Skip to main content

АМАК ПРЕС 84

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 84 10 Mart 2008

ОХРИД КОНЕЧНО ДОБИ СОВРЕМЕН БРОД

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

ДОНЕ КАРАГИРОВ - ПОСТАР ЗАПОВЕДНИК НА БРОДОТ ’ГАЛЕБ’

definitivno najevtino

ОХРИДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ

СОСТОЈБАТА СО ЕЗЕРОТО Е ДРАМАТИЧНА СТАР РИБАРСКИ ЧУН ПРОНАЈДЕН ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

АНГЕЛ ТАСЕСКИ

ГОРД СУМ НА КАПИТЕНСКАТА ТРАКА


DA NAPRAVIME REZIME

МММ, ДААА. . . ХОЛИВУД . . .ООО МАМА ! ! ! Многу гламур, замислен сјај, лажни дијаманти, наместени награди, нечисти црвени ќилими. . . Ма не, фуј фуј фуј. . .Циркус, циркус. . . Тоа не Ви треба Вам. . . Вас ви треба Холивуд , вас ви треба спактал драги мои. Даааааа. Уиии, уииии цмок, цмок цмок. . .

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk

За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски Уредник: Сузана Вренцовска Новинари: Анѓела Белевска Крсте Спасески Мирко Постолоски Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски Велимир Џамтоски Лектор: Милчо Јованоски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES

Неколку седмици наназад естрадната јавност трешти од конфликитите кои избија меѓу изведувачите кои се кандисаа да настапат на годинашниот македонски евросонг. Се исплукаа, се искараа и на крај на суд завршија со меѓусебни тужби и контратужби. . . И во центарот на војната се најдоа Бојан 13 и Биг Мама кои излетаа од фестивалот како тринаесетти прасиња, под пртисок на некои автори. И сега евровизијата заврши и сите ја оценаа како најслаб избор во историјата, никој не може да се сети на некој рефрен од песните кои се изведоа на фестивалот. И додека овогодинашната домашна Евровизија никогаш нема да падне во заборав бидејќи никој не ја ни запамети, на сцената се појави песната од Бојан и Биг Мама. . .И веднаш Холивуд се заврте на сите радио станици, по кафулињата, а богами Бојан како зборува, а Биг Мама пее трешти и на среде чаршија. И сите велат дека песната била далеку,далеку пред песните на фестивалот. . . Истовремено за Бојан директно или индректно се зборува во сите емисии на телевизија. Каде и да се свртиме него го има. Сите мислат и зборуват за Бојан и детето како да предизвика некоја си масовна хистерија околу него, па работата дојде дотаму што дури и пеачот Џеј од Србија, посакал да има интимна врска со него. Подолго време, во недела на Сител оди една навистина пријатна емисија “Oпуштено“ со која лани се опуштавме во недела попладне, а сега нема шанса да се опуштиме бидејќи со седмици гледаме како глумецот Тони грофта во емисиите, зборува за некое тринаесетто прасе и постојано го имитира Бојан. Па се прашувам дали Тони е опседнат со Бојан и постојано мисли на него како негов најголем обожавател, па не само што непрекианато алудира на него туку и го имитира. Каде се изгуби оригиналниот водителот, па сега постојано имитира друг водител. . Околу Бојан се завртеле и работните активнсоти на поранешната програмска директорка на Канал 5, Весна Петрушевска која забранила на таа телевизија да се емитува изјава од Бојан. И некое време потоа ја сменаа директорката. . .Помешала баби и жаби, па сега не ја работи таа работа. Дали е тоа во прашање или тоа што сега Топ Шоу достигнало поголема гледаност од вестите на која било Телевизија не ми е јасно, но, јасно ми е ( а тоа им е јасно сигурно и на газдите на Канал 5) колакави пари донело тоа шоу во касата на А1 Телевизија, па некој одлучил да преземе кадровски чекори кои ќе му се допаднат на детето кое некои го викаат 13 то прасе, а тоа ти било златна кокошка. И додека нашите пејачи, пејачки и отворачи на усти пред микрофон се пресреќни кога спектакуларно, пред стотина луѓе ќе настапат во ноќниот клуб кој е во подрумот на Домот на кулурата во Лескоец ( не ми текнува сега како се викаше овој клуб) и пресреќни чекаат во ред да дадат интервју во емисијата “Естрада Плус“ со Ване Петкоски (каде го лажат на водителот дека немале силиконски цициња ) , Бојан облечен како принцеза во женски фустан и со круна на главата гордо вели дека неговиот голем стомак бил природен и настапува во најголемата и најпрестижната охридска дискотека Парк, каде се собраа околу 2 000 луѓе и уште стотина стоеа надовр на снегот. . .А истовремено не оди во естрадни емисии туку опширно за неговиот настап се пишува на охридските интернет портали и се информира во вестите на локалните радио и ТВ станици. Па после сето ова се прашувам дали нешто не е во ред со Бојан ( кого сите ние како по некоја службена должност го плукаме, велиме дкеа бил дебел и се ужасуваме од него) или нешто не е во ред со нашата естрада која низ децениите наместени фестивали и платени награди толку мнгу струлила што сега дојде до фаза Бојан во Охрид да собере на стадион 10 000 публика, исто толку и во Куманово, а за јуни да го закаже Градскиот Стадион во Скопје кој за жал нема шанса да го наполни ниту една сега жива пејачка или пејач на нашата естрада. Епа господо пеајчки, пејачи и отворачи на утса на естрадата. . .Кога ќе ви се појави Бојан облечен како принцеза можете само да му се поклоните и да клекнете пред него. . .И од како ќе му бакнете рака, да се запрашате самите себеси заедно со ваште менаџери до каде ја дотуркавте естрадата во земјата каде народот е толку музикален и разигран што го бие глас дека странците не треба да играат и да пејат тука, бидеќи ќе се натпеани и надиграни. . . Можеби и за тоа не можеме да победиме на еврвизија. . .


LOKAL

www.amac.com.mk/novini

3


ЛОКАЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ ДАДЕ ОТЧЕТ ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ

ТАМУ КАДЕ НЕ УСПЕАВМЕ ВИНОВНА Е ВЛАСТА М инатата година измина без воља од страна на централната власт да покаже разбирање за реалните потреби на општина Охрид во справувањето со наследените проблеми, со постојани притисоци, опструкции, контроли и надзор од власта базирани на партиски и политички интереси, оцени градоначалникот Александар Петреси во своето обраќање пред советниците на 51 седница на Советот на општина Охрид. Според него општината наследила долг од 13 милиони евра, долг кој успеал за време на неговиот 2,5 годишен мандат половина да го врати. Останатите 5 милиони евра Петрески најави дека ќе ги врати во наредните 6 месеци. -Побаравме од надлежното Министерство да ни дозволи позајмица од буџетските средства од државата или да земеме банкарски кредит за кој би плаќале далеку помали камати, а би го сервисирале сиот наследен долг, рече Петрески. Тој меѓу другото зборувајќи за инфраструктурните зафати, комуналното уредување на градот, образованието, туристичката понуда како и

за зголемувањето на буџетските средства на општината потсети дека Охрид предначи меѓу општините во Државава и нејзиното место е во втората фаза на децентрализацијата. Петрески се пофали дека откако е тој градоначалник асфалтирани се 130 илјади метри квадратни површина, поплочени околу 35 илјади метри квадратни тротоар и пешачки површини, осветлена е 7 километри улична мрежа, изградена е фекална канализација во должина од 9 илјади метри квадратни во самиот град и во населбите Рача, Пештани и Подмоље,се изградени 4 спортски игралишта, реализирано е чистење на речните корита со што е избегната можноста од евентуални поплави и др. Но, за делот каде општината минатата година не успеала да ги реализира планираните програми, Петрески ја посочи Владата како виновник, посебно во делот на урбанизмот и животната средина. -Урбанизацијата на одредени подрачја на општината останува нереализирана поради комплицираната постапка и трошењето време во чекање на мислење

