ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | ФЕВРУАРИ 2024 БР. 101
www.amsmklubmobiliti.mk
Тест на детски седишта
ДОБРО, ПОДОБРО, СИГУРНО
Димитар Миновски – 40 години работен век во АМСМ
УСПЕХОТ Е МОТИВАЦИЈА ЗА СЕБЕ И ПРИМЕР ЗА ДРУГИТЕ
WRC – Вовед во сезоната 2024
ЗНАЧАЈНИ НОВИНИ ЗА ВОЗБУДЛИВА СЕЗОНА 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
1
2
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Сиљан Аврамовски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг
ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје
ДЕТСКО СЕДИШТЕ ВО ВОЗИЛАТА – СЕКОГАШ И БЕЗ ИСКЛУЧОК
Автомото клубовите со години предупредуваат на важноста на користење на детските седишта во автомобилот, а една од традиционалните акции што ги спроведуваат е нивно редовно тестирање. Истражувањата покажуваат дека повеќето родители не ги превезуваат своите деца на безбеден начин бидејќи или не ги користат детските седишта или тоа го прават на несоодветен начин при што не се обезбедува максимална заштита. Многу внимателно треба да се избира моделот на безбедносно седиште што е соодветен за децата. Притоа, фокусот секогаш да е насочен кон безбедноста, ергономијата и едноставноста за користење, содржината на штетни супстанции и чистење, на крајната изработка, а не во прв план да се стави само надворешниот изглед. Техничарите нa австрискиот клуб ÖAMTC внимателно ги тестираат новите модели на детски седишта. Безбедноста и сигурноста секогаш се приоритет, а високите критериуми, исто така, влијаат врз конечниот резултат од тестирањето. Освен безбедносните аспекти, особено внимание треба да му се посвети на загадувањето. За жал, некои модели на детски седишта добија и негативна оцена... Лошата оцена на тестот е потсетник за производителот да се погрижи во составот на седиштата да нема супстанции што се штетни за здравјето и кои притоа се забранети во Европа. Сепак, без оглед на резултатите, секое од тестираните седишта е подобро од ништо. Тие се единствен прифатлив начин да се постигне безбедност на децата. Во поголем дел од сообраќајните незгоди може да го спасат животот на детето и да ги намалат сериозните последици. Без сомнение заклучокот им е јасен и познат на возачите и на родителите - детско седиште во возилата секогаш и без исклучок.
БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје
Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во март 2024 во електронска верзија на вашата е-адреса и нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk
ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716
Маргита ПОПОВСКА
ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264
главен и одговорен уредник
ISSN 1857-6133
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
3
ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА
УСЛОВИТЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ! 072/376-559 4
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk
HI-TECH
НОВОСТИ 7 МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА ЗА VOLKSWAGEN ID.7
33 НАДЗВУЧЕН ТУРИСТИЧКИ АВИОН?
26 СТИЛ 26 И МОДЕРНА, И ПРАКТИЧНА, ЗА ПОТПОЛНО УЖИВАЊЕ
8
33
АВТО-МОТО
ИСТОРИЈА 34 „СИНОТ НА ДАТ“ СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ
8 НОВАТА ЕРА ЗАПОЧНУВА СО ПРВИОТ „SUPER TOURER“ НА СВЕТОТ
28
8
ПАТУВАЊЕ 28 ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА НОРДИСКИТЕ СПОРТСКИ ДИСЦИПЛИНИМ ВО АЛПСКА КОМБИНАЦИЈА
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
34
СПОРТ
24 ДОБРО, ПОДОБРО, СИГУРНО
36
38 РАНИ ТРАНСФЕРИ ЗА СКИЦИРАНА ИДНИНА 48 ЗНАЧАЈНИ НОВИНИ ЗА ВОЗБУДЛИВА СЕЗОНА
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
5
| ОТА
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
6
ДРЖАВА
ЗИМСКА ОПРЕМА
АЛБАНИЈА
Ремени: Употребата на ремени за возила произведени после 1990 год. е задолжителна задолжителни за сите седишта; Детски седишта: Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште; Средно светло дење: само при лоша видливост и во тунели; Прва помош: задолжителна ПП апарат: се препорачува; Триаголник: задолжително; Зимска опрема: Задолжително е да се поседуваат синџири во возилото од 1 ноември до 30 април;
БУГАРИЈА
Ремени: задолжително, задолжително сите ситевградени вградени(казна (казна25 25евра); евра); Детски седишта: задолжителни за деца до 3 години, деца над 3 години и пониски од 150 цм можат да бидат на задно седиште без детско седиште; Средно светло дење: задолжително за сите возила во текот на целата година; Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: задолжително за сите возила со исклучок на моторциклите; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: задолжително за сите лица кои го напуштаат возилото дење или ноќе на автопат. Задолжително и за мотоциклисти; Зимска опрема: Употребата на зимски гуми е задолжителнa за возила регистрирани во Бугарија кога се зимски услови на патот. За возила регистрирани во странство, користење на зимски гуми не е задолжително, но се препорачува. Синџири за снег се дозволени. Нивната употреба може да стане задолжителна во согласност со условите на патот, во кој случај тоа е означено со патен знак. Кога возите со синџири за снег, максимална брзина е 50 km / h;
ГРЦИЈА
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра); Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца од 3 до 11 години, и пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни; Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди; Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: задолжително; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме; Зимска опрема: Нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 km / h;
ИТАЛИЈА
Ремени: задолжителни за сите седишта; Детски седишта: деца до 9 кг. мораат да седат во детски седишта свртени кон назад. Деца полесни од 36 кг. и пониски од 150 см. мораат да користат специјални системи (ремени, седишта) соодветни за нивната големина; Средно светло дење: задолжително и дење и ноќе – на отворен пат; Прва помош сет: не; ПП апарат: не; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: за сите лица кои излегуваат од возилото на пат надвор од населено место, ноќе или при слаба видливост; Зимска опрема: нема НЕМАопределено, ОПРЕДЕЛЕНОможе зимски зимски гумигуми или синџири. или синџири, Период: период: 1 ноември 1 ноември - 15 април. - 15 април. Во Во областа на Val d'Aosta, возила мораат да бидат опремени со зимски гуми или мора да се поседуваат синџири за снег во возилата, од 15 октомври до 15 април. Зимски гуми на сите 4 тркала. Возила опремени со синџири не смеат да возат над 50 km / h;
ТУРЦИЈА
Ремени: задолжително (казна 77 TRY); Детски седишта: да, до 3 години на предно седиште во детско седиште, над 3 години, а пониски од 150 см на задно седиште во детско седиште; Средно светло дење: не; Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: задолжително; Триаголник: задолжително два триаголника за сите возила; Рефлектирачки елек: не; Ограничувања за тешки возила: Возила над 7 тони имаат забрана за движење во Истанбул од 06.00 до 10.00 и од 16.00 до 22.00 во работни денови. Оваа забрана се однесува и за мостот Fatih Sultan Mehmet преку Босфор; Зимска опрема: зимски гуми. гуми, период:1 Период:1декември декември--11април. април.Синџири Синџири--според споредвременските временскитеуслови; услови;
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ |
ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА
МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА ЗА VOLKSWAGEN ID.7
Н
овиот електричен знаменосец во понудата на Volkswagen, моделот ID.7 пред крајот на првиот месец од 2024 година беше промовиран пред македонската јавност. Електричниот седан на германскиот производител сега ќе биде достапен и на нашиот пазар, а првите примероци се веќе изложени во продажниот салон на Volkswagen во рамките на комплексот на Порше Скопје. По светската премиера минатата година, новиот електричен знаменосец на Volkswagen пристигна и во Македонија. Како прв модел поставен на MEB платформата, ID.7 добива целосно нов електромотор наречен APP550 кој испорачува 210 kW (286 КС) и 550 Nm, кој е најмоќен мотор досега поставен кај еден ID модел. Воедно, овој електромотор ќе биде стандарден кај сите верзии, без оглед на капацитетот на батеријата кој ќе го изберат купувачите. Кога веќе станува збор за верзиите, ID.7 ќе биде достапен во две различни варијанти: Pro и Pro S. Pro доаѓа со батерија која има бруто капацитет од 82,0 kWh (нето 77,0 kWh) што обезбедува опсег на движење од 615 километри. Системот поддржува и DC полнење од 170 kW. Верзијата Pro S, пак, добива пакет со бруто капацитет од 91,0 kWh (нето 86,0 kWh) што нуди опсег од 700 километри. Можноста за брзо полнење кај оваа изведба овозможува полнење со максимални 200 kW. Најголемо внимание кај електричниот седан привлекува ентериерот, кој доаѓа со неколку нови технолошки решенија. Со својот минималистички дизајн, пред возачот се наоѓа мал дисплеј наместо голема дигитална инструмент табла, а сето тоа е поради фактот што ID.7 доаѓа стандардно со head-up дисплеј со проширена реалност кој прави информациите да изгледаат на различни растојанија од возачот. Информациите на екранот може да вклучуваат работи како ознаки на коловозните ленти, информации за растојанието и ограничување на брзината. Контролите на воланот овозможуваат прилагодување на информациите на HUD на она што возачот сака да го види. Од друга страна, на кон-
тролната табла се наоѓа 15,0-инчен инфозабавен систем кој доаѓа со осветлени лизгачи на допир кои овозможуваат прилагодување на температурата во кабината и јачината на звукот. Од Volkswagen ги потенцираа и новите ErgoActive седишта со масажерски опции, како и новиот паметен панорамски покрив кој лесно се префрла меѓу проѕирни и непроѕирни сегменти. Дел од напредната технологија се и новите системи за асистенција при патување, како и системот за размена на податоци меѓу возилата развиен заедно со CARIAD. VW ID.7 има способност самиот да ја смени коловозната лента на автопат при брзини над 90 километри на час. ID.7 ќе се нуди со неколку пакети и понуди за персонализација, како за екстериерот, така и за ентериерот и ќе стартува по цена нешто под 70.000 евра. Повеќе информации за новиот ID.7 можете да добиете на официјалниот сајт или, пак, во продажниот салон на Volkswagen во Скопје. •
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
7
| АВТО-МОТО
Aston Martin DB12
НОВАТА ЕРА ЗАПОЧНУВА СО ПРВИОТ „SUPER TOURER“ НА СВЕТОТ БРИТАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ ГО ОТКРИ ЦЕЛОСНО НОВИОТ DB12, КОЈ НА ПАЗАРОТ ЌЕ ПОНУДИ АВТОМОБИЛ ШТО ОТВОРА СОСЕМА НОВО ПОГЛАВЈЕ СО ЗНАЧИТЕЛНО ПОГОЛЕМА МОЌНОСТ, ПОДОБРА ДИНАМИКА И УШТЕ ПОВИСОКО НИВО НА УДОБНОСТ ВО ВНАТРЕШНОСТА.
A
ston Martin воведува нова ера на луксуз и перформанси со целосно новиот DB12, кој се смета за„првиот светски Super Tourer“. Дизајниран за да ја прослави 110-годишнината на брендот, моделот во суштина претставува обемен и драстичен фејслифт на DB11, кој беше претставен во 2016 година. Сепак, тоа воопшто не го намалува впечатокот бидејќи ажурирањата се многу поголеми од вообичаените стилски измени. Почнувајќи со екстериерот, DB12 е веднаш препознатлив бидејќи јасно потсетува на својот претходник, моделот DB11. Сепак, има неколку промени, вклучувајќи нов преден браник и поголема решетка. Ним им се придружуваат изразениот сплитер и еволутивните LED светлосни групи. Моделот има и нов поклопец на моторот како и ревидирана значка на Aston Martin.
8
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Ним им се придружуваат нови тркала од 21 инчи, кои се 8 килограми полесни од 20-инчните тркала што се наоѓаат на DB11. Тркалата се обвиткани во специјално развиени гуми Michelin Pilot 5Ѕ, кои имаат инсерти од полиуретанска пена за поништување на бучавата, кои ветуваат дека ќе го намалат количеството на бучавата на гумите која стигнува во кабината за дополнителни 20%.
ЕНТЕРИЕР ОД НОВОТО ВРЕМЕ
Иако надворешноста несомнено потсетува на DB11, истото не може да се каже за кабината бидејќи тука унапредувањата и промените се драстично поголеми. Возачите седат зад нов управувач и гледаат во модерен дигитален инструмент кластер. Во центарот се наоѓа целосно нов 10,25-инчен инфозабавен систем, кој има Android Auto и Apple CarPlay, како и 4G конекција, гласовен асистент и поддршка за безжични надградби на оперативниот систем. Се чини дека е огромно подобрување во однос на претходниот инфозабавен систем кој доаѓаше од Mercedes, а се чини дека е и многу полесен и поинтуитивен за ракување. Покрај екраните, тука е и пловечката централна конзола и нова контролна табла со тенки отвори за воздух. Моделот има и минималистички менувач, нова разводна опрема и поквалитетни материјали. Возачите, исто така, ќе најдат ротирачки контролер, кој овозможува лесен пристап до петте различни режими на возење. Аудио системот со 11 звучници доаѓа стандардно, но клиентите можат да го надградат на врвниот аудио систем Bowers & Wilkins со 15 звучници. Кога станува збор за опциите, има седишта Sports Plus и Carbon Fiber Performance, како и облоги од алуминиум, дрво или карбон.
АВТО-МОТО |
БРИТАНЕЦ СО ГЕРМАНСКО СРЦЕ
Под предниот поклопец се наоѓа 4.0-литарски V8 битурбо од Mercedes кој произведува 680 КС и вртежен момент од 800 Nm. Тоа е огромен пораст во однос на DB11, кој имаше 535 КС и 675 Nm вртежен момент. Новиот V8 е, исто така, помоќен од претходниот битурбо 5,2-литарски V12, кој развиваше 639 КС и 700 Nm вртежен момент. Моторот е поврзан со осумстепен автоматски менувач, кој му овозможува на моделот да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди пред да постигне максимална брзина од 325 километри на час. За да се стават овие бројки во перспектива, на DB11 V8 му беа потребни „цели“ четири секунди за да стигне до 100 км/ч и максимално достигнуваше 309 км/ч. Исто така, DB11 V12 од место до„стотка“ стигнуваше за 3,7 секунди пред да достигне максимални 334 км/ч.
Покрај новиот мотор, DB12 е поставен и на обновената шасија која е 7% поцврста благодарение на подобрувањата и модификациите направени во предниот дел на автомобилот. Надградбите не завршуваат тука бидејќи моделот е опремен со електронски диференцијал кој го ограничува пролизгувањето и обновен систем на потпирање, која има поцврсти рол барови, како и нови приспособливи амортизери. Заокружувањето на главните точки се подобрениот електронски систем за контрола на стабилноста и штелуваниот засилувач на сопирачките. Кога станува збор за сопирачките, како опција ќе биде достапен карбонкерамички систем за сопирање и заштедува дури 27 кг на тежина а, исто така, нуди намалено губење на силата на притисок на при сопирање доколку автомобилот се користи на патеката. Компанијата на своите клиенти го нуди DB12 во комбинација со многу опции за каросеријата и пакети за ентериерот. Сепак, доколку некој посака комплетна индивидуализација на автомобилот може да се нарача по сопствени спецификации за кои се одговорни лицата од одделот „Q by Aston Martin“ чија задача е да остварат желбите и на најпребирливите купувачи. • Данчо Здравковски
Салон за автомобили Токио 2024
УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ИЗЛОЖБА ТРИДНЕВНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА АВТОМОБИЛИТЕ СЕ ОДРЖА ОД 12 ДО 14 ЈАНУАРИ ВО ХАЛИТЕ НА МАКУХАРИ МЕСЕ ВО ТОКИО. БЕА ПРИСУТНИ НАД 4.300 ИЗЛОЖУВАЧИ СО 893 НАЈРАЗЛИЧНИ ВОЗИЛА, А ИМАШЕ НАД 230.000 ПОСЕТИТЕЛИ, ОКОЛУ 80.000 ДНЕВНО.
кога има најголема желба за подготвување голема манифестација Иизненадувања. за да видат посетителите убави работи, природата прави За новогодишните празници Јапонија беше погодена
од многу силен земјотрес, кога организаторите на саемот забрзано ги привршуваа последните подготовки. Нисан се претстави со неговиот концепт во комбе изведба посебно направен и подготвен за луѓето погодени од природни и други катастрофи. Нисановото концепт возило може одеднаш да понуди полнење на 30 мобилни телефони, да подели 200 оброци, вода за
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
9
| АВТО-МОТО
пиење и миење, тоалет, да затопли 200 лица, како и да подели и млеко за доенчиња. Концептот е опремен со екрани на кои постојано се испишуваат најразлични вести поврзани со природната непогода, потоа вести за времето во наредните денови итн. Од овој производител беше претставен моделот „арија“ и „скајлејн“ во најснажната и најпрестижната изведба „нисмо“. Тоа е луксуз проткаен со засилена спортска нота, односно многу коњски сили. Беше присутна и легендата „гт р“, но и делата на студентите од училиштето„Нисанов Автомобилско Технички Колеџ“, потоа „икс треил кроулер концепт“, „бокс бимс концепт“, „марч концепт“, „икс треил аутек спортс спец концепт“ и „серена аутек спортс спец концепт“. Мазда прикажа тема наречена „мазда спирит рејсинг“ во две изведби, моделите„м икс 5“ и„3“, покажувајќи до каде може да одат со сериските автомобили кога ќе бидат турнати до крајни граници нивните тркачки особини. Да нагласиме,„м икс 5“ и„3“ во спирит рејсинг изведба можат слободно да послужат и за тркачки патеки - пониско подвозје, затегнати амортизери, значително полесни седишта од сериските, поефикасни сопирачки, пофуриозно управување итн.
Јамаха концепт 160
Лексус рз 450е ф спорт перформанс
Митсубиши во свој стил беше присутен со: „делиција д:5 шамони сноу гир“,„делиција д: 5 мини шамони сноу гир“,„тритон“ и„аутлендер“, но и со неколку натпреварувачки модели. Од блиското соседство допатува гигантот Тојота и изложи неколку модели, највпечатлив беше големиот и луксузен „сенчари“, но и „јарис газу рејсинг“ - мала лута играчка на четири тркала со прекрасни брзински особини. Акио Тојода, некогашен главен на „Тојота Мотор Корпорејшн“ и претседател на ЈАМА (јапонска асоцијација на автопроизводители), настапи самостојно на саемот со своите „газу рејсинг“ и притоа изјави: „Токио Авто Салон е фестивал каде што љубителите на автомобили со насмеани лица се опкружени со толку многу посакуваните автомобили.“ Во кругот на најблиските и кај тркачката фела Акио Тојода е попознат како Моризо. Четири дена пред
10 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
отворањето на манифестацијата Моризо присуствувал на внесувањето на неговите „гр“ автомобили во халите, така што многумина имале можност да зборуваат со него и да се фотографираат. Пред отворањето на салонот најголемите љубители на автомобилите со денови чекале за да ги видат моделите што ќе бидат донесени.
