Issuu on Google+

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

Godina V - Broj 102 10 Dekemvri 2008

МУЗЕЈОТ НА ВОДА УНИКАТНА АТРАКЦИЈА ВО ЕВРОПА

Билјана Крстевска

ЦВЕЌАРОТ Е МОДЕН СТИЛИСТ ЗА ЦВЕЌИЊА иНТЕРВЈУ

АЦО СПИРОСКИ Директор на АДГ Трудбеник Охрид

ЖИВОТ НА УЛИЦА ШЕСНАЕСЕТ ГОДИНИ`

СТУДОТ ВО КОСКИТЕ БОЛКАТА ВО ДУШАТА

иНТЕРВЈУ: боро павлоски

СИГУРЕН СУМ ДЕКА МАЛИТЕ ПАРТИИ ИМААТ ПОКВАЛИТЕТНИ КАДРИ И ИДЕИ

definitivno najevtino www.don.com.mk

070 / 462-362


ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES


ЛОКАЛ

доделени светиклиментовите награди за 2008

Т

радиционалната Свечена Академија со која Охрид на достоинствен начин го одбележува денот на Свети Климент Охридски, заштитникот и Патронот на градот, се одржа вечерва во Центарот за култура во Охрид. Во присутво на голем број сограѓани, гости и претставници на збратимени градови и градови-партнери, јавни, политички и културни личности од Охрид и Републиката меѓу кои и градоначалникот на Струмица Зоран Заев, како и црковни великодостојници, најнапред со свои програми и настапи се презентираа најмладитеиднината на Охрид, учениците од основните училишта во градот. На Академијата, свечено обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Александар Патрески, кој и овој пат укажа на моралниот долг на сите нас кон Патронот за создавање нови

вредности и добри дела кои ќе не напојуваат со духот на Свети Климент што подразбира и меѓусебна почит и уважување. Само на тој начин, истакна Петрески, ќе можеме да бидеме достојни за да се гордееме со Светецот-заштитник. Според традицијата, на Свечената Академија по повод Денот на Патронот, беа врачени највисоките општински признанија кои ги доделува Советот на оп-

штината во знак на признателност за придонесот во растежот на Охрид и неговата афирмација низ целиот работен век односно за придонес од особено значење за градот или афирмација во подолг период од страна на поединци или институции. Годинешни добитници на Наградата „Свети Климент Охридски-Патрон на Охрид“ се познатиот писател и дипломат по потекло од охридско, Трајан Петро-

ски и професорот на ФТОН, Миладин Крстаноски – за нивниот животен придонес во интерес на растежот и афирмацијата на Охрид. Повелбите „Свети Кплимент Охридски – Патронот на Охрид“ им беа вечерва врачени на доктор Анастасика Попоска од Клиниката за ортопедија во Скопје (по потекло охриѓанка), на првиот електронски весник во југозападниот регион на Македонија, Ohridnews, и на врвните спортистивеслачи, братот и сестрата Александар и Алекасандра Иваноски. Од името на наградените, се заблагодари добитникот на Наградата, Трајан Петроски. Свечената Академија годинава беше збогатена со учеството на познатата група Синтезис во културнозабавната програма што беше и посебно доживување за голем број охриѓани и гости.


ЛОКАЛ ОТВОРЕНА ПРАИСТОРИСКАТА НАСЕЛБА НА ПЛАТФОРМА

МУЗЕЈОТ НА ВОДА УНИКАТНА АТРАКЦИЈА ВО ЕВРОПА

Т

уристичката атракција, Музејот на вода кој на големиот верски празник Св Климент свечено беше отворен во локалитетот Градиште на југоисточниот брег на Охридското Езеро претставува прв објект од тој вид во Европа како сведоштво за 1000 години старата цивилизација на овие простори. Реконструираната населба која датира од железното и бронзеното време ќе претставува нов магнет за туристите кои ја посетуваат не само Македонија туку и соседните земји. -Денеска имаме несекојдневна можност да отвориме објект кој сведочи за праисторискиот период, место кое ќе биде инспирација за археолозите и за историчарите, и за уживање на гостите. Сознанијата и фактите зборуваат дека се работи за напредна цивилизација која во тоа време споредено со другите земји и континенти зборува дека Македонија е древна земја која нима што да покаже предн светот, истакна премиерот на РМакедонија. Никола Груески.Тој додаде дека проектот

4

AMAK

PRES

ќе продолжи и понатаму да се доработува а во втората фаза, во наредните две години, се планира да бидат доизградени уште 16 куќарки над водата. Директорот на Управата за заштита на културното богатство, Паско Кузман, рече дека Музејот на вода е една силна туристичка дестинација во која гостите ќе можат да патуваат низ времето, од античко, преку римското па се до праисторијата. - Обезбедени се бројни и драгоцени археолошки и научни податоци, значајни за почетоците на функционирањето на етногенезите, за поче-

тоците на формирањето и препознавањето на племињата во етничка смисла. Во периодот од кога датира наколната населба, во тоа време живееле Бригите, најстарото племе познато на балканските простори, а кои најмногу ги имало во Македонија. Токму во тој период, меѓу 1.200 и 700 година пред нашата ера тие заминале во Мала Азија каде и ја формирале државата Фригија, што е мошне важно бидејќи ние сме на одреден начин етнички поврзани со нив, истакна Кузман. Според Министерот за култура Елизабета КанчевскаМилевска Музејот на вода

претстваува исклучителен проект од висока културна, историска и туристичка вредност, - Се надевам дека тој ќе биде голема туристичка атракција, со оглас на големиот број туристи што доаѓаат во летниот период во Охрид, и со оглед на тоа што Охрид и Охридското Езеро се наоѓаат на најелитната листа на УНЕСКО за заштита на природните и цивилизациските вредности. Самиот музеј има голема вредност, и самиот проект е од големо значење за Македонија, но и во пошироки рамки, истакна таа. Праисторисјата наколна населба која стана дел од програмата на Владата за реализација на капитални проекти кои се од значење на РМакедонија беше завршена за 8 месеци. Со ова се оставри 10 годишниот сон –вели Милутин Секулоски кој во 1997 година нуркајќи во водите на Охридското езеро го откри овој подводен архелошки локалитет, сега како праисториска населба на платформа која е уникатна во Европа. Сузана Вренцовска


ИЗБРАНИ НОВИТЕ КУМОВИ ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ

Х

ристијан Шапкар, помладиот сопственик на компанијата АМАК СП, Олег Маленко од туристичката агенција Вис пој, и Борис Маркулески, сопственик на хотелот “Тино “,се новите кумови на манифестацијата Богојавление- Водици ,2009 година. Вака неодамна во Охрид одлучи Управниот oдбор на здружението за Афирмација на Македонската православна црква, Богојавление. Новите кумови не го криеја задоволството што токму тие се избрани и ветија дека ќе дадат се од себе манифестацијата да биде најдобро организирана и со најбројни новини до сега. “Да му се заблагодарам на здружението “Богојавление“, што ја поддржа оваа наша кандидатура . Сведоци сме дека секоја година овој настан добива на масовност и квалитет. Ние, како луѓе кои

доаѓаат од компании на кои не им е прв пат да организираат масовни манифестации, ќе се потрудиме оваа година настанот да добие на квалитет повеќе отколку претходните години. Верувам дека се ќе биде во најдобар ред“, рече Христијан Шапкар, еден од новоизбраните кумови. Борис Маркулески пак истакна дека заедно со другарите подолго време ја планирале кандидатурата, а Олег Маленко рече дека е чест да се биде кум на Водици. “Ќе ја оправдаме нашата кандидатура со добра работа и ќе се претставиме како вистински кумови на Охрид“, додаде Маленко. Кумството на тројцата млади охриѓани ќе им биде предадено на 17-ти јануари, идната година. Новите кумови се избрани во конкуренција на девет кандидатури доставени од различни градови од државава.

