Skip to main content

АМАК ПРЕС 86

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

Godina V - Broj 86 10 April 2008

ЗА САМО ЧЕТИРИ ГОДИНИ ТРЕТА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛОШТАДОТ ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

НА ДВЕ КОЛА ДО КРАЈОТ НА РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ

АМАК СП

РАТКО ЃОРГЕВИЌ - РАЦ

definitivno najevtino

СИГУРЕН НА ТРЕТАТА ПОЗИЦИЈА

070 / 462-362


DA NAPRAVIME REZIME

GOD BL ESS AMERICA ( ГОСПОДЕ БЛАГОСЛОВИЈА АМЕРИКА )

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk

За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска Крсте Спасески Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски Велимир Џамтоски Лектор: Милчо Јованоски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES

Македонија не влезе во НАТО и си го сочува името. И тоа јас го поздравувам. Што мајка бараме таму, каде некој не го признава нашето основно човеково право, да сме она што сме. Фала му на Бога, останавме такви какви што се родивме, го задржавме името на нашето племе, тоа што го носиме во нас од раѓање. Името кое е опејано во нашите песни, нашиот фолклор, битие, едноставно она што сме ние. А ние не би биле ние, ако некогаш и сами не се глупираме. Па така пред самитот две седмици скиснаа во телевизиските студија истите лица кои ги гледаме со децении. Истите експерти, уредници, аналитичари. . .Остареа по телевизиите и весниците коментирајки геополитички теми и дилеми, а до ден денешен не постигнале ништо на полето на кое коментираат. Така ти е тоа кај нас, кичуметниците коментираат за културата, плагијаторите за музиката, експеритите за се и сешто , банкротите за економијата, а пропаднатите политичари за глобална политика. Да се расчепка по архивите во телевизиите или да се побараат колумните кои ги пишувале низ годните ќе видите дека никој од нашите аналитичари не знае што пишувал и зборувал пред неколку години и ќе се дематираат сами. И по самитот сите излитенни и пропаднати политичари од Владо Бучкоки, преку Фрчкоски, ‘’новинарот ‘’ Слободан Томиќ, уредникот Бранко Ѓероски, па се до анаитичарот Ѓунер Исмаил, два дена по самитот не се тргнаа од телелвизиите, распослани по ТВ стдијата анализираа што ни се случило и кој бил крив. Само фалеше Љубчо Ѓеорѓиевски да се појави како деклариран предавник да ни каже каде сме згрешиле и кој сме и што сме. И сите по самитот се шепуреа дека сме победиле, а ден претходно велеа дека ако не влеземе во НАТО ќе доживееме национална катастрофа. Ете, гледате дека нашите експерти од разни области не се сеќаваат што пишувале во колумните и што зборувале по телевизиите само ден претходно ? Или можеби се сеќаваат, ама тоа не им е проблем, па без мака одма преку ноќ се престроиле и сега дискутираат поинаку и имаат поинакви ставови. Е ми се слоши од вакви аналитичари. Предлагам парламентот да изгласа закон за доделување пензии на аналитичари и мислам дека така ќе се спасиме од нив, нека им дадат пензии само да ги нема по телевииите. Нека дојдат нови, некои млади што имат што да кажат и што да направат, бидејќи овие бес'рбетници му се збокитсаа на народот. Македонија има образована, стручна и интелигентна младина, полна со енергија на која треба да и се даде шанса да анализира нешто и на телевизија. Ама ако е така на овие што говорите им ги знаеме на памет ќе нема што да прават во животот, а вака си органзиираат телевизиски трибини и си зборуваатколку сакаат. Нека се распишат предвремени избори, нека излезат политичарите наши пред народот толку многу што го сакаат и нека кажат дека во програмата им е да го променат името, па ако народот ги изгласа и нека го променат. Ама ако ние имаме изгубени аналитичари, Европа има изгубени полтичари. А нивен предводник, симбол на глупавоста, политички аматер, дипломатски простак и едноставно изгубен случај е токму претседателот на Франција. А Саркози, оној од Солун што бил ? ? ?Еј читатели мои. Па мислам дека неговиот интелект и познавањето на политиката се толку мали што не е достоен да го елаборирам во моја колумна. Малоумен и малолетен политичар е тој и мислам дека подобро ќе му било во животот да бил машка проститутка од колку да е политичар од најнизок ранг. А замислете тој е претседател на една бивша важна држава Франција и кутриот незнаел дека Македонија до сега направила отстапки кон Грција и зеде да треска глупости пред цел светски аудиториум дека требело барем една отстапка да направиме. Јасно е дека тој побрзо мисли со нешто друго одколку со главата. Поточно со главата каде има сместено мозок немисли, а за другото познато е по светот, најмногу во Франција, каде се насладуваат на интервјуата и книгата на неговата поранешна сопруга, каде детално е опишана неговата друга глава. Онаа помалата во која нема мозок. Еј, Французи. . .По светот се прославија по францускиот бакнеж, кроасаните и малкумина знаат дека се позанти и по оралниот бакнеж меѓу бедрата, за кој историски се знае дека е измислен во Париз. Многу луѓе кај нас низ псоледните децении чувствувале бес или немале симпатии кон Америка. Тоа најмнгу од причина што Америка неколку пати интервенира на Балканот. Сосема погрешно е тоа, да мериме и да гледаме како Америка се поставила во однос на нашите соседи, туку треба со ладни глави да гледаме како оваа модерна империја се поставила кон нас. Првпат после илјади години на страната на Македонија застана една голема империја и ние треба неа да ја поздравиме. Македонија под итно треба да го признае Косово и да застане целосно на иста политичка линија со САД. Нема потреба ние да жалиме за Косово кое и не е наш проблем. Зарем мислите дека некој во Белград се нервира зошто Грција не не пушти во НАТО ? Па сигурно дека на никој таму за нас не му е гајле, па нема потреба и нас да ни е гајле за Србија. Што можам да кажам на крај, што може друго да се рече, каже или вика освен само едно – ГОСПОДЕ БЛАГОСОЛОВИЈА АМЕРИКА. А старата блудна куртизана Европа ? ? ? Епа на старите секогаш им е потешко, посебно ако биле блудници и куртизани како нашата белосветска вавилонска курва Европа. Нема на старост кој да ја онади. . .Стара, блудна, преонадена. . .За жалење е. Стара, грда, потрошена. Колку и да се шминка џабе и е. Нема шминка што ќе и ги сокрие длабоките лузни. . . На сите ни е добро познато нејзиното старо збрчкано лице. . .


LOKAL

www.amac.com.mk/novini

3


ЛОКАЛ

ФРАНКОФОНСКА ПАТЕКА НА ГАЛИЧИЦА

Ф

ранкофонска патека што води низ Националниот парк “Галичица“, неодамна беше свечено отворена во присуство на францускиот амбасадор во Македонија, Бернар Валеро. Патеката почнува од населбата Билјанини Извори, кај алеата на Паднатите борци и продолжува преку Студенчишта до манастирот “Св. Петка“, во селото Велгошти. Патеката што се подготвуваше еден месец изработена е од камен и долга е 6,3 километри. “Со отворањето на оваа патека , фактички завршува првата етапа од проектот “Франкофонска патека на Галичица“. Во втората етапа патеката ќе се доопремува , а е предвидена изградба на училница во природа наменета за ученици и за туристи што ги сакаат убавините на планината. По должината на патеката ќе се поставуваат табли со

едукативна содржина“, изјави директорот на Националниот парк “Галичица“, Зоран Анѓеловски. Пред француските делегати, претставници од франкофонската организација во Македонија, и студенти по француски јазик од Филолошкиот факултет од Скопје, францускиот амбасадор Валеро, рече дека реализирањето на проектот “Франкофонска патека на Галичица“, е важен за економскиот и стопанскиот развој во земјава но и за привлекување на странски туристи кои ги сакаат прошетките низ планина. “Ние французите одлучивме,прославата н а француското прецедателство со ЕУ кое започнува на 1-ви јули да биде во вашиот убав град“, истакна Валеро. Франкофонската патека на Галичица беше отворена по повод деновите на Франкофонијата во Македонија . А.Белевска

