ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | ЈУЛИ-АВГУСТ 2022 БР. 62
www.amsmklubmobiliti.mk
Претставуваме Zenvo TSR-S
ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРСКА БРИЛИЈАНТНОСТ Светско првенство во Формула E
Тест на Toyota RAV4 Adventure 2.5 Hybrid AWD e-CVT
АВАНТУРИСТИЧКА СТРАНА
ПРОМЕНЛИВИ РЕЗУЛТАТИ, ТЕНЗИЈАТА „ВРИШТИ“ 07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
1
CISCO UMBRELLA ИНТЕРНЕТ БЕЗБЕДНОСТ ЗА ВАШИОТ БИЗНИС Со Cisco Umbrella добивате врвна безбедност кога работите онлајн, каква што заслужува вашиот бизнис. Cisco Umbrella, услугата која ви ја овозможуваме во соработка со Cisco Systems, е вградена во нашата мобилна и фиксна мрежа и автоматски го блокира пристапот до: • веб-страници со малициозна содржина, • компромитирани веб-локации, • лажни веб-локации создадени за кражба на вашите лични податоци (лозинки, банкарски податоци, лични податоци). Заштитете го вашето работно место од какви било непријатности со модерна сајбер безбедност. Aктивирајте ја услугата со повикување на бројот 120. Повеќе информации на telekom.mk/cisco-umbrella
2
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ И ДОБАР ОДМОР
АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг
ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716
Овој број на „Клуб Мобилити“ и ова лето ќе ви биде идеален сопатник на летните патувања. Има четива за тие што ја следат спортската страна на автомобилизмот и на мотоциклизмот, за оние што се двоумат кој модел на автомобил да го изберат, оние што сакаат да изберат романтично место за незаборавни спомени од летувањето... За секого по нешто. Олабавете се и уживајте во вашиот летен одмор, но тргнете подготвени на патување. Патувате сами или во друштво, во регионот или во Европа, Травел инфо сет е тоа што вистински може да ви го олесни патувањето, а во исто време да го направи посигурно. Ексклузивната услуга за сите АМСМ членови содржи и информатор, во кој има сообраќајни и туринг информации за секоја државa, актуелна патна карта на државата што ќе ја посетите или на регионот, како и рутер, компјутерски подготвена патна маршрута за соодветниот патен правец (почетна, крајна точка и транзитни точки од планираното патување на членот на АМСМ, информации за насоката и за износот на километри, вкупниот износ на патарини и други гранични такси, како и многу други туринг информации неопходни за секое патување надвор од Македонија). Сте ги слушнале безброј пати и уште толку сте ги прочитале, но сепак добро е повторно да се потсетите на советите за патување во летниот период. Избегнувајте високи температури за патување, консумирајте повеќе течност, правете паузи и безбедно ќе стигнете до вашето место за летување. Дефектите на автомобилот се неизбежни. Дури и да се случат треба да ја задржите присебноста, правилно да го обележите возилото што е во дефект и смирено да ја чекате службата за помош на пат, особено ако пред патувањето сте обезбедиле некој од членските пакети на АМСМ, Европа или Класик членството. Покрај текстовите што ги објавуваме во овој број на располагање ви е и нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk што перманентно се обновува и на која ќе најдете голем број совети и препораки од областа на сообраќајот. Следниот број на списанието очекувајте го во текот на септември, во печатена верзија, на вашата домашна адреса и на меил адресата www.amsmklubmobiliti.mk
Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник
ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
3
ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА
КАЛИБРАЦИЈА НА АНАЛОГНИ И ДИГИТАЛНИ ТАХОГРАФИ СКОПЈЕ (ЧАИР), ВЕЛЕС
02/2631-181 4
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk
HI-TECH
НОВОСТИ 8 ХОНДА ИМА НОВ 3С ДИЛЕР ЗА МАКЕДОНИЈА 9 ЕЛЕКТРИЧНИОТ ЗМЕЈ И НЕГОВИТЕ 2.028 КС
38 ДРОНОВИТЕ ВО ХУМАНИТАРНИТЕ МИСИИ
30 СТИЛ 30 СО ПОГЛЕД НА БЕСКРАЈОТ, ОД ВИСИНА - ОЛИМПИСКА
9
38
АВТО-МОТО
ИСТОРИЈА 40 МИТСУБИШИ НА СВЕТОТ МУ ПОДАРИ КУЛТНИ МОДЕЛИ
10 АВАНТУРИСТИЧКА СТРАНА 14 ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРСКА БРИЛИЈАНТНОСТ
32 ПАТУВАЊЕ 32 РОМАНТИЧНО МЕСТО ЗА НЕЗАБОРАВНИ СПОМЕНИ ОД ЛЕТУВАЊЕТО
14
40
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
СПОРТ
26 ЛЕТО, АВТОМОБИЛ И ВИЕ
57
50 ПРОМЕНЛИВИ РЕЗУЛТАТИ, ТЕНЗИЈАТА „ВРИШТИ“ 52 БАНАЈА ПОВТОРНО ВО ИГРА
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
5
| ОТА
БУГАРИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - СОФИЈА Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 245km
60 ден.Романовце
Вињета 8 € - 7 дена Бугарија патарини: 9,60 €
-
-
-
-
ТУРЦИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ (Рута: Скопје - Софија - Пловдив - Едирне - Истанбул) Наплатни станици: Македонија - 100 денари | Бугарија - 8 € вињета (за 7 дена) | Турција - 1,2 € оддалеченост: 783 km
патарини:10,80 €
СКОПЈЕ - ИПСАЛА (Рута: Скопје - Гевгелија - Солун - Кавала - Ипсала) Наплатни станици: Македонија - 360 денари | Грција - 12,2 € оддалеченост: 566 km
патарини:18,20 €
РОМАНИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ Наплатни станици: Македонија - 100 денари | Бугарија вињета - 8 € (за 7 дена) |Бугарија/Романија мост Русе - 3 € | Романија вињета - 3 € (за 7 дена) оддалеченост: 628 km
патарини:15,60 €
ИТАЛИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - МИЛАНО Наплатни станици: Македонија - 100 денари |Србија - 17 € | Хрватска - 18 € | Словенија - 15 € вињета (за 7 дена)| Италија - 30,5 € оддалеченост: 1445 km
патарини: 82,10 €
СКОПЈЕ - РИМ Наплатни станици: Македонија - 100 денари | Србија - 17 € | Хрватска - 18 € | Словенија - 15 € вињета (за 7 дена) | Италија - 50 € оддалеченост: 1707 km
6
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
патарини:101,60 €
ОТА |
УНГАРИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА Наплатни станици: Македонија - 100 денари | Србија - 18,5 € | Унгарија - 10,2 € вињета (за 10 дена) оддалеченост: 806 km
патарини:30,3 €
МАКЕДОНИЈА Цени на патарина: Од 18.07.2022 ставени се во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци- Штип. На наплатните рамки, како што најави Јавното претпријатие за државни патишта, целосно ќе функционира електронскиот систем за наплата на патарина. Оттаму информираа дека првите две ленти од десно ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката. Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини. Aвтопат Миладиновци- Штип (наплатни рампи Преод и Кадрифаково ) Ценовник по категории на возила: ПРЕОД – 1А Категорија – 40 денари, 1Б Категорија – 70 денари, 2-ра Категорија – 100 денари, 3-та Категорија – 180 денари и 4-та Категорија – 270 денари. КАДРИФАКОВО – 1А Категорија – 30 денари, 1Б Категорија – 50 денари, 2-ра Категорија – 80 денари, 3-та Категорија – 150 денари и 4-та Категорија – 220 денари.
АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ОБУКА ЗА „Б“ КАТЕГОРИЈА
02/3181-240 | www.avtoskolamobiliti.mk
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
7
| НОВОСТИ
АВТО ТРЕЈД
ХОНДА ИМА НОВ 3С ДИЛЕР ЗА МАКЕДОНИЈА
А
втомобилите и мотоциклите на Honda отсега се достапни во новиот дилерски објект на компанијата Авто Трејд, кој е единствениот 3S дилер за возилата од гамата на Honda за Македонија. Кратенката 3Ѕ подразбира продажба, сервисирање и набавка на оригинални резервни делови. Во минатите 20-на години компанијата Авто Трејд играше голема улога на македонскиот автомобилски пазар преку застапување на друг автомобилски бренд, а преку соработката со Honda започнува нова ера во своето работење. Со свеченото отварањето на продажно-сервисниот центар и официјално е означен и почетокот на оваа соработка. Сите заинтересирани за моделите на јапонската марка, без разлика дали станува збор за автомобили или мотоцикли, како и заштитна опрема од реномираните Nolan, X-Lite и Apro може да ги најдат во салонот на Авто Трејд кој се наоѓа на улица Скупи бр.37. •
ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР
НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ПРИСТИГНА ПРВАТА ЕЛЕКТРИЧНА ТОЈОТА
Н
абрзо по светската премиера, импортерот за македонскиот пазар, Тојота Авто Центар на пазарот го лансираше првиот претставник од семејството Beyond Zero, моделот bZ4X. Целосно новиот bZ4X, е првиот модел на Toyota што го означува понатамошниот развој на одамна воспоставените технологии за електрифицирани возила на Тоyota. Моделот bZ4X е просторно и удобно теренско возило, со нов систем за погон на сите тркала кое обезбедува водечко теренско управување и перформанси, со посебни електрични мотори за секоја оска. Ова е првиот модел што ја користи новата платформа eTNGA на компанијата која е посветена на BEV. Врз основа на филозофијата на eTNGA (Toyota New Global Architecture), батеријата се вградува како составен дел на шасијата, под подот на возилото. Надворешниот дизајн е елегантен, моќен и едноставен, а преку големите тркала (до 20-инчен дијаметар) доведени до самите агли на каросеријата го изразуваат автентичниот SUV карактер на автомобилот. Долгото меѓуоскино растојание овозможува пространа, отворена и удобна кабина со пет седишта кој потсетува на пријатен амбиент на дневна соба. Инструмент таблата е ниско поставена, што го зголемува чувството на отвореност и видливост на возачот. Принципот „рацете на воланот, очите на патот“ е поддржан од дизајнот на кабината насочена кон возачот во која 7” TFT екран е сместен директно во предната линија на возачот, над линијата на воланот. Простор за нозете е водечки во класата, за сите патници. Багажниот простор има капацитет до 452 l со исправени задни седишта. Новиот bZ4X ја користи најновата, помоќна мултимедијална платформа на Toyota со интуитивен екран на допир од 12” , овозможувајќи пристап до навигација базирана на облак (cloud) која овозможува планирање на патувањето, како и пренесување на најновите информации за сообраќајот и паркирањето. Исто така, обезбедува информации специфични за BEV, како што се досегот на возење, поддршка за возење и детали за станицата за полнење. Изведбата со погон на предните тркала се напојува со помош на електричен мотор од 150 kW. Тој испорачува 204 КС и 265 Нм вртежен момент, овозможу-
8
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
вајќи забрзување од 0-100 км/ч за само 8,4 секунди и максимална брзина од 160 км/ч. Моделот со погон на сите тркала има максимална моќност од 217,5 КС со 336 Нм вртежен момент; максималната брзина е непроменета, додека забрзувањето до 100 км/ч е намалено на 7,7 секунди. Батеријата на bZ4X има капацитет од 71,4 kWh и се очекува да овозможи досег на возење повеќе од 450 km (применувајќи ги параметрите за тестирање WLTP). Батеријата може брзо да се полни до 80% за околу 30 минути со систем за брзо полнење од 150 kW . Тоyota користи нов тип на литиум-јонска батерија во bZ4X која гарантира дека сè уште ќе работи со минимум 90% од нејзиниот оригинален капацитет, по изминати најмногу 10 години или поминати 240.000km. Цените на првиот целосно електричен bZ4X на нашиот пазар стартува од 50.990 евра за изведбата Comfort со 4х2 погон и оди до максимални 62.990 евра за верзијата Luxury Premium опремен со погон на сите тркала. •
НОВОСТИ |
RENAULT EZ-POD
МАЛ, СПОР ЕЛЕКТРОМОБИЛ БЕЗ ВОЗАЧ
С
ветов како да „збесна“ конструирајќи секакви видови електрични возила и од сите класи. И Рено неодамна претстави мини електрично возило со назнака дека е правено за превоз не само на луѓе, туку и на материјални добра, но на куси релации. Рено кој допрва треба да отпочне со сериско производство на возилото наречено „ез под“, нагласува дека малиот електромобил ќе се движи споро и дека ќе биде најпогоден како за отворените простори, така и за затворените, како џиновските продавници, аеродромите, големи хотелско туристички населби и објекти слични на нив. Возилото не само што може само да се движи, туку повеќе од нив може да се закачат едно зад друго и да се движи како воз. Како капак на сè, овој вид возило е без возач, односно ќе биде управувано од далечина. За ваквиот вид управување најголема улога ќе играат сензорите и камерите - тие ќе ги откриваат препреките кои ненадејно ќе се најдат на патот. Засега производителот дава само оскудни податоци во кои нема ниту големина на батерија, ниту брзина на полнење, а не ги објави ни димензиите, ни брзината со која ќе се движи „ез под“. Единствено што е познато во врска со големината на возилото е следниов податок - ќе зафаќа простор од три квадратни метри и тоа е сè. И не е познато кога ќе започне сериското производство и продажбата. Со неколку зборови „ез под рено“ можеме да го опишем како, мал спор електромобил без возач. •
DRAKO DRAGON
ЕЛЕКТРИЧНИОТ ЗМЕЈ И НЕГОВИТЕ 2.028 КС
К
ога зборуваме за случувањата во автомобилската индустрија, особено во последниве две децении светот е насочен кон луксузот. Производителите на супер луксузните автомобили сиот свој животен век го минале во кризи пропратени со проблематична, поточно никаква продажба. Но, во последниве 20 години имаат продадено два пати повеќе автомобили отколку во периодот од основањето и сè до крајот на минатиот век. Ферари, Масерати, Ламборџини, Ролс Ројс, Бентли, сè се тоа марки кои многу пати се нашле пред колапс, но сега од година во година бележат рекордна продажба. Дури и за време на големата криза во автомобилската индустрија тие марки бележеа постојан пораст во продажбата. Истовремено во тие две чудни децении се појавија и други производители (работилници) кои претставуваат автомобили од спомнатата класа. Ги произведуваат во ограничени серии за вртоглаво големи пари. Деновиве повторно се „јави“ работилницата Драко со најава за претставување ултра брзо возило на електричен погон - „сув“ со 2.028 КС. Едвај се справуваат со 208 КС, а не, пак, со 2.028. Името на ултра „сув“ возилото е „драгон“ - му одговара со количеството на коњските сили и со забрзувањето, од 0 до 100 км/ч за 1,9 секунди и крајна брзина од над 322 км/ч. Најнаред 1,2 милиони вредното купе „гте“, а сега работилницата Драко нуди возило за забава („сув“) со погон на сите тркала, поточно по еден електромотор на секое тркало. Цената сè уште не е соопштена, но затоа имаме скриени фотографии од кои
може да го насетиме обликот. Оскудни податоци и неколку официјални фотографии и тоа е сè. Одговорните од Драко велат „драгон“ ќе биде претставено кон крајот од годинава, така што и цената ќе биде обелоденета, но најверојатно ќе биде милионска, слично како и за купето „гте“. •
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
9
| АВТО-МОТО
Тест на Toyota RAV4 Adventure 2.5 Hybrid AWD e-CVT
АВАНТУРИСТИЧКА СТРАНА ВО МНОГУ СЕГМЕНТИ НАЈНОВОТО ИЗДАНИЕ НА TOYOTA RAV4 НЕ Е ДАЛЕКУ ОД ИЗВОРНИОТ МОДЕЛ, НО СО МАЛИ МОДИФИКАЦИИ ДОБИВА НА КАРАКТЕР ПРЕКУ КОЈ ЈА ИСТАКНУВА СВОЈАТА ПОСЕБНОСТ И АВАНТУРИСТИЧКИ ДУХ.
10
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |
С
о RAV4 Adventure, Toyota не оди многу далеку од она што го нуди во останатите изведби, но сепак тука како стандарден дел од опремата доаѓа погонот на сите тркала, за нијанса повисокиот клиренс и ред други измени на надворешноста и кабинскиот дел кои го прават посебен и различен. ИНСПИРИРАН ОД МИНАТОТО Стајлингот на надворешноста во оваа Adventure изведба му дава на RAV4 поробусен изглед преку дизајнот на предниот дел на кој се истакнуваат новите LED светлосни склопови, изменетата маска на ладилникот во која е интегрирано логото на брендот, предниот браник има нов облик и е со истакнат заштитен панел во долниот дел изведен во сива-мат завршница. Сите оние препознатливи off road стилски примеси доаѓаат на RAV4 како дел од портфолиото на компанијата врз кое Toyota ја има изградено својата репутација. Според нас, а и според реакциите на минувачите, одговорните за дизајнот на надворешноста работата ја завршиле доста успешно. Како дополнување на целата тема доаѓаат и новите, уникатно дизајнирани лесно метални бандажи од 19 инчи и пошироките пластични заштитни облоги над тркалата. Преку сите измени може да се забележи дека профилот изгледа исто, но сепак малку поразлично, изразените елементи воедно се тука да побудат интерес за истражување на нови авантури вон вообичаните асфалтни рути.
