Skip to main content

АМАК ПРЕС 106

Page 1

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amakpres.com.mk

marketing

070 / 462-362

Godina VI - Broj 106 10 Fevruari 2009

ПЕТАР ПОПОВСКИ СВЕ ТСКИ НАУЧНИК ОД ОХРИД ИНТЕРВЈУ

НИТУ “И” ЗА ИЗБОРИТЕ...

СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА ЌЕ ВИ НАПИШЕ КАЗНА

Д-Р ЈОВАНКА КОРОВЕШОВСКА

ШЕСТМИНА ВО ТРКА ЗА

ГРАДСКИ ТАТКО!

ТЕАТАР ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ АПАРТМАН

definitivno najevtino www.don.com.mk

МИНЧО ЈОРДАНОВ ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН


ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски ljupco@amakpres.com; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES


НАШИ ТАЛЕНТИ ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ

ОХРИЃАНЕЦОТ ПЕТАР ПОПОВСКИ ДОБИТНИК НА НАУЧНО ПРИЗНАНИЕ ВО ДАНСКА СО ПРОНАЈДОКОТ НА ПОПОВСКИ, ПРАКТИЧНО СЕ “ПРОЧИСТУВААТ“СИГНАЛИТЕ ШТО ПРЕКУ БЕЗЖИЧНАТА МРЕЖА СЕ ПРИМААТ НА МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ИЛИ НА КОМПЈУТЕРИТЕ

П

речките во безжичните интернет -врски кај мобилните телефони и компјутери кога тие работат блиску еден до друг ќе ги снема со пронајдокот на охриѓанецот Петар Поповски, експерт по безжична технологија и доцент на Универзитетот во Алборг, Данска. Министерството за наука на Данска го прогласи Поповски за млад елитен истражувач за 2008 година откако претходно му дало 400.000 евра за истражувањата. Вредната награда што се доделува за истражувачи до 35 години и за исклучителни научни резултати во светска класа му беше доделена неодамна, на свеченоста во Копенхаген. За понатамошни усовршувања тој ќе располага со 200.000 дански круни. Суштината на пронајдокот е новата техника со која, практично, се „прочистуваат“ сигналите што преку безжична мрежа се примаат на мобилни телефони или на компјутери. - Централен проблем во секоја безжична мрежа е интерференцијата, односно пречки во приемот на сигналот што се јавуваат поради други, несакани сигнали во етерот. Ако две Вај-фај мрежи се во близина, сигналот од едната мрежа е несакан сигнал за другата. Доминантен пристап за справување

со интерференцијата во денешните безжични мрежи е нејзино избегнување. На пример, двете соседни Вајфај мрежи може да изберат различни фреквенции и така корисниците од двете мрежи нема да пречат еден на друг. Проблем е тоа што ако има многу мрежи и корисници во

близина, не може за секого да се најде слободен канал, така што некои од корисниците мора да бидат привремено блокирани - објасни Поповски. Тој рече дека неговите истражувања наведуваат на поинаков третман на интерференцијата што се појавува во безжичните мрежи што се појавуваат во различни форми - Вај-фај, Блутут, Вајмакс и слично. - Најчесто интерференцијата е информација што може да се декодира и потоа отстрани. Тоа значи дека ако има повеќе мрежи што се

во близина, треба тие мрежи да се „натераат“ да разменуваат информација меѓу себе. Дури и да се случи да има пречки меѓу нив, оваа разменета информација ќе може да се искористи за да се отстранат меѓусебните пречки во процесот на декодирање. Главната цел

на проектот е како да се организира трансферот на информација помеѓу мрежите со кој ќе се дозволи да има интерференција, која потоа се отстранува врз база на претходната информација. Со ова, на ист канал може истовремено да има два или повеќе корисници. Тоа значи дека може да се пренесе повеќе информација во истиот, ограничен фреквенциски опсег - објаснува тој. Данската престижна награда за минатата година ја добија 24 истражувачи од сите научни области. Од нив, 7 на-

гради беа доделени во областа на технологија и производство, која ги опфаќа сите инженерски струки. Од тие седум, само Поповски ја доби наградата за областа на информациски и комуникациски технологии. Секој од добитниците добива 200.000 дански круни, кои се главно наменети за истражување, учество во конференции, посета на други научни институции и слично. Поповски е роден во Охрид, а во 1997 година дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје како најдобар студент во генерацијата. На истиот факултет по три години магистрирал, а потоа работел како асистент во Институтот за телекомуникации. Во Данска дошол во 2001 година на докторски студии, а од 2004 година работи како доцент на Универзитетот во Алборг на кој минатата година е избран за предавач на годината. Од лани работи и како експерт за безжична технологија во фирмата „Отикон“. Лани со колегите од Универзитетот Харвард, во конкуренција од 3.000 труда доби награда за најдобар труд на најголемата конференција за телекомуникации „Глоубком“ во Њу Орлеанс.

www.amac.com.mk/novini

Ангела Белевска

3


ПОЛИТИКА

ВО ТРКА ЗА

ГРАДСКИ ТАТКО! АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК, ДИРЕКТОР, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР,ХИРУРГ, БИЗНИСМЕН И УГОСТИТЕЛ ЌЕ СЕ ТРКААТ ЗА ДА СЕДНАТ ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЉА.

АЦО ПОПОСКИ - НСДП

БОРО ПАВЛОСКИ - ЛДП

Н

а овие локални избори скоро сите партии од градот излегоа со свои кандидати за градоначалници, а во трката влегува и еден независен кандидат. Актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески на изборите влегува како кандидат на СДСМ. Петрески кој изминатите четири години го води Охрид влегува уверено во овие избори и тој лично како и луѓето околу него се сигур-

4

AMAK

PRES

КИРИЛ ТРЕНДАФИЛОВ - НАНЧЕ - ВМРО ДПМНЕ

ТОМЕ ГИНОСКИ - ВМРО НП ни во победата на изборите. - Можеби не во првиот круг но, во вториот сигурно ќе победам – изјави неодамна Александар Петрески. Тој во изборите влегува со поддршката од неговата партија СДСМ, но веќе не е никаква тајна дека Александар Петрески го поддржуваат и многу луѓе кои се членови на ВМРО ДПМНЕ и јавно се декларираат дека застануваат зад неговаста кандидатура. Како адути Петрески на

