Skip to main content

АМАК ПРЕС 105

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina VI - Broj 105 25 Januari 2009

ВОДИЦИ НАЈГОЛЕМАТА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ВО ЗИМА НЕМА ГЕНЕРАЦИИ ЗА ПОДМЛАДОК НА ПАСТРМКАТА

ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ

БИЗНИСМЕНОТ ВЕНКО ШАПКАР ДОБИТНИК НА ПОЗЛАТЕН МЕДАЛЈОН

НОВИ ИМИЊА ВО ОХРИДСКИ АМАК

ИНТЕРВЈУ СО БИЗНИСМЕНОТ АЦО ПОПОСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП- ОХРИД

РАЗМИСЛУВАМ ДА СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

ТИМ ЗА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА

definitivno najevtino www.don.com.mk


ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES


ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ

БИЗНИСМЕНОТ ВЕНКО ШАПКАР ДОБИТНИК НА ПОЗЛАТЕН МЕДАЛЈОН СО ЛИКОТ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

П

о повод празникот Богојавление – Водици, здружението за афирмација на Македонската православна црква “Богојавление“, на господинот Венко Шапкар му подари позлатен медалјон со ликот на Св. Јован Крстител. “Наградата е наменета за заслужни граѓани кои имаат огромен придонес во развојот на општествениот живот во Охрид . Господинот Шапкар во голема мера помогна во организацијата на прославата за Водици, а е познат како поттикну-

вач и организатор на голем број културни и спортски случувања во градов. Кошаркарскиот клуб АМАКСП, успешно не претставува не само на државно туку и на европско ниво. Замислете колкави се придобивките од овој клуб за спортско претставување на градов пред меѓународната јавност. Станува збор за сестрана и успешна личност на секој план и затоа едногласно одлучивме наградата да му ја доделиме нему како заслужен граѓанин на Охрид“,изјави градоначал-

никот Александар Петрески кој е и член на организациониот одбор на здружението “Богојавление“. Господинот Шапкар ја изрази својата благодарност за добиената награда од здружението “Богојавление“ и истакна дека е убаво што манифестацијата по повод големиот верски празник е се помасовна и полека станува вистинска туристичка атракција во зимскиот период. “Ме радува што здружението “Богојавление“ како организатор на манифестацијата

се залага таа да добие традиционален карактер. Вреди да се вложува во вакви манифестации преку кои ја презентираме нашата земја пред бројните туристи кои токму во тие празнични денови се во Охрид“, рече Венко Шапкар. Наградата се доделува прв пат годинава, најверојатно ќе добие традиционален карактер и ќе се доделува на заслужни граѓани на Охрид.

www.amac.com.mk/novini

А. Белевска

3


ЛОКАЛ ОХРИД ПРЕЧЕКА НАД 30 000 ГОСТИ И ТУРИСТИ ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ

ВОДИЦИ НАЈГОЛЕМАТА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ВО ЗИМА ГОДИНAШНОТО ПРАЗНУВАЊЕ ОХРИЃАНИ ГО ОЦЕНУВААТ КАКО НАЈУСПЕШНО И НАЈДОБРО ОРГАНИЗИРАНО ДОСЕГА

О

хриѓанецот, Митко Топенчаров од населбата Варош го извади светиот крст од езерските води на еден од најголемите христијански празници, Богојавление - Водици Топенчаров светиот крст во езерото го бара веќе осумнаесет години, а годинава по четврти пат е среќниот фаќач.

4

AMAK

PRES

„Преубаво е чувството да се бара овој христијански симбол. Прв пат скокнав по него кога имав 14 години. Ни тогаш, ни сега не ме плашеше студот со него успешно се справува секој кој е во вода тој ден зошто тогаш ние верниците сме дарувани со сила и здравје. Со голема верба кон господ треба да се бара

крстот и само така тој ќе те пронајде тебе“,изјави Топенчаров. Христијанскиот симбол во езерото покрај Топенчаров го бараа околу 1000 млади христијани, а настанот го проследи 30.000 публика во која имаше државни и дипломатски претставници, новинари и други функционери од земјава, соседството и подалечните држави. „Не радува фактот што од година во година е се поголем бројот на капачите, но и на публиката . Мислам дека годинава го достигнавме максимумот во тој поглед и дека ја постигнавме целта, односно централната манифестација беше во Охрид“ изјави Томе Тримче, секретарот на Здружението за афирмација на Македонската православна црква Богојавление кое по шести пат е организатор на манифестацијата. И тројцата кумови на Водици: Христијан Шапкар, Олег Маленко и Борис Маркулески се задоволни од начинот на реализирање на свеченостите со кои се докажа дека охриѓани се добри домаќини и дека на овој ден треба да им оддадеме внимание и поддршка


МИТКО ТОПЕНЧАРОВ - ПО 4-ТИ ПАТ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ на оние на кои им е најпотребна. „Оваа година воведовме една новина која ќе настојуваме да прерасне во традиција, кумовите да прават доброхумано дело за своите сограѓани. Ние конкретно помогнавме со набавка на одредени материјали и средства во Општата болница во Охрид“, истакна Шапкар. Според Маленко, како кум, но и туристички работник важно е преку вакви свечености да се привлекуваат поголем број туристи во Охрид од кои градот ќе има бериќет и во зима. „Покренав доста тур-оператори и гости да дојдат во Охрид за да ја стават оваа манифестација и овој ден на туристичката мапа на своите понуди, а со цел овој ден да не биде само на охриѓани туку да добие масовност“, додава Маленко. На среќниот фаќач на крстот кумовите му подарија златна реплика од светиот крст вредна 3500 евра и други подароци.

ВЛАТКО СТЕФАНОСКИ И АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ СО СВОИ НАСТАПИ НА ВОДИЦИ За Водици во Охрид пред насобраната толпа луѓе мини концерти одржаа, светски познатиот виртуоз на гитара, Влатко Стефаноски и Александар Белов од Операција Триумф. Стефаноски прв пат доаѓа за Водици во Охрид и е воодушевен и инпресиониран од начинот на прославата и нејзината масовност. „Досега за Водици секогаш сум бил во Скопје, обично гледам што се случува во Вардар, меѓутоа ова кај вас беше на-

вистина инпресивно. Цело време додека бев на стејџ на сцена чувствував некоја чудесна енергија од публиката од младите капачи кои по ова студено време го бараа крстот. Навистина воодушевен сум од случувањето„ изјави тој. На градскиот плоштад се спроведе традиционалната крводарителска акција во организација на Црвениот Крст од Охрид. Беа собрани 92 единици крв а 40% од дарителите беа нови, млади дарители. По повод празникот водици и Саемот за туризам кој од 17-ти до 20 јануари се одржа во Охрид, хотелите кои се дел од Туристичката асоцијација ХОТАМ, ги намалија цените за полупансион кој вклучува ноќевање со појадок, за 50 проценти. Инаку, на овој голем христијански празник членовите од Академијата за хуманизам постхумно ја доделија наградата за хуманизам за 2009 година на рускиот писател, Александар ИсаевичСолженицин. Кон крајот на јануари македонска делегација ќе оди во Москва и наградата ќе и ја предаде на неговата сопруга Наталија.

