СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...
АМАК ПРЕС
ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 112, 15 Јули 2009, Бесплатен примерок
Охридските вредности немаат цена тие се уникати Калиоп и Букле во креа ција од Розе Тр ајческа
Мирно лето со брод
Редовни тури до Св.Наум и назад. Поаѓање во 10.00 часот од градското пристаниште а враќање во 16.00 часот. Бродот “Галеб” ви стои на располагање за секакви тури.
Контакт : 070/307-303 contact@shipgaleb.com.mk www.brodgaleb.com.mk
Збор на уредникот
Политика без Политичко?! “Политиката е вештина на лажење на широките народни маси“, напишал светски познатиот политиколог Ајзен Хауер. “Колку интересна дефиниција, па ова е нешто најлесно што сум го учела“, си помислив тогаш, пред повеќе од една година, кога усовршувајќи и надополнувајќи го моето високо образование “налетав“ токму на неа. Според оваа дефиниција се е политика и сите ние сме учесници во неа. Со политика се занимаваат не само луѓето кои ја имаат и посакуваат политичката власт, туку и обичните луѓе, возрасните и децата. . Политика ми прават и мене ,луѓето кои ми ветуваат нешто а прават друго. Политика им правам јас на моите соработници кога им кажувам дека беспрекорно пишуваат текстови, а сепак истите им ги исправам или ги молам одново да го напишат текстот. Политика му прави мајката на своето дете кога му кажува дека со собраните пари од роденденската забава ќе му купи скапа играчка а наместо тоа го залажува со голем сладолед и топка за во вода.... Се е политика, ние живееме во време на политика. Затоа почитувани, одлучивме во овој број на АМАК ПРЕС, Охридски Новини, да Ви пласираме содржини кои не се политички. Намерата ни е да ве оттргнеме од се што ве оптоварува и онерасположува. Лето е, а во Охрид има илјадници случувања, културни, спортски и забавни манифестации кои се многу поинтересни од политика. Впрочем, кој размислува за политика(мислам на вистинската, државна), на плажа, на прошетка на забава или журка?Никој..... Охриѓани се покажале и докажале како способни и вредни во професијата што ја работат. Во овој број на АМАК ПРЕС, Охридски Новини, ќе прочитате за две успешни охридски дами,тие зборуваат за своите почетоци и патот кој ги водел до врвот..... Знаете ли, или сте се запрашале колку тајни, колку легенди крие градот под Самуиловите тврдини? Знаете ли некоја да им раскажете на Вашите гостите доколку сакаат нешто да знаат за Охрид? Не ли е жално да не знаете ништо за родниот град. Затоа ние сме тука да Ви го кажеме она што треба а не сте го знаеле. Ние сме тука за да Ви раскажеме што важно се случило во градов изминатиов период. Ние сме тука за да Ви најавиме многу интересни и убави нешта кои треба наскоро да се случуваат во Охрид.... Ваше е само едно, секој 15-ти во месецот да не побарате низ сите продажни места во градов. Сега.... Секаде ....Секогаш ....
Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com
Редовни рубрики: Локал Од друг агол Економија Бевме на... Ви најавуваме... Охридски легенди Да подадеме рака Наша гордост На кафе со... Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска
belevska.angela@gmail.com
Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
3
Локал
Охрид на ‘‘СИ-ЕН-ЕН‘‘
“О
хрид - град на светлината“ е новиот видео спот од владиниот серијал “Македонија вечна“ тој е наменет за странска промоција на Охрид и веќе се емитува на најголемата светска телевизиска мрежа “Си-Ен-Ен“. Режисерот и сценарист,Душан Дракалски , преку неколкуте видео ка-
4
дри го претставил впечатливиот град со историја, ја прикажал балканската лулка на уметноста, религијата и културата, бисерите и убавата храна. На интересен начин претставено е минатото но и современото лице на градот како модерен туристички центар, што нуди добра забава за потенцијалните странски туристи.
Целокупната продукција на спотот изработен со буџет од 80 000 евра е на агенцијата “Њу момент“, снимен е на впечатливите локации Плаошник,селото Трпејца,Св. Наум, Св. Богородица Перивлепта, куќата на Робевци. Во него учествуваат Каролина Гочева, Мето Јованоски и Николина Кујача. Кореографијата е на Рисима Рисимкин. Корежи-
сер е Марко Ѓоковиќ, директор на фотографија е Слободан ТрниниќТрн, а фотографијата е на Георги Клинчаров. Продуценти се Филип Димитров и Горан Саздановски. Оваа промотивна приказна за Охрид ќе се емитува во две верзии, од кои за првата е искористена музика на групата “Фолтин“, а за втората на композиторот Дуке Бојаџиев.
Локал 49-то Охридско Лето
Грандиозен настап на оскаровецот Мориконе на Антички
С
о концертот на големиот композитор и диригент Енио Мориконе, со звуците од филмот „Беше еднаш на дивиот запад“ и со настапот на Унгарскиот филхармониски оркестар и на хорот од Македонската опера и балет на 12-ти јули на Античкиот театар беше означен почетокот на најпрестижната музичко сценска манифестација, фестивалот Охридско Лето. Ноќ за паметење и вечер каква што сакаат да имаат познавачите на вистинската уметност. По традиционалното палење на фестивалскиот оган на моќната величествената сцена под диригенство на маестро Мориконе настапија 200 уметници, сто оркестранти и исто
толку хористи. Нивниот настап го следеше неколку илјадна публика, владини и дипломатски претставници и други гости од земјава и странство. Домашната, регионална и светската музика, театар, уметност ќе се обединат и годинава во Охрид , од 12 јули до 20 август, период во кој се одржува нашиот најголем меѓународен фестивал. Виолинисти, челисти, вокали, гитаристи, џезизведувачи, актери, режисери од 17 земји од светот, ќе бидат во Охрид. Во програмата, како и во минатите изданија, преовладуваат музичките настани, но сепак во рамките на театарскиот дел ќе се промовира-
ат нови фестивалски простори, како плоштадот на Охрид и наколната населба над Охридското Езеро. Селекторот за драмскиот дел од програмата, Ѓорѓи Јолевски, најави претстави од водечки режисери. Годинава ќе бидат присутни исклучително вредни и моќни режисерски имиња од современиот театар кои и во регионот и во светот имаат оставено силен печат. Ќе има баланс меѓу македонската, регионалната и светската продукција - истакна Јолевски. Публиката ќе може да види две претстави од Харис Пашовиќ, чиј театар „Ист-Вест“ е еден од најнаградуваните на европските фестивали. Во центарот на Охрид ќе
биде поставен гломазниот театарски проект „Троил и Кресида“ на Љубиша Ристиќ, додека во наколната населба над Охридското Езеро првпат ќе биде изведена драмска верзија на „Крпен живот“ од Стале Попов, во режија на Владо Цветановски. Во програмата е и претставата „Среќни денови“ од Семјуел Бекет, во режија на Роберт Вилсон од САД, која е можно да биде изведена во некој од театрите во другите градови. Во музичкиот дел се предвидени триесетина концерти. Претседателот на Управниот одбор на фестивалот, Зоран Џорлев, истакна дека годинава е увертира за следното јубилејно издание на фестивалот.
5
Локал
Дрезден нека биде лекција за Охрид!
У
НЕСКО го избриша Дрезден од листата со светското културно наследство, по само пет години заштита. Долината на Елба во Дрезден, Германија веќе не е на светската листа со наследство поради изградбата на нов мост во срцето на културниот пејзаж. Тоа значи дека Германија не успеала да ја одржи „извонредната универзална вредност на локалитетот“, пишува во соопштението на УНЕСКО. Охрид, единствениот град во Македонија што е под заштита на светската организација, може да го снајде истата судбина ако продолжат градежните активности со кои се нарушува неговиот интегритет. Според информациите пласирани низ еден од националните електронски медиуми во земја, надлежните од УНЕСКО, за Охрид, најголеми замерки имаат откако се искорна старата камена калдрма од охридската чаршија и се замени со големите плочки кои немаат никаква естетска вредност. Замерки има и на реставрацијата на Самуиловата тврдина, како и на градежните зафати кои зачестено се случуваат во првиот ред на езерскиот кеј и во Стариот град. Во 2007 година светската организација го казни Оман на истиот начин, бидејќи властите за 90 отсто го намалија резерватот каде што живее заштитениот вид арапски орикс (вид антилопа). Дрезден е вториот локалитет избришан од светската листа на УНЕСКО. Ние сме пред неизвесност дали ќе ја делиме судбината со двата горе наведени градови и дали Охрид по повеќе од две децении , ќе биде избришан од листа на заштитено светско, културно и природно наследство.
6
Охрид, единствениот град во Македонија што е под заштита на УНЕСКО, може да биде ставен на листата со загрозени подрачја ако продолжат градежните активности со кои се нарушува неговиот интегритет
Локал
Мирно лето со мирни охридски цени
О
хрид е спремен за новата туристичка сезона и дочек на гостите по лански цени. Околу 5 000 хотелски и уште 10. 000 легла во приватните сместувачки капацитети се спремни за новиот летен одмор во градов. Цените се исти како минатогодишните, соба за една ноќ се изнајмува по цена од 300 до 600 денари и до 2000 денари за луксузен апартман во приватниот сектор. Полу пансион во охридските хотели чини од 1 000 до 6 000 денари а за апартманите цената е од 6.000 до 12.000 денари зависно од местоположбата и луксузноста на хотелот. Деновиве во Охрид најбројни се гостите од Србија, а има и Руси и Полјаци.Хотелиерите, велат дека променливото време и дождот кој врнеше во деновите од месец јуни го намали бројот на туристи, но раст на нивниот број се очекува по 15-ти јули. За Илинден во Охрид најверојатно ќе има над 10. 000 гости. Цените на пијалаците во повеќето угостителски објекти се дефинирани. Соковите чинат од 60 до 80 денари, пивото од 60 до 90 денари, а цените на кафињата се движи меѓу 50 и 100 денари . Дуќаните за брза храна работат ден и ноќ а ги имаа на секој агол. Цената на хамбургер е од 70 до 100 денари а пицата на парче се продава од 60 до 80 денари. Традиционалниот охридски варен ѓеврек чини 15 де-
нари, а бурекот од 40 до 50 денари. Гостите кои сакаат да патуваат со такси низ градот ќе платат 30 денари за старт и 25 денари за секој одминат километар. Такси компаниите чии возила се обоени во плаво –бела боја велат дека ќе се држат
на овие правила со цел да се надминат минатогодишните поплаки на патниците дека плаќаат над 100 денари за пат кој е пократок и од еден километар. Од почетокот на месец јули до крајот на август во Охрид 24 часа
работат неколку продавници за прехранбени производи, три пекари и три бензински пумпи. До раните утрински часови работат бројните кафулиња и дискотеки долж ривиерава.
Локал
Касарните пак на Општините
О
хридската касарна ќе стане универзитетски кампус, каде што најверојатно ќе биде сместен факултетот за информатичка технологија и ќе биде дел од планот „Старите касарни за нов развој“ Министерството за одбрана повторно им предава касарни на општините, а за нивната нова намена допрва ќе се одлучува. Планот „Старите касарни за нов развој“ опфаќа шест касарни и делови од уште две, кои треба да бидат пренаменети. Министерот за одбрана Зоран Коњановски при посета на охридската касарна најави дека во нејзините објекти ќе биде сместен идниот факултет за информатичка технологија, како и универзитетски кампус. Одбраната од 2003 година се ослободува од имотот прогласен за несуштински и непотребен, меѓу кои и неколку касарни што војската веќе не ги користи. Коњановски најави дека Охрид треба да прерасне во универзитетски центар, за што Владата ја пренаменува тамошната касарна „Генерал Михајло Апостолски“. - Покрај тоа што Охрид е нашиот најголем духовен и културен центар, Владата размислува дека градот треба да прераснува и во научен, универзитетски центар. Оттаму и решението тука да се отвори информатичкиот универзитет. Мислам
дека овој простор на касарната ќе биде одличен за универзитетски кампус, за што постои согласност и од локалната власт - рече Коњановски. Според министерот, процесот на предавање на касарните ќе потрае повеќе години „поради потребата од осмислување на просторот и подготвување Детален урбанистички план“. Министерството за одбрана ќе анализира дали АРМ ќе задржи дел од просторот и објектите. Со програмата се опфатени касарните во Струмица, Битола, Гевгелија, Охрид, Дојран и во Дебар, а на локалната самоуправа ќе и' бидат предадени и делови од скопските касарни „Илинден“ и „Гоце Делчев“, која веќе е делумно пренаменета. - Касарните ќе бидат ставени во функција на локалниот економски развој. Владата, работејќи со месеци на проектот, заклучи дека е подобро да бидат во функција на директните интереси на граѓаните. Министерот Коњановски разговара со градоначалниците на општините за да се дефинираат идните содржини на тие простори, а локалната самоуправа треба и со деталните урбанистички планови да ја предвиди новата намена - вели портпаролот на Министерството за одбрана Сашко Димов.
