ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | октомври 2026 БР. 87
BMW iX3 50 xDrive
ПОЧЕТОК НА НОВА ЕРА
www.amsmklubmobiliti.mk
Пелистер
ДОМА КАЈ МОЛИКИТЕ
Светско првенство во мотоциклизам
АКОСТА Е НОВ ФАКТОР ВО ТРКИТЕ!
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
1
2
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД
ОД ПАТЕКАТА ДО ОТВОРЕНИОТ ПАТ
АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Сиљан Аврамовски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг
ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје
Пред нас е уште едно издание исполнето со автомобили, мотори, брзина, адреналин, технологија и приказни од патиштата. Светот на автомобилите постојано се менува, носејќи нови модели, технологии, натпревари и нови причини повторно да седнеме зад воланот и да тргнеме. Ве водиме низ актуелните случувања во автомото спортот, каде што прецизноста, храброста и борбата до последниот свиок се повторно во центарот на вниманието. Посветуваме внимание и на новитетите од автомобилската индустрија, возила што носат подобри перформанси, поатрактивен дизајн и технологии што го менуваат начинот на кој возиме. Ќе се навратиме и на одржаниот маратон, атмосферата и моментите што го одбележаа настанот, но и на она што следува на спортската сцена. Автомобилот не е создаден само за градските улици. Тој е и можност за патување, откривање нови места и создавање нови спомени. Затоа и овојпат издвојуваме интересни дестинации, со патеписи што инспирираат да го наполните резервоарот, да го спакувате багажот и едноставно, да тргнете. Понекогаш најубавиот дел од патувањето не е самата дестинација, туку километарот што допрва треба да се помине. Сепак, секое уживање во возењето носи и одговорност, па затоа во овој број зборуваме и за брзината, онаа која на патеката носи возбуда и спортски резултати, но на јавниот пат мора да биде контролирана и прилагодена на условите. Разликата меѓу тркачката патека и секојдневниот сообраќај е огромна, а токму разбирањето на таа разлика е еден од темелите на безбедното возење. Од адреналинот на тркачката патека, преку премиерите на новите автомобили, па сè до патиштата кои водат кон нови дестинации, ова издание е посветено на сите оние за кои автомобилот е повеќе од превозно средство. На оние кои ги следат трките, ги читаат техничките податоци, уживаат во новитетите, планираат патувања и, едноставно, ја сакаат мобилноста и слободата што ја носи патот. Затоа, свртете ја првата страница и тргнете со нас. Ве очекуваат нови приказни, интересни средби, автомобили, патувања, спорт и теми кои го одбележуваат автомото светот. Добредојдовте во уште едно издание. Уживајте во читањетo и, секако, возете безбедно. Следниот број на АМСМ Клуб Мобилити очекувајте го во ноември 2026 гoдина во електронска верзија на вашата е-адреса и нашата веб страница www.amsmklubmobiliti.mk
Маргита ПОПОВСКА
ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716
главен и одговорен уредник
ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.
Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
3
ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА
УСЛОВИТЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ! 072/214-872 4
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk
HI-TECH
НОВОСТИ 8 „ДВОЈКАТА“ СЕ ВРАЌА ВО СЕМЕЈСТВОТО 9 KIA SELTOS СТАРТУВА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР
48 НОВА ЕРА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ЛЕТАЛА
38 СТИЛ 38 КВАЛИТЕТ ЗА КОЈ ГАРАНТИРА И КРАЛОТ
12
48
АВТО-МОТО 16 УМЕТНИЧКА КРЕАЦИЈА КОЈА БУДИ ЕМОЦИИ 20 БЕСНОТИЛАК ИЗРАБОТЕН ПО МЕРКА
ИСТОРИЈА 52 ПРЕД СÈ ПОСЕБНОСТ И ЕКСТРАВАГАНЦИЈА!
40 ПАТУВАЊЕ 40 ГРАДОТ НА СОНУВАЧКИТЕ КУЛИ
20
52
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
СПОРТ
36 КАМЕРИТЕ СТИГНАА, НО ТРКИТЕ ОСТАНАА
62
56 АКОСТА Е НОВ ФАКТОР ВО ТРКИТЕ! 60 АМЕРИКА ПОВТОРНО И ПОБЕГНА НА ТОЈОТА
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
5
| ОТА
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА ВО ЕВРОПА АЛБАНИЈА
НОРВЕШКА
Во населени места има ограничување на брзината од 40 км на час. На автопат ограничувањето е 110 км на час. На останати патишта максимална дозволена брзина е 80/90 км на час.
Во населени места населени места има ограничување за сите возила до 50 км на час. Надвор од населени места за возила до 3.500 кг. на автопат 90 до 100 км. На останати патишта 80 км на час; За автомобили со приколка со уред за сопирање 80 км/ч – без уред за сопирање и потешки од 300 кг 60 км/ч. За автобуси 80км/ч
АВСТРИЈА Во населени места има ограничување на брзината од 30-50 км на час. На автопат максимална дозволена брзина е 130 км на час. На останати патни правци максималната брзина е 100 км на час.
БЕЛГИЈА Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и моторцикл од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил и моторцикл е 120 км на час. На останати патишта ограничувањето е 90 км на час.
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Во населени места има ограничување на брзината од 50 км/ч. На патишта надвор од населени места максимална дозволена брзина е 80 км на час. На автопат максимална дозволена брзина е 100/130 км на час.
БУГАРИЈА Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На означени места и 140 Км/ч. На останати патишта ограничувањето е 90 км на час. За моторцикл ограничувањето е 50 км на час во населени во населени места.
ГРЦИЈА Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.
ИТАЛИЈА Во населени места има ограничување на брзината за автомобили и мотоцикли од 50-70 км/ч. На автопат ограничувањето за автомобили и мотоцикли е 130 км/ч. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км/ч.
6
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
РОМАНИЈА Во населени места има ограничување за сите возила од 50 км на час. Надвор од населени места за автомобили на автопат од 130 км на час. На останати патишта од 90-100 км на час.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 км на час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел. На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од: - 130 км на час на автопат; - 110 км на час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и - 90 км на час на други патишта. На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот. Моторно возило кое на пат влече друго неисправно моторно возило, не смее да се движи со брзина поголема од 40 км на час. Возачот на велосипед со помошен мотор, мопед не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 км на час. На автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски својства не можат да се движат со брзина од најмалку 60 км на час.
СЛОВАЧКА Во населени места има ограничување за сите возила од 50 км на час. Надвор од населени места за патнички возила и за камиони до 3,5 тони на автопат до 130 км на час, на останати патишта до 90 км на час.
СЛОВЕНИЈА Во населени места има ограничување за сите возила 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил и мотоцикл е 130 км на час. На останати патишта 90 -110 км на час. За возила со приколка до 7,5 тони на автопат и на останати патишта ограничување на 80 км на час. Минимум дозволена брзина на автопат и на брзи патишта е 60 км на час.
ОТА |
СРБИЈА
ХРВАТСКА
Во населени места има ограничување за сите возила до 50 км на час. Надвор од населени места на автопат за автомобили, моторцикли на автопат до 120 км на час. На останати патишта 80 – 100 км на час. За автомобили со приколка на сите патишта 80 км на час.
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и мотоцикл од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил и мотоцикл е 130 км на час. На останати патишта ограниченоста е од 90-110 км на час.
ЦРНА ГОРА
ТУРЦИЈА Во населени места ограничување за автомобили е 50 км на час. Надвор од населени места за автомобили на автопат 120 км на час. На останати патишта 90 км на час. За автомобили со приколка на автопат 110 км на час. На останати патишта 80 км на час. Минимална дозволена брзина на автопат е 40 км на час.
УНГАРИЈА Во населени места има општо ограничување на брзината за сите видови на моторни возила од 50 км на час. За мотоцикли и автомобили без приколка ограничување на брзина на автопат е 130 км на час. На останати патишта е 90-110 км на час.
Во населени места сите имаат ограничување на брзината од 50 км на час. Надвор од населени места, за автомобили, мотоцикли на брзи патишта огрничувањето е 100 км на час. На останати патишта 80 км на час. Автомобили со приколка на сите патишта 80 км на час.
ЧЕШКА Во населени места има ограничување за сите возила до 50 км на час. Надвор од населени места за автомобили, мотоцикли и камиони до 3.5 тони на автопат до 130 км на час. На останати патишта до 90 км на час. За автомобили со приколка, камиони над 3.5 тони на автопат 80 км на час. На останати патишта 80 км на час. На автопатишта дозволено е да сообраќаат возила кои можат да се движат побрзо од 80 км на час.
АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС
Ц КАТЕГОРИЈА
ЧЕКОР КОН НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ МОЖНОСТИ ПРИЈАВИ СЕ И ПЛАТИ ОНЛАЈН. 02/3181-240 | 072/228-195
7 www.amsm.mk
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
| НОВОСТИ
AUDI A2 E-TRON
„ДВОЈКАТА“ СЕ ВРАЌА ВО СЕМЕЈСТВОТО
Д
али беше или не беше популарен моделот „а 2“, говорат следниве бројки. Производството започна во 2000 и траеше сè до 2005 година, кога „а 2“ беше исклучен од семејството, а од фабричките хали излегоа само нешто помалку од 177.000 примероци. Требаше да поминат две децении, за „ауди а 2“ повторно да се врати на сцената. На почетокот од месецов, Ауди го претстави неговиот наследник, овој пат како целосно електричен модел, но со позамашни димензии од претходникот - должина 4.324 мм, ширина 1.789 мм и висина 1.548 мм, додека товарниот оддел расплага со 396 литри. Интересно е тоа што „а 2 е-трон“ е многу сличен на претходникот. Ги има препознатливите линии, а за пофалба е коефициентот на отпор на воздухот, кој изнесува 0,24 Цд. Тоа значи дека дизајнерите си ја завршиле работата не само со поглед на обликот, туку и на аеродинамиката. Во зависност од изведбата, во „ауди а 2 е-трон“ се вградуваат два елекмотори. „АПП 350“ располага со силината од 170, 190 и 231 КС, додека „апп 550“ располага со 326 КС. Радиусот на движење е во опсегот од најмалку 423 км до најмногу 646, односно 630 км. Колку „ауди а 2 е-трон“ е подвижен и брз, говорат и овие бројки - од 0 до 100 км/ч за 8,8 сек. (170 КС), 7,9 сек. (190 КС), 7,0 сек. (231 КС) или 5,7 сек. (326 КС). Забрзувањата се повеќе од добри, а и крајната брзина не е ништо подолу. Таа изнесува 160 км/ч за сите изведби, а исклучок прави изведбата со 326 КС, која постигнува крајни 200 км/ч. За време од 24 минути батериите се полнат од 10 до 80 отсто, што претставува некаков стандард со сегашнава технологија која се вградува во електричните возила. Возачот има на располагање четири режими на возење: „конфорен“, „балансиран, „ефикасен“ и „динамичен“. Производството ќе се одвива во Инголштад. •
RENAULT NIAGARA
ПИК-АП СОЗДАДЕН ЗА НОВИТЕ ПАЗАРИ
П
окрај моделот „аљаскан“, Рено влегува на светскиот пазар со уште едно пик-ап возило, овој пат со компактниот „нијагара“. Моделот „аљаскан“ е долг 5,3 м, додека „нијагарата“ е долга околу 4,95 м. Сепак, „нијагарата“ сега е единствениот пик-ап на Рено, бидејќи францускиот производител го прекина производството на моделот „аљаскан“ во ноември минатата година. Затоа Рено со сите сили го „турка“ новиот пик-ак како глобален проект. Најнапред е конструиран за пазарот на Јужна Америка, но како што велат од Рено, продажбата ќе се шири и на другите континенти, пред сè во земјите во развој. Бидејќи „нијагара“ е компактен пик-ап, сигурно е замена за моделот „ороч“. Пик-ап моделите најмногу се ценат поради нивниот товарен простор. „Рено нијагара“ располага со 938 литри во спомнатиот простор. Неговата носивост изнесував 654 кг, додека возилото може да влече товар до 710 кг. „Нијагарата“ има должина од 4,91 метар во изведбата со погон на предните тркала, додека верзијата со погон на сите тркала е малку подолга, 4,94 м. Во двата случаи, возилото е високо 1,72 м. Големината на тркалата се движи од 17 до 18 инчи, во зависност од пакетот на опремата. Возилото е опремено со реден четирицилиндричен бензински мотор со работна зафатнина од 1,3 л, која со помош на турбо полнач развива 156 КС. Овој мотор е плод на соработката меѓу Алијансата Рено-Нисан-Митсубиши и Мерцедес-Бенц. И уште нешто, погонот е на сите тркала, што е класика за пик-ап возилата, иако некои производители нудат и изведби со погон само на едната оска. Светската премиера на „нијагара“ беше одржана во Аргентина, земјата каде што ќе се произведува, и тоа во легендарната фабрика на Рено „Санта Изабел“ во Кордоба. •
8
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ |
BYD ОФИЦИЈАЛНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР
ШЕСТ ХИБРИДНИ И ЕЛЕКТРИЧНИ МОДЕЛИ ЗА СТАРТОТ НА БРЕНДОТ
С
ветскиот лидер во производство на возила со „нова енергија“, BYD, од крајот на септември е официјално достапен и во Македонија. Нашата земја е 38-ми европски пазар на брендот, а купувачите сега можат да избираат меѓу целосно електрични BEV возила со нулта емисија и DM-i plug-in хибридни модели. Благодарение на договорот со Evolution Auto, понудата е достапна преку продажниот салон во Скопје и опфаќа хечбек, СУВ и седан каросерии. Понудата ја отвора Dolphin Surf, компактен и исклучително достапен модел, прогласен за World Urban Car of the Year. На спротивниот крај е Sealion 7, високоперформансен електричен СУВ кој забрзува од 0 до 100 км/ч за само 4,5 секунди и со својата Blade Battery нуди досег до 502 км. Моделот користи „Cell to Body“ конструкција за исклучителна цврстина и безбедност, а неговиот електромотор е најбрзиот во сериско производство во светот и достигнува 23.000 вртежи во минута. Љубителите на елегантни линии можат да се одлучат за седанот Seal, кој ја користи истата напредна конструкција како Sealion 7, но со пониска силуета и досег до 570 км според WLTP. За оние на кои им е потребна поголема флексибилност при редовни патувања на долги релации, BYD нуди Seal U DM-i, plug-in хибриден СУВ со Super DM технологија. Таа го комбинира мазното и динамично возење на електричниот автомобил со реален досег од повеќе од 1.000 км со полна батерија и полн резервоар. Истото го овозможува и компактниот Atto 2 DM-i. Понудата ја заокружуваат Atto 3 Evo СУВ и седанот Seal 6 DM-i. „Нашата мисија е нашите одржливи технологии да бидат достапни за што е можно поголем број потрошувачи“, изјави Стела Ли, извршен потпретседател на BYD. „Особено ни е драго што започнуваме со толку широка понуда, која вклучува достапни возила како Dolphin Surf и Atto 2 DM-i, но ги претставува и технолошките предности на BYD преку Seal и Sealion 7.“ Таа додаде дека компанијата со нетрпение очекува да го прошири присуството во земјава во 2027 година и понатаму.
Основана во 1995 година, BYD (Build Your Dreams) е единствениот производител на возила со нова енергија кој самостојно ги развива сопствените погонски системи, батерии, автомобилски полупроводници и електромотори. Во јули оваа година стана првиот автопроизводител во светот со 17 милиони произведени возила со нова енергија. Клучна технологија на брендот е Blade Battery, претставена во 2020 година. Нејзиниот рамен, правоаголен дизајн овозможува подобро ладење и предзагревање, а безкобалтната литиум-железо-фосфатна (LFP) хемија го положи тестот на пробивање, кој симулира внатрешни кратки споеви при сериозна сообраќајна несреќа, без чад и пламен. Батеријата издржува и повеќе од 5.000 циклуси на полнење и празнење. •
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
9
| НОВОСТИ
ПРЕМИУМ БРЕНДС
KIA SELTOS СТАРТУВА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР
С
о доаѓањето на есента, домашните увозници традиционално ги претставуваат моделите со кои влегуваат во новата сезона. Оваа година вниманието на Kia е насочено кон целосно новиот Seltos, модел кој на македонскиот пазар пристигнува со јасна задача да го пополни просторот меѓу компактниот XCeed и поголемиот Sportage. Визуелно, Seltos делува зрело и самоуверено. Пропорциите се внимателно балансирани така што возилото не спаѓа во категоријата на класични компактни СУВ модели, туку нуди повисока седечка позиција и поголема практичност, задржувајќи притоа динамичен и модерен изглед. Кога станува збор за погонот, Kia за лансирање на пазар се определила за едно решение, а тоа е 1.6 литарски турбо бензински T-GDi мотор со четири цилиндри, кој испорачува 180 КС и 265 Nm вртежен момент. На избор се шестстепен мануелен менувач или седумстепена (DCT7) автоматска трансмисија, а купувачите на автоматската изведба можат дополнително да изберат и погон на сите четири тркала. Според официјалните податоци, верзијата со преден погон и DCT7 забрзува до 100 км/ч за 8,8 секунди и достигнува 208 км/ч, додека AWD варијантата истата брзина ја постигнува за 9,0 секунди, со максимум од 205 км/ч. Опременоста е поделена во четири нивоа и тоа како Light, Experience, Reference и GT Line.
При што дури и базната изведба нуди солиден пакет на опременост кој меѓу другото поседува 12,3 инчен мултимедијален екран со навигација, поддршка за Apple CarPlay и Android Auto, како и Kia Connect. Безбедносната опрема вклучува FCA, LKA, LFA, BCA, HBA, следење на слепа точка и низа други асистенти за возење. Со преминот кон повисоките нивоа, автомобилот добива дополнителен премиум карактер од типот на кожен ентериер, греење на предните и задните седишта, вентилација напред и електрично подесливи седишта со меморија. На врвот е GT Line изведбата која дополнително нуди и 10 инчен HeadUp дисплеј, спортски седишта, панорамски кров и уникатни 19 инчни фелни. Со ваквата комбинација на дизајн, технологија и опременост, новиот Seltos се позиционира како СУВ што сака да понуди повеќе од само практичност. Цените стартуваат од 26.900 евра за основната изведба, а за целосно опремениот модел со DCT7 менувач и погон на сите тркала достигнуваат 39.900 евра. •
10 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
НОВОСТИ |
PORSCHE ROAD SHOW 2026
СПОЈ НА НАЈНОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ И СТРАСТА КОН ВОЗЕЊЕТО
С
ептември е месецот во кој, по традиција, четири дена поминуваат во знакот на врвните перформанси, луксузот и неповторливото уживање во возењето. За ова е задолжен Porsche Center Skopje, кој и оваа година успешно го организираше ексклузивниот настан Porsche Road Show, обединувајќи совршена комбинација од спортски дух, иновативна технологија и живописни предели. Настанот се одвиваше во текот на четири дена, при што секој ден група од по 20 гости, меѓу кои претставници на медиумите, влијателни личности од дигиталната сфера (инфлуенсери) и љубители на брендот, имаа уникатна можност да ги тестираат најновите и најмоќните модели на Porsche. Караванот стартуваше од Porsche Center Skopje, од каде што учесниците, преку живописната рута до Неготино, заминаа кон крајната дестинација, винарија „Лазар“. По динамичното возење и дружењето во уникатниот амбиент на винаријата, учесниците се упатија назад кон Скопје, заокружувајќи го ова незаборавно автомобилско искуство. Вкупно 12 ексклузивни возила ја покажаа својата супериорност на патот. Моделите 911 Turbo S Coupe и 911 Turbo S Cabriolet се икони на Porsche кои ги дефинираат перформансите и на патеката и на патот. Преку Taycan Turbo S Cross Turismo и Taycan GTS, марката го престави целосно електричниот шарм, докажувајќи дека иднината на спортските автомобили е веќе тука. Со Cayenne Electric Turbo и Cayenne Electric Turbo Coupe пристигнува и новата ера на целосно електрични луксузни SUV модели. Додека, Cayenne S PHEV Black Edition и Cayenne PHEV Black Edition се моќни хибриди во елегантно и доминантно издание. Panamera Turbo PHEV и Panamera Turbo S PHEV е двоецот кој го носи врвниот спој на лимузински комфор и хибридна спортска моќ. Со двата модели Macan GTS се доловува искуството на практични, но исклучително динамични компактни SUV возила со препознатлив GTS карактер.
