AMAK
EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION
BESPLATEN PRIMEROK
PRES
OHRIDSKI NOVINI
www.amakpres.com.mk
marketing
Godina V - Broj 91 25 Јуни 2008
ПЛАЖИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ТУРИСТИТЕ
НА ВРВОТ
САШО СТОЈЧЕСКИ ПИЛОТ
definitivno najevtino MAKEDONIJA
Do 31.05
- MOJATA DR@AVA
Obrazoven centar, Ohrid, {tip
ДУХОТ НА ОХРИД СЕ ПОЈАВИ НА САЈТ АМАК СП ЌЕ ИГРА ВО ЕВРОПА
070 / 462-362
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски , Велимир Џамтоски Лектор: Милчо Јованоски; Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
LOKAL
ДУХОТ НА ОХРИД СЕ ПОЈАВИ НА САЈТ
П
роектот “Духот на Охрид“ кој од минатата есен во јавноста се промовира како проект кој на градот му донел околу 200 000 евра од европските фондови и натаму го привелкува вниманието на јавноста Од како беше промовиран филмот за проектот во јавноста се крена прашина околу тоа каков е филмот кој е дел од проектот, а во кој освен електронска музика и пејзажи нема други податоци за Охрид, а до денес не е кажано каде е прикажано ова видео остварување кое единствено може да се види на видео бимот на плоштадот во Охрид . Деновиве на официјалниот сајт на Општина Охрид www.ohrid.gov. mk во категоријата проекти може да се најде наслов “Духот на Охрид“, а со кликање на него се доаѓа до сајтот www.spiritofohrid.com.mk . Побаравме мислење од лица кои се стручни во изработката на сајтови, тие за овој сајт велат дека е изработен од елементарен познавач на изработка на сајтови. - Сајтот е изработен во ХТМЛ, а користени се и таканаречените фрејмови. Таа техника за изработување на сајтови ја знае секој еден ученик кој завршил прв основен курс за да научи да прави сајтови. Сајтот е евтин и направен без креативност – вели познат изработувач на сајтови од Охрид. Инаку доколку се погледне во регистарот на македонскиот домејн овој сајт е регистриран на фирмата Инфо - Тех Охрид ДОО со адреса на улица Прилепска 22а. Како администратор на овој сајт се јавува извесен Боро Симоноски а истиот е регистриран на 14 март оваа година. Во Општина Охрид никој не можеше да даде одговор дали сајтот посветен на проектот кој го добила општината од европските фондови е во сопственост на општината, која е контрибутор во проектот или сајтот е во сопственост на споменатата приватна фирма која во случајов нема никаков прекршок бидејќи сосема легално регистрирала домејн и со тоа го ставила во своја сопственост домејнот. - Јас можам да кажам само дека проектите кои ги работи општината се во нејзина сопственост, профилот ,стратегијата за развој . Тоа е се во сопственост на општината, а за тој сајт кој вие го споменувате јас не можам да коментирам бидејќи не знам какви содржини има тој сајт, а за проектите кои ги има општината сите тие
се нејзини проекти – кусо ни изјави портпаролот на општината Никола Манески. И покрај нашите напори да стапиме во контакт со споменатата фирма и лицата кои работат на проектите во општината, тоа не успеавме да го направиме.
КАДЕ СЕ НАОЃА ДОНАЦИЈАТА ОД ГТЗ???
О
пштина Охрид пред извесно време добила донација од ГТЗ која се состоела од еден компјутер сервер, дигитална камера и Џи Пи Ес систем кој бил со поширока намена за регионот. Но, во Локалната самоуправа никој не можеше да ни одговори каде е сместена оваа опрема и кој ја користи?! Како што дознаваме опремата во Општина Охрид не била ни книговодствено евидентрана. Оваа донација ни ја потврди и Аница Палацо која учествува во повеќе проекти во кои се донира опрема и пари од ГТЗ Точно е дека се донира компјутерски сервер, дигитална камера и Џи Пи Ес апарат, тие добра се донирани на општина Охрид – ни потврди г-ѓа Палацо. Портпаролот на Општина Охрид Никола Маневски, после подолги консултации ни изјави дека најверојатно се работело за донација од ГТЗ која се користела за проекти на секторот за ЛЕР и ни даде детални елаборати за зафатите во рамки на некои проекти со кои биле партерно уредени Билјанини Извори, ни посочи каде биле поставени табли кај Ресен и даде некој нејасен одговор дека била направна одредена база на податоци за културното наследство на неколку рурални општини. Поопширното излагање не упати да се јавиме кај Славчо Ѓеоѓиевски кој е раководител на одделение за економски развој во ЛЕР. Ѓорѓиевски со идентичен одговор како и Манески на јасно и гласно поставеното прашање – Каде е лоцирана и каде се наоѓа опремата која била донирана ни изјави - Манески со право ви дал поопширен елаборат бидејќи ова прашање заслужува опширна елаборација. Проектот го водат 5 општини и врз основа на работата се дефинираа активностите кои се заеднички. Веднаш потоа секоја од општините доби донација според она што и треба и што сакала, значи не само Општина Охрид туку сите 5 оп-
штини, добија компјутери и софтвери и она што им треба и што го побараа. И не само тоа туку партерно се уредија Билјанини Извори, се поставија табли кај Ресен и ред други активности беа спроведени – дословно ви ја пренесуваме изјавата на Славчо Ѓеорѓиевски. Се обративме и кај раководителот на секторот за јавни работи Митре Велјаноски кој кусо ни одговори дека тој незнае за таква опрема и дека за тоа е надлежен секретарот на општината Димитрија Вревезоски кој беше исклучително кус во одговорот - Ето нели ви кажале, сте разговарале со Славчо, еве го тој е кај мене во канцеларија и сега што не ви е јасно, Ви кажаа каде е опремата и што сакате повеќе – беше одговорот на Димитрија Вревезоски на нашето прашање каде е опремата која ја добиле како донација. Вработените во ЛЕР тврдат дека до сега ваква опрема во нивните простории не виделе, а исто така никој од општинската администрација не знаеше дека постои донација и каде таа е наоѓа. Останува отворено прашањето каде е опремата и каде е лоцирана, а ние и натаму ќе го следиме овој случај како е претходните скандали со приватната регистрација на општинскиот проект “Духот на Охрид“на македонскиот домејн.
ПИСМЕНИ ИЗЈАВИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ
Вработените во ЛЕР неодамна добиле бланко писмени изјави кои требало да ги потпишат, а со кои се обврзувале да не комуницираат со новинарот Љупчо Таневски. Ова предизвикало револт и гнев кај нив и тие одбиле да ги потпишат апсурдните бланко изјави. По објавувањето на веб изданието на претходниот број во локалната се правела истрага за тоа кој комуницирал со новинарите. Меѓу човечките односи во ЛЕР подо0лго време се крајно нарушени, а неретко раководителот во пресметките со другите во канцеларијата го повикувал обезбедувањето да интервенира и да ги отстранува вработените од нивните канцеларии.
www.amac.com.mk/novini
Љупчо Таневски
3
ЛОКАЛ ПО ПИШУВАЊАТА НА АМАК ПРЕС
ТЕНДЕРОТ ЗА ВЕБ САЈТ ПОНИШТЕН
О
д како беше објавено веб изданието на Амак Прес Охридски Новини во кое се најде сторијата со наслов “Општината на тендер го купу-
ва она што веќе го има” посветена на најновата јавна набавка на Општина Охрид со која се бараа понудувачи за изработка на веб сајт за општината и таканаречен
Клиент софтвер од локаланта до медиумите дојде соопштение со кое јавноста се информира дека тендерот е поништен. Во соопштението се вели дека Градоначалникот Александар Петрески поништи 2 огласи за јавни набвки Станува збор за огласот бр 17/2008 – набавка на Клиент софтвер апликации за потребите на Оптшина Охрид и огласот број 18 / 2008 – Изработка на веб страна за потребите на Оптшина Охрид. Локалната со ова соопштение излезе веднаш од како беше објавено веб изданието на весникот на сајтот www.amakpres. com.mk уште пред весникот Амак Прес Охридски Новини да биде отпечатен
ПРЕКРШОЧНА ЗА ПРОАКВА
и истиот да се дистрибуира во градот. Со овој потег советниците и службите во локалнта се обидоа да го претекнат нашиот весник, но сепак нашата цел да бидеме коректор и да укажуваме навреме на одредени девијантни појави и овојпат се потврди на дело. Ова е уште една потврда дека новинарите во единствениот весник во Охрид кој во своето работење ни еднаш не бил демантиран секогаш се држат до вистината, а со горливите теми кои ги отвораат и ги посочуваат проблемите во Охрид (за кои има големи реакции) работи во интерес на граѓаните и општината. Љ.Таневски
ТРПЧЕСКИ ПОД ЛУПА НА АНТИКОРУПЦИСКА
А
н т и ко р у п ц и с кат а комисија на прес конференција соопшти дека 190 вработувања во МЈП Проаква кои се направија во изборите биле незаконски, односно дека не биле почитувани препораките за постапување за време на изборен процес. Претседателката на комисиајта Мирјана Ди-
мовска посочи дека во МЈП Проаква вработувањата нема да биле спорни доколку се случеле по претходно нивно планирање во годишниот план - Во МЈП Проаква за време на изборите се вработени 190 лица кои не биле предвидени со годишниот план и тие се вонредни вработвања, па затоа и се предмет на Антикорупци-
ската комисија. Директорот на МЈП Проаква кој е истакнат функционер на СДСМ за Ohridnews изјави деак не чувствува одговорност и тврди дека се е направено законски и согласно систематизацијата на Проаква. Љ.Т.