Идејата за пренамена на касарни на АРМ потекнува од 2003 година, кога беше дел од проектот за ослободување на АРМ од несуштинските објекти и дејности. Во 2004 година Владата одреди дека АРМ има вишок од 12 касарни, 37 караули, два автокампа, 16 комплекси земјиште, 20 магацински комплекси и друг имот кој не и' е потребен. Тогаш намерата беше воените објекти да се продаваат или да се трампаат за воени станови. Откако тој проект не успеа, следната година Владата се обиде касарните да и' ги предаде на локалната самоуправа или да им ги отстапи на други државни органи, а истата година се размислуваше и за пренамена на војни објекти во затвори. АРМ напушти неколку касарни, кои до денес не се пренаменети. Владата во 2006 година размислуваше дел од касарните да ги опфати со плановите за нови слободни индустриски зони, а следната година се обиде да продаде неколку касарни на АРМ, најавувајќи дислокација на воени единици и градење нови бази надвор од градовите. Тој проект пропадна поради конфликт со тогашниот претседател и врховен командант Бранко Црвенковски. Наместо продажба, Владата почна со првиот попис на имотот на Министерството за одбрана.
9
Економија
Не 365 цркви туку 365 кафулиња има во Охрид Чудно, во време на Светска економска криза кога пропаѓаат низа фирми, бројот на невработени лица и корисници на социјална помош во Охрид, бележи пад
Г
радот под Самуиловата тврдина, според податоците од на Србија. Организацијата на Потрошувачи е еден од најскапите гадоВо време на вистинска рецесија кога пропаѓаат и светски веле компави во Македонија. Во екот на летната туристичка сении, апсурдно е да се коментира и анализира ситуацијата кај зона, во својот “ек“ се и цените на прехранбенинас, иако од Агенцијата за Вработување во Охрид се рете производи,понудите низ угостителските објекти, лативно задоволни ако се земат во предвид реалните облеката.... услови и околности. “Снижување (sale) од 50-70%“ ќе прочитате на “Во однос на минатата година работите одат на излозите од бутиците кои нудат брендирана подобро, бројот на невработени е намален. квалитетна облека но не во Охрид,туку во Во месец мај минатата година, регистрираСкопје. Ако минатата година на зелениот ни биле 11.350 лица а годинава нивнипазар неколку видови зеленчук можевте от број е намален за 70 .Во периодов на да ги набавите за 1 400 денари, годиналетната туристичка сезона во Охрид, сева истите ќе ги имате за 1 700 денари. зонски се вработуваат околу 600 лица“, Групите овошје се за 200 денари пони изјави директорот на Агенцијата за скапи во однос на лани. Минатата гоВработување од Охрид, Ване Баткоски. Околу 240 милиони луѓе во светот ќе бидат невработени до дина цената на потрошувачката кошЗачудувачки но реално, иако голем крајот на годинава поради економската криза. Ова го оцени ничка во месец јуни била 13.000 денадел од охридските семејства се на раМеѓународната организација на трудот и ги повика владите на ри а годинава истата е за 1 000 денабот на социјална егзистенција, во Ценземјите- членки да преземат посебни мерки за отворање на ри поскапа. тарот за Социјални работи бележат нови работни места и за давање заштита на тие што ќе останат Глобална светска економска криза, ја намалување на бројот на корисници на без работа. Организацијата предупреди дека по економска тресе и Македонија, период кога просоцијална парична помош. Носители на рецесија пазарот на труд закрепнува многу побавно отизводството оди во надолна а потрошупаричниот месечен надомест се 850 коколку финансиските пазари. Невработеноста се зголевачката на евтини производи е во нагоррисници( семејства).Право на социјална помува секаде низ светот. Таа порасна и во Кина, која на линија. Како никогаш до сега дуќанџиите мош имаат покрај лицата со посебни потреби со години бележи речиси двоцифрени стапки се задоволни од продажбата на парчиња оби работно способни лица во чии семејства ниту на растеж, како и во заливските земји лека, накит и сувенири. Како печурки после дожд еден од членовите не е во работен однос. Во случај богати со нафта и во Европа никнуваат малски продавници, а кафулиња има на еден член од семејството да се вработи, и при тоа неи во САД. секој чекор, на секој агол не само во централното градговата плата да биде повисока од месечниот надомест, ско подрачје туку и во периферијата. “Не 365 цркви туку 365 семејството го губи правото на социјална помош. кафулиња има во Охрид“, ова беше коментарот на еден гостин од сосед-
10
Во светот 240 милиони невработени
Локал
Од друг агол Анита Кипаризовска- Крстевска пратеник во Македонското собрание
Анита Кипаризовска – Крстевска е пратеник во Македонското собрание од редовите на ВМРОДПМНЕ. Оваа охриѓанка е добра мајка и сопруга и професионалец во работата што ја сака и максимално исполнува. Родителските совети за искреност, чесност, правдољубивост и работливост стануваат нејзините основни животни принципи со чија помош стигнала на врвот. Оваа амбициозна млада дама ужива во друштво на својата шест годишна ќерка Анастасија ,пред која попушта и настојува да и го исполни секој замислен сон, но во исто време ја воспитува и учи да биде добар и скромен човек,( врлини што ја красат и неа). Таа малата Анастасија е среќата на нејзиниот живот, секако тука се и сопругот Душко кој и ја дарува максималната поддршка за се она што го работи и другите членови на потесното семејство. Најважно ми е нивното здравје и среќа, потоа успешно завршената работа, и можноста да им помагам на луѓето кои тоа го заслужуваат
Чесноста и искреноста мои најсилни адути
Од друг агол Детството сигурно ќе го паметам и по незаборавните доживувања што ги имав со моите другари и по многуте детски игри. Играв често со моите врсници во нашата маала. Игравме најчесто ластик , ѓуздија, криенка и други типични детски игри. Паметам дека често сакав да се облекувам и преслекувам со фустаните на мајка ми, и можете да замислите што се случуваше кога таа ќе дојдеше од на работа и кога ќе ја видеше сета своја облека надвор од плакарот. Понатака, се сеќавам како на мојата сестра Јулијана која е 7 години постара од мене и досадував да ме зема со неа кога таа, како тинејџерка, излегуваше со своето друштво , а јас сакав секаде да одам со неа. Таа се лутеше, ама сепак ме земаше со неа, сепак и бев помала сестричка. Се сеќавам кога татко ми ќе ме земеше во скут, а јас пресреќна гледав со него фудбал или бокс, ама сега некако тој мерак ми помина.... (ха,ха,ха).
Анита во работна посета на Р. Романија како претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија Претседателот на Сенатот во Романскиот парламент (десно) г. Љубиша Георгиевски (лево)
Каде тогаш се гледавте себе си, што сакавте да бидете? -Како дете кога ќе не прашаше учителката што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме , јас велев сакам да бидам судија. Судија не станав, но станав адвокат и можам да кажам дека адвокатурата покрај политиката е професијата која доста ме исполнуваше .
Со претставничката на македонското малцинство во Романија На што најчесто и најсвежо се сеќавате од периодот на Вашето детство. -Тоа сигурно е топлиот дом, исполнет со многу љубов и разбирање . Ги паметам посветеноста и љубовта што јас и мојата постара сестра Јулијана ги добивавме од нашите родители. Имав убаво детство. Родителите од најрана возраст ме учеа на искреност,чесност,правдољ убивост,работливост,бараа од мене
резултати во учењето како дете. Ме подучуваа дека тие особини и навики ќе ме водат и ќе ми бидат потребни во животот. И навистина до ден денес тие ми се основните принципи и во ниту еден момент не сум зажалила за тоа што токму така го живеам животот, иако работам во политика, каде некои велат дека не е добро човек да е секогаш толку искрен. Но сепак моите постигнувања во животот и во по-
литиката се на овој начин ,водејќи се од овие принципи и сигурна сум дека можеби некогаш е тој потешкиот пат но сигурно е исправниот. Тоа се гледа и се вреднува , а доказ е тоа што од страна на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, г- динот Никола Груевски , како и од граѓаните поддржувачи на нашата опција,ми беше дадена таква шанса, како и на многумина кои размислуваат и работаат на овој начин.. ....
Кои беа Вашите први професионални ангажмани? -По завршувањето на Правниот факултет во Скопје работев како адвокатски приправник во адвокатската канцеларија .на сега покојниот адвокат Климент Луканов. Таму ја засакав адвокатурата. Потоа работев во ЕМО Охрид како референт за застапување,па бев раководител на правна служба, неизвршен директор во Бордот на директори на ЕМО, за после одредени политички превирања кои во тоа време се случуваа таму, решив дека е доста од мојот ангажман во фирма. Отворив своја адвокатска канцеларија во Охрид и успешно работев како адвокат. Секако се сеќавам и на мојот работен ангажман во периодот на мојата рана младост, работев како младински радио водител во Радио Охрид околу 8 години. Како Ви се случи политиката, како се најдовте таму? Отсекогаш ,уште како дете, а подоцна како средношколец се интересирав за политичките случувања кај нас. Се сеќавам кога бев во 4 -та година гимназија започна да се развива повеќе партискиот систем, да се зборува за партиите, тоа беше
13
Од друг агол
Со сопругот Душко од кого ја добива најголемата поддршка за се што работи
некаде 1991/92 год. Често со другарите разговаравме на политички теми, бевме понесени од идејата за самостојна независна Република Македонија. Тоа го препознав кај ВМРО ДПМНЕ. После неколку години се зачленив во партијата ,а со завршување на факултетот веќе можев и повеќе да размислувам и одбирам што сакам во животот. Професионално работата ја работев како што кажав во областа на правото, но напоредно покрај во МК почнав да работам во правната комисија во ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. Од1999 година бев член на ОИК од ВМРО ДПМНЕ, долгогодишен претседател на правната комисија на ВМРО ДПМНЕ во Охрид,бев на листа на советници како најмлада на 23-то место. Во 2000 год.,станав претседател на Унија на Ж ени (УЖ)на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Избрана за советник 2005 год.,за во 2006 год да станам за прв
14
пат Пратеник во Македонското собрание. Од 2008 година го одработувам мојот втор мандат како пратеник. Постои ли тајна за постигнатиот Ваш личен успех како пратеник во Македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ? Тајна посебна нема. Мојот постигнат личен успех се должи на она што претходно го кажав .Пред се на вербата , посветеноста кон она што го работам , на личните принципи и на желбата да се направи нешто поинаку. Се обидувам да бидам различна од оние типови на политичари кои беа оддалечени ,отуѓени од луѓето. Секако за тоа имам силна поткрепа како јас, така и другите пратеници, пред се од нашиот Претседател на ВМРО ДПМНЕ г- динот Никола Груевски , кој покажа а и мене лично ми влеа надеж дека работите можат да бидат и поинакви
од некои дамнешни времиња и дека конечно се почитуваат вредностите во животот. Луѓето од Вашата генерација ве паметат како скромна, амбициозна ученичка, студентка и девојка...денес, покрај овие епитети Ве красат и неколку други:добра мајка и сопруга,професионалец во работата и еден од ретките пратеници без ниту едно отсуство од седница. Еден од најактивните и најангажирани политичари кај нас. Постојано сте на релација Охрид- Скопје. Ве има секаде. Како наоѓате време за се? Се трудам како што кажавте да ги усогласам моите обврски како мајка, сопруга, пратеник . Работам на конкретните задачи кои ги имам , спремна сум дека нештата треба да се завршат и тоа е. Не е едноставно. Работам покрај со закони во
Собранието, со луѓе , секојдневни средби,судбини, проблеми од различен вид, пофалби , критики, некои проблеми успевам да ги решам ,кои се во мој домен и се возможни, некои ги упатувам за конкретни проблеми кај луѓе кои се надлежни за тоа, институции,некои не успевам и покрај желбата , но сепак мислам дека е најбитно човек да има коректен и чесен пристап кон секој кој се обраќа и кон секој проблем. Колку Ви се промени животот откако станавте народен претставник во Македонското собрание? Ми се измени во поглед на тоа што почесто патувам, имам поголеми ангажмани во Собранието, поголеми ми се партиските ангажмани, но тоа го сфаќам така како што е , свесна бев за предизвикот но и за честа да бидеш пратеник од ВМРО ДПМНЕ, па така и се усогласувам. Инаку и пред да бидам пратеник
Од друг агол
среќата на нејзиниот живот е ќерката Анастасија бев ангажирана работно како адвокат, а знаеме дека и адвокатурата не е едноставна работа. И тогаш имав партиски ангажмани, можеби не од овој обем , но се успева. Она што ми паѓа потешко, морам да признам е што сум почесто одделена од семејството отколку порано, особено од мојата ќерка , но сепак времето што го поминувам се трудам максимално квалитетно да го искористам со моите најмили, сите да бидеме заедно. Колку е важна поддршката од блиските за да успеете во се. Има ли Вашиот сопруг разбирање за Вашите работни ангажмани? Многу е важна поддршката од најблиските за да се успее. Ако ја немате истата, можеби ќе успевате, но сигурно не со тој интензитет , едноставно ќе чувствувате дека нешто недостасува .И тогаш ништо не е комплетно. Мојот сопруг има големо разбирање за работните ангаж-
мани, ме поддржува во моите планови, активности,некогаш се разбира и не е едноставно, но ниту во еден момент не ми фалело неговото разбирање.
