AMAK
EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION
BESPLATEN PRIMEROK
PRES
OHRIDSKI NOVINI
www.amakpres.com.mk
marketing
070 / 462-362
Godina VI - Broj 110 11 Maj 2009
ЕДЕН ПРОТИВ СИТЕ
АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ ВО ИЗБОРНАТА ТРКА ПРАКТИЧНО БЕШЕ ЛОГИСТИЧКИ ПОДДРЖАН ОД НЕКОЛКУ ЛУЃЕ ОКОЛУ НЕГО И НЕГОВИОТ ВОЗАЧ, А ПОДДРШКАТА НА СДСМ ВО ПРАКТИКА БЕШЕ СВЕДЕНА НА МИНИМУМ. ТАКА, ТОЈ НА ИЗБОРИТЕ ПОБЕДИ БОРЕЈЌИ СЕ СО МИНИСТРИТЕ, ПРЕМИЕРОТ, ПОЛИЦИЈАТА И НЕГОВИОТ ПРОТИВ КАНДИДАТ, ДОДЕКА СДСМ ОСТАНА НА ДНОТО КАДЕ ШТО И БЕШЕ, А МОЌНОТО ВМРО ДПМНЕ ПОВТОРНО ПАДНА ВО ОХРИД.
АЛЧЕ СО ПРОЕКТ
48 ЧАСА
АПЛАУЗОТ НА ОТВОРЕНА СЦЕНА Е НАЈГОЛЕМА МАЃИЈА
definitivno najevtino www.don.com.mk
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Новинари: Сузана Вренцовска, Анѓела Белевска, Васе Врангалоска, Александра Ристеска Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
2
AMAK
PRES
КАКО АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ УСПЕА ДА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ
ЕДЕН - ПРОТИВ СИТЕ АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ ВО ИЗБОРНАТА ТРКА ПРАКТИЧНО БЕШЕ ЛОГИСТИЧКИ ПОДДРЖАН ОД НЕКОЛКУ ЛУЃЕ ОКОЛУ НЕГО И НЕГОВИОТ ВОЗАЧ, А ПОДДРШКАТА НА СДСМ ВО ПРАКТИКА БЕШЕ СВЕДЕНА НА МИНИМУМ. ТАКА, ТОЈ НА ИЗБОРИТЕ ПОБЕДИ БОРЕЈЌИ СЕ СО МИНИСТРИТЕ, ПРЕМИЕРОТ, ПОЛИЦИЈАТА И НЕГОВИОТ ПРОТИВ КАНДИДАТ, ДОДЕКА СДСМ ОСТАНА НА ДНОТО КАДЕ ШТО И БЕШЕ, А МОЌНОТО ВМРО ДПМНЕ ПОВТОРНО ПАДНА ВО ОХРИД.
П
обедата која на изборите ја извојува старо новиот градоначалник на Охрид, Александар Петрески се граничи со чудо. Оваа констатација стана општо прифатена по изборите и се темели на сето она што се случуваше околу него од почетокот, па се до крајот на кампањата, а и пред тоа. Претходно во СДСМ немаа расчистено дали ќе одат со Александар Петрески или ќе настапат со некој друг човек. Како најспоменуван во кулоарите на партијата во тоа време беше Томислав Чингоски. Работите отидоа до таму што Петрески во изјава за Амак Прес Охридски Новини јавно кажа дека е подготвен да се кандидира и како независен кандидат, доколку матичната СДСМ не го поддржи. Не беа малку ни оние охридски вмровци кои правилно успеале да го проце-
нат рејтингот на Петрески и да пресметаат дека доколку ВМРО ДПМНЕ го поддржи него како независен кандидат многу лесно ќе дојде до победа, веројатно уште во првиот круг. Идеја што секако не се оствари заради внатрепартискиот мир во ВМРО ДПМНЕ каде повеќето од пратениците правеа напори да станат кандидати за градоначалник на Охрид.Но, некои од нив заради нискиот едноцифрен рејтинг беа исклучени како опција, а останатите беа жртви на внатрепартиски кулоарски ‘’рекла казала ‘’ борби и превирања.
СДСМ ЛЕТНА НА КРИЛАТА ОД ПЕТРЕСКИ Доколку се анализираат резултатите од изборите без многу филозофија може
да се дојде до заклучок дека Александар Петрески, како човек има повеќе од двојно поголем рејтинг од неговата партија СДСМ. Листата на СДСМ предводена од Бранислав Трпчески на изборите освои 6 873 гласови, додека Петрески во првиот круг освои 13 783 , а во вториот круг освои 17 015 гласови. Ако се погледнат гласовите од вториот круг, тој освоил 10 142 гласови повеќе од советничката листа на СДСМ, а освоил и 3 725 гласови повеќе од кандидатот за претседател на СДСМ Љубомир Фрчкоски. Ова наведува на заклучок дека Александар Петрески сам има повеќе од двојно поголем рејтинг од целата партиска организација на СДСМ во Охрид, па од тука и заклучокот дека практично СДСМ имаше корист од него, а не тој од СДСМ.
www.amac.com.mk/novini
3
ПОЛИТИКА
МИТРЕ, ТУНТЕ,ВОЗАЧОТ, ЛИДИЈА, СРЕЌКО И УШТЕ НЕКОЛКУ СОРАБОНИЦИ ЈА ВОДЕА КАМПАЊАТА.
