Issuu on Google+

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 93 25 Јули 2008

ХАОС И БЕЗРЕДИЕ НА ПРИСТАНИШТЕТО ВО ОХРИД ОХРИДСКИ МАРАТОН

СТОЈЧЕВ НЕПРИКОСНОВЕН ВО ОХРИД- СЕДМА ПОБЕДА НА БУГАРИНОТ

definitivno najevtino www.don.com.mk

MAKEDONIJA

Do 31.05

- MOJATA DR@AVA

Obrazoven centar, Ohrid, {tip

КУЛТУРА

КОНЦЕРТИ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА НА БРОДОТ “ГАЛЕБ„ И ЛАПИДАРИУМОТ


LOKAL

ХАОС И БЕЗРЕДИЕ НА ПРИСТНИШТЕТО ВО ОХРИД ПРИСТАНИШТЕ СТАНА ПРЕТЕСНО ЗА ПЛОВИЛАТА ЧИЈ БРОЈ СЕКОЈА ГОДИНА РАСТЕ, А АЛАРМАНТНА Е СОСТОЈБАТА ВО СВЕТИ НАУМ, КАДЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПАРКИРА САМО ЕДЕН ОД ПЕТТЕ БРОДА

С

езонава како ни една до сега на пристаништето во Охрид владее хаос во оглед на организацијата на всидрувањето на бродовите и пречекот на туристите кои сакаат да се пловат со бродовите по езерото. Бродовите се паркраат како ќе стигнат, без ред и едноставно кој прв ќе зафати место, а неретко стојат паркирани еден покрај друг и туристите доколку сакаат да влезат во еден брод мора да поминуваат низ друг брод паркиран веднаш до него. Ваквиот хаос неретко создава нервоза и тензии меѓу самите бродари и прави да се создава една грда глетка пред туристите каде бродарите буквално се грабаат за секој турист. Посадите од бродовите заради немањето ред на пристаништето се приморани на сите можни начини да се обидуваат да дојдат до туристите, па така се служат со се што им е на располагање, а сето тоа прави една грда глетка пред граѓаните и туристите кои секојдневно се на пристаништето, а создава и тензии помеѓу бродарите. Денес со цел да се надминат проблемите бродарите и сопствениците на бродови одржале состанок со Капетанот на Охридската капетанија на кој се постигнал компромис бродовите да се паркираат по одреден редослед

кој ќе се направи и ќе се менува секојдневно. Се договоривме бродовите да се паркираат по однапред зададен редослед и денес очекувам бродарите и сопствениците да го потпишат овој записник по што со правната служба ќе изнајдеме начин да изрекуваме санкции и казни ако некој не го почитува договореното. Исто така се договоривме да се измени начинот на кој до сега се продаваа картите и од сега тие ќе се продаваат само на бродовите, а не како до сега по целото пристаниште – вели Капетанот Настоски. Тој отворено вели дека државата треба да го даде пристаништето на стопанисување на Локаланта самоуправа со цел подобро

да се менаџира. Ставот на Локалната е дека крајбрежјето треба да и проипадне на Локалната, но упатувањата Капетанот Настоски треба да ги даде во неговото министерство, а ние не можеме да стопанисуваме со пристаништето додека не се врати крајбрежјето на Општина Охрид. Врз база на што да стопанисуваме, врз наша желба или врз желбата на капетнот? Се согласуваме но тоа е само сегмент од ставот дека целото крајбрежје и езерото па и пристанитшето треба да се на локалната но, тоа не го прави лоакалнта самоволно туку државата и ресорното министерство согласно законот треба да си донесат решенија и

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Стојан Стојановски 2С студио Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES


паркиравме на истото место, но сега бродот на бродови е зголемен и не се сега само 2 брода туку се 6 или 7 кои редовно пловат. На пристништето се прави голема гужва и хаос и неретко се доаѓа во ситуација кога бродовите може да се судрат меѓусебно. Така пред некој дена на нас налета друг брод и благодарение на вештината на капетанот се избегна поголема несреќа – вели Игор Цветковиќ, менаџер на Бродот Галеб. Во Охрид последниве години порасна бројот на бродови, поголемиот дел од нив некако успеваат да се паркираат на пристаништето но дел од нив и не се ни обидуваат, па така бродот Кан кој е во сопственост на Велија Рамкоски стои паркиран во каналот, а на пристанишптето нема место ни за луксузната јахта на Трифун Костоски. БЛИСКА СРЕДБА МЕЃУ ГАЛЕБ И КРИСТИНА

АКО НЕМА ПАРИ ЗА САНАЦИЈА НА ПРИСТАНИШТЕТО ИМА ПАРИ ЗА НОВА ФАСАДА НА КАПЕТАНИЈАТА тогаш нека упатува некој на локалната. Депласирано е ова во инцидентите кои се случиле или не се случиле помеѓу бродовите Глаеб, Кристина и Македонија да се инволвира локаланта. Општината не е инволвирана страна и можеме само да жалиме во име на граѓаните и гостите што поединци и гурпи прават сцени кои оставаат неубав впечаток, но тоа е работа на

Капетанот Настоски и Полицијата – изјави Никола Манески портпарол на градоначалникот. Бродарите велат дека останува само да се надеваат дека некогаш државата ќе се одлучи да изгради марина или да го пришири постојното пристаниште кое мора што поскоро да го згоелми својот капацитет. Ние Галеб секогаш го