НА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ ТАЈФАТА НА ЛОТЕ И ВЕТЕРАНОТ БИЛЈАНОСКИ ДОБИЈА БОЧВИ СО ПО 100 ЛИТРИ ВИНО Свеченостите по повод празникот Богојавление – Водици во Охрид продолжија наредниот ден -20 јануари кога кај месноста Сараиште во водите

на езерото по крстот се капат рибарите и ветераните. „На 20 јануари рибарите во минатото го одбележувале денот кога почнувал ловот на пстрмката, затоа тој ден, симболично го викаме ден на рибарите. Затоа и на овој ден славиме ние рибарите“, вели Славе Бучко , кој долги години го барал крстот во езерските води, а неговиот татко Андон Бучко бил еден од најголемите иницијатори крстот во езерските води да се фрла јавно пред голема толпа народ и со поддршка на МПЦ. Годинава најбрзо до бочвата со сто литри вино стигнаа Климе Лотески,Наум Лотески,Иван Лотески, Вангел Лотески, Тодор Ангелоски и Оливер Иваноски. Покрај нив Здружението за Афирмација на македонската православна црква „Богојавление“, бочва со 100 литри вино му додели и на ветеранот Георги Билјаноски. „Во езерото по светиот крст на Водици се фрлам повеќе од 30 години. Прв пат нурнав во водите во 1978 година и од тогаш го барам секоја наредна“, вели Билјаноски. На Сараиште се капеа и Евро амбасадорот во Македонија, Ерван Фуере и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Според Фуере, зимското капење во Охрид може да биде вистинска туристичка атракција и настан интересен и привлечен за голем број туристи. Фрлањето на светиот крст во езерските води има долга традиција. До 1946 година тој се фрлал јавно, а од таа година била воведена забрана за негово фрлање во езерото. Обредите и обичаите за Водици продолжиле да се реализираат, но во црквите каде во огромни садови со вода се барал крстот. Во 1973 година Ѓорги Арнаудов- Дарката и Андон Бучко го зеле крстот од поп Смилјан и прота Ѓорги и го фрлиле во езерото сами без присуство на свештеник. Тогаш двајцата пред поголем број верници пеејќи го тропарот Во Јордание“ јавно се искапиле кај градското пристаниште во Охрид, со што дале огромен придонес за легално фрлање на крстот во езерските води. Од тогаш до 1990 година крстот се фрлал во езерото тајно во отсуство на владици. Во 1990 година митрополитот Тимотеј свечено го фрлил крстот во езерото пред 10 илјадна публика. Од тогаш до денес празникот ,Богојавление – Водици е еден од најмасовните и најпосетувани во зимскиот период во Охрид.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

5


ЛОКАЛ

ОХРИД НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА МАПА ВО ГРАДОВ ГОДИНАВА ЌЕ НИ ДОЈДАТ ГОЛЕМ БРОЈ ГОСТИ ОД ГЕРМАНИЈА, ХОЛАНДИЈА, ТУРЦИЈА, КИНА, ЈАПОНИЈА И ДРУГИ ЗЕМЈИ. ОРГАНИЗАТОРИТЕ ЗАДОВОЛНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ. ЕДИНСТВЕНА ЦРНА ДАМКА НА ГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ БЕА НЕУСОГЛАСЕНИТЕ СТАВОВИ МЕЃУ ОПШТИНА ОХРИД И ОРГАНИЗАТОРОТ, АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ ОКОЛУ ТОА КОЈ СО КОЛКАВИ СРЕДСТВА УЧЕСТВУВАЛ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, КАКО И ЗА НАЧИНОТ НА ОТВОРАЊЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА

Е

фектите од Саемот за туризам што во Охрид се одржа од 17-ти до 20 јануари се повеќекратни. Над 100 туроператори од Европа го посетија Саемот за туризам и истовремено на едно место можеа да се запознаат со понудата на македонскиот туризам. Од март до ноември годинава земјава ќе ја посетат туроператори од Шпанија, Русија, Холандија, Германија, Украина, Турција, како и од Кина и Јапонија. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која беше и организатор на годинешниот Саем за туризам најавуваат агресивна туристичка кампања. На сите гранични премини ќе се отворат туристички информативни центри, а Агенцијата размислува финансиски да поддржува концерти на светски ѕвезди, како тој на Мадона во Будва, кои ќе привлечат многу странци во земјава. “Потпишавме меморандум за заедничка промоција на Македонија како туристичка дестинација за првпат на италијанскиот пазар. Договоривме соработка со Аквапура за промоција на Македонија во Португалија во октомври. Странските туроператори непосредно ја следеа манифестацијата Водици како туристичка атракција. Гости на Саемот беа директори на меѓународната асоцијации за туризам -ИХРА,БХРА,ЕURO MEDITERANIAN хотел и ресторанот Federation. Тие се импресионирани од тоа што можеа да го проследат. Се одржа државниот натпревар во гастрономија,се одржаа трибини кои тангираа важни теми од туризмот. Се на се задоволни сме од сите кои учествуваа во организацијата на Саемот и тоа :БАХА,Туристичките комори за туризам,ХОТАМ,Факултетите за туризам во Охрид и Скопје“, изјави директорот на Агенцијата за туризам, Зоран Стрезоски. Природните убавини, гостопримливиот народ и добро организираната манифестација за празникот Водици, оставија силен впечаток на 30-ината излагачи учесници на Саемот и тие го

6

AMAK

PRES

ГОДИНАВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГОСТИ ОД ШПАНИЈА, РУСИЈА, КИНА, ЈАПОНИЈА, УКРАИНА, ТУРЦИЈА, ГЕРМАНИЈА И ХОЛАНДИЈА

најавија своето доаѓање за идната година. Единствена црна дамка на годинешното саемско издание беа неусогласените ставови меѓу Општина Охрид и организаторот на Саемот, Агенцијата за туризам. Имено од оваа агенција велат дека Општина Охрид воопшто не се вклучила во организацискиот дел, а од општината пак одговараат дека тие се главните организатори на саемот . “За жал морам да констатирам дека и покрај сите наши напори Општина Охрид не се вклучи во организација на Саемот за туризам во Охрид. Дури и спортската сала каде што се одржуваше Саемот ја плативме по цена од официјалниот ценовник за закуп на салата донесена од Управниот одбор на претпријатието и дополнително плативме за нафта за греење. Затоа јас сум изненаден со лицитирање на цени дека тоа чини 25 000 евра- кој ја донесол таа цена, кога е донесена,каде е таа цена?Ве молам истражувајте колку чини дневен закуп на спортската сала. Ние со нив најрегуларно потпишавме договор за цена која е на нивниот ценовник, односно колку што тие ни побараа и ја плативме“, ни изјави непосредно по завршувањето на саемот директорот на Агенцијата за туризам, Зоран Стрезоски. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески пак вели дека Општината била еден од главните спонзори на саемот. “Се разбира дека учествувавме во орга-

низацискиот дел. Спортската сала каде што се случуваше настанот по правило се изнајмува за 25 000 евра. Ние од организаторите побаравме само 3 000 евра за покривање на направените тековни трошоци кои треба да ги достават до Охридски Комуналец. Другите 22 000 евра се подарок од општината“, истакна Петрески, и додаде дека е разочаран и од односот на организаторите на денот на отворањето на саемот. Секаде на денот на отворањето на некоја манифестација добредојде на гостите им посакува градоначалникот, мене тоа право ми беше скратено во последен момент. Во полза на позитивно претставување на градот не презедов ништо против тоа би кажал, некултурно однесување“,истакна градоначалникот Петрески. “Ве молам за да се разбереме - градоначалникот беше поканет како гостин и така беше испочитуван. Доколку сакал да зборува градоначалникот протоколот од Општината требаше да не контактира претходно. Градоначалникот не зборува и на отворање на Охридско лето,зошто тогаш не прави скандал?, вели Стрезоски. Годинешното саемско издание чинеше 50 000 евра кои останаа во стопанството во Охрид, а како општина, Охрид само од гостите ќе инкасира 5-6 000 евра од туристичка такса. Ангела Белевска


