Skip to main content

АМАК ПРЕС 107

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina VI - Broj 107 25 Fevruari 2009

НУДИСТИЧКА ПЛАЖА ВО ОХРИД?!

УТВРДЕНИ ПОЗИЦИИТЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

СИТЕ ЧЕСНИ, ВРЕДНИ, ИСКРЕНИ... НО САМО ЕДЕН ЌЕ ПОБЕДИ ИНТЕРВЈУ ВЛАДО ЧИНГОСКИ

ОХРИД ЌЕ СТАНЕ АМАК СП ВО УНИРВЕЗИТЕТСКИ ГРАД! НАЈЕЛИТНОТО ДРУШТВО

definitivno najevtino www.don.com.mk


ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES


ПАЛАС СЕ УРИВА ПРЕД ОЧИТЕ НА СИТЕ

Х

отелот Палас се распаѓа и од ден на ден се уриваат се поголеми делови од ѕидовите на хотелот. Паѓа малтер, тули и бетон од ѕидовите директно на тротоарот. Ова не е прв пат да се уриваат ѕидови околу хотелот и чиста среќа е што до сега никој не загинал движејќи се

по тротоарот покрај хотелот. Палас кој порано беше репрезент на охридската хотелска понуда денес е руина која се распаѓа. Неколку пати сопствениците на хотелот најавија дека ќе го продадат на некој од познатите светски брендови, но тоа не се случи.

www.amac.com.mk/novini

3


ЛОКАЛ ДАЛИ ОХРИЃАНИ САКААТ ТУРИСТИ КОИ СЕ СОНЧААТ КАКО ОД „МАЈКА РОДЕНИ“

ГРАДИШТЕ И ТРПЕЈЦА- ИДЕАЛНИ ЗА НУДИСТИЧКА ПЛАЖА

С

редена нудистичка плажа според меѓународни стандарди, затворена за одреден круг на луѓе. Со ваква плажа земјава би влегла на светската туристичка карта со нудистички плажи, со што ќе стане атрактивна за овој тип туристи. Првичната идеја на македонското натуристичко здружение, иницијатор за уредување

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК

Охрид како туристичко место треба постојано да се развива и да се стреми кон висок туризам кој подразбира хотели со повеќе ѕвезди,

4

AMAK

PRES

на нудистичка плажа е таа да биде направена на охридското крајбрежје. Секој странец член на здружение на натуристи, кое е дел од Меѓународната натуристичка федерација би поседувал членска книшка со која може да влегува на оваа плажа. Поголем дел од охридските граѓани немаат ништо против на крајбрежјето да има една ваква

подразбира убави плажи, казина, јавни куќи и нудистички плажи како што е и секаде во Европа. Но ние кога станува збор за плажите немаме ингеренции, тие се под надлежност на државата. Доколку се создадат услови за таква плажа зошто да бидам против. Јас лично ја поддржувам иницијативата, но сметам дека сега како што стојат работите, нема услови за реализирање на таква работа, а како идеjа ја поздравувам. Како најсоодветна локација сметам дека би била некаде на потегот кај Градиште.

АНИТА АЗЕСКА ПСИХОЛОГ

Мојот личен став е дека нетреба во Охрид да се отво-

плажа, направена според меѓународни стандарди. Со оваа идеја се согласува и охридскиот градоначалник Александар Петрески. Но, има и такви кои сметаат дека на Охридското Езеро нема место за плажа каде туристите би се сончале како од„ мајка родени“.

реализира ваквата замисла. Јас сум против и дивите плажи да се пренаменат за места на кои ќе има нудисти.

ИВАН ЦВЕТКОВСКИ ДИРЕКТОР НА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ.

ра нудистичка плажа, затоа што треба да развиваме друг тип на туризам. Иако, многумина сметаат дека тоа е придобивка на туризмот јас не се согласувам. Охрид претставува најголем духовен и културен центар во Mакедонија и со самото тоа и инспирација за придобивките на туризмот. Немаме ни соодветна локација за да се

Проектот за нудистичка плажа го поддржувам. Нудизмот не претставува ништо ново во летното секојдневие на граѓаните на Охрид. Како јас, така и многу мои пријатели барем еднаш уживале во нудизмот на некое од преубавите места на крајбрежјето на Охридското Езеро. Имањето нудистичка плажа само ќе ја


ме туризам треба да ги имаме сите понуди на плажи од секаков тип и сметам дека токму нудистичките плажи како една новина ќе биде добро прифатена.

зголеми понудата на Охрид и ќе ги привлече се поголемиот број туристи кои го прифаќаат нудизмот, кој во овој момент сочинуваат и до 30% од вкупниот број на туристи во светот. Охрид има многу локации кои би можеле да се користат за нудистичка плажа, како од левата, така и од десната страна на крајбрежјето. Природноста, недопреноста, дивината, недостапноста се едни од предусловите за добра нудистичка плажа, но секако има и други фактори пред се мислам на близината на населението и светите места кои се битни при изборот на локацијата. Имајќи го сето ова во предвид, сите овие размислувања, мислам дека на потегот од Пештани до Градиште и од Градиште до Трпејца ќе ја видиме во иднина првата нудистичка плажа во Охрид.

КАТЕРИНА ЧАКОВСКА СТУДЕНТ

Нудистичка плажа во Охрид дефинитивно не. Сметам дека нема потреба за такво нешто. На гостите треба да им понудиме културен туризам, иако ние и тука сеуште треба многу да работиме. Имаме голем број културно историски знаменитости прекрасни места по кои сме препознатливи во целиот свет. Охрид е град на 365 цркви на секоја педа има историско богатство и замислете сето тоа да го зачи-

ните со нудистичка плажа. Градот има свој белег и не треба да правиме шаренилост од туристичката понуда. Младите денес се повеќе ги губат своите морални вредности, а ваквата идеја сметам дека се повеќе ќе ги отргне од правиот пат. Неверувам дека некој пријатно би се чувствувал да шета без парче облека на себе.

МИХАЈЛО ФИЛЕВ ЗАНАЕТЧИЈА

Охрид е туристички град и јас ја подржувам ваквата иницијатива. Нудизмот секаде на запад па и во светот се почитува, па зошто не и кај нас. Најбитно од се е да се најде соодветна локација, но за тоа има надлежни кои треба да водат сметка тоа да биде на некое мирно место каде нема голема фрекфенција на луѓе. Културата на граѓаните кај нас е поконзервативна. Сепак доколку сакаме да нуди-

ВАСКО ЛОЖАНКОСКИ ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК

Доколку сето тоа е во законските рамки зошто да не се реализира и кај нас една таква иницијатива. Постои тренд и мода да има нудистички плажи на приморски места. Тоа е на многу поширок и поразгранет брег каде што може да се искомбинира и обичниот плажен туризам и нудистичкиот. Треба најпрвин да се види како е тоа реализирано на други езера кои се како нашето. Соодветна локација според мене е на потегот кај Св Наум кај авто кампот Љубаништа на некои задскриени плажи затоа што нудизмот бара интимност. Најбитно е нудистичката плажа да е оделена од останатите затоа што очекувам дека од луѓето ќе има поголем интерес поради тоа што ќе е новина кај нас. Доколку се успее да се издејствува отварањето на една таква плажа на Охридско Езеро сигурно ќе треба и посебни услови во самата организација различни од сегашното практикување на уреденост на плажите.