ПЕТРЕСКИ ЈА СРЕДУВА АДМИНИСТРАЦИЈАТА
В
о општинската зграда е поставентабла со испишан текст од Начела на кодексот за локалните функционери, на која пишува се што е должен да прави и кон што е должен да се придржува еден локален функционер Во изминатите неколку денови вработените во Локалната самоуправа со статус државни службеници по барање на градоначалникот Александар Петрески своерачно потпишувале изјави дека ги почитуваат одредбите сврзани со ко-
дексот за работа на државните службеници. Од локалната велат дека на ова се одлучиле за да се покаже во практика заложбата на градоначалникот Петрески кој сака на дело да придонесе во почитувањето на кодексот и напорите кои се прават за целосно претворање на локалната админстрација во сервис на граѓаните. Од локалната ни рекоа дека со овој гест градоначалникот сака да ги охрабри сите вработени државни службеници да се борат против некои девијантни појави кои
се присутни во општеството со децении наназад и да се борат против неприфатливите однесувања кои го кршат кодексот за државни службеници. Од локалната велат дека со овој потег градоначалникот ќе ги охрабри и граѓаните со полно право да реагираат, без страв од поледици на сите појави на девијантни однесувања во општинските служби или поединци од локаланта администрација. Љ.Таневски
УКРАИНСКИ ТУРОПЕРАТОРИ ЌЕ ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА
УКРАИНЦИ ДОГОДИНА ЌЕ ШЕТААТ НИЗ ОХРИД МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ ОЧЕКУВААТ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЗЕМЈАВА ДА ЈА ПОСЕТАТ ОКОЛУ 3.000 ГОСТИ ОД УКРАИНА, ЗА ШТО ЌЕ БИДЕ ВОСПОСТАВЕНА ДИРЕКТНА ЧАРТЕР ЛИНИЈА СО КИЕВ
О
д идната година, со чартер летови на Охридската ривиера ќе доаѓаат гости од Украина. Ова го најавија украинските туристички агенции и новинарите кои неодамна претстојуваа во Охрид. Тие беа воодушевени од убавините на регионот и се заинтересирани да почнат да продаваат аранжмани за Македонија. Според нив цените се прифатливи за Украинците, но потребна е поголема промоција на македонската туристичка понуда на нивниот пазар и воспоставување на директна авионска линија помеѓу двете земји. - Македонија има голем туристички потенцијал кој може да биде привлечен
за Украинците, особено Охридското Езеро и културно-историските споменици, вели Валерија Бондаренко, претседател на Здружението на новинари од Украина. Според неа и блискоста на јазиците ќе придонесе голем број на Украинци да ја посетат Македонија. Според туристичките работници од Украина седумдневен аранжман во Охрид би чинел околу 500 американски долари. Поранешната мис туризам на Украина, Марисија Хоровец, која моментално работи на украинската национална телевизија најави засилена кампања за пробивање на Македонија на украинскиот пазар и вети дека и таа и останатите новинари ќе ја претстават
земјава во најдобро светло. Македонските туристички работници очекуваат следната година Македонија да ја посетат околу 3.000 гости од Украина, за што ќе биде воспоставена директна чартер линија со Киев. Украинските претставници во неколку дневниот престој на Македонија ги посетија и Битола, Преспа, Прилеп, Струга, Вевчани, Маврово и Тиквешијата. За подобра туристичка соработка помеѓу двете земји, Охрид ќе се збратими со Јалта, најпознатото туристичко место во Украина. Сузана Вренцовска
ЛОКАЛ ПРЕД СТАРТОТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА
ПЛАЖИТЕ ГЛАВЕН АДУТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТУРИСТИ УРЕДЕНОСТА НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ ОВАА СЕЗОНА ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ АДУТИ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТУРИСТИТЕ. ГРАДОТ ПРЕД ОФИЦИЈАЛНИОТ ПОЧЕТОК НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОДГОТВУВА. ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ ОЧЕКУВААТ ГОДИНАВА ДА СЕ ОСТВАРИ ТУРИСТИЧКИ РЕКОРД СО НАД 1,5 МИЛИОН НОЌЕВАЊА.
О
ридското крајбрежје интензивно се средува пред официјалниот почеток на туристичката сезона која почнува во првата недела од јули. Уредувањето на плажите е при крај, а поголем дел од нив веќе се отворени, иако се уште нема доволно гости. Една од најубаво уредените плажи на Охридското крајбрежје, е плажата “Куба Либре“. Од таму велат дека очекуваат голема посетеност, токму поради местоположбата на плажата, до која може да се стигне и пеш, но и поради атрактивноста и понудата - пространа тераса, лежалки, осмислен простор со секаков вид на забава, но и катче за најмладите. Според охридската јавност оваа плажа ќе биде вистински
хит ова лето на ривиерава. И останатите сопственици ги уредуваат плажите според договорот кој го потпишале со Министерството за транспорт и врски. Поголемиот дел од нив очекуваат најголема заработувачка оваа сезона, токму поради најавите и бројот на гостите кои во моментов престојуваат во Охрид. И туристичките работници се задоволни од посетата. Оптимистички најавуваат дека претстои досега најуспешна сезона. Се надеваат на рекордна посетеност со над 1,5 милион ноќевања. Годинава од старт е решен и еден од најголемите проблеми - одржувањето на плажите. Изминативе две години јавното претпријатие “Комуналец“ го чистеше крајбрежјето без никаков на-
домест од ресорното Министерство. -Во интерес на туризмот и оваа година ќе ги чистиме плажите. За таа цел издвоивме 1,8 милиони денари иако тоа за нас претставува само дополнителен трошок - вели директорот на «Комуналец», Боро Павловски. Покрај хигиената главен приоритет годинава ќе биде и безбедноста на капачите. Скутерите и глисерите, летово ќе бидат строго контролирани од инспекторите на капетанијата и езерската полиција. Секое непочитување на прописите од скутерџиите ќе биде санкционирано со 300-500 евра, „Според Законот за внатрешна пловидба, плажите треба уредно да бидат обележани со меѓусебно поврзани пловки, со портокалова и бела боја, на оддалеченост од најмалку пет метри. На капалиштата оддалеченоста од обележаниот простор треба да биде 150 метри од брегот“, велат од Капетанијата. И локалната самоуправа ги интензивира подготовките за успешен старт на сезоната. Градот забрзано се подготвува, се средуваат улиците, тротоарите, зеленилото, а ќе биде воведен и посебен сообраќаен режим за цен-
тралното градско подрачје. За оваа сезона се најавува и поголем ред во користењето на просторот пред кафулињата на Градскиот плоштад. На сопствениците ќе им биде строго определен просторот до каде можат да ги поставуваат столовите и масите. Инаку, на самиот праг од почетокот на туристичката сезона Охрид и тоа како е посетен, како од домашни, така и од странски гости. Најбројни се оние од нашето соседство, Србија, Косово, Албанија, но и туристите од Холандија и Израел, кои од неодамна пристигнуваат организирано со чартер летови. Ова лето во хотелите на Охридското крајбрежје ќе престојуваат околу 3000 гости од Израел и 2.500 од Холандија. Моментално хотелските капацитети се со 60-отстотна исполнетост, претежно со гости од соседството, а хотелиерите за екот на туристичката сезона најавуваат стоотстотна исполнетост на капацитетите. Приватните станоиздавачи пак велат дека оваа сезона ќе имаат голема добивка иако цените остануваат непроменети, од 300 па се до 900 денари за полуксузните апартмани. Сузана Вренцовска
ВО ПОЛЗА НА КАПАЧИТЕ
КОНЦЕСИОНЕРИТЕ НА ПЛАЖИ МОРА ДА ГИ ОБЕЛЕЖАТ КАПАЛИШТАТА ТЕМПЕРАТУРАТА НА ВОДАТА ВО ЕЗЕРОТО НА КРАЈОТ ОД МАЈ НАГЛО СЕ ЗГОЛЕМИ НА 22 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ. ОНА ШТО Е НЕВООБИЧАЕНО, СОЗДАДЕН Е ТОПОЛ ВОДЕН ПОЈАС ВО ДЛАБОЧИНА ОД ПЕТ МЕТРИ, КАДЕ ТЕМПЕРАТУРАТА ИЗНЕСУВА 19 СТЕПЕНИ, ШТО Е НЕВООБИЧАЕНО ЗА КРАЈОТ НА МАЈ
фото: Љ.Т.
