АМСМ Клуб Мобилити - Јули/Август 2023

Page 1

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | ЈУЛИ-АВГУСТ 2023 БР. 68 www.amsmklubmobiliti.mk Претставуваме BRABUS 900 ROCKET R ”1 OF 25” НЕМИЛОСРДНА ПОТРАГА ПО ПЕРФЕКЦИЈА Безбедност во сообраќајот СОНЦЕТО И ПАТУВАЊАТА Светско првенство во МОТО ГП ТРИ ФАВОРИТИ ЗА ТИТУЛАТА

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ:

АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-181

Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска

РЕДАКЦИЈА:

ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-351

Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ:

проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)

Сиљан Аврамовски (член)

Калинка Танеска (член)

Јован Теговски (член)

Миле Атанасов (член)

Димитар Пендов

Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ:

Жарко Атанасоски

Љубомир Анастасовски

Данчо Здравковски

Андријан Трипунов

Александар Табаковски

Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци

ПЕЧАТИ:

Печатница „Серафимовски“ - Скопје

БАНКА:

Комерцијална Банка А.Д. Скопје

ЖИРО-СМЕТКА:

300000000915716

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ:

4030991238264

ISSN 1857-6133

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ НАВРЕМЕ И ПАТУВАЈТЕ БЕЗБЕДНО!

Во периодот на годишни одмори значително се менува фреквенцијата на движење на возилата по патиштата и автопатиштата. Токму за да се избегне непотребно влегување во метеж потребно е целосно информирање за тоа каква е состојбата. Но мал е бројот на возачи што пред патување ја проверуваат проодноста на патиштата што водат до одредена дестинација. Сите возачи мора да бидат запознати како се одвива сообраќајот до туристичките и излетничките места, особено во викендите и за претстојните празници. Информациите за состојбата на патиштата може да ги добиете со јавување во Контакт-центарот (15-555) или на веб-страницата на АМСМ СПИ www.amsmspi.mk Во претходните броеви ве потсетивме задолжително да се погрижите да ги завршите обврските пред тргнување на пат – комплетирање на документите за патување, информирање за состојбата на патиштата и слично, а најмногу внимание, секако, треба да ѝ посветите на проверката на возилото, како еден од предусловите безбедно да пристигнете до саканата дестинација. Но секогаш треба да се има предвид дека не може да се предвидат немилите настани. Затоа пред да тргнете кон летната дестинација, извадете некој од нашите членски пакети и бидете спокојни не само во текот на патувањето кон саканата дестинација туку и во текот на целата година, сѐ додека важи вашето членство. Советите за безбедно патување се секогаш добредојдени, особено во летниот период кога температурите го достигнуваат својот максимум и не се идеални за патување. Избегнувајте ги високите температури за патување, консумирајте повеќе течност, правете паузи и безбедно ќе пристигнете до место за летување. Следниот број (двоброј) на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во септември во печатена верзија, на вашата домашна адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

3 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
4 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk www.amsm.mk ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА КАЛИБРАЦИЈА НА АНАЛОГНИ И ДИГИТАЛНИ ТАХОГРАФИ 02/2631-181 СКОПЈЕ (ЧАИР) , ВЕЛЕС

„ПИКАНТО“ СО ВТОР РЕДИЗАЈН (?)

ДОБЛИЖУВАЊЕ НА МОТОСПОРТОТ

ДО ОБИЧНИОТ ВОЗАЧ

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ВЛЕЗНИЦА

ВО СУВ СВЕТОТ НА BMW

ЗА ЛЕТОВО, ЕСПАДРИЛИ ВО

СЕКОЈА ПРИГОДА

СОНЦЕТО И ПАТУВАЊАТА

ОД СИРОМАШНО РИБАРСКО

СЕЛО ДО СИНОНИМ ЗА ДОЛЧЕ ВИТА

ФЕРСТЕПЕН СЕ ВГНЕЗДИ

МЕЃУ ВЕЛИКАНИТЕ НА Ф1

ХЕТ-ТРИК 1-2-3-4 ПОБЕДИ

НА ТОЈОТА

5 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Н ОВОСТИ АВТО-МОТО ТЕСТОВИ И СОВЕТИ СТИЛ ПАТУВАЊЕ HI-TECH ИСТОРИЈА СПОРТ 8 9 42 56 10 14 38 36 26 28 30 28 38 46 8 17 36 42 ПОСТОЈАНО ВО НАПАД ДВЕ ТРКАЛА И СОНЧЕВА СВЕТЛИНА СВОЕГЛАВА, ОДВАЖНА И УМЕРЕНА

ПАТАРИНИ ВО ЕВРОПА

СЛОВЕНИЈА

СКОПЈЕ - ЉУБЉАНА

Наплатни станици:

Македонија - 100 денари Србија - 17 € Хрватска - 18 €

оддалеченост: 964 km - -

СКОПЈЕ - МАРИБОР

Наплатни станици:

Македонија - 100 денари Србија - 17 €

оддалеченост: 964 km - -

АЛБАНИЈА

СКОПЈЕ - САРАНДА (преку Богородица / Игуменица )

Петровец - 40 ден. Evzonon - 1,80 €

Хрватска - 23,3 €

Словенија вињета - 15 € (за 7 дена)

патарини: 51,60 €

Словенија вињета - 15 € (за 7 дена)

патарини: 57 €

Велес - 80 ден. Градско - 60 ден. Демир Капија - 80 ден. Polymylos - 2,40 € Malakasi - 2,40 € Pamvotida - 1,20 € Tyria

Наплатни станици:

- Елбасан - Фиер) Глумово - 40

-

оддалеченост: 499 km - -

СКОПЈЕ - ТИРАНА

Наплатни станици:

Скопје - Приштина - Призрен - Морина - Кукс –Тирана Албанија – 5 €

оддалеченост: 335 km

СКОПЈЕ - ТИРАНА (преку Струга)

Наплатни станици:

патарини: 5,00 €

Глумово - 40 ден. Желино - 40 ден Тетово - 30 ден.

оддалеченост: 291 km - -

- 30 ден.

1,60 €

Гостивар - 30 ден.

патарини: 1,6€

6 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА
2,10 € Наплатни
оддалеченост:
патарини:
Malgara
СКОПЈЕ
(преку
Желино
ден Тетово
ден. Гостивар
-
станици:
585 km
16,70 €
- 1,20 € Гевгелија - 100 ден.
- САРАНДА
Струга
ден.
40
- 30
патарини:

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

СКОПЈЕ - САРАЕВО (преку Крагуевац-Чачак-Ужице)

Наплатни станици:

Македонија - 100 денари Србија - 9,5 €

оддалеченост: 642 km патарини: 11 €

СКОПЈЕ - САРАЕВО (преку Србија-Хрватска)

Наплатни станици:

Македонија - 100 денари Србија - 17 €

оддалеченост: 812 km - -

ГРЦИЈА

СКОПЈЕ - АТИНА (преку Гевгелија)

Наплатни станици:

Хрватска - 3 €

БиХ - 3,5 €

патарини: 25 €

40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 80 ден. Демир Капија / 100 ден. Гевгелија / 1.80 Evzonoi/ Malgara: Toll: 1.20 EUR /Kleidi Toll: 2.10 EUR/ Leptokarya: Toll: 3.10 EUR / E75 Makrychori: Toll: 2.50 EUR / Moschochori: Toll: 3.90 EUR / Pelasgia: Toll: 3.40 EUR / Mavromantila: Toll: 1.85 EUR / Agia Triada: Toll: 1.75 EUR / Tragana: Toll: 3.80 EUR / Thiva: Toll: 3.80 EUR / A dnes: Toll: 3.25 EUR /

оддалеченост: 698 km

СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА (преку Гевгелија)

Наплатни станици:

Lorem ipsum

патарини: 38,45 €

40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 80 ден. Демир Капија / 100 ден. Гевгелија/ 1.80 Evzonon/ 1.20 EUR Malgara / 2.40 EUR Polymylos / 2.40 EUR Malakasi / Pamvotida: Toll: 1.20 EUR / 2.10 EUR Tyria

оддалеченост: 529 km

СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА (преку Битола)

Наплатни станици:

Петровец - 40 ден. Malakasi - 2,10 €

оддалеченост: 485 km

Велес - 80 ден. Градско - 60 ден. Демир Капија - 80 ден.

Pamvotida - 1,20€ Tyria - 2,1€

СКОПЈЕ - СОЛУН (преку Гевгелија)

Наплатни станици:

Петровец - 40 ден.

Evzonon - 1,80 €

оддалеченост: 237 km

Велес - 80 ден.

Ореокастро - 0,5 €

Градско - 60 ден. Демир Капија - 80 ден.

Гевгелија - 100 ден.

патарини: 8,40€

патарини: 16,70 €

Гевгелија - 100 ден.

патарини: 8,3 €

7 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ОТА |

PEUGEOT E-208

ПОСТОЈАНО ВО НАПАД

Четвртата

година од постоењето на еден модел е клучна во автомобилската индустрија. Одговорните правејќи повеќе истражувања дошле до заклучок

дека откако ќе минат четири години автомобилот мора да претрпи, редизајн

или рестилизација, зборови кои најчесто се употребуваат при мало обновување на дизајнот. За чудо, тоа правило сите помалку или повеќе го почитуваат, а сега летово го испочитува и Пежо со моделот „208“.

Популарноста со овој модел од ниската класа, почна во далечната 1983 год. кога беше претставена легендарната комбилимузина 205 и оттогаш, популарноста не стивнува. Пежо во претходниве десетлетија постојано е при врвот во продажбата на континентов, а досегашниот 208 со години не се симнува од подиумот,односно 2021 и 2022 е најпродаван не само во својата класа, туку воопшто во сите класи. И сега кога моделот „208“ е најмоќен, челниците одлучуваат моделот да биде малку обновен. Сега „пежо 208“ уште повеќе се заканува, барем така нас ни се чини затоа што популарните заби сега се поголеми, а претходно нагласената елеганција на предниот дел, сега минува во агресивност. И одзади измената на дизајнот најмногу се забележува кај светлосната

групација. Покрај досегашните додадени се неколку нови бои, но невозможно е а да не се забележат новите тркала и на средина новиот заштитен знак. И управувачкото тркало добило редизајн и секако новиот заштитен знак. Всушност сите освежувања се класика за тие што наполниле четири години.

Погонот во изведбата „е-208 “ е електричен и сега тој е ударниот во гамата. Може да измине најмногу 400 км, а батеријата до 80 отсто се полни за помалку од 25 мин. почнувајќи од 20 отсто. Има и изведби со трицилиндрични бензински мотори, со силина од 75 и 100 коњи. Моторот со 75 КС поседува пет степен, а тој со 100 КС, шестстепен менувач.

Производителот сè уште не се изјаснил за деталите на новата „208“. Можно е да чува во ракав некои адути со кои ќе продефилира на Саемот за автомобили во Минхен што треба да се одржи од 4 до 10 септември. •

ALFA ROMEO

познатата марка Алфа Ромео е во трка со време, забрзано работи

на новото супер купе. Според добрите познавачи на автомобилската индустрија, проектот „33 страдале“ се остварува, односно Алфа Ромео подготвува купе од типот „6 ц“. Веќе од подамна се претставени најнапред „8 ц“, а пред неколку години и „4 ц“, така што сега е редот на „6 ц“. Што значат овие бројки? Тие го означуваат бројот на цилиндрите - „ц“.

Штом е така тогаш супер купето треба да го носи 3,0 литарскиот, односно 2,9 литарскиот V6 со двоен турбо полнач, кој сега се вградува во моделот „џулија гта“, а поседува 540 КС и постигнува максимална брзина од над 300 км/ч. Мора да нагласиме, овој мотор е потпишан од Ферари. Алфа Ромео недека нема свој V6 (3,0 л), напротив, го има и беше вградуван со децении наназад во многу модели и изведби, дури и во тркачките Алфи од шампионатите за туристички автомобили.

Купето кое допрва треба да излезе на виделина, е создавано од празен лист, односно нема претходник од кој автомобилот би влечел конструкторски параметри. Развој од нула и на 30 август ќе видиме што Алфа Ромео ќе му понуди на светот. За жал ова е последниот мохиканец, последниот автомобил од Алфа Ромео со мотор со внатрешно согорување, а по него ќе следат електричните. Масовната продажба е исклучена, така велат засега челниците.

Ќе има многу посебности најверојатно поврзани со спортскиот и тркачкиот дух на Алфа Ромео, така што ќе биде купувано само од одредени купувачи кои знаат што бараат од едно спортско купе. „Обиди се да сонуваш“, така вели Алфа Ромео најавувајќи го егзотичното супер купе, 30 август, недела во која ќе се вози и ГН на Италија во Монца. •

8 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
„ОБИДИ СЕ ДА СОНУВАШ“ Надалеку

„ПИКАНТО“ СО ВТОР РЕДИЗАЈН (?)

Редизајн или сосема нов модел и што нуди Киа преку својот најмал автомобил во семејството? На прва новиот „пиканто“ остава впечаток дека е нов модел, дизајнот е малку повеќе видоизменет или нас така ни се чини(?). Ако ги анализираме работите како што велат официјалните извештаи тогаш ќе прифатиме

дека ова е само редизајн, а не нов модел. Порано ги обвинуваа јапонската и корејската автоиндустрија дека многу често ги менуваат моделите, а сега кога нема менување, поставуваат прашање зошто само редизајн.

Третата генерација беше претставена во 2017, а во 2020 претрпе прв редизајн. И кога светот очекуваше сосема нов модел, Киа одлучи само да го обнови постоечкиот модел. Класиката од малолитражни мотори е останата, 1,0 и 1,2 со силина од 66 и 84 КС, сосема доволни за мал автомобил кој иако е мал, сепак е сосема способен да ве однесе каде ќе посакате на континентов и тоа без нималку напор. Со маѓуоскино растојание од 2,4 метри и максимални 1.010 литри товарен простор, патувањето ќе ви биде повеќе од задоволство. Може да има некоја дигитално електронска направа повеќе, почнувајќи од зголемените дијагонали на екраните и уште некој дополнителен уред за подобрување на безбедноста.

Првите примероци ќе стасаат до купувачите наесен и тогаш ќе видиме подетално што нуди „киа пиканто“ модел 2024. И што е сега „киа пиканто“, редизајн или четврта генерација? •

е по името „л 200“, но некаде носи име „тритон“. Како и да е, тое е еден од моделите по кои Митсубиши е најпознат во светот. „Л двестотка“ е

пик ап возило од средна големина и е крајно практично и многу употребливо. Неодамна производителот го претстави новиот наследник како концепт наречен „икс т р“ и сега се чека на сериската изведба која е најавена за 26 јули. Светската премиера ќе биде приредена во Тајван каде и ќе се произведува. Дизајнот на шестата генерација од моделот „л 200“ му е доверена на Сеиџи Ватанабе кој за филозофијата на новиот облик вели дека е „дрска и одважна“. Во најавата повеќепати се спомнува дизајнот, небаре тој е клучниот фактор во сета игра. Веднаш да преминеме на најглавното. Сега Митсубиши е дел од заедништвото Рено Нисан Митсубиши и новата генерација од моделот „л 200“ ќе биде правен на основата од „нисан навара“, односно „нисан навара“ во друга опаковка. Митсубиши почна да го губи својот идентитет? Така некако. Каков срам за кралот на релито Дакар. Непобедливиот, најтрофејниот меѓу сите трофејни сега е паднат на колена. 12 победи на релито Дакар, некогаш страв и трепет за конкуренцијата, а денес шестата генерација од моделот „л 200“ нема да користи своја шасија и сè друго, туку туѓо. Во зависност од побарувањата на купувачите и законите во одделни држави, „митсубиши л 200“ ќе се нуди и со бензински и со дизел мотори, а најверојатно ќе има и хибриден погон. Деталите за новата генерација ќе бидат обелоденети на 26 јули за време на светската премиера во Тајланд. •

9 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk НОВОСТИ |
НАСКОРО НОВ „Л
Најпознат
MITSUBISHI
200“

Претставуваме TOYOTA GR SUPRA „GT4 100th Edition Tribute“

ДОБЛИЖУВАЊЕ НА МОТОСПОРТОТ ДО ОБИЧНИОТ ВОЗАЧ

ЛИМИТИРАНА ИЗВЕДБА НА GR SUPRA ОД САМО 100 ПРИМЕРОЦИ Е СОЗДАДЕНА ВО ЧЕСТ НА ТРКАЧОТ ОД СЕРИЈАТА GT4 И ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ДОБЛИЖИ СПОРТСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ И ВОЗНА ДИНАМИКА ДО ОБИЧНИОТ ВОЗАЧ ЗА ВРВНО ДОЖИВУВАЊЕ ЗАД ВОЛАН.

| АВТО-МОТО

Ако можат извиканите производители на суперспортски автомобили да пуштаат лимитирани серии на своите рачно изработени беснотилаци, зошто тоа да не може да го направи Toyota? Без оглед што важи за најголемиот производител на светот со масовна продукција на обични автомобили Toyota има и скриени адути. Модели кои нудат перформанси на ниво на спортисти, но што е уште повеќе интересно нудат врвно возачко доживување кое за волја на вистината и не би требало да се очекува од оваа јапонска марка. Во одбрана на овие позиции доаѓа GR Supra, славно име кое мами одушевување кај октанските зависници, кои кон него се однесуваат со должен респект. За да го задржи интересот за својот славен модел чија нова генерација подеднакво како и претходникот ја збудалува возачки настроената публика, Toyota на пазарот пушта лимитирана серија.

ВО ЧЕСТ НА ТРКАЧОТ GR SUPRA GT4

Колку за потсетување GR Supra е првиот глобален модел на Toyota целосно развиен од новото спортско одделение на марката наречено Toyota Gazoo Racing. Создадена од спортисти, за спортисти, GR Supra доби и своја тркачка изведба која со душа ја очекуваа клиентите од светот на мотоспортот. Без оглед дали станува збор за тимови, или индивидуалци, секој од нив може го добие тркачот GR Supra GT4 развиен популарната класа GT4 која се вози како серија и зема се поголем замав во светот. Откако пред три години тркачот доби хомологација за учество на трки, во седиштето на Gazoo Racing во Келн се изработени точно 100 примероци кои во полн налет возат и победуваат на тркачките патеки низ Европа, Америка и Јапонија, а се натпреварувале и на легендарната трка на издржливост 24 часа Нирбургринг. Досега GR Supra GT4 вкупно учествувала на 317 трки низ цел свет, победила во класа на 79 трки, има 20 целосни победи и 207 подиуми.

Токму во чест на тркачот и неговиот јубилеј Toyota одлучува на пазарот да испрати лимитирана серија од 100 примероци GR Supra кои ќе носат посебен амблем „GT4 100th Edition Tribute“. Секој примерок ќе биде изградeн врз основата на изведбата GR Supra Lightweight која носи рачен шестстепен менувач.