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ - СДСМ

ВЛАДО РУБИНОВ - ЉАЦ - НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ


овие избори сигурно ќе ги истакне успесите кои се нижеа во градот во изминатите 4 години, почнувајќи од комуналното средување на Охрид, преку изградбата на канализација во приградските населби, па се до успешните промоции на Охрид како туристичка дестинација кои пак градот го преполнаа со туристи во изминатите лета , а истовремено Охрид стана и една од најпосакуваните туристички дестинации за Нова година. Но, секако главен адут на Петрески е разборчувањето на Охрид.Општината на почетокот на неговиот мандат беше во долг од 15 милиони евра, а денес должи 90 % помалку од колку на почетокот на мандатот на Петрески. Бизнисменот Ацо Попоски во изборите влегува како кандидат на НСДП. Ацо Попоски е и прв човек на оваа партија во Охрид, а познат е и како Ацо ПАП, бидејќи е косопственик на фирмата ПАП, како и фабриката

Железник во Демир Хисар. Попоски во изборите влегува како докажан менаџер кој своите менаџерски способности сака да ги понуди пред Охрид како адут за негов избор. Тој најави дека ќе настапи со проекти кои ќе го променат Охрид кон подобро, дека ќе донесе капитални инвестиции кои ќе го раздвижат со децении колабираното стопанство. ВМРО ДПМНЕ на овие избори ќе настапи со Кирил Трендафилов- Нанче. Иако претходно од највисоките кругови на партијата во Скопје со месеци се тврдеше дека ќе се бира кандидат помеѓу Владо Стефаноски, Анита Кипаризоска- Крстеска и Цветко Грозданов, највисокиот партиски круг претставен преку Извршниот Одбор на партијата донесе одлука Кирил Трендафилов -Нанче да биде адутот на ВМРО ДПМНЕ на овие избори, а на Централниот Комитет му остана само да ја аминува оваа одлука на

најтесното раководство. Трендафилов е познат како успешен менаџер, кој врвот на кариерата го достигна како еден од првите луѓе во Македонски Телекомуникации, пред ребрендирањето. Кирил Трендафилов на претходните избори настапи како кандидат од ВМРО НП и доживеа пораз од актуелниот градоначалник во вториот круг. Овој пораз Кирил Трендафилов никогаш не го призна и го оцени како фалсификат. Но, затоа неговата ВМРО НП го призна градоначалникот и продолжи да соработува со него. ВМРО НП во трката се вклучи со д-р. Томе Гиноски кој изминатите 4 години беше советник од редовите на ВМРО НП во општинскиот совет. Гиноски е хирург во Општата болница, ЛДП и покрај тоа што никој не очекуваше на изборите истрча со свој кандидат. Боро Павлоски, в.д. директор на Комуналец е кандидатот на оваа партија. Павлоски е

в.д директор веќе 4 години и токму од ова место стана познат во јавноста. Многумина го оценуваат како еден од најуспешните директори на Комуналец, Во неговиот мандат претпријатието финансиски се стабилизира, продаде неколку непотребни пловни објекти со што значајно го подобри финансиското работење. Павлоски во добро упатените бизнис и политички кругови неколку месеци пред изборите беше споменуван како носител на независна советничка листа зад која би застанале највлијателните бизнисмени од градот но, кандидатурата за градоначалник ги прекинала овие планови. Владо Рувинов -Љац е единствениот независен кандидат на овие избори. Тој се занимава со угостителство и туризам. Љупчо Таневски

ОБУЧЕНИ ЧЛЕНОВИТЕ НА ОПШТИНСКАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА - ОХРИД

Н

еодамна беше спроведена обука за членовите на Општинската изборна комисија - Охрид. Целта на обуката е запознавање на ОИК со измените во изборниот законик и процедурата на гласање на претстојните претседателски и локал-

ни избори. Во меѓувреме ОИК започна со редовните активности, а се комплетираат и избирачките одбори. Согласно измените во изборниот законик, во избирачките одбори покрај членовите и замениците од редовите на државната

администрација, ќе има и членови на најголемите политички партии ВМРОДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Изборите за претседател на државава, за градоначалник и за советници ќе се одржат на 22 март, а во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места.

СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА СО НОВИ УКОРИ ЗА ДЕЛ ОД НАЦИОНАЛНИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ

С

оветот за радиодифузија -СРД на неодамнешната седница одлучи да им упати укажување на националните телевизии Сител, А1 и А2 заради, како што се наведува, констатирано презентирање на резултати од јавното мислење, што е спротивно на Изборниот законик. СРД утврдил прекршувања за изборно медиумско претставување надвор од

период на изборна кампања кај ТВ Канал Визија од Прилеп, против која е одлучено да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд. Советот ги предупреди сите останати електронски медиуми во презентирањето на резултатите од анкетите на јавното мислење да ги почитуваат одредбите од Изборниот законик. Според нив медиумите при

објавување на резултати од испитување на јавното мислење за кандидатите, политичките партии и група избирачи во изборната кампања, должни се да го наведат името на институцијата или раководителот на институцијата што го извршила истражувањето, датумот, методологијата, големината и структурата на примерокот и името на нарачателот кој го побарал испитувањето.

www.amakpres.com.mk

5


ЛОКАЛ СО ОДЛУКА НА СОВЕТОТ

ЛАП ТОПОВИТЕ ЌЕ ЗАМИНАТ СО СОВЕТНИЦИТЕ О

хридските советници на последната седница на Советот донесоа одлука за отпишување на лап -топовите кои им беа доделени за време на нивниот советнички мандат. Со тоа самите си овозможија да станат сопственици на лап топовите, иако наскоро ќе им заврши советничкиот мандат. За претседателот на советот Владо Чингоски многу поголем е проблемот што новинарите побудиле интерес за отписот на основните средства, отколку намерата која произлегува со ваквата одлука-советниците да си заработат по еден лап топ, а за новиот состав во Советот да се врши нова набавка на компјутери и тоа со народни пари. -Одлуката за отпис на компјутерите е легална,за неа гласаа советниците. Останува следниот чекор да го направи градоначалникот Александар Петревски.Тој треба да формира посебна

