Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 85 25 Mart 2008

НАЈНИСКА ПЛАТА ИЛИ СУВА ПОЛИТИКА

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

ДРАГАН РИСТЕСКИ

definitivno najevtino

АМАК СП ЈА ЗГАЗИ СТРУМИЦА

ВЛАДО ВО АМЕРИКА НА ОБУКА – ВМРОВЦИТЕ СО СТАРИОТ СИНДРОМ


DA NAPRAVIME REZIME

ОЈ ЕВРОПО СТАРА БЛУДНИЦО ВАВИЛОНСКА

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk

За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска Крсте Спасески Мирко Постолоски Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски Велимир Џамтоски Лектор: Милчо Јованоски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES

Децениската битка за името влегува во своето финале. И сега кога влегуваме во финишот Грција се потпре на вечната блудница Европа, таа стара дама, која со векови никој на светската сцена не ја шиба и никој не ја онади. Па така неонадена дама стара почна повторно да ги исфрла на површина своите фрустрации и сега дојде до тоа дереџе Франција, земјата која сама еднаш истапи од членство во НАТО да ни кажува нас како да сме се викале. Воопшто не ми се чудни изјавите на претседателот плеј бој кој заради тоа што во Солун објавиле книга за него, јавно кажа дека морал да е на страна на Грција. Па ако е за книги, тогаш еве јас јавно се нудам да ми раскаже нешто за неговиот живот и ќе му напишам 10 книги ако сака. Не е важно каков квалитет ќе имаат, важно е да му се посветени нему и да не се плука по него во нив.Сите гледаме дека неговата бивша жена објави книга во која го нарече прецизно со зборовите блудничар и дупач. Блудна Европа, блуден Саркози. . .си се нашле. Но блудната Европа не ја прави блудна Саркози. Тој е нов блудничар на светската политичка сцена, а Европа како што веќе кажав е стара,стара блудница, која со векови блудничи на светската историска сцена. Европјаните кога го освојуваа светот целиот го изблудничија. Па колку ли војски силувале се пред себе. Злосторствата на Европа се и материјални. Европските демократии го ограбија цел свет. Ја ограбија Индија, Африка, Кина, Пацифик, Јужна Америка и се што можеле да покорат и експлоатираат тоа му го направиле.Копаа злато, дијаманти, разноразни рудни богатства, исекоа цели џунгли, ма кратко и јасно кажано ограбија се што можеа да ограбат од оваа планета. Културните и цивилизирани Европјани ги истребија китовите, слоновите и направија партали секаде каде што поминаа. Европјаните пробаа да ја експлоатираат и Америка,ама таму се зезнаа и добро е што е така. Европа е и колевка на Холокаустот. Тој се роди токму во Европа и сотре милиони Евреи, а Европјаните беа доволно луди да ги направат и двете светски војни. И така злосторничката Европа денес прави уште еден модерен злостор, повторно блудничи, ама сега политички и модерно и се обидува нас да не прекрсти.Вистински културоцид. Тоа е нешто ново за старата блудница. Од како Европјаните испоубија милиони индијанци, убиваа паралелено по цел свет, милиони црнци однесоа во ропство и сотреа цели народи, сега еве се обидуваат дури и да прекрстат еден народ. Но, дали стара блудничарка еден ден ќе одговара за се што стори на оваа планета? Дали империите ќе ги вратат парите и богатствата кои ги ограбија од светот? Дали ќе го вратат културното наследство кое го ограбија од Кина и Египет? Дали ќе вратат од тоа што е ограбено . . ..Секако дека нема да вратат ништо, се љубоморно ќе си чуваат кај нив, а сами знаат дека нивната благосостојба почива на ограбената планета. А каде е тука сега Америка. . .Право да ви кажам незнам, ама знам дека аа не призна пд уставно име и за тоа нема што друго да се рече освен,Господе благословија Америка во која најверојатно сега се прават анализи дали НАТО ќе падне на Балканот. Знаат и тие сами дека овде кај нас дошле сите империи и потоа пропаднале. . .Од онаа на Александар Македонски, па Римската, Византиската, Турската, па се до фашистичката. Сите не освоија и потоа пропаднаа. . . Да не го фати НАТО мајата на претходните империи ? ? ? Е тоа не знам, ќе видиме. . .Ама како што гледам банкарската империја Сосиете Женерал од како влезе кај нас, секоја недела по една нова милионска афера има. Изгледа нив веќе ги фати мајата.


LOKAL

www.amac.com.mk/novini

3


ЛОКАЛ ЕВН И ПРОАКВА ПРЕГОВАРААТ-РЕШЕНИЕ НЕМА

ГРАЃАНИТЕ СТРАВУВААТ ДЕКА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ВОДА

ДОКОЛКУ ЕВН НЕМА РАЗБИРАЊЕ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА МИЛИОНСКИОТ ДОЛГ ОД „ПРОАКВА“ ПРЕДУПРЕДУВААТ ДЕКА ПОСТОИ ОПАСНОСТ 150.000 ГРАЃАНИ НА ОХРИД И СТРУГА И ОКОЛНИТЕ МЕСТА ДА ОСТАНАТ БЕЗ ВОДА, А КОЛЕКТОРОТ НАМЕСТО ПРЕЧИСТЕНИ ВОДИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ДА ИСПУШТА ФЕКАЛИИ БИДЕЈЌИ ОПШТИНИТЕ СО БЛОКИРАНИ ЖИРО-СМЕТКИ НЕ МОЖАТ ДА ОБЕЗБЕДАТ ПАРИ. Менаџерите на дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија и на охридското јавно претпријатие „Проаква“, ги продолжуваат преговорите за конечно прифатливо решение за подмирување на милионскиот долг што ова јавно претпријатие го има према ЕВН. Австриците не попуштаат и во период додека траат разговорите, за тоа како ќе се плаќа заостанатиот долг за струја, ја исклучија „Проаква“ од електричната мрежа, неколку часови со што престанаа со работа пумпните станици. Од Проаква изразија загриженост за ваквата состојба. Велат, дека доколку прекинот бил и подолго време постои опасност 150.000 граѓани на Охрид и Струга и околните места да останат без вода, а колекторот наместо пречистени води во Охридското Езеро да испушта фекалии бидејќи општините со блокирани жиро-сметки не можат да обезбедат пари. Првиот човек на „Проаква“ Бранислав Трпчески на преговарачка маса ги понудил 15-те трафостаници чија сопственост е на општините Охрид и Струга а се со вредност од 700 илјади евра а остатокот би се подмирил со банкарска гаранција. ЕВН пак бара плаќање во готово односно 500 илјади со пари а остатокот од половина милион да се обезбеди со банкарска гаранција. За челниците на ЕВН неприфатливи се понудените трафостаници кои, според нив, веќе се во нивна надлежност со самото преземање на ЕСМ. Но вака не размислува локалната самоуправа на општина Охрид. Од тамо се децидни- доколку ЕВН нема разбирање општината ќе преземе радикални мерки и нема да им дозволи пристап до трафостаниците а со тоа граѓаните ќе останат и без вода и без струја. -Побарувањето на ЕВН во износ од 60 милиони денари е долг направен од Колекторскиот систем за пречистување на водата во Охридското Езеро. Сега

