AMAK
EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION
BESPLATEN PRIMEROK
PRES
OHRIDSKI NOVINI
www.amakpres.com.mk
marketing
070 / 462-362
Godina V - Broj 94 10 Август 2008 МЕЃУНАРОДНА ЕДРИЛИЧАРСКА ИЛИНДЕНСКА РЕГАТА
НЕЗАБОРАВНА БЕЛА ГЛЕТКА ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
БОРИС ЏЕПАР, МАКЕДОН - ИЗРАБОТУВАЧ НА УМЕТНИЧКИ ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО, КАМЕН И МЕРМЕР
ВИСТИНСКИТЕ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ВРЕДНОСТИ Е ВАВИЛОНСКА ИЛИ НЕ СЕ КУПУВААТ СЕРИОЗНА ЈАВНА УСТАНОВА?! СО ПАРИ
definitivno najevtino www.don.com.mk
MAKEDONIJA
Do 31.05
- MOJATA DR@AVA
Obrazoven centar, Ohrid, {tip
LOKAL ЗАДОВОЛСТВО ВО ОХРИД НАЈГОЛЕМИОТ ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР
НА ИЛИНДЕН ОХРИД ПРЕЧЕКА 30.000 ГОСТИ НАМНОГУБРОЈНИ СЕ ДОМАШНИТЕ ГОСТИ, А ОД СТРАНЦИТЕ НАЈГОЛЕМ БРОЈ СЕ СРБИ, ХОЛАНЃАНИ, А ГОЛЕМ Е И БРОЈОТ НА ТУРИСТИТЕ ОД ИЗРАЕЛ
В
о празничниот Илинденски викенд во Охрид беше достигнат врвот на туристичкиот шпиц. Во најпознатиот туристички центар во земјава гостуваа над 30 000 туристи, домашни и од странство. Туристичките работници велат дека хотелските објекти се преполни со гости, а задоволни се и сопствениците од секторот за приватно сместување особено оние кои смештај нудат во централното градско подрачје и крај езерскиот кеј.Цените за сместување со појадок во хотелите се движат од 20 до 35 евра, а во приватниот сектор
ноќевање чини од 300 до 600 денари.Цените на апартманското сместување се движат од 20 до 50 евра. За место по кафулињата и рестораните се чека по еден час а преполни се и плажите долж ревиерата. Хаотична е состојбата во патниот сообраќај. Надлежните од сообраќајната полиција маки мачат со странските возачи кои често возат во погрешен правец на еднонасочни улици, но не се подобри и домашните управувачи на возила кои знаат да бидат се “слепи и глуви“, пред сообраќајните знаци. “Најголем проблем во пат-
ниот сообраќај прават моторциклистите кои често управуваат нерегистрирани моторцикли а при возењето забораваат да ја стават на глава заштитната кацига. Истите возат брзо, некои од нив не ги поседуваат потребните документи за возење, и поради невнимание и неискуство се најчести причинители за сообраќајни незгоди“, изјави командирот на сообраќајната полиција во Охрид, Страшо Миленкоски. Сериозен проблем во летниот период во Охрид е паркирањето на возилата. Да се најде место за возилото
без да се плати соодветен паричен надомест е фантазија а чиста среќа е да се смести возилото на паркинг каде за еден час се плаќа од 30 до 50 денари.Од локалната самоуправа велат дека во моментов во Охрид нема услови за подигање на катна гаража со што би се решили дел од сообраќајните проблеми. “Тоа е скапа инвестијција за која во моментов не размислуваме. Гаражата ќе биде полна само во летниот период, а што потоа. Ќе биде празна а секако ова не е исплатливо“, вели советникот за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалески. Во туристичката сезона, своја игра играат и такси превозниците, особено дивите таксисти кои наместо предвидените 30, за еден изминат километар знаат да побараат 100 денари а некои од нив одбиваат да возат на блиски дестинации. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека ова е бериќетна туристичка сезона која позитивно ќе влијае на стопанското заживување на градов. Гостите што летуваат во Охрид се главно домашни, од странство најмногубројни се Србите, Холанѓаните а не е мал бројот и на гостите од Израел. Ангела Белевска
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
2
AMAK
PRES
СКОПЈАНИ ПРАВАТ РЕД ВО ПРИВАТНОТО СМЕСТУВАЊЕ туристите уште од Скопје се распределуваат каде ќе бидат сместени. Охридските страноиздавачи се надеваат дека од следното лето Скопјаните ќе се појават во уште поголем број и пополека со текот на времето ќе ги искоренат грдите глетски во центарот на Охрид и Автобуската.