ОТКРИВА ТЕСНА ВРСКА СО МОТОСПОРТОТ За да нема двојби дека станува збор за ексклузивна серија развојното одделение на Gazoo Racing одлучило оваа GR Supra со својот настап неодоливо да потсетува на чистокрвниот тркач. Прво на поглед доаѓа масивното задно крило од карбон-фибер, слично како кај GT4, кое со рачно местење може да го менува аголот и преку него да влијае на возната динамика зависно од патеката, или патот по кој вози. Мускулестиот задник го следи уште поагресивна предница која носи масивен спојлер од карбон-фибер којшто впечатливо стрчи од под предниот браник, додека на капакот од моторот е вметнат дополнителен панел, исто така, од карбон-фибер во кого се поставени отвори за одвод на врелите гасови. Додатоците од карбон-фибер прават одличен контраст со ексклузивната боја наречена Plasma Orange и совршено се совпаѓаат со кованите бандажи од лесен метал лакирани во мат-црна боја и брендираните сопирачки клешти со лого GR Supra, исто така, изведени во црн финиш. Клиентите на кои овие додатоци им делуваат премногу нападно можат да се одлучат и за изведба без нагласени спојлери.

АВТО-МОТО |

ЗА ПОГОЛЕМА ВОЗАЧКА ИНВОЛВИРАНОСТ Како што веќе споменавме лимитираната серија ќе биде поставена врз основата на GR Supra со рачен менувач. Изведбата со автоматски менувач не е во игра. Во Gazoo Racing едноставно веруваат дека автоматикот не може да го подигне возачкото доживување на рамниште кое го нуди рачното менување на степените. Плус оваа изведба со рачен менувач е значително полесна што ветува подобри перформанси и на

пат, и на еднодневните излети на патека за оние возачки кои милуваат

да искусат уште поголемо возачко доживување.

Моќноста на 3.0 литарскиот линиски шест цилиндричен битурбо оста-

нува на 340 КС кои стојат на располагање меѓу 5.000 и 6.500 min-1, во

пар со вртежниот момент од 500 Nm расположливи од ниски 1.600 до

4.500 min-1. Иако ова е далеку од тркачот GT4 за кого моторот е навиен на 430+ КС и 650+ Nm зависно од потребите, сепак заради значително

пониската тежина оваа изведба на GR Supra нуди подобри перформанси отколку изведбата со автоматски менувач.

Заштедата во тежината првично доаѓа од различниот тип на менувач.

Рачниот штеди 38,3 kg. Поставувањето на новите бандажи од лесен

метал од 19 инчи заедно заштедуваат 21,8 kg. Со замена, пак, на аудио системот, исклучување на електричното местење на седиштата со лумбарната поддршка и кожата се заштедени дополнителни 16,5 kg. Кога сè ќе се собере се доаѓа до минус од 76,6 kg што е еднакво на тежината на еден просечен човек. Сето ова значително ја подобрува возната динамика.

Рачниот менувач е посебно проектиран според карактеристиките на моторот. Поставено е полесно куќиште со отстранување на елементите кои не се потребни како на пример звучната изолација, и попатно комплетно се сменети преносните односи на сетот запченици заедно со карданското вратило. За да се избегне задршката при повлекување кога ќе се притисне педалот за гас и да се подобри одзивот поставен е и покус преносен однос во диференцијалот 3,46:1 во однос на 3,15:1 колку што има автоматикот. А за подобро чувство при менување поставена е потешка топка на рачката од менувачот која сама по себе тежи 200 грама.

Комплетно е сменет и сетапот на подвозјето. Поставени се сосема нови амортизери кои ја ограничуваат играта на каросеријата, додека предниот и задниот стабилизатор добиваат поцврсти чаури од вулканизирана гума. Сето ова ветува поголема стабилност и попрецизно водење низ свијоци. Кон последново се надоврзуваат и измените кај управувањето. Поставени се нови механички компоненти на постоечкото електрично серво, а сменети се и параметрите благодарение на кои управувањето е поостро и попрецизно со 2,1 свртување на воланот открај - докрај.

Како шлаг на тортата доаѓа новата функција наречена Hairpin+. Нејзината замисла е да обезбеди забава при возењето во најсложените возачки ситуации. Посебно кога се протнувате низ остри свијоци на нагорнина поголема од 5%. Ова најмногу се однесува на планинските делници кои често се среќаваат насекаде низ Европа, па дури и кај нас ги има во изобилие. При одбирање на Hairpin+ системите за стабилност дозволуваат пролизгување на задните погонски тркала, а со тоа и пролизгување на задникот кој минува во надуправување и дозволува возачот да го лови со контра корекции преку волан.

Нема двојби дека со оваа изведба на GR Supra, јапонскиот производител ги погодил возачките уживатели во срце. Стартот на продажбите на „GT4 100th Edition Tribute“ е закажан некаде наесен заедно со моделската изведба на GR Supra за 2024 година и секако ќе зависи од пазар до пазар. Во колку некој и не успее да ја резервира заради ограничената продукција не треба да очајува. GR Supra Lightweight која секако е во редовна продажба ги нуди истите возни карактеристики и перформанси, иако за волја на вистината без драматичниот настап на „GT4 100th Edition Tribute“. • Љубомир Атанасовски • Љубомир Анастасовски

12 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АВТО-МОТО

BMW X1 xDrive20d

МНОГУ ПОВЕЌЕ

ОД ВЛЕЗНИЦА ВО СУВ СВЕТОТ

НА BMW

ВО BMW СЕ УВЕРЕНИ ДЕКА МОДЕРЕНИОТ ИЗГЛЕД, НАЈНОВАТА ТЕХНОЛОГИЈА, КАКО И ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ПРОСТОР И ШИРОКИОТ СПЕКТАР

НА ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ СЕ КЛУЧНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО ПАКЕТОТ ШТО ЌЕ ГО ЗАДРЖИ МОДЕЛОТ X1 НА ВРВОТ ВО

СВОЈАТА КЛАСА.

Моделот X1 е присутен на пазарот речиси 15 години, како најмал SUV во гамата на BMW ја воодушеви публиката уште од самото претставување во 2009 година и стана инстант хит. Ситуацијата не е сменета до денешен ден, правејќи го овој мал SUV еден од најпопуларните во портфолиото на марката. Ова значи дека во својата најнова иретација од него се очекува да понуди многу повеќе.

„МАЛИОТ“ СО ПРЕМИУМ МАНИРИ Дизајнерите во компанијата повеќе или помалку имаат добиено слобода во процесот на креирање на новиот X1, а прво нешто што ќе забележите на надворешноста е формата на предната бубрежна решетка, која е очигледно помала отколку што во поново време сретнуваме кај модели од гамата. Предните светлосни склопови се со изразен тенок дизајн и навлегуваат во страните на автомобилот. Страничната силуета со својата монолитна појава открива дека X1 многу наликува на смален BMW X5, а ако подобро загледате на задниот дел се забележува длабокиот 3D ,,smoky“ дизајн на задните светла што црпи инспирација од за број поголемиот брат. Велиме поголем, но X1 порасна до вкупна големина како и оригиналниот BMW X3, така што сега е многу попрактичен предлог. Нашиот тест примерок беше облечен во нијанса на сина боја која одлично му прилега, поставен на алуминиумски тркала со интересен дизајн што во комбинација со стилизираните „Aluminium satin“ деталите (дел од ХLine пакетот) на надворешноста содава многу префинета и привлечна целина без тоа да го искажува гласно, во вистински премиум манир.

14 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО

„ХАЈ ТЕК“ КАБИНА Првото нешто што ќе го забележите кога ќе седнете во новиот X1 е дека оваа генерација изгледа и се чувствува повеќе премиум отколку што тоа го правеа претходните верзии. Голема е веројатноста многу потенцијални купувачи да бидат придобиени едноставно со тоа што ќе седнат во него, не само што ќе се воодушеват од употребените материјали и завршната обработка, туку и од просторот и практичноста што се нудат во кабинскиот простор. Удобноста на седиштата напред е одлична, а има и многу место за складирање, особено во широката и длабока остава под „лебдечката“ централна конзола на која, пак, се сместени сите витални прекинувачи потребни за управување со возилото. Тука се копчето за стартување на моторот, електронската рачна сопирачка, физичката контрола на

јачината на звукот и прекинувачот за изборните режими на возење, сè на едно место и веднаш на дофат. Задната клупа е лесно достапна преку големите отвори на вратите, а внатре комоцијата е на завидно ниво, простор за главата има на претек, а и оние со подолги нозе нема да се пожалат дека ги притискаат предните седишта. Во манир на вистински семеен транспортер се претставува и багажниот простор, со стандардни 500 литри и правилен облик лесно ќе ги „вдоми“ сите патни торби на четиричлено семејство, за транспорт на посериозни предмети неговите габарити растат до речиси 1.600 литри кога се соборени задните седишта. На врвот од контролната табла се наоѓа голем заоблен екран кој всушност е составен од два помали екрани, 10,25 инчен дигитален дисплеј што ја игра улогата на инструмент табла и 10,7 инчен екран задолжен за инфозабава. Ваквата комбинација изгледа елегантно а како дополнување функционира многу добро. Распоредот на менито за инфозабава е лесно за користење, но преместувањето на речиси сите функции за контрола на климатизацијата на екранот не е по наш вкус, сепак трендовите го налагаат тоа.

15 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |

ТОКМУ ОНА ШТО СЕ ОЧЕКУВА

Во поглед на моторизацијата кај моделот Х1 компанијата нуди

изразено широка лепеза на двигатели, тука се бензинците кои може да се добијат и во plug-in хибридна верзија, дизелиските агрегати во зависност од изведбата може да бидат опремени со благ 48 волтен хибриден систем и целосно електричната верзија која ја носи ознаката IX1. Во нашиот случај, Х1 е погонуван од 2.0 литарски турбо дизел агрегат што располага со 150 КС кои се добиваат од агрегатот

со внатрешно согорување и дополнителни 19 КС од благиот хибриден

погон за вкупна системска моќ од 163 КС. Комбинираната влечна

сила изнесува 400 Нм, од кои 360 Нм се дело на дизелскиот моторот

и 55 Нм на електричниот систем. Ваквата комбинација овозможува малиот елктро генератор да го стимулира забрзувањето, а воедно

и да го исклучи во целост користењето на моторот со внатрешно

согорување при крстаречки брзини на отворен пат, овие две ставки се особено важни и директно влијаат на ефикасноста и динамиката на возилото. Како награда доаѓа просечната потрошувачка која не ја преминува границата од 7 литри, а од друга страна забрзувањето до 100 км/ч од 8,5 секунди. Силата се пренесува преку 7 степен автоматски менувач со двојна спојка, погонот е изведен по теркот xDrive и е насочен првенствено кон предната осовина, а по потреба ги ангажира и задните тркала. Се разбира, како што е пракса во

ТЕХНИЧКИ

МОТОР: ЧЕТИРЦИЛИНДРИЧЕН

ТУРБО ДИЗЕЛ

ЗАФАТНИНА: 1995 СМ3

МОЌНОСТ НА

АГРЕГАТОТ: 163 КС При 4.000 врт/мин

МЕНУВАЧ: 7 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ

ПОГОН: НА СИТЕ 4 ТРКАЛА

ПОТПИРАЊЕ НА ТРКАЛА:

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTILINK

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ

НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ: НАПРЕД 225/50 R18, ПОЗАДИ 225/50 R18

МАСА НА

ВОЗИЛОТО: 1.765 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4500Х1845Х1642 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч: 8.6 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: 5.4 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА: 210 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ: 62.070 ЕВРА

новото време, сето тоа е проследено со неколку модови на работа кои се секогаш достапен избор на возачот. Во поглед на возните карактеристики Х1 е токму она што се очекува од едно BMW, не велиме дека е на ниво на седаните на компанијата, но за SUV возило е доста спортски настроен, иако не е опремен со М пакет. Управувачот е директен и испраќа доволно повратни информации до возачот. Насмевката на лицето доаѓа со избирање на спортскиот режим на работа, тогаш агрегатот и реакцијата на благиот хибриден систем се спремни во секој момент да испорачаат се што во другите режими на возење чувале во резерва. Потпирањето делува подготвено и рафинирано, реагира правовремено на сите предизвици кои му ги поставивме, а позитивното изненадувањето доаѓа од комодитетот што го испорачува, тука голема заслуга имаат и соодветните димензии на тркалата кои ја имаат задржано големината од 18 инчи. Моделот X1 ги зема сите препознатливи традиционални вредности на BMW и ги пакува во SUV форма со особено привлечна надворешност. Дополнително, во комплетот доаѓаат најсовремена технологија и изобилство на простор. Ако на ова се додадат возните карактеристи и можностите на xDrive погонот се добива производ кој што ја продолжува низата на своите претходници, подигнувајќи ја границата за скалило погоре. • Данчо Здравковски

16 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
КАРАКТЕРИСТИКИ
НА ВОЗИЛОТО

Претставуваме BRABUS 900 ROCKET R ”1 OF 25”

НЕМИЛОСРДНА ПОТРАГА ПО

ОТВОРАЊЕТО НА НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА BRABUS ЗАПОЧНУВА СО БЕСНОТИЛАК НА ОСНОВА НА PORSCHE 911

TURBO S СПОСОБЕН ДА КАТАПУЛТИРА ОД МЕСТО ДО 100 KM/H ЗА 2,5 СЕКУНДИ И ДО 200 KM/H ЗА 7,2 СЕКУНДИ.

Brabus, престижното тјунерско ателје од Ботроп, своето реноме го изгради благодарение на бесните креации поставени врз основата на моделите на Mercedes-Benz изработени до перфекција и набиени со неверојатна моќност. Едно од најпрепознатливите наследства на Brabus е линијата на модели наречена Rocket која обединува суперспортски перформанси завиткани во префинет луксуз. Последниот изданок на оваа тема моделот 900 Rocket „One of Ten“ поставен на основата на Mercedes-Benz CLS GT 63 S беше претставен минатата година во чест на јубилејот 40 години од основањето на Brabus, а за кого веќе стана збор на овие страници. Меѓутоа годинава Brabus одлучи да го шокира светот и ознаката Rocket да ја постави на модел од Porsche. Со овој потег Brabus отвора ново поглавје во својата историја и се свртува кон производителот од Цуфенхаузен. Секако тоа не значи дека ја напушта соработката со својот децениски партнер, туку само ја проширува понудата во својата немилосрдна потрага по перфекција. Најновата креација е поставена на платформата на Porsche 911 Turbo S спремна да понуди ултимативно возачко искуство преку воодушевувачко чувство на сирова моќ завиткана во неповторлив стил на една уметничка креација.

ПЕРФЕКЦИЈА
АВТО-МОТО |

ЗАСТРАШУВАЧКИ НАСТАП

Како и претходната ракета од Ботроп и оваа личи како да беснее со 300 km/h дури и кога стои. Уште при прва средба со новиот Brabus

900 Rocket R ”1 of 25” организмот почнува да лачи адреналин подготвувајќи се за искуството кое го очекува. Застрашувачкиот настап е плод на внимателно дотераниот дизајн и силно нагласена ширина на каросеријата со додатоците на Brabus кои доаѓаат од препознатливата линија Widestar комплетно изработена од карбон-фибер. Приказната почнува од напред со комплетно нов браник во кого е вметнат нагласен спојлер со застрашувачки голем отвор за довод на воздух. Браникот продолжува да се шири кон страниците во кои се вметнати посебно стилизирани жабри за одвод на врелиот воздух од под тркалата генериран од сопирачките.

Одзади приказната се чини дека е уште позастрашувачка. Широките страници дозволиле отворање на уште поголеми доводи за воздух кон моторот и задните сопирачки. Задникот завршува со масивен дифузор

од кого стрчат четири издувни топа, а капакот од моторот завршува со интегриран спојлер внимателно дотеран во воздушниот тунел на Brabus.

БЕСНОТИЛАК ОД БОКСЕР И најмалиот допир на педалот за гас ја буди нескротливата моќ на 3.8 литарскиот шестцилиндричен боксер навиен да ослободува 900 КС, или точно 250 КС повеќе од серискиот 911 Turbo S. Дивата природа на 900 КС е надополнета со камионски вртежен момент од 1.000 Nm кои им се предаваат на сите четири тркала преку осумстепениот менувач со две спојки и при старт буквално ги „гужваат“ гумите на Continental SportContact 7. Стартот е брутален. Катапултира како вистинска ракета. Од место до 100 km/h се потребни само 2,5 секунди, но незапирливиот нагон за забрзување после достигнување на белешката 100 е тоа што одушевува уште повеќе. Оваа ракета на четири тркала продолжува да притиска со неверојатна сила ловејќи 200 km/h во 7,2 секунди и продолжувајќи да максималните 340 km/h. Крајната брзина е електронски ограничена со цел да се заштитат гумите на Continental. Перформансите не се единственото воодушевувачко искуство кое го нуди 3.8 литарецот. Тој подеднакво е способен и да музицира. Маѓепсувачкиот звук што го испушта спортскиот издув изработен од легурата Inconel е посебно дизајниран во звучна лабораторија. Електронски контролираните вентили му нудат на возачот можност да ја регулира издувната нота од кокпитот. Кога вентилите се затворени боксерот работи релативно тивко, погодно за секојдневно возење. Но, кога вентилите ќе се отворат тогаш се случува вистинско крешендо од звуци кои одземаат здив подеднакво како и перформансите.

18 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЗА БРЗО ИСЧЕЗНУВАЊЕ

Беснотилакот што го нуди Brabus 900 Rocket R ”1 of 25” не е наменат само за ловење на брзински рекорди на права линија. Неговата возна динамика ќе го одушеви секој искусен пилот дури на една тркачка патека како што е зелениот пекол на Нирбургринг. Електронски управуваниот погон на четири тркала го испраќа вртежниот момент кон секое тркало одвоено со што обезбедува извонредно тракција и стабилност при секое свртување. Посебно развиеното спортско потпирање кое целосно се прилагодува е уште едно поглавје на кое во Brabus се исклучително горди. Без оглед дали се вози на пат или на патека, 900 Rocket R е подготвен да одговори на секое возачко барање.

Тркалата се уште една ексклузива врзана само за Brabus. Изработени според врвна технологија на ковање и машинска обработка овие моноблок бандажи од лесен метал се дел од серијата Brabus P Platinum

Edition и мерат 21 инч напред и 22 инчи назад. Кон нивниот дизајн со пет краци додадени се типичните аеро дискови на Brabus изработени

од карбон-фибер. Оваа комбинација од метал и карбон не само што нуди впечатлив визуелен ефект, туку има и практична намена да го одвлекува врелиот воздух од сопирачките. Бандажите се обуени во гуми со димензии 255/45 ZR 21 напред и 335/45 ZR22 назад.

РЕМЕК ДЕЛО ОД ЕНТЕРИЕР Наспроти агресивниот настап на надворешниот лик на Brabus 900 Rocket R внатре владее елеганција. Ентериерот е ремек дело на дизајн и врвна изработка која се издига на ниво на филигран. Секој детаљ буквално е создаден да биде контраст на наметливата надворешност. Посебно штавената кожa, неверојатно мека и пријатна на допир е користена за обложување на кабината. Прошиена е со уникатната шестаголна шема која се среќава, на седиштата, но и на страниците од централниот гребен и на подот. Долу, пак, токму пред возачкото седиште е поставен логотип на Brabus потпишан од лицето кое рачно ја изработува внатрешноста. Деталите од лакиран карбон-фибер и анодизиран алуминиум само ја дополнуваат оваа благородничка ексклузива. Соодветно на оваа автомобилска ексклузива е пресметана и цената. За да се стане сопственик на 900 Rocket R ”1 of 25” во Brabus бараат 461.500 евра секако без давачки. Како што навестува името ќе бидат произведени само 25 примероци од овој беснотилак на четири тркала. Списоците во Ботроп се отворени па која милува нека побрза.