Во текот на сите четири дена, 80-те гости со караванот поминаа вкупно 13.800 километри, тестирајќи ги перформансите на сите погонски системи: од класичните бензински мотори со внатрешно согорување, преку напредните plug-in хибриди, сè до целосно електричните BEV модели. „Porsche Road Show е повеќе од обично пробно возење – тоа е искуство кое ја пренесува самата суштина на брендот Porsche. Горди сме што преку оваа рута, во добро друштво и под совршени услови, успеавме на нашите гости да им овозможиме одблизу да ги почувствуваат моќта, прецизноста и емоцијата што ги нуди секој од овие 12 модели,“ изјавија од тимот на Porsche Center Skopje. •
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
11
| АВТО-МОТО
BMW iX3 50 xDrive
ПОЧЕТОК НА НОВА ЕРА BMW СО НОВАТА ПЛАТФОРМА НАРЕЧЕНА NEUE KLASSE НЕ ГРАДИ САМО УШТЕ ЕДЕН ЕЛЕКТРИЧЕН МОДЕЛ, ТУКУ ГО ПОСТАВУВА ТЕМЕЛОТ НА НОВ ДИЗАЈНЕРСКИ ЈАЗИК, ТЕХНОЛОГИЈА И ВОЗЕЊЕ ЗА ГОДИНИТЕ ШТО ДОАЃААТ.
Р
етко кога еден производител одлучува да го напише почетокот одново, но токму тоа го прави BMW со новата генерација на iX3. Изградена врз платформата Neue Klasse, ова не е уште еден електричен СУВ со дизајн зајмен од бензинскиот близнак, туку возило замислено од нула, со чиста електрична архитектура и дигитален интерфејс што го поместува стандардот во сегментот на премиум електрични кросовери. ДИЗАЈН СО ТИВОК АВТОРИТЕТ При првиот контакт со iX3, возилото не пристапува гласно, туку од смиреноста што зрачи од секоја линија на каросеријата, еден вид тивок авторитет. Колку повеќе се приближувате, толку повеќе детали се откриваат, детали што зад себе кријат многубројни рунди инженерски и дизајнерски одлуки. Легендарната бубрежна решетка не исчезнува, туку станува потивка и скулпторски тенка, дополнително осветлена како потсетник на идентитетот на брендот, а не како доминантен елемент. Погледот природно се лизга кон тенките, прецизно изведени ЛЕД-светилки, кои присуството го градат со јасност, без непотребна драматика. Истата дисциплина продолжува и по страните, каде што површините се обликувани со мазни,
12 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
континуирани преливи што создаваат впечаток на монолитност. Пропорциите му даваат на iX3 присутност каква што се очекува од премиум СУВ, но без вишок маса што би ù наштетил на елеганцијата. Всушност, при директен контакт возилото изгледа поголемо отколку што сугерираат бројките на хартија, резултат на внимателно балансиран однос меѓу должината на предниот и задниот дел, висината на каросеријата и позицијата на тркалата. Задниот дел ја продолжува истата филозофија на смирена прецизност, со тенки, хоризонтално поставени светилки што визуелно го прошируваат возилото и му даваат стабилност. Секој премин помеѓу панелите изгледа планиран со единствена цел, хармонија меѓу естетиката и функцијата наместо визуелен шум. КАБИНА ШТО РАЗМИСЛУВА СО ТЕБЕ Додека екстериерот зборува со смиреност, внатрешноста отвора сосема ново поглавје во искуството на возење. Со отворање на вратата, прво нешто што ве пречекува не е конзола преполна со копчиња, туку амбиент што изгледа топло и промислено, изненадувачки органско за возило со ваков степен на технолошка напредност. Централен елемент, оној што најдолго ќе остане во
АВТО-МОТО |
на СУВ позициониран една класа пониско. Ниту практичноста не разочарува, со минимални 520 литри искористив багажен простор, доволни за секојдневни потреби, а со преклопување на задните седишта просторот се зголемува до 1.750 литри. Дополнителна погодност е предниот багажник со капацитет од 58 литри, идеален за чисто складирање на каблите за полнење. Резултатот е кабина што импресионира не само со количината технологија, туку и со квалитетот на искуството.
сеќавање, е новиот BMW Panoramic Vision, проекциски систем со дијагонала од 43,3 инчи што се протега преку целата долна половина на предното стакло, така што информациите доаѓаат директно во видното поле на возачот. Дополнет е со 17,9-инчен централен екран во нестандардна, трапезоидна форма, а заедно го формираат системот BMW Panoramic iDrive, поддржан од оперативниот систем BMW OS X, кој не само што изгледа модерно, туку се чувствува и интуитивно. Стандардно се нудат безжичен Apple CarPlay и Android Auto, како и безжично полнење на телефонот, а телефонот може да послужи и како дигитален клуч, овозможувајќи заклучување, отклучување и стартување без физички клуч. Преку официјалната BMW-апликација, возачите може далечински да го проверат статусот на полнење, да ја загреат или разладат кабината пред влегување, па дури и да управуваат со одредени функции додека возилото е паркирано. Материјалите зборуваат свој јазик на квалитет, рециклирани текстилни површини со пријатна текстура се комбинираат со внимателно избрани акценти. Седиштата се обликувани со свест дека патниците минуваат часови во нив, а просторот за глава и колена е дарежлив во двата реда, до степен во кој внатрешноста повеќе потсетува на поголемиот X5 отколку
МОЌ, ДОСТРЕЛ И ВИСТИНСКИ BMW КАРАКТЕР Во основата на тестираниот iX3 50 xDrive стои шестата генерација на технологијата BMW eDrive, изградена околу нова 800-волтна архитектура и цилиндрични батериски ќелии, што овозможува подобрена енергетска густина, помали загуби на енергија и забележливо побрзо полнење во споредба со претходните електрични модели на брендот. Возилото користи двомоторен систем со сериски погон на сите четири тркала. Задната оска ја движи мотор со моќност од 240 kW (326 КС), додека предната оска добива дополнителни 123 kW (167 КС), што заедно дава комбинирана моќност од 345 kW, односно 469 коњски сили, придружени со влечна сила од 645 Нм, доволни за спринт од 0 до 100 км/ч за 4,9 секунди, при максимална брзина ограничена на 210 км/ч. Батеријата има бруто-капацитет од 115 kWh, со искористливи 108,7 kWh, што овозможува дострел до приближно 800 километри според мерењата WLTP, резултат што iX3 го позиционира меѓу возилата со најголем дострел во класата. Максималната брзина на DC-полначот од 400 kW овозможува полнење од 10 % до 80 % за околу 21 минута, а вградениот AC-полнач од 11 kW бара помеѓу 10 и 11 часа за целосен циклус на домашно полнење. Реалната потрошувачка, се
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
13
| АВТО-МОТО
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
разбира, секогаш се разликува од лабораториските услови. Во текот на тестот, кој опфати над 500 изминати километри во комбинација од градско возење, регионални патишта и автопат, iX3 50 xDrive покажа просечна потрошувачка од 18,3 kWh/100 км, што одговара на реален дострел меѓу 590 и 600 километри со едно полнење. Но техничките податоци, колку и да се впечатливи, не ја раскажуваат целата приказна за возните својства. Зад воланот, iX3 открива карактер што веднаш се препознава, динамичен и прецизен, со онаа возачка комуникативност што одамна е заштитен знак на брендот, овој пат мајсторски преточена во електрична форма. Управувањето реагира директно, а рамнотежата во кривините останува препознатливо баварска. Клучна улога тука игра системот „Heart of
14 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
МОТОР:
ЕЛЕКТРОМОТОР Х 2
МОЌНОСТ ЕЛ. АГРЕГАТИ:
469 КС (345 KW) / 645 NM
ЗАФАТНИНА НА БАТЕРИЈА:
БРУТО: 115 kWh - НЕТО: 108,7 kWh
МЕНУВАЧ:
ЕДНОСТЕПЕН АВТОМАТСКИ
ПОГОН:
НА СИТЕ 4 ТРКАЛА
ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:
НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTI LINK
СОПИРАЧКИ:
НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ
ГУМИ:
НАПРЕД: 255/45 R20 НАЗАД: 255/45 R20
МАСА НА ВОЗИЛОТО:
2.285 КГ
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В:
4.782 / 1.895 / 1.635 ММ
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:
4,9 СЕКУНДИ
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:
15,1 - 17,9 KWH/100 KM
МАКСИМАЛНА БРЗИНА:
210 КМ/Ч
ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:
100.060 ЕВРА
Joy“, кој во комбинација со технологијата за динамична контрола на перформансите придонесува за возење што изгледа интуитивно и спортски во секоја ситуација, без разлика дали станува збор за урбан метеж, планински серпентини или автопат, особина што кај возило со маса од речиси 2,3 тони ретко се среќава. На крајот, впечатокот што iX3 го создава е дека тој не ја најавува иднината што треба да ја очекувате, туку ја нуди веднаш на целосно располагање. Тоа се потврдува преку екстериер што остава силен визуелен печат, кабина што го редефинира поимот дигитална интеграција, како и технолошки пакет во кој дострелот и брзината на полнење одат рака под рака со возната динамика препознатлива за секое возило со знакот на BMW. • Данчо Здравковски
ТВОЈАТА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА СЕГА МОЖЕ ДА БИДЕ
Visa AMSM КРЕДИТНА КАРТИЧКА
100 ден. за Classic картичка 200 ден. за Еurope Premium картичка
ФИНАНСИСКА СИГУРНОСТ
ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ СО 0% КАМАТА
БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ
КОНТАКТ ЦЕНТАР 196
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
15
| АВТО-МОТО
Претставуваме Bentley Torcal
УМЕТНИЧКА КРЕАЦИЈА КОЈА БУДИ ЕМОЦИИ ДИЗАЈНОТ НА ЕДЕН BENTLEY, ЗВУКОТ НА ЕДЕН BENTLEY И НАЧИНОТ НА КОЈ Е СОЗДАДЕН КРЕИРААТ ЕМОТИВНА ВРСКА МЕЃУ ЧОВЕКОТ И МАШИНАТА. СО TORCAL, BENTLEY ВОВЕДУВА НОВ ХРАБАР, ДИЗАЈНЕРСКИ ЈАЗИК, КОЈ НЕ ОТСКОКНУВА ОД ГЕНОМОТ НА МАРКАТА.
16 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |
1
07 години долга историја. 107 години автомобилска извонредност. 107 години Bentley е синоним за врвни перформанси, исклучителна удобност, префинета рачна изработка, во која се користат најдобрите природни материјали обработени од врвните британски мајстори, но и за единствениот звучен потпис кој „брбори“ како да има душа. Патувајќи низ овие ексклузивни 107 ексклузивни години, низ кои беа создадени едни од најкомплетните автомобили што светот ги познава, Bentley се одважи да го креира можеби еден од најзначајните модели во историјата на марката. Bentley Torcal! Bentley Torcal е претстава за нешто сосем ново, но и нешто единствено, уникатно. Машина создадена со толкаво внимание што секој аспект од нејзиниот дизајн, инженерингот и вградените технологии, а како круна на сето тоа и рачната изработка, е развиен со една цел, да будат емоции. Воедно, во поглед на наведените аспекти, Torcal е замислен да биде основа, или уште подобро, своевиден шаблон за сите нови модели на Bentley кои се очекуваат во иднина. ИМЕ ОД КАРПЕСТА ФОРМАЦИЈА Torcal е првиот Bentley кој ги комбинира напредните технологии и безвременската вредност на врвната рачна изработка. Токму безвременската вредност на овој Bentley била и никулецот од кој тргнала потрагата по името. Името е преземено од еден од најимпресивните карстни пејсажи на планетата, кој се наоѓа во Андалузија, на југот од Шпанија. Познат по своите невообичаени карпести формации, овој карстен предел, наречен Торкал де Антекера, е природен резерват на планинскиот масив Сиера дел Торкал и датира од времето на Јура, односно од пред околу 150 милиони години. Токму поради безвременската вредност на овие карпести формации, Bentley ја поистоветува нивната трајност со безвременската вредност на својот прв електричен модел.
МОЌТА НА ЕЛЕКТРИКАТА Torcal е првиот Bentley со целосно електричен погон, кој испорачува перформанси на начин што би им бил препознатлив на сопствениците на Bentley од било која ера на марката. Најмногу поради неверојатно лесната испорака на моќноста, впечатливите перформанси и извонредната прецизност при управувањето. Torcal од старт доаѓа во две изведби: Core и S. Без оглед на изведбата, комбинира два моќни електромотори и погон на четири тркала. Електромоторите се запечатени, имаат сув картер и наполнети се со масло кое не се менува. Предниот електромотор е спарен со отворен диференцијал, додека задниот е поврзан со заклучувачки диференцијал со повеќеламелна спојка поставена на секое од задните вратила. Во помоќната изведба, Torcal S располага со 888 КС и вртежен момент од 1.350 Nm, најголем од сите модели на Bentley што некогаш биле произведени. Овие вредности, без оглед на тежината од 2,7 тони, му овозможуваат да се катапултира од место до 100 km/h за само 2,9 секунди. А сепак, возачкото искуство не е брутално, туку е прогресивно и софистицирано. Инженерскиот тим на Bentley можел перформансите да ги направи уште побрутални, но развојното одделение на Bentley не дозволило, нагласувајќи дека за повеќето возачи, забрзување поекстремно од ова може да биде непријатно. Не е многу полоша ниту послабата изведба со 820 КС и 1194 Nm, кај која спринтот од место до 100 km/h трае едвај 3,4 секунди. Батеријата e составена од 192 литиум-јонски модули врзани сериски, има капацитет од 113 kWh и работи со напон од 800 V. Bentley за неа нуди гаранција од 10 години, или 160.000 километри.
НОВ ДИЗАЈНЕРСКИ ЈАЗИК Дизајнот на еден Bentley, неговиот звук и начинот на кој е создаден креираат емотивна врска меѓу човекот и машината. Со Torcal, Bentley воведува нов, храбар дизајнерски јазик, кој не отскокнува од геномот на марката. Таканаречената „Исправена елеганција“ која е главната водилка во дизајнерските принципи на Bentley, поставени пред повеќе од еден век, му го дава уникатниот карактер на Torcal. Моќниот став со исправена муцка, куси превиси и долго меѓуоскино растојание, поткрепен со бескрајно долгата хауба, не остава дилема дека станува збор за еден Bentley. Графичките елементи откриваат реинтерпретација на иконските модели на Bentley кои се појавувале низ историјата на марката. Посебно се издвојува моделот Continental T, чија маска од рачно изработена мрежа е повторена како стилски елемент и кај Torcal, но овојпат дополнително е осветлена со рамка од светлечки диоди. Меѓутоа, кај Torcal намерно се редуцирани непотребните линии и пресеци на каросеријата, која со своите пропорции и големи непрекинати површини делува како скулптура. Филозофијата на новиот дизајнерски јазик се повторува и во внатрешноста. Иако Bentley не отскокнува од препознатливата архитектурата на арматурата, нејзиниот дизајн останува инспириран од познатите крилја кои создаваат симетрија и баланс. Употребата на материјали како кожа, волна, фурнир и алуминиум им дава на површините автентичност, претворајќи ја кабината во благородно и префинето окружување.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
17
| АВТО-МОТО
ЦЕЛОСНО АКТИВНА СУСПЕНЗИЈА За првпат Bentley во еден модел нуди целосно активна суспензија, наречена „Магичен килим“. Основата се адаптивни амортизери со по два вентили, кои овозможуваат секој амортизер, независно од другите, да се подигнува или спушта во истиот момент, реагирајќи соодветно на условите на патот и на реакциите на возачот. На овој начин секое тркало реагира независно и обезбедува максимален комфор, но и одлична контрола. Овој систем ја исклучува потребата од класични стабилизатори. Сето тоа е надополнето со активно управување на четири тркала, кое ја подобрува стабилноста и реакциите при високи брзини, а воедно го намалува кругот на вртење на само 11,1 метар, што овозможува полесно маневрирање во тесни простори и низ град. Сопирачката техника се состои од карбон-керамички дискови предните со димензии 440х40 mm, а задните 410х32 mm. Ова се најголемите сопирачки апарати на светот поставени на сериски автомобил, а ваква технологија користат и други модели на Bentley. Предните дискови ги зафаќаат десетклипни сопирачки шепи, додека задните се опремени со четириклипни шепи.
ПРАКТИЧЕН ЗА ГРАД И ЗА ПАТ Како втор SUV во понудата на Bentley и прв целосно задвижуван од електрична енергија, Torcal влегува во сегмент под Bentyaga, а воедно е попрактичен и поштедлив. Всушност, Torcal е најкусиот Bentley со четири врати. Сепак, нуди извонредно многу простор во внатрешноста, но и во багажникот со волумен од 460 литри, на кој му се придружува и дополнителниот простор од 90 литри сместен под хаубата. Со автономија до 600 km и со можност за полнење на батеријата на брз полнач, Torcal дозволува и долги патувања. Полнењето од 10-80% трае 20 минути на брз полнач. А доколку некому му се брза, со само 7 минути полнење може да извози 160 километри. Внатре се ужива во аудио системот на Naim, составен од засилувач со моќност од 1.780 W, чија моќност се разлева низ кабината преку 28 звучници, поставени дури и во потпирачите за глава. Преку нив до возачот може да допре и звукот на оригиналниот 6¾-литарски V8 на Bentley, од пулсирање во место до татнежот при забрзување под полн гас. Воедно, преку кинестетичките вибратори поставени во седиштата, возачот и совозачот, соодветно на звукот на моторот, ги чувствуваат и неговите вибрации. Исто како да се возат во Bentley со класичен погон. Секако, по желба, сето ова може и да се исклучи и да се патува во целосна тишина. Кој сака да ужива во благодатите на првиот електричен Bentley ќе треба навреме да се пријави во списокот на нарачки. Планот е првите примероци да стигнат до клиентите во летото следната, 2027 година. Цената во Британија стартува нешто под 200.000 британски фунти, нето. Секако, тука не е вклучено исполнувањето на индивидуалните желби преку програмата Mulliner на Bentley. • Љубомир Анастасовски
18 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk 02/3181-108 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
19
| АВТО-МОТО
Претставуваме Mercedes-AMG CLE 646 Spezialanfertigung
БЕСНОТИЛАК ИЗРАБОТЕН ПО МЕРКА
ВО ГОДИНАТА ВО КОЈА MERCEDES СЛАВИ 140 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ, ТОКМУ СО НАМЕРА ДА ГО ПРОСЛАВИ ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ДОСТОЕН НАЧИН, СЕ ПОЈАВУВА ЕДНА ПЕКОЛНА МАШИНА, ЧИЕ ПОЛНО ИМЕ ГЛАСИ: MERCEDES-AMG CLE 646 SPEZIALANFERTIGUNG.
20 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
M
ercedes-AMG CLE 646 Spezialanfertigung, или Mercedes-AMG CLE 646 „Изработен по мерка“, што би бил слободен превод на наставката во името, е чудовиште со кое Mercedes го прославува големиот јубилеј. Чудовиштето доаѓа од погоните на AMG во Афалтербах и е создадено со една јасна цел: врвна возна динамика! Всушност, беснотилаков од купе е тркач хомологиран за возење на улица и за испорака на бескомпромисно возачко искуство на планински патишта полни со свиоци, но и на тркачка патека. За да се исполни намената на овој тркач,„Изработен по мерка“, во Афалтербах под хауба му напикале V8 битурбо, оставиле погон само на задна оска, значително ја намалиле тежината користејќи карбон-фибер, а сетапот на подвозјето го избрусиле за прецизност до совршенство за максимална прецизност. И сето тоа во чест на големиот јубилеј, чиј почеток е пред 140 години, кога Карл Бенц го патентираше првиот автомобил на светот, а брзо потоа Готлиб Дајмлер ја направи првата моторизирана кочија.
АВТО-МОТО |
чудовиште со значително поголема моќност, со шасија развиена за една единствена намена, со ригорозно намалена тежина од околу 170 kg во однос на донорот и со бројни модификации на каросеријата. Резултатот е сеопфатна реконструкција според стандардите на AMG, која заслужено ја носи ознаката: скроено по мерка.
