Bionika brochure

Page 1


Гинеколошкото портфолио на производи на Бионика Фармацеутикалс е резултат на потребите на современиот начин на живот на жената и влијанијата на промените на општествената и животната средина. Составот на секој од производите е базиран врз последните научни истражувања, а строгата контрола на квалитетот гарантира дека ги задоволуваат највисоките стандарди за фармацевтски квалитет. Формите на препаратите овозможуваат целосно искористување на составните компоненти, а дозирањето е приспособено на дневните потреби. Производите имаат докажано корисно дејство и доколку се употребува дневната доза препорачана во упатството, тие се безбедни и не доведуваат до несакани ефекти. Палетата на производи е составена од лекови, медицински средства и додатоци на исхрана кои помагаат во одржувањето на здравјето, а во случај на болест овозможуваат излекување или одлично се вклопуваат како дополнителна терапија за забрзување на процесот на лекување.

Содржина Макмирор комплекс . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3 Клотримазол . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4 Гиномунал . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5 Еластолабо . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6 Фолиод . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7 Фортикс . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7


МАКМИРОР КОМПЛЕКС

тм

500 mg/200.000 IE

Макмирор комплекс TM вагинална капсула, мека, содржи комбинација на две ефикасни активни супстанции: Nifuratel 500 mg

Локален третман на интравагинални инфекции Nifuratel, nystatin

Nystatin 200.000 IE Nifuratel е хемиотерапевтик кој пројавува интензивно и ефикасно дејство против трихомонас, бактерии и габички. Nystatin е добро познат антибиотик со антимикотично дејство, особено активен против габички од родот Candida. Оваа комбинација овозможува поливалентна терапија на вагинитис што обезбедува елиминација на патогените микроорганизми одговорни за инфекцијата (Candida albicans, Trichomonas и бактерии) и ги зачувува физиолошките услови на вагината. Индикации Макмирор комплексTM вагиналните капсули се употребуваат за локален третман на вагината и инфламација на надворешните гениталии предизвикани од патогени микроорганизми осетливи на комбинацијата nifuratel-nystatin. Лекот се употребува само кај возрасни. Дозирање и начин на употреба Вообичаено дозирање кај возрасни е 1 вагинална капсула дневно, навечер пред спиење. Најдобар терапевтски резултат се постигнува кога капсулата ќе се внесе длабоко во вагината. Контраиндикации Макмирор комплексTM вагиналните капсули не смеат да се употребуваат ако кај пациентот постои хиперсензитивност на nifuratel, nystatin или на било која од другите помошни состојки на лекот. Несаканите дејства се многу ретки, а се јавуваат во вид на изолирани случаи на алергиски реакции (дерматитис, уртикарија) како и вагинално печење и чешање, кои генерално се благи и спонтано поминуваат. Пакување 6 вагинални капсули. 3


КЛОТРИМАЗОЛ 1% крем

КЛОТРИМАЗОЛ 3 вагинален крем 2% Clotrimazole

СТОП ЗА ГАБИЧНИТЕ ИНФЕКЦИИ

Клотримазол е дериват на имидазол со широк спектар на антимикотично дејство вклучувајќи дерматофити, квасни габи, мувли и др. видови габи. Исто така делува и на Trichomonas vaginalis, грам-позитивни микроорганизми (стрептококи, стафилококи, Gardnerella vaginalis) и на грам-негативни микроорганизми (Bacteroides). После дермална апликација Клотримазол делува исклучително локално. Се ресорбира минимално од интактна и воспалена кожа и може да се најде во трагови во крвната циркулација.

