Amsm klub mobiliti br 30el noemvri 2017

Page 1



ВОВЕД

Внимателно возете, коловозите се влажни!

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Бојан Димитријевиќ РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Бошко Ников (член) Калинка Танеска (член) проф. д-р Иво Дукоски (член) Јован Теговски (член) Иван Алексиев (член) Миле Атанасов (член)

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци

Внимателно возете, коловозите се влажни и лизгави, а видливоста е намалена ќе бидат чести информации кои ќе ги добиете од Контакт центарот на АМСМ (15 555), во текот на следните месеци. Штом заврне дожд како некој да го притиска копчето и сите забораваат да возат, возењето на автомобилот на дожд практично изгледа невозможно. Непрегледни колони, нервоза, зачестени сообраќајќи и што уште нè. За да избегнете да бидете причина за горе наведеното овозможете услови кои ќе придонесат вашето возење да биде пријатно, но најбитно од сè безбедно, во услови на недоволна видливост предизвикана од дождливото време . Обилните врнежи, често може да предизвикаат и прекин на сообраќајот бидејќи поради големи количини на вода на коловозот и видливоста е максимално намалена. Во такви услови брзината мора да се прилагоди и да се намали од 30 на 50%. Длабочината на гумите е, исто така, важен фактор за безбедно возење во вакви услови. Затоа треба да избегнете возење со излижани (искинати) гуми. Понекогаш е подобро да го паркираме возилото, да почекаме дождот да запре, со што ќе го избегнеме лизгањето и губењето на контролата на возилото. Во вакви услови не треба да се дозволи водената пареа да се кондензира внатре во возилото, па затоа задолжително е користење на вентилацијата и греењето. Возете со запалени светла дури и кога врне слаб дожд. На тој начин подобро ќе го видите патот, а останатите возачи лесно ќе ве забележат. Почитувајте ги сите сообраќајни прописи. Прилагодете ја брзина, внимавајте на сообраќајните знаци и не брзајте. Секогаш гледајте вашиот автомобил да биде подготвен за пат, така што гумите ќе бидат доволно напумпани, а кочниците и светлата исправни. Некои од работите што ви ги препорачуваме се веќе чуени или прочитани, и нема да им се посвети потребното внимание, но не заборавајте дека само една од нив може да ви го спаси животот.

Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во декември 2017 година, во печатена верзија, на вашата домашна адреса и на веб-страницата www.amsm.mk

ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

3



СОДРЖИНА

10 11

16 20 24

32 34

38

44

46

48

50 54

НОВОСТИ УРАГАНОТ „ВИЗИВ“ ПРЕТСТАВЕН ВО ТОКИО НОВА МАРКА ВО СВЕТОТ НА АВТОМОБИЛИТЕ

Моделот Peugeot 308 во актуелната форма постои од 2013 година, што значи дека според стандардите кои важат во автомобилската...

16

АВТО-МОТО МАЛИ ПРОМЕНИ ШТО ЖИВОТ ЗНАЧАТ СЕКОГАШ РЕЗЕРВИРАН ЗА ИЗНЕНАДУВАЊА MERCEDES-AMG ВО СКОПЈЕ СЛАВИ ПОЛОВИНА ВЕК ПОСТОЕЊЕ ТЕСТОВИ И СОВЕТИ ЗИМАТА Е НА ПРАГОТ, ПОДГОТВЕТЕ ГИ АВТОМОБИЛИТЕ ВКЛУЧЕТЕ ГИ СВЕТЛАТА, НЕ РИЗИКУВАЈТЕ!

Единствен спас за намалената видливост во тмурните и темни есенски и зимски денови е да ги вклучите светлата. Дел од вас имаат лоша навика да се „шетаат“ со изгаснати светла по улиците и патиштата...

34

ПАТУВАЊЕ ДОЗВОЛЕТЕ СИ „КРАЛСКИ ТРЕТМАН“ ЗА ВАШАТА ДУША И ТЕЛО СТИЛ СТАКЛОТО, ЕСЕНЦИЈАЛЕН ДЕЛ ОД МОДЕРНАТА АРХИТЕКТУРА

Со едно рели до крајот на сезоната Себастијан Ожие стигна до петта...

50

HI-TECH СЕГА СТРУЈАТА Е ВО МОДА ИСТОРИЈА УНИКАТ КОЈ СЕКОЈ ГО ПОСАКУВАШЕ СПОРТ ЗАПЕЧАТЕНА ПЕТТАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ФЕТЕЛ ГО УКРАДЕ ШОУТУ ВО БРАЗИЛ 11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


БЕСПЛАТНА

зимска проверка на возило за АМСМ членови - Проверка на антифриз

- Проверка на ниво на масло

- Проверка на сопирачки и ниво на глицерин

- Проверка на осветлување и на акумулатор

- Проверка на амортизери

- Предница и возна постројка ВАЖИ ДО 15.12.2017 Дополнителни попусти и поволности: - Компјутерска дијагностика на возилото по цена од 200 денари наместо редовната цена која изнесува 600 денари. - При замена на антифриз и масло, 20% попуст на истите. Проверката се врши на следните локации: - АМСМ Скопје - Центар во сервисот на АМСМ Службата за помош и информации на пат, лоциран веднаш до станицата за технички преглед и - АМСМ Велес. Закажување и информации: - 02/3181-181.

www.amsm.mk


ОД 15 НОЕМВРИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА Согласно новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, моторните возила и мобилните машини, кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Притоа, според Правилникот за задолжителна опрема: 1. Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg претставува: - Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4 mm или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4 mm да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

2. Задолжителна зимска опрема на моторни возила со погон на сите тркала (4x4) претставува: - Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6 mm или летни пневматици со минимална длабочина од 4 mm, доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.

3. Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg претставува: - Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6 mm или доколку возилото има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4 mm, да поседува синџири за снег соодветни на големината на пневматиците. - Автобусите и товарните возила кои не можат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат. Според Правилникот, зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „М&S“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така, според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


СРБИЈА Мерење на средна брзина на автопатиштата во Србија Во Србија започнаа со примена новите правила за пресметка на брзина на автопатиштата. Не се менува границата на дозволената максимална брзина на движење, но контролата е различна. Возачите ќе бидат казнети врз основа на просечна брзина. Просечната брзина се пресметува според потребното време да се помине одреден дел од автопатот, од моментот кога се зема картичката за наплата на патарина, до моментот кога се наплаќа патарината. Оваа просечна брзина не смее да надминува 120 км / ч, согласно законот за безбедност во сообраќајот на Република Србија. Казната за домашните возачи ќе биде испратена на домашна адреса на граѓаните, додека странските државјани ќе бидат сопрени на лице местото, каде што ќе бидат известени за прекршок во согласност со пречекорената максимална брзина и за кои ќе се води прекршочна постапка или ќе им биде изречена парична казна на самото место. Странските државјани ќе можат да ја платат оваа глоба на самото место. Предвидени казни: 1. 121-140 km / ч - 3.000 динари; 2.141-160 km / ч - 5.000 динари; 3.161-180 km / ч - 6.000 - 20.000 динари, три казнени поени и одземање на возачката дозвола од најмалку 30 дена; 4. 181-200 km / h - 15.000 - 30.000 динари или затвор до 30 дена, шест казнени поени и одземање на возачката дозвола за најмалку три месеци; 5. 201+ - / 100.000 - 120.000 динари, најмалку 15 дена затвор, 14 казнени поени, одземање на возачката дозвола за најмалку осум месеци; Доколку се вози според прописите, точно се знае за колку време со максимална дозволена брзина може да се пристигне од точката А до точката Б: - Хоргош - Прешево (537 км): 4 часа, 16 минути; - Радинска рампа на Врчин - рампа за наплата на патиштата Ниш (205 км): 1 час, 42 минути; - Врчин рампа - Прешевска рампа (359 км): 3 часа; - Шимановци - Шид (85 км): 42 минути; - Лиг - Прељина (40 км): 20 минути; Зимска опрема Oд 1 ноември до 1 април, задолжителни се зимски гуми на сите 4 тркала - кога има снег или мраз на коловоз, синџири мора да се има во возилото надвор од град во определениот период, а се користат за погонските тркала само таму каде што се поставени сообраќајни знаци. ХРВАТСКА Зимска опрема Зимски гуми на сите 4 тркала или летни со синџири во период од 15 ноември до 15 април. Од 06 декември 2013, во Хрватска е воведен пропис за задолжителна зимска опрема на зимските делници на јавните патишта, во период од 15 ноем-

8

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk


ври до 15 април, без оглед на моменталната состојба на патиштата. Mинимална длабочина на шарка од 4 мм. Непочитување на овој пропис се казнува со глоба од 300 куни и исклучување од сообраќај. БУГАРИЈА Зимска опрема Употребата на зимски гуми е задолжителнa за возила регистрирани во Бугарија кога се зимски услови на патот. За возила регистрирани во странство, користење на зимски гуми не е задолжително, но се препорачува. Синџири за снег се дозволени. Нивната употреба може да стане задолжителна во согласност со условите на патот, во кој случај тоа е означено со патен знак. Кога возите со синџири за снег, максимална брзина е 50 km / h. СЛОВЕНИЈА Зимска опрема Зимски гуми на сите 4 тркала или летни со синџири во период од 15 ноември до 15 март. Кога се користат синџири, возила не смеат да возат над 50 km / h. Минималната длабочина за двата типа на гуми е 3 мм. АВСТРИЈА Зимска опрема Зимски гуми на сите 4 тркала или летни со синџири од 1 ноември до 15 април. При користење на синџири за снег максималната брзина да не е повеќе од 50 km / h. Гумите мора да носат ознака M + S или М & S и да имаат минимум шарка од 4 мм. ГРЦИЈА Зимска опрема Нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 km / h. ЦРНА ГОРА Зимска опрема Минимум 2 зимски гуми или летни со синџири во период од 15 ноември до 31 март. Сите товарните возила од 15 ноември до 31 март, како дел од зимската опрема ,треба да поседуваат и лопата.

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


POLESTAR 1

НОВА МАРКА ВО СВЕТОТ НА АВТОМОБИЛИТЕ

Н

а повидок е нова марка на автомобили, Polestar. Децении наназад светот негодуваше кога јапонските производители: Хонда, Нисан и Тојота создадоа луксузни дивизии: Акура, Инфинити и Лексус. Денес тоа го прави Волво со Полестар. Моделот Polestar 1 кој треба да продефилира во продажните салони во 2020 година, всушност е класика од купе со 2 + 2 седишта и хибриден погон. Според првичната идеја моделот Polestar 1 требаше целосно да биде на електричен погон, но конструкторите се одлучија на хибриден, електричен на задната оска и ото мотор на предната со четири цилиндри во линија и 2,0 литри зафатнина. Иако е хибрид производителот го нагласува електричниот погон

и неговата предност пред конкуренцијата – единствен од хибридите има способност да измине 150 километри со едно полнење на батериите. Новата марка ќе се произведува во Кина каде во моментов се гради супер современа фабрика, која ќе може да произведува мали серии, но воедно и големи со бројки од над 300.000 примероци годишно. Таквата брза приспособливост на производните капацитети се должи на норвешкиот тим од дизајнери и архитекти кои сето тоа го осмислиле. Polestar 1 е хибрид, но сите други модели по него ќе бидат исклучиво електрични. Веднаш по Polestar 1 во производство влегуваат уште два модели, Polestar 2 и Polestar 3. Вториот модел е седан од средната класа, а третиот возило за забава (suv), ценовно и димензиски сместен помеѓу Polestar 1 и 2. На почетокот Polestar 1 ќе се произведува во 500 примероци годишно и тоа само по нарачка, а во него ќе се вградуваат најсовремените материјали и технологија. Подоцна годишното производство ќе се зголемува во зависност од потребите. •


SUBARU VIZIV PERFORMANCE CONCEPT

УРАГАНОТ „ВИЗИВ“ ПРЕТСТАВЕН ВО ТОКИО

Н

а Салонот за автомобили во Токио забележителна улога имаше најновиот модел на Subaru наречен Viziv Performance. Веднаш мора да кажеме дека новиот модел за жал е само концепт, засега, но со надеж дека истиот многу скоро ќе влезе во производство таков каков што е. Публиката, а пред тоа и новинарите, имаше интересна средба со Subaru Viziv Performance Concept. Неговиот дизајн е вистинско освежување во индустријата на четири тркала. Тоа и нас не понесе да го одвоиме од останатите премиери и да напишеме текст за „нај нај“ автомобилот на 45. издание на изложбата во Токио. Кога се отворија вратите на изложбата, првиот ден од двата наменети за новинарите, тие што присуствуваа на светската премиера на штандот од

Subaru најнапред беа пријатно изненадени, а потоа имаа и што да видат. Концептот Subaru Viziv Performance сигурно ги оставил без зборови. Едноставно кажано концептот Subaru Viziv Performance е новата Impreza, а саемското издание е најлутата изведба односно WRX. Убаво кажано, само уште концептот да влезе во сериско производство таков каков што е, без да претрпи било какви исправки во дизајнот и сè ќе си биде како што треба. Несомнено, ова е новиот дизајнерски правец на Subaru на кој ќе се темелат сите идни модели на јапонскиот производител на автомобили. Се чека само денот кога новата Impreza ќе ги види премиерните салонски светла. Ако Subaru влезе во сериско производство со овој дизајн како кај концептот, тогаш конкуренцијта може да се спакува и да оди дома, затоа што купувачите уште сега му се оштрат на Subaru поради големото изненадување со концптот – ќе се бара автомобил повеќе. Во спротивно, ако Subaru не си го испочитува дизајнерскиот успех, тогаш ни купувачите нема да го испочитуваат и ќе си бараат замена кај некој друг производител. •

JEEP

ЏИП + РОЛИНГ СТОУНС = ЕВРОПСКА ТУРНЕА

П

опуларната американска марка на теренски возила, Јеер, влезе во светот на музиката и шоу бизнисот и тоа не со било кој туку со ле-

гендите на рок музиката, „Ролинг Стоунс“. Европската турнеа на „Стонсите“ започна на 9 септември, а завршниот концерт со свечено затворање на турнеата се одржа на 25 октомври во Париз. Додека „камењата што се тркалаат“ патуваа низ континентов, како сенка ги пратеше најпопуларното теренско возило на планетава, Јеер со моделот „Компас“. 11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


APOLLO INTENSA EMOZIONE

КАКО РАКЕТА

А

поло како американските ракети за одење на месечината? Името мора да се оправда со секој детал, а конструкторите успеале во тоа. И сега наместо да се оди на месечината, супер купето ќе грми на асфалтот некаде на планетава, заедно со останатите девет. Аполо беше име во сопственост на НАСА, американската агенција за вселенски истражувања, создадено во времето кога развиваа програма за истражување на космосот и месечината. Gumpert го користеше ова име за еден од моделите, но и новиов Apollo е дел од некогашниот германски производител на ултра спортски автомобили, а во 2015 година купен од фирма со седиште во Хонг Конг. Најновиот Apollo „не го носи“ името Gumpert, односно којзнае која им е релацијата, малку работите се испреплетени, но тоа не значи дека му смета на супер купето. Новоформираната компанија има кинески капитал со работилница лоцирана во Италија, оттаму води потекло егзотичното име. Спомнавме дека супер купето ќе биде произведно во само 10 примероци. За таква бројка со 6,3 литарски мотор, V12 класика (атмосверски) со 780 коњски сили ќе се продава по цена од 2,7 милиони долари, симпатична сума, зарем не!? Сумата е повеќе од убава за крајна брзина од над 320 км/ч и дизајн кој не знаеш дали го правел некој земјанин или марсовец. Покрај класиката од мотор, италијанско кинескиот супер автомобил во себе има вградено шестстепен секвенцијален обичен менувач, далеку подобар избор отколку да е со двојна спојка која е речиси за три пати потешка од оваа која се карактеризира со робусност и прецизност, но воедно со солидна изработка и цврстина. Треба уште да се спомне дека преносните односи можат да се подесуваат заедно со педалите за менување. Сепак да бидеме попрецизни за што се работи – три системски варијации преку кои возачот може да го подеси автомобилот според своите возачки способности или условите на патот. На моторот може да се направат три сетирања, исто толку и на суспензијата, АВЅ системот има дури 10 подесувања и системот за надзор на влечната сила има дури 12 можности за подесување. Материјалите од кои е изработено купето се денешните најсовремени, карбон фибер и сè што носат со себе јаглеродните влакна. При правење на супер автомобили прво и основно се бара материјалите да бидат што полесни, за да има подобар однос помеѓу силината и тежината, коњски сили во однос на килограми. Купето тежи 1347 кг или 1,0 КС на 1,727 кг. При создавање на чудово наречено Apollo Intensa Emozione, матичната компанија ја одбра италијанската работилница „Manifattura Automobili Torino“ (MAT), а таа соработка ќе остане и во иднина, како што велат обете страни. Тие се тие егзотики од кои боли глава. Еднаш ја гледаш, а потоа повеќе пати сонуваш и сето тоа е еднакво на Apollo Intensa Emozione. •

12

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk


HENNESSEY VENOM F5

СУПЕР УЛТРА БРЗ

Т

рката да се биде сопственик на брзинските рекорди никогаш не стивнува. Овој пат ударот го возвраќаат Американците, поточно Hennessey Venom. Првиот збор „хениси“ е всушност презимето на сопственикот на компанијата, кој воедно е и главниот конструктор. Вториот збор „Веном“ е името на најразорниот торнадо според скалата за класификација Фуџита. Името е во согласност со супер спортскиот автомобил направен од Џон Хениси, штом постигнува максимална брзина од 483 км/ч тоа значи дека е навистина брз. Ако го додадеме и следнив податок, V8 моторот со двоен турбо компресор кој располага со 1600 коњски сили, тоа со името „Веном“ станува уште појасно. Е сега уште нешто да додадеме. Силината од моторот се пренесува на задната оска преку седумстепен

менувач и со таа силина 1.338 килограми тешкото ултра купе за помалку од 10 секунди сказалката на брзинометарот ја покажува бројката 300. Од 0 до 300 км/ч за помалку од 10 секунди тоа е побрзо и од болидите од формула 1. И за крај на брзинските способности на Hennessey Venom F5 ќе го напишеми следново. Од 0 км/ч до 400 км/ч и повторно 0 км/ч, сето тоа за време покусо од 30 секунди. Сега си го поставуваме прашањето од што е направен автомобилов. Колку за споредба, Bugatti Chiron и Koenigsegg Agera RS можат само вода да му носат. Пакетов од брзински рекорди кои се над тие од формула 1, се продава по цена од 1,6 милиони долари, а производителот вели дека купувачите ќе имаат на располагање 24 примероци. Првите ултра супер купе автомобили ќе пристигнат до првите купувачи по една година. Вреди да се чекаат и две за ваков автомобил.•


APOLLO INTENSA EMOZIONE

НОВИОТ RENAULT KOLEOS ПРИСТИГНА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР Дизајнерската ренесанса која започна пред 5 години, со моделот Clio, францускиот производител Renault ја носи и во сегментот на големите СУВ возила.

