AMAK
EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION
BESPLATEN PRIMEROK
PRES
OHRIDSKI NOVINI
www.amakpres.com.mk
marketing
070 / 462-362
Godina V - Broj 89 25 Мај 2008
СЕЗОНАТА ЗАПОЧНА
ИНТЕРВЈУ
Велигденските и првомајските празници беа добра најава за претстојната туристичка сезона. За Велгиден во Охрид престојуваа околу 10 000 гости, а годинава се вратија и холанѓаните. Секој вторник од 60 до 100 холанѓани слетуваат со чартер летвои на охридскиот аеродром, а туристичките работници најавуваат голема посетеност од Србија, Албанија, Косово и Бугарија. Во викедите во градов веќе започнаа да престујуваат домашните гости.
ТАНКО САРЕВСКИ МЛАДИ И АМБИЦИОЗНИ
СТОЈАН СТОЈАНОСКИ
фото: С.Стојаноски
БИБЛИОТЕКАТА “ЗАВРШИ” ВО СТУДЕНЧИШТА СТР. 8
КОМУНАЛЕЦ САМ СИ ПЛАНИРА КОНКУРЕНЦИЈА СТР. 10
definitivno najevtino
www.amac.com.mk/novini
3
ЛОКАЛ ПОЛИТИКА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ
ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ ВО ИЗБ
ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ГО ТРЧААТ ПОСЛЕДНИОТ КРУГ ОД ИЗБОРНАТА БИТКА. ПРЕД ИЗБОРНА АТМОСФЕРА БИЛБОРДИ И КОАЛИЦИИ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ОДРЖАА МИТИНЗИ ОД КАДЕ ГИ ПОВИКАА ГРАЃАНИТЕ НА 1 ЈУНИ ДА ГЛАСААТ ЗА Н ЌЕ ЈА ВРАТАТ ЗЕМЈАВА НА ВИСТИНСКИОТ ЕВРОПСКИ ПАТ. ОСТАНАТОТО ШТО МОЖЕШЕ ДА СЕ СЛУШНЕ ОД БИНИТЕ ВОГЛАВ
ГРУЕВСКИ ТРГНА ПО 61 ПРЕТЕНИК ЗА СТАБИЛНА И ЕВРОПСКА ВЛАДА
У
кинување на визите, поголем економски раст, половина милијарда евра за земјоделците до 2012 година, ново покачување на пензиите и платите, намалување на придонесите за една третина, изградба на нови училишта и факултети. Ова се дел од ветувањата на коалицијата «За подобра Македонија» предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која традиционално од Охрид ја започна изборната кампања. - Пред две години тргнавме со визијата за подобра Македонија и се обврзавме на преродба во секој сегмент на живеењето. Во изминативе 20 месеци Македонија научи што значи посветеност, одговорност, отчетност. Затоа денес можеме да ги погледнеме граѓаните во очи и со чист образ да кажеме продолжуваме понатаму, се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пред десетина илјади граѓани на плоштадот “Св. Климент Охридски“. - Зад нас се бројки и факти - историски најдобрите резултати во растот на националниот доход, странските инвестиции, вратениот јавен долг,
субвенциите во земјоделието, инвестициите во спортот и образованието. Настапивме силно против криминалот и корупцијата. Во Македонија нема повеќе партиска заштита за криминалците, рече Груевски. Тој изрази сожалување кон противничкиот табор од каде наместо алтернатива нудат само навреди и лажни ветувања. - Додека ние зборуваме за програма и преродба нашите политички противници ја открија Европа - немаат програма и не кажуваат што мислат да работат, рече Груевски. Тој ги отфрли обвинувањата за изолација на земјата и порача дека заложбата на
оваа коалиција е влез во ЕУ и НАТО, но не по цена на идентитетот. - Ние правиме се да го решиме проблемот со Грција, а од другата страна има само празни ветувања дека тој спор ќе го решеле за шест месеци, а не го решија за 17 години, рече Груевски. Тој уште еднаш порача дека за секое евентуално решение за името, ќе биде прашан народот на референдум. Носителот во петтта изборна единица, Антонио Милошоски упати благодарност до лидерот на НСДП Тито Петковски што ја напушти коалицијата. Според него, Петковски во изминативе 16 години е запаметен само по тоа што бил дел од власта, а од такви политичари не може да се очекува да помогнат во преродбата. Претседателите на помалите партии од коалицијата “За подобра Македонија“ ја поддржаа надградената програма на ВМРО-ДПМНЕ. Големата коалиција очекува во новиот парламент да влезе со над 61 пратеник за успешно продолжување на реформите.
ОХРИДСКИТЕ ЛИБЕРАЛИ ОСТАНАА ВЕРНИ НА ВМРО ДПМНЕ
Р
аскол во Либералната партија по одлуката на лидерот Стојан Андов на парламентарните избори да настапи во коалицијата “Сонце“ предводена од СДСМ. Неколку општински организации, пред извесно време веќе му најавиле дека ќе преминат во ВМРО-ДПМНЕ. Охридските либерали први ја продолжија верноста кон ВМРОДПМНЕ. Општинските организации на двете партии потпишаа договор за соработка. Во двете партии велат дека се работи само за продолжување на трииполгодишната успешна соработка
4
AMAK
PRES
- До последен момент Либералната партија требаше да оди сама на избори, но Стојан Андов одлучил да коалициира со СДСМ, впрочем тоа оваа партија го прави во изминативе 16 години. Како лепенка постојано пред избори коалицира со големите партии, вели Љупчо Нечкоски, лидерот на охридските либерали, тврдејќи дека Андов до пред истекот на рокот за составување на кандидатските листи стоел цврсто на ставот Либералната партија да оди сама на избори. Според Нечкоски, политичките заслуги на Андов се неспорни, но општинската ЛП во овој случај не
можела да застане зад неговата одлука. Ваквите разединувања според него ќе се решаваат на демократски начин, внатре во партијата по завршувањето на изборите. 21 општинска организација на ЛП во Македонија застана зад парламентарните листи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, и лидерот на ЛП, Стојан Андов во Охрид, се обидел да го разубеди охридското раководство на неговата партија, но не успеал во својата мисија С.В
БОРНАТА БИТКА ТРЧААТ НЕУМОРНО
И ПЛАКАТИ, НАСМЕАНИ ЛИКОВИ И СЛОГАНИ, НА СЕКОЕ ЌОШЕ. ОХРИД Е ВО НОРМАЛНИОТ ПРЕДИЗБОРЕН ДЕКОР. ДВЕТЕ НИВНАТА ОПЦИЈА, ЕДНИТЕ СО ПОРАКА ДЕКА ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖАТ ПРЕРОДБАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА ДРУГИТЕ ДЕКА ВНОМ БЕА ОБВИНУВАЊА И НАВРЕДИ ДО ПРОТИВНИЧКИОТ ТАБОР.
