15 април – 20 мај 2011 Наставен предмет/ Наставна тема Одделение Физика Внатрешна VII енергија
Наставна содржина/ лекција Топлинска изолација
Траење
Наставник
4 часа
Аида Петровска ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар - Скопје
Очекувани резултати: Учениците: - Решаваат проблемски ситуации, воопштуваат, извлекуваат заклучоци; - Ги применуваат знаењата при решавање на проблеми; - Да умеат да демонстрираат топлинска изолација и зошто одредени материјали се користат за таа цел; - Да умеат да направат термос, облека, ѕид, покрив, прозор; - Да откријат зошто двојните ѕидови и двојните прозорски стакла се подобри од единечните; - Да се уверат дека со топлинската изолација се штеди енергија; - Да развијат љубов кон архитектура, градежништво, текстилна индустрија; - Да умеат да фотографираат и евидентираат; - Да умеат да изработуваат презентации во OpenOffice Impress; - Да знаат да организираат и земат интервју.
Потребни материјали и опрема за реализација: - Функционален картон со насоки за изработка на макети на куќи, термос и облека, насоки за изведување на експерименти, насоки за изработка на презентација и прашалник за самооценување на работата на групата ( прилог 1); - Потсетник за групна работа за секоја група (прилог 2); - Евидентен лист за наставникот – за утврдување на успешноста на час реализирана со решавање проблеми (прилог 3); - 5 – 10 лаптопчиња, картонски кутии, памук, стиропор, пластични шишиња, алуминиумска фолија, термометар, чаша, вода, плинско решо, кибрит, коцки мраз, волнена и памучна чорапа.
Активности и насоки од претходниот час: - На учениците им беше најавено дека 4 часа по наставата ќе работат на проблемски задачи за топлинска изолација (тема Внатрешна енергија); - Учениците добија задача да обезбедат материјали за работа и ги добија упатствата за изработка на презентација. -Наставникот е должен да обезбеди компјутери (лаптопчиња) за непречена работа.