Skip to main content

АМАК ПРЕС 81

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amac.com.mk/novini

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 81 25 Januari 2008 НА ВРВОТ

МИЛЕ ВОЛКАНОСКИ МАЧНИ МЕДИУМИ

ВО ОХРИД РЕКЛАМИ СЕ НУДАТ И ЗА ЕДЕН ЃЕВРЕК ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРВОЛИГАШИ ВО КОШАРКА ОДЛУЧИ

ЗА ТОПЕНЧАРОВ ГОДИНА ПОЛНА СО ЗРДАВЈЕ СРЕЌА И БЕРИЌЕТ definitivno najevtino

КАЗНИ ЗА ЛОШИТЕ НАГРАДИ ЗА ДОБРИТЕ СУДИИ


DA NAPRAVIME REZIME

СЕ КРСТЕВ И ГЛЕДАВ ВКРСТЕНО

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: press@amac.com.mk За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски Уредник: Сузана Вренцовска Новинари: Анѓела Белевска Крсте Спасески Мирко Постолоски Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски Фотографија: Томе Љушев (Шпанец) Лектор: Милчо Јованоски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES

Некаде крајот на декември ја гледав мојата драга колешка Росица Голабоска со нејзината емисија Вкрстено и во неа гости беа новинари. И додека гледав се крстев и чудев. Додуша од почеток се чудев, а потоа не, само што чувствував сатисфакција за се што напишав во мојава колумна и надвор од неа, а било поврзано со веќе распаднатото Здружение на новинари. Сатисфакцијата ја доживеав бидејќи уште еднаш се покажа дека јас секогаш сум во право. Во ова издание на Вкрстено сензационално и ексклузивно го слушнавме она што дури ни јас не го претпоставив кога пишував за колапсот и пропаста на ЗНМ Охрид. Јас кога пишував дека ова здружение го допре дното на сите дна не можев да замислам дека имало и поголемо дно од дното за кое зборував јас, и за тоа на јавноста длабоко и се извинувам, бидејќи сум бил толку неинформиран, па на здружението тогаш сум му ја зголемил а како здружение од дното, а не како здружение од дното на сите апсурди на овој свет. Па еве сега излезе дека тоа здружение не само што стана бездомно и без адреса, туку од толку што било промаршено во неговата функција и постоење што дури и неговиот локален претседател не успеал да се избори за своето право на пензија и имал нерегулиран стаж. Замислете го тој апсурд. Па тоа е за во емисијата ‘’Да не ти се верува’’ која се емитува на ‘’Канал 5’’. Ма не само за во таа емисија, тоа треба да се објави на сите ѕвона на сите информативни емисии во земјава, а богами и во светот. Да се одржи семинар во организација на истото здружение и да се анализира апсурдот над апсурдите и темелно да се простудира како самиот претседател кој требало да не заштити нас новинарите од социјална неправда и експлоатација си се довел во ситуација да не се заштити ни себе си и да оди нормално во пензија. А што сме можеле ние да очекуваме од него ? Како тој ќе заштити некого и ќе се бори за правата на некој друг новинар кога самиот со години си го раководел здружението, си правел вечеринки и софри на кои ги канел сами оние кои нему му биле мили, или му се подведувале, си организирал семинари бесцелни колку само да си се поделат дневниците, а за сето тоа време на занес во владеењето не се посветил барем малку на својот социјален статус и не си го видел стажот кај му е ? ? ? Сето ова е апсурдно и неверојатно но, за жал вистинито. И не е чудо што токму додека ова здружение низ годините полека умираше и пополека стана неспособно ни вечери и свирки да организира, јавното информирање во Охрид го допре дното заедно со Здружението во распаѓање и секој ”фичфирич’’тана креатор на јавното мислење во Охрид, секој кој немал што да прави попаметно стана новинар па така работата дојде дотаму новинарите во градов сами да покренат иницијатива да се формира ЕСНАФ на новинарите кои треба да ги здружи новинарите во Охрид и да даде некоја рамка за нивно организирано дејствување кое сега не постои. Но, надежта умира последна, па сепак се надеваме дека охридските новинари со кариера ќе формираат вакво здружение кое ќе го водат нови свежи лица, со контакти во земјава и светот и ќе може на новинарите и медиумите да му понудат една алтернатива за нивна едукација, усовршување и професионална надградба. Ќе се формира еснаф кој ќе организира корисни работи за новинарите, за сите со ред, а не само за оние кои му се по ќеиф некому. Еснаф кој ќе работи наместо да спие и ќе едуцира наместо да пие. А колку да нема забуни. Емисијата Вкрстено ја сметам за емисија која постојано има ексклузивни гости и постојано пласира нови информации. Иклучително квалитетна и успешна емисија.


LOKAL TURIZAM ПРВ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО ОХРИД

ИСКОНСКА ПРИРОДА ЗА ТУРИСТИЧКА ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

М

акедонија и Охрид се привлечни туристички дестинации, но за развој на туризмот треба да се работи на подобрување на инфраструктурата, маркетингот и на квалитетот на услугите во хотелите и рестораните. Преку создавање на заеднички туристички производ на земјите од регионоткој ќе биде атрактивен на светскиот пазар би се привлекле далеку поголем број на туристи, а Македонија со влегувањето во регионалната понуда ќе го добие заслуженото место при презентацијатана туризмотбеше речено на отварањето на Првиот меѓународен саем за туризам кој од 17 до 20 овој месец се одржа во Охрид. Според претседателот на балканската асоцијација на хотелиери, Амир Хаџиќ, ова е значаен проект за Македонија. ,,Охрид одсекогаш бил бисер препознатлив на овие простори и треба повторно да се врати на светската туристичка понуда,, смета Хаџиќ. -Успехот за развој на туризмот би бил неизбежен кога сите балкански земји би се здружиле И заеднички би направиле поголем пазар, како би успеале во европски И светски рамки- рече претседателот на Интернационалната асоцијација на хотели И ресторани, Хасан Аиди. Според него , Македонија претставува една од најстарите држави со исконска, сеуште сочувана природа, која треба да се искористи во туристичката понуда а за тоа е потребно државата да ја подобри инфраструктурата. За Славко Вујисиќ, од хотелската асоцијација од Црна Гора, Охрид е најинтересна дестинација на Балканот за развој на викенд туризмот. Она што според него претставува недостаток во овој регион се слабата комуникација И лошата инфраструктура. Сличен став изнесе И претседателот на Бугарската асоцијација на хотелиери, Благој Рагин, кој регионот како тури-

својата традиција. Програмата на овој прв меѓународен саем за туризам ќе биде дел од официјалната програма на Светската туристичка организација. Организаторите на овој саем Скопски Саем и ХОТАМ очекуваат дека тој традиционално ќе се одржува на истото место во истиот период со збогатени содржини.

