Issuu on Google+

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 97 25 Septemvri 2008

НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ

МИТРА ЈОСИФОСКА

СОБИРА ПАРИ ЗА СУДСКИ ИЗВРШИТЕЛ И ЧЕКА ДА НАПЛАТИ 800 000 ДЕНАРИ

ЗБОГУМ СИРОМАШТИЈО!!!

ЌЕ НИКНЕ ЛИ “ЛЕГАЛНА” ДИВОГРАДБА ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА?! НА ВРВОТ

ПЕТРЕСКИ НАЈВЕРОЈАТНО НЕЗАВИСЕН СО ПОДДРШКА ОД ПОВЕЌЕ ПАРТИИ

ИНТЕРВЈУ

ОХРИД МОРА ДА ДОБИЕ ГРАДОНАЧАЛНИК СО МЕНАЏЕРСКИ СПОСОБНОСТИ КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ВОДЕН САМО ОД ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ

definitivno najevtino www.don.com.mk

СПОРТОТ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ПАТ ЗА ЗДРАВА МЛАДИНА


REZIME

ЗЛИ ДУХОВИ ВО ДУХОТ НА ОХРИД Деновиве беше промовиран еден проект со спиритуален наслов “Духот на Охрид”. Тој контроверзен проект кој за Општина Охрид го изработи ЛЕР под диригентска палка на раководителот Гоце Симоноски во јавноста е присутен како легло на скандали, афери, мистерии и бастион на глупоста, Бидејќи никој, ама баш никој кој има елементарно познавање од тоа што го работеле на проектот одма ќе каже дека тоа не вреди ни 5 пари, а не 180 000 евра. И така инкогнито во Ривиера се собраа луѓе од ЛЕР, неколку анонимни граѓани кои се броеја на прсти и медиумите од кои половина не беа поканети на оваа смешна промоција на овој мистериозен проект. И на ступидната промоција се изнаслушавме низа глупости кои ги имаа подготвено за да се лажат сами себе дека ќе успеат и јавноста да ја излажат. Бидејќи Гоце Симоноски е скаран со половина медиуми во Охрид, а со другата половина е по судови, со најнова црна боја на косата, мислејќи дека нема да го препознаеме ни донесе некој си типац од странство да ни продава муда за бубрега. И така типчево ни кажа дека промотивниот материјал на це дето е само на англиски јазик бидејќи во анкетата анкетираните граѓани на Охрид кажале дека имаат желба да примаат гости од Запад. Зошто бре Бух се глупираш во име на некој и мислиш дека нас ќе не избориш? Па кого лажите бре и кого боите со боја. ? Јасно им е на сите дека тоа е на еден јазик за да се потрошат што е можно помалку пари. Зошто не го преведовте и на Италијански, Германски, Француски, Шпански. . . Сето тоа се јазици од земји западно од нас. А за аматеризмот на машинските инженери кои се преобоија во главни туристички стратези нема потреба да зборувам. Секој еден кој има минимална претстава од туризмот и состојбите на светскиот туристички пазар ( за што Гоце Симоноски го плаќаме да го освои) знае дека светот се потепа за руските туристи. Турците, Грците, Египет, Израел ,Арапските Емирати, Бали, Кипар, Шпанија , Италија. . .Сите се потепаа по Русите кои не штедат пари, па сега во овие туристички велесили учат Руски, само да го освојат трошајлиите од Русија да дојдат кај нив, а ние доживеавме еден странец да падне од небо кај нас и да мисли дека ќе не бои како што му потребало на Гоце Симоноски. За пропагандниот материјал нема потреба да зборувам, тој сите видоа дека е аматерски и очајно евтино подготвен, па еве јавно ги молам сите кои одат по светот по саеми ни случајно да не го покажуваат овој материјал пред никого бидејќи ќе направат анти реклама за Охрид. А сајтот за Духот на Охрид . . .Леле не можам, неееееее еве јавно признавам дека Гоце Симоноски со сајтот ме порази и ме остави без зборови. Му признавам дека кога го видов тој сајт сфатив дека не можам ништо да кажам. . .Немам зборови во мојот вокабулар да се изнагрозам и изнагадам од глетката на тој сајт. Можам само да повратам. И за крај ќе го поставам јавно прашањето до кога градоначалникот Александар Петрески ќе го толерира овој стратешки мистериозен раководител, ако знаеме сите дека се ближат изборите, а тој е во центарот на сите скандали, афери и мистерии, а наскоро и ќе почне неговиот судски спор со Росица Голабоска на која и се заканил дека ќе и подметне дрога во чантата. А градоначалникот ако не го известиле неговите советници за јавност, во Републичкиот Судски Совет до сега се акредитирале 30 новинари да го следат овој спор кој ќе почне наскоро. Некако се ми се чини дека спорот и изборите ќе се совпаднат. . . . А ме чудат и овие од власта централна. . .Како до сега не направија нешто да видат и чујат што се случи во ЛЕР и каде се потрошени парите доделени за овој Мистериозен проект за кој беше речено дека чинел 180 000 евра. Изгледа Гоце Симоноски не сфатил дека времињата се променија и дојдоа некои нови клинци кои сега му се смеат на сајтот и целиот проект, и дека денес сепак во Охрид има новинари на кои не може да им се сокрие колку и да се бојадисува во косата

2

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Стојан Стојановски 2С студио Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид


ЛОКАЛ

ПЕТРЕСКИ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ НАЈВЕРОЈАТНО НЕЗАВИСЕН СО ПОДДРШКА ОД ПОВЕЌЕ ПАРТИИ АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ НАСТАПИ КАКО НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ СО ПОДДРШКА ОД СДСМ И ПОГОЛЕМ БРОЈ ДРУГИ ПАРТИИ И ЗДРУЖЕНИЈА. моментов има поголем број авантуристи кои мислат дека можат да се кандидираат за градоначалници од оваа партија и притоа дури биле и убедени дека можат да постигнат некаков резултат. Ако се има во предвид нискиот рејтинг на СДСМ кој е најнизок од како оваа партија постои станува јасно дека доколку некој авантурист успее да се појави како кандидат тоа ќе биде чисто фијаско за СДСМ, па се почести се размислувањата дека партијата треба Ќе се бори за втор мандат. Александар или да го кандидира Петрески фотографиран во моментите кога А л е к с а н д а р ја превзеде градоначалничката функција Петрески или да го поддржи како лександар Петрески на независен, бидејќи претстојните локални избори во партијата преовладувале свесните најверојатно ќе настапи како наспроти авантуристите, па така независен кандидат поддржан од СДСМ охридските сдсмовци стануваат се и поголем број помали партии. Ова посвесни дека Александар Петрески нашиот весник го дознава од извори самиот има поголем рејтинг од блиски до Александар Петрески и сите нив заедно. Се поизвесно е директно вклучени во планирањата на дека СДСМ ќе се покори и помири идните позиции во пресрет на изборите со судбината и ќе го поддржи на актуелниот охридски градоначалник. Петрески како независен кандидат. Како што дознаваме во СДСМ во Од друга страна и помалите партии и

