АМАК ПРЕС 101

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 101 25 Noemvri 2008

СПЕЦИЈАЛНА ГРАЃАНСКА ЕДИНИЦА ЌЕ ГО РЕГУЛИРА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИД

ГОЦЕ СИМОНОСКИ СИ ЗЕДЕ АДВОКАТ НИКАКО ДА ГО ТРГНЕ ВНИМАНИЕТО ОД СЕБЕ. ОДКАКО ЈА ПРОМЕНИ БОЈАТА НА КОСАТА СЕГА ГО ПРОМЕНИ И НАЧИНОТ НА КОМУНИКАЦИЈА СО НАШИОТ ВЕСНИК

ИНТЕРВЈУ: ЗОРАН СТРЕЗОСКИ

ИНТЕРВЈУ: СЛАВИЦА ИЛИЌ

СТРЕЗОСКИ ВЕТУВА КОНКРЕТНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРИ ДЕНОВИ ВО ТУРИЗМОТ

ГИ ПОТТИКНУВАМЕ УЧЕНИЦИТЕ ДА УЧАТ ЗА ЗНАЕЊЕ А НЕ ЗА ОЦЕНИ

definitivno najevtino www.don.com.mk


ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES


ЛОКАЛ ГОЦЕ СИМОНОСКИ ГО АНГАЖИРА ДРАГАН ГОЏО ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО НАШИОТ ВЕСНИК

РАКОВОДИТЕЛОТ НА ЛЕР СО НАС ОД СЕГА КОМУНИЦИРА ПРЕКУ АДВOKAT Интересно е и тоа што во последниот

Р

аководителот на ЛЕР Гоце Симоноски ангажирал адвокат преку кого сега комуницира со редакцијата на локалниот весник Амак Прес Охридски Новини и порталот Мегастар. Имено овие два медиума добија писмени реакции од канцеларијата на адвоактот Драган Гоџо со која се демантираат некои од написите и ставовите изнесени во колумните на Љупчо Таневски. Интересно е да се напомене дека во писмените реакции испратени во тековниот месец се реагира на написи кои се објавени на 03 и на 25 август. Се реагира на изјави кои за Амак Прес Охридски Новини ги дал Демир Далип, а кои редакциите ги имаат документирано на аудио запис и за изјави на новинарката Росица Голабоска дадени гостувајќи во емисија на Радио Охрид, а Амак Прес Охридски Новини и Мегастар само ги пренеле.

пасус од писмата стои дека во иднина ќе се стават на располагање сите механизми за заштита на правата согласно Уставот и законите. Ова не е првпат да се прави своевиден обид да се стават медиумите во контролирана положба, бидејќи претходно Борче Симоноски ( брат на Гоце Симоноски) јавно кажа дека нема да ја палти рекламата во Радио Охрид затоа што радиото имало ист сопственик со Амак Прес Охридски Новини, а уредникот на Амак Прес Охридски Новини бил повикан во канцеларија на Локалната самоуправа каде бил навредуван, омаловажуван и му биле изнесени закани дека ќе го стигне казната небесна и ќе платат неговите идни поколенија. За овие скандалозни однесувања на јавните службеници за жал тогаш не се огласи ни еден медиум во Охрид, нити колегите од новинарската фела, а на

Здружението на новинари никој не се ни сети бидејќи тоа одамна е мртво. За овој најнов случај на однос на државен службеник со медиум изјава побаравме од портпаролот на градоначалникот Никола Манески. - Јас сум изненаден од Вашето укажување дека државен службеник од тимот на соработници на Градоначалникот, преку адвокат, однапред Ви забранил да пишувате за неговото работење во иднина! Несомнено, тоа е непромислен гест бидејќи таквата закана се коси и со Законот за државни службеници. Не може на јавноста или странките да им се забрани да даваат свои оценки и мислења за работата на било кој службеник во општинската администрација, а уште повеќе однапред тоа да им се забранува. Познато ми е дека Вашиот медиум има критички став кон работењето на споменатиот службеник, но ваков потег е недемократски и може да им користи само на политичките противници на Градоначалникот како пример за заплашување на новинарите. Вие знаете дека самиот градоначалник се залага за транспарентно работење и никогаш не ги заплашувал новинарите. Убеден сум дека ќе го имате и неговото извинување за непромислениот гест на неговиот службеник вели Манески и додава дека од друга страна се поставува прашањето и за моралот и професионалноста на адвокатот. - Како може адвокатот да заплашува јавен медиум во име на странка и тоа априори, односно за дело кое не е ни случено? Не е ли тоа заплашување на новинарите од страна на адвокатурата? Но, тоа е веќе прашање за вашата новинарска фела, односно Вашиот еснаф – заклучи Манески. Ние како редакција подолго време повикуваме да се активираат механизмите согласно уставот и законите и да се провери и испита работата на Гоце Симоноски како носител на јавна функција, а секако и се држиме до објективноста, па целосно во оригинал ги објавуваме писмените реакции. Р.А.П.О.Н

www.amac.com.mk/novini

3


ЛОКАЛ НА 29 НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

СПЕЦИЈАЛНА ГРАЃАНСКА ЕДИНИЦА ЌЕ ГО РЕГУЛИРА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИД

фото: Љ.Т.

Н

СЕ СТРЕМИМЕ КОН БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

а 29 ноември во хотелот“ Ревиера“, ќе се одржи општинскиот натпревар за безбедност во сообраќајот. Ќе учествуваат по тројца ученици од девет основнии средни училишта од градов, тие ќе го покажат своето општо познавање за безбедноста во сообраќајот кое го стекнале со помош на искусните сообраќајно –по-

лициски ментори во теков на учебнава година. “Преку квизот ќе осознаеме до кое ниво младите успеале да ги разберат и совладаат сообраќајно воспитните мерки,што е основна цел на овој Совет, да ги заштити децата во сообраќајот за нивна подобра иднина и младост“,истакнува претседателот на

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Верољуб Василевски. Наскоро по охридските улици патниот сообраќај ќе го регулираат 12 млади сообраќајци, членови на Специјалната граѓанска единица за регулирање на сообраќајот. “Учениците кои ќе ја сочинуваат оваа единица ќе бидат обучувани од сообраќајни полицајци. Интересот кај децата беше огромен, се пријавија 56 ученици, па моравме да избереме 17, кои по правилото на ротација ќе се менуваат на “работното“ место, значи на улица максимум ќе се ангажираат по 10-12 ученика“. Членовите на Специјалната граѓанска единица за регулирање на сообраќајот ќе носат униформи во кремава боја. Девојќите ќе имаат здолништа а машките панталони, сите на главите ќе носат капи, со исцртани специфични симболи за Охрид и УНЕСКО. Инаку, најдобриот ученик од општинскиот натпревар ќе учествува на регионалниот натпревар кој ќе се одржи до 15 декември. Во јануари 2009 година ќе биде и републичкиот натпревар за безбедност во сообраќајот. Ангела Белевска


МИНАТОГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ СО ЗЕЛЕНАТА ОГРАДА ОД ЗГРАДАТА БР.32 НА УЛИЦА “ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ПОВТОРНО ОЖИВЕА. ВО СЛУЧАЈОТ ПРСТИ ЗАМЕША И ЕВН

СЕНИШТАТА ОД МИНАТОТО СЕ ВРАТИЈА НАЗАД???

