AMAK
EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION
BESPLATEN PRIMEROK
PRES
OHRIDSKI NOVINI
www.amakpres.com.mk
marketing
070 / 462-362
Godina V - Broj 87/88 25 April 2008
СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ
ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ
БЛАГОЈА АРСОВСКИ
definitivno najevtino
НА ВРВОТ
СПОРТИСТИ
ПРОФ. НИНА МОМИРОВСКА
ЏАРИД ФРАЈ
DA NAPRAVIME REZIME
А СЕГА ИЗБОРИ ЗА СЕСТРАНА КАТАРЗА Парламентот се самораспушти и сега ќе имаме предвремени избори. Ќе се наслушаме басни и сказни, ветувања, фалења со реализираното, нејасни проекции за иднината кои ќе се сковани во кованицата да не гледаме назад туку само напред, или дека некој ќе не однесел до Европа, некој ќе ни го зачува достоинството и ќе ни донесат пари и параспури. И веднаш запончаа со капањата, ако таа уште не е почната. Па така се прослави роденденот на СДСМ, на кој со по подолга пауза од партиски фешти се појави и претседателот Бранко Црвенкоски, потоа премиерот Никола Груевски отвори една спортска сала, па на една телевизија цело време гледаме како се одржала трибина посветена на фармерите. Но и покрај тоа што сме навиканти за време на кампањите да се пуштаат сокаци, да се асфалтираат сокаци ( ги паметиме багерите со постери од Боро Шаин во сокаците кај Абас Емин, и автопатот кај Рача што Љубчо Георгиевски го отври дури два пати) никако не можам да ги заборавам неколкуте баби кои на Канал 5 држеа во рацете јогурт, млеко и некои други намирници и кажуваа колку се поскапело, а диригент им беше Роза Топузоска Кароска. . .Незнам дали Роза не знае како стојат работите на светскиот пазар па сама се изглупира или свесно ги измамила бабите да зборуваат смешки. А знам зошто само Канал 5 го емитува тоа со изманипулираните баби. . . И што се не се нагледавме низ деценија и пол тразниција. Глупости, глупости, глупости. Нас ни се потребни избори и промени темелно, ама со листи на кои ние сами ќе гласаме по имињата на пратениците, а не партиие да ни ги дадат листите готови според тоа кој колку излобирал. Зоштои го предлагам ова? Па ајде нека се сети некој дали ги знае сите пратеници од парламентот? Има ли пратеници во парламентот кои лапаат плата на наш трошок, а не ги видела јавноста? Има ли пратеници кои не дале изјави за медиуми и не проговорлие на говорницата? Секако дека има. Половина се такви. Статисти, кукли, бројки, обичен инвентар во парламентот. Луѓе без идентитет и мозок да го употребат , потчно го употребуваат само кога треба да се гласа. Е тоа треба ние да го смениме на изборите, а партиите да се освестат и да направат листи со луѓе подготвени за дебата.
И НА НАШИОТ СОВЕТ МУ ТРЕБА КАТАРЗА
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk
За издавачот:
Венко Шапкар - Генерален директор Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска Крсте Спасески Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски Велимир Џамтоски Лектор: Милчо Јованоски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
2
AMAK
PRES
И советот на Општина Охрид е сличен со парламентот, поточно дамбетар е. Не ми е јасно како некој медиум од нашите локални медиуми или некоја од невладините органзиации до денес не се сети да направи анализа на работата на советнциите во општинскиот совет? Па таму луѓе мои има советници кои не знаат каде е говорницата во советот. Ни еднаш за цели три години не станале да земат збор на говорница. Јас кога работев во телевизија ги замолено камерманите да ги снимаат и ги архивирав за да ги пласирам по датуми, како со месеци тие скришно под клупите во советот читаат весници ( најчесто модни списанија во кои се презентираат најновите бои на лакот за нокти) и јасно се гледа дека не знаат ни што е на дневен ред. Туку кога ќе дојде да се гласа ја креваат главата и гледаат во првиот ред како гласа нивната советничка група, па и тие креваат картонче со иста боја, како она што ќе го кренат нивните ментори. Се прашувам, како е можно Охрид да доживее ваков состав на советот? Како може во овој совет да има такви советници кои не дале изјава за медиум, не излегле на говорница во советот и јасно се гледа дека не знаат ни што работи советот. Едносотавно си статираат во советот, глумат советници, креваат картонче според бојата која ја креваат нивните шефови и се си функционира така еве три години. Дали партиите кога ги правеле листите за советници, како услов поставиле кандидатите да знаат да разликуваат боја и да успеат да запаметат каде треба да седнат, во која клупа, лево или десно? Се повеќе ми се чини дека на некои партии тоа им е основен услов при кадровската политика и изборот на кандидати за советници. Жално и поразително за нашиот град. Па така сега ако се направи статитика ќе се види дека Перо Калимеро кој има основно образование направил, отворил и развил повеќе дискусии во советот од половина советници кои глумат и глумат и упорно глумат интелектуалци. Ете затоа сега Перо Калимеро прави советничка листа со која треба во советот да донесе повеќе советници негови приврзаници. И нека ги донесе, подобро Калимеро да донесе работници, одколку партиите да инсталираат статисти во клупите. Мислам дека некој треба во советот да предложи советниците кои немаат никакава активност, да ги вратат платите и телефоните службени. Како не се засрамат да седат во клупите, а притоа појма да немаат што им е работа и што воопшто работи Советот на Општина Охрид. . . .
ОБЈАСНУВАЊЕ: Зборот КАТАРЗА значи прОчистување, проветурвање . . . .тоа колку за да сватат некои од СОВЕТНИЦИТЕ што сум напишал.
www.amac.com.mk/novini
3
ЛОКАЛ ГРАДОТ ДОМАЌИН ПОДГОТВЕН ЗА ПРЕЧЕК НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ
ОХРИД ЌЕ БЛЕСНЕ ВО НОВО СВЕТЛО ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРЕЧЕК НА 16-ТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ ОД ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ПРИВРШУВААТ. ГРАДОТ ДОМАЌИН ПОДГОТВЕН ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКА ВИСОКИТЕ СТРАНСКИ ДЕЛЕГАЦИИ НА ПРЕСТОЈНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ САМИТ КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 2 И 3 МАЈ.
О
хрид подготвено ќе ги пречека претседателите од Централна Европа на престојниот Самит на 2 и 3 мај годинава. Градот домаќин на претседателскиот Самит ќе блесне во ново светло. Реновирани се голем број улици, се уредува зеленилото, се чисти градот, комплетно се санира и заменува уличното осветлување а се најавуваат и зафати врз градското пристаниште односно ќе се врши фугирање на камените коцки. Општината вкупно ќе потроши 1 милион денари, а градот, како што велат од таму, ќе добие нов лик. Според најавите од предвидените 18 претседатели на охридскиот аеродром ќе пристигнат само 16. Италија и Романија ќе бидат претставувани на ниво на амбасадори. На аеродромот Св Апостол Павле за првпат ќе слетаат поголеми авиони. Украинскиот претседател ќе допатува со Иљушин 62, словачкиот со Тупољев 154, а со Аирбас А 310 ќе слета германскиот претседател. -И покрај тоа што за прв пат на нашиот аеродром ќе слетаат поголеми авиони ние сме подготвении и во поглед на капацитетите кои ги имаме и во поглед на персоналот. Се разбира поради специфичноста на настанот ќе имаме и
засилена екипа од Скопје, вели директорот на охридскиот аеродром, Борис Стефаноски. Првиот претседател кој ќе слета на охридската писта е словачкиот кој заедно со хрватскиот претседател, претседателот на Босна и Херцеговина и на Црна Цора ќе пристигнат на први мај и ќе бидат првите гости на претседателот Бранко Црвенкоски. Останатите пристигнуваат на втори мај во претпладневните часови. Украинскиот претседател кој доаѓа со Фалкон 900 ќе има најкраток престој во Охрид. Доаѓа утрото на 2 мај, а заминува вечерта истиот ден. Покрај работниот дел од Самитот, претседателите ќе имаат прилика да го разгледаат стариот дел на градот, а
по посетата на Плаошник ќе присуствуваат на концерт во катедралната црква Св Софија. Исто така предвидено е прошетка со брод по Охридското Езеро. Иако засега не се открива за кој брод станува збор најверојатно тоа ќе биде бродот Галеб, единствениот кој ги исполнува условите во поглед на капацитетот и опременоста. Што се однесува до сместувањето државниците ќе престојуваат во луксузните апартмани на хотелите Метропол, Белви, Гранит и Инекс Горица. Како што дознаваме претседателите на Полска Чешка, Црна Гора, Украина, Турција, Албанија и Молдавија во Охрид ќе пристигнат со своите сопруги. И додека претседателите ќе расправаат за проширувањето на ЕУ, економските енергетски перспективи, првите дами ќе шетаат по охридските сокаци, ќе ги посетуваат културно историските знаменитости но и ќе имаат прилика да слушнат како се прават познатите охридски бисери. На самитот се најавени се 350 членови на делегации и 200 новинари. Сузана Вренцовска