комисија,но бидејќи времето за избори на нов градоначалник се ближи можно е таа комисија воопшто да не се формира и одлуката за отпис на компјутерите поради тоа премолчено да не се спроведе. Доколку пак некој кој е толку загрижен за судбината на лап-топовите нека покрена иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на оваа одлука, вели Чинговски. Според него лап- топовите воопшто не биле искористени во изминативе две години поради немањето интернет конекција во советничката сала, па се користеле само за читање на материјалите, а со тоа пак се заштедувало на хартија. -Техничката стока која не се употребува за целта која што е наменета во рок од една година може да се отпише, но тоа незначи дека советниците ќе ги добијат како подарок, вели Чингоски. Како што тој вели поголемиот дел од

советниците имале и по два компјутери дома па лап- топовите воопшто не им биле ни потребни, но сепак рече дека советниците доколку им се овозможи ќе ги задржат со надомест на одредена сума. На прашањето зошто одлуката за отпис е донесена на истекот на мандатот на советниците,Чинговски со став дека тоа била само чиста случајност. За градоначалникот Александар Петрески пак е најважно одлуката да е правно издржана. «Јас најпрво ќе се консултирам со мојата правна служба, дали оваа одлука е валидна.Таа е донесена по нивен,а не по мој предлог.Ако не е законски издржана,одлуката нема да ја потпишам,но ако советниците ја донесат уште еднаш,тогаш ќе мора да ја дадам мојата согласност.» С.В


ПРИТВОР ЗА КИДНАПЕРИТЕ НА ПЕТРЕСКИ

М

ерка притвор од 30 дена заработија двајцата охриѓани Н.С. (34) и Х.И. (32), кои на 21 декември минатата година, околу 22.30 часот, на филмски начин го извршиле грабнувањето на градона-

чалникот на Охрид, Александар Петрески и неговиот возач. Грабнувањето било извршено откако претходно еден од осомничените побарал од Петрески да му исплати 15.000 евра. Бидејќи не ги добил парите, се упатил пред неговиот дом и кога повторно бил одбиен, извадил пиштол со кој го удрил возачот. - Откако возачот паднал на земја, градоначалникот и осомничените влегле во возилото со намера да го однесат во болница, но под закана со оружје осомничените ги пренеле на периферијата на Охрид, каде им се заканиле, пукале во воздух барајќи да им бидат дадени парите. Вечерта, возачот им дал 5.000 евра, а наредниот ден тоа го сторил и градоначалникот, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Според наши неофицијални извори осомничениот Н.С. откупот, кој го барал од 15.000 евра, бил наменет за да ги ослободи децата кои претходно му биле грабнати, но засега ваква потврда нема од охридската полиција.

НЕ ЗНАМ ДАЛИ МЕ КИДНАПИРАА

Александар Петрески, градоначалникот на Охрид, во изјавите кои ги даваше пред новинарите ниту потврди, ниту демантира дали бил киднапиран во декември минатата година, вест која изминатиов период е најактуелна во охридската јавност. Иако, Петрески не сакаше да каже ни дали овој случај го пријавил во полицијата, сепак за подетални информации што точно се случило новинарите ги упати во Охридската полиција. - Не спорам ни дали имало случај, ни како било, ни што било, во интерес на истрагата. Целата работа е препуштена на полицијата и судските органи, кои треба да си ја сработат работата. Верувам во полицијата и судските органи и очекувам да постапат како што требавели Петрески. Неофицијално во охридската јавност се шпекулира дека причина за наводното киднапирање биле должничкодоверителски односи. С.В

ВИС

ПОЈ

Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.

Како?

Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.

046 255 600 www.vispoj.com.mk


ЛОКАЛ ПОТРОШЕНИ 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА СЕДУМДЕЦЕНИСКИОТ ВЕШТАЧКИ МРЕСТ

МНОГУ ПАРИ - МАЛКУ РИБА О

колу една милијарда кедонска страна се очеку- мрестот туку и преку целата евра се потрошени ва да се соберат 2 милиони година, вели директорот на за над седумдеце- икра и заедно со албанската Хидробиолошкиот инстинискиот вештачки мрест на страна да се обезбеди био- тут, Гоце Костоски. пастрмката во Охридското лошкиот минимум од 3,5 Вештачкиот мрест кој има за Езеро. Оваа ендемична риба милиони зрна икра. Од Хи- цел збогатување на рибнисе уште ја нема во езеро- дробиолошкиот институт от фонд во Езерото во мното во доволни количини. Од велат дека ваквите бројки не гу скоро време ќе се изведуХидробиолошкиот институт ветуваат брзо реанимирање ва во современи услови. Наод Охрид велат дека езерото се порибува по вештачки пат повеќе од 70 години, а според најавите до 2012 година треба да трае забраната за лов на пастрмката доколку се сака оваа популација на риба да ја има во доволни количини. ,,Во наредните три-четири години рибата треба да ја оставиме спокојна , бидејќи нашите предци извршиле прелов. Капиталот од езерото е земен за десет години одВО НАРЕДНИТЕ 3-4 ГОДИНИ ПАСТРМКАТА ТРЕБА ДА ЈА ОСТАВИМЕ СПОКОЈНА напред. Сега се бориме, БИДЕЈЌИ НАШИТЕ ПРЕДЦИ ИЗВРШИЛЕ ПРЕЛОВ ВЕЛИ КОСТОСКИ пастрмката да ја вратиме во Езерото,тоа е она што им го должиме на наши- на популацијата на охрид- бавени се нови современи те поколенија, велат од Хи- ската пастрмка, потребни ќе инкубатори за одгледување дробиолошкиот институт. биле уште неколку години. на икра и прихранување на Според нив најголем улов - Денес со големи напори со- подмладокот со автоматски на пастрмката се бележи од бираме 2 милиони зрна икра. хранилици. До крајот на овој 1991 до 1997 година, кога се Имаме ангажирано 14 риба- месец ќе се пристигне новаловеле од 150 до 200 тони ри и 11 рибочувари кои 24 та инсталација, велат од Хириба во една сезона. часа вршат контрола на ри- дробиолошкиот институт. За време на годинешниов боловните пунктови. Во овој Од 2004 година езерото нема вештачки мрест кој започ- период од кога езерото нема концесионер и од тогаш пона на 20 јануари се собрани концесионер има криволов, стои целосна забрана за лов околу 900 илјади зрна икра, а најважна од се е физичката на пастрмката. Во тек е кона до крајот на мрестот од ма- заштита не само за време на курс за избор на концеси-