Тојота сенчари
ТАС (Токио Авто Салон) е нешто повеќе од изложба на автомобили затоа што главно се претставуваат фризирани возила од локалните работилници. Тоа е нешто како забава на тркала, со многу чудно накитени автомобили, со спојлери, со преголема аудио, но и видеоопрема. На таква изложба има и сериозни претставувања, како тоа на Сузуки, со новиот „свифт“, но и со „супер кери маунтаин треил“, „специа кеј кар“ и со „специа папа боку кичин“. A префинетиот Лексус беше присутен со „рз 450 е спешл едишн“, но во уште попосебна изведба „ф спорт перформанс“ и егзотичниот концепт „л б икс моризо рр“. Наспроти Лексус се појави Хонда со уште посурова изведба од моделот „сивик“ - „рс прототип“ и се разбира со обичен менувач. Свој придонес даде и фризирањето од Муген. Тие не можат без да направат некоја измена на постојните модели од Хонда. Зајмен е моделот„цивик тип р“ и, како што е во тркачкиот свет каде што возилата се поделени во групи„а“ и„б“, така и Муген подготви две опреми, за„сивикот тип р“, „група а“ и„група б“. Двете фризирања опфаќаат промена на тркалата со ултра лесни 19-инчни од марката ББС, потоа спојлер повеќе, поинакви од постојните, да речеме зајмени од тркачките автомобили и секако со јаглеродни влакна. Јамаха настапи смело со своите концепти. Овој производител за саемот подготви основа за мали електрични возила („јамаха мотор платформ концепт“), при што постави дури седум концепти: „концепт 310“, „концепт 580“, „концепт 160“, „концепт 451“, „конепт 350“, „концепт 682“,„концепт 294“ и„ипсилон икс з 1000 р“, а беа присутни и тие на две тркала, како„икс ср 125 абс“. Субару ја прикажа тркачката дивизија „бр икс с4 сти спорт прототип“, „брз сти перформанс“, „леворг лејбек сти перформанс“, „брз гт 300“, „вр икс нбр челинџ“ и„тим сда инжинеринг брз цнф концепт“. Практично ова е изложба на сè од автомобилската индустрија, но малку дотерано. Беа присутни и многу мали работилници што ги претвораат сериските автомобили во вистински реткости, од најубави до најчудни. Од локална, изложбата премина во меѓународна, така што беа присутни и странски марки, не само домашни. Салонот во Токио првпат е организиран во 1983 година од Даиџиро Инада, создавач на Опшн Магазин, новинар и издавач, љубител на фризирани автомобили, а неговото списание главно им е посветено токму на нив. Оттогаш изложбата се одржува секоја година. • Жарко Атанасоски
E-archive Документите во електронската архива се чуваат во една база на податоци и се достапни во било кое време. Лесно и брзо пребарување по основни атрибути за внесените документи или по клучни зборови. Заштита на базата на податоци на една или повеќе локации, логови за сите активности на корисниците на електронската архива (audit). Ефикасна и брза електронска дистрибуција на архивираните документи и следливост на движењето на документите. Со тоа се зголемува транспарентноста и достапноста на документите. Внесувањето на документи во електронската архива може да се прави од повеќе различни локации. Системот е дизајниран за автоматско доделување на архивските броеви.
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
11
| АМСМ
Димитар Миновски – 40 години работен век во АМСМ
УСПЕХОТ Е МОТИВАЦИЈА ЗА СЕБЕ И ПРИМЕР ЗА ДРУГИТЕ ПАТУВАЊЕ ДОЛГО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ИСПОЛНЕТИ СО КРАЈНА ЦЕЛ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ЛИДЕРСТВО ШТО ЌЕ ГО ТРАСИРА ПАТОТ ДО УСПЕШНО СОЗДАВАЊЕ НА БРЕНДОТ АМСМ ПРЕКУ ВИЗИЈА, БЕСПРЕКОРНА РАБОТА, МАКСИМАЛНО ВЛОЖУВАЊЕ, КРЕАТИВНОСТ, САМОДОВЕРБА, КРЕИРАЊЕ И ИНОВАТИВНОСТ. АМСМ Е СИНОНИМ ШТО СЕКОГАШ АСОЦИРА НА ДИМИТАР МИНОВСКИ, ОД НЕГОВИТЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ПОЧЕТОЦИ ДО ДЕНЕС.
АМСМ Клуб Мобилити: Господине Миновски, 30 години успешно го водите Авто Мото Сојузот на Македонија. Што би издвоиле како најбитен предуслов за да се биде успешен? Миновски: Успехот е цел кон кој се стреми секој во својот живот. Тоа значи остварен човек што чувствува дека е исполнет и пошироко, кој придонел во својата работна околина и семејството. Успехот е мотивација за себе и пример за другите. Успехот е процес. Јас добро го сфатив тоа во АМСМ каде што се остварувам цел работен век, сè досега. Тоа е организација што има долга традиција и историја на постоење, што временски нужно наметна потреба од организациони, кадровски движења и,
12 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
веројатно, најтешкото, зачувување на брендот АМСМ. Да се зачува брендот АМСМ е многу сложен процес поврзан со општественото позиционирање на организацијата што наметнува вештина на многу чекори и постапки што мора да се доследни од раководството и вработените. Во овој контекст доаѓа до промена на цела плејада луѓе што беа вклучени во управувањето и раководењето и кои со своето залагање и искуство оставија свој белег и печат. Желбата за работа, истрајноста, комуникацијата со раководството и органите, вообичаено во стандардна форма, но и наредбодавателно, се секојдневни моменти во согласност со природата на мојата работа, но често и применување тактика на компромис, а во одредени случаи и одолговлекување на донесувањето заклучоци и одлуки, со цел созревање и правилно детектирање на нужните елементи за донесување правилна и издржана одлука. АМСМ Клуб Мобилити: Во ова динамично време во кое твориме секој период, година има свои специфики. Кои сегменти од Вашиот долгогодишен работен век би ги издвоиле? Миновски: Процесот на раздружување на АМСМ од АМСЈ, кој паралелно следуваше со осамостојување на нашата држава од поранешна СФР Југославија, е еден од највпечатливите периоди за АМСМ. Буквално се тргна од „нула“ во позиционирањето на АМСМ на меѓународен план и зачленување во ФИА, АИТ и ФИМ. Недостасуваше искуство во оваа област и следуваше неколкугодишен процес на испитување на постапките и процедурите за зачленување, при што беа извршени повеќе посети
АМСМ |
на клубовите-членки и, пресудното, одржување на контакти и информирање на нашите државни органи и обезбедување на потребната документација. Следуваше процес на лобирање во меѓународните асоцијации што заврши со успех. Овие моменти се со историска тежина и значење и се темели врз натамошниот развој на АМСМ во домашни и меѓународни рамки. АМСМ Клуб Мобилити: Дали може да направите споредба со работењето на АМСМ некогаш и денес? Миновски: АМСМ, како и многу други организации, се соочувал со падови и подеми. Во нејзиното основање, во далечната 1945 година, тежиштето беше ставено на повоеното обучување на возачи. Оттука АМСМ е препознатлив по автошколата со поголем возен парк и инструктори. Функционирајќи во рамките на поранешната АМСЈ се воведоа и патна помош, сервиси за поправка и одржување на моторни возила, а подоцна следуваше циклус на отворање на станици за технички преглед. АМСМ работи во доменот на сообраќајот и се моделираше во согласност со потребите на сообраќајот. Сепак, најголема компактност и современ начин на работење бележиме во периодот на осамостојувањето на нашата држава, што природно следува со стекнувањето на меѓународниот елемент. Во овој период голем број наши кадри се вклучија во различни обуки и пренесоа драгоцено искуство во тековното работење и потребниот развој. Тоа може да се види и преку бројот на вработени, кои на почетокот секогаш беа помалку од стотина, достигна бројка и до околу триста, а денес се околу двестa.
АМСМ Клуб Мобилити: Вие бевте иницијатор за објавување и на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“, со цел да се пополни долгогодишната празнина на квалитетен контакт со членовите на АМСМ. Од оваа перспектива, по 18 години, дали сметате дека постоењето на членското списание ги потврди Вашите очекувања? Миновски: Од самиот почеток на осамостојувањето АМСМ претендира да се развива во модерен автомобилски и туринг клуб, во кој членовите ќе бидат постојано и навреме информирани со квалитетни и значајни информации поврзани со нивното патување со автомобил. Приближувањето на АМСМ до нашите членови логично наметна потреба за сопствено списание и, на мое лично задоволство, првпат од своето постоење oд 1945 година АМСМ го издаде првиот број на АМСМ Клуб Мобилити во 2007 година. За темите и за квалитетот на списанието најповикани се да се изјаснат нашите членови, кои списанието го добиваат на домашна адреса и на нивната е-адреса и, секако, стручната јавност. Лично сметам дека целосно ја постигнавме целта, иако секогаш има уште многу да се направи, но тоа ќе биде предизвик за во иднина. АМСМ Клуб Мобилити: Паралелно со објавувањето на Клуб Мобилити се воведоа и многу други новини во АМСМ и во неговите дејности, со што се прошири спектарот на услуги... Кои сегменти во работењето на АМСМ би ги издвоиле? Миновски: Годините по осамостојувањето на Република Македонија беа предизвик за сите субјекти, па и за АМСМ. Курсот
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
13
на развивање на пазарното стопанство и конкуренцијата, што ја носи овој концепт, е особен предизвик за здруженијата на граѓани. АМСМ избра јасен концепт, според кој бизнисот го водат проверени кадри - менаџери. Во овој контекст, усвоени се нови знаења организирани во повеќе правни лица, оспособени успешно да функционираат на пазарот. Тоа, пак, создаде соодветен простор за здружението. АМСМ дефинира повеќе членски пакети за земјата и за странство, кои се добро прифатени, но не може да сме задоволни од бројот на членството, како и од фактот дека најголем процент е лоцирано во главниот град. Што се однесува до тоа дали треба да се издвои некое правно лице од системот, ќе речам дека тоа е невозможно бидејќи низ годините пазарот се моделира со нови прописи, кои ги опфаќаат дејностите од нашиот сектор и тоа е процес што трае, но она што е најважно е дека раководството на АМСМ има јасен концепт што се стреми кон успех. Зар нашето списание „АМСМ Клуб Мобилити“ со моментен тираж од околу 15.000 примероци не е пример за тоа.
АМСМ успеа да го надмине предизвикот што го носат годините анализирајќи ги пазарот и конкуренцијата, со сопствена реорганизација, ангажирање на проверени кадри, изготвување нови софтверски решенија и намалување на трошоците на работење. Со гордост можам да кажам дека АМСМ го зацврсти имиџот на успешна организација кај граѓаните која прави сè за да се приближи до нив со квалитетна и ефикасна услуга.
АМСМ Клуб Мобилити: Какви се перспективите и можноста за надградба на АМСМ имајќи предвид дека брендот АМСМ долги години е лидер во областа во која дејствува? Според Вашето мислење, до каде е развојот на нашиот сојуз во споредба со другите клубови? Миновски: Точно, можам со гордост да истакнам дека брендот АМСМ зрачи и е лидер. АМСМ успеа да го надмине предизвикот што го носат годините анализирајќи ги пазарот и конкуренцијата, со сопствена реорганизација, ангажирање на проверени кадри, изготвување нови софтверски решенија и намалување на трошоците на работење. Со гордост можам да кажам дека АМСМ го зацврсти имиџот на успешна организација кај граѓаните која прави сè за да се приближи до нив со квалитетна и ефикасна услуга. Компарирањето со кореспондентните клубови е предизвик за развој. Мора во континуитет да се работи и напредува за да се приближиме до позицијата на поголемите европски клубови, како германскиот ADAC, холандскиот ANWB, швајцарскиот TCS, австрискиот ŐAMTC и другите. Самиот податок дека некои европски клубови имаат членство што опфаќа повеќе од 50% од бројот на возилата во државата е нешто кон што се стремиме подолг период. Тоа се држави со изразена култура на живеење, според која, членувањето во автомобилски клуб е неопходност за сигурно и безгрижно патување. Ние упорно работиме на развојот на оваа култура меѓу нашите возачи и со задоволство можам да истакнам дека возачите, соочени со динамиката на модерното живеење, сè повеќе бараат професионална организација на која ќе ù ја дадат довербата за одржување и грижа на возилото. Со задоволство можам да го истакнам фактот дека благодарение на јасниот курс што АМСМ го одржува за развој на модерен автомобилски клуб е причина на нашиот претседател, проф. д-р Спасе Јовковски, да му се довери функцијата претседател на КОФО (координативен форум на 23 автомобилски клубови на Југоисточна Европа), со мандат од четири години, за координатор на КОФО е избрана м-р Ирена Миновска-Пехливанова, стратегиски менаџер во АМСМ, а, исто така, севкупните стручни работи да ги извршува стручната служба на АМСМ.
АМСМ Клуб Мобилити: Да имате тим што на предизвиците им пристапува со ист ентузијазам како и Вие е половина од успехот. Кој е Вашиот совет за вработените? Миновски: Главната премиса на раководството, секако, е лојалноста кон својата фирма. Тоа е императив што честопати не е на преден план, особено кај помладите кадри. Секако противтежа на тоа мора да биде соодветното наградување, подобрување на условите за работа, едукацијата и унапредувањето. Да не заборавиме дека се соочуваме со голема и сериозна конкуренција, а честопати таа успева да навлезе, можеби моментно, кај дефицитарните кадри. Во овој контекст препорачувам отворен разговор со раководството за изнаоѓање можно решение. На тој начин ќе обезбедиме континуитет на многу значајната кадровска политика што е новиот двигател.
14 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ Клуб Мобилити: Во денешно време тешко може да предвидиме што ќе се случи за една, пет или десет години. Но како што велат: „Ако не мислиш за иднината, не мислиш ни да ја имаш“, па во тој контекст како и каде го гледате АМСМ во иднина? Миновски: Сообраќајот како стопанска групација има значајни промени и може да се рече дека неговиот развој е импресивен. Појавата на хибридни, плаг ин, електрични возила, па и напорите тие да летаат (веќе има успешни прототипови) во наредните години ќе ја обликуваат автомобилската индустрија и, секако, работата на автомобилските клубови. Секако, АМСМ ќе ги следи овие процеси, но факт е дека динамиката на нивното имплементирање ќе биде пропорционално со куповниот потенцијал на нашите граѓани. Развојот на АМСМ во иднина ќе биде во согласност со генералната политика што автомобилските клубови ја дефинираат во ФИА. Куриозитет и предност на АМСМ е што нашите вработени партиципираат во повеќе работни групи на ФИА и имаат можност непосредно да пренесуваат искуства и решенија што нашиот систем ќе ги имплементира со одредена динамика. АМСМ е подготвен и определен да се соочи со предизвиците што ги носи новото време. • Маргита Поповска
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ Меѓународна возачка дозвола ∙ Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување ∙ Зелен картон ∙ АМСМ членски картички
02/3181-181
www.amsm.mk 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
15
| АМСМ
Вработени кои ја одбележаа 2023 година
Марјан Птерушевски
НАЈДОБРИТЕ СЕКОГАШ ПОБЕДУВААТ
• Изборот на „Вработен на годината во системот на АМСМ“ се заснова на континуирано следење на перформансите на вработените од аспект на квалитетот во работењето, односот кон корисниците, колегите и системот на АМСМ во целина. Оваа година за наградата Најдобар вработен во системот на АМСМ, беа номинирани 7 вработени од системот: - МАРЈАН ПЕТРУШЕВСКИ, АМСМ Станица за технички преглед - МАРГАРИТА МИРЧЕВСКА, Авто Школа Мобилити Плус - БЛАГИЦА ИГНОВА, Мобилити Брокер - ЉУБИЦА АНГЕЛОВСКА, АМСМ Служба за помош и информации на пат - ДЕЈАН ЃУРЧИНОВСКИ, АМСМ Центар за возила - МЕВЉУД ЗУМЕРИ, АМСМ ПЕТРОЛ -БЛАГИЦА СТАНОЈЕВИЌ БЛАЖЕВСКИ, АМСМ Консалтинг – Маркетинг • Титулата Најдобар вработен во системот на АМСМ за 2023 година заслужено ја доби МАРЈАН ПЕТРУШЕВСКИ од АМСМ Станица за технички преглед-Центар. Сите наши колеги кои со својата работа ја одбележаа 2023 година ќе го добијат своето заслужено место на Ѕидот на успехот. Им посакуваме уште многу успех во АМСМ!
К
РАЈОТ НА ГОДИНАТА, ТРАДИЦИОНАЛНО Е ВО ЗНАКОТ НА ОНИЕ НАШИ КОЛЕГИ КОИ СО СВОЈОТ ТРУД И РАБОТА, ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ И СЕКАКО ИНТЕРНО СО КОЛЕГИТЕ, ЈА ОДБЕЛЕЖАА ГОДИНАТА КОЈА ОДМИНУВА.
Наградувањето и признанијата се во неколку категории, и тоа: • Колеги кои ги надминаа очекувањата на клиентите и за тоа се писмено пофалени од корисници во текот на 2023 година: ДУШКО ТОДОРОВСКИ, ДЕЈАН ЃУРЧИНОВСКИ, СЕНАИД АЉИУ ,УСЕИН РАМАДАН, ЖИВКО СПАСЕСКИ, ДАНИЕЛ ГЕЛЕВСКИ, БОБАН ПРОДАНОВ, АНТОНИО НИКОЛОВСКИ, СЛАЃАНА АЦЕВСКА, МИЛЕ ЌАМИЛОВ, ЉУБИЦА АНГЕЛОВСКА, ФИЛИП ДОНЕВСКИ, ДАНИЕЛА РИСТЕВСКА, ВИОЛЕТА ЃОРЃИЕВСКА • Колегите кои се најуспешни во продажбата на АМСМ членски картички. Оваа година со најголем обем на продажба од Станица за технички преглед- Центар е колешката НАТАША АРСОВСКА, од Станицата за технички преглед-Велес е колешката ХРИСТИНА ЈОВАНОВСКА, додека од Станица за технички преглед-Чаир е колешката ВАЛЕНТИНА МИХАЈЛОВСКА. Дополнително, признанија им беа доделени и на Слаѓана Ацевска и Маја Петровска од Станица за технички преглед- Центар. Од авто мото друштвата АМД „ТЕТОВО“- ТЕТОВО доби признание за најдобра продажба на АМСМ членски картички, додека СЛОБОДАН СТОЈЧЕСКИ од АМД „Струга“-Струга е колега од авто мото друштвата кој го доби признанието за најдобра продажба.
16 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Душко Тодоровски
Дејан Ѓурчиновски
Сенаид Алиу
Усеин Рамадан
Живко Спасески
Даниел Гелевски
Бобан Проданов
Антонио Николовски
Слаѓана Ацевска
Миле Ќамилов
Љубица Ангеловска
Филип Доневски
Даниела Р. Додевска
Виолета Ѓорѓиевска
Наташа Арсовска
Кристина Николовска
Маргарита Мирчевска
Благица Игнова
Валентина Михајловска Слободан Стојчевски
Мевљуд Зумери
Благица С. Блажевски
АМСМ |
СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО
СИГУРНИ ДЕКА СЕКОЈ ОД СЕМЕЈСТВОTO ПАТУВА БЕЗГРИЖНО! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ОПЦИЈАТА ЗА СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО И СПОДЕЛЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ ОД ВАШАТА ЧЛЕНСКА CLASSIC ИЛИ EUROPE PREMIUM КАРТИЧКА СО НАЈБЛИСКИТЕ. Семејна дополнителна картичка можете да извадите во моментот на зачленување или подоцна се додека е активна вашата АМСМ членска картичка, по цена од 490 денари за АМСМ Classic и 890 денари за АМСМ Europe Premium дополнителна картичка. 02/3181-108
www.amsm.mk 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
17
| АМСМ
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ СО ВАС ПЛАТЕТЕ ПОМАЛКУ ЗА ОБУКА ЗА Б КАТЕГОРИЈА Управувањето со автомобил е една од основните животни вештини, и е прв чекор кон поголема независност и слобода. Искористете го попустот од 10% на практична обука за Б категорија и заштедете. Обуката за Б категорија вклучува: • Теоретска настава: -Задолжителна обука за прва помош -20 наставни часови со времетраење од 5 дена • Практична настава: -36 мото часови распоредени во 18 денови -3 посети на полигон, обука надвор од населено место и задолжителна обука за ноќно возење Акцијата важи за кандидати пријавени најдоцна до 29.02.2024 година. 02/3181-240 и 072/228-195
www.amsm.mk
ХОМОЛОГАЦИЈА – ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА НОВИ И ПОЛОВНИ ВОЗИЛА УВЕЗЕНИ ОД СТРАНСТВО Хомологација е дел од правилникот за употреба на возила со кој се пропишани барањата кои моторните и приклучните возила мора да ги исполнуваат. Постојат повеќе постапки во процесот на регистрација на нови и половни возила увезени од странство: • Единечно одобрување на возило се спроведува: - за возило чиј што тип не бил одобрен во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон; - во случај на повеќефазно изработување на возило за посебните фази на изработка, доколку некоја од тие фази се предмет на постапка на повеќефазното одобрување. • Идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за: - нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, - за возило за кое типот е одобрен во Република Северна Македонија, а за конкретното возило нема потврда за сообразност издадена од застапникот на производителот во Република Северна Македонија. • Идентификација на возила е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила. • Евидентирање на промени на возило е постапка која се спроведува за промени на возилата кои се однесуваат на вградување на одделни системи, делови и опрема што се разликуваат од основно вградените на возилото, а истите се одобрени за вградување во конкретниот тип на возило, како што се: издувни системи; светлосни уреди; влечни уреди на возилата чија што најголема вкупна маса не надминува 3.500kg, со исклучок на трактори; спојлери; и други уреди кои се одобрени за вградување во конкретниот тип возило. Сите наведени постапки се спроведуваат во АМСМ Центар за возила во Скопје-Чаир, Велес и Кичево. Сите наведени постапки се спроведуваат во АМСМ Центар за возила во Скопје-Чаир, Велес и Кичево. 02/2631-181 | 072-214-872
18 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk
АМСМ |
ЛОЈАЛНИТЕ ЧЛЕНОВИ ЗА АМСМ НИЗ ГОДИНИТЕ Почитувани членови, Вие сте оние кои нè мотивираат да бидеме подобри и да создаваме дополнителни вредност за Вас во годините кои следат и затоа комуникацијата со вас ни е особено важна. Со цел да го споделиме вашето искуство со нашиот бренд, одлучивме да отстапиме простор да ги раскажете Вашите интересни случувања, настани и да ги преточите во ваша лична приказна која ќе ја објавиме во нашето членско списание АМСМ Клуб Мобилити...
