Skip to main content

АМАК ПРЕС 82

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amac.com.mk/novini

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 82 10 Fevruari 2008

ИЗРАЕЛЦИ ЌЕ ЈА ГРАДАТ АВТОБУСКАТА ВО ОХРИД

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ЌЕ НАПРАВИ ТЕЛЕВИЗИСКА РЕВОЛУЦИЈА ИНТЕРВЈУ

ЗОРАН СТРЕЗОСКИ definitivno najevtino

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

СЛОБОДАН ДИМОСКИ

ОХРИДСКИ СПОРТИСТИ

ВОЈДАН СТОЈАНОСКИ


DA NAPRAVIME REZIME

МИЛИОНЕРОТ СО МИЛИОН ФИНТИ

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: press@amac.com.mk За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски Уредник: Сузана Вренцовска Новинари: Анѓела Белевска Крсте Спасески Мирко Постолоски Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски Фотографија: Томе Љушев (Шпанец) Лектор: Милчо Јованоски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES

Сакате ли да бидете милионер ? А има некој што не сака? Популарниот квиз кој годинава го добиваме во дупла доза, поминуваат двојно помалку натпреварувачи. Имено јасно е дека при секое седнување во столчето водителот разговара со гостинот добри десетина минути пред да му го постави првото прашање. Па така пред една седмица со Светлана од Кавадарци водителот разговараше за се и сешто. Почна од семејството нејзино, па се до работата преку аеробикот за кој детално расправаше колку каде и што вежбала Светлана од Кавадарци . . . Како тргна со прашањата почнав да очекувам дека ќе ја праша Светлана што јадела вчера. . . Потоа една седмица покасно дојде на столчето господин од Тетовско кој одгледувал прасиња. И со него истата песна. Сто педесет прашања за него и за се и сешто поврзано со него. Од тоа колку деца имал, каква била женаму по дома, па се до тоа дали децата дома се тепале и кое од нив било нај јако во тепање. Замислете колку е интересно да ни каже господинот дали децата по дома се тепале и кое дете било”шеф”. И тоа се случува со сите гости кои дошле таму да пробаат да одговорат на 15 те прашања кои носат награди. Наместо водителот да му ги постави тие прашања тој пред првото прашање поставува 20 други неважни прашања и што е најважно прашања кои не носат награди. Па потоа најверојатно за да се доразвлече квизот и низ прашањата се поставуваат други прашања кои се поврзани со гостинот и секако не носат награди. Ова се само малку од финтите. Има уште најверојатно. Нешто е многу чудно во изборот на тие што се натпреваруваат. Чудно е како тоа некои од тие луѓе ги поминале тестирањата на квизот. Како е можно тестирањата да ги поминат луѓе кои не знаат што е тоа космополит, или каде е Копа Кабана, кој бил Кирил Пејчиновиќ Тетоец и како се викал коњот на Крали Марко. Па сето тоа ме наведува да се запрашам кој има мозок како колибри ? Некој од натпреварувачите или тие кои ги прават тестирањата? Но, има уште. Како е можно кога некој во ретките ситуации ќе дотурка до некоја сума поголема од 25 000 денари, да дојде прашање кое не е потребно да го знае никој паметен на светов. И тогаш доаѓаат прашања поврзани со сериите кои се емитуваат на телевизија. Па така ќе ве прашаат кој глумец глумел во серијата Округот Оринџ. Апсурдно е да се очекува некој да мора да знае кои серии играат на А1. Можеби не гледал бидејќи кабелскиот оператор му ја укинал телевизијата , а на крајот на краиштата и да ја има програмата на својот тв приемник, дали е мерило на општо знаење ако се знаат телевизиските серии? Како што тргнала работава за да земете поголема сума пари треба да го проучите добро хемискиот состав и состојките во Бабина супа, да запаметите кои мириси ги имаат миризливите марамчиња од 3 денари и колку чини оцетот од 3 кг. Како и да е. Доколку сакате да станете милионер, бидете подготвени да се справите со милион финти кои ви стојат на патот до целта, надвор од официјалните правила, секако.


LOKAL TURIZAM

www.amac.com.mk/novini

3


ЛОКАЛ ЗАПОЧНА ЛОВОТ НА ПАСТРМКАТА ЗА ВЕШТАЧКИ МРЕСТ

ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ БИОЛОШКИОТ МИНИМУМ

П

оловина милион зрна икра се собрани на почетокот од ловот на пастрмка за потребите на вештачкиот мрест оваа година. -Бројката не е голема, но во споредба со другите години е охрабрувачка и очекуваме дека оваа година заедно со мрестилиштата Шум кај Струга и Лин од албанска страна ќе биде обезбеден биолошкиот минимум, односно ќе собериме 3,5 милиони зрна. Радува и фак-

тот што бројот на природните мрестилишта на пастрмката е значајно зголемен што не беше забележано во изминатите 12 години, вели раководителот за практично рибарство и аквакултура при Хидробиолошкиот институт од Охрид, Зоран Спиркоски. За потребите на годинашниов вештачки мрест на охридската пастрмка Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство издвои 4,5 милиони денари а дополнителни 1,2 милиони денари, ќе бидат вложени во биофилтерот во новото мрестилиште во Хидробиолошкиот завод кое е во изградба. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски со овие средства пред се ќе се настојува да се врати охридската пастрмка во соодветни количини. За таа цел е формирањето на рибочуварска служба, а како што најави министерот во иднина ќе биде поставен и видео надзор и радарска контрола над езерото. Ваквите мерки, вели Спасеноски, ќе се преземаат заедно со албанската страна. –Охридското Езеро е единственото кое во поглед на рибниот фонд со кој располага ги исполнува условите да има концесионер, но тоа може да се

случи само под одредени услови за лов и порибување смета Спасеноски.

РИБОКРАДЦИТЕ ПОД ЛУПА Вкупно1.200 мрежи запленети од рибокрадците од последните два месеца беа уништени од страна на Државниот инспекторат за земјоделство. Запленетите мрежи имале вкупната должина од над 50 километри, што е речиси доволно Охридското Езеро двапати да се прегради од Охрид до Албанија. Исто така беа запленети и над 450 килограми риба што е резултат на зголемената контрола, а од Државниот инспекторат најавија дека строгите контроли и понатака ќе се спроведуваат по Езерото и по домовите кај оние кај кои постои сомневање дека рибата ја уловиле на забранет начин. За рибократците според новиот закон казните се поригорозни, но судовите и понатака остануваат неажурни со изрекувањето на казни за рибократците. С. Вренцовска

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025

4

AMAK

PRES


ЛОКАЛ

ИЗРАЕЛЦИ ЌЕ ЈА ГРАДАТ АВТОБУСКАТА ВО ОХРИД

Општината со готов проект ги чека Израелците.

