Page 1

55288 Иван Јанковски

55613 Ана Василева

твоето име

56019 Ненад Антевски

55846 Тамара Попова

ВОДИЧ од студентите за идните студенти


содржина

Обраќање од Деканатот

03

За Факултетот

04

Услови за запишување Департмани на Факултетот Е-бизнис Финансиски менаџмент Економија Сметководство и ревизија Маркетинг Менаџмент Надворешна трговија Услови за студирање Студентски организации Под рефлекторите

05 06 08

10 12 14 16 18 20 22 23


ОБРАЌАЊЕ ОД ДЕКАНАТОТ Драги наши идни колеги, Во рацете ви го предаваме овој Водич, кој специјално за вас, со многу љубов и посветеност, го подготвија вашите идни колеги – студентите на Економскиот факултет во Скопје. Ги има од различни департмани: е-бизнис, финансиски менаџмент, економија, сметководство и ревизија, маркетинг, менаџмент и надворешна трговија. Ве чекаат да им се придружите и заедно да ја градите иднината... Ние од Деканатот и наставниот кадар на Економскиот факултет, сакавме токму студентите да ви ги пренесат своите искуства од животот на Факултетот. Да, тие студираат, но обавуваат и други (пред се социјални) активности, надвор од факултетските предавални и амфитеатри, кои ги прават многу повесели, посреќни, подружељубиви и поподготвени за општествениот живот по завршувањето на Факултетот. Најстариот факултет од областа на економијата и бизнисот во Република Македонија, Економскиот факултет во Скопје, денес е модерна, образовна, научно – истражувачка институција, отворена кон глобалните тeкови. Тука имате можност за комплетирање на прв, втор или трет степен на студии според Болоњскиот процес, признаени и надвор од нашата земја. Факултетот со својата богата меѓународна соработка и преку различни програми за размена овозможува широка мобилност на студентите и прифаќање на добиените кредити во образовни институции надвор од нашата земја. удејќи ви најсовремени образовни програми, пренесени од компетентен и стручен кадар, во богато опремени библиотеки, компјутерски лаборатории и истражувачки центри, посакуваме и вие да бидете дел од препознатливото, но, пред се, единствено интелектуално и социјално окружување кое го има на Економскиот факултет во Скопје. Дојдете, за да направите разлика и за да им се придружите на најдобрите! Проф. д-р Љубомир Дракулевски, декан Проф. д-р Билјана Секуловска-Габер, продекан за настава Проф. д-р Сашо Јосимовски, продекан за финансии


ЗА ФАКУЛТЕТОТ Економскиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" е најстариот факултет од областа на економијата и бизнисот во Македонија. Тој е основан на 14.11.1950 година со Одлука на Владата на Македонија "со цел теоретски да се изградуваат и практично да се подготвуваат висококвалификувани економски кадри". Економскиот факултет е основан како петти факултет во рамките на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, додека во поранешна Југославија бил меѓу првите три економски факултети. Денес, Економскиот факултет е модерна образовна и научно-истражувачка институција, која нуди современи додипломски, постдипломски и докторски студии, се одликува со врвен наставен кадар и се располага со софистицирана опрема. Истовремено, Факултетот е најголемата високообразовна институција од областа на економијата и бизнисот во Македонија, со околу 4 500 студенти, седум департмани на додипломски студии и девет студиуми на постдипломски студии, 126 предмети и 74 академски кадар (45 професори и 28 асистенти). На Економскиот факултет се студира според според европскиот систем на пренос и акумулација на поени (ЕКТС). Со студирањето според ЕКТС се обезбедува: мобилност на студентите меѓу студиските програми во рамките на Факултетот и Универзитетот Св. Кирил и Методиј, како и мобилност на национално и меѓународно ниво; квантитативно мерење и изразување на оптовареноста на студентите во текот на студирањето; непречено напредување на студентите во текот на студирањето во зависност од постигнатите резултати.

