AMAK
EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION
BESPLATEN PRIMEROK
PRES
OHRIDSKI NOVINI
www.amakpres.com.mk
marketing
070 / 462-362
Godina V - Broj 99 25 Oktomvri 2008
КК АМАК СП ТРГНА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ВРВ ИНТЕРВЈУ
ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА
Д-Р ИВО ЗАХАРИЕВСКИ
definitivno najevtino www.don.com.mk
ВАНГЕЛ ДЕРЕБАН
LOKAL
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
2
AMAK
PRES
РЕЗИМЕ
НА КРАЈОТ НА КАПИТАЛИЗМОТ И ПОЧЕТОКОТ НА ? ? ? Ц елиот свет изминатиов месец стои запрепастен како по крахот на неколку банки во Америка, целиот богат западен свет набрзина западна во вртлогот на финансиската криза која нас овде во Македонија ни е хронична состојба, па ете ние спокојно гледавме како секој ден во САД работните места ги губат по околу 500 000 луѓе, како Волт Стрит крахира и како крахот го разниша берзите и во Лондон, Париз, Берлин и Токио. Исланд банкнотира а англиската кралица Елизабета почна да штеди и го скрати раскошот и хедонизмот кој владееше на англискиот престол повеќе од илјада години. И сега повторно пред нас се поставува едно прашање на кое пак нема да имаме одговор. Како тоа моќниот, богат и во очите на сиромашните земји семоќен запад финансиски се сруши за два дена ? ? ? Потоа сите се прашуваме зошто ни беа толку реформи кои нанесоа толку болки, маки и згазија толку многу човечки судбини, а кои ги направивме, за да стигнеме до целта која крахира кога ние ја истрчавме последната минута ? ? ? Зарем нашите политичари биле кратковиди па низ децениите транзиција направија толкава колатерална штета од финансиски уништени човечки животи за да не реформираат и да не вратат во капитализмот и притоа не знаеле дека технолошкиот развој ќе го уништи капитализмот во корен и дека прашање на време е кога човештвото ќе се потпира на знаењето на индивидуата и индивидуалните способности, а не на капиталот кој се состои во банкарски сметки ( кои може да исчезнат за 2 часа), или не-
движности, кои со текот на времето на никого нема да му се интересни? ? Повторно нашите процени и оние кои се платени да ги прават потфрлија. Многу светски мозоци во свои книги јасно кажале дека како што сите досегашни општествени уредувања пропаднале и ги замениле други, така еден ден ќе пропадне и капитализмот бидејќи тој како уредување, доктрина и филозофија е неспоив со вредностите кои ги носи слободата на индивидуата која полека но сигурно долета на крилата на технолошкиот развој на човештвото како целина, кој пак со себе донесе промени во системот на вредности. Денес веќе се наѕираат контурите на новиот систем на вредности кој ќе се потпира на знаењето и единствен капитал во иднина ќе биде човекот како единка со она што го поседува или поконкретно човечките ресурси кои ќе се вреднуваат многу поинаку. Капитализмот кој во суштина е карактеризиран со суровост, лакомост, потреба за искажување на општествен статус преку парате, луксузот, хедонизмот, и постојаната желба да се има повеќе и повеќе и повеќе, ги доведе самите капиталисти до фаза да се самоуништат и да го изгубат она што го имале со национализација на нивните корпорации, па сега гледаме како западните богати држави фрлаат милијарди евра да ги спасуваат компаниите кои пропаѓаат но, стекнуваат и делумна сопственост во нив. Значи тие фирми стануваат државни. Па нели е тоа нешто како воведување на социјализам на мала врата и тоа директно во срцето на Капитализмот, во јужен Менхетн
на улица Волт Стрит, каде е адресата на Њујоршката берза, која секој земјанин на планетава кој дома има телевизор знае дека скоро еден цел век е симбол на желбата да се има што повеќе, да се граба, да се зема, се да се прави само што повеќе да се има. Се тече се и се се менува па така и општеството на глобално ниво и станува јасно дека светот навлегува во нешто ново. Што ќе е тоа новото, дали ќе е нешто што ќе наликува на социјал демократските општества кои се денес видливи само во Швајцарија, Шведска, Канада и Австралија треба да почекаме и да видиме бидејќи светот не е рамномерно развиен за да се инсталира тој модел на секаде, но јасно е дека капитализмот полека но сигурно ја заврши својата ера. Лаком, суров, груб, бескрупулозен. . .системот кој сигурен сум дека е во заминување сепак ја заврши својата мисија успешно. Мислам дека потреба да се биде славен, признат , познат, награден, виден, запаметен и престижен, а која сите ние кои сме денес живи генерации и тие пред нас ја имале и ја имаме сепак резултира со сеопшт напредок и просперитет на човештвото. Овој просперитет сепак дојде од најкапиталситичките земји и од најголемите капиталисти кои го предводеа светот во големите промени изминатите векови, а еве гледаме дека и денес го предводат во овие чудни и помалку неразбирливи промени кои не запирливо течат.
пишува: Љупчо Таневски
www.amac.com.mk/novini
3
ЛОКАЛ МИЛКА РИСТЕСКА СПОРУГА НА ПОГИНАТИОТ ЃОРЃИЈА РИСТЕСКИ ТВРДИ
ПРИЧИНИТЕ ЗА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА СЕ КРИЈАТ
-В
истината за причините за падот на авионот во кој загина мојот сопруг се држи далеку од нашите очи. Иако поминаа месец и половина од несреќата, на нашите постојани барања никој не ни кажува што точно се случило, вели со-
пругата на Ѓорѓија Ристески, газдата на «Ловец» Милка Ристеска. Ристеска тврди дека судијата од Скопје кој имал сознанија за причините за падот е разрешен што уште повеќе фрла сенка врз целиот случај. - Очевидците тврдат дека моторот во-
општо не работел. Најверојатно авионот не бил исправен, а вистината и по месец и половина се крие од нас, вели Ристеска која пред две години во сообраќајна несреќа го загуби 30годишниот син. «Не верувам воопшто во судската правда». Истражниот судија Весна Кичеец вели дека истрагата е се уште во тек и дека не е комплетирана целосната документација, тврди таа. Ристеска најави дека од државата семејствата на загинатите ќе бараат отштета од по еден милион евра. Нејзината надеж за целосно расветлување на случајот е премиерот Никола Груевски и најави дека ќе побара средба со него. Во авионската несреќа, која се случи на 28 август кај Скребатно во близина на Охрид, кога се урна авионот «цесна» од воздухопловната академија од Скопје, загинаа газдата на хотелот «Ловец» Ѓорѓија Ристески, вработниот во хотелот Гоце Тасевски, сватот на Ѓорѓија, Јонче Савески и пилотот на авионот. С.В
ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА НЕВРАБОТЕНИТЕ
Н
а невработените лица кои редовно се пријавуваат во Агенцијата за вработување, Владата им нуди бесплатни лекарски прегледи што се вршат во здравствените домови.