и согласност од надлежните министерства за ДУП, вели Петрески. Покрај урбанизмот, според Петрески, причини за забавениот развој на општината се и неможноста општината да располага со природните богатства, пред се Езерото, прелевањето на средствата од наплатата на таксите и даноците во буџетот на државата, попречувањето на општината да располага со сопствениот имот, немањето ингеренции во областа културата каки и нејзино задолжување по основ на експропријација. Во своето обраќање градоначалникот Петрески за 2008 година најави повеќе инфраструктурни зафати -уривање на старата градска библиотека, проширување на улицата Железничка, како и изградба на канализациона мрежа во Велгошти, Лескоец и Пештани. „Оваа година за општина Охрид ќе биде уште поуспешна од минатата“, вети Петрески. Сузана Вренцовска

ПЕТРЕСКИ ДЕЦИДЕН

ПРВО ЗАКОН ПА ПОСЛЕ РУШЕЊЕ Додека не се донесе законот за легализација на диво изградените објекти нема да рушиме, ова е ставот на градоначалникот Александар Петрески за тоа како општината ќе постапува со дивоградбите. Тој вели дека во повеќето случаи се работи за индивидуални дивоизградени објекти за домување каде општината нема намера да интервенира, но во случаите каде што се работи за згради ќе се спроведат санкции, а градбата ќе биде стопирана. Според Петрески проблем плус е и тоа што општината не располага со средства за рушење, а потребни се од 500 илјади до 1 милион евра.

4

AMAK

PRES

-Наследивме 700 предмети за нелегално изградени објекти од државата која со години не го решила овој проблем. Побаравме и позајмица од Владата за да ги платиме екипите кои ќе рушат, но од таму решија да и дадат пари на општина Карпош, а не нам, вели Петрески. Дел од советниците пак сметаат дека проблемот со големиот број на дивоградби е последица на неефикасноста на општинскиот инспекторат -Инспекциите со својата работа директно влијаат дали ќе владее дисциплината или ќе се препушти на самоволието на граѓаните. Отпочнувањето

на дива градба е најтешко кривично дело според новиот закон. Ако нема пари за рушење тогаш има пари за кривични пријави. Тоа е превентива за почитување на законот, смета советникот Љупчо Нечкоски. Според него доколку општината го чека законот за легализација кој според најавите треба да биде донесен до крајот на овој месец, упатува порака дека граѓаните можат да градат бесправни објекти кои подоцна ќе бидат легализирани. С.В


ЛОКАЛ

СТАР РИБАРСКИ ЧУН ПРОНАЈДЕН ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Ч

ун сатар околу 40 години неодамна е пронајден во езерските води кај месноста Билјанини Извори .Го откриле вработените од Јавното претпријатие “Комуналец“ при една акција на чистење на тој дел од крајбрежјето, а се претпоставува дека стигнал од албанска страна. Пловниот објект е реплика на големите стари рибарски чунови и е направен во ист стил како некогашните охридски рибарски пловила.

“Објектот е искористен неколку пати при организирање на некои сценски перформанси и истиот е доста инте-

ресен, но како јавно претпријатие не можеме да превземеме некои постручни активности за негово конзервирање“, изјави Сашо Аљче од Охридски Комуналец, додавајки дека надлежните од претпријатието се отворени за соработка со Заводот и Музеј доколку покажат интерес за реставрирање и заштита на чунот. Во моментов истиот се наоѓа во просториите на ЈП “Комуналец“ и е заштитен од физички оштетувања. Ангела Белевска

ЗГРАДАТА ВО КОЈА БЕШЕ СМЕСТЕНА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ЌЕ СЕ УРИВА

ДО ЛЕТО СО НОВ ГРАДСКИ ПЛОШТАД

Н

ајверојатно владата ќе донесе одлука со која до почетокот на месец мај ќе биде рушена зградата во која до пред нецели две години беше сместена градската библиотека

„Григор Прличев“. Новиот охридски плоштад се очекува да биде готов пред почетокот на летната туристичка сезона и на него нема да се подигаат нови објекти.Просторот што ќе се отвори ќе

биде еден од најатрактивните во градов со поглед на црквите,тврдината и стариот дел на Охрид. Истиот ќе служи како отворена сцена за културни манифестации а можно е поставување на споменици на познати, заслужни охриѓани. Од локалната самоуправа велат дека најверојатно ќе биде изградена и пешачка патека од Долна до Горна порта и Самоиловата тврдина која ќе биде привлечна пешачка зона како за охриѓани така и за туристите. Зградата во која беше сместена градската библиотека, стара е 80 години. Во неа била сместена локалната самоуправа на Охрид, а потоа и други институции и здруженија. Поради нејзината висина и ширина одзема голем дел од просторот и го затвора видикот на значајните културно историски знаменитости. Затоа главен иниицијатор за рушење на објектот беше локалната самоуправа која годинава проектот ќе го реализира заедно со Министерството за култура.

www.amakpres.com.mk

А. Белевска

5


ЛОКАЛ ПЕТРЕСКИ ДЕЦИДЕН

ДУП НА УВИД ПРЕД ГРАЃАНИТЕ ОД РАЧА

О

д 4 до 18 март на јавна анкета и презентација е даден Нацрт деталниот урбанисички план за дел од населбата Рача. Нацрт деталниот урбанистички план за населбата Рача е даден на јавен увид,и презентација за да можат жителите да се произнесат и по евентуалните забелешки да укажат на измена и дополна на предложените урбанистички насоки.Планот е изложен во просториите на Основното училиште во населбата Рача и во зградата на Локалната самоуправа. Увид на планот граѓаните можат да извршат секој ден од 10 до 16 часот.За објаснување има

задолжени лица од Оделението за урбанизам.Со Анкетни листови жителите од населбата можат да ги изнесат своите забелешки.Посебна урбанистичка комисија,по завршувањето на јавниот увид ќе ги разгледа и писмено ќе ги информира, дали и колку нивните забелешки можат да се вклопат во планот. Според урбанистичкиот план, населбата Рача е зацртна исклучиво како населба за домување со хотелиерство и терцијални содржини и објекти за духовна култура.Вкупната површина со Деталниот урбанистички план изнесува 3,5 хектари.Со планот, од источ-

ната страна населбата Рача се граничи со локалниот пат за селото Велестово, од запад со Булеварот “Свети Наум Охридски” од северната со училиштето а од јужната страна со Туристичката населба “Свети Стефан”. По завршувањето на јавната анкета на Нацрт- ДУП за дел од населбата Рача, усогласен со насоките на Генералниот урбанистички план,ќе се произнесе Министерството за транспорт и врски,а потоа како предлогплан треба да го усвои Советот на општината Охрид. К.С.