А

некои граѓански здруженија од Охрид се подготвени да ја дадат поддршката за Александар Петрески. Како што дознаваме во ВМРО НП кои повторно се реактивираа биле се поблиску да го поддржат Александар Петрески. Ние ќе излеземе и со листа и со свој кандидат, кандидатот по половина на ноември ќе се знае и не можам сега да коментирам со имиња, ќе се разговара за имиња до тогаш, а за вториот круг е друга работа Доколку ВМРО ДПМНЕ настапи со Анита Кипаризоска Крстеска или со Цветко Грозданов мислиме дека шансите за победа им се минимални, поточно нема шанси, па затоа мислам дека нема да поддржиме таква опција и дополнително ќе се размислува за тоа..- изјави Ванчо Костоски, претседател на ВМРО НП за Охрид. Александар Петрески не крие дека ќе се кандидира на претстојните локални избори и како што дознаваме бил подготвен да ја прифати поддршката од секоја партија. Александар Петрески многумина го оценуваат како најуспешен градоначалник до сега во Охрид, бидејќи тој и покрај целосната блокада која ја има од централната власт успеа да го исчисти долгот на градот, а истовремено во Охрид за разлика од другите градови во земјава се одржува јавната хигиена и градот е комунално најсреден.

www.amac.com.mk/novini

Љ.Таневски

3


ЛОКАЛ СЛУЧАЈ МИТРА ЈОСИФОСКА

СОБИРА ПАРИ ЗА СУДСКИ ИЗВРШТИЕЛ И ЌЕ БАРА ОТШТЕТА ОД 800 000 ДЕНАРИ ПОЗНАТИОТ СЛУЧАЈ СО МИТРА ЈОСИФОСКА И МЕНКА ЛАМАНОСКА КОИ ПОСЛЕДНИВЕ 20ТИНА ГОДИНИ ВОДАТ БОРБА ДА ДОБИЈАТ ПРИСТАПЕН ПАТ ДО НИВНИТЕ ДОМОВИ ДОЈДЕ ДО СУДСКАТА РАЗРЕШНИЦА И ПРЕСУДА ВО НИВНА КОРИСТ.

П

о повеќе од 20 години борба низ административните лавиринти Митра Јосифоска со помош на нашиот весник дојде до правна разрешница на нејзиниот случај кој е уникатен. Од како таа стапи во контакт со адвокат покрена судски спор кој го доби во нејзина корист и сега се чека судски извршител да ја спроведе постапката за пробивање на патот. Имаме правосилна пресуда и постапка за извршување со која се задолжува Општина Охрид, т.е. градот да ми отвори пристапен пат до куќата. На лице место илегоа од општината и ја скенираа ситуациајта на терен, но патот сеуште не е отворен – вели адвокатот кој ја одведе Митра на вистинскиот пат Драган Коровешоски и додава дека со самта пресуда постои решение за одземање на дел од земјиштето кај соседите, но тоа сеуште не е депоседирано и тие сеуште го владеат. Митра Јосифоска сега треба да депонира средства кај судскиот извршител, со кои потоа тој ќе ангажира фирма за да го пробие патот, а потоа тие средства кои ги депонирала ќе треба да и ги врати општината. До сега имам собрано 5 000 денари, а требаат 400 евра. Јас направив голема

После 20 години молење пред вратата на сите градоначалници што поминаа низ времето Митра случајот го даде на суд и сега чека да и се отвори патот до улицата Абас Емин и до банкарската сметка каде треба да инкасира дебела оштета грешка што ја повлеков тужбата за оштета и сега ќе ја актвирам пак и ќе барам 800 000 денари отштета да ми исплати Општина Охрид – вели Митра Јосифоска. Инаку, од случајот на Митра Јосифоска се надеваат да наплатат средства и сите нејзини соседи низ чии дворови

поминува афалтираниот крак до нејзиниот, но и до нивните домови. Тие пред неколку децении го одстапиле земјиштето каде сега е постојниот крак од ул Абас Емин, но за тоа не добиле финансиска надохната Љупчо Танески.


ХОЛАНЃАНИТЕ ВО ОХРИД ЌЕ ПРЕСТОЈУВААТ ДО КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ, НОВ БРАН НА ТАМОШНИ ГОСТИ СЕ ОЧЕКУВА ВО МЕСЕЦ МАЈ ИДНАТА ГОДИНА

ЛОШОТО ВРЕМЕ ВО ОХРИД ГИ ПРОТЕРА СИТЕ, НО НЕ И ХОЛАНДСКИТЕ ТУРИСТИ ХОЛАНЃАНИТЕ ДОАЃААТ ВО ОХРИД ЗА ДА ВИДАТ КАДЕ ПИШУВАЛ И ТВОРЕЛ АВТОРОТ НА РОМАНОТ „СВАДБАТА НА СЕДУМТЕ ЦИГАНИ“. СО ОВАА КНИГА ОБЈАВЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО АМСТЕРДАМ-ХОЛАНДИЈА, ПИСАТЕЛОТ ,А.ДЕН ДОЛАРД, ЈА ПРОМОВИРА МАКЕДОНИЈА НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ

Н

аглото заладувањето на времето и неочекуваниот пад на температурите за 15 степени, го означија крајот на туристичката сезона која на почетокот од септември се најавуваше дека ќе биде продолжена и топла. Туристите кои во првата половина од септември се сончаа на охридските плажи и се забавуваа низ кафулињата долж ривиерава ги снема за еден ден. “Во овој месец што одминува и во октомври, за Охрид е карактеристичен конгресниот туризам. Покрај учесниците на семинарите и конгресите, деновиве во градов се уште се присутни холанѓаните на кои оигледно не им пречи лошото време“, велат угостителите. Холандските гости кај нас континуирано на секои две недели доаѓаа од месец мај до крајот на септември. ....Новинарската љубопитност и желбата да истражуваме не наведе да се запрашаме и да осознаеме; Зошто Охрид е привлечна туристичка дестинација за холанѓаните? Тие во 80-те години на минатиот век беа најбројни туристи во Охрид, а според нивниот годишен број на посетители најверојатно зачестено ќе ни доаѓаат и во наредните туристички сезони. “Оваа е шеста година по ред како јас

