ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | АПРИЛ 2024 БР. 72 www.amsmklubmobiliti.mk Тест на летни гуми ВО ГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ Светско првенство во Формулa 1 ОД ХИРУРШКА САЛА ДО Ф1 ПОБЕДА ВО 14 ДЕНА Претставуваме LOTUS ELETRE R ЕЛЕКТРИЧЕН ШОК ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ЖИВОТ
ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска
РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија
Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Сиљан Аврамовски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член)
Димитар Пендов
Митко Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски
Љубомир Анастасовски
Данчо Здравковски
Андријан Трипунов
Александар Табаковски
Игор Ландсберг
ТИРАЖ: 10.000 примероци
ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје
БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716
ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264
ISSN 1857-6133
ВНИМАВАЈТЕ НА ПРАВИЛАТА!
Tоплите априлски денови се вистински предизвик за патување, па нашите улици и патишта ќе бидат преполни со автомобили, пешаци, велосипеди, особено со мотоцикли. Управувањето со возилата на две тркала претставува задоволство, но и овозможува брзо и економично движење. А возењето возило на две тркала во урбана средина, можеби ќе ви овозможи брзо да ги завршите обврските, но би можело да се рече и нездраво од еколошки аспект и ризично од безбедносен. Токму бројот на овие возила го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди, во кои најчесто страдаат младите, особено ако не се придржуваат кон основните препораки за безбедно учество во сообраќајот. Овие превозни средства треба да бидат технички исправни, односно да имаат исправни сигнални уреди и сопирачки, за што доказ е нивната регистрација. Возачите и оние што се возат на мотоцикли задолжително треба правилно да носат соодветни хомологирани заштитни шлемови. Пожелно е да се избере заштитна опрема од рефлектирачки материјали со силни бои. Се препорачува редовна контрола на нивната техничка исправност, почитување на ограничувањето на брзината, навремено сигнализирање, внимателно возење. На возачите им се советува да не возат уморни, под стрес, под дејство на алкохол или дрога. Ова е период кога мора да ги замените пневматиците за претстојната сезона, па ви претставуваме значителен избор на пневматици со нивните перформанси. Ќе може да ги дознаете и најновите резултати од тестот на летни гуми за 2024 година, според кој на врвот се наоѓаат само оние што ги исполнуваат сите услови за најдобра оцена. При промена на зимски со летни пневматици, искористете го попустот од 30 % на вулканизерските услуги што е достапен ексклузивно за АМСМ членовите и заштедете! Притоа, потсетуваме да ја проверите состојбата во која се наоѓаат летните пневматици и да не заборавите дека дотраените гуми значително ја загрозуваат вашата безбедност во сообраќајот. Не смееме да престанеме да потсетуваме на основните правила во сообраќајот, како за младите, така и за искусните возачи што поради стекнатата самоувереност се обидуваат да ги заобиколат или занемарат. Несреќите и понатаму се случуваат и затоа е многу важно да се обрне внимание на грижливото однесување на патиштата.
Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во мај 2024 во печатена верзија на вашата домашна адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник
3 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“. АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание
Почитувани
ВОВЕД
SAVA VOYAGER FULDA
4 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ПОМОШ НА ПАТ 02/3181-133 www.amsm.mk Пат увајте БЕЗГРИЖНО! ЛЕТНИ ГУМИ ОД ПОГОРЕНАВЕДЕНИТЕ БРЕНДОВИ СЕ ДОСТАПНИ НА ВАШЕ БАРАЊЕ ВО АМСМ СЕРВИСОТ ЗА АВТОМОБИЛИ, ЛОЦИРАН ВО РАМКИТЕ НА АМСМ ЦЕНТАР – СКОПЈЕ.
Н ОВОСТИ
„МАГМА“ НОВА МАРКА ВО СВЕТОТ НА АВТОМОБИЛИТЕ (!?)
ОБНОВУВАЊЕ ЗА МОДЕЛОТ „ВИТАРА“
СТИЛ
ДОЛЧЕ ФАР НИЕНТЕ, УБАВИНАТА НА ПРАВЕЊЕТО НИШТО КАКО МОДУС ВИВЕНДИ
HI-TECH
НАЈНОВО ЛЕТАЛО НАРЕЧЕНО „ЛУФТ ПИНОЈ“
АВТО-МОТО
АВАНТУРИСТИЧКИ ДУХ
УБАВИНАТА ПРЕД С È
ПАТУВАЊЕ
КАДЕ ШТО СЕ НАЈУБАВИТЕ
ЕГЗАМПЛАРИ ВО СТИЛОТ НА
БАРОКОТ ВО СИЦИЛИЈА
ВОЛШЕБНИК ВО СВЕТОТ
НА ДИЗАЈНОТ
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
ВО ГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ
АУТСАЈДЕРИТЕ ГИ
ИЗНЕНАДИЈА ФАВОРИТИТЕ
МАРТИН Е НОВ ЛИДЕР
НА МОТО ГП
5 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
7 11 50 58 16 22 46 44 33 36 38 36 38 56 10 22 44 46
ИСТОРИЈА СПОРТ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕВРОПА
ДРЖАВА ВИЗА ЗЕЛЕН КАРТОН
ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО ВОЗИЛО
МЕЃЕНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
СЛОВЕНИЈА НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост ДА
НЕ - За влез во Србија од
26.02.2012 со Спогодба се
СРБИЈА
овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски
лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Србија користете пасош ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост
ТУРЦИЈА НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост
НЕ - Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи - меѓународната возачка дозвола не е потребна.
УКРАИНА НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост ДА
УНГАРИЈА НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост ДА
ФРАНЦИЈА
ХОЛАНДИЈА
ЦРНА ГОРА
НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост НЕ
НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост ДА
НЕ - Со спогодба е овозможено
преминување на границата
на државјаните на двете
земји со биометриски лични
карти. Доколку патувате за
трета земја (пр. Хрватска), при
влез во Црна Гора користете биометриски пасош. ДА ДА
НЕ - Според билатералниот
договор за взаемно признавање на националните возачки
дозволи - меѓународната
6 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА
возачка дозвола не е потребна. Еколошка такса повеќе не се наплаќа. ЧЕШКА НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост ДА ШВАЈЦАРИЈА НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост ДА ШВЕДСКА НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост ДА ШПАНИЈА НЕ ДА ДА - ако возилото не е во лична сопственост НЕ - Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи - меѓународната возачка дозвола не е потребна.
GENESIS GV 60 MAGMA
„МАГМА“ НОВА МАРКА ВО СВЕТОТ НА АВТОМОБИЛИТЕ(!?)
Корејскиот производител на автомобили познат под името Хјундаи започна со работа во 1967 година, односно тогаш го лансираше својот прв автомобил. Кај нас Хјундаи за првпат стаса со моделот „пони“ и постигна солиден успех, а по него дојдоа и другите модели. Упорноста и квалитетот вродија со плод и Хјундаи денес е трет во светот по број на произведени автомобили, зад Тојота и Фолксваген. Неговата моќ ја потврди и со создавање сосема нова марка Генезис во 2015 година, припадник на премиум класата. Сето тоа му е малку и сега нештата одат уште понапред. На крајот од март марката Генезис лансираше подмарка или подобро да ја наречеме колекција со име Магма. Преку таа подмарка или колекција, Генезис сака да ги помести границите во автомобилската индустрија на друго ниво. За таа цел претстави концепт „гв 60 магма“, односно сув моделот „гв 60“ го претвори во нешто како спортско купе. Пониска силуета, пошироки траги од тркалата и портокалова боја која во иднина ќе послужи како заштитен знак на подмарката Магма.
SKODA EPIQ
ШКОДА НАЈАВУВА ЕВТИН „СУВ“
Некој
од некого позајмува стратегија, потоа ќе ја прилагодува за свои потреби и на крај сето тоа ќе го употреби за остварување на својата цел. Дачија од таканаречен аутсајдер стана една од најпродаваните марки на континентов. Останатите се најдоа во небрано и сè уште се мислат што да прават. Цените им се високи, а тоа предизвикува спора продажба. Прв производител кој се сети да ја примени истата тактика е Шкода. Концептот „епик“ покажува дека чешкиот производител на автомобили забрзано се подготвува концептот „епик“ да го пушти во сериско производство. Кога ќе се случи тоа сè уште не се знае, нема никакви најави, но позната е должината на „шкода епик концепт“, 4,10 м и оддел за товар со зафатнина од дури 490 л. Погон електричен, а можеби ќе биде и хибриден, но каков и да е, официјално од Шкода најавуваат цена од 25.000 евра. До пред неколку години со горе наведената сума можевте да купите три (3) „фиат панди“ (основен модел), а сега сите производители ја „вртат“ таа сума од 25.000 како издржана. Да оставиме да видиме што ќе се случи, дали серискиот модел достојно ќе парира на соодветниот модел од Дачија и дали уште некој производител ќе се приклучи на оваа тактика со („прифатлива“) цена од 25.000 евра или ќе понуди уште пониска. •
Концептот „гв 60 магма“ беше претставен пред светската јавност на неколку денови пред саемот во Њујорк отворен на 29 март. Зад оваa приказна на Генезис стои лично креативниот директор на Генезис, Лук Донкерволке, одговорниот за дизајн во Хјундаи. На прашањето дали концептот ќе влезе во производство и кога, Л. Донкерволке одговорил дека тоа набрзо ќе се случи, не прецизирајќи апсолутно ништо. Магма е еднакво на видоизменати спортски изведби од постоечките модели на Генезис, така нас ни се чини. И сега си го поставуваме прашањето дали подмарката Магма подоцна ќе заживее како сосема самостојна марка во големото семејство на Хјундаи? •
7 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk НОВОСТИ |
НАЈАВА НА САЛОН ЗА АВТОМОБИЛИ ПЕКИНГ 2024
НА САЕМ ВО ПЕКИНГ ПО 18. ПАТ
Толку многу ги има што е невозможно да се соберат на една изложба. Најновите податоци велат дека во Кина има помеѓу 140 и 150 марки на автомобили. Засега не е познато колку од нив ќе изложуваат, а истото важи и за странските марки. Овој пат саемското мото е „Нова ера нови автомобили“. Големата петорка од автомобилската индустрија полека почна да се ситни, Женева помина и сега на ред е Пекинг. Овој саем за првпат е организиран во 1990 год. и се одржува секоја втора година. Досега саемот 17 пати ги отворал вратите за изложувачите и посетителите, а годинава ќе ги отвори по 18. пат. Специфично е тоа што на почетокот странските изложувачи речиси и да ги немаше, но како одминуваа годините нив ги има сè повеќе и повеќе. И тогаш и сега главни беа кинеските производители, а како нема да бидат кога се на домашен терен. Според најновите статистички податоци во Кина постојат 140 активни марки на автомобили од кои 97 се домашни, а 43 се со заеднички вложувања од странски компании со кинески. И сега доаѓаме до следново, ако секој од производителите изложи по три модели, на саемот ќе има собир од 420 автомо-
били. А каде се странските изложувачи? На секој автомобил да посветите по 30
секунди, вам ќе ви требаат 210 минути или три часа и 30 минути да ги видите сите. Сепак за некои автомобили ќе ви бидат потребни повеќе од 30 секунди , така што и тие 210 минути ќе ви бидат малку... Сега можете да замислите која гужва ќе биде за време на изложбата која ќе се одржи од 25 април до 4 мај, а ќе бидат прикажани: концепти, потоа патнички возила, возила за посебна намена, на пример пожарникарски, чистачи на снег, собирачи на отпад итн. На други штандови ќе се објаснува производствениот процес, на други ќе се дискутира за дизајнот, а на трети ќе се објаснува употребата на високата технологија и компјутерите во оваа индустрија, ќе биде изложена најнова опрема за изработка на автомобили заедно со најновите материјали, а ќе има и штандови на кои ќе биде објаснето како и на кој начин се заштитува животната средина при производниот процес. За тие што сакаат што подобро да го одржуваат и сервисираат возилото, за нив ќе има совети од врвни конструктори. Како и на минатите изданија, така и на ова (18-то), се очекува домашните изложувачи да бидат најбројни. Ќе биде интересно да се види списокот на странските изложувачи и истиот да се спореди со тој од саемот што неодамна заврши во Женава на кој имаше само 11. •
9 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk НОВОСТИ |
PEUGEOT
5008 ВО НОВО РУВО
Кога
некој модел е обновен или, пак, заменет со нова генерација, купувачите прво што прашуваат е во врска со цената. Дали новиот модел е поскап од досегашниот и за колку. Цените за новата „пет илјади и осумка“ сè уште не се објавени. Продажбата треба да започне на крајот од летото и почетокот на есента, така што можно е некаде на лето да бидат објавени ориентациони цени. Продажбата на „сув“ возилата со години е во нагорна линија, па сега „сув“, „сав“, „кросовер“, „ситикрузер“, „урбанкрузер“ и на нив сличните се во мода. Затоа Пежо со време го обнови моделот 5008 кој отсега натаму има седум седишта.
Во должина од 4,79 м, ширина 1,89 и висина 1,69 м, конструкторите успеале да сместат седум седишта и багажен простор од 259 л. Без третиот ред седишта багажникот има зафатнина од 748, односно 1.815 л кога потпирачите од вториот ред седишта се спуштени. За целосната електрификација се
две погонски единици кои испорачуваат три силини, 210, 230 и 320 КС и сите со погон на четири тркала. Покрај нив има една со умерен хибриден
BMW VISION NEUE KLASSE X
ВИЗИЈА ЗА НЕШТО НОВО ВО „СУВ“ КЛАСАТА
Концептот „вижн ное класе икс“ всушност го претставува планот на БМВ за иднината на неговите возила кои допрва треба да се појават во продажните
салони, но воедно е и продолжение на концепт идејата воспоставена уште од претставувањето на лимузината „вижн ное класе“. Со концепт лимузината најавија каква ќе биде иднината на главниот облик, а со концептот „икс“ ги најавуваат идните „сув“ возила и се разбира, сето тоа електрифицирано. Концептот има нови батерии кои се полнат за покусо време, односно брзината на полнење е поголема за цели 30 отсто. Теоретски време од 10 мин. е еднакво на пат од 300 км. Дали тоа ќе биде баш така, ќе видиме кога БМВ ќе ги вгради овие батерии во сериските возила. Приметувате, сега препознатливите „бубрези“ се во големина и облик како што беа некогаш. Најавуваат влегување на овој концепт во сериско производство во 2025 год. и тоа во фабричките хали во Дебрецин, Унгарија. Како што поминува времето, Унгарија е на пат да стане една од најважните одредишта за автомобилската индустрија. По овој сув треба да се појават уште пет и сите ќе бидат електрифицирани, а некои од нив целосно. Малку е чудно што во толку кус временски период БМВ исфрли неколку концепти и сериски возила со неколку различни маски. Можеби го испитува трпението на купувачите и воедно си прави некој вид анкета со цел да види која маска ќе добие најмногу гласови. •
10 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
погон со 136 КС и една со „плаг ин“ хибридна изведба со 195 КС. •
грижат
SUZUKI VITARA
ОБНОВУВАЊЕ ЗА МОДЕЛОТ „ВИТАРА“
Икако
што одат работите во автомобилската индустрија, по околу четири години продажба на новиот модел, „сузуки витара“ стаса до фазата обновување, (рестилизација или редизајн). Малку повеќе измени на предниот дел, нови светла, нова маска и по некоја линија, а назад речиси е непроменето, додека внатре имаме поголем екран, односно 9.0 инчи, а досегашниот беше 7,0 инчен и збогатена опрема со безбедносни електронски уреди.
Ако прашувате за погонските единици тие се исти, два бензински мотори 1,4 и 1,5 л со умерена хибридна технологија, а од безбедносната опрема, електронската, присутни се следниве уреди: приспособлив темпомат, уред кој открива замор кај возачот, предупредување ако возачот премине од една во друга лента, распознавање на сообраќајните знаци, предупредување доколку возачот ја надмине максимално дозволената брзина, подобрен уред за автоматско вклучување на сопирачките итн. Тоа е накусо обновената „витара“, а нејзино појавување во продажните места ќе се случи ова лето. И уште нешто, димензиите се сè уште тие истите со мали измени и имајте на ум дека „витарата“ со димензиите е зад моделот „с - крос“. Имате изведба со погон на сите тркала или ,пак, со погон само на предните. Цена? И таа треба да биде во ист сооднос како и димензиите, мало отстапување во плус, но најдобро е да се информирате кај увозникот. •
НОВОСТИ |
ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА
НОВАТА PORSCHE PANAMERA, ОФИЦИЈАЛНО ПРЕТСТАВЕНА И НА НАШИОТ ПАЗАР
Официјалниот
почеток на настанот го најави Генералниот директор на Порше Македонија – Златко Муцунски, „Ви посакам големо добредојде додека тргнуваме на возбудливо патување во светот на автомобилската извонредност со откривањето на најновото ремек дело од Porsche: новата Porsche Panamera. Со децении, Porsche е синоним за иновација, прецизност и немилосрдна потрага по автомобилско совршенство. Со секое ново издание, Porsche продолжува да ги редефинира границите на перформанси и луксуз, а новата Panamera не е исклучок“. Деталната презентација на новиот модел беше изведена од страна на Бренд Менаџерот на Porsche – Винко Марашевиќ, кој изјави: „Наследството на Porsche е она што е дефинирано со немилосрдните иновации, непоколебливата посветеност на извонредноста и непопустливата страст за уметноста на возење. И со новата Panamera, Porsche уште еднаш го подигнува нивото, поставувајќи нови стандарди во перформансите, луксузот и технолошкиот напредок...“
ЛУКСУЗНО И СПОРТСКО ВНАТРЕ И НАДВОР Новата Panamera ги задржува карактеристичните линии и пропорции на моделската линија. Должината изнесува 5.052 mm, ширината е 1.937 mm и висината изнесува 1.423 mm. Фундаментално обновениот изглед му дава на спортскиот седан уште поизразен и спортски изглед. Напред, дополнителен довод на воздух над регистарската табличка компензира за зголемената потреба за воздух на погонските системи. Редизајнираната линија на прозорците во страничниот поглед го зајакнува лимузинскиот карактер на спортскиот автомобил со четири врати. Надворешните рабови на задното стакло се на исто ниво со контурата на каросеријата, создавајќи хармонични линии на задниот дел од автомобилот. Концептот на Porsche Driver Experience во кокпитот се одликува со идеална рамнотежа помеѓу дигиталните и аналогните контролни елементи и ги позиционира влезните и излезните елементи неопходни за возење по оската на возачот. Рачката на менувачот се наоѓа веднаш десно од воланот. Прекинувачот на режимот за програмите за возење Normal, Sport и Sport Plus и контролните рачки за помош се, исто така, директно достапни за возачот. Ова значи дека возачите не треба да го тргаат погледот од патот за да ги приспособат програмите за возење и системите за помош.