ПОЧНАА КОМУНАЛНИТЕ ЗАФАТИ ЗА ПОУБАВ ГРАД

С

о подобрувањето на времето, Локалната самаоуправа на Охрид,деновиве почна со реализација на планираните зафати од комуналната инфраструктура и сообраќаот зацртни за 2008 година. Целта е, градот да биде поубаво уреден и побезбеден за сообраќај на учесниците во сообраќајот,особено пешаците ,во текот на летната туристичка сезона,кога во Охрид престојуваат меѓу 20 до 30 .000 туристи. Во оваа насока, Локалната самоуправа, кон крајот на февруари интензивно ги започна земјените и градежните работи на новата кружна раскрсница на улиците “Марко Цепенков” и “ Момчило Јорданоски” со која на овој простор значително ќе се подобри нормалното одвивање на собраќајот ,бидејќи честопати на овој дел ,се случуваа сообраќајки со големи последици.Градежните зафати ги изведува Третото градилиште на Охридски “ Гранит” според проектните задачи.Изградбата на кружната сообраќајница на која се спојуваат сите улици на овој простор,

ја финансира Локалната смаоуправа на Општина Охрид,впрочем по теркот на веќе изградените претходни три кружни сообраќајници во градов,во населбата “Далјан” на излезот од градов за Струга, кај Здружението на возачи до “Жито Леб” и кај општа болница.Во наредниот период кружна крстосница ќе се гради и на просторот на сатарата Бензинска пумпа на “Макпетрол” до новата Автобуска станица.. Параелно со ова, деновиве почна и изградбата на Каналот за фекална канализација на улицата “Бистрица” во населбата Воска.Тој ќе биде уреден на поинаков начин а не со бетонски капаци,како што е сега.Каналот ќе се изгради од кај Булеварот Туристичка до мостот на улицата “Гоце Делчев” по што овој дел од улицата ќе биде асвалтирана со нов слој. Локалната самоуправа на Општина Охрид,во текот на овој месец,ќе ги отпочне работите на проширување на улицата “Седми Ноември” на просторот пред Основното училиште “Бра-

ство” .Се планира да се прошири овој дел од улицата за да се создадат услови за косо паркирање и изградба на паркинг простор во дворот на училиштето за околу 80 возила.Се смета дека со овој зафат сообраќајен зафат ќе се подобри општата безбедност во сообраќајот на учениците и пешаците. Локалната самоуправа веќе има изработено Проект со мала уличка низ која возилата што ќе доаѓаат од улицата на просторот околу “Крст Џамија “ ќе се пробие и уреди “Марко Нестороски” , пред џамијата да можат да се вклучат на улицата “Седми Ноември” . Инаку, во тек е поплочување на левата страна од улицата “Марко Нестороски” до крстосницата кај Горна Влашка мала.Поплочувањето со бехатон плочки на оваа улица ќе продолжи и по крстосницата ,па се до Видобишта кај Стобекс, и од двете страни.Покрај овие,следуваат уште неколку вакви комунални зафати во градов. К.Спасески

ДЕНОТ НА АЛБАНСКИОТ НАСТАВНИК СЕ СЛАВЕШЕ И ВО ОХРИД

Г

одинава за прв пат се славеше Денот на албанскиот наставник 7-ми март. Овој празник влезе во програмата за одбележување на празници и манифестации по предлог на советникот Недим Положани, а со це-

6

AMAK

PRES

лосна подршка на Советот на општина Охрид. -Овој ден во последниве 40-50 години се прославува во училишта каде има наставен албански јазик, вели Положани. Во Охрид денот на наставникот

беше во организација на ОУ „Братство и Единство“ а во соработка со Локалната самоуправа. С.В


ОХРИДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ

СОСТОЈБАТА СО ЕЗЕРОТО Е

ДРАМАТИЧНА

П

о се позабележителното опаѓање на нивото на Охридското Езеро Советот на општина Охрид апелира да се преземат сите потребни активности да се спречи можната еколошка катастрофа која му се заканува на ова езеро, едно од најстарите на светов. Охридските советници сметаат дека Владата под итно треба да ги врати концесиите врз езерото и крајбрежјето во надлежност на општината. Во дел од заклучоците усвоени од страна на Советот на општина Охрид е предвидено да се утврди и максималната и минималната кота на осцилации на езерото во променети климатски услови, изградба на соодветен регулатор на почетокот од истекот на Црн Дрим кој ќе биде во функција на одржување на нивото на езерото на минималната природна кота како и формирање на надзорно тело кое ќе ги следи осцилациите на езерото. Според последните мерења нивото на Охридското Езеро ја достигна минималната вредност односно се наоѓа на 693,17 метри надморска височина, а како последица на опаѓањето на Езерото на одредени делови вдолж крајбрежјето видливи се новоформирани плажи во должина од по половина метар. Од управата за хидрометеоролошки работи велат дека се вршат секојдневни мерења на езерото и дека место за паника нема. Хидролозите уверуваат дека со врнежите во изминатите денови нивото на водата ќе се стабилизира.

Охридските советници се едногласни и во одлуката да се преиспита договорот помеѓу поранешната СФРЈ и НР Албанија склучен во шеесетите години од минатиот век за користење на езерото како акумулационо, а во функција на производство на електрична енергија. Во 2000 година во услови кога нивото на Езерото исто така ја достигна нултата кота, за само два дена се испуштија околу 2-3 см, односно 10 500 000 метри кубни вода за решавање на енергетската криза во Албанија. Според познавачите на состојбите, во услови кога и сега има енергетска криза во Албанија, а особено кога од таму со струја се снабдува и Косово се поизвесно е дека истекот на вода од езерото ќе се зголемува. Загриженост за повлекувањето на езерото доаѓа и од хидробиолошкиот институт. Од таму велат дека се нарушува природната рамнотежа што негативно влијае врз ендемичниот растителен и животински свет. Доколку не се преземат соодветни мерки Охридското Езеро ќе биде сериозно загрозено велат стучњаците и предупредуваат на можна еколошка катастрофа Jавноста поделена во размислувањата околу причините за ваквата состојба. Според едни причина се климатските услови , според други виновник е Владата која ги задоволува потребите на Албанија со неконтролирано испуштање на вода, а поголем дел

намалувањето на нивото на езерото го поврзуваат со состојбата во Преспанското Езеро каде што нивото на водата опаѓа секојдневно. Експертите веќе подолго време предупредуваат на можните последици од повлекувањањата на водата од Охридското Езеро. Според нив ваквата состојба може да предизвика и повлекување на подземните води, а со тоа да дојде и до искривување на повисоките станбени објекти. Штети можат да бидат предизвикани и врз живописот на крајбрежните цркви, кој зависи од микроклимата која ја создава езерото. Инаку, охридските советници упатија и апел до Министерството за транспорт и врски да забрани секаква градежна активност во водите на езерото како платформи, привремени пристаништа и сл, како и изградба на ѕидови покрај езерото кои ја прекинуваат природната комуникација на Езерото со брегот што пак предизвикува загрозување на живиот свет чии еколошки систем е брегот и водата заедно. Советниците упатуваат и апел до канцеларијата на УНЕСКО во Р. Македонија да се испочитува договорот со кој Охридскиот природен басен го става под сопствен патронат.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

7


LOKAL

СКАНДАЛ НА ТУРИСТИЧКА БЕРЗА ВО СОФИЈА

БУГАРИТЕ БАРАА ИЛИ ФИРОМ ИЛИ ДОМА

С

кандал на Туристичката берза во Софија, каде нашата земја веќе десет години традиционално учествува. За прв пат годинава нашиот штанд не се отвори иако требаше да се претстават околу 250 излагачи, бидејќи организаторот и приватната фирма “Балкан Холидеј“, во чија поддршка на саемот учествува бугарската државна туристичка агенција, побарале уставното име на Република Македонија да биде заменето со референцата ФИРОМ. Саемот започна на 21 февруари, а претставниците на Македонија и македонските хотелиери за овој проблем со името биле известени, вечерта на 20 февруари. Дончо Танески, претседателот на Хотелската асоција на Македонија, како виновна за тоа ја смета министерката за економија во оставка Вера Рафајловска бидејќи оставила “неорганизираност и хаос во Министерство за економија“. Според Таневски постои инертност и неорганизираност на секторот за туризам во ресорното министерство, затоа и се случило во Софија на македонскиот штанд да стои името ФИРОМ. - Дека има проблем со уставното име на Македонија бевме известени вечерта и контактиравме со нашиот амбасадор во Софија, Абдурахман Алити, чиј став беше ако не се настапи под уставно име, македонскиот штанд да не работи, вели претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески, нагласувајќи дека и нашиот амбасадор и сите таму биле доведени пред свршен чин. - Уште на 15 февруари организаторот на туристичката берза во Софија до

Секторот за туризам испратил допис дека се обврзани за името на нашата земја да го користат името усвоено во Обединетите нации, односно референцата ФИРОМ. Овој допис останал во Секторот за туризам, па затоа немаше никакви реакции посебно на дипломатски план, туку бевме доведени до свршен чин, пред самото отворање на саемот, вели Танески. Тој смета дека покрај силната пресија и уцени од страна на Грците, или ФИРОМ или тие ќе заминат, биле и парите, односно Грција требала, според него да плати 28.000, а Македонија 4.000 евра за користење на штандот. Но, и покрај ваквиот скандал македонските хотелиери од Софија се вратиле задоволни.Хотилиерската асоцијација на Бугарија приредила македонска вечер, а туристичките агенции од Бугарија го делеле пропагандниот материјал од Македонија нудејќи ја земјава како посакувана туристичка дестинација.