когаш знае да искоментира некоја ситуација, онака политички по што јас и мојот сопруг ќе се насмееме и тој знае често да каже -политичар на мама ќе биде!
Вие сте не само сопруга, туку и мајка. Каков однос градите со Вашето дете, кога сте во Охрид често сте забележувани во присуство на мало девојче, дали тоа, вашето дете покажува амбиции да ги следи чекорите на мама? Најважно нешто за мене е мојата ќерка Анастасија. Се трудам да бидам добар родител, понекогаш знам да бидам и построга ,но морам да признам дека е умно дете,па така и понекогаш да направи некоја детска беља или кога сака некоја замисла да си ја истера до крај тогаш тоа и ќе го направи. Едноставно знае како да допре до мене. А за амбиции дали покажува се уште е рано да кажам, малечка е ,во август ќе прави шест години, ама поне-
Каква домаќинка е Анита, колку се снаоѓа во кујна, сака ли да готви? Гурман ли е во јадење и кои се нејзини омилени јадења? Кујната не е моја којзнае колку јака страна, едноставно би лажела кога би рекла дека многу време поминувам во кујна, бидејќи реално немам време за тоа .А истовремено би ги навредила оние домаќинки кои многу време и ангажман посветуваат на кујната. Зошто и да сака човек , едноставно е невозможно да успее во сето тоа заедно. Како јавна личност односно пратеник сте секогаш во топ форма. Уредно облечени онака како што налагаат обврските. Но што се случува кога сте далеку од очите
на јавноста, во што најпријатно се чувствувате, што најмногу сакате да носите? Најпријатно се чувствувам во удобна, мека облека, во тренерки. Сакам спортски, лежерни комбинации, и по тренд изглед доколку излегувам со моите најмили и со блиски пријатели. Најважно е да се носи она што ти прилега на физикусот и возраста и секако да е во склад со пригодата. Работи кои Ве прават среќна? Најмногу ме прави среќна ќерка ми,семејството,здравјето ,работата кога ја имам добро сработено .Среќна сум кога ќе помогнам на некој човек, кога правдата победува, чесноста а секако да не заборавам:неизоставен дел се и оние работи кои ја прават среќна секоја жена:купување облека, чевли, чанти.....итн.
15
Ви најавуваме...
Бевме на...
“Лето 2009“ за аирлјиа туристичка сезона!!!
С
о културната манифестација “Лето 2009“ што се одржа кај локалитетот “Билјанини Извори“, беше означен почетокот на летната туристичка сезона во Охрид. Случувањето беше поделено на четири сегменти кои ја преставуваа основната туристичка понуда и содржина во Општина Охрид:Езерскиот туризам,културноисториски и духовен туризам, градски и рурален туризам. “Целта на манифестацијата е уште поголемо зајакнување на промотивните активности непосредно пред почетокот на летната туристичка сезона. При тоа настојувавме во презентацијата
да бидат опфатени сите туристички производи и услуги на охридските хотелиери, селски домаќинства, кафетерии, дискотеки, ресторани, национални паркови, планинарски друштва, занаетчии и концесионери на плажи“, изјави Горан Мицкоски од Секторот за Локален Економски развој кој е и еден од организаторите на манифестацијата. Случувањето кај Билјанините Извори беше збогатено со автентична музика и со танцови настапи на членовите од неколку културно уметнички друштва од земјава, а гости беа јавните личности од градов, владини и претставници од дипломатскиот кор во земјава.
Отворање на Општински Услужен Центар
“Експресно“ добивање документи?!
О
д неодамна во приземните простории во зградата на Локалната Самоуправа од Охрид отворен е нов општински центар за услуги со кој им се овозможува на охриѓани на едно место да ги поднесат барањата а во рок од една недела да ги добијат документите. Во селата, Трпејца, Косел и Пештани ќе бидат отворени подрачни центри каде мештаните ќе ги поднесуваат своите барања а од таму ќе им биде доставувана услугата. Охридскиот е еден од 36-те услужни центри што во земјава се отворени со финансиска помош на ЕУ. Овој Центар беше отворен и покрај опомените на Министерството за Правда дека градбата во приземјето на општинската зграда е дивоградба, односно е подигната на државно,а не на земјиште што е сопственост на Локалната Самоуправа.
Инсталации со цртежи
В
о куќата на Робевци во Охрид отворена е изложба на инсталации-објекти, украсени со цртежи од Софија Грабулоска. Во изложените уметнички дела откриваме специфичен баланс помеѓу скулпторско амбиенталниот пристап и нетипичните за неа сликарски гестуални интервенции - калиграфски записи, при што црно-белиот контраст го презема примарниот удел. “ Комплетниот визуелен ракурс е доста стеснет иако постојат повеќе елементи на поединечните делови од инсталираната подна композиција, бидејќи дрвените спојки помеѓу двете панелни плочи (30х30 см) изнесува 7 см.. Горната плоча го заменува сликарското платно. Токму тоа наведува и на размислување дали нејзината конечна идеја е делото да го осмисли како подна или ѕидна инсталација, необично осмислени визури што може да го збунат или преориентираат гледачот. За неа малку е битна чистата површина на која ги аплицира објектните делови, произлезено и од интенцијата да се задоволат структуралните и финални решенија“, истакна Марика Боварова Плавевска на отворањето на изложбата. Грабулоска дипломирала на Факултетот за Ликовни Уметност во Скопје, отсек вајарство со конзервација и реставрација. Неколку пати се претставувала со самостојни и групни изложби во земјава и странство а добитник е на повеќе награди и признанија.
17
Ви најавуваме
Струшки Вечери на Поезијата дата „Браќа Миладиновци“. Овој проект ќе оди повеќе години со цел македонската поезија да им се приближи на странките учесници на фестивалот. А и пошироко. Не станува збор за превод само на англиски јазик, туку на повеќе странски јазици. Во едицијата „Плејади“ ќе бидат објавени тројца странски поети и тоа: Марам Ал Масри, од Сирија, Сергеј Главјук, Русија и на Србољуб Игњатовиќ, од Србија.
Програма за Наум Миладинов Првпат годинава дел од програмата ќе му биде посветен и на Наум Миладинов, братот на Димитар и Константин Миладиновци.
С
трушките вечери на поезијата годинава ќе се одржат порано, од 20 до 25 август. Во Струга фестивалот ќе биде два дена (20-23), а до 25 август ќе гостува во неколку градови низ Македонија. Според Славе Ѓорго Димоски, претседател на Управниот одбор на СВП, за поместување на датумот на одржување се решиле „за да се искористел последниот здив на туристичката сезона“. Освен специјалното издание на лауреатот Томаж Шаламун, за прв пат годинава пообемно ќе биде претставена македонската литература, која ќе биде преведена на неколку странски јазици. На Мостови ќе бидат доделени трите награди: “Златен Венец“,награда еднаква на Нобеловата, “Мостови на Струга“, награда која се доделува во соработка со УНЕСКО и е наменета за млади поети до 30 години ( ќе му биде доделена на поетот Сенегал Са Рус), и третата награда е “Браќа Миладиновци, наменета за македонска книга објавена меѓу двете фестивалски изданија.
Околу 150 поети на Струшките Вечери На СВП се поканети да дојдат 75 странски поети од 50 земји од сите континенти. Доаѓаат поети од Азија, Јужна Америка и по подолгогодишно отсуство и од Австралија. Станува збор за атрактивни поетски имиња, доминантни во современата светска поетска мапа. И бројот на домашните поети е 75. Гостите ќе бидат сместени во хотелите Дрим и Белград во Струга Фестивалот најавува богата издавачка дејност. Ќе бидат објавени дваесетина изданија. Покрај вообичаените, специјалното издание на лауреатот, за првпат пообемно годинава ќе биде претставена македонската литература која ќе биде преведена на други јазици. - Станува збор за проект од десет томови, кој ги опфаќа првите тројца добитници на награ-
21-ва поетска ноќ во Велестово
Н
а 14-ти и 15-ти август, во селото Велестово по 21 пат ќе се одржи манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово“.Првиот ден ќе биде посветена поезијата од Братислав Ташкоски и делата на сликарот Јордан Манасиевски од Охрид. Годинава во склоп на манифестацијата ќе биде направен омаж во чест на името и делото на покојниот актер Мирче Донески кој потекнува од Велестово. Омажот ќе се одржи на три локации и ќе започне со видео арт во Домот на Културата во селото, по што ќе следи жива свирка на среде село во изведба на Сашо Гигов –Гиш. Омажот ќе заврши со драмската претставата што колегите на починатиот, од Македонскиот Народен театар ќе ја изведат во неговата родна куќа. Режисер на претставата е Срѓан Јанакиевиќ.
18
- Фестивалот ќе направи напор пред јавноста да го промовира и третиот брат на Миладиновци, кој бил музиколог, а за тоа малку се знае во јавноста. Неговото промовирање ќе се случи во домот на Миладиновци, со што ќе им се даде можност на љубопитните да го откријат неговото музичко творештво - вели Димоски. Дирекцијата на фестивалот е во преговори со Симон Трпчески за тој да настапи на отворањето на фестивалот. Присуството на добитникот на „Златен венец“ Томаш Шаламун е врзано со посебна програма на СВП. - Се надеваме дека ќе дојде неколку денови порано и ќе остане ден-два подоцна. Ќе се настојува да му се даде можност што повеќе да ја запознае Македонија. Во таа програма е ставена точка и за посета на селото Лазарополе, со што ќе се направи и чествување на еден од најголемите македонски поети Анте Поповски. Во чест на лауреатот Друштвото на македонско- словенечки пријатели ќе организира изложба на керамика. Ќе бидат изложени 48 керамички експонати, кои симболично ќе се однесуваат на 48-те години на СВП. Фестивалот ќе заврши со традиционалното читање на поезија на Матка.