ПО ТРИДНЕВНОТО ДЕБАТИРАЊЕ

стичка дестинација го смета за уникат, но, како што вели, мора да се работи на подобрување на инфраструктурата. -Туристот кој доаѓа не гледа само една земја. Тој го гледа Балканот како Целина. Затоа заеднички треба да го промовираме регионот И на туристите да им овозможиме да го почуствуваат нашиот балкански регион, нашето гостопримство И нашата традиција - рече Бранко Кривокапиќ, директор на хотелскоугостителското здружение од Србија. На овој прв меѓународен саем за туризам кој имаше за цел создавање на заеднички атрактивен регионален производ, учествуваа околу 300 претставници од туристичкиот живот од Македонија и Балканот кои дебатираа околу можностите за заедничка презентација на регионот како туристичка децтинација. Инаку 30-тина хотелиери, тур=оператори, туристички агенции, винарии, производители на храна, занаетчии И др во спортската сала Билјанини Извори ја презентираа

УЧЕСНИЦИТЕ НА САЕМОТ БАРААТ ПОАГРЕСИВНА ПРОМОЦИЈА Подобрување на квалитетот

на услугите како и поорганизирана и поагресивна туристичка понуда со која Македонија ќе настапи на туристичкиот пазар во Европа и пошироко- се заложбите на учесниците на саемот. Исто така беше заклучено дека мора да се подобри авио сообраЌајот И другата патна инфраструктура а туризмот треба да го креираат стручни И компетентни луѓе. Учесниците на саемот се заложија за подобра соработка помеѓу туристичките агенции како И за формирање на национална агенција за вино која Ќе ги промовира македонските брендови надвор од границите на државата. Религиозниот туризам треба да се најде во туристичката понуда на Македонија-стои меѓу другото како заклучок во завршните документи на Првиот меѓународен саем за туризам во Македонија. Сузана Вренцовска

www.amac.com.mk/novini

3


ЛОКАЛ ВОДИЦИ ВО ОХРИД

ЗА ТОПЕНЧАРОВ ГОДИНА ПОЛНА СО ЗРДАВЈЕ СРЕЌА И БЕРИЌЕТ

П

ред околу 10 000 верници во Охрид беше одбележан еден од најголемите верски празници Водици ден познат како Богојавление. Овој христијански празник се празнувал уште во вториот век од христијанската ера, а традицијата на фрлање на крстот кај нас е стара 20 години. Чинот пак на фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Исус Христос, но и година исполнета со многу здравје среќа и бериќет за фаќачот на осветениот крст. А најсреќен охриѓанец годинава беше варошанецот, 32-годишниот Митко Топенчаров Тој меѓу 400-те капачи го фати чесниот крст кој во водите на охридското езеро го фрли митрополитот Дебарско Кичевски Г. Тимотеј. За Топенчаров кој 18 години скока по крстот ова е трет пат тој да се најде во неговите раце. -За мене ова претствавува нешто свето. Од мали сме задоени со таа традиција

4

AMAK

PRES

и се надевам дека таа и понатака ќе продолжи- рече по фаќањето на крстот Топенчаров. На свеченоста на одбележувањето на Водици покрај бројните граѓани и гости од земјава и странство присуствуваа и учесниците на првиот меѓународен саем за туризам кој се одржа во Охрид. Со тоа велат од здружението Богојавление кое веќе пета година е организатор на оваа манифестација, се збогатува туристичката понуда на Охрид и се продолжува туристичката сезона во градот. Од здружението Богојавление велат дека годинешнава манифестација е една од најдобро организираните во последниве пет години. Кумовите на Водици, Никола Дуданов, Игор Балески и Антонио Бојаџи на среќниот Топенчаров му подарија сребрена реплика на крстот кој се фрла во водите на охридското езеро опкована со злато вредна 3500 евра.

Копии на чесниот крст им беа врачени и на неколку членови на здружението како знак за нивниот придонес во афирмацијата на верските и културни традиции на Охрид и Македонија. Инаку, празнувањето на исусовото крштевање во Охрид е возобновено во 1990 година по забраната овој настан да се празнува во 1947 година.

ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЕРВАН ФУЕРЕ НАЈБРЗ ДО БУРЕТО СО ВИНО На празникот Свети Јован Крстител, ден по Водици, на 20 јануари, на Сараиште се одржа традиционалното капење на рибарите со што се означи почетокот на ловот на пастрмката за


ЛОКАЛ

вештачкиот мрест. Меѓу стотината кои се искапија за здравје беше и евроамбасадорот Ерван Фуере кој прв доплива до 100 литарското буре со вино кое традиционално се пиеше со останатите верници кои го проследија настанот.

Граѓаните и оваа година беа послужувани со бесплатно вино ракија и пржена плашица. Здружението Богојавление на евроамбасадорот Фуере му врачи сребрен крст, копија на крстот кој секоја година

за Водици се фрла во водите на Охридското Езеро. Сузана Вренцовска

www.amac.com.mk/novini

5


ЛОКАЛ

МАНУЕЛ ДЕ ОЛИВЕИРА ДОБИТНИК НА СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ

Д

обитник на Светската награда за хуманизам за 2008 година, што ја доделува Охридската Академија на Хуманизмот е познатиот филмски режисер, Мнуел де Оливеира. “Со големо задоволство ја примив веста со која ми оддадовте толку големо признание, кое уште повеќе ме трогнува бидејќи се работи за најфундаменталното нешто, хуманизмот кој е суштински за целото човештво и за секој човек поодделно, независно на која раса и припаѓа и независно каде се наоѓа“, изјави по повод добивањето на наградата 99 годишниот, де Оливеира кој ја играше и главната улога во неговиот последен филм Кристофер Колумбо –Малкович. Мануел Де Оливеира тврди дека ужива во режирањето филмови, оградувајќи

се од критичката реакција. Тој претпочита мирен живот далеку од рефлекторите и покрај многукратните почести на филмските фестивали како Кан, Венеција и Монтреал. „Ви ја предавам светската награда за хуманизам за 2008 година за вашето импозантно филмско дело, кое започ-

нува уште од времето на немиот филм, со пејсажите на митската река Доро, од Вашата родна Португалија, која се влева заедно со вашиот дух во водите на светото Охридско Езеро“, истакна претседателот на Охридската Академија на хуманизмот и амбасадорот на УНЕСКО, Јордан Плевнеш. Повелбата и наградата за хуманизам на познатиот дојаен и легенда на светската кинематографија му беа врачени на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Светската награда за хуманизам прв пат се додели минатата година, добитник беше јапонскиот филозоф Даисаку Икеда. Ангела Белевска

ШВАЈЦАРСКАТА ВЛАДА ЈА УСЛОВИ ПРОАКВА

ПАРИТЕ САМО ЗА ПУМПИТЕ

Д

онацијата мора да се употреби за проектот а не за враќање на долговите и кредитите- ова беше услов швајцарската влада да ја активира донацијата од 600 илјади евра одобрена уште лани а стопирана поради случувањата во МЈП Проаква. Имено во изминатиот период во Проаква имаше бројни недоразбирања

околу организационата поставеност во ова меѓуопштинско јавно претпријатие и делењето помеѓу Охрид и Струга, а стопанисува со заедничкиот колектор за прочистување со отпадните води. Дека парите ќе се употребат за својата намена писмено се обврзаа и двајцата градиначалници на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко.

Средствата од донацијата ќе бидат искористени за изградба на 6-те пумпни станици на источното крајбрежие на Охридското Езеро кои со инсталирање на потребната опрема ќе бидат завршени до јули оваа година. С.В

СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ПРИМААТ 1450 СЕМЕЈСТВА

Л

ицата кои бараат социјална помош од државава во Охрид е се поголем. Во јануари почна пријавување на социјалците , а во завршна фаза е годишната проверка на динамиката на поднесените барања за користење на социјална помош. Со износ на парите што го добиваат социјалците како поддршка од државата за преживување, тие сакале или не, едвај врзуваат месец со месец, особено последниве два месеци биејќи цените на многу прехранбени производи и услуги поскапеа , а како

6

AMAK

PRES

последица на тоа, нивната прехранбена кошница стана се посиромашна. Последните поскапувања ја доведоа до очај ова категорија граѓани и ти живеат на работ на егзистенцијата. Според директорката на центарот за социјална работа Билјана Наумоска во Охрид 1450 користат социјална помош а овој број е постојано о пораст, особено во последниве години, барем така тврди нивната статистика. Директорката Наумовска, вели дека за едночлено семејство социјалната помош изнесува 1800 де-

нари, за двочлено таа е 2306 денари за тричлено семејство е 3005 денари. Четиричлено семејство добива 3863 денари а за петчлено семејство и повеќе 4 506 денари. Министерството за труд и социјална политика, како што најавува директорката Наумоска наскоро ќе донесе измени во критериумите и износите н материјалната помош што социјалците ќе ја добиваат во иднина, а која ќе кореспондира со законот за просечната нето плата во државава. К.С.