КОАЛИЦИЈАТА СОНЦЕ ЌЕ ЈА ВРАТИ МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ
М
акедонија ќе ја вратиме на Европскиот пат, ќе направиме европско чудо а за 6 месеци оваа држава ќе ја внесиме во НАТO, ќе ги започниме преговорите со ЕУ, а во 2009 година македонските граѓани ќе патуваат гордо со македонските пасоши, ова се пораките од коалицијата Сонце од митингот во Охрид. Лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска рече дека во 2008 година Македонија ќе биде подобро место за живеење. „Ќе ја извојуваме оваа битка за Mакедонија. Човек по човек ќе собираме пријатели низ целиот европски свет. Ние сме држава која сакаше и мораше да биде членка на НАТО, но од Букурешт се вративме без покана, рече Шеќеринска. Таа им порача на своите политички противници дека во европскиот НАТО натпревар успеваат само најуспешните. “Ова не се избори меѓу две парти и ова не се дури ни избори меѓу две големи коалиции, на овие избори носиме одлука која во следните четири години ќе не следи како судбина од која нема
бегање, рече Шеќеринска“. Лидерот на ЛП Стојан Андов рече дека Македонија имала и ќе има патриоти но сите не се доволни да си ја обезбедат иднината без пријателите од светот. Јован Манасиевски лидерот на ЛДП порача дека после 1 јуни Македонија ќе се врати на европскиот пат, вети влез во НАТО за 6 месеци како и безвизен режим за граѓаните. Македонија, како што рече Манасиевски, од слепиот балкански колосек ќе се врати на вистинскиот европски пат со што ќе се запре и економското и политичкото пропаѓање на државата. „Груевски се фали дека ќе го доградел Идризово, ќе направел ново крило. Само нека го гради, таму ќе го помине
наредниот мандат од 4 години“, рече Ѓорѓи Оровчанец од Нова демократија. Тој порача дека на Македонија и треба интеграција, а не изолација. Носителот на листата од 5-тата изборна единица од коалицијата Сонце, Јани Макрадули, вети дека на општините ќе им се врати градежното земјиште, во Охрид ќе никнат елитни хотели а дел од туристичката такса ќе биде употребен за промоција и развој на туризмот. „ Централната власт ќе му помогне на Охрид а не како досега да го казнува и изолира само затоа што градоначалникот е од редовите на СДСМ, рече Макрадули. Томе Чингоски. кандидат за пратеник на коалицијата „Сонце“ од Охрид,рече дека општината со сопствени средства ги реализирала проектите важни за развојот на туризмот и истовремено ги враќала милионските наследени долгови. “Пред две години кандидатите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ од Охрид ветија преродба на Охрид, но ништо не направија“, рече Чингоски. Сузана Вренцовска
ЛОКАЛ ПОЛИТИКА ВАНДАЛИ ГИ УНИШТУВААТ ИЗБОРНИТЕ БИЛБОРДИ
ЗА ВМРО ДПМНЕ ОВА Е ДЕЛО НА АКТИВИСТИТЕ ОД СДСМ Билбордите на коалицијата “За подобра Македонија“ предводена од ВМРОДПМНЕ на потегот од “Билјанини извори“ до Горица во Охрид беа целосно уништени. Ваквиот вандалски чин според Општинската оганизиција на ВМРОДПМНЕ е дело на активистите од коалицијата“Сонце“ која, како што велат, ослободена од зборот Македонија во сопственото име сака да полета кон Европа. “Можеби Македонија нема да го дознаеше политичкиот идентетит на сторителите да беа малку поинтелигентни па да не ја искористеа точно истата црна боја, со која се потпишуваат насекаде со заокружувње на бројот 4“, велат од општинската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму упатија порака до, како што велат “сонцињата“ загледани во Европа дека живеат во цивилизирана европска држава со високоцивилизирани граѓани. - На сите ни се стемни од европското сонце. Она што го гледаме на уништените билборди јасно покажува дека се работи за бројот 4 од гласачкото ливче, ако скраја да е не е потпис на четирите јавачи на апокалипсата, истакна портпаролот на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Јованчо
Секулоски. Најлошо од овој вандалски чин помина ликот на ДПА, Мендух Тачи, кој е потполно уништен. Според ВМРО-ДПМНЕ ваквата уметност не е својствена за писмени луѓе, европски ориентирани. Од општинската организција на СДСМ се оградуваат од ваквите обвинувања, велат приоритет во предизборието се
контактите со граѓаните, а не уништување на плакати. Во нивната реакција стои: „Изборниот штаб на ОО на СДСМ - Охрид најостро реагира против наведените инсинуации и невистини дека нашите активисти имаат било каква врска со овој чин. “ОО на СДСМ - Охрид го осудува и се спротиставува на било какво уништување на рекламните материјали на изборните коалиции и политички партии. Жалосно е што наместо да се занимаваат со сопствената изборна кампања, во ОК на ВМРО - ДПМНЕ од Охрид измислуваат невистини и лаги, само за да го рушат авторитетот на Коалицијата СОНЦЕ.Во цивилизирана Европска држава, цивилизирана политичка партија не лиферува лажни соопштенија за јавноста, како што тоа го прават наводните преродбеници од Охрид“. Инаку, според изборниот законик предвидена е парична казна од 20.000 до 50.000 за физички лица кои вршат уништување на изборни плакати или лепење плакати преку други плакати. Сузана Вренцовска
ЕКОНОМИЈА
РУСКИОТ КАПИТАЛ ЌЕ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА
А
мбасадорт на Руската Федерција Владимир Дмитриевич Солоциснки ја посети Комапниајта АМАК СП при што имаше средба со менаџерскот тим на компаниајта. Генералниот директор на АМАК СП, Венко Шапакр го информира амбасадорот за развојот на Компанијата, актуелните состојби и идните планови, со посебен осврт на соработката со компании од Русија, кои се традиционлни партнери на АМАК СП. На амбасадорот му беа презентирани развојните планови и новите производствени програми на кои работи компанијата пред се во делот на топлинските разменувачи и филтри. - АМАК СП работи на имплементирање на производствената програма за топлински разменувачи за што наскоро треба да стартува новиот погон, кој ќе произведува разладни и топлински системи за простории и цели објкетиизјави Шапкар. Амбасадорот Дмитриевич Солоцински рече дека ваквите планови имаат перспектива и кажа дека во нивната поуспешна и поголема имплементација може да се планира поддршка од руски инвеститори кои би инвестирале кај нас во зголемено производство на овие системи, а истите во тој случај би се извезувале во Русија Шапкар му посочи дека АМАК СП со своите партнери од Русија и Кина интензивно работи на реализирање на плановите за инвестиции кои треба
да резултираат со производство на автомобили, на теротиријата на Русија, а кои би биле наменети за европскиот пазар. Амбасадорот потенцира дека владата преку своите планови за привлекување странски инвестиции е на добар пат да ги привлече и руските компании во Македонија, кои во регионов инвестираат милијарди евра, од кои најмногу во туризмот во Црна Гора и енергетиката во Србија . Во врска со долгонајавуваното инвеситрање на Лукоил во Охрид, амбасадорот рече дека тоа прашање се одолговлекува две години, и се надеваат дека градоначалникот на Охрид Александар Петрески ќе помогне во решавањето на ова прашање. ЉупчоТаневски
ЛОКАЛ СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО ПРЕТВОРЕНО ВО ДЕПОНИЈА ЗА ГРАДЕЖЕН ШУТ
НЕГРИЖАТА НА ЧОВЕКОТ ГИ СОТРЕ ЕНДЕМИЧНИТЕ ВИДОВИ ОД БЛАТОТО
К
упишта градежен шут повторно фрлени во Студенчишкото блато. Локалната пред еден месец ги расчисти рушевините од Старата библиотека во центарот на градот но го затрупа блатото. Градежниот шут наместо во депонијата Мауцхер заврши на местото каде 20 години се фрла ваков отпад. Ваквата појава во целост го уништи ендемичниот вид на флора и фауна кој опстојувал на ова место. Студенчишкото блато веќе повеќе години
8
AMAK
PRES
не е место каде се мрести крапот, а се доведува во прашање и опстојувањето на некои еднемични растенија. Од Хидробиолошкиот завод велат дека ендемичните видови повеќе скоро и да ги нема во блатото. -Сите градоначалници во изминативе 20 години дозволуваат фрлање на градежниот шут во Студенчишкото блато па штетите и последиците сега се огромни. “Пред два месеци формирана е комисија во Хидробиолош-
ки за да се направи програма за заштита и ревитализација, а за ваквата деградација на блатото реагиравме до сите надлежни Министерства но досега ништо не е преземено“ вели Трајче Талевски виш научен соработник во Хидробиолошлоот завод. Според него со зартупувањето од градежниот шут се уништува се што се наоѓа под него, но се прави и една грда слика и се нарушува природната убавина на овој дел. Охридскиот градоначалник Александар Петрески пак со став, „градежниот шут не е фрлен во Студенчишкото блато туку само привремено оставен со цел да се селектира. Она што може да се искористи ќе се даде на градежните фирми а останатото ќе се носи на депонијата Мауцхер.“ Петрески вети дека за десеттина дена Студенчишкото блато ќе биде исчистено од овој градежен шут. Проблемот со фрлање на градежен шут во Студенчишкото блато е стар повеќе децении, а надлежните сеуште не нашле начин и не презеле мерки за да се спречи деградацијата и уништувањето на блатото. Со цел заштита на блатото Министерството за животна средина издвои 700 000 денари за заедничкиот проект на Лимнолошкото друштво и веб порталот ohridnews со кој ќе се исчисти блатото од цврстиот отпад и шут. -Проектот предвидува чистење и изградба на ботаничка градина каде ќе бидат засадени примероци од ендемските видови растенија кои се сретнуваат во охридското блато. Исто така ќе биде извршено премерување на границите на остатокот од некогашното Студенчишко блато со цел да се добијат прецизни податоци за сегашната состојба на една од клучните алки на еко системот на Охридското Езеро, вели Горан Момироски од ohridnews. Според него, поради човечката негрижа, дел од ендемичните видови на растителниот и животинскиот свет се исчезнати па сега се прават напори да се спаси тоа што е останато. Сузана Вренцовска