ТРАДИЦИЈА

ЗНАЕЊЕ

ИДНИНА


УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

n

n

n

679

Економија

79

200

69

400

8

400

156

Менаџмент

74

200

63

400

7

400

144

Маркетинг

74

200

63

400

7

400

144

Финансиски менаџмент

104 200

63

400

7

400

174

Сметководство и ревизија

104 200

63

400

7

400

174

Надворешна трговија

74

200

63

400

7

400

144

Е-бизнис

50

200

30

400

7

400

87

120 100

50

Вкупно

Кофинансирање

ДЕПАРТМАН

Дисперзирани студии по финансиски менаџмент во Струга

414

Вонредни студенти

Кофинансирање во приватна квота

Редовни студенти во приватна квота

n

Број на студенти за запишување во прва година во учебната 2011/2012 година Кофинансирање во државна квота

n

четиригодишно средно образование и да имаат положено државна матура; Исто така, на конкурсот може да конкурираат и кандидатите кои завршиле средно училиште во претходните години (кога не се полагало државна матура); Кандидатите ќе бидат примени како редовни студенти финансирани од страна на државата, редовни студенти со кофинансирање на студиите и вонредни студенти; Основни критериуми за запишување се општиот успех од средното образование и успехот од државната матура. Притоа, 60% од вкупниот број поени го претставува успехот од средното образование, а 40% произлегува од успехот од државната матура; Кандидатите избираат два екстерни и два интерни предмети. Од групата на екстерни предмети задолжителен предмет е македонски јазик, а изборни предмети се англиски јазик или математика. Од групата на интерни предмети кандидатите избираат два предмети по сопствен избор; Поднесувањето на документите за запишување се врши во втората половина на август, а примените кандидати се запишуваат десетина дена подоцна.

Редовни студенти во државна квота

n Кандидатите треба да имаат завршено

1143

0

*Дополнителни информации се регулираат со конкурсот на Универзитет „Св Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2011/2012 година


Зошто Е - бизнис? Ако сакаш високото образование да ти биде исполнето со неверојатни случки и незаборавни моменти, овде е твојата иднина! Работењето на голем број проекти и решавањето на реални проблеми на компании ти нудат можност за практична работа. Комбинирно со знаењето кое се стекнува во текот на студиите, придонесува кон градење на личност која со своите знаења и вештини е компeтентна за соочување со предизвиците во современото интернет базирано бизнис окружување.

Што добив? n Стекнување на компјутерски вештини со кои можам во десет чекори да креирам веб страна; n Вештини за работење со различни софтверски пакети; n Вештини за презентирање и способност да менаџирам и работам во тим со повеќе луѓе; n Користење на деловен англиски јазик и комуникација со клиенти; n Способност и знаење како ги искористам можностите за промоција преку социјалните мрежи ( Facebook, Twitter, LinkedIn…).

Каде потоа? n Претприемач (Start up business) кој сопствената иновативна идеа ќе ја

претворам во растечки и конкурентен бизнис на македонскиот пазар; n Интернет маркетер кој ќе ги користи сите можности на интернетот за

промоција на производи и услуги;

Е-БИЗНИС

n Веб дизајнер кој ќе креира и одржува креативни веб страници; n Проектен менаџер кој ќе создава и управува со големи проекти; n Менаџери на компании коишто интензивно користат веб базирани

технологии во контакти со добавувачите, купувачите, финансиските институции и јавниот сектор; n Како и во секоја компанија која применува современи технологии.


