СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...
АМАК ПРЕС
ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 116, 15 Ноември 2009, Бесплатен примерок
Македонците во Албанија немаат ни осмина од правата што Албанците ги имаат во Македонија!!!
Збор на уредникот
Деловна жена Кога размислував што да напишам овој пат, одлучив дека во овие есенски дождливи денови нема потреба да Ви зборувам за тешки, тмурни теми, туку секојдневието да Ви го освежам со нешто убаво и да Ви зборувам за правилното но во исто време модерно облекување на деловните жени. Можеби се прашувате зошто? Не сакам никого да навредам, но сметам дека многу малку од вработените жени умеат да се облечат соодветно за своето работно место, за да изгледаат деловно. Никако не смееме да се облекуваме како што се шетаме преку ден, а уште помалку како што изгледаме навечер. Се знае во секој дел од денот и во секоја пригода каква гардероба треба да се носи. Навистина е преубаво кога ќе видиме некоја деловна жена што е модерна, убава и соодветно облечена. Мислам дека секоја фирма треба да воведе кодекс на облекување за своите вработени додека се на работното место. Затоа, ние во овој број на “Охридските новини“ во “Модерниот деловен Кодекс“, Ви претставуваме неколку модели како пример како треба да се облекувате додека сте на работа. Се надевам дека ќе прифатите дел од нашите совети, а ние Ви посакуваме да бидете амбициозни, успешни и истрајни во своите планови, а убавината што ја носите во себе да ја надополните со деловен изглед. На крајот од ова обраќање Ве поканувам да ги прочитате содржините од овој број на Охридските новини. Во него покрај информациите сместени во рубриката Наш Охрид, од интервјуто што го направивме со претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Едмонд Темелко ќе откриете како живеат нашите во Албанија. Наша е честа што разговаравме и Ви го раскажуваме животниот пат на доајенот на македонското новинарство, поет, прозаист, драмски автор и културен деец во градов, Видое Видически. Бевме на кафе со музичарот Ѓоко Танески, а во спортската рубрика ќе прочитате за спортистот Бобан Наумоски кој го освојува светот и се закитува со златни медали. Другите содржини не Ви ги откривам, прочитајте ги сами. Всушност во есенско дождливо време една од поубавите комбинации е да бидете дома и по напорниот работен ден да се информирате и релаксирате читајќи ги содржините што ние Ви ги нудиме. Животот е еден со многу моменти, ние Ви ги нудиме најубавите, оние кои како охриѓани не смееме да ги заборавиме.
Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com
Редовни рубрики: Наш Охрид Интервју Образование Репортажа Ви најавуваме... Охридски легенди Економија Наша гордост На кафе со... Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска
belevska.angela@gmail.com
Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Петруш Јовески Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
3
Наш Охрид
Нови плажи на охридското крајбрежје
П
о Охридското крајбрежје ќе никнат уште плажи. Владата има намера под концесија да ја издаде Секоја педа слободна земја на охридското крајбрежје. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во тек е постапка за издавање на локации за три плажи, а се предвидува под концесија да биде издаден и преостанатиот дел од крајбрежјето, освен просторот кој е предмет на денационализација.
Министерот за Транспорт и врски - Јанакиевски - Тенденција на Министерството е да се издаде секој дел од брегот на езерото. Има проблем со дел од плажите околу земјиштето кое им е вратено на сопствениците преку денационализацијата, но интенција на Министерството е да се издаде секој слободен простор на плажите, со цел истите да се облагородат во функција на привлекување што поголем број туристи, вели министерот Миле Јанакиески. Нови плажи ќе бидат изградени и на градскиот кеј. Според Деталниот ур-
4
даде на заинтересирани субјекти, најавуваат од локалната самоуправа.
Начаалникот на секторот за урбанизам - Арнаудоски
Градоначалникот Петрески
банистички план донесен во 2000 година се предвидува навлегување во водите на Охридското Езеро на просторот каде се лоцирани повеќе хотели.
- Тие плажи нема да бидат на шеталиштето или во тревникот, туку тие ќе бидат на платформи кои со брегот ќе бидат поврзани со мост и сметам дека е добро сите тие пет - шест хотели на кејот заеднички да имаат две плажи, затоа што хотел без плажа тешко може да работи, вели Петрески
- Со постоечкиот ДУП за потегот од Канео до Студенчишта кој исклучиво го третира крајбрежниот простор, од кејот до Билјанини извори се предвидува изградба на три платформи и навлегување во водената површина, како и проширување на пристаништето пред хотелот „Палас“ и градското пристаниште, истакна началникот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудоски. Тој информираше дека со урбанистичкиот план усвоен од Советот пред 9 години се предвидува п платформите од плажите да се изградат на простор во должина од 900 метри, за што ќе треба да се изјаснат сите надлежни институции.
Нови плажи се планираат и на потегот од стадионот Грашница па се до реката Далјан. За ова земјиште сопствениците на угостителските објекти кои гравитираат на овој простор не покажале голем интерес поради што најверојатно Министерството за транспорт ќе распише нов тендер и тие плажи ќе ги из-
Екологистите реагираат дека изградбата на нови плажи ќе предизвика дополнително нарушување на крајбрежјето. Според нив голем дел од изградените плажи покрај тоа што го ограничуваат слободното движење на луѓето, не ги задоволуваат и еколошките стандарди. - Сите тие објекти на плажите се всушност кафетерии на езерото каде не е решена инфраструктурата и фекалните води кои се создаваат се излеваат во езерото, вели Борис Стојаноски од еколошкото друштво „Грашница“. Според него добро е плажите да се издаваат под концесија бидејќи се уредува просторот, но мора да се води сметка и за животната средина. Доколку нема можност за приклучување на тие објекти на колекторот, тогаш отпадните води треба да се третираат во мини пречистителни станици, а доколку некоја плажа не ги исполнува еколошките норми не треба да добие дозвола за работа, додава Стојаноски. Екологистите предупредуваат дека УНЕСКО внимателно ги следи состојбите со Охридското Езеро и дека преголемата комерцијализација на крајбрежјето не само што може да го загрози статусот на Охрид како светско културно и природно наследство, туку ќе предизвика и поголеми последици врз еко- системот, а со тоа и врз развојот на туризмот.
Според градоначалникот Петрески изградбата на плажи на кејот е добра идеја која е во функција на развој на туризмот.
Стојаноски - ЕД Грашница
Наш Охрид
Хотел вреден 33 милиони долари ќе се гради во Охрид
Е
литен хотелски комплекс насловен како “Окото на Охрид“ ќе никне на атрактивната местоположба на самиот кеј од Охридското Езеро, во близина на Билјанини извори .Охридската фирма „Трудбеник“ и македонскиот бизнисмен од Америка, Спиро Трајчески потпишаа договор за заедничко инвестирање во изградба-
та на хотел вреден 33 милиони долари. Монденскиот комплекс богат со многу содржини ќе биде распослан на површина од околу 15.000 квадратни метри, а во него се предвидува да бидат вработени над 600 лица. Оваа локација беше предмет на јавниот оглас за продажба на гра-
дежно земјиште што Министерството за транспорт и врски го објави неодамна. Според најавите, изградбата на хотелот ќе почне на почетокот на март и се планира да биде завршен за две години. Хотелот ќе има капацитет од 500 гости и според најавите, ќе биде најлуксузниот објект на бре-
гот на Охридското езеро. Доколку средувањето на документацијата се одвива според планот се очекува комплексот “Окото на Охрид“ да биде завршен во рок од две години.
Три милиони за ревалоризација на Охридско
В
ладата ќе издвои три милиони денари од буџетот за идната година за изработка на студија за ревалоризација на Охридското Езеро. Оваа одлука е донесена врз основа на активностите за подготовка на Законот за управувањето со културното и природното наследство во Охридскиот регион. Студијата за ревалоризација ќе значи испитување на вредностите и квалитетите на езерото, со цел да се придонесе во неговата понатамошна заштита. - Ваквата поддршка ќе значи отворање процес кој одамна беше потребен. Охридското Езеро последниов период се' почесто е изложено на притисок од економските, социјалните и еколошките промени во регионот. Треба да се направат големи напори за езерото квалитетно да се заштити и не смее да се дозволи одредени неартикулирани интереси да го доведат во опасност - вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на езерото. Охридското Езеро е едно од најстарите во светот. Поседува уникатна флора и фауна и е еден од најголемите биолошки резервати во Европа. Езерото од 1980 е под заштита на УНЕСКО
5
Наш Охрид Проблем во Локалната самоуправа
Многу вработени, малку простории
П
оследниве години Локалната власт се соочува со сериозен просторен проблем. Имено, Општината како локална самоуправа не е стопан на целата зграда. Локалните служби па и кабинетот на градоначалникот се сместени на еден кат а на останатите два ката се простории што ги користат вработени во подрачните единици на министерствата. Во последно време како резултат на бројните вработувања во локалната власт ситуацијата стана уште похаотична. Една просторија ја користат четворица или пет мина службеници а се случува двајца вработени да користат едно биро или компјутер. “За наше непречено функционирање ние мора просторно да се прошириме. Неопходни се нови сали за работа на комисиите и помошните тела на советот на општината и градоначалникот. И претседателот на општинскиот совет нема своја канцеларија“, вели портпаролот во локалната самоуправа, Никола Манески. Условите за работа стануваат уште потешки во петоците, кога во големата сала во која се одржуваат седниците на совет се склучуваат граѓански бракови проследени со гласна музика и песни.
