да биде во контекст на избраната тема. Истакнете ги времето, местото, дрес-кодот..., евентуално и опцијата во случај на дожд. Идеите за декорациите навистина се бројни, а имајќи го предвид и фактот дека забавата е на отворено, украсувањето со природни елементи - гранки, букет цвеќиња и слично, ќе придонесе за уште поголема привлечност, автентичност. Балоните, сијалиците

на жиците со кои ќе ги замотате крошните, перголите, столбовите

или само ќе ги закачите слободно да висат, на забавата ќе й дадат

посебен шмек, исто како и фенерите направени од тегли (самите)

и транспарентите напишани од страна на децата, со занимливи пораки, цртежи... Рециклирајте ги шишињата од вино, извадете ги етикетите, измијте го и насликајте го стаклото во различни бои, нека ви послужат како вазни, во комбинација на свеќите, исто така, во различни бои. Секако, удобноста на столовите, гарнитурите за седење (какви и да се, па дури и своевидни импровизации - можете да користите палети, простирки, слама итн.) се подразбира сама по себе и покрај тоа што голем дел од времето ќе минете во други, дополнителни активности: кршење пињата (идеално за родендени), фотографирање во кабина, исто така на отворено, со убаво осмислена позадина, рамка и разноразни реквизити, костими..., евоцирање спомени, обично муабетење, раскажување приказни околу запалениот оган, доколку имате таква можност, играње фризби..., правење меури, клобурци од вода и сапун (совршено за најмалите)...

Местото предвидено за пикник секогаш е интересно за децата. Нека биде во близина на масата за возрасните. Помеѓу ставете табла на која ќе го напишете менито. За да си поедноставите, можете да задолжите некој угостител, а и гостите сигурно ќе сакаат да придонесат за него, со свои јадења. Факт е дека храната ги собира луѓето. Клучот на целата тајна е во разновидноста. Внимавајте на нивните навики, прехранбените продукти, темата на забавата. Започнете со грицки, печењето „мачмелоу“ на оган е полн погодок за децата, дури и за возрасните. Јадењата за со прсти ќе ви ја олеснат работата, како и шведската маса воопшто. Доколку не ви е готово сè, вклучете ги гостите во приготвувањето салати, месо (скара). Тестенините се благодарни намирници за забава од овој вид. Согласно годишното време, десертот нека биде овошен. За послужување користете прибор што се рециклира.

ХРАНАТА ГИ СОБИРА ЛУЃЕТО, КЛУЧОТ НА ЦЕЛАТА ТАЈНА Е ВО РАЗНОВИДНОСТА

Нема дилема, музиката има суштествена задача кога е расположението во прашање, без разлика дали гостите ќе заиграат или пак само ќе уживаат во неа, како добра заднина. Ставете ги звучниците надвор, направете листа на песни во кои ќе се пронајде буквално секој, за сечиј вкус, во траење од пет часа, колку што се останува вообичаено на ваква забава. Тоа ќе ви помогне да не пуштате иста песна по неколку пати, освен ако не сакате поинаку. А, бидејќи е топло, за комарците, бубачките да не ви го расипат веселото настроение, ставете ги сите потреби за гостите во една корпа: спреј против инсекти, крем за сончање, капи, влажни марамчиња, па и пешкири, ќебенца.

Пожелно е пијалаците да соодветствуваат на храната. Патем кажано, хидрацијата во лето е особено важна. Коктелите се сметаат за кралеви на летните забави, задолжително со неколку коцки мраз. „Маргарита“, „мохито“, па дури и „блади мери“. Лимонада, леден чај, сангрија и вода со парчиња краставица, лимон. Вино. Алкохолите држете ги малку настрана од малите деца, покријте ги меѓу другото и заради бубачките. Не само нив, пијалаците генерално - со подлошки за колачи, на пример. И потрудете се постојано да бидат ладни, во базенче на дување или во товарна количка полна со мраз.

Забавата може да заврши со кинопретстава, откога ќе падне мрак. Изнајмете проектор, закачете бело платно, чаршаф и пуштете си некој филм за свое задоволство, амбиентално - со перничиња, ќебенца... Послужете пуканки. Дружбата со пријателите, семејството повторете ја кога ќе можете бидејќи таа останува во спомените. Другото се заборава. • Игор Ландсберг

37 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СТИЛ |

Марбеља

ДОКОЛКУ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА

ЈА ПОСЕТИТЕ, ВООПШТО НЕ СЕ

ДВОУМЕТЕ. МАРБЕЉА ВАЖИ ЗА

ЕДНА ОД ЛЕТНИТЕ ТУРИСТИЧКИ

ДЕСТИНАЦИИ ВО ЈУГОЗАПАДНА

ЕВРОПА НА КОИ НЕ СЛУЧАЈНО

ИМ Е ДОПИШАНА ПРИДАВКАТА

„ВОДЕЧКИ“. ГРАДОТ СИГУРНО

ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ СО НЕГОВАТА

УБАВИНА, ВО ХАРМОНИЈА СО

ПРИРОДАТА НАОКОЛУ И РАСКОШОТ

ЗА КОЈ СЕ ВЕЛИ ДЕКА МУ ПРИЛЕГА СОВРШЕНО. ЈАХТИТЕ, ЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ, РЕСТОРАНИ, НОЌНИ

ЛОКАЛИ, БУТИЦИ СЕ САМО ДЕЛ ОД

НЕГОВИОТ СИМБОЛИЧЕН ЗНАК.

и Југозападна Европа генерално секогаш е атрактивна за посета, престој во летните месеци, во голема мера и поради излегувањето на Средоземното Море, т.е. Медитеранот. Изобилува со огромен број крајбрежни градови, и поголеми и помали, за сечиј вкус. Меѓу нив се вбројува и Марбеља, која нема ни 150.000 жители. Нејзината местоположба е идеална за летување, па дури и за нашите граѓани, без оглед на оддалеченоста (со авион се стигнува за 8 часа и 15-тина минути).

Градот й припаѓа на провинцијата Малага, како дел од комуната Андалузија на југот од земјата, во Коста дел Сол. Близината на мореузот Гибралтар го прави уште попривлечен, исто како и планината Сиера Бланка во позадината. Растојанието меѓу Барселона и Марбеља изнесува 814 километри, a од Мадрид е оддалечена 445 км. Нема дилема, сообраќајните врски се регулирани перфектно. Според сите критериуми, кога е туризмот во прашање, инфраструктурата важи за превосходна, без недостатоци. А, истото се однесува и на климатамедитеранска, суптропска со повеќе од 2.900 сончеви часови во текот на годината. Просечната температура во јуни на дневно ниво е 21,5 степени целзиусови, во јули 23,6°C, во август 24°C, во септември 22,2°C. КОМБИНАЦИЈА НА СТАРОТО И МОДЕРНОТО - ДОБРО ОСМИСЛЕН И ИЗВЕДЕН ПЛАН Моментално Марбеља котира највисоко на туристичката карта, меѓу шпанските летувалишта. Луксузот е нејзиното друго име, за кој се вели дека й прилега совршено. Раскошниот начин, стил на живеење, неговата сеприсутност влијае и врз перцепцијата, воспримањето на потенцијалните туристи од целиот свет, иако гра-

38 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk |
ПАТУВАЊЕ
ВО ПРИРОДНА
ХАРМОНИЈА
СО ЛУКСУЗОТ
Шпанија

дот често е посетуван и од страна на средната класа, т.е. сталеж. И покрај тоа што изобилува со екстремно скапи хотели, вили..., Марбеља има и поевтини сместувачки капацитети. Секако дека и раниот букинг е добра опција. Впрочем, така е насекаде. А, за таквиот впечаток придонесуваат и јахтите во огромен број, усидрени во марината „Пуерто Банус“. Исто така и голф-плацовите. И рестораните, ноќните локали каде што забавата трае до утринските часови, бутиците во кругот на „Златна милја“. Ентериерите зборуваат доволно за себе, вклучително и услугите. Неодамна, во екот на вирусната пандемија, организацијата „Ресторан енд бар дизајн авардс“ го прогласи ресторанот „Лења“ за најубав на светот. Инаку, внатрешноста ја уредила студиото „Астет“ од Барселона. Гостопримливоста секогаш е на ниво, секаде. Дури и кога се работи за услугите на плажите, кои се протегаат во должина од 27 километри. Буквално сите се песочни и покрај тоа што дел од нив е неискористен. Туристичките работници и него го спомнуваат во понудата, како можност да се истражи, заедно со останатите „скриени богатства“ на градот и Коста дел Сол воопшто, чии приказни се неверојатни, како на пример оние за подалечната историја. Имено, во рамките на хотелот „Пуенте Романо“ се наоѓа и мостот уште од времето на Римското Царство, стар нецели 20 века. Оттаму и неговото име. Архитектурата сигурно ќе ве восхити, старата во комбинација на модерната - добро осмислен и изведен план. Жителите на Марбеља се горди на своето, т.е. минатото на градот. Патем се и одлични раскажувачи. Со некој специјалитет на шпанската кујна (трета во светот), ќе ви го раскажат убаво, изразно до ситница. Обично

почнуваат со тапас (предјадење) и сангрија. На крајот ќе ве упатат и во музеите, со задолжителна посета на нивните галерии за да го почувствувате и духот на старото, минато време, испреплетен со сангвиничниот темперамент на Шпанците, забележлив на секое место, во секоја пригода. Кога ќе се собере сè, карактерот на граѓаните и привлечноста на Марбеља, која повлекува со себе и многу активности во сопствена и режија на тур-операторите, бидете уверени - никогаш нема да ви е здодевно.