СИСТЕМИ ЗА СУСПЕНЗИЈА Новата Panamera доаѓа со двокоморно воздушно потпирање со два вентили со Porsche Active Suspension Management (PASM) како стандард. Технологијата за контролата на амортизерите
при динамично возење. Дополнително, иновативната активна суспензија на Porsche Active Ride
е достапна како опција за моделите E Hybrid. Овој систем ги надминува сите други познати системи на суспензија и нуди невиден дијапазон на можности помеѓу удобноста и динамиката при возењето. Системот за воздушно потпирање со една комора, пак, е заштеда на тежина и така ја надополнува оваа технологија. Суспензијата го одржува телото на Panamera на ниво во секое време, дури и при
12 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
СУПЕРИОРНО
нуди уште поширок опсег помеѓу удобноста и динамиката. Системот значително ги намалува вибрациите од нерамнините на патот, а во исто време обезбедува поголема стабилност
ЧУВСТВО СО НАЈСОВРЕМЕНИТЕ
сопирање. Е-PERFORMANCE Porsche нуди четири ефикасни E-Hybrid погонски единици за новата Panamera, како одговор на големата побарувачка за овој тип на погонски систем. Сите E-Hybrid варијанти во новиот модел имаат поголеми перформанси, опсег и ефикасност. Срцето на неговиот погон е фундаментално ревидираниот четирилитарски V8 турбо мотор. Моќноста на новоразвиениот електричен мотор е 140 kW (190 КС). Заедно создаваат системска моќност од 500 kW (680 КС). Вртежниот момент на системот достигнува 930 Nm што овозможува забрзување од 0-100 за 3,2 секунди и максимална брзина од 315 km/h. Porsche го интегрира електричниот мотор во куќиштето на сеопфатно редизајнираниот осум-брзински PDK менувач со двојна спојка. •
динамично
ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА
ДОМАШНА ПРЕМИЕРА ЗА НОВАТА
ŠKODA SCALA – СПОРТСКИ И ДИНАМИЧЕН ИЗРАЗ
ŠKODA SCALA И KAMIQ
Моделот Scala сега изгледа поспортски и подинамичен, а тимот на Škoda Design го постигна тоа првенствено со модернизирање на надворешноста со голем број софистицирани детали. Целокупната форма на автомобилот останува иста, но Scala доби редизајнирана решетка на ладилникот, предни и задни светла и браници. Scala сега има потполно нов дизајн на дневните светла и графика на задните светла кои го прават автомобилот лесно препознатлив од далечина. Новата решетка на ладилникот има нова октагонална форма и е повертикално поставена, нагласувајќи ја агилноста на моделот. Дизајнерите овде ја истакнале играта на светлина и сенка, па предните елементи на новата решетка се сјајни, додека останатите површини се мат. Динамичниот карактер е нагласен со целосно новите светла. Кај новата Scala, за првпат во овој сегмент се користи нова LED Matrix технологија, а Full LED светлата доаѓаат стандардно кај сите верзии. Промените на браникот повторно се поврзани со поспортски изглед, а светски познатиот чешки кристал е главен извор на инспирација за дизајнерите на Škoda. Браникот има прецизни, остри рабови и карактеристично обликување на отворите за воздух. Структурните елементи во решетката на ладилникот добија поизразено обликување во форма на дијамант кои фаќаат и рефлектираат светлина. Во дизајнот е инкорпорирана врвна функционалност на аеродинамика која резултира со намален воздушен отпор. Тркалата на автомобилот се, исто така, аеродинамични. Нивниот дизајн е преземен од концептот Vision RS, овие тркала ја подобруваат аеродинамиката и ја намалуваат потрошувачката на гориво. Ова покажува дека дури и функционалниот дизајн може да биде привлечен. Назад, веднаш се забележува новото лого на Škoda, а видливи се и промените на задните светла и браникот. Идејата е иста како и напред: светлата се потесни и подинамични, а браникот има поостри линии и нов, преработен дифузор. Паметниот дизајн на браникот значи дека автомобилите со и без влечна кука изгледаат исто - браникот не се разликува. Тоа е една од добро познатите Simply Clever дизајнерски карактеристики. Внатрешноста на Scala е, исто така, обновена: автомобилот сега ќе биде достапен во три нивоа на опременост и вкупно шест опции за внатрешни детали. Дигитална инструмент табла (8 или 10,25 инчи) е стандардна, инфозабавниот систем на автомобилот може да има дисплеј од 8,25 или 9,2 инчи. Под хаубата има модерни и економични TSI evo2 мотори со зафатнина од 1.0 литри со моќ од 95 КС или 115 КС поврзани на 5 и 6 степен мануелен менувач или 7 степена DSG трансмисија. Втората опција го нуди 1.5 литарскиот агрегат со сила од 150 КС што е споен на мануелен менувач со 6 степени или 7 степен DSG автоматски склоп.
ŠKODA KAMIQ – РОБУСЕН КАРАКТЕР НА УРБАНИОТ СУВ Модернизацијата поблиску го усогласува Kamiq со неговите поголеми браќа во семејството на SUV на Škoda. Со новата везија, вертикалната архитектура на Kamiq, заедно со неговите робусни браници, го нагласуваат самоуверениот SUV карактер на автомобилот. Двата браници се редизајнирани, а Kamiq добива впечатлива нова предна маска и нови светла. Предната решетка е повисока и поширока, што дава подоминантен целокупен изглед. Новите двојни вертикални перки се, исто така, важни за чистиот дизајн кој го доведува Kamiq поблиску до дизајнот на поголемите SUV модели од брендот. Новите светла имаат нови пропорции. Kamiq сè уште го задржува двојниот вертикален распоред на светлата типичен за теренците на Škoda. Горниот дел со дневни светла сега е потесен, давајќи му врвно технолошки изглед. Овде е применета инспирацијата од популарниот чешки кристал, каде што елементите на дневните светла имаат форма на тродимензионални кристални камења и изгледаат како накит на автомобилот. Предните светла на модернизираниот Kamiq добија нови пропорции, што го менува нивниот карактер. Опционално се достапни и Full LED Matrix светлата на кои се забележуваат интересни графички елементи во пирамидална структура, што повторно го нагласува впечатокот на кристал. Во исто време, повисоката положба на решетката, го истакнуваат изгледот на теренецот. Во предниот дел, браникот има нова решетка што го следи изгледот на поголемите SUV модели од семејството, така што дизајнот е конзистентен. Задниот браник добива нов дифузор со пософистициран изглед. Просторот за кука за влечење е успешно интегриран во браникот на начин што го прави речиси невидлив на прв поглед. Непотребно е да се каже дека надградениот Kamiq има и нова палета на тркала. Во својата внатрешност, акцентот е ставен на еколошки материјали кои полесно се рециклираат и почесто доаѓаат од рециклирани суровини. Ергономијата е, исто така, фундаментално преработена. Клиентите ќе ја ценат контролата на климатизацијата со копчиња и ротациони контроли. Но, тоа не значи дека Kamiq пропушта модерни решенија. Напротив, тие сега се стандардни, дури и основниот модел има дигитална инструмент табла (8 инчи како стандард, 10,25 инчи како опција) или инфозабавен систем со екран на допир (8,25 инчи и 9,2 инчи како опција). Клиентите можат да избираат од три нивоа на опременост
13 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk НОВОСТИ |
и вкупно шест дизајни на внатрешност.
поседува идентичната комбинација на мотори и менувачи како и кај новата Scala од генерацијата evo2 на концернот. Сега стандардно доаѓа со низа системи за помош при возење:
детекција на пешаци, Lane Assist, препознавање сообраќајни знаци и Maneuver Assist. Дополнително, Kamiq може да биде опремен со Side Assist, адаптивен темпомат или адаптивен Lane Assist. Натстандардното решение може да се најде и зад работ на дарежливиот багажен простор: со петтата врата може опционално да се ракува електрично, во тој случај има и функција за виртуелна педала за лесно отворање со движење на ногата под браникот. Продажбата на новите Scala и Kamiq веќе започна. Цените за моделот Scala стартуваат од 18.010 евра и се искачува до 23.650 евра, а СУВ-от Kamiq е достапен од 19.060 евра за основната изведба и оди до 24.230 евра за најмоќната изведба. •
Kamiq ја
Front Assist со
Претставуваме LOTUS ELETRE R
ЕЛЕКТРИЧЕН
ШОК ЗА
ВРАЌАЊЕ
ВО ЖИВОТ БЛАГОДАРЕНИЕ
НА
ТЕХНОЛОГИИ НА LOTUS ELETRE ВОЗЕЊЕТО НА ЕЛЕКТРИКА МНОГУ ПОВЕЌЕ ДОБИВА НА СМИСЛА. НАВИЕНАТА ИЗВЕДБА ELETRE R МАЃЕПСУВА СО СВОИТЕ ПЕРФОРМАНСИ, ВОЗНАТА ДИНАМИКА И БРЗИНАТА НА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИИТЕ. | АВТО-МОТО
ИНОВАТИВНИТЕ
В легувањето во светот на електричните хипер-спортски автомобили со Evija за Lotus беше отворање на вратата за влез во иднината. Нејзините 2000 КС сокриени под вонземниот дизајн воден од потребите на аеродинамиката и овозможуваат да понуди перформанси за пример. Воедно, напредната шасија и лесната градба преточени во возна динамика која мами насмевки со секој изминат километар се елементи кои отсекогаш биле важни за Lotus без оглед што сега електриката ја презема погонската спрега. Токму на овие принципи за постигнување на врвна возна динамика, зачнати од славниот Колин Чепмен, се потпира наследството на Lotus и се пренесува на секој нов модел. Тие подеднакво важат и за првиот хипер-SUV на електричен погон наречен Eletre чија навиена изведба Eletre R маѓепсува со своите перформанси и со возната динамика. SUV од Lotus? Па уште електричен? Самата помисла ги згрозува тврдокорните љубители на марката кои сè уште сонуваат за Lotus полесен од тон со навиен бензинец поставен централно. Но, факт е дека марката која мина низ низа премрежиња низ годините и лани го прослави 75. роденден мора да се сврти кон глобалните текови во колку сака да опстане. Впрочем, и љубителите на Porsche негодуваа за Cayenne, а со него Porsche стана глобален играч. Тоа е намера и на Lotus. Поточно на кинеската мултинационална компанија Geely која го поседува Lotus, и што е уште поважно му дозволува повторно да блеска како во времето на Чепмен.
Под вакви услови доаѓа ултимативниот Eletre R наполнет со врвна технологија, активна шасија и аеродинамика кои поставуваат
репери во сегментот заедно со масивните 905 КС доволни за лов
на стотка во само 2,95 секунди. Името ја следи долгата лоза на имиња на модели на Lotus кои почнуваат на буквата Е, а зборот Eletre значи „Оживување”.
БРЗО ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИИТЕ
Бидејќи Eletre R е наменет за секојдневна употреба, динамиката на живеењето сама по себе го наметнува прашањето околу брзината на полнење на батериите. Lotus го има вистинскиот одговор. Систем со напон од 800 волти кому во однос на вообичаените системи од 400 волти му треба половина од протокот на струја за иста испорака на моќ. Така се скусува времето на полнење, се користат потенки кабли, се подобрува ефикасноста и се генерира помалку топлина. Литиумјонските ќелии не се пакувани во модули, туку ќелиите директно се вметнати во куќиштето. На овој начин се намалува тежината и се зголемува бројот на ќелии на ограничен простор. Густината на пакувањето на батериите дозволува испорака од 175 Wh/kg бројка која во превод овозможува
поголема автономија. Времето потребно за полнење на литиум-јонските батерии со капацитет од 112 kWh изненадува. Без оглед на изведбата приклучен на стандарден домашен приклучок од 22 кW Eletre полни батерија од 0 – 100% за помалку од 6 часа. Брзото полнење на приклучок од 350 kW на мрежата од јавни станици се случува во време од пауза за кафе. Имено од 10 – 80 % батеријата се полни за 20 минути, а во само 5 минути може да се наполни за опсег од 120 km. Мора дека се сложиме дека овие времиња веќе влегуваат во прифатлив тајминг. Исто така и автономијата од 600 km со полна батерија. Плус наоѓањето станици за полнење е лесно благодарение на интелигентниот систем за навигација. Тој не само што ги пронаоѓа, туку кажува и дали се зафатени. АВТО-МОТО |
ПОСТАВЕН ВРЗ ТРКАЧКИ ГЕНИ
Eletre е кулминација на 75 години врвни достигнувања на Lotus на
полето на возна динамика, управување, потпирање и аеродинамика.
Наменет да биде глобален продукт Eletre минал близу 2 милиони километри низ тестови во различни услови од кои добар дел на Северниот круг на патеката Нирбугринг која е репер за фино сетирање на подвозјето и управувањето. Лесната и цврста шасија е добиена со паметно комбинирање на алуминиум и високо легиран челик. Таа е дел од глобалната платформа на Geely на која во иднина ќе бидат поставени низа од премиум електрични возила. EPA – Electric Premium Architecture e модуларна платформа која дозволува висока флексибилност и во случајов е уникатната за Lotus. Од нејзината цврстина доаѓа извонредниот баланс, комфор и рафинираност без оглед дали се вози на пат или надвор од него. Eletre е првиот Lotus кој ќе се прави надвор од В. Британија. Производството е организирано за во фабриката на Geely во Вухан, Кина каде е основан цел технички оддел од инженери на Lotus за управување со производство. Првите серии ќе бидат наменети за кинески пазар.
Eletre се потпира на мулти-линк систем напред и назад со компоненти од лесна легура. Специфичната конструкција ефикасно ги прифаќа
силите на оптоварување и напречно, и надолжно и му овозможува на
Eletre да вози како вистински Lotus. Воздушните пружини со двојни комори и активните амортизери ги прилагодуваат параметрите
1.000 пати во секунда и му овозможуваат на Eletre буквално да дише
со патот. Управувањето за првпат кај еден Lotus е електромеханичко.
Досега Lotus не се откажуваше од хидрауликата. Мина долг пат на
фино дотерување за да обезбеди чиста конекција меѓу возачот и тркалата и брз интуитивен одзив на секое свртување на волан, со 2,5
свртувања открај-докрај.
Два електромотори еден напред и еден назад се движечката сила на Eletre R. Имаат комбинирана моќност од 905 КС и комбиниран вртежен момент од 985 Nm. Обичниот Eletre и Eletre S доаѓаат со 603 КС и 710 Nm со едностепен менувач напред и назад. Кај Eletre R задниот менувач е двостепен за поголема ефикасност при високи брзини. Максималната брзина застанува на 265 km/h иако Eletre R е способен за многу повеќе. Во Lotus сметаат дека многу поважно е како вози, а не колку вози. Затоа кај Eletre R кон погонот на четири тркала
ПОД
АЕРОДИНАМИКА Без оглед на мрсните димензии, 5 метри должина и 2 метри ширина, Eletre R делува лесен и воздушест како спортски автомобил. Дури и
предното стакло со агол од 27° е навалено како кај спортист. Како
и кај Evija формата ја следи функцијата, па така и Eletre R носи
низа т.н. порозни решенија кај кои воздухот буквално минува низ
автомобилот. Воздухот што влегува низ маската излегува низ отворите на хаубата, шкргите зад предните тркала и се насочува под рамниот стомак. Страничното струење минува низ отворите на задните носачи на кровот, а притисокот од под задните тркала излегува низ отворите на задните крила. Внимателно конструиран спојлер во три дела е поставен над задното стакло, а активно крило е сокриено под него. Тоа се подигнува при поголема брзина. Кога ќе се накоси под агол од 18° го смалува отпорот на воздух за 1,8% зголемувајќи го негативниот потисок за 60 kg. Под агол од 32° го смалува отпорот за дополнителни 1,8% а го зголемува негативниот потисок за 112,5 kg. При нагло сопирање се искосува на 34° и делува како воздушна сопирачка.
Внатрешноста е изработена од рециклирани материјали со врвен квалитет и делува благородно. Амбиентално осветлување, меко затворање на врати, систем за подобрување на квалитет на воздух, четири зонски клима уред, местење на седишта во 12 насоки, head-up дисплеј, стакло кое го одвојува задниот дел од кабината се комфорни елементи кои повеќе се очекуваат во луксузни лимузини. Информациски систем со 5G, Apple Carplay и Android Auto нуди бескрајни опции за поврзување. Звукот низ кабината се разлева преку 23 звучници на специјалистот KEF Reference Audio со моќност од 2.160 вати. Евидентно е дека со Eletre возењето
16 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
е додадена векторска распределба на вртежниот момент меѓу тркалата на иста оска и активно управување на задната оска. ДИЗАЈН
АКТИВНА
на електрика многу повеќе добива на смисла. Цената за обичниот Eletre стартува од 95.990 евра, поопремениот Eletre S чини од 120.990 евра, а за ултимативниот Eletre R Lotus бара да се пикне раката уште подлабоко во џеб сè додека не се дофатат почетните 150.990 евра. Сите посебни желби, новиот центар за персонализација на Lotus ќе ги исполни и соодветно ќе наплати. • Љубомир Атанасовски | АВТО-МОТО
НАЦИОНАЛНИОТ ИЗБОР ЗА НАЈПОСАКУВАН АВТОМОБИЛ ВО МАКЕДОНИЈА
ПОБЕДНИЦИТЕ НА ЗЛАТНО ТРКАЛО 2024
Познати се победниците во секоја од категориите на петтото издание на Националниот избор за Најпосакуван Автомобил, Златно Тркало. Гласањето за петтото издание на Националниот избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија дојде до својот крај. Ги добивме победниците во секоја од категориите на Златно Тркало, вклучително и добитникот на Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија. Автомобилските вљубеници и ентузијасти во земјава го дадоа својот придонес во овој избор со својот глас со што се оформи конечната листата на победници. До петокот 31 Март во 23:59 часот, по 14-дневно гласање, циклусот за Златно Тркало заврши со вкупно 20.510 поделени во пет категории. Како и во претходните години, сите финалисти на Златно Тркало беа промовирани подеднакво на социјалните мрежи од страна на организаторите, а по добивањето на конечниот резултат од гласањето, кое траеше од 15 до 31 март (недела) во 23:59 часот, собрани беа вкупно 20.510 гласови добивајќи репрезентативен примерок каков што досега не е забележан кај нас, при што избрани се победниците во секоја од категориите, а тоа се:
– Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија со 39.90% од гласовите – Porsche Panamera
– Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија со 46.20% од гласовите –Audi Q8
– Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 29.49% од гласовите –Mazda CX-60
– Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија со 47.53% од гласовите –Opel Corsa
– Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија со 31.22% од гласовите – Volkswagen ID.7 По иницијатива на Авто Плус, заедно во организација CARClub, Cars by Vik и RPM, Златно Тркало пристигна како уникатен начин за да се избере најпосакуваниот автомобил и опстојува во своето петто издание и веќе израснува во традиционална манифестација.