Низ целата кампања Петрески практично се бореше сам. Тој во практика имаше поддршка само од мал дел луѓе од партијата во Охрид. Митре Велјаноски - експерт по македонски јазик и Томислав Тунтев, доктор на науки од областа на сообраќајот. Тие беа главените стратези на неговата кампања, а логистички го поддржаа неколку луѓе кои постојано беа во придружба на Петрески. Раководството на партијата од Охрид на чело со Томислав Чингоски на прес конференција се појави еднаш, додека некоја поголема раздвиженост на партиската машинерија овој пат не беше забележана, па партијата СДСМ во Охрид како и да ја немаше во споредба со активностите кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ. Тие во Охрид ја донесоа целата Влада, министрите, а на големо се зборуваше и за активности на луѓе од полицијата. Петрески беше препуштен со скромната екипа сам да се носи со целата таа машинерија која се обидуваше да го сомеле, без притоа да добие реална и конкретна под-
4
AMAK
PRES
дршка во практика од својата СДСМ. Па, од тука и во изборите се создаде кованицата ‘' Еден против сите‘' пандан на слоганот на Ѓорге Иванов ‘'Еден за сите ‘' .
ФИНАНСИСКИ МИНОРНА КАМПАЊА ПОМОГНАТА ОД СПОНЗОРИ КОИ НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ
Освен без масовност во членството и логистика Петрески на изборите беше минорен во однос на ВМРО ДПМНЕ и во трошењето пари. Тој не изработи професионална кампања, неговите билборди не ги дизајнираше специјална продукциска куќа .Туку тоа го направиле деца- аматери кои сеуште се во средно образование. Телевизиските спотови кои ги имаше беа далеку поаматерски од оние на Кирил Трендафилов- Нначе, и застапеноста во медиумите со реклами беше далеку помала, како логичен резултат на средствата кои тој ги издвоил за кампања. Медиумите практично немаа никакви договори за објавување реклами со СДСМ туку тоа се направи преку спонзорите кои ја поддржаа кампањата на Петрески, далеку од касите на СДСМ или фирмите на луѓето кои се во СДСМ и
сакаат да градат имиџ на партиски финансиери. Тие ни денар не инвестираа во кампањата.
СДСМ ИЗГУБИ ВО ДОСЕГАШНОТО УПОРИШТЕ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ
Дека победата на Александар Петрески му ја донесоа граѓаните, а не СДСМ најдобар показател е поразот во сите гласачки места во населбата Билјанини Извори каде оваа партија со години победувала и се сметаше за упориште на СДСМ во Охрид . Почнувајќи од старо музичко каде победи едвај со 10 гласови, па се до Националниот парк Галичица каде што изгуби. Тој загуби и во гласачкото место кај КЈУБИ во Центар и во општина, каде што традиционално победувала СДСМ .Петрески победи на гласачките места Железничка и Стар Град, а со гласовите од Велгошти значајно ја намали разликата во однос на Трендафилов . Сето ова е доволен показател дека победата која тој ја извојува е со помош од гласовите на граѓаните, а не од партиските гласови и машинеријата на СДСМ која одамна е смалена и повеќе не живее ни на старата слава. Љупчо Таневски
ВРИЕ И ВО СДСМ И ВО ВМРО ДПМНЕ
К
ако последица на неостварените амбиции и лошите кадровски решенија за листите, како и внатре партиските ривалства и конфликти врие и во СДСМ и во ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Во СДСМ конечно по децениски молк - гласот во јавноста го кренаа долгогодишни членови и за првпат слободно почна да зборуваат и да размислуваат. Најпрво Зоран Стевоски ( кој имаше физичка пресметка со Томе Чингоски ) како долгогодишен член и активист на СДСМ јавно го прозва претседателот на СДСМ Охрид , Томе Чингоски кого во интервју за ohridmagazin.mk отворено го обвини за местење избори,
фалсификување на членската книшка, уцени, местенки, физички закани, па дур го прозва и за сексуални уцени.Обвинувањата отидоа дотаму , дека Томе Чинго го „местел“ градоначалникот Александар Петрески праќајќи му луѓе со обележани пари со цел да го компромитира и отстрани од местото на кое е избран. Веднаш по писмото на Стевоски во јавноста се појави и писмото на Драгица Сиљаноска во кое таа обвинува за местенки на изборот на координаторот на жените на СДСМ. Во ВМРО ДПМНЕ пак согласно традиционалната одлика на членовите да не молчат,се погласно се зборува за смена на локалното ра-
ководство и тоа по куса постапка. Разочарани од резултатите на изборите членовите бараат одговорност од Борче Стефаноски, како и од целиот Општински Комитет. Во ВМРО ДПМНЕ се
бесни и на пратениците од Охрид, а јавно се оградуваат и од листата за советници за која велат дека е составе-
на по роднинска линија и непотистички пристап. Стојан Велјаноски Фирфи исто така во интервју за ohrdmagazin.mk јавно го прозва цело раководство на локалното ВМРО ДПМНЕ притоа не бирајќи погрдни зборови пред се за пратеникот Цветко Грозданов. Тој користејќи зборови како ‘’ лигуши, кодоши, какуши и криминалци ‘’ јавно побара да оди на суд за овие квалификации за низ судска постапка да ги докаже како точни.
www.amakpres.com.mk
Љ.Т.