Хаосот со разграбовуањето на туристите и грдата слика што со години ја има на автобуската во Охрид ова лето доживеа своја кулминација. Додека раководителот на ЛЕР Гоце Симоноски со години наназад се фали дека направиле база на податоци и систем со кој се евидентирало се, на автобуската е лудило, а крајот на хаосот пополека се назира со ангажирањето на скопските менаџери кои менаџираат во приватното сместување. Стотици луѓе кои трчаат по автобусите и автомобилите со цел да зграбат дел од туриститие кои доаѓаат во Охрид и ова лето е првата глетка која туристите ја добиваат за Охрид. Нервозни луѓе во поодминати години, мали деца кои чекаат со табли на кои стои натпис СОБИ, можете да видите кај автобуската, на влезовите од Охрид на Туристичка кај хотелот Дончо,
пред Охридска Банка и пред Македонски Пошти во центарот на Охрид. Од годинава рапидно порасна бројот на оние кои издаваат соби и апартмани. Со приватно сместување на туристи се занимаваат социјални случаи, вработени луѓе, но, од годианва на автобуската можете да видите и доктори, професори и други луѓе од средниот слој кои тука гледаат шанса за дополнителна заработувачка. Средување на хаосот со години се најавува од Секторот за ЛЕР. Раководителот на овој сектор Гоце Симоноски низ годиноите наназад во медиумите постојано пласира информации дека се правела база на податоци за риватното сместување, дека се направил систем со кој секој госитн автоматски се евидентирал во полиција ред други технички достигнувања кои постојано се најавуваат , а никако да се спроведат и
нокој до сега не ги видел. Заради ембаргото и неформалниот црн список на кој сме ставени ние како интернет портал, весникот Амак Прес Охридски Новини, новинарката Росица Голабоска и од неодамна и НТВ , во ЛЕР одбиваат да комуницираат со нас. Дали тоа го прават од страв од раководителот Симоноски или затоа што немаат никакви податоци и претстава колку туристи има во Охрид во моментов. И додкеа раководителот на ЛЕР како дигитален Дон Кихот најавува постојано дека конечно ќе се справи со хаосот во туризмот во Охрид, некој дурги менаџери со поголеми вештини од локалните раководители на сектори ја презедоа работата во свои раце. Од ова лето бројни менаџери од Скопје се нудат пред охридските станоиздавачи и за одреден процент ги менаџираат собите, со што
Со години најавува дека ќе воведел ред. Сега Скопјаните права ред наместо него, а се поставува прашањето зошто ни е тогаш тој ? ? ? - Гоце Симоноски Но, доколку Скопјаните го средуваат туризмот во Охрид за одреден процент и во тоа нашле еконосмки интерес, јавнсота со право до Локалната самоуправа ќе го постави прашањето зошто служи ЛЕР ? Зошто воопшто постои овој сектор кој со текот на времето сам себе се доведе до фаза да нема смисла да постои. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески до сега не се произнесол за работата на ЛЕР и раководителто Гоце Симоноски но, затоа наши високи извори од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека наскоро ќе се бара целосна ревизија на работата на ЛЕР и Гоце Симоноски.
ЛОКАЛ
ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА Е ВАВИЛОНСКА ИЛИ СЕРИОЗНА ЈАВНА УСТАНОВА?! ВО ЗГРАДАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ОД НЕОДАМНА СЕ ПРИМААТ СТРАНКИ САМО ВО ПЕРИОДОТ ОД 9 ДО 11 ЧАСОТ. ДАЛИ ОСТАНАТИОТ ПЕРИОД ОД РАБОТНОТО ВРЕМЕ СЕ КОРИСТИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАОСТАНАТИТЕ ОПШТИНСКИ ПРЕДМЕТИ ИЛИ ЗА ДОЛГИ ПАУЗИ ЌЕ ПОКАЖАТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РАБОТЕЊЕТО ВО СЕПТЕМВРИ
“Н
е само што се нестручни и неажурни туку се крајно нељубезни и дрски со граѓаните кои мора и се обврзани да ги служат“, вака со неколку зборови може да се опише пресоналот вработен во зградата на Локалната Самоуправа во Охрид. Вавилонска ли е оваа куќа или сериозна јавна установа?,ова е прашањето што најчесто си го поставуваат охриѓани после секој неуспешен обид да добијат некаква информација , потврда или уверение кои ги издава Општина Охрид. Очигледно поголемиот број од вработениот персонал не знае за сопствените работни задолженија и обврски па ако побарате и најпроста информација најчесто тие ќе ви речат : -Одете кај колегата во соседната канцеларија тој ќе ве услужи ,за неколку минути потоа тој –нивниот колега да ве врати назад кај нив. “Ова го нема никаде во светот,
4
AMAK
PRES
само кај нас во Македонија. Цела недела се трудам да извадам обични потврди за семејно материјална положба и се уште не можам да ги добијам. Замислете госпоѓата што работи на третиот шалтер на најдолниот кат во општинската зграда која е задолжена да ги служи граѓаните, се направи и слепа и глува на моето барање да ми извади наједноставен документ. Во 13 часот и 30 минути на растурените документи поставени пред неа појадуваше бурек па немаше време да ја подигне главата за да ме види а камо ли да ме услужи“, вели Леонтина Н., која живее и работи во Италија, а во летниот период од годината доаѓа во родниот Охрид. А на вториот кат да не зборуваме во детали што се случува. Љубезниот и коректен однос на градоначалникот Александар Петрески се губи среде лудориите што ги прават вработените или “невработени“ лица во оваа
јавна установа. Тие русокосите“ дами“ со кратки здолништа и високи потпетиции, во работното време си играат брканица низ ходниците на зградата, зошто само така можат да го убијат залудното време. А кој знае, можеби тие нашите “русокоси дами“ се однесуваат сосема исправно? Па нивниот статус и не е регулиран и тие ќе се однесуваат како што сакаат. На наше прашање дали тие русокосите “дами“ кои не се во работен однос , волонтираат во оваа установа, надлежните од службата за кадрови вработувања по неколку минутните дилеми одлучија да ни кажат. “Тие не работат и не волонтираат кај нас!“ Тие не волонтираат! Па тогаш што прават? е логичното прашање на кое секој нормален граѓанин бара одговор а него го нема. “Според последната систематизација за вработување во општинската зграда во Охрид , 94 лица се во редовен работен однос, а три лица се вработени со договор на дело во “Туристичкото Биро“ кое пред неколку месеци беше иселено од работните простории каде беше сместен и кадарот на ЛЕР, па сега ги користи канцелариите на општинската зграда“,ни рече општинскиот секретар Димитар Вервезовски, кој видно се успаничи од помислата дека неговата изјава ќе биде снимена со соодветен новинарски уред.