4

AMAK

PRES

доколку ЕВН сака да исклучува струја тоа нека го направи само врз пумпите на Колекторот а не и на системот за водоснабдување на граѓаните со вода за пиење, вели Петрески. За него виновник за вака големиот долг е самата држава која стопанисува со Охридското Езеро. Во најлош случај доколку не се постигне договор и ЕВН по втор пат ја исклучи Проаква од електричната мрежа, како решение е природниот доток на вода од Рамне, Велгошти и Орман со околу 200 литри вода во секунда, но, според надлежните во Проаква ова е привремено решение. Директорот на Проаква смета дека е неоправдан ваквиот потег на ЕВН во период кога се бара решение за проблемот. За да го плати долгот за струја, Проаква започна да ја исклучува водата на подрачните единици на министерствата и на јавни установи, кои должат 200.000 евра, Центарот за култура„Григор Прличев“, студенскиот дом„Никола Карев“ , подрачната единица на „Македонија пат“ а од исклучување не куртулија ни управните згради на Здравствениот дом и на општата болница, како и индивидуалните корисници, кои со години не ги плаќале сметките. Сузана Вренцовска

ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ЈА ТУЖИ ДРЖАВАТА Општина Охрид во текот на оваа седмица ќе поднесе тужба против државата со која ќе бара да се испалтат 0.1 % од секој киловат час произведена електрична енергија, а за чие производство се корситени водите од Охридското Езеро. Општианта на овој начин ќе се

обиде да ги напалти средствата кои со децении дрќавата не и префрлала, а на тоа е законски обврзана. -Езерото и припаѓа на државата, крајбрежјето таа го стопанисува, водниот и рибниот фонд се исто така нејзино бгатсво, а во оваа ситуција сите трошоци кои произлегуваат од заштитата на тоа државно бгатсво ги сноси Охрид и неговите гражани. Се гледа дека зад исклучувањето на пумптие за вода во Охрид иволвирани се политички игри бидејќи се исклучуваат пумпни станици од електромрежата, а ние за нив имаме палтено струја, истовремено не ги исклучуваат пумпите од колекторт за кои реалн должиме пари. Тоа се двојни аршини и нелогичности, но сепак се надеваме дека денес со ЕВН ќе изнајдеме заедничко решение и нема да мора да примениме и ние конрамерки како што се применија во Струга- изјаво градоначалникот на Охрид Алесандар Петрески. Петрески вели дека доколку се додје до заедничко решение и се постигне компромис со државата, Охрид тужбата ќе ја повлече и спорот ќе се стопира, а ако не тогаш ќе се оди до крај по судски пат бидејќи сите влади до сега одбегнале да уплатат 1 денар од средствата кои со закон му следуваат на Охрид за произведена електрична енергија од водите на езерото кои се испуштаат преку реката Црн Дрим. Проаква на ЕВН му должи околу 1 милион евра за потрошена електрична енергија. Оовој долг се сбирал за период од 10 години, додека за истиот период Проаква направила ненаплатени побарувања кон граѓани и фирми во виснина од 6 милиони евра.

Љупчо Таневски


ЛОКАЛ

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ГОДИШНИТЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ

Н

а 15 овој месец, беше последниот рок за поднесеување на Годишни даночни пријави за утврдување на персонален данок на доход за 2007 година. Оваа обврска за физичите лица задолжително произлегува согласно Законот за персонален данок на доход. Персонален данок на доход, се обврзни да плаќаат физичките лица кои остваруваат лични примања,приходи од самостојна дејност,приходи од имот и имотни права,приходи од ав-

торски права, права од индустриска сопственост,приходи од капитал, од игри на среќа и други приходи. До законскот рок 15 март, до Управата за јавни приходи Даночно одделение Охрид,се поднесени 1.069 Годишни даночни пријави, или 686 пријави повеќе од минатата година.Лани за 2006 година биле поднесени само 383 пријави. Значително зголемениот број на поднесени пријави во оваа, за минатата 2007 година, во Управата за јавни

приоходи,велат дека е резултат на навременото информирање на граѓаните, рамната стапка на данокот од 12 отсто, за сите даноци на доход и санкциите на кои подлежат физичките лица.За неподнесување на Годишни даночни пријави,казните се движат од 500 до 1.000 евра во денарска противредност. К.С.

СО ОДЛУКА НА ВАДАТА

ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ НАМАЛЕНА ЗА 50 НАСТО

Г

раѓаните кои имаат стекнато градежно земјиште со договор за купување на недвижности ,по национализацијата подлежат на обврска за плаќање на надомест за приватизација на градежно земјиште. Оваа уредба Владата ја донeсе на 17

јануари 2005 година, и важеше до почетокот на 2007 година.Но поради временскиот теснец за реализација на овој процес,постапката е продолжена до јануари 2009 година. Висината на надоместокот за приватизација на градежното земјиште

кај граѓаните предизвика лавина реакции, но не помали беа реакциите за турканиците, долгите чекања и губење нерви пред шалтерите.Од тие причини Владата на 18 февруари годинава го намали надоместокот за 50 насто од првобитниот износ,вели раководителот на Управата за имотно правни работи-Одделение за управна постапка на Министерството за финансии Лупка Попеска. Градот Охрид е поделен во три зони по кои ќе се плаќа приватизацијата на градежното земјиште. Во централното градско подрачје износот е 700 денaри за метар квадратен за индивидуална сопственост, а 360 денари за колективно живeње, втора зона е 560 денари за индивидуална и 300 денари за колективно станбена изградба. Рокот за поднесување на барања за приватизација на градежното земјиште во државна сопственост е продолжен до 25 јануари 2009 година. По овој рок , граѓаните не ќе можат да го приватизираат градежното земјиште, и ќе склучуваат договор за времен или долготраен закуп со државата. К.С.

www.amakpres.com.mk

5


ПОЛИТИКА

ВЛАДО ВО АМЕРИКА НА ОБУКА – ВМРОВЦИТЕ СО СТАРИОТ СИНДРОМ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА О.К. НА ВМРО ДПМНЕ ОД ОХРИД, ВЛАДО СТЕФАНОСКИ ПРЕСТОЈУВАШЕ ВО САД КАДЕ ПОСЕТИ ОБУКА ЗА МЕНАЏЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО. ОВА ГИ РАЗГНЕВИ НЕГОВТЕ СОПАРТИЦИ КОИ ВО МЕДИУМИТЕ РЕАГИРАА ДЕКА НЕГОВИОТ ПРЕСТОЈ ТАМУ БИЛ ИЗДЕЈСТВУВАН СО ВРСКИ.