Преку овој модел „Изработен по мерка“, Mercedes сака да ја прикаже својата посветеност кон создавање на најпосакуваните автомобили на светот. Оваа амбиција, водена од иновации, од првиот автомобил создаден во 1886 година до најголемата програма на производи во историјата на марката, ја крунисуваат со Mercedes-AMG CLE 646 Spezialanfertigung. ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛНОСТ Креацијата на Mercedes-AMG CLE 646 Spezialanfertigung почнала со една едноставна идеја на мала група луѓе: како доброто да се направи уште подобро. Односно, како постоечкиот Mercedes-AMG CLE дополнително да се развие за да достигне максимална возна динамика. Меѓутоа, целта не била да се направи само еден примерок, туку да се направи техничката основа која CLE ќе го претвори во комплетен систем за високи перформанси. Тргнувајќи од тука, инженерите на AMG во Афалтербах создале
СРЦЕ НА СТЕОРИДИ Основата на напумпаното срце на CLE 646 е познатиот 4.0 литарски битурбо V8 на AMG во изведбата EVO, со интегриран стартер-генератор. Негова карактеристика е рамно коленесто вратило, кое ги намалува ротациските маси, го олеснува ловот на вртежи и значително го забрзува одзивот на педалот за гас. Преку дополнително менување на мапирањето на моторот и поставувањето на три одвоени круга за ладење, потребни при интензивно возење на патека, моторот е подготвен да ги издржи и најголемите напрегања. Моќноста е подигната на 646 КС, кои стојат на располагање меѓу 6.000 и 6.250 min-1, додека вртежниот момент од 850 Nm има рамна линија меѓу 2.500 и 4.500 min-1. Во целата приказна за моќноста, стартергенераторот учествува со 23 КС и 205 Nm. ОД ПОГОН НА ЧЕТИРИ, ДО ПОГОН НА ДВЕ ТРКАЛА Оваа приказна ја сокрива најголемата преправка во поглед на погонот. Системот AMG Performance 4MATIC+ на донаторот CLE е целосно избришан од равенката. Наместо него, поставен е нов погон кој ги задвижува само тркалата на задна оска. Префрлањето од погон на четири кон погон на две тркала значително ја намалува тежината, но и значително ги подобрува динамичките карактеристики на возилото. Електронски контролиран диференцијал со ограничено пролизгување ја оптимизира распределбата на вртежниот момент меѓу задните тркала, преку варијабилно заклучување на секое тркало, независно едно до друго, кога ќе се јави потреба. Оваа функција ја подобрува тракцијата, стабилноста и возната динамика, а поддржува и дрифтање, кое возачките ентузијасти го обожуваат.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
21
| АВТО-МОТО
ПРЕФРЛАЊЕ СО „ДУПЛИ-КУМПЛУНГ” Енергијата која беснее во CLE 646 е спарена со издржливиот 9-степен автоматски менувач, познат како AMG SPEEDSHIFT TCT 9G. Менувачот е нагоден така за да ги задоволува барањата на спортски ориентираните возачи. Затоа нуди менување со т.н. функција на „дупли -кумплунг”, која повозрасните читатели сигурно ја користеле кај рачните менувачи од постара генерација, посебно оние на товарните возила. Но, ја користат и тркачите кога треба да прескокнат неколку степени надолу, на пример, да префрлаат од петта во втора и слично. Менувачот дозволува молскавично брзи менувања и извршува повеќекратни прескокнувања при менување од повисок во понизок степен, со цел искористување на целосниот потенцијал на моторот. Дел од управувањето со менувачот е и системот Launch Control, калибриран за заден погон. Со него Mercedes-AMG CLE 646 се катапултира од место до 100 km/h во 3,9 секунди, а од место до 200 km/h во 11,4 секунди. Крајната брзина изнесува 310 km/h. ПОТПИРАЊЕ ЗА ПРЕЦИЗНО ВОДЕЊЕ Специјално за Mercedes-AMG CLE 646 е развиено потпирање со опружна нога на сите четири тркала, со можност за нагодување на компресија и отскок и избор на возење со ниска или висока брзина. Потпирањето е развиено заеднички од Mercedes-AMG и експертите од KW. Самото спомнување на името KW, познавачите го препознаваат како врвен избор во овој домен. Широкиот опсег за местење на подвозјето дозволува извонредно прецизно нагодување, какво што бара возачот. Без оглед дали е тоа индивидуален избор, нагодување според карактеристиките на одредена тркачка патека или, пак, нагодување за дрифтање.
ЕСТЕТИКАТА ВО ВТОР ПЛАН Телото на Mercedes-AMG CLE 646 Spezialanfertigung е создадено само за да ги задоволи барањата за врвна возна динамика и високите перформанси. Естетиката била во втор план. Исто како кај тркачките автомобили. Опсежните модификации на каросеријата се направени за да се подобри структурната цврстина, но и за да се задоволат потребите при возење на тркачка патека. За да се постигнат барањата, каросеријата е значително раширена во однос на обичниот CLE, за околу 60 mm, и кај предните и кај задните тркала. Пошироката трага овозможува поголема стабилност и зголемена способност за совладување свиоци. Користен е карбонфибер за проширување на калниците и за огромните шкрги во предните крилја. Редизајнирана е и хаубата, со масивен отвор за довод на ладен воздух директно во моторот. Сменет е и предниот браник, со големи отвори за ладење, а задниот добива масивен дифузор и високо кренато крило, кое генерира 250 kg потисок. Гумите се масивни, со димензии 305/30ZR20 напред и 335/30ZR20 назад. Поставени се на кованите бандажи AMG Performance со димензии 11.0 Ј х 20 и 12.0 Ј х 20, зад кои се кријат масивни карбонкерамички, бушени и вентилирани дискови со димензии 420х40 mm напред и 360х32 mm назад. Сопирачките се пресметани да издржат силни напрегања на тркачка патека без прегревање. ПРИНЦИП НА ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА И ВНАТРЕ И кабината го следи принципот на лесна конструкција. За таа цел се отстранети звучната изолација и задните седишта. Редуцирани се комфорните функции, аудиосистемот е поедноставен, а вратите се обложени со панели од лесен карбон-фибер. Поставен е рол-бар, кој делува како безбедносен елемент и ја подобрува торзиската цврстина на каросеријата. Возачот и совозачот седат во тркачки кади од карбон-фибер и користат појаси во шест точки на врзување, како кај вистинските тркачи. Секој примерок од Mercedes-AMG CLE 646 Spezialanfertigung се произведува рачно во погоните на AMG во Афалтербах. Планирано е од овој тркач за на улица да бидат произведени само 30 примероци. Но, не брзајте да се ставите на листата за чекање, бидејќи сите 30 примероци се продадени на внимателно одбрани колекционери уште пред автомобилот да биде најавен. Иако нема официјална бројка за цената, се шпекулира со суми близу до 1 милион евра. • Љубомир Анастасовски
22 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА БЕЗ ГРИЖИ
СО DIAMOND ПАКЕТ ПОКРИТИЈА И ДО 100K €
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ Деловната полиса на Македонија Осигурување е направена за фирми чии тимови патуваат, со покритие до 100.000 € и поддршка 24/7 на македонски јазик, каде и да се наоѓаат.
INSUMAK.MK
+389 (02) 3115 188 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
23
| АМСМ
• Дали ми е потребна меѓународна
возачка за привремено возење во Америка? Поздрав, Сашо АМСМ: Меѓународната возачка дозвола се издава во согласност со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата, усвоена на 8 ноември 1968 година во Виена. Овој документ е задолжителен при секое патување надвор од државата. Соединетите Американски Држави се потписник на оваа Конвенција, што значи дека Ви е потребна меѓународна возачка дозвола. Потребни документи за издавање меѓународна возачка дозвола: - национална дозвола - две фотографии - лична карта Меѓународната возачка се издава со важност од три години, освен ако националната возачка дозвола истекува за пократок рок. Во тој случај се издава до важноста на националната возачка дозвола.
• Кое е работното време за вадење
на меѓународни документи? Благодарам, Константин АМСМ: Работното време за вадење меѓународни документи и зелен картон е 24 часа во текот на целата година. Изработката на меѓународната возачка дозвола трае не подолго од десетина минути. • Доколку платам членство преку
• Дали возач-почетник може да
вашата веб-страница, како ќе ја добијам членската картичката? Поздрав, Велимир
извади меѓународна возачка дозвола? Поздрав, Мариета
АМСМ: Доколку членството го уплатите преку нашата веб-страница, членската картичка можете да ја добиете по пошта или лично, во просториите на АМСМ.
АМСМ: Меѓународна возачка дозвола може да се издаде на секое лице што има важечка национална возачка дозвола, без оглед на тоа дали е возач-почетник.
*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
24 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
ЧЛЕНСТВО
ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ
02/3181-108
www.amsm.mk 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
25
| АМСМ
ПОДГОТВЕНИ ЗА
СО ПОЧЕТОКОТ НА ЕСЕНСКО-ЗИМСКАТА СЕЗОНА ДОАЃА И ВРЕМЕ ЗА НАВРЕМЕНА ПОДГОТОВК ОД НОВИ УСЛУГИ И ПРАКТИЧНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЧУВАЊЕ И ПРОМЕН КАЈ НАС ВИ СЕ ДОСТАПНИ УСЛУГИ ШТО ЌЕ ВИ ПОМАГНА
НОВО – ХОТЕЛ ЗА ГУМИ ЗА КОМПАНИИ Нова услуга за компании – хотел за гуми, наменет за безбедно и соодветно сезонско складирање на пневматиците од службените возила. Наместо да обезбедувате дополнителен простор за гумите што не се во употреба, сега можете нивното чување да ни го доверите нам. Соодветното складирање ги штити пневматиците од влага, сончева светлина и деформации, помага подолго да ги задржат своите својства и придонесува за продолжување на нивниот рок на употреба. Хотелот за гуми овозможува: • соодветни услови и температура за чување; • заштита од надворешни влијанија и деформации; • брза достапност при следната сезонска промена; За компаниите со поголема флота, новата услуга значи подобра организација, повеќе слободен простор и една грижа помалку при секоја сезонска промена. Искористете ја новата услуга и резервирајте сезонско чување на пневматиците за вашата компанија. Повеќе информации: 02/3181-133
СЕРВИСОТ ЗА ВОЗИЛА ШТО ДОАЃА КАЈ ВАС Кога компанијата располага со повеќе службени возила, сезонската промена на пневматици може лесно да прерасне во сериозен предизвик. Со нашиот мобилен сервис, наместо службените возила да одат во сервис, сервисот доаѓа директно на локацијата на компанијата. Комплетно опременото мобилно сервисно возило овозможува: • редовен сервис; • замена и балансирање на пневматици; • компјутерска дијагностика; • проверка и дополнување фреон за клима-уредот; • интервенции на системот за сопирање; • проверка на осветлувањето; • помали поправки; • водење детална сервисна историја; Повеќе информации и понуда: 02/3181-329
26 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
А НОВАТА СЕЗОНА
КА НА ВОЗИЛОТО, СЛУЖБЕНАТА ФЛОТА И ЗА СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ШТО ГИ НОСАТ ПОСТУДЕНИТЕ МЕСЕЦИ. НА НА ПНЕВМАТИЦИ, ДО СЕЗОНСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛОТО И ОСИГУРУВАЊЕ, АТ НОВАТА СЕЗОНА ДА ЈА ЗАПОЧНЕТЕ ПОДГОТВЕНИ И БЕЗГРИЖНИ.
НОВИ ЗИМСКИ ГУМИ, ПЛУС 50% ПОПУСТ ЗА ПРОМЕНА И БАЛАНСИРАЊЕ Подготовката на автомобилот за зимските услови започнува со пневматиците. Со соодветни зимски пневматици добивате подобра стабилност, контрола и сигурност при ниски температури и променливи зимски услови. Искористете ја сезонската понуда: со купување четири нови зимски пневматици од брендовите VOYAGER, FULDA или SAVA, добивате 50% попуст за нивна промена и балансирање. Достапни се различни димензии на пневматици согласно со потребите на вашето возило. Побарајте понуда: servisskopje@amsm.com.mk Повеќе информации: 02/3181-133 / 071/376-569
ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ЧЛЕНОВИ - БЕСПЛАТНА ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО Навремената проверка е еден од наједноставните начини да се намали ризикот од непријатни изненадувања во текот на зимата. Затоа, нашите АМСМ членови имаат еклсузивна можност за бесплатна зимска проверка на возилото, со која може навреме да се проверат: • антифризот и системот за ладење; • сопирачките и глицеринот; • акумулаторот; • предницата и возната постројка; • амортизерите; • осветлувањето; Покрај бесплатната проверка, АМСМ членството носи и дополнителни заштеди при одржување на возилото: • 20% попуст на вулканизерски услуги во АМСМ Сервис – Скопје Центар; • 20% попуст на работна рака; Бесплатната зимска проверка можете да ја искористите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), во Велес и во Кичево, во периодот од 01.11 до 15.12.2026 година, само со претходно закажување. Повеќе информации и закажување: 02/3181-181
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
27
| АМСМ
ОСИГУРУВАЊЕТО НЕ МОРА ДА БИДЕ КОМПЛИЦИРАНО Различни осигурителни компании, различни покритија, услови и понуди – кога треба сами да ги споредите сите опции, изборот на осигурување може да одземе многу време. Токму тука ви помага Мобилити Брокер. Наместо самостојно да пребарувате и споредувате повеќе понуди, преку Мобилити Брокер можете да добиете предлог приспособен на вашите потреби од осигурителните компании во земјата. Дополнителна вредност е и поддршката која ја добивате при штета – посредување и застапување во текот на постапката, без дополнителен надомест. Тоа значи помалку време потрошено на пребарување, полесен избор и стручна поддршка кога таа ви е најпотребна. Услугите на Мобилити Брокер се бесплатни. За повеќе информации при избор на вашата следна полиса за осигурување: 02/3181-405
Ц КАТЕГОРИЈА – ЧЕКОР КОН НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ МОЖНОСТИ Возачката дозвола за Ц категорија може да отвори нови можности за професионален развој. Во Авто Школа Мобилити Плус е достапна обука за Ц категорија, наменета за сите кои сакаат да стекнат дополнителна квалификација. За полесно планирање на трошоците, обуката може да се плати на повеќе рати без камата, во зависност од платежната картичка: • со VISA AMSM кредитна картичка – до 12 рати без камата; • со Diners картичка – до 12 рати; • со платежни картички на Комерцијална банка – до 6 рати; • со платежни картички на Стопанска банка – до 6 рати; • со платежни картички на НЛБ Банка – до 4 рати; • со Иуте кредит – на 4 рати. Повеќе информации и пријавување: 02/3181-240 / 072/228-195
28 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
* Услугата е достапна за компании со сопствена флота на возила. www.amsm.mk
02/3181-133 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
29
| АМСМ
АМСМ НА СКОПСК
ТРЧАМЕ ВО ЧЕСТ
Осма година по ред, тимот на АМ Но, за нас, ова не е са Учеството има посебно значење бидејќи традиционално тго посветуваме на Затоа овој настан за нас е традиција што нè обе Како голем вљубеник во планинарењето и редовен учесник на и причина секоја година повторно Оваа година, 112 вработени во АМСМ, заедно со дел од децата на нашите Наши претставници имаше на трката на 5 километри, но и на полумаратонската трка
30 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
АМСМ |
КИ МАРАТОН 2026
НА АЛЕКСАНДАР
МСМ е дел од Скопскиот маратон. амо спортски настан. а нашиот млад колега Александар Миновски, кој трагично го загуби животот. единува, сеќавање што сакаме да го сочуваме . а маратонот, Александар останува дел од нашата инспирација да застанеме на стартната линија. е вработени, учествуваа на Скопскиот маратон во негово име и сеќавање. од 21 километар, на која традиционално учествува нашиот колега Давид Тренчевски.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
31
| АМСМ
Euro NCAP
БЕЗБЕДНОСТА ОСТАНУВА ПРИОРИТЕТ НА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА СПОРЕД НАЈНОВИТЕ ПРОТОКОЛИ ЗА ПРОЦЕНКА ОД 2026 ГОДИНА, ПО ИСЦРПНАТА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПАТ И ОБЕМНИТЕ ТЕСТОВИ ЗА СУДИР СПРОВЕДЕНИ ОД EURO NCAP, СЕГА СЕ ДОСТАПНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД БЕЗБЕДНОСНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ ЗА ЧЕТИРИ НОВИ АВТОМОБИЛИ.
Т
естираните автомобили беа на потенцијално големиот европски продавач CUPRA Raval и некои можеби непознати кинески имиња: новиот AION UT, GEELY E2 и Leapmotor B05. Овие три возила беа оценети според најновите протоколи на Euro NCAP, заедно со CUPRA Raval. Опционалниот пакет за безбедност што го нуди CUPRA Raval значително ги зголемува активните технологии вградени во автомобилот и ја подобрува способноста на автомобилот да реагира на потенцијална опасност, особено при возење со мала брзина и на раскрсници, па оттука и оценката од пет ѕвездички. Со импресивна заштита од судир, Raval добива оценка од четири ѕвездички со стандардна безбедносна опрема. Иако би било подобро целосниот пакет безбедносна опрема да биде дел од стандардната опрема, опционалниот безбедносен пакет овозможува возилото да остане прифатливо, а истовремено им дава можност на потрошувачите да изберат дополнителни безбедносни технологии.
32 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
Имињата можеби ви се непознати, но кога станува збор за побезбедно возење, најновите брендови од Кина си поставуваат високи цели и се натпреваруваат со веќе етаблираните европски марки. Новите автомобили продолжуваат да влегуваат на европскиот пазар, испорачувајќи резултати споредливи со оние на добро познатите модели од европски, корејски и јапонски брендови. Овие три нови модели од кинески брендови ја постигнаа максималната оценка од пет ѕвездички. Кинеските модели остануваат сè попопуларни кај европските потрошувачи, сочинувајќи седум проценти од вкупната продажба на нови автомобили во ЕУ и речиси 10 проценти во Велика Британија минатата година. Од 2021 година, како одговор на трендовите кај потрошувачите, бројот на кинески автомобили оценети од Euro NCAP за безбедност се зголеми речиси десеткратно. Сите овие оценки со ѕвездички и детална анализа на перформансите на секој модел се достапни на веб-страницата на Euro NCAP, за потрошувачите да можат да ги истражат безбедносните перформанси при купувањето на нивниот следен автомобил. Безбедноста на автомобилите кај кинеските возила драматично еволуираше откако Euro NCAP го тестираше својот прв автомобил произведен во Кина, во 2010 година. Сè уште има многу работа, но денешните резултати јасно покажуваат дека кинеските производители на автомобили сè уште работат напорно за да ги исполнат високите стандарди што ги очекуваат европските потрошувачи. Би било подобро европскиот бренд CUPRA да понуди активни технологии како стандард, но безбедносниот пакет претсавува компромис. Со активно прифаќање на ригорозните цели на Euro NCAP, особено оваа година, производителите на автомобили покажуваат дека сакаат да испорачаат побезбедни возила за сите учесници во сообраќајот на европските патишта. Euro NCAP продолжува да нуди уште повеќе сознанија за безбедносните перформанси на новите автомобили. Сепак, потрошувачите треба да запомнат дека важен дел од безбедносното патување е возењето - не заборавајте да пробате пред да купите! — Д-р Алед Вилијамс, директор на програмата Euro NCAP.