И

зраелски инвеститор сака да гради во Охрид. Се чека на довршување на урбанистичките планови по што израелците ќе започнат со изградбата на автобуската и пазарот кои од страна на Локалната биле понудени во пакет. Ваквите информации до кои дојде АМАК ПРЕС ни ги потврдија и во Локалната, но за која фирма- инвеститор станува збор сеуште не откриваат. Единствено велат дека се работи за светски познати имиња кои инвестираат насекаде во светот, а од неодамна се заинтересирале и за Македонија, посебно за Охрид. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека автобуската и пазарот биле понудени заедно од при-

чина што во изминатиот период слаб бил интересот кај инвеститорите за автобуската станица. Со ваков потег смета Петрески покрај атрактивноста на пазарот би се реализирал и проектот автобуска. Тој и овојпат оптимистички најави дека за два месеци би требало да отпочне изградбата на двата објекти. Дека изградбата на автобуската станица конечно е на повидок Петрески ја потврди и со идејното решение за современа европска автобуска, кое е веќе изработено. Според него автобуската ќе се состои од два спрата. На првиот спрат покрај билетарница гардеробер и чекална предвидено е да има и разни други содржини како ресторани, слаткарници, кафетерии... додека вториот

кат е предвиден за канцеларии кои ќе ги користат вработените од разни преставништва. Инаку, двата проекти, автобуска и пазар кои според Петрески тежат 15-20 милиони евра, се најавуваат уште пред повеќе од две години, но граѓаните сеуште чекаат на нивна реализација. По нивната изградба ќе следи катната гаража и жичарата најавувана како најголема туристичка атракција која ќе води од пазарот до стариот дел на градот. С. Вренцовска

ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ НАСКОРО НА ТЕНДЕР

Н

аскоро Владата ќе објави меѓународен тендер за давање под концесија на двата македонски аеродроми во Скопје и Охрид. Сеуште не е утврдено за колкав период ќе бидат дадени под концесија, а до крајот на годинава треба да завршат сите процедури. По најавата за давање под концесија, неколку странски фирми се заинтересирани за двата аеродроми. Една од нив за учество на тендерот е и Холандскиот консултант ‘‘НАКО‘‘ кој наскоро ќе понуди Студија за развој на охридскиот аеродром. Со студијата се сака охридскиот аеродром да се приближи кон европските аеродроми и да понуди современи аеродромски услуги. Според Стуијата за осовременување

на аеродромот се потребни инвестиции од околу осум милиони евра. Стредствата се неопходни за техничко доопремување со современа опрема за посигурен прием и отпраќање на авионите. Покрај ова потребно е да се инвестира и во карго превозот, потоа набавка на нови против-пожарни апарати, машини за прифаќање на товар и дислокација на царинскиот терминал. Сегашниот капацитет на охридскиот аеродром е прифаќање на 50 000 патницигодишно а со Студијата на холандскиот консултант ‘‘НАКО‘‘ и нејзините финансиски вложувања, бројот на патниците ќе се зголеми на максимум 130 000 патници. Но, сепак за да се влезе во инвестиција за осовременување на охридскиот а со

тоа и на скопскиот аеродром, холандскиот инвеститор ‘‘НАКО‘‘ од Владата бара да се смени земјишната политика која сега не одговара на барањата на инвеститорите. Со промена на земјишната политика странските инвеститори ќе можат да купуваат земјиште и за изградба на хотели со што охридскиот аеродром ќе стане привлечен за туристи а со тоа ќе биде атрактивен за инвестиции за други странски авио компании. До средината на годинава најверојатно ќе се знае кој странски инвеститор ќе вложува и управува со охридскиот аеродром ‘‘Свети Апостол Павле‘‘

www.amac.com.mk/novini

К.С

5


ЛОКАЛ СЕДМО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗЕМ

ЕГИПЌАНИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ

Р

епублика Македонија од нејзиното осамостојување води политика на игнорантен однос и запоставување на Египќаните. Тие не се споменуваат во преамбулата на Уставот, и се тотално маргинализирани во однос на другите етнички заедници во Републикава. Од актуелната власт очекуваме оваа неправда да биде исправена со новите законски проекти бидејќи во Македонија има 20 000 египќани, потенцира во извештајот на Седмото изборно собрание, претседателот на

Сојузот на балкански египќани, доктор по етнолошки науки Рубин Земун. Собранието го прифати Извештајот за работа во 2007 година и Програмата за активноста во 2008 година, а избра и ново претседателство. За нов претседател на Собранието на Здружението на Египќаните на Македонија е избран Хермин Рапоски од Охрид. Работата на Собранието ја поздрави градоначалникот на Охрид Александар Петрески и преставници на општински ограноци од неколку политички пар-

тии. Меѓу нив собранието го поздрави и пратеничката од Охрид, Мирјана Секулоска. На Собранието делегатите избраа Надзорен одбор, го прифатија финансискиот план, донесоа одлука за формирање на КУД и за измена и дополнување на Статутот за здружението. К.С

ОПШТИНСКАТА ЛДП ОД НАПРОЛЕТ СО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Ј

ордан Трца на чело на општинската организација на Либерално демократската партија –ЛДП останува до напролет кога на Изборна конференција ќе биде избран неговиот наследник. Ваквата промена на челната позиција на општинската ЛДП за Трца ќе преставува освежување на партијата која според него има квалитетни кадри кои би можеле да го заменат по неговото водење на партијата веќе два

мандати. Како можен наследник на Трца се споменува името на првиот човек на ЈП Комуналец Боро Павлоски. ‘‘Избраниот претседател ќе биде прв меѓу еднаквите во партијата затоа што имаме многу квалитетни кадри‘‘ рече Павлоски на прес конференција што оваа партија ја организираше по повод одржувањето на јавната трибина насловена како „Како понатаму-ЛДП знае!“ .Раководството на ЛДП потенци-

ра дека партијата на локалните избори 2009 ќе настапи самостојно а изрази и задоволство од досегашната соработка со градоначалникот Александар Петрески кои според нив победил токму со гласовите на ЛДП. -ЛДП во овој состав на Советот и понатака останува во коалицијата на СДСМ-изјавија челниците на ЛДП. С.В

ОПШТИНАТА СО ПУШКИ ПРОТИВ КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

К

учињата скитници ќе се успиваат со специјални пушки- ова е начинот што Општина Охрид го избра во борбата со уличните кучиња по низата неуспешни обиди да се справи со овој проблем. Охрид е првата општина во Државава која овој проблем ќе го решава на ваков начин. Од ЈП Комуналец најавија дека е поднесено барање до СВР Охрид за набавка на ваквиот вид на пушки. -Проблемот во Охрид со кучињата скитници е континуиран. И покрај нашите акции кои ги преземаме кучињата

6

AMAK

PRES

и понатака се грдата слика на градотвели првиот човек на Комуналец, Боро Павлоски. Според него се почеста појава е агресивноста кај кучињата за што расте и потребата за помош од Ловното друштво при третирањето на животните. Инаку Општината во повеќе наврати излезе со разни решенија да се тргне страшната слика од кучињата скитници кои покрај тоа што ги има во периферијата во последно време во голем број шетаат и во центарот и стариот дел на градот. Последено ре-

шение беше најдено минатата година со акцијата за хумано третирање на животните, односно кастрирање на кучињата, спроведена од Локалната и австриската фондација за заштита на животните Виер Фотен интернационал. Но за жал ваквата акција недаде видливи резултати на терен. Кучињата скитници и понатака остануваат неразделив декор на улиците но и страв и револт кај граѓаните. С.Вренцовска


www.amac.com.mk/novini

7


LOKAL

ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ЌЕ НАПРАВИ ТЕЛЕВИЗИСКА РЕВОЛУЦИЈА Дозволите на радиофифузерите за аналогно емитување ќе се преточат во дозволи за дигитално емитување а за другите заинтересирани субјекти кои сакаат да емитуваат нови програмски сервиси треба да се распишат нови конкурси за дозволи на национално и регионално ниво. Со тоа локалните телевизии ќе се издиференцираат или да станат дигитални или да останат да зрачат локално се до истекот надозволата 2016 год. Каде што има услови ќе се создаваат нови локални програмски сервиси а оние кои немаат квалитет во борбата за влез во дигиталниот свет ќе згаснат.