02/3181-108
ПЕТРОЛ
СЕКОГАШ КИЛОМЕТАР ПОВЕЌЕ! Бензинската пумпа е лоцирана во рамките на АМСМ станицата за технички преглед во Чаир.
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
19
| АМСМ
Интервју со Миле Максимовски, долгогодишен член на АМСМ
ЧЕСТ МИ Е ШТО СУМ АМСМ ЧЛЕН АНГЕЛ, МИЛЕ И ВЕСНА, ТРИ ГЕНЕРАЦИИ ОД СЕМЕЈСТВОТО, СЕ НАШИ ЧЛЕНОВИ. РАЗГОВАРАВМЕ СО МИЛЕ МАКСИМОВСКИ, ДОЛГОГОДИШЕН АМСМ ЧЛЕН, ЧИЈА ЛОЈАЛНОСТ ТРАЕ ПОДОЛГО ОД ТРИ ДЕЦЕНИИ.
АМСМ Клуб Мобилити: Повеќе децении сте наши АМСМ членови. Од кога почна Вашата и дружбата на другите членови од Вашето семејство со АМСМ? Миле М.: Јас сум член од 2003 година, татко ми Анѓел Максимовски од 1990 година, а од 2021 година и мојата ќерка Весна Максимовска. Ние сме лојални членови токму поради тоа што континуирано ги користиме услугите што ги нуди АМСМ низ земјава, на пример, редовни технички прегледи. Мора да посочам дека сме исклучително задоволни од АМСМ, при што мора да ги споменам и вработените со нивната стручност и љубезност. АМСМ Клуб Мобилити: Ја споменавте Вашата лојалност и доверба кон АМСМ. Што Ве мотивира да бидете наш долгогодишен член? Миле М.: Ме мотивира љубезноста на вработените во однесувањето кон членовите, а секако задолжително мора да ги наведам и сеопфатни услуги што ги дава АМСМ, привилегираните пакети за членството, акциите во текот на годината, летната и зимската проверка и помошта на пат. Многу се важни редовното одржување и проверката на возилото. Во АМСМ добиваме летна и зимска проверка, како и уште една во текот на годината, трета при регистрацијата на возилото. Исто така, значајно за нас како членови е и тоа што во самиот објект има можност за сервисирање, доколку постои потреба. За мојата лојалност кон АМСМ најдобро кажуваат картичките што ги имам во мојата колекција, а кои со гордост ги покажувам. Во моментов ја имам и последната златна картичка што ми нуди можност за одредени дополнителни погодности. Многу сум му благодарен на АМСМ членство и ми претставува голема чест што сум дел од АМСМ семејството.
20 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ Клуб Мобилити: Дали сте имале можност да користите и други услуги од АМСМ системот? Миле М.: Да имав таква ситуација. Во изминативе години АМСМ ми помогна да ги извадам документите што ми беа потребни за патување во странство. АМСМ Клуб Мобилити: Според Вашето мислење, по што АМСМ се разликува од другите? Миле М.: За мене разликата е многу суштинска, а верувам дека со ова ќе се согласат и многумина ваши членови, поточно станува збор за услугите што АМСМ ги дава и надвор од државата, како и соработката со други компании од европските земји, на пример, попусти во ресторани, хотели, маркети и друго. Тоа значи дека АМСМ сестрано се грижи за своите членови. АМСМ Клуб Мобилити: Што би им препорачале на Вашите пријатели што не се дел од нашето АМСМ членско семејство? Миле М.: На сите, доколку се во можност, би им препорачал да се зачленат во АМСМ членството за да ги користат погодностите, услугите, пакетите и акциите што АМСМ ги обезбедува за своите членови. Убеден сум дека покрај наведените привилегии што ќе ги добијат како возачи и сопственици на автомобили, ќе бидат задоволни и од сите вработени во АМСМ системот. • Маргита Поповска
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
21
| АМСМ
• Дали постои можност во АМСМ Сервис услугите да ги платам со кредитна картичка, вклучително и купување гуми (зимски) за автомобилот?
АМСМ: Да, сите услуги што ги нуди АМСМ
Сервис може да се платат со кредитна картичка. • Сакам да прашам која е постапката при купување автомобил што е регистриран во Штип, а новиот сопственик со место на живеење е во Скопје. Дали може да се управува автомобилот со тие таблички и со сообраќајна од Штип до новата регистрација на 6 јуни 2024 година? Се разбира со склучен купопродажен договор кај нотар за пренос на сопственост. Благодарам, Иван
АМСМ: Автомобилот може да се вози без ни-
каков проблем, но со купопродажен договор од нотар. Со тоа ја потврдувате сопственоста и може да го управувате до следната регистрација кога ќе ги смените табличките и сообраќајната дозвола.
• Пред неколку дена ја изгубив едната табличка од автомобилот. Што треба да направам за да добијам две регистарски таблички? Благодарам, Ана
АМСМ: Кога едната табличка не е оригинална
тогаш не е валидна и другата. Потребно е да дојдете во АМСМ Станица за технички преглед каде што ќе Ви ги изготват следниве барања: 1. барање за промена на таблички - 826,00 денари, 2. уплатница од 1.400,00 денари (на сметка на МВР) за нови таблички, 3. 110,00 денари такса на шалтерот на МВР, 4. изјава за изгубена табличка на шалтер на МВР или за правни лица и печат оттаму Со ова е комплетирана процедурата за нови таблички (кои ќе ви бидат поставени во нашата станица) и новата сообраќајна дозвола.
• Дали може да извадам регистарски таблички на кои ќе го пишува моето име или бројки што јас би ги избрала и колку би чинеле ваквите таблички? Поздрав, Сузана
АМСМ: Има можност за издавање регистарски
таблички со избор на броеви и букви за текст. Информации за ценовникот и барањето за овој тип таблички може да добиете во МРТВ-МВР Сообраќај.
*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
22 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Сакате да го исчистите вашиот мотор? Запушен е дпф филтерот? Вашето возило троши повеќе гориво? Проблеми при палење ? Лоши перформанси? Check engine? Благодарение на нашето иновативно размислување секогаш имаме совршено решение за вашите проблеми. Во соработка со MOTUL овие проблеми ќе станат минато и секогаш ќе имате исправно возило.
MOTUL Inject 3 in 1
Најголемиот предизвик кај современите мотори со внатрешно согорување се издувните гасови и остатоците од горивото кои придонесуваат до валкање на целиот мотор. Овие проблеми се јавуваат особено често кај возилa со GDI инјектори ( бензински мотори со директно вбризгување ) и дизел мотори со COMMON RAIL технологија. Најчесто првите сигнали се намалени перформанси и зголемена потрошувачка на гориво. MOTUL Inject 3 in 1 системот многу ефикасно го чисти „валканите“ мотори. Специјално развиените адитиви од MOTUL ефикасно чистат без да мора да се демонтираат делови од моторот. Како што се усисна грана, EGR вентил, усисни и издувни вентили, DPF филтер.
Додека се вбризгува адитивот моторот на возилото работи што значи освен усисната грана се чистат и усисните венитили. Овој процес трае околу 20-тина минути.
Следен чекор е чистење на дизните, најпрво треба да се прекине дотокот на гориво на возилото и истото да се спои на машината. Кога ќе се спои возилото со машината во системот се пушта специјален адитив и возилото работи на адитив околу половина час. Со овој третман се намалуваат отстапувањата што ги имаат самите дизни.
Следен и последен чекор е чистење на DPF филтерот. Како и во претходните два чекори машината се приклучува на сондата за температура или сондата за притисок на DPF филтерот со помош на специјален адаптер. Адитивот се вбризгува додека возилото работи и ефектот на адитивот е високо ефикасен и директен. Чистењето трае додека целосно не се потроши адитивот, а тоа трае околу половина час.
Како функционира чистењето со MOTUL Inject 3 in 1? Најпрво треба да се исчисти усисната грана со помош на специјална дизна која се монтира на самата усисна грана, со помош на машината се вбризгува специјален адитив. Имаме многу добри искуства со MOTUL Inject 3 In 1 машината и затоа препорачуваме ова чистење да го правите редовно т.е на околу 40.000 км. Исто така, вреди да се напомене дека со ова чистење се штитат и другите компоненти на моторот. Ако DPF филтерот е запушен, турбо полначот е изложен на многу висок притисок и постои голем ризик да се расипе. Поради оваа причина препорачуваме редовно да се практикува овој третман посебно кај возилата со DPF филтер пред да дојде до нивно оштетување.
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
23
| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
С
Така треба да биде: детето е среќно и смирено, ременот стегнат и во правилна положба.
Тест на детски седишта
ДОБРО, ПОДОБРО, СИГУРНО ДЕТСКИТЕ СЕДИШТА СЕ ОД ВИТАЛНО И ЖИВОТНО ЗНАЧЕЊЕ. ИМА НЕКОЛКУ РАБОТИ НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ОБРНЕ ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ ПРИ НИВНОТО МОНТИРАЊЕ.
екоја година нашите техничари внимателно ги тестираат новите модели на детски седишта. Безбедноста и сигурноста секогаш се приоритет, а високите критериуми (видете ја листата подолу), исто така, влијаат врз конечниот резултат од тестирањето. И овде од големо значење, а наедно и клучен аспект има загадувањето. Повторно наидовме на негативни показатели помеѓу 20 тестирани модели на детски седишта: макси моделите Cosi Pebble добија оцена „недоволна“ според резултатите од тековниот тест. Зошто? Добиената лоша оцена на тестот претставува потсетник за производителот дека мора да се погрижи во составот на седиштата да не се детектираат супстанции што се штетни за здравјето и кои притоа се забранети за користење во Европа. Освен тоа, во основа, седиштата беа добри и теоретски можеа да добијат и „добра“ оцена. Позитивно е да се напомене дека моделите на седиштата што претходно имаа проблеми со претходниот потпирач за детски седишта, значително беа подобрени од производителот (види коментар).
КАКО ИЗГЛЕДААТ ДРУГИТЕ МОДЕЛИ?
Резултатот е „пријатно добар“, вели Стефан Кербл, техничар на OÄMTC. Освен двата модела на седишта што не успеаја да добијат добра оцена, односно добија оцена „незадоволително“ и еден модел што доби оцена „задоволително“, сите други тестирани модели на седишта добија оцена „добро“. Значи се сведува на две работи. Прво: моделот на седиште мора да ја исполни намената, а од производителите се бара да го сторат тоа. И второ: правилно ракување со моделите на седишта, што претставува одговорност на возачот. Стефан Кербл вели: „За жал, повторно се случува лошата употреба на седиштата при што се поставуваат во спротивна насока од препорачаната или тоа се прави погрешно.“ КОИ се најчестите грешки на кои родителите мора да им посветите поголемо внимание? Од голема важност е новороденчето безбедно да се донесе дома со автомобил. Детското седиште е погодно за тоа. Седиштето може да се прицврсти само со безбедносниот појас или со базниот прицврстувач i-S7e. Базниот
Од LYDIA SILBERKNOLL
Марка
Besafe
Besafe
Cybex
Cybex
Britax Römer
Britax Römer
Maxi-Cosi
Maxi-Cosi
Cybex
iZi Go Modular X2 i-size+iZi Modular i-size Base
iZi Go Modular X2 i-size
Cloud T + Base T
Cloud T
Baby safe 5Z2 + Flex Base 5Z
Baby safe 5Z2
Pebble 360 Pro
Pebble 360 Pro + Familyfix 360 Pro
Sirona T + Base T
Насока на поставување
наназад
наназад
наназад
наназад
наназад
наназад
наназад
наназад
наназад /напред
ЕCE-класа
40-75 cm
40-75 cm
45-87 cm
45-87 cm
40-85 cm
40-85 cm
40-87 cm
40-87 cm
45-105 cm
Тежина седиште/ основа во kg
4,5 / 6,4
4,5
4,9 / 7,7
4,9
4,2 / 9,3
4,2
5,2
5,2 / 8,6
7,3 / 7,7
Цена [€]
Ab 378
Ab 199
Ab 499,90
Ab 249,95
548,80
Ab 289,90
299
299 +259
Ab 599,90
Безбедност
1,3
1,3
1,3
1,0
2,2
1,8
1,5
1,7
1,7
Употребливост
2,0
2,8
2,2
3,0
2,7
3,0
2,8
2,9
2,9
Ергономија
2,2
1,9
1,9
1,7
1,8
1,6
2,0
2,1
1,9
Контрола на штетни материи
1,0
1,0
1,0
1,0
1,6
1,6
4,6
4,6
1,0
Препорака на клубот
Добар
Добар
Добар
Добар
Добар
Добар
Недоволно
Недоволно
Добар
Ознака за тип
24 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
Не вака: Погрижете се детето да не ги става рацете под појасот.
прицврстувач е прицврстен во возилото со помош на држач и со систем Isofix, при што се создава цврста врска помеѓу телото и детското седиште. Патем, системот Isofix е задолжителен во сите модели на автомобили од крајот на 2014 година и со него може да се прикачат многу детски седишта, според новиот стандард UN R I 29. Но, сепак, внимателно. Може да се појават и грешки при монтирањето, на пример: Седиштето да е поставено во насока на патувањето. Но иако е факт дека тоа е можно, не мора да значи и дека треба да е точно! Секогаш внимавајте бебињата и малите деца на возраст до
15 месеци да се транспортираат спротивно од насоката на движење. Ако бебешкото, односно детското седиште се користи и е монтирано на совозачкото седиште, мора да се исклучи воздушното перниче за совозачот. Дури и при употреба на поголеми детски седишта, неусогласеноста може да се избегне. Погрижете се децата што се врзани со појасот со три точки да не ги ставаат рацете под ременот (слика лево). Луѓето честопати забораваат да ги преклопат страничните панели на детското седиште. Тие се важни во случај на страничен судир и треба да се издолжат кон вратата. Покрај стандардот UN RI 29, во моментов се применува и претходниот стандард UN R44/04. Овие седишта може да се продаваат до септември 2024 година, а сè уште може да се користат и по тој термин. Сега е време да го пронајдете вистинското седиште. • Преземено од ÖAMTC
ДАЛИ СМЕ СФАТЕНИ СЕРИОЗНО?
Стефан Кербл, шеф на ÖAMTC за тестирање и технологија
Вложуваме многу труд двапати годишно да ги тестираме детските седишта и понекогаш се прашуваме дали вреди нашата работа. Што би се случило ако престанеме? Дали нивото на квалитет би останало на сегашното ниво или би се намалило? Во тековниот тест гледаме две многу слични седишта, Britax Römer Adventure Plus2 и Discovery Plus2. И двата модела на седишта ги имавме и на првиот тест оваа година - само без Серија 2 во името - и имаше проблеми: Единицата за приспособување на потпирачот за глава може релативно лесно да се скрши поради производните толеранции, што го прави седиштето неупотребливо, што се одразува и на оцената на тестот. Отворено комуницираме со производителите за таквите недостатоци. Обично тие сериозно ги сфаќаат таквите недостатоци во тестот, а проблемите се решаваат по ревизија на производот. Сепак, тоа никогаш не се случило толку брзо, т.е. во еден тест циклус, а двете седишта всушност покажуваат значителни подобрувања: со приспособувањето на потпирачот за грб полесно се ракува и заклучувањето на потпирачите за грб функционира како што треба. Ова значи дека Adventure Plus2 и Discovery PIus2 имаат една оцена подобро, односно повисоко од нивните претходници на првиот тест оваа година. Нашата тест работа има резултати и потврдува дека не само што на потрошувачот му обезбедуваме солидна поддршка при донесувањето одлуки, туку и ги охрабруваме производителите да ги подобрат своите производи.
За целокупната оценка важи следново: 0,6 -1,5 многу добар
1,6 - 2,5 добар
2.6 -3.5 задоволителен
3,6 - 4,5 доволен
4.6 - 5.5 недоволен
Joie
Graco
Joie
Britax Römer
Maxi-Cosi
Britax Römer
Maxi-Cosi
Cybex
Maxi-Cosi
Britax Römer
Britax Römer
i-spin 360R
Slimit R 129
i-spin 360 E
Swingfix M plus
Pearl 360 Pro + Familyfix 360 Pro
Dualfix 5Z + Flex Base 5Z
Titan plus i- size
Solution T i- Fix
Rodifix S i- size
Adventure plus 2
Discovery plus 2
наназад /напред
наназад
наназад /напред
наназад
наназад /напред
наназад /напред
напред
напред
напред
напред
напред
40-105 cm
40-145 cm
61-105 cm
61-105 cm
61-105 cm
61-105 cm
76-150 cm
100-150 cm
100-150 cm
100-150 cm
100-150 cm
13,5
8,3
13,2
12,2
7,1 / 8,6
5,6 / 9,7
12,2
7,1
6,1
5,2
6,1
319,95
239,95
289,95
299
399,99 + 269,99
Ab 539,80
299,99
249,95
k.A.
129,90
179,90
1,5
2,4
1,5
1,8
1,9
2,0
2,5
2,1
2,7
2,2
2,1
3,1
3,4
2,6
2,4
2,4
2,7
2,6
1,8
1,5
2,5
2,5
2,0
2,0
2,1
2,1
2,0
2,3
2,2
1,9
1,7
1,9
2,0
1,0
1,0
1,0
1,0
1,0
1,0
1,0
1,5
1,0
1,0
1,0
Добар
Задоволителен
Добар
Добар
Добар
Добар
Добар
Добар
Добар
Добар
Добар
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
25
| СТИЛ
Скијачка опрема
И МОДЕРНА И ПРАКТИЧНА, ЗА ПОТПОЛНО УЖИВАЊЕ ИМАЈЌИ ГО ПРЕДВИД ФАКТОТ ДЕКА ЗИМСКАТА СЕЗОНА Е ВО ПОЛН ЕК, А СКИЈАЊЕТО И ДРУГИТЕ СПОРТСКИ ДИСЦИПЛИНИ, КАКО НА ПРИМЕР СНОУБОРДИНГОТ, ЗАВИСАТ ОД КОЛИЧЕСТВОТО СНЕГ СО КОЕ ИЗОБИЛУВААТ СКИ-ЦЕНТРИТЕ, НЕГОВОТО ВРЕМЕТРАЕЊЕ, ЧЕСТО И ДО ПОЧЕТОКОТ НА МАЈ, ПРАШАЊЕТО ЗА ИЗБОРОТ НА ОПРЕМАТА СЕКОГАШ Е БИТНО, НЕ САМО ОД АСПЕКТ НА МОДА ТУКУ И ПРАКТИЧНО. ДОКОЛКУ СЕ СПОЈАТ И ОБЕТЕ, НЕМА ДИЛЕМА - УЖИВАЊЕТО Е ЗАГАРАНТИРАНО, ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД.