АМСМ |
CUPRA Raval – 4 ѕвезди (5 ѕвезди со пакет за безбедност)
2026
Безбедно возење: 58% (72% со пакет за безбедност) – Избегнување на судир: 66% (77% со пакет за безбедност) – Заштита од судир: 91% – Безбедност по судир: 95% CUPRA Raval е претставен како спортски електричен супермини модел кој се натпреварува со автомобили како Kia EV2 и Renault 5. Тука е оценет со својата стандардна безбедносна опрема и со опционалниот пакет за безбедност на CUPRA. Постигнува солидни резултати во сите четири категории на оценување, заработувајќи му вкупна оценка од 4 ѕвезди во стандардната спецификација и оценка од 5 ѕвезди со вграден пакет за безбедност. Во кабината, Raval доби високи оценки за удобноста и корисничкиот интерфејс за инфозабава, заедно со робусното откривање на користење на безбедносниот појас и следењето на возачот. Сепак, му недостасува систем за откривање на присуство на деца, кој би предупредил доколку дете е оставено во автомобилот. Raval се одликува со сигурна превенција од напуштање на лентата и силна заштита од возило до возило при автоматско сопирање во итни случаи (AEB). Физичката заштита на автомобилот е импресивна. Тој освои максимални поени на тестовите за странични удари со бариера и фронтална цврстина со целосна ширина, поткрепени со добри перформанси од неговото централно воздушно перниче. Добрите системи за безбедност по судир дополнително ги импресионираа експертите на Euro NCAP. AION UT – 5 ѕвезди
2026
Безбедно возење: 66% – Избегнување на судир: 74% – Заштита од судир: 91% – Безбедност по судир: 88% AION UT е електричен семеен хечбек кој се натпреварува со модели како Mini Aceman, Renault 4 и Volkswagen ID. Polo. Овој кинески бренд сè уште е во повој, но новиот модел постигнува пет ѕвездички за безбедност, покажувајќи добри перформанси во сите четири фази на безбедност. Нашите експерти истакнуваат дека UT премногу се потпира на централниот екран за клучните контроли на возењето. Инфозабавниот систем добива подобри резултати со користење на копчиња и прекинувачи. Моделот загуби поени поради својот систем за препознавање на ограничување на брзината на патот, кој постигна стапка на точност од 68 проценти, како и поради недостатокот на систем за детектирање на присуство на деца, кој издава предупредување доколку детето е оставено во автомобилот. AION UT ги има сите најнови системи за избегнување судири и, освен фронталниот мониторинг во однос на автомобил и мотоциклист кои преминуваат раскрсница, овие системи функционираат добро на сите тест-сценарија. GEELY E2 – 5 ѕвезди
2026
Безбедно возење: 79% – Избегнување на судир: 72% – Заштита од судир: 86% – Безбедност по судир: 95% Еден од попознатите кинески брендови, GEELY, постигна домашен успех со својот E2 (исто така наречен EX2 на некои пазари), откако минатата година беше најпродаваниот автомобил во Кина. За време на оценувањето, малиот електричен хечбек покажа високо ниво на заштита во сите области, заработувајќи пет ѕвездички од Euro NCAP. Добро се користат физичките контроли за клучните команди за контрола на возењето и за инфозабавниот систем на автомобилот, со вкупен резултат од 80%. Стандардната директна детекција на присуство на деца (CPD) ги заработи дополнителните оценки за E2. Сепак, системот за автоматско сопирање во итни случаи (AEB) на GEELY беше неконзистентен, функционирајќи добро во одредени сценарија, но губејќи значителни број поени во други. E2 падна значително на поени откако не успеа соодветно да ги заштити нозете на возачот при симулација на судир со преден поместен агол, но инаку неговите резултати за физичка заштита беа добри. Тестерите на Euro NCAP забележаа дека безбедносниот појас за 10-годишното дете делумно се лизнал од рамото.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
33
| АМСМ
Leapmotor B05 – 5 ѕвезди
2026
Безбедно возење: 66% – Избегнување судир: 77% – Заштита од судир: 92% – Безбедност по судир: 89% Во конкуренција со некои од најпознатите семејни хечбеци во Европа, вклучувајќи ги Renault Megane и Volkswagen Golf, Leapmotor B05 е релативно нов кинески електричен автомобил кој постигнува добри резултати во сите дисциплини за тестирање, особено во категоријата Заштита од судир, со што обезбедува оценка од пет ѕвезди. Иако има систем за детекција на присуство на деца, B05 нема адаптивен систем за ограничување на движењето за различни телесни градби на патниците. Исто така, не препознава кога патникот на предното седиште е седнат во небезбедна положба (со стапалата на контролната табла). Неговите контроли за удобност и инфозабава би имале корист и од поголема употреба на физички прекинувачи. Перформансите на AEB на автомобилот беа исклучителни во сценарија со голема брзина и раскрсница, надополнети со речиси совршен систем за спречување на напуштање на лентата.
34 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
Euro NCAP, исто така, објавува дополнителни резултати оценети според протоколите за 2025 година, вклучително и за Kia K4 (4 ѕвездички / 5 ѕвездички со пакет за безбедност), првично тестирана од ANCAP, со дополнителни ажурирања за тестирање спроведени во Европа, како и за Mercedes-Benz CLE Cabrio (5 ѕвездички) варијанта на купето тестирано минатата година. Првично тестиран од Australasian NCAP во 2025 година, оценките на Kia K4, со некои дополнителни тестирања, се поддржани и од Euro NCAP. Како конкурент на Volkswagen Golf, K4 постојано покажуваше солидни резултати, освојувајќи пет ѕвездички кога беше опремен со опционалниот пакет за безбедност на Kia и четири ѕвездички без него. Mercedes-Benz CLE Cabrio беше тестиран во купеформат минатата година според протоколите на Euro NCAP за 2025 година, а резултатите се однесуваат и на варијантата CLE кабриолет. Кабриолетот со четири седишта и мек покрив, исто така, постигнува оценка од 5 ѕвездички. При тестирање на судири, B05 постигна максимални број на поени и во страничните судири со бариера и во страничните столбови, при што неговото централно воздушно перниче обезбеди целосна заштита од контакт со главата на патникот. Заштитата на карлицата и бутната коска кај ранливите учесници во сообраќајот постигна резултат од 100%. • Мирко Гигов
АМСМ |
ПОДДРШКА НА БЕЗБЕДНОСТА, МЛАДИТЕ И УМЕТНОСТА Поддршка за уличната уметност СТАТУАФЕСТ – 10 ГОДИНИ ПОИНАКВО ЛИЦЕ НА УЛИЦАТА „Слобода е да не го правиш она што не сакаш да го правиш“ Во средината на септември, центарот на Скопје повторно доби поинаков ритам. Улицата „Македонија“ и плоштадот „Македонија“ се претворија во сцена за јубилејното, десетто издание на фестивалот на живи статуи „Статуафест – другото лице на улицата“, во организација на Театроск. Од 17 до 19 септември, повеќе од 20 артисти преку 15 улични акти, ја претворија секојдневната градска динамика во простор за уметност, интеракција и изненадување. Дел од перформансите беа инспирирани и од АМСМ, кој и годинава ја продолжи традиционалната поддршка на фестивалот. Посебен белег на јубилејното издание му дадоа и уметничката инсталација „Силуети од минатото“ на Горан Казанковски и изложбата на Ненад Рафајловски, инспирирана од визуелниот свет што Театроск го создава низ годините. „Статуафест“ и овојпат покажа дека улицата може да биде многу повеќе од простор низ кој поминуваме – таа може да стане место за средба со уметноста, идеите и едно поинакво лице на градот.
Кампања за безбедност на FIA Region I НА ПАТОТ СИТЕ ГО ЗАСЛУЖУВААТ ТВОЕТО ВНИМАНИЕ Во септември, АМСМ се приклучи на новата кампања за безбедност во сообраќајот на FIA Region I за 2026 година, посветена на еден од најчестите ризици зад воланот – одвлекувањето на вниманието. Под мотото „На сите им е потребно вашето внимание“, кампањата потсетува дека и само неколку секунди невнимание можат да бидат доволни за да се создаде ризик за пешаците, велосипедистите, другите возачи и за самите нас. Пораката оди чекор понатаму од вообичаеното „гледајте во патот“. Вниманието значи да бидеме свесни за луѓето со кои го споделуваме сообраќајниот простор и да останеме присутни во секој момент. Затоа што нечија безбедност може да зависи токму од нашата реакција. „Кога вниманието на пат е намалено и фокусот е на друго место, ризикуваме да не забележиме што се случува околу нас“, истакнува Диого Пинто, генерален директор на FIA Region I. Во кампањата учествуваат рекордни 45 клубови-членки, а пораката се комуницира на 24 јазици низ Европа, Блискиот Исток и Африка. Како единствена членка на FIA од нашата земја, АМСМ ја поддржува кампањата и ја реализира нејзината порака на локално ниво. На патот, на сите им е потребно вашето внимание. Не дозволувајте ништо да ви го одвлече фокусот.
Прв Академски час на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ИМ ПОСАКАВМЕ ДОБРЕДОЈДЕ НА НОВИТЕ БРУЦОШИ На 1 октомври, по повод првиот академски час на Униврзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, бевме дел од настанот на кој новите студенти го започнаа своето академско патување. На промотивниот штанд на АМСМ, бруцошите се запознаа со услугите на АМСМ и со Light членската картичка наменета за млади возачи. Имаа можност да ги тестираат своите возачки вештини преку специјално дизајнирана игра, да добијат подароци и да остават порака на нашиот ѕид на тема „Каде води твојата приказна?“. Меѓу одговорите се најдоа „до многу успех“, „до нови искуства и нови почетоци“, „до исполнување на соништата“, па и до „премногу пари“. На сите броцоши им посакуваме успешен почеток, многу нови искуства и сигурен пат кон остварување на нивните соништа.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
35
| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
Безбедност во сообраќај
КАМЕРИТЕ СТИГНАА, НО ТРКИТЕ ОСТАНАА КАМЕРИ – ДА, НО ШТО ПРАВИМЕ СО ДЕЛОВИТЕ ОД БУЛЕВАРИТЕ И УЛИЦИТЕ КАДЕ ШТО НЕМА КАМЕРИ? ТАМУ СÈ УШТЕ ВЛАДЕЕ САМОВОЛИЕТО НА ВОЗАЧИТЕ. ЗОШТО ПОКРАЈ НЕКОИ УЧИЛИШТА ИМА „ЗОНА 30“, А ПОКРАЈ ДРУГИ НЕМА НИКАКВА ТАКВА СИГНАЛИЗАЦИЈА?
Н
еколку месеци наназад, во јавните гласила постојани „гости“ се уличните камери кои треба да го надгледуваат сообраќајот. Поставувањето камери не е ништо ново, ги има најмалку 50 години. Не зборуваме за камерите кај нас, туку за оние во другите земји. Некогаш таму возачите за брзо возење ги „поздравуваа“ со честитка, која им се врачуваше на граничните премини при напуштање на државата. Тоа „таму некаде“ кај нас стигна со големо задоцнување. Камерите требаше да бидат поставени многу порано, сигурно доцниме најмалку три децении. Некои поединци и групи велат дека камерите се луксуз, но грешат. Станува збор за опрема со оптика, а оптиката чини пари. Но, тие пари, народски кажано, не се фрлени за џабе, туку за добро за сите. А кога нешто е за добро, тогаш парите не се најважни. Недисциплината во сообраќајот мора соодветно да се санкционира, бидејќи брзото возење е една од главните причини за сообраќајните незгоди. Камерите се поставија, почнаа да работат и, врз основа на снимките, да казнуваат. Како што велат гласините, некаде дури биле покривани со крпи за да не снимаат. Не знаеме дали е тоа навистина така, но очигледно е дека камерите предизвикуваат отпор кај дел од возачите. Ограничувањето е 50 км/ч, има и толеранција до 57 км/ч (или 55 км/ч?!), а потоа стигнува „честитката“.
36 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
Резултати има, велат официјалните извори. Но, зошто „поплочувањето“ со камери не се одвива побрзо? Има големи делови од булеварите кои не се под надзор, па таму возачите си возат колку што им чини, односно, колку што можат побрзо. Откако се поставија камерите, на интернет веднаш се појавија неколку програмчиња (софтвери) кои ги откриваат местата каде што има камери и го предупредуваат возачот да намали. Уште позагрижувачки е тоа што булеварите и улиците без камери сè уште служат како тркачки патеки. Таму возачите со автомобилите и мотоциклите ги испробуваат своите брзински способности. А од брзото возење сè уште страдаат пешаците, и тоа не каде било, туку на пешачки премини. Во сета оваа „збрка“ со камерите има уште еден симптоматичен момент, зоните со ограничување од 30 км/ч во близина на училиштата и градинките. Некаде тие се обележани со сообраќајни знаци „Зона 30“, но на голем број улици во непосредна близина на училиштата и градинките нема никаква соодветна сигнализација. Па, има ли објаснување зошто е тоа така? • Жарко Атанасоски
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
37
| СТИЛ
„Крокет енд Џонс“
КВАЛИТЕТ ЗА КОЈ ГАРАНТИРА И КРАЛОТ РАЧНО ИЗРАБОТЕНИТЕ ОБУВКИ ПО МЕРКА НЕ САМО ШТО СЕ СМЕТААТ ЗА ПРЕСТИЖ, ТУКУ СЕ ДОЖИВУВААТ И КАКО НЕШТО ВО КОЕ ТРЕБА ДА СЕ ИНВЕСТИРА БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ. АНГЛИЧАНИТЕ МНОГУ ДОБРО ГО ЗНААТ ТОА И ВООПШТО НЕ СЕ ДВОУМАТ КОГА ВО ПРАШАЊЕ Е ИЗБОРОТ.
К
валитетната изработка на чевлите, чизмите (обувките), која се подразбира дека треба да биде и рачна, заедно со шиењето костуми по мерка, е всушност - една од битните карактеристики на мажите што држат до себе, господата од најголемата земја во рамките на Обединетото Кралство. Англискиот стил е надалеку прочуен исто како италијанскиот, кој лесно може да се види и кај многу жени. Освен што не им робува на трендовите во модата, се одликува со елеганција во која важна улога игра традицијата - обично се вели дека префинетоста, отменоста и вкусот во облекувањето не се засегнати од времето. Се разбира, повеќето од нив се верни на „Крокет енд Џонс“ (анг. Crockett & Jones), мануфактурата чиј почеток нè враќа во далечното минато. Уште од 1879 година кога им ја отворила вратата на сите што внимавале на себе, на своето однесување, облекување и слично, а истото важи и за новото поколение. Очигледно дека ништо не е сменето цели 147 години, но во добра смисла. Освен проширувањето - нејзиниот почеток се врзува само со Нортхемптон (градот е познат како престолнина на традиционално чевларство и ден-денес) на нешто повеќе од 100 километри од Лондон (за еден и пол час се стигнува и до Оксфорд), а сега има свои продавници и во Њујорк (САД).
38 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
ОБЛИКУВАЊЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО АНАТОМИЈАТА НА СТАПАЛОТО Таму се две, но сепак, најмногу се концентирани во главниот град на Велика Британија (само во Лондон има шест - една во Бирмингем, продавницата во Нортхемптон е дел од самата мануфактура), без исклучок на Париз (Франција) каде што исто така се две, а има една и во Брисел (Белгија). Луксузот е другото име на „Крокет енд Џонс“ чии основачи се Џејмс Крокет и Чарлс Џонс, кои биле во роднински врски. Првиот е шура на вториот. Како што се зборува, секој имал по 100 фунти - заедничкиот интерес ги здружил, а инвестицијата ја сметале за капитална. И ден-денеска е сопственост на истата фамилија - во овој момент на петтата генерација што го има презимето Џонс. Имено, трите деца на Џонатан (генералниот директор), кој е правнук на Чарлс, исто така се вклучени во бизнисот, па дури и неговиот зет (сопругот на ќерката) одговорен за маркетингот. Во меѓувреме, сите претходници дале сè од себе за нејзиниот растеж, мануфактурното производство се движело само по нагорна линија, без оглед на скромните успеси во почетокот кога работата ја вршеле месните (локалните) чевлари во своите домови, а Џејмс и Чарлс ги добивале готови - со клиентите се среќавале во работилницата на John Street каде што ги земале сите мерки. Побарувачката нагло се зголемила и решиле да купат машини за шиење ѓонови на светски познат пронаоѓач Charles Goodyear - со тоа се поставиле основите на т.н. Goodyear Welted процес, кој набрзо го стандардизирале. Резултатот е водоотпорност, долготрајност и можност да се поправат обувките (било чевли, било чизми). Процесот се користи и ден-денес. Неговата суштина е во тоа што горниот дел на секој чевел и ѓонот никогаш не се сошиваат директно, меѓу нив се става лента (специјална - welt, оттаму и називот). Удобноста не предизвикува сомневање, обликувањето е во согласност со анатомијата на стапалото. Потребни се дури осум недели за изработка на еден чифт чевли, што значи и 200 операции
СТИЛ |
вида телешка кожа, рапава, превртена. Крокодилската кожа и онаа од коњ е дел од ексклузивната колекција. Се разбира, кожени се и ѓоновите, иако за некои модели се употребува и гума, обично за обложување (заштитувајќи ги од влага). Боите, средствата за нивно одржување исто така се со добар квалитет. Вклучувајќи ги и приборите, додатоците како дрвените калапи за чевли на пример, кои се повеќенаменски, каишите, коскените лажици, паричниците, ракавиците од волна за полирање, спрејовите, торбичињата во пар (големи, за чизми), чорапите.
Bond Coat of Arms
(рачна работа, пред сè индивидуална). Благодарение на него, мануфактурата се преселила во друга просторија - многу поголема. На Perry Street е и сега. Работела во континуитет и за време на двете светски војни, чизмите им биле неопходни на војниците (наводно, само во периодот меѓу 1939 и 1945 година произвела еден милион војнички чизми). Кризата за чевларскиот занает во 1970-тите, кога продавниците биле преплавени со евтини обувки (чевли) масовно произведени во Азија, па дури и во Италија, можеби се одразила на работата, но со поставувањето на Џонатан во 1977 година на функцијата директор, дошло до пресврт - иако бил на 24-годишна возраст. Воопшто не се двоумел кој пат да го избере - очигледно дека се одлучил за правилниот. Bond Coat of Arms
ДЕЛОВНО ПАРТНЕРСТВО СО „ЏЕЈМС БОНД“ Од тоа време е луксузот што ù го припишуваат на оваа мануфактура, чии обувки се мерило за квалитет и убав изглед - не случајно кралското семејство во 2017 година ù оддаде признание. Со истото се здоби и пред кусо време, Royal Warrant не е за цел живот - важи само пет години. Толку е потребно и неговите членови да се снабдуваат од неа. Притоа може да го користи и грбот, истакнувајќи го на самите обувки, аксесоарите и слично, а кралот е стар муштерија. „Крокет енд Џонс“ одвреме-навреме ги изработува и чевлите на „Ралф Лорен“. Деловното партнерство со EON Productions е уште една потврда за нивните атрибути тајниот агент 007, Џејмс Бонд секогаш е во нив, почнувајќи од 2012 година во Skyfall, потоа во Spectre (2015-та), па во No Time To Die (2021 година). Повеќе модели на обувки (чизми, чевли) се врзуваат со него, меѓу кои и Hamilton, Highbury 2, Molton. 60-годишнината од Goldfinger ја одбележа со лансирањето на Bond Coat of Arms изработени од црн велур. Кожата што ја користи оваа производствена компанија е со висококвалитетни својства (супстанцијална е зрнестата структура), никако не вештачка - три
Водачот на стиловите со голема сигурност ќе ве убедат во нивното балансирање меѓу она што се смета за класика (строгоста е суштествена) и лежерноста, која се поврзува со современиот човек. За првата важи и формалноста. Токму такви се чевлите „оксфорд“ што се одликуваат со елеганција. Како што се зборува, тие се неприкосновен авторитет - своевидно. Именувани се по студентите на еден од најдобрите универзитети во светот уште во деветнаесеттиот век. Врзувањето е затворено, спротивно од она на „дерби“, а чевлите „монк“, пак, се со ремчиња. Два вида мокасини се познати по леснината, само благодарејќи на калапите за кои се вели дека се превосходни. Перфорацијата на чевлите наменети за дождливо време, активности на отворено, игра важна улога заедно со зрнестата структура на кожата. Има посебна колекција чевли за патување. Сепак, супериорноста на чизмите „чука“ и „челзи“ никогаш не се доведува во прашање. Траат долго, по 20-30 години. Секако дека и жените купуваат во „Крокет енд Џонс“ - во иста мера како и мажите. • Игор Ландсберг
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
39
| ПАТУВАЊЕ
Оксфорд (Англија)
ГРАДОТ НА СОНУВАЧКИТЕ КУЛИ ТАКА ПОЗНАТИОТ ПИСАТЕЛ НА ЛИРИЧНИ ТВОРБИ- МЕТЈУ АРНОЛД ВО СВОЈАТА ПОЕМА „ТИРСИС“ ГО ОПИШАЛ ОКСФОРД, АЛУДИРАЈЌИ НА ХАРМОНИЈАТА ВО АРХИТЕКТУРАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ КОЈ ДЕФИНИТИВНО ГО РАЗБУДУВА И КОПНЕЖОТ - МЕЧТАТА ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО СТВАРНОСТ.