НАЦИОНАЛНИОТ КОНСЕНЗУС Е ВАЖЕН ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО, ИСТАКНА ВАЛЕРО

“Би требало да останете смирени и да работите се повеќе кон напред,треба да се има во вид дека перспективите на Македонија за НАТО и за интеграција во ЕУ не се недопрени, и тоа е она што треба да ни остане во сеќавање. Тоа е интенција на мојата земја и на сите европски земји, да и се помогне на Македонија за што е можно побрзо членство во НАТО. После епизодата во Букурешт, треба да се размисли да се извлече поука од лекцијата. Треба да се продолжат насоките во однос на тие перспективи и да се сочува националниот консензус за да се постигне саканата цел“,изјави францускиот амбасадор, Бернар Валеро. А.Б


ЛОКАЛ

СПРОТИ САМИТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ- ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ СО НОВ ЛИК

П

лоштадот во Охрид наскоро ќе биде реконструиран и видоизменет, ќе се отстрани зелениот појас и ќе биде вратен дел од стариот камен. -Наскоро плоштадот ќе го реконструираме и ќе го направиме да може до него да се приоѓа од сите страни, а не како до сега само од два влезови. Ќе се отсранат тие жардињери и ќе се направат скали по кои ќе се приоѓа од сите страни на плоштадот. До сега плоштадот беше како некое трло, но тоа ќе го смениме. Исто така ќе вратиме дел од стариот камен и ќе го декорираме полоштадот со него – изјави градоначалникот на Охрид Алексан-

дар Петрески гостувајќи во емисиајта ''Соочување'' со Љупчо Таневски на Радио Охрид. Тој рече дека ќе се одлучи дали со реконструкцијата ќе се стартува деновиве, или после трети мај, што секако зависело од анализите дали ќе се стигне да се заврши со работите до почетокот на самтот на претседатели кој ќе се одржи во Охрид. - Доколку се процени дека работите ќе траат подолго тогаш ќе започнеме сега, а ќе мора да завршиме до 27 или 28 април, а доколку нема време да се завршат работите секако дека ќе започнеме по трети мај и ќе завршиме во тект на мај – рече Петрески.

Инаку, Александар Петрески беше прв гостин во серијалот емисии кои на Радио Охрид ќе ги работи Љупчо Таневски, а во кои ќе гостуваат познати и помалку познати охриѓани. Во првата емисија Петрески кажа дека долгот кон Гранит е намален од 6 милиони на околу 600 000 евра, и потврди јавно дека посредник во преговорите на доброволна основа бил Стојан Велјаноски Фирфи, еден од неговите најжестоки критичари. Емисијата ''Соочување'' на Радио Охрид се емитува секој понеделник со почеток во 10 часот, а репризата е во вторник во 19 часот. А.Б.

НЕИЗВЕСНО УРИВАЊЕТО НА БИБЛИОТЕКАТА

ОПШТИНАТА СПРЕМНА НА ПОТЕГ Е ВЛАДАТА

О

пштина Охрид ги заврши сите активности потребни за рушење на старата Градска библиотека. Планот за уривање е доставен до Управата за заштита на културното наследство. Останува Владата да даде зелено светло по што ќе се пристапи кон рушење на објектот. Според градоначалникот на Охрид,Александар Петрески работите иако задоцнети ќе се завршат навреме пред првомајските празници и Самитот на претседатели кој ќе се одржи на почетокот на мај во Охрид. Владата треба да одговори на нашето писмо со кое ние ги известивме дека сме подготвени да ја урнеме библио-

теката на трошок на локалната. Тие се уште немаат одговорено на писмото и не знаеме кога и дали воопшто ќе одговорат. Немаме никаква комуникација со владата и не е извесно дали ќе дадат писмен одговор. Доколку не одговорат до почетокот на сезоната или до наредните избори неможеме да кажеме дали библиотеката ќе се урне, изјави во емисијата „Соочување“ со Љупчо Таневски на Радио Охрид, градоначалникот Александар Петрески. Трошоците за уривањето на осум децениската зграда ќе ги подмири локалната самоуправа. Издвоени се 5 илјади евра, а остатокот ќе се покрие преку спонзорства од градежните фирми од

Охрид кои ќе го реализираат рушењето на кои ќе им бидат дадени материјалите од зградата, информираат од општината. Од таму велат дека Здруженијата кои сеуште се наоѓаат во оваа зграда деновиве ќе бидат дислоцирани во бараките на Гранит. Веслачкиот и кајак кану клубот ќе бидат префрлени на нова локација покрај езерото. Инаку на просторот каде што сега се наоѓа библиотеката предвидено е да се гради плоштад кој со пешачка патека ќе биде поврзан со Горна Порта.Исто така предвидено е на овој простор да се одржуваат разни културни манефестации. С.В

www.amakpres.com.mk

5


ЛОКАЛ ОХРИД И СТРУГА НЕМОЖАТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ СО ДРЖАВАТА

И ОВАА СЕЗОНА ПРОБЛЕМ СО ПЛАЖИТЕ •СПОРЕД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ НА ПРАГОТ НА СЕЗОНАТА СЕУШТЕ ОСТАНУВА ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕТО КОЈ ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ХИГИЕНАТА НА ПЛАЖИТЕ.

О

пштина Охрид сеуште ги нема добиено срествата кои и следуваат според договотот за издавање на плажите под концесија направен минатата година со Министерството за транспорт и врски. Од локалната велат по преземањето на плажите од страна на државата останува нерешено прашањето и околу одржувањето и хигиената на плажите. Според градоначалникот Александар Петрески општината нема добиено ниту денар за минатата сезона а се ближи годинешнава за која пак не е постигнат никаков договор. -Останува отворено прашањето кој ќе ги чисти плажите во Охрид. Се надеваме на решение иако сезоната ни е на прагот, вели Петрески. Инаку според договорот концесионерите на плажите имаа обврска да склучат договор за нивно одржување со ЈП Комуналец. Плажите кои не

се дадоа останаа под надлежност на државата која требаше да се грижи за одржувањето и хигиената. Што се однесува пак до распределбата на средствата од концесиите 80% требаше да се влеат во општинската каса а 20% да одат во државната. Но ваквата поделба засега не е направена, тврдат од локалната. Пред почетокот на туристичката сезона проблемот со плажите актуелен и во Струга. Таму пак сеуште не се знае кој ќе стопанисува со плажите оваа година. Овој проблем веќе две години се решава низ судските врати но сеуште нема разрешница. Локалната самоуправа за оваа сезона доби судска забрана и за партерно и хортикултурно уредување на крајбрежието, асфалтирање на пристапни патишта, осветлување, изградба на шанкови, кабини и слично. Ваквите мерки според надлежните во Струга ќе доведат до колапс на туризмот. Спо-

ред директорот на јавното комунално претпријатие Ваљон Џиља тие и понатака ќе ја одржуваат хигиената на плажите во интерес на туристичката сезона. -Ние нашата работа ќе ја извршуваме најпрофесионално, а за тоа кој ќе плати ќе се одлучува понатаму, вели Џиља. Ваквата состојба во Струга ги загрижува и туристичките работници. Според нив во период кога се прават напори да се привлечат што поголем број туристи недозволиво е работите да останат без разрешница поготово ако од нив зависи успешноста на сезоната. И Локалната и туристичките работници се со став дека со плажите треба да стопанисува општината. С.В.