Она на што посебно треба да се внимава при изборот на локацијата е фактот што вдолж Езерото има голем број верски објекти многу пештерски цркви што во никој случај не треба да се комбинира едното со другото

АЛЕКСАНДРА РИСТОСКА НОВИНАР

Јас сум против отворање на нудистичка плажа во Охрид. Незнам можеби сум конзервативен тип на човек, но дефинитивно не би сакала на охридските плажи, кои често ги посетувам за време на туристичката сезона, да гледам голи луѓе а најмалку би сакала таква слика да види и моето дете. Исто така сметам дека нема соодветна локација за отворање на нудистичка плажа на крајбрежјето. Можеби порано имаше услови за тоа, кога постоеа таканаречените диви плажи на источното крајбрежје. Сега и тие се средени и се блиску, достапни за секого а најмногу до младите. Охрид во моментов не е подготвен за нудистичка плажа. Подобро е да се насочиме кон развој на алтернативниот туризам,па и на елитниот отколку да гледаме голи луѓе покрај езеро.

www.amakpres.com.mk

Сузана Вренцовска

5


ЛОКАЛ

ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОХРИД

В

о октомври годинава на да се зголемува. Секако во во Охрид ќе прорабонаредните години, универзитети државниот Универтот ќе се развива и проширузитет за информатички технова, намерата ни е да формиралогии. Во рамките на Универме универзитетски кампус, позитетот ќе работат пет факулзнат и признат во Европа. Во тети, за компјутерски науки и универзитетот кој ќе биде подиинженерство, за комуникацигнат по американски стандарди ски мрежи и безбедност, за маи норми ќе има ректорска упрашинска интелигенција и робова, простории за изведување натика, за информатички систестава, библиотека, студентски ми, визуелизација, дигитална дом и спортска сала. Наскоро ќе мултимедијална и анимациска се распише конкурс за избор на техника и факултет за информаРектор по што ќе следи и конВО АРМ ПРИВРЕМЕНО СМЕСТЕН НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ циони теории и анализи. курсот за избор на наставниот “Уште еднаш покажуваме дека кадар. Дел од професорите ќе ние, во ВМРО-ДПМНЕ, правиме се куство се многу профитабилни а еко- бидат светски стручњаци од информашто е во наша моќ, нашата таткови- лошки потполно безопасни“, истакна тичката сфера, а наставниот материјал на и нашиот град, да фатат приклу- на прес конференција кандидатот за ќе се предава на англиски јазик. На чок со најсовремените текови на но- градоначалник на Охрид од редовите 5-те факултети ќе се запишуваат стувото информатичко општество, наши- на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафи- денти од земјава и странство“, истакна те експерти да останат во татковината, лов- Нанче. премиерот Груевски, додавајќи дека со нашите идни дипломци да предничат Неодамна при посета на Охрид, пре- отворањето на новиот Универзитет за со своите знаења во однос на наивни- миерот Никола Груевски изјави дека информатички технологии ќе ни се отте врсници од регионот. Овој универ- најверојатно Универзитетот ќе биде ворат вратите кон Европа. зитет ќе биде нова голема инвестиција привремено сместен во просториите На 7 јули минатата година во Макево нашиот град но и предуслов за на Домот на Армијата во централно- донското собрание беа поставени правотворање на нови работни места, мам- то градско подрачје, односно дека тоа ните темели на овој проект, а на една ка за привлекување на странски инве- нема да биде конечното просторно ре- од последните седници пратениците го ститори и отворање на нови високо- шение. изгласаа законот за отворање на новитехнолошки компании, што е посеб- “Во првата,почетната година од от најсовремен, Државен Универзитет но значајно, и што потполно се вкло- работењето, на 5-те факултети ќе за информатички технологии. пува во нашите визии за натамошни- се запишат по 50- 100 студенти онолАнгела Белевска от развој на градот- ваквите компа- ку колку што дозволува просторот, со нии како што покажува и светското ис- тенденција тој број од година во годи-


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ СЕ СЛОЖИ СО СТАВОТ НА ВЛАДИНАТА ВМРО-ДПМНЕ

ОХРИД СО ПОВЕЌЕ СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА

А

ктуелниот градоначалникот на Општина Охрид и кандидат за таа функција од редовите на СДСМ, Александар Петрески, ги усогласи своите ставови со владеачката ВМРО- ДПМНЕ, дека на Охрид му се потребни споменици и спомен обележја на значајни личности од нашата историја. “Ќе изградиме споменици на петмина наши револуционери во централното градско подрачје“, неодамна на прес конференција изјави градоначалникот,Петрески. На ваквата изјава на градоначалникот реагираа надлежните од ОК на ВМРО ДПМНЕ кои се пријатно изненадени од ваквото еволуирање на градоначалникот. “Во секој случај сме пријатно изненадени и зачудени од смелоста на Петрески но воедно и загрижени за неговата понатамошна партиска припадност. Додека неговата матична партија фрла дрва и камења по владините проекти за изградба на споменици и спомен обележја на градителите на нашиот идентитет и историја, тој со ваквите негови изјави и ставови целосно ги поддржува и прифаќа тие проекти. Но секогаш тука се појавува една нишка која насочува дека станува збор за негово лицемерство и маркетинг и укажување на еден лажен патриотизам. Или пак во крајна линија СДСМ ја прифати програмата на најголемата владејачката партија, а тоа особено не радува“, истакна Спасе Панџак член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Иако портпаролот во Локалната самоуправа, Никола Манески во телефонски разговор не информираше дека изјавата на градоначалникот Петрески за спомениците ја сведува само на идеја затоа што таа најпрво треба да се преточи во одлука која ќе ја изгласа општинскиот совет,нам како редакција

познато ни е дека на последната минато годишна седница советот ја изгласа одлуката за градење на споменик на Христо Узунов пред неговата спомен куќа. За потсетување, во Новогодишниот број на АМАК ПРЕС – Охридски новини едно од прашањата на интервјуто водено со директорот на Управата за културно историско наследство Паско

Кузман гласеше: -Неодамна советот на Општина Охрид ја изгласа одлуката за градење на споменик на Христо Узунов во близина на куќата што нему му е посветена. Иницијативата е на Здружението за афирмација на МПЦ “Богојавление“. Каков е ставот на Управата за Културно историско наследство околу ова прашање? Одговорот на Кузман, гласеше:

-Јас прв пат од вас слушам дека некој сакал да прави споменик тука. Знам дека пред куќата на Христо Узунов има спомен обележје на Коста Абраш. Но планот мора да ги помине сите законски процедури. Станува збор за заштитена зона за која не се важни толку ставовите или согласноста на градоначалникот и советот. Мора да се почитуваат строгите законски прописи, да се добие согласност од Завод и музеј и од Управата за културно историско наследство. На државно ниво знам дека се планира градба на културно историски монументи од тој вид. Таа акција веќе тече во Скопје и други градови. Сигурен сум дека во втората фаза ќе биде опфатен и Охрид и дека тука ќе се изгради не само споменик на Христо Узунов туку и на Цар Самуил. Неговиот споменик ќе биде поставен на самиот влез во цитаделата каде што се гледа црквата. Во овој град пред се мора да се изгради споменик од нашиот Цар Самуил, а потоа и споменици од Христо Узунов и Методи Патче и секако споменик на Григор Прличев кој е европски интелектуалец од 19 –от век. За ова прашање мора да се размисли покомплексно, не само Христо Узунов постојат и други личности од историјата кои го заслужуваат тоа. Ова е добар владин проект. Да не заборавам. Според мене задолжително мора да го изградиме споменикот на Св. Наум. Го имаме споменикот на Кирил и Методиј, оној на Климент,тогаш мора да го изградиме и споменикот на Наум. Идејата за градба на споменик на Христо Узунов ќе ја поддржиме ако одговара на просторот и секако доколку одговара видот на споменик согласно постоечката околна архитектура. Во никој случај кичот нема да го дозволиме.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