и мојата сопруга летуваме во Охрид. Годинава веќе сме пензионери и одлучивме да дојдеме во септември. Навистина овде е преубаво.Местово е мирно, а ние уживаме во прошетките низ овој преубав град, уживаме и кога е студено. Ова не е место наменето само за плажа,нели? Знаеме дека овде престојувал и творел нашиот познат писател, А.Ден Долард. Тоа вистина не радува и ги прави блиски двата народи, холандскиот и македонскиот. Градов го сакаше нашиот великан тој убаво го промовираше во нашата земја,затоа го сакаме и ние“, вели Бренард Хоф од Амстердам-Холандија. Според напишаното во книгата, “Мирисот на патината “од Благоја Силканоски, прв пат холандски гостин во Охрид доаѓа во далечната 1931 година. Бил евидентиран со неговото вистинско име Георг Спулстра Боб ,кој неколку години подоцна го заменил со уметничкото А.Ден Долард. Во првата посета во Охрид, младиот холанѓанец немло каде да се смести и првата ноќ преспал во некоја еѓупска куќа на рогозина. Странскиот турист се воодушевил од убавиот фреско живопис во црквата Св. Софија, која ја затекнал половината разурната. Уште тогаш се вљубил во Охрид. Втор пат дошол во 1938 година

заедно со сопругата. На чардакот од старата охридска куќа, на улица Климентска во населбата Месокастро, тогаш младиот писател започнал да го пишува неговиот најпознат роман, Свадбата со седумте цигани“. Според пишувањата на Силјаноски, за нас е од големо значење што романот целосно се однесува на Охрид. Истиот е објавен на македонски јазик во Амстердам. Најпознатиот холандски писател кој пред светот бил познат по уметничкото име А.Ден Долард и кој со својот роман “Свадбата на седумте цигани“ ја промовирал Македонија во цел свет, во Охрид доаѓал секоја година до 1994та, кога починал. Во 1974-75 година е забележана првата поголема холандска група туристи во Охрид.Тогаш биле засадени најголемите леи со лалиња пред неколку хотели во Охрид. Холанѓаните доаѓале континуирано секоја година до 1994 година. Тој континуитет беше прекинат 10-на години и како што велат хотелиерите, повторно продолжи во летната сезона што ја оставивме зад нас. Нов бран на холандски туристи се очекуава во мај 2009 година. Ангела Белевска

ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА ВО ОХРИД НЕЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРА ОД ЛАНИ

Б

ројот на туристите во шпицот на летната туристичка сезона оваа година бил незначително поголем од лани. Според државниот

завод за статистика бројот на туристите во јули годинава е зголемен за 0,5 % во однос на јули минатата година. Зголемен е и бројот на ноќевања за 2,7%.

Во периодот од јануари до јули годинава во однос на истиот период лани,бројот на туристи е зголемен за 11,3%, додека бројот на ноќевања бележи зголемување за

8,1%. Во јули годинава регистрирани биле 109 438 туристи кои оствариле 690 494 ноќевања. Ангела Белевска

www.amakpres.com.mk

5


ЛОКАЛ ПОЧНАА ПРЕПУКУВАЊАТА МЕЃУ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

СПОРНО Е ГРАДЕЊЕТО НА ОПШТИНСКИ СЕРВИСЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД “СТАНУВА ЗБОР ЗА ДИВОГРАДБА, ОБЈЕКТОТ СЕ ПОДИГА НА ДРЖАВЕН ИМОТ“- ОБВИНУВААТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА. “ТОА Е ИМОТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. ЕВРОПСКАТА УНИЈА НЕ ФИНАНСИРА ДИВОГРАДБИ. ОБВИНУВАЊАТА ГИ СВАЌАМ КАКО ЛИЧЕН АТАК ВРЗ МЕНЕ“ - СЕ БРАНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ

Н

а почетокот од месец септември во зградата на општина Охрид, отпочнаа градежни активности за подигање објект во кој ќе биде сместен Општински сервисен центар. Проектот е финанмсиран од Европската агенција за реконструкција која донираше по 60 000 евра во 36 општини во Македионија. Градоначалникот на општина Охрид , Александар Петрески изјави дека станува збор за висока сума на пари но дека средства ќе се искористат соодветно и рацонално. “Дел од нив ќе се наменат за градежните активности,односно за изградба на Општинскиот сервисен центар и изградба на општински канцеларии во селата, Косел и Пештани. Истите ќе бидат опремени со мебел, хардвер и софтвер, а ќе има и обучување на вработените. Со отворањето на двете канцеларии во селата Косел и Пештани ќе се овозможи сите граѓани кои гравитираат во старата Галичка општина, да аплицираат за некое барање токму во ново отворените канцеларии. Со тоа луѓето ќе заштедат не само време, туку и пари кои ги трошеа да стигнат во Охрид. Општинскиот сервисен центар пак ќе се гради на долниот кат во Општинската зграда во Охрид и тука за своите потреби ќе аплицираат лица со хендикеп. Препорачливо е вакви центри да се прават на приземје и затоа одлучивме истиот да го изградиме точно тука. Надлежните од подрачното оделение при Министерството за правда го оспоруваат градењето на објектот во кој ќе биде сместен Општинскиот сервисен центар. Тие велат дека истиот ќе се подига на диво на имот што е сопственост на државата

8

AMAK

PRES

и дека Локалната самоуправа без претходно да добие дозвола за градаба започнала со градежни активности. “Градежните зафати започнаа на 2-ри септември, ненадејно без никој да не информира за тоа или да побара дозвола за градба. По нашето упорно инсистирање да добиеме писмен одговор од Локалната самоуправа со прилог на дел од идејниот проект за градба, го добивме одговорот и проектот во кој јасно се гледа дека со градбата се навлегува на туѓ имот во површина од околу 40 метри квадратни.Од нив 23 припаѓаат на просториите од Подрачното одделение на Министерството за правда а останатите 16 се одземаат од дворниот простор кој исто така е сопственост на државата“истакнува, Јелена Илиќ од подрачното оделение од

Министерството за Правда, додавајќи дека за градежните активности започнати на 2-ри септември, локалната самоуправа поднела барање за решение за градба дури на 12 септември и тоа по неколкудневно инсистирање од подрачното оделение за правда. Градоначалникот, Александар Петрески ги отфрла сите обвинувања дека гради на туѓ имот и вели дека по градежните активности ќе се поодобрат условите за вработените во општинската зграда. “Проектот е прифатен во останатите 35 општини и секаде се спроведува без проблем. Проблеми има само кај нас. Сето ова оспорување го сфаќам како атак против мене.Европската Унија не дава инвестиции за дивоградби. Министерството за правда во овој случај ја обвинува ЕУ а не општината.