СТАНОВИТЕ ВО ОХРИД ПОЕФТИНУВААТ

РУСИ И УКРАИНЦИ ГО ПИКИРААТ ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖИЕ

Ц

ените на становите во Охрид ќе се намалат за десет проценти, најавуваат преставниците на Агенциите за недвижности. Според нив причина за паѓањето на цената е Самитот во Букурешт и недобивањето покана на земјава за влез во НАТО. Пред само неколку месеци цената за метар квадратен станбена површина во Охрид порасна за 20-25% како последица на очекувањата Македонија да добие покана за влез во НАТО, цените се движат од 700-1200евра во зависност од место положбата на станот. Се зголеми и цената на градежното земјиште за 50%. Земјиште покрај езеро се продава од 100 до 300 евра за квадратен ме-

6

AMAK

PRES

тар. Од Агенциите потврдуваат дека за охридските станови најзаинтересирани се Русите и Украинците што пак ќе предизвика вистинско раздвижување во нашиот најголем туристички центар. Дел од Агенциите за недвижности пак сметаат дека цените и понатака ќе растат поради владината одлука да се отвори пазарот на недвижности со што ќе им се дозволи на странски и правни лица да купуваат имот во Македонија. Ваквата одлука на Владата ја поздрави и градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Според него во Охрид конечно ќе влезат странски инвестиции, но и ќе се продолжи туристичката сезона.

-Доколку странците би имале свој имот би престојувале и по 5-6 месеци а не како досега по 10-тина дена. Со зголемувањето на цената на имотите и градежното земјиште граѓаните ќе имаат поголема заработувачка при продажбата. Ќе се дозволи странците, кои и досега купуваа станови и приватно земјиште само преку трети лица, да можат да купат имот само на одредени локации и тоа во Андон Дуков, Горица и Чекоштина, вели Петрески С.В.


УЧЕНИЦИТЕ МАКЕДОНЦИ ПОВТОРНО НА ПРОТЕСТИ

ЕТНИЧКИ СМЕНИ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ НА НАСТАВА У чениците Македонци од СУ “Нико Нестор“ заедно со нивните родители најавија масовни протести доколку не се исполнат нивните барања, воведување етнички чисти смени во овој образовен центар. Како последен обид во изнаоѓање на решение преку преговори со надлежните институции ќе одржат средба со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, а дел од родителите ќе отпатуваат во Скопје да остварат средба со преставници на министерството за образование. Но доколку ваквите притисоци невродат со плод учениците Македонци ќе ја добијат максимално подршката на своите родители. -Неколку недели проблемот го решаваме со состаноци но никако да се створат услови децата да се вратат на настава. Нашето барање е јасно, јазични смени за сигурност на децата. Учениците мора да се вратат на настава а надлежните да го решат проблемот. Протестите овојпат ќе бидат многу помасовни, вели Боро Симјаноски родител на ученик македонец. Вака размислуваат повеќето родители Според нив протестите ќе бидат доказ за тоа дека сакаат децата да се вратат во безбедна и сигурна средина. Тие неодамна во напорите да изнајдат решение упатиле и писмо до евроамбасадорот ЕрванФуере во кое му порачуваат да престане да врши психички притисок врз учениците со наставен македонски јазик. - Не ни е јасно која е причината за големиот отпор кој го изразувате кон по-

делбата по јазични смени. Ве уверуваме дека ние македонците од општината во име на соживотот бараме поделба по јазични смени. Се плачиме дека доколу се продолжи со мешани смени состојбата ќе се влоши, омразата ќе расте, конфликтите ќе се множат а соживотот нема да биде возможен во иднина. Струга била мултиетничка и пред вас и во име на соживотот бараме да ги исполните барањата на нашите деца со што ќе им се овозможи остварување на правото на безбедно образование кое им е гарантирано со Уставот на Р Македонија , стои меѓудругото во писмото упатено до евроамбасадоротм Фуере кој пак неодамна ги посети учениците и изрази загриженост за ваквата состојба. Според него е недозволиво да се прават етнички чисти смени во време кога земјава ги следи европските и светски трендови во образовниот систем. Фуере упати порака до училишните совети да работат заедно со родителите и професорите во изнаоѓање на взаемно прифатливо решение кое ќе обезбеди сигурност за учениците, и средина во која нема да се повторат инцидентите. На тричасовната средба која ја одржаа родителите на учениците македонци беа присутни и учениците македонци кои едногласно порачаа дека доколку не се створат услови тие не се враќаат во училишните клупи. Тие за време на викендите одработуваа дел од изгубените часови. За градоначалникот на Струга Рамиз Мерко одењето на настава само за викендите не е решение за проблемите

туку претставува самоволие на учениците и раководството на “Нико Нестор“. Мерко смета дека доколку етнички се поделат учениците ќе се наруши соживотот во Струга кој со години го граделе македонците и албанците. Владата пак неодамна најави дека е спремна да учествува во надминување на лошата ситуација а како крајно решение ја понуди и јазичната поделба. -Ние мора да обезбедиме услови за децата да посетуваат безбедна настава. Но доколку нема друго решение, решението ќе се бара во насока на поинакви технички организациски и други форми на посета на наставата од аспект на јазикот кој го изучуваат. Решението пред се мора да обезбеди безбедност на учениците без инциденти, рече вицепремиерот Зоран Ставрески. Околу 1200 учениците Македонци веќе месец дена ја бојкотираат наставата барајќи етнички чисти смени. Но ниту општината ниту раководителите на двете средни училишта ниту родителите засега не изнајдоа решение за тоа како ќе се одвива наставата во овие образовни центри. Проблемите кои неодамна ескалираа со масовни тепачки на меѓуетничка основа во заедничкиот двор на двете средни училишта каде има 3000 средношколци од мешан етнички состав, сега ќе се решаваат со протести.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

7


1

LOKAL

8

AMAK

PRES


ЛОКАЛ СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ОХРИД

КАРДИОЛОШКИ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ПРЕПУКУВААТ ЗА КИРИЈАТА

Р

ешние за спорот околу висината на киријата за користење на просториите на Кардиолошкиот центар ,со Сојузот на борците,се уште нема. Двете страни,Сојузот на борците и Кардилошкиот центар,за просторниот спор, бараат заедничко решение уште од крајот на минатата година.Борците нудат една цена ,а Кардиолокиот центар пониска од понудента.Поради ова засега спорот тешко дека брзо ќе се реши. Како времено решение, ние бараме надомест по четири евра за метар квадратен корисна површина, а Кардиолошкиот центар ни нуди едно евро.За нас овој износ е неприфатлив па дури и смешен,категоричен е претседателот на Сојузот на борците од Охрид, Крсте Крстаноски. Цената од четири евра по метар квадратен за нас е висока, и

не може да прифатиме толку висока цена,бидејќи се работи за голема површина.Тоа,би го нарушило нашето финансиско работење. Ние остануваме да преговараме и да изнајдеме заедничко решение.Во овој спор се вклучени Клиниката за кардиологија и Министерството за здрваство.Оптимист сум дека спорот на општо задоволство ќе биде решен, објаснува директорот на Заводот за превенција и лекување на кардиоваскуларните заболувања, доктор Никола Бакрачески. Како што вели директорот Бакрачески,ние повеќе сме заинтересирани да најдеме решение да го откупиме обејктот,за да можеме да го планираме својот натамошен развој,бидејќи нашата здраствена институција има сигурна перспектива. Кардилошкиот центар почна со работа од група доктори од Детската болница.Просторот во кој што е сега беше

југословенско одморалиште на војните инвалиди.Поради неискористеноста објектот беше проширен.Од тие причини Кардилошиот центар беше ослободен од плаќање кирија. Договор заврши на 31 декември минтата година.Но пет- шест месеци пред истекот на договрот , го информиравме Кардиолошкиот центар да се договриме за начинот и формата на користење,по истекот на рокот.По 50 години користење на објектот за смешна кирија,неможеме да прифатиме, да се отстапи на користење за уште толкав период по едно евро за метар квадратен, вели претседателот на Сојузот на борците од Охрид Крсте Крстаноски. К.С.