В

тората генерација на моделот Koleos се приклучува на веќе добро познатите луксузни модели на марката Espace и Talisman и со себе го носи динамичниот и модерен изглед кој воедно поседува и доза на француска елеганција. Новиот Koleos е СУВ кој ги содржи сите стилски знаци поврзани со сегментот, вклучувајќи ги и затегнатите линии кои комбинираат солиден став со достоен изглед. За да не се сведе сè на естетски план се грижат двете моќни работни едници со 130 КС (1.6 dCi) и 175 КС (2.0 dCi) што може да бидат поврзани на мануелен или на автомат-

14

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

ски (Х-Tronic) менувач кој, пак, ја испраќа силата само на предните или доколку моделот е опремен со 4Х4 погон кон сите четири тркала. Во ентериерот новиот Koleos не прави компромиси помеѓу удобноста на патниците и изгледот на моделот. Неговите надворешни карактеристики поради тоа се дизајнирани да обезбедат највисок стандард за удобност при патување за сите пет патници. Влезот во кабината го олеснува широкиот отвор на вратите, меѓу најголемите во класата (предната врата: 70 степени / задните врати: 77 степени). Во ентериерот на новиот Koleos, секој чекор е превзе-

мен да се обезбеди добра состојба на патниците до најситните детали. Багажниот простор како и самото возило е со раскошни димензии, во него може да се транспортира сè што има волумен од речиси 580 литри. Почетната цена на Koleos за основниот 1.6 dCi агрегат со 130 КС, мануелен менувач и погон на предните тркала изнесува 30.000 евра, а за најопремениот 2.0 dCi агрегат и моќ од 175 КС со автоматска трансмисија и погон на сите тркала потребно е да се издвојат само 47.000 евра. •


ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИЕРА НА ARTEON И POLO ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА Во присуство на голем број пријатели и гости, „Порше Македонија“ одржа промоција на најновите модели на Volkswagen Polo и Arteon.

Н

а самиот почеток, домаќините гордо го презентираа својот миленик Polo. Семеен автомобил кој постојано изненадува и ги поместува границите на удобност, економичност и функционалност. Со новото Polo, Volkswagen го поставува најнапредниот мал автомобил на патиштата. Технологијата значително се истакнува кај овој модел, или поточно, системите за асистирање на возачот. Благодарение на MQB платформата, Polo содржи мноштво на системи за асистирање кои досега можеа да се најдат само кај автомобилите од високите класи. Помеѓу останатите системи, новото Polo е опремено и со ограничувач на максималната брзина на движење во град, со што би се одбегнало пребрзо возење. Покрај високата технологија овој автомобил плени со неговата елеганција која е спој помеѓу класичниот и модерниот дизајн. Во новото Polo се вградуваат неколку варијанти на дизел и бензински агрегати. Дизелите се застапени со 1.6 литарската единца која се нуди во две верзии, со 80 КС и 95 КС. Во бензинската гама главниот збор му припаѓа на 1.0 литарскиот агрегат кој испорачива сила од 75 КС во основната изведба која е единствена без турбо полнач до 95 КС за следната верзија до максимални 115 КС во најмоќна опција

на малиот трицилиндричен агрегат. Како врв во понудата се истакнува GTI моделот чија што моќ од 200 КС се добива од дволитарскиот турбобензинец. Ценовната политика на компанијата вели дека основното Polo чини 13.902 евра додека за најсилниот и најопремен GTI модел е потребно да се издвојат 21.142 евра. Издолжените контури на Arteon и долгото меѓуоскино растојание му даваат многу карактеристичен профил и чувство на изобилство на простор каде и да седите. Обвивачката хауба и страничните прозорци без рамка се особено привлечни и зрачат со квалитет и елеганција во стилот на класична спортска лимузина. Написот на Arteon на задната страна го одржува ветувањето. Гарантирано ќе привлекува погледи и ќе остава траен впечаток. Името е земено од латинскиот збор за уметност и алудира на кохерентните, естетски линии на дизајнот. Ова е автомобил кој има аеродинамични контури, впечатлив заден дизајн, а нивото на опременост R-Line содржи дополнителни детали на екстериерот кои што ги нагласуваат овие динамички елементи. Моторната понуда се состои од агрегати чија што зафатнина е исклучиво два литри без разлика дали се дизел

или бензински погонувани. Основниот TDI двигател испорачува 150 КС а него го следи верзијата со 190 КС, врвот кај дизелите е битурбо опцијата со 240 КС. Бензинските TSI мотори се застапени со две изведби кои развиваат моќ од 190 КС и 280 КС. Преносот се изведува преку мануелен 6 степен менувач или преку 7 степена DSG автоматска трансмисија која ја распоредува силата кон предните тркала кај послабите агрегати, а кај најмоќните мотори таа е задолжително насочена кон сите 4 тркала. Цените за новиот Arteon се движат од нешто над 38.000 евра за основната изведба до речиси 60.000 евра според официјалниот ценовник. - „Работејќи во време на постојан технолошки напредок, со задоволство го прифаќаме предизвикот на новите генерации, на нивните потреби и барања, одговараме испорачувајќи нови модели и поставувајќи нови стандарди во автомобилската индустрија. Двата автомобили се различни и не споредливи, но сепак исти во својот врвен квалитет, современ дизајн и софистицирана технологија. Едниот ќе ги помести границите во автомобилскиот свет, а другиот ќе им посака добредојде на една нова генерација млади, динамични луѓе“ ,изјави Златко Муцунски, генерален директор на „Порше Македонија“. •


Peugeot 308

МАЛИ ПРОМЕНИ ШТО ЖИВОТ ЗНАЧАТ Моделот Peugeot 308 во актуелната форма постои од 2013 година, што значи дека според стандардите кои важат во автомобилската индустријата возилото е во својата втора половина на живот. Со цел 308 да остане свеж и конкурентен на пазарот компанијата презема низа козметички зафати како и подобрувања на дел од механичките склопови.

УСПЕШНО ЗАТЕГНУВАЊЕ НА БРЧКИТЕ Визуелните промени на надворешноста се речиси минимални се додека до новата изведба не се паркира моделот пред „фејслифтот“. Тогаш станува очигледно дека на предниот дел е изменет профилот на поклопецот на моторот, новиот облик на светлосните склопови 16

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

отсега во себе ги има интегрирано дневните лед светла, решетката на ладилникот е поставена поисправено и наликува на онаа која што ја поседуваат СУВ моделите на брендот (2008, 3008, 5008). Променет е и обликот на предниот одбојникот во чиј состав се поставени нови светла за магла. Дизајнерски интервенции на страничниот профил на автомо-

билот воопшто не се направени, туку следна цел на дизајнерите бил крајот на возилото. На задниот дел од измените еднинствено се забележуваат новите светлосни склопови чија што графика е изведена со 3Д ефект на веќе препознатливите (Peugeot) лавовски канџи кои веќе се имплементираат кај сите модели од компанијата. Суптилната модер-


Обновениот агрегат се грижи автомобилот да добие подобра економичност, поголема сила и намалена емисија на штетни издувни гасови.

низација на екстериерот има за цел да го одржи моделот 308 во секој поглед модерен и допадлив како би можел што подобро да се справи со конкуренцијата до пристигнувањето на неговиот наследник во наредните 2 до 3 години. МИНИМАЛИЗАМ НА ФРАНЦУСКИ НАЧИН Во делот на кабинскиот простор е преземена истата формула како кај надворешноста. Ентериерното уредување е изведено во минималистички стил каде што прекинувачите и копчињата за секундарните функции се сведени на минимум ( т.е. воопшто не постојат). Едноставно се од радио уредот до системот за климатизација и второстепените функции за управување со автомобилот се изведуваа преку високо поставениот екран осетлив на допир. За сѐ да оди како подмачкано потребно е

Волуменот на багажниот простор кај Peugeot 308 е поголем отколку кај поголемиот број на сопернички модели.

краток период на прилагодување, а некои функции бараат од возачот повеќе да гледа во екранот отколку на патот пред себе. Просторот на предниот дел од кабината е исклучителен додека на задната клупа има за нијанса помалку место отколку кај некои конкурентски модели, но овој недостаток се дополнува со волуменот на багажниот простор кој кај Peugeot 308 е поголем отколку кај поголемиот број на сопернички модели. Материјалите што се употребени за изработка на ентериерот се одликуваа со висок квалитет, истите се пријатни за око и меки на допир, со што се укажува дека нивниот работен век би требало да биде доста долг. Инструмент таблата е поставена високо и е изведена во авангарден спортски стил. Аналогните мерачи за брзина и вртежи на моторот своите стрелки ги вртат во спротивен правец што при секое

седнување зад спортскиот и мал управувач носи доза на динамика во секојдневното управување со автомобилот. ЕКОНОМИЧНОСТ ПРЕД ПЕРФОРМАНСИ Ревидираната моторна понуда кај Peugeot 308 се грижи сите двигатели да добијат подобра економичност, поголема сила и намалена емисија на штетни издувни гасови. Во моделот кој ни беше отстапен на тест беше вграден основниот дизелски мотор во понудата. Истиот поседува зафатнина од 1.6 литари кој во оваа пригода има и зголемена сила која сега изнесува точно 100 КС кои се достапни на возачот при максимални 3.750 врт/мин. Малиот агрегат поседува и солидна влечна сила која изнесува 254 Нм, а на возачот му е на располагање од 1.750 врт/мин. Проверениот дизелски

Ентериерното уредување е изведено во минималистички стил каде што прекинувачите и копчињата за секундарните функции се сведени на минимум.

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ МОТОР:

Четирииндричен, дизелски

ЗАФАТНИНА:

1.560 СМ3

МОЌНОСТ:

100 КС При 3.750 врт/мин.

МЕНУВАЧ:

5 степен мануелен

ПОГОН:

На предните тркала

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

Напред: McPherson Назад: Полукрутаосовина со издолжени рамења

СОПИРАЧКИ:

Напред: Дискови Назад: Дискови

ГУМИ:

напред 205/55 R16, позади 205/55 R16

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

Кг 1.235 кг

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:

4253Х1863Х1457 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

11.3 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

3.6 лит/100 км

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

186 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

18

16.990ЕВРА

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

агрегат веќе имавме прилика да го испробаме во моделот 301 каде што се покажа како исклучително економичен, затоа од него очекувавме во најмала рака да ги потврди резултатите. Оваа моторна единица единствено може да се добие споена со мануелниот 5 степен менувач за кој може да кажеме дека се одликува со прецизност и краток од помеѓу степените. За време на тест периодот постигнавме просечна потрошувачка од 4.9 литри дизел гориво на секои 100 изминати километри, што е нешто повеќе од декларираната

вредност на производителот но не отстапува многу како што е тоа случај кај некои од конкурентите. Агрегатот со сигурност не треба да се смета за спортист но кога е потребно може да ја потегне каросеријата со тежина поголема од 1.2 тони од место на мирување до 100 км/ч за 11.3 секунди. Peugeot 308 поседува потпирање кое пред сѐ е ориентирано кон конфорот што не значи дека автомобилот не е во состојба да овозможи забавно и возбудливо возење на кривулести планински патишта. •Данчо Здравковски


19


Салон за автомобили Токио 2017

СЕКОГАШ РЕЗЕРВИРАН ЗА ИЗНЕНАДУВАЊА

Изложба на автомобили, разновидни доставни возила, мотоцикли и што уште не. Така накусо може да се опише Салонот за автомобили што се одржува на крајот од годината, како последен од големата петорка - Детроит, Женева, Париз/Франкфурт, Пекинг/Шангај.

В

о Земјата на изгрејсонцето, поточно во нејзиниот главен град, се одржа 45. по ред изложба на моторни возила. Манифестацијата беше отворена на 27 октомври и ќе трае заклучно со 11 ноември, кога ќе бидат спуштени завесите. Таму се главни јапон-

20

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

ските производители на моторни возила и можеби затоа претставуваат помалку или повеќе чудни возила кои кај присутните предизвикуват воодушевување, но и доза на збунетост. Кога сѐ ќе се измери токијската манифестација е единствената каде можете да ги ви-

дите најнапредните дизајнерски решенија и воедно чудни. Треба и таквите нешта да се видат затоа што и тие се дел од секојдневието, ако не на континентов, тогаш сигурно се некаде во светот, а ние сме решиле да ги претставуваме светските новитети.


Сето тоа е повеќе од занимливо и вреди да се види. Ако одиме според нештата на изненадување на прво место е Subaru Viziv Performance Concept, автомобил на кој дизајнерите навистина ги засукале ракавите и направиле ремек дело. Агресивен и воедно елегантен изглед, спој кој ретко кој автомобил го има. Концептот всушност е новата Imprеza само што сѐ уште ништо не се знае кога ќе биде замената старата. Сепак едно нешто е јасно, Subaru Viziv Performance Concept предизвика бура од позитивни реакции како кај новинарите така и кај посетителите. Toyota Auto Body Wonder Capsule, возилово секако е „вондер“ дури и повеќе од тоа. Погледнете ги фотографиите и сѐ ќе ви биде јасно, не треба ни да се опишува, ни да се коментира. Неговиот дизајн кажува сѐ и токму затоа вреди да се спомне во текстов, но не само кај нас туку во секое друго списание кое ги третира автомобилите. Honda Dream Go Project, едноставна робот количка во која можете да ставите: потребна апаратура ако сте диск - џокеј, но може да послужи и како поголема кутија за прва помош, како складиште за сендвичи, сладолед или кафе и разни сокови. Затоа на почетокот напишавме дека манифестацијата е посветена на моторните возила, а не строго на автомобилите. Можете и самите да видите, Хонда направи количка за продавање, сокови, кафе и сендвичи во парк, плоштад, шеталиште итн. Затоа имаат право кога велат дека „мотор шоуто“ во Токио секогаш носи нешто необично и единствено. Со малку посмирени идеи дојде Mazda со концептите Vision Coupe и Kai, имаат некој занимлив дизајн, но не и необичен и чуден. Само што ќе се спомне нешто обично и нечудно, веднаш потоа пред очите на посетителите се појавува необичното и чудното како на пример Suzuki со концепт теренското возило e-Survivor на електричен погон. Моделот „џимни“ е во фаза на длабока старост и време му е да биде заменет. Можеби концептот

Yamaha MOTOROiD

Mitsubishi e-Evolution Concept

ATS_2500-GT

Honda Neo Sports Café Concept-7

Honda Sports EV Concept-1

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


Suzuki Xbee

e-Survivor е наследникот, но не во оваа изведба, салонскава. Европските премиум марки како на пример BMW дојде со класиката и со концептот Z4 кој малку од малку ја разбиваше претходно спомнатата класика. За разлика од него, Mercedes имаше нешто така малку поавангардно, Mercedes-AMG Project One Concept, но недоволно во однос на јапонските концепти. Единствено дизајнот на Zagato со Vision IsoRivolta им покажа заби на тие од Далечниот Исток. Хонда имаше забележително претставување со електричните Sports EV и Urban EV, од кои првиот концепт беше светска премиера, купе со ретро изглед. Дали воопшто двата концепти може да се најдат во производство? Создаваат ултра современи возила, но копнеат по старинскиот дизајн. Повеќе примери беа видливи на овгодишниот

Nissan LEAF Nismo Concept

22

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

саем во Токио – возило со дизајн како да е ентерпрајз, а веднаш до него концепт со стариски изглед – ретро. Концепт како Honda NeuV е веќе видено нешто, помалку или повеќе со некој дизајн кој ќе ви запне за око, но ништо од сериско производство токму на тие типични градски автомобили со преубав дизајн. Само ги шетаат од саем на саем и толку, а потоа фаќаат прашина во некоја голема гаража. Истото се случува и со Toyota Concept-i. Автомобилот е печен за сериско производство, но на одговорните воопшто не им се слуша за такво нешто, а потоа бараат продажбата да се зголеми. И мотоцикли, а како за издвојување е Yamaha MOTOROiD, со електричен погон и дизајн кој потсетува на возило како да е дојдено од друга планета. Сепак ако хронолошки се погле-

Lexus LS+ Concept

днат сите самески манифестации, овие петте најголеми, ќе забележите дека Токио носи најголема свежина што се однесува до дизајнот, но од сето тоа ништо не оди во сериско производство во скора иднина или воопшто нема ни да оди. Ако се земе во предвид недоаѓањето на некои марки на петте големи манифестации, тоа значи работите не се како што треба во автомобилската индустрија. PSA, групацијата Fiat-Chrysler, Nissan, Mitsubishi, Tesla и Volvo откажаа учество есенва во Франкфурт, а Audi изложуваше во просторот на газда Volkswagen. Токио, исто така, имаше многу откажувања, што не треба да се случат со оглед дека петорката е врвот во светот. Има превирања и никој со сигурност не може да искоментира што ќе се случува во иднина. • Жарко Атанасоски


Ethical Hacking Пенетрациско тестирање

Тестирањето на пропустливоста е симулација на хакерски напади извршени на мрежата, системот, апликацијата или веб сајтот и истата е наменета за откривање на постоечки ранливости и слабости пред да бидат откриени и искористени од други хакери. Методологиите и стандардите за тестирање на пропустливоста кои ние ги користиме се интернационални и признаени во целиот свет. Секоја ранливост која би била откриена во текот на тестирањето претставува предмет на анализа со цел да се документира соодветен технички опис и препорака како да се елиминира истата. По завршувањето на тестирањето, клиентот добива извештај од тестирањето на пропустливоста кој ги вклучува целосно извршената работа, идентификуваните ранливости и предлог решенијата за подобрување на безбедноста.

10.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


Мак АутоСтар

MERCEDES-AMG ВО СКОПЈЕ СЛАВИ ПОЛОВИНА ВЕК ПОСТОЕЊЕ На европската карта за прослава на 50. годишното постоење на Mercedes-AMG се најде и нашиот главен град, каде на посебно подготвен полигон беа претставени најновите модели на оваа премиум спортска автомобилска марка.

24

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk


Е

кипата за логистика на MercedesAMG за неверојатни 24 часа од пристигнувањето во Македонија, успеа да подигне мини зграда со неколку дополнителни објекти и справи за изведување на вежбите на полигонот. На настанот, имавме можност директно да се запознаеме со најнапредните системи на Mercedes-Benz, односно преку теоретски и практични вежби да дознаеме повеќе за безбедното и ефикасно возење, како и врвните уреди кои овозможуваат полусамостојно управување на возилото. Исто така, на настанот беа прикажани и новите електро-хибридни модели на Mercedes-Benz, како и моќни-

те AMG модели, со многубројни коњски сили, а за сето тоа се погрижија врвни инструктори за возење од фабриката во Штудгарт. Моделите на Mercedes-AMG се задвижувани од мотори кои се рачно склопувани, возилата чинат неколку стотици илјади евра, а нивните сопственици се различни успешни луѓе од светот, а сите ги поврзува една заедничка работа – страст кон спортските перформанси на автомобилите. Приказната за AMG почнува пред 50-тина години, во гаражата на еден инженер кој работи во фабриката во Mercedes. Тој заедно со неговиот колега имаат задача да го подготват моделот 300 SЕ за учество на

германското првенство во авто трки. Тркачкиот модел бил толку успешен што дури 10 пати го освојувал првото место, а овие двајца инженери вљубеници во автомобилите почнаа да го живеат својот сон. Неколку години подоцна, во 1967 година. формираат сопствена фирма под името „AMG“. Денес малата компанија „AMG “ која почна од една гаража, прерасна во глобален бренд, со најголема продажба меѓу премиум спортските автомобили и е под капата на „Daimler AG“ и ги произведува најуспешните автомобилски мотори во светот, кои неколку години по ред е на врвот на трките во Формула 1. • Данчо Здравловски


Претставуваме McLaren 720S

МЕШАВИНА НА ЕКСТРЕМНИ ПЕРФОРМАНСИ И ЛУКСУЗ Лесен, брз, со врвна возна динамика и со неспоредливо возачко доживување McLaren 720S отвора ново поглавје во историјата на британската марка која својата слава ја стекна на најпрестижната арена во мотоспортот, Формула 1.