“Една од кандидатурите што ни беше доставена е од Кавадарци, тоа јасно ни покажува дека полека, но сигурно централната манифестација се реализира токму во Охрид, како центар на православието и христијанството. Но нашата намера е, кај нас Водици да го одбележуваат и христијани од соседните и подалечните земји“, изјави претседателот на здружението “Богојавление“, Љупчо Арнаудов кој истакна дека здружението на задоволство на верниците, подготвува голем број новини а се очекува дента меѓу другите уметници свој настап да има и Александар Делов од Операција Триумф. Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески најави богата туристичка програма во периодот од Нова Година до 20 јануари кога е и денот на рибарите. “Во овој период од 20-на дена, Охрид ќе пулсира во

туристички размери. Ако минатите години за денот на рибарите кај Сараиште се собираа 15-20 охриѓани, нивниот број годинава се очекува да биде 2 000. Секако ова позитивно влијае и допринесува за развој на зимскиот туризам кај нас“,рече Петрески. Една од најголемите и најмасовни верски манифестации кај нас во организација на здружението “Богојавление“ ќе се одржи по шести пат. Светиот крст ќе се фрла од градското пристаниште на 19-ти јануари 2009 година. На среќниот фаќач на крстот ќе му биде подарена златна реплика од светиот крст вредна 3 500 евра. Кумовите велат дека ќе има уште многу други подароци за кои е прерано да се зборува.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

5


ЛОКАЛ

НОВОГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА ПЛОШТАД НЕМА ДА ЧИНИ ПОВЕЌЕ ОД 10 000 ЕВРА

Г

радските власти, најавуваат спектакуларен дочек на Нова година на Градскиот плоштад, кој ќе блеска во раскош и сјај. Деновиве ќе почне китењето на централното градско подрачје а ќе се украсуваат и периферните улички. Централниот дел од градов ќе биде украсен со нови реквизити а ќе се користат и минатогодишните украси. Точно на полноќ меѓу 31 декември и 1 јануари ќе има огромен огномет на плоштад а охриѓани и гостите кои Новата година ќе ја дочекаат на плоштад, ќе ги забавуваат

еминентни естрадни уметници од земјава. “Први понуди за настап, односно предност во изборот ќе имаат охридските пејачи како, Гоко Танески, Ева, Секула Пупиноски и групите “Камелеон“ и “Силви Бенд“, од македонските пејачи не е исклучен настапот на Владо Јанески или Ламбе Алабаковски. Но едно е сигурно дека нема да влегуваме во трка со другите градови како што е Скопје или како што беше лани со Куманово. Тие ако за настапот на Владо Јанески дале 20 000 евра и ако од нас се очекува да

дадеме 25.000 евра тоа нема да се случи. Нашата сума се знае, нема да биде поголема од 10 000 евра за целата новогодишна програма. Кој ќе се вклопи во нашата понуда ќе биде дел односно ќе настапи во реализирање на програмата“, изјави градоначалникот, Александар Петрески. Новата Година на градскиот плоштад се очекува да ја дочекаат околу 30.000луѓе а градоначалникот Петрески најавува дека дочекот ќе биде подобро организиран и повесел од минатогодишниот.

“Секоја наредна година мора да биде поуспешна и секој дочек на Новата година поуспешен од минатиот . Ако лани беше спектакуларно годинава ќе биде уште поубаво“, додаде тој. Две години по ред, Охрид беше проглсуван за најубаво украсен град во Македонија во периодот за Новогодишните и Божиќните празници. Според најавите на надлежните, градов и годинава ќе биде како место од божиќна бајка.

акнење на регионалната соработка во делот на прашањата кои се однесуваат на миграцијата, азилот, бегалците, визната либерализација и трговијата со луѓе, беше тема на вчерашниот МАРИ регионален форум во Охрид. Во МАРИ иницијативата за миграции членки се шест држави од регионот, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, србија и Македонија, кои два пати годишно одржуваат состаноци на ниво на политичките тела. Годинава по основ на ротација со оваа иницијатива претседава Македонија. -Регионот на Западниот Балкан е зафатен од миграциски процеси но присутна

е и нелегалната миграција која најчесто се случува на релација на транзит во регионот која пак е еден од важните критериуми за либерализирање на визниот режим. Нелегалната миграција е процес кој се следи статистички и треба да се анализира подетално за утврдување на спецификите и карактеристиките на овој процес, вели Трпе Стојаноски директор на МАРИ иницијативата. Според него визната либерализација е една од најтешките завеси со кои се соочуваат младите од регионот и тој режим треба што побрзо да попушти, но тоа, како што рече, зависи од исполнувањето на стандардите на кои инсистира-

ат земјите од Европската унија. Проблемите поврзани со миграциите се решаваат само со добра регионална соработка, е оценката и на останатите учесници на Форумот. -Земјите од Западниот Балкан се доведени во ситуација да соработуваат не само во делот на европските интеграции туку и во делот на либерализација на визниот режим, смета Зоран Петров заменик министер за надворешни работи на Македонија. Главната пречка за визната либерализација и токму нелегалната миграција и криминалот, но од друга страна ваквите појави се многу повеќе застапени во земјите од Ев-

ропската унија. Според Петров Македонија наскоро ќе добие визна либерализација, реформите, како што рече, се спроведени останува само Европскиот совет да се произнесе по ова прашање. Ваква оптимистичка најава завчера од Охрид упати и евроамбасадорот Ерван Фуере. Според него ова е големо остварување и препознавање на напорите направени од Владата и најави дека во Македонија се очекува да пристигнат експертски тимови на Европската комисија која според Фуере до крајот на годинава треба да предложи датум за укинување на визите.

Мари регионален форум Ј

6

AMAK

PRES

Ангела Белевска


ПРВО СОБРАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ

ТУРИСТИЧКИОТ ЕСНАФ ЗАЕДНО ЌЕ ГО РАЗВИВА ТУРИЗМОТ

Т

уристичките агенции, превозниците, хотелиерите, угостителите, образовните институции и регионалните канцеларии здружени во еден туристички сегмент - Стопанската комора за туризам на Македонија, ќе го јакнат и развиваат туризмот. Градење на туристички капацитети, подобрување на инфраструктура, намалување на цената на авио превозот, подобрување на условите во руралните средини, достапност на фондовите како и обуката на човечките ресурси се приоритетите во работата на комората. Eкспертите на првото собрание на Стопанската туристичка комора оценија дека Владата издвојува доволно средства за развој на туризмот, гранка која долги години беше на маргините а сега е една од најприоритетните. Законот за туризам кој предвидува субвенции за носење на странски туристи исто така ќе допринесе во подобрување на амбиентот во туризмот а од друга страна ќе пре-

дизвика интерес кај странските туроператори за посета на Македонија, согласни се членовите на комората. -Целта пред се е туризмот да го заземе вистинското место, а Македонија да биде препознатлив туристички реон каде ќе се остварува добар профит, вели директорот на Стопанската комора за туризам на Македонија, Емил Димитровски. Туристичките работници изразуваат оптимизам дека со ваквото здружување конечно ќе се стави крај на нелојалната конкуренција. -Има туристички агенции кои вршат туристичка дејност од сопствените автомобили, дивите туристички водичи не го регистрираат прометот а приватните станоиздавачи не ја плаќаат туристичката такса. Со формирањето на едно вакво тело конечно ќе се стави крај на ваквите појави, вели Перо Јакимов од туристичката агенција Генерал турист. Според претседателот на Здружението

на Туристички водичи на Македонија, Бранко Босилков, Комората ги обединува интересите на сите субјекти во туризмот. На тој начин, смета Босилков, поголемо ќе биде влијанието врз Владата за подобрување на законската регулатива. -Од Владата добивме овластување да издаваме легитимации за водичи, а пазарната инспекција е надлежна да ги следи состојбите во туризмот. Но доколку не ја вршат работата на терен ќе бараме формирање на туристичка инспекција и на тој начин ќе се справиме со нелојалната конкуренција, вели Босилков. Туристичките работници очекуваат дека наредната година ќе биде далеку поуспешна од оваа, но колкави приходи се остварени од оваа гранка не знаеа да кажат. С.В

КОНЦЕПТ НА БРУТО ПЛАТИТЕ

ПРИДОБИВКИ И ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ И ЗА РАБОТНИЦИТЕ