Како што објави порталот Мегастар на 12 овој месец дошло до блиска средба помеѓу бродовите Галеб и Кристина. Како што дознаваме бродот Кристина брзајќи да го заземе прв местото за паркирање на пристаништето за влакно не удрил во бродот Галеб кој бил полн со туристи. Како што дознаваме катастрофата била избегната само благодарение на умешноста на капетанот на Галеб, Горан Устијаноски кој успеал да и избега на забрзаната Кристина. Повеќето очевидци влеат дека не им е јасно како можел бродот Кристина да налета со таква брзина директно кон бродот Галеб и се поставува прашањето дали посадата на бородот е невешта во управувањето или се имало интенција во целото дејствие. Во Охридксата Капетанија бил изготвен и записник со изјави за овој немил настан кој за среќа не резултирал во несакан правец. Љ.Т.


ЛОКАЛ

АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ПЕТРЕСКИ

Д

БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД АНТИКОРУПЦИСКА

ржавната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) поведе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески, соопшти денеска на прес-конференција претседателката на Комисијата Мирјана Димовска. Антикорупциската комисија на 15 јули до Основното јавно обвинителство поднело иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на Петрески врз основа на Законот за спречување на корупцијата поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на положба и овластување. С п о р е д Антикорупциска, Петрески ги пречекорил границите на своите службени

овластувања со тоа што не ги почитувал и не постапил по дадените препораки по извршената ревизија за јавните набавки за 2006 и за 2007 година од страна на внатрешниот ревизор на општина Охрид и не направил корекции, со што го прекршил Законот за јавни набавки. Препораките се однесуваат на неизвршени задолжителни законски обврски на општината и на градоначалникот во однос на водењето регистар на постапката за јавни набавки, изготвување план за јавни набавки, донесување интерен акт за регулирање постапка за јавни набавки и ангажирање соодветно стручно лице - координатор за спроведување на законските обврски во процесот на јавните набавки, изјави Димовска.

ПЕТРЕСКИ СО КРИВИЧНИ ЗА АНТИКОРУПЦИСКА И ЗА ЛАТАС ? ? ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ТЕРА ПРАВДАТА ДО КРАЈ И ДЕКА ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО АДВОКАТИ ЌЕ ПОДНЕСЕ КРВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА И ПРОТИВ НОВИНАРОТ ДРАГАН ПАВЛОВИЌ ЛАТАС.

Ќ

е поднесам кривична пријави за Димоска а за кривичната или тужбата против Латас ќе се консултиурам со адвокати бидејќи сите видоа во дневникот на Сител како се информира за случајот со мене.. Ова е предлог за Кривична пријава, а таа се уште не е поднесена, а Латас во своите коментари низ

6

AMAK

PRES

Дневникот се надоврза дека го апселе Бучко, па Заев и сега јас сум бил на ред. Ќе се консултирам со адвокатите и ако има полезност од поведување правна постапка ќе ја поведам, а ако ме советуваат да не поведувам тогаш нема да поведам - изјави за Мегастар градоначалникот на Охрид, Александар Петрески

Петрески рече дека сега среде сезона се правела ревизија на работењето на Општина Охрид и дека јасно е дека централанта власт се обидува што е можно повеќе да го попречи него во работењето, посебно сега во пресрет на локалните избори. Сега прават ревизија, среде сезона, и јас наместо да

се заниамвам со работење и со се што се случува во лето во Охрид, јас ќе се заниамвам со ревизорот, Димоска и со Латас - ијави градоначалникот Петрески кој додаде дека ова се прави за да не може тој успешно да функционира и дека е дел од хајакта против успешните во СДСМ.


ОХРИД ГО ПРЕЖИВЕА НАЈГОЛЕМИОТ СООБРАЌАЕН КОЛАПС ДО СЕГА

Н

еколку пoмали и една потешка сообраќајна несреќа кои се случија на 20 јули во Охрид предизвикаа целосен колапс на

сообраќајот на Булеварот Туристичка и на автопатот и регионалниот пат кој води до Св. Наум Застојот се одвиваше во двата правци и кон плажите и од плажите кон Охрид, а колоната се протегала до Градиште од едната страна и до хотелот Дончо од другата страна. Илјадници туристи и граѓ��ни на Охрид со часови чекаа да се вратат во градот, а сообраќајот конечно се деблокира околу 20 00 часот.

Колапсот најтешко се расчисти на крстосницата кај Мини Маркет каде таксистите со свирежи и меѓусебни конфликти ја празена нервозата. Во неможност да се превезат со јавниот превоз илјадници луѓе од плажите тргнаа кон Охрид пеш, а сообраќајот по колапсот, од како се деблокира се расчистуваше повеќе часови. После собраќајките кои се случиле на патниот правец Охрид-Св. Наум колоната се протегала до селото Љубаништа, па така некои од луѓето кои заглавиле во гужвата по сопствен избор за да стигнат побрзо тргнале преку планината Галичица за Охрид, но во близина на Ресен на патот за Охрид имало исто така собраќајка па немале избор и морале и таму да чекаат неколку часа. Од Полицијата не информираа дека во викендот на подрачјето на Охрид се случиле 14 сообраќајни несреќи. Љ.Т.