СВЕТСКАТА КРИЗА ВЛИЈАЕ И ВРЗ ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ

ПРОМЕТОТ НА АГЕНЦИИТЕ ПРЕПОЛОВЕН

П

обарувачката за купување на недвижен имот е иста, но пунудата е далеку намалена а со тоа прометот на недвижности речиси е преполовен. Според агенциите за недвижности цените по квадратен метар во Охрид сеуште не се променети и се движат од 500 до 1300 евра. Најевтини се становите во Далјан, а најскапи во централното градско подрачје во згради кои се веднаш до езерото. Агентите велат дека никој во овој период не се решава да продава недвижности поради неизве сно ста од состојбата која следи по светската криза од минатата година. -Најчесто граѓаните не се решаваат за продажба на станови и имот затоа што не знаат што потоа со парите каде да ги вложат и затоа овој период понудата е речиси најслаба од кога било, велат од агенциите. Според нив ваква состојба на намалена понуда имало и минатата година пред самитот во Букурешт кога се очекуваше Македонија да влезе во НАТО, но тогаш причината била пора-

ди очекувањата цените на недвижностите драстично да се зголемат. -Сега не е време да се тргува со недвижности, а за да се надмине ваквата состојба ќе треба да помине доста време. Добро е што цените на недвижностите останаа исти барем во Охрид,

па од скромната понуда успеваме да продадеме по нешто, иако за разлика од минатите години е далеку послабо, вели сопственикот на една агенција за недвижности од Охрид. Најголем интерес за купување стан во Охрид пројавуваат и натаму граѓаните од Скопје и тоа за најатрактивните и најскапите локации вдолж брегот на езерото. Но според агентите слаби-

от промет се должи и на недоволната градба во централното подрачје во градов. Оние што се одлучуваат да купат најчесто бараат станови со средна квадратура од 60-тина метри квадратни додека плацевите и куќите не се привлечни за туристите. Странците пак имаат многу мал интерес за купување на недвижно сти во Охрид иако Законот тоа го дозволува. Тие единствено се заинтересирани за големи локации од 5-6 000метри квадратни и тоа покрај самото езеро за ком е р ц и ј а л н и цели на кои би изградиле хотели. Меѓу нив најбројни се словенците. Што се однесува до стариот дел на градот од агенциите велат дека таму состојбата е најкомплицирана за продажба. -Тоа најчесто се куќи кои им припаѓаат на повеќе фамилии и тогаш цената вртоглаво расте. Стара куќа пред распаѓање достигнува цена и до 150 000 евра. Сега во овој период на светска криза ретко кој се одлучува да купи нешто толку скапо, велат агентите. Сузана Вренцовска

www.amakpres.com.mk

7


ЛОКАЛ ЗАПОЧНА МРЕСТОТ НА ПАСТРМКАТА

НЕМА ГЕНЕРАЦИЈА ЗА ПОДМЛАДОК ВО ЕЗЕРОТО

С

о релативно слаб улов од над 120 килограми пастрмка од водите на Охридското Езеро почна традиционалниот вештачки мрест. Од Хидробиолошкиот завод се надеваат дека до 20 март до кога трае мрестот од македонска и од албанска страна дека ќе биде обезбеден биолошкиот минимум од 3,5 милиони зрна икра. Атакот врз езерото е посебно зачестен од другата страна на езерото. - Мрежите кои се запленети од албанска страна зборуваат дека се работи за количини на риба која е млада од две до три години. Со тоа се прави голем атак на генерацијата која што треба да даде подмладок. Двете држави мора да седнат и да го решат овој проблем вели Зоран Спиркоски, раководител на одделението за рибарство при Хидробиолошкиот завод. Според директорот на Хидробиолошкиот завод, Гоце Костоски на езерото му е потребна физичка заштита со цел побрзо враќање на пастрмката во водите на Езерото во оптимални количини. -И ние како институција и Владата прават напори да се реанимира пастрмката што побрзо, но најважна е физичката заштита која не е доволна само за време на мрестот. Таа треба да трае преку целата година, смета Костоски.

Ловот на пастрмката и за годинашниов вештачки мрест се врши од три пункта Трпејца, Пештани и на охридскиот дел, а ангажирани се 14 рибари и 10 рибочувари се со цел да се сочуваат риболовните ловишта. Младите пастрмки во езерото ќе бидат пуштени во водите на Охридското Езеро во октомври и ноември кога кленот е отсутен и не ќе

може да ги напаѓа. Инаку, порибувањето на езерото со вештачки мрест е традиција долга над 70 години, а последните пет се прави на специфичен начин со враќање на уловените матици живи во езерото се со цел побрзо анимирање на популацијата на охридската пастрмка. С.В

ВО ОХРИД ЗА ПРВ ПАТ

ФОРМИРАНА УЧИЛИШТНА СООБРАЌАЈНА ЕДИНИЦА

П

рвата граѓанско у ч и л и ш т н а сообраќајна единица во Македонија е формирана во Охрид. Овој проект е реализиран од страна на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, со поддршка на Републичкиот совет и МВР. Единицата која е составена од 12 млади луѓе нема да се меша во ингеренциите на редовната полиција и ќе делува едукативно и превентивно врз училиштната младина а ќе им помага на граѓаните во време кога сообраќајот е посебно густ,особено околу пладне

8

AMAK

PRES

и преку лето. Униформираните младинци ќе бидат поставени на оние места каде

што има најголема потреба, на крстосниците и пред училиштата.

«Членови на оваа единица ќе бидат ангажирани на крстосницата кај Охридска банка, кај Мини маркет и уште на неколку пунктови. Тие ќе бидат ангажирани и пред училиштата,а нивна задача е превентивно да делуват врз училиштната младина.Оваа единица е прва што е формирана на територијата на Македонија,а слични вакви единици постојат во Холандија и во Германија»,вели Васил Ложанкоски,еден од координаторите на проектот за формирање на оваа единица. С.В


СО ГОДИНИ НАЈАВУВАНА СЕУШТЕ НЕИЗГРАДЕНА

ОХРИД И НАТАМУ БЕЗ АВТОБУСКА

И

змина уште една година, а Охрид нашиот најголем туристички центар и понатака останува без автобуска станица. Гостите и за годинешниве празници пристигнуваа под ведро небо, а истата слика ќе биде и за време на летната туристичка сезона. Но загрижува тоа што повеќе не пристигнуваат оптимистичките најави од градоначал-

никот Александар Петрески кој две години уверуваше дека изградбата на автобуската станица конечно е на повидок а целиот проект ќе се завршел за само неколку месеци. Сега, Петрески со сосема нов став- Охрид, според него, имал автобуска, а објектите кои се таму не биле ништо помалку од оние кои се наоѓаа на старата автобуска која пак експрес-

но беше срушена за да на нејзино место никнат двете згради на Ремис. Идејното решение за современа европска автобуска повеќе не е дури ни во изјавите на охридскиот градоначалник. -Не може да се каже дека Охрид нема автобуска станица кога сите ја гледаме. Таму има и објекти кои ја вршат истата функциј, како и кај старата автобуска, но за да се направи нешто повеќе најпрвин треба да се реши сопственоста на земјиштето, ваков е одговорот на Петрески за тоа кога конечно Охрид ќе добие комплетна автобуска станица. Тој за нереализираните а најавени проекти во градот ја обвини централната власт, која според него, постојано го кочела развојот на Охрид. -Изминатава година очекував далеку подобра соработка со централната власт,но испадна далеку полошо. Сега како што се ближат из-