В

ладо Стефановски, претседател на О.К. ВМРО ДПМНЕ од Охрид, заедно со уште 14 директори на болниците е на осумдневна обука за менаџмент и лидерство во САД, во државата Минесота каде ќе учи како да управува со болниците.Ова патување на директрите државата ќе ја чини 60 000 долари или по 4.000 долари од човек. Парите се обезбедени со последниот заем од Светска банка и ќе се отплаќаат од буџетот во наредните неколку години –Владо Стефаноски е началник на трудова медицина, а не е директор, туку е подчинет на Митко Дабески и Александар Гушевски како директори. Тој со што ќе менаџира кога ќе се врати во земјава не ни е јасно, реагираат луѓе кои беа ангажирани во односите со јавноста кога со Општинскиот Комитет ракводеше поранешниот состав. - Пред два месеци ми се јавија дека сум планриан да одам во Америка и Анкара и тоа беше тоа. После не ми се јавија од министерство. Пред неколку дена ми стигна извесутвање за да одам во Анкара, но сега имам здравствен проблем и најверојатно нема да одам ни таму – ни изјави директорот на општата болница Љубен Арнаудов. Тој додава дека во сето ова гледа една ниска полтичка пресметка која не и носи добро на паритјата.

6

AMAK

PRES

-Јасно е дека некој злоупотребува лични врски со медиуми за лични цели. Многу е лошо што некој ја злоупотребува партијата за лични интереси и пласира вакви безначајни информации. Некој сметал дека треба Владо да оди и нека оди, не е тоа никаков проблем. Но ова е јасно од каде се пласира и лошо се одразува на паритјата со една дискредитација која ја правиме сами себеси – вели Арнаудов. Владо Стефаноски за нашиот весник од Минеаполис изјави дека неговиот престој во САД е сосема регуларен и негледа ништо спорно во тоа што тој посетил ваква обука бидејќи како што рече, тој таму заминал бидејќи бил во управниот одбор на Здравствен дом. - Јас во Америка заминнав сосема легално, и тоа може да се провери во

Здравствен дом каде има решение од кое можете сите да се уверите дека јас сум член на Уравен добор, обратете се кај директорот на Здравствен дом или во министерството и можете одма да го видите решението. Не гледам ништо спорно во тоа што посетив осумдневна обука во САД изјави Владо Стефаноски. Директорот Митко Дабески кој во овој случај од оние кои ги пласираа информациите во јавноста беше посочуван како еден од најоштетените вели: -На ова немам коментар. Тоа е одлука на министерството, обратете се во министерството, овој проект го водеше заменик министерот Лазаревиќ и обратете се кај него бидејќи јас немам во тоа ингеренции, така се одлучило и така нека биде - изјави Дабески. Овој случај некои го ценија како афера, јавноста го оценува како уште едно внатрепартиско пресетување во ВМРО ДПМНЕ. Оваа партија уште од свето основање ја следи еден тренд на лесно испливување на површина на некои внатрешни состојби. Повторно се покажа дека вмровците, лесно кај новинарите доставуваат инфрмации, а ако се работи за информации кои компромитираат некој член на нивната партија, тие тоа го прават уште полесно. Љупчо Таневски


ИНИЦИЈАТИВА ЗА НАЈНИСКА ПЛАТА ИЛИ ГОЛ МАРКЕТИНГ ?!

С

оветничката група на СДСМ во оветот на Општина Охрид покрена инцијатива за изгласување на Одлука со која најниската плата во локалната администрација и јавните претпријатија ќе биде 8 100 денари. Вакви иницијативи оваа партија покрена во повеќе општини во земајва, а истовремено партијата побара и износ од 8 100 денари за најниска плата во републиката.

СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА ПАРИТЕ А НИКОЈ НЕ СЕ ПРАШАЛ КОЛКУ СЕ ГРАЃАНИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД УСЛУГИТЕ.

Советот на последната седница расправаше за оваа инициајтива и со 13 гласови ја прифати иницијативата и го задолжи градоначалникот да најде решение и модус од каде би се обезбедиле пари за да се зголемат платите на оние кои не-

маат поголеми од предложеното. Но, ова нема да биде воопшто проблем да се реализира во случајот со вработените во Локалната самоуправа бидејќи просечната плата во локалната охридска администрација е 14 597 денари, а според нашите информации само четири лица вработени во локалната не примаат плата погоема од предложениот лимит. Според пресметките кои се направиле Локаланта самоуправа ќе треба месечно да издвои по 1 168 денари, за овие четири лица да го достигнат предложениот лимит. Колкави се просечните плати во локалните јавни претпријатија во градов не успеавме да дознаеме од причина што од таму побараа написмено да поставиме прашање, на кое според законот јавните претриајтија во градов имаат рок да одговорат во период од еден месец. Иницијативата на СДСМ на нож е дочекана кај ВМРО ДПМНЕ, од каде деновиве лиферуваа неколку соопштенија на оваа тема. - Имајќи го во предвид фактот дека СДСМ е партијата која го уништи македонското стопаснтво и произведе најголема невработеност во Европа, ова неможе да се оцени поинаку од гол политички маркетинг на една партија во распаѓање. Повторно се прашуваме зошто СДСМ кога беше на власт не го направи ова што сега го предлага и зошто тогаш беа против најниска плата од 6 000 денари. Едноставно се прочитани и народот веќе на овие блефирања не верува – изјави потпаролката Наташа Спасеска. - Заради тоа што граѓаните на Македонија се соочуваат со невиден

ДЕЛ ОД СОВЕТНИЦИТЕ ПРЕДВОДЕНИ ОД СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ ПОКРЕНАА ИНИЦИЈАТИВА ЗА НАЈНИСКА ПЛАТА ОД 8100 ДЕНАРИ ВО СЛУЖБИТЕ НА ЛОКАЛНАТА АДМИНСИТРАЦИЈА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА. ИНИЦИАЈТИВАТА НЕКОИ ЈА ОЦЕНУВААТ КАКО АПСУРДНА БИДЕЈЌИ ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЛОКАЛНАТА САМОУРАВА Е СКОРО ДВОЈНО ПОГОЛЕМА ОД ПРЕДЛОЖЕНОТО И ИЗНЕСУВА 14 597 ДЕНАРИ, А САМО ЧЕТВОРИЦА ВРАБОТЕНИ ИМААТ ПЛАТА ПОНИСКА ОД ПРОСЕЧНАТА.