26

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk


M

cLaren e едно од најуспешните имиња во историјата на Формула 1. Основан е од Брус Мекларен во 1963 година, а првиот настап во Формула 1 e две години подоцна. McLaren има освоено 8 конструкторски титули и 12 возачки круни во Ф1, победил 3 пати на Индианаполис, а победувал и на 24 часа Леман и на 12 часа Себринг. Името McLaren стои на крилја на заслужена слава во мотоспортот, но заслужува голема почит и меѓу супер спортските автомобили. Не постои октански зависник што не ја цени иконата McLaren F1 која се појави во 1993 година со револуционерна централно поставена возачка позиција и уште две места за седење. Изграден околу монокок од карбон-фибер инспириран од болидите на Формула 1 и централно поставен V12 со потекло од BMW, McLaren F1 дури и денес, скоро две децении по запирањето на производство, важи за најдобриот спортски автомобил што светот некогаш го видел. Оваа автомобилска икона доби заслужен наследник дури во 2011 година во облик на McLaren MP4-C12 кој во суштина е појдовна точка за развој на цела лепеза модели. Најновиот никулец е McLaren 720S. Лесен и брз, со екстремни перформанси, врвна возна динамика за неповторливо возачко уживање и рачно вткаен луксуз отвора ново поглавје во историјата на британската марка. ХАРМОНИЈА НА УБАВИНА И ФУНКЦИЈА Прво нешто што се забележува кога ќе се погледне McLaren 720S e неговиот мазен облик и отсуството на големи странични отвори за довод на воздух за ладење кои се карактеристични за спортските автомобили со централно поставен мотор. Секако ладилниците постојат, а воздухот до нив стигнува низ канал во вратите кои се отвораат нагоре како што и доликува на еден суперспортист. За да го задржат мазниот облик и да ја подобрат аеродинамиката дизајнерите се сетиле дека воздухот што струи преку носачите на предно-

то стакло може да се насочи директно кон ладилниците. Тие се поставени на вообичаено место, а сознанието за нив доаѓа откако ќе се отворат, поточно подигнат вратите. Футуристичкиот дизајн го нагласуваат предните светла интегрирани во отвори за воздух и задникот со интегриран спојлер кој ја менува висината и аголот зависно од брзината. Куполата на кабината е интегриран дел на монококот од карбон-фибер кој е основа околу која е изграден 720S. Кабината е исклучително просторна за ваков тип автомобил, а уредувањето е луксузно. ВОЗДУШНА СОПИРАЧКА Иако овој меѓу наслов асоцира на авион, сепак станува збор за автомобил. Задното крило при ниски брзини се крие интегрирано во каросеријата. Но, со зголемување на брзината се менува и висината на отворањето која може да биде максимум до 80% од одот на крилото. Кога се забрзува крилото се спушта на максимални до 30% за да се намали отпорот на воздух. Крилото е максимално отворено само кога нагло се сопира од високи брзини. Тогаш тоа презема функција на воздушна сопирачка која помага драстично да се намали патот на сопирање. ОЗНАКАТА ЈА ОТКРИВА МОЌНОСТА Ознаката на моделите на McLaren не е случајна. Конкретно 720S ја открива максималната моќност која ја испорачува моторот. Станува збор за новоконструиран 4.0 литарски V8 кој со помош на два твинскрол турбо полначи способен е да произведе 720 КС при 7500 min-1 и вртежен момент од 770 Nm при 5500 мин-1. Тие се доволни за спринт од место до 100 km/h за 2,9 секунди, до 200 km/h за 7,8 секунди и до 300 km/h за 21,4 секунди. Четвртина милја или 400 m од место ги лови за 10,3 секунди, а максималната брзина изнесува 341 km/h. Силината кон задните тркала се пренесува преку седумстепен менувач со две спојки и можност за рачноменување на

степените. Тука почнува вистинското задоволство бидејќи во првиот и вториот степен моторот дозволува да се сврти до 8100 min-1, и до 8200 min-1 во останатите четири степени на пренос. Одзивот на педалот за гас е моментален, а сонорното крешендо кое излегува од двата издувни топа мами да се притиска до крај. МАКСИМАЛНО ВОЗАЧКО ЗАДОВОЛСТВО Возачкото задоволство само почнува со притискањето на педалот за гас. Покрај чулниот ефект во McLaren внимателно се погрижиле секој одзив на автомобилот на командите од возачот да биде непосреден и брз како мисла. Ова се должи на проактивната контрола на шасијата која дозволува возачот да ја прилагоди од максимален комфор, до спортска цврстина. Конструкцијата на потпирањето ги подобрува тракцијата и чувството зад волан. Прецизното управување го води 720S како картинг пренесувајќи ги сите информации кои ги испраќаат предните тркала. На располагање е функцијата за варијабилна контрола на пролизгувањето која зависно од степенот на поставување дозволува со 720S да се дрифта во свијоци. УПРАВУВАЊЕ ПРЕКУ СОПИРАЊЕ Како сопира е подеднакво важно за еден спортски автомобил. McLaren 720S може само да се пофали со својата сопирачка техника. Сериски доаѓа со вентилирачки карбон-керамички дискови кои мерат 390 mm напред и 380 mm назад. Нив ги зафаќаат полесни и поцврсти сопирачки клешти со шест клипа. 720S од 100 km/h до 0 сопира за 29,7 m или 2,8 секунди. Уште поимпресивно е сопирањето од 200 km/h до 0 кое се случува во само 4,6 сек. кога автомобилот минува 117 m. Но, најголема иновација на McLaren е управување преку сопирање. Без да користи скапи и тешки самозаклучувачки диференцијали оваа иновативна технологија преку незабележливо сопирање на задното


внатрешно тркало во свијок го редуцира подуправувањето и ја подобрува тракцијата со префрлање на моќноста кон задното надворешно тркало. На овој начин се подобрува агилноста и нагонот да се нападне свијокот што директно се одразува на чувството зад волан како да се вози картинг. ЛУКСУЗ ВО УМЕТНИЧКА КРЕАЦИЈА Внатрешното уредување е мешавина од луксуз, спортски минимализам и модерна технологија. Дизајнот е огледало на органските течни форми на каросеријата што го подобрува чувството за

просторност и прегледноста, а напредниот електронски интерфејс го олеснува управувањето со функциите на автомобилот и со системот за мултимедија. Изработката на кабината е рачна, а изборот на материјали и бои зависи од имагинацијата на клиентот. Тркачките кади место седишта се удобни и дозволуваат совладување долги патни рути во еден здив. Дури и ентериерот нуди полно доживување и одушевува со иновативните идеи. При отклучување почнува цела секвенца од настани. Се отвораат ретровизорите, трепкаат трепкачите и се палат внатрешните светла

заедно со осветлувањето на мотор кое е посебна глетка. А со отворање на врата се исправа дисплејот пред возачот и се подигнува оперативниот систем на двата екрани. Возачот, кому прикажаните информации му се многу, може да го затвори дисплејот пред себе со што ќе остане само една лента од информации што годи кога се форсира на патека. Нема сомневање дека McLaren 720S е спортски автомобил кој бележи нова ера во понудата на марката и претставува револуционерен скок во поглед на екстремни перформанси создадени за максимално возачко уживање. • Љубомир Атанасовски


Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

ДОЧЕКАJТЕ JА ЗИМАТА ПОДГОТВЕНИ Направете бесплатна зимска проверка на возило за АМСМ членови Време е за зимска подготовка на возилата. Како наши долгогодишни АМСМ членови досега сигурно веќе знаете секоја година токму во овој период за вас ја организираме бесплатната зимска проверка на возило. Искористете ја привилегијата да се биде АМСМ член, закажете навреме бесплатна зимска проверка на возило на АМСМ инфо линија 02/3181-181, и дочекајте ја и оваа зима подготвени. Акцијата трае до 15.12.2017 година, а повеќе за услугите вклучени во „Бесплатната зимска проверка на возило за АМСМ членови“ можете да прочитате на стр.60.

СМС порака за точна локација на која ви е потребна помош на пат или шлепување Кога, како наши АМСМ членови на 196, ќе ни побарате помош на пат или шлепување, ние сакаме да пристигнеме на вашата локација, каде и да сте, најмногу за 45 минути, да интервенираме на лице место ако е можно, или да ве шлепуваме доколку станува збор за посериозен дефект. Во секој случај, сакаме да се погрижиме за вас во најкраток можен временски период, на најдобар можен начин. Секако, за да го направиме ова, од голема помош ни е информацијата за точната локација на која се наоѓате. А неа најлесно и најточно ќе ни ја дадете доколку повикате помош на пат или шлепување преку СМС порака во АМСМ бесплатната мобилна апликација наменета за Android и iOS мобилни телефони. На овој начин преку СМС пораката ги добиваме точните координати на вашата локација, со што значително се скратува времето за пристигање на службата за помош на пат и шлепување. Симнете ја бесплатната АМСМ мобилната апликација за „паметни“ телефони и следниот пат кога ќе ви биде потребна помош на пат или шлепување, искористете ја можноста да нè известите преку СМС порака и очекувајте нè веќе во следниот момент на вашата локација.

Кампања „Паркирајте го мобилниот телефон“ (#ParkYourPhone) Кампањата „Паркирајте го мобилниот телефон“ (#ParkYouPhone) на FIA Region I, која АМСМ, како единствена членка на FIA од Р. Македонија, активно ја поддржува, е насочена кон намалување на бројот на учесници во сообраќајот кои користат мобилен телефон, а тоа не се однесува само на возачите, туку и на пешаците и велосипедистите. Основната порака на кампањата е во која улога и да сте во сообраќајот, вашиот поглед треба да биде на патот, а не на екранот. Целта на кампањата е да се зголеми свеста за последиците од невниманието во сообраќајот како резултат на користење на мобилен телефон и да влијае на намалување на бројот на дефокусирани учесници во сообраќајот. Кампањата се реализира преку пораки и кратки анимирани клипови, кои можете да ги видите на официјалната страна на АМСМ на Facebook @AMSM.Clenstvo. Останете фокусирани и патувајте БЕЗГРИЖНО!

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


30

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk



Зимски совети

ЗИМАТА Е НА ПРАГОТ, ПОДГОТВЕТЕ ГИ АВТОМОБИЛИТЕ Ред е да ги подготвите вашите возила за зимскиот период. Студените денови се сѐ почести и време е за нивно средување на основните нешта, а за деталните нека се погрижат овластените сервиси.

П

осебно годишно време и посебни временски услови, сето тоа бара посебни подготовки. Дами и господа возачи ред е вашите миленици на четири тркала да ги подготвите за зимско возење бидејќи тие самите не можат да се подготват. Тое нешто ќе му дојде како миењето, само што зимската подготовка трае подолго од 20-те минути миење. За почеток исчистете го возилото и правец пералница, а потоа посветете поголемо внимание при миење на стаклата. Мрсни32

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

те површини морате целосно да ги отстраните затоа што во тмурните дождливо снежни приквечерини со отсјај од светлата на останатите учесници во сообраќајот, нема ништо да видите. Следно на ред е целосно сушење на автомобилот и ставање заштитно масло или некој друг вид течност во бравите и на гумите од вратите. При ниски температури можно е бравите да замрзнат веднаш по миењето на возилото, а вратите да не можат да се отворат бидејќи гумите се за-

лепиле за вратите благодарение на мразот. За оваа „болка“ помага глицеринот. Нанесете тенок слој глицерин на чистите гуми од вратите и со тоа сте завршиле работа. Затоа сега во овој период додека температурите не одат под нула, почекајте бравите убаво да се исушат, а потоа ставете „вд 40“ или нешто слично. И внатрешноста бара детално чистење, да се отстранат сите мириси впиени за време на летото. Не чекајте го последниот ден за да ги замените летните со зимски


пневматици. Никако не ставајте зимски гуми само на предната или само на задната оска. Таквиот пристап е сосема погрешен и доведува до несакани сцени на лизгав асфалт. Најдобро е сите пневматици да бидат исти, а не различни. И за крај со пневматиците, прописно да се напумпани како што препорачува

производителот на автомобилот. Внимавајте и на синџирите. Ако веќе ги носите во багажникот, тогаш научете да ги ставате. Не се изложувајте на „луксуз“ да ги местите откако ќе заглавите во некој снег. Сè ќе се заврши добро ако знаете како се местат, но ако не знаете, е тогаш приказната ќе отиде во друг

правец, каде царува нервозата и заедно со неа ќе измрзнете. Батријата, односно нејзините контакти (клеми), исчистете ги со шмиргла и потоа повторно „вд 40“ или контакт спреј. Така ќе бидете сигурни дека потребната електрична енергија ќе стигне до потрошувачите при стартувањето на моторот. Проверката на течноста за ладење на моторот никако не смее да се изостави. Ако при инспекцискиот надзор популарниот антифриз „не држи“, задолжително заменете го, така што нема да ве боли глава ако температурите се спуштат и под цифрата 25. Генерално ова се подготовките кои вие задолжително треба да ги направите и без одлагање. Во спротивно можни се немили сцени од типот некаде да заглавите со летните пневматици, моторот да „заспие“ и да не стартува, а вие во салонски обувки да го туркате среде снег или местите синџири, а не знаете како се местат. Зимата си е посебно годишно време и треба со сериозност да му пристапиме, односно да бидеме подготвени, да не бидеме изненадени. • Жарко Атанасоски

09.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


Зимски совети

ВКЛУЧЕТЕ ГИ СВЕТЛАТА, НЕ РИЗИКУВАЈТЕ! Единствен спас за намалената видливост во тмурните и темни есенски и зимски денови е да ги вклучите светлата. Дел од вас имаат лоша навика да се „шетаат“ со изгаснати светла по улиците и патиштата, па кога одеднаш ќе се појавите „испливувајќи“ од маглата, наликувате на некои фaнтоми, асфалтни.

П

ериодот од годината кој е проследен со намалување на денот и зголемување на ноќта, веќе пристигна и наскоро деновите ќе бидат помрачни и поради облачноста која допрва ќе настапи. Како наједноставна заштита од намалена видливост за сите учесници во сообраќајот е да се вклучат светлата од моторните возила. Но дали сите возачи го практикуваат ова? Да не се вклучат светла во услови на намалена

34

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

видливост е еднакво на целосна незаинтересираност за безбедноста во сообраќајот. Ваквиот пристап се должи пред сè поради немање основна сообраќајна култура и непознавање на основните безбедносни непишани правила. Поради ваквото несовесно однесување на дел од возачите, страдаат не само другите моторни возила што заедно се движат со нив, туку страдаат и пешаците. Ако возите со изгаснати светла во

услови на: дожд, магла и ниска облачност вие едноставно станувате потенцијална опасност за другите учесници во сообраќајот и за себе. Брзината со која се движите по градските улици и патиштата во студениот период од годината е слична со онаа кога сте возеле во топлиот и светол период од годината. Според анализите никаде во светот возачите не ја намалувале брзината во студениот период во однос на брзината од топлиот период,


карактеристичен по намалената облачност и зголемена светлина поради подолгиот ден. Меѓутоа, видливоста е помала во судените месеци, што значи дека вие подоцна ги здогледувате другите учесници во сообраќајот. Кога на оваа состојба ќе ја додадете состојбата со изгаснатите светла тогаш правите катастрофално голема грешка која може премногу скапо да ве чини. Повторно ќе се навратиме на статистиката која уредно ги бележи и најнезабележливите и најдосадните нешта од секојдневниот живот. Таа вели дека скоро 90 отсто од пешаците во студениот период од годината носат облека со претежно темни и сиви тонови, наспроти гардеробата која е разнобојна во топлиот период. Значи во услови на намалена видливост и без вклучени светла, се соочувате со уште една неочекувана, да ја наречеме препрека - бојата на алиштата од пешаците. Темните бои се „слеваат“ со останатата средина, односно се воспоставува појава која во биологијата е наречена како мимикрија или прикривање во превод. Како што животните се прикриваат во животната средина за да не бидат нај-

дени од грабливците и изедени, така и пешаците па и дел од моторните возила вештачки го постигнуваат ефектот мимикрија поради темните бои кои преовладуваат кај нив - бојата на облеката и каросеријата. Вие не можете некому да забраните да носи темни алишта на себе само затоа што видливоста надвор е намалена и затоа што сте заборавиле да ги вклучите соборените светла. Бидејќи не можете да влијаете на намалената видливост нити, пак, на пешаците и бојата на нивната гардероба, вам не ви преостанува ништо друго туку да внимавате и секогаш да ви е на ум дека откако ќе го стартувате моторот од вашето возило, второ што треба да направите е да ги вклучите светлата. Само тие, и ништо друго, ви стојат на располагање за да си ја олесните состојбата на намалена видливост. Единствено така побрзо ќе ги приметите пешаците во облека со темни тонови, а и автомобилите кои имаат слични бои. Науката вели дека темните бои ја впиваат светлината, а останатите ја одбиваат. На таа намалена видливост и без светла ви фали само да пресретнете лице облечено или предмет офарбан со

темна боја. Затоа запомнете убаво дека овој период од годината за неколку пати ја намалува видливоста по пририден пат во однос на другиот посветол период. Како капак на ова доаѓа и загадувањето на воздухот со разни гасови и честици кои, пак, се главни причинители за појавата на магла и смог, непријатели број еден на сообраќајот воопшто. Верувам дека досега најмалку барем еднаш сте биле сведоци кога некое моторно возило со изгаснати светла одеднаш ви се појавува од маглата и за момент таа појава кај вас предизвикува доза на страв. Во тие неколку мигови се јавува збунетост, или, пак, нагло дејствувате на управувачот од вашето возило, движење кое може да предизвика дополнителна паника и нестабилност како кај вас така и кај возилото. Таквите ситуации понекогаш завршуваат и фатално. Нема друг излез од ситуацијата кога има намалена видливост. Единствено што ќе ви биде од корист е да ги вклучите светлата и повнимателно да возите, друга можност нема. • Жарко Атанасоски


Прашања и одговори се обратите до МВР ( во Македонска телевизија), за издавање на македонска возачка дозвола, ако ја немате претходно веќе депонирано кај нив. • Моментално сум во Австрија. Имам кола која што е регистрирана до декември 2017. Во Австрија може да се вози плус 4 месеца гратис ( во мојот случај до април) додека да се регистрира - таков е законот. И минатата година после истекот на регистрацијата сум бил до Словенија и Германија и не сум имал проблем кога сум возел во тие 4 месеци гратис. Сакам следната година на зимски одмор да дојдам во Македонија (во јануари), ама пак би ми била истечена регистрацијата. Прашував во Австрија дали може во Македонија да возам со овие 4 месеци гратис и од овде ми кажаа да се обратам во македонското АМСМ бидејќи секоја земја сама си го регулира тоа. Прашањето ми е : Би можел ли да возам во јануари во Македонија со овие 4 месеци гратис како што е низ цел ЕУ? Однапред благодарам, Владимир • Јас сум државјанин на Македонија и на Австралија, имам целосна возачка дозвола од Австралија, и веќе извесно време живеам во Македонија. Би сакал да знам дали ми важи австралиската возачка дозвола во Македонија, или ми треба македонска. Поздрав, Драган АМСМ: Бидејќи имате двојно државјанство, можете да возите со австралиската возачка дозвола во МК, во период од 6 месеци. После овој период , ако и понатаму имате престој во МК, треба да

АМСМ: Согласно позитивната законска регулатива во РМ, регистрацијата на моторните возила е валидна до денот кој е назначен на сообраќајната дозвола, до кога ќе важи и полисата за авто одговорност, така да пролонгирање на овој термин не е дозволено. Истото важи и за Србија, така да сигурно ќе имате проблем уште при влез во оваа земја, потоа и кај нас. Поздрав, Розета • Пред некој ден сакав да ја регистрирам колата но ме вратија бидејќи имав мала пук-

натина на десната страна на шофершајбната. Дали ова не е малку претсрого? Поздрав, Милисав АМСМ: Согласно правилникот за технички преглед за да се прогласат за технички исправни возилата треба да исполнуваат низа на барања меѓу кои е и преглед на уредот што овозможува нормална видливост. Согласно членот 61 при преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост особено се проверува: - полето на видливост; - состојба на стаклото; - ретровизори; - бришачи; - прскачи за предното стакло; - ветробранското стакло и другите застаклени површини на возилото се изработени од сигурносно стакло и дали добро се зацврстени во своите лежишта; - застаклените површини се доволно провидни, неоштетени и дали покажуваат значителни деформации на предметите што се гледаат преку нив; - возилото има брисачи, перачи и одмаглувачи на ветробранското стакло кои функционираат правилно; и - на возилото постојат пропишани огледала на соодветни места кои се прицврстени на пропишан начин. • Дали може да се извади зелен картон на граничниот премин Ќафасан, или морам таа процедура да ја завршам во Струга. Благодарам, Сашо АМСМ: На граничниот премин Ќафасан немаме наш пункт, така што зелен картон можете да извадите во Струга.

