Skip to main content

АМАК ПРЕС 109

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina VI - Broj 109 2 April 2009

БОГОЕВ: СВЕСЕН СУМ ЗА СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ

ВО ДЕНОВИТЕ НА КАМПАЊА КОГА ГРАЃАНИТЕ СЕ БОМБАРДИРАНИ СО ПОЛИТИКА ОД СИТЕ СТРАНИ ВИ НОСИМЕ ИНТЕРВЈУ СО ЕДЕН ОД МИЛЕНИЦИТЕ НА ОХРИДСКАТА ПУБЛИКА ЕФТИМ БОГОЕВ, КАПИТЕН НА КК АМАК СП.

definitivno najevtino www.don.com.mk


ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES


ЛОКАЛ ПРОАКВА ПОРАЧУВА

РАЦИОНАЛНО ДА СЕ КОРИСТИ ВОДАТА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ-22 МАРТ ПОМИНА ВО СЕНКА НА ЛОКАЛНИТЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, ЗА РАЗЛИКА ОД МИНАТИТЕ ГОДИНИ КОГА НА ОВОЈ ДЕН МУ СЕ ДАВАШЕ ПОГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

М

еѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ го одбележа меѓународниот ден на водите со пригодна свеченост заедно со учениците од основните училишта во општинава.Оттаму беше упатена пораката, граѓаните совесно да се однесуваат кон водата која се помалку ја има на планетава. - Претпријатието обезбедува вода за пиење согласно сите стандарди и прописи. Среќни сме и што во нашата средина сеуште имаме чисти води кои без никаков третман можеме да ги пласираме за употреба до нашите потрошувачи- рече Хусеин Ќато од Проаква и упати апел до потрошувачите, водата совесно да се користи. Претпријатието веќе неколку години наназад се вклучува во светското одбележување на овој ден со девизата „Мисли глобално-делувај локално“. Годинешното мото беше „Водата- без граници го поврзува светот“, а на оваа тема беше распишан и ликовен конкурс

4

AMAK

PRES

за учениците од основните училишта. Како најдобри ликовни творби беа оценети цртежите на Благој Арсовски од основното училиште „Свети Климент Охридски“, Тони Тузески од „Григор Прличев“, Петар Бадалоски и Елиф Мустафа од основното училиште „Братство-единство“, Марија Трајкоска од „Кочо Рацин“ и Валентин Ристески од „Христо Узунов“. Учениците добија пригодни подароци, а ветија и дека ќе ја користат секоја можност да работат на подигнување на јавната свест. Организацијата на Обединетите нации во 1992 година препорача 22 март да се одбележува како светски ден на водите.

ВОДАТА ОД ГРАДСКИОТ ВОДОВОД Е КВАЛИТЕТНА Последните физичко-хемиски анализи на Заводот за здравствена заштита по-

кажуваат дека водата за пиење во градскиот водовод и во јавните чешми е исправна за пиење. Водата од „Билјанини Извори“, која во изминатиот период покажуваше сомнителен квалитет и присуство на бактеријата «ешерихија коли», од почетокот на годинава досега е здравствено исправна за пиење-тврди Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија и броматологија во заводот. Во текот на мај, еден месец пред почетокот на туристичката сезона, оваа здравствена установа ќе започне повторно да ги спроведува и анализите на водата од Охридското Езеро. Според примероците езерската вода кои се земаа во текот на изминатите години, реките кои се вливаат во Охридското Езеро покажуваат најлош квалитет и се најголемите загадувачи на езерото. Александра Ристоска


www.amakpres.com.mk

5


ДО 1-ВИ МАЈ ХАСАП, ПОТОА КАСАП СИСТЕМ ПРАВИЛАТА ЗА БЕЗБЕДНА ХРАНА ИЛИ ХАСАП СИСТЕМОТ ТРЕБА ДА СЕ ИМПЛЕМЕНТИРААТ НАЈДОЦНА ДО 1-ВИ МАЈ, А ПОТОА ,,НЕПОСЛУШНИТЕ,, ЌЕ ДОБИЈАТ КАЗНИ ВИСОКИ ДО 5.000 ЕВРА