К

реирање на нови работни места, легализирање на неформалните договори за работа, интегрирана наплата на придонесите за социјално осигурување и персонален данок на доход, поголема социјална сигурност за работниците се само дел од придобивките и предностите од воведувањето на новиот начин на исплата на платата кој ќе стартува од почетокот на наредната година. Со новиот концепт на бруто плати работодавачите ќе се обврзани да ги плаќаат сите придонеси, ќе се намали даночната евазија нема да има изигрување на системот, а исто така нема да има можност за исплата на плати без да се платат придонесите за пензиско инвалидско и здраствено осигурување, велат експертите. На семинарот организиран од Министерството за финансии, кој се одржа во Охрид, беше потенцирано дека во платата на раборниците од 1 јануари 2009 година ќе битат вклучени и превозот и хранарината со што придонесите ќе се

плаќаат на повисока основица што значи и остварување на повисока пензија. Од друга страна пак предвидено е намалување на минималната основица за плаќање на придонеси за социјално осигурување. -Користа и за работодавачите и за работниците е во тоа што стапкита на придонесите за задолжително социјално осигурување се намалуваат и тоа постепено од 32% во 2008 година на 22% во 2011година. Очекувањата се дека реформата дава простор и да се намали трошокот на работодавачот, работниците ќе поевтинат за работодавачите и тоа ќе предизвика креирање на нови работни места. Од друга страна реформата остава доволно простор да дојде до зголемување на платата на работникот, рече Никица МојсоскаБлажевска, раководител на Секторот за макроекономска политика. Според неа со ваквиот концепт на бруто плати најповеќе се штитат работниците со ниски плати кои досега примаа 50%

од платата во хранарина и превоз. Со новиот начин на исплата хранарината и превозот ќе бидат вклучени во платата што пак дава поголема социјална сигурност и можност за повисока пензија а тршокот на работодавачот ќе се намали поради новиот начин на пресметка и намалените стапки на придонесите, смета Мојсоска-Блажевска. Претставниците од Министерството за финансии сметаат дека наплатата на продонесите преку Управата за јавни приходи ќе биде многу поефикасна од досегашната наплата од страна на фондовите. Казнените мерки доколку се изврши исплата на плата и не се пресмеаат и уплатат придонесите се во износ од 2000-3000 евра а доколку не се исплати платата до 15 во месецот за претходниот месец казната е 8 000 евра. Новина е и начинот на плаќање на придонесите, при што целиот процес ќе се одвива по електронски пат. С.В

www.amakpres.com.mk

7


ИНТЕРВЈУ

АЦО СПИРОСКИ – Директор на АДГ Трудбеник – Охрид Наскоро ќе букнат некои работи во јавноста и сите ќе останеме изненадени кога ќе испливаат на површина некој работи – вели Спироски во интервјуто за нашиот портал. Тој зборува и за запирањето на градбата во 8ма Урбана за каде оценува дека се губи драгоцено време за заживување на локалната економија, ги прокоментира и ургенциите и мешањата на пратениците во сите сфери каде не им е местото како и работата на МВР, Судот во Охрид како и инспекциите. Спироски говори и за состојбите во ВМРО ДПМНЕ, изборот на новиот координатор како и потребата да се направи вистински избор за кандидат за градоначалник

Како ја оценувате моменталната економска состојба како во градот така и во земјава со оглед на тоа дека светот е погоден од длабока криза која неизбежно ќе се почувствува и кај нас? - Ако ја следиме програмата на владата на Груевски која ја води економската политика може да се каже дека она што го проектирала и го сработува и

8

AMAK

PRES

треба да даде очекувани, да не речам одлични резултати. Ако се следи како се работи, резултатите нема да изостаната, бидејќи основната мотивираност на премиерот и тимот е да ја направи Македонија, по просперитетна, побогата и посредена држава. На тој пат има многу пречки кои треба да се совладаат но, основно е нашето единство и поддршка. Но, за она што врвот го

проектирал да се реализира во пракса треба да слезе до долу и да се проектира во животот кој се одвива меѓу луѓето во нивното секојдневие. Сите тие планови некој треба да ги спроведе, а ние стопанствениците се судруваме со глобалниот административен апарат кој не се движи во саканиот правец. Таков пример е случајот со административната гилотина која требаше да


обезбеди лесно завршување на административните работи се уште како да ни стои во место. Се уште постојат застарени бирократски односи на некои административци каде има корупција и ги мотивира ненавремено да завршуваат одредени работи и проекти. Секојдневно корупцијата не е веќе присутна, но бавноста со која се завршуваат работите потсетува на тоа дека некој нешто очекува да му се даде како начин да се забрза некоја административна работа. Владата со поставувањето на инструментариумот за спроведување на законите и проектите треба да обрне внимание на третиот ешалон кој ја спроведува власта. Од луѓе кои се поставени на јавни функции нема очекувани резултати. Тоа е од причина што се поставени луѓе без искуство и капацитет да одговорат на проблемите согласно најновите трендови. Сиот оној кадар административен добро не го следи премиерот и владата нити му помага со овој однос и начин на кој ги вршат работите. Мислам дека во Охрид веќе се лоцирани и се знаат каде се проблемите, а тоа го даваат резултатите и наодите од органите на прогонот и инспекциските органи, така да одредени состојби во Охрид ќе букнат со силен жар и ќе останеме изненадени од некој состојби кои постојат во општинава, корупција која до ден денес се одржува и постои, меѓутоа со идните случувања кои ќе се случат во овој период, а познавајќи го премиерот и доследноста и желбата да направи здраво општество од која се води, мислам дека овие процеси ќе ги совлада. Меѓутоа посебно би напоменал тој со тимот да обрне внимание на оние репрезенти на власта на локално и парламентарно ниво. Има појава кај еден или два пратеници да се појавуваат во заштита на некои работи кои се спротивни на законите и државата, т.е. штитат одредени личности од нивни мотиви да ги прикриваат во нивните законски дејствија. Тоа постои во МВР каде се пасивизираат одредени работи со ургенции, се појавуваат во УЈП, во Основниот Суд, така да тие работи се веќе лоцирани и јавноста ги знае и очекува власта да преземе одредени дејствија за да ги реши овие работи. За жал ОК ВМРО ДПМНЕ не нуди ни кадар стручен ни решение за овие состојби, а веројатно не ги ни знаат. Кога се појавува во јавноста ОК настапува со пресови кои немаат квалитет во содржината и ќе мора да се води сметка да се засили раковиот состав кој би се носел со проблемите од секјдневието.

Се води во моментов судир меѓу градот олицетворн во Градоначалникот и дел од пратениците од Охрид кои се во отворен медиумски конфликт со него. Како раководител на градежна фирма и бизнисмен какви последици по градот ќе има овој конфликт во предвечерието на изборите? - Како бизнисмен и стопанственик јас го мислам најдоброто, тоа е работа за сите. Одма треба да кажам дека сум против секое стопирање на градба која ја –поминала потребната легислатива за да имаме нормален процес на градба. Мислам дека случувањата во 8 урбана единица најмногу се производ на определена група луѓе од локалната средина, за жал припадници на владејачката партија, пред се во делот што кон владата и ресорните министерства даваат неточни податоци. Тоа не е добро бидејќи Охрид треба да го гледа развојот во работа на сите граѓани. Градежништвото апсорбира многу други стопански гранки и овие процеси кои траеле со години да се дојде до тој Урбан модул кој отвора толкав број работни места и работа за многу фирми не треба да се кочат. Градбата на оваа населба во У.Е. 8 е стопирана, а последиците од тоа ќе ги сносат граѓаните. Мислам дека информациите и насоките од локално ниво се базираат на неаргументирано тврдење дека тука има криминал, нелегални работи без да се земе во предвид општиот интерес. Во интерес е да се гради, да изгледа европски и убаво, а не на секоја понудена работа ние да гледаме да ја стопираме, а не да одиме напред. Јавноста секојдневно е сведок на разни кулоарски муабети дека тука некој ќе направи големи профити. Која е реалноста за големината на бизнисот и штетата која ја трпи локалната економија од упорното блокирање на градбата во оваа Урбана единица ? - Да се зборува за огромни профити тоа се обични глупости, Во градежништвото си постојат цени кои се вкалкулирани во сите трошоци кои настануваат додека не се донесе објектот до фаза клуч на рака. Се си има своја цена, а на овој начин губиме сите. Стојат градежните оперативи, машини и капацитети, а губиме ние сите и градот со нас. Сето ова се прави од група луѓе кои не ги разбираат тековите во економијата и влегуваат во претпоставени некакви односи, да не речам измислувања и ги стопираат активностите. Сигурен сум дека премиерот не е поддржувалч на

