AMAK
EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION
BESPLATEN PRIMEROK
PRES
OHRIDSKI NOVINI
www.amakpres.com.mk
marketing
070 / 462-362
Godina V - Broj 90 10 Јуни 2008
УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ЗА НАШИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ
ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ
КЛИМЕ ВАСИЛЕСКИ ЧЕТКАР ИНТЕРВЈУ
СЛАВКО УПЕВЧЕ
ОХРИД ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАЊЕ ОПШТИНАТА НА ТЕНДЕР ГО КУПУВА ОНА ШТО ВЕЌЕ ГО ИМА definitivno najevtino MAKEDONIJA
Do 31.05
- MOJATA DR@AVA
Obrazoven centar, Ohrid, {tip
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски , Велимир Џамтоски Лектор: Милчо Јованоски; Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
LOKAL
ОПШТИНАТА НА ТЕНДЕР ГО КУПУВА ОНА ШТО ВЕЌЕ ГО ИМА ДЕНОВИВЕ НА САЈТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД БЕШЕ ОБЈАВЕН ТЕНДЕР ЗА ТРИ ЈАВНИ НАБАВКИ, ОД КОИ ДВЕ БЕА ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНИЦА И КЛИЕНТ СОФТВЕР. ОВА НАПРАВИ ГОЛЕМА ЗАБУНА ПРЕД СЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛЕР КОИ ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ ГОДИНИ ИНТЕНЗИВНО РАБОТАТ НА ОВИЕ ПРОЕКТИ И ЗА ТОА ПРИМААТ ПЛАТА. ДЕЛ ОД ОВИЕ НАБАВКИ СЕ ВЕЌЕ И ОБЈАВЕНИ НА ВЕБ САЈТОТ ОД ОПШТИНАТА КАКО ГОТОВИ, А ДЕЛ СЕ И ПЕЧАТЕНИ И ПУБЛИКУВАНИ.
О
пштина Охрид деновиве го затвори конкурсот со кој бараше заинтересирани страни за изработка на веб страница и таканаречен Клиент софтвер. Сега се чека комисијата да каже кој доставил најповолна понуда и да се избере најповолниот понудувач. Сето ова предизвика забуна, зачуденост па дури и револт кај некој вработени во општинската администрација но, ни јавноста не остана рамнодушна, ако се има во предвид дека од како е оформен ЛЕР цело време слушаме за изработка на веб страница во рамките на проектот “Духот на Охрид“ кој се изработи со странски пари. Слушаме дека цели две години упорно се работи на довршување на базата за податоци за приватното сместување, што е компатабилна на т.н Клиент софтверот за кој сега се распиша тендер. Сето ова доведува до заклучок дека локалната сега распишала тендер за работи кои ги има и за нивна изработка има вработено луѓе. Во тендерската документација објавена на официјалниот сајт на општината www.ohrid.gov.mk на страница 7 во секција Набавки, стојат три табели. За она што се бара во првата табела, а е поврзано со изработката на веб страница , јавноста беше информирана дека Ѓоко Апостолов го изработил уште во 2006 и 2007 година, а како што тогаш во февруари 2007 година пишуваа и објавија медиумите се планираше и промоција на таа веб страна, но до таа промоција никогаш не дојде. Како што се дознава раководството на ЛЕР не дозволило овие завршени работи да се промовираат тогаш и проектот останал во нивниот лаптоп. Зачудувачки е тоа што сето она што на конкурсот се бара во втората табела, означено како Профил на Општина Охрид веќе е готово и изработено
прашање, дали таа база е готова? Дали сега како готова некој само ќе ја употреби или јавноста тогаш била залажувана и манипулирана, па сега повторно проблемот испливал на површина. Останува отворено прашањето, зошто се распишува тендер за набавки кои Локалната самоуправа веќе ги има.
СЕ ЈАВИЛЕ НЕКОЛКУ ФИРМИ
ОПШТИНАТА - ТЕНДЕРСКИ ЛАВИРИНТ
во 2007 година и целата јавност може за него да се информираа токму на сајтот од општината каде во рубриката Завршени проекти, овие материјали се објавени јавно, а се отпечатени и во посебна книга која ја издаде токму општината. Доколку се погледне третата табела од документацијата веднаш во неа може да се препознае проектот “Духот на Охрид“. Она што во неа се бара е идентично со овој проект кој е веќе промовиран, а истиот е и платен преку програмата Интеррег на ЕУ фондовите и тој проект е веќе објавен на општинскиот сајт во рубриката Проекти. Втората јавна набавка е Клиент софтвер или во превод кажано категоризација на собите за издавање во Охрид. На категоризацијата изминатите години работеа вработените и волонтерите во Лихнидос и сите се сеќаваме дека за овој проект раководителот на секторот ЛЕР, Гоце Симоноски долго време зборува во јавноста и проектот го презентира на прес конференцијата кога се врати од Јапонија, а подоцна во месец мај 2007 година, отиде дотаму што дури тврдеше дека оваа база на податоци со категоризацијата на собите е софтверски готова. Останува големо
На конкурсот во рокот за изработка на веб сајт се пријавиле фирмите Инфо Тех, Прелукс Бро, Ентер и Еинсоф, додкеа за изработка на софтверот се пријавиле Семос, Прелукс Бро, Ентер и Еинсоф. Во следните неколку седмици овие компании ќе прават презентации на тоа што го понудиле пред стручните луѓе од локалната самоуправа, а потоа комисијата ќе одлучува.
ОПШТИНАТА ВЕЌЕ ИМА ДВА САЈТОВИ Општина Охрид го има својот официјален сајт www.ohrid.gov.mk како и сајтот www.ohrid.com.mk . Вториот сајт е изработен од скопска фирма која општината ја плаќа за негово одржување. Зошто се распишал тендер за трет сајт и каде е сајтот кој требаше да биде готов во рамките на проектот “Духот на Охрид“, како и видео презентацијата која беше најавено дека ќе биде преработена и преправена, до сега јавноста нема добиено одговор.
www.amac.com.mk/novini
Љупчо Таневски
3
6
AMAK
PRES
ИЗРАЕЛСКИ ГОСТИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ОХРИД
С
о чартер лет, неодамна на охридскиот аеродром “Св. Апостол Павле“, пристигна првата група израелски туристи. Гостите од Израел во Охрид ќе доаѓаат на секои две недели и ќе бидат сместувани во хотелите Белви и Метропол. За првомајските празници во Охрид гостуваа над 10 000 гости. Секоја недела до септември ќе доаѓаат холанѓани, до-
сега нивниот број е околу 300 души, а до карајов на летната туристичка сезона во Охрид треба да пристигнат околу 1000 израелци. Овие податоци најавуваат богата туристичката сезона. Ангела Белевска
ГРАНИЦАТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО МЕЃУ АЛБАНИЈА И МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ОБЕЛЕЖУВА
Ф
изичката граница на Охридското Езеро, кон соседна Албанија повторно ќе се обележува, ова неодамна во Охрид го изјавија претставници на македонската и албанската полиција. Границата во езерските води беше уништена поради немирите во Албанија пред повеќе од 10 години, и од тогаш до денес не постоеше вистинската физичка делба на езерото меѓу двете соседни држави. “Во моментов физичката граница во водите на Охридското Езеро, не постои, но во тек се активности за повторно
обележување на границата“, рече Горан Достиноски од Охридската Погранична Служба. Покрај обележувањето на водената граница , во иднина полициите на двете држави заеднички ќе патролираат по Охридското Езеро со што ќе се зголеми безбедноста на пограничниот регион и ќе се спречи нелегалната трговија со шверц на риба сметаат од двете страни на езерото. А.Б.
СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ НА ЗАВОДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
ВОДАТА ВО ЕЗЕРОТО ЧИСТА ЗА КАПЕЊЕ И РЕКРЕАЦИЈА
В
одите во Охридското Езеро се безбедни и здравствено исправни за капење и рекреација. Најчиста е водата на источниот брег од Св Наум до хотел Парк. Додека поголема деградација има на северозападниот брег од Езерото во делот кај сливот на реката Велгошка каде водата е од трета и четврта категорија. Прилично загадување на водата е забележано и кај хотелот Магнус, ова се резултатифото: Љ.Т. те од првичните анализи направени пред туристичката сезона од Заводот за здравствена заштита за квалитетот на водата во Охридското Езеро. Физичко хемиските и микробиолошките испитувања се направени врз база на 56 примероци од вода земени на потегот од Св Наум до село Радожда. Анализите покажале дека во најголем број случаи водата е од прва класа дури 73%, 12% од водата е од втора класа, додека само 1% е од трета и 2 % од четврта категорија. Зе-
мени се примероци на вода и од реките кои се влеваат во Охридското Езеро, Черава, Велгошка, Коселска и Сатеска каде е утврдено дека реките се од пониска класа, од 3 и 4 категорија, и се загадувачи на Охридското Езеро. Според Сашо Точко од Заводот за здравствена заштита делот од Езерото кој не е опфатен со колекторскиот систем и каде што има директно излевање на отпадните канализациони води исто така претставува потенцијална опасност не
само по Езерото туку и по самите капачи кои ги користат тие капалишта. -Тоа е проблем кој е стар 15-тина години и треба конечно да се реши затоа што водата која е бактериолошки загадена иако навидум изгледа чиста, претставува опасност за здравјето на луѓето, вели Точко. Ваква состојба каде сеуште се користат септички јами има во Пештани, но и во некои делови кај Канео и Св Софија каде канализационата мрежа истекува во Охридското Езеро. Според Точко во текот на сезоната поголемиот притисок на канализационата мрежа но и поголемото загадување од реките ќе допринесе дел од водата која сега е од прва категорија да премине во втора но тоа е моментална состојба и нетреба да не загрижува , смета Точко.
www.amakpres.com.mk
Сузана Вренцовска
5
ЕКОНОМИЈА ПО ПЕТТИ ЈУБИЛЕЕН ПАТ ПРЕД ХРАМОТ НА СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН НА ПЛАОШНИК ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО
ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН ЗА НАЈДОБРИТЕ ОСУМ ИНЖЕНЕРИ
НАГРАДЕНИТЕ И ГОСТИТЕ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
Н
еодамна Претседателот на државава Бранко Црвенкоски пред храмот на Св. Пантелејмон на Плаошник ги додели признанијата, “Инженерски Прстен“, на осум најдобри инженери кои во 2008 година дипломомирале на еден од инженерските факултети во земјава. Инженерскиот прстен се доделува по петти јубилеен пат, а годинава негови добитници се: Катерина Банџо од Факултетот за земјоделски науки и храна, Бранислава Ѓорѓевиќ - Архитектонскиот факултет, Бојан ЈованоскиМашински факултет, Бојан
Симовски-Шумарски факултет, Гоце Тасески – Градежен факултет, Емилија Тошиќ-Технолошко - металуршки факултет, Кире Три-
водалиев- Факултет за електротехника и информациски технологии и Зоран Трпески од Техничкиот Факултет во Битола.
“Денес високата стручност во индустриските, техничкотехнолошките и информатичките дејности е уште поценета и барана професија. Со отворањето на светот, цели генерации експерти по инженерски науки ги прифаќаат понудите и живеат и работат на различни страни од светот, затоа што незапирливиот развој на технологиите ја детерминира стапката на развој на секое општество. Оние заедници кои учествуваат во светскиот технолошки развој се реално богати општества. Затоа насекаде во светот се вложува во образовање на инженерски кадри, бидејќи тоа е најдобриот внатрешен потенцијал кој може да донесе прогрес. Тоа пак, носи и стимулира економски раст и развој за секое општество“, истакна претседателот, Црвенкоски. Признанието инжинерски прстен се доделува по повод Денот на инженерството во Р. Македонија-4 јуни. Инженерската Институција на Македонија во 2004 година започна со доделување на престижното признание и од тогаш до денес тоа е доделено на 44 најдобри инженери во земјава. Ангела Белевска
СЕ БАРА СЕРИОЗЕН ПАРТНЕР ЗА ЕМО
В
ладата и понатака се залага да најде стратешки партнер кој дополнително би инвестирал во ЕМО но со обврска да го задржи овој капацитет и вработените, рече министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој неодамна беше во посета на некогаш најголемиот гигант во електро индустријата. Според Милошоски досегашните понуди за стратешки партнер не биле доволно сигурни и уверливи дека ќе ги исполнат овие
барања. -Владата има за цел да најде долгорочен партнер со кој ЕМО во иднина би се развивал во стабилна фирма, рече Милошоски. Според директорот на ЕМО, Коста Димитров, компанијата и покрај наследените 5 милиони евра долг, денес добро функционира. -Платите редовно се исплатуваат, фирмата успешно работи, а ги повративме и сите домашни и странски паза-
ри, рече Димитров. Тој информираше дека во тек е процедура за наплата на побарувањата од Ирак и Сирија, сума од 10 милиони евра, со што ЕМО чист ќе се понуди на пазарот. Со тоа, вели Димитров, ќе се постигне повисока цена, но ќе се најдат и посериозни партнери. С.В
“ЗАСТАВА“ ЌЕ ЈА ОБНОВИ СОРАБОТКАТА СО НАШИ АВТОМОБИЛСКИ ФИРМИ
фото: Љ.Т.