• Љубомир Анастасовски

19 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |

Зелен NCAP

ЗЕЛЕНИТЕ ЦЕЛИ

GREEN NCAP ОБЈАВУВА РЕЗУЛТАТИ КОИ ГО ИЛУСТРИРААТ НАПРЕДОКОТ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, КАКО И КОНТРОЛАТА НА ЕМИСИИТЕ НА БЕНЗИНСКИТЕ И ДИЗЕЛ АВТОМОБИЛИТЕ КОИ СÈ УШТЕ ПРЕТСТАВУВААТ ЗНАЧИТЕЛЕН ДЕЛ ОД ДЕНЕШНАТА ФЛОТА. ТЕСТИРАНИ АВТОМОБИЛИ СЕ VOLKSWAGEN ID.5, BMW 2 SERIES COUPÉ, DACIA SANDERO STEPWAY, MERCEDES-BENZ C-CLASS И FORD TOURNEO CONNECT. РЕЗУЛТАТИТЕ ИСПОРАЧАНИ ДЕНЕС СЕ ДВИЖАТ ОД ПЕТ ЅВЕЗДИ ДОДЕЛЕНИ ЗА VOLKSWAGEN ID.5 ДО РЕЗУЛТАТ СО ДВЕ ЅВЕЗДИ ЗА FORD TOURNEO CONNECT.

BMW 220d со дизел погон е спортско купе наменето за ентузијастичкиот возач. И покрај неговиот конвенционален погон, BMW импресионира со своите перформанси во Индексот на чист воздух, особено со неговата високо ефикасна и силна контрола на емисиите на честички. Во попредизвикувачките тестови, емисиите на NOx се малку покачени, но остануваат далеку под праговите на Green NCAP. Возилото одлично го користи својот дизел погон во однос на ефикасноста. Дури и со неговата голема моќност и тежина, на BMW му требаат само околу 5 литри на 100 km во лабораториските тестови за ладна и топла лабораторија, 4,8 l/100 km во стандардниот On-Road Drive и 6,3 l/100 km во тестот на автопат. Со просечен резултат од 55%, BMW 220d Coupé собра 3 зелени ѕвезди. „Достапноста на електрични возила постојано се зголемува, но погонските агрегати со мотори со согорување ќе продолжат да бидат достапни за потрошувачите и на нашите патишта во наредните години. Green NCAP го цени напорот што го прават производителите да обезбедат овие возила да го намалат нивното влијание врз животната средина и да испорачаат помалку штетни емисии“.- изјави д-р Александар Дамјанов, технички менаџер Green NCAP.

Првиот

од автомобилите тестирани во ова издание е Volkswagen ID.5 Pro Performance, кој нуди 150 kW и е опремен со електрична батерија од 77 kWh. И покрај тоа што автомобилот тежи повеќе од 2.100 kg поради оваа огромна батерија, ефикасноста што ја покажува е импресивна. Евидентираните вредности на потрошувачка се меѓу најниските измерени од Green NCAP досега. Големата батерија му овозможува на возилото да вози околу 500 km според официјалните податоци. При полнење со 11 kW, вкупната ефикасност од мрежата до излезната страна на батеријата е импресивни 91,1%. VW ID.5 го открива напредокот постигнат со најновата технологија за електрични возила и лесно достигнува просечен резултат од 96% и 5 зелени ѕвезди.

Хечбекот Dacia Sandero Stepway е насочен кон широка публика со својата SUV-платформа и бензински мотор од 67 kw. Автомобилот доаѓа со најсовремен систем за последователна обработка на издувните гасови и постигнува натпросечни 6,1/10 во Индексот за чист воздух. Потрошувачката на бензин е околу 5,7 l/100 km во стандардниот On-Road Drive и во најлош случај, 7,8 l/100 km при тешкиот тест на автопат, што резултира со Индекс на енергетска ефикасност од 4,8/10. Поради неспектакуларните бројки на потрошувачката и додавањето на емисиите на стакленички гасови за снабдување со гориво, автомобилот добива само 3,3 поени од 10 во Индексот на стакленички гасови. Ги пропушта дополнителните тестови на робусност. Со просечен резултат од 47%, Sandero Stepway заработува 2½ зелени ѕвезди.

20 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА
АВТОМОБИЛИ СЕ ВЖЕШТУВААТ КОН
| АВТО-МОТО

Mercedes-Benz C-Class C180 е благ хибриден салон од висока класа со 1,5-литарски бензински мотор со турбополнач. Сепак, неговиот 48-волтен благ хибриден систем не помага во производството на значително пониски нивоа на потрошувачка или емисии на CO2 и не се квалификува за дополнително тестирање на робусноста. Може да се очекуваат вредности на потрошувачка помеѓу 6 и 8 l/100 km во зависност од ситуацијата на возење. Бројките за потрошувачка се рефлектираат во емисиите на CO2, што ги ограничува неговите резултати во Индексот на стакленички гасови на 3/10. Сепак, емисиите на загадувачи се управуваат робусно и покрај тоа што бараат дополнително подобрување. C180 завршува со просечен резултат од 46% и 2½ зелени ѕвезди.

Ford Tourneo Connect е корисно возило со турбо-полнет 1,5-литарски бензински мотор обезбеден од Volkswagen. Обликот на каросеријата силно влијае на неговата потрошувачка на гориво и на емисиите на CO2 што произлегуваат од тоа, што доведува до ниски резултати во индексите за енергетска ефикасност и стакленички гасови. Резултатот за емисиите на загадувачи е помал од оној на неговиот двојник VW Caddy 1.5 TSI, а резултатите даваат јасен доказ дека ова може да се припише на употребата на автоматски менувач наместо мануелната кутија на Caddy. Позитивната страна е што и двајцата конкуренти постигнуваат подеднакво високи 7,3/10 поени за емисиите на загадувачи во возењето на пат. Севкупно, тестираниот Ford Tourneo Connect 1.5 EcoBoost добива 32% и со тоа 2 зелени ѕвезди. За повеќе информации посетете ја: www.greenncap.com

• Мирко Гигов

21 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС НАЈДОБРА ЦЕНА БЕЗ ДИЛЕМА!
www.avtoskolamobiliti.mk
02/3181-240

СÈ

ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО

БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО

ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM КАРТИЧКА

Ако сте веќе наш Europe Premium член или планирате обнова на вашата Europe Premium членска картичка, тогаш имајте предвид дека со услугите вклучени во членската картичка добивате и бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена кои можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување.

Патничкото осигурување важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ја и Турција, а ви обезбедува здравствена помош и осигурување за случаи кои се настанати во странство и се поврзани со патување во странство.

Отсега, вашата Europe Premium членска картичка може да биде и VISA AMSM кредитна картичка, за што повеќе информации можете да прочитате на стр.60 Повеќе информации на 02/3181-108

СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО – ЕДНА КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ

Семејното членство ви овозможува услугите од својата АМСМ членска картичка, особено оние за помош на пат и шлепување, да ги споделите со членовите на вашето семејство. Користењето на опцијата за семејно членство ви овозможува две основни придобивки:

• Заштедувате. Годишниот надомест за семејно членство е неколкупати помал од цената на АМСМ членската картичка. Наместо повеќе членски картички во едно семејство, сега имате можност за една членска картичка со повеќе корисници.

• Го згрижувате секој член од вашето семејство и му овозможувате безгрижно патување Семејна членска картичка можете да извадите во моментот на зачленување, но и подоцна, во тек на траење на вашата АМСМ членска картичка.

Повеќе информации на 02/3181-108

НАЈДОБРА ЦЕНА БЕЗ ДИЛЕМА

Искористете го ова лето паметно! Изберете обука според вашите потреби, пријавете се веднаш и заштедете:

• За обука за Б категорија - попуст на практична обука во износ од 2.000ден

• За обука за А и А1 категорија - попуст во износ од 1.500ден преку гратис користење на возило за полагање на практичен дел за првпат

• За обука за Ц категорија - гратис лекарско уверение во износ од 1.500ден. Акцијата важи за пријавување до 31.08.2023год, а бројот на кандидатите е ограничен.

Повеќе информации и пријавување: 02/3181-240 и 072 228 195

22 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ
КОРИСНИЦИ

ЛЕТО

ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ

ЗА СИГУРЕН ДОМ

Да бидете безгрижни додека патувате значи да сте сигурни дека вашиот дом е

секогаш безбеден. Изберете домаќинско осигурување и осигурите го вашиот дом од

следните ризици:

- Пожар

- Удар од гром

- Луња и град

- Провална кражба и разбојништво

- Кршење на прозорски стакла итн.

Мобилити Брокер ги штити вашите интереси во осигурувањето и:

- ве советува за избор за најдобра понуда за осигурување согласно вашите барања

и потреби

- ве застапува пред осигурителните компании

- посредува при наплата на отштетни побарувања.

Услугите на Мобилити Брокер се бесплатни. Повеќе информации на 02/3181-108

Зелен картон, меѓународна возачка дозвола, одобрение за управување со туѓо моторно возило или патничко осигурување, можете да извадите во било кое време од денот и неделата, 24/7 во АМСМ Центар-Скопје.

За издавање на Меѓународна возачка дозвола потребни се: - 2 фотографии (45мм x 35 мм), кои можете да ги направите во АМСМ Центар - Лично присуство со документ за идентификација (лична карта или пасош) и национална возачка дозвола, - Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во АМСМ)

Повеќе информации на 02/3181-181

23 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АМСМ | ЗА БЕЗГРИЖНО
МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ 24/7 НА ЕДНО МЕСТО

• Ми треба информација за одобрение

за управување со туѓо моторно возило (полномоштво). Дали може да гласи на

име на совозачот или мора на возачот?

Дали кој било од патниците во автомобилот може да има полномоштво или мора да гласи на возачот?

Ви благодарам однапред, Добринка

АМСМ: Одобрение за управување со туѓо моторно возило надвор од Република Македонија

(ОТВ) се издава на образец утврден од меѓународните организации ФИА и АИТ, а ОТВ служи

како доказ дека возачот може да патува со туѓо

моторно возило надвор од земјава врз основа

на овластувањето што му го дава сопственикот

на возилото.

Одобрението за управување со туѓо моторно

возило надвор од Република Македонија чини

485,00 денари.

Документи што се потребни за издавање ОТВ

а) Важечка лична карта на сопственикот на возилото, може и патна исправа (пасош),

б) Важечка патна исправа (пасош) на корисни-

кот на возилото и возачка дозвола (ние не ја

бараме при издавање, но полицијата ќе ја бара

при контрола)

в) Сообраќајна дозвола за возилото.

При издавање на ОТВ сопственикот на возилото

дава на увид сопствена важечка лична карта, а

корисникот на возилото важечка патна исправа (пасош). Задолжително е лично присуство на

сопственикот на возилото и на корисникот на возилото. Ако сопственик на возилото е правно лице наместо лична карта се приложува оригинален допис (барање - го имаме како образец)

на меморандум, потпишан од овластено лице

и заверено со печат со што се овластува корисникот на возилото да го управува возилото на предметниот сопственик - правно лице надвор од РМ. Во случај сопственик на возилото да е лизинг куќа, а корисник на лизингот физичко лице, корисникот треба да обезбеди овластување од лизинг куќата за да може со предметното возило да управува надвор од границите на РМ. Доколку корисник на лизингот е правно лице, тоа правно лице му дава овластување на крајниот корисник, при што треба да се обезбеди овластување од лизинг куќата за управување на возилото надвор од РМ. Одобрението за управување со туѓо моторно возило надвор од Република Македонија треба да гласи на возачот, односно на оној што управува со туѓото моторно возило.

Доколку имате потреба од дополнителни информации прашањата може да ги пратите на нашата е-адреса contact@amsmstp.mk или да побарате одговор во контакт-центарот на АМСМ на следниов телефон +389(0)2 3 181 181, а исто така може да ја посетите нашата веб-страница www.amsm.mk. •

• Дали при регистрација даваат нови таблички или потоа повторно се менуваат?

Дали вреди налепницата НМК?

АМСМ: Во согласност со Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање од 5.6.2023 „Сл. весник“ бр. 114 , регистарски таблички што ја содржат ознаката со букви „МК“, се става налепница со идентична димензија како вертикално поставената ознака „МК“, на која е испишана националната ознака „НМК“. На сите регистарски таблички што не ја содржат ознаката „МК“, во делот пред регистрационото подрачје се става налепницата на која е испишана националната ознака „НМК“. Регистарските таблички што не ја содржат ознаката „МК“ треба да се заменат со нови регистарски таблици што ја содржат националната ознака „НМК“ или на неа да се стави налепницата најдоцна до 12 февруари 2024 година. •

24 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
| АМСМ
25 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ www.amsm.mk

Безбедност во сообраќајот

КОЛКУ Е ДОБРО, ТОЛКУ Е И ЛОШО. ДОЛГОТО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА СОНЦЕ МОЖЕ МНОГУ НЕГАТИВНО

ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ЧОВЕКОТ.

НАЈЕДНОСТАВНА И НАЈДОБРА ЗАШТИТА Е ДА ГИ ИЗБЕГНЕТЕ ПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ.

АКО ТРЕБА ДА ИЗЛЕГУВАТЕ, ТОГАШ ОБЛЕЧЕТЕ УДОБНА ОБЛЕКА СО СВЕТЛИ БОИ, А ЗА ОТКРИЕНИТЕ ДЕЛОВИ

ОД ТЕЛОТО КОРИСТЕТЕ

СООДВЕТНИ КРЕМОВИ. ТАКА ВЕЛАТ ЛЕКАРИТЕ.

Топлиот

период од годината сите ги радува, сонцето е симбол на убавината, доброто, веселото. Поинакво е расположението кај луѓето кога е сончево отколку кога е облачно. Летото е во тек и многумина сè уште размислуваат каде ќе одат, кога, како ќе го поминат летниот одмор итн. Во севкупната „паника“ сонцето има главна улога. Колку што сонцето носи со себе погодности, толку носи и нешта што не се воопшто убави.

Витаминот Д се создава со помош на сонцето, затоа изложувањето на сонце е неопходно, но тоа мора да биде во кратки временски периоди, не повеќе од 10 минути. Некогаш оваа временска граница беше многу поголема, но денес е поинаку од пред 30, 40 и повеќе години. Велат сонцето не било исто тогаш и сега. А на ова „прашање“ најдобар одговор даваат научниците што се занимаваат со проблематиката за и околу озонската обвивка околу планетава. Таа озонска обвивка го спречува навлегувањето на штетните ултравиолетови зраци од сонцето, а денес тие допираат до површината на планетата. Така е затоа што озонскиот штит попуштил благодарение на загадувањето на атмосферата. Поради

тоа на неколку места се појавиле големи отвори во озонската обвивка наречени озонски дупки. Тоа ултравиолетово зрачење негативно влијае врз непокриените делови од човековото тело, поточно кожата. Токму таа кожа е многу чувствителна на ултравиолетовото зрачење и лекарите советуваат да се заштитиме. Кожата е орган што многу „помни“, ако лошо се однесувате со неа, таа со лошо ќе ви врати, а ако ја негувате, таа ќе возврати со убавина и одложено стареење. Долгите изложувања на сонце ја сушат кожата и тоа предизвикува нејзино побрзо стареење, односно создавање брчки. Луѓето што живеат во предели каде што влажноста на воздухот е постојано зголемена, изгледаат млади и на 50-60-70 години бидејќи стареењето и создавањето брчки е многу забавено. Посебно на Далечниот Исток, тамошните жители изгледаат помлади отколку, на пример, жителите од континентов. Значи, тајната е во хидратацијата на кожата. Помала влажност побрзо стареење, а постојано навлажнување на кожата придонесува за свеж и здрав изглед и нема брчки. Тоа беше за естетскиот дел, но има еден што е премногу опасен по здравјето на човекот. Затоа медицинските лица предупредуваат за штетното влијание на сонцето и постојано ја известуваат јавноста која мора да ги почитува советите за да се заштити. Ако изложувањето на сонце трае премногу долго, особено на пладне, тогаш ултравиолетовото зрачење може да предизвика заболување на кожата, односно канцер. Каква заштита препорачуваат лекарите? Да не се излегува на пладне кога зрачењето е најсилно. Најдобро е сите работи да се завршуваат наутро најдоцна до 10:30 часот, а потоа до 17:30 часот да не се престојува

26 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СОНЦЕТО
И ПАТУВАЊАТА
| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

на сонце. Најдобра заштита се кремовите со фактор 50 и носење удобна облека со светли бои, сламена шапка, капа и очила против сонце. Долгото изложување на сонце и високите температури предизвикуваат топлотен удар кај човекот. Тоа може да ви се случи и доколку патувате кога надвор е најтопло. Не спасуваат ни клима-уредите затоа што таблата е жешка како рингла, исто како и покривот. Избегнете патување во најтоплиот дел од денот. За време на тие пладневни часови одморете некаде под сенка и потоа продолжете со патувањето. Со тоа ќе си направите услуга и себеси, но и на сопатниците. При патување најдобро е да пиете вода со неколку капки лимон, но никако сокови (газирани и негазирани) зашто содржат преголемо количество шеќер и не ја гаснат жедта.

Не брзајте, пладнените часови искористете ги за ручек под некоја сенка.

Пред да возите најважно е да се наспиете, да јадете и дури потоа да седнете зад управувачот. Во спротивно, сè ќе ви пречи, а најмногу топлината што ќе ве тера да задремете. Во таква состојба не ве спасува никакво кафе, цигари или нешто слично, туку само добар сон, а потоа јадење по желба, вода и возете по 17:30 часот. Кога ќе се стемни, одморете некаде во некој мотел, пансион, приватно сместување. Можеби овие совети сте ги слушнале безброј пати, но лекарите ги препорачуваат, а ние само потсетуваме. • Жарко Атанасоски

Модни обувки

КАКО МИНАТИТЕ ЛЕТА СО ДЕЦЕНИИ НАНАЗАД ТАКА И ОВА, ЕСПАДРИЛИТЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ КОГА Е АУТФИТОТ И НА МАЖИТЕ И НА ЖЕНИТЕ ВО ПРАШАЊЕ. А, ИМАЈЌИ ГО ПРЕДВИД ФАКТОТ ДЕКА СЕ ПРИСУТНИ И ВО РЕКЛАМНИТЕ КАМПАЊИ, РЕВИИТЕ НА МОДНИТЕ КРЕАТОРИ ЗА ПРОЛЕТ-ЛЕТО 2024, ВО СИТЕ ВАРИЈАНТИ, ЗА СЕКАКВИ ПРИГОДИ, СТАНУВА ОЧИГЛЕДНО ДЕКА УШТЕ ДОЛГО ЌЕ ГИ НОСИМЕ. СО ЗАДОВОЛСТВО, ПОРАДИ НИВНАТА ЛЕСНИНА, ПРЕД СÈ.

За

овие летни обувки се говори дека првично биле наменети за селаните, особено до 14 век, но подоцна, благодарејќи на нивното стилизирање, посебно во 20 век, ги популаризираа ликовните уметници Пабло Пикасо и Салвадор Дали, во голема мера и претседателот на САД - Џон Кенеди, па „Ив Сен Лоран“... Инспирацијата на модните креатори не е дискутабилно прашање, таа е буквално секаде. Важноста на рекламирањето исто така е особена, како и упорноста за еспадрилите во последните неколку години да станат незаобиколна потреба, дел од гардеробата, целокупната облека на едно лице, било маж, било жена. Денес овие лесни летни обувки, познати по ѓонот од коноп, не се резервирани само за на плажа, за незадолжителните посети на културните, историските знаменитости, на местата близу вашето престојувалиште за време на одморот. Напротив, еспадрилите се алтернатива и за други пригоди, како на пример за матинеа, ноќни забави - комбинирани со многу елегантна облека. Бродарењето се подразбира некако, возењето со глисер, крстарењето со јахта... Предноста е во нивното приспособување. Стилизирањето им го дозволува, овозможува и тоа, секако.