Трговците и угостителите, односно сите оние кои работат со храна, без разлика дали е тоа производство, преработка, увоз, извоз, складирање или директно служење на прехранбените производи најдоцна до 1-ви Мај мора да го имплементираат системот правила за безбедна храна, познат како ХАСАП. Овој систем во Македонија првпат е воведен во 2002 година како дел од Законот за безбедност на храна и на производите и материјалите кои доаЃаат во контакт со храната ( Службен весник на Република Македонија,, бр.54 од 15 јули 2002 г.), но рокот за неговото применување повеЌепати беШе пролонгиран. Во 2005 година Европската Унија го ,,стес-

6

AMAK

PRES

ни ременот,, и побара негово активирање како еден од условите за влез во Унијата, а пред крајот на минатата година Владата објави дека од 1-ви јануари 2009-та нема веЌе одложување и системот мора да се имплементира. Откако беШе објавено дека инспекторите само до 1-ви Мај 2009-та Ќе предупредуваат и Ќе опоменувааат, а потоа Ќе почнат да делат казни високи до 5.000 евра, сопствениците на фирмите ги фати паника и побрзаа да го имплементираат системот. ПовеЌето трговци велат дека ХАСАП системот Ќе биде ,,касап,, за малите претпријатија и ситните трговци, кои едвај успеваа да ги платат даноците и да заработат за скром-

на живејачка. Тие се сложуваат дека треба да има контрола врз производството на храната и нејзиниот транспорт, но сметаат оти системот треба селективно да се применува, а не со ист арШин за сите. ,,Нема логика мали сендвичарници кои имаат капитал од 2.000 евра и чии сопственици можеби зеле кредит за да ги отворат, да го имплементираат системот кој чини 3.000 илјади евра» - вели сопственик на колонијална продавница во охридската чарШија.

ЦЕНАТА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ХАСАП-ОТ ЗА УПЛАВ

Имплементацијата на системот за мали продавници чини од 300 до 400 евра, за

маркетите од 800 до 1.000, а за рестораните од 800 до 1.800 евра, во зависност од квадратурата на објектот , но и од цената изречена од страна на овластената фирма.Како и во секоја друга област, и овде, секоја овластена фирма или поединец за имплементација на ХАСАП системот си формира своја цена, која за истата услуга е и по неколку пати повисока, а како Што дознаваме имало и ,,ловци во матно» односно профитери кои од недоволно информираните граЃани наплаЌале и по неколку илјади евра. Тоа не е се. Сопствениците на објектите тврдат дека реалната цена е далеку повисока. За да се опреми кујна на ресторан, полиците треба да бидат проме-


нети, просторијата да биде направена со плочки ( кои чинат околу 400 евра), да има вентилација,приборот за подготвување на храната да биде од росфај,храната да биде преградена,и уШте многу други мали детали кои претставуваат инвестиција од минимум неколку илјади евра. Покрај тоа секој ресторан треба да има три ВЦ-а, две за гостите и едно за вработените( последното со туШ кабина),Што се заедно достигнува цена од 10-тина илјади евра. Дел од сопствениците на рестораните стравуваат дека таквата инвестиција не Ќе можат да ја вратат и сеуШте, на само еден месец од можноста да им тропнат на вратата инспекторите со забрана, се во дилема дали да го имплементираат системот. Според слободни проценки, во Охрид досега само 10тина отсто од угостителите го имаат имплементирано ХАСАП системот, а остана-

тите или забрзано преземаат мерки или не знаат Што да прават - да чекаат да измине рокот па да го затворат објектот, или да ги воведат стандардите во «5 до 12».