ТРАДИЦИЈА. ЗНАЕЊЕ. ИДНИНА.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

07

I година

III година

ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈАТА МАТЕМАТИКА ЗА ЕКОНОМИСТИ ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ СТАТИСТИКА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

ОСНОВИ НА ИНТЕРНЕТ АРХИТЕКТУРА МЕНАЏМЕНТ НА Е-БИЗНИС I МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ОРГАНИЗАЦИЈА И ДИЗАЈН НА ВЕБ ПРАВНИ И ЕТИЧКИ АСПЕКТИ НА ИНТЕРНЕТ ЛОГИСТИКА

II година

IV година

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ОСНОВИ НА МАРКЕТИНГ ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА ИНТЕРНЕТ МАРКЕТИНГ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ

МЕНАЏМЕНТ НА Е-БИЗНИС II КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ АНАЛИЗА НА Е-БИЗНИС ПРЕТПРИЕМНИШТВО СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ ОПТИМАЛИЗАЦИЈА ВО ИНТЕРНЕТ ОКРУЖУВАЊЕ

со освоени минимум 240 кредити - кандидатот се стекнува со звање:

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ НА ДЕПАРТМАН Е-БИЗНИС


ШТО Е ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ? Финансиски менаџмент е управување (менаџирање) со парите односно финансиите. Претставува планирање на иднината на некое лице или деловниот потфат за да се обезбеди позитивно финансиско работење. Финансискиот менаџмент го опфаќа процесот на идентификување и управување со ризиците.

ШТО ЌЕ ДОБИЈАМ? n Познавање за структурата на финансиските пазари и финансиските

инситиуции и финансиските инструменти; n Разбирање на основните принципи за финансиите; n Стекнато познавање за функционирањето на банкарските работи и

управувањето со средствата, обврските и капиталот на финансиските инсистуции; n Како функционираат меѓународните финансии; n Знаење од областа на јавните финансии, даночните системи и царинската политика.

КАДЕ ПОТОА? n Финансиски екперт во државните, јавните и финансиските

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

институции n Финансиски менаџер во некоја фирма n Експерт за финансискиот пазар


ТРАДИЦИЈА. ЗНАЕЊЕ. ИДНИНА.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

09

I година

III година

ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈАТА МАТЕМАТИКА ЗА ЕКОНОМИСТИ ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ СТАТИСТИКА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

ЕКОНОМИЈА НА ИНВЕСТИЦИИ БАНКАРСТВО МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ОСИГУРУВАЊЕ МЕНАЏМЕНТ НА МАЛ БИЗНИС

II година

IV година

МАКРОЕКОНОМИЈА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ МОНЕТАРНА ЕКОНОМИЈА ЈАВНИ ФИНАНСИИ ФИНАНСИСКИ ПАЗАР И ИНСТИТУЦИИ

ЛОКАЛНИ ФИНАНСИИ БАНКАРСКИ МЕНАЏМЕНТ ФИСКАЛЕН И МОНЕТАРЕН СИСТЕМ НА ЕУ УПРАВУВАЧКО СМЕТКОВОДСТВО МЕЃУНАРОДЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ И ПОРТФОЛИО МЕНАЏМЕНТ

со освоени минимум 240 кредити - кандидатот се стекнува со звање:

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ НА ДЕПАРТМАН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ


Зошто Економија? n Затоа што е департман со најдолга и најреномирана традиција на

факултетот; n Департман кој ни дава знаење за разбирање и решавање на

eкономските загатки; n Никогаш не стивнуваат економските промени, така што никогаш не

стивнува и потребата за кадри од департманот економија.

Што добив? n Да ги разберам и предвидам реалните пазарни случувања; n Да ги анализирам и критички да ги оценувам макроекономските

политики; n Да бидам способен да правам економски анализи; n Да го разберам и анализирам економскиот развој во светот; n Да ги разберам проблемите и дилемите во македонската економија

и да развијам способност за креирање успешни решенија.

Каде потоа?

ЕКОНОМИЈА

n n n n n n n

Министерства; Јавен сектор; Компании; Банки и штедилници; Истражувачки центри; Научни институции (факултети, економски институти); Меѓународни организации.