Н
екогашната најпозната автомобилска компанија „Застава“ од Крагуевац најверојатно ќе ги обнови деловните врски со фабриките во Охрид кои некогаш беа дел од овој југословенски гигант. За ова било разговарано при неодамнешната посета на Охридскиот градоначалник, Александар Петрески на Крагуевац. Охридската делегација во Крагуевац беше во периодот на потпишување на
мултимилионскиот договор на „Застава“ со италјанскиот производител на автомобили “Фиат“ Од локалната самоуправа во Охрид велат дека претставници на „Застава“ во јули ќе го посетат Охрид при што ќе остварат средба со потенцијалните деловни партнери. Некогашната подружница на „Застава “во Охрид произведуваше појаси, ретровизори и друга автомобилска галантерија. Де-
нес некогашните погони се засебни правни субјекти кои успешно стопанисуваат и работат на меѓународниот пазар.Најуспешна трансформација и опстојување имаа деловите од фабриакта кои сега се во состав на Компаниајата АМАК СП, Леарницата и дисперзираните погони во Белчишта и Демир Хисар. Ангела Белевска
LOKAL УСПЕШНА ПРЕТСЕЗОНА ВО ОХРИД
ПРВИТЕ КАПАЧИ НА КРАЈОТ ОД МАЈ ТЕМПЕРАТУРАТА НА ВОДАТА ВО ЕЗЕРОТО НА КРАЈОТ ОД МАЈ НАГЛО СЕ ЗГОЛЕМИ НА 22 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ. ОНА ШТО Е НЕВООБИЧАЕНО, СОЗДАДЕН Е ТОПОЛ ВОДЕН ПОЈАС ВО ДЛАБОЧИНА ОД ПЕТ МЕТРИ, КАДЕ ТЕМПЕРАТУРАТА ИЗНЕСУВА 19 СТЕПЕНИ, ШТО Е НЕВООБИЧАЕНО ЗА КРАЈОТ НА МАЈ
С
езоната на капење во Охридското Езеро оваа година започна предвреме. Тропското време во изминатиот период, температурата на водата во Езерото нагло ја зголеми на 22 степени Целзиусови. Она што е невообичаено, создаден е топол воден појас во длабочина од пет метри, каде температурата изнесува 19 степени, што е невообичаено за крајот на мај. Ваквите температури на водата изминатите неколку години беа типични за крајот на јуни и почетокот на главната туристичка сезона. Топлото време и вода се покажаа добредојдени за гостите долж охридското крајбрежје, па плажите беа се попосетени. Од странците кои пристигнаа пред почетокот на сезоната најбројни се Холанѓаните, сместени во хотелот “Дрим“ во Струга, кои се секојдневно на плажите, и израелските туристи кои претежно времето го минуваат во разгледувањето на градот и сончање. Ова лето во хотелите на охридското крајбрежје ќе престојуваат околу 3000 гости од Израел и 2.500 од Холандија. Охрид е подготвен за почетокот на летната туристичка сезона, плажите се уредени, а Јавното комунално претпријатие секојдневно го чисти сметот, иако две години не добиле ни денар за својата работа од државата. Според последните мерења, водата во Охридското Езеро е бистра и чиста од прва и втора категорија, незагадена и погодна за капење. Повозрасните охриѓани паметат дека и порано имало сезони
8
AMAK
PRES
на капење во Езерото во мај или речиси во сите пролетни месеци, но сега зачудува наглиот премин во вистински тропски горештини. Топлата вода во Езерото ги израдува бројните гости, но ги загрижи стручњаците кои сметаат дека ваквите промени негативно ќе се одразат врз рамнотежата во биодиверзиетот. Токму на оваа тема се расправаше и на меѓународната конференција за водите и глобалното затоплување, која се одржа во Охрид. Беше изнесено мислење дека глобалното затоплување дури за 10 пати ги забрзува негативните процеси во водените ресурси и кај нас и во светот. Но ако крајот на мај беше во знакот на тропските горештини и создаде вистинска летна атмосфера почетокот на јуни донесе нестабилно и врнежливо време кое туристите ги „избрка“ од плажите но затоа кафаните и културно историските споменици беа се попосетени. Ако се суди според бројот на
гостите кои пристигнаа пред официјалниот почеток на туристичката сезона тогаш годинава ќе биде една од најбериќетните во туризмот.
ТОПЛОТО ВРЕМЕ ДОБРЕДОЈДЕНО И ЗА РИБОКРАДЦИТЕ
Топлото време е добредојно и за охриѓани и за гостите, но и за рибокрадците во Охрид. Охридските “канџари“ го сардисаа крапот во водите покрај пристаништето. Со трокуки се качат капиталци од седум, па до 13, па и повеќе килограми, а уште поголем број на риби кои успеваат да побегнат се повредуваат. Топлата вода и зголемениот нагон за мрест ги тера рибите во крајбрежниот дел на Езерото, каде стануваат лесен плен за несовесните рибокрадци. Посебно се ловат краповите ноќе, осветлени
со рефлектори. - Нашите рибочувари реагираат, но со ваквите несовесни поединци тешко можеме да се справиме, истакнува претседателот на Спортскоториболовно друштво “Св. Апостол Петар“ од Охрид, Радован Димитриевски. Ќе бараме формирање на рибочуварска полиција во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што е случај со шумската полиција и единствено на тој начин може да се заштитат и крапот и другите видови риби во Охридското Езеро. Според него, езерската полиција не може да се претвори во рибочуварска бидејќи има и други задачи и обврски и затоа е неминовно формирање на ваква рибочуварска полиција.
Сузана Вренцовска
НАМЕСТО СКИТНИЦИ СЕ ТРУЈАТ ДОМАШНИ КУЧИЊА НАДЛЕЖНИТЕ ЗА АКЦИЈАТА СО КОЈА СЕ ОТСТРАНУВААТ КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ АПЕЛИРААТ ДО ГРАЃАНИТЕ ДОМАШНИТЕ КУЧИЊА ДА ГИ ШЕТАТ СО МАСКИ НА УСТАТА И СИНЏИРЧИЊА ОКОЛУ ВРАТОТ
“Н
аместо кучиња скитници трујат домашни кучиња и мачки“, ова го тврдат поголем дел Охриѓани, по спроведувањето на акцијата на Локалната Самоуправа за отстранување на кучињата скитници. Деновиве беше отруено домашното милениче на семејството Каралиеви. Пудлицата Бела најверојатно пробала отровна материја додека се шетала по кејот на езерото со помладата сопственичка. “Целото мое семејство е во шок. Бела ТЕЛ: 046/ 250-001 046/ 250-002 WWW.HOTELCINGO.COM.MK E-MAIL: HOTELCINGO@MT.NET.MK
со нас жиееше повеќе од четри години ја чувствуавме како дел од семејството. Неодамна заедно со мојата ќерка поминувала на релација од кафетерасата “Аквариус“ до кафе барот “DUCK“,најверојатно тогаш пробала од отровот. Умираше бавно, четри дена имаше стомачни болки“, со солзи во очите вели Сјајна Каралиева, која вината ја префрла на локалната самоуправа. Комуналниот инспектор, Танас Танасоски, кој е и надлежен за акцијата вели
дека труењето на кучињата скитници било прекинато во периодот додека траела политичката кампања за предвремените избори во земјава. “Сопственичката вели дека кучето настрадало во последните денови на кампањата, но тогаш ние акцијата не ја спроведувавме, беше прекината. Работиме континуирано и на места каде има најмногу кучиња скитници или кога реагираат граѓаните, зошто за нас е многу поважна безбедноста на минувачите. Пред неколку години бевме сведоци на случај кога инвалид во количка беше нападнат од куче скитник“, вели Танасоски кој во исто време жали за домашните миленици кои ненамерно страдаат во акцијата, па затоа апелира истите да се изведуваат на јавни места така како што налага Законот со маска и врзани со синџирче со цел да не се одалечуваат од сопственикот. На новинарско прашање, Зошто локалната самоуправа не создаде услови за отворање шинтерска служба со која на безболен начин ќе се отстранат скитниците и при тоа нема да се повредат домашните кучиња?! Танасоски со одговор дека отворањето таква служба има превисока цена за Охрид која изнесува околу 250 000 евра. Само за едно уловено куче трошоците би биле околу 2 500 денари. Ангела Белевска
ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ КЛИМЕ ВАСИЛЕВСКИ ЧЕТКАР- ПОЗНАТ УГОСТИТЕЛ ОД ОХРИД
ГОСТИТЕ САМИ ДОАЃААТ КАЈ ЧЕСЕН И ЉУБЕЗЕН УГОСТИТЕЛ “САМО ЧОВЕК СПУШТЕН НА ЗЕМЈА КОЈ НЕ ЛЕТА ВО ОБЛАЦИ И КОЈ НЕ Е САМОБЕНДИСАН МОЖЕ ДА БИДЕ УСПЕШЕН УГОСТИТЕЛ. ЛУЃЕТО САКААТ ЕДНОСТАВНИ, ГОСТОПРИМЛИВИ ДОМАЌИНИ. СЕ СЛУЧУВА ГОСТИТЕ ДА ГИ ПОЧЕСТАМ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО ОСТВАРУВАМ ПРОФИТ ОД НИВ, НО ТАКА МОРА ДА БИДЕ....“
Е
фото: Љ.Т.