СТОП ЗА РАБОТАТА НА ЦРНО

О

д неодамна во собраниска процедура се измените и дополнувањата на Законот за работни односи. Со измените на овој законски акт се предвидени ригорозни казни за газдите и директорите кои ќе ги прекршуваат работничките права. Глоба од 8 000 евра ќе плати работодавецот – правно лице или 5 000 евра трговец поединец, ако инспекторот за труд открие во фирма работници кои работат на црно. Првиот човек

на фирмата или пак одговорното лице ќе биде казнет со дополнителни 1000 евра. Согласно исиот закон казни се предвидени и ако на работникот не му биде исплатена плата најдоцна до 15 ти во месецот за претходниот, и ако нема платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување, потоа ако не му се обезбеди пауза за време на работното време , одмор меѓу два последователни работни дена ,неделен и годишен одмор, и ако газдата не обезбеди усло-

ви за заштита при работа. До сега паричните казни изнесуваа од 100 000 до 200 000 денари. За истите прекршоци инспекторите за труд имаат овластување да донесат и решение за забрана за работа. Против одлуката на инспекторите газдите може да поднесат жалба до Министерството за труд и социјална политика но тоа не го одложува извршуањето на казната. К.С

ОХРИДСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ БАРААТ ОД УСТАВНИОТ СУД

СОЛИДАРНИОТ ФОНД ДА ГИ ФИНАНСИРА ЗДРУЖЕНИЈАТА

С

о измените и дополнувањата на Законот за ПИО исплатата на средствата од Солидарниот фонд на пензионерите да ги исплатуваат подрачните единици на фондот за ПИОМ, пензионерите од општините Охрид и Дебрца, не се согласуваат и бараат да остане како и досега, односно да ги исплатуваат Здруженијата на пензионерите, бидејќи во спротивно, во многу ќе се наруши тековното финансиско работење на здруженијата, и може да доведе до нивно укинување. Од Здружението на пензио-

нерите од Охрид и Дебрца апелираат, пензионерите да не потпишуваат изјави за исплата на средства од Солидарниот фонд преку Фондот за ПИО, категоричен е претседателот на Извршниот одбор на Здружението на пензионерите од од Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески. Со истиот Закон не е дефинирано прашањето за осигурување и на жените на пензионерите без пензиски стаж и ова прашање е обжалено до Уставниот суд и чекаме тој да се произнесе и со двете барања – вели Трпчески.

Иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија да не се менува досегашниот начин на исплата на средствата од Солидарниот фонд и осигурувањето на жените на пензионерите кои не оствариле право на пензија, имаат поднесено сите здруженија, поединци, месни одбори,а заедно и во согласност со Сојузот на ЗП на Македонија. К.Спасески

СО ЗАКОНОТ ЗА ПИО

ПОСМРТНИТНАТА ПЕНЗИЕНРИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИВААТ ПРЕКУ ПОДРАЧНИТЕ ЕДНИЦИ

С

о донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од јануари годинава исплатата на погребните трошоци од Солидарниот фонд за сите корисници на пензија од први јануари годинава ја врши Фондот за ПУО преку своите Подрачни единици во сите градови. Според раководителот на Подрачната единица на Фондот за ПИО од Охрид Дездемона Даути, барање за

исплата на трошоците може да понесе член на семејството или друго лице кое го извршило погребот на корисникот на пензија. Барање се поднесува до Подрачната единица на Фондот или со приложување чек од исплата на пензија или потврда од Фондот дека починатиот бил пензионер, извод од матична книга на умрените и матична книга на венчаните за сопругата или родителите на децата, како и фотокопија од лична карта на лицето што ги подига сред-

ствата и број на сметка во банка. Посмртнината која се обезбедува од солидарниот фонд на пензионерите на кои месечно им се задржува по 120 денари од секоја пензија е унифицирана воцела република и таа изнесува 30 000 денари. Во просек годишно во Охрид бројот на починати пензионери изнесува 380 до 420 лица.

www.amac.com.mk/novini

К.С.

7


LOKAL

МАЧНИ МЕДИУМИ

ВО ОХРИД РЕКЛАМИ СЕ НУДАТ И ЗА ЕДЕН ЃЕВРЕК

Дел од локалните медиуми во градов реклами даваат во замена на еден мал оброк или неколку литри гориво за автомобил, додека некој инвестира во медиумите милиони, некои работат со аудиовизуелна опрема која е понеквалитетна од онаа која во својот дом ја има едно просечно охридско семејство. Тоа се рефлектира врз сите, па огромен дел од вработените во медиумите во Охрид со години чекаат да бидат пензиско и здравствено осигурани и да примат нормални плати.

О

хрид иако има поголем број медиуми и сака да се презентира како град расадник на новинари, слободен град во информирањето и втор град по број на медиуми после Скопје, сепак квалитетот на медиумите во градов е на ниво кое е под сите очекувања на аудиториумот, а она што неретко се презентира во медиумите ја навредува интелигенцијата на еден просечен охриѓанец. Во Охрид за жал постојат медиуми кои имаат помалку аудиовизуелна опрема од онаа што едно просечно семејство ја има во својот дом, и работат во услови кои се блиску до невозможното, а квалитетот на персоналот, стручноста и професионалноста е на најниско можно ниво. Информирањето кое го прават некои медиуми е еднакво на читање на информации од агенциите и читање на некое соопштение во целост за да се пополни минутажата во вестите. За професионално ангажирање новинари, технички персонал или достоинствено и професионално изработување реклами, во некои охридски медиуми не станува ни збор, па рекламите наликуваат на снимки направени со мобилен телефон, а содржината нема никаква порака нити било што примамливо што ќе го привлече вниманието на луѓето или по што ќе се запамети рекламата. И покрај тоа што не вработуваат луѓе, некои медиуми потонати во аматеризмот и бескрајното импровизирање свесно или не целосно ја уриваат медиумската сцена во Охрид, нудејќи на пазарот реклами чија пазарна вредност се споредува со вредноста на еден ѓеврек дневно или во подобар случај едно пивце и чорбичка на ден. Во една ваква констелација на односите медиумите во Охрид се соочуваат со тешкотии при работењето, уривање на вредноста на рекламите, а менаџерите и сопствениците се принудени да одржуваат ниски плати за

8

AMAK

PRES

вработените што директно се одразува на професионалноста и животот на новинарите. Телевизијата НТВ во Охрид работи веќе 12 години. Во своето работење имала потешкотии во работењето, но и покрај се таа пополека бележи раст и прави напори да го подигне нивото на медиумите во Охрид.

