AMAK
EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION
BESPLATEN PRIMEROK
PRES
OHRIDSKI NOVINI
www.amakpres.com.mk
marketing
070 / 462-362
Godina V - Broj 103/104 25 Dekemvri 2008
Ш А Г О К И Н З А С Р А М Н Ј О А Д К Е Д Л О Ш О Д Е Н
АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ: ВЕНКО ШАПКАР: ГО РАЗБОРЧИВМЕ “БРОДОТ” НА АМАК ЈА ОХРИД ПРЕЖИВУВА КРИЗАТА
definitivno najevtino www.don.com.mk
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
2
AMAK
PRES
РЕЗИМЕ
СИТЕ НАШИ КРИЗИ И ОПЦИИ
С
ветот тоне се подлабоко во кризата која се уште не ја дефинираа какава криза е таа. Дали е рецесија, финансиска, економска или е комбинација од се по малку, па сега целиот систем на западниот свет падна во криза. Но, кризата на системот кој опстојувал со некои свои вредности и доктрини и изградил меѓународни институции за да го сочуваат и бранат во криза ги турка и тие институции, кои покрај со скратените финансии сега се соочуваат и со нешто многу поопасно, а тоа е прашањето на нивното постоење и потребата од нив. Тука пред се мислам на нашите неостварени желби, НАТО и Европската Унија кои евидентно паѓаат во криза на постоењето и многу нешта кои се случуваат на разни министерски конференции на овие две заедници ме потсетуваат на времето кога Словенците заминале од состанокот на Це Ка во Белград, а Косоварите збеснале по улици. Слично нешто се случува сега во Брисел, каде Англија и Франција не ја поканиле Германија заедно да ги решаваат проблемите на заедничката Европа, во која до вчера заедно се крстеа како кон Мајка Хранителка. Но, однесувањето на големите Англија и Франција кон уште поголемата Германија не е ни одблизу изненадувачко како однесувањето на прибалтичките и централно европските мали државчиња кои токму сега потпишаа договори со пацифички и централно азиски земји и истите како што налага про-
цедурата не ги ни доставија да поминат низ Советот на НАТО,а кога најголемата Америка ги предупреди дека мора да ја почитуваат процедурата и да ги поминат договорите низ советот на НАТО, малите државчиња немаа слух за процедурите на најголемиот сојуз формиран од најголемата Америка. Сето ова некако ме потсети на минатогодишните емисии на Миленко Неделкоски кога тој со неговите гости тврдеше дека НАТО е пред својот крај. А дели е пред крај и угледот на Европа како бизнис царство. Со децении најстариот континент олицетворен во ЕУ имаше имиџ на заедница во која цути бизнисот, рај кој увезува работна сила, заедница која нуди шанси за просперитет на помалите држави. . .Но, сега се покажува дека сето тоа можело да се опише со народната ,, одозгора мазно, а внатре празно,, . Од како Грците збеснаа на улиците се покажа дека невработеноста таму била 29 % ( за 2 % помала од нашата), па дека во Шпанија таа била 15 %, а тука некаде и во Италија, Франција и тн. Ова ја демифистицира лажната слика на фалш благосостојбата која Европејците ја прикажуваа пред се пред земјите кои беа aспиранти да станат членки, за така полесно да ги уценуваат и притискаат во исполнувањето на условите кои им ги бараа, а ни сами не ги исполнувале. Оваа финансиска демифистикација на ЕУ сериозно го поставува прашањето дали вреди да се членува таму, бидејќи да не се лажеме, освен парите дру-
ги мотиви никогаш никој не ни имал. Зарем некој сакал да е во ЕУ заради нејзините аршини и стандарди во поглед на човековите права, и еднаквиот третман на сите ? Ма дајте Ви се молам, ние како Македонци најдобро знаеме какви се последици претрпевме низ вековното курвање во Европа, која сега сама се демистифицира од Вавилонска Блудница како ние што ја знаевме, во Вавилонска Куќа, или во денешно време во поглед на моралот и вредностите Европа може да се израмни со Амстердамска Јавна Куќа, каде се зачлениле дваесетина проститутки кои за жал останале без муштерии и без пари. Нашите кризи пак немаат крај. Од како знам за себе нашата земја е во криза на вредностите, системот, финансиите, стопанството . . .Ама сега поинтересно е затоа што целиот свет е во криза на сите овие полиња, па не знам што ќе биде сега опција за нас на следните избори и сите по нив, бидејќи 20 години слушаме како нашите кратковиди политичари не маткаат со Европска опција, НАТО и така ветувајќи подобар живот кога ќе дојдеме до таа опција истуркаа цели едни кариери и животи, за на крај да се покаже дека врска немале со животот што прават и што зборуваат, бидејќи кога ние помисливме дека ги достигнавме вредностите и принципите на таа опција, таа сама падна во криза и стана нешто слично на нас и ете сега немаме опција по која ќе си го мамиме умот. Но , ако немаме опција за кризите имаме за забава и
тоа во 18 00 и 19 00 на Сител и А1. Вестите кои некогаш уриваа влади, сега се претворија во бастион на глупоста и простотилакот и преку нив се плукаат Ѕинго и Велија и ни кажуваат кој од нив бил поголем мафијаш, криминалец, бандит, лажго , уценувач, профитер на туѓа несреќа, земјопоседник, трговец со отровна храна, со вода, со мермер, кој лапал во спортот, а кој во печатарството и сето тоа стана досадно бидејќи тоа сите го знаат. Предлагам за празниците празнично уредништвата на Сител и А1 да набават информации од повесел и позабавен карактер, па нека почнат да објавуваат кои биле швалерките на Ѕинго и Велија, дали покрај швалерките одат и по курви, дали некој од нив двајца во младоста дувал трева и се пијанел, дали на времето се сексале во студентски дом или во некој парк, дали имаат вонбрачни деца, дали кога се во странство одат во стриптиз барови, дали се коцкале, дали слушаат турбо фолк или друга шунд музика, дали по дома шетаат по гаќи или голи, ама мислам најинтересно би било да проверат кој има поголем . . . . . да ,коефициент на интелигенција сакав да кажам, па мисли дека со сопствената телевизија ќе го убеди народот да мисли дека оној другиот е полош од првиот. Како велеше народот. Му рекол зајакот на магарето дека имало големи уши.
www.amac.com.mk/novini
Љупчо Танески
3
ЛОКАЛ ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРАЗНИЧНА ТРЕСКА
СКАПИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ СЕ ПОПРИВЛЕЧНИ ЗА ОХРИЃАНИ ЗА ДОЧЕКОТ НА 2009 ГОДИНА ЗГОЛМЕН Е БРОЈОТ НА ОНИЕ ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ ОТПАТУВААТ ВО ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ ХИТ ДЕСТИНАЦИИ. НО ЗА ДА ОТИДИТЕ НА ЕДНО ОД ТОПЛИТЕ МЕСТА КУБА, ДОМИНИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА ИЛИ МОНТЕ КАРЛО ТРЕБА ДА ИЗДВОИТЕ НАЈМАЛКУ 2500 ЕВРА, А ПОКРАЈ АВИОНСКИ ПРЕВОЗ ДОБИВАТЕ И ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ.„ГОДИНАВА МОЖЕ ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖИ ПОРАСТ НА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ НА ПОДАЛЕЧНИТЕ И ПОАТРАКТИВНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ, А ТОА ПОКАЖУВА ДЕКА КУЛТУРАТА НА ПАТУВАЊЕ Е НА ПОВИСОКО НИВО“, ВЕЛИ СОПСТВЕНИКОТ НА ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ВИС ПОЈ, ОЛЕГ МАЛЕНКО
Н
овогодишните празници се на прагот. Празничната треска веќе се чувствува, се купуваат подароци,облека се планира најлудиот помин во годината. Богатите ќе отпатуваат до некоја примамлива туристичка дестинација надвор од земјава, некои ќе слават по кафеаните, но најголемиот дел од граѓаните Новата година ќе ја дочекаат во домашна атмосфера или на градскиот плоштад.И покрај разликите, кој каде ќе слави, едно е заедничко за сите - трошат и оние што имаат и оние што немаат пари. Во најскапиот месец од годината граѓаните од полупразните џебови ќе издвојат за свечени тоалети, елегантни чевли, фризури и секако за богата новогодишна трпеза. Според информациите од туристичките агенции и оваа година голем е бројот
4
AMAK
PRES
на оние кои Новата година ќе ја дочекаат во странство. Моќта на нашите граѓани не се намалува и покрај светската криза. -Светската криза не влијае кај нас затоа што нашиот ту-
масовниот туризам, вели Олег Маленко сопственик на туристичката агенција, Вис Пој. Според Маленко, со оглед на тоа што Охрид е туристичко место и сите на некој начин профитираат од
ризам сеуште не е развиен на глобално ниво. Последиците се чувствуваат во светските дестинации каде е развиен
гостите кои ќе допатуваат во нашиот град, интересот кај граѓаните Новата година да ја дочекаат надвор од гра-
ниците е голем. Охриѓани празничниот одмор најчесто го поврзуваат со зимскиот, па според тоа најголем интерес има за зимските скијачки центри надвор од државава додека оние во Македонија не се примамливи за граѓаните од Охрид. Традиционалните дестинации, Истанбул, Рим, Будимпешта, Прага се најбарани, а цените за тридневни и четиридневни аранжмани се движат од 150 до 250 евра. Во таа цена е вклучена целокупната организација, превозот, сместувањето во хотелите со 3 и 4 ѕвездички како и новогодишната вечера. Помладите годинава за само 130 евра ќе патуваат за Херцег Нови. Една од најинтересните дестинации за која годинава во туристичката агенција Вис Пој има голем интерес е Тунис. Цените за таму се движат од 430 евра, па нагоре во зависност од
категоријата на хотелот. Она што посебно зачудува за дочекот на 2009 година е порастот на оние граѓани кои ќе отпатуваат во таканаречените хит дестинации. Но за да отидите на едно од топлите места Куба, Доминикано или Монте Карло треба да издвоите најмалку 2500 евра, а покрај авионскиот превоз сигурно ќе добиете и луксузен хотел. -Годинава може да се забележи пораст на оние кои патуваат на подалечните и поатрактивните дестинации,а тоа покажува дека културата на патување е на повисоко ниво. Охриѓани знаат што сакаат за своите пари, а ние сме тука да ги исполниме нивните барања. Нашата 24-часовна услуга посветеноста и исполнувањето на барањата на нашите клиенти се причина покрај традиционалните да имаме и нови клиенти што пак не обврзува постојано да го зголемуваме квалитетот на нашите услуги, вели менаџерот на Вис Пој. Хотелските работници за новогодишните празници очекуваат во Охрид да пристигнат над 10 000 туристи, а најбројни од странците според најавите и овојпат ќе бидат гостите од Србија, Албанија и Бугарија. Капацитетите во хотелското и приватното сместување се речиси целосно пополнети. Тридневен аранжман во хотелите чини околу 15 000 де-
нари, а само дочекот 3 000 денари. И во охридските кафеани каде најчесто забавата е со музика во живо нема слободни места. Цените се различни во зависност од менито со кое ќе бидете послужени и се движат од 2000 до 3000 денари. За забава пак во кафулињата Новата година може да се дочека од 500 до 2000 денари во зависност дали пиењето е ограничено или не. Оние пак што неможат да си дозволат да отпатуваат или да бидат дел од убавите хотелски сали и весели ресторани новата година ќе ја дочекаат во домашна атмосвера со богата трпеза. За нив преостанува уште една алтернатива каде не се потребни многу пари, а сепак има добра забава. Прославата на градскиот плоштад е проверена работа за луда и евтина забава каде единствено треба да му се спротиставите на студот. Во најскапиот и најдолгиот месец од годината граѓаните веднаш по трошокот од најлудата ноќ прават пресметки колку ќе одвојат за прослава на Божиќ и Стара Нова година. Без разлика кој колку има трпезите и за овие празници ќе бидат богати, а потоа следи онаа старата- како да се преживее од први до први. Сузана Вренцовска
ВО РИВИЕРА И ВИЛА ДЕНАРИУС ПОПОЛНЕТО ДО ПОСЛЕДНО МЕСТО Хотелот Ривиера е целосно распродаден за празниците и во него ќе престојуваат туристи од Србија Црна Гора, и Бугарија. Ресторанскиот дел за 31 декември е целосно продаден, а исто така голем интерес има и за предновогодишните забави каде најчесто термините ги земаат фирмите од градот во период од 25 до 30 декември. Овие денови има жива музика во вечерните часови, а охриѓани ги очекуваме и на 1 и 2 јануари кога е слободно за резервации – вели Никола Миленкоски директор на Ривиера. И Вила Денариус е целосно распродадена за празниците. И таму најбројни се гостите од Србија кои се застапени со повеќе од 80 %. За 31 јануари во Денариус се нуди свечена вечера со музика, а музика по желба на оние кои ќе се одлучат да дојдат кај нас ќе има и пред и по 1 јануари – велат од Денариус. Љ.Т
И ХОТЕЛИТЕ ПОЛНИ ЗА НОВА ГОДИНА
Тридневен аранжман – полу пансион со свечена вечера за дочекот на Нова година во Охрид се движи меѓу 150 и 250 евра. Хотелиерите велат дека тридневните аранжмани со полу пансион се целосно исполнети, а по некое празно место има само за дочекот на Новата Година. Во хотел Десарет гостите ќе ги забавуваат Наум Петрески и Зуица Лазова придружувани од оркестарот на Милан Завков. Во Инекс Горица ќе пеат групара Цар Самоил и Благоја Груевски а во Хотелите Метропол и Белви, локални пеачи и групи. Кревет во приватното сместување чини од 300 денари па нагоре, додека цената на апартманите се движи помеѓу 20 и 50 евра по ноќ. Цената за дочекот на Нова година во охридските хотели се движи од 2.000 до 3.000 денари. Во кафулињата клубовите и дискотеките цените се движат од 900 до 3000 денари. А.Б.
ТРАДИЦИОНАЛНО ПО 5-ТИ ПАТ `
ПРОСЛАВА И ПОД ВОДА
Т
радиционално по 5-ти пат во водите на охридското езеро нуркачи од цела Македонија ќе ја китат новогодишната елка. Нуркачите од клубот за подводни дејности од Охрид и нуркачкиот центар Анфора на дочекот на Нова Година ќе пијат и шампањско под вода а Дедо Мраз ќе ги донесе новогодишните подароци. Оваа година во целата организација за првпат се вклучува и Сојузот за подводни активности на Р. Македонија. новогодишната елка ќе биде поставе-
на кај новоизградениот Музеј на вода кај Градиште. -Елката ќе остане се додека траат празниците до Водици. Со тоа овој атрактивен туристички комплекс ќе добие усте една содржина со што ќе се збогати празничната атмосфера. Граѓаните и туристите ќе имаат прилика со голо око од платформата каде се поставени куќарките да ја видат оваа несекојдневна глетка, вели Милутин Секулоски, меѓународен нуркачки инструктор.