“КАКО ШЕРИФИ ВЛЕГОА ВО НАШИТЕ ДВОРОВИ ДА ЈА СПРОВЕДУВААТ СВОЈАТА ВОЛЈА КОЈА Е ВОНЗАКОНСКА. ВЛЕГУВААТ ВО ТУЃ ИМОТ СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВТА КОЕ Е ПОД НАШЕ ВЛАДЕНИЕ. БЕЗ ПРЕТХОДНО ДА ЈА ДОБИЈАТ НАШАТА СОГЛАСНОСТ ПОЧНАА НЕЗАКОНСКИ КАКО ЛАНИ ТАКА И ГОДИНАВА ВО ДВОРОТ ПРЕД ЗГРАДАТА ДА ПРЕВЗЕМААТ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ“ ,ВЕЛАТ СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДАТА НА УЛИЦА “ДИМИТАР ВЛАХОВ“ КАДЕ ПРЕД ЕДНА ГОДИНА НАДЛЕЖНИТЕ ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СВОЕВОЛНО ЗАПОЧНАА СО КОРНЕЊЕ НА ЗЕЛЕНАТА ОГРАДА ОД ДВОРНИОТ ПРОСТОР НА ЗГРАДАТА, САКАЛЕ ДА ПРАВАТ ПАРКИНГ ПЛАЦОВИ .СУДОТ ПРЕСЕЧЕ И ТОГАШ ГИ СТОПИРА НЕЗАКОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ. “ НЕМАМЕ НИКАКВА ВРСКА СО ГОДИНАШНИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ.НИВ ГИ ОТПОЧНА ЕВН, КОПАЛЕ ПОРАДИ ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА НИСКО НАПОНСКИ ОБЈЕКТИ, ЗАРАДИ СПРОВЕДУВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА. И НИЕ ПОБАРАВМЕ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ДА БИДАТ СТОПИРАНИ. НО ЕВН НЕ Е ПОД НАША НАДЛЕЖНОСТ“,ВЕЛАТ ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, И ДОДАВААТ ДЕКА НАМЕРАТА СО МИНАТО ГОДИШНИТЕ АКТИВНОСТИ КОИ СЕГА СУДСКИ СЕ СТОПИРАНИ ИМ БИЛА ДА ГО РАЗУБАВАТ ПРОСТОРОТ А НА ПАРКИНЗИТЕ КОИ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗГРАДАТ СТАНАРИТЕ НЕМАШЕ ДА ПЛАЌААТ ПАТАРИНА НА НАПЛАТНИТЕ РАМПИ.

К

ако минатата така и оваа година станарите од зграадата број 32 на улица“ Димитар Влахов“, никако неможат да ги усогласат своите со ставовите од надлежните од Локалната самоуправа кога станува збор за уредување на дворниот простор пред зградата, во проблемот прсти вмеша и ЕВН која топката повторно ја префрла на Општина Охрид. Чии интереси се кријат зад градежните активности кои започнаа минатата година кои иако судски се запрени продолжија и годинава? Станува збор за истиот проблем или трет правен субјект се вмешал во него? Ова е прашањето чиј одговор го побаравме и ние. Каде е проблемот и какви намери крие тој? “ На 19 ноември кој беше прогласен за неработен ден “Ден на дрвото- засади ја својата иднина“ , рано утрото забележавме група луѓекако копаат нешто. Брзо реагиравме и ги запрашавме кои се и што прават во нашите дворови. Ни рекоа дека се вработени во приватна фирма ангажирана за

градежните работи од ЕВН. Од Електро стопанство ни ја покажаа дозволата за работа која ја добиле од локалната самоуправа. Зачудувачки и несватливо како е можно локалната самоуправа да издава налози за градежни активности во туѓи имоти. Постои судско решение кое е окончано, и во кое јасно се наведува дека дворовите се сопсственост на државата кои се под наше владениее а во тек е постапка за нивно откупување од наша страна. Замислете почнаа со копање пред да биде изгласан деталниот урбанистички план“, велат од куќниот совет на зградата кој е регистриран како правен субјект. Од Локалната самоуправа ги отфрлаат сите обвинувања и велат дека немаат никакви допирни точки со годинашните градежни активности. “Од ЕВН уредно доставија барање за дозвола за копање дупки, поради приклучок на ниско напонски објекти, намерата им била да спроведат електрична мрежа и во тој дел. Но ние немаме никаква врска со ископувањата, тие не се од нас иницирани, и не стоиме зад нив“, вели

Зоран Шикалоски,с оветник за сообраќај во општинската зграда и додава дека тие немаат никакви ингеренции над ЕВН. Од ЕВН деновиве, не беа достапни и не најдоа време да го искоментираат случајот. Инаку за потсетување дека минатата година локалната сампоуправа и станарите ги судрија своите станови за уредување на дворниот простор од зградата. Случајот беше решен пред судот кој застана на страната на станарите. Во судското решение јасно е наведено дека дворот е државна сопственост под владение на станарите а во моментов се води постапка за нивен откуп од страна на станарите.Судот ги запре сите градежни активности кои беа отценети како нелегални а истите минатата година без знаење на станарите и претходна најава ги отпочнаа надлежните од Локалната самоуправа. Намерата им беше да изградат паркинг плацеви со наплатни рампи на кои патарина нема да плаќаат станарите.... “Ние се уште веруваме во законот зошто сме правна држава. Минатогодишниот

проблем кога незаконски беше искорната зелената ограда го решивме пред суд. За секој превземен незаконски чекор правдата ќе ја бараме пред надлежни институции“, вели Снежана Арнаудова, која живее во зградата. “Како што неодамна уредно ги асфалтира улиците од периферијата, може да ја асфалтира и улицата која е во строг центар а не да троши пари по судови заради незаконско влегување во туѓи дворови“,му порачуваат на градоначалникот Петрески револтираните членови од куќниот совет на зградата. Станарите апелираат до градоначалникот Александар Петрески дека е многу подобро наместо да превзема незаконски градежни активности во туѓи имоти, да одвои дел од буџетот за асфалтирање на улицата која минува низ зградите а која е преполна со огромни дупки и одрони иако се наоѓа во најстрогиот центар во градов.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

5


ЛОКАЛ

СПОМЕНИКОТ ДОНАЦИЈА ОД УКРАИНА ЗАГЛАВИ ВО ПАРТИСКИТЕ КАЛКУЛАЦИИ СПОМЕНИКОТ КОЈ НА ОХРИД МУ Е ДАДЕН КАКО ПОДАРОК ОД УКРАИНА НАМЕСТО ДА ГО КРАСИ ГРАДОТ СТОИ ВТЕМНИЧЕН ВО ЕДЕН ОД МАГАЦИНИТЕ НА ГРАНИТ, ПЛАТОТО ПРЕД ПАЛАС СЕ РАСПАЃА, ПАРТИИТЕ ПРАВАТ КАЛКУЛАЦИИ ЗА ТОА КОЈ КАКОВ РЕЈТИНГ ЌЕ ДОБИЕ АКО СЕ ПОСТАВИ СПОМЕНИКОТ, А ЈАВНОСТА НЕМА ПОИМ ДЕКА ТОЈ Е ВО ОХРИД.