ценовен шок цените на сите производи драстично се зголемија , животниот стандард е на најниско ниво досега, сиромаштијата се зголемува, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај 600.000 луѓе живеат на работ на сиромаштијата. Денес Македонија има 311.139 невработени, 60.000 вработени работат за помалку од 8.100 ден. Во индустријата за преработка на кожа и обувки најниската плата изнесува 3.905 ден. Во текстилната индустрија најниската плата изнесува 4.574 ден. а минималните трошоци за живот изнесуваат цели 11.000 ден. и секој ден растат. Ете затоа го предлагаме ова што ВМРО-ДПМНЕ толку жестоко го осудува - изјави Анита Азеска потпаролка на СДСМ-Охрид. Судејќи според конкретно ревземените чекори, како и изјавите и соопштениајта за јавност со кои се распослаа политичките партии, станува јасно дека ова е само загревање пред претстојните сега веќе извесни предвремени избори за републичкиот парламент. Љупчо Таневски

www.amakpres.com.mk

7


LOKAL

ОХРИД ДОМАЌИН НА 20 ПРЕТСЕДАТЕЛИ ОД ЕВРОПА

В

о првата седмица на мај, Охрид ќе биде домаќин на дводневниот самит на претседатели на земјите од средна Европа чиј домаќин е Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски. Овој собир ќе биде средба на највисоко ниво на државници што е одржан во Републикава. Пред Охрид е поставена сериозна задача успешно да се претстави како добар град-домаќин на 20-тина претседатели на држави. Со цел и овој пат, како во многу слични наврати, Охрид и неговите граѓани да ги исполнат очекувањата, а истовремено да се искористи добрата шанса за сопствена афирмација пред гостите и стотината новинари од околу

30-тина национални и комерцијални медиумски куќи, во Локалната самоуправа веке се отпочна со реализација на повеќето конкретни зафати. Тие првенствено се однесуваат на комуналната и сообраќајна инфраструктура, хигиената, хортикултурата и секако освежувањето со бои на некои пунктови. Во зависност од конечната Агенда, ќе се реализира и разгледувањето на градот во текот на слободното време на учесниците на самитот, па затоа еден од главните пунктови на уредување ќе бидат плоштадот, кејот, стариот дел на градот и културно-историските споменици, информираат од општина Охрид. Благодарение на досегашните искуства

од организирањето на вакви и слични настани, задолжените служби на општината и Јавните претпријатија, ќе ги исполнат сите набележани задачи и планирани активности. Но, и покрај нивната подготвеност и верзираност, несомнено ќе биде добредојдена и за секаква пофалба – помошта од граѓаните во давањето личен пример кога станува збор првенствено за односот кон чистотата на градот и јавната хигиена. Тоа всушност ќе биде и придонес на сите нас за доброто на градот и Македонија да се покажеме како добри домакини., велат од кабинетот на градоначалникот. С.Вренцоска

ВО ОХРИД ПРОМОВИРАН

ЕТИЧКИ КОДЕКС ЗА ЛОКАЛНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ

Ф

ункционерот е избран од граѓаните да ги застапува, да му служи на јавниот интерес и за тоа им одговара првенствено и најмногу нив- ова е едно од начелата на Етичкиот кодекс за локалните функционери што деновиве беше промовиран во Охрид. Кодексот е изработен од УНДП и ЗЕЛС, а на регионалната промоција присуствуваа градоначалниците на Охрид и Ресен, Александар Петрески и Димитар Бузлески како и претставници на општините Струга и Дебарца.

“Кодексот е наменет за сите локални функционери. Во него нема санкции туку има морални вредности кои треба да ги применуваат локалните функционери, затоа што моралот некогаш е поважен од законите“, истакна Фатмир Муса од УНДП. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески во своето обраќање напомена дека локалните функционери секојдневно треба да ги практикуваат моралните норми зошто не постојат закони и совршен начин на санкционирање на недозволеното

однесување. “Општинските функционери се функционери на граѓаните, а не на одредени групации кои што застанале зад нив , затоа моралните вредности и го чинат еден локален функционер“, рече градоначалникот на Ресен, Димитар Бузлески. Етичкиот кодекс за локалните функционери е усвоен во 40 општини во Македонија меѓу кои е и Охрид. A. Белевска

ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВО ОХРИД

С

оработката во сферата на туризмот и културата беа главните теми за кои на неодамнешната работна средба во Охрид разговараа амбасадорот на Република Полска во Македонија, Карол Бакуљи и охридскиот градоначалник, Александар Петрески. “Неопходно е да ги вратиме полските туристи на охридската ревиера во

8

AMAK

PRES

онолкав и поголем број од периодот на 70-80-те години на минатиот век, затоа обврска на амбасадорот Бакуљи е да го промовира Охрид на најдобар можен начин во Полска“, изјави по средбата градоначалникот Петрески. Полски ансамбли ќе настапуваат на меѓународниот хорски фестивал што годинава ќе се одржува во Охрид. Уметници од Полска ќе учествуваат на

годинешното издание на фестивалот Охридско лето.Потврдено е присуствто на полската делегација на самитот на претседатели на средно европските земји на кој ќе учествуваат претседатели од 25 земји што во мај, годинава ќе се одржи во Охрид. А.Белевска


СО ОДЛУКА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ОХРИД

ЛЕСКОЕЦ КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, НО НЕ БЕЗ УЦЕНИ

С

о Одлука на Советот на Општината Охрид од последната седница, а по барање на Месната заедница,Локалната самоуправа го презеде во сопственост и во иднина ќе стопанисува со водоводоот во селото Лескоец. Ваквата одлука на Советот произлезе по поднесеното барање од 300 жителите на селото Лескоец за преземање во сопственост на селскиот водовод од страна на Локалната самоуправа. Жителите од оваа населба бараат трајно решавање на проблемот со вода за пиење,кој во Лескоец се провлекува повеќе од дваесетина години. Вакво решение баравме поради немање доволно вода за пиење на населението, нередовното плаќање на сметките и потребата од изградба на канализациона мрежа, појаснува Димитар Џуклески, претседател на Месната заедница на

Лескоец. Директорот на МЈП “Проаква” Бранислав Трпчески,вели дека е изготвена техничка документација за изградба на канализационата мрежа за селото Лескоец и наскоро ќе почне реализацијата на овој проект.За изведување на активностите обезбедени се средства од Буџетот на Општината Охрид. Месната заедница е обврзана да не ја попречува изградба на системот во однос на имотно-правните односи низ чии имоти ќе се одвиваат земјените и градежните работи. МЈП “Проаква” според одлката на Советот на опшитната се задолжува да обезбеди доволна количина на вода за пиење за населбата,а цената на чинење да не е повисока од другите корисници. Во одлуката стои и обврската според која ,доколку МЈП “Проаква” во рок од една година не ја стави во функција

водоводната мрежа во селото со сите потребни објекти, и не ги отстрани азбестните цевки,водоводната мрежа повторно ќе се врати во сопственост на Месната заедница Лескоец. Жителите на Лескоец,објективно, не треба во никој случај да ја пропуштат оваа шанса за решавање на проблемот со вода за пиење, и да не поставуваат никакви уцени кон финансиерот и изведувачот на работите и стопанисувањето. Во спротивно селото,со се поголемиот прираст на населението и недостигот од сопствени извори на вода за пиење, може само да си наштети и повторно да нема доволно вода за пиење, како и во изминатите дваесетина и повеќе години. К.Спасески

ВЕЛГОШТИ СО НОВ ЛИК КОМУНАЛНИТЕ И ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ЗАФАТИ ЛОКАЛНАТА ЈА ЧИНЕЈА 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА

П

овеќе деценискиот сон на велгоштани конечно ќе се оствари. Новите коловози и канализационата мрежа во село Велгошти наскоро ќе бидат готови. Се асвалтираат коловозите кои водат кон главната сообраќајница во селото, а во тек е изградбата на канализациона мрежа во должина од 12 километри.