5
ПОЛИТИКА
ВМРО ДПМНЕ ПОРАЗЕНО ОД СВОИТЕ
НОСИТЕЛОТ НА ЛИСТАТА БОРЧЕ СТЕФАНОСКИ ИЗБОРИТЕ ГИ ЗАГУБИ ВО СВОЈАТА НАСЕЛБА РАЧА. ПОРАЗ ВМРО ДПМНЕ ДОЖИВЕА И ВО ВЛАШКА МААЛА, КАДЕ ШТО ЖИВЕЕ ПРАТЕНИКОТ ЦВЕТКО ГРОЗДАНОВ.
В
МРО ДПМНЕ уште еднаш претрпе пораз во Охрид, кој дојде како нормална последица од повеќемесечното внатре партиско кодошење, местење и аферашење меѓу пратениците од Охрид кои беа најспоменувани, како кандидати за градоначалници. Во меѓусебното компромитирање не се избирале средства и методи притоа потенцирајќи го нискиот едноцифрен рејтинг на некој од пратениците, а некои од нив заслепени од своите амбиции во Скопје пред високите партиски тела се осврнувале и на приватниот живот на другите потенцијални кандидати, нивните приватни навики, интимата и семејствата .При тоа биле пласирани невистини и измислици. Вжештени од амбициите на еден од потенцијалните кандидати од притисоци не беа поштедени ни медиумите кои на моменти пред да се направи изборот за кан-
6
AMAK
PRES
дидат во ВМРО ДПМНЕ беа соочени со притисоци да не пишуваат афирмативни текстови за некои од потенцијалните кандидати во ВОМРО ДПМНЕ. Таков беше и случајот кога во нашиот весник беше објавен текстот за можноста Ани-
што дури и прекинаа да комуницираат приватно. Иако седат во парламентот еден покрај друг тие и не разговараа, еден со друг. Ова беше за потсмев . Тоа не наведе да се одлучиме да одиме со друг кандидат – вели за Амак Прес Охридски Нови-
та Кипаризоска Крстеска да биде кандидат за градоначалник. Тогаш до нашиот медиум беа упатени пораки да не пишува повеќе ништо за ВМРО ДПМНЕ. Анита КипаризоскаКрстеска, Цветко Грозданов и Владо Стефаноски дотолку се судрија меѓусебно
ни висок партиски функционер од ВМРО ДПМНЕ.
ВИДНО ОТСУСТВО НА ГРОЗДАНОВ,
КИПАРИЗОСКА И СТЕФАНОСКИ Цветко Грозданов, Анита Кипаризоска и Владо Стефаноски не беа активно вклучени во кампањата. Од охридските пратеници најактивен беше Александар Николоски кој целата кампања ја помина во Охрид помагајќи му на Кирил Трендафилов Нанче. Тројката во јавноста се појави еднаш, кога се промовираше проектот за Универзитет за информатички технологии, а забележано остана и појавувањето на пратеникот Цветко Грозданов на локалната НТВ кога на средината од кампањата изјави дека не е вклучен во кампањата затоа што бил во Бугарија каде работел на проблемите со ОМО Илинден -Пирин што предизвика потсмев кај подобро упатените. Љ.Т.
ЛОКАЛ АЛЧЕ ВО КОМУНАЛЕЦ ВОВЕДУВА СЕРИЈА НОВИНИ
ПРОЕКТОТ 48 Е ЗАМИСЛЕН НА СЕКОЈА ПОПЛАКА ИЛИ ПРИЈАВА ОД ГРАЃАНИН Ј П КОМУНАЛЕЦ ДА ОДГОВОРИ ВО РОК ОД 48 ЧАСА
С
ашо Алче, новиот в.д. директор на Комуналец воведува серија новости во работењето на претпријатието. Тој од пред 2 дена е назначен за директор и започнал да прави доекипирање на службата за јавна хигиена, а го воведе и започна со активности на новиот проект наречен 48 часа. - Тоа е моја идеја која ја имав од поодамна. Се работи за рок од 48 часа во кој службите на Комуналец мора да реагираат ако има пријава или барање од граѓанин на некој проблем. Значи доколку некој граѓанин пријави
два депонија, смет, превртени контејнери или слично, ЈП Комуналец мора да реагира и најкасно за 48 часа да го реши проблемот. Во овој проект нема да сме само и во него ќе се вклучат и инспекциските служби – вели Алче. Тој вели дека наскоро ќе се организира и донаторска конференција во огранизација на Комуналец и УСАИД која ќе треба да собере средства за реализација и имплементација на проектите за управување со отпад. - На конференцијата планираме да ги повикаме амбасадорите од земјава и да се обидеме да издејствуваме
да донираат средства за овој проект, се надеваме дека ќе се присутни Ерван Фуере и Филип Риекр како најзначајни амбасадори кај нас – изјави Алче. Тој вели дека јавното претпријатие нема да претрпи поголеми кадровски промени и дека деновиве одржувал средби со вработените на кои ги сослушал нивните идеи размислувања. - Во следниот период ќе доставам извештај за работните единици Градски Пазар и Градски Гробишта бидејќи согласно новите закони овие работни единици треба да прераснат како нови прав-
ни субјекти кои ќе се засебни и издвоени од Комуналец. Овој извештај ќе оди на разгледување во Советот и кај Градоначалникот,а потоа како ќе се развива понатаму и како ќе се формираат тие нови правни субјекти ќе покаже времето – вели Алче. Новиот в.д. директор деновиве со саксии со цвеќе ќе ги украси и канделабрите низ градот за кои се порачани посебни саксии и специјални држачи на со кои цвеќиња од видот Петунија ќе се закачат на канделабрите низ Охрид.