М

акедонија мора да спроведе брза, но и квалитетна дигитализација, процес во кој радиодифузерите стануваат медиумски сервис провајдер. Класичната телевизија умира а се нуди гледање на видео по барање, како тип на сервис кој што подлежи на одредена регулација, вака експертите накратко го објаснуваат процесот на дигитализација на радиодифузијата кој ќе започне оваа година со објавување на тендер за избор на оператор за мултиплекс а ќе заврши до мај 2012 кога е последниот рок за Локалните телевизии уште сега треба да размислуваат како организирано да пристапат кон исклучување на анадигитализацијата за да не се случи со гасењето на аналогната телевизија да згаснат и тие. логниот систем. -Сите луѓе во секторот имаат проблем овој процес да на сервис со кој ќе можат да ги бира- дозволи на радиодифузерите за аналогси го објаснат самите себеси затоа ат каналите кои сакаат да ги гледаат, но емитување дирекно ќе се преточат што претставува вистинска телеви- ќе добијат поквалитетна слика и звук. во дозволи за дигитално емитување но, зиска револуција. Тоа е еден процес На некои од медиумите пак сеуште не националните телевизии стравуваат од кој ќе трае се додека полната сила на им е јасно што тоа значи, не се под- можноста за создавање на монопол од таа дигитализација не се искористи. готвени ни технолошки ни концепту- страна на операторот кој на тендерот е Македонија сега прави напори да во- ално за дигитализацијата и за нив ова предвидено да ги добие трите мултиведе дигитален оператор што ќе прет- ќе биде вистински шок, смета Роберто плекса. Според нив сеуште е нејасно ставува почеток на дигитализацијата Беличанец од Центарот за развој на колкава ќе биде цената која ќе треба но таа ќе се случи тогаш кога тој сиг- медиуми. Според него пристапот до да ја плаќаат на операторот по 2012 гонал ќе може да се следи по домовите. мрежи е клучниот дел во процесот на дина до кога е предвидено да се пренеПрвите ефекти на екран ќе можат да се дигитализацијата. суваат бесплатно, што остава простор видат во првата половина од наредната Во стратегијата изработена за за нивна манипулација од страна на година. Граѓаните ќе добијат нов тип дигитализацијата стои дека постојните операторот.

8

AMAK

PRES


Според Зоран Стефаноски од Советот за радиодифузија, пак националните медиуми со дигитализацијата ќе бидат во многу поповолна ситуација. -Процесот на нивниот сигнал во моментов преку аналогна технологија е доста скап поради многу предаватели, линкови, одржување, струја, дефекти и сл. Сега добиваат еден модерен систем, еден оператор на мултиплекс, професионална куќа која што ќе го врши преносот во нивно име до крајниот корисник. Радиодифузерите мора да сватат дека овој начин е далеки поевтин, поквалитетен и посигурен. Истовремено ќе можат да профитираат затоа што ќе добијат поевтин начин на нивниот сигнал, а реално ќе можат да размислуваат и за нови сервиси. Националните телевизии во првиот период, кога заеднички ќе работат и аналогната и дигиталната телевизија, ќе одат бесплатно а потоа по транспарентна пристаплива цена. Операторот ќе го обврзиме 1/3 односно 10 канали да се загарантирани токму за нив. Исто така како дел од обврските на операторот се и разновидната програма, заштитата на културниот идентитет, прашања кои се од наша национална важност и мораме да ги ставиме како приоритетни. Еден

национален мултиплекс е предвиден за македонската радиодифузија поради заштитата на конкуренцијата каде ќе се пренесуваат програмите од јавниот сервис, вели Стефаноски. Според него избраниот оператор треба да биде некоја голема компанија која што го работела овој процес и која ќе гарантира дека дигитализацијата во државава ќе биде навремено и квалитетно завршена. Граѓаните, за да можат да ја следат програмата во дигитална форма, треба да се снабдат со сет топ боксови. Оваа опрема ќе можат да ја добиваат од страна на операторот доколку се определат на претплатнички однос или сами да ја набават по одредена цена, но останува да се изнајдат начините како државата ќе им помогне, неопходната опрема, да ја набават поевтино и по поволни услови. Што се однесува до локалните телевизии тие уште сега треба да размислуваат како организирано да пристапат кон дигитализацијата за да не се случи со гасењето на аналогната телевизија да згаснат и тие. И за нив ова е можност за нивната иднина за нивен развој. Дигитализацијата може да им овозможи и нивно активирање во еден поголем регион, сметаат експертите.

Според предвидената динамика процесот на дигитализација започнува оваа година со објавување на тендер и со одбирање на оператор за мултиплекс кој својата мрежа би ја градел до 2009 година. Во периодот 2009-2011 програмата ќе се емитува и аналогно и дигитално, а паралелно ќе се врши покривање со регионални мултиплекси. Од 2011 почнуваат да се гаснат аналогните телевизии за да тој процес заврши до мај 2012 кога е и последниот рок за исклучување на аналогниот сигнал. Од земјите во нашето опкружување Албанија е дигитализирана делумно но без регулација, одредени дигитални платформи постојат во Србија базирани на сателит, во Хрватска јавниот сервис е дигитализиран што значи има и аналогна и дигитална форма додека во Грција во тек се експерименти за дигитална форма. И во европските земји мала е приказната за дигиталниот свет. Најмногу предничат Шветска и Велика Британија. Сузана Вренцовска

www.amac.com.mk/novini

9


INTERVJU ПО САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ

ПРВ САЕМ ЗА УМЕТНОСТ ВО ЗЕМЈАВА И САЕМ НА КНИГАТА ВО ОХРИД “ЈАС ЛИЧНО НЕ СЕ ВРЗУВАМ ЗА ЕДНА РАБОТА. ВО ОДРЕДЕН ПЕРИОД ДОАЃАТЕ НА ОДРЕДЕНА ПОЗИЦИЈА СО ЦЕЛ ДА ПОКАЖЕТЕ ШТО ЗНАЕТЕ, ПОТОА ПРОДОЛЖУВАТЕ ПОНАТАКА. ВАЖНО Е ДА ИМАТЕ ВИЗИЈА ЗА ОНА ШТО САКАТЕ ДА ГО ОСТВАРИТЕ, И НОРМАЛНО ДА ОСТАВИТЕ ПОЗИТИВЕН ТРАГ ПО КОЈ ЌЕ ВЕ ПАМЕТАТ.....“

О

хриѓанецот, Зоран Стрезовски е менаџер на Скопски Саем за југозападна Македонија, бившиот директор на фестивалот Охридско Лето кој успеа на сцената на Античкиот театар да го донесе светски познатиот тенор Хозе Карерас се покажа успешен не само во сферта на културата туку и во стопанството. Никогаш не зажалил за она што го направил, туку напротив чекори напред кон остварување на нова цел. Тој беше првиот човек задолжен за организација на Меѓународниот Саем за труризам што неодамна се одржа во Охрид, и е прв од таков вид во Македонија, но нема да се застане само на него ќе се организираат и многу други саемски манифестации, концерти, изложби, семинари....кои се значајни