борите соработката е се полоша и полоша. Урбанистичките планови чекаат само за еден потпис, а сето тоа има политичка заднина, вели Петрески кој за ваквиот однос на Владата најави кривични пријави и, како што рече, ќе ги информирал и надлежните од Европската унија. „Кон крајот на овој месец имам закажано и средба со Оли Рен и ќе го информирам за сите опструкции кои ни ги прави централната власт“ Инаку, проектот автобуска кој според Петрески тежи 10тина милиони евра, требаше да се реализира пред повеќе од две години. По неговата изградба, како што тврдеа од општината, ќе следела и катната гаража и жичарница најавувана како најголема туристичка атракција која ќе води до стариот дел на градот.Но освен најавите нема ни трага од ваквите капитални дела. С. Вренцовска

ǰǶǿ

ǽǼǧ

ǿè țȎ ȓȒțȜ ȚȓȟȠȜ ǰȎȦȓȠȜ ȒȓșȜȐțȜ ȝȎȠȡȐȎȷȓ ȠȞȓȏȎ ȒȎ ȟȓ ȞȓȎșȖȕȖȞȎ ȟȜ țȎȵȒȜȏȞȖ ȐȞȟȘȖ, ȟȜ țȎȵȘȐȎșȖȠȓȠțȖ ȎȐȖȜțȟȘȖ ȘȜȚȝȎțȖȖ, ȐȜ țȎȵȒȜȏȞȖ ȣȜȠȓșȖ, ȟȜ țȎȵțȖȟȘȖ ȠȞȜȦȜȤȖ.

ǸȎȘȜ?

ǻȓ ȑȡȏȓȠȓ ȑȜ ȐȎȦȓȠȜ ȒȞȎȑȜȤȓțȜ ȐȞȓȚȓ ȐȜ ȞȎȕȚȖȟșȡȐȎȷȓ! DzȜȕȐȜșȓȠȓ ȠȜȎ ȒȎ ȑȜ ȜȞȑȎțȖȕȖȞȎȎȠ ȓȘȟȝȓȞȠȖ Ȗ ȝȞȜȢȓȟȖȜțȎșȤȖ.

046 255 600 www.vispoj.com.mk


ИНТЕРВЈУ ИНТЕРВЈУ СО БИЗНИСМЕНОТ АЦО ПОПОСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП- ОХРИД

РАЗМИСЛУВАМ ДА СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК АЦО ПОПОСКИ, БИЗНИСМЕН И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОХРИДСКИОТ ОГРАНОК НА НСДП, ВО ПРЕСРЕТ НА СЕ ПОИЗВЕСНАТА КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД СО ДИПЛОМАТСКИ ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ. ТОЈ ИМАЛ ВИЗИИ ЗА РАЗВОЈ НА ОХРИД,НО И ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ ОД СВЕТСКАТА КРИЗА,КОЈА КАКО ШТО ВЕЛИ:„ И ТОА КАКО ЈА ЧУВСТВУВА СТОПАНСТВОТО И ПРЕД ТОЈ ФАКТ НЕ ТРЕБА ДА СЕ МОЛЧИ“.

10

Во пресрет на локалните избори низ охридската чаршија се споменуваат повеќе имиња како можни кандидати за градоначалник.Едно од почесто споменуваните имиња е и вашето. Изворно за јавноста Ве молам одговорете ми, имате ли амбиции да се кандидрате за Градоначалник?

успешен и модерен град. На тоа секогаш ќе работам во било кое својство и било каква улога. Со каква програма ќе настапите? Кои ќе се целните групи на гласачи на кои ќе се сконцентрирате во кампањата?

Упсешен сте во бизнисот и доколку се кандидирате за градоначалничкото место, дали со тоа сакате да добиете лична сатисфакција во поглед на кариерата или сметате дека на Охрид треба да му се даде поинаква визија и правец во развојот?

- Добро е кога граѓаните спомнуваат некои имиња за функцијата градоначалник на град Охрид. Тоа значи дека го имаат согледано квалитетот на тие личности и очекуваат нивна кандидатура. Ако и моето име се наоѓа меѓу нив, јас сум посебно почестен.Тоа ме тера да размислам дали да прифатам еден таков предизвик и да одговорам на тој повик. Јас како вистински Охриѓанец, имам само една желба -Охрид во кој што живеам со мојата фамилија да биде

- Сеуште не сум кандидиран за да одговорам на ова прашање. Но, моите визии им се добро познати на многу граѓани со кои што сум контактирал, а особено на луѓето од бизнис заедницата. Имам визија за својот град како модерен туристички и светски саемски центар, седиште на културни активности и отворено стопанско подрачје кое ќе привлекува странски инвестиции кои ќе ги вратат надежите кај луѓето за својата егзистенција.

- Мојата работа во стопанството беше сериозна и многу напорна сите години наназад. Дадов многу за да го развијам бизнисот кој го работам, но и многу научив во текот на овие години. Остварував бројни контакти со познати личности и стопанственици од целиот свет. Сметам дека тоа мое искуство ќе придонесе за поуспешно и поефикасно реализирање на секоја идеја и иницијатива поврзана со развојот на градов. Охрид особено има неискори-

AMAK

PRES


HOTEL RIVIERA ZIMSKA PONUDA

^orba + 1 pijalok

MENI 1.

= 100,oo

MENI 2. Omlet so dodatok + 1 pijalok = 100,oo MENI 3. [arska pleskavica na `ar + salata + 1 pijalok= 160,oo MENI 4. Svinsko rebro na `ar + salata + 1 pijalok = 180,oo MENI 5. Me{ana skara na `ar + salata + 1 pijalok = 290,oo MENI 6. Pe~eno pile za 2 lica + 2 salati + 2 pijaloci = 390,oo MENI 7. Doma{en kolbas + salata + 1 pijalok = 150,oo MENI 8. Porcija prase~ko pe~ewe + salata +1 pijalok = 320,oo Pijaloci {to sleduvaat vo meniata se: krigla skopsko pivo 0.3 ; vino 0.2 (smederevka, roze, kavadarka); rakija `olta/bela 0.05; topla rakija 0.05; koka kola; fanta; {veps; xus/gusti; mineralna voda) SPECIJALNA PONUDA: Vino 0.2 + porcija pla{ici Rakija 0.05 + salata Rakija 0.05 + potpe~eno sirewe Pivo 0.3 + apetisani Topla rakija 0.05

SEKOJ DEN OD 07:00 DO 23:00

= 100,oo = 60,oo = 100,oo = 70,oo = 30,oo

A VO VIKENDI OD 07:00 DO 24:00, SO @IVA MUZIKA P O V E L E T E! 11


INTERVJU стени ресурси во човечки потенцијал кој што е подготвен да се вклучи во едни вакви предизвици.

е една од најуспешните до сега, или мислите дека е малку сторено за Охрид?

Сметате ли дека НСДП треба да оди сама на претстојни изборни циклуси или во коалиција со партии блиски до нејзината ориентација? И воопшто дали сметате дека партијата преку коалициско дејствување ќе оствари подобри резултати?