Кога станува збор за самиот избор, учество можеа да земат сите нови автомобили кои се промовираа на пазарот во изминатите 12 месеци. На конечната листа се најдоа моделите кои овластените импортери одлучија да ги номинираат.
По ова, финалистите беа ставени на гласање пред јавноста, а сите лица во земјава кои имаат пристап до интернет и социјални мрежи можеа да го дадат својот глас, според кој се добива конечниот резултат.
Официјалниот настан за доделување на наградите ќе се одржи на 11.04.2024
година. •
17 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |
Тест: SsangYong Torres Forest Edition FWD AT6
АВАНТУРИСТИЧКИ ДУХ
МАРКАТА SSANGYONG ВО СВЕТОТ Е
ПРЕПОЗНАТЛИВА ПО СВОИТЕ МОДЕЛИ
ШТО СЕКОГАШ СЕ ПОЗИЦИОНИРАЛЕ
ВО КЛАСИТЕ НА ТЕРЕНЦИ ИЛИ SUV
ВОЗИЛА, ДАЛЕКУ ПРЕД ВРЕМЕТО КОГА ОВОЈ ТИП НА ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА СТАНУВААТ НАЈПОПУЛАРНА ОПЦИЈА ВО ДЕНЕШНИОТ АВТОМОБИЛСКИОТ СВЕТ. СЛЕДЕЈЌИ ГИ ГЛОБАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ ЈУЖНОКОРЕЈЦИТЕ ГО ПРОШИРУВААТ СВОЈОТ ОПСЕГ СО ПОТПОЛНО НОВО ВОЗИЛО НАРЕЧЕНО TORRES, ЧИЈА ЗАДАЧА Е ДА СЕ СМЕСТИ ВО ПРОСТОРОТ ПОМЕЃУ МОДЕЛОТ ПОМАЛИОТ KORANDO И ГОЛЕМИОТ REXTON.
| АВТО-МОТО
НОВ ПРАВЕЦ ИНСПИРИРАН ОД СТАРАТА ШКОЛА
Името на моделот Torres доаѓа како инспирација од националниот
парк Torres del Paine во Чиле, што покажува дека овој теренец првенствено е наменет за авантуристички возачи кои бараат за нијанса поцврст SUV претставник. За разлика од останатите модели со слична големина, кои изгледаат премногу софистицирани за да се возат вон асфалтната подлога, Torres изгледа тотално спротивно, како навистина да е направен за возење надвор од патот, изведен со контури што го прават автомобилот да изгледа прилично голем и мошне цврсто. Однапред, тенката решетка на ладилникот со попречни столпчиња му дава изглед кој е директно инспириран од алигаторските заби. Црвениот поклопец на долниот дел од браникот зад кој е скриена алката за влечење и рачките поставени на поклопецот од моторот се функционални детали кои најчесто се сретнуваат кај сериозни оф-роуд возила, а во оваа прилика се единствено вметнати за да го дополнат визуелниот впечаток. Дарежливите пропорции се видливи на профилот од возилото, каде се забележува благото искачување на покривот од втората половина на возилото, a тука е користен уште еден елемент што треба да асоцира на теренските возила. Панелот обоен во сребрена боја кој е поставен веднаш зад Ц-столбот потсетува на минатото, кога теренците на своите страни ги закачувале канистрите со гориво кои им биле потребни за експедициите во непознатите и тешко проодни предели. На задниот дел, Torres има испакнат хексагонален дел од вратата на багажникот што остава впечаток дека под тој дел има сместено резервна гума со кој ја заокружува целината на дизајнот што несомнено наликува на автентичен теренец. Полн со авантуристички каратер и дух кој повлекува на старата школа, Torres го интерпретира новиот правец на градење возила за јужнокорејската марка која
произведува возила од далечната 1954 година.
СОВРЕМЕНО И УДОБНО
Моделот Torres исто како и однадвор кокетира со премиум атмосферата и во својата внатрешност. Тргнувајќи од контролната табла со 12-инчен екран до одличните седишта (греени и вентилирани), сè во овој корејски SUV зрачи со квалитет, во однос на изгледот, но и во однос на чувството. Посебно ќе ја споменеме бојата со која се прекриени седиштата, а истата се протега и низ остатокот на кабината, едноставно остава силен впечаток на современ и удобен простор. Покрај тоа, место има и за модернизам кој ја минимизира употребата на физички копчиња, истовремено обезбедувајќи јасна комуникација. Командувањето со 8-инчниот инфозабавен екран е крајно едноставно и интуитивно, радува фактот што за најважните функции се обезбедени физички копчиња, додека за климатизацијата е обезбеден посебен екран во долниот дел,
19 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |
веднаш пред менувачот. Управувачот е изведен со речиси квадратен облик, иако делува необично не го менува чувството во возење. Torres е големо момче кое има меѓуоскино растојание од 2.680 мм. Затоа, без разлика која врата ќе ја отворите, секогаш ве пречекува многу простор, тоа важи за патниците во првиот и вториот ред кои нема да се пожалат дека немаат доволно место за нозете, ниту дека допираат со главата до кровот. Тука е и багажниот дел, кој располага со најмалку 703 литри, а волуменот може да се зголеми до 1.662 литри (вклучувајќи рамен под за товарење) ако ги преклопите и задните седишта.
РАФИНИРАНА ОПЦИЈА
Под поклопецот на моторот нема изненадување, Torres едноставно го презема проверениот и докажан 1.5 T-GDi агрегат, дизел опција воопшто не постои. Станува збор за четирицилиндарецот помогнат од турбополнач кој развива способни 163 КС и адекватна влечна сила од 280 Nm што се покажа доволно моќно да го повлече нашиот тест примерок со тежина од 1,6 тони. Забрзувањето до 100 км/ч трае 9,3 секунди, што никогаш нема да се смета молскавично брзо или спортски, а сепак е подобро од некои конкурентски модели. Овој параметар како и максималната брзина од 191 км/ч не се во приоритетните очекувања на целната група, многу поважен фактор е неговата рафинираноста. Моторот работи многу цивилизирано и речиси нечујно, дури и ако му дадете поттик, сето тоа останува прифатливо, за што е одговорна добрата изолација на моторниот простор. Ако сакате работите да бидат малку повозбудливи, префрлете се на програмата за спортско возење
ТЕХНИЧКИ
КАРАКТЕРИСТИКИ
НА ВОЗИЛОТО
МОТОР: ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНСКИ
ЗАФАТНИНА: 1.497CM3
МОЌНОСТ: 163 КС при 5.000 врт/мин
МЕНУВАЧ: 6 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ
ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА: НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTILINK
СОПИРАЧКИ: НАПРЕД:
ГУМИ: НАПРЕД: 235/55R18, НАЗАД: 235/55R18
МАСА НА ВОЗИЛОТО: 1.528 КГ
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.700/1.890/1.720ММ
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД
0 ДО 100 КМ/Ч: 9.3 СЕКУНДИ
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: 8,6/100 КМ
МАКСИМАЛНА БРЗИНА: 191КМ/Ч
ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ: 45.900 ЕВРА
и користете ги лопатките за мануелна промена на брзините кои се сместени зад управувачот. Ова го задржува шестстепениот автоматски менувач на Aisin во избраниот сооднос малку подолго и придонесува кон забавата. Управувањето е повеќе од солидно, особено ако се земат во предвид габарите и основната намена на возилото. Самото тоа кажува дека и потпирањето е калибрирано на поцврст начин, што нас ни се допадна, првенствено затоа што не се навалува премногу кога ќе посакате да го возите на повозбудлив начин. За време на нашето дружење потрошувачката се движеше во просек по 9,5 литри на секои 100 изминати километри, што е сосема нормално во овој сегмент. Со
20 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
ПОГОН:
ТРКАЛА
МЕНУВАЧ
НА ПРЕДНИТЕ
ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ
својата авантуристичка естетика, пространа и добро уредена внатрешност, обемна опрема и одлично држење на патот, сè ни вели дека Torres ги има сите потребни состојки да отвори нови хоризонти играјќи ја улогата на аутсајдер кој може да го заземе одамна заслуженото место во индустријата. • Данчо Здравковски
БАШ Е УТКА
СО ДУПНАТА ГУМА
21 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ЧЛЕНСКАТА КАРТИЧКА ВКЛУЧУВА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ПРЕНОС НА ВЕЛОСИПЕД, КАКО И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ И ПОПУСТИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ. www.amsm.mk
02/3181-108 ВЕЛО
ВЕЛОСИПЕД ДА СЕ БУТКА!
УБАВИНАТА
ПРЕД СÈ
| АВТО-МОТО Претставуваме
СЛЕДЕН ОД СЛАВАТА НА СВОИТЕ КАБРИОЛЕТИ MASERATI НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ПОТПИШУВА ОТВОРЕНИ
КОИ ГИ
Е
Maserati Grancabrio Trofeo
АВТОМОБИЛИ
КРАСАТ УБАВИНА, ЕЛЕГАНЦИЈА И БЕСПРЕКОРЕН СТИЛ. А НАЈНОВ ИЗДАНОК
СЕКАКО GRANCABRIO TROFEO.
С амото спомнување на името Maserati предизвикува лесна вознемиреност и навестува возбуда. Како холограм пред очи се појавува впечатливиот тризабец на римскиот бог на морето Нептун кој гордо ги краси техничките и дизајнерски ремек-дела на славниот производител од Модена. Со претставувањето на бесниот MC20 и враќањето во историското седиште на марката, Maserati ја започна својата нова историја. Oд неа произлегува и првиот кабриолет Maserati GranCabrio Trofeo создаден во ултра модерниот развоен центар наречен: Maserati Inovation Lab. Да не дојде до недоразбирање, со претставување на GranCabrio Trofeo, Maserati ја продолжува долгата лоза на беспрекорни кабриолети која датира од далечната 1931 година.
Тогаш, родениот тркач Maserati 4CS е адаптиран за да се вози на пат. Набргу по него во 1932 година во патен разбојник е преадаптиран уште еден тркач Maserati 8CM. Но, вистинскиот спортски кабриолет со кого започнува сериското производство на овој вид автомобили е Maserati 3500 GT Spyder кој се појавува во 1959 година со 3.5 литарски шест цилиндричен мотор кој испорачувал 235 КС. Овој автомобил со својот беспрекорен стил оставил силен печат врз индустријата и долго го носел епитетот „ремек-дело во движење”. Врз славата на 3500 GT се бројат уште низа успешни кабриолети.
Во 1960-те Maserati ознаките на своите модели ги заменува со звучни имиња. И во 1964 година се појавува елегантниот Mistral со 3,5 или 4.0 литарски мотори под хауба. По него во 1969 година доаѓа Spyder верзија на Maserati Ghibli прочуена по својата убавина и елеганција. Со 4.7 литарски V8 под хауба се смета за најскапиот автомобил во своето време. Постоела уште поретка изведба Spyder SS со 4.9 литарски V8 со 335 коњски сили. Интересна анегдота е врзана за купе изведбата на Ghibli. Хенри Форд вториот, поседувал Maserati Ghibli и никако не сакал да се откаже од него. Кога неговите луѓе го прашале зошто инсистира да го чува, тој одговорил: „Останува со мене додека не направите подеднакво убав Ford.”
23 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |
ОТВОРЕНА ЕЛЕГАНЦИЈА
Следен од славата на своите кабриолети Maserati не престанува да потпишува отворени автомобили кои ги красат убавина, елеганција и беспрекорен стил. А најнов изданок е секако GranCabrio Trofeo. Иако воден од новиот дизајнерски стил кого Maserati го наметна со MC20, при создавање на кабриолетот дизајнерите се свртеле на друга страна. Ги зеле на заем дизајнерските детали кои го ставаат печатот на новиот стил, но се осврнале кон креирање на нешто поприродно. Тело кое не напаѓа прштејќи од најмодерен стил, туку напротив, зрачи со смиреност на една безвременска убавина. Современа скулптура со чисти форми под кои се сокрива врвна механика. Едноставно, со својата убавина GranCabrio Trofeo привлекува, кога ќе се слушне наежува, а кога се вози возбудува.
КОМФОР НА ОТВОРЕНО
Без оглед што во неговата суштина претставува чистокрвен спортски автомобил со нота на „грантурер”, GranCabrio Trofeo плени со комфор кога се вози на отворено. Впрочем тоа е суштината која
стои зад кабриолетите. За таа цел инженерите се погрижиле да го опремат со најбитната комфорна техника која дозволува возење со спуштен кров дури и кога е студено.
Првата комфорна зона се т.н. грејачи на врат кои всушност претставуваат отвори за довод на топол воздух вградени во новоконструираните седишта. Од нив топлиот воздух дува во горниот дел на телото греејќи ги директно возачот и совозачот.
Оваа опција ја нема за патниците на задните седишта кои за волја на вистината уживаат во полн комфор како и оние напред.
Втората комфорна зона е дефлектор кој го спречува вртложењето
на ветрот зад главите на возачот и совозачот. Поставен, тој ги покрива задните седишта и нуди заштита само за оние напред.
Секако кога од него нема потреба тој се пакува во посебна торба во багажникот. Мекиот кров кој се нуди
МОЌ НА НЕПТУН
Под хауба на GranCabrio Trofeo бревтаат моќните коњи ослободени
од модерниот мотор на Maserati наречен Nettuno или Нептун за првпат претставен во MC20 каде е навиен на 630 КС. Овој, патентиран од Maserati, 3.0 литарски V6 со агол меѓу цилиндрите
од 90° и два турбо полначи кои пумпаат со притисок од 2 бари користи иновативeн систем на согорување со пред-комора и две свеќички. Технологијата доаѓа од Формула 1 и првпат е вградена во мотор од сериско производство. Меѓутоа за во GranCabrio Trofeo сувиот картер од МС20 е заменет со класичен, а моќноста е спуштена на 542 КС при 6.500 min-1. Вртежниот момент од 650 Nm се испорачува при 3.000 min-1. Моторот дозволува и деактивација на десниот ред цилиндри при помали напрегања за да се заштеди на гориво. Погонот е на четири тркала преку 8 степен автоматски менувач. Интересно е што инженерите успеале предниот диференцијал да го постават централно точно пред моторот со што е добиен идеален распоред на тежината кој значително влијае на подобрување на динамиката на возилото во спрега со задниот самозаклучувачки диференцијал.
Потпирајќи се на воздушни пружини и активни амортизери GranCabrio Trofeo нуди извонредна возна динамика. Соодветно на условите на располагање се три варијанти на сетап: GT, Sport и Corsa. За оние најумешните оставена е и опција за ESC-OFF. Тогаш сета контрола која ја нуди електрониката е исклучена и автомобилот во целост е препуштен на возачкото умеење на возачот. Maserati GranCabrio Trofeo иако по димензии е завидно парче автомобил долго безмалку 5 m, а широко безмалку 2 m, способно е за бесни перформанси. Од место до 100 km/h спринтува за 3,6 секунди, до 200 km/h за 12,2 секунди, а максимална брзина достигнува при 316 km/h. Типично за еден Maserati, GranCabrio Trofeo комбинира високи перформанси на чистокрвен спортски автомобил
24 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
отворен. Механизмот го отвора за 14 секунди, а за затворање му
на копче на централниот дисплеј.
во пет бои воопшто не го нагрдува ликот на автомобилот кога е затворен, иако според функцијата најдобро е кога е
требаат 2 секунди повеќе. Сето ова се случува при брзини до 50 km/h со притискање
Секако постои опција кровот да се затвори или отвори и со притискање на копче на далечинскиот управувач. НЕИСЦРПНАТА
со комфор достоен за мирно совладување на долги тури. Нема двојби дека GranCabrio Trofeo е еден впечатлив и над сè возбудлив автомобил кој доаѓа од ергелата на една од прославените италијански одгледувачници на расни грла. • Љубомир Атанасовски | АВТО-МОТО
ОСИГУРАЈТЕ ГИ ВРАБОТЕНИТЕ, ЗАШТИТЕТЕ ГИ ПРОЦЕСИТЕ НА ВАШАТА КОМПАНИЈА.
КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ
ПОЛИСИ ОД СИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ:
25 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
02/3181-402
www.mobilitybroker.com.mk 02/3181-405 |
*УСЛУГИТЕ НА МОБИЛИТИ БРОКЕР СЕ БЕСПЛАТНИ И НЕ ВЛИЈААТ НА ЦЕНАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО.
БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА
Како
наши Европа Премиум членови покрај бесплатна помош на пат во земјава и каде било надвор од неа, добивате и бесплатно патничко осигурување.
Патничкото осигурување кое го добивате со Европа Премиум членската картичка се однесува само на носителот на членската картичка, индивидуално. Вклучува покритие од 20 дена кои можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување. Патничкото осигурување важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ја и Турција и е без франшиза.
За изработка на полисата за здравствено патничко осигурување потребен е валиден пасош. Полисата ќе ви биде доставена следниот ден електронски на вашата е-адреса.
Во случај да станете АМСМ Европа Премиум член онлајн, дополнително ќе бидете контактирани од АМСМ Сектор Членство за изработка на здравствено патничко осигурување.
02/3181-108
Со осигурувањето од незгода, вашите вработени, како осигурени лица се покриени од ризици кои предизвикуваат смрт, целосна или делумна инвалидност, преодна неспособност за работа и трошоци за лекување настанати како последица на незгода. Во осигурените ризици може да се вклучи и дневен надомест.
Во колективното осигурување на вработени од незгода и смрт од болест вклучени се следните ризици: Траен инвалидитет (повреди)
Смрт од незгода и
Трошоци за лекување како последица на незгода.
Осигурувањето за ризици од незгода (во компанија за не-животно осигурување)
www.amsm.mk
ЗАШТИТЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ВРАБОТЕНИ, ЗАШТИТЕТЕ ЈА ВАШАТА КОМПАНИЈА
26 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ
и ризикот смрт од болест (во компанија за животно осигурување) може да се склучи за месечна премија по вработен од 100 МКД, 200 МКД, 300 МКД или некоја друга комбинација на месечна премија. Осигурителното покритие важи 24 часа во текот на денот. Плаќањето на премијата може да се врши со задршка од плата. Во случај на штетен настан Мобилити Брокер бесплатно посредува во реализација на надомест на штета. ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА
ПРОЛЕТНИ ПАТУВАЊА
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА CYCLERAP МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДНИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ
Во рамките на проектот „Побезбедни велосипедски патеки за побезбедни велосипедисти“, во периодот од 11-15 март беше направено снимање на целокупната инфраструктура на велосипедските патеки во скопскиот регион, со должина од 130км. Снимањето кое вклучуваше геолоцирани фотографии >140º на секои 20м е само прва фаза од имплементацијата на CycleRAP методологијата која овозможува објективна проценка на безбедноста на велосипедските патеки согласно меѓународни стандарди.