ЛОКАЛ
КОГА ЈА СНЕМА ЧАРШИСКАТА КАЛДРМА ИСЧЕЗНА И ДУШАТА НА ОХРИДСКА ЧАРШИЈА СВЕТОТ ТРАГА И СЕ СТРЕМИ ДА ГО СОЧУВА АВТЕНТИЧНОТО И ТРАДИЦИОНАЛНОТО А НИЕ САМИ ГИ УНИШТУВАМЕ БЕЛЕЗИТЕ ОД МИНАТОТО
С
поред белешките на турскиот патеписец Евлија Челебија од 17-от век, охридската чаршија зафаќала доста голем простор. Во неа биле сместени сите занаечиски работилници и трговски дуќани. Евлија Челебија набројува 150 дуќани, три бесплатни конаци и три анови. Имало седум кафеани во кои се состанувал образованиот свет. Меаните биле сместени во ритчестиот дел на градот, каде живеело христијанското население. Според овој патеписец повеќето дуќани во старата чаршија- како и самата таа биле направени рачно од камен. Пишани историски документи од 30-те години на минатиот век го потврдуваат фактот дека Охридската чаршија била направена од калдарма уште од времето на балканските војни. Во 193738 година прв пат се извршила рачна реконструкција на чаршијата,тогаш од камен и чакал била направена коцката под чинарот кај рибарниците. Старите мајстори со кеиф и мерак ја дотерувале чаршијата која добивала само нова насмевка на истиот лик, зашто тие нејзините создавачи не сакале да и го уништат препознатливиот белегклдрмата. Во далечната 1953 година по втор била пат обновена чаршиската калдарма, нејзиниот камен потекнува од селото Рамне и според испитувањата во Македонскиот институт за градежни материјали е варовник. Тој камен ја задржа автентичната форма на старата охридска чаршија до почетокот на 2001 година кога локалните власти на
ОХРИДСКАТА ЧАРШИЈА НЕКОГАШ И СЕГА чело со тогашниот градоначалник, Никола Наумоски одлучија од корен да го сменат ликот на чаршијата ја извадоа калдрмата и стариот камен го заменија со камени плочи. “Со корнењето на старата калдарма се реши голем проблем, се оствари сепарирање односно одвојување на фекалната од дождовната канализација,а се постави подземна електрична и кабелска инфраструктура која дотогаш ја немаше во Охрид“ ,изјави за АМАК ПРЕС-Охридски новини тогашниот координатор на проектот и комунален инспектор, Танас Танаскоски. „Првичната идеја беше истиот камен да се обработи и да се постави по чаршијата, но тој не можеше да се обработи, па по едногодишните испитувања беше заклучено дека стариот камен кој потекнува од селото Рамне има својства на варовник. Најсличен нему, беше каменот кој го носевме од Гостивар, а го поставуваше градежната фирма ЛОТЕ КОМПАНИ која по распишаниот тендер беше ангажирана за таа активност“, истакнува Танаскоски. Во тој период општинската сметка беше блокирана поради долгот кон градежното претпријатие Гранит. Долгот од 300 000 денари направен од времето на градоначалникот Никола Матлиески Пашата, секојдневно растел поради што е попречено брзото реконструирање на чаршијата. Градежните работи се вршеа етапно во период од две години. Беа поставени 8 000 метри квадратни плочки, а вкупната
инвестиција чинеше 600 000 евра. Танаскоски, тврди дека сегашните камени плочки го имаат истиот квалитет како стариот камен, разликата е во обликот, но токму таа неправилната форма на камената калдрма и даваше специфичен препознатлив белег на Охридската чаршија. Неправилните камења обработувани рачно ги заменивме со светкави камени плочки на кои се познава отисок на прст, а не станува збор за огромните флеки оставени од гуми за џвакање и друг отпад. Дел од каменот на чаршиската калдарма требаше да се постави во дворното место на црквата Св. Богородица Перивлепта, но плановите пропаднаа во вода. Десеттина од старите камења, но со нов облик се поставени пред старата стоковна куќа „Билјана“ и бутикот “Азаро“, останатиот дел од калдрмата „гние“ во просториите на ЈП Комуналец. Неодамна градоначалникот, Александар Петрески, најави нова реконструкција на градскиот плоштад во која ќе се искористи дел од стариот камен, но времето ќе покаже дали ќе се реализира ветеното. Додека светот трага и сака да гледа нешто автентично, создадено од век и веков, ние сами си го искорнавме минатото за да го читаме и гледаме на фотографиите од историските документи и книги.
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
5
ЛОКАЛ
6
AMAK
PRES
1
ЛОКАЛ ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ПРЕДИЗВИКААТ МАЛ ПАД НА БЕРЗАТА
ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ СЕ ВРАТАТ АКО ИМА СТАБИЛНА ПОЛИТИЧКА КЛИМА
П
редвремените парламентарни избори, состојбите поврзани со Косово, недобивањето на покана за влез во НАТО, како и спорот со името со Грција, влијаат негативно врз економските случувања во државава, но не така драстично се оценките на економските експерти кои учествуваа на Деветтата годишна конференција што се одржа во Охрид. Професорот и поранешен министер за финансии, Јане Миљоски, очекува по малиот пад на Берзата, таа повторно да почне да се опоравува. - Предвремените избори обично лошо влијаат врз пазарот и економијата. Сите очекуваа по Букурешт голем пад на Берзата, но тоа не се случи. Пад имаше, но немаше паника. И со предвремените избори очекувам мал пад, но верувам дека нема да се случи ништо многу страшно. Берзата напротив ќе почне да се опоравува, а странските инвеститори ќе се враќаат ако во државава има стабилна политичка клима смета Миљоски. Оптимистички на враќањето на странските инвеститори на домашниот пазар гледаат и брокерите. Ѓорѓи Палевски, извршен директор на Поштел Брокер, вели дека вниманието во земјава не
треба да биде насочено кон политиката, туку кон економијата бидејќи таа оди напред, а странските инвеститори ќе имаат моќ да ги забележат овие резултати. Според домашни и странски аналитичари, причина за влез на нови инвеститори во македонските компании се нивните добри финансиски резултати. Јован Луковац, претседател на Управниот одбор на словенечкиот Фонд МПАфет менаџмент верува дека постојат услови за напредок на претпријатијата со тоа што ќе се амортизира политичкото влијание врз економијата. - Ние сме меѓу првите странски инвеститори и натаму ќе останеме во Македонија со намера да основаме фондови. Промените се добри, шпекулантската фаза на Берзата заврши смета Луковац. Снежана Костадиноска Милошеска, државен секретар во Министерството за финансии, оценува дека мораме да опстоиме на патот на евроатланските интеграции, да се продолжи со структурните реформи заради воспоставување на комплетна пазарна економија во Македонија. Првиот човек на Македонската берза, Иван Штериев вели дека странските инвеститори и ната-
му се значајно присутни во капиталот на котираните компании и покрај неекономските фактори што влијаат врз економијата. - На крајот од март оваа година во капиталот на 38 котирани компании, 32 отсто е странски капитал. Пред две години тој процент изнесуваше 16%. Во деновите на поголемите ценовни падови, во изминатиов период, прометот на Берзата беше сосема задоволувачки. И покрај многуте написи за црни четвртоци и петоци, првите стрес-тестови Берзата ги издржа на нозе - вели Штериев. Директор на Еуроброкер, Крсте Шајноски прогнозира дека инвеститорите во иднина ќе се раководат од моменталната профитабилност на фирмите и стапката на враќање на вложените стредства од купените акции. Ангел Пејков од Комисијата за хартии од вреднот, смета дека за продлабочување на бизнис климата е неопходно да се намалат трансакциските трошоци на македонскиот пазар на хартии од вредност. Сузана Вренцовска
www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025 www.amakpres.com.mk
7
LOKAL СТАРАТА БИБЛИОТЕКА КОНЕЧНО Е УРНАТА
ОПШТИНАТА РУШИ ЗГРАДА ПОЛНА СО ЛУЃЕ
С
тарата градска библиотека целосно е срушена пред првомајските празници и Самитот на претседатели кој во Охрид ќе се одржи на 2 и 3 мај. Локалните власти иако најавуваа дека пореди местоположбата на објектот, строгиот центар и езерото ќе биде потребен околу еден месец сепак работите се интензивираа и зградата навреме е срамнета со земја. Во намерата пак работите да се завршат навреме како би се расчистиле рушевините пред да пристигнат туристите и државниците општината започна со рушење на старата осумдецениска зграда на Библиотеката во центарот на Охрид, но ги заборави внатре општин-
ЈА РУШАТ ЗГРАДАТА, А ЧОВЕК ВНАТРЕ!