Од неодамна во Локалната самоуправа во Охрид на телефонската централа работи ново лице. Старата телефониска секретарка добила преместување и ново решение за работното место, умножувач на материјали. Новото решение Е.В . го добила во периодот додека користела годишен одмор. Господинот Вервезоски не ни врати одговор на прашањето “Зошто старата госпоѓа со повеќе годишно работно искуство доби нови задолженија да фотокопира материјали а на нејзино место преку ноќ беше вработена млада девојка? Повеќе од очигледно е ,во општинската зграда работно место се добива според физичкиот изглед а не според знаењето и работното искуството. А вие наши мили граѓани кои имате потреба за некој документ што се издава во општинската зграда одете во периодот од 9 до 11 часот, зошто тие нашите општинари по истекувањето на овој временски период не примаат странки. По 11 часот ќе ги решавале општинските предмети. Кој знае можеби е така па од сптември откако нашите општинари ќе ги решат “заостанатите предмети“ да се надеваме дека ќе бидат подготвени и поажурни да одговорат на барањата на граѓаните од општина Охрид. Ангела Б елевска
ВО ОХРИД 142 СТАНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ Н
еодамна во Охрид , во присуство на премиерот, Никола Груевски беше поставен камен темелник на станбена зграда чии станови се наменети за луѓе со ниски лични примања. Зградата чиј инвеститор е ЈавнотоПретпријатие за Стопанисување во Македонија ќе се гради кај населбата “Расадник“,а по најсовремени светски стандарди ќе бидат изградени 70-те еднособни и двособни станови. Зградата – четрикатница ќе има и лифт. “Не само оваа туку за еден-два месеци во Охрид ќе се гради уште една зграда со 72 станови наменети за луѓето, социјални случаи. Тие станови ќе бидат завршени кон крајот на следната
и почетокот на 2010 година. Овие 142 станови ќе бидат добра можност за решавање на станбеното прашање на охриѓани“, изјави премиерот Груевски. Изградбата на зградите е дел од проектот на Владата за изградба на 2500 станови во Р. Македонија. Вакви згради чии станови се наменети за луѓе со “плиток џеп“, добија градовите Скопје, Македонска Каменица а наскоро ќе доби не само Охрид туку и Битола, Крива Паланка и другите градови.
НАСКОРО 1000 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ОХРИД Премиерот, Никола Груевски најави дека во Охрид најверојатно кон крајот на септември и почетокот на октомври ќе започне изградба на фабрика. Иако тој не сакаше да каже за каков тип на фабрика станува збор откри дека Владата ги води последните преговори со свтски позната мулти национална компанија. Ангела Белевска
ЛОКАЛ ПО ТРИГОДИШНА ПАУЗА
ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПОРИБЕНО СО МЛАДА ЈАГУЛА ВО ЕЗЕРСКИТЕ ВОДИ СЕ ПУШТЕНИ 33 000 ПАРЧИЊА МЛАДА ЈАГУЛА ОД ГРЦИЈА, А ПАРИТЕ ЗА НИВ ГИ ОБЕЗБЕДИ ЕЛЕМ.
П
о пауза од три години, Охридското Езеро е повторно порибено со јагула донесена од Грција. Во Езерото се пуштени 1.390 килограми или 33.000 парчиња млада јагула со просечна тежина од 40 грама. За да се воспостави рамнотежата во Езерото, количините двојно се зголемени, велат од мрестилиштето Шум од Струга кое веќе 40 години, во рамките на Институтот за сточарство, врши порибување на Езерото. - Порибувањето со јагула се вршеше редовно изминативе години, но поради двегодишната пауза годинава ќе се пуштат двојни количини во Езерото. Во последната деценија изловот е од 10 до 15 тони што значи дека порибувањето е задоволително - вели Боне Палашески, директор на Институтот за сточарство. За државниот секретар при Министер-
ството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски ова претставува конкретна и сигурна акција која влијае позитивно врз целокупната состојба на Охридското Езеро. - Со ова ќе се подобри квалитетот на Езерото, но исто така ќе влијае и врз традиционалните вредности што ги имаме бидејќи јагулата има своја приказна која треба повторно да заживее и да биде дел од традицијата на РМ и дел од туристичката понуда - вели Пановски. Тој најави дека Министерството и оваа година ќе издвои средства за оваа намена. Годишно, според Пановски се издвојуваат 150.000 денари за порибување на Езерото, а Министерството за животна средина, согласно новиот Закон за води, ќе води поголема грижа за водите.
Проектот за порибување годинава чини 50.000 евра, а подмладокот од јагула го обезбеди ЕЛЕМ. Младите парчиња јагула се пуштаат кај Канео и Горица, места кои според експертите се најпогодни за опстанокот на младите јагули поради густата вегетација и храната која се наоѓа таму. Охридското Езеро е единствено отворено езеро во Европа што се порибува по вештачки пат. Од 1970 година, со изградбата на хидроцентралите Глобочица и Шпиље на реката Црн Дрим, прекинат е природниот пат на јагулата која се мрести во Саргасовото Море.
Сузана Вренцовска
НАСКОРО КАЈ ГРАДИШТЕ ЌЕ БИДАТ ПОДИГНАТИ КОЛИБИ КАКО ОД ПРЕД 7000 ГОДИНИ
“Н
аколната населба односно музејот на вода кај Градиште ќе биде готов до 8 декември кога државава го прославува празникот посветен на Св. Климент Охридски“, неодамна во Охрид изјави премиерот, Никола Груевски. Деновиве, Груевски во придружба на министерот за Култура, Елизабета Канческа –Милеска и директорот на Управата за Културноисториско наследство, Паско Кузман, го посети археолошкиот локалитет Мичов град каде во тек е реконструкција на наколната населба од бронзено време во Заливот
6
AMAK
PRES
те кај Градиште. Наколната населба ќе биде поврзана со Римската тврдина на ридот кај Градиште,која исто така е во фаза на реконструкција. П р е м и е р о т Груе вс к и , р а з гл ед у ва ј ќ и го идејното решение и увидувајќи до каде се стигнало со работните ангажмани изрази надеж дека Музејот на вода кај Градиште, свечено ќе биде отворен на 8 декември за Св. Климент Охридски кој е патрон празник на Охрид, на коските. Во водите на Охридското Езеро кај Градиште , започна поставувањето на дрвените
колци кои ќе бидат основа на која ќе се подигаат колиби какви што пред 7000 години имало во Заливот на коски-
А. Белевска
МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ НА СРЕДБА ВО ОХРИД
О
колу 150 иселеници од 9 странски земји и 50-ина домашни гости учествуваат на манифрестацијата „Заедно дома во Македонија“ што од 1-ви до 7-ми август се одржува во Охрид. “Манифестацијата е прва од ваков вид и во неа учествуваат припадници на втората и третата генерација од македонската дијаспора. Секој ден иселениците ќе учествуваат во фудбалските натпревари а во останатиот дел од денот ќе се запознаваат со културното,
историското и духовното наследство во Македонија.Целта ни е со ваквите активности да ги натераме иселениците и наредните години да доаѓаат кај нас како туристи и секако да ја разгледуваат можноста да инвестираат во туристичкиот сектор“, изјави програмскиот координатор на манифестацијата, Вања Стефковска. На специјалната ноќ што ќе биде на 4-ти август, гостите ќе ги забавуваат естрадните уметници, Калиопи и Драган Даутоски а ќе ги поздрави и ди-
ректорот на Дирекцијата за Културно Историско Наследство, Паско Кузман. На звршната ноќ ќе присуствува познатиот бизнисмен со македонско потекло, Мајк Зафироски со семејството. Организатори на манифестацијата “Заедно дома во Македонија“ се, Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и здружението на македонските иселеници “Корени“.