ЖИВОТОТ НА ГРАДОТ ПУЛСИРА

ВО РИТАМОТ НА ЛАТИНОМУЗИКАТА

Морето и плажите од песок (24 на број) се толку примамливи што сигурно дека поголемиот дел од времето ќе го поминете таму. Крајбрежјето блеска на сонцето, а неговата класификација е согласно потребите на летувалците. „Боно“, „Плаја дел Кристо“ и „Естрелја дел Мар“ се идеални за семејства, поради мекоста, плитаците и рестораните чии менија се приспособени и за децата, меѓу другото. Неколку плажи се претворени во клубови, каде што забавата е загарантирана, именувани како „Марбеља“, „Ники“, „Оушн“. Во непосредна близина на стариот град, источно од марината „Ла Бахадилја“ се наоѓа „Баунти“ („Плаја дел Кабле“), долга 1.500 метри. Поприлично е мирна до заоѓањето на сонцето кога оживува со џогерите, играчите на одбојка и љубителите на водните спортови. Името го добила по еден од баровите („чирингитос“) на самата плажа. Доколку сакате да го слушате ритмичниот звук на брановите, „Кабопино“ (позната и како „Артола“) е совршен избор за вас. Можете во раат да медитирате, да се посветите на себе, да читате книга. Плажата й припаѓа на заштитениот ареал кој изобилува со дини - „Артола“. Неосквернетоста, нудизмот се само некои од нејзините карактеристики. Убавината секако е супстанцијална.

39 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ПАТУВАЊЕ |
Романо“ „Лења“ „Панхеа“
„Пуенте

Ентузијазмот е битна одлика на голф-играчите во Марбеља, кои се во сè поголем број. Нивната тенденција е градот да прерасне во меркез, своевидно. Располага со над 50 плацови чија должина е 100-тина километри. Оттаму и другото име, прекарот на Коста дел Сол - „Коста дел Голф“. Без разлика дали сте аматер или професионалец, има терени за секого. Опкружувањето е тивко и мирно, одлично за концентрација на вниманието, дополнето со прекрасен визуал. Меѓу плацовите оценети како најдобри се вбројуваат „Лос Наранхос“ и „Ла Кинта“. Првиот има поглед на планината Ла Конча, додека вториот се издвојува со беспрекорното одржување. Затоа им е омилен на членовите, гостите.

Ексклузивните продавници на модните креатори, куќи се распоредени на различни локации како „Авенида дел Мар“ и „Пасео Маритимо“. Првиот е квадратен плоштад чија површина изнесува 5.500 м². Поради 10-те скулптури на Салвадор Дали, познат е и како музеј на отворено. Перголите на терасите во составот на рестораните го комплетираат впечатокот на плоштадот чија местоположба, веднаш до „Пуерто Депортиво де Марбеља“ (некогашното пристаниште), меѓу паркот „Аламеда“ и плажата, придонесува за големата посетеност. А втората, пак, е променада со должина од 7 километри. Шеталиштето на некој начин ги врзува „Пуерто Депортиво де Марбеља“ и сегашното, марината „Пуерто Банус“. Нема сомневање, тоа е најпрометниот дел на градот, секогаш полн со улични свирачи во сенките на палмите и гости во угостителските објекти каде што се служат секакви јадења, особено традиционални деликатеси, специјалитети на шпанската кујна, со акцент на локалната: „ахобланко“ (ладна супа од лук и бадем), „бокеронес“ (инчуни), „гамбас ал пил пил“ (ракчиња во глинена тава), „гаспачо“ (ладна супа од пиперки, краставици, домати), „енсалада малагења“ (салата од бакалар, зелени маслинки, компири, кормид, портокали), „еспетос де сардинас“ (раженчиња сардини), „пескадо фрито“ („фритура малагења“ - пржена риба). Инаку, потребни се 2 часа за да се изоди цел. Оттаму е најубав и погледот на светилникот, без исклучок на теснецот Гибралтар.

„Плаза де лос Наранхос“

Прошетката низ градот во текот на денот и навечер опушта исто како и излежувањето на сонце, пливањето. Марбеља во целост можете да ја доживеете на едно место - „Плаза де лос Наранхос“ чија живост е рефлексија на сангвиничниот темперамент со кој се одликуваат жителите на градот и Шпанија генерално, познати и како сангвиници. Се наоѓа во стариот дел чиј пораб е своевидна компилација од историски згради и класични бели андалузиски куќи. Портокаловите дрвја засадени околу ренесансната фонтана во средиштето на плоштадот се виновниците за неговото име, исполнет со маси, столови и сонцобрани од околните ресторани. Само седнете и ќе го осетите пулсот на Марбеља. „Плаза де лос Наранхос“ е појдовна станица за прошетка низ стариот град - „Каско Антигуо де Марбеља“, кој датира од 15 век или веднаш по т.н. реконкиста. Шаренилото на куќите чии балкони се украсени со многу цвеќиња, кривулестите улички, малите бутици, ресторани во голем број се неговите амблеми, вклучително и пријатната атмосфера. Оттаму продолжете накај паркот „Аламеда“, на север. Можете да се упатите и на југоисток за да ја видите црквата „Пресвета Богородица на воплотувањето“, која граѓаните ја нарекуваат и катедрала. Стара е скоро 4 века. Освен иконите и статуите, вниманието сигурно ќе ви го привлече и рамката на вратата во стилот на рококо. Дебелите сенки во предворието искористете ги за кратка оддишка. И продолжете... На шопинг, зошто да не. Во „Ла Кањада“, на пример. Со површина од 100.000 квадратни метри, 300 разноразни дуќани, меѓу нив и угостителски, понудата во трговскиот центар е огромна, исто како и побарувачката на брендовите од типот на „Зара“, „Хуго Бос“, „Џеокс“.

Променадата завршува со марината. „Пуерто Банус“ истовремено е и средиште на ноќната забава во Марбеља. Локалите се одликуваат со елеганција. Многу филмски, фудбалски, ѕвезди на естрадата можат да се видат во барот „Синатра“ и клубот „Панхеа“ (анг. „Панџиа“) каде што 3-литарско шише шампањ „Ејс оф Спеидс“ чини дури 7.000 евра. Дискотеките „Аква Мист“ и „Кубе“, вклучително и пабовите, исто така се вредни за посета. За долго сеќавање на престојот во Марбеља. И латиномузиката во чијшто ритам пулсира животот на градот • Игор Ландсберг

40 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ
41 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

БУРГЕР ВРАП

Подготовка:

Овој рецепт е прилично лесен и воедно многу вкусен! Се работи за спој на мелено месо со мексиканска тортиља, наликува на Бурито, меѓутоа не е. Се работи за Бургер врап!

200гр мелено месо зачинето со 1гр свежо мелен

бибер и 3гр сол измесете го за да добиете хомогена смеса. Потоа пропржете го на плотна или во тавче. Не користете премногу маснотија - препорачувам 20гр путер максимум.

Откако ќе се зготви месото оставете го да се подолади на страна.

Во длабок сад на страна ставете малку рукола и зачинете ја со мајонез дресинг (може да додадете и

малку сенф). Додадете тенко исечкан црвен кромид и малку тенко исечкани кисели краставички.

На крај додадете го испрженото мелено месо и промешајте да добиете една смеса.

Исфилувајте ја тортиљата со овој фил и свиткајте ја како пакетче во форма на туба.

Сервирајте ја исечена на половина со помфрит како прилог.

Совет: можете малку да ја загреете тортиљата за добиете еластичност, меѓутоа бидете внимателни, ако се потпече премногу ќе се стврдне.

Исто така, можете да ја премачкате со крем сирењеова е опционално.

Уживајте !

42 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

„MAÑANA SERÁ BONITO“ KAROL G

слушаj...