10

AMAK

PRES

за развојот на туризмот во градов и земјава. Прв човек на Скопски Саем за југозападна Македонија. Ве исполнува ли оваа функција, кои се вашите надлежности? Да целосно. Сопствениците на Скопски Саем (како што знаете веќе седум години,Скопски Саем е приватна компанија на Словенечката мултинационална компанија ERAгруп од Словенија) ми дадоа одврзани раце во креирање и реализирање на проекти во овој регион. Тоа подрзбира организирање на различни саемски манифестации во овој регион, но во исто време организација и реализација на различни ивенти-концерти, изложби, различни перформанси, семинари,

форуми, работилници од различни области. Моите надлежности како регионален директор –менаџер се во тој контекст. Тука е предизвикот, своите идеи успешно да ги реализирате. Пред неполн месец во организација на Скопски Саем се одржа првиот меѓународен саем за туризам, кои се придобивките од него за градов и земјава, и колку сте задоволни од тоа што го сработивте во организациска смисла. Македонија за прв пат го доби својот меѓународен Саем за Туризам, како сите држави во Европа. Охрид доби манифестација каде странските туроператори непосредно ќе се запознаваат со убавините на Охрид.И не само тоа. Манифестацијата по повод големиот


христијански празник Водици ја следеа странски гости и туроператори кои се надеваме дека во своите програми ќе ја постават за идната година. Во организациска смисла имавме невозможна мисија. Заедно со ХОТАМ, имавме само 15 работни денови (од денот кога премиерот на Владата застана во поддршка на Саемот) за припрема на саем кој нормално се припрема повеќе месеци. Ме радува што во организацијата активно се вклучи локалната самоуправа, голем број институции, како и поединци од градов кои ја разбраа важноста за одржување на ваков саем во нашиов град. Странските излагачи беа задоволни од организацијата на саемот и најавија помасовно нивно учество за следната година. Што во иднина, ќе добие ли саемот традиционален карактер? Да секао.Секоја година во исто време на исто место. Мојата проценка е дека следната година ќе мора да поставиме додатна монтажна хала за заинтересираните излагачи. -Кои се други активности ги спроведува вашата канцеларија, во кои други гранки на стопанството вие како саем им нудите соработка на Охридските компании? Во Скопски Саем во Скопје секој ме-

сец се случуваат различни Саемски манифестации од различни стопански гранки. Канцеларијата им овозможува детално да се запознаат со саемските манифестации било за нивно учество или како посетители. Ние имаме широк список на контакти не само на домашни туку и на странски компании и им овозможуваме меѓусебно поврзување. Ние сме отворени кон сите компании кои имаат идеа и кои сакаат заеднички да реализираат некој

проект. За охридската јавност сте познат како бившиот директор на фестивалот Охридско Лето, од сферата на културата се најдовте во една друга бранша. Како дојде до таа трансакција? Уште како директор на фестивалот во 2006 година, имав средба со сопственикот на ERA-груп во Охрид. Госпоѓа, Лилјана Кимова(тогашен претседател на Управен Одбор на Скопски Саем) инсистираше да се сретнеме. Таа средба беше неформална во ресторан а разговорот беше општ. Следниот ден телефонски ми се јави ,г-ѓа Кимова да ми пренесе дека сопственикот Господин Омладич сака да бидам дел од неговиот тим во Скопски Саем. Во тој момент мојот одговор беше дека по заваршувањето на мандатот во фестивалот можеме да разговараме за таа опција. Така и се случи. Има ли врска политиката со културата, со оглед дека имате искуство во таа свера. Како директор на фестивалот Охридско Лето ве назначи една политичка влада а ве разреши другата? Сметате ли дека постојано се менувате како партиски решенија и дали е потребна професионализација? Да, сигурно дека има. Потребна е

професионализација. Но во овој стадиум на политички плурализам кај нас во Македонија промените се нормални. Треба да поминат години за да се разбере дека е потребна професионализација. Која функција ве исполнува повеќе, сегашнава или претходната? Видете, јас лично не се врзувам за една работа. Во одреден период доаѓате на одредена позиција со цел да покажете што знаете, потоа продолжувате понатака. Важно е да имате визија што сакате да постигнете и нормално да оставите позитивен траг по кој ќе ве паметат. Мојата визија со фестивалот беше да донесам еден од тројцата светски тенори во Охрид и тоа се оствари кога никој не веруваше во тоа. Моја визија во Скопски Саем, е Саем за туризам во Охрид, Саем за уметност што го планираме на крајот од јули годинава во Охрид како и пренесување на некои саемски манифестации во овој регион. Се движам по тој пат. Како изгледа еден ваш работен ден,имате ли обврски сериски или секојдневно? Обврските се сериски и секојдневни. Секојдневните обврски се прием на странки во канцеларија, работа на започнати проекти но и чести патувања во земјава но и надвор од земјава. Со оглед на тоа дека работевте во сферата на културата и со оглед на тоа што Скопски саем организира повеќе саеми како на пример саемот за книга, можеме ли да очекуваме такво нешто во туристички град како што е Охрид? Да и тоа е во план да се организира, Летен Саем на книгата во Охрид за време на летниот период. Но како што напоменав работиме на нешто ново што исто така ќе биде за прв пат во Македонија- организација на Саемот за уметност или ART EHPO (како што има во Будва-Црна Гора) што би требало да се оржи во јули месец оваа година во Охрид. Работните обврски ве растргнуваат на повеќе страни, наоѓате ли доволно време за семејството и домот? Поддршката од сопругата Анита, синот Сретен и ќерката Марија ми даваат енергија во она што го работам. Најубавите моменти ги поминувам со нив. Работните обврски често не ми дозволуваат да поминам доволно време со нив но кога имам можност секогаш заедно шетаме по кејот на езерото и уживаме во убавините на нашиот Охрид.

www.amac.com.mk/novini

Ангела Белевска

11


LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE СЛОБОДАН ДИМОСКИ-ИЗРАБОТУВАЧ НА ТРАДИЦИОНАЛНИ НАРОДНИ ИНСТРУНЕНТИ

ТРАДИЦИОНАЛНАТА НАРОДНА МУЗИКА НЕ ПОТСЕТУВА НА НАШИТЕ КОРЕНИ

С

лободан Димовски е изработувач на народни инструменти. Во лудилото на урбаниот свет, го одржал овој занает со кој се занимава повеќе од 40 години. Од неговите раце се направени бројни кавали, тапани и гајди. Важно е тоа што се работи да е сработено со љубов вели овој човек кој иако ги ситни деновите од седмата деценија активно се занимава со овој занает. “ Не можеш нештото убаво да го направиш ако не знаеш да го користиш, јас ги изработувам кавалите, гајдите и тапаните но и на истите свирам“, ни кажа чичко Слободан кој е самоук музичар. Според него важно е да се има слух за музиката да умееш да фатиш ритам и рима. Кога музичарот свири на моите во најголем број придружни инструменти тој мора да ги приспособува на кларинетот или хармониката