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
7
LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE БОРИС ЏЕПАР, МАКЕДОН - ИЗРАБОТУВАЧ НА УМЕТНИЧКИ ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО, КАМЕН И МЕРМЕР
ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ НЕ СЕ КУПУВААТ СО ПАРИ СВЕТОТ СЕ ПОКЛОНУВА ПРЕД ДЕЛАТА НАПРАВЕНИ ОД ИСКЛУЧИТЕЛНО ТВРДИ ПРИРОДНИ МАТЕРИЈАЛИ НА КОИ БОРИС ЏЕПАР ЖИВОТ И ДУША ИМ ДАВА СО МОТОРНАТА ПИЛА СО КОЈА ВО ДРВОТО ИЛИ МЕРМЕРОТ ГИ ВДЛАБНУВА И НАЈСИТНИТЕ ДЕТАЛИ. НАС МАКЕДОНЦИТЕ НИ ОСТАНУВА ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ СО НЕГО, ЗОШТО СО ПЛОДОВИТЕ НА СОПСТВЕНИОТ ТРУД ЈА ПРОМОВИРА ЗЕМЈАВА, ВО ГЕРМАНИЈА КАДЕ ЖИВЕЕ И РАБОТИ, НО НЕ САМО ТАМУ ТУКУ И НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА
К
олку интересен склоп на човечко суштество, единство од млад современ човек и духовна личност која ги почитува и сака сите луѓе без разлика на вера, националност или политичка определба. Со силата божја и вербата во себе си, од мермер, камен или дрво со моторна пила прави уметнички совршен-
8
AMAK
PRES
ства какви што окото сака да види, а човечкиот ум да замисли. Тоа е охриѓанецот, Борис Џепар- Македон. “Јас во овој живот не сум расно туку улично куче кое го води патот секаде а тоа секаде опстанува. Ако газдата на расно куче почине ќе умре и тоа. Ова е мислата што ме води сите овие години, и што ми помогна да се
исправам на нозе пред 10 години кога отидов да живеам во тогаш за мене непознатата Германија“, вели Џепар. Пред девет години изработувал книги од мермер, а еден од првите подраги предмети му е Крстот што неколку години стои пред вратата на црквата Св. Ѓоргија во населбата Горна Влашка Мала.
Со радост и чиста мисла, Џепар го подарил овој свет предмет кој е така поставен пред црковната врата за да го гали зракот на утринското сонце и да го мие раната роса. “Вториот крст што јас го изработив беше првично наменет за продажба. Минаа неколку години од неговото создавање кога на телевизија
ја слушнав изјавата на скопскиот градоначалник Трифун Костовски за црквата Св. Богородица во Скопје, отидов тами и го подарив крстот. Тогаш за него да ми дадеа и 100 000 евра немаше да го продадам, зошто прекрасно е чувството да дарувате предмети на свети места, а духовната смиремност што ја чувствувате во тој миг не се купува со пари, зошто вистинските вредности не се мерат со нивпарите“,истакнува Борис. Она по што охриѓани ќе го паметат својот охриѓанец е статуата на Св. Наум Охридски направена од стеблото на ореовото дрво кое илјадници години опстанувало во дворот кај манастирскиот комплекс Св. Наум. Нашиот уметник му даде душа и лик на дрвото што можеби сам го засадил Св. Наум пред својот манастир за сега ние, нашите и нивните поколенија да се поклонуваат пред тоа дрво кое сега го носи ликот и телото на светецот а неговиот дух бил и ќе биде секогаш во него, но честа да се запознаат со него ја имаат само малкумината кои ги одредил Бог, а меѓу нив е и Џепар. “Во Германија имам пријател дрводелец, долго време бареше корен од ореово дрво. Во тој период јас бев дојден на одмор во Охрид и со семејството. Еден ден отидовме во манастирот Св. Наум. Автомобилот го паркиравме во близина на дрвото на кое сега е изработен споменикот на светителот. На враќање од црквата внимание ми одвлече старото дрвено стебло. Веднаш помислив дека го имам решено проблемот на мојот пријател- дрводелец, па се обратив кај управникот на ресторанот отворен во манастирските конаци. Тој ми кажа дека Дебарско кичевскиот митрополит Г.Тимотеј, планира од старото дрвено стебло да направи иконостас за црквичката
Св. Атанасиј која се наоѓа во манастирскиот комплексот, и дека јас можам да го откупам коренот од дрвото. Деновите брзо минуваа и дојде време да се вратиме во Германија. Веќе бевме стигнати во Австрија кога возејќи неколку секунди сум задремал. Видение или сон беше не знам, но сигурен сум во она што го видов, ликот на Свети Наум беше во стеблото од дрвото. Се пробудив а тој светителот не чуваше по патот да не направам судар додека сум дремнал. Веднаш знаев дека од дрвото ќе направам статуа на Св. Наум и дека дрвото што можеби самиот тој го засадил никогаш нема да биде откорнато или пресечено туку напротив пред него ќе се поклонуваат верниците. Свети Наум го сонував речиси секоја ноќ, додека не го направив малиот модел по кој го изработував големиот модел односно оној кој денес стои пред манастирот Св. Наум. Во меѓу време до моето повторно доаѓање во Македонија одговарав на работните обврски во фирмата за брусење и полирање мермер. На 19 октомври 2005 година, утрото јас и моите колеги го поставувавме надгробниот споменик на еден гроб, кога мене во мермерот ми светна ликот на синот божји Исус. Го зедов камчето и кога заминав дома на телевизија слушнав дека на тој ден пред 1 100 години бил основан манастирот Св. Наум. Дојдов во Македонија и на 23 декември јас почнав да ја правам статуата( отпосле разбрав дека на тој ден по стариот календар било упокојувањето на Св. Наум.) Работев по снег и мраз, а статуата која е висока речиси 3 метри е направена за 15 часа, и таа е моето прво дело изработено со моторна пила. Владиката Нектариј Битолски ми предложи за да ми биде полесно при работењето дрвото да се откорне и по создавањето на
статуата повторно да биде поставено на истото место. Не се согласив со идејата. За мене тоа значеше дека се корне светецот од тлото, а тоа не е можно. Јас се одлучив за потешкиот работен пат, зошто таа тешкотијата не е ништо во споредба со гревот да се пресече дрвото. Клечејќи пред него, онака како што сакаше Бог, движејќи ја пилата ја направив статуата која верувам ја виделе сите кои отишле во манастирот. Истата е осветена во 2006 година.“ Таа, 2006 година Борис Џепар на гробиштата во германскиот град Бецвајлер –Велде на стебло од дрво ја направил статуата на Исус Христос. “ И оваа статуа е направена по видение. На дрвото кое е никнато меѓу гробовите, хрането од водата на мртви-
