Page 1

Снежана Анастасова - Чадиковска Роза Нолчева - Ангеловска

ФИМЧО МУРАТОВСКИ диригент

META SONOREM ЗАД ЗВУКОТ


Снежана Анастасова - Чадиковска Роза Нолчева - Ангеловска

META SONOREM Зад звукот

Фимчо муратовски

диригент

Музички издавачки центар - МИЦ Скопје, 2010


„Диригирањето е уметност на водење на изведбата на оркестарски, оперски или друг ансамбл преку систем од гестови. Ова водење ја подразбира метроритмичката организација, точноста на настапите на одделни инструменти, како и настојувањето за креирање на целина. Од времето на романтизмот чинот на диригирање не значи само грижа за техничката коректност, туку и градење на личен однос на диригентот кон емотивната суштина и стилската припадност на одредено дело. Не постои друго објаснување освен она за силата на психолошката сугестија на диригентот во неговите индивидуални музички барања кое е пресудно во реализацијата на музичкото дело и целокупниот израз на ансамблот.“ според Музичкиот речник, Лондон 1996


Снежана Анастасова-Чадиковска, Роза Нолчева-Ангеловска: META SONOREM – ФИМЧО МУРАТОВСКИ, диригент Издавач: Музички издавачки центар – МИЦ Компјутерска подготовка: Спринт Студио Дизајн на корица: Методија Ачевски Лектор: Мирјана Цветковска Печат: РИ ГРАФИКА Издавањето е овозможено од Министерството за култура на Република Македонија

����������� ���������� ������������ ���� ���������������������������� ���������������������� ����!��� ��� "#"$%&�'%(�#)*"%�%+,���� ����!�-� %&�'%(�#)*"%�%+ .�.�/.��0.���1� �� ����!����2��� ��������3456�7898:4;�<�=� ����� ��$�-��> �,���� ����� ��������?����2���� .������ �����1� �� ����!�@ ���� �>����A�.���� ������A��� ����$������� ,���>����� ���>����������A�,BC!�#'('��A�(""������$���������D�#*��� �EFG�"%&AH'&AHI#(&A(AJ (��� �>����A�.���� ����!�@ ���K��� �L��A�����1� �� �����A�������� .������ ��!����2������ ��.������ ���A�1� �� ����!����2�����A�������� .���� �����A�� �>���!�@ ����� ��� �>����A�.���� ����!�@ �� 6+�,���� ����!�-��> �)("J(A+�A�M� ���N�� �OF�EE�3PA�Q�&HJJ"'&#


Диригентот стои неприкосновено зад севкупноста на изведуваното дело. Негов е чинот на крајниот ефект на изведбата. Зошто, зад звукот е секогаш тој диригентот. Фимчо Муратовски


НАМЕСТО ВОВЕД Секогаш кога приоѓам кон портрет на уметник или книга за творечкиот пат на одредена личност чувствувам потреба пред себе (а и пред вас, почитувани читатели) да одговорам на едно прашање: зошто токму тој човек? Кој бил мотивот што ме свртел кон него? Бидејќи, конечно, јас го замолив маестро Фимчо Муратовски да ми дозволи да пишувам за него. Должна сум да напомнам дека нашите досегашни релации секогаш се задржувале на ниво на професионална воздржаност и коректност -независно дали станувало збор за заеднички концерт; работа врз проект на Музичка младина или проект на Охридско лето; заедничко членување во некоја комисија или нешто слично. Значи, се надевам пред сè дека дури во текот на работата врз оваа монографија Фимчо ќе ми стане Пријател. Убедена сум дека и Вие, почитувани читатели, во процесот на осознавање на изложената материја ќе станете дел од ова спријателување. Зошто, да се има пријател со такви достоинства како оние на маестро Муратовски е навистина големо богатство. И сега - вториот дел од одговорот на поставеното прашање. Чинам дека ако одредена личност творечки реализирала четвртина од севкупниот премиерен и тековен репертоар на Македонската опера и Македонскиот балет; ако озвучила многубројни симфониски концерти низ соработка со речиси сите активни солисти од Република Македонија како и многубројни уметници од странство; ако оваа личност ги предводела ансамблите на Операта и Балетот, како и на Македонската филхармонија на повеќе меѓународни сцени (при тоа организационо водејќи ги како директор овие институции низ премрежињата