СОЗДАДЕН ЗА МАКСИМАЛЕН КОМФОР За „авантуристичкиот“ RAV4 компанијата не оди многу далеку од она што го нуди во останатите изведби. Единствената забележлива разлика се однесува на дизајнот на кожните седишта и контрастните портокалови шевови кои продолжуваат да се протегаат по централната конзола, а може да се забележат и на облогите од вратите. Чувството во кабината е исклучително пријатно, големата пространост е очигледна, а дополнителен комфор носи и начинот на кој е таа изведена. Површините кои се во видно поле и почесто изложени на допир се направени од високо квалитетни материјали, а онаму каде погледот и раката нема да ви оди често се направени од потврда пластика, но со висок квалитет. Нешто што посебно ни се допадна е употребата на гума со изразена текстура на внатрешната страна од рачките за затварање на вратите и големите прстени на контролите за климатизација. Ергономијата е на високо ниво, примарните и секундарни команди се логички распоредени и на дофат, воедно истите се и едноставни за користење. Единствената замерка во кабината оди на сметка на инфотејмент системот кој иако поседува копчиња за брз пристап до одредени функции и конекција со Android Auto и Apple CarPlay неговото мени не делува интуитивно и брзо како кај некои од конкурентите, но како што истакнуваат од Toyota, наскоро пристигнува освежување на таа тема. За габаритите на ентериерот може да се каже дека се во врвот на класата, благодарение на TNGA-K платформата која има 2.690 мм меѓуоскионо растојание, затоа покрај стандардната удобност на предните седишта ниту патниците на задната клупа не се лишени од максимален комфор, бидејќи истата има опција да прими три возрасни лица кои нема да имаат проблем ниту со просторот за колената ниту, пак, со висината на кровот. Со целосна посветеност да се задоволат семејните потреби е и багажниот дел кој располага со капацитет од минимални 580 литри, а со соборување на задната клупа се добиваат 1.690 литри.
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
11
| АВТО-МОТО
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
СЕКОГАШ НА ВИСИНА НА ЗАДАЧАТА Кога станува збор за моторизацијата кај хибридниот RAV4 објаснувањето оди по следниот распоред: под предниот поклопец работи 2.5-литарски четири цилиндричен бензински двигател со моќ од 177 КС кој дејствува во синергија со еден електромотор задолжен за движење на предните тркала што располага со 120 КС и уште еден електромотор со јачина од 55 КС што ја движи задната осовина. Номиналната вредност која ја произведува овој бензински-електро погон по сите пресметки на компанијата изнесува вкупно 222 КС кои според нашето искуство се и повеќе од доволни за возилото тешко преку 1.700 килограми. Енергијата потребна за придвижување на електромоторите се чува во батерии чие надополнување се врши додека работи бензинскиот агрегат и при сопирање преку регенерација на силата на сопирање, со други зборови нема потреба од кабли и приклучување во електричен систем. Како по традиција производителот кај хибридните модели користи безстепена континуирана варијабилна трансмисија (e-CVT) која ја распоредува силата од хибридната моторизација кон сите четири тркала
12
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
МОТОР:
ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНЕЦ
ЗАФАТНИНА:
2487СМ3
МОЌНОСТ НА БЕНЗИНСКИ АГРЕГАТ:
177 КС При 6.000 врт/мин
МОЌНОСТ НА ПРЕДЕН ЕЛ.МОТОР
120 КС (88 KW)
МОЌНОСТ НА ЗАДЕН ЕЛ.МОТОР
222 КС (165,5 KW)
МЕНУВАЧ:
E-CVT БЕЗСТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ
ПОГОН:
НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА
ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:
НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: МУЛТИЛИНК
СОПИРАЧКИ:
НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ
ГУМИ:
НАПРЕД 235/55 R19, ПОЗАДИ 235/55 R19
МАСА НА ВОЗИЛОТО:
КГ 1.730 КГ
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:
4600Х1855Х1685 ММ
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:
8.1 СЕКУНДИ
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:
4.6 ЛИТ/100 КМ
МАКСИМАЛНА БРЗИНА:
180 КМ/Ч
ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:
49.619 ЕВРА
и знае да биде малку побучна кога моторот е под полно оптоварување. Бројките велат дека RAV4 стигнува до 100 км/ч за 8,1 секунди, а максималната брзина изнесува 180 км/ч. Производителот декларира дека на хибридниот погон му се потребни помалку од 5 литри во комбиниран циклус на возење. Ние, вредностите не ги постигнавме и за време на тестот успеавме да измериме просечна потрошувачка од 7,6 литри. Секако, доколку сте понежни со педалот за забрзување истата може да биде блиску до декларираната. Самото возење со ваков тип на погон ве тера да размислувате потрезвено во секојдневниот сообраќај обидувајќи се што подолго време да го користите предностите кои ги нуди хибридниот систем што во исто време резултира и со многу помало ниво на штетни честички ослободени во атмосферата. Моторизацијата и одлично одмереното потирање му дозволуваат на RAV4 да биде забавен ако од него тоа се побара, без разлика за каква подлога станува збор, бидејќи за тоа се задолжени 4 модови на работа, „нормал“, „еко“, „спорт“ и „трејл“ со што неговиот карактер на R – рекреативно, A – активно, V - возило, со погон на 4 тркала доаѓа до полн израз. • Данчо Здравковски
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ САМО ВО АМСМ СКОПЈЕ - ЦЕНТАР
www.amsm.mk
02/3181-181
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
13
| АВТО-МОТО
Претставуваме Zenvo Prodrive TSR-S Hunter
ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРСКА БРИЛИЈАНТНОСТ ZENVO TSR-S Е АВТОМОБИЛСКА РЕТКОСТ КОЈА СЕ ПОЈАВУВА ЕДНАШ ВО ГЕНЕРАЦИЈА И ОСТАНУВА ЗАПАМЕТЕН БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВРВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА КОЈА ПОСТАВУВА НОВИ ГРАНИЦИ ВО СВЕТОТ НА АВТОМОБИЛСКОТО ИНЖЕНЕРСТВО.
Д
анскиот производител на автомобилска реткост Zenvo иако можеби не е толку извикан како останатите производители на хипер спортски автомобили, сепак тоа не го спречува да произведува технички брилијантни уметнички дела на четири тркала. Под нив се потпишува данскиот инженерски гуру Троелс Волертсен од кого и почнува приказната за Zenvo во 2004 година. После четири години развој, на крајот на 2008 година се појавува првиот дански хипер-автомобил Zenvo ST1. Со 1.104 КС под капак и 375 km/h крајна брзина, ST1 се произведе во 15 примероци и беше вовед во успешната приказна на Zenvo. Низ седум години напорен развој во 2016 дојде и неговиот наследник TS1. Технички понапреден и со основа која дозволува понатамошен развој тој послужува како база за следните модели на Zenvo: неговата подобрена изведба TS1 GT, чистокрвниот тркач TSR и неговата патна верзија TSR-S. Карактеристика за сите модели на Zenvo се навиениот V8 со двоен механички компресор, менувачот со хеликоидни запченици и специфичната плетка на панелите од јаглеродни влакна која се создава според желбите на клиентот правејќи секој модел да биде уникатен. Според овој терк доаѓа последното видување на Zenvo на тема хипер-автомобил моделот TSR-S со хибриден погон. ЈАДРО НА ИНОВАЦИИ Иако ја носи наставката S во ознаката TSR не е тркач, туку спортски автомобил наменет за на пат, дури и за секојдневно користење благодарение на својот хибриден погон и можностa за прилагодување на системите за управување со автомобилот. Добиен со комбинирање на одличната основа на TS1 GT и дивата тркачка природа на TSR и додавањето на врвните ново развиени технички достигнувања, TSR-S буквално претставува јадро на иновации поставувајќи нови граници во светот на автомобилското инженерство.
14
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Благодарение на примената на напредните аеродинамични решенија кои се среќаваат првпат кај еден автомобил, TSR-S нуди повеќе од три пати поголем „downforce” од TS1 GT. Најголем виновник за ова е патентот на активното задно крило наречено Zenvo Centripetal Wing. Името доаѓа од центрипетална сила која го присилува телото да следи крива патека на движење. Поставено на две ротациски оски кои му дозволуваат да го менува аголот крилото обезбедува поголема тракција во свијоци и помага при сопирање во улога на дополнителна воздушна сопирачка. Еве како функционира: Додека фиксното крило е дизајнирано да создава негативен потисок при одредена брзина, активното крило на Zenvo го менува аголот и обезбедува максимален потисок без оглед на брзината. Воедно се поткрева на страната од автомобилот која во моментот се наоѓа на внатрешниот дел на свијокот. Така силата од струењето на воздухот дополнително го турка автомобилот во свијок подобрувајќи ја управливоста, а со зголемувањето на потисокот ја подобрува тракцијата на
АВТО-МОТО |
внатрешното задно тркало и не му дозволува на задникот да побегне. При сопирање, пак, целосно се исправува и делува како воздушна сопирачка. Затоа при возење се чини како некоја невидлива рака да го води TSR-S низ свијоци не дозволувајќи му да отстапи од зададената линија. ХИБРИДЕН ПОГОН ЗА ТРКАЧКИ МОТОР Моторот сместен централно во шасијата е дериват на тркачкиот мотор на TSR, но навиен да ослободува 75 КС повеќе при 1.400 min-1 повисоко. Така 5.8 литарскиот V8 со помош на двојниот механички компресор остварува бесни 1.194 КС при 8.500 min-1 и вртежен момент од масивни 1.139 Nm кои кон задните тркала се испраќаат преку седум степен секвенцијален менувач со хеликоидни запченци по кои Zenvo стана препознатлив. Хеликоидните запченици стојат косо во однос на оската на запченикот, имаат поголема зафатна површина и дозволуваат поголеми оптоварувања. Електричниот мотор од хибридниот модул е споен директно со менувачот и покрај зголемувањето на моќноста ја рафинира контролата на тракција и обезбедува дополнителен преносен однос бидејќи се користи за возење во „рикверц”. Воедно менувачот
има два модуси на работа: Road – за на пат каде степените се менуваат со помош на електроника, а сензорите го прилагодуваат менувањето за да се избегне бруталноста која се чувствува при директното менување. Race – за на патека кога бруталноста на директното механичко менување годи. Во оваа поставка менувачот на TSR-S е еден од најбрзите што постојат. Техниката му овозможува на TSR-S да има две лица. Да биде најблиску што може до чистокрвен тркачки автомобил, а сепак да може да се вози секојдневно. За да може да се менува карактерот на TSR-S развиен е систем кој ги менува карактеристиките на автомобилот зависно од потребите на возачот. Во основа постојат три поставки со едноставни ознаки: Minimum, IQ и Maximum. Minimum ја ограничува моќноста на 710 КС, a Maximum го нуди целосниот потенцијал на 1.194 КС. Најинтересна е поставката IQ која сама ги прилагодува параметрите според условите на возење. Таа е најпогодна за да се ужива во задоволството да се вози тркачки автомобил на пат. Напредната контрола на тракција постојано надгледува каков е контактот на тркалата со подлогата и соодветно ја прилагодува моќноста.
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
15
| АВТО-МОТО
КАРБОНСКА ПЛЕТКА СПОРЕД ИНДИВИДУАЛЕН ВКУС Моторот сместен централно во шасијата е дериват на тркачкиот мотор Постојаниот развој на полето на карбонските технологии му овозможил на Zenvo да им понуди на клиентите геометриска плетка на јаглеродните влакна која ќе биде изработена по нивен вкус. Потоа уникатната плетка се поставува рачно од техничарите на Zenvo, а елементите изработени од овој материјал стануваат уникатни ремек дела давајќи му посебен печат на секој примерок на TSR-S. Такви се и бандажите изработени од овој материјал. Така наречените фрагментирани карбонски бандажи се 15 kg од адекватна алуминиумска варијанта. Секој фрагмент од бандажите се сече рачно и се поставува на одбраното место за да се создаде единствен дизајнерски мотив. За да се направи еден комплет потребна им е една седмица на двајца техничари. Како шлаг на оваа ексклузива доаѓа и можноста за вметнување на воден жиг во карбонските елементи според желбите на клиентот. Секој детаљ од минималистички скроената кабина е одраз на ултимативната тркачка филозофија на Zenvo. Непотребната тежина е елиминирана. Во кабината нема аудио систем ниту звучници, нема сателитска навигација, клима уред, воздушни перници, а седиштата како спортски кади се местат механички. Секако оставен е простор за исполнување на желбите на клиентите. Сето ова може да се напика во кабината на TSR-S, a нема ограничување ниту за материјалите. Без оглед на сопствената филозофија, во Zenvo се свесни дека кога се во прашање желбите на клиентот не постојат граници. Во ентериерот може да се вметне дури и знамето на земјата од која доаѓа клиентот. Затоа и цената на TSR-S е соодветна и почнува од 1,45 милиони евра, а за да се сочува ексклузивноста производството како и за останатите модели е ограничено на само пет примероци годишно. • Љубомир Анастасовски
16
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ |
OPEL МАКЕДОНИЈА – ЕУРОИМПЕКС
МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА НОВАТА OPEL ASTRA
В
о салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на најновиот модел во гамата на Opel, новата Opel Astra. Прашината која успеа да ја подигне со своето првично прикажување, неколку месеци претходно предизвика реакции и бројни позитивни коментари уште пред своето официјално дебитирање на македонскиот пазар. На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост. Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на импортерскиот салон, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на Новата Opel Astra. Продукт менаџерот за Opel - Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави: „Сосема новата Astra....Зборува сама за себе. Дизајнирана, развиена и произведена во Германија. Новата Astra сега изгледа далеку подобро (можеби и одлично) со чист и смел дизајн во кој се вклучени интересни детали што потекнуваат од славниот предок, моделот Opel Kadett“. Со новата Astra се гледа подобро на пат со унапреденото INTELLI-LUX LED PIXCEL предно осветлување, составено од 84 модули во само еден преден фар... дури 4 пати повеќе од ривалите. Новата Astra се грижи подобро за здравјето со INTELLI-AIR системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер, дури и против вируси. Во новата генерација на Astra, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10” дисплеи: Pure Panel или целосно застаклениот Pure Panel Pro. Во новата Astra се седи подобро со AGR предните седишта, подесување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, а како стандарден дел од опремата веќе од второто ниво на опременост, што овозможува масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта. Во новата Astra се вози дефинитивно подобро, благодарение на третата еволуција на EMP2 V3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Stellantis групација преку турбо бензинските 1.2 литарски агрегати со 110 КС или 130 КС, помоќната изведба, покрај 6 степен мануелен менувач може да биде поврзан и со 8-степен автоматски менувач, тука е и дизелската опција која доаѓа во форма на 1.5 литарски турбодизелски агрегат со моќ од 130 КС и осумстепен автоматски менувач. Во моментов на врвот од понудата се изведбите со plug-in hybrid технологија и вкупна хибридна снага од 180 КС во послабата опција или 225 КС кај перјаницата. Додека за идната, 2023 година е најавено и пристигнувањето на целосно електрична верзија на Astra.. Од Еуроимпекс сметаат дека нема потреба од компромиси за да добиете секојдневно возбудливо возење, стилски изглед, ниски трошоци и иновативна технологија, затоа што новата Opel Astra стратува со почетна цена од 21.700 евра. •
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
17
| АМСМ
ЛЕТО СО НОВИ УСЛУГИ, ПР ВЕЛО СРЕЌНИ ДЕНОВИ СО ВЕЛО ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА АМСМ ВЕЛО членската картичка ви гарантира помош во случај на дефект за вашиот велосипед, а сега дополнително ви овозможува и други погодности. Станете АМСМ ВЕЛО член во периодот од 15.7. до 15.8.2022 година и дополнително во АМСМ сервисот за велосипеди добивате: • бесплатна проверка на велосипедот и • 30 % попуст на основниот или на целосниот сервис на вашиот велосипед. АМСМ сервисот за велосипеди е лоциран во рамките на АМСМ Скопје-Центар. Бесплатната проверка може да ја искористите само со претходно закажување на 02/3181-181. АМСМ ВЕЛО членска картичка можете да извадите и онлајн на www.amsm.mk
СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО - СПОДЕЛЕТЕ ГИ ЧЛЕНСКИТЕ УСЛУГИ СО НАЈБЛИСКИТЕ Семејното членство ви овозможува услугите од својата АМСМ членска картичка, особено оние за помош на пат и шлепување, да ги споделите со членовите на вашето семејство. Користењето на опцијата за семејно членство ви овозможува две основни придобивки: • Заштедувате. Годишниот надоместок за семејно членство е неколкупати помал од цената на АМСМ членската картичка. Наместо повеќе членски картички во едно семејство, сега имате можност за една членска картичка за повеќе корисници. • Го згрижувате секој член од вашето семејство и му овозможувате безгрижно патување. Семејна членска картичка може да извадите во моментот на зачленување, но и подоцна, во текот на траењето на вашата АМСМ членска картичка. Семејна членска картичка можете да извадите и онлајн на www.amsm.mk.
