Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 96 10 Septemvri 2008

ЗАПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ЛАЗЕ РАДЕСКИ ЛАЗЕ РАДЕСКИ ГО ПРИЗНА УБИСТВОТО НА ТРАЈЧЕ ЦОЦЕСКИ А НЕГИРА ДЕКА ГИ УБИЛ РАИМ РАКИП И СПИРО СТАВРЕСКИ. РАДЕСКИ МИРНО И СТАЛОЖЕНО УЧЕСТВУВА ВО СУДСКИОТ ПРОЦЕС. ЛАДНОКРВНО И БЕЗ ЕМОЦИИ ОПИША КАКО ГО УБИЛ ТРАЈЧЕ ЦОЦЕСКИ ДОДЕКА НИЗ СОЛЗИ ЗБОРУВАШЕ ЗА ТРЕТМАНОТ КОЈ ГО ИМАЛ ДОДЕКА ГО ИМАЛ ВО ПРИТВОР. НАЈГОЛЕМИ ЕМОЦИИ ПОБУДИ СВЕДОЧЕЊЕТО НА СИНОТ НА ВЛАТКО, СИН НА ТРАЈЧЕ ЦОЦЕСКИ КОЈ ДЕТАЛНО ОПИША ШТО ОСТАНАЛО ОД ТЕЛОТО НА НЕГОВИОТ ТАТКО КОГА ГО ИДЕНТИФИКУВАЛ. СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ПОДНЕЛЕ ОШТЕТНИ ПОБАРУВАЊА А НИВНИТЕ АДВОКАТИ БАРААТ ДА СЕ ЗАМРЗНЕ ИМОТОТ НА ЛАЗЕ РАДЕСКИ.

фото: Александар Ковачески, фото Зум

ИСТРАГАТА ТРАЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПАДОТ НЕПОЗНАТИ

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА НАСТАНОТ И ИСТРАГАТА

definitivno najevtino www.don.com.mk

АНГЕЛ ЈАНЕВ

ИНВЕСТИРАЈ ВО СЕБЕ И УЧИ КВАЛИТЕТНО ЌЕ ГО ДОСТИГНЕШ ВРВОТ ВО ПРОФЕСИЈАТА


LOKAL

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES


ЛОКАЛ СЕ РАЗВРЗУВА КЛОПЧЕТО ОКОЛУ КАНДИДАТОТ НА ВМРО ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

ЌЕ ЈА ДОБИЕ ЛИ ОХРИД ПРВАТА ЖЕНА ГРАДОНАЧАЛНИК ? ! СЕ ПОГЛАСНО ВО ПАРТИСКАТА ЦЕНТРАЛА ВО СКОПЈЕ КАКО КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО ДПМНЕ СЕ СПОМЕНУВА АНИТА КИПАРИЗОСКА КРСТЕСКА

“ТИВКА ВОДА БРЕГОВИ РОНИ” АНИТА КИПАРИЗОСКА КРСТЕСКА Е ПОЗНАТ АДВОКАТ ОД ОХРИД, КОЈА ВО ЈАВНОСТА ОСТАНА ЗАПАМЕТЕНА КАКО ПРАВЕН ЗАСТАПНИК НА СТОТИЦИ ОТПУШТЕНИ РАБОТНИЦИ ОД ЕМО КОИ ВОДЕА СПОР СО ОВАА ФИРМА. КИПАРИЗОСКА КРСТЕСКА ВО МОМЕНТОВ ГО ТУРКА СВОЈОТ ВТОР МАНДАТ КАКО ПРАТЕНИК, А ВО ВМРО ДПМНЕ ДО СЕГА ВРШЕЛА БРОЈНИ ПАРТИСКИ ФУНКЦИИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД МЕСНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, ПРЕКУ ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ, КАДРОВСКАТА КОМИСИЈА НА ПАРТИЈАТА ПА СЕ ДО УНИЈАТА НА ЖЕНИ И ПОСТЕПЕНО НАПРЕДУВАЛА КОН ВРВОТ. ПО ПРИРОДА ТИВКАТА АНИТА, МНОГУМИНА ЈА ГЛЕДААТ КАКО ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА.

К

ако што се приближува при крај рокот за избор на кандидати за градоначалници во ВМРО ДПМНЕ, така се повеќе се шпекулира со имиња кои би можела

оваа во Охрид опозициона партија да го исфрли како кандидат на претстојните локални избори. Од високи партиски извори во Скопје, Амак Прес Охридски Новини дознава дека во централата на партијата како најсериозен кандидат кој на претстојните локални избори пред Охриѓани ќе може да се соочи со Александар Петрески се гледа актуелната пратеничка и познат охридски адвокат Анита Кипаризоска Крстеска. И покрај големиот број кандидатури кои пристигнале во централата на партијата во Скопје, како најсериозно решение високите партиски кругови ја гледале токму Анита Кипаризоска Крстеска. Тивката Кипаризоска Крстеска високо котирала во партиските кругови, а позната е нејзината лојалност кон партијата и кон принципите кои ги промовира новото партиско раководство последниве неколку години. - Во моментов не можам да кажам ништо. Нека се официјализира тоа, да има нешто конкретно, да се побара од мене тоа па ќе се изјаснам. Јас во моментов целосно сум посветена на пратеничката функција и професионалниот ангажман насочен ми е на што поквалитетно вршење на оваа функција, а за останатото потоа ќе се изјаснам – рече Кипаризоска Крстеска за Амак Прес Охридски Новини. Анита Кипаризоска Крстеска има голема репутација и кај женските здруженија во Охрид кои со години бараат да се појави жена кандидат за градоначалник. - Секако дека ние поддржуваме жена да има меѓу кандидатите за градоначалник. Ние не сме политички ориентирани како невладина организација и приватно секоја членка сама си има своја определба или е неопределена но, ние со години поддржуваме жени во политиката и се бориме за поголе-

мо учество во политиката. Белград имаше градоначалник жена, гледаме сега како во Америка на големо жените влегоа во врвот на политиката, и уживаат најголема популарност. Едноставно модерно е жените да вршат високи функции – вели Ирина Трајаноска од З.Ж. Бисера од Охрид. Се уште актуелниот претседател на О.К ВМРО ДПМНЕ Охрид, Владо Стефаноски на нашето прашање кои се имињата кои се кандидати за градоначалник во внатрепартиската процедура за избор ни изјави - Не можам да кажам имиња, бидејќи тука нашата партија има апсолутна дискреција. Сите заинтересирани можат во централата во Скопје да ги подигнат документите и таму да ги поднесат, така немам информација кој се кандидирал. Ова се прави од проста причина што така се избегнуваат разни влијанија и неблагодарно е сега да спомнувам имиња. Ние сме партија со најголема внатрепартиска демократија и кај нас дури за градоначалници може да се пријават и луѓе кои не се членови на партијата, а имаат што да понудат за општо добро и се чувствуваат способни за тоа – кусо изјави Владо Стефаноски. Неофицијално дознаваме дека амбиции со свои кандидатури пријавиле и пратеникот Цветко Грозданов ( кој и јавно неколкупати во медиумите изјавил дека сака да е градоначалник), како и пратеникот Владо Стефаноски, а кандидатури поднеле и бројни членови на партијата кои до сега не се истакнале во јавноста и не се познати. Во кулоарите последниве месеци се вртеше и името на Дејан Паноски како можен кандидат на ВМРО ДПМНЕ.