ТРАДИЦИЈА. ЗНАЕЊЕ. ИДНИНА.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

11

I година

III година

ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈАТА МАТЕМАТИКА ЗА ЕКОНОМИСТИ ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ СТАТИСТИКА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

ЕКОНОМИЈА НА ИНВЕСТИЦИИ РЕГИОНАЛНА ЕКОНОМИЈА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ РАЗВОЈ НА ЕКОНОМСКА МИСЛА ЕКОНОМСКИ СИСТЕМИ И ГЛОБАЛИЗАЦИЈА ЕКОНОМСКИ ПЛАНИРАЊЕ ПОЛИТИКА НА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

II година

IV година

МАКРОЕКОНОМИЈА МИКРОЕКОНОМИЈА ПОЛИТИКА НА СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИИ ПРИМЕНЕТА ЕКОНОМИЈА

ДРЖАВНА РЕГУЛАЦИЈА ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ И ИНСТИТУЦИИ МОНЕТАРНА ЕКОНОМИЈА ЕКОНОМИЈА НА ЈАВЕН СЕКТОР МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМИЈА ЕКОНОМЕТРИЈА

со освоени минимум 240 кредити - кандидатот се стекнува со звање:

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ НА ДЕПАРТМАН ЕКОНОМИЈА


Сметководство и ревизија? Сметководство е уметност на евидентирање,сумирање, известување и анализа на финансиски трансакции. Тоа е столб на секој бизнис и негов универзален јазик кој дава информации за финансиската состојба на организаците и помага да го разбереме работењето на сите видови организации.

Зошто сметководство и ревизија!! n Оваа професија е меѓу најдобро платените професии во светот

и кај нас; n Има зголемена побарувачка на сметководствен и ревизорски

кадар; n Затоа што може да започнете кариера на професионален

сметководител со отворени врати за лиценцирање во земјата и странство; n Сметководителот има клучна улога на информативно јадро во менаџерскиот тим; n Економскиот факултет е единствениот факултет со насока за сметководство и ревизија во нашата држава.

Широки можности за вработување:

СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА

n n n n n n n n n

Сметководител; Шеф на сметководство; Екстерен ревизор; Интерен ревизор; Консултант од областа на сметководството; Финансиите и даноците; Аналитичар на финансии и ризик; Финансиски директор портфолио менаџер; Инвестиционен советник итн.


ТРАДИЦИЈА. ЗНАЕЊЕ. ИДНИНА.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

13

I година

III година

ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈАТА МАТЕМАТИКА ЗА ЕКОНОМИСТИ ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ СТАТИСТИКА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

КОРПОРАТИВНО ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ УПРАВУВАЧКО СМЕТКОВОДСТВО РЕВИЗИЈА СМЕТКОВОДСТВЕНИ КОНТРОЛНИ СИСТЕМИ

II година

IV година

ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ СМЕТКОВОДСТВО НА ТРОШОЦИ МАТЕМАТИЧКИ МЕТОДИ ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ И ИНСТИТУЦИИ ИНФОРМАЦИОНИ ТЕХНОЛОГИИ

ЈАВНИ ФИНАНСИИ МЕЃУНАРОДНО ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ДРЖАВНО СМЕТКОВОДСТВО И СМЕТКОВОДСТВО НА НАПРОФИТНИ ОРГАНИЗАЦИИ ЕКОНОМИЈА НА ИНВЕСТИЦИИ ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА

со освоени минимум 240 кредити - кандидатот се стекнува со звање:

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ НА ДЕПАРТМАН СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА


Маркетинг Маркетингот честопати е поврзуван единствено со рекламите и промоцијата, иако всушност тој е многу повеќе од ова. Сѐ околу нас е маркетинг. Билбордите со кои секојдневно се сретнувате, огласите во списанијата, рекламите на телевизија и радио се само една од формите на изразување на маркетингот . Што навистина значи “маркетинг” ќе се запознаете во текот на Вашето студирање, затоа што образованието е првиот чекор кон станување успешен маркетинг менаџер.

Што добиваме од студирањето на маркетинг департманот? Новата програма на студии на Економскиот Факултет - Скопје која го следи чекорот на современите трендови ќе Ви овозможи стекнување на знаење и способности низ интересен и креативен начин на студирање, со искусни професори и нивните гости спикери како и преку практични истражувања и проекти за вистински компании.