Н
а прв поглед ќе ве натера да помислите дека е само плод на вашата вообразба, но штом се задлабочите во неговата суштина, ќе се уверите дека сепак постои можност да го загубите чувството на реалност, бидејќи ја и вашата желба да останете подолго време. Градот за кој сонуваат сите млади луѓе што се гледаат себеси на висока општествена позиција токму во него да студираат - тамошниот универзитет е најстар во англиското говорно подрачје, а неколку пати е прогласен за најдобар во светот - сигурно ќе ве освои и вас. И тоа со многу нешта. Но, само треба да се одлучите за терминот - со авион до Лондон (летот, ако е директен, трае околу три и пол часа), потоа со автобус или, пак, со воз (доколку се решите за првата опција, автобуски станици има на сите аеродроми, но ако сакате да патувате со железница, ќе мора да се качите на некоја од станиците во центарот на британската престолнина). Растојанието е околу 90 километри. Оксфорд во есен ќе ве маѓепса со својата убавина. Топлите бои совршено се вклопуваат во него - стилот на градбата во универзитетскиот кампус, без исклучок на калдрмисаните улици - како дел од амбиенталниот колорит. Некако се дополнуваат меѓусебно.
40 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
И онака е како на филмско платно, само сега (во овој период од годината) се чини дека добива на таинственост - налик на приказните од англиските серијали чии дејства се случуваат токму таму (вклучувајќи ги и романите, криминалните трилери). Истовремено во октомври се чувствува и голема раздвиженост - почнува новата академска година, студентските домови се полнат (со тоа и пабовите и другите локали каде што се пие и се јаде, па дури и реките по кои студентите возат каици - почитувајќи ја традицијата). МЕЃУ ПОРАНЕШНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДЕНТИ И 73 НОБЕЛОВЦИ Сезоната на фестивалите е во тек - Oxford Science and Ideas Festival, Oxford International Song Festival, Oxford Food & Drink Festival и Ura Matsuri се одржуваат токму сега. Кабаретската програма по повод Ноќта на вештерките е премногу богата, а десеттиот месец во годината е резервиран и за Оxford City Farm, секој петок и сабота, но и за атлетска дисциплина, т.е. полумаратон. Животот дефинитивно се враќа во нормала. Не случајно, бидејќи повеќе од една третина од жителите на овој град се студенти, од вкупно 155.000 лица што
ПАТУВАЊЕ |
Магдален колеџ
постојано се населени во него. Секојдневно пристигаат нови луѓе - странски туристи, кои генерално се интересираат за минатото, повеќевековната традиција, образованието и културниот престиж, готскиот стил во архитектурата... Што ли не. Патем кажано, прекрасно е чувството кога гледате како процесијата на универзитетските студенти во своите наметки се упатува кон местото за т.н. иматрикулација (запишување во матрикулата), обично се одржува во еден од театрите. Овој универзитет не е само образовна институција, „Оксфорд“ е многу повеќе - во секој поглед (особено кога во прашање е квалитетот). Извонредните резултати, способности никогаш не предизвикуваат сомневање. Некои од најголемите умови на светот се алумни на овој универзитет. Меѓу нив и околу 30 претседатели на британската влада (на пример, Маргарет Тачер - хемија, Тони Блер - право). Се спомнуваат Бил Клинтон, Индира Ганди (како што се зборува, PPE - Philosophy, Politics and Economics е насоката што ја сметаат како паспорт за влез во високата политика). Исто така и Малала Јусуфзаи. И Оскар Вајлд и Роуан Аткинсон (Мистер Бин) и Џ. Р. Р. Толкин, а некои се нобеловци (дури 73). За разлика од повеќето универзитети во светот - оксфордскиот е вид федерација на четириесетина колеџи што не зависат едни од други, секој е приказна за себе - туторството е клучен збор. Не постои поделеност во однос на школарината - иста е, но сепак има мала доза на ривалство (на врвот се Christ Church, Balliol College, Merton College и Magdalen College). Нетрпеливост има кога се работи за тоа кој е најстар - University College наводно. Во 1249 година еден благородник по крв и род - Вилијам му ги оставил парите во наследство со цел да се сместат 30 машки лица, создавајќи услови за студирање. Наставата започнала во 1280 година. Затоа е нетолерантниот однос на Balliol College, предавања се држеле и во 1263 година. Но, документите се дадени во 1282 година. Мошне интересно ги раскажуваат приказните, поткрепени со факти.
Универзитетскиот кампус одозгора - Radcliffe Camera во фокусот
14 МИЛИОНИ ПЕЧАТЕНИ ДЕЛА НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ Тие се дел од повеќето туристички водичи низ градот што сигурно ќе ве плени со својата убавина - архитектурата е нешто посебно, хронолошките датуми се многу важни за да се влезе во суштината. Периодот на средновековјето има решавачко значење за понатамошниот развој на Оксфорд - варовиот камен во боја на злато е кохезионен. И есенското лисје во различни бои придонесува за неговата привлечност - го истакнува повеќе. Речиси сите објекти се иконични. Radcliffe Camera во прв план - симболот на градот (студентите го викаат Rad Cam). Има облик на круг - во него е библиотеката, прва од овој вид во Велика Британија. Го носи името на матичниот лекар кој се грижел за принцезата Ана (бил премногу богат - донирал 400.000 фунти за да се изгради). Само во подземниот дел се чуваат 600.000 книги. Го граделе 12 години (1737-1749),
Библиотеката во Christ Church
припаѓа кон неокласицизмот. Проектот е на истиот архитект што го направил планот на Sheldonian Theatre во стилот на барокот (во него се извршува т.н. иматрикулација). Таа е само една од многуте (вкупно 23), оние кои се под Bodleian Libraries (на располагање има 14 милиони печатени дела). Во некои се снимаше и „Хари Потер“, а во фокусот е и мостот на воздишките, именуван како венецијанскиот (слични се). Ги поврзува двата дела од Hertford College. И покрај тоа што навистина се многу - пошироката јавност може да види (одблизу) само два: Christ Church и Magdalen College. По примерот на Големата сала во првиот е донесено и сценографското решение за трпезаријата во серијата за Хари Потер. И катедралата е мајсторско дело, има голема вредност - без исклучок на дворот исто како на вториот (слободно шетаат елени). Посетата на музеите ќе ви го одземе здивот - влезот во Ashmolean Museum не се плаќа, изложени се слики од стари мајстори, но и египетски мумии (на покривот има ресторан - зградата е од 1683 година); природонаучниот и Pitt Rivers Museum се споени во еден - објектот е подигнат во викторијанско време (комбинација од стакло и железо), а збирката од археолошки артефакти, како и фосилните останки се вчудовидувачки. Деновите се исполнети, можете да веслате со чун, да отидете на пазарот (Oxford Covered Market) во центарот на градот (датира уште од 1774 година), таму да испиете по едно кафе, да каснете нешто, да ги пробате колачите „банбери“, да купите сувенири за домашните. Навечер посетете го пабот во кој се состанувале К. С. Луис и Џ. Р. Р. Толкин. Eagle & Child некогаш бил збиралиште на книжевни луѓе, таму е основан и дебатниот клуб Inklings. • Игор Ландсберг
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
41
| ПАТУВАЊЕ
Пелистер
ДОМА КАЈ МОЛИКИТЕ ИАКО ВЕЌЕ ЗАЛАДИ, СЕКОЈ УБАВ ДЕН ОД РАНАТА ЕСЕН ТРЕБА ДА СЕ ИСКОРИСТИ ЗА БАРЕМ НЕКОЛКУ ЧАСА ДА СЕ ПОМИНАТ НА ОТВОРЕНО. А ЗОШТО ДА НЕ СЕ НАПРАВИ И НЕДЕЛНА ПРОШЕТКА ДО ПРВИОТ ПРОГЛАСЕН НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ВО МАКЕДОНИЈА.
Т
оа било во далечната 1948 година. Имено, на 30 ноември тогашниот Президиум донел закон со кој оваа планинска област се заштитува - Пелистер е првиот прогласен национален парк и во поранешна Југославија. По него на листата се Плитвичките Езера во Хрватска, кои биле прогласени дури во наредната, 1949 година. Понекогаш не сме ни свесни за сите убавини што ги има во нашата земја. Или, пак, не доволно. Странските туристи гледаат благонаклонето кон Македонија, предизвикувајќи го нивното љубопитство, а доста често и со нејзините реткости - без сомнение, вклучувајќи ги и домашните туристи, пред сè оние кои сакаат да патуваат во близина. Планината Баба, со врвот Пелистер, на 2.601 метар надморска височина, секогаш е добра идеја - се наоѓа во јужниот дел на земјата и има алпски карактеристики. Постојат две легенди за неговото име. Првата вели дека потекнува од грчкиот збор peristeri (гулаб), додека, пак, втората се поврзува со петигличниот бор - петлистер. Затоа, во извештајот пишува дека најзаслужен за статусот национален парк е петигличниот бор моликата, што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Всушност, ова ендемично иглолисно дрво го има
42 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
и во други планини на Балканскиот Полуостров, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер, ќе наидете на стебла постари од 230 години. НА ИЗЛЕТ ВО ДРУШТВО СО ЛИЦЕНЦИРАН ПЛАНИНСКИ ВОДИЧ Прво треба да стигнете до Битола - потоа, за кратко време сте во подножјето на планината, од каде што можете да се упатите на повисоките места, Сепак, би било убаво да навратите во некое од потпелистерските села, особено ако одите за првпат - тамошните луѓе ќе ви покажат кој пат да го фатите, предупредувајќи ве да внимавате на себе. Со широка насмевка ќе ве поканат на кафе или, пак, на ручек во своите домови, кога ќе се враќате. Зелникот со спанаќ и блитва и тавче-гравчето ќе бидат готови - дотогаш сигурно, во зависност од тоа колку ќе се задржите. Олеснувачка околност е и можноста да најмите (лиценциран) водич што ќе ве воведе во тајните на планинарењето, приспособувајќи го на вас – вашата кондицијата, плановите. Само ангажирајте го навремено. Има повеќе, а сите се добри познавачи на природата, ендемските видови, скриените опасности, но и на места за кои никаде нема да прочитате. Истото важи и доколку сте возач на велосипед - националниот парк располага со велосипедска патека. Има тури што сигурно нема да ве остават рамнодушни, адреналинот е загарантиран.
ПАТУВАЊЕ |
За среќа, на Пелистер ги има во избилство. Одвреме-навреме застанувајте кај брзаците, вдишувајте со широко отворени гради. И сето тоа дополнето со прекрасен поглед на околината - гранитот и шкрилците, кои се како кристали, ќе ве воодушеват и со самото сознание дека настанале уште во палеозојската ера, вклучувајќи ги и глацијалните езера, како и богатата фауна и флора. Секој поединечен елемент придонесува за уникатноста на екосистемот - природното единство на вервериците, вет(е)рушките, видрите, вилините коњчиња, волците, гуштерите, дивите зајаци, дивите свињи, дивокозите, желките, јазовците, каменарките, клукајдрвците, кртовите, куните, лилјаците, лисиците, мечките, орлите, пеперутките, полвовите, полјанките, рисовите, свраките, соклите, творовите, чучу(р)лигите, шакалите и боровите (моликите), буките, габите, дабовите, елите, лековитите билки итн. Вкусни јадења се прават со пастрмки, било пелагониски, било пелистерски - и двата вида ги има во реките, околу 20 по број. Додека се шетате низ шумата, придржувајте се кон прописите целта е јасна, зачувување на природните богатства, но и на инфраструктурата. Влезот се наплаќа. И МАЛКУ ЕДУКАЦИЈА - ЧАС ПО ИСТОРИЈА ЗА СОЛУНСКИОТ ФРОНТ Маркацијата, односно обележувањето на патеките, ќе ви помогне да ја одберете онаа што најмногу ви одговара. Можете да прашате за тоа во информативниот центар, но има и можност за дигитален преглед на истите. Од голема помош е и поделбата на патеките според тежината, лесни, средни и тешки. Првите не бараат физички напор - по нив можат да одат и деца, сите се рамни. Едната ќе ве однесе до излетничкото место познато како Голема ливада, совршена за пикник со семејството. Другата минува низ
Скијањето во зима се подразбира, но дотогаш не пропуштајте да уживате во есента. Нејзината убавина е неверојатна, иако температурите се во опаѓање, а знае да дува и ветар. Како било, вреди да се отиде на излет - макар и еднодневен. Секое од шесте излетнички места е исклучително добро за опуштање, да ви го врати доброто расположение. Ако ве обземе желба, можете да преноќите во хотел, планинарски дом, или вила. Доколку имате време, се разбира. Не мора сè да планирате. Некогаш треба да им се препуштите на чувствата, да го правите тоа што душата ви го сака - ослободени од секаква напнатост (пред сè психичка). Хармонијата на човекот со природата не се доведува под сомневање, без оглед на осквернувањето, односно лишувањето од нивната чистота, со кое генерално се карактеризира современата стварност - свежиот воздух, чистите извори се голема реткост.
морените од гранит кои обично ги нарекуваат „камени реки“, а постои и таква што ја нарекуваат историска. Убавата прошетка е дополнета со малку едукација - час по историја за Солунскиот фронт, за кој неми сведоци се остатоците од рововите и бункерите. Вторите, се наменети за искусните планинари, оние кои го претпочитаат алпинизмот. Крајна дестинација на едната е Големото Езеро, на 2.218 метри надморска височина. Покусиот пат до него води преку Нижеполе (се стигнува за околу три и пол часа, а треба да поминете нешто повеќе од 18 километри). Штом ќе пристигнете и откако ќе си се насладите на убавината, можете да се одморите во планинарскиот дом. Другата, по камењарите до врвот, може многу да ве измори и изискува добра кондиција.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
43
| ПАТУВАЊЕ
На некои места, за да не се заобиколуваат огромните камени блокови, поставени се сигурносни сајли. Копанки е попатна станица. Сепак, има и пристапен пат, шумски полесен, - се минува низ пределот наречен „Широка“ (долг е околу 13 километри во еден правец). Оние што се класификуваат како средни според тежината се карактеризираат со умереност (позитивната енергија е потребна исто како и обувките за пешачење со добар квалитет). Едната е долга околу четири километри во двата правца и завр-
шува во Јоргов Камен, со широк поглед на Пелагонија. Другата, пак, почнува кај селото Маловиште и води кон врвот Вртешка, на 2.010 метри надморска височина, со вкупна должина од околу осум километри. Минува и покрај манастирот „Св. Ана“ (погледот оттаму ќе ве маѓепса - Преспанското Езеро се гледа како на дланка).
44 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
Кога ќе се качите на т.н. Пелистерски Очи, со голема сигурност ќе доживеете пријатно чувство. Бидејќи се наоѓаат на вдлабени места во планината, котата (точката) од која можат да се видат двете глацијални езера е веднаш над планинарскиот дом на Големото Езеро, поточно на самата патека што оди кон Малото Езеро. Легендата вели дека настанале од солзите на двете сестри кои биле заљубени во еден ист овчар по име Пелистер. Големото има длабочина од 14,5 метри. Во него живее ендемски вид ракче, додека Малото е длабоко 2,6 метри. Тоа е живеалиште на алпскиот тритон (редок вид водоземен лазач, познат и како алпски мрморец). • Игор Ландсберг
ГАСТРОНОМИЈА
ТАВЧЕ-ГРАВЧЕ За време на прошетката до Пелистер не пропуштајте да пробате некое од вкусните јадења што вообичаено ги приготвуваат жителите на планинските населби (села), кои ги има и на менијата во тамошните гостилници (ресторани). Тавче-гравчето е само е едно од нив. Се прави со голем мерак, придржувајќи се до рецептОТ што се пренесува од колено на колено.
СОСОТОЈКИ: СОСТОЈКИ (по лице): ШАКА ГРАВ ВОДА КРОМИД ЛУК СУВА ПИПЕРКА МАСЛО СОЛ За запршка МАСЛО ЦРВЕН ПИПЕР НАНЕ И СУВИ ПИПЕРКИ ЗА ДЕКОРИРАЊЕ
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ: Гравот се става во тенџере и се прелева со вода, колку да се покрие целосно. Се клава на оган и се вари, додека да зоврие. Потоа се додава кромид, лук, сува пиперка и малку масло, и се продолжува со варење, додека не омекнат зрната. Штом ќе станат меки, кромидот и сувата пиперка се вадат од тенџерото, се пасираат и повторно се враќаат во него. Се посолува (по вкус). Гравот може да се послужи и вака (сочен, директно од тенџерето) или, пак, да се стави во тавче и да се потпече. На крајот се прави запршка со загреано масло, црвен пипер и нане, и се прелева одозгора. Се декорира со суви пиперки - се послужува топло.
БАНБЕРИ-КОЛАЧИ Рецептот за овие колачи се предава од поколение на поколение, па затоа се сметаат за традиционален деликатес на Оксфордшир. Иако потекнуваат од Банбери (оттаму и самото име), се продаваат и во речиси сите оксфордски пекарници, маркети. Ги подготвуваат и дома – најчесто за посложување со чај.
СОСОТОЈКИ: СОСТОЈКИ (по лице): 1 ПАКУВАЊЕ ЛИСНАТО ТЕСТО (во Англија обично од 320 г) 65 Г ПУТЕР 75 Г КАНДИРАНИ (зашеќерени) КОРИ ОД ЦИТРУСНО ОВОШЈЕ (исечкани) 150 Г РИБИЗЛИ 50 Г ЖОЛТ ШЕЌЕР (кафеав шеќер) 1 ЛАЖИЧЕ ЦИМЕТ 1 ЛАЖИЧЕ МЕШАНИ ЗАЧИНИ ЗА КОЛАЧИ ЛИМОНОВ СОК (малку) 1 БЕЛКА ИЗМАТЕНА ШЕЌЕР (обичен - бел)
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ: Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Обложете го тавчето со хартија за печење, а потоа изматете го путерот - кога ќе изгледа како крем, додајте ги исечканите кори од цитрусно овошје, рибизлите, жолтиот шеќер, зачините и лимоновиот сок (едно лажиче). Добро измешајте, смесата треба да наликува на мелено месо. Ставете го лиснатото тесто на штицата за месење, посипана со брашно. Исечете го на 10 еднакви парчиња, нека се со форма на квадрат. Во средината на секое парче ставете по една лажица од смесата, преклопете го тестото и добро затворете го - треба да изгледа како пакетче. Свртете ги пакетчињата и со оклагија развлечете ги за да добијат овална форма. Внимавајте филот да не излезе. Наредете ги колачите во подготвеното тавче, со спојот од долната страна. Одозгора засечете ги со нож, смесата малку да се гледа. Премачкајте ги со изматената белка и посипете ги со шеќер. Печете ги околу 30 минути, додека не поруменат. Откако ќе се изладат, по желба можете да ги посипете и со шеќер во прав. Банбери-колачите обично се послужуваат заедно со чај во попладневните часови.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
45
читаj, гледаj, слушаj...