ските здруженија и Бирото за развој на образованието, кои со децении беа сместени во овој објект. Багерите рушеа
додека луѓето се уште беа во зградата. Според градоначалникот Александар Петрески, оние здруженија кои легално престојувале во зградата биле навремено информирани, додека оние кои, според него се диви станари, Општината немала обврска да ги извести за уривањето на Библиотеката. - Објектот е на Министрството за култура и на Министерството за образование. Општината во овој случај е само извршител на уривањето. Бирото за образование кое е сместено тука е проблем на Владата, а не на Општината, вели Петрески. Здруженијата, пак, обвинија дека Општината започнала со рушење, иако тие се уште се наоѓа во руинираната зграда. - Oд порано знаевме дека овој објект ќе се руши, но багерите кои пристигнаа навистина не изненадија, вели претседателот на Сојузот на борци, Крсте Крстаноски. Од локалната велат дека сите општински здруженија се навремено известени и за нив е најдено соодветно решение за преселба, додека Бирото за образование кое е надлежност на ресорното министерство, не е нивна обврска. Петрески ги отфрли и шпекулациите дека на ова место ќе никне нова зграда. С. Вренцовска
ОД ЈП КОМУНАЛЕЦ ОБВИНУВААТ
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НЕМА РАЗБИРАЊЕ ЗА ОХРИД
М
инистерството за животна средина и просторно планирање не ги прифати нашите проекти, иако се од огромно значење за Охрид. Во неколку наврати побаравме образложение од кои причини сме одбиени сеуште од таму нема одговор, реагираат од ЈП Комувалец. Според Сашо Алче, координатор на заедничките служби во ЈП Комуналец ресорното министерство веќе втора година неприфаќа нивни проекти и обвинува за партиски интереси. -ЈП Комуналец прави напори пред ту-
8
AMAK
PRES
ристите да остави што подобар впечаток за градот особено кога се работи за чистотата, но за жал политиката е премногу навлезена и тука, вели Алче. Инаку за оваа година ЈП Комуналец достави три проекти до Министерството за животна средина. Еден се однесува на санирање на депонијата Буково, еден е од областа на едукацијата а третиот е управување со цврстиот отпад. Од ЈП Комуналец велат дека се изненадени од тоа што ниеден проект не е прифатен но сепак дека и понатака ќе се грижат за чистотата на градот затоа
што Охрид како туристичко место го заслужува тоа. -Министерството за животна средина нема разбирање. Ние како јавно претпријатие мораме да го решаваме проблемот со цврстиот отпад, а од друга страна сме оставени сами на себе кога се работи за депонијата Буково. Таа е рак рана на охридско-струшката околина и директна закана за Охридското Езеро, вели Алче. С. В
ЛОКАЛ КОНЕЧНО ЕВН И ПРОАКВА СЕ ДОГОВОРИЈА
СО ОТСТАПУВАЊЕ НА ТРАФОСТАНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ДОЛГОТ
К
онечно е постигнат договор помеѓу МЈП Проаква и ЕВН. Челните луѓе на двете компании изнајдоа решение за сервисирање на долгот од 1 милион евра што го имаше Проаква кон австриската компанија. Платени се 300 000евра, а остатокот ќе се компензира со 15-те трафостаници кои се во сопственост на општините Охрид и Струга, а ќе бидат отстапени на користење на ЕВН.
-Заклучно со 10 овој месец подмирени се сите обврски, а во завршна фаза се и компензациите со трафостанците со што во иднина Проаква према ЕВН не ќе има никакви обврски освен тековните. Притисоци повеќе немаме. Односите помеѓу Проаква и ЕВН се релаксирани, вели првиот човек на Проаква Бранислав Трпчески. Инаку, ваквата понуда за ЕВН првично не беше прифатлива. Од таму тврдеа
дека со купување на ЕСМ трафостаниците станале нивна сопственост. Поради неможноста да се изнајде решение ЕВН тогаш и ја секна струјата на Проаква која пак во намера да обезбеди пари за враќање на милионскиот долг им ги запре славините на должниците. С.В
ВМРО ДПМНЕ ОБВИНУВА ТРПЧЕСКИ СЕ БРАНИ
ВО ПРОАКВА НЕМА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА
П
о обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека во МЈП Проаква локалните ограноци на СДСМ на Охрид и Струга пред избори вработиле 180 свои членови, директорот на Проаква Бранислав Трпчески веднаш одговори. –Вработувања ќе има, но не партиски. -Точно е дека Проаква има распишано конкурс за вработување на 180 лица, но
тие не се нови вработувања туку станува збор за лица кои веќе работат со договор на дело, а се примени во време кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт и на локално и на централно ниво во периодот од 2000-2005 година, вели Трпчески. Според него конкурсот кој бил објавен пред три месеци само ќе го легализира нивниот работен однос во Проаква. Трпчески ја обвини вла-
дата дека наместо да учествува во разрешување на проблемите со кои се соочува ова јавно претпријатие ја дефокусира јавноста со конкурс со кој ќе се примат на работа токму луѓето на ВМРО ДПМНЕ. С. В
ЗАЕДНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНИ САМОУПРАВИ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА СО ИСТИ ПРОБЛЕМИ
ОПШТИНИТЕ НЕМААТ КАПИТАЛ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Н
ерешеното прашање на сопственоста на градежното земјиште и големиот број дивоградби се едни од поголемите проблеми со кои се соочуваат општините на Македонија и Албанија. Ова беше речено на средбата на заедниците на локалните самоуправи на двете држави. За општините во Македонија важно е да имаат сопствено градежно земјиште за нивен развој како и поголеми срества за реализирање на надлежностите, смета претседателот на ЗЕЛС Андреј Петров. -За општините е важно да имаат капитал кој ќе го вложат за нивен развој. Општините имаат потреба од земјиште кое ќе биде основа за локален економски развој. Но кај нас сеуште има про-
блеми со сопственоста на градежното земјиште. Државата исто така треба да обезбеди што повеќе средства од ДДВ и персонален данок за локалните власти. Македонија по овој основ на издвојување средтства е на дното. Во ЕУ се оди со квалитетна вода за пиење, чиста животна средина и добри патишта, вели Петров -Проблемите со градежното земјиште се присутни и во Албанија. Транзицијата доведе до многу дивоградби кои албанската влада со закон се обидува да ги легализира, вели претседателот на Албанската асоцијација на општините ААМ, Ферик Ругеја. Според него Владата во Албанија работи на донесување нов закон за урбанистичкото планирање на општините.
Двете заедници на локалните самоуправи на Македонија и Албанија потпишаа и Спогодба за заеднички организиран настап пред меѓународните донатори. Соработката исто така има за цел имплементирање на програми, размена на искуства посебно во делот на децентрализацијата со што би се допринело до побрз и подобар развој на општините. Инаку, потпишувањето на спогодбата со ААМ е трета. Претходно ЗЕЛС има потпишано спогодба за соработка со Постојаната Конференција на градови и општини на Србија и со Сојузот на општини на Словенија.
www.amakpres.com.mk
Сузана Вренцовска
9
LOKAL
10
AMAK
PRES
ЛОКАЛ
ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА ИМУНИЗАЦИЈА
“З
аштити, спречи, вакцинирај“, е мотото под кое од 21 до 27 април се одбележува Европската недела на имунизација. “Право на секое дете е да биде редовно имунизирано, а обврска на секој родител е редовно да го носи своето дете за имунизација. Обврска на здравствените работници е редовно да ја извршуваат имунизацијата,затоа што таа е една од најефикасните и најисплатливите здравствени интервенции“, велат вработените од Одделот за превентива на деца и млади при Здравствениот дом кои со низа активности се вклучија во одбележувањето на Европската недела на имунизација. Во рамки на одбележувањето беа от-
криени и вакцинирани дел од децата кои се навор од образовниот систем, а кои досега биле невакцинирани или непотполно вакцинирани како и децата кои живеат во селата: Куратица и Велгошти. Во основните училишта; “Григор Прличев“, “Братство и Единство“, “Христо Узунов“, “Живко Чинго“, “Дебрца“(Белчишта) и “Братство“(Лескајца) се одржаа предавања за важноста и задолжителноста на вакцинирањето. Задолжителната имунизација е континуирана за сите деца и млади и се спроведува етапно од раѓањето до 18-та година. Вакцините се наменети против болестите: туберкулоза, детска парализа, мали сипаници, заушки,
црвенка и хепатитис Б. Од месец јуни оваа година ќе биде воведена и вакцина против Хемофилус инфлуенце. Вакцинирањето се врши во Одделот за превентива на деца и млади при Здравствениот дом во Охрид каде претходно се врши лекарска контрола и задолжителен преглед на пациентот. Задолжителната имунизација е финансирана со средства од буџетот на Република Македонија и е бесплатна за сите деца социјално осигурани или не. Имунизацијата опфаќа 95 % од македонското население а со тоа се реадуцирани многу заболувања кои во минатото биле смртоносни. А.Б.
СПОРЕД КОНКУРСОТ ЗА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
ВО ТРИТЕ СРЕДНОШКОЛСКИ ЦЕНТРИ ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ ОКОЛУ 1.000 ОСМООДЕЛЕНЦИ
Д
еновиве, Министерството за образование го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2008/2009 година.Според објавениот конкурс, во трите охридски средношколски центри во новата учебна година ќе можат да се запишат вкупно 976 ученици,во осум струки. Нови струки воведени во новата учебна година се здравствената која со 34 ученици ќе функционира во училиштето “Свети Климент Охридски” и дрвопреработувачката или струка за дрворез за која едукацијата ќе се изведува во Електро-машинскиот училишен центар “Свети Наум Охридски”. Овој центар и во новиот уписен бран ќе прими најголем број ученици - 466,
од кои 170 ќе можат да се запишат на машинската, 194 во електротехничката, и 34 во дрвопреработувачката. Во училиштето “Свети Климент Охридски” освен во здравствената, 136 ученици ќе можат да претендираат за гимназиското образование, а 136 за економско-правната и трговската струка. Во Угостителско-туристичкото училиште “Ванчо Питошески” во прва година ќе можат да се запишат 238 ученици во една струка , угостителско туристичка. Според доплнителниот конкурс за заишување ученици во средните учлишта,во “Свети Клиент Охридски” се предвидува отворање на две нови паралелки,од кои едната на албански
наставен јазик во економската насока ,а втората на турски јазик во здравстевната струка. Од секоторот за образование при Локалната самоуправа регираат на ваквата одлука на Министерството за образование,со аргументи дека во гимназијата нема технички и кадровски услови за отоврање на економска и паралелка во здравставена струка,бидејќи такви насоки има во средните училишта во соседна Струга.Анализите од Локалната самоуправа на Охрид ,покажуваат дека нема ни интерес.Минатата учебна година само 5 ученици се запишале во прва година, од кои 4 Албанци и 1 Турчин. К.С.