Фимчо Муратовски - диригент

7


META SONOREM НАМЕСТО ВОВЕД

на нивното постоење); ако таа личност е и основач на Катедрата за диригирање при Факултетот за музичка уметност во Скопје; родоначелник и воспитувач на повеќе генерации веќе еминентни македонски диригенти; воедно основач и движечки дух на повеќе камерни оркестри - тогаш станува збор за музичар со нестандардни професионални перформанси - човек, кој е еден од суштинските градители на македонската професионална музичка култура, од нејзините зачетоци во средината на минатиот век, па сè до денес. Човек и дела, кои предизвикуваат големо професионално љубопитство, голема почит и јасно сознание: македонската музичка култура, оваа сè уште недостатно анализирана и документирана област, се реализирала и расте низ личностите, вградени во неа. Верувам дека оваа монографија, посветена на творечкиот пат на диригентот Фимчо (Серафим) Муратовски ќе ја најде и својата функција како автентичен запис за развојот на одредени сегменти од македонскиот музичко-сценски живот. *** Се чувствувам должна да дадам уште неколку објсанувања. Во 1999 е создаден трудот на м-р Роза Нолчева Фимчо Муратовски - диригент со јасна уметничка визија како годишна семинарска работа во текот на нејзините студии по музикологија (ментор проф. д-р Сотир Голабовски). Toa e прв пообемен труд за неговото дело. Извонредните професионални перформанси на семинарската работа беа достатен повод и инспирација оваа монографија да биде реализирана како заеднички проект, низ наше коавторство. Независно од тоа, м-р Трена Јордановска, следејќи свои музиколошки интереси, тематски систематизираше дел од богатиот фонд на фотографски записи на Фимчо Муратовски (една обемна и нималку едноставна работа). Со сета љубезност таа се согласи овој материјал да биде користен, за што ù искажуваме посебна благодарност.

8

Фимчо Муратовски - диригент


META SONOREM НАМЕСТО ВОВЕД

*** Се надевам дека фактот што поради низа мои семејни и работни проблеми од идејата до конечното настанување изминаа цели шест години, тоа нема да влијае врз квалитетот на оваа монографија. Напротив - сега процесот на нејзиното создавање го чувствувам и како пат кон своевидно лично оздравување и зацврстување. *** На крајот, нешто сосем лично. При посетата на домот на Фимчо Муратовски (неопходна за преземање на дел од неговата лична архива) во еден голем дел од дневата соба забележав извонредно негувани саксиски цвеќиња. - Фимчо, не знаев дека сте толку голем љубител на цвеќе - му реков. - Па и не сум - ми одговори. Тоа е цвеќето на Оља. Пред очи ми се појави ликот на прерано починатата сопруга на Фимчо Муратовски, балерината Олга (Дорошева) Муратовска, со сета нејзина тивка и благородна елеганција и постојано светла полунасмевка. Можеби во светот има многу мажи што низ цвеќе го негуваат споменот на своите сопруги, но јас познавам само еден - Фимчо Муратовски. Му благодарам што ми дозволи да учествувам во создавањето на записот за неговото дело.

Снежана Анастасова Чадиковска Август 2009, Скопје.

Фимчо Муратовски - диригент

9


Во 1958 г. Фимчо Муратовски со одличен успех дипломира на Загрепската музичка академија. Од овој град тој понесува завиден квантум на знаење и умеење, сестрана наобразба, достатно желба и отворени можности да го креира во иднина својот музичко - диригентски свет…


МЛАДОСТА, ГОДИНИТЕ НА УЧЕЊЕ (1931-1958) Серафим - Фимчо Муратовски е роден на 11 август 1931 г. во Скопје, престолнина на тогашната Вардарска бановина во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Тој е прво дете во семејството на Глигор Муратовски, лекар - фтизиолог и на неговата сопруга Слоботка (сестра му Снежана е родена четири години подоцна во 1935год.). Семејството Муратовски потекнува од Галичник, каде што уште постои темелот на старата семејна куќа. Во средината на деветнаесеттиот век ова семејство живее од сточарството. Како што се случува во историјата на одреден број македонски семејства од тоа време, му се посветува големо внимание на образованието на одреден член на семејството, оној најнадарениот за учење. Така, всушност и во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век се гради македонската граѓанска класа - оној интелектуален потенцијал што на свои плеќи ќе ја изнесе националната преродба, револуционерните стремежи за ослободување и самобитност, а подоцна и создавање на сите значајни институции во Република Македонија. Името на проф. Глигор Муратовски (1897 - 1976), инаку дипломец по медицина од Виена и Софија, ќе го сретнеме во основачите на Медицинскиот факултет во Скопје (1945), како негов декан во два