ЛОКАЛ ОЖИВУВА СТРАНСКИОТ ТУРИЗАМ
ГОСТИТЕ ОД ХОЛАНДИЈА СЕ ВРАЌААТ ВО ОХРИД
С
о чартер лет Амстердам Охрид, неодамна на аеродромот „Св. Апостол Павле“ пристигна првата група странски туристи од Холандија. Проектот што го реализира авио-компанијата МАТ ќе трае до септември годинава, и до тогаш секој вторник во неделата во Охрид ќе пристигнуваат од 60 до 100 холанѓани. “Ова е прв лет на авио компанијата МАТ од ваков карактер што секако позитивно ќе влијае врз развојот на туризмот. Со тоа на некој начин ја возобновуваме традицијата од 80-те години
на минатиот век кога долж ривиерава бројни беа странските туристи. Не чека возобновуваење на традицијата со оглед на тоа што вакви проекти најверојатно ќе имаме и идната година, кога ќе донесеме гости од Австрија, Гарманија и Израел“, изјави комерцијалниот директор на МАТ, Николас Кимерли. Холандските туристи на охридскиот аеродром беа пречекани на традиционален начин, со танц и песна од страна на охридските играорци а се кршеше и традиционалната македонска погача. Гостите и оние кои во наредните не-
дели ќе доаѓаат во Охрид ќе се сместуваат во хотелот “Дрим“ во Струга . Тие ќе шетаат со брод по Охридското Езеро, ќе ги посетат манастирите Св. Наум и Св. Јован Бигорски. Доаѓањето на холанѓаните во Охрид, и над околу 10 000 гости кои за првомајските празници беа во градов најаваат за богатата туристичка сезона. Ангела Белевска
ТИГРИТЕ ТРЕНИРАА НА ГАЛЕБ
П
рипадниците на специјалната полициска единица Тигри два дена во Охрид вежбаа како од бродот Галеб да извлечат и спасат ВИП личности. Оваа вежба специјалците ја изведоа со цел да постигнат поголема подготвеност во случај на несакан развој на ситацијата доколку на бродот би биле државници, амбасаори или други ВИП личности. Вежбите опфаќале и превентивни проверки, за истражување и проверување на теренот и бродот. - Во состав на единицата Тигар е и нуркачкиот тим кој има за задача првично да врши пребарувње и истражување на теренот и осуетување на диверзантски операции. Кога велам пребарување мисалм на минскоекслозвни средства на бродот, под бродот, на палубата, на езерското дно и тн, а од аспект на диверзантскте актвности нашата нуркачка единица би била вклучена доколку од копно и воздух не е можно да
се дејствува. Се разбира со соодветна опрема и оружје- вели Зоран Стевиќ, главен инспектор за специјални операции во единциата за специјални задачи Тигри. Единцата Тигар исценирала сложена операција напад на бродот со употреба на пиротехнички сдрества. Изминатите два дена користени се и шок бомби кои според стручњаците не се опасни за околината туку создаваат само голема бучава , а целта била да се одвлече вниманието на замислените терористи кои би се наоѓале во бродот, хеликоптерот од една страна им го привлекува внимамнието со фрлање на шок бомби, а од другаа страна приоѓаат специјалците од нуркачката единица со нивните патролни чамци. - Задоволни сме што луѓето од бродот Галеб го прифатија нашиот предлог и излегоа во пресрет, овој брод е најубав брод и има услови да прима делегации, што се потврди со ангажирањето на
претседателскито самит и токму затоа сега ја направивме оваа вежбавели Стевиќ Тој вели дека единцатаТигар е присутна во позадина на сите големи настани во Охрид, а на последниот самит на претседателите имале само превентивни интервенции во смисла на расчистување на чамци и бродови кои биле во непсоредна близина на плажата кај хотелот Инекс Горица и Бродот Глаеб додека со него крстареа претседателите. Овие проверки и вежби специјалните единици ги прават од какобродот Галеб започна да работи со државниот протокол и со протоколите на дипломатскоконзуларните претставништва во Македонија , кои во иднина при посети на високи гости и ВИП личности во Охрид ќе ги користат услугите на овој брод.
www.amakpres.com.mk
Љ.Т.
9
LOKAL
КОМУНАЛЕЦ САМ СИ ПЛАНИРА КОНКУРЕНЦИЈА
К
омуналец во наредниот период ќе предложи измени во начинот на работење кои се однесуваат во делот на наплатата на парите од граѓаните, а во тоа ќе се примент некоји искуства кои ги имаат градовите оде запад, а успешно се имплементирале во Бугарија и Грција, така што јавното претпријатие ќе склучи договор со Локалната самоуправа со кој општината на Комуналец ќе му плаќа за собирањето на сметот, а таа сретствата ќе ги прибира на дург начин, преку други давачки или со напалта на ѓубретарина. - Комуналец најголем проблем има со наплатата на сметките, тоа се прави од разни причини , не само од неажурност, бројни граѓани се иселуваат од
градот, тоа не го пријавуваат а ние и натаму печатиме сметки на кои плаќаме ДДВ, што е дополнитлено финансиско оптоварување за нас, па затоа мислам дека идејата Комуналец да склучи посебен договор со Локаланта самоуправа е добра и треба да се размислува во тој правец. Тогаш облигационите односи ќе се со Локаланта самоуправа, која ќе плаќа за услугте на комуналното претпријтие, а средствата за тоа таа ќе ги обезбеди на некој друг начин – изјави В.Д. директорот на Ј.П Комуналец, Боро Павлоски во емисиајта Соочување со Љупчо Таневски, на Радио Охрид. Павлоски рече дека со ова практично Охрид ќе ја отвори вратата за приватен
сектор во сферата на јавната хигиена и подигање на сметот, па така ќе се овозможи создавање конкуренција и работата со отпад и чистењето на градот ќе станат бизнис. Тоа според Павлоски ќе резултира со подобар квалитет на услугите. - Приватизациајта на Комуналец е нешто неминовно, тоа е предвидено и со законска регуалтива за Јавно приватно партнерство и тоа ќе се случи, дали за време на мојот мандат или подоцна, конкуренцијата ќе дојде и работата с отпад ќе е бизнис како секаде во развиениот свет- рече Павлоски.
УНЕСКО ЈА ПОТВРДИ ПОДДРШКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНО БОГАТСТВО ПОД КАПАТА НА УНЕСКО - МАРКОВИТЕ КУЛИ КАЈ ПРИЛЕП И СЛАТИНСКИТЕ ИЗВОРИ
Н
еопходна е поголема поддршка на УНЕСКО во поглед на развојот на визијата и во поглед на поддршката на развојот и промоцијата на регионите кои се под заштита на Унеско, конкретно Охридкиот регион, беше истакнато на работната средба меѓу претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и делегатите од Унеско, што се одржа во Охрид. “Подршката на УНЕСКО за заштита на природните и културните богатства во Македонија беше апострофирана и прифатена и најверојатно ќе биде дел од планот на УНЕСКО за наредниот педриод. Разговаравме и за оние позиции кои Македонија ги има во времената листа на УНЕСКО и тоа се двата
10
AMAK
PRES
локалитети, Маркови кули во Близина на Прилеп и Слатински извори во Поречјето. Токму тие два локалитети заслужуваат да се поработи на нивната афирмација и да се подготват нивните досиеа“, изјави Државниот секретар за животна средина и просторно планирање, Деан Пановски, додавајќи дека се очекува УНЕСКО да даде и финансиска поддршка за Билатералниот комитет што работи на заштитата на Охридското Езеро и неговиот био свет од двете страни, македонската и албанската. “Свесни сме колкава потреба имаме и колку сме зависни од водата, затоа треба да се грижиме за овој ресурс. Заштитата и менаџирањето на подземните води посебно на пограничните подзем-
ни води е неопходна , затоа на ова поле мора да се оствари тесна соработка со соседните земји, Албанија и Грција, со кои треба да се воспостави и соработка во сверата на заштитата на енргијата, зошто и таа како и водата е една од нашите најзначајни круцијални, природни извори“,истакна, директорот на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција,Енгелберт Роус. Претставниците од УНЕСКО и од Министерството за животна средина и просторно планирање заклучија дека за Охрид и неговиот развој е потребна поголема промиоција и поддршка на меѓународен план. Ангела Белевска
ЛОКАЛ НА 29 МАЈ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ЗА ОДРЕДЕНИ КАТЕГОРИИ ЛИЦА
Н
а 29 мај, во периодот од 10 до 14 часот во просторииите на Основниот суд во Охрид група од 5-10 адвокати ќе даваат бесплатна правна помош за одредени категории лица, хендикепирани, социјални случаи,самохрани мајки. Акцијата во исто време ќе отпочне и заврши во сите адвокатски заедници во земјава, таа е дел од Проектот за бесплатна правна помош со што се одбеле-
жува Отворениот ден на адвокатурата 29 мај. Одлуката за давање бесплатна правна помош на одредени категории лица беше донесена пред два месеци на седницата на Управниот Одбор на адвокатската комора на Република Македонија. А. Белевска
ОДОБРЕНИ 50 КРЕДИТИ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ
В
о трите циклуси од примената на Проектот за самовработување од Охрид, се поднесени 150 барања од невработени лица, а 12 барања од самохрани родители. Од оработените податоци досега се одобрени 50 кредитни барања и 8 на самохрани родители.Лицата ќе добијат по 3000 евра за отпочнување на сопствен бизнис, со грејс период од една година и рок на отплата од три години.Кандидатите треба да се невработени поради стечај или технолошки вишок, или пак отпуштени од работа по други основи од
објективна природа. С“екој месец до крајот на годинава, од први до десети во месецот невработените можат да аплицираат за добивање средста од овој проект на Владата со кој до крајот на годинава се планираат да се вработат 2000 невработени од евиденцијата на Центрите за вработување, вели раководителот на Центарот за вработување од Охрид“, Јован Баткоски. К.С.