„SPIDER-MAN: BRAND NEW DAY“ (СПАЈДЕРМЕН: СОСЕМА НОВ ДЕН)
„FALL SONGS 2026 - CHILL AUTUMN VIBES“ PUBLIC PLAYLIST (SPOTIFY) „СИНИОТ ЧАС“ ПОЛА ХОКИНС
С
иниот час“ од Пола Хокинс е психолошки трилер што ве води на изолираниот остров Ерис - место со само една куќа, еден жител и само еден можен начин за бегство. Островот е дванаесет часа дневно целосно отсечен од копното на Шкотска, а неговата тишина крие тајни што со години не излегле на површина. Некогаш одамна, островот бил дом на Ванеса, прочуена уметница, чијшто неверен сопруг исчезнал пред дваесет години - без трага. Ерис сега е засолниште на Грејс - осамена жена што живее според ритамот на приливот и што го чува минатото на островот. Кога во лондонската галерија ќе биде откриено нешто шокантно, на Ерис ќе пристигне непоканет гостин. Тајните на островот ќе почнат да испливуваат... „Синиот час“ е мајсторски напишан психолошки трилер, кој е истовремено и вознемирувачки и неодоливо напнат. Пола Хокинс уште еднаш ја потврдува својата позиција меѓу највпечатливите и најсуптилни раскажувачи во современата литература. „Синиот час“ е инстант-бестселер на „Њујорк тајмс“, интернационален бестселер, преведен на над 30 јазици, и претставува мајсторски напишан трилер што ја открива темната страна на изолацијата, човечката природа и тајните што ги носи секој дом. •
46 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
еоспорен факт е дека есента предизНжение), викува меланхолија (тажно располоно сепак таа во себе има од сите
убавини - асоцира на златножолтата боја со која природата е обоена, шушкањето на сувите лисја додека одите по нив, дождливото време, кое се чини дека е создадено за седење дома, опуштајќи се со вино и, секако, музика за душа. Есенската плејлиста на платформата за стриминг - „Спотифај“ веќе е направена, јавна е и постојано се дополнува. Сигурно ќе најдете нешто за себе, по ваш вкус - расположението несомнено ќе ви се подобри со „Like Real People Do“, „From Eden“ и „Cherry Wine - Live“ (Hozier), „Sweater Weather“ и „Cry Baby“ (The Neighbourhood), „We Fell in Love in October“, „October Passed Me By“ и „Dot(.)“ (Girl in Red), „Juna“ и „Bags“ (Clairo), „Stick Season“ (Noah Kahan), „Gilded Lily“ и „Always Forever“ (Cults), „Ceilings“ (Lizzy McAlpine), „Older“ (Sasha Alex Sloan), „Duvet“ (Bôa), „Coffee“ (Beabadoobee), „I Drink Wine“ (Adele), „The Night We Met“ (Lord Huron), „Tennessee Orange“ (Megan Moroney), „Dark Red“ (Steve Lacy), „Something in the Orange“ (Zach Bryan) , „Weren’t for the Wind“ (Ella Langley), „Do You Believe in Magic?“ (The Lovin’ Spoonful), „Cardigan“ (Taylor Swift), „Cherry“ и „Little Freak“ (Harry Styles), „This Is What Autumn Fells Like“ (JVKE), „I Love You, I’m Sorry“ и „I Told You Things“ (Gracie Abrams). Музиката ја има таа моќ. •
чија светска премиера се одржа Фтемелиилмот, на 27 јули во Dolby Theatre (Холивуд), се врз ликот на Човекот-пајак (Спај-
дермен) од стриповите на Марвел, го продуцираа Columbia Pictures, Marvel Studios и Pascal Pictures, а дистрибуцијата ја врши Sony Pictures Releasing. Ова е 38-то филмско остварување на Marvel Cinematic Universe (MCU), четврти филм од серијалот за Човекот-пајак, неполни пет години по „Спајдермен: Нема пат до дома“ (2021 година). Во него, Питер Паркер е сам и целосно посветен на чувањето на градот Њујорк, како што тоа го прави и неговиот суперхерој (Човекот-пајак). Само благодарејќи на личната борба и прекумерната работа, моќта (големата сила) која ја има постојано еволуира, особено кога се соочува со нова закана, овој пат телепатска. Паричните средства со кои се располагаше за време на снимањето (225 милиони долари) не само што се вратени за кратко време, туку и заработката е огромна (дури 2.335 милијарди долари), што се должи на многукратниот успех, генерално. Автор на музиката е Michael Giachhino. Жанр: авантуристички, акционен, научнофантастичен, филм за суперхерои Актери: Tom Holland, Zendaya, Sadie Sink, Jacob Batalon, Jon Bernthal, Florence Pugh, Tramell Tillman, Marisa Tomei, Mark Ruffalo Режија: Destin Daniel Cretton •
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
47
| HI TECH
„Икс 1“, најголемиот авион на електричен погон
НОВА ЕРА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ЛЕТАЛА ЕЛЕКТРИЧНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПОЛЕКА ГО ОСВОЈУВА И НЕБОТО. ЕЛЕКТРИЧНИОТ АВИОН ГО ИМАШЕ СВОЈОТ ПРВ ЛЕТ, А СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА СЕРИСКИОТ МОДЕЛ Е НАЈАВЕН ЗА 2028 ГОДИНА.
Н
еколку пати сме пишувале за авиони на електричен погон. И овој пат ќе пишуваме за нив, но авионот кој ќе го претставиме прави голем исчекор во авионската индустрија. Денот 12 август 2026 година ќе биде запомнет по првиот лет на најголемиот електричен авион. За изненадувањето да биде уште поголемо, леталото не е конструирано од „Боинг“, „Ербас“, „Тупољев“ или „Иљушин“, „Де Хавиленд“ или „Ембраер“, туку од брачната двојка Андерс и Клара Форслунд. Андерс е конструктор на летала и вселенски летала, како и основач на Харт Аероспејс, додека неговата сопруга ја има организациската улога и исто така учествува во создавањето и развојот на компанијата. Харт Аероспејс е основан во 2018 година во Гетеборг, но од минатата година компанијата оперира од Калифорнија, односно од Лос Анџелес. Леталото создадено од спомнатиот брачен пар по ништо не се разликува од останатите летала и, ако некој не ви каже дека е
48 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
електрично, нема ни да забележите. Нема некој исклучителен дизајн, туку сè е подредено на веќе виденото и испробаното. Компанијата создала летало за 30 патници, досега најголемото на планеатава. Протитипот е наречен „икс 1 (харт аероспејс икс 1)“, а првиот лет го имаше на 12 август оваа година. Летот траел 27 минути, на висина од околу 350 метри. Брзината на летање не е официјално наведена, но според првичните карактеристики на леталото, крстосувачката брзина е околу 250 - 260 км/ч. Летот е
HI TECH |
изведен од меѓународниот аеродром Платсбург, кој се наоѓа во близина на Њујорк и е остварен само со помош на електричен погон. Во иднина, за серискиот авион, планиран е хибриден погон. Ако авионот лета само со електричен погон, неговиот радиус на лет ќе биде околу 200 - 210 км, а со хибридниот погон авионот ќе може да прелета и над 800 км. Ако полначите се соодветни, тогаш системот од батерии ќе биде подготвен за нов лет по само 30 минути полнење. 23 метри во должина, распон на крилата од 32,3 м и ширина на трупот од над 2,2 м, тоа се димензии слични, односно малку помали од оние на сегашните „атр 42“ и „де хавиленд даш 8“. Внатрешната висина не е објавена, но според останатите димензии може да се насети дека кабината ќе има висина од околу 1,95 м, што е приближно иста висина како и во останатите денешни летала од оваа класа. Откако е направен првиот лет во шест чекори - полетување, искачување до договорената висина (во случајов 350 м), прав лет, маневрирање (вртење лево и десно, понирање) и слетување, конструкторите сега ги сумираат резултатите од летот. Во иднина се планирани уште неколку експериментални летови и сè така до 2028 година, за кога е најавен првиот лет на серискито летало, кое ќе го носи името „ес 30“. Засега, повеќе или помалку, сè оди според планот, а како ќе се одвиваат работите во иднина, времето ќе покаже. Наше е да го следиме развојот на сериското летало „ес 30“ и да ве известиме за секој негов напредок. • Жарко Атанасоски
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
49
| ОЛДТАЈМЕРИ
Тиквешки гроздобер 2026
ЕДНА ПОИНАКВА АВТОМОБИЛСКА ПРИКАЗНА ЉУБИТЕЛИТЕ НА АВТОМОБИЛСКАТА ИСТОРИЈА, КЛАСИЧНИОТ ДИЗАЈН И ДОБРАТА АТМОСФЕРА НА 6 СЕПТЕМВРИ ИМАА МОЖНОСТ ДА ВИДАТ ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ НА ТРКАЛА ШТО СЕ ОДРЖУВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНО НЕКОЛКУ ГОДИНИ.
В
о рамките на Тиквешкиот гроздобер 2026 се одржа вистинска изложба на олдтајмери, каде што легендарните автомобили ја оживеаја приказната за едно поинакво автомобилско време проследено со голем број емоции кај постарите посетители, како и љубопитност кај помладите посетители. Од ретки класици до добро зачувани автомобили со душа и историја - секој олдтајмер носеше своја приказна, секој љубител на автомобили имаше што да види, а тоа беше проследено во духот на традицијата и добрата забава што е позната за овој град во нашата земја. Сјајниот хром, препознатливиот звук на моторите и безвремениот дизајн нè вратија во едно убаво и поинакво време - време кога автомобилите имаа карактер и секој модел имаше своја приказна. Посетителите имаа можност да ги видат автомобилите одблизу, да се дружат, да направат фотографии и заедно да создадат уште една незаборавна гроздоберска приказна што е својствена за овој град, како и пошироко. Преовладуваа стари автомобили речиси од сите марки, неколку мотоцикли, како и еден стар трактор што го обележа настанот. Во еден дел беа поставени тјунирани возила, автокозметика, како и некој стар мотоцикл. Организаторот се потруди на влезот во градот да добие пакување со грозје што е симбол на Кавадарци. Иако беше топол ден, сепак тоа не ги спречи посетителите од цела земја да го посетат овој настан и да се фотографираат со старите и безвремени автомобили изложени во центарот на градот. Организацијата на настанот беше на високо ниво. Возилата беа
50 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
внимателно поставени, така што посетителите имаа можност да ги разгледаат од сите страни, да влезат во нив, да разговараат со сопствениците и да се фотографираат. А сопствениците, мора да признаеме, навистина оставија силен впечаток. Големиот интерес од страна на граѓаните, како и можноста АМСМ Клуб Мобилити да подготви репортажа за своето членско списание, дополнително придонесоа за успешноста на целиот настан. На учесниците им посакуваме уште многу вакви собири, а на организаторот и идната година поуспешен и попосетен настан. Се гледаме на наредниот гроздобер... • Андријан Трипунов
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
АМСМ Скопје – Центар 02/3181-181
АМСМ Скопје – Чаир
АМСМ Велес
АМСМ Кичево www.amsm.mk 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
51
| ИСТОРИЈА
„Сбаро Аутомобили“
ПРЕД СÈ, ПОСЕБНОСТ И ЕКСТРАВАГАНЦИЈА! АВТОМОБИЛСКИОТ ВИЗИОНЕР ФРАНКО СБАРО ЈА ОДБЕЛЕЖУВА 55-ГОДИШНИНАТА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА СВОЈАТА КУЛТНА РАБОТИЛНИЦА, КОЈА ПРОДОЛЖУВА ДА ПРЕТСТАВУВА ИНСПИРАЦИЈА ЗА УНИКАТНИ ИНЖЕНЕРСКИ ОСТВАРУВАЊА. НЕГОВАТА РАБОТА ОСТАНУВА СИМБОЛ НА СТРАСТ И НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВООБИЧАЕНИТЕ ПРАВИЛА ВО АВТОМОБИЛСКИОТ ДИЗАЈН.
Д
али зборот „сбаро“ ви звучи познато? На прв поглед, можеби звучи како и секој друг збор, но за најголемиот дел од читателите веројатно е целосно непознат. Сбаро е презиме, а корените му се италијански. Токму тој дел од светот, од Апенинскиот Полуостров, потекнуваат голем број врвни автомобилски конструктори на автомобили, а меѓу нив е и Франко Сбаро. Најголем дел од овие конструктори се творци на прекрасни и препознатливи автомобили, но кога станува збор за посебност и поинаков пристап кон автомобилскиот дизајн, Франк Сбаро е еден од највпечатливите конструктор. Неговите автомобили се толку различни од сè што сме навикнале да гледаме, што речиси секогаш привлекуваат големо внимание кај јавноста. Да се биде врвен мајстор-конструктор и истовремено вистински виртуоз во својата работа, е нешто што им успева само на малкумина. Токму затоа тие се издвојуваат од останатите – не само поради своите знаења и вештини, туку и поради способноста да создадат нешто што другите не би се осмелиле ниту да го замислат. Веќе забележувате, во ова издание пишуваме за Франко Збаро, основачот на работилницата „Сбаро Аутомобили“ и за јубилејот-55 години од нејзиното постоење. Ф. Сбаро е роден во Италија, а во 1957 година, на 18-годишна возраст, се преселува во Швајцарија за да работи како механичар. По две години купува мала гаража во која работи со голема страст, а во тоа време тесно соработува и со производителот на автомобили „Боргвард“ (Borgward).
52 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
По извесно време се сретнува со дипломатот Жорж Филипинети, сопственик на „Скудерија Филипинети“ (Scuderia Filipinetti) и увозник на автомобилите од марката „Ферари“ (Ferrari) за Швајцарија. Откако увидел дека Ф. Сбаро е врвен талент, му понудил работа, што овој ја прифатил. Почнува како механичар, но за кусо време станува шеф на механичарите и менаџер на тркачкиот тим „Скудерија Филипинети“. Кога работилницата била затворена за време на викендите, Ф. Сбаро редовно одел на легендарните патеки (Леман, Нирбургринг, Спа Франкошамп), каде што дополнително ги „фризирал“ моторите, менувачите и подвозјата на исто така легендарните „форд гт 40“, „ферари п 3“ и „ац кобра“, а сето тоа дотерување се правело во „пет до дванаесет“. Не е мала работа да бидеш одговорен за прецизното и фино подесување на тркачките автомобили. Ако ви е доверено такво нешто, тоа значи дека сте не само врвен мајстор туку и многу повеќе од тоа. Замислете, големиот Енцо Ферари му дозволувал на Франко Сбаро да ги модифицира неговите тркачки болиди, а гигант како „Ford“, со толку многу инженери, му ја доверувал оваа посебна задача токму нему. Едноставно умеел со тркачките автомобили – тие му биле и страст и живот, или како што вели нашиот народ, „ја имал работата во малиот прст“. Во 1965 год. Ф. Сбаро го конструира првиот автомобил за Скудерија Филипинети, прототипот „сбаро купе филипинети I“. Популарната „буба“ на „Фолксваген“ ја претвора во суперкупе, а инспирација за дизајнот ја црпи од „фолксваген карман џија“. Автомобилот, со 1,6-литарски воздушно ладен боксер-мотор (од Фолксваген) и со каросерија изработена од фиберглас, тежел само 800 кг и постигнувал крајна брзина од 160 км/ч. Овој модел Ф. Сбаро му го подарува на семејството Филипинети. Вториот автомобил „сбаро филипинети II“ го конструира две години подоцна (1967), исто така на основа од „буба“, но со радикално изменет дизајн. Овој примерок го купува семејството Филипинети.
ИСТОРИЈА |
Сбаро бмв 328
Во 1968 година, Ф. Сбаро ја напушта „Скудерија Филипинети“ и отвора своја работилница именувана како AКA (Ателие де Конструкцион Аутомобиле). Третиот автомобил направен од Ф. Сбаро е „сбаро доменика III". Всушност, автомобилот е нарачка од банкарот Пјер - Ив Морг д‘ Алг, кој живеел во Лондон. При нарачката тој навел дека сака автомобилот да го носи името од неговата сопруга, Доменика. Банкарот сакал нешто ултра брзо, а Сбаро ја преточил неговата желба во речиси чиста тркачка класика, бидејќи возилото било правено на основа од „форд гт 40“ со громогласниот 4,7-литарски V8 мотор. Откако автомобилот бил готов, Сбаро одлучил лично да му го предаде на Пјер - Ив Морг д‘ Алг. Тргнал на пат, но разните нечистотии по патиштата ја оштетиле бојата на предниот дел од автомобилот. Оштетувањата биле неминовни, со оглед на екстремно нискиот преден дел од суперкупето. Договорот си е договор и купето морало да биде предадено на сопственикот, но како да се направи тоа со видливи оштетувања на бојата. Дали Сбаро му одбил од договорената цена, тоа не знаеме, но знаеме дека темно зеленото купе повторно било обоено, овој пат со бела боја. Екстравагантниот автомобил не можел да остане незабележан, особено не од Ерик Бродли, легендарниот основач на „Лола Автомобили“ и еден од дизајнерите на „форд гт 40“. Тој се воодушевил од тоа како Ф. Сбаро тркачкиот автомобил го претворил во друмски болид и веднаш побарал од маестрото да му направи и нему суперкупе и нему, користејќи ја основата од „лола т70 мк III“. Замислете, основач и конструктор на „Лола Автомобили“, како и еден од создавачите на легендарниот „форд гт 40“, остава некој друг да му направи уникатно купе! Можете ли сега да си замислите која величина е Франко Сбаро во автомобилскиот свет? Иако бил крајно непознат за пошироката јавност, нему му доаѓале на „поклонение“ легендарни конструктори – луѓе кои оставиле длабоки траги во автомобилската историја. Ф. Сбаро му ветил на Ерик Бродли дека
ќе го испорача неговиот автомобил за три месеци, точно пред изложбата на тркачки автомобили во Лондон. Речено – сторено. Кога јавноста на изложбата го видела автомобилот„сбаро лола т 70 мк III“, Ф. Сбаро добил уште 12 нарачки. Времето одминувало и во 1971 година Ф. Сбаро одлучува да отвори нова работилница, именувана како „Сбаро Аутомобили“, со цел да ги изработи нарачаните реплики на моделот „ сбаро лола т 70 мк III“. Малку подоцна, во 1973 година, од работилницата излегува „ сбаро св - 1“. Најчудното или најбизарното кај ова купе е неговиот мотор, составен од четири (2х2) Ванкелови мотори со по 500 кубика, или вкупно 2,0 литри, кој развивал 300 коњски сили при 5.500 вртежи во минута. Автомобилот многу лесно забрзувал и без никаков проблем постигнувал брзини од над 190 км/ч. Единствениот произведен примерок од „ сбаро св - 1“ бил прикажан за првпат во 1973 година на Салонот за автомобили во Женева. И надалеку познатата модна куќа „Пјер Карден“ соработувала со „Сбаро Автомобили“. За еден примерок од моделот „сташ“ од 1975 година, Пјер Карден лично изработил дизајн за внатрешноста, а автомобилот бил прикажан на Салонот за автомобили во Париз. Вистински ултралуксуз во само еден екстремно редок модел. Секое појавување на автомобилите Сбаро беше еден вид празник за очите, кој секогаш предизвикуваше силни емоции и воодушевување кај публиката. На пример, „сбаро супер 12“ е комбилимузина (хечбек) со два редни шестцилиндрични мотори од „Кавасаки“ со зафатнина од 1,3 л. Моторите биле сместени зад предните седишта, со погон на задната оска, но не заеднички, туку едниот мотор го задвижувал левото, а другиот десното тркало. Доколку едниот мотор бил малку побрз во преносот на силата, доаѓало до драматично занесување на автомобилот. Поради ова, произведен е само еден таков примерок. Сепак, Франко Сбаро го решил и овој проблем. Моторите од „Кавасаки ги заменил со еден V8 мотор од „Ферари“, со што моделот добил името „супер осумка“. И покрај сета умешност на Ф. Сбаро, овие два автомобили никогаш не биле хомологирани за секојдневна употреба во сообраќајот затоа што биле едноставно премногу диви.
Франко Сбаро (десно) покрај моделот „челинџ“ во 1985 год.