Со градењето не влегуваме во туѓ имот.

Со проектот ќе се реновира и салата од Министерството за правда а со тоа ќе се подобрат работните услови и за нив“, истакнува Петрески Согласно решението за пренесување сопственост на недвижен имот од Република Македонија на Општина Охрид и врз основа на спроведен деловен биланс, објавен во Службен весник на Р.Македонија бр. 15 од 2000 година, прецизно се наведени просториите кои се сопственост на локалната власт и оние кои ги поседува државата. Според наведеното на Локалната самоуправа и припаѓаат:

-подрумот –само котлара -приземје-само една сала и менза -на првиот кат- 17 простории и 2 сали Согласно решен��ето за пренесување сопственост на недвижен имот од Р.Македонија на Општина Охрид,сите простории кои се на вториот-последен кат во општинската зграда се сопственост на Република Македонија. Подрачното оделение од Министерството за правда поседува 167 метри квадратни од деловниот простор во зградата. “За градежните активности мора да се добие дозвола од Министерството за правда зошто истите се реализираат на државен имот .За случајот е запознаен Министерот за Правда Михајло Маневски и останатите државни институции“,вели Илиќ од подрачното оделение при Министерството за правда. За градежните активности кои се уште се во тек, надлежниот државен правобранител има покренато постапка за заштита на државниот имот со барање за издавање времена мерка за стопирање на градба.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

7


NA VRVOT АЦО СПИРОСКИ-ПОЗНАТ ОХРИДСКИ БИЗНИСМЕН

ОХРИД МОРА ДА ДОБИЕ ГРАДОНАЧАЛНИК СО МЕНАЏЕРСКИ СПОСОБНОСТИ, КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ВОДЕН САМО ОД ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ АЦО СПИРОСКИ Е ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ БИЗНИСМЕНИ ВО ОХРИД. СОПСТВЕНИКОТ НА ГРАДЕЖНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ТРУДБЕНИК , ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА АМАК ПРЕС –ОХРИДСКИ НОВИНИ ГО ОТКРИВА СВОЕТО НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ОДНОСОТ НА ОСНОВНИОТ СУД, ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ЈАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ КОИ ВО НАЈГОЛЕАМА МЕАРА МУ НАШТЕТИЛЕ НА ТРУДБЕНИК. СПИРОСКИ ЈАВНО ПРОГОВОРИ ЗА СТОПАНСКИОТ КРИМИНАЛ ВО МВР- ОХРИД, А УКАЖА И НА НЕАЖУРНОСТА И ПОЛИТИЧКАТА ОБОЕНОСТ НА ОПШТИНСКИОТ СИНДИКАТ НА ЧЕЛО СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДРАГАН ЦВЕТАНОСКИ. НО, ОНА ПО ШТО ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ ЌЕ ГО ПАМЕТИ АЦО СПИРОСКИ, Е НЕГОВАТА КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИТЕ ВО 2005 ГОДИНА.ТОЈ НЕ ГИ КРИЕ СВОИТЕ СИМПАТИИ КОН ВЛАДЕАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ, И ВЕЛИ ДЕКА НА ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПРАВИ ГРЕШКА ДА СЕ ИЗБЕРЕ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЈ НЕМА ОСНОВНИ ПОЗНАВАЊА ЗА ОПШТИНАТА И КОЈ НЕ НУДИ РАЗВОЕН КОНЦЕПТ А НЕМА НИ МЕНАЏЕРСКИ СПОСОБНОСТИ ТУКУ СЕ ВОДИ ОД ЛИЧНИ ИНТЕСРЕСИ. ВИСТИНСКО ЗАДОВОЛСТВО ЗА НЕГО Е ЦРКАВАТА СВ. ДИМИТРИЈА ШТО ЈА ГРАДИ ВО СЕЛО РБИНОВО И КОЈА НАВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ГОТОВА И ОСВЕТЕНА НА ПРАВОСЛАВНИОТ ПРАЗНИК МИТРОВДЕН,НА 8-МИ НОЕМВРИ 2009 ГОДИНА.

8

AMAK

PRES


З

а него велат дека бил мирно, повлечено, па дури и страмежливо дете, одличен ученик кој секогаш го сакал спортот и чистата животна средина. Како младинец бил државен првак по пливање и атлетика и солиден студент на Правниот факултет во Скопје.По дипломирањето се вработил како правник во фабриката “Братство“ која ја напуштил во 1989 година и оттогаш се насочил кон приватниот сектор што од секогаш го привлекува. Младиот амбициозен правник по професија никогаш не зажалил што не станал адвокат или судија, напротив се покажал како успешен манаџер во трговијата и градежништвото. Во 2001 година станува сопственик на едно од најдобрите градежни претпријатија кај нас “Трудбеник“. “Го купив “Трудбеник“ на македонската берза. Бев оспоруван за приватизацијата но сепак фирмата застана на здрави нозе. Денес , таа нема финансиски потешкотии и проблеми во однос на обврските кон имотот кој го поседува и вработените. Меѓутоа “Трудбеник“ најмниогу е напаѓан и оштетен од Основниот суд во Охрид и Јавното обвинителство со кои се уште се води борба во однос на докажувањето на правната состојба. Во овие институции веќе се гледа организиран криминал против кого имаме превземено активности и ќе одиме до крај. За жал стопанскиот криминал присутен е кај јавниот правобранител, јавниот обвинител и МВР-Охрид, зошто тие како надлежни служби статички го посматраат проблемот и не првземаат ништо. Негативно ја отценувам работата на општинскиот синдикат на чело со претседателот Драган Цветаноски. Првенствено претседателот негативно е насочен во постапката што се води за “Трудбеник“. Тој човек во секоја негова работна активност првенствено се води од политички интереси притоа запоставувајќи ги интересите на работниците кои ги претставува. Тој мора да разбере дека на неговата нечесна игра ќе и дојде крајот и дека за секогаш не може да подржува манипулатори и грабачи на туѓ имот “, вели Ацо Спироски кој истакнува дека “Трудбеник“ го краси епитетот -квалитет благодарение на почитувањето на зацртаните и однапред подготвени проекти и стандарди при градба. Според него зад успешното квалитетно работење