- Како што спомнав погоре, јас тука живеам со својата фамилија и очекувам убав Охрид, тоа сеуште не е постигнато и затоа велам дека не е направено доволно, дека можело да се направи повеќе. Остануваат на новиот градоначалник и на новиот совет напорни

- Како човек секогаш се залагам за соработка со другите. Меѓутоа, за овие избори сметам дека партиите треба да излезат сами пред граѓаните за да ја проверат својата платформа што ја прават во нивен интерес. Се друго би било бегање од одговорноста. За локалните избори важен е квалитетот на кандидатите што ќе бидат понудени пред граѓаните. Во таа смисла пред граѓаните треба да се понудат квалитетни личности какви што Охриѓани овој пат очекуваат.

Вие сте познат бизнисмен, имате бизнис во неколку градови и во различни сфери. Дел од нив како што е металопреработувачката индустрија се погодени од глобалната рецесија која полека се претвора во економска криза. Ве погоди ли кризата, и какви прогнози имате за идните текови во економијата кај нас и во светот?

Мислите ли дека ако се суди според анкетите, партиите без да коалицираат ќе можат да го загрозат ВМРО ДПМНЕ? И воопшто, какви се Вашите прогнози за резултатите од следните избори на двете нивоа? - За Македонија е важно да има чесни и фер избори. За граѓаните е важно да излезат на изборите добро информирани и слободно да ја дадат својата определба. За една држава не е добро апсолутна власт. Се прашувам дали би било добро за Македонија да се добие апсолутна власт. Во развиените земји електоратот е тој што ги регулира овие работи и не дозволува преголема концентрација на власт сконцентрирана во една партија. Како ја оценувате актуелната локална власт,тука мислам на советот и градоначалникот? Сметате ли дека

12

AMAK

PRES

Охрид, многу добро знаат какво беше охридското стопанство порано, а какво денес. Слободно можам да кажам дека овој сектор сите години наназад е запоставен. Зз ова повеќе пати јавно сум зборувал. Водењето на еден град значи и бара посебна посветеност за развој на бизнисот во општината. Мораме сите заедно што поскоро обединети да изнајдиме решение преку инвеститори и добри програми да го подигнеме бизнсот во Охрид. Да продолжиме со привлекувањето на странски и домашни туристи, да овозможиме нови работни места, да го внесеме Охрид на Европската карта како сина и привлечна точка.

ангажмани за да се подигне нивото на живеење во Охрид. Присутен сте во бизнис заедницата на Охрид како прв човек преку бизнисот со кој се занимавате. Какво е вашето мислење за економската состојба во Охрид, имате ли како бизнисмен изграден став на кои гранки е денес охридското стопанство и во кој насоки Вие го гледате неговиот иден развој? - Граѓаните на Охрид многу добро знаат каква е економската состојба во

- На секој граѓанин во Македонија му е познато (има почувствувано) дека светската економска криза е навлезена и кај нас. Потребни се зголемени напори на секој менаџер, работник, истата да се преброди. Доаѓаат уште потешки моменти и како што ви е познато сите влади преземаат конкретни мерки. Сметам дека првичните мерки што ги презеде нашата Влада не се доволни и треба да се надоградат, посебно да се предвидат мерки за извозните фирми кои се први и најдиректно погодени од светската економска криза. И во нашата фирма се чувствуваат тешкотиите од светската криза за што менаџментот континуирано презема адекватни мерки. Љупчо Таневски


ЕРЗАНА САЛИУ – ОСУМ ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ ШТО ПРВ ПАТ ПРАВЕШЕ ЗАБАВА ЗА СВОЈОТ РОДЕНДЕН

СРЕЌАТА СЕКОГАШ НЕ ЛЕЖИ ВО ПАРИТЕ, СРЕЌНА МЕ ПРАВИ ЗДРАВЈЕТО И ЉУБОВТА КОН НАЈБЛИСКИТЕ владее македонскиот јазик и знае да го чита и пишува уште пред запишувањето во училиште. “На своите пет години дојде со сликовница во рака напишана на македонски јазик и показалецот го постави на буквите кои не и беа познати. И кажувавме дека сеуште е мала да совлада втор јазик, но таа не не слушаше и навистина набрзо потоа научи да го чита и пишува“, раскажува стрико и Бурим, кој додава дека таа е одлична ученичка. Ерзана живее со своите родители и петте сестри. Интересно е што во смејството сите членови имаат родендени во јануари или почетокот на февруари и што има две двојки близнаци. Најстари се близначките Едлира и Елвира имаат по 19 години, го завршиле сред-

Е

рзана Салиу на 12 јануари прв пат организирано го прослави својот осми роденден. На сон го гледаше, она што го посакуваше и по што мечтаеше откако е родена. Ја замислуваше големата роденденска торта и во сонот го слушаше ракоплескањето на нејзините другарчиња кога ги дува роденденските свеќи. Навистина сонот и стана јаве, Црвениот крст и организираше роденденска забава во угостителскиот објект, “Куба Либре“. “Пресреќна сум,и се уште сум возбудена, иако помина речиси половина месец од прославата. Утрото кога се

ното училиште и од тогаш и помагаат на мајка си околу домашните обврски. “Наутро ја носиме Ерзана во училиште, ја земаме по завршувањето на часовите и секако како неа така и на Емира, нашата 14 годишна сестра, им помагаме во пишувањето на домашните работи или во одгатнувањето на училишните проблеми доколку ги имаат“, раскажува Едлира. По Емира на свет дошла Ерзана, а најмали се пет годишните близначки, Влора и Фиола. Шесте принцези во семејството Салиу, носат имиња кои означуваат нешто. Емира во превод значи добра, Ерзана мирис на самовила, Фиола снегулка ,а Влора преведено е Валона (име на град во Република Албанија).

пробудив бев вознемирена, ми беше кажано дека по завршувањето на часовите сите ученици ќе одиме на роденденска забава, но јас не почувствував дека станува збор за прослава што е организирана во моја чест“, ни кажа малата Ерзана која како никогаш до сега добила голем број подароци, облека, обувки, училиштен прибор и играчки од Црвениот крст како и телевизор од невладината Лајанс –Лихнидос од Охрид, секако и подароци од нејзините другарчиња. Малата Ерзана, е трето одделение во Основното училиште “Братство“ иако учи во албанска паралелка одлично го

www.amakpres.com.mk

13


Осум членото семејство живее скромно, но среќно и весело. Од секој агол во нивниот дом зрачи топлина, а секој нивни поглед буди позитивна енергија и кроткост. Им придаваат важност на малите нешта кои ги прават радосни и среќни. Иако ниту едно од девојчињата до сега не организирало роденден со торта и многу гости тие се задоволни и среќни. Родендени правеле по две или три девојчиња заедно, односно оние чии датуми на раѓање им се најблиски еден до друг прославувале заедно, а се случувало роденденот да го одбележат заедно и со подалечните роднини. Со оглед на тоа што семејството е многубројно и потребите на децата од година во година се се поголеми финансиите не се нивната најдобра страна, но сепак таткото Меџаит кој работи како молер успева да

14

AMAK

PRES

врзи крај со крај во месецот, зошто во семејството се почитува паролата “Во парите секогаш не лежи среќата“. Како екипа бевме воодушевени од позитивната енергија, ведриот дух и оптимизам кој владееше во семејството Салиу дента кога ние ги посетивме, а велат дека првиот впечаток е оној вистинскиот, па веројатно такви се и тие весели и насмевнати со добра меѓусебна комуникација и добра мисла што ги одржува во живот. Малата Ерзана пак пред да не испрати и поздрави побрза да ни ги покаже роденденските подароци кои се уште ги чува уредно завиткани како дента кога ги доби. Таа веќе направила план што од подароците овој пат таа ќе им подари на своите сестрички кои бескрајно ги почитува и сака. Ангела Белевска