www.amakpres.com.mk
5
ЛОКАЛ МАЛИОТ ВЕРНЕР ЗА ПРВПАТ НАКИТИ ЕЛКА
ДЕДО МРАЗ НИКОГАШ НЕ ДОШОЛ КАЈ НАС НАШАТА ХУМАНА ЦЕЛ ПОДРЖАНА ОД ХИТ МАРКЕТ И ДОН МАРКЕТ КОИ ГИ ОБЕЗБЕДИЈА ПАКЕТЧИЊАТА ВНЕСОА НОВОГОДИШЕН АМБИЕНТ ВО ДОМОТ НА ЈУСУФОСКИ, КАДЕ ЗА ЖАЛ ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ПОМИНАТ БЕЗ МУЗИКА, ЦРТАНИ ИЛИ ФИЛМ СО ДЕТСКИТЕ ЈУНАЦИ. -ВО УЧИЛИШТЕ УЧИМЕ ПЕСНИЧКИ ЗА ДЕДО МРАЗ ДЕКА НОСИ ПОДАРОЦИ НА СИТЕ ДЕЦА,АМА КАЈ НАС НИКОГАШ НЕ ДОШОЛ. ЕДИНСТВЕНО ТАТО МИ КУПУВА ЧОКОЛАДИ И БОНБОНИ КОГА Е НОВА ГОДИНА И НИ ГИ ОСТАВА ДО КРЕВЕТОТ ЗАТОА ШТО НЕМАМЕ ЕЛКА, ВЕЛИ МАЛИОТ ЕНВЕР гу чоколади. Но, ниту Дедо Мраз не ги исполнил неговите желби. Тие и понатака остануваат на списокот со надеж дека еден ден ќе станат реалност. -Во училиште учиме песнички за Дедо Мраз дека носи подароци на сите деца,ама кај нас никогаш не дошол. Единствено тато ми купува чоколади и бонбони кога е Нова година и ни ги остава до креветот затоа што немаме елка. Другите деца знаат повеќе за него го гледаат на телевизија и веруваат дека постои, а ние немаме телевизор, вели Вернер. Но не мора да пристигне Дедо Мраз за да се развеселат детските очиња. Новогодишните подароци и елката кои ги однесовме ние
В
о трошниот дом на семејството Јусуфоски направен од ламарина и штици, без струја и вода каде празниците, но и животот поминуваат во темница, осум годишниот Вернер и неговата поголема сестра Сузана како да подзаборавиле дека се ближат новогодишните празници. Тука никогаш нестапнал Дедо Мраз да ги направи барем за миг среќни. Нивните детски новогодишни желби,иако скромни остануваат неостварени. Додека сите, на свој начин, и
6
AMAK
PRES
се радуваат на Новата година – особено децата, Вернер не верува во добриот дедо кој носи подароци. Вели, кај нас никогаш не дошол да ми донесе подарок единствено татко ми, ми купува чоколадо и тогаш сум најсреќен. Од дното на неговото топло срценце посака пакетче за Нова година. Тешкиот живот ја направил неговата детска фантазија прескромна, па малиот Вернер заборавил на скапите играчки. Неговиот новогодишен список на желби е скромен, светлина во домот, телевизор и мно-
од весникот АМАК ПРЕС во овој сиромашен дом беа доволни барем за миг да измамиме насмевка на детските лица. Нашата хумана цел беше подржана од ХИТ Маркет и ДОН Маркет кои ги обезбедија пакетчињата внесоа новогодишен амбиент во нивниот дом, каде за жал празниците ќе поминат без музика, цртани или филм со детските јунаци. Но тоа е суровата вистина за животот на Вернер кој со радост го прими она што му го донесовме. Природно, спонтано помалку збунето истовремено и среќно беше неговото лице кога ја красеше новогодишната елка во малата соба во која едвам ја собира покуќнината, креветот шкафот и шпоретот на дрва каде што неговата сестра го подготвуваше ручекот. Единствено останаа нераспакувани новогодишните светилки . Тивко помалку срамежливо Вернер и Сузана ни рекоа- нив нема каде да ги вклучиме, немаме струја. Нивниот татко пак, 60годишниот Енвер е самохран
родител.Тој секојдневно се бори со тешкиот живот. Успева да заработи за парче леб, но неможе да им даде удобен живот, каков што сите деца имаат право да живеат . За ниски дневници работи и по цели денови затоа што социјалната помош е премала за да се прехранат. Од пред две години нивната најголема среќа е внуката Сара од поголемата ќерка, таа по смртта на нивната мајка беше столб на семејството. Сега грижата за домот и братот ја има 14 годишната Сузана Јусуфоска. „Не ми е тешко да се грижам и да внимавам на брат ми. Морам да го чувам и да работам по дома и да одам во училиште“ вели Сузана. И додека го напуштавме домот на Вернер неговите детски очи не испратија полни со благодарност. Иако среќен со подароците, неговите новогодишни желби за подобар живот остануваат само очекување и надеж дека ќе станат реалност. Сузана Вренцовска
МАЛИОТ ЕНВЕР СО БЛАГОДАРНОСТ НЕ ИСПРАТИ ДО ВРАТАТА ОД ТРОШНАТА КУЌА, СО ПАКЕТЧЕТО ВО РАКА НИ ПОСАКА СЕ НАЈУБАВО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ
www.amakpres.com.mk
7
ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД
ПЕТРЕСКИ: ГО РАЗБОРЧИВМЕ ОХРИД, ОДИМЕ СО НОВА ВИЗИЈА КОН ПОДОБАР ОХРИД
Изминатата година слободно може да се оцени како најбурна година од вашиот мандат. Сите 12 месеци бевте во центарот на вниманието, од аферите прислушкување, преку политичкиот судир со власта кој стана правен, па се до бројните анегдоти кои ги кажавте во јавноста. По што ви остана во сеќавање од годината што мина ? - Сето тоа што го наведовте во прашањето, би рекол дека е составен дел на работата на еден Градоначалник. Мојот „судир“ со централната власт, како вие го нарекувате, не претставуваше некаково пркосење. Ги штитам интересите на граѓаните и работам за доброто на нашиот град, а централната власт не може да се однесува како сака кон потребите на Охрид или како и’ одговара од партиски побуди. Охрид е за сите нас, а не само за владеачлката партија која намерно опструира многу наши зафати и живее единствено за наредните избори. Граѓаните на Охрид од мене и од актуелната власт очекуваа напредок на
8
AMAK
PRES
градот и остварување на она што им го ветивме. Токму по тоа што го остваривме ќе ја паметам годината што изминува. Постигнавме бројни успеси и резулати. Го направивме Охрид поубав и поуреден. Ги уредивме комунално и инфраструктурно дури и улиците или населбите каде што ништо не беше направено дури со децении на назад. Јас не би ги набројувал сите нив, не затоа што се многу на број, туку затоа што граѓаните најдобро го гледаат и оценуваат направеното. Крајот на годинава без сомнение го одбележа блокадата на градбата во Бејбунар. Повеќе пати до сега сте давале оцени дека тоа е брутална пресметка од политичка природа која се одвива на грбот на Охрид. До каде дојдоа работите и кога може да очекуваме старт на градбата во Бејбунар ? - Примерот што го посочувате е само еден од поголемите и порегистрираните во јавноста од оние за кои ви ги наведов како опструкција за нашиот
развој. Јас и тогаш и сега тврдам дека е партиска пресметка со мене како градоначалник бидејки целата постапка во носењето на ДУП беше легална и законска, а одлуката исто така законска и од страна на Советот. Запрашајте се како медиум: Како можеме да бидеме во заблуда и да грешиме сите ние - и Градоначалникот и комплетниот Совет а да бидат поумни два-тројца бирократи во министерствата кои молчеа цели две години? Јас ги штитам интересите на гарѓаните, конкретно на тие четриесетина семејства-сопственици на парцелите во тој ДУП бидејќи станува збор за нивно земјиште, а не државно. Кој нив ќе ги штити од самоволието на државата , ако не Грдаоначалникот? Зошто државата аку е толку загрижена за археологијата, не го откупеше на време тоа земјиште од сопствениците? Јасно е дека на ВМРО -_ДПМНЕ и’ пречи пред изборите Охрид да биде и финансиски најуспешен со инкасирањето на десеттина милиони евра во Буџетот на сметка на комуналните такси за уредување на земјиштето. Конечно, и
јас како и обесправените сопственици, очекуваме дека Уставниот суд ке ја отфрли ставената забрана од министерството за локална самоуправа и ќе може сопствениците да инвестираат во она што го планирале со тој простор. Изминатата година Охрид како град го претставивте на бројни саеми за туризам. Летото градот беше преполн со туристи, па на моменти колабира снабдувањето со електрична енергија, неколку пати имаше застои во водоснабдувањето и градот го преживеа најголемиот сообраќаен колапс до сега. Кои се плановите на локалната согласно нејзините ингеренции за решавање на овие проблеми, а бидејќи поголем дека од ингеренциите се на Владата, дали се работи заеднички со централната власт ? - Точно е дека заради големиот број туристи кои на моменти го надминува и бројот на жители во градот, дојде до неколку колапси на инфраструктурата. Во однос на електричната енергија ингеренциите се на Владата и ЕВН како приватна компанија и нејзе граѓаните и угостителските објекти и плаќаат средства за потрошената енергија и за обезбедување на моќност што значи дека Владата и ЕВН треба постојано да ги снабдува граѓаните и хотелските капацитети со струја 24 часа, 7 дена неделно и со доволен напон но, факт е дека тоа не е така. Нас ни се случувало и при одржување на големи манифестации да има дефекти во доводот на електрична енергија, тоа не смее да се случува во Охрид. Во однос на водоснабдувањето сум премногу задоволен како и оваа сезона излеговме на крај затоа што е многу комплицирано, тешко и скапо град кој има 60 000 жители и капацитети за довод да ги подготовки не за 60 туку за 160 000 жители во неколку месеци во годината, тие решенија се скапи и тешки, имајќи го тоа во предвид што и покрај големиот број гости и покрај тоа што ние годинава со водоводот го снабдувавме и Лескоец , неколку проблеми кои настанаа се нормална работа и главно сум задоволен од тоа како функционира водоводот. Но, главниот проблем е во тоа што пред неколку години Охрид , тогашниот градоначалник и директорот на Проаква зедоа кредит со кој направија нови водоснабдителни системи и канализација но, не се направија квалитетно како што треба и дефектите се последица на тогаш неквалитетно завршената работа. Се ставија цевки и
приклучоци кои не одговараа и имаме многу дефекти од причина што сега имаме зголемен притисок на водата и дефектите се јавуваат при зголемена потрошувачка , а комплетно ние ги поправаме тие нови инсталации поставени пред 7 години, за тоа се испратени дописи до Владата и таа е запознаена со таа состојба. Што се однесува до рекордите колапси на сообраќајот мислам дека тука се работи за навистина акутен проблем кој ако не се реши набрзо може да има несакани последици по охридскиот туризам. На потегот од Св Стефан до Св Наум имаме доста тесни грла и затоа во дадени денови се соочувавме и со големи застои во сообраќајот, иако полицијата беше вклучена во решавање на тоа дури и таа беше немоќна бидејќи застоите беа од големи размери. И нашите и полициските служби се ангажираа но, безуспешно. Тоа се застои надвор од градот, на плажите, а со тоа јасно кажувам дека ингеренции има државата т.е. Фондот за патишта и Македонија пат, ние немаме ингеренции, но сме силно заинтересирани да се реши тој проблем и не можеме да стоиме настрана од проблемот. Пуштивме предлози и иницијативи до Владата како да се реши тоа, а по нашите предлози најавија дека ќе инвестираат многу во овие правци. Ние бараме по 25 години од како ЈНА работеше на патот од Рача до Пештани да почне да се оспособува тој правец. Исто и кај големите населби како што е Коњско, Рача, мора да се направи надвозник или подвозник и на тој начин би се растовариле овие тесни грла. Кај Билјанини Извори иако е надвор од нашите ингеренции започнавме со изградба на источната трансферзала кај бензинската пумпа Билјанини Извори со што ќе се растовари сообраќајот и ќе се избегнат тесните грла. Интензивно се работи на промоција на Охрид во светот. Организирате бројни активности надвор од државата, пред се тука мислам на саемите и активностите на Охридската академија на хуманизмот. Кои се плановите за промоција на градот во 2009 година и каде ќе ја определите целната група? - Охрид е навистина афирмиран во светот, но во туризмот важи правилото секогаш да бидеме присутни таму каде што се понудите за новата сезона. Ќе бидеме присутни со пропагандата секаде каде што е потребно и за нас издржливо. Токму за поддршка на развојот на туризмот во 2009 ќе издвоиме 25
милиони денари од кои 7,5 милиони ќе бидат за директна промоција и пропаганда. Годинава ЛЕР го заврши проектот Духот на Охрид, за кој јас барем не успеав да прочитам или слушнам позитивна критика во медиумите. Колку сте задоволни од овој проект и дали ги следите сите информации кои ја окупираа јавноста минатата година, а се поврзани со ЛЕР и неговото раководство ? - Јавноста има право на свое толкување, но тоа е оправдано кога се располага со сите факти и елементи, а не да се суди или пишува извадено од контекст и парцијално. Проектот што го спомнавте, треба да го оценува јавноста, а не јас. Тоа е меѓудржавен проект со пари од европскита фондови и мислам дека е добро што успеавме да влечеме средства од тие фондови. Кон тоа е и иднината на бројни развојни планови, не само во туризмот. Најавувате бројни капитални инвестиции. Најголемите критики од вашата опозиција се насочени токму во тој дел. Зошто изостанаа некој од поголемите проекти кои се од витално значење за градот како автобуската станица или инвестициите во туризмот кои се витални за економијата? - Сами ќе потврдите, доколку сте објективни, дека во својот цел мандат, а не само во оваа година, сум бил максимално транспарентен и секогаш сум бил достапен за вас новинарите и медиумите, по било кое прашање. Дури и моите соработници задолжени за односите со јавноста и медиумите, ми забележуваат дека сум премногу отворен кон медиумите и секагаш достапен, а некои од нив понекогаш тоа и го злоупотребуваат. Во тој контекст, и вие и јавоста повеќепати бевте информирани и во тек, со судбината на тие проекти што ги спомнавте и како и некои други капитални инвестиции. Немам што да се оправдувам, но жалосно е што сите тие останаа само како ветувања заради инаетот на централната власт и немањето искрена воља да се прави нешто навистина добро за развојот на Охрид, а не само во поглед на археологијата и наследството од минатото. Секако дека и тоа е добро за Охрид, но на современиот Охрид му требаат странски инвестиции, хотели, автобуски станици и сл. Сето тоа останува за наредниот период заради фактот дека општината нема свое земјиште, не распишува тендери
www.amakpres.com.mk
9
ИНТЕРВЈУ кои би биле привлечни и исплатливи за странските инвеститори и не може да гради на државен имот. Досегашниот однос на централната власт кон Охрид е слична на тоа како да е Охрид во друга држава! Ете, на тоа се сведува слепата партиска желба на ВМРО-ДПМНЕ да ја освои власта во Охрид: „ што полошо- тоа подобро“ за да се прикаже овој градоначалник „неуспешен“. Но, тоа не им поаѓа оти граѓаните гледаат кој што прави или опструира за Охрид. Ако се прошетаме по охридските улици ќе видиме дека скоро низ целиот град на терен е градежна оператива која прави улици, тротоари, канализации, осветлувања. Колку сработивте во изминатата година? Накратко можете ли да споменете што се направи во градот и како ги коментирате критиките кои некои партии и јавни личности ги упатуваат до Вас дека тоа се прави пред изборите ? - За тоа што сме направиле како локална власт и што јас како Градоначалник сум направил, реков дека најдобро знаат граѓаните оти тоа што го правиме за Охрид се гледа. Ќе ве потсетам дека јас како градоначалник се отчетив со посебно отпечатен отчет пред сограѓаните на половина од мандатот, а наскоро ќе се отпечати отчетот за она што сум направил за целиот мандат. За тоа, значи, нема потреба да набројувам што е се’ направено во изминатиов мандат во сите сфери од развојот на Охид. Но, ќе нагласам дека со успешно менаџирање постигнавме голем успех во она што не го гледаат граѓаните секојдневно: Од презадолжена општина со над 15 милиони евра наследен долг од кои само кон „Гранит“ беа околу 7,5 милиони евра, Охрид го разборџивме. Кон „Гранит“ останаа само 160 илјади евра од енирмно високиот долг. Со разборџувањето што го направивме, покажавме колку сме успешни: ем да решаваме тековни проблеми на граѓаните и да го разуба-
вуваме и афирмираме Охрид, ем да ги сервисираме наследените долгови. Сето ова не е пред избори направено туку, со деноноќна и макотрпна работа. Ако партиските опоненти сметаат дека развојот на Охрид е предизборен маркетинг, тогаш може да се сфати колку тие сограѓани патат од партиска заслепеност. Јас сум гардоначалник на сите граѓани и должен сум да работам за доброто на сите нив, без оглед на партии, избори, пропаганди и слични недолични забелешки. Администрацијата во Охрид и земјава со децении има имиџ на непотистичко и паразитско легло. Преземавте неколку чекори кон подобрување на имиџот на администрацијата која е под ваша контрола. Сепак годинава неколкупати во јавноста излегоа критики, па дури и видео клипови со не долично однесување на вработени во администрацијата во општинската зграда. Колку сте задоволни од административниот апарат ? - Како и во секоја средина така и во администарцијата може да сретнете разни карактери и луѓе со разни работни способности и одговорност кон работата. Бидете доблесни па одговорете си за себе: Дали во вашата „фела“ сите сите објективни, професионални, одговорни, културни, љубезни...? Не е коректно заради однесувањето на поединци или заради изолирани случаи да се оценува и проценува целата администрација. За случајот што го спомнувате, а кој не ми е познат секако ќе имало санкции доколку било така, но „клиповите“ и разни снимки со мобилки сметам дека се често пример за злоупотреба на довербата или кршење на приватноста. ВМРО ДПМНЕ деновиве го избра новиот Координатор на Општинскиот комитет. Од изборот може да се насети во кој правец ќе се движи комитетот во следниот период и ка-
ков кандидат може да исфрли. Како ја оценувате состојбата во главната опозициона парија во Охрид и мислите ли дека може ВМРО ДПМНЕ со овој состав да атакува на првото место во градот? - Јас како градоначалник се занимавам со проценки на соостојби во општината. Што треба , каде, како и кога да ги реализиарме планирањата, и дали можеме. Внатрепартиските работи не ги анализирам и мислам дека е тоа работа на партиските раководства, комитети и штабови. Можам како сограѓанин само да му го честитам изборот на новоизбраниот претседател на ОК на ВМРО -ДПМНЕ и да му посакам успех во внесувањето малку повеќе култура при јавното комуницирање за разлика од онаа што досега ја практикуваше Комитет. Бидејќи Охрид е град на културата и развиен центар. Што се однесува до тоа дали таа партија може да атакува на првото место во градот, убеден сум во тоа дека шансите им се мали бидејќи граѓаните видоа и знаат колку и како успешно можам да менаџирам со општината и да работам за доброто на Охрид. Амак Прес Охридски Новини влегува во шестата година од своето постоење. Го читате ли нашиот весник, што ви се допаѓа во него, а што не ? - Весникот Амак Прес носи голема свежина во медиумскиот простор во Охрид и веќе сите охриѓани па и јас се навикнавме на тој весник, така што не ми е јасно како брзо поминале тие цели 5 години, и сакам да прослави весникот и поголеми јубилеи, иако во ваква работа и влегувањето во 6 година од постоењето не е мал јубилеј. На вашиот Весник му посакувам уште многу годишнини, а Вам, на Редакцијата и читателите ви посакувм Среќна Нова 2009. Година. Љупчо Таневски
1
11
LOKAL УШТЕ ЕДНА НАЈАВА ОД ОПШТИНАТА
ГАРАЖНА КУЌА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ на животната средина и културното наследство.