2 500 ЈАГНИЊА ОСТАНАА НЕПРОДАДЕНИ
П
оради грчкото ембарго за откупот на јагниња, во охридскиот регион непродадени останаа 2 500 јагниња. Неофицијално има најави јагнињата да се извезат преку Србија. Пролетва во охридскиот регион за продажба беа понудени 6 000 јагниња, колку и минатата година. Половината од нив се продадени пред католичкиот
Велигден во Италија и Хрватска. Поради застојот во извозот на јагнињата во соседна Грција, опадна и откупната цена.Од 150 до 180 денари во почетокот на откупната сезона, сега таа се движи од 100 до 130 денари. Без оглед на падот на откупната цена, во трговската мрежа, јагнешкото месо сепак има висока малопродажна цена во трговијата
од 300 денари. За велигденките празници цената на јагнешкото месо остана непроменета, велат месарите без оглед на нискиот стандард на граѓаните.
www.amakpres.com.mk
К.С.
11
НА ВРВОТ НИНА МОМИРОВСКА-НАЈДОБРА ПРОФЕСОРКА ПО ФЛЕЈТА ВО МАКЕДОНИЈА
АМБИЦИОЗНИОТ ЧОВЕК МОЖЕ ДА ПОСТИГНЕ СЕ ШТО ЌЕ ПОСАКА
У
спешна и вистинска деловна жена, вака накратко може да се опише Нина Момировска. Таа е мајка на две деца, сопруга, професор по флејта а веќе две години успешно ја обавува функцијата, директор во Основното музичко училиште, “Методи Патче“. Само добро организирани личности кои знаат да ги координираат работите имаат време за се, а таква е таа зошто секогаш потенцира дека само амбициозниот човек може да постигне се а амбицијата секогаш го турка човекот напред. Интерс за музика покажала од рани години, но посериозно и пристапува на осум годишна возраст, кога се запишува и редовно ги посетува часовите по музика во ОМУ „Методи Патче“.Една година подоцна, малото амбициозно девојче свири флејта во класата на професор,Радмила Поповска.
12
AMAK
PRES
“Во тоа време, во зградата во која јас живеев, имавме сосетка која одлично свиреше флејта, се радував кога ќе го чуев нејзиното музицирање, и од тогаш знаев што сакам, ќе бидам одличен музичар кој свири флејта“, се сеќава на своите почетоци, Нина Момировска. Во шестата година, односно како осмооделенка настапува на државниот музички натпревар во класата на проф. Радмила Поповска,и за најубаво свирење на флејта со себе ја понела првата награда, која е и прво добиена нејзина награда. “Првата награда ме мотивираше уште повеќе да се покажувам и докажувам. По натпреварот професорката ги викна моите родители укажувајќи им дека местото ми е тука, со музиката. И навистина тоа се случи. По завршувањето на осмолетката се запишав во Средното музичко училиште во Скопје а потоа и на Музичката академија,“кажува
Нина, која воопшто не се плашела од самостојниот начин на живот, во големиот за малото девојче град, каде ја нема заштитата од мама и тато. Како средношколка ја добила првата награда за камерна музика,дует флејти и втората награда на сојузниот натпревар во Љубљана-Словенија. Свирела и како самостоен солист со Македонската филхармонија, а како матурантка имала пред фестивалски настап на фестивалот Охридско Лето, на подиумот на млади таленти од СФРЈ. Како талентирана ученичка, добивала државна стипендија за средношколци а подоцна и за студенти. “По матурирањето се запишав на Музичката академија во Скопје. Конкурирав за специјалниот отсек-флејта каде се примаше по еден студент од генерација. Приемниот испит се полагаше пред комисија во концертна сала, кандидатот одржува еден вид концерт“,
вели Нина, чиј настап го воодушевила жирито, а таа станала студент во отсекот флејта. “Од тоа време, се гледав себе си како професор,всушност отсекогаш сум сакала да работам со деца. Кога бев прва година на факултет добив покана од тогашниот директор, на ОМУ “Методи Патчев“, да ги одржувам часовите по отсекот флејта зашто, дотогашната професорка Радмила Поповска, заминала во странство. Првично ја прифатив понудата. Два дена бев во Охрид, три во Скопје, постојаното патување ме исцрпуваше, па нередната година ја откажав понудата и целосно се посветив на студирањето. По завршувањето на факултетот, Нина се вработила како професор во по флејта, во ОМУ “Методи Патче“, каде работи цели 16 години. Од првиот работен ден почнала да ги подготвува своите ученици за настапите на регионални, државни или меѓународни натпревари. “Секоја освоена награда врз детето влијае мотивирачки и го поттикнува на понатамошна работа, ние пак како професори на тнатпреварите до кој степен на музицирање сме стигнале, што сме направиле и што треба да правиме во иднина“, истакнува Нина, која на неодамнешниот Државен натпревар за Камерна музика во Скопје е прогласена од стручното жири за најдобар професор по флејта во Република Македонија, а понудено и е да биде и член во стручното жири на идните државни натпревари. “На државниот натпревар за камерна музика што на 11-ти и 12-ти април се одржа во Скопје, од мојата класа учествуваа три состави. Дует флејти- Мелани Момировска и Тамара Џајковска ја освоија првата награда; дует флејтиХристијан Трајчески и Александар Лолески ја понесоа исто така првата награда; и трио флејти- Теодора Бујароска, Тања Стојаноска и Елена Георгиоска беа трето наградени“, напоменува Нина, потсетувајќи дека нашите мали музички талент со голем успех се вратија и од меѓународниот натпревар по флејта што неодамна се одржа во Ваљево-Србија. Мелани Момировска се врати со првата а Тамара Џајковска со втората награда. На меѓународен план, големи успеси покажала и ученичката Катерина Бачевска. Во слободно време професорката по флејта ужива во друштво на сопругот и двете деца, Мелани која успешно
тргнала по мајчините стапки и малиот Борјан со кого ужива во детските игри. “Мелани,има слични почетоци како моите, и таа се запиша во музичкото училиште на осум годишна возраст.
УСПЕШНА ВО МУЗИКАТА И ЌЕРКАТА МЕЛАНИ
Од малечка ја сакаше музиката и сама одлучи да свири флејта. Но, најтешко за родителот е да биде професор на сопственото дете. Таа е премногу амбициозна се докажува пред себе си и
пред другите. Често пати се огледува на учениците од повисоките години и тоа ја тера неуморно да вежба пред натпреварите, со тоа сака да покаже дека може да сработи се што повозрасните ученици прават“, со гордост кажува Нина. Нина Момировска, од декември 2006 година ја врши функцијата вд. директор, а во јуни 2007 година,е назначена за директор во Основното музичко училичте “Методи Патче“. Тоа за професорката, значи само обврска повеќе, зошто таа во ниту еден миг не се колебала дали да ги одржува часовите по флејта или не. Секојдневно е со децата ги учи на нови музички техники и вештини, а добиените награди и признанија се само поттик за нејзиното професионално усовршување .
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
13
ВЕЛИГДЕН - ПРАЗНИ пишува: Ангела Белевска
В
елигден е најголемиот христијански празник, со кој се слави победата на животот над смртта, победата на светлината по темнината, на радоста по тагата. Етнолозите велат дека овој праз-
ник се славел многу одамна пред примањето на христијанската религија, во минатото се славел како почеток на земјоделските работи и будење на пролетта. Со примањето на христијанството тој се совпаднал со Христовото воскресение, па затоа се поистоветува со тој настан. Велигден е подвижен празник, кој секогаш е по пролетната рамнодненица во првата недела по полната месечина. Може да падне на 35 датуми, односно датумот го менува, но денот никогаш. Тој постојано е во недела. Иако, Велигден е празник на празниците и со него се одбележува христовото воскресение како симбол на победата над смртта, не изобилува со бројни обичаи како Божиќ или Гурѓовден . Неделата пред Велигден се нарекува Велика или страсн а
14
AMAK
PRES
ОБИЧАИ ЗА ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСН
недела и е проследена со дејствија кои му претходат на празникот како, купување и вапцување јајца, подготвување на куќата и храната. “Најважен обичај за Велигден е вапцувањето на јајцата а нивното приготвување претставува вистински ритуал. В и с т и н с кото х р и с т и ј а н с ко јајце кое ја симболизира христовата крв но и раѓањето на нов живот има црвена боја.
Бојадисувањето на јајцата започнува на Велики четврток во раните утрински часови пред изгреј сонце.Домаќинката пред почнувањето на ритуалот мора да касне барем еден залак леб, за да не ја разбие јајцето или да ја следи лоша среќа преку целата година. Во некои краишта се бојадисуваат три јајца, за господ, за куќата и посевите. Во Охрид, домаќинките од старите охридски фамилии вапцуваат по едно јајце наменето за господ кој ја чува куќата и семејството од лоши работи. Првото јајце се става во сито поставено према исток за да го погалат првите сончеви зраци. Утрото кога ќе се пробудат членовите од семејството домаќинката ги поминува сите по лицето со тоа јајце, кажувајќи ги зборовите, “бело- црвено-
ИК НАД ПРАЗНИЦИТЕ исто како што на велигденската трпеза, јагнето го симболизира Исус кој се жртвува себе си за да ги искупи гревовите на луѓето. Пресните лебови односно козуњаците што се месат за Велигден ја симболизираат духовната чистота, зошто квасот ја означувал духовната корупција. На велики Четврток спасителот Ристос е распнат, на Велики петок е погребан, а на Велика сабота Воскреснал. Велигден се слави три дена: првиот е наменет за живите, вториот за мртвите а третиот ден се оди на гости кај роднини и пријатели. Секој празник, а посебно Велигден го исполнува човекот ја облагородува неговата душа и му дава сила да се справи со сите тешкотии или проблеми што го опкружуваат. Нека ни е честит празникот и верата господова да ни даде сила сето зло да го надминеме и да дочекаме едно поубаво утре и уште многу други Велигдени посреќни и позадоволлни. Христос Воскресе!