Љ
убителите на скијачките спортови, без оглед на нивните дисциплини, кога станува збор за посетите на познатите центри, како во блиските, така и во далечните земји, меѓу нив и нордиските, никогаш не го заобиколуваат прашањето за стилот, па и модата врзана со нив од причина што скијањето, сноубордингот итн. се сметаат за „фенси“. Оттаму и желбата да се изгледа токму така. За среќа, трендовите не се подложни на големи промени. Заради нејзината едноставност, црно-белата комбинација е доста присутна на стазите, но во иста мера како живите, јаките, па и флуоресцентните бои. Забавата е составен дел на зимските спортови, не само навечер туку и денски, во „бачилата“ каде што се служи чај, во кафеаните..., незаобиколно и во дискоклубовите на отворено, во кои електронската музика е задолжителна. Впрочем, рекреацијата и разонодата, одморот се меѓусебно поврзани, нераскинливо. Така и уживањето е потполно, и во едното и во другото.
26 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
„ПАМЕТНИ“ МАТЕРИЈАЛИ ВО ЖИВИ, ЈАКИ, ПА И ФЛУОРЕСЦЕНТНИ БОИ Дека реквизитите се суштинскиот, есенцијален дел на скијачката опрема - тоа е факт, но сепак и гардеробата и аксесоарите, вклучително и козметиката, се битни. Облеката мора да биде комотна, пријатна (удобна) за носење, а средствата, пак, се неопходни за да се заштитите од сонцето. Брендот несомнено е гаранција за висок, голем квалитет, но тоа не значи дека и останатата, т.е. гардеробата на чија етикета не стои некое звучно име не го поседува истиот. Најважен е составот, па дизајнот. Впрочем, тој се врзува со вкусот. Буџетот е пресуден за изборот, како и сè друго. Непишаните правила секогаш се добредојдени, благодарејќи на нивната интерпретација. Температурните промени, разлики се причина за да се одлучите за повеќеслојна облека што ќе ви помогне полесно да се облечете или соблечете, кога ќе ви застуди, односно зажешти. Долната нека биде „активна“ - термо (немојте да носите памучна бидејќи таквата текстилна ткаенина ја впива потта и станува мокра и тешка; кога се суши, почнува да се лади), а потоа можете да ставите на себе и блуза (со долги ракави) или ролка, но никако не маица (со куси ракави). Секако дека и долгите чорапи се задолжителни (иако нема потреба од 2 пара, доколку ви студи - ставете грејачи во чевлите), како и шалот и капата, т.е. кацигата. Најпосле облечете ски-одело или комбинезон. Избегнувајте монохроматски, бели - во боја на снег, за да не се стопите со снежната белина, спортската патека што може и сериозно да ја загрози вашата безбедност. Доколку ви е фаворитска, комбинирајте ја со црна или, пак, со некоја друга. Сепак, трендовите им даваат предност на живите, јаките, па и флуоресцентните бои, комплементарно надополнувајќи се меѓусебно. И на принтовите. Кога се работи за материјалите, добиени како резултат од синтезата, во соработка со НАСА, понудата навистина е многу голема. Освен што не се туткаат, „паметните“ се отпорни и на влага. Во исто време ја
СТИЛ |
контролираат и температурата на телото, му овозможуваат полесно да дише. Се разбира, панталоните не смеат да бидат неудобни, тесни за да не го ограничуваат движењето. Има друг избор за лицата од женски пол - хеланките, ако ù се наклонети на еклектиката. Останатите, вклучително и децата, можат да се определат за каргопанталони со странични џебови, одлични за најразлични ситници. Со себе понесете и 2 чифта ракавици, заштитни. Едните нека бидат скијачки, а другите - обични, секојдневни. Штом се намократ, искористете ја секоја можност да ги исушите, на парно греење, печка и слично. КРЕМА СО ВИСОК ЗАШТИТЕН ФАКТОР И ЦИНКОВА МАСТ, ОБВРЗНО Шалот е алтернатива доколку не носите блуза со рол-крагна, во спротивно ќе се потите многу често. Повеќеслојноста не значи трупање алишта, тоа што нè грее всушност е воздухот меѓу слоевите, затоа не треба да се претерува со нив. За ушите да ги заштитите од ветер, студ - ставете капа или трака, во случај да не носите кацига. Тогаш ви се потребни секако и очила за сонце, кои ќе ве штитат од ултравиолетовите зраци. Штетното влијание на високо е уште поголемо, без оглед на нивниот намален интензитет во текот на зимата. Инаку, снегот за разлика од водата има способност за многу повеќе да го рефлектира сонцето - дури 80%, а песокот само 20%. Истото важи и за кожата, без разлика дали се работи за епидермата на жените или на мажите. А, еден од начините да ù се „спротивставите“ на директната изложеност на сонцето е лицето, вратот и рацете да ги мачкате со крема што има висок, голем заштитен фактор (SPF) минимум 15. За да си поедноставите, можете да употребувате и стик,
без да го размачкувате. Нема сомневање, резултатот е ист. Во контекст на заштитата од сончевите зраци, неопходно е и негување на усните. Освен цинкова маст, на стазите не се препорачува мејкап. Визуелен ефект може да се постигне и со помош на нејзината колоритност, па дури и флуоресценција. И на крајот, секогаш со себе носете хартиени марамчиња. Во многу скијачки центри се бесплатни, поставени пред главните влезови на спортските патеки, но не и секаде. Паузите можете да ги искористите за да изедете нешто, како на пример овошје, грицки (енергетски). Шише вода секојпат носете со себе, за да ја изгаснете жедта. Вон стазите, за време на прошетките во планината, населеното место или обедувањата и забавите во вечерно време, гардеробата секако се разликува од таа што ја носите вообичаено во град. Елеганцијата оставете ја за некоја друга пригода, едноставно заменете ја со лежерност. Патем ќе одморите од чевлите со високи потпетици, фустаните, сакоата, вратоврските... Практичноста е императивна кога се посетите на познатите скијачки центри во прашање, неколкудневните престои во нив. Без да ве гризе совеста, на одморот гледајте во буквална смисла, па и целосна исполнетост. На почетокот можеби ќе се чувствувате по малку подозриво, но верувајте - на крајот ќе бидете повеќе од благодарни, на самите себеси. За оддишката која си ја дозволивте, макар и накратко. • Игор Ландсберг
АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС
ПРИЈАВИ СЕ ВЕДНАШ И ПЛАТИ ПОМАЛКУ!
10% попуст на практична обука за Б категорија *Акцијата важи за пријавување до 29.02.2024год. 02/3181-240 | 072/228-195
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.avtoskolamobiliti.mk
27
| ПАТУВАЊЕ
ОРЕ
ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА НОРДИСКИТЕ СПОРТСКИ ДИСЦИПЛИНИ, ВО АЛПСКА КОМБИНАЦИЈА БЕЗ ОГЛЕД НА НИВНАТА ОДДАЛЕЧЕНОСТ, НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕКОГАШ СЕ АТРАКТИВНИ ЗА ТУРИСТИТЕ, ОСОБЕНО ВО ТЕКОТ НА ЗИМАТА. СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ КОИ НУДАТ БЕЗБРОЈ МОЖНОСТИ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА СПОРТСКИТЕ ДИСЦИПЛИНИ ШТО ПОТЕКНУВААТ ОД ТАМУ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И АЛПСКИТЕ, ВАЖАТ ЗА НЕНАДМИНЛИВИ КОГА Е ПРИРОДНАТА ХАРМОНИЈА ВО ПРАШАЊЕ, УСЛУГАТА И СЛИЧНО. ЕДЕН ОД НИВ СЕКАКО Е И ШВЕДСКИОТ - ОРЕ.
28 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Д
алечината од 2.000 километри (воздушно), т.е. 3.000 км (по земја и вода) можеби ќе ве натера да размислите добро во врска со посетата, престојот во него, ама не ги занемарувајте предностите на воздушните сообраќајни врски меѓу Охрид, Скопје и Стокхолм, заедно со беспрекорната инфраструктура (железничка итн.) што го поврзува главниот град на Шведска со скијачкиот центар, оддалечен 520-тина километри. Хармонијата на природата е вистинита (реална), исто како условите и покрај тоа што сликите повеќе делуваат како фантазмагорични. Кога ќе се додаде и брзата и добрата услуга во ски-центарот, нема причина да смените мислење. Оре (шв. Åre) сигурно ќе предизвика силна возбуда и кај децата, се разбира - доколку решите да ги земете со себе. Патеките за скијање се идеални за сите возрасти, без оглед на дисциплината која повеќе ја претпочитате: нордиска или алпска, но и комбинирано, а не се исклучува можноста и за другите зимски спортови, како на пример санкањето, скејтбордингот и слично. Често во друштво со ирвасите. Тамошните специјалисти по физиотерапија ќе ви укажат на предноста со која се истакнува првата - нордиската спортска дисциплина. Телото станува појако, пофлексибилно. Погледот на околината, дивите предели што изобилуваат со благи кривини, угорнини..., често ù пркоси на умората и го комплетира впечатокот за ски-центарот. Истото важи и за втората - алпската дисциплина. Благодарејќи на спортските патеки, единичните во планината Åreskutan чија висина достигнува до 1.420 м, скијачите на сите можни начини се обидуваат да ги остварат своите цели, стремежи..., често надминувајќи се себе(си). Нема сомневање дека и слободата на волјата игра важна улога во тоа.
ПАТУВАЊЕ |
ПАТЕКИ СО ВКУПНА ДОЛЖИНА ОД 100 КМ, 88 ПАДИНИ ЗА СПУСТ, 46 ЛИФТОВИ...
Едноставноста по која се познати жителите на Шведска и Скандинавија воопшто е присутна буквално секаде, како филозофија до која се држат во животот. Иако минимализмот подразбира и отфрлање на емоционалната содржина - за сметка на формата, повеќе од забележливи се нивните чувства кои неприкосновено ги насочуваат кон природата, уживањето во неа и можноста за соединување со истата. Без исклучок на грижата, свеста за околината. Оре изобилува и со многу знаменитости уште од средновековјето, атракции, па дури и адреналин. Понудата е голема и кога се работи за сместувачките капацитети, угостителските дуќани, шопингот... Природно, зимската сезона се врзува со скијачкиот спорт, додека летната ги збира љубителите на велосипедизмот, кајакарството, кросот, параглајдерството, планинарењето, риболовот... Повеќето стази предвидени за нордиските спортски дисциплини (скијањето пред сè) во текот на зимата се користат и за велосипедизам, планинарење, трчање во природа на лето, напролет или наесен. Функционални се 5, односно 6. Нивната должина се движи од 2 до 7,5 километри. Вечерното скијање побудува голем интерес, поради осветлувањето (наместа сино), како и самото качување на врвот - групно, индивидуално. А другите, пак, се приспособени за алпските дисциплини. За да се избегнат долгите редици, компјутеризирано е буквално сè, од резервации до купување билети за жичарница, паркиралиште, пасови за сите 3 ски-подрачја, области: Åre Village, Björnen и Tegefjäll/Duved. Децата до 7 години не плаќаат ништо. Инаку, најдолгата спортска патека изнесува 15 км, од вкупно 100. Сепак,
меѓу најпривлечните се вбројува и 5-километарската на езерото Åresjön, кога е замрзнато. Нордиското скијање по него има посебна драж, особено заради погледот на Åre и планината Åreskutan. Рекреативците обично го комбинираат со алпското. Сменувањето на скијачката опрема им е добро увежбано, како вистински професионалци. Можат и да ја изнајмат, ако не се подготвени. Има 5 школи, со дури 600 инструктори. Бројот е импресивен и кога станува збор за лифтовите - 46, падините - 88. Сноупаркот се истакнува со дизајнот на скијачот Jesper Tjäder и вратоломиите кои ги изведува со иста, вратоломна брзина. Децата го гледаат со постојана возбуда. Неговата школа веројатно е и најпосетена. Деновите им се исполнети максимално, со попатни паузи за топла чоколада и вафли, на пример - „фика“, еден вид награда за постигнатите резултати, т.е. мотивирачка причина. 4 стази комплетно се адаптирани за детската возраст.
Сноупаркот се истакнува со дизајнот на скијачот Jesper Tjäder
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
29
| ПАТУВАЊЕ
Народните приказни во голема мера се врзани со знаменитостите на Оре, своевидните атракции по кои е познат. Нивните раскажувачи секогаш ја потенцираат вистинитоста, како на пример за развојниот пат на ски-центарот, некогаш имало земјоделско стопанство. Жителите на неколкуте раштркани села во 1882-ра почнале да ја менуваат својата идеолошка концепција за целата планинска област, искористувајќи ги сите погодности. Лека-полека се претворила во една од најпосетените, чиј раскош не се однесува на луксузот, материјалната страна на животот, богатството..., туку на нејзината убавина. Швеѓаните и Скандинавците воопшто имаат поинакви сфаќања за него. Филозофијата им е поразлична. Дизајнот е типичен - скандинавски. Меѓусебната поврзаност на едноставноста и практичноста ја дополнуваат исклучиво фолклорните мотиви.
Шумскиот чист воздух е причината за бројот на спа-центрите да биде голем, најголем по глава на жител во земјата. Истото важи за вежбалниците. Јогата е својствена за Швеѓаните на чие духовно прочистување и морално усовршување се работи перманентно. Системот на вежби е разнообразен, додека за телесната детоксикација се „одговорни“ сауните, често во минијатурни куќи. Оре уште од 19 век се смета за своевидно лекувалиште.
ВОЗБУДЛИВО ДОЖИВУВАЊЕ НА САНКИ ШТО ГИ ВЛЕЧАТ КУЧИЊА
А, меѓу автентичните сведоштва за духовната култура на тамошните луѓе се вбројува секако и црквата. На истото место е од крајот на 1100-тите години, била двојно помала, но доволна за жупанијата. Нејзиното проширување започнало во 18 век, заедно со модернизацијата. Оттогаш е и сликата (иконата) на викиншкиот крал, Свети Олав. Се разбира, во популаризацијата на храмот помогнале и верниците, поклониците бидејќи оттаму врвел патот по кој оделе на поклонение, од Selånger до Trondheim. Сепак, изложените артефакти во музејот датираат од тоа време, 12 век. Големиот број предмети обликувани од човечка рака сведочат и за ловот со кој се занимавало месното население. Таму, од 1880-та до 1915-та, се изградиле многу ловечки домови. Од 1910-та е и 800-метарската жичница со вагони што се претставува монументално, како еден од 90-те знаменитости, атракции на Оре. Туризмот почнал да се развива во 1970-тите, продолжението е со молскавична брзина, до денес. Истиот е условен од изобилството активности за сите возрасти, проследени со адреналин во големо количество, на кои не може да им се одолее. Авантуризмот е појдовен критериум, ловот на среќата. Но, сигурноста има приоритет и покрај тоа што нивната цел е разонодата. Возењето на санки што ги влечат кучиња е возбудливо доживување кое останува во меморијата, без оглед на турата: вечерна, двочасовна, тура со вечера, со ноќевање. Возбуда предизвикуваат и возењето на моторни санки, скејтбордингот..., во текот на зимата и возењето на трицикли, зиплајнот, кросот, параглајдерството, рафтингот, риболовот..., лете - па и напролет и наесен, кога љубителите на велосипедизмот, планинарењето се и најбројни. Спортската опрема е задолжителна.
30 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Разновидноста на сместувачките капацитети, јадењата кои се приготвуваат и служат во рестораните, пекарниците во извесна смисла произлегува и од различните желби, вкусови на туристите. И покрај тоа што скијачкиот центар изобилува со хотели (бутик, дизајнерски...), не може да се занемари ни бројот на хостели, дрвени колиби, апартмани во центарот на Оре, близу до патеките на планината Åreskutan, во околните села. Рестораните, меѓу нив и гостилниците на самите падини, пекарниците во кои се гледа како лебот и печивата се подготвуваат и печат, вклучително и кафетериите, секогаш се полни со гости, уживајќи во порција гулаш, вафли, кафе... Подоцна и во шопингот. Дуќаните се мали, автентични. Уметничките производи го одразуваат секојдневниот живот - сликите и другите мајсторски дела на Anna Cronheden и стаклените вазни, чаши, чинии, украси „олимпија“..., кои се прават на лице место, каде што е и печката за топење стакло, па и скијачката опрема „мејд ин Оре“ со висококвалитетни својства. На 9 и 10 март ќе се одржи Светскиот куп во алпско скијање, а на 15-ти, 16-ти и 17-ти, пак, децата на возраст од 7 до 16 години ќе се натпреваруваат во слободно скијање на врлежи, односно стрмнини. • Игор Ландсберг
читаj, гледаj, слушаj...
