ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | АПРИЛ 2023 БР. 66 www.amsmklubmobiliti.mk Светско првенство во Формула 1 Тест на Citroen C4 X 1.2 PureTech 130 EAT8 Feel Pack ИСТА МАНЏА, НОВ ЗАЧИН Светско првенство во Мото ГП ПРОМЕНЛИВО КАКО ПРОЛЕТ КРЕИРАН ДА ГИ ПОМЕСТУВА ГРАНИЦИТЕ
АКТИВИРАЈТЕ ПО ПОТРЕБА
АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание
ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје
Република Македонија Тел: 02/ 3181-181
Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН:
Мартина Поповска
РЕДАКЦИЈА:
ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје
Република Македонија
Тел: 02/ 3181-351
Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ:
проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)
проф. д-р Иво Дукоски (член)
Калинка Танеска (член)
Јован Теговски (член)
Миле Атанасов (член)
Димитар Пендов
Митко Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ:
Жарко Атанасоски
Љубомир Анастасовски
Данчо Здравковски
Андријан Трипунов
Александар Табаковски
Игор Ландсберг
ТИРАЖ: 10.000 примероци
ПЕЧАТИ:
Печатница „Серафимовски“ - Скопје
БАНКА:
Комерцијална Банка А.Д. Скопје
ЖИРО-СМЕТКА:
300000000915716
ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264
ISSN 1857-6133
ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН! Доаѓаат Велигденските празници, можност слободните денови да ги поминеме со семејството, но и да отпатуваме на некоја интересна дестинација. Подготвувајќи се за пат, не заборавајте да се информирате за состојбите на патиштата, со оглед на тоа што се очекува зголемена фреквенција на сообраќајот на патните правци што водат кон граничните премини, кон туристичките и излетничките центри, како и по должината на автопатот. На веб-страниците www. amsm.mk и www.amsmspi.mk ќе ги најдете потребните информации што треба да ги знаете за успешно и безбедно да го реализирате своето патување. Особено обрнете внимание и на подготовката на возилото што може да ја извршите во сервисот на АМСМ, лоциран во центарот на градот, веднаш до Станицата за технички преглед во АМСМ. Задолжително погрижете се да ја понесете и вашата АМСМ членска карта, сигурно веќе добро ви се познати придобивките што ги имате од нејзиното користење. Проверете ја нејзината важност или продолжете го вашето членство и чувствувајте се безбедно каде и да сте. Влегуваме во најубавото годишно време, пролет, кога сите посакуваат да бидат надвор, во природа. Но за некого пролетта е вистинско задоволство, а за некои измачување затоа што дишењето им е отежнато, кашлаат, киваат... што е предизвикано од цветниот прав. Ова навистина претставува голем проблем ако сте возач, а не сакате да се откажете од возењето. Поради тоа, навреме консултирајте се со вашиот лекар, придржувајте се кон неговите препораки и ќе можете безбедно да се вклучите во сообраќајот. Во делот на автомото спортот се одржаа стандардни настани. И третата трка во Формула 1 помина во доминација на Ред Бул, но за разлика од Саудиска Арабија, каде што славеше Перез, во Австралија победничкиот трофеј отиде во рацете на Макс Ферстапен, a осумкратниот светски шампион Ожие, со победата на релито на Мексико, вторпат годинава постави рекорд по број на победи на едно рели... Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во maj во печатена верзија, на вашата домашна адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.
3 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
4 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk www.mobilitybroker.com.mk 02/3181-405 | 02/3181-402 ПОЛИСИ ДОСТАПНИ ОД: ВАШИОТ АВТОМОБИЛ ОД ШТЕТИ! НАПРАВЕТЕ КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ, ЗАШТИТЕТЕ ГО
ЛУКСУЗ ВО ДВЕ ОПАКОВКИ
КОГА СЕ СЛАВИ ПОБЕДАТА НА ЖИВОТОТ НАД СМРТТА
„911“ НАВРШИ 60 ГОДИНИ КРЕИРАН ДА ГИ ПОМЕСТУВА ГРАНИЦИТЕ
УЛТИМАТИВНА БЕСНОТИЈА НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН
СО СИОТ СВОЈ БЛЕСОК, ИНСПИРАЦИЈА ЗА РАСКАЖУВАЧИТЕ НА КЛАСИЧНИТЕ БАЈКИ
ЗАПОЧНА СЕЗОНАТА НА МОТОЦИКЛИТЕ
ИСТА МАНЏА, НОВ ЗАЧИН
ОЖИЕ ПОСТАВИ НОВ РЕКОРД ВО МЕКСИКО
5 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Н ОВОСТИ АВТО-МОТО ТЕСТОВИ И СОВЕТИ СТИЛ ПАТУВАЊЕ HI-TECH ИСТОРИЈА СПОРТ 8 9 48 55 12 18 40 38 28 30 32 30 32 44 9 16 40 52 СЛАДОК ЖИВОТ ВТОР ДЕЛ ЛЕТ СО АВТОМОБИЛ
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕВРОПА
АЛБАНИЈА
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Бугарија е забранета употребата на мобилен телефон.
Казна 1.000 до 4.000 АЛЛ
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција - 129
Амбуланта -127
Пожарна - 128
АЦА (помош на пат) - 139
АЦА (инфо центар) - +355 4 2387 017 (раб. вр. 24ч)
+355 66 4001 222
+355 69 4001 222
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Возење под влијание на алкохол е најстрого забрането.
Дозволено ниво е 0.01 %
БУГАРИЈА
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Бугарија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 25 ЕУР.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција -166 или 112
Амбуланта - 150 или 112
Пожарна - 160 или 112
УАБ (помош на пат) +359 2 91 146; +359 2 980 3308
Наведените телефонски броеви (на полиција, амбуланта и помош на пат), може да се бираат и од поставените СОС телефонски говорници, кои ги има само на автопат и се поставени на секои 2 километри.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено
на алкохол во крвта е 0,05%.
СРБИЈА
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Употреба на мобилен телефон е забранета при возење. Казна 50 евра. HANDS FREE дозволено.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција - 192
Амбуланта - 194
Пожарна - 193
АМСС (помош-информации) - 00 381 11 1987; 00 381 11 333 1200 (во Србија само 1987)
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,03%, 0% за професионални возачи, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.
ГРЦИЈА
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција - 100/112
Амбуланта - 166 во Атина/ 112
Пожарна - 199/112
Специјален број на туристичка полиција - 171
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Полиција 100/112 Амбуланта 166 во Атина/ 112 Пожарна 199/112
Специјален број на туристичка полиција 171
6 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
количество
ТУРЦИЈА
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Турција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција - 155
Сообраќајна полиција - 154
Амбуланта - 112
Пожарна - 110
Помош на пат +90 212 282 8140/217 или 223 информации
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.
Лимитот од 0.05% се однесува само за возачи на патнички возила без
приколки и камп приколки. За возачи на други возила лимитот е 0%.
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење е забранета употреба на мобилен телефон, казна 100 до 300 БАМ
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција - 122
Амбуланта - 124
Пожарна - 123
БИХАМК (помош и информации) + 387 33 282 100 или + 387 33 1282
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта 0,03% ; За млади возачи и професионални 0,00%, казна 50 - 1000 БАМ
ЦРНА ГОРА
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Црна Гора е забранета употребата на мобилен телефон, казна 60-150 евра. Дозволена е употребата на HANDS FREE.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција - 122/11
Амбуланта - 124/112
Противпожарна бригада - 123/112 АМСЦГ (инфо центар) +382 20 234 635 АМСЦГ (аларм центар) +382 20 19807 / 20 234 999, или 19807
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.
Лимитот од 0.05% се однесува само за возачи на патнички возила без приколки и камп приколки. За возачи на други возила лимитот е 0%.
ХРВАТСКА
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Хрватска е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 500 куни.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 92 или 112 Амбуланта 94 или 112 Пожарна 93 или 112 ХАК (инфо центар) +385 1 464 0800 (потоа бирајте 0) од Хрватска 062 777 777 ХАК (помош на пат) 1987 или (од мобилен +385 1 1987)
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта 0,05%, освен за возачите кои управуваат со возила носивост над 3,5 тони, професионални возачи и млади возачи до 24 год, кај кои толеранција е 0,00%.
7 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ОТА |
FERRARI ROMA SPIDER
СЛАДОК ЖИВОТ ВТОР ДЕЛ
Колку и да е луксузен сепак мора да спомнеме дека Ферари на некој начин ја покажува својата практичност. Во последните неколку денови од зимата
Ферари го претстави својот нов кабриолет. Со доаѓањето на топлиот период од
годината Ферари ја отвора годинашнава сезона, пролет лето, со отворената
изведба од купето „рома“. И во овој миг само Ферари претставува кабриолет
и ниту еден друг производител.
Класика од кабриолет затоа што покривот е платнен, склопен во задниот дел, а дизајнот на купето како да е створен за правење отворена изведба. При создавањето на моделот „рома“ дизајнерите истовремено мислеле и на кабриолетот. Затоа сега на „ферари рома спајдер“ се приметува елеганцијата. Тоа е така затоа што „рома“ е еден друг вид Ферари. Под каросеријата е како и секој друг од семејството, но дизајнот е посебна приказна, која слободно можеме да ја наречеме елеганција.
Таа отворена купе елеганција на тркала со помош на платно и електромотори за 13,4 секунди може да го покрие и отскрие патничкиот оддел од возилото, а кога сме веќе кај секундите да нагласиме, првата стотка се појавува на брзинометарот по изминати 3,4 сек. Велиме првата, затоа што покрај неа, „ферари рома спајдер“ има уште две стотки, поточно постигнува крајна брзина од над 320 км/ч. Овие бројки ги овозможува 3,9 литарскиот V8 мотор кој со помош на двоен турбо полнач произведува 620 КС. Таа силина се пренесува на задната
оска преку осум степен автоматски менувач со двојна спојка наречен „ф1 дцт“. Затоа втората „стотка“ излегува на виделина по изминати 9,7 секунди. Одделот за патниците е во конфигурација 2+2, а тоа значи во крајна нужда може да сместат четири лица, но само за кратко растојание. Ако е за подалеку, тие што ќе седат на плус двете седишта нека му ја мислат. Не дека новиот кабриолет е мал, долг е речиси 4,7 метри, но тоа е едноставно Ферари, а Фера-
ри не може да биде лимузина и да има класика од четири седишта. Но којзнае, како што тргнале работите може и тоа да се случи. Веќе има модел со четири врати и четири седишта во „сув“ изведба. Современ спајдер за уживање во италијански стил на живот, со тие зборови е опишан новиот отворен Ферари при претставувањето, а ние ќе го опишеме како „Сладок живот втор дел“ (првиот е класичното купе). •
неверојатно кус период Киа претстави два модели. Буквално пред неколку денови го претстави моделот „ев 9“, а потоа одговорните отидоа во Кина и таму на манифестацијата „Киините кинески ЕВ денови“ го претстави концептот „ев 5“. Овој модел е продолжение на богатиот список од сув возила во семејството. Според Карим Хабиб, главниот дизајнер во Киа, концептот „ев 5“ е создаден според најстрогите правила и прописи за заштита на животната средина и воедно да ги задоволи вкусовите и потребите на современиот возач.
„Обединување на спротивностите“ така е наречена новата дизајнерска филозофија во Киа со која творците сакаат да направат спој помеѓу природното и современиот живот и воедно дизајнот да го нагласи напредокот на компанијата. Во сета гужва за дизајнот, Киа го нагласува и предниот дел, односно маската која според творците потсетува на тигарски нос, детаљ кој не испуштаат да го спомнат. Како и да е, сепак концептот „ев 5“ не носи некој радикален облик, туку многу наликува на „ев 9“, односно Киа сака да создаде дизајнерска линија со која ќе биде препознатлива во однос на останатите марки. Според фотографиите концептот е речиси сериско возило и најверојатно при производството нема да биде менуван обликот. Така отприлика е обликуван концептот „ев 5“, а колку во сето тоа ќе успеат вработените останува да видиме. •
8 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
KIA EV5 SUV CONCEPT КОНЦЕПТ СО СЕРИСКИ „ОБЛИК“
Во
FORD EXPLORER SUV
ФОРД И НЕГОВИОТ „ИСТРАЖУВАЧ“
Форд позајмил платформа за да конструира кросовер на електричен погон.
Тоа јасно кажува колку, како и зошто е комплицирано преминувањето од
ото и дизел погон на електричен погон. Многу производители тргнаа да си помогнат едни со други кога тргнаа да прават основи (шасии) за електромобилите. Хонда склучи „сојуз“ со ЏМ, но и со Сони, а да не збориме за конгломератот Стелантис во кој членуваат Пежо, Цитроен, Фиат, Ланча, Алфа Ромео и Опел, а сите тие ќе користат едни исти плаформи најмногу за електромобилите. Иста или слична е состојбата во алијансата Рено, Нисан, Митсубиши. Соработката меѓу Форд и Фолксваген е врзана уште пред една деценија или повеќе. Пикапот „амарок“ е правен на основа од „форд ренџер“ / „форд еверест“ и сега како контра услуга Фолксваген ја позајмува основата „меб“ на која Форд конструираше кросовер, а го нарече „експлорер“ и истиот има малку заедничко со американскиот „експлорер“, затоа што овој е посебно наменет за континентов.
„Форд експлорер“ има пет седишта во два реда и товарен простор за торбите од сите пет патници. Погонската единица е електрична но Форд сè уште не ја објавува силината на електромоторот, а не кажува ништо и за батеријата. Истата платформа ја дели и „фолксваген ид 4“, а тој во себе има 62 или 82 kWh батерија. Ако батеријата се полни на брз полнач тогаш времетраењето на полнење од 10 до 80 отсто изнесува само 25 минути.
Ова е првиот, а на истата платформа Форд ќе конструира уште еден кросовер, но овој пат вели ќе биде спортски со купе линија. Новиот кросовер „експлорер“
ќе биде ценовно поставен под бројката 45.000 изразена во евра. •
POLESTAR 2 BST EDITION
Иако
Волво е премиум марка, сепак тоа на првите луѓе им беше малку и формираа уште полуксузна марка нарекувајќи ја Полстар. Да токму така, само што новава марка е создадена со заеднички сили на кинескиот автомобилски гигант Гили. И да појасниме, Гили го купи Волво од Форд во 2010 год. „Полстар 2 бст едишн 230“, ова е автомобилот кој Полстар го претстави деновиве. Всушност тоа е продолжение на „двојката“ како што впрочем се приметува од името, но мора да нагласиме, „полстар 2 бст едишн 230“ е автомобил кој ќе биде произведен во само 230 примероци - неговото име го кажува истото.
Пред извесно време беше лансиран истиот овој модел само „едишн 270“. Засега е непознато што сака Полстар да постигне со овие ограничени серии. Лук-
сузната внатрешност „претекува“ од скапи материјали, но истото го имаше и во „едишн 270“. Погонот е истиот како и во изведбата „270“, но и во „полстер 2 лонг рејнџ“. Тој е составен од два електромотори, еден за предната другиот на задната оска, со 78 kWh батерија. Сето тоа е еднакво на енормно големи 476 КС и 680 Nm максимален вртежен момент. Со оваа силина автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,4 секунди, додека крајната брзина е 172 км/ч. Цена, малку под 80.000 евра. Што претставува „полстар 2 бст едишн 230“? Втор луксуз во иста опаковка, а првиот беше наречен „270“. •
9 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk НОВОСТИ |
ЛУКСУЗ ВО
ДВЕ ОПАКОВКИ
BMW I5
го најголемиот конкурент на Ауди, Мерцедес и Лексус, поинаков од сите останати во премуим класата. БМВ подготвува обновување на неговата
класика, моделот „серија 5“, но не само колку да се каже дека е обновена, туку дизајнерите подготвуваат многу повеќе и нешто многу подопадливо за очи во облик на лимузина.
Популарната „петка“ за првпат ќе се прикаже пред светската јавност на почетокот од есента, односно во месец октомври и тоа во сите можни изведби, се мисли на погонските агрегати. Ќе бидат застапени и ото и дизел моторите и хибридните погони, а ќе се претстави и целосно електрифициранaта „и петка“
која треба да влезе во продажба наредната година напролет. Можеби се чудите зошто БМВ сè уште има во план да произведува модели со мотори што „чадат“.
Откако во унијата најавија целосно исклучување на моторите со внатрешно согорување, германските производители на автомобили заедно со владата се против оваа одлука и бараат нејзино отстранување. Затоа таму сè уште на сила ќе бидат класичните мотори, нема да бидат испратени во музеј и по 2030 год. Ова е осма генерација од популарната „петка“, а ќе се произведува на домашен терен во фабриката сместена во малото место Динголфинг, каде се произведуваат: „серија 7“, „серија 8“ и „и икс“.
Спортската изведба „м“ (моторспорт) и „м перформанс“ ги очекуваме некаде во втората половина од 2024 год. Засега производителот ни откри само една фотографија на која има автомобил со прекривка преку која се познаваат двојните светла толку многу својствени за БМВ. Како ќе наближува денот на светската премиера, така БМВ ќе прикажува повеќе прикриени фотографии. •
10 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
Еве
ОСМАТА ГЕНЕРАЦИЈА ОД МОДЕЛОТ „5“
АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС 02/3181-240 www.amsm.mk ПРОЛЕТТА
МОТОЦИКЛИТЕ
Пријавете се за обука за „А“ категорија. Плаќајте на рати.
ПО
СЕ ПОЗНАВА!
Автомобил на годината во Македонија
НАЦИОНАЛНОТО СТРУЧНО ЖИРИ ЗА ИЗБОР НА „АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА“ ПО 28. ПАТ ГО ИЗБРА ПОБЕДНИКОТ НА НАЈПРЕСТИЖНАТА И НАЈПОСАКУВАНА НАГРАДА И ПРИЗНАНИЕТО ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА. СО ТОА ПРОДОЛЖИ ТРАДИЦИЈАТА НА НАГРАДУВАЊЕ НА МОДЕЛОТ ШТО ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТАТА ГОДИНА ПРИСТИГНАЛ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР, А СПОРЕД КРИТЕРИУМИТЕ НА НАЦИОНАЛНОТО ЖИРИ ЗАСЛУЖУВА ДА ЈА ДОБИЕ НАГРАДАТА.
Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“:
1996 Fiat Bravo/Brava
1997 Renault Megane
1998 Opel Astra 1998
1999 Skoda Octavia
2000 Fiat Punto
2001 Seat Leon
2002 Toyota Corolla
2003 Mazda 6
2004 Mazda 3
2005 Seat Altea
2006 Vоlkswagen Passat
2010 Opel Astra IV
2012 Кia Rio
2013 Seat Leon
2014 Skoda Octavia
2015 Ford Mondeo
2016 Skoda Superb
2017 Kia Sportage
2018 Dacia Duster
2019 Ford Focus
Покрај
наградата „Автомобил на годината во Македонија“, Националното Жири додели и две признанија – СУВ на годината и ЕВ на годината (електрично возило на годината).
Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди седум (7) финалисти Alfa Romeo Tonale, Citroen C5 X, Kia Sportage, Opel Astra, Peugeot 308, Skoda Fabia и Toyota bZ4X Финалистите се оценуваа според следниве шест критериуми: - адекватност и понуда на домашниот пазар, - економичност и еколошка прифатливост, - безбедност и примена на технолошки достигнувања, - возни својства, - дизајн и - комфор и опременост.
Секој од членовите на жирито има право на еден глас. Право на еден рамноправен глас имаат и самите финалисти, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Согласно критериумите за Избор, членовите на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија 2023, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот PEUGEOT 308 Во образложението на Жирито за победникот се вели: „Третата генерација на Peugeot 308 прави значаен технолошки исчекор во класата. Уникатен според својот стил, со мулти-енергетски можности и две каросериски изведби тој успева да ги сублимира класичните вредности од минатото, рационалноста на актуелната технологија и иднина со максимален респект кон природата.
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2020 Opel Corsa
2021 Citroen C4
2022 Hyundai Tucson
Изграден врз најновата надградба на EMP2-платформата тој може да понесе бензински и дизел мотори, потоа електрификација во вид на капацитетен plug-in хибрид, како и целосно електрична верзија“ Ова е првпат моделот Peugeot 308 да ја добие наградата во Македонија во досегашните 27 избори, и воопшто прва награда за францускиот бренд.
Признанието „СУВ на годината“ го доби моделот KIA SPORTAGE, додека за EV на годината (електричен автомобил) е избран моделот FIAT 500e. „ Во специфични услови за сите нас кога и во автомобилската индустрија во тек е голема револуција и напредок, го заокружуваме овој 28-ти Национален „Избор на Автомобил на годината во Македонија“. Горди сме што единствената и најстарата манифестацијата од ваков вид во Македонија останува препознатлива и ја продолжува традицијата почната од 1995 година. Возилата постојано се подобруваат, индустријата оди напред, но купувачите секогаш остануваат подеднакво пребирливи. Верувам дека и во следниот период ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“, вели Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“. • Маргита Поповска
11 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СЕКОГАШ ПОБЕДУВА НАЈДОБРИОТ
АВТО-МОТО |
Тест на Citroen C4 X 1.2 PureTech 130 EAT8 Feel Pack
КРЕИРАН ДА ГИ ПОМЕСТУВА ГРАНИЦИТЕ
КРЕАТОРИТЕ НА CITROЕN ГО ЗАМИСЛИЛЕ ОВОЈ МОДЕЛ ВО СТИЛ НА „КРОСОВЕР“
ШТО УМЕШНО ГИ СПОЈУВА ВО ЕДНА ЦЕЛИНА РЕЧИСИ НЕСПОЈЛИВИТЕ ФОРМИ, СОЗДАВАЈЌИ НЕТИПИЧНА
И НЕСЕКОЈДНЕВНА ХАРМОНИЈА ШТО ОД C4 Х ПРАВИ НЕШТО ПОСЕБНО, АВТОМОБИЛ ШТО ВО НИТУ ЕДЕН МОМЕНТ НЕ ИЗГЛЕДА ДОСАДНО.
12 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
Моделот С4 Х е непогрешливо продукт на Citroеn, во секоја смисла на зборот. Како што е и вообичаено, тој нуди нешто навистина различно од конкурентите. Потполно нова визија на семеен кросовер што доаѓа како вистинско освежување на пазарот во прав момент.
НОВА ДИМЕНЗИЈА Французите во своето портфолио поседуваат голема палета на стилски и иновативни автомобили, а ниту новиот C4 X не е исклучок. Можеби кога ќе го погледнете за првпат C4 X ќе помислите, што е тоа? Од една страна, се чини дека е SUV поради неговата малку повисока поставеност, потоа, следи триделниот дизајн поврзан со седаните, но не и тоа, од друг агол наликува на купе или популарно кажано ,фастбек“. Сепак, технички не е ниту едно од нив, барем според Citroen. Токму тука доаѓа до израз додавката „X“ во името, бидејќи марката почна да ја користи за модели кои ги надминуваат конвенционалните сфаќања, а тоа во поново време веќе го видовме со претставувањето на големиот C5 X.
Моделот C4 X се базира на постоечкиот C4, па така дизајнот на предниот
дел и сè до „Б“
столбот е идентично, промената на силуетата стартува
од задните врати и движи кон завршетокот на автомобилот. Тука е реинтерпретацијата на стилскиот израз од седаните со купе форма која целосно го трансформира овој несвојствен „кросовер“ модел. Дизајнерскиот израз на марката открива една потполно нова димензија која едноставно не може да остане незабележана каде и да се појави. Ништо помалку од ова не се ни очекува од француската компанија која претпочита на нештата да им пристапи на целосно авангарден и храбар начин.
УДОБНОСТ БЕЗ ПРЕСЕДАН
Колку надворешноста делува авангардно, толку внатрешноста е смирувачка и минималистичка во секој поглед. Речиси сè е идентично со С4. Во кабината прво ве пречекуваат прекрасните седишта кои се белег на „Citroеn Advanced Comfort“, поседуваат променлива густина на пена за мекост и поддршка како кај луксузните автомобили. Забележливо е дека просторот на задните седишта е за нијанса зголемен за разлика од „,обичниот“ С4, удобно сместување има за сите патници на задната клупа, единствено лицата повисоки од 185 см има шанса да допират до кровот, поради неговата „слегувачката“ линија. Иако на прва се очекува отворот на багажникот простор да биде изведен како пета врата, тој е направен по принципот на седан автомобилите. Тука се крие и најголемиот плус на С4 Х, затоа што неговиот габарит од 510 литри складиштен простор е над сите очекувања и може да „проголта“ речиси сè што сте замислиле да понесете со себе на патување. Материјали употребени низ кабината делуваат доста квалитетно и наликуваат на оние од уредувањето на ентериери во станбен простор, правејќи ја целата атмосфера порелаксирана од вообичаено. Централниот екран осетлив на допир со димензии од 10 инчи е со висока резолуција, преку него се командува со повеќето секундарни функции, а дека Citroеn ги слуша барањата на купувачите покажува со враќањето на копчето за регулација на звукот и на физичките контроли за подесување на клима уредот што е далеку поедноставно отколку наместо сè да се прави преку екранот на допир во комплицирана постапка која го одзема вниманието на возачот. Пофални зборови одат на сметка на инструмент таблата изведена во дигитална форма со големина од 5,5 инчи што овозможува единствен и јасен приказ само на основните функции. Внатрешноста на новиот C4 свесно се надоврзува на обновената офанзива за враќање на традиционалната патека препознатлива на францускиот бренд нудејќи удобност без преседан.
13 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |
ДОБРЕДОЈДЕН КОНТРАСТ
Понудата кај моделот C4 X се базира на две бензински, една дизел и една електрично погонувана изведба. На нашиот пазар најинтересни се бензински опции кои се базираат на еден од најдобрите трицилиндерски единици на пазарот во моментов. Од зафатнина еднаква на 1.2 литри помогнат со турбо полнач овозможува две верзии на моќност, 100 КС и 130 КС. Двата двигатели во понудата се со ниско ниво на штетни издувни гасови кои ги исполнуваат Euro 6.4 нормативите. Во оваа прилика ни беше отстапена верзијата со 130 КС што својот максимум го нуди при 5.500 врт/мин, додека, пак, целосниот вртежен момент е на располагање веќе од 1.750 врт/мин, во спрега со добро пресметан 8 брзински афтоматски менувач. Овој француски пар во ниту една комбинација не нуди погон на сите тркала, едноставно таа опција е целосно исклучена како и кај повеќето „кросовер“ модели. Карактерот што ја поседува оваа верзија на агрегатот се наметнува како идеална опција за оние кои освен економичност сакаат да се препуштат на комфорниот дел од управувањето. Малиот агрегат, само на хартија е мал, во пракса повлекува моќно и без размислување во секоја прилика,
МОТОР: TРИЦИЛИНДРИЧЕН
ТУРБОБЕНЗИНЕЦ
ЗАФАТНИНА: 1.199 СМ3
МОЌНОСТ НА
БЕНЗИНСКИ
АГРЕГАТ:
130 КС
При 5.500 врт/мин
МЕНУВАЧ: 8 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ
ПОГОН: НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА
ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:
СОПИРАЧКИ:
ГУМИ:
МАСА НА
НАПРЕД: MCPHERSON
НАЗАД:ТОРЗИОНА ОСКА
НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ
НАЗАД: ДИСКОВИ
НАПРЕД 195/60 R18, ПОЗАДИ 195/60 R18
ВОЗИЛОТО: 1.220 КГ
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.600Х1.800Х1.525 ММ
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч: 9.4 СЕКУНДИ
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: 5.8 ЛИТ/100 КМ
МАКСИМАЛНА БРЗИНА: 200 КМ/Ч ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ
работи доста култивирано без разлика дали сте на ниски или, пак, го носите во високи вртежи. Потрошувачката која ја постигнавме за време на нашето дружење се движеше во просек од 7,5 литри на секои 100 изминати километри, а доколку бевме малку поупорни, сигурно дека таа ќе изнесуваше барем за еден литар помалку.
Перформансите што ги постигнуваа C4 X се повеќе од доволни за секој што ќе се одлучи за ваков тип на автомобил. Забрзувањето до 100 км/ч трае 9,4 секунди, а максималната брзина e „округли“ 200 км/ч. Спортското доживување во возењето е комплетно анулирано, приоритетот на новиот C4 Х е суспензија која овозможува максимален комфор. Ова го сметаме како добредојден контраст во време полно со автомобили кои поседуваат сè покруто потпирање. Моделот С4 Х ќе го преферираат возачи кои од автомобилот бараат удобност и релаксираност, своевидна стрес терапија од брзиот начин на живот.
Храбро дизајниран и полно со француски стил, целосно наклонет кон семејниот комфор, С4 Х е пионер што доаѓа како единствен предлог во класата која досега и не постоеше.
• Данчо Здравковски
14 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
28.650 ЕВРА
МОДЕЛ:
ТЕХНИЧКИ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
СПОДЕЛИ ГИ
СО НАЈБЛИСКИТЕ!
02/3181-108
ЕДНА КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!
ПОВОЛНОСТИТЕ
www.amsm.mk
СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО
ПРВИОТ
ХИБРИДЕН
LAMBORGHINI ГО ЛАНСИРА СВОЕТО ПРВО СЕРИСКО ВОЗИЛО ШТО ДОАЃА СО ХИБРИДЕН
ПОГОН, КОМБИНИРАЈЌИ ГО НОВИОТ V12 СО ТРИ ЕЛЕКТРОМОТОРИ.
е посебен ден за Lamborghini, со оглед на тоа дека италијанскиот производител го претстави својот нов суперавтомобил кој ќе биде предводник во поставата. Нешто повеќе од една деценија предводник на Lamborghini беше Aventador, а сега неговиот наследник конечно е тука. На сцена стапува Revuelto, хиперавтомобил со две седишта што Lamborghini го смета за „блиска иднина“ за автомобилизмот со високи перформанси.
Во срцето на новиот Revuelto е новиот 6,5-литарски V12, дополнет со три електрични мотори за да произведе комбинирана моќност од 1.015 КС. Моќта се пренесува до сите четири тркала преку новиот осумстепен менувач со двојна спојка, а достапен е и целосно електричен режим за овој plug-in хибрид. Користи нова монококна шасија за која Lamborghini вели дека е првата што има предна структура целосно направена од карбон. Возачот има бројни режими на возење од кои може да избере, поточно 13.
Според перформансите, од место до „стотка“ се стигнува за 2,5 секунди. До 200 км/ч се потребни помалку од 7 секунди, а максималната брзина е 350 километри на час. И ако сакате тивко да возите низ градските улици, можете да изберете целосно електричен режим за приближно 10 километри, под услов батеријата да е целосно наполнета.
ЈАЗИК НА НОВОТО ВРЕМЕ Revuelto претставува и нов дизајнерски јазик за Lamborghini. Забележливи се неколку класични елементи вметнати во неговата форма, пред сè од Diablo и Murcielago. Кога ќе се погледне Revuelto во профилот, видливо е влијанието на Aventador, но низ сето тоа забележлива е повторливата Y тема. Предните и задните светла имаат структура Y. Големите странични доводи за воздух се насочени напред како стрелка, а центарот на контролната табла, исто така, има впечатлива Y форма.
ДИЗАЈНЕРСКИ
Зошто Y e толку застапен? Lamborghini го поврзува ова со модерни „воздухопловни елементи“ и кога ќе погледнете во борбен авион F-35 Lightning II, сето тоа има повеќе смисла. Во комбинација со аголните линии на каросеријата и шестоаголните обрасци на задниот дел за излезите на издувните гасови, Revuelto навистина делува како борбен авион. Ниту целата тематика со авионите не е случајна – Lamborghini го нарекува возачот на Revuelto како пилот, а патникот е копилот. А, кога пилотот и копилотот излегуваат од возилото, тие сè уште го прават тоа користејќи ги култните Lambo врати, кои се синоним за Lamborghini Countach.
16 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Lamborghini Revuelto
Ова
СУПЕР
СПОРТИСТ НА
| НОВОСТИ
КОМПАНИЈАТА
Дизајнот на Revuelto не е чисто вежба во научна фантастика. Страничните перки зад предните тркала се дизајнирани да помогнат во насочувањето на воздух во доводите долж конкавната врата на вратата. Вдлабнатиот покрив го канализира воздухот кон задното крило, а истовремено нуди и малку повеќе простор за главата за патниците внатре. Предниот сплитер го дистрибуира воздухот подалеку од предните тркала, додека на задниот дел, најлудиот заден дифузор
некогаш користен кај Lamborghini генерира надолна сила додека го
лади моторот. Задното крило е активно и автоматски се прилагодува
по потреба за ситуацијата, или може рачно да се контролира помеѓу три режими за минимална или максимална потисна сила.
ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ Назад на погонот кај новиот Lamborghini Revuelto. 6,5-литарскиот Lamborghini V12 звучи познато, но ова е целосно нов мотор кој е полесен и помоќен од неговиот претходник. Развива 825 коњски сили при 9.250 вртежи во минута и 725 Nm вртежен момент, сето тоа без потреба од турбополначи. Моторот ги придвижува задните тркала, додека за предните се задолжени два електрични мотори кои додаваат 180 КС и трет мотор монтиран со новиот осумстепен менувач со двојна спојка, уште еден прв за Lamborghini. Монтиран е позади моторот наместо напред, правејќи простор за малиот пакет батерии од 3,8 kWh во она што порано беше тунел за пренос.
МАКСИМАЛНА ЕФИКАСНОСТ
Во споредба со Aventador Ultimae, Lamborghini вели дека Revuelto е за 61 отсто поефикасен и генерира 66 отсто поголема потисна сила во ситуации со големо оптоварување. Тука на тест ќе бидат ставени пневматиците Bridgestone Potenza Sport изработени по нарачка, со димензии 265/35-20 напред и 345/30-21 назад. Достапна е поголема комбинација на тркала/гума со 265/30-21 напред и 355/25-22 за задниот дел. Како што споменавме, мотивот Y е присутен внатре, но трите дигитални екрани се издвојуваат. Ниеден не е голем; возачот добива дигитален инструмент кластер од 12,3 инчи, со многу скромен портрет екран од 8,4 инчи во средината. Сепак, патникот добива тесен екран од 9,1 инчи кој, исто така, прикажува витални информации за возилото. Сите три дисплеи може да споделуваат информации, при што Lamborghini ја нагласува улогата на патникот како копилот. Lamborghini, исто така, има за цел да биде поеколошки со Revuelto. Производителот на автомобили има нови процеси за производство на материјали кои се поефикасни. Тапацирот комбинира различни кожи со микрофибер направени од рециклиран полиестер. И слично како и надворешноста, достапни се не помалку од 70 опции за бои за кабината.
Батерија е многу мала, но таа е доволна за да му даде на Revuelto електричен опсег од околу 15 километри. Исто така, е доволно мал за моторот да го наполни повторно за околу шест минути. Идејата овде очигледно не е за штедливо возење, туку како додаток на перформансите на моторот со дополнителен бонус за работа со нулта емисија за пристап до области каде што може да има забрани за моторот. Со можност за погон на сите тркала, Revuelto нуди 1.015 КС на земја или 180 КС во ЕВ режимот што ги врти само предните тркала. Компанијата Lamborghini засега не објави никакви детали околу цените, а пазарното лансирање би требало да се случи до крајот на оваа година. • Данчо Здравковски
17 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ |
| АВТО-МОТО
Претставуваме Lotus Evija
УЛТИМАТИВНА БЕСНОТИЈА НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН
СО 2.000 КС ПОД „ХАУБА” LOTUS EVIJA ИМ ФРЛА РАКАВИЦА В ЛИЦЕ НА РЕТКИТЕ РИВАЛИ ОД ОВА ЕКСКЛУЗИВНО ДРУШТВО И ВО ДУХОТ НА НАЈДОБРАТА ТРАДИЦИЈА НА БРИТАНСКАТА МАРКА НУДИ ВОЗНА ДИНАМИКА КОЈА МАМИ НАСМЕВКИ СО СЕКОЈ ИЗМИНАТ КИЛОМЕТАР.
на електриката во светот на вртоглавите перформанси ги донесе првите електрични хипер-спортски автомобили, или накусо, хиперелектромобили кои поставуваат нови репери во поглед на моќноста, погонот, управувањето. Една таква ултимативна беснотија на електричен погон доаѓа од Lotus. Марка чие славно минато почива на искуствата стекнати на тркачките патеки и пренесени врз спортските модели познати по централно поставениот мотор, совршениот баланс, извонредната возна динамика и неизмерното задоволство зад волан. Потпирајќи се на своите знаења при создавањето на спортисти со класичен погон Lotus се свртува кон иднината. Од ергелата на оваа славна британска марка сега доаѓа најмоќниот електричен хиперавтомобил на светот. Со 2.000 КС под „хауба” Lotus Evija им фрла ракавица в лице на ретките ривали од ова ексклузивно друштво, но не e само моќноста која се смета или, пак, максималната брзина која за волја на вистината во реални услови тешко и се достигнува. Барем така сметаат во Lotus. Елементите кои отсекогаш биле важни за Lotus се напредната шасија, лесната градба и врвната аеродинамика преточени во возна динамика која мами насмевки со секој изминат километар. Токму на овие принципи почива и Evija.
ВОНЗЕМНИОТ ДИЗАЈН ВОДЕН ОД АЕРОДИНАМИКА Инспиративна, впечатлива, вонвременска Evija соборува со својот вонземен настап. Со клиренс од 105 mm делува како залепена за подлога додека кабината во облик на капка пропаѓа меѓу мускулестите бедра обвиткани околу тркалата. Без двојби највпечатливиот елемент се вентуриевите тунели продупчени во задникот на Evija кои го насочуваат воздухот низ автомобилот помагајќи ја притоа работата на масивниот дифузор. Иновацијата е инспирирана од тркачите на серијата Ле Ман и кога ќе се види на улица буквално го одзема здивот. Храбриот дизајнерски потег го смалува отпорот на воздухот, а побрзото струење во внатрешниот дел на тунелот, т.н. вентури ефект, обезбедува подобро ладење на задната оска преку жабрите сокриени во него. Двата тунели завршуваат со LED лента која дава уникатен светлосен печат, посебно ноќе кога потсетува на согорувањето кај борбен авион. Сокриени LED ленти ја осветлуваат внатрешноста на тунелите, додека ласерските предни светла сечат низ темнината. Затоа Evija ноќе делува како непознат движечки објект.