стои професионален и пред се стручен кадар како градежни инженери, архитекти и статичари.Секако, при градбата се настојува да се внесат современи модернистички елементи во архитектурата но при тоа се внимава, нештото не само да изгледа добро туку да биде и квалитетно. “Трудбеник“ ги има задржано сите стари стручни кадри и не се меша во донесувањето и реализирањето на проектите. Никогаш не се штедело и нема да се штеди на градежен материјал и суровини. Подигнатата зграда мора да биде отпорна на сите надворешни влијанија и природни појави како на пример земјотреси. Зошто таа градбата се создава за навек,“ додава Спироски. Ацо Спироски за пошироката јавност ќе биде запаметен како кандидат за градоначалник на Охрид на локалните избори во 2005 година.Тој вели дека денес нема градоначалнички амбиции но дека мора да се внимава при изборот на идниот градоначалник на општина

Охрид.Според него не смее да се дозволи прв човек на Охрид да биде личност која нема основни познавања за општината, кој не нуди развојни концепти и кој не поседува менаџерски способности. “На охриѓани им е преку глава од градоначалници кои доаѓаат на власт туркани од политички партии со цел да си остваруваат само лични интереси. Сето тоа е на штета на граѓаните, бега стручниот кадар од Охрид. Градов има потенцијал да биде една од најразвиените општини во Македонија но за тоа е потребен способен градоначалник кој пред се ќе биде добар менаџер и кој нема приватните трошоци да ги покрива со парите од општинската каса.“, вели Спироски кој не ги крие симпатиите и политичката наклонетост кон владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. “Сакам да потсетам дека ако е потребно повторно ќе се вмешам во политиката доколку се отцени дека

9


NA VRVOT

Црквата Св. Димитрија ќе биде целосно готова на 8 Ноември 2009 личноста која се нуди и претендира за местото градоначалник не поседува вредности и способности од јавен интерес. Истата ќе биде коментирана

10

AMAK

PRES

на начин кој ќе одговара на потребите во даден момент а е од повисок интерес за граѓаните.Сето ова со цел да се даде допринос во демократската определба

и размислување и со надеж дека изборите ќе бидат чесни без партиски подметнувања и лоши политички игри“. Ацо Спироски, ужива во друштво на сопругата Мартина и тројцата синови, Димитар, Виктор и Стефан. Вели дека самите се креатори на слободното време. Ги сакаат прошетките и чистата животна средина, често го преуредуваат домот и дворниот простор кој личи на рајска градина. Она што на овој позитивен и добродушен човек во моментов му причинува задоволство е црквата Св. Димитрија што ја гради во селото Рбиново. Градежните активности започнале пред една година и шест месеци и ќе завршат на крајот од годинава. Внатрешното уредување, сликањето на фреските и живописките, како и украсувањето на дворниот простор ќе бидат готови до православниот празник Митровден, на 8 ноември 2009 година кога црквата ќе биде осветена и предадена на МПЦ. Градители на црквата и камбанаријата се двајцата мајстори од Албанија, Ѓорги и Александар кои го подигнаа Климентовиот храм на Плаошник.Објектот ќе има форма на детелина и во него ќе бидат вградени сите славјански обележја на еден православен храм со примеси на фолклорот и македонската традиција. Преубавата црква и камената камбанарија ќе бидат поврзани со камен мост а во надворешниот дворен дел ќе има преубав воден аранжман. Според кажувањата на мештаните од село Рбиново и двајцата мајсториградители црквата Св. Димитрија, ќе биде нешто невидено досега на овие простори. Таа ќе биде вистинско светилиште и прибежиште на верниците кои ќе му се молат на бога и мир ќе бараат во неа. Ангела Белевска


1

11


КУЛТУРА

ФОЛКЛОРНИ ТРАДИЦИИ - АНСАМБЛ МАКЕДОНКА

АНСАМБЛОТ МАКЕДОНКА – ПРИДОНЕС КОН НЕГУВАЊЕТО НА ТРАДИЦИЈАТА, КУЛТУРАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАШИОТ НАРОД АНСАМБЛОТ МАКЕДОНКА Е ФОРМИРАН ПРЕД 2 ГОДИНИ И ВЕЌЕ БРОИ ОКОЛУ 250 ИГРАОРЦИ КОИ ДО СЕГА ИМАЛЕ НАД 50 НАСТАПИ ВО ЗЕМЈАВА И НИЗ ЕВРОПА. НАСТАВАТА СЕ ВРШИ ВО СПОРТСКИТЕ САЛИ ВО УЧИЛИШТАТА БРАТСТВО И ЕДИНСТВО И ХРИСТО УЗУНОВ.

А

нсамблот Македонка е формиран пред 2 години и за кратко време успеа да прерасне во врвен фолклорен ансамбл, кој до сега нашиот фолклор, носии и традиција ги има презентирано пред публиката во Германија, Србија, Русија, Турција и Полска или вкупно до сега Ансамблот Македонка имал над 50 настапи, а годинава во февруари ќе патуваат во Австралија. Во Ансамблот членуваат над 250 членови и во моментов се примаат и нови. Најголем интерес постои кај младата популација и тоа од 4-то до 8-мо одделение. Кореографиите членовите на ансамблот ги прават под водство на истакната кореографи од КУД “Кочо Рацин” од Скопје. Ансамблот Македонка е организатор на 3-те фолклорни фестивали во Охрид, и тоа првиот почнува на 24 мај и насловен е како Кирил и Методиј, потоа следи ф��стивалот “Разиграно Оро” кој годинава се одржа на плоштадот во Охрид од 26 до 30 јули и беше исклучително успешен и забележан кај граѓаните и туристите во градов и на него учество зедоа над 1000 гости од повеќе држави, а исто толкава посетеност имаше и за време на третиот фестивал насловен “Охридско Сонце” кој се одржа од 21 до 31 август, а за време на овој фестивал дел од фолклорните ансамбли од странство настапија и на прославата на државниот празник Голема Богородица во селото Скребатно. Секоја година Ансамблот Македонка одржува годишен концерт кој секоја година на Велигден се одржува во Центарот за култура Григор Прличев. Годинава на овој концерт настапија Наум Петрески и Виолета Томоска. Ансамблот има богата колекција оригинални народни