НА САЕМОТ ВО БЕЛГРАД ДОСТОИНСТВЕНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОД УСТАВНО ИМЕ

Скандалот од Софија не се повтори на саемот во Белград иако и таму Грците настојувале македонската туристичка понуда да биде преставена под референцата ФИРОМ. Нашите хотелиери се вратија задоволни како од самата организација, така и од контактите остварени на саемот, но и од ефектите кои допрва ќе следат. - На саемот во Белград ја рекламиравме нашата национална кујна, крстарење со брод и кетеринг служба

Успешна презентација зачинета со староградска музика на бродот со староградска македонска музика. Покрај стандардните флаери на агенциите им понудивме и ДВД со панорама на Охрид и на нашиот хотел се разбира. Најмногу договори склучивме со агенции од Србија, а ефектите кај нас ќе се почуствуваат за време и по првомајските празници. вели менаџерот на хотелот Славија Спектар, Зоран Ѓуревски. Инаку и другите туристички работници кои беа дел од македонскиот тим на овој саем, кои го презентираа македонскиот туризам, се задоволни од посетата во Белград, од заинтересираноста на посетителите од остварените контакти и сите очекуваат дека оваа сезона ќе биде најбериќетна за Охрид.Белградскиот саем важи за еден од најеминентните саеми за туризам во регионов и токму таму, според ХОТАМ, Охрид бил едно од најпосакуваните туристички места. Сузана Вренцовска

МАКЕДОНСКИТЕ КУЛИНАРИ СО ШЕСТ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ Македонците се најдобри кулинари на балканот, ова го покажаа резултатите од г а с т р о н ат п р е васрот што во рамките на Меѓународниот саем за туризам се одржа во Белград од 28 февруари до 2 март. Учениците од ОУТУ “Ванчо Питошески“ од Охрид се вратија со шест златни медаљи освоени во шесте натпреватрувачки дисциплини во кои покрај македонската учествуваа екипи и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. “Ова не се само успеси на нашево училиште туку и на маке-

8

AMAK

PRES

донските кулинари воопшто, зошто ние бевме дел од македонската екипа. Тесна е врската меѓу туризмот и угостителството за кое во последниве неколку години голем интерес покажуваат младите кои беа главни иницијатори своите кулинарски способности да ги покажат пред публика и стручно жири “, изјави директорот на училиштето Секула Баткоски, додавејќи дека виза за учество на белградскиот саем за туризам бил успехот што оваа образовна институција го постигнала на Меѓународниот саем за туризам што во Охрид се одржуваше од 17 до 20 јануари,годинава. Меѓународниот саем за туризам со гастро натпревар идната година ќе се одржува во Босна и Херцеговина. А. Б.


1

www.amac.com.mk/novini

9


POLITIKA ПО ПРЕМИНОТ НА СЕКУЛОСКА И НЕЈЗИНИТЕ ИСТОМИСЛЕНИЦИ ВО ВМРО-ДПМНЕ

ОХРИДСКАТА НСДП СО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Б

изнисменот Ацо Попоски е новиот претседател на општинската НСДП во Охрид- вака одлучија делегатите на изборната конференција на охридскиот огранокот на НСДП . Попоски кој е поранешен член на СДСМ, рече дека по седнувањето на чело на општинската НСДП приоритет ќе му биде изградбата на партиска инфраструктура, а вратите на оваа партија, како што рече, се отворени како за постарите така и за новите членови кои сакаат да се дел од НСДП. На конференцијата беа избрани и нови раководства на партијата, надзорен и управен одбор а присуствуваше и лидерот на партијата Тито Петкоски кој изрази уверување дека охридскиот огранок за брзо време ке се консолидира. Според него ваквите турболенции кои се случија во Охрид ќе допринесат НСДП да прерасне во многу помоќна партија која ќе се разликува и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ. Инаку пред само нецел месец централата од Скопје ја распушти општинската организација на НСДП од Охрид што пак резултираше со одлевање на голем број членови од оваа партија во ВМРО ДПМНЕ, заедно со извршниот одбор и пратеничката Мирјана Секулоска. Според неа 300 Титови членови преминаа во ВМРО-ДПМНЕ. Секулоска со остри обвинувања до нејзиниот поранешен претседател Тито Петковски, кој според неа нема визија за развој на партијата, рече дека останувањето во НСДП за неа е само губење време. - Петковски одлучи со распуштањето на НСДП во Охрид да ми се реваншира за сите несогласувања и со тоа им плукна во лице на луѓето кои на последните избори му искажаа доверба. НСДП

10

AMAK

PRES

постојано заземаше опозициски став и моето останување таму беше само губење време. Политиката на Петковски е да се игра топло-ладно и поради тоа релациите помеѓу мене и него ескалираа, рече Секуловска, која го изрази задоволството по пременувањето во ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што Владата и премиерот Никола Груевски, според неа имаат визија за подобрување на животниот стандард на граѓаните во Република Македонија.

Обвинувањето од НСДП дека преминот во ВМРО-ДПМНЕ Секулоска го направила од лични интереси за неа е момент којшто зборува за нивото на политичката култура којашто владее во НСДП. - Ако беше од личен интерес моето преминување, тогаш ќе ја напуштев партијата сама, а не и целата Општинска организација и членството на НСДП од Охрид. Секулоска најави дека од вкупното

Според Секулоска, разидувањата помеѓу неа и Петковски се и како последица на размислувањата околу министрите од НСДП кои партиципираат во власта, односно барањата од страна на лидерот на НСДП за оставка на Рафајловска и Еленовски, што според неа предизвикале жесток судир помеѓу нив.

членство од 1.200 се очекува околу 1.000 нездоволни да потпишат пристапници во ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите бројки за лидерот на НСДП, Петкоски се смешни. Тој тврди дека само 13 блиски луѓе до Секулоска и нејзини роднини поради лични интереси трансферирале во најголемата владеачка партија. Сузана Вренцовска


ЗДРАВКО ЧОРБЕСКИ ЌЕ ГО БРЕНДИРА ВМРО Охриѓанецот Здравко Чорбески најавува дека наскоро на државно ниво ќе покрене иницијатива за заштитна на името ВМРО. Тој вели дека е згрозен од големата употреба на ова име во политички цели и дека е последен момент овој како што го нарекува свет збор за Македонците да биде заштитен од злоупотреби. - Бидејќи како што знаете сите идеали на историското ВМРО ние преку ВМРО ДПМНЕ ги исполнивме во 1990, а тоа е да се има независна Македонија, држава на Македонците, да имаме своја валута и спортски репрезентации, мислам дека е време ВМРО да се заштити како истоирско наследство за нашиот народ и да неможе да се користи во политички и комерцијални цели како што се прави сега. Со група приврзаници наскоро на републичко ниво ќе покренам иницијатива за заштита или исторско брендирање на ВМРО и со тоа партите кои сега го имаат тој збор во своите официјални имиња нема да можат да го корситат, па ќе останат само ДПМНЕ или Народна. Се нагледавме низ годините дека бројни партии или зруженија профитираат и го злоупотребуваат зборот ВМРО и време е да се стави крај на тоа-вели Чорбески. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека се изненадени од сето ова, но не го земаат во предвид како нешто реално и

издржано. - Сите ние членовите на ВМРО ДПМНЕ сме горди што сме дел од историскиот бренд ВМРО, а нашата партија ја застапуваме идеологијата на ВМРО ДПМНЕ, тоа е неделив термин, името е во согланост со позитивните законски прописи , аединствено е чудно што на господинот Чорбески токму сега му текнало ова, истовремено кога сите ние ја водиме историската борба за да се сочува името Македонија, а некој от-

вора нов фронт за зачувување на името на ВМРО. Не ни е јасен, ако тоа ВМРО во името на нашата партија не му пречеше додека беше член, а сега сака да е над законот – ни изјави шефот на тимот за односи со медиумите на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Наташа Спасеска. Љ.Т.