„JEANNE DE BARRY“

(ЖАН ДУ БЕРИ)

Оваа

„ВОЈНА И ЉУБОВ“ ЏУЛИ БЕРИ

повеќеслојна романса почнува за

време на Првата светска војна, кога

Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка, а тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта. Обри Едвардс исто така е упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој

свирел во Карнеги Хол е член на 15-тата њујоршка пешадија, испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците. Триесет години откако судбината ќе ги поврзе четворицата љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува својата приказна, врзана за сопругот Хефест и љубовникот Арес, во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна. Таа бара одговор на вечното прашање - Зошто Војната и Љубовта секогаш се привлекуваат една со друга? Но, нејзината потрага по заклучокот што ќе го задоволи љубоморниот сопруг ја открива повеќеслојната приказна за предрасудите, траумите и музиката, дека ниту Војната не може да й застане на патот на вистинската љубов. •

Неоспорен

факт е дека латиномузиката се врзува со летото, едноставно му прилега. Оттаму и неодамнешната промоција на новиот, четврти студиски албум на триесет и двегодишната колумбиска пејачка Керол Џи - „Mañana será bonito“ (Утре ќе биде убаво), од страна на Universal Music Latin Entertainment - UMG. Музиката е танцова, регетон. Инаку, албумот има седумнаесет песни, каде што гостуваат врвни, познати уметници, како на пример Romeo Santos, Quevedo, Shakira, Justin Quiles, Ángel Dior, Maldy, Bad Gyal, Sean Paul, Sech, Ovy on the Drums и Carla Morrison. Сингловите кои му претходеа на промовирањето се „Provenza“, „Gatúbela“, „Cairo“, „X Si Volvemos“, „TQS“ и „Mientras Me Curo del Cora“. Веднаш по издавањето, албумот постигна извонреден успех, и комерцијален и критички. Стана прв женски албум на шпански јазик што се искачил на водечкото, прво место на US Billboard 200 со 94,000 единици уште во првата недела. Останатите единаесет песни кои се наоѓаат на албумот се насловени „Pero Tú“, „Besties“, „Gucci los Paños“, „Tus Gafitas“, „Ojos Ferrari“, „Mercurio“, „Kármika“, „Carolina“, „Dañamos la Amistad“, „Amargura“

и „Mañana será bonito“. Магазинот Rolling Stone за Керол Џи напиша: „Нејзиниот глас е отворен и топол, благословен со лежерна чистота, која денес е реткост.

Како и секоја дива, Керол Џи илузорно ви се обраќа вам, слушателите - било таа да ја евоцира неисполнетата желба за поранешиот љубовник, било таа да ја прави листата на еротските задоволства за во иднина“. •

Светската премиера на филмот во копродукција на Франција, Обединетото Кралство и Белгија се одржа на отворањето на 76. Кански филмски фестивал (16 мај 2023), а истиот ден Le Pacte го емитуваше во киносалите ширум Франција и покрај тоа што биографската драма веќе неколку месеци претходно беше достапна на тамошниот Netflix. Како продуценти се потпишани Why Not Productions и IN.2 на Џони Деп, кој е и главиот актер во „Жан ду Бери“, заедно со Мајвен во чијашто режија е. Со својот буџет од 22,4 милиони долари, филмот е прогласен за еден од најскапите во блиското минато - секако, француски. Дејството е сосредоточено на мадам Ду Бери, која е позната по бескрупулозното користење на интелигенцијата и привлечноста за да дојде до највисока општествена положба. Многу брзо станува љубовница на Луј Петнаесетти кој, пак, спротивно на секоја пристојност, бонтон й дозволува да се пресели во Версај што предизвикува и голем скандал. • Жанр: биографска драма

Актери: Maïwenn, Johnny Depp, Benjamin Lavernhe, Pierre Richard, Melvil Poupaud, Pascal Greggory, India Hair

Режија: Maïwenn

43 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
читаj, гледаj,

Светско првенство во МОТО ГП

БОРБЕНА

ПОБЕДА

ЗА БЕЦЕКИ

НА ЛЕ МАН

ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ФРАНЦИЈА ИМАШЕ ЧЕСТ ДА БИДЕ ИЛЈАДИТА ТРКА ОД СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА, НО НАМЕСТО ЛАЖЕН ГЛАМУР И ПОЗИРАЊЕ, ВОЗАЧИТЕ ПРИРЕДИЈА НАТПРЕВАР ЗА ПАМЕТЕЊЕ.

Јубилејното

гран при од светските првенства во мотоциклизам беше обележано со жестоки дуели кои ја „зачинија“ трката на патеката Ле Ман, во која на крајот славеше Марко Бецеки.

Италијанецот во првите единаесет круга од вкупно 27 во трката беше

зад Џек Милер, но од моментот кога го престигна до крајот успеа да направи разлика од нецели пет секунди.

Претходно, на стартот, Марк Маркез успеа да биде побрз од Џек Милер за второто место, па тие двајца ги направија првите неколку круга интересни со менување на позициите, пред Милер да се етаблира како втор, а Пеко Бањаја дојде веднаш зад нив.

Во петтиот круг се судрија Вињалес и Бањаја, за на стартот од шестиот круг Лука Марини да ја загуби управливоста на својот мотор при излезот од еден свиок, обидувајќи се да му се приближи на Бецеки, со што го изненади Алекс Маркез кој беше веднаш зад него, по што дојде до уште еден судир. Тоа им остави простор на другите, па додека Милер водеше, Бецеки ја бранеше својата позиција од Марк Маркез, но и во тој дуел имаше контакт на осмиот свиок, кој ја уништи трката на Шпанецот. Бецеки продолжи во својата потера до првото место, додека Хорхе Мартин по сите овие излетувања дојде до третото место, а откако ни Џек Милер не стигна до целта, тој го доби пехарот за второпласиран, пред Јохан Зарко. - Ова беше неверојатен ден за мене. Утрово не очекував да имам ваква трка. Вчера за време на спринт трката се чувствував добро на моторот и знаев дека со добар старт можам да постигнам и подобар пласман. Не очекував победа, но ова беше добра трка. Видов дека сум побрз од дечките пред мене. Ме загрижуваше температурата на предната гума, бидејќи со мојот возачки стил ја користам до максимум. Успеав да престигнам и откако се најдов во водство да имам добар ритам, да се чувствувам добро, со што успеав да избегам од другите,- откри победникот, кој коментираше дека уште во спринт трката (на која што заврши седми) увидел дека има можност за подобар пласман и дека има подобри перформанси.

44 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

На овој начин Бањаја како лидер во првенството остана на првото место, но сега има само еден бод повеќе од сонародникот Бецеки.

- Добро е да се биде блиску до Пеко во овој момент. Искрено, сè уште не размислувам за титулата. Имаме и спринт трки во сабота и главна трка во недела, па многу е лесно да изгубиш сè мошне брзо. Сакам да продолжиме вака, да размислуваме од еден викенд за друг викенд, да уживам во возењето и да работам со дечките од тимот кои се фантастични. Одиме во Муџело, тоа ќе биде убав викенд,- рече Бецеки.

Дуелот од петтиот круг во трката, кога излетаа Вињалес и Бањаја е она по што ќе се памети трката за Големата награда на Франција. Шпанскиот мотоциклист зад воланот на Априлија се обиде да ја задржи внатреш-

ната линија во свиокот број 11 на прославената патека во Ле Ман, но имаше преширок излез, по што Италијанецот зад воланот на Дукати се позиционираше одвнатре за следниот, дванаесетти свиок. И двајцата завршија надвор од патеката, во заштитната зона. Реакцијата на Вињалес се состоеше во тоа да отиде до својот ривал, кој сè уште лежеше во песокот и со него да започне расправија околу тоа кој е виновен, при што телевизиските камери уловија и неколку моменти во кои тие си разменија и поттурнувања. Сепак, стјуардите на крајот од денот никому не му изрекоа казна за ниту еден дел од овој инцидент.

- Не сум му лут на Маверик, но не ми се допадна неговата реакција бидејќи ја сметам за премногу агресивна. Но кога имаш такво високо ниво на адреналин, сè може да се случи. При судир, било кога си удрен од друг возач или кога ти ќе удриш некој друг, најмногу те боли тоа што си ја уништил сопствената трка или трката на другиот. Поради тоа не сум му лут и гледам на ова како на една несреќна околност, тркачки инцидент, - изјави Пеко Бањаја по трката.

Вињалес, кој оваа година веќе беше на подиумот на трката во Португалија, има свое гледање на нештата.

- За несреќа, се судривме на најлошото можно место. Мислам дека е штета, бидејќи јас мошне чисто го престигнав и од моја гледна точка, тој можеше да остави малку повеќе простор при промената на правецот. Двајцата си одиме со нула во викенд каде што чувствувавме дека имаме многу поголем потенцијал. Јас немав претстава каде е тој и мислам дека тој можеше да ме види мене малку подобро кога го смени правецот. Секогаш е комплицирано во вакви ситуации бидејќи имаме различни гледишта и сметам дека стјуардите треба да донесат одлука. На крајот, ова е еден тркачки инцидент и ништо повеќе од тоа. Дебатата тука заврши, а одлуката на стјуардите да не изречат никому казна „го аминуваше“ целиот настан. Фокусирањето кон трката во Муџело како нешто што е следно во календарот си дојде природно, но една недела подоцна информацијата дека Бањаја сепак имал повреда од овој дуел, повторно потсети на случката.

Тимот на актуелниот шампион пријави дека една недела по падот, Франческо Бањаја сè уште чувствувал болки иако бил прегледан во Франција. Дополнителните испитувања покажале дека станува збор за „мала делумна скршеница“ на една коска од десното стапало. По ова откритие, Дукати издаде соопштение за медиумите.

- Оваа повреда нема да го спречи настапот на Бањаја вo италијанското гран при. Пеко ќе работи напорно за да закрепне и да биде во перфектна кондиција за домашната трка.

Дополнително, се очекува во Муџело да се врати и вториот возач на Дукати, Ениа Бастијанини, кој го повреди рамото на првата трка во Португалија. Неговиот камбек првично се случи на трката во Шпанија, но тогаш се повлече од настапот и појасни дека е повреден.