С
опствениците концесионери на плажи се обврзани видливо да ги обележат и одвојат од другата водена површина капалиштата за луѓе, ова го налага правилникот за видот на капалиштето. “Оној простор од плажата што е наменет за капање на луѓе треба јасно да биде одвоен од водениот простор наменет за спорт или за движење на пловни објекти.Со меѓусебно поврза-
ни портокалови и бели пловки треба да биде ограничен просторот за капење, во него не смее да влегуваат, скутери, чамци или други пловни објекти. Во спротивно доколку на тој простор влегува пловило, против сторителот на прекршочното дело ќе се правземат најригорозни мерки, со цел да се заштитат капачите“, изјави првиот човек на капетанија Љупчо Настевски. Капалиште се смета водениот простор
одалечен до 150 метри од брегот на езерото. На 660 квадратни метри водена површина мора да има по еден спасувач. Капетанијата и Црвениот Крст веќе го одредуваат бројот на спасувачите зависно од големината на плажата. Минатата година спасувачи на вода беа ангажирани на плажите во авто кампот Градиште, Десарет, Метропол и Љубаништа, годинава нивниот број ќе биде поголем. Во полза и интерес на капачите и Локалната самоуправа превзеде акција за отстранување на пловните објекти од капалиштата. Први на удар беа чамците поставени на плажата кај Сараиште, откако нивните сопствениците не одговорија на барањата сами да ги отстранат пловилата, тоа го сторија надлежните служби кои по барање на комуналните инспектори чамците ги однесоа во просторот кај реката Грашница. Вакви акции за расчистување на капалиштата од пловни објекти комуналните инспектори ќе превземаат на сите плажи во текот на туристичката сезона. Ангела Белевска
ЗЕЛЕНАТА АЛГА ГО ПРЕПЛАВИ ЕЗЕРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ
К
ако никогаш досега, зелената алга во неизмерни количини ја има во Охридското Езеро. Брановите ја носат во близина на брегот а по ферментацијата истата шири непријатна миризба. Експертите од Хидробиолошкиот Завод велат дека алгата не го попречува нормалниот опстанок на флората и фауната во езерото таа се појавува позабележително во летниот период а нејзиното нагло намножување
е резултат на затоплувањето и високата атмосверска температура. “Акцијата за чистење на зелената алга ја спроведуваме веќе две недели, секој ден на просторот од хотел “Палас“ до хотел “Милениум Палс“ вршиме вадење на големи количини алга но таа повторно се намножува. Секако ова не треба да не загрижува станува збор за природен процес“, вели директорот на ЈП Комуналец, Боро Павловски, кој
додава дека вакви акции се спроведувале минативе години но во пократок период Експертите, велат дека алгата може да ја исчисти само струење на водата или поволен ветер кој целосно ќе ја исфрли на брегот од Охридското Езеро.
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
7
LOKAL КАКО МАЧКА И ГЛУШЕЦ СЕ БРКААТ ИНСПЕКТОРИТЕ И ТЕЗГАЏИИТЕ
ЕЗЕРСКИОТ ЌЕЈ РАЈ ЗА ДИВИТЕ ТЕЗГАЏИИ НЕЛЕГАЛНИТЕ ПРОДАВАЧИ НА СУВЕНИРИ НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД САНКЦИИТЕ НА КОМУНАЛНАТА И ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА
Н
аместо шеталиште кејот на Охридското Езеро во екот на туристичката сезона личи на пазар за продажба на сувенири,бижутерија, очила и други слични предмети. Годинава пазарниот инспекторат во соработка со комуналната инспекија и локалната самоуправа одлучија тезгите да се поставуваат на одредена локација и притоа нивните сопственици да бидат исклучиво регистрирании правни а не физички лица, за жал тезгаџиите не го испочитуваа ни едното ни другото. Тезгите нелегално се поставени по ќејот на езерото а продавачите не поседуваат документи дека се правни субјекти надлежни за обавување на трговска дејност.
8
AMAK
PRES
“Секој ден сме на терен ги бркаме тезгаџиите кои објектите за продажба ги поставуваат на непредвидено место. Ние ги бркаме тие наредниот ден повторно се враќаат .Нашето ангажирање е постојано но за жал судството ни е бавно. Долг временски период ќе измине до реализирањето на прекршочните постапки. Прекршителот на делото односно тезгаџијата кој поставил тезга на забранет простор ќе плати казна во висина до 8000 денари ако е физичко и казна до 2000 евра ако е правно лице“, вели комуналниот инспектор Танас Танаскоски кој додава дека проблемот со дивите продавачи не е нов туку се провлекува низ минатите осум години. “Како пазарен инспекторат
вршиме контрола дали продажбата по кејот на езерото и во централното градско подрачје ја вршат правни лица кои регистрирале фирма и дали ги поседуваат соодветните документи. Исто така го проверуваме потеклото на стоката односно дали таа е набавена легално и зад неа стои името на одредена фирма. Доколку тезгаџијата ги нема документите за легалност следува мандатна казна изречена на лице место во износ од 700 евра за правни лица и 100 евра за физички лица“, изјави раководителот во Државниот пазарен инспекторат, Ѓоко Бошале. Дивите тезгаџии пак се задоволни од продажбата на сувенири и очила тие велат дека со своите каравани од
Прилеп, Битола и Скопје секое лето доаѓаат во Охрид, зошто тука производите им се продаваат како алва, но ги плашат постојаните инспекциски контроли и претреси. Во моментов во тек е процедурата за издавање договори за правни лица кои можат да обавуваат трговска дејност и затоа се уште не е познат бројот на легалните и дивите продавачи на сувенири. Советот на општина Охрид минатата година донесе одлука за уредување на слободните пешачки зони со урбана опрема и подвижни објеки. Со таа одлука не е предвидено на потегот од плоштадот “Св.Климент“до другиот плоштад кај чинарот поставување на тезги со исклучок на уметнички или литературни дела. На потегот од плоштадот и низ целиот езерски кеј не е предвидено поставување на детски игралишта и тезги и согласно таа одлука на дозволените места се даваат одобренија во Секторот за урбанизам. Игралиштата за деца кои по кејот се поставени на два пункта ,во близина на градското пристаниште и кај кафулето “DACK-KAFE“, работат легално. За жал од секторот за урбанизам не беа расположени да дадат информации колку финансиски средтства локалната самоуправа ќари од платената закупнина за местото на кое се поставени детските игралишта. Ангел Белевска
СТАРТУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ
О
ВО ЦЕНТАРОТ САМО ДОСТАВА И ВЕЛОСИПЕДИ
д 1-ви јули до 1 септември ќе се спроведува летниот режим во патниот сообраќај. Во овој временски период ограничено ќе биде движењето на автомобилите во централното градско подрачје и во стариот дел на градот каде во одреден период од денот со специјални пропусници ќе се движат возилата на жителите од тој дел на Охрид. Улицата Кеј Маршал Тито односно шеталиштето со кружниот тек се зони во кои
сообраќајот и парќирањето на автомобили е забрането. Но, најверојатно и годинава охриѓани ќе се соочуваат со истиот проблем парќирањето и пренатрупаноста на централното градско подрачје со автомобили. “Во неколку наврати кажувам дека согласно бројот на регистрирани моторни возила во Општина Охрид и оние кои се на гостите проблемот со парќирање станува алармантен. Бројот на туристи кои престојуваат
во летниот период допринесуваат бројот на жители да се зголеми 2-3 пати а со тоа и за толку да се зголеми бројот на автомобили а при тоа бројот на паркинг места останува ист. Тоа е причина за отежнато одвивање на сообраќајот овие 2-3 месеци. Но сметам дека со превземените мерки ние од Локалната самоуправа успеваме да го ублажиме овој проблем. Секогаш треба да се има во предвид дека проблемот со паркирање е голем и не може да се реши за кус временски период.Затоа при носење на идниот урбанистички план голем акцент треба да се стави на просторот за паркирање“, изјави советникот за сообраќај во Локалната самоуправа, Зоран Шикалоски. Во Охрид има неколку паркинг простори кои не се доволни ни за паркирање на охридските автомобили вон туристичката сезона а ситуацијата станува алармантна во летниот период.