Е
ден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат жителите од стариот дел на градот по се изгледа ќе биде решен. Општината планира изградба на гаражна куќа на просторот пред Горна Порта со капацитет за сите возила од тој дел на градот. Со овој проект Локалната ќе одговори на барањата и препораките од страна на УНЕСКО за исклучување на сообраќајот во стариот дел на градот како заштитена зона се со цел заштита
-Во тек е изработка на измените и дополнувањата на важечкиот урбанистички план за стариот дел на градот. Тенденцијата на УНЕСКО е да се исклучи сообраќајот во стариот дел на градот и сите автомобили да се гаражираат. Планот е во работна верзија, разговарано е со Завод и Музеј и Управата за заштита на културно наследство од аспект на заштита на културното наследство. Гаражата ќе биде изградена во традиционалниот староградски стил на простор кој не е зафатен со било каков археолошки локалитет. По завршување на планот ќе пристапиме кон реализација на овој проект. Се додека не обезбедиме услови нема да го исклучиме сообраќајот во стариот дел на градот, вели раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов. Според него паркирањето е проблем
кој секој треба да си го реши во сопствената градежна парцела, но токму во стариот дел на градот, граѓаните просторот кој е предвиден за гаражи го имаат преадаптирано во кафеани, кафетерии, продавници, апартмани. Сега со плаќање годишна такса за закуп за паркирање ќе добијат простор каде ќе можат да ги паркираат своите автомобили, вели Арнаудов. Гаражната куќа ќе биде во рамките на ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг простори, кое ќе има надлежност да го одржува објектот и да врши наплата. Од страна на УНЕСКО се бара забрана за сообраќајот и по кејот на Езерото, а решавањето на овој проблем ќе биде втор чекор на Општината. Од таму велат дека двата проекти ќе се реализираат за брзо време, но прецизни рокови сеуште не соопштуваат. С.В
ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПОСЛАНО СО МИНСКО ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДСТВА
ПРОФЕСИОНАЛНИ НУРКАЧИ ЌЕ ГО ЧИСТАТ ТЕРЕНОТ
В
о Охридското Езеро има големи количини на минско експлозивни средства на повеќе локации од прва светска војна. За прв пат наредната година ќе се спроведува акција за нивно отстранување. Целиот проект ќе се реализира во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување на Р Македонија која во своите редови има тим за подводно деминирање. Шест професионални нуркачи неодамна во Херцег Нови беа испратен на курс за подводно деминирање каде ги совладуваа вештините за пристап и отстранување на минско експлозивните средства. -Минско експлозивните средства не претставуваат голема опасност за капачите но во секој случај не е пријатно да се види такво средство под вода. На-
12
AMAK
PRES
правена е една стратегија како тие да се тргнат од Охридското Езеро, а во моментов се подготвува документацијата и се скенира состојбата. Активностите на терен ќе започнат после туристичката сезона, наредната година, вели Милутин Секулоски меѓународен нуркачки инструктор, еден од шестмината обучени за отстранување на минско експлозивни средства. Имаме голема поддршка од регионалниот центар за Југоисточна Европа за деминирање и со нивната опрема скенсонери, подводни детектори и анти магнетни нуркачки апарати, најпрвин ќе се скенираат а потоа и отстранат минските тела. Дел од местата со GPS ги имаме лоцирано а на дел се работи. Иако сеуште неможеме да кажеме за колкави количини станува збор сепак има доста, вели Секулоски. Како што дознаваме има повеќе локации каде може да се видат минско експлозивните средства во Езерото. Кај полициската станица кај Пештани се пронајдени рачни германски одбранбени против пешадиски бомби, во близината на градското пристаниште на околу 30-40-метри длабочина во ресите перма Канео има големи сандаци
со муниција, а полн чамец е пропаднат во близината на некогашниот авто камп Андон Дуков. Се претпоставува дека вакви мини бомби и гранати има и кај помошното пристаниште пред хотелот Палас. Според познавачите на состојбите овие минско експлозивни средства не се опасни за капачите поради тоа што се застарени, детонаторските запалки се уништени и нема опасност од активирање. Генерално се наоѓаат на длабочина од 5-20 метри од брегот на Езерото. Според обликот на одбранбените противпешадиски рачни бомби кој укажува дека се од германско производство се претпоставува дека минско експлозивните средства кои сега се наоѓаат во водите на Охридското Езеро се од првата светска војна. По повлекувањето на германско бугарските сили кои биле потиснати од француско српските сили дел од големото наоружување било фрлено во водите на Охридското Езеро за поефикасно повлекување. Исто така и француските сили при заминувањето од овие простори оставиле дел од тие минско експлозивни средства. С.В.
INTERVJU ИТЕРВЈУ СО ВЕНКО ШАПКАР, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АМАК СП
“БРОДОТ” НА АМАК ЈА ПРЕЖИВУВА КРИЗАТА • ВЕНКО ШАПКАР, ЕДЕН ОД НАЈУСПЕШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ОХРИДСКАТА АМАК СП, КОМПАНИЈА КОЈА ИЗМИНАТИВЕ 10 ГОДИНИ БЕЛЕЖЕШЕ ГОДИШЕН ОБРТ НА КАПИТАЛ И ДО 15 МИЛИОНИ ЕВРА, А СЕГА ЈА ДОЖИВУВА НАЈТЕШКАТА ГОДИНА ВО ИЗМИНАТАВА ДЕЦЕНИЈА. “И ВО УСЛОВИ НА КРИЗА„БРОДОТ“ НА АМАК СП СЕУШТЕ ПЛОВИ И СО МЕРКИТЕ КОИ ВЛАДАТА ГИ ПРЕЗЕМА СИГУРЕН СУМ ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ УСЛОВИ ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ И ОПСТОЈУВАЊЕ ВО НАРЕДНАТА ГОДИНА И ОЧЕКУВАМ ДЕКА РЕЗУЛТАТИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ОСТВАРИМЕ ЌЕ БИДАТ ДАЛЕКУ ПОДОБРИ ВО ОДНОС НА ОВАА ГОДИНА” ВЕЛИ ШАПКАР. Како резултат на финансиската криза има опаѓање на вкупната побараувачка и потрошувачка на светските пазари,а тоа се рефлектира врз производството и врз цените. Како АМАК СП го почувтствува тоа? Оваа година за нас беше една од најтешките и најкритичните. Автомобилската индустрија прва ги почуствува последиците од светската криза, а како дел од таа индустрија и ние претрпевме соодветни последици. Ова ќе ни биде година со најминимално остварено производство во последниве десет години. И во финансиски и во физички обем најлоша година во оваа деценија. Ние моравме да се соочиме први со реалноста и пред почетокот на оваа светска криза како предвесници, но во негативна смисла на зборот. Најпрвин не погоди падот на вредноста на доларот во однос на еврото. Нашите основни репроматеријали ги набавуваме во Европа, ги плаќаме во евра, а извозот го реализираме во долари преку американска компанија така што таа курсна разлика значително се одрази врз позитивните финансиски текови на нашата фирма. Покрај тоа први го осетивме влијанието на кризата врз пазарите. Намаленото производство на нашите купувачи се одрази со смалување на обемот на нарачките кај нас и тоа беше вториот елемент кој негативно влијаеше. Резулат на тоа беше од трисменско и двосменско воведување на едносменско работење, смалување на бројот на вработените заради на-
малениот обем на работа. Меѓутоа во сите тие негативни текови успеавме да ја одржиме фирмата, успеавме да задржиме дел од пазарот и цело време да работиме на воведување и изнаоѓање на алтернативни решенија, односно изнаоѓање на нови пазари, воведување на нови производи и секако работење на нашата иднина. Со тоа поставуваме основи за поуспешен старт за наредната година. Се раскинаа ли дел од договорите со Вашите странски партнери бидејќи АМАК СП е компанија која целосно е посветена на извозот, а токму таквите се најпогодени од оваа криза. Како се справувате со новите услови на работа кои бараат воведување и некои новитети? Како извозна фирма досега немаме раскинато договори со нашите партнери, но во голема мерка се намалени нарачките. И покрај тоа што договорите за соработка се потпишани на неколку години веќе неколку месеци сме без нарачка за извоз. Во рамките на тие договори купувачот има право да пласира месечни нарачки кој што ние понатака сме обврзани да ги реализираме. Значи намален е бројот на нарачките, а со тоа е намален и обемот на нашето производство. Ние се трудиме да се приспособиме кон новите услови на работење и веќе подолго време нашата служба за развој и воведување нови технологии, работи на нови производи и нови технолошки решенија. Од една
страна работи на поевтинување на производството со воведување нови технологии, а од друга страна на изнаоѓање нови производи кои што ќе најдат свое место на пазарот. АМАК СП е целосно извозно ориентирана фирма, која носи пари во оваа држава.Затоа што создаваме девизи кои ги добиваме за извозот на нашиот труд на странските пазари. На светскиот пазар ние се бориме светски најпознатите фирми во една од најтешките области на производство, автомобилската индустрија каде што квалитетот пред се и конкурентната цена диктираат какви ќе бидат резултатите. Нашите конкуренти се светски гиганти и во една таква конкуренција успеваме да си го најдиме своето место и да обезбедиме парче леб за нашите вработени, но и да придонесиме за успешното балансирање на извозот во однос на увозот во нашата држава. Во Македонија се смета дека кризата нема директно да не погоди многу, кога целиот свет стравува од кризата која се претпоставува дека ќе трае и во наредниве две години. Како ги оценувате ваквите претпоставки на Владата? Ова прашање ми беше поставено при неодамнешната посета на САД од неколку бизнис партнери. Макдедонија во една ваква криза, со каква светот денес се соочува, се наоѓа во изминативе 18 години. За нас ова не е ништо ново. Ние пливаме во услови на такви неповолни околности и успеш-
www.amakpres.com.mk
13
INTERVJU
но се справуваме и затоа сметам дека ова нема да биде некој посебен удар за нас затоа што на некој начин имаме одредено искуство во справувањето со последиците од кризата. Кај нас секојдневие е пропаѓањето на фирми, на банки, секојдневие е останувањето на луѓето без работа и изнаоѓањето на нови решенија. Токму затоа велам дека нашата Влада има најголемо искуство во споредба со останатите во светот во изнаоѓање на правилни решенија во услови на криза. Треба да бидиме сите опимисти дека она што следува нема да биде толку страшно, барем не за нас во Македонија. Се надевам дека светските влади, оние кои сега се соочија со еден голем бран на една ваква криза ќе изнајдат решение за справување и на тој начин последиците од кризата ќе бидат помали за нас тука во Македонија. Според мене наредната година, кога сите очекуваат дека ќе биде многу тешка, за нас нема да значи ништо посебно и ќе биде еднаква на оваа година која штотуку завршува. Според најавите на Владата кај нас како мерки кои ќе се преземат во справување со кризата се намалување на придонесите, подобрување на бизнис климата намалување на трошоците за бизнис, капитални инвестиции. Дали ваквите Владини мерки
14
AMAK
PRES
според Вас ќе донесат стабилност? САД како една водечка сила и водечките држави Јапонија и Западно европските земји се веќе пред рецесија услови кои никој не ги посакуват. Им се заканува тотален застој на развојот едноставно запирање на сите економски процеси, но доколку применат дел од нашето искуство ќе успеат да ги надминат тие неповолни моменти. Во Америка се преземаат мерки ама во прашање дојде опстанокот на Генерал моторс. Истото се случува во Германија со Фолсфаген, водечката автомобилска индустрија во Европа. Но споредено со нив во Македонија потребни се друг вид мерки. Додека таму државата во фирмите интервенира со пари кај нас овие мерки кои што владата ги планира да ги преземе би биле доволна позитивна инекција за да се справиме со неповолностите од кризата и да успееме да го пребродиме и овој нејзин налет кон нас. И во вакви услови „бродот“ на АМАК сеуште плови и со мерките кои Владата ги презема сигурен сум дека ќе имаме услови за успешно работење и опстојување во наредната година и очекувам дека резултатите кои ќе ги оствариме ќе бидат далеку подобри во однос на оваа година. Најавите дека американска компанија за автогалантерија ќе се
отвара во Охрид не се реализираа. Дали воопшто имаме потреба од отварање на вакви конкурентски компании кога ние не сме држава кој произведува автомобили? Такви потези не би требало да се случуваат без консултација со фирмите кои веќе постојат во Македонија каде немаме наш купувач, немаме пазар. Воведувањето на еден нов производител од истиот тип ќе значи среќавање на глобалниот светски пазар и утре таа фирма ќе биде наш потенцијален конкурент што може да доведе до низа неповолности во работењето и во реализацијата. Според мене не би требало да се отвараат конкурентни фирми кои што ќе го спречат развојот на постоечките компании во нашата држава. Исправно би било постоечките фирми да се надградат со воведување на нови технологии, на нови програми, да се дополни она што недостасува како би биле уште повеќе конкурентни на светските пазари. Дали АМАК СП е сеуште заинтересирана за слободната економска зона Бунарџик? Условите кои што Владата ги нуди во Бунарџи се многу поволни да заинтересираат и инвеститири од светот да дојдат тука. Меѓутоа тие услови би требало да им се дадат и на домашните
фирми кои што можат таму да реали- спонзор на многу манифестации од зираат дел од своите идни планови. Со општествениот живот, можеби една примената на таквите поволности кои од ретките компании која дава пари што ги нуди Бунарџик како слобод- во културата, спортот. Дали ќе прона економска зона ќе значи и полесно должите со тој тренд и сега во услови реализирање на предвидените проек- на намалено производство кога ја бети и полесно опстојување на новосо- лежите најслабата година на финанздадениот субјект и негова конкурент- сиски план? ност за поедноставен влез на пазарот. Која е смислата на постоењето на Токму затоа сметам дека е потребно секој еден економски субјект ако не и на домашните фирми да им се по- обезбедување егзистенција на своите нудат подеднакви услови да можат да вработени и придонесување за развој настапат со свои проекти и планови во на општеството. Токму така и АМАК Бунарџик. Оваа година требаше да реа- СП дел од придобивките кои ги има лизираме една програма- трговија со од своето работење ги издвојува за кинески возила и беше поврзана токму сите свери од општествениот живот со Бунарџик, реализација на возило кое на Охрид и на Македонија, како во што како македонски производ ќе биде културата, спортот, здравството така пласирано на пазарите во Европа. На и во издавачката дејност медиумите овие кинески возила беше планирано за што посебно ми е драго затоа што во Бунарџик да им бидат вградувани моето прво вработување беше токму деловите кои што ќе се произведуваат во Вечер како новинар пред 30 години. во Македонија со што ќе бидат вклу- Легитимацијата сеуште ја чувам како чени сите производители на делови за драг спомен. Нашата цел беше да биавтомобили. За жал од низа, пред се диме пример како една фирма треба би рекол бирократски причини, сеуше да опстојува и да помага насекаде и тој проект не е реализиран. Првите тој наш пример да го следат и другите 10 возила ги донесовме кон крајот на успешни фирми, но за жал нема многу 2007 година и до денеска тие се под следбеници во тој правец. Помагавме царински надзор заради недобивање во периоди кога нашето работење беше хомологациони документи во Републи- далеку поуспешно, но тој тренд ќе го ка Македонија. Навистина чудно е, кај продолжиме и сега во овие услови на нас каде што нема производители криза. на автомобили да Направивте винеможеме да обе•НАШАТА Ц Е Л ОХ Р И Д стинска ренезбедиме докуменДА К Л У Б КО Ј Ќ санса во спорти, а истото возило Е СЕ НАТПР ДОБИЕ ЕВАРУВА ВО Н А Ј Е Л И тот посебно таквите документи Т Н О Т О Д Р У Ш Т ВО ЈА со кошарката, веќе ги има доОС ТВАРИВ МЕ спорт кој го биено во Шпанија, ГОДИНИ. Н ПРЕД НЕКОЛК У вративте на госкоро цела годиО НЕ ЗАС ТА НАВМЕ Т У К А. Н А П лема врата во на се продава во РАВИВМЕ Т ИМ Охрид. Русија, Турција, КО Ј Д Е Н Е С Е ЛИДЕР Н Нашата цел Охрид Грција, Италија. А ТАБЕ ЛАТА РАМО ДО Р да добие клуб кој Ова возило ќе А М О СО НА ЈТРОФЕ ќе се натпреваруги апсорбираше ЈНИТЕ К ЛУ Б О В И КО И ИМААТ ДА ва во најелитното сите наши деЛЕК У ПОГО друштво ја оствалови и со еден ЛЕМА ТРА ДИЦИЈ А ОД АМАК ривме пред неколнов производ С П. ку години. Но, не ќе настапевме застанавме тука. на светскиот Направивме тим кој пазар. Сега во една ваква криза подер на табелата рамо себно во автомобилската индустрија денес е ликаде продажбата е веќе и замрена ќе до рамо со најтрофејните клубови кои биде многу потешка реализацијата на имаат далеку поголема традиција од овој проект, но ние не се откажуваме. АМАК СП. Охрид никогаш немал клуб Се надеваме дека проблемот за брзо кој се натпреварувал во првата нациовреме ќе биде решен и во наредната нална лига, а сега сме најуспешни од година ќе влеземе во реализација на сите времиња. Тоа го покажуваат резултој проект за монтажа на возило во татите и местото кое го имаме на табелата. Нашите амбиции за оваа натпреБунарџик. варувачка сезона се освојување на една АМАК СП често пати се јавува како од титулите во домашното првенство,
но доколку ни се даде прилика зошто не и освојување на Купот и шампионатот. Првенството го започнавме одлично со десет победи и само еден пораз. Славевме на средбата против тринаесеткратниот првак на Македонија, „Работнички“ во Скопје со што покажавме дека имаме тим за респект. Напоредно со тоа имавме и успешен дебитантски настап на Евро сцената каде во Фиба Челинџ Купот го елиминиравме еден Златорог кој има богата кошаркарска историја зад себе. Она што според мене е најголемата добивка од сето ова е тоа што го вративме спортскиот живот во Охрид. Полните трибини се само доказ дека охриѓани се „жедни“ за спорт, сакаат да гледаат квалитетни натпревари и навистина ми претставува задоволство што успеавме во нашите заложби-кошарката да заживее во Охрид. Планови за следната година поврзани со приозводството на АМАК СП? Планираме воведување на нова производствена програма.Имаме проект кој што со сопствени средства го реализираме, од крајот на 2007 година и требаше до крајот на оваа година да бидие завршен и влезен во производство, а тоа се топлоизведувачите. Тоа е инвестиција вредна околу еден милион евра кој што очекувам во првиот квартал од наредната година да биде реализиран. Доцнењето е поради некои проблеми кои ни се јавија во реализацијата на алатите со нашите странски партнери пред се од Турција. Исто така во нареднава година еден од најголемите планови кои ќе бидат реализирани, заедно со американската фирма KSS (key safety systems) со која што е договорено заедничко производство, односно ние да бидиме нивен добавувач од Европа, ќе биде вложување во модернизација на технологијата и опремата во АМАК од околу 50 милиони долари. Ние веќе имаме потпишано еден договор за почеток на производството во февруари следната година во вредност од 7 милиони евра кои што очекуваме до крајот на следната година да прерасне до 28 милиони евра. Ќе произведуваме делови за безбедносни системи за KSS за сигурносни појаси, а понатака инвестицијата ќе биде во опрема за производство на воздушни перничиња. Со влегувањето на АМАК како еден од главните добавувачи на KSS иднината на АМАК СП трајно ќе биде обезбедена. Сузана Вренцовска
www.amakpres.com.mk
15
ПРИКАЗНА КОЈА ПРЕЖИВУВА СО ВЕКОВИ
ДЕДО МРАЗ НАЈДОБРИОТ ДЕДО НА СВЕТОТ
В
о снежната идила во срцето на Лапонија, во малото гратче Рованиеми царува Дедо Мраз. Легендата за Дедо Мраз е една од ретките кои преживува со векови. Со приказната за белобрадиот дедо од далечниот север кој носи подароци израснаа многу генерации. Веселиот старец кој доаѓа на санка влечена од елени исполнува безброј детски желби. Неговиот лик ги развеселува децата, а тие со нетрпение го чекаат цела година најдобриот Дедо со бела брада и мустаќи за да им ги исполни желбите и да ги изненади со саканиот подарок.
