Skip to main content

АМАК ПРЕС 114

Page 1

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 114, 15 Септември 2009, Бесплатен примерок

‘‘Живи те сви рки наш пр епознат лив знак’’ Силвија Плевне ш

Во Охрид нема услови за елитен туризам


Збор на уредникот За луѓето кои одлучиле да се занимаваат со новинарство! Како да претчувствував, каква грешка можат да направат луѓето кои одлучиле да се занимаваат со новинарската професија, јас во минатиот број на АМАК –Прес Охридски Новини Ви пишува за моќта на медиумите и со оглед на тоа што преку нив се креира јавното мислење потенцирав дека луѓето кои работат во нив мора да известуваат точно,објективно и прецизно за актуелни настани и случувања кои се од интерес на широките народни маси. За жал минатиов период актуелни беа две несреќни случки кои беа во Охридското Езеро. Едната е судрувањето на два глисери и втората, потонувањето на бродот “Илинден“. За жал сообраќајните несреќи однесоа и човечки жртви. Како луѓе јас и тимот од мојата редакција изразуваме длабоко жалење за починатите и сочувство до семејствата на загинатите. Но од друга страна како професионалец во својата професија не можам да се изначудам на необјективното, пристрасно и нереално известување на луѓето кои иако несоодветно образовани себе си се нарекле новинари. “Секоја лоша вест е добра новинарска вест, но со оглед на тоа што во такви случаи се известува за деликатни, чувствителни теми треба да се внимава на кој начин се информира за настанот“, вака нас не учеа професори по новинарство на Правниот факултет “Јустинијан Први во Скопје. Досега не, но сега им се лутам на луѓето кои се занимаваат со новинарство а кои не успеале никаде да ја слушнат или прочитаат оваа дефиниција. Можеби затоа од неукост првиот несреќен случај го филмуваа онака како што самите мислеа дека е најдобро, па станаа не само новинари туку и судии, вештаци и инспектори. Пред да се огласат надлежните органи со своите прилози ја фрлија вината на едната страна. “Нивните прилози алудираат на завист и желба да се има посакуваната парична моќ, или пак станува збор за криза на духот. Невнимание, нестручност и користење на несоодветни термини кои можат да го изопачат настанот и болно да повредат некого. Или можеби станува збор за желба да се биде прв и во матичната редакција да се испрати не квалитетен туку што е можно подолг текст“, вака размислував читајќи ги информациите кои се пласираа низ електронските и печатени медиуми тие денови. Ситуацијата се стиши кога јавноста ја потресе уште еден немил настан. Во Охридското езеро потона бродот “Илинден“ а со него и 15 бугарски туристи. Огромна загуба и болка за најблиските, и тука повторно бомбардирањата на луѓето кои се занимаваат со новинарство и кои и во овој трагичен настан преку своите прилози повторно трагаат по виновник. Ме радува фактот што зад младиот но искусен капетан на потонатиот “Илинден“ застанаа неговите колеги, и со тоа тие не дозволија медиумите да атакуваат со неговата личност. Драги читатели, несреќа е несреќа и не дај Боже некого да му се случи. Никој не ја посакува и премногу е болно и ниско во такви несакани трагедии да се бара виновникот или пред време да се осудува некој. Луѓе кои работите во медиумите не заборавајте дека Вашите новинарски прилози ги читаат слушаат или гледаат не само доктори на науки, магистри, високо образовани туку и луѓе кои завршиле само одделенска настава. Тие последните, ниско образовани подлегнуваат на се што ќе слушнат, и веруваат во секоја “новинарска патка“. Но со оглед на тоа што преку медиумите се креира јавното мислење, повеќе или помалку медиумските информации влијаат на сите нас. Почитувани, сите Вие кои сте го одбрале новинарството како своја животна професија стручно Ве советувам за несреќни деликатни настани да информирате прецизно, кратко и јасно. Прилозите нека Ви бидат во форма на кратка- општа вест, не украсувајте го настанот со свој “документарец“. Не заборавајте луѓето кои учествуваат во сообраќајни незгоди имаат свои семејства, деца,брачни партнери, родители па затоа со она што вие го пишувате не повредувајте ги и нив. Затоа не известувајте пристрасно и необјективно . Зошто имајте на памет дека сите ние сме луѓе, и Господ да не чува од лоши настани и случки.

Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com

Редовни рубрики: Наш Охрид Од друг агол Образование Бевме на... Ви најавуваме... Охридски легенди Економија Наша гордост На кафе со... Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска

belevska.angela@gmail.com

Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3


Наш Охрид

“Мост на желбите“ од Г ’рдано до Потпеш

О

д неодамна пуштен е во употреба “Мостот на желбите“. Со него многу побрзо се стигнува до Потпеш и Канео. Двете атрактивни места станаа подостапни за охриѓани и туристите. Целата инвестиција чини 2 милиони денари, и е подарок за охриѓани од фондацијата Рамковски. „Тоа што го ветивме, го направивме“, вели иницијаторот за изградба на мостот, Митко Пендов. „Времето ќе покаже дека бевме во право. Се надевам дека илјадниците гости кои го посетуваат Охрид ќе поминуваат по овој мост. Мостот е долг 140 метри, а широк 2.30 метри. Го направивме за 17 дена. Мислам дека со векови ќе биде од корист на сите“, вели Пендов. „Мостот на желбите“, не само што ќе ги поврзува местата Г`рдано и Потпеш, туку преку него подостапна ќе стане и населбата Канео. Градбата е привлечна за туристите и поради својата специфичност. Посетителите можат од таму своите желби да му ги дошепнуваат на Св. Наум. На мостот се поставени зодијачки знаци изработени од месинг и секој кој ќе оди по таа патека ќе може да застане пред својот знак и гледајќи кон месноста Св. Наум фрлајќи паричка во езерските води да си замисли желба. Се верува дека големиот светец ќе ја слушне желбата и истата ќе ја исполни.

4


Наш Охрид

Охридско порибено со 300.000 пастрмки

О

хридско Езеро деновиве беше порибено со 300 илјади парчиња подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка што се обезбедени од вештачкиот мрест. На порибувањето присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој изјави дека во буџетот на Министерството за порибување на ова езеро се предвидени 10 милиони денари. Од овој износ досега се реализирани повеќе од 30 проценти.

- Според агендата на Министерството и програмата изработена во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, порибувањето ќе се одвива според предвидената динамика - истакна министерот Димовски. Тој за в година најави уште повеќе пари за вештачко порибување, но и за зајакнување на физичката заштита на охридската пастрмка за да се зголеми рибниот фонд на ендемскиот вид риба, односно подигнување на бројот единките на охридската

пастрмка над биолошкиот оптимум. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство ,Ванчо Димитриевски истакна дека во периодот на првите седум-осум месеци од годинава се уништени над 3.000 запленети мрежи и друга опрема за криволов. - Последните три години откако е формирана рибочуварската служба, која функционира во Министерството за земјоделство,заплени и уништи 7.000 мрежи. Рибочуварската служба и понатаму ќе дејствува

на Охридско Езеро, за физичка заштита на рибата - рече Димитриевски. Тој нагласи дека се очекува, ако бидат воспоставени соодветни односи, да има и заеднички активности со надлежните служби од албанската страна. Инспекторот Димитриевски притоа изрази задоволство од забрзаната динамика на процесуирањето на кривичните пријави поднесени против физичките и правните лица за криволов.


Наш Охрид

Во Охрид нема услови з

Ни треба добар маркетинг за рекламиранје на Охрид во светот-вели претседателот на ХОТАМ, Дончко Танески

6

З

аврши летната туристичка сезона во Охрид. Експертите ја оценуваат како една од најслабите досега. Во градов годинава летувале значително помал број на гости во однос на лани, а и нивната структура составена претежно од тинејџери и студенти ги разочара сопствениците на хотелите и рестораните. Полу празни беа и приватните сместувачки капацитети. Охрид туристички пулсираше само за време на Илинденските празници кога престојуваа околу 30. 000 гости а најбројни беа Србите. Претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески, вели дека слабата туристичка сезона е резултат не само на економската криза туку и на лошиот маркетинг и непостоењето на добри тур -оператори. “Туристичките капацитети, убавините на Охрид и она што може да им се понуди на гостите не се рекламираше навреме. Значи имавме задоцнет маркетинг, лоши тур-оператори и непостоење туристички агенции кои закупуваат аранжмани за

Македонија. За жал сите наши агенции закупуваат аранжмани за во странство“, вели Танески. Според градоначалникот Александар Петрески, во Охрид нема услови за развој на елитен туризам. Во моментов развиваме панаѓурски туризам, затоа што немаме директни авионски линии со кои “скапите“ гости веднаш би стигнувале во градов, до градов не води автопат што е навистина потребен а мора да се изградат патишта кои ќе се движат над селата Трпејца и Пештани до манастирскиот комплекс Св. Наум. Со изградба на вакви патишта- надвожњаци би се надминале долгите колони и неколку часовните патувања за на плажа. “Мислам дека годинешната летна туристичка сезона е полоша за 10 % во однос на минатата. Многу работи недостигаат во Охрид. Современиот туризам бара и современо да се однесуваме и работиме. Прво мора од Скопје до Охрид да се стигнува по автопат .Охрид во овој момент е слепо црево. Не можеме ни


Наш Охрид

за елитен туризам

ние како охриѓани да одиме негде нормално ниту да дојдат гостите кај нас. Летово на патниот правец Скопје- Охрид и обратно беше хаотично. Во градов мора да проработи авионскиот превоз. Во туристички центар како што е нашиов мора по неколку авиони да слетуваат на ден. Во моментов за да дојде гостин кај нас треба да патува по 15-16 часа, не верувам дека луѓето со подлабок џеб би се одлучиле на ваква патна тортура кога имаат можност до друга туристичка дестинација да стигнат за десет минути“, истакнува градоначалникот Петрески кој додава дека мора да се реши и проблемот со реката Грашница која е најголемиот загадувач на Охридското Езеро а исто така да се решат и канализационите проблеми кај градиште и во селата:Трпејца, Пештани и Љубаништа како и во комплексот Св. Наум. “Мора да се направи заобиколен пат од Охрид до Св. Наум. Патот би се движел низ планинскиот простор над населбите кои водат до Св.

Наум“, истакнува Петрески и додава дека за сите овие обврски надлежна е централната власт. “Кога ќе се решат овие проблеми ние лесно ќе ги средиме останатите- помали,лесно ќе се справиме со тезгите, скарите и гласната музика кои се карактеристични за летниот период во Охрид“, вели Петрески и истакнува дека во градов нема услови за развој на елитен туризам. “Елитниот туризам подразбира гостите да стигнуваат на саканата дестинација за максимум два часа. Тоа се гости од Франција, Германија или Англија на кои не би им паднало на памет да патуваат цел ден за да стигнат во нашиот Охрид.“додава градоначалникот Петрески и вели дека во моментов имаме панаѓурски туризам затоа што него го бараат гостите кои привремено престојуваат кај нас.

''Во моментов во Охрид имаме панаѓурски туризам, таков бараат туристите кои доаѓаат во Охрид.'' Александар Петрескиградоначалник на Охрид 7


Наш Охрид

Заобиколен пат ќе го реши сообраќајниот метеж на магистралниот пат Охрид- Св.Наум

Д

олги колони возила и застој на патниот сообраќај. Чекање во место од 45 до 60 минути за конечно да тргне големата колона возила од плажите накај дома. Вака накратко може да се опише патниот сообраќај во лето на магистралниот пат Охрид- Св. Наум. Господ да те чува од ненадејна болка или несакан настан кога чекајќи си немоќен да се движиш напред или назад. Најголемиот сообраќаен метеж е кај населбите Лагадин и Пештани каде ситуацијата ја отежнуваат неправилно паркираните возила и пешаците кои и така тесниот пат го ко-

ристат како шеталиште. “Пештанци по навика го користат делот од магистралниот пат што минува низ нивната населба како корзо. Минуваат по улицата со своите деца, со колички за бебиња со велосипеди не обрнувајќи внимание дали наидува возило. Патот во тој дел е многу тесен за нормално сообраќање а целата ситуација уште потешка ја прават токму тие. Ние како локална самоуправа немаме никакви надлежности на патот. Сепак на сметка на општината до наредната туристичка сезона во Пештани ќе изградиме тротоари од двете страни на патот“,

вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој додава дека ЈП Македонија Пат, под чија надлежност е магистралниот пат мора да направи негово целосно реновирање во оваа селска населба каде е неопходна и изградба на потпорни ѕидови затоа што брановите го ронат патот кој за година -две нема да биде безбеден за минување. “Моја иницијатива е и просторот од магистралниот пат кој е зелен појас и се наоѓа спроти хотелите Инекс Горица, Парк ,Гранит и Белведере, да се пренамени во сообраќајни ленти. На тој начин би имале по три

сообраќајни ленти и од едната и од другата страна на патот. Така ќе се надминат гужвите и несаканите ситуации на патот“, истакнува Петрески. Од Фондот за патишта под чија надлежност е овој магистрален пат не информираа дека деновиве до Владата на Република Македонија е поднесена иницијатива за распишување тендер за изградба на пат од Охрид до Св. Наум кој би бил заобиколен и кој би сообраќал и над Пештани, со што би се надминал сообраќајниот метеж со кој се соочуваме.