фото: Љ.Т.

Р

еализацијата на најавениот проект за санација и давање содржина на платото пред хотелот Палас најверојатно ќе треба да почека да завршат изборите. Споменикот кој беше планиран да биде дел од содржината на овој простор, а е подарок од Украина стои затворен во магацин на Гранит и чека некој подобри времиња за да се постави на местото каде што беше планирано. Дел од советниците велат дека не можат да гласаат, да се овозможи поставување на споменикот затоа што со тоа како што велат актуелниот градоначалник ќе добиел поени во јавноста непосредно пред изборите. Поголем дел од советниците не сакаат да даваат официјални изјави за овој

6

AMAK

PRES

проблем, но велат дека не гласаат за поставување на споменикот, а причините за тоа не ги коментираат јавно. Зад кулисно никој не крие дека се работи за чисти политички калкулации. Некои од советниците отворено на комисии кажувале дека не може да се дозволи овој проект да се реализира пред изборите, а за тоа го известиле дури и самиот градоначалник. Опструкциите околу поставувањето на споменикот на платото пред Палас се чисто политичко прашање и немаат врска со согледување на урбанистички планови во функција на развојот и уредувањето на градот. Можам да кажам дека ова е повторување на истата ситуација како што беше со

ДУП-от и дека партиите не поаѓаат од интересите на градот туку се водат само од тесно партиските интереси. Што се однесува до тоа како изгледа споменикот, сметам дека тоа е предизвикано од недоверба кон донацијата затоа што сепак стручната јавност е таа која проценува дали некое уметничко дело е добро или лошо и го оценува истото. - вели Никола Манески, портпарол на градоначалникот.

КАЛИМЕРО ПРОТИВ СПОМЕНИКОТ ОД ЕСТЕТСКИ ПРИЧИНИ Советникот Перо Калимеро за разлика од советниците делегирани од партиите без пардон зборува зошто е

против овој проект. - Мене овој споменик ми личи на ѓавол. Другите советници си прават политички калкулации и никој, ама ни еден од нив не ни помисли на што личи тој споменик. Тие се во занес целите и навлезени и опседнати од партиските интереси, претворени во роботи за гласање не гласаат за овој споменик, а јас не гласам затоа што споменикот ми личи на ѓавол и тоа јавно го кажувам, а тие не кажуваат јавно дека немаат ни став ни мислење туку само гласаат како што ќе им кажат партиите, бидејќи се машинчиња за гласање – вели независниот советник Перо Петрески Калимеро. Љ.Таневски


НАЈСТАРИОТ ЖИТЕЛ ОД ОХРИД ИМА 100 А НАЈСТAРАТА БРАЧНА ДВОЈКА 70 ГОДИНИ

В

арошанката, Цвета Арнаудова е најстариот жител во Охрид. Родена е далечната 1909 година и наскоро се ближи нејзиниот роденден кога ќе наполни 100 и ќе влезе во 101та година од својот живот. Таа е жив сведок на историјата која ја учевме ние, а ја учат и нашите поколенија. Како четри годишно девојче ги почувствувала страдањата од балканските војни и поделбата на Македонија. Потоа ги преживеала и Првата и Втората светска војна. На своите внуци и правнуци им раскажувала за распадот на Кралството на Србите Хрватите и Словените, а по завршувањето на Втората светска војна за основањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Цвета Арнаудова, матурирала во 1927 година а во 1937 година дипломирала на Правниот факултет во тогашното кралство СХС. Таа е еден од првите правници во Охрид, и меѓу првите вработени службеници во тогашниот охридски Општински Суд каде го раситнала целиот свој работен стаж. За жал, тетка Цвета од здравствени причини не е во можност да каже нешто повеќе за себе, за својот живот, но длабоката старос ја минува среќно во семејната куќа во која живее заедно со

синот Александар и неговата сопруга. Таа има повеќе внуци и правнуци. Двојките , Германови и Димоски, имаат најдолк брачен стаж од цели 70 години. Лазе и Трајанка Германови, својот брак го склучиле во далечната 1938 година. Чичко Лазе тогаш имал 23 а тетка Трајанка само 13 години.На своите 16 години Трајанка го родила нивното прво дете. Тие се родители на 7 деца, 3 ќерки и 4 синови, сите живеат во Австралија, а бројот на внуците и правнуците е над 50. Најдолгиот период од животот Лазе и Трајанка исто така го поминале во туѓина, во Австралија. Во родната земја дошле пред четри години и живеат во нивната семејна куќа во село Лескоец-Охридско. “Животот го минавме убаво, имаше и лоши моменти, но само убавото се памети. Ќе се насмееме па меѓусебно ќе се налутиме, но го туркаме некако животот. За важни животни прашања заедно сме донесувале одлуки, мора да се живее во слога“, смеејќи се ни рече тетка Трајанка. Овие двајца старци се во одлична психичка и физичка форма иако животната судбина им нанесувала удари. Им по-

чинал едниот син, а во Австралија работеле и тешка физичка работа. “Работев во топилница, на температура на воздухот од 70-80 степени, ужас. Се работеше од утро до мрак но никогаш не се жалам од работата. Таа ме одржува во живот. И денес иако не сум вработен, не седам во место, копам во нашата бавча, преуредувам, секогаш правам нешто, а исто и сопругата“, вели чичко Лазе. Денес Лазе има 93 години и ниту еднаш не посетил лекар, а Трајанка има 83 години. Стаж од 70 години има и брачната двојка Димоски. Велика е родена во 1919 а Никола во 1921 година. Бракот го склучичле во 1938 година. Најстариот жител и најстарите брачни двојки се избрани врз основа на конкурсот “За најстар жител за Охрид и Дебрца“, што Црвениот крст од градов го распиша по повод одбележувањето на Неделата на стари лица што траеше од 16 до 23 ноември.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

7


ИНТЕРВЈУ ЗОРАН СТРЕЗОСКИ – ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПРОДАЖБА НА ТУРИЗМОТ

СТРЕЗОСКИ ВЕТУВА КОНКРЕТНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРИ ДЕНОВИ ВО ТУРИЗМОТ СТРЕЗОСКИ НАЈАВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ПРОМОТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ОХРИД И МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ

О

д неодамна сте назначен за директор на Агенцијата за развој на туризмот. Јавноста малку знае за ова ново тело, па одговорете ни за што се работи, кои се целите кои треба да се постигнат со формирањето на оваа агенција ? Видете назначувањето за директор на Агенцијата за мене преставува чест но пред се огромна обврска и одговорност.Јас функциите ги разбирам пред се како одговорност да направите нешто добро за својата институција ,својата земја по што генерациите ќе ве паметат. Формирањето на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот е резултат на потребите за што подобра промоција на македонскиот туризам во странство. Основните надлежности на Агенцијата се : активно промовирање на вкуп-