онер на Охридското Езеро, кој според одредбите во договорот ќе нема право да лови пастрмка до 2012 година. -Идниот концесионер треба да е свесен дека треба да вложува уште во Езерото. Може да се лови рибата само доколку се создадат услови и тоа најпрвин само оние примероци кои веќе сме ги уловиле како матици, вели Костоски. Хидробиолошкиот институт сеуште не располага со апаратура за одредување на точната бројка на риба во Езерото. За заштитата на пастрмката според Костоски најважна е билатералната соработка помеѓу Македонија и Албанија во поглед на тоа како, колку и кога ќе се лови. Според него сега од албанска страна неконтролирано се лови пастрмката и тоа онаа помладата која не стигнала ни да остави подмладок, но ваквите тврдења неодамна ги демантираше албанскиот министер за животна средина Луфтер Џувели. Како што кажа тој пастрмката која со години пристигнува од Албанија во Охрид не е од езерото туку од мрестилиштата. Сузана Вренцовска


HOTEL RIVIERA ZIMSKA PONUDA

^orba + 1 pijalok

MENI 1.

= 100,oo

MENI 2. Omlet so dodatok + 1 pijalok = 100,oo MENI 3. [arska pleskavica na `ar + salata + 1 pijalok= 160,oo MENI 4. Svinsko rebro na `ar + salata + 1 pijalok = 180,oo MENI 5. Me{ana skara na `ar + salata + 1 pijalok = 290,oo MENI 6. Pe~eno pile za 2 lica + 2 salati + 2 pijaloci = 390,oo MENI 7. Doma{en kolbas + salata + 1 pijalok = 150,oo MENI 8. Porcija prase~ko pe~ewe + salata +1 pijalok = 320,oo Pijaloci {to sleduvaat vo meniata se: krigla skopsko pivo 0.3 ; vino 0.2 (smederevka, roze, kavadarka); rakija `olta/bela 0.05; topla rakija 0.05; koka kola; fanta; {veps; xus/gusti; mineralna voda) SPECIJALNA PONUDA: Vino 0.2 + porcija pla{ici Rakija 0.05 + salata Rakija 0.05 + potpe~eno sirewe Pivo 0.3 + apetisani Topla rakija 0.05

SEKOJ DEN OD 07:00 DO 23:00

= 100,oo = 60,oo = 100,oo = 70,oo = 30,oo

A VO VIKENDI OD 07:00 DO 24:00, SO @IVA MUZIKA P O V E L E T E!


ИНТЕРВЈУ Д-Р ЈОВАНКА КОРОВЕШОВСКА –ЕПИДЕМИОЛОГ во Заводот за здравствена заштита во Охрид

ЗАУШКИТЕ ЌЕ ГО ЗАОБИКОЛАТ ОХРИД?! Заразните заушки се космополитско и типично сезонско заболување кое најчесто ги напаѓа децата кои не се постари од 14 години. Несакани последици од заболувањето се можен стерилитет, губење на слухот а инфекцијата со вирусот на заушките во првите три месеци на бременоста ретко, но може да резултира со фетална смрт или со конгенитални аномалии. Во транзициониот период од 1991 до 1993 година се направени пропусти во процесот на имунизација односно има намален опфат на вакцинација во целата држава. Во многу општини поради недостиг на МПР се администрирало само морбили што не е случај во нашата општина

Епидемија од заушки во Македонија!Болеста ги напаѓа најчесто тинејџерите! Владата на вонредна седница расправа за оваа болест Започна вонредната вакцинација против заушките! Ова се најчесто пласираните информации по медиумите деновиве. Па на самиот почеток на разговорот убаво би било да појасниме за каква болест станува збор, и има ли место за па-

10

AMAK

PRES

ника меѓу родителите и децата? Епидемискиот паротитис - заразните заушки се акутно заразно заболување од вирусна етиологија, кое ги зафаќа паротидните жлезди (задушните жлезди), но можат да бидат зафатени и останатите плунковни жлезди, половите жлезди (тестисите,и јајчниците), мозочните обвивки и панкреасот. Ова е космополитско заболување, типично

сезонско заболување , со максимум заболени во текот на зимата и пролетта. -. Како се манифестира болеста кои се првите симптоми и како истата се пренесува од човек на човек? Болеста започнува по инкубација од 10 - 25 дена, најчесто 16 - 18 дена со општи симптоми : истоштеност, главоболка,губење апетит, покачена температура до 380 С. По 1 - 2 дена


Најголемо епидемиолошко значење како извор на зараза има болниот човек со манифестна клиничка слика. Тој е заразен неколку дена пред почетокот на болеста и околу една седмица од појавата на симтомите. - Каков е случајот во Охрид, колку заболени има од оваа болест до сега? Во Заводот за здравствена заштита Охрид минатата година се доставени 9 пријави за заразно заболување - заушки, а во 2009 година се пријавени 4 случаи. Ова бројка е мала споредбено со останатите општини.

Иако во други оптини во Македонија во периодот од 1991 до 1993 година вакцинирањето против заушките било прекинато тоа небило случај во Охрид туку истото било спроведувано непрекинато и континуирано, сите минати години.Поради тоа бројот на заболени во градов, годинава е мал и не е зазагрижувачки.

се забележува, обично наутро, оток кај задниот дел на долната вилица пред увото, обично од едната страна., при што се чувствува затегнатост на тоа место, болка во пределот на увото и во гушата, болка при џвакање и намалено лачење на плунка. По 2 - 4 дена вакви промени се јавуваат и кај другата паротидна жлезда, која исто така се зголемува, а сето тоа е проследено со влошување на општата состојба. Основен пат на пренесување е воздушно - капковиот (вирусот се исфрла во надворешната средина преку зборување, кашлање, викање, бакнување). Поради поголемата отпорност на вирусот на паратитот во надворешната средина од вирусите на другите капкови инфекции овозможува ова заболување да се пренесува и преку свежо контаминирани предмети (играчки, прибор за јадење,чаши и други предмети).