7


ПОЛИТИКА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ДОБИЈА РЕДЕН БРОЈ

СИТЕ ЧЕСНИ, ВРЕДНИ, ИСКРЕНИ... НО САМО ЕДЕН ЌЕ ПОБЕДИ

З

а првата фотелја на Охрид на престојните локални избори битката ќе ја водат шест кандидати. ОИК го изврши ждребањето за редоследот на избирачкото ливче. Прв на листата ќе биде кандидатот од редовите на Нова демократија Васви Доко, втор Боро Павловски од ЛДП, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов-Нанче ја има третата позиција, Томе Гиноски од ВМРО НП е четврти, актуелниот градоначалник, кандидатот на СДСМ, Александар Петрески ќе биде на петтата позиција, а како последен со реден број шест ќе стои името на кандидатот од НСДП, Ацо Попоски. Сите кандидати за иден градоначалник задоволни од редниот број. Секој различно толкувајќи го бројот едногласни се дека токму тој ќе им донесе среќа на изборите, но и со исти ставови кога станува збор за нивните квалитети и начинот на кој ќе ги освојуваат симпатиите на охриѓани. Васви Доко- Бројот еден сигурен сум дека ќе ми донесе

ВАСВИ ДОКО среќа. Прв на листата прв на изборите. На Охрид му треба градоначалник кој ќе размислува за сите без да прави поделби на граѓаните. Симпатиите ќе ги освојам со мојата искреност, отвореност и чесност, со проекти идеи и можности за туризмот

8

AMAK

PRES

во Охрид да биде активен 12 месеци како и помрднување на економијата во градот. Боро ПавловскиЗа крајниот исход и резултатите од изборите пресудни ќе бидат програмите и лично-

ти за сите граѓани. Со многу работа и чесен пристап ќе ги освојам симпатиите на моите граѓани. Само на тој начин се постигнуваат резултати, а Охрид и граѓаните го заслужуваат тоа. Томе Гиноски-Се надевам дека граѓаните ќе го разликуваат името, а не бројот на гласачкото ливче. Сепак четворката е убав број кој се надевам ќе ми донесе среќа.

БОРО ПАВЛОСКИ - ЛДП ста. Сепак како бројка 2 мислам дека ќе ми биде среќна, задоволен сум што сум горе на листата. На овие избори очекувам да има еден исчекор при изборот на личноста. Сметам дека граѓаните дефинитивно ќе се ослободат од стегите на големите партии и празните ветувања. Треба добро да размислат за кого ќе го дадат својот глас. Она што јас ќе им го ветам е добра програма, средување на локалната самоуправа, аплицирање на законската регулатива и решавањето на проблемите на граѓаните. Кирил Трендафилов Нанче- редниот број на гласачкото ливче нема многу да одлучи кој ќе биде победник на овие избори. Конечната одлука за кого ќе се одлучат граѓаните ќе зависи од самата личност. Идниот градоначалник ќе треба да биде татко на градот кој ќе рабо-

ТОМЕ ГИНОСКИ - ВМРО НП Мојата професионалност како докажан хирург, мојот личен ангажман како советник, мојата посветеност во се што работам ќе ги продолжам и како иден градоначалник. Тоа е она што можам да им го понудам на моите сограѓани на кои им треба градоначалник подготвен достојно да ги претстави и да ги штити нивните интереси. Александар Петрески-Јас сум убеден дека и на овие

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ - СДСМ

КИРИЛ ТРЕНДАФИЛОВ - НАНЧЕ

изборите ќе бидиме одлични. Охрид има веќе градоначалник каков што му треба. Мислам дека веќе ги имам освоено симпатиите на граѓаните. Ацо Попоски-Шестата позиција ќе биде добитна за мене. Последен на листата прв на изборите. Тоа ќе биде резултатот на изборите. На Охрид му треба градоначалник кој ќе се грижи за граѓаните и ќе ја стави општината во нивна функција. Со мојата чесна работа и мојот бегграунд како признат стопанственик, со моето минато кое покажува искрена работа ќе ги освојувам симпатиите на граѓаните, но

избори ќе победам. Самиот број пет ја оценува мојата работа досега со одличен 5. Тоа е симболика дека и на

АЦО ПОПОСКИ - НСДП и ќе победам на овие избори. И додека изборните програми на кандидатите за градоначалник стануваат се понереални, се поголеми се и очекувањата на граѓаните кои се надеваат дека некој ќе им ги реши нивните секојдневни проблеми и ќе им овозможи подобар живот. Ќе се слушаат повторно старо нови ветувања, граѓаните ќе го изберат новиот градоначалник. а потоа следува старата песна. Ќе се бара ветеното, но и очекувањата на оние кои гласале за нив. Но, набргу ќе се разбудат во реалноста и повторно ќе им биде јасно дека сето тоа биле „приказни за големи деца“. Сузана Вренцовска


НЕФИ И КУЈТИМ УСЕИНИ ЌЕ ГО ОБЕДИНУВААТ ОХРИД - ЈАС ИМАМ ПРИЈАТЕЛИ ОД СИТЕ ВЕРИ И НАЦИИ, ОЧЕКУВАМЕ ГЛАСОВИ ОД СИТЕ ДЕЛОВИ НА ОХРИД, ОД ВОСКА, ПРЕКУ КАРАБЕГО МААЛО ПА СЕ ДО ВЕЛГОШТИ БИДЕЈЌИ СИТЕ САКАМЕ ДА ГО ВИДИМЕ ОХРИД ПОУБАВ – ВЕЛИ НЕФИ УСЕИНИ АКТИВИСТ НА ПЕИ.

Б

раќата Нефи и Кујтим Усеини на голема врата влегуваат во политиката и најавуваат крупни промени во Охрид, за кого велат дека мора еднаш за секогаш да се обедини, да ги надмине стереотипите, да се космополитизира до крај и да биде заеднички дом за сите кои живеат во него. Семејството Усеини ќе е предводник и двигател на кампањата за заедничката советничка листа на Партијата за Европска Иднина. Партијата за Демократски просперитет и Сојузот на Египќаните. Браќата Усеини во политиката влегуваат за да го прекинат лошиот континуитет на досегашното политичко делување на некои видни политичари од Албанскиот блок кои за цели две децении не успеаја да направат ништо корисно. На прашањето зошто влегуваат во политиката ако се знае дека семејството Усеини е едно од поситуираните и финансиски добростоечките семејства во Охрид, Кујтим Усеини вели дека тоа не го прават за да заработат пари. - Ние имаме доволно за нас и во политиката не влегуваме за да се богатиме како што излегуваат многу луѓе кои влегуваат голи и боси и после од како ќе завршат со политика заминуваат полни со пари. Нашите намери се

чесни и искрени. Искрено сакаме да направиме нешто повеќе за Охрид , за сите кои живеат во него, од сите вери и нации бидејќи луѓето имаат исти проблеми независно од тоа што се по нација или вера. Сите имаат заеднички маки, а до сега политичарите не најдоа решение за проблемите – вели Кујтим Усеини. Браќата Нефи и Кујтим раководат со поголем бизнис кој е проширен во повеќе сфери. Тие велат дека вработуваат голем број луѓе, имаат пријатели од сите нации и вери и очекуваат голем број гласови од сите населби во Охрид. - Пријатели имаме на секаде. Со години негуваме пријателства со луѓе од сите вери и нации. Едноставно такви сме како луѓе, имаме пријатели Македонци, Албанци, Египќани, Турци и т.н. Со години сме лојални пријатели и приватно се дружиме со голем круг луѓе, на многу од нив им помагаме кога имаат проблеми и тоа е еден голем капитал кој всушност не се купува со пари. Пријателите се големо богатство, па очекуваме голем број гласови и од нив. Затоа најсериозно велам дека очекуваме гласови од Воска, Центар, Карабего маала, Видобишта, Бејбунар, па се до Велгошти, Косел и Железничка – вели Нефи. Од малцинствата на листата втор е

