Skip to main content

Амак Прес 100

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 100 10 Noemvri 2008

ВО БЕЈБУНАР ТОНАТ 40 МИЛИОНИ ЕВРА ИЛИ НАКОЛНА НАСЕЛБА

ВЛАДО ДЕАНОСКИ- ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД

СУДСТВОТО Е НЕЗАВИСНО И НЕ ПАРТИЗИРАНО ЃОКО СИМЈАНОСКИ-РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ ВОДИТЕЛ

ЛУЃЕ КОИ НЕ ОДАТВО КИНО СЕ ДУХОВНО ПРАЗНИ

ДЕЈАН ПАНОВСКИ СЕКРЕТАР НА БИЛАТЕРАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ЗЕЛЕНИТЕ ИДЕИ СЕ ЧЕСНИ МАРЈАН ЛАЗОСКИ ТРЕНЕР НА ОХРИДСКИОТ АМАК СП

СО АМАК СП ЌЕ ЛОВАМ ТИТУЛИ

definitivno najevtino www.don.com.mk


ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES


РЕЗИМЕ

ГОЛА ПОЛИТИКА ИЛИ ГОЛА ВОДА ПРЕД НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ГОДИНИ, КОГА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СЛЕГУВАЛ СО КОЊОТ БУКЕФАЛ ОД ГАЛИЧИЦА ТУКА НЕКАДЕ КАЈ ШО Е СЕГА БЕНЗИСКАНА ОД МАКПЕТРОЛ, КОЊОТ СЕ СОПНАЛ, АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПАДНАЛ, А ПЕРДУВОТ ОД ШЛЕМОТ МУ ЛЕТНАЛ НЕКАДЕ НАТАМУ НАКАЈ БЕЈБУНАР. Е СЕГА НИЕ ТУКА ЌЕ КОПАМЕ И ЌЕ ГО БАРАМЕ ПЕРДУВОТ ОД ШЛЕМОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И КОГА ЌЕ ГО НАЈДЕМЕ ЌЕ ЗАПРЕ ЗАБРАНАТА ЗА ГРАДБА . . .

В

ака со овие зборови еден од нај истакнатите вмровци во Охрид деновиве во еден охридски ресторан на кратко го опиша она што се случува околу Бејбунар последниве денови. Овој доајен на ВМРО ДПМНЕ во Охрид овој нов виц го раскажува во друштво на повеќе граѓани и вели дека тоа била добра анегдота. А дали е анегдота она што го гледаме деновиве во Охрид, како двете политички партии се пресметуваат во Охрид, а сето тоа на грбот на граѓаните. И сега се гледа по стоти пат како Охрид е во средината на пресметката на политичките партии кои се пред се републички, да не речам Скопски. И додека градот се надева дека ќе отвори бизнис за градежниците во кој

ќе се свртат 40 милиони евра, а градската каса ќе инкасира над 8 милиони евра, политичката партија која е на централно нив владејачка се надева дека тоа нема да се случи за да го заштити културно историското наследство во Бејбунар кое датирало од античко време. Сето ова ме потсети на една ситуација кога пред неколку години се крена голема фама околу двете згради кои се изградија на просторот кај старата автобуска. Тогаш претходниот состав на советот воочи изборите не го изгласа планот за градба на двете згради, а сите партии потпишаа декларации со кои се обврзаа дека нема да го изгласаат тој план. Ми се чини во тоа предизборие беа во состојба и пред икони да дадат завет дека нема да дозволат тој план да се реализира. А сите ние знаевме дека тоа ќе се

реализира и ќе се изградат зградите и еве денес ние сите ги гледаме зградите како се извишени во височина, а на декларациите сите заборавија и никој веќе не се ни сеќава. И повторно ми се чини дека сите знаеме дека и овој пат е тоа. Ќе поминат изборите, партиите ќе ги заборават интересите за освојување на гласови и ќе се свртат кон бизнис интересите на нивните финансиери и . . .И оооооооп, ќе го најдеме пердувот од шлемот на Александар Македонски, и лесно како пердув ќе почне градбата на урбанопт блок, каде ќе се вртат тешки пари, ќе се градат станови и дуќани, ќе се прават тротоари и лесно како пердув ќе ги заборават тешките зборови. Гола политики или гола вода.


ЛОКАЛ

ВО РАДОЈЦА НОВИЌИЌ ПОЛЕКА СЕ СРЕДУВА КОМУНАЛАНТА СФЕРА

В

о населбата Радојца Новиќиќ полека но, сигурно се средува комуналната сфера. Асфалтирањето ма главните улици во населбата се приведува при крај, а сега се асфалтираат и некои помали сокаци. - Асфалтирањето започна од црквата Св. Спас во Горно Лакочереј, па се

асфалтраше низ Долно Лакочереј и сега постепено се стигна до Радојца Новиќиќ. Се асфалтираа главните улици и неколку сокачиња но, како најголем и најтежок проблем е тоа што нема комунална уреденост околу училиштето Кочо Рацин каде децата одат во чизми на училиште, а кога ќе влезат внатре ги соблекуваат чизмите, за да не се со кал во уредно и прекрасно уредените училници и простории на училиштето – вели претседателот на М.З. Радојца Новиќиќ Петре Петрески Калиемро. Тој вели како претседател на М.З. е задоволен од тоа што до сега е направено на осветлувањето на улиците во оваа населба, но потенцира дека уште треба да се направи, а посебни замерки има на боровите кои се покрај патот вдолж оградата од касарната. - Овие борови прават една дебела сенка која на зима ни прави големи проблеми

бидејќи кривината која поминува под нив е секогаш замрзната и неброен број пати тука се случувале сообраќајки со несакани последици. Јас за боровите разговарав и со Претседателот Бранко Црвенкоски кој ми вети дека ќе се реши проблемот но, како што гледате боровите кои ние ги нарекуваме борови убијци се уште се тука – вели Калимеро и додава дека непрекинато телефонира во кабинетот на претседателот Црвенкоски и упорно ќе оди до крај за да ги отстрани боровите. - Јас немам страв да се јавувам кај Бранко Црвенкоски бидејќи немам црно мина, немам криминал и не ми е страв ама баш од никој, бидејќи нема со што да ме уценуваат, ни со притвор ни со суд бидејќи мојата работа е чиста како солза па можам да се јавувам каде сакам и да барам од него што сакам – потенцира Калимеро. Љ/Т.

АМЕРИКАНСКИОТ ПРОФЕСОРОТ ФРИДМАН ОД ОХРИД ПОРАЧУВА

ГРЦИЈА НЕМА ПРАВО ДА ГО ОСПОРУВА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА –ТОА Е ГНАСНА ПОЛИТИКА

В

о ниту една современа држава не постои хармонијата “Јазиктериторија – народ – држава“, државниците кои велат дека нивните држави се еднонационални и кои не ги признаваат етничките малцинства и нивните културни вредности се лажат самите себе си дека можат да ја сокријат вистината пред светот. Таков е случајот со дeнешна Република Грција која наместо да го збуни светот со своите искажувања дека не постои македонец и не се зборува македонски јазик во неа, се збунува самата себе си. Напротив сите земји добро знаат дека еден дел од Македонија, јужниот е под нивно ропство, што сакаат уште малку ли им е тој дел, рече проф. д-р. Виктор

Фридман од универзитетот во Чикаго кој неодамна во Охрид имаше свое излагање за првиот речник на Македонски јазик од Георги Пулески. “Колку јазици познаваш толку си поблиску до демократијата“, оваа поговорка се употребува и во Македонија и сите словенски земји, но не и во Грција, можеби тоа се должи на политиката што грчките државници ја водат денес“,истакна Фридман додавајќи дека според неговите научни истражувања македонскиот човек, граѓански размислувал и во 18-от , 19от, 20-от век па и денес, зошто и денес како и некогаш македонците сложно живеат со малцинските народи, албанци, турци, роми и срби.