Што можеме со студирањето на департманот маркетинг?

МАРКЕТИНГ

Студентите кои ќе се запишат и ќе дипломираат на департманот за маркетинг имаат широки можности за вработување како: n Маркетинг менаџери во компаниите; n Менаџери во маркетинг агенциите; n Менаџери на производ; n Менаџери за продажба; n Менаџери за односи со јавноста; n Аналитичари на пазарот; n Медија планери; n Научен подмладок во научно-образовни институции.


ТРАДИЦИЈА. ЗНАЕЊЕ. ИДНИНА.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

15

I година

III година

ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈАТА МАТЕМАТИКА ЗА ЕКОНОМИСТИ ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ СТАТИСТИКА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ПРОМОЦИЈА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДОТ ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ МАРКЕТИНГ ПОЛИТИКА НА ЦЕНИ МАРКЕТИНГ УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ

II година

IV година

НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА ОСНОВИ НА МАРКЕТИНГ ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ ОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ЕКОНОМИКА НА ВНАТРЕШНА ТРГОВИЈА МАРКЕТИНГ НА ТРГОВСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИСКИ МАРКЕТИНГ ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

со освоени минимум 240 кредити - кандидатот се стекнува со звање:

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ НА ДЕПАРТМАН МАРКЕТИНГ


Што добив? Од една страна тоа беше дружбата со избрана група на студенти со кои успешно ги применувавме научените менаџерски вештини за да ефективно и ефикасно ги оствариме нашите цели и да станеме идните успешни менаџери на македонските компании. Од друга страна на департманот менаџмент го имавме задоволството да ни предаваат најдобрите професори од областа на менаџментот кои се подготвени во секое време да ни помогнат и да не поддржат на тој пат, да ни одржат современи предавања и квалитетно образование .

Што понатаму? Можност да го продолжам своето образование и да се специјализирам на некоја од постдипломските програми за менаџмент или остантите економски науки. Исто така соработката на Економскиот факултет – Скопје со голем број универзитети ширум светот им овозможува на студентите да студираат надвор од Република Македонија и да се стекнат со искуства кои ги зголемуваат нивните можности за успех и градење на кариера.

Приоритети при вработување? n Главен извршен директор; n Генерален директор; n Стратегиски менаџер;

МЕНАЏМЕНТ

n Менаџер за човечки ресурси; n Финансиски менаџер; n Маркетинг менаџер; n Претприемач; n Планер.


ТРАДИЦИЈА. ЗНАЕЊЕ. ИДНИНА.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

17

I година

III година

ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈАТА МАТЕМАТИКА ЗА ЕКОНОМИСТИ ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ СТАТИСТИКА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ ПРОИЗВОДЕН МЕНАЏМЕНТ МЕНАЏМЕНТ ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ ОРГАНИЗАЦИСКО ОДНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ ИНВЕСТИЦИОНЕН МЕНАЏМЕНТ

II година

IV година

ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ ОСНОВИ НА МАРКЕТИНГ ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ МЕНАЏМЕНТ НА МАЛ БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМИЈА

ТЕОРИЈА НА ОРГАНИЗАЦИЈА МЕЃУНАРОДЕН МЕНАЏМЕНТ ПРЕТПРИЕМНИШТВО ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ НАУКА ЗА МЕНАЏМЕНТ УПРАВУВАЧКО СМЕТКОВОДСТВО

со освоени минимум 240 кредити - кандидатот се стекнува со звање:

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ НА ДЕПАРТМАН МЕНАЏМЕНТ


Зошто надворешна трговија? Кога совршенството на образованието е наша авангарда тогаш не наведува кон економски факултет, кон авантурата наречена надворешна трговија. Пејсаж со испреплетени бои на квантитетот и квалитетот на високото образование, со корелација на вистински пријателства, незаборавни моменти. Сето ова во комбинација со практична работа придонесува да се изградиме во личности спремни за сите предизвици на надворешната трговија.