Вашите прашања испраќајте ги на електронската пошта: contact@amsm.com.mk

36

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk


,,УНИКО’’ КВАРТЕТ ,,КРОНОС’’

„УБИСТВО ВО ОРИЕНТ ЕКСПРЕС“ КЕНЕТ БРАНА

еќе четириесет години „Квартетот Кронос“ (Дејвид Харингтон, Џон Шерба – виолина, Хенк Дут (виола) и Џефри Зиглер (виолончело) ја следат единствената артистичка визија која комбинира бестрашно музичко истражување и техника на свирење. Како резултат на ваквото работење, оваа музичка група е една од највлијателните на нашето време и има снимено околу 45 студиски албуми. Познати се по соработката со најеклектичните композитори и соработници и ставањето на нивниот потпис на 750 нарачани дела и аранжмани за жичен квартет. Албумот УНИКО е соработка помеѓу Кронос и финското дуо – Кимо Похјонен на хармоника и Самули Косминен како аранжер. Продуцентот е Валгеир Сигурсон од Исланд, познат по соработката со Бјорк. УНИКО е малку поразличен албум од останатите бидејќи инкорпорира делумно и електронска хармоника. Сампловите од претходни дела се искомбинирани со нова музика, правејќи го овој албум носач на нов, мултидимензионален светски звук. Необично, но далбоко и инспиративно. Проверете....

на што започнува како луксузно патување низ Европа се претвора во една од највозбудливите, најгламурозните, најнапнати и стилизирани мистерии досега прикажани. Филмот, е базиран на романот на успешениот автор Агата Кристи, „Убиство во Ориент Експрес“, објавен во 1934 година, и ја раскажува приказната за останатите тринаесет странци во воз, каде што секој од нив е осомничен. Само еден човек, Херкул Поаро, ќе започне борба со времето за да ја реши мистеријата , пред убиецот повторно да нападне. Во главната улога на култниот Херкул Поаро го гледаме неповторливиот Кенет Брана, кој е истовремено и режисер, продуцент и предводник на одличната актерска екипа. Не пропуштајте ја возбудливата приказна на Агата Кристи.

„ЌЕРКАТА НА ТРГОВЕЦОТ СО КОЊИ“ ДЕЈВИД ХЕРБЕРТ ЛОРЕНС

Д

ејвид Херберт Лоренс е британски автор романсиер, сликар, есеист, драматичар и критичар. За него може слободно да се каже дека е автор што го маѓепсува секој читател. Автор што пишува со многу чувства, а тоа ни го прикажува и во своето раскажување во романот „Ќерката на трговецот со коњи” во која создава нова љубовна игра меѓу две суштества што ги спојува љубов со случаен допир, украден поглед, занемарлив гест... Колку и да изгледа поедноставена, оваа Лоренсова визија за љубовта во неговите приказни добива целосна драматика. Со своето мајсторско перо впечатливо ги доловува сите искушенија и лавиринти на различните лица на љубовта низ приказна навидум базирана на чувства каква што е и „Ќерката на трговецот со коњи” што е вистинска драматика, толку незнајна и неизвесна сѐ до последниот миг. Интересна книга што вреди да се прочита...

В

О

Жанр: Криминалистички, Драма, Мистерија Глумци: Џони Деп, Пенелопе Круз, Џуди Денч, Мишел Фајфер, Вилијам Дефо, Дејзи Ридли, Џош Кад Режија: Кенет Брана

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


Велнес центри (Бањи)

ДОЗВОЛЕТЕ СИ „КРАЛСКИ ТРЕТМАН“ ЗА ВАШАТА ДУША И ТЕЛО Во овој број, решивме во малку досадниот и врнежлив ноември да ве орасположиме со понудата за бањи во нашиот регион, но и да ви предочиме некои бањи, или велнес центри надвор од нашето поблиско соседство на кои и најпретенцизоните ѕвезди и магнати знаат да занемат.

В

о денешно време сè повеќе се зборува за ,,убаво живеење’’ – идеја која подразбира грижа за сопственото тело и ум; која значи негување вредности кои влијаат позитивни на нас самите, но и на нашата средина и луѓето околу нас. Денес, дисциплинирано се внимава на здравата и правилен начина исхрана, на штетните последици од модерното живеење, на одржување на физичкото здравје на телото. Терминот ,,квалитетен живот’’ на пример, се однесува на општата добросостојба на поединци или општествени групи. Поимот има широка употреба, па се протега на најразлични полиња: од меѓународен развој, здравствена нега, политика, здрава исхрана, комодитет па некогаш и луксуз. Стандардните показатели за квалитет на животот не вклучуваат само финансиска 38

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

моќ и вработување, туку и здрава животна средина, физичко и ментално здравје, образование, рекреација, хоби, но и општествено присуство. Здравјето не се сфаќа единствено како отсуство од болести, туку како динамично, позитивно, органско чувство кое произлегува од нашата ангажираност да се постигне баланс меѓу умот, духот и телото. За овие факти сигурно била свесна и постарата генерација, но била свесна и човечката цивилизација, бидејќи луѓето од памти век оделе во бањи, се мачкале со кал и користеле разно разни биљарски третмани. Позитивните енергетски својства на минералните води и на земјата која тие ја наводнувале, квалитетниот планински воздух, ефектите на џакузито им биле познати и на старите Грци и Римјани, Јапонци и на нашите баби и де-

довци. Античките народи и Јапонците особено, ги одбирале најубавите места во Европа и поробените земји за нивни велнес дестинации; нашите оделе во Катланово, Негорци, Врњачка Бања или Бања Лука. Бањата и поминувањето време во базени со топла вода е, исто така, поврзано со здравје и терапија, практика која очигледно никогаш не излегла и нема да излезе од мода. Порано луксузните хотели не можеа да се замислат без велнес понуда и бања, денес бањите се натпреваруваат со хотелите па во склоп на нивните комплекси додаваат приватни апартмани, јапонски кади, специјални тушеви и сè поегзотични третмани, терапии и фитнес програм кои се под влијание на денешното брзо живеење и невиден потрошувачки порив. Сега


терапиите вклучуваат методи од заборавени култури и далечни места но и најнова медицинска технологија, сè со цел да се разликуваат на огромниот пазар на подобро живеење. Во принцип, секаде во светот, па дури и Бугарија или Словенија, можете да добиете шведска масажа и бања вредна колку употребените соли. Но некои бањи, или велнес центри, нудат Абајанга (Abhayanga), масажа на цело тело која потекнува од древната индиска ајурведска медицина извршувана од два терапевти. Едно од подобрите места за ваква специјализирана масажа е бањата наречена ,,Шесто чуло’’ на Малдивите. Велнес комплекс се состои од 44 апартмани изработени како вила на вода. Самата бања е поставена над вода која е пристапна преку долг, дрвен док. Собите за третмани се едноставни, а има и отворени места кои гледаат над лагуна. Оваа позната лековита индиска масажа всушност претставува симултано масирање на телото и лицето од четири раце, а задоволството започнува со бања и педикир на стапалата, а завршува со масажа на скалпот, право уживање, кое чини 400 долари и трае 90 минути. Од друга страна, хотелот во чиј склоп се ноаѓа оваа бања (,,Сончева Гили’’) нуди сместување кое најмалку чини 1500 долари по ноќ. Луксузното летувалиште „Huvafen Fushi“ на Малдивите го создаде првиот подводен СПА центар во светот. Тој се нарекува „ЛИМЕ“ и нуди поглед кон неверојатниот спектар на океански живот. СПА центарот располага со мебел и ткаенини кои ги рефлектираат боите и текстурата

на околните корали и сунѓери. Подводниот комплекс бил изграден во текот на 12 месеци и е изграден од цврста смола, за да создава минимални пречки за екосистемот на Малдивите. Креаторите на необичниот центар соопштуваат дека смолата е со дебелина од 12 см и нуди многу подобра јасност од ламинираното стакло кое било најевтина опција. Уште еден ,,боли глава’’ спа третман е таканаречениот ,,кралски третман’’ кој можете да си го приуштите во Шангај, во институцијата наречена ,,Пет оази’’. Ова разгалување на духот и сетилата содржи бања во латици од роза и потопување на телото во есенцијални масла. Потоа следи масажа и пилинг на тело со оригинално италијанско црвено вино, па следи масажа со 4 раце, па мотање во лаванда за телото да ,,олади’’ од виното. На самиот крај следува 90 минутна масажа на лице, и замислите во која состојба ќе ви се најдат порите по вакво искуство! ЕВРОПСКИ СПА ЦЕНТРИ Во Европа, едно од попознатите дестинации кои постојат благодарение на свесноста за убавиот изглед и здравото тело, е чешкото гратче Карлови Вари, кое се наоѓа 81 км западно од Прага, во покраината Бохемија. На бреговите на реката Тепла, тоа е место во чија убавина уживале европски императори, уметници, писатели, како Гете и Бетовен. Станува збор за планинско место кое имате впечаток дека намерно е изградено во срцето на густа шума само за да личи на место од бајките. Атмосферата на главното шеталиште е мирна и спокојна и покрај многуте туристи кои

итаат да се напијат од лековитата вода. Секоја услуга се прави сталожено и со достоинство па дури имате впечаток дека се враќатае назад во времето, кога богатите европјеци уживале во чипкастите фасади на хотелите, свежиот воздух и здравиот живот. Името во буквален превод значи ,,бањите на Карло’’ а Карло е кралот на овој регион и Свети Римски Имеператот Карло Четврти. Неговите тристотини топли извори се познати од пред стотици години. Топлите извори исфрлаат топла минерлна вода која служи во различни терапевтски цели, а најголемата температура на водата може да достигне и 73 целзиусови степени. Во Чешката рапублика, најголемиот дел од третманите во бањите мора да бидат препишани од страна на лекар (физикални терапии, или лечење некои посериозни заболувања како артритис), но некои им се достапни на сите и без никаков рецепт, а тоа се минералните бањи и масажи каде може да уфрлите и некоја лековита бања или третман. Тука, посетата во некоја од бањите треба да се резервира ден, два однапред. Во гратчето има неколку клинички бањи кои имаат точно определен распоред и работат многу дисциплинирано кога станува збор за пациенти и луѓе со болка. Уживањата можете да ги доживеете во неколкуте одлично опремени хотели кој нудат терапевтски масажи и третмани за лице и тело, како хотелот ,,Бристол’’, ,,Јадран Спа“, или, пак, ,,Тераца’’. Ваквиот вид потрошено викенд време е примамливо за скоро секоја старосна група. А доколку навистина полагате сметка на вашето целокупно, ментално и физичко

Спа центар „Лиме“

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


здравје, на вашата добросостојба и правилно функционирање, тогаш секако ќе успеете да се најдете во можност да си дозволите такво нешто. Туристичките водичи сметаат дека хотелот „Сотелиа“ е посебно место какво што не може да се најде ниту во блиската ниту во пошироката околина. Она што го прави ова место посебно е контактот со исклучителната алпска природа и односот кој менаџментот на хотелот го гаи кон неа. Местоположбата, како и архитектонската структура која инкорпорира големи светли простори нудат чувство на хармонична поврзаност со зелената околина околу него. Атмосфера која опушта, гостопримството, традиционалната и иновативна понуда во велнес третманите се гаранција дека сигурно ќе се вратите подмладени и добро одморени. Меѓу другото, овој хотел важи за совршен избор за оние кои посакуваат специјален одмор и ја бараат најдобрата услуга. Сè во овој хотел потклекнува на концпетот на здрав животен стил. Одговорните сметаат дека велнесот е философија на живеење која го зајакнува телото и умот на различни начини. Зачувувањето на здравјето и добросостојбата, и чувството на задоволство

Terme Olimia Sotelia

40

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

со себе и во себе, е подеднакво важно како и самиот стандард или квалитет на живот. Почитта кон нашето тело, релаксирањето и ослободувањето од стрестот и зајакнувањето на физичката рамнотежа се сметаат за правила во здравото живеење. Свесноста за соспствените витални способности и добрата кондиција се цели кои се остваруваат по престојот во овој хотел. Хотел „Стримон“ во Ќустендил, ништо помалку не заостанува во својата велнес понуда и квалитетот на услугите. Имено, античкиот град Пауталија кој се наоѓал на местото на овој денешен бугарски град, бил познат по посебните лековити извори и бањскиот потенцијал, па уште од тоа време бил омилено место за наоѓање внатрешен мир само на високите граѓани на римската империја. Наследник на ваквата традиција, хотелот „Стримон“ нуди услуги проследени со посебни подготовки на телото и умот. Тие сметаат дека телото мора да биде соодветно спремно пред да се земе третман во сауна, бидејќи ефикасноста на процедурата од престојот во заеграна просторија зависи од тоа. Пред влегувањето во сауна не треба да се користат продукти кои би

довеле до негативна реакција со комбинацијата од продукти која ја нудат таму. Минералната вода во бањата може и да се пие бидејќи е хемиски стабилна и збогатена со минерали. Оваа вода има широка употреба и во различните третмани поврзани со здравствени проблеми. Ќустендил е прогласен за банско одморалиште од страна на Бугарското Министерство за култура, па покрај неверојатниот престој во овој реномиран велнес центар, градот нуди и воздушна бања, пријатни шеталишта, ресторани... Кај нашитот северен сосед, најпознато одморалиште од ваков тип е Врњачка бања. Куриозитет на ова место е што тука се наоѓа единствениот топол извор чија температура е исто толку висока колку и температурата на човековото тело, или 36, 5 степени Целзиусови. Самото гратче е симпатично, сместено околу голем парк, а во неговата околина се наоѓаат средновековни згради заштитени од УНЕСКО. Ако и тоа не е доволно да се посети овој град на термални бањи, тогаш можеби ќе ве привлечат двата манастири од тринаесеттиот и дванаесетитот век. Секако дека и неговата историја потекнува од римско време, а Принцот Милош Обреновиќ


Карлови Вари

во 19-от век сакал да го искористи потенцијалот на ова место и да го претвори во Карлови Вари. Природни извори можат да се најдат на пет различни места во познатиот парк, чија топла вода (36 степени) е иделна за масажа, а ладната (17 степени) е доволно енергетизирана и служи за подмладување и закрепнување. Од седумте минерални извори во Врњачка Бања, четири се користат во медицински третмани.

Во гратчето има бројни хотели, најчесто со базени. Рестораните најчесто се наоѓаат покрај некој поток или извор и имаат многу пријатни тераси под парковите дрва. Дали тоа ќе биде пристојна бања во нашата најнепосредна близина, или некоја ,,порасипничка’’, или, пак, некоја екстраваганција, за што и да се одлучите, ќе биде одличен избор за вас. Минерали, ароматизирани соли, есенцијални масла,

масажи, сауни, прошетки и квалитетен одмор се она што ќе го добите назад, а таквото поминато време сигурни ќе ви врати, ако не десет години, тогаш барем неколку. Прочистено, ревитализирано тело полно со енергија се постигнува со спокен, балансиран ум, а токму тоа е целта на ваквите престои. Сторете нешто за себе, проверите ги понудите! • „Редакција АМСМ Клуб Мобилити“


ГАСТРОНОМИЈА

Хари Филев, главен кувар во ресторанот „БАРБАКАН“

РУБЕН СЕНДВИЧ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

- Свинско месо - Салата - Тартуф ајоли - Црн ржен леб

Најпрвин свинското месо се маринира со оригано, маслиново масло, сол и бибер, кое во фрижидер треба да отстои извесен период. Потоа, месото се прелева со пиво и се става да се пече во рерна на температура од 180° Целсијусови степени, околу 5 часа. Кога ќе биде готово и добро изладено, месото се „кубе“ и сендвичот може да започне да се реди помеѓу двете ржени лепчиња. Најпрвин се става салатата, па месото и на крај Тартуф Ајоли. Вистински избор за викенд појадок. ВИ ПОСАКУВАМЕ ДОБАР АПЕТИТ!

42

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЌЕ ПАТУВАМ ВО ЕВРОПА, КАДЕ МОЖАМ ДА ЗАШТЕДАМ СО МОЈАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА?

Што добивате со Show your Card! програмата? Користејќи ја оваа програма, Вие, како АМСМ член, поседувате ексклузивна можност за попусти, дополнителни бенефиции и заштеди каде и да патувате во Европа, САД, Канада, Австралија... Со едноставно покажување на АМСМ членската картичка, која што го содржи логото Show your Card!, Вие, како АМСМ членови заедно со членовите на европските авто - мото клубови, влегувате во светот на ГЛОБАЛНИ БЕНЕФИЦИИ користејќи: • Попусти во познати ланци хотели („Best Western“, „Starwood“…); • Попусти во ексклузивни ресторани и кафетерии („Hard Rock Café“, „Marché“…); • Попусти во продавници и шопинг центри („Chic outlet shopping“…); • Попусти во музеи („Madame Tussaud“, „Legoland Discovery Center“…); • Попусти во галерии („Belvedere& 21st House“…); • Попусти во рент а кар агенции („HERTZ“ rent a car…); • Попусти во салони за убавина спа центри („SpaFinder“…); ...и безброј други поволности!

Каде да ги пребарате попустите? Сите партнери на Show your Card! програмата кои ги обезбедуваат услугите за членовите на АМСМ и чијшто број секојдневно се зголемува, можете да ги пребарате на: • www.amsm.mk (клик на Show your Card! логото, и пребарување на SyC! партнери низ Европа); • Преку АМСМ мобилната апликација; • www.arceurope.com

Како да го добиете попустот? Откако ќе ги пребарате попустите во земјата и градот во кој ќе патувате на наведената веб страница, проверете дали Вашата АМСМ членска картичка е валидна. АМСМ членската картичка треба задолжително да ја понесете. На секој од објектите каде што имате попуст има налепница со логото Show your Card! кое го има и на Вашата членска картичка. Пред да сакате да купите или нарачате било што, задолжително покажете ја АМСМ членската картичка за да Ви биде пресметан попустот на производот или услугата. Доколку се работи за хотелско сместување, задолжителна е претходна резервација.

1

2

3

Секаде каде што ќе го забележите логото SHOW YOUR CARD!

Покажете ја Вашата АМСМ - ЧЛЕНСКА картичка

и ПОПУСТОТ е Ваш!