ЛАПОНИЈА-ДОМОТ НА ДЕДО МРАЗ
Д
омот на Дедо Мраз е во Роувани, главниот град на Лапонија Финска. Овој поларен предел повеќе не е селце, туку престолнина на вистинскиот Дедо Мраз. Почнувајќи од 1959 година претставува персонификација на врвниот туризам во Финска. Приказната инаку има романтичен почеток и е вградена во вистинската легенда за татковината на современиот Дедо Мраз. Имено, при крајот на педесеттите години од дваесеттиот век, еден фински радиоводител по име Ниил Тарвајери по враќањето од Дизниленд решил својот роден крај, малото селце Роувани, да го прогласи за татковина на Дедо Мраз. За својата идеја не наоѓал истомисленици цели дваесет години. Неговиот аргумент дека
16
AMAK
PRES
никој точно не знае каде од Лапонија тргнува Дедо Мраз на својот поход и дека тоа лесно може да се искористи за туристички бум во нивното гратче на далечниот север, не бил прифатен од градските татковци. Но, дури кога станал народен пратеник, Тарвајери успеал колегите да ги убеди и тие, во 1979 година, ја изгласале одлуката со која Роувани го прогласиле како престолнина на Дедо Мраз. Ликот на Дедо Мраз е создаден преку еволуција. Верзијата на Дедо Мраз со човечки стас, стана доминантна околу 1842 година висината, тежината, стасот се речиси стандардизирани, како и црвениот костум, капата и белите мустаќи и брада. Вреќа полна со играчки, румени образи и нос, густи веѓи, голем стомак и весело смеење се неизбежен дел од неговата шминка.
А приказната оди вака. Еднаш, многу одамна, си живеел еден благородник кој имал три ќерки. Но времињата биле тешки, а тој западнал во финансиски проблеми. Поради тоа не можел да им даде мираз на ќерките за да се омажат. Една ноќ, Свети Никола реши да му помогне на благородникот и преку прозорецот на веќе трошниот замок му фрлил вреќа со злато, што било доволно најстарата ќерка да се омажи. Следната ноќ преку прозорецот фрлил уште една вреќа со злато за другата ќерка. Но, кога дошол и третата ноќ, прозорецот бил затворен и Свети Никола морал да се качи на покривот. Низ оџакот фрлил уште една вреќа со злато, која паднала во чорапата што се сушела покрај каминот. Оттогаш потекнува ставањето чорапи на Бадник, со надеж дека Свети
Никола во нив ќе остави подароци.
ДОБРИОТ ДЕДО СО РУМЕНИ ОБРАЗИ ГУСТИ ВЕЃИ ГОЛЕМ СТОМАК И ВЕСЕЛО СМЕЕЊЕ
Свети Никола живеел во топлиот и сончев град Мира на Медитеранското Море, во денешна Турција. Тој е роден во градот Патра во
245 година. Кога бил млад, неговиот татко починал и на Никола му оставил големо богатство. Наместо да го потроши на себе, почнал анонимно да им помага на сите кои им требале пари, а посебно на децата. Потоа, Никола станал епископ во Мира во Лиција, денешна Турција, каде што извел неколку чуда, вклучувајќи го и спасувањето на морнарот од давење и воскреснувањето на три деца кои ги убил лошиот касап. Точно четиристотини години по Христовото рождество ќе ја започне церемонијата на делење подароци во знак на помирување меѓу паганите и христијаните и не сонувајќи дека ги удира темелите на единствената планетарна церемонија. Легендите велат дека тој обичај, на денот на Христовото раѓање, на децата и на сиромашните да им се делат подароци го утврдил царот Константин, а почнал да го реализира Свети Никола, токму во Мира, почнувајќи го својот пат кон трите чуда и светиот ореол. Денес, Свети Никола некои го познаваат како Санта Клаус, други како Дедо Мраз или Микулаш. Го викаат Телапо, Синтерклаас, Бабо Натале, Папа Ноел, а во официјалната татковина Лапонија е Јулепуки. Дедо Мраз,
како што денес го познаваме е роден на 23 декември 1822 година. Тогаш американскиот професор Клемент Мур на своите деца им ја изрецитирал својата песна «Извештај за посетата на Свети Никола». Но, современиот лик на Дедо Мраз не е создаден наеднаш во вид на книжевна формација или комерцијален пронајдок, како што е случајот со неговиот познат ирвас Рудолф. Дедо Мраз е создаден преку еволуција, со фузија на две почитувани религиски личности, Свети Никола и Кристкондлем, односно малиот Исус, за на крај да биде соединет во ликот кој е главниот симбол на секуларната прослава на Божик. Верзијата на Дедо Мраз со човечки стас, стана доминантна околу 1842 година кога еден трговец од Филаделфија изнајмил човек за да се облече во облеката на Крис Крингл и да се качи на оџакот пред неговиот дуќан. Во 1863 година, карикатуристот Томас Наст го нацрта Дедо Мраз со разбушавена «брада и мустаќи» и го облече во крзно од глава до петици. Монтажата на Наст од 1866 година го прикажува Дедо Мраз како некој кој прави играчки. Наст никогаш не се одлучи за големината на Дедо Мраз, бидејќи на неговите цртежи тој варира од џуџе до џин, но сепак неговиот цртеж од 1881 година е многу близок до денешниот Дедо Мраз. Ликот на Дедо Мраз, иако се уште нестандардизиран е се повеќе присутен во доцниот 19 век. Тој е прикажуван како голем и како мал, обично бил полничок, но понекогаш и со нормален или виток стас, се облекувал во крзно или во штофени одела во црвена, зелена или пурпурна боја. Но подоцна висината, тежината, стасот се речиси стандардизирани, како и црвеното одело, капата и белите мустаќи и брада. Вреќа полна со играчки, румени обра-
зи и нос, густи веѓи, голем стомак и весело смеење се неизбежен дел од неговата шминка. Во православието го нема Дедо Мраз, односно во ова подрачје неговиот лик е наметнат и се јавува како дел од фолклорот кој станува актуелен по Втората светска војна. Православниот Дедо Мраз не е никаков Дедо Мраз кој има своја визуелизација, туку е самиот Христос, самиот Божик. Тој го симболизира раѓањето на Богочовекот. Народниот обичај децата од родителите да добиваат подароци може да се поврзе со подароците кои тројцата мудреци му ги даваат на Христос при неговото раѓање. Покрај тоа што нема религиско значење, кај нас Дедо Мраз не доаѓа ниту во некое точно определено време. Тој на децата им носи подароци пред, но и на новогодишната ноќ. Но без разлика, дали овој симпатичен дебел дедо доаѓа од други поднебја, неговиот лик ги развеселува децата. Можеби затоа и најдобро е да се прифати како интересна, имагинарна фигура која децата ја сакаат и која цела година со нетрпение ќе ја чекаат.
ДЕДО МРАЗ ПОМИНУВА 5.800 КИЛОМЕТРИ ВО СЕКУНДА
Празничната сезона на крајот на годината често е стресен период, посебно за Дедо Мраз, кој со своите ирваси мора да се движи со брзина од 5.800 километри во секунда за навреме да ги донесе подароците на сите деца во светот, заклучува едно истражување. «Од 24. до 25. декември, Дедо Мраз мора да помине 2,5 милијарди станици, ако се тргне од принципот дека подарок ќе добијат децата од сите вери», вели Андерс Ларсон од шведската консултантска фирма Свеко, која го
спроведе ова истражување. «Проценивме дека на секој квадратен километар има 48 жители и дека 20 метри делат една куќа од друга. Значи, ако Дедо Мраз тргне од Киргистан и патува спротивно од вртењето на Земјината топка, има 48 часови да ги подели сите подароци», објаснува Ларсон. Дедо Мраз, според традицијата, живее на Северен Пол, а повеќе северни градови се спорат околу титулата на местото во кое е неговата официјална резиденција. Меѓутоа, според истражувањето на Свеко, Дедо Мраз токму со тргнувањето од Киргистан најбргу ќе ги раздели подароците и ќе изгуби најмалку време на патот. За влегување во оџак, оставање на подарокот и враќање на санката, Дедо Мраз има 34 секунди, заклучува оваа студија.
ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ВЕРУВА ВО ПРИКАЗНАТА ЗА ДЕДО МРАЗ
Новогодишната ноќ е волшебство за сите деца, исчекување на маѓијата која им ја носи најдобриот дедо на сите времиња, Дедо Мраз. Тогаш се исполнуваат нивните желби, се добиваат подароци. Детската радот е поголема доколку верувањето за постоењето на белобрадиот дедо е поуверливо. Но дали треба да се пренесува приказната за Дедо Мраз и како тоа влијае врз нив кога ќе сватат дека тој непостои. Како да се избегне тој за нив тажен момент кога се осознава фактот дека исполнувачот на сите желби е измислен. Повеќето психолози сметаат дека е добро за децата да веруваат во Дедо Мраз. Според нив тој е олицетворение на добрината и радоста. - Децата веруваат во Дедо Мраз од најмала возраст но со созревањето верувањето кај нив ослабува и магијата почнува да бледи. На осум годишно дете сеуште може-
www.amakpres.com.mk
17
те да му кажете да верува во постоењето на дедо Мраз но деветгодишно дете бара потврда за постоењето, физички доказ за да свати но колку ќе може е прашање. Децата треба да веруваат Не е погрешно да веруваш во нешто што сепак ти носи исполнување, радост, смиреност, смета детскиот пси-
холог Анастасија Настеска. Таа смета дека во време на престиж на измешаност на губење на идентитетот потребно е децата да веруваат во Дедо Мраз а возрасните да се поистоветуваат со него, да помагаат секогаш кога ќе имаат прилика за тоа. -Секој од нас треба во нашата потсвест да остави
едно катче за таа магија за верувањето во Дедо Мраз. Децата нека веруваат, приказната нека тече само така детскиот свет ќе биде поубав, вели д-р Настеска. Нејзиното мислење го делат и поголемиот дел од граѓаните. „Кога тогаш ќе сфатат дека не е вистина, но барем додека верува-
ат Нова Година ќе им биде еден од најинтересните и најдолгоочекуваните празници“, велат тие. За родителите добриот дедо е тој кој децата ги прави повесели ,а лагата за неговото постоење е безопасна која нема да им наштети.
- Приказната за добриот старец, Дедо Мраз е приказна која што моите две ќерки Мила и Михаела ја знаат и во краен случај и самите сакаат повторно и повторно да ја слушнат. Посебно овој Предновогодишен и Божиќен период таа е толку популарна што искрено и мене сеуште ми е интересна и ме потсетува на моето детство. Кога зборувам за сказната за Дедо Мраз во никој случај не мислам на огромната комерцијализација која е направена со ликот на Дедо Мраз и која сегашните деца се помалку ја примаат како приказна за добрината, туку повеќе како приказна за подароците. А, дали таа треба да им се пренесува на децата? Секако, како можност во овие (не)времиња да им се доближи ликот на добриот старец кој во предновогодишната ноќ на своите санки влечени од елените ги посетува нивните домови и на сите добри деца им носи подароци. Луѓето, а со тоа и децата, веруваат во чудни случки, па затоа подобро тие чуда да бидат дел од новогодишната празнична магија откако да се дел од суровата реалност на секојдневниот живот, во кој за жал најповеќе страдаат најслабите а тоа се децата, вели Васил Ложанкоски татко на Мила и Михаела. -Овој зимски веселко ги најавува најубавите празници во годината и затоа можеби сите му се радуваме, барем, јас, некако детски и искрено. Јас лично немам дилема околу традиционалните вредности и симболиката на највеселиот старец, ама нему посебно му се радува мојата седумгодишна ќеркичка Анамарија. „Тато, сакам Дедо мраз да ми донесе ролерки, а ти можеш да ми купиш мобилен“ ми вели таа. Ќе морам да ја променам мојата желба кај Дедо мраз, вели таткото на Анамарија новинарот, Горан Момироски. -Приказната за Дедо Мраз како дете ме правеше многу среќен. Нова Година беше најубавиот ден од годината кога под елката наоѓавме подароци кои ни ги оставил Дедо Мраз. Верував во таа приказна и сакам и моите деца да веруваат во него. Навистина е посебно чувството кога пред празниците Наџа и Новак ме прашуваат дали биле добри за да добијат поклони. Потоа во честитка ги пишуваат нивните желби а Дедо Мраз како и секоја година ги исполнува, вели таткото Аца Мијушковиќ. Мајката на двегодишниот Калин, Ангелина Николова вели дека е добро да се пренесува приказната за Дедо Мраз затоа што тоа ги прави децата посреќни. „Иако мојот син има само две години и незнае многу за добриот дедо сепак кога ќе го види на улица знае да изреагира позитивно. Можеби поради неговата појава необична со капутот и белата брада меѓутоа впечатокот кој го остава е голем. Сметам дека сите ликови од приказните кои подоцна стануваат главни јунаци на нашите деца треба да се раскажуваат. Децата имаат право да веруваат во се што е убаво посебно во Дедо Мраз кој најповеќе ги развеселува со новогодишните подароци“ - Во нашиот дом имаме две мали дечиња, мојата ќерка Ана и синот на мојата јатрва Давид. Во домот имаме ставено неколку дедомразовци и децата иако се мали уште сега покажуваат симпатии кон Дедо Мраз. Како што ќе растат сигурно ќе станат свесни дека Дедо Мраз не постои но, добро е во оваа фаза од детството да веруваат и да се надеваат на нешто убаво, а кога ќе порастат секако дека ќе се соочат со реалното секојдневие и вистинскиот живот кој не е лесен и како во бајките со Дедо Мраз – вели Јованка Танеска , мајка на Ана и стрина на Давид. - Мојот син го сака Дедо Мраз. Имаме Дедо Мраз во домот и често е околу него, се фотографира и игра околу Дедо Мраз и елката. Мислам дека митовите за Дедо Мраз и некој слични работи поврзани со зимските празници се најдобри за децата бидејќи тие уживаат во детството што е единствен безгрижен период во животот и добро е да е така бидејќи потоа ги чека реалниот живот кој и не е баш лесен – вели Климе Деспотоски, татко на две и пол годишниот Стефан Деспотоски. Сузана Вренцовска
18
AMAK
PRES
ОХРИДСКИОТ ДЕДО МРАЗ УЛИЧЕН ПРОФИТЕР Е ден од неколкуте охридски „улични Дедо Мразовци“ кој по правило треба да биде најдобриот дедо на светот барем во детската фантазија ни оддалеку не наликува на некој кој треба да им овозможи неколку среќни мига на децата. Чичкото кој облекол црвен капут, ставил бела брада и мустаќи и си зел за право дебело да профитира за сметка на „чешањето по џебот“ на родителите, стои во друштво на најмладите само доколку тие сакаат да се сликаат со него. Нашиот обид да направиме фотографија за потребите на весникот предизвикаа бурна реакција кај „најдобриот дедо“ на сите времиња, но и разочарување кај неколкуте дечиња кои љубобитно чекаа да се фотографираат со него. Замислете Дедо Мраз и неговите „бизнис партнери“ најпрвин забранија. а потоа побараа и финансиски надомест за нивното позирање. Можеби затоа многумина сметаат дека уличните „Дедо Мраз“-овци се со-
времена кич-забава која нема никаков шарм, туку се прави од комерцијални причини; а на парите што притоа ги за-
работуваат гледаат како на лесен профит.