Играта со струењето на воздухот низ телото почнува напред. Средишниот отвор од поделениот сплитер носи воздух до батеријата поставена централно во шасија, а страничните отвори кон моторите на предната оска. Жабрите на хаубата го насочуваат воздухот кој нормално оди преку предното стакло кон страниците. Така создаваат поголем негативен потисок кој притиска врз предната оска и обезбедува подобра тракција и попрецизно водење. Одличната аеродинамика профитира и од отсуството на ретровизори. Место нив Evija користи камери кои излегуваат хоризонтално од предните крила кога ќе се отклучи, а за полн поглед одзади поставена е камера на кровот.
АВТО-МОТО |
Влегувањето
ВЕРНИ НА ПРИНЦИПИТЕ ЗА ЛЕСНА ГРАДБА Evija е изградена околу монокок од карбон-фибер чиј начин на изработка е идентичен со шасиите во Формула 1. Со тежина од 129 kg монококот на Evija е најлесната, непопустлива, најбезбедната и технички најнапредната шасија во историјата на Lotus. Батеријата е поставена зад кабината поточно централно во шасија. Овој пристап, исто како кај спортските автомобили со класичен погон каде моторот е сместен централно, нуди значителна предност во однос на тежинската распределба, аеродинамиката, возната динамика и комфорот. Воедно нуди брз и лесен пристап за сервисирање и замена со алтернативни батерии кои нудат подобри перформанси на тркачка патека. Дури и дизајнот профитира, бидејќи кај Evija батеријата се гледа преку задното стакло. Со капацитет од 2.000 kW литиум-јонската батерија дело на Williams Advanced Engineering е клучот за извонредната моќ од 2.000 КС и 1.740 Nm. Таа храни четири исклучително компактни електромотори од по 500 КС поставени одделно за секое тркало. Заедно со елементите од потпирањето од лесен метал и каросеријата, исто така, изработена од карбон-фибер Evija на вага мери 1.887 kg што е рекорд во овој сегмент.
ПОЛНА КОНТРОЛА ЗА ПОТПОЛНО
Системите на Evija се фино калибрирани да понудат врвна возна динамика и на пат, и на патека. Потпирањето доаѓа од светот на мотоспортот. Секоја оска ја контролираат по три хоризонтално поставени амортизери. По еден за секое тркало и третиот кој го контролира навалувањето. Амортизерите се врзани за тркалата преку пушрод систем кој овозможува поголема стабилност и дозволува поголема слобода при дизајнирање на каросеријата. Варијабилното потпирање е дело на специјалистот Multimatic кој ги снабдува и тимовите во Формула 1. Тоа и овозможува на Evija да вози комфорно на пат, но и да има тркачка крутост кога се вози на патека. Системот за распределба на вртежниот момент варијабилно ја испраќа моќноста кон две, три или четири тркала и во секое време обезбедува максимално ниво на тракција. Дополнително, модусот за на патека Track има можност за сетирање според сопствените потреби на возачот и дозволува да се додаде моќност до одделни тркала зависно од конфигурацијата на патеката. Сетирањето кон кое тркало ќе испрати поголема моќност се прави според радиусот на свијоците на патеката. Така се подобрува тракцијата во свијок и се зголемуваат брзините што резултира во постигнување на подобри времиња по круг. Управувањето е електрохидраулично. Систем од кој Lotus не се откажува бидејќи нуди најдобар баланс меѓу прецизно водење и испраќање повратни информации кон возачот. Затоа светскиот шампион во Формула 1 Џенсон Батон кој минал доволно километри зад волан на Evija коментира дека е вчудоневиден од нејзината агилност и дека на волан буквално може да се почувствува секое камче преку кое минуваат тркалата. Нешто кое според него се очекува од еден Lotus.
ЕКСТРЕМНИ ПЕРФОРМАНСИ
Без оглед на екстремната моќност, Evija достигнува електронски лимитирана максимална брзина од 350 km/h. Иако некои конкуренти се побрзи, инженерите на Lotus ја создале Evija како возачки настроен автомобил. Затоа многу поважен бил начинот на испорака на моќност, меѓу забрзувањата и можноста за контрола отколку непотребното бркање на максимуми. Така на Evija за да забрза од 100 – 200 km/h и требаат помалку од 3 сек. и помалку од 4 сек. да забрза од 200 – 300 km/h. Воедно и требаат помалку од 9 сек. за од место да улови 300 km/h што е подобро од било кој конкурент. Затоа спринтот од 0 до 100 km/h кој се случува во помалку од 3 сек. и не е толку важен за инженерите на Lotus.
Според Lotus крајната брзина единствено била важна при полнењето на батериите. Evija има батерија која се полни најбрзо на светот. Таа може да прифати полнење од 800 kW, но за жал сè уште на светот не постои полнач со таа јачина. Во колку би имало, полнењето би траело само 9 минути. Со користење на постоечката технологија на полначи со најголема моќност од 350 kW полнењето на батеријата трае 12 мин. до капацитет од 80% и 18 мин. до капацитет од 100%. Автономијата со едно полнење изнесува 402 километри.
Ова ексклузивно парче хиперелектромобил ќе биде произведено рачно во ограничена серија од само 130 примероци. Бројката доаѓа од кодната ознака под која се развивал проектот Type 130. А за да се застане во редот на чекање за овој британски електро ексклузивец е потребен депозит од 250.000 британски фунти. Додека полната цената стартува од околу 2 милиони фунти и оди нагоре зависно од желбите на купувачот. За да не се брза при нарачувањето вреди да се напомене дека сите примероци се продадени. • Љубомир Анастасовски
20 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ЗАДОВОЛСТВО
| АВТО-МОТО
АВТОМОБИЛСКИТЕ
ВЉУБЕНИЦИ И
ЕНТУЗИЈАСТИ
НАЈПОСАКУВАНИТЕ
ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ
НА НАЦИОНАЛНИОТ
ИЗБОР ЗА
НАЈПОСАКУВАН
АВТОМОБИЛ, ЗЛАТНО
ТРКАЛО, ГИ ДОБИ
СВОИТЕ ПОБЕДНИЦИ
ВО СЕКОЈА ОД
КАТЕГОРИИТЕ.
Четвртото
издание на Националниот избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија дојде до својот крај, гласањето за Златно тркало 2023 година заврши, со што се познати победниците во секоја од категориите и освојувачот на Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија. Автомобилските вљубеници и ентузијасти го дадоа својот придонес во овој избор, оформувајќи ја листата на победници.
Активностите околу гласањето минаа во фер и спортска атмосфера, сите финалисти беа промовирани адекватно и подеднакво на социјалните мрежи од страна на организаторите. По добивањето на конечниот резултат од гласањето, кое траеше до 31 март (петок) во 23:50 часот, собрани беа вкупно 12.875 гласови добивајќи репрезентативен примерок каков што досега не е забележан кај нас, избрани се победниците во секоја од категориите, а тоа се:
– Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија со 35.64% од
гласовите – Alfa Romeo Tonale
– Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 30.49% од
гласовите – Toyota Corolla Cross
– Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија со 30.62% од гласовите – Peugeot 408
Со оглед на тоа што минатата година беа 5 категории и отприлика сличен број гласања, веруваме дека се зголемил интересот, а секако помогна и заедничкиот ангажман во промоција на изборот.
По иницијатива на Авто Плус, заедно во организација CARClub, Cars by Vik и RPM, Златно Тркало пристигна како уникатен начин за да се избере најпосакуваниот автомобил и опстојува во своето четврто издание, израснувајќи во своевидна традиционална манифестација. Кога станува збор за самиот избор, учество можеа да земат сите нови автомобили кои се промовираа на пазарот во изминатите 12 месеци. На конечната листа се најдоа моделите кои овластените импортери одлучија да ги номинираат.
По ова, финалистите беа ставени на гласање пред јавноста, а сите лица во земјава кои имаат пристап до интернет и социјални мрежи можеа да го дадат својот глас, според кој се добива конечниот резултат.
• Данчо Здравковски
21 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Златно тркало за 2023 година
ГИ ПРОГЛАСИЈА
АВТО-МОТО |
20. издание на Салонот за автомобили во Шангај (најава)
АВТОМОБИЛСКАТА
ИНДУСТРИЈА
ДОБРО Е, АВТОМОБИЛСКИТЕ
МАНИФЕСТАЦИИ ПОЛЕКА
СЕ ВРАЌААТ НА СЦЕНА КАКО
НА ПРИМЕР СЕГАШНАВА
ШТО ТРЕБА НАСКОРО ДА СЕ
ОДРЖИ ВО ШАНГАЈ. ШТЕТА
ШТО НАЈПРЕСТИЖНАТА
СВЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА
ЗА АВТОМОБИЛИ КОЈА СЕ
ОДРЖУВАШЕ СЕКОЈА ГОДИНА
ВО ЖЕНЕВА, ВО ПРВАТА
ТРЕТИНА ОД МЕСЕЦ МАРТ, ПОВТОРНО Е ОДЛОЖЕНА И
ТОА ПО ЧЕТВРТИ ПАТ. КАТАР СЕ
ПОНУДИ ДА ЈА ОРГАНИЗИРА
ТАА ИЗЛОЖБА, НО С È УШТЕ НЕ
СЕ ИЗЈАСНИЛЕ ЗА ДАТУМОТ.
Саемот
за автомобили што секоја втора година се одржува во Шангај датира од 1985 година. Оттогаш многу нешта се измениле, а најмногу во делот на распределбата на глобалната автомобилска продажба. Некогаш најголем купувач на автомобили беше северноамериканскиот континент, а денес најмногу автомобили се продаваат во Азија, поточно во Кина заедно со Индија и околните држави. Брзиот развој на азиските земји, нарочно на Кина и Индија придонесе, глобално, автомобилската индустрија да добие ново лице. Поради овие нови ветрови во индустријата на четири тркала, Кинезите одлучија да организираат саем за автомобили во еден од највлијателните градови во државата, Шангај. Оваа година саемот ќе се одржи од 18 до 27 април. Првите два дена, 18 и 19 април се резервирани за новинарите, наредните два дена 20 и 21 се наменети за стопанствениците, а од 22 до 27 вратите ќе бидат отворени за посетителите. Ова е 20. издание на саемската манифестација и е наречено „Во пресрет на новата ера на автомобилската индустрија“. На минатата изложба која се одржа од 19 до 28 април 2021 год. организаторот дочека и испрати повеќе од еден милион посетители кои имаа прилика да се сретнат со дури 1.000 изложувачи.
Покрај домашната автомобилска и пропратна индустрија, ќе бидат присутни и останатите од цел свет кои имаат на располагање над 360.000 м2 изложбен простор. И на ова издание од изложбата ќе доминираат електромобилите, но сигурно нема да изостанат ни тие со ото и дизел мотори. Списокот на изложувачи сè уште не е конечен и затоа организаторот не го објавува на неговата интернет страница. Според досегашните најави од странските производители на автомобили, на саемот ќе изложуваат: Мерцедес, Смарт, Хонда и МГ. Другите производители досега не се изјасниле дали ќе дојдат во Шангај. • Жарко Атанасовски
22 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА ЕРА НА
| НОВОСТИ
ТИТУЛА ЗА ХЈУНДАИ
ВО СВЕТСКИОТ ИЗБОР ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА
СЕ СЛУЧУВА ДОМИНАЦИЈА НА ХЈУНДАИ, ЛАНИ „ЈОНИК 5“, ГОДИНАВА „ЈОНИК 6“. ТАКА ОДЛУЧИЛО ЖИРИТО
СОСТАВЕНО ОД 100 НОВИНАРИ ОД 33 ЗЕМЈИ. КАКО ШТО Е ТРГНАТО, МОЖНО Е „СЕДУМКАТА“
ДОГОДИНА ДА БИДЕ ПОБЕДНИК.
Хјундаи,по
втор пат едно по друго, ја освојува титулата Автомобил на годината во светот, овој пат за 2023. Покрај оваа титула, истата марка освои уште две други, односно производителот си оди дома со тројна титула. Истото се случи и минатата година, така што Хјундаи слободно можеме да го прогласиме за апсолутен победник. Вакво
нешто досега се нема случено, така што конкуренцијата доби вистински нокаут од корејската автомобилска индустрија. Моделот кој ја доби престижната титула е „јоник 6“, додека лани победник беше моделот „јоник 5“.Другите две титули се Дизајн на годината во светот и Електрично возило на годината во светот. И повторно чудо, истите награди ги собра минатогодишниот победник „јоник 5“ - изгледа како Хјундаи да е претплатен на овие три награди. Сега конкуренцијата треба да седне, да се преслуша себе си, да ги пронајде своите слаби точки и да признае каде погрешила. Но пред да ги направи сите овие нешта, најнапред треба да се освести од класичниот нокаут што го доби од Хјундаи и тоа втора година по ред. Главни конкуренти на „хјундаи јоник 6“ за освојување на големата награда беа „киа ниро“ и „бмв икс 1 / и икс 1“. На моделот „ниро“ му припадна второто место, а најниското место на подиумот го освои моделот „икс 1 / и икс 1“.
Наградата Луксузен автомобил на годината во светот отиде кај целосно електрифицираната лимузина „луцид ер“, а за Градски автомобил на годината во светот за 2023 беше прогласен „цитроен ц 3“.
Во категоријата Спортски автомобилна годината во светот наградата ја грабна „киа ев 6 гт“, пред истото да го сторат второпласираната „тојота гр корола“ и третопласираниот „нисан з“.
Жирито на овој избор брои 100 новинари од 33 држави, чија главна преокупација се автомобилите. Најмногу членови имаат земјите производители на автомобили и земјите кои имаат голема продажба. Македонија сè уште не е ни во едното,а ни во другото јато, така што ние сè уште немаме наш претставник во тоа жири.Покрај овие награди, жирито доделува и награда за најуспешниот вработен во автомобилската индустрија. Годинава наградата Лице на годината во светот за2023 ја доби СангЈуп Ли вработен воХјундаи Моторс како заменик претседател на компанијата. Првото доделување на наградата „Светски автомобил на годината“ се случило во 2005 година. Тогаш „ауди а 6“ е прогласен за победник, а по него следат: 2006 „бмв 3“, 2007 „лексус лс“, 2008 „мазда 2 / демио“, 2009 фолксваген голф VI“, 2010 „фолксваген поло“, 2011 „нисан лиф“, 2012 „фолксваген ап“, 2013 „фолксваген голф VII“, 2014 „ауди а 3“, 2015 „мерцедес ц класа“, 2016 „мазда м икс 5“, 2017 „јагуар ф - пејс“, 2018 „волво икс ц 60“, 2019 „јагуар и - пејс“, 2020 „киа телурид“, 2021 „фолксваген ид 4“ и 2022 „хјундаи јоник 5“. Најмногу први места има освоено Фолксваген, дури пет, со по две титули се закитиле: Ауди, Јагуар, Мазда и Хјундаи, а останатите имаат по една прва награда. • Данчо Здравковски
23 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |
Автомобил на годината во светот
ПОВТОРНО ТРОЈНА
АМСМ ВЕЛО членската картичка е наменета за физички лица кои секојдневно го избираат велосипедот за градско превозно средство.
Со неа добивате:
- бесплатна помош на пат до 21ч. и бесплатен пренос на велосипед 24/7 во случај на дефект на територијата на град Скопје, до 20км на градско подрачје, во двата правци;
- 20% попуст за сервисирање на велосипед во новоотворениот сервис за велосипеди во АМСМ Скопје - Центар;
- Опција за преземање и пренос на велосипед до посакувана локација на територијата на нашата земја по повластена членска цена; и
- Пристап до АМСМ Партнер програмата со која добивате попусти во над 250 внимателно избрани продажни места.
- Членско списание АМСМ Клуб Мобилити (електронско издание)
Услугите за помош на пат и пренос на велосипед можете да ги користите со повикување на 196. АМСМ ВЕЛО членската картичка важи една година од датумот на издавање и чини 600ден, а можете да ја извадите онлајн на www.amsm.mk
02/3181-108
Полиса за осигурување на велосипедисти вклучува:
1. Осигурување на велосипедисти од последици од несреќен случај, во кое се вклучени следните основни ризици:
- Смрт од несреќен случај
- Траен инвалидитет
- Кршење коски
2. Осигурување на велосипедисти од одговорност кон трети лица.
Осигурувањето на велосипедисти од последици на несреќен случај е просторно неограничено, додека осигурувањето од одговорност кон трети лица важи само на територијата на нашата земја.
Осигурувањето на велосипедисти може да се склучи со или без франшиза.
02/3181-405
24 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ ОСИГУРУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИСТИ ОД НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ И ОД ОДГОВОРНОСТ КОН ТРЕТИ ЛИЦА ВЕЛО ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ЗА ПОМОШ НА ПАТ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ
ИНОВАТИВНИ
ЗА
УСЛУГИ
ПОБЕЗБЕДНА
МОБИЛНОСТ
СЕРВИСНИ СТАНИЦИ ЗА ПРОВЕРКА
НА ИСПРАВНОСТА НА
ВЕЛОСИПЕДОТ
Минатата година, на различни локации на територијата на град Скопје, беа поставени сервисни станици за велосипеди, чија цел е зголемување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.
Сервисните станици располагаат со воздушна механичка пумпа, хекс клучеви, штрафцигери, конусни клучеви и друг ситен алат за проверка и поправка на ситни дефекти на велосипед.
Ве потсетуваме на локациите на вело сервисните станици и ве охрабруваме да ги искористите за проверка на вашиот велосипед на почетокот на сезоната:
-Пред АМСМ - општина Центар;
-Пред SKOPJE CITY MALL - општина Карпош, ул.„Манапо“;
-Во „FOUR“ (хотел „ПАРК“) на кеј - општина Центар; и
-Пред хотел „РУСИЈА“ - општина Аеродром.
За основен или комплетен сервис на велосипедот, советуваме да го посетите АМСМ сервисот за велосипеди лоциран во рамките на АМСМ Центар-Скопје.
02/3181-133
На почетокот на новата сезона, редовниот сервис и промената на зимски со летни пневматици е задолжителен за сите, па и за службените возила. Оваа услуга на компаниите им овозможува бројни предности:
1. намалување на трошоците за одржување на возниот парк, бидејќи одржувањето се врши на локацијата на клиентот;
2. скратување на времето и намалување на ангажманот на вработените при одржување на возилата;
3. намалување на загубата на ефективно работно време, бидејќи услугите за одржување се вршат само по работното време или за време на викендот.