НУВАЊЕ
дебело –здраво-живо-весело“,“ раскажува етнологот и кустос од Заводот и Музеј, Марија Каневче, додавајќи дека првото велигденско јајце има чудесна моќ, затоа со него се бањале малите деца. Тоа штити од невреме и грмотевици, а се пуштало и по водите на Охридското Езеро за да ги смири силните бранови. На Велика сабота првото јајце, охриѓани го носат во црква за да ги чуе црковните песни, потоа се враќа дома и се става пред икона за да ја варди куќата преку целата година. Старото јајце се закопува во земја а кај нас може да се фрла и по вода. “Ако на Божиќ се настојува трпезата да е богата, за Велигден треба сите од семејството на себе да имаат нешто ново, макар тоа да е мал детаљ, зошто
со Христовото воскреснување се става крај на маките и болката и се буди нов подобар живот. Постои верување дека Божиќ бил фудул- сиромав, а Велигден бил млад убав и строен, кој знаел да заплачи од тага за луѓето кои не биле во можност за себе да си купат нешто ново“, истакнува етнологот, Каневче. Музејските работници гледаат врски помеѓу христијанскиот и еврејскиот празник, Велигден и Пасха кои не смее да се празнуваат во ист ден. Јагнето е главното јадење на еврејската трпеза за Пасха,тоа е жртва која ги мие гревовите на домаќинот и домаќинката
Карактеристична боја на велигденските јајца е црвената, но денес во семејствата во кои има деца тие се бојадисуваат и во други бои. Велигденските украси , зајчиња и пилиња го симболизираат почетокот на пролетта, зошто Велигден се славел во чест на будењето на ова годишно време пред периодот на Христовото воскреснување. Денес велигденските јајца се украсуваат со помош на повеќе техники, восок,листови од растенија, кезап, темпера, волница и конец а во фамилиите каде има зет и невеста се прават две јајца украсени со срма и монистра.
www.amakpres.com.mk
15
ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ БЛАГОЈА АРСОВСКИ-ПРВИОТ ОХРИДСКИ ДРЕАР И ПОЗНАТ МЕТАЛО-СТРУГАР
РАДУВАЈ И СЕ НА РАБОТАТА СО НЕА ЌЕ ГО ДОФАТИШ ЦЕЛИОТ СВЕТ
“Д
ушата ми е таму,во мојата работилница, и кога немам работа влегувам во неа, ги расчистувам алатите ја бришам насобраната прашина околу нив, само да се најдам во работа, зошто таа, работата, го прави човекот. Луѓето кои цел живот седат со скрстени раце и се насладуваат со плодовите од туѓ труд не се за машала, еден ден животот ќе ги стави на коцка и секако играта ќе ја изгубат тие неработливите“, ни кажа Благоја Арсовски, првиот охридки дреар и познат металостругар. Беше попладне кога заѕвонивме на ѕвоното од семејната куќа на чичко Блаже и за наше изненадување не го најдовме дома. Минаа неколку минути во надеж и исчекување дека
16
AMAK
PRES
ќе дојде на закажаната средба, кога навистина се отвори вратата од работилницата и се појави тој, човекот кој целиот животен век го минал работно. Брзо ги избриша замаслените поцрнети раце и седна да ни ја раскажува својата животна приказна. Крупните црни очи, и смирениот на моменти плашлив поглед на овој човек не наведоа да го прашаме за раното детство. “Никогаш не се враќам назад во минатото за да не ме сопре да ја гледам светлината на иднината, важно е човек да биде задоволен со она што го има и да го памети само убавото, тоа дава сила да се оди напред“, ни кажа чичко Блаже, кој на 10 годишна возраст останал без родители. Загинале во Народно
ослободителната борба и ги памети многу малку. Во 1946 година е сместен во домот за сирачиња “Димче Мирчев“ во Велес а по едногодишниот тамошен престој е преместен во скопскиот дом за сирачиња од паднатите борци во НОБ, “Кузман Јосифовски Питу“. “Кога отидов таму веднаш ме пуштија во Индустриската школа која беше најдобра во тогашна Југославија. Покрај македонски јазик и математика имавме наставни предмети по механика, машино аналитика, постројување на машини, составување локомотиви и вагони“, се сеќава овој човек за кого оттогаш судбината му предодредила дека ќе биде успешен во она што го работи. Малото момче со бистар ум и ведар дух, некогашното селско измеќарче, си го предодредило својот животен пат, чесно ќе работи и ќе заработи,зошто и денес ги памети зборовите на еден од социјалните службениците во тогашното Министерство за детски грижи кој го советувал: “Малечок биди вака вреден секогаш, заврши го занаетот,зошто без занает нема леб“. Благоја Арсовски во Охрид, прв пат доаѓа во далечната 1947-48 година на летување со другарчињата од домот за сирачиња.
“Колку е убаво тука, климата е поинаква и подобра од велешката, си мислев тогаш, а господ како да ја насети мојата желба и подоцна ми ја исполни. Моето прво вработување беше во Македонски железници, работев на струката –металостругар. Во тој период низ Охрид минуваше мал тесен колосек го викавме Чајник, преку Струга водеше до Кичево. За тогашниот Чајник потребни беа квалификувани работници, мојата молба за преместување на работното место во Охрид беше уважена во Македонски железници, и од тогаш од 1950-та година јас живеам и работам во Охрид.“ По отслужувањето на воениот рок , чичко Блаже се вработил во ЈТП“Галеб“ каде работел 18 години. Нискиот личен дохот што го добивал како надомест за вложениот труд бил главната причина да бара ново работно место. “На определено време почнав да работам во Леарницата од некогашна “Застава“, тогаш заменував работник кој беше на боледување. Кога измина периодот за мојот работен ангажман, ме повика на разговор тогашниот директор на “Застава“, сега покојниот Ристо Шапкар. Беше задоволен од резултатите на мојата работа и ми понуди постојано вработување. Бев назначен за раководител на највисокатадеветта група за метало-стругари. Надлежните знаеа да го ценат и наградат мојот труд. Јас бев единствениот работник кој доби писмена дозвола од тогашниот газда на “Застава“, да работам приватно-паушално на занаетот. Од 1958 година работам паушално во мојата домашна работилница. Во 1955 година го положив испитот за високо квалификуван метало стругар, а во 1964 година ја добив дипломата за високо квалификуван машино бравар, “ раскажува Арсовски. “Кој рано рани две среќи граби“, ни кажа овој интересен човек кој на моменти со песна ќе го прекинеше разговорот за да не насмевне и нас и да ни влее позитивна енергиаја. “Секогаш одев перед сите на работа, мојата машина работеше половина час пред другите, зошто она што го работев го правев со кеиф и мерак. Се случувало на работа да ме повикаат на полноќ или во раните утрински часови, никогаш не прашував зошто, важно ми беше навреме да се реши проблемот, мене работата не ми е товар. Моите претпоставени секогаш имаа разбирање за мене и за моите потреби.
БЛАГОЈА СО ТРИТЕ ВНУЧИЊА
СО СОПРУГАТА И ВНУКАТА ЈАНА
Во “Застава“, работев неполни 18 години и од таму се пензионирав.“ Но работливиот човек не знае да мирува. На Арсовски му минал работниот ангажман во претпријатие но тоа не значи дека пензионерскиот стаж ќе го мине со скрстени раце.Сега разликата е во едно неговото работно место не е одалечено неколку километри туку само неколку чекор од сопствениот дом. Неуморно работи во работилницата заедно со помалиот син Сашо кој го презел занаетот. “Уште кога беше мал се плеткаше околу мене во работилница, го интересираше се околу работата и можам да кажам дека тој е мојата доследна замена“.
Овие двајца работници речиси деноноќно работат. Од нивните раце се направени скоро сите видови метални штрафови, чаури, осовини,навојни вретена,огради за степеници и тераси, предметите ги прават од росфрајт и месинг и ги изработуваат на висок сјај односно се полираат. Детео што израсна во домовите за сирачиња, на познатото Охридско Чајниче дојде со само една малечка торба во рака.Но бистрото главче , амбициозноста и чесноста го извадоа на вистинскиот пат. Пензионерот за кој очигледно не постои реален пензионерски стаж денеска со своето семејство живее во вистинска палата што ја создал сам. Ужива во друштво на сопругата Љубинка која не би ја заменил за ништо на свет. “И повторно да треба да бирам ќе ја одберам неа. За мене таа е најдобрата сопруга, грижлива и пожртвувана мајка за нашите синови Милчо и Сашо и интересна баба за внуците:Јана, Филип и најмалиот Благоја“, ни рече чичко Блаже. Во нивниот дом во кој е добредојден секој се задржавме уште еден час ги разгледувавме старите фотографии а овој интересен човек се сеќаваше на времето кога играл во претставите кои се организирале во домот за сирачиња, како и оние од некогашниот професионален охридски тетар. И додека тој раскажуваше за успесите на драмските претстави,“Коштана“, “Чорбаџи Теодос “и “Роднината од Америка“, во кои тој учествувал , јас размислував; колку интересен човечки склоп,единство од физички работник и уметнички дух. “Од секогаш сакам да гледам филмови, и како млади често со сопругата одевме на кино, убаво е да се живее барем неколку минути надвор од реалниот живот, но јас го сакам сопствениот таков каков што е и задоволен сум од се што бог ми дал, вака би живеел и во наредните 25 години “, шеговито ни кажа 75 годишниот Благоја Арсовски. Тука некаде ни заврши разговорот со овој ведар работлив човек, тој потпевнувајќи си ја стави работната капа на глава и влезе во својата работилница, ние побрзавме да си одиме дома, иако надвор веќе се спушташе мрак, часовите минати со овој пријатен човек ни минаа побрзо од една минута.