НОВ ПОКРИВ ВО ЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
Н
аскоро ќе започнат градежните активности за реконструкција на покривот од Центарот за Култура “Григор Прличев“. Проектот ќе чини околу еден милион денари и е финансиран од Министерството за култура кое наскоро ќе издвои средства за реновирање и преуредување на канцелариите, ќе се менува теписонот стар над десет години,а ќе профункционира и пријавницата. Во тек е распишување на тендер по што ќе се одлучи која градежна фирма ќе го даде новиот лик на културната установа.
Вработените велат дека кофи со вода собирале и оваа и минатата зима по врнежите од дожд или снег по што неопходна била промената на покривниот дел. Покривот последен пат бил реконструиран пред 3-4 години. А.Б
ПОЧНА ДЕРАТИЗАЦИЈАТА НА ГЛОДАРИТЕ
П
о 15 години пауза, од овој месец ќе почне дератизацијата на глувците.За уништување на глодарите локалната самоуправа од планиранир 350,000 досега има одобрено 150,000 илјади денари.Дератизацијат ќе почне од стариот дел на градот и “Булевар Туристичка“.Акцијата ќе ја изведуваат две екипи од Заводот за здравствена заштита во соработка со ЈП “Проаква“. Доколку се обезбедат дополнителни средства Дератизација ќе продолжи во другите реони на градот,бидејќи глодарите ги има во големи количини.Граѓаните секојдневно се жалат дека има масовна појава на глувци во градот.Од едеа двојка годишно може да се размножат до 2000 глодари.
Глодарите се уништуваат со специјални мамци кои се ставаат во канализациони шахти.Во градов има околу 2000 шахти.Глувците најмногу ги има во влажна и топла средина. Тие се пренесувачи на многу заболувања, а симптомите се висока темература, болки во коските,треска и други нелагодности.Дератизацијата е неминовен процес и треба да се практикува секоја година, а не на 15 години,колку што во Охрид не е спроведена. К.С.
www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025 www.amakpres.com.mk
11
МЛАДИ - АМБИЦИОЗНИ
СТОЈАН СТОЈАНОСКИ СТУДЕНТ И ВЕБ ДИЗАЈНЕР СТОЈАН СТОЈАНОСКИ ИЛИ КАКО ШТО САМИОТ СЕ НАРЕКУВА 2 С Е СТУДЕНТ НА ИНФОРМАТИКА, ПАСИОНИРАН ФОТОГРАФ, ВЉУБЕНИК ВО АСТРОНОМИЈАТА, АМБИЦИОЗЕН И ИАКО МЛАД ВЕЌЕ ДОКАЖАН ВЕБ ДИЗАЈНЕР И ИЗРАБОТУВАЧ НА САЈТОВИ. ОВОЈ МЛАД ЧОВЕК НА СОПСТВЕНА ИНИЦИЈАТИВА, СО СВОЈ ТРУД И СВОИ СРЕДСТВА ГО ИЗРАБОТИ ТУРИСТИЧКИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.OHRIDINFO.COM КОЈ Е ВО НЕГОВА СОПСТВЕНОСТ И ЗА КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ИМА АМБИЦИИ ДА ГО ЗАДРЖИ МЕСТОТО ВОДЕЧКИ ТУРИСТИЧКИ ВЕБ ПОРТАЛ ВО ОХРИД, А СО ТОА И ВО ЗЕМЈАВА.
С
тојан Стојаноски е 20 годишен студент на студиите по информатика изработувач на веб страници и пасиониран вљубеник во фотографијата, а овој млад и енергичен човек се занимава и со мултумедија, графички дизајн, маркетинг, а астрономијата и планинарењето му се хоби. Стојан уште пред 6 години започнал да навлегува во тајните на изработката на веб страници и веб дизајнот, а од тогаш до сега изработил десетици веб страни, а последниве две години дејствува преку 2 С Дизајн Студио кое го основал лично тој.
12
AMAK
PRES
“ Пред 6 години започнав да се интересирам за изработката на веб страни и по цели денови седев во едно интернет кафе каде можам да речам го учев овој, ајде да речам занает. Во тој период сите имавме бавен и скап дајлап интернет, па дома не ми се исплаќаше да се малтретирам и морав со денови да киснам во интернет кафе. Но, сите тие часови потрошени во невозможни услови на интернет кафеата, каде десетина деца врескаат и играат видео игри, додека јас сам се трудев да научам, ми се исплатија и денес можам слободно да речам дека сум задоволен од тоа што
го знам и што, умеам да го работам, на моите години – вели Стојан и се присети на првиот сајт кој го направил самоиницијативно. - Првиот сајт кој го направив тогаш беше наменет за фановите на ТВ серијата “Млади бунтовници“ која во тоа време се емитуваше на ТВ. Сајтот беше посетен преку 10 000 пати, од сите страни на светот, што тогаш беше голем успех бидејќи интернетот во Македонија беше во зародиш – ни раскажа Стојан и се присети како продолжил со изработката на страница за едно локално радио и една туристичка
агенција, а потоа продолжил со изработка и дизајн на веб страницата и училишниот весник во средното училиште ЕМУЦ. - Прво почнав со изработака на веб страницата со помош на идеи од страна на еден професор, потоа го дизајнирав весникот на ЕМУЦ исто така со помош од професорите кои заедно со учениците пишуваа текстови, а јас ги склопив во весникот. Весникот не излезе таа година од некои причини но, следната беше испечатен Тогаш издадовме еден број од тој средношколски весник и за жал додека јас бев средношколец заради финансиски причини не издадовме уште еден број, но, сепак се потрудивме да направиме училиштен весник – вели тој и продолжи да ни раскажува
натпревар како и тридимензионална презентација која целосно е изработена од Стојан , како и основата за веб страницата и на Виртуелна библиотека со која гимназијата освои награда н саем во Скопје. “Секогаш ми е задоволство да помогнам на некого, прво со ученик од основното училиште кој во училиштето каде што учев јас беше донесен од еден професор за да му покажам и помогнам во изработка на веб страницата, а подоцна со истиот тој ученик како гимназијалец во Гимназијата Св. Климент Охридски му помагав и го обучував да настапи на натпревар со филм, тридимензионална презентација и програмриање основа за веб сајт, и денес повторно подучувам и работам со неколку години помлади,
му заради интернетот. Видовме сите како митингот за името во Скопје го игнорираа телевизиите, но затоа на приватните сајтови статијата и видеото од митингот го видоа преку 250 000 луѓе. Значи никој никогаш нема да може да запре нешто да се објави, што е нешто ново – анализира овој млад студент и се присети на една нова американска поговорка за интернетот ,, Булдогот е пуштен од синџир,, Последните месеци во Охрид се прават се повеќе сајтови, но како што вели Стојан најголем дел од нив се плагијати и копии на други сајтови. - Како да стана мода, да се отвораат сајтови за забава или за информирање. Па сега и во нашиот град дојде до наплив на сајтови. Непосредно од како
за соработката со невладините организации со кои соработувал, а тука го издвои проектот Блу Скај. “До сега изработив десетици сајтови за хотели, приватни апартмани, компании, салони за мебел и ред други сајтови. Последно ги направив сајтовите за Радио Охрид и Мегастар и Дон маркетите, а во моментов работам на повеќе поголеми проекти за кои ке дознаете наскоро“. Како средношколец Стојан помагал и обучувал ученик од основното училиште Христо Узунов да направи сајт на ова основно училиште,Во 2006 година истиот ученик го подучувал и помагал и монтирал филм со кој Гимназиајата Св. Климент Охридски настапи на
но прво треба да имаат барем малку талент и интерес бидејќи знаењето не се пренесува на секого – вели Стојан. Тој додава дека иднината на комуникациите и медиумите е на интернет, и дека никој не може да предвиди до која ваза ќе дојде развојот на глобалната мрежа, но , станува јасно дека полека но сигурно интернетот ќе стане главен медиум во светот. “На интернет ќе се спојат сите медиуми, и телевизијата, радиото и весниците. Сите гледаме дека се е на интернет и таму има се, од дневни информации, архиви, филмови, музика, енциклопедии. . .Се нуди бескрајно едуцирање и информирање. Јас мислам дека медиумите ќе станат целосно слободни ток-
беше отворен еден интернет протал за информриање, почнаа да се прават негови копии, истото се случи и од како се отвори портал со забавни содржини, веднаш почнаа да го копираат. “Но, можам да кажам дека единствено оригинални и по идеја и содржина се неколкуте градски сајтови кои се појавија први. Тие не само што се оригинални како идеи туку се и оригинални во својот дизајн, се друго е копија на копија, веб страници изработени без креативност и идеја и како такви се со многу мала вредност“- вели Стојан и додава дека не му е сфатливо како може некоја сериозна фирма која држи до своето реноме и углед, да има сајт кој е копија на сајтот на друга конкурент-
www.amakpres.com.mk
13
ска фирма и на основа на плагијат да го промовира својот бизнис во светот.