По ова следуваат уште неколку фази:
Анализа и кодирање на атрибути – обработка на фотографиите во специјален софтвер и проценка на вкупно 40 параметри на патеката, како пристап, ширина на лента, раскрсници, интеракција со сообраќај и сл. Рангирање на безбедноста со ѕвездички – од 1 до 5 ѕвезди зависно од безбедноста на патеката од различни аспекти Подготовка на Извештај со препораки за подобрување и потребни инвестиции за унапредување на безбедноста на велосипедската инфраструктура. Имплементацијата на CycleRAP методологијата ја извршува компанија од Шпанија, FACTUAL, која е партнер во проектот и која е воедно и советодавен член на CycleRAP.
Проектот се реализира во партнерство со неформалната заедница на велосипедисти „НаТочак“ и со поддршка на РСБСП. Проектот е ко-финансиран од ФИА Грант програмата за поголема безбедност на патиштата и ФИА Фондацијата, до кои АМСМ има пристап како единствена мобилити членка на ФИА од нашата земја.
02/3181-108
02/3181-108
www.amsm.mk
www.amsm.mk
27 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ЗАШТЕДЕТЕ СО 30% ПОПУСТ НА ВУЛКАНИЗЕРСКИ УСЛУГИ При промена на зимски со летни пневматици, искористете го попустот од
на вулканизерски
кој е достапен ексклузивно за АМСМ
во која
наоѓаат
и да не заборавите дека дотраените гуми значително ја загрозуваат вашата безбедност во сообраќајот. Во
на потреба од нови летни пневматици, автомобилски гуми од брендовите Voyager, Fulda и Sava ви се достапни на ваше барање преку АМСМ сервисот за автомобили. Акцијата трае до 15.04.2024 година.
30%
услуги
членови и заштедете! Притоа, потсетуваме да ја проверите состојбата
се
вашите летни пневматици
случај
АМСМ |
попуст при технички преглед на
возилото?
Дејан, Скопје
АМСМ: При технички преглед на возилото, во согласност со законот за јавни патишта, утврден е инвалидски попуст кој е дефиниран така што не се наплатува само ставката за јавни патишта, врз основа на решение од надлежната комисија од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување во Македонија, кое треба клиентот да го приложи при технички преглед. Од плаќање на овој надоместок се ослободуваат возилата на лицата заболени од дистрофија, мултипла (мултиплекс) склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80%.
•Дали е потребно полномошно, ако возилото го вози сопруг/а на сопственикот?
Благодарам, Даниела
АМСМ: Одобрението за управување со туѓо моторно возило надвор од Република Македонија е сврзано со корисникот на возилото, односно возачот на моторното возило, а врз основа на овластување на сопственикот на возилото. Одговорот на прашањето „Дали е потребно полномошно ако возилото го вози сопругот/ ата на сопственикот“, пред сè ќе зависи од флексибилноста, или толеранцијата на надлежното лице во државата во која патувате, кое врши контрола. Полномошно нема да Ви треба ако сопственикот на возилото е присутен во возилото.
• Би сакала да ме информирате која е процедурата за префрлање на колата на мое име бидејќи сопругот ми
почина. Кои документи ми се потребни?
Марија, Скопје
АМСМ: Најпрвин ќе треба да започнете оставинска постапка во суд (бидејќи за префрлање на возилото на ваше име до МВР треба да доставите правосилна одлука - оригинал, или копија заверена на нотар) дека возилото преминува во ваша сопственост. Другите документи се сообраќајна дозвола и лична карта.
28 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН • Дали сè
уште постои инвалидски
| АМСМ
29 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ www.amsm.mk
Безбедност во сообраќај
ВЕЛОСИПЕДИТЕ
И ПОСЕБНИТЕ
ПАТЕКИ ЗА НИВ
АКО ИМАШЕ ЗАКОН ЗА ИЗГРАДБА
НА ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ПОКРАЈ
СЕКОЈ РЕГИОНАЛЕН ПАТ, НО И ПОКРАЈ АВТОПАТ, ДОСЕГА ДРЖАВАВА ЌЕ
ИЗОБИЛУВАШЕ СО ВЕЛО ПАТЕКИ. СО ТАКВА ИНФРАСТРУКТУРА БИ БИЛЕ
ЕДНА ОД ВОДЕЧКИТЕ ЗЕМЈИ НА
СВЕТСКИ ПОЗНАТИТЕ ТРКИ ВУЕЛТА, ЏИРО ИЛИ ТУР.
Превозно средство што зазема прво место како наједноставно, најекономично и најздраво со премногу голема употреблива вредност, секако, е велосипедот. На почетокот човекот употребил две и четири тркала за запрежните коли. Потоа следувале три тркала и повторно две, но не едно до друго, туку едно зад друго. Историјата на двете тркала почнува кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век.
Карл вон Драис постојано експериментирал и истражувал со тркалата. Неговата направа се состоела од две тркала (во тандем), седиште и управувач, а ја именувал како „лауфмашине“, односно машина со која се трча. Во македонскиот литературен јазик тоа е зборот велосипед. Зошто возилото со мотор и две тркала во тандем е наречено мотоцикл, а без мотор, но со педали е наречено велосипед? Денес нема „брзо оттурнување со петите“, туку педали и синџир со чија помош се придвижува задното тркало. Помалку или повеќе сите сме сведоци на развојот на велосипедот, од најобичен до најсложен со автоматски менувачи, со диск сопирачки, со посебни амортизери, со електронски уреди што го надгледуваат пулсот, крвниот притисок итн. Такви и слични велосипеди се направени од јаглеродни влакна и нивните рамови се полесни од челичните и алуминиумските, а имаат и поголема цврстина. За тркачите се наменети оние што се
30 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
направени од јаглеродни влакна (карбон фибер), а за секојдневна
што има својство да ги впива вибрациите и со тоа удобноста е значително поголема отколку кај велосипедите со рам направен од јаглеродни влакна. Друг битен фактор за велосипедите, велосипедистите и велосипедизмот е патеката по која се вози. За моторните возила се наменети улиците, за пешаците тротоарите и пешачките зони, а за велосипедистите, па за нив до неодамна немаше посебни патеки. Но да се вратиме пред половина век. Скопје е еден од првите Не е безбедно кога заедно се движат моторните возила со велосипедите | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
употреба пожелно е рамот да биде челичен затоа
градови на континентов со велосипедска патека изградена уште во 1970 година, односно откако постои булеварот „Партизански одреди“. Таа посебна патека се протега од железничкиот мост на реката Вардар во Сарај до населбата Автокоманда, односно каде што завршува оградата од дворот на Пивара Скопје. Велосипедската патеката почнува од Сарај, потоа по булеварот води право до центарот на градот и мостот Гоце Делчев, следува „спуст“ до некогашната стоковна куќа Мост, продолжува покрај МТВ, кон хотелот „Континентал“ и завршува во Автокоманда, кај последна „двојка“ плус околу 150 метри. Значи, од еден до друг крај на градот. Вакви патеки има на уште неколку булевари што се изградени подоцна. Но очигледно е дека вело патеките ги користиме за сè друго само не за возење велосипеди, односно за паркирање автомобили, за поставување контејнери за отпад, за најразлични табли со информации и рекламни паноа. Заклучокот е дека не знаеме за што служат улиците, за што тротоарите, а за што вело патеките. Евидентно е дека не знаеме правилно да го одржуваме и чуваме тоа што го имаме за да има подолг век на траење.
Во некои европски држави има вело патеки покрај регионалните патишта, целосно одвоени од патот наменет за моторните возила, а слични одвоени вело патеки има и на автопатиштата. Таму возат
велосипеди од еден до друг град. Кај нас го нема тоа. Зошто не се
направени вело патеки покрај автопатот што пред неколку години
беше пуштен до Штип?
Во поново време во Скопје се градат вело патеки со одземање
простор од улиците, но повторно некои делови од нив добиваат погрешна намена. Секое заобиколување на паркираните возила и контејнери претставува ризик и постои сериозна опасност од предизвикување сообраќајна незгода. Состојбата со вело патеки во другите градови и населени места е многу лоша. Решавањето на проблемот со недостиг на вело патеки е многу едноставно – да се планираат при секоја изградба на инфраструктура. Исто така, сите што не го почитуваат просторот одреден за движење треба да се подложат на одредена казна за да се воведе ред во сообраќајот.
• Жарко
Атанасоски Паркирани возила на вело патеките - „жолтата стрелка“ ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
32 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВО ГРАНИЧНАТА
ОБЛАСТ
ШЕСНАЕСЕТ МОДЕЛИ НА ЛЕТНИ ГУМИ СО ГОЛЕМИНА 215/55 R17 ВО ТЕСТОТ ЗА ГУМИ НА
ÖAMTC: МОДЕЛ НА ГУМИ ШТО НЕ ИМПРЕСИОНИРА САМО ВО ОДНОС НА БЕЗБЕДНОСТА ПРИ
УПРАВУВАЊЕТО ТУКУ ИМА И ДОБАР ЕКОЛОШКИ БАЛАНС.
Од Гинтер РАУЕКЕР
ДОБРА СЕВКУПНА СЛИКА од тековниот тест на летните гуми од страна на ÖAMTC
и неговите европски партнери: За ниту
еден модел од 16 тестирани модели на гуми не мораше да се потврди дека има лоши перформанси. Три гуми ја постигнаа и ја добија оцената „добро“, а тоа се Continental, Michelin и Kumho. Дванаесет модели на гуми постигнаа и добија оцена „задоволително“, а еден модел на гуми мораше да биде оценет како „доволен“. Големината на гумата 215/55 R17 е стандардна димензија за покомпактни СУВ возила или возила од средна класа. VW T-Roc служеше како возило за тестирање.
ДИМЕНЗИЈА 215/55 R17 ЗА МАЛИ ТЕРЕНЦИ И ВОЗИЛА ОД СРЕДНА КЛАСА Една гума особено се истакнува со своите перформанси: Continental Premium Contact 7. „Претходникот на овој модел веќе беше навистина добра гума“, вели Стефан Кербл, експерт за гуми на ÖAMTC. „Ако знаете колку се сложени истражувањето и развојот на пневматиците овие денови и колку е тешко да се постигне дури и мал напредок, перформансите на моделот на гуми Continental се особено високи. Во тековниот тест Premium Contact 7 моделот ги поставува стандардите и на суви и на влажни патишта и на тој начин обез -
бедува врвна оцена за безбедност при возење.
Сопирањето на влажен асфалт при брзина од 80 км/ч јасно покажува колку е голема разликата во растојанието при сопирање на влажен терен кај моделот Continental во споредба со другите модели. Неговиот настап јасно се истакнува. Дури и со втората најдобра гума во оваа тест дисциплина (зборуваме за Michelin), на VW T-Roc му требаат 2,6 метри подолго за да застане.
Тоа не звучи многу добро, но така е бидејќи T-Roc сè уште се движи со преостаната брзина од 23 км/ч со моделот на гуми Michelin, на она место каде што возилото веќе е застанато и стои со гумите Continental.
Има 6,6 метри растојание помеѓу моделот Conti и најлошиот резултат на сопирање на влажен терен со моделот на гума Godride - т.е. 35,1 наместо 28,5 метри. А во однос на брзината: при преостаната брзина од скоро 35 км/ч.
ВО ТЕКОТ НА ГОДИНИТЕ
на. Во еколошкиот биланс се евидентира можната километража (колку километри
гумата издржува до законската минимална длабочина на шарата), абењето на
гумите, како и потрошувачката на гориво
и тежината на гумата. Особено километражата може и треба да биде критериум
при изборот и купувањето гуми. Разликите се над 40.000 км. За одредени возачи: тешко дека има смисла да се избере модел на гума со многу голема километража. Во тековниот тест Kumho е најдобар
модел на гуми според овој критериум и помина речиси 60.000 км. Со годишна километража од 6.000 км со летните гуми (плус растојанието на кое се поставуваат зимски гуми), сетот гуми би траел десет години додека не се истроши. Сепак, ста -
33 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
во нашите
на
за критериум
не се сметаше само безбедноста,
како
и еколошката
Овој критериум е
и се мери со 30 проценти од вкупната оце
тестови
гуми
при возење
туку
критериум се разгледуваше
рамнотежа.
застапен
-
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ | Странично упатство: не се важни само измерените вредности, туку и субјективниот впечаток. Тестови на летни гуми 2024
Проценката на влажност вклучува аквапланинг, перформанси на сопирање, управување на патека и свиоци по кружна патека.
реењето на гумите со текот на времето би довело до потреба од неопходно купување нови гуми, дури и ако длабочината на шарата сè уште била во законските граници.
Ова значи дека Vredestein Ultrac, исто така, може да биде добар избор, иако го зазема последното место на тест полето и само е оценет како „доволен“. Ова е забележано на 27.200 километри. За некој што не вози многу често, дефинитивно тоа е алтернатива. А кога станува збор за безбедноста, тој нуди добри и безбедни карактеристики на возење и на суви и на влажни патишта и тука е во зелено. Од трите гуми оценети како „добро“, Michelin се издвојува во однос на комбинацијата на безбедност при возење и еколошката рамнотежа. Primacy 4+, исто
Априлија, Италија: Ненадејните промени на лентата се изведуваат со голема брзина на овална тест патека долга четири километри.
така, постигна добри оцени во оцената за животната средина и затоа е особено балансиран.
Што се однесува до абењето на гумите, Michelin го постигна врвот на целото тест поле. Со само 48,1 грам абење на 1.000 километри, има помалку од половина од најлошиот модел на тестот.
Во овој контекст важно е да се знае: идниот стандард за емисии на патнички автомобили Euro 7 (се очекува да се применува од крајот на 2026 година) не само што ќе ги регулира издувните гасови од автомобилите, туку и абразијата на гумите и сопирачките, исто така, првпат ќе биде ограничена; точните гранични вредности допрва треба да се утврдат. И од јули 2028 година Еуро 7 ќе важи не само за возило
како комплетен систем, туку и за новите гуми како посебна техничка компонента. ДРУГ еколошки аспект е потрошувачката на гориво. Разликите на полето за тестирање не се огромни, но сепак изнесуваат 0,3 литри на 100 км. Сепак: со поминати 40.000 километри, ова веќе резултира со разлика од 120 литри бензин, односно два до три полни резервоари. Најмала потрошувачка имаат Bridgestone, Hankook и Sail un.
НАПОМЕНА: За возачите што живеат во Австрија во области со малку снег, алтернатива може да бидат и гумите за сите сезони. Ќе има тест за ова во јулското издание на автотурнеи - во големина 205/55 R16 за компактната класа.
34 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ Тест на летни пневматици 2024: Димензии 215/55 R17 Евалуација на критериуми Continental Premium Contact 7 Michelin Primacy 4 + Kumho Ecsta HS 52 Debica presto U HP 2 Dunlop Sport Max RT2 Bridgestone Turanza 6 Fulda Sport Control 2 Hankook Ventus Prime 4 Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/ надворешен звук C/A/71 dB B/A/70 dB C/A/72 dB C/A/71 dB C/A/70 dB B/A/70 dB C/A/71 dB B/A/69 dB Безбедност при возење 70% 1,7 2.2 2.1 2.6 2.6 2.8 2.6 2.9 Суво 40% 1,6 2.0 1,8 2.5 2.1 2.7 2.4 2.5 Влажност 60% 1,7 2.4 2.3 2.6 2.6 2.8 2.6 2.9 Oценка за еколошка рамнотежа 30% 2,6 1.7 2.8 2.6 2.6 2.2 2.7 2.1 Километража 40% 1,0 1,0 0,6 2.5 2.4 2.1 2,7 1,9 Aбразија на гумата 20% 1,8 1.4 1,7 2.5 2.5 2.3 2.6 1,8 Eфикасност 20% 2,6 2.1 2.8 2.2 2,3 1.6 2,2 1,9 Bучава 10% 2,7 2.7 3,1 2.7 3.0 2,6 2.9 3,0 Oдржливост 10% 3,1 3.0 3.9 3.4 3.4 3.2 3.4 3.3 Вкупен резултат 100% 2,0 2.1 2.3 2.6 2.6 2.6 2.6 2.7 Препорака на ÖAMTC **** **** **** *** *** *** *** ***
Индекс на брзина: сите гуми W (до 270 км/ч) освен Fulda, Linglong и Vredestein: Y (до 300 км/ч)
Индекс на носивост: сите гуми 98 (= 750 кг)
Пондерирање на критериумите: Безбедност при возење 70%: Суво 40% (удобност при возење 40%, ракување 40%, сопирање 20%), влажно 60% (сопирање 30%, надолжен аквапланинг 20%, попречно аквапланинг 10%, ракување 30%, странична поддршка 10%)
Еколошка рамнотежа 30% : километража 40%, абење на патиштата 20%, ефикасност 20% (тежина на гумата 50%, потрошувачка на гориво 50%), бучава 10% (внатрешен шум 50%, надворешен шум 50%), одржливост 10% Тестот на гумите се одвива преку прецизно дефинирани процеси и критериуми за да се обезбеди највисока можна објективна проценка.
Граници за оценката:
ОЦЕНУВАЊЕ:
Препораката на ÖAMTC и рангирањето на моделите се заснова врз вкупната оцена, која е пресметана од пондерираните поединечни критериуми. Ако моделот постигне оцена полоша од 2,5 во поткритериум, оцената за главниот критериум (безбедност при возење или еколошка рамнотежа) повеќе не може да биде подобра од оваа оцена. Ако оцената за главниот критериум е полоша од 3,5, вкупната оцена повеќе не може да биде подобра од оваа оцена. Ако моделот постигне оцена полоша од 4,5 во поткритериум и под и главните критериуми, а со тоа и вкупната оцена повеќе не може да бидат подобри од оваа оцена. Овие правила не важат за поткритериумот за одржливост. Доколку вкупната оцена е иста, рангирањето се врши по азбучен ред според името на производителот.