18
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
РОМОЦИИ И ПОВОЛНОСТИ ПРЕМИУМ СЕРВИСНИ УСЛУГИ ЗА ВАШИОТ ВОЗЕН ПАРК НА ВАША ЛОКАЦИЈА Времето е најважниот ресурс на денешницата. За вашето време да го посветите на раст и развој на бизнисот, креиравме иновативна услуга за сервисирање и одржување на возила на ваша локација. Ваквата услуга е прва од ваков вид на пазарот и ви овозможува важни придобивки: •да го намалите времето и ангажманот на вработените при сервисирање на возилата; • да го намалите трошокот за сервисирање, со тоа што сервисирањето се одвива на ваша локација; •да ја намалите загубата на ефективното работно време, така што сервисирањето на возилата ќе се одвива само периодот по завршување на работното време или за време на викенд. Премиум сервисните услуги кои се извршуваат на ваша локација вклучуваат: •Редовен сервис на возило - Менување масло и филтри - Достава и проверка на течности • Одржување и сервисирање на пневматици - Монтирање и демонтирање - Балансирање - Лепење пневматици со чеп и со лепенка - Компјутерска дијагностика • Испитување на протекување на систем за ладење со фреон (клима уред) - Замена на делови од кочиониот систем (промена на плочки по оска) - Проверка на осветлување - Останати помали интервенции - Водење сервисна историја Премиум сервисните услуги на ваша локација се извршуваат со мобилно сервисно возило прилагодено и комплетно опремено за успешна реализација на сите сервисни услуги, во сите годишни времиња. 02/3181-133
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
19
| АМСМ
АМСМ НЕ САМО ЗА ВОЗАЧИТЕ НА АВТОМОБИЛИ, ТУКУ И ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ СО ЦЕЛ ДА ОДГОВОРИМЕ НА ПОТРЕБИТЕ И НА БАРАЊАТА НА РАЗЛИЧНИТЕ И АЛТЕРНАТИВНИТЕ НАЧИНИ НА ПРЕВОЗ, СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА ВЕЛОСИПЕДИТЕ КАКО ОСОБЕНО ПОПУЛАРЕН НАЧИН НА ГРАДСКИ ТРАНСПОРТ, ГО ЛАНСИРАВМЕ ПРОЕКТОТ „ВРТИ БЕЗГРИЖНО“.
П
оголема безбедност на патиштата на сè поголемиот број градски велосипедисти е една од основните причини за реализација на проекот „ВРТИ БЕЗГРИЖНО!“. Од мај досега во рамките на проектот реализирани се повеќе проектни активности насочени кон зголемување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот: • Лансирана е нова АМСМ ВЕЛО членска картичка наменета за велосипедистите што овозможува бесплатна помош на пат и пренесување на велосипед во случај на дефект на територијата на градот Скопје, до 20 км градско подрачје во двата правца; • Отворен е специјализиран сервис за велосипеди, лоциран во рамките на АМСМ Скопје-Центар, кој располага со квалификувани и искусни вработени и во кој се достапни сите сервисни услуги за сите брендови на велосипеди; • Пет сервисни станици за велосипеди, во соработка со локалната бизнис-заедница, се поставени на следниве локации: - Пред АМСМ во Општина Центар; - Пред SKOPJE CITY MALL во Општина Карпош, ул. „Манапо“; - Во „FOUR“ (хотел „ПАРК“) на кеј во Општина Центар; - Пред хотел „РУСИЈА“ во општина Аеродром; и - Во следниот период пред „VERO JUMBO“ во Општина Центар. Сервисните станици располагаат со воздушна механичка пумпа, хекс клучеви, шрафцигери, конусни клучеви и друг ситен алат за проверка и поправка на мали дефекти на велосипед и бесплатно може да ги користат сите велосипедисти во градот. За реализација на проектот формиран е посебен ВЕЛО тим што функционира во рамките на АМСМ Помош на пат. Услугата помош на пат во случај на дефект на велосипед, пак, се реализира со електричен велосипед што ни овозможува брзо и еколошки да пристигнеме до која било дестинација на територијата на градот Скопје. Во следниот период проектот „ВРТИ БЕЗГРИЖНО!“ ќе продолжи со едукативни кампањи насочени кон зголемување на свеста за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, како и со сервисни акции за зголемување на свеста за важноста на техничката исправност на велосипедите. Проектот е поддржан од FIA (Светска автомобилистичка федерација) и се реализира со финансиска помош од FIA Grant Programme, до која АМСМ има пристап како единствена мобилити членка од нашата земја. •
20
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ Центар - Вело станица
СО СЕКОЈА СЛЕДНА ОБНОВА НА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА,
ДОБИВАШ ПОПУСТ.
СО БОНУС ПРОГРАМАТА СЕКОГАШ ДОБИВАШ!
БОНУС програмата ви овозможува скалест попуст при секоја следна обнова на вашата АМСМ членска картичка, под одредени услови.
02/3181-108
www.amsm.mk 07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
21
| АМСМ
АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ГО ПР
22
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
РОСЛАВИ СВОЈОТ 15. ЈУБИЛЕЈ
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
23
| АМСМ
• Имам пријател од странство, поточно од Германија, кој ќе ми биде гостин подолго од еден месец. Би сакал да знам дали може да го користи мојот автомобил во Македонија доколку извадиме полномошно и меѓународна возачка дозвола овде во Скопје. АМСМ: АМСМ издава полномошно само за користење моторно возило надвор од границите на Република Македонија за државјани на РМ и возила регистрирани во РМ според законот, а меѓународната возачка дозвола се издава само врз основа на национална возачка дозвола во државата каде престојува (македонска возачка во Македонија, германска возачка во Германија). За информација дали вашиот гостин-странец ќе може да го возил вашето вопзило, ќе мора да се обратите во МВР, отсек за моторни возила.
• Што значи центрирање на преден и заден трап на возило? АМСМ: Центрирање на преден и заден трап значи подесување на геометрија на возилото или подесување на аголот на тркалата. Секое возило од било кој бренд има свои таргети или мерки во кои треба да се движат предните и задните тркала на возилото. Обично кога тоа не е во мерки, возилото отстапува од правецот кој ќе му се зададе да се движи, влече лево или десно, пневматиците се трошат неизрамно... Со центрирањето се постигнува тркалата да бидат паралелни едни со други и гумата да се аби (троши) рамномерно. Со центрирање на предните тркала (преден трап) или задните тркала (заден трап-заден трап кај некои возила не се центрира) сето ова горе спомнато се избегнува.
• Со члентството Класик, колку пати можам да ги искористам услугите на влечната служба бесплатно надвор од Скопје? АМСМ: Со членството Classic, услугата „бесплатно шлепување“ Ви следува два пати и тоа: • Еднаш во случај на сообраќајна незгода • Еднаш во случај на дефект на возилото, а притоа истото не е во можност да се движи на сопствен погон. Доколку ги искористите овие две услуги, а имате потреба од повторно шлепување, истото ќе Ви биде наплатено по членска цена.
*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
24
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
ЧЛЕНСТВО
ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ
02/3181-108
www.amsm.mk 07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
25
| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
Совети за безбедно возење
ЛЕТО, АВТОМОБИЛ И ВИЕ „ФАТЕТЕ“ ЈА ВЕСЕЛАТА СТРАНА НА ПАТУВАЊЕТО И ВНИМАТЕЛНО, ПОДГОТВЕНИ И БЕЗ БРЗАЊЕ ТРГНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ ЗА ДА ГО МИНЕТЕ ОДМОРОТ СПОКОЈНО.
26
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Д
али правилото е пишано или не, лето е и темата е веќе позната одење на одмор. За оние што ќе одлучат на одмор да патуваат со автомобил подготвивме неколку совети што ќе им бидат од корист. • Прво, препорачливо е темелно да се исчисти автомобилот и од него да се извадат сите непотребни предмети, особено од багажникот со што ќе се добие повеќе простор и ќе се намали вкупната тежина на возилото. При чистењето треба да се посвети посебно внимание на ветробранските стакла. Тие секогаш треба да бидат беспрекорно чисти. • Второ на списокот е проверката на предната и на задната светлосна групација. Предните фарови мора да бидат правилно нагодени и снопот светлина да паѓа на асфалтот под правилен агол, а не да им удира во очи на возачите од спротива или нагоре. • Трето, проверка на сите течности во автомобилот, почнувајќи од маслото во моторот, течноста во сопирачкиот систем, маслото во менувачот и проверка на нивото на течноста потребна за миење на ветробранското стакло. • Потоа на ред доаѓа проверката на погонската едница. Во сервис компјутерски ќе проверат дали моторот работи како што треба. • Петтата проверка е за пневматиците, дали и колку се прописно напумпани, а потоа секое тркало се контролира на машина за балан-
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
сирање. Пожелно е пневматиците да бидат во одлична состојба, но доколку не се ќе треба да се заменат исклучително со нови, никако со половни. • Под точка шест е проверката на предниот дел заедно со системот за управување и негово центрирање. Добро балансираните пневматици со центрирањето на системот за управување е гаранција за безбедно возење. • Седма точка се сопирачките. Целиот систем мора да работи беспрекорно и сите делови мора да бидат нови и од соодветен производител. Откако ќе се направат сите наведени проверки, подготвени сте да возите, но само ако сте добро одморени и наспани. Внимавајте, тргнувањето премногу рано наутро носи голем ризик. Задремувањето најчесто се јавува пред изгрејсонце и во првиот час по изгревањето. Поради поспаност може да се предизвика сообраќајна незгода. Внимателно, подготвени и без брзање тргнете на патување за да го минете одморот спокојно. За крај, без пиење алкохол и газирани пијалаци. Вода со лимон е одлична напивка додека возите зашто помага при високи температури и жед. • Жарко Атанасоски
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
27
| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
Совети за безбедно возење
ДАЛИ СТЕ СУГУРНИ ДЕКА ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ ВО ТУНЕЛ ? ТУНЕЛИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОМАЛКУ СОВРЕМЕНИ, СО ПОГОЛЕМА ИЛИ ПОМАЛА ДОЛЖИНА И ШИРИНА, ДОБРО ИЛИ СЛАБО ОСВЕТЛЕНИ. НЕЗАВИСНО ОД ТОА, ТИЕ СЕ ДЕЛОВИ ОД ПАТОТ КАДЕ ВОЗАЧОТ ТРЕБА ДА ВОЗИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ И ДА ЗНАЕ КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВА ПРИ ПОМИНУВАЊЕ НИЗ ТУНЕЛОТ, ВО СЛУЧАИ НА ЗАСТОИ ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ВОЗИЛО, СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ИЛИ ПОЖАР.
П
осебното внимание на возачот е неопходно затоа што со влезот во тунелот наеднаш настанува светлосна промена и неопходна е адаптација на очите. Во денски услови таа промена е од светло на темно или од дневна на друг вид на светлина, а во ноќни услови од темно на светло. Во моментот на адаптација на самиот влез во тунелот првите метри се минуваат на слепо и големата брзина може да биде кобна, особено ако во тој дел од тунелот има некаква препрека. ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ НА ВОЗАЧИТЕ При влез во тунел: - вклучете ги средните соборени светла, - симнете ги очилата за сонце, - почитувајте ги светлосните и сообраќајните знаци, како и ограничувањето на брзината, - не го користите мобилниот телефон, - не пушите. Во тунел: - одржувајте безбедно растојание од возилото пред вас додека се
28
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
движите или стоите, - не претекнувајте доколку има само една лента во двете насоки, - не свртувајте полукружно и не возете наназад, - не го сопирајте возилото освен во итни случаи. Во случај на застој: - вклучете ги светлата за предупредување, - одржувајте безбедно растојание од возилото пред вас без разлика дали се движите бавно или стоите, - исклучете го моторот доколку колоната застане, - следете ги инструкциите на официјалните лица во тунелот и инструкциите давани со сообраќајни знаци, - слушајте ги известувањата преку радио. Во случај на дефект или сообраќајна незгода: - вклучете ги светлата за предупредување, - доколку е можно, изнесете го возилото од тунелот, доколку тоа не е можно запрете го возилото на лентата за итни случаи, - исклучете го моторот, а клучевите оставете ги во бравата и напуштете го возилото, - повикајте помош од телефоните за итни случаи доколку има во тунелот или од мобилен, - следете ги инструкциите на официјалните лица во тунелот, - доколку е можно пружете прва помош на повредените лица. Во случај кога Вашето возило е зафатено со пожар: - доколку е можно изнесете го возилото од тунелот. Доколку тоа не е можно запрете го возилото на лентата за итни случаи, - исклучете го моторот, а клучевите оставете ги во бравата и веднаш напуштете го возилото, - евакуирајте ги патниците на безбедно место. Во случаи кога друго возило е зафатено со пожар: - одржувајте безбедно растојание од возилото пред вас, - поместете го Вашето возило настрана и овозможете премин на спасувачките и медицински служби, - исклучете го моторот, а клучевите оставете ги во бравата и веднаш напуштете го возилото. • Маргита Поповска
ЧЛЕНСТВО
02/3181-108
www.amsm.mk 07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
29
| СТИЛ
Балонирање
СО ПОГЛЕД НА БЕСКРАЈОТ, ОД ВИСИНА – ОЛИМПИСКА ЛЕТАЊЕТО СО БАЛОН ИЛИ ПОИНАКУ - БАЛОНИРАЊЕТО, КАКО ШТО ГО НАРЕКУВААТ ИНВОЛВИРАНИТЕ ВО НЕГО, ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ЛЕТАЧИ, ОДНОСНО УПРАВУВАЧИТЕ НА ЛЕТАЛОТО НА ТОПОЛ ВОЗДУХ, ПЛИН (ГАС) Е МЕРАКЛИСКА РАБОТА, УЖИВАЊЕ НА СЛОБОДАТА ВО ПРЕНОСНА, МЕТАФОРИЧНА СМИСЛА, КОЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ НЕ САМО ЗАРАДИ ПОГЛЕДОТ ВО БЕСКРАЈОТ, ОД Т.Н. ОЛИМПИСКА ВИСИНА ТУКУ И ПОРАДИ НЕГОВАТА ВОЗБУДЛИВОСТ, АДРЕНАЛИНОТ И СЕКАКО - ИСКУСТВОТО ЕДНАКВО НА ОДИСЕЈА. ЛЕТОТО Е ИДЕАЛНО ЗА НЕГО.
30
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Н
ема дилема, летањето со балон е доживување за чија необичност, па и возбуда, се говори уште долго, многу време по него. Авантурата е идентична, еднаква со љубовната од причина што сеќавањето на истата не само што го буди споменот за неа туку и желбата да се повтори. Чувството е преубаво заради можноста да се види бескрајот, ширината која често е непрегледна. И висината, се разбира - олимписката. Значењето е метафорично, преносно како и т.н. уживање на слободата. Неговата убавина во лето е восхитувачка, посебно изутрина, кога изгрева сонцето. И залезот е импресивен, од висина. Кога се работи за професионалните летачи, односно управувачите на леталото на топол воздух, плин (гас) не фаворизираат - според нив, убаво е да се балонира во секое време, кога денот е добар, а условите се поволни. Согласно правилата. 160 БАЛОНИ ВО ИСТО ВРЕМЕ НА СИНОТО ВЕДРО НЕБО За љубителите на летањето со балон, Кападокија во Турција и European Balloon Festival во Игуалада (Барселона, Шпанија) се дестинации на кои се враќаат секогаш, во голема мера и поради тоа што важат за туристички атракции од широки, светски размери. На сите континенти се присутни како дел од активностите на посетителите, без оглед на цените кои се доста високи. На пример, во Франција може да се лета со балон за дворците на Лоара да се доживеат инаку, во Танзанија е вид сафари, во Мексико се рента за пирамидите да се видат и одозгора... Можностите се неограничени, битна е само волјата, желбата за авантура и секако, финансиите. Балонирањето не е евтино за нас, поради стандардот. Комерцијалните летови обично не траат долго, минимум шеесет и максимум деведесет минути, а на цените влијаат повеќе фактори - единечното, индивидуалното е поскапо наспроти групното (меѓу 10 и 20-25 патници), кое чини од 150 до 300 евра, но и аранжма-
СТИЛ |
ните се различни - возењето навечер во просек чини 400 евра, толку е отприлика и пикникот во корпата (гондолата), а цената на летањето со тандемски џампинг е 800 евра. Има можност и да се прелетаат Алпите, по цена од 1.500 евра за еден. Авантуризмот не само што се карактеризира со лачење многу адреналин туку и со голема скапотија. Неслучајно се вели дека сеќавањата, незаборавните спомени немаат цени. Во бедекерите за Кападокија не изостануваат фотографиите со балоните, леталата на топол воздух, плин (гас) и се разбира, информациите за туристичките агенции кои ги организираат истите - возењата со нив. Предност му даваат на утринското, на изгрејсонце, а целта е јасна: уживање во неговата величествена глетка и неизоставно, во погледот на големите камени маси, куќите во карпите, од земја итн. Доживувањето е возбудливо, нема сомневање, но префиксот „нај“ се врзува со хепенинг кога во исто време на синото ведро небо има вкупно сто и шеесет балони, обично на висина од шестотини метри. Атракцијата е воведена во 1989-та, кога Robinson (хотелска марка, бренд) увезол два балона за туристите, гостите од тамошниот хотел, а денес се вклучени повеќето, речиси сите.
НА МЕСЕЧИНА СО ИЗГАСНАТ ПЛАМЕНИК, ЗА КОМПЛЕТЕН ВПЕЧАТОК Кога се работи за European Balloon Festival во Игуалада (Барселона, Шпанија), годинава се отвори на 6 јули, а заврши на 10-ти. Првпат се одржа во 1997-ма. Оттогаш е и престижен. Четирите дена, колку што е неговото вообичаено траење, на почетокот на седмиот месец од календарската година, се исполнети со забави, натпревари, семинари.., вклучително и летања со балони, педесет на број. Се препорачува резервација бидејќи посетеноста е голема - цирка 25.000 туристи од целиот свет. Аеродромот е местото на хепенингот, а возењата се рани, кога изгрева сонцето и навечер од причина што условите тогаш се идеални за леталата на топол воздух - на плин (гас) може да се вози во текот на целиот ден. Откога ќе се појави месечината, се гасат пламениците. За комплетен впечаток. А, летовите се доста високи, ги опфаќаат виновите лози на барселонската провинција и слично. Разононодата е крајната цел на фестивалот. И дружењето, без оглед на конкуренцијата. Многумина се здобиваат и со дипломи за професионални летачи, односно управувачи на летала на топол воздух.