Ситуацијата на табелата не е неизвесна само по прашање на првото место. Бањаја има 94 бода, следи Бецеки со 93, но уште двајца возачи се во непосредна близина – Бред Биндер со 81 и Хорхе Мартин со 80. Доказ за тоа дека овие двајца возачи не треба да се исклучат од пресметките за шампионската титула е и тоа дека обајцата ги имаа првите две места во спринт трката на Ле Ман.

Со три трки во јуни (Италија, Германија и Холандија), ќе биде „расчистена“ првата половина од сезоната, бидејќи претходно беше откажана трката во Казахстан. Јули е „празен“ месец за Мото ГП, по што трките продолжуваат во август со настаните предвидени во Британија и Австрија.

Александар Табаковски

45 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

Светско првенство во Формула 1

ТРИ ТРКИ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

НА ФОРМУЛА 1 СЕ ИЗВОЗЕА ВО ПЕРИОД

ОД 28 ДЕНА, А НА СИТЕ ТРИ ПОБЕДАТА

ЈА ОДНЕСЕ МАКС ФЕРСТАПЕН.

Победата

на Серхио Перез во Азербејџан беше најава дека прашањето

на новата шампионска титула може да биде решено со внатрешен дуел во таборот на Ред Бул, но трите победи на Ферстапен не оставија простор за таквата констатација да еволуира.

Ако во Монако Перез самиот се „елиминираше“ со излетување во квалификациите, во Барселона таа слика на некој начин се повтори бидејќи натпреварот за стартните позиции се одржуваше на патека која сè уште беше лизгава по претпладневниот дожд. Сепак, Перез не беше единствениот кој не стигна до последната трета сесија, бидејќи на самиот почеток од квалификациите во Шпанија „отпадна“ Шарл Леклер, а во втората сесија проблеми имаше и Џорџ Расел. И покрај ова, проблемите кои ги мачеа останатите возачи, сепак му дадоа слика на Карлос Саинц од Ферари да прогнозира „еден-два“ победа за Ред Бул, откако тој го доби второто место на стартот.

- Ќе биде тешко да го задржам второто место во трката. Очекувам дека уште кога ќе седнам со моите инженери да разговараме за трката да ми кажат дека нивната проекција е Перез од 11 место да стигне до второто. Ние ќе се бориме со Ландо Норис и со возачите на Астон Мартин,- прогнозираше Шпанецот, алудирајќи на супериорните перформанси на сините болиди.

Спротивно од ова, трката покажа дека во трката Ферстапен беше тој што беше неприкосновен, додека возачите на Мерцедес покажаа голем напредок на нивниот болид и ги присвоија трофеите за второ и трето место. Во прв ред беа комплиментите за победникот, кој меѓу другото беше уловен во комуникацијата преку радио врската дека имал време да забележи детали кои не биле поврзани со неговото возење. - Мислам дека во 2016 година тој беше многу суров. Беше неверојатно брз и имаше огромен природен талент. Сè уште ја има таа брзина и таа

46 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ФЕРСТЕПЕН КАКО
ТЕРМИНАТОР
| СПОРТ

огромна способност. Но мислам дека тој сега има и искуство, како и ментален капацитет. Кога го препозна ѕвонењето на телефонот на Хелмут Марко додека зборуваше по радио врска и се тркаше со болидот на патеката, тој само го прошири тој свој опсег на едно повисоко ниво и мене ми е возбудливо што гледам дека тој сè уште се подобрува. На крајот од трката беше предупреден од неговиот инженер да не презема ризик, но покажа целосна контрола, па иако беше свесен за ризикот, сепак успеа да извози најбрз круг со тие гуми што ги имаше на болидот,- објасни тимскиот шеф на „биковите“, Кристијан Хорнер. Изненадувачките перформанси на ривалите од таборот на „сребрените стрели“ беа протолкувани како голем напредок, за што кредит му беше даден на тест возачот, Мик Шумахер, како и на инженерската екипа која работи во симулаторот. Претходно, Хамилтон и Расел пријавиле дека имаат проблеми со избалансираноста на болидот за време на петочните тренинг сесии, но сето тоа се променило откако во петок навечер споменатите останале до полноќ на своите работни места.

- Болидот беше мошне тежок за возење, се однесуваше непредвидливо, но нашиот тим успеа да заврши добра работа истата вечер. Мик заедно со нашиот одличен тим беше на работното место во симулаторот и успеа да ни помогне да имаме подобар болид за време на саботните квалификации - рече Хамилтон.

- Болидот беше навистина одличен за возење, можеби најдобар што јас сум го почувствувал во Барселона. Дефинитивно, за оваа сезона ова е веројатно најдоброто чувство од болидот, болидот се чувствуваше најкомплетно. Работата што ја заврши Мик во симулаторот преку ноќ заедно со инженерите, ни отвори добра можност за денешната трка. Чекориме во вистинска насока. Треба да се осигуриме, особено следната година, дека ќе имаме брз старт, бидејќи мислам дека ние како тим веројатно се развиваме побрзо од другите,- рече третопласираниот Џорџ Расел.

Возачите на Астон Мартин, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, ја немаа потребната брзина во првиот дел од трката додека возеа со меки гуми, поради што не можеа да им се спротивстават на Мерцедес и Ферари на трката во Барселона, па на крајот завршија на шесто и седмо место. - Споредено со нашите директни конкуренти, ние немавме доволно брзина. Потребно е да разбереме зошто е тоа така бидејќи разликата беше

значителна, особено на почетокот. Мораме да го разбереме тоа. Мислам дека ако стартувавме втори ќе беше тешко да го задржиме Мерцедес зад нас во првата фаза од трката, во првите петнаесет круга. Мислам дека во тие моменти бевме некаде 5-6, па дури можеби и 7 десетинки побавни од нив. На крајот со тврдите гуми имавме добро издание, но штетата веќе беше направена. Сепак можеби штета е голем збор, бидејќи и двата болида завршија меѓу првите десет и освоивме 14 бодови. Значи, и не е некоја голема драма - изјави Мајк Крак. Сомнежите се дека аеродинамиката на зелениот болид не им дава најдобри перформанси кога возачите се во своевидна сообраќајна мешаница, наспроти кога имаат чист простор пред себе. Крак појасни дека природата на патеката „Каталуња“ прави тоа да биде фактор во оваа трка, но дека другите конкуренти кои што, исто така, биле дел од таа мешаница не покажале пад во перформансите. Дополнително, силниот дел од изведбата на нивните возачи кој што беше прикажан на крајот од трката дојде во ситуација кога тие веќе немаа други болиди околу себе. Најголемото разочарување повторно доаѓа од Ферари, каде што сè уште не можат да му „стапнат на опаш“ на проблемот кој ги мачи. - Мислам дека наш главен проблем не е потенцијалот во текот на еден круг, ниту пак типот на свиоците. Имаме проблем со постојаноста, на пример, болидот на Шарл, ако гледаме меѓу првиот и третиот стинт кога имаше исти гуми, на почетокот беше со проблематичен баланс, додека на крајот беше прифатлив. Во случајот на Карлос, имаше пристоен прв дел и убав крај, но во средината загуби меѓу 15 и 20 секунди споредено со конкурентите. Многу е тешко да разбереме зошто тоа се случува

47 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

ОДЛОЖЕНО ВРАЌАЊЕ НА ЈУЖНА АФРИКА ВО КАЛЕНДАРОТ

За повторно вклучување на патеката Кијалами, која последен пат беше организатор на трката за Големата награда на Јужна Африка

во 1993 година, одамна се зборува дека е на дневен ред. Тоа беше

потврдено и со фактот дека извршниот директор Стефано Доменикали веќе имал состаноци со официјалните лица од оваа земја, па се шпекулираше дека оваа трка ќе биде дел од календарот за 2024 г. Сепак, последните вести укажуваат дека тоа нема да биде можно пред 2025 година, првенствено поради запазување на

високите стандарди потребни за организација на ваков спектакл.

Од една страна, позицијата е комплексна бидејќи Формула 1 ги

загуби трките во Кина и Русија, првата поради пандемијата, а втората поради војната, за на крај да се случи и природната непогода што ја погоди италијанската покраина Емилија Ромања. Нов организатор е навистина многу потребен, но има укажувања дека политички ситуацијата се искомплицирала откако американски-

от амбасадор во Јужна Африка посочил дека постојат сомненија

дека оваа земја испратила воена помош на Русија откако војната

во Украина била започната. Наспроти ова, некои автодроми во ка-

лендарот (чие што место се смета загрозено) добиле продолжување на договорот со времетраење од само една година, како што е случајот со старата патека во Белгија, Спа Франкоршамп.

Новите трендови укажуваат дека Формула 1 се движи кон големите метрополи, воведувајќи трки како Мајами и Лас Вегас (претходно Абу Даби и Сингапур), додека се повеќе се оддалечува од класичните автодроми, особено кај вон-европските трки. Прашање е дали има алтернатива за Јужна Африка?

- Ми се допаѓа насоката во која што се движи Формула 1. Тука сум веќе подолго време и ми се допаѓаат промените што ги гледам. Сметам дека е возбудливо да се оди на различни краеви од светот и на различни патеки. Одиме на сите континенти, се надевам дека наскоро ќе ја посетиме и Африка и дека тоа ќе биде чудесно искуство за целиот циркус, за да се почувствува тамошната култура,- гласи изјавата на Луис Хамилтон, кој е еден од најголемите промотери на идејата за трка на „црниот континент“.