Сите попусти може да ги пребарате на www.amsm.mk во делот на Show your Card!-пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе!

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


СТИЛ

Ентериер

СТАКЛОТО, ЕСЕНЦИЈАЛЕН ДЕЛ ОД МОДЕРНАТА АРХИТЕКТУРА 44

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk


СТИЛ

П

розрачна супстанца што се добива со обработка на кварцов песок или тенка плоча од оваа супстанца, така се дефинира стаклото на кое можат да му се додадат и следните карактеристики: релативно чист и биолошки неактивен материјал. Стаклоресците го опишуваат како инертен. Освен фасадна, има и широка внатрешна примена, во уредувањето на ентериерите. Благодарение на неговата елеганција, искомбиниран со други материјали како, на пример, дрвото, каменот и металот, стаклото е незаобиколен детаљ во секоја просторија, што плени и со доминацијата бидејќи во последно време е многу присутно, и како дел од мебелот и како дел на оградите и како дел од подовите и како дел на столбовите… Може да послужи и како преграда, одвојувајќи ги претсобјето и дневната соба, кујната, спалната и тоалетот. Покрај естетските вредности, се користи и за визуелно зголемување, продолжување, проширување на просторот, вклучително и висината.

Поради неговата транспарентност, можностите да се обработува и обликува, стаклото има широка примена во уредувањето на деловните, јавните и станбените простори. Всушност, опремувањето на ентериерите денес не може да се замисли без употребата на стаклото. Неговите својства, во прв ред сигурносни, се толку подобрени, како резултат на различните обработки, што кршливоста и на тенките изведби е под знак прашалник.

Естетика во обликувањето и во приспособувањето на ентериерот Доколку стаклените елементи правилно се употребат, постои можност недостатоците да се коригираат и да ги трансформираат во предности. Малите простории се идеални за маскирање бидејќи тоа им овозможува да не оставаат впечаток на пренатрупаност. Стаклените полици, рамните плочи на комодите, масите итн. визуелно ќе го ослободат просторот, ќе направат да изгледа поголем, како со нивната транспарентност така и со пропустливоста на светлината поради што осветлението ќе стане поголемо. Од друга страна, уметничката обработка на стаклото ќе ја нагласи атрактивноста на ентериерот, давајќи му особеност, која не може да се постигне на поинаков начин. Преградите, без оглед на тоа дали се проѕирни, матни или бојадисани, претставуваат одлично решение за делење на просториите што, во зависност од потребите, ќе се користат одвоено или како целина. Естетиката во обликувањето е важна, како и нивното приспособување на ентериерот, да не „бодат” очи.

Различни техники на обработка, во зависност од ефектите што треба да се постигнат И навидум обичните врати и прозорци, за кои често се употребува стаклото, изгледаат убаво кога ќе им се вметне некаква си текстура или ќе се обојат. Имајќи ги предвид ефектите што треба да се постигнат, се применуваат и различни техники на обработката. Освен механичка и хемиска, современите методи овозможуваат и имплементација на разни материјали. Така, на пример, меѓу два слоја сигурносни стакла можат да се вметнат листови, пердуви и слично. Изработката на релјефните стакла е доста специфично. Настануваат со нивно делумно растопување на калапи, додека матните стакла се изработуваат со механичка обработка или со хемиско триење на издвоените површини. Добри резултати се постигнуваат и со имплементирање на колоритно стакло во стандардно индустриско стакло. Зајакнати декоративни стакла, пак, можат да се стават и на под и на таван, без страв дека ќе пукнат, Тие се алтернатива за плочките од керамика со кои вообичаено се облепуваат ѕидовите и подот. Стаклото што има релјефна структура најмногу ќе дојде до израз во кујната, а и лесно се одржува. Облагородените стаклени плочи се користат и како прегради, а со нив можат и да се покријат ѕидовите во дневната соба и спалната. Стаклата со релјефна структура ќе бидат поживи ако им се нанесе тенок слој боја, со четка или по пат на фузија. Многукратна примена, без да изгледа нападно Оваа техника се употребува и кога се изработува ламирано стакло. Тоа е, всушност, слоевито стакло чија внатрешност е испукана. Поставена на четири ногалки служи како маса, а убаво е и како преграда, на задната страна осветлена. Декоративното стакло се користи и за изработка на уникатни мијалници, огледала, плафонерки итн. Ефектни се и стаклените подови и столбови од кои извираат светлосни зраци, со што на просторот му се дава стилска особеност. Притоа материјалот за кои многумина велат дека е студен добива на топлина. Детаљ од стакло, еден или повеќе, може да се вметне секаде, и да не изгледа нападно. Во дневната соба, на пример, дрвените полици на ѕидовите, натрупани со книги, украси, ентериеристите препорачуваат да се заменат со стаклени. Нема да се погреши и ако работната маса биде направена од стакло. Во мода се и гардеробите што се затвораат со лизгачки врати од матно стакло, преградите во бањите, кај тушевите, кои ги истакнуваат ѕидовите покриени со камење во заднината, а стаклените мијалниците делуваат отмено. Мора да се внимава на заемниот однос, во сè. Тоа е едно од архитектонските правила. Ако има стаклени прегради, и вратите треба да бидат такви. Скалите од стакло, прозрачно или матно, сеедно, можат да се комбинираат со полиците, стаклените маси или со радијаторите што моментално се хит. •Игор Ландсберг 11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


HI-TECH

UJET

СЕГА СТРУЈАТА Е ВО МОДА

www.ujet.com

За првпат претставен пред светската јавност на 13 април во Монте Карло, типичното градско моторче е направено од најсовремени материјали и ќе започне да се продава на крајот од оваа и почетокот на следната година.

46

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk


HI-TECH добро и поедноставно одржување. „Супер“ електричниот мопед со крајно нескромен дизајн има скромни димензии, должина 156 см, висина 120 и ширина 64см, а кога е склопен неговата должина и ширина изнесуваат 84 на 57 см. Занимливо, зарем не!? Спомнавме склопување. Добра „финта“ ако сакате да го сместите во вашиот автомобил, а потоа да си завршите некоја работа или едноставно да се возите. И тоа не е сѐ, има уште нешто. Седиштето заедно со системот за напојување со електрична енергија се вади и може да го понесете со вас, нешто слично на патните торби со тркалца, а за крај од првичниот опис треба да нагласиме дека моторчето всушност е од тие умните, „смарт моторче“, можете да го поврзете со вашиот умен телефон. Максималната брзина е ограничена на 45 км/ч, а потекнува од многу тенок електромотор (без четчиња) со силина од 5,44 КС и тежина од само 1,86 кг. Во зависност од вашата желба, моторчето може да измине 70, односно 150 километри, во зависност од тоа дали ќе го купите со мала или голема батерија. Малата тежи 11, а големата 17 килограми. Моторчето UJET тежи 43 односно 49 килограми и повторно сето тоа зависи од изборот на батеријата. Неговата тежина заедно со таа што може да ја понесете изнесува 120 кг.

Е

лектричните скутери, или моторчиња, не се ништо ново. Бевме сведоци на наплив од електрични моторчиња пред околу 15 до 20 години. И денес се врти по некое, но рака на срце, многу поретко отколку во времето кога често се забележуваа на улиците во секој град низ државата. Тој наплив како наеднаш да стивна, но во последно време повторно електричните возила стануваат предмет на обожување и тоа не на локално, туку и на планетарно ниво. За најновиот електричен мопед наречен „у џет“, велат дека е најсовршениот и најнапредниот од сите досега направени. Развиен и финансиран од руски научници и даватели на пари, додека, пак, германските конструктори го имаат изработено, а за продажбата ќе се грижат француските експерти по маркетинг. Направен е од најсовремени лесни легури и композитни материјали. Велат дека тоа го прави мопедот да биде многу полесен од конкуренцијата. Неговиот несекојдневен дизајн го привлекува вниманието, но допрва треба да видиме колку тој дизајн ќе биде во служба на секојдневието – негова практичност, рационалност, употребливост и колку истиот ќе допринесе за негово што по-

Конструкцијата ја спомнавме на почетокот, правена е од лесни материјали, односно дури за 40% рамот е полесен доколку истиот да е направен од алуминиум. Сопирачките се хидраулични со големи дискови, а гумите се посебно правени со најсовремена нано технологија. Производителот кажува дека токму тие гуми го „држат“ моторчето на асфалтот многу поубедливо и подобро од класичните пневматици. Наредната година UJET ќе биде претставен на посебни промоции во неколку градови: Луксембург, Париз, Милано, Монте Карло и Барцелона. Минатиот месец беше отворена фабриката во Луксембург и чудно е што иновацијата е руска, а се прави надвор од Русија. Сите тие современи ситници ја формираат цената која за основниот модел изнесува околу 8.500 евра, но некои веќе напишале дека токму ова моторче ќе го измени лицето на планетава. За тие пари ќе купите автомобил од А или Б сегментот. Точно е дека автомобилите ќе „чадат“, а моторчето UJET не, но дека ќе предизвика некаков бум со цена од 8.500 евра, е тоа ни на сон нема да се случи. Продажен бум ќе предизвика производител кој на пазарот ќе понуди моторче на електричен погон по цена не повисока од 150 евра. •Жарко Атанасоски


ИСТОРИЈА

50 години Citroёn Dyane.

УНИКАТ КОЈ СЕКОЈ ГО ПОСАКУВАШЕ Каросерија долга 387, широка 150 см со висина од 154 см, поставена на шасија со Л профил, а притоа пајтонски удобна и стабилна беше вистински избор за удобно фамилијарно возење и уживање на топлото сонце...

Д

а се вози автомобил со тежина од 600 кг, да се навалува во секој свиок при поголема брзина, а при тоа максимално да биде стабилен, во неговото возење да ужива возачот и сопатниците, со гордост може да се спомене моделот Citroёn Dyane. Иако позициониран помегу АМИ

48

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

и Citroёn 2 цв, сепак постигна одлични резултати на пазарот. Со својата концепција позајмена од 2 цв беше фамилијарен автомобил со одличен багажен простор и салонска удобност на своите седишта (од лично искуство) кој поседуваше одличен воздушно ладен боксер мотор кој се одликуваше со многу мала потрошу-

вачка. Потрошувачка од 5-7 литри на изминати 100 км. Едноставен и лесен за одржување се возеше и кај нас, а доаѓаше од погоните на тогашниот словенчки „Цимос“ од Копер. Првите верзии кои се произведуваа: - од 1967 до 1968 имаа мотор од 424 цм3 и 21 КС, 1968-1975 435 26 КС, и


ИСТОРИЈА

-за на крај серијата од 1968-1984 да добие мотор од 602 м и 29 и 32 КС. Често се случуваше домашните верзии кој доаѓаа од Копер, за разлика од француските да имаат проблем со платнениот покрив кој беше поставен да се отвора на ролање, а кој брзо прокиснуваше па со тоа и создаваше главоболки на

сопствениците...но севкупно овој автомобил беше практичен исклучиво во жешките и летни денови, каде со својот панорамски покрив беше релаксација за возење. Севкупно може да се каже дека за парите кои требаше да се издвојат за купување на овој автомобил се добиваше семеен автомобил кој беше удобен и економичен за во-

зење, кој не го оптоваруваше семејниот буџет како во вид на зголемени издатоци за гориво или други непотребни трошоци кои се среќаваа кај другите негови конкурентски автомобили, едноставно Citroёn Dyane ги победи со својата практичност. •Андријан Трипунов


WRC – Рели Шпанија и Рели Велика Британија

ЗАПЕЧАТЕНА ПЕТТАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА Со едно рели до крајот на сезоната Себастијан Ожие стигна до петта шампионска титула во Светскиот шампионат во рели. Според него оваа круна, иако петта по ред, е највредна во неговата рели кариера.

К

рајот на годинешното рели на Велика Британија, претпоследно во сезоната, го означи крунисувањето на стариот-нов светскиот шампион во рели. Себастијан Ожие се закити со петтата по ред возачка титула и со неа стана вториот рели возач во историјата на ова натпреварување кој ги надмина возачките великани како Јуха Канкунен и Томи Макинен. Овие летачки Финци секој со по четири титули на својот појас долги години беа репер во

50

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

светот на релито. Но, прво апсолутниот шампион на сите времиња Себастијан Лоеб со своите девет титули го надмина овој двоец, а сега тоа го направи и Себастијан Ожие. Накусо срочено Французите ги победија Финците во оваа историска рели-битка. Ожие стигна до петата титула на рели пред крајот на сезоната иако не извојуваше победа ниту во Шпанија, ниту во Велика Британија. Седумнаесетте бода предност во однос на Нувил ја иско-

ристи најдобро што можеше. На единственото рели кое се вози на мешана подлога, релито на Шпанија, Ожие профитираше од пехот на Нувил. Го освои второто место кое за него беше исто како победа на ова рели. Ожие ниту од далеку не можеше да се носи со залетаниот Крис Меке кој ја освои Шпанија во налет. Зад волан на Citroen C3 WRC кој е одличен на асфалт Меке стигна до петтата победа во својата кариера во WRC. Трет на ова рели заврши От Танак


кој дополнително му помогна на својот тим М-Sport да ги зголеми шансите за освојување на тимската титула во Велика Британија. Победата на есенското и исклучително калливо рели, релито на Велика Британија, му припадна на младиот Елфин Еванс. Британецот на кого победата во Аргентина му побегна за помалку од една секунда брилиираше пред домашната публика и заедно со Ожие кој заврши трет го доведоа тимот на M-Sport до

титула. Прва после 2007 година и пауза од 10 години. Втор на релито во Британија заврши Нувил за кого ова беше утешен подиум, но и појдовна точка за одбрана на второто место во шампионатот за возачи на последното рели од сезоната. Во Австралија, Нувил ќе мора да биде многу претпазлив бидејќи од От Танак го делат само 14 бода. Возачот на Hyundai и актуелен вицешампион, Тери Нувил е најголемиот трагичар во оваа сезона. Тој се откажа

во Шпанија на последниот ден откако го оштети автомобилот. Со тоа пропаднаа и шансите да го предизвика Ожие за титула. Без оглед што после релито во Финска ја делеше лидерската позиција со Ожие, на Нувил му пресудија пеховите и во Германија и во Шпанија. А што е уште полошо загрозена му е позицијата на вицешампион која ќе мора да ја брани на грубите шумски патеки на релито на Австралија кои не простуваат грешка. •Љубомир Атанасовски


Светско првенство во мотоциклизам

МАРКЕЗ ЈА ПОТВРДИ ЧЕТВРТАТА ТИТУЛА Иако имаше голема предност на една трка пред крајот на првенството, Марк Маркез сепак во драматична завршница стигна до четвртата титула во кариерата која што му трае пет сезони во „кралската“ класа.

З

а разлика од минатите години кога ривали за светскиот трон беа возачите на Јамаха, оваа година (особено по падот и повредата на Роси), само Андреа Довициозо од Дукати успеа да одржи чекор со Маркез и да ја подгрева неизвесноста за конечниот победник во сезоната. Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, влезе со предност од 21 поен во последната трка од сезоната за Големата награда на Валенсија, но двајцата имаат по шест победи. Во провокативната изјава што ја даде на стартот од

52

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

гран при викендот, Маркез нема проблем доколку Довициозо победи, сè додека тој е шампион, за што му беше потребен пласман меѓу првите 11. – „Очигледно е, јас можам да ја загубам титулата и само Довициозо може да ја освои. Оној што води 21 поен е тој што треба да управува со предноста, а другиот зад него треба да го победи тој пред себе. Довициозо мора да ризикува и има само една стратегија, што подразбира да победи и да види каде јас сум пласиран. Од друга страна, јас сум среќен што треба само да

завршам и зависам исклучиво од самиот себе. Во текот на годините научив дека е поважно да се освои титулата отколку победа во трката, затоа нема разлика за мене дали на крајот ќе имам шест победи, а Довициозо седум. За еден месец, никој нема да се сеќава на тоа, додека титулата е за секогаш“,- надмено изјави Маркез пред стартот на трката. Од друга страна, Довициозо иако беше во тешка позиција, точно знаеше кои му се шансите да се избори за пресврт, дури и откако во квалификациите се избори само


за деветтото стартно место. – „Немав блескави квалификации, но сигурен сум дека брзината не ни е проблем. Ќе се борам за место на пиедесталот, истовремено Маркез е многу брз, но често има инциденти и падови и тоа покажува дека сепак не сме толку далеку. Нема да се откажам до последен момент на трката“, – се закануваше Довициозо. Причината зошто Италијанецот имаше простор да верува во својот план се покажа релевантна уште на квалификациите кога Маркез покажа две различни лица. Шпанскиот возач најпрво постави недостижно време за ривалите и уште еднаш демонстрираше дека е речиси непобедлив во еден круг, но пред самиот финиш на сесијата доживеа пад по кој тргна да ја шутира гумата која очигледно не беше доволно загреана. Статистичарите избориле дека ова беше негов 27 пад во текот на една сезона. Меѓутоа конечниот расплет не донесе такви сценарио, иако Маркез во еден момент беше на граница да излета (и токму тогаш беше престигнат од Довициозо), влегувајќи преискосено во еден лев свиок, но успеа да се одржи во седлото и да продолжи. Во тој момент се врати на петтото место зад Довициозо кој беше четврти, но потоа следеше пад и на возачот на Дукати, и на Хорхе Лоренцо, со што Маркез успеа да стигне до третото место. Победник во последната трка во Валенсија беше тимскиот колега

Дани Педроса од Репсол Хонда, кој во последниот круг го мина Јоан Зарко за победа во трката. – „Довициозо беше многу тежок и силен ривал, научив толку многу нови работи од него. Оваа година бев под огромен стрес, тоа беше како кошмар. Ова не го признав никогаш претходно, но во еден дел од сезоната бев под толкав стрес што почна да ми паѓа косата и почнав да ја губам. Психолошките моменти ме доведоа до граница, но со ваков тим позади себе секогаш се оди напред. За крај, сакам да му честитам на Довициозо и Дукати. Тоа беше фер битка и им честитам на феноменалната сезона“, – потенцираше Маркез. Со уште еден пиедестал во сезоната, Маркез успеа да ја прокнижи својата шеста титула во сите категории (претходно стана светски првак во Мото 3 и Мото 2). Четврта титула во Мото ГП на возраст од само 24 години уште еднаш гарантира дека Маркез има капацитет да ги урне сите рекорди во „кралската“ класа поставени од оние пред него. Маркез влезе во Мото ГП во 2013 година и веднаш ја освои титулата во своите први две сезони, а во 2015 година иако не стигна до трофејот, беше главната причина зошто Лоренцо стана светски првак, откако во неговиот дуел со Валентино Роси беше оттурнат од „докторот“, по што тој заработи казна. •Александар Табаковски

МАЈКА МУ НА МАРКЕЗ ПОБАРАЛА ОД ЕДЕН ВОЗАЧ ДА НЕ МУ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ Французинот Јоан Зарко оваа сезона го имаше своето деби во Мото ГП и многу брзо доби популарност со својот крајно агресивен и бескомпромисен стил на возење, а токму од тоа се плашела мајката на Маркез која побарала од него да биде мирен во Валенсија. – „Јас не го знаев тоа пред трката, но потоа дознав дека мојата мајка го замолила Зарко да не ми прави проблеми на патеката. Мајка ми сака да зборува со сите, па кога го пресретнала во саботата низ боксовите, побарала од него да биде мирен на патеката. Нормално, ние кои сме на патеката знаеме дека такво нешто е невозможно, а тоа се виде на вчерашната трка каде постојано бевме многу блиску“, – открива Маркез за „Марка“.