Разликата можеби и не е драстична, но сепак е битна и очигледна, се разбира. Кога е балонот, леталото на плин (гас) во прашање, има сферична, т.е. форма на сфера. Бидејќи плинот (гасот) е полесен од воздухот, на корпата се закачуваат песокливи, водни баласти. Големината се движи меѓу 780 и 1.050 кубни метри, затоа е четирипати помал од балонот, леталото на топол воздух. Неговата величина достигнува до 10.000 кубни метри, почнувајќи од 1.000, со крушовидна форма. Задолжително е постојано затоплување. И едниот и другиот е пријатен за возење бидејќи корпата не се лула, мирно плови на небото, со брзина на ветрот, атмосферското струење на воздухот и секако, нема силен провев. Летовите обично завршуваат со шампањ и сертификат, додека плашливите имаат опција да се качат на приземен балон, заврзан. Петнаесетина минути во него, на мала висина, чини 25 евра, просечно. ВО СТРАТОСФЕРАТА, НА ВИСИНА ОД 40 КМ И ПОВЕЌЕ Историјата на балонот, неговото минато е далечно, нè враќа двесте триесет и осум години, кога двајца Французи, на 21 ноември 1783-та, го надлетувале Париз, дваесетина минути, во плетена корпа, закачена за платнен балон, обвиен со хартија, исполнет со воздух, загреан на запалена слама, сув остаток од житни растенија. Случката била интересна, без сомневање. Го привлекла вниманието и на Луј XVI и на членовите на Француската академија на науките и уметностите и на големиот американски научник и државник Бенџамин Френклин и на пошироката јавност, присутна на светскиот историски настан. Осумнаесеттиот век е синоним на човековиот лет, како што се вели. Развојот на леталата се должел на постојаното надградување, и на топлиот воздух и на плинот (гасот). Првите се користеле за мали растојанија до 3 километри, а вторите се употребувале за превоз, транспорт на патници, дури и стока. Времето му служело на нивниот развиток. Во 1905-та се основала FAI (Fédération Aéronautique Internatioale) со јасна цел: обединување и напредок. Истовремено се воведувале правила за летање, вклучително и натпреварувачки. Конкуренцијата била неизбежна, како и поставувањето нови рекорди. Стратосферата ги предизвикувала бестрашните луѓе, професионалните летачи - управувачите на леталата на топол воздух, плин (гас). Во 1931-ва, на 21 мај, пилотот Auguste Piccard и копилотот Paul Kipfer се искачиле на висина од 15.781 метар, во 1934-та, на 23 октомври, Jean Piccard и неговата сопруга, Jeannette, балонот со големина од 14.000 кубни метри, со корпа од легура на магнезиум го издигнале на висина од 17.550 метри, а во меѓувреме, на 20 ноември 1933-та, командирот на американската морнарицата, Thomas G. W. Settle се искачил на висина од 18.665 метри, додека во 1935-та, на 11 ноември, капетаните во Армијата на САД - Albert Stevens и Orvil Anderson, балонот Explorer II со големина од 100.000 кубни метри, со корпа од легура на магнезиум го издигнале на висина од 22.065 метри. Останатото е легенда со придавката „жива“. Таканаречената олимписка висина е постигната во 1950-те, над 40 километри. И покрај тоа што се поставувале нови рекорди, се натфрлувале старите, денес е поинаку - летањето со балон, балонирањето на топол воздух, плин (гас) се користи за разонодување, забава.., но и за рекламирање, како интелигентен маркетиншки потег. Изборот навистина е голем, оттаму и волјата, желбата... За летање со балон, какво и да е. • Игор Ландсберг
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
31
| ПАТУВАЊЕ
Портофино
РОМАНТИЧНО МЕСТО ЗА НЕЗАБОРАВНИ СПОМЕНИ ОД ЛЕТУВАЊЕТО ИТАЛИЈАНСКАТА РИВИЕРА Е ОМИЛЕНАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА ЏЕТСЕТОТ КОГА Е ЛЕТОТО ВО ПРАШАЊЕ. ТАМУ ОДИ КРЕМОТ ОД СИТЕ СТРАНИ НА СВЕТОТ. ПОРТОФИНО ВАЖИ ЗА РОМАНТИЧНО МЕСТО КАДЕ ШТО СЕ ЖИВЕЕ ЛУКСУЗНО БЕЗ ОГЛЕД НА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ГОСТИТЕ, ЗАЕДНО СО РЕЗИДЕНТИТЕ, СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВИЛИТЕ И СЕКАКО, МНОЗИНСТВОТО ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ - СПОКОЈНО, ВО ДОПИР СО ПРИРОДАТА И СО СЕБЕ. ДОВОЛНИ СЕ НЕКОЛКУ ДЕНА И КАТАРЗАТА Е НЕИЗБЕЖНА.
32
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Е
литата е таму, во Портофино, веќе седумдесет години. Туристичката сезона нема ограничување. Шпицот вообичаено почнува во април. Тогаш отприлика се и велигденските празници, кога бројот на гостите е максимален, исто како годинешните, проследени со регати, од 21-ви до 25-ти... Впрочем, таква е традицијата, со децении, откако рибарското гратче им го сврте вниманието на естрадните ѕвезди со неосквернетата убавина, мирот и тишината, спокојството. Подоцна им се придружија луѓето од сите бранши, кои претпочитаат луксуз, се стремат кон подобар живот или, можеби, сакаат да бидат во жижата… Веднаш потоа, привидно затишје. Додека не почне летото што, пак, трае подолго, до крајот на октомври, во последната недела, според Централното европско летно време, кое Италија го прифати одамна, уште во 1968 година. Приказната за Портофино почна да се шири со огромна брзина, во 1950тите, кога Фред Бускалјоне ја отпеа песната за љубовта. Текстот беше на Лео Кјосо. Денес таа е задолжителен дел од репертоарот на музичарите што речиси секој ден концертираат на Пјацетата (плоштадот Мартири дел Оливета). И филмот „Долче вита“ придонесе да се развие туризмот, па, така, наместо на „Вија Венето“ и „Пјаца ди Спања“ во Рим, кремот почна да се збира на Капри, во Кортина, Портофино, Сент Мориц и Сент Тропе. Всушност, таму ги поминуваат викендите, празниците. Секое место е приказна за себе, а изборот - прашање на вкус. Портофино ги привлече Авил Лавињ, Андреа Бочели, Бар Рефаели, Гвинет Полтроу, Дензел Вашингтон, Ева Лонгорија, Ева Мендес, Ева Херцигова, Кајли Миног, Кејт Бланшет, Кејт Мос, Кетрин Зета Џоунс, Кифер Сатерленд,
ПАТУВАЊЕ |
Мадона, Мајкл Даглас, Меџик Џонсон, Моника Белучи, Наоми Кемпбел, Парис Хилтон, Ријана, Род Стјуард, Роман Абрамович, Стивен Спилберг, Хајди Клум, Шарлиз Терон. Последните неколку години, често доаѓаат Анастасија, Клаудио Маркизио, Адријана Лима, Каролина Куркова, Питер Линдберг, Нико Розберг, Валентино со своите придружници. Тамошните печатени медиуми редовно известуваат за нив, престоите во летниот период. Фотографиите на познатите се присутни на нивните насловни страници, а така било и порано, кога папарацата ги сликале Аристотел Оназис, војвотката од Виндзор, Грета Гарбо, Елизабет Тејлор, Ернест Хемингвеј, Ингрид Бергман, Клерк Гебл, Рекс Харисон, Џон Вејн за локалните весници.
ПЈАЦЕТАТА, ГЛАВНОТО ОБЕЛЕЖЈЕ НА ПОРТОФИНО
Живописното гратче се наоѓа во провинцијата Џенова, регија Лигурија. Доколку се резервира навреме, авионскиот превоз не е скап. Летот за Милано трае кратко. Потоа со автобус или со воз се патува накај целта. Крајната дестинација е, секако, Портофино. Патем се минува покрај Рапало и Санта Маргерита Лигуре. Патот може и да се поедностави, со брод. Освен пристаниште за воени, патнички, рибарски и за товарни бродови, има и неколку марини каде што се закотвуваат глисери, едрилици, јахти, чамци. Таму можат да се видат најновите модели, најскапите и најубавите. Во центарот на гратчето, кое има едвај петстотини жители, нема плажа. Близу е Параџи, а малку подалеку се Камолји, Кјавари, Лавања и Сестри Леванте. Првата има најголема посетеност, поради забавите преку ден и навечер. Младите луѓе немаат можност да се забавуваат многу бидејќи Портофино е, сепак, мирно и тивко место. На последната, освен излежувањето на сонце и капење во морето, се одржуваат и свадбени церемонии, поради колоритниот пејзаж. Бракот се слави и на Пјацетата, со поканети и непоканети гости (туристи), музиканти, фотографи, откако ќе се склучи в црква. Камолји е каменеста плажа, наместа со карпи, која повеќе служи за обновување на силите, делумно и поради опкружувањето. Тоа е омиленото место на вистинските гурмани бидејќи таму се наоѓа „Траторија да Спадин“. Комбинација на ситно кршен камен и песок, такви се плажите Кјавари и Лавања. Заземаат голема површина, со доволен простор за сончање, капење, играње одбојка, тенис, фризби. Има и лагуни, а брежињата на некои заливчиња се непристапни. До нив се стига по воден пат. Тие се идеални места за пикник. На Сестри Леванте има луѓе дури и во доцна есен, седнати на дрвени
Освен апартмани чии цени се пристапни (исплатливо е само во друштво, неколкумина), во Портофино има доста хотели за сите. Таква е концепциската замисла, да нема метеж, за гратчето да не се „задуши“. „Белмонд сплендидо, сплендидо маре“ е хотелски комплекс со 5 ѕвезди. Едниот објект гледа на марината, другиот на Пјацетата. Располага со базен, двор со бујно зеленило и цвеќе. Апартманите, собите се луксузни и добро опремени, 83 на број. Пет соби помалку има 4-ѕвездениот „Гранд хотел мирамаре“, кој, пак, гледа на заливот Тигулјо во Санта Маргерита Лигуре. Изобилува со елеганција, во секој поглед, две бифеа, велнес-центар и многу погодности. „Минерва“ е хотел со 3 ѕвезди, оддалечен 200 м од пристаништето и 4 км од центарот на Портофино. Собите се околу 40 на број, различни, комбинација на старинско и модерно уредување. Базенот е на покривот, а има и турска бања.
столчиња, покриени со волнени ќебиња. Седат и си муабетат, пијат кафе, читаат весници.., се релаксираат. Големо влијание има самата местоположба на Портофино. Еден дел од гратчето излегува на море. Неговите жители и гостите шетаат покрај заливот. Уличките се калдрмисани, поплочени со камен и полни со дуќанчиња, од антикварници до винарници, продавници за сувенири, морски риби, фурни. Пјацетата е, всушност, главното обележје на Портофино. Бутиците на „Ерменеџилдо Ѕења“, „Мисони“, „Салваторе Ферагамо“, „Фалконери“, „Хермес“ се наоѓаат таму. Продавниците на другите модни куќи се лоцирани на „Калата Маркони“, „Виа Рома“ и „Моло
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
33
| ПАТУВАЊЕ
Умберто“. Од цените може да се почувствува слаба вртоглавица. Затоа не се препорачува шопинг во нив. Облека, модни додатоци, чевли итн. можат да се купат во Џенова, Милано. Секој ден има комбиња, минибуси што одвезуваат до таму и враќаат. Може да се изнајми и автомобил. Се организира и превоз на туристи во Монте Карло, на еден ден. Сепак, гостите не трошат безмилосно. Сакаат да си поминат убаво, според можностите. Се расфрлаат со пари само новите богаташи, кои се збогатиле прекуноќ. Пјацетата е полна со кафеани. Утринското кафе, нес, капучино или еспресо, со чаша минерална вода и парчиња лимон и мраз, се пие на хотелските и на терасите на кафулињата. Во рестораните се послужуваат специјалитетите на италијанската кујна. Освен риба на илјада начини, се приготвува и „вал гравелја тестаје“, „минестроне“, „капон магро“, „пансоти“, „песто“, „реко чиз фокача“, „фарината“ и „чима“. Лигурските деликатеси се готват со маслиново масло и се „залеваат“ со црвено или со бело вино, од плантажите на маслинки и грозје во Лигурија. Најпознати се „Пјуни“, „Таверна дел Маринајо“, „Траторија деи Пескатори“, „Ла Кучина ди Нона Нина“, како и рестораните на хотелските комплекси „Белмонд сплендидо, сплендидо маре“, „Империјале палас“. Меѓу иглолисните дрвја минуваат патеки што водат кон вилите на угледните богатници. Прошетката опушта толку што шетачите можат да се чујат самите себеси, како размислуваат, да го почувствуваат душевниот мир, во нирвана. Речиси секоја куќа има базен (голем или мал), фонтанела, а погледот на морето, на изгрејсонце-
Во Портофино се одржуваат модни ревии на отворено. Пистата е, всушност, платформа што „плови“ по морето. Благодарение на светлосните ефекти, импресиите се уште поголеми. Манекенките изгледаат како да одат по површината на водата. Таму Доменико Долче и Стефано Габана ги снимаат рекламите, освен што им послужи како инспирација за истоимената колекција (пролет-лето) во 2015 год., а „Кристијан Диор“ и Том Форд, инспирирани од „мирисот“ на романтиката, лансираа парфеми.
то или залезот, е бесценет.
ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД 19 ВЕК - ЗЛАТНАТА ДОБА НА ГРАТЧЕТО
Гратчето што на моменти изгледа надреалистички, фантастично, им ги исполнува желбите на туристите. Нуди безброј активности, можности, од нуркање, неколкучасовна прошетка до маслиновите насади, до заливчето каде што на длабочина од 17 м се наоѓа статуата на Исус, ставена во 1954 г., на 5 август, во чест на Дуилјо Марканте, за да ги заштити нуркачите и рибарите. Ја извајал Гидо Галети. Христос гледа нагоре, во небото, со раширени раце. Местото важи за свето, како и црквите „Диво Мартино“ од 12 век, „Св. Ѓорѓија“ во која се наоѓаат моштите на неколку светци, што имаат чудотворна моќ, и ораториумската „Санта Марија асунта“ во готски стил. Вреди да се посети и „Кастело браон“ од 16 век. Осветлението е доста добро. Навечер му дава таинственост. Идеално за романса.
34
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Историјата на живописното гратче, кое „дише“ поетски занес, романтика, не е толку богата колку што народното предание е умен маркетиншки потег. Според легендата, Портофино го основале Римјаните. Тогаш се викало „Портус делфини“ поради големиот број морски животни од фамилијата китови, кои се населувале во заливот Тигулјо. Првпат е спомнато во дипломата на Аделаида, во 986 година, кога му припаѓало на манастирот „Сан Фрутуозо ди Каподимонте“. Во 1171 година й припаднало на општината Рапало, заедно со Санта Маргерита Лигуре. Дел од Република Џенова станало во 1229 година. Жителите се занимавале со рибарство, што не било доволно за опстанок. Затоа во 1409-та било продадено на Република Фиренца од страна на Чарлс Четврти, но пак си го вратило по извојувањето на победата. Извесно време, во 15 век, му припаѓало на семејствата Адорно, Дорија, Спинола и Фиески. Дел од Кралството Сардинија било во годините по 1815-та, до 1861 година, кога се приклучило на Обединетото Кралство Италија. Втората половина од 19 век е, всушност, златната доба на гратчето. Ретките, краткотрајни посети на Британците зачестиле. Веднаш потоа им се придружиле и гостите од Северна Европа. Британскиот дипломат Обри Херберт бил првиот странец што купил вила таму. Приказната натаму е веќе позната. Туризмот го достигна врвот. Прашање на престиж е престојот на ова романтично место, чии спомени не избледуваат тукутака. Останува во меморијата уште долго време, до наредниот, со поголемо очекување бидејќи Портофино го исполнува и најмалото. • Игор Ландсберг
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
35
ГАСТРОНОМИЈА
шпагети карбонара Подготовка: Карбонара е класична римска порција паста. Оригиналниот рецепт е многу прост и сложен во исто време. Сварете ги шпагетите „al dente“-тоа значи да бидат помалку варени од регуларно, односно да ги почувствувате како крцкаат под забите. Потоа префрлете ги во тава со 2 кутлачи вода од водата во која се варела пастата. Потоа додадете 2 жолчки од jajцe измешани со 40гр рендан Пармезан и малку црн бибер. Мешајте на средна температура додека не се згусне. Сервирајте како што е претставено на фотографијата.
36
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
читаj, гледаj, слушаj...
„ПОСЛЕДНАТА ОД ДЕВОЈКИТЕ МЕСЕЧИНИ“ БАРБАРА ДЕЈВИС
„THE STORM BEFORE THE CALM“ ALANIS MORISSETTE родум од Канада, со амеКи антавторката, риканско државјанство, се занимава со актерство, а музичката кариера ја „PERSUASION“ (УБЕДУВАЊЕ) ромоцијата на драмата во продукција Па дистрибуцијата на MRC се одржа летово, на почетокот, е обврска на Netflix.