www.amakpres.com.mk
7
ЛОКАЛ ДИВИТЕ ПРОДАВАЧИ НА ХРАНА И СУВЕНИРИ СТАНАА ПРОБЛЕМ НА ДЕЦЕНИЈАТА
НЕ ГИ ПЛАШАТ ПРЕКРШОЧНИ ПРИЈАВИ НА РЕД Е ЗАПЛЕНУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА РОБАТА
К
ако печурки после дожд, во истиот период како лани на истите локации во централното градско подрачје и по езерскиот кеј се појавија дивите продавачи на сувенири и брза храна. Село, весело или празничен панаѓур со кој се развива селски туризам со овие зборови накратко може да се опише централното подрачје на Охрид во лето. Избор без вкус и мирис со многу зачини кои за жал се до-
8
AMAK
PRES
бри за апетитот на малограѓаните но не и за културниот свет. Се продаваат амерички крофни, пица на парче, се прават скари, се нудат очила, накит и други сувенири на секој чекор, иако согласно одлуките на секторот за урбанизам, Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна, дозвола за работа имаат само продавачите на сладолед, пуканки, пченки и книги. “Постојано сме на терен, ги прогонува-
ме дивите продавачи кои за просторот на кој ги поставиле своите тезги немаат документи и дозвола од секторот за урбанизам, тие немаат подвижни фискални каси и не плаќаат одредена сума предвидена со законот за комунални такси, работат на диво и затоа им пишуваме прекршочни пријави. Бидејќи веќе ни пријавите не ги плашат а на таков начин ние само привремено го решаваме проблемот, настојуваме во соработка со пазарниот инспекторат во најскоро време да донесеме законска одлука со која ќе ја запленуваме робата и истата ќе ја поништуваме, а од Агенцијата за храна се на ставот дека храната ќе се уништува на лице место“, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танаскоски. Танаскоски вели дека проблемот со дивите продавачи на сувенири, и храна е проблем на деценијата. “Подвижните “трговци е тешко да ги отстраниш затоа што по инспекциската контрола тие се враќаат на истото место или бараат нова локација низ чаршијата и кејот. Продавачите со своите каравани, во Охрид доаѓаат пред почетокот на летната туристичка сезона, а во тој периодот од 3-4 месеци најдобро им оди бизнисот од кој егзистираат. Ангела Белевска
INTERVJU АНЕТА ЈОВАНОСКА - АНИМАТОР И АКТЕР
АПЛАУЗОТ НА ОТВОРЕНА СЦЕНА Е НАЈГОЛЕМА МАЃИЈА ОХРИДСКИ НОВИНИ : Вечно прашање за актерите. Од каде толкава концентрација на сцената, како го паметите текстот? Како што на еден обичен слаткар му е потребно знаење и вежби да направи вкусна и истовремено убава на изглед торта, така и нам на актерите ( аниматорите ) потребно ние време да го научиме текстот наизуст, да созрее во нас.Актерот треба да го најде патот до ликот кој го толкува и да го извлече максимумот од себе.Таа зависност, јас би рекла ја прави адреналинот кој ја создава возбудата.Кога ќе се излезе на сцена – нема назад. Претствата тече. Сепак она чувство додека публиката влегува и сите мигови на исчекување, се тие кои не тераат да успееме. Сепак, дефиниивно, аплаузот е тој што ако еднаш го добиете на отворена сцена – станува ваш сон за секогаш. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Дали идејата да режираш значи дека си созреала и како актер?
А
нета Јованоска.Жена од нашето секојдневие.Сопруга и мајка.Од средношколските денови задоена со театарот и неговата магија. Преку Радио Охрид, Охридскиот аматерски театар, бројни проекти во образованието, до аниматор во културата.Три години активен волонтер во Црвениот крст во Охрид.Децата и се најдобри другари.Зад кловнот Веселко се крие таа.Кога ќе „паднат маските “ ретки се децата кои ја препознаваат. Таа беше дел и од фестивалот „Распеано рибарче“ а зад неа се и други бројни успешно завршени проекти.Секогаш ведра и насмеана, дружелубива. Таа не знае да запре. Поводот Анета да ја има честа, да го има првото интервју е едноставен, Анета Јованоска,како што вели самата собра храброст да режира и тоа монодрама. Премиерата беше на 29 април во Центарот за култура „Григор Прличев“ Монодрамата е инспирирана од романот “Небес-
10
AMAK
PRES
ка Темјановна“ од Петре М.Андреески а во изведба на матурантката Христина Цветаноска.Проектот е поддржан од Црвениот крст – Охрид. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Кога ќе ги прашаш сите кои се успешни во некоја професија , па и во актерството велат „започнав како дете“.Не се сомневам Анета и твоето дружење со театарот дека датира од тогаш. Прва година средно.Тогаш почнав. Имав само 15 години.Тоа беше во ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ И денеска добро се сеќавам играв во едночинка, една тетка која врши пртисок кај професорите да му ги поправи сите шест единци на внукот.И тогаш, како да се маѓепсав од театарот.Тие штици за кои актерите тврдат дека им значат живот се до денеска ме привлекуваат многу.