Сбаро челинџ (1985)
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
53
| ИСТОРИЈА
„Правам тоа што луѓето веќе не се осмелуваат да го прават. Проблемот со современите производители на автомобили е што тие дизајнираат со помош на некакви комисии, фокус-групи и анкети на потрошувачите. Јас дизајнирам водејќи се од емоции и интуиција.“ Франко Сбаро
Сбаро хроно (1990)
Сбаро монстер г (1985) Сбаро еспера еспас спајдер (1998)
Тука треба да го споменеме и најпродаваниот автомобил од работилницата Сбаро. Станува збор за реплика на легендарниот „бмв 328“ ( 1936 до 1940 година) произведен во 464 примероци, Ф. Сбаро добил нарачки од дури 135 купувачи и сите автомобили биле испорачани на време. Големо внимание заслужува и концептот „сбаро монстер г“- шасија од „ренџ ровер“, во неа сместен мотор V8 (Мерцедес - Бенц, 6,3 л, 350 КС), а тркалата се позајмени од „боинг 747“, висина 2,3 м. Неговата теоретска максимална брзина изнесува помеѓу 200 и 210 км/ч, а произведен е само еден примерок. Уште еден уникат е „Сбаро осмос“ од 1989 год. Овој концепт се одликува со специфични „орбитални“ тркала без централна главина и екстремно заводлив дизајн, потег препознатлив само за визионер како Ф. Сбаро. Позади е сместен V12 мотор со 350 КС позајмен од „Јагуар“. Автомобилот постигнува максимална брзина од 266 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за само 5,0 секунди. Ова возило е високо едвај 100 см, долго е 450 см, а има импозантна широчина од 211 см. Моделот „хроно“ датира од 1990 година, кога беше претставен на салонот за автомобили во Женева. „Сбаро хроно“ е суперроудстер со должина од само 305 см, широчина од 187 см и висина
Сбаро исатис (1993)
54 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
од едвај 100 см. Моторот има шест цилиндри во линија со зафатнина од 3,5 л, масивни 500 КС при 9.000 вртежи во минута на задна оска, преку петстепен обичен менувач. Тоа е истиот мотор што се вградуваше во „бмв м1 прокар“. „Сбаро хроно“ е побрз од 0 до 100 км/ч (3,5 сек) и од легендарниот „ферари ф 40“, последниот автомобил правен под диригентската палка на Комендаторе Енцо Ферари. Како нема да биде побрз кога чудото на четири тркала тежи само 650 кг (1,3 кг / 1 КС). А што ќе кажете за „сбаро еспас спајдер“ од 1998 година. Станува збор за еднопросторно возило претворено во отворена спортска изведба. Дизајнот е на Ф. Сбаро, а автомобилот е конструиран од неговите студенти во училиштето за конструкција и дизајн „Еспера Сбаро Дизајн“, во тесна соработка со инженерите од „Рено“ и „Матра“. „Сбаро челинџ“ е уште една креација која го разбуди светот со својот облик, брзината и рекордниот коефициент на отпор на воздухот за тоа време (1985 – 1988) од само 0,25 - 0,26, како и со камерите наместо класични ретровизори. Во овој модел се вградувале три различни мотори, мерцедесов V8 5,0 л со двоен тубо полнач (350 КС), како и 3,0 л (300 КС) и 3,3 л (400 КС) шестцилиндрични боксер-мотори од Порше. Максималната брзина со овие мотори изнесувала 300, 290 и 320 км/ч , при тежина на возилото од само 1.200 кг. Каде е денес „Сбаро Автомобили“? Работилницата можеби сè уште би направила автомобил за некој исклучителен купувач, но денес „Сбаро Аутомобили“ првенствено функционира како училиште за автомобилски дизајн и консултантска фирма за инженерство по нарачка. Оваа година „Сбаро Автомобили“ слави 55 години од своето постоење. Со овој јубилеј, само го потврдува својот статус на вистинска икона и една од најфасцинантните автомобилски работилници во историјата. • Жарко Атанасоски
Колумна своерачно
АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ
СПРИНТ ТРКИ „НОВАТА РЕАЛНОСТ“ ВО АВТОМОТО СПОРТОВИТЕ ГО ПРОДЛАБОЧИ ПРОЦЕСОТ НА РАЗВИВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОМОТОРИТЕ И АКУМУЛАТОРИТЕ, ОД ЕДНА СТРАНА, НО И НА СПРИНТ-ТРКИТЕ КАКО СÈ ПОЗАЧЕСТЕНА СТАВКА ВО КАЛЕНДАРОТ, ОД ДРУГА СТРАНА.
О
на што започна како сезона со радикални промени на правилата, беше дочекано „на нож“ од возачите и инсајдерите, кои поентираа дека треба да се вози по некои нови правила и дека класичното „напаѓање“ на времињата е помалку важно отколку чувањето на енергијата и отпуштањето на педалот. Гласот на разумот доведе до компромис среде сезона, намалување на дозволеното полнење на енергија по круг беше скратено од 8 мегаџули на 7 мегаџули, брзото полнење на батеријата беше зголемено од 250 кв/ч на 350 киловати на час, како и постепено менување на соодносот од 50:50 меѓу бензискиот и електро моторот. Во недостаток на енергија од моторот со внатрешно согорување, возачите мораа да го отпуштаат педалот за гас на правците, а кусите зони за сопирање не овозможуваа посакувано полнење. Затоа, по само неколку трки, тој сооднос беше корегиран, односно дозволено моторот со внатрешно согорување да добие 60%, со постепен пораст во 2027 и 2028 година, а електромоторот да учествува со 40% од перформансите. Во 2026 година добивме 5 гран при викенди со спринт-трки, но веќе во 2027 година нивниот број е удвоен на десет. Календарот повторно опфаќа 24 трки. Во Мото ГП, веќе неколку сезони спринт-трките се возат на секој Гран при викенд, добивајќи го саботниот термин (некогаш во минатото резервиран за квалификациите), при што за разлика од Формула 1, немаше дополнителни квалификации за спринт-трките. Од 2027 година и во Мото ГП ќе се возат дополнителни квалификации за спринтот, на сметка на вториот тренинг, кој досега траеше 60 минути, а во иднина ќе биде скратен на 30 минути, со дополнителни 15 минути за новата квалификациска сесија. Возачите, меѓу кои поранешниот шампион Франческо Бањаја, отворено бараа воведување на нов систем, бидејќи според постојниот, истите квалификациски резултати важеа за двете трки. Бањаја беше дел од групата која се залагаше најбрзите времиња постигнати во спринт-трката да бидат користени за формирање на стартниот поредок во трката на Гран при трката.
Во овие колумни никогаш не се стеснувам од изнесување на сопствено мислење, па така и во овој случај сакам да ја поздравам одлуката стартниот поредок во спринт-трката да се решава со посебна сесија. Решението со времињата од трката ми делува антизабавно, бидејќи ако возачите се наредат во колона според вистинскиот распоред на силите, потенцијално може да нема ниту едно престигнување. Исто така, не ми се допаѓаат решенијата со ротација на првопласираните, при што најбрзите се казнети да стартуваат од задните позиции. Според моите согледувања, организаторите бараат начин како да го подобрат спектаклот и да ја збогатат викенд-програмата, особено за оние што дошле на автодромот да ги поздрават пилотите, наместо да седат во удобната домашна фотелја. Но, промотерите исто така сакаат да заработат повеќе и да продадат поскапи ТВ права, креирајќи повеќе програмска содржина. Ваквата „набиена“ агенда не е особено пријатна, па и возачите, механичарите и инженерите се изложени на далеку поголем стрес, а дополнително, кај публиката се создава чувство на заситеност поради зголемениот обем на преноси. Би поздравил размислување со кое би се адресирале извесни разграничувања, а би се задржал посакуваниот ефект од повеќе преноси и повеќе содржини за публиката. Едноставно, како во светот на скијањето, има првенство во слалом, велеслалом, супер велеслалом и спуст. Може да се креираат дисциплини во рамки на истиот спорт, а наградувањето да биде посебно, со посебни правила, а не да се мешаат „баби и жаби“. На крајот, може да се добие и победник во генералниот пласман. Во пракса, тоа би изгледало вака: поени за најдобрите во квалификациите и посебно прогласување, потоа посебни поени и прогласување за спринт-трките и, се разбира, посебна конкуренција за Гран при трките. Можеби некому ќе му недостигаат и трофеи за најбрзите кругови во трките, но поентата е јасна - нека има повеќе конкуренции и јасно разграничување, не мора сè да биде решено со една титула. •
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
55
| СПОРТ
Светско првенство во мотоциклизам
АКОСТА Е НОВ ФАКТОР ВО ТРКИТЕ! ПО ДОЛГА СЕРИЈА ОД 15 ПЛАСМАНИ НА ПИЕДЕСТАЛОТ БЕЗ ОСВОЕНА ПОБЕДА, ПЕДРО АКОСТА КОНEЧНО СЛАВЕШЕ НА ТРКАТА ВО АВСТРИЈА, А ВЕЌЕ НА СЛЕДНАТА ПОКАЖА ДЕКА ИМА НАМЕРА И ДА ОСТАНЕ НА ВРВОТ, ИАКО ВО ПОСЛЕДНИОТ ОБИД НЕ БЕШЕ УСПЕШЕН.
В
о екот на борбата за шампионската титула меѓу возачите на Дукати и Априлија, постепениот раст и стекнувањето искуство на Педро Акоста беа забележливи, па се поставуваше само прашањето кога ќе дојде време неговите резултати да еруптираат. Последната победа на еден возач во Мото ГП којшто не возел за Дукати или за Априлија е онаа на Алекс Ринс со ЛЦР Хонда во 2023 година. По пауза од три години, сега Акоста ги прекина фаворитите во нивната меѓусебна борба, токму на домашното гран при за неговата екипа КТМ - трката за Големата награда на Австрија. Но, Мото ГП не е најлесното место за остварување на соништата. Во саботната сприн-трка, која ù претходеше на неделното гран при, Акоста падна додека беше во водство. Иако беше доминантен на асфалтот, една мала грешка скапо го чинеше и направи воведот во гран-при трката да биде трауматичен. Според неофицијални пишувања на другите медиуми, тој на своите инженери во гаражата им рекол дека направил грешка при изборот на точката за сопирање во свиокот број 2, затоа што го следел движењето на горивото на инструмент-таблата. Прославувајќи на патеката во Шпилберг, ден подоцна, Акоста ја рекреираше истата сцена и заедно со моторот повторно легна на асфалтот. - Дојдовме до момент кој го сметам за личен, бидејќи сметав дека имам капацитет за тоа, но немав доволно можности овие 3 години, бидејќи Дукати и Априлија се како на друга планета споредено
56 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
Педро Акоста - 2026
со останатите. Таквите шанси се малку, па грешката во спринтот многу ме болеше. Беше тешко да се сфати дека ја фрлив таа шанса во канта за отпадоци, но затоа, пак, денес ми се исплатеше. Не постоеше друг начин. По најглупавата грешка во мојата кариера, едноставно не постоеше друг начин за прослава. Во спринт-трката неговата грешка ја искористија ривалите кои се борат за шампионската титула: Хорхе Мартин го освои првото место, додека Марк Маркез и Марко Бецеки го комплетираа пиедесталот. За утеха, Акоста го постави најбрзото време во кругот, 1:28.603, кое ниту следниот ден не беше соборено. Расплетот во трката за Големата награда на Австрија најмалку му одеше во прилог на Марк Маркез, кој првично мораше да ги пропушти ривалите и се задржа на седмото место, но во финишот успеа да стигне до петтата позиција. Од екипата соопштија дека се појавил проблем со предната сопирачка. Така, откако беа изедначени на врвот на табелата со Хорхе Мартин, по Австрија возачот на Априлија изби во водство со 12 поени. Реваншот на Маркез следеше во Јапонија, каде што Хорхе Мартин ја имаше пол-позицијата, но и во спринт-трката и во главната трка беше престигнат од Маркез, кој издоминира – исто како и на трката во Римини за Големата награда на Сан Марино, каде што Марко Бецеки ја освои пол-позицијата, поставувајќи притоа нов рекорд на патеката.
СПОРТ |
Спринтот беше решен „во првиот свиок“, кога Марк го престигна Мартин, а зад нив Алекс Маркез се удри во Акоста и Фабио Ди Џанантонио, па со тоа и водечките немаа соодветна конкуренција. Хорхе Мартин заврши како втор, пред Енеа Бастијанини, но и двајцата беа казнети поради пречекорување на границата на патеката и добија казна да бидат пласирани една позиција подолу. На тој начин, Диого Мореиро од четвратата позиција беше промовиран на второто место.
Педро Акоста - Австрија2026
ХОНДА ДОБИВА НОВ ЛИДЕР Тркачката дивизија на Хонда, обединета под името HRC (Honda Racing Corporation), ќе добие нов лидер во Кеичи Јасуда, кој ќе го преземе раководењето од 1 јануари 2027 година. Долгогодишнот шеф, Коџи Ватанабе, објави дека заминува во пензија. Оваа промена доаѓа во клучни моменти за Мото ГП проектот на Хонда, каде што идната година на сцена стапуваат нови правила, додека за време на мандатот на Ватанабе во оваа програма приоритет имаше партнерството со Ф1-тимот на Астон Мартин (откако претходно се разделија од Ред Бул). Новиот шеф, Јасуда, претходно бил шеф на одделот за човечки ресурси. - Сметам дека мојата мисија е да се посветам на основите што ги изгради Ватанабе и понатаму да ги развивам, обединувајќи ги сите вектори кои водат кон победи во трките и ја засилуваат HRC. Претходно имав искуство да бидам лидер во проектите кои се водеа во други земји, а со искуството стекнато од одделот за човечки ресурси ќе ми помогне да се фокусирам на инвестициите во луѓето и на зајакнувањето на нашата организација на патот кон победите,- гласи првата изјава на Јасуда. Во главната трка, Маркез го задржа второто место на стартот и почека неколку круга пред да изврши притисок врз Мартин. Потоа го престигна својот ривал во 11-тиот круг и создаде мала предност, која совршено ја одржуваше до самата цел. Со тоа, Маркез освои максимален износ од 37 бодови, колку што е можно да се освојат на еден гран-при викенд (12 за победа во спринт и 25 за победа во гран-при трката). - Навистина сум задоволен од 37-те бода што ги освоивме овој викенд, бидејќи тоа беше целта. Трката беше тешка, особено во воведните кругови зад Хорхе (Мартин). Потоа, откако избив на чело, едноставно го контролирав темпото и возев малку поагресивно кога тој се приближуваше. Никогаш не е лесно, но чувството уште од спринт-трката беше одлично, а денес успеав да бидам конзис-
ХОРХЕ ОДБРА ДА НЕ ОДИ „ПОД НОЖ“
По трката во Австрија, Хорхе Мартин беше задоволен од својот настап и на акредитираните новинари им откри дека ќе продолжи да вози до крајот на сезоната без да прави операција за проблемот со грчевите во подлактиците. - Можеби во Мизано бев понапнат. Нешто ми се случи, со што беа лимитирани моите перформанси. На оваа патека се чувствував добро уште од петочните тренинзи, така што или јас возам добро или терапијата што ја примам дава резултат. Одиме во вистинска насока и поради тоа утре нема да одам на операција, - рече Мартин по трката во Австрија. Се шпекулира дека за ваквото решение притискал и тимот, бидејќи Мартин ќе направи трансфер на крајот од сезоната, поточно, заедно со Аи Огура ќе станат нови возачи на Јамаха .
тентен и прецизен. Сега да видиме како ќе се одвиваат работите во Индонезија, но, генерално гледано, уште од Арагон – со исклучок на Австрија – навистина добро се чувствувам на мотоциклот. Среќен сум поради 100-те победи на Џиџи и што дадов свој мал придонес. Максимално го користам она што тој го изгради со Дукати низ годините,- изјави Шпанецот. Хорхе Мартин останува водечки на табелата со 333 бода, два повеќе од Марк Маркез. Бецеки е на третото место со 284 поени, по што следат група на возачи со мали бодовни разлики: Акоста има 243, Огура е со 237, а Џанантонио со 230 бода. Како тим, Априлија води пред Дукати со 617 наспроти 495, додека за третото место се борат сателитскиот тим на Априлија (Тракхаус) и КТМ со 453 наспроти 342 бода. На табелата на конструкторите изедначеноста е повторена, па Дукати и Априлија имаат по 469 бода, а КТМ е трет со 296, пред Хонда и Јамаха кои имаат по 161 односно 89 бода. До крајот на октомври ќе се возат трките во Инднезија и Австралија, додека во ноември се предвидени уште четири трки. • Жарко Атанасоски
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
57
| СПОРТ
Светско првенство во Формула 1
ДВЕ РАЗЛИЧНИ ЕПИЗОДИ ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ТРКИ ОД КАЛЕНДАРОТ НА ФОРМУЛА 1 ДОНЕСОА ПОМАЛКУ НЕОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ И ПОТСЕТИЈА ДЕКА ВО ОВОЈ „ЦИРКУС“, НЕ ПОСТОИ „НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА“. Расел пред Ферстапен - Азербејџан Гранд При 2026
Т
рката за Големата награда на Азербејџан дојде по неколкуте добри трки на Мекларен, при што Ландо Норис на два пати ја однесе победата (Хунгароринг и Зандворт) и докажа дека фаворитите не смеат да се опуштат и да заборават на останатите. Норис загуби „чиста победа“ на дефилето на Формула 1 во Мадрид, каде што, буквално, воведувањето на возилото за безбедност на патеката детерминираше кој може прв да влезе во бокс , па Антонели и Ферстапен се најдоа пред него. Имајќи предвид дека ваквиот препород на Мекларен доаѓа на патеките на кои се бара силен аеродинамички потисок, трката во Баку се сметаше за можност за нова демонстрација на „папаја“ тимот. Сепак, патека во Баку е градската, толку нејзиниот трет сектор и долг правец од 2,2 километри направија на ваквата конфигурација да доминираат оние кои беа најбрзи во тој сектор, па така предноста на Мекларен остана речиси незабележлива. Наспроти ова, Џорџ Расел имаше фантастичен викенд, доминирајќи во тренинг сесиите, освојувајќи ја пол-позицијата со повеќе од осум десетинки разлика и водејќи во трката од првиот до последниот круг. Поголемиот дел од трката помина со мали промени на позициите (Ферстапен излезе пред Аџар), но во финишот имаше неколку инциденти и излегувања на возилото за безбедност. Тоа најмногу му конвенираше на Антонели, кој стартуваше од 16. место и стигна до петтата позиција, престигнувајќи го Хамилтон во финишот. Меѓу двајцата возачи на Мерцедес се најдоа Ферстапен, Аџар и Леклер, а меѓу оние кои не ја завршија трката беа Норис, Пјастри, Гасли и Колапинто. - Ние бевме со милји зад останатите. Бевме на позицијата на која
58 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
што очекувавме да бидеме, но притоа бевме една ипол секунда побавни од очекуваното. Немав чувствував дека болидот е лош. Но, срцето ме боли кога гледам колку сме поназад,- рече Ландо Норис. Спротивно од ова, трката за Големата награда на Бахреин, која беше дополнително вметната во календарот, започна со дожд, па стартот беше поместен за повеќе од 90 минути. Кога болидите конечно излегоа на формациски круг, се случија неочекувани проблеми (кај повеќето од софтверска природа), па стјуардите повторно ја прекинаа стартната процедура. На почетокот дел од возачите се решија да ризикуваат со гуми за суво време, а меѓу нив беа и двајцата возачи на Ферари и Мекларен. Макс Ферстапен ја имаше пол-позицијата, но кога трката конечно беше поставена да стартува, по неколку формациски кругови, Антонели и Расел го престигнаа на стартот. Иако добија шанса да го диктираат темпото, со промената на временските услови и сушењето на патеката, перформансите на болидот од Ред Бул повторно дојдоа до израз, па Ферстапен ја презеде иницијативата. Поради излетувањата на некои возачи, повторно видовме повеќе пати да биде активирано „виртуелно возило за безбедност“, а потоа и реалното возило за безбедност, па екипите ги користеа тие шанси да ја приспособат стратегијата и да извозат што е можно повеќе километри со „меките“ гуми, бидејќи оние со ознака „медиум“ и „тврди“ беа оценети како несоодветни. Нискиот степен на деградација беше забележлив и препознаен низ фактот дека со еден сет пневматици се возеше и повеќе од половина на тркачката дистанца. Ферстапен и Антонели немаа подоцнежни дуели, па кога Џорџ
СПОРТ |
Расел доживеа откажување на моторот, на третата позиција се искачи Луис Хамилтон. Покрај него, и Шарл Леклер го престигна Аџар за четврто место, со што обезбеди двоен финиш во бодови за Ферари, а успехот на Ред Бул и Ферстапен беше комплетиран со петтото место на вториот возач. Од 6. до 10. место се пласираа 4 возачи (по двајца од екипите на Мекларен и Рејсинг Булс), додека на осмата позиција изненадување направи Фернандо Алосно со финишот во поени. - Денот во Малезија беше премногу комплициран, најпрвин со одлагањето на стартот, а потоа со црвеното знаме и безброј кругови зад возилото за безбедност. На крајот чекавме и Чеко Перез да ја престигне колоната. Едноставно, денес не се чувствував како да сум во Формула 1. Кога јас би бил на трибините, ќе бев незадоволен од она што го изгледав. Тоа не беше добро, а од мој агол беше и фрустрирачки. Работните агрегати се исклучително комплицирани, а колку се тие покомплицирани, толку е полесно да згрешиш. Тоа е нешто што мораме да го имаме на ум во иднина, - потенцираше Џорџ Расел, кој по триумфот во Баку, имаше дефект на Сепанг. Неговата лоша среќа нема да заврши тука, бидејќи новиот мотор што ќе го добие во Сингапур ќе значи и казна на стартот, со неколку позиции поназад. - Џорџ ќе има дополнителен предизвик бидејќи ќе добие казна за промена на моторот, што значи старт од „опашката“ на колоната во Сингапур. Фрустирачки е бидејќи тој имаше добар викенд минатата недела и се бореше за резултат што го заслужува. За жал, вакви работи се случуваат во трките и нашиот фокус ќе биде да му обезбедиме најдобар болид и можност да се бори во трката со останатите пред него. Ова е последна спринт-трка за оваа година, што исто така сакаме да ја искористиме и да имаме најсилен резултат со двата болиди, - оптимистички најави Тото Волф. Во Ред Бул посакуваат да бидат оптимисти, но свесни се дека во
Трка Бахреин - октомври 2026
Макс Ферстапен - Бахреин 2026
Подиум Ф1 Гранд При Бахреин - Малезија 2026
Малезија имаше повеќе фактори во игра. - И самите бевме изненадени од односот на силите во Малезија. Од една страна, тоа е потврда на позитивниот тренд којшто го имаме од Монца, вклучувајќи ги и Мадрид и Баку. Насекаде напредувавме по малку и тоа е одлично. Од друга страна, дали постојат и други фактори коишто влијаеа на она што го видовме во Малезија? Веројатно, бидејќи екстремната топлина и грубоста на патеката, во комбинација со нејзината конфигурација, направија повеќе болиди да бидат надвор од своите идеални услови на функционирање. Дали тоа влијаеше врз распоредот на силите? Можно е. Но, тоа нема да смени ништо во нашите подготовки за следните трки. Ќе се обидеме да се адаптираме најдобро што можеме, па ќе видиме што ќе се случи. Очекуваме дека патеката во Сингапур би требало да му одговара на болидот, особено во бавните свиоци. Но, мошне тешко е да се предвиди што ќе направи конкуренцијата ,- изјави Лорен МекКи од Ред Бул. По трката во Сингапур, следи една седмица пауза, а потоа три трки во САД, Мексико и Бразил. Финишот на сезоната е планиран во Лас Вегас, Катар и Абу Даби. • Александар Табаковски
Луис Хамилтон - Бахреин 2026
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
59
| СПОРТ
WEC – Лоун Стар Ле Ман
АМЕРИКА ПОВТОРНО И ПОБЕГНА НА TОЈОТА
ТАЖЕН КРАЈ НА ЕДНА ГОЛЕМА ТРКА ЗА TOYOTA TR010 HYBRID БРОЈ 7 И НЕЈЗИНИОТ ЕКИПАЖ, КОЈ ПРИКАЖА ИЗВОНРЕДНИ ПЕРФОРМАНСИ И ТАКТИКА ШТО БЕСПРЕКОРНО ЈА СПРОВЕДЕ НА ПАТЕКАТА НА АМЕРИКА ВО ТЕКСАС, СÈ ДОДЕКА НЕ ОСТАНА БЕЗ ХИДРАУЛИКА НА ДЕСЕТИНА МИНУТИ ПРЕД ЦЕЛТА.