6
“Проблемот за адекватна сала за венчавки ние го имаме воочено одамна и доблесно е да признам дека оваа актуелна власт не е прва која тоа го согледала. Овој проблем на немање адекватна свечена сала за венчавки во Охрид е согледан од поодамна но решението секоја актуелна власт и градоначалникот го гледа во комплексното решавање, обезбедување простории за локалната самоуправа. Што се однесува до салата за венчавки, во ред би било таа да биде надвор од општинската зграда, со цел да се избегне метежот кој настанува за време на склучување на граѓанските бракови“, додава Манески. Бројот на вработувања во локалната самоуправа, последниве две години е значително расте а со тоа се посериозен станува просторниот проблем. Гласноговорниците на локалната самоуправа велат дека зајакнувањето со нови кадри значи подготовка за барањата што ги налагаат наредните фази за децентрализација.
definitivno don.com.mk www.
Интервју Едмонд Темелко- претседател на македонската партија “Македонска алијанса за европски интеграции “ во Албанија и градоначалник на општина Пустец
Македонците во Албанија немаат ни осмина од правата што Албанците ги имаат во Македонија!!! “Ние, Македонците во Албанија ни на сон не можеме да ги имаме правата што Албанците ги имаат во Македонија. Иако Албанија е потписник и ја има ратификувано конвенцијата за човекови права, документот е само формален. Албанската власт ја залажува меѓународната јавност зошто во реалноста таа признава постоење на македонско малцинство но само на просторот на Мала Преспа. Тоа значи дека Македонците кои живеат во други места на Албанија не се признати како Македонци. Уште по смешна е ситуацијата кога Македонец ја напушта Мала Преспа тој веќе не се води како Македонец туку како Албанец. На македонски јазик делумно се школуваат само децата од Пустец. Албанците во Македонија пак одамна не се борат за права тие добија се, нивна цел е создавање “Голема“, Албанија„8
Неодамна во Албанија се одржаа парламентарни избори, каков исход имаа тие за Македонците што живеат таму?Колку тие имаат право на јавен политички живот, политички активности и влијание врз актуелната политичка власт? Последните парламентарни избори во Албанија имаа многу големо значење за сите Македонци во Албанија. Без разлика што некои поединци “псевдо патриоти“ сакат да го омаловажат овој политички настан во полза на свои интереси и да се истакнат како некаква категорија личности, зборуваат се и сешто преку медиумите во Македонија, без воопшто да се интересираат и да придонесат за правата на Македонците
во Албанија .Велам од голем интерес беа овие избори бидејќи за прв пат речиси на поголемиот дел од Албанија отворивме изборни штабови каде се вееше симболот на нашата партија, македонско знаме со шеснаесет –кратно жолто сонце на црвена основа. Значи ако досега тоа можеше да се виори само во Мала Преспа, на овие избори тоа го направивме низ цела територија на Р. Албанија каде има значителен број Македонци. Прв пат влеговме со наши симболи со наша програма во чисто етничките зони “Гора“ и “Голоборд“ каде сега имаме наши структури. Жално е што таму иако населението е македонско, албанската држава не ги признава како Македонци. Децата не учат ниту еден збор на свој мајчин македонски јазик. Таму во секоја куќа ќе го
чуеш зборот “се плашиме од Арнаутите“, или“ сепак ова е почеток, важно почнавме од некаде“ .И навистина Македонците почнаа да се будат и тоа се докажа на изборите каде “Македонска алијанса за европски интеграции“ , имаше гласови во сите места каде ние тврдевме дека постои македонско население. И тоа беше голем тест .Се докажа дека македонската партија има капацитет да се справи со политиката во Албанија за остварување на правата на Македонците во Албанија. Околу вториот дел на прашањето мислам дека во Албанија треба да мине уште долг период за државата да се ослободи од стравот што таа го чувствува од малцинствата па да ги остави слободно политички да се организираат за да можат сами да решаваат за своите проблеми како
Интервју на политички така и на економски план. Само со активно учество во политиката ние Македонците можеме да ги оствариме нашите права во Албанија. Но, работата не е така лесна станува збор за сложен процес. Голем дел од Македонците членуваат и делуваат во Албански парти а друг дел се плашат слободно да членуваат и гласат за македонската партија. Има и еден друг дел Македонци кои имаат раководни функции по тамошни претпријатија и фирми. Тие плашејќи се од можноста да ја уништат својата кариера не кажуваат дека се Македонци. Вие сте претседател на македонската партија “Македонска алијанса за европски интеграции” во Албанија. Дали само преку оваа политичка партија,Македонците можат да ги изразат своите политички стремежи и ангажмани или постои и друга групација на наши од таков тип? На ова прашање ќе ви одговорам кратко. Во моментов во Албанија нема простор за друга политичка партија бидејќи ние сме во процес на конституирање како партија. Уште немаме создадено некоја видлива бројка за формирање масовно гласачко тело за да може да има повеќе македонски парти. По мое мислење, друга партија би донела големи тешкотии на градењето пат за остварување на правата на Македонците во Албанија. Со тоа ќе се изгуби интересот кај албанските парти за коалицирање. Во колкава мера Македонците во Албанија имаат права како малцинство. Во колкава мера е признат нивниот идентитет. Тука кај нас во Македонија на Албанците со закон им е дозволено официјално и јавно да го употребуваат својот мајчин јазик во територијалните единици каде се мнозинство, а последниве месеци, Демократската Партија на Албанците на Мендух Тачи, покренува иницијатива истиот официјално да се употребува на целата територија на Македонија. Албанците кај нас, полека но сигурно добиваат се што ќе посакаат. Какви се условите таму во поглед на употреба на нашиот јазик, знаме,грб? Албанија е потписник и веќе ја има ратификувано рамковната конвенција за човекови права и права на малцинствата на советот на министри на ЕУ, и овој документ стана дел од законската регулатива
на Република Албанија .Во овој документ има еден добар дел за употреба на јазиците на припадниците на етничките групи или малцинства. Овој документ е еден вид добар закон но само на хартија .Зошто го велам ова?! , Поради тоа што во реалниот живот албанските власти го признава официјално македонско малцинство, но само она што е сконцентрирано во делот на Мала Преспа. Тоа значи дека Македонците кои живеат во другите албански градови и во кои нивниот број е многу поголем од оној во Мала Преспа не се признати од власта како Македонци иако во суштина тоа и се. Потпишаната конвенција за човекови права е само форма-
лен документ- еден вид маска што албанските власти ја ставаат пред меѓународната јавност. Целта им е пред меѓународната јавност да прикажат дека почитуваат некакви права а во реалноста ситуацијата не е таква. За да бидат нештата уште по апсурдни доколку некој Македонец ја напушти Мала Преспа, тој го губи правото да се идентификува како Македонец и тоа дополнително создава проблем за употреба на македонскиот јазик во Албанија. Дали ова значи дека Македонците немаат право јавно да го употребуваат или да се школуваат на мајчиниот јазик доколку не живеат во Мала Преспа па и да станува збор за територијални единици каде тие се мнозинство? Да бидам попрецизен, ќе кажам дека Македонците имаат право де-
лумно да се школуваат на мајчин јазик само во општина “Пустец“ и на друго место никаде. За службена употреба на македонскиот јазик не станува ни збор, тоа е апсурд. Ние Македонците во Албанија ниту на сон не можеме да ги имаме правата што Албанците ги имаат во Македонија. Ниту во сон не можеме да се споредиме со Албанците од Македонија, бидејќи тие веќе од дамна не бараат права туку нешто друго многу по познато како “Голема Албанија“ и намерно опструираат и вештачки создаваат проблеми само и само Македонија да не се интегрира побрзо во ЕУ и НАТО. Опструкциите ги прави Албанија и Косово и тоа е многу читливо и
се гледа по нивните постапки. Ние како партија имаме визија како да го зачуваме македонскиот јазик и тоа преку учеството во политиката. Победувајќи во општините и поставувајќи градоначалниците од наши редови ќе мрднеме барем малку на пред. На тој начин ќе почнат да се употребуваат македонските симболи и македонскиот јазик во тие места каде сега нема ништо од тоа. Во моментов имаме веќе проект за курсеви по македонски јазик и тој е во фаза на имплементирање. Мислам дека проектот ќе биде успешно реализиран и ќе придонесе за зачувување на македонскиот јазик таму каде Македонците немаат право да се школуваат на него во официјални јавни училишта. Во глобала каква е економската состојба на нашите во Албанија.