Тогаш се паркира каде ќе се стигне, па дури и пред влезните врати на станбени згради и приватни куќи или на паркинг простори наменети за возила во кои се пренесуваат лица со посебни потреби. Катните гаражи одлично го решија проблемот со паркирањето во Белград, Нови Сад и во други помали градови во соседна Србија. Одвишно е да се зборува за светски метрополи од калибарот на Њу јорк, Виена,Москва и Пекинг во кои живеат неколку милиони жители и кои иако секој ден ги посетуваат туристи од целиот свет немаат проблеми со паркирањето на превозните средства. Охрид како тристички центар кој годинава “засука ракави“ и сериозно пристапи кон развој на туризмот мора да обезбеди услови за градење на катни гаражи. Ангела Белевска
ТАКСИ ПРЕВОЗОТ ПОСКАПУВА
Т
акси превозот во Охрид од 1 јули поскапува дури за 80 проценти. Поради енормното зголемување на цената на бензините, охридските таксисти побараа од Советот на Општина Охрид да возат по повисока стартна цена, но и да наплаќаат повеќе од досега за поминат километар. Таксистите бараат од досегашните 30, стартната цена да се зголеми на 50 денари, а за секој изминат километар наместо досегашните 10, да наплаќаат по 30 денари. - Цените на бензините се навистина превисоки и вака не се исплатува да возиме - велат такси превозниците. Претседателот на Советот на Општината, Владо Чингоски вели дека стартната цена која ја бараат таксисите е реална, но 30-те денари по километар
се превисоки за граѓаните и за туристите. - Ние не можеме да излеземе во пресрет само на една група граѓани бидејќи треба да го гледаме интересот на целиот град. Треба да се има предвид и финансиската и социјалната состојба на самите граѓани. Засега е сигурно дека стартот ќе изнесува 50 денари, но најверојатно нема да се поддржи барањето за секој изминат километар да се наплаќа плус 30 денари. Реалната цена би била 15 денари - вели Чингоски. Граѓаните, пак, велат дека не се изненадени од поскапувањето на такси превозот. Според нив, со поскапувањето на безнините ваквиот потег бил очекуван. - Дека е скапо - е скапо, но поскапе горивото и друг избор нема. Педесет де-
нари од старт е многу. Тој што има ќе се вози, а тој што нема ќе оди пешки - велат охриѓани. Локалната самоуправа го поддржа ваквиот предлог, но велат дека таксистите оваа сезона ќе мора да наплаќаат со фискални сметки. Оттаму најавија и засилени контроли со цел да се намали злоупотребата од страна на таксистите во летната сезона кои наплаќаат далеку повеќе од реалната цена или пак одбиваат да возат на кратки локации како што тоа го правеа минатата сезона. Сепак, и понатаму останува нерешен проблемот со дивите возачи кои години наназад возат по охридските улици по произволни “солени“ цени.
www.amakpres.com.mk
Сузана Вренцовска
9
ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ КЛИМЕ ВАСИЛЕВСКИ ЧЕТКАР- ПОЗНАТ УГОСТИТЕЛ ОД ОХРИД
ГОСТИТЕ САМИ ДОАЃААТ КАЈ ЧЕСЕН И ЉУБЕЗЕН УГОСТИТЕЛ “САМО ЧОВЕК СПУШТЕН НА ЗЕМЈА КОЈ НЕ ЛЕТА ВО ОБЛАЦИ И КОЈ НЕ Е САМОБЕНДИСАН МОЖЕ ДА БИДЕ УСПЕШЕН УГОСТИТЕЛ. ЛУЃЕТО САКААТ ЕДНОСТАВНИ, ГОСТОПРИМЛИВИ ДОМАЌИНИ. СЕ СЛУЧУВА ГОСТИТЕ ДА ГИ ПОЧЕСТАМ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО ОСТВАРУВАМ ПРОФИТ ОД НИВ, НО ТАКА МОРА ДА БИДЕ....“
10
AMAK
PRES
1
НА ВРВОТ –САШО СТОЈЧЕСКИ
ПРВИОТ ОХРИДСКИ ПИЛОТ И НАЈМЛАДИОТ УПРАВУВАЧ СО ЛЕТАЛА ВО ЗЕМЈАВА
“НАДАРЕНОСТА, ТАЛЕНТОТ , ЉУБОВТА И ЖЕЛБАТА КОН МОЈАТА ПРОФЕСИЈА СЕ БОЖЈИ ДАР. ПОНАТАКА ШТО ВИЕ ЌЕ НАПРАВИТЕ ЗА УСОВРШУВАЊЕ ВО НЕА Е ЛИЧНО ВАША ОДГОВОРНОСТ И ПРИЧИНА ЗА ВАШИОТ ПОНАТАМОШЕН УСПЕХ ИЛИ НЕУСПЕХ “, САШО СТОЈЧЕСКИ 11
НА ВРВОТ ИМА САМО 25 ГОДИНИ, А ВЕЌЕ ГИ ДОФАТИЛ ЅВЕЗДИТЕ ВО СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА. ТОЈ Е НАЈМЛАДИОТ ПРОФЕСИОНАЛЕН ПИЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА. НА 16 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПРВ ПАТ УПРАВУВА ЕДНОМОТОРЕН АВИОН, КОГА ИМАЛ 18 ГОДИНИ ГО ДОБИЛ СЕРТИФИКАТОТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН ПИЛОТ А ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА СТАНУВА НАЈМЛАДИОТ ИНСТРУКТОР ПО ЛЕТАЊЕ СО ПРАВО ДА ОБУЧУВА ИДНИ ПИЛОТИ. ТОГАШ ВО СВОЈАТА 20-ТА ГОДИНА ДИПЛОМИРАЛ НА СВЕТСКИ НАЈДОБРИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ПО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ВО САД И СЕ СТЕКНАЛ СО ЗВАЊЕТО ПРОФЕСИОНАЛЕН ПИЛОТ. МЛАДИОТ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ КОЈ НИКОГАШ НЕ ЗНАЕ ДА КАЖЕ СТОП ЗА УЧЕЊЕТО И ПРОФЕСИОНАЛНОТО УСОВРШУВАЊЕ Е И ПОСТДИПЛОМЕЦ НА ЕДЕН КАНАДСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОЛЕТО НА БЕЗБЕДНОСТА НА ЛЕТАЊЕ ОД 2006 ГОДИНА РАБОТИ ВО АВИОКОМПАНИЈАТА МАТ, ГО УПРАВУВА АВИОНОТ CANADAIR REGIONAL JET CRJ 900. ТОА Е ЧОВЕКОТ ЧИИ ПРОФЕСИОНАЛНИ УСПЕСИ ВО ЦЕЛОСТ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ИСКАЖАТ СО ЗБОРОВИ, ТОЈ Е ГОРДОСТА НА СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ , НА ОХРИЃАНИ И ОХРИД- РОДНИОТ ГРАД.ТОА Е ПРВИОТ ОХРИДСКИ ПИЛОТ, САШЕ СТОЈЧЕСКИ.