Американскиот филм се базира на истоимената новела од 1817-та, инаку авторско дело на Џејн Остин. Исто како новелистката, Британка е и режисерката Carrie Cracknell. Сценариото, пак, е потпишано од Ron Bass и Alice Victoria Winslow, а музиката од Stuart Earl. Приказната сигурно ќе ве разоноди во летното време, па и ќе ве инспирира од причина што драмата е всушност испреплетена со романтика, од почеток до крај. Имено, се работи за Anne Elliot (Dakota Johnson), која осум години по разделбата со љубовта на нејзиниот живот, Captain Frederick Wentworth (Cosmo Jarvis), заради убедувањето на блиските дека не е за неа, поради тоа што му припаѓа на друг сталеж, чие потекло не е благородничко, го среќава повторно. Дилемата е дали да му се врати, да ја искористи втората шанса и засекогаш да се тргне од стегите на патријархалното семејството со кое господари Mr. Elliot (Henry Golding). •
започна во 1990-те, кога се стекна со огромна популарност. „The Storm Before the Calm“ е нејзиниот десетти студиски албум што излезе минатиот месец, на 17-ти, благодарејќи на соработката со Thirty Tigers и RCA Records. Албумот е медитативен, таков е карактерот на музиката, песните кои едновремено се и амбиентални, а нивен коавтор и продуцент е Dave Harrington (инструменталист со префиксот „мулти“), инаку член на дуетот Darkside, познат по електронската музика. „The Storm Before the Calm“ е присутен и на апликацијата за медитација Calm, а може да се нарача и онлајн. Се разбира, неговата промоција имаше претходник, синглот „Safety Empath in Paradise“ (мај). Останатите песни се: „Light - The Lightworker's Lament“, „Heart -Power of a Soft Heart“, „Explore - The Other Side of Stillness“, „Space - Pause on Violence“, „Purification - The Alchemical Crunch“, „Restore - Calling Generation X“, „Awakening - In Between Thoughts“, „Ground - I Want to Live“, „Mania - Resting in the Fire“ и „Vapor Amplified in Stillness“. Музичките критичари се поделени. На пример, критиката во The Times е поприлично жестока, спротивно на специјалистите за медитација кои се воодушевени од албумот. •
естселерот на топ-листите на „Амазон“, ББарбара „Последната од девојките Месечини“ од Дејвис, е роман за љубовта, загу-
бата, семејните тајни, сеќавањата и простувањето. Приказната се движи околу Лизи Месечина - последната од девојките Месечини кои имаат посебна дарба. Лизи никогаш не ја сакала фармата на девојките Месечини. Пред осум години ја напуштила земјата за која се грижеле девет генерации надарени исцелителки, решена да се дистанцира од гласиштата за чудното наследство на нејзината фамилија. Но, кога ќе почине нејзината сакана баба Алтеа, Лизи мора да се врати и да се соочи со трагедијата што виси над исушените полиња со лаванда: нерешените убиства на две млади девојчиња и грубите обвинувања што ја следеле Алтеа до нејзиниот гроб. Лизи не сака ништо друго освен да ја продаде фармата и да се врати на својот живот во Њујорк, сè додека не го открие дневникот што Алтеа го оставила за неа - Книгата на спомените што треба да й помогне на Лизи да ги прифати своите специјални дарби. Кога повторно ќе се поврзе со Ендру Грејсон, еден од ретките во градот кој верувал во невиноста на Алтеа, таа решава да го исчисти името на нејзината баба. За да го стори тоа, таа треба да реши дали може да го прифати нејзиното наследство и дали ќе ги следи стапките на сите девојки Месечини пред неа. •
Жанр: драма Актери: Dakota Johnson, Cosmo Jarvis, Henry Golding, Richard E. Grant, Nikki Amuka-Bird, Mia McKenna-Bruce Режија: Carrie Cracknell. 07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
37
| HI TECH
Висока технологија
ДРОНОВИТЕ ВО ХУМАНИТАРНИ МИСИИ МАЛО, ЛЕСНО, НО МОЌНО ЛЕТАЛО ШТО МОЖЕ ДА ИМ БИДЕ ДЕСНА РАКА НА ЛЕКАРИТЕ И ДА НАПРАВИ ЧУДА ВО СПАСУВАЧКИТЕ МИСИИ, БРЗО ДА ДОСТАВИ ХРАНА И ЛЕКОВИ ДО ПОПЛАВЕНИ СРЕДИНИ ИЛИ ДО ОБЛАСТИ ПРЕКРИЕНИ СО СНЕГ. ОЧИГЛЕДНО, БЕСПИЛОТНИТЕ ЛЕТАЛА ЌЕ БИДАТ АЛАТКА НА ИДНИНАТА ПРИМЕНЛИВА НА СЕКОЕ МЕСТО И ВО СЕКАКВА ПРИГОДА.
О
тсекогаш високата технологија играла клучна улога во напредокот на човештвото. Во нашата рубрика во списаниево постојано претставуваме дел од таа технологија со цел да ги приближиме светските достигнувања до поголем број читатели. Во ова издание од „Клуб Мобилити“ претставуваме висока технологија што наоѓа голема примена во хуманитарни цели и наедно е многу блиска со медицината, односно веќе е нејзина десна рака. Говориме за денешните беспилотни летала, популарно наречени дронови, кои личат на помали или поголеми хеликоптери со една, две, три и повеќе елиси. „Дрон“ е скратеница од „динамична опрема за навигација со далечинско управување“. Има милиони примери колку и како помагаат беспилотните летала, Никогаш не се знае на каков терен ќе треба да интервенираат лекарите. Брзање или трчање по земјан стрмен терен со чанта со лекови не е воопшто лесно. Многупати се случило лекарот да не може поради непристапниот терен да се дојде до повредените лица со чантата полна со лекови што има поголеми димензии и доволно тежина. Во таков случај се користи дрон за да ја однесе до одредено место. Не може секогаш да се користи хеликоптер, така што и пожелно и практично е меди-
38
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
цинските екипи да имаат и дронови. Лице отсечено од цивилизацијата има потреба од храна и од лекови. Дронот е најбрзото, најпрактичното и најрационалното решение. Поголемите дронови може да носат облека и разновиден алат за најразлични потреби и состојби. Ако некогаш дроновите беа скапи играчки, денес нивното масовно производство ги прави достапни речиси за сечиј џеб. Ниската цена е клучен момент за масовна употреба. Најобичен хеликоптер со четири седишта (на пример „робинсон 44“) чини околу 600.000 евра плус годишни трошоци за одржување. А колку дури чини хеликоптер што е пренаменет во амбулантно летало. Факт е дека овие летала се потребни, но евидентна е потребата и од беспилотни летала, како поевтини и со многу помали годишни издатоци за одржување, со кои може да се интервенира во одредени ситуации. Денес производителите на беспилотни летала експериментираат со многу посовремени направи што личат на леталата од научна фантастика и често стануваат пилотни затоа што во нив се вградува и командно место за едно или две лица, во зависност од потребите и од неговата намена.
HI TECH |
Во блиска иднина беспилотните летала ќе станат масовна појава затоа што човекот има потреба од нив во секојдневниот живот. Темава ја почнавме со леталата како дополнителна брза помош, но тие наоѓаат примена и при пренесување храна, облека, поштенски пратки, лица, како набљудувач во потрага по изгубени лица во пустински, планински и други предели итн. Современите беспилотни летала користат електрична енергија, така што не го загадуваат воздухот, а не создаваат висока бучава што е еден од најголемите загадувачи на денешницата. Бучавата претставу-
ва голема опасност за здравјето на човекот и затоа треба да биде што побрзо отстранета. За хеликоптерите и другите летала се користат бензин, керозин, нафта и слични течни фосилни горива, а кај дроновите електричната енергија е погонско гориво. Дрон брза помош (амбулантно летало), дрон такси, дрон разнесувач на материјални добра, дрон полицаец - ќе ги лоцира пребрзите возачи, дрон чувар на шумите - ќе ги лоцира и гасне пожарите итн. Дроновите можат да бидат од преголема помош за човекот и многу брзо ќе бидат значително присутни во неговото секојдневје. • Жарко Атанасоски
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
39
| ИСТОРИЈА
Митсубиши и неговите 105 години
МИТСУБИШИ НА СВЕТОТ МУ ПОДАРИ КУЛТНИ МОДЕЛИ ТРИТЕ ДИЈАМАНТИ ОД ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК НАПОЛНИЈА 105 ГОДИНИ. ОД ТЕШКИ ИНДУСТРИСКИ МАШИНИ, ПРЕКУ ИЗГРАДБА НА БРОДОВИ, АВИОНИ И СÈ ТАКА ДО АВТОМОБИЛИ. ГОДИНАТА 1917 Е КЛУЧНА КОГА МИТСУБИШИ ЗА ПРВПАТ ПРЕТСТАВИ АВТОМОБИЛ. ОТТОГАШ ЗАПОЧНУВА ПРИКАЗНАТА ЗА ТРИТЕ ДИЈАМАНТИ НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА.
40
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
П
о 105 години постоење денес Митсубиши е дел од алијансата Рено Нисан - Митсубиши, друштво во кое последниот збор го има Нисан, односно Рено. Можеби чудно звучи, но така стојат работите, Митсубиши беше и сè уште е присутен на сите континенти (во 160 држави) додека Рено ја нема таа планетарна распространетост, а е главен во алијансата. Сепак, тоа се денешните движења и превирања во светската автомобилска индустрија. Два гиганта на полето на теренските возила, Нисан и Митсубиши, додека Рено е малку посилен во делот на класичните патнички автомобили. Ќе биде повеќе од занимливо да се види што ќе изникне од соработката на Нисан и Митсубиши, дали на повидок се врвни теренски возила кои ќе бидат достојна замена за легендарните „нисан патрол“ и „митсубиши паџеро“ и „митсубиши л 200“. Компанијата Митсубиши првенствено се занимавала со изградба на пловила и разни видови машини и алати, но знаењето сакале да го прошират и во правец на автомобилите. Со намера да создадат класика од автомобил во тоа време, конструкторите во 1917 год. го претставуваат прототипот „митсубиши тип а“, автомобил од високата класа со дури седум седишта. Очигледно компанијата сакала да се претстави пред јавноста во најубаво светло и да покаже пред останатите производители што можат да направат и колку се убедливи во намерата да направат луксузни автомобили. Интересно е да се каже дека првиот автомобил на Митсубиши е правен на основа од „фиат типо 3“. Едно мислеле конструкторите, а друго се случило кога првиот сериски јапонски автомобил бил пуштен во продажба. Луксузот во тоа време не бил обожуван, така што биле произведени само 22 примероци во период од дури четири години, за да производството биде прекинато во 1921 год. Тоа било нешто како излет на Митсубиши во автомобилската индустрија. Оттогаш компанијата прави пауза сè до 1937 год. кога е претставен моделот „п икс 33“ за воени потреби. Овој автомобил е со погон на сите тркала и е далечен претходник на денешните легендарни теренски возила.
ИСТОРИЈА |
Јатаро Ивасаки, основач и сопственик на одделот за автомобили во Митсубиши
„Ферари дино 246 гт“ од 1969 год.
Во екот на Втората светска војна, Митсубиши ја снабдувал армијата со многу нешта, дури и со авиони. Негово дело е познатиот воен авион „нула“ (зеро), многу почитуван од останатите конструктори во светот. Веднаш по војната се појавуваат: автобусот „фусо“, малото возило со три тркала „мизушима“ и мопедот „сребрен гулаб“. Во 1951 год. со договорот склучен со Вилис, Митсубиши ќе го произведува популарниот „џип цј 3 бс“ сè до 1998 година. Малку неверојатно затоа што Митсубиши ја имал технологијата 4х4, а дека теренските возила ги владее покажуваат моделите „паџеро“ и „л 200“. Во ’60 години Митсубиши ќе претстави два семејни модели „миника“ и „колт 1000, а во 1964 ја лансира луксузната лимузина „дебонер“ која била користена и од најодговорните во компанијата. Солидната продажба водела кон претставување на нови модели, а следен бил моделот „галант“ изложен за првпат во 1969 год. Една година подоцна, одговорните го формираат одделот Митсубиши Мотор Компани кој директно ќе биде одговорен за возилата. Крајслер, Лиужоу Аутомотив, Волво, ПСА, Пежо, Цитроен, Фолксваген, Протон, Хјундаи, Хиндустан, Мерцедес - Бенц, Самкор, Нисан и Фуџијан, тоа се компаниите со кои Митсубиши соработувал низ годините. Денес како што спомнавме на почетокот, Митсубиши е во заедништво со Рено и Нисан. Во сите тие години на развој Митсубиши на светот му подарил неколку модели кои речиси се култни во сета таа индустрија на четири тркала. Првиот и најсериозен бум бил предизвикан од моделот наречен „паџеро“ кој многу години беше теренско возило број 1 во светот. Светот го обожуваше и сè уште го обожува ова возило наменето како за забава (сув), така и за сериозни совладувања на терени надвор од асфалтот. Ако на ова му ги додадеме 12 титули освоени на релито Дакар, најтешкото и најдолгото рели во светот, тогаш е јасно со кого останатите возила имаат работа. Од тие 12 титули, седум се освоени една по друга. Вакви брилијантни резултати досега нема постигнато ниту еден друг производител. И покрај овој светски познат и многу посакуван и продаван модел,
Луксузната лимузина „модел а“, е првиот автомобил на Митсубиши, 1917 г.
Трите дијаманти на првиот автомобил со име Митсубиши
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
41
| ИСТОРИЈА
„Митсубиши п икс 33“, првиот модел со погон на сите тркала 1937 г. Првиот од десно, по него следат две изведби од легендарниот „паџеро“
„Митсубиши џип вилис“ 1951 г.
сепак Митсубиши западнал неколку пати во сериозни финансиски кризи. Посебно е чуден фактот што Митсубиши го изгубил американскиот пазар, каде теренските возила отсекогаш биле многу почитувани. Вториот модел кој го обиколи светот и предизвика солиден интерес, е малата семејна лимузина „лансер“. И овој модел е еден од тие кои се имаат закитено со четири титули во Светскиот шампионат во рели и тоа една по друга. За ваквиот врвен резултат виновен е возачот Томи Макинен и совозачот Ристо Манисенмаки. Штета што одделот за реклама недоволно ги прател успесите на овие два модели и не успеал доволно и вистинските да ги искористи успесите во рекламни цели. Во последниве неколку децении Митсубиши повремено имаше претставник од сегментите „а“ и „б“. „Колтот“ беше тука некаде, но речиси редовно доцнеше со обновувањата, со претставување нови генерации. Ако во автомобилската индустрија сегментите „а“ и „б“ се основа за развој на компанијата, се поставува прашањето зошто Митсубиши ја избегнувал оваа веќе испробана формула, односно рецепт(?). Некогашниот модел „спејстар“ беше пример за тоа како треба да се дизајнираат практични и употребливи еднопросторни возила, а денешениот „спејстар“ си тера сосема друга филозофија, спротивна од првичната. „Маките“ на Митсубиши тука не завршуваат туку продолжуваат на американското тло. Таму Митсубиши доживува тежок продажен дебакл.
42
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Крајот од минатиот век и почетокот на овој, Митсубиши го дочекува со добри продажни резултати, а потоа како што одминуваа годините продажбата постојано се намалуваше, од скоро 700.000 продадени возила годишно, падна на околу 50.000. Двата шпиц играчи „паџеро“ и „л 200“ беа и сè уште се присутни, но од засега неразбирливи движења и превирања на тамошниот пазар Митсубиши успеа да ја сведе продажбата на минимум. Да имаш два врвни теренски модели и да си присутен со децении во држава каде се почитуваат таквите возила, а сепак продажбата да тоне, тогаш нешто не е во ред со политиката во врвот на компанијата, а не со работниците. Неговиот пронајдок „тивкото коленасто вратило“ го имаат позајмено и Фиат, и Порше и Сааб. Митсубиши го имаше и купето „еклипс“, мошне успешен модел, но со лоша завршница. Токму кога требаше да биде претставена новата генерација, некаде во 2015 год. сиот труд вложен во правењето и претставувањето на новата генерација падна во вода. Прототипот постоеше, но истиот никогаш не влезе во сериско производство. Уште една од многуте грешки на Митсубиши. На почетокот од електро треската кога сите производители итаа кон електрификација на своите возила, Митсубиши имаше одлични резултати, но сето тоа беше недоволно за спас на компанијата. И поради погрешните политики на челниците Митсубиши не беше способен да продолжи сам и подоцна откако беше напуштен од Мерцедес - Бенц, беше купен од Рено и воедно имаше влезе во заедништво со Рено и Нисан. Сега Митсубиши ќе користи туѓи основи за своите модели, најверојатно за „колт“ ќе ја користи платформата од Рено, а Рено ќе ги користи основите од теренските возила. Основач на автомобилскиот дел од Митсубиши е Јатаро Ивасаки. Сè почнало од него пред 105 години, односно во 1917 год. кога е направен првиот автомобил наречен „тип а“. Воедно тој е творецот на заштитниот знак, трите дијаманти. • Жарко Атанасоски
СПОРТ |
Државен шампионат во ендуро
ТРКА СПОРЕД ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ НАД ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ СЕ ОДРЖА ПРВАТА ТРКА ОД ДРЖАВНИОТ ШАМПИОНАТ ВО ЕНДУРО ВО 2022 ГОДИНА. ГОДИНАВА, ОСВЕН ОД КОСОВО, ИМАШЕ И ПО ЕДЕН УЧЕСНИКГОСТИН ОД ИТАЛИЈА И ОД ФИНСКА, НО НАДВОР ОД КОНКУРЕНЦИЈА, А ПРВПАТ СЕ ВОЗЕШЕ И КЛАСАТА Е-ЈУНИОР.