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025

www.amac.com.mk/novini

11


ЛОКАЛ - ТУРИЗАМ НАЈАВИ

ОХРИД КОНЕЧНО ДОБИ СОВРЕМЕН БРОД

Б

родот „Галеб“ за оваа сезона е најавуван како најголема туристичка атракција во водите на Охридското Езеро. Туристичките агенции и водичи од Охрид Струга и Битола имаа прилика да се уверат во атрактивната понуда на овој најсовремен брод, опремен со клима, ЛЦД монитор. За прв пат беше

12

AMAK

PRES

промовиран ВИП салонот каде што е предвидено да се одржуваат семинари и деловни состаноци. Туристичките работници сметаат дека ваков современ пловен објект на Охрид му е повеќе од неопходен затоа што интересот на гостите за пловење по езерото е се поголем, а градот досега се соочувал со недостиг на бродови кои ќе можат во целост да им дадат услу-


ги со сите содржини. - Ова е одлична идеа да се презентира бродот пред нас кои работиме во туристичкиот бизнис. Конечно Охрид добива една првокласна понуда на пловен објкет кој како што имаме прилика да видиме располага со се што е потребно за да биде понуден како ексклкузивен брод пред туристите, тука мислам пред се на странските турсти но, и на домашната бизнис заедница. Едноставно и од оваа презентација се

уверивме дека се што прави Компаниајта АМАК СП, прави со стил, а тоа го велам од искуство – изјави Елида Битрак, сопственик на Туристичката агенција Елида Турс . Од Компанијата АМАК СП велат дека од сега брдот ќе се нуди и на бизнис заеднцата која може да го користи за органзирање бизнис средби со разгледување на градот и истовремено одржување состаноци во ВИП салонот. На “Галеб“ во соработка со

најпознатите хотели и ресторани се нуди можност за организирање деловни ручеци или како што велат од таму Галеб нуди комплетна понуда за сите. Овој брод пред две години на лицитација го купи компанијата АМАК СП за 122 000 евра и досега во него се инвестирани 400 000 евра. Од таму велат дека целта е пред се да се збогати туристичката понуда на градот.

www.amakpres.com.mk

С.В

13


ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ ДОНЕ КАРАГИРОВ - ПОСТАР ЗАПОВЕДНИК НА БРОДОТ ’ГАЛЕБ’

И ВО ВТОРИОТ ЖИВОТ ЌЕ БИДАМ МОРЕПЛОВЕЦ Н икогаш не сум зажалил што повеќе од половината мој живот сум го поминал на брод, и по втор пат кога би се родил без двоумење би ја избрал оваа професија ни кажа Доне Карагиров,сегашниот стар постар заповедник и советник за поморски прашања на бродот “Галеб“. Нема камен на Охридското пристаниште, нема водена површина од нашето езеро, нема брод од македонската флота, што се непознати и нови за Карагиров. Неговата кариера на вода започнала пред 50-ина години кога ја завршил воената поморска школа во Пула по што бил распореден на бродовите на воената морнарица во Сплит. “Најдолгиот период на служењето на воените бродови ми беше на југословенските подморници. Во нив работев 20 години“, се сеќава овој охриѓанец кој вели дека за да работиш на вакви објекти кои под вода се како херметички затворени боци во кои нема ни “ѕирка ни проѕирка“ треба да си психофизички стабилен и јак. “Во 1985 година по сопствено барање бев преместен на бродовите на граничната служба на Охридското Езеро. Тука се задржав цели 13 години каде ме затекна и распадот на бивша Југославија. Кога се демобилизирав од воената морнарица пријатели од нашава патничка флота ме замолија да им помогнам затоа што не располагаа со стручен кадар.Од 1998 година почнав поактивно да учествувам во движењето на пат-

14

AMAK

PRES

ничката бела флота. Од тогаш до сега имам работено на скоро сите бродови, верувам на задоволство на претпоставените.На бродот „Галеб“ сум од 2005 година, а од мај 2006 година кога компанијата АМАК СП, го откупи објектот од Јавното претпријатие, Комуналец, сум постојано ангажиран во својство на заповедник и советник за поморски пршања на овој пловен

објект“...... .....Тука разговорот за момент прекина, додека од палубата на преубавиот “Галеб“мојот поглед го одвлекоа сончевите зраци кои потонуваа во чистата езерска вода, чичко Доне со мислите

одлета некаде, а каде во кое време од Охрид во кој дел од својот живот... ?! “Го чувствувате ли мирисот на едно убаво време кое со себе го носи овој брод?“ беше прашањето кое овој интересен човек ми го постави мене. И додека од гримасите на неговиот лик настојував да го откријам одговорот тој почна да раскажува...... “Од секогаш ме интересирале пловни објекти, бев младо момче кога потрчав на пристаниште за да гледам како бродот „Галеб“ го спуштаат во езерските води. Беше тоа во далечната 1961-62 година, се зборуваше дека поради неизградената патна инфраструктура бродот со потешкотии бил донесен од Вац- Унгарија каде бил направен за Македонија. Се чекало цели три години, да се доизгради камениот мост на Вардар за преку него да биде пренесен пловниот објект .Но минуваа годините оставаа белези на него но и тој врз нив....Од брод со застарена техника кој немаше палуба наменета за луѓе денеска тој прерасна во најсовремен и најексклузивен брод во Македонија наменет исклучиво за превоз на патниици. Од големата палуба како од дланка патниците ги гледаат убавините на Охрид и Охридското Езеро. Во ексклузивниот амбиент на бродот, климатизираниот салон, поделен е на два дела, ВИП и другиот салон во задниот дел како и барот со секакви видови пијалаци и коктели. Соработуваме со сите ресторани долж ривиерава, организираме закуски, ручеци и вечери и токму по-


ради сето ова бродов е погоден за одржуање деловни состаноци, мини семинари,презентации, журки и секакви семејни веселби,“вели Карагиров кој додава дека “Галеб“ е најбрзиот брод во Македонија во кој се обезбедува безшумна пловидба. За потребите на бродовите од калибарот на “Галеб“, потребна е стручна оспособеност за работење во сите временски услови, познавање на способностите на бродот до особеностите на езерото. “Како поискусен освојувач на водените предизвици им служам на потребите и барањата на помладите мои колеги на кои им го пренесувам моето долгогодишно искуство и знаење во поморските вештини. Можам да го искажам моето задоволство од послушноста и увежбаноста на посадата на “Галеб“.Тие се расположени да сослушаат и прифатат совети, пофалби или критики. Со добро обучена и увежбана посада нема никакви проблеми. Не не плашат ни временските прилики,благодарение на современите инструменти на бродот

пред време дознаваме какво време за пловење не очекува, но најважно е посадата да биде присебна во секој момент во секакви услови во лето или зима и да регира благовремено.“ Како искусен морепловец кој кормилото на бродот го вртел и на морска и на езерска вода, Каралиев вели дека пловните објекти на море се поголеми во однос на оние кои пловат по езеро а исто така различни се и временските услови. Ангажираноста на бродот во лето е целодневна но тогаш и задоволството е најголемо, важно е да се работи со

