Skip to main content

АМАК ПРЕС 113

Page 1

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИ

Број 113, 15 Август 2009, Бесплатен примерок

Бериќетно лето за градските крадци, угостителите со празен џеб


Мирно лето со брод

Редовни тури до Св.Наум и назад. Поаѓање во 10.00 часот од градското пристаниште а враќање во 16.00 часот. Бродот “Галеб” ви стои на располагање за секакви тури.

Контакт : 070/307-303 contact@shipgaleb.com.mk www.brodgaleb.com.mk


Збор на уредникот

Моќта на медиумите!

Од многуте работи кои периодов ме прават среќна, се и вашите пораки кои секојдневно пристигнуваат на нашата интернет адреса kontakt@amakpres.com.mk. Среќна сум кога ги читам, поздравите и предлозите за теми кои во АМАК Прес- Охридски Новини сакаат да ги читаат нашите иселеници во Австралија, Нов Зеланд и САД. Сето ова ме наведе да размислувам колкава е моќта на медиумите, колку се тие умешни да ги поврзуваат луѓето од цел свет и што би се случило доколку тие не би постоеле. Најверојатно би настанала општа комуникациска катастрофа, би настапил информативен мрак . Секој човек би бил изолирана единка, секоја земја затворена целина . Тоа би било шок за човештвото.... Печатот како прво и се уште најраспространето средство за општествено информирање се појавил во облик на весник во почетокот на 17-от век. Новинските агенции настанале во првата половина на 19-от век; првите филмски репортажи биле снимени кон крајот на 19-от век; додека, пак, радиото телевизијата и интернетот се производ на развојот на техниката на 20-от век. Сите овие средства на одреден начин играле помалку или повеќе значајна улога во своето време. Денес состојбата е таква кога сме соочени со огромна експанзија на секое од овие средства од една страна и нивно големо меѓу дејство и зависност од друга страна. Ниедно од овие средства за масовно комуницирање не може да се развива само од себе туку во различни степени од развојот преземало одредена улога и карактеристики на претходното средство. Тие се развивале комплементарно. И пред појавата на печатот како средство за масовно комуницирање луѓето меѓусебно се информирале и притоа се служеле со одредени средства . Тоа значи дека самиот процес на комуницирање е стар колку што е старо и човечкото општество. Од примитивните човечки интеракции(првобитна заедница) комуникациите низ историјата се развиле во неопходен начин на организирање(conditio sine gua non) на човечкиот живот и општествениот поредок. Човекот и општеството се објект и субјект на комуникацијата. Со оглед на тоа што медиумите( печатени или електронски), односно луѓето кои работат во нив се креатори на јавното мислење секогаш треба да внимаваат какви информации пласираат. Тие се должни да информираат, објективно, точно,шпрецизно, навремено за актуелни и интересни содржини. Како во модата така и во информирањето мора да се има стил, а стилот според мене не е тренд што се менува. Стилот е став кој не се менува и го одразува карактерот на личноста односно она што таа го создава....

Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com

Редовни рубрики: Локал Од друг агол Економија Бевме на... Ви најавуваме... Охридски легенди Да подадеме рака Наша гордост На кафе со... Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска

belevska.angela@gmail.com

Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3


Лоакал

Менаџмент -план за спас на Охрид

Н

ов план за менаџирање на Охрид ќе биде донесен до крајот на годинава, за единствениот регион од земјава заштитен од УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Од новиот менаџмент -план ќе произлезе и специјалниот закон за Охрид со кој се очекува конечно да се решат проблемите на Охрид и околината, објаснува Лидија Топузовска, генерален секретар на националната Комисија на УНЕСКО.

ното наследство, пак, се грижи Заводот и музеј од Охрид.

- Постојано сугерираме за проблемите што ги има Охрид. Но, се донесуваат одлуки на ниво на Влада, на локална самоуправа. Охрид е многу комплициран, бидејќи се измешани ингеренциите - вели Топузовска.

Нови заштитени зони

Според неа, за градот и за регионот надлежни се министерствата за култура и за животна средина и две управи за заштита, на културното и на природното наследство. Територијата е под ингеренции на три општини. Топузовска вели дека не може да се занемари туризмот, градењето, генералниот и деталниот урбанистички план на градот. Во оваа сфера е надлежно Министерството за транспорт и врски. - Кај нас отсекогаш постоел антагонизам меѓу градењето и заштитата. Ние секогаш сме за заштита на старите јадра, но можеби Министерството за транспорт има поинакви согледувања - вели Топузовска. Одредени ингеренции врз заштитената зона има и Министерство за наука и образование преку Хидробиолошкиот завод кој го контролира квалитетот на водата. За култур-

4

- Многуте компетенции и институционални преплетувања го прават Охрид да биде специфичен и тежок за управување. Состојбата дополнително се усложнува бидејќи УНЕСКО го штити Охрид и како природно и како културно наследство . Во светот има вкупно 25 такви локалитети. Поради тоа го подготвуваме менаџмент -планот за Охрид - вели Топузовска.

Охрид е запишан на листата на УНЕСКО како светско природно наследство во 1979 година, а наредната година е впишан и како локалитет со светско културно наследство. Македонија има обврска да подготви менаџмент -план за регионот од 1998 година кога официјална мисија на УНЕСКО го посетила Охрид. Дотогаш секоја земја давала различни извештаи за своите локалитети што се под заштита на светската организација. - Оттогаш има поинакви критериуми, се бараат поинакви работи, според нови стандарди. Секоја земја во својот извештај треба да наведе мапи, утврдени граници на заштитените зони, квадратура, хектари...Накратко, сите треба да си ги „средиме“ своите имоти - објаснува Топузовска. Охрид како природно -културен регион го разгледуваат две комисии

Од новиот менаџмент -план ќе произлезе и специјалниот закон за Охрид со кој се очекува конечно да се решат проблемите на Охрид и на околината

на УНЕСКО, и за природно и за културно наследство. На минатогодишната сесија на Комитетот за светско културно наследство, која се одржа во Квебек, комисиите немале многу забелешки во доменот на културата во досието за Охрид. Но поради други недостатоци документот бил вратен. - На годинашната сесија што се одржа во Севилја двете комисии го потврдија нашето досие. Беше донесена одлука да се потврдат границите и бафер- зоните на Охрид како заштитена локација. Минимално ги смаливме границите за 10 отсто. Понекогаш е подобро да „стегнеме“ повеќе, но тоа не е дозволено. Комисиите ја усвоија модификација на границите на Охридскиот регион, но ни укажаа да ја интензивираме соработка со Албанија, за да може и тој дел од Охридското Езеро да се запише на листата на УНЕСКО - објаснува Топузовска.

Одговорност на Албанија На ниво на министерства и на национални комисии на УНЕСКО, Македонија уште лани контактирала со Албанија за да им помогнеме во целосната заштита на Охридското Езеро, особено на природното наследство. - Културата е интегрален дел на Албанија, но водите и бафер- зоните се заеднички. Не може да имаме квалитет на водите и на се' друго, ако другата страна нема обврски според конвенциите на УНЕСКО

- вели Топузовска. Таа додава дека Албанија засега позитивно реагира. Лани во февруари министрите за животна средина на двете земји се сретнале и потпишале билатерален договор за соработка, конкретно за Охридското Езеро. Според Топузовска, од менаџмент -планот ќе потекнат акционата и годишните програми за приоритетите на Охрид и за постојаниот развој на Охридскиот регион. - Од менаџмент -планот ќе произлезе и посебниот закон за Охрид, кој мисијата препорачуваше да се направи. Порано навистина имавме објективни причини што не спречуваа во работата. Немаше закон за култура, ниту за заштита на природата. Денес работите се поинакви, а менаџмент -планот е во процедура во Владата - објаснува Топузовска. Менаџмент -планот во кратки црти ќе ги евидентира состојбите, проблемите и целите и начините како да се решаваат. Ќе бидат опфатени различни аспекти, а ќе го разгледуваат институции на државата и на Владата, локалното население, медиумите, невладиниот сектор. Менаџмент -планот е обврзувачки документ, но со него полесно ќе знаеме како да се справиме со проблемите што го мачат Охрид - вели Топузовска. УНЕСКО ја штити и пастрмката И пастрмката е заштитена од УНЕСКО .Заштитени се сите видови на флора и на фауна, ендемски видови, алги што се наоѓаат во и околу езерото и на планината Галичица.


Локал

Сараиште не го даваме никому ,тоа е од охриѓани и Охрид!

Н

еодамнешната одлука на Министерството за Транспорт и врски за издавање под концесија на плажата Сараиште, за прв пат ги обедини градоначалникот Алаксандар Петрески, градските советниците и охриѓани. Прв пат сите се едногласни и сложни,Сараиште не треба да се издаде под концесија. “Се уште не е познато на кого, но со сигурност се знае дека концесијата е веќе издадена. Сепак јас се надевам дека министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски нема да го потпише договорот со избраниот концесионер“, изјави градоначалникот Петрески кој за својата

иницијатива е поддржан од сите советници во градскиот совет кои со него го делат мислењето и ќе настојуваат ова култно место да не добие концесионер . “Изразуваме надеж дека иако е избран најповолен понудувач ова местото нема да добие нов газда“, заклучија на четвртата седница советниците на Охрид. “Оваа место има големо значење за нас, тоа е простор околу кој гравитираат голем број културно- историски споменици. Тоа е такво какво што е и не треба да го уништуваме со негова модернизација туку како такво да го заштитиме. Сраиште е наше и не го даваме на никој

друг. Ако треба со петиции и наши потписи ќе го браниме. Ќе бараме средба со министерот за Транспорт и врски, Јанакиески и со премиерот Груевски “, ни изјави еден стар охриѓанец. Градоначалникот Петрески, изразува надеж дека од 2010 година плажите ќе бидат под ингеренција на локалната самоуправа. “Тогаш ние ќе одлучуваме и за градските плажи и нивниот изглед и сигурно нема Сараиште да го претвориме во градска плажа, напротив ќе донесеме забрана тука да се сончаат и капат охриѓани и гостите“, истакна Петрески, кој вели дека не е во ред што градскиот кеј(што е под

надлежност) на државата се користи како плажа. “Лоша и непријатна слика од полу разголени средно вечни луѓе имаме пред хотелите “Тино“, “Ројал“ пред ПЕТЕТЕ, зелените паркови се користат како простор каде луѓето лежат, поставуваат масички и столици и играат тенис па дури и фудбал“, за да во иднина нема ваква грда слика на езерскиот кеј, неговото земјиште и тоа од плажите, државата треба да ни ги даде нам ние да управуваме со нив“, додаде градоначалникот Петрески.


Локал

О

д септември месец, Локалната самоуправа од Охрид ќе ги руши сите дивоградби во градов и неговата околина. Одлуката за рушење е стапена во сила, но до наредниот месец на граѓаните кои граделе на диво им се дава можност сами да ги рушат објектите за да не се изложат на дополнителни трошоци доколку рушењето се препушти на надлежната власт. “Стариот дел на градот посебно ќе го заштитуваме и посебно ќе бидеме внимателни таму. Во тој дел од градов ќе преземеме активности по претходната координација со Заводот за заштита на спомениците. Се она што од наша и од нивна страна ќе биде забележано како дивоградба ќе биде веднаш рушено. Значи со уривање на незаконските градби почнуваме ОД Варош. До крајот на летната туристичка сезона ќе имаме утврдено кои градби ќе ги уриваме во септември и наредните месеци“, ни изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Во стариот дел на Охрид, законски највисоките објекти имаат приземје и два ката (П+2), а таму каде косината на теренот е поголема куќите имаат само приземје и кат (П+1). Според стариот и новиот урбанистички план има строга забрана за подигање поткровја.