1

15


HRONIKA ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ОБВИНУВА

УСЛОВИТЕ ВО ОХРИДСКИОТ ЗАТВОР КАТАСТРОФАЛНИ

ВИРЕЕЊЕ НА БОЛЕСТИ, ЛОШИ ХИГИЕНСКИ УСЛОВИ, НЕВАКЦИНИРАНОСТ НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ОД ХЕПАТИТ Ц, ЗАЕДНО СО ЛОШАТА СОСТОЈБА НА САМИЦИТЕ, СЕ САМО ДЕЛ ОД ОБВИНУВАЊАТА КОИ ГИ ИЗНЕСЕ ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА МАКЕДОНИЈА ВЕДНАШ ПО ПОСЕТАТА НА ЗАТВОРОТ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ОХРИД

З

аразни болести, лоши хигиенски услови, невакцинираност на затворениците и вработените од хепатит Ц, заедно со лошата состојба на самиците, немање на редовни прегледи, ретки посети од страна на судиите и Центрите за социјална работа, се само дел од обвинувањеата кои ги изнесе Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија веднаш по посетата на Затворот за малолетници во Охрид. Освен досега набројаните, комитетот потенцира дека во охридскиот затвор имало повреда на правото на приватност како и недоволен број на превоспитувачи. Во однос на материјалните услови во оваа установа Хелсиншкиот комитет во својот извештај забележува дека најлоши услови постојат во притворското одделение. «Условите во притворското одделение се катастрофални, на подот се наоѓаа огромни

16

AMAK

PRES

дупки, целиот простор мирисаше на влага, притворените лица немаат природна светлина, а светлината во ќелиите доаѓаше единствено од светилките кои се наоѓаат во коридорот на притворското одделение, од кои дел не беа во употреба. Претставниците посетија една соба за притворените лица во која се наоѓаа 3 кревети и санитарен јазол во многу лоша состојба, во ќелијата еден од креветите беше наместен, а во неа имаше и шампон, по што претставниците добија впечаток дека некој престојува во таа просторија, иако вработените го тврдеа спротивното», се вели во извештајот. Во однос на хигиената комитетот забележува дека е на задоволително ниво како и дека исхраната во затворот последните две години била збогатена во квантитет и квалитет. «На малолетните лица постојано им се купуваат

долна облека, алишта, патики, чорапи и им се даваат хигиенски пакети, постелнината постојано им се пере и за таа намена била купена и нова машина за перење како и сушара. На секои 2 недели се прави листа со лица кои се на ред да си ја перат облеката во пералната во која работат двајца од нив. Секое малолетно лице при прием добива пакет за лична хигиена. Ист таков пакет лицата добиваат секоја втора недела», забележува Комитетот за човекови права. Од Хелсиншкиот комитет препорачуваат итна реконструкција на самиците, вработување на социјален работник, редовни и задолжителни посети од страна на судиите и Центрите за социјална работа, вакцинација на сите лица кои издржуваат казна во затворот и вработени, редовни целосни систематски и стоматолошки прегледи, дислокација на затворот како и почитување на сите одредби од Законот за извршување на санкции, без селективен пристап. Како треба да изгледаат македонските затвори Македонскиот Закон за извршување санкции има одредби за кои и набљудувачите од Меѓународната хелсиншка федерација и од хелсиншките комитети и групи од осум држави заклучија дека се -

извонредни. Според Законот, «секое лице има право на минимум 9 кубни метри простор за живот», осудените лица треба да бидат сместени во посебни соби доколку во институцијата постојат услови за тоа, а кога се сместени во заеднички спални, потребно е да се обезбеди нивна психолошка компатибилност, но во секој случај, Законот забранува сместување на повеќе од пет осудени лица во една спална! Осудените лица, според Законот, треба да добиваат храна со дневна калорична вредност од 12.500 џули, редовно да бидат прегледувани од лекар вработен во самата институција и да им се обезбедува специјалистички преглед на нивен трошок, ако го побараат!. Зад ѕидовите на затворите владее хаос Според невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика, во добар дел од македонските затвори и во казнено-поправните домови, пред се, владее хаос изразен преку корупција и трговија со дрога, силувања и насилства па дури и убиства. Неопходни се моментални промени за да се изнајде начин за искоренување на корупцијата. С.В


ОХРИЃАНЕЦОТ ОСУДЕН ЗА УБИСТВО УАПСЕН ПО 12 ГОДИНИ

В

едат Малиќи (44), по убиството на сопругата Силвија Порсиус Малиќи, се криел во Холандија, а во отсуство бил осуден на 15 години затвор. Охриѓанецот Ведат Малиќи (44), осуден за убиство на сопругата Силвија Порсиус Малиќи (30) во август 1996 година, по 12-годишно бегство е уапсен неодамна во Охрид, соопшти МВР. Малиќи бил осуден во отсуство, бидејќи веднаш по убиството на сопругата, инаку холандска државјанка, избегал во Холандија, каде што се криел под лажен идентитет. Малиќи на 25 декември лани пристигнал од Холандија на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и се пријавил на граничната контрола. Тој покажал валиден холандски пасош. Полицијата не го зад-

ржала веднаш. Осомничениот е уапсен на 31 декември во Охрид, откако полицијата утврдила дека Малиќи се бара со меѓународна потерница. Потерницата била издадена кога Основниот суд во Охрид во 1996 година го прогласил Малиќи виновен за убиство на сопругата Силвија и го осудил на 15 години затвор. Бидејќи веќе претходно му бил одреден притвор, Малиќи веднаш по апсењето е спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

за убиството е караница во врска со шверц на дрога, бидејќи убиената сопруга на Малиќи била државјанка на Холандија.

објавено дека Малиќи бил баран преку Интерпол за повеќе кривични дела, меѓу кои за насилство и за вооружен инцидент.

Нејзиното тело беше пронајдено во близина на бензинската пумпа кај Подмолје на брегот на Охридското Езеро. Обдукцијата покажала дека Силвија била убиена со остар предмет, најверојатно со нож. На нејзиното тело имало повеќе убоди и исеченици.