Дали таа е причина покрај ниско образованите, својата среќа надвор од Албанија да ја бараат и високо образованите луѓе- интелектуалци? Економската состојба на Македонците во Албанија е од лоша по лоша. Или има подобрување и тоа благодарејќи на македонската партија “Македонска алијанса за европски интеграции“ . Таа успеа во 2007 година да добие едно градоначалничко место во Општина Пустец. Значи откако јас сум градоначалник во Пустец нештата радикално се промена на подобро. Пустец е единствена општина во која на општинската зграда се вее македонското знаме со 16- крако жолто сонце на црвена основа. Што се случува на културенспортски план во колкава мера успевате да ги негувате македонските обичаи и традиција? Од пред две години, значи откако јас станав градоначалник во општина Пустец почнавме официјално да издаваме документи на македонски јазик. Се слават културни манифестации, врзани со македонската нација, покриени со финансии од општинскиот буџет. Во оваа општина јавно го прославуваме празникот Илинден и други наши верски празници. Се именува улици и плоштади со имиња на македонски ревулуционери. Секако во склоп на политичко договарање со владејачката партија со која сме во коалиција .Настојуваме да се донесе одлука во законодавната комисија на парламентот за враќање на македонските имињата на селата во нашата општина. Успеавме да донесеме големи инвестиции. Некои луѓе мислеа дека идејата не ни е остварлива но го асфалтиравме патот Пустец -граничен премин Горица или познат како Стење од македонска страна ,изградивме нов граничен премин .Во Пустец веќе сите селски патишта се асфалтирани ,се прата водоводи, канализации и друго. Условите за живот се подобрува но голем проблем е вработувањето на наши кадри .Ние оваа слика на општина Пустец ќе ја употребиме како модел за во другите општини каде живеат Македонци. Доколку победи нашата партија во тие места тие општини ќе бидат подобро место за живеења. Значи само активно учество на Македонците во политичкиот живот во Албанија и единствено преку македонската партија “Македонска алијанса за европски интеграции“ има надеж за подобро утре на Македонците во Албанија.
9
Чест ни е...
Видое Видически доајен на македонското новинарство, поет прозаист и драмски автор
Ги посеа културните вредности за да уживаме во нив
Чест ни е... Видически во младоста
П
рвата средба со господинот Видое Видически беше непосредна и спонтана. На едно од поетски матинеа што се одржуваа во НУ Библиотека “Григор Прличев , пред неколку години ми пријде човек , со интересно – уметнички физички изглед и откако културно ме поздрави ми рече, “Ја следам вашата работа, сте тргнале по правиот пат и само така продолжете напред“. Неговите зборови ме поласкаа а јас штотуку вратена од студиите од Русија “како падната од Марс“, не ги познавав многу овдешните луѓе или сум заборавила дел од нив па веднаш ги прашав вработените во библиотеката. “Кој е овој човек?“, од нив добив одговор:, “Видео Видически, основач на Историскиот архив, тој е основачот на првото охридско радио “Радио Охрид“, првиот охридски новинар и дописник од Охрид за Радио Скопје, некогашниот директор на Домот за Култура “Григор Прличев“, основачот на манифестацијата “Прличеви беседи“ и основачот или организатор на буквално сите културни институции во градов па и во Струга. Тој е и поет, прозаист и драмски автор“. Тогаш бев почетник, и се калемев како новинар во радиото што тој го создал, и по зборовите што ги слушнав за него посакував еден ден да му направам портрет на мудриот човек со долгогодишно работно искуство, човек чие име и презиме често како мало девојче ги читав зад песните и расказите во школските буквари и читанки. И навистина желбата се исполни......
Есенско саботно утро. Поројниот дожд што паѓаше ги беше уплашил охриѓани а во Охридската чаршија немаше речиси никој освен јас и жолтите од дрвја испаднати листови чиј шум го слушав под моите нозе. Неколку мигови подоцна ја затворив големата кафеава од дрво изработена порта и додека се качував по високите скали размислував “Како да го почнам разговорот, што да му кажам на човекот кој кога се договаравме за средбата ми кажа дека не сака многу публицитет, внимава во кои медиуми дава свои изјави или кои се негови соговорници“. Откако го оставив крцкањето од внатрешната врата зад себе, во преубавата голема одаја наместена во градски стил со ловечки сувенири, го здогледав чичко Видое. Под светлината од куќното кандило растурил стотина свои фотографии кои го присетуваа на животниот пат. “Кога човек ќе зачекори во минатото , многу случувања и настани се исправаат пред него. Изборот на збиднувањата не ги прави тој, туку самите тие, со своето значење си направиле подлабок или поплиток рез, врз неговата душа. Некои се забораваат ненамерно, а некои со сакање и со цел за да не ја разранат својата околина и стишена давнина“,ми рече чичко Видое и ме покани заедно да одбереме дел од фотографиите што ќе се објават во “Охридските новини“. Додека гризев бонбони и пиев од домашниот сок од вишни со кој ме послужи љубезната сопруга на Видически тетка Натка, внимателно го слушав мудрецот кој објаснуваше кои
се луѓето на фотографиите со него и размислував, се видни луѓе, професори на факултети,писатели, новинари, државници, дипломати. Видое Видически роден е во Охрид 1931 година. Основното образование и гимназијата ги завршил во својот роден град, а филозофски факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1959 година. “Детството и младоста ми минаа во населбата Горна Влашка мала. Семејната куќа ни беше кај Крст –џамија а мојот татко и поблиските роднини беа градежници. Но јас не тргнав по нивниот пат. Од мало дете уживав во читањето и пишувањето. По завршувањето на средното образование не појдов на студии, морав да останам дома и да се вработам заради издржувањето на моето семејство. Најпрво работев како продавач во една разноврсна продавница на железничката станица во Охрид во која исклучиво имаа право да се снабдуваат железничарите на прочуеното вовче така наречено “Киро“. По пет- шест месеци,благодарение на активистите од мојот реон, другарите Вани Василевски и Виктор Рибар кои работеа како функционери во градскиот комитет на КПМ и Градскиот одбор на НФ во Охрид ,се префрлив да работа кај нив. И работев со разгласот (озвучувањето) кое беше тогаш инсталирано на двете главни улици во градот (Старата чаршија и улицата покрај езерото). Тоа се користеше за информирање на граѓаните со поважните преземања, најави и соопштенија на Градскиот одбор
и другите општествено –политички организации“,вели Видически со што почнува да ја раскажува својата животна приказна. Од месец февруари 1950 година Видически станува прв постојан дописник на Радио –Скопје од Охрид и околината и паралелно продолжува да работи со разгласот. А есента истата година започнува со студиите во Скопје. Во 1953 година се оженил со сопругата Натка и првите брачни денови ги започнале во ближното село Косел. “Таму поминавме две прекрасни учебни години. Имавме многу средби со родителите од учениците и во секој нивни дом се чувствувавме како кај свои најблиски. Одевме на имендени и слави. Така се запознававме со животот на нашите ученици. Се сеќавам на празникот Водици, сите излегуваа на сред село и наредени едени од едната, а други од другата страна на Коселска река чекаа свештеникот да го фрли крстот и тогаш мало и големо влегуваше во водите по него. Во тоа време напишав и неколку раскази. Некои беа наградени а некои откупени на анонимни конкурси. Во нив не се зборуваше за политика. Во нив беше насликана само селската идила. Премногу беше убаво за животот да тече така. Дојдоа, и таму не затекнаа избори, чинам за пратеници. И како секогаш, после секои избори едни остануваат без работа.“ Но, неполн месец потоа , Видически се вработил како шеф на возниот парк во Градежното Претпријатие “Гранит“. А сопругата по пат на конкурс во Охридскиот суд.
11
Чест ни е...
Од учителствувањето на писателот Видически и сопругата Натка во с. Косел
Основач на Историскиот архив “Во месец септември 1955 година, станав директор во основање на Околискиот историски архив, благодарение на ангажирањето на потпретседателот на Околискиот одбор Живко Мартиновски. Иако работевме во тешки услови успеавме да собереме доста материјали од тогаш постојните Градски одбори (Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод,с. Белчишта и с. Косел“ На 1-ви септември 1956 година, Видое добива покана за отслужување на воениот рок во Билече во школата за резервни офицери за да 15 дена подоцна добие нова покана со која е пренасочен од школата за резервни офицери во обичните единици како обичен војник во Суботица, на границата со Унгарија во времето кога таа вриела од бегалци поради немирите што се случија таму. “Поминаа и тие војнички денови“, воздивнувајќи рече чичко Видое. Наеднаш во собата настапи молк. Од малечката кујна се појави тетка Натка во рака со два филџани црно кафе и топли колачи. “Време е за пауза“ насмевнувајќи се викна таа, а додека Видически го пиеше кафето јас размислував. Пред мене стои жива легенда, човек кој не може да го раскаже својот живо-
12
тен пат во еден ден. Но сепак , тој е умешен искусен новинар, учител од кој учеле многу мои колеги па знае да го издвои најбитното и најважното од свој животен век. Основач на Радио Охрид и прв охридски новинар “По отслужувањето војска се вратив дома и по неполн месец бев поставен за прв директор и основач на Радио Охрид од страна на претседателот на Градскиот одбор во Охрид, другарот Атанас Илоски. Човекот кој беше иницијатор и кој со посебен интерес се залагаше да започне со работа радиостаницата. Во еден од првите денови на декември 1957 година, јас и Димче Зебецот, шофер во Околијата со џип заминавме во Прилеп каде се изработуваше предавателот од страна на познатиот радио- стручњак Киро. Одењето беше тешко, а враќањето уште потешко бидејќи на превоите на Буково и Ѓавато имаше многу наврнат снег. Се се сврши добро и започнаа техничките проби на ради- предавателот со јачина од 50 вати. Се слушаше добро бидејќи етерот не беше заситен со такви слични предаватели. „Свеченото пуштање во работа на Радио Охрид се случи на денот на ЈНА на 22 декември истата (1957) година. Тогаш јас бев и уред-
Во домашен амбиент сопружниците Видически ник и новинар и спикер, така да јас го најавив почетокот со зборовите : “ Зборува Радио Охрид!....на средна бранова должина.....“ И по емитување на неколку маршеви, пригодно зборуваше секретарот на Околискиот комитет на КПМ, а мали интервјуа имаа граѓаните Цветан Стефанов, Никола Бошале и други. Први радио-техничари беа Коста Ангеловски и Андон Стрезоски“, со радост што се чита во очите раскажува Видое.