и да го поправиме, бидејќи не е секогаш исто, не е секогаш идентичен проблем. Мислам дека немавме проблем со деградацијата на гумите. Тоа можеше да биде проблем ако притискавме повеќе, но сепак тоа не е главниот проблем. Во случајот на Карлос, неговите проблеми се појавија додека беше сам на патеката, наспроти Шарл кој се жалеше на балансот од самиот почеток. Нашите проблеми мислам дека се на страна на шасијата и се појавуваат во различни етапи од трката, па поради тоа развојот на нашиот болид ќе оди во насока да се подобри конзистентноста и да биде полесен за возење, - рече тимскиот шеф, Фредерик Васер. Пред летната пауза, во Формула 1 ќе се возат пет трки, две во јуни и три во јули. По седум извозени трки, Ферстапен е убедливо прв со 170 бода, додека Перез е на втората позиција со 117 поени. Алонсо е најдобар од останатите со 99, по што следат Хамилтон со 87 и Расел со 65 бода.

Александар Табаковски

48 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

СПОДЕЛИ ГИ ПОВОЛНОСТИТЕ

СО НАЈБЛИСКИТЕ!

КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!

ЕДНА
www.amsm.mk 02/3181-108 СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО

Светско првенство во Формула Е

МАСЕРАТИ

ИСПИША ИСТОРИЈА

ВО ЏАКАРТА

СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФОРМУЛА Е ВЛЕЗЕ ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД КАЛЕНДАРОТ НА ПРЕДВИДЕНИ ТРКИ, ПРИ ШТО ВИКЕНДОТ РЕЗЕРВИРАН ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ИНДОНЕЗИЈА ДОНЕСЕ

ДВЕ ТРКИ ЕДНА ПО ДРУГА НА ПОЧЕТОКОТ ОД ЈУНИ.

Иако системот на квалификации беше сменет, а од 2023 година и погонските единици се унапредија, неизвесноста и променливите резултати останаа како константа кога се зборува за резултатите од трките на Формула Е.

Верлен ја започна сезоната со второ место во Мексико и две победи на трките во Саудиска Арабија, по што половина од сезоната ја мина како водечки на табелата, пред да биде соборен од Ник Касиди, возач во Енвижн, сателитскиот тим на Јагуар.

Паскал Верлен и Антонио Феликс да Коста останаа без пласман во поени за време на трката во Монако, но на крајот поради казната што му беше изречена на Сем Бирд од Јагуар, Португалецот беше промовиран на десеттата позиција, за што доби еден бод.

Промените на врвит се случија откако на последните четири трки во два наврати победи возачот на Јагуар - Мич Еванс, а на последните две Ник Касиди, кој со тоа го презеде водството во генералниот пласман.

- Мораме да работиме напорно за да ги унапредиме перформансите, бидејќи постои голема изедначеност меѓу болидите. Сите се мошне блиску и мора да се потрудиш и да ги најдеш и последните десетинки, за да излезеш напред, што е наша цел. Очекував поголеми разлики бидејќи имаме нови возила од оваа година, но уште од почетокот е изедначено, а ние бевме на вистинската страна во првите трки. Мораме да ги направиме тие чекори и да бидеме конкурентни во текот на целата сезона, а има уште доволно трки за повторно да го преземеме водството. Ние во моментот го имаме второто место на двете табели и сите сме

мотивирани бидејќи знаеме дека нема голема разлика и имаме јасна цел да се бориме за титулата до последната трка, - изјави тимскиот шеф на Порше, Флоријан Модлингер.

Од оваа сезона, исто така, има и нов непознат параметар за сите учесници, бидејќи корејскиот производител на пневматици Ханкук го замени досегашниот ексклузивен снабдувач Мишелин. Позната по својата жештина и влажност, Индонезија од почетокот на сезоната беше означена како најсериозен тест за издржливоста на новите пневматици на овие болиди кои имаат над 30% повеќе коњски сили од минатогодишните.

Но, квалификациите и трката донесоа неочекувани нешта. Максимилијан Гунтер од Масерати го започна викендот со доминација и освојување на пол позицијата, додека возачите на Јагуар (Бирд и Еванс) се судрија меѓу себе по втор пат оваа сезона. „Отпишаниот“ Верлен го имаше водството во трката откако на стартот успеа да го престигне Џејк Денис, а потоа (во четврти круг) го мина и носителот на пол позицијата, Максимилијан Гунтер. Денис по лошиот старт падна на четврто место, но се врати во трката и стигна до втората позиција, по што се обиде да го престигне Верлен, но овој го блокираше. Со една секунда задоцнување зад нив Гунтер му го донесе првиот подиум на Масерати со освојување на третото место, пред Вандорн и Верње.

- Маневарот на Паскал не беше исправен. Морав многу силно да ги притискам сопирачките за да избегнам судир со него. Не знам како се спаси од тоа, да бидам искрен. Бесмислено е. Останатите двајца возачи

50 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

(Вандорн и Гунтер) оставија доволно простор за еден болид, како што наложуваат правилата. Паскал нагло ја смени траекторијата, а јас морав да стискам сопирачки иако бев на правецот. Тој требаше да остави простор, но не го направи тоа. Не смееме да се жалиме, бидејќи имаме поддршка од Порше и ја користиме нивната технологија, - изјави Џејк Денис од Андрети, потенцирајќи дека секој возач го знае тоа правило, за маневарот што се случи во 24-тиот од вкупно 36 круга во трката. Гунтер беше најбрз и во квалификациите за неделната трка и го имаше најбрзото време за еден круг од 1:07.753, со што се најде пред Џејк Денис. Исто како и на првата трка, Гунтер поведе од пол позицијата, но во втората трка покажа супериорен ритам. Денис накусо го презема водството од четвртиот до петнаесеттиот круг, по што Гунтер и Еванс го престигнаа користејќи негова мала невнимателност. Очајно обидувајќи се да се врати во водство Денис проба да престигнува од надворешна страна, но тој маневар заврши лошо, но сепак успеа да дојде до пехарот за второто место, пред Мич Еванс кој со ова повторно ги потврди шампионските амбиции иако заврши 18 секунди зад водечкиот двоец. - Пресреќен сум и горд за ова постигнување денес. Сезоната воопшто не беше лесна, особено на почетокот, но продолживме да веруваме во себе, да работиме напорно, да работиме во добар правец и конечно да направиме промени во нашата сезона. Трката во Берлин беше добра за нас и успеавме да освоиме поени во последните неколку трки, тука двапати ја имавме пол позицијата, а еве сега и победата. Тоа е навистина нешто големо, навистина сум пресреќен. Денешната трка беше речиси

Во пресрет на новата трка во Џакарта се случија и две промени во возачкиот ростер. Давид Бекман, кој беше резервен возач на екипата Андрети, го доби седиштето на Андре Лотерер, при што во соопштението конкретно беше наведено дека неговата инаугурација се однесува само на овие две трки, додека Германецот ќе биде посветен на подготовките за учество во фамозната трка на издржливост „24 часа Ле Ман“. Бекман има искуство со претходни настапи во Формула 2, каде што во сезоните 2021 и 2022 во два наврати се најде на подиумот.

За разлика од ова, искусниот Оливер Роуланд беше заменет

во тимот на Махиндра, но во овој случај станува збор за раскин на договорот. Двете страни постигнале заедничка согласност за ваквиот чекор откако британскиот возач заработил повреда на претходната трка во Монако, а оваа година може да се пофали само со два пласмани во бодови (едно шесто и едно десетто место) од првите девет трки. На трките во Индонезија во седиштето на црвено-црниот болид седна Роберто Мерхи, а за продолжението на сезоната прашањето останува да биде дополнително решено.

- Имавме неколку опции на масата, при што индискиот возач Јехан Дарувала со кого разговаравме имаше ангажмани со Формула 2, а некои други не беа достапни во моментот. Роберто имаше добар тест во Берлин и сметавме дека има добра позадина, добро однесување и висока мотивација. За нас тоа беше како свеж воздух во системот бидејќи добивме некој со поразлични погледни на нештата и кој со себе донесе свој начин на постоење, што кореспондира со она што ние го сакаме, да биде забавен и брз. Имаше логика да избереме некој кој тестирал со нас, иако разгледувавме и други возачи, -изјави Фредерик Бертран, кој е тимски шеф и допрва треба да донесе одлука за тоа кој ќе вози до крајот на сезоната.

перфектна, добро ја раководев од самиот старт, се обидов да заштедам енергија и мислам дека го избравме вистинскиот момент за напад. Можеби во саботата немавме доволно ресурси за победа, но денеска беше наш ден, - изјави Максимилијан Гунтер, кој одбивајќи го нападот на Џејк Денис ја избори и првата победа на Масерати во ова светско првенство. Би можело да се рече дека пет возачи се „во игра за титулата“ бидејќи Верлен и Денис се на врвот со 134, односно 133 бода, додека Касиди, Еванс и Верње ги следат со 128, односно 109 и 97 бода.