М
алото дете кое заспиваше со детската играчка авион, кое покажуваше со прст кон леталата кога минуваа над нашето небо, кое заедно со родителите и помалиот брат со часови седеше на Охридскиот аеродром за да ги гледа слетувањата и полетувањата на авионите, зошто најмногу го радуваа си го исполна не само детскиот туку и животниот сон, стана пилот тој секојдневно со леталото го врти целиот свет и пренесува неколку илјадници луѓе од една до друга дестинација. “Да се биде пилот дефинитивно не е едноставно. Покрај големата желба и љубов кои треба да ги поседувате по-
12
AMAK
PRES
требни се и многу други да речеме услови и жртвувања. Морам да напоменам дека голема улога во одлуката на еден кандидат има и самата средина во која живее. За жал ние сме една мала земја чија авијација не е доволно развиена и презентирана меѓу младиот свет. За еден млад човек да добие инспирација или да има желба за летање мора да има барем најмал контакт со тоа. Во мојот случај работите почнаа поинаку. Талентот, желбата и љубовта беа дадени од Бога а првиот да го наречам сериозан контакт кој беше пресуден за мојата одлука за жал беше во друга земја, а не во Македонија кога за прв пат имав прилика да управувам со мал едномо-
торен авион на 16 годишна возраст . Уште од млади години моите родители ме праќаа во Англија и Америка каде посетував курсеви по англиски јазик. Кога имав 11 години прв пат отидов во Америка , тогаш дознав а подоцна и го посетив најдобриот универзитет по воздухопловство во Daytona Beach во државата Флорида –САД , каде што во 2003 година дипломирав како професионален пилот“, вели Сашо и раскажува за своите школски почетоци во далечната Америка. “ На 14 години започнав да контактирам со воздухопловниот универзитет Embru Riddle во Daytona Beach – Флорида. По завршувањето на втора година
во охридската гимназија “Св. Климент Охридски“ заминав во САД со намера да завршам средно образование и да продолжам на воздухопловниот универзитет. Тоа се случи во 1997 година кога по препорака на универзитетот јас го избрав и своето средно школо. По успешно завршеното средно образование успеав да го комплетирам процесот на запишување на тој универзитет каде што бев примен на својата 17 годишна возраст. Тоа беше и почетокот на мојата пилотска кариера.“ На Универзитетот Стојчески, паралелно ја следи теоретската настава и практично се обучува според студиската програма која и ден денес важи како најдобра и најкомплетна. Со сертификатот спортски пилот се стекнал кога имал 17 години, а една година подоцна ги добива сертификатите по инструментално летање и професионален пилот.На 19 години во рака го има сертификатот за летање со повеќе моторни авиони, а на 20 години станал најмладиот инструктор по летање со право да обучува идни пилоти за која било дозвола , дали тоа ќе биде теоретска или практична спрема. “Додека се обучував имав можност да летам преку 15 различни типови едномоторни и двомоторни авиони кои имаа капацитет од 4 до 8 патника. Ќе ја паметам мојата обука на Боингот 737 и Beachcraft 1900, при летањето, обуката ненадејно беше прекината поради терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001 година. Одненадеж настана хаос, сите воздухоплови во тој момент кои се наоѓаа во воздушниот простор на САД беа приземјени, а тој немил настан за жал однесе многу животи и драстично ја промени авијацијата како никогаш до сега. После завршувањето на втората студиска година поради високите резултати и успеси во дотогашното студирање добив понуда по завршувањето на универзитетот да продолжам со работа како пилот во угледна американска авио компанија NORTH WEST AIRLINES. Свесни за квалитетното школување (кое се состоеше колку во практична толку и во теоретска програма и како таква е најтешка но и најдобра во светот) на универзитетот Embry Riddle, многу , американски авио компании формираа таканаречени bridge програми . Тие беа направени со цел американските авиокомпаниите да го пополнат огромниот недостиг со пилоти и сакаа на најуспешните студенти (во кои бев и јас) да им обезбедат предвремено вработување. Целата таа
програма за мене и другите студенти кои не бевме американци се одвиваше во најдобар ред до 11 септември 2001 година кога беа терористичките напади. Како што веќе кажав тој ден ја промени авијацијата како никогаш досега. Се променија скоро сите закони и ние како странци добивме огромни лимитации и забрани во нашата област – летањето“, вели Стојчески кој со гордост раскажува дека на “неговиот“ универзитет се вршеле заеднички обуки на најголем дел од американските стручњаци во областа на контрола на летање, авио механичари, авио инженери и конструктори,космонаути, офицери и борбени пилоти на Американската воздухопловна воена единица, авио бизнис и економија и голем дел на останатите стручњаци на НАСА. Во 2004 година, Сашо Стојчески се враќа од Америка во Канада и се запишува на постдипломски студии во полето на безбедноста на летање но како вонреден студент на еден Канадски факултет. Во 2006 година е испратен на обука во тренинг центарот на Бомбандиер во Монтреала и за еден месец се стекнува со сертификатот за воздухоплов или сертификат на CRJ 900 и CRJ 700. Две недели пред Стојчески да се врати од Монтреал авиокомпанијата МАТ во која тој работи од таа 2006 година, го добива првиот CRJ 900 авион со кој нашиот охриѓанец има прелетано 1500 часа.Леталото спаѓа во групата на регионални летала со капацитет од 90 патници, лета на височина до 1 300 метри а може да достигне брзина до 1 200 километри на час. Авионот
е автоматизиран и модернизиран до совршенство. “Во авио Компанијата “МАТ“ го стекнав првото работно искуство кај нас.Постојат доста разлики во регулирањето на летовите кај нас и во Америка, но бев одлично примен од моите колеги и нив им ја должам благодарноста за брзото привикнување кај нас. Сите заедно работиме тимски и професионално и бескрајно ги почитуваме пропишаните процедури“, вели Сашо кој истакнува дека работата во авион е тимска, секој има свои задачи и успешниот лет зависи од секој поединец кој е работно анагажиран во авионот. “Тимот со кој управува едно летало во нашиов случај брои двајца пилоти, капетан и прв офицер или познат како копилот и две лица како кабински персонал. Кабинскиот персонал може да варира од 2 до 3 лица зависно од летот. Меѓу нив има главна стјуардеса позната како персер на тој лет. На други воздухоплови бројот на посадата може да варира драстично. На преку океански летови има и по 2 до 3 тима на пилоти кои дури се менуваат за време на лет а бројот на кабински персонал достигнува и до 20. Сите работиме тимски, организирано како една целина . Нашите услуги се поврзани една со друга а почитувањето на пропишаните процедури и комуникацијата мора секогаш да бидат на највисоко ниво, сето тоа е поради една и единствена цел БЕЗБЕДНОСТ. Капетанот и копилотот се подеднакво обучени за управување на авионот и за справување со секој
www.amakpres.com.mk
13
НА ВРВОТ
“СЕКОЈ УСПЕШЕН ПИЛОТ МОРА ДА НАЈДЕ НАЧИН КАКО СЕКОЈДНЕВНИТЕ ПРОБЛЕМИ ДА ГИ ОСТАВИ НА ЗЕМЈА ПРЕД СЕКОЕ ПОЛЕТУВАЊЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГИ РЕШАВА ПО СЛЕТУВАЊЕТО.“ проблем поврзан со него. Секој од нас е обучен да го прави сам она што го правиме двајца за во случај на несакани прилики, болест или смрт за време на лет, авионот успешно да биде приземјен. Од друга страна морам да напоменам дека стјардесите, односно кабинскиот персонал на авионот не се ангажирани само да опслужуваат туку и се најважниот фактор за безбедноста на патниците за време на вонредна ситуација. Тие се исто така високо обучени за справување со најразлични проблеми кои може да настанат за време на летот. Затоа тимската работа во нашата професија е најважниот фактор за безбедноста при секој лет“. Дека секој не може да биде пилот кажува и нашиот професионалец... “Пилотите треба да бидат во одлична психичка и физичка состојба. Секој еден успешен пилот успева да најде начин да ги остави секојдневните проблеми на земја пред секое полетување и продолжува да ги решава по слетувањето. Ова звучи тешко и комплицирано и навистина е, но оние кои успеваат тоа да го направат драстично ја намалуват тежината на своето работно место. При тоа нема да дозволат да ја нарушат сопствената и безбедноста на патниците. Психичката состојба е од огромна важност, потребна е огромна концентрација , како пилоти не смееме и не можеме во ниту еден момент да дозволиме да ни избега концентрацијата или поради замор или било која друга причина да направиме пропусти кои можат да бидат фатални. Кога го управувате авионот со брзина од 1000 километри на час,
14
AMAK
PRES