РЕЗУЛТАТИ (МАСТЕР КЛАСА) Натпреварувач

Тим

Место

МАРК МАРКЕЗ

Хонда

298

АНДРЕА ДОВИЦИОЗО

Дукати

261

МАВЕРИК ВИЊАЛЕС

Јамаха

ДАНИ ПЕДРОСА

Хонда

ВАЛЕНТИНО РОСИ

Јамаха

ЈОАН ЗАРКО

Јамаха

ХОРХЕ ЛОРЕНЦО

Дукати

ДАНИЛО ПЕТРУЧИ

Дукати

КАЛ КРАЧЛОУ

Хонда

ЈОНАС ФОЛГЕР

Јамаха

230 210 208 174 137 124 112 84

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


Светско првенство во формула 1

ФЕТЕЛ ГО УКРАДЕ ШОУТО ВО БРАЗИЛ Луис Хамилтон ја обезбеди четвртата шампионска титула на две трки пред крајот на сезоната, но не успеа да ја продолжи триумфалната низа на патеката Интерлагос во Бразил.

Б

разилското гран при никогаш не било сиромашно за настани, било на трката или надвор од неа, но оваа година донесе и повеќе отколку што човек може да „свари“, пред сè поради вооружаниот напад на дел од механичарите и инженерите од Мерцедес при патувањето кон хотелот. Имено, по крајот на петочните тренинзи, едно комбе во кое се превезувале претставниците на тимот било

54

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

нападнато од страна на вооружена банда, а при нападот било пукано со цел да се заплашат луѓето, кои морале да им дадат неколку важни и скапи материјали на разбојниците. Целата оваа ситуација предизвика голема паника со оглед на тоа што гран-при викендите во Бразил и во минатото знаеле да донесат вакви непосакувани моменти, а без разлика на тоа што никој не бил посериозно повреден, шокираниот Хамилтон

испрати јасна порака преку својот Твитер профил. – „Дел од мојот тим бил задржан од вооружени разбојници синоќа при напуштањето на автодромот во Бразил. Имало и пукотници, на некои им биле вперени пиштоли во глава. Големо разочарување е да се чуе вакво нешто. Се молам за моите момци кои денеска се приморани да се тресат поради тоа што само професионално си ја вршат работата“,


напиша Хамилтон, а потоа следеше уште една објава. – „Секоја година овде се случува ова. Формула 1 и тимовите мора да направат нешто повеќе околу оваа работа, тука нема оправдувања!“, заклучи новиот светски шампион. Од поубавата гледна точка, трката во Бразил беше прва во седумдецениската историја на Формула 1, каде што се сретнуваат двајца возачи со по четири титули. Хамилтон официјално ја нема добиено титулата, но веќе ја има обезбедено, така што статистичарите побрзаа да му ја припишат во неговата биографија. Сепак, тој на оваа трка стартуваше од боксот, па иако покажа импресивни перформанси, успеа да стигне само до четвртата позиција. Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот, намалувајќи ја негативата во однос на Луис Хамилтон во генералниот пласман. Возачот на Ферари ја започна трката зад Валтери Ботас кој ја имаше пол позицијата, но не успеа да го задржи првото место на стартот, па со тоа беше прекината низата на победи од прво стартно место која траеше од 2012 година. Фетел успеа да го зачува водството во трката до крајот, токму пред вториот возач на Мерцедес и клуп-

скиот колега Кими Раиконен кој го комплетираше победничкиот подиум. Зад екипажите на Ферари и Мерцедес се најде двоецот на Ред Бул, односно Ферстапен и Рикиардо кои ги освоија петтото и шестото место. Она што беше главна расправа по трката е дали Ботас ја загуби трката ,или, пак, Фетел ја освои, бидејќи имаше лавина од реакции за тоа како вториот возач на Мерцедес не успева да демонстрира перформанси на исто ниво со Хамилтон. По ова прашање се произнесоа повеќемина, па дури поранешниот светски првак Жал Вилнев го оцени неговото возење на патеката Интерлагос како „засрамувачко“. – „Фетел извозе одлично, ја освои победата уште на стартот, беше агресивен. Кога ќе видите за што е способен Мерцедес, треба да го гледате Луис, бидејќи Ботас не беше на тоа ниво. За него ова е засрамувачко, Луис стигна 2,7 секунди зад него иако стартуваше од боксот. Засрамувачко е, тој едноставно не е на исто ниво и тоа е така цела година, тоа е неговото ниво. Затоа тој е добар втор возач“, оцени светскиот првак од 1996 година во изјава за „Аутоспорт“. Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, се обиде да го заштити Ботас од критиките велејќи дека бил „за-

главен“ меѓу двата болида на Ферари. – „Луис цела сезона е лидер, додека Валтери сега беше подобар од претходно, но сè уште му фали „манир на убиец“. Не смееме да го потцениме фактот дека кога си заглавен меѓу два болида на Ферари е мошне тешко. Можеше да се види на крајот, кога Ферари го користеше моторот во целост, дека нема големи разлики меѓу болидите, па оттука не може да се очекуваат лесни престигнувања. Тој имаше солидна трка, но загуби на стартот бидејќи имаше пролизгување на тркалата при менувањето на брзините“, објасни првиот човек на тимот. Статистиката вели дека Ботас има 14 финиши меѓу првите пет возачи во низа, а претходно никогаш не бил на подиумот во Бразил, што фрла поинаква светлина на неговите перформанси. Оваа трка имаше посебно значење за Фелипе Маса кој се прости на емотивен начин од Формула 1 пред своите бразилски фанови, а го освои седмото место во својот последен настап. Тоа е негов најдобар пласман на последните седум трки. Интересно, токму Маса во 2008 година ја донесе последната победа за Ферари на патеката „Интерлагос“, за Фетел по девет години конечно

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


да го прекине долгиот пост. Победата на Германецот е трета за него на оваа патека, а само Михаел Шумахер е поуспешен со четири триумфи на овој автодром. Наспроти одличниот старт со 3 победи во првите 5 трки во 2017 година, Фетел на последните 12 трки имаше само еден триумф (во Унгарија) пред да дојде во Бразил. Искачувањето на пиедесталот е по 98 пат во кариерата, што го изведува на четвртото место на вечната листа пред Фернандо Алонсо (97), а зад Ален Прост (106), Луис Хамилтон (116) и Михаел Шумахер (155). Третото место на Раиконен може да го радува Ферари, бидејќи ова е прв пат по 2013 година финскиот возач да се најде три пати во низа на подиумот. Хамилтон, пак, иако може да биде задоволен од прикажаното, имаше уште една причина да слави: оваа трка беше 207 во низа во неговата кариера, без притоа да има прекин или да пропушти некоја, што е рекорд на сите времиња. Макс Ферстапен славеше на претходната трка во Тексас, а со петтото место во Бразил тој е сè уште возач со најмногу освоени поени во последните 5 трки. Овој момент ги

издвојува неговите перформанси и најавува дека идната сезона тој може да биде легитимен кандидат за светската титула. Оваа година тој, исто така, го имаше и најбрзиот круг на патеката, со што го собори рекордот на Хуан Пабло Монтоја од 2004 година. Наспроти ова, Мекларен прокнижи пет години од својата последна победа во Формула 1, која беше остварена со Мерцедес во 2012 година. Алонсо беше осми, а тоа е само четврт финиш во бодови за него. Позитивното е што последните два му се во низа, па можеби и тоа е ветување дека следната година Мекларен ќе се врати во елитната конкуренција. Серхио Перез со пласманот на деветтото место дојде до 16, пад во бодови од вкупно 19 настапи оваа сезона, при што ова е негов седми финиш во „топ 10“ во низа. Сепак и покрај одличната сезона, во пресрет на последната трка тој има седум бода помалку отколку во 2016 година. Наспроти ова, Хулкенберг во Рено ја расипа својата статистика која досега велеше дека никогаш порано не бил под 8 место на Интерлагос, а Естебан Окон со излетувањето во првиот круг ја заврши низата од 27 финиши во низа. •Александар Табаковски

ТАБЕЛА ВОЗАЧИ Натпреварувач

Тим

ЛУИС ХАМИЛТОН

Мерцедес

СЕБАСТИЈАН ФЕТЕЛ

Ферари

ВАЛТЕРИ БОТАС

Мерцедес

Место

345 302 280 200 193 158 94 83

ДАНИЕЛЕ РИКИАРДО Австралија КИМИ РАИКОНЕН

Ферари

МАКС ФЕРСТАПЕН

Ред Бул

СЕРХИО ПЕРЕЗ

Форс Индија

ЕСТЕБАН ОКОН

Германија

ТАБЕЛА КОНСТРУКТОРИ Тим Мерцедес Ферари Ред Бул Форс Индија

Вилијамс Торо Росо Рено

Хаас

Место

625 495 358 177 82 53 49 47


КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА Е АКТУЕЛЕН ПЕРИОД ЗА РАЗГОВОРИ НА ТЕМИ ЗА ИДНИНАТА, ШТО ОПФАЌА МЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА. ФИА НЕМА ПРОБЛЕМ САМО СО ФОРМУЛА 1 И СО ЗАКАНИТЕ НА ФЕРАРИ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ, УШТЕ ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Е МОЖНОТО ЗГАСНУВАЊЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА ТУРИНГ АВТОМОБИЛИ.

Б

ерни Еклстоун беше „алфа и омега“ на Формула 1, промотер кој го носеше спортот на своите плеќе неколку децении и беше аслужен за неговиот подем од раните осумдесетти години на минатиот век. Неговата улога како спона меѓу тимовите и ФИА често знаеше да ја олесни тензијата што двете спротивставени страни (владеачко тело наспроти учесници) ја креираа со дуелите надвор од патеката. Неговата компанија која се грижеше за комерцијалната страна на спортот од лани е во рацете на Американците, поточно „Либерти медиа“, која за прв човек на одделот за спорт го постави Рос Браун. Англичанецот беше еден од најзаслужните за успесите на Михаел Шумахер, овозможувајќи му шампионски болид уште во времето кога возеше за Бенетон и Флавио Бриаторе, а потоа и во Ферари. На „негов грб“ и Жан Тод стана одличен менаџер, па кога беше унапреден во генерален директор на фабриката, Браун сметаше дека тој треба да биде тимски шеф на Ферари. Бидејќи позицијата му беше доверена на Стефано Доминикали, Рос Браун го напушти тимот на крајот во 2006 година, а Ферари успеа „во матно“ да ја улови титулата во 2007 година со Кими Раиконен. По четиригодишната доминација на Ред Бул со Фетел (2010 –

2013), с л е д е ш е ресетирањето на тогашните правила и враќањето на турбо моторите. Тоа не донесе поинтересни трки туку голема доминација на Мерцедес (2014-2017). Сега започнуваат преговорите за правилата во иднина и екипите веќе се бунат, иако на хартија тие не се радикални, туку задржување на сегашниот погон со негово поедноставување. Идејата е технологијата да се поевтини и со тоа да се стимулираат и нови конструктори да влезат во „рингот“. Во суштина, без еден електромотор и со повисок број на вртежи Формула 1 оди во насока на враќање кон концептот од 2009 година кога за првпат беше воведен КЕРС, но сега ќе бидат задржани 1,6 литарските турбо мотори (наместо тогашните 2,4 литарски), а дополнително и внатрешни делови од механиката ќе бидат поедноставени. Најавен е и лимит за буџетот што може да се потроши, со цел да се охрабрат успеси на екипи од средината. Нормално, големите фабрики во ова гледаат можност за дестабилизација на нивните интереси и затоа се против. Аргументите на Ники Лауда се дека нема да има развој, како и дека спортот е она што им треба на производителите, за да ги усовршуваат своите конструкции. Сепак, спротивно од ова имаме ситуација каде што во Светското првенство за туринг автомобили (WTCC) веќе нема заинтересирани фабрики за најсилната класа ТС1, која што е многу порелевантна за развојот на технологиите кон патничките возила. Тоа само покажува дека ФИА и автомобилските фабрики никогаш нема да бидат на иста

страна и дека колку побрзо се смени свеста дека фабриките треба да го имаат главниот збор, толку подобро за сите. Но, што станува со заканите дека и Ферари би можел да се повлече? Можеби навивачите ќе „поднесат“ откажување на некој друг тим, но „гордото коњче“ од Маранело е веќе вистинска икона во Формула 1. Лично мислам дека ФИА мора да ги разграничи работите и да ги постави работите на свое место: трките во Формула 1 да останат трки на прототипови и да не се оптоварени со релевантност за автомобилизмот, туку да бидат шоу какво што публиката сака да гледа. Наспроти ова, трките со туринг возилата да ги направи релевантни за развојот на новите технологии и да ги стимулира фабриките да се вклучат во нив. Моментален хит во трките се TCR-возилата а таму фабриките немаат свои тимови а популарноста е толкава што речиси сите имаат свои хомологации. Оние кои сакаат „супер-автомобили“ треба да го најдат своето место во ФИА ГТ првенството. Понекогаш политиканството носи расправии и аргументи кои нема потреба да се кажат или трошат. Едноставно, време е за промена, инаку спортот таков како што беше, можеби и нема да опстои на долг рок. •Александар Табаковски


Светско првенство во авионски трки

ФЕВРУАРСКИ СТАРТ НА НАЈБРЗИТЕ ТРКИ НА СВЕТОТ Новиот календар за светското првенство во акробатски слалом трки со авиони предвидува старт на новата сезона во февруари во Абу Даби.


И

ако пред еден месец заврши сезоната за 2017 година, подготовките за новата веќе се во полн ек. Најпрва беше лансирана веста за вклучувањето на британскиот пилот Бен Марфи во ростерот составен од 14 пилоти кои се натпреваруваат за светската титула, кој влегува во „Мастер класата“ на местото на Словенецот Петар Подлуншек. Бен Марфи е поранеше лидер на реномираниот акробатски тим „Црвените стрели“ кои се дел од кралските воздухопловни сили (РАФ) на Велика Британија. Тој две сезони учествуваше во „Челинџер класата“ при што успеа да освои шест пласмани на подиумот. Во елитната група пилоти идната сезона ќе има тројца со шампионски наслови: актуелниот првак Јошихиде Муроја, минатогодишниот освојувач на титулата Матијас Долдерер, како и двократниот првак Кирби Чемблис. Де факто, на стартот од новата сезона ќе бидат сите најдобри пилоти од оваа сезона како Јапонецот Муроја, Мартин Шонка од Чешка, Питер Меклиод од Канада, австралискиот „топ ган“ пилот Мат Хол, како и претходно споменатите Долдерер и Чемблис. Досега Велика Британија имаше двајца светски прваци во трките од Red Bull Air Race, и тоа трикратниот освојувач на трофејот Пол Боном (2009, 2010 и 2015), како и ноторниот забавувач на публиката, Најџел Лемб (2014). Тие се повлекоа по 2015 година, заедно со првиот човек кој ја осмисли серијата, Унгарецот Петер Бешењи. - „За мене е голема чест што ќе се префрлам во „Мастер класата“ во 2018 година. Ќе биде одлично да се

развеат боите на британското знаме и да се следат чекорите на британските пилоти како Боном и Лемб. Тие двајцата беа голема инспирација за мене, а овој чекор го означува почетокот на мојата кампања да се борам со најдобрите и да парирам на нивните шампионски успеси. Предизвик е да се биде во нивна ситуација“, изјави Бен Марфи. Пол Боном се вклучи во организацискиот тим како коментатор – експерт и ќе може да ги следи настапите на сонародникот. - „Фантастично е што навивачите во Велика Британија ќе имаат пилот што можат да го бодрат во 2018 година. Ова е остра нагорна линија во образованието на пилотите, па им порачувам да бидат трпеливи за освојување на подиуми и победи. Од друга страна, Бен ги има вештините, заднината и поддршката за да биде добар“, посочи Боном. - „Сезоната во 2017 година покажа дека нема еден пилот што може да доминира во текот на целата сезона, па очекувам да биде исто и следната година. Првите две или три трки ќе ни дадат вистинска слика за тоа кои се гладни за успеси и кои ќе се издвојат како предводници“, дополнува актуелниот коментатор. Стартот на единаесеттата сезона по традиција ќе биде во Абу Даби, а викендот на 2 и 3 февруари е определен за старт на сезоната. Вкупно ќе има осум трки, при што новитет е вклучувањето на францускиот Кан, градот познат по филмскиот фестивал. Традиционално Будимпешта останува во календарот со трката во која пилотите поминуваат под мостот „Ланчид“, а исто како лани организатор на една трка е Казан, кој важи за најспортски

град во Русија. Легендарниот американски автодром Индијанаполис е домаќин на претпоследната трка, па за очекување е дека исто како и минатите сезони шампионот за 2018 година ќе мора да ја совлада успешно и таа „пречка“ на патот кон славата. Три локации сè уште не се познати, од кои една е во Европа, а две се во Азија. Имајќи предвид дека минатите две години како организатор се јавуваше градот Чиба, кој што се смета за лулка на јапонската авијација, за очекување е повторно карванот да помине низ Земјата на изгрејсонцето, можеби токму за финалето на сезоната, како поддршка за одбрана на титулата што ја освои Јошихиде Муроја. •Александар Табаковски КАЛЕНДАР ЗА 2018 ГОДИНА: 02/03 февруари Абу Даби, Обединети Арапски Емирати 21/22 април Кан, Франција 26/27 мај Европа, локација дополнително 23/24 јуни Будимпешта, Унгарија 04/05 август Азија, локација дополнително 25/26 август Казан, Русија 06/07 октомври Индијанаполис, САД 01/02 ноември Азија, локација дополнително

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


Дакар 2017 АМСМ членство

БЕСПЛАТНА ЗИМСКА ПРОВЕРКА на возило за АМСМ членови! СООДВЕТНАТА ПОДГОТОВКА НА ВОЗИЛОТО Е ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЗИМСКИ УСЛОВИ. ИМЕНО, ЗИМАТА ПОСТАВУВА НЕОБИЧНИ БАРАЊА ОД АСПЕКТ НА ОДРЖУВАЊЕТО И ОПРЕМАТА, КОИ ВОЗАЧИТЕ, СОСЕМА ПОГРЕШНО, ГИ СВЕДУВААТ САМО НА ПРОМЕНА НА ЛЕТНИТЕ СО ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ. НО ЗИМСКАТА ПОДГОТОВКА НА ВОЗИЛОТО Е МНОГУ ПОСЕРИОЗНА, А ОД НЕА ЗАВИСИ ВАШАТА И БЕЗБЕДНОСТА НА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО.

Оставете ја подготвката на возилото за претстојната сезона на професионалци, искористете ја привилегијата да се биде АМСМ член и во периодот од 06.11. до 15.12.2017 година направете бесплатна зимска проверка на возилото, која вклучува: - Проверка на антифриз; - Проверка на ниво на масло; - Проверка на сопирачки и ниво на глицерин; - Проверка на осветлување и на акумулатор; - Превентивен технички преглед (проверка на амортизери, предница и на возна постројка). - При замена на антифриз и масло, како АМСМ членови во текот на бесплатната зимска проверка на возило, истите ги добивате со попуст од 20%. - Во рамките на акцијата за бесплатна зимска проверка на возило за АМСМ членови, дополнително имате можност да направите компјутерска дијагностика на вашето возило по специјална цена од 200 денари за АМСМ членови наместо редовната цена од 600 денари. ПРОВЕРКАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА НАПРАВИТЕ НА СЛЕДНИТЕ ЛОКАЦИИ: - АМСМ Скопје - Центар во сервисот на АМСМ Службата за помош и информации на пат, која е лоцирана веднаш до станицата за технички преглед, и - АМСМ Велес Бесплатната зимска проверка на возило за АМСМ членови, можете да ја направите само со претходно закажување на АМСМ инфо линија 02/3181-181.