Цените на рекламите зависат пред се од нивото кое го има еден медиум и од квалитетот кој го одржува. Медиуми без вработени и со непостоечки квалитет не може да одржат цена на реклама и со тоа директно влијаат генерално на цените на пазарот на реклами или поконкретно ги уриваат цените на рекламите и прават една нелојална конкуренција. Со насоките кои ќе мроа да се спроведат до 2012 година и дигитализациајта која ќе мроа да се спроведе мислам дека ќе се направи една природна селекција на медиумите и нема да може да се приспособат кон тоа медиуми кои даваат реклами за 1000 денари. Се надевам дека тогаш нешто ќе се среди и ќе се прекине со стагнациајта и оваа тешка состојбаизјави Зоран Стефаноски сопственик на Независна ТВ. И неколкуте радио станици во Охрид ги имаат истите проблеми. И тие на пазарот не можат да постигнат цена

бидејќи дилетантските медиуми нудат реклами за смешни суми и ги уриваат цените на рекламите на неподносливо ниско ниво. - Маркетингот во Охрид и сето миље кое сега го имаме е направено од незнаење и незнаење на работодавците да се организираат и да ја најдат концепт во работењето. Според мене стагнира финансирањето на програми. Кадровската политика на сите медиуми, помагање на идејно творештво итн. Културната работа или културата во медиумот никако не може да се спроведи од тие причини. Според мене во Охрид имаме пишани и електронски медиуми поточно радио. Телевизија е за мене тежина на зборот за да е нешто телевизија треба да е повеќе, немаме телевизии туку имаме радио со добар и лош квалитет .Нашите локални телевизии се преполни музика, по малку вести и пак музика, а музиката е со лош квалитет, саундот е очаен, а и во радио сферата во некои случаи е така. Маркетиншкото настапување на одредени работодавци е такво од причина што е направена грешка за правење на толку медиуми во мал простор без никаква селекција на квалитетот. Најавата од Советот за радиодифузија и дека ќе се средат работите уште е само во најава. Јас лично го прашав претседателот кога ќе се стартува со комисијата за проверка и анализа на медиуми и нивното ниво и квалитет, за тоа како котираат, што се работи во маркетингот, дали е тој оправдан или неоправдан, според мене е неоправдан и целосно без компас. Никој не може да согледа што рекламира, калкулација за тоа колку вреди рекламата, а колку еден одработен ден, тој компас го немаат бидејќи некои не трошат пари и работат сами без трошоци, па така се нудат реклами за ручек и вечера и некој си игра со скапа играча, а не знае ни сам со што си игра, а за жал сето тоа некој му го дозволил вели Зоран Здравковиќ сопственик на


ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ ПРЕД ГАСНЕЊЕ

Здружението на новинари на Македонија со неговата канцеларија во Охрид изминатите години ни еднаш МХ Радио од Охрид Славица Стевоска 12 години работи како маркетинг менаџер од кои 9 ги поминала во телевизијата НТВ, а денес е маркетинг менаџер во продукциската куќа ОХ – 1 и весникот Амак Прес Охридски Новини и многумина ја сметаат за најупатена во практичното работење на пазарот на реклами во Охрид. -Цените на рекламите во Охрид се смешни, но, според стандардот кој е низок нормално е и рекламите да се поевтини и цените да не се воопшто реални,но , не е нормално да се за џабе. Некои медиуми нудат реклами по енормно ниски цени кои се смешни, а со тоа како прво се урива и рејтингот на медиумската куќа, со тоа давање на толку ниски цени автоматски се урива и рејтингот на сите медиуми кои потоа мора да го следат тој тренд на пад на цените, а сето тоа нам кои работиме во поорганизирани и професионални медиуми кои пред се имаат вработени луѓе кои примаат плата ни создава големи проблеми на финансиски план. На некој начин со ова рекламирање за беспари им вршиме услуга на некои бизнисмени, ние сме свесни што значи рекламата, а 80 % од работата на една фирма која продава на пазарот е рекламата, а тие кои реално имаат пари и се поголеми фирми, лесно се рекламираат во Охрид за овие мали пари и со тоа си обезбедуваат рекламирање за безпари и тоа така е со години бидејќи никој не мрднал со прст да воспостави некои стандарди во работењето, тука мислам пред се на електронските медиуми.вели Славица Стевоска. Радио Охрид како прв електронски медиум во градов е и прв медиум кој остварувал приходи од продажба на секунди во етерот. Познато е времето кога на радио се емитуваа музички честитки и огласи, а и првите електронски реклами во Охрид се изработени во ова радио. За тоа каква е маркетинг сцената во градов, директорот на Радио Охрид, Милчо Јованоски вели - Проблемот со маркетингот во охрид-

не се огласи или презеде еден конкретен чекор кон средување на состојбите во медиумите во Охрид, а со тоа и на средување на работното секојдневие на новинарите во градов. Додека низ годините одредени медиуми работеа без вработени професионалци, ЗНМ – Охрид тонеше во длабок сон. Деновиве новинарите од Охрид покренаа иницијатива за формирање на ново

ските медиуми не е нов туку стар, а ние како најстара институција која постои 51 година со овој проблем се соочуваме со децении од воведувањето на пазарно стопанство во 80 и 90 години од минатиот век. Она што е интересно е што по напливот на медиуми цените вртоглаво паднаа. Денес нема реални цени и секоја куќа си ги одредува сама и ги спушта на ниско ниво кое не е издржливо за професионалните куќи кои работат по професионални стандарди и вработуваат поголем број луѓе. Друг проблем е што некои агенции пред цела деценија направија големи сондажа за одделни медиуми кои се на државно и нaционално ниво и таа листа не се корегирала со години и со тоа предизвикува неможност локалните медиуми да работат со тие продукциски и маркетинг агенции. Крајно време е и во оваа област да се воспостви ред и да се воспостават стандарди во работењето. За жал во Охрид нема професионални маркетинг агенти,а како што стојат работите нема ни да ги има во догледно време - изјави Милчо Јованоски. Во Охрид и покрај сите овие неприлики во работењето на медиумите има и маркетинг агенција која работи во градов во состав на Супер Радио. Сашо Митаноски за наведените проблеми вели -Што се однесува до маркетинг делот се случува еден своевиден “самодеградирачки” тренд кога медиумите нудат

здружение кое ќе ги собере новинарите од Охрид и ќе преземе активности за средување на проблемите кои ги тиштат. Во моментов во некои медиуми во Охрид вработените не зеле плата со месеци, а и ако ја земат таа не изнесува повеќе од 3 000 денари. Ни за овој проблем ЗНМ – Охрид не мрдна со прст. Љ.Т услуги по енормно ниски цени,со што се зголемува кругот на клиентите но не се зголемува приходот во медиумот. Рекламните кампањи за жал во многу случаи сеуште се договараат на ниво на “политичка подобност” а не на конкретната слушаност или гледаност на медиумот, и се сеуште на ниво на познанства без некоја јасна цел за тоа која таргет група е доминантна публика на конкретниот медиум.Поразувачки делуваат бројките на доделените сретства за рекламирање кои ги добивме од локалната самоуправа во Охрид споредени со конкретната гледаност и слушаност на одредени медиуми во истиот период. Токму затоа квалитетот на маркетинг презентациите кои се изработуваат е многу ниско.Најчесто се изработуваат на полупрофесионална опрема што директно влијае и на квалитетот на финалниот производ. Она што се наметнува како заклучок е дека се испракаат релативно нејасни пораки до потрошувачите што најчесто резултира со слаби резултати од кампанјата. Она сто нас како директно инволвирани во ова поле особено не радува е што има значителна еволуција кај слушателите и гледаците односно конзументите на нашите “медиумски производи”. Глобализацијата,интернетот,странскит е медиуми кои секојдневно имаме можност да ги следиме наметнуваат нови и многу високи стандарди кои сите медиуми мора да ги следат доколку сакаат да останат “ во игра”.Овој факт,новата законска регулатива која наметнува многу повисоки стандарди кај медиумите ( кои се надеваме дека ке се почитуваат ), а и нашето лично искуство преку нашите деловни партнери кои се повеќе и повеќе ја разбираат важноста на маркетингот и вистинската презентација пред лугето, е она што нам ни дава за право да веруваме дека доаѓаат подобри времиња во оваа област. - вели Митаноски. Љупчо Таневски

www.amac.com.mk/novini

9


NA VRVOT МИЛЕ ВОЛКАНОСКИ-ФУДБАЛЕР,ДАСКАЛ, ПИСАТЕЛ И ПРВИОТ ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО

АМБИЦИОЗНИОТ ЧОВЕК Е ОРЕЛ КОЈ ГО ПРЕЛЕТУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ

Н

иту еден човек не знае под каква ѕвезда се раѓа, затоа патот до саканата цел за некои е полесен а за другите потрнлив, но како и да е, и во едниот и во другиот случај важна е цврстата волја и желбата да се постигне она посакуваното. А вредните луѓе не познаваат граници за нив ни временските бариери ни староста не се причина да се сопрат и да си речат самите на себеси, “сега е доволно и ќе уживам во плодовите на мојот труд“.... “Нема бунар за од него да се црпи енергијата, но на едно место Григор Прличев вели:„Додека татковината ми е во мака јас не можам да бидам спокоен...“,оваа мисла стана мое животно мото“, ни кажа чичко Миле , некогашниот прв човек во Основното училиштето „Григор Прличев “, првиот директор кој му даде живот и дух и во исто време го направи посебен и престижен сега веќе познатиот фестивал Охридско лето. Палавото дете, кое од својата шеста година бос игра фудбал низ улиците кај Крст џамија стана познати фудбалер во тимот “Охридски бранови“, но и никогаш не ја заборави книгата, стануваше рано и уште во мугрите започнуваа подготовките за училиште, но трудот му се исплати стана еден од најпознатите и најбараните “даскали“ во стариот Охрид. Од рани години го сакаше театарот и народниот фолклор, па стана и еден од најпознатите драмски текстописци и основач на Културно уметничкото Друштво “Ѓердан“. Ведриот и оптимистички дух се главна одлика на неговиот лик, па иако ги ситни годините од деветтата деценија е омилен во друштво и на постари и на помлади луѓе кои со интерес ја слушаат неговата животна пиказна. Чичко Миле, потекнува од старата охридска фамилија Волканоски, татко му Стефан бил бач, од купеното селско млеко правел сирење, а мајка му Марика шиела јоргани. “Во саботите и понеделниците продавав сирење на Охридскиот пазар кој се наоѓаше кај чинарот. Честопати за

10

AMAK

PRES

да стигнам порано на тезгатата иако дете носев на грб по една или две канти со сирење“, вели Волканоски кој во исто време бил и одличен ученик во ОУ „Свети Сава“.По завршувањето на четвртото одделение се запишал во Охридската Гимназија каде преку наставната програма драстично се чувствувале промените на окупаторската власт, германска и бугарска. “Завршив трета година гимназија и по ослободувањето на Охрид станав член на Сојузот на комунисти на Југославија. Се сеќавам на фрлањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро за Водици во далечната 1944 година. Намерата ни беше некој од скоевците да го фати крстот зошто собраните пари по завршувањето на церемонијата беа наменети за партизаните, но како и да е сите млади охриѓан имаа иста цел, да

ги помагаат ослободителите на нашата мила Македолнија.“ По завршувањето на трета година гимназија,една година Волканоски работи како учител во училиштето во селото Скребатно. “По снег одев со опинци а најомилени гости ми беа глувците“, шеговито ја кажува вистината чичко Миле кој бил и претседател на тамошната партија на АФЕЖЕ и НОМС, но и на кого неизмерно му недостигале театарските претстави зошто ни за викендите не смеел да го напушти селото. “Морав да се подготвувам за полагање на осми клас гимназија и матура па затоа побарав преместување на работното место во Охрид. Станав учител на првачиња во ОУ “Св.Сава“. Им бев даскал на децата, но во исто време преку мојот начин на предавање ги терав да ја


засакаат книгата. Нема само постојано „бубање „ туку и учество во детскиот хор, свиревме на прадедото на клавирот- хармониумот. Во тој период покажав и голема творечка енергија. Се роди првата драмска претстава која ја нарековме, “Кралчето се женеше во туѓина скрито, народот се бореше на чело со Тито“. Иако беше детска претстава интересот за неа беше огромен, салата на хотелот “Радич“беше полна со публика, тогаш се уште не беше оформен градскиот театар, и можам да кажам дека тоа беше првата “театарска“претстава одиграна во градов“. Волкановски станува еден од најценетите учители во градов. Па нели, тој умее наједноставно, на сликовит начин програмската содржина да им ја “долови“, на младите за таа да се скенира во нивните мали мозочиња еднаш за секогаш.На младиот даскал уште тогаш, неговиот колега Димче Ковачески му предвидува светла иднина. Откако им ја постави воспитно образовната подлога на тогашните првооделенци во ОУ “Св. Сава“, чичко Миле заминува во селото Косел за да им дели знаење на учениците од првата осмолетка во Охрид. Предавал неколку предмети: македонски јазик,математика, ботаника и пеење а го формирал и училишниот хор. “Во тој период почнав да се подготвувам за полагање на осми клас(четврта година) гимназија и матура. Навистина ми беше тешко. Немаше со кого да се консултирам околу набавувањето на потребните материјали за учење зошто сите мои сокласници беа мобилизирани во војска. Благодарен сум му на Димче Битрак со чија помш одлично ја совладав математиката и матурата. Учев што се вели деноноќно, во пет часот наутро веќе бев со книгата во рака. Паузите во учењето беа кратки, тогаш излегував во дворот и ги посматрав пчелите кои ги чувавме.Оттогаш ми се вроди љубовта кон нив и желбата да ги одгледувам цел живот“, вели Волкановски, кој во тие две напорни лета на плажа бил само три пати. Но трудот му се исплатил, ја постигнал посакуваната цел.За два часа пред комисија положил 12 наставни предмети меѓу кои музика и пеење. Охрид почнува да се плаши од помислата дека го губи најпознатиот учител и наставник затоа и му е забранет упис во која и да било високонаучна институција во тогашна Југославија. “Кога завршив матура се запишав на Филолошкиот факултет во Скопје на отсекот литература. Веќе почнуваше

учебната година, и неопходен им бев на учениците во с. Косел. Кога разбрав дека сум добил стипендија побарав ослободување од наставничките обврски, но на моето барање не ми удоволија просветните фактори во Охрид. Се сеќавам, со солзи во очи една ноќ го напуштив Косел и заминав за Скопје. Студиската настава без прекинувња ја следев два месеци, а во меѓувреме ми доаѓаа писма да се вратам во Охрид, но и тие не ме поколебаа во намерата, сакав и морав да завршам факултет, заради моја лична сигурност и желба интелектуално да се надградувам. Едно декемвриско утро секретарот на факултетот ме повика во неговиот кабинет, учтиво ми подаде едно писмо во кое пишуваше:“Истеран сте од факултет без право на упис на сите Универзитети во Југославија“. Бев шокиран од писмото не само јас туку и моите родители. Татко ми му се спротистави и закани за неправедно донесената одлука и на тогашниот министер за култура Никола Минчев. По нашите “семејни протести“ и одбивање да ја прифатиме одлуката попушти министерот за култура и ми дозволи да се запишам на Вишата педагошка школа. Започнав со давање испити во декември во мај месец завршив со просек девет.“, раскажува чичко Миле додавајќи дека од тогаш имал повеќе време не само за посветување на работното место туку и за играње фудбал во Охридскиот тим “Езерски бран “, како и за одгледување пчели. “Бев наставник во Струмица, потоа во женската гимназија “Маршал Тито“ во Скопје по што една година предавав во охридската гимназија „Св.Климент Охридски“. Станав инспектор по македонски јазик во охридските села и секретар за култура во општина Охрид. Но повеќе на срце ми лежеше даскалувањето од управувањето.Додека работев во ОУ “Братство и Единство“ ги напишав сега веќе познатите детски лектири “Добриот учител“ и “Приказна за штурецот и мравките“. Овие два текста за кои неколку пати се одржаа претстави беа објавувани во тогашните најпознати списанија и часописи.“ Тука некаде завршува еден професионален дел од животот на Миле Волкановски по што следат 10-те среќни минути за овој човек. Ако нив умее убаво да ги искористи му се нуди навистина добар живот, ако не така сакала судбината...... а што се случува со животот на овој интересен охриѓанец? “Народот не попусто рекол луѓето пра-