ШПАНИЈА, КОЛЕПКАТА НА ЕСПАДРИЛИТЕ Кога се работи за мажите, бојата, или пак дезенот, апликацијата игра важна улога во изборот неопходен за соодветната комбинација, додека жените имаат две, односно три опции на располагање - рамни, со високи потпетици, вклучително и еспадрилите сандалии. Извесно време се врзуваа исклучиво со сафаријата, стилот врзан со нив, боите (земјените, пред сè)..., а денес ограничувањата се сведени на минимум. Само да не се премине преку границата на вкусот. Нормално, ни децата не се заобиколени. Овие лесни обувки се идеални за во лето и за нив. Есенцијална им е удобноста и покрај тоа што се цврсти, тешко свитливи поради ѓонот од коноп, совршени за детска игра, меѓу другото. За колепка на еспадрилите се смета Шпанија, поточно Каталонија, Баскија и Арагон. Името е варијабилно поради тамошната дијалектна разновидност - „алпагатас“, „еспардењес“ (кат.), „еспартењас“, „еспартинак“ (баск. спартанци), а потекнува од називот на растението еспарто, автохтоната трева која вирее само во јужниот дел на Шпанија и се користи за производство на јажиња, кошни-

28 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ
ЗА ЛЕТОВО, ЕСПАДРИЛИ ВО СЕКОЈА ПРИГОДА

ци, следователно и на коноп за изработка на ѓонови за овие летни обувки. Горе се платнени, од памук. Стилизирањето е дозволиво само на ткаенината, во смисла на шари, украси, бои. Еспадрилите и натаму се произведуваат во Шпанија, но голем дел од производствените компании се наоѓаат и во Бангладеш. Наводно распространувањето на целиот европски континент во смисла на масовна побарувачка, согласно понудата, започнала некаде во почетокот на 1320-тите, кога помамата била толкава што

ги носеле буквално сите, од анонимуси до познати танчарки, како на пример од Валенсија, кои се надалеку прочуени. Наскоро интересот за нив се проширил и во светски рамки, па дури и меѓу андиските планински луѓе. Зборот еспадрила всушност е од француско потекло („еспадриј“), попрецизно од провинцијата Окситанија каде што се и производствените фирми, во значителен број. Сепак, најстарите примероци од овие лесни летни обувки се врзуваат со времето пред 4.000 години. Денес женските еспадрили потсетуваат најмногу на нив, поради лентата од истото платно што се врзува на глуждовите, а и не го покриваат целото стапало. На средината се отворени, некогаш и одзади. Такви биле и машките.

Еспадрилите во форма на клинови ги лансираше модната куќа што го носи името на креаторот Ив Сен Лоран, во рамките на парискиот саем во 1970-та. Заедно со шпанскиот производител „Кастањер“ ја смени перцепцијата за овие лесни летни обувки, претворајќи ги во елегантни, со доза на луксуз. Веднаш станаа голем хит. И ден-денеска инспирираат. Во комбинација на шорц, фустан, долги панталони се идеални, дополнети со шешир, накит...

СО ДОЗА НА ЛУКСУЗ, ЕЛЕГАНТНИ КАКО НА „ИВ СЕН ЛОРАН“ Златната доба на еспадрилите се смета дека била во 40-тите години на минатиот век. Уругвајците и Аргентинците ги носеле масовно, заменувајќи ги традиционалните обувки направени од коњска кожа, на потколеницата. За време на студентските демонстрации, бунтувања против Хуан Перон, учесниците извикувале „Не за диктатурата на еспадрилите“, а приврзаниците на претседателот им контрирале со „Еспадрили, да - книги, не“. Од јужноамериканските држави, нивните жители, овие летни обувки се масовизирале и во САД чие популаризирање се должи на глумицата Лорин Бекол и филмот „Key Largo“, снимен во 1948-ма.

И женската и машката колекција за пролет-лето 2024 на „Ралф Лорен“ е заснована на луксузот, елеганцијата која зрачи од еспадрилите, заедно со целокупната облека што се комбинира со нив. Не се исклучок ниту останатите модни куќи. Така е веќе неколку години, по нивното влегување на голема врата во 1984-та, кога во серијалот „Miami Vice“ ги носеше актерот Дон Џонсон, во улогата на Сони Крокет. Паузите секогаш се добредојдени кога треба одново да се завладее со модната сцена, повремено. Иако начинот на изработувањето е ист, цените се различни - достигнуваат до 500 долари. Најниската е десетина. Производството се состои од машинско плетење на конопот, а најголемиот дел од него е рачно, шиењето и на јажето и на платното со ѓонот. Разноликоста на нивниот надворешен изглед во смисла на боја, дезен, апликација е таа што ги прави не само посебни туку и привлечни, атрактивни на свој, исто така посебен начин. И летово и наредното, сигурно. • Игор Ландсберг

29 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СТИЛ |

Позитано

ДО

СИНОНИМ ЗА ДОЛЧЕ ВИТА

БРЕГОТ НА ТИРЕНСКОТО МОРЕ

КАКО ДЕЛ ОД СРЕДОЗЕМНОТО ИЛИ МЕДИТЕРАНОТ - АМАЛФИ, ШТО

УЖИВА ГОЛЕМИ СИМПАТИИ НЕ

САМО КАЈ ЖИТЕЛИТЕ НА ИТАЛИЈА

ТУКУ И НА СВЕТОТ ГЕНЕРАЛНО, КОИ СЕ ПРИВРЗАНИЦИ НА Т.Н. СЛАДОК

ЖИВОТ (ИТАЛ. ДОЛЧЕ ВИТА), НЕСОМНЕНО ВАЖИ ЗА ЕДНА ОД НАЈБАРАНИТЕ ЛЕТНИ ТУРИСТИЧКИ

ДЕСТИНАЦИИ ЧИИ ГОЛЕМИ, НО И МАЛИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВООДУШЕВУВААТ СО НИВНАТА КОЛОРИТНОСТ, НЕОСКВЕРНЕТОСТ..., ВО ПОЛНА СОГЛАСНОСТ, ХАРМОНИЈА СО ПРИРОДАТА НАОКОЛУ. МЕЃУ НИВ СЕ ВБРОЈУВА И ПОЗИТАНО.

Има една пословица што вели: „Убавината пазар собира...“, чија вистинитост е илјадапати докажана, потврдена. Широките погледи, сеопфатноста која се одликува со богата метафорика, во голема мера и поради повеќезначноста, вклучувајќи ја и нејзината природност, без никакво сквернавење, како да е измислена за брегот на Тиренското Море кое му „припаѓа“ на Средоземното (Медитеранот) - Амалфи, неговите и поголеми, но и помали населени места, кон кои се приопштува и атрактивното Позитано. За привлечноста на селото е пишувано многупати, всушност и патописците се најзаслужни за толку големата популарност кај поширокиот круг луѓе што го преферираат „слаткиот живот“ за кој Италијанците ја имаат најубавата експресија - долче вита. Откако се објавила репортажата на Џон Стајнбек во „Харперс базар“ (1953-та), посетеноста на Позитано нагло пораснала. Оттогаш е прво на листата за препораки кога се работи за летните туристички дестинации во Италија, заедно со истоимената комуна и другите места на брегот, во јужниот дел. Секако, истовремено е инспирација за пишување книги чии дејства, настани се одвиваат токму таму. Дотогаш било сиромашно рибарско село. Неговата историја се менувала низ вековите, имало и подеми и падови.

НЕПРЕСУШЕН ИЗВОР НА ВДАХНОВЕНИЕ СО ДЕЦЕНИИ, ТОЧНО СЕДУМ

Во 19 век населението масовно се иселувало во Америка, поради долговремената криза, финансиска. Претходно било поприлично развиено, посебно во 16 и 17 век со именувањето како главно пристаниште во Амалфи, кој во тоа време бил република. Прогресот започнал во 15 век и покрај тоа што за природните ресур -

30 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| ПАТУВАЊЕ
ОД СИРОМАШНО РИБАРСКО СЕЛО

си, атракциите кои и ден-денес се причина за посета доаѓале и во најраниот период од камената доба, палеолитот. Една од нив е и пештерата „Грото Ла Порта“. Ископувањата за потребите на историската наука, т.е. археологијата и во самото место и во неговата близина, сведочат за постоењето на убави, раскошни куќи уште пред новата ера, кога се верувало дека таму, во морските води живееле сирени. Наводно со своето волшебно пеење ги заведувале поморците. Истражувањата се темелат и на големиот интерес за градбите, нивните локации на стрмнините од кои се воодушевувале многумина, меѓу нив и Карл Јакоб Вебер, познатиот швајцарски архитект, инженер кој во 1758-ма ги надгледувал истовремено и археолошките ископувања во Помпеја и Херкуланум од причина што Римското Царство постојано му го свртувало вниманието. Испитувањата во научни цели се користат и за маркетингот, да се привлечат што повеќе посетители. Целата регија Кампанија во чиј состав е Позитано има природни, духовни богатства во изобилство, секако и културно и фолклорно наследство каде што спаѓа и керамиката. Нејзините шари се присутни наголемо и во колекциите на модните куќи, креатори како Доменико Долче и Стефано Габана.

И неколкуте филмови каде што се прикажува малото населено место во сиот сјај, како на пример „Only You“ (1994-та), „Under the Tuscan Sun“ (2003-та), „Kath & Kimderella“ (2012-та), се сметаат за добри „поткови“ на желбата да се отиде на летен одмор во Позитано, да се почувствува со сите сетила. Опеано во многу песни, меѓу кои и „Cinema Italiano“ во филмот „Nine“ (2009-та), селото плени секако и со начинот, стилот на живеење што го претпочитаат

мештаните, исполнет со задоволство. И амбиентот и атмосферата во Позитано е толку инспиративна што уметниците го посетуваат и во недостиг на творечки полет. Членовите на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер и Кит Ричардс во тамошните локали ја напишале песната „Midnight Rambler“ во исто време кога Шон Филипс, познатиот кантавтор кој ги одбележа 1960-тите и 1970-тите, безмалку три години престојувал таму за да твори, создава. Дури и скицата на измисленото гратче Монџибело во филмот „The Talented Mr. Rimpley“ (1999та) се базирала на неговата и секако, врз истоимената новела на Патриша Хајсмит од 1955-та. Очигледно дека и сонцето и плажите и морето и мирисите и лимончелото..., не само одделно туку и заедно - неодоливо привлекуваат и вдахнуваат, оживувајќи ги сите чувства. Медитеранската клима си го знае своето. Благиот ветер и најголемите жештини ги прави добро подносливи.

ПЛАЖИ ЗА СЕЧИЈ ВКУС, ПА И ЏЕБ Летниот одмор некако сам по себе се поврзува со времето поминато на плажа, во пливање, сончање... Разновидноста на плажите во Позитано ги задоволува буквално сите желби на посетителите, согласно нивните потреби, но и вкусови. Без разлика дали преферирате гужви, мир и тишина во која ќе можете да ги слушате ритмичните звуци на брановите, сигурно ќе ја најдете вистинската, правата за вас, пријателите, роднините..., вашите сопатници. Во популарните се вбројуваат „Форнило бич“, „Спјаџа Гранде“, „Ла Сколјера“ и „Ариенцо Бич Клуб“. Првата е помирна во споредба со втората, скриена - невидлива за случајните минувачи. Располага со два ресторана (еден од нив е „Пупето“ каде што се наплаќа 20 € по лице). До „Марина Гранде“ се стигнува за 10-тина минути, пеш. „Спјаџа Гранде“ всушност е најголемата, поделена на две - бесплатна и клупска, на која се најмат и лежалки за 30 евра. Се наоѓа близу пристаништето за фериботи. Ја има речиси на сите разгледници, снимки направени одозгора. Како што кажува и самото име, третата е карпеста и важи за ВИП. Дневниот престој чини од 100 до 500 €. А четвртата, пак, е именувана по кафе-ресторанот во кој се послужува и морска храна. Цените на изнајмувањето лежалки се движат меѓу 90 и 200 евра. Пијалаците секако дека се вклучени во нив, често и шампањ. Сите поседуваат и тушеви, а имајќи го предвид фактот дека во Позитано се весла многу и кајак, може да се најмат и чамци во неколкуте клубови, па дури и глисери, јахти со сите салтанати.

31 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ПАТУВАЊЕ | „Пуенте Романо“

Малото населено место на надалеку прочуениот брег - Амалфи побудува интерес меѓу другото и со колоритот и со стрмните улички на кои се сместени кафулињата, бутиците во голем број. Самата прошетка по нив ќе ве опушти максимално, широката

глетка на околината што се открива оттаму делува смирувачки.

Но, внимавајте да не ве заслепи сјајот, блесокот на вилите. Сонцето

најверојатно, додека седите на некоја тераса од кафе-рестораните на „Пјаца деи Мулини“, центарот на сите или барем на повеќето случувања во Позитано. Таму се и дуќаните со сандали од кожа, што се изработуваат по нарачка. Месното население ги смета како своевидни сувенири за кои вреди да се почека и неколку дена. Дизајнерската облека, исто така, е дел од понудата. И аксесоарите. Во паузата од шопингот, пешачењето..., можете и да обедувате. Секој мештанин ќе ви препорача или ризото со лимон или ризото со морски плодови, без исклучок на „обичното“, со шафран, путер и пармезан, или шпагети со школки. Десертот им е фаворитски, прелиен со лимонов сируп.

ПАТЕКАТА НА БОГОВИТЕ И НЕЈЗИНАТА УБАВИНА, БОЖЕСТВЕНA Белегот на Позитано несомнено е црквата „Санта Марија Асунта“, во која сигурно ќе влезете неколкупати. Ќе ве воодушеви не само со архитектурата туку и со византиската икона на Мајката Божја, донесена уште во 10 век. Оттогаш се слави - секако, истакнувајќи ја нејзината вредност. Иако бил повеќепати оштетен, посебно во средновековјето, денес христијанскиот храм е завештание од минатото чие богатство е непроценливо - комплетно обновен. Неговата купола е вистинска мајсторија. Има двократно работно време, од 8:00 до 12:00 и од 16:00 до 20:00.

По посетата на црквата, месното население ќе ви препорача да се упатите кон патеката на боговите. Не случајно е наречена така, убавината на панорамата навистина е божествена. Долга е 6,5 километри, полна со угорници, удолници. Минува покрај селата Ночеле, Бомерано. Мирисот на Медитеранот дефинитивно ќе ве опои. Дури и за време на возењето по патот на морското крајбрежје - Амалфи, во насока на истоименото гратче или пак во спротивен правец - накај Соренто. Целата должина изнесува 50-тина километри.

Позитано е меѓу нив, двете. По секоја кривина следува изненадување, и визуелно и звучно, глетката се преплетува со ритмичните звуци на брановите кои наместа удираат по карпите. За комплетен впечаток се препорачува и најмување шофер, за концентрација на вниманието.

Попатно или во некоја друга пригода, зависно од агендата, можете да ја посетите и „Грота дело Смералдо“, пештерата од која зрачи светлина во боја на смарагд, поради мешањето на сончевата и таа од сијалиците. Ремек-дело на природата се и сталактитите. Напати ќе ви го пресечат и патот додека се возите со чамец, 20-тина минути. Водата инаку е азурна.

За да добиете комплетен впечатокот, препуштете им се на возбудливите доживувања, не само во Позитано туку и во неговата близина. Качете се на Монте Фаито, планината која се издига над градот Неапол, и тоа со жичница до врвот. Погледот на Капри, Везув и заливот е восхитувачки. Дотаму се стигнува со железница за еден и пол час, евентуално два. И секако, не пропуштајте да ја посетите кантината „Мариза Куомо“. Се работи за винарница каде што се врши и дегустација, а можете да научите и нешто повеќе за производството, чувањето на виното. Оддалечена е околу 25 км. Работи само во делници, од 9:00 до 13:00 и од 15:00 до 18:00. Саботите и неделите се резервирани за друго, заокружувајќи ја приказната за „слаткиот живот“. Најпосле, сите тајни не се откриени. Жителите на Позитано чуваат нешто и само за себе.

32 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk |
ПАТУВАЊЕ
• Игор Ландсберг „Ариенцо Бич Клуб“ „Санта Марија Асунта“ „Мариза Куомо“ 2 „Грота дело Смералдо“
33 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

ПИЦА

Подготовка:

Во Италија велат дека пицата е храна за сиромашните. Веројатно така било во минатото затоа што има само неколку состојки и тесто за да се направи вкусен оброк. Меѓутоа, низ годините Италијанците ја довеле пицата до степен на перфекција и како таква ја рашириле по целиот свет и денес ова јадење е најконсумиран продукт на сите времиња.

Во принцип рецептот е едноставен. Најбитна е ферментацијата на тестото и температурата на печење. За тестото ќе ви биде потребно:

•1 кг брашно

•600 мл ладна вода (може и со мраз)

•3 г сув квасец

•10 г сол

•15 мл маслиново масло (се додава на крајот, т.е. во последното замесување).

Замесете тесто, оставете го да ферментира околу 12 часа на собна температура (да не е претопло).

Потоа направете топки во посакуваната тежина и оставете го во набрашнет плех да стасува во фрижидер уште 12 часа.

Потоа секоја пица што ќе ја направите печете ја на висока температура (највисока што можете да постигнете во домашни услови и без вентилатор) На пример, во рестораните се пече на 500 С.

34 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ГАСТРОНОМИЈА

„ЕДНО ЛЕТО ВО ИТАЛИЈА“

РЕБЕКА СЕРЛ

својата препознатлива срцепарателна, исклучителна и автентична проза, авторката Ребека Серл создала трансцендентен

роман за тоа како по загубата продолжуваме понатаму и како луѓето кои ги сакаме никогаш вистински не нè напуштаат.

Ова е топла, емотивна приказна за љубовта на ќерката кон својата мајка. Главниот лик Кети се чувствува изгубено по смртта на мајка си, која й била како најдобра пријателка. Таа ги имала сите одговори и сега, кога й е најпотребна на Кети, неа ја нема. Да бидат работите уште полоши, тие го планирале нивното животно патување мајка-ќерка: две недели во Позитано, магичниот град во кој Керол го поминала летото пред да го запознае татко й на Кети. Таа со години го чекала ова патување со мајка й, па сега е соочена со можноста да се впушти во авантурата сама.

Само што ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка. Маѓепсана од прекрасните води, преубавите карпи, љубезните домаќини, вкусната храна..., Кети како да се враќа во живот. И тогаш се појавува Керолжива, здрава, исончана и триесетгодишна. Кети не разбира што и како се случува - сè на што може да се сосредоточи е дека некако, невозможно, ја има мајка си назад. •

„KILLERS OF THE FLOWER MOON“ (УБИЈЦИ НА ЦВЕТНАТА МЕСЕЧИНА)

Деветминутните

факт е дека надалеку прочуените канцони се поврзуваат со т.н. сладок живот (итал. долче вита) и секако, забавата која со себе ја носи летото поминато во Позитано, на пример. Неговата и убавината на овие песни, вокални композиции со лирска, чувствена, емоционална содржина се чини како да се во хармонија, меѓу другото и мелодиска бидејќи туристичките дестинации во Италија, летните пред сè, во голема мера се врзуваат и со неа - емотивната чувствителност. Начинот, стилот на живеење што го „водат“ мештаните, жителите на морското крајбрежје Амалфи е токму таков - чувствен, како што го опишуваат самите. Иако албумот „La Più Belle Canzoni Italiane Di Sempre“ е постар, неговата актуелност не бледнее, поради безвременоста на „Arrivederci Roma“ на Renato Rascel, „Granada“ на Claudio Villa, „Non Ho L’Età“ на Gigliola Cinquetti, „Nel Sole“ на Al Bano, „Una Lacrima Sul Viso“ на Bobby Solo, „L’immensità“ на Johnny Dorelli, „Una Chitarra, Cento Illusioni“ на Mino Reitano, „A Chi (Hurt)“ на Fausto Leali, „Amore Caro, Amore Bello“ на Bruno Lauzi, „Pensiero D’Amore“ на Mal, „La Spada Nel Cuore“ на Little Tony..., „Quanto E’ Bella Lei“ на Gianni Nazzaro, „Storie Di Tutti I Giorni“ на Riccardo Fogli, „Luna“ на Gianni Togni, „L’Italiano“ на Toto Cutugno. Вкупно се 100 песни, на 7 цедеа. Може да се нарача и онлајн. •

Неоспорен

овации што ги предизвика филмот на неговата премиера која се одржа на 20 мај, во рамките на 76. Кански филмски фестивал, е само потврда за високиот квалитет на „Killers of the Flower Moon“ во режија на Мартин Скорсезе, базиран на истоимената книга на Дејвид Гран од 2017-та. Премиерата во САД е закажана за октомври, без оглед на тоа што е достапен и онлајн. Се работи за епска форма на вестерн, криминалистичка драма со времетраење од 206 минути, каде што глумечката вештина на Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро и другите актери е во сиот сјај. Буџетот за неговото снимање изнесуваше 200 милиони долари.

Дејството на филмот е сосредоточено на низата убиства на територијата на Оклахома во 1920-тите, кога на просторот на кој се наоѓало и живеалиштето на племето со име Осејџ била пронајдена нафта. Во него се раскажува приказната за една фамилија од тамошните староседелци, т.е. домородци. • Жанр: вестерн, криминалистичка драма Актери: Leonardo DiCaprio, Robert De Niro, Lily Gladstone, Jesse Plemons, Brendan Fraser, John Lithgow

Режија: Martin Scorsese

35 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
„LA PIÙ BELLE CANZONI ITALIANE DI SEMPRE“
Со
читаj, гледаj, слушаj...

Тротинети

ДВЕ ТРКАЛА И СОНЧЕВА СВЕТЛИНА

НАПЛИВ ОД ТРОТИНЕТИ И ТОА ЕЛЕКТРИЧНИ, ТИЕ ШТО БЕА СО ПОГОН НА ЧОВЕЧКА СИЛА СЕ ЗАБОРАВЕНИ И НИКОЈ НЕ ГИ КУПУВА. ВО ОВАА ТРОТИНЕТСКА ГУЖВА СЕ ПОЈАВИ КИНЕСКАТА КОМПАНИЈА ЏИАН ГСУ СНЕИЛ ЖИКСИНГ ТЕХНОЛОЏИ КОЈА НА ИЗЛОЖБАТА ЕУРОБАЈК 2023 ПРЕТСТАВИ ПОИНАКВО ЧУДО НА ДВЕ ТРКАЛА.

36 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| HI TECH

Тротинети,

тие сега се во мода. Мода и потреба во едно, но со нив нема губење калории како што тоа умешно го прави велосипедот. И што правиме сега? Важно таму каде одиме ќе стасаме неизгужвани, неиспотени, како да сме се симнале со хеликоптер или падобранец.

„С 80 солар скутер“ е името на најновиот тротинет кој речиси е ист со останатите, но со две мали разлики. Првата се плочите со фотоволтаичните ќелии сместени, едната вертикално на управувачот, а другата на нагазниот дел, додека втората разлика е тоа што овој тротинет е независен од полнење преку кабел или било каков друг приклучок, домашен или јавен. Со помош на фотоволтаиците, од сончевата светлина си создава електрична енергија и ја користи за возење. Полнењето трае најмалку седум до најмногу 14 часа, а зависи од тоа колку тротинетот е изложен на сонце. Со едно полнење на 468 Wh батерија, тротинетот изминува 35 км, додека максималната брзина според производителот, изнесува 25 км/ч. И да не испуштиме, батеријата е една од најквалитетните во светот, двојно поиздржлива од стандардните кои денес се користат во возилата.

Кога тротинетот е изложен на сонце, батеријата најчесто се полни од 50% до 100%, доволно за еднодневна употреба или доволно за изминување околу 17 км. Електромоторот е поставен на задното тркало и

располага со силина од 350 вати.

Тротинетот на сончева светлина е правен од квалитетни материјали со цел да трае многу години. Според производителот направата е целосно отпорна на влага и вода, така што дождот и вировите не претставуваат никаков проблем. Не се само материјалите, туку и вградената електроника, како на пример уредот „гпс“ преку кој може да се надгледува тротинетот во секој момент и служи за заштита од крадење. Малиот екран сместен во управувачот е отпорен на удари, покажува низа од потребни податоци за возачот, уште колку километри може да измине, потоа колку километри ќе измине возачот, на пример, ако се движи со брзина од 10 км/ч, а колку ако се движи со 20 км/ч. И тоа не е сè, тротинетот има и темпомат. Целосно еколошкиот „с 80 солар скутер“ може да се нарача со класично седло и по потреба или желба да го монтирате. Тротинетот за прв пат беше претставен на манифестацијата Еуробајк 2023. Се произведува во Кина, а е во сопственост на компанијата Џиангсу Снеил Жиксинг Технолоџи. При создавањето конструкторите воделе сметка еден ист модел да ги задоволи законските процедури за увоз како на американскиот така и на европскиот пазар. Тоа значи дека производителот настојува „с 80 солар скутер“ да го продава низ целиот свет. Идејата на одделот за продажба е добра, а скутерот уште подобар поради неговите особини, но прашање е колку купувачите ќе бидат заинтересирани, ако цената на скутерот е 1.400 долари. Ќе биде занимливо да се следи продажбата, со оглед на толку висока цена. На пример, продажбата започна во Чешка по цена од 35.499 чешки круни, односно 1.500 евра.

• Жарко Атанасоски

37 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
HI TECH |

135 години Хонда

ОВАА МАРКА МУДРО ЈА СЛЕДИ И НЕГУВА ДОЛГОВЕКОВНАТА ЈАПОНСКА ТРАДИЦИЈА И НАЧИН НА ЖИВОТ. ЗАТОА АВТОМОБИЛИТЕ ХОНДА СТАСАЛЕ ТОЛКУ МНОГУ ДАЛЕКУ И ДЕНЕС СЕ ЕДНИ ОД НАЈПОЧИТУВАНИТЕ ВО СВЕТОТ.

Хонда е една од најпосебните марки во автомобилската индустрија и пошироко, да напoмниме, во светот на градинарските машини, во светот на наутиката, во одделот на две тркала и во поново време во аеронаутиката, дури и во таа што оди надвор од атмосферата на планетава. Влегува во и излегува од Формула 1 кога сака и скоро секогаш со титула. Во 2021 год. Јост Верстапен со болидот од тимот на Ред Бул стигна до шампионската титула, а тој болид имаше мотор од Хонда. Најново од Хонда е следново, официјално се враќа во Формула 1 во 2026 година и повторно со погонска единица која ќе биде вградена во болидот на Астон Мартин. Кога веќе ја спомнуваме Формула 1 и учествата на Хонда, да го спомнеме следниов рекорд, во 1988 год. од 16 трки, болидите со моторите од Хонда победија на 15. Тогаш Хонда ја освои титулата за конструктори, а Аиртон

Сена во класата на возачи.

Се прашувате зошто сега пишуваме за Хонда? Годинава овој производител слави два јубилеја, 75 години од основањето на Хонда Мотор Компани и 60 години од претставување на првиот автомобил.

Почетоците на овој производител датираат и пред создавањето на компанијата Хонда Мотор. Во 1946 год. Соикиро Хонда основал институт за технички развој на мали мотори со внатрешно согорување. Во повоениот период велосипедите биле најбараното и најпосакуваното превозно средство, а С. Хонда размислувал како тие мали погонски агрегати да ги „спои“ со велосипедите. Старите армиски агрегати кои служеле за создавање електрична енергија за радиостаниците, ги доработил, а потоа истите ги вградувал во велосипеди. Тој спој предизвикал изненадувачки голем интерес. С. Хонда доработил околу 500 мали погонски мотори со внатрешно согорување и со тоа тркалото почнало да се врти. Тој успех го натерало Соикиро Хонда заедно со Такео Фуџисава да ја основаат компанија Хонда Мотор во малото место Хамаматсу. Малиот мотор вградуван во велосипедите имал зафатнина од 50 ссм и силина од 0,5 КС. Така Хонда го има направено своето прво моторно возило „а - тип“.

Соикиро Хонда и Такео Фуџисава основачитe на компанијата Хонда Мотор

38 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
СВОЕГЛАВА, ОДВАЖНА И УМЕРЕНА
Првиот кабриолет „хонда с 800“

ист мотор развиен со сопствени сили почнал да го вградува и во направи за одржување градинарски култури. Соикиро Хонда го проширувал своето знаење и на други полиња каде како основа можел да биде употребен неговиот производ, малиот ото мотор. Добрите продажни резултати го поттикнале С. Хонда да размислува за учество на трки, а изненадувањето било уште поголемо кога Хонда влегува во трките од класата „ТТ“. Тоа се случило во 1954 година. Вториот најголем чекор е создавањето на неуништливиот „хонда супер куб“, мопед со мал мотор, 50 ссм. со едно седиште и мал багажник одзади. Ова мало моторно возило на две тркала постигнало толку голем успех, што производителот не можел да ја наваса побарувачката. Хонда и тогаш била, но и денес е најголем светски производител на мотоцикли. Моделот „супер куб 50 ссм“ постигнал преголеми продажни успеси, а интересот за овој мопед сè уште е голем насекаде во светот. Првиот посериозен мотоцикл е претставен во 1949 година, „хонда д тип“, попознат под прекарот „хонда дрим“.

Истата година, 1964, Хонда учествува во најбрзиот циркус формула 1 со своја погонска единица и свој болид „ра 271“, а првата победа ја постигнува наредната година на ГП во Мексико. Дали приметувате колку Хонда била зафатена со работа во 1964 год. Во 1963 година го претставува првиот автомобил, а една година подоцна влегува во Формула 1 со свој мотор и болид. Паралелно претставува вонбродски мотор и сее страв и трепет во светот со своите мотоцикли. Вакво нешто се нема случено во ниту една друга компанија.

ПОХОД ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА Хонда го започнува походот во автомобилската индустрија во 1963 год. кога го претставила малото доставно возило, камиончето „т 360“. И ова возило постигнало солиден продажен успех, дури 108.000 примероци биле доставени на купувачите. По само четири месеци од претставувањето на малото доставно возило, Хонда го лансира купе кабриолетот „с 500“. Развојот и продажбата на автомобилите одел како што треба, но не со таква бура како што предизвикале мотоциклите. Сепак успесите на Хонда оделе по нагорна линија. За поцелосно искористување на агрегатите од мотоциклите, Соикиро Хонда почнал да развива погонски агрегати за пловила, најнапред вонбродски, а потоа и бродски. Првиот вонбродски мотор е лансиран 1964 год. и оттогаш полека но сигурно го зема светскиот примат во свои раце. Денес Хонда е најголем светски производител на вонбродски, но и на бродски мотори.

Следниот „поздрав“ за светот од Хонда се случи во 1972 год. кога производителот ја претстави комбилимузината именувана како „сивик“. До денешен ден Хонда на светот му понуди 11 генерации продадени во повеќе од 25 милиони примероци. Моделот „сивик“ претставува синоним за компактен семеен автомобил и сè уште е еден од најпосакуваните меѓу купувачите.

Годината 1973 год. ќе биде запаметена по тоа што основачите Соикиро Хонда и Такео Фуџисава се повлекуваат од водење на компанијата. С. Хонда беше главен за развојот на машинскиот дел, а Т. Фуџисава ги водеше финансиите. Три години подоцна е лансиран моделот „акорд“. Првата комбилимузина практично е „акордот“, а помалиот „сивик“ според својот облик всушност е лимузина. Како што одел нивниот развој, „сивикот“ минува во класика од комбилимузина, а „акордот“ во класична лимузина. Сепак тоа не значи дека не биле произведувани лимузини со името „сивик“. Северноамериканскиот пазар, на пример, посебно обожува лимузина, но и кинескиот, затоа Хонда го произведува моделот „cивик“ во речиси сите изведби. „Хонда акорд“ е лимузина со средни димензии за која светот вели дека е меѓу најдобрите, најпосакуваните и најпродаваните во светот. Според светската статистика „хонда акорд“ е секогаш во врвот, меѓу првите три најпродавани лимузини со средна големина.

39 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ИСТОРИЈА | „Т 360“, првото моторно возило на четири тркала, 1963 год. За првпат во Формула 1- 1964 год Првото моторно возило на Соикиро Хонда, велосипед со мал ото мотор наречен „а тип“ Прв сериозен мотоцикл „тип - д“ наречен „хонда дрим“, 1949 год. Тој

Најверојатно не сте знаеле дека Хонда е изумител на системот за навигација и истиот го претставува во 1981 год. Според нејзината филозофија на создавање автомобили и јапонската традиција, секогаш човекот е на прво место, а дури потоа автомобилот, односно машината, како што велат во Хонда.

За американскиот пазар, најголемиот, каде се продаваат најмногу автомобили, Хонда подготвува лимузина уште поголема од „акордот“

и ја нарекува „леџенд“, а за првпат ја претставува во октомври 1985

год. Всушност, Хонда сака да има своја лимузина која ќе може да се спореди со останатите од класата. И сега тука имаме еден невообичаен потег на Хонда. Своите финансиски успеси ги крунисува со создавање своја луксузна марка која сака да биде директен конкурент на европските автомобили од премиум класата. Годината 1986 за Хонда значи создавање на марката Акура, а првиот автомобил со ова име е доработената „хонда леџенд“ - други материјали, друга филозофија на производство и сето тоа зачинето со луксуз. Воедно Хонда е првата јапонска автомобилска компанија која создала своја луксузна марка. Подоцна овој пример ќе го следат и другите производители од Земјата на изгрејсонцето, но и некои други производители од целиот свет. И додека светот го следеше претставувањето на марката Акура, некаде на другата страна од „брзите четири тркала“, Хонда започна да царува во Формула 1. Истата година кога е лансирана марката Акура, Хонда ја освојува првата титула во Формула 1 и така шест години по ред, од 1986 до заклучно со 1991 год. И во класата на возачи Хонда успева да се закити со исто толку титули (1987, 1988, 1989, 1990, 1991 и 2021). И сега да дадеме едно појаснување, Хонда во тие 12 титули учествува со погонска единица. Хондината доминација сите ја почувствуваа, на секоја трка болидите постојано ги освојуваа подиумите, затоа со право зборуваа дека првенствата во Формула 1 стануваат досадни. Последново појаснување доволно говори за тоа колкава беше доминацијата на хондините мотори во најбрзиот циркус. Аиртон Сена, Герхард Бергер, Најџел Мансел, Алан Прост, Џенсон Батон, Макс Верстапен и многу други, сите тие возеле болиди со вградени мотори од Хонда. Кон крајот од минатиот век, за Хонда е врзана една случка со Дајмлер, односно Мерцедес - Бенц. Во тоа време европската компанија барала да купи производител на автомобили и во него да има партнер како во поддршка при продажбата, така и во сервисирањето и снабдувањето со резервни делови. За овој план најпогодни биле производителите од Средниот и Далечниот Исток. Откако одговорните од Дајмлер разговарале со неколку компании, тропнале и на вратата од Хонда. Во тоа време главен во Хонда бил Набухико Кавамото и на понудата од Дајмлер одговорил: „Вие дојдовте да ја купите Хонда.

Не е за продавање, можеби Хонда е мал по обем производител на автомобили, но затоа е производител број 1 во светот по производство на мотоцикли, бродски и вонбродски мотори и градинарски машини. Одете купете си некој локален производител, а такви имате неколку на континентот од каде доаѓате“. Хонда и денес е независна и многу успешно опстанува во време на некаква си глобализација, не е во никакви алијанси и друштва и не припаѓа никому, но соработува со неколку компании, на пример во најново време со Сони. Тие имаат заедничка компанија Сони Хонда Мобилити која ја создаде марката Афила и неодамна го претстави својот прв автомобил наречен „афела ев“. Мора да го спомнеме и следново. Хонда е еден од ретките производители на автомобили кои во својата гама немал постојано припадник од ниската класа. Такво нешто е непознато за останатите производители. Малку е чудно, но сè уште тоа й успева на Хонда, да биде без типичен претставник од ниската класа. Некогаш беше „сити“, некогаш „лого“ и толку. На американскиот пазар никогаш не е потребен автомобил од таа класа бидејќи таму важи правилото лимузина, три метри пред и три одзади. На почетокот од новиот милениум Хонда го лансира еднопросторното возило „џез“ (некаде „фит“) со две должини, за цел свет должината е 3,82 м, а за северноамериканскиот пазар 4,0 м. Возилото е крајно употребливо и практично, но продажбата е далеку од многу добра и одлична, иако жителите од континентов до неодамна беа заинтересирани за еднопросторни возила. Денес таквите возила не се во мода, затоа што „сув“ возилата го преземаат приматот. Најверојатно затоа Хонда го повлекува „џезот“ од Индија. Оваа вест беше обелоденета некаде во април.

Како што одминува времето, така светот се врти кон најсовремените средства за превоз, како на пример леталата. Хонда во 2003 год, го имаше првиот експериментален лет со малиот авион на млазен погон наречен „хондаџет“. Првиот лет како сериски авион беше извршен во 2015 и оттогаш до крајот на 2022 продадени се 217 примероци од леталото „хонда џет“. Сега се чека лансирање на поголемо летало кое е уште во концепт фаза. Моделот „џет 2600 концепт“ е наменет за превоз до најмногу 11 патници. Сето тоа зависи од конфигурацијата на нарачателот, дали сака туристичка или луксузна изведба.

Не само летала за во земјината атмосфера, туку и летала за надвор од тој дел, односно вселенски, но и роботи како на пример добро познатиот Асимо. Сега Хонда се занимава со освојување на месечината и вселената, а за тоа веќе пишувавме минатата година во рубриката наменета за високата технологија.

И за крај уште едно потсетување, Хонда уште во 1970 година создаде оддел преку кој го поттикнува безбедното возење со мотоцикли и автомобили. • Жарко Атанасоски

40 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
Рекорд во Формула 1. Од 16 трки 15 победи, 1988 год. „Мекларен хонда“ Мал млазен авион, шестосед, „хонда џет“

ВЕЛО ЧЛЕНСКАТА КАРТИЧКА ВКЛУЧУВА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ПРЕНОС НА ВЕЛОСИПЕД, КАКО И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ И ПОПУСТИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ.