ова, но постојат лица кои немаат никакви познавања, а аплицираат дури до местото градоначалник и кочат процеси. Јас не ги разбирам тие луѓе што сакаат, кави намери имаат, а влегуваат во односи кои не ги познаваат. Тоа е жална слика. Јас не го правдам градоначалникот има многу забелешки на спорато и неадекватното делување на административниот апарат на локално ниво, но јас зборувам за општиот проблем дека градот нема работа. Да не го доведеме Охрид до очај користејќи еден момент каде може да добиеме голем резултат кој би бил на општа корист од сите нас. Да се ослободиме од овие идеи дека таму градоначалникот имал некоја локација и сега ќе направи огромни објекти. Некои медиуми пренесоа процени 40 милиони евра е вреден бизнисот во Бејбунар. Градежништвото е гранка која во својата работа повлекува цела низа други дејности кои ќе добијат работа тука. Може ли да се процени големината на штетата која ја трпиме со блокадата на ова градилиште ? Сите губиме, губи и заболекарот и дуќанџиите и сите Ако тука се вртат 40 мил евра по некое евро ќе заврши во сечиј џеб бидејќи таа голема маса пари ќе се движи низ градот во микро економските односи. На тој Урбан модул треба да има голема градба, да има активно учество на фирмите бидејќи на тоа големо градилиште ќе се јават веројатно неколку илјади извршители и ќе се завртат големи пари. Со овој застој создаваме не работа за некој инает и непознавање на суштествените проблеми кои се спротивни со владините програми. Затоа потенцирав дека треба да се спроведе внимание на третиот ешалон од власта. Недозволено е пратеник да глуми власт и влијание, пратеник да се меша кај началник на полиција, судот и директорот на УЈП е катастрофално лошо, во таа ситуација подобро е да се тргни сосема настрана тој пратеник. Но јас знам имам сознанија дека овие појави се лоцирани и дека наскоро ќе бидат прекинати. Навреме ќе се интервенира и сите мали моќници локални кои ја валкаат ВМРО ДПМНЕ и ја злоупотребуваат власта. Вие сте меѓу првите вмровци во Охрид. Како ја оценувате партијата денес од оваа временска дистанца и можете ли да го споредите централата на ВМРО ДПМНЕ и локалниот ОК ?

www.amakpres.com.mk

9


ИНТЕРВЈУ Партијата е една и низ неа фигурираат личности кои се поставуваат и си одат. Сите кои ја сакат партијата влегуваат со искрен однос кон неа. Мене елементите на кражба, манипулирање и злоупотреба ми сметаат. Ми сметаат и подметнувањето на некој други личности во партијата кои имаат криминогено минато зад нив и се поставуваат на високи позиции во власта. Такви работи за жал до сега се случуваа повеќепати. Тоа се луѓе водени од лични интереси кои влетуваат на кратки патеки, кои се во состојба да го доведат во прашање и мандатот како што беше случајот со мандат на владата на Љупчо Ѓеорѓиевски која сите недозволени работи кои ги правеа луѓето околу премиерот доведоа до пад на владата. Јас сум таму член со години и мене лично ме болат состојби кога некој во јавна средина настапува пијан или прави некој работи кои се не долични и секојпат кога укажувам на некои состојби,а редовно после тоа јас сум кодошен горе дека сум против ВМРО ДПМНЕ и трпам штета. Јас цело време тврдам дека работам многу здраво, а тоа го знаат и луѓето кои знаат дека со мене лесно и чесно може да се договорат Како го оценувате локалното ВМРО ДПМНЕ денес? - Мислам дека централното раководство ги има лоцирано проблемите на сите комитети, па така и на охридскиот. Морам да кажам дека ни недостасува кадровскиот потенцијал и тоа наскоро ќе се реши, а наскоро ќе се избере и новиот координатор на ОК каде се гледа дека не се брза, а и добро е да не се избира координатор на брзина за да се донесе едно добро и здраво решение. Со тоа кадровски ќе се зајакне бидејќи неколку пресови ги промарши ВМРО ДПМНЕ кои одеа на рака на градоначалникот. ВМРО ДПМНЕ беше прва партија која се делеше и правеше помали партии од неа. Најпозната партија произлезена од вашата е ВМРО НП. Сите знаеме дека таа партија активно работи на реорганизирање и појавување на политичката сцена. Имате ли контакти со ВМРО НП ? -Во однос на ВМРО јас сум прифатен кај сите, дали е Народна или не јас сум ВМРО, но ќе повторам дека мене матична партија ми е ВМРО ДПМНЕ и нити сум размислувал нити имам намера да ја напуштам партијата. Јас

10

AMAK

PRES

можам да се пасивизирам, да се повлечам или повторно да се активирам но секогаш ќе сум ВМРО ДПМНЕ. Еден подолг период Народна беше пасивизирана, се зборуваше дека е во стечај и слично. Јас лично не гледам причина зошто таа партија сега би се активирала. Јас можам да кажам Народна партија да си ја тера својата работа и програма, но мене ми смета дека кога се појавуваат во јавноста го напаѓаат само ВМР ДПМНЕ . Ако делуваат како партија нека ги напаѓаат сите па и ВМРО ДПМНЕ , но ако само го напаѓаат премиерот и ДМПНЕ тоа не е добро ни за демократијата ни за политиката. Јас сугерирам само малку повеќе вокабуларот да го насочат он општите проблеми. Но јасно е дека од таа партија се се поактивни, Ве контактирале ли и Вас? Сум разговарал во општи муабети. Но, ни барале ни јас можам тоа да го направам. Знаат и тие познавајќи ми го карактерот дека нема шанси тоа да се случи. Знаат и во народна дека јас кога настапувам во јавноста со критики пред се кон сопствените редови во ВМРО ДПМНЕ ми нанесува дури и повеќе лична штета од колку некоја си корист бидејќи сакам добро и здраво да направам. Секогаш сум лошо пренесуван кај централата во Скопје. Спојот меѓу Народна и Љубе Бошкоски, ако се логично спојат коцките ќе се види дека работите одат во тој правец да се напаѓа ВМРО ДПМНЕ во однос на старо и ново членство. Мислам дека Љубе Бошкоски сам треба да го оцени моментот дал и треба да атакува кон претседателската функција бидејќи мора да се земе во предвид фактот што постои опасност дел од тој не Македонски блок пред се Албанците, каде постои опасност да не го прифатат. Тоа треба длабоко да се изанализира. Јас лично сакам да го гледам Љубе како претседател на Македонија но, да биде прифатен од сите. Основно е тука да го прифатат Албанците, пред се од ДПА и ДУИ. Значи ако тие го поддржат јас ќе сум прв што ќе гласа за него. Треба да се направи добра анализа и проценка бидејќи ние овде не живееме сами. Мислите ли дека тоа може да предизвика тешки последици ако не биде Бошкоски прифатен од Албанците? Јас не велам дека не би го прифатиле, нои треба час поскоро да се направи проценка или некоја пообемна анкета,