До крајот на оваа сезона има пет трки, кои ќе се ефектуираат како три гран при викенди. Една трка во Портланд, САД, и два викенда со „двојно полнење“ во Рим и Лондон. • Александар Табаковски

51 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВИ ЛИЦА ВО ИНДОНЕЗИЈА

EXTREME E – Хидро Икс-При на Шкотска

СО ВТОРАТА ПОБЕДА ВО ГОДИНЕШНИОТ ШАМПИОНАТ НА EXTREME E ТИМОТ НА VELOCE RACING ГО ТРАСИРАШЕ ПАТОТ КОН ТИТУЛАТА, ДОДЕКА ПОТТИКНУВАЊЕТО НА ЕКОЛОШКАТА СВЕСТ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СРЕЌАВА НЕДОПРЕНАТА

ПРИРОДА НА СЕВЕРОТ НА ШКОТСКА ЈА ОДБЕЛЕЖА ЦЕЛТА НА ОДРЖУВАЊЕТО НА ВТОРИОТ НАСТАН ОД КАЛЕНДАРОТ.

Шкотска е позната по своите природни убавини. Дом е на диви планини, длабоки долини, благо заоблени ридови кои личат како да се тркалаат до бесконечност и едно од најубавите крајбрежја во Европа. Во Шкотска се наоѓа и прочуената Каледониска прашума која се вбројува во неколкуте преостанати прашуми на тлото на Европа. Богатството од природни убавини со себе носи и богатство од жив свет како надалеку прочуениот шкотски црвен елен, златните орли, видрите кои единствено живеат во чисти води и распространетите колонии на фоки. Меѓутоа, трендот на затоплување кој најмногу се чувствува во последните две декади и преместувањето на дождовната сезона многу влијае на водостојот во реките и покачувањето на температурата на водата. Ова посебно негативно влијае на реката Нит во која се мрести Атлантскиот лосос. Со акцијата на Extreme E се активира пошумувањето на регионот што ќе придонесе за намалување на температурата на водата, и се обезбедува опрема за контрола на загадувањето на реката Нит, со цел враќање на Атлантскиот лосос во водите на Шкотска.

Најзелениот

шампионат во мотоспортот Extreme E кој трета година по ред го обиколува светот подигајќи ја свеста за климатските промени и нивното негативно влијание врз планетата по една година пауза се враќа на домашно тло во Велика Британија. Втората трка од годинешниот шампионат се вози на најсеверниот дел од островот, поточно во Шкотска каде промотивниот карактер на Extreme E треба да помогне во создавањето на зелена енергетска централа и зачувување на видот на Атлантскиот лосос.

Трасата од патеката по која се вози трката минува и низ окното на стариот затворен рудник на јаглен од отворен коп во една од најсеверните области на Шкотска наречена Дамфрис и Геловеј. Интересно е што рудникот наскоро ќе се претвори во зелена електрична централа со фарма од ветерници за струја, додека окната во рудникот ќе се искористат како резервоари за изградба на хидроелектрична централа.

Тимот на X44 Vida Carbon Racing стартуваше со победа на предизвикот во Шкотска. Победи на првата од двете планирани трки, поточно на тре-

52 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТРАСИРАН
ПАТОТ КОН
ТИТУЛАТА
| СПОРТ

тата трка од сезоната, додека тимот на Veloce Racing победи на четвртата трка. По триумфот на отворањето на сезоната во Неом, ова е втора победа за Veloce Racing годинава со која тимот полека го трасира патот кој води кон шампионската титула.

Стартот на Шкотското Икс-при започна со откажување на првата квалификациска сесија заради густата магла која го оневозможи летот на медицинскиот хеликоптер кој постојано бдее над екипажите во трка. Одложувањето на стартот дополнително ја подгреа возбудата во кампот на Extreme E. Тимовите беа нестрпливи да покажат што знаат и по кревањето на маглата тргнаа во акција.

Во квалификациите за првата трка во првата сесија победија минатогодишните шампиони тимот на X44 Vida Carbon Racing. Тимот водеше од старт до цел без поголеми проблеми следен од тимот на No.99 GMC HUMMER EV Chip Ganassi Racing. Третото место го освои тимот на Andretti Altawkilat Extreme E откако по замената успеа да го престигне тимот на Acciona Sainz. Втората сесија мина во знакот на тимот Rosberg X Racing, додека тимот на Carl Cox кој дебитираше на минатата трка полека почна да го пече занаетот и заврши втор што беше доволно да се пласира во големото финале. Тимот на Carl Cox освои исто број на бодови со тимот на Neom McLaren Extreme E, но заради казната во квалификациите тој не успеа да влезе во големата трка. Сепак, му остана да ја брани честа во Трката за искупување каде влегоа уште тимовите на Acciona Sainz, Veloce Racing, JBXE и ABT Cupra XE. Меѓутоа учеството на ABT Cupra не беше загарантирано бидејќи во втората квалификациска серија Клара Андерсон го удри својот Odyssey 21.

Доминацијата на квалификациите, тимот на X44 Vida Carbon Racing ја повтори и во Големото финале. На стартот Јамајчанецот Фрејзер Мекконел, се послужи со еден трик. Тој не го употреби својот хипер-погон кој смее да се користи кус временски интервал. И место да се катапултира на старт брзајќи кон првото свртување Мекконел демнеше последен. Ја искористи помалата брзина за да сврти потесно од останатите и изби напред. Веднаш по свртувањето го вклучи својот хипер-погон и ја поведе трката. Но, радоста траеше кратко бидејќи на следното свртување преголемата брзина го натера на широко свртување оставајќи му простор на Тими Хансен од Andretti Altawkilat Extreme E да прејде во водство. Во борбата за прво место се вмеша и Јохан Кристоферсон од тимот на RXR, но во жарот на борбата тој удри во брег крај патеката. Од ударот неговиот Odyssey 21 се лансираше во повеќекратно превртување по што за тимот трката беше завршена. Останатите два тима Carl Cox и GMC HUMMER возеа далеку одзади без можност да ги загрозат водечките. Тимот на Andretti Altawkilat мина прв низ целта, но заради прекршување на правилата во зоната на замена доби казна од 15,3 секунди кои го вратија на втората позиција. Така тимот на X44 Vida Carbon ја наследи победата, а Andretti Altawkilat мораше да се задоволи со второто место. Тимот на Carl Cox заврши трет освојувајќи го својот прв подиум во шампионатот, а GMC HUMMER беше четврти.

53 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |
Алекс Ринс - Тексас 2023

Во Трката за искупување за првпат од почетокот на шампионатот се

најдоа тимовите на Veloce Racing и на Acciona Sainz. Оваа трка беше прилично непозната територија за двата тима бидејќи досега тие секогаш

возеа во трките за големото финале. Сепак, за сè има првпат. На стартот

се појавија само четири тима бидејќи возилото на ABT Cupra не можеше да се поправи. Трката ја поведе Veloce Racing со Кевин Хансен зад волан

кој како молња изби напред веднаш по стартот. Но, заради големата брзина со која влезе во водениот премин ја загуби инерцијата и дозволи да го престигне Матијас Екстром од Acciona Sainz. Шпанскиот тим потоа не дозволи да биде загрозен и победи. Veloce Racing заврши втор. Нивната борба и резултатот наликуваа на збиднувањата од втората трка во Неом кога Acciona Sainz го доби Veloce Racing. Во оваа трка тимот на Neom McLaren заврши трет, а тимот на JBXE четврти.

Втората трка од ова Хидро Икс-при на Шкотска, или четвртата трка од сезоната, приреди уште поголеми изненадувања. Интересно и во двете квалификациски сесии победата ја однесе тимот на GMC HUMMЕR пла сирајќи се директно во големото финале. Веднаш зад нив беше тимот на Veloce Racing кој после пехот на претходната трка се подготвуваше за победа, а тимот на Neom McLaren како да ја научи лекцијата од претход ната трка и успеа да се пласира како трет. Четврти и петти беа тимовите RXR и Acciona Sainz кои иако не ја завршија втората квалификациска сесија бидејќи се судрија оштетувајќи ги возилата, сепак имаа доволно бодови од првата сесија за да влезат директно во финалето на Големата трка. Затоа, пак, тимовите на Andretti Altawkilat, Vida Carbon, JBXE, Abt Cupra и Carl Cox мораа да се задоволат само со пласманот во Трката за искупување. Исто така, беше знак прашалник дали возилото на тимот Carl Cox ќе стартува на трката заради оштетувањата кои ги претрпе во втората квалификациска сесија. Соодветно на предвидувањата тимот на Veloce Racing со Кевин Хансен и Моли Тејлор зад волан на Odyssey 21 се закити со втората победа го динава. Хансен и Тејлор водеа од старт до финиш не дозволувајќи никој да ги загрози ниту по замената. Интересно за првпат Големото финале се возеше на пороен дожд. Лошите услови му дозволија на тимот на Veloce Racing да се стекне со предност на почеток од трката. Престигну вањето беше скоро невозможно. Затоа успеаја да ја одржат разликата во однос на тимот на Neom McLaren во текот на целата трка и завршија на највисокото скалило на пиедесталот. Тимот на Neom McLaren ја задр жа втората позиција освојувајќи го својот втор подиум од почетокот на одржување на шампионатот. Трет заврши тимот на GMC HUMMER со нов екипаж составен од Американците АрЏеј Андерсон и Аманда Соренсен кој го освои својот прв подиум во Extreme E. Тие го искористија исходот од борбата меѓу тимовите RXR и Aciona Sainz. Нивните возила настрадаа во меѓусебниот дуел и го отворија патот за американскиот тим да заста не на подиум. Тимовите RXR и Aciona Sainz не ја завршија трката. Трката за искупување стартуваше без возилото на тимот на Carl Cox. Техничарите не успеаја да ги поправат оштетувањата направени на ква лификациите. Тажен крај со оглед дека во претходната финална трка се качија на подиумот. Со неверојатно брз старт тимот на JBXE ја поведе тр ката и веднаш создаде предност која на врнежливото време беше теш ко достижна. Веднаш зад нив се нацрта тимот на Andretti Altawkilat кој ја искористи можноста да го престигне возилото на ABT Cupra со Насер АлАтија зад волан. Во обид да направи нешто повеќе Фрејзер МекКонел од Vida Carbon удри во возилото на ABT Cupra, а потоа одлета во балите сено крај патеката завршувајќи ја трката рано со видни оштетувања на нив ниот Odyssey 21. Како напредуваше трката беше јасно дека тимот на JBXE ќе се закити со првата победа во сезоната. Тимот на Andretti Altawkilat остана на втората позиција, додека тимот на ABT Cupra после судирот успеа да го доведе возилото до третата позиција. После извозени четири трки од вкупно десет колку што бори шампио натот на Extreme E годинава, тимот на Veloce Racing води убедливо во генерален пласман со 80 освоени бодови, а зад нив се наоѓа тимот на Acciona Sainz со 69 бода. На трето место е тимот RXR со 52 бода, четврти е тимот X44 Vida Carbon со 51 бод, а GMC HUMMER со своите 50 бодови се наоѓа на петтата позиција во генерален пласман.