ХАСАП-ОТ СЕПАК НЕОПХОДЕН ,, ЦАРСКИ РЕЗ,,

Колку и да е теШка примената на ХАСАП системот, се чини оти е неопходна, сметаат граЃаните во анкетата Што ја направи АМАК СП. Кога станува збор за храната, мора да се почитувааат одредени стандарди. Сега имаме многу ,,продавници,, за храна кои работат во гаражи од 8 квадрати и во нехигиенски услови. Многумина велат дека им се случило да купуваат леб во продавница за бели печива, а продавачката да го допира со раце, со кои претходно ја гледале како го чисти подот во продавницата. Или да чекаат ред во сендвичарни-

ца и гледаат како готвачката, која истовремено е и келнерка, и касиерка, и чистачка, пржи помфрит во масло старо еден месец, прави салата, му наплатува на некој муШтерија и прави тост на тостер кој не е исчистен откако е купен. Или да одат во ресторан или кафуле и да нарачаат кафе, а да го добијат во недоволно измиен филџан. Или Ќе се обиделе да влезат во тоалет, а таму неисчистено којзнае од кога, а тоалетната хартијата и течниот сапун се именки кои во тој миг ги сонувале. ХАСАП системот не е измислен во фамозната Европска Унија , а уШте помалку кај нас. Стар е веЌе 30 години и во превод значи анализа на опасности, идентификација на ризици и критични контролни точки, контролни мерки и активности : (Х : хазард-опасност, А :аналѕсис-анализа, Ц : цритицал-критични, Ц:–

цонтрол-контрола, П: поинтс-точки). Во 1970 година ПИЛЛСБУРЅ компанијата го имплементирала како гаранција за квалитетот на производите Што тие ги доставувале во рамките на американската вселенска програма, за потоа да биде модифициран од САД како стандард за сите прехранбени индустрии. А дали Ќе го сакаме или не, и на кој начин Ќе се имплементира кај нас, е друго праШање. Обврската за имплементација мора да се исполни, а секако, треба да се помисли и на придобивките кои Ќе произлезат од тоа. Во секој случај, како Што покажува искуството од земјите кои одамна го примениле, овој систем го подобрува квалитетот на храната, го намалува ризикот од труења со храна и е неопходен за пласман на храната на светскиот пазар.

ВИС

Васе Врангалоска

ПОЈ

Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.

Како?

Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.

046 255 600 www.vispoj.com.mk

www.amakpres.com.mk

7


РАЗГОВОР ИГРИ СО ИМОТОТ ВО МАЛА ПРЕСПА

КРАЈЕЗЕРСКИТЕ ЛОКАЦИИ ДАДЕНИ НА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ЕЗЕРАТА И МОРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ ВО АЛБАНИЈА СЕ СТАВААТ КАКО ПРЕДМЕТ НА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА СО КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ОБЕСШТЕТАТ ОНИЕ ЧИИ ИМОТИ БИЛЕ НАЦИОНАЛИЗИРАНИ ВО ТЕКОТ НА КОМУНИСТИЧКАТА ЕРА.

З

емјиштето во близина на морскиот брег и езерата во Албанија со законските решенија кои сега се применуваат, а се однесуваат на денационализацијата на одземени имоти може сериозно да ја сменат етничката карта на регионот Мала Преспа и општината Пустец. - Тоа е стара рана на Албанија, која не ги погаѓа

8

AMAK

PRES

само Македонците туку и самите Албанци и сите кои живеат таму. Проблемот е што таму сега се јавуваат сопственици на имоти во места каде живеат Македонци вели градоначалникот на Пустец Едмунд Темелко. Тој појаснува дека овој проблем настанал уште во Турското време кога администрацијата во Корча. - Во тоа време население-

то во селата во Мала Преспа го пустошеле арамии кои вршеле грабежи и го пљачкосувале населението кое побарало помош во Корча кај власта. Тогаш им било понудено да го дадат имотот под заштита, но тие не биле писмени ни на наш јазик, а не на Турски со Арапско писмо какви што биле документите кои им биле дадени да ги потпишат. Со тие

подметнувања имотите им биле одземени и запишани како сопственост на други луѓе – вели Темелко. Тој додава дека во Корча се водел спор кој го покренал Македонец за да докаже дека имотот го префрлил на други луѓе со измама заради неговата неписменост. Него го застапувал некој адвокат и тие тој спор го добиле пред тогашните судо-


ви. Тоа е доволен доказ дека е извршена манипулација и измама врз населението кое било целосно неписмено и не знаело што потпишувадодава Темелко. Тој вели дека Македонците не можат да се помират со оваа историска измама и нема да се помират додека не се докаже кој се реални сопственици на имотите. - Ние до сега не сме отстапиле имот и се држиме на нашиот став дека тие не се реални сопственици на имотите. Седум сопственици веќе водат спорови на суд и одржани се околу 60 рочишта, споровите се дадени на