ЕВН И ПРОАКВА НЕ СЕ ПРОБЛЕМ НА ВЛАДАТА

М

ЈП Проаква и ЕВН верувам дека ќе најдат заедничко решение за подмирување на долгот. Владата не е составен дел од овој проблем. Таму каде што има наш дел ќе имаме причина да бидиме дел од решението на проблемот, но во другиот дел сметам дека решението треба да се бара во меѓусебните разговори помеѓу ЕВН и Проаква со учество на локалната самоуправа, ова е ставот на вицепремиерот Зоран Ставрески по постиг-

натиот договор на преставниците на двете компании за плаќање на долгот од 1 милион евра за потрошена електрична енергија. На последната средба беше договорено половина од долгот да се плати во готово, а останатиот дел од 500 илјади евра да се плаќа на рати. Општината и понатака останува на ставот дека Владата, односно Министерството за животна средина треба да се вклучи во подмирувањето на трошоците затоа што најголемиот дел од долгот

на Проаква се однесува за потрошена струја за работа на колекторот кој според општинските власти е во надлежност на Државата. Нова рунда преговори помеѓу ЕВН и Проаква е закажана за деновиве кога се очекува двете страни конечно да изнајдат решение за плаќање на долгот.

www.amakpres.com.mk

С.В

9


LOKAL

ЗА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК ОХРИД СО МУЗЕЈ НА ВОДА, ДО ГОДИНА СО КЛИМЕНТОВ УНИВЕРЗИТЕТ

Н

а крајот од октомври и почетокот на ноември ќе започне подигањето на Климентовиот универзитет на Плаошник, а за патрониот празник на Охрид, Св.Клименто Охридски, најверојатно ќе биде промовирана наколната населба кај Градиште. Ова ќе бидат резултатите од најновите археолошки истражувања во Охрид, изјави за Амак Прес , директорот на Управата за Културно –историското наследство, Паско К узман. На почетоков од месецов започнаа археолошките ископувања на Плаошник кои се продолжение на минатогодишните, тие ќе бидат во помал обем со помалку парични средства и работна сила. “ Веќе е подготвена проектната програма, што ќе предизвика распишување на меѓународен конкурс за возобновување на универзитетот“, истакна Кузман. “Што се однесува до наколната населба, односно музејот на вода кај Градиште, целиот зимски период се вршеше инпрегнација на дрвата , кои се основен градежен материјал. Дрвата ги набавувавме од Кичево, а потоа

фото Зум

ПАСКО КУЗМАН ЗЕДЕ ГОЛЕМ РАБОТЕН ЗАЛЕТ ги испраќавме во Словенија,каде во надлежни, стручни служби истите се

премачкуваат и заштитуваат со водоотпорни материјали.“ Во овој период тече тендерот за изградба на двете пристапни згради кај Градиште, а наскоро ќе биде распишан тендерот за изградба на наколната населба. До крајов на годинава најверојатно ќе завршат градежните активности, а наколната населба прв пат јавно ќе се промовира на 8-ми декември -Патрониот празник на градов. Што се однесува до информациите дека црквата Св. Богородица –Перивлепта тоне, Кузман ги отфрла како не точни и не вистинити. “Тоа се чисти шпекулации,црквата датира од 1295 година (13-век),ако тлото било меко одамна ќе беше потоната но изградена е на една од најцврстите површини во Охрид“, истакна тој. Во моментов се врши конзервација на живописот и архитектурата од црквата Св. Богородица Перивлепта. Се испитува тлото не затоа што црквата тоне туку со цел да се следат или статистичките особености на објектот. А. Белевска

НВО МАКЕДОНСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА И ИДНИНА ВО ОДБРАНА НА ИМЕТО

Н

евладината организација “Македонска цивилизација и иднина“ во која се вклучени неколку студенти, новинарот Миленко Неделкоски, генералот Горан Стојков, професорот Аристотел Тентов и режисерот Борис Дамоски одржа трибина на која со граѓаните на Охрид се разменија мислења околу актуелните политички состојби со името на Република Македонија. На трибината охриѓани ги слушнаа ставовите на оваа невладина организација, но, и тие имаа прилика да кажат што мислат за промената на името и членството во НАТО. Професорот Аристотел Тентов, пред охриѓани ги изнесе неговите сознанија за потеклото и историјата на нашиот народ како и напорите кои ги прави тој со неговите приврзаници во докажувањето и афирмирањето на македонскиот идентитет, самобитноста и

10

AMAK

PRES

потеклото, а се продискутира и за некои горливи прашања од историјата, како што е големата преселба на народите, која денес пополека се оспорува дури и во Руската академија на науките. Миленко Неделкоски ги искритикува медиумите во Македонија, за кои јавно рече дека се во рацете на одредени луѓе кои водени до бизнис и лични интереси медиумите ги окупираа и од нив направија приватни бастиони за продуцирање на лична моќ, и детално појасни со какви опструкции се соочувале членовите на неговата невладина организација, почнувајќи од работните места, факултетите на кои студираат па се до лични притисоци. Миленко со критики и до новинарската фела во Македонија за која даде жестоки критики. - Новинарската фела во Македонија најпрво не е изградена, а медиумите се

заробени од сопственици кои имаат политички амбиции кои никогаш нема да ги остварат бидејќи не се харизматични за да бидат избрани, а од друга страна имаат бизнис интереси за кои пак се спремни да ја продадат програмска шема , логиката но, не само тоа туку и државата на која територија зрачат програма – изјави Миленко Неделкоски. Охриѓани, бурно, со емоции и видна вознемиреност реагираа на можноста некој да се впушти во таква политичка игра за промена на името на државата и едногласно, бараа нови избори, на кои партиите ќе треба низ изборната кампања да се изјаснат дели се за или против промена на името, па потоа зависно од тоа како народот ќе гласа на изборите, властите да влечат легитимитет за да го сторат тоа. Љ.Таневски


СОВЕТИТЕ ПОВЛИЈАТЕЛНИ ВО ЗЕЛС

Н

а годишното собрание на ЗЕЛС што ќе се одржи на 24 април, ќе се верифицираат мандатите на 46-те делегати кои произлегуваат од Советите. Тоа значи дека за 20-тина дена советите активно ќе учествуваат во сите преговори на ЗЕЛС, во донесувањето на годишните програми , како и во преговорите со централната власт.Ова беше истакнато на состанокот на Иницијативниот одбор на кој учествуваа претседателите на советите од 13 општини од Југозападна

Македонија, што се одржа во Охрид. Од сега натаму советите ќе учествуваат во Управниот одбор на ЗЕЛС со тројца членови, а во надзорниот одбор со двајца. Ќе се формира осумчлен комитет на советите, а со по двајца претставници советите ќе партиципираат во постоечките комисии на ЗЕЛС. “Задоволлни сме од ваквиот начин на партиципирање на советите во ЗЕЛС. За нас овој чекор е голем,зошто во 2004/5 година беше укинат Домот на советите што значи ние се враќаме на

мала врата. Но сепак не можам да кажам дека во ЗЕЛС, советите ќе имаат рамноправно учество со градоначалниците. Генералното собрание има 85 делегати сите се градоначалници“, истакна координаторот на Иницијативниот одбор на ЗЕЛС, за Југозападниот регион, Владо Чингоски. Заложбите на Иницијативниот Одбор на советите за структурните промени во ЗЕЛС,траат една година. А.Б.

СПОРЕД КОНКУРСОТ ЗА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ОХРИД И РЕГИОНОТ ЌЕ ДОБИЈАТ16,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕКОЛОШКИ ПРОЕКТИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА !

О

хрид за еколошки проекти од Програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање, ке добие 6.1 милиони денари, дознава Ohridnews. Ако на тоа се додадат 4.3 милиони денари кои веќе се одвоени за просторниот план за Охридско преспанскиот регион, како и најавените 4.7 милиони за проекти во Струга и дополнителни 1.4.милиони денари за Вевчани , во регионот со поддршка на Министерството за животна средина во 2008 година

ќе се слеат 16.5 милиони денари, вели државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски. „Имаме извонредно добар моментум поврзан со финансирање на таканаречени еколошки проекти во Охрид“, изјави за Ohridnews, Паноски. Одобрените средства опфаќаат инвестирање во активности од од кои ќе бараме одговорно и стратешко поставување кон проблемот со отпадот и развивање на еколошките планови, додава Паноски. Од друга страна, вели тој, поддржани се и проекти кои ќе придонесат за

конкретно решавање на приоритетните еколошки прашања во Охрид како што се пред се реката Грашница и зачувувањето на Студенчишкото блато. Ако на тоа се додадат интервенциите на водоснабдителните мрежи во Долно Лакочереј и Вапила , можам да го изразам личното задоволство, како и на министерството, за тоа што сме придонеле за Охрид, вели Паноски. Ohrid news

СТАРАТА ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ УРИВА

ВО МАЈ ЌЕ СЕ ИЗГРАДАТ ДВЕТЕ ПУМПНИ СТАНИЦИ ОД КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ ЕЛЕШЕЦ-ПЕШТАНИ

Н

еодамна, заврши тендерот за изградба на двете Пумпни станици на Колекторскиот систем од хотелскиот комплекс “Метропол Белви” до Пештани.Комисијата за јавни набавки при Локалната самоуправа одлучуваше по пристигнатите понуди. На тендерот на кој беа пријавени неколку фирми за најповолни изведувачи се избрани Третото градилиште на “Гранит” од Охрид и фирмата “Хидро-еко инжинеринг” од Скопје. Фирмата “Хидро еко инжинеринг” ќе го гарди цевководот и монтирањето на машинскиот дел, а Охридски “Гранит” земјените, градежните и бетонските работи на Пумпните станици. Изградбата на двете Пумпни станици

на Колекторскиот систем од кои едната кај Автокампот “Елешец” а втората пред влезот на населбата Пештани интензивно ќе почне деновиве.Во текот на овој месец се очекува да пристигнат и двете пумпи кои се изработуваат во Шведска. Изградбата и монтирањето на опремата треба да заврши до крајот на мај,кога треба, и да биде ставен во функција Колкектроскиот систем од хотелскиот комплекс “Метропол Белви” до Пештани. Локалната самоуправа за изградбата на овој значаен еколошки комунален зафат на Охрид и крајбрежјето за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води, во должина од околу

три километри, инвестира сопстевни средства во износ од околу 3.000.000 евра. Со ставањето во функција на овој дел од Колекторскиот систем, конечно ќе се реши и проблемот со Канализационата мрежа во населбата Пештани.Досега проблемот со фекалната канализација во населбата Пештани, се решаваше со септички јами.Од минатата година во Пештани почна да се гради секундардна кализација,но сеуште не е целосно изградена.

www.amakpres.com.mk

К.С.

11


ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ РАТКО ЃОРГЕВИ – РАЦ, ИНОВАТОР НА УРЕДИ ШТО ШТЕДАТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

ДА ИМАМ ПАРИ ВЕДНАШ ЌЕ НАПРАВАМ ИНОВАЦИЈА, НЕ МЕ ПЛАШАТ НИ ГОДИНИТЕ НИ ЗДРАВЈЕТО век го поминал во техничката служба во скопското ЈП „Водовод“, од каде и се пензионирал. За малото дете со бистра глава и висок степен на интелигенција не биле толку интересни детските играчки и игри колку електротехничките помагала и уреди во домот. Најомилени предмети во училиште му биле физика и хемија и уште оттогаш го имал скроено својот професионален пат. Првата иновација за двостепено греење во канцеларии ја на-

Р

атко Ѓоргевиќ - Рац е еден од најпознатите македонски иноватори. Уредите што тој ги направил штедат електрична енергија околу 50-60 % и се наменети за топлински уреди во простории кои се добро изолирани, за канцеларии, соби за дневен престој и за спиење. Црногорецот кој детството и младоста ги минал во Белград, од 1963 година има постојан престој и живеалиште во Македонија. Завршил електротехнички факултет во Скопје, а целиот работен

12

AMAK

PRES

правил во 1970 година, овој уред не е продаден ниту патентиран, останал во Скопје во домот во кој тој и сопругата жи-

вееле долги години. “Иако мојата прва иновација, не беше продадена, односно не добив никаква финансиска помош, освен што заштедив електрична енергија во мојот дом во Скопје, пред две години почнав да правам нови иновации на кои овој пат посериозно им пристапив. Всушност лошата економска состојба и нискиот животен стандард ме наведоа на тоа. Електричната енергија последниве неколку години е многу скапа, и знаев дека мора да направам нешто што ќе ја заштеди, а при тоа просторијата сепак да биде загреана“,раскажува Рац. Првата негова иновација е термоакумулационен конвертор кој има две мермерни плочи. Од задната плоча воздухот што издувува има температура од 45, а оној што дува од предната плоча дава топлина од 90 целзиусови степени. Потрошувачката на грејното тело е 400 вати за 60 минути. Загрева простор од 8 метри квадратни ако е добро изолиран. Ова е првото, но и неединствено патентирано откритие на Рац. “За него имам сертификат од Заводот за патентирање од Република Македонија. Патентирањето ме чинеше 1000 евра, а таа сума е превисока за мојата пензија од 5000 денари, затоа моите наредни откритија не се патентирани, не сум моќен да платам сума од 20004000 евра колку што сега ми бараат. Финанс и с кат а


состојба не ми го дозволува тоа “ . Втората иновација на Рац е мерна станица за иноватори, а третата служи за автоматско полнење на термоакумулациона печка со време и подесување на температурата со која се заштедува 30% електрична енергија. Автоматски електронски бројач за напоредно подно греење е четвртиот направен уред по што следи и петтата иновација за напоредно автоматско електронско кварцно греење што заштедува 50% електрична енергија. Шестата иновација на Рац, грее без греач, има пластични цевки поставени вертикално и хоризонтално, се напојува со струја 3 пати по 380 волти, работи со трикомпонентна течност, а потрошувачката е 250 вати за 60 минути. Загрева простор од 4-5 метри квадратни. “Ниту еден мој изум ако се поставува во неизолирани и поголеми површини од предвидените не ги исполнува целите за кој е проектиран“,истакнува Рац кој вели дека последна негова иновација е автоматски електронски конвертор кој работи со четри греачи,

кои се гледаат преку огнооотпорно стакло, а позадината ја краси зелено светло. Автоматската електроника го командува грењето, а акумулираната топлинска енергија се издувува преку турбина. Потрошувачката е 500 вати на час. Загрева добро изолиран простор од 8 метри квадратни. Овој научник, Западно - Европските земји би го чувале како во “стаклено ѕвоно“, сите свои иновации ги направил со сретства издвоени од скромниот семеен буџет. “Секоја моја иновација е направена од парите издвоени од две инвалидски пензии, од сопругата и мојата. Од прилика еден мој изум чини 100 до 200 евра. Сум побарал помош од Републичката комора на Македонија, во која иако има фонд за иноватори, не добив позитивен одговор за барањето. Писмено се обратив и до Владата на Р. Македонија не знам дали ќе имаат врема за мојата молба. Иако за мене е голема за некои сумата пари што ја барам е смешна , 110 евра за мерен инструмент,“ вели Ратко кого не го плашат годините и здравствената состојба, со љубов и од

срце ги прави уредите кои штедат електрична енергија, а за чие создавање за жал нема пари. “Јас како иноватор да имам економска моќ и мала помош од државата , сум способен да конструирам електрична турбина што ќе произведува струја што би трошела 300 вати за 60 минути. Денес да ми дадат пари, веднаш ќе почнам со конструирање на уредот“, вели овој научник за чии иновации голем интерес покажуваат граѓаните но не и 55 –те македонски фирми што се занимаваат со греење. Човекот со висок степен на интелигенција,создавачот на грејни уреди кои за 50-60 % заштедуваат електрична енергија, во слободно време пишува поезија и проза на македонски и српски јазик,во кои ги опева или раскажува убавините или реалните случувања во Македонија и Србија.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

13


14

AMAK

PRES


ЛОАКАЛ

ПОЧИТУВАЈ ГИ СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ И НЕ ПАРКИРАЈ НА ТРОТОАР-КАЗНИТЕ СЕ ВИСОКИ

У

чесниците во сообраќајот се должни да се придржуваат кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци, во спротивно , сите кои ги прекршуваат одредбите на законот за безбедност во сообраќајот ќе добиваат соодветни казни од надлежните во сообраќајната полиција. Пеашаците ќе плаќаат глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност за преминување на црвено светло, односно 35 евра за преминување вон пешачки премин. Со паричен надомест од 45 евра , односно 25 негативни поени ќе се

казнат возачите кои своите возила ги паркираат на тротоарите плус дополнителни 1 600 денари кон ЈП Комуналец за подигнување на истото. За непочитување на сообраќајните знаци, сообраќајната полиција изрекува глоба од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка или регистрирање на 15 негативни поени. Моторциклистите кои управуваат моторцикал пред стекнување право за управување, ќе се казнуваат со глоба од 300 евра односно со 35 евра во денарска против вредност, за управување без заштитен шлем за возачот или лицата кои се превезуваат.