Египќанецот Петрит Хусен. Тој вели дека Египќаните повеќе од пола век се оставени на маргините на општеството и животот во Охрид. - Египќаните се второ гласачко тело во Охрид. Нема да дозволиме повеќе да се манипулираат и со нив да се прави пазар само пред избори кога се злоупотребени на најсуров и бескрупулозен начин кога се вршат притисоци врз нив на најгруб начин, се уценуваат со губење на социјалната помош, се прават разни малверзации, се прават обиди да се подмитуваат со некој смешни подароци како кубик дрва или пакет минерална вода – вели Петрит Хусеин и додава дека Египќаните живеат изолирани, исфрлени од општествените случувања во градот и практично ги нема ни во администрацијата ни во јавниот сектор. - Ние сме еден мирен, плашлив и сиромашен народ кој пола век е злоупотребен и манипулиран, сега прв пат ќе имаме прилика да имаме советник во општинскиот совет и затоа се решивме да ја поддржиме иницијативата на фамилијата Усеини кои ни дадоа вистинска и искрена шанса – вели Петрит. Нефи и Кујтим велат дека со програмата со која ќе настапат во изборите и која ќе се реализира потоа ќе го променат и обединат Охрид. - Не смее да се дозволи Охрид да е поделен, едни делови од градот да се градат, да се дотеруваат, а другите да потсетуваат на некое гето. Тука пред се мислиме на Воска каде ништо не се случува на полето на инфраструктурата која е целосно запоставена. Мора да се даде шанса за поголеми инвестиции, градба и урбанистичко средување на овој дел од Охрид, за градот навистина да се обедини и да е рамномерно развиен, отворен и добар домаќин на сите кои го посетуваат. Охрид да се сврти силно кон туризмот кој ќе биде главен двигател на економијата – вели Нефи.

www.amakpres.com.mk

Љупчо Таневски

9


ИНТЕРВЈУ ВЛАДО ЧИНГОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

СДСМ ВО МАЈ ЌЕ МОРА ДА СЕ РЕФОРМИРА Претседателот на општинскиот совет тврди дека составот со кој претседаваше најмногу сработил до сега, дека некои советници не зинаа на говорницата биејќи се изјасниле на комисиите, а за СДСМ тврди дека е уништен од непотизмот кој царува во оваа партија. Тој смета дека СДСМ мора во мај да се реформира од корен. На крај сте од мандатот, 4 години го водевте советот, мислите ли дека успешно работеше советот? -За работата на советот оценка треба да дадат оние кои го избраа, а тоа се граѓаните. Јас ќе кажам дека од 1996 година досега овој е најуспешен совет. Успешноста треба да се гледа од повеќе аспекти , а како најголем успех треба да се спомене граѓанскиот концепт, успеавме во совет во кој партиските интереси беа секундарни во работењето, а пред се и над се беше содржината и квалитетот на одлуките и тоа го краси овој совет и ретко кој ќе може по завршувањето на мандатите да ја повтори оваа ситуација. Факт е дека некои советници воопшто не излегоа на говорница, од своите усти не изнесоа ниеднаш свое мислење за ни една точка, ни еден став не искажаа на говорницата во советот. -Точно е дека неколку советници воопшто не ја искористија говорницата, но, точно е дека истите тие во работата на комисиите го искажуваа своето мислење, беа активни во работата на комисиите, што значи дека беа активни,но не беа активни на седниците на советот Сметате дека тоа е во ред? -Не е во ред, Но, сепак се работи за луѓе интелектуалци кои своето мислење веќе еднаш го дале на комисијата и нивните забелешки влегле во записници и заклучоци на самата комисија, седниците не мора да се оптоваруваат со говоранции на самата седница. Но во секој случај, и медиумите и јавноста коментираат дека тие не биле активни во советот. Јас гарантирам дека сите советници дадоа голем придонес во работата на советот. Факт е дека медиумите се сконцентрираа на неколку советници, прво Петре Петрески Калимеро, кој им беше така најинтересен, потоа координаторите на советничките групи и поретко застапени беа другите советници кои на сама-

10

AMAK

PRES

та седница даваа предлози. Советот неколкупати се превираше, се менуваше мнозинството, некои советници добиваа вработувања, некои добија функции. Низ бизнис кулоарите и некои лоби групи коментираат дека советниците беа подложни на примање мито, дека одлуките околу кои најмногу се полемзираше во јавноста поминаа откако некому нешто му било задоволено, подарено или дадено, мислите ли дека имаше корупција во советот?Дали се давани подароци на советниците олицетворени во пари, станови, дуќани и слично? - Ова прашање е најексплоатирано од страна на медиумите и јавноста. Јас категорично тврдам дека во редовите на советниците нема корупција. Меѓутоа ако се мисли дека некој е корумпиран и зел станови, деловни простори или пари тоа е предмет на други органи кои треба да го разрешат и таа дилема да падне. Точно е во делот на вработувањето, некои советници се вработија, но тоа не е за осуда ако се

знае дека секоја партија кога ќе дојде на власт ги вработува своите функционери, раководни лица, тркачите и слично, не гледам зошто би било исклучок и некој советник да добие работно место, тоа не е грев. Не мислите дека вработувањето влијаело на некои советници за да гласаат некако? -Можно е ама ајде да направиме аналогија со Парламентот, да видиме од сите парламентарци дали имаат некој не вработен во било која државна институција. Милјето во земјава е такво какво што е и непотизмот и личниот интерес се уште е примарен но, се во рамките и границите на дозволеното. Кој одлуки што се донесени ги издвојувате како најзначајни? - Самиот факт дека се одржаа 63 седници на кои се донесоа повеќе од 1200 акти доволно зборува. Посебно би го издвоил ГУП -от кој е еден од најзначајните зафати за Охрид, кој ги канализира процесите во урбанизмот,


се елиминираа модулските решенија и донесувањето на модули. Која ситуација во советот ви остана во сеќавање од седниците? - Комични ситуации имаше многу бидејќи 23 советници се со различен карактер и никој не може да предвиди како секој од нив ќе настапи. Како една од највпечатливите ситуации беше првото исклучување и отстранување на советник од седница кога го отстранив Перо Петрески Калимеро , да ја напушти говорницата бидејќи бараше некој документ кој не е официјален, туку бил некое ливче или салфетка на која биле напишани имиња за некој Управен одбор. Тоа било договор меѓу него и некој координатор на некоја советничка група. Тоа беше покомична ситуација кога го употребив деловничкото право и го отстранив Калимеро од седница. Не сте на листата од СДСМ, Ве нема во партијата , што се случи меѓу Владо Чингоски еден од основачите на СДСМ , голем партиски деец? Зошто Ве нема на листата на предложени советници на СДСМ? Незадоволни ли се таму од Вас? Комуницирате ли со партијата во Охрид? - Точно е дека од 90 година сум во СДСМ. 19 години сум активен член на СДСМ, но точно е дека кај нас партијата ги јаде своите деца и тоа е случај и со мене. Фактот дека од СДСМ добив 1 советничко место и случајно станав претседател на Советот и фактот дека на советот му дадов поинакви димензии доведе до револт во мојата матична партија и некако ме третираа како човек кој не сака да биде во редовите и се грижи само за функцијата . Некои во СДСМ заборавија дека во нормални демократии претседателот на совет треба свесно и одговорно да ги води седниците, а на да биде само добар поддржувач на партијата од каде произлегол. Факт е дека сите советници кај мене имаа ист третман, имаа иста минутажа, исто беа опоменувани дури и бркани. Имавме ситуации кога го предупредував и градоначалникот дека ќе биде отстранет од седница. Тоа нај веројатно не одговараше на политиката на СДСМ -Охрид но, јас останав доследен на моите ставови. Од тоа не беа задоволни имајќи во предвид дека