ВЉУБЕНИК ВО ФОТОГРАФИАЈТА
Стојан е пасиониран вљубеник во фотографијата. Како средношколец бил фоторепортер за дневниот весник Дневник, каде низ соработката со фото уредниците стекнал познавања и искуства од фотографијата, а денес е меѓу најдобрите фотографи на интернет сајтовите кои се занимаваат со фотографија. - Во фотографирањето навлегов со позајмен апарат од 2 мега пиксели. Прво го сликав градот, црквите и првенството во ракомет што се одржуваше тоа лето, па потоа ми стана интересно се решив да купам апарат за кој ми помогнаа дечките од една печатница во Охрид на кој им сум благодарен не само заради тоа, туку и може да се рече дека од таму почнав да се интересирам за компјутерскиот дизајн итн – вели Стојан и се наврати на сердношколките денови кога бил фоторепортер. “Додека бев средно соработував со Дневник. Тоа беше едно одлично искуство за мене. Посебно ми е мило што соработував со Чедомир Ненковиќ кој е уредник на фотографија на овој весник и не знам колку јавноста знае, но, тој е и официјален фотограф на претседателот на републиката од како е осамостоена Македонија. Покрај хонорарот кој го добивав во тој период, посебна сатисфакција ми беше кога ќе се објавеше моја фотографија. Најмногу се радував ако фотографиите излегуваа на насловна страница, а имав неколку такви кои ги чувам во мојата архива. – вели Стојан и се присети кога бил во посета на редакција на Дневник во Скопје. - Јас тогаш бев практично дете од 16 години. Кога стигнав во Дневник во Скопје тие останаа зачудени бидејќи
14
AMAK
PRES
до тогаш во живо не бевме видени со никој, а со сите одговорни комуницирав само преку телефон. Тоа беше една чудна средба, тие се чудеа како не знаеле дека фоторепротерот кој една година им фотографира во Охрид е малолетно дете, а јас останав зачуден од големината на редакцијата, канцелариите, компјутерите и целата опрема која ја имаа. Посебно се фасцинирав од фото архивата, која во тој период броеше над 1 милион архивирани фотографии, навистина се воодушевив но и се мотивирав од сето тоа. Во сеќавање ми остана кога во канцеларија ме прими тогашната Главна и одговорна уредничка на Дневник, Катерина Блажеска, која испланирала состанок со мене, а кога влегов во канцеларијата виде дека сум мал и остана шокирана. Не знаеше што да зборува со мене. Се сеќавам на сите моменти од таа наша средба. Таа кога виде колку години имам буквално не знаеше што да ми каже и какви разговори да води со фоторепортер на нејзин весник кој дотогаш не го сретнала и само ми порача едно сокче – ни раскажа Стојан за неговиот прв престој во редакцијата на Дневник.
ОСНОВАЛ АМАТЕРСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО
Стојан го основал и првото аматерско астрономско друштво во Охрид, и набавил телескоп со кој ја набљудува вселената и со помош на него фотографирал помрачување на сонцето во 2006 година и на месечината во 2006 година, а фотографиите кои ги направил Стојан се најдоа на светски најпопуларниот сајт www.space.com каде две негови фотографии се најдоа во избраните 15 од подрачјата на Европа, Азија и Африка кои беа зафатени со ова помрачување. “ Посебна сатисфакција ми е тоа што моите две фотографии, беа ставени во
состав на објавените 15 , а неколку од нив беа направени од НАСА. Ако некој не верува нека појде на сајтот и ќе види“ – вели Стојан. “Интересот кон астрономијата го имав уште од мал, тогаш со двоглед го фотографирав затемнувањето на месечината во 2005 па испратив слики до скопското астрономско друшто, тие беа објавени на нивниот сајт и во списанието Емитер, потоа се консултирав со нив околу тоа каков телескоп да купам, па татко ми ми даде пари за телескоп, кој не беше воопшто ефтин за што јас секогаш ќе сум благодарен на татко ми – вели Стојан. Пред крајот на разговорот со Стојан, се обидовме да поразговараме за теми кое се поврзани со животот на младите, па го прашавме што сака да прави во слободно време, како се рекреира, дали спортува. “Сакам да планинарам, редовно сум на Галичица и на околните планини. Сакам да влегувам во пештери и сум бил во неколку, претежно во нашата охридска околина. Имам голема архива со фотографии од природните богатства што ги имаме, а сега наскоро планирам да ја посетам пештерата Пешна во Македонски Брод, за која сум слушал многу, дека во неа внатре има извори и водопади и тврдини од времето на Крале Марко. Планирам да ја посетам и да ја презентирам на некој од моте интернет сајтови, за светот да види какви скриени богатства има нашата Македонија“ – ни рече на крај Стојан и ни кажа дека и во иднина планира неговиот сајт www. ohridinfo.com да остане водечки сајт во информирањето за туризмот и дека со тимот ќе продолжи да го развива 2С Дизајн Студиото во кое планира да гради кариера по завршувањето на студиите. Љупчо Таневски
ДОБРОТВОРЕН КОНЦЕРТ ЗА ДООПРЕМУВАЊЕ НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ВО БОЛНИЦАТА “СВ ЕРАЗМО“
МЛАДИТЕ ВО АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА БОЛНИТЕ И НЕМОЌНИТЕ
Н
а 17-ти мај, во Центарот за Култура “Григор Прличев“,Младинскиот Совет од Охрид организираше добротворен концерт на кој настапија учениците од ОУ “Методи Патчев“, ДУО Богдан и Иво, “ICY LULLABY“, “FLASH 5“, Симона Попоска, како и КУД “Отекс“ и Балетската група при Центарот за култура. Беа собрани околу 40.000 денари кои ќе бидат наменети за доопремување и набавка на материјали за работа на дневниот центар што во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ отворен пред дваесеттина дена.
“Овој дневен центар ќе работи во рамките на програмата за ангажман на младите во заедницата “Млади во акција“, ентериерно и технички е опремен со работен дел и дел за дневен престој кој е донација од локалниот бизнис сектор. Во оваа програма младите волонтери на МСО ќе поминуваат дел од своето работно слободно време со хоспитализираните врсници со цел да им го приближат секојдневниот живот на младите при што два пати во месецот, 10 волонтери низ интерактивни работилници ќе ги едуцираат своите врсници за ненасилна комуникација , животни
и социјални вештини, создавање на интеркултурно општество и надминување на предрасудите. Овие средби еднаш во месецот ќе се одржуваат надвор од болницата во посета на знаменитости и институции во градот и еднаш месечно ќе биде организирано дружење со младите приспособено на нивните желби и потреби“, изјави координаторот на проектот “Млади во акција“при Младинскиот Совет, Даниела Кузманоска. Програмата во дневниот центар ќе се реализира секоја сабота, а преку недела во него ќе се одвива редовна настава. Ангела Белевска
СТАРАТА БИБЛИОТЕКА КОНЕЧНО Е УРНАТА
ДЕВЕТТО ФЕСТИВАЛСКО ИЗДАНИЕ НА “РАСПЕАНО РИБАРЧЕ“
Н
еодамна во Охрид се одржа девттото по ред издание на детскиот музички фестивал “Распеано Рибарче“. Во трката за најдобра песна учествуваа 20-ина млади музички таленти кои подеднакво со аплауз беа наградени од бројната публика. Фестивалот кој има ревијален карактер со својот квалитет полека но сигурно чука на меѓународните порти. Тоа го потврдува настапот на минатогодишниот учесник на “Распеано Рибарче“, Маја Каралиева, која годинава ја претставуваше Македонија на меѓународниот детски фестивал во Каиро- Египет. Фестивалот “Распеано Рибарче“ станува бренд по кој на музичката сцена претпознатлив станува Охрид. Охридски композитори се творци на сите песнички кои се снимени по охридските студија. А.Б.