12

AMAK

PRES

при отсвирувањето на композицијата“, додаава тој. Гајдата се изработува од дрвото зеленика кое е цврсто како алуминиум, од рок и кожа. Кожата од јагне се дери а потоа се штави со сол и брашно. Роговите се од вол а може да бидат и вештачки односно пластични. Тапанот се изработува од ореово дрво, страничните делови се изработени од кожа од јаре на која се шие ремен. На тапанот се чука со чукала од дрво и прачка. “На едната страна тапанот има подебела кожа на која се чука со дрвените чукала, а на другата страна на која е поставена послабата кожа се удира со прачка“. Кавалот се изработува од јасен. Инструментот е долг 74 сантиметри, отворот од внатрешната страна е широк 16 сантиметри а по должината на „дрвеното тело“ распоредени се седум

прстенци, и три од страна. Изработката на инструментите е тешка, прецизна и макотрпна , а се губи многу време и во набавката на материјали. “Зелениката од која се прави гајдата ја снабдувам од Македонски Брод или од пограничниот дел со соседна Албанија, дрвото од оревот кое ми е потребно за кавалот е доста скапо и тешко се наоѓа во продажба .Периодот на изработка е долг, кожата за гајдата откако ќе се одере мора десеттина дена да отстои во сол и брашно односно да се штава.“ Секој кој има минимален талент за музика и огромна желба да свири ќе стане добар музичар. На гајдата се работи само со прсти не со уста, кавалот е празен од двете страни, на него тон се остварува со отварање на уста. На тапанот се удира со чукалата. Бројот на ударите зависи од музиката и ритамот кои другите инструменти ги произве-


дуваат. Години наназад чичко Слободан своите инструменти ги продава во Охридската чаршија под сенките на стариот чинар во близина на зелениот пазар. И денес ќе го најдете таму, расположен ќе ви отсвири некоја песна на гајда или кавал, а музиката што надалеку се слуша ја разнежнува душата на честите минувачи од земјава и странство. Интресот за купување е помал во однос на минатите 30-40 години.Сепак подобро се заработува во летниот отколку во зимскиот период. Во минатото кога бројот на туристи од холандија бил значително поголем во однос на денес, тие биле најчестите купувачи на инсструментите од Димоски. Сега нив ги купуваат нашите иселеници во Канада, Америка или Австралија. Ги понесуваат овие предмети со себе како сувенири и како драг спомен од нивната мила татковина. За нив 100-те евра платени за гајдата, тапанот или кавалот не значат ништо. Паричната вредност е минимална а духовната неограничено висока. Инструментот е сведок и потсетник на традицијата, на своите претци и идните поколенија. Слободан Димоски ги ситни деновите од пензионерскиот стаж, одлично психички и физички се чувствува.

Секој ден е во неговата работилница, работи 8 часа на ден а не чудно да присуствува на некоја семејна прослава или свадба. Неуморно свири и е среќен иако денес не наоѓа некоја голема материјална сатисфакција од овој занает. Го радува мисллата дека на истиот му останал верен до денес и така ќе биде до крајот на животот. Традицијата е единствена, таа си е наша и треба да ја негуваме таква каква што е. Таа не враќаат во минатото не насочуваат во сегашноста и успешно не води кон иднината.Затоа е важно да се негуваат занаетите и да не се дозволи истите да згаснат пред ерупцијата на индустријализацијата и урбанизмот. За секој родител пак е најслатко кога детето своеволно тргнало по неговиот пат а притоа истото е среќно. Чичко Слободан занаетот го предал на неговиот син кој истиот го работи со срце и душа. „Жално е што дел од младите не само

што не ја слушаат туку и и се потсмеваат на македонската традиционална музика“,вели чичко Слободан, кој на истите им порачува да го одржуваат народниот инструнент зошто истиот ја прави македонската нација една и единствена.

www.amac.com.mk/novini

Ангела Белевска

13


LOKAL ИЗМАМА ТЕШКА НАД 300 000 ЕВРА

СО КАСА ПРИМИ ПРОДАВАЛ НЕПОСТОЕЧКИ СТАНОВИ

С

танбена афера тешка над 300 000 евра неодамна ја потресе охридската јавност. Измамникот 47-годишниот охриѓанец Милчо Најдески, сопственик на агенцијата за посредување и промет со недвижности „Центар НМБ Охрид, со каса прими препродавал исти станови на повеќе лица и оштетил 30-тина граѓани. Меѓу измамените покрај охриѓани има и граѓани од други градови но и блиски пријатели на измамникот кои се надевале дека ќе се здобијат со стан на атрактивна локација во Охрид. Најдески измамата ја спровел со помош од бугарката Јулијана Антова. Според извештајот на МВР осомничените на 24 август 2005 година склучиле договор за соинвестирање, односно Јулијана Антова , како наследник на куќа во Охрид, потпишала полномошно со кое Милчо се здобил со право да

изгради зграда на местото на куќата и да склучува договори за продажба на становите. Од февруари 2006 година до февруари 2007 година Милчо склучил договори и преддоговори за купување станови со 11лица, а истите ги завериле кај неколку нотари од Охрид. Измамникот за некои од становите склучил и двојни договори, кои исто така ги заверил кај нотари и од купувачите зел 118.127 евра. Некои од нив платиле во готово, а неколкумина само дел од парите. За примените пари Милчо им давал „каса-прими“ на име на неговата фирма. Меѓутоа, Милчо и Јулијана во април 2007 година со спогодба го раскинале договорот за соинвестирање, со што Бугарката си го повратила имотот во сопствено владение. Таа се стекнала со право да ја изгради зградата со други лица и да ги продава становите на други лица. Со тоа биле занемаре-

ни обврските кон единаесттемина што претходно целосно или делумно платиле за становите. Но, како што стои во извештајот на МВР, Најдоски измамил уште девет други лица, од кои зел 177.512 евра. Тој со нив склучил договори, заверени на нотар, за изградба на станови и куќи на атрактивни локации во Охрид. Тој им покажувал лажни фактури дека ќе го исполни договорот, а потоа истите станови ги продавал и на други лица. МВР на Најдески му поднесе кривична пријава и против него е распишана меѓународна потерница затоа што тој веќе подолго време е избеган во странство. Кривична пријава за помагање во измамата заработи и бугарската државјанка Јулијана Антова. Сузана Вренцовска

ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СВ ЕРАЗМО

П

оради злоупутреба на службената положба и овластувања, поранешниот директор на ЈЗО Св Еразмо од Охрид, Владо Стрезоски (48) зарабити кривична пријава. Како што стои во пријавата која Одделот за организиран цриминал при МВР ја поднесе до Основното јавно обвинителство во Охрид, пријавениот за време на неговото раководење со болницата во постапка за вршење на јавна набавка му нанел штета на Фондот за здравствено осугурување на РМ во висина од 2.200.000 денари. Имено, С.В., по неговото назначување за директор на ЈЗО “Св.Еразмо”, на 18.05.2006 година дал предлог пред Управниот одбор на болницата, по што следела и позитивна одлука, за годишно одржување на апарат за компјутерска томографија (“КТ скен аура”), пришто материјалните средства за таа намена би биле, според одлуката, обезбедени од Фондот за здравствено осигурување. Пријавениот со допис се обратил до Бирото за јавни набавки