љубов и во работата да се внесеш целиот. “Работам со и за луѓето, сакам да им помогнам и услужам и секако да го пренесам знаењето и искуството на другите. Додека сум работно ангажиран среќен сум кога се задоволни патниците кои ги превезуваме, а приватно среќен ме прави среќата на моите најблиски и времето поминато со моите две внучиња Христина и Стефан“, ни кажа чичко Доне кога слегувавме по скаличките на бродот “Галеб “за конечно да стапнеме на копно. Секој од нас се препушти на работните обврски поставени на дневниот репертоар, ние по потрага на нови интересни информации а чичко Доне го оставивме на палубата од бродот “Галеб“.Тој високо ја крена главата и се загледа во небесната ширина, чиста и јасна без ниту еден облак, денес ќе има одлична пловидба по Охридското Езеро со преубавиот “Галеб“. Ангела Белевска

Ohridnews.com

www.amakpres.com.mk

15


ЛОКАЛ

ВРАБОТУВАЊЕ СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ

В

о Центарот за вработување во тек е проектот за вработување со субвенционирење на самохрани мајки, деца без родители и невработени лица постари од 55 години. Бројот на заинтересираните лица за вработување и на фирмите кои бараат работници кои припаѓаат на една од трите категории е мал. Во периодот на аплицирање од 1 до 10 март не се пријавиле заинтересирани за вработување, а аплицирале три фирми за вработување на самохрани мајки односно две за вработување на лица кои

се постари од 55 години. За фирмата која ќе вработи дете без родител, државата издвојува месечен износ од 15 000 денари што ќе ги исплаќа до деветтиот месец, а фирмата е обврзана да го задржи детето на работа уште 18 месеци. За вработување самохрани родители,месечно за период од 6 месеци, владата ќе издвојува 12 000 денари, а фирмата е должна работно да го ангажира работникот уште 12 месеци. Фирмата која ќе вработи лица постари од 55 години добива месечен паричен

надомест од 12 000 денари за период од девет месеци по што фирмата ќе го чува лицето и во наредните 18 месеци. На ниво на Р. Македонија со проектот ќе се настојува да се вработат; 50 деца без родители,200 самохрани мајќи и 150 лица постари од 55 години. Поради малиот број заинтересирани, проектот ќе се реализира и во април, апликациите ќе се доставуваат од 1-ви до 10-ти во месецот. А.Б.

ОД 1-ВИ ДО 10-ТИ СЕКОЈ МЕСЕЦ, АПЛИКАЦИИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

САМОВРАБОТУВАЊЕ СО ЗЕМАЊЕ КРЕДИТ

В

о првите десет дена во наредните десет месеци во Центарот за вработување може да аплицираат за самовработување сите лица кои се невработени над една година,потоа сите оние кои се евидентирани како невработени најмалку шест месеци и се постари од 55 и помлади од 27 години, како и корисници на паричен надомест најмалку шест месеци. За сите апликанти кои во Центарот

16

AMAK

PRES

за вработување поднесуваат пријава, бизнис план и потврда со која се докажува дека до тој момент редовно се пријавувале како невработени, владата дава кредит во износ од 3000 евра што ќе биде наменет за отпочнување самостоен бизнис. Корисниците на кредитот истиот треба да го отплатат за три години со еден посто камата а првата година е грејс период.

Од 1-ви до 10-ти овој месец, за самовработување аплицирале околу 100 луѓе, а готови пријави и бизнис планови поднеле 25 лица. Обуката на невработените за бизнис плановите се врши во Центарот за вработување Предвидено е со проектот да се вработат 2000 лица на ниво на Македонија. А. Б.


ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА СО АПЕЛ

СЕКОЕ ПАЛЕЊЕ ОГАН ДА СЕ ПРИЈАВИ

П

алејќи го стрништето со цел да ја исчисти нивата предизвикал пожар кој ја зафати и околната трска, а биле опожарени и три хектари шавар, сува трева ниска и густа вегетација, ова неодамна се случи во близина на болницата Св Еразмо. Ваквите појави се чести и доколку не се спроведуваат под наша контрола може да дојде до несакани последици со големи материјални штети, предупредуваат од Противпожарната служба во

Охрид. Од таму апелираат дека сите кои имаат намера да палат тоа навремено да го пријават. -Секоја година во ова време на потегот Градинар, Коснозглобна, Андон Дуков па, се до с.Подмоље каде што има доста необработено земјиште обраснато со густа и висока вегетација граѓаните намерно палат заради чистење на нивите. Пожарната во многу случаи е доведена во ситуација да ги спасува блиските и околни објекти, вели Спасе Прентоски

командир на противпожарната служба во Охрид. Инаку, на подрачјето на општина Охрид оваа година од страна на противпожарната служба е интервенирано во 54 случаи. Доколку овај тренд продолжи ќе се преслика 2007 година кога се случија и најголемиот број пожари 297 од кои 181 на отворен простор, предупредуваат од ППС-Охрид С.В

ЗДРАВО ЖИВЕЕЊЕ ЗА ЗДРАВО СРЦЕ

З

дебеленост, неправилна исхрана, пушење и физичка неактивност се водечки причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст. Таквите нездрави навики се се почести меѓу децата и адолесцентите. Затоа е потребно да се променат животните навики и да се зголемат физичките ак-

тивности како најдобра превентива во спречувањето на срцевите заболувања кои се водечки фактор на смртност во земјава. Ова е пораката од општинската организација на Црвениот крст, Младинскиот совет од Охрид и Сојузот на училишен спорт, а по повод неделата на борба против срцево-садовите заболувања. По тој повод беа органи-

зирани активности во насока на здраво живеење за здраво срце. Со масовен одзив на охриѓани беше реализирано пешачење од Градското пристаниште до Горица 3 каде се одржаа и повеќе физички активности.

www.amac.com.mk/novini

С.В

17


КУЛТУРА НА 100 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА

СПОМЕН БИСТА НА МИЛЕ БОШЊАКОВ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Н

а 27 февруари во спомен куќата на Миле Бошњаков беше одржана пригодна свеченост по повод 100 години од неговата смрт. Пред претставниците од локалната самоуправа и политичките партии од Охрид во родната куќа на охридскиот гемиџија беше откриена неговата биста што ја изработи младиот Стефан Нестор. Бистата од гипс која е висока 83 см и широка 60 см ќе биде поставена во градскиот парк до споменикот на Методи Патчев и Христо Узунов. “Гемиџиите се група млади интелектуалци ориентирани кон динамитски атентати на институции во кои бил инвестиран странски капитал со цел да извршат влијание врз европските сили за да направат нешто за Македонија. За нив слободата била поскапа од животот, а тие мислеле дека со нивното дело

ќе помогнат во реализирање на ослободителната идеја. Некои од гемидџиите Шатев, Бошњаков и Арсов биле на мнение дека по атентатите мора да останат живи за да го продолжат делото. Можеби и тука лежи причината што тие за разлика од Орце, Владо, Коста и другите гемидџии, останале живи. Нивните идеи биле реализирани во последните денови на април 1903 година со дигање во воздух на бродот “Гвадалкивир“, отоманската банка, поштата, плинарата и други објекти“ во Солун, рече историчарот и кустос во Заводот и Музеј, Никола Целакоски, кој додаде дека поради нихелистичките и анархистичките ставови и идеи Бошњаков бил исклучен од страна на тогашната управа на охридската гимназија. Во Солун, Марко се приклучил на гемиџиите и поради атентатите кои ги вршел заедно со сво-

ОХРИДСКИ ИГРАОРЦИ НА ФЕСТИВАЛ ВО РУСИЈА

И

граорците од ансамблот “Македонка“, од Охрид ќе ја претставуваат земјава на Меѓународноиот фестивал на народни песни и ора што од 1-ви до 4-ти мај ќе се одржува во московската област, Пешкоское во Русија. “Основната идеја на фестивалот е претставување на богатата словенска култура .На четрите фестивалски вечери ќе настапуваат млади артисти кои ги