Се работи за монодрамата „Морничавата исповед на една Егејка “ работена по мотиви од текстот на романот „Небеска Темјановна “ од Петре М Андреески . Долго време сакав да се обидам и како режисер.Имаше многу причини кои ме одвлекуваа од таа помисла. Најважната се чини е дека немав храброст . И си го признавам тоа.Ова навистина е голем залак. Да ја подготвиш претставата и да го потпишеш твоето име.Во секој случај го прифатив предизвикот од причина што Христина – актерката која ќе ја глуми Небеска веќе го имаше обработено текстот и тој само чекаше да биде изведен на сцена.Улогата на режисер да речам ми беше скратена.И за среќа на премиерата се беше добро. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Ти беше таа што се понуди или Христина те повика? -
Морам да кажам дека тоа го
стори мојот драг пријател Славе Ѓорѓо Димоски.Тој не одбра и мене и Хрстина да ја финализираме монодрамата, чиј текст е многу силен. Навистина се одбрани најморничавите, потресни парчиња од романот за Небеска во која Македонија е неизбежен мотив. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Ги броиш ли премиерите, улогите одиграни на сцена во Охридскиот аматерски театар? Признавам, се срмам. Не знам искрено колку улоги сум одиграла. Бројката не е премногу голема, ама ги има ... Сум се нашла во „Сомнително лице “ на Нушиќ и во ред други кои секоја година ги работевме со за жал покојниот Павел Најденоски.Секоја година имавме премиера. Четири пати сум била на ДАФ фестивалот во Кочани.Често се случуваше да влетам во некој лик за да заменам некоја колешка.
Во 2001 година имав игротека за деца и самиот амбиент имаше потреба од аниматор на децата кога се работеше за родендени и забави. Така имав и имам пријатели од Драмски од Скопје кои ми направија прекрасен костим за кловн и перика. Од тој ден Веселко е дел од мојот живот.Знам со кого го прославив првиот роденден.Тој сега е еден голем батко и има девојка, го поздравувам.Сега со тие деца од првите родендени се среќавам по дискотеките. Некои ме знаат,а некои не. ОХРИДСКИ МАГАЗИН : Феноменот Веселко.Сведок сум тој не ги прекупира само децата.Техника или тоа „ извира од тебе “како со децата? Било која техника, која не е поддржана од срцето и од душта не е
успешна.Децата се најискрената публика .Тие не трпат лаги.Кај нив неможеш ништо да протнеш на мала врата.Се надевам не сум изневерила ниту едно дете. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Толку години насекаде, а без решение за работен однос? Последниве години си волонтер во Црвениот крст . - Три години сум блиска до Црвен крст. Од јануари, годинава сум со договор за работа во оваа хуманитарна организација.Координатор сум на младите, ама со задвоолство работам и ред други активности Јас го правам спојот во културата и хуманоста. Тоа ме прави посебно среќна. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Професијата аниматор сеуште не е доволно разбрана кај нас во Македонија.
ОХРИДСКИ НОВИНИ : Колку долго си на сцена? Треба да кажам колку сум стара?! – Ха , ха ,ха .Па од своите 35, од 15 години сум на сцена. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Сопруга , мајка. Таму е балансот? Кога ќе ме прашаат јас одговарам :„Среќно омажена“.Во прекрасен брак со Александар и му благодарам на Бога со две, здрави деца Јован и Јаков.Православни имиња кои ги избравме со сопругот. Јован е седмо а Јаков трето одделение.И двајцата одат на дополнителни активности како актерски игри, ама не ги форсирам. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Интресна ми е приказната, како твојот Александар го засака театарот. Имам преголема поддршка од сопругот.Особено, откако ја почуствува таа магија на едно летување во Турција, далечната 1994 година. Во хотелот во Анталија имаше некои театарски игри и ние влеговме во нив.Тој го играше Тарзан, а јас Џејн. ОХРИДСКИ НОВИНИ .Кловновите постојат од памтивек.Твојот Веселко е меѓу првите,ако не и прв во Охрид.
www.amakpres.com.mk
15
INTERVJU ОХРИДСКИ НОВИНИ : Портретов го правиме во култниот „Аквариус“.Бев сведок дека успеа да го натераш селектрот на ДААФ актерот Нино Леви кој е во Охрид да ја види и монодрамата за Небеска.
- Самиот збор значи да поттикнеш некого на одредена активност, да го привлечеш неговото внимание.Сум била на сцена и во театар.Сум била на плоштад за новогодишните претстави. Успешно ги анимирав и сите нив.Неколку пати бев на рибарчето, како водител.Децата ме прават многу среќна. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Кога ќе се собере и одземе. Што е следното?Каде ќе ја насочиш твојата огромна енергија? -Кловнот Веселко дефинитвно останува во игра.Тој е моја професија, опсесија и моја најголема љубов.Преку него најмногу се полнам со енергија
со дечињата.Да се биде на нивниот најсреќен ден е нешто големо.Можеби ќе звучи грубо, ама свесна сум ќе живеам преку нивните фотографии и по моето физичко заминување од овој свет.Тие фотографии се дел од нечија животна приказна која останува во семјните албуми. За овие осум години има се и сешто. Секогаш сум се трудела да ја почуствувам енергијата на децата за да откријам со што ќе можам да ги израдувам најмногу.Првите родендени кловнот не е за детето, туку за родителите.Па многу баби, тетки , стрини доаѓаат и се сликаат со мене.(ха,ха, ха ) .Се трудам да имам неколку костими, шминки и сега најново сум принцеза со розови коси.