14

AMAK

PRES

при Министерството за финасии со барање за издавање согласност за јавна набавка за вршење услуга - одржување на споменатиот апарат со преговарање без претходно да биде објавен јавен оглас, доставувајќи истовремено допис и до Стопанската комора дека фирмата “Лаб-тех” ДООЕЛ-Скопје, е единствен сервисер во државата овластен за сервисирање на такви апарати. Но притоа не навел дека за одржување на апаратот веќе постоела склучена полиса со осигурителната компанија “КјубиМакедонија”. По согласноста од Бирото за јавни набавки пријавениот на 18.06.2006 склучил писмен договор со фирмата “Лабв-тех” со кој се обврзал на истата авансно да и исплати 29.000 евра, односно 2.200.000 денари. По извршениот увид во книговодствената евиденција на болницата утврдено е дека во текот на 2006 фирмата сервисер само во еден случај интервенирала пришто доставила фактура од 589.680 денари (резервни делови и работна рака). Фактурата не била книжена во книго-

водствената евиденција на болницата, туку таа фактура од страна на болницата заедно со пријава за штета била доставена до “Кјуби” која, пак, врз основа на изготвен записник од 29.06.2006 извршила наплаќање на штетата на жиро сметката на болницата во висина од 589.680 денари. Ваквата пракса за исплата од осигурителна компанија во болницата била присутна изминатите години, во случај на дефекти на медицински апарати. Пријавениот немал никаква потреба од авансно плаќање по потпишаниот договор со “Лаб-тех” со оглед дека сите трошоци за евентуалната поправка биле надоместувани од осигурителна компанија. Стрезоски пак во кратката изјава за АМАК ПРЕС негира дека е направена било каква злоупотреба на службената положба. Според него се е направено во рамките на законската процедура. -Наводите не се точни се е направено по редовна процедура- вели Стрезоски. Сузана Вренцовска


1

www.amac.com.mk/novini

15


КУЛТУРА

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ ПО 56-ТИ ПАТ

Г

одинава по 56 пат во организација на Центарот за Култура “Григор Прличев“, НУ Библиотека “Григор Прличев“ , Општина Охрид и Министерството за култура се одржа културната манифестација ''Прличеви Беседи''. Добитник на наградата Григор Прличев за 2007 година е Ефтим Клетников со поемата “Гоја на пат за Алба“. Тој по трет пат ја доби оваа престижна награда. Чествувањата по повод Григор Прличев започнаа со изложба на ликовни дела од Колекцијата при НУ центар за

Култура „Григор Прличев“ од странски автори, по што следеше вечерта посветена на Григор Прличе, во рамките на која машкиот камерен хор при Центарот за култура ја изведе познатата песна “1762 лето“. За Прличев во контекст на Историјата на филозофијата на балканските народи беседеше проф. д-р Стефан Влахов Мицов, а за Парличев како наш современик беседеше ронокрајниот поет Славе Ѓорго Димоски. „Димче Јанко последниот патрик на охридската резба“, е насловот на книгата од Никола Бошале што во рам-

ките на манифестацијата беше промовирана во Спомен куќата на Прличев. Годинешната манифестација заврши со премиерата на македонскиот филм “Превртено“ во режија на Игор Иванов, сценариото е пишувано според романот “Папокот на светот“ од Венко Андоновски. Веќе е објавен Конкурс за најдобра поема “Григор Прличев“ за 2008 година. Годинава се одбележуваат 115 години од смртта на Григор Прличев и 50 години од постоењето на НУ Центар за Култура “Григор Прличев“. А.Б.

ЦЕНТАР ЗА АСТМА ВО ОХРИД

В

о март годинава во рамките на одделот на Медицина на Трудот при Здравствениот дом во Охрид ќе биде отворен регионален астма центар со цел подобра контрола и спречување на болеста на дишните органи и патишта што е во пораст не само во Македонија туку и во светот. Центри за асма се очекува да се отворат не само во Охрид туку и во Битола, Прилеп,Струмица, Штип, Куманово, Велес

и Тетово. За опремата и едукацијата на стручните тимови, американската компанија Лаксо Смит Клајн во соработка со Министерството за Здравство издвоило околу 80.000 евра. Во регионалните центри за астма ќе се врши целосна дијагноза на болеста, регистрирање и едукација на болните. А.Б.

ЧЕТВОРИЦА НОВИ СУДИИ ВО ОХРИДСКИОД СУД

Б

огоја Стрезоски,Блашка Радиноска Милчо Клишескии и Ефтим Попесски се четворицата нови судии во Основниот суд во Охрид. Вкупно 48 стручни соработници и познати адвокати од градов се пријавиле на конкурсот за пополнување на испразнетите места за судии во основниот суд во Охрид.Судии во Охрид посакале да бидат и стручни лица од

16

AMAK

PRES

Струга, Скопје, Дебар и Прилеп. Адвокатот Богоја Стрезоски до пред неколку месеци ја делел адвокатската канцеларија со сегашната пратеничка на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид, Анита Кипаризова-Крстеска. Адвокатот Ефтим Попески е поранешен директор на Охридскиот затвор, а Блашка Радинеска и Милчо Клишески беа досегашни стручни соработници во судот.

Охридскиот суд од пред неколку дена функционира со деветнаесет судии односно со еден судија помалку, наместо пет, избрани се четворица нови судии, во чии раце годишно поминуваат и се решаваат околу 40.000 предмети. А.Б.


МАКЕДОНСКО - ТУРСКА ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА

С

о цел запознавање на методите и техниките на работата на македонската полиција и изнаоѓање на можности за продлабочување на досегашната соработка, висока турска полициска делегација предводена од директорот на Дирекцијата за безбедност на Истанбул, Џелалетин Џерах беше во официјална тридневна посета на Македонија.

-Со нашите колеги разменивме и мислења околу условите за влез во ЕУ како и за проблемите и реформите кои треба да ги направиме-рече Џерах при неговиот престој во Охрид кој потенцира дека е задоволен од соживотот кој го имаат турците и македонците во Државава. На средбата со преставниците на СВР Охрид беше оценето дека полициите

на двете земји во изминатиов период реализирале повеќе случаи на недозволена трговија со дрога. Исто така беше потенцирано дека соработката во иднина ќе се базира во одделите на организиран криминал посебно на недозволената трговија со дрога и антитероризам. С.В

Ohridnews.com

www.amac.com.mk/novini

17


СПОРТ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕП ВО РАКОМЕТ

ОХРИД И ОВОЈПАТ ЌЕ БИДЕ

ДОБАР ДОМАЌИН

О

хрид ќе го исполни својот дел од обврските и нема да дозволиме одржувањето на ЕП во ракомет за сениорки да биде доведено во прашање. Навреме ќе ги санираме сите недостатоци во салата и успешно ќе одговориме на сите забелешки за беспрекорна организација- ова е заедничката реакција на директорот на ЈП Комуналец кое стопанисува со Спортската сала Билјанини Извори во Охрид, Боро Павлоски и градоначалникот Александар Петрески по најавите од ген-сек на РФМ Марјан Начески дека организацијата на ЕП во ракомет за жени што во декември треба да се одржи во Охрид и Скопје е доведена во прашање и оти ЕХФ размислува првенството да се пресели во Данска. -Имајќи го предвид значењето на ЕП во ракомет како извонредна форма за афирмација на овој спорт во Македонија, а уште повеќе како промоција на Охрид и Македонија, разбирливо е дека Охрид е во постојан контакт со РФМ и се вложуваат заеднички напори за исполнување на обврските кон ЕХФ. Самото одржување на ЕП во Македонија и Охрид и неговата успешна организација се признателност за сите нас, смета Петрески. Тој најави дека со санирање на недостатоците во салата ќе се започне од следниот месец со што Охрид ќе го исполни својот дел од обврските за одржување на ЕП. ‘‘Така направивме и за Светско-