www.amakpres.com.mk
15
ИНТЕРВЈУ ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ- ТАНКО САРЕВСКИ, ДОБИТНИК НА ЗЛАТНА МЕДАЉА ЗА ПРИМЕНЕТА РОТАЦИЈА ВО УМЕТНИЧКИТЕ ДЕЛА
СМЕШНИ СЕ НАШИТЕ МЕДИУМИ, ГИ ФОРСИРААТ УМЕТНИЧКИТЕ ПРЕДИСПОЗИЦИИ МУ СЕ ВО ГЕНИТЕ,А ВРОДЕНИОТ БУНТОВНИЧКИОТ ДУХ ЈА НАВЕСТУВА НЕГОВАТА ЖИВОТНА “ГОЛГОТА“ ЗА КОЈА НИКОГАШ НЕ ЗАЖАЛИЛ, ТУКУ НАПРОТИВ И ОД ДЕНЕШЕН АСПЕКТ ГИ КОМЕНТИРА НЕКОГАШНИТЕ СВОИ ПОСТАПКИ КАКО ОПРАВДАНИ И РЕАЛНИ, ЗОШТО И ДЕНЕС НЕ НАОЃА НИКАКВА ВРСКА МЕЃУ ПОЛИТИКАТА И УМЕТНОСТА, А ОВАА ВТОРАВА Е ДЕФИНИТИВНО НЕГОВИОТ ЖИВОТ ЗОШТО ТОЛКУ ЈА САКА И ГО БРАНИ ВИСТИНСКОТО УМЕТНИЧКО ВО НЕА ШТО ВО 70-ТЕ ГОДИНИ ОД МИНАТИОТ ВЕК, РИЗИКУВА ПРЕОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ ДА ГО МИНЕ ВО ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА. ТАНКО САРЕВСКИ ВО 2000 ГОДИНА СТАНА ДОБИТНИК НА ЗЛАТНАТА МЕДАЉА ЗА ЗАСТАПЕНА РОТАЦИЈА ВО УМЕТНИЧКИТЕ ДЕЛА КОИ ПРИ РОТАЦИЈАТА СЕ УПРАВУВААТ СО ДАЛЕЧИНСКО. МЕДАЉАТА МУ БЕШЕ ДОДЕЛЕНА ПРЕД ВРВНИ СВЕТСКИ УМЕТНИЦИ ВО БРИСЕЛ.ОВОЈ СЛОБОДЕН УМЕТНИК КОЈ ГО НЕГУВА СТАВОТ ДЕКА ВИСТИНСКИОТ СЛИКАР Е ВО ПОСТОЈАНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ДА ГИ ОСОЗНАВА НОВОСТИТЕ ВО ОВАА ПРОФЕСИЈА, Е КРАЈНО НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДНОСОТ НА МЕДИУМИТЕ КОН УМЕТРНОСТА И УМЕТНИЦИТЕ.
16
AMAK
PRES
“П
о иницијатива на татко ми се запишав на Машинскиот факултет во Скоје,иако навреме ги положив испитите од првата и втората студиска година, знаев дека тоа не тоа и дека од мене не бидува инжињер, туку нешто сосема друго-уметник,сликар. Завршив Виша уметничка школа во Скопје, а потоа се запишав и дипломирав на Ликовната академија во Приштина. Не сакав во моето уметничко изградување влијание да има само правецот експоресионизам како и уметникот Перо Мазев, кои тогаш се сметаа како најдобри. Затоа се дообразував во Србија и Босна и Херцеговина. А точно е дека талентот и гените го прават своето.Јас од мал сликам, го гледав мојот стрико, Живко Сарески кој беше познат и признат сликар
во тогашна Југославија, неговата работа ме поттикнуваше и мене уште како мал да работам и да сработам нешто квалитетно. Стојам на тоа дека уште како дете ги научив почетоците, тој влез на вратата на уметноста го пречекорив одамна“, вели Танко Саревски. -Кој ќе посака станува уметник? Постои ли ова правило во уметнничката професија кое повеќе од очигледно се негува во многу други? “ По завршувањето на академијата , тука кај нас како и во секоја друга Република на бивша Југославија владееше комунистичкиот режим. Низ призмата на политиката, уметниците минуваа низ едена клапа а форсираните уметници стануваа професори на факултет кои се почитуваа независно од резултатите на нивниот труд. Народот не попусто
Т ИСКРИВЕНИТЕ А НЕ ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ
рекол дека “ две работи не се држат под иста мишка“, што значи дека и вистинскиот уметник истовремено не може да биде квалитетен професор по ликовна уметност и реално способен сликар.Но таквите професори за жал беа “јаките“ уметници на кои јавноста им се поклонуваше зошто тоа го налагаше политиката.На запад во се се има критериум се знае кој е уметник а кој не, се почитуваат и признаваат вистинските квалитети. И кај нас полека но сигурно работите почнуваат да се менуваат и да доаѓаат вистинските вредности на површина. Во еден момент слабиот уметник може да се откаже од својот пат посбно кога влегува во кругот да организира селективни изложби.Не се согласувам такви изложби да се прават за академски сликари поради тоа сум давал отпор
пред критичарите. Умствената способност кај уметникот мора да се осознава и почитува. Идејата е најбитната мапа кај уметникот а не имитацијата, да бидеш свој и само свој, тоа е најбитното. Тоа е она духовното, дадено од господ. Едноставно, таков се раѓате. -Јавноста делеше позитивни и негативни критики за вашата храброст кога во 70-те години на минатиот век , на југословенското биеале во Тузла, гордо ја поставивте сликата на која сте нацртале магаре со медал. “Магарето е нацртано во две психолошки ситуации,од една страна се смее а од дуга е повредено . Всушност животното со медал во мојата фантазија па и на платното беше синоним на народните херои, тие се само искривена слика за
реалноста. Но оние кои ја почитуваат мојата работа и ги препознаваат квалитетите на мојот труд ја симнале медал од магерето пред јас тоа да го осознаам. Намерата им била да не го минам останатиот дел од животот во затворска ќелија, зошто насликаното предизвикало бурни, негативни реакции кај политичарите што ја виделе. Мене не ме плашеа последиците по изложувањето, и од никогаш од ништо не сум се плашел посебно не од политичките стеги, зошто вистинскиот уметник на платното ја слика реалноста таква каква што е и никаква поинаку. Всушност политиката и уметноста немаат допирни точки, а тоа значи дека и нивните извршитли не треба да иимаат ништо заедничко или слично.“ -Вие сте уметник кој буквално не знае да стои во место, посојано патувате во други земји? Како во другите земји се гледа на уметноста. “Вистина е дека јас постојано патувам затоа што сакам, но и морам. Вистинскиот уметник мора да биде во постојано движење, тој не смее да се затвора и изолира. Преку патувањето и посетувањето изложби надвор, осознавате низа новини во уметноста кои несвесно но сигурно почнувате да ги применувате во своите трудови. Подолг временски период живеев во Цирих- Швајцарија каде организирав самостојни изложби, потоа бев во Италија. Иако кај нас се вели дека тамошниот народ е ладен не е вистина. Кога по улица ќе те здогледаат со мапи и други сликарски алатки веднаш ти пристапуваат и те прашуваат за она што го работиш, се интересираат. Кај нив уметничката култура е на далеку повисоко ниво од кај нас. И изложбените салони се секогаш полони со луѓе.“ -Во 2000 година во Брисел ви беше доделена златен медал за застапена ротација во уметничките дела. Вашите колеги беа во изненадувачки шок пред вашето откритие, уметничката слика ја управувавте со далечинско, а при тоа таа од секоја страна звртена има смисла и значење. Ротација во направена творба не е тоа малку збунувачки или невозможно? “Се е можно ако се сака и ако се има волја да се научи саканото. Сликите со применета ротација ги сликам од четри
www.amakpres.com.mk
17
ИНТЕРВЈУ страни наизменично, готовата слика при ротација ја управувам со далечинско. Пример, сум насликал јајце, тоа јајце ротира од едната страна има око а од другата се гледа портрет, потоа човек со капа на главата а јасно се гледа и неговото тело. Како што ротира телото ја менува позицијата. Важно ми е тие слики да не наликуваат една со друга, секоја слика да си има своја идеја која го претставува уметникот . Мора нешто да се направи по што ќе бидете претпознатлив и само свој. Сигурно по применетата ротација во моите трудови сум препознатлив но никогаш не сум задоволен со она што сум го постигнал туку напротив тоа ме тера да посегнам и да достигнам по нови височини.“ -Светот ви “симнува капа“ пред вашите уметнички достигнувања, вашите слики од далеку се препознатливи, специфични и фасцинантни со својата убавина. Каков е односот на медиумите кон вас и вашето дело? “Можеби е чудно но реално, ова е прво интервју што сум го дал во Македонија. Додека во западно европските земји, буквално те растргнуваат на сите страни и те опсипуваат со стотици прашања, кај нас тоа е реткост - чест на исклучоците. Нашите новинари и кога се одлучуваат да и оддадат минимално внимание на уметноста, тоа го прават на навистина глупав начин. Нивното најчесто прашање гласи вака: “Од каде црпите идеа за сликање?“ Ова ме револтира, па мора да објаснувам дека идејата не е вода или друг вид течност за да се црпи со бокал,шише или не знам што. Творечката идеја се создава сама по себе таа е склоп на ментална и физичка состојба која пак е резултат на она што ве опкружува. Пример ме инспирира, овој разговор, овој момент ,случувањата во овој ден. Преглуапаво е да се рече дека инспирација за сликање ви е езерото, сонцето или не знам што, тие се само придружени елементи во оформувањето на идејата. Медиумите кај нас се и повеќе од смешни, за нив не се интересни убавите нешта туку само политиката и детските расправии на политичарите кои во глобала се исти, жедни за власт која им нуди финансиска моќ и стабилност. Повторувам разочаран сум од односот на нашите медиуми кон уметноста. Кога пред 8 години во Брисел го добив златниот медал за применета ротација во сликите, бев опкружен со странски
