Skip to main content

АМАК ПРЕС 95

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 95 25 Август 2008

БЛЕСКАВО 15-ТО ИЗДАНИЕ НА ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ НИКОЛА СТОЈКОСКИ –ИЗРАБОТУВАЧ НА ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО И КАМЕН И ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ОХРИДСКИ ЧЕВЛАРИ

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ЗА УМЕТНИКОТ ТАЛЕНТОТ КОГА ТОГАШ ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА

definitivno najevtino www.don.com.mk

ОХРИД ЛЕТОВО ВО ПОСТОЈАН СООБРАЌАЕН КОЛАПС


ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид


ЛОКАЛ БОГАТА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА ВО ОХРИД

ОХРИЃАНИ ТРИЈАТ РАЦЕ ТУРИСТИТЕ СЕ ЖАЛАТ З

а сопствениците на плажите и хотелиерите годинешната туристичка сезона во Охрид е најбогата за туристите најхаотична. Закупците на плажи се фалат дека годинава поминале подобро од кога било поради „квалитетните гости“ - Радува тоа што структурата на гостите е многу поразлична од минатите години. Посетени бевме од квалитетни гости, потрошувачи. Минатата година имавме поголема гужва, но годинава приходите се далеку поголеми, вели сопственик на плажа. И останатите концесионери на плажите се задоволни од исходот на сезоната. Велат дека Охрид треба да се определи за поквалитетни гости но и да ги подобри условите посебно хигиената во градот и крајбрежието. Од богатата туристичка сезона ќаруваа и хотелиерите и приватните станоиздавачи кои забележаа скоро стопостотна исполнетост. -Хотелските капацитети имаа исполнетост од 70 до 100 одсто но она што радува е тоа што за прв пат годинава бројот на странски гости е поголем од домашните, вели претседателот на ХОТАМ Дончо Танески. Танески е задоволен од посетеноста која според него е зголемена за 10% во однос на минатата година. Според Танески најбрoјни се странските гости од соседството Србија Албанија Бугарија, Косово, но видно зголемен е бројот и на туристите кои пристигнаа од подалечните земји Холандија, Израел и Франција. Сето ова, вели Танески се должи на зголемената пропаганда и промоција на саемите надвор од државава во текот на цела годи-

на. Она што претставува проблем, според Танески е наплатата на туристичката такса, и загубите кои ги претрпуваат општината, државата а со тоа и туризмот. -Годинава имаме мало подобрување на наплатата на туристичката такса, но сеуште овој проблем е голем и влијае врз развојот на туризмот затоа што тие пари се наменети за презентација и промоција на туристичките места. Сеуште е рано да се направи пресметка за загубите но штетите и годинава ќе бидат големи, вели Танески. Од секторот за Туризам и локален економски развој(ЛЕР) велат дека се задоволни од досегашниот процес на спроведување на категоризацијата. „Пред две години небеше евидентирен ни еден станоиздавач а сега имаме бројка од 1300 станоиздавачи и 7880 ноќевања, вели Гоце Симоноски раководител на ЛЕР. Но и покрај најавите дека категоризацијата се одвива со засилено темпо во приватниот сектор надвор од хотелските капацитети според слободни проценки има над 70 000 легла што за туристичките работници претставува огромни загуби поради ненаплатената такса која се движи од 40 денари по лице. „Мал е процентот на оние кои плаќаат туристичка такса за гостите а штетите се огромни, велат тие. Минатата година собрани се само 16 милиони денари а според проценките општината и државата претрпеле штети од 1 милион евра. За оваа година предвидено е да се соберат околу 20 милиони денари сума која исто така не е за пофалба,

велат надлежните. „Поголема наплата на туристичката такса ќе може да очекуваме кога категоризацијата ќе биде целосно спроведена но, исто така треба да се воспостави и софтверски систем кој ќе биде поврзан и со полицијата каде со самата регистрација на гостите ќе се наплаќа и таксата, вели Симоноски. И додека туристичките работници мака мачат со наплатата на таксата туристите најголем проблем имаат токму со луѓето кои издаваат соби. Цените годинава достигнаа до рекордни 700 денари за кревет за време на илинденските празници. Се издава се и сешто а најповеќе гостите се манипулираат со локацијата на сместување. Им се нудат соби во близина на центарот, а добиваат сместување далеку на периферијата од градот. Најголемите забелешки од домашните туристи се однесуваат и на уреденоста на плажите и немањето доволно паркинг простор, а странците најповеќе се жалат на хигиената во градот. -Ова по се изгледа ќе ни биде последен одмор во Охрид. Потрошивме како да сме на море а не на езеро. За да отидеш на плажа треба да платиш и за лежалка и за чадор и за кола. Ова не се плажи ова се кафулиња со маси и столици каде мора да пиеш ако сакаш да си на плажа, вели еден разочаран скопјанец кој доаѓа на одмор во Охрид веќе 10 години.

Сузана Вренцовска


ЛОКАЛ

ОХРИД ЛЕТОВО ВО ПОСТОЈАН СООБРАЌАЕН КОЛАПС ОХРИД ОВА ЛЕТО СКОРО СЕКОЈ ДЕН ПРЕЖИВУВАШ ПОГОЛЕМИ ИЛИ ПОМАЛИ КОЛАСИ НА СООБРАЌАЈОТ. СЕ СЛУЧУВАШЕ О ЧАСОВИ ГРАЃАНИТ И ТУРИСТИТЕ ДА ОСТАНАТ ЗАГЛАВЕНИ НА НЕКОЈА ОД ЦЕНТРАЛНИТЕ ГРАДСКИ УЛИЦИ, НО НАЈТЕШКО ПОМИНУВАА ОНИЕ КОИ ЗАГЛАВУВАА НА ПАТОТ КОЈ ВОДИ ДО ПЛАЖИТЕ.