18

AMAK

PRES

то првенство за јуниори минатата година, вели Петрески кога се покажавме не само како успешни организатори туку ги добивме и сите пофалби за она што го направивме“ Со ист став и првиот човек на салата Боро Павлоски кој е убеден дека забелешките не се големи и дека нема да ја загрозат организацијата на ЕП. ‘‘Официјално за што станува збор од РФМ и ЕХФ нема пристигнато сеуште ништо, но длабоко сум убеден дака за ова ЕП останаа замо ситни зафати кои нема да го загрозат организирањето на ова првенство. Поголемите забелешки ги отстранивме на претходните меѓународни натпреварувања кои се одржаа во оваа сала‘‘, вели Павлоски Инаку обврските кои ги има Охрид за ова ЕП се дефинирани во Договорот со ЕХФ кој покрај претседателот на РФМ, Труфун Костоски и Генералниот секретар на РФМ, Марјан Начески го потпиша и охридскиот градоначалник а во кој покрај интервенциите во салата е предвидено и изградба на помошна сала во близина на постоечката, затворен базен и луксузен хотел во близина на салата. Петрески највави дека до декември на СРЦ Билјанини Извори ќе се реализираат пропратните спортски објекти, помошната сала, затворениот базен и четири тениски игралишта. – Олимпискиот базен, проект вреден 4 милиони евра, ќе се изгради со финансиска помош на Агенцијата за спорт и млади

По најавите за можно одземање на организацијата и преселба на ЕП во Данска од страна на ЕХФ, Охрид најавува дека во целост ќе ги изврши своите обврски.

а што се однесува до хотелите кои се предвидени да се градат на просторот кај бараките од Трудбеник и Гранит со оглед на краткото време неверувам дека ќе се реализираат, вели Петрески. Сузана Вренцовска

ЕХФ НАЈАВИ ИТНА ИНСПЕКЦИЈА Генералниот секретар на ЕХФ Михаел Видерер на крајот од овој месец најави посета во Охрид во живо да се увери до каде се подготовките и реконструкцијата на салата. Забелешките кои треба да се отстранат Видерер ги предочи минатото лето. Само за потсетување забелешките на челниците на ЕХФ се однесуваа на претесниот простор на прес центарот како и на бојата на ѕидовите позади головите кои, според нив, изгледале многу лошо на телевизиските преноси. Исто така во делот на зафатите кои треба под итно да се преземат се и подобрувањето на осветлувањето како и обезбедување на простор за фоторепортерите и за новинарите на трибините. Останува првите луѓе на градот да се зафатат со работа и пред очите на првата инспекција да покажат дека Охрид и може и сака уште еднаш да биде добар домаќин на едено вака големо меѓународно првенство.


СО ХОЛАНДСКА ПОМОШ

ЌЕ СЕ РАЗВИВА ХОКЕЈОТ НА ТРЕВА

С

о помош на Холандската амбасада, Агенцијата за спорт и млади и Локалната самоуправа хокејот на трева за брзо време ќе почне да се игра и надвор и ќе се развива во надворешни услови. Во овој момент се бара локација за изградба на терен со олимписки димензии, а нашата цел е во иднина хокејот на трева да стане олимписка дисциплина а македонската репрезентација да учествува на олимписките игри, најави претседателот на Македонската Федерација за Хокеј на трева, Дејан Паноски на ревијалниот

натпревар со Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, кој се одржа во Охрид, а во рамките на взаемната соработка околу популаризацијата на овој спорт во Република Македонија. Репрезентацијата на Македонија на својот прв официјален настап славеше победа над претставниците на амбасадата на Холандија од 5:4. -Хокејот на трева во Холандија е многу популарен и има голема традиција. Мојата земја е актуелен светски шампион во женска и вицешампион во машка конкуренција, рече Н.Е амбасадорката

на Холандија во Скопје, Симоне Филипини која го предводеше холандскиот тим. Инаку како што рече амбасадорката на Холандија ќе и помогне на Македонија во развојот на овој спорт а досега таа помош се состои во опрема за репрезентацијата и клубовите. Филипини најави дека во иднина покрај ревијалните натпревари македонските хокејари на трева и холандските ќе се сретнат и на официјален натпревар. С.В

www.amac.com.mk/novini

19


SPORT ВОЈДАН СТОЈАНОСКИ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ВО ТИМОТ НА АМАК СП

КОШАРКАТА Е МОЈАТА ПРВА ЉУБОВ Тимот на АМАК СП располага со добри играчи но сепак тоа ќе мораме да го покажеме на терен и да ги оправдаме очекувањата на Клубот. Задоволен сум од организираноста на Клубот од условите кои ни ги пружа Управата како и од играчкиот потенцијал на моите соиграчи. Се на се ги имаме сите предуслови да атакуваме на една од двете круни, вели Војдан Стојаноски.

С

о само 20 години Војдан Стојаноски е еден од лидерите во тимот на АМАК СП и носител на играта на охридските кошаркари. За неговите играчки квалитети зборуваат и 17-те кошеви во просек по натпревар но и одличната игра во одбраната, како и високата реализација за три поени. Овој млад кошаркар веќе пет години е и репрезентативец на Македонија. Три години во репрезентацијата на јуниори и две години во тимот на избраниците на селекторот Марјан Лазоски кој ја предводи македонската репрезентација до 20 години, со доволна минутажа и солиден учинок. Неговите кошаркарски почетоци со уште пред десет години кога бил во петто одделение. Љубовта кон кошарката ја наследил од неговиот татко и од постариот брат кои исто така се занимавале со овај спорт. ‘‘Кошарката е мојата прва љубов‘‘, вели Војдан. Неговиот прв клуб е Вебо потоа игра во Бисери па во Вардар а пред скоро две години го облече дресот на АМАК СП и од тогаш е еден од најефикасните играчи на теренот. -Со вакви услови тука во АМАК навистина напредувам но мислам дека со оглед на моите години има простор за поголемо подобрување. Најбитно ми е да се изградам како квалитетен играч а се друго ќе си дојде само по себе. Се разбира како и секој млад играч и јас имам и желби и амбиции но сега сум

20

AMAK

PRES

тука и мои приоритети се да дадам се од себе да ги оправдам очекувањата на Клубот, и максимално професионално да го одработам тоа што се бара од мене. Задоволен сум од организираноста на Клубот од условите кои ни ги пружа Управата како и од играчкиот потенцијал на моите соиграчи. Се на се ги имаме сите предуслови да атакуваме на една од двете круни. За мене е предизвик оваа година да освоиме една од титулите или шампионатот или купот. АМАК има и сила и желба но и потенцијал за тоа, смета младиот Војдан иако, како што вели, се покажа дека сезонава нема фаворити- секој секого може да победи и неможиш против никого да сметаш на лесна победа. Понесен од атмосверата која ја создава неколку илјадната публика во салата Билјанини Извори, Војдан признава дека е прекрасно чуството да се игра пред публика која несебично ја дава својата подршка но исто така таа е и битен фактор за да се стигне до побе-