6

Од септември ќе се рушат сите дивоградби во Охрид


Локал

Скутерџиите на поправен, со пари ќе плаќаат за “лудостите“

К

апетанијата од Охрид во соработка со Министерството за транспорт и врски од неодамна донесе одлука со која се ограничува движењето на скутерите низ Охридското Езеро. Овие пловни објекти не смеат да се возат во периодот од 11 до 18 часот. “Доколку од наша страна биде забележан скутер кој е управуван во периодот на ограничувањето, неговиот сопственик ќе плати најмала глоба во износ од 200 евра. Толкава е и казната за управувачи на скутери кои возат пред 11 односно по 18 часот но кои се на растојание од езерскиот брег помало од 250 метри “,

ни изјави капетанот на Капетанија, Љупчо Настоски. Најголемата злоупотреба се однесува на испловување и впловување на скутерите на простори од плажите, пловење со голема брзина при што се подигнуваат бранови и нема можност за прегледност. Неодамна, поради невнимателен возач на скутер сериозни повреди на главата доби 14 годишно девојче од Струга а три лица заработија кривични пријави. Имено,поранешниот макро Дилавер Бојку Леку, сопственик на плажата „Блу скај“ во Струга, и неговиот син Ербен (24) се притворе-

ни откако неодамна нападнале полицаец, кој се обидел да фати возач на скутер, кој претходно повредил девојче додека пливало, во близина на плажата. МВР против Бојку и неговиот син поднела кривична пријава за спречување службено лице во вршење службени дејства. Истражен судија им одредил 20-дневен притвор. Полицијата истиот ден го уапсила скутерџијата Јетмир Насуфи (26) од Струга и против него поднела кривична пријава за предизвикување општа опасност. Според полицијата, инцидентот се случил , на плажата „Блу скај“. На-

суфи управувајќи скутер, удрил по глава 14-годишно девојче, кое пливало во близина на плажата. Полицаец од Скопје, кој бил на плажата, го забележал инцидентот. Полицаецот отишол кај возачот на скутерот и откако се легитимирал се обидел да го задржи. Во тој момент дошле Бојку и синот Ербен. Таткото го оттргнал полицаецот, а синот извадил нож и му се заканил. Скутерџијата го искористил метежот и избегал. Тогаш настанала расправија по што гостите на плажата му го одзеле ножот на Ербен и спречиле поголем инцидент.


Локал

Селото Горно Лакочереј два месеци е без капка вода

В

о 21 век, жителите на Охридското село Горно Лакочереј, мака мачат за да ги добијат основните услови за егзистенција и се соочуваат со проблеми кои во други земји се решени од пред 2-3 века. Во овој период од годината кога воздушната температура го достигнува 40 степен од Целзиусовата скала, околу 500 жители на селото, цели два месеци се без капка вода. Немаат вода за пиење а камо ли за миење, перење и остварување на другите домашни работи. До неодамна мештаните користеле хидрофори но поради високата температура и бунарите секнале. За ваквата состојба селаните ја обвинуваат локалната власт и велат дека народните избраници пред изборите им ветувале конечна разврска на проблемот со водата дури и изградба на канализациона мрежа, но ветувањата по изборите секнале како водата. “Иако сметките за вода редовно ги плаќаме, Горно Лакочереј страда за вода. По два месеци мечтаење, на ден- два ни пуштија вода која може да служи само за наводнување на нивите а не е чиста и исправна за пиење или капење. Од нечистата вода мојата сопруга доби инфекција на очите, па сега наместо на плажа и на одмор за што сме дојдени ние посетуваме очни лекари“, вели еден дојденец од Австралија, кој се родил и младоста ја минал во ова село. Во време кога далечно минато стана качувањето на месечината и кога се открива живот на други планети,жителите на с. Горно Лакочереј, со стомни и бардаци полнат вода од селските чешми а перат и белат облека во бунарите. Пред изборите во селото била поставена пумпа но таа сега служи како украс. “Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вети вода со плочник. Ни вода ни плочник не дочекавме. Ова е страшно и срамно. Што прави локалната и ЈП “ПРОАКВА?“, со чудење раскажува и прашува еден селанец Од ЈП “ПРОАКВА“, ги отфрлаат сите обвинувања, и велат дека се клевети затоа што тие не се надлежни за водоснабдувањето во Горно Лакочереј. “Водоснабдувањето и проблемите со него се обврска на Месната Заедница. Во случајов “ПРОАКВА“ нема никакви ингеренции таму и не сакам да давам никакви коментари за вакви напади и клевети, за работи кои не се под наша надлежност. Ќе повторам, мештаните вината нека ја бараат во Месната Заедница која е одговорна за овој проблем“, ни изјави директорот на ЈП “ПРОАКВА“,Бранислав Трпчески. На една од последните седници, локалните советниците, донесоа одлука за формирање мешовита комисија составена од претставници од

8

Мештаните од селото се мијат и облеката ја перат на селските бунари - Вака го живее 21-от век с. Горно Лакочереј


Локал

Летово најбериќетно за крадци и деликвенти

Внимавајте, крадци можат да ви го испразнат домот среде бел ден!

В

о време на годишните одмори зголемен е бројот на граѓани кои пријавуваат кражби. Крадците ги празнат домовите и тогаш кога домаќините на сат или два се отсутни од станот или куќата. Сите вредности кои ги оставиле дома исчезнале. Летото и годишните одмори се привилегија за градските крадци и но има и такви кои Охрид и другите туристичките центри доаѓаат со намера да крадат. Неколку дена празните домови лесно можат да се испразнат. “Во периодот од 01.06.2009 до 05.08.2009 година, регистрирани се вкупно 252 кражби од кои 24 се извршени на плажите. Другите се во домови, автомобили или во згодна прилика. Во периодот од 01.06.2008 до 31.08.2008 година,имало 286 кражби од кои 30 на плажите. Значи има намалување на бројот на извршените кривични дела кражби како најчести во делот на имотните деликти во Охрид “, вели портпаролот на МВР од Охрид, Стефан Димоски. Иако надлежните смируваат и убедуваат дека бројот на кражби во однос на лани е намален, крадците буквално пред очи им бегаат на сопствениците од сега испразнетите домови. “На среде бел ден ни се случи кражба. Јас и сопругот со гостите бевме на долниот кат од нашата куќа. Се качив на вториот кат и додека во

кујната ги барав послужавникот и другите потребни работи слушнав тропање во спалната соба. Мислев дека е ќерката но откако никој не одговори на моите повици се упатив до собата, а таму човек кој имаше направено хаос со облеката и предметите. Во паника викав по сопругот, но крадецот беше и поитар и побрз од нас. Се качи на спалната и како стрела летна низ скалите надолу, а го турна и сопругот со кого буквално се разминаа на патот“, раскажува една охриѓанка чиј дом крадецот го олеснил од неколку илјади денари и златен накит. Во Охрид, крадците најчесто оперирале во стариот дел на градот, во центарот а и во населбите:Горна и Долна Влашка мала. Според полициските службеници најверојатно пред оперирањето крадците неколку дена го демнат домот или автомобилот и забележуваат во кој период од денот домаќините се отсутни а куќата и станот празни. “Во делот на превентивната активност,неодамна со почетокот на летото,ја започнавме акцијата ,,Да се заштитиме од кражби“,во рамки на која полициски службеници од одделението за превенција,од велосипедската полициска патрола, и активисти на Црвениот Крст,по плажите и другите фреквентни места вршеа дистрибуција на флаери и друг про-

паганден материјал со практични упатства и совети за лични мерки за заштита од кражби. Околу оперативната поставеност, СВР- Охрид, преку активности, презема мерки за откривање на сторителите и реализација на пријавените кражби. По идентификување на можните сторители,СВР Охрид ги повикува на разговор по што доколку се констатира нивна инволвираност во делото,им се поднесуваат соодветни пријави“, истакнува Димоски. Во главниот град на Македонија,Скопје од вкупно 6 200 кривични дела регистрирани во првите шест месеци над 5. 600 се тешки кражби. Крадците најмногу оперирале во возила, во куќи, станови а се крадело и во продавници, викендички, подруми и магацини. Крадците најчесто насилно влегувале во објектите отворајќи ги бравите со посебно изработени предмети. Веднаш по Скопје којшто е прв на листата со најголем број разбојништва следуваат:Гостивар, Битола,Куманово, Прилеп,Тетово, Штип и Велес. Компаниите за обезбедување и сигурносните брави можат да ви помогнат. Ако подолго време не сте дома, заштитете се, ангажирајте компанија која ќе се грижи за вашиот имот или ако сте со помал буџет обезбедете си барем побезбедна брава.

9


Економија

Винарија Охрид тел: 046/ 279-225


Од друг агол Емил Балабан - познат охридски адвокат

Јас сум обичен човек и среќен ме прават обичните работи

Емил Балабан е еден од најпознатите охридски адвокати. Го избрал кривичното право затоа што смета дека е најголемото право што постои. Слободно време има многу малку и тогаш се релаксира на планина, вози кајче или едрилица во водите на езерото или шета по кејот придружуван од своето куче. За него секој ден е среќа,будењето е среќа, зошто верува дека ако од животот бараш големи работи кои не можеш да ги оствариш никогаш нема да бидеш среќен. Не признава неуспех -се што ќе завршиш е успех. Обожава шпагети и мисли дека е најдобар кога ги приготвува нив, а облеката ја избира сам, важно му е да биде квалитетна и од добар материјал. Тој е сопруг на Жељка и татко на две деца, синот Бојан и ќерката Нина.

11


Од друг агол

Адвокатурата целосно ме исполнува и навистина не сум размислувал што би можел друго да работам. Сакав право и тоа стана моја животна професија

Кои моменти од детството останале запечатени во вашата меморија? Какво дете беше Емил? -Целото детство не може да се заборави. Кога бев дете гадот беше поинаков, не толку изграден, не заситен од станбени објекти. Среде улица без размислување што може да се случи игравме игри. Со другарите игравме фудбал на улицата “Македонски Просветители“.Кога се приближуваше автомобил брзо ги тргавме камењата што беа поставени за голови. Мојот дом беше токму на таа улица, израснав во таа мала во која порано имаше паркови и зеленило. Мал беше бројот на деца од соседството кои беа на моја возраст, затоа најбројни ми беа другарите од училиште со кои и денес се дружам, одржуваме контакти а со некои сме и добри пријатели. Зошто , адвокат? Како падна одлуката, Правото да биде Ваша животна професија?Дали можеби

12

Вашиот, татко Томислав Балабан, кој беше претседател на Основниот Суд во Охрид и имаше сериозни допири со правните работи влијаеше во донесувањето на одлуката?Настојувавте ли да бидете следбеник на “семејната“ професија? -Секогаш сум бил свесен дека луѓето имаат проблеми и сум сакал да им помагам. Мислам дека преку адвокатурата најмногу можам да го направам тоа, да помагам. Затоа ја избрав оваа професија. Од секогаш знаев што сакам да бидам и со што да се занимавам. По моето дипломирање на Правниот Факултет во Скопје, работев во мојата агенција “Јустиција“, во која се даваше правна помош, а работев и трговија со недвижности. Познат сте како адвокат , кој пред се работи кривични предмети. Зошто го одбравте кривичното право кое по теорија е едно од најтешките? Зошто не Наследно,

Семејно, Имотно, или Граѓанско, туку токму Кривично Право? - Јас сметам дека Кривичното е најголемото право што постои. Според мене, Кривичното Право не се сведува на еден кривичен закон или еден закон за кривична постапка, туку тоа се само казнени одредби на не придржување на сите други закони, односно целокупното право е содржано во Кривичното . Граѓанското и Семејното, според мене се еден вид спогодби во кои правото не доаѓа многу до израз. Значи ниеден спор не може да се реши на било кој начин освен со спогодба, овде мислам на Граѓанското Право. Семејното Право, посебно во делот за разводи,според мене е работа во која што мешањето на некој друг не е во ред. Судот ги решава тие работи но пред се,се работи за волја на странките. Во секој случај и во ова право крајниот исход е спогодба, дали таа спогодба е меѓу странките или ќе ја донесе судот, тоа е ед-

ноставно спогодба. Ова во никој случај не значи дека јас ги потценувам тие делови од правото. Тие си имаат тежина, некои сметаат дека тие се најважни, но моето мислење е дека сите тие, значи било кое не придржување на имотно- правните односи, било кое не придржување на јавниот ред и мир, било кое не придржување на брачната состојба односно на нормите за сите предвидени состојби, завршуваат во Кривичното Право. Може ли според Вас да се направи делба на лесни и тешки предмети. Одземаат ли сите еднакво време и енергија во подготвувањето, спремањето докази... - Сите предмети се тешки. Нема делба на полесен и потежок. Тежината на предметите може поинаку да се толкува, во тежината на докажување на некои работи, на обезбедување докази. Инаку предметот како предмет е исто