60

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk



62

11.2017 | www.amsmklubmobiliti.mk



Содржина

АМСМ Партнер

2

11

2

12

2

13

3

13

6

14

7

14

8

14

10

15

10

15

10

15

11

17

ЗАШТЕДИ со АМСМ членската картичка каде и да си! АМСМ Партнер програмата во рамките на АМСМ членството Ви нуди низа попусти и поволности низ цела Македонија. Покажете ја АМСМ членската картичка и попустот е ВАШ. Треба само да го препознаете логото на АМСМ Партнер програмата на влезот на објектот за да знаете дека тука ќе добиете попусти или поволности кои АМСМ ги обезбедува за своите членови. АМСМ Партнер програмата Ви овозможува: • Попусти во ресторани • Попусти во кафулиња • Попусти во продавници • Попусти во спа-центри • Попусти во кина и во театри ...и безброј други поволности низ Македонија! Сите бенефиции во рамките на АМСМ Партнер програмата можете да ги погледнете на www.amsm.mk, како и во АМСМ мобилната апликација за iPhone и за Android базирани телефони.

1

2

3

Секаде каде што ќе го забележите логото SHOW YOUR CARD!

Покажете ја Вашата АМСМ - ЧЛЕНСКА картичка

и ПОПУСТОТ е Ваш!

За поедноставно решение, Ви ја подготвивме оваа брошура со сите АМСМ партнери, која заедно со Вашата АМСМ членска картичка, не заборавајте да ја понесете каде и да одите.

АМСМ Членство

Classic

Europe premium

Light

бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода

бесплатно шлепување при дефект

бесплатна помош на пат

извлекување

покривање на патни трошоци

Услуги

ЧУВСТВОТО ДА БИДЕШ ДЕЛ ОД СЕМЕЈСТВОТО

рентакар

Долгогодишното постоење и искуство ни овозможи да подготвиме различни категории членски пакети чии услуги и попусти се приспособени кон Вашите желби и потреби. Да сте дел од нашето семејство значи многу повеќе од Ваша безбедност, тоа значи да му овозможите на целото Ваше семејство сигурност во секој поглед, каде и да сте. AМСМ членските пакети: Classic, Europe premium и Light Ви ги нудат следните услуги:

бесплатни сервисни акции: летна и зимска проверка на возилото

травел инфо-сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство

Show your Card! попусти во Македонија, Европа, САД и во Канада

АМСМ Партнер попусти во Македонија

членско списание „АМСМ Клуб мобилити“ на домашна адреса

попусти во системот на АМСМ

можност за кампинг-картичка CCI за попуст во над 1.100 кампа во цела Европа

Newsletter

Услуги во Европа бесплатна интервенција при дефект

бесплатен пренос при сообраќајна незгода

покривање на патни трошоци или рентакар

хотелско сместување

АМСМ Членство АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk 2

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk


СКОПЈЕ Р ЕС ТО РА Н И

ресторан „ТОМЧЕ СОФКА“ 10% попуст Градски Парк „Ј.Х.Џинот“ 14 тел. 02/ 31-17-250 www.tomcesofka.mk

Бистро „БАРБАКАН“ 10% попуст Булевар „8-ми Септември“ тел. 02/30-75-093

Азиски ресторан „ПЕКИНГ ГАРДЕН“ 10% попуст НЕВР ИНАФ ДОО Скопје, ул. „Максим Горки“ бр.3 www.pekinggarden.mk

Коноба „FRUTTI DI MARE“ 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр. 5 тел. 02/ 313-21-45 www.fruttidimare.mk

Ресторан „REVISTA“ 15% попуст ТЦ „Лептокарија“ тел. 02/30-77-759 www.revista.mk

Клуб ресторан „RAGUSA“ 10% попуст ул. „12-та Ударна Бригада“ бр. 2a Центар (поранешно YUCAN) 02/32-12-919 www.ragusa.com.mk Ресторан „ГУРМЕТ“ 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр.3 Дебар маало тел. 02/32-11-484 Ресторан „СКОПСКИ МЕРАК“ 10% попуст ул. „Дебарца“ 51 (Дебар маало) тел. 02/ 32-12-215 www.skopskimerak.mk Ресторан „LATERRAZZA“ 20% попуст Плоштад „Македонија“ тел. 02/ 31-13-380

Кубански ресторан „CASA CUBANA“ 20% попуст Кеј „13 ноември“ К АФУЛ И Њ А Кафе-бар „РАДИО БАР“ 10% попуст ул. „Пиринска“ бр.52 Дебар маало кај кружен тек тел. 071/ 489-288 Кафе-ресторан „ТРЕНД“ 10% попуст Плоштад „Македонија“, „Аеродром“, „Сити Мол“ тел. 02/ 31-32-425 www.caffetrend.mk Кафе-бар „9“ 10 % попуст ТЦ „Беверли Хилс“

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

3


СКОПЈЕ ШОПИНГ Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст adidas shop – ГТЦ, кат I, ул. „Кеј 13-ти Ноември“ лок. 322-1, тел: 02/32-32-646 Sport M – ГТЦ, кат I, ул. „Кеј 13-ти Ноември“ лок. 322-2, тел: 02/32-13-490 Sport M – „ТЦ Рамстор“, кат I, ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“, Скопје тел: 02/32-21-990 www.sport-m.com.mk Бутик „МАКЏИНС“ 20% попуст mail: mak.jeans@hotmail.com www.makjeans.com.mk „SIGNORI“ 5% попуст на одело ул. „Васил Главинов“ 3/5 тел. 072/590-590 Бутик „ПАПИЛОН“ 15% попуст Т.Ц. „Бисер“ 1ви кат - тел. 078 539 534 Т.Ц „Буњаковец“ 1ви кат - тел.071 349 035 Т.Ц „Козле,“ Ул.Козле бр. 88 Пет центар „ЖИВОТИНСКО ЦАРСТВО“ 7% попуст ул. „9. Мај“ бр. 24/26 лок.2 тел. 070/242-097 Оптика „ОТИКА ИТАЛИАНА“ 20 % попуст и бесплатна проверка на диоптрија Веро „Центар“ тел. 02/31-63-163

Спортска опрема и обувки „URBAN X STORE“ 10 % попуст Urban X Store - „Skopje City Mall“, кат I, ул. „Љубљанска“ бр.4 лок.218 тел: 02/30-78-545 Urban X Store - „ГТЦ“, кат I, ул. Кеј „13-ти Ноември“ лок.5 ДЕ84 тел: 02/32-01-211 Watches and jewelry „MY TIME“ 10 % попуст „Сити Мол“, „Рамстор“ и „ГТЦ“ www.mytime.mk Apple Premium Reseller „ISTYLE“ 5 % на компјутери, 10 % на акцесоари „Сити Мол“, приземје 02/30-96-985 www.istyle.eu/mk Бутик „ШЕВИЊОН“ 15 % попуст „ГТЦ“ (прв кат) , ТЦ „Буњаковец“ (приземје), „Сити Мол“ тел. 02/32-14-411 Бутик за спортска опрема „ДЕЛТА СПОРТ - NIKE“ 10% попуст Сити Мол 2 кат, ТЦ Рамстор 1 кат, плоштад Македонија Накит и часовници „OXETTE“ 10% попуст ГТЦ 1 кат тел. 071/380-292 Сити Мол тел. 071/380-293 ТЦ Рамстор тел. 071/225-258 Фотостудио „ПРОФОТО ЗДРАВКО“ 20% попуст ул. „Димитрие Чуповски“ 3-1/1 тел. 02/32-27-080 www.profotozdravko.mk

А ВТО Д Е Л О В И, С Е Р В И С И КО З М Е Т И К А Салон за пневматици „STOP & GO“ ул. „Скупи“ бб 20% попуст тел. 02/30-97-202 www.stop-go.com.mk Салон за пневматици и фелни „МОТОЦЕНТАР“ лојалти картичка 3% лојалти поени за подарок Бул.„Србија“бр.10 - Скопје (на кружниот тек кај скопска цементарница) www.motocentar.com.mk 4

Увозници, дистрибутери и сервисери на реномираните светски брендови Black&Decker, DeWALT и Stanley „G-M&M“ ул.„Благоја Стефковски“ бр.7 15% попуст тел: 02/31-09-760 mail: gmmsk@mt.net.mk www.gmm.com.mk


СКОПЈЕ Салон Aqua Bau Market „САНМАРТИ“ 10% попуст ул. „Пролетерска“ - 54 А ул. „Илинденска“ - 134 02/20-37-070 www.sanmarti.com.mk

Продавница за детски колички и детски авто седишта „BABY BLU“ 10 % на авто седишта Сити Мол 2 кат бул.„Јане Сандански“ бр.79а лок.10

Отика Италиана 20 % попуст и бесплатна проверка на диоптрија Веро Центар тел. 02 3 163-163

Музеј на македонската „БОРБА-СКОПЈЕ“ 50% попуст (се однесува само за индивидуални посети) „Иљо Војвода“ ББ, п.ф.211 тел. 072/422-986, 02/32-56-667 www.mmb.org.mk

Козметички и тоалетни препарати и сувенири „ТЕСОРИ ДИ МАРЕ“ Ул. „Благој Давков“ бр. 2/1 локал 3 • 10% на Casyopea и Verona • 5% на La Soy Тел: 070/468-163, 075/416-628 www.tesoridimare.mk Картинг центар „ART“ 10% попуст бул. „8-ми Септември“ бб (во рамки на СЦ „Борис Трајковски“) тeл. 02/30-61-202 www.artkartingcentar.mk

Клучар „БАЖЕ“ 10% попуст ул. „Јордан Мијалков“ бр. 6 тел. 075/426-220

МОМЕНТ МАЛ

Внатрешно уредување на дом и канцеларија „KARES“ ул. „Дичо Панов“ 3/А 5% попуст Тел: 078/254-617 www.kares.mk

Училиште за странски јазици, превод, лектура „МОМЕНТ МАЛ“ 20% попуст ул. „Михаил Чаков“ бр. 7А-1-3 тел. 02/52-01-086

ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ Туристичка агенција „ОСКАР ТРАВЕЛ“ 5 - 7 % на аранжмани, Бул. „Гоце Делчев“ 6, 1000 Скопје, / НУБ Св. „Климент Охридски“ www.oskartravel.com.mk

Бутик „PIERRE CARDIN“ 10% попуст, „ГТЦ“ приземје тел. 02/31-35-464 www.nenicompany.com.mk

Продавница за велосипеди и велосипедска опрема „BIKESTOP“ 10% попуст ул. „Орце Николов“ бр.101 локал 6 тел. 070/765-289 www.bikestop.com.mk

Туристичка агенција „ДАЛАС УНИОН“ 3 - 7 % на аранжмани, 10 евра на авио билети ул. „Дебарца“ бр.29 1000 Скопје, тел. 02/ 32-22-981 www.dalasunion.com.mk

Х Е М И С КО Ч И С Т Е Њ Е И В ОД Е Н О П Е Р Е Њ Е Хемиско „FRESH EXPRESS“ 10% попуст „Веро“ Тафталиџе и „Веро Центар“ тел. 02/30-69-656

Автоперална CITY WASH, Сити мол Скопје •Комплетно перење на автомобилот 150 ден. •Комплетно перење на автомобил ЏИП 200 ден. •Хемиско чистење на автомобил 2500 ден.

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

5


СКОПЈЕ З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Центар за слабеење,фризерски и козметички услуги „СИЛУЕТИ“ 10% попуст Салон Скопје Центар Ул. „Васил Главинов“ 7б тел. 02/31-31-313 Салон Скопје - Сити Мол II кат тел. 078/334-304 www.silhouette.com.mk Фитнес центар „ФИТНЕС РЕВОЛУЦИЈА“ 10% попуст ул. „Мајка Тереза“ бр. 60 078/301-791

ПЗУ Универзитетски стоматолошки центар, проф д-р БОЈО АНДРЕСКИ Ул. „М.Х.Јасмин“ бб 10 % попуст на стоматолошки секундарни услуги www.eurmdentalcenter.mk Студио „ФИГУРЕЛА“ 10% попуст ул. „Орце Николов“ бр. 68 тел. 02/60-90-610 www.studiofigurella.mk

Природни козметички производи „HEMEL “ 10% попуст ТЦ „Веро Центар “ www.hemel.mk

Салон за естетика „БЕЛИСИМА“ 10% - 30% попуст Бул. „Јане Сандански“ бр.15-1/3 тел. 070/398-829

Стоматолошка ординација ПЗУ „ДЕНТА НОВА“ 20% попуст ул. „Дебарца“ бр.51 тел. 075/471-947 Очна оптика „ГЕТАЛДУС’ 10% попуст и бесплатен преглед „Камени Мост“ (зграда Ибнипајко) тел. 02/31-15-607; 078/393-032 Тафталиџе тел. 02/32-22-190; 078/393-267 Градски Трговски Центар (Златарска улица) тел. 02/3 224 629; 078/393-033 ТЦ Бисер тел. 02/2452-052; 078/393-056 Драчево тел. 078/393-365

Модно студио „ФРАН“ 10% попуст ул. „Васил Главинов“ 3/5 тел. 070/630-306 www.fran.mk Центар за масажа„ФИЗИОМЕД“ 10% попуст ул. „Киро Крстевски-Платник“ бр. 11/2-8 тел. 070/588-562 П Р О Е К Т И РА Њ Е И Д И З А Ј Н

Проектантско студио за проектирање енергетски ефикасни објекти „СТУДИО ХАБИТАТ“ 10% попуст ул. „Скоевска“ 3-2/13 (Дебар маало) тел. 070/229-691 www.studiohabitat.com.mk

Салон за внатрешно уредување на домот „ЕТ ХОУМ“ 5% попуст Ул. „Скупи“ бр. 12, Скопје (Злокуќани) К И Н А , Ф ЕС Т И В А Л И, Н АС ТА Н И...

НАЕМ НА ВОЗИЛО

Креативен центар „МАЛИ КРЕАТИВЦИ“ 15% попуст Ул. „Миле Поп Јорданов“ бр.50А Тел. 02/30-84-675

EUROPCAR 15% попуст за наем на возило каде било во светот Скопје: хотел „Алек. Палас“, аеродром „Алек. Велики“ и Охрид: хотел „Метропол“, Аеродром „Св. Апостол Павле“ и Тетово тел. 02/ 3091-141 www.europcar.com.mk Резервација на наведените тел. броеви или веб-страницата. Во графата promotional/contract, АМСМ-членовите задолжително го внесуваат кодот 421918881

НЕГОТИНО ШОПИНГ АВТО СЕРВИС КАЛЕШ

6

Авто сервис „КАЛЕШ“ 20% попуст на работна рака во сервис ул. „ЈНА“ бр. 35 тел. 075/420-888


ОХРИД ХОТ Е Л И и РЕСТОРАНИ Хотел „АЛЕКСАНДРИЈА“ 10% попуст ул. „Коста Абраш“ бб тел. 046/258-860, 258-861 www.hotelaleksandrija.com.mk

ШОПИНГ

Хотел „ПЕЛА“ 10% попуст за сместување населба „Св.Стефан“ бб тел. 046/230-420 тел. 046/230-421 www.hotelpela.com.mk Пицерија „НЕМО“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бб. тел. 046/253-355 www.pizzanemo.com Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст ул. Св. „Климент Охридски“ тел: 046/250-270 Sport M 2– ул. Св. „Климент Охридски“, тел: 046/230-174

Хотел „ТИНО“ 10% попуст кеј „Маршал Тито“ бр.55 тел. 046/261-665, 230-450 www.hoteltino.com.mk Ресторан „Св. СОФИЈА“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бр.88 тел. 046/267-403 www.restoransvetasofija.com.mk

Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Козметичко студио „ТРЕНДИ“ 10% попуст бул. „Туристичка“ 52-ц/2 тел. 070/604-357

Очна оптика „ГЕТАЛДУС’ 10% попуст и бесплатен преглед Ул. „7 Ноември“ бр. 179 (скалеста зграда) тел. 046/266-717; 075/289-404 АМСМ Партнер - Попуст за членови!

7


СТРУМИЦА РЕСТОРАНИ

К АФУЛ И Њ А

Пица ресторан „БОНИТА“ 7 % попуст ул. „Благоја Мучето“ бр. 54 тел. 034/327-122

Слаткарница „КАРАМЕЛА“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.178 тел. 034/340-420

Кафе-бар „19“ 5% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.24

Кафе-бар „МАФ-МАФ“ 5% попуст ул. „Ј.Ј. Свештарот“ бр.20

ХОТ Е Л И Мотел-ресторан „ПОДГОРСКИ АН“ 10% за сместување, 5% за угостителските услуги с. „Колешино“ тел. 034/351-100 ШОПИНГ Бутик „ИМИЏ-М“ 10% попуст ТЦ „Глобал“

Изработка на завеси и прекривки „ЕЛИЗАБЕТ“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ бр. 20 тел. 034/320-434

„З.Г.ВИЗИЈА“ - преводи и подготовка на документи 10% попуст ул. „Ленинова“ бр.14 Струмица и Радовиш

Сервис „МАНИ“ 10% попуст за сервис на климауреди за автомобили ул. „Климент Охридски“ бр. 105 тел. 078/432-141, 075/432-474

„НЕТ-ЛИНК“ - интернетуслуги и сервисирање на компјутери 5% попуст ул. „Маршал Тито“ 103 Б

Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст adidas shop – ул. „Маршал Тито“ бр.44, тел: 034/320-451 Sport M – ул. „Ленинова“ бр. 44-36/1, ТЦ „Глобал“ тел: 034/374-787 www.sport-m.com.mk

Бутик „ИМПРЕСА“ 10% попуст ТЦ „Глобал“

Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

А ВТО Д Е Л О В И, С Е Р В И С И КО З М Е Т И К А Автоделови „ИНФО МОБИЛ“ 10% попуст Ул. „Ѓорѓи Трајков“ бр. 28 А тел. 034/520-244, 075/406-308 www.infomobil.com.mk

8


СТРУМИЦА З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Очна оптика „ГЕТАЛДУС’ 10% попуст и бесплатен преглед Ул. „Гоце Делчев“ бб (бараките спроти поранешна Иднина) тел. 034 /323-112; 078 /568-247

Фризер „БЛОНД“ 5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 034/ 320-085, 070/893-234 П Р О Е К Т И РА Њ Е И Д И З А Ј Н Салон за железарија и санитарија „ЏИДАЛО“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.51 тел. 034/348-440

Стакларска работилница „КРИСТАЛ“ 5% попуст „Зона Север“ бб тел. 075/214-433

КУМАНОВО ХОТ Е Л И и РЕСТОРАНИ Хотел-ресторан „ХАРМОНИЈА“ 10% попуст „Долно Којнаре“ ул. „1“ бр.93 тел. 070/211-860 ШОПИНГ Салон за чевли „ПОМПА“ 5% попуст ул. „Народна револуција“ бр.51

Бутик за деца „МАРТАС“ 5% попуст ул. „Илинденска“ бр. 40 тел. 031/430-405

Бутик „СТАЛ“ 10%-15% попуст ул. „Кирил и Методиј“ 1А

Бутик „ФОБО - ИВАНИ“ 10% попуст ул. „Илинденска“ бр.72 тел. 070/313-505

Продавница за чевли„БИАНА“ 5% попуст ул. „Доне Божинов“ бр. 18

З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А „ПСИХОМОДУС ЛМ“ психолошки советувања 15% попуст ул. „Фетка Наскова“ 11/1