Зародишот на Охридско Лето “Многу интересно е настаната идејата за формирање на фестивалот “Охридско Лето“. Скоро секоја година во Охрид на Ј’ но летуваше семејството на Ана Тофиќ – Липша и д-р Петар Тофовиќ. И еден ден на крајот од јули 1961 година на терасата во ресторанот Летница на две-три споени маси седеа неколку познати имиња како што се Ана Тофовиќ –Липша, д-р Петар Тофовиќ, Димитар Кондовски, д-р
Секретарот на Општинскиот Комитет Јаким Спироски, при пуштањето во работа на Радио Охрид, 22 декември 1957 г.
Чест ни е...
Видое Видически и Генерал Михајло Апостолски
Пред пуштањето во работа на ДК ‘‘Григор Прличев‘‘ 1981 г. 1. Проектант проф. Живко Попоски 2. Видое Видически 3. Никола Чекреџи 4. Хаџи Митрески ас. на Архитектонски факултет Милан Ѓурчинов, Матеа Матевски, Илија Зафировски, Виктор Плевнеш и јас Видое Видически. Се водеа доста разговори од областа на културата во Македонија и посебно за во Охрид. И така се дојде до идеја еден музички фестивал да се одржува во градот. Првиот концерт се одржа на 4-ти август истата година во црквата “Св. Софија“ со настап на првенката на нашата Опера, Ана ТофовиќЛипша. Следните две –три години фестивалот се одржуваше со посебна програма во текот на летниот период, а во организација на Концертната дирекција на РМ, каде беше директор познатиот македонски диригент Кирил Спироски и Домот на Култура “Моша Пијаде“- Охрид каде директоруваше Љубен Баткоски а потоа и јас. Од 1964 година фестивалот се одвои како самостојна институција , со посебни органи а за директор беше поставен писателот Миле Волканоски, кој имаше свој придонес за нејзиниот успешен развој“ . Видически го преименувал Домот за Култура од “Моша Пијаде “во “Григор Прличев“и ги основа “Прличевите беседи“ Во 1969 година, Видое Видически како директор на Домот за Култура започнува со организирањето на културната манифестација “Прличеви беседи“ во чест на големиот македонски творец Григор Прличев. Од тогаш Домот го преименува името и се вика “Дом на Култура “Григор Прличев“- Охрид, а песната “ЗА ПАТРИКОТ“(1762 лето) станува химна на манифестацијата “Прличеви беседи “ и на институцијата. На свеченостите кои се одржуваа секоја година на 5-ти и 6-ти февруари, со свои беседи настапувале поголем број наши познати научни работници и писатели како што беа и се: Блаже Конески,Вера Антиќ, Милчо Балески, Томе Саздов и други. Во 1973 година, Домот во програмата за работа што ја доставу-
вала до надлежните започнал со предлагање во оваа институција да се формира полу- професионален театар со пет професионални артисти од класата што завршиле заедно со Славко Нинов. А во исто време да се ангажираат по потреба аматери –артисти. “Секоја година доставувавме ваков Предлог- програма, се додека
рот- кино, покрај редовните филмови се организирале ревии на наградувани филмови, спектакли со историска тематика и други значајни остварувања. Домот секогаш помагал при организирање на разни научни собири и конгреси. Помагал во отстапување на просторот, во правење на декор и озвучување во времето кога почнува со работа Ви-
Главните ликови Благо и Бојана од драмата ‘‘Балада за орканата, 196869 г. ‘‘ создадена на текст од Видое Видически не почнавме да го адаптираме и доградуваме Домот (1978). Предлагавме само личниот доход да ни се обезбеди, а се друго што спаѓа во материјални трошоци, огрев, декор, гардероба и техничкиот персонал да ги обезбеди нашата институција. Но, за жал не ни беше одговорено ни позитивно ни негативно“. Во тоа време во Домот на Култура работеле повеќе аматерски ансамбли, драмскиот, фолклорниот и мешовитиот хор, Новите охридски трубадури, Клубот на младите писатели, Ликовната секција и други. Преку секторот приредби биле организирани театарски претстави, сериозна музика,гостувања на забавни и народни ансамбли, ликовни изложби, литературни средби и други разни настапи. Преку секто-
шата туристичка школа и семинарот за македонски јазик, литература и култура. Исто така во голема мера придонел и во одржувањето на Струшките вечери на поезијата. “По давањето во употреба на Домот, по адаптацијата и доградбата, (1981) постоеше можност за целосно изградување на просторот предвиден со проектот но за жал во тоа не успеавме“, рече чичко Видое. Се замисли малку и продолжи. “Ова е мојата животна приказна. На крај на што најповеќе се радувам. Се разбира на тоа, кога внуката Дамјана на крајот од годината ќе ми донесе низа со петки. А се воодушевувам кога ќе прочитам дека мојот драг Малесоец, Симон Трпчевски, пак го прекрстарил светот со својата извонредно музичка изведба“.
Беше пладне, пороен дожд се уште врнеше а јас импресионирана од разговорот побрзав за дома за да ги изнесам впечатоците во писмена форма. Чичко Видое и тетка Натка ги оставив во нивниот пријатен топол дом, со насмевка и добрина која се читаше во нивните очи. Опус Видое Видически е автор на делата: “Сини питоми утрини“, песни издадени 1959 година, “Бреговите се немирни“, драма издадена 1961 година а печатена 1963 година, “Балада за орканата“, драма печатена 1964 година, а издадена 1968 година, “Големата шума“, прв дел роман за деца и млади, издаден 1970 година, “Малиот одред“, ТВ серија од 10 епизоди снимена и издадена 1977 година на ТВ “Скопје“, “Големата шума“, прв и втор дел, роман за деца и млади издаден 1986 година, а 1984 го доживува петтото издание “Вечерен пејзаж од градот “, песни издадени 1988 година, “Таинствени води“ роман за деца и млади издаден во 1990 година, а четири години подоцна доживува второ издание,“ Заробеници на вечерните игри“, раскази издадени 1993година, “Времето на црвените рози“, роман за деца и млади издаден 1994 година,“Приказни за Дамјана“,раскази за деца издадени 2003 година и “Вие“, песни издадени годинава. Видически има објавено повеќе песни и раскази во периодиката и во дневниот печат.Застапен е во зборници и антологии . преведуван е на италијански, француски, руски, турски и на романски јазик. Добитник е на наградата на РТС на “Струшките вечери на поезијата“ во 1971 година и на наградата на книгоиздавателство “Детска радост“ од Скопје за најдобра книга меѓу двата саема на книги, 1994 година. Видое Видически во 1977 година ја има примено Седмоноемвриската награда на градот Охрид.
13
Награда за животно дело за охридскиот архитект Климент Заров
О
хридскиот архитект Климент Заров, е овогодишен добитник на наградата „Андреја Дамјанов” за животно дело и особени достигнувања во архитектурата и градителството, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Оваа престижна награда од архитектонското поле на работа ме е доделена на Заров поради неговата значајна контрибуција во архитектурата на земјата во текот на неговата успешна кариера. . - Архитект Климент Заров несомнено спаѓа во редот на истакнати фигури на современата македонска архитектура. Во своето долгогодишно делување се занимавал со повеќе сегменти од архитектонската професија, минувајќи ги сите скалила за целосно оспособување во широката палета на архитектурата, почнувајќи од заштита, конзервација, реставрација, урбанистичко и просторно планирање, проектирање и менаџмент, се наведува, меѓу другото, во образложението на Комисија за доделување на наградата «Андреја Дамјанов» за 2009 година. Архитект Заров долго време бил главен планер и проектант во Ин-
14
ститутот за урбанизам и архитектура во Охрид, каде што имал многу можност да се докаже како врвен стручњак во својата кариера. Претставувал вистински амбасадор на севкупното архитектонско живеење и делување во градот и пошироко, вклучувајќи ја и реализацијата на летната школа за архитектура во соработка со Архитектонски факултет од Скопје, во која учествувале и факултети од другите републики. Опсегот на неговото творечко делување е многустран и опфаќа повеќе области: домувања во едно семејни и повеќе семејни објекти, туристички објекти, деловни и трговски објекти, индустриски и јавни објекти, урбанистички и просторни планови. Комисијата ги наведува и позначајните реализирани проекти на Заров, како колективни станбени објекти во Охрид изградени во 60-те и 70-те години од минатиот век, Проектот на институт за урабанизам Охрид 1978г., хотел Св. Илија, Св. Стефан -Охрид, хотел Силекс 1983, реконструкција и доградба на поштата во Охрид 1985г., реконструкција и доградба на аеродромска зграда Охрид 1990, Детален план на централно градско подрачје на Охрид, Детален план на реонски центар и Горно Лисиче, Скопје и други. Заров остава белег и надвор од границите на Македонија со повеќе архитектонски решенија меѓу кои се и Мотел во Џеда - Саудиска Арабија, Хотелски комплекс на Јахорина и други.