35 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Goodyear Eficient Grip Performance 2 Falken ZIEX ZE 310 Ecorun Nexen N Fera primus Goodride Solmax 1 Sailun Alrezzo ZSR 2 Semperit Speed Life 3 Linglong Sport Master Vredestein Ultrac B/A/70 dB C/A/69 dB B/B/70 dB C/A/72 dB B/A/69 dB C/B/72 dB C/A/69 dB C/A/69 dB 3,2 2.7 3,1 3,0 3,1 3,5 3,5 2,3 3,2 2,7 3,1 2,7 3,1 3,5 3,5 2,1 2.5 2.5 2.7 3,0 2,6 2.6 2,8 2,5 1.6 3,0 2,7 3,1 2,9 2.0 2,9 3,8 0.6 2.2 2,7 3,1 2,9 1,4 2,9 3,8 1.6 2.2 2.3 2,8 2,6 2.1 2,2 3,3 1,9 3,0 2.2 2,4 2,2 2.2 2,5 2,3 2.8 3.0 2.9 3,0 2,7 2.9 2,5 2,8 3.3 3,9 3.4 4,2 4,2 3.1 4,2 3,5 2.7 2.8 3,0 3,0 3,0 3,1 3,3 3,8 *** *** *** *** *** *** *** **
***** **** *** ** * 0,6-1,5 1,6-2,5 2,6-3,5 3,6-4,5 4,6-5,5 Препорака на ÖAMTC: = извонредни | = многу препорачливи | = препорачливи | = препорачливи | = препорачливи | ***** ** * **** *** ТЕСТОВИ И СОВЕТИ | Преземено од ÖAMTC
Хедонизам
ДОЛЧЕ ФАР НИЕНТЕ, УБАВИНАТА НА
ПРАВЕЊЕТО НИШТО
КАКО МОДУС
ВИВЕНДИ
Од
трката со времето и парите не се изземаат ни Европејците, вклучувајќи нè и нас Македонците. Живееме како на филмска, магнетофонска лента - забрзано. А тоа, пак, доведува до отуѓување. Сè повеќе се оддалечуваме едни од други. И социјалните мрежи влијаат на него, во голема мера. Особено тука, на Балканот. Некогаш бевме толку блиски, поврзани меѓу себе - цврсто, емотивно. Се дружевме, и тоа многу повеќе од сега (во живо, не виртуелно), уживавме во секој момент, сосема поинакви работи нè правеа среќни... Можеби е крајно време да се огледаме наоколу, зошто да не и на Италијанците. Нивниот идиом - долче фар ниенте, кој сигурно нема да го чуете на улица доколку не прашате за него, без оглед на тоа што можат да дебатираат на темата со часови, потенцирајќи ја неоспорната вистина, фактот дека потекнува уште од античкиот Рим, никако не треба да се сфаќа буквално, ниту да се применува така долговремено. Во метафоричното значење всушност е суштината на фразеолошкиот израз. Консеквентно може да трае само кратко време, закономерно. ПОАЃАЈЌИ ОД ФИЛОЗОФИЈАТА ДО КОЈА СЕ ДРЖАТ ВО ЖИВОТОТ, МНОЗИНСТВОТО ИТАЛИЈАНЦИ СО ЧИСТА, МИРНА СОВЕСТ ЌЕ ВИ КАЖАТ ДЕКА ПРАВЕЊЕТО НИШТО, ПОРАДИ ЗАДОВОЛСТВОТО, ПРИЈАТНОТО ЧУВСТВО ШТО ГО ПРЕДИЗВИКУВА, НАВИСТИНА Е УБАВО. ЗА РАЗЛИКА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ НА ПРИМЕР, КОИ ЧЕСТО СЕ ИСЦРПУВААТ ОД РАБОТА, ВО ТРКА СО ВРЕМЕТО И ПАРИТЕ, ДОВЕДУВАЈЌИ СЕ ВО ЛОША СОСТОЈБА НА ИСТРОШЕНОСТ.
ФРАЗЕОЛОШКИ ИЗРАЗ ШТО МУ ПРКОСИ
НА ПРИРОДНИОТ (БИОЛОШКИ) ЗАКОН Приспособен кон сегашното време или денешната состојба, како било, поголемиот дел од италијанскиот народ го спроведува во дело со цел да се оттргне од секојдневната борба за опстанок и покрај тоа што е природен (биолошки) закон, ублажувајќи ја. Се разбира, свесно. За да не се доведат во лоша, состојба на истрошеност (брнаут). Во исто време, поради задоволството, пријатното чувство што го предизвикува, неизоставно и големата корист од него, стана и своевиден, препознатлив начин (стил) на живеење - модус вивенди, за кој и Французите имаат соодветен израз - l’art de ne rien faire. Супстанцијално е уживањето во сегашноста, без исклучок - спознавајќи го сетилниот свет. И покрај тоа што идиомот е прилично стар, прашањето за убавината
36 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ
на правењето ништо го актуализираше Рајан Марфи во филмот „Јади, моли се, уживај“ од 2010-та, заснован врз истоимената книга на Елизабет Гилберт од 2006-та, која точно 199 недели беше прва на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. Главни протагонисти во драмата се Џулија Робертс, Хавиер Бардем и Џејмс Франко. Уште долго ќе си припомнуваме на сцената во која Елизабет си муабети со својот учител по италијански јазик и неговиот пријател во локалната берберница за внатрешната
содржина на фразеолошкиот израз, составен од 3 збора: долче (итал. dolce) - сладок, фар (итал. far, кратенка за fare) - прави, ниенте (итал. niente) - ништо. Секој идиом е својствен за определен јазик, не може буквално да се преведе на друг, затоа е потребно да се адаптира, т.е. приспособи. Авторизираниот превод на македонски е убавината на правењето ништо.
Во филмот забележливо е и потсмевањето на работохоличните
Американци за кои велат дека не знаат да уживаат во животот
поради зависноста од работата, мислејќи дека одморот мораат
да го заработат, спечалат. За разлика од нив, мнозинството Италијанци сметаат дека го заслужуваат. Контекстот секогаш е потсмешлив, отстапувајќи од нужната сериозност. Исто како и клишираниот израз кој се врзува со насловот на филмoт „Долче вита“ од 1960-та, со Марчело Мастројани, Анита Екберг и Анук Еме. За слаткиот живот ни раскажуваше и Вуди Ален.
УЖИВАЊЕ ВО СЕГАШНОСТА - НАСПРЕМА УВЕРУВАЊЕТО
ДЕКА ПОСТОЈАНАТА ЗАФАТЕНОСТ Е ВАЖНА ЗА УСПЕХОТ
Откако се прикажа за првпат, филмот „Јади, моли се, уживај“ не само што воодушеви со својата естетика - формално, туку и суштински. Долче фар ниенте за кратко време се претвори во тренд, начин (стил) на живеење. Но не на глобално ниво. Перманентно нè бомбардираат со пораки дека треба да продолжиме да одиме по вистинскиот пат, без да се прашаме кој е. За среќа, во целата еуфорија се појави нешто што нè потсетува дека треба да забавиме, ако е потребно да направиме и чекор назад и секако, да уживаме во сегашноста - наспрема уверувањето дека постојаната зафатеност е важна за успехот, која може да му направи штета на здравјето. Битно е да паузираме, да се одмораме, да не правиме ништо. На прв поглед можеби ќе ви се чини како непродуктивен, мрзелив начин (стил) на живеење, но сепак не се работи за тоа. Неопходно е одвреме-навреме да се запре, да се одвои време за своите задоволства, кои некогаш се и безначајните работи. Чувството на радост е загарантирано, без да ве гризе совеста дека правите ништо. Концептуално, сиестата во Шпанија е на иста бранова должина со идејата за долче фар ниенте. Јапонците го практикуваат капењето во планинските, горските води за да се релаксираат, далеку од стресната средина. Поединецот сам го изнаоѓа начинот на кој ќе ù се препушти, во согласност со неговите задоволства, интереси, ќефови... Но и колективната свест има некаква значајност. Низ вековите, голем број писатели, уметници во идејата за убавината на правењето ништо го откривале изворот на вдахновението. На пример, Италијанецот Џовани Пасколи ја опеал во своите лирични стихови за операта „Ил фанчулино“, каде што говори за убавината на безделничењето, лежењето во поле и гледањето во облаци. Францускиот сликар Хенри Матис често се инспирирал од неа, прикажувајќи ги луѓето легнати на софа, миндер... Неговите дела побудувале чувство на смиреност, како и сликите на Англичанецот Џон Вилијам Годвард. Со развојот на високата технологија, сè повеќе луѓе се соочуваат со тешкотии да се исклучат од секојдневните обврски, често врзани со компјутерите..., препуштајќи му се на денгубењето. Alex SoojungKim Pang во својата книга Rest: Why You Get More Done When You Work Less пишува за придобивката на одморот чие влијание врз
37 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
се залага за смислен, одмор направен со намера. Оддивот ќе ви се исплати неколкукратно. За почеток, фокусирајте се на сегашноста, без оглед на тоа што правите, дали шетате во парк, низ шума, пиете кафе додека го читате овој текст, книга или пак дремете, со чиста, мирна совест. Додека ви мине во навика. Бидете сигурни, пријатното чувство нема да изостане. • Игор Ландсберг СТИЛ |
креативноста и продуктивноста е особено важно. Затоа, не случајно
Долче фар ниенте, Џон Вилијам Годвард (1897 г.)
Рагуза
КАДЕ ШТО СЕ
НАЈУБАВИТЕ
ЕГЗЕМПЛАРИ
ВО СТИЛОТ
НА БАРОКОТ
ВО СИЦИЛИЈА
ПАТУВАЊАТА ВО ИТАЛИЈА СЕКОГАШ СЕ ЗАНИМЛИВИ, ВО ГОЛЕМА МЕРА
И ПОРАДИ МАТЕРИЈАЛНИТЕ ДОБРА ШТО ГИ ПОСЕДУВА - ПРИРОДНИТЕ, ДУХОВНИТЕ БОГАТСТВА.
ОСОБЕНО СИЦИЛИЈА, ОСТРОВОТ НА СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ ШТО ВООДУШЕВУВА СО СИТЕ НЕГОВИ УБАВИНИ, ПОГОДЕН ЗА РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ТУРИЗАМ, БЕЗ ИСКЛУЧОК НА ГРАДОТ РАГУЗА ЧИЈА УМЕТНОСТ, ИСТОРИЈА ПРИДОНЕСЕ ДА ГО ВПИШАТ НА ЛИСТАТА ЗА СВЕТСКО КУЛТУРНО
НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО ПРЕД ТОЧНО 22 ГОДИНИ.
Меѓу причините за посетата на Сицилија се вбројуваат и морските плажи, сонцето, природата, медитеранската клима, специјалитетите на сицилиската кујна, културата и секако, шармот на нејзините градови. Рагуза можеби не излегува директно на море, но близината овозможува често да одите на капење, сончање или само на прошетка. Оддалеченоста е 25 километри, од марината. Се наоѓа во срцето на Вал ди Ното (провинција Ното), во југоисточниот дел на островот каде што природната хармонија е восхитувачка, т.е. нејзината убавина. Дополнета со барокните зданија кои се надвишуваат поради местоположбата на градот. Рагуза всушност е планинска населба чии стрмнини ја прават уште подопадлива, попривлечна за туристите. Близу е устието на реката Ирминио, кое му припаѓа на резерватот меѓу пристаништето и Доналуката, местото со најубавите плажи.
ТУРИ ИНСПИРИРАНИ ОД ДЕТЕКТИВСКАТА
38 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ
ТВ-СЕРИЈА „ИНСПЕКТОРОТ МОНТАЛБАНО“ Вистинскиот процут на градот се врзува
почнал одново да се создава, прави. Архитектурата во стилот на барокот плени со својот раскош. Благодарејќи на големото количество материјални добра што ги
со времето по катастрофалниот земјотрес во 1693-та, кога
поседува, стекнати низ историјата, на еден или на друг начин, Рагуза во 2002-ра ја додадоа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО. Не случајно таму се снимени повеќето кадри од детективската ТВ-серија „Инспекторот Монталбано“. Како што се зборува, посетеноста на градот нагло се зголемила веднаш по првите епизоди, а туристичките водичи не пропуштаат ниедна можност да напомнат дека Рагуза се градела сугестивно, затоа изгледа по малку надреално. Се разбира, оттогаш е и поделбата на 2 градски четврти - Рагуза Супериоре и Рагуза Ибла. Првиот се карактеризира со модернистички стил, но познат е и како градот на мостовите (вкупно 3) чија живописност ù парира на зелената долина по која поминуваат. Можете да прошетате малку по нив, да ги преминете. Од секој, и Понте Векио или Понте деи Капучини од 1843-та (потсетува на римските, поради сводовите) и Понте Нуово (изграден во 1937-ма, води кон Пјаца Либерта) и Понте Џовани XXIII или Понте Сан Вито од 1964-та (поврзува 2 дистрикта - Квартиере дел Кармине и Квартиере деи Капучини), се гледаат малите куќи од камен, патеките и потокот, наместа скриен од бујната вегетација. Неизоставно и до каменоломот (Кава ди Санта Доменика). Патем, постојано ќе го чувствувате пријатниот мирис на билките. Во двата кварта има дури 18 градби што се заштитени од УНЕСКО, и тоа: 2 катедрали, 8 цркви, 8 палати. Сепак, доколку сакате повеќе да се информирате за културната баштина, задолжително посетете некој од музеите - Археолошкиот, на пример. Сместен е во стариот дел, на првиот кат од Палацо Медитеранео, вклучително и локалитетот Камарина, близу Сколјити, сосе музејот. Па и Каукана, среде Пунта Сека и Марина ди Рагуза. Фактите за истоименото рибарско село од доцниот антички период се изненадувачки.
Вториот е историски, во него се преплетуваат древноста и начинот (стилот) на живеење во согласност со денешнината. Во светски рамки е познат и по педесетината цркви, уште повеќето палати како најубави егземплари во стилот на барокот во Сицилија. За да се запазат нормите, правилата на структурализмот, многу се внимава
39 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ПАТУВАЊЕ |
на формите и во текот на нивните обновувања. Бидејќи се наоѓа на возвишение, кога ќе стигнете до највисокиот дел, погледот на долината сигурно ќе ве восхити. Доминантна е катедралата Сан Џорџо, која ги надвладува и уличките и малите куќи, не само со големината туку и со изгледот. Се смета за врв на барокот во стариот дел на градот. Последните неколку години е прогласен за најпосетен на островот. Турите во организација на локалните водичи се инспирирани од детективската ТВ-серија, обично се посетуваат локациите, градбите кои можат да се видат во 37-те епизоди, меѓу нив и Пјаца Дуомо (срцето на Ибла, со гореспоменатата катедрала и скалите, но и со Понте Векио или Понте деи Капучини од 1843-та Каукана
куќите на благородниците, каде што Палацо Ареци е највпечатлива) и Пјаца Пола со неговиот Чирколо ди Конверзационе. Исто така и црквата Санта Марија дел Џесу од 1636-та, со четирикатниот конак. Буквално секоја обиколка тргнува од Пјаца Сан Џовани со цел прво да се види катедралата Сан Џовани Батиста, која датира од периодот меѓу 17 и 18 век. Нејзината фасада е одличен пример за декоративен раскош, поделена на 5 дела со релјефни столбови, скулптури. Веднаш до неа е најголемата зграда од крајот на 18 век (Палацо Весковиле), а подолу по Корзо Италија се наоѓа Палацо Бертини чија предна страна ја красат 3 барокни лика, на благородник, просјак и трговец. Широка глетка на барконите зданија и Рагуза воопшто се открива од терасата на Џардино Иблео, градината богата со растенија кои се среќаваат само во тоа подрачје. Архитектурата дефинитивно е главното обележје на стариот град, вклучително и обработките на варовиот камен - колонадите, спиралните столбови..., заедно со гротескните маски на фасадите и балконите во Палацо Ѕако (седиштето на Музео дел Темпо Контадино) и Палацо Козентини. Во таа смисла, бесценето богатство е и црквата Сан Џузепе, но и христијанскиот храм посветен на чистилиштето.
Туристичките водичи со задоволство ќе ве одведат и во Сан Паоло, најстариот дел на Рагуза Ибла со цел да го доживеете маалото на ист начин со неговите жители од дамнина. Ќе се чувствувате инаку, како времето да запрело во минатите векови, шетајќи се низ лавиринтот од улички, скали, мали куќи. Таму е апостолската парохија, има и неколку гробници. Во близина се наоѓа и каналот. На другата страна е импозантната црква Санта Марија деле Скале, но и Сан Бартоломео и Кармине.
Напладне, особено во средите, независно од сезоната, Контрада Селваџо ги збира хедонистите, кулинарите пред сè, да се снабдат со прехранбени продукти за наредните денови, да ги споделат искуствата со испробувањата нови рецепти, без оглед на тоа што
повеќето се држат до старите, веќе докажани. Пазарот нуди и други производи, но сепак готвењето храна е главна тема на разговор меѓу пазарџиите, и купците и продавачите. Никако не пропуштаат да си поприкажат за деликатесното сирење (правола) што се прави од млекото на кравата модикана, која е автохтона раса од Рагуза, но и за т.н. скача, јадење што најмногу се купува на улица. За со пиво. Или за со вино. Сепак, често се приготвува и дома, на различни начини. Можат да се користат и лазањи. Навечер младите се собираат на Пјаца Сан Џовани, седат на терасата и скалите пред катедралата, пијат обично пиво и разговараат. Ноќниот живот на островот генерално е надвор - се разбира, освен кога студи. Во тој случај се префрла внатре, во угостителските дуќани, т.е. локалите. Подоцна се упатуваат кон Марина
ПИВО ЗА ПОТПОЛНО СЕТИЛНО УЖИВАЊЕ, СО СКАЧА Со доаѓањето на пролетта, градот живнува. И неговите жители стануваат повесели. Расположението навистина е добро. Културни настани, случувања има во изобилство. За сечиј вкус. Ангажираноста е повеќе од мерак, не ја доживуваат како работна обврска. Со своето присуство им даваат душа. Свеста, но и чувствата неретко ги претставуваат во форма на мурали, графити. Дел од нив се направени за време на т.н. ѕиден фестивал, кога надворешните ѕидови служат како подлоги за уметнички слики, претворајќи ја Рагуза во музеј на отворено. Љубителите на театарските претстави можат да уживаат во изведбите на драмските, сценските дела во замокот Донафугата, креативниот простор Казамата, Театро Перакио, Дуемила... Следниот месец ќе биде исто така богат со настани како и минатиот. Акцентот секако ќе се стави на маскарадата (4 и 5 мај) и празникот посветен на Сан Џорџо (од 24-ти до 26-ти). Всушност, верските празници се слават наголемо, особено кога е патронат - Сан Џовани (од 27 до 29 август). Црковната процесија на која се носи статуата на светецот, изработена од варов камен, минува низ улиците на градот, проследена со музика. Во исто време има и парада на запрежни коли. Тогаш Рагуза се трансформира во голем панаѓур. Исто е и во текот на Бироко. Штандовите секогаш се преполни со гости, да пробаат некое од пивата на домашните производители, над 100 и да каснат нешто, некој специјалитет на сицилиската кујна. Годинава ќе се одржи на пристаништето, од 16 до 18 август.