www.amac.com.mk/novini

Љ. Таневски

3


ЛОКАЛ

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ИСОЧНАТА ТРАНСФЕРЗАЛА

В

о близина на бензиската пумпа Билјанини Извори започна изградбата на источната трансферзала која треба да го поврзе Св Наум со Косел и на тој начин да се растерети сообраќајниот метеж посебно во летниот период. Со првата фаза од изградбата на делницата која ќе поминува низ населбата Бејбунар опфатрени се околу 1000 метри. Градежните работи до фаза на тампонирање ги изведува Локалната која обезбеди 12 милиони денари. Според градоначалникот Александар Петрески кој го означи почетокот на градежните активности до крајот на оваа година улицата ќе биде пробиена а за една година ќе биде целосно асфалтирана. С.В

СО ЕКСПЕРТСКИ МЕРКИ ЌЕ СЕ СПАСУВААТ ЕЗЕРАТА

Е

кспертска работна група формирана од Министерството за животна средина работи на прибирање податоци за сите чинители кои влијаат врз опаѓањето на нивоата на водите во Езерата како и на изготвување на стратегија и план со кои би се сочувал водниот баланс, најави во Охрид министерот Неџати Јакупи. -Состојбата е загрижувачка, а клу-

4

AMAK

PRES

чен фактор се климатските промени но и останатите причинители кои допринесуваат за ваквата состојба ќе се испитаат. Треба координирано да се работи со заедничка акција на сите надлежни институции за резултатите дa бидат видливи и долготрајни, смета Јакупи. Според него експертите се тие кои треба да предложат мерки на делување а Министерството и Владата ќе пристапат кон реализација на истите. Состојбата со нивото на охридското Езеро од ден на ден е со повеќе загрижувачка. За само една недела водостојот нагло опадна за 6 см со што ја достигна нултата точка од 693,17. Според последните мерења пак нивото достигна загрижувачки 693,13 метри. Експертите преду-

предуваат дека штетите ќе бидат огромни и се заканува еколошка катастрофа на најстарото езеро во светот доколку и понатака продолжи ваквата состојба и нивото на Езерото падне не под минималното ниво 693,10. Иако најголемо влијание за ваквата состојба има сушниот период, потребни се итни мерки за негова заштита, велат експертите. Според нив во вакви климатски услови потребна е измена на билатералниот договор со Албанија за истекот на Охридското Езеро преку Дрим, изградба на соодветен регулатор како и формирање на надзорно тело кое ќе ги следи осцилациите на Езерото. Неодамна апел до надлежните институции за заштите на езерото упати и Советот на Општината. С.В


ГРАДЕЖЕН ШУТ СЕ ИСТУРА ПО ТУЃИ ДВОРОВИ

К

ој кај ќе стигне се ослободува од градежниот шут. Насекаде околу нас никнуваат депонии а сторителите за надлежните остануваат непознати. Со вакви проблеми веќе подолго време мака мачело семејството Стефановски од улицата Прилепска кои во повеќе наврати немоќно се обидувале да го спречат соседот да го истура камионот полн со градежен шут позади нивната куќа. Откако го сликале сторителот случајот го пријавиле во општинскиот комунален

инспекторат. - Во двор ни го истури градежниот шут. На нашите реакции тој мртов ладен не погледна а потоа вербално не нападна и замина. Реагиравме и кај сопственикот на земјиштето но и од таму не наидовме на разбирање. По ова другиот ден повторно на тоа место истурија шут околу 20 часот. Наместо уредени дворови не затрупаа со ѓубришта. Живееме како сред депонија, револтирано вели Љупка Стефановска кој решила да им стави крај на ваквите маки. Сликите кои

ги направила од камионот во моментот на фрлањето на шутот ги достави до комуналниот инспектор Танас Танаскоски. -Според доказите јасно се гледа сторител е лицето Павле Јанчески од Подмоље сопственик на фирма Павле Транс. Во разговор со него информирани сме дека по налог на сопственикот на земјиште добил одобрение да го фрли градежниот шут на неговиот приватен имот. Со оглед дека постои закон за животна средина кој забранува да се фрла шут на јавни, но

и на приватни површини, за овој случај ќе биде покрената пријава, ќе се издаде мандатна тужба и против сопственикот на имотот и против превозникот Павле Транс, вели комуналниот инспектор Танаскоски. Казните за загадување на животната средина, за оние кои оставаат градежен шут изнесуваат 30004000 евра за правни и 50 евра за физички лица. Единствена локација за фрлање градежен шут е депонијата Мауцхер.

www.amakpres.com.mk

С.В

5


ЛОКАЛ

ГЛУВЦИ И СТАОРЦИ НАВАЛИЈА ВО ОХРИД

З

ачудувачки но реално, Охрид врие од глувци и стаорци. Ги има секаде па дури и по домовите и кафулињата. Иако надлежните служби за дератизација од Здравствениот Дом од Охрид велат дека пролетната дератизација била успешна, резултатите покажуваат обратен ефект. “Глувците ни станаа ноќна мора, се појавуваат во собата за дневен престој, синот видел вакво суштество и во неговата соба, а сосетката ни кажа дека забележала еден глушец кој влегувал низ терасата. Ова е навистина проблем, станов ни е нов, а за хигиената

не сакам ни да коментирам, од секогаш сме се грижеле се да биде во најдобар ред“, вели еден охриѓанец кој за проблемот побарал помош од ветеринарен доктор. “Глодарите годинава се најбројни во стариот дел на градот, во населбите Варош и Месокастро.Таму се појавуваат дури и стаорци но место за паника нема. Со ставање појак отров глувците бегаат од место каде се намножиле и брзо потоа умираат. Затоа треба почесто да се врши дератизација и истата често да се контролира од стручни лица“, вели ветеринарниот доктор,

Тони Танкоски. Со пролетната дератизација во Охрид беа опфатени 3 200 шахти што се наоѓаат во стариот дел на градот и по улиците:“Туристичка“, “Јане Сандански“, “Питу Гули“ и “7-ми Ноември“, а отров против глодари се ставаше и во останатите шахти низ центарот на градот. Дератизацијата, за која Локалната самоуправа од Охрид издвои околу 300 000 денари ќе биде обновена во есенскиов период. Ангела Белевска

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ СТАПИ НА СИЛА

ПОМАЛИТЕ ДУЌАНИ ОСТАНАА ЖЕДНИ Р еволт и негодување- ваква е реакцијата на охридските дуќанџии кои изминативе денови ги празнеа своите продавници од алкохолните пијалоци кои со новиот закон ќе се продаваат само во лиценцирани продавници. Забраната за продажба најповеќе ги погоди помалите продавници за кои е неисплатливо да платат 20 000 денари за лиценца која важи две години. Велат ќарот кој го прават нема да ги покрие трошоците, но дел од нив сепак поднесле барање. -Со овој закон се штитат поголемите продавници кои имаат пари за лиценци и ќе бидат единствените кои продаваат алкохол. Ние ќе ги изгубиме и онака малкуте муштерии кои најповеќе ни правеа промет со пивото. Залихите кои претходно ги направивме треба да ги компензираме, но тоа е можно само со одредени алкохолни пијалоци. Останатото е чиста загуба, вели револтирано сопственик на киоск во центарот на Охрид. Оние поголемите маркети се снабдиле со лиценца и подготвиле простор за алхохолот, информираат од Државниот инспекторат кој секојдневно е на терен. Најпрвин се чешлаат дуќаните во центарот а потоа инспекторите ќе

6

AMAK

PRES

вршат контрола и во продавниците кои се на периферијата и надвор од градот. Велат дека состојбата на терен е според очекувањата-сите се придржуваат кон новите законски прописи, но доколку некој не го почитува законот без селекција ќе се изрекуваат казните.