Апелациониот суд но заради проблемите со корупција во Албанија една пресуда веќе е на наша штета, т.е. на штета на Македонците. Ако Апелациониот суд ја одбие жалбата и ја потврди одлуката на понискиот суд тогаш ние спорот ќе го продолжиме во Стразбур каде ќе ја бараме правдата – вели Едмунд Темелко. Вториот проблем на населението од Мала Преспа кој се создава и сигурно се заканува да ја промени етничката карта на регионот е обидот на властите да обесштетуваат поранешни национализирани имоти кои не може да

се вратат преку доделување на земјиште како надомест за штетата државата ја нанела на граѓани чии имоти биле предмет на национализација. - Нас не погаѓа тоа што зад оваа работа има јасна политичка позадина чија цел е промена на етничката карта на овој регион. Ние сме единствена општина во Албанија која е етнички чиста. Со самото носење луѓе од страна кои неминовно ќе дојдат ако добијат земјиште како надомест ќе се менува и етничката карта на општината – вели Темелко. Тој зборувајќи за Македон-

ците во Албанија вели дека самата држава до сега не направила попис на кој населението слободно би се изразило за својата етничка припадност. - Според последните податоци во Албанија живеат 4 180 Македонци, што секако дека не е реално туку е фингиран податок. Наште податоци говорат дека сме од 120 до 150 илјади. Огромен е бројот на Македонци кои живеат во Тирана и се видни граѓани на градот – вели Едмунт Темелко. Љупчо Таневски

ОТВОРЕНИ ПРОСТОРИИТЕ ЗА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

А

ктуелниот градоначалник Александар Петрески , во приземјето на Основното училиште «БратствоЕдинство» свеченo ги пушти во употреба просториите наменети за невладините

организации. Петрески рече дека тоа е доказ за грижата на општината за поддршка на невладиниот сектор . -Посебно сакам да ја истакнам успешната соработка со Цемтарот «Пора-

ка», Здружението на телесни инвалиди, Здружението на слепи,глуви и наглуви , Здружението на инвалиодите на трудот, Центарот «Бисера» еколошките и фолклорните ансамбли и Младинскиот совет , кои сега

Ќер имаат свој простор рече Петрески . Тој најави дека општината Охрид и во иднина ќе реализира слични проекти за поддршка на лицата со посебни потреби.

www.amakpres.com.mk

9


15


INTERVJU


КРВАВА ТЕПАЧКА ВО СТРУГА

ТРОЈЦА СРЕДНОШКОЛЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ УЧЕНИКОТ КОЈ ГО ИЗВЛЕЧЕ НАЈДЕБЕЛИОТ КРАЈ ВО КРВАВАТА ТЕПАЧКА ВО СТРУГА Е ПРЕНЕСЕН ВО СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА ВО ОХРИД.ПОЛИЦИЈАТА РАБОТИ НА РАСВЕТЛУВАЊЕТО НА МОТИВИТЕ ЗА НАСТАНОТ И ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ТРОЈЦА УЧЕНИЦИ

Т

ројца средношколци се повредени во крвавата тепачка што се случи на 27 март во Струга помеѓу шеесеттина ученици, Македонци и Албанци од втора година во средното училиште „Ибрахим Темо“. Повредените се пренесени во градската болница во Струга, по што, откако им била укажана лекарска помош, двајца биле пуштени на домашно лекување. Третиот ученик кој имал скршеница на носната коска и нагмечување на мозокот бил префрлен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Тепачката се случила околу пладне по завршувањето на претпладневната настава, а двете групи ученици се судриле во близина на старата противпожарна станица, на околу 300 метри оддалеченост од училиштето.Спо-

ред очевидец, претходела вербална расправија, а потоа средношколците почнале да се тепаат со тупаници и со цврсти предмети. Струшката полиција поднесе кривична пријава против лицата Г.О (роден 1992), Б.К. (роден 1992) и С.В (роден 1993), ученици во втора година во средното училиште „Ибрахим Темо“, жители на струшкото село Велешта. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „Насилство“. Трите пријавени лица, на 27 март 2009 година, по завршувањето на часовите, околу 12 часот, извршиле физички напад врз три други лица, нивни соученици, удирајќи ги со тупаници и метални предмети. При тоа, лицето А.С. се здобило со тешки телесни повреди односно со фрактура на носната коска- изјави портпаролот на полицијата ,