“Грција нема право да го оспорува името, Република Македионија. Јас би рекол дека тоа е голема мана на таканаречената Меѓународна заедница што толерира такво однесување на Грција. Грција нема право и нема причина и тоа е само гнасна , непристојна нејзина политика“, изјави проф.д-р. Виктор Фридман. Виктор Фридман во 1977 година докторирал на тема “Современ македонски глагол“. Денес тој предава, македонски јазик,албански јазик, балканска лингвистика,старословенски јазик, словенска лингвистика и кавкаска лингвистика на катедрата по словенски јазици на Универзитетот во Чикаго. Ангела Белевска


ОХРИД ГРАД НА УНЕСКО УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ МАНИПУЛАЦИИ

ДОДЕКА ПРАТЕНИКОТ ГРОЗДАНОВ СТРАХУВА, ПАСКО КУЗМАН ВЕЛИ ДЕКА МУ Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД ПОЛИТИЧКА УПОТРЕБА НА УНЕСКО

П

оради хаотичното и непланско градење на Охрид му се заканува да биде избришан од листата на УНЕСКО. Ова го најави пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Цветко Грозданов повикувајќи се на извештајот направен од висока делегација на УНЕСКО која кон крајот на август го посетила Охрид. Делегацијата предводена од Ханс Дорвил директор на бирото за стратешко планирање при УНЕСКО и Енгелбер Роус, директор на регионалното биро на УНЕСКО во Венеција дала сериозни забелешки за урбанистичкиот хаос, и се заканила дека Охрид во декември ќе биде симнат од листата на УНЕСКО. -Не е само под заштита Охридското Езеро туку и целиот град каде има нарушување и неплански градење и тоа е една од најголемите забелешки и причина за симнување од листата на УНЕСКО, вели Грозданов. Како што дознаваме веднаш по посетата и укажувањата на неправилностите, формирана е владина

комисија која во следниве два месеци ќе настојува да ги отстрани забелешките од преставниците на УНЕСКО и да го спаси градот од елиминирање од листата на заштитени градови. Директорот пак на Управата за културно наслество Паско Кузман со сосема спротивен став „Охрид никогаш нема да биде симнат од листата на УНЕСКО, тврди познатиот археолог. Тој вели дека Охрид е жив град не е конзервиран а тоа го знае и УНЕСКО. „Генерално она што е карактеристично за Охрид сеуште постои а меѓу другото тука е и Охридското Езеро кое е составен дел на градот и неможе така едноставно да не избришат од листата на заштитени градови, Ова се чисти политички шпекулации кои се повторуваат на секои неколку години и до сега безброј пати се најави бришење на Охрид од УНЕСКО но, пополека станува јасно дека некој тоа го прави за да манипулира со јавноста и да шири невистини и шпекулации, а во тоа му помагаат некои новинари. Охрид пак по 100

ти пат ќе повторам никогаш нема да биде избришан од списокот на УНЕСКО и нека се стави еднаш крај на овие шпекулирања во јавноста за политчки потреби вели Кузман.Според него информациите за бришење на Охрид од листата на УНЕСКО се медиумска измислица. И од локалната велат дека се работи за шпекулации. Од таму додаваат дека Охрид во ниту една негативна конотација не е разгледуван во седиштето на УНЕСКО во Париз и не постои ниту една сериозна забелешка која би го довела во прашање членствоо на Охрид во оваа реномирана организација. И додека секој со својата приказна убедува во веродостојноста на своите тврдења, дека постои проблем и недостатоци во извештајот на последната комисија потврдуваат и изјавите кои доаѓаат директно од Комитетот за заштита на УНЕСКО. Според Дамир Биљаковиќ под итно треба да се донесе Закон за Охрид со кој ќе се забрани неконтролираното градење во градот.

-Извештајот зборува за урбанизацијата и изградбата која треба да се контролира како и за неопходната изработка на т.н менаџмент план.Зборува за цела низа на проблеми кои се појавуваат а во исто време и за акцијата која треба да биде преземена за да се сузбијат тие негативни интервенции кои се случуваат во Охрид. Потребна е посебна изработка на Закон за Охрид.Тоа е единствен начин да не дојдеме до ситуација кога недај боже надлежните меѓународни институции да дадат негативна оценка за Охрид, вели Биљаковиќ. Според него доколку и понатаму се продолжи со уништување на автентичноста, УНЕСКО сериозно ќе ја разгледа можноста на Охрид да му го одземе овој статус. Тој предупредува дека според последниот извештај состојбата во Охрид е повеќе од загрижувачка. Амак Прес Охридкси Новини уште во 2004 година објави ексклузивна сторија во која беа објавени резултатите кои ги дала опсервациајта на комисијата на УНЕСКО која тогаш беше во посета на Охрид. Тогаш Националниот комитет за УНЕСКО во Скопје сопшти дека следната контрола на Охрид ќе биде дури после 11 години, циклус редовен за контролите на УНЕСКО. Каква е оваа комисија која сега дала оценки и на која се повикуваат политичарите во Националанта Комисија при Владата на Македонија во Скопје не успеавме да дознаеме.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

5


ЛОКАЛ ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ГРАДИ ЗГРАДИ НА АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ ИЛИ ПОЛИТИЧКАТА БОРБА ЌЕ СЕ БИЕ ВО НЕКОГАШНОТО БЛАТО

ВО БЕЈБУНАР ТОНАТ 40 МИЛИОНИ ЕВРА ИЛИ НАКОЛНА НАСЕЛБА БИТКАТА МЕЃУ ОПШТИНАТА И ВЛАДАТА ОКОЛУ ГРАДЕЊЕТО НА НАСЕЛБАТА БЕЈБУНАР ПОКРАЈ ВО МЕДИУМИТЕ ВО ИДНИНА ЌЕ СЕ БИЕ И ВО СУДСТВОТО. ЛОКАЛАНТА ВО БЕЈБУНАР ГЛЕДА МОЖНОСТ ДА НАПАЛТИ КОМУНАЛИИ ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ГРАДЕЖНИЦИТЕ ДА ОСТВАРАТ БИЗНИС ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА, А УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И МИНСИТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ДА ЈА ЗАПРАТ УРБАНИЗАЦИАЈТА И ДА ИСКОПААТ ЕЛИНИСТИЧКИ ГРОБОВИ И НАКОЛНА НАСЕЛБА.