- Кои лица најчесто заболуваат од заушки? До воведувањето на имунизацијата, тоа беше меѓу неколкуте заразни заболувања кои најчесто се јавуваат кај децата. Децата во првите години од животот не заболуваат. Најзасегната возраст е онаа од 5-9 години (50% од сите заболени), додека 90% од заболените се во возраст под 14 години. Во вакциналната ера возрасната граница на заболените се покачува. За разлика од другите капкови инфекции,ова е често заболување на младината. Зошто имаме постојано зголемување на бројот на болните од заушки годинава ? Периодична ли е оваа болест, имаше ли епидемии од оваа болест и минативе години или не? Заушките се јавуваат спорадично во земји каде што се врши вакцинација, но не е ретко и епидемиското јавување. Епидемиите почесто се јавуваат во поголеми колективи, како што се училиштата, интернати, воени колективи. Во предвакциналната ера епидемиите од оваа возраст се јавуваа на секои 2-5 години, но со задолжителната вакцинација морбидитетот од оваа болест драстично опаѓа. - Се препишува ли некаква лекарска терапија за болеста како таа се лечи и колкав временски период е потребно истата да се излекува? Болеста се третира симптоматски. При силна болка и при поголем оток на паротидната жлезда се ординираат аналгетици и антипиретици, во случај на покачена температура. Локално се ставаат топли и ладни облози., во зависност од тоа кои се попријатни за болниот. Доколку бидат зафатени тестисите се препорачува лежење во постела и ставање на ладни облози.

- Зошто се направени пропусти и децата не се вакцинирани против заушки во периодот од 1993 до 1996 година? Во транзицискиот период од 1991-1993 година се направени пропусти во процесот на имунизација, односно има намален опфат на вакцинација во целата држава. Во многу општини поради недостаток на МПР вакцини се администрирало само морбили, што не е случај со нашата општина. Главни виновници не треба да се бараат. - Дали од болеста може да заболат лица кои веќе се вакцинирани?И дали од нејзе заболуваат и повозрасните? По прележување на болеста останува солиден и доживотен имунитет, а со вакцинирање се создава солиден и долготраен имунитет, но заболувањето може да се јави и кај вакцинирани повеќе години по вакцинација. Денес се смета дека близу 90% од повозрасните се имуни на оваа болест. - Кои се можните несакани последици од оваа болест? Може да се јави стерилитет, но поретко затоа што промените кои ги предизвикува вирусот на тестисите се не дифузни, па остануваат делови непроменети. Губењето на слухот е исто така ретка , но сериозна компликација. која се јавува еднострано. Инфекцијата со вирусот на заушките во првите три месеци на бременоста ретко, но може да резултира со фетална смрт или со конгенитални аномалии. - Деновиве министерството за здравство најави вонредно вакцинирање против заушки за деца на возраст од 15 до 19 години. Кога ќе започне вакцинирањето и како ќе се реализира? Дополнителното вакцинирање против заушки започна на 3 февруари и се спроведува во Одделот за превентива при ЈЗУ “Здравствен дом” Охрид. Лицата кои примиле само една доза потребно е да се ревакцинираат т.е. да примат втора доза. Лицата кои воопшто не се вакцинирани треба да примат две дози МРП на растојание од 1 месец.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

11


KULTURA ШЕСТ ДЕЦЕНИИ ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ ВО ОХРИД

ПЕТРЕ БАКЕСКИ ЗА ПОЕМАТА АТЛАНТИДА ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ЗА 2008 ГОДИНА

Н

а 5-ти и 6-ти февруари, Охрид беше домаќин на манифестацијата Прличеви Беседи што шест децении организирано се одржува во чест и спомен на еден од најпознатите македонски поети Григор Прличев познат во културните кругови и под псевдонимот Вториот Хомер. Добитник на наградата Григор Прличев за 2008 година е Петре Бакески за поемата “Атлантида“. Главна тема во „Атлантида“ е Македонија во географски, културолошки и историски контекст. Преку терминот Атлантида, Бакевски зборува за минливоста на сегашноста и за преобразбата на човековите мисли, идеи, стремежи. „Атлантида“ е напишана во стилот на Хомер. “Голема чест и признание е да се добие наградата што се доделува на манифестацијата Прличеви беседи, ако постои врв во македонската традиција во големиот дострел на македонскиот дух тоа е Григор Прличев“, рече Петре

Бакески добитник на наградата. “Неговиот “Сердар“, неговиот Скендер бег се култни дела кои се предизвик за секој современ македонски поет. Особено за мене тоа беше животен сон, да напишам поема која ќе се најде на конкурсот што го носи неговото име. Секој современ автор доколку има храброст или доколку има чувство да ја собере таа креативна сила може да создаде ново дело кое ќе се доближува барем до чувствата до емоциите кон големото прличево дело“, додаде Бакески. Во рамките на свеченостите беше претставена наградената поема „Атлантида“ а на авторот му беше врачена наградата во вредност од 1 500 евра што ја доделува Издавачката Куќа “Просветно дело“. Тоа е навистина голема обврска кога наградата го носи името на Григор Прличев, рече академик Митко Манџуков за наградената поема “Атлантида“а одржа и беседа и во чест на ликот и делото на Григор Прличев . “Меѓу новите кандидати ние го избравме Петре Бакески и сметам дека таа негова поема е многу значајно дело и е пишувано најмногу во духот на Прличев,бидејќи формално гледано во него е задржан тој широк стих. Делото не не потсеќа толку на Сердарот колку на Скендер бег и истото е навистина комплексно. Во него најпросто речено се дава една глобална метафора врзана за судбината на Македонците“, истакна Манџуков.