„AQUAMAN AND THE LOST KINGDOM“ (АКВАМЕН И ЗАГУБЕНОТО КРАЛСТВО)
„THIS IS ME… NOW“ JENNIFER LOPEZ
„АФЕРАТА КРИСТИ“ НИНА ДЕ ГРАМОНТ анровски, книгата може да се смести Ж во делот на историска фикција и мистерија, но и романса/трилер. Една зимска ве-
чер (3 декември 1926-та), Кристи влегла во својот автомобил (мал зелен „морис каули“ што го купила со заработката од нејзините први романи) и заминала. Зад себе ја оставила својата заспана седумгодишна ќерка Розалинд, заедно со куќната помошничка. Исто така, го оставила и својот сакан мал териер Питер, миленикот кој вообичаено седел крај неа додека пишувала. Таа вечер Кристи била облечена во бунда и шапка, а со себе понела и една актен-чанта. Се претпоставува дека застанала, а можеби и не, во блиското место Годалминг за да ѕирне низ прозорците на приземјето на куќата каде што нејзиниот сопруг, Арчи Кристи, бил гостин тој викенд. Тоа исто утро, на 3 декември, Арчи ù соопштил на Агата дека сака развод со цел да се ожени за својата љубовница, Ненси Нил, исто така, гостинка во куќата. Следното утро во осум часот, автомобилот на Кристи бил пронајден во близината на едно место со води, кое злокобно се нарекува Сајлент Пул („тивкиот базен“). Бундата се наоѓала во автомобилот. На Агата Кристи ù се губи трагата повеќе од една недела, додека не била откриена во хотелот „Свон Хидропатик“ (Swan Hydropathic) во Харогејт, Јоркшир, на 13 декември. •
на американската пејачка Фниотановите деновиве се во очекување на нејзидеветти студиски албум, во издание
на „Nuyorican Productions“ и „BMG Rights Management“, кој всушност е своевидно продолжение на третиот - „This Is Me… Than“ од 2002-ра. По 10-годишна пауза, откако го објави „A.K.A.“ во 2004-та, Џенифер Лопез ù се враќа на сцената, без оглед на тоа што никогаш не се ни повлекла, благодарејќи на редовните настапи. Публиката ја заинтригира со неговата најава уште во почетокот на летото, кога социјалните мрежи беа преплавени со неа. Промоцијата ќе биде проследена со истоимениот документарец чиј режисер Dave Meyers го опишува како интимен, фантастичен и наративен одраз на нејзиното патување со цел да ја пронајде вистинската љубов. Занимлив е фактот дека на секоја песна работеле дури по десетина текстописци, вклучувајќи го и синглот „Can’t Get Enough“. Меѓу имињата се вбројуваат и Atia Boggs позната како INK, Justin Timberlake, Kimberly „Kaydence“ Krysiuk, Scott Storch, Timbaland и многу други. Останатите 12 песни се насловени „This Is Me… Now“, „To Be Yours“, „Mad in Love“, „Rebound“, „Not. Going. Anywher.“, „Dear Ben Pt. II“, „Hummingbird“, „Hearts and Flowers“, „Broken Like Me“, „This Time Around“, „Midnight Trip to Vegas“ и „Greatest Love Story Never Told“. •
рајот на 2023-та го одбележа и светскаКKingdom“, та премиера на „Aquaman and the Lost продолжението на филмот од
2018-та. Обата се базирани на суперхеројот чиј творец е DC Comics, во продукција на „Warner Bros. Pictures“ и сестринските компании. За снимањето на 124-минутниот филм заснован врз фантастика се потрошени 205 милиони долари. Arthur Curry (Аквамен) е принуден да соработува со својот полубрат, кралот Orm, за да го спречи Black Manta во намерата да ја ликвидира неговата фамилија, користејќи го тризабецот за прекумерно да го загрее светот додека го бара загубеното кралство на морињата, седмо по ред. И покрај тоа што критиките се поделени, рецензентите сепак се согласни дека „Aquaman and the Lost Kingdom“ е идеален за љубителите на авантура, акција, научна фантастика. Музиката е на Rupert Gregson-Williams, која ја има и на цеде, со 22 нумери. • Жанр: авантура, акција, научна фантастика - суперхеројски Актери: Jason Momoa, Patrick Wilson, Jahya Abdul-Mateen II, Amber Heard, Nicole Kidman, Randall Park, Temuera Morrison, Dolph Lundgren, Martin Short Режија: James Wan
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
31
ГАСТРОНОМИЈА
Њоки карбонара Подготовка: Овие њоки се продаваат веќе спремни и направени, па така за нив не ви е потребен рецепт. Спремните њоки се готват навистина брзо. Ставете ги во солена вода што врие и варете ги додека не почнат да испливуваат на површината. Потоа извадете ги и префрлете ги во сосот кој го спремате. За карбонара сосот ќе ви бидат потребни 2 жолчки од јајце, измешајте ги со ситно рендан пармезан (околу 50гр.) и оставете ги на страна. Оригиналниот рецепт се прави со Пекорино сирење, доколку најдете употребете Пекорино. Во тавче ставете да се пропржи околу 50гр. ситно сецкана сланина, најдобро е ако најдете „Гуанчале” (тоа се димени свински образи). Потоа додадете ги сварените њоки и малку од водата во која се варела пастата.
32 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Изгасете го оганот, додадете ја смесата од сирење и жолчки и мешајте енергично додека не добиете кремав сос. Оваа паста се сервира со свежо мелен бибер и малку рендан Пармезан или Пекорино. *Бидете внимателни во моментот кога ја додавате смесата од јајца. Доколку тавата е премногу жешка постои опасност јајцата да се претворат во омлет, токму затоа велам енергично да се меша. Само напред драги мои, експериментирајте во кујната и повторувајте ги рецептите додека не ги усовршите. Повторувањето е мајка на знаењето! добар апетит!
HI TECH |
Икс - 59
НАДЗВУЧЕН ТУРИСТИЧКИ АВИОН? АВИОН ВО ВИД ТРН НАСКОРО ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ПРОБИЕ ЗВУЧНИОТ ЅИД, НО ПРИТОА ДА НЕ ГО ПРЕДИЗВИКА ВООБИЧАЕНОТО ГОЛЕМО ТАТНЕЊЕ. НАСКОРО НАСА И ЛОКИД МАРТИН ТРЕБА ДА ГО НАПРАВАТ ПРВИОТ ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЛЕТ СО „ТРНОТ“. ЌЕ БИДЕ ИНТЕРЕСНО ДА ВИДИМЕ ШТО ПОДГОТВИЛЕ АВИОКОНСТРУКТОРИТЕ.
Ч
овекот отсекогаш бил и ќе биде опседнат со летањето - сака да биде како птиците, но не може. Затоа измислил повеќе видови летала што постојано се усовршуваат. Најнапред дрвени со платна, потоа метални, денес сè почесто се прават од јаглеродни влакна, а утре можеби од материјалот на иднината наречен графен, откриен во 2004 година од двајца руски научници, Константин Новоселов и Андре Гијм. За овој пронајдок научниците добија и Нобелова награда. АМСМ Клуб Мобилити веќе двапати пишуваше за графенот и неговите грандиозни својства. Човештвото успеа да се вивне во небесните височини, дури и да однесе туристи на работ на вселената на висина од околу 17.000 - 18.000 или повеќе метри од каде што се гледа „топката“ - планетава. И покрај сите ракети: Спутник, Аполо, Аријана и што уште не, комерцијалните авиони достигнаа едно ниво и сега тапкаат во место, најмногу со брзината. На пример, лет од Скопје до Мелбурн трае речиси едно деноноќие. Брзина од околу 880 - 940 км/ч и тоа е сè. Проблем е аеродинамиката, која е поинаква во даден момент во зависност од тоа со колкава брзина се движи објектот низ флуидот. При брзини блиски до 1 мах (1.234,8 км/ч) воздухот преминува во чудна состојба, како да е премногу густ. Ако некој авион лета со таа брзина, ќе потроши многу повеќе гориво за совладување на состојбата со густиот воздух. Кој ќе успее да се справи со аеродинамиката, ќе добие Нобелова награда, ќе ја добие целата слава, а со тоа и многу пари. На пример, тимовите од Формула 1. Тие постојано бараат нови аеродинамичари што ќе направат болидот да се пробива низ воздухот колку што е можно побрзо. Иако конструкторите умеат да направат брз авион, сепак за патничките авиони важат некои други правила во однос на трошоците за погонско гориво.
Ова не е единствен проблем. Пробивањето на звучниот ѕид е втор проблем. Бучавата е преголема и авионот не смее да лета над населени места, а и стаклата ќе испукаат. Сега во светот има околу 10 компании што работат на тоа да направат авион што ќе се движи со надзвучна брзина, но нема да предизвикува татнење при пробивањето на звучниот ѕид. Сите развиваат свои авиони со кои би летале со брзина од околу 1.500 - 1.600 км/ч. И НАСА развива таков авион заедно со Локид Мартин. Развојот е почнат во 2016 година, а минатиот месец, поточно на 12 јануари, авионот ù беше претставен на светската јавност. Премиерата беше статична, со тоа што првиот лет се очекува да биде во последниот квартал од годинава. Авионот наречен „икс 59“ е продолжение на тој од минатиов век, „икс 1“ со кој Чарлс (Шак) Јегер го проби звучниот ѕид на 14 октомври 1947 година, запишувајќи го своето име во историјата на светското воздухопловство. Оттогаш поминаа 76 години, но татнењето при пробивањето на звучниот ѕид и големата потрошувачка на гориво останаа. Конструкторите на „икс 59“ велат дека нивниот авион ќе предизвика бучава при пробивањето на звучниот ѕид што ќе биде неколкупати помала. Со тоа би требало и трошоците за гориво да бидат намалени за неколкупати. Бидејќи е потребна врвна аеродинамика, авионот има изглед на трн. Долг е 30,4 m и има распон на крила од само 9,0 m. Поседува една погонска единица „џенерал електрик ф 414“ што теоретски му овозможува лет со брзина од 1,5 маха или 1.590 км/ч и крстосувачка брзина од 1,42 маха (или 1.510 км/ч) на висина од 16.800 м. Кокпитот е повеќе од посебен. Инструментите се од најновата генерација, сè е дигитализирано, но за пилотот нема класика од ветробранско стакло затоа што обликот не дозволува негово поставување. За него ќе гледаат камерите и сензорите, а тој сето тоа ќе го има на мониторите пред себе. Ќе има странични стакла, но не и ветробранско. Кабинскиот дел е зајмен од борбениот авион „нортроп т - 38“, а системот од тркала од „ф - 16“. Според пресметките, погонската единица е способна да постигне потисок од 98 кН. Сè ова ќе треба да се докаже во наредниве месеци. Најнапред контролен лет, да се види како работи, а во некој од летовите што ќе следуваат пробивањето на звучниот ѕид. Најавите од производителите се многу оптимистички и велат дека целата работа ќе ја завршат во наредниве 10 години. Кон крајот на годинава експерименталниот авион „икс 59“ ќе го направи првиот лет. • Жарко Атанасоски
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
33
| ИСТОРИЈА
Нисан слави јубилеј
„СИНОТ НА ДАТ“ СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ ГОДИНАВА НИСАН СЛАВИ 110 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ ПРОИЗВЕДЕН АВТОМОБИЛ (1914). ПРВО ДАТ, ПОТОА ДАТСОН, ВЕДНАШ ПО НЕГО ДАТСУН И НА КРАЈ НИСАН ВО ПРЕВОД КАКО ПРОИЗВОД НА СОНЦЕТО, НА ИЗГРЕЈСОНЦЕТО.
П
очетокот на автомобилите Нисан датира од 1911 година кога Масуџиро Хашимото ја основа работилницата (компанијата) Кваишинша Јидоша Коџо (во превод Кваишинша автомото работилница). Врвниот механичар М. Хашимото сакал да произведува автомобили, но за остварување на сонот морал да чека до 1914 година кога работилницата, именувана како ДАТ, почнала со производство. Тогаш од фабриката излегол мал автомобил правен на дрвена основа и мотор од сопствено производство со двоен цилиндар и 12 коњски сили. Автомобилот „дат“ крстосувал со брзина од 32 км/ч, солидна за тоа време. Како е создадено името ДАТ? Тоа е кратенка од првите букви од презимињата на партнерите на М. Хашимото, кои вложиле дел пари и знаење во производството на малиот автомобил - Кенџиро Дан, Рокуро Аојама, Меитаро Такеучи (Дан, Аојама, Такеучи - ДАТ). Тоа се почетоците на Нисан, односно ДАТ, а еве како е дојдено името Датсун. Во 1931 година е претставен уште помал автомобил од првиот направен во 1914 година. Бидејќи бил помал, конструкторите го именувале како „датсон“, со значење, „синот на ДАТ“. Но бидејќи тоа „сон“ на јапонски е „губење“ (или слично), автомобилот е преименуван во „датсун“, „дат“ и сонце, а Јапонија е земја на изгрејсонцето. Затоа „сан“, односно сонцето е вметнато во името и тоа сонце се наоѓа на државното знаме. Пред да го произведат „синот на дат“ на чело на компанијата дошол Јошисуке Аикава и под негово водство компанијата е преименувана во Нисан во 1932, односно во 1933 година кога компанијата Никон Сангјо се
34 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Легендарното теренско возило „нисан патрол“
појавува на берзата во Токио под името Нисан, а по наредба на Ј. Аикава. „Ни“ на јапонски е сонце, додека „сан“ е раѓање, но и производ, така што „нисан“ може да се преведе како „производ на сонцето“ или „сончев производ“, но уште поинтересен е преводот „раѓањето на сонцето“, а токму тоа се случува во Јапонија, се раѓа сонцето, изгрева, „земја на изгрејсонцето“. Автомобилите сè уште го носат името Датсун, а не Нисан како компанијата. Одговорните во фабриката одлучиле да продолжат да го користат името Датсун бидејќи го знаел цел свет, а Нисан сè уште не бил познат. Пред малку го споменавме Јошисуке Аикава, кој отишол во САД и наместо да се дошколува, се вработил во фабрика за да види одблизу како се произведуваат автомобили. Откако се вратил во родната земја основал две компании, Нипон Сангјо и Тобата Кастинг, а потоа кон крајот на 1933 година ја формирал и Јидоша Сеизо Ко. лтд. Нисан е спој од повеќе компании и се преплетуваат многу имиња на сопственици на компании. Ако името Нисан служело само за користење на берзата во Токио, од јуни 1934 година името на компанијата е Нисан Мотор Ко. лтд. Таа година производителот успеал да оствари прв извоз не само во соседството туку и во прекуокеанските земји, Централна и Јужна Америка. По една година бил создаден заштитниот знак на компанијата и најверојатно го претставува сонцето, а во неговата средина е испишан зборот „нисан“.
Првиот автомобил, ДАТ од 1914 год.
ИСТОРИЈА |
Во периодот пред Втората светска војна Нисан не произведувал само автомобили. Неговата гама била составена од речиси секакви возила, почнувајќи со класични автомобили, потоа камионети, мали автобуси, караван изведби, возила за пренос на материјални стоки - карго возила итн. Првиот автомобил бил претставен во 1914 година, а првото комерцијално возило било конструирано во 1918 година за потребите на тогашната армија. Подоцна врз основа на тоа возило биле развиени повеќе изведби, главно за потребите во стопанството. Затоа веднаш по 1920 година ДАТ бил советуван да се спои со тогашниот најголем производител на возила за доставување и камионети, компанијата Џитсујо Моторс. Тоа се случило во 1926 година. Во периодот од неколку години пред војната Нисан почнал да работи за армиски потреби, а произведувал речиси секакви возила, од најобични автомобили до оние за посебна намена и речиси целото производство било наменето за војската, поточно од 1938 година до завршувањето на војната во 1945 година, Нисан покрај најразновидни армиски возила, произведувал авиони и речиси секакви погонски единици. По војната Нисан се вратил на старата „линија“ и продолжил со производство на семејни и стопански возила. Откако светот ги запознал можностите на посебното возило „вилис“, многу производители тргнале да прават слични такви возила. На современиот човек му било потребно возило што ќе може без поголеми тешкотии да се движи надвор од асфалтот и да не заглави во песок, нива, вир... И Нисан / Датсун бил еден од тие што тргнале да прават теренско возило. Во 1951 година Нисан го претставил првото теренско возило, моделот „4 w 60“ со шестцилиндричен мотор во линија и зафатнина од 3.666 ссм, 75 КС и должина од само 3,6 метри. Ова возило може да го наречеме претходник на легендарниот „патрол“, еден од ретките на кои многу авантуристи му симнуваат капа. „Патрол“ и денес царува на планетата. Сегашниот модел со фабричка ознака „ипсилон 62“ е во производство веќе 14 години со мали освежувања. Се појавија гласови дека „патрол“ ќе биде заменет со друго возило, поради електрификацијата, но и светот најмногу бара „сув“ возила, а типичните теренски ги подзаборави. Бидејќи конкуренцијата ги претстави теренските модели од горната класа, тоа ќе го стори и Нисан со моделот „патрол“, така што годината кога Нисан слави 110 години од појавувањето на првиот автомобил, можно е да го прикаже новиот „патрол“ и тоа со дизајн „кутија“ и две главни погонски единици, со шест и со осум цилиндри. Мора да потсетиме, „нисан патрол“ е едно од најпочитуваните возила во светот, покрај купе моделот со ознака „з“ и скајлајн, а за „гт - р“ има само пофални зборови. На моделот „гт - р“ му е даден прекар „годзила“ затоа што конструкторите од Нисан оставиле простор за доработка на моторот, а виртуозите механичари од него
Датсун 240 з 1971
прават чуда, така што сопствениците се презадоволни од фризирањата. Друг автомобил од семејството на Нисан е легендарната втора генерација од моделот „микра“, мал автомобил со три и пет врати, со мотор од „ферари“, 1,0 л, четири цилиндри во линија, две брегасти во глава и 16 вентили, 55 КС, независно обесени тркала, впечатлив и посебен дизајн, внатрешност осмислена по најсовремени ергономски стандарди. Токму оваа „микра“ победи на изборот за Автомобил на годината во 1993 година и со тоа стана прв јапонски автомобил што се закитил со престижната европска титула. Со многуте нови решенија „нисан микра“ беше неминовно да ја добие титулата - автомобил осмислен и дизајниран на домашен терен, но со производство во Англија. Друг нисанов автомобил сè уште не добил толку голема награда и слава на континентов. Кога зборуваме за автомобилскиот спорт, трките, Нисан со децении учествува на домашните првенства на кружни патеки за туристички автомобили, присутен е на трките на издржливост, како 24 часа Леман и 24 часа Дајтона, но и во Супер ГТ шампионатот и во најновата формула наречена еФормула (со електричен погон). Тука некаде е смената на името од Датсун во Нисан. Тоа се случувало постепено во период од три години, од 1982 до 1984 година. За некои пазари останало името Датсун, но во поголем дел од светот се користело името Нисан. Во минатите две децении Нисан се обиде да го оживее (внесе) името Датсун во продажба со поевтини модели, но тоа не успеа и името Датсун повторно е ставено во фиока. Да не го заборавиме учеството на Нисан во релито Дакар, односно некогаш Париз - Дакар. Првпат Нисан учествувал на најпознатото рели во 1982 година со Андре Десо со „патрол дизел“.
Нисан патрол нисмо
Во светски размери славата им припаѓа на „патрол“, „микра“ и сите купе модели со „з“ во името. Меѓутоа, тука е „патфајндер“ заедно со „терано“, две извонредни теренски возила (во зависност од пазарот, тие две имиња се користат за еден модел). По нив следува „мурано“, „икс треил“, „кашкаи“, „јуке“ итн. Нисан има нешто за секого, од врвно теренско возило до спортски купе автомобили и најсовремен сув, но и електричен автомобил, најпродаваниот „лиф“. Во земјата Нисан е втор најголем производител на автомобили, а сега е деветти на планетава. Нисмо? Тоа е спортската работилница на Нисан. Секој модел со нисмо во името значи врвна опрема и многу коњски сили. При создавањето на ДАТ, односно Нисан во периодот пред и по Втората светска војна, учествувале дури 72 компании. Едни со други се купувале, а со други соединувале за на крајот да се добие тоа што денес светот го има и гледа. • Жарко Атанасоски
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
35
| СПОРТ
Светско првенство во Формула Е
КАСИДИ ЈА ИСТАКНА ШАМПИОНСКАТА КАНДИДАТУРА ДЕВЕТТАТА СЕЗОНА НА ФОРМУЛА Е ВОЕДНО Е ВТОРА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ БОЛИДИ ОД ГЕНЕРАЦИЈА 3, ПА ТЕХНИЧКИОТ КОНТИНУИТЕТ СЕ ОЧЕКУВА ДА ДОНЕСЕ ИЗЕДНАЧЕНИ ДУЕЛИ, ОСОБЕНИ МЕЃУ ТИМОВИТЕ КОИ ЛАНИ ПОКАЖАА НАЈГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ, А ЈА КОРИСТЕА МАШИНЕРИЈАТА НА ЈАГУАР И ПОРШЕ.
Паскал Верлен од фабричкиот тим на Порше не беше единствениот разочаран во Саудиска Арабија. Актуелниот шампион Џејк Денис, кој го има на располагање истиот агрегат, но вози за екипата на Андрети на крајот од трката се најде тринаесет секунди зад победникот. За негова утеха, во првата трка возена на патеката во Саудиска Арабија, тој беше на подиумот и тоа како првопласиран. На крајот од викендот тој си заминува како четврти во генералниот пласман со 29 поени заостанување зад лидерот. - Задоволен сум што во првата трка освоивме максимум поени, бидејќи во спротивно ова ќе беше мошне тежок старт на сезоната. Шокиран сум од лошиот расплет во втората трка, но тоа се должи на лошите квалифи-
Н
ик Касиди од Јагуар се враќа како лидер по првите три трки од новата сезона на Формула Е. Иако возачот на Порше, Паскал Верлен, ја освои првата победа од сезоната во Мексико, Касиди со едно трето место и победа во втората трка возени во Саудиска Арабија го престигна Верлен во генералниот пласман. Касиди претходно при победата на Верлен во Мексико беше третопласиран, зад ветеранот Себастијан Буеми (лански тимски колега), но никој од нив не успеа како него да биде на подиумот во сите три трки од отворањето на новата сезона. Би можело да се рече дека успешните квалификации беа клуч за неговиот континуитет, при што уште еднаш се покажа дека Јагуар има на располагање одличен технички потенцијал, па Касиди исто како и минатата година уште од раниот дел на сезоната се етаблираше како кандидат за шампионската титула. - Ова е почеток од соништата, никогаш не сум бил на подиумот, ниту во Мексико ниту, пак, тука. Мислам дека најдобар пласман во претходните шест трки што сум ги возел во Саудиска Арабија ми беше шестото место. Велам не била досега добра патека за мене и во основа очекував дека ќе се мачам. Како и во секоја трка, треба да се работи напорно од стартот до целта и да се обидуваш да бидеш подобар. Во квалификациите дојдов до полуфиналните дуели и веројатно не бев најбрз, но затоа, пак, во трката мислам дека бев. Се чувствував добро, бев комотен во водството и затоа останав толку долго на врвот, - рече Ник Касиди, кој минатата година прејде од сателитскиот тим во фабричкиот тим на Јагуар.