Убиството што се случи пред 12 години беше вистинска мистерија. Полицијата веднаш по злосторството се посомнева дека сопругот на Силвија е можниот убиец, но сепак, вистинските мотиви останаа непознати. Тогаш медиумите информираа дека можна причина

Веднаш по убиството, истражните органи соопштиле дека убиецот најверојатно побегнал во Албанија. Неколку дена по убиството во јавноста беше пласирана информација дека Малиќи бил уапсен во Албанија, каде што наводно го признал убиството. Тогаш беше

Според македонското МВР, пак, осомничениот овие 12 години престојувал во Холандија. По извршувањето на свирепиот чин осомничениот го напуштил местото и пребегал во Холандија, каде што престојувал 12 години користејќи лажен идентитет. Од тие причини, тој не беше достапен за полициските и правосудните органи објаснуваат во полицијата. Се претпоставува дека судскиот процес против Малиќи ќе почне одново, бидејќи тој сега е достапен на органите на прогонот.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

17


HRONIKA ПРЕЗЕНТИРАНИ ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ СЕРИСКИОТ УБИЕЦ

ОДБРАНАТА СЕ СОМНЕВА ВО ДОКАЗИТЕ

Н

а последното рочиште од судскиот процес што се води во Основниот суд во Охрид против Лазе Радески, обвинет за убиство на Спиро Ставрески, Трајче Цоцески и Ракип Раим, сите улични продавачи на девизи од Охрид беа изведени писмени докази. Обвинителството немаше никакви забелешки на изнесените доказни материјали, мислења, заклучоци на Институтот за судска медици-

18

AMAK

PRES

на и криминалистика при Медицинскиот факултет во Скопје како и на записниците за пронајдени траги и предмети на местото на убиствата и резултатите од спроведени ДНК.анализи. Полномошникот на оштетените побара да биде извршено психијатриско вештачење врз оштетените, пред се за претрпените стресови. Но за одбраната, вештачењето на доказите направени од полицијата не беше валидно и вложи приговор, како на

претходно така и на последно изнесените докази и тоа како на начинот на нивното вршење, така и на начинот на нивното изнесување пред Судскиот совет. Според одбраната, вештачењата од МВР не можат да бидат доказ во постапката бидејќи се вршени и од подносителот и од барателот на постапката, а не од независен орган. Одбраната бара вештачењата да ги изврши Бирото за судско вештачење за да се отстра-

ни секој сомнеж во нивната веродостојност, но ваквото барање од судот беше одбиено. Според службениот адвокат на Радески, Емил Балабан, од датумите во предметот се гледа дека вештачењата биле извршени по добивањето на самопризнанието за кое обвинетиот изјави дека е изнудено. Тој побара од судот дополнително да обезбеди извештај од затворот во Охрид за времето и датумите кога и кој го посетувал Радески во притворското оделение и во чие присуство се вршело испитувањето на обвинетиот како и информации за времето и датумите под чиј надзор бил спроведуван од затворот и кога бил повторно враќан назад во притворското оделение? Одбраната побара и реконструкција на убиството на Трајче Цоцески кое обвинетиот го призна на првото судско рочиште.Лазе Радески е обвинет за убиство на тројцата дилери на девизи од Охрид извршени во периодот од 2006 до 2008 година.

С.Вренцовска


SPORT ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ВО ПОСЕТА НА БИЛЈАНИНИ

СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР ЗАСЛУЖУВА ПОДОБАР ТРЕТМАН

-С

портскиот комплекс Билјанини Извори е во катастрофална состојба, ништо не е направено што се однесува до спортскиот дел. Ние како ЈП ќе покренеме постапка пред Уставниот суд за враќање на овој спортски објект под капата на Државата, најави неодамна од Охрид директорот на јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, Михајло Бајо, кој беше во обиколка на овој комплекс. Според него треба да се преиспита одлуката за сите 28 спортски сали во државава кои незаконски во 2006 година во предизборие се дадени во владение на општините . -Тоа не значи дека сакаме да ја стопираме децентрализацијата но треба да се види кои објекти треба да останат под ЈП, а кои треба да се дадат на користење на клубовите. Она што денес го видов во Охрид е за жал трагично поготово она што му се случува на базенот. Еднаш за секогаш треба да се решат овие проблеми и спортските терени да се стават во функција на спортот, вели Бајо. Според него е недозволиво во салите наместо подготовките на екипите да се одржуваат разни други

манифестации за кои според него има и многу поадекватни простори за тоа.

ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД КОШАРКАРСКАТА СЕЗОНА НА ОХРИДСКИОТ АМАК СП ПРЕТРПЕА ПРЕТУМБАЦИИ ОТКАКО СПОРТСКАТА САЛА “БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ БЕШЕ ВОН УПОТРЕБА ОД 14-21 ЈАНУАРИ И ТОА ПОРАДИ МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ КОЈ СЕ ОДРЖУВАШЕ ТОКМУ ВО ОВАА САЛА. ЕДНОНЕДЕЛНИОТ ПЕРИОД ОХРИЃАНИ ГО ИСКОРИСТИЈА ДА ОДИГРААТ НЕКОЛКУ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ПРЕД СТАРТОТ НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ШАМПИОНАТОТ А ВО МЕЃУВРЕМЕ ТРЕНИРАА ВО САЛИ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА. Сепак најголемата штета ја трпат токму спортистите кои во овој период се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Тие се погласно реагираат на неспособноста на општината да стопанисува со СРЦ Билјанини Извори и нејзината негрижа за спортските објекти. А дека никој не води сметка за овој спортски центар доказ е и базенот кој е дел од спортскиот центар а со години претставува срам за градот. Купишта

ѓубре, крш од шишиња и друг отпаден материјал е денешната слика на охродскиот базен во кој некогаш тренираа над 150 дечиња, а денес пливањето е удавено во градот со најголемо езеро. Надлежните во градот неколку пати ветија дека ќе го решат проблемот со концесионерот на базенот и ќе го вратат неговиот првобитен изглед, но како одминува времето се поочигледно е дека недостасува стратегија и волја за надминување на спортското бледило во Охрид. Спортските работници стравуваат дека и другите спортови ќе ја доживеат судбината на пливањето доколку не се преземат итни мерки.

-Очекував повеќе од СРЦ Билјанини Извори, младите спортисти да се многу поактивни на терените. Но како што се случи со пливањето токму поради негрижата и немањето на услови за работа може и секој друг спорт да пропадне доколку не се вложува и правилно користат спортските објекти. Среќа за нас атлетичарите што во Охрид ќе се постави тартанот во спротивно и ние ќе згасневме и покрај долгогодишната традиција која ја имаме.салата која со години ја баравме да ни се врати за да го развиваме спортот се повеќе се користи за рекреација што навистина многу ми пречи, вели тренерот на АК Охрид и селектор на атлетската репрезентација

www.amakpres.com.mk

19


SPORT Влатко Димитров. -Општината и локалната водат сметка, но не доволна за да биде спортот на она место кое му прилега.Охрид е дел од големите спортски настани. но за жал незнае да профитира од тоа. Спортовите на вода се повеќе се дават во проблеми тука пред се мислам на пливањето и базенот кој со години е надвор од функција. Негледам во иднина како би се решил овој проблем, вели спортскиот новинар Мирко По-

столоски. Спортско рекреативниот центар е еден од најдобрите кој ги има сите услови за работа на врвни екипи. Како еден од најголемите капитални објекти заедно со стрелиштето време е да го добијат заслужениот третман, и државата конечно да стави рака врз нив. Општината која со години го бараше спортскиот центар под своја капа се покажа неспособна за да управува со него. Нејзината не грижа ја по-

кажа и за време на неодамна одржаното европско првенство во ракомет. Во градот немаше ниту најмал обичен транспарент или плакат дека токму во оваа сала се одржува европски натпревар за охриѓани и бројните гости да знаат дека европската ракометна елита е во Охрид. Освен кошарката сите други спортови се замрени во градот. Паднаа во вода сите надежи дека правилното стопанисување и користење на спортската сала ќе значи

голем поттик за спортовите во Охрид конечно да се поместат од мртва точка. До пред три години спортската сала беше под надлежност на државата што за локалната самоуправа, како што тврдеа, беше основна пречка за нејзино заживување, но кога општината ја доби во свои раце се покажа дека не знае што и како со овој објект. Сузана Вренцовска