Во рамките на активностите предвидени за годинешната манифестација Прличеви Беседи беше одржана традиционалната охридска визита, беше отворена изложбата на уметнички слики при Центарот за култура “Григор Прличев“, а на гробот од великанот Прличев се одржа панихида. Во рамки на свеченостите беа промовирани и монографиите, Охрид- културно и духовно богатство и електронското изда-

ние на книгата “Манастир- Свети Наум Охридски“. Манифестацијата “Прличеви беседи“ се одржа во организација на Центарот за култура и НУ библиотека кои го носат името на великанот Прличев, финансиски поддржани од Министерството за култура и Локалната Самоуправа од Охрид. Ангела Белевска

МИНЧО ЈОРДАНОВ ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА ОХРИД НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ НА ЈОРДАНОВ МУ БЕШЕ ВРАЧЕН ПОЗЛАТЕН КЛУЧ НА ОХРИД ВО ЗНАК НА БЛАГОДАРНОСТ ЗА СЕ ОНА ШТО НАПРАВИ ЗА СПОМЕН КУЌАТА НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

Б

изнисменот Минчо Јорданов е почесен граѓанин на Охрид. Вака одлучи Советот на Општина Охрид на последната седница. Во образложението на предлогот за ова признание беше потенциран неговиот ангажман во изградбата на спомен-куќата на Гри-

12

AMAK

PRES

гор Прличев, која Јорданов во 1998 ја реновирал со сопствени средства и ја предал на користење на градот, како спомен-обележје. - Со таа донација Минчо Јорданов овозможи градот истовремено да се оддолжи кон својот венценосец, а од друга страна да се стекне со

пријатно катче каде што се одржуваат бројни манифестации од областа на културата. Со тоа градот се афирмира со своето современо пулсирање, а не само по наследството од минатите години - смета градоначалнкот на Охрид, Александар Петрески.

На Јорданов, кој во моментов е претседател на УО на Макстил и на Одборот на директори на градежната компанија «Бетон», во рамките на Прличевите беседи во Спомен куќата на Григор Прличев му беше врачен позлатениот клуч на Охрид. С.В


ТЕАТАР ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ АПАРТМАН СОПСТВЕНОТО “ЈАС“ Е ТОЛКУ ИНТИМНО И ЛИЧНО ШТО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА НАВЛЕЗЕ ВО НЕГО И ДА ГО ДЕГРАДИРА . ИНТИМАТА Е САМО НА ПОЕДИНЕЦОТ И НЕЈА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ИЗОБЛИЧИ НИКОЈ

О

маската на демократијата. “„Граница“ јасно покажува: општеството, дури кога е најагресивно не смее да ми го повреди просторот под

на големите светски сили. Границата на човекот, поединецот, личноста не смее да биде пречекорена ни во идните картографски светски и белосветски проекти“, истакна Андоновски. Целата претстава е многу интимна и болна , во исто време многу силна и реална. Проблемите кои се разгледуваат допираат до секој човек кој ја гледа претставата никој не останува индиферентен. “Во “Граница“, станува збор за политиката и личното за општеството и личното, доколку општеството и политиката можат да навлезат во личниот простор и доколку личноста има право и треба да се предаде на

покривката на креветот. Оти таму лежам јас (мојата свест што се вика “јас“)со моето тело, а телото е најранливо и најподложно на измачувања. Општеството почнува од онаа страна на мојата кожа и сакам тоа секој владател да го почитува. Сето друго, исцртувањето на сите други граници е работа на договор

цело тоа влијание на цела таа глобализација која не демне од другата страна“, вели режисерот на претставата Софија Ристевска. Претставата “Граница“е дел од проектот што со заеднички сили го реализираат Нов Театар од Охрид и Мал драмски театар од Битола финансиски поддржани од

ИНСЕРТИ ОД ПРЕДСТАВАТА “ГРАНИЦА”

д 4-ти до 7-ми февруари во претседателскиот апартман во хотелот Инекс Горица се одржаа премирата и уште неколку изведби на театарската претстава „Граница“, во режија на Софија Ристевска работена по текст на Венко Андоновски. Двигатели на ролјите се актерите:Горан Стојано ски,Јасмина Билаловиќ, Никола Тодоровски, Јоана Поповска и Борис Чоревски. Авторот на текстот “Граница“, проф. д-р. Венко Андоновски, се интересира до каде може да оди пенетрацијата на тоталитаризмот во нашите домови: до дневната, до кујната, до спалната соба? Тоа е еден вид засилена Орвеловска реплика: општеството влегува и во нашие канти за ѓубре, па според ѓубрето заклучува како живееме дури и во нашите кревети па и таму, во најинтимниот простор сака да има информации и контрола над нештата. Така интимниот простор станува јавен,иако се се одвива под

Благоја Стефановски еден од најпознатите личности во драмскиот и културниот живот во земјава. “Големината на една претстава се согледува во нејзините уметнички квалитети, иновациите што ги содржи, како и во нејзиното кореспондирање со проблемите на денешницата. Големината не се мери со финансиската инвестиција во претставата. Токму заради тоа наша цел е да откриваме нови простори во кои што ќе се случуваат интересни,моќни претстави кои обработуваат проблеми од современото живеење. Тенеденцијата за стимулирање на ваков тип на театар е силно присутна низ цела Европа и во таа смисла нашиот Мал драмски театар е придонес кон овие современи театарски движења,“ рече Стефановски. Половина час по завршувањето на претставата Граница во претседателскиот апартман беше одиграна претставата “Валкани приказни“исто така во режија на Софија Ристевска. Главните улоги ги играа: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ. Двете одржани драмски претстави кои тематски се поврзани и се надополнуваат една со друга можеше да ги гледа ограничен број публика, по само 15 лица на вечер поради просторното ограничување во претседателскиот апартман во хотелот, соба број 215.

www.amakpres.com.mk

Ангела Белевска

13


1


ЕТНИЧКИТЕ СМЕНИ ЌЕ ГИ СОПРАТ ТЕПАЧКИТЕ ВО СТРУГА

У

чесниците во последните инциденти во средношколскиот центар во Струга заработија пријави. Против двајца ученици се поднесени прекршочни пријави за физички напад, а 15-мина поранешни ученици во овој центар се товарат за учество во тепачка која се случила на почетокот од оваа година. Неодамна повторно дошло до тепачка, по која албанските ученици во знак на револт за најавените етнички смени влегле во училишната зграда и ги искршиле компјутерите.