во освртот на творечкиот опус на Заров на Комисија за доделување на наградата «Андреја Дамјанов» за 2009 година.
- Својата професионална зрелост ја покажува во станбената архитектура и хотелските објекти доследен на функционалната и конструктивната логика во создавање на изградената форма. Со хотелот „Горица” архитектонски го достигнува креативниот врв во нашата архитектура и пошироко, создавајќи дело со неодминлива, трајна вредност, со оригинален израз и елементи од поднебјето и традицијата, се вели
Дипломираниот инженер архитект, Климент Заров, е роден на 07.04.1930 во Охрид. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кај проф. Борис Чипан. По работата во Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид продолжува во новооснованиот Завод за урбанизам и архитектура во Охрид каде работи како проектант, а потоа и како ди-
ректор до пензионирањето. За својата професионална дејност Климент Заров добитник е на повеќе награди и признанија и тоа: Награда на град Охрид „7 Ноември“ од областа на архитектурата, Признание од Сојуз на урбанисти на Југославија за урбанистичко творештво, Републичка награда „11 Октомври“ за хотел Горица- Охрид. Во текот на својата кариера остварува бројни професионални функции и значајни студиски патувања.
Охридски легенди
Наша гордост Црквата Св. Богородица Перивлепта – стар Св. Климент
Старо- ново седиште на Охридската Архиепископија
Ц
рквата Св. Богородица Перивлепта или меѓу охриѓани позната како Стар Св. Климент е исклучителен споменик на архитектура и живопис. Според натписот кој се наоѓа на Западниот влез од внатрешноста, црквата ја подигнал византискиот намесник Прогон Загур, роднината на византискиот император Андроник II Палеолог во 1295 година. Во тоа време архиепископ на Охрид бил Макарие. Црквата и била посветена на Св. Богородица Перивлепта - онаа што гледа од високо. Кога во 15-ти век Турците ја срушиле Климентовата црква посветена на Св. Пантелејмон на Плаошник, моштите на охридскиот чудотворец биле пренесени во овој храм па оттогаш овааа црква кај народот е позната како Св. Климент. Исто така кога катедралниот храм
16
на охридската архиепископија – црквата Св. Софија, била претворена во џамија, Климентовата црква станала седиште на Охридската архиепископија , која што успеала да ја сочува моќта под османлиите, и уште повеќе да добие и нови територии под своја јуриздикција. Во тоа време во неа биле концентрирани бројни икони, голема архиепископска библиотека со ракописи на пергамент од 11 и 12 век, црковни бесценети реликвијари како и најстарите – музички невматски нотации на византиското црковно пеење. Околу Климентовиот храм се формирал и манастирски комплекс а во близина на црквата била подигната и архиепископска палата која кон средината на 19 –от век исчезнала во пожар. Основата на црквата Св. Богороди-
ца Перивлепта (Св. Климент) е во форма на впишан крст во правоаголно пространство. Кон западната страна е подигнат нартекс со крстни сводови а во централниот дел со слепа купола . Над централниот дел од наосот се издига единствената купола чиј тамбур се држи на четири четвртасти столбови. На источната страна црквата завршува со апсида, која за разлика од другите нејзини фасади, најповеќе е декорирана со помош на тули. Кон средината на 14-от век од обете страни се доградени капели . Местата што не биле покриени со живопис и денес ни сведочат за керамо –пластична декорација на фасадите. Климентовата црква е угледен претставник на македонската архитектурна школа од палеологовски-
от период. Складната силуета, извонредната игра на архитектонските маси, кои што се спуштаат скалесто од куполата до темелите, се нарушени во 19-от век, кога отворениот трем бил соѕидан во вид на надворешна припрата што денес ја опкружува црквата. Вековните таложења на чад од горењето на свеќи и кандила, придонесе фреско- живописот на овој храм да биде невидлив се до најново време. Имено во 1950 односно во 1959 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата ги започна систематските конзерваторски интервенции на архитектурата и врз живописот. Тогаш меѓу бројните композиции беа откриени и имињата на зоографите, Михајло и Евтихиј. Фреските во оваа црква се поделени во три зони .
Наша гордост Во олтарната апсида првата зона ја сочинуваат архиереи во цел раст, втората зона- фигури во до појасен раст а третата композициите: “Томино неверство“, “Тајната вечара“и “Причестувањето на апостолите“. “Св. Богородица Ширшаја“ е насликана во најгорниот дел од апсидата. Извонредно и импресивно се насликани ликовите на “Св. Климент Охридски“ и охридскиот архиепископ “Константин Кавасилас“, на северниот ѕид на наосот како и лико-
вите на прво апостолите “Петар и Андреја“на јужниот ѕид. На столбовите во наосот се претставени Светите воини: Димитрија, Георги, Теодор Тирон, Теодор Стратилат, Прокопи и други. Третата и четвртата зона во наосот се исполнети со композиции од животот и маките христови. Поголемиот дел од западниот ѕид ја зафаќа композицијата “Успението на Пресвета Богородица“. Во калотата на куполата се наоѓа
монументалната до појасна фигура на Исус Христос – Седржител, опколен со ангели и 12 пророци. Нартексот на црквата е живописан со повеќе композиции од Стариот Завет, меѓу кои позначајни се: “Сонот на царот Навуходоносор“ и “Христос Ангел на Великиот Совет“. Фреско сликарството во црквата “Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) го претставува раниот период од творештвото на зоографите Михајло Астрапа и Евтихиј. Цртежи-
те им се сигурни , колоритот усогласен , композициите хармонични, со многу иконографски новини, иако зад себе немаат дела кои би им послужиле за непосреден урнек . Посебно се карактеристични фигурите на младите светители полни со сила и енергија , широки лица со силни атлетски тела полни со живот.
Американците помагаат за заштита и реставрација на Перивлепта
П
арите од грантот ќе се доделуваат етапно во зависност од текот на активностите за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс Американската амбасадор во Македонија неодамна го додели грантот од 650 илјади американски долари за заштита на охридската црква „Св. Богородица Перивлепта“. Договорот за поддршка на проектот го потпишаа министерката за култура Елизабета Камческа -Милеска и американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер. На свеченоста, која се одржа во Куќата на Робевци во Охрид, присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, владиката Тимотеј и директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман.
Американскиот амбасадор Рикер и министерот за Култура Камчевска
Грантот за обнова на овој значаен споменик на културата од 13-ти и 14 век е обезбеден од амбасадорскиот фонд. Парите од грантот ќе се доделуваат етапно во зависност од текот на активностите за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс. - Се надевам дека со реставрацијата црквата „Св. Богородица Перивлепта“ ќе прерасне во прекрасен манастирски комплекс и ќе биде уште една туристичка атракција во Охрид и во Република Македонија. Карактеристичноста на оваа црква, која е една од ретките со таков фреско живопис, во иднина ќе сакаат да ја видат голем број туристи од земјава и од странство - рече Филип Рикер, амбасадор од САД во нашата земја. Според претседателот Ѓорге Иванов, грантот е силен знак за пријателство помеѓу САД и Македонија - Преку грантот за реставрацијата на црквата „Св. Богородица Перивлепта“, САД уште еднаш потврдуваат дека се наши стратегиски партнери и поддржувачи. Заштитата на културното наследство на земјата е една од најзначајните нишки на зачувувањето на историјата и традиција и поради тоа искажуваме голема благодарност за поддршката од амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство - рече Иванов. Проектот за заштита на црквата насликана со исклучителен фреско живопис го подготвија стручњаци од Управата за заштита на културното наследство во соработка со претставници на американската амбасада. Во конкуренцијата на проекти од целиот свет проектот за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс беше еден од трите прифатени. - Макотрпно се работеше на овој проект и неговата реализација е голем успех за нас. Главната цел на овој проект е да се зачуваат фреско живописот и архитектурата на манастирот, кој е единствен и уникатен по својата
Од посетата на американската делегација во Охрид архитектура и вредност. Со ова ќе се придонесе многу за зачувување на македонската култура низ вековите - рече во таа пригода министерката за култура Елизабета Камческа -Милеска. Реставрацијата на Перивлепта, која е една од најзначајните цркви споменици на културата во земјава, ќе почне в година и според планираното ќе трае околу 3 години. - Предвидена е конзервација на архитектурата на манастирскиот конак и камбанаријата, кои се во лоша состојба. Во рамките на активностите за реставрацијата, покрај конзерватори од земјава ќе бидат ангажирани и конзерватори од странство, кои имаат искуство со работа на вакви проекти – рече директорот на Дирекцијата за културно наследство, Паско Кузман.