НОВИ ИМИЊА ВО ОХРИДСКИ АМАК

ТИМ ЗА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА

АМАК СП засилено влегува во втори- Управата на клубот незадоволна од тоа засилувања екипата ќе биде далеку поот дел од натпреварувачката сезона. Со како се снајдоа во досегашниот дел од конкурентна и поквалитетна и се надетри нови имиња на клупата на охрид- првенството им се заблагодари на нив- вам дека оние осцилации кои ги имавме во првиот дел од првенството скиот прволигаш, тренерот ќе бидат надминати, вели ЛазоМаријан Лазоски ќе атакува ски, кој повеќе од кога и да е, на шампионската титула, но е сигурен во освојување на тиќе се бори и за освојување на тулата во првенството. Според купот. Амбициите се реални него со ваков список на играчи со оглед на тоа што се пополсите позиции се пополнети со ни празнината на центарската по двајца квалитетни кошарпозиција со искусниот Млакари што пак дава можност за ден Гамбирожа, висок 2,08с, ротациска игра. од Србија.. Богатото играчко -Очекумам интересно првенискуство на 33-годишниот ство во преостанатиот дел со Гамбирожа според стратегот оглед на тоа што и останатите Лазоски, е причина да се очекува голема помош од него во екипи горе долу се со ист или поголем квалитет од она што остварување на целта за висок МЛАДЕН ГАМБИРОЖА, ЦЕНТАРСКОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА АМАК СП беа. Добро е кога дури шест пласман. Покрај Гамбирожа во екипи се со ист квалитет. За екипата се врати Дејан Вегов мене е најважно тоа што располоагам кој во Охрид дојде од Торус, а ново ните услуги. засилување е и плејмејкерот на Соко- -Екипата претрпе извесни измени. со голем број квалитетни играчи и увели- Иван Саздов. Во тимот на АМАК Четворица досегашни играчи заминаа рен сум дека до март кога е и купот ќе СП повеќе не се Влатко Неделков, не поради тоа што немаа квалитет туку бидеме 100 одсто подготвени и уиграАлександар Трајковски, Александар едноставно не се вклопија во тимот ни, вели Лазоски. С.В. Стефановски и Слободан Петровски. онака како што јас очекував. Со новите

БИЛЈАНА 006 ЗАСИЛЕНА ВО ТРКАТА ЗА МЕДАЛ Охридска Билјана 006 сериозно се подготвува за продолжението на шампионатот, откако првиот дел го заврши на делба на првото место со бранителот на титулата Вигор Скопје. Од клубот најавувават борба за некој

20

AMAK

PRES

од медалите во купот или првенството, а расположливите сили ги засилија со две битолчанки кои треба да ја подигнат играта на повисоко ниво. Се работи за крилото Милена Нечкоска и плејот Кристина Ангеловска и обете

од генерацијата 1992 година . - Со доведувањето на овие две кошаркарки ќе бидеме далеку поконкуретни во битката за титулите - вели играч тренерот Весна Балазоска..


СЕДНИЦА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРВОЛИГАШИ

КФМ НЕЗАДОВОЛНА ОД УСЛУГИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА

М

акедонската телевизија не го почитува во целост договорот за пренесување на натпреварите од првата машка кошаркарска лига па поради тоа кошаркарската федерација ќе распише конкурс со цел да се најде квалитетен медиумски партнер. На тој начин, сметаат од КФМ, ќе се изврши притисок врз МТВ до крајот на сезоната до кога трае договорот,да ги испочитува своите обврски. На осмата седница на Здружението на прволигаши претставниците на клубовите изразија скептичност дека тој договор ќе биде испочитуван до крај, пред се поради тоа што се ближат избори па камерите наместо во салите ќе бидат присутни на митинзите. Првиот човек на КФМ и покрај незадоволството ќе и даде шанса на македонската телевизија во периодот додека трае договорот. -Од МТВ имаат финансиски проблем но добивме ветување дека ќе го испочитуваат договорот до крајот на сезоната. Имаме постигнато одличен договор со националната телевизија но не сум задоволен од начинот и темпото на реализација на истиот, рече претседателот на КФМ, Даниел Димески. Во наредниот двогодишен циклус КФМ покрај натпреварите од националното првенство во пакет ќе ги по-

нуди и квалификациските мечеви од националната селекција за наредното светско првенство. - Пакетот со квалитетна телевизија и квалитетна лига е далеку попривлечен. Денес имаме многу телевизии и треба да се избере најквалитетната. Имаме многу аргументи да се раскине договорот со МТВ, но треба да се најде подобра алтернатива, смета генералниот

секретар на КФВ, Дејан Лекиќ. Новата дигитална опрема бара и посебни услови во салите но освен новата „Борис Трајковски“ и охридската „Билјанини Извори“ останатите немаат квалитетно осветлување а дел од нив немаат дури ни простор за новинарите и камерманите. Претставниците на прволигашките клубови сметаат дека овој период треба да се искористи за вложување во инфраструктурата во салите затоа што, како што беше речено, професионализмот подразбира права и обврски од двете страни. Според генералниот секретар Лекиќ квалитетот на лигата единствено можат да го подигнат самите клубови доколку креираат добар имиџ но освен АМАК СП немаат квалитетна опрема која медиумски би била корисна. На осмата седница прволигашите одлучија мандатот за претседател на Здружението да го добие клубот Вардар кој треба да го даде првиот човек на прволигашите. Претставниците на клубовите побараа од судиската организација да изготви правилник според кој ќе се наградуваат и казнуваат судиите.

www.amakpres.com.mk

С.В

21


SPORT

ВОЈДАН СТОЈАНОСКИ НАЈДОБАР КОШАРКАР ЗА 2008

В

Стојановски се промовира како еден од најопасните поентери и одбранбени играчи во Првата лига и беше лидер на охридскиот клуб, кој заврши на трето место во лигашкиот дел од сезоната, а во плејофот беше елиминиран во четврт-финалето.

ојдан Стојановски од Амак СП ќе биде прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за 2008 година, во изборот организиран од Кошаркарската федерација на Македонија. Ова е исходот од гласањето на 12 медиуми, кои одлучија индивидуалниот учинок на младиот Стојановски да биде клучен во изборот.

Стојановски летоска го носеше дресот на репрезентацијата и ќе биде сериозен кандидат да ги брани „црвеножолтите“ бои и во септември на Европското првенство во Полска. Во гласањето Стојановски доби шест гласа, а по два имаа членовите на Фени Индустри, клуб што ја освои двојната круна: Горан Самарџиев, Доналд Кол и Златко Гоцевски.

Иако Стојановски не освои титула со клубот чиј дрес го носи неколку сезони, тој со своите добри игри во текот на минатата сезона си најде место и во репрезентацијата на Македонија. Војдан во 2007 беше најдобар млад играч, а му требаше само една година да дојде и до ова значајно признание.

Ohridnews

ОГЛАСИ Продавам козметичка лупа со сталак Тел за контакт 070 212 784 Се издава куќа под кирија на ул. Славеј Планина бр. 17 тел. 046/250-007

Продавам нива во Влегошти 070 525 524

Издавам стан 55м квадратни наместен на Туристичка кај кај Анче Киселинова Телефон 070 537 888 Издавам сбои под криија. Со посебен влез. 046 255 909 Се продава фрижидер витрина

Поволно продавам лежај добросочуван Тел 046 267 993

тел 046/250-007


ПРАИСТОРИСКАТА НАСЕЛБА НА ПЛАТФОРМА ПОБУДИ ГОЛЕМ ИНТЕРЕС


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 105 by alan.kaou - Issuu