Овој инцидент се случувал пред очите на полицијата која не презела мерки. Од охридската полиција се правдаа дека реагираат само по претходна пријава. Нетрпеливоста помеѓу учениците Македонци и Албанци од «Нико Нестор» и «Ибраим Темо» години наназад резултира со масовни тепачки, повредени ученици, прекини во наставата, како и казни со исклучување на ученици од наставната програма. За надминување на ваквите состојби, неодамна беше

донесена одлука за воведување на етнички чисти смени, но иако рокот беше до почетокот на овој месец, тие не профункционираа. Од средното училиште «Нико Нестор» велат дека има услови за да се воведе ваков вид на настава, додека директорот на Ибрам Темо, Муса Мусаи, кој смета дека поделбата по етнички смени нема да ги реши проблемите, вели дека засега не постојат услови за поделба на учениците, се додека не се изгради уште еден кат на оваа зграда. Од Министерството за образование како мерка со која ќе се стави крај на бројните тепачки, кои се случуваат во заедничкиот двор, е изградба на училишна зграда, надвор од овој центар. Македонците ученици минатата година остварија и средба со министерот за образование, Перо Стојановски, кој им ветил решение на проблемот. Локалните власти во Струга и понатаму со став учениците да не се делат по етничка припадност, но доколку е тоа решението, велат дека ќе го прифатат. Со воведувањето на јазични смени во наставата во «Ибраим Темо» и «Нико Нестор», ,токму поради немањето на технички услови и заедничкиот двор, кој и понатаму ќе го користат и Македонците и Албанците, стружани не веруваат дека инцидентите ќе бидат елиминирани.

www.amakpres.com.mk

С.В

15


HRONIKA ДРОГАТА ЗЛО НА ДЕНЕШНИЦАТА

МЕТА НА НАРКО ДИЛЕРИТЕ СЕ ДЕЦАТА

-Д

есет години живот во пекол. На седумнаесет години ја пробав првата дрога од радозналост. Најпрвин земав само марихуана за време на викендите но тоа траеше само три месеци. Тогаш ме фати првата криза која беше предзнак дека мојот живот потполно се сменил. Никој од моите другари кои ми ја набавуваа дрогата не ми кажа дека ме очекува нов пеколен живот. Моите родители разбраа после година дена. Неможеа да веруваат затоа што во мене гледаа дете кое растеше по спортските терени. Сите од околината знаеа дека јас се дрогирам но за мајками сето тоа најпрвин беа измислени приказни. Кога моите родители се соочија со реалноста ме проколнуваа, казнуваа но ништо не помагаше. Јас и понатака го чекорев патот на злото а штетите кои им ги нанесував на најблиските

16

AMAK

PRES

беа огромни. Но кога си под дејство на дрога реалноста неможиш да ја видиш. Крадев, бев хистеричен, викав, кршев но најстрашно од се е тоа што продавав и дрога за да можам да набавам за себе. Завршив во затвор како дилер на дрога. Еден ден кога разбрав дека мојата мајка тешко се разболела сватив дека јас сум виновен за тоа. Сакав се да поправам но беше невозможно. Решив токму ради неа да се тргнам од дрогата. Сега сум на метадонска терапија а од корисници на дрога и дилери бегам како од црн ѓавол, оваа животна приказна на нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен ја делат безмалку сите нарко зависници. Овој пат на пропаста го поминале скоро сите кои посегнале по дрогата. Но судејќи по старото правило дека дрогата е превозно средство со скап билет само во еден правец,

многумина од нив стигнуваат до крајната дестинацијасмртта. А од година во година се бележи се поголема злоупотреба на дрогата, а се повеќе жртви се малолетниците а долната граница се повеќе се намалува. Штетните последици од незаконскиот промет со опојни дроги и психотропни супстанции не се чуствуваат само по здравјето на лицата уживатели туку и на целото општество. Според податоците од СВР Охрид во Охрид денес има регистрирано 342 нарко зависници. Од нив поголем дел се на возраст над 30 години а има и такви кои дошле во допир со наркотични средства а имаат под 15 години. Марихуана користат 219, хероин 111, додека 12 зависници се на кокаин. Она што треба да не загрижува е фактот што реалната бројка на нарко зависници е дури пет пати пого-

лема од регистрираната. Како причини кои се наведуваат за посегнувањето по дрогата посебно кај помладите, е љубопитноста. Од полицијата велат дека интензивно се работи на терен за сузбивање на ова зло на денешницата а во текот на минатата година одземени биле големи количини на висококвалитетна опојна дрога. Четири килограми марихуана, 1 кг хероин и кокаин, 33 таблети метадон и екстази како и шишиња со хептанон. Од страна на полициските службеници 25 лица се лишени од слобода, а само 15 од нив заработиле притвор. -Дрогата е присутна по охридските улици и младите се полесно стигнуваат до неа. Последиците се трагични за тие лица, нивните семејства но и за пошироката заедница во целина. Денес се почеста мета на нарко дилерите се децата. Водени од желбата за профит настојуваат најмладите да ги навлечат на дрога, и затоа решивме да делуваме директно врз нив преку предавања и директна комуникација да го видат штетното влијание од дрогата по нивното здравје, вели потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски иницијатор на проектот „Дрога-вистина и заблуда “ кој се спроведе по сите основни и средни училишта во Охрид а беа опфатени околу 5000 ученици и над 2000 родители. Инспектори од оделението за борба и пребенција против дрога при СВР Охрид


и доктор активист на Црвениот Крст Охрид на децата и родителите им презентираа повеќе видови на дроги но им укажаа и на начините како дрогата убива, начините за превенција, полицискиот и медицинскиот третман на наркозависниците и сл. -Една од основните цели на овој проект е поттикнување на младите и нивните родители за поширока акција за превенција од злоупотреба на дроги и други болести на зависности како и

создавање на подобра иднина на најмладите, вели Димоски. Поради ваквата потреба но и големиот интерес проектот„Дрога-вистина и заблуда“ се реализира и на подрачјето на Струга а предавањата ќе имаат прилика да ги слушнат и основците и средношколците од Дебар и Кичево.