Со заеднички сили СВР-Охрид и локалната самоуправа, ќе воведуваат ред во сообраќајот. Ќе се затвораат неодбележаните премини преку коловозите,ќе има физичка поделба (оградување),помеѓу тротоарите и коловозите со соодветни сретства –бетонски столбчиња и метални огради со цел да се оневозможи паркирање на возилата на тротоарите , поставување на сообраќајни знаци за забрана за движење на моторцикли и велосипеди на одредени пешачки зони. А.Б.

НА ХУМАНИТАРЕН НАЧИН ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ВОЗАЧИТЕ

З

дружението на Возачи од Охрид, го одбележа меѓународниот ден на воачите, 31 март. По тој повод дел од вработените на ова претпријатие ги посетија децата заболени од церебрална парализа кои се лекуваат во Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија “Св. Еразмо“. Огромна беше радоста што се читаше на 30-тината детските ликови кога ги добиваа пакетчињата со предмети интересни и привлечни за нив. “Помош им е најпотребна на

оваа категорија луѓе. Затоа годинава одлучивме наместо награда за најдобар возач да дадеме подароци за оние најмилите и немоќните. Веруваме дека со одлуката на хуманитарен начин да го одбележуваме “светскиотден на возачите“ се задоволни сите, велат од Здружението на Возачи. Ова здружение со донирање на парични и друг вид средства учествувало во одржувањето на бројни манифестации во Охрид. А.Б.

www.amakpres.com.mk

15


ЛОАКАЛ ВАНДАЛИСТИЧКИ, ГРОЗОМОРЕН НАСТАН ВО ОХРИД

СО 39 УБОДИ ОД НОЖ ЈА УСМАРТИ СОПРУГАТА

Д

есеттина дена по убиство на Стојка Митреска, охриѓани се шокирани од грозоморниот,вандалски настан. На 26 март околу 7 часот наутро во семејната куќа на улица Александар Турунџев, Димитрија Митрески, со 39 убоди од нож, ја лиша од живот сопругата Стојка Митреска. По изваршувањето на свирепиот и животински настан, Димитрија свесно со повреди во градите и вратот се упатил во Охридската болница каде и бил згрижен, и веднаш е констатирано дека е надвор од животна опасност.Првично, Димитрија изјавил дека убиството го извршил соседот, Јован Петрески(51 година), со кого семејството Митрески не биле во добрососедски односи.

Полицијата разговарала со посоченото лице, но обвинувањето било веднаш отфрлено , бидејќи во критичното време тој бил на работа и не постоела никаква причина за нападот. По извршениот полициски увид во куќата на Митрески,пронајден е ножот со кој Димитрија,и нанел смртоносни повреди на главата, очите и вратот од жртвата. Пронајдена е и крвавата облека на убиецот , а се претпоставува дека самиот си ги нанел повредите. Истиот на полициските службеници и медицинските лица им дал изјави кои укажуваат дека тој е психофизички -нестабилна личност, нервно растроен, кој поради патолошката љубомора имал нарушени односи со сопругата. Се претпоставува дека во периодот

додека траело свирепото и подмолно убиство во соседната соба од семејната куќа се наоѓала слепата свекарва, односно мајка на убиецот за која се грижела Стојка. Таа само слушала караници од соседната просторија но за нејзина среќа не можела да го види грозоморниот, но реален чин. “Шокирани сме од убиството, тие беа во брак повеќе од 30 години, и имаат три ќерки со кои секој родител би се гордеел “, изјавија соседите. Против Димитрија Митрески е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека е сторител на кривичното дело-убиство. Ангела Белевска

ЦУНАМИ ВО ОХРИД

ВИСТИНСКА БУРА СО СИЛЕН ВЕТАР И ДОЖД ГО ЗАФАТИ ОХРИД НА КРАЈОТ ОД МЕСЕЦ МАРТ. НЕВРЕМЕТО НАНЕСЕ ГОЛЕМА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ЗА СРЕЌА ПОВРЕДЕНИ НЕМАШЕ

В

етрот, кој на поширокото подрачје на Охрид, дуваше со силина од над стотина километри на час, во последните денови од минатиот месец, ја одвеа покривната лимена конструкција на одделенијата за хирургија, психологија, за уво, грло и нос. Директорот на Општата Болница,Љубен Арнаудов, проблемот го оцени како мошне сериозен. “ Пациентите веднаш беа евакуирани и беа превземени сите мерки, за да не настанат дополнителни проблеми, и поголеми штети како пожар поради необезбедената инсталација“, изјави веднаш по несаканиот настан директорот, Арнаудов. Операционите сали во одделенијата за хирургија и гинекологија не работеа 10-ина дена, тие деновиве повторно

16

AMAK

PRES

проработеа, а дотогаш итните пациенти се испраќаа во болницата “Св.Еразмо“, и во општите болници во Струга и Битола, во зависност од дијагнозите. За настанатиот проблем, управата на Болницата, веднаш ги известила сите надлежни органи. Во ноември минатата година владата одобрила пари за санација на овие две оделенија, но, според програмата, тие пари требало

да се искористат на крајот од мај годинава. Мака со ветрот не видоа само вработените и згрижените во Општата болница, туку и пазарџиите во градскиот пазар. Силниот ветар буквално ги откорнуваше и расфрлаше, импровизираните дрвени покриви од тезгите. Ветрот го разбрани Охридското Езеро, правејќи бранови фото Зум високи до 3 метри. Најмногу настрадаа чамците закотвени покрај брегот, а поголемите пловни објекти кај каналот „Студенчишта“ и градското пристаниште не беа оштетени. Вакво невреме и силен ветар и бранови во Охрид, немало во минативе 30 години. А. Белевска


www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025 КУЛТУРА

www.amakpres.com.mk

17


КУЛТУРА

СТРАНСКИ УМЕТНИЦИ НА 20-ТО ИЗДАНИЕ НА ПОЕТСКАТА НОЌ ВО С.ВЕЛЕСТОВО ГОДИНЕШНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА НАМЕСТ ЕДНА ЌЕ СЕ ОДРЖУВА ДВЕ НОЌИ. ВО КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР ШТО ЌЕ СЕ ОТОРИ НЕПОСРЕДНО ПРЕД НАСТАНОТ ЌЕ ИМА ДВА ИЗЛОЖБЕНИ САЛОНИ,МИНИ КУЈНА И ОСУМ АПАРТМАНИ ЗА УМЕТНИЦИ ОД ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО

фото Зум

Ј

убилејното 20-то по ред издание на манифестацијата, Поетска ноќ во с.Велестово, ќе биде спектакуларно и различно од минатите.Прв пат годинава културните збиднуваења наместо една ќе траат две ноќи. За прв пат годинава дел од програмата ќе се реализира во новиот Културен центар, односно во просториите од некогашното селско училиште, Иван Шаптески, што во моментов се реновира а се очекува да се отвори пред почетокот на настанот. Годинава прв пат учество ќе земат не само домашни туку и странски уметници со цел настанот да добие меѓународен карактер, Овие новини за културниот настан што ќе се одржи на 14-ти и 15 август во с.Велестово ги соопшти организациониот одбор на неодамнешната средба со новинарите „ Манифестацијата ќе трае две ноќи,првата-традиционална, ќе се одржува сред село, а втората ревијалната на која ќе се претстават досегашните уметници, ќе биде во Културниот центар. Програмата ќе биде збогатена со ОФ -настапи, и во тие 2-3 дена, Велестово ќе биде глобално уметничко село, во кое различни групи уметници ќе пишуваат , сликаат и музицираат. Годинава прв пат во селово ќе слика