Гиш со свирка на поетската ноќ во Велестово
Охридски легенди
Охридски легенди
Чоекот на чужџина ти је ко една свешча шо је дувет едночудија ветришча , и не је давет мирно да си горит , ами ќе изгаснит , ал’ пак ќе се разгорит ќе се стопит и витневидит ! пишува: Владо Жура
Коче Групче -наш сограѓанин автор на македонски буквар и други книги посветени на родниот град Коче Групче
Колку и сурови да биле патиштата животни и присилно да го оттргнале охриѓанецот од родниот кат - тој никогаш не го заборава своето потекло, своите другари, комшии...и годините минати во родниот град и покрај материјалната обезбеденост па дури и луксузен живот во една од светските метрополи! Таква била судбината на нашиот сограѓанин Коче Групче , кого судбината заради преголемата љубов кон своите охриѓани, кон својот македонски напатен народ, го отфрлила далеку од својот дом , дури Цариград, но и таму сиот свој живот го минува работејќи и мечтаејќи за својот мил Охрид, и сета своја љубов ја излеал низ многубројни написи..а меѓудругото и во една многу вредна книга посветена токму на нашиот Охрид! 'На Балканскиот Полуостров има многу езера од кои попознати се Скадарското , Преспанското , Дојранското, Костурското, Јанинското, Островското....но ниту едно од споменатите не може да се мери со Охридското Езеро , не само по убавината , ами и по ред дру-
20
ги причини кои го одликуваат ова слатководно море. Сите споменати балкански езера 'и припаѓаат на калната, блатна природа а нашето, охридското 'и припаѓа на океанската природа . Додека сите тие наброени езера немаат ниту одлив , ниту прилив , ниту пак езерски струи - Охридското сето тоа го поседува . Балканските езера без исклучок се плитки , а Охридското е длабоко и до 3стотини метри . Водата во тие езера на летните горештини се смирисува , па дури и смрди , додека во нашето езеро не само што не се смирисува, ами е погодна за пиење и дури е и повкусна од многу изворски води...... ` Сето ова го напишал и го тврди , пред повеќе од сто години еден наш сограѓанин по име Коче Групче во книгата што ја отпечатил во Цариград, кон крајот на деветнаесеттото столетие , а ја посветил исцело на неговиот роден Охрид и неговото прекрасно езеро . А Коче бил човек учен , шетан , опитен човек , кој видел многу нешта во тогашниот свет , поточно низ Европа и можел да си создаде сопствен суд и да донесе сопствени согледби и заклучоци , и направи споредби со сето она што го видел и запознал . `Ако гордиот Цариград , заради својата прекрасна романтична местоположба , со својот волшебен Босфор , со амфитеатралниот Златен Рог и седумте ритчиња и пријатното поднебје, според многумина се наоѓа на прво место по убавина во сиот свет, на Балканскиот Полуостров првото место секако му припаѓа на Охрид - напишал Коче Групче , пред повеќе
од еден век и додава - секој оној што не ги видел Цариград , Воден и Охрид - не може да стекне поим што е тоа природна убавина ! Потребна е вдахновеност и надареност со вонреден поетски дух за да може човек целосно и достојно да ги опише сите оние убавини со кои природата го украсила Охрид со сета негова околина пишува натаму нашиот автор скромно додавајќи дека тој ни оддалеку не располага со посакуваните одлики и нема претензија да го воспева и да ги возвишува убавините на родниот Охрид , ами само сака да даде еден мал придонес , еден скромен пресек на тогашниот живот на крајот од деветнаесеттиот век и преминот во новото столетие . На нешто повеќе од двесте странички од својата книга Коче Групче дава опстојни податоци за местоположбата , историјата , стопанството на Охрид , за жителите негови и нивните занимања , како и слики од катадневниот живот. Откако дава опис на Езерото и двата рида кои го наткрилуваат, тој се осврнува на УчКале и АзБашчи одн.рајската градина, потоа на стрмната улица Папарница (денешна ул Илинденска ) која ги одделува двата рида, за да се осврне натаму поопширно на крајбрежниот дел од денешното пристаниште па до Сараишче, На Грдано па понатаму до Канео и Лабино, тврдејки дека некогаш одамна тука постоел сувоземен пат по кој можело пешки да се минува од На Мазија и На Трсија преку Канео и Лабино до Грашница и Воска . Со посебна љубов го опишува крајбрежјето од На Ј'но до На Сараишче, кадешто ги минал своите дечински и момчешки години, со густо натрупаните куќи и насадените долгокоси врби , чии корења се цврсто испреплетени со колјата и камењата , создавајќи не само цврста градба, ами нудејќи и дебели сенки , под кои на посланите килими , за време големите горештини домаќините , со роднините и пријателите , и се разбира со музика и песна уживале во шеги , мајтапи, пиејќи ја омилената ракија - преварејнца ! Давајќи опширен опис на градот Охрид - стариот дел , и подробно задржувајќи се на зачудувачката убавина на карпите на најголемиот полуостров на езерото на кој е расположен градот , Коче Групче се осврнува и на другите полуострови како оној на кој е изграден манастирот Свети Наум , па на онај наречен Градишче , на полуостровот Горица и неговиот , какошто пишува брат близнак полуостровот Лин - денес во Албанија .
Охридски легенди
За охридските риби, езерски птици и... ветришта
.......................................................................................................
Легенда за лебедите Посебно интересен приказ авторот дава за лебедите и вековната поврзаност на Охриѓаните кон оваа птица , бележејки една стара легенда за дамна завојувани племиња од кое едното останало отсечено во својата тврдина на карпестата Галичица без капка вода. Тогаш на по-
мош Господ им ги испратил лебедите кои во своите клунови им однеле езерска вода и ги спасиле опколените жители од неизбежната трагедија . Ете , така Коче Групче ја објаснува приврзаноста на охриѓаните кон долговратите и прекрасни птици - лебедите ! ........................................................................................................
Мошне детални описи во книгата се нудат за ветровите кои дуваат во Охрид и најблиската околина - именувајќи ги со познатите локални називи Ношник , Ветерник , Сточан , Стрмец , Сушикобел , Беличник , Сметање, Елошник , Мрачник и сл. Посебно важно место им е дадено на рибите - на надалеку и од дамнина познатата пастрмка на која авторот тврди дека 'и припаѓаат и летницата , зимната, коранот, кресницата, гушавката, каќелската, даљанската и белоустата , но сепак тој како добар познавач и гурман ја претпочита и на сладокусците им ја препорачува белвицата ! Покрај сиве споменати чисти риби ,тој ги бележи и таканаречените диви риби како кленот , крапот , скобустот , мрената , грунецот , писата , моранецот , плашицата и шљунците..... Охриѓаните во тоа време рибите ги конзумирале свежи и сушени, а се продавале `на рибно пазаришче` , пред самата Аџи Кас'м џамија, кај денешниот ресторан Летница . Тука , во пазарен ден и по 30тина , па и 40тина селанки од Пешчани и Трпејца нуделе , секоја посебно и по 50 парчиња сушена риба, чија сушена внатрешнина блескала како злато на сонцето . Инвентивните охриѓани во тоа време чинеле и обиди охридската риба да ја понудат и на европскиот пазар , се разбира конзервирана , но обидите не се покажале како успешни. Засебно поглавие во оваа ретка книга е посветено на птиците жители на езерските води -Групче ги дава покрај македонските и нивните латински имиња за езерските птици : шатор, кречман, шчипче или шутка, белец, нор, гуза, бугарец , сврлица , превез , креја , цикутин, џгалеб и лебед .
Не помала љубов искажува авторот пишувајќи за стопанскиот живот на неговиот и нашиот Охрид . Лозарството , занаетчиството и трговијата се исклучиво во рацете на варошаните , градинарството -привилегија на месокастраните, со овоштарство во тоа време се занимавало исклучиво турското население а со рибарство , подеднакво и граѓаните и селаните . Откако на страниците од оваа интересна книга се осврнува подробно за пазарите во Охрид и околината , на која се пласираат производите , авторот дава многу интересни податоци за охридските еснафи - за оние на ќуркчиите, терзиите, кондураџиите , башчанџиите, касапите, меанџиите...за нивните слави и заштитници , за нивните празнувања....единствена тажна нота провејува во описот на трговијата и пласманот на ќурчиските производи, што го зафатил Охрид , кон крајот на деветнаесеттиот век и рапидното осиромашување на населението. Вината за падот на родниот град и се потешката живеачка ја гледа во назапирливиот продор на неквалитетната и ефтина стока со која бил преплавен Балканот од страна на германските евреи. Сепак Коче Групче е оптимист, тој е убеден дека неговиот Охрид одново ќе се вивне и ќе има и натамошни ѕвездени мигови како многупати дотогаш во својата илјадагодишна историја . А за тоа се потребни заеднички сили на сите охриѓани било каде да се наоѓаат - и дома и оние во туѓина , па да видиш тогаш дека Охрид е вистински рај на земјата , стопати поубав и од Женева и од Абација, одн. денешна Опатија !
Кој бил Коче Групче Самото презиме кажува дека припаѓал на мошне големата фамилија Групчевци , која од памтивек го населувала оној дел од стариот Охрид , поточна маалата Болничка - од По Темници до На Коља . Учените укажуваат на фактот дека уште во 1582 година во Охрид постоела маала викана Групче , во која живеел и некој Стојко сабјар по професија... Неразјаснето останува прашањето дали маалата го добила името според некој си Групче , или пак сите жители кои во подоцнежните години и векови се населувале тука, го попримале презимето Групче , без оглед дали биле во роднински врски или не, каков што е случајот со Каневчевци од рибарската населба Канео . За да ги разликуваат многубројните Групчевци меѓусебно , за да се знае кој од кој оџак произлегол и на кој род му припаѓа , охриѓаните им наденале прекари и ден денеска присутни како : Топалчевци , Шушевци, Колиутовци, од Периклија, од Бојана и сл., но сите тие го носат презимето Групчевци . А Коче Групче бил седмото дете на познатиот охридски терзија Ангеле Групче , најучениот маж во Охрид , во првите децении на деветнаесеттото столетие . Така напишал во својата Автобиографија , неговиот близок роднина и нашиот преумен даскал , поет и беседник Григор Прличе . Терзискиот занает го водел Ангелета низ разни градишта по Балканот, па среќавајќи разни луѓе и сакајќи што подобро да се разбере со нив , во Скадар го научил кирилското писмо и заедно со неколку книги пишувани на него , го донесол в Охрид . Неговиот терзиски дуќан, во бурните шеесетти години на преродбата и себеосознавањето одиграл пресудна улога во отфрлањето на грчкото културно и духовно влијание , служејќи како читалиште на напредните охриѓани... Во такви услови растел и Коче Групче , момче бистро и надежно . По инсистирање на неговиот учител Григор Прличе, му било препорачано младичот да студира медицина , но пред тоа татко му Ангеле го испратил во белиот свет за да се запознае со европејскиот живот . Престојува во Белград , па извесно време во Букурешт и најпосле во Виена . Таму Коче , од познатиот охриѓанец Др Константин Робе татковски бил посоветуван дека големата метропола крие многу стапици , опасности и искушенија , за младич од дваесетгодишна возраст , па Коче преку Трст се враќа дома в Охрид . Тука почнува да шие минтани за богатите турчинки , а повремено се занимава и со пишување на написи и репортажи кои ги испраќа до разни грчки и руски весници. Годините што следуваат се исполнети со борби против грчката патријаршија и барање спас во Големата Русија и во бугарската егзархија , како најразбирлива за македонскиот христијанин. По смртта на татко му , во 1874 ,
21
Охридски легенди ска је стигнал, што то и сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е блгарин или србин, освен оние Македонци у кои веќе пропагандата блгарска се има вкоренено». ........................................................................................................ Навистина, Охрид му бил далеку од очите , но секогаш во срцето , во мислите , во писмата што ги добивал од Григор Прличе , фамилијата Робе, Јаким Сапунџи , и многубројните роднини и пријатели...