18
AMAK
PRES
но не и домашни новинари. Замислете колку жално, пристигнале во Германија не за поводот- доделувањето на медал со кој на културен план се издигнува Македонија, туку дошле да му постават по некое прашање на тогашниот премиер на Владата, Љупчо Георгиоски, со кого тука кај нас имаа секојдневни средби, жално навистина жално.“ -На втори мај во куќата на Робевци беше отворена вашата чинам прва изложба во Охрид. Зошто одлучивте да се претставите пред почетокот на уметничката сезона во градов, не ве плашеше можноста од
мала посетеност? “Точно,тоа беше моја прва самостојна изложба во Охрид и втора во Македонија, додека на групни изложби сум учествувал повеќе пати. Намерно одлучив мојата изложба во Охрид да биде пред почетокот на уметничката и туристичка сезона, сакав да видам како уметнички дише мојот роден град и колку охриѓани се интересираат за уметност. Пријатно сум изненаден,тие неколку дена куќата на Робевци беше полна со луѓе, на кои не им беа испратени покани туку за изложбата дознале преку билбордите поставени на неколку места во Охрид и неговата околина.Известувањето за културен настан преку билборди за мене е најдобар, па како таков се применува низ Европа, зашто не ги обврзува луѓето туку ги кани на оние кои вистински ја сакаат уметноста. -Што во иднина, дали на уметничкото платно веќе нанесувате бои за некоја наредна изложба? “Уметникот секогаш твори,умствено или физички -со придвижување на четката по платното. Едно е најважно секогаш да постои некоја движечка позитивна енергија која ве турка напред како волјата за живот која и кога сте во затворен темен тунел ви дава сила да трагате по светлината, зошто на човека секогаш треба да го води мислата дека по секое зло, арно доаѓа.“ Ангела Белевска
1
www.amakpres.com.mk
19
КУЛТУРА
ОХРИДСКО ЛЕТО СЕ ЗБОГУВА СО ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ ОВОГОДИНЕШНОТО ФЕСТИВАЛСКО ИЗДАНИЕ ЌЕ ГО ПРОСЛЕДАТ ДИРЕКТОРИ НА НАЈПООЗНАТИТЕ ФЕСТИВАЛИ ОД ЕВРОПА КАКО И ОД ИНДОНЕЗИЈА И ЈУЖНА АФРИКА. ДЕЛЕГАТИТЕ НА НАЈПРЕСТИЖНИТЕ ЕВРОПСКИ ФЕСТИВАЛИ, ЗНААТ ДЕКА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ БИЛ МАКЕДОНЕЦ А НЕ ГРК
П
ретставници од фестивалот Охридско лето, учествуваа на генералното собрание на Европската Федерација на фестивали што од 24 до 27 април се одржуваше во Анталија, Република Турција. “За нас ова учество значи многу, го проширивме кругот на пријатели што дирекно се инволвирани во светската култура, а се отвори и пришањето финансиски да се поддржи нашиот фестивал. Охридско лето, воспостави контакти со скоро сите фестивали од Европа, за нас широко се отворија културните врати со оглед на тоа што на собранието на најреномираната европска фестивалска асоцијација учествуваа 130 фестивали, а околу 10-ина фестивали од Турција пристапија кон
20
AMAK
PRES
неа“, изјави директорот на Охридско лето, Тони Симоновски. Музичките и драмски претстави на годинешното издание на Охридско лето ќе ги проследат првите луѓе и делегациите од најпознатите европски фестивали, а своето присуство веќе го потврдиле директорите на најпрестижните фестивали од Индонезија и Јужна Африка. “Слободното време од нашиот престој во Турција го искористивме за разгледување на културно историските знаменитости, бевме на концерти, на балет, ја посетивме операта “Цар Мурат“, а кога бевме во еден од музеите пријатно бевме изненадени од тамошниот кустос кој пред бистата на Александар Македонски, пред бројните
делегати гласно говореше, дека Александар е Македонец и таков ќе остане засекогаш, тој е македонец кој војувал против и ги поразувал грците“,вели Симоновски,додавајќи дека по изјавата на турскиот кустос сите делегати кон нив- македонските учесници гледале со восхит и почит. Иако, Симоновски не сакаше да ја открие цифрата на финансиска помош што Охридско лето ја доби од Европската федерација на фестивали, јасно потврди дека се надминати сите финансиски потешкотии и долгови.“ Финансиската конструкција е заокружена немаме финансиски потешкотии“, истакна тој. Ангела Белевска
САРА ЧЕНГ НА ОХРИДСКО ЛЕТО ЕДНО ОД НАЈЗВУЧНИТЕ ИМИЊА ЗА ГОДИНАШНОТО ИЗДАНИЕ НА РЕНОМИРАНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА Е ВИОЛИНИСТКАТА САРА ЧЕНГ, А ДИРЕКТОРОТ ТОНИ СИМОНОВСКИ НАЈАВУВА ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ БОГАТА МУЗИЧКА И ТЕАТАРСКА ПОНУДА
Б
огата културна програма за годинешното издание за најголемата музичко сценска манифестација, Охридско лето, најави директорот на Фестивалот, Тони Симоновски. На неколкуте сцени предвидени за одржување на оваа престижна манифестација, ќе бидат прикажани над 50 музички и театарски приредби во однос 70:30 и неколку ликовни изложби. Едно од најзвучните имиња кое доаѓа во Охрид е виолинистката Сара Ченг од САД, првата виолина во светот. - Потпишаната декларација за интеркултурниот дијалог на уметничките
фестивали од редот на европското семејство, на елитните фестивали, каде се наоѓа и фестивалот Охридско лето, е од огромно значење за македонската култура, а со тоа Охридско лето не само што го потврдува своето високо меѓународно реноме, туку прави чекори за уште поголеми и позначајни дострели. Годинава не очекува Фестивал со богата културна програма, вели Симоновски. Според најавите, иако не се открива, се уште името кое ќе го отвори Охридско лето, и годинава не очекува спектакуларно издание на овој фестивал. Не се
откриваат ни средствата кои се обезбедени, но од Дирекцијата на Охридско лето велат дека по неколку години Стопанска банка повторно се враќа како златен спонзор на Охридско лето. Дел од трошоците ќе ги покрие Министерството за култура, а останатите средства се обезбедени преку донатори. Охрид по 48 пат од 12 јули до 20 август ќе биде центар каде ќе бидат собрани најдобрите и најстручните уметнички имиња. Сузана Вренцовска
КОВАЧЕСКИ И ТАНЕСКИ НА МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА ВО БЕЛГРАД
О
хриѓаните Александар Ковачески и Љупчо Танески , со свои фотографии ќе учествуваат на меѓунасродната изложба за избор на фотографија на годината, што во средината на месец јуни ќе се одржи во Белград, соседна Србија. Ковачески кој е фоторепортер на новинската информативна агенција “МИА“ и на дневниот весник “Утрински Весник“, ќе се претстави со три фотографии. Љупчо Танески на изложбата ќе учествува со една фотографија “Пребирлив питач“, фотографирана во
балканските земји се активни фото репортери кои ќе учествуваат со најмногу три фотографии кои се сликани во период од март 2007 година до 21 април, годинава. Меѓународно стручно жири ќе одлучува кои три фотографии се најдобри и како такви парично ќе бидат наградени. Минатата година првата награда ја понесе фото репортерот на дневниот весник “Дневник“, Слободан Ѓуриќ. Њујорк-САД. Учесниците од бившите Југословенски републики како и од
Ангела Белевска
има што да покаже пред светот“, рече Груевски. Според директорот на Дирекцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман ова претставува враќање на праисторијата во денешно време. Тој рече дека во изминативе осум години се вршени истражувања на дното на Охридското Езеро, а во чест на претседателот на нуркачкиот клуб од Охрид, Милутин Секулоски Мичо, ова место е наречено Мичов град. - Граѓаните ќе имаат прилика да шетаат низ времињата од праисториско до римско време, од Музејот на вода до
римскиот логор откриен во непосредна близина, рече Кузман. Инаку, предвидена е изградба на пристапен објект каде ќе се продаваат билети и сувенири, а Музејот на вода ќе биде поставен на платформа поврзана со мост во должина од 15 метри. Предвидено е на платформата, која ќе стои на 900 дрвени колци, да се изградат 7-8 куќарки. Целиот проект се планира да заврши до 8 декември, а ќе чини околу два милиони евра, обезбедени од буџетот на Република Македонија.