Н
а 19 јуни годинава на ендуро патеката над велешкото езеро Младост се одржа првата трка од Државниот шампионат во ендуро во 2022 година, по 12. пат во организација на Мотоклубот „Мото Велес“. Учествуваа триесетина натпреварувачи од 10 македонски мотоклубови, а имаше гости од Косово и по еден од Италија и од Финска. Сашко Ванов, организатор и еден од основачите на ендуро трките во земјава, соопшти дека првпат е воведена класата Е-јуниор до 23 години. Во 2010 година Ванов со уште неколку велешки ентузијасти ја трасираа патеката над езерото и оттогаш со поддршка на Општина Велес, од ЈКП „Дервен“ и од неколку спонзори и здруженија ја одржува за трки. Сега од локалната власт бара на патеката да се донесе вода и струја, со што ќе може да организираат и мотокрос трки од државниот шампионат. Исто така, неопходна е посериозна финансиска поддршка од Агенцијата за млади и спорт за целосно уредување на патеката. ИТАЛИЈАНЕЦОТ СО НАЈДОБРО ВРЕМЕ ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН НА ТРКАТА Гостинот од Италија, Стефанo Ди Персио од „Мото Клуб Имети“ кој возеше Организаторот соопшти дека Стефанo ди Персио од „Мото Клуб Имети“ од Италија возел во класата Е-1 и освоил најдобро време во генералниот пласман, но тоа за жал не се бодува бидејќи станува збор за државен шампионат. Во класата Е-1 имало 12 учесници. Победник е Андреја Краљевски од МК „Сторм рајдерс“ од Куманово, втор е Самет Имери од МК „Мото Велес“, а трет е Иван Чековски од „Мотокрос клуб“ од Гевгелија. Во класата Е-2 возеле шест учесници, прв е Давид Ристов од МК „Мото
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
43
| СПОРТ
Велес“, втор е неговиот клупски колега Дарко Дејановски, а трет е Андреј Милковски од „Ендуро Тим“ Водно. Во класата Е-3 победник е Петрит Лушаку од МК „Мото Велес“, втор е Марко Тодоров од МК „Драпачи“ и трет е Александар Давчевски од „Ендуро Тим“ Велес. Првпат на Шампионатот ендуро се возело и во класата Е-јуниор до 23 години на која прво место освои битолчанецот Антонио Дамјановски од „Ендуро Тим“ Водно од Скопје, втор е Матеј Величковски од МК „Мото Велес“ и трет е неговиот клупски колега Елфати Емруловски. НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ СО ОЦЕНКА ДЕКА ТРКАТА БИЛА СПОРЕД ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ Во класата Е-1 до 250 кубици прво место освои 21-годишниот кумановец од МК „Сторм рајдерс“, кој вторпат учествува на оваа трка над велешко езеро. Тој беше ендуро првак на Македонија во 2021 година. За „АМСМ Клуб Мобилити“ тој изјави дека ќе вложи големи напори и годинава да ја задржи титулата државен првак во ендуро во 2022 година. До 2020 година оваа титула ја имаше велешанецот Драган Ванов, повеќекратен ендуро првак, кој лани беше втор во генералниот пласман на Државниот шампионат во ендуро, а прв на Државниот шампионат во мотокрос. Краљевски објаснува дека патеката била многу тешка, но не му било многу напорно тричасовното возење бидејќи секојдневно интензивно тренира во вежбалница и вози, така што бил одлично подготвен да го издржи големиот напор. - Не очекував дека ќе бидам прв, верував дека сум во топ три и затоа уште повеќе се радувам што освоив прво место. Голема борба имав со велешанецот Виктор Караколев, вели тој. Краљевски се натпреварува и во мотокрос трките на Државниот шампионат. Исто така, вели дека Ванов како организатор ја направил најдобро патеката за трката ендуро. - Патеката беше одлично направена, обележана, напорна, со многу препреки: легнати и исправени пневматици, пречки од дрвја, тесни кривини, така како што е потребно за ендуро. Беше трасирана многу професионално и според европски стандарди, оцени Краљевски, а тоа го потврдија и повеќето натпреварувачи. Тој објаснува дека на патеката возеле четири круга и плус брзински, кои се по пет-шест минути. - Вртиш еден брзински и еден голем круг ендуро, половина час или помалку, односно три големи круга и четири мали што се мерат. Кога ќе извозиш еден мал круг, веднаш треба да го возиш големиот круг без одмор. Сето тоа за да се покаже силината на натпреварувачот, односно кој колку може да издржи, вели Краљевски. Андреја раскажува дека мотоциклите ги сака од мал бидејќи татко му Дејан Краљевски - Скачка е познат македонски мотоциклист и тркач од кого ја наследил љубовта кон мотоциклите и трките. Во 2019 година купил мотокрос мотоцикл Kawasaki KXF 250, а првпат се натпреварувал во 2020 година кога освоил трето место на Државниот шампионат во мотокрос трки. Во 2020 година учествувал и на една ендуро трка на патеката Забел во Старо Нагоричани во близина на неговото родно Куманово. Во 2021 година го освоил Државниот шампионат во ендуро, а годинава веќе победи на првата трка на патеката над езерото Младост. Му претстои уште една трка за да ја одбрани ланската шампионска титула во ендуро кој го оценува како предизвик. - Во ендуро не знаеш што ќе ти излезе на пат.
44
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Андреј Кралевски
ВАНОВ: СРЕЌНИ ЛИЦА НА ВОЗАЧИТЕ И ЗАДОВОЛНА ПУБЛИКА ЗА НАС ЗНАЧИ УСПЕХ
- Уморните, но среќни лица на триесетина возачи и задоволната публика за нас значат успех, потенцира Сашко Ванов од МК „Мото Велес“, организатор на трката. Тој искажа голема благодарност до Општина Велес, ЈКП „Дервен“, „Џаневски Монтажа“, „АЦ Електрик“, „Ангровардар“ и до здружението „Македонски спасител“. Наедно информира дека втората трка од Државниот шампионат е закажана на 28 август на патеката Зебел во Старо Нагоричане кај Куманово, а организатор е МК „Сторм Рајдерс“. Организаторот ја подготвува патеката со многу препреки и изненадувања за натпреварувачите. На трката победува натпреварувачот што најбрзо ќе ја научи патеката, појаснува Андреја. Пред два месеца се натпреварувал во мотокрос на патеката Глобаре кај Крушевац во Р. Србија, каде што завршил на осмо место, а на трката во Косово бил втор. Вели дека меѓународните трки се одличен тренинг за високиот пласман на Државниот шампионат. • Антоанела Димитриевска
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
45
| СПОРТ
24 часа Леман
„ЧИСТА ПЕТКА“ ЗА ТОЈОТА ОЧИГЛЕДНА Е ГОЛЕМАТА ДОМИНАЦИЈА НА ТОЈОТА ВО ТРКИТЕ НА ИЗДРЖЛИВОСТ. ПЕТ ГОДИНИ ПО РЕД ПОБЕДУВААТ НА ЛЕГЕНДАРНАТА 24 ЧАСА ЛЕМАН, А НЕМА КОЈ ДА И СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ПАТОТ КОН ПРВОТО МЕСТО НА ТРОНОТ.
Т
ие што ги пратат трките, многу добро знаат што значи 24 часовната трка Леман. Трка на издржливост, трка на врвна подготвеност, трка на нерви, на исчекувања, на трпение, трка на бркање „три стотки“ на брзинометарот и како круна на сето ова трка за слава. Многу тимови, многу возачи, многу конструктори ја испробале својата подготвеност и среќа учествувајќи на оваа легендарна трка, но само некои од нив успеале да се искачат на највисокото место и да земат со себе дел од славата, запишувајќи го своето име во историјата на трката. Човек кој најмногу пати победил на трката е Том Кристенсен со дури девет титули и со право можеме да го наречеме „мистер леман“. Годинава трката се возеше од 11 до 12 јуни и како и секогаш започна во четири часот попладне, а заврши утредента во истото време. Болидот на Тојота со стартен број 8 стигна прв на целта, односно од стартот до целта, цело време го „водеше орото“. Рио Хиракава, Брендон Хартли и Себастијан Буеми, тоа се тројцата возачи во победничкиот болид на Тојота, тројката која доминираше над останатите возачи. По 24 часовната „бркотница“ тие се искачија на тронот, а веднаш до нив беа тимските колеги од болидот со број 7, Камуи Кобајаши, Хозе Марија Лопез и Мајк Конвеј. Третото место на подиумот го запоседнаа возачите од тимот на Гликенхаус, со пет кругови доцнење зад убедливите болиди од Тојота. Годинашнава трка беше во знакот на фаворизираната Тојота, малку шанси беа дадени на Гликенхаус и Алпина и толку. Во класата на хипер автомобили учествуваа само пет болиди, по два од Тојота и Гликенхаус и еден од тимот на Алпина. Но идната година конкуренцијата ќе биде далеку поголема кога се очекува да дојдат повеќе производители меѓу кои и Ферари. На 100 годишнината од организирање на првата трка 24 часа Леман и на 50 годишнината од паузата на Ферари на трката 24 часа Леман, тимот од
46
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Маранело доаѓа со сиот свој сјај. Покрај овој прочуен тим доаѓа и Пежо заедно со годинашниве учесници. Тоа се тимовите кои се запишани во трките од серијата Леман хиперкарс, а во серијата Леман Дајтона хиперкарс учество најавија: Акура, Алпина, БМВ, Кадилак, Ламборџини и Порше. Овие две класи од возила можат да настапуваат и во едната и во другата класа така што наредната година во јуни месец се очекува да биде многу „весело“.
Ова е петта Леман титула по ред за Тојота. Добар залет за јапонскиот тим со надеж дека догодина ќе им „земе мерка“ и на тимовите кои се враќаат во јатото наречено Леман. Учеството на Ламборџини е под знак прашање за идната година, но за 2024 учеството е уште отсега резервирано. 2023 година е роденденска за трката 24 ч. Леман, слави 100 годишнина и ако сè биде во ред, стартот е закажан за 10 јуни во 16:00 часот. • Жарко Атанасоски
ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ЗА ПОМОШ НА ПАТ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ 02/3181-108
www.amsm.mk 07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
47
| СПОРТ
Светско првенство во Формула 1
СЛАТКО-ГОРЧЛИВИ ПОБЕДИ НА ФЕРАРИ ОТКАКО ВОЗАЧИТЕ НА РЕД БУЛ УСПЕАЈА ДА ГО СМЕНАТ ПОРЕДОКОТ НА ТАБЕЛАТА И ДА ГО ПРЕЗЕМАТ ВОДСТВОТО ВО ПРВЕНСТВОТО, ФЕРАРИ СЕ РЕВАНШИРАШЕ СО ДВЕ ПОБЕДИ НА СИЛВЕРСТОУН И РЕД БУЛ РИНГ.
И
ако среќата знае да биде голем фактор во спортот, таа често доаѓа во главна улога кога сите други параметри укажуваат на голема еднаквост. Ферари и Ред Бул се на врвот од табелата и тоа е заслужено бидејќи ги имаат најбрзите болиди, но во исто време предничат и со бројот на дефекти и откажувања додека нивните болиди се во позиции да освојат трофеи или пласмани на пиедесталот. Според анализите на упатените аналитичари, перформансите на двата тима се од различна природа: Ферари го имаше приматот на бавните и средно-брзите свиоци, додека болидот на Ред Бул се покажа супериорен на патеките каде што постои диференцијација според брзите свиоци и брзите правци кои ја форсираат максималната брзина. Ферари го адресираше проблемот подготвувајќи ново решение за задното крило. Тоа било специјално развиено за да ги унапреди перформансите во таканаречените „ДРС зони“, односно каде што возачите имаат право на помош во ситуација кога се зад друг болид во временски интервал помал од една секунда, па на правците можат да користат „исклучување на воздушниот отпор“ од задното крило. Тимот го тестирал тоа
48
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Чарлс Леклер - Ферари Победник во Австрија 2022
за време на Големата награда на Канада и резултатот покажал крајна брзина од 342,7 км/ч кај болидот на Леклер со новото крило, односно 331,3 км/ч кај болидот на Саинц. На втората мерна точка (исто така ,во Канада), резултатот бил 330,6 км/ч наспроти 294 км/ч, повторно во корист на новото решение. Ваквиот расплет сепак повлекува и втор момент, а тоа е делумно губење на перформанси (крајна брзина) на правците, кога возачот нема дозвола да користи помош за престигнување, каде што претходно Ферари бил подобар од Ред Бул, па нивното решение на некој начин чекаше верификација во трка. Тоа и се случи. Саинц победи на секогаш брзата патека во Велика Британија – поранешниот воен аеродром Силверстоун, додека Леклер славеше во Австрија, односно на најкусата патека од календарот (ако се изземе Монако бидејќи не е автодром) која има најголем степен на искористеност на моторот гледано низ призма на параметарот кој покажува колку време педалот за гас е притиснат „до даска“ споредено со времето за еден круг. Триумфот на Карлос Саинц во Британија е негова прва победа, која дојде во неговиот јубилеен 150. настап и беше надополнета со пол позиција. Со неа, тој стана 112. возач во историјата на Формула 1 кој стигнал до гран при победа. - Првата победа секогаш е своевидно олеснување, па нема да лажам. Пол позицијата вчера немаше такво чувство, но победата денеска има,- рече Шпанецот. - Со овој болид ќе продолжам да се подобрувам и да се обидам да го повторам успехот. Никогаш не престанав да верувам дека оваа победа ќе дојде. Оваа година не беше лесна за мене, можев да победам во Монако, бев екстремно блиску и во Канада, па беше само прашање на време. Мора да продолжиш да веруваш, тоа е нешто што го научив во овој спорт. Ова е одличен пример дека тоа се уште се случува.
СПОРТ |
Приказната за трката на Ред Бул Ринг беше поинаква, бидејќи и самиот формат на гран при викендот беше поинаков. Оваа трка беше селектирана да биде една од трите оваа година што ќе има „спринт квалификации“, односно мини трка од 100 километри во сабота, а пласманот во неа ќе биде основата за старт во неделната трка. Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен обезбеди пол позиција во петочните квалификации, по што обезбеди и победа на спринт трката во пресрет на Големата награда за Австрија. Актуелниот Ф1 шампион водеше од почетокот до крајот и сосема заслужно дојде до првото место кое воедно му овозможи да додаде осум поени на своето конто во генералниот пласман на шампионатот. Во неделата, Леклер стартуваше од втората позиција, но успеа да покаже капацитет за победа и во трката три пати да го престигне Ферстапен, со што дојде до третата победа сезонава. Интересно е тоа што за него ова беше прв остварен триумф, без претходно да бил на пол позицијата. Вреди да се напомене дека Ферари како тим можеше да дојде до многу подобар резултат во Австрија, но во 57 круг Карлос Саинц мораше да се откаже по проблемите со моторот, по што му се запали и болидот. Тоа се случи кога тој го притискаше Макс Ферстапен и се чинеше дека лесно ќе заврши втор, за „еден-два“ победа на Ферари на теренот на најголемиот ривал. - Ова дефинитивно ми беше потребно. Последните пет трки беа тешки за мене, но и за тимот. И конечно покажавме дека имаме темпо и дека можеме да бидеме неверојатни. Затоа мора да притискаме до крај. Трката беше добра за нас. Темпото беше тука, уште од самиот почеток. Беше добра борба со Макс. Финишот беше многу тежок, но успеавме и на крајот сум среќен, - порача Леклер кој е втор во генералниот пласман со 170 бодови или 38 помалку од лидерот Макс Ферстапен. Ферари откри дека во финишот на трката победникот имал проблеми со педалот за гас кој „заглавувал“ некаде на 20% до 30% притиснатост, по што последните три круга биле голема драма. Тимскиот шеф Матија Биното го напуштил командниот пулт бидејќи бил премногу нервозен кога тоа се случило, откако претходно болидот на Саинц заврши во пламен по необјаснивото откажување на моторот. – Не гледав што се случува зад мене и одеднаш видов оган во болидот. Се обидов да излезам веднаш, но болидот почна да оди наназад. Тогаш ги викав редарите за да дојдат да го сопрат болидот и да го изгаснат пожарот. Не знам зошто толку доцнеа и што правеа и на крајот морав да се фрлам од болидот, иако беше во движење. Треба да ги разгледаме работите, како да се подобриме во вакви опасни ситуации следниот пат, – изјави Саинц. Ферстапен ја откри причината за слабиот ден, но не пропушти да нагласи дека е задоволен од конечниот расплет. - Ова беше зафркнат ден. Веднаш се виде дека имаме проблеми со деградација на гумите и тоа продолжи без оглед која смеса ја користевме. Таа деградација беше преголема и ме оневозможи да го нападнам Шарл. Сепак, второто место е одличен резултат за еден тежок ден,- рече Холанѓанецот. Ферстапен е прв на табелата со 208 бода, Леклер има 170, додека Перез и Саинц ги сладат со 151 и 133. Расел и Хамилтон можеби го имаат најстабилниот болид, иако не е и најбрз, па така се веднаш зад водечките со 128 и 109 бода, а на последните три трки беа и на подиумот. Ред Бул е водечки конструктор со 359 бодови, Ферари има 303, а Мерцедес 237 поени.
Старт Формула 1 Австрија 2022
Макс Ферстапен и Шарл Леклер Австрија 2022
Во пресрет на летната пауза има уште две трки, во Франција и Унгарија, но всушност Австрија беше точката по која се влегува во втората половина од сезоната: зад нас се единаесет трки, а уште единаесет се предвидени заклучно со финалето во Абу Даби. • Александар Табаковски
Чарлс Леклер отпоздрав Ферари победник во Австрија 2022
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
49
| СПОРТ
Светско првенство во Формула E
ПРОМЕНЛИВИ РЕЗУЛТАТИ, ТЕНЗИЈАТА „ВРИШТИ“ ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ ТРКИ СО ТРИ РАЗЛИЧНИ ПОБЕДНИЦИ ДОДАДОА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРИТИСОК ВО ОПШТАТА ТЕНЗИЈА НА ВРВОТ ОД ТАБЕЛАТА КАДЕ ШТО ЧЕТИРИ ВОЗАЧИ СЕ ГЛАВНИ ФАВОРИТИ ЗА ТИТУЛАТА, А УШТЕ НЕКОЛКУМИНА ЧЕКААТ ОД ПОЗАДИНА.