Со приклучувањето на мрежата кон колекторскиот систем ќе биде решен најголемиот проблем на мештаните. Комуналните и инфраструктурни зафати за една од најголемите пригратски населби, локалната самоуправа ја чинеа околу 1,5 милиони евра. По неодамнешната одлука на советот на општина Охрид, за

припојување на селскиот водовод кон “Проаква“,квалитетно водоснабдување ќе има и во селото Лескоец каде ќе се гради канализациона мрежа во должина од 12 километри. Проектот ќе чини милион евра.

www.amakpres.com.mk

А.Белевска

9


LOKAL

ВНИМАВАЈ КАДЕ ФРЛАШ ОТПАД -

КАЗНАТА Е 200 ЕВРА

К

и напушта отпад и остатоци од отпад во природата и на патиштата. Доколку се остава, фрла и испуштаат отпадни масла, градежен шут и отпадни гуми во урбана средина, природата и патиштата, казната е 70 евра. За отпад фрлен покрај, реки, езера,бари, мочуришта или други водени површини, казната чини 100 евра во денарска противредност. Лицето кое пали отпад во урбана средина или контењери ќе плати 150 евра а доколку горливите материјали со непријатен мирис ги пали во природата или на патиштата ќе плати казна од 200 евра во денарска противредност. Со законските измени се настојува да се подигне еколошката свест кај граѓаните со цел да се обезбеди поголема заштита на животната средина.

азна во висина од 200 евра, во најскоро време ќе плаќаат сите лица кои фрлаат или палат отпад во урбани средини, природа и водени површини или на други несоодветни места. Така велат најновите измени во Законот за управување со отпад во кој се воведени посебни прекршочни санкции за физички лица кои со несоодветното отстранување или горење на отпадните материи ја загадуваат животната средина.Според законските измени,во иднина глобата покрај државните инспектори за животна средина и општинските комунални инспектори, ќе ја изрекуваат и полициските службеници. Лицата кои ќе остават, фрлат или напуштад отпад и остатоци од отпад во урбани средини ќе платат глоба во износ од 30 евра во денарска противредност. Казната ќе чини 50 евра во денарска противредност доколку се остава, фрла

А. Б.

КРАДЦИТЕ НА СТАРО ЖЕЛЕЗО И ПО ДОМА

К

ражбите на старо железо и понатака актуелни во јавноста. Се поголем број на граѓани заработуваат на ваков начин а откупувачите на старо железо го шират „бизнисот“отварајќи нови отпади. Најлесен плен за крадците се капаците од шахтите по улиците, но откако ги зедоа сите се префрлија на се што може да се продаде како старо железо. Ако не се најде „плен“ по улиците тогаш не ретко се влегува и по дворови. -Ми провалија во шупата на сред бел ден и зедоа се што беше од железо. Со

10

AMAK

PRES

години го чував алатот кој ми го остави мојот татко но сега и него го немам, вели еден охриѓанец. Неодамна и железна инсталација како и делови од парно кој се вонупотреба во станбена зграда на улицата ''Никола Каре'', во центарот на Охрид, за малку ќе завршеле како старо железо во некој од илегалните отпади. Како што информираше „Ohridnews“ кражбата ја спречиле станарите на кои им паднало чудно демонтирањето на металните цевки од парното. Одкако сфатиле дека мајсторите не се вистински, успеале да ги спречат во намерата.

Парното, како што кажуваат жителите од зградата, никогаш не проработело. Оставено е на забот на времето и оттаму секојдневно исчезнуваат делови. Ова не е единствен случај во градот. Во повеќе други колективни згради инсталацијата за парно доживала слична судбина, котлите се демонтирани, а деловите разграбани и подоцна продадени во отпадите за железо низ земјава . С.В


АВСТРИСКИТЕ ТУРИСТИ ЌЕ СЕ ВРАТАТ ВО ОХРИД

Х

отелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) со познат австриски туроператор на туристичкиот саем во Берлин договори организирано доаѓање на туристи од оваа земја во Охрид и во Струга од 15 април до 15 јуни идната година. За двомесечен престој на туристите од Австрија охридските и струшките хотелиери можат да заработат околу 20 милиони евра.

Според претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески, секој ден со организиран превоз во Охрид и во Струга би доаѓале од 2.000 до 4.000 туристи со седумдневен аранжман, кои за полупансион би плаќале 80 евра дневно. Сега на потег се хотелиерите од Охрид и од Струга да изготват цени, односно да се вклучат во постигнатиот договор меѓу австрискиот туроператор и ХОТАМ, бидејќи ова е шанса не само

за повторно враќање на австриските гости на брегот на Охридско Езеро туку и значително продолжување на туристичката сезона. Со австриските туристи би се оствариле околу 240.000 ноќевања, односно заработката би изнесувала околу 20 милиони евра, од кои 30 проценти би биле за државата. С.В

ОДБЕЛЕЖАНИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ И ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

Ј

авното Претпријатие “Проаква“, Заводот за Здравствена Заштита и Црвениот Крст од Охрид со заеднички сили го одбележаа 22 мартМеѓународниот ден на водите. На градскиот плоштад, пред бројна публика на посебни пунктови беше презентирана лабораторијата на Заводот за Здравствена Заштита во која се анализираше и испитуваше квалитетот на водата од гратскиот водовод, “Проаква“ и водата од селските населби. Анализите покажаа дека охриѓани пијат квалитетна и здрава вода. На еден од пунктовите се презентираш лабораторијата на Црвениот Крст, што во 2005 година се користеше во

хуманитарна мисија при цунамито во Индоезија. Со репрезентативен материјал се претстави и Охридското “Проаква“ а на карводарителската акција беа собрани околу 50 единици крв. Со организирање пригодна свеченост ,Црвениот Крст од Охрид, го одбележа денот на основањето на Црвениот Крст, и денот на Крводарителството на Република Македонија, 17-ти март. Со благодарници и плаќети се закитија карводарителите,поединци и институции кои помогнале во организирањето крводарителски акции. “ За минатата 2007 година, нашата хуманитарна организација доби посебна

плаќета за исполнување и надминување на планот за 35 % - собрани беа 2470 единици крв. Постојат индикатори кои ни велат дека оваа ќе биде уште поуспешна година за нас“, истакна претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точко. Црвениот Крст од Охрид бележи успеси во своите хуманитарни активности од 2004 година навака, 2006 споредбено со 2005 година е поуспешна за 27 %. А.Б.