18

AMAK

PRES

познатиот американски сликар, Дик Робертс. Неговото учество не поттикна и во иднина да покануваме странски уметници со што манифестацијата би добила меѓународен карактер“,рече претседателот на организациониот одбор , Славе Ѓорго-Димоски. Американскиот уметник, Дик Робертс, ќе слика заедно со нашиот афирмуиран сликар Сергеј Андреески. “Робертс, е голем македоман кој од срце ја сака и поддржува самобитноста и културата на земјава. Со него ќе сликаме на тема, “Александар М акедон-

ски“, истакна Андреески. Годинашното издание на поетската ноќ, е поддржано од локалната самоуправа од Охрид,која за реновирање на старото селско училиште и патот кој води до него, односно подигање на Културниот центар,издвои околу 7 милиони денари. “Верувам дека со изградбата на Културниот центар во Велестово, бројот на љубителите на уметноста ќе биде поголем, а создадените содржини чии сведоци ќе бидеме ние ќе бидат побројни и поразновидни. Манифестацијата ќе има адекватен простор што одговара на нејзиното реноме. Овој објект доволно зборува за напорите на локалната самоуправа на планот за културата и нејзиното дисперзирање надвор од општинскиот центар“, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Културниот центар во Велестово, што ќе се отвори во август, непосредно пред почетокот на манифестацијата ќе работи преку целата година. Во него ќе има два изложбени салони,мини кујна и осум апартмани во кои бесплатно ќе престојуваат уметници кои на платно, хартија или музички ноти ќе ги пренесуваат убавините на Охрид. Ангела Белевска

фото Зум


ВО ОХРИД

ОСУМ ВРЕДНИ ИКОНИ ОД ОХРИД ЌЕ ПАТУВААТ НА ИЗЛОЖБА ВО ЛОНДОН !

О

сум охридски икони ќе патуваат во Лондон на големата изложба насловена како «Византија 330-1453» која ќе се одржи од 25 октомври оваа година до 22 март 2009 г., информираше Министерството за култура. Во Кралската Академија на уметностите во Лондон ќе бидат изложени иконите : Архангел Гаврил од Благовештението (12 век), Богородица од Благовештението (12 век), Крштевање Христово (14 век), Слегување во Ад (14 век), Неверство Томино (14

век), Литиската икона со Богородица Душеспасителка (аверс) и Распетие Христово (реверс) (14 век), Исус Христос Пантократор (14 век), Богородица Психосострија (14 век). Овие вредни дела се чуваат во Галеријата на икони во Охрид. Иконите кои ќе бидат претставени на големата иложба во Лондон ќе бидат осигурани и соодветно заштитени, информираат од Министертсвото за култура.

ВО ОХРИД

“ОХРИДСКИ РАСКАЗИ“ ОД ЗОРАН КОВАЧЕСКИ

Н

еодамна пред Охриѓани во општинската зграда се одржа промоција на збирката раскази,“Охридски раскази“, од роднокрајниот автор, Зоран Ковачески. Ковачески е познат, судија, општественик и деец на кого животната судбина не му допуштила да се радува со плодовите на сопствениот труд. Прерано замина на другиот свет за неговата книга деновиве да ја претстави и промовира, проф. д-р Венко Андоновски. Големата литература, никогаш не збо-

рува за едно време, и еден простор, човекот е суштество на мечтата .Тој круг на постојано селење го наоѓате како основен мотив во расказите на Зоран Ковачески. “Во делата на Зоран Ковасчески, го имате местото каде тој е роден, каде му се корените , го имате и оној универзален човечки копнеж, да се биде на друго место. Во неговите раскази се гледа, топос-она каде што сум јас и утопос,она каде што би сакал да бидам. Таа дихотомија ја имате во сите

светски големи книжевности“, истакна промоторот, Андоновски. Ковачески во своите книги ја исмева и критикува паланечката свест. Таа е состојба на духот , што го тера човекот да го уништи успехот на другиот. Потписот на авторот стои позади романите: “Семејна фреска“, “Летачи на метли“,“Одмазда“, “Историја на своето дело“, како и збирките раскази: “Охридски приказни“,“Аристотел од Ресен“, “ Пејач“, и “Кога не пеат петли“. А.Б.

www.amakpres.com.mk

19


SPORT ВЛАТКО НЕДЕЛКОВ НАЈДОБРИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ВО АМАК СП

ИГРАМ ЗА ОХРИДСКАТА ПУБЛИКА ЧЕСТ Е ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ КОЈ ЈА ИСПИШУВА КОШАРКАРСКАТА ИСТОРИЈА ВО ОХРИД

В

латко Неделков најдобриот дефанзивен играч во редовите на АМАК СП. Почетоците во кошарката ги направил на 14 годишна возраст, а пошироката кошаркарска јавност го знае по настапите во кадетската репрезентација. За себе вели дека е среќен човек „Животот ми е исполнет со кошарката, другарите, пријателите а најсреќен ме прават мојата девојка Соња и тригодишната внука Матеја“ Зад него нестојат големи бројки, но публиката го сака поради неговата енергичност, борбеност и желба да се совлада противникот. -По природа сум темпераментен и за мене нема пораз. Сета

20

AMAK

PRES

таа енергија ја пренесувам на терен. Доколку имам улога во поентирањето на моите соиграчи кои имаат задача да постигнуваат кошеви, а тоа најчесто се Џарид и Фрај тогаш навистина сум задоволен од мојата игра без разлика на поените кои ќе се запишат зад моето име , вели велешанецот Влатче кој кошаркарската кариера ја започнал во “Жито Вардар“, три години потоа поминал во ФОН Струга додека минатата сезона од Фени Индустри премина во АМАК СП. -Посебно мотивирачки за мене се натпреварите против мојот поранешен тим Фени Индустри. Целиот свој „бес“ го изразив на последниот натпревар кој го одигравме дома и верувајте ми да се победи освојувачот на Купот на Македонија не е мала работа. Од тогаш ме препознаваат на улица и не ретко ме застануваат да ми честитаат за победата и добрата игра, вели Неделков. За него вистинско задоволство е да се

биде дел од тимот кој ја испишува кошаркарската историја во Охрид. -Играм за охридската публика која дефинитивно е најдобрата во земјава, публика која е најголемиот „виновник“за сите успеси кои ги постигнавме на домашен терен. Охрид дефинитивно станува спортски град што е мотив плус да се постигнуваат резултати. Според него АМАК СП е тимот во кој сака да ја продолжи и следната сезона. Задоволен е од условите, но и од управата и претседателот на Клубот, Венко Шапкар кои направиле се овие млади кошаркари да прераснат во вистински професионалци, вели „ не размислувам каде понатаму, тука во АМАК СП со задоволство би останал “ Инаку и покрај тоа што поголем дел од времето го поминува во сала, на тренинзи и натпревари, Неделков е апсолвент на правосудните студии на ФОН. Во слободно време најчесто е на кафе со пријателите во Аквариус, Кадмо и Ликвид а чест посетител е и во кладилниците. Поразот на Манчестер може навистина да го изнервира но, како што вели тоа е тимот за сигурна добивка. Неговото мото е „прави се што мислиш дека е добро“ Неподнесува лаги и дволични луѓе па поради тоа среќен е што е опкружен со вистински пријатели.