те, на местото меѓу двете планини каде изгрева и заоѓа сонцето јас го видов Божијот син. Добив дозвола од тогашниот градоначалник за работа. За 13 часа од дрвото направив статуа висока 3 метри и 20 сантиметри. Ми беа понудени пари но јас одбив да ги земам зошто Исус за пари не го продавам. По инсистирањата на градските власти да ми платат за вложениот труд, јас им реков, ќе ви дадам празен чек можете да напишете 0, 7, 70, 700, 7000, 70 000, 700 000..... германски марки , ајде да видам за колку пари ќе го купите Исус, зошто јас Исус не го продавам и за него не сакам пари!“ Нашиот сограѓанин за чие дело знае и пишува цела Европа , ги избегнува медиумите и многу ретко јавно зборува за сопствениот труд.
www.amakpres.com.mk
9
LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE
Но тие неговите дела сами го промовираат а луѓето што ги познаваат вистинските вредности посакуваат за себе да имаат некое парче што го изработил уметникот. “Градските власти од “Дорн –Хан“ ( во превод“Петел на трње“) во кој јас живеам побараа да им направам некаква статуа која ќе стане симбол на градот. Направив модел на девојка со лик која во рацете имаше кренато петел. За големата масивна статуа што требаше да ја направам побарав 20.000 германски марки, сума која не беше прифатлива само за еден член од градскиот совет. Не ги добив парите но со душа и срце одлучив да направам статуа кој ќе биде голема и масивна но сега не каква што бараа властите туку малку поинаква . Сега таа ќе ја симболизира моја родна земја Македонија,
10
AMAK
PRES
нејзината и тошевата бесмртност.За неа не сакав да ми дадат ни скршен цент, зошто ме изненадија преубавите зборови што мнозинството од градските советници и градоначалникот ги кажаа за мене. Едноставно ме купија со убави зборови и од мои раце ја добија статуата –Девојка која во раце ја има бесмртната птица феникс. Девојката ја означува Македонија, таа нема лик зошто нашава татковина е бесконечна. Фениксот што таа го држи во раце е симбол за трагично погинатиот Тоше Проевски кој е бесмртен како птицата феникс. Шеснаесетте перја по осум од двете страни кои се спуштаат по грбот на девојката го означуваат македонското сонце, а трите пердуви ги симболизираат Егејска ,Пиринска и Вардарска Македонија. Статуа-
та ја направив за три дена и е висока 2 метри и 80 сантиметри. На 19 јануари 2008 година,статуата е предадена на градот а на свеченото промовирање на 25 јануари пред сите германски медиуми кои присуствуваа на манифестацијата јавно кажав дека статуата ,Девојката што во рацете има кренато феникс“ е поклон од Република Македонија за Германија.“ По трагичната смрт на неповторливиот Тоше Проески, Борис Џепар од мермер изработил гитара, зошто според него на камен и мермер свират само ангелите а еден од нив е нашиот Тоше. Гитарата е изработена со природни димензии со оригинални жици и личи на гитарата на која свиреше нашиот великан. Инструментот е поставен на едната страна до гробот на легендата. -Тоше живееше со големо срце исполнето со љубов кое го раздели секому. Сега разделеното срце живее за него и додека тоа живее ќе живее и тој во нас- подарок за мојот брат по Христа,Тоше од Борис Џепар со фамилијата – ова се зборовите кои се напишани до гитарата кај вечното почивалиште на Тоше. На едната страна од гробот е поставена таа- мермерната гитара на која во ноќта свири нашиот ангел,а од неодамна на другата страна е поставен мермерен крст
што на тошевиот дух му го подарил Борис. “Крстот беше наменет за црквата Св . Пантелејмон кај Плаошник. За него имав одредено цена од 30 000 евра. Мислев дека ќе го продадам до моментот кога го сонив сонот на кој го видов Тоше а кај манаститрот Свето Преображение што самиот тој го подигна ја барав сината врата. Се разбудив и веднаш знаев дека крстот ќе го подарам на манастирот Свето (Тоше) Преображение. На 2 авгиуст, крстот е поставен на другата страна од тошевиот гроб, како мој и подарок од моето семејство.“ Младиот, амбициозен охриѓанец кој не сака јавно да се промовира и кој го негува ставот дека вистинските вредности со пари не се купуваат е човек кој ги почитува сите раси и религии а себе си не се доживува како православен христијанин туку секогаш само како христијанин, зошто смета дека е потребно да се направи реинканација на црквата односно да има обединување на православните и католичките христијани. Среќен го прават само здравјето и радоста на своите најблиски, сопругата Мануела и трите негови принцези, ќеркичките:Лаура, Матеја и Леонида. Ангела Белевска
11
KULTURA
СЛИКИ ОД МИРОСЛАВ МАСИН НА ОХРИДСКО ЛЕТО
“Ч
овекот настанал од охридска пастрмка“ е насловот на изложбата на дела од нашиот ликовен уметник Мирослав Масин, која деновиве беше отворена во Центарот за Култура, “Григор Прличев“. На изложбата која е отворена во рамките на фестивалот “Охридско Лето“ на своите слики Масин го прикажува човекот како риба. “Охридската пастрмка е риба со ендемски карактеристики и значително
се разликува од другите видови, според нејзината анатомија, боја и начин на однесување-особини што се доволни да креираат и човек“, вели авторот, чија изложба е продолжение на неговиот претходен серијал од слики “Рибаптица-жена“. Масин е роден во 1963 година. Дипломирал на факултетот за Ликовни уметности во Слкопје. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија со кое раководеше од 2000 до 2001го-
дина. Своето образование го усовршил на познати ликовни академии во Британија,Франција и Чешка. Одржал многу самостојни изложби во земјава и странство. Ангела Белевска
ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ НА ОХРИДСКО ЛЕТО
ГОДИШНИТЕ ВРЕМИЊА МУЗИЧКО ЧУВСТВЕНА ПРИКАЗНА
-Ч
етири годишни времиња» е концерт без зборови. Претстава која помеѓу драмски и музички театар, помеѓу етно, балетска и оперска уметност. Вака режисерот Иван Поповски ја опиша премиерата на Рускиот театар «Елена Камбурова» која се прикажа во рамките на Охридско лето. Претставата без зборови кај бројната публика предизвика многу растреперени чувства, десетминутиот аплауз и петкратен бис. - Движењата и формата на телата на актерите се споени со вокал, со пеење, што многу ретко се случува кај нас и затоа тој жанр не е промовиран досега. Ваквата уметност не припаѓа ни во
12
AMAK
PRES
оперска, ни во мјузикл, ни во драмска, туку е измеѓу, вели Поповски. Што се однесува до содржината на претставата, Поповски остава публиката да ја доживее на свој начин. - Не сакам да ја наметнувам мојата приказна. Исто како што беше со Мечтаење и Апсинт, каде што секој си склопува своја приказна. Луѓето не треба да се мачат со дешифрирање на некои слики кои ги гледаат. Најбитно од се е музиката на Вивалди да се доживее преку поглед, преку слух, преку кожа. После тоа ако се склопи некоја приказна, можеби тогаш ќе се совпадне со мојата, вели Поповски. Идејата за подготвување на оваа спек-
такуларна претстава е стара една година, а интензивните проби се правеле во последните месец дена во Москва. Според Поповски голема штета за Охрид е тоа што нема театарски простор, а претставите имаат потреба за тоа. Според него најбитно од се е гледачот да биде над сцената. «Со охридската публика имам одличен контакт и на улица и на сцена», вели режисерот за кого «Четири годишни времиња» е само една обична претстава. С.В
www.amakpres.com.mk
13
КУЛТУРА
СВЕТИКЛИМЕНТОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЌЕ БИДЕ ПОДИГНАТ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ИДНАТА ГОДИНА
П
ремиерот на Владата, Никола Груевски е заџдоволен од брзината со која се остваруваат градежните активности кај Плаошник за возобновување на Климентовиот Универзитет. „Изведувањата се при крајот од 2-та а вкупно се три фази.Имено
90% од ископувањата се завршени и остануваат уште 10% кои треба да се завршат по што ќе се оди на 3-та фаза кога ќе имаме подигање на објектот. Можам да го изразам задоволството што проектот ќе биде завршен во предвидениот период од 2007 до 2009 година“, истакна Груевски.
Климентовиот универзитет ќе биде најубавата туристичка атракција во градов. Комплексот ќе биде прибежиште за сите македонски монаси, ќе има конаци, како и средновековен муузеј и библиотека. Ангела Белевска
www.amakpres.com.mk
15
СПОРТ
МЕЃУНАРОДНА ЕДРИЛИЧАРСКА ИЛИНДЕНСКА РЕГАТА
НЕЗАБОРАВНА БЕЛА ГЛ ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДС
С
о незаборавна бела глетка и беспрекорна организација беше одбежана годинешнава Меѓународна едриличарска илинденска регата која во Охрид традиционално се одржува на најголемиот македонски празник Илинден. Едрењето како спортски бренд на градот ги собра едриличарите на едно место дури од 6 земји од Балканот и пошироко. Над 100 едриличари зедоа учество на 40-тото јубилејно издание на овој спортски спектакл. Клубот домаќин АМАК СП БОФОР кој пета година е организатор на ре-
16
AMAK
PRES
гатата по четврти пат е освојувач на најпрестижната награда за севкупен победник„ Златна маска“ со освоени вкупно шест медали, две златни три сребрени и една бронзена. Второто место им припадна на едриличарите од централниот јахтинг клуб „Академик“ од Бугарија а трет беше ЕК „Црно Море“ од Варна. Во трите натпреварувачки денови од предвидените осум трки се возеа само пет поради немањето поволен ветар. Со вкупно 37 натпреварувачи класата оптимист беше најбројна. Претседателот на ЕК АМАК СП БО-
ФОР, Венко Шапкар кој е и главен спонзор на регатата изрази задоволство што традицијата на успешно организирани регати продолжува а масовноста на учесниците од година во година се зголемува- Нашата основна мисија преку овај спортски настан е дружење на народите и ширење на меѓусебното пријателство, вели Шапкар Покровител на овој меѓународен натпревар беше Агенцијата за млади и спорт. За директорот на агенцијата, Драган Ѓурчески еден ваков спортски настан заслужува и внимание
ЛЕТКА СКОТО ЕЗЕРО
и средства. „Грижата и љубовта кон овај спорт ќе продолжат и во иднина. Не очекуваат уште подобри и помасовни изданија на оваа манифестација, порача Ѓурчески од Охрид. Едриличарите учесници кои беа дел од годинешново издание на регатата велат дека присуствувале на еден од најдобро организираните настани. Тие ветија дека и догодина ќе бидат дел од овој спортски спектакл. -Прекрасно се чувствувам тука во Охрид.Организацијата е прекрасна просто човек неможе а да не вети
дека повторно ќе учествува на Илинденската регата. Единствено што недостасуваше беше ветерот но организаторот тука е немоќен. За прв пат сум тука и догодина се гледаме пак, вели едриличарот на „Црно Море“, од Варна, Валентин Иванов. Тренерот на „Гемлик“ Е.К од Турција, Ендер Џесур жали што годинава не допатувале со поголем екипаж но за наредната година најави дека турците ќе бидат најбројни на оваа регата „Секоја година организацијата е се подобра Задоволен сум од настапот на моите едриличари но следната ќе
бидеме и побројни и подобри, вели Ендер Џесур И оваа година традиционално подршка за регатата даде локалната самоуправа со што настанот доби уште еден предзнак- спортско туристичка атракција на Охрид. Според претседателот на Едриличарската федерацијата на Македонија Љупчо Поп Стефанија eдрењето е спортот кој треба да биде водечки кај нас а Охрид центарот на спортовите на вода.