дноставен човек кој зрачи со позитивна енергија . Добар сопруг и пожртвуван родител за своето дете, вистински пријател чие друштво го са-
10
AMAK
PRES
каат мнозина охриѓани.Тој е сопственик на два угостителски објекти, а сепак успеал да изгради неверојатно добар другарски однос со вработениот персонал, одличен
домаќин за сите гости од најмлади до најстари од најбогати до најсиромашни, вака може да се опише Климе Василевски –Четкар, еден од најпознатите угостители
во Охрид и газда на кафеаната и истоимениот хотел “Белведере“. Прекарот Четкар го носат сите припадници на посилниот пол од неговата фамилија. Тие Василевци од Долна Влашка маала правеле различни видови четки за бојадисување на ѕидни површини,оттука потекнува и нивниот прекар кој сите го задржале до ден денес, а и една карактеристична особина ги сплотува и ги прави единствени како фамилијаблагонаклонети, мирни луѓе. “Уште како дете, правев четки, со фамилјарниот занает се занимавав 10-15 години“, со насмевка на лицето се сеќава чичко Климе, кој иако дипломирал на факултетот за физичка култура во Скопје, никогаш не станал ни професор ни тренер по некоја спортска вештина. “Видов дека од професијата ќар нема, па се ориентирав на трговија на мало. Повеќе од десет години продавав новогодишни честитки и цвеќе, задоволен и презадоволен бев од работата која беше профитабилна но бев свесен дека тоа долг временски период не можам да го работам. Во наредите 10 години бев претседател на Едриличарско-веслачкиот сојуз на Македонија и исто толкав временски период посветив на продажбата на автомобилски делови“, вели Василевски, кој од 2000 година навака се занимава со угостителство, а таа
професија максимално го исполнува. “Само човек спуштен на земјата, кој не лета во облаци и не си придава важност самиот себе може да биде успешен угостител. Гостите не сакаат вообразени, самобендисани домаќини. На секој што влегува низ вратата на хотелот или ресторанот мора да му се оддаде подеднакво внимание. Некогаш се случува да ги почестам гостите повеќе од профитот што од нив го остварувам но така мора да биде ако сакаш да привлекуваш повеќе муштерии кои стануваат постојани клиенти. Така успеавме гостите кои ги придобивме додека под наем го имавме и го разработивме хотелот “Ривиера“, да ги донесеме во кафеаната Белведере која успешно работи веќе 3 години “. Од 2006 година Климе со сопругата Лилјана стануваат сопственици на некогашни-
от хотел “Жито Лукс“, кого го преименуваат во Белведере. Се очекува хотелот кој и во моментов е еден од најубавите долж ривиерава да прерасне во ексклузивен објект со спа центар, две конгресни сали, два базениод отворен и затворен тип и затворен паркинг простор. Од хотелот до плажата ќе се минува преку мост со цел да се оствари поголема безбедност на луѓето а во кој ќе биде поставен и рекламен материјал. “Успешната работа што ја реализираме во кафеаната и хотелот не е се само моја туку и заслуга на персоналот кој работи во нив. Сите тие се работливи вредни луѓе со кои секогаш имам другарски-фер однос, не сакам тие да ме доживуваат како газда, туку како обичен човек кој како и нив по чесно завршената работа очекува позитивен резултат. Сите ние со заеднички сили
се трудиме да сме едни меѓу најдобриоте домаќини, а тоа се постигнува со внесување новини како во исхраната, така и во ентериерот и екстериерот. И дворното мето на кафеаната или хотелот мора да бидат беспрекорно уредени и постојано да се внеуаат мали измени, но пред се хигиената во сите сегменти мора да биде застапена на највисоко ниво“, вели Четкар кој не се плаши од конкуренцијата зошто го негува животното мото, “Со чесна работа- напред до целта“, кое му дава сила дека убавото и квалитетното секогаш излегува на површина. “Ни претстои добра туристичка сезона, годинава очекуваме гости да ни дојдат не само од Србија, Бугарија и Албанија, туку и од Косово. Интересно е што годинава прв пат нашиот хотел е максимално полн и овој месец, пред официјалниот старт на
тристичката сезона. Но ние живееме во туристички центар и затоа е неопходно беспрекорно да се среди централното градско подрачје без сообраќајниот хаос и отпадот по улиците и езерскиот кеј кој е пренатрупан со тезги од диви продавачи на сувенири“, вели Климе. Познатиот охридски угостител, Климе Четкар е страствен колекционер на антиквитети и музички инструменти кои ги сака од детството од кога и свири клавир. Денес семејството Василески е сопственик на околу 60 клавири и 150 виолини. Пред неполна година од нив учесници на минато годишното фестивалско издание на Охридско лето, го купија преубавиот концертен клавир од марката “Ројал“.
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
11
1
14
AMAK
PRES
ЛОКАЛ
СИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА ДО КРАЈОТ НА АВГУСТ ЌЕ БИДАТ ОПРЕМЕНИ СО КОМПЈУТЕРИ
С
о инсталирање на околу 540 компјутери во Електро- машинскиот училиштен центар „Св. Наум Охридски во Охрид, владата на Република Македонија продолжи со реализирање на проектот “Компјутер за секое дете“што отпочна во 2007 година. “Инвестираме во модернизацијата на образованието со цел да се добие една млада,школована нација со која ќе градиме здрава економија, врз база на знаење. Компјутерите ќе ги користат учениците и професорите кои полесно и поедноставно ќе ја претстават
предадената материја.Со ваквиот начин на опремување на училиштата со компјутери овозможуваме соодносот компјутер –ученик да биде најдобар во светов. Ако во овој момент Кореја има најдобар ваков сооднос и тој е еден спрема седум, кај нас до 2009 година тој сооднос ќе биде помал од два спрема еден“, изјави во Охрид, минисстерот за Информатичко Општество, Иво Иваноски. Во Република Македонија во период од една година со компјутери целосно се опремени околу 23 средни училишта, а до крајот на месец август нивниот
број ќе биде 93. Од 5 до 15 компјутери се инсталираат во 365 основни училишта во кои секоја училница целосно ќе биде доопремена со компјутери до 2009 година. Околу дваесет и две илјади и петстотини граѓани во Македонија бесплатно слушаат предавања за основните информатички вештини а само годинава на беплатните информатички курсеви се запишале околу 18 000 луѓе. Ангела Белевска
СЕ РЕНОВИРА КРСТ-ЏАМИЈА
Е
дна од најстарите и најубави џамии во Охрид, Хаџи Дургут , која во народот е позната и како Крст-џамија деновиве започна да се реновира. Поставени се скелиња на надворешноста која ќе се реставрира со цел да се заштити овој споменик на културата. Ревитализацијата на џамијата во непосредна близина на училиштето „Братство“ е дел од активностите на Заводот и Музеј кој деновиве работи и на санирање на северната фасада на куќата на Робевци каде ќе биде променета и дрвенаријата, а заштитно конзерваторски активности се предвидени и
фото: Љ.Т.