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
17
КУЛТУРА
ОТКРИЕН ФРЕСКО-ЖИВОПИС НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО Р. АЛБАНИЈА
С
тручна екипа под раководство на историчарот на уметност Гоце Ангеличин Жура, од 6-ти до 10 април престојуваше во Република Албанија со цел да изврши подетално отсликување и архитектонско снимање на 10-ината пештерски цркви во Преспанскиот регион во Република Албанија. При посетата на селото Борје кое е предградие на Корча, во црквата Исус Христос –Животодавец (изградена 1390 година), екипата на стручњаци од Македонија ја откри фреската на Св.
18
AMAK
PRES
Климент Охридски.Претходно оваа и другите цркви во Албанија биле предмет на истражувања на светски познати византолози на уметноста, но како да им било предодредено на нашите историчари, Гоце Жура, Сашо Цветкоски и архитектот Горан Патче да ги откријат нивните со векови заборавени ликови. “Значајно е тоа што и со овој новооткриен лик на нашиот заштитник Св. Климент- Охридски, се добија нови сознанија што се од исклучително значење за средновековната и поно-
вата уметност, како и за големата раширеност на култот на овој светител,“ рече историчарот на уметност Гоце Ангеличин- Жура. За најновите научни истражувања низ пештерните цркви и откривањето на фрескоживописот на Св. Климент Охридски ,најверојатно ќе биде изработен научен труд. Ангела Белевска
НЕОДАМНА ВО ЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД МИЛЕ ВОЛКАНОСКИ Д
еновивње во Центарот за Култура “Григор Прличев“ , се одржи премиера на претставата “Григор Прличв“ . Режисерот на претставата Ацо Атанасов – Митуш, ја придвижуваше драмската ролја и ги координираше шеснаесетте гимназијалци кои играат во претставата , воден од текстот на Миле Волканоски. Во претставата “Григор Прличев“, претставен е ликот на охриѓанецот Прличев, на човекот, патриот и борец против фанариотите и гркоманите. „Со оваа драма на охриѓани им доловивме дел од нашата реална историја
за која охриѓани ни чуле ни виделе. Великанот Прличев, го претставиме точно во правец на неговата литературна и духовна борба против грчкиот јазик и настојувањата истиот да биде отфрлен од употреба и заменет со македонскиот“,истакна режисерот, Ацо Атанасов-Митуш. Во 70-те години од минатиот век,за драмскиот текст “Григор Прличев“, авторот Миле Волканоски е добитник на најпрестижните литературни награди и признанија. Текстот е пишуван врз основа на реални настани и случки. “ Идејата да го напишам текстот се
базира на еден настан кој во 1945 година ми го раскажа охриѓанката,Санта Пирузева. Нејзините кажувања за јавно употребување на словенскиот јазик во црквите во 1869 година ме наведуваа постојано да истражувам и да доаѓам до реални факти кои подоцна ги изнесов во мојот текст“, вели Волкановски. Драмската претстава “Григор Прличев“, е втора по ред претстава што во месец април се одржа во Центарот за Култура, “Григор Прличев“, пред неа беше претставата за деца “Пепелашка“, а на почетокот од мај ќе се игра комедијата, “Жена ми се вика Борис“, во режија на Жанко Голабоски. Претставата “Григор Прличев“ финансиски беше помогната од компанијата АМАК СП, Уни –Банка и Про Кредит Банка. Ангела Белевска
ПРОМОВИРАНА КНИГАТА
“ОХРИДСКАТА СРЕДНОВЕКОВНА УМЕТНОСТ“ ОД САШО ГЕРАСИМОВСКИ
Д
еновиве, во куќата на Робевци се одржа промоција на социолошката студија “Охридската средновековна уметност“, од м-р. Сашо Герасимоски. Книгата е прва синтетичка студија од областа на социологијата на уметноста воопшто со посебен осврт кон охридската средновековна
уметност на нашиве простори. “Овој труд е плод на долгогодишна научно истражувачка работа во полето на проучувањето на влијанието на хетерономните општествени процеси и состојби врз уметноста. Истата е работена врз основа на интердисциплинарен приод кон проблемот“, рече ав-
торот ,Сашо Герасимовски. Рецезенти на книгата се проф.д-р Антоанела Петкоска и проф.д-р Иван Џепароски, издавач е Заводот и Музеј од Охрид.
www.amakpres.com.mk
А.Б.
19
CRNA HRONIKA УЖАС- УАПСЕН ПРВИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ВО МАКЕДОНИЈА
ОХРИЃАНЕЦ ИЗМАСАКРИРАЛ ЧЕТВОРИЦА ПРОДАВАЧИ НА ДЕВИЗИ ОХРИЃАНЕЦОТ ЛАЗЕ РАДЕСКИ (61), НАЈВЕРОЈАТНО Е ПРВИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ВО МАКЕДОНИЈА. ВО РОК ОД ДЕВЕТ ГОДИНИ ОД 1999 ПА ДОСЕГА, ТОЈ СЕ СОМНИЧИ ОД ПОЛИЦИЈАТА ДЕКА ИМАЛ ВКУПНО ПЕТ ЖРТВИ, ОД КОЈ НАЈВЕРОЈАТНО УБИЛ ЧЕТВОРИЦА, А ЕДЕН СЕ СПАСИЛ БИДЕЈЌИ ВРЗ НЕГО ИЗВРШИЛ САМО РАЗБОЈНИШТВО
О
хриѓанецот Лазе Радески (61), најверојатно е првиот сериски убиец во Македонија, и не само во државава, туку и пошироко во регионот и на Балканот. Серискиот убиец Радески беше уапсен од полицијата и осомничен за убиството на својот сограѓанин Трајче Цоцески (59). Веднаш по апсењето истражен судија од Охридскиот суд, на Радески му одредил 30-дневен притвор. Покрај ова убиство, во рок од девет години од 1999 па досега, тој се сомничи од полицијата дека имал вкупно пет жртви, од кои најверојатно убил четворица со последниот случај, а еден се спасил бидејќи врз него извршил само разбојништво. Сите жртви на убиениот, од прв до последен, биле продавачи
20
AMAK
PRES
на девизи на црниот пазар во Охрид и негови познаници. Убиствата биле извршени на ист и суров начин, бодени, удирани и распарчувани. Ако се потврдат овие сомневања, Радески ќе биде првиот сериски убиец. „Радески го признал убиството на охриѓанецот Цоцески, можно е да се работи за сериски убиец - прв во Македонија“, изјави Љупчо Тодоровски, директор на Бирото за јавна безбедност на МВР. Мотивот за убиствата биле пари и користољубие, велат од МВР. - Наша задача е да го докажеме ова дело, а мислам дека ќе успееме затоа што има мноштво траги кои укажуваат дека токму тој е сторителот», објасни Тодоровски. Последната жртва на Радески беше Цоцески. Тој беше пронајден мртов на 15 овој месец, во близина на автокампот “Ас“ во Струга, во близина на реката Сатеска. Безживотното тело го забележале туристи кои веднаш ја информирале полицијата. На телото на убиениот имало видливи траги на вратот и на аортата. Инаку, Цоцески се водеше за исчезнат од 13 април, кога му се губи секаква трага. Во заедничка акција на охридската полиција, Одделот за организиран криминал и Крим-техника, биле приведени 21 лице, а биле анкетирани над 360 лица. Кај поголемиот број од нив биле направени претреси во куќи, станови и дуќани, автомобили и слично. Трагата на полициската истрага стигнала до Радески, откако кај него бил извршен претрес и во подрумот на неговата ќуќа биле пронајдени: пушка што ја поседувал без дозвола, парите на убиениот, рамбо-нож на кој имало траги од крв, чизми и друга маскирна облека на која имало траги од крв. Од МВР појаснуваат дека Цоцески и убиецот Радески на 12-ти овој месец, околу 16 часот се сретнале во дуќанот каде
што работел убиецот. Во дуќанот Радески со чекан од 2 килограми три пати го удрил Цоцески по тилот. Откако се осигурал дека е мртов, жртвата ја завиткал во најлонска ќеса и ќебе. Подоцна го ставил во своето возило «фиат 1.300» и по два дена решил да се ослободи од телото. Тодоровски најави дека возилото на убиецот е однесено во Скопје на детална обработка, ќе биде целосно расклопено, со цел да се пронајдат билошки траги и да се поделат трагите од која жртва потекнуваат.