ват и расипуваат работи. Јас покојниот Ристо Шапкар ќе го паметам само по убави нешта. Тој ми даде крила и од тоа августовско утро кога ме повика во неговиот кабинет станав како орел кој можеше да ја прелета цела Европа. Беше 6 часот наутро кога моето внимание од сандаците со пчели го одвлече општинскиот курир кој во еден здив ми рече:“Ве бара општинскиот секретар Ристо Шапкар, веднаш одете кај него“. Не ми остави ни простор да се пресоблечам, тргнав таков каков што бев, облечен во куси пантолони како за по дома. Кога влегов во кабинетот на Шапкар веќе се чувствуваше работниот амбиент како на сред ден а беше 6 часот и 30 минути наутро, замислете од кога него му почнуваше работниот ден... Откако културно се поздрави и поразговара со мене, неочекувано извади неколку уредно испечатени листови хартија ги стави пред мене и поднасмевнат ми рече, “Миле стави твој потпис овде.....(покажуваше со пенкалото) па тука......“,откако потпишав се, тој ме погледна и шеговито ми рече, “Ти не праша ни што потпишуваш, значи можеме и во затвор да те ставиме“, јас му одговорив, ако тоа сум го заслужил затворете ме. Во тој миг ми ги отвори документите на кои сум потпишал дека јас Миле Волканоски се согласувам да станам директор на ОУ „Григор Прличев“. “Утре имаш наставнички совет, треба да свикаш колегиум да ги распределиш предметите по стручност, убаво покажи се и претстави се во вистинско светло“, ми рече Ристо кој од тој миг веќе почнал да размислуваа за некоја наредна работна обврска“. Започнува учебната 1959/60 година за Волканоски, но овој пат тој не е даскал туку нешто повисоко- директор. Од тој период за него дознава целата охридска јавност, тој е почитуваниот директор во една од охридските образовни институции. Времето лета, деновите ги голта ноќта уште пред да им погледнеш во очи, брзо минуваат годините и истекува директорскиот мандат. Во Охрид почнува да се чувствува надоаѓањето на едно ново време, се раѓа нов живот, градот се полни со гости и туристи од цел свет, а нив мора да им се понуди добар културен живот. „Миле, ќе бидеш директор на еден нов фестивал за кој имаме тенденции да стане меѓународен, внеси му душа за да добие белег по кој ќе стане препознатлив во цел свет- беа зборовите на тогашниот претседател на градот Никола Горичан “ раскажува чичко Миле кој од 1мај далечната 1964 година е

www.amac.com.mk/novini

11


наименуван и станува првиот директор на сега веќе надалеку познатиот фестивал Охридско лето. “Ниедно работно место за мене не беше поубаво од тоа. Иако фестивалот беше нешто непознато и ново за сите нас, одлично се снаоѓав во работа, а дека е така покажува и фактот што цели 20 години јас бев избиран и поставуван за прв човек на Охридско лето. Не бев само директор- менаџер туку и творец на програмската политика на фестивалот, имав контакти со музичари и уметници од цел свет“, вели Волкановски за чија 20 годишна директорска работа никој немал забелешки. Фестивалските настапи биле проследени од илјадници луѓе од земјава и странство, а полека манифестацијата ги заменува стаклените со железни нозе. “Фестивалската1984 година, беше годината кога се одбројуваа моите директорски денови во фестивалот чии основи ги поставив јас. Неочекувано на тоа фестивалско издание спорен стана настапот на светски познатиот пијанист од Хрватска , Иво Погорелиќ. Во пет до дванаесет како што се вели добивме телеграма дека тој не е во можност да настапува, а сите влезни билети веќе беа продадени. Со часови и јас и вработените го баравме на телефон, не знаевме каде е, во која земја

12

AMAK

PRES

престојува зошто не одговараше на повиците. По макотрпното целодневно барање конечно успеав да исконтактирам со него и откако му ветив дека во најубаво светло на трошок на фестивалот ќе го запознае Охрид, успеав да го разубедам. Погорелиќ, дојде во Охрид го пречекавме како претседател и настапи на фестивалот. Кога се среди се, и кога јас пред салата веќе ја слушав преубавата музика која се излеваше од пијаното, најверојатно од преголема нервоза и напнатост, почувствував преголема болка во градите, .....ме однесоа на болница“,раскажува чичко Миле во чиј глас и денес се чувствува вознемиреност кога раскажува за оваа не толку мила случка. “Одлучив да се повлечам од директорската функција, здравјето е побитно од се, нели? Претставници на општинската и државната власт ме разубедуваа во мојата одлука, но таа беше конечна, се повлекувам од функцијата и крај!,додава Волканоски. Две-три години до неговото пензионирање, Миле работи како управител во Заводот и Музеј во Охрид, во тој период на вработените двојно им ги зголемил платите и тогаш со постојан работен однос вработил 23 нови работници...... Денеска Миле Волканоски ги “ситни“

деновите од “пензионерскио стаж“, друштво му прави сопругата Зорицапозната учителка, исто така во пензија. Двајцата се радуваат и се горди на своите четири ќерки и осум внучиња. „Убаво е кога тие се крај нас со нив и ние двајцата се чувствуваме помладо и детинесто, но кога тие ги вршат своите секојдневни обврски односно се зафатени за нас и ние си наоѓаме свои преокупации“, вели чичко Миле кој и во 81 година од својот живот активно твори. “Секоја педа земја, е мит реалност, инспирација за пишување ми се познатите охриѓани кои оставиле белег во Охрид и Македонија, потоа обичните луѓе од секојдневието“,вели Миле од чие перо се родиле познатите драмски текстови: “Приказна за штурецот и мравките“(пиеса), “Добриот учител“(пиеса), “Григор Прличев“(драма за`која ја добил третата награда на распишаниот конкурс), “Охридската робинка Ташула“, “Бал на студентите со октоподот“(комедија), “Бунда“(комедија) и др.... Палавото дете од кое израсна познатиот охридски фудбалер, младиот амбициозен даскал, надарениот директор на ОУ „Григор Прличев“, досега најпознатиот и прв директор на фестивалот “Охридско лето“, денеска не е чудно да го здогледате во некој охридски чун, лови плашици или грунци. Спортскиот дух го носи од детството до денес, вообичаено е да го видите како страствен навивач во некоја од спортските трибини, навива за кошаркарскиот клуб, АМАК СП и е дел од публиката каде и да се одржуваат натпреварите, во Охрид или друг град. “Со својот кошаркарски тим Венко Шапкар успеа да го разбуди градов од зимската летаргија, тој е заслужен за развојот на спортот за оживување на гратскиот театар во Охрид кои и тоа како се важни за создавање на националната идеја“, ни кажа пред крајот на разговорот чичко Миле. Беше 22 часот кога го напуштивме неговиот дом, петчасовниот разговор со него и неговата сопруга Зорица ни мина многу брзо.Откако се поздравивме и ги оставивме овие позитивни, гостопримливи луѓе да ги средат познатите книги-трудови на чичко Миле, бројните фотографии, признанија, благодарници и ордени штој ги добил за вложениот труд во институциите кои ги водел. Ангела Белевска