Премиум сервисните услуги се извршуваат со мобилно сервисно возило прилагодено и комплетно опремено за успешна реализација на следните сервисни услуги, во сите годишни времиња:
· Редовен сервис на возило
· Замена и балансирање на пневматици
· Компјутерска дијагностика
·Проверка и дополнување на системот за ладење со фреон (клима уред)
· Замена на делови од кочиониот систем (промена на плочки и дискови по оска)
· Проверка на осветлување
· Останати помали интервенции и водење сервисна историја
02/3181-329
25 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АМСМ | ПРОМЕНА НА ГУМИ И СЕРВИСИРАЊЕ НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА НА ВАША ЛОКАЦИЈА
•Ме интересира дали можам да
атестирам плински уред на возило
кој е вграден пред неколку години.
Сопственикот кој ми го продаде
автомобилот го нема атестирано
уредот, но ги имам документите.
Исто така, сакам да прашам дали
може да се атестира во Скопје
доколку регистарските таблички се
од друг град и колку би чинело тоа.
АМСМ: Според Вашите дадени информа-
ции, најпрво треба да се прегледаат сите
документи кои ги имате, а потоа со возилото да дојдете во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА
, кој се наоѓа на ул. Лазо Трповски бб во
Скопје Север ( веднаш до ПОРШЕ) или во
АМСМ Центар...
Ако е возилото од друг град, атестот може да се изврши кај нас во Скопје, но упатот е потребно да се издаде од местото каде што е регистрирано возилото.
Цената за извршен атест на возило со вграден систем за ТНГ, е 3.000,00 денари. Работно време на службите е од 8:00 до 16:00 часот. •
• Во мај ќе патувам низ Европа, каде можам да заштедам со мојата АМСМ Европа премиум членска картичка?
АМСМ: Со програмата Show your Card! како АМСМ членови штедите каде и да патувате надвор од границите на нашата земја, но и во нашата држава. Тоа значи дека со покажување на Вашата АМСМ членска картичка во продажното место SyC! каде што ќе ја препознаете налепницата со логото
Show your Card! на самиот влез, ќе добиете од 10% до 50% попуст. Достапна каде било во Европа, САД и во Канада, програмата Show your Card! или накратко SyC! ви нуди ексклузивна можност за попусти, дополнителни бенефиции и
заштеди во познати светски синџир-хотели, рентакар агенции, туристички атракции и во повеќе од 25.000 продавници само во Европа.
Сè што е потребно за да ги користите попустите Show your Card! е да покажете членска картичка со логото SyC. •
•Ќе треба да патуваме надвор од државата, сопственикот на колата е со нас во колата, но не вози. Дали има потреба од вадење на полномошно?
АМСМ: Доколку сопственикот на возилото физички е присутен со Вас во автомобилот, во тој случај нема потреба да вадите полномошно. •
26 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
| АМСМ
27 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ www.amsm.mk
Безбедност во сообраќајот
МОТОЦИКЛИТЕ
„ЗОШТО ДА ВОЗАМ БРЗО КОГА ЗНАМ ДЕКА ТОА ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД СООБРАЌАЈНА
НЕЗГОДА“, ИЗЈАВИ ВО НЕВРЗАН РАЗГОВОР
ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ
ВОЗАЧИ ВО ФОРМУЛА 1. ЗАТОА ВОЗЕТЕ, НЕМОЈТЕ ДА СЕ ТРКАТЕ.
Главна причина за отворање на годинашнава сезона на мотоцикли е топлото време што нè почести со многу сонце уште од крајот на февруари. Многу љубители на возилата на две тркала, излажани од убавото време излегоа да ги издуваат своите омилени направи. Но дали се придржуваат кон основните правила за безбедно возење?
Ако некоја механичка направа е оставена неколку месеци неупотребена, тогаш мора темелно да се провери. Кај мотоциклите постојат три нешта на кои треба да им се посвети најмногу внимение, тоа се пневматиците, потоа синџирот преку кој се пренесува силината од моторот до задното тркало и сопирачките.
Пред да седнете зад управувачот на вашиот мотоцикл, мора да извршите темелна проверка на спомнатата „тројка“. Правилно избран и правилно напумпан пневматик е гаранција за безбедно возење. Кога ова ќе го зачините со темелна проверка на сопирачките и синџирот, тогаш сте врвно подготвени да уживате во возењето и во сончевото време. Сите мотоциклисти велат дека многу уживаат при возењето и додаваат дека
28 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
ЗАПОЧНА
СЕЗОНАТА НА
се заразени со возилата на две тркала, односно дека е доволно еднаш да се почувствува ветерот околу себе и дека нема поубаво доживување од тоа да се вози надвор од градскиот асфалт, низ предели каде што никогаш не биле. Општо мислење е дека мотоциклистите возат пребрзо и често се тркаат. Тоа значи дека изостанува сообраќајната дисциплина (и култура), односно не го почитуваат најосновното правило во сообраќајот, а тоа е ограничувањето на брзината.
Еден од најголемите тркачи на светот од друштвото на Формула 1 изјавил: „Брзото возење го зголемува ризикот за предизвикување сообраќајна незгода.“ Сообраќајната полиција констатира дека најчести причини за сообраќајните незгоди се брзото возење и возењето под дејство на алкохол. За жал, тоа е нашето секојдневје. Никој не забранува да се вози брзо, но не на улица или автопат, туку на тркачка патека каде што може да се докажува колку брзо може да се вози и до крајни граници да се испробаат вашите и способностите на мотоциклот.
Не е проблем само брзото возење, туку додека возат не носат заштитен шлем, потоа бучавата од погонскиот агрегат е преголема и заглушувачка, а голем е бројот на оние што возат нерегистрирано возило. Тоа се четири сериозни прекршоци за кои мотоциклистите може веднаш да бидат казнети. Мора да се напомене дека има и совесни што се придржуваат кон сите прописи за одговорно возење. Сето ова се однесува и на возачите на автомобили, кои единствено се ослободени од обврската
да носат заштитен шлем. • Жарко Атанасоски
29 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
Велигден
КОГА СЕ СЛАВИ
ПОБЕДАТА НА ЖИВОТОТ
ПОРАДИ НЕГОВАТА СУШТИНА, ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИЦИ - ДЕНОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ СЕ ИЗДВОЈУВА ОД ОСТАНАТИТЕ. ОБИЧАИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН СЕ РАЗЛИКУВААТ, ОД МЕСТО ДО МЕСТО, ОД РЕГИЈА ДО РЕГИЈА, НО СИМБОЛИКАТА СЕКОГАШ Е ИСТА - ПОБЕДАТА НА ЖИВОТОТ НАД СМРТТА.
Заедно
со Божиќ - Рождеството Христово, чија радост е неизмерна бидејќи со него се врзува и почетокот на месијанизмот на Исус, како што нè учи религијата, Велигден, исто така, е празник со големо значење, важност..., кој на своевиден начин ја претставува сржта на христијанството, а тоа секако е победата над смртта преку жртвувањето и страдањето. Денот на Христовото воскресение й припаѓа на групата „менливи“ празници, но секогаш, без исклучок, паѓа во недела. Датата се одредува согласно лунарниот календар. Имено, денот - неделата е неменлива во седмицата кога полната месечина се јавува по рамноденицата (пролетната). Бидејќи датумите во јулијанскиот календар се поместени за 13 дена, православниот Велигден никогаш не може да биде порано од 4 април, ни подоцна од 8 мај. Секогаш му претходи главниот еврејски религиозен празник - Пасха. Годинава (2023-та) се прославува на 16 април, додека припадниците на западната, римска христијанска вероисповед и заедница - католиците го слават на 9 април.
ВАПСАЊЕТО ЈАЈЦА, НАЈЗНАЧАЕН ДЕЛ ОД ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРАЗНУВАЊЕТО Имајќи го предвид фактот дека Велигден е славење на Христовото воскресение како една од најзначајните догми на христијанството, особено важна е подготовката на верниците за него, кому му претходат великите пости, заедно со неколкуте важни празници. Во првата седмица на постите се прославува Тодорова сабота, денот е посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон, кога во домовите на православците се вари пченица како за слава. Всушност, на тој начин се одбележува споменот за него. Лазарова сабота е во чест на воскреснувањето на Лазар, денот пред Цветници - Цветна недела, кога Христос влегол во Ерусалим, заедно со своите ученици. Вечерните богослуженија некаде се проследени со светење врбови ластари кои се делат на верниците. Ова е празник на децата со што почнуваат официјално и велигденските празници. Седмицата пред Велигден се нарекува и страсна, деновите од понеделник до
30 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ
НАД СМРТТА
петок се означени како велики. Петтиот ден во неделата е најтажниот, кога Исус го распнале на крст со венец од гранки покриени со трње на главата наместо круна. Велики петок всушност е ден
исполнет со тишини, не се пее ниту игра, црковните ѕвона не ѕвонат. Литургија се служи само ако се поклопува со Благовец. Православниот народ се провира под распосланата плаштаница пред
олтарот, откако ќе ја целива, ќе си замисли желба и ќе се помоли на Бога за нејзино исполнување. Во некои региони не се погребува
на Велики петок бидејќи се верува дека извршувањето погреб ја растројува земјата во која почива Христос.
Велигденските јајца се вапсаат во четврток и петок, во пресрет на Велигден. Црвената боја е задолжителна од причина што ја означува пролеаната крв на Исус, додека, пак, другите бои укажуваат на радоста за победата над смртта и создавањето нов живот. Потеклото на обичајот врзан со „вапсањето“ јајца не може да се одреди сè уште и покрај тоа што има неколку верзии на народните преданија. Според најраспространетата, Марија Магдалена веднаш по Христовото воскресение отишла во Рим каде што на Тибериј му дала црвено јајце и го поздравила со зборовите „Христос воскресе“. Јајцето како симбол на раѓањето живот во сите негови форми се користело во повеќе култури пред христијанството. И народните преданија го споменуваат пророштвото на Исус за своето воскреснување на третиот ден од смртта, укажувајќи им на учениците дека ќе дознаат од кокошките бидејќи ќе снесуваат црвени јајца. Има едно предание за Христос дека во некоја пригода им побегнал на римските војници додека се восхитувале од црвените јајца во корпата што ја чувала една жена крај патот. Според верувањата, од памтивека, се дарувале вапсани јајца во знак на победа и радост. Имено, вапсањето јајца се смета дека има големо значење во подготовките за одбележувањето на овој празник, оттаму и важноста која му ја придаваат домаќин(к)ите. Првото обоено јајце се нарекува чуваркуќа, се става на посебно место во куќата и се чува до следниот Велигден, како заштитник на домаќинството.
ВО КРУГОТ НА СЕМЕЈСТВОТО, СО СВЕЧЕНА ТРПЕЗА КОЈА ГО ОЗНАЧУВА И КРАЈОТ НА ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВНИТЕ ПОСТИ
Денот на Христовото воскресение - Велигден се исполнува со радост, а причината е добропозната - победата на животот над смртта. Ѕвонат црковните ѕвона, луѓето се поздравуваат со зборовите „Христос воскресе“ на што се отпоздравува со „Навистина воскресе“. Празнувањето е вообичаено - во кругот на семејството, со свечена трпеза која го означува и крајот на четириесетдневните пости. Некаде се подготвува и милиброд во форма на венец со јајце пикнато меѓу - „козињак“, наутро децата се тријат со црвено јајце по лицето за да бидат здрави, а девојките, пак, се мијат со вода во која се става јајце за да бидат румени. Дарувањето велигденско јајце и кога се оди на гости кај некого и кога ќе дојде некој е задолжително. И тука, во Македонија, обичаите за Велигден се разликуваат од место до место, од регија до регија. Често на децата им се даваат и подароци, наводно од зајко. Традициите се различни и во светски рамки. Сепак, заедничко е чукањето, кршењето со јајце - натпреварување во неговата цврстина, издржливост. Културата секако е дел од нив. И обратно. Секаде празнувањето е во кругот на семејството.
Во Италија на пример, трпезата за Велигден, исто така, е богата, свечена и никако не може да помине без јагнешко месо, јадења со спанаќ и јајца, меѓу нив и т.н. велигденска пита, односно тортата пасквалина (солено јадење од тесто со спанаќ и со јајца) . Словачка и дел од Унгарија е позната по ритуалот на шибање со врбови гранки, полевање со вода на девојки, жени кои се движат по улица, во поворка. Неговата специфичност се состои во симболиката на врбата - дрвото е амблем на плодноста. За возврат, на „мачителите“ им даваат вапсани јајца.
Во Франција, веднаш по завршувањето на утринската миса, членовите на семејството се пуштаат во лов на јајца што домаќинката или некој друг од фамилијата ги сокрил во куќата или дворот, утрото или, пак, ноќта во пресрет на Велигден. За оваа пригода се прават и чоколадни јајца со кои се наградуваат пронаоѓачите. Обичајот е широко распространет, дури и во Америка.
На Бермудите се летаат хартиени змејови, специјално направени за Велигден, кои го симболизираат Христовото распетие. Семејниот ручек е незаобиколен, како и јадењата со бакалар и печивата во форма на крст.
Жителите на Филипините, пак, го ритуализираат и славењето на Велигден, како и сè останато. Прославата започнува една седмица порано, а завршува со маршот на мажите, маскирани во римски војници, симулирајќи ја поворката пред Христовото распетие. Во текот на движењето се бичуваат по грб, а неретко го симулираат и распинањето. Неизбежно е и чукањето, кршењето со јајце, како и насекаде, низ целиот свет. • Игор Ландсберг
31 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СТИЛ |
Дворците на Лоара
РАСКАЖУВАЧИТЕ
НА КЛАСИЧНИТЕ
БАЈКИ
ФРАНЦИЈА Е ЗЕМЈА КОЈА
ОТСЕКОГАШ КОТИРАЛА ВИСОКО
НА ТОП-ЛИСТИТЕ КОГА СЕ
ТУРИСТИЧКИТЕ ДЕСТИНАЦИИ ВО
ПРАШАЊЕ, И ТОА НЕ САМО ВО
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОПЕРАТОРИТЕ
ТУКУ И ВО СВОЈ, СОПСТВЕН РЕЖИМ.
СЕКАКО ДЕКА ПАРИЗ Е НА ВРВОТ, НО И ПРОШЕТКАТА ПО ДОЛИНАТА
НА ЛОАРА Е ДОЖИВУВАЊЕ ШТО
ПРЕДИЗВИКУВА ВОЗБУДА, ПРЕД С È
ПОРАДИ ДВОРЦИТЕ КОИ ГО ЗЕМААТ
ЗДИВОТ, 300 НА БРОЈ - ПОВЕЌЕТО
ЗАШТИТЕНИ ОД УНЕСКО.
Нема дилема, и во оваа и секоја друга пролет - најубавиот период од годината, дворците на Лоара се ставени во топ 10-те туристички дестинации на европскиот континент, кои задолжително треба да се посетат кога било. Неоспорен факт е дека Франција воодушевува со своите приказни, често и недокажани, врзани со минатото, хедонизмот - најквалитетните сирења, вина и секако, дворците во огромен број - речиси сите велелепни, од кои зрачи луксуз, раскош..., не само поради скапотијата на декоративниот простор туку и начинот, стилот на живеење на аристократијата неколку века наназад, чиј гламур и ден-денес е недостижен. Многу од нив се наоѓаат по долината на реката која важи за најдолга во земјата и нејзините притоки, како на пример Шер, Индре.
„ГРАДИНАТА НА ФРАНЦИЈА“ ПОРАДИ КОЈА И ТРИВИЈАЛНОТО ПРАШАЊЕ ЗА ИДЕАЛНОСТА Е ОДВИШНО
Поради староста се уште попривлечни, датираат од пред 11 века. Некои се помлади - само 5 века. И покрај тоа што во повеќето се живеело постојано, текот на Лоара бил совршен и за летниковци каде што француските благородници го поминувале времето на лето. Нивните амбиенти очигледно дека на раскажувачите им служеле како инспирација за класичните бајки, вклучително и романтичната природа, пејзажите кои придонесуваат за долината на реката, заедно со нејзините притоки, да се здобие со прекарот „Градината на Франција“, каде што цвеќињата опиваат со мирисите, па дури и боите. Тривијалното прашање за идеалноста е одвишно, таа едноставно постои. Таму, во дворците на Лоара и наоколу,
32 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk |
ПАТУВАЊЕ
СО СИОТ СВОЈ БЛЕСОК, ИНСПИРАЦИЈА ЗА
Шенонсе
а приказните за нивните сопственици, кралевите и кралиците, љубовниците, гостите само ги дополнуваат впечатоците за нив, комплетирајќи ги.
Бројката воопшто не е занемарлива, напротив - импресионира со трите цифри, 300. Во средината на долината, каде што аристократските, богаташките резиденции всушност имаат најголема посетеност, Агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) ги стави под своја заштита во 2000-та година. Сепак, тоа не значи дека останатите се препуштени на себе, оставени
на забот на времето, на заборавот. Владата, државата се грижи за сите коишто й припаѓаат, нејзино е сопственичкото право и секо -
гаш се отворени за посета од страна на туристите во поголемиот
дел од годината. Не е мал и бројот на дворците кои работат како
хотели, другите се приватни, служат за живеење, одмор. Без оглед на нивната близина, очигледна е разликата во стилот, начинот на градењето (архитектонски), а причината е јасна: имено, секој дворец се врзува со одредена епоха, исто така, и цел. Како што се зборува, буквално сите, без исклучок, биле изложени на провални кражби, на делумно, или, пак, целосно уништување за време на Француската револуција, двете светски војни, кога биле и пренаменети за потребите на војските. Нормално, реставрацијата е дел од нивното минато, приоритет за секоја влада. Се разбира, освен дворците, за долината на Лоара е карактеристично и виногорјето - мноштвото лозови насади. Меѓу нив, пресечени со големата река и притоките, се наоѓаат и дворците за кои секогаш е интересно да се чита, пишува..., благодарејќи на впечатоците од нивната посета, импресиите. Нема сомневање, сјаат од убавина..., велелепните „Шенонсе“, „Шамбор“ и „Блуа“.
ЖЕНСКИОТ ДВОРЕЦ CHÂTEAU DE CHENONCEAU („ШЕНОНСЕ“)
На реката Шер, во близината на истоименото село е дворецот Шенонсе, чии записи ја потврдуваат неговата изградба уште во 11 век. Но, денешниот изглед воопшто не потсетува на тогашниот, причината е добропозната: дворецот го срушиле до темел во 16 век. Надворешноста е горедолу иста, со мали промени. „Шенонсе“ инаку е опкружен со преубави жардиниери à la française што го прават многу попривлечен. Освен што важи за ренесансно ремек-дело кое секогаш измамува восхит, дворецот е познат и како женски бидејќи со него се врзувале исклучиво дами, каде што престојувале - од Катерина Брисоне која го срамнила со земјата (1515-та) до Катерина де Медичи. Кралицата на новоизградениот „Шенонсе“ му додала и галерија (двокатна), откако го наследила
од Хенри II, по неговата смрт. А тој, пак, во 1547-ма го запленил од причина што дворецот тонел во долгови, за потоа да й го подари на својата љубовница, влијателната Дијана. Галеријата за време на Првата светска војна служела како болница, додека во текот на фашистичкиот режим од 1 септември 1939-та до 8 мај 1945-та била своевидна линија на разграничување меѓу окупаторот и слободната зона. Секако дека благородничките кои престојувале во него го уредувале по своја замисла, па дури и ќеф. На пример, Катерина де Медичи го приспособила за раскошните забави што ги приредувала ноќе, а сопругата на Хенри III, по неговата смрт, ги обложила ходниците со црни таписерии на кои имало мртовечки глави. Многу од скулптурите се преместени во „Лувр“, уште во 18 век.