8

AMAK

PRES

ниот туристички потенцијал на Република Македонија во странство; - Унапредување и промоција на туризмот; професионално презентирање на сите сегменти и региони од туристичката понуда; обезбедување информативен пропаганден материјал за промоција на туристичките вредности (штампани публикации, аудио и видео материјали, интеренет презентации, сувенири и др.); подготвување на објективни анализи и прогнози во врска со движењето на туристичкиот промет во функција на насочување на идни активности; изготвување маркетиншки анализи на домашниот и странскиот туристички пазар;

формирање и развивање единствен туристичко информационен систем и негово поврзување со други информативни системи во земјата и странство; развивање и промовирање нови интегрални туристички производи; комплетирање на целокупната инфраструктура во македонските туристички центри, креирање на комплетна понуда од културно забавниот живот, превозот, патните ознаки и др.; иницирање и реализирање меѓународна соработка со сродни организации и институции; предлагање квалитетни мерки и активности за промоција и подршка во туристички неразвиените делови на државата; помагање во привлекување во


инвестиции за големи хотелски компании; соработување со светски познати турооператори за привлекување на што поголем број на туристи; соработување со приватни (домашни и странски) претприемачи и Крајната цел е бројот на остварени ноќевања од странски туристи и бројот на странски туристи кои е посетиле Македонија да расте од година во година. Каде е седиштето на агенцијата и каква е нејзината организациона поставеност? Седиштето на Агенцијата е во Струга, а свои организациони единици е предвиденпо да има во повеќе градови низ државава со цел поблиску да сме до туристичките работници но тоа ќе се реализира во подоцнежна фаза. Колкави средства додели Владата за работата на агенцијата и кои ќе се работните активности на агенцијата? Сакам да напоменам без никакви предрасуди дека сега е моментот што туристичките работници од земјава треба да го искористат за развој на туризмот. Фактот што за првпат во историјата на Владите на Македонија - туризмот се постави во фокусот на вниманието на една влада и која му придава огромно значење Тоа се гледа во формирање на Агенција за туризам кои туристичките работници многу години наназад ја посакуваа, во постојаното зголемување на средствата за промоција и развој на туризмот, (за следната година за промоција се предвидени 450 000 евра а само пред неколку години беа 100 000 евра). Тоа се гледа во подршката за организацијата на првиот мегународен Саем за туризам во Охрид, во укинување на визите за влез на граганите од Европската унија (можат да ја посетат Македонија само со лична карта),во укинување на таксата за слетување на аеродромите за чартер летовите, во измена на многу законски акти со цел олеснување на работата на туристичките субјекти.... Активностите на Агенцијата ќе се во функција на остварување на програмата на Владата во областа на туризмот.

на Македонија како туристичка дестинација во странство. Нормално дека Охрид и Струга се топ туристички дестинации во земјава што значи голем дел од промоцијата отпаѓа на нив. Но секако дека ќе се настапи со целокупните ресурси во туризмот на државава И воедно ќе помагаме недоволно развиените туристички региони во државава што побрзо се развијат,што побрзо креираат туристички производ кои ќе го промовираме во странство. Мојата стратгија ке се одвива во неколку правци(нормално откако ќе се прифати од Управниот одбор на Агенцијата): 1.Промоција преку организирано учество на меѓународни саеми - (препознатливост на нашиот штанд, делење на современи печатен и аудиовизуелен пропаганден материал од Македонија, организација на Македонска вечер (со учество на етно групи од Македонија и организирање на коктел со промовирање на националните јадења), организација на пресс-

конференција со видео презентација за странските медиуми и туроператори, организирање на состаноци на наши туристички агенции кои работат на инцаминг туризам со туроператори од дотичната земја). 2. Освојување на нови туристички пазари - преку таргетирање на емитивните туристички пазари и пенетрирање на пазарот преку: промовирање на земјата преку електроските медиуми на таргетираната земја(видео спот кој ке се емитува на национален канал во ударен термин според претходно подготвен медиум план),промовирање преку печатени медиуми (објавување на огласи со повик да ја посетат Македонија во најтиражен печатен медиум на дотичната земја), организирање на прессконференција со видео презентација за убавините на Македонија во главниот град на таргетираната земја за нивни новинари (организација на состаноци на наши туристички агенции кои работат инкаминг со нивни туроператори, организирање на македонска вечер со

Каква стратегија ќе се примени во промоцијата на Македонија како туристичка дестинација? Повеќе ќе се става акцент на Охрид и Струга или ќе настапите со целокупните ресурси во туризмот на државава ? Значи Агенцијата е за промоција

www.amakpres.com.mk

9


ИНТЕРВЈУ

наш бенд и кулинарски специјалитети, поставување на билборди и сити лајтови , делење на печатен и аудиовизуелен пропаганден материал и.т.н), 3.Поканување на странски туроператори и новинари од таргетираната земја да ја посетат нашата земја. Значи, Агенцијата ќе ги користи сите инструменти на современиот маркетинг во промоција на нашата земја во странство. Можат ли туристичките работници да се вклучат во некаква соработка со агенцијата или во најмала рака и граѓаните со свои идеи и предлози и како можат да го направат тоа ? Секако. Мојата идеја е фрмирање на т.н.Координативно тело или Совет во кој ќе членуваат по еден преставник од сите организирани туристички субјекти во земјава т.е. од трите регистрирани туристички комори,Хотам, Атам, здружението на водичи, Факултетите за туризам во Охрид и Скопје. Сите тие ке бидат инволвирани во креирањето на програмата за промоција и подршка на туризмот во странство. Исто така ние ке се отвориме кон сите граѓани кои имаат идеи, проекти и предлози на начин да ги стават на хартија и да не посетат во нашите канцеларии. Сите проекти кои на еден или друг начин ке овозможат подршка на туризмот ние ќе ги подржиме и промовираме.

10

AMAK

PRES

Контактиравте ли со Локалната самоуправа во Охрид како главен туристички центар на Македонија? Не само со локалната самоуправа во Охрид и Струга него јас за брзо време ќе побарам состанок со ЗЕЛС зошто нивното инволвирање во работата на Агенцијата посебно во програмата за Промоција е неопходна.Да не заборавиме дека приходот од туристичка такса 80% се слева во општинскиот буџет. Ние ке бараме и инсистираме наменски да се користат тие средства и да се промовираат на Меѓународните туристички саеми. Како ја оценувате работата на ЛЕР кој подолго време во јавноста се промовира како експерт за туризам и носител на скапи проекти вредни стотици илјади евра. Видите за некој да се преставува како експерт тоа повеќе зборува за карактерот на луѓето што го водат ЛЕР. Ние сите секојдневно учиме во туризмот зошто тоа е една динамична стопанска гранка која како силен мултипликатор ги поврзува и движи другите стопански гранки.Но што е проблемот - не е важна стратегијата само да се напише на хартија него поважна е нејзината примена. Ево јас овде лично како охриѓанец кој живее во овој град го отварам следниов проблем - Каков Охрид