Д

еновиве како никогаш до сега јавноста е сведок на судирот помеѓу охридската локална власт и централанта власт. Како и во повеќето случаи и во овој судирот е околу урбанизмот во градот само што овој пат се работи за најголем залак од оваа фела, градењето на населбата Бејбунар од која Охрид треба да наплати над 8 милиони евра само од комуналии, а во чија градба компаниите кои ќе градат

6

AMAK

PRES

ќе остварат вкупен обрт од околу 40 милиони евра. Ден пред да се усвои планот за градба на овој простор од Министерството за транспорт и врски и Управата за заштита на културното наследство дојде барање за запирање на постапката за донесување на модулот од ДУП кој произлезе од ГУП кој претходно го одобри самото министерство, а самата постапка околу населбата Бејбунар траеше скоро цели 2 години, период доовлен

сите страни да ги дадат своите мислења. -Нашите сознанија велат дека на овој простор има елинистички гробови кои треба да се истражат и да се кренат. Но исто така имаме сознанија дека на три до четири метри на целиот овој мочуришен предел постои наколна населба и затоа бараме време од две години да направиме сондажни испитувања, вели Паско Кузман. Според него се работи за огромна наколна

населба, а примероците на дрва од населбата од соседните локалитети кои биле испратени на истражување во Германија укажувале на тоа дека станува збор за најстари куќи во Европа. -Постои можност еден дел од населбата да се зачува, а на другиот дел да се градат зградите. Ќе ставиме привремена заштита само таму каде што сметаме дека може да има културно наследство, вели Кузман. Општината и покрај


решенијата за привремена забрана за урбанизацијата во населбата Бејбунар од страна на Министерството за транспорт и врски и Управата за заштита на културното наследство, одлучи да го прифати ваквото урбанистичко решение бидејќи од Локалната тврдат дека тие не дошле на време додека псотапката траела. Советот на Општина Oхрид го изгласа деталниот урбанистички план за урбана единица 8 што предизвика остри реакции од ВМРО ДПМНЕ пред се од пратениците кои практично се веќе влезени во внатрепартиската предизборна кампања. -Градоначалникот Александар Петрески свесно ги прекрши правните нормативи што владеат во Р Македонија. Зошто и покрај одлуката и забраната од страна на Министерството за транспорт и врски да не се гради на оваа локација упорно се настојува на мала врата да се протне оваа одлука. Кој од ова има најголем интерес? Дали градот или градоначалникот, изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов. Министерството за транспорт и врски пак за ваквата постапка на општината поднесе кривични пријави против градоначалникот Александар Петрески и охридските советници. Охридскиот градоначалник

најави контра кривични за Министерството и Управата за заштита на културното наследство, а претседателот на Советот на општина Охрид, Владо Чингоски вели дека според Законот за локална самоуправа советниците не можат да бидат повикани на кривична одговорност поради изнесување на својот став и гласање на одлука на седница на Советот. - Како е можно советниците да добијат кривични пријави и да одговараат за нешто што изгласале. Правно тоа е невозможно и јасно е дека тоа го знаат и во минситерството бидејќи имаат правници но, е сосема јасно дека се работи за политичка игра и пресметка во пресрет на изборите

како внатрепартиските во ВМРО ДПМНЕ така и за претстојните локални избори. Секако дека кривичните ќе бидат отфрлени бдејќи тоа би било исто како пратеници да одговараат за закон кој е веќе изгласан од нив самите. Нема логика и на сите им е јасно дека се води политичка битка – вели претседателот на Советот, Владо Чинго. - Кога станува збор за кривични пријави нив би требало да ги има, а и ќе ги добијат оние кои ги довеле Општината и граѓаните во заблуда со своите претходни одлуки. Споменатиот ДУП за парцелите кај Охридија претходно доби позитивно мислење и согласност од Министерството за транспорт и врски. Тоа беше до-

каз дека целата постапка е законска и регуларна. Немаше забелешки ни од Управата за заштита на културното наследство, иако имаше и јавна анкета, а целата постапка траеше речиси една година, изјави портпаролот на охридскиот градоначалникот Никола Манески. Според локалната поднесената кривична пријава од страна на Министерството за транспорт и врски во врска со одлуката на Советот на општината за ДУП на дел од месноста Бејбунар не е ништо друго, туку обид за заплашување на градоначалникот и советот.

www.amakpres.com.mk

С.В / Љ.Т

7


ЛОКАЛ

ТАВ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ АВИО СООБРАЌАЈОТ НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

С

о инвестициите во инфраструктурата и опремата, на охридскиот аеродром, Свети Апостол Павле, по влезот на турската компанија, концесионерот ТАВ очекува да се зголеми авио сообраќајот за 100% .Во првите неколку години, ќе се подигне безбедноста и функционалноста на аеродромот со што тој ќе стане поатрактивен за странските компании. Вакви се очекувањата по преземањето на аеродромот од страна на турската ТАВ која треба да вложи огромни средства во модернизација на двата македонски аеродроми. Директорот на Свети Апостол Павле, Борис Стефаноски е оптимист дека веќе од наредната година состојбата со охридскиот аеродром видно ќе се подобри. -Со доаѓањето на ТАВ ќе се зголемат инвестициите во инфраструктурата и опрема-

8

AMAK

PRES

та на охридскиот аеродром. Ќе се изградат два паркинг простори, ќе се реконструира управната зграда, а ќе добиеме и нов карго хангар. Исто така ќе се реконструира и платформата за паркинг на авионите, а планирана е и изградба на нов Вип салон. Сепак најважно е тоа што застарената постоечка опрема која иако ги задоволува меѓународните прописи, во целост ќе биде обновена, вели Стефаноски. Со модернизацијата, аеродромот ќе поседува возило за одмрзнување и заштита од мрзнење на воздухопловите, нови против пожарни возила, опрема за внесување на товарот во карго авионот, возило за туркање на авиони како и нови ренген апарати, нови возила за мерење на лизгавост на пистата и нови ленти за багаж. Со тоа, смета Стефаноски, ќе се зголеми функционалноста,

безбедноста и квалитетот на услугата на патниците. -Со подобрување на условите се очекува и зголемување на авио сообраќајот затоа што секоја авио компанија бара врвни услуги, вели директорот на охридскиот аеродром. Според него пистата и во овој момент ги задоволува условите а терминалната зграда е функционална да опслужи 300 патници во врвен час. Според статистичките податоци годишно на Свети Апостол Павле слетуваат 60 000 патници. Најголема фрекфентност има во текот на летниот период кога има повеќе чартер летови. За разлика пак од минатото лето годинава забележан е зголемен број патници а со тоа се зголемија и приходите за 30%, а причина за тоа, според Стефаноски, се мерките кои ги презеде Владата за намалување на цените на ае-

родромските услуги. Со новиот зимски ред на летање седмично ќе слетуваат само четири авиони, но пред новогодишните празници се очекува зголемување на авио сообраќајот. Досега на пистата на охридскиот аеродром слетуваа само авионите на домашниот авиопревозник МАТ и на швајцарската Хелветик ервејз, но ваквиот договор, како што дознаваме, во брзо време ќе биде променет, и ќе се приспособи на европските закони. Според досегашниот договор МАТ како национален авиопревозник даваше одобрение за редот на летање на странските авиокомпании. Инаку концесионерот ТАВ треба да инвестира 230 милиони евра за постојните два аеродроми и изградба на карго аеродром во Штип. Според најавите до 2029 година бројот на патници од сегашните 680 000 ќе се зголеми на 4,9 милиони годишно од кои половина милион на охридскиот аеродром што е речиси пет пати повеќе од сегашната бројка. -Очекувањата се уште поголеми затоа што ТАВ е турска компанија со која имаме добри меѓународни односи. Од друга страна Турција е голема држава а Охрид и Македонија се привлечни за тамошните туристи кои верувам би сакале да ги посетат местата каде се школувал предводникот на младотурската револуција, Кемал Ататурк, вели Стефаноски. Сузана Вренцовска


1


ИНТЕРВЈУ ДЕЈАН ПАНОВСКИ СЕКРЕТАР НА БИЛАТЕРАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ЗЕЛЕНИТЕ ИДЕИ СЕ ЧЕСНИ ОХРИД СЕУШТЕ НЕМА КРИТИЧНО ТКИВО ЗА ПОЛЕМИКА ЗА РАЗВОЈОТ НА ГРАДОТ, СЕУШТЕ Е ЗАРОБЕНИК НА МОЛКОТ, НЕКРИТИЧНОСТА И НЕМАЊЕТО ВИЗИЈА. ЗЕЛЕНИТЕ ИДЕИ КОИ НЕКОЈ САКАШЕ ДА ГИ ИСМЕЕ СЕ ИДЕИ ЗА РАЗВОЈ И СЕ ПРЕД СЕ ЧЕСНИ И СЕ ЗА ЈАВНО ДОБРО. ТОА СЕ ЗБОРОВИ ШТО ОДАМНА СМЕ ГИ ЗАБОРАВИЛЕ, ВЕЛИ ПАНОСКИ