Фимчо Муратовски - диригент

11


META SONOREM

МЛАДОСТА, ГОДИНИТЕ НА УЧЕЊЕ (1931-1958)

мандата, како основач на Институтот за белодробни болести и како еден од основачите на Лекарското здружение и Црвениот крст на Македонија. Сеќавањата на современиците го опишуваат како изразито скромен и хуман човек, целосно посветен на својата работа и својата лекарска мисија. Во триесеттите години на 20 век тој е лекар во Диспанзерот за туберкулоза во Скопје. Семејството живее мирен и градски живот во семејната куќа близу до

Попладне во семејниот дом

12

Фимчо Муратовски - диригент

Д-р Глигор и Слоботка Муратовски


META SONOREM

МЛАДОСТА, ГОДИНИТЕ НА УЧЕЊЕ (1931-1958)

центарот на градот (денес не постои - се наоѓала во близина на денешниот Олимписки базен на ул. „Кочо Рацин“). Децата од најмала возраст се воспитувани кон почитување на работливоста, свеста и сознанието за значењето на учењето, како на училишното, така и на знаењето и информираноста во поширока смисла како култ кон убавото. Се прават списоци на прочитаните книги, се посетуваат редовно претставите и музичките вечери во тогаш новиот театар во Скопје. Во градината покрај куќата Снежана и Фимчо Муратовски Фимчо и Снежана имаат свој дел, за кој се задолжени да се грижат. Се разбира дека особено внимание му се посветува на култивираниот однос кон околината, пријателите, сограѓаните, на луѓето воопшто. Ова најточно би го дефинирале како етика во живеењето. А музика и љубов кон неа имало многу. На „вечеринките“ во градот и семејните собири често се слушал извонредно убавиот сопран на Ботка кога пеела народни песни, но и тогаш популарни мелодии, придружена од баритонот на Глигор. И двајцата вујковци на Фимчо биле академски музичари. Тие живеeле, работеле и починале релативно млади во Софија. Првиот директен контакт со музиката Фимчо го доживува преку една фруличка - во одделенијата на Основното училиште „Ѓура Јакшиќ“ (до земјотресот „Браќа Миладиновци“). Како член на училиштниот оркестар, тој станува исполнител на овој инструмент. Оваа фрула, зачувана во својата платнена торбичка и денес е сакан предмет во домот на Муратовски… Неговото вистинско музичко образование започнува на десетгодишна возраст со часовите по пијано кај Алиса Шајбер - една од ретките

Фимчо Муратовски - диригент

13


META SONOREM

МЛАДОСТА, ГОДИНИТЕ НА УЧЕЊЕ (1931-1958)

Проф. Стефан Гајдов со група ученици на Средното музичко училиште

сценски активни музичари во тогашно Скопје. Подоцна, паралелно со Машката гимназијата, тој продолжува да учи во тогаш формираната од властите на Царството Бугарија, Музикална гимназија. Професор по пијано му е Нада Органџиева, позната пијанистка - академски музичар, тогаш населена во Скопје. Теоретските предмети ги изучува кај композиторот и диригент Стефан Гајдов. И денес диригентот Муратовски со многу љубов и почит зборува за своите учители, особено истакнувајќи ја солидноста на теоретската подготовка, стекната кај Стефан Гајдов. При формирањето на Средното музичко училиште во Скопје во 1947 (една од клучните музички институции во новосоздадената и долгоочекувана Република Македонија во рамките на ФНРЈугославија) ги среќаваме Фимчо и Снежана Муратовски како негови истакнати ученици. Тие се учесници на првиот јавен концерт на училиштето. Овој културен настан

14

Фимчо Муратовски - диригент


META SONOREM

МЛАДОСТА, ГОДИНИТЕ НА УЧЕЊЕ (1931-1958)

предизвикал толкава радост и бурен интерес кај публиката, што уште двапати бил репризиран. На концертот Фимчо го изведува популарниот Турски марш од Волфганг Амадеус Моцарт (се чини дека афинитетот за овој композитор - подоцна потенцирано докажан низ многу значајни изведби, си има свој далечен корен…).