12

AMAK

PRES

прибирани од селата низ Македонија, откупени се од сопствениците и се чуваат во адекватни услови за да им биде продолжен животниот век. Ансамблот Макеоднка работи под покровителство на фирмата Лоте Компани, а партиципираат и самите членови. На ова се одлучив бидејќи едноставно го сакам фолклорот. Како што рекол мудриот народ ,, По пламенот дрвото се познава, по традицијата човекот. Кога ќе згасне пламенот дрвото ќе се пеплоса, да не дозволиме да згасне традицијата – вели Илија Лотески, сопственик на фирмата Лоте Компани. Ансамблот “Македонка” има и свој веб сајт www.ansamblmakedonka.com. mk па сите кои сакаат да се запознаат подетално со ансамблот можат да го посетат нивниот веб сајт. носии и тоа од сите краишта на етничка Македонија. Носиите се грижливо

Љ.Таневски


www.amakpres.com.mk

13


КУЛТУРА

14-ТИ СВЕТСКИ СЛАВИСТИЧКИ КОНГРЕС ИЗДАДЕНИ ПОШТЕНСКА МАРКА И ПЛИК СО МОТИВИ ОД ОХРИДСКИОТ СЛАВИСТИЧКИОТ КОНГРЕС. АМЕРИКАНСКИОТ СЛАВИСТ ВИКТОР ФРИДМАН, ДОБИТНИК НА ОДЛИКУВАЊЕТО, “ДУХОВЕН ВОИН ЗА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА“

П

роучувањто на културните и духовните вредности на јазиците и културите придонесува за градењето заедничка и достојна иднина на светска заедница, рече претседателот на државава Бранко Црвенкоски на отворањето на 14-от Светски Славистички Конгреас што од 10-ти до 16-ти сптември се одржа во Охрид. “За нас одржувањето на овој собир претставува исклучително признание на глобалната лингвистичка наука за значењето на нашата улога и придонес меѓу словенските држави и претставува указ на почит на придонесот на македонската култура, духовност и јазик за сесловенската писменост, култура и духовно богатство “, рече Црвенкоски кој беше и покровител на

манифестацијата. На присутните им се обрати и претседателот на Меѓународниот Славистички Комитет, Милан Ѓурчинов кој зборуваше за местото на словенските јазици во светот. “Можеме преку новите сознанија и аргументи да се доближиме до вистината,да ги отстраниме во минатото напластените заблуди и предрасуди и да го сториме тоа како припадници на славистичката наука и словенството кое поседува свои автохтони вредности, кои и денес и во највисоко развиениот свет се ценети, и од кои тој свет има потреба на патот кон сеопштиот и вистински напредок на сето човештво “, истакна Ѓурчинов. На завршната ноќ од манифестацијата на пленарната седница на идниот

организатор на Конгресот, Белорусија и беше врачена диплома. Беа промовирани, поштенска марка и плик со мотиви од охридскиот конгрес, а учесниците од македонсскиот сликар, Живко Попоски добија подарок, уметничко цвеќе на мирот. Постконгресно на свеченост во Битола, македонските слависти на американскиот славист, Виктор Фридман, му врачија одликување, “Духовен воин за македонската кауза“. На 14-от Светски Славистички Конгрес, учествуваа над 750 слависти од 40 земји во светот. А.Б.

ВО ОХРИД СЕ СРЕТНАА МАКЕДОНСКИТЕ И РУСКИТЕ АКАДЕМИЦИ

О

д 17-ти до 19-ти септември Охрид беше домаќин на научниот собир на академиците што го организираат македонската и руската академија на науките и уметностите во рамките на проектот за проучување на врските и односите помеѓу Русија и Македонија. Во двата работни дена најголемите умови од двете словенски земји излагаа реферати посветени на заемните врски помеѓу Русија и Македонија во периодот од Првата светска војна до формирањето современа македонска државност (1914-1944). ”Македонско-руските врски се милениумски, разновидни и континуирани. Нивното истражување е значајно не само за историјата и

14

AMAK

PRES

културата на двата народи, туку и за разбирањето на важни цивилизациски процеси. Тие се битни како за државната, така и за црковната историја на Македонија и Русија”, рече на отворањето, академик Блаже Ристовски. Тој подвлече дека за нас особено значење имаат руско-македонските релации во 19 и 20 век, посебно нашата современост која се развива веќе како историска категорија. Академик Гане Тодоровски, рече дека иако овој научен собир се одвива веднаш по завршувањето на Меѓународниот славистички конгрес, сепак не е од занемарливо значење. Според него научните средби се секогаш оправдани и добредојдени ако се засновани на здрави принципи и секако доколку постои соработка и разбирање меѓу двете страни.”

Елена Јурјевна Гускова од Институтот за славистика на Руската академија на науките, ја изрази радоста што истражувањата од областа на историјата, но и од другите сфери на општествениот живот ги продолжуваат младите кадри. Македонско-рускиот научен собир се одвива во рамките на проектот за проучување на врските и односите помеѓу Русија и Македонија, склучен во 1993 година помеѓу македонската и руската академија на науките и уметностите.Собирот се организираше во рамките на Проектот за проучување на врските и односите меѓу Македонија и Русија. А.Б.


ЗАБАВА

АНТОНИЈА ШОЛА СЕ ОТКАЖА ОД НАГРАДАТА ОД ОХРИД ФЕСТ ОД 20 000 ЕВРА НАМЕСТО СПОТ ЌЕ СЕ СНИМА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА МАНАСТИРОТ ВО КРУШЕВО КАДЕ УТЕХА ПРОНАОЃАШЕ НАШИОТ ТОШЕ ПРОЕСКИ

Х

рватската поп дива,Антонија Шола се одрече од главната награда од 20 000 евра што на годинешното издание на Охрид фестОхридски трубадури ја доби за композицијата „Божји пат“. Песната Шола ја посвети на трагично загинатиотТоше Проески. Хрватската пеачка се одрече од спотот вреден 20.000евра, во корист на снимање на документарен филм за манастирите во Крушево, каде нејзиниот колега и нашиот сакан Тоше, често утеха пронаоѓаше токму

таму, во манастирот во Крушево. Антонија и Тоше како дует останаа запомнати со песната “Волим осмех твој“, што стана хит не само во Македонија туку и во Хрватска. Неодамна во продажба излезе новиот албум на Шола на македонски јазик. Менаџерскиот тим на поп пеачката вели дека парите собрани од продажбата на албумот ќе бидат наменети за хуманитарни цели, зошто според нив Шола не сакала да заработува во земјата од каде потекнува нејзиниот драг колега и пријател, а сега веќе покоен, Тоше Проески.

www.amakpres.com.mk

Текст: А.Б. Фото: С.С.