.

www.amac.com.mk/novini

13


LOKAL ВАНДАЛИЗАМ

УРНАТА НОВОГОДИЧНАТА ЕЛКА НА ГРАДСКИПОТ ПЛОШТАД

Н

епознати сторители најверојатно во раните утрински часови ја демолирале Новогодишната елка поставена на плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид. Надлежните власти најостро го осудуваат овој вандалски чин, и велат дека истиот е насочен против градот и развојот на туризмот зошто новогодишното украсување е еден вид туристичка атракција кој привлекува многу гости од земјава и странство. Осум метарската елка до крајот на истиот ден беше повторно подигната и вратена на старото место така што во целосниот новогодишен сјај градот повторно блесна пред почетокот на Саемот за туризам. Украсните светлосни реквизити во Охрид беа поставени на 22 декември пред католичкиот Божик кој во Охрид го прославија голем

број Грци. Раскитувањето на градот започна веднаш по големиот христијански празник Богојавление -Водици. Во центарот на Охрид подолго време се случуваат вандалски чинови, уништување на јавни добра, тепачки и обиди за убиства. До Локалната Самоуправа, граѓаните на Охрид иницираат поставување на видео монитори и камери на градскиот плоштад со цел да се оствари помирен живот и сторителите на прекршочни дела побрзо да се идентификуваат. Во сите поголеми светски метрополи централните градски подрачја и главните сообраќајници се снимаат 24 часа, а органите на редот вршат надзор преку централен систем. Ангела Белевска

14

AMAK

PRES


1

www.amac.com.mk/novini

15


ЛОКАЛ НОВА КНИГА ОД Д-Р КРСТЕ СТОЈАНОСКИ

ДЕТСКА УРОЛОГИЈА – ОДБРАНИ ПОГЛАВЈА

У

чебникот “Детска урологија“одбрани поглавја, е најновиот труд на доктор Крсте Стојаноски. На концизен и лесно разбирлив јазик , во него се обработени најважните теми од детската урологија, збогатени со голем број на шеми и илустрации како и богатство на цитати од светската литература. “Уверен сум дека оваа извонредна книга , на најдобар можен начин ќе ја исполни целта на стручното формирање

на докторите на специјализација и специјалистите од различни медицински дисциплини (уролози, детски хирурзи, гинеколози, неонатолози, педијатри) како и сите други доктори кои што претпочитаат сигурни, прецизни и актуелни информации од областа на детската урологија. Се надевам дека сето тоа ќе придонесе во најблиска иднина “Детската урологија“ да се издвои како посебна медицинска гранка (како што е во многу напредни земји во све-

тот) земајќи ја во предвид зачестеноста на оваа патологија во однос на другите системи во детската возраст“, истакна авторот на трудот. Учебникот „Детска Урологија“одбрани поглавја, е првенец во македонската медицинска литература, неговото појавување е од непроценливо значење за развојот на македонската здравствена литература. Ангела Белевска

ВО НУ “БИБЛИОТЕКА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

УСЛУГИ ПО НАМАЛЕНИ- ДОСТАПНИ ЦЕНИ

Н

овата година за Националната Установа, библиотека “Григор Прличев“ започна со измени кои се добри и се во полза на читателите. Годишната членарина од 300 намалена е на 100 денари. Корисниците на услугите од одделот за деца или возрасни, земените книги кај себе можат да ги задржат 20 дена а по истекувањето на рокот ќе плаќаат

по 5 денари за примерок на ден. „Намалувањето на цената на годишната членарина е со цел да се направи поголема популаризација и да се зголеми интересот за читање кај Охриѓани“ изјави директорот на установата Тоде Илиовски. Библиотеката “Григор Прличев“, располага со фонд од над 100 000 книги, оваа бројка постојано се зголемува со

нови трудови, бесцелери и најнови книги од областа на литературата и историјата. Годинава во оваа установата треба да се реализираат неколку проекти, а една од главните цели ќе биде просторното проширување. А. Б

ОХРИДСКО ЛЕТО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ГОДИНАТА НА ЕВРОПСКИОТ ИНТЕРКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ

Н

ајпознатата музичко сценска манифестација во земјава, фестивалот Охридско Лето, ќе се вклучи во Годината на Европскиот интеркултурен дијалог, што во наредниве 12 месеци треба да се реализира во Европските земји. Деновиве во Љубљана директорот на Охридско Лето, Тони Симоноски заедно со 24 претставници од други европски

16

AMAK

PRES

фестивали ја потпиша декларацијата за поддршка на интеркултурното творештво во европската уметност. Со потпишувањето на декларацијата Охридско Лето се обврзува во текот на годината во рамките на фестивалските програми да внесе театарски претстави, концерти и литературни презентации на дела од автори од различни земји и културни средини.

Со вклучувањето на Фестивалот Охридско Лето во Годината на Европскиот интеркултурен дијалог се потврдува неговиот висок рејтинг во светот. Ангела Белевска


www.amac.com.mk/novini

17


СПОРТ ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРВОЛИГАШИ ВО КОШАРКА ОДЛУЧИ

КАЗНИ ЗА ЛОШИТЕ - НАГРАДИ ЗА ДОБРИТЕ СУДИИ

С

удиите кои лошо ќе судат на натпреварите ќе бидат казнети додека за квалитетно судење ќе следат награди –вака одлучи Здружението на Клубови од првата машка кошаркарска лига на седмата седница која на 10 овој месец се одржа во Охрид. До почетокот на пролетниот дел(2 февруари) ќе биде формирана тричлена комисија која по барање на Клубовите ќе ги оценува судиските одлуки според кои одредени судии за лошо судење ќе бидат парично казнувани. Од сретствата пак кои ќе бидат прибрани на крајот на првенството најдобрите судии ќе бидат наградувани. Ова, како што беше истакнато на седницата, е со цел да се воведат заштитни механизми со кој би

се подигнало и нивото на судењето, но и квалитетот на натпреварите. Исто така на седницата беше одлучено таксите за судиите да се зголемат за 1000 ден односно за четвртфинале и полуфинале од досегашните 3000 на 4000 денари а за финале да изнесуваат 5000 ден. На предлог на комесарот за натпреварување на КФМ, Томе Димишкоски, присутните шест делегати од вкупно девет прволигашки клубови едногласно донесоа одлука да се формира солидарен фонд од кој ќе се исплаќаат судиите и делегатите. Секој клуб до почетокот на натреварите во касата на КФМ треба да уплатат по околу 100 000 денари со што би се избегнале досегашните непријатности околу

подмирувањето на судските трошоци. Како новина со почетокот на вториот дел од шампионатот ќе биде и начинот на кој ќе се делегираат судиите. Компјутерски ќе се одредуваат судиските тројки со што ќе се избегне фаворизирањето на одредени судии и делегати, а клубовите ќе имаат право да ги оценуваат нивните одлуки. Со ваквиот начин, според забелешките и оценките од страна на клубовите, некои судии ќе бидат иземени од судење на одредени натпревари и парично казнети. Следната седница на Здружението на прволигаши е закажана за 24 овој месец во Кавадарци каде ќе биде одржано и ждребањето за Купот.