во куќата на Уранија Пред турското ропство на местото каде се наоѓа сегашната џамија имало православна црква. Турците ја срушиле и два пати по ред безуспешно подигале џамија која постојано се рушела. На третиот пат бегот сонувал сон на кој светец од христијанската религија му рекол да стават крст на џамијата и само така џамијата ќе добие цврстина и нема да се руши. Од тогаш до денес Крст амија е единствениот муслимански објект во светот со крст на покривот. А.Белевска
www.amakpres.com.mk
13
ЛОКАЛ
„УРАНИЈА“ ЌЕ СЕ УРИВА
К
уќата на Уранија ќе се урива до приземјето и во исти стил ќе се реконструира, ваквата одлука доаѓа по препораките на статичарите од Градежниот факултет со цел да се зајакне
веќе нарушената статика на објектот. Проектот за статичко зајакнување на куќата кој го изработуваат стручните лица ќе покаже што точно ќе се прави за возобновување на Уранија. Според дирек-
торката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, во текот на туристичката сезона кога на сила е забраната за градежни зафати во центарот на Охрид ќе се прибираат потребните дозволи а од септември ќе се пристапи кон санација на објектот. Сеуште не се направени ни пресметките за тоа колкави сретства се потребни за реконструкција на куќата. Инаку овој споменик на културата од 19 век, во 2004 година е предадена на користење на Македонската академија на науките и уметностите, но од таму дури сега по 4 години го презедоа објектот. Иако, директорката Бунташеска не открива од кој причини МАНУ долго време не го сакаше овој објект кој го доби на поклон сепак познавачите на состојбата велат дека старото раководство на Академијата несакало да ја преземе куќата поради огромните сретства потребни за нејзино одржување. Од Академијата причините за не преземањето на сопственоста велат биле поради тоа што не беше извршена
дислокација на кафулето што се наоѓа во нејзиното предворие. Оваа репрезентативна куќа во центарот на Охрид најчесто беше користена за излагање на дела на познати македонски и светски сликари. Во 2004 година последен пат е одржана изложбата на восочни фигури и од тогаш вратите на оваа куќа стојат затворени. Со градежните зафати кои ќе се преземаат за зајакнување на нејзината стабилност овој споменик на културата повторно ќе се врати во функција. Академиците од земјава и регионот просториите на куќата, со специфична архитектура, ќе ги користат за беседење и одржување на научни собири. Една од причините поради кои Уранија се предаде на МАНУ е поради тоа што пред 4 децении тука е формирана оваа највисока научна институција. Куќата на Уранија заедно со куќата на Робевци се најубавите архитектонски градби во Охрид. Сузана Вренцовска
ОД 21-27 ЈУНИ ВО ЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ НА КОМЕДИЈАТА
О
д 21 до 27 јуни, Охрид е домаќин на меѓународниот театарски фестивал на комедијата, што е и прва културна манифестација во земјава со исклучително комичен карактер. Организатори се Младинскиот Културен Центар од Охрид и канцеларијата на Скопски Саем. “Идејата и целта на фестивалот се во функција на развојот на туризмот во градов вон туристичката сезона односно нејзино продолжување. Ја избравме комедијата затоа што таа е општо прифатена ја сакаат сите луѓе, во неа наоѓаат излез од секојдневието“, изјави Зоран Стрезоски, менаџер на Скопски Саем за Западна Македонија.
14
AMAK
PRES
Честа да го отворат овогодинешното прво фестивалско издаие му припадна на актерите од прилепскиот Народен театар, “Војдан Чернодрински“, кои на сцената во Центарот за Култура “Григор Прличев“, на 21 јуни ќе ја изведат комедијата, “На два стола“, во режија на Коле Ангеловски. Центарот за Култура е домаќинот каде пет дена,со почеток во 21 часот своите актерски способности и вештини пред публиката ќе ги покажуваат актери од Македонија,Србија,Хрватска, Словенија и Црна Гора. На 24 јуни (вторник), претставата “Покондирена тиква“, ќе ја изведе театарската група, Бора Станковиќ од Врање-Србија. Ден потоа ќе на-
стапат словенечките уметници од Автономно Гледалишче со претставата, “Хотел Бабилон“. “Сонлив нагон“е комедијата што на 26 јуни ќе ја одиграат црногорците, а на последната ноќ ќе се претстават хрватските уметници со претставата, “Љубов је јача од мача“ во режија на Дражен Ференчина. Покровители на фестивалот кој најверојатно ќе добие традиционален карактер се Центарот за Култура “Григор Прличев“ ,хотелот“ Инекс –Горица“ и сите останати туристички објекти во градов како и Компанијата АМАК-СП и Радио Охрид. Ангела Белевска
www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025
www.amakpres.com.mk
17
ИНТЕРВЈУ СЛАВКО УПЕВЧЕ- АКАДЕМСКИ СЛИКАР
ВИСТИНСКИОТ УМЕТНИК НЕ
ЗА НЕГО ВЕЛАТ ДЕКА СЛИКАЛ УШТЕ ПРЕД ДА НАУЧИ ДА ЗБОРУВА, НИ САМИОТ НЕ ЗНАЕ НА КОЛКУ ИЛЈАДНИЦИ ПЛАТНА ИЛИ ОКОЛУ ТЕБЕ, НО ЗА МИГ СЕ ВРАЌАШ ВО РЕАЛНОСТА И СВАЌАШ ДЕКА ТОЈ- УМЕТНИКОТ , УПЕВЧЕ, ТОЛКУ ГО САКА РО ШТО НЕКОГАШ БИЛЕ. НО, УМЕТНИКОТ- ХРОНИЧАР НА ГРАДОВ ПРЕКУ ДОЛОВУВАЊЕТО НА ДАМНЕШНИТЕ СЕГА ВЕЌЕ НЕПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТИ ПОПУСТО ЗА ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВКО УПЕВЧЕ ВО 1999 ГОДИНА ВО “ЗАПИСИТЕ ЗА ЛЕТОПИСНАТА КНИГА ЗА ОХРИД “, ЗБ “ ОСНОВНА КОНСТАТАЦИЈА Е ДЕКА СЛАВКО УПЕВЧЕ НЕ ГО СЛИКА ОХРИД, ТУКУ ОНА ШТО ГО ДЕФИНИРАМЕ КАКО ОХРИД ДОПРЕЛО ОНА ШТО ОХРИД ГО БАРА НИЗ ВЕКОВИТЕ“. “ДЕНЕС ЗАД СОВРЕМЕНИТЕ УМЕТНИЦИ НЕ СЕ КРИЈАТ СЛИКАРИ ТУКУ КОМЕРЦИЈАЛИСТИ КОИ СО ФРЛАЊЕ БОИ САКААТ ДА КАЖАТ НЕШТО А НЕ ЗНААТ ШТО. ЗА МЕНЕ НЕ Е СЛИКАР НАВОДНИОТ УМЕТНИК ШТО НЕ ЗНАЕ ДА НАЦРТА АКТ ИЛИ ПОРТРЕТ . НАЈЗАГРИЖУВАЧКИ Е КОГА АКАДЕМСКИ ОБРАЗОВАНИ ГРАЃАНИ ИЗБИРААТ КИЧ СЛИКИ. ПОДОБРА Е ДОБРА РЕПРОДУКЦИЈА ОТКОЛКУ ЛОШ ОРИГИНАЛ....“
У
метноста му е во гените, зошто неговата баба, варошанката од фамилијата Бошалеви била позната по убавите ткаенини што ги ткаела на разбој. “Уметничките гени најверојатно ги носам од неа, се сеќавам на нејзината радост кога ќе исткаеше нешто убаво, ги ускладуваше боите, а ткаенината добиваше необичен, специфичен, а се-
16
AMAK
PRES
пак преубав изглед. Поддршката пак за сликање уште од најраните почетоци ја имав од вујко ми, Никола Бошале, кој ми купуваше бои и четки. На првиот мој посериозн цртеж ја насликав црквата “Св. Богородица Перивлепта“ со камбанаријата. Црквата ја гледав и сликав преку чардакот од бабината куќа, тогаш имав осум години. За моето издигање на уметнички нозе големо
влијание имаше ликовниот педагог, Јоне Симонче, на кого една година пред смртта му организирав ретроспективна изложба. Тој ги постави моите ликовни основи, и она што го работев од раното детство односно сликање на премер (на отворен простор) го реализирав и во подоцнежните години благодарение на неговата поддршка“ . -Постои ли разлика во квалитетот
Е ПОЗНАВА КОНКУРЕНЦИЈА
А ИМ ВДХНАЛ ЖИВОТ. ЧИНИШ НА МОМЕНТ ВЕШТО НАСЛИКАНИТЕ ПРЕДМЕТИ,ОБЈЕКТИ ИЛИ ЛИЦА СЕ ТУКА СО ТЕБЕ ОДНИОТ ОХРИД ШТО ГО ОВЕКОВЕЧИЛ НА ПЛАТНО И ГИ ПРЕТСТАВИЛ ПОВАЖНИТЕ ГРАДСКИ СЕГМЕНТИ ОНАКВИ КАКВИ
И СЛУЧКИ ГО НАСЛИКАЛ НЕКОГАШНОТО ВРЕМЕ ВО КОЕ СИТЕ НИЕ САКАМЕ ДА “НУРНЕМЕ“, БАРЕМ ЗА МИГ. ЗАТОА НЕ БОРУВА Д-Р НИКОЛА БОШАЛЕ, ЕДЕН СЕГМЕНТ ОД НАПИШАНОТО ГЛАСИ ВАКА: ДСКО. КОГА ГО ДОКАЖУВАМЕ ОВА ИМАМЕ ПРЕДВИД ДЕКА ЌЕ ЈА СРЕТНЕМЕ СТРУГА, КРУШЕВО И ДРУГО МЕСТО КАДЕ ШТО
фото: Љ.Т.
на насликаното кога станува збор за дипломиран и самоук уметник? Односно колку се вреднува дипломата меѓу уметниците? “ По матурирањето во гимназијата “Св. Климент Охридски“, се запишав на Вишата педагошка школа во Битола, а две години подоцна се запишав и дипломирав на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Дипломата и тоа како е важна, таа дава основа и потпора која никој не може да ти ја уништи. Некои работи со гледање или подучување на некој правец или стил не можат да се научат. Уметноста е градба, почнуваш од темелите и учиш за прв, втор или трет план, асиметрија,пропорција , перспектива. Потоа се учи суштината на етапите: реализам,импресионизам,фобизам, кубизам, експресионизам,надреализам..... За жал денес зад современите умет-
ници не се кријат сликари, туку комерцијалисти кои со фрлање бои сакаат да кажат нешто, а и самите не знаат што, за мене не е уметник “сликарот“, што не знае да наслика портрет или акт, односно не знае да го “долови“ на платно реалното битие“. -И кога сме тука кај мноштвото уметници и неуметници, само посебе доаѓа прашањето; се плашите ли од конкуренција, ја има ли неа? “Никогаш и во никого не сум гледал конкуренција, квалитетниот уметник секогаш знае да се издигне на свој специфичен начин. Моите слики ги има во цел свет, но на многу од нив ги обележува една карактеристика, на нив сум го овековечил Охрид, и хроничар сум на градов низ годините. На платната сум оживеал појави,обележја и настани кои веќе не постојат, а му дале белег на градов, специјалност ми е пастелот. Вистинскиот уметник има
САРАИШТЕ СО КУЌИТЕ ОД РОБЕВЦИ, УРАНИЈА И ХРИСТО УЗУНОВ www.amakpres.com.mk
17
ИНТЕРВЈУ
ХОТЕЛ “БЕЛВИ“ ПРЕД ХОТЕЛ “ПАЛАС“ специфичен својствен само за себе стил на работа по кој станува препознатлив и не и дозволува на конкуренцијата да му го попречи творечкиот пат. Идната е 40-та јубилејна година во моето творештво. За период од овие 40 години јас навистина не знам точно колкав број слики сум создал но знам дека се многу и дека ги има низ целиот свет: Америка, Австралија, Германија, Франција, Индија..... овие факти никогаш не ме тераат да мислам на конкуренти.“ -Постои ли уметнички живот во Охрид? “Зависно, што се подразбира под него. Од една страна имаме галерии со реномирани слики, авторски галерии во кои спаѓа и мојава и ателеја тие заедно со Заводот и Музеј и Центарот за Култура “Григор Прличев“ кои се организатори на ликовни изложби го чинат уметничкиот живот во градов. Од друга страна има тотален “уметнички“ хаос кога минувате низ нашата чаршија.Ќе видите дела со сомнителен квалитет, од кој се ужаснува секој кој има барем минимално познавање за уметност. На еден Мон Мартар,по една обична улица во Париз, Берлин, па и Белград не верувам дека ќе сретнете вакво чудо какво што се изложува кај нас. Најмногу ме загрижува
18
AMAK
PRES
УЛ. “МЕТОДИ ПАТЧЕ“ СО ЦРКВАТА МАЛ СВ. КЛИМЕНТ податокот што академски образовани луѓе немаат вкус за уметност,често тие избираат кичерајски слики. Според мене подобро е да се избере добра репродукција отколку лош оригинал“.
творештвото . Дотогаш сите оние кои сакаат да насетат што работи тој нека наминат во неговата галерија во старата охридска чаршиаја. Тука, во неа дише уметноста која ја хранат две
БРОДОТ “ХЕРОЈ“ СЛУЖЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ ПЕСОК Славко Упевче, самостојно изложувал повеќе од 30 пати, во повеќе градови од Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Соединетите Американски Држави. Учествувал на повеќе групни изложби и колонии во земјава и странство. Овој едноставен со ведар дух уметник ја подготвува самостојната изложба која ќе ја постави идната година што е и јубилејна ,40 година во
генерации уметници од фамилијата Упевче. Едната ја претставува таткото Славко, а другата синот Никола кој е дипломиран конзерватор и реставратор, а специјализирал на Европскиот Центар за конзервација во Арл – Јужна Франција. Ангела Белевска
www.amakpres.com.mk
21
КУЛТУРА ГОЛЕМА ОПЕРСКА ЅВЕЗДА ЌЕ ПЕЕ НА АНТИЧКИ
ЏЕСИКА НОРМАН НАПРАВИЛА ОТСТАПКИ ЗА ДА ДОЈДЕ ВО ОХРИД ЏЕСИКА НОРМАН ЌЕ ГО ОТВОРИ ОХРИДСКО ЛЕТО
П
реговорите со најдобриот сопран на денешницата Џесика Норман, која на 12 јули на сцената на Античкиот театар го отвора 48. издание на фестивалот Охридско лето, траеле една година поради нејзиното инсистирање да настапи со некој од светски етаблираните оркестри. Уметничкиот директор на Охридско лето, Гордана Јосифова-Неделковска вели дека по успешното преговарање, Норман отстапила и се согласила да настапи со наш ансамбл и тоа оркестарот на Македонската опера и балет. - Џеси Норман од САД ќе дојде со своја диригентка, Рејчел Ворби, етаблиран уметник кој ја следи на сите нејзини концерти. Ворби во Охрид ќе пристигне неколку дена порано за
да поработи со оркестарот на МОБ, вели Неделковска. Норман за настапот во Охрид ќе добие прилично висок хонорар, но од Дирекцијата велат дека со зголемениот фестивалски буџет било во рамките на нивните можности. Инаку, Норман во својата 25-годишна кариера доаѓа првпат во овој дел од Европа. Таа на светска јавност и е многу добро позната. Добитник е на четири Греми награди, а во САД ја наградија и со наградата за животно дело и со тоа стана најмладата добитничка на ова врвно признание. Настапувала со врвни имиња, со врвни оркестри на најпрестижните сцени во светот. Критиката ја нарекува вокален феномен прочуен како еден од најубавите гласови во светот. Директорот на Охридско лето, Тони Симоновски вели дека годинава фестивалската публика ќе има можност да види музички спектакли, бројни познати имиња од театарот и музиката. Меѓу уметниците кои ќе настапат се прочуената челистка Натали Гутман, врвната виолинистката Сара Ченг, нашите Ана Контраденко и Борис Трајанов. Покрај традиционалните сцени за одржување на најголемата музичко сценска манифестација во земјава, се подготвуваат и нови сцени кај Центарот за култура и Горица а се реконструира и сцената на Долни Сарај на Охридско лето ќе бидат прикажани над 50 музички и театарски настапи и неколку ликовни изложби. Сеуште не се открива колкави средства се обезбедени, Од Дирекцијата на Охридско лето велат дека дел од трошоците ќе ги покрие Министерството за култура, а останатите средства се обезбедени преку донатори. По неколку години Стопанска банка повторно се враќа како златен спонзор на Охридско лето. Како новина од оваа година фестивалот Охридско лето ќе произведува сопствено вино. Брендот ќе биде „Охридско лето“ а виното ќе го произведува винаријата Сковин Сузана Вренцовска
СРЕДНОВЕКОВЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ПРВ ПАТ ВО ОХРИД
С
редновековен историски фестивал од времето на Цар Самoил ќе се одржува во август во шпицот на туристичката сезона во Охрид. Во неколку дневното одржување на фестивалот граѓаните ќе бидат облечени во руво од средновековието, а целата манифестација ќе биде надополнета со музика и храна. Исто така ќе се одржуваат и автентични натпревари како стрелање, мечување, борење. -Сето тоа ќе биде еден историски спектакл една приказна во која ќе уживаат и охриѓани и туристите, рече претседателката на ДОМ Лилјана Попоска на неодамнешната трибина посветена на
20
AMAK
PRES
развојот на туризмот. Според неа за развој на туризмот потребни се и големи инвестиции воинфраструктурата, во опременоста на објектите, подигнување на свеста кај граѓаните за можностите кои ги нуди туризмот, подигнивање на нивото на образованост кај оние кои даваат туристички услуги, но пред се најбитна е политичката волја да им се помогне на туристичките работници. -Владата во изминативе 2 години, туризмот кој беше на маргините, го стави во приоритетни рамки. Издвоени се 6 пати повеќе сретства минатата година отколку порано, но поради лошата
организираност во Министерството за економија овие средства не беа употребени за промоција на туризмот, вели Попоска. И туристичките работници со став дека македонскиот туризам бара силна промоција и дома и надвор, а секоја промоција бара добро спакувана и понудена приказна. „Има што да се каже за средновековен Охрид и треба сите да се запознаат со таа приказна, сметаат туристичките работници. Сузана Вренцовска
ОД 6 ДО 11 ЈУЛИ НА СЦЕНАТА КАЈ ДОЛНИ САРАЈ
47 ИЗДАНИЕ НА БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ
С
о дефиле на Културно уметничките друштва од земјава и странство , и со отворањето на изложбата на резби од битолските копаничари во ЦК “Григор Прличев“, ќе започне 47 издание на “Балканскиот фестивал на народни песни и игри “што од 6 до 11 јули се одржува на сцената кај Долни Сарај“. Оваа година честа да имаат целовече-
рен концерт на првиот ден им припадна на членовите од Ансамблот на народни
песни и игри “Танец“ од Скопје. Наредниот ден исто така целовечерен концерт ќе има Народниот ансамбал, “Филип Кутев“од Бугарија а третата вечер ќе заиграат турските играорци од Измир и членовите од Културно Уметничкото Друштво “Илинден“ од Австралија. На 9 јули ќе настапат уметници од Хрватска, Албанија и играорците од КУД “Илинден“. На претпоследната ноќ ќе се претстават членовите на КУД “Абрашевиќ“од Србија и еден од македонските ансамбли. Фестивалот и ќе заврши со настапот на домашни и играорци од Црна Гора. А.Белевска
20-ТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ ЌЕ ТРАЕ ТРИ ДЕНА
ДРАМСКАТА ПРЕТСТАВА “СИТЕ ЛИЦА НА ПЕТРЕ“ НА ПОЕТСКАТА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
“С
ите лица на Петре“ е наречена претставата на Драмскиот Театар од Скопје што ќе биде изведена во рамките на Културната манифестација “ Поетска ноќ“ во Велестово. “Поради одржувањето на претставата, манифестацијата ќе се одржува не два туку три дена, на 14-ти, 15-ти и 16-ти август. Последната ноќ на една од сцените кај селската чешма, црквата или во “Домот на Култура“(просториите на некогашното училиште “Григор Прличев“), актерите на драмскиот театар ќе
ја изведат претставата , “Сите лица на Петре“што пред неполн месец премиерно беше прикажана во Скопје“, изјави организаторот на манифестацијата “, Славе Ѓорго –Димоски. Претставата, “Сите лица на Петре“, е во режија на Владо Цветаноски, сценариото е правено според делата на Петре М. Андреевски, и преку него се доловуваат различните страни на ликот од познатиот македонски автор, Андреевски. На првата ноќ од манифестацијата ќе бидат претставени поетите учесници,
и сликите на уметниците, Сергеј Андреески и Дик Робинсон, а втората ќе биде ревијална ноќ. Преку ден гостите ќе се шетаат низ селата на Галичица со цел да ги запознаат тамошните обичи и да ги вкусат селските специјалитети. Со овие новини кои се внесуваат на 20-то јубилејно издание се настојува манифестацијата да биде повпечатлива и најверојатно трите вечери ќе добијат традиционален карактер.
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
21
CRNA HRONIKA ТРЕТО УБИСТВО ВО ОХРИД ЗА ПЕРИОД ОД ТРИ МЕСЕЦИ
СКОПЈАНКА УБИЕНА ВО ПЕШТАНИ
С
копјанката Снежана Тодоровска (59) била пронајдена мртва, деновиве, во својата викендичка во охридското село Пештани, соопшти МВР. Според првичните информации од истрагата, Тодоровска најверојатно била убиена, десеттина дена пред разоткривањето на случајот. Убиецот прво ја задавил жената по што со тврд предмет ја удрил по главата. За убиството е осомничен велешанецот Никола Љ.(55) кој самиот се пријавил во полиција а за 10-тината дена кога случајот не бил разоткриен барал лекарска помош и седативи за смирување
во Општата Болница во Велес. Екипи на СВР, дежурен истражен судија и заменик јавен обвинител, при основниот суд во Охрид извршија увид, по што телото е предадено на обдукција. Пештанци се згрозени од вандалскиот чин, тие велат дека скопјанката Снежана Тодороска во сопствената викендичка доаѓала само во лето. Ја опишуаваат како мирна жена која со сите селани имала добар пријателски однос без да воспоставува поголема блискост. Нејзиниот вонбрачен партнер, пештанци го имале видено неколку пати а убиената најчесто ја сретнувале со
нејзините две возрасни ќерки. Се претпоставува дека осомничениот , кој со Тодоровска подолго време бил во вонбрачна заедница, десеттина дена пред откривањето на злоделото имал расправија со скопјанката. Тој ја удавил жената во кадата,а потоа со тврд предмет ја удрил по главата. Убиството на скопјанката, Снежана Тодоровска е трето убиство во Охрид за период од три месеци, него му претходат злоделата извршени над Стојанка М. и Трајче Ц. Ангела Белевска
ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА Д
еновиве на регионалниот пат Охрид – св. Наум на клучката кај хотелот “Парк“, се случи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби Филип К. ,роден 1989 година во Охрид , кој неколку години бил на привремена работа во Швајцарија. Неговиот сопатник И.К. се здобил со тешки телесни повреди, по
укажаната лекарска помош во Општата болница во Охрид, итно е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. До незгодата дошло кога сега покојниот Ф.К. изгубил контрола над возилото кое го управувал, марка Ауди со швајцарски регистарски таблици при што удрил во метален еластичен браник и излетал надвор од коловозот.
По овластување на дежурен Истражен судија при Основниот суд во Охрид , увид на лице место направија екипи на СВР-Охрид. Ангела Белевска
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОХРИЃАНЕЦ ЗА НЕДОЗВОЛЕНО ПОСЕДУВАЊЕ ДРОГА И ОРУЖЈЕ
П
оради основано сомнение дека е сторител на кривични дела ,,Неовластно производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и ,,неовластено држење на оружје или распрскувачки материи, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето С. Н. роден 1968 година од Охрид. По наредба на Истражен судија при
22
AMAK
PRES
Основниот суд во Охрид, инспектори од оделението за недозволена трговија со дрога, извршија претрес во домот кај пријавениот при што се пронајдени околу 100 грама опојна дрога пресован кокаин, околу 200 грама опојна дрога марихуана, две фолиени паковки опојна дрога хероин, шише со делови од растението ,,Канабис сатива,, и осум куршуми пиштолска муниција калибар 9 мм.
На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид, а пронајдените предмети се дадени за натамошна постапка во МВР на РМ. СВР Охрид, презема дополнителни мерки за документирање и расчистување на овој случај, информираат од полицијата. извор : СВР Охрид
СПОРТ
ОХРИД ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАЊЕ
Н
ад 100 натпреварувачи од 14 стрелачки клувови од Македонија зедоа учество на 51-то Државно првенство во стрелање со сериска воздушна пушка во сите категории што се одржа во организација на Општинскиот стрелачки сојуз и СК „Охрид“ а под покровителство на градоначалникот на Охрид Александар Петрески. На првенството кое се одржа во годината кога се одбележуваат 60 години од постоењето на овој спорт во Македонија, присуствуваше и Бранко Шашоски првиот шампион и рекордер на Југославија на првото првенство на тогашна Југославија што се одржа во Белград пред повеќе од половина век.
ПИОНЕРИ - ЕКИПНО
МЛАДИНКИ - ЕКИПНО
1 СК “РЕК-Битола” - Битола
166 155 161 482
1 СК “РЕК-Битола” - Битола
2 СК “Охрид” -Охрид
166 162 149 477
2 СК “Јане Сандански” - Битола 209 197 243 649
319 280 295 894
3 СК “Херој Прилеп” - Прилеп 171 143 146 460
3 СК “Гоце Делчев” - Скопје
ПИОНЕРКИ - ЕКИПНО
СЕНИОРИ - ЕКИПНО
1 СК “Куманово 2000” - Куманово 145 150 156 451
1 СК “Тетекс” - Тетово
350 333 319 1002
2 СК “Гоце Делчев” - Скопје
152 151 142 445
2 СК “РЕК-Битола” - Битола
338 316 347 1001
3 СК “Јане Сандански” - Битола
152 163 115 430
3 СК “Македонија” - Пробиштип 339 310 325 974
МЛАДИНЦИ - ЕКИПНО 1 СК “Гоце Делчев” - Скопје
250 0
283 533
СЕНИОРКИ - ПОЕДИНЕЧНО
221 330 290 841
1 Валентина Гоџоска “Охрид”-Охрид
74 89 87 87 337
2 СК “Ристо Шапкар” - Охрид 299 221 299 819
2 Јулијана Крстановска “Охрид”-Охрид 82 78 94 83 337
3 СК “Нишан 08” - Прилеп
3 Гордана Манчиќ “Охрид”-Охрид
262 273 205 740
82 84 76 79 321
Сузана Вренцовска
РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЕФМ
УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ЗА НАШИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ У
спешноста на работењето на Едриличарската федерација на Македонија е тесно поврзана со резултатите кои ги постигнаа нашите едриличари кои во изминатата година настапија на два шампионати, 14 меѓународни регати во странство, Илинденската регата и државното првенство и постигнаа одлични резултати. Според тоа со право множеме 2007 да ја оцениме како успешна година, рече претседателот на Едрличарската федерација на Македонија, Љупчо Поп Стефанија на редовното годишно собрание кое се одржа на почетокот од овој месец. Дел од преставниците на клубовите кои присуствуваа на собранието со забелешка дека изостанува иницијатива за напредување на едриличарите од
класата оптимист во класата ласер. Тие сметаат дека треба да се развиваат и останатите класи а клубовите да се опремуваат со нови соодветни едрилици. Според повеќето делегати пак клубовите се тие кои треба да се грижат за набавка на едрилици а федерацијата единствено има задача да организира настани. Еден од основните проблеми со кои се соочуваат клубовите кај нас се финансиите иако овој спорт има услови да се развива. „Засега финансирањето е сведено исклучиво на спонзорства. Државата нема регулирано систем со кој фирмите даночно ќе се ослободат доколку финансираат во спортот. Но и покрај тоа што многу малку срества и од државата влегуваат за развој на едрењето, нашите едриличари постигнуваат врвни резултати. Ние и понатака ќе продолжиме со барање на спонзорства како би овозможиле поголема материјална база за успешно спортување,вели претседателот на федерацијата Поп Стефанија. Тој најави дека оваа година ќе се учествува на поголем број регати и првенства со цел да се надминат минатогодишните резултати. Според програмата македонските
репрезентативци ќе земат учество на: Првенството на југоисточна Европа во оптимист во Палиќ, за прв пат ќе учествуваат на Светското првенство во оптимист во Чешме Турција, Балканскиот шампионат во олимписки класи и оптимист во Консанца Романија. Предвидено е македонските едриличари да настапат на 16 меѓународни регати во странство. Од друга страна во Македонија ќе бидат организирани 5 државни првенства во поедини класи и 3 регати за Куп на Македонија во минитонци-микротонци. Како централен настан и оваа година ќе биде Илинденската регата која ќе се одржи по 40-ти пат а ќе се прават напори да се обезбедат сретства за организација на меѓународна регата во Струга. На редовното годишно собрание на едриличарската федерација на Македонија делегатите го усвоија финансискиот и извештајот за работата на ЕФМ во 2007 година а беше усвоена и програмата за работа и финансискиот план за 2008 година.
www.amakpres.com.mk
Сузана Вренцовска
23