ПОРАДИ НЕОВЛАСТЕНО ИЗДАВАЊЕ МЕТАДОН

СТРУШКИ ДОКТОР ВО ЗАТВОР

С

трушкиот доктор по општа медицина со иницијали Т. К. (53 години), неодамна се здоби со мерка притвор во траење од 10 дена. Според член 216 од Казнениот Закон на Република Македонија, Т.К.е сторител на кривично дело,поради неовластено издавање на метадон на повеќе наркозависници од Струга и Охрид,

без при тоа да води дневни амбулантски книги за издавање на метадонска терапија. Врз основа на наредба на Истражен судија од Основниот Суд од Струга на 17 март, извршен е претрес во Приватната Здравствена Установа на струшкиот доктор, при што одземени му се повеќе амбулантски дневници и други

медицински книги за евиденции на пациенти кои ќе се користат во понатамошната постапка. Струшкиот доктор веќе неколку дена се наоѓа во Казнено поправната установа- Затвор Охрид.

www.amac.com.mk/novini

А.Б.

11


ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ ДРАГАН РИСТЕСКИ- ЗОГРАФ-ИКОНОПИСЕЦ, ИЗРАБОТУВАЧ НА ФРЕСКО-ЖИВОПИСИ И ИКОНИ

НЕ САКАМ ДА СЕ ЕКСПОНИРАМ ЗА МЕНЕ ГОВОРАТ МОИТЕ ИКОНИ И ФРЕСКИ “СТИЛОТ НА УМЕТНИКОТ ТРЕБА ДА ВРОДИ ВДАХНОВЕНИЕ КАЈ ПОСМАТРАЧОТ НА УМЕТНИЧКОТО ДЕЛО. ТВОРЕЧКА ИНСПИРАЦИЈА КАЈ УМЕТНИКОТ МОРА СЕКОГАШ ДА ПОСТОИ НО АКО ТОЈ ДУХОВНО НЕ Е ПОДГОТВЕН ИЗОСТАНУВА ДОБРИОТ КВАЛИТЕТ. СЕКОЈ КОЈ РАБОТИ ФРЕСКО-ЖИВОПИС ТРЕБА ДА ИМА БЛАГОСЛОВ ОД СВЕШТЕНО ЛИЦЕ НО МОРА И ДА ЖИВЕЕ И ДА ПОСТАПУВА ХРИСТИЈАНСКИ, ДА ГИ САКА И ПОЧИТУВА СИТЕ ЛУЃЕ...“, НИ РЕЧЕ ДРАГАН РИСТЕСКИ КОЈ ИАКО СПАЃА ВО ГРУПАТА НА НАЈДОБРИТЕ ЗОГРАФИ-ИКОНОПИСЦИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА, И ИАКО ПО ОПУСОТ НА ДЕЛА ГО НАДМИНАЛ ДИЧО ЗОГРАФ, Е ПРЕМНОГУ СКРОМЕН И НЕ САКА ДА СЕ ЕКСПОНИРА ВО ЈАВНОСТА. ПО НЕКОЛКУ МЕСЧНИТЕ ИНСИСТИРАЊА ОВОЈ УМЕТНИК СО ШИРОКА ДУША И СКРОМНА ПРИРОДА РЕШИ ДА ПРОГОВОРИ ЗА СЕБЕ И СВОИТЕ ДЕЛА ВО “АМАК ПРЕС-ОХРИДСКИ НОВИНИ“

“Н

е ми еважно дали ме знаат луѓето или не. Јас не правам слики да се експонирам, на моите икони нема мој потпис или него го ставам на задната страна од дрвото доколку не можам да го одбегнам инсистирањето на нарачателите. Господ ги знае имињата на творците јас ја правам сликата по волјата божја,

12

AMAK

PRES

фото: Коџак јас сум само извршител на неговата волја,“ истакна на почетокот од разговорот зографот, Драган Ристески. Икони и фрески слика речиси 40 години. Училиште за Применета уметност завршил во Скопје. Оттогаш почнува посриозно да слика како помошник на познатиот Јоне Симонче кој му сугерирал да го продолжи своето обра-

зование во уметничка насока.Поради тоа што во тој период се уште не била основана Ликовната академија се запишал и дипломирал на катедрата за историја на уметност со археологија во Скопје. Работниот век му започнува во фабриката “Езерка“ како дизајнер, потоа во Заводот и Музеј во Охрид, каде долги години е конзерватор за движ-


ното и недвижно богатство. На тоа работно место се соочува со проблемот на реставрирањето на фреските и иконите, а тамошното искуство многу му помогнало во сликањето на светите ликови на дрво или ѕид што денес му станува и постојана професионална преокупација. Секој уметник има свој начин на уметничко изразуување, но вистинските сликари од помодарите се разликуваат по стилот, техниките во работењето и боите што ги користат. “Стилот со кој јас работам е византиски, зошто важна е традицијата и таа мора да се негува. Ова се автохтони дела базирани на стари традиции и канонски елементи од црковен аспект. И техниката на работење е онаа на старите мајстори. Иако има нови методи и техники јас ги преферирам старите. Користам пигменти од жолчка на јајце, пигменти од земја или од егзотични растенија и животни кои се карактеристични за Источните земји. Секоја боја си има посебно значење и симболика, многу битна е позлатата таа означува светлина и извор на животот. Но за бојата и за тоа кои свети ликови или елементи ќе ги има на иконата своеволно не одлучува уметникот туку тоа е одредено во библијата, затоа таа мора добро да се познава. Всушност сликата е писмо за неписмениот народ и на неа се доловени настаните кои се напишани во светата книга.“ Ристески, вели дека важна е техничката подготовка пред сликањето на фреско-живописот на ѕид зошто бојата мора да биде постојана и да му пркоси на времето. Иконите ги работи во

своето атеље. Тие имаат различни димензии зависно од волјата на нарачителите. Слика на дрво од орев или липа зошто се најквалитетни и најотпорни на јадежи од црви. Преферира да ги слика нашите, македонски светители: Гаврил Лесновски, Света Злата Ме-

гленска, Нектариј Битолски, Спасо Радовишки и многу други. “Инспирацијата секогаш треба да живее во уметникот, но ако духовно не си подготвен да сликаш, квалитетот изостанува. Временски не се ограничувам секоја слика бара свое време“, вели Драган кој се случувало да работи и по 15 часови на ден. Уметничките дела насликани од негова рака кај посматрачот будат вдахновение и душевен мир, тие се вечни,

правени во византиски стил. Затоа и потсетуваат на оние древните икони, а всушност тоа се тие и тоа е тој , уметникот-христијанин кој добива благослов од свештено лице пред да почне да слика. Негови се иконите во охридските цркви: “Св. Наум“, „Св. Атанасиј“,„Св.Георги“, “Св. Богородица –Каменско“, “Св.Софија“, “Св. Никола“, “Св. Троица“и многу други, потоа во Лешочкиот манастир како и во речиси сите цркви во Македонија. Неговите фрески ги красат црквите и манастирите во Португалија, Нов Зеланд, Америка и Австралија. Нескромно, но вистинито неговиот опус на икони го надминал и оној од Дичо Зоограф. Ако тој оставил 2000 дела, Ристески одамна ја надминал оваа бројка. Но уметникот со благородно срце и скромна душа јавно не сака многу да се експонира, за него зборуваат уметничките дела насликани на дрво или ѕид, тие се постојани и вечни сведоци на едно време, некогаш и сега. А оној кој умее да ја препознае вистинската вредност и квалитетната икона никогаш не прашува за цената туку сака да ја има за себе. Драган Ристески, има една самостојна изложба ја организирал не да се експонира или докажува пред јавноста туку по волја и желба на сопругата. Учествувал на повеќе меѓународни колонии, а подарувал икони за добротворни цели и на сиромашни луѓе кои не се во финансиска состојба да платат.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