www.amakpres.com.mk
19
INTERVJU ПАСКО КУЗМАН –ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА КУЛТУРНО ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО
ПОД РАМНИЧАРСКИОТ ДЕЛ ОД ОХРИД ЛЕЖИ НАЈСТАРАТА НАСЕЛБА ВО ЕВРОПА ГОДИНАВА ШТО ИЗМИНУВА Е ЕДНА ОД НАЈБОГАТИТЕ АРХЕОЛОШКИ ГОДИНИ ШТО ГИ ОСТАВАМЕ ЗАД НАС. ВО 2008 ГОДИНА ЦЕЛОСНО СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ МУЗЕЈ НА ВОДА КОЈ Е ЗНАЧАЕН КАКО ОД ТУРИСТИЧКИ ТАКА И ОД НАУЧЕН АСПЕКТ. ЗАВРШИЈА ИСКОПУВАЊАТА КАЈ ТВРДИНАТА ЕГЕЛАНА А КАЈ САМОИЛОВАТА ТВРДИНА БЕА ОТКРИЕНИ ГРОБОВИ СО БРОЈНИ ЗЛАТНИ ПРЕДМЕТИ. ВО 2009 ЌЕ СЕ ПОДИГА КЛИМЕНТОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА ПЛАОШНИК И ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВАТА КУЌА НА УРАНИЈА ЧИЈА ГРАДБА БЕШЕ ПРЕКИНАТА, А ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА ПРОСТОРОТ КАЈ БЕЈ БУНАР КАДЕ НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ПРОСТИРА И ДЕЛ ОД НАЈСТАРАТА НАСЕЛБА ВО ЕВРОПА КОЈА ЛЕЖИ ПОД СЛОЕВИ ГЛИНА А ДАТИРА ОД 5.500 ГОДИНА ПРЕД ХРИСТА. СЕ ОЧЕКУВА ГРАДОВ ДА ГО ДОБИЕ И СПОМЕНИКОТ НА ЦАР САМОИЛ
Неколку денови не делат до Новата Година, како ја оценувате од археолошки аспект 2008 година, задоволни ли сте од сработеното во неа? - Оваа 2008 година беше најплодна година за македонската археологија. Оваа година македонските археолози реализираа 16 археолошки капитални зафати на 16 археолошки локалитети кои што беа приоритет во Македонија за истражување. Тие и се добро позна-
20
AMAK
PRES
ти и на пошироката јавност. Станува збор за:Стоби, Скупи, Хераклеа,Стибер и Кајче бигово Прилеп,Вардарски рид кај Гевгелија,Царев Кули кај Струмица,Исар од Штип кај Штип, Баргала кај Штип. Годинава за прв пат со големи финансиски средства започна истражувањето на Тетовско кале, тоа е простор во северозападна Македонија каде досега не се стапнуваше. Сите овие, се зафати од непроценливо
значење за македонската археологија. Сите беа финансирани со средства во вредност од 3 до 6 милиони денари за разлика од минатите години кога се финансираше еден проект со 300 до 500 илјади денари а често се случуваше за некои археолошки проекти да се издвојат 100 или само 50 илјади денари. Овие капитални годинешни зафати беа влезени во програмата на Владата на Република Македонија и средствата
беа директно издвојувани од државниот буџет.
КАЈ ГРАДИШТЕ ЛУЃЕТО ЌЕ ШЕТААТ НИЗ ПРАИСТОРИЈАТА И РИМСКИОТ ПЕРИОД Најатрактивно археолошко откритие кое е вистинска туристичка атракција е наколната населба кај Градиште, што свечено беше отворена на 8-ми декември кога градов го празнува својот патрон празник. Корените на проектот се од 1997 година кога започнаа подводните истражувања кај овој локалитет. Подготовките и подигањето на населбата започнаа минатата година а проектот чинеше 2 милиони евра. Го доби ли целосниот лик наколната населба или уште ќе се работи таму и дали покрај туристичкото таа има и друго значење и важност? - Целиот зафат кај Градиште беше комплексен, што значи имаше археолошки истражувања, проект за реконструкција на праисториската наколна населба и негова реализација . Идејата за музејот беше одамна. Подводни археолошки истражувања се вршеа 8 години и откако се избистрија сознанијата дека тука може да се направи реконструкција на наколната населба се создадоа услови за реализација. Тие услови ги создаде македонската влада, односно лично премиерот, Никола Груевски кој ни ја даде својата максимална поддршка. Главнината на проектот е реконструкција на наколната населба и формирање на голем музејски комплекс во неговата околина. Истата содржи објекти на копно и објекти на езеро. Објектите на копно се два на број,едниот од нив е пристапна зграда каде што ќе бидат прифатени посетителите а ќе има и изложбена просторија каде настојуваме на необичен начин да го презентираме дното на езерото, затоа што голем број од посетителите истото дно можат да го видат само на тој начин. Тука ќе биде маркетинг службата ќе се продаваат сувенири, а се ова е во полза на афирмација на наколната населба. Западно од овој објект, односно западно од малата плажа изградена е база за подводна археологија, база за подводен туризам и база за нуркачки центар. Тоа ќе допринесе во развојот на подводниот туризам за кој интерес покажуваат не само Македонците туку и странски гости како и претставници
од дипломатските кругови кои сакаат да нуркаат под вода. Секако на заинтересираните ќе им се даде потребната обука и опрема за овој вид на спорт. Сите кои ќе нуркаат под вода ќе можат да ги видат со свои очи остатоците од древната наколна населба и секако да платат одредена парична сума за услугата која ќе ја добијат. Подводните остатоци пак од таа праисториска населба се импозантни, таму се регистрирани над 6 000 дрвени колци, многубројни садови од керамика,камени гребени, орудија и други остатоци кои можат да се видат само со нуркање. Покрај овие два објекти, горе на ридот на неговото зарамнето плато ги истражиме остатоците од тврдина односно остатоци од римски каструм кој значи воен логор од тоа време кој потекнува од вториот век од нашава ера. Каструмот уште кога се градел не бил дограден и бил напуштен но тој ни дава драгоцени податоци за тоа како изгледале тие римски логори во античкиот период на просторите од нашава држава. Римскиот Каструм е добар пример кој го отсликува времето на градби од ваков тип. Ние не само што го истраживме логорот туку направивме и негова конзервација и реставрација на негово вѕидување со што овозможивме истиот локалитет да се претвори во туристичка дестинација која ја поврзавме со наколната населба во смисла на патување низ времето. Посетителите ќе можат да си го разгледаат римскиот период во тврдината и да се прошетаат во праисторијата преку осумте куќи што се сведоци на периодот од крајот на бронзеното и почетокот на железното време пред нашата ера односно од 1 200 г. п.н.е. до 700 г. п.н.е. Тоа е периодот кога почнуваат да се препознаваат етничките белези на племињата. Познато е дека во тоа време кај нас, тука живееле Бригите кои се еден вид конститутивен елемент на нашата држава и предци на Славо Македонците. Со овој археолошки зафат ние дознаваме како функционирале нашите предци бригите кои во тој период се иселиле од кај нас во Мала Азија и ја формирале државата Фригија. Значи покрај тоа што населбата ќе стане вистинска туристичка атракција таа е значајна и од научен аспект.
ЗАБУНАТА И ШПЕКУЛАЦИИТЕ ШТО ВЕВЧАНСКА ГРАДЕЖНА ФИРМА ПОРАДИ НЕДОВОЛНО ПОЗНАВАЊЕ ГИ СТОРИ
ЗА ДВАТА РЕГУЛАРНО РАСПИШАНИ ТЕНДЕРИ ГО СТОПИРА ПОДИГАЊЕТО НА КУЌАТА КАЈ УРАНИЈА Според најавите од надлежните од Заводот и Музеј од Охрид до почетокот на наредната летна сезона требаше целосно да биде изградена и ставена во служба новата градба на куќата кај Уранија. Се почна добро, старата градба навремено беше урната за да работите закочат во еден миг.Што се случи? Дали градежните активности беа оневозможени по информацијата која ја пласира градежната фирма “Виа вевчани“ од Вевчани дека сте ја рушеле старата градба без претходно распишан тендер. Вистинита ли е информацијата? -Тотално погрешни информации и намерно направени шпекулации. Ова е невидено и му се случува само на македонскиот народ. Замислете второ степената комисија не ги ни добила документите кои што нашата институција ги испрати таму, врз основа на жалбата на таа фирма од Вевчани, значи некој ги скрил документите. Неодамна се уверивме дека некој навистина ги криел и не биле доставени до второ степената комисија па ние моравме истите документи да ги доставуваме втор пат. Со сите овие заткулисни игри се изгуби време, еве крај на година е па ако финансиските средства не се реализираат до крајот на годинава тие ќе се вратат назад во државниот буџет. Ќе кажам што се случува и каде е забуната која ја предизвика таа фирма која не знам ни која е ниту ме интересира како се вика. Ја користам приликава да им објаснам на луѓето од таа фирма за што станува збор со цел да не прават заблуди и да не пренесуваат шпекулации. Значи Завод и Музеј, распиша два тендери. Едниот беше за рушење на куќата а вториот тендер беше за градење. Таа вевчанска фирма пушти вест дека уште не распишан тендерот за градење куќата се руши. Тие во суштина не разбраа дека се два тендери туку се повикуваа на наводниот влијателен сопственик од фирмата и правеа непотребни проблеми. Првиот тендер се реализира односно куќата се руши , а вториот тендер се однесува на градење и за жал до неодамна беше на разгледување пред второ степената комисија по жалба на господинот од Вевчани. Не знам зошто неговата фирма се жали бидејќи таа ис-
www.amakpres.com.mk
21
INTERVJU тата беше поскапа за околу 5 милиони денари од фирмата “Митан Пром“ која настојуваме да ги врши градежните работи. На кој начин таа вевчанска фирма планирала да го добие тендерот не знам. Но знам дека е криминал што нашите документи некој ги скрил, односно не ги доставил до второ степената комисија, за тој криминал некој треба да одговара. Сосема е чиста постапката со тендерите, нема дилема која фирма треба да гради тоа е секако поевтината фирма “Митан пром“, која знае како да работи и што работи а ќе потенцирам дека секогаш нуди најниски цени. Сакам да кажам дека хајката против фирмата “Митан пром“ е од аспект дека таа фирма била од оваа или онаа политичка провиненција, тоа не е точно . Во прашање е само квалитет, реализација и пониска цена од другите. Во случајов станува збор за забуна која ја направиле намерно тие што изгубиле.
НА ПЛАОШНИК Е ПРЕДВИДЕН ПРОСТОР ЗА КЛОНОВИ НА СВЕТСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ:КЕНБРИЧ, ОКСВОРД, БОЛОНЈА... Годинава завршија археолошките истражувања на Плаошник, што е следно што на овој простор ќе се реализира во 2009 година. -Моментално тече конкурсот за идејно решение. Се дефинира точниот простор каде ќе се лоцираат објектите кои ќе го чинат Св. Климентовиот Универзитет. Објектите ќе бидат сместени каде најдобро археолошки е истражувана почвата, значи ќе се градат западно од Св. Климентовата црква по цела должина до липохалната црква, потоа северно над самата поликохолна рано христијанска црква и источно во близина на резиденцијата на митрополитот Тимотеј. Веќе знаете, Климентовиот универзитет ќе содржи музеј во кој ќе ги има сите наоди од периодите кои беа истражувани. Ќе има библиотека со над 100 000 книги. Ќе почне да функционира Македонски институт за хуманистички науки. На северниот дел ќе биде теолошкиот факултет а во источниот , манастирските конаци. Такви остатоци од манастирски конаци пронајдовме тука. Во суштина ние не обновивме универзитет кој во целосна смисла ќе биде просветителски туку тоа ќе бидат објекти на еден комплек-
22
AMAK
PRES
сен научен центар со придружни активности. Во секој случај имаме спој на климентовото со сегашното време. Предвиден е простор за клонови на светските универзитети:Оксворд. Кенбрич, Болонја. Овие универзитети на Плаошник ќе имаат свои згради а за нас е значајно што на целиот комплекс ќе им се даде огромно значење на светско ниво. Објектите целосно ќе бидат завршени и отворени за широката јавност при крајот на 2010 година. 5. Какви придобивки имаме од истражувањето на Киклопските ѕидини во близина на црквата Св. Еразмо? - Киклопските ѕидини или познатата тврдина Енгелана беше археолошки проект во рамките на оние 16 капитални проекти во Република Македонија кои ги финансираше владата. На тој простор се открија значајни архитектонски податоци. Кај западниот бедем од Киклопските ѕидини беше откриена цитаделата. Беа истражувани источните делови каде се открија многубројни керамички и железни садови. Иако ово годинешните зафати траеја само еден месец беа значајни од научен аспект. Паралелно со истражувањето на тврдината Енгелана се работеше на Самоиловата тврдина, каде се правеа завршните активности во нејзината северна половина. Прв пат на самоиловата тврдина откривме македонски лионистички културни слоеви односно откривме некропола- гробови од тој период . Истите се богати со многу златни предмети, накит и бронзени теракоти.
ПОД РАМНИЧАРСКИОТ ДЕЛ НА ОХРИД ПОЧНУВАЈЌИ ОД ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ДО НАСЕЛБАТА ОХРИДАТИ, ОДНОСНО КАДЕ ИМАЛО И ИМА БЛАТО ЛЕЖИ НАЈСТАРАТА НАСЕЛБА ВО ЕВРОПА, СЕ НАОЃА ПОД ГЛИНА И ДАТИРА ОД 5 500 Г.П.Н.Е. Се судрија ставовите на Локалната самоуправа и министерството за Транспорт и врски кога вие доставивте писмо до министерството дека кај локалитетот Беј бунар,Урбана единица 8 се крие значаен археолошки локалитет. Што има на простор каде локалната самоуправа настојуваше да изгради 27 станбени
згради, за што пред две години доби дозвола за градба од Министерството за Транспорт и врски и за истото тоа министерство да ја повлече дозволата по вашите реакции? -Минативе 100 години до 2003 година македонските, европските и светските науки не знаеја дека во рамничарскиот дел на Охрид постојат најстарите културни хоризонти и тука е најстарата населба во Европа. На длабочина од 4 до 5 метри до ниво на глина откриени се повеќе места на остатоци на многу стара наколна населба која датира од 5 500 година пред раѓањето на Исус Христос. Значи повторувам овде кај Беј бунар најверојатно се крие дел од најстарата наколна населба во Европа. Овие податоци ги потврдија германски научници кои вршеа дендро – хронолошките анализи на дрвјата од оваа населба. Тие самите кажаа дека дрвјата биле составни делови на една од најстарите куќи во Европа. Најверојатно на целиот рамничарски дел на Охрид на просторот од градскиот плоштад па до Охридатите ,каде што имало па и сега има блато била таа најстара населба. Таа стара наколна населба која се наоѓа на длабочина од четири метри и која е под глина ја има, се простира и под урбаната единица осум. Кога разбравме дека на тој дел ќе се подигаат огромни згради просторот привремено го заштитивме за да добиеме во време со цел да направиме истражување и да ги констатираме податоците а веќе со сигурност знаеме дека во повисоките културни слоеви можни се гробови од хелинистичкиот период. Гробовите ќе ги истражиме и ќе ги кренеме од тој простор кој ќе биде сосема слободен за градење. Ние немаме намера да ги спречиме граѓаните да си ги реализираат своите вложени средства кај Беј Бунар туку сакаме да ги завршиме своите пробни археолошки истражувања. Министерството за Транспорт и врски не беше информирано за археолошкиот локалитет кај урбана единица 8, но откако осознаа за случајот ја повлекоа дозволата за градба. Случајот навистина нема никаква политичка позадина, ние сакаме максимално професионално да откриеме дали има или не културно богатство. Ако го нема по нашето истражувања слободно нека градат ако пак го има ќе го кренеме истото од тој простор па потоа нека ги реализираат своите активности. Трајна забрана за градба поднесуваме на простори под кои се крие базилика или црква.
ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ СПОМЕНИК НА ЦАР САМОИЛ Неодамна советот на Општина Охрид ја изгласа одлуката за градење на споменик на Христо Узунов, во близина на куќата што него му е посветена. Иницијативата е на Здружението за Афирмација на МПЦ“Богојавление“. Каков е ставот на Управата за Културно Историско Наследство околу ова прашање? - Јас прв пат од вас слушам дека некој сакал да прави споменик тука. Знам дека пред куќата на Христо Узунов има спомен обележје за Коста Абраш. Но планот мора да ги помине сите законски процедури. Станува збор за за-
штитена зона за која не се толку важни ставовите или согласноста на градоначалникот или советот. Мора да се почитуваат строгите законски прописи, да се добие согласност од Завод и музеј и од Управата за Културно историско наследство. На државно ниво знам дека се планира градба на културноисториски монументи од тој вид. Таа акција веќе тече во Скопје и други градови. Сигурен сум дека во втората фаза ќе биде опфатен и Охрид и дека тука ќе се изгради не само споменик на Христо Узунов туку и на Цар Самоил. Неговиот споменик ќе биде поставен на самиот влез во цитаделата каде што се гледа црквата. Во овој град пред се мора да се изгради споменик од нашиот цар Самоил, а потоа и споменици на Христо Узунов и Методи Патче и сека-
ко споменик на Григор Прличев кој е европски интелектуалец од 19-от век. За ова прашање мора да се размисли покомплексно, поцелосно, не е само Христо Узунов постојат и други личности од историјата кои го заслужуваат тоа. Да не заборавам, според мене задолжително мора да го изградиме споменикот на Св. Наум. Го имаме споменикот на Кирил и Методиј, оној на Климент, тогаш мора да го изградиме и споменикот на Наум. Идејата за градба на споменик на Христо Узунов ќе ја поддржиме ако одговара на просторот и секако доколку одговара видот на споменик согласно постоечката околна архитектура. Во никој случај кичот нема да го дозволиме. Ангела Белевска
ПРАИСТОРИСКАТА НАСЕЛБА НА ПЛАТФОРМА ПОБУДИ ГОЛЕМ ИНТЕРЕС
МУЗЕЈОТ НА ВОДА ПРВИ ГО ВИДОА СРБИТЕ
Н
ад 2000 посетители за нецел месец дошле во најголемата туристичката атракција, Музејот на вода кој на големиот верски празник Св Климент свечено беше отворен во локалитетот Градиште на југоисточниот брег на Охридското Езеро. Првиот објект од тој вид во Европа како сведоштво за 1000 години старата цивилизација на овие простори е интересен и за странците и за домашните туристи, но и за охриѓани. Секојдневно реконструираната населба која датира од железното и бронзеното време ја посетуваат околу 200 граѓани. Најповеќе интерес предизвикуваат осум-
ПРВИ ТУРИСТИ, КОИ ПО СВЕЧЕНОТО ОТВOРАЊЕ СТАПНАЛЕ ВО КОМПЛЕКСОТ МУЗЕЈ НА ВОДА БИЛЕ СРБИ, А НАЈБРОЈНИ СТРАНСКИ ПОСЕТИТЕЛИ СЕ БУГАРИТЕ. те куќарки поставени на платформата над вода, кои сведочат за праисторискиот период. Иако сеуште нема вработен водич кој ќе ја раскажува приказната за на-
предната цивилизација која потврдува дека Македонија е древна земја и со која, како што познатиот археолог Паско Кузман вели, гостите ќе можат да патуваат низ времето, од античко, преку римското па се до праисторијата, туристите и посетителите основните податоци ги добиваат од Славе Србиноски кој работи на одржување на објектот. -Најчесто застануваат оние кои патуваат кон Св Наум, но има и голем број кои доаѓаат единствено за тука. Странците најповеќе се воодушевуваат од куќарките. Засега влезот е бесплатен, но се планира за брзо време да се воведе и наплата. За да се
види нешто убаво треба и да се плати, вели Србиноски. Први туристи, кои после свеченото отворање стапнале на комплексот Музеј на вода биле Срби, а најбројни странци се Бугарите. Посетителите како спомен од наколната населба имаат можност со себе да понесат некоја керамичка копија од оргиналите. Цената на чашите, шолјите, брошурите, нотесите и мапите се движи од 100 денари, па нагоре. Се очекува наколната населба да прерасне во најголема туристичка атракција, единствена во Европа.
www.amakpres.com.mk
Сузана Вренцовска
23
INTERVJU АКИ РАХИМОВСКИ- ПЕЈАЧОТ НА СЕГА ЛЕГЕНДАРНАТА РОК ГРУПА “ПАРНИ ВАЛЈАК“
НЕ ПОСТОИ ЛОША ПУБЛИКА ПОСТОЈАТ САМО ЛОШИ ИЗВЕДУВАЧИ НЕОДАМНА ПЕЈАЧОТ НА ЛЕГЕНДАРНАТА ГРУПА “ПАРНИ ВАЛЈАК“, АКИ РАХИМОВСКИ ОДРЖА СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ. ЗАЕДНО СО АКИ ПУБЛИКАТА ИГРАШЕ И ПЕЕШЕ НА ХИТОВИТЕ “ЈЕСЕН У МЕНИ“, “МОЈА Е ПЕСНА ЛАГАНА“, “НЕДА“, “НЕДЕЉА“ .....А ГИ ЗАПЕА И ПЕСНИТЕ ОД ПРВИОТ СОЛО АЛБУМ НАСЛОВЕН КАКО “ВО ВРЕМЕТО НА ИЗГУБЕНИТЕ“. АЛБУМОТ Е ИЗДАДЕН ВО АМЕРИКА,РАБОТЕН Е ОД ГОЛЕМИ МУЗИЧАРИ ОД КАЛИБАРОТ НА СТИВИ ВОНДЕР И ПРИНС, А ИСТИОТ ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАН ВО ОХРИД ВО ЈУНИ 2009 ГОДИНА КОГА ЌЕ ДОЈДАТ И АМЕРИКАНСКИТЕ МУЗИЧАРИ. НАЈВЕРОЈАТНО АКИ РАХИМОВСКИ ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО, СО СИМФОНИСКИ КОНЦЕРТ НА КОЈ СО МАКЕДОНСКИ КОЛЕГИ ЌЕ ОТПЕЕ ЉУБОВНИ ХИТОВИ.......
Долго време ве немаше во Охрид. Чинам во 80-те години од минатиот век како основач и член на сега легендарната групата “Парни валјак“ бевте кај нас. Тогаш во групен состав сега како соло изведувач. Но како тогаш така и сега со сета страст и енергија ги отпеавте познатите хитови, а публиката и тогаш и сега, пееше и играше заедно со вас на “Јесен у мени“, “Недеља“, “Неда“, “Моја е песма лагана“, “Страница дневника“ и многу други. После колку години, повторно запеавте пред Охриѓани и задоволе ли сте од нив како публика? - Во Охрид се враќам после 25 години. Тогаш настапив како дел од групата “Парни валјак“. Што се однесува до публиката таа е прекрасна, заедно пеевме и игравме, бевме едно јадро, една целина. Овде има музикален народ желен за добра музика. Публиката никогаш не треба да се оценува, еден џез музичар има добра реченица која и јас ја почитувам, вака вели таа,“Не постои лоша публика, постојат само лоши изведувачи“. Публиката е сека-
24
AMAK
PRES
де иста, таа доаѓа кога знае што добива од изведувачот. Значи јас имам една голема обврска пред неа, особено поради тоа што доаѓам од група која 30 години жареше и палеше на овие простори. Јас бев и се уште сум заштитниот знак на “Парни валјак“. Иако од мене таа публика очекува многу тоа не ми е тешко, настапувам со истата онаа енергија со која настапував минативе години како дел од една меѓу најпознатите рок групи. Сега како соло изведувач, се надевам дека успешно ќе го оправдам она што го работеше мојата група и дека како таков им се допаѓам на публиката. А ќе им го подарам мојот глас кој е таков каков што беше и некогаш а ми го подарилБог. Пред концерт , јас ништо не очекувам од публиката, знам дека на концертите песната сите не спојува и сите сме како домаќини на една голема семејна слава или роденден. Кога зборуваме за вас, за Аки Рахимовски, мислиме на рок групата што вие ја создадовте“Парни Валјак“ , и обратно. Всушност овие две имиња на музичар и
музичка група како да се поистоветуваат. Групата “Парни ваљак“, замина во легендите, Аки продолжи со соло кариерата, но сепак публиката очекува дека тој пред нив ќе ги пее хитовите што ги отпеа во легендарната рок група. Кажете ни кога според вас“Парни ваљак“ како група доживеа кулминација а кога Аки Рахимовски. Хитот “Јесен у мени “, што го отпеавте кога функционираше групата стана евергрин што го знаат и старите и младите. Дали тогаш беше периодот на вашата лична и групна музичка кулминација? - Оваа турнеја што ја правам е врзана за “Парни валјак“, зошто групата и е дел од таа голема приказна,бидејќи таа ги постави столбовите во рок музиката. Тие столбови и денес стојат цврсто. “Парни ваљак“ е дел од приказната, но по 30 години од нејзиното создавање, ние нејзините членови со заеднички договор одлучивме дека е време“Ваљак“ да влезе во музејот на големите, за луѓето да го паметат како голем состав кој направи и остави зад себе големо богатство со многу добри песни и таму во музејот на легендите му е навистина добро. Ние понатака настапуваме, пееме и луѓето ги анимираме. Својата солистичка турнеја низ бившите југословенски републики ја започнавте во март годинава. Бевте во Србија, Црна Гора,Хрватска, Словенија и на крајот кај нас, во Македонија. Покрај охриѓани ве слушнале или ќе ве слушнат Битолчани,Штипјани, Тетовци, Струмичани и Гевгеличани. Заедничко за сите овие концерти е што ги одржувате во градските Центри за култура. Зошто? И која е целта на ваквите настапи?
-Сите концерти кои досега ги имав и ќе ги имам мислам на оние во рамките на турнејата ги одржувам во градските Центри на култура со цел тие да заживеат како некогаш како и вредностите кои некогаш се создаваа во нив, а преку кои луѓето ја консумираа културната храна. Јас велам, човек без култура е сиромашен човек а ние имаме своја култура и имаме своја традиција создадена со векови. Имаме се, добро направени филмови, музика, уметнички слики а нивните корени се во тие Центри на култура каде и старите и младите се сведоци дека тука во нив, се родени вистинските големи уметници. За жал овие домови полека изумираат и се забораваат односно замира уметничкиот живот во нив. Можеби јас сум пионер тргнат во акција низ Центрите за култура за да ги запознаеме и младите. Ова е акција на музички план, ова е приказна за почетоците на југословенскиот рокенрол во периодот од 60-те години до почетоците на музичките групи: “Силуети“,“Бис без“,“Безимени“,“Корни група“, “Индекси“,“Ју гру-
па“, тука се и мојата “Парни Ваљак“,потоа “Бело дугме“,подоцна и “Рибја чорба“,“Електрични оргазам“, “Катерина Велика“,“Прљаво казалиште“,“Филм“. Тоа се големи групи со големи уметници кои оставија големо богатство , многу убави песни што денес и младите ги сакаат и пеат. Со оваа моја турнеја сакам да ја потсетам и мојата генерација на хитовите кои заедно ги пеевме и да ги вратам во центрите на култура каде имале обичај еднаш или два пати во неделата да одат да гледаат добар филм,театарска претстава или концерт. Токму тоа е целта на моите овдешни настапи луѓето да се вратат и почувствуваат делови на едно културно миље, да ја осетат вредноста на она што го имаме и што не смееме да го изгубиме. Можам да кажам дека оваа моја музичка приказна не само убаво туку фантастично е прифатена. На сите концерти има публика што ја чинат луѓе од мојата генерација, средната генерација и оние кои најмногу ме радуваат најмладите. Со овие настапи успевам да ги вратам
нормите,концертите да започнуваат во нормално време, 20 часот за луѓето да имаат можност убаво да поминат, а потоа и да излезат по кафулињата и да се наспијат. Оваа моја турнеја би ја нарекол “Како некогаш“ и би сакал тие стари времиња повторно да се вратат зошто ќе повторам пак. Народ без култура е сиромашен народ. Ни треба културната храна без која не можеме да продолжиме напред. За жал културните вредности се заборавија, поради лошиот животен стандард и финансиската положба. Но јас сум голем оптимист и верувам дека ќе се врати времето на вредностите и се ќе си дојде на свое место. Од пред две години работите на хуманитарен проект, “Со песна во борба против дрогата“. За што станува збор? -Точно така, пред две години покренав една голема акција, хуманитарна “Со бела песна против дрогата“. Истоимената композиција ја отпеа Каролина Гочева. На светскиот ден за борба против дрогата во Хрватска го организирав големиот хуманитарен кон-
www.amakpres.com.mk
25
INTERVJU церт кој ќе добие традиционален карактер. На тој ден се собираме сите музичари, уметници и пееме а собраните пари се за помош на зависниците од дрога на која за жал се навлекуваат многу млади и во секој случај мора да им помогнеме да се вратат на виситнскиот пат за да бидат со нас. Се вклучувам во хуманитарни акции и ги сакам. И по згаснувањето на“ Парни ваљак“, неуморно работите, ја градите својата соло кариера. Минатата година излезе вашиот соло албум “Во времето на изгубените“ го работевте со светски познати музичари од калибарот на Стиви Вондер и Принс . Потоа следеше и проектот симфониски “Умаг “ концерт на кој пеете стари љубовни хитови. - Минатата година излезе мојот соло албум “ Во времето на изгубените“, што го снимив во Америка. На него работев со големи музичари, Марко Мендоза, легендарниот басист Вајт Снејк, клавијатуристот на Принс, Ренато Нето, тапанарот на Стиви Вондер,Џо Хереди,џез гитаристот, Скот Хендерсон и гитаристот , Мајк Ланда. Имав среќа и чест по “Парни ваљак“ да работам со американски светски познати музичари. Соработката со овие големи уметници е доказ дека музичарите секаде се исти. Кога работите со нив тие се толку едноставни но секогаш го почитуваат правилото: “Ако ни се допаѓа песната ќе работиме ако не тогаш не можете да не купите ни со илјадници долари“. Ја имав среќата што им се допадна материјалот и три недели заедно работевме на него, како вистински пријатели. Најверојатно овие музичари во јуни 2009 година ќе дојдат кај нас и заедно ќе направиме мини турнеја со која ќе го промовираме мојот најнов
26
AMAK
PRES
албум. Затоа што ќе биде лето сигурно ќе дојдеме и во Охрид. По издавањето на мојот прв соло албум го направив концертот со големиот симфониски оркестар, наречен “Умаг“.Станува збор за изведба на убави љубовни песни од “Биталси“ до “Парни ваљак“. Проектот ќе го видат и слушнат луѓето во Љубљана, Загреб и Скопје. За жал во Македонија овој голем проект- концерт ќе се одржи само во Скопје, а постои желба од македонското министерство за култура концертот да се одржи и во рамките на фестивалот “Охридско лето“ каде најверојатно ќе настапам со Македонската филхармонија. На првиот симфониски концерт “Умаг“ во Загреб поканив мои гости кои со мене настапија, Јосипа Лисац,Џибони,Тина Вуков, Нина Бадриќ,Оливер Драгоевиќ. Во републиките каде ќе го одржам овој симфониски концерт ќе настапам со тамошни мои пријатели –пејачи и домашните филхармонии. Всушност замислата е да направам дуети со мои пријатели од повеќе републики, односно заедно да ги испееме старите љубовни хитови. Рековте дека можно е вашиот симфониски концерт со Македонската филхармонија да се одржи и на Охридско лето. Ако тие концерти како што рековте ги правите со ваши пријатели од земјите каде настапувате, со кои од македонските пејачи би настапиле кај нас? -Не сакам посебно некој да издвојам, но ќе ги спомнам “Бис без“,“Безимени“, потоа Влатко Стефаноски, Гаро Тавитијан со кого заедно имам свирено во групата “Кор“. Потоа Владо Јаневски,Каролина Гочева, Калиопи. Оној кој јас најмногу сакам да биде со мене не е за жал веќе физички присутен со нас, но духовно е секаде со мене на секој
мој концерт пее со мене. Тоа е Тоше Проески, чудото од дете, за кого мразам да го употребам терминот покоен. И всушност не го употребувам зошто тој за мене ќе остане вечно жив. Тоше имаше и има вокал кој верувам нема да се чуе во наредниве 100 години,таков човек сигурно никогаш нема да се роди. Тој имаше извонредни музички способности и потенцијал, а со својата невидена харизма, мил поглед и широка насмевка ги руши сите бариери и докажа дека музиката не познава граници. Го освои срцето на Балканот, на Европа почна а за краток период ќе го освоеше и светот. Сите од моите македонски пејачи се известени за Симфонискиот проект- концерт и имаат желба да отпеат со мене. Покрај старите познати пејачи би ги издвоил и младите секако добрите вокали. Тина Вуков, една од членките во мојот бенд , таа е фантастичен алт и ќе ме следи до крајот на мојата турнеја низ бивша Југославија. И тука во Македонија има таленти кои ќе има можност да се покажат во овој голем проект. Секој што има свој идентитет и кој е поразличен од другите се вреднува и публиката го сака тој е таков еден и единствен. Единствена беше “Парни ваљјак“, единствен е и Тоше, луѓето брзо ги препознаваат и сакаат да ги слушаат. Што ќе им порачате на нашите млади таленти во насока на авторските права кои кај нас почнаа да заживуваат од пред две години? Вие сигурно не се соочувате со овој проблем. Кај вас авторските права се максимално заштитени. - И авторските и изведувачките права кај нас се заштитени. Хрватската Унија на уметници, ЗАМП постојат и функционираат. За мене како музичар најважна е Унијата на музичари која ни овозмо-