18

AMAK

PRES

сакаат народните песни и танци.Фестивалот е традиционален, а годинава прв пат на него ќе учествуваат играорци од Македонија, а тоа нам не радува. Вакви манифестации се важни за единство и сплотување на словенските народи кои имаат блиски култури“, изјави организаторот на фестивалот, Ина Жарова. “На фестивалот во Русија, ќе ја претставиме нашата земја најдобро што можеме, ќе бидат изведени македонските

ите исто мисленици бил осуден на смрт а потоа и на доживотен затвор. Маките му започнале во Централниот солунски затвор “Едикуле“, а продолжиле и завршуваат во затворот во Мурзлук во Фезан, област јужно од Триполи. Остатоци од телото на Марко Бошњаков, се погребани во црквата Св. Богородица Перивлепта. Меѓу двете светски војни неговите останки се наоѓаат во некаква костурница во црквата “Св.Константин и Елена“ а во 1960 година коските се префрлени во неодбележана групна гробница во источниот дел од дворот на црквата. Ангела Белевска

ора на наша кореографија, а на првата фестивалска вечер ќе продефилираме на московскиот “Црвен Плоштад“ со руска кореографија –Кардили“, истакна претседателот на ансамблот Илија Љотески. По турнејата во Русија, играорците на ансамблот “Македонка“, ќе гостуваат во Србија и Полска. Ангела.Белевска


ВО ЦК „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

ЧАСОВИ ПО КЛАСИЧЕН И МОДЕРЕН БАЛЕТ

Н

еодамна во Центарот за култура “Григор Прличев“,започнаа да се одржуваат часови по балет. Балерината Јулијана Милевски по потекло од Украина ги учи децата на техниките и вештините од модерниот и класичен балет. Во моментов вежбите ги посетуваат околу 40 деца,

поделени во четри групи зависно од возраста. Пријавувањата се уште траат и се во четвртоците од 11 до 14 и во саботите од 10 до 14 часот. Месечната членарина изнесува 300 денари. Во иднина ќе се настојува младите балерини и балетани да добиваат и соодветни костими за играње. Во ЦК “Григор

Прличев“часови по балет се одржуваа во периодот од 2000 до 2003 година кога и беа укинати. Посериозни балетски предавања во Охрид се одржуваа во старото музичко училиште во 60-те години од минатиот век. А.Белевска

www.amac.com.mk/novini

19


SPORT АНГЕЛ ТАСЕСКИ КАПИТЕН НА ОХРИДСКИОТ ПРВОЛИГАШ АМАК СП

ГОРД СУМ НА КАПИТЕНСКАТА ТРАКА • ТОА ШТО СУМ КАПИТЕН НА ВАКВА ЕКИПА НАВИСТИНА МЕ ПРАВИ ГОРД. ВО ТИМОТ ПОСТОИ СЛОГА НО И ГОЛЕМ ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ. ТУКА ВО ОХРИД ИМА ГОЛЕМ БРОЈ ЉУБИТЕЛИ НА КОШАРКАТА И ТОА ТЕ ПРАВИ ДА СЕ ЧУСТВУВАШ КАКО ВИСТИНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ И ОД СТРАНА НА ПУБЛИКАТА И ОД СТРАНА НА УПРАВАТА НА КЛУБОТ. ГИ ИМАМЕ СИТЕ УСЛОВИ ДА ГО НАПРАВИМЕ УСПЕХОТ КОМПЛЕТЕН.

К

апитенската подршка за младите кошаркари од АМАК СП доаѓа токму од него. Како капитен но и како најстар во тимот негова задача да ја смири екипата и да ги бодри колегите во ситуација кога има потреба за тоа. За него велат дека е вистински лидер на охридскиот тим. Ангел Тасески омилен меѓу кошаркарите но и меѓу публиката. За тоа кога и како почнал со кошарка вели, „од многу мал дури ни самиот не паметам...виновна е мојата баба“

-Дека ќе бидам кошаркар се знаеше уште кога бев многу мал. Таквата судбина ми ја предодреди мојата баба Цвета која за мојот трети роденден ми подари баскет. Иако бев многу мал за да се сеќавам сепак знам дека од тогаш кошаркарската топка ми беше најомилена играчка. Како одминуваа годините јас навистина ја засакав кошарката а мојот прв обид на теренот беше во училишните денови кога имав само 9 години. Подоцна во седмо одделение бев дел од школата на Работнички каде тренирав две години. Од таму се префрлив во тимот на Соколи каде играв се до 2005 година, вака Ангел Тасески го раскажува

20

AMAK

PRES

животниот пат на својата кошаркарска кариера. Последните година и пол ја носи капитенската трака на охридскиот прволигаш каде, како што вели за прв пат осетил што е професионален клуб со сите права и обврски кои ги носи професионализмот. - Тоа што сум капитен на ваква екипа навистина ме прави горд. Во тимот постои слога но и голем професионализам. Тука во Охрид има голем број љубители на кошарката и тоа те прави да се чуствуваш како вистински професионалец и од страна на публиката и од страна на управата на клубот. Ги имаме сите услови да го направиме успехот комплетен. Ако се суди според резултатите кои ги постигнавме и местото кое моментално го имаме на табелата сметам дека направивме вистински успех кој според мене е и очекуван. Сепак АМАК СП ги има- најдобриот играч, Џарид Фрај, најдобрите стрелеци браќата Дамјан и Војдан Стојаноски но и останатите пред се млади играчи кои покажаа како се игра со срце за својот тим. За натпреварите пак кои ги изгубивме ни недостигаше и мала спортска среќа, но затоа на домашен терен покажавме дека сме непобедливи и тоа благодарение на прекрасната охридска публика која е наш шестти

играч- вели Тасески. За преостанатиот дел од првенството вели дека има уште доста да се игра но со ваква игра и со ваков тим на кој се враќа и повредениот Дејан Вегов местото на АМАК СП е меѓу најдобрата четворка во првенството. -Иако во првиот дел од првенството неодиграв онака како што се очекуваше од мене во втората фаза од шампионатот очигледен е мојот напредок. Можеби напорите на Управата да донесат засилување на мојата позиција ме мотивира да играм се подобро и се надевам дека до крајот ќе бидам вистински предводник на играта. Иако за многумина најдобрите се ценат според постигнатите кошеви јас и понатака ќе бидам среќен доколку како плејмејкер сум заслужен за кошевите на моите сиограчи. За мене успехот е постигнат доколку зад моето име има повеќе асистенции од кошеви, вели капитенот на охридскиот прволигаш. За Тасески кошарката е професија од која може добро да се живее, иако секој заработува онолку колку ќе вложи. „За тоа дека некој може да живее само од играње кошарка се уверив тука во АМАК СП и сум презадоволен. Би бил пресреќен кога би го продолжил договорот кој ми истекува наскоро. На обострано задоволство се надевам дека ќе ја продолжиме нашата соработка“ Инаку Тасески во слободно време, кога не е на тренинг, редовно ги посетува спортските кладилници, вели -тоа е моето хоби. Навива за Милан иако поради него најчесто ги губи опкладите. „Се нервирам го кинам ливчето и повторно одам во кладилница и играм за Милан“, вели Тасески, за кого освен кладилниците секојдневието му е исполнето со компјутерски игри и пиење кафе со другарите од клубот. Сузана Вренцовска


НА 100 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА

ГРАДОТ ДОБИ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ

С

оветот на општина Охрид конечно донесе одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори. Новото јавно претпријатие ,,Билјанини Извори“ ќе стопанисува со спортските објекти во градов, а во негова надлежност ќе бидат и организирањата на спортски манифестации, поддржување

на масновниот, рекреативниот спорт, систем на натпревари на училишниот спорт и манифестации и натпревари за лица со посебни потреби, користење опремување и планирање на изградба на современи спортски објекти; како и изградба, одржување и стопанисување на јавниот простор за паркирање. Според директорот на ЈП Комуналец, Боро Павловски, следи формирање на тимот