Од друг агол тежок колку претходниот или следниот. Секој предмет е проблем сам за себе. Тоа е и она што е интересно во адвокатурата, секој предмет е посебна приказна, секој има своја тежина. А тежината на сите е во начинот на докажување, во обезбедувањето докази. Во Кривичното Право во истрагата, во Граѓанското Право во обезбедувањето на материјални и нематеријални докази и искази. Пред неколку месеци, бевте во одбрана на Лазе Радески кој беше обвинет за убиство на неколку охридски дилери на девизи. По донесената пресуда тој беше прогласен за првиот сериски убиец во Македонија. Тогаш поднесовте жалба до Апелациониот суд, и баравте случајот повторно да се разработи. Во која постапка е сега предметот? Ќе прокоментирате ли нешто за овој случај? - Јас за предмети никогаш не сум зборувал и мислам дека тие се тајни и такви треба да останат. Од мене биле барани изјави или коментари за овој и за други предмети но избегнувам да коментирам. За предметот Радески, иако пресудата каква таква е веќе донесена, сметам дека работата се уште не е докажана. Независно како овој предмет ќе заврши за кого постапката е уште е во тек, сметам дека многу работи останаа неутврдени,недокажани и дека има голема разлика меѓу доказите и она што се тврди. Јас веќе ја обжалив жалбата до Врховен Суд. Ќе видиме каква ќе биде одлуката на Врховниот Суд. Во тој предмет има еден друг проблем којшто не е од правна природа. Тоа е влијанието на јавноста. Мене лично многу ми смета мешањето на медиумите во правните постапки, кривични или граѓански. Објавувањето на податоци во медиумите за непотврдени работи е спротивно на законите затоа што законски постои тајност на постапката. Судењата се јавни но тоа не значи се да се објавува, бидејќи секое објавување има некој свој правец, со самото објавување од еднаш, два или три пати народот мисли дека тоа е така, не ги гледа фактите ни доказите. Притисокот на јавноста кој е стекнат благодарение на медиумите води кон влијание на судот. Судот треба да е независен но и судијата е човек и на него влијае околината и тој слуша што говорат луѓето. Сметам дека во случајот Радески, посебно во брзината на предметот, во изнесувањето и разгледувањето на доказите, во брзо донесената судска пресуда посебно влијание имаа средствата за јавно информирање. Доколку, Емил Балабан не беше правник односно адвокат, ќе беше што? -Не знам, навистина никогаш не сум размислувал за тоа. Сум сакал да бидам правник и сум станал правник. Адвокатурата целосно ме исполнува и никогаш не сум помислил на ништо друго. Она што сум сакал и што сум очекувал да бидам (исклучувајќи го мојот детски сон да бидам космонаут) тоа и сум станал. Јас мислам дека во друга професија нема да се снајдам и да се најдам себе си. Навистина мислам дека не можам да работам канцелариска работа. Ни на сон не можам да се видам себе си цели осум часа затворен во еден простор т, мојата работа е динамична и затоа ја сакам. Како изгледа еден Ваш работен ден, имате ли точно работно време? -Прво се е подредено на судењата, како се тие закажани и кога. Работниот ден е врзан со странки со судења и обврски кон судот. Точно работно време, од... –до..., нема. Во Кривично Право и кривичниот дел, се случува во момент. Кога странката, судот или полиција бараат нешто ние мора да одговараме. Станува збор за

13


Од друг агол

итни постапки, мора да се оди на увид на лице место, на претрес да се преземи некое дејствие во склад со кривичната постапка. Не сме врзани со време. Се работи и на полноќ, по случувањето на настанот. Редовните судења се во редовно работно време. Дури работи судот ние адвокатите сме врзани со обврските кон судот, одиме на судења. Кривичните судења се знае кога почнуваат а не се знае кога завршуваат. Ако нема услови за судење тоа трае 5 минути, ако има услови трае дури не заврши. Тоа значи дека за странките кои не сме ги примиле пред пладне ние мора да работиме и попладне. Писменото подготвување за судот мора да биде попладне. Значи работното време ни е од 8 до 16 часот и од 19 до 21 часот. Целиот ден е посветен на професијата. Од каде толкава енергија за работа? Не Ве уморува ли секој нов работен ден а во него нови странки, нови случувања, нови пробле-

14

ми.... Се, заморува нормално. За да се спрема еден предмет тој мора да се припреми. Бидејќи денот ни е исполнет со странки со бројни документи, предметите ги спремаме ноќе. Пред судење мора да се провери се, да се прочитаат сите закони што се врзани со таа работа .Иако заморен, тоа е животот што сме го избрале. Како ги полните батериите, што е она што Ве релаксира во слободно време? - Мене ме релаксира планина и вода. Кога наоѓам момент шетам на планина. Некои кажуваат, “одиме на лов“,јас животни не убивам но шетам. Сакам да шетам покрај езеро придружуван од моето куче, кога сум во вода, сакам да возам кајче или едрилица. Што Ве прави среќен и што никогаш не би направиле? - Секој ден ме прави среќен. Секоја

работа, секој момент кој ти пружи задоволство е среќа. Животот е среќа, будењето е среќа. Денот почнува и завршува среќно, зависно што бараш. Ако од животот бараш некои големи работи што не можеш да ги оствариш нема да бидеш среќен, ако бараш обични работи а јас себе си се сметам за обичен човек, обичните работи ме прават среќен. Дискутабилно е прашањето: “што никогаш не би направил?“, заради тоа што се е врзано и секој човек прави се. Но сигурно не би сторил некое криминално дело. Важите за еден од најубаво облечените адвокати во Охрид. За секоја пригода во соодветна облека? Кој се грижи за вашиот изглед, и преферирате ли некој бренд или позната марка? -За изгледот се грижам сам. Го купувам она што е убаво и што ми се допаѓа. Битно е материјалот да е добар а облеката квалитетна. Најубаво се чувствувам во одела во

кои поради работата најчесто сум облечен. Како се снаоѓате во кујна? Што се случува кога гости Ви кажуваат дека за 10 минути стигнуваат кај Вас, а сопругата не е тука? Што правите тогаш? Ако ми кажат дека за 10 минути стигнуваат дома јас веднаш купувам форнети. Ако имам повеќе време ќе им направам најразлични врсти шпагети. Јас обожавам шпагети и навистина одлично ги приготвувам, во тоа сум најдобар. Знам да направам пржен леб, да испечам колбаси и сланина. Што според Вас е ваш најголем постигнат успех? -Нема најголем успех. Секој ден носи нови успеси. И најмалата работа завршена успешно е успех. Јас од животот многу не очекувам. Живеам обичен живот и секоја работа за мене е успех.


Од друг агол


Ви најавуваме...


Бевме на...

Концерт на Џорџ Бенсон на Антички театар Десеткратниот добитник на „Греми“ воспостави одлична комуникација со публиката, која играше и пееше со него

Е

нергичен настап, препознатливо моќен глас и одличен флерт со гитарата, кој публиката не ја остава рамнодушна. Ако се додаде и одличната придружба на другите членови од бендот, се добива впечаток дека се работи за еден од најуспешните концерти на фестивалот Охридско Лето. Ова може да го потврди и три илјадната публика која на Античкиот театар играше и пееше во ритамот на музиката од американскиот џез -музичар Џорџ Бенсон . По вжештувањето на атмосферата Бенсон и бендот продолжија со енергични хитови, поради кои голем дел од публиката остана на нозе и со аплауз го придружуваше ритамот на еден од најголеми хитови Give Me The Night, потоа Never give up on a Good thing, Kisses in the Moonlight, Shiver, а на On Broadway. Легендарниот изведувач со својата виталност, играње и држење на сцената воопшто не изгледаше како 66-годишен старец. Со своето препознатливо движење со колковите и секогаш насмеаниот израз на лицето слободно може да се измеша меѓу помладата публика и одлично да и парира. Во вториот час од концертот највпечатливи беа баладите како што се Nothing’s Gonna Change My Love for You, The Greatest Love of All, In Your Eyes“, You Are the Love of My Life, на кои дел од публиката го осветлуваше Античкиот театар со своите мобилни телефони, а дел беше во прегратките на

своите партнери. Бенсон можеби е и првиот музичар што настапува во Античкиот театар, а кој се пошегува и со сите што беа над и околу театарот и бесплатно го следеа концертот, што е вообичаена практика за сите концерти што се одржуваат таму. - Некој треба да почне да им собира пари на луѓето од куќите горе. Педесет концерти годишно? О, па тоа се навистина многу пари - рече тој, по што наиде на смеа кај публиката, чиј добар дел за волја на вистината претходно коментираше за високата цена на влезниците - од 2.000 и од 3.000 денари. Меѓу публиката имаше и многу познати личности, а особено многу македонски пејачи и музичари. Во Античкиот театар беше присутен и претседателот Ѓорге Иванов со својата сопруга. Останува впечаток дека Бенсон и неговиот бенд во речиси два часа успеаја да направат вечер за паметење на присутните и надеж за уште вакви имиња во нашата земја. Концертот беше дел од неговата летна европска турнеја на која ги изведува своите најголеми хитови, дел од оф -програмата на Охридско лето и дел од серијата настапи на проектот „Културен шок“ во организација на „Авалон продукција“. На 7 јули во Скопје настапи Дејвид Брн, а за 20 ноември е најавен концертот на џезерката Дајана Крол.

Вечери на Живко Чинго

Н

а 13–ти август, во атарот на манастирот Света Петка во селото Велгошти,се одржа манифестацијата “Вечери на Живко Чинго“. Годинава честа да беседи за животот и делото на писателот Чинго му припадна на проф. д-р. Иван Џепароски. По повод оваа културна манифестација,Општина Охрид, минатиот месец распиша конкурс за најубав краток расказ, а од 49-те пристигнати текстови, жири комисијата во состав:проф. д-р. Иван Џепароски(претседател) , проф. д-р. Кристина Николоска(член) и Славе Ѓорго –Димоски(член), за најдобар го избраа расказот “Слово Горко Слово Жалосно“ со шифра “Лицем Светци Срцем Влци“. “Во овој расказ на модерен оригинален и репрезентативен начин предадена е легендата за затворањето на архиепископот Арсени и за укинувањето на Охридската Архиепископија. Во заднината на расказот пулсира постмодернистички дискурс а рафинираната раскажувачка платформа е познатата песна на Прличев ,“Песна за укинувањето на Охридската Архиепископија“,истакна проф. д-р. Николоска. Општина Охрид, авторот на расказот “Слово Горко Слово Жалосно“ го награди со 30.000 денари,а намерата е по пат на наградување да се стимулираат писателите да пишуваат кратки раскази со цел овој жанр повторно да заживее. Манифестацијата “Вечери на Живко Чинго“ со прекини се одржува од 1989 година, а континуирано во организација на локалната самоуправа последниве три години.

Во атарот од црквата Св. Петка во с.Велгошти ќе се одржи манифестацијата посветена на Чинго

17


Бевме на... Изложба на цртежи

Моето поинакво другарче

В

о Центарот за Култура, Григор Прличев беше отворена изложбата на цртежи,“Моето поинакво другарче“. Од младите уметници од основните училишта од цела Македонија беа претставени 30 цртежи. “Целта на изложбата е да се влијае врз помладата популација заради нивно правилно насочување и анимирање во глобалната борба против сите негативни појави на дискриминација во општеството, но и во севкупните заложби за создавање еднакви можности во нашава држава за сите граѓани. Од најдобрите пет ликовни творби ќе бидат изработени сложувалки, кои потоа ќе бидат доставени до градинките ширум Македонија, посебните училишта, дневните центри итн.“, вели Наташа Постоловска од Полио Плус - движење против хендикеп,што беше и организатор на изложбата. Изложба е проект на програма „Македонија без дискриминација”, поддржана од Европската комисија, чијашто цел е поткревање на јавната свест и институционален развој.

Концерти на Мерлин и Прлјаво Казалиште

В

По шест години охриѓани имаа можност на 1-ви август повторно да одат на концертот од Мерлин

18

о рамки на фестивалот “Охрид Повикува“, за време на Илинденските празници во градов се одржаа два концерти на познатите, Дино Мерлин и рок групата на сите времиња “Прлјаво Казалиште. Мега ѕвездата и познатиот кант автор од Босна, Дино Мерлин, на 1-ви август на градскиот стадион, Билјанини извори, приреди забава што долго ќе се памети, а три илјадната публика заедно со него ги пееше песните од неговиот последен албум “Из почетка“. Потоа следеа хитовите од постарите албуми: “Мој бог да зна“ и “Баладе“. Ноќ подоцна на истата сцена три часовен концерт одржа легендарната рок група од Загреб, Прлјаво Казалиште. Старите искусни рокери три пати беа повикувани на бис, а публиката играше и пееше на хитовите за сите времиња,“Марина“, Црно бели свет“,“Ми плешемо“, “17-ти е година, тек“ и многу други. Оваа позната рок група која е основана во далечната 1977 година успешно опстојува на сцената до денес. Во 2005 година излезе нивниот последен албум “Мој дом је Хрват-

Рок групата ''Прлјаво Казалиште'' на 2-ри август за првпат настапи во Охрид


Концерт на Четкар на Антички Театар

Ви најавуваме

Н

а 16 август на Античкиот Театар во Охрид, концерт ќе одржи Владимир Василески –Четкар. Тој ќе настапи во придружба на врвните музичари од Англија и Германија: Џонатан Харви (Jonathan Harvey)-бас гитара, Хју Вајт (Huw White) клавијатури, Бено Сатлер (Benno Sattler)- тапани. “Ноќта ќе настапиме со композиции од мојот последен албум “ We will never end“, преаранжирани за квартет, како и најнови песни, кои премиерно ќе бидат отсвирени а ќе станат дел од албумот што го подготвувам“, ни изјави Четкар. По концертот на Антички, Четкар го очекуваат неколку настапи низ Македонија , меѓу кои и на Хераклејските Вечери во Битола на 21 август. Во септември за овој голем уметник од Охрид, започнува големата европска турнеја. На 5-ти септември тој настапува во најпознатиот џез клуб во Будимпешта а најверојатно концерти ќе одржи и во Виена и Братислава. По настапите тој две недели ќе се одмара во родниот Охрид а потоа се враќа во Соединетите Американски држави, во Њујорк, каде веќе се закажани неговите настапи во познат џез клуб на Менхетен. Инаку, концертот кој Четкар ќе го одржи на Античкиот Театар ќе започне во 22:00 часот, а влезните билети се продаваат по цена од 250 денари.