ректор на Здравствениот дом во Охрид. Според него, ќе се вршат општите прегледи како што се крвната слика, ЕГК и слично, за кои граѓаните плаќаат одредена партиципација.
„Кај охриѓани постои интерес за бесплатните прегледи, така што секојдневно се јавуваат кај нас“, вели доктор Митко Дабевски, ди-
Акцијата ќе трае до 1 ноември. Предвидени се 130 прегледи, но како што вели директорот Дабески, доколку се пријават повеќе невра-
ботени, сите ќе бидат опфатени. Владината програма наменета за невработените од 25 до 45 години преминува во традиција. Минатата година во охридскиот здравствен дом беа извршени повеќе од 150 општи прегледи на оваа категорија граѓани. А.Б.
ЦРКВАТА ВО ГРАДИШТЕ, ПЕШТАНЦИ ВО СТРАЗБУР ДОДЕКА ПЕШТАНЦИ ТРГНАА ПО ПРАВДА ВО СТРАЗБУР МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГО ДОБИ НАЗАД НАЦИОНАЛИЗИРАНИОТ ИМОТ КАЈ ГРАДИШТЕ.
Ч
етири семејства од Пештани кои имаат национализиран имот на просторот од Авто кампот Градиште правдата почнаа да ја бараат пред Европскиот суд за човекови права каде ги обжалија судските одлуки кои во Македонија ги изрекле овдешните судови по основ на нивните барања за денационализација на имотот кој им бил национализиран. И додека тие по правда тргнале дури во Стразбур МПЦ успеа да врати 6 500 метри квадратни имот кој и припаѓал на црквата Св. Богородица, а се наоѓа на самиот брег покрај плажите во Градиште. Најгласен во јавноста подолго време е Ѓорѓи Танески, кој тврди дека неговиот случај од страна на државата толку се заплеткал што не е во состојба да се обрати во Стразбур. - Јас сум постојано присутен во јавноста и постојано давам изјави и се борам да ми се врати тоа што ми е оставено до моите
предци бидејќи тоа е мое, а не на некој друг. И затоа што сум присутен јавно имам и реперкусии па така лично од претседателката на првостепената комисија Милка Серафимоска , која истовремено е и член на Второстепената комисија сама ми кажа дека ќе имам последици од тоа што јавно зборувам и дека сум ја прозивал во медиумите каде кажав дека не е способна како нејзиниот претходник Славко Лазески кој беше далеку попрофесионален од неа и еве сега пак ќе ја прозивам, за да видам што ќе се случи сега. Ѓорѓи додава дека значаен удел во тоа што до ден денешен не ги имаат добиено имотите назад остварил и поранешниот министер Никола Попоски. - Тој имаше главна улога и по негов налог Јавниот Правобранител го обжали решенијата за враќање на имотот бидејќи еден градежник кој таму стопанисува со кампот на Никола Попоски му градеше куќа во Скопје, но тоа
никого не го засегна да испита дали има елементи на корупција, ни сегашната ни претходната власт не сторија ништо да видат и да го проверат случајот со Попоски – вели Ѓорѓи. Тој исто како и сите останати кои скоро една деценија водат спор со државата за враќање на национализираниот имот велат дека ќе се приклучат на четирите семејства кои случаите ги процесуирале во Стразбур и таму ќе ја бараат правдата. Пештанци велат дека се надеваат многу на судот во Стразбур, каде праксата покажала дека до сега ни еден граѓанин таму не изгубил спор, а редовно губи Република Македонија, која потоа отплаќа оштета на сопствените граѓани кои се жалеле таму на судските одлуки од нашата земја.
www.amakpres.com.mk
Љупчо Таневски
5
ЛОКАЛ
СТАРИТЕ ЛИЦА СЕ НА МАРГИНИТЕ ОТФРЛЕНИ ОД ОПШТЕСТВОТО И ДРЖАВАТА ПОКЛАНЈАЛА СИ АЛ‘ СИ КРАЛА И НЕВЈЕРНА СИ БИЛА ТИ НЕ, СУВИШЕ МИ НИСИ ДАЛА О МЛАДОСТИ, О МЛАДОСТИ, О МЛАДОСТИ МОЈА......
О
ва се дел од стиховите на хитот за сите времиња “О, младости“, што го отпеа еден од најпознатите естрадни уметници во бившите југословенски простори Арсен Дедиќ. Секој што го слушнал овој хит никогаш не го заборава, зошто во него се опеани убавините и мечтите по најдрагиот период од животот, младоста. А таа, младоста е слатка но премногу кратка, кога еднаш ќе замине не се враќа назад. Сакале или не, полека но сигурно сите се движиме кон староста, период во кој сите луѓе, чиновниците, политичарите, бизнисмените и обичните работници стануваат еднакви и рамноправни. “ Помила ни е меѓусебната дружба со нашите врсници со кои не врзува сличниот начин на размислување, а и проблемите ни се од ист карактер, се однесуваат на висината на пензиите, на плаќањето на сметките, односно на начинот на кој врзуваме крај со крај во месецот“, велат членовите од здружението на пензионери и стари лица од Охрид . Токму поради овој став но и поради плиткиот џеб на повеќето од нив, и пред се уплашени да не останат сами по смртта на едниот од брачните другари,членовите од Здружението на стари лица и пензионери од Охрид ја покренаа идејата за отварање на хотел –дом за нивно сместување. “Првичната идеја ни беше да отвориме објект со неколку пропратни елементи:амбуланта,мал маркет, фризерски салон, агенција за сместување и други простории наменети за рекреација. Во тој објект ќе се сместуваа посиромашните пензионери, кои останале сами. Доколку истите
6
AMAK
PRES