Што добив? n Извозно-увозни активности, царинско работење, шпедитерско

n n n n n

работење, активности во доменот на осигурувањето, реализација на девизните плаќање, регионални економски интеграции, единствен пазар на ЕУ; Ги научив принципите на функционирањето на меѓународната економија; Го разбирам процесот на регионалното економско интегрирање и начинот на функционирање на Европската унија; Познавање на сите активности од надворешнотрговското работење; Се запознав со финесите на царинското работење и извозно-увозните активности; Можност за развој на сопствен бизнис и афирмација на Македонија на меѓународниот пазар

Каде потоа? n Комерцијалист за увозно-извозно работење; n Агенти за шпедиција, осигурување и организација на меѓународен

транспорт; n Вработен во Царинската управа и други државни сектори значајни за

НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА

реализација на сите трговски активности на македонскиот пазар; n Познавач на процесите на економското интегрирање на земјата кон

Европската унија; n Банкарски комерцијалист за реализација на операциите на

девизниот пазар.


ТРАДИЦИЈА. ЗНАЕЊЕ. ИДНИНА.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

19

I година

III година

ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈАТА МАТЕМАТИКА ЗА ЕКОНОМИСТИ ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ СТАТИСТИКА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА ЕВРОПСКИ ЕКОНОМСКИ ИНТЕГРАЦИИ МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ ЕДИНСТВЕН ПАЗАР НА ЕУ СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ ЈАВНИ ФИНАНСИИ

II година

IV година

МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМИЈА МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ИНТЕГРАЦИИ ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА ЕКОНОМСКА СТАТИСТИКА ИНТЕРНЕТ МАРКЕТИНГ

МЕЃУНАРОДНИ ТРГОВСКИ ТРАНСАКЦИИ МУЛТИЛАТЕРАЛНА ТРГОВСКА РЕГУЛАТИВА МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ ЕКОНОМСКИ СИСТЕМИ И ГЛОБАЛИЗАЦИЈА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

со освоени минимум 240 кредити - кандидатот се стекнува со звање:

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ НА ДЕПАРТМАН НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА


ИНТЕРНЕТ ЦЕНТАР

УСЛОВИ ЗА СТУДИРАЊЕ БИБЛИОТЕКА Економскиот факултет поседува една од најголемите библиотеки на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, која располага со најбогатата економска литература во Македонија. Во библиотеката на Економски факултет, студентите имаат пристап до: n над 43 000 домашни и странски книги од областа на економијата и бизнисот; n колекција на книги на Нобеловци по економија – единствена колекција во Македонија, која постојано се пополнува; n учебници, научни и стручни книги од економската област како дел од Програмата на Владата на Република Македонија за преведување на 500 стручни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Европската Унија; n во тек е работата на дигитална библиотека за публикации од меѓународни институции (WB -Светска банка, OECD , UNCTAD, IMF, ЕUROSTAT и други); n економски речници, водичи, енциклопедии, колекција на ЦД РОМ-ови, ДВД-а и видео записи.

Компјутерскиот студентски интернет центар е опремен со 27 компјутери и 3 принтери, како поддршка на наставно образовниот процес на факултетот за сите редовни и вонредни студенти. Студентите може да ги користат услугите на интернет-центарот во текот на целиот работен ден, од 8 до 20 часот. За правилна искористеност на ресурсите на центарот се ангажирани дежурни студенти од Економскиот факултет.


КОМПЈУТЕРСКИ ЛАБОРАТОРИИ Економскиот факултет располага со пет компјутерски лаборатории со постојан пристап на интернет, опремени со 113 персонални компјутери, проектори и комјутерски програми како поддршка на наставно образовниот процес на факултетот за сите редовни студенти. Ситес туденти можат да ги користат лабораториите и надвор од предавањата и вежбите со дозвола на наставничкиот кадар.