Коче сега веќе 25годишен ја продолжува, татковата борба. Во 1877 се жени , а венчален кум му е Григор Прличе. Се оженува со Фроса , најмалата ќерка на познатиот бунтовен и анти грчки настроен поп Анастас , од стариот охридски попски сој Гавриловци , кој живеел над некогашната црква Св Ахил . Поп Анастас Гаврил е познат како просец или собирач на прилози за охридската црква од манастирите во Света Гора . Подоцна бил епистат на манастирот Свети Наум , а најдолго се задржал и дал најголем придонес работејќи во црквата посветена на Светата Богородица во маалата Челница . Во доцните шеесети години , по отфрлање на грчката духовна власт бил и прв претседател на охридската црковна општина . Иако веќе осумдесетгодишен старец поп Анастас не го напушта бунтовниот дух и се бори за ослободување од османлиите , застанувајќи на чело на движењето во Охрид покрај видните граѓани како Д-р Константин Робе, Григор Прличе и др за што бидува од властите окован во пранги и одведен во Битола на судење и отслужување на затворската казна . Во тоа време Коче Групче е веќе татко на три малолетни деца , но горлив борец за слобода . Во 1884 г тој се нафаќа да пренесе една петиција со над 2.000 потписи на жители од Охрид и од селата, поплака против суровата османлиска власт Задачата успешно ја извршува и петицијата му ја предава на сограѓанинот Наум Спростран , вработен во рускиот конзулат во Солун . Со помош на Спространа заминува во Цариград . Како повеќегодишен заслужен деец на бугарската егзархиска црква , го моли егзархот Јосиф да му најде билокаква работа во Цариград , со оглед на неможноста да се врати во Македонија од безбедносни причини. Егзархот ја одбива неговата молба, па Коче навреден го напушта Цариград и заминува во Софија . Тука во 1885 г., тајно , бил формиран Македонски Комитет во кој покрај претежно студенти од разни краишта на Македонија , членувал и Кочо Групче . Тие ја застапувале идеата за македонска национална посебност . Дејноста на Комитетот набрзо била откриена од тогашната бугарска власт и неговата активност била забранета и запрена . Во меѓувреме Кочо Групче со некои од членовите на раководството на Комитетот , се
22
обратиле до српската власт со молба таа да им помогне во нивната активност за елиминирање на бугарската пропаганда во Македонија. Српската власт им излегува в пресрет на македонците и им нуди служба во Цариград. Групче се враќа во Софија по своите соработници , но веднаш е уапсен од бугарските германофилски власти како руски шпион . По тримесечен затвор , успева да се спаси со интервенција на руската или српската влада и пребегнува за Цариград преку Романија . Таму се сместува кај својот шура Наум , син на поп Анастас Гаврил, кој работи како терзија со срма. Откако се средува со семејството , ја започнува својата дејност . Најпрвин како книжар , а потоа како учебникар со своите соработници пишува буквар и читанка на македонски јазик а прави обиди да отвори и основно училиште за децата на македонските иселеници. По спротивставувањето на грците кај отоманската власт, училиштето за македончиња е прекрстено во српско училиште , кое подоцна прераснува во Гимназија. До крајот на својот живот , кој згаснува во 1907 год., работи како издавач на Цариградскиот гласник, весник на српски јазик , кој јазик патем кажано никогаш и не го совладал , но затоа пак на страниците на весникот ја излеал сета своја љубов кон родниот Охрид , од кои написи произлегла и погоре споменатата книга . .......................................................................................................
За Македонското прашање На 26 јули 1887 година Наум Евро и Коста Групче се обратиле до претставниците на големите сили во Цариград барајќи од нив поткрепа на барањето да се одобри во престолнината излегување на весник, преку кого македонското население ќе му објави на светот дека е «посебен народ, со посебна историја, нарави и обичаи' (подвлечено во оригиналот - з. н.) и дека нема ништо општо со околните државички - «па според тоа, никој нема право да претендира на Македонија. И таа останува на Македонците». . На 9 мај 1888 година Темко Попов, близок соработник на Коче Групче и член на Македонскиот таен комитет, му пишува на Деспот Баџовиќ: «... да не се лажеме, Деспоте, националниот дух во Македонија до такво дереџе дене-
Што станало со неговото семејство по неговата смрт . синот Димитар
Синот Димитри студирал во тоа време во Париз , па неговата сопруга Фроса со ќерката Фанче откако распродале се во Цариград, преку Влашко/Романија преминале во Белград . Се вратиле во родниот Охрид , тука ги затекнала Првата светска војна , па како бегалци преку Албанија, Крф, стигнуваат во Париз.... Таму Фанче учи забарско училиште, а по војната отвора ординација во Белград . По враќањето во Охрид живеат во старите куќи на Групчевци и во онаа од поп Анастаса, па подоцна преминуваат во охридскиот хотел `Турист` , се додека во 1930 год не ја изградат новата современа куќа на Охридскиот кеј - погодна за забарска ординација . Тука Фанче , ќерката на Коче Групче го минува остатокот на животот се до својата смрт во 87 година од животот. Стара мома , но почитувана сограѓанка , покрај професијата , времето ' и минува во интелектуална надградба....покрај српскиот, турскиот, грчкиот, италијанскиот и францускиот јазик , на 80 годишна возраст почнува да го учи и англискиот , како би можела полесно да се допишува со многубројните роднини и пријатели
Охридски легенди ќерката Фанче млада мома
почитуваната заболекарка Фанче на стара воздраст од Абисинија и Египет, преку Париз па се до Соединетите Американски Држави... Нејзиниот брат Димитри Групче , или Мита Групчевиќ , како српски дипломат работел во Швајцарија , Полска, Египет и др. земји . Важел за убав ерген по кој лудувале најубавите девојки на тогашна Југославија . Слободното време го користел во забави , возење скапи автомобили и во друштво на убави жени ... Вечно во потрага по доволно богата жена , којашто ќе му обезбеди лагоден живот , останал ерген сиот свој живот . Инаку по Охридското Езеро возел брзи моторни кајчиња , кои ги именувал `Свети Климент` и `Билјана`, што ја докажува неговата поврзаност кон ова наше питомо поднебје ..Во бомбардирањата на Белград 1941 едвај извлекол жива глава , со помош на братучед му Димо Караѓуле, за да последните денови од
својот живот ги мине во саканиот Охрид. Неостварена желба му останала подигање споменик на великиот Григор Прличе , која иницијатива ја покренал уште во далечната 1913 година ! Ете, таква била судбината на нашите сограѓани Коче Групче, неговата животна сопатничка Фроса од попа Анастаса...и нивните децадипломатот Димитри и заболекарката Фанче Групчева, кои со својот безмерен труд и безгранична љубов кон родниот Охрид вградиле скромен, но значаен придонес во историјата на нашиот вечен Охрид! За сите нивни дела сведочат бројните документи - писма, новински исечоци, фотографии, разгледници....па дури и лични дневници, кои денес се наоѓаат во богатиот фонд во под-
рачниот Историски Архив - Охрид, а нивните наследници се уште ги чуваат спомените за првата заболекарка во Охрид , долговечната Фанче... Покрај албумите со стари фотографии , тука се и бројни парчиња мебел, слики и разни предмети собирани од разни краишта на светот , кои сведочат за едно време од минатото на нашиот Охрид и нашите Охриѓани , кои и колку далеку да биле од родниот крај непрестајно копнееле , како што копнеел и Коче Групче на крајот на деветнаесеттиот век, постојано повторувајќи им на своите деца дека... чоекот на чужџина ти је ко една свешча шо је дувет едночудија ветришча , и не је давет мирно да си горит , ами ќе изгаснит , ал' пак ќе се разгорит - ќе се стопит и витневидит ! Владо Жура
23
Да подадеме рака
Медина Ибраим има само 2 години а се соочува со тешка болест
Да и помогнеме за целосно да не ослепи П ремногу млада,а со огромен проблем. Две годишната Медина Ибраим,боледува од катаракта или во народот болест позната како перде на очите. Болеста не и дозволува да има нормално детство како нејзините врсници. Без помош на родителите не може да премине улица, да оди во продавница или да игра уплатете на оваа сметка за да помогнете со другрчињата. Кога сонцето е социјалната парична помош девојче мора да се направи хируршпремногу силно или кога ќе се сокоја изнесува 2 300 денари за еден ка интервенција во странство. Бевкрие од небесниот свод, почнуваат месец. вистинските маки за малото девојче, ме на лекарски преглед и во Скопје “Мојот сопруг, работи физичка раи таму ни го потврдија истото како тогаш мрежата пред нејзините очи бота, тој е амал, а јас поради обври тоа операцијата да се изврши е вистински проблем затоа што таа ските и посветеноста на моите деца што поскоро затоа што во спротивне гледа речиси ништо. Пердето на кои лошо гледаат, не работам“, вели но таа целосно ќе ослепи“, раскажуочите е фатално за нејзиниот вид. Гзиме. ва мајката на Медина,Гзиме ИбраМедина мора наскоро да се опериОва скромно и чесно семејство им, која исто така боледува од оваа ра за целосно да не ослепи. праќа искрени молби до сите хумаболест. “Откако се роди забележував дека Најжално и најстрашно за родители- ни луѓе колку можат финансиски на моето дете му смета сонце, да помогнат околу реализирањето те на Медина е што финансиски се дека трепка со очињата и повеќе немоќни да ги подмират трошоците на операцијата врз очите од маласака да се затворени. Во почетота Медина. Финансиите е потребно за операцијата на нивното дете кот мислев дека е тоа нормално, да се уплатат на нивната трансакцикоја најверојатно ќе се направи во сите новороденчиња се чувствиздравствена институција во соседна она сметка во Охридска Банка, а ботелни. Подоцна нејзините реаклеста е потврдена и на лекарски наГрција. Трошоците за операцијата ции почнаа многу да ме загрижуваоди и други документи. Девојчето се над 1 000 евра, сума која ова ат. Мојата грижа беше оправдана и мора наскоро да се оперира за да семејство може само да ја сонува. потврдена од овдешен очен лекар, не ослепи целосно. кој ни кажа дека врз очите на моето Шест членото семејство живее од
24
лекарските наоди ја потврдуваат болеста
Гзиме, три пати била оперирана од перде на очите но не успеала да се излекува. Но, на оваа храбра и пожартвувана мајка не ја загрижува нејзиниот туку видот на нејзините четири деца. Покрај Медина од оваа болест страдаат и прво родената ќерка Неџмие и синот Ненад. Од катаракта на очите не боледува само третото дете, ќерката Шукрие, но и таа има проблеми со очите и не може да гледа ни одблиску ни од далеку без очила. Неџмие која сега ќе оди во петто одделение е одлична ученичка и за среќа убаво гледа по операцијата. Ненад за жал и по хируршкиот зафат има проблеми со видот.
Наша гордост
На кафе Локалсо... Розе Трајческа моден креатор
Розе Трајческа е една од најпознатите македонски модни креатори. Припаѓа на првата генерација современи модни дизајнери и веќе е на врвот, позната и призната за она што го работи кај нас и во светот. Нејзините креации ги носат политичари, дипломати, естрадни уметници. Оваа амбициозна млада дама е целосно реализирана личност, мајка на две малолетни деца, ќерката Стефанија и синот Јаков, сопруга на познатиот естраден уметник Александар Ристески -Принц, и професионалец во работата која е врзана со мода, а неа ја доживува, како животот толку убава и никогаш повторлива.... Родниот Охрид го носи секаде со себе, во душата во умот, во секоја ќелија...
Креирам за позитивни и личности сигурни во себе 26
На кафе Локалсо...
креации од охридската дизајнерка
на или од тебе или некои одредени правила и норми во системот во кој живееш и работиш. Јас не поставувам дестинација. Како се снаоѓавте на почетокот од својата кариера надвор од родниот Охрид и далеку од најблиските? Секое менување средина на живеење е предизвик. Верував во добро -наоѓав добро. Сигурна сум дека како зрачиш кон околината и светот околу себе,тоа и го привлекуваш и добиваш. Каде и да си- пробај како што е дома. Го живееш моментот со тоа што те опкружува. Не губи енергија на тоа што е далеку,те успорува те прави несреќен. Гледаш напред,не назадверуваш во убавината. Зошто одлучивте кариерата да ја градите во Скопје а не во родниот Охрид?