ние сакаме? Во кој правец Охрид треба да се развива? Каков туризам треба да развиваме? Секојдневно слушаме различни мислења преку медиуми како треба Охрид да се развива. Дали е подобро да се градат туристички објекти од секаков вид или стамбени блокови кои не може ниту инфраструктурата на градот да ја прати? На кој простор да се градат згради а на кој простор туристички објекти? Да отвориме трибина на која ќе дискутираме и ќе ги презентираме нашите идеи без разлика кој на која политичката опција припаѓа, без разлика на која функција моментално се наоѓаме, онака како Охриѓани, да постигниме консензус меѓу нас. Дали ние тоа можеме да го направиме? Кога ќе биде отворена канцеларија на агенцијата и што се првите работни кои планирате да ги направите ? Сега сме во организациска фаза. Јас се надевам ако све тече по планот за еден месец очекувам Агенцијата да се стави во Функција. Оцекувам дека набрзо ке се формира Управниот Одбор. На крај сакам да напоменам оваа Агенција е отворена кон сите Туристички субјекти И граѓани, таа е нивна Агенција зошто само заедно можеме повеќе. фото и текст: Љ.Т.


1

11


INTERVJU ИНТЕРВЈУ: СЛАВИЦА ИЛИЌ- ДИРЕКТОР НА УО “СВ. КЛИМЕНТ

ГИ ПОТТИКНУВАМЕ УЧЕНИЦИТЕ ДА УЧАТ ЗА ЗНАЕЊЕ А НЕ ЗА ОЦЕНИ- КВАЛИТЕТ А НЕ КВАНТИТЕТ! ИДНИНАТА НА УЧИЛИШТЕТО Е ИСКАЖАНА ВО НАШАТА ВИЗИЈА КОЈА ГЛАСИ: НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ЌЕ БИДЕ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ВО КОЈ ЌЕ СЕ ВОСПОСТАВАТ ВИСОКИ ОБРАЗОВНИ СТАНДАРДИ КАКО КОНТИНУИТЕТ НА КЛИМЕНТОВАТА ДОКТРИНА....., ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ОУ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, СЛАВИЦА ИЛИЌ ,Т АА ДОДАВА ДЕКА ВО ГОДИНАВА ШТО ИЗМИНУВА ВО УЧИЛИШТЕТО СЕ РЕАЛИЗИРАНИ НИЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ПО ШТО СЕ ДОБИ НОВ ПОКРИВ, УЧИЛНИЦИ СО НОВ ИЗГЛЕД, НОВА ТОПЛА И ДОБРО ОПРЕМЕНА ФИСКУЛТУРНА САЛА. НАСКОРО ЌЕ СЕ ПРЕУРЕДУВА И ДВОРНИОТ ПРОСТОР, А ОД ПРВИ НОЕМВРИ СЕ ВОВЕДЕ ЕДНОСМЕНСКОТО РАБОТЕЊЕ ВО ОВА ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА..

С

е навршуваат 110 години од постоењето на најстарата образовна институција во градов, кои епитети го красат ОУ Св. Климент Охридски, сите овие години.

12

AMAK

PRES

Нашето училиште оваа година со низа активности го одбележува својот јубилеј на 110 годишното постоење. Имаме многу причини да се чувствуваме горди. Името што го носиме, физичката близина на нашето училиште

до првиот Климентов универзитет ни дава за прво да се чувствуваме како најнепосредни продолжувачи на Климентовата доктрина. Тоа е гордост и обврска. Местоположбата на училиштето е прекрасна. Местото на кое се наоѓа училиштето подсеќа на жива историска читанка заради непосредна близина на голем број споменици на култура, средневековни цркви и археолошки наоѓалишта. Оддалеченоста на училиштето од сообраќајниот метеж гарантира поголема безбедност на учениците. Училиштето во последната година претрпе поголеми инфраструктурни зафати: сменат е покривот над целата училишна зграда, училниците се бојадисувани, донесена е современа опрема и технички наставни средства, опремена е училница за продолжниот престој за учениците кои во моментот ги има над 40, во тек се работите околу хидроизолацијата на фискултурната сала која наскоро ќе биде потполно преуредена и иновирана, во тек е реконструкцијата на санитарните јазли. Училиштето има своја кујна, сала за приредби и од почетокот на ноември почна да работи во една смена. Во тек е реализација на повеќе проекти кои се однесуваат на подобрување на квалитетот на наставата, инфраструктурата, училиштниот двор. Посебно се гордееме што сме отворени за соработка со локалната заедница, но и со училиштата од другите држави преку реализација на разни проекти. Она по што е единствено нашето училиште е дека во неговиот состав се паралелки за деца со посебни потреби кои со стручната помош на нашите дефектолози одлично напредуваат. Исто така имаме истурни паралелки во Институтот Св. Еразмо за оние деца кои


подолго време се на лекување. Она што на училиштето му дава посебен печат се плејада наставници, во минатото и сега кои својата стручност и умешност ја вградиле во работата на училиштето. Во афирмирањето на неговиот углед најмногу придонесле генерациите ученици кои подоцна станале чесни работници, занаетчии, познати и докажани стручњаци од сите области, уметници...Би ги спомнала Христо Узунов,Спас Банџов,Александар Караѓуле, Андон Дуков, академик Цветан Грозданов, композитор Глигор Копров, маратонците: Климе Савин, Атина Бојаџи, Дики Бојаџи и многу други успешни личности Минативе години во јавноста се пласираа информации дека има одлив на ученици од ова училиште. Информациите се вистина или шпекулации. Секое училиште има ученици кои доаѓаат или го напуштаат во текот на годината од разни прични. Родителите и учениците имаат некогаш објективни, а некогаш субјективни причини за тоа. Не е точно дека ние сме имале одлив на учениците поголем од останатите училишта. Луѓето кои ги пласираат ваквите информации не се добронамерни за училиштето. Имаме и прилив на учениците, во последните години тој е поголем од одливот. Последната година имаме поголем број запишани првачиња во однос на претходните и тоа не радува. Проблемот е сосема на друга страна и со тој проблем се соочу-

ваат и другите училишта, а се однесува на белата куга и иселување на месното население од Месната заедница Стар град каде што се наоѓа училиштето. Се поголем број куќи се претвораат во туристички апартмани.

ред во најопремените и најдобро организираните училишта. Ние постојано вршиме самоевалвација со цел да ги отстраниме нашите недостатоци. Се во интерес на подобар квалитет на наставата и условите кои ги нудиме.