60 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |
Д
а се изгуби трка на издржливост, долга 6 часа, во последните минути пред целта, поради дефект на еден систем од автомобилот е тешко. Посебно за производител како Toyota, која целиот свој имиџ низ децениите го има изградено врз основа на издржливоста и трајноста на своите возила. Откако тојотиниот ТR010 Hybrid остана без хидраулика на десетина минути пред целта и мораше да се повлече од трката, ударот врз тимот беше навистина тежок. Сличен на оној што и се случи на Toyota пред десетина години на трката на 24 часа на Ле Ман. Уште ако се земе предвид дека победата во Тексас значително ќе ù го олеснеше патот на Toyota кон годинашната титула. Наедно евентуалната победа ќе значеше многу за тимот бидејќи по девет обиди патеката на Америка во Остин, Тексас, конечно ќе беше освоена. Но тоа не се случи. Патеката на Америка повторно ù побегна на Toyota. Основата на проблемот беше откажувањето на хидрауличниот систем на серво управувањето на автомобилот со број 7 што го возеа Ник де Врис, Мајк Конвеј и Камуи Кобајаши, кој наедно е шеф на тимот на Toyota во Светскиот шампионат на трки на издржливост. Откажувањето на хидрауликата го прави автомобилот невозможен за управување и за продолжување на трката. Поради тоа, Де Врис, кој во моментот беше зад воланот, одеднаш излета накратко од патеката и потоа полека го однесе автомобилот во боксот од каде што дојде информација дека Toyota TR010 Hybrid со број 7 се повлекува од трката. Тажен крај на една голема трка за автомобилот со број 7 и неговиот екипаж што навистина прикажа извонредни перформанси и тактика што беспрекорно ја спроведе сè до кобниот момент. Toyota со број 7 стартуваше на трката во Остин, Тексас, од далечната деветта позиција. Дури беше едно место зад нивниот сестрински TR010 Hybrid со број 8 што го возеа Себастиен Буеми, Брендон Хартли и Рио Хиракава. Интересно е што екипажот на број 8, како и повеќето од конкурентите, се одлучи за таканаречената оф-сет тактика со кратки застанувања во боксот за дополнување гориво. Меѓутоа, токму поради ваквата одлука на повеќето тимови, број 7 со Де Врис, Конвеј и Кобајаши се натпреваруваше со конвенционална тактика од редовни застанувања во боксот. И во еден вака измешан поредок нивниот систем очигледно функционираше бидејќи на половина од трката веќе се искачија на четвртата позиција. За напредокот на број 7 кон врвот дополнително помогна излегувањето на „safety-car“ на почеток од втората половина од трката. Автомобилите возеа зад него во набиен редослед додека не ги расчистија остатоците од пистата, а по неговото напуштање на патеката Ник де Врис ја виде својата шанса. Изведе серија од импресивни потези и изби на чело на поредокот и создаде комфорна предност до крајот на четвртиот час од трката. Во петтиот час од трката Кобајаши го продолжи убедливото темпо и му го предаде автомобилот на Де Врис со помалку од еден час до крајот. Холанѓанецот имаше чист пат пред себе да ù ја обезбеди третата победа на Toyota годинава и прва на патеката на Америка во Тексас. Меѓутоа, тоа не се случи на големо разочарување на Де Вирс, но и на целиот тим. На крајот од трката шефот на тимот на Toyota, Камуи Кобајаши со тешко срце призна дека ова е технички спорт и дека техниката беше таа што ги издаде.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
61
| СПОРТ
Откажувањето на број 7 на Toyota го искористи Ferrari и ја разреши дилемата околу победникот во своја полза. Број 50 успеа во целата збрка да стигне од петтата стартна позиција до победа. Антонио Фуоко, Мигуел Молина и Никлас Нилсен, благодарение на оф-сет стратегијата со кратки застанувања во боксот, успеаја да се пробијат до третата позиција веднаш зад број 35 на Alpina на еден час пред крајот на трката. Тогаш зад воланот седна Нилсен и во еден момент кога број 35 на Alpina заглави во метежот предизвикан од автомобилите од послабата класа LMGT3, Данецот ја искористи шансата и го престигна искачувајќи се од трето на второ место. Иако беше далеку од можноста да го загрози водечкиот Де Вирс, сепак, Нилсен, благодарение на пехот на Toyota, го протна автомобилот со број 50 прв низ целта. Ова е прва победа за Ferrari годинава и прва победа за број 50 по трката на издржливост 1.812 километри на Катар во 2025 година. И додека Ferrari славеше победа, број 35 на Alpina со Чарлс Милеси, Антонио Феликс да Коста и Фердинанд Хабсбург освои второ место, а третото му припадна на Cadillac број 38 со Џек Аиткен, Себастиен Бурдаи и Ерл Бумбер. Меѓутоа, по крајот на трката поради прекршок направен во питстопот на број 35 на Alpina му беше доделена временска казна што го испрати назад на третата позиција, а втората му беше доделена на Cadillac. Со победата Ferrari, кој беше декласиран во првата половина од сезоната, се врати во игра, па покрај Toyota и BMW стана третиот претендент за освојување на годинашниот шампионат. А наедно доби можност да ја одбрани минатогодишната титула. На врвот на табелата сè уште води Toyota со 140 освоени бода од пет трки. BMW ја следи со освоени 131 бод, а Ferrari е на трето место со 114 бода. Разлика меѓу производителите што ветува возбудлива завршница со преостанати три трки до крајот на сезоната.
Победа на домашен терен за американскиот тим The Hearth of Racing во класата LMGT3. Потпирајќи се на крилата на Aston Martin vantage GT3 Evo американскиот тим стигна до својата прва победа по долга пауза од две години без победа. Ова е втора победа за тимот на патеката на Америка во Тексас во последните три години и прва со резултат еден-три. Откако двата автомобила на Aston Martin со број 27 и број 23 стартуваа од првиот ред, се впуштија во епска битка што вклучуваше повеќе тимови. Но на крајот од трката Aston Martin Vantage со број 27 извојува победа, следен од тимот на Manthey DK Engineering со Porsche 911 GT3 R со број 91 и од сестринскиот Aston Martin Vantage со број 23. Оваа победа му помогна на тимот The Hearth of Racing со број 23 да се искачи на заедничкото трето место со тимот The Band Manthey со број 92 Porsche 911 GT3 R. И двата тима имаат по 49 бода, а пред нив е тимот Vista AF Corse со број 21 Ferrari 296 GT3 Evo со 54 освоени бода. Водечки во шампионатот во оваа класа е тимот TF Sport со број 33 Corvette Z06 GT3 кој досега има освоено 76 бода. Преостанатите три трки се 6 часа на Фуџи во Јапонија, 6 часа на Барселона во Шпанија и 6 часа на Монца во Италија. • Љубомир Анастасовски
62 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |
WRC – Рели Парагвај и Рели Чиле
ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА ПАЈАРИ! ХЕТ-ТРИКОТ ОД ПОБЕДИ ГО ЛАНСИРАШЕ САМИ ПАЈАРИ ВО ВРВОТ НА СВЕТСКОТО РЕЛИ, ПРАВЕЈЌИ ГО, ЗАЕДНО СО ОЛИВЕР СОЛБЕРГ, СЕРИОЗЕН ПРЕТЕНДЕНТ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ГОДИНАШНАТА ТИТУЛА.
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
63
| СПОРТ
П
обедата на релито на Парагвај го впиша Сами Пајари во историјата на Светскиот шампионат во рели. На ниту еден возач во 54-годишната историја на светското рели не му пошло од рака првите три победи во кариерата да ги освои едноподруго. Уште поголемо е значењето на овој триумф ако се земе предвид дека го оствари еден млад возач. Дваесет и четири годишниот Сами Пајари и совозачот Марко Салминен својот пат кон историскиот успех го започнаа на релито на Естонија, каде што ја покажаа својата исклучителната брзина на мазните патеки од ситен чакал. Потоа, пред домашната публика на релито на Финска, ја потврдија својата супериорност и, како круна на сето тоа, го освоија исклучително тешкото и непредвидливо рели на Парагвај, рели кое им пресуди на многу поголеми возачки имиња. Меѓутоа, со победата на релито на Парагвај, Пајари покажа уште една виртуозност, која е настрана од чистата брзина. Покажа возачка зрелост и способност паметно да резонира кога тоа е најпотребно. Релито на Парагвај беше далеку од возење со „гас до даска” од почеток до крај. На исклучително грубиот јужно амери-
кански чакал, Пајари мораше да ја контролира предноста во однос на Хајден Падон и Адриен Фурмо, мораше да ги чува гумите, да се справи со истекување на течноста за ладење на моторот, кое само по себе ги намалуваше перформансите на автомобилот, и, најважно од сè, да ги избегнува огромните камења за да не дојде во ситуација да застане и да менува гума. На овој начин, откако го презеде водството пред крај на првиот ден, Пајари успеа да стигне до историската трета победа.
64 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
Еден аспект од победата на Пајари на релито на Парагвај е влезот во историјата. Друг аспект е доближувањето до лидерот во шампионатот Елфин Еванс, на 20 бода и отворањето на можноста да го предизвика за освојување на титулата. Што, доколку се случи, ќе го направи Пајари вториот најмлад возач во историјата на шампионатот кој се закитил со титула. Но, треба да се има предвид дека во релито ништо не дефинитивно додека не се стигне до сервисната зона. Односно, додека екипажот не се пријави на последната контролна точка откако ќе се мине целта на последното рели од сезоната. Хаотичен петок го одбележа почетокот на релито на Парагвај. Многу инциденти и проблеми со гумите постојано го менуваа редоследот во поредокот, сè до последниот брзински испит од денот, кога Пајари се најде на водечката позиција и не ја испушти до крај. Предноста од дваесетина и некоја секунда во однос на Хајден Падон, кој го предводеше тимот на Hyundai, успеа да ја одржува во текот на преостанатите два натпреварувачки дена, со акцент на исклучително внимателен пристап на последниот испит од релито. И додека Пајари беше ѕвезда на релито во подем, Падон беше ѕвезда во залез. Искусниот Новозеланѓанец, кој вози делумна програма за тимот на Hyundаi, покажа дека сè уште има сокриени адути во ракавот, и дека не треба туку-така да биде отпишан. Возеше одлично на своето прво рели на чакал по 2018 година и освои второ место. Дури беше и во водство накратко на првиот ден од релито, но до крајот не успеа да ја премости предноста што ја одржуваше Пајари. Парагвај беше рели на кое Фурмо покажа дека е направен од цврст ков, но сè уште не ја добил вистинската прилика за да атакува на титула. Тој успеа да му го украде третото место на Еванс, иако на крајот од првиот ден заостануваше 55 секунди зад него. До крајот на вториот ден ја намали разликата на само 3,3 секунди, а веќе на првиот испит од последниот ден му го украде третото место. Еванс го заврши релито на четврто место и призна дека направил грешка одлучувајќи се за премногу внимателен пристап. Сето ова влијаеше и врз односот во генерален пласман, каде што Пајари, на три настани до крајот на сезоната, му се доближи на само 20 бодови. Релито на Чиле, кое следеше две седмици подоцна, дополнително ја замрси ситуацијата во шампионатот меѓу возачите. Победата на Оливер Солберг можеби никој не ја очекуваше, поради проблематичната сезона која започна по брилијантниот успех на релито на Монте Карло. Брзината на Солберг никогаш не беше ставена под знак прашалник. Но, претворањето на таа неверојатна брзина во
СПОРТ |
вреден резултат беше тежок предизвик за Солберг. Се чинеше дека вози без фокус, како да сака по секој цена да извојува победа. Сепак, цената што ја плати беше преголема, иако од релито на Естонија состојбата почна да се подобрува. За Солберг, релито на Чиле не е непознаница, иако е прво со автомобил од Rally1. Солберг претходно има две победи на ова рели во категоријата WRC2. Во 2023 година со Škoda Fabia RS Rally2 и во 2025 година со Toyota GR Yaris Rally2. Затоа убедливата победа, која го лансираше во трет протагонист за годинешната титула, не треба да изненадува. Солберг водеше од почеток до крај. Победи на 6 од вкупно 16 брзински испити и докажа дека е уште еден млад возач создаден од шампионски ков. Она што е поважно за него на ова рели е што докажа дека не е возач изграден само околу брзината, туку дека научил да ги контролира настаните околу себе и да покаже конзистентност во текот на релито. Односно, да знае кога да форсира, а кога да се повлече, за да го сочува автомобилот и гумите и да не влегува во ризик. Така, во еден контролиран налет, го освои релито на Чиле пред Себастијан Ожие и Адриен Фурмо и се доближи на 21 бод од водечкиот во шампионатот. Иако со завршување на релито и со освојување на петтото место, Еванс се задржа на врвот од табелата, сепак Пајари, кој заврши пред него на четвртото место, му украде три бода и дојде на само 17 бода, со еден настан до крајот на сезоната. Релито на Саудиска Арабија е откажано заради војната во Ирак. Останува на релито на Сардинија да се одлучува за шампионската титула меѓу возачите.
Од друга страна, разврската во шампионатот за производители се случи токму на релито на Чиле. Toyota стана светски шампион по 10. пат во историјата на светското рели и, по бројот на титули, се изедначи со Lancia на вечната листа. Интересно е што се изедначи со Lancia и по бројот на титули освоени едноподруго. И двата производители имаат по 6 титули освоени едноподруго, и тоа со ист модел. Lancia нареди 6 титули со Delta од 1987 до 1992 година, а Toyota со Yaris од 2021 до 2026 година. Релито на Сардинија се вози на почетокот на Октомври, кога, се надеваме, во едно возбудливо финале ќе се одигра разрешницата за шампионската титула меѓу возачите. WRC2 – ПРВА ПОБЕДА НА ЧАКАЛ ЗА LANCIA Jохан Росел зад волан на Lancia Ypsilon HF славеше по трет пат годинава. Интересно е што победата на релито на Чиле е прва победа за Росел на чакал. Воедно, тоа е и прва победа за Lancia на чакал откако славната италијанска марка му се врати на релито. Останатите две беа на асфалтот во Хрватска и во Шпанија. Росел успеа во текот на вториот ден да ги освои сите брзински испити и да создаде масивна предност од повеќе од една минута во однос на Роберт Вирвес. Така, на последниот ден од релито му остана само да ја контролира ситуацијата од врвот и да забележи победа. Меѓутоа, победата на Росел не ја менува ситуацијата во генерален пласман, каде Естонецот со Škoda Fabia RS се наоѓа во убедливо водство, и е на праг од освојување на титулата. • Љубомир Анастасовски
10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
65
| АМСМ
ЛОЈАЛНОСТА НОСИ ПОВЕЌЕ ПРИВИЛЕГИИ
КОЛКУ ПОДОЛГО СТЕ АМСМ ЧЛЕН, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ДОБИВАТЕ Ја наградуваме вашата континуирана лојалност со по- GOLD КАРТИЧКА – ОД 10. ДО 14. ГОДИНА волности што растат со годините – преку „Бонус програмата“ при обновување и преку Silver, Gold и Platinum-при- Од десеттата до четиринаесеттата последователна годивилегиите за нашите долгогодишни членови. на следува Gold картичка, со можност бесплатната услуга за шлепување во случај на дефект, предвидена до 200 ПОПУСТ ШТО РАСТЕ СО ВАШАТА ЛОЈАЛНОСТ км, да се користи без ограничување на километражата на територијата на државата. Физичките лица кои редовно ја обновуваат Classic или Europe Premium членската картичка, а во претходниот период не користеле помош на пат или шлепување, до- PLATINUM КАРТИЧКА – 15 ГОДИНИ И ПОВЕЌЕ биваат попуст на редовната цена: •10% – втора година по ред По 15 години последователно членство следува Platinum •15% – трета година по ред картичка. Покрај бесплатното шлепување до 200 км, •20% – четврта година по ред членовите добиваат и дополнителна услуга, бесплатно •25% – петта година по ред шлепување без ограничување на километражата на те•30% – повеќе од пет години во континуитет риторијата на државата. Услов е обновата да се направи најдоцна 30 дена по истекот на претходната картичка и во претходниот членски период да не била користена помош на пат или шлепување.
Накратко, колку подолго сте наш член, толку повеќе привилегии ви се достапни. Од поголем попуст при обновување до дополнителна помош на пат и повеќе можности за бесплатно шепување – долгогодишното членство ви носи конкретни придобивки.
Бонус-програмата за попуст при обновување можете да ја искористите во АМСМ станиците за технички преглед Повеќе информации: 02/3181-108 во Скопје – Центар и Чаир, Велес и Кичево, како и во авто-мото друштвата низ земјата. SILVER КАРТИЧКА – ОД 5. ДО 9. ГОДИНА Членовите од петтата до деветтата последователна година добиваат Silver картичка и дополнителна услуга за помош на пат од избраниот членски пакет.
66 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
НИЗ ЕВРОПА ВОЗИ БЕЗ НЕРВОЗИ!
БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ ВО ЗЕМЈАТА И ВО ЕВРОПА ПОДАРОК ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
www.amsm.mk
02/3181-108 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
67
ЗОШТО ОСИГУРУВАЊЕ ПРЕКУ МОБИЛИТИ БРОКЕР Е ПАМЕТЕН ИЗБОР?
СИТЕ ОСИГУРУВАЊА НА ЕДНО МЕСТО
АНАЛИЗА, СПОРЕДБА И ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОНУДА ОД СИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАТА
БЕСПЛАТНО ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОТШТЕТНИ ПОБАРУВАЊА
УСЛУГИТЕ НА МОБИЛИТИ БРОКЕР СЕ БЕСПЛАТНИ И НЕ ВЛИЈААТ НА ЦЕНАТА НА ВАШЕТО ОСИГУРУВАЊЕ. 02/3181-405
68 10.2026 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.mobilitybroker.com.mk