15


ИНТЕРВЈУ ИНТЕРВЈУ СО В.Д ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ, ИВАН ЦВЕТКОВСКИ

СПОРТОТ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ПАТ ЗА ЗДРАВА МЛАДИНА

О

д самото формирање на Јавното претпријатие, „Билјанини Извори “ за стопанисување со спортски објекти и јавни паркинг простори, Иван Цветкоски е на челната функција и како в.д директор е „одговорен“ за успешноста во функционирањето на Спортско рекреативниот центар. Дипломирал на факултетот за Физичка култура во Скопје во 2000-та година по што се запишал на пост дипломските студии за спортски менаџмент во Белград но вели дека тоа засега останува незавршена работа. „Засега оваа работа како одговорен за спортскиот центар во целост ме исполнува. Имам визија како треба да изгледа спортскиот центар, и се надевам дека сето тоа со подршка на многумина ќе успееме да го реализираме“ Атлетиката е неговата прва љубов а во слободно време покрај играње тенис најчесто е на кафе се пријателите во Ликвид и Баланс. „Како поранешен атлетичар имам едно големо искуство кое ми помогна врз мојот карактерен и образовен развој. Се обидувам и денеска со тоа да живеам но и да пренесам дел на помладата популација во Охрид со оглед дека спортот е единствениот пат кој ни покажува како да изградиме здрава културна и образована младина“. - Постоите како Јавно претпријатие доста краток период а веќе зад вас се големи настани. Лесно ли беше да се справите со предизвикот? Токму така само 2,5 месеци сме Јавно претпријатие што преставува новина и за мене и за самата Локална самоуправа а за секоја работа која стартува од почеток потребно е време. Досега имавме 3-4 проекти кои што ни дадоа добар старт. Имавме еден голем настан СП во ракомет за младинки. Сето она што го сработивме пред, за време, и после шампионатот покажа дека навистина се реализиравме како добри домаќини. Со оглед дека стартуваме со подобрување на спортската клима во градов секогаш може и подобро и ние

16

AMAK

PRES

во тој дел сме доста самокритични. После тоа следуваше големиот концерт на Лени Кравиц. Горди сме што бевме дел од сето тоа. Верувам дека во голем дел, нормално со поддршка на градоначалникот Александар Петрески, бевме заслужни за сето она што се случи. Убеден сум дека тоа му треба на Охрид, таков тип концерти, со таква медиумска покриеност, со толку привлекување на гости во еден ден во Охрид. Ние и во иднина ќе се потруд��ме, не само со Авалон продукција како организатор, туку и со другите продукциски куќи во најмала рака да иницираме привлекување на ѕвезди од рангот на Кравиц. Се надеваме следната година ќе ни се случи исто толкав концерт со мало поместување на датумот во интерес на продолжување на туристичката сезона. Добро е кога во континуитет би имале посета од врвни музички имиња во Охрид. Исто така имавме СП за иселениците за прв пат во Охрид кое исто така помина одлично, потоа имавме две-три кошаркарски екипи кои беа тука на подготовки. Успеавме заедно со хотелот Метропол грчката екипа Лариса која што ни е традиционален гостин и покрај политичките случувања да ја донесиме и имавме одлична соработка

Освен организацискиот дел како ЈП во овие два три месеци работите и на подобрување на условите за работа во спортската сала и стадионот. Направивме работи кои со години беа запоставени. Спортската сала Билјанини Извори комплетно ја покривме со бежичен интернет, ја освеживме и со нови содржини како поставување на постери на македонски познати спортисти, а планираме и оние спортисти кои нешто значат за Охрид да ги ставиме на постер се со цел посетителите да ја учат спортската историја. Исто така планираме да поставиме дисплеј за време и датум а ќе воведиме и нов начин на рекламирање со поставување на три и пол метарски рекламен дисплеј на кој што ќе можат сите фирми да се рекламираат. До ноември треба да поставиме и едан плазма преку која посетителите за време на ЕП во ракомет кое следи, ќе можат да ги следат групите, а ќе следат и многу други новини. На градскиот стадион веќе во овој момент направивме промена на искршените столчиња, ја обновивме ложата, направивме нови клупи за резервни играчи, го заградивме


ИНТЕРВЈУ целиот стадион со мрежа која дава еден поубав изглед на целиот простор. Градскиот стадион планираме да го изградиме да собира 10 000 публика доволно да се организираат натпревари од секаков ранг. Во план сме да го средиме северното игралиште кое во минатото беше целосно заборавено со цел екипите кои доаѓаат на подготовки да имаат што подобри услови. Она што ќе даде нов лик и секако во голема мера ќе ги подобри условите е проектот кој ќе се реализира наредниве месеци за поставување атлетска професионална патека која ќе биде прва во Македонија. Првиот човек на Атлетската федерација Цветко Грозданов ја има најголемата заслуга за тоа и со ваква соработка и со останатите луѓе кои ги водат институциите кај нас верувам можеме да постигниме уште многу повеќе. Настани и проекти кои следат на спортскиот центар. Пред нас е фудбалски турнир за печатените и електронските медиуми. Ние тука сме како соорганизатори заедно со Супер радио кој е организатор. Во подготовки е да организираме еден ден за спорт за сите граѓани во Охрид. Целта е во еден ден да се организираат разни активности од фрлање фризби

Со оглед дека дел од работата ни е и развој на спортот обезбедивме простор за охридскиот училишен спорт каке би се собирале децата. Во план ни е да организираме и едан трибина на која учество би зеле сите релевантни фактори во спортскиот живот со цел да се види што значи спортот за младите и градот. Во секој случај следат многу проекти многу настани преку кои ние ќе можиме заеднички да делуваме во развојот на спортот. Ни претстои уште еден голем настан ЕП во ракомет. Европската ракометна федерација повторно дојде во посета. Какви забелешки овој пат упатија? Беше присутна агенцијата која е задолжена за вршење пренос и за ТВ права за ЕП. Со оглед дека ја добивме визата преку генералната проба со СП за младинки овој пат договоривме само некои мали финеси кои ќе бидат завршени за брзо време. Задоволни беа пред се од просторните можности кои ги направивме. Повторна посета очекуваме во октомври месец но сигурни сме дека Охрид и спортската сала и овојпат ќе бидат одлични домаќини.