КОЈ Е СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ? Охриѓанецот Лазе Радески (61), е поранешен фудбалер. Тој бил планинар и ловџија, технолошки вишок од поранешна “Застава“. Радески бил познат на полицијата по кривичните дела недозволена трговија со дрога, фалсификување исправа и тешки кражби. Според директорот на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, Радески е осомничен и за уште неколку други убиства и за едно разбојништво. Постојат сомневања дека е извршител на убиствата на Т.Т. на 25 февруари 1999 година. Потоа извршил разбојништво на Н.М. на 31 август 2000 година. За охриѓанецот Р.Р., кој од 29 мај 2006 па досега се уште се води за исчезнат и за убиството на Спиро Ставревски, кој беше најден мртов на 8 февруари ланската година. С.Вренцовска
СОСЕДИТЕ И КОЛЕГИТЕ ЗА ЛАЗЕ ВЕЛАТ ДЕКА БИЛ АНЃЕЛ -Ако некој ми речеше дека тоа го направил тој, јас ќе го обвинев за клевета. Сега кога гледам дека тој е осомничен едноставно не можам да се изначудам и да верувам. Се уште не верувам. Ако ме прашате што мислам за него ќе ви кажам дека мислев се најдобро. Срдечен, пријатен, секогаш помагаше. Сите комшии кај него остававме клучеви од дуќаните и никогаш не фалеше ништо. На сите ни помагаше. Било да дојде стока за растоварање или за било каква друга работа ако требаше, тој беше прв што сам ќе притрчаше да помогне – вели една од продавачките во околните дуќани до дуќанот за санитарија каде работел Лазе. Таа вели дека тој бил многу вешт и успешен продавач. - Муштериите кај него мораа да купат нешто. Тој како да беше обучен да продава. Едноставно со некаква срдечност, пријатност и топлина ги пречекуваше муштериите и сите барем нешто ќе купеа. Некои дури велеа дека купиле
некоја ситница заради што им било срам да не купат, од љубезниот и топол прием кој тој го имаше кон муштериите – вели друг сосед на дуќанот и додава дека низ сите години колку што тој тука работел, никогаш не се конфронтирал со никој, ни се искарал или расправал за нешто. - Сиве овие денови низ главата ми поминуваат моментите кога според истрага се тврди дека било извршено убиството. Никогаш не ќе помислев дека тој бил. Повеќепати поминуваше и сопругата на Спиро овде и ние безброј пати сме зборувале со жалење за Спиро и неговата судбина. И тој исто ќе речеше само дека лоша судбина ги снашла децата. И деновите кога го снема Спиро, и сега кога исчезна вториов дилер ние овде само за тоа зборувавме, а тој со нас исто зборуваше и ќе прокоментираше дека тоа било лоша судбина. Шокирани сме, никогаш не ќе помислевме дека е тој – вели друг помлад продавач од соседните дуќани. Дуќанџиите влеат дека Лазе на сите им купувал подароци кога имале роденден, а жените кои работат во соседните дуќани секој 8ми март Лазе ги всипувал со внимание и им носел подароци
со кои им го честитал празникот. Луѓето од населбата каде живееше Лазе велат дека тој бил најпријатен човек. Берберот од блиската берберница вели дека сакал денот да му почне со Лазе за да му тргне на арно денот. - Јас бев среќен ако тој дојдеше прв да се потстрижува. Секогаш доаѓаше насмеан и расположен. Не како некои намќори и баксузи туку позитивен секогаш. Тој беше толку добар човек, што би рекле ние Турците памук. Некогаш дури предвреме ќе платеше за две шишања. Пиеше со нас овде кафе и ни носеше кафе. Не доаѓаше да се стриже празен. Кафе ни носеше за да вариме и пиеме со него заедно. Не ми се верува дека ова се случувало цело време. Кога разбравме ќе се онесвестев од чудење – вели берберот од населбата каде живеел Лазе. Од самопослугите во неговата населба велат дека тој бил најкоректен муштерија, не се запишувал и не правел вересии. Не должел ни денар никаде. Љ.Таневски
SPORT
22
AMAK
PRES
SPORT ЏАРИД ФРАЈ НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ ВО ПРВАТА МАШКА КОШАРКАРСКА ЛИГА
ПРОБАВ БУРЕК И ПРЕЖИВЕАВ!!! ИМАВ ДОСТА ПОТЕШКОТИИ ДОДЕКА СЕ НАВИКНАВ НА ХРАНТА ОВДЕ. ЕДНАШ ПРОБАВ „БУРЕК“ И ИМАВ ДОСТА ТЕГОБИ, НО ТУКА СУМ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ И ЕВЕМЕ ПРЕЖИВЕАВ ! !
Н
ајдобриот стрелец во македонското првенство, охридската седумка Џарид Фрај, лесно се навикнал на мирниот живот во Охрид, не ја сака зимата, тешко му оди со бурекот, а кошарката е неговиот живот. Нема некој посебен ритуал пред натпревар, едноставно се опуштаа слушајќи рап музика. Црномурестото момче, поентерот на АМАК СП и лидерот на екипата потекнува од кошаркарска фамилија.Почетоците ги направил додека бил многу млад, на околу седум годишна возраст. -Покрај мене, и мојот брат се занимаваше со кошарка играјки во клубови во Португалија и Литванија. На жалост се повреди и не игра повеќе.. Игравме во истиот колеџ (Sacred Heart University) , имавме можост да се запознаеме со различен стил на игра од онај кој се игра преку барата. Две најбитни разлки од играњето таму и овде се досудените пркршоци , како и “чекорите“. Таму е дозволена поагресивна одбрана за разлика од овде, како и онај прв чекор кој не се суди таму , овде се санкционира, вели момчето од Њу Јорк кое лигата ја заврши како најдобар стрелец .-Кошарката е кошарка, било во кој дел од светот да ја играте. Времето на адаптација беше кратко, ми треба неколку тренизи и неколку меча за да се навикнам на играњето овде. Она што го постигнав во голема мера зависеше и од тренерот и од моите соиграчи, вели Фрај. Довербата која му ја дава тимот е доволна за да биде самоуверен во себе. Таа свова самодоверба често ја користи да одлучучи натпревар и тоа во последните минути. -Често во одлучувачките моменти топката е во моите раце,а моите соиграчи веруваат дека јас ке го направам вистинскиот потег. Имам одлична соработка, бидејки знам дека и јас можам да се потпрам на нив.Тренрот ми ја даваа таа слобода и има верба во мене што само ја зголемува самодовербата кај мене, вели Фрај кој за своите соиграчи едноставно вели дека се супер. Нивната подршка е „е виновна“ што тој лесно се прилагодил на животот во Охрид. Вели, „ Нивната подршка ми беше потребна на стартот кога бев единствениот американец пред доаѓањето на Вил,
БО Тејлор за Фрај: Џарид е најдобриот играч со кој сум играл. Досега нема одиграно лош меч откатко јас сум тука а сигурен сум дека и пртходно играл одлично. Фрај слуша рап музика, она што не му се допаѓа е хранта, бидејќи не сме навиканти на ваков начин на исхрана. Ни се допаѓа македонската кујна но не јадеме се бидјеки не знаема на каков вкус ќе налетаме. Но во секој случај секој ден пробуваме нешто различно Инаку Бо Тејлор во Охрид е од Јануари . За себе вели дека е “пргав“ играч па мора да игра по мирно со огледа на начинот на кој овде се санкционираат прекршоците. -Имав проблем и со адпатацијата на играта посебно со “чекорите“ но како и што кажа Џарид “кошарката“ е кошарка каде и да ја играш. Прва сезона ми е надвор. Сите во тимот се спремни за она што ги чека и моето доаѓање само треба да биде дополнување на ростерот.Уште едно искутво за мене и јас навистина уживам во тоа, вели Тејлор а потоа на Бо. Сите тие зборуваат англиски и затоа ми е многу полесно“ За животот во Охрид вели дека има некоја посебна магија многу поразлично од она на что е тој навикнат. - Пораснав во Њу Јорк каде се живее 200 на сат, илузроно е да направиме разлика меѓу брзиот живот таму и мирниот живот овде.Тоа се две дијаметрално спортивни работи. Луѓето не се толку пријателски расположени како овде , каде ми изгледа дека сите во градот се познаваат. И покрај тоа што ми недостига брзиот живот , не ми беше тешко да се навикнам тука зошто Охрид навистина е прекрасен. Професионалноста која му ја нуди клубот е една од најдобрите работи кои му се случиле тука. Задоволен е и од условите, сместувањето, салата, теретаната.
Храната и зимата се единствените нешта на кои тешко се навикнал. „Имав доста потешкотии додека се навикнав на хранта овде. Еднаш пробав „Бурек“ и имав доста тегоби, но тука сум девет месеци и евеме преживеав ! ! Исто така нешто што не ми се допадна беше зимата. Тогаш беше премногу ладно и моравме да тренираме “со јакни“ нешто на што не сум навикнат, и тое е единстевното нешто што ми сметаше.“ За иднината не размислува она што му е битно е да игра а не да седи на клупа. Најчесто слободното време го користи за прошетка покрај езерото, како и да испие кафе во некое од охридксите кафулиња. Иако девојките во Охрид се прекрасни тој не би ја менувал својата девојка. С.В/М.П
www.amakpres.com.mk
23
SPORT
АМАК СП ГИ ПОБЕДИ ГОЛЕМИТЕ ТИМОВИ НО Е НЕМОЌЕН ПРОТИВ СУДИИТЕ
А
МАК СП не успеа да слави на домашен терен во првиот четвртфинален дуел од разигрувањето против МЗТ ФОН Универзитет пред со поради срамното судење на судиската тројка Диковски, Милојевиќ и Митровски. Иако резултатската предност 40 минути беше на страната на гостите сепак неколкуте судиски грешки во последната четвртина не им дозволија на избраниците на Гацов да триумфираат на овој меч. Покрај неколкуте недосудени 3 секунди за МЗТ и бројните фаули во првото полувреме за екипата на АМАК СП на 34 секунди до крај на резултат 82-84 небеше досуден фаул над Фрај што можеби ќе значеше целосен резултатски пресврт на натпреварот. Но што се однесува до самата игра расположениот тандем Фрај (28поени), Војдан Стојаноски(25поени) небеа доволни да направат нешто повеќе против разиграниот тим на МЗТ ФОН. “Штрковите“ најголемата предност на натпреварот ја направија на истекот од третата четвртина со тројката на Петровски 52-65. Предноста охриѓани брзо ја стопија во последната четвртина, но беа немоќни да играат и против судиите кои на крајот демонстрираа уште едно срамно судење. На крајот славеа гостите со 86-90. -Овие млади момци не заслужија вакво судење особено не во плеј оф каде притисокот е огромен. Иако требаше да изиграме многу поодговорно и поагресивно сепак сметам дека шанса за победа на крајот имавме доколку имавме
24
AMAK
PRES
и фер судење Некој навистина треба да се замисли и на вакви натпревари да делегира квалитетни судии, рече по натпреварот тренерот на АМАК СП Игор Гацов. Младиот охридски тим кој оваа сезона е вистинско пријатно изненадување на кошаркарската сцена ги победи далеку поискусните екипи Работнички, лидерот Фени Индустри, беше совладан и шампионот Струмица, а во салата Јане Сандански охриѓани славеа токму над МЗТ. Покажаа дака се рамо до рамо со најдобрите но останува енигма како да се игра и против судиите. И покрај многуте укажувања дека актери во спортот се играчите, а судиите се само делители
на правдата сепак во повеќе наврати барем кога станува збор за АМАК СП се покажа дека судиите си земаат за право и да го одлучуваат победникот на натпреварот. Загрижува тоа што се работи за поединци од судиската фела кои и понатака опстојуваат на терените, иако нивните судиски грешки од натпревар во натпревар се се побројни. Ваквата практика неоди во прилог на спортот. Нешто треба да се менува. Доколку неможеме навиките тогаш ќе треба да се менуваат оние кои се повикани, а пред се луѓето од Федерацијата. С.В
БИЛЈАНА 006 СЕ ЛИЗНА ПРОТИВ ШАМПИОНОТ
Б
ранителот на титулата Вигор Скопје е во финалето во Вардар Осигурување првата женска кошаркарска лига откако во вториот полуфинален натпревар и го нанесе вториот пораз на екипата на Билјана 006. Скопјанки во Охрид допатуваа како апсолутни фаворити но победата успеаја да ја обезбедат во третиот дел од натпреварот. Првите 20 минуни на паркетот во Билјанини Извори траеше резултатска неизвесност пред се благодарение на Балазоска единствената расположена за игра кај домаќинките.