се сопственици на стан, агенцијата за смрдтување ќе им го издава станот под кирија. Приходите од издавањето на станот агенцијата ќе ги компензира со трошоците за сместување во домот. Во домот- хотел сместените лица ќе плаќаа ниска месечна кирија. Во него ќе се реализираше нов начин на живот, секако подобар и порелаксиран за домарите кои меѓусебно ќе се дружеа а во случај на здравствени проблеми и потешкотии на располагање ќе им беа лекарите од амбулантата која 24 часа беше предвидено да работи во склоп на домот-хотел“,вели претседателот на Одборот за изградба на објектот, Крсте Жилески кој истакнува дека поттик за оваа идеја им е Меморандумот за изградба на домови кој пред неколку години го потпишале претставници од Македонската Влада и од Сојузот на пензионери од Македонија. “Според потпишаниот договор требаше да се отворат пет домови за стари лица во земјава. Се отворија во сите предвидени градови со исклучок на Охрид. Спорно е отварањето само на објектот во градов, кој требаше да биде отворен меѓу првите. “ вели Жилески кој истакнува дека главниот проблем лежи во Министерството за транспорт и врски кое нема ни волја ни слух да ги чуе барањата на старите лица. С о тага на лицето и забележителна болка која се чита од очите, Крсте Жилески ни ја раскажа неколку годишната голгота на пензионерите од моментот кога се родила идејата за отворање на објектот до денес. “Според урбанистичкиот план на Охрид , објект каков што ние бараме е предвидено да се гради во урбаната единица Далјан. Нас од здружението на стари лица ни одговара оваа локација со оглед на тоа што просторот не е населен, мирно е и излегува на езеро.Откако од секторот за Урбанизам ја добивме локацијата каде треба да градиме, се обративме до Министерството за транспорт и врски зошто тоа стопанисувало со крајбрежниот езерски дел. Долг временски период нашиот предмет беше заскитан во нивните архиви, и по неколку ме-
сечни наши иницијативи да добиеме одговор го добивме и него.Вработените од секторот за документирање и управување со градежно земјиште ни кажаа дека нашиот предмет го загубиле. Откако им пративме копии уследи барање од нивна страна до секторот за урбанизам со кое бараа да им се издадат копии од урбанистичкиот план за урбаната единица на која е предвидено подигање на објектот. Откако се уверија во вистината за иронијата да биде уште поголема добивме одговор во кој јасно беше кажано дека кога ќе се создадат услови за распишување тендер можеме да конкурираме на него“, вели Жилески кој додава дека до надлежните од Министерството за транспорт и врски испратил допис во кој образложил дека Здружението на стари лица и пензионери е здружение на граѓани кое не е профитабилно, односно не располага со средства за тендерот. “Со оглед на тоа што се работи за објект за социјална намена, во кој ќе бидат згрижени стари изнемоштени лица, саканата локација ја бараме без надомест. Најголемо беше разочарувањето кога и од канцеларијата на премиерот Груевски добивме одговор дека Владата ја поддржува одлуката на Министерството за транспорт и врски“ раскажува Жилески. И додека старите изнемоштени лица маки мачат со власта и се борат да направат објект за да им го остават ним на поколенијата кои незабележително но сигурно се ближат кон староста, од почетокот на проблемот до денес доминантно е значењето на поговорката, “Каде што има сила правдина нема!“ Но да се надеваме дека и нејзиното значење набрзо ќе избледне кога и надлежните од Министерството за транспорт и врски ќе попуштат пред сегашните свои одлуки. Зошто кога подобро самите ќе размислат објектот најверојатно ќе биде готов кога староста ќе ги стигне нив. Ангела Белевска
КАЛИМЕРО БАРА ПРАВДА И ЗА ПРИЛЕПСКА СОВЕТНИКОТ ПЕТРО КАЛИМЕРО ЖЕСТОКО РЕАГИРА НА ЗАГАДЕНАТА ВОДА ВО РЕКАТА КОЈА ПРОТЕКУВА ПАРАЛЕЛЕНО СО УЛИЦАТА ПРИЛЕПСКА, А ОД КОЈА СЕ ШИРИ НЕПОДНОСЛИВА РЕА.
С
оветникот Петре Петрески Калимеро кој е и претседател на Месната заедница Радојца Новиќиќ реагира на реата и неподносливата смрдеа која се шири од загадените води на потокот кој тече паралелно со улицата Прилепска. Калимеро за ова ја известил и инспекцијата која дала налог до Ј.П. Комуналец да ја исчисти реката, но, како што тврди Калимеро и како пто стојат работите на терен од чистењето немало фајде. - Јас со овој проблем во моајта месна заедница се соочувам подол-
го време. Фекални води и отпадни води од фбриката Леарница се слеваат во овој поток и течат низ улица Прилепска и со себе носат отровни води и смрдеа. Инспекторот Танас Танасоски Таки даде налог до Ј.П. Комуналец да се исчисти ама како што гледате слабо фајде од нивното чистење бидејќи пак е се загадено и отровно. Но, грешаката не е ни во чистењето на Комуналец колку што се нанесе штета кога се правеше коритото. Тогаш јас на тие што беа изведувачи им кажав како треба да се нарави падот но, господата мене не ме послушаа бидејќи
јас сум бил со 8-мо оделение и се направија фушерајски, па еве сега мака мачиме и се труеме со ова загадување – револтирано изјави Перо Калимеро и најави дека нема да застане тука и дека правдата ќе ја тера до крај кај повсоките истанци. Населението од улица Прилепска вели дека не се поднесува смрдеата од реката и дека не можат да седат во дворовите и да отворат прозорци на домовите. Револтирани жителите на Прилеска велат дека тие исто како да не живеат во Охрид туку како да се во Прилеп кој е град единствен во светот кој реката која протекува низ него го има името Лајнарка. - Во Прилеп градската река е крстена Лајнарка. Е овде во Охрид на улица Прилепска исто е како да си покрај река во Прилеп, ама не во денешно време туку како што таа река била во турското. Тогаш таа била со такви карактеристики, а сега еве реката Лајнарка се појави во Охрид на улица Прилепска – вели нервозно Перо Калимеро. Тој најави дека проблемот со оваа река ќе го реточи во точка на деневен ред на некоја од наредните седници на општинскиот совет.
www.amakpres.com.mk
Љ.Таневски
7
ЛОКАЛ УРБАНИЗМОТ ВО СЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА
ОХРИД СО НОВИ БУЛЕВАРИ, УЛИЦИ, НАСЕЛБИ, ДЕЛОВНИ И СТАНБЕНИ ЗОНИ СПОРЕД ПЛАНОВИТЕ ОХРИД ТРЕБА ДА ДОБИЕ НЕКОЛКУ НОВИ БУЛЕВАРИ, ОБИКОЛНИЦИ, СТАНБЕНИ БЛОКОВИ, ТУРИСТИЧКИ НАСЕЛБИ И ДЕЛОВНО ТРГОВСКИ ДЕЛ ОД ГРАДОТ КОЈ МЕЃУ АРХИТЕКТИТЕ И УРБАНИСТИТЕ УШТЕ СЕГА СЕ НАРЕКУВА ОХРИД СИТИ.
КОНТУРИТЕ НА НОВИОТ ДЕЛОВЕН ДЕЛ ОД ОХРИД ВЕЌЕ СЕ НАЗИРААТ. МЕЃУ АРХИТЕКТИТЕ ПОПУЛАРНО НАРЕЧЕНИОТ ОХРИД СИТИ ЌЕ БИДЕ МЕСТОТО КАДЕ ЌЕ СЕ ОДВИВА БИЗНИС ЗИВОТОТ
С
поред измените во Деталниот урбанистички план, како и модулите поодделно за секоја од зоните во градот Охрид во следната деценија треба да прерасне во вистинска мини метропола. Градот и покрај тоа што нема да биде населен со стотици илјади жители ќе ги има сите карактеристики на големите метрополи. Охрид во иднина ќе биде поделен на неколку градски зони и ќе има два градски центри, а стариот дел на Охрид ќе остане како старо градско јадро
8
AMAK
PRES
под заштита. Едниот центар на градот ќе биде во должина на кејот, централниот плоштад, пристаништето и целата втора урбана единица. Овој дел од Охрид во иднина ќе биде станбен дел кој покрај тоа ќе има и забавни содржини и трговија па во дој дел од градот ќе има сместувачки капацитети, ресторани, кафетерии, ноќни клубови и дискотеки или накратко забавните содржини ќе се сконцентрирани во овој дел на градот. Вториот деловно транспортен центар на Охрид ќе
се протега од локацијата на новата автобуска станица, преку кружниот тек кај Хит Маркет и бензиската Таци па во правец на Компанијата АКАК СП каде веќе се наѕираат контурите на идните трговско деловни објекти кои се градат на просторот каде порано беа погоните на Алатница. На овој потег ќе се градат деловни објекти, трговки центри, нова бензиска пумпа, и голем објект на автобуската станица. Во иднина со завршувањето на градбите тука се планира отворање на пошта,
филијали на банките, канцеларии на фирми, адвокати, мали амбуланти, продажни салони за возила, мебел, супер маркети и ред други содржини со што деловниот живот во Охрид дефинитивно ќе се дислоцира од строгиот центар. Овој дел од Охрид ќе добие уште еден кружен тек на местото кај т.н. Стара бензиска и архитектите и урбанистите веќе го нарекуваат новиот Охрид Сити, кој треба да биде место каде ќе се одвива бизнис животот во Охрид. Локацијата каде денес се
ЖИТЕЛИТЕ НА КАРПОШ ВОЈВОДА СО НОВИОТ ПЛАН ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ НАДГРАДАТ ОБЈЕКТИТЕ И ДА ГИ ПРЕТВОРАТ ВО ДЕЛОВНО СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ
наоѓаат оранжериите на Градинар во иднина ќе прерасне во нова станбена населба во која е предвидена градба на Топлана, зелен појас околу неа, објекти за мало не загадувачко стопанство, детска градинка и станбени згради, додека во делот кој излегува кај новата автобуска станица помеѓу објектот на Здружението на возачи и стара бензиска ќе се градат деловно трговски објекти и бензиска пумпа
Новиот урбан блок кој ќе се изгради во населбата Беј Бунар на потегот од трафостаницата попозната како 110-ка и спортскиот центар на површина од 207 000 метри квадратни ќе се изгради цел станбен блок, но интересно е да се напомене дека според планот на просторот веднаш до трафостаницата кој сега го користи Ј.П Охридски Комуналец ќе се изградат три деловно трговски објекти од кои два се предвидени да се
со приземје и два ката додека едниот ќе биде поголем и ќе има приземје и 5 ката. Овие три трговски центри ќе се наоѓаат на две важни градски сообраќајници и тоа Источно транзитна која е во фаза на градба и треба да се пробие до Косел и Карпош Војвода кој со новиот план треба да излегува до улицата Бистрица. Според планот Карпош Војвода ќе стане пандан на Булеварот Туристичка и ќе се сече со
улицата Јане Сандански, ќе поминува низ населбата Христо Узунов од каде ќе се сече со 7ми Ноември во делот меѓу училиштето и фабриката Братство од каде треба да се пробие преку улицата Абас Емин се до улицата Бистрица. Во овој дел веќе е во тек ревизија на ДУП за УЗ 12 УБ 12,1 кој ги опфаќа објектите помеѓу Карпош Војвода и Сирма Војвода каде според предложеното и барањата на сопствениците на куќите ќе се дозволи надградба на постојните куќи, со што ќе се зголеми бројот на сместувачките капацитети. Ќе се пробива и улицата Болничка која треба да поминува од раскрсницата кај маркетот Бозо, ќе се сече со Сирма Војвода и ќе поминува покрај болниците па се до улицата Момчило Јорданоски. Последните планови кои се усвоени, а се однесуваат на Рача предвидуваат оваа населба да стане еден од нај атрактивните делови на Охрид. Сообраќајницата под Рача која многумина се уште ја сметаат за автопат, сега е градска сообраќајница Булевар Свети Наум Охридски која ќе биде продолжение на бул. Туристичка и е дел од градското подрачје, па во следниот период ќе биде и соодветно уреден со тротоари и велосипедски патеки, а на самиот Булевар според планот се предвидени хотелски капацитети и објекти за домување.
www.amakpres.com.mk
Љупчо Таневски
9
ИНТЕРВЈУ
ВИСТИНИ И ЗАБЛУДИ ЗА БРАЧНАТА НЕПЛОДНОСТ И СТЕРИЛИТЕТОТ ?! 10-20% ОД БРАЧНИТЕ ДВОЈКИ ВО СВЕТОТ НЕ МОЖАТ ДА ИМААТ ДЕЦА. ВО МАКЕДОНИЈА ОВОЈ ПРОЦЕНТ Е ОКОЛУ 16. НО СО ЛЕКУВАЊЕ БРОЈКАТА МОЖЕ ДРАСТИЧНО ДА СЕ НАМАЛИ. ЗА НЕСРЕЌА САМО ЕДНА ПЕТТИНА ОД НИВ БАРААТ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ.ДОБРИТЕ ВЕСТИ СЕ ДЕКА НОВИТЕ МЕДИЦИНСКИ СОЗНАНИЈА СТЕРИЛИТЕТОТ ПОЛЕКА ГО ОБЈАСНУВААТ ТАКА ШТО И ЗА НЕОБЈАСНЕТИОТ СТЕРИЛИТЕТ ПОСТОИ ЛЕКУВАЊЕ. “ТЕРМИНОТ СТЕРИЛИТЕТ ВО СТВАРНОСТА ПОГРЕШНО СЕ ТОЛКУВА, ТОЈ ПОДРАЗБИРА НЕМОЖНОСТ ЗА ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ. НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОД ПАЦИЕНТКИТЕ КОИ ДОАЃААТ НА ПРЕГЛЕД НЕ ДЕКА НЕМОЖАТ ДА ЗАБРЕМЕНАТ, ТУКУ ЕДНОСТАВНО НЕ ЗАБРЕМЕНУВААТ ТОЛКУ БРЗО КОЛКУ ШТО САКААТ“,ИСТАКНУВА Д-Р ИВО ЗАХАРИЕВСКИ ПОЗНАТ ГИНЕКОЛОГ ВО ОХРИД. СПОРЕД НЕГО ГИНЕКОЛОШКИТЕ ПРЕГЛЕДИ ЗА НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОД МЛАДИТЕ СЕ УШТЕ СЕ ТАБУ ТЕМА НО ТОЈ ВЕРУВА ДЕКА СО СЕКСУАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ОБРАЗОВНИТЕ ЦЕНТРИ НЕШТАТА ЌЕ ОДАТ НА ПОДОБРО. “СМЕТАМ ДЕКА СО РЕДОВНА ЕДУКАЦИЈА ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ ОВОЈ СТАВ И ДЕКА МЛАДИТЕ ДЕВОЈЌИ ЌЕ ПОЧНАТ ДА ДОАЃААТ НА ГИНЕКОЛОГ, ПОВЕЌЕ ЗА КОНСУЛТАЦИЈА И ЗА ПРАВЕЊЕ ПЛАН КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ ИЛИ НЕСАКАНА ИНФЕКЦИЈА,ОТКОЛКУ ШТО ДОАЃААТ ДА ПРЕКИНУВААТ НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ ИЛИ ДА ЛЕКУВААТ НЕСАКАНА ИНФЕКЦИЈА“, ВЕЛИ Д-Р ЗАХАРИЕВСКИ
Д
р Захариевски, вие веке подолго време се занимавате со леквањето на женскиот стерилитет, кажете ни што е тоа стрилитет или брачна неплодност? Одг: Брачната неплодност се дефинира
10
AMAK
PRES
како неможност за забременување после една година од незаштитени и редовни сексуални односи бидејќи во овој период 95% од жените ќе забременат. Значи дефиницијата за брачната неплодност е во стварност една статистичка дефиниција. Таа поната-
му се приспособува во зависност од причините за стерилитетот, возраста на пациентката , можноста за носење на бременост итн. На пример кај постарите жени потребен е подолг период од една година за да забременат во исти процент како помладите. Со
Во последно време како една од целите на примарните гинеколози спаѓа и сексуалната едукација на младите во училиштата. Поради тоа примарните гинеколози вршат редовни предавања како за сексулно преносливите болести така и за несаканата бременост во сите средни образовни институции. Сметам дека овие предавања доста допринесуваат за подигнување на нивото на сексуална едукација кај младите.
одминувањето на времето способноста и понатаму им се намалува и поради тоа кај нив дефиницијата се корегира и неможноста за забременување се намалува на 6 месеци. Ако пак причината за брачна неплодност се затворени туби, не произведување јајни клетки или пак многу слабо семе, тогаш залудно е да се чека една година за да се докаже дека таа не може да забремени. Дефиницијата за брачна неплодност се поставува веднаш. Дали стерилитетот се лекува ? Одг: Во зависност од причините, стерилитетот се лекува, ние ги знаеме причините во 95% од случаите, само во 5% случаи тој е необјаснет. Добрите вести се дека новите медицински сознанија полека го објаснуваат,и СТЕРИЛИТЕТОТ така што и за необјаснетиот стерилитет постои лекување. Има примери кога двајцата брачни партнери се здрави, а сепак не можат да имаат деца, зошто? Одг: Токму ваквиот случај спаѓа во таканаречениот необјаснет стерилитет. Овде се подразбира дека брачната двојка ги направила сите неопходни испитувања за стерилитет и сите тие биле нормални, така што испаѓа дека се наполно здрави, а сепак не е можно забременување. Како што спомнав и овој стерилитет полека се објаснува и за него постои лекување. Дали “вината “ кога брачната двојка нема деца треба да ја сноси само жената, дали само таа треба да прави лекарски прегледи или нив треба да ги прави и мажот? Одг: Испитувањата за стерилитет секогаш започнуваат од мажот. Проблемот се однесува на двајцата партнери и секогаш тој се третира како заеднички
проблем а никакао како проблем само на жената или само на мажот. Постои ли вистина во она што дел од здравствените работници го кажуваат преку медиумите дека стерилитетот е зголемен последниве неколку години? Терминот стерилитет во стварност е погрешен термин (бидјќи тој подразбира неможност за забременување), Најголем број од пациентките кои доаѓаат на преглед не да неможат да забременат, туку едноставно не забременуваат толку брзо колку што сакаат. Тие инаку би забременале без никаква медицинска помош ако им дадеме доволно време. Ако ги броиме и овие брачни двојки тогаш бројката за стерилитет секако е поголема, но во стварноста таа се движи некаде помеѓу 10-20% од брачните двојки. Во Македонија овој процент е околу 16%. За несреќа само една петтина од нив бараат медицинска помош. Деновиве актуелна е вакцинацијата против рак на грлото на матката кај жени. Дали и колку оваа болест влијае врз можноста брачните партнери да имаат деца или не? Ракот на грлото на матката е страшна болест и ние се бориме против неа со земање на ПАП тестови и со давање на вакцина која штити од најопасните видови на вирусот ХПВ кој е главниот причинител за оваа болест. Ако пациентката добие предракови промени ние ги лекуваме прво нив а потоа го лекуваме проблемот со стерилитетот. Лекувањето на предраковите промени не влијае врз можноста на пациентката да остане бремена. Колку младите се сексуално едуцирани?
Дали гинеколошките прегледи се табу тема за младите, односно дали тие доаѓаат континуирано на преглед или прва посета на лекар им е по првото забременување на мајката? Одг: Донекаде е точно дека гинеколошките прегледи се табу тема кај младите и дека тие прво доаѓаат на гинеколог кога ќе имаат некој проблем. Но сметам дека со редовната едукација полека ке се промени овој став и дека младите девојки ќе почнат да доаѓаат на гинеколог повеќе за консултација и за правење план како да се спречи несакана бремност или несакана инфекција, отколку што доаѓаат да прекинуваат несакана бременост или да лекуваат несакана инфекција. Размислувањето треба да оди во овој правец бидејќи само така младата девојка ќе може да го живее својот живот без стравови, ќе може да ја планира својата бременост и нема да добие сексуално пренослива болест. Во последно врме вие започнавте да користите таканаречна *core* биопсија за откривање на промените во дојката, кажете ни нешто повеќе и за оваа процедура? *cor* биопсијата претставува златен стандард за поставување на дијагноза кога се работи за туморозни промени во дојката. Се работи за специјално наменет апарат кој напоно автоматски зема мал цилиндричен дел од сомнителното место. Ние земаме неколку такви цилиндри (обично четири до пет) и ги испраќаме на хистопатолошка дијагноза во Скопје. Процедурата се работи со локална анестезија и наполно е безболна за пациентката. Досега не сме имале никакви компликации после изведување на процедурата. Со воведувањето на оваа метода веке се израмнуваме со поголемите центри за поставување на прецизна дијагноза кај промените во дојката. Ангела.Белевска
www.amakpres.com.mk
11
HRONIKA
12
AMAK
PRES
1
ZA SITE VREMIWA ВАНГЕЛ ДЕРЕБАН- НАЈПОЗНАТИОТ И СЕУШТЕ ЕДИНСТВЕН ФИЛИГРАНИСТ ВО ОХРИД
ЗАНАЕТОТ Е КОКОШКА ШТО НЕСЕ ЗЛАТНИ ЈАЈЦА СОЗДАВАЧОТ НА ИЛЈАДНИЦИ СРЕБРЕНИ ПРЕДМЕТИ ,УКРАСИ И НАКИТ, ТВОРЕЦОТ НА МНОГУТЕ ФИЛИГРАНСКИ ПЕПЕРУГИ ОД КОИ ЕДНА БЕШЕ ИСКОРИСТЕНА ЗА РЕКЛАМНАТА КАМПАЊА “MADE IN MACEDONIJA“СЕ УШТЕ НАМА НАСЛЕДНИК. НИТУ ЕДЕН МЛАД ОХРИЃАНЕЦ ДО СЕГА НЕ ТРОПНАЛ НА ВРАТАТА ОД ВАНГЕЛ ДЕРЕБАН И НЕ ПОСАКАЛ ДА ГО НАУЧИ СКАПОЦЕНИОТ ЗАНАЕТ
П
ремал е секој напишан или кажан убав збор. Само во минимални размери печатените или електронски медуми можат да ја доловат величината на единствениот охридски и меѓу малкумината квалитетни македонски филигранисти, Вангел Деребан. Мајсторот над мајсторите, човекот со златни раце, си поигра и го надмудри времето за нас да ни ја удоволи привилегијата, за и денес да кажуваме дека меѓу нас го имаме, жив ни е, најпознатиот охридски занаетчија и се уште единствениот изработувач на сребрени предмети. Тој е творецот на илјадници париња накит кои денес се дел од колекциите на многу светски дами, меѓу кои и кралици, принцези идруги престолонаследнички. Таков е каков што беше пред 60-ина
години кога тука среде охридската чаршија никна дуќанот на Вангел Деребан.Бев дете кога минувајќи низ охридската чаршија знаев да се “залепам“ на излогот од дуќанот на чичко Вангел и пред него да седам со часови восхитена од среброто и преубавите фигури, кои тогаш ги красеа рацете на мајка ми и на илјадници други мајки. Денес ја имам честа што и јас имам неколку парчиња од накитот што го изработил мајсторот за сите времиња. И тука, по години пред сребрениот излог видов девојче со мајка. И тие денес како ние некогаш се восхитуваа од преубавиот накит. Кратко време потоа мојот љубопитен поглед го забележа вредниот стар мајстор кој излегувајќи од дуќанот го стави шеширот на главата и пред клучот да биде во клучал-
ката, фрли поглед на двете дами пред излогот. Љубезно им се насмевна и повторно широко ја отвори вратата за двете да влезат внатре.... Наредниот ден, во раните утрински часови вратата на дуќанот беше отворена за нашата новинарска екипа.Времето и годините не успеале да остават белег на духот од старецот, на неговата подвижност и на вештината на неговите вредни раце. Чичко Вангел, не пречека со сребрена жица в рака, правеше обид да и ја даде првата нишка живот. Штом не здогледа брзо ги извади очилата и откако ни посака “добре дојде“,поита да го изгасни огнот на кој го топел среброто. Ние пак го причекавме за да му се восхитуваме на неговата енергичност и брзи движења. Чекајќи го внимание ни привлекоа двете големи кни-
www.amakpres.com.mk
13
ZA SITE VREMIWA
ги на впечатоци ставени на стаклената масичка во кои на различни јазици, македонски, англиски, италјански, холандски или кинески, посетителите што влегле во дуќанот, напишале за своите впечатоци. “Вечна му слава на најчесниот и најдобриот мајстор на светов“. Ова се зборовите што членовите од семејството Мојсоски од Битола го запишале во книгата на впечатоци. И навистина, вечна му слава на мајсторот над мајсторите, старецот кој и денес вешто ги плете сребрените нишки иако ги раситнал годините од 9-та животна деценија. “Жал ми е што до денес не се најде ниту едно младо момче да ме замени мене. А искрено би сакал да се случи тоа. Се што јас знам за овој занает ќе го предадам на човекот што ќе побара од мене истиот да го учи. Двајцата мои синови знаат да плетат сребро но не сакаат да се занимаваат со оваа работа. Пред неколку месеци дојде девојка од Прилеп, убаво го совлада занаетот. Но зошто тој да ни бега од градов. Тој е негов белег. Не знам зошто охриѓани не тропнале кај мене и не побарале да ги научам. Тоа ќе ми причинува задоволство, сакам да го оставам занаетот на младите“, го почна разговорот, Вангел Деребан со болната тема за него. Тој вели дека филигранството е пипава но не тешка работа. “Од него не може да се живее луксузно, но дозволува да си препуштите нешта што другите не можат, и да го проше-
14
AMAK
PRES
тате целиот свет.Во време на оваа безработица занаетот и тоа како е потребен. Во 40-те години од минатиот век занаетчии учеа да бидат најбогатите деца зошто тогаш ваквата работа беше најпрофитабилна во екот на комунистичкиот период кога се беше државна сопственост а приватни беа само занаетчиските дуќани. “ Занаетот на семејството Деребанови не се калел само во чаршискиот дуќан кој 60-ина години е таков каков што бил од
неговото создавање до денес . Александар, таткото на Вангел топел и плетел драгоцен метал во 15-ина дуќани кои му претходеле на постоечкиов. “По ослободувањето владееше комунистичкиот политички режим. Под закрилата на маршалот Тито, се беше државна сопственост. Се сеќавам на татковите маки кога полицијата ќе го исфрлеше сето наше сребро од дуќанот на улица. Татко ми кој по професија беше учител ќе го собереше на брзина среброто и веднаш почнуваше да бара просторија во која ќе го смести