за да не се доведе државата во нова противречност. Сите сме деновиве сведоци дека повторно се напаѓа полицијата тоа не е наивно, не е случајно, повеќе е тоа производ на надворешни фактори и затоа мора да го најдеме заедничкиот момент во кој живееме работиме и ја градиме државата. Деновиве јавноста е преокупирана со анкетите кои партиите ги правеа во Охрид, партите упорно ги кријат резултатите . И Вие бевте споменуван во тие анкети . . . Јас сум поборник на вистината. Јас немам сознание дека сум бил ставен во анкета и добро сум котирал таму. Моите сознанија се дека воопшто не ме ставиле во анкета, а исто така моите сознанија се дека тие што биле во анкетата до ВМР ДПМНЕ се со слаб рејтинг. Јас би сугерирал партијата час поскоро да направи нова анкета со нови личности, има добри менаџери и стопанственици кои треба да се стават во анкета, така најдобро ќе се доближат до противкандидатот. Да не губиме време со овие кандидати без рејтинг и треба да се бараат нови решенија Мислите ли дека ако се избере еден од овие кои сами се испоставиле во медиумите како да се кандидат и водат војна и ако некој стане кандидат какви се шансите на ВМРО ДПМНЕ да ги добие изборите? По неколкуте слаби пресови кои не му наштетија на рејтингот на градоначалникот туку го застанаа процесот на градба, бидејќи тие пренесени сомневања се пренесоа во централната власт која за жал ги апсорбира во последен момент и општа штета настана. Но тие политички интереси на оние на кои им недостасува рејтинг сакајќи да го добијат рејтингот на некој луѓе се жртвува една важна работа и дојдовме до фаза кога сме без работа или некој кој што има муви во главата и по секоја цена сака да стане градоначалник, а не ја познава проблематиката сите ние страдаме. Тоа се жални работи кои ни се случуваат во моментов. Јас веќе кажав лоцирани се овие проблеми во ВМРО ДПМНЕ и нема да дозволи да продолжат ќе го најде вистинскиот човек и ќе одиме на избори со вистинско решение.

Разговорот го водеше Љупчо Таневски


1

11


INTERVJU БОРО ПАВЛОВСКИ- Директор на ЈП “Комуналец“ и лидер на охридската ЛДП

СИГУРЕН СУМ ДЕКА МАЛИТЕ ПАРТИИ ИМААТ ПОКВАЛИТЕТНИ КАДРИ И ИДЕИ Првиот човек на ЈП “Комуналец“ и лидер на охридската ЛДП, Боро Павловски вели дека претпријатието финансиски успешно ја завршува 2008 година. Наредната година за “Комуналец“ ќе започне со вложување и обновување во механизацијата и возниот парк. Што се однесува до политичкиот живот, лидерот на охридската ЛДП, Павловски, вели дека во моментов неговата партија дејствува самостојно. Но кон која страна ќе се приклони партијата ќе зависи од персоналните решенија што големите партии ќе ги понудат. “Кога се бира градоначалник, најважен е човекот што се бира, а не партијата од која тој доаѓа. Граѓаните сакаат познати испитани личности на кои им веруваат“, вели Боро Павловски и додава дека ЛДП ќе настапи со позитивна кампања, а не со критики кон големите политички партии .... УСАИД од каде добивме одреден број садови и уште поуспешно и подобро вршиме селекција на пет амбалажите.

На крајот сме од 2008 година. Како ја оценувате работата на ЈП “Комуналец“ за оваа година, како ја завршувате финансиски годинава? -Во секој случај општата клима на работење е тешка. Ние работиме со голем број комитенти 16-17 000 домаќинства каде тешко се доаѓа до наплата. Но бројките се позитивни и укажуваат дека позитивно ќе ја завршиме 2008 година,следејќи ги шест или девет месечните квартални извештаи. Мислам дека за истите пари имаме направено многу повеќе од предвиденото со програмата за оваа година,но истата според мене ќе биде една од најуспешните поради направените заштеди, со исти средства направивме

12

AMAK

PRES

повеќе од предвиденото и секако завршуваме позитивно. Годинава започна со кампањата “Препознатливо чист“. Која е целта на кампањата, како се одвива досега и колку сте задоволни од реализираното? -Тоа е работа што ја започнавме и трае подолго време. Таа кампања е пред се за информирање на граѓаните околу примарната селекција на пластиката и хартијата. Навистина има добар одзив на граѓаните и сме меѓу првите општини кои се доста навлезени во таа работа. Значи имаме примарна селекција на пет амбалажата , како што реков на хартијата и имавме успешен проект со

Наплатата на сметките од граѓаните и фирмите со години наназад се провлекува како проблем. Каква наплата реализиравте во 2008 година? Какви услови при плаќањето им нудите на охриѓани? -Во однос на економско- финансиската состојба што не опкружува се трудиме да се приспособиме и да го реализираме начинот на наплата што најмногу им одговара на граѓаните. Во секој случај наплатата за овие наши македонски услови е релативно добра. Од прилика 75-80% од комитентите без проблем го плаќаат месечниот износ. Тоа е добар процент за нашава дејност, зошто ќе се сложите немаме механизам на исклучување на струјомери или водомери, туку тоа го правиме со кампањи преку кои најдобро се поврзуваме со охриѓани и на тој начин ги мотивираме да си го платат ��олгот. Секако воведено е наплаќање на сметката на рати и тоа многу им одговара ним – на граѓаните. Изминативе години вложувавте во модерни машини за чистење, имате ли планови за осовременување на механизацијата? -Механизацијата од аспект на услужна хигиена ни е помалку бројна. Треба да се освежиме со специјални возила за собирање на комуналниот отпад и мислам дека нив мора да ги набавиме во 2009 година. Во периодов наназад набавувавме помали машини кои се поспецифични за вршење на нашава


дејност. Значи сме во планови за освежување на возниот парк. Подолго време имавте проблеми со собирање на сметот во село Пештани и останатите крај езерски населби. Каква е сега состојбата таму? -Конкретно со работите кои се одвиваат во Пештани сум навистина многу задоволен. По стапувањето во сила на законот за Јавна чистота, направивме неколку состаноци со жителите од село Пештани и сиот проблем што таму го имавме особено во летниот период веќе е решен и мислам дека уште сега сме подготвени за идната туристичка сезона. Имаме навистина добра соработка со луѓето која придонесува сметот да се фото: Љ.Т. депонира таму каде што треба, истиот го чуваат во сопствениАко веќе овие поголеми партии не се те куќи до моментот кога треба да се разјаснети ние уште помалку, барем во изнесе на улица за да го соберат на- овој момент не можам да кажам нишшите служби. Исто така имаме повре- то поконкретно. Секако овие избори мени дополнителни акции за чистење ќе бидат многу интересни, граѓаните на брегот и активности за метење сред ќе имаат поголем избор. Значи дали ќе село. се оди самостојно или со повеќе незаПлацот за возила кои ги подига Пајак службата е во Бејбунар. Со планот за градба кој може да се реализира каква ќе биде иднината на овој имот на Комуналец и што ќе градите тука? -Со генералниот и деталниот урбанистички план на тој простор предвидени се други работи и мислам дека е во ред да се дислоцира таа работна единица. Во секој случај јас верувам дека општината и советот ќе најдат соодветно место за лоцирање на нашата маханизација, тука не и е местото. Вашиот политички ангажман повторно е актуелен во јавноста. Избран сте за претседател на Либерал Демократската Партија (ЛДП) за Охрид. Низ кулоарите бевте посочуван како носител на независна листа, составена од угледни граѓани од Охрид зад која би застанале некои покрупни бизнисмени. Како ќе настапите на изборите? -Во секој случај ние сме помала партија во однос на ВМРО и СДСМ. И мислам дека и вие би се сложиле со мојот став дека мора да почекаме некоја разврска да видиме како ќе се одвиваат работите. Немаме многу време за размислување но мора да се приспособиме во однос на некои тактики.

висни листи не е толку важно, важно е дека граѓаните ќе имаат поголем избор. Мислам дека персоналните решенија на сите нас ќе ни бидат најбитен сегмент при одлучувањето. Значи кога се избира градоначалник многу е важна личноста која се бира. Луѓето сакаат личности кои се испитани, кои ги познаваат. Речиси сите партии во програмите нудат исти факти пред изборите, затоа ЛДП е со размислување да понуди добри персонални решенија.