Сепак шампионот на крајот успеа да направи висока предност од 20 кошеви разлика. -Со овој пораз за жал го завршуваме нашето учество за оваа сезона но кога ќе се направи анализа на она што ние како екипа го постигнавме сметам дека зад нас стои голем успех. Ова го велам пред се поради тоа што тренираме еднаш неделно односно имаме три термини во неделата но девојчињата одат на училиште и на се редовни на тренинг. Поради тоа слаба е физичката подготвеност на екипата а од друга страна
ни фали и искуство. Кога сето ова ќе се земе во предвид завршувањето на третата позиција во регуларниот дел, поразот кој му го нанесовме на Вигор сепак се успех за нас. За следната сезона ќе свртиме нова страна за Билјана 006. Ќе бидиме многу посериозни и поорганизирани но пред се ќе направиме тим кој ќе се заснова на млади играчи кои се од школата Колибри, вели тренер играчот Весна Балазоска С.В
НОВИ УСПЕСИ НА МЛАДИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ
О
хридските едриличари од двата клуба “АМАК СПБОФОР“ и “СТРМЕЦ“ учествуваа на меѓуародната едриличарска регата , “СОФИЈА-ПРОЛЕТ“, што неодамна се одржа на езерото Искар во Република Бугарија. Во конкуренција на натреварувачи од Србија, Романија,Грција и Бугарија, нашите едриличари ги измерија силите во две класи:Оптимист и Ласер Стандард. Најдобар пласман во класата Оптимист освои Елена Ставреска, таа се закити со бронзен медал а веднаш понеа беше Емилија Маневска. Во генерален пласман во истата класа од вкупно 36 натпреварувачи, Димитар Поп-Стефанија го освои 6-тото, а Добре Трпоски 16-тото место. Милески Љубиша во класата, Ласер Стандард беше 6-ти. А.Б
ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ И ВО ОХРИД
О
хрид да добие традиоционален турнир во мал фудбал е целта и заложбите на Организациониот Одбор на “Турнирот во мал фудбал Охрид 2008“,кој се одржува во Спортстката сала “Билјанини Извори“. Спортската сала која во своите ингеренции има задача да организира спортски натпревари од аметерски и професионален карактер е носител на овај проект. Ваквиот проект не себично го подржа локалната самоуправа, како и компанијата АМАК СП која знае да препознае добра идеја, па обезбедувањето на натпреварите “падна“ на нивен товар. Професионално и
коректно ја завршуваат работата дечките обезбедувајќи го редот и мирот во салата. Покрај АМАК СП, во проектот се вклучени Словин Билјана, Спортските обложувалници Премиер и Фаворит, хотелот Ривиера, Инсајд Ауто, Миа Бевериџис. Медиумски покровители на овај турнир се веб порталот ohridnews , како и локалната НТВ Телевизија -Интенцијата на спортската сала во иднина ќе биде овој турнир да прерасне во национален, каде би учествувале најдобрите екипи.Се надевам дека во иднина овој турнир ќе стане традиционален и дека од следната година
ќе имаме турнир во мал фудбал со кој охриѓани ќе се гордеат», вели раководителот во спортската сала Иван Цветкоски. Што се однесува да натпреварувачкиот дел, 20 екипи поделни во пет групи се натпреваруваат на турнирот. Од досегашниот тек на турнирот и организацијата на истиот само пофални зборови од сите пристуни во спортската сала.Како што дознава АМАК Пресс поради прославата на Велигденските празници финалниот натпревар место на 3 мај ќе се одигра на 7 мај во среда.
www.amakpres.com.mk
С.В
25
OGLASI PISMA KULTURA
АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во нашиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ. Се продава плац 66 метри Продавам чистени полжави. квадратни,поволен за градба, во Варош тел: со поглед на езеро (без маркица) 070/ 525 - 524 Информации на телефон: 071/ 751 - 771
Издавам куќа на ‘‘ Јане Сандански‘‘ бр. 100 тел: 071/ 498 - 435
Се продава плац со две локации на ул. 130, во населбата Радојца Новичиќ - до училиштето тел: 046/ 268 - 651 071/ 559 - 057
Продавам дрвени врати со каси. Телефон: 253 - 881 и 070/ 485 - 224
Се продава плац од 370 метри квадратни со маркица во Љубаништа веднаш до патот, со вода и струја. Цена 40 Евра за метар квадратен. Информации на телефон: 02/ 322-6672
Се продава мини апарат за лифтинг за професионална но и домашна употреба.Телефон: 070/ 212 - 784
Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, поволно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.
Барам стан под кирија на подолго време, наместен со големина од 80 до 100 метри квадратни. Телефони: 266 - 208 и 070/ 144 - 117 Продавам перална “ Ободин “; телевизор Шарп, нов бојлер; комплет санитарија за купатило.Цена по договор. Телефон: 071/ 32 - 64 - 63
Професорка по македонски јазик дава часови на матуранти, пишува есеи, состави, писмено прераскажува, лектири, пишува проектни задачи за матуранти (освен математика, информатика и физика) , пишува семинарски теми за студенти. - час 60 мин.----------------------------------- 300 ден. - проектни задачи -----------------------------1.000 ден. - есеи ------------------------------------------- 400 ден. - состави за писмена--------------------------300 ден. - писмено прераскажување на лектири---500 ден. - семинарска задача---------------------------1.000 ден. моб.тел. 070/615 485
26
Се продава електрична печка 3 “АЕГ “ со постоље. Цена 50 ЕУР, два каучи по 1.500 денари, сандак замрзнувач по цена од 50 ЕУР, тепих и проточен бојлер АЕГ- цена по договор.
AMAK
PRES
Издавам 3 деловни простори новоградба со површина од 37; 25; и 18 метри квадратни по 5 Евра метар квадратен. Телефони: 268 - 455 и 070/ 474 - 274.
Се продава “ Југо “ во возна состојба. Цена околу 1.000 Евра. Телефон: 252 -187.
Се продаваат 10 метални каси за кафетерија и 40 столови од ковано железо со тапацир. Цена 800 Евра комплет. Телефон: 078/ 302 - 000
Се продава место во с. Велгошти погодно за градба. Телефони: 288 - 592 и 070/ 525 - 524
Професор по македонски јазик дава часови за основци и средношколци за проектни задачи, есеи, писмени работи и лектири. Час-60 мин.-250 ден. Проектна задача - 900 ден. Есеи - 350 ден. Состави за писмени - 250 ден. тел: 070/ 226-707
Се продава лежај,добро сочуван.Цена по договор. тел: 046/ 267 - 993
MAKEDONIJA
- MOJATA DR@AVA
Obrazoven centar, Ohrid, {tip
Do 31.05
REZERVACII NA MESTA: OD 4-TO ODD. OSNOVNO DO 1-VA GOD. SREDNO U^ILI{NA NASTAVNA PROGRAMA 1. M A T E M A T I K A 2. A N G L I S K I J A Z I K 3. I N F O R M A T I K A 4. M A K E D O N S K I J A Z I K 5. P R O G R A M I R A W E 6. F I Z I KA 7. H E M I J A
MATURA x MAKEDONSKI JAZIK x MATEMATIKA x ANGLISKI JAZIK x INFORMATIKA x FIZIKA x HEMIJA x BIOLOGIJA x PROEKTNA ZADA^A x ISTORIJA x GEOGRAFIJA x MUZI^KA UMETNOST x LIKOVNA UMETNOST
8. B I O L O G I J A Testovi na znaewe za: osnovni {koli, sredni {koli, matura, fakulteti, vozrasni,... Testovi: pedago{ki. psiholo{ki, za inteligencija, e-testing,... Nastava: podgotvitelna, tutorska, priemni ispiti, matura, za vozrasni, e-u~ewe,...
www.pisi.com.mk e-mail: pisi@mt.net.mk
++ 46 230-560; 46 230-561; 46 230-562
++ 32 380-418