13


14

AMAK

PRES


14-ТО СОБРАНИЕ НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ

БРОЈОТ НА БОРЦИТЕ СЕ ПОМАЛ, И СЛАБ ИНТРЕС ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

С

ојузот на борците од Народно ослободителата и антифашистичката војна на општините Охрид и Дебрца, го одржа 14-то вонредно собрание. На собранието делегатите ги прифатија измените на Статутот на организацијата, со кои досегашниот Општински одбор се преименува во Општинска организација на Сојуз на борците.Промената на насловот на организацијата произлезе од новиот Закон за здруженија

на граѓани,изјави претседателот на боречката организација Крсте Крстаноски. Осврнувајќи се на активностите во 2007 година,за жал,природно се намалува бројот на членовите на боречката организација, но и интересот за нови челенови продолжувачи на револуционерните традиции.Бројот на борците е намален на 280 членови, а намален и интересот и на новите членови продолжувачи на револуционерните традиции.

Неоспорен е фактот дека борците имаат голем придонес во создавањето на државноста и продолжување и негување на револуционерните традиициите,рече во поздравниот збор на собранието на Боречката организација граоначалникот на Охрид Александар Петрески. Учествувајќи во работата на денешното Собрание на борците претседтаелот на Сојузот на борците на Македонија, Гавро Паноски,рече дека, Боречката организација му дава целосна поддршка на државниот врв на Македонија,во ставот да не отстапува од промена на уставното име на државава. Собранието на борците на седницата ги прифати извештаите за работа во минатата година, за собирањето на членарината,и Календарот за одбележување на настани,датуми и личности во 2008 година. Борците беа информирани дека спорот со Кардиолошкиот центар сеуште не е решен, а Локалната самоуправа нема изнајдено трајно решение за просторниот проблем ,бидејќи боречката организација,наскоро треба да се исели од старата Градска библиотека,која до мај ќе треба да се урива. К.С.

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025

www.amakpres.com.mk

15


ОБРАЗОВАНИЕ

НОРВЕШКА ДОНАЦИЈА ВО КНИГИ

Н

орвешката Асоцијација на агенции за едукација на возрасни во соработка со издавачката куќа „ФЕНИКС“ од Скопје, донираше книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, Факултетот за организациони науки и туризам и за администрацијата во Локалната самоуправа. Целта на

донацијата беше да се зголеми интересот на читателската публика во услови кога средствата за издавачка дејност се ограничени, особено во однос на стручната литература. Станува збор за издание на „Политичка Филозофија“ финансирано со средства на Владата на Кралството Норвешка.

Вредноста на книгата, меѓу другото, е во тоа што таа е истовремено и извонреден учебник но и популаризиано читање на политичката филозофија за поширокиот круг љубители на оваа научна област.

ПРВА, ВТОРА И ТРЕТА НАГРАДА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ “МЕТОДИ ПАТЧЕВ“

М

ладите музички таленти од Основното Музичко училиште “Методи Патчев“ во најдобро светло ја претставија Македонија на двата меѓународни музички фестивали што неодамна се одржаа во Р.Србија. На меѓународниот натпревар “Давор и Јенко“ во Белград, Коцевска Сара на-

16

AMAK

PRES

стапи на клавир во класата на проф. Ана Булоска ја освои третата награда. На натпреварот во Ваљево во конкуренција на претставници од бившите Југословенски републики, Украина и Русија, нашава земја ја претставија двете флејтистки: Мелани Момироска и Тамара Џајкоска од класата на проф. Нина Момироска. Мелани ја освоип-

рвата, а Тамара втората награда. Учениците од Основното Музичко училиште “Методи Патчев“, ќе се претстават со седум состави- дуети и трија, на Државниот натпревар што во Скопје ќе се одржува на 12-ти и 13 април. А.Б


КУЛТУРА

НОВ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД

“Ѕ

вездена ноќ“ е наречен првиот Македонски Радиски фестивал што од 28 до 30 јуни ќе се одржува во Античкиот театар во

Охрид. На фестивалот ќе бидат изведени 30 забавни мелодии , по 15 на двете полуфинални вечери.По пат на СМС по-

раки публиката ќе изгласа по 10 песни од двете фестивалски вечери кои како најдобри ќе бидат изведени на финалето што ќе се одржи на 30 јуни. Композициите ќе се изведуваат во живо, а на фестивалот може да настапат и странски музичари доколку песната ја отпеат на македонски јазик. За најдобрата мелодија што публиката ќе ја избере следува награда од 2 000 евра, изведувачот на второпласираната песна ќе добие 1 500 евра, а третата награда ќе изнесува 1000 евра. Организатори на фестивалот “Ѕвездена ноќ“, се продукциската куќа “ЗД“ и радиомрежата “Метрополис“. Манифестацијата е поддржана од 22 македонски радио станици кои од 10 мај натака пет пати на ден ќе ги емитуваат песните кои ќе изборат пласман во завршницата на фестивалот. За трите фестивалски вечери во Античкиот театар влезот ќе биде слободен. А. Белевска

ОХРИЃАНЕЦОТ ЧЕТКАР ГИ ОСВОЈУВА СВЕТСКИТЕ МУЗИЧКИ ЛИСТИ !

П

родолжуваат извонредните критики за најновиот албум на охридскиот музичар Владимир Василевски - Четкар „We will never end“ . Реномирана англиската веб страна Soulwalking, во својата последна групна рецензија албумот на Четкар го стави во групата на soul ѕвездите Erykah Badu, Trina Broussard и Angela Johnson.

Музиката на македонецот Владимир Четкар е големо изненадување бидејќи доаѓа од регион каде најмалку би очекувале да се негува ваков стил на музика, се вели во рецензијата на Soulwalking, која албумот на нашиот Четкар го оценува како еден од најдобрите за оваа година. Повеќе можете да прочитате на линкот:

Белгиската музичка страна Jazz and Soul, во својата критика новиот албум на Четкар го опишува како спој на високи музички стандарди и перфектна продукција. www.ohridnews.com.mk

www.amakpres.com.mk

17


КУЛТУРА ВО ОХРИД ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА

“ПОГЛАВАРИ НА ОХРИДСКАТА ЦРКВА“

Н

еодамна во куќата на Робевци во Охрид, се одржа промоција на книгата “Поглавари на Охридската Црква“, од Гоце Ангеличин Жура. Станува збор за научно истражувачки труд поделен на два дела. Во воведниот дел се зборува за историските случувања од првиот век од нашава ера па се до укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 година. Во вториот дел систематски но во исто време сликовито се наведуваат предходниците на христијанството и сите

архиепископи. “Ова е интересна книга, во која се собрани сите епископи и архиепископи. Охридската архиепископија е една посебна творба на нашиот словенскимакедонски народ, и како таква е секогаш интересна за истражување. Инспирација за пишување на овој труд беше 40 годишнината од обновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ“,изјави авторот Гоце Ангеличин Жура. “Да се биде автор на долг историски континуитет од 1-от до 18-ти век е

храброст, но од друга страна тоа зборува за авторовата научна љубопитност и широчина на научната мисла. Исто како во христијанството и во ова естетско ликовно обликување на оваа студија, авторот се послужил со симболи кои имаат конкретно и одредено значење“, истакна промоторот, проф. д-р Виолета Мартиновска. Книгата „Поглавари на Охридската Црква“, објавена е на македонски и англиски јазик. А.Б.