О

хрид годинава преживеа неколкупати доживеа колпаси на сообраќајот од поголем обем, а секојдневни беа застоите во центарот на градот и кај плажите. Малиот број паркинк бростори, малиот капацитет улиците во центарот на градот и илјадниците новодојдени возила правеа состојба во која колапсот на сообаќајот е неминовиен. Експертите велат дека во догледно време оваа состојба во ентарот на Охрид нема да може да се надмине бидејќи за тоа се потребни капитални инвестиции во инфраструктурата, а пред се во паркинг просторот со градење на катни гаражи. Ваков објект беше најавено да се гради на местото од паркингот кај пазарот за админситративната зграда на Горица, но до ден денес катната гаража не е ни почната со градба. Доколку би се изградила оваа зграда таа значително би го решила проблемот со паркирањето во центарот на Охрид. Како олеснување се најави и паркингот кој е под т.н. Кли Близначки на местото од

4

AMAK

PRES

старата автобуска. Овој подземен паркинг плац кој има и свој надземен дел може да прими стотци возила што во значителна мера ќе го олесни паркирањето во центарот, но истовремено и сообраќајот ќе биде значително растоварен бидејќи помал ќе е бројот на оние кои со автомобилите кружат во центарот на градот барајќи паркинг на преполните паркинзи во кои немаше место за паркирање ни за пари и ли во некоја од околните улички и слободни паркинг плацови. Но сепак најалармантна и најтешка е состојбата со сообраќајницата која води до плаќите од Охрид до Св. Наум. Овој пат во летниот период нормално функционира само до месноста Св. Стефан каде завршува кракот од автопатот и од тука започнува пат кој на некои места е означен со натпис ,,Внимание патот е широк само 5 метри,, Оваа сообраќајница која е градена пред неколку децении станува неупотреблива во денепшно време кога бројот на автомобили е

енормно зголемен во однос на тој период, а и туризмот е сосема поинаков од тогаш. Советникот за сообраќај во охридксата Локална самоуправа Зоран Шикалоски вели дека единствени решение е реализирањето на проектот за изградба на автопат над населбите крај езерото кој е планиран уште пред речиси 20 години. - Единствено решение треба да се бара во изградба на автопат од Охрид до Св. Наум кој би одел по планината над населбите. СПоред тој проект треба да се изгради приклучница над бензиската Билјанини Извори и од тука по планината да се стугнува до Св. Наум. Со посебни излези од автопатот ќе може да се излегува и стугнува до екоја плажа, а сегашниот пат би бил еден вид улица по која ќе се движат пешаци и би се кросител како паркинг простор – вели Шикалоски и додава дека ова шрашање е во надлежност на државата која треба да влезе во реализирање на овој проект час поскоро ако сака Охрид да го развива како туристички центар.

ХАОС И НА ПРИСТАНИШТАТА Како алтернатива за растоварување на копнениот сообраќај во крајезерските населби мнгумина го гледаат пловниот сообраќај, но летово и тој во Охрид беше во своевиден хаос,

целосно дезорганизиран,а патувањето со бод од Охрид до Св. Наум сана макотрпна работа. Двете пристаништа се претесни да ги примат бродовите, но и туристите па на нив нема место ни во вода ни на копно. Охридската капетанија проблемот се обиде да го реши со распоред на паркирање на бродовите, но ова направи состојба во коај туристите немаат избор со кој брод ќе се возат туку мора изборот да го рпават според распоредот кој важи за тој ден. Додека сообраќајот на бродовите на пристаништето во Св. Наум е приказна за себе. Таму секогаш 2 брода едвај стоја во малото пристаниште, додкеа 4 останати стојат на езерсакта шир и чекаат некој да исплови за некој да вплови. Оваа состојба најблаго речено е смешна и прави нервоза кај бродарите, но пострашно е тоа што се нервираат и туристите кои стојат на пристаништето и чекаат среќен момент кога бодот со кој допловиле и купиле на кој купиле повратен билет ќе вплови во пристаништето и ќе ги врати назад. Сето ова укажува на катастрофалната состојба со сообраќајот во Охрид во сите свери и е аларм за час поскоро да се преземат чекори во сферата на инвестициите кои ќе ги решат проблемите насобирани со години. Љупчо Таневски


ЗАГРИЖУВАЧКО Е НИВОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ВОДАТА ОТКРИ „НОВИ“ ПЛАЖИ НАМАЛУВАЊЕТО НА НИВОТО НА ВОДАТА НА ЕЗЕРОТО ИМА НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ И ВРЗ ЖИВОПИСОТ НА КРАЈБРЕЖНИТЕ ЦРКВИ И ВРЗ ОБЈЕКТИТЕ ВО БЛИЗИНАТА, ПРЕДУПРЕДУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ.

П

остои опасност нивото на Охридското Езеро драстично да се намали под минималното кота од 693,10 метри ако и понатаму продолжи сушниот период и истекот на водата од Езеро за енергетските потреби на Албанија - предупредуваат експертите. Според последните мерења нивото на Езерото е само шест сантиметри над природната кота која изнесува 693,17метри. По должина на крајбрежието видливи се и новоформирани плажи како последица на повлекувањето на водата но од хидрометеролошката станица велат дека место за паника нема. Мерењата се редовни а ваквите појави се присутни и во изминатите години. -Осцилациите на Езерото кои се форсирани од страна на човекот можат да предизвикаат ретчење на густината на популацијата на живиот свет во водата а може да доведе и до целосно изумирање. Животинскиот свет е навикнат на природните осцилации но доколку и понатака продолжи сушниот период каде врнежите посебно на снег се минимални тогаш неможиме да се бориме против природата но треба под итно да се преземат мерки за заштита на природната рамнотежа. Во спротивно Охридското Езеро ќе биде сериозно за-