не сакаа да видат што еден нивни член кој објективно работеше во советот и даде огромен придонес за афирмација на советите како органи на републичко ниво. Сето тоа не беше доволно за да се најдам на листата. Од кои причини Ве нема на листата? - Сигурно судирот кој го имав 2006 та , а и 2008 за парламентарните избори и мојот став за кандидатите за пратеници имаше своја последица, имав судир и со поранешниот претседател Владо Бучкоски, неговата опција. Во Охрид беше Илија Илоски, но и со сегашното раководство со Томе Чингоски и не прифаќањето на поинакви мислења во делот на функционирање на СДСМ и тоа во континуитет

Како ја оценувате денес СДСМ? На кое дереџе е дојден СДСМ? Има ли шанси оваа партија да се опорави и каде мислите дека ќе заврши? - СДСМ има потенцијал не да се консолидира туку да ја превземе власта и да и даде вистински правец на движење на Македонија. Меѓутоа, очигледно непотизмот во СДСМ уште преовладува и личните интереси се над се. Очигледно е дека во делот на кадровската политика погрешни луѓе се поставени на погрешни места и тука партија пропаѓа. Мислам дека во мај ќе има се-

риозни промени во СДСМ и ќе дојде до големи промени по што партијата ќе може да претендира на освојување на власта. Што ако не се случи тоа? Ако не настанат овие промени? - СДСМ мора да се консолидира и реформира и со сигурност тврдам дека после овие избори ќе се консолидира. Што подразбирате под консолидација? Да се прочисти СДСМ од луѓе кои ја цицаа, се богатеа во неа, кои ја направиле бастион на непотизмот? -Не мислам на тие што се богатеа туку барам секој да си го добие местото според квалификациите, способностите и заслугите. СДСМ последниве години е кариеристичка партија во која луѓе преку ноќ наеднаш стануваат функционери од најголем ков во СДСМ , а кои верувам дека не поминале низ најмала фаза на партиски живот и мислам дека има луѓе на високи функции кои не знаат што е тоа социјалдемократија. Како ја оценувате работата на Томе Чингоски како претседател на СДСМ Охрид и мислите ли дека треба да остане на таа функција или треба да замине во историјата? - Со статутот и деловникот претседателот и извршниот одбор по секој избори дава извештај за изборите и ако ги има изгубено мора да оди на конференција за доверба, те. е изборна конференција и да е сменат но, во 2006 и 2008 кога СДСМ катастрофално ги изгуби изборите немаше промена и извештај за резултатите и не се одржаа конференциите за доверба. Мислам дека редно беше конференцијата на која се избираа кандидатите за советници да е изборна, а не конференција за листите, имаше поголем дел кои го прифатија тоа, но поголем дел негодуваа од разбирливи причини дека секој си има став. Томе Чингоски е претседател но, правилата и одредбите треба да важат за секого и да нема привилегирани, зошто ова правило не важи за Томе Чингоски не знам. Мене ме сменаа по 3 изборни победи по иницијатива на Бучкоски со притисоци и малверзации. Сега оние кои губат не ги менуваат, тоа е непочитување на деловник и статут. Љупчо Таневски

www.amakpres.com.mk

11


POLITIKA

КАЛИМЕРО ЌЕ БАРА ДА СЕ МЕРИ РАБОТАТА НА СОВЕТНИЦИТЕ НЕЗАВИСНИОТ КАЛИМЕРО ЌЕ БАРА ВРШЕЊЕ МОНИТОРИНГ ВРЗ СЕКОЈ СОВЕТНИК КОЈ Е ИЗБРАН ОД НАРОДОТ.

Н

езависниот советник Перо Калимеро кој и на овие избори настапува со своја независна листа ќе бара општината да формира тело кое ќе ја следи работата на советниците и ќе дава извештаи за тоа кој советник,колку бил активен на седниците на советот. - Ние сите знаеме за срамот што сите го таат, а тоа е дека некои советници

не се јавија за збор за цел нивни мандат. Тие луѓе дојдоа во советот за да се пазарат, да тргуваат со своето зелено картонче и да се вработат. И така сега на крај на мандатот не знаеме кој колку бил активен, кој мандатот го помина на говорница, а кој го преспа читајќи списанија за шминки и нокти, а богами и фризури, а кој мандатот го помина зборувајќи на мобилен телефон за цело

време додека траеја седниците. Некои не се јавија за збор, не предложија ни една точка на дневен ред. Епа за да нема вакви советници сега ќе барам да се мери кој што прави и да се даваат извештаи редовно – вели Перо Калимеро. - Тоа е статистика и не е издржано барањето, тоа е корисна статистика која ја водат некои новинари или некоја невладина организација, ние не водиме и не можеме да водиме таква статистика посебно и денес кога Калимеро дојде и го даде овој предлог му кажав дека има записници нека ги собери сите од седниците и нека си пресмета сам кој колку се јавил за збор– вели претседателот на советот Владо Чингоски. Иницијативата на Калимеро дојде на крајот на мандатот од како весникот Амак Прес Охридски Новини го отвори прашањето за активноста т.е. неактивноста на некои од светниците. Љ.Т.

ВИС

ПОЈ

Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.

Како?

12

Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат AMAK PRES експерти и професионалци.

046 255 600 www.vispoj.com.mk


HOTEL RIVIERA ZIMSKA PONUDA

^orba + 1 pijalok

MENI 1.

= 100,oo

MENI 2. Omlet so dodatok + 1 pijalok = 100,oo MENI 3. [arska pleskavica na `ar + salata + 1 pijalok= 160,oo MENI 4. Svinsko rebro na `ar + salata + 1 pijalok = 180,oo MENI 5. Me{ana skara na `ar + salata + 1 pijalok = 290,oo MENI 6. Pe~eno pile za 2 lica + 2 salati + 2 pijaloci = 390,oo MENI 7. Doma{en kolbas + salata + 1 pijalok = 150,oo MENI 8. Porcija prase~ko pe~ewe + salata +1 pijalok = 320,oo Pijaloci {to sleduvaat vo meniata se: krigla skopsko pivo 0.3 ; vino 0.2 (smederevka, roze, kavadarka); rakija `olta/bela 0.05; topla rakija 0.05; koka kola; fanta; {veps; xus/gusti; mineralna voda) SPECIJALNA PONUDA: Vino 0.2 + porcija pla{ici Rakija 0.05 + salata Rakija 0.05 + potpe~eno sirewe Pivo 0.3 + apetisani Topla rakija 0.05

SEKOJ DEN OD 07:00 DO 23:00

= 100,oo = 60,oo = 100,oo = 70,oo = 30,oo

A VO VIKENDI OD 07:00 DO 24:00, SO @IVA MUZIKA P O V E L E Twww.amakpres.com.mk E! 13