По 16-ти пат, Охридски трубадури

О

д 26 до 29 август на сцената кај Долни Сарај по 16 пат ќе се одржи фестивалот Охрид фест- Охридски трубадури. Годинава новина е првата фестивалска ноќ или вечер на нови ѕвезди, на кои меѓу пријавените се и групата Roger brothers , Дарко Миладинов,Оливера Ѓорговска,Слаѓана Стефановска. Втората фолк вечер со својата композиција ќе ја отвори Нино Величкоски.Зуица Лазова и Наум Петрески ќе отпеат дует а на сцената покрај другите ќе се појават и Миле Кузманоски, Милица Кузманоска и Петар Нечоски. Третата ноќ е посветена на поп композиции а дел од нив ќе отпеат, Хелена Благне, Ѓоко Танески, Елена Петреска, Маријан Стојаноски, Маја Вуќичевиќ а Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски ќе настапат во дует. На задоволство на публиката во рамките на последната интернационална вечер свои настапи ќе имаат естрадните уметници од Србија: Неда Украден, Александра Перовиќ и групата Коктел бенд. Од Грција ќе допатува Надија Захор а од

19


Охридски легенди


Охридски легенди

пишува: Владо Жура

Доколку сте го посетиле или пак имате намера да го посетите гробот на Св.Климента во неговиот манастир, или пак да се искачите до тврдината на царот Самуил , тогаш со самото влегување низ Горна Порта вие се движите по улиците кои го носат името на Кузман Капидан ! Кој бил тој капидан по име Кузман , толку славна и залужна личност, кому Охрид му ги посветил најфреквентните улици по кои чекорат сите посетители на овој древен град !

Кузман Капидан - мит и легенда

Л

ик недоволно расветлен , кој оставил длабоки траги во сеќавањето на тукашните жители и не само ним , ами неговата слава се проширила многу подалеку- низ сиот Арнаутлок, Епир, на југ до Атина, на исток низ Бугарија, па се дури и до Русија. Кузман Капидан претставува најчесто споменуван епски лик и секако највоспеван јунак и заштитник на населението на македонските простори во XIX столетие. Неговото време се совпаѓа со бурните години од историјата на Охрид и на цела Македонија, која во тоа време била во составот на Отоманската Империја. Всушност времето на живеењето и дејствувањето на Кузман Капидан е време кое претставува пресвртен момент во историскиот развој и на човештвото , кога огромната Империја ја потресуваат длабоки потреси и пукаат синџирите на феудалниот јарем и доцниот феудализам доаѓа до својот стадиум на распаѓање.Централната власт во Цариград започнува да го губи својот авторитет и настанува создавање крајна нестабилност низ Царството. Наемната платеничка војска , недобивајќи ги ветените плати.почнала да се одметнува , да дезертира и да пљачкосува . Настанала и феудална анархија. Поодделни крупни феудалци сакајќи дотогашните феуди да ги претворат во сопствени чифлици, почнале да и откажуваат послушност

на централната власт и да водат сопствена политика, неретко сосема спротивна на онаа на Високата Порта во Цариград.Сето тоа се струполувало врз грбот на недолжното а сепак презадолжено население. Исклучително тешката положба на рајата и на сето недолжно население довеле до самиот раб на егзистенција. Во таков исклучително тежок и неподнослив живот за обичниот човек.на сцената се појавува Кузман Капидан, народен бранител, заштитник, спасител, јунак над јунаците воспеан во бројни песни.

Охрид и тогашните прилики Охрид бил далеку од централната власт на Цариград. Но,и во Охрид и во неговата околија се чувствувале последиците од распаѓањето на феудалните односи. Лакомите за власт и богатство тогашни паши на Балканот покажувале се поголема непослушност кон Портата и честопати војувале меѓусебно, ограбувајќи и пљачкосувајки, се разбира пак воз плеќите на недолжното население. Во спомнатиот период Охрид им припаѓал на Бушатлиите, како што го викале родот и фамилијата на пашата од Скадар . Пашата пак, за свој управител на градот Охрид и сета каза , го назначил својот роднина Џељаледин Пода , еден од синовите на Гази Ахмед паша од Охрид, по потекло арнаутин, ___________________________________________ Еве како стои во летописите : 1786 Кара Махмуд /Бушатли-од Скадар / го зазеде Охрид; 1787 Во Охрид дојде Али паша Јанински и војуваше против управителите охридски синовите на Гази Ахмед паша од Охрид - именуваните Махмуд паша, Сејди беј, Али беј и Џеладин беј. Да се забележи дека Охрид од старо време се управувал од шкодранскиот / скадарскиот сатрап Кара Махмуд паша - отстапник од султанот. Седумдневен бој, влезе Али паша , погуби 17 шкодрани, па веселба на помирување , па свадба на Џеладин беј со Сабие анама, внука од сестра на Али паша Јанински. Г-дин Тома , капиданот на Али паша , родум од Лабово, заедно со А... (нечитливо) им помогна на црквите охридски , како и г-дин Гика , надзорник на храната...; 1788 на ден 24 јули падна гром во палатата на Ахмед паша...;1790 барон Божур запишал дека Охрид

има од 4- 5.000 жители/ почнува населување заради политиката на ЏеладинБеј, б.м.-/; 1792 Охрид пак преземен од Бушатлиите; 1794 пак Охрид со нов господар: 1798 конзулот во Солун Феликс д Божур тврди дека Охрид имал сиот од 4 до 5000 жители ; 1801 месец март ...Ибраим паша Бератлија , помалиот брат на Кара Махмуд Шкодранли, станува кнез на Охрид - Џеладин бег вазал до гроба на Бушатлиите...Али паша организира напад и се судрија во Заграчани , па сетне се смирија; 1802 март 15 дошол Калиник за владика во Охрид; 1805 Али паша Јанински дојде со многу војска и Св Софија ја наполнија со заире, а и митрополијата- за војската храна, сетне борба против дебраните Абас бег и Јашар бег- големи зулуми, го опљачкаа имотот на Џеладин беј , па и анот во Г'бавци го пеплосаа...; 1807 Пуквил запишал дека во Охрид има 1.300 домови од кои 600 турски , или 6.500 жители-на варирањето на бројноста влијаеле и честите епидемии на чума / улера;1808 урнато Сараишчето на Ибраим паша; 1809 умира Ибраим паша - оставајќи ги синојте Махмуд и малолетните Тахир и Дервиш, чиј старател е Џеладин беј. Власта ја приграби Мустафа паша Шкодранли наместо Мехмед назначен од Портата, инаку негов прв братучед; 1810 јуни 20, до Лешчаровци зафатија да ги прават сараите( Долни Сарај ) и шадрфанот (водоскок). Тоа место понапред беше само камен,но бегот кладе мајстори власи, та со лагуми го искршија каменот и отворија место, бегот изарџи четириесет кеси аспри или околу 21.000 тогашни гроша...големи с`клети претргаа клетите варошани! кој верно ги застапувал интересите на Бушатлиите се до оној момент кога прасметал дека повеќе полза би имал кога би станал послушен бег на Али паша Јанински, се разбира не свртувајќи им го сосема грбот на моќните скадрани. Признавајќи ја , според своите интереси , час власта на Јанинецот,час онаа на Скадраните , тој од Охрид создал крепосен град обиколен со цврсти и високи бедеми.врз кои биле изградени повеќе од 20 кули -посматрачници и пушкарници. Во закрепостениот Варош можело да се влезе само низ трите градски порти: Долна, Горна и Челна и тоа минувајќи низ ригорозна контрола.Така Охрид почнал да ги бележи својот подем и преродба. Почнало да се развива и шири производството, ќурчиството, трговијата, градинарството, градежништвото, рибарството. Охрид

21


Охридски легенди извезувал и внесувал во и од Дубровник, Задар, Трст, Венеција, Анкона, преку пристаништето во Драч, а одвишокот од градинарските производи го пласирал на пазарите во Струга, Дебар, Ресен, Елбасан и во Корча. Охрид со поблиската околина

Џеладин Бег, како управител, се покажал доста иницијативен човек кој придонел за подигање на благосостојбата на своите поданици, тради градски уличен водовод, поставува јавни чешми со студена вода доведена дури од пл. Петрино, дозволува обновување и изградба на цркви и на манастири, а за сиромаштијата без разлика на вероисповед, вовел секојдневна и бесплатна кујна - Имарет. Напредокот се почуствувал и во учебното дело, во творештвото, уметноста и на полето на музиката. Џеладин Бег, секако тоа не го правел од алтруистички или филантропски побуди, ами пред се од сопствени интереси- колку што рајата ќе биде мирна и задоволна,толку и нему животот ќе му биде поспокоен, побогат и полагоден. Интересно е да се напомене фактот и покрај тоа што припаѓал на владеачката муслиманска класа, тој изградил три дворци среде христијанскиот Варош, за жена подоцна зел христијанка Ташула и околу себе бил опкружен со цела свита христијани на кои им доверил и одговорни функции: Тасе Зарче му бил бирник (даночник), Никола Рогузар и Ѓорше Шурбан му биле сарајдари (управители на сараите), браќата Бакаловци -главни снабдувачи, Тане Беле главен фурнаџија, Никола поп Стефанија и еден од Срмабожа - баш терзии, Чобановци воделе грижа за овците, Мискаровци пак за живината. Мишо се викал главниот кочијаш, а меѓу најблиските и секако највлијателните граѓани биле и владиката Калиник и лекарот Д-р Чалакоста. Во Охрид се доселуваат христијани од поблиската и подалечна околина- македонци, власи, арнаути од сегашните албански краишта, од Епир и од Северна Грција, а муслимани (турци, албанци, ѓупци па дури и курди) од Улцин,преку Арнаутлокот и Егејска Македонија па дури и од Ловечденешна Бугарија

Качачките банди и појавата на Кузмана Ваквите движења не останале незабележани од разбојниците , што крстосувале по патиштата, кои почнале да ги ограбуваат трговските карвани, потоа да киднапираат богати граѓани и да опустошуваат незаштитени села и имоти на богати граѓани. Привлечени од славата за богатства-

22

та на Охрид (архиепископските златни реликвии, азната на беговите и на богатите охриѓани), качачките банди се почесто навлегувале на охридската територија. Џеладин Бег навистина располагал со одбрана војска, составена претежно од свои сонародници -Тоски, како и од храбри дебрани-Геги, на кои и особено не им верувал , сметајќи дека се во дослух со арамиите и качаците, па затоа формирал «специјална полиција» на чие чело , како капидан , го поставил Кузмана Тој пак.по сопствен избор составил дружина од 30 - 40 се избрани борци христијани за одбрана на недолжното население од нападите на качачките банди , арамии и злодејци. Така кажува народното предание,песните...а што ни кажуваат документите? Летописецот Никола поп Стефанија, кој бил сосема близок соработник на Џеладин Бег и за негова сметка работел и патувал , а и живеел во непосредна близина на неговиот летен Горни Сарај, како хронограф водел белешки, одн. дневник кој опфаќа повеќе од четири децении од животот во Охрид и пошироко, речиси целата прва половина од деветнаесеттиот век, никаде не го споменува Кузмана. Како е тоа можно?!

Потеклото на Кузмана Повозрасните жители на Охрид долго време верувале и тврделе дека тој потекнувал од арнаутските краишта- Старово или Поградец, недалеку од манастирот Св.Наум. Имало и такви кои тврделе дека тој всушност потекнувал од селата од Дебарца: мошне стариот Стефо Размо и покрај напластените повеќе децении живот врз своите плеќи , сеуште си спомнувал за настаните од своите младешки години и кажувал дека Кузман водел потекло некаде од Дебарца, но заради сторен престап пребегал во Арнаутлокот, плашејќи се од строгата правичност на Џеладин Бег. Ангел Спростран, чиј дедо бил во дружината на Кузмана и тврдел дека јунакот бил родум од Сливово, додека пак Кузман Шапкарев запишал, според кажувањето на некои негови роднини за Кузмана, дека потекнувал од с.Врбјани, Дебарца. Било како било, потеклото и не е толку битно, ами важен е следот на понатамошните настани .