грозеноа постои опасност и за еколошка катастрофа, вели доктор Здравко Крстановски од Хидробиолошкиот Институт. Загриженост за повлекувањето на водата има и кај Охриѓани. Според нив ова е периодот во кој е нормално да се повлече водата, но оние постарите велат дека оваа година е една од покритичните. Охридската јавност поделена околу причините за ваквата состојба. Според едни причина се климатските услови а според други виновници се надлежните институции кои дозволуваат Езерото да се користи за енергетски потреби со неконтролирано испуштање на вода. Според експертите намалувањето на нивото на Езерото има негативни последици и врз живописот на крајбрежните цркви и врз објектите во близина на Езерото. -Ваквата состојба предизвикува повлекување на нивото на подземните води што пак може да доведе до искривување на станбените објекти поради спуштањето на земјиштето. Исто така трагите се видливи и на фреските во околните цркви на кои има траги од калциум карбонат-вели Крстановски. Според него ЕЛЕМ неконтролирано го користи природното богатство, врши деструкција а надлежните сеуште ништо не преземаат. Од друга страна вели Крстаноски,

се испушта вода од прва и втора категорија а од притоките од кои се полни Езерото се влева вода од трета и четврта категорија. Исто така реакции за намалувањето на нивото на Езерото има и од Советот на Општината кој неодамна побара од надлежните да се преиспита договорот склучен помеѓу Албанија и Македонија за користење на водата во енергетски потреби односно утврдување на нови максимални и минимални коти на осцилации на Езерото -Во услови на променати климатски услови потребна е измена во студијата за истекот на Охридското Езеро преку Дрим, изградба на соодветен регулатор како и формирање на надзорно тело кое ќе ги следи осцилациите на Езерото, вели претседателот на Советот Владо Чингоски. Советот на општината упати и апел до надлежните под итно да преземат мерки со кои би се спречиле градежните активности во водите на Езерото, а веќе изградените платформи и потпорни ѕидови кои ја прекинуваат природната комуникација на водата со брегот да се отстранат.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

5


ЛОКАЛ СПАСЕНОСКИ НАЈАВИ МАКСИМАЛНА ГРИЖА ЗА РИБНИОТ ФОНД

ПОРИБУВАЊЕ НА ЕЗЕРОТО СО ПАСТРМКА

П

ретставници на Хидробиолошкиот завод извршија порибување на Охридското Езеро со 38.000 рипчиња-пастрмки, стари до осум месеци. За да се постигне биолошкиот минимум, годинава, Езерото ќе биде порибено со 1,8 милиони млади пастрмки одгледани во двете мрестилишта на македонска и мрестилиштето Лин на албанска страна. -Грижата за Охридското Езеро, особено за рибниот фонд ќе биде максимална. Нашите активности се во насока на зголемување на фондот на пастрмка за да може природно да се мрести, но и да ја имаме во доволни количини за да можеме да ја понудиме на нашите туристи како специјалитет - порача од Охрид, министерот за земјоделство, Ацо Спасеновски. Според него, уште три години нема да може да се стопанисува со Охридското Езеро. После тоа би се изготвила програма со која ќе се опфати не само порибувањето, туку и понатамошниот улов на пастрмката.

6

AMAK

PRES

- Се работи за риба која тешко се обновува. За еден килограм природна пастрмка потребни се седум години, а репродуктивно да остави потомство повеќе од три години вели Гоце Костовски, директор на Хидробиолошкиот завод. Според најавите на министерот Спасеновски, годинава се издвоени 10 милиони денари за порибувањето на Езерото. Спасеновски рече дека согласно новиот Закон за рибарство инспекциските служби се постојано на терен низ угостителските објекти и продавниците, каде е забранета продажбата на пастрмката, а се чешлаат и местата каде што се продаваат рибарските мрежи. Досега поднесени се 30 прекршочни пријави против рибокрадците, а во иднина планирано е и зголемување на безбедносните мерки и поставување на видео надзор на езерото. - За исчезнувањето на пастрмката виновни се сите, експертите, Владата, Министерството, локалната самоуправа и инспекциските служби. Она што сега го правиме е да се исправи тој пропуст и да го спречиме изумирањето на овој вид на риба. Само со колективна акција, со учество на сите вклучувајќи ја и албанската страна, со заеднички патроли за контрола на езерото ќе се постигнат ефекти и за неколку години очекуваме да се врати популацијата на пастрмката - рече Спасеновски.

ПАСТРМКАТА ВО РЕСТОРАНИТЕ Е ОДГЛЕДУВАНА ВЕШТАЧКИ Спасеноски вели дека во еден охридски рсторан служеле охридска пастрмка, иако има забрана за нејзино ловење. -Побаравме документ во кои се потврди дека пастрмката е произведена во приватно одгледувалиште за охридска пастрмка. Документот беше валиден, а тоа го потврди и државниот инспектор. Охридската пастрмка евентуално може да се најде во продавница, само одгледувана во вештачки услови. Улов на пастрмка во овој момент е забранет, но секогаш постои можност за манипулација. Ние жестоко ќе одговориме на таквата појава, оти тоа е криминал - рече Спасеновски. Сузана Вренцовска


ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЈА УСВОИ ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

С

оветот на Општина Охрид на вонредна седница едногласно ја усвои Декларацијата за заштита на Охридското Езеро. Советниците ја изразува својата загриженост за повеќе годишното ниско ниво на водостојот на Охридското Езеро,штетната близина на магистралниот пат, Охрид- Св. Наум до езерото и сообраќајниот хаос. Тие велат дека наглото зголемување на пловните објекти кои користат нафтени деривати, уништувањето на трската и депонирањето на цврстиот отпад на крајбрежјето негативно влијаат врз екосистемот и квалитетот на водата. Советниците изразуваат загриженост и поради лошата состојба на пристаништата и каналот “Студенчишта“, како и изградување на објекти кои се без до-

звола за градба а кои негативно влијаат на литоралниот дел. Според нив алармантна е состојбата и со загадувањето на езерото со отпадни води во делот од Лагадин до Св.Наум. Донесувањето на Декларацијата за Заштита на Охридското Езеро го поздравија експертите за животна средина од Хидробиолошкиот институт кои велат дека документот не само што треба да се усвои туку неопходно е и да се имплементира. “Плажите кај нас, на одреден начин се урбанизирани, но истите треба да бидат изградени врз основа на еколошки елаборат, значи не може ништо да се гради доколку не постои еколошки елаборат. Има прашања кои експерти треба да ги разгледуваат. Едно од горливите прашања е нерегуларното истекување