Неодамна Вашето враќање во Охрид, односно смената од државен секретар при Министерството за животна средина предизвика голем интерес во јавностa. Кои се вистинските причини за ваквата одлука? Враќањето во Охрид беше поврзано со далеку поголемите можности да се помогне на својот град и регион , реално , преку продолжување на активностите околу заштитата на езерото и неговиот слив, активности кои максимално ја подигнаа сензитивноста на јавноста по прашањето на управувањето со исклучително важниот природен ресурс. Како никогаш досега внимателно се следат состојбите на езерото што резултира и со посериозни мерки за него-

10

AMAK

PRES

ва заштита. Тоа е најсуптилниот резултат од се она што го работиме. Но ,за да можеме да донесеме квалитетни одлуки и мерки потребна ни е како прво ревизија на Извештајот за состојбата на езерото од 2002 година бидејќи сериозно се промениле некои еколошки и економски состојби и на македонската и на албанската страна. Какви ефекти треба да очекуваме со новиот Закон за води ? Новиот Закон за води ги поставува водите на пиедесталот како наше природно богатство и така ќе почнеме да ги третираме. Во тоа ќе ни отежнуваат некои природни , климатски појави кои предизвикуваат суши , опаѓање на нивоата на сите води , но дотол-

ку поважна ќе е нашата посветеност и интегрален пристап. Тој пристап , всушност и законски е определен како воспоставување на управување на ниво на слив , формирање на Совет на речниот слив и изготвување план за управување со сливот. Затоа ќе тргнеме во уште една офанзива за ова да го спроведеме. Добар момент е тоа што почнуваат подготвителни активности околу трилатералниот проект за менаџирање со сливот на Црн Дрим . Ако добиеме соодветна финасиска поддршка од ГЕФ или ЕУ , тоа ќе ни го олесни процесот. На добар пат сме иако сме свесни дека менаџирањето ќе биде предизвик заради хидролошката и енергетската важност на сливот.


СТУДЕНТЧИШКОТО БЛАТО СО СЕЦЕНИИ Е НА УДАР НА УРБАНИЗАЦИЈАТА Доволни ли се средствата кои се издвојуваат за заштита на езерото, блатото...Има ли доволна грижа за ваквите вредности? Со епитети нема да го заштитиме езерото туку само со грижата кон целиот негов слив .Сепак , сеуште како критични ни висат над нас урбаната деградација и уништувањето на вредностите. Еко системот се обидува да ги амортизира овие удари но ние сакаме да му помогнеме. Помошта би значела конкретно грижа за вредностите како трската , блатото , крајбрежието. Затоа и одделивме некои средства , не големи но ефективни . Започнавме со минимални средства да покажуваме како треба да се заштити и искористи Студенчишкото блато а сега заеднички со албанската страна работиме на проект за заштита на појасите на трската. Одвоивме во 2008 и средства преку програмата на Министерството за животна средина за отпочнување на уредувачки работи за водотекот Грашница. Средствата треба да ги имплементира локалната самоуправа , но сеуште нема активности . Во поглед на туризмот постојано може да се слушнат различни видувања oсобено кога станува збор за негов развој. Имаме ли стратегија за развој на туризмот? Развивањето на поразлични видови на туризам кои ќе се потпираат на природните и културните вредности е иднината на Охрид , колку тоа чудно да звучи во овој момент. Искористувањето на вредностите на Националниот Парк Галичица , блатото , изворите , кул-

турните споменици се основата на идниот туризам и драго ми е што тоа го препознаа и научните работници на Факултетот во Охрид кои стратегијата ја позиционираа токму во тој правец. Ќе има отпор но полека ќе се развива свеста и ќе ја сфатиме еколошката и економската добит од ваквиот концепт. Го разбирам конфликтот на различните интереси но Охрид мора да ги истакне новите вредности на туризмот затоа што пазарот тоа го бара . Еко – културниот туризам е вредноста на Охрид , другото се е само додаток на тортата. Како активностите што ги имате влијаеа врз Вашиот политички ангажман како шеф на изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ во изборите 2008 година ? Всушност, моите активности добија своја политичка валоризација токму на парламентарните избори 2008 година. Имено , како Шеф на изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ во Охрид , заедно со активистите и функционерите на партијата , постигнавме резултат каков што дотогаш беше незабележан во Охрид . Тоа најмногу се должеше на рејтингот на партијата но и пред се на сплотеноста , единственоста и реалниот приод кон изборниот процес што го постигнавме како изборен штаб. Вредностите достигнати во тие избори , притоа не мислам само на резултатот , ќе бидат вистински предизвик во секој нареден изборен процес. Но во ВМРО ДПМНЕ во Охрид , во овој период се случуваат нешта кои заличуваат на разединетост наспро-

ти сплотеноста што ја споменувате ? ВМРО ДПМНЕ е голема партија, а ВМРО голема филозофија. И сите процеси во неа токму заради таа големина имаат огромно значење . Но , јас сега немам никаква партиска функција ниту сум функционер од партијата па затоа не си давам мандат да коментирам внатрепартиски случувања. Сепак сметам дека претседателот на ОК е тој што ќе треба да ги изменаџира сите структури на партијата ,а кандидатот за градоначалник да биде нивно обединителното ткиво. Сакам и двајцата да ги видам како победници. Неодамна токму Вие излеговте со понуда на концепти за развој на Охрид и со идеи кои за првпат јавно се отвараат во градот . Значи ли тоа нешто во контекст на претходното? Идеите што јас ги пропагирав не се нови и не се врзани со никаков актуелен момент. Фактот дека тие идеи ја испаничија актуелната локална самоуправа говори само дека во Охрид сеуште нема критично ткиво за полемика за развојот на градот и дека сеуште е заробеник на молкот, некритичноста и немањето визија. Зелените идеи кои некој сакаше да ги исмее се идеи за развој и се пред се чесни и се за јавно добро. Тоа се зборови што одамна сме ги заборавиле. Поради тоа убеден сум дека Охриѓани никогаш повеќе нема да се идентификуваат со начинот и кадровскиот капацитет со кој сега се управува со градот на кој му е одземена гордоста и душата. Сепак Вашето име веќе е ставено на листата на најсериозни потенцијални кандидати за градоначалник на Охрид ? Досега , искрено , немало ниту еден, повторувам, ниту еден официјален разговор за моја евентуална кандидатура за градоначалник на Охрид,. Тоа што и моето име е на листата на некои анкети не е ништо официјално, иако за мене е чест и споменувањето во таков контекст. Личната перцепција ми говори дека ,сепак, во овој миг партијата има други имиња кои се промовирани како фаворити за влез во оваа трка . Но , има и многу други позиции од кои ,ако се сака, може да се сработи многу за Охрид. Така сум се однесувал досега , така здравје , ќе биде и отсега.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