36 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
кации, но во трката повторно бевме конкурентни и го имавме најбрзиот круг. Имаме многу податоци за анализа за да разбереме зошто не успеавме да бидеме конкурентни во еден круг, - рече Денис. За да биде разочарувањето поголемо, тој во третата трка финишираше како десетти и освои еден поен, но подоцна доби казна од пет секунди заради престигнување при развеани жолти знамиња, и остана без тој поен. Касиди има 56 бода, а зад него се Верлен со 38, Верње со 33 и Денис со 30. Следни во календарот на Формула Е ќе бидат мартовските трки во Сао Паоло и Токио, откако претходно беше откажана предвидената трка во индискиот град Хидерабад, што требаше да се вози во февруари. • Александар Табаковски
Колумна своерачно
АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
ПРОМЕНИ МОЖЕ, ПРОШИРУВАЊЕ ЈОК ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА СЕЗОНА СВЕДОЦИ СМЕ НА НОВИ ОДЛУКИ КОИ ЌЕ ЈА СМЕНАТ ПЕРЦЕПЦИЈАТА ЗА СПОРТОТ КАКОВ ШТО ГО ПОЗНАВАВМЕ ДОСЕГА, МЕЃУ КОИ ВОЗЕЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРКИТЕ ВО САБОТА НАМЕСТО ВО НЕДЕЛА.
В
о 2023 година ја видовме првата Ф1 трка возена во сабота наместо во недела: инаугуралната Голема награда на Лас Вегас успеа да направи нешто што во ерата на Берни Еклстоун изгледаше незамисливо. Од раните 80-ти години на минатиот век, кога Англичанецот го презема раководењето со промотерскиот бизнис, правилото дека трките се возат со почеток во 14 часот по локално време беше „свето“, па немаше отстапки за никого. Сето ова беше брането со аргументите дека основа на тој бизнис се ТВ преносите (продажба на ТВ правата), па на телевизиите им се потребни гаранции за термините. Сепак, развојот на технологијата овозможи не само да можат гледачите самите дома да програмираат снимање на одредена програма, туку и да имаат пристап до централен сервер со содржините и да можат да ги гледаат кога тие ќе посакаат, а не кога ќе им бидат сервирани. Во таа смисла, промените започнаа скромно, па саатницата еволуираше трките низ Европа да се возат од 15 часот, додека оние на други континенти добија други термини. Во Австралија се отиде чекор подалеку, односно трките да се возат со почеток во 16 часот за да можат гледачите од Европа да се разбудат, а на Далечниот Исток (ГН Сингапур) се промовираше одржувањето трки во доцните вечерни часови. Сепак, ништо од тоа не беше апликативно за Лас Вегас, кој е 10 часа зад Европа, па предвидената трка ќе требаше всушност да ги врзе гледачите во понеделник наутро. Така, Ф1 повторно дојде до саботен термин, нешто што се случувало во минатото кога трките на Силверстоун во Англија се возеле во сабота од 1950 до 1974 година, а фамозната „500 милји Индијанаполис“ од 1950 до 1960 се возела со фиксен датум (30 мај). Дури и двете трки кои во минатото се возеле во Вегас (1981 и 1982), биле во сабота. Статистичарите забележале дека пред 2020 година, од извозени 1020 трки, дури 74 не биле возени во недела. Така, Вегас продолжи да биде „саботно шоу“, но со паѓањето на веќе споменатата одбрана за ТВ програмата, се отвори простор и за другите кои посакуваа такви промени. Првенствено, станува збор за државите од Блискиот Исток, каде што е познато дека викендот (неработни денови) се во петок и сабота. Трката во Бахреин која дебитираше во Ф1 календарот во 2004 година се возеше две децении во недела, но оваа година шампионатот ќе стартува на 2 март во сабота, токму заради приспособување кон локалната публика, наместо кон телевизиската. Истовремено, се случи и одлуката за одбивање на апликацијата за
нов тим во првенството. Претходно ФИА спроведе тендер и го одобри „Андрети Глобал“ како единствен легитимен кандидат (октомври 2023), но промотерската компанија која раководи со деловната страна на спортот (ФОМ) не ја даде својата согласност, притоа се изнесува оценка дека единаесеттата екипа во овој момент не би претставувала дополнителна вредност за првенството, затоа што нема да биде конкурентна. Од друга страна би ги изложила поединечни промотори на трки на дополнителни трошоци и би им ускратила извесни технички, оперативни и комерцијален простор на другите навивачи. Идејата на Андрети да направи комбинација со старт преку користење мотор на Рено, но брендиран со беџот на Кадилак во 2025 година беше отфрлена со претходно споменатото тврдење, но оставена е шанса за тоа да се случи во 2028 година. Всушност тоа е годината што во апликацијата на Андрети беше цитирана како период кога Кадилак ќе биде подготвен самостојно да подготви мотор за Ф1, а не да го ребрендира оној на Рено. За потсетување, Ред Бул од 2026 година својот мотор ќе го ребрендира како Форд, иако претходно го развиваше со Хонда, но откако Јапонците посакаа да ја напуштат Ф1, тимот направи свој погон за да го задржи моторот, но со ново име. Иако Андрети не се согласува со одлуката и најави дека ќе продолжат со работа на развојот согласно зацртаната брзина, ФОМ е во право кога вели дека влезот во 2025 би ги принудил да конструираат два различни болиди (поради промената на правилата кои стапуваат на сила во 2026 година). Соработката со Рено не е базирана на чист комерцијален интерес од двете страни, туку Андрети се повикувал на правилата дека сите конструктори имаат обврска да снабдуваат и други тимови со своите мотори доколку спортот тоа го бара од нив. Хипотетички, аргументот на ФОМ би паднал со влез на Андрети во 2026 година, па можеби Рено не сака нивната технологија со ваквата зделка да стане достапна за ривалите од САД (Кадилак), а прописот по кој треба да го снабдуваат Андрети е усвоен за да можат да преживеат малите приватни тимови. Верувам дека набрзо ќе се дознае комплетната слика, а со тоа и иднината на идејата за дополнителен Ф1 тим. Имено, не треба да се потцени фактот дека веќе постоечкиот американски тим на Хаас го отпушти својот тимски шеф поради незадоволство од резултатите, а се знае дека „нивниот грб го чува Ферари“, кој ги снабдува со мотори,нешто што Андрети претходно го одби. нешто што Андрети претходно го одби. •
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
37
| СПОРТ
Светско првенство во Формула 1
РАНИ ТРАНСФЕРИ ЗА СКИЦИРАНА ИДНИНА ИАКО ЈАНУАРИ ВО ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ НЕ Е „ПРЕПЛАВЕН“ ОД ГЛАМУРОЗНИ ПРОМОЦИИ НА НОВИ БОЛИДИ, СЕПАК ДЕЛ ОД ТИМОВИТЕ ГО СВРТЕА ВНИМАНИЕТО СО ПРЕДВРЕМЕНО ОБНОВУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ СО СВОИТЕ ГЛАВНИ ВОЗАЧИ.
Ф
ерари го продолжи договорот со Шарл Леклер, а Мекларен исто така, соопшти дека нивниот возач Ландо Норис се обврзал на нов повеќегодишен договор со тимот. Со ваквите потези, овие двајца возачи (иако веќе имаа валидни договори), покажаа доверба кон своите матични екипи и верба во она што се работи. Но, има и друга страна на приказната. До крајот на оваа сезона во многу тимови ќе мора да се решат прашањата за ангажман на возачите, па едноставно сега тие опции се помалку. Факт е дека во Мерцедес сè уште вози Луис Хамилтон, кој по седум шампионски титули се етаблираше како еден од најуспешните возачи во овој спорт. Иако тој сè уште покажува висока класа на перформанси и мотивираност да продолжи, сепак фактот дека штотуку наполни 39 години, го приближува за некој чекор кон крајот на кариерата. Иако Мерцедес веќе го има Џорџ Расел, секој тим што има шампионски амбиции инсистира да има и силен втор возач. Со други зборови, Расел не може да остане сам, кога и онака не е верификуван како „шампионски материјал“. Фернандо Алонсо, кој веќе има 43 години, покажа дека сè уште има квалитет за да биде во Формула 1, но и неговиот договор во Астон Мартин доаѓа пред истек.
38 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Истовремено, во Ред Бул се бара наследник на Серхио Перез кој влегува во последната година од договорот. Имајќи ги предвид случките од минатата сезона, барем оние кои излегоа во јавност, а се однесуваа на неговите релации со топ менаџментот. Макс Ферстапен веќе присвои три шампионски титули, па местото во вториот болид на Ред Бул иако на хартија звучи како одлична понуда, во пракса никој не сака да биде „втора виолина“, макар и во шампионски тим. Ландо Норис и претходно бил поврзуван со „биковите“, па овој пат неговата одлука да го продолжи договорот со Мекларен е јасен одговор на шпекулациите за неговата иднина, барем на кус рок. Во соопштението за овој настан тој го изрази оптимзмот за ваков чекор, кој се темели на тоа дека „никогаш не биле поблиску до победа“. Од неодамна, Мекларен го засили својот технички тим со Роб Маршал (од Ред Бул) и Давид Санчез (од Ферари). Ферари иако го продолжи договорот со Леклер, сè уште го нема затворено прашањето за вториот возач, бидејќи на Карлос Саинц му истекува договорот на крајот од сезоната. Тимот од Маранело ќе биде присилен да реагира побрзо, бидејќи Саинц во црвениот болид покажа дека може да победува на трки и ќе биде баран на пазарот, особено што во друштвото се приклучува и новиот тим на Ауди од 2026 година. Станува јасно дека освен новостите за новите болиди и нивните тестирања пред стартот на сезоната закажан за 2 март во Бахреин, ќе има уште една „жешка тема“ за која ќе следат повеќе новости. • Александар Табаковски
ИСТОРИЈА |
40 години од 14. Зимски Олимписки игри
„КОГА ВУЧКО ВОЗЕШЕ MITSUBISHI“ ПОСТАРИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СО ЗАДОВОЛСТВО СЕ СЕЌАВААТ НА 14. ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ШТО СЕ ОДРЖАА ВО САРАЕВО ОД 8 ДО 19 ФЕВРУАРИ 1984 ГОДИНА И, СПОРЕД ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРОЦЕНИ НА МEЃУНАРОДНИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ, БЕА ДОТОГАШ НАЈДОБРО ОРГАНИЗИРАНИ ВО ИСТОРИЈАТА...
В
о февруари 1984 година очите на тогашната југословенска и светска јавност беа вперени кон Сараево, главниот град на тогашна СР Босна и Херцеговина во состав на СФРЈ, кој беше домаќин на 14. Зимски олимписки игри. Сараево како град домаќин прими репрезентации од целиот свет, туристи од сите краишта на планетата, многубројни телевизиски светски ТВ-куќи што го пренесуваа настанот. За се ова заслужни беа организаторите, поранешната СФРЈ, градот Сараево, неговите жители, како и многубројните спонзори на оваа Олимпијада, меѓу кои еден од главните беше јапонската фирма MITSUBISHI MOTORS CORPORATION од Токио, која донираше одреден број возила со погон на сите четири тркала. Сите возила беа брендирани со логото на Олимпијадата, што ги сочинуваа снегулката со олимписките кругови и маскотата на волкот ВУЧКО кој беше синоним за оваа Олимпијада. Нивната улога беше да се пренесуваат спортските и другите екипи од Сараево до олимписките центри: Јахорина, Бјелашница, Требевич, Игман, Зетра и Скендерија, а оттаму до олимписко Сараево.
За таа цел MITSUBISHI MOTORS, кој беше и официјално возило на овој светски настан, донираше нешто што дотогаш беше најдобро во автомобилската индустрија со погон на сите четири тркала. За потребите на оваа Олимпијада беше изработен и специјален плакат на кој беше прикажана маскотата ВУЧКО како управува MITSUBISHI на погон на сите четири тркала. Јапонците специјално отворија штанд во Сараево, каде што покрај другите модели беше изложен и МITSUBISHI TREDIA. Во чест на овој настан во Сараево една улица беше и именувана MITSUBISHI AVENYE што во превод значи „Митсубиши авенија“. За потребите на Олимпијадата на градот Сараево му беа донирани следниве модели возила од марката MITSUBISHI: MITSUBISHI PAJER, инаку познат теренец на оваа марка, MITSUBISHI L300 DELICIA, MITSUBISHI SPACE WAGON, сите во сино-сива боја со логото на Олимпијадата и познатата маскота ВУЧКО и со погон на сите четири тркала. Градот Сараево живееше во духот на Олимпијадата се броеја медали, успеси на спортистите и спортските екипи. Олимпијадата заврши со спектакуларен настан и церемонија, на која маскотата ВУЧКО се збогуваше со спортистите и гостите од целиот свет. MITSUBISHI MOTORS CORPORATION целосно одговори на овој спортски светски настан, во кој имаше улога на официјално службено возило. Снежните патишта до терените на олимписките планини не беа никаква препрека овие возила успешно да ја завршат својата улога. Овој месец се навршуваат 40 децении од настанот што буди носталгични сеќавања на минатото во кое маскотата ВУЧКО возеше МITSUBISHI....
• Андријан Трипунов
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
39
| СПОРТ
Европско првенство на ридски патеки
НОВИОТ ЧЛЕН НА СЕМЕЈСТВОТО СЕ ВИКА ФЕРАРИ РАЗГОВАРАВМЕ СО ИГОР СТЕФАНОВСКИ – ИЏЕ И НЕГОВИОТ ИНЖЕНЕР МИРОСЛАВ РАСТОВИЌ ЗА ДА ДОЗНАЕМЕ ДЕТАЛИ ЗА МИНАТОГОДИШНАТА ШАМПИОНСКА СЕЗОНА, НО И ЗА НОВИОТ АВТОМОБИЛ И ОНА ШТО СЕ ОЧЕКУВА ВО ОВАА ГОДИНА. ГОЛЕМА МЕДИУМСКА ВРЕВА – СО ПРАВО СЕ ПОДИГНА ЗА ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ПРВОТО ТРКАЧКО ФЕРАРИ ВО МАКЕДОНИЈА. УШТЕ ПОВЕЌЕ, ДОСЕГА НИТУ ЕДЕН ВОЗАЧ ОД БАЛКАНСКИТЕ ПРОСТОРИ НЕ КОРИСТЕЛ ВАКОВ СУПЕРАВТОМОБИЛ ВО ОФИЦИЈАЛНИ ТРКИ!
40 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Н
а крајот од годината имаше многу причини за славје во тимот „Стефановски рејсинг“, бидејќи освен прославата на третата титула Европски првак на ридски патеки, беше набавен и новиот автомобил што од идната сезона ќе биде управуван од македонскиот пилот Игор Стефановски – Иџе. Тој заедно со своите најблиски соработници од клубот го откри новото возило, Ferrari 488 Challenge Evo, за кое е познато дека има осумцилиндричен мотор со зафатнина од 3,9 литри и околу 700 коњски сили. АМСМ КМ: Ќе ни го претставиш ли твојот нов автомобил во куси црти? Стефановски: Станува збор за силна машина со осум цилиндри кој е од прилично нова дата и ја поседува најсовремената технологија. Има две турбини, а крајна моќ е 700 коњски сили. Реално, ова е уличен Ф-1 болид кој постигнува брзина од 0 до 100 километри на час за 2,6 секунди и има крајна брзина од 340 километри на час.
