AMAK
EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION
BESPLATEN PRIMEROK
PRES
OHRIDSKI NOVINI
www.amakpres.com.mk
marketing
070 / 462-362
Godina V - Broj 98 10 Oktomvri 2008
МилАН БелеВ: ХОлАНДСКиОТ ПиСАТел А.ДеН ДОлАРД ЈА ПРОМОВиРА МАКеДОНиЈА ВО ЦелиОТ СВеТ НА ВРВОТ
Благоја Силјаноски
НАГРАДи и ПРиЗНАНиЈА Не Ми Се ПОТРеБНи-ДРЖАВАВА ТРеБА ДА Ги ВРеДНУВА ВиСТиНСКиТе ВРеДНОСТи
definitivno najevtino www.don.com.mk
ДАли ЦВеТКО ГРОЗДАНОВ Бил ЗАМОлКНАТ ВО еМиСиЈА НА НТВ ? ? ?
LOKAL
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
2
AMAK
PRES
РЕЗИМЕ
НА ХУМАНОСТА, ЉУБОВТА, ТАГАТА и ГлУПОСТА
Н
а 5 ти октомври се одржа големиот хуманитарен концерт во чест и сеќавање на легендата на македонската естрада и уметност неповторливиот Тоше Проески. И таа вечер видовме многу работи за првпат на овие простори. За прв пат во Македонија на едно место се собраа 50 000 луѓе ( колку за потсетување светски големата Мадона собра во Буда 60 000 луѓе). За прв пат на овие простори се собраа изведувачи од сите Балкаснки земји. За прв пат од Македонија се правеше пренос кој го следеа 30 милиони луѓе. За првпат пропаднатата македонска естрада не направи скандали и глупости. За првпат сите мобилни оператори имаа еден број за донација на пари без нивните здодевни префикси. За првпат луѓе со хендикеп запеаја на толку голема сцена пред толку многу луѓе. За првпат сите ние се почувствуваме некако блиски и на неколку моменти ги оставивме на страна нашите ривалства, кариери и трката по пари. За првпат сите бевме луѓе. И секако за првпат Македонија и светот го виде Кристијан внукот
на Тоше и ја слушна потресната балада ,,Мое малечко,,. Текстот кој е чисто пророштво, неповторливиот глас на Тоше со неговиот внук во дует . . .Нема да згрешам ако кажам дека не остана човек кој во тој момент не заплака. Ако некој и не заплакал или не бил тука со паметот или . . . тој не е човек. . . . Сепак останува да се надеваме дека Фондацијата Тоше Проески која за првпат го организира овој концерт, ќе го организира повторно и ќе го направи традиционален, ќе живее хуманоста и делото на Тоше како поука за сите нас кои треба да знаеме или ако не знаеме да научиме да бидеме повеќе човечни од тоа што сме. Некои работи ни се случуваат за првпат, а некои ни се повторуваат со години и умот не ни доаѓа. Па така не можеше, а да не ни се случат политичарите. И ни се случи премиерот кој се појави на бината да прочита говор, а публиката го исфирка и скандираше Тоше ,Тоше, Тоше ! ! ! Премиерот Никола Груески е народен човек кој има одличен Пи Ар. Цел тим се грижи за неговиот
имиџ во јавноста, а тој колку што сум имал прилика да забележам е обичен, не арогантен, не наметлив човек. Воопшто до сега не се поистоветувал со политичката елита на која сме навикнале низ годините. Некако тој делува како сите нас и со тоа мора да се признае дека отскокна од сите досегашни политичари кои градеа имиџ на џет сет и елита арогантно и високо исправена наспроти закрпениот и гладен и беден народ. Но што му требеше говор на овој концерт ? Зарем не можеше да остане во публиката, блиску до народот каде му е и местото? Кога го видов како чита говор додека публиката скандира Тоше, Тоше се потсетив кога премиер беше елитистичкиот професор по Римско право, Владо Бучкоски кој со сиот ум направо ојде во Лапидариус да држи говор на матурантите пред нивната забава. Замислете колку на матурантите ги заболе што сакал тој да им каже ? ? ? Некои работи кои се убави и човечни ги правиме за првпат, но од некои наши глупости никако да се одвикнеме.
www.amac.com.mk/novini
3
ЛОКАЛ
ДАли ЦВеТКО ГРОЗДАНОВ Бил ЗАМОлКНАТ ВО еМиСиЈА НА НТВ ? ? ? СПОРеД иНфОРМАЦииТе ПлАСиРАНи НА иНТеРНеТ ПРАТеНиКОТ Бил ПРеДУПРеДеН ОД НеКОи МОМЦи ДА Се СОЗеМе и ДА ВНиМАВА шТО и ЗА КОГО ЗБОРУВА. ОВА УСлеДи ОД КАКО ГРОЗДАНОВ ЈАВНО ПРОЗиВАше НеКОлКУ фиРМи ОД ГРАДОВ ОБВиНУВАЈќи Ги ЗА КРиМиНАл ВО СРПеГА СО ГРАДОНАчАлНиКОТ. ПОТОА УСлеДи ТУЖБА СО БАРАње ЗА ОшТеТА ОД 1 МилиОН ДеНАРи КОЈА Се ПОБАРУВА ТОКМУ ОД ГРОЗДАНОВ.
ХАОС ОКОлУ ПРАТеНиКОТ ГРОЗДАНОВ. ТОЈ ТВРДи ДеКА Не МУ ЈА ЗАТВОРАле УСТАТА, ВО НТВ НеСАКААТ ДА КОМеНТиРААТ А ЉОТеСКи ТВРДи ДеКА ГО фАТилА ПАНиКА ОД СилНиТе ПОЗиЦии НА АНиТА КиПАРиЗОСКАКРСТеСКА ПА Решил ПО СеКОЈА ЦеНА ДА Се ПРОМОВиРА ВО МеДиУМиТе ПРеД ГРАЃАНиТе. иНА ТРеЈД ќе БАРА ОД ГРОЗДАНОВ ОшТеТА ОД 1.000.000 ДеН. ПА ВеРОЈАТНО ЦеНАТА НА ПРОМОВиРАњеТО ќе БиДе ПРеВиСОКА.