11


INTERVJU ВЛАДО ДЕАНОСКИ- ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД

СУДСТВОТО Е НЕЗАВИСНО И НЕ ПАРТИЗИРАНО ОСНОВНИОТ СУД ОД ОХРИД КОЈ СЕ ВБРОЈУВА ВО РЕДОТ НА АЖУРНИ И ЕФИКАСНИ СУДОВИ ВО КОЈ СЕ РЕШАВА ПРИЛИВОТ НА НОВИТЕ ПРЕДМЕТИ И СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА СТАРИТЕ НЕРЕШЕНИ ПРЕДМЕТИ, ДО КРАЈОТ НА ОВОЈ МЕСЕЦ ЌЕ ГО ДОБИЕ СВОЈОТ НОВ СОВРЕМЕН ЛИК. ПРОЕКТОТ ЧИНИ 500 000 АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ И Е ИНВЕСТИЦИЈА НА СВЕТСКА БАНКА.“ТВРДАМ ДЕКА СУДСТВОТО Е НЕЗАВИСНО И НЕ ПАРТИЗИРАНО, ВРЗ ДОНЕСУВАЊЕТО НА СУДСКАТА ОДЛУКА НЕ ВЛИАЕ ИЗВРШНАТА ВЛАСТ А СЕ ЗАПОСТАВУВААТ РОДНИНСКИТЕ И ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ВРСКИ. ОДЛУКИТЕ СЕ КВАЛИТЕТНИ И ОБЈЕКТИВНИ“, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД, ВЛАДО ДЕАНОСКИ КОЈ ГИ НЕГИРА НИЗАТА ШПЕКУЛАЦИИ КОИ СЕ ПЛАСИРАА НИЗ ДЕЛ ОД МЕДИУМИТЕ, А КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА СУДСТВОТО

Минатата година во Основниот суд во Охрид беш отворена шалтер салата во која се сместија вработените од судската администрација, а со тоа значително се олесни пристапот на странките. Во месец јули отпочна втората фаза од реновирањето на судот, градежните активности кои се во тек

12

AMAK

PRES

треба да завршат до крајот на ноември. Каков ќе биде новиот лик на охридскиот суд и колкава е неговата парична вредност? Реновирањето на Основниот суд во Охрид се реализира преку проектот подготвен од владата не Република Македонија, односно преку министерството за Правда со кредит земен од Светска

банка. Со проектот е опфатена реконхструкција на судови од неколку градови во државава, а најголемиот дел од инвестициите ќе бидат вложени за целосното реновирање на нашиот суд. Значи за реконструкција на Основниот суд во Охрид инвестицијата изнесува 500 000 американски долари. Целокупната постапка око-

лу обезбедувањето на средства , одбирање на изведувач и спроведувањето на тендер оди преку Светска банка. Станува збор за целосна реконструкција на судот, тоа значи менување на сите прозорци, менување на сите врати, целосна реконструкција на санитерниот јазол, целосна реконструкција и обновување на сите сали за


судење како и канцелариските простории. Во вториот дел од активностите (за кои беше распишан тендер и кој неодамна заварши) кои ќе отпочнат по Нова Година,односно крајот на јануари и почетокот на месец февруари се планира целосно опремување на сите простории и сали со нов мебел . За прв пат во судот ќе се постави и лифт со што најбенифицирани ќе бидат лицата со физички хендикеп кои до сега не можеа да присуствуваат на судењата или во такви случаи мораше поротниците и странките да слегуваат на приземјето. Охрид е мал град, секој со секого се познава. Во колкава мера пријателствата и познанствата со луѓе влиаат врз објективноста на судската одлука? Независно од тоа дали живееме во мал или голем град, судската функција е судска и пријателствата не само што не влиаат туку се негираат и роднинските и пријателските врски кога станува збор за видот и квалитетот на донесените пресуди. Дека е тоа така потврдуваат резултатите, односно квалитетот на изработените пресуди којшто од година во година се зголемува. Имаме се повеќе пресуди потврдени а се помалку укинати или преиначени од повисоките судови. Кога зборуваме за резултати, само по себе се начнува прашањето околу бројот на решени предмети. Колкав е степенот на ажурност и ефикасност во нашиот суд? На почетокот од оваа година ние имавме 40 000 нерешени предмети. За среќа годинава имаме 20 судии онолку колку што со систематизацијата се предвидени за нашава институција. Сметам дека и адекватниот број на судии и тоа како влиае врз зголемениот број решени предмети. За период од девет месеци

ние сме решиле 17 000 предмети, што е навистина голема бројка а нерешени се 23 000 предмети. Сведоци сме на честите посети и доаѓања на министерот за правда, Михајло Маневски, во охридскиот суд. Колкаво е влианието на извршната врз судската власт? Во овој суд нема влиание, верувам такво нешто нема и во другите судови. Судската е една од трите власти која е сосема издвоена и независна. Јас како претседател до сега такво влиание не сум почувствувал а не сум трпел ни притисоци. Во месец февруари се избраа четри нови судии, околу изборот се крена фама дека четворицата се припадници на иста политичка партија. Партизирано ли е судството? Јас ви тврдам дека партизацијата е тотално отстранета. Од пред две години во сила стапи новиот закон за судови. Имаме закон за судски совет, а постојат и изградени критериуми за избор на судии и тврдам дека партиската инволвираност не постои. Јас барем зборувам за судиите што се избрани во Охрид. Тоа го потврдува квалитетот на сработената работа на

тие судии што се избрани. Во месец февруари избравме четворица нови судии. Истите тие судии по шест – седум месеци од нивниот избор имаат исклучително висок квалитет и квантитет во работата. Ако нивниот избор бил според партиската припадност тогаш сигурно квалитетот во работењето ќе изостанеше. Неодамна дел од медиумите ја пласираа информацијата дека вработените по судовите немаат ист третман во поглед на месечниот износ на хранарината. Станува ли збор за вистина или шпекулација? Јас во оваа институција работам од 1997 година.Од тогаш до денес за сите вработени во судот износот за месечната хранарина е ист и изнесува 2 300 денари. За жал тој износ е помал од она што ни следува согласно законот и колективните договори но за жал или за среќа сите подлежиме на ист третман, почнувајќи од чистачката па до претседателот на судот. Во пресрет се најавените штрајкови на вработените од судската администрација. Постојат ли услови за штрајк? Одлуката е во рацете на вра-

ботените. Ако тие мислат дека треба да учествуваат на штрајк нема никаков проблем и пречка од наша страна. Ако сметаат дека на таков начин можат да си ги остварат своите права никој не смее да им попречи во таа работа. На праг се новите реформи во судството. Како ќе одговорите на предизвиците? Сите реформи се насочени кон ефикасност и ажурност. Ова е втора година како охридскиот Осовен суд влегува во судовите кои се ефикасни и ажурни односно тоа би значело да се решава приливот на новите предмети и се намалува бројот на старите нерешени предмети. За таа работа за старите нерешени предмети е изготвена посебна програма за нивно решавање и е даден приоритет на нивното решавање бидејќи не притиска правилото на судење во разумен рок. Ние мора во разумен рок да ги решаваме и завршуваме предметите. Се разбира тие треба и мора соодветно ,објективно и правично да бидат решени и завршени.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

13


LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE ЃОКО СИМЈАНОСКИ-РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ ВОДИТЕЛ

ЛУЃЕ КОИ НЕ ОТИШЛЕ И НЕ ОДАТ ВО КИНО СЕ ДУХОВНО СИРОМАШНИ И ПРАЗНИ СЕКОЈ ЧОВЕК ТРЕБА ДА ДРЖИ ОДРЕДЕНО НИВО И ДА НЕ СЕ СПУШТА ПОД НЕГО. МЕНЕ МИ Е МНОГУ ЖАЛ ШТО СЕ ПОВЕЌЕ ИМА МЕДИУМИ ВО КОИ СЕ ПЛАСИРААТ ИНФОРМАЦИИ ОД ТИПОТ НА “РЕКЛА КАЖАЛА“, А СЕ ПОМАЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ. МЕДИУМИТЕ ТРЕБА ДА ИНФОРМИРААТ, ЕДУЦИРААТ И ЗАБАВУВААТ А НЕ ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ТРАЧЕВИ. НИКОГАШ НЕ МИ СЕ СЛУЧИЛО ДА ВЛЕЗАМ ВО СТУДИО НЕПОДГОТВЕН ЗА ЕМИСИЈА. НЕА ЈА ВОДАМ ПО ОДНАПРЕД НАПРАВЕН КОНЦЕПТ. ЗОШТО СЕКОГАШ АМА БАШ СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ГИ ИЗНЕНАДУВАМ СЛУШАТЕЛИТЕ ИЛИ ГЛЕДАЧИТЕ СО БОГАТСТВОТО НА ИНФОРМАЦИИ КОИ СУМ ОБВРЗАН И ДОЛЖЕН ДА ИМ ГИ ПЛАСИРАМ. САМО ТАКВА ЕМИСИЈА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕНА. ЗА ЖАЛ ГЕНЕРАЦИИ НА ЛУЃЕ НЕ ЗНААТ ШТО ЗНАЧИ КИНОТО КАКО ИНСТИТУЦИЈА. ДА ГО ОДГЛЕДАШ ФИЛМОТ И ИСТИОТ ДА ГО КОМЕНТИРАШ.....