на езерото преку Црни Дрим за енергетските потреби на Македонија и Албанија“, вели проф.д-р.Здравко Крстаноски од Хидробиолошкиот институт. Декларацијата е испратена до претседателот на државава, премиерот, министерот за транспорт и врски, министерот за животна средина и до други надлежни институции. Советот од надлежните државни институции бара да се заложат за дислокација на магистралниот пат, Охрид- Св.Наум, да се доизгради колекторскиот систем и да се воведе ред во урбанизацијата и користењето на плажите и крајбрежјето на Охридското Езеро.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

7


ЛОКАЛ

СИСТЕМАТСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ И ИМУНИЗАЦИЈАТА КАЈ ДЕЦАТА СЕ БЕСПЛАТНИ СИНИТЕ КАРТОНИ КОИ СЕ ЗЕМААТ ПРИ СИСТЕМАТСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ СЕ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ЛЕКАРИТЕ, ДЕТЕТО ЌЕ БИДЕ ПРЕГЛЕДАНО НЕЗАВИСНО ОД ТОА ДАЛИ РОДИТЕЛИТЕ ИМААТ ИЛИ НЕ СИНИ КАРТОНИ. СЕ НАПЛАЌААТ САМО СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ПРЕГЛЕДИ И ЗА НИВ Е НЕОПХОДЕН УПАТ ОД МАТИЧЕН ДОКТОР

С

истематските прегледи на децата, учениците и студентите кои се изведуваат во Здравствениот Дом во Охрид се бесплатни и за нив не се плаќа партиципација. “Со цел да се избегнат некои забуни кај родителите мора да истакнеме дека за систематски преглед и имунизација не се плаќа партиципација ниту некој досега ја платил. Сините картони кои се земаат се за наша сопствена евиденција и тие не се услов за да се изврши услугата. Детето ќе биде систематски прегледано и имунизирано независно од тоа дали има или не сини картони“, изјави д-р Катерина Димитрова од Единицата за превенција на деца и младинци при Здравствениот Дом.

Доктор Димитрова, истакнува дека прегледите кај ортопед, очен или ушен лекар, урологија, кардиологија и другите специјалистички прегледи(доколку за нив има потреба и се препорачуваат по систематскиот преглед) се вршат со упат од матичен лекар, син картон и за нив се плаќа партиципација. Во доечка возраст односно до шестиот мессец од раѓањето кај детето е препорачливо да се направи ортопедски а во четвртата година офтомолошки преглед, овие услуги не се влезени во програмата за превентивна здравствена заштита и со оглед на тоа што се третираат како специјалистички прегледи спроведени по индикација подлежат на плаќање партиципација.

Со почетокот на новата учебна година почнуваат и систематските прегледи на ученици. “Целта на прегледите е динамично следење на растот и развојот, откривање ризик фактори за одредени заболувања и превенција на истите како и спроведување на општ лекарски преглед“, вели д-р Димитрова. Со систематските прегледи кои почнуваат во септември опфатени се ученици од прво, трето, петто и седмо оделение како и средношколците од прва и трета година и бруцошите на факултет. Ангела Белевска

ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ВО ОХРИД

В

о организација на Младинскиот Совет од Охрид а под покровителство на локалниот бизнис сектор, од 25 до 28 август во градов се одржаа Летните игри без граници. Во водениот базен Аква-блу во село Волино, една недела петте натпреварувачки тимови се бореа за подобар пласман во пет вештини.

“Игрите имаат забавен карактер и преку нив се настојува да се покаже значењето на тимската работа, вештината и секако важноста од применетата брзина.Во последната игра наречена штафета натпреварувачите имаат можност да освојат најмногу поени“, вели претседателот на Младинскиот совет од Охрид, Димче Каневче.

За најуспешните натпреварувачи и најдобрите три екипи ќе бидат доделени симболични награди. Организаторите се надеваат дека игрите без граници одржани на вода ќе добијат традиционален карактер. Ангела Белевска

НОВА ВАКЦИНА ПРОТИВ ТЕШКИ МЕНИНГИТИ И БРОНХО ПНЕУМОНИ

Н

аскоро, ќе биде воведена нова вакцина против бактеријата hemofilius influence која што е предизвикувач на тешки менингити и бронхо пнеумони. Со вакцината ќе бидат заштитени деца до три годишна

8

AMAK

PRES

возраст. Вакцината ќе се дава во три дози со одредена динамика. Вакцината против бактеријата која е предизвикувач на тешки менингити и бронхо пнеумони веќе ја примаат децата кои живеат во Западно eвропските

земји, во Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија и Грција. А.Б.


www.amakpres.com.mk

9


LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE НИКОЛА СТОЈКОСКИ –ИЗРАБОТУВАЧ НА ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО И КАМЕН И ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ОХРИДСКИ ЧЕВЛАРИ

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ЗА УМЕТНИКОТ ТАЛЕНТОТ КОГА ТОГАШ ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА

Б

ог е тој кој ти дава уметнички предиспозиции и талент од ништо да направиш нешто, дрвеното стебло или сувата гранка па дури и обичните улични камења да ги претвориш во такво уметничко дело пред кое се поклонувааат и врвни академски сликари, вајари скулптори... Но вистинскиот уметник, чуда знае да направи не само од еден суров материјал туку од многу други зошто за него е уметнички предизвик секоја суровина која нема, а повеќе од сигурно е дека може да ги има и содржината и духот. Со мерак уредена куќа и двор и чиниш за миг си се нашол во детската приказна за “Јовче и Марика “, зошто само таа чоколадна куќичка од детските сликовници може да се мери со убавината на куќата од чичко Никола Стојкоски. Ние замислувавме дека сме богови и