Наш Охрид

Казна до 3.000 евра за објектите без фасада и во Министерството за транспорт што нема да одговорат на барањата за градежни дозволи во рок од пет дена. Ако барателот на дозволата се пожали во Министерството дека не добило одговор во законскиот рок, Министерството ќе и' наложи на општината најдоцна за еден месец да донесе одобрение на барањето, а државниот службеник ќе биде казнет со 1.000 до 2.000 евра. Новина е и воведувањето лиценци за вршење работи во градежната дејност, кои досега ги извадиле 90 отсто од градежните компании. За внатрешно уредување на станбен простор, односно за занаетчиските работи, нема потреба од лиценца, туку вршителот на дејноста само треба да е регистриран во Централниот регистар. Со донесувањето на новиот закон, ќе се воведе можност за банкарска гаранција. Односно, учесниците во градбата може во меѓусебен договор со банката да одредат извесна сума како гаранција за да се заштитат од правење штета при градењето.

И

зведувачите на градежните работи на куќи и згради, кои нема да ги завршат објектите за четири години, ќе бидат парично казнети. Истото важи и за сите други незавршените објекти и градби, предвидува

новиот закон за градење, кој веќе е влезен во собраниска процедура. Парична казна е предвидена и за сопствениците на куќи и згради што немаат фасади. Ако во рок од една година не стават фасада на објектот, ќе мора да платат најмалку 100

евра. Казните за физичките лица по оваа основа се движат од 100 до 500 евра, а за правните лица од 1.000 до 3.000 евра.

Граѓаните ги поздравуваат измените во законот и се надеваат дека со нив конечно ќе се стави ред во градежната дејност. До мојата зграда веќе осум години се гради друга, која инвеститорот никако да ја заврши. Ископана е голема дупка, поставени се само темелите и толку. Не само што сликата е грда, туку целиот простор е необезбеден и е опасен за минувачите. Кога ќе се воведат казни, инвеститорите малку повеќе ќе размислуваат дали се способни да ги завршат зградите уште пред да почнат со градење вели жителка на Скопје.

Законот предвидува парични казни и за вработените во општините

9


Образование

Без комплетирани книги и прирачници започна новата учебна година

Н

а 1-ви септември, учебната 2009/ 10 година во Охрид започна за 500ини првачиња, што е за 110 помалку од минатата година. Во охридските основни училишта, наставата ја следат околу 5.500 ученици, а во трите средношколски центри има околу 2.900 ученици. Во Македонија, годинава се запишаа 21.000 првачиња и 24.000 средношколци во првата година кои училишните “маки“ ќе ги делат заедно со веќе “искусните“ ученици. Над 200 деца се запишале во приватните средни училишта, а меѓу запишаните средношколци во првата година не се учениците од петте и дополнителните три паралелки на албански наставен јазик за медицинска насока во Скопје за кои се бара простор. Од оваа учебна година првачињата од албанска етничка заедница ќе почнат да го учат македонскиот јазик во првото одделение наместо како досега од трето. Поради ова, опозициската ДПА неодамна побара и учениците- Македонци да го изучуваат албанскиот јазик од првото одделение. Иако владиниот проект за бесплатни учебници стартува годинава,во првите училишни денови основците и средношколците во Охрид за-

ние при локалната самоуправа Митре Вељаноски.

почна да ја следат наставата со некомплетирани учебници и прирачници. Дел од бесплатните комплети за учениците од прво одделение до четврта година се дистрибуирани до училиштата а останатиот не се ни пристигнати во Охрид. Најверојатно проблемите настанаа поради не координираноста помеѓу Министерството за образование,издавачките куќи и Локалната самоуправа. „За жал морам да кажам дека рабо-

тите околу учебниците не се завршени. Околу две недели ние интензивно нашиот дел од обврската ја исполнуваме, преку мобилни екипи, кои ги примаат учебниците и ги распределуваат по училиштата. Во Охрид книги дистрибуираат дваесетина издавачи. Некои од нив се поорганизирани, а други помалку. Денешниот преглед на работите со учебниците покажува дека во моментов задоволени се околу 50% од потребите на учениците со учебници“, вели советникот за образова-

Според Велјаноски најголемиот проблем е кај средните стручни паралелки, затоа што за овие ученици воопшто нема книги. Во Охрид првата пратка книги пристигна на 12 август, а до денес дистрибуирани се само половина од потребите за охриѓани. Неодамна министерот за образование истакна дека родителите нема да плаќаат астрономски суми ниту за работните тетратки и прирачната литература, затоа што и тие ќе им се даваат на учениците бесплатно. Но издавачките куќи ја злоупотребуваат ситуацијата и продаваат работни тетратки со цена која може да стигне и до 3 000 денари, зависно од наставниот предмет за кој е наменета. На децата од прво до четврто одделение, на секоја трета година ќе им се менуваат учебниците. Еден комплет учебници ќе користат две генерации ученици, а додека во предметната и во средното образование на секои три години ќе се менуваат учебниците. Инаку со владиниот проект бесплатно школство се планира да се поделат околу 4 милиони учебници од сите наставни предмети. Проектот Владата ја чини над 1 милијарда денари.

Се помирија учениците Македонци и Албанци во Струга- настава следат во мешан состав

Д

ефинитивно нема етнички делби во средното училиште во Струга ,„Нико Нестор“. Учениците без проблеми околу две недели следат настава во мешан состав, потврди директорот Никола Затуроски. Уче-

10

ниците Албанци од медицинската и економската струка, од прва, втора, трета и четврта година, ќе бидат во иста смена со учениците Македонци од сите насоки. Истиот начин на следење настава важи и за учениците Македонците од двете струки. И тие ќе бидат во иста смена со Албанците од останатите насоки. Вака е организирана наставата поради бројот на ученици во едната и другата смена, информира директорот Никола Затуроски. “По многу состаноци со инволвираните го донесовме ова решение“, вели Затуроски. “Истото сметаме дека е прифатливо и за двете страни, учениците Македонци и Албанци “, додава тој. Учебната година нема да започне со проблеми, се надева директорот. “ Наставата ја организиравме добро, нема да има просторни проблеми ниту пак очекуваме препукувања помеѓу учениците од македонска

и албанска националност, додава Затуроски. За учениците од економска и медицинска струка е обезбеден објектот познат како стара гимназија. Со тоа тие ученици ќе бидат одвоени од сите останати. За да нема проблеми, низ училишниот комплекс ќе бидат поставени редарски служби и во објектот ќе има контролиран влез. Ќе се знае кој влегува и излегува“додава тој. Родителите ќе се уверат во какви услови ќе работат нивните деца и ќе бидат информирани на кој начин ќе биде организирана наставата, вели Затуроски. Просторниот проблем кој го имаше училиштето е решен со монтажните објекти. Во моментов во дворот на училиштето е поставена една барака во која ги има основните услови за одржување настава а ќе бидат монтирани и другите три објекти.


Од друг агол

definitivno don.com.mk www.

11


Економија

ТАВ ќе ги преземе аеродромите во 2010

Т

урската компанија во никој случај не се повлекува од проектот, но стартот на работите може да се очекува во почетокот на идната година, изјави Рифат Хисарџиклиоклу, претседател на турската стопанска комора Турската компанија ТАВ, која ги доби под концесија македонските аеродроми со обврска за нивна модернизација, не се повлекува од проектот, но стартот на работите го одлага за почетокот на идната година. Ова вчера го изјави Рифат Хисарџиклиоклу, претседател на Унијата на индустриските и трговските комори и берзи на Турција (ТОББ), кој престојува во посета на Македонија. Хисарџиклиоглу рече дека завчера

во телефонскиот разговор со раководството на ТАВ му било укажано дека компанијата во никој случај не се повлекува од проектот, но дека стартот на работите може да се очекува во почетокот на идната година. - ТАВ е успешна фирма во Турција и работи со управување и градење аеродроми. Таа управува со аеродромите и во многу други земји како Грузија, Катар, Египет и успешно работи во тие земји - истакна Хисарџиклиоглу. ТАВ, поради светската економска криза и неможноста да земе кредит, во декември лани ја одложи инвестицијата вредна 200 милиони евра до септември годинава. Во меѓувреме, компанијата за проектот

во Македонија побара заеми од 125 милиони евра, од кои 45 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и 80 милиони евра од Европската инвестициска банка. Од централата на ТАВ во Истанбул неодамна изјавија дека причините за новото одложување се технички и дека инвестицијата сигурно ќе се реализира. Според договорот меѓу Владата и ТАВ, турската компанија на скопскиот аеродром треба да изгради нова терминална зграда, да ја продолжи пистата, паркинг за автомобили, пристапен пат со нова клучка, да инсталира системи за земска навигација, да воспостави комунална инфраструктура, да ја догради

административната зграда и да изгради нов карго-терминал, противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови. На охридскиот „Св. Апостол Павле“ за една година од почетокот на проектот е предвидена реконструкција на постојниот паркинг, реновирање на објектите во карго-центарот, изградба на ВИПобјект, реконструкција на административната зграда и набавка на нова опрема. Карго-аеродромот во близина на Штип треба да биде готов за три години од почнувањето. Намерата на Владата е тој да функционира како алтернативен аеродром за цивилната авијација, со можност во иднина да стане главен аеродром во Македонија.


Економија

Светот излегува од рецесијата стручњаци. Новиот знак на оптимизам, во поглед на закрепнувањето на светската економија, дојде од САД, каде што продажбата на куќите во јули се зголеми за 7,2 отсто. Тоа е четврти месец по ред како расте продажбата на куќите, а индикаторот кој укажува на деловната активност на тој сектор сега е најголем споредено со август 2007 година, кога изби американската хипотекарна криза.

С

ветската економија може да излезе од најлошата криза по Втората светска војна благодарение на поволното дејствување на големиот фиска-

лен поттик и рекордно ниските каматни стапки, оцени американската агенција „Блумберг“, повикувајќи се на мислење на водечките економски функционери и финансиски

Професорот на американскиот Универзитет „Харвард“ и некогашен шеф на економистите на Меѓународниот монетарен фонд, Кенет Рогоф, смета дека веќе не треба да постои сомневање“ во закрепнувањето на светската економија. Претседателот на американската Управа на федералните резерви Бен Бернанки на собир на претставници на централните банки од многу земји исто така

оцени дека постојат добри изгледи за нормален раст на глобалната економија. Тој, но и некои негови колеги вклучувајќи го и шефот на Европската централна банка, Жан Клод Трише, сепак предупредија дека економското закрепнување ќе биде забавено. Фактот што Германија и Франција во текот на вториот квартал фактички излегоа од рецесија, остварувајќи благ, позитивен економски раст, придонесе шефот на економскиот тим на банката „Сосиете женерал“ во Лондон, Клаус Бадер, да прогласи крај на рецесијата.ММФ во минатиот месец го процени растот на глобалната економија во 2010 година на 2,5 отсто, а за оваа година предвиде негативна експанзија во светската економија од минус 1,4 процент

Поради економијата - скромни одмори на Американците

П

оради економската ситуација, многумина Американци или помалку патуваат за летните одмори или, едноставно, остануваат дома. Дури и оние семејства чии членови не ги загубиле своите работни места, прават поскромни планови летово. Дека тоа е така, можеби најдобар показател е компанијата „Реи“, специјализирана за опрема за кампување, која ја зголемила продажбата на семејни шатори за 20 проценти, јави „Гласот на Америка на македонски јазик“. Кристин Ешли, нејзиниот сопруг Марк Шанахан и трите деца, како и многу Американци, ги чувствуваат последиците на економската криза. Марк, кој работи во градежништвото, вели дека тоа значи повеќе време за работа, а помалку за забава со семејството. - Зимава бизнисот целосно запре.

Барав нови клиенти, а летово ќе ми биде приоритет да продолжам да работам, во надеж дека ќе има заработувачка до Божик - вели Марк. Но, Марк и Кристин не се откажуваат од летниот одмор - само планираат да го минат поинаку од вообичаеното.Кристин, која работи како наставничка, вели дека рецесијата ги принудила да бидат инвентивни, особено кога станува збор за сместувањето: - Кампуваме дома или поставуваме шатор каде што со пријателите-соседи, бараме локација за кампување во близина. Мислам дека децата ќе го паметат ова лето како лето кога сме живееле во шатори - раскажува Кристин.Од кампување во колиби до отседнување кај роднини, семејствата успеваат да најдат начини да ги намалат трошоците, а сепак да се забавуваат.

Кога ќе стане премногу жешко и кога на децата ќе им здодее да играат дома или под шатори во дворот, Кристин вели дека се разладуваат во еден од базените во соседството. Ваквите јавни базени ста-

наа мошне посетени места за добра семејна забава во тешката економска ситуација.