ПО НАПРАВЕНИТЕ 38 СУДИСКИ ГРЕШКИ КОМИСИЈАТА ОДЛУЧИ

НЕМА КАЗНИ ЗА ЛОШОТО СУДЕЊЕ

С

удиската тројка Златевски Диковски Иваноски која ја делеше правдата во последното коло на натпреварот помеѓу Пелистер и АМАК СП нема да биде казнета поради слабото судење и бројните грешки кои ги направи на натпреварот- вака одлучи тричлената комисија во состав Блажески, Лазарески, Макрески -Судиите лошо суделе ама не влијаеле на резултатот. Според тоа не станува збор за тенденциозно судење, стои меѓу другото во извештајот на комисијата која судењето го оценила со слаба оценка која според нив се должи на недоволното искуство на судиите.

18

AMAK

PRES

Од АМАК СП пак изразија недоверба во стручноста на ваквата комисија која не санкционира судии кои имале 38 лоши одлуки на еден натпревар. -Неможам да се сложам со одлуката дека судењето не влијаело на натпреварот кога изгубивме само 4 кошеви разлика. На таквите судии не им е местото во првата лига. ''Направивме анализа која чинеше и време и пари и утврдивме 38 грешки на судиите. Ова не смее да помине неказнето доколку сакаме и понатака да не ни се случуваат вакви работи. Се покажа дека имаме режисери во спортот, но јас лично не сакам да учествувам во тоа. Сакам и вложувам

во спортот, но сакам и фер игра''- рече првиот човек на охридскиот прволигаш, Венко Шапкар. Инаку, Пелистер и АМАК СП се среќаваат и во првото коло од вториот дел на првенството кое започнува на 2 февруари. Во понатамошните натпревари ќе стартуваат 8 екипи. Екипата на Маврово која сама се повлече нема да ги продолжи натпреварите, а од следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига. Сузана Вренцовска


www.amac.com.mk/novini

19


SPORT

20

AMAK

PRES


ЦРКВАТА Е ЗА СИТЕ

Полека но сигурно народото се врати во прегратикте на својата исконска мајка црквата. Во периодот на бројни празници црквите се преполниоја со верници од сите генераии и модни ориентации. Фотографирано во Св Ѓорѓија - Горна Влашка Мала.

ЈОВЕ, КАЛИМЕРО И СЛАВИЦА

фото: Љ.Т.

Дистрибутерот на нашиот весник, популарниот Јован Костоски, секогаш екстравагантниот советник Петре Калимеро и Славица Стевоска за заедничка веселба. Славица пее, Калимеро игра и скока, а Јове во свој стил дополнително ја загрева позитивната атмосфера. . .

www.amac.com.mk/novini

21


OGLASI PISMA KULTURA

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во нашиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ. Продавам правосмукалка “Ровус “ скоро нова. Цена 6.000 денари. Телефон: 075/ 463 - 702.

Се продава голф 3 TD , регистриран до мај 2008 год. со поминати 130.000 к.м. Цена 5.000 Евра. Телефон: 070/391 - 250.

Продавам телешко месо и прасиња до 30 кгр. Телефони: 257 - 073 и 071/ 732 - 316.

Се продаваат јоги душек, тепих и две гуми со димензии 195-60-15. Телефон: 264 - 713.

Продавам “ Застава “ 750, 1982 год. Цена 220 Евра и “ Рено “ 21 1988 година по цена од 2.200 Евра, регистрирано до 28.12.2008 година. Телефон: 252 - 272.

Продавам спална и санитарија за купатило. Телефон: 070/ 69 - 89 - 90.

Продавам “ NISAN DATSUN CHERU “ GL 1.3, произведен 1983 година и регистриран до август 2008 година. Комплет ремонт на мотор направен во октомври 2007 година. Удрен позади но во возна состојба. Цена 350 Евра. Телефон: 070/ 258 - 333.

Продавам фрижидер “Кончар “ исправен од 310 Л за 3.000 денари. Продавама хармоника “ Велкмајстор “, бела со три регистри во исправна состојба, 4.000 денари. Купувам голема плинска боца. Телефони: 070/ 307 - 289 и 254 - 728.

Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, поволно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025

22

AMAK

PRES


ЕФЕКТИ

www.amac.com.mk/novini

23


www.basketball.org.mk ǸAǹǷOǸEǬ ǵA ǵAǺǷǸEǪAǸǰ ǷȘȊȈ ȓȐȋa - ǴaȎȐ-ǹeȏoȕa 2007/2008 ǪȚȖȘȈ ȕȈȚȗȘȍȊȈȘțȊȈȟȒȈ ȜȈȏȈ

2007/2008

01. 02. 03. 04.

3. DzȖȓȖ

Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ МЗТ СКОПЈЕ ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005

2007/2008

17. 18. 19. 20.

02.02.08

Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000 Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005 ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ. АМАК ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. ǨǴǨDzСП ǹǷ СВИССЛИОН П.

2007/2008

09. 10. 11. 12.

1. DzȖȓȖ

5. DzȖȓȖ

ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. АМАК СП ǨǴǨDz ǹǷ ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005 ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ

16.02.08

Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ ǨǴǨDz ǹǷ АМАК СП Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000 ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ.

23.02.08

Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ ФЕРШПЕД Р. ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ. Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000

2007/2008

05. 06. 07. 08.

Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000 ǨǴǨDz ǹǷ АМАК СП ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ.

2007/2008

13. 14. 15. 16.

2007/2008

25. 26. 27. 28.

7. DzȖȓȖ 01.03.08 ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005 Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ. Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000 ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. ǨǴǨDz ǹǷ Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ АМАК СП В. ОСИГУРУВАЊЕ

29. 30. 31. 32.

2007/2008

2007/2008

33. 34. 35. 36.

9. DzȖȓȖ 22.03. 08 ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000 ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005 АМАК ǨǴǨDz СП ǹǷ СТРУМИЦА 2005 ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ.

37. 38. 39. 40.

2007/2008

2007/2008

41. 42. 43. 44.

11. DzȖȓȖ 29.03.08 ǨǴǨDz ǹǷ Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ АМАК СП ФЕНИ ИНДУСТРИ ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ. ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005 Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000

45. 46. 47. 48.

ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005 СТРУМИЦА 2005 ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ.

20.02.08

ǨǴǨDz ǹǷ АМАК СП ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005

6. DzȖȓȖ

Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. К. Dz. СОКОЛИ ǹǶDzǶdzǰ2000 2000 Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ

2007/2008

09.02.08

4. DzȖȓȖ

Ǽǭǵǰ ИНДУСТРИ ǰǵǬǻǹǺǸǰ ФЕНИ Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ. Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000

2007/2008

21. 22. 23. 24.

2. DzȖȓȖ

27.02.08

ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ. ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005 ǨǴǨDz ǹǷ АМАК СП ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ

8. DzȖȓȖ 05/07.03. 08 Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000 ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005 ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ. Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ ǨǴǨDz ǹǷ ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. АМАК СП СВИССЛИОН П.

10. DzȖȓȖ 26.03.08 Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ ǨǴǨDz ǹǷ ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ АМАК СП МЗТ СКОПЈЕ Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000 ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. ǼǭǸȀǷǭǬ Ǹ. ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005

12. DzȖȓȖ 05.04.08 Ǽǭǵǰ ǰǵǬǻǹǺǸǰ ǹǪǰǹǹdzǰǶǵ Ƿ. АМАК СП ǼǭǸȀǷǭǬ Р. Ǹ. ǨǴǨDz ǹǷ ФЕРШПЕД Ǫ.ǶǹǰǫǻǸǻǪǨǣǭ ǹǺǸǻǴǰǾǨ 2005 Dz. ǹǶDzǶdzǰ 2000 ǴǯǺ ǹDzǶǷǡǭ

Komesar za natprevaruvawe, Tome Dimi{kovski s.r. АМАК СП

К. СОКОЛИ 2000 В. ОСИГУРУВАЊЕ

АМАК СП


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 81 by alan.kaou - Issuu