17
Охридски легенди
На кафе Локалсо... Ѓоко Танески, естраден уметник Охриѓанецот, Ѓоко Танески е еден од најдобрите музички вокали кај нас. “Која и песна да ја отпее таа станува хит. Неговиот глас е издржан, јасен и постојан“ велат музичките критичари за Танески. Тој пак полека но сигурно се качува кон врвот. Ја освојува публиката на музичките фестивали и живите свирки кои ги одржува по дискотеките и кафулињата во градовите низ Македонија. Моментално е актуелен со хитот “Никогаш доста“ а на фестивалот “Макфест“ што се одржа неодамна ја испеа композицијата “Купив се“.
Ќерка ми Анастасија и музиката ме прават најсреќен на свет!
19
На кафе Локалсо...
Кога бев дете себе си се замислував како.... Верувале или не,себе си се замислував она што сум денес, музичар. Од мал покажував афинитети кон пеењето, сакав да станам пејач. Родителите секогаш сакаат децата да им бидат или доктори или професори но јас не “маштав“не фантазирав многу. Животот и тогаш го гледав едноставен. И тогаш како и денес мислев дека “лека по лека“ се ќе си дојде на свое место. Јас од мал си потпевнував и знаев дека еден ден пеењето ќе стане моја животна професија. Моите посериозни музички почетоци ги врзувам со.... Моите музички почетоци не се случија рано како што е тоа вообичаено и очекувано, туку напротив се случија покасно. Како ученик во
20
средното шумарско училиште во Кавадарци почнав да се занимавам со пеење. И самиот не знам зошто го избрав тоа училиште кога и тогаш себе си не се замислував како инженер по шумарство туку како музичар. Во 1993 година во Кавадарци се случи мојот прв јавен настап. Морам да напомнам дека за моето прво јавно претставување големо влијание имаше мојот добар другар со кого живеев во тамошниот школски интернат. Тој убаво свиреше на гитара и ме придружуваше додека пеев. Ние двајца знаевме долго во ноќта да музицираме во нашата мала соба а често наша публика беа и учениците кои престојуваа во соседните соби. Така ние двајца другари ,одлучивме да учествуваме на еден аматерски фестивал во Кавадарци. Тоа и се случи го освоивме првото место. Тоа ни влеа верба
во сопствените музички способности и ни даде поттик да одиме понатака и да го бараме своето место во музичкиот свет. Три години подоцна ( 1996 година) јас и мојот бенд “Алегро бенд“ за прв пат учествувавме на “Мак фест“. Од тогаш навака јас редовно учествувам на фестивали и одржувам живи свирки по кафулињата и дискотеките низ Македонија. Моја прва хит -песна што ме исфрли на површина... Дефинитивно тоа е песната “Оди не го мами срцево“која ја снимив во 1996 година се слуша и денес, особено во Кавадарци каде е локален хит. А еден од моите најголеми хитови е песната “Немам право“отпеана на овдешниот фестивал “Охридски Трубадури“ во 1995 година. Таа песна ми донесе поголема слава.
Ѓоко Танески, на музичката сцена е забележан како еден од најдобрите вокали во Македонија. За жал на нашиот музички пазар побројни се “ уметниците“ од “Ш“ категорија отколку квалитетните во кои се вбројувате и Вие. Тогаш има ли конкуренција за Вас или можеби страв дека помалку квалитетните музичари ќе останат по забележани од Вас? Квалитетот се цени , меѓутоа оној кој настојува да го пласира квалитетот пред се гледа да има личен интерес од сето тоа. Затоа јас самиот си ја бркам сета своја работа. Сам си ги финансирам песните и албумите, барам така е до сега. Сите ми кажуваат “супер, браво, имаш добри песни квалитетен си“, но никој не се нуди за соработка. Имам сора-
На кафе Локалсо...
ботувано не велам не, на претходниот албум со одредена сума пари ми помогнаа МАК-СП и така албумот беше издаден. Тоа е тоа сам се борам и мислам дека успевам во тоа. Може ли добро да се живее од музика и дали доколку одговорот е позитивен тоа значи дека мора да се има секојдневни настапи и одржувања живи свирки? Од музика може да се живее добро. Настапувам по кафулиња и дискотеки низ цела Македонија. Петок и сабота настапувам во дискотеките кои не се во Охрид и Скопје туку во другите градови низ земјава а преку недела работам и во Скопје и во Охрид. Од каде толкава енергија за работа, за ноќни настапи и живи свир-
ки кои бараат многу кондиција и издржливост? Тоа ми е работа. На неа се навикнав како секој човек што се навикнува на својата работа. Има луѓе кои секој ден стануваат во зори и работат на машина, работното време им е 8 часа. Јас пак работам два часа со пат вкупно околу 5-6 часа. Во секој случај тоа ми е работа и јас ја прифаќам во целост со позитивните и негативните работи. Актуелен хит што се врти на сите радио -станици е композицијата “Никогаш доста“ а ја изведувате Вие.. Текстот е на Весна Малинова а аранжманот е на Дарко Тасев. Песната навистина стана хит и по неа е наречен и мојот најнов албум. Се надевам дека и другите песни ќе до-
прат до слушателите и дека и тие ќе станат хитови. Ве плаши ли помислата дека некоја Ваша песна која допрва треба да се појави во етерот е можен “аут“? Секако ме плаши таа помисла, но затоа пред песната јавно да ја промовирам јас ја пуштам на моите најблиски. Дел од нив се разбираат од музика а некои не. Но намерата ми е да ја слушнат различни типови луѓе и тие да ја дадат првичната оцена за песната. Ако добијам позитивен суд од повеќето страни значи дек песната е добра што не значи дека истата ќе помине добро кај народот , но во секој случај никој не може да каже дека композицијата е лоша. Песната пак мора да биде нешто екстра како “Никогаш доста“
за да стане хит. На најновиот албум имам 11 песни. По нивното второ слушање ќе заклучите дека тие се навистина добри. Работи кои Ве прават среќен... Фамилијата пред се! Ќерка ми Анастасија ме прави најсреќен на свет, а потоа доаѓа музиката. Добра песна што можам јас да ја снимам ме прави среќен. Овие работи ме опкружуваат и целосно ме исполнуваат. Покажува ли малата Анастасија афинитети кон музика, дали таа ќе тргне по чекорите на тато? Се уште не, таа е премногу мала, неодамна наполни две години. Но кој знае можеби ќе се случи и тоа.
21
Прашање-одговор Локал
Секој темен белег не е рак на кожата, можна е појава на старачки брадавици
Прашање:Имам 65 години и во последните 2-3 години забележав дека на челото, слепоочниците и долниот дел на образите ми се појавија темни дамки кои на пипање не се мазни а понекогаш чувствувам и свраб. Мене повеќе ме загрижува темната боја бидејќи имам слушано од медиумите дека тоа би можело да биде рак на кожата. Одговор: Секако, прво што треба да направите е да се јавите на преглед кај дерматолог за да се постави правилна дијагноза. Но, сепак треба да се знае дека не е се што е темно и рак на кожата. Од вашиот опис на промените претпоставувам дека се работи за т.н. старачки брадавици (kerratosis senilis ). Тоа се промени кои најчесто се појавуваат бавно, една по една на места на телото каде во текот на животот имало најголема изложеност на UV зрачењето: т.н. фото -експонирана кожа и таа станала и фото –оштетена. Овие промени многу ретко се претвораат во примариус д-р. вистински карцином на кожата, но секако претставуваат карциномни прекурзори. Виолета Павлоска Често се јавуваат по 50-та година од животот , кај лица кои во својата професија прекумерно биле изложени на UV- зрачење; поспец. дерматовенечеста е кај мажи со одредени професии: работници на патишта, градилишта, земјоделци, морнари и слично. Затоа местата на ролог локализација се: лице, врат, деколте, ќелава глава, дорзумот на дланките и подлактици. Исто така е карактеристично што се јавуваат кај луѓе со светол тен, руси и осетливи на светлина (тип на кожа I и II). Промените обично се повеќе бројни во различна големина од зрно просо до метална монета, остро ограничени од околната здрава кожа. Во почетокот тие се црвеникави , а подоцна стануваат жолто- сивокафеави со нерамна и мека вулнерабилна површина. Во диференцијалната дијагноза доаѓаат во предвид сите кератози од било која генеза особено себороичните кератози, со тоа што овие последните се сместени претежно било каде по трупот. Се по пигментирани и од нивната криптогена површина се цеди лој. Терапијата по правило се спроведува со хируршка екцизија во целост, но добро реагираат и на SRUO-TH(горење со течен азот). Исто така се препорачуваат и локални цитостатски креми.