Индикации  Дерматомикози предизвикани од дерматофити, квасни габи, мувли и други видови габи (tinea pedum, tinea manuum, tinea corporis, tinea inguinalis), pytiriasis versicolor, eritrasma.  Кандиден вулвитис, кандиден баланитис, вагинитис предизвикан од Candida, trichomonas и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

Дозирање Клотримазол 1% крем се нанесува во тенок слој на заболеното место 2 до 3 пати дневно. Клотримазол 3 вагинален крем 2% се аплицира навечер длабоко во вагината во период од 3 дена или се втрива на заболените места. Вагинитис: секоја вечер непрекинато во период од 3 дена се аплицира содржината на еден апликатор (приближно 5 g) во вагината. Кандиден вагинитис, кандиден вулвитис: кремот се нанесува 2-3 пати дневно и се втрива на заболените места (надворешните полови органи до анусот кај жената и главата и кожичката на пенисот кај мажите).

Контраиндикации Пречувствителност на клотримазол, цетостеарил алкохол или на некоја од другите помошни состојки на лекот.

Пакување Клотримазол 1% крем, туба х 20 g Клотримазол 3 вагинален крем 2%, туба х 20 g + 3 апликатори

4


ГИНОМУНАЛ®

РЕШЕНИЕ ЗА ВАГИНАЛНИОТ ДИСКОМФОРТ ПРИ НАМАЛЕНО НИВО НА ЕСТРОГЕНИ

Непријатноста во вагината може да се појави во секоја фаза од животот на жената. Непостојано и намалено ниво на естрогени доведува до промени во вагината и може да се должи на различни причини:  Во менопауза овариумите создаваат намалено количество хормони и ткивото на вагината станува потенко, се намалува еластичноста како и растегливоста;  При употреба на орални контрацептиви може да се појави недостиг на естрогени;  После породување и во периодот на доење создавањето на естрогени е привремено природно променето;  После оперативен третман (пр. отстранување на овариумите) се намалува нивото на естрогени.

Медицинско средство липозоми, хијалуронска киселина, екстракт од хмељ, витамин Е

Намаленото создавање на естрогени може да доведе до намалување на влажнењето и циркулацијата на крвта во вагината, болка при сексуален однос како и надразнетост и печење во пределот на гениталиите. Гиномунал ® вагинален гел е медицинско средство кој ја заштитува кожата и ткивото, го подобрува подмачкувањето и ја поттикнува регенерацијата на вагиналната слузница. Активниот комплекс на Гиномунал® вагинален гел содржи специјално развиен комплекс од липозоми, хијалуронска киселина, екстракт од хмељ и витамин Е.

Гиномунал® вагинален гел помага за:  подобрување на природното навлажнување  регенерација на вагиналната слузница  одржување на затегнатоста и влажноста околу и во вагината  олеснување на сексуалниот однос.

Дозирање и начин на употреба Гиномунал® вагинален гел се употребува еднаш дневно во седум последователни дена, а потоа два пати неделно. Се препорачува примена на вагиналниот гел навечер пред спиење.

Пакување Туба со 50 ml вагинален гел и 5 апликатори. 5


ЕЛАСТОЛАБО®

МАСТ ЗА ПЕРИНЕАЛНА МАСАЖА Медицинско средство, за подобар еластицитет на ткивата Лизин карбоксиметил цистеинат, Prunus amigdalus var. dulcis, Лимонска киселина, Аскорбил палмитат, Витамин Е, Лецитин, Вазелин. Перинеалните трауми се чести компликации за време на породувањето. Ова е многу сериозен проблем кој вклучува милиони жени кои се пораѓаат по природен пат. За време на бременоста настануваат промени во гениталната регија со цел подготовка на каналните структури за самиот чин на породување. Вообичаено ткивата стануваат помеки и повеќе еластични со исклучок на перинеалните мускули кои се подложни на оштетувања за време на породувањето. Овие оштетувања може да доведат до разни последици и лош квалитет на животот. Благодарение на состојките кои обезбедуваат еластичност, подмачкување и опуштање Еластолабо® влијае на растегливоста и фазите на враќање на еластичноста на ткивата. Еластолабо® при перинелна масажа ја зголемува еластичноста на мускулатурата и ткивата на ѕидовите на карлицата, со тоа го намалува ризикот од трауми и епизиотомии при породувањето намалувајќи ги и пост-породилните компликации.