Што превзема училишното раководство за да придобие поголем број ученици во училиштето? Нашето мото за претходната и оваа учебна година е НЕ КВАНТИТЕТ – КВАЛИТЕТ. Сигурна сум дека само со квалитетна настава, квалитентно образование ќе добиеме и поголем број ученици. Настојуваме да изградиме критериуми со кои ќе ги поттикнеме учениците да учат за знаење, а не за оценки. Со примена на разни техники влијаеме врз развој на креативно и критично мислење кај учениците и ги оспособуваме за примена на знаењата. Оптималниот број на учениците во паралелките ни овозможува со секое дете да работиме индивидуализирано, да го запознаеме и да му посветиме должно внимание. Имаме одлични услови, зголемена безбедност, работиме постојано на стручното усовршување на наставниот кадар, на професионализам. Ќе понудиме и други содржини во однос на поттик на талентираните ученици, афирмацијата на спортските активности и други содржини . Имаме организиран превоз за учениците, обезбеден продолжен престој за учениците со стручен надзор до 17,00 часот, наставата се изведува во една смена и мислиме дека можеме да се ставиме во

Од неодамна се воведе едносменското работење,зошто сметавте дека е потребно вакво работно време, како учениците ја прифатија оваа новина Со воведување на едносменско работење се оствари една од приоритетните задачи зацртана во нашата програма за работа за 2008/2009 година. Предностите на едносменско работење се многубројни: • поефикасна организација на воспитно-образовната работа, заради присуството на сите наставници во иста смена во училиштето; • поголеми можности за организација на слободните ученички и други активности во училиштето по завршување на задолжителната настава; • поголеми можности за организирање на дополнителната и додатната настава; • родителите ќе имаат поголеми можности да го поминуваат времето со своите деца; • поголема безбедност на учениците, нема да се враќаат дома ноќе; • поголема комуникација меѓу вработените; • заштеда на енергијата; • заштеда на патните трошоци за учениците

www.amakpres.com.mk

13


INTERVJU

• доближување до европските стандарди во сферата на образованието и други. За да ја реализираме оваа задача обезбедивме соодветни услови со финансиска поддршка на Локалната самоуправа. Со преградување на три поголеми училници добивме шест помали, но тие се поинтимни и со поголема топлина. Нашите наствници заедно со родителите и учениците ќе ги уредат и оплеменат користејќи ја својата креативност. Би сакала да истакнам дека училиштето е отворено и попладне за разни воннаставни активности.Учениците и родителите се задоволни, всушност тоа беше нивна иницијатива. Пред неполн месец училишниот двор беше нагрден со графити со нацистичка содржина. Брзо реагиравте и проблемот беше брзо решен, беа откриени сторителите на чинот, какви мерки превзедовте против нив и како ќе се спраките со можноста од повторен ваков проблем. Немилиот настан е за секаква осуда, можеби и предимензиониран во медиумите. Тој има и второ полувреме кога во попладневните часови локалната заедница покажа грижа за училиштето. Имено членовите на Советот на родителите, Младинскиот совет на Охрид, локалното население истото попладне

14

AMAK

PRES

останаа со мене и училишниот педагог и направија акција за чистење и училиштето светна како ново. Сторителите се откриени веднаш и ние водиме одредена постапка за изрекување на соодветни педагошки мерки. Ние како инситиуција презедовме дел од одговорноста и се запреашавме дали некаде грешиме, колку ни е застапена воспитната компонента и дали тие графити се некакви пораки до сите нас. Она што произлезе добро од тоа е дека веднаш локалната самоуправа обезбеди чуварски служби за нашето и неколку други училишта. Исто така учениците ги едуциравме за вистинското значење на фашизмот, последиците од фашизмот, неонацизмот. Нашата бивша ученичака, а сега ликовен уметник Билјана Ангелеска, заедно со ликовната секција од училиштето ги наслика белите ѕидови на училиштето. Минативе години група родители реагираа на проблемот со осветлувањето во дворниот простор и околината која учениците мора да ја поминат за да стигнат во училиште. Посто ли навистина проблем со осветлувањето. Проблемот со осветлувањето за нас е решен со едносменско работење. Сите ученици во текот на денот завршуваат со наставата. Осветлувањето постои, но е послабо.

Вие сте една од ретките образовни институции која активно работи на воведување новини како во образовниот така и во рекреативниот процес. Деновиве ја започнвте соработката со Младинскиот Совет од Охрид, за што станува збор. Една од програмските задачи на училиштето е да се отвори кон локалната заедница, а тоа подразбира и соработка со невладиниот сектор. Ние всушност не ја отпочнуваме соработката со Младинскиот совет Охрид, туку ја продолжуваме со нови проекти. Досега сме учествувале во сите нивни акции, а сега продолжуваме со реализација на проектот чија цел е вклучување на волонетерите во институциите. Тоа, сигурна сум, ќе донесе многу придобивки за сите. Се ближи, патрониот празник на училиштето,како ќе го одбележите, почнаа ли подготовките за свечената манифестација? Одбележување на голем јубилеј каков е 110-годишнина на училиштето трае во текот на целата година. Освен медјумска промоција на овој настан подготвуваме монографијата и ВЕБ страната на училиштето чија промоција ќе биде на 04. декември. Во тек се подготовките за свечената академија, како и спортските натпревари, конкурси и сл.


Кои се најзначајуни постигнувања на Вашето училиште? Најважните резултатите се многубројни генерации чесни луѓе, многубројни поединци кои постигнаа врвни резултати во своите професии. Резулатите се секако и многубројни награди и признанија, плакети, пехари, дипломи, пофалници и благодарници кои ги красат витрините и ѕидовите на нашето училиште. Најзначајните од нив се: Орден за заслуги на народ со златни зраци, 1975; два пати 7-мо ноемвриска награда на град Охрид, 1976; Златно Климентово слово (општинско признание), 1978; 8-мо декемвриска награда „Св. Климент – патрон на Охрид“, 1998. Учениците освоија голем број награди и признанија на натпревари на сите нивоа, а најмногу по математика, физика, спортски натпревари, литературни и ликовни конкурси. Најзначајни награди за учениците се: • два пати I награди на конкурс за литературни творби на државно ниво, 1996 и 2007; • бронзен медал на математичка олимпијада 1997; на државни натпревари по математика: I и III место 1997, III место 1999, II место 2006 ; • на државни натпревари по физика: II место во 1997 и 1999 и две трети места 2006; на државни натпревари • во спорт: I место екипно атлетика 1986, 3 први места во атлетски дисциплини 1997, 2 први места во атлетски дисципини 2000, I место поединечно и II место екипно во атлетика 2001, II место на државен натпревар во шах 1997 и др. Резултатите се и тоа што нашите наставници биле многупати автори и