Светлите очи мета на коњуктивитис и инфекции Моите очи имаат плаво- зелена боја,меѓутоа многу почесто белката е црвена отколку чиста и бела. Страдам доста од инфекции затоа внимавам какви шминки и кремови на лицето и очите нанесувам. Но попусто ефекти нема, очите и понатака се црвени. Користам капки за очи prokulin, но ефектот е краткотраен. По 3-4 часа очите се повторно црвени. Што совет ќе ми дадете Вие како стручно лице?
д-р. Анче Киселинова очен лекар
22
Ваквото црвенило најчесто е последица на воспаление на коњуктивата - коњуктивитис. Коњуктивата се протега на внатрешната страна од капакот, преку белката, до рожницата. За време на воспалението коњуктивата ја обојува белката – црвено. Коњуктивитисот е најчеста болест на очите на глобално ниво. Коњуктивата е изложена на микроорганизми и други облици на иритација. Солзите ја штитат коњуктивата од бактериите. Тие содржат ензими и антитела кои го спречуваат размножувањето на бактериите. Постојат многу облици на коњуктивитис. Најчести се вирусните инфекции, а други причинители се бактерии, хламидија, паразити, габи. Болест на црвени очи – е специфична болест која ја предизвикува – бактеријата Хемофилус. Вирусните и бактериските облици на коњуктивитис се изразито заразни и многу брзо се шират меѓу детската популација, и понекогаш настануваат локални епидемии. Други облици на коњуктивитис се и алергиските, при изложување на хемикалии, иритација со ветер, прашина, чад, за време на настинка и сл. Ризично е и носење контактни леќи, а посебно нивно долго носење. Ризични фактори се и контактите со лица кои имаат коњуктивитис. Во клиничката слика кај коњуктивитисот се среќава црвенило на коњуктивата, солзење, иритација – печење, боцкање, чешање на окото и капаците, а очните капаци се слепени при будење. Кај некои вирусни коњуктивитиси може да се има чувство на страно тело во окото, и преосетливост на светлина. Кај алергискиот коњуктивитис постои црвенило на двете очи, солзење, чешање, пецкање, жарење на очите. Повеќето пациенти во истиот момент имаат и ринитис. Чешањето на очите доведува до отекување и задебелување на коњуктивата, па таа станува непровидна. Коњуктивата создава повеќе секрет кога е воспалена. Тој секрет може да биде серозен, слузав, фибринозен, гноен, прокрвав. Тој може да биде многу обилен, да се слива преку рожницата и да го попречува видот. Во текот на ноќта тој секрет се засушува на рабовите од капаците, ги залепува, и капаците може да се отворат само после добро испирање на засушениот секрет. Дијагнозата се поставува на основа на анамнезата, прегледот од страна на офталмолог и брис од коњуктивата. Лечењето зависи од предизвикувачот на коњуктивитисот. Алергискиот коњуктивитис се лечи заедно со алергијата или може сам по себе да помине доколку се одстрани предизвикувачкиот алерген. Како сосема благи средства кои може да се користат се облоги од камилица и 3% раствор на борна киселина. Антибиотици, капки за очи се применуваат при лечење на бактериски коњуктивитис. Вирусниот коњуктивитис најчесто се повлекува сам по себе по недела дена од неговото појавување.
Прашање-одговор Локал
ПАП тестови и дискариотични клетки Прашање: Пред некое време морав да го повторам ПАП тестот бидејќи претходниот резултат беше рапортиран како CIN 1 односно блага дискариоза, сега јас треба да имам уште два повторни ПАП тестови на шест месеци за да ме вратат на едногодишно земање ПАП тест. Ве молам да ми објасните што значи терминот, дискариотични клетки?
д-р. Иво Захариевски гинеколог
Одговор: Кога се зема ПАП тест , површните клетки од грлото на матката се рашируваат на стакленце по пат на размаз и стакленцето се испраќа во лабораторија. Клетките се прегледуваат од патолог кој особено внимание поклонува на центарот од клетките наречен јадро. Грчкиот збор за јадро е karion. Ако јадрото изгледа невообичаено на било каков начин тоа се нарекува “дискариозиа“. Dis = абнормално; kari = од јадрото; osis = нешто не е во ред Дискариозата се дели на блага, средна и тешка во зависност од големината на абнормалноста. Ако имате блага дискариоза ПАП тестот може со сигурност да се провери по 6 месеци, бидејќи после некое време најголем дел од овие промени се враќаат во нормала. Ако постои тешка дискариоза, добрата вест е дека ова не е Рак на грлото на матката, но сепак траба да знаете дека ако ваквите клетки не ги излечите тие можат да преминат во рак на грлото на матката во рок од неколку години. Поради тоа во ваков случај потребно е да се јавите кај гинеколог за понатамошни испитувања и дефинитивно лекување.
Улогата и значењето на првиот траен катник
Неодамна бевме на стоматолог со мојот син при што беше констатирано дека моето дете го добило првиот траен заб но дека истиот веќе е расипан. Зошто се случува тоа и како да го зачуваме првото трајно запче?
д-р. Вера Наумовска спец. по детска и превентивна стоматологија
Улогата и значењето на нормалното формирање и доброто сочувување на забните низови со присуство на сите заби во вилиците претставува важен фактор за општата функција на жвакалниот систем. Во зависност од бројот, местото, присуството или отсуство на поедини заби зависи правилното формирање на забните низови особено во смена на млечните заби со трајни. Но, загрижува фактот што родителите недоволно сериозно го прифаќаат значењето на млечните заби тргнувајќи од тоа дека тие ќе се заменат со нови, така што не им посветуваат доволно внимание со редовна орална хигиена и со посета за санација кај стоматолог дури кога ќе се појави болка на млечните заби. Сето ова допринесува да има голема распространетост на забниот кариес на млечните заби и компликации кои настануваат од него. Во една ваква средина со најчесто голем број на кариозни млечни заби во период околу шестата година од животот се појавува најважниот заб во устата,првиот траен катник или шестиот заб. Тој никнува во продолжение на забниот гребен од вилиците, зад вториот млечен катник, честопати не забележливо, без посебни тешкотии за детето а без било кое сознание за родителите што придонесува да дојде до изненадување кога кај стоматолог ќе чујат дека овој заб не е млечен и не се менува. Никнувањето на првиот траен катник и неговото поставување во вилицата доаѓа како прва помош на млечното забало во функцијата на жвакањето. Бидејќи тој е со голема жвакална површина , овој заб со својата позиција во вилицата го обезбедува и правилното поставување на другите заби, па претставува т.н. столб- носач за правилно затворање на вилицата. Бидејќи овој заб никнува меѓу првите од трајните заби, е присутен во средина со многу кариозни млечни заби , со запоставена орална хигиена, најчесто уште пред целосно да изникне веќе е нападнат од кариозен процес. Во тоа многу придонесува и неговата анатомска форма која не само што е со голема жвакална површина, туку е избраздена со жлебови (фисури)и јамички кои се лежиште на наслаги и бактерии односно место каде што многу лесно и многу рано се развива кариозниот процес кој најчесто предизвикува губење на забот (вадење). За жал вадењето на првиот траен катник се уште е една честа интервенција во детската стоматологија. Губењето на првиот траен катник носи повеќе последици најчесто пореметување на жвакалната функција , нарушување во односот на забите, искривување, разместување, ротирање. Со цел да го сочуваме здрав секој заб, а особено првиот траен катник неопходна е правилна и редовна исхрана,секојдневна темелна орална хигиена на забите, редуцирано консумирање на шеќери,редовна контрола и санација кај стоматолог, внесување оптимална доза флуор и користење превентивна мерка – залевање на фисури и јамички. Поради големата вулнерабилност на првиот траен катник кон крајот на 2007 година се изготви националната стратегија за превенција на оралните заболувања на деца од 0 до 14 години при што како прв чекор се започна со залевањето на фисурите. Тоа претставува бесплатна апликација на превентивна заштитна пломба на здрава шестка со претходно чистење на забот а без механичка обработка, се со цел залевачот да ги пополни жлебовите и јамичките на гризната површина на забот и го штити забот од расипување. Залевачот е богат со флуор кој постепено се ослободува и го прави забот поотпорен кон расипување. Со оваа превентивна мерка се опфатени сите шест годишни прво- одделенци од сите школи од Охрид и околината (и цела Македонија). Досега се опфатени прво одделенците родени во 2001, 2002 и 2003 година, при што се постигна голем успех во подигнувањето на стоматолошката култура кај децата со зголемена грижа за оралното здравје и подобрувањето на оралната хигиена кое води до намалување на кариесот на забите. Се смета дека со користење на оваа превентивна мерка кариесот ќе се намали за 70 %. Залевањето на фисурите го вршат бесплатно педодонти од одделот по Детска и превентивна стоматологија при здравствен дом –Охрид.