Паричните казни за оние кои продаваат алкохол без лиценца како и за продажба по 19 часот изнесуваат до 6000 илјади евра. Онаму каде сеуште може да се забележи пиво по фрижидерите и алкохолни пијалоци по рафтовите инспекцијата не поминала. Нивното правдање за да ќарат уште некој ден се сведува на тоа дека се пресметуваат

дали е исплатливо да земат лиценца за продажба. Со новиот закон трафиките, бензиските пумпи и продавниците во состав на зелените пазари добија целосна забрана за продажба. -Бензиските пумпи и киосците беа доста дисциплинирани, во одделни продавници каде сеуште се вршеа подготовки дадовме рок за да се средат просторно. Според очекувањата 80% од нашата теренска работа е веќе завршена, е без проблеми, вели државниот инспектор Илија Целески. Граѓаните пак со поделени мислења. Дел од нив го поздравуваат ваквиот закон кој има за цел да ги спречи девијантните појави кај младите, но има и такви кои негодуваат поради фактот што нема да можат да набават пијалак после 19 часот. Спопред нив пивото нетреба да биде третирано како алкохол и треба повторно да се врати во фрижидерите. Вакво барање до Министерството за економија неодамна упати и Стопанската комора на Македонија. Од таму побараа и продолжување на времето за продажба до 22 часот и тоа во сите продавници, а лиценци да се издаваат само на оние кои сакаат да работат 24 часа. .

Сузана Вренцовска


1


ЛОКАЛ АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ОХРИД

ИСТРАГАТА ТРАЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПАДОТ НЕПОЗНАТИ

Болка тага и солзи за семејствата, неверување за граѓаните остана по охридската воздухопловна несреќа на Успение на Пресвета Богородица кај Скребатно во дворот на црквата Св Богородица. Сите до еден од загинатите се семејни луѓе кои зад себе оставија деца. Загинаа Славчо Георгиев, сопственик на пилотската школа «Скопје ер», Ѓорѓи Ристески, сопственик на хотелот «Ловец» во Охрид, Гоце Тасески келнер во хотелот и роднината Јонче Савески од охридското село Ботун. Со мал патнички авион од типот cessna F172N со регистарски ознаки З3- DCV, газдата на хотелот «Ловец» во споственост на пријателот Георгиев сакал да дели летоци со кои ќе им го честита празникот на жителите на Охрид и да ги повика на бесплатно јадење и пиење во својот хотел. Авиончето при обид ниско да го надлета местото каде се одржувал голем црковно-народен собир,

8

AMAK

PRES

по повод празникот Голема Богородица и фрлал летоци, од засега необјаснети причини што подоцна ќе ги утврди истрагата, се навалило на едната страна од крилото и нагло почнало да паѓа кон земјата. Од силниот удар, авиончето се распаднало во кругот на црквата Света Богородица, удирајќи притоа во паркирано «фиќо» во кое, според очевидците, спиело малолетно девојче, кое, за среќа, останало неповредено. - Со сопругата веднаш кога го здогледавме авионот како ниско лета се исплашивме. Беше навален на едната страна и за секунда се урна на земјата и се судри со паркираното «фиќо» во кое спиеше мало девојче. Беше грозна слика, девојчето веднаш го префрлија во болница, а телата на загинатите останаа пред нас, велат маж и жена, очевидци на настанот. Една жена која со семејството дошла во црквата за верскиот празник Пре-

света Богородица низ солзи ни ја раскажа случката. - Во еден момент видов над мене авион и му викнав на сопругот исплашено, но тој ми рече дека така летаат малите авиони. По една секунда од сите страни се слушаше врисок и лелекање - ни изјави таа. И од Охридскиот суд и од Агенцијата за воздухопловство велат првичните резултати ќе се знаат по целосното вештачење на авионот Според Агенцијата, првичните индиции за можните причини за падот на воздухопловот, укажуваат на тоа дека пред падот на авионот, не биле забележани физички оштетувања, односно немало чад и пламен. Ниту звукот на моторот не укажувал дека нешто не е во ред со леталото. Пред да се случи трагедијата е забележано дека авионот летал до 50 метри над земја, иако од Контролата му е


ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА АВИОНОТ CESSNA 172 N

Авионот «Cessna 172 N», според издржливоста и популарноста се вбројува во еден од најбројните масовно произведени авиони за цивилен лет. Првиот модел е произведен во 1956 година и оттогаш, па наваму со серија на неколку подобрувања на моделот успешно се произведува. Во полавековната историја на производство на конкретниот модел досега се склопени околу 43.000 летала. Воздухопловот популарно се нарекува «небесен сокол», а различните негови модели и варијанти носат и мотори со различни агрегати и најразличен број патници. одобрено изведување на лет во висина од 1.000 фити, односно 300 метри над терен, што всушност било одобрено на лично барање на пилотот Георгиев, се вели во соопштението. Агенцијата за цивилно воздухопловство објаснува дека урнатиот воздухоплов од типот «Cessna 172 N», полетал од Скопје за Охрид во 10,22 часот, а два часа подоцна точно во во 12,20 часот полетал од Охрид во панорамски лет. Веднаш по несреќата, Секторот за безбедност, сигурност и безбедносни стандарди издал налог инспекторите да го обезбедат воздухопловот и местото на несреќата и заедно со полицијата да извршат увид согласно одредбите од законите за воздухопловство и за кривична постапка. Истовремено формирана е и комисија за преслушување на лентите на фреквенцијата за работа во Контролата на летање во Охрид, која ја достави до инспекторатот. Се прибирале и изјави од сите шефови и надлежни од скопската контрола за летање, но и од контролор на лет кој случајно се нашол на местото на несреќата. Обезбедена била, велат од агенцијата, и документацијата за дневниците на

«ЕР Скопје», како и документација за одржување на воздухопловот кој имал таблички ( 33-DCV). Законот пропишува дека мора да се извршат редовни проверки за стручните способности на контролорот на летање и извршување вонреден лекарски преглед и налог за инспекциска контрола за одржувањето на воздухопловот, пред секој лет. Обдукцијата извршена врз телото на Славчо Георгиев, пилотот на авионот, покажала дека тој немал поголеми здравствени проблеми и не доживеал срцев или мозочен удар за време на кобниот лет.

КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ЧОВЕЧКИ ФАКТОР ИЛИ ДЕФЕКТ? Експертите по воздухопловство не сакаа да ги коментираат причините за несреќата, пред да стигнат

официјалните информации од истражните органи. Експертите велат дека допрва треба да се утврдат причините, но нагласуваат дека според перформансите леталото било безбедно за такво летање. Според нив, постојат две евентуални причини за несреќата - човечки фактор или техничка неисправност. На пилотот Георгиев пред полетувањето му бил извршен стандарден лекарски преглед, а според лекарите, тој бил во добра психичка и физичка состојба. Пред официјално да се соопшти причината за падот на леталото останува инспекторите да направат проверка на моторот на авионот од пилотската академија. Репарираниот мотор во леталото бил вграден пред еден месец во Србија со кој авионот до кобниот пад поминал 25 часа летање. Анализата на моторот ќе ја помогнат и српските механичари кои го ремонтирале. Она што засега со сигурност се знае е тоа дека авионот летал премногу ниско и ја изгубил брзината. екст: Сузана Вренцовска Фото: Љупчо Таневски

www.amakpres.com.mk

9


HRONIKA СУДСКИ ПРОЦЕС ПРОТИВ ОБВИНЕТИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ЛАЗЕ РАДЕСКИ

ЛАЗЕ ГО ПРИЗНА УБИСТВОТО НА ТРАЈЧЕ ЦОЦЕСКИ

Во основниот Суд во Охрид започна судењето по обвинението кое го товари Лазе Радески за три убиства. Радески во Судот го призна убиството на Трајче Цоцески додека признанијата кои ги дал пред истражниот судија дека ги убил Ракип Раим и Спиро Ставрески ги нарече неточни и дадени под принуда. Радески пред судот рече дека во притворот бил малтретиран и му се заканувале дека ако не признае ќе биде убиен тој и некои од неговото семејство.