треба со мозокот да размислувате како за 3000 километри на час за во секој даден момент да бидете пред вашиот авион или едноставно кажано да не дозволите авионт да ве лета вас туку вие да го летате. За човек да биде психички стабилен и здрав мора да расте и живее во здрава средина. Семејството и околината мора да му ја дадат максималната поддршка и разбирање на пилотот кој создал семејство. Поради различните атмосферски влијанија на кои ние како пилоти сме изложени ни се наметнува потребата да водиме здрав живот. Големите височини, намаленото количество кислород, зрачењето од авионската опрема и уве –зраците, озонските дупки се секогаш присутни при летот. Само добар одмор, здрава исхрана и спортување во слободно време го одржуваат телото и здравата психа. За секој пилот во секоја држава постојат редовни лекарски воздухопловни прегледи. До 40 годишна возраст тие се прават еднаш годишно, а по 40-та година два пати годишно. На прегледите се вршат комплетни испитувања и се утврдува дали лицето ги задоволува претходно пропишаните здравствени норми. Од лекарските резултати зависи дали членот на персоналот може или не да продолжи и безбедно да ги извршува своите должности како пилот или кабински персонал. Младиот охриѓанец и еден од најдобрите пилоти во земјава , вели дека во воздухопловниот сообраќај важи правилото , “колку побрзо и повисоко –толку побезбедно“, затоа што потребно е одредено па дури и подол-
го време за решавање на некој проблем кој е можен при летање. А времето е подолго за располагање кога леталото е повисоко. Сашо вели дека може да се лета и во случај да откажат сите мотори, авионот ќе се спушти безбедно до најблискиот аеродром исто како што по вода слободно можете да едрите неколку километри. Но откажувањата на сите мотори речиси и никогаш не случува а персоналот е подготвен соодветно да реагира и во вонредни ситуации. Затоа за овој амбициозен човек најбезбеден е воздушниот сообраќај. “На секои шест месеци ние одиме на симулатор проверки каде поминуваме по четри часовни сесии. Симулаторот е една високо софистицирана направа која изгледа како подвижна кутија со движење на четри оски со помош на хидраулика. Внатре има кабина идентична на авионската со компјутерска проекција со која вие имате визуелен контакт со претходно програмираните ситуации (аеродром,градови, планини...). Тие симулатори се толку софистицирани што воздухопловните власти во светот ги вбројуваат часовите минати во симулатор како оние минати во авион. Предноста на симулаторот е во тоа што можете во една контролирана средина да симулирате секаков вид вонредна ситуација и да им дадете шанса на пилотите да се справат со неа следејќи претходно пропишани процедури.Од техничка гледна точка треба да знаете дека секој систен кој постои во еден авион функционира беспрекорно и има по неколку резервни системи кои во секое време се спремни да ја превземат работата на системот кој престанал со работа. Авио сообраќајот веќе долги години стои на првото место според безбедност како најсигурно превозно сретство на планетава. Тоа го потврдувам и јас. Авионите се толку софистицирани што нивните системи е скоро невозможно целосно да откажат. Многу луѓе се плашат и си го поставуваат прашањето што ако откаже еден мотор? Верувајте, секој произведен авион за да добие сертификат и да започне негова продажба и употреба треба да мине низ милиони најразлични и најдетални испитувања и тестирања. Авионите се сертифицирани да летаат на еден мотор исто безбедно како и што летаат со два мотори. “Јас сум кажал и еве изјавувам дека моето лично мислење е следново; Јас лично побезбедно се чувствувам кога летам СкопјеСингапур-Скопје,отколку кога се возам со автомобил од скопската населба
Карпош до Центар. отколку во странство сам и без никого. Охриѓанецот кој е и единствен македо- Но така сам побрзо созревате, станувате нец кој со висок просек дипломирал на поцврст и се осамостојувате. Најтешко најдобриот американски универзитет е кога ве мачат проблеми, а кога обуза авијација, човекот кој на 18 години чувате студенти кои прв пат влегуваат го доби сертификатот професионален во авион, но независно од тежината на пилот, никогаш не ги заборави свои- проблемот, вие мора “да го истоварите те најблиски роднини и пријатели во “на копно и да го понесете со себе отОхрид. Тука живее неговото најблиско како ќе слетате на земја. Тешкиот тосемејство во чие присуство ужива и вар пак за моите родители и мојот посе одмора. Тоа е човекот кој се би дал млад брат Јане беше фактот што мене за среќата на своите родители и бра- ме нема дома крај нив, тие буквално тот Јане зошто токму таа-среќата му се што заработуваа или најголемиот ја дадоа тие. Го подржуваа за се што дел од финансиите ги трошеа за моеправеше во седумте години минати во то образование за јас да си го остварам САД а за секоја одлука го неизмерно сопствениот поточно заедничкиот сон го поддржуваат и денес. “Моето „ЈАС ЛИЧНО ПОБЕЗБЕДНО семејство беше единствениот СЕ ЧУВСТВУВАМ КОГА и најважниот ЛЕТАМ НА РЕАЛЦИЈА фактор за мојот СКОПЈЕ- СИНГАПУРуспех од самиСКОПЈЕ, ОТКОЛКУ КОГА от почеток. Без ПАТУВАМ СО АВТОМОБИЛ нив без нивна помош, подОД СКОПСКАТА НАСЕЛБА дршка њубов и ЦЕНТАР ДО КАРПОШ.“ разбирање јас немаше да можам да го направам ни првиот чекор. Како денес да беше, се сеќавам кога им се јавив на моите од Америка со првите импресии. Тие ме слушаа на телефон и се радуваа повеќе од мене, што ете имав можност да поч- ,да станам пилот. Но тешките моменти нам и да го остварам она што го сакам се забораваат и преовладуваат убавите и она за што навистина сум талентиран кога се остварува целта. Сега јас нива кое верувам е и Божји дар. Во ниеден ниот син и брат ги возам низ целиот момент не дозволија да ми наметнат не- свет, сега дури и тие “го управуваат што друго или да ми контрираат на ка- авионот“ но во мое присуство доколку ков било начин иако, верувам и убеден за тоа има можност,“смеејќи се рассум дека тоа го прифатија доста тешко. кажува Сашо, кој е задоволен што на Но родители, како родители секогаш него никогаш не заборавиле блиските делуваат позитивно и оптимистички роднини и пријатели кои ги посетува и на своето дете. Моето школување во ужива во нивно друштво кога доаѓа во Америка траеше релативно долго се- Охрид. дум години, што секако претставуваше Овој млад амбициозен пилот има многу и огромен финансиски товар, многу малку слободно време, но и кога го има откажувања и жртви кои само можете го користи за учење, зошто како што да ги претпоставите а тешко да ги раз- вели оваа професија бара постојано берете ако не сте ги почуствувале на усовршување и надоградување на сопствена кожа. Нормално е да им не- стекнатото знаење како и постојано достасувате на најблиските и тие вам. следење на светските новитети во Животот е склоп на убави и лоши мо- авијацијата. Но охридскиот управувач менти кои е полесно да ги доживеете на летала е едноставен склоп на млакога сте со своите во своја татковина до талентирано и амбициозено момче
кое оди во чекор со модерното време не само во професионалната, туку и во приватната свера. Ужива во скопските и охридските кафулиња придружуван од најблиските роднини и пријатели, а наоѓа време и за спортување. “Пред да почнам да се занимавам со авијација бев професионален пливач и ги обожавам водените спортови. Ретко имам прилика и услови, но кога ги има ги користам за пливање и играње ватерполо. Исто така во слободно време се трудам што поредовно да бидам во теретана поради одржување на добра физичка и психичка форма потребна за моето динамично темпо на живеење“, вели Сашо кој пред крајот на разговорот ни ги откри и своите идни планови и желби. “Како и секој друг човек планови за во иднина имам. Во моментов себе си се гледам во Македонија но не значи дека тоа ќе трае за секогаш. Вратите низ светот ми се секогаш отворени па со господ напред ќе видиме што животот ќе донесе понатака. Како што напоменав во МАТ бвев и сум одлично прифатен, условите за работа се одлични, летам со еден високо безбеден и софистициран авион и би сакал да го вложам своето знаење и искуство за усовршување на нашата компанија. На приватен план не планирам ништо конкретно затоа што животот покажал дека никогаш нештата не се одвиваат онака како што ние сакаме, туку како што животот ќе наложи. Се надевам дека ќе биде онака како што јас сакам но како и да е јас настапувам позитивно и оптимистички и верувам дека што и да биде ќе бидам среќен и исполнет се додека ме служи добро здравје мене и моите најблиски. А нели здравјето е најважно во животот?!“ пишува: Ангела Белевска
www.amakpres.com.mk
15
www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025
16
AMAK
PRES
ЛОКАЛ
ЌЕ СЕ РЕЦИКЛИРА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД ВО ОХРИД
С
обирањето и складирањето на цврстиот отпад се неопходни за чиста животна средина, а рециклирањето на пластиката влијае врз заживувањето на стопанството и економскиот развој на земјата. Само со чиста животна средина може да се обезбеди побрз влез во евроинтеграциите. Ова беше заклучено на бизнис форумот за рециклирање на пластика што во изминатите денови се одржа во Охрид во организација на Институтот за надворешна трговија во соработка со Проектот за рециклирање пластика при УСАИД, со поддршка од италијанската Асоцијација на произведувачи на гума и пластика и Заедницата на локални самоуправи на Македонија. Според италијанскиот амбасадор во Македонија, Донатино Маркон, превземни се сериозни чекори за затита на животната средина како во Македонија, така и во Италија, но мора да се направат уште многу чекори во таа сфера.