Стефан Димоски. Димоски потврди дека во нападот врз оштетените се вклучиле и повеќе други ученици кои биле во групата на пријавените, при што, со метална шипка во пределот на главата бил удрен второпријавениот кај кого се констатирани лесни телесни повреди. МВР работи на расветлување на случајот, а деновиве на разговор биле повикани 24 средношколци и уште 9 други лица. Се преземаат и дополнителни мерки за инволвираноста на останатите ученици, против кои ќе бидат поднесени прекршочни пријави. По овој настан, директорот на училиштето „Ибрахим Темо“, Муса Мусаи, изрази жалење. -Претпоставувам дека некој ги користи децата за политички цели-изјави Мусаи. Тој рече оти вакви инци-

денти досега не се случувале помеѓу учениците во ова училиште и најави дека против предизвикувачите и учесниците ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки. Во средното стручно училиште „Ибрахим Темо“ во мешани етнички смени учат околу 1 300 ученици. Од нив, 800 се Албанци, 200 се Македонци, а останатите се од другите етнички заедници. Во текот на изминатите денови во Струга патролираа специјални полициски сили, кои според портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, се посебна единица која делува според однапред подготвени планови и програми. Александра Ристоска

ВО КАФЕТЕРИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД

ГО ВРЗАЛЕ КОЛЕГАТА ВО ПОДРУМОТ

С

ВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(20) и К.Т.(27), двајцата од Охрид за сторено кривично дело „противправно лишување од

слобода“.

На 18.03.2009 година, пријавените инаку вработени во кафетерија во центарот на Охрид, револтира-

ни од однесувањето на нивниот колега З.Т., насилно го однеле во подрумската просторија од кафетеријата, со селотејп лента му ги врзале рацете и нозете, го собле-

кле и го снимиле со мобилен телефон, по што си заминале, оставајќи го З.Т. во подрумот. извор: МВР

www.amakpres.com.mk

13


KULTURA АНСАМБЛОТ МАКЕДОНКА ПОЧНУВА СО ФЕСТИВАЛИТЕ

ФОКЛОРЕН АНСАМБЛ ОД ГАНА НА ГОСТИ ВО ОХРИД

А

нсамблот Македонка и оваа година продолжува со несмалено темпо да работи на афирмација на македонскиот фолклор во Охрид и истиот да го презентира пред светот. Во пресрет на големиот Христијански празник Велигден, ансамблот сериозо работи на кореографиите кои се ставени на програмата на традиционалниот годишен концерт кој овој ансамбл традиционално го организира на еден ден пред празникот. Годинава концертот ќе се одржи на 18 април, во домот на културата Григор Прличев, а за првпат се воведува и новина со тоа што од годинава годишни-

14

AMAK

PRES

от велигденски концерт ќе се посветува на личности од минатото и сегашноста кои во нивните животи придонеле за афирмација на Македонија, Македонците, македонштината и традициите на нашиот народ. Годинава концертот ќе е посветен на големиот Македонски револуционер и комита Јане Сандански кој пред 94 години на 10-ти Април е убиен од страна на Врховистите. На програмата ансамблот ќе го изведе Комитското оро како и ора од Пиринска и Егејска Македонија. Планирано е пред концертот во домот на културата да се прикаже филм посветен на Македонците од Пиринска

Македонија, снимен во далечната 1947 година, а кој е посветен на образовниот процес во Пиринска Македонија кој тогаш се одвивал на Македонски Јазик, како и културниот живот олицетворен во програмата која се изведувала во театарот кој на репертоарот имал претстави на Македонски Јазик во Благоевград кој тогаш го носел името Горна Џумајлија. Ансамблот Македонка и во 2008 година го задржа приматот водечки ансамбл во Охрид кој постојано патува по светот и на фестивали и концерти ја презентира Македонската култура на европската културна сцена.