ГО ПРИЗНА УБИСТВОТО НА ТРАЈЧЕ ЦОЦЕВСКИ - Со Трајче се знаев од времето кога работев во Застава, но не бевме нешто посебно блиски, тој работеше во Лабораторија а јас бев шофер. Од како си заминав од Застава во 1996 година – рече обвинетиот Радески и посочи дека со Трајче бил и сосед, поточно живеел во зграда блиску до неговата. - Јас претходно се задолжив пари кај соседката О.Б. од која зедов на заем 300 американски долари. Потоа имав уште еден долг од 500 долари од Булоска Ри-

10

AMAK

PRES

стана и требеше тој долг да го вратам. Собрав 800 евра и го повикав Трајче да дојди кај мене за да се договорам тие 800 евра да ми ги направи 1000 долари. И се договривме да дојде следниот ден да ми ги донесе парите. Од како ги зеде, тој неколку дена поминуваше по улицата пред дуќанот но, не вртеше ни глава накај мене. Еднаш дошол да ме побара, но јас бев во магацин по роба. Потоа следниот ден повторно дојде и од самиот влез настапи агресивно кон мене- изјави пред судот Лазе Радески и продолжи со исказот во кој тврдеше дека практично жртвата ја убил во самоодбрана. - Јас во моментот чистев со џогерот и тој дојде и почна да вика. Јас му реков кога ќе ми ги дадеш парите, а тој ме фати за врат со десната рака, а со другата рака ме удри со телефонска слушалка. Пота јас го оттурнав, и тој зеде една метална цевка со која ме удри, јас се збунив зедов еден чекан кој беше на полицата за продажба и го удрив по главата, тој падна на земја и проба да стане, а јас уште еднаш го удрив по глава – рече Радески и додаде дека од како го убил Трајче не знаел што да прави со телото па зел црен најлон долг од 3

до 4 метри, го завиткал телото во најлонот и потоа го пренесол во автомобилот кој го паркирал до влезот во дуќанот. Телото во автомобилот останало 2 дена. - Автомобилот го паркирав кај мене пред зградата каде живеам. Следниот ден бев во голема паника и чувствував притисок, па со сопругата отидовме во Оровник на лозје каде се задржавме еден час, а телото цело време беше во автомобилот. Од како се вратив со сопругата се одлучив да се ослободам од телото и истото го однесов кај автокампот Ас на стариот пат за Струга. Таму го исфрлив телото, педесетина метри подолу го фрлив и црниот најлон, а на карај кај автобуската постојка во селото Подмоље – опиша пред Судот Радески како се ослободил од телото и потоа продолжи. - Потоа се сетив дека не си ги зедов парите и се вратив назад. Го видов телото на Трајче крваво и влажно од вода бидејќи почна да врне. Тој носеше елек, кој го откопчав и внатре во џебот најдов само денари и тоа во апоени од илјада , петстотини и помалку ситни пари кои беа исто така крвави и влажни. Парите ги зедов и кога се вратив дома ги ставив да се сушат во визбата – рече Радески.

СПИРО СТАВРЕСКИ МИ ПОЗАЈМУВАШЕ ПАРИ, А НАТИ ГО ДАЈМИ ГО ИМАШЕ СО ВЕСЕ ГОГОВА СО КОЈА РАБОТЕШЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ. - Со Спиро Ставрески се гледав почесто кај дуќанот каде тој поминуваше скоро секој ден но од другата страна на улицата. Јас со него немав некој посебен контакт освен што понекогаш се позајмував пари од него, но тоа не беа големи пари, земав по 1000 , 2000 или 3000 денари. На парите не давав камата само понекогаш му давав самиот јас 50 или 100 денари колку за услугата.


Дента кога Спиро исчезнал јас бев во Стопанска Банка каде плаќав 3000 денари рата за кредит. Потоа поминав до дуќанот и таму ја сретнав Весе Гоговоа која ми даде 200 евра за да ги вратела кај Спиро бидејќи таа подолго време со него имаше на ти го дај ми го и тој за неа разменуваше девизи, па тие пари му ги должела и ми даде телефонски број од Спиро и јас се јавив од мобилен телефон кој стои во дуќанот на зет ми. Два пати се јавував кај него и тој ми рече дека е на пазариште и дека не може да дојде бидејќи чекал некој луѓе. Потоа дојде Весе Гогова и пак ме замоли да продолжам да го барам. Тоа беше мојата последна комуникација со Спиро пред тој да исчезне – рече Радески

ПРИЗНАНИЈАТА ПРЕД ИСТРАЖНИОТ СУДИЈА ЗА СЛУЧАИТЕ СПИРО И РАКИП СПОРЕД РАДЕСКИ БИЛЕ ИЗНУДЕНИ ОД ИЗВЕСЕН ИНСПЕКТОР БЛАЖО. Радески пред судот рече дека признанијата кои ги дал пред истражниот судија дека ги убил Ракип Раим и Спиро Ставрески ги дал под присила. - Во притворот не ми беше овозможено да контактирам со мојот адвокат, со него првпат се видов кога го потпишав записникот кај истражниот судија. Цело време во притворот бев малтретиран од еден инспектор кој се вика Блажо, а презимето не знам како му е. Цело време ми се закануваа дека ќе ме убијат и дека ќе убијат некој од моето семејство. Дури и мојот брат го донесоа од Македонски Брод со цел да вршат притисок – изјави Радески и кажа дека физички го тепал и малтретирал инспектор од Скопје на кој не му го знаел името. Радески кажа и дека бил одведен во попладневните часови во атарот на селото Лактиње, без присуство на адвокат бил присилуван да признае дека тука го закопал телото на Спиро Ставрески. - Имаше тука некој пат, и куп земја. Ми рекоа дека тука сум бил снимен како го закопувам Спиро и дека треба одма да признам. Потоа ме тепаше еден инспектор од Скопје, тука беше Блажо кој ми се закануваше и Љупчо кој исто така ме тераше да признам дека сум го закопал Спиро на тоа место на кое јас првпат бев – рече Радески пред судот.

АДВОКАТОТ БАЛАБАН ПОСТАВИ СЕТ ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ПОСТАПКАТА ОКОЛУ ПРИТВОРОТ И ИСТРАГАТА Во понатамошниот дел на расправата правниот застапник на Радески Лазе адвокатот Емил Балабан постави неколку прашања кои го отворија прашањето околу правилното водење на истрагата и третманот во притворот како и самото одредување на притворот на Лазе Радески. Адвокатот Балабан преку прашањата кои ги упати разотрки дека Радески цело време немал контакт со правен бранител, дека на Радески не му бил даден на увид Скеционалниот протокол ( документ со кој се анализираат оштетувањата на телото на жртвата), а притворот на Радески му бил одреден третата вечер од приведувањето. Сетот прашања откри и дека Радески секогаш бил изведуван пред истражен судија ноќе, после или пред полноќ.