СПОРТ |
АМСМ КМ: Колку таа современа технологија го прави автомобилот посебен и различен од сите други претходно? Стефановски: Сопирачките се речиси од материјали кои трпат големи брзини и нагли сопирања, односно температури од 1.000 сетепени Целзиусови. Ова ми е прв автомобил кој што има 7-степен менувач и е производ на инженерите на Ферари кои се бореле за секоја десетинка од секундата во трките од Формула 1. Секој детаљ е уникатен и посебен, и јас сè уште го дооткривам и го запознавам. АМСМ КМ: Најавено е дека ќе ја браниш титулата на ридски патеки, но познавајќи ги твоите амбиции, ти ќе посакаш да го испробаш овој автомобил и на кружни патеки... Стефановски: Кога би било само до моите желби, јас би возел и на ридски патеки и на кружни патеки, и во трките на издржливост, буквално во секој шампионат каде би можел да се натпреварувам. Но, потребен е буџет кој што ќе ги покрие трошоците за тие настaпи, бидејќи за да се појавиш на која било трка претходно треба да го доведеш автомобилот во најдобра техничка состојба, да имаш можност да тестираш со него, да обезбедиш резервни компоненти (како што тоа се на пример пневматиците), да си во можност да ги покриеш сите давачки поврзани со транспорт на возилото, неговото осигурување, луѓето што работат на неговото унапредување и подготовка за секоја трка. Тоа е наша најслаба точка, бидејќи со судни маки ги обезбедуваме средствата што ни се потребни за настап, а истото се повторува од година во година. Успеавме да смогнеме сили и да набавиме одличен автомобил, и мислам дека ќе бидам првиот возач од балканските земји што ќе се натпреварува со модел на Ферари, но оттука натаму работата не е само во моите раце. За 2024 година, приоритет ќе ни биде Европскиот шампионат на ридски патеки, а согласно буџетот што ќе го имаме на располагање, кон крајот на сезоната ќе се обидеме да настапиме на една или две трки од првенството што Ферари го организира за купувачите на нивните тркачки автомобили. АМСМ КМ: Го продаде автомобилот со кој успеа да ја освоиш шампионската титула и тоа на возачот кој беше европски првак една година пред тебе. Делува збунувачки таа тактика, како да не си поставуваш за цел повторно да бидеш шампион на ридски патеки? МИРОСЛАВ РАСТОВИЌ
Стефановски: Не, не, целта е повторно да ја освојам титулата во ова првенство, само што луѓето треба да знаат дека автомобилот што е набавен не значи дека веќе е завршена работата. Целта е со ова возило да ги соборам и оние рекорди на патеките каде што го немам досега направено тоа. Досега настапував во Група 3 од Kатегорија 1 и поставив некои рекорди кои што беа апсолутни, во генерална конкуренција, додека некои беа само во мојата група. Сега останувам во Kатегорија 1, но ќе бидам дел од Група 1 и против себе ќе имам поинакви ривали со мошне моќни автомобили и нема да биде ни малку лесно. Некои од нив, исто така, возат супер-автомобили како Ламборгини, други имаат моќни консрукции од по 1.000 коњски сили кои што, исто така, се во група 1, но идејта е сите рекорди да бидат во наше владение. Најголем проблем е што не можам да тестирам во пресрет на сезоната, а тоа ми е многу потребно за да го научам овој автомобил. Однесувањата на автомобилот при нагло сопирање на правците е само една работа, а каде се останатите нешта од типот на различни видови асфалт, што е чест проблем во трките на ридски патеки. АМСМ КМ: Дали имаше дилема при набавката на ова возило, односно дали разгледуваше и некое друго како опција „Б“? Стефаносвки: Да, имав дилема меѓу Ферари и Ламборгини, и претходно ги анализирав двете опции. Сепак разговарајќи со многу инженери со кои што ги евалуирав двете опции, одлучив дека Ферари е подобар за мојот возачки стил. Но, тоа не беше пресудно. Она што мене најмногу ми значеше е поддржката од тимот од кој што го купивме возилото, бидејќи тие имаат големо искуство во подготовката на возилата од Маранело за различни типови на трки. Ова е остварување на еден мој голем сон, кој го имам од детството бидејќи многумина сонуваат за Ферари, а јас ќе имам шанса со нивниот најнов тркачки модел да се натпреварувам во Европско првенство. • АМСМ КМ: Би сакал да го започнеме овој разговор со тоа дека автомобилот Хјундаи со кој лани Иџе стигна до титулата, беше првенствено набавен со идеја за настап на кружните трки (ТЦР Европа), па како ги решивте сите технички дилеми околу подготовката на возилото за ридски патеки? Растовиќ: Точно, тоа беше голем предизвик, бидејќи возилото е конструирано за трки на кружни патеки. Знаете, трките на ридски патеки се возат потполно поинаку, друг е пристапот за поставките на автомобилот. Дополнително дојде и промената на правилото, односно воведување на „Performance Factor“, па иако баравме некаков оптимален пристап, Иџе покажа дека и без оглед на сè, може да биде конкурентен. Поради некои малери, титулата во 2022 година ја освои Василије Јакшиќ. Сите наши сознанија и подобрувања во 2023 година направија впечаток дека Хјундаито е одлично подготвено за ридски патеки, па доволно говори фактот што Јакшиќ реши да паузира во 2023 година и на крајот да го купи тоа возило од Иџе за да атакува на титулата повторно во 2024 година. Но, и покрај тоа, според мене претежна факторот што се нарекува „талент“, како и пристапот за возењето што Иџе ги поседува. Во ридските трки, мошне мали промени се прават во поставките, споредено со кружните трки, односно поголемо учество има улогата
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
41
| СПОРТ
на возачот. Се разбира, автомобилот мора да е оптимално подготвен, но дури и кога не беше тоа случај, талентот и вештините на Иџе беа пресудни. АМСМ КМ: Во претходните интервјуа имавте изјавено дека сте го „наговарале“ Иџе околу набавката на Хјундаито, па за почеток ме интересира дали бевте инволвиран и во овој случај, околу набавката на Ферари? Растовиќ: Игор има блиска соработка со повеќе тимови низ Италија, уште од периодот кога учествуваше во тамошното ТЦР првенство. Луѓето таму го знаат и го ценат, во повеќе наврати се ангажираа да му излезат во пресрет и да помогнат ако затреба. Јас и тој секогаш разговараме за мноштво работи, а голем дел од тоа е посветено на разни тркачки возила. Сепак, овој пат не учествував ниту во пронаоѓањето на возилото, ниту во изборот. Повеќе бев настроен да помогнам од логистичка и техничка страна, а бидејќи немам конкретни искуства и работа со тоа возило, не се чувствувам компетентен да давам совети и тој дел комплетно им го препуштив на колегите од Италија, со кои и јас комуницирам. Можам само да кажам дека имаше и други опции, се гледаа и слични автомобили, но оваа беше една од примарните на која се работеше. АМСМ КМ: Како што беше соопштено, ова возило на Ферари
доаѓа од светот на кружните трки и повторно ќе треба да се приспособи за ридски патеки. Што можете да кажете во овој момент, какви се очекувањата? Растовиќ: Јас сум присутен секогаш кога ќе затребам и кога Иџе ќе го побара тоа од мене. Целта е да се одбрани титулата Европски првак на ридски патеки, но треба да се има предвид дека има нов автомобил, како и дека претходниот шампион го купи актуелното шампионско возило. Конкурентите се приспособуваат и нема да биде едноставно, особено со толку многу непознати во равенката. Лично, посакувам Иџе со новиот автомобил да се појави на кружни трки, бидејќи претчувствувам дека таму веднаш ќе се најде на врвот. Не е мала работа да ја донесеш титулата Европски шампион во една мала земја како Македонија. Со Ферари во неговите раце, приватните спонзори имаат одличен пакет за подобрување на својата видливост, а и државата да го поддржи неговиот европски проект.
42 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ КМ: Освен со Стефановски, имате соработка и со други возачи во други првенства. Во последно време сте актуелен со настапите на Жарко Кнего во ТЦР Источна Европа... Растовиќ: Многу сум горд на проектот со ТЦР екипата Дубровник и со Жарко Кнего. Во моментов, тоа е мој примарен проект и мојот фокус и мојата енергија се таму. Со него се запознавме во 2021 година, на половина од сезоната, и почнавме соработка која би рекол дека се граничеше со љубопитност: дали е можно да имаме возач од Хрватска во некое ТЦР натпреварување? Жарко е талентиран возач, но досега немал околу себе вистинска екипа која би знаела да му помогне да ги затскрие своите слаби страни, ниту да го развие неговиот потенцијал. Таа соработка почна мошне брзо да дава резултати, а врв ни е третото место во Брно, на трката од ТЦР Источна Европа во Чешка. Во мојата кариера, онаа победа со Иџе во 2017 година на легендарната „Нордшлајфе“ ми е еден од најголемите успеси, но овој тим кој што е само еден дел од АК Дубровник рејсинг, сега ми доаѓа како круна на мојата работа во светот на трките. Во Хрватска, на интернационалната сцена има само двајца активни возачи, додека Македонија ги има Стефановски, Давидовски и Вуков. Се тешам дека сум вклучен во ова „чудо“, бидејќи сум инволвиран во соработката со Иџе. Од друга страна, сум соработувал со долга низа возачи од екс-ју просторите кои настапувале во ТЦР трките. АМСМ КМ: Низ еден подкаст во Хрватска беше лиферувана информацијата дека постои иницијатива за изградба на патека воДубровник. Колку навистина е ова реална идеја? Растовиќ: Патеката покрај Дубровник е иницијатива во која сум и јас инволвиран, а сметам дека навистина би можело да испадне добра приказна. Има голем напредок по прашање на имотно-правните односи, а изработен е и 3Д проект за самата патека. Не би зборувал премногу на таа тема во овие времиња, но тоа „го буткаме“, полека и сигурно. Посакуваме тоа да биде самоодржлив проект што ќе се фокусира на помали натпреварувања, бидејќи такви постојат „еден мал милион“. Самата локација на патеката е на мошне атрактивно место, фреквентно и интересно за туризам, па тоа би помогнало да биде самоодржлива. АМСМ КМ: Има ли шанса да се најде соработка, да се спојат енергиите на екипите како „Стефановски рејсинг“ и „Дубровник рејсинг“? Растовиќ: Дубровник организира трка за првенството на Хрватска на ридски патеки која би требало да се одржи во октомври 2024 година, па за мене тоа би било перфектна комбинација, а воедно ќе ми биде огромна чест и задоволство да го видам тука, на мој терен, со неговото присуство и со новото возило да го засилат целиот спектакл. Инаку, на 3 февруари ќе ја прославиме 30-годишнината од јубилејот на АК „Дубровник рејсинг“ и тогаш ќе ги откриеме деталите за нашите планови во 2024 година. Сепак, ексклузивно за „АМСМ Клуб Мобилити“ и нашите пријатели од Македонија ќе откријам дека остануваме во ТЦР Источна Европа и дека покрај засилената конкуренција ќе се потрудиме да ги повториме успесите од минатата сезона. • Александар Табаковски
СПОРТ |
Рели Дакар 2024
АВАНТУРИСТИТЕ ПРИСТИГНАА НА ЦЕЛТА ДА СЕ БИДЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ВО ПУСТИНА Е ПРЕМНОГУ, А ЗАМИСЛЕТЕ КАКО ЌЕ ВИ БИДЕ АКО ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ 8.000 КМ СО САМО ЕДЕН ДЕН ОДМОР. РЕЛИ НА ИЗДРЖЛИВОСТ, КАКО ЗА УЧЕСНИЦИТЕ, ТАКА И ЗА ВОЗИЛАТА. ЗАТОА РЕЛИТО ДАКАР Е НАЈТЕШКОТО, НАЈРИЗИЧНОТО И НАЈАВАНТУРИСТИЧКОТО ШТО СВЕТОТ ГО ВИДЕЛ ДОСЕГА.
З
аврши уште едно рели Дакар, завесата е спуштена, а победниците можеби сè уште слават. За ова рели велат дека е добро да дојдеш до целта, тоа е исто како победа, барем така се изјаснуваат учесниците. Така велат затоа што ова е многу повеќе од рели. Годинава релито Дакар се возеше по 46. пат, петто во споменатата пустина, односно во државата Саудиска Арабија. Тојота, инаку бранител на титулата од минатите две изданија, годинава не успеа трет пат едноподруго да триумфира. Победата ја однесе Ауди, а зад управувачот беше Карлос Саинц и совозачот Лукас Круз. Се чини преголемото искуство беше главен помагач во походот кон четвртата титула во 15 години учество на релито Дакар. Интересно е тоа што Саинц секоја победа ја има остварено со друг тим. Најнапред со Фолксваген во 2010 година, со Пежо во 2018 г., со Мини во 2020 г. и сега со Ауди. Ова е прва победа за Ауди, а 61-годишниот Саинц во моментов е највозрасен освојувач на титулата Дакар. Најинтересно е што победата во генералниот пласман не е остварена со победа на некоја од етапите, но затоа „Ел матадор“ беше постојано при врвот на секој специјален испит и на тој начин полека, но сигурно ја ткаеше победата. Негов најголем противник, шампионот над шампионите, Себастијан Лоеб, со дури девет последователни титули во СРШ, не успеа да дојде до првото место, иако победи на речиси половина од специјалните испити, односно на пет од вкупно 12. Во 11 етапа скрши дел од подвозјето
и му беа потребни малку повеќе од 90 мин. да го отстрани дефектот (плус пенал) и да продолжи со возењето. Можеби сето тоа го чинеше титула. Годинава само трето место за С. Лоеб и совозачот Фабијан Лиркин, трипати второпласиран, 2017, 2022 и 2023 г., но сè уште без титула. Изненадувачки одлично второ место за Жуилам де Мевиус со совозачот Ксавиер Пансери со Тојота. Бранителот на титулата Н. Ал Атија се откажа во втората половина од релито и изјави дека веќе не сака да биде дел од тимот. Петкратниот носител на титулата Дакар потпиша за тимот на Дачија. Во класата на мотоцикли победи Рики Брабец со Хонда и ова е негова втора титула по таа во 2020 год. Неговите противници велат дека ова рели го извозел беспрекорно добро, без ниедна грешка и ниеден пад. И Брабец изјави: „Ме чуди тоа што не паднав ниеднаш.“ Второто место му припадна на Рос Бранч со мотоцикл од марката Хиро и третото место му припадна на Адријан ван Беверен, исто така, со Хонда. Некогашниот непобедлив КТМ најверојатно нема мотив за победа по претходните 19. Во најтешката категорија во која тимот по три члена го нема Камаз, неприкосновениот на ова рели. Годинава во класата камиони победи чешкиот тим Мартин Мачик со совозачот Франтишек Томашек и механичарот Давид Сванда заедно со Ивеко. Круната се врати во чешки раце по 23 години кога камионот од марка Татра возен од Карел Лопре победи на релито Дакар. Неговиот внук Алеш Лопре годинава заврши на второ место, заедно со совозачот Јарослав Валтер Јуниор и механичарот Јири Строш со камион од марката Прага. Третопласирани беа возачот Митчел Ван Ден Бринк, совозачот Мозис Торалардона и механичарот Јарно ван де Пол со Ивеко. Меѓу победниците имаше и една дама Кристина Гутиерес Херо со совозачот Пабло Морено Хуете во класата Предизвикувач (челинџер). По долги 23 години повторно дама на подиумот, по Јута Клајншмит во 2001 година која ја освои титулата во престижната класа. На целта пристигнаа 239 возила од 340 појавени на стартот. Од нив 96 се мотоцикли, седум квадрицикли, 87 автомобили (од сите класи), 28 баги возила и 21 камион. Релито Дакар првпат стартуваше во 1979 година од Париз, а целта беше во Дакар, главниот град на Сенегал. Тогаш релито беше наречено Париз Дакар и во тие години се возеше во Африка, а главен организатор и основач беше Тиери Сабин. • Жарко Атанасоски
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
43
| СПОРТ
EXTREME E – Вовед во сезоната 2024
ЕЛЕКТРИЧНАТА ОДИСЕЈА СПРЕМНА ДА ЕЛЕКТРИЗИРА ВЛЕГУВАЈЌИ ВО СВОЈАТА ЧЕТВРТА СЕЗОНА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ШАМПИОНАТ EXTREME Е ДОКАЖУВА ДЕКА НЕГОВИОТ ИНОВАТИВЕН КОНЦЕПТ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ И ИДЕЈАТА КОЈА СТОИ ЗАД НЕГО ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПЛАНЕТАТА ПРЕТСТАВУВА ПОЛН ПОГОДОК.
О
стварувањето на целите на Extreme E како што се подигнувањето на свеста за климатските промени и поддршката на разни организации за зачувување на биодиверзитетот ширум планетата Земја го носи шампионатот во неговата четврта сезона. Extreme E е единствениот шампионат од светот на мотоспортот поддржан од FIA чија главна цел е спас на планетата Земја преку подигнување на глобалната свест за негативното влијание што со себе го носат климатските промени. Extreme E дотурка далеку од скромните почетоци во 2021 година. Големиот интерес за оваа електрична одисеја минатата сезона го зголеми бројот на натпреварувачите. Дури десет тима се бореа за
44 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
превласт во 2023 година што беше причина да се сменат правилата за да може да се одржи конкурентноста. Се воведоа вкупно пет настани секој со по две трки, или вкупно десет трки, доволно за да се одржува активна неизвесноста буквално до финишот на последната трка. Во една возбудлива сезона тимот на возачот во Формула 1, Нико Розберг, Rosberg X Racing стигна до својата втора титула во шампионатот токму на последната трка од сезоната. Охрабрени од збиднувањата лани, тимот RXR, заедно со возачката постава Микаела Алин-Котулински и Јохан Кристоферсон најавуваат атак за нова титула. Лани докажаниот формат останува во примена и годинава. Меѓутоа во игра остануваат девет тима. Тимот на ABT Cupra XE најави повлекување од Extreme E со цел да се насочи кон развој на новиот автомобил за најавениот Extreme H. Акцентот ставен на полова еднаквост, односно на задолжителна женско – машка постава, исто така, не се менува што зборува за еднаквоста на возачите како во тимовите, така и во шампионатот.
СПОРТ |
Extreme E – тимови и возачи 2024 ТИМ
ВОЗАЧКА ПОСТАВА
ACCIONA SAINZ XE TEAM
Лаила Санц / Матијас Екстром
ANDRETTI ALTAWKILAT EXTREME E
Кети Мунингс / Тими Хансен
CARL COX MOTOSPORT
Лиа Блок / Тимо Шнајдер
JBXE
Тамара Молинаро / Андреас Бакеруд
NEOM MCLAREN EXTREME E
Хеда Хосас / Танер Фауст
NO.99 GMC HUMMER EV CHIP GANASSI RACING
Аманда Соренсен / Ар Џеј Андерсон
ROSBERG X RACING
Микаела Алин-Котулински / Јохан Кристоферсон
VELOCE RACING
Моли Тејлор / Кевин Хансен
X44 VIDA CARBON RACING
Кристина Гутиерез / Фрејзер Мекконел
Определен е и календарот. Во игра остануваат пет настани секој со по две трки. Сезоната традиционално ќе се отвори во пустината на Саудиска Арабија. Двете трки кои се одржуваат на 17 и 18 февруари ќе се возат на нова локација. Од Неом шампионатот се префрла во околината на Џеда која подеднакво изобилува со прекрасни пејзажи. Потоа на репертоар следат две трки во Европа кои се возат на 13 и 14 јули, чија локација сè уште не е одредена. Сардинија како и минатата сезона ќе биде домаќин на два настани, односно на вкупно четири трки. Медитеранскиот остров заради одличната поддршка од Автомобилскиот Клуб на Италија и стана постојана арена во шампионатот. Трките на Сардинија ќе се возат на 14 и 15 септември, и на 21 и 22 септември. Потоа Extreme E за првпат во овие четири сезони заминува во Соединетите американски држави, поточно во Феникс, Аризона каде ќе се вози финалето од шампионатот на 23 и 24 ноември. САД се еден од клучните играчи кога станува збор за глобалното влијание. Згора, таму владее голема страст за трки off-road што е уште еден услов за постигнување на голем успех на Extreme E во САД.
Extreme E – календар 2024 Пустинско Икс-При на Саудиска Арабија
17 – 18 февруари 2024
Европско Икс-При
13 – 14 јули 2024
Исланд Икс-При на Сардинија
14 – 15 септември 2024
Исланд Икс-При на Сардинија
21 – 22 септември 2024
Феникс Икс-При на САД
23 – 24 ноември 2024
ВОДОРОДОТ ПРИСТИГНУВА НА ГОЛЕМА ВРАТА Годинава паралелно со водење на шампионатот организаторите на Extreme E во соработка со FIA и со одговорните во шампионатот во Формула 1 работат на создавање на нов шампионат наречен Extreme H. Станува збор за првиот шампионат на светот каде возилата ќе бидат задвижувани од водород (hydrogen) од каде и доаѓа буквата H во името. Шампионатот на Extreme H треба да стартува во 2025 година. За таа цел, техничкиот директор на Extreme E, Марк Греин, главниот технички офицер на Формула 1, Пет Симондс и директорот на FIA за едноседи Николас Томбејзис ќе оформат работна група која ќе води развојот и ќе ја проценува потенцијалната можност за воведување на водородот во светот на мотоспортот, но и за поширока мобилност. Развојот на технологијата за користење на водород без оглед дали станува збор за апликации со горивни ќелии, или батериски системи бара задоволување на одредени инфраструктурни елементи како транспорт, полнење, чување и безбедно ракување со водородот. Сите овие инфраструктурни елементи ќе бидат вметнати во шампионатот на Extreme H каде возилата ќе користат систем од горивни ќелии и батерии. Првиот прототип од Extreme H треба да се појави во текот на сезоната, додека првото јавно возење и тестирање треба да се случи за време на годинешните трки од Extreme E на Сардинија. Доколку развојот се одвива според планираното Extreme H ќе ја отвори сезоната 2025 како уште еден шампионат на FIA, за во 2026 година да стане Светски шампионат на FIA. Како шампионат на FIA, Extreme H, ќе подлежи на нивните регулативи кои се однесуваат на техничките, спортските и безбедносните правила. ИДНИНАТА НА EXTREME E ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК Прашањето кое се наметнува уште на почеток на новата сезона во Extreme E е дали шампионатот ќе опстои и по крајот на годинешната сезона? Посебно ако се земе предвид колку труд се вложува во развојот на новиот шампионат Extreme H и со колкави помпи се најавува. Во прилог на водородот оди и откажувањето на тимот на ABT Cupra XE од Extreme E годинава заради подготовки за Extreme H. Воедно тука е и најавата дека се планира Extreme H во 2026 година да стане Светски шампионат раководен од FIA, додека Extreme E останува на ниво на засебен шампионат како и досега. Факт е дека тука нешто мириса. Згора, во колку и Extreme E, и Extreme H се возат со сегашниот формат, односно секој од нив да има по две трки во еден викенд, тоа значи дека публиката ќе гледа ист тркачки формат четири пати што може да биде здодевно. И место да привлече нови гледачи ќе ги одбие и постоечките. Сите овие размислувања не одат во прилог на одржливоста на Extreme E по појавата на Extreme H. Од друга страна во прилог на постоењето на Extreme E оди инволвираноста на големите возачки имиња од Формула 1 како Нико Розберг, Сер Луис Хамилтон и Џенсон Батон, па дури и McLaren Racing. Секој од нив има свој тим во Extreme E, но и во Формула Е што говори за нивната поддршка на електричната тркачка иднина. Можеби нивниот збор ќе биде пресуден за одржување во живот на електричната одисеја на Extreme E. • Љубомир Анастасовски
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
45
| СПОРТ
WEC – Вовед во сезона 2024
ПОЧЕТОК НА ЗЛАТНАТА ЕРА ВО ТРКИТЕ НА ИЗДРЖЛИВОСТ ДУХОТ НА ЛЕ МАН Е РАШИРЕН НИЗ ЦЕЛ СВЕТ. НЕМА ДВОЈБИ ДЕКА ОВА Е ТОЧНО. ТРКИТЕ НА ИЗДРЖЛИВОСТ УСПЕАЈА СВОЈАТА ПОПУЛАРНОСТ ДА ЈА ПОДИГНАТ НА НИВО НА ФОРМУЛА 1 И НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ ЗАПОЧНУВАЈЌИ ГОДИНАВА ЕДНА ИСТОРИСКА СЕЗОНА.