13


Од друг агол Охриѓанецот,Томе Чинго е пратеник во собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Тој е народен избраник кој има чести обраќања на собраниската говорница а во јавноста е забележан и како политичар кој “нема влакно на јазикот“. Јавно и отворено често користејќи вулгарности ја критикува политиката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и никогаш не зажалил ниту има намера да го промени стилот на изразување и работење. “Јас ја зборувам вистината, а таа е најболна од се. Она што го кажувам е поткрепено со аргументи, па владејачката партија никогаш не може да го оспорува она што јас го велам, впрочем фактите не се побиваат “, вели Чинго и е сигурен дека за многу брзо време СДСМ која како партија е веќе консолидирана ќе стане владејачка на чело со лидерот Бранко Црвенкоски

Ако ја имам целата политичка моќ во свои раце веднаш ќе го сменам Груевски и неговата Влада 14


Од друг агол

Мигови од моето детство на кои со задоволство се сеќавам и денес.... -Тој период од животот се случуваше поодамна. Поинакво беше речиси се во Охрид, живеев во населбата која се наоѓа зад градскиот пазар а каде тогаш немаше многу сообраќај. Во малата имаше многу деца на моја возраст со кои се дружев, играв детски игри и изведувавме заеднички “мали лудории“. Сите мои другари почнувајќи од Касето, Бајлак, Чедо, Кемал, Екрем, Дичо се личностите кои никогаш нема да ги заборавам. Тие се моите другари од детството, со нив израснав и созреав а и денес тие ми се најдобри пријатели. Мислам дека целиот живот ќе другарувам со нив. Често низ заеднички разговор се враќаме во детските денови, и смеејќи се до солзи се присетуваме што се имаме правено..... Близината на пазарот си го правеше своето, па често со другарите одевме до изворите кои беа внатре во пазарот (а кои секнаа пред 30-ина

години) пиевме од чистата ладна вода и се радувавме. Кога бев дете себе си се замислував како..... - Во раното детство себе си се гладев како човек кој го регулира сообраќајот, се замислував како полицаец па и пилот. Подоцна сакав да бидам лекар и накрај желбите резултираа со дипломиран економист по туризам и угостителство. Животот и динамиката на живеење го прават своето и тие во голема мера битно влијаат во донесувањето на животните одлуки, односно во одлучувањето кој со што понатака ќе се занимава. Тогаш,како ви се случи политиката? Како “влетавте“во неа? - Јас с ум симпатизер и гласач на политичката партија СДСМ (Социјал Демократски Сојуз на Македонија) од самото нејзино формирање а член сум од 1997 година. Од тогаш политички се активирав мно-

гу повеќе . Со своето залагање настојував мојата партија да оди се понапред и да биде подобра. Уште тогаш на почетоците, гледав дека моите сопартијци настојуваат да им помогнат на граѓаните и да ја подигнат Република Македонија на највисоко можно ниво. Ние сме единствената државотворна партија која успеа земјава да ја донесе пред вратите на Европската Унија. За жал со доаѓањето на власта на Љупчо Георгиевски а подоцна и на сегашниот премиер Никола Груевски беше уништено сето она што СДСМ го направи. Знаете, мојот политички ангажман се случи непланирано, спонтано, дојде само по себе. Моето ангажирање, начинот на кој што јас сакав да помогнам во партијата во сите периоди беше различен. Едно време јас партиски помагав со директно учество во анимирање на луѓе кои ќе гласаат за СДСМ. Во моментите кога се одлучуваше за ново партиско раководство на локал-

но ниво,се кандидирав за претседател на Општинската организација и бев избран и поставен на таа челна позиција. Така бев директно инволвиран во политиката и помагав на СДСМ. Морам да кажам дека додека бев претседател на Општинската организација, мојата партија претрпе два порази и една голема победа на локалните избори кога беше избран за градоначалник кандидатот од нашите партиски редови, Александар Петрески. Но, како што спомнав не можам да ги заборавам поразите, вклучувајќи ги и предвремените парламентарни избори на кои што за прв пат СДСМ претрпе навистина огромен пораз кој што сметам дека за многу кратко време ќе биде само минато. Партијата на Социјал демократите веќе се консолидира во своите редови и јас сум сигурен дека таа наскоро ќе се врати на чело на политичката сцена од државава. Денес, сте на висока политичка

15


Од друг агол функција- пратеник во Македонското собрание од редовите на СДСМ. Ви станаа ли сега појасни политичките случувања во државава и кои според Вас- лично, се најголемите разлики помеѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и големата опозициона СДСМ? - Разликите меѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ се очигледни. Разликите се во начините на владеење на двете партии од кои првата е моментално на власт а втората беше. Во самиот концепт на владеење двете партии се разликуваат. Дефинитивно не требаше да бидам пратеник за да сфатам кои се разликите, тие се огромни и драстични. Тоа што денес го демонстрира ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Груевски е еден тоталитарен режим кој што не знам како граѓаните се уште можат да го поднесат. Но мислам дека моменталнава ситуација набрзо ќе кулминира затоа што полека но сигурно граѓаните се освестуваат а тука е и СДСМ која ќе застане зад народот. Мислам дека за многу кратко време СДСМ ќе го заземе она место што го заслужува. Медиумите Ве забележуваат како пратеник кој често Ве има на собраниската говорница. Што е главното што му недостига на Охрид? Што сметате дека е приоритетен проблем во градов, за чие решавање Вие како охриѓанец и политичар се залагате? - Пред се јас се залагам за доброто од сите граѓани во Република Македонија. Но при донесувањето на правните закони кои директно го засегаат Охрид постојано сум присутен во Собранието и се залагам за подобар живот на охриѓани. На една од последните седници наменета за поставување на пратенички прашања, поставив прашање за северно- транзитната улица во градов “Железничка“. На поставеното прашање слободно ќе кажам добив еден мизерен одговор од министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски, кој што кажа, цитирам, -“денеска почнуваат повторните активности на улица “Железничка“, ова министерот го рече на седницата одржана на 30.07.2009 година. За жал, ветеното до денес не е реализирано на улицата “Железничка“ не се започнати никакви активности. Мојот ангажман како опозиционен пратеник е максимален. И понатака јас ќе се залагам за доброто на охриѓани и сите граѓани во земјава. Ќе ги критикувам сите закони што не носат никакво добро за народот и Македонија, но и ќе го пофалам она што е добро. Ние не сме опози-

16

циона партија која само критикува туку која знае и да пофали. За жал од оваа Влада ние не добивме некој толку добар закон за да можеме толку многу да го фалиме, меѓутоа се она што не чини ние на говорница ќе го споменуваме и кажуваме. Актуелната Влада ќе ја потсетуваме за направените грешки. Познат сте како пратеник што нема “влакно на јазикот“. Често, употребувајќи вулгарности, јавно зборувате односно ја критикувате политиката на ВМРО-

Поради работните обврски често сте на релација Охрид- Скопје и обратно. Ве заморува ли пратеничкиот ангажман или тој исчезнува пред патриотските побуди и желбата да направите нешто добро за својата земја?Што се крие зад вашата издржливост, од каде толкав елан за работа? - Секој ден патувам од Охрид за Скопје, претпладне тргнувам, навечер се враќам. Точно е дека работата ме заморува но собраниските активности ми причинуваат за-

- Јас се трудам со сопругата Нина и моите две деца, синот Илија и ќерката Ивана да бидам колку што можам почесто, колку ми допуштаат моите обврски. На децата им сум пред се татко но и добар другар, ќерка ми има 19 а син ми 21 година, значи се релативно возрасни. Нашиот однос е базиран пред се на другарска основа. Се радувам кога сум со нив но моите работни обврски и нивниот едукативен ангажман не одвојуваат едни од други. Што се однесува до готвењето можам да се пофалам дека сум добар кулинар. Многу често дома и кога сопругата Нина е тука јас знам да ја изненадам со убаво јадење. Како што велат моите другари јас сум голем гурман кој сака добро и квалитетно да јаде. Готвењето ми причинува задоволство а во другите домашни активности навистина сум слаб и се и препуштам на сопругата која работите ги извршува така како што треба. Што се случува кај Вас дома пред политички избори. Тогаш еуфорија не фаќа на сите камо ли на оние кои директно се инволвирани во неа. Дали тогаш политички се ангажираат сите членови од семејството, каква е тогаш атмосферата кај Вас дома? -Сите сме ангажирани, никој не е поштеден од политичките задачи кои се сфаќаат не како обврски туку исполнување желби. Сите членови од моето семејство се задоени во стилот на СДСМ, и сето она што значи анимирање на други луѓе и ангажмани од оној тип што тие се во состојба и моќни да ги остварат ги извршуваат навистина успешно. Син ми Илија партиски многу се ангажира, дава се од себе и тоа ме радува. Во време пред и за политички кампањи дома сме како мало партиско раководство кое има своја задача и сите работиме на свој начин.

ДПМНЕ. Зошто вулгарности, сметате ли дека тоа е најдобро решение да се нагрди владејачката партија пред народот? Зошто таков начин на изразување? -Јас ја зборувам вистината, зборувам со факти. Вистината е најболна од се. Кога власта нема аргументи да се спротистави на она што го зборувам, излегува пред јавноста дека сум во право. Затоа нема да го менувам стилот на моето изразување и работење. Постојано ќе ја критикувам власта. Ќе ги кажувам сите факти кои се потребни и недостигаат и нема да се штедам ниту себе си ниту партијата која ја критикувам.

доволство. Ме радува што многу охриѓани медиумски ги следат моите јавни настапи и се радуваат на тоа што го зборувам. Мислам дека од тука, од граѓаните на Охрид ја црпам енергијата за работа и сигурно со несмалено темпо ќе продолжам понатака. Ако ја завртиме другата страната страна од листот , ќе го пронајдеме Томе Чинго како сопруг и родител. Како себе си се опишувате во овие две улоги ? Каков човек и домаќин сте? Колку сте вешт во кујна, знаете ли нешто да зготвите?

Што како државен функционер би измениле во Македонија доколку би ја имале сета политичка власт во свои раце? - Во Република Македонија би изменил само едно нешто. Во рок од 10 минути би го променил премиерот Никола Груевски и неговата партија, и на власт би ги довел социјал демократите на чело со Бранко Црвенкоски.


Бевме на...


Охридски легенди

пишува: Владо Жура

Патнику, кој и да си , наминеш ли в Охрид крај крепоста вишна запри, погледни , слушни , таму , кај крепоста горе гроб осамен в тишина вечна сал времето над него без прекин, без цел, немо дните ги брои ! Над него за спокој на душа, не заискрел фенер, нит свеќа запалил. А тука на болка тешка земјата скрила надеж и желби за животна радост. Ташула во него лежи... (Миле Волканоски , фрагмент )

Ташула - робинка охридска Трубадурите охридски испеале бројни песни за настани, случки несекојдневни... за судбини клети тешки, женски -како оние на Деспина од Паунчета, па за Хрисавгија од Попастефанијовци и дердот на Осман беј, за Зарина, за Русе од Ангелица, за несреќната Антица, за подостарената мома Фанче што отишла Калишча, за Катуше од Ололчета мажена у Коцарета, за Сандра од Куртета, за Рисе од Пашана, за Кате од Бараковци, за Софица у Филипчета...па дури и за храбрата Фросина, која бестрашно му се спротивставила и на Лавот јанински Али Паша! Само еден женски лик , трагичен до немајкаде...не нашол место во охридската старозаманска песна - ликот на Ташула, охридската робинка! Барем таква песна не е запазена до ден денешен! А Ташула проживеала над седум децении во Охрид, оставила длабок белег врз севкупната тукашна живеачка речиси низ целиот XIX век, зашто не била обичен набљудувач на настаните и животот во Охрид, ами и мошне активен учесник а нејзиниот збор се почитувал и во најтешките и пресудни одлуки што ги донесувал тогашниот господар на Охрид и пошироката околина Џеладин беј! Не може да се каже дека нејзиниот лик и нејзината судбина не делувале и сеуште делуваат инспиративно кај многу автори - книжевници, музичари...напишани се стотини и стотини страници, но сепак стои фактот дека трубадурите охридски не го овековечиле нејзиниот лик и нејзината судбина во ниту една песна. Причината за тоа некои ја наоѓаат во фактот што можеби охриѓани ја сметале нејзината судбина за премногу болна и трагична ! А која била таа Ташула и каква била нејзината судбина ? Да одиме по ред. Секој знае дека Ташула, дванаесетгодишното момиче , заедно со десетина пленички е доведено во Охрид , како дар на тогашниот охридски господар Џеладин беј во треттата деценија од предминатото столетие, или поточно во 1822 год., како `трофеј` за заслугите на

18

Џеладин беј за неговото учество во угушувањето на бунтот во тогашна Мореа, кога бил срамнет со земјата градот Негуш! ___________________________________________ А тогашните хроничари запишале : 1822 година, април 10. Бележам овде како го расипаа Негуш... Лобуд паша беше тој што отиде против нив; од корен ги запусти Негушани , жив маж не остави, а жените и децата ги зеде робје . Човек не остана во Негуш; сите куќи ги изгореа , та ниедна колиба не остана ! Сите мажи турците под сабја ги поманаа, пискотници и плачои и таги големи беа ! Старите мажи што беа живи на наше време не паметуваат и друг пат да бил растуран Негуш , сега се расипа зашто турците им извадија лошо име , оти кренале глава против царот 1822 година, август 1. Ден понеделник... Џеладин беј тргна за Мореа, заедно со Абас паша , што беше мансуп сајбија, та од Охрид го испративме во Битола.... `

Минувале години... Момичката достасала во прекрасна млада жена, па бегот решил да ја земе за сопруга, со надеж дека ќе му роди наследник зашто со главната сопруга Сабие анама немал рожба со години. За новата сопруга изградил и посебен дворец викан Јени Сарај, во манастирскиот комплекс на Богородица Перивлепта (тогашен Св. Климент )...па дури од Ташула не побарал ниту да ја промени верата и од православна христијанка да премине во ислам. По извесно време Ташула му ја раѓа толкупосакуваната рожба на господарот охридски, но животниот век на детето бил мошне кус. Легендата распрва дека самата мајка Ташула го задавила со сопствените раце, за да не биде потурчено...и гробнината му се наоѓа во турбето близу Имаретот од некогашната џамија, односно денешната црква во Плаошник! Топчии

друг пак запишал дека: `.... оттаму донесе робинки - Ташула за него, другите ги измажија у Срмабожа, ПопСтефанија, Чауле... и во други десет фамилии- Чинаја за Алексиј Димзо, Фросина за Димитрија Терзијанче, Ламба за стариот Лешчар, Елена за Спира Коцаре, Пауна негушанката преку Дебар откупена од турци, а меѓу робинките беше и жената на Коте Чауле, мајката на Васил Паскали, у Кецкара шо е сега Фанче ама прво у Бодлета мажена ...`

За судбината на пленичките Следот на настаните е познат. Откако ги измажил сите пленички во повидните варошки фамилии, секако со достоен паричен надоместок за себе, Џеладин беј кај себе ја задржал робинката Ташула, како прислужничка.