Како ја доживувате модата и кој беше пресудниот момент да одлучите да станете моден креатор. Модата ја доживувам како животот,толку убава и никогаш повторлива. Создавањето е едно и единствено,се случува во секој миг од твоето живеење. Никогаш не е исто. Ако сакаш да бидеш среќен биди,ако сакаш да креираш- креирај. Начинот да го искористиш животот е да правиш се преку тоа што си. Јас сакам да креирам, на единствен начин кој ми дава вистинска сила. Еден единствен совет даден од мајка ми беше пресуден да одлучам да се школувам и да станам моден креатор. -Не оди по мојот поминат,изоден пат- оди таму,направи пат и остави трага. Секогаш барај сила и верба во себе,од внатре. Надевај се на добро и ќе добиеш добро,надежта не престанува. Тука е во душата,ти зборува цело време Вие сте една меѓу првите, од со-
Јас не одлучив,туку ситуацијата на животот. Јас бев во Охрид -ситуацијата во тој момент,тоа време ме остави да чекам,ме остави во една голема неизвесност. А,нема ништо полошо од чекање -животот е жално да го чекаш. Треба да бараш,работиш -никако да чекаш. Се случи Скопје. Можеше да биде и друг град,во таа потреба моја ,да работам тоа што сакам. Што според Вас, е главен предуслов за добро формиран стил? Добро формиран стил- изградена личност. Многу е важно да се познаваш себеси и своите желби и потреби,начинот како да се претставиш себе си пред другите затоа што тоа те претставува и тебе и твоето гледање на животот. Многу често, имаме погрешна слика и за облеката и за човекот што ја носи. Ако, едно од тоа,отскокнува
времените македонски модни дизајнери кои имаат соодветно стручно образование. Каде го стекнавте своето знаење, и нели беше тежок патот сами да се изборите и да дојдете до врвот. Денес сте на пиедесталот, како едена од најуспешните модни креатори во Македонија..... Моето школување започна во Загреб и никогаш не завршува таму или било каде. Трае се уште и продолжува до крајот на моето живеење. Додека си жив учиш,се надополнуваш,стануваш помудар. Во тоа време мислам дека не можеше да ми се случи поубав град од Загреб,раскошен голем. Тоа беше градот на моето созревање и осознавање. Град за паметење. Предизвиците на животот не треба да те плашат и парализираат,туку да ти помогнат да откриеш кој си навистина. Храброста има генијалност и моќ,животна магија. Ако знаеш да сонуваш дека можеш да направиш нешто,почни да го правиш. Секој пат оди до некој си поставен врв,или крајна дестинација поставе-
27
На кафе со... Предизвиците на животот не треба да те плашат и парализираат, туку да ти помогнат да откриеш кој си навистина. Храброста има генијалност и моќ,животна магија. Ако знаеш да сонуваш дека можеш да направиш нешто,почни да го правиш. Секојпат оди до некој си поставен врв, или крајна дестинација поставена или од тебе или некои одредени правила и норми во системот во кој живееш и работиш. Ја не поставувам дестинација......
Розе со награда на ''12-те Величествени'' значи дека се работи за личност што не се познава доволно,се бара или пак свесно или несвесно се претставува на поинаков, често погрешен начин. Формирањето на стилот содржи многу предуслови,психологија на размислување,економски и политички одблесок,временски дејствувања. Успех е да ги споиш овие работи,да го вметнеш свое тело со сите мани што ги има,да додадеш своја енергија и позитивна мисла и слика за тоа како се доживуваш себе, за да те доживуваат и другите. Вечна тема за игра и разговор,провокација на сетилата,умот и имагинацијата. Што најмногу ги советувате клиентите кога облеката е во прашање, и со кои се познати личности имате соработувано ? И кои од јавни личности според Вас, се најдобро облечени во
28
Македонија. Значи да се надоврзам на претходниот одговор. Мојот совет е секогаш добронамерен и осмислен. Им советувам да не бегаат од тоа што се,да се познаваат себеси и да се сакаат такви. Облеката може да биде убава и посебна ако е вистинскиот избор,добро ја чувствувате на себе. Облеката оди со годините,со приликата,со расположението. Работам со разни клиенти и сите ми се интересни и предизвик. Со некој еднаш или два пати, со други подолго време. Нема правила. Тука се политичари, пејачи .За мене тоа е и мала тајна. Некој не сака да се експонира и затоа ќе испочитувам да остане така. Важно е да се задоволи желбата на клиентот. Се повеќе има добро и квалитетно облечени луѓе, било јавни личности,или обични луѓе. “Скапа облека и познати брен-
дови, или и со помалку финансии можам да изгледам убаво“. Кон кој од овие два ставови треба да се придржуваат девојките или дамите кои сакаат и водат сметка за својот изглед. Тука секој треба да знае до каде може, до каде му стига. Кој колку и како знае,може и умее. Не заборавај на себе и знаците што ги праќаш. И тој што има за скапи брендови ,треба да знае. Скапите брендови стојат на некој што знае да ги носи или не делуваат скапо и убаво на погрешна личност. Што е тренд за оваа сезона и колку трендовите ги применувате во својот имиџ? Денес има разни креатори,разни видувања на модата и трендот. Принц во креација од сопругата
Секој според претходното што го кажав може да се најде себе си. Нема сезона да ги заобиколи песочните бои и меките природни материјали,свила,лен,памук и едноставни ,софт модели. Тука се секогаш привлечни романтични материјали со флора и фауна. Принтот секогаш изгледа интересно. А, за вечната морнарска комбинација никој не може да каже дека не е добра. Летото едноставно ги сака. Сонцето,водата, песокот,се тоа пренесено на материјал- значи тренд не оваа,туку секоја сезона. Од трендот треба да се зема она што одговара на нас како личности,како физикус,како место на дејствување. Истото важи и за мене. Јас знам да сум немилосрдно едноставна. Во процесот на создавање не сакам и не можам да се оптоварувам себе,телото и умот со соп-
На кафе со... Калиопи најчесто облекувана во тоалети од Розе
Кристина Арнаудова во една од креациите на Розе
‘‘Од тренд от треба д ас личности , како физ е земе она што одго икус, како вара на на за мене. Ја мес с како с знам да сум немил то на дејствување. Во процес Истото ва осрдно ед от на созд жи и ноставна. авање не оптоварув сакам и н ам себе, т е можам да елото и ум долгото р се от со сопс аботење т твеното е ежнеам к едностав го и капри он дожив носта на ф ц. Во ување на ормата, со Јас се пре чистата л вршената тставувам и н ија, с труктура н преку сек дел од ме а материја ое мое па не, секако р лот ч е надополн свесна и р ето со лич облека. Секаде има . аскошна в н ост о својот ум чисто......’’ , раскош ш а што го носи. Јас с - Розе Тра ум јческа то значи е дноставн о
ственото его и каприц. Во долгото работење тежнеам кон доживување на чистата линија,едноставноста на формата,совршената структура на материјалот. Каков е вашиот стил на облекување? Јас се претставувам преку секое мое парче облека. Секаде има дел од мене,секако надополнето со личноста што го носи. Јас сум свесна и раскошна во својот ум,раскош- што значи едноставно,чисто.
Трошите ли премногу на облека, и за што никогаш не штедите пари? Трошам на убавина од секој вид,немам каде да побегнам. Колку можам да потрошам и што можам да купам со пари,кој може да ја купи убавината,кој и става цена. Колку чини убавината и што купуваш. Обичен човек,обични потреби. Што е ваша последна модна фасцинација и што последно сте дизајнирале?
Цело време нешто работам,дизајнирам убави фустани за позитивни личности,креирам карактери во јавен медиум,се повеќе се фасцинирам од тоа колку си моќен со својата сигурност и потсвест,колку лесно може да биде се. Го осмислувам своето секојдневно битисување,се спремам,собирам сила за следна провокација,утрешна фасцинација. Некогаш побавно- некогаш побрзо израз даваш на својата фасцинација.
Ви недостига ли Охрид колку често доаѓате кај нас и сте размислувале ли тука во родниот град да организирате модна ревија? Секако дека треба да се случи едно или повеќе прикажувања на моите тогаш направени изрази на убавина од облека. Охрид, ме очекува,никогаш не бега. Тука е секогаш -го носам во мене,во душата,во умот. Тој е во секоја моја ќелија.
4
Наша гордост
Охридскиот чинар-единствениот жив сведок на сите времиња
Г
Познатиот резбар, Димче Јанко ни ја раскажа приказната за чинарот
30
одините му ги броеле до 800-та ,802та, 803-та, повеќе не. Се загубиле во броењето, нашите пра- пра баби и дедовци. Никој не знае колку години носи стариот охридски чинар но едно е познато тој беше, е и ќе остане единствениот жив сведок на сите времиња во Охрид. “Чекај ме кај чинарот“; “тука сум пред зелениот пазар, на влезот кај чинарот“...., вака охриѓани меѓусебно се разбираат кога сакаат да опишат некое место каде се лоцирани. Во своите патописи, турскиот патописец, Евлија Челебија зборува за Охридската чаршија во 17от век, а при тоа го споменува чинарот како место каде се “собирал еснафот“. Наша грешка и пропуст ќе биде доколку не се потрудиме, како креатори на јавното мислење, да дојдеме до податоци и како информации да Ви ги предадеме за ова старо растение, кое сигурно е едно од нај култните белези во Охрид. На рака се бројат охриѓани кои се живи сведоци на времето кога во стеблото на Охридскиот чинар била отворена првата градска кафеана, а уште помал е бројот на старците кои се посилни од времето па се толку психофизички здрави што се сеќаваат на настаните од периодот кога
биле деца. За среќа меѓу живите и свесни граѓани од тоа време е последниот патрик на охридската резба,Димче Јанко. Уште поголема е нашата среќа што тој е внук на првиот охридски стоматолог, Васил Стружанче кој кај чинарот ја имал отворено првата градска болница. Живиот извор на податоци бил пред нас, а ние не знаевме,... долго време талкавме низ градските сокаци, прашувавме од куќа на куќа кој може нешто да ни каже за старото време, кога по некоја “луда“ среќа налетавме на стариот резбар. Откако ни раскажа за книгата која е објавена за него и неговото дело, го прашавме дали знае нешто за стариот чинар. Чичко Димче се насмевна и не покани во неговиот дом. Додека се насладувавме со убавата баклава и пиевме лимонада од трендафили, човекот кој ги ситни годините од 10-та деценија, седна на големата резбана од дрво фотелја и откако поминаа 20-ина минути (период во кој го враќаше филмот наназад), почна да зборува...... “Во 1925 година дедо ми, по мајка, Васил Стружанче, кај чинарот имаше дуќан поточно ординација која подоцна прерасна во болница. Го викаа Васил- дишлија (забар). Беше еден од
Наша гордост
снегот од 2002-ра година кобен за старото дрво
Максут Ајдинче, е единствениот жив човек од тогашниот персонал од кафеаната отворена во стеблото на чинарот. Иако со кревко здравје и слабо помнење, чичко Ајдинче кој денес има 87 години, успеа да ни каже дека како 7 годишно дете бил најмладиот келнер во градската кафеана. “Јас бев сираче, израснат без татко. Круме Тупале, ме препорачал кај газда Климе за работа, и кај него служев и го учев занаетот 10-ина години“, ни кажа стариот Ајдинче, кој додаде дека кафеаната била место само за еснафот, за богатите охри ѓани.