Благодарение на Буде мојот драг пријател стапив во контакт со Нино Леви, а телефонски и со директорот на Фестивалот кои се согласија Леви да ја гледа и монодрамата. Се се случи брзо, ама се надевам дека е можно да патуваме во Кочани.Моите амбиции се со монодрамата да одиме и на Битолскиот фестивал на монодрама Па, здравје боже. ОХРИДСКИ НОВИНИ : Размислуваш за целосно твоја монодрама? Па, јас секојдневно си правам монодрами во мојот живот. ( долго се смее Анета ) Затоа што знам многу често долго да зборувам .Моите монолози понекогаш можат да се напорни. Ама ако забележиш дека тоа што го зборуваш на тие кои се околу тебе им е интересно или уживаат, тогаш се е во ред..
Милчо Јованоски
ВИС
ПОЈ
Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.
Како?
Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.
046 255 600 www.vispoj.com.mk
ЛОКАЛ
ПРОПАЃААТ ШАХТИТЕ НА ПРОАКВА
К
анализацио н а та шахта на кружниот тек кај болницата пропадна во земја. Асфалтот околу неа испука и потона во целата должина на цевководот поставен неодамна. Заради не работните денови и празниците во Проаква не работеа и никој не интервенираше на лице место. Местото каде што пропаѓаше асфалтот беше само обележано и
поставен знак кој ги одврати возилата да не поминуваат .За да не пропаднат заед-
но со него во земја. Инаку, ова не е прв пат по улиците низ Охрид како по-
следица на неквалитетни изведби да се создаде опасност сообраќајните возила да пропаднат во земја. Пред повеќе години како последица на водата која истекувала од водоводна цевка камион пропадна во земја на к р с т о с н и ц ат а на Бул. Туристичка и улицата Абас Емин. Во јули 2006 година во населбата Радојца Новиќиќ под тркалата на шлепер попушти асфалтот и тој пропадна во земја .
РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАВИСНИЦИТЕ ОД ДРОГА ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН
„Д
рога - вистина и заблуди“ е проектот спроведуван од СВР Охрид и Црвениот крст во неколку општини во Охридскиот регион, чија цел е превентивно и едукативно да се влијае кај младата популација и намалување на бројот на зависниците. Во проектот се опфатени ученици од основните и средните училишта и нивните родители, од регионот на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Според портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски, бројот на зависниците од дрога во регионот станува загрижувачки, а нивната старосна граница
се' повеќе се намалува. Во Охрид се евидентирани 342 лица, во Струга 125, во Кичево 130, а во Дебар 21 зависник, но реалната бројка е неколкупати поголема. Токму поради ваквата состојба се реализира проектот „Дрога - вистина и заблуди“. Околу 23.000 ученици и над 8.000 родители, колку што се опфатени со проектот, имаа можност да видат како изгледаат разни видови опојни дроги. Во Охриудско- струшкиот регион е јавна тајна дека бројот на уживателите на дрога рапидно расте и многу e поголем од официјалната бројка. Во последниве неколку го-
дини во Западна Македонија еден од “најзагрозените“ градови кога станува збор за корисници на дрога е Дебар, иако беше познат како место за транзит на дрогата за и од Албанија. “ Сега, за жал, состојбата е поинаква. Најважниот фактор што влијае врз зголемување на бројот на зависниците е тоа што Дебар е на граница и е транзитен град. Друг фактор е тоа што младите многу се движат надвор од градот, особено тие што учат во Тетово, Охрид, Скопје, Тирана или Приштина, па доаѓаат во контакт со дрогата. Слично е и со дебра-
ни што одат на привремена работа во странство“, смета невропсихијатарот Шкелќим Сеља. Во Охрид според надлежните служби, зголемувањето на бројот на корисници на опојни дроги и други наркотични средства е резултат на повеќе фактори меѓу кои недоволното внимание од родителите во периодот кога нивните деца се адолесценти (како најризична група), средината и пријателите со кои детето го минува најголемиот дел од денот,социјални услови и безработицата.
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
13
KULTURA
СТРАНСКИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ ГО ПРИСВОЈУВААТ ОХРИД НЕЛЕГАЛНИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ ОД БУГАРИЈА, СРБИЈА,АЛБАНИЈА И ГРЦИЈА СЕ ПОЧЕСТО СРЕДЕ МАКЕДОНИЈА ГО НЕГИРААТ НЕЈЗИНИОТ ИДЕНТИТЕТ,ЈАЗИК И КУЛТУРА.ВО ОХРИД ДОМАШНИТЕ ВОДИЧИ БАРААТ ЗАШТИТА НА ПРОФЕСИЈАТА ОД НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА, ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА И ВОВЕДУВАЊЕ ТУРИСТИЧКА ПОЛИЦИЈА КОЈА БИ ТРЕБАЛО ДА СТАВИ РЕД ВО ХАОСОТ.