www.amakpres.com.mk
17
СПОРТ
Резултати по класи Оптимист-генерален пласман 1. Петар Стефанов- ЦСЈК„Академик“-Бугарија 2. Димитар Поп Стефанија- „Амак СП Бофор“Македонија 3. Мурат Самсун- „Гемлик“- Турција Оптимист женска конкуренција 1. Маринела Николова -СЦ „Црно море“- Бугарија 2. Викторија Петрова-СЦ „Црно море“- Бугарија 3. Тугба Оксуз- „Гемлик“- Турција
18
AMAK
PRES
Оптимист до 12 години 1. Батухан Цесур-„Гемлик“- Турција 2. Маринела Николова -СЦ „Црно море“- Бугарија 3. Викторија Петрова-СЦ „Црно море“- Бугарија Ласер Стандард 1. Иван Кнежевиќ- АЈК„Београд“ -Србија 2. Славчо Мошоски- „Амак СП Бофор“Македонија 3. Иван Милинковиќ-ЈК „Панонија“- Србија Ласер Радијал
1. Милица Дукиќ- АЈК„Београд“ –Србија 2. Александра Заричин- „Амак СП Бофор“Македонија 3.Јана Георгиева- ЦСЈК„Академик“-Бугарија
470 1. Иван Кацов- ЦСЈК„Академик“-Бугарија 2. Георг марков-ЈСК „Несебар“- Бугарија Европа 1. Ивана Фармаковски- „Амак СП Бофор“-
Македонија 2. Кирил мирчески- „Снегар“- Струга 3. Власе Јованоски- „Снегар“- Струга Минитонец -екипажи 1. „Амак СП Бофор“-Македонија 2. „Сирма“- Македонија 3. „Амак СП Бофор“-Македонија
Сузана Вренцовска
www.amakpres.com.mk
19
СПОРТ
1
20
AMAK
PRES
СПОРТ ИНТЕРВЈУ СО ВЛАТКО ДИМИТРОВ СЕЛЕКТОР НА АТЛЕТСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ВО ПЕКИНГ СО СЕЛМАН ОДИМЕ ПО НОВ РЕКОРД ВЛАТКО ДИМИТРОВ СЕЛЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКАТА АТЛЕТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, ПО 25-ГОДИШНА АТЛЕТСКА КАРИЕРА ГО ПОСТИГНУВА НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ СО ОХРИДСКИОТ АТЛЕТИЧАР СЕЛМАН РЕЏЕП КОЈ Е ДЕЛ ОД МАЛУБРОЈНАТА МАКЕДОНСКА ЕКСПЕДИЦИЈА КОЈА ПАТУВА ЗА ПЕКИНГ. „СЕЛМАН Е НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ АТЛЕТИЧАР И СИГУРЕН СУМ ДЕКА ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ СО НОВ РЕКОРД ОСВЕН АКО СЕ СЛУЧИ НЕШТО НЕПРЕДВИДЕНО, НЕДАЈ БОЖЕ НЕКОЈА ПОВРЕДА, ВЕЛИ ДИМИТРОВ од Агенцијата за млади и спорт за жал сеуште ги немаме добиено, а федерацијата и клубот не се моќни финансиски да застанат зад нас. Потребни беа околу 2000 евра за да се реализираат подготовките со кои Селман ќе добиеше карантин без домашни обврски и ноќен живот а планирани беа и три тренинзи на ден. Но од сето тоа единствена варијанта ни остана Охрид, песокот на одбојкарските игралишта и атлетската патека каде работиме со резерва затоа што лесно може да дојде до повреда. Добро е тоа што неговиот настап е на 18 август па времето во Пекинг ќе го искористиме за да се доработи техничкиот дел. Какви се очекувањата, со какви резултати посакувате да се вратите од олимпијадата ?
Вие сте еден од најзаслужните што Охрид денес со гордост испраќа еден олимпиец на ОИ во Пекинг. Тежок ли беше патот до овој успех и колку нашиот Селман е подготвен за ваков настап? Селман Реџеп во континуитет постигнуваше резултати од пионерска па се до сениорска конкуренција најпрвин во дисциплината скок во височина а сега во дисциплината трискок со која ќе учествува и на ОИ. Има постигнато младин-
ски и сениорски рекорд и е најдобриот атлетичар во Македонија. Процесот тече во континуитет без прекин, имавме и доста натпревари во изминатиов период. Подготовките ги правиме за жал во Охрид каде нема услови за високи резултати. Плановите да отидиме Албанија 10 дена на море на песок и 10 дена во Бугарија на патека со тунел каде требаше да се работи техничкиот дел за дисциплината трискок пропаднаа пореди немањето пари. Средствата кои му следуваат
Во Пекинг одиме на нов рекорд и да го срушиме оној кој го поставивме во Банска Бистрица од 15,46. Со самото тоа што сме дел од тимот кој патува на олимпијадата веќе сме го постигнале вистинскиот голем успех. Гордост е и за градот што токму охриѓанец ќе патува таму. Што се однесува до настапот таму односно резултатот кој го очекувам- сигурен сум дека ќе се вратиме со нов рекорд освен ако се случи нешто непредвидено недај боже некоја повреда. Колку Вие лично си препишувате од постигнатиот успех?