„Италија направи повеќе работи во Македонија, пред се во заштитата на реката Радика и валоризирање на природното богатство на Маврово. Вкупните инвестиции беа околу 10 милиони евра. Мора да се направи уште многу за квалитетна животна средина и подобар живот на луѓето. Затоа мора да се обезбеди соработка меѓу приватниот и јавниот сектор“, изјави Маркон. Според Патриша Рајдер од УСАИД сепарацијата и рециклирањето на отпадот е од суштетствено значење за заштита на животната средина. Таа информираше дека проектот на јавно приватно партнерство во комуналната сфера во Македонија се имплементира во општините Гостивар, Струмица, Кочани и Карпош. Проектот за рециклирање на пластичниот отпад од денеска ќе се имплементира и во Охрид, а во наредниот период со него ќе бидат опфатени нови 20 општини, соопшти Рајдер.Секоја од општините
ќе добие помош од УСАИД во висина од 30.000 $. Според првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“, Боро Павлоски дека граѓаните на Охрид одлично ја прифатиле идејата за сепарирање на отпадот, но како што рече недостигаат доволен број на садови. Но, со овој проект, како и со другите активности кои ги преземаме се надевам брзо ќе го отстраниме тој проблем, рече Павлоски. Проектот за рециклирање на пластичниот отпад беше промовиран на градскиот плоштад во Охрид каде се одржа еко-хепенинг. Од УСАИД најавија дека во периодот од 25 јули до 5 август во Македонија ќе се одржи акцијата „Денови на рециклирање“ преку која ќе се едуцираат граѓаните за поголемо учество во заштитата на животната средина. Ангела Белевска
ПРОБЛЕМОТ СО ПРЕГЛАСНАТА МУЗИКА РЕШЕН
ОХРИЃАНИ ОВА ЛЕТО МИРНО ЌЕ СПИЈАТ
О
хриѓаните кои живеат во стариот дел на градот ова лето, конечно, ќе можат мирно да спијат. Локалната самоуправа ќе им го реши проблемот со прегласната музика од околните кафулиња и ноќните клубови кои години наназад пуштаа гласна музика до раните утрински часови. Набавени се апарати за мерење на јачината на звукот, а за прекршителите, односно за оние кои пуштаат музика погласна од 45 децибели ќе следуваат и високи казни. - Доколку се утврди на лице место надминување на јачината на звукот и силна бучава, нашиот овластен инспектор ќе изрече мандатна казна на лице место од 500 евра и 150 евра на одговорно лице, или мандантна казна на лице место од 650 евра. Исто така ќе следи и затворање на објектот доколку е надмината бучавоста, вели Танас Та-
наскоски, началник на Општинскиот инспекторат во Охрид. Ваквата одлука ја поздравија граѓаните кои тврдат дека бучавоста директно влијаела врз нивното здравје.Анкетата направена од санитарната инспекција покажала дека кај повеќе од 180 граѓани има нарушување на здравјето, било тоа да се психички или други проблеми. “Никој со три часа сон не може да оди на работа и да биде способен да работи. Тоа е најголемата последица од се“, вели Љупчо Поп Стефанија од МЗ “Стар град“. Охридските угостители, пак, велат: Одлуката е добра, но сепак треба да се има поголема флексибилност и разбирање за оние туристи кои бараат забава. “Ова е туристичко место и луѓето сакаат да се забавуваат. Треба да се има ред, но од друга страна, доколку сме ограничени со јачината на звукот и со работното
време, тоа може директно да се одрази врз успешноста на сезоната“, сметаат угостителските работници. Одлуката да се стави ред во звучниот хаос наиде на одобрение и кај станоиздавачите од стариот дел на градот кои сметаат дека центарот на Охрид треба да служи за одмор на гостите. Според нив, туризам не се развива со неред и бучава. Во стариот дел на Охрид има околу 4000 жители и 40 угостителски објекти. Двете страни битката за прегласната музика ја водат повеќе години. Конечно, оваа сезона Општината реши да се справи со овој проблем и да воведе ред со неконтролираното пуштање на музика. Инаку, Охрид е единствена Општина во државава која поседува апарати за мерење на јачината на звукот.
www.amakpres.com.mk
Сузана Вренцовска
17
ЛОКАЛ
НЕПОПОЛНЕТИ 384 МЕСТА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОХРИД
П
о завршувањето на првиот уписен рок за запишување во охридските средни училишта има 384 слободни места. Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ слободни се 50 места во гимназиската, 12 во здравствената и 9 во економската струка. Во ЕМУЦ има слободни места за вкупно 215 ученици во сите образовни профили, а интересно е тоа дека за новоформираната паралел-
ка за резбари која треба да брои 34 ученици во првиот уписен рок нема заинтересирани ученици. Во ОУТУ „Ванчо Потошески“ слободни места за второт пријавување во првиот уписен рок останаа 51 за келнери, 34 за готвачи и 13 угостителски техничари. Второто пријавување во првиот уписен рок е закажано за 1 и 2 јули, а резултатите , кандидатите ќе ги имаат наредниот ден.
Критериуми за упис во средно образование се средниот успех на учениците од петто до осмо одделение, успехот по четирите предмети кои се најзначајни за струката што ја одбрале,како и дипломи за освоени награди на натпревари. Ohridnews
ЗАВОД ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА
НОВА МЕТОДА ВО ДИЈАГНОСТИКАТА
П
рвпат во Македонија, во Заводот за кардиоваскуларни заболувања, во Охрид ќе се воведе нова метода во интервентната кардиологија, која ќе дава дополнителни информации за стеснувањата на срцевите садови, што ќе овозможи поголема прецизност во дијагностицирањето на кардиоваскуларните заболувања. Со оваа метода се добиваат информации за функционалниот проток низ коронарните крвни садови, но и за протокот во срцевиот мускул, со што во голема мера се подобрува квалитетот на животот на пациентите и се избегнуваат потенцијалните грешки коишто можат да настапат во одредени случаи, велат од Охридскиот завод за кардиоваскуларни заболувања. Се покажа во многу случаи дека стратегиите за идниот третман на коронар-
18
AMAK
PRES
ните болести треба да се преиспитаат бидејќи во дел од случаите стандардната дијагноза не се покажа како најпрецизна. Многу често интервентните кардиолози пациентот го препорачуваа за коронарно стентирање во ситуации кога тоа не било потребно и обратно, вели д-р Никола Бакрачески, директор на Заводот за кардиологија во Охрид. Со шведската метода која се изведува со апратура на реномираната фирма “Ради“ ќе се избегнат грешките при д и ј а г н о с т и ц и р а њ е то на кардиоваскуларните заболувања бидејќи искуствата покажаа дека кај пациентите третирани со оваа метода се постигнуваат подобри резултати во лекувањето отколку со примената на стандардната метода, смета Бакрачески. - Ваквата метода ќе се применува само врз одредена група на пациенти, а дополнителното време кое се троши е 5 до 7 минути во однос на класичната метода, вели Бакрачески. Инаку, методата за прецизно дијагностицирање во Македонија до-
сега не се применувала, бидејќи се работи за скапа постапка и скап потрошен материјал. За првпат новата метода ќе биде имплементирана во Охридскиот заводот за кардиоваскуларни заболувања со поддршка на Министерството за здравство и Фондот за здравство. Сузана Вренцовска
www.amakpres.com.mk
21
ИНТЕРВЈУ ИГОР ВИДОВСКИ СОПСТВЕНИК НА „СИДЕРОС“ ЕДИНСТВЕНАТА ФАБРИКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КОТЛИ НА БИО ГОРИВО
НОВ ЕКОЛОШКИ ЧИСТ И ЕВТИН ПРОИЗВОД НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ВО УСЛОВИ КОГА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА И СТРУЈАТА ПОСТОЈАНО РАСТАТ, НИЕ НА ГРАЃАНИТЕ ИМ НУДИМЕ ПРОИЗВОД КОЈ ВО ГОЛЕМА МЕРА ЌЕ ИМ ГИ НАМАЛИ ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ. СО ЕДЕН ТОН ПЕЛЕТИ ШТО ЧИНИ 250 ЕВРА, МОЖЕ ЦЕЛА СЕЗОНА ДА СЕ ЗАТОПЛУВА ПРОСТОРИЈА ОД 300 КВАДРАТНИ МЕТРИ. АКО СЕ РАБОТИ ЗА НОРМАЛЕН СТАН, СО ИСТАТА КОЛИЧИНА ЌЕ СЕ ГРЕЕТЕ ТРИ ГОДИНИ, ОБЈАСНУВА ВИДОВСКИ
О
хридската фабрика Сидерос е единствена во земјава што произведува котли на био-гориво, засега за странски пазари, но од септември се очекува проширување на продажната мрежа и во Македонија. Игор Видовски, сопственикот на Сидерос најавува дека до крајот на годинава ќе лансираат нов производ - камин на био-гориво. За прв пат во Македонија се произведуваат котли кои работат на био гориво. Граѓаните многу ректо можат да се запознаат со ваков производ. За што точно станува збот и како функционира? Се работи за целосно наш производ кој е патентиран и е нов на македонскиот пазар. Котелот работи исклучиво со еколошки чисти горива - на дрва или на пелети. Постои можност истовремено да работи и на дрва и на пелети бидејќи има две горилици. Кога се користат дрва како гориво, котелот работи стандардно, додека ако е на пелети, тогаш со помош на софтвер се пали и гасне автоматски со грејачи. Исто така, има опција за палење на котелот преку СМС порака од мобилен. Го програмирате софтверот да го запали котелот и кога ќе дојдете дома, станот е веќе загреан. Котелот има резервоар од 150 килограми, што значи дека може подолго време да работи и без полнење. Од каде идеата да се занимавате токму со овој бизнис? Најпрвин со мојот партнер Јован Јованоски започнавме да работиме со една италијанска фирма за која правиме делови за камини на пелети. Пред две години видовме дека можеме да направиме готов производ и денес нашите очекувања во целост се исполнија. Производниот процес 90% е заокружен. Само две од операциите се прават надвор од нашата фирма но во тек е набавка на нови машини. Сега претежно работиме за извоз. Имаме заинтересирани купувачи од Италија, Словенија, Холандија и Ирска.