СМИРЕНО И СТАЛОЖЕНО ОПИША КАКО ГО УБИЛ ТРАЈЧЕ ЦОЦЕСКИ, ДОДЕКА СЕ РАСПЛАКА КОГА РАСКАЖУВАШЕ КАКО БИЛ МАЛТРЕТИРАН И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ Сосема смирен и сталожен Лазе Радески влезе во судницата. Тој дури на почетокот додека се чекаше да започне процесот прелистуваше никој весник. Смирено и спокојно зборуваше и детално опиша како го убил на Трајче Цоцески, и додека ги негираше другите две убиства за кои се товари. - Едното со Трајче го признавам , за еднаш на секој можи да му се случи но другите ги дадов под присила – рече Радески сосема мирен. Но, во моментите кога раскажуваше за како што рече мачењето кое го преживеал од извесен инспектор Блажо, Радески почна да плаче и побара вода за да може да продолжи со исказот. Во продолжението од судскиот процес на кој му се суди на Лазе Радески за убиство на Спиро Ставрески, Ракип Раим и Трајче Цоцески сведочеа роднините на жртвите и соседите.

ОД СЕМЕЈСТВОТО НА РАКИП РАИМ ПРЕД СУДОТ ДЕНЕС СЕ ПОЈАВИЈА НЕГОВАТА ЌЕРКА ЉАЉЕ РАКИП И СИНОТ РАКИП МЕХМЕТ БАЈРАМ. Ќерката Љаље пред судот рече дека незиниот татко добро се познавал со Лазе Радески и дека Лазе често доаѓал кај нив да зема пари на заем. - Тој доаѓаше дома, ѕвонеше на врата и разговараше со татко ми. Таткоми на мајками и велеше дека не е проблем да му позајмува на Лазе бидејќи тој бил чесен и ги враќал парите – изјави Љаље Ракип која рече дека од како исчезнал нејзиниот татко некој повеќе пати навечер доаѓал и ѕиркал околу нивната куќа. И нејзиниот брат Ракип Мехмет рече дека неговиот татко се познавал со Лазе и дека често одел во дуќанот кај него. - Татко ми му даваше пари на Лазе на заем и тој редовно си враќаше. Земаше мали пари по 1000 или 2000 денари и парите ги враќаше. Дури велеше дека е чесен човек и дека не е проблем да му дава на заем. Лазе доаѓаше дома на врата и разговараше со тако ми повеќе пати. Така и се позајмуваше пари. Мислам дека не му земаше камата за парите – рече Ракип Мехмет пред судот и кажа дека и тој сам често одел во дуќанот кај него да купува материјал бидејќи семејството Ракип се занимавало и со молерај.

СОПРУГАТА И МАЛОЛЕТНОТО ДЕТЕ НА ПОКОЈНИОТ СПИРО СТАВРЕСКИ СЕ УШТЕ ЖИВЕАТ ВО СТРЕС, СТРАВ И ИМААТ НАРУШЕНО ЗДРАВЈЕ. Сопругата на покојниот Спиро Ставрески, Живка Мојсоска пред судот изнесе доказ за долгот кој Лазе го имал кон Спиро и даде поинакво тврдење од она кое Лазе го искажа во своето сведочење. - Од како исчезна Спиро јас најдов дома тефтер во кој се имаше запишувано. Тука го најдов ова ливче на кое пишува дека некој Лазе се позајмил 3000 денари од него. Ова го видов отприлика после 2 седмици од како Спиро исчезна . не знаев за кого се работи. Од именик го најдов телефонскиот број и се јавив

www.amakpres.com.mk

11


HRONIKA кај Лазе. Тој прво се изненади, а потоа ми рече дека е точно тоа дека должел 3000 денари и дека ќе ми ги врати, и ми ги врати на улица. Јас тогаш сфатив за кого се работи и се сетив дека дента кога исчезна Спиро јас го прашав него дали го видел, а тој тврдеше дека ни го сретнал ни го слушнал – рече Живка и додаде дека подоцна од полиција откриле дека Лазе тој ден неколкупати се слушнал на телефон со Спиро. - Јас цело време се сомневав дека тој ги мести. Не мислев дека лично тој ги убива туку дека само ги мести и други ги убиваат, а потоа парите си ги делат. Тоа го кажав и во полиција. Дента кога Спиро исчезна во него според неговата евиденција имал точно 10 340 евра во разни валути. А парите никој не ги најде, па веројатно се по банките оставени – рече Живка притоа алудирајќи на Лазе. Во потресното сведочење таа кажа дека заедно со 12 годишниот син преживува вистински пекол и траума. - Детето ми е упропастено. Не се враќа дома од на училиште, ноќе се буди и плачи, а од како исчезна Спиро ние не живееме нормално. Постојано сме во страв и под стрес. Ноќе ставам столови и метална скала на вратата. Мислам дека така сум по безбедна. Металната скала ја ставам за да падне и да направи бука ако некој се обиде да ја пробие вратата, за да слушнат комшиите. Животот ми е уништен, низ солзи рече сопругата на покојниот Спиро Ставрески.

ПОТРЕСНО СВЕДОЧЕЊЕ НА СИНОТ НА ТРАЈЧЕ ЦОЦЕСКИ Во судницата најголеми емоции побуди сведочењето на Влатко Цоцески, син на убиениот Трајче Цоцески. Тој сведочеше како го идентификувал телото на својот татко. - Телото од татко ми беше фрлено по слепиот пат помеѓу кампот Ас и Езерски Лозја. Беше на 100- тина метри од кривината која води до Струга, а на само неколку метри од езерото. Фрлено беше на камења и масакрирано – рече

12

AMAK

PRES

Влатко Цоцески пред судот. На прашањето како изгледало телото на Трајче во моментот кога го идентификувал низ солзи и видно вознемирен Влатко рече - На задниот дел на главата имаше оток со сина боја во форма топка. Отокот беше голем колку половина од фудбалска топка. Вратот беше пресечен до самиот крај и можам да кажам дека главата беше поврзана со телото само со кожа која беше дебела околу 10 сантиметри - кажа пред судот Влатко Цоцески. Тој исто како и неговата мајка и братот потврди дека Трајче бил тежок околу 90 килограми, дека бил мирен и не конфликтен човек кој со никого не се конфронтирал и не бил воопшто агресивен. Воскра Цоцеска во исказот кажа дека дека критичниот ден утрото Трајче заминал на пазарот во Охрид да разменува девизи како и секој ден и дека рекол дека на некој човек траба да му продаде 1000 американски долари. - Сабајлето замина на пазар кај берзата. Потоа и јас со внукот слегов во Охрид. Се видовме со Трајче, му кажав дека ќе пазариме некој работи. Потоа синот додје со кола да не земи и го прашавме дали сака со нас да дојде, а тој ни рече дека ќе остане да однеси 1000 долари кај некој човек и потоа со велосипед ќе дојде дома – рече Воскра и кажа дека потоа велосипедот бил пронајден на оградата од една куќа вендаш до дуќанот Грини. Таа како и нејзините синови кажа дека од како е убиен Трајче здравјето и е нарушено како нејзе така и на внуците и целото нејзино семејство.

МИСТЕРИЈА СЕ СНИМКИТЕ ОД КОМПЈУТЕРИТЕ Ненад Трајчески сопственик на продавницата за компјутери Домино Компјутери која е во близина на дуќанот Грини сведочеше дека критичниот ден во дуќаните снабдувањето со електрична енергија било нормално. - Ацо Стојаноски ( зет на Лазе Радески

и сопственик на дуќанот Грини) дојде кај мене вечерта околу 21 часот и ме праша дали снемало струја во текот на денот. Тој има во дуќанот сигурносни камери кои постојано снимаат, Јас му кажав дека струја имаше нормално цел ден и тој се изненади, како тоа само во неговиот дуќан снемало струја – рече Ненад пред судот. Ненад често бил замолуван од Ацо Стојаноски да ги брише фолдерите од компјутерот кој снимал видео материјал од сигурносните камери. - Ги бришев видео записите од камерите кои снимаа во дуќанот за да ослободам место во компјутерот за да може повторно да снима, бидејќи ќе се исполнеше целиот негов капацитет. Тоа отприлика го правев еднаш месечно. – рече Ненад и на прашање дали постои можност да се вратат снимките тој рече - Има посебни програми со кои може да се врати назад се што е избришано од компјутерот, но не знам дали е тоа направено.