SOCIJALA

СО КАПАЦИТЕ ОД ШАХТИТЕ ДО ПАРЧЕ ЛЕБ “На дното“, вака беше насловен романот на еден од најпознатите руски класици Максим Горки. Дното но она реалното го дофатија и многумина од нас. Во време на економската криза која го тресе целиот свет негативните последици се повеќе од очигледни. “Гигантот во автомобилската индустрија “Тојота“ овој месец затвори работни места за околу 2 400 работници“, вака некако гласат информациите кои секојдневно се пласираат низ светски познатите медиуми. А каде сме ние малите државички среде големите веле сили. “ Никаде“,повторно велам ние сме на дното...ние само си донесуваме закони за ова или она, закони за бруто плати, закони со кои ние “обичните“ секој нареден месец плаќаме се поголеми даноци на државата, се поголеми се и давачките за вода за струја и за што уште не... И среде ваква немаштија и без работица не и чудно што дел од граѓаните повторно ги актуелизираа своите “стари занаети“. Внимавај отворена канализациона шахта! Двете очи отвори ги четири кога се движиш на тротоарот што те води од маркетот “Дон“ до бензинска-

14

AMAK

PRES

та пумпа или новата автобуска станица. Сега една од најфреквентните улици во градов повеќе од еден месец е со отворени шахти. Комуналните инспектори не добиле информација за ваквата состојба во ова градско подрачје, а и случајот не го пријавил никој. “Навистина сум изненаден. Крадењето

на капаците од канализационите шахти беше актуелно пред 7-8 месеци. Дивите крадачи на старо железо речиси и да ги протеравме од Охрид. Тоа беа Роми кои немаа постојан престој кај нас, доаѓаа од други градови. Тие беа најголемите ловци на капаците од шахтите кои на нив заработуваа за парче леб. Судски беа протерани од кај нас.

Во меѓу време падна и цената на старото железо за 50 до 70 %. Ако пред 8 месеци цената на кило старо железо беше 10 или 9 денари сега истото се продава за 2-3 денари. Значи ако еден тон железо чинеше 1 000 евра сега неговата цена е само 400 евра. Ова потврдува дека денес крадците на старо железо многу малку или речиси воопшто не заработат од овај нивни “занает“, вели комуналниот инспектор Танас Танаскоски. Во Охрид има три или четири отпади кои се легални купувачи и продавачи на старо железо. Но како правни субјекти овие претпријатија мора да поседуваат: еколошка дозвола и списоци на лица кои се откупувачи на старо железо. Без овие документи Отпадите не можат да го откупат железото. Комуналните инспектори велат дека наполно не можат да ја контролираат нивната работа затоа што и при инспекциски надзор се случува во истите, старото железо вешто да се прикрие. Пред 3- 4 месеци пред влезните врати на Отпадите требаше да бидат поставени видео камери со што ќе се спроведе и поголема контрола во нивното работење, но за жал тие до денес не профункционираа. Ангела Белевска


ИСПОВЕД НА ДРАГОСЛАВ СИМОВИЌ ТАТКО НА НАРКОМАН

ТЕШКО Е ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА МАКАТА НА СВОЕТО ДЕТЕ- НО ЌЕ СЕ БОРАМ ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ СИН МИ Е САМО ЕДЕН ОД МНОГУТЕ ДЕЦА НА КОИ ЖИВОТОТ ИМ ЗАСТАНАЛ ТОГАШ КОГА ПОЧНАЛЕ ДА СЕ ДРОГИРААТ. БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ. КОГА ЗАБЕЛЕЖАВ ДЕКА ГУБИ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕЊЕ, А НЕГОВИТЕ ИЗЛЕГУВАЊА СЕ ПОВЕЌЕ ЗАЧЕСТИЈА МИ СТАНА СОМНИТЕЛНО, НО НЕ ПОМИСЛИВ ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ДРОГА. УСПЕШНО СЕ КРИЕШЕ СО НАЈРАЗЛИЧНИ ИЗГОВОРИ ЗА НЕГОВИТЕ НАГЛИ ПРОМЕНИ И ЧЕСТИТЕ СРЕДБИ СО НОВИТЕ ДРУГАРИ. НО, ТОА ТРАЕШЕ КРАТКО. СО СВОИ ОЧИ ВИДОВ КАКО СИН МИ СЕ ДРОГИРА... НАВИСТИНА Е ТЕШКО КОГА ЌЕ ГО ВИДИТЕ СВОЕТО ДЕТЕ ИЗДРОГИРАНО, БЕСПОМОШНО ДУРИ И СО ПРСТ ДА ПОМРДНЕ. НО БОРБАТА, КОЛКУ И ДА Е БОЛНА, МОРА ДА СЕ ВОДИ, ПА МАКАР ТАА ТРАЕЛА СО ГОДИНИ Тешка е мојата животна приказна. Живот исполнет со страв и ужас додека го гледате своето дете како вене, но ќе ви ја раскажам. Вие сте први пред кого јавно ќе зборувам за мојот проблем, но тоа ќе го направам за да им помогнам на многу родители кои несакаат да и погледнат во очи на вистината која е болна. Некријам дека мојот син е наркоман... вака ја започна приказната 63- годишниот Драгослав Симовиќ кој низ солзи, длабоко од душата ја сподели болната вистина за животот поминат со својот син наркоман. Најпрвин судбината си поигра со мене кога умре мојата прва жена. Зоран тогаш имаше само пет години. Се трудев да бидам добар родител и успевав во тоа иако беше претешко сам да одгледувам дете на таа воздраст. Се преженив и за среќа мојот син беше добро прифатен. Растеше во љубов, беше одличен ученик, добро дете, но среќата траеше се до неговите средношколски денови. Тогаш Зоран за прв пат проба дрога, а мојот

живот стана пекол, раскажува Драгослав но солзите повторно го прекинаа. „Тешко е да се зборува за маката на своето дете, но ќе се борам до последен здив. Кога тој целосно ќе се тргне од дрогата можам слободно да умрам, рече расплаканиот татко,откако по испиеното

син беше еден од најдобрите ученици. Кога забележав дека губи интерес за учење, а неговите излегувања се повеќе зачестија ми стана сомнително, но не помислив дека станува збор за дрога. Успешно се криеше со најразлични изговори за неговите нагли промени и че-

кафе ги среди мислите и ја продолжи приказната. -Син ми е само еден од многуте деца на кои животот им застанал тогаш кога почнале да се дрогираат. Неверувам дека причина да се појде по овој пеколен пат се односите во семејството. Ние имавме скромен живот, исполнет со љубов и хармонија. Мојот

стите средби со новите другари. Но, тоа траеше кратко. Со свои очи видов како син ми се дрогира...вели таткото кој повторно пролеа солзи, но собра сили да продолжи. -Имаше седумнаесет години кога неговите другари го наведоа на ова зло. Во тој период јас бев во Русија на работа. Мојата сопруга, ми

пушти писмо дека нешто не е во ред со Зоран. Кога се вратив се уверив дека мојот син веќе е зависник. Во тој период ми умре и втората жена и тоа беше голем удар за мене. Но најдов сили да продолжам да се борам дрогата да ја тргнам од мојот дом. Често наоѓав прашак, фолии, шприцеви, но најповеќе ме погодуваше кога ќе го најдев издрогиран заедно со другарите под мојот покрив. Во тој момент незнаеш дали ќе преживее или ќе умре, незнаеш кому да се обратиш, незнаеш што да направиш. Сеуште неуспеав да дознаам каква дрога влегуваше во мојата куќа, мојот син секогаш негираше дека е зависник. Отидов да го барам и човекот за кој разбрав дека му продавал дрога. Имав намера да го убијам затоа што ми го упропасти детето, но за среќа не го најдов дома. За да го спасам мојот син и да го отргнам од ова зло бев принуден често пати да го пријавувам во полиција. Бев подготвен да направам,се но безуспешно- следните 20 години беа навистина пекол-

www.amakpres.com.mk

15


SOCIJALA родителите на жртвите на дрогата за да ја скријат вистината од роднините и пријателите за да го сочуваат реномето на семејството. Навистина е тешко кога ќе го видите своето дете издрогирано, беспомошно дури и со прст да помрдне. Но, борбата, колку и да е болна,