40 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ
ди Рагуза и таму остануваат до изутрина. Атмосферата ја опишуваат како весела, опуштена. Доброто расположение всушност е гаранција за убав помин, а таму, покрај море, на плажа, и едното и другото го има на претек. Поинаку и не може да биде. Забрзаниот ритам на срцето е во правопропорционален однос со оној на танцот, музиката. Последните неколку години и Рагуза и Сицилија воопшто сè повеќе ги привлекува и младите луѓе, кога во прашање е туризмот, како нивна омилена крајна дестинација. • Игор Ландсберг Внатрешноста на Сан Џорџо Скача Правола Поглед на Рагуза Ибла од Санта Марија деле Скале
Азиско пилешко е едноставен рецепт кој секој може
лесно да го приготви.
Го пржите пилешкото инер филе на кокосово масло.
Потоа го вадите од тавата и го оставате настрана.
Додека „чека“ пилешкото во истата тава додавате уште малку кокосово масло и ставате да се пржи пиперка, морков и кромид исечени на тенки лентички (julienne), потоа додавате ситно исечкано чешне лук.
СÈ заедно се динстува додека не омекне (доколку
треба додавате малку вода за да го помогне процесот на динстување). Потоа, го додавате пилешкото заедно
со 40гр сечкани кикирики, сÈ заедно промешувате и
додавате околу 50гр слатко лут сос. Промешувате и сервирате. Декорацијата е по ваша желба, јас направив потпечена половина од лимон и додадов
дехидрирани резанки од чили пиперка.
Уживајте!
42 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ГАСТРОНОМИЈА
Подготовка: АЗИСКО ПИЛЕШКО
„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО АВГУСТ“ ГАБРИЕЛ ГАРСИЈА МАРКЕС
Изгубениот“
Роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес - „Се гледаме во август“, излезе од печат на неговиот роденден (6 март), истовремено во повеќе од 30 земји во светот. Кон крајот на својот живот, авторот работеше на оваа книга додека истовремено се бореше со деменцијата. Во неговите последни денови, тој одлучи дека романот не треба да биде објавен по неговата смрт. Но, десет години потоа, неговите синови решија книгата сепак да биде отпечатена постхумно.
Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“... Напишан во заводлив, фасцинантен и препознатлив стил на Маркес, романот е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини. Во нејзината суштина, книгата говори меѓу другото и за илузијата, за скришното што си го доверуваме само себеси, не претпоставувајќи дека светот однапред го има средено сето тоа како наш запис, императив, како наша „опашка“ на предците, како продолжување на нешто што никогаш и не може да се скине, прекине... •
читаj, гледаj, слушаj...
„EVERYTHING I THOUGHT IT WAS“
JUSTIN TIMBERLAKE
По шестгодишна пауза, откако во 2018-та го издаде „Man of the Woods“, американскиот кантавтор Џастин Тимберлејк, познат како принцот на попот, во средината на минатиот месец го промовираше својот нов студиски албум, шести по ред - „Everything I Thought It Was“, во соработка со RCA Records, инаку сопственост на Sony Music Entertainment. Во 2023-та повторно се здружи со членовите на NSYNK за да ја снимат песната „Better Place“, поддржувајќи го саундтракот „Trolls Band Together“, но работеше и со Timbaland, Romeo Santos, Nelly Furtado, Jack Harlow, Calvin Harris. Откога завршија сите снимања со нив, на 19 јануари го објави трејлерот за новиот албум, најавувајќи го истиот. Во рекламирањето му помогна и колегата од „Reptile“ - Benicio del Toro. Веднаш потоа, на јавноста ù беа претставени двата сингла: „Selfish“ (25 јануари) и „Drown“ (23 февруари). Насловот на албумот е инспириран од изјавата на еден негов пријател откако го слушнал: „Звучи како сè што сакав да чујам од тебе“. Останатите шеснаесет песни се насловени „Memphis“, „Fuckin’ Up the Disco“, „No Angels“, „Play“, „Technicolor“, „Liar“ (заедно со Fireboy DML), „Infinity Sex“, „Love & War“, „Sanctified“ (во друштво со Tobe Nwigwe), „My Favorite Drug“, „Flame“, „Imagination“, „What Lovers Do“, „Alone“, „Paradise“ (заедно со NSYNK) и „Conditions“. •
„BOB MARLEY: ONE LOVE“ (БОБ МАРЛИ: ЕДНА ЉУБОВ)
Премиерата
на филмот се одржа на 23 јануари во Carib Theatre (Carib 5) на Јамајка, родната земја на Боб Марли. Жанровски, се работи за драма која е базирана врз животот на познатиот реге-пејач и текстописец, од неговиот подем, силен развој на уметничката кариера чиј зенит го достигна во средината на 1970-тите, до неговата смрт во 1981-ва, кога имаше само 36 години. Освен што е потпишан како режисер, Reinaldo Marcus Green е и автор на сценариото, покрај Terence Winter, Frank E. Flowers и Zach Baylin. За време на оружените конфликти во неговата родна земја, Боб го најавил своето учество на „Smile Jamaica“ во главниот град со цел да издејствува склучување примирје меѓу завојуваните страни, фракции. Додека се подготвувале за концертот, пејачот и неговата сопруга, заедно со уште неколку членови на групата, биле застрелани. Веднаш ги хоспитализирале, по што и закрепнале да настапат. По изведбата, на присутните им ги покажал раните од куршумите, жалејќи што некои од неговите сонародници пробале да го убијат. Рита со децата и мајка му ја праќа во САД, а тој заминува во Лондон, во друштво со другарите од бендот... • Жанр: биографски, драма, музички Актери: Kingsley Ben-Adir, Lashana Lynch, James Norton Режија: Reinaldo Marcus Green
43 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Електрични воздушни возила
НАЈНОВО
ЛЕТАЛО
НАРЕЧЕНО
„ЛУФТ ПИНОЈ“
Денешната
појава на електрични летала е нешто како „враќање во иднината“, како да се повторува времето кога човештвото
ОВА ЕЛЕКТРИЧНО
ЛЕТАЛО ДОАЃА ОД ФИЛИПИНИ. СПОРЕД ПРВИЧНИТЕ НАЦРТИ, ЛЕТАЛОТО Е И
КЛАСИЧНО ВОЗИЛО.
ДЕТАЛИТЕ НЕ СЕ
ОТКРИЕНИ, НА КРАЈОТ ОД ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ВИДИ ПРОТОТИПОТ.
сакаше да ги направи првите „воздушни чекори“. Икар, по него Јозаф и Жак Монголфие со балонот, потоа Ото Љиљантел, нивните варијации наречени дирижабли и на крајот авионите со Алберто Сантос Думон, Густав Вајтхед, браќата Рајт и други. Голем број производители се јавија со концепти, прототипови, со батерии, со горивни ќелии, но ќе помине уште многу време додека сето тоа се сертифицира. Националните агенциите што издаваат сертификати за леталата за да можат да ја извршуваат дејноста воздушен превоз, забрзано работат на воспоставување дополнителни мерки на безбедност и правила. За авионите и хеликоптерите постојат закони и правила, но не и за новиве. Најновото што се појави на крајот на февруари е леталото „луфт пиној“од Филипини, а крајот на годинава ќе се види прототип изданието. Тамошните жители имаат сериозен проблем со транспортот бидејќи нивната земја има точно 7.101 остров. До островите се доаѓа со хеликоптери, авиони и пловила, но Филипинците бараат превозно средство што
44 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| HI TECH
ќе биде поефикасно, поекономично и да е во согласност со современите текови за заштита на животната средина. „Луфт пиној“ всушност е еднопросторно возило, најверојатно со шест до осум седишта, кое може да се движи како секој автомобил, но кога има потреба да може вертикално да полетува и слетува. Така конструкторите го замислиле возилото, односно леталото. Возилото, како да е такси, вози по патиштата до крајбрежјето и по -
тоа полетува за да слета на некој остров. По слетувањето возилото продолжува да се движи како и секој друг автомобил и ве носи пред врата. Вертикалните летала не ќе можат да слетуваат каде што сакаат, туку ќе има строго определени места за полетување и слетување. Според конструкторите, засега „луфт пиној“ е најдобро решение затоа што работи по принципот „од врата до врата“.
„Луфт пиној“ е дело на филипинската компанија Франциско Мотор Корпорејшн и американската работилница Луфт Кар со седиште на полуостровот Флорида. Странска компанија работи на основата, школката и внатрешноста на возилото (леталото), а филипинската компанија е изведувач на сè друго. Погонот е електричен, нема батерии, но има горивните ќелии,
HI TECH |
ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС | 02/3181-240 072/228-195 www.avtoskolamobiliti.mk
ЈА
на рати.
СЕ ЗА ОБУКА
„ А “ КАТЕГОРИЈА.
АВТО
ПОЧУВСТВУВАЈТЕ
СЛОБОДАТА! Плаќајте
ПРИЈАВЕТЕ
ЗА
Марчело Гандини
ВОЛШЕБНИК
ВО СВЕТОТ
НА ДИЗАЈНОТ
НЕ САКАЛ ДА ВОЗИ ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ ИАКО ГИ ДИЗАЈНИРАЛ, ЖИВЕЕЛ НА СВОЈ НАЧИН, МИРНО И СО СКРОМНИ НАВИКИ. НАЈМНОГУ БИЛ ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА НЕШТАТА ШТО СЕ ДВИЖАТ, НЕ ГО ПРИВЛЕКУВАЛЕ СТАТИЧНИТЕ, А ОД АВТОМОБИЛИТЕ МНОГУ ГИ ПОЧИТУВАЛ ОБИЧНИТЕ ПОВЕЌЕНАМЕНСКИТЕ. ТАТКО МУ ГО ПОДГОТВУВАЛ ДА БИДЕ ПИЈАНИСТ, НО ТОЈ СТАНАЛ МЕХАНИЧАР, А ПОТОА ТРГНАЛ ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ВРВОТ НАРЕЧЕН АВТОМОБИЛСКИ ДИЗАЈН.
Уште од самото појавување автомобилот предизвикал голем интерес токму поради можноста за движење со помош на четири (и три) тркала и минување големи растојанија за релативно кратко време. Автомобилот бил, е и ќе биде најпосакуваното нешто, како за големите, така и за малите. Изгледот на автомобилот, кој бил дело на дизајнерите, од скици, цртежи до реализација, го привлекувал вниманието на јавноста. Една таква дизајнерска величина е Марчело Гандини. Потекнувал од семејство со аристократски корени, со пет деца. Татко му бил диригент на симфониски оркестар и од најрано детство бил опкружен со уметност. Но поради работните обврски и неможноста да му се посвети на големото семејство татко му ја оставил диригентската палка
46 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
и продолжил да работи во сопствената фармацевтска компанија. Сепак не се откажал од намерата синот Марчело да стане пијанист. Малиот Гандини на петгодишна возраст почнал да ги учи основите на клавирот. Но Марчело повеќе ги сакал механиката и автомобилите од музиката. За роденден му подариле некаква играчка „механотехника“, збир од најразновидни делови со кои можел да направи: автомобили, авиони, камиони, приколки и слично. Од тој момент Марчело бил преокупиран со механиката, со нештата што се движат, возат, летаат итн. Во многуте интервјуа често раскажувал дека кога имал 16 години му дале пари за да купи книга по Марчело Гандини и „ламборџини мјура“
латински јазик, но наместо неа ја купил книгата „Мотори Ендотермичи“ од Данте Џијакоза, мајстор над мајсторите во занаетот, творецот на „фиат 500 тополино“, автомобил што претставува легенда, еден од најпосакуваните во светот кај сите генерации возачи. На почетокот најмногу бил воодушевен од механиката и моторите. На 18-годишна возраст станал добар механичар. Поради доброто познавање на механичарската работа неговиот добар пријател, кој се тркал, го замолил да ја подготви погонската единица вградена во неговиот „фиат оска 1500 с“. Тука се почетоците на Гандини со автомобилите, иако се истакнувал во внатрешниот дизајн, осмислувал и опремувал градинки и кафетерии, но и еден ноќен клуб „Откачениот Клуб Торино“. Со оваа, да ја наречеме, споредна работа, станал познат. Неговата прва посериозна работа со автомобилите се поврзува со „Каросерија Мараци Милано“. Умешноста да создава убави облини ја насетил и големиот Нучо Бертоне. Во 1963 година Гандини го посетил за да му покаже на големиот мајстор што знае и умее. Но бил одбиен не затоа што не бил соодветен за работното место, туку од друга причина. Џорџето Џуџаро бил втор човек во компанијата и не дозволил да има уште еден главен дизајнер. По две години завршил договорот на Џ. Џуџаро и заминал во Џија, а Бертоне веднаш го повикал Гандини на разговор. Во 1965 година, на 27 години, станал прв човек во познатото дизајнерско студио. Најзначаен дизајнерски успех постигнал со неколку автомобили. Најнапред го создал обликот на моделот „мјура“ за Ламборџини во 1966 година, кој и денес за многумина е најубав во светот. Потоа следувале „ламборџини марзал“ во 1967 година, „ламборџини еспада“ во 1968 и „аутобјанки 112“ во 1969 г. Во период од четири години се појавил и концептот „алфа ромео карабо“, првиот автомобил со врати што се отвораат нагоре, детаљ што подоцна бил искористен за серискиот модел „каунтач“. И денес тие врати се присутни кај Ламборџини, а љубителите ги нарекуваат „ламбо врати“. Покрај супер луксузните купе автомобили, Гандини дизајнирал и најобични, на пример, „аутобјанки 112“, и често велел дека му било предизвик да дизајнира секојдневни автомобили и нивниот дизајн да трае долго. Дизајнот на овој модел опстанал 17 години, од 1969 до 1986 год. ШОК
ТИШИНА, ПО ШТО СЕ СЛУШНАЛЕ ИЗВИЦИ НА ЗАЧУДЕНОСТ И ВОСХИТ Најголемиот пробив во светот на автомобилскиот дизајн направил во 1971 год. со еден протитип, наследник на многу популарната „мјура“ на Салонот за автомобили во Женева, именуван како „лп 500 концепт“. Подоцна овој прототип како сериски автомобил е наречен „коунтач“. Главните линии на „коунтач“ водат потекло од концептот
преточи
создаден
сериско купе
Тимот што требал
главниот
тоа
познати бикови, но овој пат името било зајмено од јазикот пиедмонтезе, збор што најмногу се користи кога некој сакал да искаже изненадување, нешто како шокирање во позитивна смисла.
Остри линии, прекршени со јасно нагласување на агресивност, облик што доттогаш не бил виден, а ниту пак замислен од друг дизајнер. Во 1974 година Ламборџини во Женева првично го прикажал моделот „коунтач“. Пред новинарите и посетителите се појавил „ламборџини коунтач“. Шок и тишина, по што се слушнале извици на зачуденост и восхит. Никој не се очекувал толку радикален облик -прекршените остри линии не ù биле блиски на тогашната дизајнерска
Станцани, неговата десна рака помошникот Масимо Паренти, пробниот возач Боб Валас и секако Марчело Гандини како претставник од Бертоне. При подготовките на автомобилите, особено за светските премиери, екипите работеле деноноќно. Еден од помошниците, кој знаел пиедмонтезе, јазик што потсетува на францускиот, но е многу поразличен од италијанскиот, често велел „коунтач“. Тогаш Гандини рекол дека „коунтач“ е многу добро име за автомобилот. Го прашал и Боб Валас што мисли „коунтач“. Така од најобична шега „коунтач“ влегло во историјата на автомобилите. Дотогаш Ламборџини за моделите користел имиња на
47 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ИСТОРИЈА |
И
„ланча стратос зеро“, исто така,
од Гандини.
сето
да го
во
го воделе
конструктор Паоло
фела. Токму затоа „коунтач“ предизвикал бурни реакции. Но тоа го направил Марчело Гандини. До денес не се случило некој автомобил да предизвика толку возбуда. Тој дизајн, да го наречеме геометриски, и денес живее во Ламборџини и е негов своевиден заштитен знак. Препознатливиот облик сè уште трае. Гандини ги дизајнирал и следниве модели: „браво концепт“, „диабло концепт“, „п 147 акоста“, „еспада“, „харама“, „урако“ и „марцал“. Во тоа време ги создал и „алфа ромео монтреал“, „ланча стратос“, „фиат бертоне икс 1/9“, првата „петка“ на БМВ, а пред неа концепт купето „гармиш концепт“ предвесникот на серијата „5“, потоа „мини иноченЛамборџини коунтач, 1974 Ланча стратос зеро Алфа ромео карабо и Нучо Бертоне
ти“, „рено суперчинк (рено 5 II)“ „рено 5 турбо“ - автомобили што се поинакви, секојдневни во однос на тие на Ламборџини. Тука се и „де томасо пантера“, „ферари дино гт4“, единственото Ферари дизајнирано од Гандини под капата на Бертоне, потоа единственото волво со концептот „тундра“, кој најверојатно послужил за развој на моделот „б икс“ во сопственост на Цитроен.
Во 1980 год. Гандини заминал од Бертоне и продолжува да работи како слободен дизајнер и го дизајнирал серискиот „цитроен б икс“ и „рено суперчинк“, односно „рено 5 II“ во 1984 год.