М

ладото момче кое воодушевено го гледаше движењето на ликовите на филмското платно во првото охридско кино “Езерски бран“, знаеше да го ризикува сопствениот престој во скопскиот средношколски интернат зошто често пати во ноќните часови кришум излегуваше низ интернатската врата и иташе кон градското кино. Таму забораваше на сите маки на стравот како ќе се оправда ако надлежните во домот за ученици го казнат заради недозволеното излегување во доцните часови. Како студент на Електро машинскиот факултет долго во ноќта уживаше во друштво на публиката во кино салите каде се соживуваше со актерите, а по пат умееше да си најде соговорник со кој ќе го искоментира гледаниот филм..... Ѓоко Симјаноски,беше и до денес остана како еден од најдобрите промотори на филмот и музиката сватени како уметност и духовни вредности.Како некогаш така и денес неговите

14

AMAK

PRES

радио и телевизиски емисии за филмот и музиката се едни од најгледаните и најслушаните. Во својата младост толку многу потпаднал под влијанието на шармот од кино салите што денес преку своите емисии настојува истиот да му го предаде на младите за и нив да ги поттикне да одат во кино да ја почувствуваат убавината на темнината и доминацијата на актерите кои царуваат во салата. А по завршуавањето на филмот оние кои го гледале со меѓусебните дискусии стануваат неговите најреални критичари. “Токму тоа е поентата, пре-

ку моите емисии во кои претежно се слушаат стари хитови –евергрини или се зборува и информира за некој филм или случување, да ги вратам постарите во нивната младост а кај младите да го вродам чувството кое ќе ги поттикне да одат во кино. Тој амбиент, тоа чувство додека се гледа филмот во кино сала не е еднаков со домашниот. Филмот е уметност а луѓето што не го доживуваат како таков се духовно сиромашни и празни“вели Ѓоко Симјаноски. По струка е инжењер и иако работниот век го раситнал низ неколку инженерски

компании секогаш имал време и енергија да најде нови интересни информации за некој филм или музика кои толку вешто умеел да ги спакува во квалитетни емисии што за нив и деснес раскажуваат нашите мајки и татковци. Првата средба со радио микрофонот ја имал во далечнатаа 1974 година кога низ етерот на Радио Охрид прв пат се емитуваше 10 минутната емисија “Кино око“, потоа стана уредник и водител на музичката емисија “Музички слалом“, а во недела исто така преку брановите на Радио Охрид се слушаше гласот на Ѓоко овој пат во емисијата “Одберете мелодија за вас“. Паралелно со подготовките на емисиите ,Симјаноски избирал музика за цела недела зошто долг период бил и музички уредник во радиото. “Правам проекти на долги патеки. Ако почнам една работа ја правам истата внесувајќи се во неа целосно, и сакам истата да оста-


ви белег. А само емисии кои се емитуваат во долг рок оставаат белег. Моите емисии и радио и телевизиските одат во неколку сезони, по 300-400 емисии во сезона. Само така може да се постигне зацртаната цел. Мал број на емисии 2-3 брзо се забораваат и немаат важност. Ниту една емисија почнувајќи од првиот ден кога сум почнал како водител до денес не сум ја направил не подготвен. Кога седнувам во радиското или телевизиското студио сум полн со информации кои од мене ги очекуваат слушателите или гледачите.Секогаш и за секоја емисија имам добро изготвен и разработен концепт, зошто само така истата може да биде гледана или слушана“, вели Симјаноски. А токму тие, слушателите најдобро знаат да го отценат вистинскиот квалитет зошто како што уживаа слушајќи ја емисијата “Неделен магазин“што ја уредуваше чичко Ѓоко, уживаат и денес слушајќи што низ етерот на Радио Охрид ќе им каже тој во емисијата “Седмиот ден“. “Емисијата “Седмиот ден“се емитува во недела а во четврток оди мојата емисија “Тоа беа години“. Оваа емисија се емитува на сезони и оваа е седма или осма година од нејзиното постоење. Истата верувам дека е интересна за постарите слушатели зошто преку музичките хитови кои се слушаат повеќе од 50 години а кои во текот на емисијата ги пуштаме, тие слушатели се враќаат во својата младост. Младите слушатели пак осознават каква и која била старата музика која за среаќа никогаш не изумира“. Иако ги ситни годините од седмата деценија Ѓоко Симјаноски не уморно работи. Ако денес негов најчест извор на информации е интернетот во годините зад нас до нив доаѓал од гра-

мофонските плочи, ленти, касети или списанија кои ги купувал и со нив се враќал од службеното патување. “Во Заводот за урбанизам работев 20 години. Често одев на стручни екскурзии во Малта, Грција, Чешка... Се сеќавам на моето патување во Германија кога од таму понесов 25 грамофонски плочи, сите ми се допаѓаа и сите ги зедов. На царина имав вистински проблем“, смеејќи се раскажува чичко Ѓоко кој вели дека денес многу побарзо и полесно се доаѓа до информации, но секогаш треба да се внимава какви информации се објавуваат низ етерот и и се пласираат на јавноста. “Не љубам прашања од типот; Кој ти го направи стајлингот? Или пак да чепкам во приватниот живот на личноста, актерот или пеачот кој го разработувам во емисијата. Тоа е карактеристика на жолтиот печат. Но за жал вакви прашања и информации се почесто се пласираат во се повеќе електронски или печатени медиуми. Тоа е жално се изобличуваат вистинските вредности. Радиото и телевизијата се медиуми кои треба да едуцираат и забавуваат а не преку нив некои “невистинити“ и неискусни новинари да ги изобличуваат вредностите. Секој треба да држи одредено ниво и да не се спушта под него“ ,истакнува Симјаноски. И додека чичко Ѓоко се присетуваше на времето кога прв пат се појавил пред

телевизиската камера, јас размислував. Колку душевно богат, начитан и сестран човек. Жива енциклопедија од која можеш да научиш се и сешто. Од него ја дознавме точната бројка на кино сали кои денес работат во Македонија, а бројот на посетители е загрижувачки и од година во година станува се помал. По втората светска војна во Македонија имало вкупно 77 кино сали. Златната доба на кино салите била 1972 година кога нивниот број изнесувал 86. Во 2006 година во државава имало само 18 кино сали. Намалувањето на бројот на кино салите покажува дека кино прикажувачката дејност полека згаснува а со тоа осиромашува духот на младите. И додека во нашите соседни земји кино прикажувањето доживува процут кај нас во 2006 година имало само 96 000 посетители. Минатата година во Охрид на кино отишле 2000 луѓе од кои 1 500 го гледале филмот “Сенки“ на Милчо Манчевски. Додека јас си го “премотував филмот“ што се слушнав и научив од овој човек, разговорот го продолжи чичко Ѓоко. “Првата телевизиска емисија “Филмско око“ се прикажа во далечната 1996 година, и од тогаш до денес непрекинато се прикажува на еден од телевизиските канали. На телевизија не се појавувам за луѓето да ме видат кој сум или каков сум, туку да научат нешто, да се едуцираат за филмот а во