10

AMAK

PRES

уживавме во пријатното дворно место каде чичко Никола ја раскажуваше својата животна приказна, велам богови зошто само тие уживаат во рајски градини а во една од нив како да бевме и ние екипата на АМАК- ПРЕС, Охридкси Новини. Сончевите зраци се милуваа во бистрата вода на големата дворна фонтана изработена од ситни камчиња и кога за миг разговорот ќе прекинеше погледнувавме во неа за да се запрашаме себеси; сребро или камен е ова? Зошто камчињата беа така чудесно поставени како да се преливаат едно во друго. “Фонтаната и целиот двор го уредував сам. Камењата што ги гледате ги собирав од улица , по охридските плажи а потоа ги усогласував по бојата. За уредување на дворот кој целосно е направен со камен вкличувајќи ја и камената фурна, не сум дал ни скршен

денар. Се сум направил според сопствената замисла онака како што сум мислел дека е најубаво“, вели Никола чиј двор го красат и прекрасни предмети направени од дрво. Тука е преубавата гарнитура за седење, и неколку животни исто така изработени од дрво кои како “финиш“, на дворот му даваат таков амбиент па да мислиш дека си во некоја џунгла и од секоја страна очекуваш да те нападне диво животно кое пред тебе се смирува и спитомува. “Уметничкиот талент и желбата нешто убаво да направам кај мене од секогаш постоеле. Но релативно доцна по пензионирањето, почнав да се занимавам со изработка на уметнички дела. Како дете покажував уметнички предиспозиции и желба уметнички да се орјентирам во животот. Но родителите немаа слух и разбирање за моите барања мислеа дека е подобро да имам


некој занает и навистина ме пратија на него. Но талентот на вистинскиот уметник излегува на виделина независно од старосните години на личноста. Прво нешто што јас сум направил е резбата од дрво на која е издлабен ликот на моето прво внуче Бојан, под кој издлабив птица. Тогаш имав 60 години и од тогаш до денес имам направено многу

дрвени скулптури кои се применливи и практични во домаќинството. На внукот му направив дрвено коњче на кое се нишаше и заспиваше кога беше малечок. Дел од скулптурите се одлични за поставување на пијалаци или боци со вино, за чување документи и тн....“ Иако уметноста е негова љубов, чичко Никола се пензионирал како чевлар.

Родителите сакале да биде тоа и навистина тоа и станал, но никогаш не зажалил за одлуката. Како моделар на чевли успевал да ја покажува надареноста за уметност и смислата чифтот чевли да изгледа преубаво. “Беа тоа времиња“, вели Стојкоски и се присеќава на своите работни почетоци во првата фабрика за чевли во Македонија “Борка Левката“во Прилеп. По моето доселување во Охрид се вработив во фабриката „Илинден“, прво работев во занаетчиската работилница кај Рибарниците во центарот на градов а подоцна во просториите кај фабриката “Отекс“. Во “Илинден“ работев 26 години, останатите 14 години до пензионирањето, работев во мојата приватна работилница . Работев а и се уште работам како моделар и производител. Моделирањето подразбира цртеж, правење шаблон, потоа кроење и шиење. Работам и по порачка. Правам чевли онакви какви што вие ќе изберете од каталог. Но времињата се менуваат. Во минатото беше нормално да се нарачуваат чевли. Посебно нарачките беа големи пред крајот на учебната година, ги бараа матурантите за да изгледаат убаво на матурските вечери. Сега најчесто муштериите доаѓаат за поправки “, раскажува Никола кој материјалите за работа ги набавува од “Годел“ или продавницата за ѓонови и кожа од “Газела“ во Скопје. Пензионерскиот стаж, Никола Стојкоски го ситни во придружба на сопругата Слободанка со која има две деца, синот Сашо и ќерката Даниела. Ужива во игрите со внукот Бојан, но тогаш кога тој е отсутен од дома, Никола се опушта во своето хоби, правење на предмети од дрво и обичен камен на кои им дарува душа и лик. Ангела Белевска

11


ESTRADA ЗАВРШИ 15-ТО ИЗДАНИЕ НА ОХРИД ФЕСТ – ОХРИДСКИ ТРИБАДУРИ

НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА ЗА АНТОНИЈА ШОЛА

Х

рватската поп дива, Антонија Шола е севкупен победник на музичкиот фестивал ,Охрид Фест- Охридски Трубадури. За композицијата “Небо под облак“ што Шола ја изведе на интернационалната вечер ќе биде снимен спот вреден 20.000 евра. Ова е најголемата музичка награда доделена на фестивал на балканските простори до сега. За снимањето на спотот ќе биде задолжена најголемата филмска продукција од Босна и Херцеговина “Solid state product“ а сце-

12

AMAK

PRES

нарист и режисер ќе биде еден од најдобрите филмски работници во бившите ЈУ –простори, Енвер Пушка. На последната интернационална вечер симпатиите од стручното жири и публиката ги освои не само Шола туку и второ и трето наградените, Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски. Инаку она по што ќесе памети 15то јубилејно издание на Охридските Трубадури, е пред се одличната организација, преубавата сцена кај “Долни Сарај“, големиот број

на учесници и публика. Годинава прв пат покрај трите веќе познати, фолк, поп и интернационална вечер имаше уште една фестивалска ноќ што организаторите ја нарекоа вечер на “Нови ѕвезди“. Токму на таа прва фестивалска дебитанска ноќ, членовите на групата “Некс Тајм“ со песната “Ме остави сам да живеам“ ги освоиа срцата на членовите од жирито и ТВ-гледачите кои имаа можност да гласаат. Советот на фестивалот требаше да одбере три најдобри дебитантски


песни , но поради квалитетот на песните одлучи шест изведувачи да продолжат да се натпреваруваат на Поп-вечерта и секако да учествуваат на последната интернационална ноќ во трката за највисоката награда од 20.000 евра. Популарната пеачка, Дани Димитровска, со песната “Никој како ти“ победи на поп –вечерта на фестивалот и освои 50 000 денари. Дани однесе тесна победа во неизвесната трка пред Ристо Самарџиев а третото место го освои Влатко Илиевски.