Објавата за првиот официјален настап на учениците од Средното музичко училиште

Фимчо Муратовски - диригент

15


META SONOREM

МЛАДОСТА, ГОДИНИТЕ НА УЧЕЊЕ (1931-1958)

По матурирањето во гимназијата, изборот на Фимчо е јасен тој се определува за професијата - музичар. Пресудно за неговата дефинитивна насоченост е присуството на неколку концерти на Симфонискиот радио - оркестар од Загреб на Летната сцена во Опатија 1947 г. каде што тој е на синдикален одмор со семејството. Фасцинацијата од оркестарот и од неговиот обликуван звук е голема и вистинска. Желбата за професијата диригент преовладува кај младиот пијанист. (Пијанистичката кариера ќе ù стане животна определба на помладата сестра Снежана). Дефиниран е и градот и високошколската институција - тоа е Загреб и неговата Музичка академија - учебна институција со високо реноме, најстара од овој вид на Балканот. Колкава е желбата за вистинско професионално навлегување во големиот музички свет се гледа од фактот, што Фимчо Муратовски цела година се подготвува за квалитетен приемен испит на Одделот за диригирање при Музичката академија во Загреб. Сосем разбирливо, кога се знае историски условеното ниво на тогашното музичко образование во Скопје. А особено очекувано од млад човек, секогаш воспитуван ако нешто прави, тоа да го прави најдобро. Негов ментор за овие подготовки, во Средната музичка школа при Конзерваториумот во Загреб е хрватскиот диригент и композитор Бранимир Сакач (19181979). Нивната заедничка работа резултира со голем успех. Во 1951 година Фимчо Муратовски го положува приемниот испит на загрепската Музичка академија, како единствен примен од осумтемина пријавени кандидати на Одделот за диригирање. *** Во почетокот на педесеттите години Загреб е град со интензивен музички и воопшто културен живот. „Глазбени завод“ и неговата концертна сала, концертите на Филхармонијата и претставите на Операта, библиотеката на Академијата - тоа се места со магнетска привлечност за младиот студент по диригирање. Фимчо го дели живеалиштето, пијаното за работа, како и голем дел од животните и професионални идеали со тројца

16

Фимчо Муратовски - диригент


META SONOREM

МЛАДОСТА, ГОДИНИТЕ НА УЧЕЊЕ (1931-1958)

Професорите и студентите на Музичката академија во Загреб, 1955 г.

македонски колеги кои во исто време и во извесен период студираат на Академијата во Загреб. Токму тие во следните децении ќе одиграат извонредно значајна улога во градењето на македонската музичка професионална култура. Тоа се Драгослав Ортаков (1928-2007) музиколог и композитор, подоцна редовен професор и основач на Катедрата по музикологија на ФМУ, еден од првите византолози во Македонија, Ванчо Чавдарски (1930 - 2001) диригент, кој по едно десетилетие работа во Скопје гради интернационална кариера во Австралија и Нов Зеланд и Тома Прошев (1931-1996), еден од најзначајните композитори на македонската Модерна, основач на ансамблот за современа музика „Света Софија“, диригент, редовен професор на ФМУ, музички писател… Пријателството на овие четворица млади луѓе ќе прерасне во доживотен Сојуз на Давидовите браќа (асоцијација според Р. Шуман), темелејќи се на човечка искреност и афинитет, но и на своевиден професионален натпревар и интелектуално дополнување - процес што неретко ќе резултира со значајни професионални достигнувања…

Фимчо Муратовски - диригент

17


стр. 18 …


… стр. 189


META SONOREM Прегледи

КОНЦЕРТНИ НАСТАПИ, ТУРНЕИ И ГОСТУВАЊА СО ОРКЕСТРИ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА 13.03.1956 г.

Загреб

19.04.1956 г.

Загреб

20.04.1956 г.

Загреб

26.04.1957 г.

Загреб

13.04.1958 г.