исто време и да се забавуваат“, рече тој додавајќи дека секогаш настојувал во содржинитена неговите радио или телевизиски емисии да бидат застапени, новитети, прикажување на премиери , следење фестивали од типот на Сан Ремо кои пленат со добрата организација и гламур . “Секогаш настојувам содржините да не се “бајати“, туку напротив нови и интересни. Често во емисија поканувам гости, музичари и актери од земјава и странство. Меѓу поинтересните разговори ќе ги издвојам со актерите од познатата српска серија “Династијата на Жика“, Јелена Жигон и Гидра Бојаниќ како и актерите на познатиот филм “Миротворец“. Навистина се многу, не знам со колку музичари или актери сум седнал да разговарам пред микрофон во изминативе 30-ина години. Овој, охриѓанец вљубеник во се што е уметничко ужива во друштво со младите со нив разменува информации односно нив им ги дели зошто верувам дека е неколку пати поначитан и поинформиран од сите нас. Во слободно време кое го има многу малку, знае да расчепка во својата колекција на стари филмови кои ги има околу 600-ини на број, па да седне и на рат да ги гледа “Казабланка“, “Однесена со виорот“ па и нашите “Фросина“, “Мирно Лето“..... А тогаш кога сака да здивне од филмот, сака да слика или да научи ново, и секогаш нешто ново од информатичката технологија. Тој е единствен и едноставен човечки склоп кој премногу ги сака музиката, филмот и уметноста воопшто, но пред се верува во љубовта, прво љубов кон ближните и верба во институцијата семејство кое е основа на се што постои.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

15


ХРОНИКА ВО OСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА ВТОРОТО СУДСКО РОЧИШТЕ ПРОТИВ ОБВИНЕТИОТ ЛАЗЕ РАДЕСКИ КОЈ СЕ ТОВАРИ ЗА УБИСТВА НА ТРОЈЦА ДИЛЕРИ НА ДЕВИЗИ

ДАЛИ НЕПОЗНАТИОТ ЧОВЕК ПРЕД ДУЌАНОТ “ГРИНИ“ ЌЕ ЈА РАСВЕТЛИ МИСТЕРИЈАТА ЗА ТРИТЕ УБИСТВА?

Н

еодамна во Oсновниот суд во Охрид се одржа второто судско рочиште, на кое беа сослушувани сведоците кои со своите искази го расветлуваат случајот за серискиот убиец Лазе Радески.Tој се товари за убиствo на уличните дилери на девизи, Ракип Раим, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески. Пред судиите Милка Танеска и Милчо Клишески свои искази дадоа сопругата на прво исчезнатиот Раќип, Минавер Раим, Миле Митрески кој бил чест муштерија во железаријата “Грини“ чиј сопоственик е обвинетиот Радески, соседот Александар Гобриќ и Олга Бандилова вработена во дуќан за текстил што се наоѓа во непосредна близина до дуќанот од обвинетиот. “Мојот сопруг, често пати на заем му даваше пари на Лазе Радески. Во една прилика јас го советував Раќип да не му позајмува пари на Лазе. Но тој ми кажа дека сега обвинетиот Радески, бил чесен човек и дека брзо му ги враќал позајмените пари. Лазе често доаѓаше во нашиот дом но никогаш не влегуваше внатре, надвор разговараше со сопругот.Дента пред да исчезне Раќип со себе носеше 30.000 евра, ова го знам бидејќи 20 000 евра од нив беа пари кои ги добивме од моја отштета, а останатите 10 000 ги имавме заштедено

16

AMAK

PRES

сакавме да изградиме нова куќа. Кобното утро јас се спремав да одам на работа.Тогаш сопругот,ми кажа дека ќе оди на берзата но не ми кажа со кого ќе се види тој ден“, изјави сопругата на починатиот Раќип,Минавер. Таа истакна дека сосетката Ристана често им кажувала дека во вечерните часови низ прозорецот од нивната семејна куќа често биле набљудувани од висок, слаб и малку подгрбавен човек кој според физиономијата личел на Лазе. “Мојот сопруг беше мирен човек кој не се караше со никого, добро соработуваше со колегите од берзата а се занимаваше и со молерај. Односите меѓу мене и него беа одлични“, рече Минавер, која кажа дека откако го пријавила во полиција сопругот за исчезнат, била обвинувана од свекорот и деверот дека можеби таа си го убила сопругот а потоа и избркана од работното место. Второ испитаниот сведок, Миле Митрески кој бил чест муштерија во дуќанот “Грини“ истакна дека дента кога исчезна Трајче Цоцески, третата жртва за чие убиство се товари Лазе, тој наминал во дуќанот да купи лепак. “Го видов Лазе, беше внатре во дуќанот, јас не влегов внатре зошто тој се приближи према прагот од

продавницата. Ми кажа дека го нама лепакот кој јас го барав. Ништо не обично не забелажав во дуќанот но се сеќавам дека Лазе делуваше доста уморно и истоштено. На излегување забележав дека пред излогот од дуќанот седеше низок човек но кој е тој не знам“, изјави Митрески. Соседот на Лазе, Александар Гобриќ рече дека сега обвинетиот често го сретнувал во подрумските простории. Продавачката во продавница за текстил што се наоѓа во близина на дуќанот “Грини“, Олга Бандилова,изјави дека дента кога исчезна Трајче Цоцески, обвинетиот Лазе, пиел кафе пред дуќанот со неа. Таа додаде дека на Лазе му имала позајмено 300 американски долари кои до денес не и се вратени назад. На судското рочиште не се појавија поканетите сведоци:Весела Радеска,Марија Радеска, Данела Стојаноска,Роберт Тупанчески, нивните писмени изјави ги прифати и јавниот обвинител и адвокатот на обвинетиот, Емил Балабан кој смета дека е неопходно да се сослушаат изјавите на сведоцитеАлександар Ангелоски и Осман Ќазим зошто по нивното сослушување најверојатно случајот ќе добие нов тек. Балабан вели дека ќе бара целосна реконструкција на случајот, дополнителни вештачења и испитување на други сведоци. “Барам докази“,вели Балабан кој смета дека според брзината со која се одвиваат работите случајот нема да биде решен за помалку од една година. Судиите Милка Танеска и Милчо Клишески дополнително ќе одлучат кога ќе го свикаат наредното судско рочиште. Инаку за потсетување дека на првото судско рочиште пред два месеци, Лазе Радески го призна убиството на Трајче Цоцески а негираше дека ги убил Раим Раќип кој исчезна во 2006 година и Спиро Ставрески чие тело беше најдено во февруари 2007 година во атарот кај село Лактиње- Охридско. Ангела Белевска


INTERVJU МАРЈАН ЛАЗОСКИ ТРЕНЕР НА ОХРИДСКИОТ АМАК СП

СО АМАК СП ЌЕ ЛОВАМ ТИТУЛИ МОЈАТА ЦЕЛ Е СО КЛУБОТ СО КОЈ РАБОТАМ ДА ЛОВАМ ТИТУЛИ, А МОЈАТА ИГРА ДА БИДЕ ПРЕПОЗНАТЛИВА НЕ САМО ВО МАКЕДОНИЈА ТУКУ И НАДВОР ОД НЕА. ТОА ГО НАПРАВИВ СО МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И СО А СЕЛЕКЦИЈАТА КАДЕ КАКО АСИСТЕНТ ИМАВ СВОЈ УДЕЛ ВО ПЛАСМАНОТ НА ЕП. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СО АМАК СП ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО ЕДЕН ОД ТРОФЕИТЕ А АКО НИ СЕ ПРУЖИ ШАНСА ЗОШТО НЕ И ДВАТА. Доста успешен почеток на домашното првенство. Од одиграни пет кола дури пет победи.