жува да бидеме членови и во Европската и во Светската Унија. Без законот за заштита на авторските и изведувачките права не може да се влезе во Европа. Долго време сте на сцената,има ли тајна во вашето траење во вашата желба и енергија. Од каде ја црпите и наоѓате? - Јас велам, она што господ ти го подарил , глас, креативност,треба да го делиш со другите. Мислам дека на мои години изведувачите треба повеќе да внимаваат на себе. Еве гледате наместо студена вода пијам чај. Охридскиот е 65 концерт во мојата балканска турнеја, значи напорно е. Откако сме во Македонија имавме само еден ден пауза. Секој ден се работи и пее, но се чувствуваме многу добро особено што настапуваме во тие Центри за култура кои се храмови на културата. Не е работата во енергијата, се случува и да ти засипне гласот, но тука е таа публика, зошто по првата или втората отпеана песна повеќе не постои публика и Аки туку постои една целина. Еден голем Аки со сите заедно. Се чувствувате ли во Македонија како дома, корените ви се од тука, и дел од младоста ја поминавте низ Скопските маала? - Македонија е внатре во мене, ова е моја родна земја и јас сум Македонец. И вие знаете и слушнавте со колкави емоции ги отпеав, “Калеш Анѓо“,“ Зошто си ме мајко родила“,“Слушам кај шумат шумите“, “Си заљубив едно моме“. Мене душава ми е полна тука. И македонските песни ги пеам секаде каде настапувам. Емотивно сум врзан за мојот дом за Македонија. Ангела Белевска
ОБИЧАИ И ПРАЗНУВАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ЗИМСКИ ПРАЗНИЦИ ПРЕД БОЖИК ЗАД БОЖИК КАЈ ДА СИ, ДОМА ДА СИ Божик е најголемиот христијански празник, зошто на тој ден се празнува раѓањето на спасителот Исус Христос. Овој празник е наречен и матица на повеќе празници бидејќи да не бил тој, што значи да не се родел Исус Христос немало да има ниту негово крштевање (Водици),ниту Воскресение- Велигден. Колку овој ден е важен за човештвото се гледа и по тоа што тој е земен за клучен датум,камен темелник за пресметување на времето, па така имаме стара и нова ера што значи време пред и по раѓањето на Исус Христос. Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани со Бадник или Коледе, денот што му претходи на Божик. Иако овие обичаи се разликуваат од регион до регион, сепак во основа се изведуваат неколку заеднички елементи како што се богатата софра што се подготвува на Бадник навечер, потоа колединиот оган заедно со дрвото Бадник како и коледицата проследена со многу коледарски песни. Богатата трпеза со исклучително посна храна:питулици,сарма,грав,компи р,риба,зелник,овошје и слично според верувањата има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, а на домашните ќе им дарува здрава и бериќетна година. На Бадник софрата се става врз слама за спомен на јаслите од Витлеемската пештера во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзуваат овошките со верување дека таа ќе ги штити од болести и штетници и дека ќе даде богат род. На Бадник во секоја куќа се меси лепче, во некои краеви во него се става паричка, кај нас во Охрид паричка не се става за Бадник туку таа се става во топеница на Василица(Стара Нова Година).Во оние краеви каде паричката се става во лебот, се мисли дека оној член од семејството што ќе ја најде ќе биде најсреќен таа година. Богатите обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Се верува дека со овие бадникови огнови се настојувало да се изгонат сите зли духови, но и да најават раѓање на нешто ново, светло како огнот, да се навести раѓањето на спасите-
лот Исус. Коледицата пак ја прават групи деца кои палат оган, пеат пригодни песни и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се:ореви, костени,јаболка, портокали... Со ваквото одење и пеење по куќи децата го најавуваат Христовото раѓање. Со Божиќ започнува периодот од 12-те денови, таканаречени некрстени или пагани денови што траат до Водици, период исполнет со многу активности, на негативни демони, со религиозен страв и разни магиски заштити. Дури на Водици кога се крштева водата се парализираат негативните, зли појави и нивните дејствија. Со Божик е поврзана и поговорката: “Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си“ што има значење дека убавата вест за Христовото раѓање треба да се слушне во кругот на најблиските, дома. На тој ден се приготвува, богата мрсна трпеза на која има задолжително свинско месо, со песна музика и убаво расположение се слави Христовото раѓање. Првиот ден се седи дома. Вториот ден се чекаат гости, а третиот ден се оди кај роднини и пријатели.
ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА- ВАСИЛИЦА На 1-ви јануари според стариот односно 14-ти јануари според новиот календар се слави Православна Нова година. Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот е познат како Василица. Овој празник е во периодот на таканаречените Некрстени денови а кој како што рековме трае од Божик до Водици. Тогаш се верувало дека се доминантни зли духови, и негативни демони и затоа во овој период се избегнувало да се работат некои потешки работи. Важно е да се забележи дека како ретко кој празник децата одделно од возрасните Новата година ја пречекуваат со посебни обичаи, игри и песни кои многу се различни од оние што ги изведуваат возрасните, но се блиски до обичаите и песните што се изведуваат на Бадник. И на Василица како и на Бадник, група деца најпрвин околу огнот а потоа одејќи по куќите пеат пригодни песни и добиваат подароци. Низ песната се искажуваат многу убави желби и благослови за родна година. Децата носат дрвени прачки со кои ги удираат луѓето , особено старите и болните лица за да бидат сурови и здрави како прачката. Возрасните за овие прослави се под-
готвуваат од порано. Тие набавуваат прибор за маскирање, предмети за тропање и правење врева како ѕвонци,клопотарци,тенеќиња, тенџериња но и музички инструменти, гајди и тапани. Со овие реквизити ноќта меѓу 13-ти и 14-ти јануари се создава голема врева која има цел да создаде не само весела атмосвера туку и да ги заплаши и избрка лошите духови. Таа ноќ околу Василичарските огнови се пее и игра се јадат колбаси и се пие ракија. Дента на Василица во охридските куќи се прави Топеница во која се става паричка. Значи охриѓани бараат паричка во топеница за Василица, а не за Бадник. Оној што ќе ја најде паричката се верува дека ќе биде најсреќен таа година. СО ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ ЗАВРШУВА ЦИКЛУСОТ ЗИМСКИ ПРАЗНИЦИ Празникот Водици(Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите празници зошто на тој ден според верувањето Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со овој празник завршуваат не само 12те некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања. Водици се празнува два дена. Првиот ден, освен Водици и Богојавление уште се вика и Војордание е и Машки Водици, а вториот ден Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици. На Богојавление главен настан е фрлањето на Светиот крст во езерските или речните води. Крстот го симболизира христовото тело кое како што се капело во водите на реката Јордан се капи односно крштева кај нас во Охридското Езеро. Тој што од водата ќе го извади крстот е Благословен од Бога и за награда добива подароци од кумовите на манифестацијата и други добронамерни луѓе. Се верува дека по овој обред водата е осветена, а со тоа и лековита поради што сите присутни полнат од оваа вода и ја чуваат во текот на целата година за лекување на разни болести како на луѓето така и на добитокот. Попладнето по коледица одат мажите предводени од фаќачот на крстот, пеат празнични песни, благословуваат и носат среќа во домовите каде ќе тропнат. На вториот ден од празникот, Собор на Свети Јован Крстител именден прославуваат Јовановци. Овој ден уште се вика Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Ангела Белевска
www.amakpres.com.mk
27
ЗА НОВА ГОДИНА - СИТЕ ДОМА годишна програма. Во нашето големо студио реализиравме музички емисии со неколку охридски тајфи кои ја негуваат староградската песна. За најлудата ноќ сепак ќе славам ама во кругот на семејството со моите најблиски. Во домашен амбиент а можеби на плоштад.
Тони Симоноски , директор на Охридско Лето Новата година ќе ја помине во кругот на семејството затоа што како што вели, заради бројните обврски, секој миг со најблиските му е драгоцен. - Сигурно ќе останам во Македонија, дали ќе сме во Охрид или во Скопје се уште не знам и тоа може да го одлучиме во последен момент. Но, Новата Година ќе ја поминам со моето семејство и најблиските бидејќи обврските кои се големи во текот на целата година не ми даваат време да им се посветам онолку колку што сакам, па ова е драгоцен момент поминат со најдрагите – вели Симоноски.
За Нова Година ќе останам во Охрид на плоштадот. Како и сите изминати години од како ми тече мандатот ќе славам со охриѓани и туристите на плоштадот во Охрид. После славењето ќе се вратам во мојот дом и деновите после прославата ќе ги поминал со семејството и пријателите – вели Александар Петрески градоначалник на Охрид.
Дејан Паноски вели дека празниците ги прославува на најубавото место во светот дома во Охрид. - Со семејството ќе останам во најубавиот град на светот Охрид, празниците комплет ќе ги поминам дома со семејството бидејќи тоа е добра прилика да сме сите заедно собрани. Заради работата почесто сум отсутен па не планирам да се мрднам од дома за празниците.
Новата година ќе ја прославам во ресторанот Св. Софија кај Пендо, таму одиме последниве неколку години и одлично си поминуваме па така ќе направиме и годинава – вели Владо Стефаноски пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
Милчо Јованоски Новата година ќе ја помине со најблиските. - За мене прославата за Новата 2009 година започна пред 1 месец. Се прашувате како ? Во Радио Охрид годинава амбициозно се зафативме со проектот наречен ново-
28
AMAK
PRES
Боро Павлоски Новата година ќе ја дочека дома. - ништо посебно ќе останам дома со семејството со кое поминувам малку време заради бројните обврски од работниот ангажман. Сигурно ќе навратам и на плоштад да се видиме со сите охриѓани, ние сме многу присутни на терен па добро ќе е да сме на плоштад како лани – вели Павлоски
Зоран Велјаноски Летра Новата година ќе ја слави или во Охрид или во Истанбул. – Немам се уште одлучено дали ќе сум Охрид или ќе отпатувам во Истанбул. Ако одам во гадот на Босфорот ќе уживам и ќе фотографирам, а ако останам во Охрид ќе останам дома со најтесното семејство, а секако може да го посетиме и плоштадот во Охрид
И оваа година за дочекот ќе бидам со моите најмили. Најпријатно се чувствувам во домашна атмосфера во кругот на пријателите и роднините. Што се однесува до тоа колку ќе потрошам за нова Година не повеќе од 15 000 денари пред се за новогодишната трпеза и подароци. Сепак е ова празник кога подаруваме и кога сме најсреќни. А да се подели среќата со најблиските е навистина најубаво чувство, вели новиот претседател на општинската ВМРО ДПМНЕ, Борче Стефаноски. каде ќе има заеднички дочек – вели Летра. Претседателот на локаниот СДСМ Владо Чинго Новата година ќе ја помине со семејството во Охрид. Заради ангажманот во Скопје и работните
обврски многу малку време ми останува за моето семејство па празниците ќ ги поминам со семејството дома или во мојот хотел Хотел Чинго кој исто така го сметам за свој дома. Сигурно е дека околу 12 ќе го посетам и плоштадот во Охрид каде одбројувањето ќе го поминеме заедно сите охриѓани.
Празниците ќе ги поминам во Охрид во домашна атмосвера. Последниве неколку години не сум патувал за Нова Година и сметам дека е тоа празник за да му се посветиме на семејството. Претходно редовно патувавме за овој празник но сега, не поради финансиски причини, некако славењето дома и целата таа атмосвера повеќе ми се допаѓа. Ќе потрошиме толку колку ни дозволуваат условите, претежно за гардероба и подароци, вели Бранко
Арнаудов-раководител на Секторот за урбанизам.
Директорот на Управата за kултурно историско наследство, Паско Кузман за Божикните и Новогодишните празници ќе биде во Охрид, во својот дом со најблиските. “Како секогаш така и годинава, ќе прославувам во семејната куќа со најмилите. Тоа е можност тие денови да им се посветам ним. Всушност јас и никогаш не сум бил некаде надвор или по охридските хотели и ресторани, секогаш дома со исклучок на 4-ри Нови Години кои како студент ги дочекував во мојата студентска соба со колегите од факултет“, вели Кузман. Љ.Т.
INTERVJU ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ ВО АМАК СП
ГОЛЕМ ИГРАЧ НЕ СЕ СТАНУВА ПРЕКУ НОЌ
С
о 18 кошеви во просек по натпревар, Војдан Стојановски е најдобриот стрелец во охридскиот табор по првиот дел од првенството. „Ваквите статистички податоци се само мотив плус да продолжам и да се трудам да бидам уште подобар и попрецизен, вели охридскиот„снајперист“. Најдобриот млад играч за 2007 година сега дел од македонската репрезентација, својот тим, АМАК СП годинава го гледа во финале со Фени Индустри. „Играме добро, направивме резултат во првиот дел од првенството и доколку продолжиме вака титулите сами ќе си дојдат“, вели репрезентативниот бек, еден од најзаслужните за победите на АМАК СП, секогаш расположениот за игра Војдан Стојаноски. Како изгледа животот на еден професионален кошаркар?
30
AMAK
PRES
Не многу разновиден. Целосно се имам посветено на кошарката, но и за се друго наоѓам време. Дневно два пати тренирам, редовно одам на прошетка или на кафе со другарите и секако дел од моето слободно време го користам за учење. Прва година сум на Факултетот за туризам во Охрид и успевам некако паралелно да ги терам двете работи. Колку и да го живеам животот професионално успевам да најдам време за да не ги запоставам студиите. Нешто што исто така редовно со љубов правам е гледање кошарка скоро сите натпревари ги следам. Колку си задоволен од условите кои ги нуди АМАК СП? АМАК СП нуди најдобри услови во Македонија затоа што организацијата е беспрекорна. Финансиски проблеми немаме, имаме редовни термини, масажи теретани. Најдобар клуб и
на терен и во организациска смисла на зборот. Едното со другото се поврзани и затоа резултатите се очекувани. Се надевам дека со ова темпо ќе продолжиме и ќе покажеме пред се како треба да функционира еден професионален клуб. Знаете, за еден играч кога не е преоптоварен со проблеми може многу подобро да игра. За среќа моја и на моите тимски другари наше е само да одработиме на терен, а за другото има цел тим кој стои зад нас. Ти си единствениот од АМАК СП кој се најде на списокот на селекторот Јовица Арсиќ, а твојот клубски тренер Маријан Лазоски е помошник во репрезентацијата. Колку тоа за тебе е предност и какви се очекувањата од ЕП во Полска во 2009 година? Групата во која е Македонија не е баш лесна, но се надевам дека ќе ја поминеме а
понатака се ќе биде успех за нас. Имаме сили и реални шанси да победиме една од трите репрезентации Хрватска, Израел или Грција. Очекувам да славиме со израелците и грците. Имаме играчи кои имаат големо меѓународно искуство и можеме да се носиме со нив. Илиевски и Стефанов се најдобрите плејмејкери во Европа, но и тие имаат врвни поединци. Сепак е игра и се е можно. Но сега приоритет ми е да се изборам да бидам меѓу најдобрите кои ќе патуваат на европското првенство. Се зависи од моето ангажирање во подготвителниот период. За мене е голем успех што оваа година бев во 12-те играчи во репрезентацијата и можноста што добив минутажа на вака големи натпреварувања. Тоа што тренерот Лазоски е помошник во репрезентација, а истовремено и мој клубски тренер секако е предност за мене.