да. ‘‘Сигурен сум дека со помош на публиката ќе ја оствариме нашата цел и дека ќе ги добиеме сите утакмици на домашен терен‘‘, вели младиот Војдан. ‘‘Во Клубот постои позитивна атмосвера, сите се дружиме бидејќе сме тука негде сите со годините. После пораз сите сме тажни но најтрагично е кога ќе изиграш добро а сепак на крајот несреќно изгубиш а кога победуваме сме весели и тогаш колку и да си изиграл слабо на крајот се се заборава. Голема е подршката и од нашиот капитен Ангел Тасески кој секогаш знаел да се постави како лидер на тимот и во ситуации кога сме губеле и во ситуации кога сме победувале. Тоа е прав капитен, коментира Војдан за победите и поразите на својот Клуб. Инаку овој 20-годишен кошаркар кој за себе вели дека е скромен и страмежлив дечко студира на факултетот за туризам во Охрид и е прва година. Во слободно време кога нема обврски со факултетот сака да прочита некоја добра книга. Страствен навивач е на Лејкерси од НБА лигата а од европските клубови вели дека навива за најдобрите Панатенаикос, ЦСК, Реал Мадрид... Во родното Скопје оди толку колку што му дозволуваат обврските, еднаш месечно, иако би сакал да е почесто таму ‘‘Знаете, како дома никаде не е‘‘ вели Војдан Сузана Вренцовска


ИГОР ГАЦОВ ПО ПОРАЗОТ ОД ПЕЛИСТЕР

НЕМА ВРЕМЕ ЗА ЖАЛЕЊЕ - ПРОДОЛЖУВАМЕ ВО НАШ РИТАМ ''Изигравме слаба утакмица на тежок терен. Направивме многу лични грешеки, и тоа беше најголем хендикеп за нас. Уште на самиот почеток го прифативме нивното темпо на игра, а во продолжение бевме ослабени за Војдан и Вилијам кои предвреме го напуштија теренот поради петте лични грешки. Како и да е, за нас овој пораз ќе биде голема лекција за другите средби. Нема време за жалење продолжуваме во наш ритам да ги играме преостанатите натпревари Ние сме млада екипа која го црпи искуството со секој натпревар» - вели тренерот на АМАК СП, Игор Гацов, по поразот на стартот од вториот дел од шампионатот од Пелистер во Битола.

Охридскиот тим иако стартуваше со нови две појачувања Никола Куга и Роберт Тејлор сепак неуспеа со победа да го започне вториот дел. И двајцата на гостувањето во Битола имаа неславно деби. Без да се запишат во листата на стрелци и Куга и Тејлор одиграа по десеттина минути со исход далеку испод очекувањата. Сепак за тренерот Гацов слабата игра на двајцата нови играчи и не е некое големо изненадување.‘‘ Од нив двајца и не очекував многу. Тие сепак не се донесени како некој спектакуларни

појачувања и не се работи за играчи со висок квалитет. Рано е уште да се коментира но сепак сметам дека треба време да се вклопат но доколку не се покажат можно е и да заминат, вели Гацов. С.В

EFEKTI

САМОИЛОВА ТВРДИНА СО РАБОТНО ВРЕМЕ Доколку сакате да се искачите на Самоиловите тврдини тоа ќе морате да го направите од 9 до 14 часот освен понеделник. Надлежните одлучиле да воведат работно време во тврдината и тоа само прва смена. Од Завод и Музеј, оваа невообичаена појава ја правдаат со фактот дека е мал бројот на туристи во овој период, времето е ладно а единствениот вработен таму толку многу се уморил што решиле да го пуштат на годишен одмор два месеци. Се разбира не-

сватливо за јавноста но ако се суди според онаа народната ‘‘секое чудо за три дена‘‘граѓаните и малкуте туристи лесно ќе се прилагодат на новопоставените услови за посета на културноисториските знаменитости. Ним им останува единствено да се надеваат дека надлежните ќе воведат и втора смена во тврдината.

www.amac.com.mk/novini

С.В

21


OGLASI PISMA KULTURA

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во нашиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ. Продавам правосмукалка “Ровус “ скоро нова. Цена 6.000 денари. Телефон: 075/ 463 - 702.

Се продава голф 3 TD , регистриран до мај 2008 год. со поминати 130.000 к.м. Цена 5.000 Евра. Телефон: 070/391 - 250.

Продавам телешко месо и прасиња до 30 кгр. Телефони: 257 - 073 и 071/ 732 - 316.

Се продаваат јоги душек, тепих и две гуми со димензии 195-60-15. Телефон: 264 - 713.

Продавам “ Застава “ 750, 1982 год. Цена 220 Евра и “ Рено “ 21 1988 година по цена од 2.200 Евра, регистрирано до 28.12.2008 година. Телефон: 252 - 272.

Продавам спална и санитарија за купатило. Телефон: 070/ 69 - 89 - 90.

Продавам “ NISAN DATSUN CHERU “ GL 1.3, произведен 1983 година и регистриран до август 2008 година. Комплет ремонт на мотор направен во октомври 2007 година. Удрен позади но во возна состојба. Цена 350 Евра. Телефон: 070/ 258 - 333.

Продавам фрижидер “Кончар “ исправен од 310 Л за 3.000 денари. Продавама хармоника “ Velmaster “, бела со три регистри во исправна состојба, 4.000 денари. Купувам голема плинска боца. Телефон: 070/ 307 - 289.

Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, поволно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.

Барам стан под кирија на подолго време, наместен со големина од 80 до 100 метри квадратни. Телефони: 266 - 208 и 070/ 144 - 117 Се продава лозје во месноста Алтанин мост од 396 метри квадратни. Цена по договор. Телефони: 250 - 399 и 075/ 293 - 049. Продавам “ Сеат Толедо “ 1.9 TD со фул опрема, без клима произведена декември 1994, регистрирана до 11.2008 година, фарбана за такси. Цена 3.400 Евра. Телефон: 288 - 787. Ѓоко.

22

AMAK

PRES

Издавам 3 деловни простори новогрдба со површина од 37; 25; и 18 метри квадратни по 5 Евра метар квадратен. Телефони: 268 - 4551 и 070/ 474 - 274.

Продавам камион “ Застава Там Фургон “, произведен 1998 год. Цена по договор. Телефон: 252 272.

Продавама: апарат за гиро, фритеза и кафемат “ Фаема “. Телефон: 075/ 445 - 642

Се продаваат 14 улишта со пчели. Цена по договор. Информации на телефон 270 - 851 во секое време.

Се продава мини апарат за лифтинг за професионална но и домашна употреба. Се продава електричен апарат за маникир и педикир со 40 опции. Цена 3.500 денари. Телефон: 070/ 212 - 784.

Продавам женски чевли, црни, лакирани на штикла, и кафеави со мала штикла. Броеви од 35 до 41. Цена 350 денари пар од “ ЧИК “ Куманово. Продавам козјо млеко 40 денари литар. Телефон: 075/ 829 - 027.


ЕФЕКТИ

www.amac.com.mk/novini

23


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 82 by alan.kaou - Issuu