ни. Другарите не го оставаа на мир. Бев принуден да се спротиставам на сите начини. Ги бркав кога ќе дојдеа кај мене дома. Тешко е навистина да се биде родител на наркоман. Да го гледаш сопственото дете како вене, а да неможеш да му помогнеш. Тепачки, кражби и дрогирање тоа беше неговото секојдневие. Јас и другиот мој син баравме помош на сите начини. Борбата траеше со години, но вредеше. Денес Зоран е дел од центарот за зависници од дрога и е на метадонска терапија. Секој ден се молам да не направи чекор назад кој повторно ќе го одведе на патот на пропаста,вели Драгослав кој после 20 години борба да го тргне своето дете од патот на дрогата се чувствува горд што успеал во својата тешка мисија. Вели, сега односот

16

AMAK

PRES

ни е сосема поинаков. Пиеме кафе,разговараме правиме планови за иднината, но кај мене секогаш ќе постои стравот да не се врати повторно на дрогата. Сега мојот син е детето кое од секогаш сум го посакувал, а мојата желба е никогаш да не се разбудам од овој сон. Со цел оваа приказна да допре до многумина родители, да ги поттикне реално да гледаат на работите, но и да се борат до крај Драгослав порачува: -Сите родители треба да знаат да препознаат наркоман, еве да речеме по тоа што не јадат, не спијат, ги запоставуваат обврските, изгледаат пијано а најчесто се агресивни. Јас раскажав се токму поради другите родители. Не кријам сите овие години дека син ми е наркоман,а не треба тоа да го прават и

мора да се води па макар таа траела долги години, ни рече тажниот татко на разделба и ни порача дека е подготвен повторно да ја отвори душата доколку тоа би им помогнало на младите никогаш да не посегнат по дрогата. Сузана Вренцовска


1

www.amakpres.com.mk

17


LOKAL ВЕЌЕ ТРИ НЕДЕЛИ БЕЗ НАСТАВА ВО НИКО НЕСТОР

РЕШЕНИЕ НЕМА-УЧЕНИЦИТЕ НА УЛИЦА

НАДЛЕЖНИТЕ СЕДНАА НА МАСА НО НЕ НАЈДОЈА РЕШЕНИЕ

Р

азличните ставови за воведувањето на етничките смени во „Нико Нестор“ ги остави децата надвор од училишните клупи веќе три недели. Македонците и понатаму со став наставата да се одвива во јазични смени, албанските ученици не ја прифаќаат таа одлука. Според нив постои голема толеранција за учениците Македонци и вмешаност на политиката. Струшките советници не застанаа зад одлуката на директорката Маре Савевска, наставата да се одвива во етнички чисти смени. На итната седница на Градскиот совет советниците, Управниот и училишниот одбор и директорката Савевска не изградија заеднички став за прифаќање на одлуката за јазична настава. Советот побара преиспитување на одлуката. Според донесените заклучоци на седницата училишниот одбор врз основа на Статутот на училиштето да ја разгледа законитоста на одлуката донесена од раководониот орган на училиштето, а градоначалникот на Струга и Секторот за об-

18

AMAK

PRES

разование во случај на незаконитост да преземат соодветни мерки. Училишниот одбор и директорката да ги преземат сите законски мерки за безбедно натамошно одвивање на наставниот процес. Решение за тензичната состојба во «Нико Нестор» во Струга бараа и вице-премиерите Абдулахим Адеми и Зоран Ставревски и министрите за образование и внатрешни работи Перо Стојановски и Гордана Јанкуловска. Тие со локалните власти ги пеглаа различните ставови дали наставата да се спроведува по етничка основа или да продолжи по старо во мешани смени, но средбата не донесе епилог. Градоначалникот Рамиз Мерко претходно го изнесе својот став дека е против етнички смени. - Тоа се еднострани барања кои не можат да се реализираат поради немање на просторни услови. Од друга страна соживотот во Струга е најдобар и немаме никакви инциденти. Беше редно да дојде поголема владина делегација која треба да се

вклучи во решавање на овие проблеми. Тие можат да инвестираат и материјално и морално и можат да помогнат во изнаоѓање на проблемот, рече Мерко пред средбата со владините преставници. Неможноста да се најде соодветно решение за одвивање на наставата во «Нико Нестор» ги остави учениците надвор од училишните клупи, а проблемите се прелеаја и во гимназијата «Ибрахим Темо». И таму учениците Македонци се солидаризираа со нивните соученици од стручното училиште. Директорот Муса Мусаи вели дека учениците Македонци бараат јазични смени и во «Ибрахим Темо» но во оваа зграда, како што рече, не постојат услови за изведување на таков тип на настава. - Имаме малку простории во кои учат 3.000 ученици и овие деца мора да имаат меѓусебна комуникација и разбирање, без разлика на етничката припадност. Очекувам од преговорите со владините претставници пакет-решенија кои ќе бидат

во интерес на сите, вели Мусаи. Одлуката за воведување на јазични смени ја донесе директорката на «Нико Нестор» Маре Савевска, а зад неа застана и министерот за образование Перо Стојановски. -Проблемот од образовна се префрли во политичка сфера. Ако проблемот е до мене, подготвен сум да си поднесам оставка во интерес на стабилизирањето на целата ситуација за да не ни се случи потоа да бараме одговорност од некој друг доколку состојбата ескалира. Моето присуство во Струга има за цел наставата да започне и ситуацијата да влезе во колосек, рече министерот за образование Перо Стојановски и додаде дека со самото присуство на министрите во Струга, Владата покажа колку е заинтересирана за решавањето на проблемот. На прашањето дали ќе има јазични смени во «Нико Нестор», тој рече дека засега нема одговор, но би бил најсреќен доколку би нашле соодветно решение на проблемот.


И преставниците на ОБСЕ, одржаа одделни средби со раководствата на училиштата, училишните совети и учениците од «Нико Нестор» и «Ибрахим Темо». Како што дознаваме, на членовите од Мисијата на ОБСЕ им биле пренесени хронолошки настаните и причините за инцидентите. Учениците Македонци и училишниот одбор на «Нико Нестор» го пренеле цврстиот став за воведување на јазични смени. И додека надлежните бараат решение за проблемите во „Нико Нестор“ без настава и модел по кој ќе учат учениците изминува и третата недела. Сузана Вренцовска

ДПА ОД СТРУГА ОБВИНИ

МЕРКО СТАВИ ПОТПИС ЗА ЕТНИЧКИТЕ СМЕНИ

Г

радоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, им кумувал на етничките смени во Средношколскиот центар во Струга, обвини кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на ДПА, Менди Ќира. Според него, постои таен договор за воведување на етнички смени во Средното стручно училиште «Нико Нестор», на кој и градоначалникот на Струга го ставил својот потпис. - Имаме сознанија дека постои договор помеѓу мини-

стерот за образование, градоначалникот и директорката на «Нико Нестор». Бараме градоначалникот Рамиз Мерко, кој е најнадлежен да потврди дали го потпишал договорот за воведување на етнички смени, рече Менди Ќира. Според претседателот на Општинската ДПА во Струга, Зија Јунузи зад ваквиот потег на градоначалникот Мерко се кријат лични интереси. - За жал, ние констатиравме дека најрелавантиот ав-

торитет за решавање на овој проблем, актуелниот градоначалник на Струга за приоритет ги има своите лични бизнис интереси пред општествените. Со ова алудираме на неговиот проект за основање на едно средно приватно училиште, кое ќе биде основа за идните студенти на неговиот приватен универзитет, рече Јунузи. Од ДПА побараа од градоначалникот Мерко во рамките на законските надлежности да преземе соодветни мерки за смирување на

меѓуетничката тензија во «Нико Нестор». Градоначалникот Мерко ги отфрли ваквите обвинувања како неосновани. -Бев повикан од индивидуа, а не од партија за наводен писмен договор. Тоа е инсинуација и жалосно е да се коментира во предизборие. Тоа е политичка кампања, вели Мерко.

www.amakpres.com.mk

С.В.