О
д добро упатени извори блиски до некои градежни фирми од Охрид порталот Мегастар објави информација дека сопствениците на градежни фирми блиски до ВМРО ДПМНЕ испратиле ,,свои луѓе,, во локалната НТВ за време на емитувањето на емисијата ТВ Објектив во која беше гостин пратеникот Цветко Грозданов со цел како што велат да го вразумат и смират пратеникот кој во
4
AMAK
PRES
емисијата сакаше да пласира информации за одредени како што тој тврди неправилности во делењето на градежните зафати во Локалната самоуправа и тендерите. Во емисијата пратеникот Грозданов спомна повеќе градежни фирми кои ги обвини дека тесно работеле на лични интереси со градоначалникот Петрески и добивале градежни зафати без да се објави тендер, притоа остварувајќи
големи профити. Грозданов и претходно на прес конференција обвини за криминал поедини градежни компании кои според него биле во спрега со Локалната власт и побара одговорност од градоначалникот и споменатите фирми за тоа што го сториле. - Емисијата ТВ Објектив си заврши најнормално, никој ништо не ми направи и не се случи ништо драматично. Јас по емисијата заминав на пијачка
во Ирскиот Паб и од таму најнормално заминав во својот дом. Никој не ми се закани и не се случи ништо спектакуларно и драматично. Во емисијата главен акцент беше ставен на прозивките кои ги упати до мене градоначалникот Александар Петрески, а се однесува на ,,Ѕидот на плачот,, и јас му одговорив – кратко ни изјави пратеникот Грозданов запрашан дали некој мускулести момци ја прекинале емисијата во која гостувал. Од Независна ТВ се воздржаа да даваат коментари за информациите околу овој инцидент и ни го потврдија ни го негираа. Од таму велат дека поводот била средбата на Грозданов во Васил Тупуркоски претседател на Олимпискиот Комитет.
иНА ТРеЈД ВО ВОЈНА СО ЦВеТКО ГРОЗДАНОВ Фирмата Ина Трејд ќе поднесе тужба со која ќе бара од пратеникот Цветко Грозданов оштета повисока од 1 милион денари за нарушен углед во јавноста. Менаџментот на Ина Трејд тврди дека изјавите кои ги давал прате-
никот Грозданов на прес конференции и гостувајќи во емисијата ТВ Објектив на НТВ се чисти шпекулации и измислици кои Грозданов ги користи во внатрепартиски цели. - Ги отфрлам сите изјави на пратеникот Цветко Грозданов кои тој ги пласира по некои прес конференции кои сам си ги организира за да се себе промовира и гостувајќи во некои емисии кои сам си ги нарачува за да се појави на телевизија. На неговото прво авантуристичко појавување во јавноста кога не прес конференција изнесе куп лаги не реагиравме бидејќи ни е јасно дека тој е активен во внатрепартиската битка во ВМРО ДПМНЕ за тоа кој ќе биде градоначалник, но тој не запира и сега на телевизија повторно продолжи да ја пее истата песна. Самиот Грозданов не примора да губиме време со него и да го тужиме со цел да наплатиме оштета за нарушен углед во деловниот и јавниот живот на фирмата Ина Трејд која работи согласно законите, па така во договор со адвокатот ќе поднесеме тужба со која ќе бараме да наплатиме милионска оштета од Грозданов – вели Јован Лотески сопственик на Ина Трејд и додава дека Цветко Грозданов од како видел дека Анита Кипаризоска Крстеска одлично котира во Скопје, ги засукал ракавите и се впуштил во ступидни авантури со смешни и неиздржа-
ни обвиненија против секој и секого. Од фирмата Ина Трејд на увид на јавноста ја ставаат целокупната документација од која се гледа дека градежните зафати за кои се обвинува ги работи по претходно распишани тендери и решенија со кои Ина Трејд е избрана како најповолен понудувач. - Ние ги имаме добиено тендерите 3/ 2008 и 10/ 2008, целосно легално што може секој здраворазумен да види од документиве кои и се ставаат на увид на целата јавност. А доколку тоа некој не сака да го види, ние тука ништо не можеме, но доколку некој не сака да прекине да ја лаже јавноста за да се сам себе промовира како некој кој се загрижил за граѓаните, тогаш ние можеме само да го тужиме и да плати оштета за штетата која ни ја нанел реализирајќи лични политички интереси внатре во една партија преку нашиот грб и угледдодава Лотески. Неколку охридски фирми блиски до ВМРО ДПМНЕ реагираа со зачуденост и згрозеност како тоа Грозданов напаѓал фирми кои ја финансирале ВМРО ДПМНЕ и финансиски ја помагале во изборите на кои токму Грозданов стана пратеник во републичкиот парламент. Љ. Таневски
ВлАТКО МУРџОСКи БУл. ТУРиСТичКА 6000 ОХРиД МАКеДОНиЈА Tел: 00389 76 427-855 00389 75 826 118 email: vlaTko_murzo@hoTmail.com
www.amakpres.com.mk
5
ЛОКАЛ
ВО ПеРиОД ОД ТРи ДеНА 42-ЦА ОХРиЃАНи КАЗНеТи ЗА НеПОчиТУВАње НА ЈАВНА чиСТОТА
У
ште 42-ца граѓани на Охрид заработија казни за непочитување на Законот за јавна чистота, информираше МВР. Во рамките на активностите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на Законот за јавна чи-
стота, во периодот од 08.00 часот на 3 октомври 2008 година до 08.00 часот на 6 октомври 2008 година, во Охрид биле евидентирани 42 прекршоци на Законот за јавна чистота. Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на јавни површини , а дел
од прекршоците се сторени на отворен простор пред јавен објект, соопшти полицијата.
делување кон нарко дилерите. “Сакам да потенцирам дека сите посетители на проектот имаа можност да видат дел од богатата колекција на сите видови дрога кои се сопственост на МВР а кои што се одземени во изминатиот период. Во проектот учествуваат стручни лица, експерти од Единицата за борба против дрогата при СВР како и инструктор-виш инспектор кој е специјализиран за обука со дрога. Сите овие стручњаци разговараат со децата. Пристапот ни е интерактивен, со меѓусебна комуникација настојуваме да дојдеме до вистината за дрогата. Она што го заклучуваме по разговорот е дека децата практично знаат дека дрогата убива. Целта ни беше младите
да ги запознаеме со низата заблуди кои што до нив ќе се обидат или се обидуваат да ги пласираат наркодилерите кажувајќи им дека дрогата е корисна за организмот и дека дава енергија “,вели портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски. Полициско- медицинските лица вклучени во проектот го изразуваат задоволството од големиот одзив на деца кои покажале интерес во борбата против дрогата. Тие со голем број прашања и дискусии покажале дека дрогата ја сваќаат како зло на денешницата.
А.Б.