Загреб

05-15.12.1971 г. 30.10.1972 г. 05.02.1972 г. 09.04.1973 г. 24.04.1973 г. 08.09.1973 г. 01.12.1973 г. 23-26.12.1974 г. 27.05.1975 г. 06.02.1976 г. 29.10.1976 г. 05.06.1976 г. 29.04.1976 г.

Оркестар на Музичката академија Загреб Камерен оркестар на Музичката акедмија Загреб Оркестар на Музичката академија Загреб Загрепска филхармонија Оркестар на Музичка академија Загреб

Рјазањ, Симферопољ, Камерен оркестар Минск, Ростов на на Македонската Дон, Друскининкај, филхармонија Виљнус - СССР Ниш Македонска фихармонија Нишки симфонониски Ниш оркестар Симфониски оркестар РТВ Сараево Сараево Симфониски оркестар на Белград Домот на ЈНА Белград Аранѓеловац фeстивал „Мермер и Македонска филхармонија звуци“ Филхармонија „Банатул“ Темишвар - Романија Темишвар Ниш, Белград, Нови Македонска филхармонија Сад Будва - фестивал Симфониски оркестар „Дани музике“ Титоград Симфониски оркестар РТВ Сараево Сараево Нови Сад - фестивал Новосадски камерен „Номус“ оркестар Будва - фестивал Македонска фолхармонија „Дани музике“ Ниш Македонска филхармонија

Фимчо Муратовски - диригент

191


META SONOREM Прегледи

28-29.05.1977 г.

Потсдам – Германија

02-04.11.1977 г. 15.11.1977 г. 07.04.1977 г. 15.04.1977 г.

Белград, Љубљана Сараево Хабаровск – СССР Иркутск – СССР Сомбор, Нови Сад, Суботица

10-12.10.1978 г. 02.11.1978 г. 03-06.03.1979 г. 21.06.1979 г. 04.10.1979 г. 07.11.1979 г. 19-20.01.1980 г. 22.09.1980 г. 22.09.1981 г. 27.08.1981 г. 13-15.10.1981 г. 07.12.1981 г. 21-22.06.1982 г. 27.07.1982 г. 02-13.10.1982 г. 24.03.1983 г.

192

Симфониски оркестар Потсдам Македонска филхармонија Сараевска фихармонија Филхармонија Хабаровск Филхармонија Иркутск Македонска филхармонија

Симфониски оркестар на Домот на ЈНА Белград Темишвар - Романија Македонска фихармонија Македонски камерен Приштина оркестар Краљево Македонска филхармонија Опатија - фестивал Македонска филхармонија „Oпатиска трибина“ Филхармонија „Банатул“ Темишвар - Романија Tемишвар Нишки симфониски Ниш оркестар Будва - фестивал Македонски камерен „Дани музике“ оркестар Македонски камерен Краков – Полска оркестар Бања Лука, Сараево, Македонска филхармонија Мостар Опатија - фестивал Македонски камерен „Опатиска трибина“ оркестар Мексико Сити Камерен оркестар „Bellas – Мексико artes“ Мексико Дубровник - фестиМакедонски камерен вал „Дубровнички оркестар летни игри“ Мукачево, Ужгород, Македонски камерен Симферопољ, Јалта, орекстар Киев, Виљнус - СССР Симфониски оркестар на Белград Домот на ЈНА Белград Белград

Фимчо Муратовски - диригент


META SONOREM Прегледи

31.10.1986 г.

Панчево, Суботица, Нови сад Бјалисток – Полска Приштина Херцег Нови, фестивал „Дани музике“ Варна - Бугарија

21-28.05.1987 г.

Дубровник

30.08-01.09.1983 г 03-04.10.1985 г. 25.11.1985 г. 20.06.1986 г.

15,19,24.09.1987 г. Дубровник 15.10.1987 г.

Дубровник

11.02.1988 г.

Ниш

01.06.1989 г.

Дубровник

17-19.10.1989 г. 07.04.1990 г. 14.04.1990 г. 04.03.1999 г.