Се дистанциравте од СДСМ како партија, како го оценувате денес нејзиното работење како е ВМРО и работата на градоначалникот Александар Петрески? -Моментално е таква состојбата каква што е. Од централното раководство имаме одредени насоки на локалните избори да се настапи самостојно. Ќе видиме што ќе донесе времето, нашето приклонување кон една или друга страна ќе зависи од персоналните решенија што ќе ги понудат другите партии. Според тоа и ние ќе заземеме свој став. Работата на другите партии јас сега не би ја оценувал. Сигурен сум дека многу поквалитетни луѓе и идеи имаат помалите партии и тука ќе се бориме со една наша позитивна кампања

а не со критики во однос на поголемите партии. Поголемите партии се навистина масовни и доста често граѓаните гласаат по инерција за нив, гласаат црно- бело. Навикнати се само на нив што мислам дека не е во ред. Треба пред се за личноста да се гласа. Но за жал гласањето по инерција не го има само кај нас туку и во нај развиените земји во Европа и Америка. Но повторно потенцирам дека кога се бира градоначалник личноста што се бира е најважна, особено во земји каква што е Македонија каде не се дефинирани сите работи во однос на просторот каде ќе се движи еден градоначалник или совет како и редот други функционери. Поради таа недефиниранос на надлежностите се остава на историската среќа “во рој момент да се појави виситнски човек на вистинско место“. Во некои држави јасно се дефинирани надлежностите во кои дејствува еден функционер. За жал тоа не е случај кај нас. Државава ја мачат многу проблеми замислете уште некој неспособен човек да се појави на некое место, е тогаш настапува вистинска стагнација. А во однос на работата на градоначалникот Александар Петрески, ќе го кажете својот став? -Па, добро, со градоначалникот Петрески сме една екипа каде што мислам дека граѓаните во една голема мера се задоволни од работењето на градоначалникот. Односите градоначалник ЈП “Комуналец“ се перфектни. Ангела Белевска

www.amakpres.com.mk

13


LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE Билјана Крстевска- продавач и вљубеник во цвеќето

ЦВЕЌАРОТ Е МОДЕН СТИЛИСТ ЗА ЦВЕЌИЊА

Б

14

илјана Крстевска е една од најпознатите продавачи и одгледувачи на цвеќиња во Охрид. Со оваа работа се занимава повеќе од 15 години. По професија е наставник по оделенска настава но за жал никогаш не нашла работа по струката, и веднаш по завршувањето на студиите се вработила во цвеќарница. “Дипломирав во 1991 година, но во напливот на наставнички кадар немаше место за сите нас, кои аплициравме за малубројните работни места. Сакав да работам со деца, но за жал желбата не ми се оствари“, вели Билјана која иако

та при работењето брзо го одвлекуваше вниманието на купувачите кои веруваа во она, што таа со вештите раце успеваше да го направи од целофанот, лентите, тантелите или срмата. “Неколку години подоцна јас и сопругот, отворивме сопствена цвеќарница. Секако дека е важна локацијата каде што е сместено продажното место. Но најважна од се е креативноста на цвеќарот. Кога цвеќето ќе го погледнеш, да го замислиш изгледот на букетот што од него ќе се роди. Треба да умееш да ги ускладиш, боите, нијансите и секако да внимаваш

таа. Работат ускладено и тимски секој си ги знае надлежностите.Т аа многу повеќе се занимава со пакување, избор и продавање на собно- внатрешно цвеќе а сопругот со надворешното односно парковско цвеќе. Цвеќето го набавуваат од Холандија, а тантелите, свилените ленти, мрежите, пергаменти, јутата и сламата за украсување ја купуваат од Грци и Италија. “Често набавуваме цвеќе и украси, но јас покрај познатите сорти растенија секогаш сакам да набавам нови, кои не се толку познати за нашиот пазар.

студиите ги завршила со висок просек, во рекордно време животот ја насочил во друг правец. Младата охриѓанка, која трудољубиво ги пакуваше и украсуваше подароците и цвеќето, со својот труд и вештина-

за каква пригода го пакуваш цвеќето или подарокот“, раскажува Крстевска и додава дека од голема полза при работењето е поддршката и помошта што ја добива од сопругот Мирче, кој е вљубеник во цвеќето колку и

Што се однесува до украсните додатоци и тие се менуваат низ времето. Како што постои мода во облекувањето на луѓето има и би ги нарекла“ модни“ додатоци за цвеќе кои од година во година се менуваат. Истите мора да се

AMAK

PRES


следат и навремено да се применуваат при пакувањето. Пред неколку години се преферираа флуросцентни целофани и светкави ленти ,во последно време тоа е аут, сега најчесто се употребуваат хартии со интересен дезен или еднобојни, се користат, тантели, чипки,сатенски машнички. И повторно велам, треба да се има чувство за убавина да се умее правилно да се комбинираат материјалите и боите. Се е до креативноста на цвеќарот. Ние сме модни стилисти, не за луѓе туку за цвеќе“. Луѓето кои скакаат растенија ги имаат дома и во дворниот простор, независно од годишниот период, со љубов се постигнува се. “По нарачка доколку не ангажираат средуваме дворови, и паркови. Но мора да се знае дека со 5 000 денари нема шанса убаво да се среди дворот или паркот. Садниците се поскапи, но не смее да се заборави дека цената колку да е висока за муштеријата во дадениот момент, таа станува минимална ако се земе во предвид дека засадено-

то дрво или растение во дворот останува за неколку години или до крајот на животот “, истакнува Крстевска и додава дека на зима дворот може совршено да изгледа со засадените растенија кои опстануваат и во тој период од годината:елвуди, купресоси, туи, врби. При тоа не смее премногу да се налеваат со вода. “Најинтересниот и нај пипавиот дел во мојата работа им припаѓаат на свадбените аранжмани кои исто така ги правиме. Макотрпна е таа работа, но се радувам со секое ново спакувано цветче,со бисерите кои некогаш рачно ги везам на мрежата или тантелите. Правиме се што ќе побараат муштериите. Работата е макотрпна, бара време, но не исполнува. Во последно време свадбените подароци , додатоци и пропратни украси не ги правиме само во бела ту��у и во беж, боја на шампањ,бледо розова па дури и ултра црвена или бордо боја, се зависи од вкусот на зетот и невестата. Но често се случува се да ми препуштат мене јас да изберам и боја и детали кои сметам дека се убави како за об-

леката така и за просторијата во која се одржува свадбената веселба што исто така ја украсувам“. Како стаклена градина во рајски дворови е цвеќарницата чија сопственичка е Билјана. Илјадниците цвеќиња од различни видови, палми, бенџамини,млумбергери,циклами, драцени, јапонски ружи и други видови растенија ви го зашеметуваат умот кога ќе влезете во нејзината работна просторија зошто во еден миг замислувате дека се наоѓате во најубаво уредените холандски паркови. А тука ќе ве пречека не ликот на студена холанѓанка туку топлиот насмеан лик на Билјана која ќе направи се муштеријата задоволен да ја затвори вратата зад себе, за повторно да се врати тука. А кога сонцето ќе се умори од небесниот пат и кога градската врева полека спласнува во семејните куќи, Билјана одвојува, време и простор за сопругот Мирче и двете најмили деца, Теодора и Милан.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

15


ХРОНИКА

СТУДОТ ВО КОСКИТЕ БОЛКАТА ВО ДУШАТА

16

AMAK

PRES

З

авиткана под излитениот јорган на температура под нулата четириесет и пет годишната Зоре Малеска поминува уште еден ден од нејзиниот мизерен живот под ведро небо. Без покрив над главата, без работа и социјална сигурност, надвор од системот оваа жена веќе 16 години живее под отворено небо. Спие во дворот на милозливите комшии без никаква стреа над главата. Вели, најтешки се зимските ноќи, легнувам и незнам дали ќе се разбудам. Гладот и суровата судбина само и ја надополнуваат болката на безизлезот. На нејзиното лице секоја бора како да ја издава маката која Зоре ја преживува во нејзиниот живот без дом, но и стравот како да се презими уште една зима слична на онаа претходната која и при самата помисла се чини невозможно. Куќата во која е родена е на само 50-тина метри од нејзиниот „дом“ но од таму нејзиниот татко и ги затворил вратите уште пред многу години. Дури ни сега кога судбината сосема си поиграла со неа, Зоре нема право да се врати назад. -Некогаш и јас бев како сите вас, имав дом и топол оброк а сега сум за никаде. Се покривам со јорганот и спијам тука во дворот на моите комшии. По цели ноќи се смрзнувам но што да правам. Нема каде да одам. Од дома ме избркаа на сред зима во најголемите снегови пред многу години. Од тогаш живеам како куче. Среќа има и добри луѓе па ми даваат храна за да можам да преживеам но ваков живот чуму ти е, вели со солзи во