М
ожеби минатата година Светскиот шампионат во трки на издржливост на FIA, или FIA World Endurance Championship – WEC, ја доживеа својата историска сезона бидејќи се славеа точно 100 години од првата трка на легендарните 24 часа на Ле Ман, но и годинешната сезона со сигурност ќе остане запаметена како историска. И не само во историјата на трките на издржливост, туку и во историјата на мотоспортот како целина.
46 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Најдобрите, најпознатите и најславните производители на автомобили ќе земат учество во годинешниот шампионат во трки на издржливост. Дури девет производители ќе се натпреваруваат во врвната класа Hypercar, минатата сезона беа пет. На светскиот шампион Toyota и востановените играчи: Ferrari, Peugeot и Porsche, годинава им се придружуваат новодојденците: Alpine кој од класата LMP2 се качува погоре во Hypercar, потоа BMW, Lamborghini и легендарната италијанска марка Isotta Fraschini која после децении премрежја се враќа на светската автомобилска сцена на голема врата. Шампионатот годинава своите пипала ги раширува низ цел свет со вкупно осум трки. Две од трките се сосема нови: 6 часа на Имола која доаѓа на местото на 6 часа на Монца заради реконструкција на патеката, и трката 1.812 km на Катар со која годинава ќе се отвори шампионатот. Од трките кои се враќаат во календарот е 6 часа на Сао Паоло – Бразил која последен пат се возеше во 2104 година и трката Лоун Стар Ле Ман која се вози на патеката COTA (Circuit of the Americas) во Остин во Тексас а последен пат беше дел од WEC во 2020 година. Покрај Монца од календарот за 2024 година изостануваат и 6 часа на Портимао – Португалија и 1.000 милји на Себринг – Флорида. Важно за Светскиот шампионат во трки на издржливост е намалувањето на бројот на класи. Класата LMP2 заминува во историјата, а покрај врвната хибридна класа Hypercar се воведува сосем нова категорија наречена LMGT3. Оваа класа доаѓа како замена за класата LMGTE која беше дел од WEC од самиот почеток. Причина за воведување на класата LMGT3 е нејзината популарност. Имено таа ќе биде поставена на техничката платформа на FIA наречена GT3 која дозволува учество на приватни тимови. Отворањето на портите на WEC за еден ваков тип на возила во голема мера ќе придонесе за развој на популарноста на шампионатот и ќе ја рашири лепезата на разновидност од марки и модели.
СПОРТ |
WEC – календар 2024 година РУНДА
ТРКА
ПАТЕКА
МЕСТО
Лосаил
Лосаил
Вовед во сезона
Класа LMGT3 - тимови ДАТУМ 24 – 25 февруари 2 март
БР. НА АВТОМОБИЛИ
ТИМ
АВТОМОБИЛ
МОТОР
Heart of Racing Team
Aston Martin Vantage AMR GT3 Evo
Aston Martin M177 4.0 L Turbo V8
1
Team WRT
BMW M4 GT3
BMW P58 3.0 L Turbo I6
2
1
1812 km на Катар
2
6 часа на Имола
Имола
Имола
21 април
3
6 часа на Спа-Франкоршамп
Спа-Франкоршамп
Ставелот
11 мај
Vista AF Corse
Ferrari 296 GT3
Ferrari F163CE 3.0 L Turbo V6
2
4
24 часа на Ле Ман
Сарт
Ле Ман
15 – 16 јуни
United Autosports
McLaren 720S GT3 Evo
McLaren M840T 4.0 L Turbo V8
2
5
6 часа на Сао Паоло
Интерлагос
Сао Паоло
14 јули
Iron Lynx
Lamborghini Huracán GT3 Evo 2
Lamborghini DGF 5.2 L V10
1
6
Лоун Стар Ле Ман
СОТА
Остин, Тексас
1 септември
Iron Dames
Lamborghini Huracán GT3 Evo 2
Lamborghini DGF 5.2 L V10
1
7
6 часа на Фуџи
Фуџи Спидвеј
Ојама, Шизоука
15 септември
Proton Competition
Ford Mustang GT3
Ford Coyote 5.4 L V8
2
8
8 часа на Бахреин
Бахреин
Сахир
2 ноември
Akkodis ASP Team
Lexus RC F GT3
Lexus 2UR-GSE 5.0 L V8
2
TF Sport
Chevrolet Corvette Z06 GT3.R
Chevrolet LT6.R 5.5 L V8
2
Manthey EMA
Porsche 911 GT3 R (992)
Porsche M97/80 4.2 L Flat-6
1
Manthey Pure Rxcing
Porsche 911 GT3 R (992)
Porsche M97/80 4.2 L Flat-6
1
D'station Racing
Aston Martin Vantage AMR GT3 Evo
Aston Martin M177 4.0 L Turbo V8
1
Класа Hypercar – тимови ТИМ
АВТОМОБИЛ
МОТОР
БР. НА АВТОМОБИЛИ
Cadillac Racing
Cadillac V-Series.R
Cadillac LMC55R 5.5 L V8 Hybrid
1
Porsche Penske Motorsport
Porsche 963
Porsche 9RD 4.6 L Turbo V8 Hybrid
2
Toyota Gazoo Racing
Toyota GR010 Hybrid
Toyota 3.5 L Turbo V6 Hybrid
2
Isotta Fraschini
Isotta Fraschini Tipo 6 LMH-C
Isotta Fraschini 3.0 L Turbo V6 Hybrid
1
Herz Team Jota
Porsche 963
Porsche 9RD 4.6 L Turbo V8 Hybrid
2
BMW M Team WRT
BMW M Hybrid V8
BMW P66/3 4.0 L Turbo V8 Hybrid
2
Alpine Endurance Team
Alpine A424
Alpine 3.4 L Turbo V6 Hybrid
2
Ferrari AF Corse
Ferrari 499P
Ferrari F163 3.0 L Turbo V6 Hybrid
2
AF Corse
Ferrari 499P
Ferrari F163 3.0 L Turbo V6 Hybrid
1
Lamborghini Iron Lynx
Lamborghini SC63
Lamborghini 3.8 L Turbo V8 Hybrid
1
Peugeot TotalEnergies
Peugeot 9X8
Peugeot X6H 2.6 L Turbo V6 Hybrid
2
Proton Competition
Porsche 963
Porsche 9RD 4.6 L Turbo V8 Hybrid
1
Ако ги претвориме во бројки овие новини кои се воведуваат за сезоната 2024, тогаш нема двојби дека Светскиот шампионат во трки на издржливост изгледа импресивно. На стартот на воведот во сезоната кој ќе се одржи на 24 и 25 февруари на патеката во Лусаил – Катар и каде во едно впечатливо шоу ќе биде претставен караванот на WEC за 2024 година, во класата Hypercar ќе се појават 9 производители со вкупно 19 автомобили. Од нив Porsche ќе има 5 автомобили распоредни низ 3 тима, Ferrari ќе биде со 3 автомобили, Alpine, BMW, Peugeot и Toyota со по 2 автомобили, а Cadillac, Isotta Fraschini и Lamborghini со по 1 автомобил. Во класата LMGT3 ќе појават 18 возила, исто така, од 9 различни производители. И во оваа класа се повторуваат имињата на Ferrari, Lamborghini, BMW и Porsche, но интересно за неа е што дополнително копја ќе кршат и Aston Martin, McLaren, Lexus, Chevrolet и Ford. • Љубомир Анастсовски
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
47
| СПОРТ
WRC – Вовед во сезоната 2024
ЗНАЧАЈНИ НОВИНИ ЗА ВОЗБУДЛИВА СЕЗОНА ИЗМЕНИТЕ ВО СПОРТСКИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ ПРАВИЛА КОИ ГИ ПРЕДВИДЕ FIA ЗА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ, ЗАЕДНО СО НОВИОТ КАЛЕНДАР И НОВИНИТЕ ВО ТИМОВИТЕ ТРЕБА ДА ЈА НАПРАВАТ ГОДИНЕШНАТА СЕЗОНА 2024 УШТЕ ПОИНТЕРЕСНА ЗА СЛЕДЕЊЕ.
В
озбудливи новини ќе ни приреди Светскиот шампионат во рели во годинешната сезона. Новини кои треба да ја зголемат конкурентноста меѓу тимовите и екипажите и со тоа да го направат ова врвно натпреварување во мотоспортот уште поинтересно за постоечките љубители на релито, но и привлечат нови фанови кои ќе се заразат со возбудливата рели-треска. Измени има и во спортските правила, но и во техничките. Секако без измени не останува ниту календарот кого во целост го објавуваме во табела. И тимовите не остануваат со куси ракави кога станува збор за новините, и сигурно нема да не остават да заспиеме. Измените кај нив ставаат шлаг на тортата кој ќе ја направи оваа сезона 2024 да биде уште поинтересна. НОВ СИСТЕМ НА БОДУВАЊЕ Спортските правила носат нов систем на бодување кој кај некој од возачите разбуди одредени контроверзии, но управувачкото тело на FIA уверува дека доколку се покаже потреба од измени тие ќе се прават во од. Идејата зад новиот бодовен систем е да се подобри забавниот дел на последниот ден од релито. Имено во досегашниот систем возачите
48 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
во недела често калкулираат со брзината со цел да ги сочуваат гумите за последниот Power-брзински испит на кого се доделуваат бонус поени за најбрзите петмина. Така на пример победникот на релито кој ќе заработи 25 бода од победата, има прилика да заработи уште максимални 5 бода на последниот Power-испит. Годинава ова ќе се смени со цел да се натераат екипажите да дадат сè од себе и на последниот ден од релито, место да калкулираат. Според новиот систем бодувањето ќе биде поделено во два сегменти меѓу сабота и недела. На крај од денот, во сабота ќе се доделува следната низа од бодови соодветно за освоената позиција: 18 – 15 – 13 – 10 – 8 – 6 – 4 – 3 – 2 – 1. На крај од релито во недела ќе се доделуваат останатите бодови: 7 – 6 – 5 – 4 – 3 – 2 – 1. Додека бодовите што можат да се освојат на последниот Power-испит остануваат: 5 – 4 – 3 – 2 – 1. Така победникот на крај од релито повторно ќе може да освои 25 бода плус 5 бода доколку победи на испитот Power. Важно е да се напомене дека екипажот ќе заработи поени во сабота само доколку го заврши релито во недела. Ако се откаже во недела бодовите од сабота ќе му бидат одземени и ќе бидат доделени на следниот најдобро пласиран екипаж. Победникот на релито останува да биде одреден според најдоброто време постигнато од старт до цел. Според От Танак со овој систем победата на рели има многу помало значење бидејќи може да се случи победникот на релито да освои помалку бодови од другите натпреварувачи. НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВОЗИЛАТА За да се подобри конкурентноста и да се направи највисоката класа Rally1 да биде подостапна така што ќе се намалат трошоците за влез во неа, управувачкото тело на FIA одлучи годинава во класата Rally1 да се натпреваруваат и возила кои немаат хибриден погон. На овој начин ќе се овозможи возилата од класата Rally1 да се натпреваруваат и на регионалните рели настани, а не само во Светскиот шампионат. Возилата кои нема да имаат хибриден погон ќе мораат да носат баласт со еднаква тежина која на возилото ја додава целосниот хибриден систем. Воедно отсуството на хибридниот систем ќе ја намали моќноста на
СПОРТ |
Тимови со екипажи * возат скратена програма
Систем на бодување во 2024 година ПОЗИЦИЈА
БОДОВИ ЗА ОСВОЕНА ПОЗИЦИЈА ВО САБОТА
БОДОВИ ЗА ОСВОЕНА ПОЗИЦИЈА ВО НЕДЕЛА
POWER - ИСПИТ
1
18
7
5
2
15
6
4
3
13
5
3
4
10
4
5
8
6
ТИМ
ВОЗАЧ Грегори Манстер
Луис Лоука
Ејдриен Формо
Александар Кориа
Тиери Нувил
Мартин Вајдаг
2
От Танак
Мартин Јарвеоја
3
1
Есапека Лапи*
Јане Ферм
6
2
-
Дани Сордо*
Кандидо Карера
7
4
1
-
Андреас Микелсен*
Торстајн Ериксен
8
3
-
-
Елфин Еванс
Скот Мартин
9
2
-
-
Такамото Катсута
Арон Џонстон
10
1
-
-
Кале Рованпера*
Јона Халтунен
Себастијан Ожие*
Винсент Ландаи
возилото за околу 100 КС. Тие што ќе се натпреваруваат без хибриден систем нема да бидат квалификувани да се бодуваат за шампионатот, иако можат да бидат поддржани од производителите. На овој начин во FIA веруваат дека ќе се намали празнината која се чувствува меѓу категориите Rally1 и Rally2. За дополнително кратење на трошоците во 2024 година тимовите повеќе немаат на располагање девет нови хибридни системи по автомобил во текот на сезоната кои можат да се менуваат по потреба. Бројот е скратен на само три нови системи за цела сезона. КАЛЕ РОВАНПЕРА ПАУЗИРА Голема вест која доаѓа од тимот на Toyota е одлуката на двократниот светски шампион Кале Рованпера годинава да паузира, токму кога се наоѓа на врвот од својата возачка кариера. Секако младиот Финец нема целосно да отсуствува од шампионатот. Ќе вози скратена програма која треба да му помогне да ги наполни батериите и целосно да атакува на нова титула во 2025 година. Тој ќе го дели возачкото место со Себастијан Ожие, додека Такамото Катсута која лани возеше скратена програма ќе вози полна сезона. За Јапонецот ова е одлична шанса да се докаже. Паузата на Рованпера отвора можност за останатите возачи во шампионатот да стигнат до титула. Прв е неговиот тимски другар Елфин Еванс кој три години по ред завршува втор на крајот од сезоната. Но, тука се и гладните за титула од тимот на Hyundai: Тиери Нувил и От Танак. Естонецот после едногодишниот излет во тимот на M-Sport Ford се враќа во тимот на Hyundai уверен дека Корејците годинава имаат победничка машина. Тие имаат и најмногу возачи. Дури пет екипажи ќе ги бранат боите на Hyundai годинава. Голема новина во тимот е минатогодишниот шампион од категоријата WRC2 Андреас Микелсен кој ќе вози скратена програма и ќе го дели автомобилот со Есапека Лапи и Дани Сордо.
M-Sport Ford
СОВОЗАЧ
Hyndai
Toyota
WRC календар за 2024 година РУНДА
НАСТАН
ДАТУМ
1
Рели Монте Карло
25 – 28 јануари
2
Рели Шведска
15 – 18 февруари
3
Сафари Рели Кенија
28 – 31 март
4
Рели Хрватска
18 – 21 април
5
Рели Португалија
9 – 12 мај
6
Рели Италија Сардинија
30 мај – 2 јуни
7
Рели Полска
27 – 30 јуни
8
Рели Латвија
18 – 21 јули
9
Рели Финска
1 – 4 август
10
Акрополис Рели Грција
5 – 8 септември
11
Рели Чиле
26 – 29 септември
12
Рели Централна Европа
31 октомври – 3 ноември
13
Рели Јапонија
21 – 24 ноември
место воведува два нови настани. За првпат во шампионатот ќе се возат релито на Полска и релито на Латвија, додека дел од настаните ги менуваат местата во календарот. • Љубомир Анастасовски
РЕЛИ ПОЛСКА И ЛАТВИЈА НА РЕПЕРТОАРОТ Годинава календарот на Светскиот шампионат во рели со цел да ги проширува хоризонтите и да вклучува нови настани со нова публика ги става во мирување релито на Мексико и релито на Естонија, и на нивно
02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
49
| АМСМ
BUSINESS ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ
ВАШИОТ БИЗНИС НИКОГАШ ДА НЕ ЗАСТАНЕ ПРОБЛЕМИТЕ СО СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА И ДЕФЕКТИТЕ НА ПАТ СЕ ЗАЛУДНО ПОТРОШЕНО ВРЕМЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАШИОТ БИЗНИС. ИАКО ВАКВИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ ДЕЛ ОД РАБОТЕЊЕТО, ОДЛУКАТА КАКО И КОЛКУ БРЗО ЌЕ ГИ РЕШАВАТЕ, ВЛИЈАЕ ДИРЕКТНО НА УСПЕХОТ НА ВАШИОТ БИЗНИС. АМСМ Business членството е наменето за сите правни лица, без оглед дали станува збор за големи, средни или мали компании, а се однесува на патнички и лесни комерцијални возила со вкупна маса до 3,5 тона. АМСМ Business членската картичка гласи на возило, и услугите вклучени може да се користат за тоа службено возило, без разлика кој истото го управува. Зависно од тоа каде службените возила најмногу се користат, во земјава или надвор, за патувања низ Европа, можете да изберете Business или Business Europe Premium членска картичка. Еве неколку ситуации во кои АМСМ Business членството брзо и едноставно ќе ги реши вашите проблеми со службените возила на пат, а сè што треба да направите е да повикате 196: - Се дупнала гума, се испразнил акумулатор или едноставно возилото не стартува од некаква причина... Каков било дефект и да се случи со службеното возило, добивате бесплатна помош на пат било каде во Македонија.
50 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
- Во случај на посериозен дефект на службеното возило, кој не може да се отстрани на лице место, добивате бесплатен пренос (шлепување) до 200км во двете насоки сметано од местото на тргнување на шлеп возилото. - При сообраќајна незгода со службено возило добивате бесплатно шлепување, неограничено во километри на целата територија на државата и покривање на патни трошоци до износ од 1.000ден. Дополнително, за службеното возило кое поседува АМСМ Business членска картичка добивате попуст на сервисни услуги (работна рака и резервни делови), а добивате и бесплатна зимска и летна проверка која ви гарантира соодветна сезонска подготовка на службеното возило и безгрижни службени патувања. Да станете АМСМ Business член е мудра деловна одлука со која ќе ги решите секојдневните проблеми со вашите службени возила на пат, брзо, едноставно и со пониски трошоци.
САМО УБАВИ СПОМЕНИ ОД СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ! БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување. Патничкото осигурување важи на територијата на цела Европа. 02/3181-108
www.amsm.mk 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
51
ЗОШТО ОСИГУРУВАЊЕ ПРЕКУ МОБИЛИТИ БРОКЕР Е ПАМЕТЕН ИЗБОР?
СИТЕ ОСИГУРУВАЊА НА ЕДНО МЕСТО
ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОНУДА ОД СИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАТА
БЕСПЛАТНО ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОТШТЕТНИ ПОБАРУВАЊА
УСЛУГИТЕ НА МОБИЛИТИ БРОКЕР СЕ БЕСПЛАТНИ И НЕ ВЛИЈААТ НА ЦЕНАТА НА ВАШЕТО ОСИГУРУВАЊЕ. 02/3181-405 52 02.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.mobilitybroker.com.mk