Со овој дворец се врзуваат и доста занимливости како неоспорната вистина дека има најголема посетеност во Франција, по версајскиот. На „Шенонсе“ му припаѓа челното место кога се работи за огнометот, исфрлен за првпат во земјата по повод престолното доаѓање на Франсоа II. Во 1913-та дворецот е откупен од страна на семејството Мение, познато по чоколадите, во чија сопственост е и ден-денес.
CHÂTEAU DE CHAMBORD („ШАМБОР“), РЕНЕСАНСНА ИКОНА НА ФРАНЦУСКИТЕ АСПИРАЦИИ Најголемиот дворец на Лоара за кој се вели дека е ренесансна икона на возвишените француски аспирации се вбројува и меѓу замоците чија бројка на препораки за посета во туристичките водичи е исто толку голема, со претставката „нај“. Едноставно мора да се види за да се доживее, согласно личната перцепција. Неговата изградба се врзува со времето кога владеел кралот Франсоа I, во 16 век. Започнала во 1519-та и траела дваесетина години. Му служела како ловечки дом, ни малку скромен. Како што се зборува, перфекцијата во симетричноста на зданието му се спротивставувала на предусловот за градењето во средновековјето, а наводно, придонес во тогашните револуционерни идеи за надворешниот изглед на „Шамбор“ дал и познатиот уметник, врвниот Леонардо да Винчи кој работел за монархот. Со голема сигурност е тврдењето дека на италијанскиот мајстор се и спиралните дворски скалила, меѓу другото. Наместа во ѕидовите на палатата е врежана и буквата Ф, т.е. иницијалот, како и амблемот (саламандер), потврдувајќи го неговото кралување во чие време се градела.
33 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ПАТУВАЊЕ |
Шенонсе Шенонсе Шенонсе Шенонсе
Оттогаш е и пространата тераса на која жените ги чекале мажите да се вратат со богат лов (порано долината била полна со дивеч), од каде што се гледа и целиот двор на површина од 12.992 акра (5.260 хектари). Видикот навистина е спектакуларен.
„Шамбор“ инаку се состои од централен дел (тврдина) и четири кули, без оглед на неговата инаква функција, во часовите на разонода - никако не и одбранбена. Дури и бедемот и шанецот е декоративен. Покривот е нешто посебно, приказна за себе. Всушност, него го сочинуваат 11 помали кули - различни, а има и 3 оџаци. Франсоа I се воодушевувал од константинополската ведута, оттаму и желбата да ја има во негова близина, со помош на украсите. Наизглед асиметрични, но крајниот резултат е строга сразмерност. Дворецот располага со 440 соби, 365 камини... Градбата послужила како инспирација за лондонскиот универзитет Ројал Холовеј, а „Мона Лиза“ во 1939-та, кога почнала Втората светска војна, е донесена во „Шамбор“ за да се заштити.
- „Блуа“ е пример за еволуција на француската архитектура. Со доселувањето на кралот во 1515-та и државата го добила седиштето. Во него се решавале значајни прашања за Франција, се донесувале и такви одлуки - многу важни. Влијанието на ренесансата е забележливо и во спиралните дворски скалила што ги нарачал кој друг ако не Франсоа I. Се разбира, амблемните саламандри и ден-денес се очевидни, врежани во ѕидовите. И покрај тоа што владата подоцна се преместила во Париз, таму останале да живеат неколку чиновници заедно со семејствата, во доградбата. Луј XII во 1616та ја испратил својата мајка да живее во дворот каде што успеала да се спаси од одронот на земјата која ја оставиле градежниците, заради честите поправки, корекции. Нема дилема, историјата на „Блуа“ е поприлично шарена, убиствата и криењата на лешовите, нивните замаскирања од април до септември се прикажуваат во форма на визуелни сензации на неговата фасада, со светла и звуци. Посетеноста навистина е голема.
CHÂTEAU DE BLOIS („БЛУА“), ПРИМЕР ЗА ЕВОЛУЦИЈА НА ФРАНЦУСКАТА АРХИТЕКТУРА Освен „Амбуаз“ и дворецот Блуа се водел како живеалиште на кралот Франсоа I чија мегаломанија се рефлектирала во сенешто, па дури и во начинот, стилот на живеење, изборот на домот, градбите... Кога ја наследил монархиската титула, „Блуа“ веќе постоел. Факт е дека замокот се реновирал постојано, исполнувајќи ги желбите на неговите станари, пред сè хирови. Не случајно во писанијата е истакнато дека изградбата на палатата се одвивала цели 4 века, од 13-тиот до 17-тиот. Специјалистити се согласни во едно
Дури 7 кралеви, 10 кралици на Франција го избрале овој дворец за резиденцијален. Четворката му е „заштитна“ - има 4 крила, се врзува со 4 епохи благодарејќи на кои се застапени 4 стилови, архитектурни - ренесансен, средновековен, класичен и готски. Музејот е восхитувачки, меѓу 35-те илјади дела се и делата на Рубенс.
34 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ
•
Шамбор
Шамбор Блуа Блуа
Игор Ландсберг
Шамбор
Блуа
35 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
со спанаќ
Подготовка:
Во тавче ставете малку масло за јадење и загрејте го на средна температура.
Додадете 80гр млад спанаќ со 1 чешне ситно исечкано лукче.
Додадете ги њоките и додадете 40-50мл вода. Заедно динстувајте со постојано
промешување (околу 3мин), потоа додадете околу 50мл млечна крем павлака
за готвење или Бешамел сос (доколку имате направено). Спојте го јадењето и сервирајте го со рендан Пармезан.
36 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ГАСТРОНОМИЈА
Њоки
„DID YOU KNOW THAT THERE’S A TUNNEL UNDER OCEAN BLVD“ LANA DEL REY
„YOUR PLACE OR MINE“ (ТВОЕТО МЕСТО ИЛИ МОЕТО)
Нема сомневање дека со доаѓањето на пролетта се буди и романтиката и доброто расположение. Оттаму и идејата на Netflix навреме да ја дистрибуира американската романтична комедија со Reese Witherspoon и Ashton Kutcher во главните улоги. 46-годишната актерка од Њу Орлеанс е потпишана и како продуцентка.
Романот
„Клучот за Ребека“, уште по објавувањето во 1980-та, стана бестселер во Обединетото Кралство и во светот. Кодот споменат во насловот на книгата е навраќање и оддавање на Кен Фолет кон познатиот тензичен роман „Ребека“ на Дафне ди Морие. Дејството почнува во 1942-ра. По едно макотрпно пешачење, главниот лик Алекс Волф низ Сахара, стигнува во Каиро, носејќи со себе примерок од „Ребека“ од Дафне ди Морие, еден смртоносен бодеж и траги на убиени лица зад себе. Познат како Сфинга во неговите кругови, Волф е нацистички шпион со брутална желба за успех по секоја цена.
Во меѓувреме, британската воена кампања во северна Африка станува едвај одржлива. Под водство на Ромел, Германците сè
побрзо се приближуваат, а извештаите на Алекс Волф за движењата на британските трупи и нивните стратешки планови им
даваат предност. Разузнавачкиот офицер Вилијам Вандам има задача да го фати Волф пред да бидат поразени Британците.
Вандам бара помош од куртизаната Елени Фонтана, која се согласува да се обиде да
го фати нацистичкиот шпион во замена за
подобар живот во Палестина. Дали можат
да го фатат овој
извонредно лукав шпион
пред тој да ги открие тајните на Каиро и да
пропадне воената кампања? •
пауза од неполни две години, кога во 2021-ва го издаде „Blue Banisters“, американската кантавторка на 24-ти минатиот месец го промовираше својот деветти студиски албум, во соработка со Interscope и Polydor Records. Меѓу продуцентските имиња е и нејзиното, заедно со Mike Hermosa, Jack Antonoff, Drew Erickson, Zach Dawes и Benji, а гости на „Did You Know That There’s a Tunnel Under Ocean Blvd“ й се Jon Batiste, Bleachers, Father John Misty, Judah Smith, Tommy Genesis и SYML. Насловната песна ја објави на 7 декември 2022-ра, додека синглот „A&W“ го претстави пред јавноста на 14 февруари, за Денот на вљубените - Свети Валентин. Музичките критичари ги пофалија обете, а втората е прогласена за најдобра нова песна на Pitchfork. Останатите 14 песни (2 интермеца) се „The Grants“, „Sweet“, „Judah Smith Interlude“, „Candy Necklace“, „Jon Batiste Interlude“, „Kintsugi“, „Fingertips“, „Paris, Texas“, „Grandfather Please Stand on the Shoulders of My Father While He’s DeepSea Fishing“, „Let the Light In“, „Margaret“ „Fishtail“, „Peppers“ и „Taco Truck & VB“. Lana Del Rey во неколку интервјуа го истакна духовниот елемент на цедето. Фотографијата на омотот, пак, е дело на Neil Krug, избрана од вкупно 65, меѓу нив и сликата на која е гола. •
Во 2003-та, по целовечерното играње покер со друг пар во Лос Анџелес, Debbie Dun и Peter Coleman завршуваат во кревет. Точно 20 години подоцна, тие се најдобри пријатели. Таа и натаму живее во Ел-еј, работи како сметководителка во училиштето каде што учи нејзиниот син, а тој е успешен бизнисмен во Њујорк. За да напредува во кариерата, Debbie мора да го заврши сметководствениот програм во „големото јаболко“, па му се јавува на Peter да престојува кај него. Сплетот на околностите ги наведува да ги заменат своите живеалишта и секако, да дојдат до одредени сознанија за себеси. • Жанр: романтична комедија
Актери: Reese Witherspoon, Ashton Kutcher, Jesse Williams, Zoë Chao, Wesley Kimmel, Tig Notaro, Steve Zahn, Rachel Bloom, Griffin Matthews, Vella Lovell, Shiri Appleby
Режија: Aline Brosh McKenna
37 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
„КЛУЧОТ ЗА РЕБЕКА“ КЕН ФОЛЕТ
По
читаj, гледаj, слушаj...
Модел „а“ НАЈНАПРЕД ЕЛЕКТРИЧЕН ЛЕТАЧКИ АВТОМОБИЛ, ДВОСЕД, ЗА ЦЕНА ОД 300.000 ДОЛАРИ, А ПОТОА РАДИКАЛНО ГОЛЕМ ЧЕКОР, ЛЕТАЧКИ АВТОМОБИЛ ЧЕТВОРОСЕД ЗА 35.000 ДОЛАРИ ВО 2030 ГОДИНА.
ЛЕТ
„Модел а“ е автомобил со оддел за патници прекриен со стаклена ку пола, во кој можат да се сместат две возрасни лица. Надворешниот и внатрешниот дизајн му е доверен на дизајнерот Хираш Разаги, некогаш вработен во Бугати и Јагуар. Повикан е дизајнер за автомобили затоа што леталото над сè морало да личи на автомобил.
Човештвото
било опседнато со летањето уште пред приказната за Икар и Дедал. Најверојатно човекот се прашувал каква и колкава сила имаат птиците што им овозможува да летаат и за многу кусо време да слетаат, на пример, од еден на друг рид или да прелетаат голема водена површина. Тој сон сè уште трае само што денес човекот тежнее кон тоа да ги доусоврши постоечките летала, да ги направи што поедноставни, побрзи, поевтини за одржување итн.
Еден од тие кои сонуваат да направат вакво летало е Џим Духовни основач на работилницата Алеф Аеронаутикс, лоцирана во Санта Клара, Калифорнија, во центарот на познатата Силиконска Долина. Работилницата крие нешто несекојдневно, автомобил кој може да лета, а полетува и слетува вертикално. Тој за своето летало вели: „за да биде летачки автомобил, истиот мора да личи на автомобил“. И навистина, неговиот летачки објект е вистински автомобил, има сè што имаат останатите возила. Целосно електрифицираниот летачки автомобил е наречен „модел а“ и вели дека ќе започне да го продава во 2025 год. по цена од 300.000 долари. Летачкиот автомобил кога е на асфалт може да измине 320 км или да прелета 160 км. Првенствено „модел а“ е наменет за прелетување на градската гужва - да се стаса од еден до друг крај во градот без да задоцните на состанок. Ако има некоја препрека на улицата „модел а“ ќе го прелета и ќе го продолжи возењето, а останатите ќе чекаат сè додека одговорните служби не ја отстраната препреката, на пример, одрон, паднато дрво и слично.
Сета идеја потекнува од 2015 год. кога четворица пријатели, „“ на тех ничките науки, Др. Константин Кисли, Павел Маркин, Олег Петров и Џим Духовни, се сретнале да разговараат лице во лице за летачки објект во облик на автомобил. Иницијативата за средба потекнува од Џ. Духов ни, а како поттик и повод е наведен филмот „Враќање во иднината“, но најмногу придонела желбата на сите четворица да направат летачки ав томобил. На почетокот тимот работел во гаража и за само нешто повеќе од шест месеци (2016 год.) го направиле првиот прототип во смалени димензии. Напредокот го приметил Тим Драпер, најреволуционерниот и најуспешниот стопанственик во историјата на САД. Тој е првиот и најго лем стопанственик кој вложил во овој проект, а денес е главен поттикну вач и поддржувач на идејата.
Во 2019 тимот успеал да произведе прототип со сите потребни елемен ти и со реални димензии. Тој ист прототип е прикажан на група луѓе кои сакале да вложат во Алеф Аеронаутикс. Тогаш леталото ги покажало своите способности, вертикално полетување, потоа кус лет и вертикал но слетување. Сега се прават последните проверки пред прототипот да биде внесен во сериско производство во 2025 година. Четворицата конструктори не застануваат со овој проект. Тие изјавија дека по 2025 год. ќе се насочат кон леталото наречено „модел з“ (модел зеро). Тој најнов план е лимузина, со истите особини како и „модел а“, но со четири седишта и цена од која на светов ќе му се заврти во гла ва. Алеф Аеронаутикс планира летачката лимузина да биде подготвена за летање и продажба во 2030 год. по цена од 35.000 долари. Токму од оваа цена на светот му се врти во глава, а конструкторите велат сакаме нашиот производ да биде достапен за широк круг купувачи. Токму оваа нивна изјава и најавената цена го шокира светот. Ќе видиме до каде ќе стигне Алеф Аеронаутикс, најнапред да го пречекаме нивното летало за 300.000 долари, а потоа по пет години до сензационалната летачка лимузина со четири седишта за 35.000 долари. • Жарко Атанасоски
38 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| HI TECH
СО АВТОМОБИЛ
39 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ПОМОШ НА ПАТ www.amsm.mk 02/3181-133 SAVA VOYAGER FULDA Пат увајте БЕЗГРИЖНО! *СЕРВИСОТ ЗА АВТОМОБИЛИ Е ЛОЦИРАН ВО РАМКИТЕ НА АМСМ ЦЕНТАР - СКОПЈЕ
60 ГОДИНИ
АВТОМОБИЛ, НО НЕ КАКО СЕКОЈ ДРУГ, ТУКУ АВТОМОБИЛ ШТО СТАНА ЛЕГЕНДА КАКО НА ОБИЧНИОТ, ТАКА И НА ТРКАЧКИОТ АСФАЛТ. И ДИЗАЈНОТ, НО И БОГАТАТА ТРКАЧКА КАРИЕРА ГО НАПРАВИ МОДЕЛОТ „911“ ДА БИДЕ НАЈПОСАКУВАНИОТ ВО ИЗМИНАТИВЕ ШЕСТ ДЕЦЕНИИ...
Повод за овој текст се 60 години на многу популарниот модел „911“ во сопственост на Порше. Приказната за семејната компанија и нејзиниот „911“ започнува во 1959 година кога Фердинанд Александар Буци Порше ги направил првите скици за овој модел. Инаку Ф. А. Буци Порше е син на Фери Порше (творецот на моделот „356“) и внук на Фердинанд Порше, основачот на компанијата Порше. Како што може да се забележи, дизајнот на моделот „911“ е продолжение на моделот „кафер“ (бубачката на Фолксваген) и првиот автомобил со името Порше, моделот „356“. Прототипот бил именуван како „порше 901“ и првпат е изложен пред светската јавност на Салонот за автомобили во Франкфурт во 1963 година. Тие што имале можност да го видат прототипот, се изјасниле дека автомобилот им се допаѓа. Задоволни од првичните пофалби од јавноста, компанијата решила да го произведува прототипот „901“. Сè било подготвено, но тогаш се појавил „мал“ проблем околу името на автомобилот. Имено, Пежо ги патентирал сите троцифрени броеви со нула („0“) во средината и Порше го преименувал во „911“.
Со производство се почнало во 1964 година и автомобилот веднаш им станал омилен на љубителите на автомобили. Многу ретко се случува вакво нешто. Буци Порше („Буци“ е негов прекар) не помислувал дека неговиот дизајн, односно неговиот нов модел ќе предизвика толку голем интерес насекаде во светот. Работата со моделот „911“ веднаш тргнала по нагорна линија. За разлика од претходникот, моделот „356“,
40 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
„911“
НАВРШИ
Порше „911“
наследникот бил многу поскап бидејќи имал поголем и посилен мотор, поголем по димензии и поскап поради вградената висока технологија што во тоа време била вистинска реткост. Затоа одговорните одлучиле да лансираат модел што по цената ќе го пополни јазот помеѓу „356“ и „911“. Тој модел е именуван како „912“, многу сличен на „911“, но со помал и не многу снажен мотор и технологија што не можела да се спореди со таа во „911“. Сепак, моделот „912“ предизвикал уште поголем интерес бидејќи неговиот боксер мотор со зафатнина од 1,6 литри бил штедлив, помалку од осум литри бензин на 100 км, што било речиси невозможна мисија за конкуренцијата. Релативно малиот автомобил со мала тежина и многу поволна аеродинамика ги надминувал очекувањата на конструкторите, а за солидна сума купувачите добивале врвен спортски автомобил. Подоцна бил вградуван и 2,0-литарски, но во мала серија. И помалиот и поголемиот боксер мотор имале по четири цилиндри. Сè ова се случувало од 1965 до 1969 година, а потоа моделот „911“ (шестцилиндричен боксер мотор) го продолжил патешествието по светот и така е до денес. За тие пет години биле продадени над 32.500 примероци, од кои точно 2.500 без покрив, односно тарга, но има задно стакло. Толку моќно купе, а со воздушно ладење. Оваа посебна конструкција за Порше била еден вид заштитен знак. Сè било сместено назад, мотор зад задната оска и погон на задните тркала, а за оваа конструкција биле потребни посебни способности за вистински да се управува „911“.