ФЕСТИВАЛ НА СРПСКИ ФИЛМОВИ ВО ОХРИД Д

еновиве, Охрид беше домаќин на првиот фестивал на српски филмови што се одржа во Центарот за култура “Григор Прличев“. Познавачите на филмската уметност, вљубениците во театарот и луѓето кои го познаваат шармот на киното,една недела уживаа пред филмското платно каде ги гледаа проекциите на шесте српски филмови: “На убавиот син Дунав“, “Ние не сме ангели“,“Буре барут“, “Мал свет“, “Рани“и “Чарлстон за Огњенка“. “Целта на проектот е да ја зголемиме културната понуда за Србите кои живеат во градов, а секако и за останатите граѓани. Публиката проследи нови но и стари, веќе потврдени и популарни филмски проекции создадени во соседството“, изјави директорката на Центарот за култура “Григор Прличев“, Драгана Боцевска. Честа да го отвори фестивалот му припадна на Дарко Бајиќ, режисер на првоприкажаниот филм “На убавиот син Дунав“. “Размислувајќи како да ја отворам оваа свеченост, во сета мака што филмот ја влече со себе, јас филмските работници ги нареков филмски војувачи , зашто мислам дека во последно време е многу тешко да се направи филм. Филм кој ќе ја отслика нашата традиција и суштина. Ја имав таа среќа пред четири месеци во старото белградско кино “Балкан“ да ја гледам ретроспективата на филмовите од Милчо Манчевски. Ги гледав по три- четири пати и сум фасциниран од неговата љубов кон Македонија и неговото големо чувство кон традицијата и историјата на вашава земја. Тој е голем визионер и визуелист зашто преку неговите кадри за првпат ги видов убавините на Охрид и Охридското Езеро и на целата ваша земја. Некогаш живеевме во земја во која ни беше навистина убаво но кога

ќе се сетите што е суштината на таа приказна ќе сфатите дека сите ние добро се познававме, ги знаевме историите и културите на двата народи, македонскиот и српскиот, и тоа е нашата предност. Мислам дека суштината на Европа е секој од нас да успее да го спакува во куфер се она што е вредно и да влезе во неа -Европа, од која сите ние многу очекуваме“, вели Баијиќ. Неговиот филм “На убавиот син Дунав“, зборува за судирот и недоразбирањето меѓу луѓето од Источна и Западна Европа. Инспириран е од времето во кое живееме и токму поради преголемата доза на секс во повеќето сцени можеби ќе ве возбуди, збуни или налути. Второ прикажаниот филм , “Ние не сме ангели“е тинејџерска комедија која зборува за односот и случките од животот на патолошки љубоморниот татко и неговата ќерка тинејџерка. Режијата и сценариото се на Срѓан Драгојевиќ а главните улоги ги играат актерите:

Никола Којо, Мики Манојловиќ , Саша Тодоровиќ. Драмата- комедија “Буре Барут“е филм во кој играа мноштво од најдобрите актери од екс јупросторите а режисерот Горан Паскаљевиќ го доживува како документ за едно време. Филмот “Мал свет“, зборува за современото време каде што комедијата на судбината не зема сите нас , или како што вели самиот автор,Милош Радовиќ, “Пишував комедија за судбината , за тоа како мислиме да го диригираме сопствениот живот и како по правило тоа никогаш не се случува“. “Рани “е филм посветен на генерациите родени по Тито, генерации растени во близина на војната и криминализацијата на општеството. Последниот филм “Чарлстон за Огњенка“ кој ја остави публиката со громогласен аплауз половина час по спуштањето на завесите е склоп на жанровите:трагедија, комедија,фантастика и драма. Овој филм ја носи титулата на најскапиот во српската кинематографија, но и најгледаниот за 2008 година. Познат е по воведувањето на новитети во српската кинематографија како што е употребата на специјални ефекти. Првиот фестивал на српски филмови во Охрид заврши со позитивни оцени од филмските критичари и со надеж дека истиот ќе добие традиционален карактер. Бројната публика која за изненадување ја полнеше кино салата сите пет дена беше потврда дека охриѓани се жедни за уметност, за театар и добар филм. Организатори на фестивалот беа Центарот за култура “Григор Прличев“ и српско- македонското друштво “Коштана“од Охрид, поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