Без лажна скромност имам голема заслуга за неговиот резултат. За да се постигне еден добар врвен резултат потребно е да се има квалитетен талентиран спортист и квалитетен со сертификат тренер. Селман Реџеп не е првиот со кој постигнувам резултати. Во мојата 25 годишна атлетска кариера како тренер имам преку 100 рекорди направено. Имам млади деца, потенцијални кандидати за високи резултати и големи настапи како што се европски и светски првенства а се надевам дека ќе отидеме и на следната олимпијада. Сепак врвот на успехот го постигнувате сега, токму со Селман. Може ли да се присетите на почетоците на вашата соработка. За какво дете станува збор? Селман дојде во АК „Охрид“ на 14 годишна возраст на еден општински натпревар. Одма видов дека се работи за талентирано дете за кое сметав дека за една, две години ќе го собори пионерскиот рекорд кој го држеше долги години Благојче Блажески во скок во височина, но тој тоа го стори за помалку од една година. На 17 години со 2 метри и 10 см беше и младински и сениорски рекордер во скок во височина, резултат со кој од светските и европските првенства донесовме медали. Како талентиран квалитетен атлетичар доби стипендија да се доусовршува во Келн и таму
www.amakpres.com.mk
21
СПОРТ работаше една година во истата дисциплина. Тогаш поради неговата тежина (над 80 килограми) одлучив да го префрлам во трискок дисциплина во која се покажа како најдобар и која не однесе на олимпијада. За разлика од кај нас таму се работи строго професионално без никакви сентименталности а тука јас му претставувам се, и мајка и татко и брат и сестра и тренер, но и другар а тоа барем засега се покажа како прав рецепт за постигнување врвни резултати. Пред заминување бевте на прием кај охридскиот градоначалник Александар Петрески но освен моралната подршка финансиска не добивте. Морам да верувам дека еден ден ќе ја имаме и финансиската подршка бидејќи се наметнуваме со резултати. Таа ни е најпотребна и се надевам дека работите полека
ќе се менуваат. За нас е битно тоа што од септември ќе се поставува новата атлетска патека која во голема мера ќе ги подобри условите за работа. Доколку се постави и тунел тогаш Охрид ќе стане центарот на атлетиката во Македонија каде ќе се одржуваат меѓународни првенства. Што следи после Олимпијадата. Каде ќе ја насочите кариерата на Селман? Селман е таков спортски талент што можам слободно да експериментирам и во сите дисциплини да го направам најуспешен во Македонија. После оваа олимпијада со сигурност ќе се спремаме за наредната. Свесен сум дека низ неговата кариера ќе не пратат многу финансиски проблеми но исто така сум сигурен дека пред него стојат уште многу успеси.
СЕЛМАН РЕЏЕП: МОЈОТ УСПЕХ МУ ГО ДОЛЖАМ НА ТРЕНЕРОТ
Пред се сум среќен, но и возбуден што ќе учествувам на олимпијада и што ги претставувам државата ,градот и клубот. Кога почнував тренерот Влатко ми велеше дека имам талент да стигнам далеку во кариерата. Тогаш не верував во тоа но денес нему сум му најмногу благодарен за мојот успех и за тоа што ме однесе на врвот на атлетиката. Се надевам дека ќе се вратам со нов личен рекорд и рекорд на државата и дека ќе скокнам 16 метри, вели олимпиецот Селман.
НАМЕСТО ПАРИ ДОБИЈА ТРЕНЕРКИ За Охрид преставува голема чест што за прв пат испраќа олимпиец. Тој е нашиот најдобар спортист а општината отсекогаш ги подржувала спортистите, вели охридскиот градоначалник Александар Петрески кој за постигнатиот успех на Влатко и Селман им подари по еден пар тренерки. Финансиска помош не додели но вети дека кога ќе дојде време ќе го вработи нашиот најдобар атлетичар и со тоа, како што рече, ќе го реши неговото егзистенционаллно прашање.
Сузана Вренцовска
МАЛ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ ПОВТОРНО НАЈБРЗ
Е
вгениј Поп Ацев е победник на 29-тото издание на малиот маратон во Охрид. Пливачот од Студент 2,5 километарската патека од Горица до Пристаниште ја исплива за 28 минути 37 секунди и 65 стотинки со што успеа да ја одбрани титулата и
22
AMAK
PRES
повторно да триумфира но не и да го сруши рекордот на патеката (26 минути 4 секунди) поставен пред две години од Михајло Ристески. Втор на целта со време 29 минути 54 секунди и 72 стотинки пристигна Марко Блажески од ПК Вардар а Александар Илиевски од ПК Стдент трката ја заврши трет со време 32 минути 5 секунди и 83 стотинки. -Среќен сум што и оваа година победувам на охридскиот мал маратон. Имаше силна конкуренција а некаде на почетокот на трката имаше и бранови но на крај се испадна добро, рече по победата Поп Ацев. Победник во женска конкуренција беше Симона Маринова ПК Младост која настапи во конкуренција до 16 години. Во оваа група втор беше Константин Битраков од ПК Вардар а трет Иван Трпчески од ПК Младост. Годинешниов мал маратон се одржа во организација на ПК „Охридски брано-
ви“ а под покровителство на Општина Охрид. -Задоволни сме од тоа како помина годинешново издание на малиот маратон посебно од фактот што манифестацијата беше следена од повеќе илјадна публика, велат од Клубот организатор. На учесниците на овој маратон им беа врачени дипломи а за најдобрите во двете категории спонзорот Зора сателитски антени обезбеди вредни награди. С.В
Е.К АМАК СП БОФОР ИЗРАЗУВА ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ОНИЕ КОИ ДАДОА ФИНАНСИСКА И СЕКАКВА ДРУГА ПОМОШ ВО РЕАЛИЗИРАЊЕТО НА ИЛИНДЕНСКАТА ЕДРИЛИЧАРСКА РЕГАТА