ФАТЕН УШТЕ ЕДЕН НАРКО

ДИЛЕР Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К (25) од Охрид. Пријавениот од почетокот на јуни минатата година континуирано набавувал дрога, марихуана и хероин, која неовластено ја чувал дома, а потоа по цена од 300 до 500

денари ја продавал на охридските наркозависници. Инспекторите од одделението за борба против дрога при претресот во неговиот стан пронашле дел од непродадената дрога, над половина килограм марихуана и помали количини хероин како и течен наркотичен аналгетик „метадон“. Пронајдената дрога е одземена и предадена на понатамошно вештачење во Министерството за внатрешни работи. Сузана Вренцовска

ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД ПРОДОЛЖИ СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ЛАЗЕ РАДЕСКИ- ПРВИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ВО МАКЕДОНИЈА

СЕ ГЛАДАА ВИДЕО СНИМКИ ЗА РАСВЕТЛУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ РАДЕСКИ

В

о Основниот суд во Охрид продолжи судскиот процес против Лазе Радески,обвинет за убиство на тројца охридски дилери на девизи. За прв пат беа презентирани неколку вреќи со материјални докази,а беше емитуван и видео материјал од денот кога се претпоставува дека е убиен продавачот на девизи Трајче Цоцевски. Во судот повторно не се појави зетот на Радески, Ацо

Стојановски,кој претходно на судијата што го води процесот му најавил дека не сака да сведочи. Во судницата беше презентиран и видеоматеријал,снимен на денот кога се претпоставува дека се случило убиството на Цоцески во продавницата “Грини” каде што работел Лазе Радески. На прикажаниот материјал ,посебно во периодот од 16,35 часот па и по 17 часот можеше да се види како Радески

чисти во продавницата,но и влегувањето на неколку муштерии. Според обвинението,Радески убиството на Цоцески го извршил во период помеѓу 16 и 17 часот,но тоа на видео снимката не можеше да се види. На претходните рочишта беше кажано од еден од сведоците дека Радески го видел кај охридскиот пазар околу 16,45 ч. Бранителот на Радески,адвокатот Емил Балабан инсисти-

раше вештачење на целиот видео материјал,барајќи и да се утврди што чистел обвинетиот,дали тоа била флека или нешто друго,алудирајќи на тоа дали Радески бришел траги од крв што не можеше да се види од снимката. Следното судско рочиште е закажано за 25 февруари.

вал врз балконски врати и прозорци од куќи, станови и деловни објекти од каде одземал вредни предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 930.300 денари. Пријавениот, со скокање преку балкон, влегувал во повеќе станови и куќи во Охрид како и во една хотелска соба при што одземал

пари, златен накит, лап- топ компјутери, ЛЦД телевизори, мобилни телефони и друга техничка стока, обувки како и други вредни предмети. По извршениот претрес во неговиот стан, од страна на полициските службеници пронајден е дел од подесниот алат како и дел од одземената стока која Б.А. не успе-

ал да ја продаде. Одземените предмети се вратени на оштетените лица. Пријавениот Б.А. кој по неговото бегство е пронајден од полициските службеници, е предаден во Казненопоправната установа Затвор „Идризово“ на издржување казна затвор од 5 години за претходно сторени кривични дела.

А.Б.

ВЕЛЕШАНЕЦ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ЗА 9 ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ОХРИД

П

оради основано сомнение дека е сторител на девет кривични дела „Тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.А. роден 1976 година од Велес а живее во Охрид. Пријавениот, во периодот од 08.10.2008 година до 02.01.2009 година, со хеблапајцер и со друг алат делу-

www.amakpres.com.mk

17


SPORT

ОХРИД И ГОДИНАВА БЕЗ СПОРТСКИ ЛАУРЕАТ

Т

рета година по ред Охрид ќе остане без прогласувањето на спортист на градот. Не функционирањето на Сојузот на спортови, телото кое го вршеше овој избор резултира Охрид да не добие спортски лауреат и за 2008 година. Оставка на преседателска-

та позиција пред две години поднесе Тони Иваноски, а инцијативата да се избере нов претседател пред речиси една година пропадна поради лошото толкување на законот. Седницата одржана на 28 март 2008 година на која требаше да биде избран новиот претседател беше од-

ложна откако дел од делегатите имаа забелешки на статутот од 2001 година, кој според нив не бил во согласност со Законот за спорт. Формирана беше работна група која требаше да ги ревидира членовите на Сојузот, но и да ја организира наредната седница, на која Сојузот на спортови

требаше да добие нов претседател. До денеска работната група ниту одржа состанок, ниту пак организираше седница. Последен пат избор на спортист на годината во Охрид се одржа во февруари 2006, а победи атлетачарот Реџеп Селман. С.В

На продолжението од кошаркарското првенство на Македонија охридскиот Амак СП за прв пат сезона беше поразен на домашен терен, од актуелниот првак Фени Индустри со 78-85. Во дербито на 15. коло во првата кошаркарска лига на Македонија кавадарчани им го нанесоа третиот пораз на АМАК СП сезонава втор од бранителот на трофејот кој прв пат во две години победи во Охрид. Тренерот на АМАК СП Марија Лазоски вели дека со

овој пораз ништо не е изгубено. Тимот кој го води има сили во супер лигата да го изненади бранителот на титулата. -Предноста која Фени ја направи од 2-0 незначи дека ние во вториот дел не можеме да се вратиме. Нетреба со победа да не фаќа еуфорија а со пораз депресија. Мора да се игра до крај и се надевам ова што ни се случи денес нема да се повтори. Несакам да барам алиби но имаше и објективни причини за слабата игра. Во еден период

немавме доволно тренинзи затоа што салата беше зафатена. Но што е тука е очекувам на следните натпревари да направиме серија од 3 победи. Имаме одлична екипа и потребно е две три недели да се уиграме а резултатите ќе дојдат сами по себе, рече по натпреварот Лазоски кој несакаше да даде коментар за слабата игра на новодојдениот Гамбирожа, кој натпреварот го заврши со 4 постигнати кошеви. „ Тој е поединец а не екипа. Не е битно вие како гледате

јас сум задоволен“, вели Лазоски. По поразот од Фени охридскиот тим на гостувањето во Скопје против Вардар пак покажа дека станува збор за сериозен тим со амбиции за висок пласман. Убедливо со 103-63 триумфираше над неконкурентниот тим на Вардар, постигнувајќи ја третата стотка годинава но и рекордна победа на овогодинешниот шампионат.

ЛАЗОСКИ: АМАК СП ИМА СИЛИ ВО СУПЕР ЛИГАТА ДА ГО СОВЛАДА ФЕНИ

18

AMAK

PRES

С.В


ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ВО ПОСЕТА НА БИЛЈАНИНИ


НОВИ ИМИЊА ВО ОХРИДСКИ АМАК


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 106 by alan.kaou - Issuu