Така кажува легендата. А што запишале современиците и другите проучувачи на тогашните настани и за главните актери во тие настани. Секој си има своја верзија, некои дека Ташула била од Негуш,други пак тврдат дека била од Трикала, трети од Јанино...секој онака како што ја чул, иследил ...и запишал:


Охридски легенди

Еќимот Таки и ќерка му Ташула од Јанино

Лилјана Чаловска, позната наша писателка , инаку некогашна сопруга на Лазар Колишевски, имала можност да го проучува потеклото и судбината на Ташула и своите иследувања ги објавува како фелјтон во 23 продолженија во 1966 година. Таа ни дава приказ за времето на преминот од XVIII во XIX век следејќи го животниот пат на еден стар доктор, викан еќим Таки, по потекло од Москополе ( најбогатиот влашки центар на Балканот до темели разурнат во 1769 г. ) и насила одведен и назначен за главен лекар на јанинските паши. Со оглед како што времето минувало, фамилијата и родниот град се испустиле , па тој на зрела возраст заснова ново семејство во Јанино, со една штитеничка од домот за сираци нарекуван во тоа време `спиталјето`. Но, судбината не му била многу наклонета, па повторно овдовува, останувајќи сам на светот со една мала рожба- ќеркичка по име Ташула. Годините натежнале, обврските истотака, па стариот еќим Таки неможејќи да води грижа и воспитание за малата и бунтовна од мали нозе ќерка, ја дава во домот на богатата јанинска куртизана кира Василики, како би стекнала потребна ука за натамошниот живот. Ама во богатиот дом на кира Василики се учеле многу работи, што биле далеку од домаќински нешта, па и од долично поведение. Една вечер аскерот ја бастисува куќата на Василики, ги одзема сите жени собрани таму и ги одведува во сарајот на пашата, за истите да им послужат како разонода и да им прават ќејф на неговите гости. А меѓу нив била и малата Ташула...која се спасила благодарение на нејзиниот татко, докторот , кој ја остава како на посигурно во сарајот, во кој работел како лекар, како прислужничка. Тогаш, во тоа време со Јанино и поголемиот дел од отоманското царство на Балканот во име на падишахот раководел Али паша - паша со три опаша, викан уште и лавот од Јанино, на чиј двор гостопримство уживал дури и лордот Џорџ Гордон Бајрон ( додека го пишувал својот `Чајлд Харолд`), како и познатиот дипломат Франсоа Пуквил, амбасадор на Наполеон I... и ред други познати личности. Нејсе, било како било, му се видела слатка власта на Али паша па решил да се одметне од централната власт, да господари сам, придобивајќи ги било со милост или насила помалите господари - бегови. Меѓу нив и бегот на Охрид , споменатиот Џела/ле/дин, кому за званична сопруга му ја дава својата внука од сестра Сабие анама и со тоа го запечатил меѓусебниот сојуз. Џеладин беј ги исполнувал заповедите од Али паша јанинецот, ама знаел одвреме навреме во зависност од својот личен интерес да балансира и кон скадарските паши- шкодранлиите. Али паша со желба да ја зацврсти власта водел постојани борби со локалните бегови и паши, како оние од Скадар и при една посета на Охрид, како подарок на својот зет му ја донел и Ташула, сега веќе сирак зашто татко `и еќимот Таки ,

придружувајќи го господарот Али паша при еден негов поход, веќе не се вратил. Ташула во прво време слугувала во харемот, за да по еден тежок бој во кој Џеладин беј бил ранет, го прислужвела господарот превиткувајќи му ја раната. Тогаш тој ја приметил нејзината убавина, ја зел за милосница...и толку се вљубил во неа што наредил сарај засебен да `и се изгради во Горица или на Петрино! Првата рожба што му ја подарила новата милосница, немала долг век - момичето набрзо умрело. Од што - авторката не кажува, ама се знае дека тогаш во Охрид косела пануклата, одн. имало чести епидемии од чума.

Господарот на Охрид, заради своите борбени обврски кон пашата, често отсуствувал од дома... па Ташула имала време да се соживи со граѓаните на Охрид, да оди во посета кај првите комшивки до косморамата викана Горнисаре - жените Попастефанијовски, старата слепа мајка на Никола, писарот и баш терзија Џеладинбегов, и неговата сопруга , инаку стружанка, а кои живееле во куќата на Љуман азнатарот , веднаш до харемот....за подоцна да им прави посети и на жените на Тасе Зарче, како и на онаа од докторот Чала Коста. Во меѓусебните муабети, па и по посетите на чаршијата одејќи во амамаот, како и посетите на манастирот во Св.Наум , таа ја осознава тешката положба - сиромаштијата, пљачкосувањата качачки од страна на Дебраните и цело време се заложувала кај господарот Џеладин бег за спас на рајата . Таа била себап за назначувањето на Кузмана за капидан, а и за зголемувањето на манастирскиот имот во полето љубанишко! Но , колку повеќе ја осознавала тешката положба на христијаните, толку повеќе вина чувствувала како припадничка на дел од власта. По погубувањето на Али паша јанински, чија глава му ја шетале по јанинските сокаци и одмаздата од царската војска, во која најповеќе страдало недолжното населени, кулминација претставувала поразителната вест за уништувањето на Негуш! Скршена од болка Ташула предвреме се породила- и тоа машко дете...но не покажала никаков интерес ни при породувањето, ниту пак сакала да го задои, така што свекрвата ја сметала за злосторничка - убиец на наследникот на Џеладин беј. Оттогаш животот ја фаќа удолницата... Џеладин бег се враќа од бој , носејќи со себе десетина пленички од Негуш, кои ги сместил во Панѕир - ден.Св.Стефан! Итрите охридски првенци успеале со голем откуп да го измолат Џеладин беј да им дозволи на пленичките да се измажат

во повидни варошки семејства, и така да ја одбегнат неизвесната но секако злокобна судбина. Џеладин беј како да го изгубил интересот кон Ташула, обвинувајќи ја за смртта на машката рожба, а и Ташула не била веќе онаа истата, од ден во ден се повеќе венела и опаѓала. Крајот ни е добро познат - уплашен од одмаздата на царот Џеладин беј бега во Скадар . Пред самото навлегување на војската и запоседнувањето на Охрид и Ташула со три придружнички тргнува на пат за Скадар, оставајќи поголема сума злато на чување кај жената од Тасе Зарче, со мисла да ` и се најде доколку некогаш се врати во Охрид...а доколку не- остава аманет златото да биде ставено на иконата на Богородица! Ете, во куси црти, ваква е сторијата за Ташула напишана од Лилјана Чаловска. Интересно е да споменеме дека не само трубадурите охридски, како Ангеле Караѓуле, ами ни Григор Прличе, ни даскалите Митре Миладин,ни Андроник Јосифче, ниКузман Шапкарев-Паскали, ниту пак вујко му Јанакиј Стрезов, сите тие кои ја зафтасале и долги години живееле покрај Ташула, и секако ја знаеле изворно нејзината животна историја, во своите автобиографии не напишале ниту збор за неа. Пишувале за Џеладин беј, за Никола Поп Стефанија, за Тасе Зарче, докторот Чала Коста...а за Ташула не оставиле ниту еден најмал спомен. Затоа пак имаме помлади автори како Бранислав Нушиќ (1864-1938), Ефтим Спространов (1868-1931) и Симеон Радев (1879-1967), кои дале мошне опстојни прикази и се обиделе да го расветлат нејзиниот лик! Почнуваме со Ефтим Спространов, како охриѓанец, кој секако најдобро ги познавал приликите во Охрид, па дури и напишал посебна книга посветена на Џеладин беј и неговото време (Спространов, Е., Джеладин бей. - СбНУ 14, 1897.)

Робинката од Камбуријана Втората жена на Џеладин беј беше Ташула, пленичка од востанието во Мореја. Првата пак жена беше Сабие анама, или старата анама, како што ја викаа охриѓани, која беше по потекло од некое село јанинско дали Лескович или Љубово, не е ни толку битно, важно е дека била премногу лоша, а Џеладин беј морал да се ожени со неа зашто била внука од брат на Али паша Јанински. Инаку таа била вдовица, со едно момиче од првиот брак...кое заради болната љубомора и страв Џеладин беј да не би ја занемарил како стара и да се прежени со нејзината ќерка, лично самата ја убила туркајќи ја по високите стрмни скали од сарајот. Гробнината и на двете е во турбето до Имаретот!- ќе запише Спростран во споменатата книга, за да посетне се премисли и наведе нова верзија дека таму е закопано само момичето од Сабие анама а самата Сабианама била положена в гроб кај џамијата Плитокопје /кај Чинарот/, а ова го кажувала самата Ташула Е, сега да се вратиме на Ташула, нејзиното потекло и нејзиното доаѓање во

19


Охридски легенди Гробот Имарет некогаш

Одаја во Сарајот Охрид. Ташула била родум од село Камбуријана, близу до Трикала - пишува Спростран. Таа била пленета со неколку други стотини моми и жени за време востанието. Угушителите на востанието, на своето враѓање од бојот со себе ги повеле и робинките за да им слугуваат во домовите или пак да ги продадат за пари. Ташула со мајка си и тетка си , и низа други жени се нашле во харемот на Мустафа паша Шкодранли. По извесно време истиов паша ја испраѓа, заедно со неколку други жени, како подарок на својот внук Џеладин беј во Охрид.Сите тие стала слугини на старата анама, мајката на бегот. Ташула тогаш била на 12 годишна возраст...и како растела се поубава станувала, а и ги заборавала страотните слики од детството. Пленет од нејзината убавина, а немајќи пород од Сабие анама, Џеладин беј решил да ја земе за втора жена, со надеж дека ќе му роди наследник, и за да одбегне конфликтни ситуации меѓу двете жени, решил да го изгради третиот сарај во Варош - Охрид, Јени Сарај , наменет на саканата робинка Ташула, во кој таа престојувала само во летните месеци, додека зимата ја минувала во Долни Сарај. Во нејзиниот харем ја придружувале мајка `и, Фанче сопругата на најбогатиот охридски ќуркчија Миле Кецкар, некоја мома по име Трендафила од Призрен и уште неколку слугинки Според оваа верзија значи Ташула е од околината на Трикала и му била дадена како подарок од скадарскиот паша Мустафа, со кого Џеладин бил во роднински врски! Одиме понатаму. Ташула му родила момиче на господарот охридски. И тоа на ден 20 јануари 1829 година. Момичето веднаш и го одзеле, плашејќи се од фанатизмот на мајка `и, да не му наштети и да го попречи потурчувањето. Охриѓани веруваат, ќе напише Спростран, дека самата Ташула си ја задушила рожбата...а дали е тоа вистина, никој не знае, макар што нејзините роднини тврделе дека бебето си умрело од сопствена смрт. Момичето е погрбено под едно големо дрво Имарет ! Натамошниот след на настаните е познат- Џеладин беј оди Скадар, а таму ја повикува и Ташула, за да `и го препише Јени Сарај и некои други имоти. Едно време се вратила во Охрид, новата власт ја одвела дури Битола на распит и откако се увериле дека нема никаква вина и дозволиле да се врати во Охрид. Пречекот бил величествен- чест и сториле највидните граѓани предводени од владиката Калиник, кои на ден велика сабота ја пречекале дури кај Св.Петка манастирот. Жи-

20

вотот си течел понатака...По веста за смртта на Џеладин беј, Ташула ја советувале да се премажи - за муслиман или христијанин. Ја побарал дури и новиот господар охридски Шериф беј, инаку внук од сестра на Џеладин беј, и нуделе да се мажи за Ангеле Робе, или пак за некој многу богат грк по име Шалвар во Драч...Но, ризикот бил голем, да се земе една поранешна сопруга на еден деребеј. По конфискацијата на сарајот од страна на садриеземот, Ташула се прибрала да живее кај братот Стефан Испир. Се издржувала од продажба на накит, облека, обувки, скапоцени украси...на битолските бегови и богати турци. Но , откако сфатила дека може да остане без приход, распродавајќи го она малку што го имала, решила да купи земја- ниви и лозја, ама била измамена од најверните пријатели, па староста и била навистина мошне тешка, како впрочем и сиот живот. Умрела во 1892 година на речиси 90 годишна возраст. Закопот бил величествен, предводен од самиот тогашен владика Григориј! Спростран во книгата посветена на Џеладин беј соопштува една ситна попатна интересност, дека за време животот на Ташула била испеана песна од која посочува неколку строфи : Ајде сен Ташула, каф`з`м Ташула, Кому `и оставаш горнине сараи ? Оставам `и оставам на садриеземот, На садриеземот, на низамите ; Талим да ми чинет, пушки да фрлет, пушки да фрлет по стреде ејзеро... (Садриеземот бил претставникот на Високата Порта, кој во придружба на низамите/ војниците воспоставил повторно `ред и поредок` во делот на овие наши балкански простори, се разбира се преку грбот на рајата!) Речиси истава верзија, безмалу од збор до збор ја напишал во својата книга `рани спомени` и ресенецот Симеон Радев (1879-1963) кој своите училишни денови ги поминал во Охрид се до смртта на Ташула во 1892 г. Во неговите спомени останал ликот на ситна исушена старица, облечена сета во црно, на која и правеле голема чест при службите во црквата Св. Климент (Св.Богородица Перивлепта). За жал ни тој , како ни Спростран не покажале интерес да прого-

ворат збор два со старата Ташула, одн.нејзината роднина Фанче од Кецкара, која умрела некоја година по смртта на Ташула, па изворно да ни ја соопштат вистината. Со таква намера бил и Бранислав Нушиќ, славниот српски комедиограф, кој трагајќи по потеклото на неговиот татко Георги Нуша, во повеќе наврати го посетил Охрид со околината и ја објавил прекрасната книга `Крај бреговите на Охридското езеро - белешки од 1891 и 1892 година`.Посебен дел во книгата им посветил на расветлувањето на ликовите на Џеладин беј и Ташула. Тој дури во два наврата ја побарал Ташула, но првиот пат не ја нашол дома, а вториот- било доцна, Ташула веќе пуштила душа и преминала на оној свет. И тој подробно се задржува на чедоморството, гробот и...безмерната беда и сиромаштија во која ги минувала последните дни од својот долг, но мошне несреќен живот!

Охрид и Јанино Анино во времето на Али Паша

Од памтивек постоела некаква нераскинлива врска меѓу овие два града. Охрид иако потпаѓал под власта на скадраните, сепак многу охриѓани тргувале и ги испраќале своите деца во јанинската гимназија, отколку што одржувале врски со Скадар!

Али Паша


Охридски легенди И фактите тоа го потврдуваат: `Во 1787 година , во Охрид дојде Али паша Јанински и во негов пресрет излегоа охридските раководители синовите на некогашниот гази Ахмед паша и Џеладин бег; да се забележи дека Охрид од старо време се управувал од скадарскиот Кара Махмуд паша, кого султанот го означи како одметник и поради тоа султанот го испрати Али паша Jанински да управува со тие што се наоѓаа поод власта на скадарскиот сатрап градови и дека Охрид , благодарение на тврдината, како посигурен град, се спротиставија скадарските и дебарските сили против војската на Али паша и стана страшна и кртвопролевна војна и следствено на тоа им се случија големи несреќи на охридските жители. По седумдневна борба , Али паша влезе во тврдината Варош, победител со епирските војници арнаути и кога фати 17 мажи шкодранци, по три дена сите ги обезглави надвор од калето на градот - Горна Порта, и по малку време Али паша, кога се помири со гореспоменатите охридски раководители им ги простил грешките и најпосле Али паша со Охридските раководители се посфатил, негова внука од сестра по име Сабие анама , му ја дал за жена на Џеладин беј.` `1792 Охрид пак преземен од Бушатлиите;1794 пак Охрид со нов господар; 1801 месец март ...Ибраим паша Бератлија-кнез на Охрид -Џеладин бег вазал до гроба на Бушатлиите од Скадар, Ибраим паша помал брат на Кара Махмуд Шкодранли; Али паша организирал напад и се судрија во Заграчани , па потоа пак се смирија ;пак Охрид завземен од шкодранците; 1805 год Али паша дојде со многу војска и Св Софија ја наполнија со заире а и митрополијатаза војската храна, борба против дебраните Абас бег и Јашар бег големи зулуми, опљачкаа имотот на Џеладин беј , па и анот во Г'бавци го пеплосаа...Сите турци се изуплашија и во една маала се собраа. Али паша се биел со Јусуф беј кај Дабовјани; 1807 францускиот амбасадор на дворот на Aли паша Франсоа Пуквил запишал дека Охрид имал 1.300 домови од кои 600 турски , или приближно 6.500 жители , на варирањето на бројноста влијаеле и честите епидемии чума / улера;1808 урнато Сараишчето на Ибраим паша;1810 До Лешчаровци зафатија да 'и прават сараите и шадрванот Долни Сарај; 1815 , ставени во мај на 15, темели на сараите на Јени Сарај , во нивата на Никола Сапунџи, зад црквата Св.Елена и Константин ( сегашното училиште Св Климент Охридски );1816 - 1817 помеѓу 21 ноември и 24 август Веллиедин паша , синот на Али паша Јанински - односно виновникот за судбината на личната Фросина , престојувал во Охрид; 1820 Охрид му се даде на Мустафа паша Шкодранли ;1821г. Али паша успева да побуни паши околни арнаутски и сулиоти да кренат востание ......Негуш запустен ; 1822 Али паша убиен на 24 јануари 'главата му ја шетаја по Јанинската чаршија- абер донесен на 23 дека го заробиле на островот, а друг татар на 30 каза дека му је пресекле главата; 1825 Ибраим паша заде Сулејман од Берат , зел бесплатно 6 станични коњи од Поштата Битола за патување до Охрид на 25 февруари 1825 г.Инаку , од Поштенската станица во Битола , која располагала со 60 коњи, за Охрид се патувало за 12 часа ;1827, ноември 10 Џеладин беј отиде Скадар да се види со везирот Мекаја

Фросина

опис на Охрид. Градот го опишува како развиено, богато и големо трговско место. Го споредува со тогашен Дамаск и Каиро и со другите градови на Блискиот Исток и во Отоманската Империја. Охрид имал неколку убави и големи џамии. Меѓу нив Челебија ја споменува Аја Софија (катедралната Св. Софија), потоа џамијата Охризаде или Царската џамија во стариот ритчест дел на Охрид, позната под името Имарет џамија. Климентовата манастирска црква Св. Пантелејмон, под Самуиловата крепост, била претворена во џамија. Џамијата Имарет, како своја задужбина ја изградил Синан (Јусуф) Челеби, припадник на угледниот турски род Охризаде,а посветена на Султан Мехмед, од крајот на XV век . Во непосредна близина на возобновената манастирска црква на Светите Климент и Пантелејмон, се наоѓа турбето во кое Синан (Јусуф) Челеби бил погребан во 1493 година. Б.Нушиќ- Белешки од 1891 и 1892 г.

паша и од таму отишле Цариград /за реформите на Султанот;1828 јуни 10, сите охридски првенци се потписавме кефил дека нема да се крениме против Портата;1829 , 20 јануари на Џеладин беј му се роди момиче од Ташула;1830 јуни 21, Садриеземот со подмамка ко зајаци ги изопра сите арнаутски првенци собрани Битола ;1831 недела,18 јануари од Корча стигна султанската војска 1.000 души аскер. Бинбашијата се сместил Јени Сарај, а на 27 јануари жена му на бегот Ташула со ушче три жени је однесоја на шадрван / Долни Сарај/ па за Скадар; 6 февруари се разбра- бегот по море пребегал со истиот човек шо избегал од Охрид; на 2 мај сабота, Шериф бег со еден царски писар кондиса кај Мехмед беј, па ојдоја Уч кале и запечатија све, та сетне го запечатија и Долни сарај а шесте копели шо се најдоја тука со варошки фереџина ги пратија Битола кај Садриеземот а отаму ги истераа назад .Сиот имот на Џеладин беј се пописа и стана царски а /неговите внуци од сетра/ Шериф беј и Рахит беј си го зедоа делот шо им припаѓаше;16 ноември Мустафа паша Шкоранли заробен и со сета фамилија преку Охрид преместен Анадол , кадешто и умрел далеку од родниот крај.....1832, март14 , умре мајка му на Џeладин беј - дојде чоек царски од Битола испописа све, околу 250 кесина, и 40 товари и сето соси сите мажи и жени беше протерано Битола;1832, октомври 18 изгореа сараите на Џеладин беја -а таму седеше Али паша со сиот харем, Али паша беше Скадар а харемот се пресели на Митрополија. В Охрид изгоре и неговиот син , и вујко му и сето имање и негово и туѓо...` Ете, така запишале тогашните хроничари за состојбите во Охрид.Останува на вас да одберете која од понудените верзии одговара најповеќе до вистината. Според документи кои стојат на располагање, турбето Имарет, односно гробот над кој со столетија се издигаше едно церово дрво сето испореплетено со бршлен, му припаѓал на Синан Јусуф челеби , исламизиран охриѓанец, кој ја урнал Светиклиментовата црква и на нејзините темели ја изградил царската џамија и имаретот- народната кујна за сиромаси, без оглед на верска и етничка припадност. Во записите стои дека прочуениот турски патеписец Евлија Челебија во 1670 година дава опширен

21


Бевме на...

Отворена народна кујна во Охрид

О

д неодамна во просториите од студентскиот дом “Никола Карев“ во Охрид е отворена народна кујна која ќе ја користат 80-ина социјално загрозени граѓани. Корисниците веќе добија посебни садови од Центарот за социјални работи во кои еднаш дневно ќе добиваат топол оброк. Проектот е дел од владината одлука за отворање народни кујни во повеќе градови во Македонија. Него го реализира Министерството за Труд и социјална политика преку Центарот за Социјални работи од Охрид а со поддршка на Локалната самоуправа. “Бенефитот од овој проект за Локалната самоуправа е што им се излезе во пресрет на материјално и финансиски загрозените луѓе а со цел да им се ублажи тешкото секојдневие“, вели портпаролот од Локалната самоуправа, Никола Маневски.

Ревија на европски и американски филмови во ЦК “Григор Прличев“

С

о премиерата на филмот “Плати и жени“во ЦК “Григор Прличев“, започна три месечниот филмски циклус. “Плати и жени“е филм кој се базира на судбините на балканските емигранти во Западноевропските земји. Станува збор за животни приказни на луѓе кои минуваат низ цели патешествија за да дојдат до документи за легален престој во земјата во која до тогаш престојувале на диво. Тие стапуваат во брак со тамошни државјани или државјанки а цената за “слатките брачни маки“ чини 7 000 евра. Станува збор за контроверзна животна приказна во режија на Атанас Георгиев, кој и самиот е двигател на главната ролја па дури и влегол во тие таканаречени мафијашки кругови преку кои се обезбедуваат саканите сопруга или сопруг. Филмот трае 74 минути и во него е прикажана потресната слика за судбината на младите “балканци“кои настојуваат да го остварат својот европски сон и иднина. Филмот учествувал на повеќе меѓународни филмски фестивали а за уметничките вредности е наградуван неколку пати. Проектот е македонско –австриско- хрватско- американска копродукција и истиот е работен 10 години. По ова филмско остварување на репертоарот во ЦК “Григор Прличев“, поставени се филмовите “Австралија“, “Денот кога земјата запре“, “Тајна“, Терминатор 4“,“Х-мен“, “Принцезата на сонцето“. Станува збор за европски и американски филмови кои се најнови остварувања. Филмската програма во ЦК “Григор Прличев“ ќе трае до втората половина на месец ноември.

22


Ви најавуваме

21-ви Охридски староградски средби

Н

а 25–ти септември во Центарот за Култура “Григор Прличев “ , по 21 –ви пат ќе се одржи фестивалот на охридски староградски песни. На манифестацијата ќе учествуваат културно уметнички групи од Македонија кои што ја негуваат старогратската песна. “Интересот за фестивалот е огромен и годинава одлучивме да ги претставиме групите за кои лани немаше временски и просторни можности да се претстават. Ќе настапат музичари од ЦК “Персиди“ од Ресен. Пеачката група “Македонка“, охридските девојки и женската пеачка група “Ахрида“ ќе го претстават градов, потоа ќе настапат “Делчевски ефнафи“од Делчево,музичарите од ЦК “Марко Цепенков“ од Прилеп, “Староградски тамбурашки оркестар –Кратовчани“ од Кратово, “Распеани гевгеличани“ од Гевгелија и групата “Чалгија саунд систем“ од Скопје чии членови ја негуваат старата градска чалгиска песна . Музичарите од оваа група се дел и од познатата музичка група “Стринг форсис„ “, ни изјави директорката на ЦК Григор Прличев, Драгана Боцевска. Таа додава дека свој настап ќе има и ансамблот за народни песни и игри “Танец“. Влезот за фестивалската ноќ е слободен а манифестацијата која е под покровителство на Министерството за култура чини околу 50 000 денари. Фестивалот има ревијален карактер.