Очна оптика „ГЕТАЛДУС’ 10% попуст и бесплатен преглед Ул. „Народна Револуција“ бр. 18 тел. 031/ 420-783; 078/ 278-017

ВИНИЦА ШОПИНГ

П Р О Е К Т И РА Њ Е И Д И З А Ј Н Градежни материјали„МЕЛАРЕД“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.7 Виница тел.070/533-918, 033/363-314 www.melared.mk

А ВТО Д Е Л О В И, С Е Р В И С И КО З М Е Т И К А Авто делови „САНИ - КАР“ 5% попуст „САНИ - КАР“ ул. „Браќа Миладинови“ бр. 45 тел. 076/951-250, 071/913-913 „ЈУРОП-92“

Авто делови „ЈУРОП-92“ 5% попуст ул. „Илинденска“ бб тел. 070/ 213-144, 033/ 364-120

Проектирање, дизајн и производство на мебел „ПАМИ-ТРЕЈД“ 5% попуст ул. „Климент Охридски“ бр. 11 тел. 070/318-923, 078/318-923 Санитарија „ОСКА - ПРОМ“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.3 тел. 033/363-841

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

9


ПРИЛЕП ХОТ Е Л И Хотел „КРИСТАЛ ПАЛАС“ 10% попуст ул. „Ленин“ бр.184 тел. 048/418-050 факс: 048/418-060 www.kp.mk

Хотел „САЛИДА“ 10% за сместување и 5% попуст за угостителските услуги „Иво Лола Рибар“ бб тел. 048/400-333 факс: 048/400-444 www.hotelsalida.com.mk

ШОПИНГ Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk Бутик „КОЛОСЕУМ ЕКСКЛУЗИВ“ - „Стара чаршија“ 10% попуст Бижутерија „КОЛОСЕУМ ЕКСКЛУЗИВ“наспроти градскиот саат 10% попуст тел. 078/403-673

Бензинска станица „БМ ОИЛ“ Попуст 1,5 денари за литар гориво и бесплатна БМ ОИЛ клуб картичка Бул. „Гоце Делчев“ бб тел. 048/423-262 Превоз во земјата и во странство „РОМАН“ 10% попуст Ул. Илија Василевски бр.12 тел. 075/259-499, тел. 048/430-001

З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Очна оптика „ГЕТАЛДУС“ 10% попуст и бесплатен преглед Ул. „Гоце Делчев“ бр.60 тел. 048/424 694; 078/ 393 037

Фризерско студио „ГРЕЈС“ 40% попуст кеј „1 Мај“ 53г тел. 048/426-427

А ВТО Д Е Л О В И, С Е Р В И С И КО З М Е Т И К А Авто делови „МАТАДОР“ 10% попуст ул. „Сотка Георгиевски“ бр.63 тел. 048/416-960

КРУШЕВО ХОТ Е Л - Крушево Хотел „МОНТАНА ПАЛАС“ 10% попуст ул. „Питу Гули“ бб тел. 048/477-121 факс: 048/477-680 www.montanapalas.com.mk

10

Салон за пневматици „УНИ РОЈАЛ“ 30% попуст на сите видови гуми, 10% попуст на резервни делови, бесплатна работна рака за ситна поправка на возилото со купени авто делови Ул. „Александар Македонски“ бр. 458 тел. 048/413-389 www.uniroyal.mk


ТЕТОВО Р ЕС ТО РА Н И Ресторан „ТЕТОЕЦ“ 10% попуст „Ајдучко Маало“ тел. 044/613-111

Ресторан „БЕЛА МИА“ 10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр. 108 тел. 044/331-332, 070/224-554

ШОПИНГ

Бои и лакови „ДАРЕ ПРОМЕТ“ 10% попуст на производите на JUB и HELIOS ул.„120“ бр.10

Компјутери и сервис „ГИМЕКС“ 5% попуст на производите 10% попуст на услугите „Веро“ Тетово ул. „133“ бр. 7 www.gimex.com.mk ТП „АЦКО КВ ТРАНС“ 10% попуст за превоз на патници ул. „Вера Циривири“ бр.14 тел. 070/555-121, 072/246-661 Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

Оптика „ЈОВАНОВСКИ“ 15% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.218

„ДАРАКОМ“ бои и лакови

Бои и лакови „ДАРАКОМ“ 5% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр. 112 ул. „Маршал Тито“ бр. 136/3 Цвеќарница „МИМИ“ 10%-20% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.43 тел. 078/447-708 Бутик „ЏУДО“ 7% попуст ул.„Тодор Ципоски Мерџан“ бр. 6 тел. 044 336-760 Бутик за чевли „МАРКЕТИНГ МИКС“ (ЏУДО) 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.75 тел. 044/336-760

А ВТО Д Е Л О В И, С Е Р В И С И КО З М Е Т И К А

Вулканизер „СЕМПЕРИТ ПЛУС“ 20% попуст на работна рака ул. „Маршал Тито“ бб - Тетово тел. 070/628-540 Авто сервис „ТИМУР“ 5%-10% попуст ул. „Косовска“ бр.14 тел. 070/422-116, 070/465-668 Сервис „АВТО ЧАЈКА“ 10% попуст на лимаро-фарбарски услуги и хемиско чистење ул. „Маршал Тито“ бб www.avtocajka.com.mk

Авто сервис „ОТО БМВ КУЈТИМ“ 20% попуст на работна рака ул. „Индустриска“ бб - Тетово тел. 070/209-875 Авто сервис „ЦЕНТРУМ СЕРВИС“ 10% попуст на работна рака ул. „Маршал Тито “бб - Тетово тел. 044/351-811 www.centrum.com.mk Авто сервис „СПЕКТРУМ СЕРВИС“ 10% попуст на делови и 20% попуст на работна рака ул. „Маршал Тито’ бб - Тетово тел. 044/342-500

З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Очна оптика „ГЕТАЛДУС’ 10% попуст и бесплатен преглед Ул. „Тодор Ципоски Мерџан“ тел. 044/336-314 АМСМ Партнер - Попуст за членови!

11


ГЕВГЕЛИЈА ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Мотел „ВАРДАР“ 10% попуст ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034/213-267 ШОПИНГ Железарија „ИНТЕР КОМЕРЦ“ 5% попуст ул. „7-ми Ноември“ тел. 034/213-872

Фотостудио „СПЕКТАР КМ“ 10% попуст ул. „7 Ноември“бр. 45 тел. 034/213-996 070/433-702

Бутик „РОСИ“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 034/214-323

Продажба и сервис на компјутери и компјутерска опрема, канцелариск и школски материјал, производство на термални и адинг ролни „ВАНТОНИ“ 2 % попуст на компјутерска опрема, 10 % попуст на канцелариски материјал Ул.„Ристо Фаршини“ бр.20 тел. 034/215-665

Бела техника, мебел, греење и климатизација „ЏИВИ“ 3% попуст за плаќање во готово и бесплатна достава ул. „Железничка“ б.б. тел. 034/214-299 www.jivi.mk

Оптика „ОМЕГА-В“ 10% попуст Ул. „7ми ноември“ бр.2 034/550-229, 078/443-550

Авто школа „СТИЛ“ Обука за а, б, ц и е категорија 10% попуст ул. „Љубљанска“ бр.13 тел. 034/215-512 070/528-170

Изработка на уникатен накит , откуп и поправка „ГОЛДЕН ХИТ “ 10 % попуст Ул. „Димитар Влахов“ бб 075/943-348

Бутик за детска облека „ЕЛЕНА КИДС“ 10% попуст Ул.„Слободан Митров Данко“ бр.91 Тел.034/611-568, 075/481-588

Трговија на мало со метална стока, бои и стакло во специјализирани продавници „ИЦЕ“ 5% попуст Ул. „Деко Ковачев“ бр.11 Тел.034/211-859 Бутик „МАГНОЛИА“ 10% попуст Ул.„Самоилова“ бр.29 Тел. 077/812-360

Салон за мебел „ЈОСИФ КОМЕРЦ “ 5% попуст Ул. „Маршал Тито“ бр.128 Тел.034/213-869 E-mail: josifkomerc@yahoo.com Дукан за електроматеријали и рзсвета „ЗАРЕ КОМЕРЦ“ 5% попуст Ул.Маршал Тито 107 071/207-710, 034/212-939 З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Стоматолошка ординација „ДЕНТИЦИЈА“ 10% попуст ул. „Ѓорѓи Велков“ бр.6 тел. 034/215-319, 075/500-502 П Р О Е К Т И РА Њ Е И Д И З А Ј Н

Продажба на опрема и храна за миленици „HAPPY PETS“ 10% попуст Ул.„Таља Бикова“ бр.7 Тел. 078/849-534 П Р О Е К Т И РА Њ Е И Д И З А Ј Н ПВЦ столарија „НИКИ“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.5 тел. 034/222-560 „Маршал Тито“- Богданци

Плочки „ИНТЕР КОРНИ“ 7% попуст ул. „7 Ноември“ бб тел. 034/213-591, 216-591

Железарија „РИ-НА КОМ“ 7% попуст ул. „Момински пат“ бр.41 тел. 034/217-666

А ВТО Д Е Л О В И, С Е Р В И С И КО З М Е Т И К А Авто сервис „ФОРС ПЛУС“ 10% попуст на делови 20% попуст на услуга Ул. „Борис Кидрич„ бб тел: 034/211-866 070/218-367 www.forsplus.mk 12

Авто делови „ИВИ“ 5% попуст ул. „Гевгелиски партизански одреди“ бр.34


БИТОЛА ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ

ШОПИНГ

Ресторан-пицерија „КОРЗО“ 10% попуст (попустот не важи за

Очна оптика „ГЕТАЛДУС’ 10% попуст и бесплатен преглед Ул. Јорго Осман бр.10 (наспроти саат кулата) тел. 047/ 233-899; 078/393-035

семејни веселби)

ул. „Маршал Тито“ бр.95 тел. 047/241-888 www.restaurantkorzo.com

Клуч сервис „ТОШЕВИ“ ул. „П.П.Његош“ бр.133 10% попуст за автомобилски клучарски услуги тел. 047/237-181, 070/237-181 www.tosevi.com.mk

Пицерија „ТОТО“ 10% попуст ул. „27 Март“ бр.6 тел. 047/226-767 Хотел-ресторан „КАПРИ“ 10% попуст нас. „Довлеџик“ тел. 047/256-500 Пица-ресторан „КУС-КУС“

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Пица-ресторан „КУС-КУС“ 10% попуст ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2А тел. 047/222-603

Бутик за долна облека „ВЕЛИСИА“

Бутик за долна облека „ВЕЛИСИА“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.134

Бутик „БИНЈАПИ МОДА“

Бутик „БИНЈАПИ МОДА“ 10% попуст ул. „Ордан Николов“ бр. 53 Продавница „БОХЕМИА“ 5% попуст ул. „Ј. Јосифовски“ бб тел.047/237-496

Ресторан „ФОНТАНА БЕ-НИ“ 5% попуст с. „Бистрица“ тел. 047/268-599

Бутик „ВЕЛВЕТ“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр. 40 тел. 047/241-900

Фризерско студио „МАРИЈА-БЕЛА“ 10% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб, зграда Обител - мезанин тел. 076/964-340, 075/312-986

Продавница за детски колички и детски авто седишта „BABY BLU“ 10 % на авто седишта ул. „Столарска“ бб

Фризерско студио „ДИВАЈН “ 10% попуст ул. „Борис Буџовски“ бр.20 тел. 047/221-381

Продавница за сребро

Аптека „ХИГИЈА ФАРМ “ 5% попуст на козметика и витамини (ОТЦ програма), 10% попуст за производи од галенската лабораторија на „Хигија фарм“ и 10% на „Хигија козметика“ ул. „Скопска“ бр.17 тел. 047/202-208

„SILVER MOON“

10 % попуст ул. „Широк сокак“ (до хотел Епинал) 075/225-090 ТВ „ОРБИС“ 10 % попуст на рекламирање „Браќа Џаферови“ бб, тел.047/203-307

welness, spa & beauty centar „AURA“ 10 % попуст (во хотел Епинал) 047/ 202-231

АНИМА ПЛУС

„SILVER MOON“

Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

Фитнес, пилатес и зумба „АНИМА ПЛУС“ 10 % попуст

КИЧЕВО К АФУЛ И Њ А

Р ЕС ТО РА Н И СТАРА КУЌА 2008 ШОПИНГ ВАШЕ ТАКСИ

Ресторан „СТАРА КУЌА 2008“ 5% попуст „Магистрален пат“ бб (АМД Кичево) Такси „ВАШЕ ТАКСИ“ 5% попуст ул. „4 Јули“ бб тел. 15 555 Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

ФЛЕРТ КЛУБ

Кафе-бар „ФЛЕРТ КЛУБ“ 10% попуст

Компјутерка опрема, карго експрес и фискални апарати „СПИКОМП“ 5% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб тел. 045/222-699 АМСМ Партнер - Попуст за членови!

13


ШТИП Р ЕС ТО РА Н И

ШОПИНГ

Ресторан „СТАРА ШТИПСКА КУЌА“

Ресторан „СТАРА ШТИПСКА КУЌА“ десерт од куќата ул. „Вељко Влаховиќ“ бб населба Пребек З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А

Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

Очна оптика „ГЕТАЛДУС’ 10% попуст и бесплатен преглед Ул. „Тошо Арсов“ бр. 14 тел. 032/397-337; 078/393-036

ВЕЛЕС Р ЕС ТО РА Н И и К АФУЛ И Њ А Гостилниц „ХАЈДУК Гостилница ИНЃИЛИЗОВ“ „ХАЈДУК 10% попуст ИНЃИЛИЗОВ“ ул. „Петре Прличко“ бр.1 Тел. 043/233-350 З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А

ШОПИНГ

Кафе бар „АКВАРИУС“ 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 071/345-563

Ординација за дијагностика и третман на болести на уво, нос и грло „ПЗУ ЗОГРАФСКИ“ 10% за сите основни и специјалистички прегледи ул. „Владимир Назор“ бр.41 тел. 070/375-001, 043/222-511

Очна оптика „ГЕТАЛДУС’ 10% попуст и бесплатен преглед Ул. „8-ми Септември“ бр. 160 (Маршал Тито) тел. 043/231-733; 078/393-082

Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бр. 67а, тел: 043/225-201 ул. Благој Ѓорев бб, тел: 043/242-656 www.sport-m.com.mk

Автоперална „ТАВЕКО“ 15% попуст нас.Речани тел. 070/216-809 А ВТО Д Е Л О В И, С Е Р В И С И КО З М Е Т И К А Салон за пневматици „ДОМИНИК“ 30% попуст на сите видови гуми и 10% попуст на работна рака Ул. Академик Панчо Дачев бр.73 тел. 075/216-044

Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

КАВАДАРЦИ Р ЕС ТО РА Н И Ресторан „ЛС КВАРТУМ“ ШОПИНГ

З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Ресторан „ЛС КВАРТУМ“ 10% попуст спортска сала „Јасмин“ тел. 043 415-755 Бутик за чевли „ХИТ ШУС - Р“ 5% попуст ул. „Шишка“ бб тел. 043/418-550 Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст ул. „Илинденска“ бр.60, тел: 043/365-838 www.sport-m.com.mk

14

Очна оптика „ГЕТАЛДУС’ 10% попуст и бесплатен преглед Ул. „Едвард Кардељ“ бр. 13 тел. 043/420-934; 078/393-054 Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk


СТРУГА ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Ресторан „Св. НИКОЛА“ 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.88 тел. 070 362-720

Ресторан „АВОН“ 10% попуст ул. „ЈНА“ бб тел. 046 786-440

Пицерија „АНГЕЛА“ 10% попуст ул. „Димитар Влахов“ бр.2 (на кејот на реката Црн Дрим) тел. 046/786-242

Ресторан „АНТИКА“ 10% попуст кеј „Борис Кидрич“ бр. 34 тел. 046/783-468

Хотел „БИСЕР“ - с.Калишта 10% попуст тел. 046 785-700, 046 780-010 www.hotelbiser.com.mk

Хотел „МОНТЕНЕГРО“ 10% попуст (за сместување по лице) тел. 046 780-330 www.hotelmontenegro.mk

ШОПИНГ Ресторан „КУТМИЧЕВИЦА“

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Ресторан „КУТМИЧЕВИЦА“ 10% попуст Вевчани Република Македонија тел. 046 798 626, 071 273 087 e-mail: kutmicevica@yahoo.com

„РАНДЕМ“ 10% попуст на опрема за видео надзор и 10% попуст на опрема за обезбедување ул. „Мирче Ацев“ бр.5а

Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст ул. Маршал Тито бр.1, тел: 046/791 532 www.sport-m.com.mk

Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

Фризерски салон „САРА СТАЈЛ“ 10% попуст ул. „Македонска“ бр.12 тел. 078 336 567, 046 788 125

МАВРОВО ХОТ Е Л - Маврово Хотел „АЛПИНА“ 10% попуст тел. 042 388-024 www.hotelalpinamavrovo.com www.nehartravel.com.mk

Хотел „РАДИКА“ с.Леуново-Маврово 10% попуст на пансионски услуги Тел. 042 22 33 00 Тел. 075 325 306 info@radika.com.mk www.radika.com.mk

РАДОВИШ ШОПИНГ Салон за бела техника „ХОРТИКУЛТУРА - РАДОВИШ“ 3-5% попуст тел: 032/630-609 hortikultura_radovish@yahoo.com

Книжарница „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk

ХОТ Е Л - Радовиш Хотел „БЕЛ КАМЕН“ планина Плачковица, Радовиш тел: 032/522-933 ; 076/247-670 10% попуст на хотелско сместување info@hotelbelkamen.com.mk www.hotelbelkamen.com.mk

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

15


АВТОМОТО ДРУШТВА

АВТОМОТО ДРУШТВА

АМД „Брегалница“ - Берово ул. „Маршал Тито“ бр. 4 тел. 033 471-987

АМД „Охрид“ - Охрид ул. „Лазо Трповски“ бб тел. 046 269-046

АМСМ Велес ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 043 212-233 АМД „Виница“ - Виница ул. „Илинденска“ бб тел. 033 362-987 АМД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола ул. „Арон Ароести“ бб, Стрелиште тел. 047 203-220 АМД „Дичо Панов“ - Гевгелија ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-987 АМД „Железник“ - Демир Хисар ул. „Битолска“ бб тел. 047 276 015 АМД „Киро Бурназ“ - Куманово ул. „Трета македонска ударна бригада“ бб тел. 031 433-163 АМД „Кичево“ - Кичево Магистрален пат бб тел. 045 266-363

16

АМД „Прилепец“ - Прилеп ул. „Моша Пијаде“ бр.230 тел. 048 422-224 АМД „Пробиштип“ - Пробиштип ул. „Миро Барага“ бр. 1 тел. 032 484-008 АМД „Страшо Пинџур“ - Кавадарци ул. „29 Ноември“ бр. 36 тел. 043 410-938 АМД „Стрела“ - Струмица ул. „Ленинова“ бр. 94 тел. 034 321-088 АМД „Струга“ - Струга ул. „Пролетерски бригади“ бр. 68 тел. 046 782-046 АМД „Тетово“ - Тетово ул. „Видео Смилевски Бато“ бб тел. 044 335-987 АМД „Треска“ - Македонски Брод ул. „7 Септември“ бр.4 тел. 045 275-151 АМД „Штип“ - Штип ул. „Сутјеска“ бб тел. 032 391-987


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.