очите бездомничката Малеска покажувајќи го местото каде комшиите и го оставаат дневниот оброк. Со грчовити покрети извлекувајќи се од под јорганот тивко проговори„Еве веќе се стемнува а замислете какво ќе биде после полноќ, но најстрашно е кога има снег-тогаш е и ладно и влажно“. Со прстот покажувајќи кон портите на соседните куќи Малеска ни кажа кој од комшите и носи за јадење „Оваа жена ми дава супа, грав, манџа и од тоа живеам. Порано ми помагаше еден човек и кај него се ранев. Ако не беше тој досега ќе бев умрена но среќа моја некој и мене да ми се најде во животов кој ме направи права питачка, вели Малеска Но тоа не е единствената „шлаканица“ која и ја задала судбината во нејзиниот бездомнички живот. Нејзината 11 годишна ќерка не живее со неа. Моментално се наоѓа во струшкото село Враниште но солзите и го затнаа грлото и Зоре повеќе неможеше да зборува за своето чедо кое не го видела долго време.„болката ми ја кине душата можеби така успевам да ја издржам студта во ноќите кои се предолги. Студот ми е во коските а болката на душата. Единствената желба во животот е мојата ќерка да има поубав живот од мојот“, вели таа. Нејзиниот татко, човекот кој пред многу години ја избркал од дома пак вели дека одамна ја заборавил„ Таквите како неа и треба да живеат на улица“ е неговиот одговор за тоа дали чувствува некаква родителска грижа. Според него грижата треба да ја преземе државата. Вели дека воопшто не чуствува жал затоа

што и таа имала дете кое воопшто не го гледала и не се грижела за него. -Беше мажена во Враниште но избега од таму и ја остави ќерка и која сега има 11 години. И таа е родител но не се грижи за своето дете. На два пати ја прибрав дома но премногу е агресивна

четири соби од куќата каде Зоре е родена. „Додека беше жива мајка и вакви работи не се случуваа но откако почина проблемите беа се поголеми. Најпрвин спиеше во дворот но барем имаше стреа над глава но подоцна ја избркаа и од тука и сега спие по бавчите. Несватливо

и кршит низ куќа. Повеќе не намеравам да ја приберам сега државата нека си ја земит. Јас си имам друга ќерка и друга жена имам мала пензија и неможам да и помогнам, вели таткото на Зоре, 72 годишниот Тане Малески. Соседите пак токму него го гледаат како „монструм“ кој дозволил неговото дете да спие по улици а тој и жена му да користат

е како родител може да му го направи тоа на своето чедо, загрижено се прашуваат првите соседи на Тане. Тие се згрозени и од негрижата на државата која немо гледа на човечките судбини. „И кога има дожд и кога има снег таа е надвор. Треба тогаш да дојдете и да ја видите таа страшна слика, куче да врзиш ќе избега. Ова е навистина греота државата мора

нешто да преземе, коментираат тие. -Незнам веќе колку години е на улица, нон стоп ја гледаме.Често пати бара кафе да и направиме. Кога ќе наврнит и даваме алишта да се преслечит зошто целата е мокра а нема каде да се исушит, вели една комшивка. Но не е само семејството тоа кое не и подава рака на жената која го има достигнато дното на бедата. И од Центарот за Социјални работи нестигнуваат оптимистички најави дека случајот со охридската бездомничка набрзо ќе може да биде решен. Од таму велат дека пред две години и бил понуден смештај во Центарот за бездомници во Катланово но Зоре ги одбила. Од тогаш па до денес оваа жена повеќе не е ни посетена од социјалните работници. Оние бездомници кои живеат во градови каде има народни кујни барем добиваат дневен топол оброк. Зоре ја нема ни таа привилегија затоа што во Охрид останаа само најавите дека ќе се отвори таков објект. Но животот продолжува а Зоре и понатака останува да живее под ведро небо со мисла дека некој некогаш ќе и помогне. Завиткана во неколку џемпери, додека се поздравувавме, се поднавали да го дофати ќошот од стариот јорган и полека се вовлече внатре. „И вечерва ќе биде ладно затоа ќе легнам да ја стоплам постелава“, рече со ироничен глас осамената жена која и оваа година празниците ќе ги слави заедно со нејзиниот неразделен „пријател“ студот.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

17


SPORT СЛАБА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕП ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ

НАМЕСТО ПРОМОЦИЈА БРУКА ПРЕД ЕВРОПСКАТА ЈАВНОСТ П

разна сала и незаинтресираност кај охриѓани за следење на најголемиот спортски настан одржан во РМ.“Тмурна“ беше атмосферата во која се одржаа ЕП во ракомет за жени во спортската сала Билјанини Извори во Охрид. На трибините публиката единствено можеше да се забележат репрезентациите кои ги следеа натпреварите на нивните конкуренти во групата, оние кои според протоколот се професионално ангажирани како и помал дел граѓани кои стигнале до гратис карта. Билетите кои до пред самиот старт на шампионатот изнесуваа 900 денари, по првито ден од натпреварите беа намалени на 300 токму поради слабиот интерес кај охриѓани. Но ни новата цена не ги “измами“ граѓаните да дојдат и да гледаат врвен ракомет. И покрај тоа што службите не откриваа колку влезници се продадаваат ние дознавме дека бројката не била поголема од 20-тина карти на ден. Недоволната маркетинг промоција но и слабата организација ги остави охридските хотелиери со празни раце. Ниту од далеку не се исполнија најавите дека во Охрид заедно со осумте репрезентации ќе пристигнат и 10 000 навивачи. Пропуштена е голема шанса Охрид и Македонија “бесплатно“ да се промовираат пред Европа. Според градоначалникот на Охрид Александар Петрески незаинтересираноста кај охриѓани се должи на слабата кампање која ја водеше Ракометната федерација за промоција на ова ЕП, но ваквите изјави ни одалеку не ја намалуваат вината на Локалната која сама можеше и мораше да пристапи посериозно кон промоција на нашиот најголем туристички центар. Одговорните во ЈП Билјанини Извори се свесни за ваквите пропусти. Иако на сопствен грб го понесоа товарот за реновирање на салата која доби комплетен нов европски лик, од таму велат дека можноста за промоција на Охрид во европски рамки е пропуштена. -Почнувајќи од влезот на градот има

18

AMAK

PRES

два три патокази кои покажуваат каде е се наоѓа спортската сала. Изостанаа рекламите за афирмирање на овој голем спортски настан што е обврска на РФМ. Рекламирањето и правењето на постери, закупот на билборни не е наша обврска. Ние на самиот ден на отварањето ја добивме финансиската помош од Владата на Р Македонија. Во иднина сериозно ќе работиме на ваквите проблеми. Во делот на подготовките на салата со подршка од Локалната ,направивме чекори кои никогаш не биле преземени. Имавме обезбедено услови Охрид да се рекламира пред Европската јавност, но причините зошто тоа не се реализира не ми се познати. Ние како СРЦ билјанини Извори во целост успеавме да ги промовираме нашите услуги направивме неколку потези во тој правец се со цел да ја доближиме спортската сала до европските сали, вели Иван Цветкоски директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти. Како што дознаваме организаторот на ова ЕП, РФМ нема префрлено ни денар за зафатите кои се направија во салата а само во последните неколку денови пред свеченото отварање на шампионатот за шминкање на објектот биле потрошени околу 30 000 евра. Финансиската помош во висина од 70 000 евра пристигнала последниот ден, на самиот почеток на првенството и тоа од Владата на Р Македонија. Многуте пропусти направени во самата организација укажуваат дека по се изгледа Македонија не е спремна да организира вакви големи спортски настани каде наместо да се рекламира се брука пред европската јавност. Наместо да се претставиме како гостопримлива туристичка дестинација на данската телевизија оставивме впечаток дека сме питачка земја, најсиромашна во Европа. Ниту репрезентациите кои во првиот круг престојуваа во Охрид, освен природните убавини на градот нема можност да понесат големи импресии. ЛЕР не обезбеди пропаганден материјал па барем на слика да ги видат културно историските знаме-