Имам многу помош од него особено кога станува збор за моето вклопување во репрезентацијата, со постарите, со поискусните што секако е голем проблем за еден млад играч без репрезентативно искуство. Самото тоа што играш заедно со играчи кои направиле добри кошаркарски кариери и имаат што да остават зад себе е училиште и огромна придобивка за мене. На почетокот од првенството видовме едно друго издание на Војдан Стојаноски од она на што бевме навикнати, да си лидер на тимот. На што се должеше ваквата игра- на заморот од репрезентативните обврски или едноставно ти требаше време да се вклопиш во тимот? Не можам да речам дека се работеше за замор. Пред се се работеше за вклопување во тимот со многу нови играчи и сето тоа допринесе некако првите натпревари да ги одиграм послабо,за среќа тоа кратко траеше. Во екипата дојдов на десет дена пред почетокот на првенството и нормална беше таквата адаптација затоа што АМАК СП годинава има многу нови играчи. Но и кога ќе изиграм слабо и кога сум најдобар најважно ми е да се победи. За крајниот резултат се заслужни сите, а не само поединци. Маријан Лазоски и избран за најдобар тренер за 2007 година а ти за најдобар млад играч. Дали е тоа добитната комбинација за освојување на една од титулите? Се надевам дека ќе биде добитна комбинација за една од титулите а зошто да не и на двете, но не само поради тоа. Годинава имаме далеку поискусна екипа за разлика од минатата кога бевме со најмало искуство во лигата. Играме добро направивме резултат во првиот дел од првенството и доколку про-
должиме вака и ги корегираме некои пропусти титулите сами ќе си дојдат. Потребно е и да се засилиме на центарската позиција,таму каде што засега сме најслаби. Сигурен сум дека со носење на една класична „петка“ АМАК СП ќе игра финале со Фени Индустри. Која е разликата во играта на тимот минатата година и сега? Минатата сезона имавме поголема слобода во играта за разлика од годинава каде играта се базира на одредена поставеност според замислите од тренерот Лазоски. Играме посмирено и посигурно со цели акции додека со Гац игравме далеку побрза и поатрактивна кошарка. Според статистиката предност сепак има „рецептот“ на Лазоски, кој по карактер е многу смирен и влева доверба кај играчите а вистинската игра ќе ја покажеме дури во Супер лигата. Наше е да слушаме и да веруваме во она што Лазоски ни го кажува. Што е најважно за еден кошаркар. Да биде физички подготвен, техничкотактички или пак тоа е самодовербата? Тоа е спектар од фактори кои мора да ги поседува еден играч доколку сака да се занимава професионално со сопрт. Кој колку е подготвен толку и ќе покаже на терен. Пред се најважно е да си физички подготвен, а од тоа зависи и од самодовербата на еден играч. Колку повеќе си трениран толку подобро си техничко -тактички подготвен. Како и да е се зависи од тренираноста. Поседувам голема самодоверба и неслучајно токму јас сум тој кој во последните минути го решава натпреварот со шут за тројка, се разбира ако има потреба за тоа. Целата таа атмосвера која се прави во охридската сала е уште еден
мотив плус за зголемување на самодовербата. Навистина публиката тука има култура за навивање. Знае да те бодри и кога ти оди и кога не. Тогаш самодовербата расте. Како реагираш кога ќе те препознаат на улуца? Засега ме препознаваат само децата кои тренираат кошарка,но најчесто не мешаат со брат ми особено по натпреварите кога ни бараат автограми или сакаат да се сликаат со нас. Но сета таа нивна збунетост делува многу симпатично. Ме препознаваат и на факултет но таму најчесто јас барам да ме ослободат од предавања поради тренинзите. Не препознаваат и по кафетериите често знаат да не почастат со пијачка. Тоа верувам секому му годи. Каде би сакал да ја продолжиш својата кошаркарска кариера? Како и секој играч и јас би сакал да заиграм во најсилните европски тимови заедно со некој од врвните кошаркари, со Папалукас со Перо Антиќ со Влатко Илиески со Пепе Санчес, но засега моите планови се врзани за АМАК СП и македонската репрезентација. Токму тоа што влегов меѓу најдобрите македонски репрезентативци го сметам за мој најголем успех досега. Нормално е да имаме некоја цел во животот која ќе не тера да бидеме подобри и подобри но јас сум таков по природа никогаш не се залетувам. Сакам да сум најдобар таму каде што сум, а што ти носи иднината не се знае. Патот кој го одиме полека,ама сигурно носи резултати се другото може да блесне, само за кусо. Славата, доколку не стоиш цврсто на нозе, може да ти ја уништи кариерата. Свесен сум за моите квалитети, но треба уште многу, многу работа. Голем играч не се
станува преку ноќ. Мода кај кошаркарите се тетоважите. Дали Војдан има тетоважа? Немам и не би ставил. Сметам дека тоа е една мода, но и нормална работа доколку некој одлучил дека таа тетоважа ќе му значи нешто на емотивен план, доколку го инспирира. Јас сеуште не сум размислувал.Доколку би се одлучил сигурно таа ќе биде поврзана со кошарката, таа е мојот живот. Како ги поминуваш новогодишните празници? За Нова година најбитно ми е да сум со другарите а каде не е важно. Најчесто одиме по кафетерии по диска каде што има забава за помлади. Знаеме да се опуштиме по напорните тренинзи и натпревари и тој празник навистина го користиме за забава. Потоа одморот ќе го поминам во домашна атмосвера пред се да се видам во семејството и другарите од маало. „Црнчо во Зуле бурек купуваше и од тоа не се откажуваше. Белчо бурек чекаше а Црнчо никаде го немаше“, ваков текст стои на алманахот од 1987 година од гимназијата Здравко Цветковски во Скопје каде средно завршивте ти и брат ти Дамјан. Што се крие зад оваа порака? Секојдневно за време на одморите јадевме бурек и одевме да купуваме на смени по двајца. Секогаш кога ќе ми дојдеше редот јас да одам да купам се задржував повеќе, шетав, па одморот завршуваше и другите остануваа гладни немаа време да јадат. А што се однесува до прекарите бидејќи јас сум поцрн од брат ми ме викаа Црнчо а него Белчо.
www.amakpres.com.mk
Сузана Вренцовска
31
SPORT НОВИНАРИТЕ И СПОРТСКИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА СПОРТОТ ВО ОХРИД
ГОДИНА НА СПОРТСКО СИВИЛО! С
е погласни се размислувањата дека спортот во Охрид тоне со години, а надлежните не преземаат мерки за негова ревитализација. Повиканите најчесто не се чувствуваат виновни, а причините поради кои поголем број од спортовите веќе се изумрени најчесто се префрлаат од едни на други. Чија е вината и кој треба да го врати спортот на вистинската патека останува и натаму тема на полемизирање а дотогаш неколкуте клубови кои финансиски се помогнати од приватни компании ќе го белат образот на спортското сивило. Колку Охрид изминатава година живееше спортски? За ова побаравме одговор од спортските новинари и спортските работници. -Мислам дека охриѓани во годината што изминуваа имаа ретка можност да бидат дел од големите ракометни натпреварувања. Летоска на менито имавме светско младинско превенство, додека неодамна можевме да уживаме во мајсториите на најдобрите ракометни евро сениорки. Покрај ракометот преку учеството на КК Амак СП во Фиба евро Челинџ купот, Охрид можеше да го осети европскиот кошаркарски шмек. Реџеп Селман ја одбележа
32
AMAK
PRES
олимписката 2008 година со учеството на игрите во Пекинг, каде настапи благодарение на рекордот во трискок поставен на првенството во Словачка, а вообичаено летото беше резервирано за спортовите на вода, кои беа застапени преку Илинденската регата и Пливачкиот маратон. Охридските клубови, со чест на ретки исклучоци се мачат да излезат од просечноста. Пливаат во проблеми, пред се организациски и далеку се од достојни преставници на градот. Тажната слика за спортот во градот ја отсликува и Сојузот на спортови кој долго време не функционира и не е сервис на клубовите. Исто така загрижува и летаргијата која го има зафатено училишниот спорт, кој треба да биде основниот двигател на спортот во градот. Имињата на Димитар Поп Стефанија(едрење), Никола Кузески (кошарка), Александра Иваноска (веслање), Филип Баткоски (кошарка), Славчо Мирчевски (атлетика) и Бојан Ристески (бокс), се надевам дека ќе му донесат посветла иднина на охридскиот спорт. Со инвестирање во стручен кадар и инфраструктура, како и стратегија за развој на спорот мислам дека може да се помрднат работите од позицијата во која сега се
наоѓаме , вели уредникот на спортската редакција на НТВ Мирко Постоловски. Според спортскиот новинар Ненад Цветанов од Супер радио и тешко и лесно е да се анализира 2008 година кога се во прашање спортските остварувања во Охрид. -Лесно затоа што од година во година спортот во нашиот град стагнира, тешко затоа што е речиси невозможно да се анализира спорт кој е на маргините. Каков ни е спортот доволно зборува и тоа што веќе неколку години не се одржува традиционалниот избор на спортист на годината. Впечатокот ми беше дека годината целосно ќе му припадне на првиот олимпиец во Охрид, атлетичарот Селман Реџеп, мој личен впечаток е дека Селман на ОИ во Пекинг можеше да оствари, во македонски рамки позабележителни резултати. Веслачите братот и сестрата Иваноски во целост си ја заслужија наградата „Свети Климент “ Светла точка се кошаркарите на АМАК СП поради резултатите во минатото и тековното првенство, но и успешната презентација во Еврочелинџ Купот. Во иднина, со оглед на тоа како се развива, треба да се очекуваат уште подобри резултати од младиот едриличар, Димитар поп Стефанија.
За тренер- играчот на КК „Билјана 006“, Весна Балазоска спортот на локално ниво не е на завидно ниво. Потребна е помош од локалната и бизнис заедница. -Освен Билјана 006 и АМАК СП кои одлично котираат во најсилните национални лиги во Македонија, другите клубови заблескуваат само во одредени периоди. Исто така морам да напоменам дека освен нам, спортските работници кои сме дирекно инволвирани во спортот, на никого не му е битно што се случува на локалната спортска сцена. Мислам дека подршката на Локалната самоуправа и градоначалникот како и на успешните бизнисмени треба да е поголема и повеќе да ги финансираат спортските клубови кои пред се каде и да се натпреваруваат се претставуваат самите себеси, а потоа и својот град. Затоа крајно време е тие структури да почнат да водат сметка малку повеќе за спортистите кои имаат минат труд кои со години го претставувале Охрид на државно и меѓународно ниво, вели најдобрата охридска кошаркарка Балазоска.
Сузана Вренцовска
ЕФМ ГИ ОДБРА НАЈУСПЕШНИТЕ
Е
дриличарската Федерација на Македонија на традиционалниот собир за Св Никола, заштитникот на спортовите на вода, ги прогласи најуспешните за годината што изминува. Овогодинишни лауерати се Ердал Лушо од ЕК “Снегар“ – Струга во машка и Александра Заричин од ЕК “АМАК СП Бофор“ - Охрид во женска конукренција. Најуспешен тренер прогласен е селекторот на македонската едриличарска репрезентацијата Драги Келешоски. 2008 година беше една од најактивните за ЕФМ. Македонските репрезентативци учествуваа на Светското Првенство во
класата оптимист во Чешме, Турција, потоа на Балканскиот Шампионат во
Романија, како и отвореното првенство за Југоисточна Европа во класата оптимист во Палиќ, Р. Србија. Покрај настапите на овие шампионати, македоснките едриличари учествуваа и на десетина останати регати во странство. - Задоволен сум од постигнатото оваа сезона - вели преседателот на федерацијата Љупчо Поп Стефанија. На нашиот деби настап на СП ги завршивме сите трки, додека на останатите натпреварување постигнавме резултати подобри од минатогодишните. Ако во минатото се боревме да ги избегнеме “фенерот“
оваа година отидовме во златната средина, што е одличен резултат со оглед на вложувањата и средствата со кои овај спорт располага. Поп Стефанија потенцираше дека федерацијата беше доста активна и на домашен план каде организираше четири државни првенства во различни класи, а се одржа и јублејната 40 Меѓународна Илинденска регата. Тенденција во периодот кој следи за ЕФМ е соработката со МОК каде се остварени првичните контакти за формирање на план и програма за обезбедување на олимписка норма за ОИ 2012 г. во Лондон.
Охрид њуз
УСПЕШЕН НАСТАП НА АМАК СП ВО ПРВИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА
С
о девет победи и два порази охридскиот АМАК СП го завршува првиот дел од есенската сезона. Ваквиот скор ја искачи екипата на високото второ место во лигата. До 24 јануари наредната година следува пауза по што ќе се одиграат преостанатите четири кола за комплетирање
на првата фаза. Избраниците на Маријан Лазовски одмор ќе имаат за Новогодишните и Божиќните празници, а до крајов на месецов ги продолжуваат тренинзите. Шефот на стручниот штаб и управата на клубот паузата ќе ја искористат во редовите на АМАК СП да донесат висок играч кој би ја пополнил
празнината под кошевите. Според Лазоски во вториот дел од првенството екипата ќе влезе далеку поподготвена и физички и психички, а победничката атмосфера е она што треба да ја турка екипита на Амак , кон остварување на една од целите во гoдинaшната сезона.
- Наша цел е влез во полуфиналето на плеј офот, додека втората цел е освовјуање на трофеј без разлика дали тоа ќе биде во купот или првенстовото. Не играњето во Европа ќе ни остави простор подобро да се подготвиме за одлучувачките битки, вели Лазоски С.В.
www.amakpres.com.mk
33
ZANIMLIVOSTI
ЛИКОТ НА ОХРИЃАНЕЦОТ ЗОРАН ВЕЉАНОВСКИ –ЛЕТРА НА ПОШТЕНСКА МАРКА
Неодамна ликот на охриѓанецот, Зоран Вељановски – Летра се најде на поштенска маркa издадена од Француски Пошти. Taa е пуштена во продажба во лимитирана количина и најверојатно како нова ќе биде една од нај трошените марки за Новогодишните и Божиkни празници. “На марката покрај мојот се наоѓа и ликот на претседателот на Филмската академија, Макс Азуле и секако тука е и француското знаме. Бев изненаден и шокиран, но огромна е честа својот лик да го видите на задната страна од некоја честитка, разгледница или плик. Навистина не можам да кажам ништо поконкретно како јас бев избран да ми се направи ваква чест, но огромно е задоволството од моја страна зошто на некој начин ова е признание дека фестивалот на францускиот филм во Охрид чиј директор сум јас, доживеа голем успех во Франција“, вели Зоран Вељановски -Летра и додава дека за марката разбрал сосема случајно. “Претседателот на Филмската академија, Макс Азуле ја купил марката ја залепил на задната страна на разгледницата што јас и ја подарив на Филмската
34
AMAK
PRES
академија, а на која е мојата фотографија од Плаошник, и ја испратил до амбасадорот Јордан Плевнеш кој тогаш бил во Париз“. Инаку, второто издание на Францускиот филмски фестивал,чиј директор е Вељановски, ќе се одржи во периодот од 29-ти јуни до 5-ти јули и истиот ќе има натпреварувачки карактер. Иако овој фестивал е посветен на францускиот филм во новото издание ќе има и денови на Европскиот филм.
“Првиот ден ќе имаме еден навистина добар оскаровски филм тоа е голем хит филм како што беше минатогодишниот, “Живот во розово“. Отворањето најверојатно ќе биде во Центарот за култура “Григор Прличев“, а затворањето ќе биде со една голема европска филмска ѕвезда која не би ја откривал сега на Античкиот Театар“, вели Вељановски, и додава дека новото издание финансиски ќе биде поддржано од Општина Охрид и Мини-
стерството за култура. Како секретар на Академијата на хуманизмот , Зоран Вељановски- Летра, истакнува дека Светската награда за хуманизам за 2009 година постхумно ќе ја добие рускиот писател, Александар Исаевич- Солженицин . Таа ќе им биде врачена на претставници од фондацијата Солженицин, на 19 јануари на празникот Водици, во Охрид. Наградата за хуманизам за 2007 година ја доби Даисаку Икеда а за 2008 година, Мануел де Оливиера. Зоран Вељановски- Летра, по Маршалот Јосип БрозТито е вториот балканец кој е жив а чиј лик се најде на поштенска марка. Македонски Пошти постхумно ја издадоа поштенската марка со ликот на мега ѕвездата Тоше Проески кој беше прогласен за заслужен граѓанин на Република Македонија. Ангела Белевска