Дом за бездомници во Охрид

Н

аскоро во Охрид ќе се отвори прифатилиште за бездомници. Проектот е на министерството за Труд и социјална политика и Локалната самоуправа од Охрид во соработка со министерството за Внатрешни работи. Се уште не е познато каде ќе биде сместен објектот ниту колкав ќе биде бројот на вработени лица кои ќе бидат ангажирани околу социјализацијата и воспитувањето на скитниците. Според евиденцијата на Центарот за социјални работи, во градов има 4-5 мина луѓе кои спаѓаат во оваа категорија. Тие се надвор од своето семејството или пак се луѓе кои се жртви на семејно насилство. Најголем проблем прават лицата кои се вбројуваат во категоријата бездомници а во Охрид доаѓаат од други градови, односно кај нас престојуваат привремено. Бројот на скитниците дојденци е најголем во лето.

23


Наша гордост 24-ри векови Самуилова тврдина

Богатството на до денес не е от

Самуиловата тврдина на Охридското кале кај цитаделата ја изградил кралот Филип Втори Мак Охридска крепост пак, која го опкружувала и заштитувала стариот град била изградена во чет Самуил кој не ја изградил туку најверојатно народот во чест на неговите воени и освојувачки дворец сместен во тврдината најверојатно бил изграден од дрво а во Охрид живеел 15-ина год Пред Самуиловата тврдина на тој простор од ридот се наоѓале градските гробишта, станува збо

С

поред археолошките истражувања кои почнаа да се реализираат во третиот милениум од новата ера, односно од 2000-та година навака, Самуиловата тврдина е стара 24 векови односно 24 000 години. Во 358 г. п. н. е. царот Филип Втори Македонски, прв пат поминал низ Лихнитида (денешната охридска област). Во историјата Филип Втори Македонски е познат како воин и голем стратег кој не останал рамнодушен кон стратешките позиции на тогашниот Охрид и охридското крајбрежје. За него особено важни биле таканаречениот Габавски рид (каде денес се откриени и се истражуваат Киклопските ѕидини) и нашиот, односно познат како Волше-

24

бен рид(поради скапоцените предмети кои се најдени токму на него) а на кој денес се наоѓа стариот град со населбите Варош и Месокастро. Точно во таа, 358 г.п.н.е.овој антички македонски цар наредил на овие два рида, да започне изградбата на двете тврдини (Киклопската и Самуиловата). Тоа значи дека Самуиловата тврдина почнала да се гради во втората половина од 4-от век пред новата ера а истата била завршена кон крајот од тој век. “Најверојатно Филип Втори Македонски ја подигнал тврдината на калето затоа што во тоа време низ тој дел поминувал скандинавскиот пат кој подоцна во 2 в. п. н. е. прераснал во најпознатата античка светска магистрала “Вија – игнација“. Тој

бил познат каравански пат кој преку планината Јабланица се движел кон Јадранското и Егејското море па се до Турција. Значи го поврзувал стариот Рим со Цари Град .Се претпоставува дека поради позитивните стратешки позиции Филип Втори почнал да ја гради тврдината“, раскажува директорот на Управата за културно- историско наследство, Паско Кузман. “Тогаш во втората половина од 4 в. п. н. е, е изградена Самуиловата тврдина сместена на врвот од ридот каде денес се наоѓа цитаделата а целата градба е наречена Охридска Крепост. Првиот писмен податок за Самуиловата тврдина датира од 209 г. п. н. е. и во него е напишано дека некој европеец на тој простор каде денес е

сместена тврдината направил побуна - заговор против македонската власт на чие чело се бил тогашниот цар Филип петти, кој ја задушил побуната и така ја задржал власта над македонскиот народ и над градот Охрид. Археолошките податоци пак велат дека тврдината е изградена два века пред тоа. Ова го потврдуваат археолошките истражувања во кои се пронајдени големи камени блокови и остатоци од кула внатре во Самуиловата тврдина. Во 4 п. н. е. било пракса да се гради со големи камени блокови без употреба на врзов споив малтер. Камењата се редени еден над друг. На ист начин како Самуиловата е градена и Киклопската тврдина изградена во истиот период. Киклопската тврди-


Наша гордост

царот Самуил ткриено!!!

кедонски во втората половина од четвртиот век пред новата ера (358 г.п.н.е.). Целата твртиот век од новата ера. Тврдината на калето стара 24 века,се вика Самуилова по царот и способности ја нарекол Самуилова. Познатиот цар владеел до реката Дунав. Неговиот дини. Во времето на отоманската империја во тврдината Џеладин бег изградил свој сарај. ор за периодот од 6 – 5 в. п. н. е.

на била напуштена во Римско време. Самуиловата, пак поради добрата местоположба и по времето на Филип Втори била привлечна и интересна за новите владетели. Во 2-3от век п.н.е. Охрид важел за мондемски град, како што денес се: Акапулко, Палма де Ма Норка . До овие сознанија дојдовме истражувајќи ги гробовите од тој период кои се полни со златен накит, филигран и други скапоцени предмети“, истакнува Кузман. Во Римскиот период, тврдината била обновувана а во 4-от век од новата ера таа била доградена. Тоа било време на доцната антика, кога овие простори биле напаѓани од бројни вандалски племиња, Готи, Остро- готи, Словени. Во тоа време Охрид во целост е заграден со

тврдина и од тогаш потекнува целокупната Охридска крепост. Таа се протегала од просторот на кој до пред две години беше сместена зградата на НУ Библиотека “Григор Прличев“, преку Долна Порта ѕидините се качуваат кон црквата Св. Сава на Дебој па до Горна порта. Оттука крепоста продолжува кон Самуиловата тврдина и завршува кај населбата Лабино. Значи во 4-от век од новата ера изградена е целата Охридска крепост. “Ова го осознаваме според опусот на градење на бедемите. Откривме четири редови тули меѓу кои има малтер. Тоа е доказ дека се работи за период од 4-5-ти век од новата ера. Охридската крепоста била толку цврсто изградена што племињата Остроготи и Готи не

успеале да ја заземат лихнидската тврдина и продолжиле натака кон Албанија,“ вели Кузман. Во Самуиловото време царот Самуил по кого е наречена тврдината, делумно а не целосно ја обновил тврдината затоа што се знае дека тој имал повеќе свои престолнини во Преспа, Прилеп. До ден денес не е познато во која година точно дошол Самуил во Охрид се претпоставува дека тоа било околу 1000-или 1001-та година кога својот дворец го преселил во тврдината. Со оглед на тоа што до денес не се откриени значајни археолошки податоци од негово време се претпоставува дека дворецот во тврдината бил изграден од дрво или друг материјал кој не може долго да трае. Најверојатно тој во Охрид

имал привремен престој од 14- 15 години и затоа нема многу податоци од неговото време. Но за цар Самуил познато е дека со нашиве простори владеел 40-ина години и дека тој е единствениот цар забележан во светската историја по тоа што не ковал монети. Негови парички не се пронајдени ни кај нас ни во Бугарија или Грција. Вообичаено било царевите заради оптек во својата држава и економска благо состојба да коваат монети, тоа не било случај со Самуил. Најверојатно во негово време се користеле византиските пари. Тој или немал време за големи економски активности или не ја сфаќал тежината на монетарната политика за една земја. Од негово време не е откриен ниту еден вреден материјал герами-

25


Наша Локал гордост Директорот на Управата за културноисториско наследство, Паско Кузман ни ја раскажа приказната за Самуиловата тврдина

ка ,бронза, сребро или злато. Иако за приватноста на Самуил има оскудни податоци и иако тој бил царот кој не ковал свои пари народот ги ценел и почитувал неговите способности како голем воин и затоа тврдината ја нарекол по неговото име Самуилова. Неговото царство згаснува во 1014-та година кога тој починува од срцев удар предизвикан од болка и јад за своите 14 000 ослепени војници кои ја изгубиле битката на планината Беласица водена со византискиот цар Василиј Втори. Тој е закопан во црквата Св. Ахил во Преспа која сега се наоѓа во егејскиот дел од Македонија. Неговиот син Гаврил Радомир е убиен од првиот братучед Владислав кој ја презел власта во свои раце. Самуил е познат како немилосрден војник кој со намера да биде единствениот престолонаследник на татко му Никола,со свои раце ги убил родените браќа:Арон,

26

Мојсие и Давид. Подоцна, по смртта на Самуил тврдината била разрушена. Во средниот век била многупати разрушувана и обновувана, но постојано функционирала. Последните градежни интервенции на Самуиловата тврдина ги направил Џеладин бег на почетокот од 19-от век. Тој во тврдината на јужниот дел од цитаделата го изградил својот сарај. Бегот бил голем крвник над македонското население но во исто време и голем градител. Карактеристично е што во целиот среден век па и во Отоманската империја темелите на градбите не се поставувале на здрава основа туку на полнатица. Под темелите имало обична земја па поради тоа градбите не биле отпорни ни на најмали земјотреси. Така и сарајот на Џеладин бег иако бил раскошен и полн со злато и други скапоцености не бил поставен на цврста основа, само таму

каде случајно се потпирал на стена градбата била посигурна. Во сарајот имало раскошни одаи, тремови, убаво уредени дворови и чешма. Бегот за својата официјална- законска жена имал изградено сарај познат како Долни сарај којшто бил исто така раскошен со убави дворови и фонтани. “Третиот сарај на бегот бил на ридот Дебој , четвртиот на стариот струшки мост (на кој пред 30-ина години имаше мали куќарки пренаменети во дуќани )а неговиот петти сарај бил во пределите на планината Петрино. Значи тој бил голем градител, “ вели Кузман. Од средината на 19-от век Самуиловата тврдина само се руинира. По ослободувањето таа е заштитена со закон но до 2000 година врз неа не се вршени никакви посериозни интервенции.

Пред изградбата на Самуиловата тврдина, на нејзиното место се наоѓале охридските гробишта. Населението живеело на повисокиот западен рид -на ридот од Античкиот театар нагоре, додека погребувањата биле северно и источно на другиот рид. Покрај северниот бедем и на горниот дел од тврдината како и кон ридот Дебој и Горна порта, земјата е полна со богати гробови кои датираат од периодот кога Охрид бил еден од “најпосакуваните“ богати мондемски градови во светот. Во 80 години на минатиот век кај училиштето, кај Дебој откриени се околу 180 богати гробови. И во самата Самуилова тврдина откриени се бројни гробници. Само во пределот кај Горна порта до ѕидот од крепоста до денес се откриени околу 160 гробови со многу златни предмети. На тој предел се откриени и многу стари гробови кои датираат од 6-5 век пред новата ера, во чии рамки беше и гробот со број 132 а во кој беа пронајдени, златната маска, златната рака со 60-ина други златни, сребрени, бронзени и килибарни предмети и накит. Во гробот се погребани момче и девојка кои по тогашните обичаи биле спалени.

Животот на просторот каде е сместена тврдината - на ридот, започнал далеку пред нејзиното подигање. Откриена е маслена герамика која датира од крајот на бронзеното и почетокот на железното време. На ридот животот најверојатно започнал од 1 200-та година пред нашата ера и од тогаш навака континуирано течел. На просторот има и неолитска населба која е од 6000- та година пред новата ера. Затоа се вели дека Охрид е еден од најстарите градови во Европа.


На кафе Локалсо... Силвија и Влатко Плевнеш

Поп групата “Силви бенд“ 30 години успешно постои на музичката сцена. Силви и Влатко велат дека успехот на бендот лежи во професионалното изведување и музицирање на композициите. Деновиве тие се актуелни со песната “Не сакам крај“ што е најава за петтиот албум, а во своето студио работат на проект по музика од драмската претстава “Коштана“ . Силви и Влатко се и успешна брачна двојка , заедно функционираат над 20 години а нивната љубов е крунисана со ќерката Аделина. Таа е причината за која постојат и сонцето кое им ги грее душите.

Живите свирки наш препознатлив белег 27


На кафе со...

Каде ја има Силви таму е и Влатко. Јавноста Ве запозна како музичка двојка која одлично функционира . Можете ли да се присетите на Вашите заеднички почетоци на музичката сцена? Како се случи групата “Силви бенд“? С: Јас бев студент во прва година на Музичката Академија . Тогаш чекајќи еден од колоквиумите по предметот соло –флеш заедно со моите колеги влеговме во една училница каде Влатко вежбаше свирење. Така се случи нашето запознавање, потоа станавме пар. Тогаш Влатко веќе беше познат музичар, настапуваше со групата ТАО која беше најпознатиот пратечки бенд и работеше седум години со естрадните уметници и живи поп легенди Здравко Чолиќ па со Вајта. Додека Влатко и неговиот бенд се подготвуваа за некој настап на Црногорското приморје, тој некако неподготвено ме повлече во свирка и од тогаш почна се. Се се случи спонтано. Јас планирав по моето дипломирање да се вратам во

28

родниот Ниш во Србија. Тогаш себе си се гледав како професорка по музика а не како пеачка, но ете станав второто. Јас и Влатко станавме двојка што многу добро музицира. В: Јас по моето работно искуство со познатите ЈУ –музичари, една година пред да ја запознам Силви, бев вратен од Србија каде живеев и работев. Потоа бев член на групата “Калиопи“ со која го снимив нивниот прв албум. Од првата средба со Силви, кога прв пат ја погледнав јас знаев дека таа е исклучителен уметник со строги принципи во работата. Како сега така и тогаш таа имаше истанчен вкус за музика. Уште на почетокот знаеше да избере убава композиција и одлично да ја интерпретира. Па така некако по настапот во Црна Гора со тогашниот мој бенд се случи и сплотувањето мое и нејзино во една група,“Силви Бенд“. Дали живите свирки по кои сте препознатливи денес, беа ваша одлика на почетокот кој беше пресудниот момент кој Ве крена

во височините? С: Со Влатко уште од самите почетоци станавме препознатливи по живите свирки, така и композиторот Димитар Масевски слушна за нас. Во 1990 година на последната Југо- Визија по барање на Масевски јас бев еден од пратечките вокали на Маргарита Христовска која исполнуваше негова композиција. По тој настап Масевски мене и на Влатко ни понуди да учествуваме во неговата ТВ -емисија “Оваа сабота“. Во емисијата ја изведувавме композицијата “Македон- ламбада“, која одеше како најавна шпица и на крајот од шоуто. Во тој период се уште немавме свои песни па во текот на емисијата изведувавме странски композиции. Емисијата се емитуваше секоја последна сабота во месецот и со неа всушност се случи нашето прво појавување во јавноста . Во 1991 година за прв пат настапивме на фестивалот Макфест со композицијата “Ангели ме носат“. Со оваа композиција станавме препознатливи. Тогаш прв пат

добивме јавно признание за нашиот труд. Оваа песна беше првата наша наградена композиција. Потоа следеа многу настапи и фестивали низ градовите во Македонија и соседните земји. Настапите беа проследени со многу награди. В: Јас само да се надоврзам на Силви дека ние бевме првата поп група што одржуваше живи свирки низ кафулињата и ноќни клубови во Скопје. Додека траеше емисијата “Оваа сабота“, Димитар Масевски напиша прекрасна песна без наслов, тој ја нарече за девојката на Плевнеш подоцна ние ја нарековме “Летни гулабе од Охрид“. Кога започнаа Силви и Влатко да ги делат утрото и ноќта. Кога запловија во брачните води? С: Во брак сме веќе 16 години. Пред тоа 7 години се забавувавме, а 3-4 години пред да го кажеме судбоносното да, живеевме заедно. Мислам дека е многу важен пред брачниот живот, тогаш се осознава вистин-


На кафе со... скиот карактер на партнерот а тоа е многу важно, за да откриеш дали понатака можеш со таа личност да живееш во заедница и да поделиш се или не. В: Јас и Силви карактерно многу си одговараме и двоумење за брак воопшто и немаше. Само чекавме момент да ја официјализираме нашата долгогодишна врска во брак. Седум години пред брак и шеснаесет во брак, значи се на се, заедно сме 23 години. Во брак ја добивме ќерката Аделина која има 15 години.

ниме. В: Во нашето семејство никогаш не постоела табу тема. За се разговараме отворено и мислам дека нашето дете доста здраво се развива. Секако неа и го посветуваме нашето најголемо внимание. Професијата ни овозможува да бидеме подолго време од денот со неа. Таа е активно дете со многу нејзини хобија. Таа сосема сигурно тргна по нашите стапки, се запиша во Средното Музичко Училиште на отсекот по ударни инструменти.

Каков е заедничкиот живот на двајца уметници? С: Животот ни е динамичен, исполнет со многу музика и воопшто не е досаден. Сите тројца си ја негуваме својата личност, мислам на мене, Влатко и ќерката Аделина. Нашата малечка е испочитувана од наша страна од како се роди. Секогаш се почитуваат желбите на секого. Дела ( нагалено од Аделина) си има свој став за животот и за се околу неа и тоа јас и Влатко го почитуваме и це-

Со оглед на тоа што имате чести вечерни настапи и бројни живи свирки имате поинакво темпо на живот од останатите брачни двојки. Како функционирате дома, како ги делите домашните обврски? С: Имаме живот завртен “наопаку“ во однос на другите. Поради ноќните настапи стануваме подоцна. Но поради Аделина денот ни е сосема нормален. Периодот додека таа е на училиште го користиме за

да се наспиеме а потоа се се одвива нормално. Не ги делиме обврските на строго машки или женски, се е спонтано, кој што ќе има повеќе време завршува некоја работа , иако поголем дел од обврските по дома ги превземам јас. В: Силви е совршена домаќинка, ама кога ова го кажувам навистина тоа и го мислам. Таа е една комплетно изградена личност, начитана,културна и одлична сопруга и мајка. Нашиот дом е навистина голем,благодарение на мојата сопруга во него секогаш и се е беспрекорно чисто, средено и се на свое место. Силви е жена која е многу инвентивна таа ги готви најубавите и највкусните јадења. Таа секој ден умешно ја декорира масата, така што ако случајно наминете кај нас на ручек ќе имате чувство како да славиме Нова Година, Божиќ или друг голем празник. Кај нас и јадењето на обично приготвени јајца е ритуал а трпезата изгледа преубаво.

Силви, Вие сте една од ретките високо образовани естрадни уметнички кај нас. Колку е важно соодветното образование во вашата професија? С: Образованието е пресудно. Благодарение на него јас себе си си ја олеснувам работата, знам што пеам, знам како полесно можам да изведам одредени фрази на кој начин да ја користам техниката. Кога имам долги и навистина напорни настапи знам правилно да ја користам дијафрагмата. Човек кој го користи само грлото а не и дијафрагмата после 3-4 та песна е зарипнат. Јас ја користам вокалната техника и така можам да издржам и по неколку напорни настапи кои се еден по друг. Тоа се случува за време на новогодишните празници, тогаш се што сум учела ми помага практично да го применам. Образованието го определува начинот на размислување го одредува стилот на живот. Невелам дека нема природни таленти кои дошле на сцената необразовани, но се чувствува

29


На кафе со...

разликата меѓу натуралното и надграденото.

секојдневието во кое мора да се ужива.

Жива музика или плејбек што преферирате повеќе? С: Жива музика апсолутно, размислување за тоа нема. В: Јас ќе кажам дека кога треба да се пее на плејбек, Силви толку многу вика и пее што тогаш мора да ја опоменувам да не пее толку гласно. Но таа не умее да импровизира. С: Најубаво ми е и најсигурно се чувствувам кога пеам во живо.

Во моментов сте актуелни по вашиот четврти албум “Бакнеж какао музика“. Можете ли од Вашите композиции да одвоите омилена ? С: Ги сакам сите, јас лично себе си се пронаоѓам во “Песно уби ме“композиција на Тоше поп Симонов, “Сонце по дождот“ од Александар Масевски, “Романса“ од Димитар Масевски , “Ангели ме носат“ по која станав препознатлива. Потоа последната композиција која е лично моја и за која сите ми велат дека е автобиографска е “Не сакам крај“ и таа е во редот на моите омилени песни. В: Композицијата “ Не сакам крај“ е најава за нашиот 5-ти по ред албум, а најнова е патриотската родољубива песна која се вика “Македонија“. Исполнета е со многу емоции, текстот е на Силви а јас сум автор на музиката и аранжманот.

Познати сте по живите свирки во клафулиња, дискотеки и ресторани низ градови од Македонија и соседството. Од каде толкава енергија, Ве заморува ли ваквото темпо на живот? С: Во лето енергијата ја земаме од нашето преубаво езеро, значи во тој период од летото престојуваме и се одмараме во родниот град на Влатко, Охрид. Кога сме во Скопје шетаме низ Водно. Енергијата се црпи и од сопствениот домот и

30

Се живее ли добро од музика. С: Според нас да. Јас велам ако нешто работите чесно, искрено и со љубов мора да вроди со плод. Влатко и јас живееме исклучиво од музика, немаме паралелни активности кои би го одвлекувале нашето внимание или енергија. Целата енергија е сконцентрирана на музиката и јас многу се радувам кога нашите колеги кои присуствуваат на нашите настапи ќе ни кажат дека многу професионално ја изведуваме композицијата. Претпоставувам дека токму поради професионалноста толку долго постоиме на естрадата и сме барани. Во што уживате, што Ве прави среќни? С: Во нашата ќерка. Дела е причината поради која сонцето се раѓа секој ден. Дела е причината поради која јас го дишам воздухот и се се врти околу неа. Музиката е тоа што ме поткрепува но во секој случај Дела и моите двајца внуци Ерик и Сашко се трите сонца кои ме греат.

В: Адела е нашата среќа и живот, но деновиве среќен ме прави и студиото кое конечно го направивме и со кое многу си ја олеснивме работата. 10.Што Ве преокупира деновиве, на што работите? В: Од почетокот на месец септември ние сме во студио, работиме на музиката од драмската претстава “Коштана“, во која минатата година главната улога ја играше Силви. Претставата “Коштана “ има одлична музика и таа стана наш проект ја обработуваме токму музиката што е содржана во неа. Кога бевме ангажирани околу ова познато драмско дело многу тешко дојдовме до музиката, затоа истата одлучивме да ја ставиме на SD. Имате ли животно мото што Ве води низ животот? С: Да, секако но тие се многу. “Биди искрен и сакај и тоа ќе ти се возврати“, е едно од нив. В: “Работи и само работи на тоа што го сакаш а тоа ќе ти се исплати“.


Здрав живот

Негувајте ги дланките и стапалата 10 совети за нега на вашите стапала

7. Циркулација Избегнувајте да ги прекрстувате нозете додека седите. Тоа ја спречува циркулацијата.

Луѓето заболени од дијабетес се повеќе подложни кон ризикот од појава на инфекции, особено на стапалата. Намалената циркулација и промената на крвните садови го намачува процесот на заздравување. Намалете го ризикот од појава на компликации и инфекции применувајќи ги следниве совети:

8. Температурни разлики Заштитете ги вашите стапала од екстремни температури. Водата за бањање одржувајте ја на температура од 30-32 степени. Доколку нозете ви се многу ладни никогаш не употребувајте грејни тела или шишиња со врела вода. Со тоа правите огромни температурни разлики што многу негативно влијаат на стапалата.

1.Проверувајте ги своите стапала! Проверувајте ги стапалата секој ден. Доколку забележите знаци на црвенило или меурчиња, посекотини, красти, отоци или промена на бојата на стапалата ви предлагаме да се консултирате со стручно лице. Можете да користите огледало за ада можете да го видите целото стапало.

Л

ицето можеби е прозорецот на душата и затоа ја заслужува сета нега што можеме да му ја пружиме. Но, и стапалата и дланките имаат важна улога во нашиот живот. Затоа не треба да ги занемаруваме и треба да се грижиме за нив. Имајќи го сето ова во предвид нема да претераме ако кажеме дека не им ја пружиме соодветната нега и внимание што ги заслужиле. Меѓутоа не е предоцна за да ја поправиме грешката. Постојат многу начини за да ги негуваме нашите дланки и стапала а се препорачува и редовна посета на соодветен салон за убавина. Треба секогаш да се грижите за дланките и ноктите. Грижата за ноктите е нешто што морате да го правите . За оние кои имаат лесно кршливи нокти треба да ги масираат секои два дена, а покрај тоа и употребата на навлажнувач помага во зацврстување на ноктите. Уште еден начин за зацврстување на меките нокти е да се потопуваат во топло маслиново масло 20 минути секој втор ден. За почеток, можете да ја испробате комбинацијата на млеко и пченично брашно за вашите стапала. Верувале или не, но чистењето и омекнувањето на стапалата може да го направите со вашата паста за заби. И за крај кратка масажа со крем или навлажнувач.

2. Дали ви одговараат чевлите? Бидете сигурни дека вашите чевли ви прилегаат и се чувствувате удобно. Секогаш пред да ги облечете проверете да не има во нив нешто останато што би можело да ги повреди стапалата или да предизвика иритација. Внимавајте чевлите треба секогаш да бидат чисти!

9. Вежбајте! Советувајте се со професионалец за некој програм на вежби кој најдобро ќе ви одговара. Правилните вежби ја подобруваат циркулацијата на екстремитетите. 10. Професионална нега Многу е важно да практикувате превентивна нега на вашите стапала со примена на горе наведените совети. Исто така најдобро е да посетувате стручни салони каде ќе ви ја пружат потребната нега на стапалата.

3. Чисти стапала! Стапалата треба да ги миете секој ден и притоа внимавајте да ги исушите многу добро. Проверувајте ги меѓу прстите. 4. Грижа за ноктите Секогаш сечете ги ноктите правилно според обликот и потоа убаво израмнете ги со турпија. За полесно да ги исечете ноктите на нозете, сечете ги веднаш по бањање. 5. Не се лекувајте сами! Посетете специјалист доколку забележите некои испакнувања, промени на кожата или доколку некој нокт расте навнатре. Не се обидувајте сами да ги третирате ваквите промени , бидејќи може да предизвикате сериозни проблеми. 6.Испукана кожа Ако кожата на стапалата е сува, нанесувајте мрсен крем или гел од петролеум на стапалата и петите , но избегнувајте го делот помеѓу прстите. Ако гелот се нанесе во делот помеѓу прстите , може премногу да ја навлажни кожата и да ја направи поподложна на инфекции.