15


SPORT ЕФТИМ БОГОЕВ ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ НА АМАК СП

СВЕСЕН СУМ ЗА СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ РОДЕН СТРУМИЧАНЕЦ МОМЕНТАЛНО НА ПЕЧАЛБА ВО ОХРИД, ВАКА НАКРАТКО МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ЗА ОХРИДСКИОТ ПЛЕЈМЕЈКЕР. ЗАД СЕБЕ ИМА БРОЈНИ ТРОФЕИ А СПИСОКОТ ГО КОМПЛЕТИРАШЕ НЕОДАМНА СО КУП ТРОФЕЈОТ КОЈ НЕДОСТАСУВАШЕ НА НЕГОВОТО КОШАРКАРСКО КОНТО. ДВАЕСЕТ И ОСУМ ГОДИШНИОТ КАПИТЕН НА АМАК СП ВЕЛИ ДЕКА ТРЕНИНГОТ И УПОРНОСТА СЕ ТАЈНАТА НА НЕГОВИОТ УСПЕХ. СВЕСЕН ЗА СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ КОИ ГИ ПОСЕДУВА ОЧЕКУВА ДА ГО ОБЛЕЧЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ДРЕС.

Кој е патот на твоите успеси. Кога за прв пат се појави на паркетот? Тренирам од мојата 13 година и имам богато играчко искуство зад себе.Уште во основно имам учествувано на државен натпревар на кој го освоивме првото место. И во гимназиските денови имам освоено две први места и едно второ на државни натпревари. Имам настапувано и на ЕП во Израел како средношколец каде се пласиравме на одличното десетто место. Додека студи-

16

AMAK

PRES

рав имам учествувано на две финалиња од кои се закитив со еден шампионат и титулата МВП. Покрај тоа имам освоено титули и во кадедска, младинска и сениорска конкуренција со генерација како што е Маџунков, Миракоски, Илиески, Николов, Рингов. Твој прв триумф на националниот Куп по двете неуспешни финалиња во дресот на Струмица? Годинава го понесе и епитетот на МВП на Купот. Очекуван ли беше ваквиот успех и какво е чув-

ството сега откако впечатоците се средени? На Куп натпреварите има многу изненадувања. Ние иако не бевме во списокот на фаворити покажавме дека имаме квалитет за големи натпревари. Се погодивме во најтешката група со МЗТ која е најнезгодна, игравме финале пред финале со Фени кој успеавме да го елиминираме. Победивме во големото финале против Пелистер, во натпревар кој беше многу потежок поради притисокот кој го имавме. Мо-

ето долгогодишно искуство ме научи пред време да не се надевам на голем успех. Така и сега играв а на моите соиграчи ги советував да бидат смирени, со мирни глави и голема борбеност да влеземе во натпреварот со Пелистер. Со оглед на позицијата на која играм јас сум мотор на екипата кој треба да ги спроведе задачите на тренерот. Треба да ги разиграм играчите а не да бидам прв на листата за стрелци. Првиот дел од натпреварот токму тоа и го правам а потоа доколку е потребно капитен-


ски ја преземам одговорноста во свои раце.

но по изворедниот твој настап во големото финале на Купот.

го доживуваш и дали се заработува доволно од кошарка кај нас?

И покрај поразот од Овче Поле кој беше неочекуван со оглед на разликата на квалитет која е на наша страна но можеби е последица на бројните повреди со кои се соочуваме во овој период воопшто не е алармантна состојбата. Првенството е долго и има време за поправен. Реално очекувам да се зацврстиме на третата позиција, а доколку стигнеме до полуфиналето тогаш ќе бидеме едни од посериозните претенденти за шампионската титула.