02/3181-108 www.amsm.mk

41 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ
ЗА ГРАДСКИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ

Светско првенство во Формула 1

ВЕЛИКАНИТЕ НА Ф1

ОСТВАРУВАЈЌИ ЈА

ПОБЕДАТА НА ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА КАНАДА, МАКС ФЕРСТАПЕН

УСПЕА ДА СТИГНЕ ДО 41 ГРАН ПРИ ТРИУМФ, ШТО СЕ

ЗЕМА КАКО РЕФЕРЕНТНА ТОЧКА ЗА СПОРЕДУВАЊЕ СО ТРИКРАТНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН, ЛЕГЕНДАРНИОТ АИРТОН СЕНА.

Иако

во денешно време се организираат и до 50% повеќе трки во една сезона (меѓу 21 и 23, наспроти 14 до 16 кон крајот на осумдесеттите), на актуелниот светски првак Макс Ферстапен му требаа 171 старт за да стигне до својата 41 победа, за разлика од остварувањето на Бразилецот кој трагично загина во 1994 година.

Победата во Канада воедно беше јубилејна за тимот Ред Бул, кој се натпреварува од 2005 година и во својата 19 сезона ја прославува победата со реден број 100.

- Јас сум победил на 41-на од тие 100 трки, па можеби е време за нов договор со тимот. Ова е одлично постигнување, знаевме дека тука ја имаме првата можност, и среќен сум што ја реализиравме. Се надевам дека ќе освоиме уште повеќе, па новата цел е 200 победи за тимот. Мразам кога треба да се споредуваат различни генерации, но од моја страна можам да кажам дека кога бев малечок и возев картинг, сонував да бидам возач во Формула 1, но никогаш немав претстава дека ќе освојам 41-на победа. Да се изедначиш со Аиртон е неверојатно и се разбира дека сум горд. Се надевам дека нема да запрам тука и дека ќе освоиме уште многу победи, - изјави Ферстапен Иако има само две титули, тој веќе е на пат кон третата, бидејќи по онаа победа во Канада, уследија уште две – во Австрија и Британија. За раз-

42 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ФЕРСТЕПЕН СЕ ВГНЕЗДИ МЕЃУ
| СПОРТ

лика од почетокот на сезоната, во средишницата сме сведоци дека на секоја трка има различни екипи кои се квалификуваат зад него и на тој начин се етаблираат како негови ривали за победата. Ако во Канада Ферстапен стартуваше пред Алонсо и Хамилтон, во Австрија тоа беа Леклер и Саинц, а на Силверстоун до второто и третото место на стартот дојдоа Норис и Пјастри.

- За мене е збунувачки тоа што секој викенд имаме различен противник. Мислам дека тимовите зад нас се мошне изедначени, па ако некој успее да најде подобар работен режим, тоа може да донесе резултат на некоја конкретна патека. Не знам што ќе се случи на следната трка во Унгарија и кој ќе биде најбрз или втор, единствено стабилно е што ние сме на врвот секој викенд и за нас тоа е најважно. Сепак, Хунгароринг е сосема поинаква патека и ќе имаме надградби на болидот таму за кои се надеваме дека добро ќе работат, - рече Холанѓанецот по триумфот во Британија.

На фактот дека оваа година освен Ред Бул ниедна друга екипа нема победа, се осврна и нивниот тимски шеф, Кристијан Хорнер.

- Нас ни е полесно во повеќе аспекти. Тоа значи дека можеме да се фокусираме на самите себе, бидејќи секогаш е некој друг следниот викенд. Интересно е да се следи како останатите ја пронаоѓаат својата форма, а

воедно и колку се сензитивни пневматиците. На овој викенд имавме гуми со поинаква конструкција и веројатно тоа беше дел од играта,рече првиот човек на шампионскиот тим.

Во поглед на променливоста на резултатите коментираа и ривалите, па Ландо Норис побрза да ги разочара своите навивачи дека пласманот на второто место на домашната трка не може да биде сфатен поинаку освен дека нивниот болид имал подобри својства на оваа патека во поглед на зачувување на пневматиците. - Дефинитивно ова го немавме во текот на годината и на стартот во Бахреин беше сосема поинаку. Овие патеки ни дозволуваат да се погрижиме за пневматиците. Овој викенд ние бевме мошне конкурентни во брзите свиоци, односно бевме на исто рамниште со она што го имаше Ред Бул. Во средно брзите свиоци бевме исти, а во супер брзите можеби не бевме исти во квалификациите, но во трка останавме добри, додека другите опаднаа. Ние имаме слаб болид, и кога велам слаб мислам на особено лош во бавните свиоци. Екстремно е тежок за возење. Гледам дека луѓето околу се возбудуваат и го прифаќам тоа, но одиме на некои други патеки и сигурен сум дека ќе се соочиме со коментари од типот „Па, добро, што направивте сега, како одеднаш стана толку лош?“+ Значи, ние подобривме некои работи, како што е деградацијата на гумите, како и некои други ситни работи кои не можат да донесат голем исчекор. Едноставно, оваа патека ни дозволи да ги одржиме гумите во добра состојба, и тоа е тоа. Не сакам да се возбудувам премногу, има добри нешта околу надградбите, но во суштина има уште многу нешта да се подобрат за да можеме да го стигнеме Мерцедес, додека има уште повеќе нешта во целиот пакет кои што ни се потребни за да бидеме конкурентни против Ред Бул. Значи, имаме уште многу работа пред нас во тие сегменти,- елаборираше возачот на Мекларен. Интересно е што ваквите коментари беа потврдени и од ривалите, кои признаа дека не успеале да извадат максимум од дадената ситуација стравувајќи дека ќе им се повторат проблемите. Така, тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васер, во својата изјава упати дека биле „премногу конзервативни“ во својата стратегија, иако во пракса не почувствувале дека гумите им се трошат. - Стартувајќи од четврто и од петто место имавме чувство по квалификациите дека можевме подобра работа од тоа. Не можеме да бидеме

43 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

среќни кога ќе финишираме на деветто или десетто место. Сега е време да го анализираме целиот викенд, а не само трката. Мислам дека во петокот на тренинзите не возевме долги делници. Можеби само со

меките гуми, бидејќи Шарл беше „заглавен“ во гаражата. Бевме малку

исплашени од деградацијата на гумите и веројатно тоа нè потсетуваше на некои од првите трки од оваа сезона, па бевме мошне конзервативни околу справувањето со тоа и не притискавме доволно. Потоа немавме

среќа при аплицирањето на возилото за безбедност. Тоа не е нешто што

е во наши раце и не треба да размислуваме за тоа, туку само за нештата

на кои што можеме да влијаеме. Искрено кажано, мислам дека требаше

да бидеме поагресивни. Сега е лесно да се каже тоа, но мислам дека ние

не загубивме најмногу во трката туку пред излегувањето на возилото

за безбедност, кога Шарл доби тврди гуми и можеше да притиска по-

веќе. Сето тоа се должи на недоразбирањето околу деградацијата која се случи во петочните тренинзи. Генерално, деградацијата беше наш главен проблем од почетокот на сезоната, но не и денес. Можеби ни фалеше брзина во однос на Мерцедес, забележавме нестабилности на болидот при силен ветар. Знаевме дека Силверстон ќе биде тежок за нас во тој поглед. Мислам дека ветрот беше екстремен, исто како во Мајами, но нашите перформанси беа многу подобри отколку тогаш. Фокусирани сме на ова прашање кога станува збор за развојот на болидот. Почув-

ствувавме дека болидот е нестабилен, но не можам да кажам дали бил понестабилен од другите. Изгледа дека имавме повеќе потешкотии од другите, особено кога возевме во колона,- гласи анализата на првиот човек на Скудерија. Ферстапен има 255 бода, а неговиот тимски колега Серхио Перез кој уште на почетокот на сезоната се етаблираше како негов најголем ривал со двете победи во Саудиска Арабија и Азербејџан, има само 156 бода. Дуелот за второто место е најголемата возбуда во моментов, бидејќи покрај Алонсо со 137 бода и Хамилтон со 121 поен, на последните трки со добри перформанси се истакнаа и други возачи, кои би можеле да го комплицират изгледот на табелата. Заклучно со трката на Силверстоун, извозени се десет трки (онаа во Имола беше откажана поради поплавите во покраината Емилија Ромања), а до крајот предвидени се уште 12 натпревари, поради што математичките опции се широко отворени. Со трките во последните два викенда во јули, Унгарија и Белгија, ќе се затвори првото поглавје за оваа сезона, а по летната пауза од четири седмици, шампионатот ќе продолжи во последниот викенд од август со Големата награда на Холандија во Зандворт. • Александар Табаковски

| СПОРТ

К олумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ЗА ШАМПИОНСКИТЕ РАБОТИ

РЕЧИСИ ВО СЕКОЈ СПОРТ СТРЕМЕЖОТ Е ОСВОЈУВАЊЕ НА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ СТАНУВА ЗБОР ЗА ЕКИПНО ИЛИ ПОЕДИНЕЧНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ: СПОРТОТ ПРЕТСТАВУВА ПОЛЕ КАДЕ ШТО НАЈДОБРИТЕ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ЌЕ ЈА ПОКАЖАТ СВОЈАТА СОВРШЕНОСТ, ПОДГОТВЕНОСТ И ПОБЕДНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ.

Она на што сакав да се задржам во оваа колумна е различниот начин на кој, во сите спортови, се регулираат извесни права на светскиот шампион. Во автомобилските трки историјата покажала дека прваците немаат некои посебни права освен да го носат бројот 1 на болидот во текот на следната

година.

Имено, Формула 1 е тимски спорт и носител на лиценцата

за настап е тимот кој има право да пријави двајца возачи и

да освојува поени преку нив за табелата на конструкторите.

Преку оваа табела, секој тим како учесник добива средства од организаторот кој, пак, заработува од продажба на ТВ правата и другите маркетиншки потенцијали. Со други зборови, ако возачот не се договори со тимот за настап во следната сезона, можно е да нема шанса да си ја брани титулата.

Спротивни примери има во голем број. Во екипните спортови, на пример во фудбалот и ракометот, екипите кои стануваат

светски прваци во следниот циклус не ги играат квалификациите и се пласираат директно на завршниот турнир. Бидејќи во Формула 1 и општо во автомобилизмот системот на натпреварување е поинаков, ваквата бенефиција не може да се оствари. Настапите во светските првенства се преку лиценци кои се регулираат со взаемен договор од кој произлегуваат права и обврски за учесниците и организаторот, но не постои систем на квалификации за тие да бидат издадени. Во минатото, кога една екипа од понизок ранг ќе сакаше да се префрли во Формула 1, за такво нешто ќе беше потребно да ја докажува својата експертиза во пониските класи, но и финансиска подготвеност.

Кај поединечните спортови прашањето на светските шампиони се решава од еден до друг случај на различен начин. Во шахот, оној што е светски првак треба да биде предизвикан од ривал кој ќе победи на турнир меѓу осум претенденти.

Тенисерите, пак, воопшто немаат светско првенство, па затоа федерацијата формира некаква листа, но единствени бенефиции се добивањето статус на „носител“. Тоа е пракса која е започната на Вимблдон во 1924 година кога се дефинирале четири носители, по еден од различна земја, па затоа и се сметал како „неофицијално“ светско првенство. До 2021 година Англичаните ги именуваа носителите по свои критериуми, но од 2021 година и таму почна да се применува исклучиво ранкингот. Поентата на добивањето статус на носител е главните четири фаворити да не може да се сретнат пред полуфиналето. И покрај тоа, историјата нè учи дека 11 тенисери на Вимблдон играле финале иако не биле носители, а двајца победиле (Борис Бекер во 1985 и Горан Иванишевиќ во 2001 година).

Единствени кои можеби имаат некакви привилегии се поединечните спортисти од спортовите како пливање, атлетика, донекаде и оние во снукер, бидејќи еден пласман им носи некој друг настап, бидејќи се базирани на норми. Со исполнување на одредени норми се патува на Европско или Светско, а оттаму на Олимпијада, па евентуално во иднина да се добие и вајлд-карта доколку се пропушти некаков настап поради повреда, па тоа да не го наруши целиот процес. Колку е стимулативно, толку е и безмилосно. На пример, боксерите кои се борат за медали ги сметаат за аматери, додека оние што понатаму ја продолжуваат кариерата во разните рингови, најчесто се етикетираат како „професионалци“ и боксуваат за однапред познат хонорар.+ Очигледно е дека нема јасна и општоприфатена формула, но и дека шампионите не се толку ценети во одредени спортови. Оттука, „чаршиската мудрост“ дека во спортот вредиш само колку што си бил добар во последниот настап, добива на тежина и тоа е реалноста која е присутна на почетокот од 21 век.•

45 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ

24 часа Леман

ИСТОРИСКА

ПОБЕДА

ЗА ФЕРАРИ

РЕЧИСИ ПО ПЕТ ДЕЦЕНИИ НАДВОР ОД ТРКИТЕ НА ИЗДРЖЛИВОСТ („ВО КРАЛСКАТА КЛАСА“) ФЕРАРИ ОДЛУЧУВА ДА

СЕ ВРАТИ ТОКМУ НА ЈУБИЛЕЈНАТА

ТРКА, 100 ГОДИНИ 24 ЧАСА ЛЕМАН. ДА, СЕ ВРАЌА, НО И ПОБЕДУВА БИЕЈЌИ БИТКА СО

ТОЈОТА ЗА ПРЕСТИЖНИОТ ПЕХАР.

ТАКА И ТРОФЕЈОТ И ИСТОРИСКАТА

ТРКА СЕГА СЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ФЕРАРИЕВАТА ПРИКАЗНА.

Што

го поттикна Ферари по пет децении отсуство од трките на издржливост повторно да ги заврати ракавите, да направи болид и да влезе во исцрпувачките многучасовни бркотници? Вознемиреното коњче од Маранело е родено на тркачките патеки, но штом е така зошто Ферари отсуствуваше толку долго време и токму сега се врати? Велат новите правила во трките го вратиле на пистата и не само него, туку и многу други. Да бидеме искрени, Ферари никогаш не се откажал од трките на издржливост, само што во класите на прототипови немал свој претставник подолго време, поточно во најелитната класа (инаку Ферари беше присутен во серијата Леман во класите за обичните автомобили). Големо изненадување за трките на издржливост беше најавата на Ферари за неговото учество во „кралската класа“.

Враќањето на Ферари се случи на 100 годишнината од првата трка на

Леман одржана во далечната 1923 година и за големо чуди и уште поголема среќа, Ферари успеа сите да ги „надитри и наттрча“ и да стигне прв на целта. На стартот првите две места беа резервирани за Ферари. Во трките на издржливост нема случајности, мора сè да биде подготвено до крајни граници за тимот да постигне успех. Тука нема место за дилетанти, туку само за најсериозните. Да потсетиме, Ферари беше третопласиран во првата трка од сезонава, 1.000 милји Себринг во САД. Тоа е доволен доказ за врвната подготвеност на тимот од Маранело. На почетокот од трката Ферари водеше, но набрзо потоа Тојота мина во водство, а потоа и Порше некаде во петтиот час од трката го презеде водството. Тогаш почнаа проблемите за фаворитите. Водечкиот Порше со стартен број „6“ во тој петти час излета од патеката, а потоа му беа потребни дополнителни 20 минути во гаража за уништеното да биде поправено и болидот да продолжи со трката. Во ноќните часови настрада и вториот болид на Порше кој дотогаш беше во првите пет, а по враќањето на патеката паѓа на 10 место. Петкратниот шампион Тојота, исто така, доживеа „мал кикс“ и успеа да стаса до второто место, препуштајќи му ја славата и историската победа на Ферари. Изненадување беше третото место на Кадилак, што доволно кажува дека и овој тим добро ги сработил подготовките, бидејќи и Кадилак е од учесниците кои влегуваат на овие трки речиси за првпат. Сепак најпостојан во сиот овој 24 часовен циркус е тимот на Гликенхаус и

46 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

неговите два болиди кои целта ја минаа како шесто и седмо пласирани. Тие трката ја извозеа без никакви проблеми, единствено што им недостасуваше беше брзината. Со малку поголема брзина, успехот ќе можеа да го слават на подиумот.

Сега малку за и околу Тојота и нејзиното изгубено прво место „благодарение“ на верверичка, така велат механичарите. Еве што се случило. Тојотината „седумка“ се менувала на првото место со „ферари бр. 51“. Во еден период Тојота води со дваесетина секунди пред Ферари, но „седумката“ претрпува судир и сега улогата на борба за првото место ја има Тојотината „осумка“. Таа ја води битката со болидот од Ферари со стартен број „51“, но во еден миг возачот на „осумката“ Рио Хирокава се јавува во боксот и вели дека моторот прегрева. Тој не ја знае причината за прегревањето, а од боксот уште помалку. Потоа Р. Хирокава влегува во боксот и механичарите откриваат верверичка заглавена, залепена на радијаторот за разладување на моторот. Понекогаш на овие трки честа појава се парчиња од пневматици, кал и најразличен материјал да навлезе во воздушните канали кои водат до радијаторот, или да се залепи на радијаторот. При таква состојба воздухот не струи слободно низ каналите и моторот загрева повеќе од дозволеното. Тојота се исплаши да не го изгуби и вториот болид, но за среќа се враќа на патеката и дури успева да воведе несигурност кај „ферари 51“ за првото место. Но некаде на три часови до крајот на трката, Р. Хирокава и болидот „тојота 8“ се извртува на патеката и со тоа се „запечатува“ второто место за Тојота со „триото“ Рио Хиракава, Брендон Хартли и Себастијан Буеми, а Ферари со број „51“ возен од Алесандро Пјер Гуиди, Антонио Џовинаци и Џејмс Каладо, прави голема временска разлика и го освојува првото место со предност од 81 секунда.

Највисокото место на подиумот е за Ферари, второто за Тојота и третото за Кадилак, изненадувањето на 24 часа Леман.

Догодина влегува и Ламборџини, но тука работите не се јасни, затоа

што, Порше и Лаборџини се под иста капа, односно Фолксваген. Еден сопственик со две марки одеднаш во трките на издржливост. Фали да влезат уште Ауди и Бентли, кои исто така се во сопственост на Фолксваген и „тимот“ да биде комплетен. Да видиме што ќе се случи наредната година, односно дали само Ламборџини ќе влезе во серијата Леман. 24 часа Леман е трка која за првпат е организирана во 1923 година. Трката се вози на патеката Сарт во малото место Леман. Тркачката патека е долга 13.626 км составена од асфалт кој се користи преку цела година, а дел е наменски правен за трки. Најтрофеен возач е Том Кристенсен со дури девет победи, а Порше е најтрофеен како марка со 19 победи. Најголема брзина за време на трка има постигнато прототипот на Пежо (вм п 88) во 1988 на правецот Мулзејн, точно 407 км/ч. Денес тркачките автомобили постигнуваат брзини околу 320 км/ч затоа што на патеката има поставено шикани, двојни „ѕ“ свиоци, со цел трката да биде што побезбедна. Воедно со тоа им се олеснува на болидите да не се исцрпуваат до последен атом. Таквите исцрпувачки крајни брзини се фатални за издржливоста на болидите. Догодина ќе се вози 92. издание од легендарната трка. Тркачите од целиот свет посебно ги почитуваат победите на три легендарни патеки, а триумфот го нарекуваат тројна круна, ГН на Монако, Индијнаполис 500 и 24 часа Леман. Во моментов најблиску до освојување на тројна круна е Фернандо Алонсо, му недостасува само победа на трката Индијанаполис 500. • Жарко Атанасоски

47 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

Светско првенство во МОТО ГП

СО ШЕСТ ПЛАСМАНИ ВО НИЗА (ТРИ ВО СПРИНТ ТРКИТЕ И ТРИ ВО ГЛАВНАТА ТРКА), ХОРХЕ МАРТИН СЕ ПРИКЛУЧИ КОН БАЊАЈА И БЕЦЕКИ ВО ПОТЕРАТА ПО ШАМПИОНСКАТА КРУНА.