31


Прашање-одговор

Сончевите пеги не се малигни тие предизвикуваат само козметичко- естетски проблеми Имам 30 години, и веќе неколку години по ред преку летниот период ми се создаваат темни флеки по лицето и рацете кои преку зима се намалуваат но не исчезнуваат. При преглед на дерматолог ми рекоа дека се сончеви пеги . Ме советуваа при изложување на сонце да користам крема со висок заштитен фактор. Ме интересира што се тоа сончеви пеги? Дали се опасни и како можам да ги отстранам?

примариус д-р. Виолета Павлоска спец. дерматовенеролог

- Кафениот пигмент меланин ја дава бојата на кожата и воедно ја штити од штетното дејство на сончевите зраци. Неговото создавање се одвива во матичните клетки меланоцити со процес наречен мелано- генеза што е генетски детерминирана а во помала мера зависи од хормоналната регулација во организмот. Соодветно на тоа од различни причини може да настане пореметување во: бројот на меланоцитите и во количината на создадениот меланин. Ако се работи за дефицит на тие два фактори тогаш настануваат промени на кожата кои се посветли од околната, не заболена кожа. Ако се работи за суфицит, тогаш имаме појава на потемна кожа од околната (хипер- пигментации). Хипер –пигментациите може да се генетски условени (наследни) или стекнати, како последица на различни метаболни, ендокрини и нутритивни нарушувања, медикаментозно индуцирани или од дејство на различни физички, хемиски и инфективни агенси. Сончевите пеги (ефелиди) се генетски детерминирани ,ограничени,расеани хипер- пигментации со карактеристичен изглед и дистрибуција на кожата во регии експонирани на сончева светлина (фото дистрибуција). Често се појавуваат семејно и кај луѓе со светол тен. Се работи за зголемена осетливост кон сончевите зраци, а самата појава на пеги е генетски детерминирана. При UV изложување настанува зголемување на бројот на меланозомите и количината на создадениот пигмент, додека бројот на меланоцитите не се менува. Сончевите пеги се локализирани на лицето, вратот, деколтето, под лактата ,дорзумот на шаките и се претставени како жолто- кафени, рамномерно пигментирани. Прават кружни или овални кружни промени во големина од 2-4 милиметри. Пегите остро се одделуваат од околната кожа и не се манифестираат со никакви симптоми. Се јавуваат од детството и се презентираат низ целиот живот . Во зимскиот период од годината, се губат и затоа фото –протекцијата (кремови со заштитен фактор) се применуваат уште со појавата на првите сончеви зраци (февруари,март). Соодветни тераписки модалитети се: 1. Употреба на кремови кои содржат хидрокинон 2-5% што има за цел да ја инхибира синтезата на меланин . 2. Азелаична киселина 3. 25% трихлор оцетна киселина, особено е ефикасна кај лица со светол тен. 4. Криотерапија со течен азот “траума- состуд“, се должи на фактот дека меланоцитите се почувствителни на студ. 5. Ласерска терапија каде се врши селективна деструкција на меланоцитите. Сончевите пеги се сосема бенигни промени. Не постои можност за малигна алтерација, што би се рекло дека тие не се опасни и може да се јавуваат цел живот. Сончевите пеги предизвикуваат само козметичко- естетски пеги.

Ригорозните диети за слабеење го пореметуваат менструалниот циклус

1. Имам 20 години, на 13 годишна возраст прв пат добив менструација и тогаш се беше во ред. Циклусот ми траеше по 5-6 дена, и тој беше редовен на секои 28 или 30 дена. На таа возраст јас имав висок килограми бев навистина крупна. Одлучив вишокот килограми да го отстранам со ригорозни диети. Тоа го направив. За релативно краток период од 2-3 месеци јас ослабев 11 килограми,но се се комплицира. Сега сум слаба, можеби и премногу слаба но од тогаш месечниот циклус ми доаѓа нередовно. Крвавам на 3-4 месеци а циклусот кој не е обилен ми трае само 2-3 дена. Ве молам советувајте ме сто треба да правам за да се нормализира состојбата!

д-р. Иво Захариевски гинеколог

32

Менструација претставува отпаѓање или отфрлање на слузницата на матката. Ова преставува нормален процес на женскиот репродуктивен систем и се јавува во редовни временски интервали. Нормално менструацијата трае од 3 до 7 дена и се јавува на секој 24 - 29 дена. Во периодот од една до друга менструација женските хормони ја подготвуваат слузницата на матката да ја прими оплодената јајце клетка и да ја носи бременоста. Ако се случи бременост менструацијата нема да се појави се до раѓањето на детето. Но ако тоа не се случи тогаш целокупната слузница отпаѓа во вид на крвавење поради ниското ниво на одредени хормони. Ако поради одредени причини дојде до таканаречен дис- баланс на хормоните кои ја подржуваат слузницата ќе се појави менструација, односно слузницата на матката ќе се отфрли. Постојат повеќе причини кои доведуваат до нарушување на рамнотежата на хормоните. Најчести причини се стресот, неквалитетната исхрана, интензивно вежбање, перименопаузата, менархата, нарушено спиење, контрацепцијата, полицистичните јајници и воспалителната болест на цревата. Во вашиот случај интензивната диета ја има ослабено способноста на телото да ги произведува хормоните неопходни за нормално одвивање на менструалниот циклус. Ситуацијата би требало да се нормализира од како стресот кој е причинет со брзото намалување на тежина ќе се нормализира, односно откако тежината ќе се нормализира. Само во одредени случаи се превзема нормализирање на менструалниот циклус со хормонска терапија.


Прашање-одговор

Очниот притисок може да остави сериозни последици и да предизвика трајно слепило Мојата мајка има 70 години. Долго време страдаше од очен притисок и на 64- годишна возраст, ослепе. Докторите ни велеа дека тоа е резултат на високиот очен притисок. Денес мајка ми вели дека гледа само сенки и силуети. Дали има лек за нејзината болест и дали таа може да ги излекува очите и повторно да прогледа?

д-р. Анче Киселинова очен лекар

Меѓу хроничните очни заболувања кои преставуваат тежок и сложен медицинско - социјален проблем, водечко место имаат глаукомите. Тоа се очни заболувања кои се поврзани со зголемен внатрешен притисок во окото, промени на видното поле и структурата на папилата на очниот нерв. Оштетувањата на нервните влакна на очниот нерв е условено од механичкиот притисок заради покачениот очен притисок и пореметувањето на исхраната во крвните садови. Тоа резултира со атрофија на очниот нерв и слепило. Лечењето е комплексно. Во лечењето е вклучена и диета во исхраната - пијалаци без кофеин, без алкохол, цигари, храна со малку сол, избегнување масна храна. Терапија со лекови, ласер терапија и оперативен зафат како последна тераписко решение. И покрај сите превземени терапии и консултации меѓу лекарот и пациентот, глаукомот е подмолна болест која има своја еволуција и често води до оштетување на очниот нерв и до слепило.

Не е далеку времето кога децата без санирани заби не ќе можат да се запишат во градинка или училиште

Моето дете има една година и седум месеци, веќе има неколку млечни запчиња. Како правилно да ги негуваме нив и другите кои наредниов период ќе никнат? Кога прв пат треба да одиме на стоматолог и што треба детето да консумира за да има здрави заби?

д-р. Вера Наумовска спец. по детска и превентивна стоматологија

- Периодот до три години се карактеризира со никнување на преостанатите млечни заби. Значењето и улогата на млечните заби е огромна иако истите ќе паднат во подоцнежниот период. Здравите млечни заби овозможуваат правилна исхрана кај детето а со тоа и негов правилен раст и развој. Потоа, овозможуваат правилен говор, правилен раст и развој на вилиците а со тоа и правилно поставување на трајните заби. Млечните заби обезбедуваат простор за трајните заби а имаат и одлучувачка улога во физичкото и емоционално здравје. Здравите заби обезбедуваат и безгрижно детство без болки. Затоа од голема важност се соодветните превентивни мерки кои се превземаат од самиот почеток. Првата посета кај стоматологот често е одлучувачка ако не за цел живот, тогаш сигурно за подолг временски период. Затоа е потребно своето дете да го подготвите и не чекајте го последниот момент кога тоа само ќе почне да се жали на болка. Треба да се посети стоматолог на време барем за стоматолошко воспитување на вашето дете, а воедно лекарот да ги забележи и најмалите расипувања на забите, да укаже на лошите навики кои може да бидат застапени (цицањето прст,образ, усни, цуцла, спиење со отворена уста)кои понатака доведуваат до ортодонски аномалии. Исхраната во овој период треба да биде разнообразна,природна:месо, риба,млеко, млечни производи,овошје и зеленчук. Посебно внимание треба да се обрне на конзистенцијата на храната. Кашестата храна треба да и отстапи место на цврстата која бара појако и подолго жвакање , предизвикува поголемо лачење плунка, што придонесува за подобро здравје на забите. Колачите и другите слатки продукти се непријател број еден на забите. Најштетни се цврстите и лепливи шеќери (бонбони, лижавчиња, смоли,гумени бонбони,чоколади).Затоа треба да се намали нивната употреба особено да не се внесува како замена на меѓу оброци или пред спиење. Родители! Исклучете го давањето на овошен сок со шише во ноќните часови, а преку ден да се намали количината и истата детето да ја пие од чаша. Пиењето сок со шише доведува до појава на т.н. циркуларен кариес на млечните заби што доведува до кршење на забите и при тоа остануваат само корените од млечните заби. Тоа понатака прогресира и доведува до појава на болки, оток а потоа примање на антибиотици и долги не преспиени ноќи. Уште пострашно е што ваквите заби се жариште (фокус) за појава на други заболувања. Гнојот од забите оди во целиот организам и може да предизвика опаѓање на коса, заболување на срце, бубрези, зглобови и чести заболувања на патиштата за дишење. Оралната хигиена започнува со појавувањето на првите млечни заби . Тоа што се учи во детството најчесто го следи човекот цел живот. Колку порано децата се запознаваат со соодветна и правилна хигиена толку е подобро за нив. Родители!Во тоа треба да бидете пример , бидејќи и децата сакаат да Ве имитираат. Родители, помошта во почетокот е неопходна се додека вашето дете не биде во состојба самото,убаво и темелно да ги измие своите заби. Штом ќе се појават млечните заби потребно е секојдневно (наутро и навечер)внимателно четкање на забите и непцата при што треба да се користи четка за заби соодветна на возраста. Таа треба да биде мала, со меки влакненца (од синтетичко влакно). Се користи и внимателно избрана паста што е богата со флуор и калциум. Количината треба да биде колку зрно грашок(затоа што малите деца ја голтаат пастата). Правецот на четкање на забите е горе- долу со мали кругови (од надворешната страна на забите) а гризните површини напредназад во траење од 2-3 минути. На крај јазикот се четка околу 20 секунди со четка на која има паста за заби со цел да се отстранат остатоците од храна и бактериите. Во период од 1-та до 3-та години децата треба да примаат таблети –флуонатрил од 0,25 милиграми по една таблета дневно во период кога нема да пијат млеко(ова е важно за понатамошна изградба на трајните заби). Редовните контроли кај стоматологот треба да бидат барем на три месеци . Не е далеку времето кога децата без санирани заби не ќе можат да се запишат во градинка или училиште.

33


Спорт

Шпанско “Оле“ во Охрид

Ш

панецот Марк Роиг победи на 24 издание на меѓународен атлетски маратон, што по повод Денот на независноста 8 Септември традиционално се одржува во Охрид. Роиг патеката долга 30 км од караулата кај Св. Наум до Охрид ја претрча за 1 час 40 минути и 30 сек, што е за една минута послабо од рекордот на патеката 1:39,13 кој е во сопственост на Борислав Девиќ од Србија. Втор на целта пристигна Тамаш Тат од Унгарија со време 1:41, 37 додека трето пласиран заврши неговиот сонародник Ференц Бири со време 1: 44, 16. Најдобар македонски претставник беше Трпе Мартиноски кој заврши како десетто пласиран. Втора година по ред најбрза во женска конкуренција е Марина Лучиќ од Апатин, Србија. Победничкото време беше 2.07.07. Во склоп на маратонот се одржа и вториот регионален војнички атлетски маратон. На маратонот победи Никола Страмениќ од Србија со време 1:46, 53. На годинешниот маратон во Охрид учествуваа 68 маратонци, 59 во машка и 9 во женска конкуренција.

Марк Роиг прв на целта

Торус - Амак СП на отварањето на сезоната

О

хридскиот Амак СП на стартот на новата сезона како гостин ќе ги започне натпреварите во новото кошаркарско првенство. Охриѓани втора година по ред на првиот натпревар ќе играат против скопски Торус. 18 - то првенство започнува на 4 октомври, а двојките се: Вардар Осигурување - Овче Поле, Торус - АМАК СП, Работнички - Фени Индустри, МЗТ Скопје Плејмејкер и Пелистер - Вардар 2000. Во новото првенство “езерџиите“ ќе влезат значително ослабени во однос на минатата година. Нов тренер на тимот е Огнен Дедиќ, а од минатогодишната екипа во тимот се само охриѓаните Кузески и Џихан, како и Зоран Стојанов. Кошаркарите како што е најавено ќе тренираат во Скопје, а натпреварите како домаќини ќе ги играат во Охрид.

34


Прашање-одговор

ВИС

ПОЈ

Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.

Како?

Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.

046 255 600 www.vispoj.com.mk

31


Спорт

По петти пат Златна маска за охридските едриличари

36


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 114 by alan.kaou - Issuu