На фолк вечерта публиката за најдобра ја избра песната на Снежана Савиќ а второ наградена беше Благица Павлоска. Повеќе од 30 музичари настапија на последната интернационална ноќ. Покрај победничката Аантонија Шола, настапија и други странски изведувачи, Маја Николиќ, Алекса Јелиќ,“Бит Стрит“ и Хуса БС“ од Србија, Ребека Дремељ, Тања Жагар и Мартин Перовиќ од Словенија, Нено Муриќ од Босна, Ивана Поповиќ од Црна Гора, Крум од Бугарија и Роза-

на Ради и Шпати од Албанија. Годинешното издание преку еден од националните телевизиски медиуми го гледаа и гласаа не само гледачите од Македонија туку и од сите други југословенски републики,Канада, Бугарија, Шведска и Германија.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

13


КУЛТУРА

СЕ СПУШТИ ЗАВЕСАТА НА 48-ТО ОХРИДСКО ЛЕТО ГОДИНAШНОТО ИЗДАНИЕ КРИТИЧАРИТЕ ГО НАРЕКУВААТ ВОНВРЕМЕНСКО. ТЕАТАРСКИТЕ ПРЕТСТАВИ И МУЗИЧКИТЕ СЛУЧУВАЊА ГИ ПРОСЛЕДИ 30 000-НА ПУБЛИКА Едно од најѕвездените изданија на најголемиот музички фестивал во земјава, Охридско лето, ја заокружи својата маршута по која чекореше еден и пол месец. Големи театарски уметници од десеттина европски земји, виртуозни музичари самостојно и во камерни состави ја славеа уметноста и го правеа светот единствен. Атрактивноста на уметниците во музичкиот и театарскиот дел донесе едно интересно издание кое го проследи 30 000-на публика. Тешко може да се издвои одреден уметнички перформанс во низата навистина прекрасни уметнички достигнувања, кои имавме можност да ги видиме и слушнеме во текот на фестивалските вечери. Не може да остане незабележан спектакуларниот настап на оперската дива Џеси Норман, концертот на сестрите Јанке, “Калигула“, на театарот “Пандур“ на Питер Брук или квартетот

“Лудвиг“ кој настапи на денот на Европа. За некои најдобар беше гала концертот на Борис Трајанов со Инва Мула или концертот на Сара Чанг. Неможе а да не се спомене музичко –драмската претстава “Четри годишни времиња“, во режија на Иван Поповски која покажа дека нема граници меѓу музичкото и театарското во уметноста. Завесата на најпрестижната музичко сценска манифестација, Охридско Лето, се спушти по настапот на чудото од дете, американската виолинистка со корејско потекло, Сара Чанг. Таа заедно со Камерниот оркестар на Словенечката филхармонија во црквата Св. Софија, отсвири композиции од Сарасате и Вивалди. Светски познатата, а сепак едноставна, Чанг за време на настапот промени четри вечерни тоалети а дозволи ексклузивното право за снимање на пред концертните проби да се даде на еден од

националните медиуми без притоа да бара одреден паричен надомест. Младата виолинистка со светска кариера и високо музичко реноме е воодушевена од убавините на Охрид и љубезноста на Охриѓани. “Овој град е рај за купувачите,вашиот Охридски бисер е преубав и јас за себе си купив два сувенири изработени токму од бисер“, истакна Чанг. Годинава имаше и голем број новини во однос на претставувањето на фестивалот како и обезбедување подароци за сите учесници, почнувајќи од брошури,капи, маици а годинава беше промовирано и фестивалското вино. Од дирекцијата на фестивалот велат дека веќе се започнати подготовките за наредното издание.

црква, Св. Кирил и Методиј и црквата Св. Софија како и на отворените сцени крај езерскиот кеј,охридската чаршија и низ улиците во централното градско подрачје хористите интерпретираа песни од различни музички стилови. Изведбите на хоровите ги следеа реномирани уметници од областа на хорската музика од Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија, а на најдобрите 6 хорови од секоја категорија им беа доделени

дипломи. Фестивалот кој има репрезентативен а не натпреварувачки карактер има огромно уметничко значење и е прв од ваков вид. Тој е одлична можност за културно и музичко промовирање на Охрид и тоа преку хорската музика.

Ангела Белевска

ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД

О

д 22 до 25 август, Охрид беше домаќин на меѓународниот фестивал на хорови што прв пат се одржува кај нас. На фестивалот учествуваа 2000 уметници групирани во 60 хорови од 14 земји, Македонија,Бугарија, Србија,Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, Словенија, Чешка, Полска Литванија, Летонија и Русија. На затворените сцени во Католичката

14

AMAK

PRES

А. Белевска


СПОРТ

1


СПОРТ АМАК СП СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ

СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ ВО НОВАТА СЕЗОНА

А

МАК СП стартуваше со подготовките за престојната кошаркарска сезона. На СРЦ „Билјанини Извори„ со комбинирани тренинзи, техничко тактичка подготовка и физичка издржливост, тренерот Марјан Лазоски ја подготвува екипата во чии редови сеуште не се приклучија клучните играчи. Војдан Стојаноски поради репрезентативните обврски и Џарид Фрај кој сеуште не допатувал во Охрид. Првиот тренинг измина и без најавените странски засилување кои треба да ги пополнат внатрешните позиции на екипата. За Лазоски не е голема загуба тоа што екипата на подготовките стартуваше во неполн состав но потребно е месец пред почеток на првенството да се комплетира екипата. Лазоски вели дека Луѓето од Управата имаат разбирање за ваквите потреби и очекува од следната недела во комплетен состав да ги спроведува тренинзите.