Гандини дизајнирал и неколку модели на Масерати, „камсин“, „шамал“, „гибли II“, „кватропорте II и IV“, но и ексклузивитетот од марката Чизета, моделот „мородер в 16 т“, супер камионот „рено магнум“, „бугати еб 110“ и еден хеликоптер „цх 7 ангел“ во 1992 год. Раскошниот модел „коунтач“ се произведувал од 1974 до 1990 год. Од производната лента излегол последниот модел и челниците на Ламборџини решиле да му го подарат на Марчело Гандини. Големиот дизајнер бил восхитен од потегот на Ламборџини, но го одбил подарокот. Подоцна во едно интервју на прашањето зошто го одбил подарокот, одговорил: „Ќе требаше секој ден да бришам прав и да го гланцам.“ На новинарскиот коментар дека создал многу луксузни автомобили,
48 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
но не поседува ниеден, Гандини му рекол: „Повеќе ги сакам обичните автомобили, тие за секојдневна употреба.“ „Треба да направите нешто на што луѓето ќе реагираат со воодушевување, нешто од што ќе бидат пријатно изненадени. Тоа е мајката на успехот“, велел М. Гандини. „Коунтач“ е токму тоа. • Жарко Атанасоски Ламборџини еспада Ламборџини харама 1972 Масерати камсин 1973 Волво тундра концепт Марчело Гандини стола с 81 концепт Ферари дино 308 гт 4 Фиат бертоне икс 1/9 ИСТОРИЈА
02/3181-108 БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ШЛЕПУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА И ВО ЕВРОПА И ВКЛУЧЕНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ www.amsm.mk
Светско првенство во Формула Е
АУТСАЈДЕРИТЕ
ГИ ИЗНЕНАДИЈА
ФАВОРИТИТЕ
СЕМ БИРД СО МЕКЛАРЕН СЛАВЕШЕ НА
ЧЕТВРТАТА ТРКА ОД ФОРМУЛА Е ВО
БРАЗИЛ, ДОДЕКА МАКСИМИЛИЈАН
ГУНТЕР ОД МАСЕРАТИ ГО ОСВОИ
ПОБЕДНИЧКИОТ ТРОФЕЈ ВО ЈАПОНИЈА.
Откако на почетокот од сезоната видовме дека минатогодишните фаворити повторно го водеа главниот збор на првите три трки од 2024 година, следуваа две трки од календарот на Формула Е во кои победниците успеаја да им ги поматат сметките на потенцијалните шампионски кандидати. Сем Бирд од Мекларен кој од годинешните пет трки има финиширано само на две, победи во Бразил, додека за разлика од него, Максимилијан Гунтер на секоја трка освојува поени и во Јапонија имаше одличен викенд во кој покажа победнички менталитет. Тесната и свиоклива патека во Токио однапред им стави на знаење на сите возачи дека престигнувањето нема да биде лесно, како и дека стартните позиции ќе имаат големо значење. Возачот на Нисан, Оливер Роуланд, успеа да донесе радост за тимот на нивното домашно гран при и да стигне до пол позицијата, откако во последната рунда од квалификациите беше побрз од Максимилијан Гинтер, а претходно во полуфиналето со најбрзo време на денот го елиминираше Едоардо Мортара. Со тоа, овие двајца пилоти се етаблираа како рани фаворити за висок пласман, што подоцна се докажа и во пракса. Самата трка во пракса донесе и бавен ритам поради што колоната болиди беше долго време заедно. Роуланд ја поведе трката од пол-позицијата, но Мортара направи сензација пробивајќи се на второто место за тимот на Махиндра.
- Имам впечаток дека го изненадив во свиокот број 10, а тоа ни отвори пат во трката за нас. Се обидов да направам разлика и не можев тоа да го сторам, бидејќи требаше да активирам „Атак мод“ и тоа беше клучно за победата. Бевме изедначени со Оливер, но и со возачите на Порше кои ни се приближуваа, па и двајцата моравме да се браниме, но на крајот се исплатеше,- рече победникот Гунтер. - Бев во позиција кога ако останев подолго во водство, веројатно подоцна повеќе луѓе ќе ме престигнеа. Знаев дека Гунтер ќе се обиде да ме нападне кога ќе ја има потребната енергија. Тоа е едно од оние нешта што дури и кога би требало да го направам повторно, не би бил сигурен дека би постапил поинаку. Дали требаше порано да се откажам од водството и да останам да возам во заветрина?
Мислам дека извадивме максимум. Победата беше „на маса“ и тоа
е она што ме фрустрира,- анализираше Роуланд.
50 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ
на
но успеа постепено да напредува и на 10 круга пред крајот да го преземе водството, по што почна да создава предност и да се одвојува
го
во рацете на
Максимилијан Гунтер падна
трето место,
од ривалите. Во последниот круг Роуланд направи неколку обиди за да
престигне, но победничкиот трофеј заврши
возачот на Масерати.
- Мислам дека Роуланд на чело од трката не диктираше брзо темпо и групата остана компактна, а таквите трки се најлоши за нас. Мошне сме ранливи во таквите моменти, но и покрај тоа мислам дека имавме добра трка. Мора да бидеме креативни за да освоиме добри поени, односно потребна ни е ефикасност за време на трките. За несреќа, во финишот при поминување на целната линија имавме проблем со софтверот и тоа доведе до повисока потрошувачка на
енергијата. Мислам дека во прашање беа само последните 15 метри од целта, но секако е наша грешка. Правилата се исти за сите и оваа дисквалификација е заслужена,- самокритично изјави Едоардо Мортара по суспензијата од трката во која заврши на шестото место.
Актуелниот шампион Џејк Денис стигна до третото место откако во финишот искористи шанса која му се даде по дуелот на Антонио Феликс да Коста и Паскал Верлен во болидите на Порше со второпласираниот Роуланд од Нисан. Тие беа на чекор до подиумот, особено Португалецот напредуваше од осмото до третото место и во финишот го нападна и второпласираниот Роуланд, но не беше успешен во тој обид бидејќи тоа проба да го направи од надворешна страна, па „заглави“ пред бетонскиот ѕид. Иако немаше контакт, стјуардите го разгледуваа овој случај поради тврдењето на Да Коста дека морал да ги притисне
но бидејќи го избегнав контактот нема да биде казнет. Тоа не е во ред,- порача поранешниот шампион на Формула Е, Антонио Феликс да Коста, кој на крајот беше четврти.
Ова не беше единствената контроверзна одлука на стјуардите, бидејќи и при дуелот на Роберт Фријнс и Норман Нато првично му дадоа казна на вториот од пет секунди, за подоцна да ја повлечат откако ја прегледале снимката и востановиле дека нема вина.
По пет извозени трки на табелата се издвоија пет возачи, односно
Ник Касиди и Паскал Верлен со по 63 бода, додека зад нив се Роуланд кој има три подиуми во низа и шампионот Џејк Денис со 54 и
53 бода. Победникот од оваа трка, Максимилијан Гунтер стигна до
48 бода, додека Мич Еванс во вториот
51 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |
сопирачките за да избегне инцидент. - Долги години сум во трките и знам каков е ризикот кога прес-
страна. Но, не може туку така да оставиш некој да удри во ѕид, поради тоа морав да сопирам. Барав да знам од ФИА дали тоа е дозволено, бидејќи и јас во иднина ќе се тркам на тој начин. Но, еден ден таквото возење е океј, друг ден не е океј. Моето предно тркало беше до неговото и тој сосема ме притисна до ѕидот. Доколку се удрев, ќе го казнеа,
тигнуваш од надворешна
болид на Јагуар, исто така, важи за фаворит во сенка со досегашните 39 бода. Во текот на април Формула Е ќе ги започне и трките низ Европа, најпрво на патеката во Римини, Италија, со две трки на 13 и 14 април, како и уште едно гран при во последниот викенд од месецот, кое што ќе се вози низ улиците на Монако. Во мај ќе се возат две трки во Берлин, по што повторно следуваат возбудувања преку океанот, со трки во Кина и САД. Крајот на сезоната е планиран со две трки во Лондон на 20 и 21 јули. • Александар Табаковски
WRC – Рели Кенија
„АВТОМОБИЛОТ
ШТО ВОДИ СЕКОГАШ Е TOYOTA”
СО ОВАА ИНТЕРЕСНА
ИЗРЕКА КОЈА ЧЕСТО КАКО ШЕГА СЕ СРЕЌАВА ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО МЕЃУ НАРОДОТ ВО АФРИКА, КАЛЕ РОВАНПЕРА
ЈА КОМЕНТИРАШЕ
СВОЈАТА ВТОРА ПОБЕДА
НА САФАРИ РЕЛИ НА
КЕНИЈА, НАСТАН КОЈ ИМА ПОСЕБНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ТИМОТ НА TOYOTA.
Со убедлива победа на Сафари рели на Кенија, Кале Рованпера како да беше имун на непредвидливата природа на ова исклучително тешко рели кое и годинава го зеде својот данок. Ова е втора победа за светскиот шампион на ова рели со што се докажа дека скратената програма која ја вози годинава нема да влијае на неговите перформанси како возач во иднина. Но, Рованпера не е единствен кој остана на висина на задачата. Toyota повторно славеше на големо. Можеби не со четири автомобили,
52 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
Успех кој повторно зборува многу за издржливоста на јапонските автомобили. Факт е дека со три победи во формат 1-2-3-4 на ова тешко рели, во 1993, 2022 и 2023 година, Toyota вози во лига сама за себе. Годинава Сафари рели на Кенија го запиша своето 71. издание кое ќе остане запаметено по интересниот план на организаторите да го доближат релито до обичниот народ и да го промовираат како спорт во Кенија. Ги убедија шефовите на тимовите на Toyota, Hyundai и M-Sport Ford да седнат до своите возачи и да го доживеат единственото искуство да се форсира низ непредвидливите африкански предели. Реакциите на
но и два се доволни. Запиша 1-2 победа со Рованпера и Катсута.
Јари-Мати Латвала – Toyota, Сирил Абитебол – Hyundai и Ричард Миленер - M-Sport Ford беа воодушевувачки. Дури и Латвала кој е поранешен рели возач призна дека брзината со која Елфин Еванс возел на патеката била далеку над онаа на која тој навикнал. Заедничкиот заклучок на шефовите е дека денешните монструми Rally1 се неверојатно брзи и способни машини и дека во иднина значително повеќе ќе ги ценат своите екипажи. Организаторите заедно со претседателот на Кенија, Вилијам Руто кој полага многу во развој на спортот, ја промовираа првата возачка академија во Кенија, Таланта. Таа ќе функционира под капа на Академијата за спорт и годишно ќе може да прими 500 млади таленти кои својата иднина ќе ја бараат во светот на релито. Како и минатата година Сафари рели на Кенија стартуваше во четврток
со нескротливата африканска дивина. Иако најбрз на испитот Тиери Нувил со резерва го коментираше својот настап очекувајќи најлошо на патеките во следните три дена. Втор заврши От Танак, исто така, зад волан на Hyundai, додека Кале Рованпера беше трет. Големиот предизвик на Африка стартуваше во петок наутро на првиот вистински натпреварувачки ден. Шест брзински испити беа исправени пред екипажите од Светскиот шампионат. Грубите патеки со тешко воочливи точки на свртување претставуваа сериозен предизвик. Во едни вакви немилосрдни услови Рованпера покажа зошто е двократен светски шампион. Извонредно прецизен и посветен на задачата Кале победи на сите шест испити создавајќи огромна предност од 1 минута на крајот од денот. Доминираше во првата половина од денот возејќи далеку пред пулените на Hyundai, Лапи и Танак кои не успеаја да најдат вистински одговор за брзината на шампионот. Лапи беше најблискиот ривал на Кале, но му откажа менувачот на третиот брзински испит од денот, додека Танак се откажа на следниот испит со скршено управување. Нивните позиции ги наследија Еванс и Катсута формирајќи ја
53 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
навечер на
од
направена во близина на главниот град Најроби. Модерните рели монструми и нивните екипажи бодрени од повеќе илјадната публика приредија вистински спектакл. Но, исто како и лани исходот на овој брзински испит ниту од далеку не ја отсликува реалната состојба која екипажите ја доживуваат во директен дуел
од ново големата тројка на Toyota. Нувил беше единствената надеж на СПОРТ | Hyundai. Но, парче од искинатата гума направи дупка во каросеријата на неговиот автомобил. Toj и совозачот мораа да носат очила и маски за да се заштитат од прашината со која беше исполнета кабината. Тоа ги спречи да атакуваат на позиција повисоко. Останаа на четвртото место иако на крајот од денот се доближија на 6,5 секунди зад третопласираниот Катсута.
наменски создадената патека
4,48 km
Рованпера блескаше на најнепредвидливиот ден од почетокот на сезоната. Условите во минута се менуваа од сончево и суво, до врнежливо и калливо. Заради предноста која ја создаде претходниот ден Кале во саботата ја смени тактиката. Сега целта беше да се одржи предноста со внимателно возење. Победи само на еден од шесте испити предвидени за денот. Останатите ги освојуваа Катсута, Нувил, Еванс и Танак. Сепак беа далеку од Финецот кој единствен го мина денот без проблеми. Еванс ја напушти водечката тројка уште на првиот испит од денот. Дупна гума и загуби многу време да ја смени. Неговото место го наследи Катсута, но и тој дупна гума на третиот испит од денот. Нивните проблеми му отворија пат на Нувил да се искачи на второто место. Но, за Белгиецот радоста кратко траеше. На следниот испит почна да откажува системот за гориво. Проблем кој го следеше до крајот на денот. Заради него падна на петтото место со повеќе од 11 минути зад Рованпера. Ситуацијата му дозволи на Катсута повторно да се искачи на второто место, додека на третото се прикраде Ејдриен Формо од M-Sport Ford. Еванс го заврши денот четврти. Пласманот од овој ден им донесе на Рованпера 18 бода, на Катсута 15 бода, а на Формо 13 бода.
Гринсмит годинешната сезона ја започна со совршен старт. Победи на Сафари рели Кенија со својата Skoda Fabia RS Rally2 со предност од 1 минута и 23 секунди. Иако на почетокот на релито шансите за победа се чинеа невозможни бидејќи Гринсмит се бореше со симптоми на грип, но како настанот течеше нештата стануваа појасни. Неговиот најлут ривал и единствен способен да го загрози на ова рели, Оливер Солберг, водеше борба со дупнати гуми. Секако Солберг не се откажуваше. Победи на 11 од 19 брзински испити, но сепак не можеше да го надомести загубеното време со гумите. Џордан Сердеридис беше трет во категоријата, Кајетан Кајетановиќ четврти, а Николас Циамин петти.
Недела, последниот ден од релито ги дочека екипажите во полн формат. Повторно на репертоар беа шест исцрпувачки испити на кои Кале продолжи да тактизира. Всушност тоа беше единственото логично решение за предноста од повеќе од 2 минути која ја создаде во саботата. Не му се брзаше ниту да ги освои петте дополнителни бода на последниот испит Wolf Power на кој заврши четврти. Ги остави Нувил, Танак и Еванс да се борат за повисок пласман. Ниту второпласираниот Катсута не виде потреба да форсира. И тој ја чуваше предноста од 1 минута пред Формо. Трпеливо се протнуваше низ брзинските испити и ја потполни новата 1-2 победа на Toyota. Евидентно е дека Јапонецот созрева како возач дозволувајќи му на тимот на Toyota да се потпре на него. Формо заврши трет. По Шведска ова е втор подиум едно по друго за него. Еванс беше четврти,
54 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
а Нувил петти. Шестото место веќе му припадна на Гас Гринсмит од категоријата WRC2. Од последниот испит Wolf Power најмногу корист извлече Нувил. Победи и ги освои дополнителните 5 бода. Танак беше втор на овој испит, а Лапи трет. После три релија од сезоната Нувил останува на чело во шампионатот за возачи. Собра 67 бодови додека второпласираниот Еванс има 61 бод. Изненадувачи на третото место во генерален пласман е Формо кој има 46 бода. Четврти е Танак со 33, петти Рованпера со 31 и шести е Катсута со рамно 30 бодови. Меѓу производителите очекувано е водството на Toyota со 131 бод пред Hyundai кој има 127 бодови. M-Sport Ford е веќе далеку на третото место со 72 бодови. • Љубомир Анастасовски
Гас
WRC2 – СОВРШЕН СТАРТ ЗА ГРИНСМИТ
К олумна своерачно
АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
С È Е ЗАБАВА?
„НИШТО ВЕЌЕ НЕ Е СВЕТО, СÈ Е БРУТО И НЕТО, СÈ Е ЗАБАВА“ ВЕЛИ ЕДНА ГОЛЕМ ХИТ ОД ХРВАТСКИОТ БЕНД „ХЛАДНО ПИВО“
Купувањето
на промотерската компанија што го водеше Мото ГП е можеби не е „вест на деценијата“ која ќе им значи нешто конкретно на љубителите на спортот, но го има потенцијалот да донесе ефект кој што ќе биде долгорочно видлив во трките. Фактот дека новиот сопственик („Либерти медија“) пред неколку години најпрво ја купи промотерската компанија што го водеше бизнис делот на Формула 1, а сега влегува и во мото трките, дефинитивно е потег што навестува дека по овој основ ќе следат уште вести во иднина. Сите кои ги изнесоа своите првични мислења досега генерално се обидуваат да ги предвидат следните промени во мото трките, првенствено базирајќи се она што го виделе како новитет во Формула
1. „Американизацијата“ на Ф1 е веројатно најлесно воочлива преку организацијата на новите две трки во Мајами и Лас Вегас, но и преку зделката со „Нетфликс“ за подготовката на серијата „Drive to survive“. Несомнено, ова донесе до пораст на популарноста на овие трки во Северна Америка, каде што веќе со традиција се возеа трките во Остин и Монтреал, а влијаеше и за подигнување на свесноста за спортот преку низата промотивни чекори. Во ерата на Берни Еклстоун, раководењето со Формула 1 донесе многу перипетии кои беа јавно експонирани, особено афери за екипи кои запаѓаа во кризи или за сензации кои се темелеа на приватната соработка со Мозли и ФИА. Со „Либерти медија“ и таквите „урбани легенди“ ги снема, но се отвори друга страна на приказната, во која често ФИА (или нејзиниот претседател) е експонирана како страна што се обидува да има влијание во носењето на одлуки како порано. Дали фактот што „вредноста“ на Формула 1 порасна под „Либерти медија“ можеби е знак дека тие како инвеститори можеби размислуваат за продажба и откажување од овој бизнис? За мене тоа е главното прашање, бидејќи ФИМ и мотоциклистичките првенства делуваат многу полесни од организациски аспект, а особено помалку
оптоварени од политиката која е „нужно зло“ во Формула 1. Според мене, во овој момент тоа не е нешто од што треба да се стравува на кус рок, но ако гледаме на долг рок, тоа е можно да се случи доколку „Либерти медија“ се реши да се испроба во друг сегмент. „Ништо веќе не е све+то, сè е бруто и нето, сè е забава“ вели една голем хит од хрватскиот бенд „Хладно пиво“ и само би поентирал дека има бизниси кои се поголеми и од Ф1 и никогаш не се знае кои би можеле да бидат сферите на интересот во иднина. Од друга страна, Американците демантираа дека имаат намера да продаваат пакети или да организираат заеднички трки, бидејќи освен што се сродни, овие два спорта сепак имаат поинаква публика. Дури би рекол дека и мотоциклистите се поверна публика со јасно дефиниран (моторџиски) идентитет, додека во Ф1 има и многу кои тука се заради мода, медиуми и сè она што оди во пакет со еден голем „циркус“. „Либерти медија“ ги укина грид девојките во Формула 1 цитирајќи дека тоа е контра нивните заложби за родова еднаквост и таквата појава е од шовинистичка природа, но беше демантирано дека тоа би требало да се случи во Мото ГП. Тоа ќе отвори друга дебата за двојни аршини и ќе биде интересно да се следат примерите и да се повлекуваат паралели меѓу двата спорта, двете федерации (ФИМ и ФИА), а под контрола на ист сопственик. Првенствено, очекувам двата спорта да не си бидат конкуренти и да се „избегнуваат“ во исти термини на ТВ, на исти автодроми или на исти територии, а потоа и да бидат посилни како пакет за извесни спонзори. Љубовта меѓу „Либерти медија“ и моторспортот во овој момент е очигледна, но секогаш постои оној момент „додека нешто не ги раздели“. Во минатото и други се обидоа да „влезат во чевлите“ на Берни Еклстоун, но пропаѓаа и не успеваа. „Либерти медија“ засега се чини дека успешно ја
55 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
води приказната, но претпазливост никогаш не е на одмет, бидејќи – веќе ништо не е свето...