најугледните и најпочитувани граѓани во Охрид. ни, кога градскиот, еснафски живот во Охрид беИм вадеше заби на охриѓани, на Турците а чележеше процут. Сите се дружеа, луѓето се почисто одеше во Солун па и во Цариград и таму ратуваа се сакаа“, вели Димче Јанко и додава дека ботеше на занаетот. Бев мало дете но јасно се горната кафеана ја држеле Турци. Била наречена сеќавам дека мајка ми му помагаше околу превр- Теферич во превод “од високо“ или „на високо“. ските на болните кога дуќанот прерасна во град- Во неа се служеле само пијалаци, кафе, чај, лимоска болница. Таа со пинцета ги ваѓаше црвите од нада или сок од бостон. Но, никогаш не постоераните на настраданите за време на Бугарскала остра граница меѓу двете кафеани и во едната окупација, а ги лекуваше и преврзуваше и тур- та и во другата гости биле рисјани и муслимани ските анами. Иако забулени со фереџиња до очи- кои меѓусебно се дружеле. Заедничка карактерите тие дозволуваа дедо ми да се грижи за нивностика за сите гости бил нивниот подлабок џеб, то здравје“се сеќава чичко Димче. сите биле имашливи- богати од населбите, Месо“Во 1937 година во стариот чинар беше отвокастро и Варош. рена првата градска кафеана. Име немаше, не Првата градска кафеана отворена среде големобеше крстена, зошто и татко ми и стрико ми и то дрво постоела во бугарското, српското време тетки ми и сите друи во периодот на Втоги во градов велеа, рата Светска Војна. Таа “одиме на кафе во чизгаснува во 50-те годиОколу чинарот од неговата источна, нарот“ друго име не ни , а во раните 90-ти северна и јужна страна имало три беше потребно. Кагодини од минатиот чешми. Чешма немало само од страната феаната ја основа век, од гром се унишна турската кафеана “Теферич“. Водата Климе Трпоски, брат тени поголемите негобила чиста, наменета за пиење и за му Љупчо беше келви гранки. Кобен за ова разладување. Истата била носена од нер, а најстариот брат дрво е снегот што падизворите кај населбата Видобишта Кире беше сатчија. нал зимата во 2002 гокаде имало многу воденици во кои се Во стеблото на дрводина. Тогаш по втор пат то, во неговата внатоа е посериозно оштемелело жито. Водата во трите чешми трешност, имаше потено. се изливала низ земјени дулци кои ставено една тркаНе знаеме да го цениме ги правеле занаетчиите кои правеле лезна маса а окододека го имаме во неземјени производи (стомни,тепсии, лу неа столови. Е, говата целина со сите тави). тоа беше мерак меголеми гранки и широк сто за картаџиите, простор на стеблото.. кои ден и ноќ играа Затоа од нашата недохан, табланет,тонч. Надворешниот дел на кафеволна грижа и не доволен интерес на Локалнааната беше поделен на два дела долен и горен та Самоуправа, дозволивме времето да го унишдел. Долната кафеана спрема ресторанот “Орити ова старо дрво, кое е жива историја. Иако моент“ ја држеше Иван Фортомар, добар и хуман жевме недоволно го заштитивме единствениохриѓанец кој сакаше и им помагаше на сироот жив сведок на сите времиња. Стариот охридмашни, болни, сирачиња. Тој по професија беше, ски чинар денес, е прибежиште и место во кое слаткар, локумџија, па покрај со кафе и чај гости- ладовина од високите летни воздушни температе се служеа со слатко –благо. Иако пред почето- тури бараат пензионерите кои ги раскажуваат кот на Втората Светска Војна тие беа златни годи- случувањата од својата младост.
31
Прашање-одговор
ЗАШТИТЕН ПОЛОВ ОДНОС ЗА ДА ГИ СПРЕЧИТЕ ПОЛОВО ПРЕНОСЛИВИТЕ БОЛЕСТИ
Прашање: Имам 21 година, пред неколку месеци по сексуален однос со мојата партнерка, забележав црвени точки на главата на пенисот кои набрзо се споија во поголема црвена површина, а во исто време чувствував благ јадеж и пецкање на местото. Проблеми при мокрење немам. Се јавив кај мојот матичен лекар , тој ми кажа дека не ми е ништо ,само потребно е да се мијам со благ сапун (PH 5,5), и се ќе мине. Промените како да ми исчезнаа некое време, но пак ми се јавија. Дали ова е поврзано со партнерката, дали се работи за полова болест?
примариус д-р. Виолета Павлоска спец. дерматовенеролог
Одговор: Според симптомите што ги опишавте претпоставувам дека се работи за габична инфекција на главата на пенисот (glans penis),кандидијаза предизвикана од габата kandida albicans. Оваа габа често ја има во вагината кај жената. Одговорот на вашето прашање е да,има врска со вашата партнерка и болеста е полово пренослива. На почетокот се карактеризира со поединечни црвени папули кои конфлуираат во јарко црвена површина која ако не се лекува се прекрива со бела скрама. Промените се проследени со јадеж. Инфекцијата е банална, лесно се лечи со употреба на локални антиникотични средства. Исклучително ретко кај млади лица,поврзана е со покачено ниво на шеќер во крвта. Во секој случај треба да се јавите кај дерматовенеролог за верификација на болеста и за да добиете соодветна терапија. Кога веќе ги спомнавте половите болести,кај Вас не се работи за полова болест, туку за полово пренослива болест. Овие болести имаат особеност лесно да се повторуваат и да се пренесуваат од партнер на партнер, без сериозни последици. Постојат голем број полово преносливи болести, т.е. с. болести кои се пренесуваат по сексуален пат, особено по незаштитен полов однос. Во дерматолошката пракса освен кандидијазата најчести се: генитален херпес,ХПВ брадавици, кламидија, трихомонас, генитални вошки и др. Неизоставен дел за добар сексуален живот е и половото здравје. Многу млади не се свесни за тоа, додека состојбата не тргне на опаку. Треба да знаете дека заштитата е половина здравје. Затоа не дозволувајте, моменталното расположение , опуштеноста , особено во овие пријатни летни денови , да ви го загрозат здравјето . Невниманието и незнаењето можат да бидат опасни и да ви остават трајни последици. Штом забележите било какви промени , треба да се јавите на преглед кај дерматовенеролог. Полово преносливите болести не поминуваат сами, а доволно е само еден однос без заштита за да се заразите.
ОЧНОТО ПЕРДЕ КАЈ ДЕЦА МОРА ДА СЕ ОПЕРИРА ПОРАНО, СО РАСТЕЊЕТО НА ДЕЦАТА И ТОА СЕ ЗГУСНУВА Прашање: Јас сум мајка на шест годишно девојче, кое боледува од перде на очите. Еднаш беше оперирана но и по зафатот моето дете не гледа добро. Зошто оваа болест која е почеста кај возрасни луѓе ја имаат и деца на возраст од мојата ќерка?
д-р. Анче Киселинова очен лекар
32
Одговор: Катаракта конгенита или вродено перде . Тоа е вродено очно заболување во рана детска возраст. Причината за негово настанување не е позната. Може да биде последица на многу фактори .Се создава заматување на леќата од окото за време на нејзиниот ембрионален развој, а има и наследен карактер. Не наследните можат да бидат резултат на инфекции;бактерии, вируси, протозои (tohoplasmosa) tohini -хемиски средства, хормони; физички причини како радијација и ренген зраченје;елементарни -недоволно земање храна за време на бременост и хормонски -заради хипо или хипертиреоза. Спрема заматувањата на леќата нивната локализација вид и степен на заматување има повеќе видови;тотална,парцијална,зонул арна;централна;точкеста;звездеста;вретеновидна ;капсуларна и поларна. Клиничката слика зависи од локализацијата и степенот на заматување. Мали и периферни матни -добар вид;големи и централни матни -слаб вид. Најтешка форма е тотална катаракса на двете очи кога кај детето нема услови за развој на видот. Лечењето на вроденото перде е исклучиво оперативно под општа анестезија.
Прашање-одговор
СЕКОЈА ЖЕНА ШТО КРВАВИ МЕЃУ ДВА ЦИКЛУСА МОРА ДА ОДИ НА ЛЕКАР Прашање: После секој однос со моето момче имам вагинално крвавење. Вакво крвавење немаше порано, тоа се појави последните месеци. Имам прочитано дека може да биде последица на сексуално преносливи болести. Што е причината за ваквото крвавење?
д-р. Иво Захариевски гинеколог
Одговор: Најважно е да се знае дека вагиналното крвавење се јавува како последица на повеќе различити причини. Во повеќето случаи причината не е очигледна но инфекциите како кламидијата и воспалителната болест на малата карлицата треба да се исклучат. Друга можна причина на крвавење меѓу два циклуса може да биде хормоналниот дис баланс. Ако користите орални контрацептивни таблети, можно е да добиете неочекувано вагинално крвавење. Ако е така тогаш ќе ви биде предложено да користите дополнителен метод на контрацепција, но ако ваквото крвавење трае подолго од два до три циклуси, може да биде предложена и таблета со повисока доза на хормони. Раната на грлото на матката (или поточно позната како ектропион) може да предизвика крвавење помеѓу циклусите и се појавува кога едноредните клетки кои го покриваат каналот на грлото на матката исто така покриваат и дел од надворешната површина на грлото на матката. Оваа површина е нормално покриена со шест реда на клетки но бидејќи сега е покриена само со еден ред на клетки, таа е прозирна и на изглед е црвена (поради крвните садови под неа) и крвави на допир. Ова преставува нормална појава во текот на бременоста, при доењето како и ако се користат контрацептивни таблети. Во сите други случаи не треба да постои ектропион или рана на грлото на матката. Понекогаш крвавењето после однос може да биде последица на полип. Тој преставува нежен месест израсток од слузокожата на грлото на матката и често пати виси на мало стебло. Можноста за спонтан абортус или за вонматерична бременост исто така треба да се испита. Секоја жена која ќе забележи било какво крвавење помеѓу циклусите или после однос треба да побара медицински совет - дури и ако се работи за сосема мало крвавење.
МИСЛЕЊЕТО ДЕКА “СЕКОЕ ДЕТЕ ЈА ЧИНИ МАЈКАТА ЕДЕН ЗАБ“ Е ПОГРЕШНО
Прашање: Се викам Тања и сум во шестата недела од бременоста. Од мои колешки и пријателки кои веќе имаат деца сум слушнала дека во тој девет месечен период забите почесто им се расипувале? Дали е тоа точно и дали за забите треба да се грижам и да посетувам стоматолог почесто од вообичаено?
д-р. Вера Наумовска спец. по детска и превентивна стоматологија
Одговор: Спроведувањето на профилаксата на кариес бара целосно планирање, добра организација и финансиски средства. Затоа во сите земји каде се спроведува превентивата на кариесот се разработуваат превентивни програми во зависност од кадрите кои се на располагање а и економските можности. Уште од 1981 година е спроведена превентива на кариес под име “комплексна превентива“. Програмата на комплексната превентива со своите мерки го прати детето од зачетокот па понатаму низ целиот развоен пат. Програмата на комплексната превентива се состои од пет програми поврзани со одреден развоен период од животот на детето. Прва е Пренатална профилакса. Тоа е профилакса на заби во интраутерниот развој на детето и се користи кај бремените жени. Бременоста е посебно важен период за спроведување на стоматолошка здравствена едукација. Идната мајка е жена за знаење и запознавање со се што е во врска со нејзиното дете, зошто тоа е најголема мотивација за соработка. Профилаксата во овој период се состои од придржување кон хигиенско –диететски режим на живот. Тоа значи прошетки на чист и свеж воздух, да се избегнуваат зачадени простории. Мајката не смее да пуши цигари или пие алкохол. Исхраната треба да биде природна, разнообразна, богата со белковини, витамини,минерални соли. Секојдневно консумирање,овошје,зеленчук, млеко и млечни производи, умерени количини јаглени хидрати и масти. Изреката бремената жена “да јаде за двајца“ е погрешна. Треба да јаде во квалитет а не во квантитет. Оралното здравје треба редовно да се контролира кај стоматолог. За време на бременост стоматолошките интервенции не се забранети, туку се пожелни. Благовремена санкција на кариесот и гингивитис (воспалени непца) ќе и овозможи на бремената жена , бременост без компликации. Мислењето дека “секое дете ја чини мајката еден заб“ е погрешно. Во период на бременост поради хормоналните промени многу често се јавува гингивитисот ( воспаление на непца), кој е пратен со крвавење на непцата при четкање на забите. Гингивитисот може да го санира стоматологот, но неопходна е и секојдневна нега, Најмалку два пати на ден со соодветно избрана четка за заби ( најдобро од синтетички влакна) со користење на правилна техника на четкање на заби и квалитетна паста . Четката потребно е да се движи горе-долу со мали кругови при што се зафаќа и непцето, кое со тоа се масира и подобрува циркулацијата. Времето на миење на забите треба да биде 2-3 минути. На крај се четка и јазикот околу 10 секунди. Задолжителна е употреба на конец за заби еднаш на ден. Формирањето на зародишот на забите започнува во шестата недела на бременоста а нивна минерализација (окоскување) во четвртиот месец. За забите на детето да бидат поцврсти, бремената жена од четвртиот месец натаму треба да прима таблети, Флуонатрил од еден милиграм по една на ден. Мајката ги пие таблетите и откако ќе се породи се додека го дои детето. Значи ако бремената жена ја прифати својата одлучувачка улога во развојот на детето тоа ќе претставува прво скалило на успех во целокупната работа на превентивата
33
Здрав живот
Зелениот чај го забрзува метаболизмот
Е
кстрактот од зелен чај го забрзува метаболизмот и помага во процесот на слабеење. Постојат два начини на слабеење.- со намалување на калориите што ги внесуваме во телото, и со забрзана потрошувачка на внесената енергија. Кај некои луѓе поради хипотироидизам (недоволно производство на хормонот на тироидната жлезда), може да се намали согорувањето на енергија во телото. Поради ова многу пациенти се во потрага по безбедни опции што ќе помогнат во забрзување на метаболизмот. Во некои истражувања е откриено дека со екстрактот од зелен чај значително може да се зголеми потрошувачката и согорувањето на масти во организмот. Во прво време многу истражувачи мислеа дека ваквото влијание се должи на присуството на кофеинот во зелениот чај. Меѓутоа, со понатамошните истражувања се утврди дека зелениот чај има и други својства што дејствуваат позитивно врз организмот. Направен е експеримент со исто количество на кофеин како во зелениот чај и притоа резултатите не ја
Маски за лице Маска од пченкарно брашно
П
одгответе смеса од една белка од јајце и пченкарно брашно и нанесете ја на лицето. Оставете ја маската да се исуши убаво (околу 30 минути0, а потоа намокрете ги рацете со топла вода и измасирајте го лицето. Отстранете ја маската со топла вода. Ако редовно ја правите оваа маска вашата кожа ќе има мазна структура.