консултанти на наствните програми, учебници и прирачници. Како успех на училиштето се бележат и најразновидни манифестации и свечености кои се организираат во училиштето, учевство во домашни, а од оваа година и во меѓународни проекти, соработка со разни институции, пред се со училиштата во Македонија, а од наскоро и од регионот и Европа. Во кои проекти е влучено вашето учиолиште? Посебно се гордееме со учество во следните проекти: o Културата без граници (меѓународен проект), 2008 г., o „Корени и крила“ или „Од заеднички корени до заедничка иднина – Разликите како предност“ под покровителство на УНЕСКО во кој се вклучени 12 држави од Европа, 2008 г. o Продолжен престој на учениците во соработка со Локалната самоуправа Охрид 2007 г. o Осовременување на простор за учење и изградба на училница за родители за ученици со посебни потреби со фондацијата Wilde Ganzen од Холандија (2007-2009 год.) o „Чекор по чекор“, Институт „Отворено општество“, 1998 o „Креативна настава и учење“, во рамките на проектот „Чекор по чекор“, 2005 o „Со читање и пишување до критичко мислење“, во рамките на проектот „Чекор по чекор“, 2005 o „Подобрување на работата на училиштето“, Институт „Отворено општество“ и МОН, 2005 o „Модернизација на образование“ (УСАИД, 2006)

o ИКТ – Имплементација на компјутерска технологија во наставата (УСАИД, 2006) o Описно оценување (МОН, БРО, 2004) o Обука на родители за вклучување во животот и работата на училиштето (БРО, ЛМР „Видици“, 2004) o Граѓанско образование – пат кон граѓанско општество (МОН, БРО, 2002) Освоременување на наставата за лица со пречки во психофизичкиот развиток (МОН, БРО, 1996) Иднината на училиштето е искажана во нашата визија која гласи: Нашето училиште ќе биде едукативен центар за ученици и наставници во кој ќе се воспотават високи образовни стандарди како континуитет на Климентовата доктрина. Преку афирмација на слободните ученички активности учениците ќе го поминуваат слободното време на организиран и корисен начин во училиштето. Максимално ќе се поттикнуваат и развиват афинитети на надарените ученици. Како ја гледате иднината на училиштето? Иднината ја гледам на лицата на нашите нови, млади наставници, ентузијасти, ја гледам во нашите првачиња кои и оваа година со голема возбуда седнаа во училишните клупи. Очекувам училишните витрини за награди и признанија да се доополнуваат со нови... да ја продолжиме традицијата на квалитетно образование кое во оваа училиште ја имало и сигурна сум ќе ја има.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

15


КУЛТУРА

ФОЛКЛОРОТ Е БОГАТСТВОТО НА ЕДЕН НАРОД

Ф

олклорот, народното творештво на едно општество зачувано со традициите, легендите, приказните, песните, бајките, басните, пословиците и др. се обележје на еден народ на една култура. Еден народ е онол-

16

AMAK

PRES

ку вреден, ценет и богат колку што е вредно неговото духовно богатство-фолклорот, ваква порака од Охрид испратија над 80-те учесници на 17-тиот меѓународен симпозиум за балкански фолклор кој неодамна се одржа во Охрид.

Експертите од областа на фолклористиката и фолклорното наслество расправаа на теми: „Македонскиот јазик на иселениците од Македонија во европските и прекуокеанските земји“ и „Фолклорот и заедничките културни вредности на Балканот“. Директорот на Институтот за фолклор Д-р Севим Пиличкова вели дека настојувањата за континуитет и процесите на прилагодување на фолклорните творби, нивните носители-иселеници од една во друга културно-јазична средина, се судираат со низа проблеми коишто во фолклористичката наука се познати како специфичности на иселеничкиот фолклор. -Проучувањата од овој вид нудат значајни искуства, податоци и заклучоци за проблемите на двојазичните ситуации со кои се судруваат интерпретаторите при усната трансмисија на народните творби од една во друга јазична средина. Првата препрека која треба да ја решат е т.н. „јазичен ѕид“. Од прилагодливоста на фолклорните творби, имајќи ги предвид навиките во новата културно-јазична средина зависи нивниот понатамошен опстанок, вели д-р Пиличкова. За професорот од Билкент Универзитетот од Анкара, д-р Јазим Озурек јазикот е еден од најбитните елементи за постоењето на еден народ. Јазикот, според турскиот професор, е културна вредност носител на културата на народот кој ги пренесува чуствата, мислите сознанијата. Професор д-р Озурек зборувајќи за влијанието на турскиот јазик вели дека се поголем е интересот за негово изучување пред се како последица на зголе-


KULTURA мените трговско економски врски помеѓу земјите од Балканот. Во своето излагање за портретирањето на ликот на Турците во македонската битова социјална драма Доц. Д-р Севин Алил вели дека историјата неможеме да ја промениме ниту да ја превземеме одговорноста за тоа што се случувало во минатото, но, како што рече, одговорни сме преку историјата да ги поврземе луѓето и да им објасниме зошто некогаш луѓето поинаку милселе и постапувале. За грчкото влијание пак врз македонското население во границите на грчката држава меѓу двете светски војни како една од мерките за постепена асимилација зборуваше д-р Зоранчо Малинов. -По егзодусот во април 1945 год. најголемиот дел од македонското население беше протерано вон границите на Грција па така една многувековна трациција беше нагло прекината. Луѓето беа приморани да се преселат и преадаптираат

на поинакви средини на живеење од аспект на локалната и регионалната култура, вели д-р Малинов. Македонската и Руската академија на науките и уметностите имаат одлична долгогодишна соработка. Во архивите кои ги имаме се чуваат голем дел од научните сознанија кои укажуваат на посебните карактеристики на македонската традиција, вели проф. Д-р Димитри Василев од Руската академија. Д-р Боне Величкоски смета дека македонскиот народ има сличности со балканските народи по информациите кои се содржат во пословиците но начинот на претставување на тие информации по многу нешта е различен. И поголем дел од експертите сметаат дека народите на Балканот делат многу заеднички цивилизациски вредности, култури обичаи верувања. Едно од најстарите верувања е култот према дрвото. Кај многу балкански народи претставува симбол на животот. Во историјата на секоја религија, во народната традиција

се среќаваат светите дрвја кои според народните верувања имаат душа како кај човекот. На меѓународниот симпозиум за балкански фолклор кој е во организација на институтот за фолклор„Марко Цепенков“ од Скопје а се одржува секоја втора година учествуваа претставници од Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија, Албанија, Турција, Русија и др. земји. Покровител на овој научен настан, кој се одржа во годината на македонскиот јазик, е претседателот на Владата Никола Груески. На годинешниов симпозиум беше промовиран дигитален германско-македонски речник како и книгите, Миграција и хабитус од д-р Лидија СтојановиќЛафазановска и Библиографија на македонскиот фолклор од д-р Боне Величковски.