нитости на градот на УНЕСКО, ниту пак туристичките агенции и водичите пројавија интерес да ги прошетаат низ градот. Обиколките на ракометарките се сведуваа на прошетка низ градот, пиење кафе во некој од локалите а се завршуваа со пазарење на охридскиот пазар. Дури и приказната за далеку познатиот охридски бисер остана далеку од нивните очи. Најзачудувачко за нив беше сликата на бројните плакати за текила парти и други забави а ниту една за вака голем настан. -Штотуку прошетавме низ чаршијата но никаде не прочитавме дека во Охрид се одржува Европско првенство. Секаде каде што сме настапувале на вака големи натпреварувања градот живее со тој настан но тука се е некако мирно и без интерес, велат луѓето од Шпанската репрезентација кој ги затекнавме по тезгите од пазарот. „Цели два часа шетаме и незнаеме каде да одиме па затоа дојдовме тука“, ваков беше одговорот кога ги запрашавме зошто токму тука ги најдовме. Туристичките работници целото ова фијаско од спортски настан го препишуваат на непланското организирање. Охрид можеше и мораше ова да го искористи. Имавме и време за подобра организација затоа што овој настан не ни падна туку така од небо, сметаат тие. -Ова беше одлична можност за промоција на Охрид. Службите задолжени за тоа, кои ја прибираат туристичката такса треба да ја искористат исклучиво за промоција на градот. Но во овој период не видовме ниту еден билборд низ градот. Треба навистина сериозно да се седне и да се види дали недостасува желба идеа или е нешто трето во прашање. Маркетинг промоцијата е најбитна за едно туристичко место а нам можностите за таква реклама ни бегаат пред очи. Несватливо е на европски првенства хотелите да останат празни. Македонија несмее повеќе да дозволи вакви работи да и се случуваат но исто така и општините треба многу поактивно да се вклучат


а не традиционално да си ја префрлаат топката кој е надлежен. Доколку и во иднина настапуваме вака неорганизирано и некоординирано ќе ни се случуваат вакви работи, вели директорот на новоформираната Агенција за развој и промоција на туризмот Зоран Стрезоски.

НОВИНАРИТЕ СО ОСУДА ЗА СЛАБАТА ПРОМОЦИЈА И охридските новинари со став дека Охрид не ја искористи можноста да се промовира како туристичка дестинација пред Европстата јавност. -Со самиот податок дека спортската сала Билјанини Извори за време на одржувањето на ЕП во ракомет е 90% празна доволно зборува дека во Охрид не се чувствува атмосвера дека има некоја значајна меѓународна манифестација. Несватливи се изјавите и на Локалната самоуправа и Ракометната федерација на Македонија и нивно префрлување на топката кој е надлежен за промоција на ЕП, за изготвување на билборди, плакати и слично. Сметам дека и општина Охрид самата многу можеше да направи бидејки 12 илјади евра за поставување на 5-6 билборди низ градот се многу малку за општина која што сака да промовира развој на туризмот. Во охридските хотели се сместени само делегациите на репрезентациите а изостанаа најавените навивачи факт кој потврдува дека воопшто ништо не е направено. Можеби некоја од ТВ екипите ќе снимаат некоја репортажа за Охрид но тоа ни одалеку не е доволно. Што се однесува за РФМ несватливо е да нема никаква промоција пред се по медиумите, никаков рекламен спот, ниту најмал флаер да не се изработи. Организаторите сакаат салата да ја исполнат со давање на гратис билети со цел да со покаже дека сепак има интерес за ова ЕП. Жално е што воопшто не успеавме да се промовираме и незнам дали Европа воопшто некогаш ќе се нафати за да и довери на Македонија една ваква голема организација, вели новинарот од Супер радио Мики Трајкоски, дописник на националната телевизија Алсат и ББС -Охриѓани ја испуштија можноста бесплатно да се рекламираат пред Европа. Амбиентот во градот воопшто не потсе-

тува дека во Охрид се одржува вака голем настан Покрај тоа што речиси и да нема постери, или какви било обележја, мал е бројот на странските посетители. Во салата каде се играат натпреварите освен еден чичко кој продава сувенири нема никаков промотивен материјал кој на малиот број на странци би им го понудил Охрид како нивна туристичка дестинација. Охриѓани не загризаа на самиот старт и по недела дена од одиграните натпревари, откако видоа дека бројот на странците е мал, не верувам дека нешто ќе променат во нивната летаргична стратегија за развој на туризмот, смета Мирко Постолоски новинар од НТВ и дописник на Македонски спорт и Дневник.

ЖУРКА И РАКОМЕТ ВО „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ Диското во составот на салата «Билјанини извори» во Охрид, кое во пресрет на ЕП во ракомет за жени, половина беше преуредено во прес центар, проработе и за време на шампионатот. Во него се одржа и забава на која присувствуваа и дел од новинарите и ракометарките. Имало и непријатни реакции од странските новинари, но само после два дена забавата се повторно продолжи. Од ракометната федерација на македонија велат дека реагирале до луѓето кои управуваат со салата, но не конкретен одговор не добиле. „Тоа значи дека ќе продолжат по старо и во иднина ќе се прават забави“, вели Драган Начевски претставник на РФМ. Одговорните пак од објектот велат дека двете страни имаат валидни договори. --Оние кои го работат диското треба самите да одлучат дали ќе работат или не во секој случај немаше никаков проблем, обезбедувањето беше појачано и се помина во најдобар ред, велат од Билјанини.

АГРЕГАТОТ ГО СПАСИ ПРВЕНСТВОТО Репрезентациите кои играа во спортската сала «Билјанини извори» во Охрид на три пати останаа без струја. Во двата случаи жртви беа руските ракометарки, кои на утринските тенинзи на два пати остануваа без струја, доде-

ка најголемиот проблем беше вториот ден од првенството, пред почетокот на натпреварите, кога повторно откажа склопката во трафостаницата на ЕВН, па организаторите беа принудени да се одлучат за алтернативното решение, агрегат кој во целост го обезбеди објектот со струја. Благодарение на навремената реакција на одговорните во ЈП «Билјанини извори» кои непосредно пред стартот на ЕП го набавија агрегатот, од сопствени средства, Охрид не се брукаше пред европската јавност. Но и за ваков случај вината беше префрлувана од едни на други. Од ЕВН експресно се огласија дека трафостаницата не е во нивна надлежност туку на локалната, а луѓето од СРЦ Билјанини Извори го потврдија токму спротивното. Според Сашо Велјаноски самостоен референт за јавно осветлување на општина Охрид, трафостаницата е изградена со отварањето на СРЦ во 1978 година и до ден денес е во сопственост на поранешна ЕСМ сега ЕВН. -Поради тоа што дистрибутивната мрежа во Западна Македонија испадна од систем имаше струјни удари кои предизвикаа прегорување на осигурачите во самата трафостаница, дефект кој ја остави спортската сала без електрична енергија. Истовремено реагиравме до ЕВН и нивното раководство испрати дежурен електричар да го отклони дефектот што е уште еден доказ дека трафостаницата е во нивна надлежност, вели Велјаноски. Инаку, ЕВН како што дознаваме во текот на првенството се закани дека во целост ќе го прекине напојувањето со електрична енергија, доколку не се подмири заостанатиот долг од 1.400.000 денари направен во последните три години. Како што дознаваме, директорот на новоформираното ЈП за стопанисување со спортски објекти Иван Цветковски успеал да ги сервисира обврските направени од неколкумесечното постоење на ова ЈП. На сметката на ЕВН легнаа 463.000 денари, што по се изгледа ја спаси салата од целосен мрак. Од друга страна пак ваквата одлука на ЕВН за исклучување на струјата поради неплатени долгови доаѓа без претходна опомена и даден рок за сервисирање на долговите. Од ЈП «Билјанини извори» најавија дека доколку ЕВН ја прекинеше струјата ќе поднесеа тужба.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

19



АМАК ПРЕС 102