ЛАЗЕ РАДЕСКИ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЦЕЛОКУПНИОТ ИМОТ КОЈ ГО ПОСЕДУВА Лазе Радески може да го изгуби целиот свој имот доколку судот го прогласи за виновен и се реализираат оштетните побарувања на семејствата на жртвите. Семејството на Ракип Раим побарува оштета од 2 120 000 денари по основ на материјална штета и уште 4 500 000 по основ на нематеријална штета, додека семејството на Трајче побарува 20 000 евра по основ на материјална штета и уште 4 500 000 денари по основ на нематеријална штета. Милионски се сумите кои ги бара и семејството на Спиро Ставрески. Адвокатите на оштетените побарале замрзнување на имотот на Лазе Радески, т.е. тој да не може да се отуѓува до крајот на судскиот процес и наплатата на оштетите. Пишува: Љупчо Таневски


OBRAZOVANIE

МНОГУ НОВИНИ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

З

аврши долгото топло лето за основците и средношколците. Пред 10-ина дена започна новата учебна година. Со насобраната енергија и нови сили учениците ќе ја совладуваат наставната програма која од година во година станува се посложена и е вистински проблем за малите глави кои прв пат седнуваат во училишните клупи. За нив е ново и сложено нашето кирилско писмо кое мора одлично да го совладаат а од годинава малите првачиња маки ќе мачат и со буквите од латиницата. Учебната година започна за 21.000 парвачиња во Македонија, а од нив 582 се охриѓаниња кои букви и бројќи ќе учат во неколкуте охридски основни училишни центри. Иако во земјава генерално бројот на првачиња е намален за околу 1000 во однос на лани, во Охрид бројката бележи пораст за 100 до 200 деца. Со навршени шест години детето се запишува во прво оделение и од тогаш започнуваат слатките училишни маки во деветтолетката. Малите првачиња ќе се расправаат не само со кирилски букви и бројќи туку ќе го учат и англискиот јазик кој е задолжителен наставен предмет. Прво и второ оделенците два пати во неделата ќе имаат час по англиски јазик, а трето и четврто оделенците три пати неделно. Новата учебна година со новини започна не само за првачињата туку и за петооделенците и за учениците кои се во прва година во средните училишта. Веронаука или историја на верите е еден од двата изборни предмети кои петтооделенците мора да ги изучуваат. Во Охрид , 50% од учениците се определиле за предметот веронаука а другата половина од нив ќе ја слуша наставната програма по историја на

религите.Овие изборни предмети за кои учениците ќе бидат отценувани ќе се одржуваат два пати неделно а наставната програма ќе ја предаваат теолози односно професори со завршен филозофски или факултет по социологија. Иако учебната година започна пред 10-ина дена до сега не се одржал ниту еден час по веронаука или историја на религиите. Се уште се прават списоци за настаавните кадри, иако во Охрид процентите на учениците кои се одредиле да го слушаат едниот или другиот предмет се речиси исти тој сооднос во другите македонски градови не е ист.Така во другите градови сите основци што во помал број избрале да го учат предметот, запознавање на религиите и не ја исполнуваат квотата за да се направи група, ќе мора да ја изучуваат веронауката. Со донесувањето на законот за задолжително средно образование се јави уште еден проблем, да се обезбеди платен превоз за децата кои живеат во руралните подалечни средини а кои не планирале да го продолжат образованието доколку законски не биле обврзани. “Учениците се должни да се пријават во училиштата, а тие да ги евидентираат и да проценат дали растојанието од училиштето до живеалиштето на ученикот е подолго, од 2,5 километри , што е услов за бесплатен превоз“, неодамна изјави министерот за образование Перо Стојаноски. Тој додаде дека процедурата за добивање ученички билети ќе се обидат да ја завршат до 20 септември. Училиштата ќе ги достават списоците до Министерството и до сите јавни превозни претпријатија во државава. “Превозот на средноошколците предизвика тотален хаос. Оваа обврска Министерството за образование мора

да ја исполни а законско право на учениците е да бараат платен превоз од дома до училиште секако доколку живеат во поодалечените места“, изјави советникот за образование при Локалната Самоуправа од Охрид, Митре Велјаноски. Според него посебен проблем при реализирањето на наставната програма во средните училишта се компјутерите кои ги има по два на една училишна клупа. “Самата големина на компјутерот оневозможува на клупата да се отвори тетратка а уште помала е можноста нешто да се запише во неа“, вели Велјаноски кој додава дека долгите и многубројни кабли со кои се приклучени овие технички уреди штетно влијаат врз детското здравје. Парадоксално но реално кај нас во последниве 5-6 години, стана многу посложен системот на реализирање на наставната програма во основните и средните училишта, а многу полесен и поедноставен во високо образовните научни институции. Просечно секоја година во минативе пет години никнуваше по еден нов факултет . Во конкурентската трката секоја високо образовна институција настојувајќи да привлече што повеќе студенти толку многу го упростуваше и упростува начинот на предавање и полагање , што студентите полагаат дел од испит на предадени 20 или 50 страници. Уште колку вакви факултети ќе се отворат во наредниве неколку години и колку квалитетен научен кадар ќе дадат тие ќе покаже времето. Да се надеваме дека во годиниве пред нас нема да стане пракса диплома за завршено високо образование да добива преку ноќ секој кој ќе посака, па и оној кој со тешки маки го завршил средното образование.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

13


НА ВРВОТ АНГЕЛ ЈАНЕВ-СОПСТВЕНИК НА ОБРАЗОВЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД И ШТИП

ИНВЕСТИРАЈ ВО СЕБЕ И УЧИ КВАЛИТЕТНО ЌЕ ГО ДОСТИГНЕШ ВРВОТ ВО ПРОФЕСИЈАТА, А СВЕТОТ ЌЕ ТИ БИДЕ НА ДЛАНКА

фото: Коџак

Т

ој е човек кој верува и го почитува вистинскиот квалитет, кој симнува капа пред секој амбициозен млад човек кој вложува во себе за научно да се надградува и изградува, зошто е убеден и знае дека кога тогаш вистинските вредности и квалитет излегуваат на видело. Сега, по 15-те години од основањето на неговит образовен центар, Ангел Јанев се сеќава на своите работни почетоци во Охрид. Младиот штипјанец го заврши Електро технички-

14

AMAK

PRES

от факултет во Ниш и како дипломиран инженер по компјутерска техника и информатика, одлучи својт живот да го продолжи во Охрид и работно да се реализира тука. Беше тоа далечната 1992 година кога заедно со пријателот Карадимче го отворија центарот за компјутерски консалтинг и услуги “КАЈА“. Неколку години подоцна од таа фирма се родија две нови, едната е ПИ-СИ што е 100% образовна. “Во Охрид јас сум дојденец, но тоа воопшто не ме плаше-

ше ни тогаш ни сега. Знаев дека со работа и докажување во областа за која си се образовал и си надарен ќе успееш. Од секогаш сум се борел да бидам прв на работен план, секако ако за работата ме бива односно совршено добро ја познавам. Ова што денес го имам е резултат на мојата желба која беше поголема од желбата за приватност, бизнис и пари.Желбата за работа беше огромна но и настојувањето да се внесе квалитет во неа. Да имаме квалитетно образовани деца. Енергијата што