П
о одличните резултати во Германија и Индонезија, Едоардо Мортара направи уште еден триумф на трката во Мароко, освојувајќи го првото место на патеката во Маракеш. На ова претходеше голема борба со возачите на Течита, Антонио Феликс да Коста и Жан Ерик Верње. Имено, Да Коста го доби квалификацискиот дуел и со Верње и со Мортара, па стартуваше од пол позицијата, но швајцарскиот возач покажа подобри перформанси во трката и ја однесе победата. На крајот, Антонио Феликс да Коста заврши втор, а Мич Еванс со Јагуар на крајот се проби на третото место пред Верње. Лидерот во генералниот пласман, Стофел Вандорн беше осми, па на тој начин ситуацијата на врвот стана уште позатегната. Мортара го презема првото место на табелата, но не за долго! Веќе следниот гран при викенд во Њујорк, донесе две трки, во кои најдобрите од Мароко „никаде ги немаше“, а Стофел Вандорн со
50
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
уште тројца други возачи го имаше главниот збор во борбата за позиции на првата трка. Вандорн го совлада во квалификацискиот полуфинален дуел поранешниот шампион и тимски колега на Мортара, Лукас ди Граси, за во финалето на квалификациите да се сретне со Ник Касиди кој беше подобар од Паскал Верлен. Касиди во финалниот дуел го постави најбрзото време од 1:09.980 и со предност од само осум илјадити делови од секундата се најде на првата стартна позиција. Тоа се покажа како пресудно, бидејќи главно обележје на трката беше силниот дожд што „се истури“ врз патеката во Бруклин, па трката беше прекината по еден голем инцидент во кој беше инволвирана и водечката тројка. Имено, Касиди ја поведе трката, а Вандорн падна зад Лукас ди Граси и Роберт Фријнс, а кога по 29 круга се случи големиот инцидент, стјуардите предвреме го прекинаа натпреварот и ја прогласија ситуацијата на крајот од последно извозениот
СПОРТ |
Стофел Ландорн Њујорк 2022
Победнички подиум Њујорк 2022
круг како конечен пласман. - Победата не се случи на начин на кој што посакував, но сепак ќе ја присвојам. Некои викенди ништо не работеше како што треба, а овој пат сè беше поинаку. Тешко е да се управува со стратегијата во вакви трки, особено кога си водечки. Но имавме добар ритам и направивме интересна трка. Лукас, Робин и Стофел беа многу брзи и борбата меѓу нас беше интересна. Беше забавно додека беше само малку лизгаво, но потоа стана неподносливо,- рече победникот Ник Касиди. Второпласираниот Лукас ди Граси рече дека малку пред инцидентот се пожалил преку радио врската дека веќе нема услови за возење. - Пролизгувањето беше големо, дури и на правците! Им кажав дека не е безбедно, но одлуката на ФИА дојде предоцна, откако се случи инцидентот. Ова веројатно беше најголемиот судир во мојата кариера во Формула Е. Не, не е веројатно, туку е најголемиот досега.
Болидот е уништен, но јас сум добар, што покажува дека болидите се безбедни. Јас се удрив во Ник со 100 км/ч, а Стофел во мене со иста брзина,- објасни Бразилецот. Едоардо Мортара кој заврши петти, беше дополнително казнет откако заврши трката, бидејќи било востановено дека возел побрзо од дозволеното за време на прекинот додека биле развеани жолтите знамиња. Му беше доделена казна од 5 секунди на конечното време, по што падна на деветтото место. Но, имаше и незадоволни. Мич Еванс кој заврши на 10 место, смета дека трката требала да биде продолжена и оние што се судриле да не добијат бодови, што оди во прилог на неговите аспирации за титулата. - До крајот имаше уште седум минути плус еден круг. Чуму црвено знаме и да нема продолжение? Дождот престана и условите можеа само да се подобрат. Требаше да има возило за безбедност неколку круга и да се испитаат условите. Во квалификациите ако предизвикаш инцидент и црвено знаме, го губиш кругот. Имаше неколку работи денес со кои воопшто не се согласувам и не се добри за спортот,- рече Еванс. Втората трка од „дуплексот во Њујорк“ донесе сличен вовед каде што Ник Касиди повторно „се прошета“ низ квалификациите до пол позицијата. Овој пат, во финалето тој се сретна со Антонио Феликс да Коста, и го подобри најбрзото време на 1:08.584 и докажа дека и тој како возач, но и тимот зад него навистина добро се подготвиле за овој викенд. Но, тука се случи следниот „драмски заплет“ и неговиот тим беше казнет за промена на акумулаторот за складирање на енергијата, по што се најде на последното место. - Не се согласувам со казната. Јас вчера излетав, а дополнително бев удрен од два други болида. Еден од нив е на подиумот во втората трка, а јас сум казнет бидејќи имав оштетен акумулатор и морав да го заменам,- рече Касиди. На овој начин, борбата за првото место се претвори во дуел на Антонио Феликс да Коста и Стофел Вандорн, при што Португалецот на крајот беше првопласиран. Мич Еванс на крајот беше трет, иако се жалеше на маневрите од Де Вријс на патот кон освојување на подиумот. - Морав да возам гледајќи со едно око напред, а со другото назад, што е лошо. Но, овие момци „ми газеа на опашот“ и тоа ме исцрпуваше. Имав добар автомобил, но тежок за возење. Беше супер прецизен напред, но морав да внимавам да не го загубам задниот дел. Сето ова ме исцрпи, не знам, можеби стареам, но иако напорно тренирав ова беше тешко за мене. Имав тежок почеток на сезоната, беше борба, но го сакам тоа. Ја сакам борбата,- рече победникот. Освојувајќи ја втората позиција во втората трка, Вандорн се врати во водство во генералниот пласман, пред сè благодарејќи на фактот дека Мортара имаше проблеми во квалификациите и не можеше да парира во трката. Со освојување на третото место, Еванс им се приближи па така сега првите тројца имаат 155, 144 и 139 бода. Верње кој не освои бодови ни во втората трка во Њујорк останува на четврто место со 128, додека да Коста се залепи за петтиот Фријнс бидејќи тој има 104 бода, а Португалецот со оваа победа стигна до 100. До крајот има две дуплекс трки, во Лондон и Сеул, па токму снаоѓањето во нив ќе значи диференцијација што ќе биде пресудна за шампионската титула. • Александар Табаковски
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
51
| СПОРТ
Светско првенство во Мото ГП
БАНАЈА ПОВТОРНО ВО ИГРА ФРАНЧЕСКО БАЊАЈА ГО СВРТЕ ВНИМАНИЕТО МИНАТАТА СЕЗОНА КОГА СО ЧЕТИРИ ГРАН ПРИ ПОБЕДИ СТИГНА ДО ВИЦЕ-ШАМПИОНСКОТО МЕСТО, ПА ДУРИ БЕШЕ И ПРЕТСЕЗОНСКИ ФАВОРИТ, НО ЛОШИОТ СТАРТ ГО НАДОПОЛНИ СО ДОБРА СРЕДИШНИЦА СТИГАЈЌИ ДО ТРЕТАТА ПОБЕДА ОВАА СЕЗОНА.
52
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Ф
ранческо „Пеко“ Бањаја е повторно главна вест откако стигна до нов гран при триумф на трката за Големата награда на Холандија во Асен. Очекувано, третата победа му донесе нов букет од бодови, со што фаќа чекор со врвот на табелата. Дополнително, за неговата радост да биде поголема, во трката не финишираше актуелниот шампион Фабио Куартараро, кој воедно е водечки на табелата. Бањаја призна дека имале среќа, но сепак беше самокритичен и откри дека бил уплашен од можноста да падне поради влажната патека во финишот. - Беше страшно, навистина страшно. Само еднаш погледнав во екраните на кои ја покажуваат трката, и го видов Алеш Еспаргаро во песокот. Покрај него имаше син мотоцикл, па претпоставив дека тоа е Куартараро. Имавме среќа, па си реков „океј, можам да се опуштам“. Но, разликата со Марко Безеки кој беше зад мене, постојано се намалуваше. Морав повторно да забрзам, да бидам паметен и да се воздржам во финишот. Тогаш дојде дождот, јас намалив, но Безеки продолжи да притиска. Бев уплашен дека можам да излетам, па главно ми беше да ја завршам трката. Не притискав до лимитот, а мислев дека патеката е повеќе влажна отколку што беше. Морав „да притискам без да притискам“, бидејќи кога врне не можеш да возиш низ свиоците како на суво. Најдов начин како да возам, и тоа беше океј,- објасни Бањаја. Од друга страна, Алеш Еспаргаро обвини дека испуштил сигурна победа поради судирот со Куартараро. - Тешко е да знаеме, но јас имав можност да победам, а Фабио да биде втор. Тоа ќе беа пет бода разлика. Тој излета, а јас успеав да се вратам и да освојам 13 бода. Во смисла на борбата за титулата, ова е подобро за мене, но сепак – ја загубив победата. Да можев да бирам, ќе изберев победа и 5 поени во однос на ривалот. Кога ќе ми ја покажеа таблата со времето по круг станував бесен, бидејќи знаев дека сум половина секунда побрз од претходниот рекорд на патеката. Тоа направи да возам агресивно и да
СПОРТ |
ги престигнувам другите. Свиокот во кој што се судривме со Фабио беше еден од моите силни точки. Тој ми се извини бидејќи направил лоша проценка во сопирањето. Знам дека не е „нечист возач“, тој едноставно има одлично чувство за моторот и голема самодоверба. Денеска и јас се чувствував така и – се судривме,- изјави Еспаргаро. Куартараро го призна тоа и во својата изјава рече дека направил почетничка грешка, па жали што го спречил колегата да стигне до победа, иако тој на крајот дојде до четвртото место. Но, откако беше казнет од стјуардите, се огласи преку социјалните мрежи. - На идната трка сум казнет со „долг круг“. Сега не смеам да се обидам да престигнам бидејќи ќе помислат дека сум преамбициозен. Од почетокот на сезоната некои возачи прават „само обични тркачки инциденти“, а еве мојот бил опасен. Им честитам на стјуардите за одличната работа. Следниот пат нема да се обидам да престигнувам и ќе мислам да не зборувам за казната“,- напиша Куартараро. Конечниот редослед на „лудата трка“ во Холандија е Бањаја, Безеки и Маверик Вињалес на третото место, со Алеш Еспаргаро на четвртата позиција. Старт на трката
ПРОСЛАВАТА НА БАЊАЈА ЗАВРШИ СО КАЗНА
Франческо Бањаја славел на шпанскиот остров Ибица, но во раните утрински часови тргнал да си оди и седнал зад воланот на својот автомобил. Откако излетал од патот на една раскрсница регулирана со кружен тек, била повикана полиција, која востановила дека возачот е под дејство на алкохол. Бањаја се извини преку социјалните мрежи и порача дека ја научил лекцијата дека не треба да се вози кога се консумира алкохол. Во меѓувреме, неговиот тимски колега Џек Милер, беше објавен како возач за КТМ во следните две години, поради што шпекулациите велат дека има двајца кандидати за втората гаража на Дукати: Ениа Бастианини и Хорхе Мартин. Според написите, Шпанецот бил „сигурен избор“, но трите победи на Бастианини го замислиле раководството, поради што одлуката е пролонгирана. Пеко Бањаја изјави дека не сака да се меша и да влијае на изборот на тимски колега.
Банаја, црно бело знаме - Асен
Оваа трка дојде по германското гран при каде што со години доминираше Марк Маркез, а оваа година славеше Куартараро, пред Јохан Зарко и Џек Милер. Воедно, по трката во Холандија, карванот на Мото ГП ја започна летната пауза и ќе се врати со трките во Британија и Австрија кои се предвидени за 7 и 21 август. Куартараро е водечки на табелата со 172 бода, Еспаргаро се доближи на 151, по што следува Зарко со 114. Бањаја и Бастианини на 4 и 5 место имаат 106, односно 105 бода, а обајцата имаат по три победи и многу незавршени трки. • Александар Табаковски
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
53
| СПОРТ
EXTREME E – Исланд Икспри Сардинија
ЕЛЕКТРИЧНАТА ОДИСЕЈА ВО ПОМОШ НА САРДИНИЈА СО ДВЕ ТРКИ ЕДНО ПО ДРУГО НА САРДИНИЈА ЕЛЕКТРИЧНАТА ОДИСЕЈА НА EXTREME E УСПЕА ДА ЈА ПОТКРЕНЕ СВЕСТА ЗА СЕРИОЗНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО ОПОЖАРУВАЊЕТО И ГУБЕЊЕТО НА МОРСКАТА ТРЕВА НА ОВОЈ МЕДИТЕРАНСКИ ОСТРОВ.
54
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
Д
а се забавуваме натпреварувајќи се, а притоа да направиме нешто полезно е мотото на шампионатот Extreme E кој за првпат годинава вози двојна трка на една локација. Честа и припадна на Сардинија која заедно со матичната земја Италија се чини имаат и најголема потреба од подигнувањето на свеста за проблемите со кои се соочува овој медитерански остров. Покачувањето на температурите станува сè позабележително на Сардинија заради големите топлотни бранови кои траат подолги периоди и предизвикуваат шумски пожари кои што се поразителни и за дивиот свет. Податоците од месец јули минатата година велат дека во Италија биле регистрирани 13.000 шумски пожари. Бројка која не била видена никогаш во историјата. Од нив голем дел отпаѓаат на Сардинија каде се уништени пасиштата и обработливото земјиште, а загинале и голем број на животни меѓу кои и 30 милиони пчели. Проценките се дека ќе бидат потребни 15 години за да се обнови опожарениот регион. Вториот еко систем кој е загрозен е морската трева. Истражувањата велат дека морската трева е еден од еко системите во светот кој најбрзо исчезнува. Според проценките досега се исчезнати околу 29 проценти од морската трева на глобално ниво. Доколку нештата не се сменат и трендот продолжи во следните 100 години ќе загубиме дополнително меѓу 20 и 30 проценти од морската трева. А тоа значи губење на еден жив организам кој е морски еквивалент на прашумите на Амазон и значително придонесува во производството на кислород на земјината топка. Имено еден хектар морска трева зароботува повеќе јаглероден диоксид во споредба со шумите на копно, а произведува околу 100.000 литри кислород дневно. Организаторите на Extreme E се надеваат дека пораката за Сардинија ќе стигне низ цел свет преку отворените канали на годинешното Икспри на Сардинија кое го следат милиони гледачи глобално. Годинава условите се посуви во однос на лани заради јулските горештини. Теренот е
СПОРТ |
предизвикувачки, а возачите ќе имаат повеќе природни препреки со кои ќе мораат да се соочат. Затоа патеките пред стартот на настанот се минуваат пешки за да се утврдат местата за престигнување, каде има остри свијоци и каде може да се вози со полн гас. Во првата трка на Икспри на Сардинија тимот Rosberg X Racing доминираше на квалификациите и заслужено обезбеди место во финалето. Возачката постава Јохан Кристоферсон и Микаела Алин-Котулински беше најбрза во двете квалификациски сесии и влезе во финалето со 20 освоени бода. Зад нив беше тимот на Acciona Sainz XE со ветеранот Карлос Сајн и Лаија Санц кои беа втори во првата, а победија во втората сесија и заработија 19 бода. Тимовите: X44 со Себастијан Лоеб и Кристина Гутиерез, Genesis Andretti со Кеjти Мунингс и Тими Хансен и Xite Energy Racing со Тамара Молинаро и Тимо Шнајдер, освоија по 12 бодови. Последниот тим кој најде место директно во полуфиналето беше шесто пласираниот JBXE со Хеда Хосас и Кевин Хансен кој освои 11 бода на квалификациите. Секој од нив сега имаше шанси за во финале. Единствениот тим кој квалификациите не ги заврши беше No.99 GMC Hummer EV Chip Ganassi Racing со Сара Прајс и Кајл Ледук. Меѓутоа бидејќи победија во Лудата трка каде возат четирите тима кои не се квалификувале за во полуфинале Hummer EV стигна директно во финалето. После двете полуфинални трки во финалето се пласираа тимовите: Rosberg X Racing (RXR), Acciona Sainz XE, Xite Energy Racing и JBXE. И секако победникот од Лудата трка No.99 GMC Hummer EV Chip Ganassi Racing. Во уште полудото финале тимот на Hummer EV сосема неочекувано се закити со победа откако водечките екипажи на RXR и Acciona се судрија во жарот на борбата. Од судирот автомобилот на Сајнц/Санц повеќе пати се преврте во воздух по што екипажот заврши во болница, додека победникот на трката тимот RXR доби казна од 30 секунди по што падна на третото место. Второто место го наследни тимот на Xite, а четврти беше тимот JBXE.