16

AMAK

PRES

- За Војдан Стојаноски ова е едно големо искуство. Кога ќе ни се приклучи ќе биде 100 посто подготвен. Фрај е професионалец и според моите информации веќе се подготвува индивидуално. Неговата конституција ми дава за пораво да кажам дека за брзо време ќе се врати во форма. Тој е лесен играч и лесно може да влезе во форма, вели Лазоски. Шефот на стручниот штаб и понатака останува на ставот да го задржи минатогодишниот центар, американецот О,нил. „Разговарав со еден менаџер Македонец од Амстердам кој ми потврди дека О,нил е сеуште слободен играч. Во него гледам играч кој може да и помогне на оваа екипа. Сметам дека небеше добро искористен, а во мојата визија за кошарката го гледам како играч кој многу може да постигне, вели Лазоски. Според него доколку се постигне договор со О, Нил за останатите места на внатрешните позиции

ќе биде потребен уште еден странец, а ќе се разговара и со повратниците Павловски и Аврамоски кои сеуште се слободни играчи. Сепак, вели Лазоски, конечната одлука ќе ја донесе управата на Клубот. На самиот старт на подготовките во составот на екипата беа и новите играчи Богоев и Софковски како и Трајковски кој има меѓународно искуство како играч во Исланд. Формата на играчите во подготвителниот период ќе се гради и преку контролни натпревари со екипи кои се подготвуваат во Охрид, Работнички и грчката Олимпија Лариса Охридскиот прволигаш годинава со зголемени амбиции влегува во новата сезона. Со новопоставениот тренер Клубот ќе атакува на една од титулите во домашното првенство, но најавува и успешен настап на Евро сцената во Челинџ купот каде за прв противник го доби словенечки Златорог. -Златорог е екипа која што има големо искуство позади себе. Имаат четворица одлични играчи и најави за нови засилувања. Јас сум оптимист и не е важно со кој екипа играме секаде одиме на победа. Доколку ние со нашата борбеност нашето знаење и умешност дадеме отпор сигурно ќе ги победиме доколку пак биде обратно ќе им честитаме на победата. Челинџ купот е европско натпреварување каде што нема слаби екипи. Раководните луѓе на АМАК СП прават напори да направат вистински европски клуб кој достоинствено ќе се претстави на евро-сцената, вели Лазоски. С.В


МЛАДИТЕ ОХРИДСКИ КОШАРКАРИ НА КАМП ВО КОПАОНИК

ГОЛЕМО ИСКУСТВО И ФИБА СЕРТИФИКАТ

С

о поголемо меѓународно искуство и нови знаења од областа на кошарката се вратија младите охридски кошаркарски надежи од КК „Колибри“ од Охрид кои беа дел од кошаркарскиот камп за млади таленти во Копаоник еден од најреномираните кампови во Европа. 16-деца предводени од нивниот тренер Весна Балазоска на единствениот камп од бившите Југословенски простори кој е признат од ФИБА работеа заедно со нивните врсници од Франција, Италија, Хрватска, Словенија, Либан, Шпанија, Турција и Германија.

-Ние учествувавме на таканаречениот традиционален камп кој трае повеќе од месец. Моите кошаркари успешно се преставија во своите групи и беа едни од поталентираните деца на кампот за што говорат бројните награди кои ги донесовме од таму- за најдобар стрелец од слободни и за три поени, игра еден на еден, три на три и пет на пет, вели тренерот Балазоска која од Копаоник се врати со ФИБА сертификат за тренер. „Големо е искуството кое го добив од тренерската елита предводена од легендата Зоран Вишнич, вели Балазоска.

Балазоска најави заеднички проекти со председателот на овој реномиран камп Милан Опачич кој од неодамна е и спортски директор на Црвена Ѕвезда. Инаку КК Колибри оваа сезона ќе учествува во македонските младински лиги во три селекции и тоа 94/95 годиште во машка конкуренција и 92ро годиште во женска конкуренција, како подмладок на КК „Билјана 006“ С.В

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КАЈАК И КАНУ

КАЈАКАРИТЕ ОД СТРУГА ПОВТОРНО НАЈДОБРИ

К

ајак кану клубот „Црн Дрим“од Струга ја одбрани титулата за севкупен победник триумфирајќи и на годинашново Државното првенство во сениорска и кадетска конкуренција во кајак и кану на мирни води. Во организација на Кајакарската федерација на Македонија и Кајак-Кану клубот „АМАК Стрмец“ од Охрид викеднов над 100 натпреварувачи од пет клубови од Македонија: ККК„Црн Дрим“ - Струга, ККК„Радика“-Дебар, ККК„Глобочица“Струга, ККК„Бабуна“-Велес, и домаќинот ККК„АМАК Стрмец“ зедоа учество на првенството. Второто место во кадетска конкуренција им припадна на кајакарите од ККК „Стрмец“, а трети беа кајакарите од Дебар. Во сениорска конкуренција ККК„Бабуна“-Велес го освои второто место, додека ККК„Радика“-Дебар се пласираше на третата позиција. Трките на 500 и 1000 метри во дисциплините К1, К2, Ц1, Ц2 и К4 во женска и машка конкуренција се возеа на регатното поле- Горица-Плажа Куба Либре.

Победници по дисциплини К1 кадети- Јован Чакарески- ККК„Црн Дрим“-Струга К2 кадети Чакарески-Бајрамоски- ККК„Црн Дрим“-Струга Ц1 кадети Горан Затуроски ККК„Црн Дрим“-Струга К1 кадетки Евгенија Чурковска ККК„Црн Дрим“-Струга К2 кадетки Леши-Михајлова ККК„Радика“-Дебар К1 сениори Илија Николич- ККК„Црн Дрим“-Струга К2 сениори Николич-Магдис ККК„Црн Дрим“-Струга К4 екипа на ККК„Црн Дрим“-Струга С.В

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ЕДРЕЊЕ ЗА ЈУНИОРИ

ПОП СТЕФАНИЈА И РАДЕСКА НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈМЛАДИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ

Д

амјан Поп Стефанија од ЕК АМАК СП БОФОР од Охрид е победник на Државното првенство во едрење во класата „Оптимист“ за јуниори до 12 години кое неодамна се одржа во водите на Охридското Езеро во организација на едриличарскиот клуб АМАК СП БОФОР и Едриличарската федерација на Македонија. Во конкуренција на едриличари од три клуба од Македонија, домаќинот АМАК СП БОФОР, „Стрмец“ од Охрид и „Сне-

гар“ од Струга Поп Стефанија со две први едно второ и едно четврто место беше најдобар меѓу своите врсници во машка конкуренција. Второ пласиран беше Александар Димески исто така член на ЕК АМАК СП БОФОР додека третото место му припадна на Новица Велјаноски едриличар од „Стрмец“-Охрид. Кај девојчињата победи Бојана Радеска од ЕК „Стрмец“ од Охрид. Ема Ошавкова –АМАК СП БОФОР го освои второто место а трета во ге-

нерален пласман беше стружанката Теодора Јанковска. -Во поволни временски услови и ветар со јачина од 5 бофори најмладите македонски едриличари покажаа вистинско мајсторство во едрењето борејќи се и меѓу себе и против брановите повисоки од еден метар, велат од клубот домаќин. На стандардното регатно поле се возеа вкупно четири трки.

www.amakpres.com.mk

С.В

17


СПОРТ ПЛИВАЊЕТО ВО ОХРИД УДАВЕНО

ВО ГРАДОТ НА ВОДА НЕМА ПЛИВАЧИ

К

упишта ѓубре крш од шишиња и шанкови- ваква е сликата на охридскиот базен во СРЦ „Бијланини Извори“место каде некогаш тренираа над 150-дечиња а сега е срам за градот. Ова место кое е претворено во мочуриште и жабарник ни оддалеку не потсетува дека тука некогаш тренирале врвни спортисти. Пливањето во Охрид со години тоне. Веќе цела деценија пливањето како спорт не е застапено во градот кој е на вода. Единствениот тренер по пливање кој работеше со млади пливачи Соња Думбалова сега вели дека останала само желбата кај децата за тренирање но услови за тоа нема. „Од Охрид нема ниту еден пливач кој учествува на натпреварите, нема ниту еден маратонец кој би го претставувал градот и надвор од државата.Во градот каде треба да доминира пливањето нема основни услови за работа, нема базен каде децата би тренирале а единственото место каде долги години ја работев школата„Научи да пливаш“ сега е претворено во депонија, вели Думбалова која своевремено беше државен првак и рекордер во пливање како и професионален тренер за работа со најмладите. „Многу генерации поминале низ моите раце, илјадници деца сум научила да пливаат и станале државни прваци. Некои од нив како Ане Петреска,Теодор Андоноски, Јовица Бицески, Марија Арнаудова, Ана Марија Василевска и др. постигнале врвни резултати и на

18

AMAK

PRES

меѓународно ниво, но денес пливањето го достигна дното, разочарано вели Думбалова. Според неа охриѓаните имаат предиспозиција да станат добри пливачи и врвни спортисти затоа што се растени покрај вода, но за тоа мора да се создадат основните услови за работа, да се изгради нов базен или да се санира постојниот. Пливачкиот Клуб „Охридски бранови“ пак во својата програма нема активност пливање и работа со деца. И од таму вината за ваквата состојба ја гледаат во немањето услови за работа. Охриѓани се погласни во реакциите како сеуште, и покрај ваквото долгогодишно недомаќинско работење, не е раскинат договорот кој го има концесионерот на базенот со ЈП за стопанисување со спортски објекти од Скопје Пливањето и воопшто спортовите на вода не се развиваат онака како што Охрид заслужува, смета и охридскиот градоначалник Александар Петрески. -Единствениот базен кој се наоѓа во спортско рекреативниор центар Билјанини Извори пред повеќе од 5 години е издаден на приватно лице на 15-20 години користење така што ние тука сме сеуште немоќни. Тој што го потпишал договорот тој треба и да го раскине. Доколку ние тоа го направиме можеме да завршиме на суд. За ваквите штетни договори двајцата минати директори на ова јавно претпријатие завршија во притвор. Единствено што сега нам ни преостанува е да преговараме со закупецот да ни го отстапи базенот на користење. Се надевам дека за брзо време ќе најдеме решение, вели Петрески Според охридскиот пратеник Цветко Грозданов кој е и долгогодишен спортски работник причините се пред се во луѓето односно спортските работници кои многу малку посветуваат внимание на нивната работа и кои дозволиле пливањето да замре. -Последен кој работеше со младите пливачи беше Соња Думбалова но со еден тренер неможе многу да се постигне. За обука на младите потребно е најмалку четворица да работат и тоа со посебни категории. Исто така причините лежат и во немањето услови за работа. На спортскиот центар единствено што е направено е тоа што на едната страна од трибината се поставени столчиња

и сменет е подот. Тоа верувајте е премалку. Салата со изградбата доби лош надворешен изглед и внатрешна нефункционалност. Таму работат ноќни клубови, базенот е претворен во диско а ресторанот наместо за спортистите работи исклучиво комерцијално и сето тоа е на штета на спортот, вели Грозданов. Според него Локалната е таа која треба да го среди спортското бледило на градот одредувајќи кој спорт треба да биде приоритетен и да го помага. „Вака без стратегија и другите спортови полека ќе згаснат како пливањето. Локалната треба да смогне сила и од оној кој го има под закуп базенот да го откупи или да го обештети и да го врати првобитниот изглед на базенот, а со тоа и пливањето, вели Грозданов

ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ДВА БАЗЕНИ ЕДЕН ОД ОПШТИНАТА ЕДЕН ОД ВЛАДАТА

Охрид до почетокот на следната година ќе добие два базени еден затворен од Владата и еден отворен од Општината. Со тоа велат надлежните полека ќе се врати пливањето, спорт по кој некогаш градот беше препознатлив, а исто така ќе се возобнови и некогаш постоечкиот ватерполо клуб. -Од декември Владата ќе започне со изградбата на затворениот базен на спортскиот комплекс Билјанини Извори. Базенот покрај за пливањето ќе биде наменет и за ватерполо натпревари, вели охридскиот пратеник Цветко Грозданов. Напоредно со ваквите најави и Локалната се пофали со изградба на отворен базен на истата локација. -На СРЦ Билјанини Извори се работи на урбанистичкиот план за локација за Затворениот базен кој ќе се гради. Исто така ќе се распише и конкурс за изградба на нов отворен базен. Двата базени ќе бидат еден покрај друг а клубот Охридски Бранови кој сеуште функционира базените ќе ги користи бесплатно со цел пливањето и ватерполото повторно да заживеат во Охрид, вели охридскиот градоначалник. Сузана Вренцовска


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 95 by alan.kaou - Issuu