и органите кои ќе работат во новото јавно претпријатие, Управниот и надзорниот одбор и Директорот. По целосното доекипирање на тимот Охрид ќе добие многу во поглед на развој на спортот, а целта пред се е корисниците да добиваат квалитетни услуги, вели Павлоски. С.В

КАЈ ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ “МИТЕ БОГОЕВСКИ”

НОВ ПОЛИГОН ЗА МАЛИ СПОРТОВИ

Л

окалната самоуправа на Охрид во Буџетот за 2008 година, во развој на спортот планира да инвестира 6 милини и 382 илјади денари, пред се за подобруање на спортската инфраструктура.Политиката на Општината во спортот не е финансирање на врвни спортови бидејќи во сегашни услови неможе да ги финансира, иако тие за Охрид се значајни како туристички центар.Вообичаено ваквите спортови се финансираат од спонзори и со донатори,а во Охрид, вакви фирми,се ретки. Напротив,идејата на Локалната самоуправа е развојот и унапредување на масовниот спорт во кој активно можат да се вклучат сите генерации,бидејќи не се потребни големи финансиски

средства,а општината со скромни пари,може да развива ваков вид спорт. Во оваа насока е планирана изградба на неколку мали спортски објекти на повеќе простори во градот.Еден од нив е Спортски комплекс за мали спортови на просторот меѓу Економското учииште “Мите Богоевски” и Основното училиште “Григор Прличев” .Тука се планира да се изградат една трим патека,две игралишта за кошарка и едно за ракометн.На тој простор, е потребен ваков Спортски комплекс бидејќи тука има две училишта и една Детска градинака со 3.000 ученици и деца кои нема каде да ги обавуваат часовите по физичка култура,а нив би ги користеле и љубителите на спортот од централното градско подрачје.

Изградбата на овој Спортски комплекс кој, а треба да се реализира во текот на годинава, е приоритетен и неопходен бидејќи Полигонот за мали спортови од поодамна не е во функција за изведување на часови по фискултура за блиските училишта,а згора на тоа, овој простор од поодамна е запуштен и неуреден, и по доделувањето на фирмата “Гранит” се користи за паркин простор.Наскоро според урбанистите со ново Урбанистичко решение просторот од Полигонот за мали спортови ќе се пренамени во станбено-деловен простор за пазар. К.Спасески

АМАК СП ЈА ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТА НА ПОБЕДИ

С

еријата победи на АМАК СП и доминантноста на домашен терен продолжуваат и во вториот дел од шампионатот. Со триумфот над Свисслион Пелистер со 93-88 во 8-то коло од првата машка кошаркарска лига охриѓани ја забележаа четвртата победа во низа и се искачија на третата позиција на табелата израмнувајќи го бодовното салдо со Пелистерци, но и скорот во меѓусебните дуели 2-2 со што обезбедија еднаква стартна позиција во плејофот доколку се сретнат во разигрувањето. Првиот дел од втората фаза од натпреварите АМАК СП го заврши со позитивен биланс. Три победи во исто толку натпревари во “Билјанини“, а победничката традиција ја продолжи во дуелот со битолчани. По ваквиот

биланс охридскиот тим останува во рамноправна борба за третото место. Успехот на охриѓани е уште поголем ако се знае дека зад себе на табелата ги остави Пелистер, Фершпед Работнички, МЗТ, екипи далеку поискусни од младиот тим предводен од младиот тренер Игор Гацов. -Тежок натпревар во кој сепак излеговме како победници иако игравме против доста поискусна екипа. Задоволен сум од победата но не и од тоа како

игравме посебно во одбраната. Повторно имам забелешки на О Нил кој потфрли и во нападот и во одбраната. Но од друга страна го имавме Дејан Вегов кој на голема врата се врати после повредата и сметам дека беше клучниот играч заедно со Неделков кој го остави срцето на терен и покажа дека е спремен за големи натпревари, рече тренерот на АМАК СП, Гацов по победата над Пелистер. За клубовите од најквалитетната кошаркарска лига следува пауза поради 1. Фени Индустри 24 21 3 2047:1651 45 националниот Куп а натпреварите про2. Струмица 24 19 5 2182:1791 43 должуваат на 22 овој месец. АМАК СП 3. АМАК-СП 24 14 10 2006:1840 38 4. Свисслион П. 24 14 10 2032:1945 38 во 9-тото коло му гостува на второпла5. Фершпед Р. 24 13 11 1819:1681 37 сираната Струмица. Сузана Вренцовска 6. МЗТ Фон Универз. 24 12 12 2048:2046 36 7. Вардар Осиг. 8. К. Соколи 2000

24 9 15 1965:1827 33 24 2 22 1599:2279 26

www.amakpres.com.mk

21


OGLASI PISMA KULTURA

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во нашиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ. Издавам деловни простории од 37,25 и Продавам “ ЈУГО КОРАЛ 60 “, 18 метри квадратни. Цена по договор. произведено 1991 година во возТелефони: 268 - 451 и 070/ 474 - 274. на состојба. Цена 1.000 ЕУР. Телефон: 071/992-427

Се продава електрична печка 3 “АЕГ “ со постоље. Цена 50 ЕУР, два каучи по 1.500 денари, сандак замрзнувач по цена од 50 ЕУР, тепих и проточен бојлер АЕГ- цена по договор.

Се продаваа ТАМ 170, кипер во исправна состојба Телефон: 075/479 - 553

5Се бара собарка за апартмани. Лице за контакт Коста. Телефони: 267 - 243 и 070/ 249 - 507.

Вршиме поправка на внатрешен инвентар , кујни , регали и друго. Изработуваме мебел по порачка, по мерка на просторот. Телефон: 071/ 334 - 054.

Продавам “ NISAN DATSUN CHERU « GL 1.3, произведен 1983 година и регистриран до август 2008 година. Комплет ремонт на мотор направен во октомври 2007 година. Удрен позади, но во возна состојба. Цена 350 Евра. Телефон: 070/ 258 - 333.

Продавам фрижидер “Кончар “ исправен од 310 Л за 3.000 денари. Продавама хармоника “ Velmaster “, бела со три регистри во исправна состојба, 4.000 денари. Купувам голема плинска боца. Телефон: 070/ 307 - 289.

Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, поволно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.

Барам стан под кирија на подолго време, наместен со големина од 80 до 100 метри квадратни. Телефони: 266 - 208 и 070/ 144 - 117

Издавам 3 деловни простори новогрдба со површина од 37; 25; и 18 метри квадратни по 5 Евра метар квадратен. Телефони: 268 - 455 и 070/ 474 - 274.

Се продава плац од 370 метри квадратни во Се продава “ ЈУГО “ во возна с. Љубаништа, со маркица веднаш до патот, состојба. Цена околу 1.000 ЕУР. Телесо вода и струја. Цена 40 ЕУР. за метар фон: 252 - 187. квадратен. Информации на телефон: 02/ 322 - 66 - 72.

Продавам “ Сеат Толедо “ 1.9 TD со фул опрема, без клима произведена декември 1994, регистрирана до 11.2008 година, обоена за такси. Цена 3.400 Евра. Телефон: 288 - 787. Ѓоко.

22

AMAK

PRES

Се продава мини апарат за лифтинг за професионална, но и домашна употреба. Се продава електричен апарат за маникир и педикир со 40 опции. Цена 3.500 денари. Телефон: 070/ 212 - 784.

Продавам камион “ Застава Там Фургон “, произведен 1998 год. Цена по договор. Телефон: 252 272. Се продава место во с. Велгошти погодно за градба. Телефони: 288 - 592 и 070/ 525 - 524

Продавам женски чевли, црни, лакирани на штикла, и кафеави со мала штикла. Броеви од 35 до 41. Цена 350 денари од “ ЧИК “ Куманово. Продавам козјо млеко 40 денари литар. Телефон: 075/ 829 - 027.


ЕФЕКТИ

www.amac.com.mk/novini

23


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 84 by alan.kaou - Issuu