на домашното гран при во Шпанија на два пати беше четврти, Хорхе Мартин, има успешна серија што го вивна блиску до врвот на табелата во Мото ГП. Во Франција победи во спринт трката, по што уследи второ место на главната трка зад Бецеки, додека во Италија беше трет во спринтот и повторно втор во главната трка, но зад Бањаја. На трката за Големата награда на Германија тој ги освои двата пехара за првите места, па последната трка пред летната пауза закажана во Холандија претставуваше најава за она што ќе треба да се следи во втората половина од годината. - Лани многу се изнамачив за да бидам конкурентен во Германија, беше навистина фрустрирачко. Оваа година се вратив подобар и бев посилен на сите патеки. Беше тешка трка, Пеко Бањаја, исто така, многу напредуваше. Се обидов да извадам повеќе перформанси, но тоа беше на сметка на задната гума, па сепак подобро е што ме престигна, бидејќи морав да ја сменам стратегијата. Не беше лесно, требаше да се задржи концентрираноста,- рече Хорхе по триумфот во Германија.

Неговото објаснување за напредокот се должи и на унапредениот погонски агрегат на Дукати, кој според Шпанецот работи подобро на сите патеки. - Подобрена е конекцијата со командата за додавање гас. Лани се мачев да се справам при провртување на задната гума. Кога ќе беше нова, имав добар контакт со подлогата, но кога ќе се истрошеше, беше теш-

48 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТРИ
ФАВОРИТИ
ЗА ТИТУЛАТА
| СПОРТ
Откако
Бањаја и Бецеки на подиум

ко. Но, најголем напредок чувствувам кај сопирањето. Лани имавме ситуација како моторот да нè бутка (во свиокот), но тоа сега е променето и можам да сопирам силно. Порано не можев да го поминам Пеко на сопирачки, но денеска можев. Тоа е можеби најголемиот напредок,- додава Мартин.

Бидејќи сите тројца возачи се членови на екипи каде што се возат моторите на Дукати, јасно е дека италијанскиот производител во моментов има предност пред останатите. Но, според Бањаја, унапредувањето доаѓа најмногу поради одлуката сите да располагаат со истата технологија и да нема фаворизирање на фабричкиот тим пред сателитските.

- Треба да имаме надградба на моторот. Да се бориш против фабрички или сателитски тим е секогаш исто. Дукато има стратегија да им дава максимум на сите екипи и според мене тоа е клучот за нивниот успех. Ако сакаш да напредуваш, мора да им ги дадеш сите податоци на сите возачи, бидејќи секој ќе располага со податоците на другите. Така во секоја сесија ќе има напредок, инженерите ќе разговараат со возачите што се случило и какви се повратните чувства. Тоа е добра стратегија, најдобра за напредокот, но и за да имаме дуел на патеката. Сигурно е причина зошто сме толку добри,- објасни Бањаја.

Сепак, трката во Асен донесе интересен заплет со тоа што Бецеки победи пред Бањаја во спринтот, додека во главната трка нивните позиции се ротираа. Мартин со своите пласмани на шесто, па петто место остана во конкуренција, но дефинитивно ги разбуди очекувањата на сите за фантастичен епилог на оваа сезона.

- Пеко беше побрз од мене кога користеше „медиум“ задна гума. Размислував да користам „мека“ сè до крајот, но не сакав да ризикувам и да загубам сè. Во трката имаше проблем со температурата на предната гума, па немав голема самодоверба како Пеко во моментот кога требаше да го престигнам Бред Биндер. Направив грешка, го загубив предниот дел, но некако го престигнав во петтиот свиок. Бев излезен целосно пред него, пред да треба да сопираме за свиокот бр. 6. Тогаш почнав да го бркам Пеко, но бев нервозен бидејќи чувствував вибрации на задниот дел, ми беше чудно. Не можев да го налегнам моторот, особено во брзите свиоци. Ги притиснав сите копчиња што ги имав, ништо не се подобри. Среќен сум што го преживеав ова, бев уплашен дека ќе го загубам пласманот на подиумот. Ми се чинеше дека ќе бидам престигнат. Имајќи го сето ова предвид, среќен сум со пласманот и мислам дека беше најдоброто што можев да го направам денес,- опиша Бецеки. И Бањаја од своја страна имаше осврт за „критичните услови“, откако успеа да направи пресврт и второто место од спринтот да го конвертира во победа.

- Утрото пред трката се подобривме, испробавме нешто поинакво, бидејќи сфативме дека моторот во одредени моменти бара поинакво штелување. Тоа даде резултат. Благодарен сум на тимот што ми го даде тоа што го барав. Сè беше перфектно при загревањето, но попладнето имаше пролизгување на задната гума. Прво мислев дека е само кај мене, но потоа забележав дека сите го имаа истиот проблем. Подобро се чувствувам во долгата трка, имам поголема контрола на нештата, додека во спринт трките се преземаат повеќе ризици. Имаме подобрувања на последните трки и треба да продолжиме на овој начин. Среќен сум што ќе ја завршам полусезоната на прво место, сега можеме да одиме на летната пауза задоволни од позитивниот баланс,- рече актуелниот шампион, Франческо „Пеко“ Бањаја.

По осум извозени трки (една се одложи во Казахстан), Бањаја е лидер во поредокот со 194 поени, додека Мартин и Бецеки го следат со 159 и 158 бода. Единствено уште Биндер и Зарко имаат над 100 поени, додека останатите возачи не се во најдобра позиција да им парираат. Појавата на нови возачи кои ќе го наследат тронот по повлекувањето на Роси и зачестените повреди на Маркез, очигледно е процес кој ќе исфрли на површина повеќе имиња, но до самите протагонисти е да покажат кој од нив поседува шампионски квалитети. Тука пред сè мора да се споменат претходните прваци Жоан Мир (кој се префрли во Хонда по повлекувањето на Сузуки) и Фабио Квартараро кој се обврза на договор со Јамаха, но исто така има застој во поглед на развојот на моторот. - Се надевам дека идната година ќе ја имаме големата промена што ја очекуваме. Секако, не можам да бидам убеден во тоа, тешко е да имаш таква верба кога се бориш за пониските позиции. Се работеше напорно и во претсезонскиот дел, но не се постигна многу. Исто е и сега, нема гаранција. Се надевам дека ќе успеат да го идентификуваат вистинското нешто и да направат чекор за да имаме подобар крај на оваа сезона и за следната година,- изјави Куартараро, кој беше светски првак во 2021 година.

Сезоната продолжува со трката на Силверстоун на 6 август, а во истиот месец ќе се вози трката за големата награда на Австрија во Шпилберг.

Александар Табаковски

49 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |
Бањаја лидер пред Биндер. Бањаја пред Бецеки во трка. Мото ГП - старт

Светско првенство во ФОРМУЛА Е

ТРИЛЕР

ВО ОРЕГОН

ТРКАТА ВО ПОРТЛАНД ДОНЕСЕ ДУЕЛ НА ДВА ОД ЧЕТВОРИЦАТА ВОЗАЧИ КОИ СЕ ВО НАЈДОБРА ПОЗИЦИЈА ДА АТАКУВААТ НА ТИТУЛАТА, ПРИ ШТО ВО ТЕКОТ НА ГРАН ПРИ ВИКЕНДОТ СЕ СМЕНИЈА НА ВРВОТ: ЏЕЈК ДЕНИС ОТКАКО ЈА ОСВОИ ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ИЗБИ НА ПРВОТО МЕСТО, ДОДЕКА НИК КАСИДИ ПО ТРИУМФОТ ВО ТРКАТА ДОЈДЕ НА САМО ЕДЕН ПОЕН ДО НЕГО.

Возачот

на Порше, Паскал Верлен, допатува во САД како водечки на табелата со 134 поени, но не успеа да им парира на Џејк Денис и Ник Касиди, кои освојувајќи го „пленот“ на оваа трка, сега се во водство на табелата.

Природата на патеката во Портланд која е позната од трките во Индикар и Наскар, со брзи свиоци и неколку екстремни места за сопирање беше „дешифрирана“ од инженерите на Формула Е тимовите дека би можела да покаже голема потрошувачка на енергија, па уште од самиот старт на трката возачите возеа мошне бавно. Во одредени моменти, времињата за еден круг беа 10 до 12 секунди побавни од она што беше прикажано во квалификациите.

- Ако имаме вакви трки 2-3 пати во годината, тогаш можеби ќе бидат забавни. Но ако секоја трка е вака, тогаш зошто ги возиме квалификациите,- јавно запраша Паскал Верлен од Порше.

Џејк Денис имаше комфорна позиција да биде предводник на таквата мирна трка, наспроти Ник Касиди кој од десеттото место имаше пробив и фати чекор со водечките. Потоа и тој мораше да се вклучи во штедливиот режим, но му конвенираше дека беше имплементирано првото од двете излегувања на возилото за безбедност. Кога трката беше рестартирана, Касиди изби во водство, но се случи инцидент, односно поради откажување на сопирачките излета болидот на Нико Мулер. Поради сето ова, стјуардите проценија дека трката треба да се продолжи за четири круга, па во следниот рестарт возачите повторно тргнаа во мисија за штедење енергија. Во тие моменти на трката Антонио Феликс Да Коста ја испорача својата „кандидатура“ за висок пласман и се проби до второто место, но потоа беше престигнат од Џејк Денис, кој, исто така, се позиционираше меѓу водечката тројка (повторно), на десет круга пред крајот. Финишот беше зачинет со неколку промени на позициите на првопласираните тројца, при што во последниот круг Денис повторно го помина Да Коста и имаше мала предност во енергијата која му даваше право да се надева и на дуел со Касиди, но успеа само да се доближи на три десетти делови од секундата зад него во моментот кога ја минаа целната линија. - Пол позицијата ми донесе три бода, но беше тешко да се стартува во оваа трка од напред. Водев во првите четири круга, но веќе имав дефицит од 1% енергија во однос на другите. Се повлеков во средишницата и се „влечев“ зад другите. Кога „се вратив“ во трката, Ник и Антонио веќе беа напред и немаше проблеми. Мислам дека немавме среќа со второто излегување на возилото за безбедност, требаше да се потрудам за на крајот да го уловам Антонио. Потребно е да се рафинираат некои нешта, кога да бидеш во водство, кога да не бидеш, а тимот на Ник тоа добро го изведе. Имавме возило за победа, но мора да се погрижиме за таквите нешта,- рече Џејк Денис по трката. - Мислам дека трката се одвиваше според она што претходно го очекувавме. Ова беше една од најтешките трки по прашање на балансот. Мислам дека и Антонио имаше проблеми, додека Џејк беше на повисоко ниво. Не беше лесно да се надмине таа разлика,- изјави победникот Касиди.

50 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

Ова е трета победа за Касиди во последните пет трки, додека за Денис ова е петти подиум во низа. Португалецот Да Коста по шест трки „отсуство“ се врати на подиумот со пласманот на третото место.

Мич Еванс дојде до четвртото место, а со тоа и се зацврсти на четвртата позиција во генералниот пласман. Викендот во Орегон ќе му остане во сеќавање бидејќи мораше да стартува од 20 место поради откажувањето на погонскиот уред пред квалификациите, па на овој начин остана во игра за титулата.

Тимскиот колега на Касиди, Себастијан Буеми, дојде до петтото место, а победникот од Џакарта, Максимилијан Гунтер, го довози болидот на Масерати до шестата позиција. Во трката Сем Бирд се најде на седмото место, но стјуардите му доделија казна од 5 секунди на крајот поради туркање на друг возач надвор од патеката, па испадна од зоната за освојување бодови. Наместо него Лукас ди Граси и Паскал Верлен дојдоа до седмо и осмо место, а последните поени им припаднаа на Норман Нато и Робин Фријнс.

Со бодовите освоени во Портланд, првите двајца возачи на табелата

се одвоија од најблиските следбеници за да креираат уште потензичен финиш на сезоната. До крајот има уште 4 трки, односно два гран при викенда со по две трки во Италија и Англија кои ќе го дадат конечниот расплет.

СОМНИТЕЛНАТА ОПРЕМА ДОНЕСЕ КАЗНА

ЗА ВОЗАЧИТЕ НА ДС ПЕНСКЕ

Двата болида на екипата Пенске, која соработува со францускиот автомобилски бренд ДС, беа приморани да стартуваат

од боксот, откако нивниот тим беше казнет за користење на нелегална опрема за време на тренинзите. Според стјуардите на трката, опремата била наменета за собирање податоци од ривалски тимови. На крајот, минатогодишниот шампион Стофел Вандорн и петтопласиран на овогодишената табела Жан Ерик Верње, се најдоа на 11 и 12 место, без поени. - Ова беше застрашувачки викенд. Сите се подготвуваат напорно, па да дојдеш до тука и да стартуваш последен не е тоа што сакавме. Очигледно сме направиле погрешен чекор, но испратената порака не е во ред, бидејќи ние не сакавме да украдеме ничии податоци. Сакавме да дознаеме какви гуми користат другите возачи, што може да се постигне и со фотографирање, како што прават другите тимови низ гаражите. Ние пронајдовме полесен пат, но плативме преголема цена.

Ја прифаќаме казната, но сакаме да појасниме дека пораката

што е испратена е погрешна,- објасни Стофел Вандорн.

Џејк Денис е лидер со 154 бода, еден повеќе од Ник Касиди, додека Верлен сега има 138, а Мич Еванс е зад него со 122 поени. Двете трки во Италија се закажани за 15 и 16 јули, додека финишот на сезоната ќе биде во Англија на 29 и 30 јули. За идната сезона најавено е дека Формула Е ќе има трка во Токио покрај веќе познатата во Сеул, а се преговара и за втора трка на американска територија. • Александар Табаковски

51 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

Extreme E – Исланд Икс-при на Сардинија

ПОБЕДА

МЕДИТЕРАНОТ

МИКАЕЛА АЛИНКОТУЛИНСКИ И ЈОХАН КРИСТОФЕРСОН ЗА ТИМОТ НА ROSBERG X RACING ОСВОИЈА С Ė ШТО МОЖЕШЕ ДА СЕ ОСВОИ НА НАСТАНОТ НА САРДИНИЈА. ДОБИЈА ДВЕ ТРКИ И ТРИ КВАЛИФИКАЦИСКИ

РУНДИ, УСПЕХ КОЈ ПРВПАТ СЕ СЛУЧУВА ВО КУСАТА

ИСТОРИЈА НА ШАМПИОНАТОТ ВО EXTREME E.

Соединствена агенда, шампионатот на Extreme E кој во суштина претставува мотоспорт со конкретна цел, годинава повторно се истовари на медитеранскиот остров Сардинија. Минатата сезона Сардинија беше единствениот настан на кого се возеа две трки едноподруго. Концептот изгледаше толку добро што креаторите на Extreme E одлучија да го применат годинава на сите настани од календарот. Двете трки на Сардинија ја одбележаа средината од годинешната сезона и го подигнаа влогот за превласт во генерален пласман и ја зголемија неизвесноста. Минатата сезона Extreme E го сврте вниманието кон проблемите со кои се среќава тамошното население заради големите топлотни бранови. Тие се појавуваат како резултат на глобалното затоплување, а само минатата година предизвикаа преку 20.000 шумски пожари во кои беа уништени шуми, пасишта и живеалиштата на многу животни. Во пожарите најмногу настрадаа пчели. Проценките велеа дека се загубени преку 30 милиони пчели и дека ќе бидат потребни 15 години за да се обноват регионите зафатени со пожари.

Дека Extreme E не е само популистичка промотивна кампања се виде годинава. Преку соработката со поголем број на научници кои се занимаваат со видовите кои опрашуваат, а пчелите се на врвот на оваа скала, Extreme E најде солуција за побрзо враќање на пчелите на Сардинија. Иницијативата е да се засадат шуми од растенија кои се богати со нектар и кои треба да го забрзаат размножувањето на пчелите.

52 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ДВОЈНА
ЗА ПРЕВЛАСТ НА
| СПОРТ

Овој проект е прв и единствен од ваков вид на Сардинија и токму учесниците и натпреварувачите од шампионатот помогнаа засадувајќи растенија на предвидените локации. Воедно научија многу за важноста на пчелите и нивното зачувување како врста. Поведен од разурнувачката сила на шумските пожари Extreme E во соработка со Vodafone Business создаде и иницијатива за нивно рано откривање преку поставување на предупредувачки сензори. Поврзани со глобалниот систем за позиционирање сензорите беа пуштени во функција пред почетокот на годинешната сезона на шумски пожари. Паралелно со оваа иницијатива се одвива и сочувувањето на вториот еко систем на Сардинија, а тоа е морската трева која полека исчезнува, а се смета за најголем заробувач на јаглерод диоксид на светот, и производител на кислород.

фикациите првата рунда му припадна на тимот на Acciona Sainz. Борбата со тимот RXR беше жестока до самиот финиш. Сепак, на RXR не му успеа повторно да ја добие рундата. Трет заврши тимот на Veloce Racing. Тоа што не му успеа во претходната сесија тимот на GMC HUMMER го оствари во втората. Победи во втората рунда од сесијата со убедлива предност пред тимот на Andretti, додека тимот на ABT Cupra заврши трет. Освои доволно бодови за да се пласира директно во големото финале заедно со тимовите на Acciona Sainz, RXR, Andretti и GMC HUMMER. Дебитантот Лиа Блок и тимот на Carl Cox мораа да се задоволат со учество во Трката за искупување во која ќе се борат против Veloce Racing, NEOM McLaren, X44 Vida Carbon и JBXE.

Да се осврнеме и на двете трки кои го одбележаа настанот на Сардинија. Се чини неверојатно што тимот Rosberg X Racing ја однесе победата и во двете трки и успеа да се искачи на позиција повисоко во генерален пласман.

Првата рунда од првата квалификациска сесија мина во знакот на RXR. После одличниот старт тимот на Нико Розберг не дозволи да биде загрозен иако беше тесно следен од тимот на ABT Cupra. Bез оглед на обидите и тесната разлика RXR прв мина низ целта добивајќи ја рундата. Третото место му припадна на тимот на Carl Cox во кого Кристина ГЗ ќе ја заменува Лиа Блок до крајот на сезоната. Американката е ќерка на славниот Кен Блок кој трагично загина на почетокот на годината. Втората рунда, пак, мина во знакот на тимот Andretti Altawkilat Extreme E. Слично како и во првата рунда тимот на Andretti водеше од старт до финиш победувајќи го тимот на Acciona Sainz кој заврши втор. Тимот на No.99 GMC HUMMER

EV Chip Ganassi Racing го освои третото место. Во втората сесија на квали-

Со оглед на одличните резултати во квалификациите се очекуваше сериозна борба во Големото финале. Посебно ако се земе предвид фактот дека во тимот на ABT Cupra на местото на Насер Ал-Атија возеше Себастијан Лоеб. Стартот на Големото финале донесе голема мешаница. Тимот на Andretti со Тими Хансен зад волан беше тој што поведе, но лошо избраната рута по која тргна и големата брзина го пратија на опашката после првото свртување. Тука Јохан Кристоферсон од тимот на RXR ја виде големата шанса и изби на чело тесно следен од Матијас Екстром од тимот на Acciona Sainz. Брзината на Хансен сепак му овозможи да се избори за третото место откако го престигна АрЏеј Андерсон од GMC HUMMER. Поредокот на првата тројка не се смени ниту по задолжителната смена на возачите. RXR остана на врвот тесно следен од Acciona Sainz, додека без оглед на обидите тимот на Andretti не успеа да се искачи во поредокот. Трката ја доби тимот на RXR. Прва победа за нив годинава. На второ место се пласираше тимот на Acciona Sainz, а на трето тимот на Andretti. Тимовите на GMC HUMMER и на JBXE мораа да се задоволат со четвртото и петтото место.