ЛОКАЛ

УЗУРПИРАНА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА

В

ело сипедската патека која се протега во должина на улицата Македонски Просфетители е целосно узурпирана во делот од рампата пред поштата па се до ресторанот на Мегдоналдс. Во овој дел приватна фирма стопанисува со паркингот во центарот

на Охрид и најверојатно во налетот на летната гужва започнала да ја издава и површината која е предвидена за велоспедска патека, со што фирмата наплаќа и за паркинг надвор од обележаното место. Фотографијата зборува доволно.

ПОЛИЦАЈЦИ НА ВЕЛОСИПЕДИ И СКУТЕРИ ПАТРОЛИРААТ НИЗ ОХРИД

П

олицајци на в е л о с и п е д и од неодамна крстосуваат низ Охрид, каде

што се грижат за јавниот ред и мир. Полицајцитевелосипедисти поминуваат специјален тренинг во кој ги совладуваат техниките на велосипедско возење и другите вештини нна интервенции. Во моментов се шестмина со тенденција нивниот број да се зголемува во екот на туристичката сезона. “Воведувањето патролна дејност со велосипед низ централното градко подрачје како и по брегот на езеротозначително ќе ги подобри ефикасноста

и ефективноста во извршувањето на полициските работи во летниот период на зголемена раздвиженост низ градот, особено во централното градско подрачје. Овој проект е замислен како обид да се обезбеди уште поблизок контакт со граѓаните и можност за зголемена мобилност на полицијата во центарот. Тоа ќе биде чможност полиоцијата да ги прошири своите можности на дејствување, пред се,на превентивен план, а јавноста да ја перципира како сервис и служба на располагање“,

изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Вакви велосипедски полициски патроли покрај во Охрид се воведени во Скопје и во Кавадарци а во најскоро време ќе се спроедуваат и во други градови во М.акедонија. Што се однесува до Охрид, веќе има полициски патроли на скутери, кои патролираат по езерото и плажите за да се зголеми безбедноста на капачите. Ангела Белевска


ВО ТЕКОТ НА СЕЗОНАТА КРАДЦИТЕ ОПЕРИРААТ ПО ПЛАЖИТЕ НЕ ПОКАЖУВАЈТЕ НАКИТ, ФОТОГРАФСКИ АПАРАТ, КАМЕРА И ДРУГИ ВРЕДНОСНИ ПРЕДМЕТИ, КОИ МОЖЕ ДА ПРИВЛЕЧАТ ВНИМАНИЕ НА КРАДЦИТЕ, И ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДА НОСИТЕ МНОГУ ПАРИ, ОВА Е НАЈДОБАР НАЧИН ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КРИМИНАЛОТ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО

Д

есетици туристи во Охрид деновиве додека престојувале на плажа биле ограбени. Велат се краде се - облека, полначи за мобилни телефони, скапи предмети и пари - се што ќе им фати око. Туристите се жалат дека не се чуствуваат безбедно и дека, никој не им гарантира за предметите што ги оставаат на плажата иако, како што велат плажите се приватни. - Додека пливавме со жена ми и со ќерката од торбата ни беше украден мобилниот телефон. Тој ден имаше премногу гужва на плажата но за жал никој ништо не видел - раскажува еден турист од Скопје. Кражбата ја пријавиле во полиција но, велат, не очекуваат дека тоа нешто ќе помогне. Од СВР Охрид потврдуваат дека е зголемен бројот на кражби со почетокот на сезоната и зголемениот бран туристи во Охрид. Од таму велат дека во најголемиот дел предмет на кражбите се мобилни телефони оставени од граѓаните необезбедени на плажите или угостителските објекти. Од страна на полициските службеници минатиот месец три лица се фатени непосредно по извршената кражба но во споредба со бројот на случаи таа бројка е премногу мала. - Дојдовме на одмор а не ограбија

реагира друг туриста кој за време на одморот остана без својата видео камера. „Ни преседна и одмор и се, да знаевме дека ова ќе ни се случи ќе си седевме дома, вели ограбениот битолчанец. Но ова не е ништо ново. По охридските плажи се крадело и во изминатите години. Стариот занает станува традиционален вдолж охридското крајбрежие. Според експертите претежно по плажите оперираат мажите на возраст од 20 до 30 години. Многу од нив, велат психолозите, на кражба се решаваат од очај и немаштија иако има и такви кои тоа го прават од навика. Не е мал бројот ниту на оние кај кои е во прашање патологија. Следна задача после успешниот обид на кражбата е предметите да се продадат. Идеално место за тоа се улиците и охридскиот парк. Се нуди украдената роба за цена која е далеку испод реалната а може да го земете производот и за онолку колу ќе понудите па макар тоа било и смешна сума. Додека седев на клупа во паркот сред бел ден дојдоа две лица и одма ми понудија камера. Ја продаваа за 6000 но не помина ни 5 минути цената стигна до 500 денари. Рекоа дека камерата

ја нашле на плажа но кога почнав да ги распрашувам од каде се ја ставија камерата во торба и избегаа. Во тој момент неуспеав да повикам полиција. Единствено што ми текна беше да ги сликам, раскажува една охриѓанка. Еден сопственик на плажа чиј идентитет поради темата не сакаше да го откриеме а уште помалку името на неговата плажа признава дека е сведок на повеќе кражби. Тој крадците накратко ги опишува како досетливи и снаодливи луѓе кои откако ќе бидат откриени најчесто молат да бидат пуштени со договор без да биде вмешана полицијата. „Сепак, во одделни случаи мора да се повика и полицијата, бели сопственикот на плажа. И додека традицијата на крадење по охридските плажи продолжува а полицијата е немоќна да се справи со се поголемиот број крадци останува граѓаните и туристите сами да се штитат од криминалот во текот на летните одмори. Најдобар начин за тоа е накитот, фотографски апарат, камера и други вредносни предмети, кои може да привлечат внимание на крадците, да го остават дома.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

7


LOKAL ПАРИТЕ НАМЕСТО НА СМЕТКА ГИ СТАВАЛ ВО ЏЕБ

КРИВИЧНА ЗА УПРАВНИКОТ НА УНИВЕРЗИТЕТСКОТО ОДМАРАЛИШТЕ

У

правникот на „Универзитетското одморалиштеКонгресен центар Охрид , 54-годишниот П.А заработи кривична пријава. СВР го сомничи дека е стотител на пет кривични дела од кои три за проневера на службената должност, злоупотреба на службената положба и овластување како и за фалсификување и уништување на деловни книги. Според извештајот на СВР Охрид пријавениот во изминатите три години како раководител на Конгресни-

8

AMAK

PRES

от центар со искористување на на службената положба и овластување како и со неизвршување на службената должност, во три наврати противправно присвоил вкупно 488.468 денари. Парите кои биле уплатени во готово, на П.А му биле доверени во Службата од прометот за сместување на гости во одморалиштето кој наместо да ги внесе на сметка на Универзитетот и книговодствено да ги евидентира против правно ги присвоил за себе. Во повеќе наврати П.А поголем дел од примените

парични средства во готово од гостите и од одржаните семинари ги земал за себе а само мал дел ги уплаќал на сметка на универзитетот. За одржаните конгреси и семинари во Конгресниот центар парите ги примал на своја лична сметка а потоа ги подигнувал и против правно ги присвојувал Исто така на име награди за себе и за неколку други вработени на крајот од минатата година пред новогодишните празници одобрил исплата со која се почастиле по 100 евра

употребувајќи стар печат а парите книговодствено не ги евидентирал. Со цел да ги прикрие трагите пријавениот уништил дел од финансиската документација. Истражен судија при основниот суд Oхрид му одреди мерка притвор во траење од 30 дена а СВР Охрид ќе го гони и за други проневери на средства од готовински уплати за кои постојат сознанија и најавуваат целосно расветлување на случајот. С.В


www.amakpres.com.mk

9


ZABAVA

ЃОКО ПРЕД СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ ГО ПРОМОВИРАШЕ НОВИОТ ДЕН

В

о кругот најблиските во фулето Кадмо Охрид Ѓоко Танески

на каво го

промовираше својот најнов видео спот за песната „Новиот ден“ Спотот е снимен токму во Кадмо, причина

повеќе што и финалниот производ за песната беше пуштен токму тука пред неговите пријатели и роднините. Според Ѓоко тоа се луѓето кои заслушуваат први да го погледнат спотот. Најомилениот посетител во охридското кафуле беше керкичката Анастасија. Осум и пол месечната принцеза единствено за изјавите го оставаше тато Ѓоко раат. Останатото време беше во негово друштво. Што се однесува до познатите фаци тука неможеа да се забележат. Никој од естрадата не присуствуваше на промоцијата на својот колега. Танески избегнувајќи го

одговотот единствено рече: Пресреќен сум што вечерва со мене се оние кои нешто ми значат во животот мојата фамилија и моите долгогодишн�� пријатели кои се токму од Охрид . Спотот за првата песна од најновиот албум е изработен во студиото на продукцијата Кумев брадрс а снимен е во месец мај во Кадмо. Автори на Новиот ден се Франц и Пере. Танески најави дека за брзо време ќе биде направен спот за уште една негова песна од албумот кој треба да излезе во септември а ќе брои 10 песни. Фото и текст: С.В.

НА 3 АВГУСТ ВО СРЦ “БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“

КОНЦЕРТ НА ЛЕНИ КРАВИЦ ВО ОХРИД

Н

а трети август во Спортско Рекреативниот Центар, “Билјанини Извори“ концерт ќе одржи легендата на рок музиката, Лени Кравиц. Од продукциската куќа „Авалон“ што е организатор на концертот не откриваат пикантерии до моментот на

10

AMAK

PRES

случувањето на настанот. Се знае дека пред настапот на Кравиц неколку композиции ќе изведат членовите на групата “Ареа“. Сцената која ќе биде поставена на теренот кај Билјанини извори ќе биде долга 20 и широка 16 метри со вкупна зафатнина од 320 метри

квадратни. Спортската сала ќе му биде на расолагање на тимот на Кравиц и тие ќе ја уредуваат . Иако организаторите не сакаат да откриваат детали за концертот до кој не делат неколку дена , ние дознавме дека легендарниот пеач и неговиот тим во Охрид ќе пристигнат со 8 автобуси . Во седум од нив ќе биде сместена опремата и инструментите а автобусот во кој ќе патува Лени е луксузен и наликува на еден од најубавите апартмани, со неколку соби, тоалет и најсовремено џакузи. Американскиот музичар иако има 44 години изгледа преубаво и е најпосакуваниот “плен“ за голем број девојки ширум светов. Иако е така, рок пеачот во Охрид ќе пристигне со својата група му-

зичари и секако со домашното милениче, песот од расата “Чивава“. Билетите за концертот веќе се распродадени. Секој поединец кој ќе биде сместен во златниот круг односно во непосредна близина на легендарниот пеач ќе плати по 1500 денари. Оние што концертот ќе го следат во седечка положба ќе платат по 1 200 денари а обичните влезни билети чинат 1 000 денари. Се очекува за Илинденските празници во Охрид да има над 25 000 туристи кои ќе дојдат по повод Илинден, концертот на Лени Кравиц и секако Меѓународната Илинденска Регата, “Илинден 2008“што ќе се одржува од 31-ви јули до 2-ри август. Ангела Белевска


11


КУЛТУРА ВО МЕСЕЦ АВГУСТ

КОНЦЕРТИ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА НА БРОДОТ“ ГАЛЕБ“ И ВО ЛАПИДАРИУМОТ ПРВ ПАТ ВО ОХРИД ЌЕ СЕ ОДРЖУВА КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА НА БРОД. ТАА НОЌ ИТАЛЈАНСКИ ФИЛМАЏИИ НА БРОДОТ “ГАЛЕБ“ ЌЕ СНИМААТ КАДРИ ЗА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ЗА МАКЕДОНИЈА...

Н

а 8-ми и 9-ти август во Лапидариумот кај куќата на Робевци и на бродот “Галеб“ ќе се одржат два концерти на класична музика кои се дел од фестивалот “Охрид те сакам“. Младата пијанистка и уметнички директор на фестивалот, Емилија Маринова, на двете концертни ноќи на пијано ќе отсвири македонски песни и италјански канцони. “Со двата концерти кои ни претстојат го завршуваме летниот циклус на фестивалот “Охрид те сакам“ кој беше отворен во месец мај со мојот и настапите на Марко Албрицио од Италија и Емилија Ботевска од Скопје. Минатиот месец во општинската сала концерти на пијано одржаа италјанските уметници, Стефано Бигони и Миќеле Пентре-

ла. Секако фестивалот ќе продолжи по завршувањето на летните одмори и се настојува да добие традиционален карактер. Од септември натака ќе се одржуваат по четри концерти секој месец со цел да имаме опстојување на фестивал на класична музика преку целата година“, изјави Емилија Маринова. Невообичаен но интересен за музичарите и публиката ќе биде концертот кој на 9-ти август ќе се одржи на бродот “Галеб“. “Мој животен сон беше да настапувам на брод среде езеро или море. Интересно е што токму тогаш група италјански филмаџии ќе снимаат документарен филм за Македонија. Токму таа вечер од бродот “Галеб“ тие ќе ги снимаат убавините од Охрид а во филмот во

еден негов дел ќе биде прикажан концертот. Верувам дека амбиентот ќе биде преубав “, истакна Маринова. Таа вечер Емилија ќе свири на електрично пијано а ќе биде придружувана од гитаристот Дамјан Пејчиновски и тапанарот Јордан Манов. Се очекува ноќта да се реализира еден од најубавите културни настани кои италјанските режисери и глумци ќе го склопат во впечатлив репрезентативен филм за Македонија. Покровител на фестивалот на класична музика, “Охрид те сакам“, е локалната самоуправа од Охрид. Со овој фестивал се очекува културно заживување во градов и вон туристичката сезона. Ангела Белевска

ВО ОХРИД

ФЕСТИВАЛ НА СТАРАТА ГРАДСКА МУЗИКА “ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ“

Н

аскоро во Охрид ќе биде обновен фестивалот на старата градска музика ,“Охридски староградски песни“ што не се одржувал повеќе од петнаесет години. Во полза на фестивалот ќе биде обновена познатата женска пеач-

12

AMAK

PRES

ка група АХРИДА. За таа цел секоја недела во ЦК “Григор Прличев“ ќе се одржуваат аудиции на кои музичките педагози Наум Гавриловски и Билјана Малезанова ќе ги одбираат најдобрите вокали. Фестивалот “Охридски ста-

роградски песни“ ќе се одржува во организација на Центарот за Култура “Григор Прличев“ а финансиски ќе биде поддржан од Министерството за Култура. А.Б


www.amakpres.com.mk

13


ЗДРАВЈЕ

СО ФЛУОРИЗИРАНО МЛЕКО ПРОТИВ КАРИЕСОТ КАЈ ДЕЦАТА МАКЕДОНИЈА Е ПРВАТА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА ВО КОЈА Е ДОНЕСЕНА СЕ ИНПЛЕМЕНТИРА А ОД СЕПТЕМВРИ И ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ОРАЛНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА ДО 14 ГОДИШНА ВОЗРАСТ. СО ПРОЕКТОТ КОЈ СТАРТУВА ЗА ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ 30 000 ДЕЦА НА ПРЕДШКОЛСКА ВОЗРАСТ ИЛИ 430 000 ДЕЦА ВО ПЕРИОД ОД ДВЕ ГОДИНИ СО ШТО СЕ ОЧЕКУВА КАРИЕСОТ КАЈ МЛАДИТЕ ДА СЕ НАМАЛИ ЗА 70 %

О

ралното здравје кај децата е основа за непречен здрав развој на младиот организам. Последица на расипаните заби се бројните болести кај човекот, нив ќе ги сопреме ако навреме го лекуваме забниот кариес, ова беше заклучено на средбата на стоматолозите од Македонија што неодамна се одржа во Охрид. Македонија е првата земја на Балканот во која се донесе и е имплементирана националната стратегија за превенција на оралното здравје кај децата од нивното раѓање до 14 годишна возраст. “Стратегијата практично ќе отпочне да се реализира од септември оваа година низ сите детски градинки во земјава со што ќе бидат опфатени околу 30 000 деца од предшколска возрст а за

период од две години ќе бидат опфатени 430 000 деца на возраст до 12 години“, изјави раководителот на секторот за стоматологија при Министерството за здравство, Бранко Милошоски. Националниот координатор за орално здравје, проф. д-р Миле Царчев, истакна дека стратегијат за орално здравје практично ќе се спроведува преку неколку чекори, прво ќе се залеваат клисурите односно ќе се запечатуваат местата каде има кариес, а потоа на децата ќе им се дава флуоризирано млеко. Лекувањето на детските заби со употреба на флуоризираното млеко, финансиски е подржано од англиската фондација “Боров“ . “Со задоволство можам да кажам дека стратегијата се импламентира во најдобар ред а и шемите

за флуоризирано млеко кои од септември ќе се спроведуваат низ сите детски градинки се одлични“, рече претседателот на фондацијата Боров, Најџел Боров. Во реализирањето на проектот за превенција на оралното заболување кај децата до 14 годишна возраст ќе бидат вклучени 220 државни стоматолози кои за таа цел практично ќе ги обучуваат нивни колеги од земјите во кои веќе се применува флуоризираното млеко како превентивна мерка против забните болести. По две години од практичното применување на проектот се очекува кариесот кај децата да биде редуциран до 70 %. Ангела Белевска


СПОРТ

ПРОФЕСИОНАЛНА АТЛЕТСКА ПАТЕКА ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА ВО ОХРИД

А

тлетска професионална патека во вредност од 450 000 долари ќе се поставува во Охрид. Првата атлетска патека во Македонија е донација на Светската атлетска федерација, а во реализација на проектот учествува и македонскиот олимписки комитет кој обезбеди 50 000 долари. Светската атлетска федерација ни доделува 400 000 долари за поставување на патеката. Останатите срества ги обезбеди МОК кој е и партнер на проектот. Во изминативе 4-5 месеци лобиравме кај меѓународните институции и успеавме да ја стекнеме нивната подршка. Она што следува е втората фаза на потпишување на договорот од страна на интернационалните институции, вели Иван Цветковски директор на јавното претпријатие„Билјанини Извори“ од Охрид, за стопанисување со спортски објекти.

Според Цветкоски Скопје беше градот каде требаше да се постави патеката но поради зафатите кои моментално се прават на градскиот стадион изборот за поставување падна на Охрид За жал на скопјани а за среќа на охриѓани, ја искористивме состојбата со Градскиот стадион во Скопје со оглед дека се реновира, атлетската патека која беше наменета за таму е пренасочена за Охрид. АФМ и сите 25 атлетски клубови во Македонија ни дадоа комплетна подршка. Охрид кој испраќа атлетичар на Олимписките Игри во Пекинг заслужува ваков третман, вели Цветкоски. Според најавите со реализација на проектот ќе се започне во септември а работите ќе финишираат за месец дена. Изведувач на работите ќе биде италијанската реномирана фирма „Мондо“ која има долгогодишна соработка со светската атлетска интернационала.

Претседателот на АФМ Цветко Грозданов вели дека со поставувањето на атлетската патека условите за работа во голема мера ќе се подобрат а тоа според него ќе допринесе за далеку подобри спортски резултати. Условите за работа кои ги имаат нашите атлетичари се очајни. Наместо резултати поголема е веројатноста да се здобијат со повреди. Со поставување на една ваква квалитетна патека многу работи ќе се изменат, вели првиот човек на АФМ. Македонија е единствената земја од европските која нема професионална атлетска патека. Ова, спотед спортските работници, ќе овозможи и кај нас да се одржуваат значајни меѓународни првенства, а Охрид да биде центарот каде ќе пристигнува атлетската елита. С.В

1

www.amakpres.com.mk

15


СПОРТ

СТОЈЧЕВ НЕПРИКОСНОВЕН ВО ОХРИДСЕДМА РЕКОРДНА ПОБЕДА ЗА БУГАРИНОТ

О

хридскиот пливачки маратон и оваа година помина во знакот на Петар Стојчев кој повторно се закити со ловоров венец. Фантастичниот бугарин по седми пат триумфираше во Охрид поминувајќи низ целта со време 6 часа 14 минути 51 секунда 43 стотинки. Во возбудлив и драматичен финиш, рамо до рамо по две секунди целта ја помина австралијанецот Брендан Капел, а по него со заостанување од само 21 стотинка и французинот Стефан Гомез. Ова беше тешка трка, имаше јака конкуренција. Среќен сум што по седми пат победувам тука во Охрид, рече 33-годишниот Стојчев по трката. И покрај најавите дека ова е последната трка за него во Охрид тој рече дека ќе допатува и следната година во обид да ја освои и осмата победа. Нашиот Томи Стефаноски кој 30километарската патека „Климе Савин“ ја пливаше заедно со најдобрите доплива четврти што е втор негов најдобар успех на овој маратон по оној во 2001 година кога беше трет. Повратникот на

16

AMAK

PRES

охридскиот маратон го делеа само 20 стотинки од третото место. Навистина сум изненаден од мојот пласман, неочекував до крај да пливам со најдобрите. Еден час пред целта темпото беше лесно но последните метри беа пеколен финиш. Дадов се од себе и до крај испливав со најдобрите, изјави Стефаноски Дебитантскиот настап на Стефани Билер (Германија) и го донесе првото место оставајќи ја зад себе минатогодишната победничка Естер Нунез Морера. Билер најави дека ќе учествува и следната година во одбрана на титулата. Од останатите македонските маратонци трката ја завршија Евгениј Поп Ацев(11 место), Илија Стојаноски(12место) и Игор Димовски (14 место). На 22 Охридски пливачки маратон од пријавените 32 маратонци стартуваа 27 а трката ја завршија 23 пливачи. Италијанците Филипо Пупулин и Андреа Волпини и Бојан Живановиќ од Србија не допатуваа во Охрид, а на стартот не се појави и нашиот Никола Кутаноски. Маријан Мир-

чески и Миро Крстески неуспеаа да допливаат а трката предвреме ја завршија и Јанош Деметер(Србија), Лаура Волпи(Италија) и Марианела Мендоза(Аргентина). И покрај тоа што годинашниов охридскиот маратон ги собра најдобрите од светската ранг листа сепак ако се суди според резултатите на времето ова е еден од најслабите маратони. Покровител на манифестацијата и оваа година беше претседателот на Република Македонија Бранко Црвенкоски, а наградниот фонд изнесуваше 25 000 долари. Стојчев и Билер заработија по 2500 долари плус бонус за генералниот пласман. Бугарскиот победник доби и дополнителни 1000 долари кои ги донираше уметникот Мице Јанкулоски. Како и изминатата година така и оваа едвај неколку стотина граѓани и случајни минувачи ја проследија најстарата спортска манифестација која некогаш беше следена од повеќе илјадна публика. Инаку Охридскиот пливачки маратон за прв пат е одржан во далечната 1962


СПОРТ година и е еден од најпривлечните маратони за светските пливачи. Оваа година се одржa 22-то издание после возобновувањето на оваа манифестација која неколку години наназад го губи својот рејтинг поради слабата организација и несоодветниот третман од луѓето кои се задолжени за подготовките и организацијата на некогаш најголемата спортска манифестација. Охридскиот пливачки маратон од минатата година е едно скалило подолу и е во рангот на гран при натпреварувања. СТОЈЧЕВ ДОБАР И ВО БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ МУ ОДИ И ПЛИВАЊЕТО И ТЕПАЊЕТО

овој немил настан со своја приказна. Стојчев непризнава дека го удрил французинот а тој пак цели два часа се виткаше од болка. Интервенираше и итната медицинска служба. Наместо честитки за победата добив навреди и погрдни зборови за мене и мојата мајка. Се револтирав но не вратив- вака се бранеше Стојчев по обвинувањата од Стефан Гомез дека физички бил нападнат од бугаринот без никаква основа. Не знам зошто, без никаква причина се доближи до мене и ме удри, низ грч објаснуваше Гомез кој после инцидентот и повеќе од 6 часовното пливање едвај успеа да излезе од вода. Делегатот на ФИНА Валериос Беловаз најави дека ќе поведе постапка за неспортското однесување а доколку се утврди вина кај Стојчев ќе следува и казна. ФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕБНА АГЕНЦИЈА ЗА СПАС НА МАРАТОНОТ

Инцидентот по завршувањето на трката во кој победникот Стојчев со нога го удри Стефан Гомез по што следеше вербална расправија, а финишираше кога меѓусебно се исплукаа фрли темна сенка врз маратонот. Двајцата учесници во

Oхридскиот пливачки маратон и оваа година не го доби заслужениот третман. Подготовките во голем дел се завршуваа последните неколку денови пред одржувањето а проблем според техничкиот организатор, ПК Охридски Бранови, се средствата кои Пливачката федерација навремено не ги префрлила. -Добивме срества само колку да не се „удавиме“, велат од Охридски бранови. На минута до дванаесет се правea подготовките, под разни притисоци, и големи напори да не се дозволи да згасне една долга традиција, вака накратко ја опишуваат состојбата со подготовките луѓето задолжени за организација на маратонот. Се работи за околу 20 000 евра, средства потребни за техничката подготовка на маратонот. Оваа држава издвојува

далеку поголеми срества за избори на убавици а несака да префрли пари од кои зависи одржувањето на маратонот, обвинува Никола Маленко од организациониот одбор на маратонот. Според него Пливачката федерација парите од маратонот ги пренаменува за други спортови а голем дел од нив се трошат за, како што вели, разни екскурзии на кој пливачите се пласираат на последните места. Решението за да се врати угледот на оваа најстара манифестација и да го добие заслужениот третман од ПК Охридски Бранови го гледаат во формирање на посебна федерација за маратонско пливање со седиште во Охрид која би се финансирала и од општинскиот и од државниот буџет како и од Агенцијата за спорт и млади. Само на тој начин, велат техничките организатори, поготовките би се правеле низ текот на целата година а не како што стана пракса последниве неколку години, на неколку дена пред одржувањето на маратонот. ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ НА СТАРТОТ СЕ ПОЈАВИ ОХРИЃАНЕЦ После 15 години за прв пат на стартот се појави охриѓанец. Сепак 33-годишниот Маријан Мирчески не успеа да стигне до целта. Некаде кај Десарет после повеќе од 5 часа пливање се откажа од трката. Желбата беше преголема да се биде дел од една ваква манифестација и среќен сум што сонот конечно ми се оствари. Активно со пливање се занимавам од 15 годишна возраст, а маратонот го сваќам како врв на мојата кариера, вели Мирчески кој со едномесечна подготовка дебитираше во маратонско пливање. Александар Маленко беше последниот охриѓанец кој со само 14 години на патеката Климе Савин го постави рекордот 5 часа 13 минути.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

17


СПОРТ ЈУБИЛЕЈНО ПО 40-ТИ ПАТ

БЕЛИТЕ ЕДРА ЌЕ ГО КРАСАТ ЕЗЕРОТО

Ј

убилејно по 40-ти пат во водите на Охридското Езеро на нашиот најголем национален празник Илинден ќе се одржи најмасовната спортска манифестација, Меѓународната Илинденска едриличарска регата. Во трите натпревапувачки денови, 31 јули, 1 и 2 август учество ќе земат над 100 едриличари од 10 земји од Балканот и Европа. На регатното поле Канео-ПаркПристаниште-Канео покрај четирите клубови од Македонија, двата охридски АМАК СП и Стрмец, Снегар од Струга и Пампур од Скопје, во седумте класи ќе се натпреваруваат и едриличари од Италија, Романија, Турција, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Словенија и Швајцарија. Со ова регатата ќе биде најмасовна манифестација која воопшто се одржала кај нас. -Во изминатиов период интензивно се подготвувавме во одбрана на титулата , најдобар клуб на регатата. Секојдневните тренинзи и бројните настапи на меѓународните регати кои се влезени во календарот на натпревари

ќе допринесат и оваа година по 4-ти пат да ја освоиме најпрестижната награда ,,Златната маска,, која се доделува на севкупниот победник на регатата, вели Кате Бујароска од ЕК АМАК СП БОФОР, клуб кој и годинава е организтор на регатата.

Покровител на оваа спортска манифестација е Агенцијата за спорт и млади а е помогната и од Едриличарската федерација на Македонија. Сузана Вренцовска

ДА ИЗРАЗИМЕ БЛАГОДАРНОСТ ДО ОНИЕ ДОКТОРИ КОИ ГО ПРАВАТ ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ПОПОДНОСЛИВ, ПОЛЕСЕН

ГОЛЕМИНАТА НА ДОКТОРСКИОТ ЗАНАЕТ

П

реку ова писмо ние, неколку пациенти, сакаме да изразиме голема благодарност д-р неуро психијатар Вас�� Кочовска од Општата болница во Охрид. Веќе подолго време( а не само ние сигурно има и многу повеќе пациенти, но не секој има храброст и сака да каже дека бил пациент на нервната амбуланта во Охрид) чуствуваме потреба да изразиме блегодарност до еден врвен специјалист во својата струка. Доктор за болести кои неможат да се видат и допрат или да се регистрираат со помош на медицински апарати. Болести кои лебдат над нас и ногупати се необјасливи, нејасни и за нас обичните луѓе се чинат безизлезни. „Лично имам посетувано ординации за третирање нервни болести и во Скопје

и во Охрид, и приватни и државни. Бев на преглед кај повеќе специјалисти, професори до началници на клиники. Незнам дали е случајно или не но моите проблеми како и на многу други со кои разговарав, завршуваат со прегледите кај Д-р Васе Кочовска. Моите проблеми исчезнаа на чудесен начин, за релативно краток период, и за разлика од претходно со многу помалку лекови. Преку разговори, посети и максимална посветеност, д-р Кочоска го постигна тоа што многумина пред неа очајнички се обидуваа. Токму таквиот начин на третирање, големата стручност и претпазливост при избор на лекови ја прават различна од нејзините колеги. Повеќе од 2-3 години шетање по различни ординации, пиење разни антидепресиви... повторно продолжив нормално да живеам, но што е уште

поважно не само јас Васил Чаковски, туку и многу други: З.Ј, Д.С, Г.Ц, Г.П, Л.Р...... кои во овој момент имаат исто чуство како и јас-да изразат благодарност до Вас докторке што не повративте во нормален живот од кој мислевме дека сме многу далеку“ Текстот е напишан да се искаже благодарност од повеќе пациенти до д-р Васе Кочовска како и да им се помогне на сите оние пациенти кои лутаат барајќи излез а се движат низ лавиринтот од нервни ординации. Благодарност и до АМАК ПРЕС кој секогаш има разбирање и простор за обичните граѓани и нивните проблеми. Со почит Васил Чаковски


40-ТА ИЛИНДЕНСКА МЕЃУНАРОДНА ЕДРИЛИЧАРСКА РЕГАТА 31 ЈУЛУ - 2 АВГУСТ


АМАК ПРЕС 93