Сузана Вренцовска


„ПЕТЛИЊАТА“ ОД ФК ВОСКА ЈУНИОРС ЛЕТНАА ВО СКОПЈЕ

ПОБЛИСКУ ДО „ОЧИТЕ“ НА ГОЛЕМИТЕ КЛУБОВИ

Ф

К „Воска Јуниорс“ од Охрид од неодамна учествува во Скопската лига која е во организација на Фудбалската федерација на Македонија каде учествуваат екипите на ФК Вардар, ФК Работнички, ФК Македонија Ѓ. П и други тимови кои имаат и традиција и квалитет. Според претседателот и главниот спонзор на Воска Јуниорс, Ристе Трајкоски ваквата одлука се должи пред се поради побрзата и подобра афирмација на младите фудбалери како идни професионалци. -Ова се случува за прв пат во Охрид некоја екипа од младите категории да се натпреварува надвор од својот град

или регион. Секоја недела патуваме за Скопје на натпревар иако бевме свесни дека децата се премногу мали за тоа. Но оваа генерација на фудбалери ни дава за право да превземиме ваков чекор затоа што сме свесни дека се многу фудбалски талентирани и земајќи учество во Лига во Скопје тие ќе бидат поблиску до „очите“ на поголемите клубови, вели Трајкоски. Засега за четири дечиња од Воска Јуниорс од генерацијата 95/96 веќе има интерес да влезат во репрезентацијата на петлиња, а за дел од нив Клубот остварил контакти и со директорот на Академијата за спорт и млади од Шведска. И на останатите, учеството во оваа

лига ќе им овозможи да го продолжат своето образование во Скопје каде ќе продолжат да ја градат и фудбалската кариера. Инаку, младиот тим на Воска Јуниорс засега е помогнат само од градоначалникот Александар Петрески кој редовно им го обезбедува превозот до Скопје. Во организација пак на ФК „Воска Јуниорс“ во мај оваа година осумте екипи од оваа лига ќе допатуваат во Охрид на турнир. Сузана Вренцовска

НА ДВЕ КОЛА ДО КРАЈОТ НА РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ

АМАК СП СИГУРЕН НА ТРЕТАТА ПОЗИЦИЈА Е кстра мотивирачки делуваат зборовите дерби, фаворит на младиот состав на АМАК СП. Тимот кој за примарна цел си го постави пласманот во разигрувањето на крајот завршува на третата позција, оставјки ги зад себе кошаркарските гиганти како Фершпед Работнички и МЗТ ФОН Скопје. Во еден здив ја играат втората фаза од натпреварувањето “езерџиите“ кои се како пеницилин за фаворитите. На два пати совладан акутелниот шампион Струмица ,прво во Охрид 83-74., потоа во Струмица 8994 пораз по кој почна да се ниша тлото под нозете на Давитков, за да на крај резултира со негова смена. Откако во “Јасмин“ се извлече по две продолженија лидерот Фени Инд надигран и совладан во Билјанини, 82-75 со што АМАК СП е единствениот тим во лигата кој има резултатски егал 2-2 со милионскиот тим од Кавадарци. -Добивме една голема екипа и ова за нас

е голема победа. Ретко кој може да го добие два пати освојувачот на купот на Македонија а тоа нам ни успеа. Игравме максимално борбено и концентрирано што беше доволно за триумф, рече по натпреварот тренерот на АМАК СП Игор Гацов. Десертот доаѓа на крај. Митот за Работнички прво беше срушен на охридскиот

брег 83-78,а на паркетот во “Градскиот Парк“, во исцрпувачака битка ,тринаесет кратниот првак Работнички беше совладан со 94-90. - Прекрасна победа за нас. Оваа победа ни го отвора патот кон 3. место, Одигравме борбено, натпреварот беше многу изедначен, и се радувам што победивме. Ме радува и фактот што на крајот бевме испратени со аплауз од скопската публика. – е изјавата на тренерот Гацов. Единствената слабост охриѓани покажаа ја на мечевите со Мзт Фон. Но затоа тука е разигрувањето , нели .

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

21


OGLASI PISMA KULTURA

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во нашиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ. Се продава плац 66 метри Продавам чистени полжави. квадратни,поволен за градба, во Варош тел: со поглед на езеро (без маркица) 070/ 525 - 524 Информации на телефон: 071/ 751 - 771

Издавам куќа на ‘‘ Јане Сандански‘‘ бр. 100 тел: 071/ 498 - 435

Се продава плац со две локации на ул. 130, во населбата Радојца Новичиќ - до училиштето тел: 046/ 268 - 651 071/ 559 - 057

Продавам дрвени врати со каси. Телефон: 253 - 881 и 070/ 485 - 224

Се продава плац од 370 метри квадратни со маркица во Љубаништа веднаш до патот, со вода и струја. Цена 40 Евра за метар квадратен. Информации на телефон: 02/ 322-6672

Се продава мини апарат за лифтинг за професионална но и домашна употреба.Телефон: 070/ 212 - 784

Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, поволно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.

Барам стан под кирија на подолго време, наместен со големина од 80 до 100 метри квадратни. Телефони: 266 - 208 и 070/ 144 - 117 Продавам перална “ Ободин “; телевизор Шарп, нов бојлер; комплет санитарија за купатило.Цена по договор. Телефон: 071/ 32 - 64 - 63

Професорка по македонски јазик дава часови на матуранти, пишува есеи, состави, писмено прераскажува, лектири, пишува проектни задачи за матуранти (освен математика, информатика и физика) , пишува семинарски теми за студенти. - час 60 мин.----------------------------------- 300 ден. - проектни задачи -----------------------------1.000 ден. - есеи ------------------------------------------- 400 ден. - состави за писмена--------------------------300 ден. - писмено прераскажување на лектири---500 ден. - семинарска задача---------------------------1.000 ден. моб.тел. 070/615 485

22

Се продава електрична печка 3 “АЕГ “ со постоље. Цена 50 ЕУР, два каучи по 1.500 денари, сандак замрзнувач по цена од 50 ЕУР, тепих и проточен бојлер АЕГ- цена по договор.

AMAK

PRES

Издавам 3 деловни простори новоградба со површина од 37; 25; и 18 метри квадратни по 5 Евра метар квадратен. Телефони: 268 - 455 и 070/ 474 - 274.

Се продава “ Југо “ во возна состојба. Цена околу 1.000 Евра. Телефон: 252 -187.

Се продаваат 10 метални каси за кафетерија и 40 столови од ковано железо со тапацир. Цена 800 Евра комплет. Телефон: 078/ 302 - 000

Се продава место во с. Велгошти погодно за градба. Телефони: 288 - 592 и 070/ 525 - 524

Се продава мини апарат за лифтинг за професионална, но и домашна употреба. Се продава електричен апарат за маникир и педикир со 40 опции. Цена 3.500 денари. Телефон: 070/ 212 - 784.

Се продава лежај,добро сочуван.Цена по договор. тел: 046/ 267 - 993


ЕФЕКТИ

www.amakpres.com.mk

23


MAKEDONIJA

- MOJATA DR@AVA

Obrazoven centar, Ohrid, {tip

Do 31.05

REZERVACII NA MESTA: OD 4-TO ODD. OSNOVNO DO 1-VA GOD. SREDNO U^ILI{NA NASTAVNA PROGRAMA 1. M A T E M A T I K A 2. A N G L I S K I J A Z I K 3. I N F O R M A T I K A 4. M A K E D O N S K I J A Z I K 5. P R O G R A M I R A W E 6. F I Z I KA 7. H E M I J A

MATURA x MAKEDONSKI JAZIK x MATEMATIKA x ANGLISKI JAZIK x INFORMATIKA x FIZIKA x HEMIJA x BIOLOGIJA x PROEKTNA ZADA^A x ISTORIJA x GEOGRAFIJA x MUZI^KA UMETNOST x LIKOVNA UMETNOST

8. B I O L O G I J A Testovi na znaewe za: osnovni {koli, sredni {koli, matura, fakulteti, vozrasni,... Testovi: pedago{ki. psiholo{ki, za inteligencija, e-testing,... Nastava: podgotvitelna, tutorska, priemni ispiti, matura, za vozrasni, e-u~ewe,...

www.pisi.com.mk e-mail: pisi@mt.net.mk

++ 46 230-560; 46 230-561; 46 230-562

++ 32 380-418


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 86 by alan.kaou - Issuu