Одметнувањето на Кузмана Доколку се земе како најверодостојна варијантата дека навистина потекнувал од Дебарца , истата ја напуштил на мошне млади години грабнувајќи една мома, против волјата на најзините родители, и заедно со неа пребегале надвор од дофатот на Џеладин Бег во местото Старово, седиште на тамошниот Мехмед Али Бег, инаку вазал на скадарските Бушатлии. Според овој факт настанот се случил откако Џеладин Бег се приклонил кон власта на Али Паша Јанински и паднал во немилост кај Бушатлиите. Со тоа Кузман нашол сигурно засолниште. Со својата итрина, лукавост и арамиски подвизи Кузман набрзо ја придобил наклоноста на бегот од Старово / чие подградие е Поградец /.Тој често навлегувал

во Охридскиот крај и пљачкосувал за потребите на својот нов стопан.

Кузман Кареман

Една епизода од тоа време долго време се пренесувала од уста в уста.од колено на колено.која мошне илустративно зборува за способностите на Кузмана-тој успеал да влезе во утврдениот Охрид и од коњушницата на самиот Џеладин Бег да му ги украде ноќно време најубавите коњи, завиткувајќи им ги копитата со памук, тој успеал коњите сосем нечујно по охридската калдрма да ги одведе безбедно дури во Поградец.Ваквата постапка ги зголемила симпатиите кај неговиот заштитник Мехмед Али, а уште повеќе ги засилила гневот и омразата кај Џеладин Бег. Кузман со својата сопатничка останал подолго време во Старово, уживајќи ја , секако заслужена преку арамиски подвизи, наклоноста на неговиот господар. Според едни ,тој таму останал десет, а според други и цели петнаесет години. За тоа време го прифатил тамошниот арнаутски јазик, нивниот начин на облекување и на однесување, речиси сосема се асимилирал.Оттука и претпоставката на охриѓаните , кога стапил во служба кај Џеладин Бег, дека Кузман потекнувал од Арнаутлокот. Малкумина обрнале внимание на фактот дека и по толку години минати во Старово, со својата сопруга сепак разговарал исклучиво македонски.

Кузман станува к`рсердар шо ќе си удрам, удрено а шо ќ`операм, опрано... Охридскиот властодржец и одметник од централ-


Охридски легенди ната турска власт Џеладин Бег држел мошне просторна територија под своја управа : сиот охридски крај до Ѓавато, цела Дебарца, на запад се до Ќафасан, вклучувајќи ги и селата Калишта, Радолишта и Лин, се до Поградец и Старово, кои биле надвор од неговата територија, потоа го држел и селото Тушемишча и манастирот Св.Наум, целата западна страна на пл.Галичица и сета Преспа заедно со Езерото. На ова огромно пространство тој располагал со пет сараи / дворци од кои три во Охрид,по еден во Струга и во Ресен, многу одделни летни куќи, потоа големи конаци за гости и војска - кои често навраќале во Охрид, како и околу стотина чифлици, добиени преку конфискување на имотите од своите противници. Располагал со сопствена телесна гарда, составена од негови сонародници, како и сејмени Геги , кои ги штителе неговите бројни имоти. Секако е сосема разбирливо дека вака големиот имот не можел да се штити од ненадејните упади на арамиските банди.Логично било Џеладин Бег да ангажира своја «полиција» , храбра ,бестрашна, лукава и рамна на качаците, која ќе можела да им се спротивстави и да ги гони дури и по туѓи територии , па дури и да ги истреби.Се со цел за да се заштитат изворите на неговите приходинеговите имоти и рајата што ги обработувала тие негови имоти.За таа намена го ангажирал Кузмана, довчерашен одметник и арамија, уверен дека само арамија може да фати арамија. Во преводот од страна на охридскиот учен Ѓорги Балашче на летописот ПопаСтефанијовски не ни остава запис како протекла првата средба меѓу Џеладин Бег и Кузмана.

Кузман и Џеладин бег

Народниот автор средбата вака ја опеал : «...Кузмана ми го гледаше, вера го бегот не фаќа, оти е Кузман Капидан. Кузмана ќе го опита : Дал ти си Кузман, ал не си ти право мене кажи ми I» Изненаденоста на охридскиот управител од појавата и од надворешниот изглед на прославениот јунак била сосема на место.Кузман бил «педа човек»- кус , ситен и во никој случај прет-

ставителен.Неговиот изглед бил во сушта спротивност на славата на бестрашен јунак , што ја уживал.Не само бегот ами и сите оние што го виделе просто не можеле да им веруваат на сопствените очи. И покрај својот ситен раст и неугледен изглед. Кузман веднаш истапил со свои барања: сам да ги избере членовите од својата дружина , а побарал и цела низа права кои сакал да бидат потврдени и од мезличот ( градскиот совет ), зашто службата сердарска «не е оро играње, не е ни песна пеење, туку е глава гинење»! И така се согласиле, прифаќајќи ги сите негови услови, Кузман да стане крсердар/мартолоз. Од народните песни ни е познато дека во неговата дружина влегле се храбри борци / христијани /, претежно жители од Дебарца и од Кичевијата.

Кузман - спасител на рајата Бројни разбојнички банди ја крстареле македонската земја. Во овој крај најпознати биле качаците од пл.Мат и оние од Долни Дебар, на чие чело биле озлогласените Осман Мура и Дервиш Муча.Тие ситематски ги пустошеле селата .Уште во првите судири со качаците Кузман со дружината бележи успеси, го потврдува сопствениот углед, па подоцна дури и го ослободува охридскиот крај од спомнатите разбојници. Кузман го потврдил стекнатото реноме и го исполнил очекувањето, како на бегот така и на охридските «старци «.Службата ревносно ја исполнувал . Џеладин Бег му дал заслужено место меѓу своите соработници, богато го наградил со имот - во стариот дел на Охрид, на највисокото место помеѓу главниот Долни Сарај и Канео и денденес викано `Кузманоо-лединче`, му доделил чифлик во с.Злести, Дебарца, а за спомен му дал и чифт пиштоли опточени со позлатено сребро. Колку години службувал Кузман на дворот кај Џеладин Бег ? Пишаните извори не даваат одговор. Авторите кои се занимавале со усните преданија за животот и дејствувањето на Кузмана ни соопштуваат низа интересни подробности кои го осветлуваат ликот.но и карактерот на Кузмана. И покрај нискиот раст, тој од далеку бил препознатлив: облечен бил по арнаутски (можеби за да не се разликува од разбојниците што ги гонел) сиот во црвено, или како што народниот пејач вели «...облече карпуз долама,облече карпуз фермеле, запетла карпуз тозлуци...` Народниот автор низ стиховите ни го соопштува и тоа дека за да се биде сердар,одн.мартолоз, потребен е огромен физички напор, суров живот што можат да го поднесат само најсмелите и најспособните , дисциплина и над се висок морал. За високиот морал на Кузмана сведочат ред епизоди од неговиот приватен живот.И покрај тоа што долги години брачен живот немал сопствена рожба, тој ниту помислувал да се прежени. Но, една случка му го сменила од корен животот. Крстосувајќи ги селата охридски со својата дружина, Кузман дочул за грабнување и осрамотување на мома христијанка од страна на муслиман насилник.Откако го казнил злодее-

цот и момата ја ослободил, се нашол во дилема што да прави со неа. Да ја врати в село посрамотена, таа ќе нема никаква иднина, па решил да ја поведе в град, на дворот кај Џеладина , та «старците» да решат за нејзината натамошна судбина. Првенците градски на чело со владиката Калиник и бирникот Зарче решиле со оглед дека никој од граѓаните не покажал желба да ја вдоми, таа должност му припаднала на Кузмана- нејзиниот спасител. Проблемот искрснал- Кузман веќе имал жена, а како христијанин не можел да има уште една жена.Соломонско решение изнашол владиката Калиник - го збратимил Кузмана со сопствената жена Ана, му позволил да ја премажи за друг, и потоа Кузмана го венчал со ослободената селанка. Авторот на записот ни го соопштува и среќниот завршеток на епизодата за сите учесници - неротката Ана во вториот брак изродила чеда, додека втората жена на Кузмана му донела на свет бројни рожби, и машки и женски, чии поколенија и денденес живеат во Охрид. Кузман веројатно долги години службувал кај Џеладин Бега. Како буљукбаша им задавал голем страв на качаците, па нападите проретчиле, та дури и престанале. Доживеал долги години. Многу се гордеел со своите синови. Синот Ѓоре, кој бил за разлика од Кузмана, мошне висок и силен, вистински џин, честопати им го претставувал на љубопитните намерници како тој да бил Кузман Капидан. И не се излажал. Ѓоре навистина.по смртта на татка си , ја наследил неговата должност и крсердарувал уште цела низа години. Со реформите на турскиот феудален систем, кои ги опфатиле и војската и полицијата, сердарството било укинато, воведени биле суварии, заптии, низами - редовна војска. Кажуваат Ѓоре се затворил в куќи и долги години не излегувал надвор. Чифликот во с.Злести го продале. Никој од наследниците на Кузмана не стекнал таква слава.па дури ниту пројавиле некоја посебна одлика карактеристична за јунакот Кузман. Навистина, некои од нив се истакнале на бојното поле-именно двајца од неговите внуци , од ќерката Ката и од синот Ристо, со мнозина македонци зеле видно учество како волонтери во Српско-Турската Војна од 1876 - 77 г.,такашто првиот се докажал со примерна храброст, додека пак вториот паднал ранет и подолго време се лекувал во Белград.

Историски факти за капиданот Познатиот охридски народен учител.учебникар и пасиониран собирач на народни творби Кузман Паскали-Шапкарев, чија трета жена по име Номка поп Јонче Гроздин, била внука од ќерка на Кузман Капидан, слушајќи ја од својот шура ја запишал и најдолгата воопшто македонска народна песна составена од вкупно 1.144 стихови, посветени токму на Кузман Капидан. Шапкарев ни тврди дека Кузман Капидан од вториот брак имал четири синови: Ѓоре, Наум, Ангеле и Ристо и две ќерки Ката и Костадина, чиј зет од ќерка бил токму тој Кузман Шапкарев. Сограѓанинот Ефтим Спространов во своите записи за историјата на Охрид во првата половина на Деветнаесеттиот век.тврди дека неговиот пра-

23


Охридски легенди дедо Наум ( 1780-1850 ), дошол од с.Прострање, Кичевско во четата на Кузмана, но и тој како историчар не ни остава поподробни и точни податоци за Кузмана Капидан. Академикот и историчар охриѓанецот Иван Снегаров тврди дека неговата баба по татко , мајката на Јончета.П. Снегар, се викала Кира ( родена во 1822 г.), била внука на прославениот Кузман Капидан, но Снегаров како синови на Кузмана ги споменува само Ѓоре и Нико, можеби само толку запаметил заради реткото присуство во куќата Снегаровска . Секако најзаслужениот за долговечноста на славата на Кузман Капидан е Григор Прличе, кој инспириран од народната песна за јунаштвата на охридскиот капидан.уметнички и величествено ја воспеал неговата храброст во својата поема «Сердарот-Мартолозот» и која во 1860 г. го овенча во Атина со титулата Втор Хомер. Ниту тој во својата «Автобиографија», ниту пак во спомените , не ни остава никакви забелешки или историски факти врз кои ја создал поемата. Во науката досега се обработени над дваесетина песни и народни преданија за ликот и храброста на Кузман Капидан. Покрај верзијата на К.Шапкарев во 1875 п.пишувана на охридски /месокастранско наречје /, русинот Владимир Качановскиј во 1882 г во Санкт Петерсбург објавува нова верзија слушана во Охрид , па следуваат верзии на кратовско, прилепско, кукушко наречје, а во во текот на дваесеттиот век публикувани се повеќе верзии за Кузман Капидан испеани на локален дијалект запишани во Маврово, ЕниџеВардарско, Лазарополе. Асанбегово Блато, Вевчани...па дури и една на бугарски јазик- етрополски говор. Пишаните извори, покрај различните верзии за потеклото и животот / дејствувањето на Кузмана, ни нудат и повеќе верзии за прашањето на неговиот крај. Кога починал тој - пред или по заминувањето на неговиот заштитник од Охрид? !