„911“ ВО СВЕТОТ НА ТРКИТЕ
Како што одминувале годините, така се внесувале нови технологии во моделот „911“ што од многу посакуван спортски автомобил прераснал во своевидна легенда позната насекаде во светот. Таа легендарност не е градена само врз основа на тоа што јавноста го обожавала овој автомобил, туку постепено и на тркачките патеки. Ни Порше не знае точно да одговори на колку трки победил моделот 911 затоа што нивниот број се мери со десетици илјади. Дали можете да си замислите, првпат „911“ влегува во Светскиот шампионат во рели и на првиот настап, тоа е релито Монте Карло, завршува на петто место. Потоа се нижат рели успесите, дури четири победи во Монте Карло (1968, 1969, 1970 и 1979 година) и титула во Европскиот шампионат во рели во 1971 год. Сепак, одговорните ги напуштиле рели натпреварите и се насочиле кон кружните патеки. Причина за ова е конкуренцијата чии автомобили биле помали, полесни, побрзи и поедноставни за управување отколку моделот „911“, а „трн во око“ на „порше 911“ било пребрзото купе „алпина 110“.
Сепак, Порше се впуштил во повторна авантура наречена рели и тоа на релито Париз - Дакар (денес само Дакар). За ова посебна вина имал Џеки Икс, кој претходно победил на ова рели со „мерцедс 4 х 4“. Во 1984 година на стартот се појавиле три „порше 911 карера 3,2 4x4 на Париз Дакар (модел 953)“. Трите екипажи биле во следниов состав, Џеки Икс и совозачот Клод Брасер, потоа Рене Мете и совозачот Доминик Лемоје, а третото возило било управувано лично од проект-менаџерот Роналд Кусмал и совозачот Ерих Лернер. По речиси три недели „талкање“ низ африканските диви предели, Мете и Лемоје го освоиле првото место, а Икс и Брасер, и покрај тоа што на почетокот имале дефект и пад на 138. место, сепак на крајот успеале да стигнат на шестото место. Тоа е воопшто прва победа за еден спортски купе автомобил на релито Париз Дакар.
Фердинанд Александар Буци Порше со цртежите и глинениот модел кој ќе биде именуван како „901“ „912“ поевтината изведба од моделот „911“
41 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ИСТОРИЈА |
Некогаш и сега, модел „911“ од 1964 и „911“ 2022 год.
Конструкторите биле задоволни од успехот затоа што нивниот погон на сите тркала работел беспрекорно, а со него и сите други делови од „пустинскиот болид“. На третиот екипаж му припаднало 26. место. Тоа значи сите три екипажи го завршиле релито, а имало и титула. Покрај многуте победи на кружните патеки, мора да се спомне и светскиот рекорд на легендарната трка 24 часа Леман каде што на патеката Сарт, Порше победил точно 19 пати, а првпат во 1966 година токму со моделот „911“ во класата на автомобили со мотор до 2,0 литри. Кога зборуваме за победи по класи, Порше победил 109 пати од кои 98 отсто со моделот „911“. На патеката каде што автомобилите се возат 24 часа со „полна пареа“, Порше се чувствува како да е дома - ниедна друга марка не е толку трофејна, а моделот „911“ е најпосакуван и најчесто избран модел од тркачите за настап без разлика дали тимовите се приватни или под капата на Порше. Првите три генерации на моделот „911“ биле со воздушно ладење, почнувајќи од прототипот „901“ во 1963 година до 1998 година. Последниот модел „911“ со воздушно ладен мотор носи фабричка ознака „993“ и наедно тој е најпосакуван меѓу сите генерации, а има седум. Се
Денес моделот „911“ е трет најпродаван модел во семејството, а од 1963 година до денес се произведени малку над еден милион примероци од кои дури 70 отсто се во возна состојба. Најпродаван модел е од шестата генерација позната како „991“, произведуван во период од девет години (2011 - 2019) со бројка од над 220.000 примероци. Во моментов „владее“ седмата генерација „911“ што стаса на престолот во 2019 година и засега нема намера да се симне.
прашувате зошто токму тој „911 (993)“ модел е најпосакуван и најбаран?
За него велат дека е најпогоден, но најверојатно и поради изменетиот дизајн што е далеку покомпактен на изглед и највпечатлив од сите генерации. Од четвртата генерација (1998 - 2004) до денешната седма (2019 - ....), сите мотори се со водено ладење.
Во 1986 година врз основа од тогашниот „911“ конструкторите го создадоа супермоделот „959“. Екстремно скап и екстремно брз, но и со најнапредна технологија. Овој модел е одговор за конкуренцијата, но и можност да се види колку далеку можат да одат конструкторите со својата умешност. Беа произведени 337 примероци плус осум наменети за посебни тестирања.
Во изминатите 60 години Поршеовиот модел „911“ станал дури и повеќе од легенда, а некои дури го нарекуваат и икона меѓу спортските автомобили. Сигурно дека „порше 911“ ги заслужил сите епитети и прекари.
Повеќе автомобили оставиле длабок печат во историјата на четири тркала, но и во севкупната светска историја, а „911“ како да има малку повеќе од таа историја. Овој автомобил подеднакво го сакаат и децата. Возилото „911“ го има и на маички, дури и на детски пижами. На Фердинанд Александер Буци Порше му се посреќило кога го цртал и обликувал наследникот на моделот „356“.
Најголем и најзначаен пазар за моделот „911“ беше американскиот, но веќе со години најмногу модели „911“ се продаваат во Кина, а Калифорнија е најинтересен локален пазар за Порше. • Жарко Атанасоски
42 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
1993, 30 години „911“ - синот Буци и таткото Фери Порше Сите седум генерации Порше куп Победнникот од релито Париз Дакар во 1984 и јубилејниот (новиот) модел. Генерација
(1993
1998)
и последната
ладење
„993“
-
најпосакуваната „911“
со воздушно
EXTREME E – Пустинско Икс-При на Саудиска Арабија
ЛУТО РИВАЛСТВО НА ПОЧЕТОКОТ
ОД ТРЕТАТА СЕЗОНА НА EXTREME E.
ДВА ТИМА ГО ПОДЕЛИЈА ПРВОТО
МЕСТО ВО ГОДИНЕШНИОТ
ШАМПИОНАТ КОЈ ПОВТОРНО
СТАРТУВА ОД НЕПРЕГЛЕДНАТА
ПУСТИНА НА САУДИСКА АРАБИЈА
ВО ОБЛАСТА НЕОМ.
Интензивниот
развој на областа Неом сместена во Северозападниот дел на Саудиска Арабија со излез на Црвеното море беа причина повторно да го привлечат вниманието на најзелениот шампионат во мотоспорт на планетата Extreme E. Со големина отприлика колку нашата држава, областа Неом е дом на едни од најубавите пејзажи познати на земјината топка. Со директен излез на Црвеното море обилува со бескрајни плажи кои во должина мерат преку 450 километри. Зад нив, пак, се наоѓа планински венец чии врвови неретко се издигаат до надморска височина од 2.500 метри. Од нив постојано дува свеж ветер кој создава пријатни температури на брегот порабен со безброј острови, заливи и корални гребени кои претставуваат совршено место за развој на регионот, но на еден сосема нов начин. Саудиска Арабија планира во овој пуст, но убав предел да ги обедини природата во општеството. Во Неом треба да никнат самоодржливи градови, туристички дестинации, па дури и трговски и индустриски региони кои во целост енергијата ќе ја црпат од обновливи извори. Регионот треба да стане мека на авантуристичките спортистки дисциплини и да ги привлече спортистите од цел свет да живеат и тренираат во него. Воедно, ќе биде заштитена област каде животинскиот и морскиот свет ќе продолжат недопрени да опстојуваат во својата средина, но и да напредуваат потпо-
44 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
ОТВОРАЊЕ НА
СЕЗОНАТА СО
ИЗЕДНАЧЕНИ
СИЛА
могнати од екологистички развоен центар. Затоа регионот систематски се позеленува и се населува со нови видови на див свет. Годинава токму овие акции беа во фокус на Extreme E чии учесници заедно со возачките тимови помагаа во позеленување на пустината со садење вегетација. Исто така, учествуваа и во пуштањето во дивината на цели стада од Арабиската песочна газела, од Црвено вратестите ноеви и од Арабиската бела антилопа.
Заради големиот интерес што го предизвика Extreme E годинава во шампионатот ќе учествуваат дури 10 тима заради што организаторите направија мали измени во правилата. Годинава ќе се возат пет настани секој со по две трки кои ќе се бодуваат независно една од друга. Ќе се возат две квалификациски сесии секоја со по две трки од по пет возила. Првите пет тима со најмногу бодови освоени на квалификациските сесии одат директно во трката за Големото финале, а останатите пет тима ја возат Трката за искупување. Лудата трка повеќе не постои. Место неа во игра е Трката за искупување во која учествуваат петте тимови кои не се квалификувале за финалната трка. Пласманот во оваа трка, исто така, носи бодови. Во игра е и посебната трка која се нарекува „Continental Traction Challenge” и победникот на овој предизвик добива два дополнителни бода кои одат на неговото конто во генералниот пласман.
Младиот британски тим Veloce Racing со победа ја отвори сезоната 2023.
Зад волан на својот Odyssey 21, Австралијката Моли Тејлор и Швеѓанецот
Кевин Хансен кои дебитираа минатата година на последниот настан во Уругвај, успеаја да ги надвозат своите поискусни колеги и на квалификациите, и во финалето.
Во квалификациите Veloce Racing победи во својата група и во првата, и во втората сесија што беше доволно за директен пласман во големото финале. Покрај нив во големото финале се бореа и добро познатите тимови од минатата сезона: Rosberg X Racing, X44 Vida Carbon Racing, Acciona Sainz XE Team и No.99 GMC HUMMER EV Chip Ganassi Racing. Додека времињата на останатите пет тима повеќето познати од минатата сезона: NEOM McLaren Extreme E, JBXE DNF, ABT Cupra XE, Andretti Altawkilat Extreme E и Carl Cox Motosport, беа доволни само за пласман во Трката за искупување.
Од оваа група сосем нов е тимот Carl Cox Motosport во сопственост на познатиот музичар и DJ, Carl Cox, кој е страстен љубител на сите форми на мотоспорт. А, тимот на славниот возач Мајкл Андрети кој минатата година се натпреваруваше под името Genesys Andretti годинава ги здружува силите со својот долгогодишен партнер United Autosports заради што се смени и името на тимот.
Иако Veloce Racing доминираше на квалификациите искусниот тим Rosberg X Racing (RXR) се протна и мина прв низ целта, иако по завршувањето на трката беше казнет. Трката ја поведе тимот Acciona Sainz со Матијас Екстром зад волан кој имаше подобар старт. Но, на првото свртување Јохан Кристоферсон од тимот RXR ризикуваше со напад од внатрешна страна и успеа да избие на чело. Неговиот пробој мудро го искористи Кевин Хансен од Veloce Racing кој, пак, го нападна Екстром од надворешна и се залепи веднаш зад Кристоферсон оставајќи го зад себе и Американецот АрЏеј Андерсон од тимот No.99 GMC HUMMER. Електричните багија Odyssey 21 на RXR и Veloce Racing возеа паралелно дури и по
45 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ
|
измената. Иако Моли Тејлор од Veloce Racing се обиде да ја мине Микаела-Алин Котулински od RXR, сепак искусната Швеѓанка го одби нападот и мина прва низ целта. Veloce Racing заврши втор, а трет беше тимот Acciona Sainz. Останатите два тима заради проблеми не ја завршија трката. Сепак, по крајот, судиите утврдија дека тимот на RXR го надминал брзинското ограничување во зоната на измена и го казнија со додавање на
136 секунди на постигнатото време. Така Veloce Racing ја отвори сезоната со победа. Второпласиран беше тимот Acciona Sainz, а тимот RXR мораше
да се задоволи со третата позиција.
Трката за искупување виде поголема борба дури и од онаа на Големото
финале. Меѓутоа од силна желба за подобар пласман дури три тима во
борбите не ја завршија трката. Багито на тимот на Andretti се преврте по
контакт со она на тимот на Carl Cox. Насер Ал-Атија го преврте багито на ABT Cupra, a тимот на JBXE не заврши заради технички проблеми. Така
победата отиде кај тимот на NEOM McLaren, а следствено втор заврши тимот на Carl Cox.
Победата во втората трка на Пустинското Икс-При ја освои тимот на Aciona Sainz повторно во тесна борба со тимот на Veloce Racing кој годинава се најавува како вистинско изненадување.
надвор и истраја во намерата добивајќи го Кристоферсон. Така тимот на Veloce Racing се закити со второто место, а тимот RXR мораше да се задоволи со третото. Подеднакво силен беше и дуелот за четвртата позиција меѓу ABT Cupra и No.99 GMC HUMMER, но кон средина на трката Ал-Атија го престигна Соренсен и на тимот ABT Cupra му го донесе четвртото место. Останатите пет тима подеднакво жестоко се бореа за бодови во Трката за искупување. На почеток се чинеше дека тимот на Carl Cox иако неискусен
За разлика од првата трка на ова Икс-При, квалификациите за втората како што се разгоруваше борбата беа многу повеќе измешани. Тимовите Aciona Sainz и Veloce Racing при првата сесија ги зазедоа вторите позиции секој во својата група, а во втората сесија избија на чело со што заминаа директно во финалето. Останатите три тима кои се пласираа во финалето беа RXR, ABT Cupra и No.99 GMC HUMMER. Останатите како и на претходната трка останаа да ги кршат копјата во Трката за искупување. За разлика од мешаницата во првата трка, Големото финале во втората трка од сезоната мина во знак на тимот Аciona Sainz. Зад волан на своето баги Odyssey 21 Лајла Санц и Матијас Екстром, кој годинава вози на место на сопственикот на тимот рели легендата Карлос Сајнц, целосно доминираа на финалната трка. Водеа од почеток до крај и стигнаа до својата прва голема победа. Вистинската битка се водеше зад нив за втората позиција. Во неа учествуваа Veloce Racing и RXR и не попуштаа до пред сам крај. Иако искуството беше на страна на тимот RXR, сепак на последното свртување од трката Хансен од Veloce Racing одлучи да престигнува од
ќе ја добие оваа трка, но сепак неговите возачи треба да го печат занаетот бидејќи на крај дури и заработија казна за судир со тимот на JBXE кој, пак, не ја заврши трката. Првото место релативно лесно го освои тимот X44 Vida Carbon со голема предност пред тимовите на Neom McLaren и на Andretti Altawkilat. Четвртото му припадна на казнетиот тим на Carl Cox. После две извозени трки првото место во шампионатот е поделено меѓу тимовите на Veloce Racing и Acciona Sainz XE Team кои имаат по 46 бодови. Третото место со 31 освоени бодови го држи тимот на Rosberg X Racing додека тимот на X44 Vida Carbon Racing со 23 бодови е на четвртото место, а тимот на No.99 GMC HUMMER EV Chip Ganassi Racing со 21 бод е на петтото место.
Следното во календарот е т.н. Хидро Икс-При на Шкотска кое се вози на 13
и 14 мај годинава. • Љубомир Атанасовски
46 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ
IN MEMORIAM – Даниел Крстевски
ДАНИЕЛ КРСТЕВСКИ Е ДОБРО ПОЗНАТО ИМЕ НА МАКЕДОНСКАТА ТРКАЧКА СЦЕНА, НО ЗА ЖАЛ ПРЕДВРЕМЕ „СЕ ПОВЛЕЧЕ“ ОД СВОЈАТА ЖИВОТНА ТРКА.
Тешко е да се започне текст за збогување со млад човек, чиј успешен животен пат беше сурово прекинат од ненадејни компликации со здравјето. Тркачката заедница во Македонија во текот на март се збогуваше од Даниел Крстевски, возач кој беше четворократен државен шампион.
Трките во Македонија го имаа својот процут во првата декада по осамостојувањето, кога публиката што беше „гладна“ за адреналинска возбуда, имаше шанса да ги следи домашните збиднувања
со по десетина трки годишно.
Првично, тоа се однесуваше на трките на ридски патеки, а подоцна
беше проширена и со организација на трки на кружни патеки, како и со повеќе куп натпревари. Токму едно од тие натпреварувања беше Купот „Пежо 106“, преку кој во авто спортот беше направено сериозно влијание со влез на повеќе млади возачи, но и автомобили кои со години (ако не и децении) се возеа во домашните трки.
Даниел Крстевски се етаблираше низ трките од Купот „Пежо 106“, каде што го освои третото место, по што се охрабри и со истото возило потоа продолжи и во државните првенства и постигна значителни успеси.
- Од 1997 до 2004 настапуваше во ридскиот и кружниот шампионат на Македонија и беше 4-кратен шампион, а настапуваше и на трки во соседството. На ридски патеки настапи на 25 трки и имаше 9 победи и 21 подиум. Освои 3 шампионски титули во 1997, 2000 и 2003 година. Во кружниот шампионат настапи на 22 трки, победи 11 пати и беше шампион во 1997 година,- вели Владимир Карчицки – Кац, кој води педантна евиденција за македонските трки.
- Дени Пежо”, како што ми стои во именик, го запознав пред трките, во средношколските денови. Заедничката пасија не спои и во трките, и минавме безброј убави моменти на и вон стазите. Ако треба накратко да го опишам: чесен, умерен, пријатен, добар, можеби и атипично за времето во кое живееме. Возеше многу брзо, но живееше тивко, и така прерано финишираше во својата последна трка... Сеќавањата на него, за мене секогаш ќе бидат особено драги, а споменот на прекрасните моменти вечен,- напиша Александар Тодоровски, негов пријател, но и ривал на тркачките патеки. - Даниел Крстевски......вљубеник во автоспортот, особено во натпреварувачките автомобили подготвени од оделот на „Пежо Спорт“.
ОДЛИЧЕН ПРИЈАТЕЛ И КОЛЕГА, УШТЕ ПОДОБАР ВОЗАЧ!
Стартот во трките на Даниел Крстевски беше преку клубот кој функционираше под закрила на компанијата „Еуроимпекс“, која го донесе и Купот „Пежо 106“ во Македонија. Претставникот на компанијата (воедно и на некогашниот тим), Даниел Воиновски има само убави спомени од соработката со Крстевски. - Дени беше прекрасен човек, кој беше трудољубив и сакан од сите, одличен колега и работник, а како возач беше уште подобар! Горд сум што имав можност да соработувам со таков талентиран возач и заедно да постигнеме успеси со тимот на „Еуроимпекс“ за кој настапуваше на почетокот од својата кариера. Беше навистина перспективен, брзо го достигна максимумот во Македонија и жалам што од објективни околности не успеа да направи интернационална кариера. Навистина ме растревожи веста за неговото заминување, ќе биде запаметен како еден од најдобрите што сме ги имале во Македонија,- смета Воиновски.