С
вети Климент бил Бугарин. Иста извртена приказна туристите ги очекува и за Цар Самоил и неговото царство. Најголем дел од охридските цркви се грчки, велат нивните водичи. И Албанците и Србите на свој начин „буричкаат» по македонското минато и територија присвојувајќи ги за свои.На овој начин , нелегалните туристички водичи непречено ги негираат минатото и културното богатство на Охрид и Македонија. Професор доктор Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство каде се образуваат туристичи водичи вели дека состојбата е загрижувачка и просто е за неверување: „Ова го нема никаде во светот.Да може некој во вашата земја да зборува за културно - историските споменици, за историското наследство, дури и за природните карактеристики .Едноставно вие немате контрола врз водичите.» Слично размислува и Сте-
14
AMAK
PRES
фан Каневче претседател на Здружението на туристички водичи од Охрид : „Водич не смее да води во туѓа земја, освен во автобус.Закон постои и во Македонија одамна , како и во секоја држава, ама тешко се спроведуват.Дивите водичи најмногу ги има во текот на празниците и викендите, а тогаш за жал инспекцијата не работи .» Здружението е формирано пред околу пет години во него членуваат 60 водичи. Но проблемот не е само кај странските водичи .И македонските во борбата за профит ги кршат не само правилата туку ги искривуваат и фактите,вели Каневче: „Некои македонски водичи им се додворуваат на стран-
ците и на нивните водичи. Ние се бориме и против нив. Се додворуваат за пак да бидат повикани да водат нова група. Тие се додворуваат и ги искривуваат фактите.Инспекторите ќе треба да делуваат и на тој план .Треба да ги слушаат, да ги снимат што зборуваат. За потоа да се казни и да им се одземе лиценцата.» Закон постои , ама тој не се применува доследно.Во Охрид има само еден инспектор по туризам. Тој може да пишува само мандатна казна од 100 и глоба од 700 евра,додава претседателот на здружението на туристички водичи Стефан Каневче: „Курбиново кога се оди или Свети Јован Бигорски,
пак одат со свои водичи. Сега за сега странците земаат наши водичи само за разглед на стариот дел на Охрид, додека и за Свети Наум и за Струга повеќе никој не зема». На единстевниот инспектор по туризам Ѓорѓи Сошански деновиве ќе му се придружат уште двајца. Тој од своето искуство за да се ублажи овој проблем предлага : „ Или да се формира туристичка полиција, која што ќе има право да приведува како во другите земји на Запад, или проблемот да се реши уште на граница при влегувањето на тој туристички водич или придружник.» Ем што ни ја крадат историјата, па дури и сегашноста велат водичите . Сега нашите странски колеги со нестручност ни го собираат и профитот.Ние и натаму ги гледаме немоќни.Чекаме државата да изнајде механизам да и се стави крај на ваквата состојба. Милчо Јованоски
KULTURA
АНСАМБЛОТ „МАКЕДОНКА“ ПОДГОТВУВА ТРИ ФЕСТИВАЛИ
П
о успешниот традиционален Велигденски концерт и по уште поуспешната турнеја во Турција Ансамблот за народни игри и песни МАКЕДОНКА се подготвува да биде домаќин на три фестивали. „Од 21 до 26 мај паралелно на две локации во Охрид и Скопје ќе се одржи
16
AMAK
PRES
Детскиот фолклорен фестивал „Св. Кирил и Методиј».Покрај МАКЕДОНКА како организатор се појавува и КУД „Кочо Рацин « од Скопје а голема поддршка имаме и од Локалната сампуправа од Охрид», вели Илија Лотески , директорот на Ансамблот МАКЕДОНКА.
На овој фестивал ќе има околу 300 учесници од Полска, Србија, Бугарија,Словачка, Босна и Херцеговина,Албанија и Македонија. Според програмата на 23 мај тие ќе имаат заеднички концерт во Центарот за култура во Охрид, а ден потоа во Универзална сала во Скопје.Можно е играорците да имаат заеднички настапи и пред ученците во охридските училишта. Од 25 до 29 јуни Охрид ќе биде домаќин на уште еден фестивал „Разиграно оро» .За него според организаторот Ансамблот „Македонка» веќе се пријавени преку 1000 учесници . „Македонка» и „Кочо Рацин « заедно го подготвуваат и фестивалот „Охридско сонце» .Минатата година тој беше посебна летна атракција.Терминот е од 21 до 31 август. На овој начин раководството на „Македонка « помага и во развојот на туризмот во Охрид, посебно во пред и по сезоната кога секој гостин е добредојден.
ОСКАРОВЕЦОТ ЕНИО МОРИКОНЕ ЌЕ ГО ОТВОРИ ОХРИДСКО ЛЕТО СО ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ФИЛМСКА МУЗИКА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ КОМПОЗИТОР ЕНИО МОРИКОНЕ НА 12 ЈУЛИ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА НАЈПОЗНАТАТА МУЗИЧКО СЦЕНСКА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА, ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО.