19


KULTURA

ГОДИНАВА НАД 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОХРИДСКИОТ ЗАВОД И МУЗЕЈ

В

ладата на Република Македонија и Министерството за култура издвоија над 40 милиони денари за активностите кои годинава ќе ги реализира Заводот и Музеј од Охрид. Како најзначаен проект за оваа Национална Установа за 2009 година ќе биде статичкото зајакнување, факсимилната обнова и ревитализација на куќата на Уранија .Градежните активности започнаа минатата година, а проектот кој е под владина финансиска капа чини 19 милиони денари. “Морам да напоменам дека Завод и Музеј е вклучен и во многу од капиталните проекти повторно финансирани од владата, а координирани од Управата за заштита на културното наследство,

поточно од директорот Паско Кузман. Тоа се проектите: Возобновување на Свети Климентовиот манастир на Плаошник во Охрид каде активностите, поточно првата фаза - археолошките истражувања се отпоч-

20

AMAK

PRES

ПРИОРИТЕТНА ГРАДБАТА НА УРАНИЈА

нати во 2007 година, се изведуваа во текот на 2008 и на одредени истражувачки полиња продолжуваат и во 2009 година. За целосната реализација на овој проект Владата на Република Македонија и Министерството за култура обезбедија

вкупно 6 милиони евра“, истакна на прес конференција директорката на Завод и Музеј од Охрид, Тања Паскали. Паскали додаде дека минатата година се започна со реконструкција на праисториската палафитна населба Заливот на коските - Миќов град на полуостровот Градиште на брегот од Охридското Езеро. Проектот чинеше 2 милиони евра. Годинава е планирано проектот да продолжи и да се реконструираат уште 16 дрвени колиби. “ А р х е о л о ш к и т е истражувања на локалитетот Енгелана, откриените , Киклопските Ѕидови кај Св. Еразмо чинеа 2 милиони денари во 2008 година, а годинава за нив се издвоени 3 милиони денари“, рече Паскали. Минатата година НУ Завод и Музеј од Охрид работеше на проекти од обла-

ста на заштитата, музејската и галериската дејност и меѓународната соработка. Беа изработени многу проекти за конзервација на објекти од профана и сакрална архитектура, се конзервираше архитектурата и живописот на четири цркви, а се изврши и конзервација на џамијата Хаџи Дургут, на конзервација на дел од ѕидовите на Самуиловата тврдина- комплекс Долна Порта. Беше променета столаријата во куќата на Робевци, беа организирани многу изложби , и отпечатени многу книги на наши автори. За овие минатогодишни активност владата издвоила 26 милиони денари. Оваа цифра ако се спореди со финансирањето во 2007 година се забележува дека е поголема за 10 милиони денари. Ангела Белевска


ОХРИДСКО ЛЕТО

НЕ СЕ ОТКРИВААТ ИМИЊАТА КОИ ЌЕ ГО ОТВОРАТ ФЕСТИВАЛОТ

Е

вропски уметници, оперска пејачка и симфониски оркестар, ќе го отворат 49-тото издание на најголемата музичко сценска манифестација „Охридско лето“. Имињата сеуште не се откриваат, но според директорот на фестивалот, Тони Симоновски годинава ќе имаме најспектакуларно отварање. -Сеуште е рано да откривам за кои уметници станува збор додека конечниот пред-

лог не помине на Управен одбор. Од петте проекти на кои работевме селектиравме само два, но кои се уметниците ќе откриеме наскоро, вели Симоновски. Тој додава дека во тек се преговорите и со останатите кои ќе настапат на Охридско лето оваа година. Што се однесува до соодносот на уметничкиот и драмскиот дел и годинава останува ист- 70% од програмата ќе и припадне на музич-

киот дел а 30% на театарскиот. -И годинава во 40-те фестивалски денови ќе имаме врвни уметници, а се повеќе простор ќе отстапиме и на домашните репродуктивни уметници кои уживаат високо реноме, вели Симоновски. Во рамките на фестивалот ќе бидат организирани ликовни изложби на познати уметници меѓу кои и Славко Упевче и Сергеј Андре-

евски. Исто така покрената е иницијатива за формирање на Балканска асоцијација на фестивали која пред се ќе има за цел обновување на врските кои порано функционирале на поранешните југословенски простори. Годинава Шведска ќе биде носител на Денот на ЕУ, настан кој Охридско лето го востанови пред 2 години, а ќе се одржи на 9 август. С.В

„ОХРИД ФЕСТ РАСПИША КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПЕСНИ“ Фестивалот, „Охрид фест - Охридски трубадури“ го распиша конкурсот за избор на песни кој ќе трае до 15 март. Учество можат да земат сите заинтересирани граѓани кои во предвидениот рок ќе испратат демо аудио снимка и текст од песната. Авторите на композиции-

те имаат право да предлагаат интерпретатори за нивните песни, но дефинитивниот избор на пејачите го одредува фестивалот. Доколку селекционата комисија оцени дека на конкурсот не пристигнале доволен број квалитетни композиции, останатиот број песни ќе биде обезбеден по

пат на нарачка од еминентни авторски имиња, велат од организацијата. Одбраните песни за официјалната програма на фестивалот ќе се снимаат во “Блу студио” Скопје. Шеснаесеттото издание на фестивалот “Охрид фест Охридски трубадури” ќе се одржи од 26 до 29 август

на летната сцена во Долни Сарај. На фолк, поп и интернационалната вечер ќе се доделуваат три награди од публиката, исто толку од жирито, како и награди за најдобар аранжман, текст, интерпретација, дебитант и сценски настап. А. Б.

www.amakpres.com.mk

21


SPORT СТАРТУВА СУПЕР ЛИГАТА

АМАК СП ВО НАЈЕЛИТНОТО ДРУШТВО

Н

ајдобрите шест екипи од македонската прва кошаркарска лига ќе ја продолжат борбата во Супер лигата. Првите две екипи од најелитното друштво директно ќе патуваат во полу финалето. АМАК-СП,кој ќе биде дел од екипите кои ќе се натпреваруваат за шампионската титула,ќе стартува на домашен терен каде ќе го пречека битолски Пелистер. Во првото коло од Супер лигата, бранителот на титулата Фени Индустри ќе му гостува на Овче Поле,а најтрофејниот Работнички ќе се сретне со тимот на МЗТ. Во регуларниот дел од сезоната, охридскиот АМАК СП, во последните четири кола, претрпе три порази. Најпрвин изгуби од Фени на домашен терен каде и Работнички во 17-то

22

AMAK

PRES

коло ја доби пресметката за втората позиција на табелата. Гостите во Охрид имаа поголема желба за победа и со 9183 му го нанесоа вториот пораз на АМАК СП. Охридскиот прволигаш не успеа да го совлада ниту МЗТ на гостувањето во Скопје во 18-то последно коло од регуларниот дел и заврши на третото место на табелата. Претстојните натпревари во Супер лигата се можност избраниците на Лазоски да им се реваншираат за поразите на најдиректните конкуренти за освојување на првото место и да покажат дека Охрид има тим кој за прв пат ќе го освои шампионскиот трофеј. С.В


ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ВО ПОСЕТА НА БИЛЈАНИНИ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook