Движење и сили

Page 1

ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ 1. Дали можат тела од различни супстанци да имаат еднакви маси? Објасни. 2. Дали тело може да се движи, ако на него да не дејствува друго тело – сила? 3. Дали тело што се движи, без дејство на други тела, може: да застане, да си го промени правецот на движењето, да си ја промени брзината на своето движење? Објасни. 4. На пружина еднаш се обесува мал тег, па друг пат голем тег од иста супстанца. Во кој случај велиме дека на пружината дејствува поголема сила? Зошто? 5. Во сообраќајните прописи се предвидува да се држи одредено растојание при движење со автомобил во колона. Зошто? 6. Ладилник е преполнет со месо од говеда, поради што не можат да се затворат вратите. Месото виси на ченгели. За да може да ги затвори вратите шоферот тргнал со мала брзина, а помошникот во моментот на наглото сопирање ги затворил вратите. Објасни, зошто е тоа можно? 7. Во детска количка поставено е канче – до горе наполнето со вода. Количката нагло е повлечена напред. Во која насока и зошто ќе се одлее водата? 8. Шофер на товарен камион на црвен сигнал од семафор започнува сопирање порано од шоферот кој вози исто таков ненатоварен камион што се движи со еднаква брзина, паралелно со него. Зошто? 9. Зајак што го брка куче, прави нагли странични скокови во моментите кога кучето е подготвено да го зграпчи со заби. Зошто на кучето му е тешко да го улови зајакот иако трча побрзо од него? 10. Што е полесно да се запре – фудбалска или одбојкарска топка – ако се движат со еднаква брзина? 11. Лесен патнички автомобил се судира со натоварен товарен автомобил. Зошто оштетувањето на патничкиот автомобил е многу поголемо отколку на товарниот автомобил? 12. Пожарникарско црево во дејство,треба цврсто да се држи во рацете. Зошто? Што се случува ако тоа се испушти од рацете? 13. Зошто топката што се тркала по наведена рамнина кога ќе падне на хоризонтална рамнина се успорува и на крајот застанува? 14. Поради што велосипедот што е забрзан по хоризонтален рамен пат, по престанувањето на вртење на педалите почнува да се успорува и на крајот застанува?


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.
Движење и сили by Aida Petrovska - Issuu