Маска од лушпи од портокал
Л
ушпите од портокал може да се искористат за подготовка на домашен лек за митесерите. Се што ви е потребно за подготовка на оваа маска се суви лушпи од портокал или во прав,можете да ги купите во супермаркетите или пак дома да ги исушите лушпите од портокал. Во еден сад измешајте 2 големи лажици од овој прав и додајте јогурт за да добиете густа смеса. Нанесете ја смесата на лицето и потоа со кружни движења измасирајте го нежно лицето и измијте го со ладна вода . Ова е одличен начин за отстранување на вишокот масти и нечистотии од затворените пори и за одржување на чиста и здрава кожа.
34
даваат енергетската потрошувачка, што значи дека само кофеинот не делува во согорувањето на калории. Ова сознание ги наведе научниците да поверуваат постои взаемно дејство на активните состојки во зелениот чај кои придонесуваат за забрзување на метаболизмот и оксидација на мастите. Со овие истражувања се докажа дека зелениот чај значително влијае на тежината. Ако конзумирате зелен чај,потрошувачката на енергија (согорувањето на калории) ќе се зголеми за 4% во текот на 24 часа. Без конзумирање на зелен чај, самиот организам е способен да согори од 8 до 10 % енергија. Овој процес се должи на термогенезата(природната способност на телото да согорува калории). Значи, четири процентното согорување на калории што го добиваме со конзумирање на зелен чај е соодветно со 35 до 40 % согорување што го добиваме природно по пат на термогенеза.
Прашање-одговор
ВИС
ПОЈ
Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.
Како?
Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.
046 255 600 www.vispoj.com.mk
31
Спорт
Н
ајголемата традиционална спортска манифестација во државава Охридскиот Пливачки маратон годинава ќе се одржи на 18 јули. Прв на листа на пливачи е Бугаринот Петар Стојчев, кој во Охрид триумфира во 2001,2002,2003,2004,2006,2007 и во 2008 година, е прв фаворит и годинава. Лидерот во генералниот пласман со 44 бода ќе има силна конкуренција од Аргентинците Габриел Вилјагоиз, кој е втор со 38, и Дамјан Блаум, кој е трет со 36 бода. Еден од најуспешните македонски пливачи на долги патеки Томи Стефановски не бега од улогата на фаворит, со оглед на послабиот квалитет на досега пријавените 23 учесници, поради совпаѓањето на нашиот маратон со Светското првенство во Рим. Стефановски кој трката ќе ја искористи како подготовка за препливување на каналот Ла Манш, посакува во својата 11-та и послед-
36
23-ти Охридски пливачки маратон
на трка во Охрид да го повтори најголемиот успех од 2001 година кога го освои третото место. Покрај Стефановски, од домашните пливачи на патеката “Климе Савин“, од Свети Наум до пристаништето во Охрид, долга 30 километри, среќата ќе си ја пробаат Евгениј Поп Ацев, кој деновиве настапува на Универзијадата во Белград, потоа Илија Стојановски, Игор Димовски, Никола Кутановски и Марјан Мирчевски. Македонија ќе нема претставник во женска конкуренција. Кај дамите учеснички се издвојуваат севкупно трето пласираната Камила Фредијани од Италија и Маријанела Мендоза од Аргентина која е петта. Штефани Билер од Германија нема да го брани трофејот од лани. Во Охрид, во тек се последните подготовки за Охридскиот Пливачки маратон кој годинава се одржува по 23 –ти пат. Оваа манифестацијата по петте трки во 60-те години на минатиот век е обновена во 1992 година,
а од 1998 е дел на Гран-при серијата на Светската пливачка федерацијаФИНА. Генерален покровител на годинашниот маратон е претседателот на државава Ѓорге Иванов кој треба да го обезбеди наградниот фонд од 25. 000 долари, од кои по 3.000 за најдобрите во двете конкуренции и уште 3. 000 за севкупниот победник. Учесниците ќе бидат сместени во хотелот “Гранит“, а нивното пристигнување се очекува два дена пред трката. Стартот на трката на 18-ти јули ќе биде во 12 часот и треба да го означи охридскиот градоначалник Александар Петрески. Технички делегат на ФИНА ќе биде Бахтијар Очалдиран од Турција. Учесници: 15 мажи и 8 жени Неофицијални учесници во машка конкуренција: 1. Петар Стојчев (Бугарија), 2.Евгениј Поп Ацев (Македонија), 3. Илија Стојановски
(Македонија), 4. Томи Стефановски (Македонија), 5. Дамјан Блаум (Аргентина), 6. Цветан Јорданов (Бугарија), 7. Жан Хедел (Франција), 8.Родолфо Валенти (Италија), 9. Габриел Вилјагози (Аргентина), 10. Игор Димовски (Македонија), 11. Марјан Мирчевски (Македонија), 12. Никола Кутановски (Македонија), 13. Матија Алберико (Италија), 14.Џани Фонтанези (Италија), 15. Едоардо Стокино (Италија) Неофицијални учесници во женска конкуренција 1. Ивана Шитиќ (Хрватска), 2. Грит Сигсгорд (Данска), 3. Маријенела Мендоза (Аргентина), 4. Тијана Каличанин (Србија), 5.Лаура Волпи (Италија), 6.Камила Фредијани (Италија), 7. Ноелија Пети (Аргентина) и 8. Паула Хелио (Аргентина).
41-ва Меѓународна Илинденска едриличарска регата
Спорт
Годинава за големите едрилици- минитонци регатата ќе продолжи до 5-ти август
О
д 31-ви јули до 2 август, Охрид по 41-ви пат ќе биде домаќин на Меѓународната Илинденска Едриличарска Регата. На манифестацијата ќе учествуваат едриличари од Србија, Бугарија,Турција, Грција,Украина, Чешка,Полска, Романија,Хрватска, Словенија,Италија, Швајцарија, Франција и Шведска. Од Македонија ќе настапат едриличарите од Охридските Едриличарски Клубови, “АМАК СП БОФОР“и “Стрмец“, струшките едриличари од ЕК “Снегар“ и ЕК “СИЛМА“,и скопјаните од ЕК “Пампур“и ЕК “Пеликан“. На 31 ви- јули, во 11 часот ќе биде
означен стартот на првата едриличарска трка. Ноќта со пригодна свечена манифестација во Охридскиот Едриличарски Центар ќе биде обележан почетокот на годинешната Меѓународната Илинденска Едриличарска Регата. “На 1-ви и 2-ри август, трките започнуваат во 10 часот. Ќе се едри во класите: оптимист (најбројната), 470 или двосед, ласер (стандард). Во попладневните часови ќе запловат големите едрилици –минитонци. На 2-ри август во 16 часот регатата ќе биде затворена со доделување награди и признанија за учесниците а Клубот кој ќе биде прогласен за севкупен победник, односно со најмногу освоени бодови и медали
ќе ја добие наградата “Златна маска на град Охрид“.За прв пат годинава за минитонците регатата ќе продолжи и на 3-ти, 4-ти и 5-ти август“, изјави претседателот на собранието на ЕК АМАК СП БОФОР и генерален секретар на Едриличарската Федерација на Македонија, Стефан Ставрев. Во текот на натпреварувачките денови ќе се едри на регатното поле кај градското пристаниште и на потегот кон “Горица“ и кон Св. Јован Канео. Натпреварувачката езерска, водена зона ќе биде заштитена и обезбедувана од претставници на Езерската полиција и Капетанија, од Центарот за Обука на вода и од Црвениот Крст. Целта е во тие нат-
преварувачки денови во полето за едрење да не влезе ниту еден пловен објект. Меѓународната Илинденска Едриличарска Регата се одржува во организација на ЕК АМАК -СП БОФОР со помош на ЕК Стрмец и двата од Охрид. Покровители на манифестацијата се Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Едриличарската Федерација на Македонија. Организаторите се надеваат дека годинешната регата финансиски ќе биде помогната и од Локалната Самоуправа која ова случување го стави во календарот на своите манифестации по повод големиот христијански празник Илинден.
37
Спорт
Прволигашите се одвојуваат од КФМ ри од плејофот. Во битката за титулата ќе влезат најдобрите четири екипи кои претходно ќе го минат филтерот наречен Супер лига. И Првата и Втората лига ќе бројат по 10 клуба. Согласно усвоените предлози ќе биде изготвен новиот календар на натпревари. Преодниот рок на барање на Работнички ќе се пролонгира, ќе трае до 31 Август. Наредната година ќе важи правилото 4+1. Во екипата ќе може да има шест странци, но само четворица од нив истовремено ќе може да бидат на паркетот, додека еден домашен играч ќе мора постојано да биде на паркетот. Ова се предлозите на Здружението што треба да ги аминува УО на КФМ.
Шапкар : АМАК СП ќе биде дел од новото првенство
Н
а вонредна седница на Здружението на кошаркарските прволигаши што се одржа во компанијата АМАК СП, клубовите одлучија да функционираат независно од КФМ. Здружението на прволигаши ќе биде пререгистрирано во правно лице, со своја жиро сметка финансиски независно од федерацијата. - Проблемите сами ќе ги решаваме. Не бараме да се одделиме од федерацијата. И поната-
38
му ќе останеме дел од неа, но ќе имаме поголема контрола - вели првиот човек на здружението Ване Соколовски. Усвоен беше предлог за регистрирање правен субјект и одбрана беше работна група која треба да подготви материјали за формирање на новиот модел на здружението. Челните луѓе на федерацијата не беа во Охрид, но како што напомена првиот човек на здружението дале „амин“ на идејата. Новина во новиот шампионат ќе биде укинувањето на четврт финалните натпрева-
Одржаната седница на здружението на прволигашите во Охрид само уште еднаш ја потврди намерата на компанијата „АМАК СП“ со својот клуб КК „Амак СП“ да остане дел од елитното друштво. Првиот човек на клубот Венко Шапкар уште еднаш ги демантираше најавите за откажувањето : - Писмото кое Амак СП го испрати до федерацијата беше погрешно толкувано. Сите знаеме за тешката ситуацијата ,меѓутоа „Амак СП“ и во наредната година ќе има екипа која ќе се натпреварува во најелитното друштво, изјави Шапкар
Прашање-одговор
definitivno don.com.mk www.