Сузана Вренцовска

ЗАПОЧНАА ИСТРАЖУВАЊАТА НА КИКЛОПСКИ ЅИДИНИ

ТВРДИНАТА ЕНГЕЛАНА ЌЕ БИДЕ МАКЕДОНСКАТА МИКЕНА З

апочнаа истражувањата на Киклопските ѕидини место каде некогаш се наоѓало најголемото упориште на Филип втори. Ова место кое се наоѓа на надморска височина од 880 метри на самиот рид пред влезет во Охрид, од каде се гледа Охридското Езеро и целиот охридски регион како на дланка, според археолозите името го добило по големите камени блокови заради мегалитите од кои е изграден овој бедем. -Тие се толку многу големи исто како и киклопите во преносна смисла.Значи киклопите се големи луге со едно око, а овие ѕидини го добиле називот од народот. Лугето по некое секавање , митологија или предание овие ѕидини ги нарекле Киклопски заради монументалноста на камените блокови кои го сочинуваат бедемот, вели Паско

Кузман.-директор на Управата за културно и историско наследство. Тврдината Енгелана која се очекува да биде пронајдена при археолошките ископувања кои започнаа деновиве , научниците веќе ја нарекуваат м а кедонската Микена опишувајки ја така по специфичните камени блокови кои биле користени при нејзината изградба. Археолошките откритија на овој дел, според најавите на археолозите, ќе имаат големо значење за македонската историја. Истражувања на овој значаен локалитет се вршат по цели осумдесет години.Во триесеттите години на 20 век германскиот археолог Урбент Цах дошол до сознанија дека овде се наогал утврден град изграден во 4 век п.н.е. -Самоиловата и оваа тврдина има податоци дека се изградени во втората

половина на 4 век , веднаш штом заминал Фипил втори од тука, почнале да се градат тие тврдини.На Самоиловата тврдина има остатоци од исти вакви мегалитни камени блокови кои се карактеристични за тој период, што значи дека тоа градиште и ова градиште се изградени тогаш.Стратешка позиција е сигурно затоа што од овој простор може да се контролира полето кон Охрид, патишта кои што поминуваат тука, Виа Игнациа која сигурно поминувала, а чии остатоци сигурно се во водите на езерото, вели Кузман. Според него Киклопските ѕидини и Самоиловата тврдина наредниве години се очекува да бидат туристичка дестинација број еден.

www.amakpres.com.mk

С.В

17


SPORT

АМАК СП СЕ СЕЛИ ВО СТРУГА

О

хридскиот Амак СП на крајот од есенскиот дел од шампионатот се сели во Струга. Двата последни натпревари на домашен терен против Торус и Поп Спорт ќе ги игра во струшката сала Нико Нестор . Причина за ова се подготовките во спортската сала Билјанини Извори за ЕП во ракомет за жени што ќе се игра од 2-14 декември. Поради тоа што започнува поставувањето на Герфор-подлогата во спортската сала Билјанини извори за охридските кошаркари натпреварот против МЗТ беше и последниот оваа година пред своја публика. Според тренерот Марјан Лазоски новата сала нема многу да влијае врз играта и ритамот на натпревари. - Ритамот играчки нема да се наруши, но поместување ќе има во ритамот на тренинзите. Без разлика дали тоа ќе биде училишна сала или ќе одиме во Струга, ќе тренираме попладне, а утринските тренинзи ќе ги замениме со вежби за сила , вели Лазовски.

18

AMAK

PRES

Инаку охридскиот прволигаш по деветte одиграни кола во домашното првенство забележаа осум победи и еден пораз . АМАК по успешниот триумф на почетокот од шампионатот го порази тринаесеткратниот првак Работнички во Скопје , а пред своја публика славеше и против незгодната екипа на МЗТ. Единствениот пораз го претрпе на гости против бранителот на титулата Фени Индустри. Тренерот Лазоски е задоволен од постигнатиот резултат вели дека вистинската игра следи во разигрувањето. „Мојата цел не е да играме екстра во овој дел од првенството. Сакам да играме кошарка март, април и мај кога се прави разрешницата за освојување на едно од првите две места, односно за играње во полуфинале и финале“. С.В


ЕП ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ НАЈГОЛЕМ СПОРТСКИ НАСТАН ВО ОХРИД

„СОЛЕНИ“ ЦЕНИ – ПРАЗНИ ТРИБИНИ

С

о кампања за анимирање на јавноста ќе се предизвикува интерес кај граѓаните за ЕП во ракомет за жени што од 2-14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид. Но и покрај тоа што овој спортски настан е еден од најголемите кој воопшто се одржал кај нас, по се изгледа ќе остане далеку од очите на охридската јавност барем што се однесува до оние кои ќе ги проследат натпреварите во живо. „Солените“ цени на влезниците е од 15 евра, кои за наши услови се неприфатливи ќе ги остават трибините на Билјанини празни, а љубителите на ракометот ќе мора да се задоволат со

телевизиските преноси. Но, за градоначалникот Александар Петрески цената на влезниците не е пресудниот критериум дали некој за време на двонеделниот ракометен шампионат ќе дојде да ги гледа ракометните велесили, а што се однесува до исполнетоста на салата, тој смета дека трибините ќе ги пополнат гостите. -Цената не е единствениот критериум за тоа дали некој ќе дојде или не. Има некои кои би платиле и повеќе за да присуствуваат. Влезниците кои ќе ни бидат доделени нам, во договор со навивачката група Рибари, секојдневно ќе ги даваме на различни луѓе од Охрид

да го следат ЕП.Од друга страна на сите репрезентации на сите гости кои ќе дојдат тука од државите учеснички Европската федерација има обврска да им обезбеди и влезници. Убеден сум дека ќе има разлика помеѓу тие веќе резервирани влезници до вкупниот капацитет на салата. Останатите влезници и да бидат по популарна цената од 100 денари, не ќе можат сите заинтересирани да влезат,затоа што интересот за ракомет е голем кај охриѓани, изјави Петрески.

СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР СО НОВ ВЛЕЗ И ПАТОКАЗИ

В

о Спортскиот центар Билјанини Извори се поставија нови патокази и табли како и нова капија на влезот. Директорот Иван Цветовски вели дека ова е почеток на работите со кои треба да се уреди и декорира просторот на центарот во кој се нудат повеќе содржини на поголема површина па пато-

С.В

казните табли ќе го олеснат движењето низ него. Таблите ги дизајнира 2 С Дизајн Студио, и се направени по последните трендови во дизајнот во оваа сфера по теркот на аеродромите во светот.

ОГЛАСИ

АНСАМБЛОТ МАКЕДОНКА ВРШИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ-ИГРАОРЦИ. ВО СОСТАВ НА АНСАМБЛОТ ЗАПОЧНА ДА РАБОТИ ШКОЛА ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР АЛЕКСАНДАР ДИМОСКИ И ОРКЕСТАР ЗА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ТОА КАВАЛ, ГАЈДА, ТАМБУРА И ХАРМОНИКА ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР ЉУПЧО АВРАМОСКИ И КЛАРИНЕТ И САКСОФОН ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР АЦО ТАСЕСКИ. СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА МАКЕДОНКА ВО ОУ “БРАТСТВО ЕДИНСТВО” СЕКОЈ ПЕТОК ОД 19 ДО 21 ЧАСОТ ИЛИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЉОТЕ КОМПАНИ КАКО И НА ТЕЛЕФОНИТЕ 046/230-930 Продавам козметичка лупа со сталак Тел за контакт 070 212 784

Поволно продавам лежај добросочуван Тел 046 267 993

Пордавам санитарија за купатило во сина боја и нов бојлер 046 262 711

Издавам сбои под криија. Со посебен влез. 046 255 909

Се издава куќа под кирија на ул. Славеј Планина бр. 17 тел. 046/250-007

Издавам стан 55м квадратни наместен на Туристичка кај кај Анче Киселинова Телефон 070 604 149 Продавам нива во Влегошти 070 525 524

Се продава фрижидер витрина тел 046/250-007

www.amakpres.com.mk

19



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.