“МАЛИ НАЈМИЛИ“-СТИХОЗБИРКА ЗА ДЕЦА

“М

али Најмили“, е најновата стихозбирка од Роза Костеска, што деновиве излезе од печат. Книгата ја отвораат стиховите за најраниот и истовремено најубавиот дел од животот –бебешкиот и веднаш потоа по хронолошки редослед се опеваат детските периоди до поаѓањето на училиште. Книгата завршува со три едночинки во

18

AMAK

PRES

кои се опфатени новогодишни теми. “Самиот назив на стихозбирката е индикативен. Популацијата на која им е наменет е добро позната. Децата не случајно се рекло биле и ќе бидат најголемите критичари . Тие или им се восхитуваат на песните , ги учат и пеат до бесвест или пак воопшто не им обраќаат внимание. Најголемиот дел од стиховите а и прозата на Розе,

сигурен сум ќе го најдат патот до детските срца и фантазии,“истакна промоторот,Милчо Јованоски. Костеска е автор на стихозбирките: “Пркос“ и “Елегии“ а во моментов ја пишува “Песна за животните и живиот свет“,што ќе биде дел од нејзината наредна книга. А.Б.


1

www.amac.com.mk/novini

19


SPORT

АМАК СП ЈА ЗГАЗИ СТРУМИЦА рот го поминува викајќи и изнесувајќи само нему познати забелешки на судиите и делегатит. Охриѓани ја најавија победата уште во 23 минута. Откако домаќинот поведе со 60:53 следеше серија на играчите на Амак СП од 14:0 за 60:67 и подоцна, иако струмичани се закануваа на 21 секунда до крајот стигнаа и до 88:89, не успеаја да направат и резултатски пресврт, иако ја имаа поддршката од гледалиштето. Во победничкиот тим на Амак СП најефикасни беа Џамал Фрај (38), Роберт Тејлор (16), В.Стојановски (17), Неделков и Николовски по 10, додека двоцифрен учинок кај струмичани имаа Латовиќ (25), Богоев (19), Тасовски (18) и Бошњак (10).

К

ошаркарите на АМАК СП во Струмица на гостински терен ја победија истоимената екипа со резултат 94 – 89. Триумфалната победа во Струмица е наполни заслужена и реална бидејќи охридските кошаркари во целост ги исполнија и ги искористија сите слабости на шампионот. Победата над АМАК СП над

20

AMAK

PRES

Струмица е најголемо изненадување ова коло со што практично АМАК СП го враќа поразот во четвртфиналето од Купот на Македонија . И овој натпревар помеѓу АМАК СП и Струмица го одбележа однесувањето на Јорданчо Давитков, кој веќе традиционално кога игра со АМАК СП поголем дел од натпрева-

Со оваа победа на пет кола пред крајот на првенството АМАК СП ја задржува третата позиција на табелата со освоени 40 бодови. Со ова АМАК СП се изедначи по бројот на победи со струмичани. Љ.Т.


FOTO EFEKTI

ФУДБАЛ ВО ВЕЛМЕЈ

фото: Стојан Стојаноски

www.amakpres.com.mk

21


OGLASI PISMA KULTURA

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во нашиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ. Издавам стан во строг центар. Загубени се очила со диоптер на потегот од пошта до булеварот “ Туристичка “. Доколку некој ги нашол да се јави на Телефон: 075/ 579 - 240.

Барам куќа или стан под кирија во Охрид за подолг период со кирија до 50 Евра. Телефони: 255 - 469 и 070/ 608 - 695

Се продава електрична печка 3 “АЕГ “ со постоље. Цена 50 ЕУР, два каучи по 1.500 денари, сандак замрзнувач по цена од 50 ЕУР, тепих и проточен бојлер АЕГ- цена по договор.

Продавам “ Мерцедес 190 “ во одлична состојба. Телефон: 070/ 580 - 580

Се продаваат Пик - ап Форд “ Курир “ и Пик - ап “ Застава 101 “, произведени 1998 однсоно 1995 година. Телефони: 253 - 601 и 078/ 212 - 669

Продавам дрвени врати со каси. Телефон: 253 - 881 и 070/ 485 - 224

Се продава плац од 370 метри квадратни со маркица во Љубаништа веднаш до паот, со вода и струја. Цена 40 Евра за метар квадратен. Информации на телефон: 02/ 322-66-72

Се продава мини апарат за лифтинг за професионална но и домашна употреба.Телефон: 070/ 212 - 784

Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, поволно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.

Барам стан под кирија на подолго време, наместен со големина од 80 до 100 метри квадратни. Телефони: 266 - 208 и 070/ 144 - 117 Продавам перална “ Ободин “; нов бојлер; комплет санитарија и када во плава боја и огледала, се за 300 Евра. Телефон: 071/ 32 - 64 - 63

Професорка по македонски јазик дава часови на матуранти, пишува есеи, состави, писмено прераскажува, лектири, пишува проектни задачи за матуранти (освен математика, информатика и физика) , пишува семинарски теми за студенти. - час 60 мин.----------------------------------- 300 ден. - проектни задачи -----------------------------1.000 ден. - есеи ------------------------------------------- 400 ден. - состави за писмена--------------------------300 ден. - писмено прераскажување на лектири---500 ден. - семинарска задача---------------------------1.000 ден. моб.тел. 070/615 485

22

AMAK

PRES

Издавам 3 деловни простори новогрдба со површина од 37; 25; и 18 метри квадратни по 5 Евра метар квадратен. Телефони: 268 - 455 и 070/ 474 - 274.

Се продава “ Југо “ во возна состојба. Цена околу 1.000 Евра. Телефон: 252 -187.

Се продаваат 10 метални каси за кафетерија и 40 столови од ковано железо со тапацир. Цена 800 Евра комплет. Телефон: 078/ 302 - 000

Се продава место во с. Велгошти погодно за градба. Телефони: 288 - 592 и 070/ 525 - 524

Се продава мини апарат за лифтинг за професионална, но и домашна употреба. Се продава електричен апарат за маникир и педикир со 40 опции. Цена 3.500 денари. Телефон: 070/ 212 - 784.

Се продава Лада во возна состојба, нерегистрирана. Телефон 070/467-140


ЕФЕКТИ

www.amakpres.com.mk

23


АМАК ПРЕС 85  

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основ...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you