лем број бодови. Постојано зборувавте дека фали уште еден играч под кошевите. Дали го сменивта концептот на игра па сега не инсистирате на тоа или има нешто трето?

Навистина успешно започнавме иако одигравме четири лесни натпревари и еден потежок со Пелистер. На задоволство на публиката и на сите љубители на кошарката стартувавме со пет победи во првенството што секако е добро за зас поготово сега кога следуваат вистинските дерби натпревари да продолжиме во ист ритам. Мојот главен акцент, уште пред доаѓањето во екипата, беше ставен на домашното првенство и ќе се потрудиме да направиме што поголем број победи до првата пауза за да се пласираме меѓу првите четири а дали ќе сме први или четврти нема голема разлика затоа што после тоа следи круг од десет натпревари. Го изградивте ли стилот на игра на АМАК СП. Што е она што ја одбележува играта на охридскиот тим? Инсистирам мојата замисла да се спроведува на сите натпревари. Можеби на првите средби не делувавме агресивно и уиграно но со Пелистер одигравме еден тврд натпревар каде нашиот квалитет, нашата игра и

дисциплина во игра вродија со плод. Ваквиот мој систем нема да го менувам до крај и ќе инсистирам на терен да се одигра она што е договорено. Имам визија за кошарката и нема да отстапам ни

еден сантиметар од тоа што го имам замислено. Правите резултати и правата игра на овој тим ќе дојдат до израз од фебруари месец натака. Дотогаш ќе се потрудиме да освоиме што е можно пого-

Што се однесува до играта не менувам нешто многу. Постојано играм со двајца високи играчи под кошевите, Агоч и Чубрило, а на клупата ги имам Стојаноски и Петровски. Во вториот дел од натпреварите ќе мора нешто да менувам. Џарид Фрај како играч на позиција три може да одигра и четворка но сепак и овојпат ќе кажам потребен ни е висок играч за под кошевите за поголема ротација. Се надевам дека во следниот период ќе смогнеме сили да донесеме едно вистинско засилување. Не играч кој ќе дојде на проба туку играч што ќе ги задоволи вкусовите на стручниот штаб, моите вкусови и на Управата за да можиме во континуитет да ја продолжиме нашата игра. Минатата сезона Војдан Стојаноски беше лидер на екипата но сега се чини дека игра некако просечно. Има ли замор кај него

www.amakpres.com.mk

17


INTERVJU или задачите кои му ги давате се некако просечни? Јас несакам да имам лидери сакам сите да можат да го решат натпреварот. Можеби во овој периот Војдан Стојановски не игра на нивото што играше минатата сезона но токму поради репрезентативните обврски, немаше ни ден слоботен во текот на летото и можно е да се работи за замор. Но се надевам дека полека ќе излезе од таа состојба и повторно ќе биде носител на играта на АМАК СП. Што се однесува до одтанатиот играчки кадар со кој располагам имаме 5-6 квалитетни играчи ани се потребни најмалку уште двајца такви за да го пополниме комплетно сите позиции. Што се однесува до бековските позиции се надевам дека Трајковски и Неделков ќе се соземат и ќе пружат партија на едно повисоко ниво од она што во овој момент играат. АМАК СП годинава за

прв пат излага на Евро сцената. Ваша оценка за тој дебитански настап. Го поминавме словенечкиот Златорог изненадивме во Словенија, поминавме во вториот круг. Задоволен сум од тоа што стигнавме до второто коло а ќе бидам уште позадоволен доколку влеземе во фазата играње по групи но имаме еден многу сериозен противник во смисла на екипа, на клуб на услови во кои работат. Холандскиот Ајфел е екипа со долгогодишен настап на евро сцената, високо буџетен клуб за наши услови. Нивниот буџет е десет пати поголем од буџетот на АМАК СП. Сепак таму одигравме добро поготово во првото полувреме но единствена лошо беше тоа што не погодувавме. Самиот тренер ми потврди дека досега играле со многу посилни екипи од нас но ваква игра разноврсна со многу движења не видел. Ајфел е екипа во просек над 2 ме-

три и делува многу цврсто снажно. Ритамот го одржуваа со единаесет играци а ние со седум. Но сепак иако разликата е голема, топката е округла и се е можно. Наше е да одиграме добро и доколку не се пружи шанса да ја искористиме. Доколку пак тие одат понатака ќе бидат мои фаворити за освојување на Фиба Челинџ Купот. Кој е Марјан Лазоски во приватниот живот. Како се прилагодивте тука во Охрид? Во Охрид се чуствувам прекрасно можеби ми недостасува фамилијата но наожам време барем два пати во месецот да отидам до Скопје. Се трудам да бидам што попрофесионален да не се експонирам многу по градот но и јас сум човек од крв и месо и често знам да отидам на кафе па и да излезам навечер но сето тоа умерено. Битно ми е да оставам впечаток на комплетна лич-

ност и да сум секаде истиот. Маки е професионалец кој живее и егзистира од кошарката и се обидувам што е можно попрофесионално да ја обавувам оваа работа. Мојата цел е со клубот со кој работам да ловам титули, а мојата игра да биде препознатлива не само во Македонија туку и надвор од неа. Тоа го направив со младата репрезентација и со А селекцијата каде како асистент имав свој удел во пласманотна ЕП. Се надевам дека со АМАК СП ќе стигнеме до еден од трофеите а ако ни се пружи шанса зошто не и двата. Тоа ќе остави белег на самиот клуб и на сивито на Марјан Лазоски. Што се однесува до мојот животен сон, како и секој играч и јас посакувам еден ден да се најдам на клупата на некој врвен европски клуб.

Сузана Вренцовска.

ОГЛАСИ

18

Продавам козметичка лупа со сталак Тел за контакт 070 212 784

Поволно продавам лежај добросочуван Тел 046 267 993

Пордавам санитарија за купатило во сина боја и нов бојлер 046 262 711

Издавам сбои под криија. Со посебен влез. 046 255 909

AMAK

PRES

Издавам стан 55м квадратни наместен на Туристичка кај кај Анче Киселинова Телефон 070 604 149 Продавам нива во Влегошти 070 525 524


АНСАМБЛОТ МАКЕДОНКА ВРШИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ-ИГРАОРЦИ. ВО СОСТАВ НА АНСАМБЛОТ ЗАПОЧНА ДА РАБОТИ ШКОЛА ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР АЛЕКСАНДАР ДИМОСКИ И ОРКЕСТАР ЗА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ТОА КАВАЛ, ГАЈДА, ТАМБУРА И ХАРМОНИКА ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР ЉУПЧО АВРАМОСКИ И КЛАРИНЕТ И САКСОФОН ПОД РАКОВОДСТВО НА ПРОФЕСОР АЦО ТАСЕСКИ. СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА МАКЕДОНКА ВО ОУ “БРАТСТВО ЕДИНСТВО” СЕКОЈ ПЕТОК ОД 19 ДО 21 ЧАСОТ ИЛИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЉОТЕ КОМПАНИ КАКО И НА ТЕЛЕФОНИТЕ 046/230-930 www.amakpres.com.mk 19


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Амак Прес 100 by alan.kaou - Issuu