20
AMAK
PRES
до 40 киловати што значи дека може да загрее и просторија од 300 метри квадратни. Значи поголема куќа, мини хотел, градинки, училишта, ресторани и слично.
Колку во Македонија се заинтересирани за котлите на био гориво? Интересот и кај нас е голем но со оглед дека работиме само две години, а се работи за потполно нов производ сеуште ја немаме развиено продажната мрежа. Наша цел е котлите да се продаваат преку посебна дистрибутивна фирма и тоа не само кај нас туку и во соседните земји Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција. Се работи за еколошки чист производ што секако е предност при изборот. Што друго граѓаните добиваат доколку се одлучат да се греат со ваков вид на био гориво? Најбитна пред се за потрошувачите е заштедата. Во услови кога цените на нафтата и струјата постојано растат ние им нудиме производ кој во голема мера ќе им ги намали трошоците за греење. Со еден тон пелети кој чини 250 евра, може да се затоплува просторија од 300 метри квадратни цела сезона. Доколку се работи за нормален стан со истата количина ќе се греете три години. Од друга страна станува збор за еколошки чист производ, а предноста е како што реков и во тоа што може да работи и на дрва и на пелети. Пелетите во себе содржат само 0,5 % пепел и немаат издувни гасови. Каде се може да најде примена овој производ? Моќноста на котелот е од 28 киловати
Пелетите како еколошко гориво имаат широка примена во земјите од Европската унија. Дали овој производ задоволува некои од европските стандарди за квалитет? Во Европската унија се донесе закон до 2020 година 25% од греењето да биде обновлива енергија, а пелетите како био гориво се дел од таа енергија. Се надевам дека ваквиот закон во голема мера ќе ги отвори вратите за примена на овој нов начин на греење. Котлите на био гориво кои ние ги произведуваме ги задоволуваат европските стандарди за квалитет НА303/5. Пелетите пак ги набавуваме од Италија. Кај нас сеуште не се произведуваат поради скапата технологија. Во земјите од европската унија има субвенции за ваквите грејни тела на био гориво, кои заштедуваат електрична енергија, нафта, гас, плин. Се надевам дека и кај нас ќе има такви субвенции за брзо време. Кои се идните планови поврзани со вашата фабрика за производство на котли на био гориво „Сидерос“? Продолжуваме и понатака со производство на делови за камини на био гориво за Италија. До крајов на годинава имаме договорено 4000 парчиња и околу 100 котли месечно за првата година. Следниов периот ќе го искористиме за поголема промоција изработени се флаери за да се запознаат потрошувачите поточно за што станува збор, а бараме и фирма која ќе го продава нашиот производ. Тоа е она што ќе следи во текот на сезоната, а од септември планираме да отвориме и наш изложбен салон. До крајот пак на оваа година планираме да воведеме уште еден нов производ на македонскиот пазар - камин на пелети. Сузана Вренцовска
КУЛТУРА
ФЕСТИВАЛ НА ФРАНЦУСКИОТ ФИЛМ ВО ОХРИД
Н
а 1-ви јули кога Франција го превзема претседателството со ЕУ, на Античкиот театар во Охрид, свечено ќе биде отворен фестивалот на францускиот филм. Вечерта на свеченото отворање предвидена е ексклузивна проекција на еден од најдобрите француски филмови последниве години, филмот, “Живот во розово“ од Оливие Дан. Филмот е посветен на легендарната шансониерка,Едит Пјаф. Филмот има освоено 29 награди
меѓу кои и два оскара. Отворањето и затворањето на фестивалот ќе биде на Античкиот театар, додека останатите проекции ќе се одржат во Центарот за Култура “Григор Прличев“. Ексклузивен гостин на фестивалот најверојатно ќе биде легендата на францускиот и светскиот филм, Клод Лелуш кој треба да дојде со својот најнов филм, “Џебен роман“. Како признание на Лелуш, во Охрид ќе му биде врачена “Златна маска“.
Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер, во жирито меѓу другите ќе бидат македонскиот режисер, Антонио Митриќески и актерката Лабина Митеска. Во тие пет дена колку ќе трае фестивалот се очекува во Охрид да пристигнат голем број филмски критичари, режисери и сценаристи не само од Франција туку и од цела Европа. Ангела Белевска
ПО ВТОР ПАТ ВО ОХРИД
МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ “РАЗИГРАНО ОРО“
О
д 26 до 30 јули ,Охрид е домаќин на меѓународниот фолклорен фестивал “Разиграно Оро“. Четри дена на Градскиот плоштад играорците од Србија, Босна и Херцеговина,Полска, Хрватска, Бугарија, Костарика и Македонија, со танц и песна ќе ги забавуваат охриѓани и туристите кои престојуваат во градов.Бројот на учесниците е 300 а нив-
ните настапи ќе ги проследат околу 800 гости кои по тој повод специјално ќе дојдат кај нас. Организаторите на фестивалот, Ансамблот за народни песни и ора “Македонка“ и локалната самоуправа од Охрид, сметаат дека со оваа манифестација ќе имаме заживување на културните настани во Охрид, а според нив културата е пулсот на градов.
Меѓународниот фолклорен фестивал “Разиграно Оро“ прв пат се одржа минатата година и најверојатно ќе добие традиционален карактер. Тој е добар мост за поврзување на народите од цел свет, размена на културните придобивки и осознавање на традициите и обичаите на различните народи. Ангела Белевска
SPORT
АМАК СП ЌЕ ИГРА ВО ЕВРОПА
О
хридскиот прволигаш Амак СП се пријави за учество во третото по ранг европско клупско натпреварување. Така, Охрид ќе дебитира во еврокуповите во машка конкуренција. Се работи за натпреварувањето, кое до минатата сезона се нарекуваше ФИБА Еврокуп. Токму лани во него настапи Струмица 2005, и успеа во 1. квалификациско коло да ја елиминира хрватската Цедевита, пред да загуби од Локомотив Ростов од Русија. Амак СП минатата сезона беше најпријатно изненадување во првенството. Охриѓани го завршија регуларниот дел на 3. место, зад неприкосновените Фени Индустри и Струмица 2005. Но, во четвртфиналето со 0:2 во победи беа елиминирани од МЗТ ФОН Универзитет Скопје. Војдан Стојановски направи одлична сезона и се најде на поширокиот список на сениорската репрезентација, додека Џерид Фрај беше еден од најдобрите индивидуалци во регуларниот тек на првенството.
ДИМИТАР ПОП СТЕФАНИЈА НЕПРИКОСНОВЕН ВО КЛАСАТА ОПТИМИСТ
В
о организација на Едрличарскиот клуб Стрмец – Охрид и Едрличарската федерација на Македонија на 21 и 22 јуни во Охрид се одржа Државното првенство во едрење во класата Оптимист. На првенството зедоа учество 20 едрилици од три клуба: АМАК СП БОФОР – Охрид,СНЕГАР – Струга и СТМРЕЦ – Охрид. Победник во генералниот пласман беше Димитар Поп Стефанија од ЕК АМАК СП БОФОР, кој во шест трки го зазеде првото место и ја освои титулата државен првак за класата Оптимист во 2008 година. Второто место и припадна на Елена Ставреска од ЕК СТРМЕЦ, а третото место го освои Ердан Лушо од ЕК СНЕГАР. Во женска категорија прва беше Елене Ставреска,втора Мартина Каневче, а трета Бојана Радеска
22
AMAK
PRES
www.amakpres.com.mk
23