Смртта на јунакот Григор Прличев својата поема за сердарот Кузман ја гради уметнички, воспевајќи го неговото јунаштво по неговата херојска смрт. Значи,тој ни нуди варијанта во која Кузман умира млад на бојното поле, оставајќи ја зад себе својата мајка Неда со нејзиниот вечен непребол како и свршеницата Марија. Историските извори тврдат дека Џеладин Бег го напуштил Охрид во годината 1830, кога во Охрид даскалувал младиот учител Митре Миладин - Димитар Миладинов, односно во истата година кога се родил Григор Прличе. А и обајцата молчат и воопшто не го споменуваат капиданот Кузман и неговиот крај. Ефтим Спространов, проучувач на времето на Џеладин Бег, а со тоа и на Кузман Капидан, за крајот на Кузмана ни соопштува дека јунакот починал во доцни години на смртна постела, измачуван цели три години.Тој си ја проколнувал судбината што не загинал на бојното поле, како што му доликува на еден вистински јунак. Вината за неговата смрт им ја припишува на подлите дворски сплетки. Народот охридски верувал дека арнаутите блиски на Џеладин Бег, од завист и пакост, му подметнале отров во јадењето и тој по

24

тригодишно тивко умирање испуштил душа. Авторот сепак си го поставува прашањето каков би можел да биде тој отров што може цели три години да го разјадува човечкиот организам ? ! И Кузман Шапкарев ја застапува истата варијанта за смртта на Кузмана- завидливите арнаути инаку Џеладинбегови чиновници, а Кузманови клеветници, откако не можеле да го сотрат на друг начин, прибегнале кон отровот, што така мајсторски го употребиле што и не се дознало дека е отруен, туку дека лежи многу време болен, изнемоштен на постелата од болест, по тригодишно боледување умрел оплакуван и тажен од сето христијанско население. Ниту еден од посочените автори не ни го соопштуваат точното време на живеењето на Кузман Капидан.Познато е само времето на управувањето со Охрид од страна на Џеладин Бег. Некои извори тврдат дека во Охрид стапил на власт во 1794 г., некои датата ја поместуваат неколку години понапред, а го напуштил Охрид уплашен од потерата што ја испратил султанот против непослушните паши и бегови во 1830 г, и починал подмолно убиен, според едни, во гемијата на пат кон Египет, а според други на 18 август 1831 г во градот Александрија -Египет. Дали Кузман бил само епски лик или пак вистинска историска личност? Како е можно летописецот Никола поп Стефанија да не го спомене ниту со еден единствен збор ? «Чудно е зошто Никола поп Стефанија не споменува ништо за овие настани во своите летописни белешки.кога тие оставиле длабок впечаток кај народот така што тој го воспеал Кузмана низ цела Македонија.» -се прашува Ефтим Спространов на страниците на својата позната книга.издадена во далечната 1893 година. Веќе споменавме дека главниот шивач и писар едновремено на дворот на Џеладин Бег, Никола поп Стефанија водел летописни белешки повеќе од четири децении / 1801-1843 /. Тој бил и аза / член на Митрополијата , што значи и учесник во сите главни и поважни настани што се случувале во Охрид и околијата.во првата половина на деветнаесеттото столетие . Неговите белешки подоцна се оценети како»првокласен извор за историјата на македонскиот народ», Инаку споменатиот Никола белешките ги водел на грчки, може да се рече лош грчки народен јазик каков што бил во употреба помеѓу трговците и поотмените господа од новосоздадената градска класа од тоа време. Охриѓанецот Ѓорги Балашче, по професија историчар, сосема случајно наишол на ракописните белешки од Никола поп Стефанија и истите ги преведува на охридски говор и во 1889 г. ги дава на печатење и објавување во Софија, Бугарија.Во предговорот на таканаречените « Охридски летописни белешки «, преведувачот Балашче напишал : « сметам за потребно да го кажам и тоа дека едно не мошне мало количество од белешките, што се среќаваат во таканаречениот кодекс, кои ми се видоа не толку важни, а пак некои и не сосема јасни, си дозволив засега и да ги изоставам «.

Тоа значи дека приредувачот на `Летописот` Георги Балашче си зел за право , можеби подучен од издавачот, белешките да не ги објавува во целина ами само делумно, односно она што би било од интерес на тогашниот, пред се бугарски, читател . Да се потсетиме дека во времето на објавувањето на Охридскиот летопис Бугарија била слободна држава , за разлика од Македонија која сеуште била во рамките на Отоманската империја. Во изборот на Г. Балашче акцент е даден врз оние белешки кои го отсликуваат и прикажуваат тешкиот живот на поробениот и угнетуван македонски народ.Овој факт донекаде го објаснува неспомнувањето на Кузмана Капидан во преведените и објавени «Охридски летописни белешки». За жал , ниту по цели 120 години, севкупните белешки на Никола поп Стефанија не ја виделе сеуште светлината на денот . Во монографијата посветена на родниот Охрид , бугарскиот историчар и академик Иван Снегар-ов поместува како прилог и неколку фотокопии на битни грчки и турски / арапски документи од минатото на Охрид. Меѓу нив , една страница се однесува и на споменуваниот Н. поп Стефанијовиот Летопис, до неодамна непубликувана и непреведена, на која се среќава и следнуиот текст : «Се даде наредба од Љуман Муличи, азнатарот , да се соберат сите буљукбаши и од Ресен и од овде - Ѓоре синот од Кузмана, со него-


Охридски легенди вите другари....»-1830, декември 29 Со ова откритие се докажува дека на споменатиот Никола поп Стефанија му бил познат Ѓоре, синот на Кузмана, според тоа секако тој го познавал и самиот Капидан. Значи дека во 1830 година токму Ѓоре ја вршел службата на крсердар. Дали тоа значи дека Кузман лежел болен, или веќе бил починат, допрва треба да се иследува. За жал заради воените ветрометини , кои следеле низ подоцнежните децении, на кои се нашле овие наши простори,оригиналниот ракопис е затурен или пак однесен , и да веруваме дека сепак некогаш ќе биде пронајден.Тогаш ќе може изворно да се расветли, не само ликот на Кузмана, ами и сиот тој период од нашата историја.

Што е она што оваа историска личност ја прави мит? Што е тоа што го инспирирал народот од него да создаде епски лик? Секако храброста, а најверојатно и историските прилики. По протерувањето на Џеладин Бег и превземањето на власта над Охрид и околијата од страна на претставители на Султанот и Портата, животот се изменил. Незапирливото тркало на историјата не можело да се запре, прогресот навлегувал во сите пори од животот, но тешкотиите кај обичниот човек секако се зголемиле , сиромаштијата и бедата натежнале уште повеќе, грабежите продолжиле, особено меѓу незаштитеното селско население, па народниот пејач со

тага,но и со верба во скорешен спас , го воспеал Кузмана чија слава речиси ниту по двесте години не избледела ! Затоа , кога поминувате кон гробот на Свети Климента или тврдината на Цар Самуил, ако фрлите поглед врз уличната табла, спомнете си на ликот на јунакот народен Кузман Кареман, Џељадинбегов капидан! Владо Жура ( со голема благодарност кон Григор АнгеличинЖура)

25


На кафе Локалсо... Дејан Лилиќ - познат актер во Македонија

Дејан Лилиќ е еден од најпознатите актери во Македонија. Иако релативно млад зад себе има бројни театарски претстави во кои ги игра главните улоги. Филмските и театарски критичари му предвидуваат светла актерска иднина и велат дека неговите актерски способности се мерат со оние од легендарните Ристо Шишко и Даме Дамески. Овој период Дејан Лилиќ е актуелен со драмската претстава “Александар“ во која тој ја игра главната улога. Во моментов тој ги привршува подготовките во дисциплините театар и танц за претстојниот фестивал на кој ќе бидат претставени сите седум уметнички дисциплини кој ќе се одржи во Скопје од 3-ти до 12 септември

Ако не бев актер ќе бев пилот 26


На кафе Локалсо...

Релативно, млад а со солидно актерско искуство. Ако се навратите во Вашето детство може ли да се присетите кога прв пат откривте дека кај Вас има неверојатен талент за глума, и дали онака интимно претпоставувавте дека ќе станете познат и баран актер каков што сте денес? Како воопшто одлучивте да станете актер? -Беше еднаш една случка..таа се продлабочи и созреа желбата..повеќе на опуштен, ненаметлив пристап..и се случи тоа што се случи..и не жалам, воопшто...напротив ме прави среќен, ме созрева, ме подготвува...а никогаш не сум се втурнал во откривање на таков вид талент кај себе..просто ме плесна од никаде и ме поведе во некаква си детска игра..и убаво ми е..многу.. Што е потребно да поседува еден човек , за да го допре успехот во

Вашата професија, колку е потребно тој или таа да се соживува со улогата што ја игра? -Потребно е се. И да се види и да се чуе и посебно, да се почувствува..и да си создаде ситуации и да си стави бреме некакво..да навлезе секаде и во се..да истражува..мора да бара нови нешта и да ги осознава старите...за сето тоа да го внесе во најдлабоките слоеви на еден карактер, еден лик, од неколкуте милијарди други. Неодамна пред охриѓани и туристите во склоп на фестивалот Охридско Лето се одигра театарската претстава “Александар“во која главниот јунак бевте токму Вие. Колкав Александар Македонски се крие во Дејан Лилиќ. Каков Војсководец прикажувате на сцената токму Вие? -За ова ни треба многу повеќе вре-

ме и простор, зашто темата повлекува многу убави потпрашања, нејсе..за количеството на Александар во мене ќе зборуваме друг пат, но за количеството на човек во Александар е нешто за кое зборуваме во претставата. Со цела негова интима провлечена преку јавето и сонот, проткаена со вон земските утописки желби. И навистина не е лесно да се биде Тој, но пак од друга страна, е чуден примамлив еликсир на една вековна античка приказна на која со задоволство и се предавам. Со оваа претстава беше отворен и фестивалот на античка драма во Стоби. Пред скопјани се претставивте неколку дена по претставата во Охрид. Од каде толкава енергија, толкав елан за работа, нели Ве заморуваат многубројните ангажмани и како

ги полните батериите за нов почеток? Заморуваат, се разбира, но има работи кои пак те исполнуваат. А погледни го првиот одговор, ќе видиш дека заморот не е примарен кога некој други моменти се појавуваат како извор на нова енергија, знаење, усовршување. Каква е улогата на публиката колку таа придонесува за успех на една одиграна претстава, и дали Македонците имаат чувство за актерски израз, сакаме ли ние како нација да одиме во театар? -Велат, надвор од нашите граници, дека имаме одличен театар, одлични актери, затоа тврдам дека имаме и одлична публика, поточно публика со чувство за театар. Во зависност од тоа каква продукција се нуди, така и ја едуцираме публиката. Бидејќи таа има значајна улога

27


На кафе со...

во секоја претстава, прекрасно се чувствувам кога ќе видам полни салони во нашите театри. Театар или филм, што преферирате повеќе, и која е ваша најомилена улога или претстава која сте ја одиграле? -За најомилената претстава или улога никогаш нема да можам да ти одговорам..ќе бидам неправеден кон останатите, згора на тоа што никогаш нема да решам..а помеѓу театар и филм дилемата е нерешлива..различни магии се..различно си наликуваш..различно се изразуваш...различно се чувствуваш... Економска криза и рецесија секаде во секој сегмент од животот.... колку таа влијае во уметноста, и може ли добро да се живее (зара-

28

боти) од Вашата професија? Ако е во секој сегмент од животот, мора да влијае. Но, театарската уметност ќе си остане. Многу нешта со векови не ја срушиле, една економска криза ништо не и може. А дали добро може да се живее зависи од личните кодови за добар живот, материјални или духовни..добро треба да премериш што можеш да добиеш, а што можеш да загубиш. Изборот на нештата секој си го прави сам. Што е она што деновиве Ве преокупира, на што трошите најмногу време и кој е Вашиот најдобар критичар? - Едно соѕвездие сега засега ми кажува многу, а јас пак му верувам. Тоа ми е најдобриот критичар. Инаку ги завршувам подготовките, во

дисциплините театар и танц, за претстојното биенале што ќе се одржи во Скопје од 03 до 12 септември. Ќе земат учество околу 1000 уметници од 46 земји од Европа и Медитеранот. За првпат ќе имаме фестивал на кој ќе бидат претставени сите седум уметнички дисциплини. Ќе биде вистинско лудило, па повелете. Бидејќи како актер полека но сигурно се качувате кон врвот, Ве прашувам во што е Дејан најголем како човек? Пријателство, хуманост,смиреност, искреност.... -Тоа јас нема да можам да Ви одговорам. Би било премногу. Но, признавам дека сум човек кој знае да згреши, да побара прошка и да прости.

Ако не бев актер, ќе бев..... - Дефинитивно пилот. Сакав најпрвин во воена флота, па во цивилна пловидба, а на крај завршив на даските да пилотирам во различните ликови. Каде себе си се гледате по 10 години, имате ли неостварена желба и кои се нештата што Вам ве прават среќен. Ма мене ситници ме радуваат. Мали нешта, а големи. Неостварени желби секогаш ќе имам. Затоа и ќе уживам во животот и работата, остварувајќи ги. А не е лошо по десет години да се наоѓам на некое убаво острово, опколен со убавини и многу љубов.


На кафе со...

4


Наша гордост Старото и ново музичко училиште ОМУ ''Методи Патче - денес ''

Ако немаш пиле во срцето ник

З

градата која во себе ја крие музичката историја на стариот Охрид е еден од најубавите и најрепрезентативни објекти во градов. Некогаш од неа се слушаше детската врева,смеа и бркотници низ училишните ходници, секако зачинето со преубавите звуци на клавирот, флејтата, виолината... Денес наместо тоа се восхитуваме на уредно накитените со цвеќиња тераси и се запрашуваме од кога постои оваа зграда, што се случувало во неа пред градежното претпријатие “Гранит“ да ја откупи и претвори во станбен објект..... Првото или како што охриѓани го викаат Старото музичко училиште почнало да работи во далечната 1965 година во второто школско полугодие. Од наредната 1966 година во училиштето со полн фонд часови се одржуваат наставните предмети. “Како за сите така и за нас почетокот беше тежок, но лека полека работите си дојдоа на свое место. Во зградата која ја адаптиравме за настава,пред нашето доаѓање на првиот кат имаше ресторан, го држеше еден нишлија од соседна Србија. Тој беше добар, интересен човек а во ресторанот се нудеше храна од македонската и српска национална кујна. Со нашето доаѓање ресторанот се преселен на друго место а ние дотогашната сала за гости ја преградивме и од неа направивме три помали простории, односно првите училници на тогаш новото а сега Старото музичко училиште. Подоцна за настава почнавме да ги користиме и просториите од вториот кат на зградата“ се сеќава првиот директор на охридското музичко училиште, Наум Гавриловски.

30

Првите генерации идни музичари во старото музичко училиште учеле теорија на музика. Кај професорите Ѓоко Илиевски и Геновева Спасоска учеле да свират клавир, Стефан Автовски и Наум Гавриловски на децата им ги откривале вештините на владеење на хармоника , Гавриловски свирел и на труба а Димче Ораче на кларинет. “Најважно од се е што и тогаш и сега во Охрид

Старото музичко училиште

младите покажуваат интерес за музика. Охриѓани се музикален народ. Музичкото училиште го посетуваат деца кои дотогаш не се запознале посериозно со музика, значи тие се аматери, не професионалци а музичкото образование е незадолжително. Токму затоа во процесот на музичко образование на децата професорот има најважна улога. Тој мора да биде умешен да комуницира со


Наша гордост

Старото музичко училиште сега е станбен објект со нов лик

когаш нема да бидеш музичар децата на начин што е интересен и прифатлив за нив, должен е часовите по музика да им ги направи привлечни, и токму затоа тие со нетрпение да го очекуваат секој нареден час. Само така и секако со добра дисциплина, иако реално незадолжително во свеста на децата кои одат во ова училиште, музичкото образование мора да стане задолжително“, вели Гавриловски. Во склоп на Старото музичко училиште работел и воениот оркестар од Офицерскиот дом. Овој оркестар во викендите одржувал мини концерти на терасите од тогаш најпознатите два хотели : Плас и Ориент. “ Долго време ни беше најавувано дека точно во таа зграда во која беше Старото музичко училиште ќе се основа Академија на Уметности. За жал тоа не се случи, од необјаснети околности не дојде до тој момент .Кога директор на училиштето беше Ѓоко Илиевски,старите мали простории станаа претесни за да ги соберат сите ученици чиј број од година во година беше се поголем. Во 1981 година училиштето беше преселено во новите односно сегашни простории во близина на Историскиот архив, оттогаш започнува и неговата современа историја“, вели Гавриловски. Во просториите во кои денес работи Основното Музичко Училиште “Методи Патче“ до 1980 година била сместена дуборезачката школа и охридското балетско училиште . Овие две институции за жал згаснале истата година иако заедно со музичкото училиште биле планирани да се дел од Академијата на Уметности која никогаш не проработела.

Интересот кај младите за изучување на музиката и свирење на инструменти од година во година е се поголем. “Годинава беа пријаени 90 нови ученици, оваа бројка е навистина многу поголема во однос на нашите очекувања“, вели актуелната директорка на ОМУ “Методи Патче“, Нина Момировска. Во новото музичко училиште има 12 кабинети за индивидуална и 2 кабинети за групна настава, во кои 18 –те наставници ги учат децата да свират:клавир, виолина, виолончело,флејта,кла ринет,гитара и армоника. Младите музичари она што го научиле го покажуваат на меѓународните и државните натпревари и неколкуте интерни концерти:7-мо ноемвриски, Новогодишен, 8-мо мартовски, Велигденски и Годишен. Годинава ОМУ “Методи Патче“ се закити со 19 награди од кои 5 меѓународни и 14 државни. Наум Гавриловски е првиот директор во Основното музичко училиште во Охрид. Пред реализирањето оваа функција овој професионален, високо образован музичар веќе имал изградено своја музичка кариера во Скопје која е позната и призната не само во Македонија туку и на просторот на цела бивша Југославија. „Ако немаш пиле во срцето кое ќе те поттикнува да учиш музика никогаш нема да станеш музичар“, истакнува Гавриловски кој од мала возраст свири хармоника а подоцна и труба. Иако од дете покажувал симпатии кон фудбалот, спортот останува во план Б,а планот А или негова животна професија е музиката- неговата најголема љубов.

По завршувањето на Педагошката Академија во Скопје, Наум Гавриловски, шест години работи во скопската осмолетка“ Владимир Илич- Ленин“. Две години бил диригент на македонскиот хор и го формирал македонскиот оркестар. По молба на Димче Маленко и тогашната градска власт, Гавриловски се вратил во Охрид и работел како професор во учителската школа а во 1965 година бил избран за директор на првото основно музичко училиште кај нас. Директорската функција ја врши шест години. Наум Гавриловски е основач на трите Културно Уметнички Друштва во Охрид, кои и денес успешно работат:КУД “Ѓердан“,КУД “ОТЕКС“ и КУД “Бисери“. Тој го формирал мешаниот и камерниот градски хор. “Со камерниот хор кој имаше 28 члена гостувавме на Балканскиот Фестивал во Грција, а со него ја освоивме и втората награда на Сојузниот хорски фестивал што се одржуваше во Цеље“, се сеќава Гавриловски. За својата работа и придонес во развојот на македонскиот музички живот, Наум Гавриловски е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата,“Седми Ноември“ што ја доделуваше Општина Охрид на заслужни охриѓани, и наградата за животно дело “Григор Смокварски“ доделена од тогашното Министерство за Култура. Днес Гавриловски ги ситни деновите од пензионерскиот стаж и ужива во друштво на сопругата Мирјана и синот Гоце кој сериозно тргнал по стапките на својот татко.

31


Прашање-одговор

ПРСТИТЕ БАРААТ РЕДОВНА ХИГИЕНА ЗА ДА НЕ СЕ ПОЈАВУВА АТЛЕТСКОТО СТАПАЛО Прашање: Меѓу прстите од нозете ми се појави црвенило со силен јадеж, кое набрзо ми се прошири кон табаните и горниот дел на ногата. Бев на преглед кај дерматолог и тој ми рече дека имам атлетско стапало, инфекција на кожата и ми одреди терапија. Ме интересира поопширно што значи тоа?

примариус д-р. Виолета Павлоска спец. дерматовенеролог

Одговор: Атлетско стапало претставува појава на габична инфекција на кожата на стапалата. Недоволната хигиена, зголеменото потење на нозете и долготрајно носење затворени обувки ги претвораат стапалата во рај за развој на габите и доведуваат до состојба на атлетско стапало. Според истражувањата дури 70% од возрасната популација барем еднаш во текот на животот имале појава на атлетско стапало. Значи се работи за инфекција на кожата на стапалата предизвикана од дерматофити или габи кои имаат афинитет кон најгорниот рожен слој на кожата. Особено омилена област на овие габи се местата од нашето тело кои се топли, влажни и мрачни, каде што нема доволно вентилација. Едно од тие делови на кожата е просторот меѓу прстите на стапалата. Размножувањето на габите повеќе е поттикнато и од носење чорапи од синтетички влакна,обувки изработени од пластични материјали и скај или обувки кои ги ограничуваат движењата на стапалата а со тоа и вентилацијата на просторот меѓу прстите. Појавата, го добила името атлетско стапало, бидејќи е најчеста кај атлетичарите, односно спортистите кои поголемиот дел од денот го минуваат во патики поради што стапалата двојно повеќе потат. Габите што го предизвикуваат се пренесуваат при носење заеднички обувки , чорапи, користење заеднички пешкири и чаршафи, при босоного одење по контаминирани подови на гимнастички сали, сауни и базени. Почесто е кај мажи а зачестеноста се зголемува со возраста. Кај децата е ретко бидејќи кожата е тенка и нема развиен рожен слој. Покрај спортистите, често заболуваат и лица со ортопедски деформитети на стапалата( рамни стапала), слабост на крвотокот, ендокринолошки заболувања (дијабет), слабост на имунолошкиот систем, а некаде постои и генетски фамилијарни предиспозиции . Инфекцијата најчесто започнува меѓу 3-от и 4-от прст затоа што тука движењата се најмали .Кожата станува црвена, таа пече а болката е проследена со силен јадеж. Во потешки случаи кожата се задебелува, почнува да се лупи, се шири по работ на стапалото и на табанот (изглед на мокасина), кон петицата. Оваа е сувата форма на атлетското стапало. Наспроти неа, постои и влажна форма која се карактеризира со појава на поголеми или помали меурчиња кои со чешањето прскаат и оставаат влажни, црвени, соголени кожни површини на кои лесно се накалемува и бактериска инфекција ако навремено не се преземе соодветно лечење. Габичната инфекција може да се прошири и на ноктите од нозете, а индиректно може да се пренесе и на другите делови на телото како:ноктите на прстите од рацете, косата и други места (доколку со иста крпа се брише косата и нозете). Габичната инфекција на ноктите потешко се лекува, бидејќи терапијата е долготрајна и поскапа. Зафатениот нокт е жолт или кафеав се задебелува. Кога нозете се во чевли болката е поголема па понекогаш е неопходно вадење на ноктот. Затоа појавата на атлетското стапало треба да се третира навремено, со поставена правилна дијагноза, со микроскопско испитување и ординирање на локални антиникотици а понекогаш и таблети. Заради сето погоре кажано треба да се знаат и некои финеси за кожата на нозете: -при одржување на хигиена на нозете(миење), важно е кожата меѓу прстите да се суши. -чорапите да се памучни а чевлите кожни -да се користат препарати против потење на нозете - да не се носат исти обувки два дена по ред - сопствените, чорапи и обувки да не се даваат на користење на друго лице и да се избегнуваат контаминирани места.

СТРЕСОТ И НЕРВОЗАТА МОЖНИ ПРИЧИНИТЕЛИ ЗА НЕЗАБРЕМЕНУВАЊЕ

Прашање: Имам 29 години и во брак сум веќе 3 години. Иако и јас и сопругот сакаме деца, немаме. Имаме редовен сексуален живот но за жал јас се уште немам забременето. Пред две години се лекував од бактерија на матката, од која сум излекувана. Бевме на лекарски прегледи и јас и мојот сопруг. Резултатите на двајцата ни беа одлични. По моите целосни испитувања, гинекологот ми кажа дека со мене е се во ред. Тогаш зошто не можам да забременам?

д-р. Иво Захариевски гинеколог

32

Одговор: За да кажеме дека кај некој брачен пар постои проблем со забременувањето потребно е да поминат 12 месеци од заедничко живеење со редовни сексуални односи. После овој период потребно е брачните партнери да се јават кај гинеколог за да се одреди можната причина за не забременувањето. Обично е потребно еден менструален циклус за да се направат сите неопходни испитувања и да се одреди причината. После тоа од наредниот циклус се започнува со лекувањето. Можни причини за не забременување се проблеми со јајниците, со јајцеводите, со телото на матката, со грлото на матката како и со семето на сопругот. Инфекциите во зависност од причинителот можат во одредени случаи да направат запушување на јајцеводите. Тоа се испитува со Рентген - снимање на јајцеводите. Нервната напнатост може понекогаш да доведе до неплодни циклуси (бидејќи хормоните кои ја растат и прскаат јајце клетка се излачуваат од главата). Ако и покрај сите испитувања не е најдена причина тогаш велиме дека причината е необјаснета. Во последно време и необјаснетиот инфертилитет се повеќе се објаснува. На пример ако има проблем со влегувањето на сперматозоидот во јајце клетка (што се открива само со специјални испитувања) можеме да преземеме соодветно лекување и пациентката да остане бремена. Други причини за необјаснетиот инфертилитет се постоење на ендометриоза - скриена болест во јајцеводите, предвремено стареење на јајце клетки, и имунолошки. Потребно е детално испитување на сите можни причини за да се дојде до правиот одговор за вашиот случај.