23
Совети
Модерно шминкање очи
Ш
то прво забележувате на девојка кога ќе се запознаете? Се знае ! Очите се тие кои ја откриваат личноста и на прв поглед доста говорат за неа. Затоа треба да им се посвети големо внимание, да се анализираат и да се одреди каква шминка најмногу им одговара. Шминката има магична моќ таа ги смалува , зголемува , ги прави насолзени или проширени. За добивање на овие ефекти неопходни се сенки за очи во разни тонови и густина. Со сенките се постигнуваат фантастични ефекти – на погледот му даваат острина или топлина, живост и ведрина или мистичност. Нијансирањето оди главно од најтемни до најсветли,но повторно во зависност од ефектот што сакате да го постигнете. А боите? Нормално, тоновите се одредуваат зависно од бојата на очите, тенот, косата и облеката. Во моментов се популарни два типа жени – Оние кои делуваат мистично и оние кои имаат романтичен изглед. Ако сакате да постигнете изглед како првите користете и нанесувајте многу креон. Токму онаков како се користел и пред две децении! На романтичните жени ми одговара и проѕирна шминка, со благи наноси на сенки и пудри и дискретни руменила. Актуелниот начин на шминка не е моментална мода, затоа што очите се најпривлечниот дел од лицето. Затоа е потребно и повеќе да се нагласуваат со декоративна козметика која ќе ја истакне нивната убавина, а често доколку е потребно и отстранување на некои недостатоци. Сенките, тушевите, маскарите и др. мора да бидат од добар квалитет, како и средство за отстранување шминка и нега на очи. -Ако имате многу мали очи, подигнете линија на веѓите што е можно повисоко, депилирајќи ги од долниот дел. Окото подвлечете го со креон по целата негова должина и продолжете ја линијата кон трепките. Сенката на капаците ставете ја близу краевите на веѓите, па дури и над нив. -Ако вашите очи се блиску едно до друго, раздвојте ги веѓите депилирајќи ја нивната средина. Нагласите ја основата од надворешната половина на капаците со подебела линија креон. Сенката нанесете ја покрај трепките кон слепоочниците. Ставите маскара четкајќи ги трепките кон краевите од очите. -Ако имате долгнавести раздвоени очи, на горниот капак со креон подвлечете линија не развлекувајќи ја во пределот и подвлечете ја во внатрешниот врв кон носот. Ставите темна шминка на капаците , а горниот капак осенчајте го кон носот. Основата на веѓите треба да биде подвлечена со креон со цел веѓите да бидат приближени.
24
Совети
Коса со бакарен сјај... Да ли некогаш сте гледале во бакар и сте кажувале во себе,“ех да е мојата коса така сјајна“? Не истурајте ја водата во која сте вареле костени!!!!!! Процедете је, разладете ја и после редовното миење исплакнете ја косата со неа . Темната коса добива бакарен сјај.
Полни усни Ако сакате да имате полни усни користете молив за усни неколку нијанса потемен од ружа. Порабете ги усните со моливот и потоа ставете кармин. Откако ќе го нанесете со потемен молив исенчајте ги страните(краевите) на усните тако што средината на усните да биде посветла отколку страните, а тоа ќе ги направи усните пополни.
Покрај трикот со моливот за усни, кој секако оди во комплет со кармин, еве едена фора за оние кои не ја користат истата: На средината од горната и долна усна, ставити малку пудра во стик (со ширина од околу 1см).Пудрата нека ги префрла рабовите на усните, потоа со прст тапкајте лесно, со цел истата да се задржи на средината. На крај на целата површина ставаме сјај за уста. Ефектот е сјаен, а “работата” трае 20 секунди.
Брзо лечење акни Земете 1 супена лажица ситно исечкан пивски квасец и благо г загрејте го на пареа. Со смесата мачкајте ги акните три пати на ден, наутро, попладне и навечер. Во тие денови додека трае третманот пијте свеж сок од морков, по 100 грама после јадење. Акните мора да исчезнат во рок од 5 дена.
25
Моден кодекс
Деловна жена 26
Наша Локал гордост
27
32
Спортски таленти
Охридскиот билдер Бобан Наумоски го освојува светот
О
хриѓанецот Бобан Наумоски е единствениот претставник од Македонија на Светското Првенство по боди билдинг за јуниори и ветерани што се одржува на 14-ти ноември во Полска. Иако има само 19 години Наумоски ги собра сите златни медали и признанија на сите натпревари по боди билдинг што минативе три години се одржуваа во Македонија и тргна да го освојува светот. Прв пат учествува на натпреварот “Атлета на Македонија “ одржан во Кавадарци во 2007 година и го освои првото место во категоријата јуниори до 21 година. Една недела подоцна на натпреварот “Фигура на Македонија“ во Охрид се натпреварува самиот со себе затоа што во неговата категорија нема пријавен ниеден друг спортист. На Државното првенство “Атлета“ одржано минатата година Наумоски повторно го освојува првото, а една недела подоцна на ревијалниот натпревар во Битола второто место. На годинешниот државен натпревар “Атлета 2009“ година одржан во Штип Бобан го освои првото место и по петти пат се закити со златен медал. За светското првенство што се одржува непосредно пред излегувањето на “Охридските Новини“ од печат, Наумоски се подготвува активно и интензивно. “ Вежбав 5-6 пати неделно односно се одмарав
само еден или два дена во неделата. За светското првенство се подготвувам 13 недели. Тренирав два пати на ден по 45 минути или 1 час. Додека траеше, вежбањето беше интензивно без паузи и разговори. Наутро со возење на велосипед а навечер правење вежби за по два мускула и повторно возење велосипед. Во останатиот дел од денот внимавав што јадам, настојував да ја внесувам потребната количина протеини од суплименти од исхрана и потребната количина јаглени хидрати, зависно од тоа дали си на маса или дефиниција. Кога си на маса внесуваш и долги и кратки јаглени хидтрати а кога си на дефиниција само сложени и долги, а ова подразбира јадење на варен ориз. Секако и спиев многу. Секоја подготовка за натпревар ме истоштува но кога еднаш си прв сакаш секогаш да бидеш прв“, ни изјави непосредно пред заминувањето во Полска, Бобан Наумоски, кој додава дека на првенството оди за да победи а не да се натпреварува. Бобан Наумоски е солиден студент на Европскиот факултет на отсекот по финансиско даночен и банкарски менаџмент. Како секое младо момче така и тој во викендите или во слободно време ужива со своето друштво во охридските кафулиња или во долгите прошетки по езерскиот кеј.
29
Спорт
Здружението го остави Амак СП во живот
Ш
ест клубови присутни на седницата на Здружението на прволигашите гласаа «ЗА», АМАК-СП да продолжи да игра во Првата лига.Всушност, тоа е желба на шесте клубови кои дигнаа рака да се најде решение по кое актуелниот освојувач на Купот и покрај неодиграните два натпревари на гостински терен со Фени Индустри односно Овче Поле да продолжи да игра во Првата Лига. Прволигашите кои сакаат оваа ситуација да се реши на спортски начин, го сослушаа барањето на првиот човек на клубот, Венко Шапкар, кој побара АМАК-СП да продолжи да се натпреварува во друштво на прволигашите, како и сугестијата која ја даде и претседателот на МКФ, Даниел Димевски, но со препорака, тоа да биде одлука на Здружението. За таа цел на АМАК-СП му е оставено да ги бара правните решенија, односно да упати барање за преиначување на одлуките на Комесарот кај Арбитражната Комисија на МКФ, но со претходна писмена подршка од целокупното членство на Здружението. Дополнителни два дена доби АМАК-СП, да го убеди членоството на закажаната нова седница на Здружението. АМАК-СП треба да чека «концензус», односно «ДА» од сите девет прволигашки клубови.
Охриѓани со најубедлива победа во 11 коло
О
хридските бели го прекинаа постотот долг девет кола и со 4-1 го победија Влазерими за втора победа во шампионатот, прва на домашен терен. Победата над Влазерими значеше и испливување од дното за охриѓани кои под палката на Гоце Маркоски ја забележаа првата победа во третиот обид. Триумфот на Охрид со 4-1 беше најубедливиот во 11 коло од Втората МФЛ, “рибарите“ со 11 постигнати гола го завземаат 11 место по ефикaсност во лигата, додека со примените 23 гола се на претоспледното место, единствено Влазерими примил повеќе гола од Охрид. Натпреварот против Влазерми го одбележаа и погодоците на Китрозоски, Лескароски и Христов за кои ова беа први погодоци за Охрид годинава.
Се самоуби голманот на Хановер Роберт Енке
Р
оберт Енке, 32-годишниот голман на Хановер и на германската репрезентација починал неодамна, соопшти Мартин Кин, претседател на неговиот матичен клуб. Според Ројтерс, германската полиција издала соопштение дека Роберт Енке загинал во налет на воз, додека портпаролот за агенцијата изјавил дека сите индиции наведуваат на тоа дека станува збор за самоубиство. Енке кариерата ја започна во Крал Цајз Јена од Јена,во својата кариера бранел и за Борусија Менхендгладбах, Бенфика, Барселоа, Фенербахче и за Тенерифе.
30
Прашање-одговор
ВИС
ПОЈ
Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.
Како?
Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.
046 255 600 www.vispoj.com.mk
31
Спорт
По петти пат Златна маска за охридските едриличари
36