Г
одинешниот настап на легендарниот творец на филмска музика Мориконе, ќе му даде впечатлив белег на фестивалот по кој најновото издание најверојатно ќе остане забележано во фестивалската историја како едно од најдобрите до сега. На сцената на Античкиот театар, големиот маестро, музичкиот великан Мориконе ќе диригира со 200 уметници, сто оркестранти и со исто толку хористи. Преговорите за негово гостување со дирекцијата на фестивалот и музичкиот селектор на Охридско лето, Гордана Јосифовска -Неделкова, траеле две години. „Проектот на Мориконе со кој настапува по светските сцени лани беше прогласен за најуспешен во светот. Сакавме да го имаме на сцената во Охрид. Го гледав неговиот концерт во Љубљана лани, кога околу 3 илјади луѓе останаа без влезници. Тоа беше импресивен концерт. А Охридско лето, нашиот најголем фестивал, заслужува да го има најдоброто од светот“ - вели Јосифовска-Неделкова. Понудата за гостување во Македонија Мориконе ја прифател со радост зашто слушнал за величината на фестивалот. Тој бил среќен што ќе дојде во Македонија. Знаел за Охридско лето, а особено за убавините на Охрид. “ Мориконе беше импресиониран од Античкиот театар и можноста неговиот концерт да се одржи токму таму, зашто го смета за идеален простор“истакннува ЈосифовскаНеделкова, која посочува дека Мориконе е голем уметник, но многу скромен човек, кој немал никакви посебни барања за својот престој. Мориконе во Охрид ќе допатува со оркестар во чиј состав има над 100 позна-
ти музичари - свирачи на класична музика. По инсистирање на дирекцијата на Охридско лето, договорено е хорот од стотина уметници да биде од Македонската опера и балет. Ќе ги подготвува асистентот на Мориконе, кој во Македонија ќе дојде порано, со техничката екипа. Мориконе со сопругата ќе дојде во Охрид на 10 јули и ќе биде сместен во хотелот „ Инекс -Горица“. “Со учеството на хорот на МОБ практично имаме копродукциски проект. Тој се согласи да настапат нашите хористи заедно со неговиот оркестар откако претходно му испративме неколку дивидија со нивните настапи, па можеше да го слушне квалитетот на изведбите на македонските хористи“, додава Јосифовска- Неделкова. Концертот ќе биде финансиски поддржан од Министерството за култура. Дирекцијата на фестивалот очекува повеќе пари да бидат собрани и од продажба на влезници за концертот. Автор на музика за 570 филма Енио Мориконе е италијански компо-
зитор на филмска музика со светска слава. Направил музика за 570 играни филма и телевизиски серии. Познат е по музиката во филмовите „Добриот, лошиот и грдиот“, „За грст долари“, „Беше еднаш на Дивиот Запад“, „Мисија“, „Синема Парадизо“, „На линијата на огнот“ и други. Роден е на 10 ноември 1928, во Рим. Неговиот ран опус ги опфаќа симфониската и камерната музика, а угледот го градел првенствено пишуваајќи музика за филм, но и за театар и за телевизија. Во 2007 година доби „Оскар“ за животно дело. Почесниот „Оскар“ одборот на Академијата за филмска уметност и наука му го додели „за огромниот број филмски мелодии што ги напишал Мориконе, како и поради фактот што многу од нив се популарни и сакани ремекдела“. Лани францускиот претседател Никола Саркози го одликувал со Легија на честа.
www.amakpres.com.mk
Ангела Белевска
17
KULTURA
БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР СО РЕДОВНИ ПРЕТСТАВИ ВО ОХРИД
Б
итолскиот народен театар од октомври со почетокот на новата театарска сезона почесто ќе гостува во Охрид.Она што актерите ќе го играат на матичната сцена во Битола ќе
го „преселат « и во Охрид како своја работна задача. Ова ексклузивно за ОХРИДМАГАЗИН - страницата за КУЛТУРА го соопшти директорот на „Охридско лето « Тони Симоноски. Всуш-
ност тој е инцијаторот на оваа идеја .Фестивалот да го анимира театарскиот живот на градот и во преостанатиот дел од годината, а не само во лето. Идејата со задволство ја прифатиле мини-
стерката за култура Елизабета Канчевска - Милевска, а и директорот на Битолскиот театар Сашо Огненовски. Тројцата се договориле овој проект да заживее во Охрид уште оваа есен. Сличен проект со гостувања на БНТ во Охрид охриѓани паметат уште во почетокот на 90 години сега во минатиот век. Таа идеја започна и згасна брзо. Главна причина беа финансиските проблеми на театрот и тогаш незагреваната сала на Центарот за култура „ Григор Прличев» . БНТ во Охрид играше претежно камерни престави и монодрами кои беа голема сценографија и голем број актери.Авторот на текстов се сеќава на редица успешни изведби на битолските актери .Нивните гостувања во Охрид беа посебен празник за охриѓани.Браво за идејата !
М.Јованоски
ЗАПОЧНУВА ЛЕТНАТА УМЕТНИЧКА СЕЗОНА ВО ОХРИД
Н
а 18 мај, денот на музејските работници во куќата на Робевци, ќе биде поставена традиционалната изложба со што официјално ќе започне летната сезона на уметнички излагања во Охрид. Традиционалната изложба во градов се организира по 19- ти пат во неа ќе бидат изложени уметнички дела, сопственост на Завод
18
AMAK
PRES
и Музеј, потоа на секои две недели во куќата на Робевци ќе бидат поставувани нови изложби. “Оваа година ќе имаме измени во излагачката концепција, ако до лани настојувавме да донесеме реномирани- познати сликари, годинава низ целата сезона ќе настојуваме пред охриѓани и гостите да претставиме нови уметни-
ци кои неодамна дипломирале на Академијата за Ликовна Уметност. Со оваа измена настојуваме да привлечеме повеќе гости секако млади зошто и самите автори немаат повеќе од 27 години“, вели кустосот од Завод и Музеј, Никола Николовски. Во летниот период во Охрид, свои изложби ќе имаат уметниците: Ванчо Димоски,
Софија Гарабулоска, Стефан Хаџи Николов, Татјана Миљоска, и Климентина Јаулеска. Овие млади сликари своите дела ќе ги изложат до крајот на месец август, потоа ќе бидат отворени уште неколку други изложби кои ќе бидат преземени од другите галерии во земјава. Ангела Белевска