дуќанот,но никогаш не му падна на памет да се откаже од занаетот. Зошто тој е како кокошка што несе златни јајца.“ Најпознатиот и единствен охридски филигранист, занаетот почнал да го учи од раната младост. “Кога даскалот ќе не пуштеше од училиште јас трчав кон дуќанот. По еден час дневно мораше да се издвои за плетење на среброто. Иако мали научивме да го топиме , растегнуваме плетиме металот јас и моите двајца браќа кои беа високо образовани. И тие иако со факултети ја учеа оваа работа. За нивно арно за поголема сигурност, зошто на времето занаетчиите беа побогати од лекарите, судиите па дури и од претставниците на политичкиот врв. Јас верувам дека и денес изработувачите на рачни творби можат да ги побијат на пазарот готовите производи, доколку нудат нешто квалитетно и оригинално. Уникатите во кои се гледа дека е вложен многу труд вредат многу но за нив се спремни да платат многу пари познавачите на вистинските вредности“. Откако почнал да прави предмети од сребро до денес, чичко Вангел користи 1 000 каратно сребро за филигранот и 800 каратно сребро за другите предмети. “Најпрво среброто се топи на оган, потоа се тегнат жици, односно материјалот се истенчува. Точно тоа тегнење и тенчење е најтешкиот процес во работата зошто жицата мора да биде потенка од 0, 20 милиметри. Значи буквално станува збор за сребрени влакна. Потоа се се препушта на фантазијата. Често се случува предметот да има изглед поинаков од замислениот но секако многу поличен и попривлечен за око“. Од златните раце на чичко Вангел се родиле илјадници сребрени прстени, белегзии, брошеви, огрлици и ремени кои ги краселе грлата, вратовите и половините, на илјадници светски дами на данската и холандската кралица, како и на сопругите од многу претседатели на држави кои при посетата и прошетката низ охридските сокаци не заборавале да подвлезат во дуќанот на филигранистот. Од него излегувале со по некој сребрен предмет во рака кој го носеле во својата земја за таму да го промовираат трудот на нашиот мајстор
на кого светот му симнува капа. И навистина светот брзо разбрал за преубавите предмети, кои те оставаат без здив, зошто тие се како мелем за душата и најубава слика за окото. Светот посака да види кој е Вангел Деребан. И навистина тогаш, младиот Деребан раскажуваше за својата работа низ многу светски медиуми, но никогаш на светот не му ја откри тајната во работењето зошто како и денес така и тогаш размислуваше на ист начи. Занаетот ќе го предаде на охриѓанче на наше дете и од срце ќе го научи на работата. Зошто тој занаетот си е само наш и од никој друг. Тој си е охридски и таков ќе остане. И сега на деведесет години, Вангел Деребан секојдневно би го учел на овој занает секој охриѓанец кој покажува интерес за работата и има потенцијал да биде негов заменик. “Кога јас веќе стар можам да ја работам работава, може секој човек кој има интерес и трпение, а тука сум да помогнам за секој иден млад мајстор“додаде чичко Вангел, и ни отвори една дебела книга со фотографии од рачни изработки. Сите нив- тие преубави сребрени табаки, лажици и потиња со кои домаќинките од Варош ги служеле гостите со слатко и локум, ги изработил тој, Деребан. “Ова се кандила кои сега ги има по црквите, а ги има и во староградските куќи “,движејќи го прстот по фотографиите од книгата се сеќаваше ста-
рецот. “Еве ова се табаќери, кутии за накит,вазни и ќупови кои јас сум ги изработил, а доста предмети сум направил и за Македонската Православна Црква.“ И додека филигранистот со восхит се сеќаваше на дел од предметите што ги направил, во дуќанот влезе човек во поодминати години. Со бастумче во раката облечен како “вистински даскал“, му посака бериќетен ден на стариот дуќанџија, и пред да побрза кон зелениот пазар каде тргнал му дофрли на мајсторот. “Машала, машала, алал да ти е бре Деребан. Пак си го ишарал излогов, мерак да ти е да го гледаш, кешки умот твој и работливоста да ја носеа младиве“. Чичко Вангел скромно се заблагодари на пофалбите и му дофрли на пријателот дека мора секогаш излогот да се збогатува со некое ново парче сребро . “Колку што ми дозволува здравјето и видот толку работам, но успевам да направам нешто ново и се радувам на него како мало дете“, рече чичко Вангел и додека ги вадеше сребрените обетки од излогот што пред неколку дена ги направил, ние се загледавме во многубројните благодарници, признанија и награди кои ги добил за својот труд. “Најдраги ми се три од нив; највисокото општинско признание “Св. Климент Охридски, потоа признанието од еми-
нентното светско списание “Travel magazine“ и последната награда за Животно дело што ја добив на средновековниот фестивал кој за прв пат се одржа во Охрид во август, годинава“, ни рече поднасмевнат Деребан откако ги забележа нашите обиди да ги преброиме сите закачени документи на ѕидовите.... Неочекувано во дуќанчето влезе група од туристи. Филигранистот брзо се исправи и на италјански јазик им посака добар ден на гостите. По сјајот на неговите очи се читаше задоволство. Старецот брзо ги вадеше сребрените предметии и им ги покажуваше на туристите. Тие пак “ослепени“ од металниот одблесок немо и со воодушевување ги посматраа. Дали за мајсторот на сите времиња Вангел Деребан, барем за неколку миути се врати старото дамнешно време кога во дуќанот имаше добар промет не знаеме. Но ние му посакавме добар пазар со желба да се слушне звукот на железните монети и да легнат книжните пари во фиоките на старата дрвена каса украсена со охридски бисер, во која веќе одамна наместо парите принцови станале честичките прав. Да ни бидеш жив и здрав Вангел Деребан, сеуште единствениот и најдобар филигранист во Македонија. пишува:Ангела Бделевска
www.amakpres.com.mk
15
СПОРТ АМАК СП ЈА ПОМИНА ПРВАТА ПРЕПРЕКА ВО ЕВРО ЧЕЛИНЏ КУПОТ
УСПЕШЕН ДЕБИ НАСТАП НА ЕВРО СЦЕНАТА
У
спешно е помината првата препрека на охридскиот АМАК СП во Евро челинџ купот против Златорог Лашко од Словенија. Она што не им успеа на нашите во првиот натпревар пред своја публика го направија во гости совладувајќи го тимот на словенечкиот селектор Алеш Пипан со разлика по-
16
AMAK
PRES
висока од 6 поени колку што загубија во преполната сала на Билјанини. Охридските кошаркари кои за прв пат во својата кратка историја имаа дебитанскиот настап на евро сцената покажаа дека можат да се носат со далеку поискусни екипи. Нашиот единствен преставник во ФИБА Европа челинџ купот беше поуспешен од Злато-
рог Лашко во вториот квалификациски натпревар, со 69-78 со што ја одбрани честа на македонската кошарка и тоа во второто по сила натпреварување во Европа. - Во првиот дуел во Охрид во никој случај не бевме надиграни, посрамени. Едноставно како дебитанти го плативме данокот на неискуство. Не треба да се заборави дека Златорог зад себе има 80 меѓународни настапи што не е случај со нас. Избрзано шутиравме тројки, не погодувавме, а тоа кошаркарите на Златорог знаеја да го казнат. Сигурно дека од овој меч извлековме поука, ништо не е загубено, иако сме во ситуација да бркаме негатива од шест поени. Се уверивме дека противникот не е поквалитетен од нас и ако одиграме мудро, брзо не ги трошиме топките, го засилиме притисокот во одбраната , можеме да очекуваме и поволен резултат, изјави капитенот Ефтим Богоев, кој добро ги познава евро приликите од деновите кога настапуваше за Струмица 2005, по првиот натпревар кога неговиот тим загуби со 70-76.