ја трошам за остварување на желбите и целите е огромна. Но благодарение на тоа се што сме зацртале до сега сме го реализирале. Од тотално непознати лица во оваа средина реализиравме идеја која на почетокот не беше така лесно прифатена, а сега дојдовме до тоа ниво местата во ПИ-СИ да се резервираат со месеци од напред “, вели Ангел кој додава дека ПИ-СИ прерасна од помошен туторски облик во наставата во редовен предавачки. На почетокот се работеше на делот на помош


на деца кои имаат проблеми со учењето по математика, за сите ученици од четврто оделение до 4-та година средно училиште. Денес покрај математика се работи и англиски јазик, информатика, програмирање, хемија, биологија и македонски јазик. Покрај тоа во ПИ-СИ, учениците се подготвуват и за полагање на матурските испити . “Секоја единка е дел од семејството кое и тоа многу влиае врз нејзиното изградување како личност .Секој родител мора да има време за своето семејство и правилно да ја согледа и осознае средината во која живееме.Тие мора да бидат умешни и да ги насочат децата по правилниот животен пат бидејќи на децата им треба идол.Најголем идол за нив би требало да бидат родителите, но за да постои оваа релација, родителите мора да контактираат со своите најмили за овие да ги осознаат и почувствуват. Ако мајката и таткото немаат време за децата, тие идолот го бараат во други личности, а тогаш работите се гледаат од друг агол.Затоа ПИ-СИ како образовна институција помага не само во делот на образовниот циклус туку влиае и во донесувањето одлуки при избор на школи, факултети или работни места и тоа го прави не со наметнување решенија туку со пласирање корисни информации до децата и родителите.“ Вистинските луѓе во вистински момент даваат најдобри резултати, затоа предавањата и подготовките за горе споменатите наставни предмети во ПИ- СИ ги реализира стручен кадар. Сите вработени професори во ПИ-СИ

мораат да бидат соодветно високо образовани на факултет со високи критериуми, да имаат постигнато висок просек, да не се постари од 25 години и да немаат работно искуство. “На сите огласи за вработување во Македонија се бара пријавените кандидати за работното место да имаат работно искуство. Кај нас тоа не е случај. Квалитетот и искуството ние ги градиме како кај децата така и кај професорскиот кадар. Голем дел од вработените се некогашни ученици во ПИСИ кои знаењето на младите го пренесуваат побрзо, поквалитетно а успехот е беспрекорен. Секоја година во образовниот процес се внесуваат новини, почнувајќи од издавање на збирки и прирачници како и можност децата преку тест да го проверат своето знаење,па дури и оние кои не посетуваат настава во ПИ-СИ. Материјата по предметите, информатика,

математика, англиски, македонски јазик, програмирање, хемија и биологија се реализира по наставната програма која децата ја изучуваат во државните училишта. Наставата мора да се остварува квалитетно, да има ред и безпрекорна дисциплина и наметнување на чувство за одговорност, само така резултатите ќе бидат одлични.“ Девизата “Работи и кога нема што да работиш“ не се применува во ПИ-СИ. “Сите од 20-те вработени се на заслужен платен годишен одмор два месеци во летниот период.За се се има време. Јас и сопругата Јасмина сме креатори на сопствениот живот, уживаме во друштво на нашата ќерка Исидора. Во лето често патуваме и ги полниме батериите за новата учебна година. Тоа не значи дека немаме слободно време и во останатиот период од годината. Напротив, одиме на кошарка,тенис, пинг-

понг, пливање, а со оглед на тоа што и јас и сопругата сме професори по танц уживаме кога слушаме музика а често пати се случува и јас да отсвирам нешто на гитара. Одамна сватив дека никој нема да ми го направи светот поубав од една страна а сите можеме заедницата во која живееме, ние и нашите деца, да ја направиме поубава за да уживаме во неа. Богатството нема само материјална туку и духовна страна. Богат е оној човек кој духовно, спортски и идеолошки се надградува. Овие вредности ги наметнуваат квалитетни луѓе кои се многубројни во Македонија. Затоа Македонија е мојата држава“, ни рече на крајот од разговорот, Ангел Јанев и продолжи да ги реализира дневните работни обврски со кои почнува да се “расправа“ од раните утрински часови. Ангела Белевска

ВЛАТКО МУРЏОСКИ БУЛ. ТУРИСТИЧКА 6000 ОХРИД МАКЕДОНИЈА TЕЛ: 00389 76 427-855 00389 75 826 118 EMAIL: VLATKO_MURZO@HOTMAIL.COM


ВАКЦИНА ПРОТИВ ВИРУСОТ ПРЕДИЗВИКУВАЧ НА КАРЦИНОМ НА ГРЛОТО ОД МАТКАТА

О

д октомври, во сите здравствени епидемиолошки оделенија во Македонија ќе отпочне аплицирање на ХПВ вакцината , против ХПВ вирусот кој е причинител на карцином на грлото на матката.Вакцината која е незадолжителна ќе ја примаат припаднички од понежниот пол на возраст од 9 до 26 години. “Вирусот се појавува во сите земји во развој и 50 % од сексуално активните

жени се заразуваат со него. Голем број од инфекциите поминуваат без симптоми и самиот организам го анимира вирусот. Но кај еден дел од пациентките ХПВ инфекцијата предизвикува појава на брадавици или израстоци во половите органи и појава на карцином на грлото од матката. За да се спречат овие несакани заболувања се препорачува оваа вакцина“, вели д-р Јованка Коровешоска од Епидемиолошкото

одделение при Здравствениот Дом од Охрид. Вакцината против ХПВ вирусот е бесплаатна за деца на возраст од 9 до 15 години. Сите девојќи кои имаат од 15 до 26 години истата ќе ја примат со плаќање одреден паричен надомест. Вакцината се става во мускулот од раката и ќе се прима во три дози. Ангела Белевска

КУЛТУРА

СРЕДНОВЕКОВЕН ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД ДОАЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ФИЛИГРАНСТВО, ВАНГЕЛ ДЕРЕБАН, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА “ЧУВАР НА ТРАДИЦИЈАТА“

фото: Сузана Вренцовска

О

д 5-ти до 8-ми септември, Охрид беше домаќин на историскиот фестивал “Средновековен Охрид“. Манифестацијата свечено зачпочна на градскиот плоштадот на просторот на некогашната градска библиотека. Тука на отворениот средновековен базар, учесниците од Македонија, Хрватска, Словенија и Чешка , од камен и керамика рачно правеа средновековни предмети и истите ги продаваа. Рицари, витези и стрелци под градот на Самоиловите

16

AMAK

PRES

тврдини изведуваа средновековни спортски и боречки активности, а амбиентот беше збогатен со акробатика, жонглери и средновековна македонска музика. Историската средновековна понуда беше збогатена и со промоција на традиционални средниовековни вкусови и специјалитети од старата Охридска кујна подготвени во неколкуте ресторани долж ревиерава. Љубителите пак на убавите напитоци го дегустиираа и уживаа во вкусот на новото средновековно вино кое беше промовирано на

манифестацијата. Во четрите фестивалски ноќи со факели во рака учесниците ги шетаа посетителите низ стариот дел на градов. Доаенот на македонското филигранство, Вангел Деребан, е добитник на наградата “Чувар на традицијата“ ,а истата му беше врачена на 8-ми септември- денот на независноста на Македонија, кога фестивалот беше затворен. “Целта на манифестацијата е да ја пробудиме свеста кај граѓаните за значењето на древниот Охрид за Македонија“, рече Ѕвонко Наумоски еден од организа-