Хурт, Келн, Ерфурт - Германија Кујбишев (Самара) - Русија

Војводинска младинска филхармонија Нови Сад Филхармонија Бјалисток Камерен оркестар на МРТВ Македонска филхармонија Филхармонија Варна Дубровнички симфониски оркестар Дубровнички симфониски оркестар Дубровнички симфониски оркестар Нишки симфониски оркестар Дубровнички фестивалски оркестар Камерен оркестар на МРТВ

Симфониски оркестар Самара Симфониски оркестар Краснојарск - Русија Краснојарск Дубровнички симфониски Дубровник оркестар

Фимчо Муратовски - диригент

193


Наместо заклучок Во една пригода професорот Фимчо Муратовски ми кажа дека за него приоритетно е градењето. Градењето наспроти агресијата, лутината и злопаметењето, кои водат неминовно кон творечки и човечки колапс, кон самодеструкција, а соодветно и кон општествено назадување или назадување во самата професија. Спротивните брегови и провалиите се поврзуваат со мостови - ми рече тој. Со сè во животот е така; така е и во уметноста. Во заклучокот на овој приказ и документ за творечкиот пат на Фимчо Муратовски (процес што и денес сè уште останува отворен и животворен) би сакала да кажам дека тој во изминатите шест децении навистина изгради многу мостови. Мостови на љубов и пријателство, професионалност и сепредаденост, разум и посветеност… Мостови кон младите луѓе што ги учеше, кон ансамблите со кои озвучуваше прекрасна музика, кон иднината на институциите што ги раководеше… Тој ја покажа и ја докажа сестраната димензија на вистинскиот музичар и творец - оној што својот талент го напојува од корените на хуманизмот, оној што постојано ја гради и ја остварува својата визија за прогресот. Посакувам овој запис постојано и одново да ги зацврстува мостовите. Неговите возвишени мостови, насочени кон светлата страна на човекувањето. Снежана Анастасова Чадиковска Декември 2010, Скопје

Фимчо Муратовски - диригент

197


СОДРЖИНА

НАМЕСТО ВОВЕД . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7 МЛАДОСТА, ГОДИНИТЕ НА УЧЕЊЕ (1931-1958) . . . . . . . . . . 11 ДИРИГЕНТ НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ . . . . . . . . . 25

Првите години на професионален диригент (1959 - 1963) . . . . . . 25

Со балетот во перидот (1959-1963) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 35

1963, земјотресот и потоа… . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 39

Специјализацијата во Санкт Петербург. Во операта и балетот со нови искуства (1964-1971) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 44

Во операта и балетот на МНТ како диригент – гостин (1971-2000) . 60

Фимчо Муратовски и Мајските оперски вечери . . . . . . . . . . . . . 67

Уште една оригинална димензија на МОВ . . . . . . . . . . . . . . . . 72

Сумирања, сеќавања . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 74

РАБОТА СО СИМФОНИСКИ ОРКЕСТРИ . . . . . . . . . . . . . . . . . 79 ТЕМЕЛ НА КАМЕРНОТО МУЗИЦИРАЊЕ КАЈ НАС . . . . . . . . . 99

Македонски камерен оркестар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 99

Младински камерен оркестар (Камерен оркестар на МММ) . . . . . 106

Камерен оркестар на МРТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 110

ПЕДАГОШКАТА ДЕЈНОСТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 113

Педагогија на друг начин . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 128

Прегледи . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 135 Наместо заклучок . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 197


Снежана Анастасова - Чадиковска, пијанист, пијано педагог и музички публицист. Како музички публицист: рецензент на Екран, Нова Македонија, Пулс и Утрински Весник; автор на сценаријата за повеќе дидактички музички серии и портрети („Приказни од пијаното“, „Моцарт-медаљони“ и др.), соработник на енциклопедиските изданија на МАНУ, МИ-АН и ФДУ, коавтор и автор на публикациите „Светот на еден глас“, „30 години на МММ“, „50 години МБУЦ“ и др; раководител на тимот за изработка на монографијата „50 години Охридско лето“.

Роза Нолчева-Ангеловска дипломира на одделот за музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира во областа на уметничката критика и музичкиот менаџмент на Сити универзитетот во Лондон на одделот за Културна политика. Нејзинитеобјавенитрудовииинтереси се од областа на Македонската музика, културната транзиција, музичкиот менаџмент. Таа е дел од авторскиот тим за изработка на монографијата „50 години Охридско лето“, а постојано е вработена како продуцент во Македонската филхармонија.


дизајн корица-книга Фимчо Муратовски  

book Fimco Muratovski

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you