53 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

Трката за искупување ја добија искусните возачи на тимот на Veloce Racing. Тие поведоа уште на старт. Кевин Хансен тргна одлично и ја зазеде идеалната линија за да избие на чело по стеснување на патеката.

Сакајќи да го добие на ова место Андреас Бакеруд од JBXE возеше преблизу и нивните возила се допреа за среќа без поголеми последици. Odyssey 21 на Veloce Racing беше во подобра позиција да го задржи водството и успеа во намерата. До крајот на трката возеше напред и стигна до победа. Со слично допирање на возилата за второ место се избори тимот на NEOM McLaren. Тимот на Carl Cox, пак, поточно Лиа Блок, по замената на возачите успеа да се избори за третото место додека тимот на X44 Vida мораше да се задоволи со четвртата позиција на крајот од трката. Сепак, заради грешка при смената на возачката постава тимот на Carl Cox беше казнет со 15,5 секунди. Така тимот на X44 Vida го наследи третото место, а тимот на Carl Cox падна на четвртото. Тимот на JBXE по судирот не стигна подалеку од стартот и мораше да се откаже. Втора трка на Сардинија целосно мина во знакот на тимот RXR. Микаела Алин-Котулински и Јохан Кристоферсон освоија сè што можеше да се освои во оваа трка. Победија и во првата и во втората рунда од квалификациите, а потоа ја добија и трката за Големото финале, нешто кое не му успеало на ниту еден тим од почетоците на шампионатот.

Тимот на RXR лесно ги доби двете квалификациски сесии и директно се пласира во трката за Големото финале со максимален број на бодови. Веднаш зад нив беше тимот на Acciona Sainz, додека тимот на Andretti се пласираше трет за влез во финалето. Таму се најдоа уште тимовите на GMC HUMMER и на JBXE, додека тимот на Veloce Racing за малку не успеа да влезе меѓу најдобрата петорка. На нив им остана Трката за искупување заедно со тимовите на NEOM McLaren, ABT Cupra, Carl Cox и на X44 Vida.

Целосната доминацијата на квалификациите тимот на RXR ја повтори и во Големото финале. Без оглед на одличниот старт кој како правило му се повторува на тимот на Andretti проблемите го стигнаа на првото свртување. Внимателно избирајќи ја патеката Кристоферсон од RXR успеа да избие на чело, а следејќи го неговиот пример Екстром од Acciona Sainz се протна низ метежот и се зацврсти на втората позиција. Без оглед што падна на крај од поредокот Хансен успеа да се врати и престигнувајќи ги возилата на GMC HUMMER и на JBXE се најде веднаш зад Екстром. Комфорното водство кое го создаде Кристоферсон после замената на возачите и овозможи на Котулински смирено да стигне до целта однесувајќи ја втората победа за тимот RXR на медитеранскиот остров. Тимот на Acciona Sainz безмалку возеше слична трка и без поголеми проблеми ја заврши трката како второпласиран, додека тимот на Andertti го пополни последното скалило од пиедесталот. Тимот на GMC HUMMER ја заврши трката на четврто место, а петтото место го пополни тимот на JBXE. Трката за искупување се случи да биде поинтересна дури и од Големото Финале. Без оглед на обидите за превласт уште на старт искуството на Лоеб преовлада и неговиот тим ABT Cupra изби на чело тесно следен од Veloce Racing. И додека ABT Cupra возеше без проблеми на врвот вистинска мешаница се случи зад нив по замената на возачите. Во обид да го престигне багито на Veloce Racing Кристина Гутиерез од X44 Vida турна две знамиња кои ја означуваат патеката. Таа успеа во намерата, но веднаш по завршување на трката тимот доби казна од 20 секунди со што беше принуден второто место да му го отстапи на Veloce Racing. Секако победата отиде кај ABT Cupra, додека X44 Vida мораше да се задоволи со третото место. Тимовите на NEOM McLaren и на Carl Cox, исто така, беа казнети бидејќи предизвикаа судир и завршија четврти и петти. Настанот на Сардинија на средина од сезоната донесе голем пресврт во шампионатот на Extreme E. Тимот на Veloce Racing кој пристигна како лидер на медитеранскиот остров падна на третото место во генерален пласман. Сега лидер е тимот на Acciona Sainz со вкупно 109 бода, додека тимот на Rosberg X Racing со освоените 105 бода се искачи на второто место. Veloce Racing има 95 бода, додека четвртопласираниот тим на GMC HUMMER има 80 бодови. Тимот на X44 Vida Carbon, пак, со 59 бодови паѓа на петтото место во шампионатот. Следно во календарот е Икс-При на Амазон кое се вози на 16 и 17 септември годинава. Ова Икс-При за првпат е дел од календарот на Extreme E.

Љубомир Анастасовски

54 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ

СПОДЕЛИ ГИ ПОВОЛНОСТИТЕ

СО НАЈБЛИСКИТЕ!

КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!

ЕДНА
www.amsm.mk 02/3181-108 СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО

WRC – Рели Кенија

ХЕТ-ТРИК 1-2-3-4

ПОБЕДИ НА ТОЈОТА

НА TOYOTA, КОЈА ВАЖИ

ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛ

НА НАЈИЗДРЖЛИВИТЕ АВТОМОБИЛИ НА СВЕТОТ И УСПЕА НЕВОЗМОЖНОТО. ПО ТРЕТ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТСКОТО РЕЛИ

СЕ ЗАКИТИ СО 1-2-3-4 ПОБЕДА НА РЕЛИТО НА КЕНИЈА. И УШТЕ ПОНЕВЕРОЈАТНО, ТОА И УСПЕА ВТОР ПАТ ЕДНОПОДРУГО И ТОА КОГА САФАРИ РЕЛИ НА КЕНИЈА СЛАВИ 70 ГОДИНИ ИСТОРИЈА.

| СПОРТ

Нема

ништо поголемо за еден производител од Светскиот шампионат во рели од успехот четири негови автомобили да финишираат на едно рели и притоа да ги освојат највисоките четири позиции. Односно да дојдат дома со таканаречена 1-2-3-4 победа. Во историјата на светското рели да стигнат да олку голема победа им пошло од рака само на двајца производители: Toyota и Citroen. На Citroen тоа му успеа само еднаш во 2010 година на релито на Бугарија, додека Toyota се кити со хет-трик од 1-2-3-4- победи и тоа на најтешкото рели од шампионатот, Сафари рели на Кенија. Првпат сите четири автомобили на јапонската марка пристигнаа на целта на највисоките четири позиции во Кенија пред точно триесет години, поточно во далечната 1993 година. Четири посебно подготвени Toyota Celica Turbo 4WD управувани од големите асови на релито Јуха Канкунен, Марку Ален, Ијан Данкан и Јасухиро Ивасе го достигнаа се чини невозможното во светот на релито, но и на исклучително тешкото Сафари рели на Кенија. Следејќи ги нивните чекори минатата година тоа им успеа на Кале Рованпера, Елфин Еванс, Такамото Катсута и Себастијан Ожие зад волан на Toyota GR Yaris Rally1 Hybrid. Истото се случи и годинава меѓутоа со поинаков редослед: Себастијан Ожие, Кале Рованпера, Елфин Еванс и Такамото Катсута. За волја на вистината никој не очекуваше, дури ни во Toyota, иако потајно се надеваа, дека по втор пат, едноподруго, тимот ќе достигне една олкава величина која останува врежана во аналите на историјата на Светскиот шампионат во рели.

Годинава Сафари рели на Кенија слави точно 70 години од кога за првпат се возеше во чест на прославата на крунисувањето на Кралицата Елизабета Втора во далечната 1953 година низ Кенија, Уганда и Тангањика, а стана дел од светскиот шампионат во 1973 година. Се возеше последователно секоја сезона сè до 2002 година кога заради форматот на исцрпувачки долги делници беше исклучено од шампионатот. Колку за споредба, вкупната должина на етапата на релито мереше преку 2.000 km, додека вкупната должината на етапата на останатите релија се собра на околу 500 km. Релито во меѓувреме продолжи да се вози како дел од Шампионатот во рели на Африка и Интернационалниот рели предизвик. Во 2013 година релито отпочна со измени на форматот. Тогаш претседателот на Кенија, Ухуру Кенјата, одлучи да го прилагоди на современите текови и да го врати во календарот на Светскиот шампионат. Во 2020 година требаше да се вози првото модерно Сафари рели на Кенија, но заради пандемијата од Ковид-19 беше откажано, па големото враќање се случи во 2021 година кога победи Себастијан Ожие. Релито и годинава беше полно со предизвици. Долгите правци кои дозволуваат брзини од преку 200 km/h се контраст на карпестите делници со длабоки бразди каде брзината паѓа до пешачки чекор. Згора тука е и брашнестиот африкански песок наречен Феш-феш кој за миг знае да го наполни моторот на возилото и да го задуши, и непредвидливиот пороен дожд кој сувите делници за миг ги претвора во езера од кал. Лани овие предизвици успешно ги совлада Кале Рованпера и ги круниса со победа, а годинава Ожие повторно се врати на врвот од победничкиот пиедестал.

Стартот на 70-то Сафари рели на Кенија го одбележа специјалниот брзински испит кој се возеше на наменски создадена патека од 4,48 km во близина на главниот град Најроби. Бодрени од илјадници фанови модерните рели монструми и нивните екипажи приредија единствен спектакл. Иако најбрзо низ испитот мина От Танак, сепак Естонецот беше приземјен во својот коментар истакнувајќи дека овој испит е шоу кое ниту оддалеку не ги отсликува предизвиците со кои ќе се соочат во останатиот дел од релито. Тесно зад него се наредија Себастијан Ожие, Кале Рованпера, Тиери Нувил и Елфин Еванс. Воодушевени од силните овации, но со резерва за првиот вистински ден од релито екипажите по испитот заминаа за Наиваша. Град кој лежи на брегот на истоименото езеро каде е сместен главниот сервисен центар, но и комплетната логистика на релито. А токму околу езерото Наиваша кое изобилува со како од приказна убави пејзажи, се распоредени и брзинските испити каде ќе се кршат копјата за триумф на ова тешко рели.

Петок утро почна вистинскиот предизвик. Седум брзински испити кои ги исправија екипажите и возилата пред сериозен тест. И токму тука Ожие ја покажа својата доминација. Беше најбрз на пет испити и го поведе релито на крајот од денот. Иако го загуби хибридниот погон на третиот и четвртиот испит, сепак успеа да создаде предност од 22,8 сек. на крајот од денот пред второпласираниот тимски другар Рованпера. Третото место го освои на третиот возач од тимот на Toyota, Еванс, создавајќи предуслови за нова голема победа на јапонскиот производител. Четвртото место требаше да му припадна на Нувил, но тој буквално го растури предниот дел на неговиот i20 N при приземјување после скок и беше принуден да се откаже на претпоследниот испит од денот. Позицијата на Нувил ја наследи неговиот тимски другар Есапека Лапи кој за првпат зема учество на ова рели. Петти заврши Такамото Катсута кој после силното превртување за време на тест пред стартот на релито возеше повнимателно имајќи ја во предвид поголемата слика на неговиот тим. Интересно е што четирите екипажи на тимот на Toyota минаа без поголеми технички проблеми во текот на денот што е доволен доказ за издржливоста на нивните автомобили. От Танак кој го започна релито со победа мораше да менува гума на четвртиот брзински испит и загуби повеќе од 2 минути кои тешко ќе успее да ги надомести до крај на релито.

57 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

Поројниот дожд кој се предвидуваше се истури во сабота наутро пред стартот на третиот ден од релито. Песокливите патеки веднаш се претворија во езера од кал кој го отежна напредувањето на екипажите. Во едни олку лоши услови Ожие успеа да ја задржи предноста стекната претходниот ден. Иако дупна гума на третиот испит од денот, сепак не загуби многу време и остана на водечката позиција. Го заврши денот како победник и загуби минорни 0,7 сек. во однос на Рованпера од предноста стекната претходниот ден. Рованпера победи на два испити

од денот, но сепак не сакаше да ризикува. Без оглед што во него врие младоста Кале се одлучи за смирен пристап гледајќи ја пред себе големата слика на солидното водство во генерален пласман. Тој призна дека Ожие е прилично брз и дека потерата по него би донела непотребен ризик. Според него второто место би му обезбедило доволно бодови за да го зацврсти водството потребно за одбрана на шампионската титула.

Најголемиот страв на денот го доживеа Еванс. Загуби многу време на првиот испит откако моторот на неговиот Yaris згасна после минување низ воден премин. Сепак, до крајот на денот го надомести загубеното и повторно се искачи на третата позиција. Есапека Лапи беше трагичар на денот. За него релито заврши на претпоследниот испит од денот заради скршено карданско вратило. Неговото четврто место го наследи Катсута. Од овој момент беше поставена шансата за нова 1-2-3-4 победа на Toyota на ова рели. Среќата му се насмевна на Ожие на последниот ден од релито. Неделниот старт ниту оддалеку не ги најавуваше предизвиците пред кои ќе биде исправен осумкратниот светски шампион на пат кон својата втора победа на ова рели. Кале беше човекот што го доби првиот испит од де-

WRC2 – ВТОРА ПОБЕДА НА САФАРИ ЗА КАЈЕТАНОВИЧ

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

Полскиот возач Кајетан Кајетанович зад волан на Skoda Fabia Rally2 се закити со втората по ред победа на Сафари релито на Кенија. Тој славеше и минатата година, а годинешната дојде после силната борба со возачот на M-Sport Ford Грегоар Мунстер. Всушност Мунстер беше човекот кој водеше во класата сè до крајот на вториот ден од релито кога се откажа заради механички дефект. Иако се чинеше дека неговата Ford Fiesta Rally2 работеше беспрекорно пехот се случи. Тогаш Кајетанович прејде во водство и не го испушти до крај. Возеше внимателно на последниот ден од релито и немаше потреба да форсира бидејќи вториот во класата чешкиот возач Мартин Прокоп заостануваше повеќе од 11 минути.

нот намалувајќи ја разликата во однос на Ожие на само 8,6 сек. со уште пет испити до крајот на релито. Сакајќи да ја врати загубената предност Ожие веќе форсираше на следниот испит. Во миг на невнимание, во еден десен свијок, влета во дел со Феш-феш, озлогласениот африкански песок кој го лизна неговиот Yaris и го фрли надвор од патеката. Борејќи се со автомобилот за да го врати на патека Ожие закачи во дрво и целосно ја откорна вратата од багажникот. За чудо победи на испитот и ги врати загубените 8,6 сек. кои му ги украде Кале на претходниот. На патната делница го закрпи отворот на автомобилот со најлонска кеса и продолжи кон третиот испит од утринскиот дел. Меѓутоа овој настан беше пресвртница за лидерското дуо на Toyota да се потсмири и внимателно да вози до крајот од релито чувајќи ја големата предност. Третиот испит му припадна на Танак по кого следеше редовниот сервис. Иако Ожие и Рованпера попуштија, младиот Финец, сепак го доби четвртиот испит од денот, а петтиот му го остави на Катсута. На овој претпоследен испит од денот се случи уште драма која ја доживеа целиот тим на Toyota. Правливата делница ги наполни моторите на сите четири возила со песок и тие почнаа да прегреваат и полека да ја губат моќноста. Сепак, се покажаа доволно издржливи да ја доведат големата четворка: Ожие, Рованпера, Еванс и Катсута до целта во уште една блескава победа за Toyota на ова исклучително тешко рели.

Второто место на ова рели му дозволи на Рованпера да ја продлабочи бодовната дупка во генерален пласман. После седум настани и со освоени 140 бода Кале е лидер во шампионатот. Зад него е Еванс со 99 бода, а третото и четвртото место го делат Ожие и Танак со по 99 бода. Меѓу производителите Toyota гради сериозна предност. Има 285 бода пред Hyundai со 237 бодови. M-Sport Ford е далеку на третото место со 175 бода.

После цел месец пауза следно е релито на Естонија кое се вози на крајот на јули, а веднаш по него на почетокот на август е блиското рели на Финска.

• Љубомир Анастасовски

58 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

СИГУРЕН ДОМ ЗА

БЕЗГРИЖНО

СЕКОЈДНЕВИЕ!

НАПРАВЕТЕ ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ СО ВКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ ОД:

ПОЖАР | УДАР ОД ГРОМ | ЛУЊА И ГРАД | ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО |

ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА ОД ИНСТАЛАЦИИ | КРШЕЊЕ ПРОЗОРСКИ СТАКЛА | ШТЕДИ НАСТАНАТИ КАЈ СОСЕДИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА ВЛИЈААТ НА ВАШИОТ ДОМ

ПОЛИСИ ДОСТАПНИ ОД:

www.mobilitybroker.com.mk 02/3181-405
| 02/3181-402

ВАШАТА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА

CASHBACK КРЕДИТНА КАРТИЧКА. КАКО РЕЗУЛТАТ НА ОВА, ВАШАТА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА CLASSIC И EUROPE PREMIUM ОТСЕГА МОЖЕ ДА БИДЕ И КРЕДИТНА VISA AMSM КАРТИЧКА.

Со VISA AMSM револвинг кредитната картичка ги добивате сите услуги на вашата членска картичка Classic или Europe

Premium и дополнителни услуги, како што се:

• Cashback (поврат на средства) преку Шпаркасе

Банка во износ од 1.500 ден. за минимален промет од 30.000 ден. со кредитна картичка VISA AMSM во период од три месеци;

• Можност за плаќање на рати со 0% камата кај трго

вците со кои Шпаркасе Банка има договор; и

• Месечна членарина од 200 ден. за VISA AMSM Classic и 300ден. за VISA AMSM Europe Premium.

Дополнителна придобивка е можност да ја добиете оваа картичка без трошоци за апликација.

За VISA AMSM кредитна картичка можете да аплицирате онлајн преку www.amsm.mk или www.sparkasse.mk

сите експозитури на Шпаркасе Банка низ Македонија.

Патувајте и плаќајте БЕЗГРИЖНО!

60 07/08.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
МОЖЕ ДА
VISA AMSM КРЕДИТНА КАРТИЧКА НОВ ПРОИЗВОД ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ ВО СОРАБОТКА СО ШПАРКАСЕ БАНКА, ВО ЈУНИ НА ПАЗАРОТ ЛАНСИРАВМЕ УНИКАТНА КОБРЕНДИРАНА VISA AMSM
СЕГА
БИДЕ
| АМСМ
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД www.amsm.mk Меѓународна возачка дозвола ∙ Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување ∙ Зелен картон ∙ АМСМ членски картички 02/3181-181 ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ
ДОКУМЕНТИ

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.