Согласно решението на централниот регистар ние имаме три стапки за финансирање, преку буџетот на Локалната самоуправа, сопствени приходи и преку спонзорства и донации. Секој почеток е тежок, но во моментов се справуваме добро. Стопанисуваме и со еден паркинг простор така што средства добиваме и од таму, но поголемиот дел се од закупците и рекреативците во спортската сала. Примарна работа за нас пред се е соработката со спортските клубови од Охрид кои за жал ги немаме многу. Се обидуваме да им пружиме максимална услуга да одговориме во целост на нивните барања согледувајќи ја нивната финансиска состојба. Сепак клубовите треба да сватат дека за она што го користат тука треба да платат. Ние сме претпријатие кое има огромни расходи и примарна обврска ни е да остваруваме приход. Цените на наш предлог се корегирани и пристапни за секого треба само навиката кај челните луѓе на Клубовите да се смени и редовно да плаќаат за користење на салата и стадионот. Дел од спортските екипи и понатака даваат отпор на нашите барања. Соработката со ФК Охрид иако во минатото била на некое ниво сега е претворена во притисок за бесплатно користење на теренот. Знам што значи фудбалот во градот но обврската за егзистирање е на самиот Клуб, а не наша. Сепак верувам дека за брзо време ќе ги надминеме овие проблеми и тие ќе се однесуваат како и сите други останати клубови кои ги користат нашите услуги. СЕМЕЈСТВОТО МИ Е НА ПРВО МЕСТО

до играње фудбал и кошарка и разни забавни игри со цел граѓаните од 7 до 77 години да се рекреираат. Во овој проект влеговме заедно со Црвениот крст и со Сојузот на училишен спорт.

За нормално функционирање, но и за многуте зафати претпоставувам потребни се и големи сретства. На кој начин се финансира ова јавно претпријатие и каква е соработката со клубовите?

Покрај сето она што ми се случуваше на професионален план овие неколку месеци доста работи ми се случија и на приватен план. Добив партнерка во животот а за брзо време ќе добијам и еден помал партнер во фамилијата но сето тоа не ми е пречка максимално професионално да ја извршувам мојата работа но Од друга страна нема да дозволам работата да ми биде се во животот. Семејството е пред се, а после се останато. Фото и текст: Сузана Вренцовска

www.amakpres.com.mk

17


СПОРТ ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА АМАК СП -ПЕЛИСТЕР

ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ ВО НОВАТА СЕЗОНА ЗА ОХРИДСКИТЕ БЕЛИ

К

ошаркарите на АМАК СП на првиот пријателско натпревар против Пелистер на домашен терен забележаа победа од 90-79. Охридскиот тим кој во отсуство на првиот човек од стручниот штаб, Марјан Лазоски, го водеа двајцата помошници Маријан Бошалески и Горан Цветковиќ имаа целосна доминација на теренот во текот на целиот натпревар. Новите засилувања Периќ, Чубрило и Литл имаа прилика да ги покажат своите квалитети пред Управата на Клубот за пополнување на внатрешните позиции на екипата. Само двајца од нив ќе ја водат битката под кошевите сезонава. Но кој ќе го облече дресот на АМАК СП ќе се знае по проверката во Кавадарци на меморијалниот турнир. Конечната одлука пак ќе падне по враќањето на Лазоски кога ќе се ослободи од репрезентативните обврски, и ќе одлучи кој останува а кој се пакува.

Видовме како излегаат новите засилувања, од овој натпревар може да видиме дека се работи за квалитетни играчи. Задоволен сум од играта на Периќ и Чубрило. На трунирот во Кавадарци ќе добиеме појасна слика за нивните можности. Комплетната слика ќе ја добиеме кога Лазовски ќе ја “превезме“ екипата – вели потпреседателот на клубот Христијан Шапкар. И двајцата помошници, Бошалески и Цветковиќ се задоволни од српските интернационалци, но не и од 211 високиот Литл кој на првиот контролен натпревар не се вклопи во македонскиот стил на игра. Периќ и Чубрило се покажаа во добро издание, за Литл не може да дадеме оцена но се гледа дека се работи за добар играч.Не е адаптиран мислам дека знае да одигра добро. Не очекуват уште контролни натпревари по што ќе дадеме конечна оценка, вели

Цветковиќ Од играта сум задоволен но не и од одност на новото засилување Литл. Задоволен сум од српските интернационалци посебно од Чубрило. Од она што го изигравме можевме да се увериме дека Богоев е извонреден плеј, додека Чубрило е одлична 4 која лесно се трансформира во петка и сметам деак тој треба да остане во екипата, додека Литл сметам дека треба да се врати, вели Бошалески С.В

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА

ХОКЕЈОТ НА ТРЕВА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА СПОРТОВИТЕ

М

акдедонската федерација на хокеј на трева стана полноправна членка, на Агенцијата за млади и спорт со регистрирани клубови за дејност спорт. Новата федерација која е со седиште во Охрид брои вкупно пет клубови, два охридски „Стик 2007“ и „Витези“, „Паткари“ од Струга, „Клуб за хокеј на трева“ од Прилеп и „Победа 2007“ од Гевгелија. Според утврдениот систем на одигрување на натпревари годинава натпреварите кои за прв пат ќе се одржуваат кај нас, ќе се одвиваат во трокружен систем, два во текот на зимскиот период во сала, декември и март месец, а третиот турнир ќе биде на отворено во текот на летниот период попознат како

18

AMAK

PRES

Филт хокеј со што ќе се заокружи годишниот циклус на одигрување на натпреварите. Најдобрата екипа ќе биде и официјалниот првак на Р. Македонија во хо��еј на трева која ќе има настапи надвор од нашава земја. Начинот на поставеност на работата на клубовите е од пионерска категорија. Започнуваме од седум годишна возраст а во наредните пет-шест години треба да оформиме тимови. Од септември планираме да го воведеме хокејот на трева и во образовниот процес, ќе донираме опрема во сите училишта со што децата поблиску би се запознале со овој спорт. Во двата охридски клуба тренираат околу 80 деца но треба тој број да е далеку поголем за да може да се направи селекција, вели извршниот

директор на Федерацијата, Васил Ложанкоски. Според Ложанкоски предвидено е изградба на спортско игралиште за хокеј на трева во Охрид, проект кој би се реализирал во соработка со амбасадата на кралството Холандија во Скопје и Општината Охрид. Со децата работат професори кои се обучени и со лиценца за тренер, а со соодветна обука се стекнале и судиите. Инаку во Македонија постои и репрезентација на хокеј на трева која е составена од играчи кои имаат завршено или се студенти на Факултетот за физичка култура, која има учествувано и на меѓународни турнири. С.В.


www.amakpres.com.mk

19



АМАК ПРЕС 97