Следно во календарот е т.н. Исланд Икс-При на Сардинија кое се вози на 8 и 9 јули годинава. Ова Икс-При втора година по ред е дел од календарот на Extreme E, а минатата сезона победата ја освоија тимовите на GMC

HUMMER и на RXR. Љубомир Анастасовски

54 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД www.amsm.mk Меѓународна возачка дозвола ∙ Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување ∙ Зелен картон ∙ АМСМ членски картички 02/3181-181 ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ
ДОКУМЕНТИ

Рели Португалија

и Рели Сардинија

КОРЕЈЦИТЕ

ПОЛЕКА

ВЛЕГУВААТ ВО ИГРА

ЧЕТИРИ МЕСТА НА ПОДИУМ И ЕДНА ПОБЕДА Е ЕПИЛОГОТ ОД НАСТАПОТ НА РЕЛИ ТИМОТ НА HYUNDAI НА ДВАТА ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКИ НАСТАНИ

НА ЈУГОТ ОД ЕВРОПА, РЕЛИТО НА ПОРТУГАЛИЈА И НА САРДИНИЈА КАДЕ КОРЕЈСКИОТ ТИМ ПОКАЖА ДЕКА ПОЛЕКА ВЛЕГУВА ВО ИГРА ЗА ТИТУЛА.

Два

правливи, полни замки и крајно непредвидливи настани ја заокружија првата половина од годинешниот шампионат во рели.

После асфалтот во Хрватска караванот на Светскиот шампионат се упати

кон Португалија, а веднаш потоа кон Сардинија каде екипажите ги чекаа

патеки прекриени со песок и чакал. Подлога која никогаш не им оди во прилог на оние кои се на врвот на табелата и стартуваат први. Тие секогаш имаат неблагодарна ролја да ги метат патеките од слободниот чакал или песок додека тркалата на нивните автомобили пролизгуваат и буквално се борат за трошка тракција. При тоа се губи многу време, а водечките зад себе оставаат цврста подлога на која оние подолу во поредокот веќе имаат што да прикажат. И така борбата меѓу Давид и Голијат, барем кога се работи за светското рели, станува до одредена мера изедначена. Токму затоа и Светскиот шампионат во рели е една од највозбудливите гранки на мотоспортот и ужива голем интерес на глобално ниво.

РЕЛИ НА ПОРТУГАЛИЈА

Без оглед што не победи на ниту едно рели од почетокот на сезоната светскиот шампион Кале Рованпера со нетрпение го чекаше стартот на петтиот настан годинава. Очигледно е дека на Финецот му лежат лизгавите со песок послани патеки на легендарното рели на Португалија на кое славеше и минатата година. Иако да се стартува прв на ова рели е сериозен хендикеп, сепак сите очи беа вперени во Рованпера. Тој очигледно знае како да се победи на ова рели дури и ако стартува од врвот. Меѓутоа годинава таа неблагодарна улога му припадна на неговиот тимски другар Елфин Еванс кој по победата во Хрватска водеше во генерален пласман. Кале стартуваше втор во петок наутро и успеа позицијата добро да ја искористи. Сè уште имаше доста песок за чистење и имаше проблеми со подуправување во првиот дел од денот. От Танак беше човекот што треба да се победи тоа утро. Заради добрата стартна позиција тој го поведе релито, но тоа не траеше долго. На четвртиот брзински испит од денот Танак оштети тркало и загуби многу време кое не успеа да го надомести до крајот на релито. Затоа, пак, после првиот сервис работите се свртеа во корист на Рованпера. Тој доби фино дотерување на сетапот на неговата Toyota Yaris и беше спремен да напаѓа. До крајот на денот создаде голема предност која му овозможи комфорно водство. Единствениот кој успеваше да го следи, Дани Сордо, веќе заостануваше 10,8 сек., додека Тиери Нувил како третопласиран доцнеше 26 секунди. Интересно Нувил, Пјер-Луи Лубе и Есапека Лапи беа наредени еден зад друг во тесни 1,3 секунди. Танак падна на шестата позиција со заостаток од повеќе од една минута. Сабота, вториот ден од релито само го потврди блескањето на Кале Рованпера. Успеа да добие пет од седум брзински испити, но што е уште поважно за пет пати го зголеми водството во однос на Сордо. Односно

56 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ

го заврши денот со 57,5 сек предност пред Шпанецот. Неверојатни беа ритамот и брзината на Кале, нешто кое навистина тешко се следи. Признанието дојде и од тимот на Hyundai. И Сордо, и Нувил, и Лапи кои се наредија на второто, третото и четвртото место соодветно признаа дека им недостасува брзината на Кале, и дека навистина не можат да направат ништо со кое би му се спротивставиле. Ова признание повеќе беше адресирано кон тимот и инженерите на Hyundai кои сè уште не можат да најдат вистински одговор како нивниот i20 N да ја достигне брзината на Yaris.

Јуришот на Кале продолжи и на последните четири испити кои преостанаа за во недела. Иако возеше претпазливо сепак беше доволно брз да победи на два испити вклучувајќи го и последниот кој му донесе дополнителни 5 бода. Сордо успеа да ја задржи втората позиција, дури и да ја намали разликата во однос на Кале на 54,7 секунди. За жал Нувил го загуби третото место заради проблеми со турбо полначот. Откако му откажа турбото не само што беше престигнат од тимскиот другар Лапи, туку и од Танак. Лапи заврши трет, а Танак четврти. Нувил на крај мораше да се задоволи со петтото место.

РЕЛИ НА САРДИНИЈА Иако после брилијантната победа во Португалија очекувањата беа дека Кале истото ќе го повтори и во Сардинија, реално шансите не беа на негова страна. Прво затоа што релито на Сардинија едноставно не му лежи на младиот Финец кој досега не стигнал подалеку од петтото место на ова рели. И второ затоа што со победата на релито на Португалија, Рованпера поведе во шампионатот за возачи. Следствено мораше да стартува прв и да ја одигра неблагодарната ролја на метла што е поразително на ова Медитеранско рели.

Релито стартуваше во четврток навечер со специјален брзински испит

организиран во приморскиот град Олбиа каде илјадници фанови на релито се собраа да ги бодрат модерните гладијатори. Пред гладната за возбуда публика Есапека Лапи беше човекот што го поведе релито. Успеа да го надвози Танак, но и Нувил, и Катсута кои беа наредени во помалку од една минута. Сепак, покрај спектакуларниот вовед вистинската акција се очекуваше следниот ден низ планините на Сардинија. Радоста на Лапи траеше кратко. Со почеток на вториот ден на релито во петок наутро човекот од сенка, Себастијан Ожие ги сврте работите во своја полза. Тргна како фрлен од катапулт во утринскиот круг од брзински испити и го превзеде водството. Сепак, до крајот на денот Лапи успеа да го надвози осумкратниот светски шампион иако разликата се сведе на време од 0,1 секунда. Најблизу до нив со заостанување од 18,6 сек. беше Нувил. Четвртопласираниот Рованпера, тесно следен од тимскиот другар Катсута веќе заостануваше 46,1 секунди, а Еванс не стигна подалеку од шестото место. Вистински пресврт се случи на следниот натпреварувачки ден. Всушност сабота беше и најдолгиот ден од релито со дури осум испити на програма. Денот почна со отворен напад од Нувил. Белгиецот победи на три од утринската рута од четири испити. Сè уште беше трет во поредокот, но јасно беше дека цели кон лидерската позиција на Ожие кој повторно застана на врвот и го доби Лапи за 18,2 сек.. Меѓутоа никој не ја очекуваше драмата која ќе се одигра во втората половина од денот. Нувил и Лапи продолжија со нападот и во следните два испити симнаа драгоцени секунди во однос на Ожие. И тогаш на претпоследниот испит од денот несреќата удри. Силен дожд предизвика вистински хаос. Ожие

57 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

Гус Гринсмит ја однесе победата на крајно неизвесното рели на Португалија во категоријата WRC2. Иако во текот на релито Оливер Солберг беше возачот кој орото го водеше, сепак

среќата не беше на негова страна. Тој беше казнет со една минута заостаток заради правење егзибиции со автомобилот по завршување на петнаесеттиот брзински испит. Казната беше доволна за победата да отиде во рацете на Гринсмит. И

на Сардинија одлучи пех во последен момент. Ејдриен Формо

кој водеше во текот на целото рели излета и не успеа да фи-

нишира. Така победата отиде во раце на Андреас Микелсен.