За постигнување на исклучителни резултати на секој студент се ставени на располагање и 4 амфитеатри и 8 предавални, опремени со опрема за мултимедијални предавања и уреди за електронско регистрирање на редовноста на студентите. На студентите им е на располагање и бесплатен 24-часовен безжичен интернет пристап (Wi-Fi).


Студентски Парламент на Економски Факултет AIESEC претставува интернационална платформа за млади луѓе за откривање и развој на сопствениот потенцијал, овозможувајќи им лидерство во остварување на позитивното влијание врз општеството.

ЗНАЕЊЕ РАЗМЕНА ЛИДЕРСТВО

Можности за студентите n Пракса во странство; n Развој на лидерски способности; n Работење на проекти; n Учество на семинари; n Развој на вештини од различни области со практична работа;

n Подобрување на Англискиот јазик.

Низ бројки

1948 110 земји и територии 7700 лидерски позиции

www.aiesec.org.mk

ДАЛИ САКАШ ДА СЕ ЗАЧЛЕНИШ ВО С Т УД Е Н Т С К И К Л У Б И Л И Д А В О Д И Ш ГЛОБАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА?

55000 членови

470 семинари 1700 универзитети 5500 размени на студенти 800000 алумни водена од студенти за студенти

Студентскиот Парламент при Економски Факултет во Скопје е организација која ги штити правата и интересите на студентите и воедно ги насочува и унифицира нивните интереси. Членовите на Студентскиот Парламент на Економски Факултет- СПЕФ се сите негови студенти (редовни, вондредни и поледипломци). Основната причина за постоење и основање на студентскиот парламент се токму студентите, нивните проблеми, интереси, потреби. Исто така се вклучува во изработката на наставните планови и програми. Преку делигирање на свои преставници од редот на редовните студенти од сите студиски години, студентите на Економскиот Факултет учествуваат во управувачката структура на сите нивоа на факултетот (НаучноНаставен Совет, Деканатска Управа), и ја олеснуваат соработката меѓу професорите и студентите со што им помага во решавањето на сите проблеми и препреки со кои ќе се сретнат во текот на своето на студирање.

Студентскиот Парламент (СПЕФ) соработува со други парламенти од земјава и странство, воедно е и членка на Ју-асоцијацијата на Факултети од бившите Ју-простори (ЈАСЕФ) кои заедно ја организираме најголемата Економска Збиранка наречена ЕКОНОМИЈАДА каде сите сплотени заедно го прошируваме нашето пријателство и дружба.


Катерина Љамова Ана Симјановска

Рената Петровска

Вера Богоевска

Ана Петрова Бранислав Серафимовски Катерина Петровска Марија Бончаноска Дејан Деловски Елена Равановска Ермин Садулов Горица Штерјова Ања Славковиќ Драган Молеровиќ Дарко Тасев Мартин Мартиновски Сања Здравковска Драгана Ацева Андонова Александра Шијаковска Мартина Величковска Севал Нуредин

Александра Меноска

Енис Јашаровски

Мартин Андреевски

Марија Смилеска Елена Илиевска Петар Младенов Моника Андоновска Спасе Симјановски Бобан Ѓорѓиевски Стефан Станојковиќ Елена Деспотовска Наташа Јосимовска

ВО СОРАБОТКА СО НИВНИТЕ ОМИЛЕНИ АСИСТЕНТИ И СИТЕ ЗАЕДНО КООРДИНИРАНИ ОД ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВА ПРОФ. Д-Р БИЛЈАНА СЕКУЛОВСКА-ГАБЕР и МАРИЈАНА СЕКУЛОВКСКА


УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ Булевар „Крсте Мисирков“ бб п.фах 550, 1000 Скопје, Република Македонија

www.eccf.ukim.edu.mk

Дизајн: Ас.д-р Стојан Дебарлиев Ѓорѓиевски Бобан

ТРАДИЦИЈА ЗНАЕЊЕ ИДНИНА


brosura ekonomski final  

brosura ekonomski final

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you