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА МУЗЕЈОТ НА ВОДА
М
узејот на вода во Градиште ќе претставува туристичка атракција за нас и странците кои ќе можат да ја видат цивилизацијата на овие простори од илјадници години наназад, рече премиерот Никола Груевски, во Охрид на поставувањето на камен-темелникот на Наколната населба од бронзеното време која датира од 1200 до 600 година пне. Груевски истакна дека Владата работи на иднината, но сепак, како што рече, нашата сила и моќ е во минатото и тоа мора да се негува затоа што така расте нашата вредност. “Македонија е древна земја и
www.amakpres.com.mk
Сузана Вренцовска
21
ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ
22
AMAK
PRES
СПОРТ ЕХФ ЈА СКЕНИРАШЕ ОХРИДСКАТА САЛА
„БИЛЈАНИНИ“ ПОДГОТВЕНА ЗА ЕП
Д
елегацијата од ЕХФ даде позитивна оценка за спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид за одржување на Европското првенство во ракомет за жени. При претпоследната посета на инспекторите на ЕХФ констатирано е дека 90% од работите се завршени а останатите зафати ќе бидат финиширани до почетокот на Светското јуниорско првенство за жени односно до месец јуни. Јан Таик кој ја предводеше инспекцијата на ЕХФ изрази оптимизам дека салата навремено ќе биде подготвена, иако во Охрид беше сведок на се уште незавршени работи, посебно салата за прес конференции, една од најголемите забелешки на ЕХФ. -Завршната верзија не е постигната, но
се договоривме за понатамошните активности и нема сомнение дека до почетокот на првенството ќе имаме комплетно подготвена сала, рече Таик. За генералниот секретар на Македонската ракометна федерација, Марјан Начески, ЕП ќе биде најголемиот спортски настан одржан во Македонија кој ќе го следат милијарда и пол гледачи. Охридскиот градоначалник Александар Петрески ненавременото завршување на активностите во салата го оправда со големиот број спортски активности кои се одржаа во изминатиот период, како и Самитот на претседатели, најголемиот настан одржан во Охрид, но вети дека работите навремено ќе бидат завршени.
-Поголемиот дел од забелешките се отстранети, а на некои се работи во моментов. Близината на аеродромот, Охридското Езеро и хотелите ќе допринесат Охрид да биде успешен домаќин како што беше на СП за младинци во машка конкуренција минатата година, рече Петрески. Инаку ЕП во ракомет за жени кое ќе се одржи од 2 до 14 декември на Македонија и е дадено во конкуренција на Данска и Португалија. Оваа голема спортска манифестација се очекува да биде следена од 500 новинари и затоа прес центарот беше една од најголемите забелешки на инспекторите на ЕХФ. Сузана Вренцовска
ПЛАСМАН НА ОХРИДСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ
Н
а квалификациите за финалето на купот на Македонија, охридските атлетичари во конкуренција од 12 Атлeтски клубови од нашата држава успеаа во четири дисциплини да се пласираат во финалето на купот. Селман Реџеп во финалето ќе учествува во дисциплините
скок во далечина и трискок, додека Славчо Мирчевски само во трискок. Штафетата 4 x 100 во состав Цветковиќ, Павловски, Кафтановски, Селман исто така ќе трча во финалето . Кај девојките Јулијана Велјановска во финалето ќе се натпреварува во категоријата фрлање диск.
CRNA HRONIKA
20
AMAK
PRES
СПОРТ
НАШИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ СО ДОБАР ПЛАСМАН ВО ПАЛИЌ
П
етчлената македонската репрезентација во едрење се врати од Пaлиќ, Србија каде зеде учество на Првенеството на Југоисточна Европа во класата „Оптимист“ што се одржуваше во деновите од 14-18 мај 2008. Во силна конкуренција на претставници на националните едриличарски тимови од Словачка, Алжир, Кипар, Унгрија, Црна Гора , Ерменија и домаќинот Србија, нашите “оптимисти“ ги зазедоа следните места:
-Димитар Поп- Стефанија од ЕК„ Амак СП - Бофор“ - Охрид 25-то место -Добре Трпоски од ЕК„ Амак СП - Бофор“ - Охрид 32-ро место -Мартина Каневче од ЕК„ Амак СП - Бофор“ - Охрид 34-то место (7-мо ж.) -Елена Ставреска од ЕК „ Стрмец“ - Охрид 40место (10-то ж.)
-Едрал Љушо од ЕК„ Снегар“- Струга 19-то место
ЕДРИЛИЧАРИТЕ ЌЕ ЕДРАТ ПО ШВЕДСКИ!!!
М
ладите едриличари од Охрид и Струга неодамна имаа прилика да бидат дел од едукативниот камп кој под палката на шведските инструктори се одржа во едриличарскиот центар во Охрид. Организатори на овој тренинг камп беа ЕК АМАК СП БОФОР и ЕК Стрмец а учество зедоа и едриличари од ЕК Снегар од Струга. Од ЕК АМАК СП БОФОР велат дека ова е одлична прилика за едукација и размена на искуства како за младите кои ги прават првите чекори во едрењето така и за оние кои работат со нив. Шведските инструкторки Ана Бертсе
и Лин Џонсон велат дека Македонија има потенцијал и млади таленти за едрењето да прерасне во еден од водечките спортови. Инаку Шведска е веле сила во едрење, спорт кој уште се нарекува и фамилијарен а секој член од семејството има и своја едрилица. Македонската едриличарска федерација, со цел развој на едрењето, во иднина ќе ги користи нивните искуства за начините на кој се станува инструктор по едрење. -Кај нас досега немаше кампови за инструктори. Обично поискусните едриличари стануваа инструктори. Сега на ниво на Федерација ќе направиме пра-
вилник за тоа како и на кој начин ќе се станува инструктор по едрење. Шведскиот начин е дефинитивно прифатлив за нас, вели претседателот на Едриличарската федерација на Македонија Љупчо Поп Стефанија. Четиричлена посада од ЕК АМАК СП БОФОР од 14 до 18 јуни ќе отпатува во Упсала, Шведска на тренинг камп регата каде ќе присуствува на курс за инструктори, ќе се одржат и натпревари но најважно од се е што ќе се стекнат нови искуства. С.В
ОХРИДСКИТЕ КАЈАКАРИ СЕПАК ДЕЛ ОД ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ
И
покрај слабите резултати на последното ЕП во одржано во Милано, Италија од експедицијата која не преставуваше таму не информираа дека две вајлд карти ќе им бидат доделни на нашите преставници. -Самиот пласман во полуфиналето на натпреварувањето, без оглед на постигнатите резултати во него преставува огромен
успех за нас - вели Раде Поповски селектор на македонската репрезентација. Деновиве очекуваме позитевен одговор од Лозана, Швајцарија, со што би добиле две вајлд карти . Евентуалните вајлд карти би ги добиле кајакарите Тодоровски и Казиу.
www.amakpres.com.mk
21
OGLASI PISMA KULTURA
АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во нашиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ.
Се продава фиќо во одлична состојба. Информации на тел. 046/250-007
Професорка по македонски јазик дава часови на матуранти, пишува есеи, состави, писмено прераскажува, лектири, пишува проектни задачи за матуранти (освен математика, информатика и физика) , пишува семинарски теми за студенти. - час 60 мин.----------------------------------- 300 ден. - проектни задачи -----------------------------1.000 ден. - есеи ------------------------------------------- 400 ден. - состави за писмена--------------------------300 ден. - писмено прераскажување на лектири---500 ден. - семинарска задача---------------------------1.000 ден.
Продавам комплет опрема за берберница. Хидраулик столици-3. Продавам сталажи од ковано железо, излог сталажи за ѕид и подвижни тел. 075/984-592 Овластен судски преведувач Михајло Влаќески и врши превод секаков вид од германски на македонски јазик и обратно. тел. 071/601-310 емаил: m_vlakeski@yahoo.de
Се продава место во с. Велгошти погодно за градба. Телефони: 288 - 592 и 070/ 525 - 524
Се продава лежај,добро сочуван.Цена по договор. тел: 046/ 267 - 993
моб.тел. 070/615 485
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk
За издавачот:
Венко Шапкар - Генерален директор Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска Крсте Спасески Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски Велимир Џамтоски Лектор: Милчо Јованоски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
22
AMAK
PRES
MAKEDONIJA
- MOJATA DR@AVA
Obrazoven centar, Ohrid, {tip
Do 31.05
REZERVACII NA MESTA: OD 4-TO ODD. OSNOVNO DO 1-VA GOD. SREDNO U^ILI{NA NASTAVNA PROGRAMA 1. M A T E M A T I K A 2. A N G L I S K I J A Z I K 3. I N F O R M A T I K A 4. M A K E D O N S K I J A Z I K 5. P R O G R A M I R A W E 6. F I Z I KA 7. H E M I J A
MATURA x MAKEDONSKI JAZIK x MATEMATIKA x ANGLISKI JAZIK x INFORMATIKA x FIZIKA x HEMIJA x BIOLOGIJA x PROEKTNA ZADA^A x ISTORIJA x GEOGRAFIJA x MUZI^KA UMETNOST x LIKOVNA UMETNOST
8. B I O L O G I J A Testovi na znaewe za: osnovni {koli, sredni {koli, matura, fakulteti, vozrasni,... Testovi: pedago{ki. psiholo{ki, za inteligencija, e-testing,... Nastava: podgotvitelna, tutorska, priemni ispiti, matura, za vozrasni, e-u~ewe,...
www.pisi.com.mk e-mail: pisi@mt.net.mk
++ 46 230-560; 46 230-561; 46 230-562
++ 32 380-418