Начин на употреба Еластолабо® се нанесува надворешно со перинеална масажа, секој ден почнувајќи од 32-та недела на бременоста до раѓањето на детето.

Контраиндикации Преосетливост на било која компонента на производот. Бременост со ризик од предвремено породување или ниско поставена плацента.

Пакување Туба со 40 ml маст за перинеална масажа. 6


ФОЛИОД

ФОРТИКС

НЕОПХОДНА КОМБИНАЦИЈА ЗА ВАШАТА БРЕМЕНОСТ

ВИСОКО БИОРАСПОЛОЖЛИВ ИЗВОР НА ЖЕЛЕЗО

Фолна киселина 400 µg, Kалиум јодид 100 µg

Микроинкапсулирано железо и витамин Ц

Додаток на исхрана

Додаток на исхрана

Јодот е од есенцијално значење за нормално функционирање на тироидната жлезда, односно за формирање на двата тироидни хормони Т3 и Т4. Оптималното задоволување на потребите од јод во текот на бременоста овозможува нормален развиток на когнитивните и невролошките функции на плодот.

Фортикс капсулите содржат ефикасна комбинација од две активни состојки:  66 mg витамин Ц  216,9 mg (Lipofer®) активна супстанција која содржи микроинкапсулирано железо пирофосфат што одговара на 18 mg железо Железото е есенцијален минерал и главната причина поради која ни е потребно е обезбедување нормален транспорт на кислород во телото. При недоволен внес на железо, човечкото тело не е во можност да обезбеди нормалнo формирање на “кислород – пренесувачки” црвени крвни клетки и хемоглобин, што се манифестира со различни степени на недостаток на железо. Дефицит од железо е најчест нутритивен недостаток во светот. Луѓето често не знаат дека имаат недостаток на железо, се додека не се појават интензивни знаци или симптоми – тие се бледи “нездрав изглед”, хронично исцрпени и заморени. Човековото тело не може да ги синтетизира железото и витаминот Ц и затоа треба да се внесуваат со храна и додатоци на исхрана.

Бенефити од употреба на Фолиод (фолна киселина и јод):

Употреба

Фолната киселина и јодот се најважните супстанции кои треба да се надополнуваат во текот на целата бременост и доењето. Потребите за фолна киселина и јод во текот на бременост и лактацијата се зголемуваат за два пати и обично не се комплетно задоволени само со внес на храна.

Фолната киселина има важна улога во:  процесите на делба на клетките, а особено за време на процесите на диференцијација и раст на клетките на ембрионот и фетусот  нормална синтеза на аминокиселини  нормално создавање на крвни клетки  развивање на нормална психолошка функција  нормална функција на имунолошкиот систем  нормален метаболизам на хомоцистеин

Фортикс капсулите нудат иновативна и стабилна формула на инкапсулирано железо и витамин Ц со што се овозможува надминување на недостатокот и збогатување на исхраната со железо.

превенира недостаток на јод и фолна киселина во периодот на бременост и доење  нормална функција на тироидната жлезда  нормално развивање на когнитивни и невролошки функции на плодот превенира појава на развојни аномалии кај плодот

Предности на Фортикс:  Зголемена биорасположливост (нова формула за поголема искористеност). Апсорпцијата на железото со Фортикс е 5 пати повисока во однос на традиционални соли на железото .  Без метален вкус  Намалена оксидативна способност врз останатите нутриенси  Без иритации на дигестивниот тракт

Се препорачува кај:  жени кои планираат бременост  бремени жени (во текот на целата бременост)  доилки

Дозирање

Дозирање Една мека желатинска капсула на ден со главниот оброк

Деца постари од 14 години и возрасни една капсула дневно, најдобро со утринскиот оброк.

Пакување

Пакување

30 меки желатински капсули

30 капсули, тврди

7



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.