Иако победи Норвежанецот не беше среќен заради победата

знаејќи дека профитираше од несреќата на Формо.

излета од пат и за него релито беше завршено. Лапи кој ја виде несреќата и проценуваше дали е потребно да застане загуби повеќе од триесет секунди. Загубено време кое го промовираше Нувил во лидер на релито. Лапи го задржа второто место бидејќи третопласираниот Рованпера заостануваше безмалку две минути зад Нувил. Не требаше многу за безбедно да се заврши последниот ден од релито. Нувил во текот на неделата не победи ниту на еден испит. Ја чуваше водечката позиција и без поголеми драми успеа да победи за првпат годинава. Со победата ја разгоре борбата за титула. Славењето беше големо, а Нувил ја посвети на својот трагично загинат тимски другар Крег Брин. Лапи втор пат едно по друго успеа да се качи на подиумот. Рованпера мораше да се задоволи со третото место, додека четврти заврши Еванс. После шест релја шампионатот за возачи добива сосема нов лик. Еванс и Ожие кои ја делеа водечката позиција сега се четврти и петти со 83 и 70 бода. Рованпера е прв. Води со 118 бода, додека на второто место се искачи Нувил со 93 бода. Трет е Танак со 85 бода. Разликата многу се доближи во шампионатот за производителите. Toyota е прва со 235 бода, додека Hyundai почна сериозно да се приближува. Има 212 бода или само 13 помалку од Јапонците. M-Sport останува трет со 148 бода. На репертоарот на Светскиот шампионат следно е релито на Канија кое се вози од 22 до 25 јуни. Љубомир Анастасовски

ПРВА
| СПОРТ
WRC2 – НЕИЗВЕСНОСТ ДО САМИОТ КРАЈ

К олумна своерачно АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ЗАЈДИСОНЦЕ

НО ВО МЕЃУВРЕМЕ МОРА ДА СЕ КОНСТАТИРА ДЕКА ТАМУ ДЕЛУВА КАКО ДА Е ВО ПРАШАЊЕ „ЗАЈДИСОНЦЕ“ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ТРКИТЕ.

се раскажуваат примери за јапонската култура, вообичаено тоа го потенцира различното поимање на луѓето од Далечниот Исток за тоа како треба да им се пристапува на нештата. Некогаш се зборува за работната дисциплина, некогаш за честа, некогаш за образованието, но најчесто – за разликите. Во ред, ние на европскиот континент можеби имаме поинаков агол на гледање на нештата, но свој агол имаат и Американците, веројатно и Африканците ... Кога се во прашање трките, сметам дека е сосема издржано да се каже дека без јапонските компании од авто мото светот, овие натпреварувања едноставно не би биле исти. Хонда на пример, можеби не е најголема (тој епитет по волумен и припаѓа на Тојота), но дефинитивно има голема историја и во Формула 1 и во Мото ГП. Минатиов месец го најавија своето враќање во Формула 1 од 2026 година, откако претходно во 2020 година стигнаа до шампионскиот успех со Ред Бул и решија да се повлечат. Во 2008 година (и појавата на светската криза), решија да го продадат својот фабрички тим на Рос Браун, кој го купи за еден долар, но со него ја освои шампионската титула во 2009 година. Со Мекларен и Вилијамс имаа славни моменти на крајот од осумдесеттите и почетокот на следната декада, кога за нив титули освоија Нелсон Пике и Аиртон Сена. Сега ќе направат камбек со Астон Мартин. Во спортот, ретко се гледаат „праволиниски“ нештата, би рекол дека циклусите со подеми и падови се мошне поприродни. Од таков аспект би ги споменал и учествата на другите фабрики

во Формула 1, како Тојота која имаше свој тим речиси цела декада, додека како снабдувачи на мотори се јавуваа и други

компании. Спротивно од ова, мотоциклизмот (особено во последните децении) покажа дека им дозволува повеќе простор на компаниите за експонирање со свој тим, па така Јамаха направи историја со Валентино Роси и Хорхе Лоренцо на стартот од ова столетие, додека со шампионски титули се закити и Сузуки. Но, исто така, дојдоа и моменти кога Кавасаки и Сузуки решија да се повлечат, а на Хонда и Јамаха не им оди најдобро. Ако во Формула 1 нештата навистина мора да се планираат долгорочно и успехот не може да се постигне преку ноќ, ни во Мото ГП чудата не се можни по инстант рецепт. Силните резултати на Дукати, па ако сакате и на КТМ и на Априлија не дојдоа за една година. Одговорот „од земјата на изгрејсонцето“ веројатно ќе стигне наскоро, но во меѓувреме мора да се констатира дека таму делува како да е во прашање „зајдисонце“ кога станува збор за трките на две тркала. Дополнително, Јамаха ги загуби и Роси и Лоренцо, а Хонда се обидува од петни жили да го врати во игра Марк Маркез, кој неколку сезони по ред има проблеми со победите. Верувам дека некоја опфатна анализа би можела да укаже и на повеќе други моменти, но дефинитивно како што е потребна свежина на страна на возачите, така е потребно и да се види како да се пристапи во реструктурирањето на јапонските тимови кои исчезнуваат од сцената. Хонда го доведе Жоан Мир во своите редови (покрај Маркез), додека Јамаха засега оди со Куартараро и Морбидели. Вообичаено, во периодот околу летната пауза се објавуваат и поставите за следната сезона, па ќе се види дали ќе има промени

ова поле. •

59 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
Кога
на
ОДГОВОРОТ „ОД ЗЕМЈАТА НА ИЗГРЕЈСОНЦЕТО“ ВЕРОЈАТНО ЌЕ СТИГНЕ НАСКОРО,

ПОКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА

ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА И ЗАШТЕДЕТЕ

Покрај бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ членската картичка ви овозможува специјални попусти во внимателно

избрани АМСМ Партнер продажни места! Попустите можете да ги користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

Накит и часовници „OXÉTTE“

Нешто убаво за себе или подарок за друг, модерно парче накит или рачен часовник, прво побарајте

во најновите колекции во продавниците на „Oxètte“, каде како наши членови добивате 10% попуст на

целиот асортиман.

Локација: City Mall, ГТЦ и ТЦ „Рамстор“ – Скопје

Фитнес центар „ПАРК“

Никогаш не е доцна да направите нешто добро за себе и за своето здравје. На површина од 700м2 и со 60 машини за вежбање, ги имате најдобрите услови, па останува само да започнете. Ние се погриживме да добиете 10% попуст со покажување на валидна АМСМ членска картичка и да заштедите. Локација: ул. „1732“ бр. 4 - Скопје

Очна оптика „ВИЗУС“

Најдобрите брендови на машки, женски и детски очила на едно место. Направете го вашиот избор од

најновите модели на диоптриски или очила за сонце во „ВИЗУС“, покажете ја вашата АМСМ членска

картичка и како наши членови веднаш добивате од 10-30% попуст. Локација: ул. „Македонија“- Скопје

Велат „животот е збир од моменти“, а токму таквите моменти вреди да се овековечат со професионални фотографии. Ние го препорачуваме фото студио „Профото Здравко“, а сè што треба вие да направите

е да ја покажете ја вашата АМСМ членска картичка за 10% попуст и да се насмевнете.

Локација: ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 3-1/1 - Скопје

60 06.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АМСМ
Фото студио „ПРОФОТО ЗДРАВКО“

БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ ВО ЗЕМЈАВА И ЕВРОПА БЕСПЛАТНО ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ И РЕНТ А КАР БЕСПЛАТНО ГОДИШНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

02/3181-108

www.amsm.mk

СИГУРЕН ДОМ ЗА

БЕЗГРИЖНО

СЕКОЈДНЕВИЕ!

НАПРАВЕТЕ ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ СО ВКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ ОД:

ПОЖАР | УДАР ОД ГРОМ | ЛУЊА И ГРАД | ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО |

ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА ОД ИНСТАЛАЦИИ | КРШЕЊЕ ПРОЗОРСКИ СТАКЛА | ШТЕДИ НАСТАНАТИ КАЈ СОСЕДИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА ВЛИЈААТ НА ВАШИОТ ДОМ

ПОЛИСИ ДОСТАПНИ ОД:

www.mobilitybroker.com.mk 02/3181-405
| 02/3181-402

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.