торите на фестивалот. Според градоначалникот, Александар Петрески, вакви културни случувања се добра можност за промовирање на Охрид и по завршувањето на туристичката сезона, и затоа истите треба да добијат традиционален карактер. Организатори на историскиот фестивал “Средновековен Охрид“ се група ентузијасти поддржани од локалната и централната власт. Ангела Белевска


СПОРТ

АМАК СП НА СТАРТОТ ПРОТИВ ДЕБИТАНТОТ ТОРУС

О

хридскиот кошаркарски прволигаш АМАК СП на стартот од новата сезона му гостува на новиот тим во прволигашкото друштво Торус од Скопје. Според ждребањето на Седницата на Здружението на членовите на Првата лига мажи сите средби од првото коло се играат во Скопје. Најтрофејниот кошаркарски клуб се среќава со актуелниот освојувач на двојната круна Фени Индустри. МЗТ ФОН Униврезитет игра со Вардар

2000, Карпош Соколи ја пречекува Струмица 2005 додека Поп Спорт ВСА за првпат во прволигашкото првенство ќе игра против Свисслион Пелистер. Стартот на првенството е на 4 октомври а во есенската полусезона ќе се одиграат 16 кола. Ол Стар викендот ќе биде на 22 декември. Завршницата на Куп натпреварите оваа сезона ќе се игра од 4 до 7 март додека плејофот ќе стартува на 15 април и ќе се игра најдоцна до 6-ти јуни.

Како и досега шесте најдобри екипи ќе се пласираат во Супер лигата а екипите од седмото до десетото место ќе разигруваат за опстанок. Клубот од Охрид за оваа сезона оптимистички најавува дека ќе атакува на една од титулите во домашното првенство, но и успешен настап на евро сцената каде ќе се престави во ФИБА Челинџ купот. С.В

ЖКК БИЛЈАНА 006 СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ

СО МЛАДИ СИЛИ ВО НОВИ ПОБЕДИ

О

хридскиот женски прволигаш, Билјана 006 ги започна подготовките за престојната сезона. Тренинзите со кои екипата ќе се подготвува на физички и техничко тактички план се одвиваат во СРЦ Билјанини Извори. Тренерот и играчот Весна Балазоска најавува подмладен состав кој ќе се натпреварува во најдобрата женска кошаркарска лига. -Целта е токму од тие млади кошаркарки да направиме тим кој во иднина

би се стекнал со големо искуство и во догледно време би постигнувал врвни резултати, вели Балазоска. Покрај старите искусни играчи Балазоска, Н.Кузеска, Цветаноска и Ј Кузеска кои заедно со младите кошаркарки на школата КК Колибри, го понесоа товарот во минатата сезона, оваа година од Клубот најавуваат и неколку засилувања. - Покрај Миладиноска и Тилоска кои и минатата сезона беа дел од нашиот тим

од КК Кимико од Струга се засиливме и со младинската репрезентативка Рациноска како и со Шикоска и Николоска, најавува Балазоска. Охриѓанки повеќе неможат да сметаат на искусниот центар, Жанета Ангелоска - пред еден месец заплива во брачните води и реши да стави крај на кошаркарската кариера. С.В

АКТИВНО УЧЕСТВО НА НАЈДОБРИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ

М

акедонската едриличарска репрезентација зеде учество на 41-от Балкански шампионат кој се одржа во Магнолија Р. Романија. Во четирите натпреварувачки денови во конкуренција од над 100 едриличари од Романија, Кипар, Бугарија, Турција, Србија, Грција, Германија и Молдавија нашите натпреварувачи зедоа учество во три класи, Оптимист, Ласер Радијал и Ласер Стандард. Во машка конкуренција Оптимисти, Ердал Љушо го освои 18 место, Димитар Поп Стефанија 24-тото, Добре Трпоски се пласираше на 36-то, Димитар Димитриески на 38-мо а Кирил Мирчески беше 40-ти. Во истата класа кај жените од нашите најдобра

беше Мартина Каневче која го зазеде 9-тото место а Елена Ставреска се пласира на 13-то место. Во класата Ласер Радијал најдобро пласирана, 8-ма беше Александра Заричин. Во класата Ласер Стандард Славчо Мошоски го освои 18-тото место а веднаш зад него се најде Мартин Пејоски. Македонските најдобри едриличари претходно учествуваа и на меѓународната регата „Куп на Ѓердап“ што по 33-ти пат се доржува во Долни Милановац, Република Србија. Македонските репрезентативци настапија во класите „Ласер Стандард“ „Ласер Радијал“ и „Оптимист“. Во конкуренција од 87 натпреварувачи од 6 земји Мартин Пејоски во класата

„Ласер Стандард“ го освои 6-то место а Славчо Мошоски 10-то. Александра Заричин беше 7-ма во класата „Ласер Радијал“. Во класата „Оптимист“ Ердал Љушо се пласира на 9-то место. Во истата класа Димитар Поп Стефанија беше дванаесети а Добре Трпоски дваесет и први. Во женска конкуренција Мартина Каневче се пласира на шестата позиција а Елена Ставреска на осмата. Останатите двајца од десете македонски натпреварувачи, Кирил Мирчески и Димитар Димитриески се пласираа на 27-то односно 37-то место.

www.amakpres.com.mk

С.В

17


СПОРТ АТЛЕТСКИ МАРАТОН „ОХРИД 2008“

УНГАРЦИТЕ НАЈБРЗИ ВО ОХРИД

П

о повод денот на независноста на Р. Македонија во Охрид во организација на А.К „Охрид“ по 23-ти пат се одржа атлетскиот маратон „Охрид 2008“. Годинава најбрз на 30километарската патека од Св Наум до Охрид беше унгарецот Норбет Пресили кој со време 1,48,44 неуспеа да го сруши рекордот на патеката поставен во 1993 година од Борислав Девиќ.- Ова беше тешка трка но многу возбудлива. Патеката има и нагорнини и надолнини што и дава посебна тежина но сепак на крајот имав сила да победам на овој маратон и навистина сум среќен иако неуспеав да поставам рекорд а многу посакував, рече по трката Девиќ кој заработи награда од 1000 евра.

18

AMAK

PRES

Втор на целта помина неговиот сонародник Истван Балаг(1,50,15) а трет нашиот маратонец Ѓорѓи Трендафилов кој патеката ја истрча со време 1,52,27. За второпласираниот организаторите доделија 500 евра а третиот беше награден со 200 евра. Кај жените триумфираше србинката Марина Лукиќ со време 2,09,23 која по трката падна на земја. По скоро 15 минути ја преброди кризата и изјави дека е задоволна од триумфот и од постигнатото време. Втора со задоцнување од само една секунда пристигна Јелена Марковиќ од Косово а трета беше унгарката Ема Варга со резултат 2,18,68. Најдобрите во женска конкуренција поделија 700 евра, 400 за прво, 200 за второ и 100 за

трето место. Рекордот на патеката во женска конкуренција го држи Добринка Шаламанова од Бугарија 2,06,01 поставен пред две години. На маратонот зедоа учество над 100 маратонци од Македонија, Србија, Би Х, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово и Унгарија. Традиционалниот маратон без прекин се одржувал од1976 до 1993 година а потоа по пауза од десет години повторно се возобнови во 2004 година. Според статистиката Живко Стојчески, со вкупно пет победи ( од 1976 до 1980 година) е најтрофејниот маратонец а најстариот маратонец кој ја истрчал патеката долга 30-километри е 73-годишниот Живоин Јекиќ со резултат 2,52,30 С.В


АМАК ПРЕС 96  

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основ...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you