При учество на натпревар во Грција, го возевме неговото „ Пежо106 гти“, а ме советуваше за тоа како се однесува автомобил со торзија на тркачка патека и на што да внимавам. Тоа нема да го заборавам! Секогаш ведар и насмеан, спремен во секој момент да ја прифати „фрлената ракавица“ за двобој позади воланот,- посочи Никола Порданов, кој го запозна македонскиот шампион при крајот на кариерата и имаше можност да соработува со него при етаблирањето на сопствената кариера. За Даниел Крстевски ќе остане скромното објаснување дека е роден во 1973 година и дека освен автомобилите ја сакаше и музиката, односно беше член на составот „Леон Пинк“. Освен во Македонија, возеше на трки и во соседството, па има и трофеј од трката на „Ушќе“ во Белград. Неколку години од својот живот ги помина во Англија, по што се вклучи и во тамошните тркачки активности настапувајќи со Фолксваген Буба на тамошните трки на издржливост. • Александар Табаковски
47 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |
ПОСЛЕДНАТА ПОЧИТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН
Светско првенство во Формула
И ТРЕТАТА ТРКА ВО ФОРМУЛА 1 ПОМИНА ВО ДОМИНАЦИЈА НА РЕД БУЛ, НО ЗА РАЗЛИКА
ОД САУДИСКА АРАБИЈА
КАДЕ ШТО СЛАВЕШЕ
ПЕРЕЗ, ВО АВСТРАЛИЈА
ПОБЕДНИЧКИОТ ТРОФЕЈ
ОТИДЕ ВО РАЦЕТЕ НА МАКС ФЕРСТАПЕН.
волја на вистината, самата трка немаше едноличен расплет, туку напротив на стартот Ферстапен беше престигнат од возачите на Мерцедес, прво од Расел, а потоа од Хамилтон. Првиот старт донесе најмалку проблеми, односно беше забележано само излетувањето на Шарл Леклер и аплицирање на виртуелното возило за безбедност. Ферстапен не го криеше незадоволството од фактот дека беше престигнат од Хамилтон во првиот круг. - Од моја страна само се трудев да избегнам контакт. Сосема е јасно во правилата што треба да правиш кога си од надворешна страна. Тоа очигледно не се почитува. Но, имавме добар ритам и подоцна ги престигнавме. Сепак, тоа е нешто што треба да биде земено предвид за следните трки,- прокоментира актуелниот шампион и возач на Ред Бул. Од таборот на Мерцедес веруваат дека немало никаков проблем при престигнувачкиот маневар од страна на седумкратниот шампион, а и самиот тој во изјава по трката објасни дека „тоа се трките“.
- Сметам дека беше доста пристојно. Тој сопираше порано, а јас подоцна, плус дополнително комплетно бев од внатрешна страна. Обајцата
48 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
За
1
ИСТА МАНЏА, НОВ ЗАЧИН
оставивме доволно простор еден зад друг. Јас не го истуркав надвор од патеката, ниту тој мене. Значи, не се допревме и тоа се трките,- гласи изјавата на Хамилтон.
- Во минатото многу сме разговарале за тркачките правила. Мислам дека тука немаше проблеми,- дополни тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф.
Веќе во седмиот круг, поради извртувањето на Алекс Албон, повторно беа развеани жолтите знамиња, но стјуардите проценија дека трката мора да биде стопирана за неговиот болид да биде отстранет. Мерцедес
процени дека треба да го повика Расел во бокс за да стави тврди гуми, со што го остави Хамилтон сам со Ферстапен, а тој падна на седмо место. Трката беше рестартирана во 10 круг, а веќе во 12 Ферстапен се врати во водство, за во 18 круг да се појават пламени јазици на задниот дел од болидот на Расел.
Набрзо потоа трката беше прекината со истакнување на црвено знаме и сите мораа во бокс, по што ривалите добија нов сет на пневматици, без притоа да изгубат време во гаражата.
Вториот прекин беше по инцидентот на Кевин Магнусен на вториот свиок од патеката, по што неколку возачи јавно се декларираа дека не им е јасно зошто се случува прекинот. - И во двата наврата не можев да предвидам дека ќе има црвено знаме. Мислам дека рестартот од мирување е одличен за публиката. Потребно е да разбереме кога ќе се истакнуваат црвените знамиња, а кога ќе има возило за безбедност или „виртуелно возило за безбедност“. Мислам во тие инциденти можеше да се примени било која опција од набројаните. И мене ми е сеедно, важно е само ние да разбереме и да можеме да планираме,- гласно порача Волф. Макс Ферстапен имаше едно кусо излетување во тревниот дел од патеката во 47-от круг, што наликуваше како да задремал од досада водејќи без да биде предизвикан од никого. Но се покажа дека возбудата ќе се врати на голема врата, а со тоа и прашањето на победникот повторно да биде доведено под прашање. Поради инцидентот во кој Магнусен ја загуби задната десна гума, следеше вториот прекин, на само три круга пред крајот.
49 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |
Верстапен пред Ферари - Бахреин 2023
Иако се очекуваше дека е можно трката да заврши зад возилото за безбедност, беше донесена одлука за повторно подредување во боксот и нов рестарт. Следуваше нова драма во првиот свиок, каде што во центарот на вниманието беше контактот на Саинц и Алонсо, по што Шпанецот се изврти. Следеше контакт на Окон и Гасли, тимските колеги од Рено, по што настана комплетен хаос. Серхио Перез беше меѓу инволвираните коишто мораа да возат преку тревата и заштитната песочна зона, трудејќи се да избегнат контакт со Французинот. Мексиканецот претходно стартуваше од боксот како последен, бидејќи во текот на квалификациите имаше проблем со сопирачките, но на крајот стигна до петтото место.
- Немаше никаква видливост во првиот свиок. Беше навистина опасно затоа што имаше кусо загревање, а како второ, не можевме да видиме ништо. Не можеме повеќе да имаме трка во вакви услови. Еден ден ќе се случи голема несреќа. Ништо не се гледаше. Последните триесет круга јас бев само патник. Немаше никаква видливост, - појасни Перез за финишот на трката при зајдисонце, укажувајќи дека блесокот од сонцето претставувал голема пречка.
Поради тоа што возилата немаа поминато ниту една временска контрола, стјуардите решија овој рестарт да не биде земен предвид и трката заврши со возење зад возилото за безбедност, но според позициите пред рестартот.
Коментирајќи ја одлуката за рестарт, кој заврши со нов голем инцидент и трет прекин, тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, посочи дека во такви услови тие само можеле „да ја изгубат“ трката.
- Секогаш ќе биде многу фрустрирачки кога ќе има црвено знаме, прекин, а потоа и рестарт на само три круга до крајот. Кога возиш во трката, ти само можеш да загубиш. Треба да се разбере рационалната желба да се дочека крајот во тркачки услови отколку само да се вози опуштено зад возилото за безбедност. Можеби имаше шанса патеката да се исчисти и да продолжат, не знам. Како и секогаш во вакви ситуации, постои нешто што треба да биде извлечено како заклучок, - рече Хорнер. Алонсо го задржа третото место кое беше доведено под прашање по контактот со Саинц, додека неговиот сонародник зад воланот на Ферари беше казнет заради предизвикување на инцидентот, поради што падна на 12 место. - Веројатно казната на Саинц е премногу строга. Во прв круг од рестартот никој уште не знае колку е добар контактот на гумите со подлогата и сигурно не се удира намерно во друг. Знаеме дека ги ризикуваме болидот и пласманот, па понекогаш ќе завршиш на места на кои што не би посакувал да бидеш. Но тоа се трките. Немам видено забавена снимка на реприза, но според мене, малку е преостро (Алонсо).
По три извозени трки, Ферстапен е лидер на табелата со 69 од можни 78 бода, односно со освоени две победи и едно второ место, надополнето со еден поен за најбрзиот круг во Саудиска Арабија. Неговиот тимски колега Перез има 54 бода, по што следи Алонсо со 45 бода за освоени три трети места оваа сезона. Луис Хамилтон е на четвртата позиција со 38 поени пред Саинц и Строл со по 20, додека Џорџ Расел има 18.
Во последниот викенд од месец април ќе се вози трката за Големата награда на Азербејџан, а потоа следуваат три трки во мај, во Мајами, Имола и Монте Карло. • Александар Табаковски
| СПОРТ
К олумна своерачно АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
ПРАВДА
И МИНАТОТО
ВЕРОЈАТНО ПОСЛЕДНИ ДОБРИ ПРИМЕРИ ЗА МЛАДИ ВОЗАЧИ КОИ ГИ ОПРАВДАЛЕ ОЧЕКУВАЊАТА СЕ СЛУЧАИТЕ СО ШАРЛ ЛЕКЛЕР, ЏОРЏ РАСЕЛ И ЛАНДО НОРИС.
Аферата
„Крешгејт“ го потресе светот на Формула 1 со разоткривањето во текот на 2009 година, но всушност се однесуваше на трката за Големата награда на Сингапур од 2008 година, кога според изјава на бразилскиот возач Нелсињо Пике (син на трикратниот светски првак Нелсон Пике), намерно се удрил во заштитниот ѕид, за да предизвика застој на трката и излегување на возилото за безбедност. Ваквото обвинување не би имало никаква логика ако од сето тоа имало само штета, но на таа трка победи тимскиот колега на Пике, Фернандо Алонсо, кој пред инцидентот влезе во бокс и изби во водство кога останатите го направија истото.
Скандалот излезе на виделина откако Нелсињо Пике беше отпуштен од Рено на средината од 2009 година, по што самиот тој си ја „олеснил“ грижата на совеста пријавувајќи го случајот во светската автомобилистичка федерација. Како резултат на сето тоа тимскиот шеф на Рено, Флавио Бријаторе, го загуби своето работно место иако ја негираше одговорноста, но техничкиот директор на екипата, а воедно и инволвиран како стратег на тимот, Пет Сајмондс, со прифаќање на вината се обиде да си го обели образот и да се врати во спортот откако духовите се смирија. Бидејќи титулата веќе беше доделена, немаше никаков процес со кој тој резултат би бил ревидиран.
Но, речиси 15 години подоцна, овој случај повторно стана актуелен поради изјавата на некогашниот промотер, Берни Еклстоун, дека тогашниот претседател на ФИА, Макс Мозли, како и тој самиот имале сознанија за она што се случило во Сингапур пред крајот на сезоната и пред Хамилтон да биде прогласен за шампион. Изјавата на Еклстоун сугерира дека тие се плашеле од негативен публицитет, додека доказот во смисла на откривање на скандалот веќе го имале во форма на изјава од постариот Пике. Поранешниот промотор сугерира дека ФИА можела комплетно да го поништи резултатот од трката во Сингапур, а со тоа на крајот од сезоната и бодовите што одлучуваат за шампионската
титула би биле поинакви, односно Фелипе Маса би бил светски шампион наместо Хамилтон!
Потврда за ваквата сторија дал и Макс Мозли во документарниот
филм снимен за него, во кој на истата тема зборува и директорот на трката, Чарли Вајтинг. Низ светските медиуми оваа афера сè уште одекнува со разни шпекулации, кои дури сугерираат дека титулата на Хамилтон би можела да му биде одземена.
Колку и да звучи лошо, постојат правни ограничувања кои што алудираат на тоа дека е тешко да се очекува пресврт. Жалби по прашање на резултатите од трката можат да се достават 14 дена по спорниот натпревар, а максимум четири дена пред прогласувањето на шампионот. Со истекувањето на овие рокови тие поддржале сценарио со кое што титулата оди во рацете на возачот на Мекларен. Дури и да се поведе некаква постапка, целиот случај не може да биде правно обврзувачки за ФИА и да предизвика менување на резултатите, затоа што сите учесници во Ф1 шампионатот прифаќаат дека највисока правна инстанца за решавање на жалбите е Меѓународниот апелационен суд на ФИА, со што граѓанските судови, па дури и спортскиот суд во Лозана не можат да наметнат никаква одлука врз федерацијата.
Тоа што ФИА не реагирала веднаш, од една страна не мора да значи дека треба и целата трка да се поништи, а со тоа и сите возачи што освоиле поени да останат без истите. На спорната трка Хамилтон бил третопласиран и прашање е зошто неговиот резултат би требало да биде суспендиран ако во евентуалното „местење“ биле инволвирани само припадници на Рено? Од друга страна, чинот на бришење на целата трка оди само во корист на Ферари и Маса кој, пак, таа трка не ја заврши. Задоволување на правдата не значи автоматски и надоместување на штетата. Виновниците се казнети, што во судската пракса може да го споредуваме како некој што е осуден за грабеж, но пленот никогаш не е пронајден и вратен на сопственикот.
Зошто со вакви изјави се расветлува случајот дури сега? Зошто Мозли и Еклстон не направиле ништо претходно? Зошто Еклстоун сугерира да се поништи цела трка? Која е вината на Хамилтон за да не биде прогласен за светски првак? Сето ова останува нејасно и само го нарушува имиџот и довербата кон ФИА, додека Фелипе Маса повторно е соочен со траумата од која што се обидува да избега веќе 15 години. •
51 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
СПОРТ |
WRC – Рели Мексико
ВО МЕКСИКО
СО ПОБЕДАТА НА РЕЛИТО НА МЕКСИКО ОСУМКРАТНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН ПО ВТОР ПАТ ГОДИНАВА ПОСТАВУВА
РЕКОРД ПО БРОЈ НА ПОБЕДИ
НА ЕДНО РЕЛИ. ПРВИОТ
РЕКОРД БЕШЕ ДЕВЕТТАТА ПОБЕДА НА РЕЛИТО НА МОНТЕ КАРЛО, А ВТОРИОТ СЕДМАТА ПОБЕДА НА РЕЛИТО НА МЕКСИКО.
Релито
на Мексико е посебен настан кој отсекогаш ќе стои забележан во срцето на осумкратниот светски шампион Себастијан Ожие. Токму на ова рели во 2008 година Ожие го возеше својот дебитантски настан во Светскиот шампионат во рели. Таа година релито на Мексико го освои неговиот сонародник Себастијан Лоеб чија кариера беше во подем кој го доведе до девет титули и го претвори во најуспешниот возач на рели на сите времиња. Лоеб го освојуваше Мексико вкупно шест пати. А Ожие во таа далечна 2008 година ниту сонуваше дека по бројот на победи на ова рели ќе го достигне, па и ќе го надмине својот лут ривал. Минусот од една титула во однос на Лоеб, Ожие го надоместува со поставување рекорди по бројот на победи. Така годинава постави рекорд со деветтата победа на релито на Монте Карло, а сега тоа го стори на релито на Мексико. Постави рекорд со седмата победа на ова тешко рели, Лоеб има шест, и со неа поведе во генерален пласман иако вози со скратена програма. После пауза од две години релито на Мексико повторно е на репертоарот на Светскиот шампионат во рели. Пандемијата од Ковид-19 си го направи своето, но годинава овој тежок настан повторно застана исправен како планина пред рели монструмите од хибридната ера кои за првпат ќе се обидат да ги освојат високите планински превои на Средна Америка. Иако дел од возачите се надеваа на дожд, посебно оние од првите редови, сепак беа дочекани од суви правливи патеки полни изненадувања кои не простуваат грешка. И годинава релито на Мексико
52 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ОЖИЕ ПОСТАВИ НОВ РЕКОРД
| СПОРТ
остана верно на својот карактер и буквално ги десеткуваше невнимателните возачи. Дури и оние од првиот ешалон кои стартуваа први и имаа неблагодарна улога да ги метат патеките оставајќи им на оние зад себе поцврста подлога на која гумите полесно зафаќаат и имаат подобра тракција.
Водено од голема прослава со која караванот од Светскиот шампионат во рели беше пречекан во Мексико, релито стартуваше во четврток навечер. Преплавени со многубројна публика тесните улици и многубројните тунели на историскиот град домаќин Гуанахуато беа совршено место да се отпочне ова славно рели. Токму низ нив најдобро се снајде От Танак. Всушност на истата делница овој уличен брзински испит се возеше два пати, и во двата наврати Танак беше најбрз со што го поведе релито пред актуелниот шампион Кале Рованпера и Есапека Лапи. Според Танак возењето низ улиците на Гуанахуато пред илјадници фанови е само забава и начин да се промовира релито како спорт и да се доближи до фановите, додека напорната работа на екипажите им претстои низ планините на Централно Мексико кои се вистински предизвик како за нив така и за машините. Танак стартуваше внимателно во петок наутро. Беше прв на патеките заради водечката позиција во шампионатот. Мораше да се носи со неблагодарна улога и да го мете мекиот слој песок низ патеките и веднаш ја почувствува дивата сила на релито на Мексико. Само неколку
километри од стартот на првиот испит од денот Танак остана без турбо натполнење. Одеднаш турбо полначот откажа, а без него моторот нема доволно моќност да го турка автомобилот со полна брзина. Мораше да вози полека и да ги мине трите утрински испити пред да стигне до редовниот сервис. Загуби повеќе од 14 минути до крајот на денот, а со нив и шансата за висок пласман. Но, тука не заврши сагата на M-Sport Ford. Останатите возачи Пјер-Луи Лубет и Џордан Сердеридис, исто така, се откажаа на првиот испит од денот заради оштетување на потпирањето. За разлика од M-Sport екипажите на Toyota и на Hyundai успешно се држеа. Искористувајќи ја предноста да стартуваат подолу во поредокот со чисти патеки пред себе Есапека Лапи зад волан на Hyundai i20N и Себастијан Ожие со својата Toyota Yaris поставија репер за брзина. Се менуваа во освојувањето на испитите и возеа изедначено во текот на целиот ден. Лапи успеа да создаде поголема предност на претпоследниот испит од денот и заврши како лидер на релито со 5,3 сек. предност пред Ожие. Трет беше Еванс кој имаше проблеми со тракцијата, додека Нувил постојано му беше зад петици. Шампионот Рованпера заради својата стартна позиција слично како и Танак немаше шанса за добар пласман. Без оглед на напорите тешко излегуваше на крај со мекиот слој на патеките и едноставно не стигна подалеку од петтото место. Перформансите на Лапи беа изненадување на денот. Финецот кој си замина од Toyota покажа што умее зад волан, но и го покажа напредокот на Hyundai во однос на лани.
53 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |
Иако на релито на Мексико Гас Гринсмит за првпат се натпреваруваше зад волaн на Skoda Fabia RS Rally2 тој го предводе-
ше нападот на Skoda до ултимативен успех во категоријата.
Трите екипажи на Skoda се искачија на победничкиот пиедес-
тал на крајот од релито. Гринсмит следен од Емил Линдхолм
и Оливер Солберг и ја донесоа 1-2-3 победата на Skoda. Без
оглед на проблемите со кои се среќаваа во текот на релито
трите екипажи успеаја да ги задржат своите позиции. Најго-
лем трагичар во категоријата беше Адријан Формо зад волан
на Ford Fiesta Rally2. Формо како и Гринсмит во WRC2 дојде од WRC тимот на M-Sport Ford. На три испити пред крај на релито
му се скина ремен од алтернаторот. Застана да го замени и
загуби 17 минути кои на крајот го чинеа многу.