Пред реванш натпреварот во Словенија стратегот на Амак СП Марјан Лазовски најави дека предноста ќе биде анулирана. -На вториот натпревар изигравме многу посконцентрирано, ги намаливме грешките во напад и не избрзувавме со шутот за три поени. Покажавме дека на вакви натпревари можеме да изиграме исто така добри како и во домашното првенство, рече Лазоски по реванш средбата во Словенија, каде АМАК СП иако играше без класичен центар доминираше под кошевите со 30 скокови наспроти 25-те на Лашко. Според статистичките податоци Чубрило е најефикасниот играч на средбата со постигнати 20 поени и најголем број скокови дури 9. Со поминувањето на Златорог, по позитивата од вкупниот биланс, АМАК СП останува во друштво на врвните екипи на континенталната сцена. На следниот натпревар во Евро Челинџ купот охридскиот тим игра против Ајфел Таурс од Холандија Сузана Вренцовска
ЕХФ ЗАДОВОЛНА ОД „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ П
озитивни оценки за преземените активности во спортската сала „Билјанини Извори“ даде неодамна инспекцијата на Европската ракометна федерација која заедно со шефовите на делегациите на земјите учеснички на ЕП во ракомет за жени, ја скенираа охридската спортска сала. Директорот на натпреварувачката комисија при ЕХФ, холанѓанецот Јан Туик задоволен од она што го виде во Охрид. „Сведоци сме дека работите напредуваат, направена е добра работа тука. Задоволен сум од антидопинг просторијата, прес центарот, малата сала. Отстранети се скоро сите забелешки и негледам никакви причини да не дојдеме до финалната фаза, изјави Туик. Наспроти задоволсттвото на Директорот на натпреварувачката комисија при ЕХФ, луѓето од ракометната
федерација и понатака незадоволни од тоа како се одвиваат работите. Според Драган Начески треба уште многу работи да се завршат за да се постигне она што го бара Европската ракометна федерација. -Иако се работи за ситници сепак мора салата да се доведе до фаза да заличи на едно европско првенство каде стандардите се многу поголеми. Охрид мора да изнајде сили сето тоа да се среди пред се заради имиџот на државата и на самиот град, вели Начески алудирајќи пред се на хигиената во овој спортски објект. Директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти, Иван Цветковски ваквите забелешки ги прифати како добронамерни но рече дека во овој момент се работи на отстранување на поголемите забелешки а Охрид како и секогаш во поглед на хигиената на ниво ќе ги пречека гостите од 2 до 14
декември. -Она што во најскоро време треба да го направиме е да обезбедиме дополнителен простор за коментаторските места за пeчатените медиуми. Се надевам дека од Македонска телевизија за брзо време ќе не посетат и заеднички ќе направиме план како да го засилиме осветлувањето да биде на ниво на Европско првенство во ракомет со што ќе ги отстраниме и последните забелешки на ЕХФ, вели Цветкоски. Инаку преставниците на земјите кои ќе учествуваат на овој најголем спортски настан кој ќе се одржи кај нас, ги посетија и хотелските капацитети Дрим во Струга и Метропол во Охрид каде најверојатно ќе бидат сместени репрезентациите учесници на ЕП. С.Вренцоска
ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА
ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ АТЛЕТСКА ПАТЕКА А ко временските услови го дозволат тоа, Охрид до крајот на годинава ќе добие професионална атлетска патека. Претставници на италијанската компанија „Мондо“ беа на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ да ја скенираат состојбата и да укажат на одредени активности кои треба да се направат пред поставувањето на тартанот. Претставникот на „Мондо“, Лоренцо Перона, најави дека патеката ќе биде со највисок квалитет, но предочи дека претходно треба да се извршат одредени градежни работи со напомена дека комплетните забелешки ќе ги достави по завршување на инспекцијата. Генералниот секретар на МОК,
Сашо Поповски, вели дека со реализирањето на еден ваков проект атлетиката во Македонија ќе го добие заслужениот третман. -Со поставување на една ваква атлетска патека во голема мера ќе ги подобриме условите за тренинг, посебно што имаме спортисти кои ќе придонесат за постигнување на врвни резултати во атлетиката, вели Попоски. Според претседателот на Атлетската федерација на Македонија Цветко Грозданов со реализацијата на овој проект ќе се решат дел од проблемите кои беа присутни долги години за нејзин развој,како кралица на спортовите. Професионалната атлетска патека во Охрид, која е прва во
Македонија, чини околу половина милион долари, средства обезбедени како донација од Меѓународната атлетска федерација. Еден дел од средствата ги обезбеди МОК под чие покровителство за развој на атлетиката деновиве се одржа семинар за обука на тренери под раководство на експертот за атлетика од Германија, Ехиме Еке. Дваесет тренери од цела Македонија имаа практична и теоретска настава во скокачките дисциплини и спринт. Исто така обезбедена е и германска донација од која се состои од голем број атлетски реквизити како и мерач за брзина на ветерот. С.В
www.amakpres.com.mk
17
СПОРТ
НАШИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ НА РЕГАТА ВО ДУБРОВНИК
Д
вајца наши едриличари настапија на Меѓународната Дубровничка регата во Р. Хрватска која се одржа од 17 до 19 овој месец. Македонија за прв пат зеде уче-
ство на оваа регата што претстува натпревар од сериозен карактер поради масовноста и силната конкуренција. Во класата Оптимист силите ги измерија вкупно 77 едрличари, а
двајцата наши претставници Ердал Љушо од ЕК СНЕГАР – Струга и Димитар Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП – БОФОР-Охрид се пласираа на 34 односно на 38 место. С.В
ОГЛАСИ Продавам козметичка лупа со сталак Тел за контакт 070 212 784
Поволно продавам лежај добросочуван Тел 046 267 993
Пордавам санитарија за купатило во сина боја и нов бојлер 046 262 711
Издавам сбои под криија. Со посебен влез. 046 255 909
Издавам стан 55м квадратни наместен на Туристичка кај кај Анче Киселинова Телефон 070 604 149 Продавам нива во Влегошти 070 525 524