Втората трка која за Икспри на Сардинија се возеше два дена подоцна повторно мина во знак на тимот RXR. Екипажот Кристоферсон/Котулински, пак, доминираше на квалификациите и повторно освои 20 бодови. Тимот X44 беше втор со 16 бода, тимот на Neom McLaren со Ема Гилмор и Танер Фоуст кој не се прослави во првата трка сега беше трет финалист со 15 бода, a тимот на Acciona со 13 бода четврт финалист. Останатите две места со по 11 бода ги поделија тимовите на Hummer EV и ABT Cupra XE со големите возачки имиња од Дакар, Јута Клајншмит и Насер Ал-Атија. После меѓусебните полуфинални борби до финалето стигнаа тимовите на RXR, X44, Acciona и ABT. Петтото место во финалето го пополни победникот од Лудата трка тимот на Genesis Andretti. Финалната трка мина во знакот на тимовите RXR и ABT меѓу кои се водеше жестока борба. Тимот на ABT ја поведе трката следен блиску од возилата на тимовите RXR и на X44. Се чинеше дека ABT е на праг да ја освои својата прва победа, но совршеното престигнување на Котулински врз Клајншмит во последните метри од трката му ја донесе победата на тимот на Нико Розберг. ABT мораше да се задоволи со второто место, а X44 со третото. Во битката за четвртото место тимот на Genesis го победи Acciona заради возачка грешка на Сајнц кој експериментираше со престигнување од надворешна страна, но не успеа. Меѓутоа на крајот од трката одговорните лица го дисквалификуваа тимот на ABT бидејќи по замената на возачите Јута Клајншмит не успеала да го прицврсти појасот, а стартувала. Така тимовите Х44, Genesis и Acciona освоија повеќе бодови. После три трки во генерален пласман води тимот Rosberg X Racing со 80 бода. Следат тимот на Hummer EV со 43 бода, Х44 со 41 бод и Acciona Sainz со 40 бода. До крајот на сезоната во Extreme E остануваат уште две трки, a следната е во Чиле кон крајот на септември. • Александар Табаковски
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
55
| СПОРТ
Колумна своерачно
АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ЗА ДИВЈАЦИ ВО СЕКОЈ СПОРТ Е ПОТРЕБНО НАДВОРЕШНО И НЕЗАВИСНО АРБИТРИРАЊЕ, А ЦВРСТО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКИТЕ МЕРКИ ВО АВТО-МОТО СПОРТОВИТЕ Е ОД УШТЕ ПОГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ БИДЕЈЌИ И ОПАСНОСТА ПО ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ Е ПОГОЛЕМА. а оваа тема сум пишувал и порано, Ннастани без оглед дали поводот за тоа биле од Формула 1, Мото ГП или
европските туринг шампионати каде што настапуваше Игор Стефановски – Иџе. Во основа, правдата треба да биде „слепа“ за националност, пол и раса, но старата мудрост дека кај што има сила нема правдина, за жал, е уште поизразена. Иако станува збор за трки, а не за дневно политички теми, се забележува тенденција да се врши притисок врз ФИА или некоја нејзина членка (национална федерација) која го воспоставува дисциплинскиот поредок. На пример, за сосема погрешно го сметам мешањето на политиката и забраната за учество на руски спортисти во натпреварувања, на кои им е дозволено да настапат ако се откажат од својата националност и учествуваат под знамето на интернационалната федерација. Изминатава зима бевме сведоци на притисоците од Мерцедес за отстранување на Мајкл Маси како технички делегат, откако по мешаницата на крајот од трката за Големата награда на Абу Даби, Макс Ферстапен беше крунисан за нов шампион, а Хамилтон со месеци се криеше од јавноста и се шпекулираше со негово повлекување. Овој пат, се осврнувам на Порше Карера Куп Италија, каде што настапува Ристо Вуков, бидејќи во два наврати беше удрен од еден ист возач: Стефано Монако. Првиот пат на трката под рефлектори
56
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
во Римини, контактот и не беше толку голем и Вуков брзо го фати ритамот, но на последното гран при во Муџело, видовме сериозен инцидент во кој автомобилот на македонскиот возач беше тешко оштетен (скршена виљушка), а ривалот кој повторно го удри на стартот (пред првиот свиок), мина без никаква казна. Слични и неразбирливи беа одлуките кога Игор Стефановски – Иџе возеше во ТЦР Италија, па за контакт со друго возило добиваше пенали и му беа одземани победи или пласмани на подиуми, а кога страдаше неговиот автомобил, правдата изостана. Тркачките инциденти се дел од оние состојки кои даваат извесен „твист“ , како киселкастата вишна на врвот од тортата, бидејќи луѓето ги бараат и очекуваат, во спротивно би недостигала адреналинската возбуда. Сепак, разграничувањето што е дозволено, а што треба да се санкционира е доверено на стјуарди кои мораат да имаат разбирање на проблематиката. Силен удар кој предизвикува толкава штета што води до откажување на друг натпреварувач, мора да помине најмалку низ два филтри, да се разгледа од сите страни и да се понуди правично решение засновано на принципи кои ќе бидат конзистентно спроведувани. Ако за првиот инцидент од полесна природа до некаде беше нормално да нема реакција од стјуардите (кои можеа да покажат интерес и да ги повикаат возачите на сослушување), во вториот случај веќе е непријатна тенденција која
ги загрозува принципите на фер борба. Некој неупатен ќе рече, „па добро ова беше борба за 10. место“, но човечкиот живот е ист, било да се работи за некој што атакува на подиум или не. Видовме дека Иџе беше санкциониран кога на италијански возачи им попречуваше во борбата за титулата, но ова беше на старт од трка, се случи по втор пат, и тоа од ист возач. Згрозен сум од реалноста во која Вуков мораше на втората трка да стартува од последното место бидејќи правилата се повикуваат на пласманот во првата. Кармата пронајде начин да му го отвори патот до 12 место на крајот (напредок од 23 места), додека Стефано Монако не ја заврши таа втора трка. Убеден сум дека организаторите располагаат со многу повеќе податоци и можат да ја спроведат правдата на многу подобар начин од она што ние го гледаме на малите екрани, но таа слика преку сателитскиот сигнал отиде насекаде низ светот и не говори добро за делење на правдата на трките, особено во Италија каде што Вуков е вториот наш возач (после Иџе во ТЦР Италија), кој искусува вакви проблеми. Во спортовите со топка постојат правила како жолт и црвен картон, или пет лични грешки наспроти техничка. Во авто мото спортовите сè уште чувствуваме потреба да се воспостави солиден и конзистентен систем на казнување за оние кои си дозволуваат преголема слобода што имплицира загрозување на останатите. •
СПОРТ |
WRC – Рели Сардинија и Рели Кенија
НА ДОБАР ПАТ КОН ПРВАТА ТИТУЛА ГОЛЕМА ПОБЕДА НА РОВАНПЕРА НА РЕЛИТО НА ПОРТУГАЛИЈА И ПРВ ХЕТ-ТРИК ЗА НЕГО ВО НАТПРЕВАРУВАЧКАТА КАРИЕРА ВО СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ. СО ТРИ ПОБЕДИ ЕДНА ПО ДРУГО МЛАДИОТ ФИНЕЦ НАЈАВУВА ВИСОКИ ДОСТИГНУВАЊА.
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
57
| СПОРТ
П
осле извонредните перформанси на релито во Кенија се поставува прашањето: Дали некој воопшто може да го сопре Кале Рованпера? Се чини дека младиот Финец е во налет кој лесно може да му ја донесе првата титула во кариерата. Да се доминира на две третини од настаните во првата половина на сезоната е резултат вреден за да биде споменат. Кале блескаше дури и таму каде што не се очекува. Спротивно на шансите ги освои и релито на Хрватска, и релито на Португалија, и релито на Кенија. И оттука го трасираше патот кон својата прва титула. Секако претстои уште една половина од сезоната во Светскиот рели шампионат со уште седум настани од календарот. Но, постигнувањата велат дека возачкиот капацитет на Кале е во подем, и дека со оглед на предноста Финецот е голем залак за голтање. После големата победа во Португалија, релито на Сардинија беше следниот предизвик за Кале. Меѓутоа, статистиката покажува дека во изминатите шест сезони со Сардинија владее тимот на Hyundai. Имаат четири победи Нувил 2016 и 2018 година и Сордо 2019 и 2020 година. Единствено лани Ожие ја прекина низата и победи благодарение на откажувањето на Танак и на Сордо. Hyundai покажа дека е многу поподготвен за своето омилено рели кое очигледно му годи на i20, иако годинава станува збор за сосема различен автомобил. Сепак, От Танак успеа да го доведе до целта како победник. Така Естонецот ја впиша својата втора победа на ова рели и се изедначи со своите тимски другари по бројот на успеси на Сардинија. Воедно ова е негова прва победа на рели после Арктичкото рели на Финска на почетокот на минатата година. Патеките на Медитеранскиот остров не му беа наклонети на Рованпера кој заради лидерската позиција во шампионатот мораше да стартува прв. Тврдата подлога прекриена со чакал не им годи на оние што стартуваат први бидејќи имаат неблагодарна ролја да го метат слободниот чакал додека гумите се борат за тракција и за да обезбедат оптимални перформанси. Затоа тие што стартуваат подолу во редот добиваат чиста патека и имаат поголеми шанси за победа. Првиот ден од релито мина во знакот на От Танак и на Есапека Лапи кој во тимот на Toyota го дели четвртиот GR Yaris со Себастијан Ожие. Лутите ривали на ова рели постојано се менуваа на водечката позиција. Беа
58
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
толку блиску еден до друг што ги делеа делови од секундата. Сепак, на крајот од денот дуелот го доби Лапи. Танак имаше проблеми со менувачот на седмиот испит и забави, а откажувањето на последните два испити од денот само му помогна да не загуби дополнително време во однос на Лапи. Третото место му припадна на Пјер Луи Лубет со Ford Puma, четврти беше Крег Брин, а петти Сордо. Рованпера не успеа подобро од осмото место на крајот од денот. Проблеми со менувачот на i20 имаше и Нувил. Првиот брзински испит во сабота наутро докажа дека на Лапи не му било пишано да ја освои Сардинија. Десетина километри од стартот на испитот удри во камен кој стрчеше на средина од патот. Ударот го фрли автомобилот во воздух, изгуби контрола, по што удри во друг камен крај патот и го откорна левото задно тркало заедно со деловите од подвозјето. Откажувањето на Лапи му го отвори патот на Танак кој победи на шест од вкупно осум испити од денот поведувајќи го релито пред Брин и Сордо. Лубет откако дупна гума падна на четвртата позиција, а Рованпера и Катсута ги поделија петтата и шестата.
СПОРТ |
Последниот ден од релито Танак возеше сам за себе. Иако велеше дека не форсира сепак победи на два од четирите испити и ја продлабочи разликата во 0 однос на Брин на повеќе од една минута. Брин остана на второто место, а Сордо на третото. Ниту подолу во поредокот немаше измени. Пласманот остана ист како во саботата. Танак победата му ја посвети на тимот. Призна дека започнале доцна со развојот на i20 N Rally1 и затоа заостануваат во однос на Toyota. Но, според него после релито на Португалија постигнат е голем напредок и од Hyundai треба да се очекува повеќе во вториот дел од сезоната. Дека Toyota со GR Yaris Rally1 има предност во поглед на перформансите и издржливоста е евидентно. Така е затоа што тимот го започна развојот на автомобилот порано од останатите. Уште за време на пандемијата во 2020 година кога шампионатот се возеше со ограничена програма. Тоа се докажа и на релито на Кенија каде Toyota по втор пат во историјата успеа да освои 1-2-3-4 победа. Првиот ваков успех се случи пред 29 години кога Јуха Канкунен го предводеше нападот со четири Toyota Celica Turbo 4WD. Toyota воедно ја забележа својата 10 победа во Кенија.
Покрај Toyota, Citroen e вториот производител кој успеал да освои 1-23-4 победа на едно рели од Светскиот шампионат. На Французите тоа им успеа на релито на Бугарија во 2010 година со возачка постава Себастијан Лоеб, Дани Сордо, Петер Солберг и Себастијан Ожие. Годинава во Кенија тимот на Toyota беше предводен од Кале Рованпера, следеа Елфин Еванс, Такамото Катсута и Себастијан Ожие. После победата лани која му беше значајна за освојување на осмата титула, годинава, откако се сретна со проблеми Ожие одлучи да биде поддршка на тимот. Релито го почна од врвот. Победи на брзинскиот испит со кого во четврток попладне релито на Кенија беше отворено. Силните перформанси на Ожие продолжија и во текот на вториот ден. Меѓутоа на последниот испит од првиот круг во петок наутро автомобилот на Ожие остана без моќ откако моторот се наполни со африканскиот фин песок во облик на прав наречен Феш-феш. Еванс го превзема водството, но не за долго. Веднаш по сервисот Ожие продолжи со нападот со намера да го повтори минатогодишниот успех. Сепак, желбите не се исполнија. Дупна гума на последниот испит од денот и загуби повеќе од две минути кои го декласираа на шестата позиција. Откажувањето на Ожие и проблемите со гумите на Еванс го промовираа Рованпера во лидер. Иако стартуваше прв и повторно играше ролја на метла Рованпера остваруваше завидни времиња кои му помогнаа да се искачи на врвот. Зад него блиску возеше тимскиот другар Катсута, а Еванс падна на третото место. Ожие не беше единствен кој се сретна со сериозни проблеми. Лоеб се откажа уште на почеток откако се запали моторот на неговата Ford Puma. Нувил, Оливер Солберг и Гус Гринсмит ги наполнија моторите со песок. Брин ја искрши суспензијата, а на Танак во рака му остана рачката од менувачот. После колежот во црниот петок следниот ден нештата се одвиваа помирно. Многумина после откажувањата стартуваа по втор пат, но ниту еден не можеше да ги рамни перформансите со Кале. Тој продолжи да ја зголемува предноста, а вистинскиот пресврт се случи на последните два испити од саботата кога пороен дожд го претвори песокот во кал лизгава како мраз. Во вакви услови Кале блесна и во само два испити ја зголеми предноста пред Еванс на повеќе од 40 секунди. Никој, ниту од далеку не можеше да се доближи до перформансите на младиот Финец. Еванс само успеа да го добие Катсута и да го испрати на третата позиција. Ожие, пак, успеа да го добие Нувил што беше доволно за да ја зацврсти позицијата на тимот. Пласманот на водечката четворка остана не сменет и на последниот ден од релито што беше доволно Toyota по втор пат во историјата на светското рели да запише четворна победа на Сафари рели на Кенија. Со победата во Кенија Рованпера ја зацврсти лидерската позиција во шампионатот за возачи. Има 145 бода наспроти 80 бода на Нувил, или 65 бода повеќе. Третото место го делат Танак и Катсута со по 62 бода. Toyota исто ја зголеми разликата во однос на Hyundai. Јапонскиот тим има 246 бода наспроти 184 бода на Hyundai и 143 бода на M-Sport Ford. Со релито на Естонија и на Финска во текот на летото почнува вториот дел од сезоната. Мазните брзи патишта на овие настани му се познати и му годат на Кале од кого се очекува повторно да блесне во поход по првата титула. • Љубомир Анастасовски
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
59
| АМСМ
АМСМ EUROPE PREMIUM
ВО ЕВРОПА СИГУРНИ ИСТО КАКО ДОМА
КАКО НАШИ АМСМ CLASSIC ЧЛЕНОВИ ДОСЕГА СИГУРНО ВЕЌЕ СТЕ НАВИКНАЛЕ НА БЕЗГРИЖНОСТА СО КОЈА ТРГНУВАТЕ НА ПАТ КАДЕ БИЛО ВО МАКЕДОНИЈА. AКО ОВА ЛЕТО ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА, РАЗМИСЛЕТЕ ЗА МОЖНОСТА ДА ГО ОБНОВИТЕ ВАШЕТО АМСМ ЧЛЕНСТВО, НО ОВОЈ ПАТ КАКО НАШ EUROPE PREMIUM ЧЛЕН. И НАЈМАЛ ДЕФЕКТ НА АВТОМОБИЛОТ ВО СТРАНСТВО МОЖЕ ДА РАСИПЕ СÈ И НАБРЗИНА ДА ВИ ГО ИСПРАЗНИ ПАРИЧНИКОТ. Во случај на дефект на автомобилот во странство најверојатно сите ќе ве одминат незаинтересирани за вас и за ситуацијата во која се наоѓате. Како странец, што ќе правите? Кому ќе му се јавите? Што ако е викенд, па никој не работи? Многу прашања, но сите со ист одговор - АМСМ Europe Premium членска картичка и точно знаете што треба да направите во случај на каков било дефект каде било надвор од границите на нашата земја:
- Повикувате + 389 2 3181 196, сигурни дека некој ќе ви се јави во кое било време од денот, 365 дена во годината и ќе ви се обрати на македонски јазик. - Ја давате вашата локација каде и да сте во Европа и кажувате информации за настанатиот дефект. Во меѓувреме: - Нашиот оператор што го примил вашиот повик контактира со локалниот автомото клуб во земјата во која се наоѓате. Како резултат на членството во ФИА (Светска автомобилистичка федерација) и воспоставената соработка на АМСМ со сите европски автомото клубови, странскиот клуб ја презема грижата за вас, како наш АМСМ член, и на вашата локација, во најкраток можен рок, праќа сопствена служба за помош на пат или за шлепување. Потоа: - Ако станува збор за дефект што може да се отстрани на самото место, веднаш го отстранува, а вие го продолжувате патувањето без дополнителни трошоци затоа што како наш АМСМ Europe Premium член добивате бесплатна помош на пат или во случај на посериозен дефект, странскиот клуб, во името на АМСМ, организира бесплатно пренесување (до 200 евра) на вашето возило до најсоодветниот сервис. - Ако станува збор за дефект за кој поправката може да потрае, не останувате на пат, туку имате можност да користите бесплатно хотелско сместување до 100 евра и рента кар до 100 евра или доколку сепак одлучите да го прекинете патувањето, може да изберете бесплатен автобуски, железнички или авионски превоз (до 200 евра). Со АМСМ Europe Premium членството, што и да се случи, секогаш ќе се чувствувате сигурни и безбедни, и во странство и дома. Патувајте БЕЗГРИЖНО!
60
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Покритие од 20 дена со важност од 365 дена на територијата на Европа
02/3181-108
www.amsm.mk 07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
61
ЗА БЕЗБЕДЕН ДОМ, НАПРАВЕТЕ ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ. ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО! Полиси достапни од:
02/3181-402 | 02/3181-405
62
07/08.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.mobilitybroker.com.mk