Напнатоста лебдеше во воздух во сабота наутро пред стартот на уште еден тежок ден од релито каде високите температури од преку 30°С и надморската височина од преку 2.750 метри си го земаат својот данок. Како ќе се одвива борбата меѓу Лапи и Ожие кои ги делат една дланка секунди беше главното прашање. Меѓутоа со нетрпение очекуваната битка не се оствари. Само 10 километри од стартот на првиот испит од денот релито за Лапи заврши. Финецот откако влезе широко во еден лев свијок удри во брег по што автомобилот се сврте и удри во бетонска бандера. Лапи и совозачот Јане Ферм имаа доволно време да го напуштат својот i20N пред да се запали. Профитирајќи од несреќата на Лапи, Ожие можеше да продолжи комфорно без да ризикува бидејќи имаше повеќе од половина минута предност пред својот тимски другар Елфин Еванс. Токму тоа и се случи. И додека без потреба да форсира Ожие го контролираше релито од врвот патувајќи кон својата седма победа во Мексико, борба почна да се разгорува за второто место меѓу Еванс и Нувил. Белгиецот притискаше во текот на денот и успеа да ја намали предноста на 4,3 сек. надевајќи се дека ќе има прилика да го стигне Еванс до крајот на релито.
Само четири брзински испити резервирани за последниот ден од релито го делеа Ожие од поставувањето на нов рекорд. Возеше внимателно сè до последниот ТВ испит препуштајќи им ја битката на Еванс и Нувил. Секако Нувил форсираше и победи на два испити, додека Еванс доби еден. Во последниот испит од релито влегоа со разлика од 2,7 сек. и се чинеше дека шансите се на страна на Еванс. Но, Ожие тогаш одлучи да покаже заби и го доби испитот, завршувајќи го релито на Мексико на најдобар можен начин со дополнителни 5 бодови. Еванс за жал заради искривена водилка на тркалото не успеа да се одбрани од налетот на Нувил и го изгуби второто место за минорни 0,2 сек. Рованпера и Сордо ги поделија четвртото и петтото место, додека остатокот од поредокот го пополнија возачите од категоријата WRC2 со Гус Гринсмит на чело.
После само три настани од почетокот на сезоната Ожие со два добиени води во генерален пласман со 56 бода пред Нувил со 53 бода. Трет е Рованпера со 52 бода, четврти Танак со 47 и петти Еванс со 44 бодови. Меѓу производителите Toyota е поуспешна од Hyundai и Ford. Води со 127 бодови пред оние 100 на Hyundai и 73 на Ford.
Следно е релито на Хрватска кое се вози од 20 до 23 април. Асфалтно рели на кое првата стартна позиција му оди во прилог на Ожие, за разлика од Мексико каде оние што стартуваа први без значително хендикeпирани.
• Љубомир Анастасовски
54 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ
Светско првенство во Формула Е
ЈАГУАР СЕ ВОЗДИГНА
ВО БРАЗИЛСКАТА
УРБАНА ЏУНГЛА
ЛАНСКИОТ ПРЕТЕНДЕНТ ЗА ТИТУЛАТА, МИЧ ЕВАНС, ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ ВО ФОРМУЛА Е ОТКАКО ВО ФИНИШОТ НА БРАЗИЛСКОТО ГРАН ПРИ ГО
ДОБИ ДУЕЛОТ СО НИК КАСИДИ.
СПОРТ |
Првата трка на Формула Е во „урбаната џунгла“ на мултимилионскиот бразилски мегалополис, Сао Паоло, му донесе голема радост на минатогодишниот кандидат за титулата, Мич Еванс. Исто како и шампионот Стофел Вандорн, тој имаше тежок почеток на 2023 година, но овој триумф му дава надеж дека има шанса да се врати „во игра“ за трофеите. Победата на Еванс беше забележана под голем притисок од страна на Ник Касиди, кој во финишот на трката му се доближи на возачот на Јагуар, по што болидите речиси во текот на целиот последен круг беа „еден до друг“, а воедно и третопласираниот Сем Бирд, исто така, со Јагуар ја комплетираше „тројката“ задоцнувајќи само половина секунда. Стартот на трката не ветуваше ваков расплет, бидејќи освојувачот на пол позицијата Стофел Вандорн, ја поведе колоната и направи комфорно водство, додека зад него се одвиваше дуелот на Антонио Феликс да Коста и Мич Еванс. Драматиката беше содржана во трите „скршени носа“ на тројца различни возачи во различни инциденти, но сите тие мораа во бокс веќе на крајот од првиот круг. Еванс и Коста се сменија во водство меѓу петтиот и седмиот круг, додавајќи заплет во приказната, но веднаш потоа португалскиот возач имаше уште неколку загубени позиции, па така Еванс и Касиди се најдоа зад лидерот. Природата на бразилската патека беше изразена во долги правци, на кои возачите преферираа да возат во заветрина и да штедат енергија на стартот, што подоцна беше коментирано од страна на Вандорн. - Се обидував да ги пропуштам ривалите тие да го преземат водството и ја дигав ногата од педалот за гас порано од што треба, но тоа го правеа и сите останати. Да водиш на ваква патека е своевидна казна и да правиш дупка во воздухот. Во одредени моменти возачите кои го пуштаа педалот доаѓаа паралелно со мене, па беше опасно,- рече Вандорн. - Имајќи предвид колку круга беше во водство, Стофел извози одлична трка и беше „ветрокршач“ за сите нас. Не сум сигурен дали ми се допаѓа ова, на некој начин е кул, но навистина провоцира и нешто што е премногу. На другите трки можеби е океј, но овде е премногу,- потврди Коста. Поради инцидентот на Саша Фернандез беше аплицирано возилото за безбедност, по што колоната на болиди повторно беше формирана и претходните разлики и одвојувања на лидерите беа загубени. Рестартот му помогна на Коста да се врати во игра и повторно да дојде до второто место, но само два круга подоцна Ник Касиди се реши дека треба да прејде во напад и успеа да ги престигне сите пред него. Но, поради судирот на Ден Тиктум со Џејк Денис и Паскал Верлаин повторно беше повикано возилото за безбедност.
- Не знам што можев јас да направам, не ми е јасно што мислеше тој. Ја видов снимката од он-борд камерата и ми изгледа како Тиктум да е во некој свој свет. Многу сум изнервиран од него. Ова ме повредува и мене и тимот бидејќи потрошивме цела недела во подготовки далеку од нашата база, работејќи во позадина, за некој едноставно да заборави да ги притисне сопирачките. Бесмислено е,- изјави Џејк Денис, кој е втор во генералниот пласман. - Болидот едноставно не запре. Бетонската подлога која беше поставена пред почетокот на гран при викендот е добра кога на неа има втриено гума, но ако не си на тркачката линија... Јас сопирав порано, се надевав дека ќе имам престигнувачки маневар, но болидот не застана. Сум немал такво искуство досега во кариерата. Се разбира дека го видов Џејк и му се извинив, тоа не беше мојот план,- објасни Тиктум во своја одбрана. Во моментите по рестартот беше лиферуван податокот дека Вандорн има 3% помалку енергија од ривалите, по што тој почна да ја штеди онаа која ја имаше на располагање. Еванс изби на второ место, додека Верлаин кој беше во бокс успеа да се врати на четврто место, а неговиот тимски колега од Порше, Антонио Феликс да Коста, поради преширок влез во еден свиок изгуби неколку позиции и „се прости“ од шансите за победа.
Влезот во финишот беше маркиран од перформансите на возачите на Јагуар: најпрво Бирд направи неколку престигнувачки маневри за да стигне до третото место, а потоа Еванс почна да му прави притисок на Касиди, за конечно да го престигне во првиот свиок од 31 круг. Чувајќи ја енергијата ривалот се обидуваше само да го следи лидерот во заветрина, за конечно да нападне во последниот круг, но тој маневар не беше успешен.
56 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ
Зад водечката Еванс, Касиди и Бирд, на крајот сепак Коста дојде до четвртото место, додека двата возачи на ДС Пенске, Верње и Вандорн, се најдоа на петтото и шестото место. И покрај тоа што финишираше како седми, Паскал Верлаин останува лидер во генералниот поредок со 86 бода, додека четири возачи зад него се речиси изедначени во бодовите. Џејк Денис кој победи на првата трка и беше два пати втор, по инцидентот во Бразил остана на 62 бода, а сега Ник Касиди му се доближи со 61, по што следува Жан Ерик Верње со 60 и Антонио Феликс да Коста со 58. Возачот на Јагуар, Сем Бирд е зад нив на шестото место со 44 бода, предводејќи нова група на возачи со слични поени, во која е и победникот од оваа трка, Мич Еванс, на деветто место со 39 бода.
Формула Е доаѓа во Европа со две трки во Берлин на крајот од април и една во Монако на почетокот од мај, по што треба да уследи турнеја на Далечниот Исток со одамна планираните „двојни“ трки во Сеул и Џакарта, кои не можеа да се организираат за време на пандемијата од Ковид-19. Досега се извозени шест од планираните 17 трки, но со претходно набројаната серија (вкупно седум трки на четири локации), ситуацијата на табелата ќе биде многу појасна во поглед на профилирање на новите кандидати за шампионските почести. Александар Табаковски
СПОРТ |
Светско првенство во Мото ГП
ПРОЛЕТ
ЧОВЕЧКИОТ РОД СО РАДОСТ ЈА ДОЧЕКУВА ПРОЛЕТТА, НО ВО ИСТО ВРЕМЕ ПОСТОЈАНО
ЈА КОМЕНТИРА НЕПОСТОЈАНОСТА НА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ ИЛИ ПОЈАВАТА НА ТИПИЧНИ ПРОЛЕТНИ ПРОБЛЕМИ.
Бањаја имаше речиси перфектен викенд, но шесткратниот светски првак Марк Маркез направи изненадување со освојување на пол позицијата при стартот на сезоната во Португалија. Сепак, во „спринт трката“, победата ја однесе Бањаја пред Хорхе Мартин и Марк Маркез (Дукати – Дукати – Хонда). Но, главната трка помина во знак на инцидентот што го направи Маркез, кога поради агресивен маневар во четвртиот свиок доживеа незгоден пад, а со тоа испровоцира нова повреда и елиминираше уште еден возач, миленикот на домашната публика, Мигел Оливеира. Најдобра вест од сето тоа е дека Оливеира нема повреда, додека Маркез си замина со фрактура на десната рака, како и сознанија дека ќе мора да оди „под нож“ и да ја пропушти следната трка во Аргентина. Стјуардите на трката му доделија и казна, која ќе мора да ја изврши во следното појавување на патеката, најверојатно во трката што ќе се вози во Остин, Тексас, а ќе се изврши како возење „два долги круга“ (минување низ бавен, казнен дел, специјално дизајниран за вакви казни).
- Не можев да го избегнам одењето на десната страна. Успеав да го избегнам Хорхе, но не и Мигуел. Бев загрижен за тоа што се случи, контактот беше голем. Сакам да се извинам и до него и до неговиот тим, но и на португалската публика. Добив казна за грешката и со истата се согласувам. Не бев блиску и немав намера да престигнам, едноставно ми блокираа тркалата, бидејќи откако ја отпуштив сопирачката, моторот продолжи да оди и да се навалува, влегувајќи внатре во свиокот. Тоа предизвика да се удрам во Мигуел.
Актуелниот
светски шампион Франеческо „Пеко“ Бањаја ја започна новата „револуционерна“ сезона од Светското првенство во мотоциклизам со победа, која всушност претставува своевиден двоен триумф. Согласно новите правила, на секоја трка од „кралската класа“ и претходи таканаречена „спринт трка“ што се вози во терминот кој порано беше резервиран за саботните квалификации.
Оливеира го прифати извинувањето сугерирајќи дека Маркез бил преголем оптимист, но Хорхе Мартин беше помалку „политички коректен“ и остро реагираше по трката во која остана без бодови.
- Трката беше уништена и имам скршен нокт на моето стапало, а ме боли и зглобот. Не е првпат да ми ја уништи трката, се надевам дека во иднина навистина ќе успее да ме избегне.
58 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ПРОМЕНЛИВО КАКО
| СПОРТ
Бањаја ја прослави победата пред навивачите во Португалија со чин кој потсетуваше на прославата на Кристијано Роналдо, а потоа откри дека тоа не го смислил самиот. - Нормално е да се оддаде почит на идолот. Фабио Куартараро имаше слична идеја пред две години и мислам дека беше коректно да го направам истото. Можеби во Аргентина ќе треба да понесеме од нивните дресови!
И навистина, на следното гран при во Аргентина победникот се качи на подиумот во дрес на репрезентацијата што го освои трофејот светски фудбалски шампион пред чифт месеци на Мундијалот во Катар. Но, тоа не беше Пеко Бањаја, туку Марко Безеки, уште една нова надеж на италијанскиот мотоциклизам. Безеки е дел од академијата на поранешниот шампион Валентино Роси (таканаречена „VR46 Academy“), а минатата година потврди дел од својот талент со освојување на подиум во трката за Големата награда на Холандија, додека во Тајланд имаше и пол-позиција.
Следниот ден, во главната трка повторно се стартуваше од позициите освоени во квалификациите, а Безеки ја искористи шансата и водејќи во секој од 25-те кругови стигна до првата победа во кариерата, иако временските услови се сменија и се возеше на влажна патека, при што времињата за еден круг беа околу 7 до 9 секунди побавни од спринтот. - Не го очекував ова! Во главата имав најразлични мисли, но никогаш не и ова. Искрено, среќен сум – повеќе за тимот, бидејќи без Вале и Академијата, немаше да биде можно да се стигне тука,- рече Безеки, кој е третиот возач од оваа средина по Морбидели и Бањаја што стигнува до победа во Мото ГП.
Тој одби да се прифати како кандидат во борбата за титулата, посочувајќи дека следната трка се вози на сосема поразлична патека во Тексас, каде што досега Маркез бил непобедлив, но остави простор дека ќе го разгледа ова прашање повторно за неколку месеци. Французинот Јохан Зарко овој пат дојде до второто место, откако имаше лош старт и се мачеше во првите осум круга, но потоа почна да напредува и на крајот да го престигне Алекс Маркез во борба за второто место на пиедесталот во самиот финиш. - Конкурентите имаа шанса да го користат подобриот контакт со подлогата на почетокот, но кога во втората половина тоа се смени, имав можност да направам разлика. Очекував дека ќе бидам во позиција за да се борам за победа, но во првите осум круга не можев да бидам побрз. Имав пролизгувања, за малку ќе излетав, останатите возачи се бореа со мене. Тешко беше. За среќа можев да се движам по моите линии и добро е што трката не беше покуса за еден круг бидејќи немаше да го стигнам Алекс,- рече Зарко.
Дека во Аргентина ќе има нов викенд за паметење се покажа кога освои второ место во квалификациите, а потоа на истата позиција ја заврши и спринт трката, притоа поставувајќи најбрз круг во финишот. Сепак, во спринт трката сите почести отидоа кај Бред Биндер кој имаше катастрофални квалификации со пласман на 15 место, но блескавиот старт му овозможи да се најде на 5. место во првиот круг, по што го презема водството во третиот круг. Безеик имаше проблематичен старт по кој рече дека „бил истуркан“ да оди прешироко, па падна на 8 место. Сепак, и тој се консолидираше и на крајот се врати на втората позиција, за во финишот да влезе „рамо до рамо“ со Биндер, но системот за мерење на времето регистрираше задоцнување од 72 илјадити делови од секундата. Лука Марини, исто така, од тимот на Роси, беше трет и во иста секунда со победниците, додека Морбидели се најде на четвртото место, пред Алекс Маркез, кој ја имаше пол позицијата во спринтот.
Шампионот Пеко Бањаја ги помина првите 14 круга на третото место, а откако изби на второто престигнувајќи го Алекс Маркез, имаше необјаснив пад во 17 круг, по што беше лут на самиот себе, но му честиташе на Безеки дека бил „непобедлив“ во Аргентина, бидејќи сонародникот таму ја освоил и првата победа во послабата категорија Мото 3. Од друга страна, Биндер имаше „тркачки инцидент“ со Маверик Вињалес по што излета, но неговиот тимски колега од КТМ, Џек Милер, покажа дека нивниот мотор не смее да се потцени и дека имаат капацитет за пласман меѓу првите, бидејќи од 16 стигна до 6 место. Имаше и друг судир, во дуелот на Накагами и екс-шампионот Куартараро, по што Французинот се пожали на ривалот кој не доби казна од стјуардите. На крајот, тој најави дека Јамаха наскоро ќе тестира надградби за својот мотор, најверојатно за европскиот дел од сезоната.
Во пресрет на трката во Тексас, Безеки го презема водството на табелата со 50 бода, додека Бањаја има 41, по што следат неколку изедначени возачи: Зарко има 35, Алекс Маркез е четврто со 33, а Маверик Вињалес има 32 бода.
Трката во Америка се вози на 16 април, по што на 30 април карванот се сели во Европа, каде што ќе се возат 10 трки сè до септември, вклучувајќи го меѓу нив и новото гран при во Казахстан. • Александар Табаковски
59 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |
ПОКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА
ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА И ЗАШТЕДЕТЕ
Покрај бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ членската картичка ви овозможува специјални попусти во внимателно избрани АМСМ
Партнер продажни места! Попустите можете да ги користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.
Ресторан „МАЏО 2.0“
Најдобри бургери, пици и врапови, специфични гастрономски комбинации и вкусови кои долго се
паметат. Уживајте во добра храна и атмосфера во ресторан „МАЏО 2.0“. Покажате ја вашата членска
картичка за 20% попуст на целото мени.
Локација: ул. „Михаил Цоков“ бр. 8а - Скопје
Стоматолошка
Професионални стоматолошки услуги можете да добиете на многу места, но во стоматолошката ординација „Д-Р КРИСТИЈАН“ добивате многу повеќе од тоа. Оставаме на вас да проверите зошто, а ние се погриживме да добиете 15% попуст со покажување на валидна АМСМ членска картичка и да заштедите. Локација: ул. „1“ бр. 4 Бардовци - Скопје
Колекциите на Santoro London и модниот бренд Anekke се неодоливи, а изборот на детска литература е неограничен. Во книжарниците на „АЛБИ“ само покажете ја вашата членска картичка и добивате попуст.
Локација: ул. „Македонија“- Скопје
Ресторан „СВ. СОФИЈА“
Сместен во срцето на Охрид, во близина и со поглед на црквата „Света Софија“, на калдрмните охридски улици, ресторанот „СВ. СОФИЈА“ задолжително треба да го посетите, не само заради амбиентот, туку и заради познатите рибни специјалитети. Покажете ја вашата АМСМ членска картичка за 10% попуст и заштедете.
Локација:ул. „Цар Самоил“ бр. 88 - Охрид
кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив можете да најдете на веб страницата на АМСМ. www.amsm.mk
60 04.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АМСМ
Книжарница „АЛБИ“
АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги
ординација „Д-Р КРИСТИЈАН“
ЧЛЕНСТВО
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД www.amsm.mk Меѓународна возачка дозвола ∙ Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување ∙ Зелен картон ∙ АМСМ членски картички 02/3181-181
МЕЃУНАРОДНИ
ИЗВАДЕТЕ
ДОКУМЕНТИ