МлАДиТе и ВОЗРАСНиТе ВО БОРБА ПРОТиВ ДРОГАТА
О
д 6-ти до 10-ти октомври во сите основни училишта во Охрид се реализираше вториот дел од проектот “Дрога Вистина и Заблуди“. Организатори се министерството за внатрешни работи и Црвениот крст од Охрид. Станува збор за едукативен проект насочен кон две целни групи; децата од 5-то до 8-мо одделение во сите основни училишта во градов и родителите како посебна целна група. На слајдови, на учениците и родителите им се презентираше штетноста од употреба на дрога, како таа негативно влијае врз психофизичкиот развој на организмот и кои се полициско медицинските начини за превентивно
Ангела Белевска
РАБОТОДАВАчиТе Не ЈА иСПОлНУВААТ ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА, РАБОТНиЦиТе ДА Ги ПРиЈАВАТ ВО ЦеНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАње ВО ОХРиД
ОКОлУ 80 РАБОТНиЦи РАБОТАТ НА ДиВО ВО ОХРиДСКиТе фиРМи
М
инистерството за труд и социјална политика соопшти дека инспекторите од областа на работните односи во Охрид извршиле 279 редовни контроли при што биле затекнати 78 лица без договор за работа и издадени 56 решенија за забрана за работа. Кај 24 работодавачи затек-
6
AMAK
PRES
нати се 63 лица за кои работодавачите не ја поседувале потребната документација во работните простории и притоа се задолжени по нивното комплетирање да ја достават во подрачната единица на Државниот инспекторат. Инспекторите од областа за без-
бедност и здравје при работа во Охрид извршиле 37 редовни надзори и издадале 13 решенија со наредба за отстранување на констатирани недостатоци. А.Б.
ПАРичНА ПОМОш ЗА ДеЦА ПРАВОТО НА ДеТСКи или ПОСеБеН ДОДАТОК ОДНОСНО ПОМОш ЗА НОВОРОДНче НАЈчеСТО ГО КОРиСТАТ НиСКО БУџеТСКиТе СеМеЈСТВА иАКО ТОА ПРАВО ГО иМААТ и СеМеЈСТВАТА КАЈ КОи БУџеТОТ е ПОВиСОК ОД 30 000 ДеНАРи
С
ите семејства кои имаат понизок или просечен семеен буџет и зависно од тоа во која категорија припаѓаат нивните деца можат да бидат корисници на детски или посебен додаток односно помош за опрема на новороденче. Право на детски додаток има секое дете кај кое еден од двајцата родители е во работен однос. Доколку семејството е четричлено и притоа месечните приходи по човек не се поголеми од 2 260 денари, детето има право да добива детски додаток. За самохрани мајки цензусот изнесува 4 520 денари. Месечниот износ на детски додаток по дете до 15 годишна возраст изнесува 650 денари, а над 15 години износот е 1 000 денари. Правото на детски додаток се губи со навршување на 18-та година иако детето го продолжува своето образование. “Брартелот на детски додаток во секторот за Заштита на правата на децата во просториите спроти Маларична мора да ги достави следниве документи: Извод од матична книга на родените за дете-ца; Уверение или решение за државјанство за родителот;Извод од матичната книга за венчаните, за разведени родители пресуда за развод на брак, а за починат родител извод од ма-
тичната книга на умрените; Лична карта на подносителот на барањетофотокопија; Потврда за редовен ученик од соодветната образовна установа; Потврда за примања од работен однос, а за лицата вработени кај приватен работодавец и договор за работа; Решение , уплатница за исплата или потврда за социјална парична помошод Центарот за социјална работа; Судска Регистрација за основачи на трговско друштво или установа; Потврда од бирото за вработување за невработени членови во семејството;“ ,истакна референтот за Заштита на детските права, Лилјана Арнаудоска. За продолжување на правото на корисниците на детски додаток се поднесуваат документи од јануари до 31 март идната година . Доколку документите не се поднесат во наведениот рок лицето се третира како нов корисник. Право за посебен додаток имаат лица со пречки во развојот до 26 годишна возраст кои не се институционално згрижени односно не се на товар на државата. Лицата, баретели на помошта до оделението за Заштита на детските права треба да достават наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби на детето.
Месечниот износ на посебниот додаток е 3 800 денари. Обновата не документите се врши секоја година во периодот од јануари до крајот на месец март. За остварување на правото да се добие помош за новороденче се земаат во предвид остварените приходи за претходните три месеци по поднесување на барањето. “Ако во семејството за последните три месеци приходите не се повисоки од 7 000 денари се исплаќаат по 4 000 денари. Ако приходите се од 7 000 до 21 000 месечно се добиваат по 3 500 денари. Приходите кои се движат меѓу 21 000 и 28 000 денари овозможуваат месечна помош за бебето во износ од 1 000 денари. Високо буџетските семејства добиваат месечна парична помош од 170 денари“, вели Арнаудовска која додава дека ретки се случаите семејствата кои се со висок семеен буџет да го искористуваат ова право. Рокот за поднесување на бараањето за помош на новороденче е 60 дена од денот на раѓањето на детето. Паричните износи за детски или посебен додаток како и помошта за прво дете ќе бидат повисоки од јануари 2008 година, кога ќе стапат во сила и нови законски одлуки кои се однесуваат на децата .
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
7
ЛОКАЛ
1
НА ВРВОТ БлАГОЈА СилЈАНОСКи, НОВиНАР, ОПшТеСТВеНиК, ПОлиТичАР и ПиСАТел
НАГРАДи и ПРиЗНАНиЈА Не Ми Се ПОТРеБНи-ДРЖАВАВА ТРеБА ДА Ги ВРеДНУВА ВиСТиНСКиТе ВРеДНОСТи
БлАГОЈА СилЈАНОСКи е НОВиНАР, ПУБлиЦиСТ, ОПшТеСТВеНиК, ПОлиТичАР и ПиСАТел, МАГиСТеР ПО еКОНОМСКи МАРКеТиНГ, КОЈ ОДАМНА ЈА ПОДГОТВил ДОКТОРСКАТА ДиСеРТАЦиЈА “ОДНОСиТе СО ЈАВНОСТА ВО ТУРиЗМОТ“, КОЈА КАКО шТО САМиОТ Вели Не ГО СТАВилА Очи В Очи СО НеКОи ТАКАНАРечеНи ПРОфеСОРи СО ЗНАењА СТеКНАТи КАКО ОНие НА ВечеРНиТе УчилишТА КОи фАБРиКУВАА КАДРи ПОТРеБНи ЗА РАЗВОЈ НА СиСТеМОТ. ПОшиРОКАТА ОХРиДСКА ЈАВНОСТ, СилЈАНОСКи ГО ПАМеТи КАКО ПРВиОТ ГРАДОНАчАлНиК НА ОХРиД ВО СУВеРеНА и НеЗАВиСНА РеПУБлиКА МАКеДОНиЈА иЗБРАН НА ПРВиТе лОКАлНи ПОВеќеПАРТиСКи иЗБОРи. ВО НОВиНАРСТВОТО -е ДОБиТНиК НА НАЈВиСОКОТО ОПшТеСТВеНО ПРиЗНАНие НАГРАДАТА НА ОХРиД “СеДМи НОеМВРи“, ДеНеС ПОЗНАТА КАКО “СВеТи КлиМеНТ ОХРиДСКи- ПАТРОНОТ НА ОХРиД. ВО НеГОВиОТ ГРАДОНАчАлНичКи МАНДАТ е ДОНеСеНА и ОДлУКАТА ЗА ПРОГлАСУВАње НА СВеТи КлиМеНТ ОХРиДСКи ЗА ПАТРОНеН ПРАЗНиК НА ОХРиД. ТОЈ е ЗАСлУЖеН ЗА ОБНОВУВАње НА ОХРиДСКиОТ ПлиВАчКи МАРАТОН и ЗА ОСНОВАњеТО НА МУЗичКиОТ феСТиВАл “ОХРиДСКи ТРУБАДУРи“. БлАГОЈА СилЈАНОСКи е АВТОР НА ДеВеТ РОМАНи. ПОСлеДНиОТ КОЈ НеОДАМНА иЗлеЗе ОД ПечАТ е НАСлОВеН КАКО “ДеВОлСКи КРАСНОПиС“, НАСТАНАТ КАКО ПлОД НА АВТОРОВиТе НеУМОРНи ТАлКАњА, КАКО шТО ТОЈ САМиОТ ЗНАе ДА КАЖе, ПО ЖиВОТишТеТО и ВРеМишТАТА, ОВОЈ ПАТ ВО ЈУГОТ НА АлБАНиЈА ВО ВиСОКАТА ПУСТелиЈА МОСКОПОле, ВО ЗАБОРАВеНиОТ ДеВОл ОД ВРеМеТО НА СВеТи КлиМеНТОВиОТ УНиВеРЗиТеТ...... www.amakpres.com.mk
9
НА ВРВОТ
Н
Силјаноски во придружба на бившиот претседател на државата Глигоров
а своето детство речиси и да не се сеќава , зошто многу повеќе ги памети црвените огнени јазици во Народно ослободителната војна. Тој е дете на војната. “Необично, ама не се сеќавам на детството. По Антифашистичкото ропство, слободарските мугри осамнаа без детства и се на што се сеќавам од Дебарца во првите повоени години, тоа е исполитизираното детство, конзерви наполнети со речен песок полиен со газијан кои откако учителите ни ги потпалуваа и ние само што ќе вивнеа високите пламени јазици држејќи ги подигнати в раце ги следевме учителите, онака како што ги следевме и нивните громогласни извикувања “Смрт на фашизмот- слобода на народот“, или “Тито –Лазо- Тито- партија- Тито ЦеКа... и се такви извикувања чие значење никој не го знаевме, а дома- кому како, некому празнични родителски галби, некому оцртани црвени јазичиња на обравчињата. Јас бев меѓу вторите. Татко ми иако борец никогаш не пристапи во партијата и не ги милуваше празничните чествувања. Во славното село во кое штотуку родените револуционерни песни веднаш се фрлаа на селските буништа, останав дватринае-
10
AMAK
PRES
сет години, додека не го завршив везот со петки во осмолетката. После веќе за се знам, буквално се: и како минував во гимназијата во која иако со сите петки, градските деца никако не ме прибираа во нивните друштва. Се сеќавам и на студиите најпрвин на Факултетот за туризам и угостителство, потоа на Економскиот факултет на кој ги завршив после дипломските студии и се здобив со научно звање Магистер по економски маркетинг. Во икончињата на мојот лаптоп и денес е завршената докторска дисертација “Односите со јавноста во туризмот“ која не ме стави очи в очи со некои таканаречени професори (чест на исклучоците) со знаења стекнати како оние на вечерните училишта кои фабрикуваа кадри потребни за развој на системот. И какви кадри- таков систем, заедно се сневидоа“, раскажува Благоја Силјаноски. Работниот век му започнува со перото и хартија во рака, тој беше и остана забележан како еден од најдобрите новинари во бившите југословенски простори. И додека за АМАК ПРЕС Охридски- Новини одговараше на поставените прашања, со задоволство потсмевнувајќи се сеќаваше на своите, но и на почетоците на сеуште единстве-
ниот печатен медиум во Охрид. Бил основач на предокот на АМАК ПРЕС, тогаш го викале “Езерски Глас“ кој како и денес така и тогаш бил единственото печатено гласило во градов . “Во расадникот на кадри, во индустрискиот гигант на автомобилската индустрија во федерални рамки- “Застава- Херој Тоза Драговиќ“ во Охрид, беа моите работни почетоци и ангажмани. Во 1966 година директор беше Ристо Шапкар, недопрочитана енциклопедија на охридската индустрија и еден од првите директори на осмолетката во моето село, а технички директор Богоја Блажески, првиот дипломиран машински инжењер во овој крај. Јас, штотуку оженет безалтернативец, почнав како реглер. Оттаму во Карловац ја отслужив обврската за татковината и откако се вратив се вработив во Радио Охрид . Имаше само двајца редовни вработени , јас бев третиот универзален незнајко. Еве ме – самонаречен основач, или барем еден од нив и на единствениот печатен медиум “Езерски глас“, денеска и двата во состав на вашиот индустриски гигант. Тука останав над пет години, кога бев ангажиран за регионален дописник на Радиотелевизија Скопје. Оние што ме знаат , мислам дека ме
знаат од новинарските години и таа околност ме чини горд на посебен начин. Горд сум со пријателите, уште погорд со оние што им се спротиставуваа на моите ставови. Мислам на вториве им го должам најголемото општествено признание Наградата на Охрид “Седми Ноември“, денес “Свети Климент Охридски-Патрон на Охрид“. Во мое време новинарите не смееа да грешат.Освен ако не направеа како мене и да ја почувствуваат сета горчина на професијата, која секогаш знае да те задржи прикован за неа, и само еднаш дозволува грешка. Таа секогаш е кобна, таква беше и мојата! Во октомври 1989 година кога ја прифатив понудата и станав претседател на Општинската организација на Сојузот на комунистите во Охрид,прв пат меѓу тројца предложени кандидати и прв пат на избори со непосредно тајно гласање! Значи бев последниот претседател на Сојузот на комунистите во општината, после и прв претседател Силјаноски во придружба на сегашниот Претседател на државата Црвенкоски на Собранието на Општина Охрид во суверена и независна Република вачки маратон и основач на музичкиот од особено значење е потегот што го изМакедонија избран на првите локални фестивал Охридски трубадури разивме со едногласната одлука на Соповеќепартиски избори. Во овој пери- “Моето изборно мото беше “За досто- бранието со која повеќе од улиците во од бев претседател на Заедницата на инството на Охрид!“ раководев со сил- градов беа достоинствено именувани општините и градовите на Македонија но и многу одговорно собрание на оп- .И покрај се во државниот врв составен и во тоа својство ја водев делегацијата штина која ги опфаќаше покрај Охрид, во основа од мојата партија ме имаа за на Заедницата во Советот на Европа во Косел, Мешеишта и Дебрца. Власта дрзок, самобендисан и своеглав. Стразбур. Завршив како пратеник во беше целосно централизирана, а оп- Не се согласував што го ставија навториот состав на Собранието на Ре- штината максимално обезвластена. Не шиот аеродром под државна капа, а публика Македонија од 51-та изборна примавме вообичаени надоместоци, системот за заштита на Охридското единица. После сето ова се најдов под дури ниту хранарина. Во однос на де- Езеро кој го завршивме до “Метропол“ Бирото за вработување и од таму, овде нешниве погодности избраните функ- ни го оставија во наша надлежност. каде што сум“. ционери и советниците нема простор Како пратеник поднесов предлог ЗаИако неверниците во вистинското за споредување. Таква беше и мојата кон за Охрид, а прв пат беше прифазнаење и образование во некои и се- плата, која тие по мене повеќекратно тено барањето на Охрид и се формира гашни времиња некааде и овде го имаат си ја зголемија. Во мојот мандат беше Дирекција за туризам со седиште во тронот во раце, и како такви се прават донесена Одлуката за прогласување Охрид и со надчежности карактерисезнајковци и најдобри, Силјаноски на Свети Климент Охридски за па- стични за Министерство за туризам..... верува дека наскоро ќе дојдат времиња тронен празник на нашиов град на Сам си ја избрав судбината . Всушност кога и тоа како ќе се почитува вистин- чие чествување не се случи никогаш од градов и од партијата многу добив ското знаење и стручна наобразба. да дојдат претставници од државната во кариерата , ама многу и им возвра“Во мое време беше поинаку. Основа- власт од партијата на која и припаѓав, тив.“ чите на медиумите беа колективни по- само затоа што нашите локални ин- Иако Благоја Силјаноски многу доцна литички органи кои не негуваа цензура, тереси силно и ги спротиставував на се развел од политиката, по разводот но силно ја подгреваа автоцензурата- државната власт. Ги ценам комунални- од неа напишал девет романи. Тој вели како единствен пат до кариерата. Јас те зафати во селските населби. Во мое дека не сака и не му се потребни посебна пример долги години пишував а име време ФК Охрид, една сезона играше ни награди и признанија за вложениот не ми се споменуваше. И во “Езерски во најквалитетната – Прва фудбалска труд во неколкуте животни и профеглас“ретко не потпишуваа. Нешто како лига. Благодарение на неколкумина сионални свери во кои го достигнал чирачење до испекување на занаетот.“ пливачки ентузијасти во 1992 година врвот, но верува и знае дека државава Во меморијата на охриѓани Благоја го обновивме Охридскиот маратони му кога тогаш ќе ги осознае и ќе ги поСилјаноски најверојатно најзапаметен доделивме на охридскиот кеј лик каков гледне вистинските вредности. ќе остане како нивниот градоначалник што одамна му беше потребен, а на тезаслужен што Охрид го празнува Св. расата на хотелот “Палас“ го отворивАнгела Белевска Климент кој стана и негов патрон.Тој е ме првиот, штотуку основан фестивал човекот кој го оживеа Охридскиот пли- “Охридски трубадури“. Според мене
www.amakpres.com.mk
11
HRONIKA
ОХРиД Се ПРОСТи ОД ДиџеиТе ПАНТеР и БРУЦе
М
едиумската фела деновиве се обедини, за жал, на комеморативна седница, поради трагичниот настан што се случи неодамна а во кои загинаа Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски, дел од медиумската куќа « Супер Радио». « Луѓето мислат дека во медиумите ги има новинарите. Но на новинарите им требаат сниматели, монтажери, техничари, музичари, токму оние кои што покрај нас новинарите што се занимаваме со дневните политики, знаат на луѓето да им одберат нешто што ќе им се залепи за увото», кажа Симон Илиевски, кој денеска повика на едноминутен молк во знак на оддавање почит
кон загинатите колеги. « За Ди џеј Пантер и Ди џеј Бруце можам деноноќно да ви кажувам. Единствени бевме, по цел ден заедно, постојано позитивни, ведри и расположени. Само што ќе ги видев веднаш добивав сила и енергија. Можеме само да ги паметиме по добри дела, како вредни работници и добри луѓе», рече на комеморативната седница, во длабока тага и шок, Жанко Голабоски, нивниот близок колега од «Супер радио». « Чувствуваме голема болка и тага поради загубата не само на два млади животи, туку и на двајца луѓе во вистинската смисла на зборот. Креативци во својата професија кои ќе бидат запаметени по
она што го работеа, по 10-те години на Ди џеј Пантер во медиумскиот простор и неговите емисии во петок навечер, по неговите журки во најдобрите ноќни кубови, извонредниот ведар лик на Ди џеј Бруце, неговите авторски емисии и неговите журки» рече колегата Горан Момироски, кој дел од новинарскиот стаж го помина во «Супер радио», токму со луѓето кои остануваат вечно запаметени. На комеморативната седница што се одржа во Општина Охрид во 13 часот присуствуваше и охридскиот градоначаник Александар Петрески. Влатко Пантовски -ди-џеј Пантер и Наум Аврамоски-
ди-џеј Бруце, загинаа во тешката сообраќајна несреќа, што синоќа се случи кај Буково. Двајцата долги години беа дел од тимот на Супер радио. DJ PANTER - So Super Radio беше u{te od samite poчetoci od 1993-ta godina. Bil Resident DJ vo skoro site povlijatelni ohridski kafe barovi i klubovi. Na Super Radio od 1996 godina секој петок од 20-22ч. одеше познатиот ди-џеј сет FRESH JAMS. DJ BRUCE беше so Super Radio od 2003 godina. Познат беше по одличната HipHop i R`N`B muzika што секој понеделник ја пушташе во negovata emisija „Street Sound“
ГОДиНАВА ПОМАл БРОЈОТ НА СООБРАќАЈКи ОД лАНи
ЗА ДеВеТ МеСеЦи НА ПОДРАчЈеТО НА ОХРиД Се СлУчиле 337 СООБРАќАЈНи НеЗГОДи
В
о периодот од јануари до крајот на сетември оваа година во Охрид се случиле вкупно 337 сообраќајни незгоди. Од нив со потешки последици евидентирани се 135 сообраќајни незгоди во кои загинале 9 лица а 205 се здобиле со телесни повреди. “Во деветte месеци од оваа година, споредбено со истиот период лани, службата бележи намален
12
AMAK
PRES
неброј на случени сообраќајни не згоди. Во 9-те месеци од 2007 година во Охрид биле регистрирани 368 незгоди од кои 140 со потешки последици а 17 лица кои го загубиле животот“, вели портпаролот на СВР –Охрид,Стефан Димоски. Во деветмесечниот период евидентирани се вкупно 2 813 прекршоци по разни основи од законот за безбедност во сообраќајот
на патиштата. Во Основниот Суд во Охрид против 2 483 пријавени лица поднесени се 1 475 барања за поведување прекршочни постапки. Истовремено до комисијата за одлучување по прекршоци при СВР-Охрид поднесени се 971 барање за поведување прекршочни постапки. А. Белевска
HRONIKA
МАЖ ПОчиНА ВО ОХРиДСКиОТ СУД
Н
еодамна во Основниот суд во Охрид, ненадејно почина Андон Блажески од село Белчишта. Сега веќе починатиот Блажески, во судот бил
со намера, неговиот имот законски да го префрли на име на снаата од синот, Блаже Блажески, кој пред две години трагично загина во сообраќајна несреќа во Охрид.
“Андон почина буквално пред наши очи, ни се лизна од раце, береше душа. Најверојатно почина од преголема возбуда и тага. Неговиот син е починат веќе две години,
а ова лето исто така трагично загина и внукот од синот, Тони Блажески. За Андон во судов се водеше оставинска постапка што значи делото не беше кривично или друго тешко дело. Како што реков човекот најверојатно многу се возбуди“, вели Даниела Танкоска, вработена во Основниот суд во Охрид. На лице место веднаш дошле лекари од Здравствениот дом. Обидите на докторите со венски инекции да го вратат во живот биле безуспешни. Констатирана е смрт предизвикана најверојатно од срцев удар. Ангела Белевска
KULTURA
МеЃУНАРОДеН ЃУНАРОД СиМПОЗиУМ ЗА БАлКАНСКи фОлКлОР ВО ОХРиД
Д
еновиве во Охрид почна со работа Меѓународниот симпозиум за балканскиот фолклор. На овој собир што се одржува во организација на Институтот за фолклор “Марко Цепенков“ од Скопје, а под покровителство на претседателот на Владата, Никола Груевски, учествуваат 85 претставници од Македонија,Бугарија, Хрватска,Србија, Албанија, Т у р ц и ј а , А в с т р и ј а , Русија,Германија и од други
земји. Главни теми за кои расправаа учесниците на симпозиумот се македонскиот јазик на иселениците од Македонија во европските и во преку океанските земји и фолклорот и заедничките културни вредности на Балканот. Директорот на Институтот за Фолклор, Севим Пиличкова, истакна дека ваквите средби и поконкретно фолклорот овозможуваат меѓусебно запознавање
на народите, утврдување на сличностите меѓу фолклорното наследство на одделни заедници и народи. Симпозиуми за балканскиот фолклор веќе 36 години секоја втора година традиционално се одржуваат во Охрид.
www.amakpres.com.mk
А. Белевска
13
ТУРИЗАМ ВО oХРиД ОЖиВеА ТУРиСТичКиОТ ПeРиОД ОД 70-Те ГОДиНи НА МиНАТиОТ ВеК КОГА БРОЈНи БеА ТУРиСТиТе ОД ХОлАНДиЈА
ХОлАНДСКиОТ ПиСАТел А.ДеН ДОлАРД ЈА ПРОМОВиРА МАКеДОНиЈА ВО ЦелиОТ СВеТ ХОлАНЃАНиТе ДОАЃААТ ВО ОХРиД ЗА ДА ВиДАТ КАДе ПишУВАл и ТВОРел АВТОРОТ НА РОМАНОТ „СВАДБАТА НА СеДУМТе ЦиГАНи“. СО ОВАА КНиГА ОБЈАВеНА НА ХОлАНДСКи ЈАЗиК ВО АМСТеРДАМ-ХОлАНДиЈА, ПиСАТелОТ ,А.ДеН ДОлАРД, ЈА ПРеТСТАВи ЗеМЈАВА ПРеД СВеТОВ
Т
Во дуќанот на Белевци и денес стои билетот на кои пишува „Ние говориме холандски“
уризмот во дваесеттиот век, особевно во неговата втора половина беше феномен на векот. Според историски податоци таа туристичка феноменалност се состои во две неодминливи работи. Во Универзална смисла, Македонија на емитивните туристички пазари во Европа брзо стана нова и привлечна дестинација, дома пак се раѓаше надеж дека полека но сигурно и ние стануваме деца на мајката Земја. Иако тогаш никој не споменувал бренд ниту елитен туризам во секој македонец заживувало гордото чувство дека светот не сака и дека ние за возврат го милуваме светот меѓу нас ....Новинарската љубопитност и желбата да истражуваме не наведе
14
AMAK
PRES
да се запрашаме и да осознаеме; Зошто Охрид бил и е привлечна туристичка дестинација за холанѓаните? Тие во 70-те и 80-те години на минатиот век беа најбројни туристи во Охрид. По неколкугодишна пауза годинава повторно во Охрид пристигнаа неколку групи гости од Холандија. “Оваа е шеста година по ред како јас и мојата сопруга летуваме во Охрид. Годинава веќе сме пензионери и одлучивме да дојдеме во септември. Навистина овде е преубаво.Местово е мирно а ние уживаме во прошетките низ овој преубав град, уживаме и кога е студено. Ова не е место наменето само за плажа,нели? Знаеме дека овде престојувал и творел нашиот познат писател, А.Ден Долард. Тоа вистина
не радува и ги прави блиски двата народи, холандскиот и македонскиот. Градов го сакаше нашиот великан тој убаво го промовираше во нашата земја,затоа го сакаме и ние“, вели Бренард Хоф од Амстердам-Холандија, што неодамна го сретнавме по кејот на езерото кај хотелот “Парк“ во Охрид. Според кажувањата на туристичките работници бројот на холандски туристи во Охрид бил најголем во 70-те години од минатиот век. кога организирано доаѓале со чартер летови секоја недела. Меѓутоа со промените во превозот постепено се намалувал бројот на холанѓаните кои летувале во Охрид, за во 90-те години од минатиот век бројката да стане незначителна. Според напишаното во кни-
гата, “Мирисот на патината “од Благоја Силјаноски, прв пат холандски гостин во Охрид доаѓа во далечната 1931 година. Бил евидентиран со неговото вистинско име Георг Спулстра Боб ,кој неколку години подоцна го заменил со уметничкото А.Ден Долард. Во првата посета во Охрид, младиот холанѓанец немло каде да се смести и првата ноќ преспал во некоја еѓупска куќа на рогозина. Странскиот турист се воодушевил од убавиот фреско живопис во црквата Св. Софија, која ја затекнал половината разурната. Уште тогаш се вљубил во Охрид. Втор пат дошол во 1938 година заедно со сопругата. На чардакот од старата охридска куќа, на улица Климентска во населбата Месокастро, тогаш младиот писател започнал да го пишува неговиот најпознат роман, Свадбата на седумте цигани“. Според пишувањата на Силјаноски, за нас е од големо значење што романот целосно се однесува на Охрид. Истиот е објавен на холандски јазик во Амстердам. Најпознатиот холандски писател кој пред светот бил познат по уметничкото име А.Ден Долард и кој со својот роман “Свадбата на седумте цигани“ ја промовирал Македонија во цел свет, во Охрид доаѓал секоја година до 1994-та, кога починал. “Свежи ми се сеќавањата на средбите со А. ден Долард и со Лени Пол која беше најпозната туристич-
„Учевме Холандски со речници во ноќните часови. Денес одлично го владеам тој јазик, а го владееше и мојот брат Ѓорѓи“ - Милан Белев
ка новинарка од околината на Амстердам. И нејзините записи за Охрид имаа силно влијание во подемот на туристичкиот промет на Охрид остварен од холандските гости. А. Ден Долард пак беше пријатен и благороден вљубеник во Охрид. Тој одлично говореше македонски јазик и беше горд што добро го владее. Се сеќавам дека по долгите
размислувања дали на македонски или холандски јазик, одлучи својот роман “Свадбата на седумте цигани“ да го објави на холандски со цел истиот да наиде на поширока читателска публика во родната земја која преку напишаното ќе ги разбере убавините на Охрид“, вели Блалгоја Силјаноски, додава дека во деведесеттите години од минатиот век кога
тој беше градоначалник на Охрид, холанѓаните речиси и да не доаѓале кај нас. И денеска кога ќе поминете низ старата охридска чаршија на излозите од неколкуте стари занаетчисќи дуќани на филигранистот Вангел Деребан или кај опинчарите Белевци ќе ги здогледате натписите “ЗБОРУВАМЕ ХОЛАНДСКИ“. “Во нашиот дуќан прва-
та група холанѓани дојде во далечната 1966 година. Беа воодушевени и купуваа од опинците, кожените кондури, сандалите и ремените кои јас и брат ми Георги ги изработувавме. Идната година во дуќанот влезе холанѓанец во поодминати години и стави нешто како билет на излогот. На него на холандски јазик пишуваше, “ЗБОРУВАМЕ ХОЛАНДСКИ“. Ние двајцата збунето се погледнавме а стариот гостин се насмевна и ни рече, “не знаете холандски но наскоро ќе научите“. И навистина тоа што тој го кажа се исполни. Јас и брат ми набрзо научивме да кажуваме “добра вечер“ , “добар ден“ и “повелете“.По работното време, го учевме странскиот јазик и двајцата одлично го совладавме. Билетот што го остави стариот холанѓанец и денес го краси излогот на нашиот дуќан“, раскажува Милан Белев, еден од малкумината останати стари занаетчии во Охрид додавајќи дека и денес неговото семејство има блиски пријатели од Холандија кои во знак на долгогодишното пријателство својот сега возрасен син го нарекле како него Милан. Тој според нив е можеби единствениот холанѓанец со македонско име. Во 90-те години од минатиот век како да исчезнаа холанѓаните долж охридската ревиера. Тогаш беше уништен паркот на лалето пред хотелот “Парк“ чие подигање беше во чест на збратимувањето на Охрид со холандскиот град Катвајк. Летната туристичка сезона што измина ни најави старо –нови гости во Охрид, годинава нивниот број достигна над 2000. Нов бран гости од холандија се очекуваат за првомајските празници идната година.
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
15
СПОРТ иНТеРВЈУ СО В.Д ДиРеКТОРОТ НА ЈП ЗА СТОПАНиСУВАње СО СПОРТСКи ОБЈеКТи, иВАН ЦВеТКОВСКи
СПОРТОТ е еДиНСТВеНиОТ ПАТ ЗА ЗДРАВА МлАДиНА
О
д самото формирање на јавното претпријатие, „Билјанини Извори “ за стопанисување со спортски објекти и јавни паркинг простори, Иван Цветкоски е на челната функција и како в.д директор е „одговорен“ за успешноста во функционирањето на Спортско рекреативниот центар. Дипломирал на факултетот за Физичка култура во Скопје во 2000-та година по што се запишал на пост дипломските студии за спортски менаџмент во Белград но вели дека тоа засега останува незавршена работа. „Засега оваа работа како одговорен за спортскиот центар во целост ме исполнува. Имам визија како треба да изгледа спортскиот центар, и се надевам дека сето тоа со подршка на многумина ќе успееме да го реализираме“ Атлетиката е неговата прва љубов а во слободно време покрај играње тенис најчесто е на кафе се пријателите во Ликвид и Баланс. „Како бивши атлетичар имам едно големо искуство кое ми помогна врз мојот карактерен и образовен развој. Се обидувам и денеска со тоа да живеам но и да пренесам дел на помладата популација во Охрид со оглед дека
16
AMAK
PRES
спортот е единствениот пат кој ни покажува како да изградиме здрава културна и образована младина“. - Постоите како Јавно претпријатие доста краток период а веќе зад вас се големи настани. Лесно ли беше да се справите со предизвикот? Токму така само 2,5 месеци сме Јавно претпријатие што преставува новина и за мене и за самата Локална самоуправа а за секоја работа која стартува од почеток потребно е време. Досега имавме 3-4 проекти кои што ни дадоа добар старт. Имавме еден голем настан СП во ракомет за младинки. Сето она што го сработивме пред, за време, и после шампионатот покажа дека навистина се реализиравме како добри домаќини. Со оглед дека стартуваме со подобрување на спортската клима во градов секогаш може и подобро и ние во тој дел сме доста самокритични. После тоа следуваше големиот концерт на Лени Кравиц. Горди сме што бевме дел од сето тоа. Верувам дека во голем дел, нормално со подршка на градоначалникот Александар Петре-
ски, бевме заслужни за сето она што се случи. Убеден сум дека тоа му треба на Охрид таков тип на концерти со таква медиумска покриеност со толку привлекување на гости во еден ден во Охрид. Ние и во иднина ќе се потрудиме, не само со Аволон продукција како организатор, туку и со другите продукциски куќи во најмала рака да иницираме привлекување на звезди од рангот на Кравиц. Се надеваме следната година ќе ни се случи исто толкав концерт со мало поместување на датумот во интерес на продолжување на туристичката сезона. Добро е кога во континуитет би имале посета од врвни музички имиња во Охрид. Исто така имавме СП за иселениците за прв пат во Охрид кое исто така помина одлично, потоа имавме две-три кошаркарски екипи кои беа тука на припреми. Успеавме заедно со хотелот Метропол грчката екипа Лариса која што ни е традиционален гостин и покрај политичките случувања да ја донесиме и имавме одлична соработка Освен организацискиот дел како ЈП во овие два три месеци работите и на подобрување на условите за работа во спортската сала и стадионот. Направивме работи кои со години беа запоставени. Спортската сала Билјанини Извори комплетно ја покривме со бежичен интернет, ја освеживме и со нови содржини како поставување на постери на македонски познати спортисти а планираме и оние спортисти кои нешто значат за Охрид да ги ставиме на постер се со цел посетителите да ја учат спортската историја. Исто така планираме да поставиме дисплеј за време и датум а ќе воведиме и нов начин на рекламирање со поставување на три и пол метарски рекламен дисплеј на кој што ќе можат сите фирми да се рекламираат. До ноември треба да поставиме и едан плазма преку која посетителите за време на ЕП во ракоме кое следи, ќе можат да ги пратат групите а ќе следат и многу други новини. На градскиот стадион ваќе во овој момент направивме промена на
искршените столчиња, ја исфарбавме ложата, направивме нови клупи за резервни играчи, го заградивме целиот стадион со мрежа која дава еден поубав изглед на целиот простор. Градскиот стадион планираме да го изградиме да собира 10 000 публика доволно да се организираат натпревари од секаков ранг. Во план сме да го средиме северното игралиште кое во минатото беше целосно заборавено со цел екипите кои доаѓаат на припреми да имаат што подобри услови. Она што ќе даде нов лик и секако во голема мера ќе ги подобри условите е проектот кој ќе се реализира наредниве месеци за поставување на атлетска професионална патека која ќе биде прва во Македонија. Првиот човек на Атлетската федерација Цветко Грозданов ја има најголемата заслуга за тоа и со ваква соработка и со останатите луѓе кои ги водат институциите кај нас верувам можеме да постигниме уште многу повеќе. Настани и проекти кој следат на спортскиот центар. Пред нас е фудбалски турнир за печатените и електронските медиуми. Ние тука сме како соорганизатори заедно со Суперрадио кој е организатор. Во подготовки е да организираме еден ден за спорт за сите граќани во Охрид. Целта е во еден ден да се организираат разни активности од фрлање на фризби до играње на фудбал и кошарка и разни забавни игри со цел граѓаните од 7 до 77 години да се рекреираат. Во овој проект влеговме заедно со Црвениот крст и со Сојузот на училишен спорт. Со оглед дека дел од работата ни е и развој на спортот обезбедивме простор за охридскиот училишен спорт каке би се собирале децата. Во план ни е да организираме и едан трибина на која учество би зеле сите релевантни фактори во спортскиот живот со цел да се види што значи спотрот за младите и градот. Во секој случај следат многу проекти многу настани преку кои ние ќе можиме заеднички да делуваме во развојот на спортот. Ни претстои уште еден голем настан ЕП во ракомет. Европската ракометна федерација повторно дојде во посета. Какви забелешки овојпат упатија? Беше присутна агенцијата која е задолжена за вршење пренос и за ТВ права
за ЕП. Со оглед дека ја добивме визата преку генералната проба со СП за младинки овојпат договоривме само некои мали финеси кои ќе бидат завршени за брзо време. Задоволни беа пред се од просторните можности кои ги направивме. Повторна посета очекуваме во октомври месец но сигурни сме дека Охрид и спортската сала и овојпат ќе бидат одлични домаќини. За нормално функционирање но и за многуте зафати претпоставувам потребни се и големи сретства. На кој начин се финансира ова јавно претпријатие и каква е соработката со клубовите? Согласно решението на централниот регистар ние имаме три стапки за финансирање, преку буџетот на Локалната самоуправа, сопствени приходи и преку спонзорства и донации. Секој почеток е тежок но во моментов се справуваме добро. Стопанисуваме и со еден паркинг простор така што срества добиваме и од таму, но поголемиот дел се од закупците и рекреативците во спортската сала. Примарна работа за нас пред се е соработката со спортските клубови од Охрид кои за жал ги немаме многу. Се обидуваме да им пружиме максимална услуга да одговориме во целост на нивните барања согледувајќи ја нивната финансиска состојба. Сепак клубовите треба да сватат дека за она што го користат тука треба да платат. Ние сме претпријатие кое има огромни расходи и примарна обврска ни е да остваруваме приход.
Цените на наш предлог се корегирани и пристапни за секого треба само навиката кај челните луѓе на Клубовите да се смени и редовно да плаќаат за користење на салата и стадионот. Дел од спортските екипи и понатака даваат отпор на нашите барања. Соработката со ФК Охрид иако во минатото била на некое ниво сега е претворена во притисок за бесплатно користење на теренот. Знам што значи фудбалот во градот но обврската за егзистирање е на самиот Клуб а не наша. Сепак верувам дека за брзо време ќе ги надминеме овие проблеми и тие ќе се однесуваат како и сите други останати клубови кои ги користат нашите услуги.
СеМеЈСТВОТО Ми е НА ПРВО МеСТО СТО Покрај сето она што ми се случуваше на професионален план овие неколку месеци доста работи ми се случија и на приватен план. Добив партнерка во животот а за брзо време ќе добијам и еден помал партнер во фамилијата но сето тоа не ми е пречка максимално професионално да ја извршувам мојата работа но од друга страна нема да дозволам работата да ми биде се во животот. Семејството е пред се а после се останато.
www.amakpres.com.mk
Сузана Вренцовска
17