Она што во овој момент ми е најбитно е успехот на клубот за кого играм а сето друго ќе си дојде само по себе. Секое мое влегување на тренинг е со една цел-да го дадам својот максимум. Само со многу работа се стигнува до репрезентативниот дрес. Голема желба ми е да заиграм на ЕП во Полска, работам напорно и се разбира очекувам и шанса ако ништо друго да бидам дел екипата која ќе оди на подготовки за да покажам што знам. Свесен сум за моите квалитети и мислам дека треба да бидам во конкуренцијата за репрезентативните бои. Секогаш сум подготвен за тој предизвик

На еден начин и тоа е така. Далеку си од дома оставаш фамилија и од тоа што го заработуваш живееш. Струмица е прилично далеку само неколку пати сум бил дома иако е во Македонија. Сето ова ги поткрепува ваквите тврдења дека сум на печалба. Иако моментално се наоѓаме во една светска криза може добро да се заработи од кошарката. Секако тука влијае е квалитетот на самата лига, која сега после крахот на Струмица лигата е далеку послаба а со тоа паднаа и цените на пазарот на играчите.

Твоите очекувања за настап во репрезентација се повеќе стануваат реалност посеб-

За тебе често велат- струмичанецот на привремена работа во Охрид. Како ти тоа

Секако на терен некаде надвор од државава. Имам двегодишно меѓународно иску-

Првенството е во тек, следи шампионската титула. Какви се шансите на АМАК СП годинава да биде освојувач на двојната круна?

Каде се гледа Богоев за 5 години?

ство бев во Грција и се надевам дека следната година ќе се испробам во некоја екипа во странство. Засега имам некои понуди но сеуште не се конкретни. Работам на тоа барем уште две-три години да играм во некоја странска екипа. Какви се плановите по завршувањето на кошаркарската кариера? Имам завршено рударско геолошки факултет во Штип, па според тоа можно е и некој приватен бизнис иако тука кај нас со ваква струка тешко се наоѓа работа. Кошарката ми е во душата без неа неможам па би се испробал можеби и како тренер. Доколку не би бил кошаркар кој друг спорт би бил твој избор. Што е она што те привлекува во слободно време да следиш?

www.amakpres.com.mk

17


SPORT

Во мојот живот имам тренирано ракомет, атлетика спринт и скок во далечина, пинг понг, карате, играм тенис во слободно време. Се испробав во многу спортови но најповеќе ме привлекуваше кошарката таму се пронајдов и се определив за неа. Во моето слободно време се трудам да пратам со она што се случува на спортската сцена. Ги пратам сите други спортови. Што се однесува до кошарката многу повеќе ја сакам европската од НБА затоа што таму се игра правата кошарка. Од фудбалот навивам за Арсенал и за Барселона. Знам да пополнам и ливче во кладилница но сето тоа само за забава.

18

AMAK

PRES

Што е она што недостасува кај нас за да се подигне нивото на квалитет на лигата? Пред се треба веќе еднаш да се изгласа тој закон за спорт што ќе овозможи поголем број на фирми да застанат зад екипите. Исто така новата иницијатива за професионализација на кошарката е за поздрав. Само со вакви мерки ќе се подигне нивото на кошарката. Со сегашната состојба играчите се оставени сами на себе кои после играчката кариера треба да се снаоѓаат сами. Спортот треба да се третита како и секоја друга професија. Исто така недоволно се работи со младите кадри. Мал број на клубови имаат свои школи. Од друга

страна треба во голема мера да се подобрат и условите за работа. Сеуште тренираме во ладни сали, трибините со исклучок на Охрид се полупразни. Таа слика ќе мора да ја менуваме доколку сакаме квалитетот да оди едно скалило погоре. Која е твојата кошаркарска филозофија? Кошарката не е само напад. Во овој спорт најдобар напад е одбраната. Треба во натпревар да се влезе со една помисла да одиграш добро во одбраната а нападот сам по себе ќе си дојде. Талентот во кошарката е 20% а останатото е работа. Само со тренинг и упорност успехот е неизбежен.

Дел од твојот приватен живот кој можеш да ни го откриеш? Накратко од мојот живот но и најбитно- имам вереница струмичанка и во скоро време планирам свадба. Моментално таа работи во Струмица се слушаме секојдневно но не е лесно да си далеку од оној што го сакаш. Понекогаш ми фали токму нејзината подршка и близина но благодарен сум што има бескрајно разбирање за она што го работам. Исто така и моето семејство ми дава максимална подршка и тоа многу ми значи. Сузана Вренцовска


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 109 by alan.kaou - Issuu