•
Светско првенство во Формула 1
ОД ХИРУРШКА
САЛА ДО
Ф1 ПОБЕДА
ВО 14 ДЕНА
КАРЛОС САИНЦ БЕШЕ ПРИНУДЕН ДА ОТСУСТВУВА
ОД ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА
НАГРАДА НА САУДИСКА
АРАБИЈА ПОРАДИ
ПОТРЕБА ОД ИТНА
ХИРУРШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА
(ОТСТРАНУВАЊЕ „СЛЕПО
ЦРЕВО“), НО ОТПАТУВА ЗА
МЕЛБУРН И СТИГНА ДО
ПОБЕДНИЧКИОТ ТРОФЕЈ.
Грандиозната
„еден-два“ победа на Ферари во Австралија ги отвори вратите за надеж во интересно првенство по сезоните на доминација од страна на Ферстапен и Ред Бул. Токму Саинц беше човекот што ја прекина нивната рекордна победничка низа минатата година во Сингапур, па и овој пат беше „на вистинско место и во вистинско време“. За волја на вистината, леснотијата до која стигна до третиот триумф во кариерата беше потпомогната од фактот дека Макс Ферстапен се откажа во раната фаза од трката поради проблеми со сопирачките, но егзекуцијата на трката на Саинц, а потоа и на Леклер во борбата за второто место, покажува дека Ферари во моментов не страда од „болестите“ видени минатите сезони, кога се правеа фундаментални грешки во стратегијата и реализацијата
пит-стоповите. - Каков ролеркостер! Екстремно сум
чувство
од самиот почеток и престигнувањето на Макс. Кога имав „чист воздух“ почнав да градам силни темпо и тоа ме однесе до целта, со првата победа оваа сезона,- рече Шпанецот во болидот
Дека перформансите на Ферари биле во класа потребна за победа потврди и Серхио Перез, кој финишираше петти, зад Саинц и Леклер, но и зад двајцата возачи на Мекларен. - Имавме проблеми уште од раната фаза на трката и можевме да видиме дека Ферари и Мекларен се еден чекор пред нас. Ми личеше дека не можеме да направиме добар баланс и тоа ќе ни биде задача за следните трки. Веќе видовме дека на патеките слични на оваа, како на пример Лас Вегас, Ферари
56 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ
на
на
среќен, имав одлично
во болидот
Ферари.
беше подобар од нас со менаџментот на предните гуми. Дали мислам дека Саинц ќе победеше и без Ферстапен да испадне од трката? Апсолутно, - посочи Мексиканецот Перез во изјавата за Скај Спортс. Дуелот за второто место беше меѓу Леклер и Норис, при што Пјастри извесно време се најде меѓу нив, но на крајот го пропушти Норис да го нападне возачот на Ферари, а тој маневар пројде безуспешно. - Ако го изземеме Ред Бул, би рекол дека не е изненадување што имавме одлична брзина во текот на целиот викенд. Добро ги склопивме нештата во квалификациите и имавме добра брзина при долгите стинтови на петочните тренинзи. Не очекував дека наш
главен противник ќе биде Ферари и мислам дека нашата брзина не
беше доволна за да се бориме со Карлос, но веројатно беше подобра од онаа на Шарл. Да бидам искрен, можеби изгубивме шанса да бидеме на второ место, за мене тоа е добар знак и сметам дека е добар поттик за целиот тим, - изјави Норис, кој во квалификациите беше пред Леклер и остана пред возачот на Ферари во првиот дел
од трката, но загуби позиција при првиот пит-стоп.
- Според мене, стратегијата беше комплетно фер. Ландо се квалификуваше пред мене, па отиде со подолга прва делница, при што беше побрз од мене во тој момент од трката. Јас бев зедно со Леклер, и тој ни се доближуваше на двајцата, па јас се надевав дека ќе ме помине и ќе се впушти во дуел со Шарл. Нормално дека би сакал јас да бев во можност да бидам трет, но за мене ова беше комплетно фер, - дополни Пјастри. Откажувањето на Ферстапен доаѓа по 43 финиши во низа или по точно две години, од трката во Австралија 2022 година. Ова гран при донесе и две откажувања на болидите на Мерцедес, што исто така е редок пример. - Ова е најлош
перспектива. Уживам во работата со тимот и би сакал да се бориме за победи. Не е најубаво чувството кога си одиш на ваков начин без
да извозиш половина од трката. Знам дека ќе возвратиме и дека ќе
стигнеме таму каде што сакаме. Лесно е да те понесе моментот, но мора да останеме фокусирани на пошироката слика. Сфатив дека не можам да контролирам сè, и тоа е малку фрустрирачко, бидејќи човек сака да има контрола врз нештата, - изјави Хамилтон. Џорџ Расл го загуби седмото место на трката на само два круга пред крајот при брканицата со Фернандо Алонсо, по што трката мораше да заврши под специјални околности, откако стјуардите ја активираа опцијата за виртуелно возило за безбедност. Болидот на Мерцедес ја изгуби стабилноста во шестиот свиок, по што се удри од ѕидот на седмиот свиок и се испречи на патот на останатите. Од екипата на „сребрените стрели“ веруваа дека Алонсо го отпуштил порано педалот за гас и уфрлил во понизок степен на пренос мошне порано отколку во претходните кругови, што предизвикало панична реакција на Расл, по што ја загубил контролата врз болидот. Стјуардите го потврдија ваквото сомнение и доделија казна од 20 секунди за Шпанецот, по што тој беше дерогиран од шестото на осмото место, а на негова сметка повеќе поени добија Ленс Строл и Јуки Цунода. - Имаше периоди во трката кога имавме масивен заостаток, но имаше и периоди кога бевме океј. Сè уште не сме таму каде што сакаме да бидеме, но можете да забележите дека во вториот стинт Фернандо со медиум пневматици не можеше да ни се доближи. Според постигнатите времиња во тие моменти, личеше дека сме една секунда зад Мекларен. Во последната делница, времињата ни се подобрија, па иако не бевме во класата на Саинц, бевме многу подобри од претходно. Лани Леклер излета, а Саинц беше четврти за потоа да биде казнет и да остане без бодови. Сега тие двајца беа
40 секунди пред нас. Од една страна, сакам да си удрам бокс во носот, но од друга страна можеме да видиме дека кога ќе успееш да ги средиш нештата, ситуацијата драстично се менува и мораш да продолжиш да веруваш. Но во овој момент е навистина тешко,изјави Тото Волф.
Ферстапен
потфрли. Изненадувачки, се чувствувам добро и се обидувам
нештата
57 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |
старт од сите сезони што некогаш сум ги имал. Полоша и
низ
да
неколку
се приближував до оние што беа пред мене. Но тогаш моторот
од лани и од преклани, па дури би рекол и од онаа во 2009 година. Имав сет на нови гуми, бидејќи не возев во третата сесија од квалификациите, па успеав
боксот
поминам
возачи. Темпото ми беше океј, ништо специјално, и полека
да ги зачувам
во
втор со 47, само еден поен повеќе од Перез, додека Саинц сега е на четвртото место со 40 бода. На табелата следуваат Норис и Пјастри, со што се добива и сликата за распоредот на силите кај конструкторите: Ред Бул води пред Ферари и Мекларен. Во текот на април ќе се возат трките во Јапонија и Кина, а за време на првиот викенд во мај се планира Големата награда на Мајами, по што карванот на Формула 1 се враќа во Европа. • Александар Табаковски
води на табелата по три извозени трки со 51 бод, а Леклер е
Светско првенство во мотоциклизам
МАРТИН
Е НОВ
ЛИДЕР НА
МОТО ГП
МИНАТАТА СЕЗОНА БЕШЕ ВО ЗНАКОТ НА ФРАНЧЕСКО БАЊАЈА
КОЈ РЕЧИСИ ЦЕЛО ВРЕМЕ
БЕШЕ ВОДЕЧКИ НА ТАБЕЛАТА, А ПОСЛЕДЕН КОЈ ГО ЗАМЕНИ НА ЛИДЕРСКОТО МЕСТО БЕШЕ
ТОКМУ ХОРХЕ МАРТИН, ВОЗАЧОТ
КОЈ ПО ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА
НАГРАДА НА ПОРТУГАЛИЈА
ИМА ПРЕДНОСТ ОД 18 БОДА
ВО ОДНОС НА НАЈБЛИСКИОТ
КОНКУРЕНТ.
Мартин иако настапува за сателитскиот тим на Дукати, успеа кон средината на октомври да се издигне над Бањаја, но не и да го остави зад себе. За време на тркачкиот викенд во Индонезија, со победата во спринт трката го престигна на табелата, но потоа во главната трка Бањаја се реваншираше и продолжи да маршира кон титулата. Бањаја ја отвори сезоната со победата во Катар, но со триумфот во Португалија, Мартин избива на лидерската позиција бидејќи неговиот ривал не ја заврши трката, а на тоа „кумуваше“ уште еден Шпанец, поранешниот шампион Марк Маркез. - Конзистентноста е најважна, но денеска клуч беше да се биде водечки по стартот. Навистина бев посветен да го преземам водството и потоа да блокирам во
Тој не пропушти да потсети дека на оваа патека имаше лошо излетување по кое се здоби со повеќе скршеници во 2021 година, а сега изјави дека научил многу од тој инцидент и дека е благодарен за тоа. Коментирајќи го судирот на Бањаја и Маркез, тој укажа дека го видел на екраните околу патеката и си задал цел дека мора да ја заврши оваа трка.
- Си реков на себе, Хорхе мора да завршиш, 100%. Првите два свиока бев како блокиран, а потоа си реков, океј време е да победиш. Престанав да се грижам за финиширањето, туку само за победата. Судирот на конкурентите
58 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
третиот свиок, бидејќи знаев дека тоа ќе му го отвори патот. На почетокот се обидував да ја одржувам предноста и да правам по две-три десетинки предност, но кога го засилив темпото никој не беше во можност да ја надополни разликата. Кога видов дека ми се доближуваат, повторно засилив. Мислам дека ова беше една зрела победа. Среќен сум за мене и горд
на тимот, бидејќи новиот мотор е подобар, особено во неделните трки,- рече победникот Хорхе Мартин.
во
од 25 круга додека се бореа за
место. Маркез го нападна Бањаја од внатрешната страна на свиокот број 5, по што следуваше контакт, најверојатно од недоволна прецизност при нападот и преширок отклон при излезот од свиокот. Бањаја се обиде да ја врати својата поставеност, по што обајцата паднаа и не ја завршија трката. - Имав добро чувство за контактот до подлогата и стануваше се подобро. Размислував за напад, но и за чување на гумите. Сепак, кога го засилив темпото видов дека имам проблеми и дека момците напред се
се случи
23
петтото
пребрзи за мене. Се обидов да избегнам проблеми и да ги чувам гумите, да бидам напред колку што е можно повеќе. Прво ме помина Акоста, беше премногу брз, а потоа дојде и Маркез, кој отиде прешироко при обидот за престигнување. Се обидов да ја затворам таа линија и дојде до судир. Бесен сум, но тоа е нормално. Ова е тркачки инцидент и мора да продолжиме натаму,- концизно реферираше двократниот шампион на Дукати.
ПРОМОТЕРСКАТА КОМПАНИЈА НА МОТО ГП ЌЕ ИМА ГАЗДИ ОД ФОРМУЛА 1
Американската компанија „Либерти медија“ објави дека ја откупила промоторската компанија што стои зад светскотото мотоциклистичко првенство „Дорна“, а вредноста на зделката изнесува 4,2 милијарди евра. Комплетирањето на откупот ќе биде направено на крајот од 2024 година, а со овој чекор тие ќе управуваат со двете најгледани тркачки првенства, Формула 1 и Мото ГП. - Сигурно нема да ги преговараме правата за ТВ преносите од двете серии заедно, што поради законската регулатива, што поради нашата структура на договорот кој го имаме со Формула 1 партнерите и тимовите. Би сакале да веруваме дека имаме познавања за тоа како да ги направиме овие трки поприфатливи за медиа партнерите надвор од традиционалните бази како Шпанија, Италија и Франција,- изјави Грег Мафеи, извршен директор на „Либерти медија“. - Имавме успех со „Нетфликс“, но исто така ја отворивме Формула 1 и на други начини, преку социјалните мрежи, фан зоните, достапноста на возачите преку „Твич“, а со тоа ја сменивме и перспективата како се раководи со спортот. Мото ГП е неверојатен спорт и нивните навивачи знаат колку е возбудлив.
Нашата цел е да ги експонираме пред поголема публика, како
што направивме со Формула 1.
Од друга страна, Кармело Езпелета, досегашниот прв човек на „Дорна“ рече дека нема голема логика во тоа двете првенства
да имаат заеднички настан, но иако таа идеја е комплицирана за
реализација, не би ја исклучил од среднорочните планови.
Одговарајќи на новинарско прашање дали инцидентот можел да се избегне, Бањаја посочи дека кога ривалот оди прешироко, негов избор мора да биде да излезе пред него и да освои повеќе поени, па од таа гледна точка – не преземал преголем ризик. Мислењето на Маркез, беше сосема спротивно и алудираше на лошата стратегија на Пеко. - Невозможно е двајца возачи да се согласни околу инцидентот, само еден час откако тој ќе се случи. Кога отидов пред стјуардите, изјавив дека тоа е тркачки инцидент, на самата граница. Стјуардите се тука за да ја проценат границата. Според мене, грешката е кај Пеко, беше преголем оптимист дека може да се врати пред мене. Но, ние се боревме за петто место кое носи два бода повеќе од шестото. Тој имаше големи проблеми со задната гума. На три круга до крајот кога гледаше дека ќе загубиш една позиција, не мора да бидеш агресивен. Но, тој донесе спротивна одлука и резултатот е нула поени
59 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |
неговите зборови можат да бидат верификувани од инженерите кои имаат увид во телеметријата. Поради победата на Мартин и инцидентот на Бањаја во сенка беа фрлени второто место на Ениа Бастијанини и третото на Педро Акоста, Со ваквиот расплет, Мартин сега има 60 поени на првата позиција, а зад него е група возачи со мошне сличен износ: Биндер има 42, Бастијанини има 39, а Бањаја со 37 е на четвртото место од генералниот пласман. По откажувањето на трката во Рио Хондо, Аргентина, следната трка на Мото ГП ќе биде на средината од април во Остин, Тексас, по што од 28 април натаму ќе следуват европските класици како Херез, Ле Ман, Каталуња, Муџело и Асен. • Александар Табаковски
за Дукати,- порача во своја одбрана Маркез, укажувајќи дека
ПОКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА
ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА И ЗАШТЕДЕТЕ!
Покрај бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ членската картичка ви овозможува специјални попусти во внимателно избрани АМСМ Партнер продажни места! Попустите можете да ги користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.
ОПТИКА „ВИЗУС“
За сонце или со диоптер, машки, женски или детски, од познати светски брендови, оптика „ВИЗУС“ е местото каде ќе ги најдете најдобрите очила во градот. Само покажете ја вашата валидна членска картичка и веднаш
заштедете од 10-30% од цената на очилата.
Локација: ул. „Македонија“- Скопје
Спортска облека, опрема и обувки за мажи, жени и деца од најдобрите брендови: Adidas, Nike, Hummel, Kappa.. Покажете ја вашата валидна АМСМ членска картичка и заштедете 20% на сите артикли од најновите колекции.
Локација: Градски стадион, Diamond Mall и бул. „Македонско Косовска бригада“ бр.67 (Чаир) -Скопје, и во други поголеми градови во земјата
Исклучителна храна и опуштен амбиент, место кое го препорачуваме за семејно дружење, каде секој ќе избере по свој вкус: салати, мезиња, бургери, врапови, пици и други специјалитети за најпребирливите. Покажете ја вашата членска картичка и добивате 20% попуст.
Локација: ул. „Михаил Цоков“ бр. 8а - Скопје
ПРОДАВНИЦА ЗА ВЕЛОСИПЕДИ „BIKE CENTER“
Scott, Polar, Ultra, Booster или детски велосипеди, најголемиот избор на модели е во „Bike Centar“, каде покрај нов велосипед, ќе добиете од 15-22% попуст само со покажување на вашата членска картичка и притоа значително ќе заштедите. Покрај ова, тука
60 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
на одржувањето.
АМСМ ПАРТНЕР ПОПУСТИТЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ ЗА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ КОИ СЕ НА АКЦИСКА ЦЕНА. СИТЕ ОСТАНАТИ АМСМ ПАРТНЕР ПРОДАЖНИ МЕСТА И ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НИВ МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА АМСМ. WWW.AMSM.MK | АМСМ СПОРТСКА ОПРЕМА И ОБУВКИ „ДЕЛТА СПОРТ“ РЕСТОРАН „МАЏО 2.0“
добивате и 25% попуст на резервни делови со што дополнително заштедувате
Локација: бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 42/8 – Скопје
СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО
СИГУРНИ ДЕКА
СЕКОЈ ОД СЕМЕЈСТВОTO ПАТУВА БЕЗГРИЖНО!
ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ОПЦИЈАТА ЗА СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО И СПОДЕЛЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ ОД ВАШАТА ЧЛЕНСКА CLASSIC ИЛИ EUROPE PREMIUM КАРТИЧКА СО НАЈБЛИСКИТЕ. Семејна дополнителна картичка можете да извадите во моментот на зачленување или подоцна се додека е активна вашата
61 04.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 www.amsm.mk
АМСМ членска картичка, по цена од 490 денари за АМСМ Classic
за
Premium
картичка.
и 890 денари
АМСМ Europe
дополнителна
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД Скопје- Центар | Скопје-Чаир | Велес | Кичево 02/3181-181 www.amsm.mk Пат увајте БЕЗГРИЖНО! |