Прашање-одговор

ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ И ЕЗЕРСКАТА ВОДА НЕ СЕ ПРИЧИНА ЗА ПОЈАВА НА СТОМАЧНИТЕ ВИРУСИ Прашање: Ве молам кажете ми зошто во лето се појавуваат вирусни болести. Во овој период од годината на ден- два сум болна и јас и членовите од семејството. Тие денови се навистина тешки, болки во стомакот, проливи, повраќање... Дали водата што ја пиеме или таа од плажите доколку ненамерно ја голтнеме се причина за појава на овие болести? Во летниот период од годината најчести заболувања се гастроентерополити односно воспаленија на дигестивниот систем, желудникот и цревата пропратени со чести повраќања,проливи и покачена телесна температура. Во лето можно е и воспаление на органите за дишење,грлото и крајниците при што се зголемува телесна температура,се чувствуваат болки по телото и истоштеност без проливи и повраќања. д-р. Трпко Угриноски спец. по општа медицина

Одговор: Овие болести се јавуваат поради температурните разлики,од ниски на високи воздушни температури, од ладно на топло. Ваквите временски промени особено негативно влијаат на хронично болните, астматичарите, срцево болните и луѓето кои страдаат од реуми. Нормално, негативно влијание на организмот имаат и UV –сончевите зраци и затоа не се препорачува излегување на сонце од 11 до 17 часот. Особено од сонце треба да се заштитуваат малите деца. Погрешно е мислењето на пациентите дека водата од чешмите или ненамерното голтање езерска вода е причина за стомачните тегоби, повраќањето или проливите. Водата не е причинител за вирусните болести. Тие се резултат на високите воздушни температури. Вирусите и бактериите кои ги предизвикуваат тие болести во лето многу брзо се развиваат и брзо мутираат. Затоа слабо обработена термичка храна, овошје или пијалаци кои се директно изложени на сонце не е препорачливо да се консумираат во лето. Не треба да се пијат и тешки алкохолни пијалаци. Доколку се одлучите за нив, изберете лесно вино растворено со вода или пиво. Пијте со мерка. Секако консумирајте лесна храна која нема да биде изложена на сонце многу свеж зеленчук и овошје кои се добро измиени и претходно чувани на ладно место. Пијте многу вода. Во случај на стомачни тегоби, повишена телесна температура и проливи, препорачувам пациентот да се напие таблета за намалување на температурата и веднаш да се јави кај својот матичен лекар.

РОДИТЕЛИ! ЗДРАВЈЕТО НА ЗАБИТЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ Е ВО ВАШИ РАЦЕ

Прашање:Пред еден месец прв пат станав мајка. Немам искуство и затоа Ве молам, советувајте ме како правилно да го хранам моето дете, почнувајќи од 0 до 12-от месец од неговото раѓање, со цел тоа да има правилен развој на вилицата а со тоа и на забите?

д-р. Вера Наумовска спец. по детска и превентивна стоматологија

Одговор: Драги родители, Вие подаривте еден живот , остварен е вашиот животен сон, но пред вас стојат многу грижи како правилно да го негувате и храните вашето дете. Со правилна нега и исхрана , со Вашата нежност и насмевка тоа ќе порасне и биде здраво , весело и способно за живот. По раѓањето,детето треба да се храни природно, со мајчино млеко кое е идеална храна кое ги содржи сите хранливи материи, неопходни доенчето нормално да расте и се развива. Самиот акт на доење обезбедува психичка врска меѓу мајката и детето, при што овозможува правилен раст и развој. Доењето поттикнува и овозможува правилен раст и развој на вилиците. При цицањето детето максимално ги користи и мускулите на устата, го развива и органот за жвакање, при што вилиците заземаат правилна положба а тоа овозможува понатака и правилно поставување на забите. Со цицањето се зголемува лачењето на плунка која го потпомага варењето на храната. Уморот за време на доењето е корисен, овозможува добар сон. Но, кога доењето е оневозможено, за да се овозможи правилен раст и развој на органот за жвакање кај детето, треба да се користи физиолошки обликувана цуцла (во облик на дојка)и лажиче. Исхраната на мајки кои дојат мора да биде разновидна, богата со протеини, витамини и минерали. За време на доењето превентивата со флуор е преку мајката која прима по една таблета флуонатрил од 1 милиграм дневно. Таа ги пие таблетите за да бидат млечните заби здрави. Кога ќе престане да го дои бебето тогаш му дава по една таблета флуонатрил од 0,25 милиграми на своето дете. Тоа ги пие за понатака да има здрави, трајни заби. Флуорот е елемент кој се вградува во забите и ги прави да се поцврсти и поотпорни на кариес. Во овој период детето треба да спие на рамно без или на ниско перниче, за правилен развој на вилиците а и дишењето на нос. Веќе во шестиот месец на бебето во исхраната му се додаваат овошни сокови а подоцна и мешана исхрана, месо, риба, млеко, млечни производи, овошје и зеленчук. Детето на свет најчесто доаѓа без заби. Првите заби никнуваат меѓу 6-от и 8-от месец по раѓањето, а со тоа почнува и грижата на родителите. Никнувањето е физиолошки процес , но кај некои деца се јавуваат знаци на вознемиреност, нервоза, лигавење, ставање прсти или предмети во уста. Затоа треба да се внимава да не се повреди или голтне нешто. Предметите треба да бидат чисти за да не дојде до инфекција. Првите млечни заби треба да бидат никнати до првата година, а до две години и шест месеци односно до три годишна возраст треба да никнат сите 20 млечни заби. Грижата за првите заби и нивна нега прво ја спроведува мајката внимателно бришејќи ги забите и отстранувајќи ги остатоците од храна со помош на стапче со вата натопена во чиста вода.

33


Здрав живот

Сојата како средство за слабеење

Н

еодамнешните истражувања направени на Универзитетот во Илиноис покажаа дека сојата влијае на хормоните во телото, односно ги поттикнува да ги разградуваат липидите (мастите). Ова разградување на мастите доведува до намалување на тежината на телото. Придобивки -Помага во намалување на тежината -го забрзува метаболизмот -протеините на сојата заедно со рецепторите во мозокот взаемно делуваат во губењето тежина -anorectic протеините што ги содржи сојата предизвикуваат кај луѓето чувство на “исполнетост“ (ситост) Зрната од сојата содржат неколку невообичаени состојки многу значајни за нашиот организам. Покрај тоа што ова е единствениот зеленчук што ги содржи сите 22 амино киселини основни за наше-

то здравје и добра состојба, сојата има и многу други придобивки вклучувајќи го и прекрасниот начин

за брзо и сигурно слабеење. Според некои научни истражувања, се докажа дека жените кои при-

менуваат некоја програма за намалување на тежината, потребно им е околу 100 грама протеини дневно за да можат да го надминат чувството на глад и за правилна изградба на мускулната форма додека слабеат. Ова е важно за да не дојде до пребрзо слабеење кое предизвикува опуштање на мускулите. Без потребното ниво на протеини при ниско калорични диети, луѓето ризикуваат да изгубат околу една половина од мускулната маса за секои 1,8 килограми изгубена тежина. Научниците предлагаат соја- протеински или соја –протеински овошни мешавини за консумирање како сигурен и здрав начин за постигнување на брзо и трајно слабеење.. Покрај прекрасните здрави предности на сојата, таа е и природен извор на протеини без несаканиот штетен холестерол и заситените масти кои се пропратна состојка на протеините од животинско потекло.

4 совети за бојадисаната коса

М

ногу жени во денешно време ја бојадисуваат косата бидејќи тоа е наједноставниот начин за прикривање на белите влакна и за експериментирање. Со боење коса се поткрева нашето его, но долгите години боење ја оштетува не само нашата коса, туку и нашите ѕидови, облека, па дури и нашите лица! Еве 4 совети за тоа како да ја бојадисувате косата... Пред да започнете со боењето, претворете го вашето купатило “во салон за убавина“. Поставете крпи на подот за да го спречите неговото евентуално боење и оштетување. Запомнете: отстранувањето на бојата за коса е невозможно! За да не се обоите на јаболчниците, челото и ушите ставете вазелин. Вазелинот е најдобра заштита за вашата кожа да не се обои. Побелената коса треба да се шиша секои 6 до 8 недели, ако почесто ја шишате косата ќе стане сува и кршлива. Ако косата Ви е оштетена набавете квалитетен регенератор или пак направете третман со масло што ќе ја обнови косата. Немојте да ја боите косата доколку на лицето имате гребнати, рани или исекотини. Не се препорачува боење на косата во првото тромесечје од бременоста, а во второто или третото тромесечје консултирајте се со вашиот лекар. Употребувајте шампони и регенератори што се на природна база а боите за коса не треба да се абразивни и отровни по состав. За отстранување на дамки од бојата употребете бебешки марамчиња. И за на крај, користете шампони и регенератори што се специјално направени за бојадисана коса. Овие специјални шампони не само што ќе ја заштитат бојата на косата, туку и косата ќе изгледа пристојно и здраво.

34


Прашање-одговор

ВИС

ПОЈ

Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.

Како?

Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.

046 255 600 www.vispoj.com.mk

31


Спорт

По петти пат Златна маска за охридските едриличари

П

етта година по ред престижната награда „златна маска“ ја освојува охридскиот едриличарски клуб АМАК СП Бофор. На меѓународната Илинденска едриличарска регата, која на големиот национален празник се одржа во водите на Охридското Езеро пак триумфираа домаќините. Во тридневната регата едриличарите се натпреваруваа во пет класи почнувајќи од класата „оптимист“ за најмладите, па до високата класа „минитонец“. Времето ги послужи домаќините, па се одржаа девет од планираните десет трки. Охридските едриличари се искачија десет пати на подиумот од што трипати беа први, трипати втори и четирипати трети. Клубот домаќин со триесет натпреварувачи ја предводеше флотата која броеше 80 натпреварувачи со 50 едрилици, од кои 13 во класата „минитонец“ која ја одбележа регатата, разубавувајќи го македонскиот туристички бисер. “ Голема чест е да се биде домаќин на ваква традиционална меѓународна манифестација со спортисти од цела Европа“,истакна директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Драган Ѓурчевски“, кој додаде дека и во иднина оваа спортска манифестација ќе биде целосно подржувана од оваа агенција.

36


Спорт

Ацев и Младеновска најбрзи на Малиот пливачки маратон

Е

вгениј Поп Ацев од Пливачкиот Клуб “Студент“ од Скопје, трета година по ред триумфира на Илинденскиот куп. Популарниот мал маратон кој годинава се одржа по јубилеен 30 пат, Поп Ацев го преплива за 26, 44 минути. Втор на целта од патеката долга од 2,5 км од Горица до Охрид пристигна неговиот клупски другар Александар Илиевски додека трето пласиран беше Игор Дамески од Вардар. Во женска конкуренција победи Ивона Младеновска од Пливачкиот Клуб “Студент“од Скопје со време 35,40 минути, второпласирана беше Сузана Арсовска (Работнички), додека на третото место се пласираше битолчанката Елена Ангеловска. Во категоријата под 16 години победи Бугарката Симона Маринова.

37


Римјаните пред новата ера биле попаметни од нас - знаеле што е плоштад

Ш

то ли е ова чудо?! Шатор ли е или стреја за заштита од сонце, ветер или дожд? Нас ни наликува на првото-шатоор кој го нагрдува и така малиот градски плоштад.... Имаат ли чувство за естетика властите кои дозволиле да се постави овој објект. Знаат ли тие што по дефиниција значи плоштадот. Најверојатно знаат но истата ја забораваат заслепени од профитот кој имаат можност да го остварат. Старите римјани, го почитувале правилото дека на градскиот плоштад несмее да има никаков објект. За нив како и за сите други луѓе кои ги почитуваат пропишаните правила и норми плоштадот бил дел од градот кој пленел со широкиот отворен простор и служел за прошетки на луѓето. Тие знаеле дека на тој отворен простор не смее да има никаков објект и затоа уште во 59 година пред новата ера, Гај Јулие Цезар наредил Актите на Сенатот да се истакнуваат токму тука. На отворен простор сите да ги гледаат дневните актуелности на римскиот народ -Acta diurna populi Romani

38


Прашање-одговор

definitivno don.com.mk www.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 113 by alan.kaou - Issuu